7 minute read

ИНТЕРВЈУ

Next Article
ИНТЕРВЈУ

ИНТЕРВЈУ

ЗАЕДНИЧКА КАМПАЊА НА СОС ДЕТСКО СЕЛО И МАКПРОГРЕС РАСТЕМЕ ЗАЕДНО ЗА ДЕТСТВО СО НАСМЕВКИ

Може ли да ни кажете нешто повеќе околу генералната соработка на Макпрогрес и СОС Детско село? Компанијата Макпрогрес е долгогодишен партнер на СОС Детско село и ја поддржува нашата работа повеќе од 5 години. Важноста на оваа стратешка соработка е посветеноста и определбата на Макпрогрес да биде еден од клучните партнери на СОС Детско село, коишто се силен генератор на стабилноста на нашите програми и на нашиот успех на тој начин што не помагаат во континуитет и на долг рок. Истовремено, СОС Детско село се позиционира како организација партнер на компаниите за постигнување на нивните цели на општествена одговорност и цели за одржлив развој – партнер за постигнување на ИМПАКТ во областите каде што делуваме. Клучната работа на СОС Детското село е грижа и овозможување поддршка на децата и младите без родители и родителска грижа и остварување на целите и мисијата “Ниту едно дете не смее да расте само”. Тоа го остваруваме преку годишно згрижување на околу 100 деца и млади кои немаат или не се во можност да живеат со своите семејства, поточно овозможуваме топол дом, љубов и грижа во семејна атмосфера, пристап до образование и поддршка во подготовка за самостоен независен живот. Тоа е активност која се одвива во континуитет, без престан, секој ден, недела, месец... и така веќе 20 години. Работа која не може да застане, да престане, да се откаже. Токму поради тоа, секој оној што ја препознава важноста на одржливоста на нашата работа станува посветен донатор и амбасадор на нашата мисија. Затоа соработката со Макпрогрес како еден од нашите амбасадори е од исклучително значење за нас и сме благодарни што тие ја препознаа важноста на нашата мисија за поддршка на најранливите во општеството. Објаснете ни малку повеќе околу кампањата „Растеме заедно за...“ Која е целта на кампањата и што очекувате да постигнете на крајот? За остварување на целите на СОС Детско село покрај соработката со успешни компании кои имаат јасна цел и дефинирани долгорочни политики за општествена одговорност, од исклучителна важност е и индивидуалната филантропија – можноста секој поединец да споделува вредности со некоја хуманитарна кауза и да овозможува остварување на нивните цели. Токму поради тоа во договор со Макпрогрес за оваа година пионерски дизајниравме и спроведовме т.н. ЦРМ кампања – кампања во која Макпрогрес е во чекор со интернационалните практики за општествена одговорност и е компанија која додава “хуманитарна вредност” на своите производи на начин што со таа додадена вредност ја стимулира пошироката публика да при нивното купување и тие индиректно да донираат, но најважно е што компанијата одвојува дел од својот профит за хуманитарна организација. На наше огромно задоволство, оваа година Макпрогрес одлучи во ЦРМ проект да го вклучи својот најпродаван производ од нивното портфолио – КЕЈК со 4 вкусови, со цел првенствено пораката да допре до што поголем број на потрошувачи, да има поголем импакт и да се соберат поголеми средства за поддршка на СОС ДС, но и истовремено да се промовира идејата за индивидуално донирање. Се надеваме дека голем број граѓани ќе се вклучат во оваа активност и ќе ја подржат нашата континуирана работа со децата, ќе купуваат од квалитетните производи на Макпрогрес, на тој начин ќе донираат и истовремено ќе бидат збогатени со прекрасно чувство кое облагородува.

Advertisement

Раководител на сектор за обезбедување на донации и комуникации, СОС Детско село

Дали и други компании се вклучуваат во истата кампања или е ексклузивно организирана со еден партнер? СОС Детско Село 20 години делува во нашата земја со прием на првото дете во СОС семејство во 2001 година во куќите за згрижување во населбата Ченто. За период од 20 години сме згрижиле над 300 деца и младинци без родителска поддршка од кои голем дел од нив денес се самостојни луѓе, имаат свои семејства и се одговорни членови на нашето општество. Воедно, организацијата ја проширува својата дејност и преку поддршка на семејства во социјален ризик – превенирање децата да бидат одделени од своето биолошко семејство и до сега имаме помогнато на над 300 семејства со повеќе од 900 деца, се’ со цел да се задржи стабилноста на клетката на нашето живеење - семејствата. Токму поради овие причини, поради широкиот опсег на делување, големиот број на корисници на нашите услуги и поддршка, но и поради неопходноста за одржливост и континуитет на нашата работа ние сме отворени за соработка со бизнис секторот. Секоја компанија која ќе препознае можност за постигнување на цели за прогрес на нашето општество преку партнерство со СОС Детско Село, е добредојдена да заеднички реализираме вакви ЦРМ кампањи и заеднички да ја остваруваме мисијата „Топол дом и грижа за секое дете.“

Кондиторската компанија Макпрогрес одлучи во т.н. ЦРМ проект да го вклучи својот најпродаван производ од нивното портфолио – КЕЈК со 4 вкусови, со цел првенствено пораката да допре до што поголем број на потрошувачи, да има поголем импакт и да се соберат поголеми средства за поддршка на СОС Детско село, но и истовремено да се промовира идејата за индивидуално донирање.

Што значи за Макпрогрес приклучувањето кон кампањата и каква порака праќате кон јавноста со овој ваш ангажман? Секторот маркетинг го водам веќе 15 години во Макпрогрес. Во тие 15 години имаше многу кампањи - некои успешни, некои помалку успешни, некои не, но ваквите кои се поврзани со деца ми се најомилени и секогаш целиот маркетинг тимот и целиот продажен тим даваат сè од себе за да бидат реализирани. Едноставно децата ми се слаба точка, отсекогаш . Ние како компанија постојано сме вклучени во процесот за општествена одговорност, не само во општината во која сме туку и пошироко низ целата држава. Тоа е една од нашите примарни одговорности и основа на која ги надградуваме сите останати активности преку кои се обидуваме да го подобриме квалитетот на животот во средината во која работиме. Во овој период кога целиот свет е зафатен со пандемијата и кризата што ја носи самата пандемија, сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата. Долгорочната соработка и поддршката на СОС Детско село не инспирираше во креирање на ваква кампања во која ги вклучивме и нашите потрошувачи да бидат дел и да помогнат во остварување на целта а таа е - ниедно дете да не расте само. Кога појдов на преговори со две прекрасни девојки од Детското село и кога со мојата колешка прошетавме низ целиот комплекс, веднаш знаев дека не треба многу убедување и дека ќе направиме кампања. Сите ние можеме и сите ние треба да растеме заедно за детство со насмевки и да придонесеме за повеќе насмевки и повеќе остварени желби. Колку доби на значење CSR концептот во услови на пандемиска криза што трае еве веќе година и половина речиси? Колку е предизвик за една компанија да се помага заедницата во услови кога и самиот бизнис се соочува со тешкотии како последица на корона – кризата? Во сета оваа пандемиска криза, прехранбената индустрија не помина баш така лесно како што се предвидуваше ланската година. Но, сепак земајќи предвид дека тука спаѓаат основните потреби на граѓаните, ситуацијата е се’ уште неизвесна и непредвидлива, па како се одвива така се и прилагодуваме. Секако дека продолживме да работиме напорно за да ја одржиме економската активност, да ги задоволуваме потребите на потрошувачите на сите пазари каде што работиме, да го заштитиме здравјето на сите наши вработени, клиенти и добавувачи и секако активно да помогнеме и придонесуваме за заедницата. Борбата со справување со последиците од вирусот ќе продолжи да се води на повеќе нивоа во општеството. Сега е моментот кога сите ние мора да бидеме повеќе солидарни и повеќе општествено одговорни. Како една од поголемите и поуспешните компании ја следиме ситуацијата и во рамки на можностите срдечно помагаме секаде каде што сме во можност. Ја знаете онаа поговорка: „раката што дава, не се суши“.

МАЈА ЦВЕТАНОВА

маркетинг менаџер Макпрогрес доо, Виница

Со оглед дека компанијата има широка палета на производи, не е ли практично решение да се прошири опсегот на производи со етикетата за хуманитарната акција, па макар и да се намали сумата што ќе се одвојува од секој купен производ? Јас искрено се надевам, но и знам дека вакви кампањи ќе има уште. Секоја во свое време и секоја на посебен начин организирана согласно потребите на двете страни. Оваа кампања за Детство со насмевка е во време кога и Макпрогрес и СОС Детско село имаат јубилеј 30 години и 20 години во своето постоење и делување па заеднички си го прославуваме роденденот со ова. Веќе имаме идеи како да ја зголемиме соработката и истите се ставени на хартија, ќе чекаат за реализација кога ќе им дојде редот. Ние сме компанија која е секогаш е отворена за нови идеи и предизвици кои успешно може да ги реализира благодарение на посветеноста на вработените, но пред се и поради нашите верни потрошувачи. Без нив тешко дека ќе се успее па затоа ние секогаш се стремиме да ги задоволиме нивните потреби.

This article is from: