6 minute read

СВЕТ

38

РИЧАРД БРЕНСОН ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО СВОЈОТ СОН

Advertisement

Вирџин Галактик (Virgin Galactic), компанијата за вселенски туризам на британскиот милијардер Ричард Бренсон, е чекор поблиску кон комплетирање на својот систем за патување во орбитата на Земјата, откако пред неколку денови направи успешен пробен лет – прв во последниве две години.

Вирџин Галактик (Virgin Galactic), компанијата за вселенски туризам на британскиот милијардер Ричард Бренсон, е чекор поблиску кон комплетирање на својот систем за патување во орбитата на Земјата, откако пред неколку денови направи успешен пробен лет – прв во последниве две години. Вселенското летало на Вирџин наречено ВСС Јунити (VSS Unity), со помош на носач наречен ВСС Ив (VSS Eve), првин беше искачено на висина од околу 13,5 илјади метри. Потоа авионот – носач го ослободи леталото, кое што го стартуваше својот ракетен мотор и постигна брзина поголема три пати од онаа на звукот. Откако изведе пополека „салто“ во услови на минимална гравитација на работ од вселената – достигнувајќи висина од речиси 90.000 метри – Јунити се врати лебдејќи назад низ атмосферата до местото од каде што полета во пустината во Ново Мексико, САД. „Летот беше беспрекорен“, рече директорот на Вирџин Галактик Мајкл Колглејзер за CNBC веднаш откако вселенскиот брод ја допре земјата повторно. Со леталото управуваа пилотите С.Џ. Старкоу и Дејв Мекеи, коишто претходно имаат летано во вселената, исто како и нивните колеги од Вирџин, Мајкл „Суч“ Масучи и Марк Стаки, како и главниот тренер на астронаутите, Бет Мозес, коишто стекнаа искуство после првите два вселенски лета на компанијата. Во САД официјално се смета за астронаут секој пилот што летнал повисоко од 80 км во орбитата. Вселенското летало на Вирџин Галактик е конструирано да носи до шест патници, плус двата пилоти. Компанијата веќе има околу 600 резервации за билети, од луѓе коишто сакаат да летаат откако и официјално ќе бидат пуштени комерцијалните летови во орбитата. Овие билети се продадени по цена од 200 до 250 илјади долари секој. Прв успешен лет по февруари 2019

Летот минатата сабота, на 22 мај, беше прв за компанијата од февруари 2019 година, прв од пустината во Ново Мексико, и вкупно трет досега. Вирџин Галактик претходно изведе два тест летови од нејзиниот развоен капацитет во калифорниската пустина Мохаве, пред да се пресели во оперативната база Спејспорт Америка (Spaceport America) во Ново Мексико. Основачот на Вирџин Галактик, Сер Ричард Бренсон, лично присуствуваше на космодромот за да го гледа летот. Заедно со него, летот го набљудуваше и поранешниот гувернер на Ново Мексико, Бил Ричардсон – којшто помогна да се изгради Спејспорт Америка како база на компанијата за нејзините операции, постројка вредна околу 220 милиони долари – како и актуелниот гувернер на државата, Луџан Гришам. Членот на бордот на Вирџин Галактик, Адам Бејн, којшто помогна компанијата да излезе на берза, заедно со нејзиниот претседател Чамат Палихапитиа, исто така беше во Спејспорт Америка за да го гледа летот. Палихапитиа не беше присутен, но го поздрави успехот и „несебичната посветеност“ на компанијата во специјална изјава. „Честитки за целиот тим на Вирџин Галактик за поминување на уште еден важен чекор“, рече тој. На компанијата и преостануваат уште два теста што треба да ги направи пред американската Федерална администрација за авијација да и даде конечна дозвола за изведување на регуларни комерцијални летови во вселената. Директорот на Вирџин Галактик, Колглејзер, рече дека податоците собрани за време на летот изгледаат солидно и дека ќе бидат испратени до ФАА наскоро.

39

40

Вселенското летало на Вирџин наречено ВСС Јунити (VSS Unity), со помош на носач наречен ВСС Ив (VSS Eve), првин беше искачено на висина од околу 13,5 илјади метри. Потоа авионот – носач го ослободи леталото, кое што го стартуваше својот ракетен мотор и постигна брзина поголема три пати од онаа на звукот. Откако изведе пополека „салто“ во услови на минимална гравитација на работ од вселената – достигнувајќи висина од речиси 90.000 метри – Јунити се врати лебдејќи назад низ атмосферата до местото од каде што полета во пустината во Ново Мексико, САД.

“Со нетрпение чекаме да ги прегледаат тие податоци“, рече Колглејзер. Вселенското летало Јунити носеше со себе и три парчиња опрема за потребите на вселенската агенција НАСА, во рамки на нејзината програма Flight Opportunities. Колглејзер истакна дека оваа услуга на НАСА ќе ѝ донесе приход на Вирџин Галактик, а сумата се очекува да биде наведена во финансискиот извештај на компанијата за вториот квартал годинава. Опасности за акциите на Вирџин се’ уште постојат

Успешниот лет на Јунити во саботата, значеше и голем оптимизам кај инвеститорите во Вирџин Галактик околу успешноста на целата компаниска мисија – доходовен вселенски туризам, па акцијата на компанијата веднаш во понеделникот, на првиот трговски ден по летот, скокна за цели 28%, на 26,9 долари. Претходно, од почетокот на годината, акцијата имаше загубено 30% од вредноста, затоа што летот беше одложуван, и а и некои големи акционери ги продаваа своите удели. Следниот тест лет на Вирџин Галактик ќе носи четири патници во кабината, додека после тоа планирано е да лета основачот Сер Ричард Бренсон. Берзанските аналитичари од Волстрит велат дека сепак се уште постојат два големи ризик фактори за вредноста на акцијата. „Прво, било каков посериозен инцидент може да е катастрофален за бизнисот, којшто уште практично не е ни почнат. Второ, не е кристално јасно колку всушност приходи се очекуваат од вселенскиот туризам на Вирџин, па тешко е да се процени до каде може да се протегнат потенцијалните вредности на акцијата.“, велат од аналитичката куќа Bernstein за CNBC. Вирџин Галактик претходно прогнозираше дека со комерцијални летови ќе почне го средината на 2020. Годинава, компанијата го помести тој рок до почетокот на 2022, велејќи дека со комерцијални услуги ќе почне штом се комплетираат тест летовите и се отстранат сите можни технички проблеми.

Вселенското летало на Вирџин Галактик е конструирано да носи до шест патници, плус двата пилоти. Компанијата веќе има околу 600 резервации за билети, од луѓе коишто сакаат да летаат откако и официјално ќе бидат пуштени комерцијалните летови во орбитата. Овие билети се продадени по цена од 200 до 250 илјади долари секој.

Конкуренција од Безос и Маск

Бренсон ја основаше Вирџин Галактик во 2004 година со цел да се вивне самиот – а и тие што се спремни да платат за тоа доживување – во вселената. Компанијата ја изнесе на берза во 2019 година за да собере полесно капитал со којшто својот сон ќе го преточи во реалност. Пазарната вредност на Вирџин Галактик оттогаш се приближи кон 13 милијарди долари, носена од надежта на инвеститорите дека неуморниот Бренсон ќе успее во својата мисија. Напорите на Бренсон сепак не чинеа малку. За првите девет месеци од 2020 година фирмата пријави загуба од 200 милиони долари. А Бренсон не е единствениот милијардер што гледа накај ѕвездите. Шефот на Тесла, Илон Маск, досега има забележителен успех во лансирањето на ракетите на неговата компанија СпејсИкс (SpaceX) во обид да стигне до Марс. Во меѓувреме, и основачот и актуелен директор на Амазон (Amazon.com), Џеф Безос продолжува со активностите преку неговата компанија Блу Ориџин (Blue Origin) да се натпреварува за истата цел, комерцијални вселенски летови, односно индустријата за суборбитален вселенски туризам. Безос дури и ќе се повлече од местото извршен директор на Амазон за неколку месеци, за да се посвети повеќе на проектот Блу Ориџин, којшто моментално за волја на вистината некако заостанува, барем со публицитетот, зад Вирџин и СпејсИкс. Бренсон смета дека конкуренцијата помеѓу тројцата бизнис титани може да донесе само добри нешта за сферата на вселенските комерцијални летови и истражувањето на вселената генерално. „Ние имаме два, многу, многу големи конкуренти во Илон и Џеф, и тие обајцата прават нешто малку поразлично. Ако ги ставите овие три проекти во еден, мислам дека може да постигнеме нешто навистина неверојатно“, вели Бренсон.

This article is from: