8 minute read

ИНТЕРВЈУ

Next Article
СВЕТ

СВЕТ

Advertisement

ДИРЕКТОР НА ТЕЛЕЛИНК БИЗНИС СЕРВИСИ

ПОСВЕТЕНИ СМЕ НА ИСПОРАКА НА ВРЕДНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ КОН НАШИТЕ КЛИЕНТИ

разговара ИГОР ПЕТРОВСКИ

Телелинк Бизнис Сервиси (Telelink Business Services) е компанија којашто е релативно кратко активна на македонскиот пазар, иако бекграундот на нивниот бизнис има малку подлабоки корени во земјава: уште пред повеќе од 10 години Телелинк, фирма од ИКТ секторот со седиште во Софија, Бугарија, почнува со регионалната експанзија при што отвора свое претставништво и во Македонија. Компанијата била специјализирана во дејностите на изработка на инфраструктура за телеком операторите, инфраструктура за паметни згради и системска интеграција, а од крајот на 2019 заради зголемениот обем на работење и потреба од фокусирање и развој на одредени сегменти на пазарот, компанијата мајка решава да ја издвои дејноста на системска интеграција во посебна компанија и така е формирана ТБС. Новата компанија е фокусирана кон поширок спектар на услуги од областа на дигиталната трансформација, мрежни инфраструктури, информатичка безбедност и други напредни технологии. За тоа какво е значењето на ТБС за унапредување на работењето на голем број компании и државни институции во земјава, разговаравме со Боби Цветковски, директор на Телелинк Бизнис Сервиси Македонија, човек којшто е повеќе од 20 години во ИКТ секторот и работел на повеќе позиции поврзани со продажбата и имплементацијата на ИКТ системи. Последниве десет години работел на повеќе позиции во менаџментот на Телелинк во Македонија, а од пред година и половина е назначен за прв човек на новиот ентитет Телелинк Бизнис Сервиси. Г –не Цветковски, објаснете за нашите читатели Ве молам какви услуги пружа ТБС на македонскиот пазар? Која е целната група на клиенти на компанијата и со кого најчесто соработувате? Телелинк Бизнис Сервиси (Telelink Business Services) нуди услуги во неколку технолошки области како што се: u Дигитална трансформација на работењето на компаниите и институциите, креирање на модерно и функционално работно место, олеснување на интерната комуникација и комуникацијата со клиентите/граѓаните. u Поддршка на воведување на различни електронски услуги и електронски процеси.

Оптимизирање на бизнис процесите со примена на нови напредни технологии (хибридни технологии, услуги во облак) како и креирање на приватни и јавни податочни центри во облак. u Спречување, заштита и неутрализирање на заканите од cyber напади, зголемувањето на нивото на информатичка безбедност и безбедност на информации, проценка на ризик од закани по информатичката безбедност и имплементирање на процеси и технологии за намалување на ризикот. u Дизајнирање и имплементација на различни мрежни инфраструктури, LAN, WAN, софтверски дефинирани мрежи, системи за IP телефонија. Услугите кои ги нудиме се наменети за клиенти од финансискиот сектор, телеком операторите, државните институции како и компаниите од приватниот сектор. Денес зборуваме за е - Образование, е - Влада, е - Здравство, е - Катастар, е -Општина, е - Услуги, паметни градови, паметни фабрики... За сето ова да функционира потребно е креирање на соодветна инфраструктура за обработка, пренос и складирање на податоци. ТБС е партнер, со највисоки сертификации, со најголемите светски производители на опрема и решенија, како што се Microsoft, Cisco, Dell, VMware, IBM, Oracle. Имаме повеќе од 140 инженери кои се сертифицирани и обучени за најновите технолошки решенија. Го носиме искуството од големи, сложени проекти кои ги имаме реализирано во регионот и пошироко во светот. Посветени сме на испорака на вредност и иновативност кон нашите клиенти.

Како накратко би се опишало значењето на ТБС за дигитализацијата на една компанија или институција? Каква додадена вредност давате вие за една организација? Дигиталната трансформација е неминовен процес кој се случува во секоја област на економијата. Неопходно е компаниите и институциите да го дигитализираат своето работење, за да се намалат трошоците, за да се зголеми продажбата, за да се зголеми конкурентноста, задоволството на вработените, задоволството на клиентите, едноставно за да опстанат на пазарот. Тоа подразбира креирање и користење на нови дигитални канали за комуникација, креирање на бизнис процеси, дигитален проток на документи и информации, интеграција на податоците кои најчесто се наоѓаат во различни системи, нивна анализа и креирање на информации корисни за водење и развој на бизнисот. Денес зборуваме за е - Образование, е - Влада, е - Здравство, е - Катастар, е -Општина, е - Услуги, паметни градови, паметни фабрики... За сето ова да функционира потребно е креирање на соодветна инфраструктура за обработка, пренос и складирање на податоци. ТБС е партнер, со највисоки сертификации, со најголемите светски производители на опрема и решенија, како што се Microsoft, Cisco, Dell, VMware, IBM, Oracle. Имаме повеќе од 140 инженери кои се сертифицирани и обучени за најновите технолошки решенија. Го носиме искуството од големи, сложени проекти кои ги имаме реализирано во регионот и пошироко во светот. Посветени сме на испорака на вредност и иновативност кон нашите клиенти.

29

30

ТБС располага со центри за компетенција во неколку држави во регионот: Бугарија, Македонија, Албанија, Србија. Во моментов се отвораат нови центри и во Хрватска и Романија. Работиме на регионалниот пазар, но и на глобалниот пазар. Компанијата е организирана на тој начин да овозможи работа на проекти на глобалниот пазар независно од физичката локација на вработените. Ги користиме најдобрите софтверски алатки за управување на проекти, управување со ресурси, финансиски менаџмент, управување со продажбата кои овозможуваат следење на работењето и контрола на квалитетот на исполнување на проектите.

Со оглед на фактот дека ТБС во Македонија е дел од меѓународната групација ТБС со седиште во Софија, објаснете ни малку повеќе за самата групација – кратка историја, постигнувања, моментална позиција на регионалниот и европскиот пазар и како доаѓа до регистрирањето на ТБС Македонија во 2019 година? Ако не се лажам, присуството на компанијата мајка на македонскиот пазар датира и од пред 2019-та... ТБС располага со центри за компетенција во неколку држави во регионот: Бугарија, Македонија, Албанија, Србија. Во моментов се отвораат нови центри и во Хрватска и Романија. Работиме на регионалниот пазар, но и на глобалниот пазар. Компанијата е организирана на тој начин да овозможи работа на проекти на глобалниот пазар независно од физичката локација на вработените. Ги користиме најдобрите софтверски алатки за управување на проекти, управување со ресурси, финансиски менаџмент, управување со продажбата кои овозможуваат следење на работењето и контрола на квалитетот на исполнување на проектите. Во моментов сме една од водечките компании во ИКТ индустријата во регионот. Подготвени сме за натамошна глобална експанзија и излегување на пазарите надвор од Балканот. Им овозможуваме на нашите кадри, технолошки експерти во различни области, развој на кариерите и работа на големи, сложени проекти со врвни технолошки решенија на пазарите на Германија, Велика Британија, САД, итн. Пионери сме во имплементацијата на најновите технологии во ИКТ индустријата. ТБС Македонија е присутна на македонскиот пазар од крајот на 2019. Веќе имаме солидна екипа на технолошки експерти која е вклучена во реализирање на проекти во Македонија, но и во регионот. Вредноста која ја носиме на македонскиот пазар е структурната поставеност на компанијата насочена кон испорака на квалитет и вредност за крајниот клиент, посветеноста кон проектниот менаџмент, сериозната инвестиција во технолошкиот развој и развој на човечките ресурси. Македонија располага со добар инженерски кадар кој во услови на технолошки развој и соодветна организација може да биде рамноправен со светот. Каква е вашата визија, и визијата на централата секако, за понатамошниот развој на ТБС на македонскиот пазар? Каква ќе биде позицијата на компанијата за 5 или 10 години? Областа во која работиме има сериозен потенцијал за развој. Македонија се соочува со предизвик во развојот на дигиталната трансформација на економијата. Државната инфраструктура исто така е во фаза на забрзана дигитална трансформација,

Работата од далечина, видео конференции, стриминг платформи, е -трговија,инфраструктури во облак кои овозможуваат континуирано работење, информатички безбедносни системи, софтвери за управување со документи и процеси, сето ова преку ноќ стана наша реалност и доживеа експанзија на светско ниво. Здравствената криза предизвика забрзана дигитализација и трансформација на работењето на компаниите што создаде сериозен потенцијал за развој на ИТ секторот.

меѓусебното поврзување на институциите и развој на електронски услуги кон граѓаните. Согласно усвоените стратегии и насоки на развој на Европската Унија и на Македонија потребни се понатамошни сериозни инвестиции во инфраструктурата на државата, креирање на широкопојасни преносни мрежи, креирање на податочни центри, дигитализација на образованите, вградување на современи информатички технолошки системи во функција на заштита на животна околина, итн., Македонија има можност со користење на помош од Европската Унија и други странски организации и институции да прескокне неколку нивоа во развојот и да креира современа дигитална инфраструктура која ќе овозможи побрз развој на економијата. Очекуваме дигиталната трансформација на државниот сектор, како и на приватниот сектор да доведе до сериозни инвестиции во ИКТ сферата и зголемување на целокупниот ИКТ пазар, а со тоа и уделот на ТБС во него. Развојот на компанијата го насочуваме кон новите технологии во информатичката безбедност, хибридните технологии во облак, Интернет на нештата, софтверски дефинирани мрежи, во креирање на наши софтверски производи и додавање на вредност преку управувани услуги. Целиме нашата компанија да биде предводник во имплементацијата на новите технологии и идеен иницијатор за воведување на иновативни решенија и процеси кои ќе придонесат како држава и економија да се приближиме до поразвиените од нас земји. За вас лично, кои се најголемите професионални предизвици во моментов? Колку „новата нормалност“ предизвикана од ковид – кризата ја смени насоката или визијата за идниот развој на компанијата? Економската нестабилност и неизвесноста произлезена од економската криза предизвикана од пандемијата е еден главните предизвици со кои се соочуваат сите индустрии во светот. Од друга страна економската и здравствената криза отворија многу можности за развој во специфични области посебно во ИТ индустријата. Работата од далечина, видео конференции, стриминг платформи, е -трговија,инфраструктури во облак кои овозможуваат континуирано работење, информатички безбедносни системи, софтвери за управување со документи и процеси, сето ова преку ноќ стана наша реалност и доживеа експанзија на светско ниво. Здравствената криза предизвика забрзана дигитализација и трансформација на работењето на компаниите што создаде сериозен потенцијал за развој на ИТ секторот. Најголем предизвик со кој се соочуваме е креирањето на процесите во компанијата и да обезбедување на развој на луѓето, со цел да постигнеме експанзија на регионалниот и глобалниот пазар. Затоа посебен фокус даваме на професионалниот развој на вработените и на технолошкиот развој на компанијата и негување на иновативноста на сите нивоа, се со цел за да обезбедиме конкурентност на глобалниот пазар.

This article is from: