MANAGER.MK MANAGER
БР ОЈ 6 I МА Ј I 202 1
ЗАЕДНИЧКА КАМПАЊА НА СОС ДЕТСКО СЕЛО И МАКПРОГРЕС
РАСТЕМЕ ЗАЕДНО ЗА ДЕТСТВО СО НАСМЕВКИ
КОРПОРАТИВНА ОПШТЕС ТВЕНА ОДГОВОРНОС Т
42
Може ли да ни кажете нешто повеќе околу генералната соработка на Макпрогрес и СОС Детско село? Компанијата Макпрогрес е долгогодишен партнер на СОС Детско село и ја поддржува нашата работа повеќе од 5 години. Важноста на оваа стратешка соработка е посветеноста и определбата на Макпрогрес да биде еден од клучните партнери на СОС Детско село, коишто се силен генератор на стабилноста на нашите програми и на нашиот успех на тој начин што не помагаат во континуитет и на долг рок. Истовремено, СОС Детско село се позиционира како организација партнер на компаниите за постигнување на нивните цели на општествена одговорност и цели за одржлив развој – партнер за постигнување на ИМПАКТ во областите каде што делуваме. Клучната работа на СОС Детското село е грижа и овозможување поддршка на децата и младите без родители и родителска грижа и остварување на целите и мисијата “Ниту едно дете не смее да расте само”. Тоа го остваруваме преку годишно згрижување на околу 100 деца и млади кои немаат или не се во можност да живеат со своите семејства, поточно овозможуваме топол дом, љубов и грижа во семејна атмосфера, пристап до образование и поддршка во подготовка за самостоен независен живот. Тоа е активност која се одвива во континуитет, без престан, секој ден, недела, месец... и така веќе 20 години. Работа која не може да застане, да престане, да се откаже. Токму поради тоа, секој оној што ја препознава важноста на одржливоста на нашата работа станува посветен донатор и амбасадор на нашата мисија. Затоа соработката со Макпрогрес како еден од нашите амбасадори е од исклучително значење за нас и сме благодарни што тие ја препознаа важноста на нашата мисија за поддршка на најранливите во општеството.
СИЛВИЈА БРАЈОВИЌ
Објаснете ни малку повеќе околу кампањата „Растеме заедно за...“ Која е целта на кампањата и што очекувате да постигнете на крајот? За остварување на целите на СОС Детско село покрај соработката со успешни компании кои имаат јасна цел и дефинирани долгорочни политики за општествена одговорност, од исклучителна важност е и индивидуалната филантропија – можноста секој поединец да споделува вредности со некоја хуманитарна кауза и да овозможува остварување на нивните цели. Токму поради тоа во договор со Макпрогрес за оваа година пионерски дизајниравме и спроведовме т.н. ЦРМ кампања – кампања во која Макпрогрес е во чекор со интернационалните практики за општествена одговорност и е компанија која додава “хуманитарна вредност” на своите производи на начин што со таа додадена вредност ја стимулира пошироката публика да при нивното купување и тие индиректно да донираат, но најважно е што компанијата одвојува дел од својот профит за хуманитарна организација. На наше огромно задоволство, оваа година Макпрогрес одлучи во ЦРМ проект да го вклучи својот најпродаван производ од нивното портфолио – КЕЈК со 4 вкусови, со цел првенствено пораката да допре до што поголем број на потрошувачи, да има поголем импакт и да се соберат поголеми средства за поддршка на СОС ДС, но и истовремено да се промовира идејата за индивидуално донирање. Се надеваме дека голем број граѓани ќе се вклучат во оваа активност и ќе ја подржат нашата континуирана работа со децата, ќе купуваат од квалитетните производи на Макпрогрес, на тој начин ќе донираат и истовремено ќе бидат збогатени со прекрасно чувство кое облагородува.
Дали и други компании се вклучуваат во истата кампања или е ексклузивно организирана со еден партнер? СОС Детско Село 20 години делува во нашата земја со прием на првото дете во СОС семејство во 2001 година во куќите за згрижување во населбата Ченто. За период од 20 години сме згрижиле над 300 деца и младинци без родителска поддршка од кои голем дел од нив денес се самостојни луѓе, имаат свои семејства и се одговорни членови на нашето општество. Воедно, организацијата ја проширува својата дејност и преку поддршка на семејства во социјален ризик – превенирање децата да бидат одделени од своето биолошко семејство и до сега имаме помогнато на над 300 семејства со повеќе од 900 деца, се’ со цел да се задржи стабилноста на клетката на нашето живеење - семејствата. Токму поради овие причини, поради широкиот опсег на делување, големиот број на корисници на нашите услуги и поддршка, но и поради неопходноста за одржливост и континуитет на нашата работа ние сме отворени за соработка со бизнис секторот. Секоја компанија која ќе препознае можност за постигнување на цели за прогрес на нашето општество преку партнерство со СОС Детско Село, е добредојдена да заеднички реализираме вакви ЦРМ кампањи и заеднички да ја остваруваме мисијата „Топол дом и грижа за секое дете.“
Раководител на сектор за обезбедување на донации и комуникации, СОС Детско село