1075- Kapital magazine

Page 50

Капитал број 1075 04.09.2020

50

СТАВ

Со оглед на долгиот временски период во кој кризата опстојува и го диктира пазарот на труд, потребно е да се размислува за промената на моделот на субвенционирање на работните места. Мапирање на недостаток на работници со соодветни класификации кај определени индустрии, ќе покаже кон каде треба да се насочи државата со субвенциите кои ги нуди. општо добро и на компаниите и на работниците, но и на државата. И овде Фондот за свое добро, мора да преземе улога на „ медијатор “ меѓу сите заинтересирани страни.

Ќе преживеат ли првиот и вториот столб ?

Вториот столб би требало да ја „ прележи „ Корона кризата без посебни поголеми проблеми. Со оглед на начинот на кој функционира и создава профит, се’ што е потребно е досегашните парични средства да ги вложи на сигурен пазар. А сигурни пазари и во време на корона постојат. Како што се банкарските депозити, кои нема да ја зголемат активата на столбот, но ќе ја држат стабилна, до државни обврзници кои се стабилен пазар, па се до акции во големи фармацевтски, информатички, и друг вид компании кои остваруваат огромни профити и во време на корона. Инвестициските фондови , како и пензиските фондови се исто пазар кој е стабилен и може да придонесе за зголемување на активните средства на компаниите кои раководат со паричните средства од вториот столб. Но за таа сметка државниот прв столб е во големо искушение. Прво, тој не е ликвиден. Едноставно во моментот за државата истиот претставува „ некорисен потрошувач “. Влече многу пари од Буџетот, а не придонесува за зголемување на парични средства во истиот. Второ, не постојат напори за ситуацијата да се промени. Со месеци и години наназад овој столб тоне се’ повеќе. Потребно е да се направат напори истиот да биде стабилен. Замислете ситуација во која би имало

намалување на 50.000 работни места, за кои нема да се плаќаат придонеси, а бројот на пензионери да остане ист. Приходите кои сам по себе ги генерира пензискиот систем ќе падна уште за околу 5%. Токму затоа улогата на Фондот, но и на МАПАС како државни институции, не треба да биде повеќе пасивна. Треба да поткренат иницијатива заедно со Агенцијата за вработување, да се потрудат ниту едно работно место да не биде непополнето. Но, и да покренат иницијатива за субвенционирање на ново отворени компании, испразнети работни позиции. Токму затоа и се даваат идеи во овој текст како истото да се постигне. Пасивноста на институциите кои раководат со првиот пензиски столб, во иднина, доколку оваа криза потрае, може навистина да доведе до ситуација на крах на пензискиот систем. Затоа потребно е да се размислува за многу алтернативи. Во време на криза не би се препорачало зголемување на процентот за придонеси (иако тој „ незабележително“ се зголемува постојано, со зголемувањето на минималната плата и зголемувањето на просечната плата, кои и покрај кризата сепак се зголемени). Ваква одлука би била дополнителен удар за приватните компании и би довела до дополнително губење на работни места. Но, зголемување на процентот на уплати во вториот столб, кој е далеку постабилен е можна варијанта. Овозможувањето на управување со повеќе парични средства на компаниите кои раководат со овие фондови, може да биде паметна одлука, доколку се изнајде модел тие

компании да одвојуваат определен процент од својата заработка за помош на првиот столб. Би имале вин – вин ситуација. Приватните компании повеќе пари за управување, со тоа и раздвижување на другите финансиски пазари, а од друга страна првиот столб со дотур на парични средства кои, прво би биле стабилни и постојани, второ не би биде од Буџетот. Вака теоретски воспоставениот систем би довел до предизвици и за првиот пензиски столб, но и за вториот пензиски столб. Би се раздвижиле финансиските пазари, би се пуштиле повеќе средства во оптек , да со нив работат професионалци, а државниот систем би остварувал првпат добивка од друга страна која не е Буџетот и би имал задача и обврска да менаџира паметно со тие парични средства, и за првпат би создал и свој приход, односно би заработил пари. Или попросто објаснето, државниот пензиски столб би се откажал, односно би вложил од своите пари, пример 3 % во приватниот втор пензиски столб, и би остварувал приход, односно добивка од тие пари, или уште попросто кажано, би купил удел во приватниот столб. Секако за оваа теорија да стане реалност и пракса, државата мора да гарантира за евентуални злоупотреби. Сепак отвореноста на пазарот и стабилноста на приватниот втор столб треба да се доволна гаранција. Еве може да се направи тест период од три месеци. И доколку е неуспешен да се задолжат компаниите од вториот столб да ги вратат во целост парите на првиот столб. Зошто да не пробаме? nnn


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.