1086-Kapital magazin

Page 1

МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ФОРУМ: ТРАНЗИЦИЈА КОН ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА

business magazine

Сите ние живееме во време кога само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 1086

цена 100 ден. l 27 ноември 2020 петок l година 21

Годишна Конференција за е – трговија Предизвици и можности во време на пандемија www.kapital.mk

COVER STORY Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата НАУЧНА СТУДИЈА Големата слика: македонската економија на среден и долг рок KOМПАНИИ Голем успех на „Брако“ Произведено првото возило на водороден погон во Европа за чистење улици

INTERVIEW

НИКОЛАОС ЦИФАКИС професор на Универзитетот во Пелопонез

ЕУ ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ПОЛИТИЧКАТА МОЌ НА БАЛКАНОТ!

Startup: Прва инвестиција од Бизнис акцелератор УКИМ



СОДРЖИНА

Kapital... 1086 4

10

COVER STORY

Виртуелна мисија од Вашингтон во Македонија ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

ЕНЕРГЕТИКА

Македонски енергетски форум

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

18

ИНТЕРВЈУ

Николаос Цифакис

универзитетски професор ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

20

ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС

Е – трговија и Ковид - 19

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

20

26

ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Е – трговија и Ковид - 19

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

„International Fresh Food“ отвори капацитет за производство на пилешко месо

COVER STORY Виртуелна мисија од Вашингтон во Македонија .....................................................................4 ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС Е – трговија и Ковид - 19 ...................................20 Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

ЕНЕРГЕТИКА Се одржа третиот Македонски енергетски форум ..................................................10 Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ „International Fresh Food“ отвори капацитет за производство на пилешко месо ............................................................26 Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

ИНТЕРВЈУ Николаос Цифакис, универзитетски професор ..........................................................................18 ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Голем успех за велешката фабрика .....28 „Брако“ го создаде првото возило во Европа за одржување хигиена во урбани средини кое испушта вода, наместо издувни гасови

28

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Голем успех за велешката фабрика

„Брако“ го создаде првото возило во Европа за одржување хигиена во урбани средини кое испушта вода, наместо издувни гасови

ЕКОНОМИЈА Промовирана научна студија во издание на Фондацијата „Фридрих Еберт“ ..................................................30 Големата слика: македонската економија на среден и долг рок STARTUP Бизнис Акцелераторот УКИМ со првата инвестиција во компанија .............................34 Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global МЕНАЏМЕНТ Како да се решите од стравот на губење моќ и контрола ....................................44 ЛИДЕРИ Дру Хјустон, основач и директор на Dropbox .......................................................................48

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 26.11.2020 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


Капитал број 1084 13.11.2020

4

www.kapital.mk

COVER STORY

ММФ: СПРАВУВАЊЕТО СО ЗДРАВСТВЕНАТ КРИЗА Е КЛУЧНО ЗА ЗАШТИТА НА ЕКОНОМИЈАТА Монетарците од Вашингтон потенцираат дека справувањето со здравствената криза останува врвен приоритет и ќе биде клучно за заштита на луѓето и зачувување на економијата. Мисијата на ММФ посочува дека фискалната политика треба да остане поддржувачка на краток рок за да се заштитат работните места, фирмите и ранливите категории, а трошењето на здравствената заштита треба да биде приоритет. Според ММФ, политиките на властите досега дале соодветен резултат во насока на ублажување на последиците од корона – кризата. Во однос на економската активност, се очекува таа да се врати со засилено темпо следната година, по силниот пад во 2020 година, но вториот бран на пандемијата претставува ризик за силата на закрепнувањето.


www.kapital.mk

ВИРТУЕЛНА МИСИЈА ОД ВАШИНГТОН ВО МАКЕДОНИЈА ИЗБОРИ 2020

ТА

Капитал број 1084 13.11.2020

5


www.kapital.mk

Капитал број 1084 13.11.2020

6

COVER STORY

„Макроекономската и финансиската стабилност се одржува благодарение на вештото управување со политиката, како и глобално прилагодливите финансиски услови. Навремено преземените политички активности од страна на Владата и Народната банка одиграа суштинска улога во ублажувањето на економското и социјалното влијание на пандемијата. Како и во другите делови на светот, економијата нагло се намали во 2020 година. Невработеноста, сепак, се зголеми само скромно, поради мерките за фискална поддршка. Инфлацијата се зголеми, пред се, како одраз на повисоките цени на храната. Додека се очекува скок на економската активност во 2021 година, вториот бран на вирусот претставува значителен ризик за опаѓање, и покрај неодамнешните ветувачки вести за развој на вакцини“, оцени ММФ.

пишува:

Александар Јанев

E

aleksandar.janev@kapital.mk

Економската активност се очекува да се врати со засилено темпо следната година, по силниот пад во 2020 година, но вториот бран на пандемијата претставува ризик за силата на закрепнувањето, оценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) по својата мисија во земјава минатата недела. Но овој пат, состаноците се одржаа виртуелно, а тимот на ММФ предоводен од Бергjот Баркбу, разговараше со носителите на економските политики во земјава во врска со последните случувања во економскиот и финансискиот сектор, буџетот за 2021 година и изгледите за иднината. Монетарците од Вашингтон потенцираат

дека справувањето со здравствената криза останува врвен приоритет и ќе биде клучно за заштита на луѓето и зачувување на економијата. „Фискалната политика треба да остане поддржувачка на краток рок за да се заштитат работните места, фирмите и ранливите категории, а трошење на здравствената заштита треба да биде приоритет“, пишува во завршната изјава на ММФ. Во однос на монетарната политика, велат дека треба да се води приспособливо сè додека не започне закрепнувањето. Според ММФ, политиките на властите досега дале соодветен резултат во насока на ублажување на последиците од корона – кризата. „Макроекономската и финансиската стабилност се одржува благодарение на вештото управување со политиката, како и глобално прилагодливите финансиски услови. Навремено преземените политички активности од страна на Владата и Народната банка одиграа суштинска улога во ублажувањето на економското и социјалното влијание на

пандемијата. Како и во другите делови на светот, економијата нагло се намали во 2020 година. Невработеноста, сепак, се зголеми само скромно, поради мерките за фискална поддршка. Инфлацијата се зголеми, пред се, како одраз на повисоките цени на храната. Додека се очекува скок на економската активност во 2021 година, вториот бран на вирусот претставува значителен ризик за опаѓање, и покрај неодамнешните ветувачки вести за развој на вакцини“, оцени ММФ.

На среден рок клучната цел е поголем раст

Во однос на следните чекори на властите во екот на второт бран на пандемијата, ММФ сугерира „Справувањето со здравствената криза да остане врвен приоритет и ќе биде од суштинско значење за зачувување на економијата и јавните финансии“. „На краток рок, фискалната политика треба да остане да биде поддршка за заживување на растот, зачувување на работните места и заштита на ранливите категории. Предлог-буџетот за 2021 година предвидува значително


www.kapital.mk

Капитал број 1084 13.11.2020

7 зголемување на капиталните трошоци, што - доколку се спроведе - би можело да помогне во зголемувањето на побарувачката и подигнување на потенцијалот за раст на економијата, под услов трошењето да биде насочено кон високо квалитетни проекти. Предлогбуџетот исто така содржи и резерва за непредвидени ситуации за можни нови стимулативни мерки. Ова може да се искористи за проширување на субвенциите за плати, осигурување за невработеност и мрежи за социјално осигурување на насочен начин, со разбирање дека може да бидат потребни дополнителни средства како што се развива ситуацијата. Планираната шема за гарантирање кредити ќе помогне во поддршката на ликвидноста на фирмите. Фискалните ризици поврзани со недостиг на буџетски приходи, државни претпријатија и јавно-приватни партнерства бараат внимателно следење“, предупредува ММФ. Според монетарците, на среден рок, клучната цел е да се постигне поголем раст за да се подобри животниот стандард и конвергенцијата на приходот со другите европски земји, што ќе бара повеќе инвестиции во човечки и физички капитал. „Мерките што ја намалуваат даночната основа на приходи и наплатата на даноците пошироко или ги зголемуваат тековните трошоци, како што се пензиите и субвенциите, ќе одат во погрешна насока бидејќи тие подразбираат помалку простор за инвестиции кои го зголемуваат растот“, пишува во изјавата на ММФ по завршувањето на состаноците. Во однос на политиката на каматните стапки, ММФ вели дека „ставот на прилагодлива монетарна политика е соодветен и НБРСМ е подготвена да постапи колку што е потребно за да се заштити девизниот курс. Целокупниот банкарски систем останува добро капитализиран и профитабилен, но се очекува капацитетот за позајмување на банките да се намали со веројатно влошување на квалитетот на активата. Важно е да се одржуваат строги правила за класификација и обезбедување заеми за да се осигура дека банките

Целокупниот банкарски систем останува добро капитализиран и профитабилен, но се очекува капацитетот за позајмување на банките да се намали со веројатно влошување на квалитетот на активата. Важно е да се одржуваат строги правила за класификација и обезбедување заеми за да се осигури дека банките издвојуваат доволно резерви за да ги покријат потенцијалните загуби. Треба да се охрабрат банките да се воздржат од дискрециона дистрибуција на дивиденда и откуп на акции. издвојуваат доволно резерви за да ги покријат потенцијалните загуби. Треба да се охрабрат банките да се воздржат од дискрециона дистрибуција на дивиденда и откуп на акции“, оценува ММФ и додава дека ќе биде клучно да се зачува независнота на Народната банка. „Со оглед на критичноста на капацитетот на НБРСМ да преземе навремени активности за надзор за да се обезбеди

стабилност на финансискиот систем, од суштинско значење е да се зачува независноста на централната банка. Ова ќе и овозможи да продолжи да ги исполнува своите мандати за одржување на стабилноста на цените и заштита на финансиската стабилност, што се клучни предуслови за одржлив раст“, додаваат монетарците од Вашингтон. Инаку, непосредно пред оваа мисија


www.kapital.mk

Капитал број 1084 13.11.2020

8

COVER STORY

Македонските власти велат дека економското заздравување коешто се предвидува во 2021 година е под силно влијание на неизвесноста во врска со должината на пандемијата и може сериозно да биде погодено од неодамнешното повторно зголемување на бројот на новозаразени лица. Во интервју за Капитал минатата недела, министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека имајќи предвид мерките на социјално оддалечување да продолжат, но со евентуално подобрување на ситуацијата постепено да се укинуваат во текот на 2021 година, економскиот раст во земјата се очекува да премине во позитивната зона следната година, и тогаш се очекува закрепнување на инвестициите, на потрошувачката и надворешната побарувачка. со која редовно се прави скенирање на состојбата на економијата, ММФ ја ревидираше својата прогноза за движењето на БДП годинава, така што по засилувањето на пандемијата послендиот квартал, сега проценките се дека рецесијата во 2020 ќе достигне 5,4%. МН: Економската перспектива неизвесна Освен ММФ, и сите други релевантни меѓународни финансиски институции веќе ги ревидираа кон понегативни проценките за економската активност годинава. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) прогнозира пад од 5%, Европската Комисија ја намали прогнозата за еден процентен поен, од 3,9% на пад од 4,9%, а Светска банка проценува намалување на економската активност за 4,2% на годишно ниво. Според Есенскиот извештај на Европската Комисија, падот на БДП е последица на намалување на приватната потрошувачка којашто се очекува годинава да се намали за 4,3%, додека пак веќе следната година да порасне за 4,5% и во 2022 година за 4,7%.

„Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува „пригушена“ и по укинувањето на мерките за ограничување. Остриот пад на дознаките влијае негативно на трошоците на домаќинствата“, вели ЕК во делот на извештајот за нашата земја. Од друга страна, јавната потрошувачка прогнозите годинава ќе порасне за 3,3% и по 2,9% и 3,1% наредните две години. Намалувањето на странската побарувачка поради рецесијата што ги зафати сите наши трговски партнери, ќе доведе до пад на извозот годинава за дури 15,5% и намалување на увозот за 12,5%. ЕК проценува дека вработеноста ќе се намали за 0,3%, а наредните две години да порасне за 0,5% и 2,4%. Од друга страна, Комисијата не очекува зголемување на невработеноста па така стапката останува иста како и лани, 17,3%. Од следната година се очекува да продолжи падот на невработеноста на 17,1% и во 2022 година на 16,6%. Ако пандемијата заврши на почетокот

на следната година, за кога се очекува да биде достапна ефикасна вакцина, Европската Комисија проценува дека економијата ќе почне полека да заздравува со раст од 3,8% и 3,5% во 2022 година. Не се охрабрувачки ниту есенските економски проекции на Европската Комисија за цела Европа. Вториот бран на коронавирусот и новите рестриктивни мерки дополнително ги влошуваат економските перформанси. Според есенскиот извештај на Европската Комисија се очекува контракција од 7,8% на економијата на еврозоната до крајот на оваа година, и раст од 4,2% во 2021, па околу 3% во 2022. Споредено со пролетните проекции на Комисијата, изгледите се малку подобри за идната година, а понегативни за 2022. „Економската активност во Европа претрпе силен шок во првата половина од годината, силно закрепна во третиот квартал како што се олеснуваа рестриктивните мерки, меѓутоа повторната појава на пандемијата во


www.kapital.mk

Капитал број 1084 13.11.2020

9 последните недели ги отежна условите, со воведувањето на нови здравствени мерки за да се спречи ширењето на вирусот“, анализира Европската Комисија во својот извештај. Поради ова проекциите на економски раст се „предмет на екстремно висока стапка на неизвесност и ризик”, предупредува ЕК. Комисијата очекува значителен пад на економската активност, но смета дека ударот врз пазарот на трудот ќе биде лимитиран благодарение на мерките донесени на ниво на ЕУ, преку разни програми за невработените. Невработеноста ќе продолжи да расте идната година, но би требало да се подобри состојбата во текот на 2022. Но поради зголеменото трошење на државите во време на пандемија, главно за поддршка на бизнисите и работните места, очекуван е и раст на јавните долгови и дефицити на буџетите на земјите членки. „Растот ќе се врати во 2021 но ќе бидат потребни две години за европската економија да се приближи до нивото пред пандемијата. Во овој контекст на многу висока неизвесност, националните и фискалните политики треба да одат во насока на поддршка, а буџетот на ЕУ мора да биде финализиран оваа година за да биде на сила на почетокот на 2021“, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони.

Различни сценарија се во игра

Македонските власти велат дека економското заздравување коешто се предвидува во 2021 година е под силно влијание на неизвесноста во врска со должината на пандемијата и може сериозно да биде погодено од неодамнешното повторно зголемување на бројот на новозаразени лица. Во интервју за Капитал минатата недела, министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека имајќи предвид мерките на социјално оддалечување да продолжат, но со евентуално подобрување на ситуацијата постепено да се укинуваат во текот на 2021 година, економскиот раст во земјата се очекува да премине во позитивната зона следната година, и тогаш се очекува закрепнување на инвестициите, на потрошувачката и надворешната побарувачка. „Ова е согласно основното сценарио - по кое се водат сите светски економии при проектирање на растот. Основното сценарио тргнува од претпоставката за слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети, поволни ефекти од економските мерки, како и зголемена доверба кај потрошувачите и инвеститорите“, истакна Бесими. Според него, планираната фискална

УНИкатни Бизнис Е-Пакети за Вашата компаниja!

консолидација, редизајнирањето на буџетската политика и Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (SmartER Growth) се цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2021 година и обезбедување на побрза динамика на економски раст потоа. Согласно проекциите следниот петгодишен период се очекува економскиот раст да биде со просечна стапка од 5% додека во периодот од 2026 до 2030 година се предвидува стабилизирање на просечната стапка на економски раст на 5,75% годишно. „Песимистичкото сценарио е кризата да продолжи во тек на цела 2021, а заздравувањето да започне во 2022 година. Согласно ова сценарио растот би бил понизок во 2021, односно би го следел растот на нашите најголеми трговски партнери во Европа, кои согласно песимистичкото сценарио очекуваат растот да им се преполови или наместо стапки од околу 5%, да имаат стапки од околу 2 и пол проценти“, додава Бесими. Инаку, властите почнаа да го реализираат четвртиот пакет антикризни мерки којшто е проценет на 470 милиони евра, а Бесими вели дека ситуацијата се следи и постојано ќе се носат нови мерки соодветни на економските потреби. nnn

Заштедете со најдобриот месечен пакет за Вашата компанија Е-ПАКЕТ

Е-ПАКЕТ ПЛУС

Месечно одржување на сметка

Без надомест

Без надомест

Интерни плаќања

Неограничени

Неограничени

КИБС Плаќања

20 плаќања

20 плаќања

МИПС Плаќања

5 плаќања

5 плаќања

Девизни приливи

Неограничени

Девизни плаќања

3 плаќања

Цена на пакет

990 мкд

1.990 мкд

Дополнително без надомест: • Електронско и мобилно банкарство • Мобилен токен

www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

10

ЕНЕРГЕТИКА

„Северна Македонија и нејзините соседи мора да создадат посилен и диверзифициран енергетски сектор, намалувајќи ја зависноста од еден добавувач и ранливоста на надворешните шокови. Ова ја зголемува економската стабилност и конкурентност, како и енергетската безбедност, а и двете ја прават земјата посигурен партнер. Инвестирањето во обновливи и еколошки извори на енергија и интеграција во регионалниот и европскиот енергетски пазар остануваат стратешки определби за земјата“, беше една од клучните пораки на Македонскиот енергетски форум што се одржа на 23 ноември во Скопје.

СЕ ОДРЖА ТРЕТИОТ МАКЕДО

НАМАЛУВАЊЕ НА ЕНЕР ОД ЕДЕН ИЗВОР И ТРАНЗИЦИ СЕ КЛУЧНИТЕ ОПРЕДЕ


www.kapital.mk

ОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ФОРУМ

Капитал број 1086 27.11.2020

11

РГЕТСКАТА ЗАВИСНОСТ ИЈА КОН ЧИСТАТА ЕНЕРГИЈА ЕЛБИ ЗА МАКЕДОНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

12

ЕНЕРГЕТИКА

Пред нас се бројни предизвици, национални и регионални кога станува збор за приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, новите технологии во обновливите извори, енергетската ефикасност, гасификација, но тоа се неизбежни инвестициски процеси кои носат бенефит на долг рок. Примена на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност се дел од рамките за реализација и на Зелениот договор на Европската Унија кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. И нашата земја го поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности и правење на транзиција, праведна и инклузивна за сите, истакна премиерот Зоран Заев на Македонскиот енергетски форум.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

К

Конференцијата “Македонскиот енергетски форум” оваа година се организираше во знакот на светската енергетска транзиција, новите извори на енергија, енергетската ефикасност и предизвиците на регионот на Југоисточна Европа при приклучувањето кон глобалниот тренд. Македонскиот енергетски форум годинава поради ситуацијата со пандемијата се одржа во хибридна форма – делумно онлајн и делумно со панелисти во хотелот Мериот во Скопје. Настанот е организиран од ЗИП Институтот, Амбасадата на САД во Северна Македонија и македонската

Нашата цел е да и помогнеме на Северна Македонија и нејзините соседи да создадат посилен, диверзифициран енергетски сектор, намалувајќи ја зависноста од злонамерни чинители и ранливоста на надворешните шокови. Ова ја зголемува економската стабилност и конкурентност, како и енергетската безбедност, а и двете ја прават земјата посигурен партнер. Прво, диверзификацијата ја намалува зависноста од кој било еден извор. Студија од 2014 година покажа дека Северна Македонија е меѓу петте европски држави најранливи на евентуален прекин на испорака на рускиот природен гас, поради нејзината целосна зависност од „Газпром“. За жал, оттогаш нештата не се променети многу, а другите земји во регионот исто така се во голема мера зависни од рускиот гас и со тоа се ранливи, рече американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс.

влада, а финансиран од Германскиот Маршалов Фонд во САД – Balkans Trust for Democracy, Кралската Норвешка Амбасада во Белград, АД МЕПСО и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија. „Македонскиот енергетски форум во 2018г. започна како иницијатива која требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции. Годинава навлегуваме подлабоко во предизвиците со кои се соочува и ќе се соочи регионот при приклучувањето на енергетските трендови во светот, улогата на новите технологии во усовршувањето на производниот процес на електрична енергија, но и нивната одговорност кон животната околина, како и инвестициите во енергетската ефикасност, како еден од главните начини за намалување

на потрошувачката на електрична енергија во иднина.“, рече директорот на ЗИП институтот, Агим Селами, еден од организаторите на настанот. Третиот по ред Македонски енергетски форум го поздрави со краток говор премиерот Зоран Заев којшто истакна дека вложувањето во енергетскиот сектор е еден од клучните приоритети на Владата што тој ја раководи. „Во услови на здравствено - економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот. Во таа насока ние мораме да фатиме чекор со трендовите за да имаме економски напредок. Денес сакам да најавам неколку проекти на Владата во овој сегмент, како терминалот на течен


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

13

природен гас во Александропулос, Грција за што е донесена одлука за формирање тимови за преговори. Сите инвестиции кои ги имаме од земјите членки на Европската Унија, почнувајќи од фотоволтаици, ветерните централи, и најава за сериозни инвестиции во хидроцентралата Чебрен. Искрено се надевам дека учеството во овие енергетски проекти ќе поттикне се повеќе сектори за развој на регионалната соработка. Од голема важност е интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција како клучен енергетски инфраструктурен објект со кој се обезбедува повисока конкурентност во снабдувањето со природен гас. Интерконекторот за природен гас меѓу двете земји како и надградбата на постојниот нафтовод може да ја направи Северна Македонија дистрибутивен центар за висококвалитетни горива на Западен Балкан. Овде може да ги дополниме идеите и за интерконекторите со Косово, Србија и

помеѓу Струмица и Петрич, Бугарија. “, рече Заев. Тој додаде и дека во чекор со заложбите на државата и усогласување на регулативата со ЕУ, годинава во февруари донесен е и новиот Закон за енергетска ефикасност, кој овозможува реализација на потребните инвестиции и мерки во областа на енергетската ефикасност, следејќи ги позитивните примери од земјите на ЕУ и регионот,

каде енергетската ефикасност донесува корист на повеќе нивоа, како за граѓаните така и за економијата воопшто.

САД како стратешки партнер кон поголема независност и диверзификација на енергетските извори

Диверзификацијата на енергетските ресурси и намалување на енергетската


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

14

ЕНЕРГЕТИКА Владата во последните три години својата енергетска политика ја насочи кон исполнувањето на целите на ЕУ и храбро тргна кон патот на енергетската транзиција. Со помош на нашите партнери, УСАИД и ЕБРД донесовме два важни закони во кој целосно се имплементирани ЕУ директивите кои се однесуваат на внатрешен пазар на енергија и на енергетската ефикасност. Тоа се Законот за енергетика и Законот за енергетска ефикасност. Со Законот за енергетика и со подзаконските акти кои се однесуваат на обновливите извори на енергија, се создаде клима за нови инвестиции во обновливи извори на енергија, подржани со нови пазарно ориентирани механизми, на транспарентен и конкурентен начин. Го продолжуваме патот кон регионалната интеграција на пазарот на електрична енергија и интеграцијата со пазарот на ЕУ, вклучувајќи и воспоставување на домашен организиран пазар, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи.

зависност од Исток е еден од приоритетите на енергетската стратегија на Северна Македонија и останатите држави од Балканот, а САД е силен поддржувач на овие процеси, истакна американската амбасадорка Кејт Брнс на Македонскиот енергетски форум што деновиве се одржа во Скопје. „Нашата цел е да и помогнеме на Северна Македонија и нејзините соседи да создадат посилен, диверзифициран енергетски сектор, намалувајќи ја зависноста од злонамерни чинители и ранливоста на надворешните шокови. Ова ја зголемува економската стабилност и конкурентност, како и енергетската безбедност, а и двете ја прават земјата посигурен партнер. Прво, диверзификацијата ја намалува зависноста од кој било еден извор. Студија од 2014 година покажа дека Северна Македонија е меѓу петте европски држави најранливи на евентуален прекин на испорака на рускиот природен гас, поради нејзината целосна зависност од „Газпром“. За жал, оттогаш нештата не се променети многу, а другите земји во регионот исто така се во голема мера зависни од рускиот гас и со тоа се ранливи.“, истакна амбасадорката Брнс. Таа потсети дека за време на неговата посета на Северна Македонија, пред само месец и половина, американскиот помошник секретар за енергетика Френк Фанон изјави дека е убеден дека овој регион може да се оддалечи од неговата целосна енергетска зависност од Истокот. „И, еве, откако сум тука веќе 16 месеци, ме охрабрува политичката волја во Владата за диверзификација на снабдувањето со енергија и за обезбедување долгорочна енергетска безбедност. Диверзификацијата дополнително ќе ја поврзе Северна

Македонија со регионот, ќе ги намали трошоците за потрошувачите и ќе трговски патишта подлабоко во Европа. Владата изрази силна посветеност да изгради интерконектор за гас со Грција, и тоа е чекор во вистинската насока. Ги повикуваме двете земји да се движат брзо за да ги надминат сите можни препреки за овој проект. Стратешката локација на Северна Македонија и поврзувањето со Грција преку гасоводот ќе отворат можности за транспорт на природен гас до соседните Косово, Србија и Албанија, дозволувајќи им на овие пазари да имаат корист и од евтин природен гас.“, истакна амбасадорката Брнс во своето поздравно излагање на почетокот на форумот.

Регионална интеграција и домашен организиран пазар на електрична енергија

Вицепремиерот во Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи се осврна на европскиот “Зелен Договор“, кој претставува амбициозен план на ЕУ во рамките на нивната политика која се однесува на климатски прашања, а кој има за цел од Европа да направи прв континент кој ќе биде климатски неутрален до 2050 година. „Енергетската унија е главниот инструмент за да се испорача оваа трансформација, која има за цел сигурна, одржлива и финансиски достапна енергија за сите потрошувачи во ЕУ, индустриски и домаќинства. Оваа цел може да се постигне само со фундаментална трансформација на енергетскиот систем на ЕУ. Знаеме дека Европската комисија во 2015 година испорача нова Стратегија за енергетска унија, која се состои од пет блиски, меѓусебно поврзани димензии, дизајнирани да придонесат зголемена енергетска сигурност, одржливост и

конкурентност“, започна Битиќи. Битиќи посочи дека Владата во последните три години својата енергетска политика ја насочи кон исполнувањето на целите на ЕУ и „храбро тргна кон патот на енергетската транзиција.“ „Со помош на нашите партнери, УСАИД и ЕБРД донесовме два важни закони во кој целосно се имплементирани ЕУ директивите кои се однесуваат на внатрешен пазар на енергија и на енергетската ефикасност. Тоа се Законот за енергетика и Законот за енергетска ефикасност. Со Законот за енергетика и со подзаконските акти кои се однесуваат на обновливите извори на енергија, се создаде клима за нови инвестиции во обновливи извори на енергија, подржани со нови пазарно ориентирани механизми, на транспарентен и конкурентен начин. Само во изминатата година Министерството за економија спроведе две конкурентни постапки, кои завршија успешно, при што се потпишаа договори за изградба на фотонапонски електрани со инсталиран капацитет од 62 MW. Само за споредба, во претходните 11 години беа изградени само 16 MW. Во моментот во тек е конкурентна постапка за јавно приватно партнерство со АД ЕСМ, за изградба на две фотонапонски електрани по 40 MW, на местото на рудникот за јаглен во РЕК Осломеј. Ова е прв проект во регионот, пример на енергетска транзиција, односно замена на термоелектрана на јаглен што загадува, со фотонапонска електрана, која произведува 100% чиста енергија. Со цел диверзификација на изворите, Владата издаде овластувања за изградба на ветерни електрани со вкупен инсталиран капацитет од 150 MW на приватни инвеститори“, нагласи Битиќи. Тој додаде дека во делот на


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

15

Visa Business картички

За бизнис и задоволство! Аплицирајте до 20.12.2020 година за Visa Business картичките и искористете ја промотивната понуда! • Без членарина за првата година на користење за сите апликации за Visa Business картичките примени во периодот од 20.11.2020 до 20.12.2020 година. • Без членарина за основната картичка за следната година и подарок изненадување за сите правни лица кои во промотивниот период ќе направат 15 или повеќе трансакции со Visa Business картичките.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

16

ЕНЕРГЕТИКА Очекуваме интеграција на капацитети од 700 мегавати од ветерни електрани и над 1000 мегавати сончеви електрани во домашниот електроенергетски систем во блиска иднина. За сето ова да се исполни треба континуирано да се инвестира во реконструкција и надградба на преносната мрежа. Овие инвестиции се потребни за зголемување на сигурноста на целокупната мрежа, вклучувајќи далноводи, трафостаници, системи за заштита, како и за приклучок на производството од ветроелектраните и сончевите електрани. МЕПСО во овој момент е во голем инвестициски циклус за реконструкција на трансформаторските станици и далекуводи. Меѓутоа, најголем предизвик е реконструкцијата на далекуводите на 110 киловолтно напонско ниво. Во согласност со инвестицискиот план, на системот до 2024 година му е потребно вложување од 163 милиони евра, рече директорката на АД МЕПСО, м-р Ева Шуклева.

електричната енергија Македонија го продолжува патот кон регионалната интеграција на пазарот на електрична енергија и интеграцијата со пазарот на ЕУ, вклучувајќи и воспоставување на домашен организиран пазар. Се очекува поврзувањето на пазарот ден-однапред и воспоставувањето на берза да имаат значајна улога во иницијативите на Енергетска заедница за интеграција на пазарот. „За таа цел Владата веќе го номинираше МЕМО Дооел Скопје (националниот пазар со електрична енергија) да биде организатор на номинираниот пазар на електрична енергија и да го води процесот на пазарното спојување со Република Бугарија како и да го води процесот кон воспоставување на берза на електрична енергија во земјава, следните чекори во наредните години ќе бидат и воспоставување на еден пазар на електрична енергија за земјите од Западен Балкан. Со изградбата на интерконективниот гасовод помеѓу Република Северна Македонија и Грција, значително ќе се зголеми искористувањето и трговијата со природниот гас во државата и во регионот. Имајќи во предвид дека нашите планови вклучуваат и нови гасоводни врски со Косово, Албанија и Србија, очекуваме и во овој дел значително да се подобри и унапреди соработката на регионално ниво“, додаде Битиќи.

Најавени огромни инвестиции, само за реконструкција на преносниот систем планирани се преку 160 милиони евра Директорката на “МЕПСО“ м-р Ева Шуклева, се осврна на тоа како всушност зголемувањето на капацитетите на обновливи извори

на енергија во земјава, влијае врз потребата од инвестиции во електропреносната мрежа, со цел нејзино прилагодување кон напливот од новопроизведена “зелена“ струја. „Улогата на МЕПСО е особено значајна во развивањето инфраструктура која ќе го овозможи продорот на технологии кои користат обновливи извори на енергија. На тој начин ќе придонесеме до декарбонизација на енергетскиот сектор што е стратешка цел на ЕУ и земјава“, рече Шуклева. Таа рече дека се очекува интеграција на капацитети од 700 мегавати од ветерни електрани и над 1000 мегавати сончеви електрани во домашниот електроенергетски систем во блиска иднина. За сето ова да се исполни треба континуирано да се инвестира во реконструкција и надградба на преносната мрежа. „Овие инвестиции се потребни за зголемување на сигурноста на целокупната мрежа, вклучувајќи далноводи, трафостаници, системи за заштита, како и за приклучок на производството од ветроелектраните и сончевите електрани. МЕПСО во овој момент е во голем инвестициски циклус за реконструкција на трансформаторските станици и далекуводи. Меѓутоа, најголем предизвик е реконструкцијата на далекуводите на 110 киловолтно напонско ниво. Во согласност со инвестицискиот план, на системот до 2024 година му е потребно вложување од 163 милиони евра“, објасни Шуклева. Шуклева истакна дека со новиот Закон за енергетика и Стратегијата за развој на енергетиката се цели кон поголема интеграција на македонскиот енергетски систем во рамки на енергетските пазари во Европа, намалувајќи ја притоа енергетската зависност на државата

и овозможувајќи ја потребната флексибилност за поголема интеграција на обновливите извори. „Во делот на интеграција и сигурност на енергетските пазари, улогата на МЕПСО е следнава: реализација на новата интерконекција со Албанија, континуирано инвестирање и реконструкција на преносната мрежа, поврзување со пазарот во Бугарија и учество во иницијативите за формирање на регионален пазар, управување со флексибилноста на системот за воспоставување на механизам за балансирање за краток период, како и користење на постојните и изградба на нови електрични централи. “, рече Шуклева. Во оваа прилика таа објасни и што ќе значи новиот проект за интерконекција со Албанија, односно интерконекцијата помеѓу Битола и Елбасан, којашто е од голема важност и е последниот сегмент од реализацијата на Коридорот 8 за пренос на електрична енергија помеѓу Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија. „Овој проект е од огромно регионално значење и е од интерес на Европската енергетска заедница. На наша територија ќе биде во должина од 97 км, поставен на 267 столбови, предвидува изградба на нова 400 киловолтна трафостаница кај село Мешеишта, охридско, со што ќе се надминат и проблемите во преносната мрежа и во југозападниот дел од земјава. Тендерот го објавивме лани во август, далекуводот ќе го градат Енергоинвест од Сараево и Кончар од Загреб, во тек е изработка на проектна документација, експропријациите на земјиштето се при крај. Очекуваме проектот да не доцни и покрај реалните проблеми поради ковид ситуацијата.“, рече Шуклева.

nnn


БРЗИ И ЕДНОСТАВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ БИЗНИСИ Oтварање на сметка за компанија преку однапред закажан состанок на телефонскиот број 02/2446-000, mkd.info@procredit-group.com или MKD.verysmallunit@procredit-group.com Кредити за инвестиции и обртни средства до 50.000 Евра и рефинансирање на кредити од други банки, рок на отплата 5 години. Кредит за обртни средства до 30.000 ЕУР, со меница

БРЗА ОДЛУКА ЗА 3 ДЕНА www.pcb.mk


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

18

ИНТЕРВЈУ

НИКОЛАОС ЦИФАКИС УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР

ЕУ ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ПОЛИТИЧКАТА МОЌ НА БАЛКАНОТ! Истакнатиот професор од Универзитетот во Пелопонез и член на Советодавната група за политика на Балканот во Европа смета дека блокадата за македонските интеграции ќе значат дека Европа нема веќе политичка моќ во регионот и дека тоа воопшто не е мала работа, оти има низа отворени прашања, пред се' тоа помеѓу Косово и Србија каде Брисел е директен медијатор. „Дополнително, во последните две години гледаме напори за излез од авторитарните циклуси, нешто што е реткост во регионот и ако ЕУ не успее да ги цени промената на власта ама и на политиките, тоа ќе биде негативна порака за сите“ вели тој. Како позитивен сигнал тој ги цени резултатите од изборите во САД, што според него ќе влијаат на нормализирање на целокупната политичка клима во светски рамки, ама и на реставрација на силно нарушените односи помеѓу ЕУ и САД, односно трансатлантската врска, што резултираше со некоординираност и хаос помеѓу главните играчи на Западот.


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

19 разговара:

Катерина Синадиновска

Г

katerina.sinadinovska@kapital.mk

XГосподине X Цифакис, како гледате на процесот на проширување во овој момент? Ако ја гледате само посветеноста на сите кои се големи оптимисти и најавите од пред два месеци за еден многу амбициозен инвестициски план што вклучува 9 милијарди евра за периодот од 2021 - 2027 што ќе финансира различни проекти од транспорт и поврзување, сите влади земји во регионот, и сите општества, сите тие ја изразија својата поддршка за процесот на пристапување. Но, ако одиме во суштината и го гледаме прогресот во процесот резултатите се слаби. Од една страна ЕУ не притиска за да има реформи и прогрес во реформите во земјите од регионот, а во исто време повеќето балкански лидери се повеќе заинтересирани за процедурална усогласеност со европските норми, отколку да има вистинска усогласеност. XКаква X опасност за регионот може да значи ново одложување за македонските интеграции? Прво, ова е еден навистина несреќен развој на настаните што никој не го очекуваше пред една година. Ефектите од блокадата за Северна Македонија ќе бидат поразителни за регионот. Не смееме да заборавиме дека Преспанскиот договор е поврзан со пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ, има неколку чекори што недостасуваат, а што се директно поврзани со напредокот во пристапувањето кон ЕУ. Исто така да бидам искрен, Скопје го прифати Преспанскиот договор со очекување дека на тој начин ќе биде „прикачен“ пристапот кон ЕУ. Тоа беше главната мотивација. Но, тука не се работи само за Преспанскиот договор. Брисел се обидува да биде медијатор помеѓу Косово и Србија, и моќта на Брисел ќе биде намалена во разговорите помеѓу Косово и Србија. Секој договор за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово e подложен на очекувањата за европска интеграција. Ако членството во ЕУ е далечно, тогаш има многу мала влог за наоѓање на компромис и решение. Значи европското влијание и политики во регионот ќе бидат оштетени и надвор од македонскиот случај. И последно, да не заборавиме, во последните две години гледаме напори за излез од авторитарните циклуси, нешто што е реткост во регионот и ако ЕУ не успее да

ги цени промената на власта ама и на политиките во изминатите години, тоа ќе биде негативна порака за остатокот од регионот . XСлушаме X различни гласови што го доведуваат во прашање принципот на консензус. Дали е овој систем на гласање всушност сè уште одржлив? Секое прашање е различно. Има прашања како за единствениот пазар или монетарна унија кои успеаја да се извлечат со потребата од консензус. Идејата е дека ветата ќе се намалат, но ова може да оди заедно само со поблиска политичка интеграција. Во сегашноста и во догледна иднина ветото ќе биде дел од политиката на проширување и ова е нешто што секогаш било случај, од периодот на Шарл де Гол до денеска европските членки си го одржувале правото да одлучуваат кој ќе биде дел од семејството, со кого ја гледаат заедничката иднина или со кого ќе градат врски на взаемна солидарност. За македонскиот случај конкретно не е прашањето дали ќе функционира принципот на вето, туку принципот дали земја членка ќе цени една земја кандидат дали ќе дојде подготвена или не, за земјата кандидат да знае што да очекува. XНо, X во македонскиот случај на тест се европските вредности и самиот европски систем. Да, сфаќам што Ви е поентата. Ако прашувате на пример што е заедничко за луѓе од различни земји и култури, од Португалија, Латвија или Грција, тоа е токму наследството на овие европски вредности, тоа е она што ги спојува европските граѓани како Европејци, тоа се тие постулатите на Лисабонскиот договор, човечкото достоинство, слободата, демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Точно е дека сите овие нешта внатрешно се пред предизвик. Тука е ветото од Полска и Унгарија врз Буџетот на ЕУ и Планот за закрепнување, оти не сакаат да бидат подложни на клаузулата за владеење на правото. Ова е навистина многу тежок момент, но ЕУ мора да најде начин да си го реши, оти во спротивно спроведува двојни стандарди кон земјите членки и оние кои тоа сакаат да бидат. Но, многу е тешко да се промени една држава откако веќе е членка, особено ако се две земји, навистина е многу тешко да се спроведат ваков тип на одлуки. XКако X ја цените улогата на Германија во овие процеси? Пандемијата и човечкото уништување и моменталната длабока економската рецесија како резултат на последователните карантини се само врвот на сантата мраз. Овие кризи се преклопија со неколку веќе постоечки проблеми кои не престанаа да постојат.

Тоа е исклучително тешко, но ЕУ ќе мора да најде начин да се справи со земјите членки кои уриваат вредности. Да наброиме неколку, тука е Брегзит, прашања поврзани со Русија, Турција и европското соседство, конкуренцијата со Кина и она на што сведочевме последните години - слабеењето на трансатлантската врска со САД поради преференцијата на Трамп за поблиски партнерства со други алијанси и лидери, како Путин или Ердоган. Затоа во овој контекст тешко е да се каже како ќе се мери успехот или неуспехот на германското претседателство. Мислам дека во моментов тоа што е врвен приоритет е да се реши кризата со Буџетот на ЕУ, оти тука влогот е многу висок, тоа значи како Европа ќе изгледа во следните години, и кои ќе бидат излезите не само од оваа пандемија туку и од рецесијата што доаѓа.. Ова е несреќна околност за македонскиот случај, оти без да ја намалам германската вложеност и поддршка на интеграциите на земјите од Западен Балкан, ниту напорите за решавање на прашањето со Бугарија, се плашам дека најголемо прашање сега е проблемот со Буџетот. XГо X споменавте нарушувањето на врската со САД, Каков ефект ќе имаат резултатите од тамошните избори врз европската политика. Видовме дека различни европски лидери заземаа различни позиции кон победникот. Ефектот ќе биде позитивен. Џо Бајден го познава регионот, беше активен заменик претседател, а доаѓал на Балканот и во деведесеттите, знае за војната во Босна, Косово итн., Имам очекувања за реставрација на трансатлантското партнерство. Не е коинциденција што во првите денови по изборот, тој телефонски се слушна со лидерите на Канада, Франција и Германија. За очекување е една подобра координација во Западот, а ако зборуваме конкретно за Балканот очекуваме зајакнување на трудот што постоеше каде ЕУ произведува иницијативи за политики, а САД ја обезбедува неопходната поддршка. Ова се тие позитивни вибрации, а позитивен сигнал е и номинацијата на Ентони Блинкен, оти тој е лично близок со Бајден низ долг период. Значи, очекувам враќање на нормалноста иако тешко е да се каже дека лесно ќе се избрише историјата и она што се случуваше изминативе четири години.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

20

ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС

Е – ТРГОВИЈА

ПАНДЕМИЈАТА ОНЛАЈН КУ КОЈ ДОБИ, КО ШТО ПОВЕЌЕ НЕМА


www.kapital.mk

А И КОВИД - 19

А ГО ЗГОЛЕМИ УПУВАЊЕТО ОЈ ЗАГУБИ И МА ДА БИДЕ ИСТО?

Капитал број 1086 27.11.2020

21


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

22

ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС

Поради рестриктивните мерки кои државите ги преземаа за затворање на економиите во борба против пандемијата, потрошувачите беа на некој начин принудени да ги променат навиките и да се свртат повеќе кон е - купување и е - услуги. Сепак, останува неизвесно дали овие промени ќе бидат долготрајни. Брзата адаптација да се биде онлајн предизвикана од пандемијата на Ковид 19 беше клучна за многу трговци да опстанат, особено поради намалениот промет во физичките продавници. Како одговор на предизвикот бројни компании се адаптираа и отворија нов канал за продажба кој им помогна да се справат со ударот и да го ублажат падот, други ја искористија можноста и постигнаа троцифрени бројки на раст, трети кои не успеаја да се адаптираат или кои доаѓаат од погодените сектори забележат значителен пад. Овие согледувања, меѓу, другото беа клучните теми за коишто се дискутираше на овогодишната, трета по ред, Конференција за е трговија, во организација на македонската Асоцијација за е - трговија (АЕТМ).

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

К

Ковид - 19 несомнено го забрза растот на е - трговијата на глобално ниво, што овозможи некои земји за шест месеци да го достигнат проектираното ниво на раст за 2022-2023 година. Поради рестриктивните мерки кои државите ги преземаа за затворање на економиите потрошувачите беа на некој начин принудени да ги променат навиките и да се свртат повеќе кон е - купување и е услуги. Сепак, останува неизвесно дали овие промени ќе бидат долготрајни. Брзата адаптација да се биде онлајн беше клучна за многу трговци да опстанат, особено поради намалениот промет во физичките продавници. Како одговор на предизвикот бројни компании се адаптираа и отворија нов канал за продажба кој им помогна да се справат со ударот и да го ублажат падот, други ја искористија можноста и постигнаа троцифрени бројки на раст, трети кои не успеаја да се адаптираат или кои доаѓаат од погодените сектори забележат значителен пад. Овие согледувања, меѓу, другото беа клучните теми за коишто се дискутираше на овогодишната, трета по ред, Конференција за е-трговија, во организација на македонската Асоцијација за е-трговија (АЕТМ). И оваа година, конференцијата, сега реализирана онлајн поради добро познатите причини во врска со пандемијата, беше место каде што сите присутни, а имаше преку 300, можеа да ги прошират своите знаења во областа

на е - трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски чинители во екосистемот на е - трговијата. Конференцијата изобилуваше со богата дводневна програма која се состоеше од повеќе од 30 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои го пренесоа своето искуство и знаење преку презентации, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со интернет продажба, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е -трговијата. „Ова е исклучително време за е трговијата, а исклучителните времиња бараат исклучителна трансформација. Жално е што овие околности се предизвикани од глобалната пандемија која однесе многу жртви и предизвика огромна штета за светската економија, но во исто време кризата остави пред нас предизвици за коишто токму денеска и утре ќе зборуваме. Третата годишна конференција за е - трговија претставува уникатна прилика да се добијат совети за раст и развој на бизнисот и да се слушне од прва рака искуството од реномираните меѓународни и домашни експерти со користење на електронска трговија, како и да се дознаат начините за зголемување на онлајн безбедноста, збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија и можностите кои ги нуди меѓуграничната е - трговија.” рече д-р Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ, и самата познат претприемач во областа на е - бизнисот, ко – основач на платформата за групни попусти Grouper.mk.

Ниското ниво на дигитални вештини го кочи побрзиот развој на е - трговијата

Таа ги презентираше наодите од анализата што ја направија во АЕТМ, со наслов „Напредокот на е - трговијата во период 2017-2019 година со посебен


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

23 „Третата годишна конференција за е - трговија претставува уникатна прилика да се добијат совети за раст и развој на бизнисот и да се слушне од прва рака искуството од реномираните меѓународни и домашни експерти со користење на електронска трговија, како и да се дознаат начините за зголемување на онлајн безбедноста, збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија и можностите кои ги нуди меѓуграничната е – трговија“, рече претседателката на АЕТМ д-р Нина Ангеловска, организатор на настанот, којшто овој пат, поради добро познатите причини поврзани со пандемијата, се одржа комплетно онлајн.

На панел дискусијата со македонски е-трговци Иво Стојановски од А1, Драгана Ѓокиќ од Grouper.mk, Драган Јосифовски од Paket.mk , Андреа Чапаровски од Sport M и модераторот Дарко Булдиоски, беа споделени искуства во врска со е-трговијата и covid-19. осврт на влијанието на COVID-19 врз развојот на е - трговијата во 2020 година”. Анализата е направена со достапните податоци од НБРСМ и со примарно истражување, спроведени прашалници на македонските е - продавачи и е купувачи со цел да се согледа дали и како е - продавачите ги искористиле можностите, како одговориле на предизвиците и се прилагодиле на пандемијата, како и влијанието на COVID-19 врз однесувањето и навиките на е - купувачите. Бројките покажуваат

дека македонските граѓани за првите шест месеци од 2020 година направиле 4,3 милијарди денари со платежни картички кон домашните интернет продавници и растот во првите шест месеци споредено со истиот период 2019 година изнесува 113%. Растот во вредноста на онлајн трансакциите секако бил придружен со раст на издадени платежни картички. Бројот на издадени платежни картички во јуни изнесува 2.124.359, а значајно е да се спомне дека најголем раст е забележан во јуни месец кога се

Растот на е – трговијата во Македонија во време на Ковид – 19 Речиси еднаква е вкупната вредност на трансакциите со картички, но променета е структурата: u пад во вредноста на повлекување пари од АТМ и на трансакции на физички места на продажба u 114% раст на трансакциите со домашни картички кон домашни е – трговци u 36% помалку трансакции кон странски е – трговци од страна на македонските граѓани u 37% помалку трансакции на ПОС терминали во земјата од странци


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

24

ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС

Панелистите Симона Лошкова од ДХЛ Македонија, Игор Гешовски од Eco Logistic , Роберт Тодоровски од Kliknijadi.mk и модераторката Марија Ристевска од АЕТМ, разговараа за есенцијалното значење на доставата како дел од синџирот на е-трговијата за време на рестриктивните мерки. издадени 275.556 платежни картички. Во јуни 2020 година имало 1.223 виртуелни места на продажба што преставува раст од 20% во однос на декември 2019 година. Особено во вториот квартал е забележителен пораст на виртуелните места на продажба. „ Резултатите од спроведениот прашалник од е - трговците даваат одговори, за предизвиците со кои се среќаваат во онлајн продажбата, за потенцијалот и степенот на искористеност на можностите создадени со COVID-19, како и придобивките од дигитализацијата. Како најголем предизвик за е - трговците се истакнува ниското ниво на дигитални вештини кај населението. Согледувањата од прашалникот и презентираните студии на случај укажува дека најмногу го искористиле потенцијалот оние компании кои го антиципирале значењето на дигитализацијата, односно кои во минатиот период уште пред пандемијата работеле на подготовки за иновирање и трансформација.“, вели претседателката на АЕТМ, Ангеловска. Македонските е -купувачи како и европските онлајн најмногу купуваат облека и спортска опрема. За време на Ковид кризата и понатаму оваа категорија е најкупувана онлајн со малку намалена динамика. Значително

намалување како резултат на COVID-19 секако имаат категориите хотелско и друго сместување, билети за настани, други аранжмани за патување. Најголемо зголемување на онлајн купување има кај храна или производи за секојдневна употреба. Значајно се променети и навиките за плаќање сметки онлајн за електрична енергија, вода и телекомуникациски услуги. „Онлајн нарачките под влијание на COVID-19 се зголемиле, но главното прашање е што по завршување на кризата, дали е - купувачите ќе продолжат со исто темпо. 76% од испитаниците се изјасниле дека ќе продолжат со исто темпо да купуваат онлајн. Главна мотивација за онлајн купување е пониската цена и бесплатна достава, а дополнителни причини се заштедата на време, потоа флексибилност да купуваат било кога, било од каде, а секако и во време на COVID-19 поголема безбедност за здравјето.“, додава Ангеловска.

Плејада на квалитетни панелисти и говорници на третата Годишна конференција за е - трговија Годинава агендата на Конференцијата за е- трговија броеше пет панел дискусии со искусни говорници од најразлични области од екосистемот

на е - трговијата. Се опфатија теми како, на пример, колку се користи потенцијалот на е - трговијата од страна на македонските е – трговци; преземањето на екстра чекори од страна на компаниите за достава; значењето и начините за зголемување на онлајн безбедноста и заштитата на потрошувачите; отклучување на потенцијалот на е - трговијата во Западен Балкан, како и за инклузивна дигитална економија преку претставување на инспиративните приказни на жените амбасадори за е трговија на УНКТАД кои што споделија нивни искуства и предизвици. Овој панел беше организиран во соработка со УНКТАД и истиот го модерираше Торбјорн Фрериксон, шеф на одделот за ИКТ на УНКТАД. Помеѓу реномираните странски говорници беа Јориј Абрахам, извршен директор на европската Ecommerce Foundation, Барбара Сеса, која е раководител на дигитални производи за широка потрошувачка за Европа во Mastercard, Патрик Колинс, основач на Prospect Labs, алатката за автоматизација за LinkedIn и Хауард Кингстон кој што е маркетинг експерт и “хакер за раст”. Тука беа и две УНКТАД амбасадорки за “E - трговија за жени” Хелианти Хилман, сопственичка на веб платформа за органски прехранбени


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

25

Знаејќи дека во текот на изминатата година комуникацијата помеѓу луѓето најчесто беше спроведувана преку дигитални канали, Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“ имаше многу квалитетна презентација за тоа како бизнисите да го надминат овој непредвидлив период, преку адаптација на начинот на нивната дигитална комуникација, како во својот тим, така и со своите купувачи.

Профил на македонскиот е - купувач u Што купува?

Облека и спортска опрема (63%) Електронска опрема (19%) Хотелско и др. Сместување (10%) Храна и производи за секојдневна употреба (9%) u Колку често? Еднаш до два пати во 3 месеци u Колку троши? 50 евра просечно по нарачка u Од каде? Најмногу од домашни е – трговци (69%) Од Европа (21%) и од други земји (36%) Извор: Анализа за напредокот на е – трговија, на АЕТМ

производи од Индонезија и Назанин Данешвар, директор на веб платформа за групно купување од Иран кои што зборуваа на панел дискусија насловенa “E-trade for Women: Get Empowered & Inspired”. На панелот “Отклучување на потенцијалот на е - трговијата во Западен Балкан” дискутираа Зорана Милидраг од Србија, директор за глобална е - трговија во Sport Vision, Мергим Чахани, основач на платформа за е - трговија во Косово и Албанија, Сенита Слипац, основач на онлајн платформа за купување и продажба на рачно изработени и оригинални производи во Босна и Херцеговина и Горан Димитријевиќ, маркет директор за Централна и Југоисточна Европа во Artmie LTD, основана во Словачка. Помеѓу домашните говорници на панел дискусиите се наоѓаа претставници на компании за е - трговија (Драгана Ѓокиќ од Grouper.mk, Драган Јосифовски

од Paket.mk, и Роберт Тодоровски од Kliknijadi.mk), претставници од компаниите за достава (Симона Лошкова од ДХЛ и Игор Гешовски од Eco Logistic), претставници од финансиски институции (Филомена Аспровска Пљаковска од Касис АД Скопје, Анастас Докоски од Халк Банк и Марија Петковска од НЛБ Банка), а на панелот за искористување за можностите во време на COVID-19 зборуваа и Иво Стојановски од A1 Македонија и Андреа Чапаровски од Sport M. Исто така учество зедоа и владини претставници од Царинската Управа на РСМ (Златко Ветеровски, помошник директор и Офелија Бајо, началник на одделението за царински и даночни постапки). Свои презентации одржаа и Никола Спасов, кој што е директор и сопственик на Агенција Рејтинг, Дамјан Дано кој е ко-основач на IWM Network и Јана Дурнева од Philip Morris International. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

26

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

„INTERNATIONAL FRESH FOOD“ ОТВОРИ КАПАЦ

ПЛАНИРАНА Е ВКУП ОД 50 МИЛИОНИ Е пишува:

Игор Петровски

З

igor.petrovski@kapital.mk

За прв пат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна, беше кажано деновиве при отворањето на новата инвестиција на компанијата „International Fresh Food“ во селото Гиновци, општина Ранковце. Станува збор за инвестиција по

највисоките европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици и хали низ целата држава. Планот на инвеститорите е создавање на затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица па се до финален производ. Сето ова ќе се инвестира во повеќе региони. Покрај Гиновци, и во Врапчиште - Гостиварско, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе. Тоа значи и отворање на повеќе од 3.000 нови работни места во оваа бранша и дополнително раздвижување на соработката со кооперанти и домашни

производители на репроматеријали, најавуваат од компанијата. Абдулезел Догани од „International Fresh Food “ истакна дека покрај придонесот за намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, ќе се зголеми и извозот на странските пазари земајќи предвид дека еден од партнерите на инвестицијата е носител на франшизата за KFC за балканските земји, што претставува основа за пласман на производите за KFC, не само на Балканот, туку и во Европа. „Сакам да се заблагодарам на Владата со сите инволвирани институции како на централно, така и на локално ниво која во нашиот конзорциум препозна свој доверлив партнер и одговорна компанија. Благодарност за поддршката во насока на подобрување на


На отворањето

www.kapital.mk

Капитал 1086 27.11.2020 на број инвестицијата

во Гиновци, паланечко, беше присутен и премиерот Зоран Заев со целиот економски тим од Владата.

27

Планот на инвеститорите е создавање на затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица па се до финален производ. Сето ова ќе се инвестира во повеќе региони и планирано е вработување на вкупно 3.000 луѓе.

ЦИТЕТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПИЛЕШКО МЕСО

ПНА ИНВЕСТИЦИЈА ЕВРА ЗА 5 ГОДИНИ Покрај придонесот за намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, ќе се зголеми и извозот на странските пазари земајќи предвид дека еден од партнерите на инвестицијата е носител на франшизата за KFC за балканските земји, што претставува основа за пласман на производите за KFC, не само на Балканот, туку и во Европа. конкурентноста на домашниот, но и на меѓународните пазари, што резултира нашите македонски производи да бидат препознатливи и синоним за квалитет“, изјави Догани. Севкупно планираната инвестиција за следните 5 години ќе надмине сума од 50 милиони евра. „Сопственото производство на храна е од голема важност за секоја

држава. Кризата со пандемијата на корона вирусот го покажа тоа. Во таа насока се и заложбите на Владата во создавање на што поповолни услови за земјоделско - сточарското производство“, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на новата инвестиција. Тој истакна дека за прв пат во земјава ќе има сериозно производство на

домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна. „На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментот изнесува 95% од домашната потрошувачка, туку и се отвора можност за да извезуваме надвор на странските пазари.“, рече Заев. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

28

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Холандските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам се први кои ќе ја одржуваат хигиената со велешките еколошки возила, а интерес има и од САД, Велика Британија, Јапонија, како и од скандинавските земји

ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА ВЕЛЕШКАТА ФАБРИКА

„БРАКО“ ГО СОЗДАДЕ ПРВОТО ВОЗИЛО ВО ЕВРОПА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА ВО УРБАНИ СРЕДИНИ КОЕ ИСПУШТА ВОДА, НАМЕСТО ИЗДУВНИ ГАСОВИ Новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини под брендот „Green Machines“ (GM 500H2), чиј погон работи на најчисто гориво – хидроген (водород) претставува револуционерно решение и целосно се произведува во Велес, од каде што се извезува низ целиот свет.


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

29 пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

В

Велешката компанија „Брако“ ја произведе првата во Европа еколошка машина за одржување хигиена во урбани средини под брендот„Green Machines“ GM 500H2 која работи на водород. Тим од 15 инженери од Северна Македонија во соработка со инженери од Холандија работеа на еколошкото возило за чистење што испушта единствено вода, а не како досегашните издувни гасови. „Горди сме што во време на пандемија останавме фокусирани и силно мотивирани и ја создадовме новата еколошка машина за одржување на хигиена во урбани средини под брендот „Green Machines“ (GM 500H2), чиј погон работи на најчисто гориво – хидроген (водород). Холандските градови Амстердам, Утрехт и Ротердам се први кои ќе ја одржуваат хигиената со овие велешки еколошки возила кои испуштаат вода, наместо издувни гасови и не загадуваат. Среќен сум дека вроди со резултат нашата посветеност да го намалиме и минимизираме човечкото влијание врз природата и максимално да ја зголемиме ефикасната употреба на ресурсите. Еко-визијата ја препознаа и во преостанатите земји ширум светот, па така интерес за новата еколошка машина за одржување хигиена во урбани средини има и од САД, Велика Британија, Јапонија, но и од скандинавските земји“, вели Иле Атанасов, директор на „Брако“. Компанијата „Грин машинс“ која од октомври 2019 година е во сопственост на велешки „Брако“, има долгогодишна традиција во областа на производството на технолошки напредни и иновативни машини за одржување на хигиената во урбани средини и важи за глобален лидер со врвна репутација. Машината GM 500H2 претставува револуционерно решение и целосно се произведува во Велес, од каде што се извезува низ целиот свет, од Лондон до Сингапур. Веста за нејзиното создавање ја објавија голем број медиуми од Европа и од светот, поздравувајќи го иновативното решение. Инаку инвестирањето во зелените машини, како и во нови технолошки постројки е дел од поширок инвестициски и развоен циклус во „Брако“, каде што се вработени над 600 лица. Велешката компанија е една од најнапредните технолошки компании и е меѓу најголемите извозници во Северна Македонија чие доминантно производство од 95% е наменето за извоз во над 30 земји. Годинава и во време на криза и најтешки логистичко-технолошки услови за работа, компанијата успеа да го задржи производството, како и да го зголеми бројот на вработени. Инвестицискиот циклус во вредност од 8 милиони евра на велешки „Брако“ опфаќа вложувања во напредната технологија на CNC-управувачки машини, инвестиции во нов погон за комплетно еколошко поцинкување, нова опрема за т.н. линпроизводство (lean manufacturing), како и нова менза за вработените. nnn

Среќен сум дека вроди со резултат нашата посветеност да го намалиме и минимизираме човечкото влијание врз природата и максимално да ја зголемиме ефикасната употреба на ресурсите.“, вели Иле Атанасов, директор на „Брако“

Тим од 15 инженери од Македонија во соработка со инженери од Холандија работеа на еколошкото возило за чистење што испушта единствено вода, а не како досегашните издувни гасови.


Капитал број 1086 27.11.2020

30

www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

ПРОМОВИРАНА НАУЧНА СТУДИЈА ВО ИЗДАНИЕ НА ФОНДАЦИЈАТА „ФРИДРИХ ЕБЕРТ“

ГОЛЕМАТА СЛИКА:

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА СРЕДЕН И ДОЛГ РОК Од почетокот на ковид - кризата, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Иако предизвиците не стивнуваа, туку напротив, од почетоците на работата на експертската група се повеќе нараснуваа, нивните препораки укажуваат на низа можности за градење на подобра иднина доколку се применат соодветни стратегии и модели, што пак зависи од тоа “Каде сакаме да се видиме на среден и долг рок?“. Во следните броеви на „Капитал“ ќе ги презентираме детално поглавјата од научната студија „Голема слика: македонската економија на среден и долг рок“


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

31 Редакција Капитал

Н

На 23-ти ноември, Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје ја промовираше Научната студија “Големата слика: македонската економија на среден и долг рок”. Во време на криза од невидени размери и економски предизвици кои го зафатија цел свет, се отворија низа прашања и за иднината на македонската економија. За таа цел, од почетокот на кризата, па до денес, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Иако предизвиците не стивнуваа, туку напротив, од почетоците на работата на експертската група се повеќе нараснуваа, нивните препораки укажуваат на низа можности за градење на подобра иднина доколку се применат соодветни стратегии и модели, што пак зависи од тоа “Каде сакаме да се видиме на среден и долг рок?”. Во рамки на своето воведно обраќање, директорката на Фондацијата „Фридрих Еберт“ - канцеларија Скопје, Ева Елерајт нагласи дека за да го одбереме вистинскиот пат, најнапред треба да знаеме каде сакаме да стигнеме, како на среден така и на долг рок, што пак претставува основа за изработка на оваа студија. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој исто така се обрати на промоцијата и ја поздрави иницијативата за изработка на една ваква научна студија, посочи дека голем дел од наодите и од препораките во истата се совпаѓаат со приоритетите и фокусот на политиките на Владата во овој мандат .„Еден од приоритетите е поголема интегрираност на нашата економија во меѓународните економски текови преку креирање на интензивен дијалог и соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор, наместо класичниот „top-down“ или „bottom up“ пристап, креираме хоризонтален пристап кој подразбира инклузивност на сите чинители, како и отворен дијалог за важните државни прашања.“, посочи вицепремиерот Битиќи.

Извозна експанзија

Главните заклучоци и препораки од научната студија „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, презентирани од страна дел од членовите на експертската група и универзитетски професори: Ванчо Узунов, Глигор Бишев, Маја Геровска Митев, и Никола Стиков, кои меѓу другото сугерираат дека покрај конвергенцијата

кон ЕУ, како долгорочен приоритет на домашната економија треба да биде и фер распределба на доходот, односно намалување на сиромаштијата. Потребно е зајакнување на капацитетот на државата преку поголемо учество на државни расходи во самиот БДП, а уште повеќе, постоење на квалитетни владини институции, каде целта не е (само) да се намали државната администрација, ниту (само) да се спроведе „најдобра практика“ на раководење со државните институции, туку треба реформирање на целиот општествен и политички „сет-ап“ на окружувањето. Беше нагласено дека се неопходни структурни промени и ефикасно користење на производните фактори. Особено ни се потребни реформи во насока на подигнување на квалитетот на образованието, инвестирање во технолошки развој, истражување и иновации. Изборот пак на извозна експанзија како долгорочна развојна стратегија, која авторите ја сугерираат, значи дека економијата на државата не треба да остане (само) „мала отворена економија“, туку треба постепено да стане меѓународно интегрирана економија. Тоа воопшто не е исто. Треба да дојде до пораст на извозот и на стоки, а и на услуги со поголема компонента на домашна додадена вредност. Идниот модел на економски развој треба да има секторски пристап во однос на привлекувањето на СДИ, во којшто и домашните фирми не треба да изостанат. Тие треба да се вклучат и во регионалните и меѓународни вредносни вериги. Регионалниот (заеднички) пазар претставува голем потенцијал за домашните фирми, каде тие демонстрираат повисока конкурентната способност во однос на европско ниво. Тука се и можностите кои се отвораат со нарушените глобални економски текови како резултат на пандемијата, а кои ќе ги направат овие простори сè поинтересни за СДИ од ЕУ, и ќе придонесат кон поголемо поврзување на домашните фирми во споменатите вредносни вериги. Онаа стара парадигма според која пазарот е најефикасен алокатор на ресурси докажа дека покрај невидливата рака на пазарот е потребна и видлива рака на државата која ќе ги координира економските активности, а неконвенционалните инструменти на монетарната политика станаа трајна карактеристика на економските политики.

Социјалните и еколошките прашања не се меѓусебно спротивставени

Државата треба да ги искористи демографските и миграциските трендови како катализатори на пазарот на труд. Балансирање на образовниот профил на работната

Хетерогена група на интелектуалци за полесно согледување на „големата слика“

С

оставена од 11 членови (Глигор Бишев, Јане Богоев, Ивана Вучкова, Маја Геровска-Митев, Марија Дренковска, Бранимир Јовановиќ, Никола Поповски, Никола Стиков, Драган Тевдовски, Ванчо Узунов, Мила Царовска), хетерогената група што ја изработи научната студија креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок, како и социјалните системи и образованието како основа за креирање на фер општество од мали нозе, собрани низ годините на искуство, експертиза и знаење од страна на економисти, социолози, банкари, и еден инженер, двајца поранешни министри за финансии, како и актуелната министерка за образование, луѓе познати во нашето општество кои денес работат дома, а и во странство: како во Европа, така и во САД и Канада; дел кејнзијанци и приврзаници на слободниот пазар; помлади и повозрасни.


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

32

ЕКОНОМИЈА

сила со понудата на работни места (на среден рок) и поттикнување коренити промени во образовниот систем со цел производство човеков капитал кој е интензивен во знаење (на долг рок), како и поттикнување на флексибилни работни аранжмани без нарушување на работничките права. Ивана Вучкова од Фондацијатата „Фридрих Еберт“, ко - авторка на еден од трудовите во студијата, додаде дека социјалните и еколошките прашања не се меѓусебно спротивставени, туку се јавуваат како резултат на долго воспоставен неправеден економски модел. Ковид-19 најмногу ни укажа на тоа, бидејќи ниту една криза не е криза на еднакви можности, колку и да се труди некој да го претстави тоа така, факт е дека сите не сме засегнати исто. Оваа студија нуди препораки за различните можности кои ни се располагање за градење на подобра иднина, и во големата слика за македонската економија на среден и долг рок, посветува клучно внимание на образовните и социјални политики, како и на зелената агенда, односно развој. Затоа што излезот од Ковид-19 кризата треба да значи почеток на еден нов систем во кој пристапот до образование и универзалната социјална заштита играат главна улога, а што пак и нема значење доколку не се справиме со климатските промени кои допрва ќе ни носат предизвици и друга криза, за која ќе нема ниту тестови, а богами ниту вакцина. Почесно обраќање за време на промоцијата, имаше и д-р Ахим Тругер, професор по социо - економски науки со фокус јавни финансии на Универзитетот Дуизбург Есен, и член на Германскиот совет на економски експерти или што би се рекло во буквален превод на македонски јазик „економски мудреци“. Тој ги поздрави препораките од студијата и ги оцени како клучни, не само поради релевантноста, туку и поради кредибилитетот кој го имаат, а кој се должи на хетерогеноста и освртот на образование, социјални и еколошки аспекти, дигитализација и улогата на државата како особено важни во барањето на одговори во економската наука. Во своето излагање, тој го елаборираше и моделот на Германскиот економски совет како формално независно тело, кое изработува годишни извештаи за германската економија и дава мислење по однос на клучни економски политики. Но, д-р Тругер ги нагласи и придобивките од неформалните модели кои Министерството за финансии на Германија ги практикува преку редовни средби (секој втор четврток) со експерти од областа на економијата, по однос на клучните макроекономски параметри и потребата од соодветни мерки во водењето на јавните финансии. Експертска група која работеше на

Меѓународно интегрирана, наместо само „мала и отворена„ економија

И

зборот пак на извозна експанзија како долгорочна развојна стратегија, која авторите ја сугерираат, значи дека економијата на државата не треба да остане (само) „мала отворена економија“, туку треба постепено да стане меѓународно интегрирана економија. Тоа воопшто не е исто. Треба да дојде до пораст на извозот и на стоки, а и на услуги со поголема компонента на домашна додадена вредност. Идниот модел на економски развој треба да има секторски пристап во однос на привлекувањето на СДИ, во којшто и домашните фирми не треба да изостанат. Тие треба да се вклучат и во регионалните и меѓународни вредносни вериги. Регионалниот (заеднички) пазар претставува голем потенцијал за домашните фирми, каде тие демонстрираат повисока конкурентната способност во однос на европско ниво. оваа научна студија, за прв пат се сретна во март годинава, на онлајн платформа. Составена од 11 членови, оваа хетерогена група креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок, како и социјалните системи и образованието како основа за креирање на фер општество од мали нозе, собрани низ годините на искуство, експертиза и знаење од страна на економисти, социолози, банкари, и еден инженер, двајца поранешни министри за финансии, како и актуелната министерка за образование, луѓе познати во нашето општество кои денес работат дома, а и во странство: како во Европа, така

и во САД и Канада; дел кејнзијанци и приврзаници на слободниот пазар; помлади и повозрасни. Бидејќи кажано со зборовите на координаторот на истата, проф. Драган Тевдовски, големата слика не може да ја види некој што има само лево - ориентирани ставови за политиките, исто како што не може да ја види и само некој со десно – ориентирани ставови. Исто, големата слика не можат да ја видат само младите со нивните идеали и верба во промени, туку е потребен и гласот на повозрасните за да укажат да не се повторуваат истите грешки. За крај, големата слика не може да се види само од внатре, туку таа мора да се гледа и од надвор. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

34

STARTUP

БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРОТ УКИМ СО ПРВАТА ИНВЕСТИЦИЈА

СТО ИЛЈАДИ ЕВРА ФИНАН ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОН СТАРТАП ELEVATE GLOBAL Бизнис Акцелераторот УКИМ ќе додели две транши на Elevate Global – иницијална инвестиција во износ од 25.00 евра и последователна инвестиција од 75.000 евра. Исто така, БАУ ќе обезбеди и континуирана дополнителна поддршка во менторство на тимот на стартапот и поддршка при освојување нови пазари.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

С

Сто илјади евра финансиска поддршка доби македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ), што е всушност првата инвестиција на овој акцелератор откако почна да функционира минатата година. БАУ ќе додели две транши на Elevate Global иницијална инвестиција во износ од 25.00 евра и последователна инвестиција од 75.000 евра. Исто така, БАУ ќе обезбеди

и континуирана дополнителна поддршка во менторство на тимот на стартапот и поддршка при освојување нови пазари. Средствата остварени од инвестицијата на БАУ ќе помогнат на Elevate Global во нивното тековно работење, маркетинг и развој на бизнисот, беше објаснето на денешната промоција на оваа инвестиција. Наједноставно кажано, решението на Elevate Global со коешто конкурира на светскиот пазар е всушност софтвер, којшто со огромна брзина трансферира голем број податоци во применливо знаење при носење деловни одлуки. Нивниот продукт интегрира процесирање на огромни количини на податоци,


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

35

На промоцијата на инвестицијата, покрај раководителот на Бизнис Акцелераторот УКИМ Александар Стамболиев и ко – основачот на Elevate Global, Ѓорѓи Маџаров, присуствуваа и Фатмир Битиќи – вицепремиер задолжен за економски прашања, Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ.

ЈА ВО КОМПАНИЈА

НСИСКА НСКИОТ L вештачка интелигенција и машинско учење, со цел да помогне при предвидување на ситуации во различен опсег на индустрии што се клучни за донесување на одлуки. „На пример, во областа на електроенергетиката, предвидуваме генерирање и потрошувачка на струја од соларни панели и ветерници сè со цел да се знае колку струја ќе биде произведена или потрошена за да се балансира енергијата. Ако не го правиме тоа нашиот систем ќе колабира, ќе падне. Што мислите, што ќе се случи со електроенергетскиот систем ако сите ставиме сончеви панели на покривте на домовите? Електроенергетскиот

систем ќе го немаме, ќе изгори за една минута. Многу е тешко да ја балансирате електроенергетската мрежа. Мораме да знаеме која е потрошувачката, побарувачката и кој тоа во секој момент ќе го врши снабдувањето. Затоа се потребни процесирања на огромни количини на податоци со огромна брзина“, објасни Ѓорѓи Маџаров, ко – основач и директор на Elevate Global на денешната онлајн презентација на инвестицијата.

Како научно – истражувачка работа се претвора во бизнис

Маџаров, којшто е инженер и универзитетски професор по информатика, ја раскажа накратко и успешната приказна за неговиот стартап. „Сè почна пред околу 2 години, кога една идеја на двајца инженери посветени на својата научно - истражувачка работа беше презентирана на локалниот настан BETAPITCH Скопје. Оваа идеја беше препознаена од стручното жири и како најдобра се најде на глобалниот настан BETAPITCH Global во Берлин. Прва јавна презентација, прв јавен настап, прво искуство и прва меѓународна награда. Потоа се нижеа и другите награди и признанија. Победници на GIST настанот, позиционирање меѓу најдобрите 30 стартап компании на TechTour за Југоисточна Европа, па сè до Merit WinnerDigital Innovation Award од World Infor-

mation Technology and Services Alliance (WITSA) во конкуренција на иновативни решенија од преку 80 земји од целиот свет. Времето одминуваше, тимот вредно работеше и идејата добиваше свој лик и имплементација. Денес имаме решение подготвено за пласирање на светскиот пазар. Улогата на стартап екосистемот, акцелераторите и фондовите за развој во оваа фаза е клучна и неговата поддршка во процесот на бизнис развојот неминовен за да се постигне посакуваниот успех“, рече Маџаров. Александар Стамболиев, раководител на БАУ ги повика сите кои имаат идеја да се пријават на отворениот повик за апликации за поддршка на Акцелераторот УКИМ на линкот: http://accelerator.ukim.mk/apply/. „Поддршката вклучува инвестиции во рана фаза и прилагодени програми за поддршка на бизнисот, вклучувајќи менторство и пристап до меѓународни пазари, фондови, мрежи и заедници. На располагање се целокупното искуство и ресурси на нашите основачи: УКИМИНОФЕИТ, Развојната фондација Кримсон, Друштвото за ревизија РСМ и фондацијата ‘Проф. д-р Димитар Стамболиев’, кои заедно во соработка со повеќе од 3.000 професори од најстариот универзитет во Македонија, 25 ментори – успешни Mакедонци во светот претставени преку Обединетата Македонска Дијаспора и нашите


Капитал број 1086 27.11.2020

36

www.kapital.mk

STARTUP меѓународни партнери ќе ви помогнат да го остварите својот бизнис потенцијал“, порача Стамболиев.

УКИМ во функција на развој на стартап екосистемот

Нашиот продукт е софтвер, којшто со огромна брзина трансферира голем број податоци во применливо знаење при носење деловни одлуки. Решението интегрира процесирање на огромни количини на податоци, вештачка интелигенција и машинско учење, со цел да помогне при предвидување на ситуации во различен опсег на индустрии што се клучни за донесување на одлуки, вели Ѓорѓи Маџаров, ко – основач и директор на Elevate Global

Сите кои имаат идеја може да се пријават на отворениот повик за апликации за поддршка на Акцелераторот УКИМ. Доколку се квалификуваат, поддршката значи инвестиции во рана фаза и прилагодени програми за поддршка на бизнисот, вклучувајќи менторство и пристап до меѓународни пазари, фондови, мрежи и заедници. На располагање се целокупното искуство и ресурси на нашите основачи кои заедно во соработка со повеќе од 3.000 професори од УКИМ, 25 ментори – успешни Mакедонци во светот, и нашите меѓународни партнери ќе ви помогнат да го остварите својот бизнис потенцијал, вели раководителот на БАУ, Александар Стамболиев.

На промоцијата присуствуваа и Фатмир Битиќи – вицепремиер задолжен за економски прашања, Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ. Ректорот Јанкуловски го истакна придонесот на академската заедница во развојот на стартап екосистемот во државава. „Со формирање на Акцелераторот УКИМ сакавме да покажеме дека имаме општествена одговорност, да му помогнеме на општеството и на човештвото кои се соочуваат со сериозни кризи и предизвици и потребата научните и стручни капацитети на нашиот Универзитет да ги ставиме во функција на општествениот и технолошкиот развој. Нашиот придонес за развој на стартап компаниите, забрзување на нивниот раст и развој и со помош на останатите содружници во проектот за акцелераторот, за меѓународно вмрежување на стартапите и партиципација на глобалниот пазар, се состои од плејада експерти од сите научни подрачја, голем број лаборатории и материјални ресурси со кои располагаме“, рече Јанкуловски. Според Битиќи, микро, малите и средни претпријатија, во најголем број, се јадрото на секоја економија. „Ако до пред три години постојано слушавме дека компаниите се соочуваат со сериозни проблеми во изнаоѓање финансии за отпочнување на бизнис, реализација на нивните бизнис идеи, за унапредување на нивните процеси, за проширување и технолошки развој, сите сме сведоци дека денес тоа не е случај. Во изминатите три години креиравме широк дијапазон на можности за младите лица, за креативните луѓе, за веќе оформените компании. Тука би ги споменал грантовите и кредитите за самовработување преку Агенцијата за вработување, потоа мерките од Фондот за иновации и технолошки развој со кои го издигнавме Фондот на навистина високо ниво, а стана препознатлив за поддршка на микро, мали и средни компании, старт ап и спин оф“, рече Битиќи. ФИТР и Владата континуирано ги поддржуваат домашните компании со цел економско зајакнување, отворање на нови работни места и конкурентност на пазарите и во поразвиените земји, додаде директорот на ФИТР, Коста Петров. „Инвестирањето во основање и развој на акцелератори за нас е од особено значење, бидејќи преку нив се овозможува техничка поддршка и финансии за млади луѓе кои ги реализираат своите идеи преку стартап компании, односно брзо растечки бизниси. ФИТР во соработка со Светска банка досега поддржа три акцелератори со речиси два милиони евра и 305 стартап компании со вкупно кофинансирање од 17,3 милиони евра. Преку инструментите на ФИТР на корисниците им нудиме средства за почетни инвестиции, но и за инвестиции во сите фази на развој на нивните бизниси“, истакна Петров. nnn



Капитал број 1086 27.11.2020

38

www.kapital.mk

СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

БЕРЗИТЕ ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТАТ БАВ


www.kapital.mk

ААТ ВНО

Капитал број 1086 27.11.2020

39

Земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Како резултат, расте задолженоста и јавниот фискален дефицит. Но, пазарите гледаат на ова како краткорочен мост кон времето по пандемијата.

Генерали Инвестментс

Б

(редакциска опрема Капитал)

Бројката на новозаразени и смртни случаи, од една страна, и подобрените информации за вакцините, од друга страна, продолжуваат да ги кројат движењата на пазарот. Бројот на новозаразените и повеќе од 10.000 дневни смртни случаи на глобално ниво го доведоа светот до ново затворање, слично на пролетта и следствено, повторно во остра контракција на економијата. Земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Како резултат, расте задолженоста и јавниот фискален дефицит. Но, пазарите гледаат на ова како краткорочен мост кон времето по пандемијата. Три водечки вакцини (AstraZenеca оваа недела им се придружи на Moderna I Pfizer) ветуваат крај на пандемијата. Можеби оптимизмот е малку пребрз бидејќи нормализацијата може да се очекува во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефективни, но ротацијата помеѓу индустриите и компаниите продолжува. Претходно најпогодените индустрии и акции можеа да се пофалат со највисоки стапки на раст во последните две недели. Расплетот на изборите во САД продолжува да биде од помош, а администрацијата на Трамп полека се

Пазарите продолжуваат да растат бавно. Видовме големи поместувања кај одделните акции, особено во секторите кои беа најголеми жртви на пандемијата. Некои акции пораснаа и за повеќе од триесет проценти. Но, бидејќи овие компании имаат мала тежина во глобалните индекси, во кои доминираат технолошки гиганти кои забавуваат во последно време, промените кај најголемите светски индекси се мали. Можеме да кажеме дека ротацијата во поризични, циклични инвестиции продолжува., велат аналитичарите на Генерали Инвестментс во својот редовен седмичен извештај за глобалните финансиски пазари.


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

40

СВЕТ Помалите пазари остануваат многу непредвидливи. Видовме силен скок во Турција, бидејќи политиката го смени правецот и ги зголеми каматните стапки. Во Кина видовме корекција кај најголемите технолошки гиганти на кои партијата им рече на малку потежок начин дека тие се во служба на партијата и на државата, а не само на приватните интереси.

Три водечки вакцини (AstraZenеca оваа недела им се придружи на Moderna I Pfizer) ветуваат крај на пандемијата. Можеби оптимизмот е малку пребрз бидејќи нормализацијата може да се очекува во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефективни, но ротацијата помеѓу индустриите и компаниите продолжува. Претходно најпогодените индустрии и акции можеа да се пофалат со највисоки стапки на раст во последните две недели.

подготвува да ја предаде власта. Инаугурацијата се очекува во средината на јануари, а претпоставките за новата администрација не се променети. Збирот на претпоставки, инвеститорите го сметаат за позитивен за пазарот, а реториката на централните банки дава дополнителен импулс. Сè очекува дека

ова е светло на крајот од тунелот, така што сегашното затворање на фирмите и како последица на тоа лошите економски податоци од крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година се практично лански снег, за кој веќе никој не е заинтересиран. Аналитичарите зборуваат за втората половина на 2021 и 2022 година, кога


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

41


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

42

СВЕТ

веќе нема да има пандемии, а се очекува значителен раст на БДП, профитите и деловната активност. Светот се гледа низ розови очила. Но, ова е карактеристика на буквално сите периоди веднаш по изборите во САД. Сè додека ликвидноста е неограничена, веселото расположение на сите пазари ќе продолжи.

Помалите пазари остануваат многу непредвидливи

Пазарите продолжуваат да растат бавно. Видовме големи поместувања кај одделните акции, особено во секторите кои беа најголеми жртви на пандемијата. Некои акции пораснаа и за повеќе од триесет проценти. Но, бидејќи овие компании имаат мала тежина во глобалните индекси, во кои доминираат технолошки гиганти кои забавуваат во последно време, промените кај најголемите светски индекси се мали. Можеме да кажеме дека ротацијата во поризични, циклични инвестиции продолжува. Последните недели парите беа привлечени главно од индустријата, но исто така и од биотехнологијата, услугите (туризам, угостителство, итн.), автомобили, финансии, како и сè што е поврзано со заштитата на животната средина и зелената енергија. Од друга страна, гледаме помал интерес за технолошки гиганти, компании кои служат работејќи од дома и вршат е - трговија, како и компании од прехранбената индустрија и некои фармацевтски гиганти. Помалите пазари остануваат многу непредвидливи. Видовме силен скок во Турција, бидејќи политиката го смени правецот и ги зголеми каматните стапки. Во Кина видовме корекција кај најголемите технолошки гиганти на кои партијата им рече на малку потежок начин дека тие се во служба на партијата и на државата, а не само на приватните интереси. Сепак, растот е резултат на бавното движење на пазарите на Европа, каде што оптимизмот расте во последните неколку недели и покрај силниот застој во јавниот живот, а договорот за Брегзит никогаш не бил толку близу до целта. Договорот ќе отстрани голема пречка или ризик за европскиот пазар, особено од гледна точка на САД или глобалните инвеститори.

nnn

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ИНВЕСТИТОРИТЕ СО ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ НА ЗАШТЕДА ТРЕБА ДА ИСТРААТ И ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ВРШАТ ПЕРИОДИЧНИ ПЛАЌАЊА Трендот на раст на пазарите исто така, може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, кој ќе биде повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и повеќе еколошки живот, а структурата на растот ќе се промени. Можно е носители на раст на индексите да не бидат најголемите технолошки компании, туку други помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Информациите за вакцините и ликвидноста овозможена од централната банка ќе продолжат да ги кројат берзите. На краток рок технолошките гиганти веројатно достигнаа врв со најавите за можна вакцина, а вниманието е насочено и кон другите сегменти на пазарот. На долг рок акциите од технолошките компании и компаниите кои вршат е - трговија и работа од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но остануваат скапи, така што инвеститорите ќе бидат повнимателни и воздржани. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарски производи продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите на инвестиции во акции, а поради очекуваните вакцини и состојбата во политиката на САД, инвестирањето во акции денес е нешто полесно. Остануваме посветени на општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка и за обврзници и за акции, а интересот на инвеститорот за технолошки акции ќе продолжи да биде силен, но како што видовме со високи процени, претпазливоста не е излишна. Можностите надвор од технолошкиот сектор се привлечни, главно како резултат на значително пониските процени и промените во очекуваното идно работење на компаниите, предизвикани од очекувањата за вакцината. Најновите деловни резултати во некои „заборавени“ индустрии се охрабрувачки и ако вакцината навистина се појави на пазарот пролетта 2021 година, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од корен и ротацијата помеѓу индустриите ќе добие силна поддршка. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи процени имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Трендот на раст на пазарите исто така, може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, кој ќе биде повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и повеќе еколошки живот, а структурата на растот ќе се промени. Можно е носители на раст на индексот да не бидат најголемите технолошки компании, туку други помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Ова вклучува главно здравство, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период.



Капитал број 1086 27.11.2020

44

МЕНАЏМЕНТ

ДЕЛЕГИРАЊЕ

КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА? Ако работата ја носите дома, ако останувате во канцеларијата и по завршување на работното време, ако работите преку викенд со цел да го надополните пропуштеното, ако целите ги надминуваат индивидуалните способности и можности – тогаш време е да научите да делегирате. Еве некои клучни совети како добро и ефикасно да ги делегирате задачите

A

Ако работата ја носите дома, ако останувате во канцеларијата и по завршување на работното време, ако работите преку викенд со цел да го надополните пропуштеното, ако

целите ги надминуваат индивидуалните способности и можности – тогаш време е да научите да делегирате. Поедноставно, тоа е пренесување на работата на другите со јасно дефинирани овластувања кои се потребни за

работата да се заврши, односно одлука со која ќе одлучите кои задачи и на кој би му ги предале, а што ќе задржите за себе. Но, делегирањето е повеќе од само префрлање на задачите – со тоа


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

45 истовремено барате од членовите на тимот да преземат извршување на задачите и овластување да ги работат работите во ваше име, но сепак вие сте одговорни. Парадоксот, меѓутоа е што сите се жалат на премногу работа, но без разлика грото менаџери мора да се одликуваат со вештини да можат делегираат оти сите работни процес се подобруваат и поедноставуваат ако задачите се квалитетно распоредени. Истражувањата за работното време кај луѓето кои се на челните позиции покажуваат дека тие работат во просек 50 работни часа или повеќе во текот на една недела. Но оние што знаат да делегираат имаат задоволни соработници, клиенти и партнери и успешно ги исполнуваат своите цели.

Линија на помал отпор

Верувањето на поединците дека сè можат сами најдобро да направат, предизвикува се поголема неефикасност и незадоволство кај другите вработени. Таквиот начин на размислување почнува да биде пречка во остварување на зададените цели. Затоа делегирањето на задачите е одраз на заемна доверба меѓу менаџерите и вработените, но и добра проценка како најдобро може да се искористат квалитетно одредени членови во тимот. Делегирањето е и област на личен и професионален развој. Проблемот доаѓа од нашето верување дека треба да се контролираат резултатите и цврсто вкоренетото мислење дека знаеме само ние како нешто може да направиме најдобро. Па затоа тешко ни е да ја препуштиме контролата на други. Како менаџери се плашиме од последиците кога вработениот нема да ја заврши работата со посакуваниот резултат или во зададениот рок. Неуспехот може лошо да влијае на нас, па затоа често одиме по линија на помал отпор. Место да ги подобрите своите вештини за делегирање, понекогаш ни е полесно да ги завршиме работите и задачите сами оти преоптоварувањето ни се чини помалку ризично од тоа задачите да им ги поделиме на другите. Ни се јавуваат мисли како: „Што ако тие не го направат ова исправно и според моите стандарди? Што ако тоа го направат подобро од мене? Што ако станам помалку важен на работното место?“ Со оглед на тоа дека по природа сакаме да имаме контрола, губењето на истата го доживуваме како губење на авторитетот и моќта. Во основа кај многумина неделегирањето на задачите е всушност начин да ја задржат контролата.

Вештина на избор

При делегирањето е важно да се изберат вистинските луѓе за задачите што би им ги дале. При изборот на подредениот на кој ќе му делегирате

ШТО ПРАВИ БАФЕТ?

В

орен Бафет, американски вложувач, бизнисмен и еден од најголемите светски филантропи, а според листата на магазинот Форбс и трет најбогат човек во светот, сигурно не е преоптоварен со недоволно време поради неделегирање на задачите на своите соработници. Според неговата биографија, тој со задоволство делегира без разлика на ризиците од таквиот пристап. Бафет од својата мала канцеларија управува со војска од 257 илјади вработени со помош на само 21 вработени во канцеларија. Неговиот бизнис партнер на овој начин го опиша неговиот работен ден: „Тој поминува половина од денот само седејќи и читајќи. А останатото време разговара телефонски или во живо со многу способни луѓе на кои многу им верува“.

задачи морате да имате сознание за неговите способности и склоности кон соработка, но и доверба во него, неговите лични квалитети и неговиот однос кон одговорностите. Со делотворно делегирање придонесувате кон остварување на целите на компанијата, но и ја развивате и градите личност која ви е подредена, а која преку извршување на доделените задачи успешно ќе ги усовршува своите вештини, а со тоа и вие ќе добиете повеќе време за управување и завршување на креативните работи. Потребно е да се истакне дека не е доволно само да се познава природата на делегирањето. Потребно е да сакате и да знаете да делегирате. Умешното делегирање е збир на сакање, знаење и однесување. Делегирањето е едно од најбараните вештини и една од најпосакуваните карактеристики на современиот менаџер. И покрај тоа, според некои истражувања (кои ги анализираат врските меѓу степенот на делегирани задачи и постигнатите резултати кај менаџерите), поголемите пропусти и неуспеси кај менаџерите доаѓаат токму од недоволното или неодговорното делегирање. Очигледно, не е во прашање непознавањето на улогата што може да ја направи делегирањето и нејзините предности, туку пред се односот на менаџерите кон делегирањето. Станува збор за лични уверувања кај менаџерите и нивниот личен однос кон делегирањето. Втемелени се личните уверувања за делегирањето, кои најчесто пресудно влијаат и на успехот на делегирањето и на успешното управување во

целина, подготвеност за прифаќање на туѓите идеи, доверување на задачите на другите, преземање на ризици и можни грешки како и подготвеност за создавање доверба кон подредените.

Последици од неделегирањето

Многу често, спротивно на наведените општоприфатени уверувања, менаџерите немаат доверба во своите подредени и мислат дека секоја работа можат да ја направат подобро од нив. А всушност сè може да се делегира – освен одговорноста. Клучниот збор за современото поимање на делегирањето е – доверба. Не секое делегирање е успешно, па затоа е важно да ги знаете и опасностите од неефикасното делегирање. Една од најчестите опасности од неделегирањето е губење време на надгледување на другите: роковите не се почитуваат, некои вработени повеќе работат од други, што неизбежно предизвикува лоша атмосфера и незадоволство; компетентните се или фрустрирани или се досадуваат; тимот и поединците се демотивирани оти не ги добиваат саканите и прифатливите одговорности и на тој начин не развиваат нови вештини. Менаџерот е премногу ангажиран и нема време да разговара со вработени. Вработените не се сигурни во своите надлежности и задолженија. Многу е лошо ако сугестиите на вработените се игнорираат и веднаш се отфрлаат, а уште полошо е ако информациите за промена во плановите и целите не доаѓаат до вработените. На тој начин компанијата забавува поради бавните одлучувања. nnn


Капитал број 1086 27.11.2020

46

МЕНАЏМЕНТ

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

47 Сликата за претприемачот многу често се идеализира. Повеќето сметаат дека тие се големи лидери кои ги смислуваат сите најдобри идеи и имаат тимови кои слепо го прати секој нивни збор. Понекогаш тоа е навистина така, но во поголемиот број случаи претприемачите работат многу напорно со тимот со цел заедно да ги смислат, а потоа и да ги реализираат добрите идеи. Во овој процес клучен фактор е добрата комуникација. Таа одредува дали некој претпримач ќе биде успешен, бидејќи и најдобрите идеи можат да пропаднат ако комуникацијата е лоша и преполна со грешки. Притоа, комуникацијата не е само разговарање, туку таа подрабира неколку лучни вештини кои претприемачите мораат да ги усвојат.

В

Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека колку што сте подобри во преговорите, толку сте подобри во бизнисот. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација. Сликата за претприемачот многу често се идеализира. Повеќето сметаат дека тие се големи лидери кои ги смислуваат сите најдобри идеи и имаат тимови кои слепо го прати секој нивни збор. Понекогаш тоа е навистина така, но во поголемиот број случаи претприемачите работат многу напорно со тимот со цел заедно да ги смислат, а потоа и да ги реализираат добрите идеи. Во овој процес клучен фактор е добрата комуникација. Таа одредува дали некој претпримач ќе биде успешен, бидејќи и најдобрите идеи можат да пропаднат ако комуникацијата е лоша и преполна со грешки. Притоа, комуникацијата не е само разговарање, туку таа подрабира неколку клучни вештини кои претприемачите мораат да ги усвојат. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација.

XXЈасен разговор

Разговорот е основа на комуникацијата и неговата важност никако не смее да се занемари. Дури и едноставен, пријателски разговор со вработените може да изгради меѓусебна доверба, но и да открие некои проблеми пред тие да станат преголеми и пресериозни. Здрава доза на разговарање со непозната личност исто така може да доведе до некоја деловна прилика. Бидете попристапни, пријателски настреоени, бидејќи така ќе можете да разговарата со сите.

XXГовор на телото

Добар дел од комуникацијата е невербален, па заради тоа усовршувањето на говорот на теловот

е нужност. Во секој момент е битно држењето на телото- бидете исправени, било да седите или стоите, рамениците повлечете ги малку наназад, а главата држете ја високо и исправено. Луѓето гледајте ги право во очи и немојте да се мрштите. Рацете не ги држете во џебови. Ова се само основи за тоа како треба да го држите телото. Со усовршување на говорот на тело можете да имате контрола врз секоја ситуација.

да решите одредени конфликти. Можеби ќе требате да разрешите некој конфликт помеѓу двајца вработени, околу тоа чија била одговорноста да се заврши некоја работа. Или можеби двајца различни добавувачи ќе влезат во конфликт заради грешка во комуникација. Во секој случај, морате да ги сослушате двете страни и да им помогнете да ги решат своите проблеми.

XXПишување

Дебатирањето не значи карање. Може да биде и здрава расправа за две или повече опцоо во опкружувањето полно со меѓусебно почитување. Целта на дебатата не е секогаш да се порази противникот, клучно е да се изнесат вашите мислења и убедувања на најдобар можен начин. Така на вложувачите, партнерите и вработените полесно ќе им ги разјасните своите идеи.

Не морате да бидете Мерсел Пруст, но треба да научите да пишувате директно и силно. Сигурно често користите и електронска пошта во комуникацијата, па затоа е важно да знаете како јасно и толно да ги артикулирате своите мисли преку овој медиум со што помалку грешки и нејасностии. Најлесно ќе го подобрите своето пишување ако редово читате книги и друга литература.

XXПрезентирање

Претприемачот многу често може да има потреба да врши презентации на своите идеи и на работењето во повеќе формати. Можеби ќе треба да ги презентирате финансиските извештаи на партнерите или на некои заинтересирани инвеститори.Или можеби ќе треба да ги презентирате вашите услуги и производи на заинтересираните клиенти. Можеби дури и ќе треба да одржите говор на некој саем за претприемништво. Во сите наведени сличаи кога презентирате ви е неопходна јасност, концизност, самоувереност и држење на телото.

XXПреговарање

Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека што сте подобри во преговорите, тоа сте подобри во бизнисот. Полесно ќе успеете да обезбедите добри услови за изнајмување на канцеларија, да плаќате поразумни плати на вработените и да добиете подобри понуди од клиентите. За ефикасно преговарање не се важни за вистинските зборови, туку битен е и тајмингот, познавањето на клучните факти и секако самоувереноста.

XXПосредништво

Иако поретко ќе бидете посредник отколку говорник, понекогаш ќе треба

XXДебати

XXВодење

Лидерот има многу одговорности, но во комуникацијата е најважно да оддавате самодоверба, доверб и страст. Луѓето ќе ги инспирирате со секојдневни пораки, јавни и приватни, и клучно е да се држите како лидери, со цел да го одржите својот моќен имиџ.

XXПретприемачот мора да биде поливалентен

Денеска постојат различни платформи за комуникација –телефонски повици, смс, електронска пошта, видео разговори, инстант пораки, Фејсбук, и треба да одберете која е насоодветна во која ситуација. Изборот на вистински медиум е многу важно.

XXСлушање

Слушањето е веројатно најважна комуникациска вештина, бидејќи е применлива во многу ситуации. Активното слушање помага во разговорот, дебатите, водењето, преговарањето и просредувањето, бидејќи со нив покажувате промисленост, емпатија и ангажираност на луѓето околу себе. Кога ќе ги совладате овие 10 клучни комуникациски вештини, ќе имате подобри изгледи да успеете како претприемач и бизнисмен. Како и кај секоја друга вештина, ниту комуникацијата не може да се усоврши без пракса. Затоа трудете се што повеќе можете и бидете свесни за секој свој настап. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 1086 27.11.2020

48

ЛИДЕРИ

ДРУ ХЈУСТОН

ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА DROPBOX

НЕ СЕКИРАЈТЕ СЕ ЗА НЕУСПЕХОТ

САМО ЕДНАШ ТРЕБА ДА ЈА ПОГОДИТЕ РАБОТАВА

D

Dropbox денес е најпознатиот онлајн сервис што ни овозможува да ги префрлиме и чуваме нашите фајлови на т.н. облак (cloud). Дру Хјустон е ко - основач и директор на компанијата, која што е неговиот шести

Вредните луѓе не работат напорно затоа што се дисциплинирани, туку затоа што работата на решавање возбудлив проблем е забавна.

Наместо да се трудите да си го направите животот совршен, дајте си слобода да го направите авантура.

Многу често да не знаеш сè за сешто е всушност добра работа... Многу одлични, иновативни работи се случиле кога луѓето едноставно не знаеле дека тие се воопшто можни.“

Најопасната мисла што може да ја имате како креативна личност е тоа дека знаете што правите.

Да се опкружиш со инспиративни луѓе е исто толку важно колку талентот и напорната работа.

Некаде помеѓу печатењето визитки на кои што пишува ‘основач’ и сè друго што треба да сторите, вие сфаќате, ‘Ох, овде имало еден тон работа’”.

Една од погрешните перцепции за претприемачите е дека тие го сакаат ризикот. Всушност, сите ние сакаме работите да се одвиваат како што очекуваме. Она што ни е треба е оптимизам и толеранција за неизвесноста.

стартап по ред, пред да доживее планетарен успех и да го направи милијардер, со проценето богатство во моментов од околу 2,5 милијарди долари. Тој е извршен директор на компанијата и сопственик на 25% од акциите.

Не секирајте се за неуспехот; Само еднаш треба да ја погодите работава.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.