Република Македонија
Октомври 2013 | Број 15
Македонска Ризница ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Благојче Андонов ИЗДАВАЧ: Александар Стеванов ДИЗАЈН: Сашо Гачев РЕДАКЦИЈА: Гоце Панговски
СОРАБОТНИЦИ: Наде Геневска Брачиќ Антонио Павловски Борислав Станоевиќ Весна Ничевска Саравинова Тања Вукобрат Златко Ангелески Никола Анѓелкоски Милица Пашовска
Почитувани читатели,
Во овој 15-ти број на е-списанието „Македонска Ризница“ ќе можете да прочитате интересен расказ од Антонио Павловски за една заборавена Еврејка и напис за битолската улица на ѕвончарите од Наде Геневска Брачиќ, етнолог кустос советник при Н.У. Завод и музеј Битола. Посебен акцент во овој број ставивме на ликовната уметност. Ќе можете да дознаете нешто повеќе за младата македонска графичка дизајнерка и илустраторка Тања Вукобрат и за нејзиното творештво, како и да видите слика со македонски мотив од познатиот босанскохерцеговачки академски ликовен уметник Тодор Швракиќ. И во овој број, како и во повеќето предходно, Ви претставуваме преубава карикатура од нашиот редовен соработник карикатуристот Никола Анѓелкоски, а ќе можете да видите интересни фрески од една црква во скопското село Бањани, како и две икони со непроценлива вредност од Музејот на Македонија. За вас направивме и две исклучително интересни интервјуа - едното, со познатиот српски мултиталентиран уметник Борислав Станоевиќ, го направи Весна Ничевска Саравинова, а другото, на тема бајачи и гатачи е со Протоерејот Златко Ангелески. Се надеваме дека ќе уживате во читањето на овој број. Александар Стеванов Сашо Гачев
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА
Во овој број ќе читате: Улицата на ѕвончарите Наде Геневска Брачиќ ............................................................................................................ 04
Невестинска народна носија Редакција ............................................................................................................................
09
Еврејка-расказ Антонио Павловски ............................................................................................................... 10
Куршумли ан - Тодор Швракиќ Александар Стеванов ............................................................................................................
12
Интервју: Борислав Станоевиќ Весна Ничевска Саравинова ................................................................................................... 14
Поезија Милица Пашовска ...................................................................................................................
21
Цитат: Метју Нимиц Редакција .............................................................................................................................
22
Тања Вукобрат-графичка дизајнерка и илустраторка Александар Стеванов ............................................................................................................ 24
Интервју: Протоереј Златко Ангелески Александар Стеванов во соработка со Благојче Андонов
........................................................ 32
Портрет карикатура - Александар Турунџев Никола Анѓелкоски ...............................................................................................................
40
Ова не е љубовна песна Весна Ничевска Саравинова
................................................................................................. 41
Фрески од црквата Св.Ѓорѓија, скопско Бањани Гоце Панговски ..................................................................................................................... 42
Икони од Македонија Редакција
............................................................................................................................. 45
„Улицата на ѕвончарите“ најзначаен период за битолската чаршија е „златниот период“ на занаетчиството. Од тој период до денес се провлекуваат маркерите на идентичноста во Битола, што секако е и основната цел во презентирање на оваа улица. Темата на разгледување на оваа улица можеме да ја анализираме од повеќе аспекти: најнапред од значење е историографскиот осврт на битолската чаршија. Битола, град со богата историска, етнолошка и културна историја има свои маркери на идентичноста. Тоа се места кои се дел од секојдневното живеење на луѓето. Од посебен интерес и значење е битолската чаршија која од минатото сеуште го има зачувано изгледот но се помал е бројот на зачувани стари занаети. Битолската чаршија претставува посебен, многу значаен и интересен комплекс од турско-градска архитектура. И покрај тоа што во голема мерка го изменила својот изглед, таа е сочувана и денес. Битолската чаршија е од типот на ориентално-балканските чаршии и спаѓа во една од најголемите во Македонија. (Момидиќ Петкова :1983/84)
Називот „Улицата на ѕвончарите“, во овој осврт, се разгледува од аспект на поврзаноста на минатото и сегашноста. Зачуваноста на називот на месноста кај локалното население, е од големото значење за битолската чаршија и нејзината организираност која има долговековна традиција. Ако направиме еден краток осврт на занаетчиството во Битола, ќе дојдеме до заклучок дека
Во Битола, град кој се развивал според ориенталните урбанистички принципи, чаршијата се развила во центарот на градот каде што се соединуваат патиштата од сите страни, а пак маалата се развиле на посебен простор подалеку од чаршиската врева каде што се подигале куќи за живеење, затворени кон улицата со пространи бавчи и богат внатрешен амбиент.2 За чаршијата биле важни и придружните објекти како што биле безистенот, џамиите, ановите, каравансараите, амамите, медресите и други објекти од општ или религиозен карактер.2
Во хронолошкиот развој на градот се издвојуваат различни културно - историски обележја кои се карактеристика на општествено-економските и политички влијанија во даден период. Еден значаен период за Битола претставува „златниот период“ на занаетчиството, кoj по бројност и видови, го достигнува во средината на XIX век. Во тоа време постоеле низа општествено - економски фактори кои условиле да дојде до оваа појава. Како прво било зголемувањето на бројот на населението во градот, кои доаѓале да обезбедат подобра егзистенција за живеење. Населување на разни етноси кои се значајни во разноликоста на формирањето занаетчиски центар. Од средината на XIX век Битола станува центар на Европска Турција со преместувањето на седиштето на вилаетот од Софија и постојано населување на десетилјаден гарнизон во градот, како и купувачката моќ на богатиот слој граѓани што ветувала сигурна заработувачка на мајсторите.1 Сите овие фактори допринеле за зголемување на потрошувачките потреби кои биле потребни на пазарот, така што градот станал наполно занаетчиски центар и го достигнал најголемиот развој . Тоа се потврдило и со појавувањето на Битола на светската занаетчиска изложба во Лондон 1862 год., и податокот од сочуваниот список на обврзници на данок што се плаќал према приходите на мајсторите „ИНТИПАС“ во 1827 година. Во него се спомнуваат 97 шивачи, 77 папуџии, 65 кебеџии, 60 терзии, 44 меанџии, 1 опинчар, 35 симитчии, сарачи и други. Споменати се над илјада занаетчии (1093) што претставува голем број.1 Занаетите во овој период биле во склоп на потребите на луѓето и побарувањата неопходни за живот. Според поделбата од Константинов, занаетите можат да се групираат според основната суровина, 5 основни групи, и секоја се дели на подгрупи. 1. Занаети во врска со исхрана и ноќевање, каде се опфатени 40 занаети поврзани со исхрана и обезбедување ноќевање на патници, трговци и др. 2. Занаети во врска со облека, накит и оружје.
3. Занаети во врска со изградба на станови и изработување на предмети за домашна употреба. 4. Занаети во врска со превоз на патници и товар. 5. Занаети што не спаѓаат во група Во Битола во XIX век во професионалносталешките организации - еснафите, влегувале сите исти или сродни занаети. Во еснафот биле само оние занаетчии кои што се занимавале со сродна стручна дејност. Еснафите непосредно произлегувале од кругот на самите занаетчии и биле сојузи кои се обединувале со цел да ги заштитат своите интереси.1 Ако направиме паралела на периодот во средината на XIX век и денес, можеме да констатираме дека во градот останале мал број на занаети кои имаат вековна традиција. Еден од таквите занаети што опстанал е sвончарскиот занает. Овој занает сè уште се наоѓа во улицата на „Sвончарите“ која во минатото броела 10 sвончарски дуќани што ги држеле Македонци и Власи. Оваа улица била поврзана со другите занаетчиски центри и пазари во градот. Регистрирани ѕвончари кои работеле во оваа улица биле: Бошков Вангелов Тома, (дејноста ја
извршувал пред 1939 год.), Костов Иванов Ристо, Стерјов Лазаров Ташко, (дејноста ја извршувал и пред 1920 год. ) Христов Сотиров Методи, Христов Сотиров Христо, Тодоровски Спиров Живко (диплома стекнал во 1951), Христовски Лазаров Ѓорги ( диплома за завршено техничко училиште во Стразбург, својата дејност ја извршувал и пред 1932 год.),Христовски Сотиров Петар, (мајсторскиот испит го стекнал 1948 год.) и Илиевски Неданов Васил ( својот мајсторски испит го положил 1950 год.) и денес дуќанот на овој мајстор е обележје за работата на овие мајстори. Денешниот дуќан на sвончарот Иван Илиевски во улицата на sвончарите како што сè уште луѓето во градот
продолжи ни ништо“, што претставува документирање на ѕвончарскиот занает. Целта на филмот е зачувување на техниката на изработка на ѕвонци или во овој случај, наменска изработка за потребите на филмот, изработка на клопотарец како би се зачувал традиционалниот начин на изработка со традиционалните алатки и техничката способност (вештината) на мајсторот, со што останува зачувана вековната традиција на занаетот. Континуитетот на визуелното документирање односно визуелната антропологија е од големо значење во етнологијата така да и Битола од повеќе аспекти е опфатена со снимањето на овој филм. Прво како центар кој во своето долговековно постоење во различни хронолошки аспекти има свои обележја, конкретно кога станува збор за занаетите тоа е XIX век. како второ, денешната состојба на последниот ѕвончар во Македонија и трето визуелната антропологија, како продолжение на снимателската дејност на Манаки, каде Битола веќе има свое место во историјата на филмот на овие простори.
ја препознаваат, може да биде несекојдневна знаменитост на градот. Во овој дуќан, денес, повеќе не се изработуваат оние производи што биле главни во минатиот век, шандани, леени ѕвонци, прапорци, камбани по нарачка, месингани рачки за кантар, паланзи, леени авани, клопотарци. Се изработувале 3 типови на клопотарци: јанински, солунски, клекачки, клопотарци за овци, кози, бравови, маски, магариња. Денес со овој занает, ретко, по порачка се изработуваат на традиционален начин само клопотарци. Истражувањата направени во 2009 год. во Битола, кај ѕвончарот Иван Илиевски роден 1942 год. и синот Благој роден 1977 год. кои ја продолжуваат семејната традиција на овој занает која ја наследиле од нивниот дедо и прадедото на Иван, кои изработувале ѕвонци во улицата на ѕвончарите до 1970 год. Основната цел во овие истражувања беше и снимање филм за последниот ѕвончар во Битола и Македонија Етнолошки документарен филм „Ни ќе го
Во минатото занаетите биле организирани во еснафи и секој еснаф имал свој еснафски ден. Како еснафски ден според календарот по стар стил sвончарите заедно со леарите, пушкарите и паурџиите го прославуваа денот на Св. Константин и Елена. Значајно обележје на овој занает е тоа што сè уште оваа улица и денес луѓето ја нарекуваат „кај ѕвончарите“ иако овде е само еден мајстор а оваа улица која во минатото продолжувала до градскиот саат сега е скратена со изградба на зграда. Но и ова претставува извонреден пример на долговековна зачуваност на називите што во минатото биле поврзани со многубројни називи на пазари и делови на одредени занаетчии. Називот на оваа улица oстанал обележје до ден денес. Во Битола имало 30 чисто занаетчиски делови од чаршијата од кои што треба да се одбележат „Кај наланџиите“, „Кај чешларите“, „Кај папуџиите“, „Кај бојаџиите“, „Кај амберџиите“ „Кај Сарачите“, „Кај опинчарите“ месност „Кај Јорганџиите“ „Кај рогузинарите, „Кај казанџиите“, „Влашка чаршија“. Во близина на ленски
мост беа стомнарите, до нив леарите а нешто подолу јажарите. Во овој дел се наоѓаа клинчари, ковачи и еден поголем дел од налбатите. Други делови од чаршијата беа „Кај ралата“, „Сара - бакалци“, „Кај волнарите и безистенот“.
Користена литература:
Последиот ѕвончар во Македонија, кој како императив од минатото опстојува денес, може да прерасне во „бренд“ на производ и обележје на поранешната економска моќ на битолската чаршијата кој би одекнувал во иднината.
2. Момидиќ Петкова Радмила, Развиток на битолската чаршија (до втората светска војна), 127 - 145,1983/84 год. Битола.
Наследниците кои би ги произведувале традиционалните производи мораат да бидат свесни за важноста за зачувување на традиционалните алатки бидејќи единствено на тој начин произведениот предмет, кој е апсолутно идентичен на истиот традиционален предмет, ќе биде прав бренд на традиционалното производство.
1. Константинов Хр.Милош, Занаети и еснафи во Битолско, 1966, Битола
3. Историски Архив Битола Наде Геневска Брачиќ Етнолог - кустос- советник Н.У. Завод и музеј Битола
Невестинска народна носија, село Галичник, дебарско, Македонија.
КУД „Кочо Рацин“ - Скопје
Еврејка-расказ Одамна веќе имаше прекршено пладне, а ние речиси наближувавме кон рудината. Се движевме полека, одмерено, за да можеме, по којзнае кој пат да им се восхитуваме на убавините на планините. Јас и дедо ги користевме топлите месеци за да се искачуваме до врвот од каде што имавме незаменлив поглед кон двете езера кои блескаа како насолзени очи. Ова беше наше петто или шесто искачување годинава и секое наредно искачување планината ни покажуваше нешто ново. А, и со секое искачување до рудината на дедо му се наполнуваа очите со солзи, некако стана посебно сентиментален. Секогаш го прашував што е тоа што толку му ги разбранувало чувствата и секогаш добивав одговори: те од ветерот, те од тоа што се заморил. Сè досега, се до нашето последно искачување. Кога стигнавме до подножјето на врвот, до рудината Еврејка, до студениот извор кој бликаше вода, седна на еден камен, и со тивок глас, како да се навраќа во минатото, почна: „Којзнае колку години поминаа оттогаш. Којзнае колкупати оттогаш сонцето зајде и одново се роди од зад Еврејка. Тоа беше во годините на војната, тоа беа години на глад и страдања. Бев некаде на твоја возраст, а ние децата, ако сакавме да ги наполниме стомаците, моравме да се снаоѓаме како знаеме и умееме. Така, честопати знаевме да го фатиме патот за в планина и да донесиме некоја печурка или пак да ги наполниме кошниците со боровинки или малинки. Еден ден никој од другарите не сакаше да доаѓа, па самиот заминав на рудина. Убаво рекле старите „сам во планина не се оди “, ама кој да помисли на тоа, а и со празен стомак кој може да мисли. Таа есен беше посебно богата со печурки, а буката под рудинава ја држеше највкусната лисичарка. А, тие пак, подлажуваат. Ќе најдеш една овде, една онде и забораваш кај си поминал и колку си поминал. Така се излажав и јас.
Сум залутал во некои долишта, пиле кај што не пее. Не знам откај дојдов, а незнам и откај да си одам. Се во едно место се вртам, како во некој маѓепсан круг. Почнав да викам, да не некој ме чуе, да ми помогни, ама залудно. Маката за да биди уште поголема, почнаа да ми се слушаат волчји завивања, а не требаше да помине многу време и да бидам опколен од десеттина разгладнети волци. Размавтував со гранки, фрлав со пенушки, ама ништо не помагаше, волците се повеќе и повеќе ми се приближуваа. Не ми преостана ништо друго да направам, освен да чекам во секој миг да ме растргнат. Ги прекрив очите со рацете и илјада работи ми поминаа низ глава, но некако најсилна ми беше помислата дека ништо нема да остане од мене, дека ни гробот нема да ми се познава. Од тој миг волчјиот виј почна да се оддалечува. Се губеше во доловите, додека сосема не престанав да го слушам. Ме допре женска рака по рамото. Тоа беше најубавата девојка што сум ја видел во животот. Не сум ни можел да замислам таква убавина. Носеше некоја чудна, ненаша облека. Две плетенки и се спуштаа до градите, а во очите и се насетуваше милост на срна. Ништо не ми проговори, а неможев ни јас ништо да изустам. Ме поведе до изворот. Дури тогаш ми дојде малку душата на место. Се наведнав да се освежам сo водата. Кога се исправив, девојката ја немаше, како в земја да пропаднала. Викав, ја барав, ама ни трага, ни глас од неа. Не стигнав ни да и се заблагодарам што ми го спаси животот. Минуваа деновите оттогаш, а јас којзнае колкупати ја завртив планината барајќи ја неа. Не постоеше ни дол, ни височинка што не го знаев. Почнував да се сомневам дали воопшто сум ја видел, или била само плод на мојата фантазија. Една ноќ ми дојде на сон со долги расплетени коси, молејќи ме да и ја вратам ѕвездата. Утредента се распрашував за сонот, ама никој не можеше да го
протолкува, па си реков, што мислиш во денот, тоа сонуваш во ноќта. Како што поминуваа годините споменот за убавата девојка бледнееше, но сепак остана скриен во едно делче од моето срце, одвреме – навреме одново да се распламтува, да ме копка. Така беше сè до овој мај, кога одново ми дојде на сон со истата молба. Стопати се прекорив што не се сетив побргу на легендата што ми ја кажуваа постарите покрај огништето, ама тогаш сум бил само дете. А сега е веќе доцна, предоцна е. Стар сум и ја немам веќе силата за да ја превртувам планината. Едвај и до oвде се искачив. Но, добро е ти да ја знаеш таа легенда и да ја пренесуваш на твоите внуци. Пред многу векови низ овие наши планини поминувал голем карван со Евреи. Доаѓале оддалеку, дури откај Шпанија, а биле во потрага по нова татковина. Заморени од долгиот пат застанале да се одморат покрај изворов. Една млада девојка, иако била уморна притрчала да се напие од студената вода. Исчезнала живоста од нејзиното лице како што исчезнува утринска капка роса пред сончевите зраци. Наеднаш ја пресекло студенилото и на местото умрела. Ја закопале според еврејските обичаи во близина на изворов. На надгробниот камен вдлабиле шестокрака ѕвезда, ама не се сетиле дека природата не мирува, па снеговите, дождовите, мразовите белегот го избришале, како што бил избришан и од сеќавањето на мештаните. Останало само името на местото добиено во чест на убавата мома - Еврејка. Сега никој не знае каде лежи убавата Еврејка. Можеби и затоа ми се јави во сонот, за да го означам нејзиното почивалиште. А јас неможам да и ја исполнам желбата, неможам да и се оддолжам. Ете затоа ми надоаѓаат солзи при секое искачување на рудината. „Дедо, има еден камен на стотина метри над изворов. Целиот е опкружен со боровинки, а тој е во центарот на кругот. Ај да го видиме, многу е интересен.“
Со последните сили дедо се искачи до каменот. И
навистина, тоа беше почивалиштето на младата Еврејка. Шестокрака ѕвезда едвај се наѕираше од мовта и тревите што ја покриле. Повторно солзите се појавија на лицето на дедо, ама овојпат беа солзи радоснички. „Прво што ќе направиме откако ќе слезиме в село да им кажеме на сите за никогаш повеќе да не го заборават споменот за убавата Еврејка.“ Рудината ја исполни некој чудесен мир. Сè беше тивко, само едно жолто цвеќе се нишаше на планинскиот ветар преку гробот. Антонио Павловски
КУРШУМЛИ АН - ТОДОР ШВРАКИЌ Тодор Швракиќ (Todor Švrakić), роден во 1882 година во Приедор (Prijedor), е босанскохерцеговачки сликар и еден од најдобрите балкански акварелисти на почетокот од XX век. Швракиќ кој што спаѓа меѓу првите академски сликари и пионери на модерното босанскохерцеговачко сликарство, своето ликовно образование го стекнува прво во Белград, а подоцна и на академијата во Прага. Тој заедно со Перо Поповиќ и Бранко Радуловиќ, во 1907 година во Сараево ја организираат првата ликовна изложба во историјата на босанскохерцеговачкото сликарство, а својата втора изложба по три години Швракиќ ја приредува во родниот град. По повод стогодишнината од овој настан, во 2010 година во Приедор е одржана изложбата „Тодор Швракиќ - сто години подоцна“. Во овој напис ви претставуваме едно негово дело со мотив од Македонија. Се работи за акварел од овој познат босанскохерцеговачки уметник на којшто е прикажан скопскиот Куршумли Ан. Александар Стеванов
Интервју: Борислав Станоевиќ
Во краткиот период во кој се занимавам со стрип уметноста запознав една исклучителна и необична личност од тој свет. Низ ова интервју кое што го направив, мене ми претставува особена чест и задоволство, а и голема одговорност, да го претставам мултиталентираниот уметник, сценарист од Србија, господинот Борислав Станоевиќ. Во неговата официјална биографија пишува дека е роден на 23 април 1953 година во Белград. Завршил факултет за Драмски уметности (отсек за филмска и ТВ продукција) во Белград и Музичка академија во Букурешт (отсек музичка теорија и композиција). Работи како Главен Библиотекар на Југословенската Филмска Архива во Белград, Србија. Автор е на бројни приказни, новели, либрета, претстави, сценарија за играни, експериментални, документарни и анимирани филмови, графички новели и стрипови, ТВ и радио програми и критички есеи. Исто така пишува и за бројни магазини и весници (Данас, НИН, Политика...) на разни теми. Тој е креатор и сценарист на графичкиот серијал Капетан Нитрат кој глобално е првата супер херојска пародија која се занимава со историјата на филмот, истражувањето и зачувувањето на филмските архиви. Ликот за прв пат се појавил на Интернационалниот Филм фестивал Сентениал во 1995 година. Станоевиќ е автор и на бројни музички композиции: балетот „Збор“, музика за филм и ТВ, ТВ мјузиклот „Банда на 5 петли“ и првата детска ТВ опера во бивша Југославија. По официјалното претставување го имав задоволството Борислав да направи едно лично и спонтано претставување како вовед во нашето интервју. Тој вели: Признавам дека размислувам како да наведам правилна причина за ова интервју? Односно, како по ѓаволите интервјуираниот го заслужил вниманието на интервјуирачот т.е. читателот? Само еден одговор ми паѓа на памет - тоа е довербата која
Синиша Радовиќ, стрип табла од првиот број на стрипот Капетан Нитрат, објавен во 1995 година
ја влевам. Тоа е мојот вистински талент. Во 70тите години се занимавав со компонирање експериментална музика, но експериментите со атонална и електронска музика ме уверија дека хармоничната мелодија е правилната вистина за музиката, па ја напуштив музичката бучава, бес и хаос и се занимавав со филмска, театарска и ТВ музика „а ла Мориконе“. Во тоа време експериментирав со авангардна поезија – само за подоцна да ми се открие вистинитоста во класичната драма, роман и приказна, скоро жанровска, на работ на фантастиката и
А. Сотировски и М. Стојановиќ на промоцијата на Капетан Нитрат на фестивалот во Лесковац во 2013 година
креативниот процес, секако. Читателот , ќе мора сам да се увери во она што го кажувам. 1. Со што се занимавате во животот, која е вашата професија?
Капетан Нитрат, 1997 година, Александар Сотировски
хоророт. Истото важеше и за сликарството – апстрактниот експеримент ме доведе со експресионистичка фигурација и стрип. Требаше да се има храброст тогаш за да се уништат повеќето незадоволителни експериментални производи и да се признае откриената вистина - таа тогаш (а и никогаш) не беше во мода. Аванградната лага би била далеку по исплатлива, пред се како пат до адекватен статус на слава. Но признавањето на вистината ми донесе доверба. Значи, можеше да ми се верува на збор. Тоа ми помогна и за мојот статус на критичар и теоретичар. И во мојот однос со колегите и во
Го вложив сиот живот да ја направам мојата професија и својот животен повик - едно исто. Цврсто верував дека, ако веќе се занимавам со разни уметнички родови, морам и теориски и филозофски да разбирам и промислам што правам. Бурата на инспирација , чистиот нагон, не ми беа доволни. Затоа првата улога на музички експериментатор ја заменив прво со улогата на филмски и ТВ продуцент, потоа со улогата на филмски архивист и најпосле, со улогата на библиотекар во стручна филмска библиотека на Кинотеката. На тој начин „профитираат“ и моето (приватно) творештво и мојата професија на државен службеник во културата. А од корист и на двете е и мојата повремена професија на критичар. Би сакал среќата/судбината да не играше голема улога во сето тоа, ама изгледа дека не е така. 2. Кога започнавте да се интересирате за стрип културата?
Портрет: Борислав Станоевиќ 3, цртеж А. Сотировски
Капетан Нитрат, 1997 година, Александар Сотировски
Моето „културно воздигнување“ започнува со стриповите – Дизниеви јунаци , Флеш Гордон, Принц Валијант и Рип Кирби од Политикин забавник и тоа се првите импресии кои ги паметам (покрај трамвајот кој поминуваше под мојот прозорец). Покрај нив научив да читам, пишувам и цртам. Во 70тите години на минатиот век, сериозно се занимавав со проучување на јазикот и теоријата на стрипот. Потоа наеднаш, во моментот на интелектуален пад, необјаснив духовен куршлус, сосема престанав да читам стрипови во своите триесетти години. Благодарност до бога, во четириесеттите се враќам на стрипот со одушевување и до ден денес еланот не ме напуштил. За среќа, благодарејќи
му на интернетот, успеав брзо (во 90тите) да надоместам битни остварувања од пропуштените 6-7 години на светскиот и домашниот стрип. 3. Кога започнавте да пишувате сценарија за стрип? Првите сценарија , кои сам ги илустрирав, ги напишав 1972 година во гимназија. Се навратив на стрип-сценариото во 80тите години низ стори-бордовите кои ги цртав покрај своите ТВ и филмски сценарија. Неколку години (199193 ) ги пишував и цртав сценаријата за вселенската сага Овермен, која почна како бајка за заспивање на мојата ќерка, додека беше мала. Но на вистинската стрип-
Нитрат и дали може да ни кажете нешто повеќе за неговите почетоци и развиток? Годината 1995 беше Светска годишнина на Филмот. Сите архиви и кинотеки на светот се натпреваруваа да ја одбележат со оригинални проекти. Мене ми падна на памет црно-бел херој (во колор стрип и свет) кој е месија на немиот (но и звучниот) црно-бел филм. Бидејќи првите педесет години филмот во светот бил сниман на високо запалива лента, така и мојот херој би бил сочинет од тој оган (која , кога ќе се запали, навистина развива температура која може да истопи челик). Малиот електронски, дигитален соборец на Капетанот, Разводник Далечинец кој плови на џиновскиот ТВ далечински управувач е заштитник на електронските аудио-визуелни медиуми. Тие двајцата се Спасители на подвижните слики. Во таканаречената Светска бела книга за Нитратниот (запаливиот) филм („This Film is Dangerous“, London, 1996) која ја издаде Меѓународната Федерација на Филмските Архиви, овој проект е истакнат заради својата иновативност во пристапот на ширење на филмската култура. Оттогаш Капетан Нитрат е своевиден заштитен знак на Југословенската Кинотека, но и на филмската архивистика воопшто. Секако , тоа не значи дека Нитрат е замислен како сувопарно, учебничко писание, туку тоа е авантуристички, супер-херојски стрип, некоја врста на Тројански коњ за читателот. Приказна во духот на денешните популарни јунаци како што се Супермен, Бетмен и или Спајдермен и Ајронмен, која крие во себе поучни елементи од историјата, естетиката и технологијата на подвижните слики. Капетан Нитрат, Александар Сотировски
сценаристика се посветувам кога започнав да соработувам со цртачот Синиша Радовиќ, кој само што се беше вратил од завршени студии по сликарство во Русија. Во време на почетокот на последната балканска граѓанска војна со него соработував на одличните графички проекти за Конан и Бетмен. За жал ни еден не ја виде „светлоста на денот“. Но во 1995 година нашата соработка е крунисана со првиот дел од серијата графички романи Капетан Нитрат. 4. Како настана идејата за вашиот стрип јунак Капетан
5. Како дојде до соработка со стрип цртачот и илустратор господинот Александар Сотировски? Мојот одличен пријател од Битола, никогаш доволно ценет вајар и зограф Марјан Малбашиќ, ме запозна со работата на Сотировски 1996-1997 година. Во тоа време јас, како и повеќето Југословени знаев само за легендата на македонскиот стрип Камиловски. Малабашиќ лесно ме излечи од таа предрасуда. Ацо беше млада надеж, малку вкочанет во изразот и пристапот, но отворен кон експериментирање со сложена уметничка приказна – само
што ја беше завршил графичката поема „Двајца во Еден“ по сценарио на Томислав Османли. На самиот почеток на соработката, додека седевме на цртачката маса во Битола, Ацо и јас прилично се намачивме – да се сложиме изгледаше неможно. Моите и неговите идеи за изгледот на јунакот и кадрирањето, па и самиот стил - изгледаа непомирливи. Наеднаш, потполно изненадно, сè се вклопи како „лего“ коцки! Во однос на првиот дел, визијата на Александар донесе извесна балетска елеганција. Витка, стилизирана фигура, налик на она што Моебиус го донесе на Сребрениот летач на Марвел (во однос на она како го гледаа Кирби и Бјушема). Очигледно дека Сотировски и Нитрат беа комбинација како оган и барут, од спојот и двајцата се подигнаа накај „небото“. И ниту Нитрат повеќе не беше истиот, ниту Ацо беше стариот Сотировски. Знам многу цртачи и сликари, но никогаш немам видено таква метаморфоза, трансформација и ослободување на креативен набој, како кај Сотировски за време на работата на вториот дел на Капетан Нитрат. Откако се избори со барањата за сценариото на Нитрат (и на неговиот грандомански автор) мислам дека Ацо можеше да направи било што. И тоа денес се докажува, Сотировски напредува, како во стрипот, така и во илустрацијата, со непрекината нагорна линија. За тоа е доказ неговото преполно меѓународно портфолио. 6. Што мислите за македонската стрип сцена? Најкратко: може МНОГУ подобро. Но кога се работи за авторскиот потенцијал, се прашувам дали финансиска страна може да го следи овој потенцијал. Искрено, се сомневам. Мислам дека издаваштвото е клучен, примарен проблем. Другиот е, разединетоста кај авторите – но тука суетата е главната кочница кај повеќето млади автори. Но, таа е секаде, во исто време и универзален погон во секоја работа. Колку и да е добра бидејќи може да мотивира на што поголем квалитет, толку умее и да заслепи. Најпосле, причина за постоење на сцена е – публика. Имам впечаток дека публиката беше похомогена, а и помасовна пред десетина и повеќе години. Од друга страна, тоа е прашање кое секој од нас мора себеси да си го постави -има ли причина авторот, без публика, да создава? Или , да го
Капетан Нитрат, 2010 година, цртеж на македонскиот илустратор и стрип автор Дарко Богданов
превртиме телескопот, може ли авторот себеси да си дозволи да не создава, дури и (или особено тогаш) кога моментално изгледа како никого да не го интересира неговото создавање? За Кафка и Ван Гог, во нивниот живот, малку кој знаел. Секако, тешко е да се поверува дека денес некој е спремен да гладува заради својата уметност како Ван Гог.
7. Дали можете да направите една паралела и споредба меѓу стрип сцената во Србија и Македонија? Србија малку повеќе се тетерави, како галванизиран леш. Или можеби, Франкенштајн. Немојте погрешно да ме сфатите, не дека нема вистински, одлични автори или вистински програмски потези или пак добри изданија и значајни преводи на странски стрипови. Но наглиот јуриш на српски издавачи изгледа како потег на очајници. Нема пари, нема публика. Публиката нема пари. И така во круг. И најстрашно е тоа што публиката се повеќе го напушта стрипот и се свртува на друга страна. Иако не сум сигурен - на која? 8. Каква е соработката меѓу македонските и српските автори? Воглавно соработката е фестивалска. Убаво се дружиме. Ама, никако да ги засукаме ракавите и навистина да започнеме да работиме на големи, значајни проекти. На планови за враќање на публиката, дури и преку дигиталниот стрип, Интернет портали и сл. 9. Ми најавивте нов проект помеѓу вас и господинот Сотировски, може ли да дознаеме повеќе за тоа? За Белградскиот Систем Комикс работиме на една, нарачана, кратка стрип-приказна (од десетина табли), за стрип антологија која е на тема - сто годишнина на Првата светска војна. Исто така Сотировски работи на илустрирање на мојот роман – гротеска за тајниот агент 007 и секако на петтото продолжение на Капетан Нитрат „Двеилјадита и некоја – Oдисеја во вселената“. 10. Дали би можеле да ни дадете завршен заклучок за улогата на стрип уметноста и уметноста воопшто во културата на живеење на Балканот, а и пошироко? Кога веќе ме провоцирате, морам да ја изнесам својата теза на јуродива: стрипот е последниот митолошки медиум кој го имаме – проповедница од која може да се прикажат системите на вредност, којa не почива на среброљубие и преку која може брзо да ја задоволиме секоја, па дури и
најбудалестата и најпогубната потреба. Тука се проповеда теологија, филозофија, естетика, морал, поезија, историја... а никој не ви се смее. Значи, во стрипот смее да се зборува за уметноста, како таа да постои и како навистина да е УНИВЕРЗАЛНО важна, и тоа не само за неколку уметници, истомисленици. Стрипови како што се „Signal to Noise“ на Нил Гејман и Дејв МекКин упатуваат и на нов правец во кој стрипот и уметноста ќе се движат – ако имаат среќа. Со надеж и дека упатуваат на нови времиња кои оваа цивилизација (сосе Балканот) ќе ги доживее и уште малку ќе ги поживее. Весна Ничевска Саравинова
Песна за читателот Поглед по букви ти плови, еј како бел брод во немирни води. И уживам дури преку стихови те гледам низ секоја строфа потајно те следам. Страница, за страница превртуваш потопуваш мисли разбранети во едно ги собираш. И книгата ја оставаш, на креденот покрај креветот. Размислуваш, дали помислувам, дека твојот сон во мојот расказ будно бдее дека,знамето на љубовта во шир ти се вее. Поглед по букви ти плови, и знам по кои немирни води пловиш. Се разбранува стихијно небото твое ама пак се смируваш во ова што беше мое. Сега песнава е твоја,земи ја не враќај ја. Од твое грло е испеана, со твои дланки милувана, од твојто волшепство инспирирана. Поглед по букви ти плови, и тркалезен е светот ко очите твои. Мислам како пивко потпивнуваш вино, или некое ладно пиво. Па потсвирнуваш среќно, дури оваа песна се покорува пред тебе, сосем немоќно, пишувана за тебе, деноноќно.
Милица Пашовска
Тања Вукобрат графичка дизајнерка и илустраторка
Тања Вукобрат е талентирана млада македонска графичка дизајнерка и илустраторка од Скопје. Таа неодамна има дипломирано графички дизајн, отсек Арт и Дизајн на Европскиот Универзитет. „Отсекогаш ме интересирало цртањето, а поактивно започнав со цртање при крај на средно (во Орце Николов). Цртам и дигитално и традиционално. Најмногу ме интересира концепт арт на карактери и желба ми е да цртам карактери за игри“, за себе вели Тања. Освен графичкиот дизајн и илустрациите, во своите интереси таа ги вбројува и музиката, видео игрите и спортот. „Работам freelance, а моментално изработувам илустрации и брендинг за американската фирма „PinnupGal“. Моите нови цртежи можете да ги видите на thesacredmushroom.deviantart.com“, споделува Тања. Иако само 23-годишна, Тања Вукобрат има учествувано на поголем број на изложби и работилници, во земјава и во странство, меѓу кои спаѓаат: • Самостојна изложба во Кафе Ли насловена „Les Femmes“ која претставува циклус на цртежи инспирирани од жените. „Целта на оваа изложба е да се престави младата девојка со свое лично јас, со своја длабока и скриена интима“ вели Тања „Тие се мистични и емотивни личности, со цврст став. Претставена е нивната нежност, елеганција и естетика. Секој цртеж си има посебни карактеристики кои се пренесени преку боите, текстурата и експресиите на девојките.“ • Дел од изложбата на фотографии, илустрации и стрип табли при премиерата на краткиот игран филм „Мал дисконтинуитет во времепросторот“, во сценарио и режија на Гоце Цветановски, во кој што се прикажани неколку нејзини илсутрации. • Дел од претставниците на МакСтрип во работилницата организирана од Општина Аеродром за помош на лицата со хендикеп.
MandraK • Учесник на стрип работилницата при настанот „Magic Days“ на штандот на „Goblin“ на саемот за книга. • Учесник на изложбата „Ретро респект“ што претставува групна изложба на стрип и илустрација, одржана во рамките на манифестацијата „Бела Ноќ“, во организација на Здружението за промовирање на стрип културата „Макстрипови“. • Учесник на групната изложба на стрип и илустрации „Скопје во Стрип“ исто така дел од манифестацијата „Бела ноќ“. • Дел од 3-годишни изложби додека студира на Европскиот Универзитет со илустрации и дизајн
White Light
решенија. • Редовен учесник на „Балканска смотра на млади стрип автори“ во Лесковац Србија. Тања, исто така, има објавено стрип и повеќе илустрации во неколку броеви на македонското списание за промоција на стрип културата - „Синдром“. „За во иднина планирам да изработам еден мал проект за кој нема ништо да откријам моментално и нормално да продолжам континуирано да цртам и да објавувам илустрации“, вели Тања за своите идни планови. Александар Стеванов
Party Timeee
Les Femmes
Ashe - League of Legends
SisterBenedron - World of Warcraft
ИНТЕРВЈУ: ПРОТОЕРЕЈ ЗЛАТКО АНГЕЛЕСКИ ЗА БАЈАЧИТЕ е божествена, а која - ѓаволска. Зашто сатаната е толку итар за да заблудува и да втера во прелага, па затоа се јавува не во својот грозен вид, туку во привлечна форма, како светол ангел, како поттикнувач на душата на добро, како добропосакувач, како Божји пратеник. Свети апостол Павле, големиот познавач на духовниот живот, јасно сведочи дека „самиот сатана се преобразува во ангел на светлината“ (2. Кор. 11: 14). 2. А што е со оние кои што тврдат дека стигнуваат до резултати со посредство на православието и Исус Христос и дека нивните способности се божји дар?
Во последните неколку години, не е воопшто мал бројот на регистрирани случаи на измамени македонски граѓани од страна на гатачи. Притоа не само што нивната доверба била злоупотребена, туку истите останале и без високи суми на тешко заработени пари или пак без вредни парчиња семеен накит. Токму по овој повод, за ставот на православното христијансво кон овој феномен, направивме интервју со Протоереј Златко Ангелески, кое што можете да го прочитате во продолжение. 1. Какво е гледиштето на православието, вклучително и на МПЦ-ОА, за т.н. гатачи, бајачи и исцелители? Ставот на Православната Црква во однос на гатачите, бајачите и сличните ним е базиран врз Светото Писмо и Каноните на Православната Црква. Она што го работат тие луѓе се нарекува „болна мистика“. Болната мистика е потполно спротивна на здравата, бидејќи е спротивен нејзиниот избор. Додека здравата мистика доаѓа од Бог, болната доаѓа од ѓаволот. Меѓутоа, иако постои таа спротивност, сосема е тешко да се разликува која мистика
Денес често се среќаваат луѓе, кои со необична жед се впуштаат во опасните, за грешните, области на духовниот свет. Едни се оддаваат на чувствителни молитвени возбуди, други на спиритистички сеанси, трети - барање небесни јавувања. Всушност, сите тие се жртва на еднаква, во основата, болна мистичност, и ако им речете, за да ги предупредите, дека си играат со огнот, дека можат да бидат измамени од бесовите, кои често се јавуваат како светли ангели, тие имаат готов одговор: „Ние тоа го знаеме! Ние имаме дури и сведоштва дека покрај ангелите често се јавуваат и демоните. Но, ние разбираме кои духови се добри, а кои зли. Затоа сме внимателни. Добрите ги примаме, а злите ги отфрламе“. Таквите луѓе со ништо не можат да бидат вразумени. Тие во себе се убедени, дека не можат да погрешат при испитувањето на духовите. Затоа од високо и со чувство на сожаление гледаат на вас, кога ги советувате да се пазат од лукавствата на демоните. А тие, бедни, така жестоко се заведени и така итро се измамени! Преподобниот Нил Синајски, откриваќи ги сатанските лукавства, говори: „Треба да го знаеш следното лукавство на демоните. Понекогаш тие се разделуваат во групи. Едни доаѓаат со соблазни и кога ти ќе побараш помош, доаѓаат
ПРЕПОДОБЕН НИКОДИМ АГИОРИТ: БАЈАЧИТЕ НЕ СЕ БОЖЈИ СЛУГИ Ти велиш, дека онаа старица христијанка и оној бајач христијанин, кога бајат и даваат амајлии не произнесуваат и не пишуваат други имиња освен името на Бога, на Христос, на Богородица и на светците, и според тоа тие не вршат зло. На тоа ти одговара божествениот Златоуст и ти кажува, дека затоа особено треба да ги мразиш онаа зла старица и оној зол бајач, бидејќи го употребуваат за потсмев и бесчестие името на Бога, и иако се христијани, постапуваат како Елини; затоа што и демоните, ако и го произнесат името на Бога, пак се демони: „Некои, сметајќи да се заштитат, велат, дека жената, која прави такви нешта, е христијанка и не изговара ништо друго освен името на Бога, заради тоа навистина особено ја мразам и се одвраќам од неа, бидејќи се послужила со името Божјо за подигрување; кажува дека е христијанка, а покажува дела карактеристични на елините; затоа што и демоните го изговараа името Божјо, но беа демони; и му велеа на Христа: „Те знаеме Кој си, Светец Божји” (сп. Марко 1:24); и сепак Тој ги натера да замолчат и ги прогони”.
другите во ангелски вид и ги прогонуваат првите, за да бидеш излажан и ти дека тие се вистинските ангели и во себе да помислиш дека си достоен за нив“. 3. Зарем Исус Христос и одредени светци не исцелувале? Не допуштате ли дека сепак некои од овие бајачи и исцелители навистина работат со божји благослов? Можете ли да објасните зошто едното е „болна мистика“, а она што православните светци го правеле не е? Здравата мистика се заснова врз правилната вера во Бога и цврстата евангелска моралност. Здравата мистика уште се
темели врз цврстата евангелска духовност, или моралност, односно врз светоста. А, светоста може да се изгради само врз една основа - благодатната основа на смирението. Етиката, која што го исклучила смирението како темел на добродетелниот живот, не може да биде ниту цврста, ниту евангелска. Таа етика е етика на гордоста, односно, богопротивна, ѓаволска етика. Кога некој има видение, треба да поседува големо духовно-благодатно искуство и идеална чистота во срцето, за да може да познае какви се неговите натприродни мистични доживувања - Божји или сатански. Молењето пред икони, прекрстувањето, примањето најдобри совети преку „небесните“ гласови
за морален живот, за молитвен подвиг и слично, сеуште не е гаранција дека се контактира со добрите духови. Токму за тоа многу познати сатанисти се послужиле, и се служат, со такви благочестиви форми, за да го покријат своето нечестие. Најтрагично во духовната состојба на лесномислените духоопштници е тоа, кога мислат дека му служат на Бога, тие се плен на ѓаволот. Здравата благодатна мистика обично е потполно природна и се изразува во секојдневното покајно-молитвено општење со Неописливиот и Недостижливиот Бог, со Пресвета Богородица, со светиот ангел-пазител и со светите, тие големи духовни мажи, кои за наше обраќање составиле толку многубројни и прекрасни молитви! Ете, таа здрава и спасителна мистика светата Црква им ја предложува на сите свои чеда. Зашто, според дотука пишаниот религиозномистичен пат - преку задлабочувањето во Православната вера, преку достигнување на висока и чиста евангелска
духовност, преку секојдневниот молитвен разговор со Бога и светите, секој може да достигне до небото, каде што вечно ќе пребива во рајските убавини и ќе биде во непосредно општење со небесните жители. 4. Во последните неколку години, барем ако судиме според честите медиумски известувања, бројот на луѓето кои што посетиле т.н. бајачи и патем биле измамени од истите е прилично висок. Каде ги лоцирате причините за ова? Луѓето бараат знаци заради нивната маловерност. Тоа го правеле и фарисеите и садукеите во Христово време, иако Христос секојдневно пред нивни очи правел исцеленија и чуда, па сепак, тоа за нив не било доволно. И самиот апостол Тома рече: „Додека не видам, нема да поверувам“. Затоа, обичниот човек посакува лекот за проблемите да го добие веднаш и на лице место, како со некое
маѓионичарско стапче, а токму тоа им го нудат бајачите и гатачите. Впрочем, ни телесното здравје не доаѓа преку ноќ. Потребен е период на лечење и рехабилитација, а да не говориме за духовно-психичките проблеми. Покајанието е процес на созревање, преиспитување, принесување на достојни плодови, поправање, исправање, па дури потоа можат да се видат плодовите од искреното покајание. Томиното апостолско неверие, нивното навредливо барање на очигледни докази, ни сведочи дека во сето ова се пројавила и Божјата волја. На Бога Му било угодно, апостолите постепено и природно да дојдат до свесна вера во Христа Исуса, Синот Божји, бидејќи било потребно да одат по светот и да ја проповедаат и да ја шират Црквата. Затоа тие морале да имаат вера која не допуштала никаков сомнеж и никакво двоумење, па само таква вера од нив да прими и целиот свет. Не била доволна само слепа вера, бидејќи со таква вера апостолите не би биле во состојба да извршат такво грандиозно дело, таков огромен напор и подвиг, каков што извршиле. Ним им била потребна само длабока, свесна и разумна вера – вера која го победи светот. 5. Што МПЦ-ОА презема во врска со ваквата практика? МПЦ-ОА презема конкретни чекори преку постојани поуки до верниците низ проповедите и низ предавањата. Секој еден, кој побарал помош и совет од свештениците, како да постапува со бајачите и гатачите, поучен е дека таму не треба да оди и да ги применува нивните надрилекарства. Доколку бил и доколку ги послушал нивните совети, треба искрено да се покае и исповеда кај свештеникот, со цврсто ветување дека никогаш повеќе нема да оди кај нив. За жал, голем дел од гатачите и бајачите успеваат да се инфилтрираат и во манастирски настојателства, па да узурпираат дури и манастирски имоти, а тогаш нивниот успех се зголемува, зашто се претставуваат како „светии“, кои, ете, божем работат во името на црквата. Во вакви случаи МПЦ-ОА бара помош и од државните институции за отстранување на непоканетите гости. 6. Но дали според православието се допушта дека таквите бајачи и исцелители вистински, практично помагаат за
отстранување на некоја болест или пак се работи за ништо повеќе од шарлатанство? Лесно би можела да се разликува благодатната сатанска посета, ако, како што првото поучува на добро и исполнување со радост, второто јавно нè поттикнување на зло и донесува жалост. Но, тоа сосема не е секогаш така. Демоните се безобразно итри! Тие така успешно ги имитираат Божјите јавувања, па дури и искусни испосници, преисполнети со Божја благодат, понекогаш бесовските измами ги примале за Божји откровенија. Која стапица не е замаскирана со гранки и лисја? Која јадица не е облечена во црвче или некоја друга мамка? Демоните, како лукави ловци на човечките души, знаат како да ги замаскираат своите стапици. Јавувајќи се во светлина, како ангели, тие обично ѝ поттикнуваат најубави мислења на својата жртва: „Моли се! Пости! Оди во црква!“ и слично, ако речат: „Блудствувај! Кради! Пијанчи се!“ - кој би ги послушал? Ѓаволот одлично знае, дека и неговите слуги, додека потполно не се сатанизираат, се воодушевуваат од добри побуди. Тој го користи тоа дотерување на нивната душа, за да ги исполни своите пеколни цели. Типичен случај на ѓаволското лукавство можеме да сретеме како е опишан во Делата на светите Апостоли (16: 16-18). Свети апостол Павле отишол да проповеда во Македонија, поттикнат од
едно благодатно видение. Со своите ученици се населил во градот Филипи. Еден ден, придружен од верните сопатници, тој отишол на молитва. По пат го сретнала една слугинка, во која имало дух да претскажува и која што им донесувала голема печалба на своите господари со своето претскажување. Кога врвела покрај нив, таа почнала да вика: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог и ни го објавуваат патот на спасението“. Така тоа го правела многу пати. Свети апостол Павле, откако му се здосадило, се обратил и му рекол на духот: „Во името на Исуса Христа ти заповедам да излезеш од неа!“. И духот во истиот часот ја напуштил. На прв поглед, свети апостол Павле како да постапил неправедно. Наместо да се радува, дека духот во слугинката го објавува него и неговите ученици „слуги на Севишниот Бог“, и дека среде непознатите жители на тој град им прави најдобра реклама, тој го изгонува! Но, погледнато подлабоко, Христовиот апостол постапил сосема правилно, бидејќи тој ги знаел темните замисли на лукавите (2. Кор. 2: 11). Зад таа привидно добронамерна услуга на демонот, најверојатно се криел таков лукав план; да ги оддели оние, кои што ќе стекнат во него доверба, и да ги излаже да тргнат по него, за да ги погуби. Свети Јован Златоуст многу вистинито забележува: „Ѓаволот
секогаш кон вистината додава некоја лага“. Еве еден карактеристичен пример на бесовска измама: Некој млад монах живеел тивко во својата ќелија. Демоните, откако примиле надворешен вид на ангели, сакале да го соблазнат: тие доаѓале при него, го разбудувале, му покажувале светлина и го поканувале на божествена служба. Монахот отишол при еден старец и му рекол: „Оче, ангели доаѓаат при мене и ме покануваат на божествена служба“. Старецот му рекол: „Немој да ги слушаш, чедо! Тоа се демоните. Кога ќе дојдат да те разбудат, речи им: Кога ќе посакам, тогаш ќе станам!“ Кога примил таков совет, монахот се вратил во својата ќелија. Другата ноќ демоните, според својот обичај, повторно дошле да го разбудат. Но, тој им одговрил: „Кога ќе посакам јас, тогаш ќе станам, а вас нема да ве слушам!“ Тие му одговориле: „Оној старец, кој е лицемер, те расипал, затоа не сакаш да нè слушаш. Но, ти треба да знаеш, дека при него дојде еден брат и му побара пари на заем, велејќи дека нема пари и ништо не му даде. Од ова треба да разбереш дека тој е лицемер“. Монахот рано утрото се разбудил, отишол при старецот и му раскажал сè што слушнал од бесовите. Старецот одговорил: „Дека имав пари, тоа е точно. А дека не ги дадов на братот, кој од мене ги бараше, тоа го направив, затоа што добро знаев дека
ќе ѝ напакости на својата душа, ако му ги дадам. Од таа причина си дозволив да нарушам една заповед, наместо преку исполнување на таа заповед, да ги нарушам Десетте заповеди. Од тоа нарушување би можело да произлезе голема смут, причина за која требаше да бидат парите кои јас ќе му ги дарував. А ти не ги слушај демоните, кои сакаат да те излажат“. Исполнувајќи ги советите на старецот, монахот се спасил. А, што ќе се случеше ако тој послушник се оддадеше на бесовските сугерирања? Тие најнапред му рекоа: „Станувај на божествена служба!“, потоа: „Сега само моли се, затоа што веќе достигна совршенство!“, а на крај ќе го научеа, со нивна помош, да врши и „чудеса“. Така полека-полека тие ќе го потчинеа на себе и ќе му всадеа таква сатанска гордост, која директно би го погубила. Не треба да се мисли дека настаните, како овој штотуку раскажуваниот, до нас дошле од длабоката древност по пат на сказни и приказни. И во нашата современост има многу слични јавувања. Сите денешни мистични доживувања, кои предизвикуваат интересирања, се темелат или на нездрава православна вера, или на нецврста евангелска духовност и го носат печатот на незабележителната ѓаволска измама. Во нашата црковна активност се среќаваат многу луѓе, кои што не се со поболени нерви, па да бидат сметани за патологични случаи, а водат еден потполно нормален живот, но ако се предадат на религиозни доживувања, гледаат „ангели“ и контактираат со духови, повикуваат души на умрени и примаат севозможни „небесни“ откровенија... Тие мислат дека се во врска со светителот духовен мир, зашто настаните, кои им се случиле биле премногу „убави“. А како може сатаната да поучува на добро? Наивна политика, логика! Зарем злите духови, кои се жедни да се вратат во довербата на лесноверните христијани, ќе почнат да им се јавуваат со своите „рогови“? Па, тие така би ги оддалечувале од себе! Ѓаволот не е толку плиткоумен, колку што се неговите жртви! Неговите лукавства не можат да се опфатат со еден поглед, ниту неговите замисли да се разобличат само со еден доказ. Во Откровението на свети Јован Богослов не се зборува за плиткоумие на сатаната, туку за „длабини сатански“ (2: 24)! 7. Што, околу оваа тематика, би сакале да им порачате на
македонските православни верници? Да запомниме дека, најсилното средство за борба против демоните е смиреномудрието! Оној, кој вистински е смирен, стои повисоко од оној кој врши чудеса! „Многумина примиле спасение, без да имаат дар на пророштва и прозорливост, на знаци и чудотворство, пишува свети Јован Лествички, но, без смирение никој нема да влезе во небесната одаја“. А во отечникот на свети Игнатиј Брјанчанинов читаме: „На еден старец му сооопштиле дека некој се удостоил да гледа ангели. Старецот одговорил: Блажени се оние, кои непрестајно ги гледаат своите гревови!“ Да бидеме религиозно трезвени! Да ја прегрнеме спасителната, здравата, благодатна мистика, која, не се состои во гледање на сомнителни виденија, туку во гледање на своите гревови и во покајание за нив! Молитвено да контактираме со Бог и со небесните жители, без да стремиме чувствено да гледаме разни ликови! Да ги чистиме срцата од разни страсти и пороци, постојано да се смируваме, растејќи во Божјата благодат, за да ги достигнеме плодовите на Светиот Дух, кои се: „Радост, мир, долготрпение, благост, милосрдие, љубов, смирение, вера, кротост, воздржание“ (Гал. 5: 22-23), затоа што на нашите души многу им е поубаво кога ќе добиеме смирение - односно на своите добродетели, отколу виденија, кои можат да бидат повод за да се возгордееме и да погинеме. На судниот ден многумина чудотворци ќе му речат на Праведниот Судија: „Господи, Господи, не во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме?“ Но, тие ќе го слушнат гласот Божји, бидејќи немале смирение и се гордееле со натприродните дарби: „Бегајте од мене вие што не правите законски дела!“ (Матеј 7: 22-23). А пред бедните во дух, односно пред смирените, широко ќе се отворат вратите на Царството Небесно (Матеј 5: 3). Тие ќе бидат пуштени да влезат внатре, за да бидат вечно со Царот на смирението, Господ Исус Христос. Интервјуто го направи: Александар Стеванов во соработка со: Благојче Андонов
БЛИСКИ СРЕДБИ ОД ТРЕТ ВИД СО ЕДНА ОБИЧНА ГОСПОЃА СО „НАТПРИРОДНИ МОЌИ“ Пред околу половина дузина години, сосема случајно разбрав дека во зградата во која што во тоа време живеев, речиси година дена била сместена и некоја јасновитка со натприродни моќи. Се зачудив како за тоа дотогаш не бев слушнал ама баш ништо, а мојата пријателка која што ми ја сподели оваа информација, ми се чини дека се зачуди дури и повеќе. Не, тоа не беше поврзано со што и да е околу јасновидството, за неа тоа беше нешто сосема секојдневно. Нејзиното чудење се должеше на фактот што не си ги познавам соседите. Знаете, се покажа дека со јасновитката живееме на истиот спрат, со влезни врати оддалечени едвај десетина метри. Никогаш претходно немав било какво лично искуство со пророкување на иднината. Веројатно затоа сево ова ми се виде интересно, па уште веднаш ја замолив заедничката пријателка кога ќе биде послободна да нè запознае. За неколку дена така и се случи, се најдов на гости кај мојата соседка јасновитка. Беше тоа енергична, средовечна жена. Зборуваше со некаков источноевропски акцент и имаше аристократски манири. Веднаш по краткото формално запознавање ја започнавме сеансата. Ми се чини дека таа беше дури и понетрпелива од мене. Причината поради која што сакав да се запознаам со неа всушност не беше затоа што имав некој посебен интерес за пророкување на мојата иднина. Тоа беше повеќе за и практично да пробам да разберам дали навистина госпоѓата има надприродни моќи какви што се тврдеше дека поседува. И така додека таа ме анализираше на метафизичко ниво, јас ја проучував нејзе од чисто психолошки аспект. Да се разбереме, таа не беше од оние јасновитки кои што тоа го прават за да изнудат пари и за било каква материјална добивка. Иако ја прашав, воопшто не сакаше ни да слушне
да ѝ се плати. Ми се чини дека тоа што го правеше на некој начин ја усреќуваше и ја исполнуваше со радост. Самиот разговор со неа течеше исклучително пријатно. Набргу стекнавме взаемна доверба, па покрај спиритуалните теми, разменивме и по некој муабет од секојдневниот живот. Ми кажа дека целиот тој месец имала страшна главоболка поради тоа што некои си Руси од погорниот спрат пуштале гласна музика. Рече дека не може да сфати како и тие ја немаат истата главоболка, како воопшто можат секој ден да ги слушаат истите песни. Надвор веќе се беше стемнило и по речиси два часа сеансата конечно заврши. Причината за крај беше поради тоа што госпоѓата мораше да го прибере багажот и покуќнината. Да, тој ден ѝ беше последниот од престојот во тој стан. Се тешко срце се поздравивме, небаре се знаеме цел живот, по што си тргнав. Па сепак нешто во мене сè уште не сакаше да стави точка. Како да имав потреба да потпрашам уште нешто, како да сакав да слушнам уште некоја нејзина животна филозофија. По неполни пет минути повторно ѝ затропав на вратата. Веројатно таа си помисли дека нешто сум заборавил, но не беше така. Се понудив да ѝ помогнам во пакувањето и расчистувањето, што таа со радост го прифати. И така додека расчистувавме, за работата полесно да врви, ги продолживме истите муабети на истите оние спиритуални теми. Беше интересно дека година дена живееме на истиот спрат, а се среќаваме дури на ден пред таа да се исели од таму. Се сеќавам дека ми рече оти тоа сепак било некаков знак, рече дека некоја виша сила токму тогаш нè поврзала, за таа мене да ми раскаже нешто од „зоната на самракот“, а јас нејзе да ѝ помогнам при преселбата. Се насмеав учтиво, можеби тоа и навистина беше некаков знак. Па сепак во главата не престануваше да ми се врти едно прашање како воопшто можеше да знае што и да е за нечие минато или иднина, а притоа воопшто да не претпоставува кој е
вистинскиот виновник за ужасната главоболка која што ја измачувала веќе цел месец. Знаете, не Русите од горниот спрат, туку истиот оној кој што во тие моменти ѝ помагаше при преселбата, беше човекот што со глас пуштен до даска, со денови наназад, по безброј пати на ден ги преслушуваше истите песни од својот омилен MP3 диск. [вистинска приказна] Александар Стеванов
Александар Турунџев македонски револуционер, портрет карикатура во боја на хартија Никола Анѓелкоски
Александар Македонски на фрескоживопис од XVI век На околу петнаесетина километри северно од центарот на Скопје, во подножјето на Скопска Црна Гора се наоѓа живописното село Бањани. Во селото се наоѓа една мошне интересна црква посветена на Св. Ѓорѓија Победоносецот. За селото, за црквата и за дел од фрескоживописот во неа уште во средината на XIX век во „Цариградски Весник“ Јордан Хаџиконстантинов Џинот запишал: „Село Бањани, до изобилие имовито со јаболки, круши, цреши, ораси, праски, грозје, мед, млеко, жито и др. Има и богати мажи и домаќини, многу љубат духовници, многу и премногу ги крепат манастирите. Имаат црковен храм на Св. Великомаченик и Победоносец Ѓорѓија. Внатре во црквата се насликани… Цар Александар Македонски и Грбот негов нарицаеми фаланга и Гордиев чвор, и Лав Македонски…“ Црквата е еднокорабна и со релативно мали димензии. Од сочуваниот натпис од влезот од внатрешната страна се дознава дека градењето на црквата траело три години и било завршено во 1548/49 година кога бил изведен и оригиналниот фрескоживопис кој се истакнува со високи уметнички квалитети на непознатиот зограф, за кого нашите учени сметаат дека припаѓал кон најталентираните мајстори на неговото време. Во црквата има и понов слој на фрескоживопис кој датира од XIX век и бил насликан од познатиот зограф Димитар Андонов Папрадишки којшто воедно ги насликал и иконите на иконостасот во црквата.1
Бојко Стојановски-Цоњче „Факти за скопско црногорие“, Студентски Збор, Скопје, 2004, стр. 47-48. 1
Веруваме дека жителите на Скопје, и воопшто Македонците не се запознаени со овој наш православен храм и фреските што се наоѓаат во него, коишто за чудо се зачувани до ден денешен. Затоа преку овој напис ни претставува чест и задоволство да ви претставиме дел од нив. Гоце Панговски Фото: Кире Кекенов
Влезот на црквата Св.Ѓорѓија во скопското село Бањани
Дел од фреската со Александар Македонски
Дел од фреската со македонскиот лав и натписот „македонско царство“
Икони од Македонија
Богородица Одигитрија, втора половина на XVI век, црква Св. Јован Претеча, манастир Слепче, Демир Хисар.
Св. Кирил и Св. Методиј, втора половина на XIX век, непознато потекло, Музеј на Македонија.
Доделувањето на благодарници продолжува Главниот и одговорен уредник на електронсково списание- Благојче Андонов, ја имаше честа на седми јули оваа година, меѓу другите, да додели благодарница на нашата соработничка Роза Мојсовска, дел од чие што ликовно творештво беше објавено во третиот број на „Македонска Ризница“, објавен на први октомври 2012 година. Редакција
Овде можете да ги прочитате сите претх
Секоја од насловните страници претставува линк до содржи
ходни изданија на Македонска ризница
ината на соодветниот изминат број на Македонска ризница
Мoжете: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело. Е-ПОШТА: makedonska.riznica@yahoo.com
Медиумски покровители: