Македонска Ризница 19

Page 1

електронско списание

Република Македонија

Февруари 2014 | Број 19 ISSN 1857-9314


Македонска Ризница ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Благојче Андонов ИЗДАВАЧ: Александар Стеванов ДИЗАЈН: Сашо Гачев РЕДАКЦИЈА: Гоце Панговски

СОРАБОТНИЦИ: Марија Котовска Јане Наумоски Јордан Коцевски Владо Јаневски Никола Анѓелкоски Гоце Цветановски Никола Темков Ласко Џуровски Јована Велинова Елена Ѓорѓиевска

Почитувани читатели, Ние, Македонците, можеби не сме најдобри во сè, но сме биле, сме и ќе бидеме најдобри во многу. Многу империи дале славни војсководци, но само една, Македонската, го даде најславниот, Александар Македонски. Многу народи дале просветени дејци, но само еден, Македонскиот, ги даде браќата што го описменија сиот словенски свет, Кирил и Методиј од Солун. Многу држави имаат славна историја, но само од една, од Македонија, светиот Апостол Павле тргна да го шири христијанството низ Европа. Многу градови имаат славно минато, но во само еден, во Охрид, беше отворен првиот универзитет на Балканот, Охридската школа. Многу е драгоцен овој наш македонски идентитет, штом толку многу ни го сакаат и со векови се тепаат да ни го украдат. И пред сè, ние, Македонците треба да знаеме зошто е тоа така, но и како истиот да го зачуваме и надградиме. И со секое сопствено индивидуално надградување ја подигаме и колективната свест. А токму трудовите како „Македонска Ризница“ претставуваат еден совршен портал на значајни информации за македонското, за она што било и за она што е. Олицетворението на македонскиот непокор, нашите најголеми револуционери, биле истовремено и исклучителни интелектуалци. Зашто знаењето е и сила и моќ. И само обединети во име на македонската кауза, со богат дух и негуван ум може да излеземе од оваа битка на нашата генерација како победници, со исправени рбети и со кренати глави. Тоа им го должиме на нашите славни предци и на нашите идни поколенија. Марија Котовска

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА


Во овој број ќе читате: Иван Мештровиќ Александар Стеванов и Гоце Панговски .....................................................................................

04

Наган револверот во служба на македонските револуционери Александар Стеванов ...........................................................................................................

08

Интервју: Јане Наумоски Јордан Коцевски ....................................................................................................................

12

Фотографии Јане Наумоски ......................................................................................................................

30

Под друга капа - извадок од роман Владо Јаневски .........................................................................................................................

24

Портрет карикатура - Коста Попето Никола Анѓелкоски .....................................................................................................................................

37

Топ 10 листа - личности од Македонија погодни за филм Гоце Цветановски ......................................................................................................................

38

Интервју: Никола Темков Александар Стеванов .............................................................................................................

40

Илустрации Никола Темков .......................................................................................................................

44

Јон Димов познат под името Јон Пашата Александар Стеванов

............................................................................................................ 52

Слики Елена Ѓорѓиевска ......................................................................................................................................... 54

Отвори Лено вартничка Редакција

............................................................................................................................. 66

Македонски фолклор низ фотографии Редакција

............................................................................................................................. 68

Икони од Македонија Редакција

............................................................................................................................. 70


ИВАН МЕШТРОВИЌ Марко Крале

Иван Мештровиќ (Ivan Meštrović) роден на 15 август 1883 година во Врполе е хрватски и југословенски скулптор и архитект кој што, заедно со Антун Аугустинчиќ и Франо Кршиниќ, спаѓа во групата на најзначајни хрватски скулптори на XX век. Негови најпознати дела се двете скулптури на Индијанци во Чикаго, скулптурата „Победник“ на Калемегдан во Белград, „Хрватска историја“ и „Извор на животот“ во Загреб... Покрај многуте други, Мештровиќ е автор и на скулптура на познатиот македонски владетел Марко Крале со неговиот верен коњ Шарец, која денес е дел од богатата збирка на Народниот музеј во Белград. Оваа скулптура на Мештровиќ е прикажана на југословенската банкнота од 1931 година со вредност од 50 динари, како и на југословенска поштенска марка од 28 септември 1963 година.

Димитар Ризов

Хрватскиот скулптор Иван Мештровиќ за нас Македонците е интересен и заради неговите мемоари под наслов „Uspomene na političke ljude i događaje“, во коишто има недвосмислено сведоштво за македонската национална посебност од соседните народи на Балканот. Имено, Мештровиќ преку својата уметничка дејност во текот на неговиот живот имал можност лично да се запознае со многу видни личности од политичкиот и општествениот живот на


скоро сите балкански и подалечни земји. Во неговите мемоари Мештровиќ, меѓу другите, пренесува детали и за една негова средба и разговор со битолчанецот Димитар Ризов во Рим, во 1912 г. којашто е забележана и објавена од македонската историографија.1 Во тоа време Димитар Ризов исцело и отворено и служи на бугарската државна завојувачка политика спрема неговата родна Македонија и во Рим се наоѓа како официјален претставник на Бугарија. Во интимниот разговор со Мештровиќ, кој ви го пренесуваме во овој напис, тој сепак јасно ја искажува 1 2

својата македонска национална припадност. Во него непосредно дава и јасна слика за пропагандите на соседите над генерациите млади Македонци преку просветните институции, како и одговор на тоа како и зошто подоцна тој самиот свесно се ставил во служба на бугарските интереси во однос на Македонија. „...Во медените месеци на успешниот почеток на војната против Турците2 зборуваше како уверен Југословен. Мене, како на Хрват, ми ја објаснуваше вистинската состојба на работите во Македонија и зборуваше дека е штета што првата словенска

„Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Т.1, Скопје, 1981, 539 Се мисли на почетокот на Првата Балканска Војна.


слободна држава не е создадена во Македонија, која во заедницата еднакво би ги привлекувала Бугарите и Србите и би била алка, а не раздор помеѓу Србите и Бугарите. Ми раскажуваше дека Македонците, говорејќи ја објективната вистина, не се ни Бугари ни Срби, туку македонски Словени, коишто говорат на свој посебен јазик или наречје. Околноста што бугарскиот јазик е поблизок до македонскиот треба да се толкува со тоа што Бугарите повеќе се држеле до старословенскиот, а Србите повеќе се приближиле до хрватскиот. Освен тоа, причината за таа денешна состојба во која Македонците повеќе се согласни со Бугарите е посилната и поуспешна пропаганда и широкоградно примање на Македонците во Бугарија. Така го изнесе својот личен пример, како и на многу други. „Нашиот свет – рече – беше само „Македонски Христијанин“, потоа стана, кога се разви грчката пропаганда, „Македонски Христијанин Славјанин“. Нам ни беше сеедно, која христијанска земја ќе ни помогне, да се ослободиме од Турците. Јас сум родум од Битола. Во Битола имаше неколку гимназии: турска, грчка, српска и бугарска. Нам на Словените ни беше сеедно, во која словенска гимназија ќе одиме. Јас, на пример, со многумина свои другари, коишто после станаа Бугари, учев во српска гимназија. Вистина е дека професорите во гимназијата ни зборуваа дека сме Срби, како и тие (професорите) на оние во бугарската гимназија дека се Бугари, но ние во себе си мислевме, а тоа и дома ни го кажуваа: сеедно, нека прикажуваат тие, но ние сме си македонски Словени христијани. Се случи, по шестото одделение, после одморите, да не добиеме стипендија. Отидовме јас и еден другар во Белград, да извидиме и наредиме. Чекај, чекај, ама не можеш ништо да наредиш. Еден 3

другар ни рече, дека Бугарите понудиле, дека веднаш ќе ни дадат стипендија, ако отидеме во бугарската гимназија. Ние тогаш почнавме да се советуваме, што да правиме, и конечно заклучивме, да прифатиме, оправдувајќи со тоа дека: Христијани и Словени Срби, или Христијани и Словени Бугари, нам ни е сеедно, кој ќе ни даде и кој ќе ја ослободи Македонија од Турците. Кога ја завршивме гимназијата, отидовме во Софија во вишата школа, се разбира со стипендија. Ние им велиме Македонски Словени, тие велат Бугари, и така ние се привикнавме. Ете, така јас станав Бугарин. Баш како Коста Стојановиќ и толку други Македонци во Белград (станаа) Срби.“ – заврши Ризов, објаснувајќи, дека нив, Македонците, сè повеќе кон Бугарија ги влечеше нивниот реалистичен инстинкт, дека има поголема веројатност, дека Бугарите ќе им помогнат, да се ослободат од Турците отколку Србите. - Ние Македонците сме на главните позиции во Бугарија, и тогаш е природно, да сакаме цела Македонија да влезе во Бугарија. Сакаме, да имаме силна држава, да избиеме на три мориња, а после ќе видиме, – ми објаснуваше понатака Ризов.“3 Александар Стеванов Гоце Панговски

Ivan Meštrović „Uspomene na političke ljude i događaje“, Buenos Aires, 1961, 30-31 (превод на македонски Гоце Панговски)



НАГАН РЕВОЛВЕРОТ ВО СЛУЖБА НА МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ Во последните години од борбата за слобода против Отоманската империја, едно од најомилените оружја на македонските револуционери бил револверот наган (Nagant). За популарноста на ова оружје меѓу македонските војводи сведочи американскиот новинар Алберт Сониксен (Albert Sonnichsen), автор на книгата „Исповед на еден македонски четник“ (Confessions of a Macedonian Bandit), кој што во 1906 година шест месеци престојувал со македонските комити. „Вечерта се собравме во големата колиба, каде што спиеја четниците. Во средината се разгори голем оган, чијшто чад се цедеше низ трските на покривот. Во дното послаа голема черга врз дебел пласт од шамак. Тука Лука, Тодор и јас го установивме нашиот постојан стан. Ниеден аристократски салон не бил подобро украсен со оружје. Над главата на секој заспан четник висеше манлихеров карабин, бајонет и нагант“, во својата книга „Исповед на еден македонски четник“ издадена за прв пат во САД, во 1909 година, Сониксен ги пренесува своите импресии од првиот ден кога стасал во Ениџевардаското блато кај четата на војводата Апостол Петков Терзиев. 1 За самиот Апостол Петков Терзиев, кого што

1

Albert Sonnichsen “Confessions of a Macedonian Bandit“, New York, 1909, 33


го нарекува „видната личност на револуцијата“ и „македонски Робин Худ“, Сониксен вели дека бил „вооружен не само со манлихерка и нагант, туку и со кама со сребрена дршка, провисната на неговиот колан со патрони.“ 2

Револверот наган бил дизајниран од браќата Емил и Леон Наган (Émile & Léon Nagant) по нарачка од царска Русија. Неговото производство започнало во „Fabrique d’armes Emile et Léon Nagant“, семејната фабрика на браќата Наган основана во 1859 година во Лиеж (Liège) Белгија, а набргу потоа било пренесено

2 3

Ibid, 34 „Предсмртно писмо од саможртва за Македонија“, Macedonium

во Русија. Револверот има калибар од 7.62mm, во буренцето собира 7 куршуми и бил прочуен по својата издржливост. Тој е спомнат и во претсмртното писмо на Ѓемиџијата Јордан поп Орданов - Орцето.

„Сакана единствена Кате, Кога ќе го читаш моето последно писмо, мене веќе нема да ме има, јас ќе бидам труп или веќе фрлен во некоја дупка како претепано куче. Но во мигов кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам“, го започнува своето последно писмо Поп Јорданов, пред да го положи својот живот пред македонскиот олтар, на 30 април 1903 година.3 Освен Орце, крај на својот живот со наган в рака ставил и славниот македонски војвода Ѓорѓи


„Згрмеја пушки, пушки аскерски, крвави, сета дружина му ја избија. Тогај извади нагант леворвер, Ѓорѓи Сугарев самиот крвта си ја пролеа, самиот крвта си ја пролеа, Ѓорѓи Сугарев, жив на душмани не се предаде.“ 4 Во друга верзија на оваа песна се спомнува дека и припадниците на четата на Ѓорѓи Сугарев имале наган револвери. „Заплакало е Мариово, заплакало за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев. Каде си Ѓорѓи, сега да дојдеш од душманите да нè куртулиш. Тогај извикна Горги Сугарев, повикна, од демрихисарските балкани: -Слушам ве народ, народ поробен, слушам ви гласој, гласој жалосни. Сега за скоро јас ќе дојдам, ќе пристигнам, со триесет одбрани момчиња, сите со пушки малихери, сите со нагант револвери.“ Наган револверот е опеан од македонскиот народен гениј и во песната „Гоце е тажен зашто Сугарев. Овој настан, вклучително и револверот наган, блиските жив го жалат“, посветена на големиот е опеан во последната строфа од народната песна македонски идеолог Гоце Делчев. „Заплакало е Мариово“ посветена на трагичниот крај на војводата. „Зашто бре Гоце, чашка не допиваш, дали ти е, Гоце, пушка дотегнала,

4

„Заплакало е Мариово“, Pesna.org (Macedonian Documents)


или ти е, Гоце, сабја рѓосала? - Еј мори, моме, солунска девојко, диљ ме питаш право ке ти кажум, право ке ти кажум, без да те излажум. Сношти си поминах низ Кукуша града, низ Кукуша града, низ Ќучук махала. Мојта стара мајка по двори си ходи, в црно забрадена, мен ме живо жали. Мојут стари тејко е небрснат ходи, е небрснат ходи, и за мен жалее. Мојте мили сестри бели китки садат, бели китки садат ама не се кичат, по друшки ги дават за мојата младост. Мојте мили браќа нагантти си стегат, нагантти си стегат на борба да идат на борба да идат за свободата. Мојте мили внуци по цел ден ме чекат, от Солун да дојдум, бакшиш да им донцум – пушки манлихери, нагантт ливорвери.“ 5 Ова оружје на македонските револуционери се спомнува и во епската песна „Абре Каурче“. „Абре каурче, как ми се гледаш кумит ќе бидеш! -Ај ер ефенди, јас не сум кумит, со чета одам! -Абре каурче, как ми се гледаш пушка си носиш! -Ај ер ефенди, јас пушка немам, малиќер носам! 5 6

-Абре каурче, как ми се гледаш леворвер носиш! -Ај ер ефенди, леворвер немам, нагантт си носам! -Абре каурче, как ми се гледаш и сабја имаш? - Ај ер ефенди, јас сабја немам, јас кама носам.“ 6

Припадниците на македонската револуционерна организација заклетва давале пред евангелие и вкрстени кама и револвер, од кои што последниот не ретко бил и наган. Но ова оружје освен што се користело во борбата против османлиската тиранија, за жал, подоцна било употребувано и во многубројните братоубиствени акции на разните фракции во македонското револуционерно дело. Имено во 1907 година револуционерот Борис Сарафов бил застралан од страна на Тодор Паница токму со овој тип револвер. Иако неговото производство е започнато пред повеќе од еден век, во далечна 1895 година, наган револверот се користи и до ден денес. Александар Стеванов

Марко Китевски „Песната за Гоце најголем споменик на војводата“, Македонска нација, 5 декември 2013 Божо Стефановски „Цут цутила черешвица, македонски народни песни од Мариово“, БИГОСС-Скопје, Скопје, 1995 година


ИНТЕРВЈУ ЈАНЕ НАУМОСКИ Јане Наумоски е охриѓанец роден во 1983 година. Последниве десетина години професионално се занимава со дизајн на веб сајтови и од поново време на апликации за андроид и iOS. Времето што му преостанува по завршувањето на обврските (и ТВ сериите), ѝ го посветува на својата пасија - фотографијата. Тој е опуштена личност и многу пријатно друштво, чиј хумор не престанува да изненадува. Минатата година ја обележа со наградата за најдобар фото блог, која ја доделуваат „Блогираме“ и македонската Twitter заедница и со завршувањето на проектот „365“, за што и ќе зборуваме повеќе во ова интервју.


Кога за прв пат кај тебе се роди страста за професионално фотографирање? Не сум сигурен. Постои голема веројатност дека сум ја наследил Татко ми е, исто така, пасиониран фотограф и, уште како дете, од него го добив првиот апарат и првите часови по фотографија. Во различни периоди од животов, со различен интензитет се занимавав со фотографија. Меѓутоа, неколку години пред да го започнам проектот „365“, сè почесто се фаќав себеси како размислувам кои моменти или сцени би биле добри фотки, како правам напор (и, особено, пресметки да си обезбедам што подобра фото-опрема, како одвојувам сè повеќе и повеќе време и енергија за фотографирање... Всушност, постепено, од хоби, фотографијата ми прерасна во вистинска пасија. И тоа не можев да го игнорирам почувствував дека беше време да почнам да вложувам дополнителен труд . Фотографијата е фасцинантно поле за креативно изразување - и неверојатен „учител“ за различните перспективи од кои може да се набљудува житотот и светот. Каков фото апарат користиш, и кој апарат би сакал да го имаш? Во моментов користам Canon EOS 5D Mark II. Неодамна го купив и презадоволен сум од него, па, иако имам многу желби поврзани со опремата , засега не размислувам за друг апарат (но, имам намера да се подновам со објективи). Како започна идејата за проектот „365“? Како што веќе реков, фотографијата ме интересираше долго време пред да го започнам овој проект; меѓутоа, постепено, почувствував потреба да го надградам

знаењето што го имав и да ѝ посветам многу повеќе време. Пребарувајќи по интернет интересни предлози за начините на кои еден ентузијаст би можел посериозно да се позанимава со различните фотографски стилови, техники и мотиви, налетав на идејата за „365“. Дали изборот на мотивите за дневната фотографија одеше спонтано од ден на ден или си поставуваше одредена тема како задача претходно? Вообичаено, спонтано го правев изборот на мотиви. Една од најдобрите и најинтересните придобивки на набљудувањето на светот со фотографско око е што стануваш свесен за изобилието од мотиви околу тебе. Меѓутоа, колку повеќе напредуваше проектот, толку повеќе теми опфаќав; толку попривлечни ми стануваа одделни мотиви; така, некои денови настапував со план, со цел да фотографирам на дадена тема - и таа фотка да биде подобра од претходната на истата тема. Имаше ли проблеми со инспирација? Се случуваше и тоа. Понекогаш секојдневието не ми дозволуваше ниту време ниту енергија да направам пауза и опуштено да барам инспирација за фотката за тој ден; понекогаш ми беше потребна разноликост на мотиви којашто, од објективни причини, не можев да ја имам. Но, за среќа, и во обичното може да се најде нешто необично; со малку напор, може да се забележи претходно незабележливото; пријатели може да прифатат да учествуваат во фото-експеримент итн. Кој ден ти зададе најмногу проблеми, т.е. која фотографија те „измачи“ најмногу? Ако ги занемариме краткотрајните потешкотии со


инспирацијата, не би можел да кажам дека некоја фотка ме „измачила“. Всушност, и не се сеќавам дека сум се чувствувал така во врска со некоја од фотографиите. Секој ден го правев тоа што го сакав, а и со јасна цел, па и да налетав на потешкотии во реализацијата на некоја замисла, имав мотив, како и поддршка од луѓето околу мене, да ги надминам тие потешкотии. Ако треба да издвоиш една фотографија која ти е најомилена, која би била таа? Уф, тешко прашање! Имам љубов за сите фотки од

проектов и не сум сигурен дека би можел да издвојам некоја. Ако морам, тогаш, би ги посочил Lemon Project и Dancing Colors - и двете поради тоа што беа исклучително забавни за правење. Незаборавни се изразите на лицата на оние што учествуваа во Lemon Project; благодарение на колегите коишто ми дозволија да ги фотографирам додека пробуваат лимон, феноменален беше тој ден. А Dancing Colors... истураш бои на најлон над звучник, пушташ музика и ги фотографираш нивните „скокови“ - не верувам дека има потреба да објаснувам колку е тоа забавно


Непосредно по нова година се појави апликација за „паметни“ телефони со наслов „365 Wallpapers“, која е одлично крунисување на твојот проект. Дали може да ни кажеш малку повеќе за истата?

на 4 Март 2013. 365 фотки, 365 позадини. Со изминатата година заврши и твојот проект „365“.

Девелопери на „365 Wallpapers“ се Виктор Зубер и Дарко Гроздановски, а свој придонес со идеи и забелешки дадоа уште неколкумина креативци. Се работи за апликација за Андроид и, доколку ја инсталирате, секојдневно ќе му доставува на вашиот уред нова позадина којашто, всушност, е фотографија од мојот „365“. Така, на, на пример, 4 Март 2014 како позадина ќе ви се појави фотката што сум на направил

Новини, многу новини. Веќе работам на редизајн на мојот блог, редизајн што ќе ми дозволи простор за свежи содржини и нови фото-проекти.

Што да очекуваме оваа година?

Јордан Коцевски


ЈАНЕ НАУМОСКИ


И - фотографии














ПОД ДРУГА КАПА - Владо Јаневски Редакцијата на електронското списание „Македонска Ризница“ има чест ексклузивно да Ви претстави извадок од сè уште необјавениот роман на авторот Владо Јаневски, насловен „Под друга капа“, кој претстaвува продолжение на романот „Маде ин Јабана“ издаден во 2004 година. Се надеваме дека ќе уживате во одломката од романот „Под друга капа“.

— 2 — Смарто го заплисна тиркизна светлина; безброј сини мравки му јурнаа во виделото, мораше да ги трие очите до болка за да се спаси од поројот синило. Штом се привикна на светлината гледаше во високо небо. Му се пристори дека после долги години повторно е во Македонија, во полето под село. Височината на небото му се чинеше токму е по мерата што ја запаметил како дете додека со часови лежеше в поле; истегнат на грб во висока зелена трева мислеше може непогрешливо да каже ако му беше подметнато туѓо небо. За момент си помисли го гледа високото небо од детството; очекуваше да ги чуе познатите звуци: блеењето на овците, зуењето на пчелите, цвркотот на штурците, гласот на мајка си што го бара заскитаното дете... Го пресече силна жед. Сега шо би се надринкал колд маштејнца, цело грне би испил, си рече. Меѓутоа, штом поткрена глава Смарто забележа дека наместо во поле со миризлива зелена трева лежи на песоклив брег, пред него само хоризонт потонат во бескрајна вода: бранови, бура, “Јунајтана Маќедонија”, му штукна во умот. Се стресе од помислата на големиот бран што му се врати во мислите и пак го поклопи бродот, тука му се прекинуваше сеќавањето. Сигурно изгубиф свес или се удајф, си помисли. Ту, ти ебам стреќата шугава, се прекори. Потоа забележа, не е сам, во близина имаше уште некој. Чекај бе, се стаписа, види го цигулето. Шо прај качен на неја, се прајло така на жена шо спије или је умрена. “Ај сиктер, мавни се од моја Дојдена,” му подвикна на стариот Вртме. “Ако сме дошле на другијо свет то не значи дека сега можиш да прајш шо ќе ти текни. Ја и на овај и на онај свет мавам гадно.” Во очите на Смарто изгледаше како Вртме да се качил на беспомошната Дојдена и ја меси - ја фаќа и стиска по градите, ја гмечи за срамните меса. Смарто ведаш се најде над забревтаниот Вртме. Го удри по тилот, безмалку го онесвести. Вртме се затетерави и падна на колена во песокта. “Ме утепа за ништо,” простенка Вртме. “Това ми е фала што ти ја спасив кожинката? Ете ти ја и Дојдена. Не знам дали ќе се повратит, имат многу испијано.”


Тогаш Дојдена се закашла и почна да исплукува вода. Се враќаше во живот. Набрзо образите повторно и се заруменија, ги отвори очите; го здогледа Смарто и пушти гласче: “О, дарлинг, ти ме спаси, кис ми хероју мој.” “Леле, тефтерот! Дали се спаси тефтерот?” Смарто рипна како попарен. Многу му значеше тефтерот, што всушност беше незавршена книга на неговиот најдобар пријател. Покрај љубовта кон Дојдена во срцето на Смарто имаше место единствено уште за неговиот најдобар пријател, писател, сега покоен. Писателот си отиде уште млад, го покоси нечија брзоплета рака. Смарто во писателот гледаше креативен човек од народот што во туѓина умееше да напише жестока патриотска поезија со која ќе ти го расплаче срцето и расшмрка носот од тага по родниот крај. Еден ден писателот науми да напише творба-темелник за идните генерации. Доста му беше од читања и рецитали по игранки и приредби. Отпрвин се исплаши, помислата му се виде голем залак. Меѓутоа Смарто имаше високо мислење за народниот уметник и му го кажа токму тоа кога писателот после неколку брзи чашки обзнани што го тишти во последно време. И така, охрабрен од Самрто, се до прераната смрт, писателот ги излеваше своите патриотски мудрости во еден поголем тефтер; таму деноноќно коваше смел уметнички проект за она што било и ќе биде од македонскиот народ. Смарто, кога го наследи тефтерот, не се делеше од него, секогаш му беше при рака: му идеше полесно на душата кога го отвораше, понекогаш дури и самиот пишуваше, се надоврзуваше на жешките мисли излеани во недовршената книга, качен на рамењата на покојниот творец се обидуваше да го доврши делото. Вртме ја знаеше слабоста на својот шеф. Го потчукна по рамо и му го покажа дрвениот ковчег на педесетина метри од нив: “Таму ти е се.” “Бравос, Вртме, праф патријота си!” Смарто ќе излеташе од радост. Кога го отвори ковчегот, срцето му запеа. Тука беа тефтерот на писателот, картата на обединета Македонија, неколкуте влакна што тој си мислеше дека се од мустаќите на Гоцета Делчев, кубурата и камата и сите оние, за него важни, ситници што за време на долгите години поминати во туѓина го правеа да се чувствува како дома. Вдиша длабоко од морскиот воздух, ги рашири рацете како цел свет повторно да е негов. “Дружино, спасени сме,” им рече на своите. “Видофте, нешто не не даде на водиштево, има нешто вишо шо ќе ни помогни да истрајме во борбата за јунајтана Маќедонија.” “Бамуја, јунајтана. Јас не знам кај сме сега,” Вртме се вртеше во круг. “Кој е овај плејс и како се најдовме тука? “Орајцки је то, Вртме. И ја не знам али сигурно је некој место у Острелија. Но- ворис, сега ќе


испитаме. Ќе се развртиме лево-десно, ќе се распрашаме за дајрекшонс, мајката. Ти шо се секираш, кај и да сме инглиш знајме. Инглишот у цела Острелија се спика. Зачас ќе откријаме кај сме се залутале и ќе си го фатиме пато за назад.” “Дарлинг, види каква сум се напрајла,” му се пожали Дојдена на својот љубовник. “Фустанот ми се истуткал ко вреќа, се извалкал и флизурата ми се замастила, заплеткала. Многу сум меси и стики, целата вака нечиста, солена напрајна, ич веќе не можам да се поднесвам. Под итно ми треби туширање. Оф, и гладна сум и жедна. Сакам да дринкам нешто оти ми горчи од водиштево шо сум го голтнала. Дарлинг, плис, квикли мораш да ми створиш основни удопства за нормал лајф. Не можам вака долго да стојам.” “Бјутице, издржи уште малку,” Смарто ја смируваше, “хелпот ќе биди тука вери сун и сите ќе си одиме домче. Можи и со хеликоптер ќе не префрлат дајрек у Сиднеј наш.” Прекрасно утро се раѓаше на едно парче земја изгубено некаде длабоко во Индискиот Океан. Сончевите зраци разиграно се прелеваа во мирната крајбрежна вода. Дружината на Смарто тргна да го истражува теренот.

Тефтерот: Додека беше жив писателот не се делеше од тефтерот, го имаше при рака преку ден кога го возеше таксито и доцна навечер кога си легнуваше, дури и в клозет се затвораше со него - никогаш не се знае кога ќе ти надојдат творечките мисли, тогаш ако немаш бележник при рака да запишеш, готово, отидоа бисерите по цевки. Затоа писателот постојано ја имаше подебелата книга крај себе. Се крстеше во неа. Ете видиш, жими тефетеров ако те лажам, беше доволно да ти рече за да му поверуваш дека ја зборува вистината.

— 3 —


Беше пред стемнување кога дружината се врати на почетната позиција, кај дрвениот ковчег на брегот. Сите испоседнати на песокта молчеа, никому не му беше до зборување. Дојдена го прекина молчењето. Беше очајна: “Е, шо напрајвме? Толку скитање за ништо?” “Барем тро водичка за пиење најдовме,” рече Вртме. “А бе, како можело вака никој да не сретнафме!?” Смарто се чудеше. “Ја знам оти Острелија је голема по површинцки и то, ама па до толку ич чојк да немало? “Можит сите беа заминати некаде,” претпостави Дојдена. “Каде?” се прашуваше Смарто. “На работа,” рече Вртме. “Каква работа? Тука не видовме никави фабриќи.” “Ни патишта имаше,” додаде Дојдена, “пусто ми се виде местово.” “И мене така ми мирише,” рече Смарто, “ко пустинцко да је.” “Или испустено,” рече Вртме. “Како мислиш, испустено?” го праша Дојдена. “Ко нашите села што се испустени.” “Можи треби да испитаме дали ова је остроф,” рече Смарто. “Ами Острелијата веќе е остров, ја мислам дека није нема тука многу што да испитваме,” рече Вртме шарајќи во песокта. “Мене ми мирише на пуст остроф,” рече Смарто. “Можи је у близина на Острелија али је пуст.” “Пуст останал, ами чаре?” Дојдена погледна кон својот заштитник. “Дарлинг, то можи малце да ги компликејта рабоќето за хелп и то, али ја се надевам није квикли да се извлечиме одовдеки. Треби итен план за рескју да напрајме,” мозокот на Смарто се пушти во погон. “Или ќе прајме ко това чоечето, Робинзон Крузо што се викаше. Мајката, ова можит е негојот остров.” Вртме ја крена главата кон блиската шума небаре очекува од таму да се појави Робинзон и да ги покани тројцата на вечера.” “Вртме, шо гледаш кон таму?” уплашено го праша Дојдена. “Ти крцна нешто, а? Мене преѓески


ми крцна ама не се свртив оти ми беше страв и трчнав да ве стигнам. Кај брзавте така, возот да не ви заминит да не си мислевте?” “Шо ти крцна дарлинг?” се заинтересира Смарто. “Не знам,” рече таа, “едно време ми се пристори ко некој да чекореше зад мене.” “Можит некое кенгурче било” заклучи Вртме. “Туку, жими прва цицка, под итно требит да прајме нешто за јадење.” “Да фатиме некој зајак за печење,” на Дојдена и се присака малку месо. Овојпат од шумата навистина се слушна крцкање. Тројцата се погледнаа уплашено. Смарто посака да рипне и да го извлече пиштолот од ковчегот. Крцкањето се повтори, од повеќе места. Смарто почувствува грч во нозете, сега се прашуваше и дали воопшто ќе може да стане. Дојдена се припи во него, целата се тресеше. Вртме да можеше ќе станеше и ќе ја спраштеше каде што очи му гледаат, но и тој не беше сигурен дека ќе може воопшто да стане, а камо ли да трча. Исчекувањето траеше мала вечност. — 4 — Точно штом и последниот зрак на денот си замина, од шумата почнаа да излегуваат сенки; бавно се движеа кон стаписаната дружина приклештена на брегот. Смарто, Дојдена и Вртме се напрегаа да распознаат за што се работи. Сенките добиваа облици на луѓе. Повеќето од нив носеа стапови или уште поверојатно копја. Некои високо над главите кренаа распалени гламни. “Јас сум до помочвање исплашена,” шепотливо обзнани Дојдена. “Леле, ами шо прајме ако овије јадат чојци?” Откај луѓето со копјата се стрчна нешто четириножно, почна да и ги лиже рацете на Дојдена. “Оф, мај фрики дудл,” успеа да изусти таа и клапна со главата, се онесвести. “Што можит това да бидит?” се препадна Вртме. “Ја уби жената ко од шала.” “А бе, куче је, да го мочам. Дојдено, куче те лижи по раце. Кучиште мори, сигурно сака да се поздрави.” Смарто ја шлапкаше по лицето за да ја поврати.Таа ги подотвори очите. “Доста ми беше за тудеј,” премалено промрморе. “Ако имат госпот сакам да си умрам пред харто да ми пукнит ко меур.”


Непознатите кога се доближија на околу дваесетина чекори застанаа и немо ги проучуваа тројцата новодојденци. Кучето сега се префрли на Смарто. Како што беше седнат, му рипна во скутот, со предните шепи му се опре врз градите, почна да го душка и подлизнува по лицето. Смарто не беше голем љубител на кучешката сорта но се плашеше да го избрка љубопитното суштество. Молчењето на луѓето го тревожеше. Дискретно се оттргнуваше од кучето и истовремено се обидуваше да процени со какви домаќини си има работа. “Шо ќе беја овије вакви немтури?” прошепоте кон Вртме. “Ги гледаш - ни а, ни бе велат.” “Сигурно не испитват,” рече Вртме. “Ова е импортант момент. Фрст импрешон е многу импортант.” “Колкумина ги имат?” се јави и Дојдена. “Плева, сардисани сме. Немој да напрајте нешто глупос,” Смарт им даваше инструкции на своите. Меѓутоа Дојдена го претекна. “Море пиполс, оти ќутите?” избрза таа. “Ние сме гладни, имате нешто за лапачка?” “Шарап мори, гуске,” ја прекори Смарто, “можи да биди опасно, немој ништо да бараш, можиш глата в торба да ни ја пикниш. Уште је рано да бараме од ниф. Тије се у преднос, не гледате? Можи да не задушат со голи раце.” “Или да не издупат со това копјињата, мевојте да ни ги истушат ко од шала,” Вртме беше загрижен. Кучето и него го душкаше и подлизнуваше како да го испитува. Луѓето стоеја, небаре го чекаа животинчето да се врати кај нив и да им каже за какви непознати се работи. Кога заврши со Вртме кучето навистина се стрчна назад, му рипна в раце на некој што беше за чекор-два понапред од другите. “Сигурно му кажва шо сме,” рече Смарто. “Бамуја, кучиште фаќен-матерцко сега да решава за наша судба, ех - шо дочекафме.” “Можит, можит,” рече Вртме. “Кучињата можит да те намирисат ако му мислиш лошо. Жими прва цицка, ја ништо лошо не му мислам на овије.” “Скраја да је од лошо,” му се придружи и Смарто. “Ја лично сум за разбирвање и френдлинес праење со пиполсиве. Кој и да се, треби да ги слушаме шо ќе речат.” Кучето скокна од рацете на својот господар. Се заврте кон Смарто и почна да подлавнува. Еден од доморотците клекна од кај опашката на кучето и после секое лавнување им кажуваше нешто на другите во близина. Кога престана лаењето клекнатиот се исправи и им даде знак на другите да го следат. Од толпата се издвоија околу десетина мажи. После неколку чекори водачот крена рака и десетторката запре. Водачот исчекори понапред. Сите беа со копја в раце. Дружината на Смарто со мало олеснување забележа дека копјата сепак, барем засега, не се свртени кон нив туку кон небото. Халеевата комета доминираше високо над нив.


“А бе овие голи се,” Дојдена позина, “море, се им се гледат, мафталата, ташаците, се, се, ууу. Кај паднавме кај вакви голичи?” “Шарап, ти рекоф да ја позакрпиш устата,” пак ја прекори Смарто. “Тије треби да зборнат први, није сме само за да ги слушаме, барем дур не откријаме шо се бара од нас, орајт?” “Бели се,” забележа Вртме. “Не се абориџини.” “Беличи се,” потврди и Дојдена, се напрегаше да види подобро на месечината. Ќе направеше чекор напред за да се увери дали навистина се целосно голи, но Смарто ја спречи. “Жено будалцка,” ја критикуваше, “памето нека не ти лета по таквите. То можи да биди опасно, можи лесно да се случи да напрајме грешен импрешон на луѓево. Видиш, можи да си речат оти ги потценваме со то шо се голи а није облечени, ме разбирваш? Не мрдај од место, ни педа. Донт-муф, рекоф. Истото важи и за тебе, Вртме.” “Јес да се бели али не можит со сигурност да се кажит али се скроз голи,” Вртме ги проучуваше непознатите. “Гледаш, ко да имат некој футроли на таквите и ко да му се врзани за појаси,”забележа Дојдена. “Домороци се,” прошепоте Смарто. “Това доморотци се велит,” го корегира Вртме. “Не туку плукај,” му рече Смарто, “шо је сега то важно. Ова не је час по литературна секција. Владо Јаневски


Коста Попето македонски револуционер 1862 - 1941 ( портрет карикатура, молив во боја на хартија) Никола Анѓелкоски


ТОП 10 ЛИСТА

ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ПОГОДНИ ЗА ФИЛМ Св. Кирил и Методиј, Св.Климент На прво место на мојата топ листа не е еден, туку три лика. Кирил и Методиј затоа што ја измислија глаголицата, првото словенско писмо, а Св. Климент затоа што го креираше кириличното писмо. Филмот за нив би можел да предизвика светски интерес (а богами и полемика), во најмала мерка кај словенските народи, доколку е успешно изработен. Го замислувам како „Името на розата“, со авантуристички и криминалистички подзаплети во главната приказна.

Крале Марко Иако можеби во вистинскиот живот и не бил толку голем херој и јунак како што му се припишува во песните и приказните, сепак Крале Марко е легендарен лик, популарен и во Македонија и во Србија и во Бугарија. Одличен материјал за една фантастична епска авантура, во која би го следеле неговиот посинок Дете Голомеше и коњот Шарец, а негов главен непријател би бил, кој друг ако не Црна Арапина. Филм кој би уживал да го реализирам.

Цар Самоил Неодамна дознав дека веќе се спрема снимањето на филм за Цар Самоил, чија трагична судбина ја знаеме сите. Откако неговата армија била поразена од Византија, сите заробеници биле ослепени, освен секој стоти заробеник, на кого му било оставено едно око да ги води другите до нивниот цар. Кога Самоил ги видел илјадниците ослепени војници, починал од срцев удар. Мојот чичко Владо Цветановски спремаше сценарио во кое главниот јунак беше еден од ослепените војници кој подоцна станал гуслар.

Тоше Проески Со голема жалост го ставам името на Тоше во оваа листа. Филмот кој се сними за него во словенечка продукција помина некако незабележано, но сигурен сум дека има што да се раскаже за животот на оваа наша најголема музичка ѕвезда. На некој начин би можело да се рече дека Тоше беше првиот македонски Џејмс Дин, успешен млад човек, мега ѕвезда чија смрт беше и сè уште е оплакувана од целата нација.


Крсте Петков Мисирков Авторот на „За Македонцките работи“ имал мошне интересен и бурен живот, кој според мене е одлично претставен во претставата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш. Атентати, тајни служби, интриги... Слично како Моцарт, телото на Мисирков завршува на колективни гробишта за сиромашни.

Марко Цепенков Кога го гледав „Браќата Грим“ на Тери Гилиам, прво нешто на кое што помислив беше дека истиот концепт, но со Марко Цепенков и со македонските народни приказни би работел уште подобро. Замислете Цепенков да не ги запишувал, туку да ги живеел овие приказни. Ете одличен материјал за фантастичен трилер-акција-авантура.

Владо Танески Новинарот и сериски убиец на постари жени од Велес, чија приказна го обиколи целиот свет, е тажна и страшна психолошка тема. Самиот настан веќе беше обработен на документарен начин во „Мајки“ од Манчевски, но мислам дека еден наративен фиктивен пристап би дал како резултат одличен трилер.

Сирма Војвода

машките револуционери. На неа се потсетив кога го прочитав интересниот роман „Џулијано Понти“ на мојата колешка Загорка Поп-Антоска Андовска, која убаво ја има истражено темата и напишано сценарио за овој лик. И посакувам среќа и се надевам дека некогаш ќе имаме шанса да ја видиме Сирма на големото платно.

Методија Андонов Ченто Долго време табу тема во историјата на Македонија, името на Ченто во 90-тите беше исчистено од претходната пресуда. За многу луѓе тој беше првиот претседател на Македонија, а неговото заточеништво во Идризово се покажа дека било политичка инсценација. Иако не сум голем љубител на политички трилери како жанр, приказните на неколку од овие наши историски ликови се токму тоа.

Војдан Чернодрински Основоположникот на македонскиот театар, автор на веќе класичната „Македонска крвава свадба“, е интересен од повеќе аспекти. Неговата театарска трупа патувала насекаде низ Балканот и играла на македонски јазик. Многу често настапите биле забранувани од официјалните власти, па за да биде овозможен настап на трупата, претставите ги обезбедувале вооружени четници. Во овој период е многу силно бранувањето околу (не)признавањето на македонската националност, и мислам дека филмот би бил актуелен и денес, еден век подоцна. Гоце Цветановски

Оваа наша војвода за која долго време дури ни нејзините ајдути не знаеле дека е жена, е некако подзаборавена и изгубена меѓу


Интервју Никола Темков


Никола Темков е стрип автор и илустратор од Скопје и еден од нашите најдобри познавачи на стрип теоријата и историјата на македонскиот стрип. Во интервју од десет прашања и десет одговори, ексклузивно за читателите на „Македонска Ризница“, тој претставува една општа слика за деветата уметност и за стрип ситуацијата во Македонија.

1. Што е тоа стрип?

Ќе се обидам накратко да одговорам на ова прашање, иако не би можело накратко да се објасни што е тоа стрип. Иако има повеќе дефиниции, не би навлегувал многу во детали па наједноставно би кажал, стрипот е визуелно раскажување преку цртежи во низа, но придружено со текст. Неслучајно е наречен и девета уметност, бидејќи претставува доста макотрпен и креативен процес, па може да се мери на сите нивоа со сите останати уметности. Во исто време, стрипот сам по себе претставува и медиум, и тоа еден од оние масовните, бидејќи на креативен начин може за кратко време да пренесе моќна порака. Значи, преку стрипот може да се раскаже едно книжевно дело од типот на „Војна и Мир“, исто така може да се изрекламира еден производ, да се пренесе порака, но и да се направи уметничка изложба. Мислам дека отприлика ја објаснив димензијата на зборот стрип, и што сè тој претставува.

2. Од кога датираат првите стрипови?

И ова е доста тешко да се објасни со неколку реченици, затоа што има повеќе верзии, и не се знае со сигурност. Проблемот е во перцепцијата, т.е. во тоа кого го прашуваш или во кој дел од светот се наоѓаш. Ако се наоѓаш во Европа, горделивите французи ќе истрчаат да се пофалат дека стрипот за првпат се појавил во Франција, т.е. дека првиот стрип го нацртал белгијанецот Рудолф Топфер, во почетокот на 19 век. Дури одат дотаму што некои од нив ги сметаат и

илустрациите на Густав Доре за први стрипови, затоа што на некои од нив има и текст. Во Америка пак, на пр. ќе ти кажат дека првиот стрип се појавил на американско тло, т.е. тие го сметаат „Жолтото Момче“ (Yellow Kid) од 1896 година за прв стрип, бидејќи текстот, покрај илустрациите, во овој стрип за прв пат се наоѓа во таканаречено текстуално балонче. Некои ги споменуваат илустрираните преводи на Библијата, Трајановиот столб, па и некои записи на камен, папирус и сл... Значи точна и стриктна дефиниција, и точен датум не постои, бидејќи според некои теоретичари од областа на стрипот, првите стрипови се всушност пештерските цртежи, бидејќи раскажуваат низа настани во слики и симболи т.е. букви. 3. Кога стрипот се има појавено и на македонско тло? Иако многу малку се знае за ова, стрипот кај нас не е дојден од вчера, туку постои одамна. Да не бидеме и ние покуси, и за ова има неколку верзии, т.е. кога се појавил првиот стрип на македонско тло. Во книгата на Томислав Османли (Стрип - запис со човечки лик), ќе сретнете дека првиот стрип го нацртал и напишал нашиот познат писател Славко Јаневски и тоа во 1945 година под наслов „Еден бункер падна“. Меѓутоа, таму се даваат информации и за неколку стрипови пред првиот, ако може така да се каже, и тоа се спомнува стрипот од извесен Желимир Книвалд, насловен „За нас и о нама“ уште во 1937 година, но исто така и неколку стрип табли од Панде Јаревски од 1941 година, кој нормално поради војната не е завршен, па не може да се смета за прв. Оној на Книвалд пак е на српско-хрватски јазик, па исто така се отфрла, така што еве да речеме дека сепак тоа е стрипот на Славко Јаневски. Од друга страна, земајќи ја предвид креативноста на овој народ, можат да се забележат и доста илустративни преводи на Библијата и тоа од многу одамна, кои во многу наликуваат на стрип, нормално не во форматот кој денес нè асоцира


на стрип, ама сигурно повеќе личат на стрип од онаа верзија на Топфер, која французите се погрижиле да стане првиот официјален стрип, барем на европско тло. Како и да е, стрипот на ова тло има долга традиција. 4. Би можело ли фреските во македонските цркви со кои што визуелно се раскажуваат библиски приказни да се сметаат за еден вид предвесник на македонскиот стрип? Па зошто да не? Ако цртежите на пештерите некој ги смета за предвесници на стрипот, секако дека би можело и фреските да се сметаат за предвесници. Се разбира не сите, туку оние во кои се раскажува приказна, во која има низа од повеќе следствени настани, придружени со текст, а такви сигурно веќе сте виделе во некоја од македонските цркви. Секако не заборавајте го зборот предвесник, не би сакал некој да заклучи дека црквите ни се полни со стрипови. Еден интересен податок е што неодамна слушнав дека може да се најде Библијата во стрип во некои наши цркви, мислам дека е тоа српско издание, преведено на македонски јазик, ама јас го немам досега видено, така што не знам сигурно. 5. Како стрип автор можете ли накратко да го објасните процесот на создавање на еден стрип? Секако, иако секогаш се препотувам кога ќе го видам зборот накратко... Значи вака, прво и основно за секој стрип е идејата. Мора да се знае што ќе се раскажува во стрипот, каков вид на стрип ќе биде, за што ќе биде наменет, и за кого е наменет, или каква порака, емоција или расположение ќе пренесе. Откако ќе ја добиеме идејата, таа треба да се разработи, по можност на хартија, во вид на сценарио, па потоа да се одреди колку страници ќе биде тој

стрип, и за секоја страница да се направи концепт, не само цртачки, која сликичка каде ќе биде, туку и каде и како да се смести текстот. Разработката на ликовите е исто така важна во овој дел на процесот, така што пожелно е да се направат концепти за ликовите (барем за оние главните) да им се одреди карактерот, облеката итн. Откако е сценариото готово, ликовите спремни, се преоѓа на цртањето. Без разлика дали се работи класично или модерно (дигитално), цртањето би требало да се состои од цртеж во молив, па туш, и на крајот колор доколку се планира стрипот да е во боја. Е сега, технологиите на денешницава овозможуваат тотално спротивен пристап, така што не треба да се земе ова како правило туку како мој личен пристап. Познавам некои луѓе кои можат да почнат со цртеж, па потоа да ја осмислат приказната, или на пример да го постават во колор па потоа одозгора да цртаат, или директно со туш да цртаат, меѓутоа тоа веќе е прашање на избор. 6. И покрај тоа што претставува комплексна уметност, имам впечаток дека стрипот кај нас сепак се смета за пониска форма на уметност? Прашањето ти е на место, не само што стрипот се смета за пониска форма на уметност, туку не сум сигурен дали воопшто се смета за уметност. Како таков го нема на нашите факултети за уметност, дури сум слушал и приказни од колеги кои завршиле на ФЛУ дека им било дури и забранувано да цртаат стрипови. Се надевам дека ситуацијата е сменета, барем на новиве приватни факултети, и мислам дека стрипот е прифатен сега засега во сите школи за дизајн, или барем така би требало да биде. Зошто и како кај нас стрипот во академските кругови е анатемисан не знам и не ми е јасно како може да го има на факултетите насекаде, еве на пр. во сите соседни земји, не одам подалеку, освен кај нас.


ЗА СТРИПОТ

Стрипот е една од најкомплексните уметности. Кога го кажувам ова, пред сѐ, мислам на оној стрип кој јас го нарекувам „вистински“. Тоа е оној стрип кој знае да предизвика емоции, кој знае да ве восхити, да ве натера да се смеете, да плачете, да впловите во нови светови… Да се усогласат приказната и цртежот, да се направи најдобар можен спој од нарацијата и визуелната форма на приказната – преточена во стрип, да се исцртаат кадри кои се памтат и ве тераат повторно и повторно да ги гледате, како што рефренот на песната што ви се допаднала го потпевнувате во себе безброј пати, тоа за мене е „вистински“ стрип. Стрипот е УМЕТНОСТ која во себе ги интегрира СИТЕ останати уметности. Не можете да креирате „вистински“ стрип ако не познавате ликовна уметност, анатомија, архитектура, фотографија, музика, филм, типографија… зарем треба уште да набројувам? Можеби ова мое размислување е резултат на мојата континуирана фасцинација од стрип уметноста, но од тоа не можам да избегам. Кога стрипот ќе ве вовлече во неговите светови, никогаш нема да ги напуштите, напротив, откривате нови и нови… сѐ до крајот, кој, за среќа, во стрип уметноста според мене не постои. Ласко Џуровски, стрип автор

7. Колку стрипови годишно се издаваат кај нас и во колкав тираж? За жал, на ова поле сме најслаби во регионот, сите комшии се светлосни години пред нас. Еве во Србија на пример, секоја година има околу 10-тина

стрип фестивали во различни градови како Белград, Лесковац, Ниш, Нови Сад, Шабац, Крагуевац, Зрењанин... Бројот на издавачи е далеку поголем, се издаваат стрипови од сите стрип школи, италијанска, франко-белгиска, американска, јапонска манга... Кај нас постои само една продавница „Бункер”, каде што 95% од стриповите се од српски или хрватски издавачи... Постои само еден стрип салон, ако може така да се нарече тој еден викенд во годината во Велес, и тоа не е тоа. Се издаваат годишно по максимум 5 македонски стрип албуми, и тоа се најчесто авторски проекти, т.е. самиот автор доколку собере средства си го издава стрипот. Постои Здружението „Макстрипови”, кое повремено го издава „Синдром” и има сопствен форум (http:// www.makstrip.com.mk/forum/) каде што се собираат љубителите на стрипот и стрип авторите, барем на интернет. Има моментално две-три стрип изданија што излегуваат многу нередовно, или еднаш двапати во годината („Синдром”, „Креатор”, Антологиите на „Визант”) и толку. Издавачи за стрип моментално нема, издавачите на книги се тотално незаинтересирани за стрип, јас со мојот другар и колега Игор Јовчевски допрва започнуваме годинава нешто со „Стрип Квадрат”, но тоа според мене е премалку. Ете таа е споредбата, за жал. 8. Каде е проблемот, немаме доволно автори, читатели, издавачи или нешто сосема четврто? Некој ќе рече за тоа е виновна економската ситуација, но не е така. Се работи за нешто друго. Јас мислам дека нема константна публика на читатели на стрипови, да не речам се нема култура. Овде кај нас, на 35 години да те видат јавно, на пример во автобус, како читаш или разлистуваш стрип, ќе те сметаат за недораснат, или заостанат, нетокму... Воопшто многу малку се чита, а камоли стрип. Во поранешната држава, пред распадот беше малку поинаку, јас се


ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ СТРИП ЗАВИСИ ОД НАС Со стрип се занимавам аматерски, и кога започнав да цртам помислив дека е лесно и дека не бара големо „жртвување“ на време и труд. Но набргу се покажа спротивното, потребно е огромно посветување на работата, многу труд и вежбање, покрај талентот, и секако желба за работа. Мислев дека овој вид на уметност воопшто не е ценет во современото општество кога сите се зафатени со друго или имаат различен начин на забава и некој нов вид на уметност. За среќа, пронајдов круг на луѓе кои го ценат стрипот и го знаат процесот на создавање на истиот, а со тоа и нови пријатели и соговорници. Иако од една страна бев изненадена, од друга страна сум навистина разочарана бидејќи без да бидеме свесни сме дозволиле оваа уметност да падне премногу ниско во нашите очи. Повеќе нема трчење до трафика за да се купи стрипче, нема чекање да излезе нов број, а и она што го има не го забележуваме. Не само кај нас, насекаде е загубен сјајот на стрипот и би требало да се потрудиме да го вратиме назад. Иднината на македонскиот стрип зависи од нас. Ако авторите творат, читателите ги ценат тие творби и има доволно издавачи тогаш стрипот ќе има одлична иднина. Но ако продолжиме вака со неколку дена во годината посветени на стрипот тогаш навистина нема блескава иднина и ќе биде уште полошо со тек на времето. Потребно е поголемо доближување на стрипот до дечињата, а не само видео игрите и дигиталната форма на било каква уметност. Нека одмараат очи со стрипче, така ќе биде подобро. Ќе навикнат и ќе го засакаат стрипот. Но за тоа треба сите да сакаат, а не само мал дел од општеството. Јована Велинова, млада стрип авторка

сеќавам дека уште како дете читав стрипови, а читаа сите од моето опкружување. Се менував со стрипови со средовечни луѓе, не постоеше таа граница, дека ете стрипот е само за деца. Сега и децата не читаат. Таквата ситуација налага дека стрипот нема пазарна вредност, т.е. ако нема публика или е многу мала, не се исплати да се издаваат стрипови, и затоа и нема издавачи. Имаше неколку обиди за издаваштво на стрипови, се обидоа неколкумина со издавање претежно на стрипови од италијанската „Бонели” школа (Загор, Дилан Дог, Марти Мистерија...), но сите пропаднаа. По се изгледа дека овие денешни генерации не се навлечени на тој тип на стрипови, и треба можеби да им се понуди нешто ново, поинакво. Од друга страна, автори имаме доста, и тоа квалитетни, но тие работат или за странство, или се тотално пренасочени кон дизајн или нешто трето. Да се биде стрип автор во Македонија е тотално неисплатливо, па за да се преживее мора да се работи нешто друго. Но љубовта кон стрипот е голема, и не има околу 50-тина души што водиме инает и им пркосиме на сите норми, и сеуште наоѓаме време да се занимаваме, макар и повремено со стрип. 9. Пред само неколку месеци министерката за култура најави дека во наредниот период стрип културата ќе добие поддршка. Според вас каков вид на поддршка е потребна? Поддршка, каква таква имало и досега, меѓутоа прашање е каде оделе тие средства. Ете секоја година, 15-тина години наназад, „Стрип Центарот” во Велес од Министерството за Култура, па и од Сорос и уште од неколку други извори, добива одредена сума за подршка на стрипот. Но, нели е срамота за сите тие 15 години, да се организира само по еден викенд годишно, да се издадат само 3 стрип албуми (сте слушнале за стрип албумите „Мис Стон”, „Ајдучка Чешма” и „Волшебното Самарче”???) и годишно по


еден број на списанието „Креатор“, којшто никаде не може да се купи, печатен е на фотокопир и на најевтината хартија што може да се најде, во којшто стриповите се на база на донација, т.е. не се исплаќаат авторски хонорари на авторите? Секоја најава за подршка е добредојдена, но ако се доделуваат тие средства на одредени невладини организации (како „Стрип Центарот“ во Велес, „Визант“ во Прилеп итн.), кои и досега ништо не направиле за стрипот, средствата ќе бидат залудно потрошени. Според мене, треба да се подржуваат повеќе авторските проекти, да се помогнат самите автори да издадат нешто, оти ако се чека на самопрогласените „институции“ и „центри“ за стрип да издадат нешто, ништо нема да се случи како и досега. Издавачите на книги (ги има многу) може малку да се заинтересираат за стрипот и да понудат барем по еден проект годишно, т.е. да подржат стрип изданија, а не само да мислат на брза заработувачка и да издаваат само евтини преводи на светските „бестселери“, кои во суштина немаат никаква вредност. 10. Каква е иднината на стрипот? Малку конфузна, ако може така да се каже. Ако зборуваме генерално, во светски рамки, токму овој период на филмувани стрипови (Бетмен, Тор, Хулк, Икс Мен...) не само во Америка туку и во светски рамки допринесе за своевидна популаризација и на стриповите. Се отвори цела една нова индустрија поврзана со овие стрипови, во вид на продажба на играчки, потоа видео игри, анимирани филмови и слично, т.е. одредени стрип јунаци станаа своевидни брендови кои успешно се продаваат. Од друга страна пак, дигитализацијата полека но сигурно го убива стрипот на хартија, но само како издание, т.е. печатената верзија стана луксуз само за упорните класичари. Но тоа не значи дека стрипот како форма уназадува, и дека го снемува, напротив тој е моментално попопуларен од било кога, меѓутоа

се менува начинот на издавање, и ако може така да се каже начинот на конзумирање. Овде кај нас не знам како да ја одредам иднината на стрипот, затоа што и сегашноста ни е за никаде. Треба да се смени менталниот склоп на цела една генерација, новиве генерации да ја согледаат убавината на стрипот како таков, и на пример кога гледаат во кино или на ТВ филм со Бетмен, или Астерикс, гледаат цртан филм Аниматрикс или Покемон, пијат сокче со Спајдермен, носат маици Икс-мен, да се сетат да прочитаат и некој стрип со тие ликови. На ова поле, морам да ги пофалам дечките од „Макстрипови“ кои се трудат на новите генерации, уште од најмали нозе да им го приближат стрипот преку разноразни акции, бесплатни школи за стрип и сл. Но, колку e тоа доволно и дали ќе вроди плод допрва треба да се види, најважно е дека нешто се прави за иднината на стрипот кај нас. Александар Стеванов


НИКОЛА ТЕМКОВ - СТРИП АВТОР И ИЛУСТРАТОР Никола Темков е роден на 08.10.1977, во Скопје, Македонија. Тој е стрип автор и илустратор. Неговите стрипови се објавувани во списанијата: „Студентски Збор“, „Стрип Арт“, „Креатор“, „Синдром“, „Пегаз“ (Македонија), „Апокалипса“ (Словенија), француското издание „Francopholie“, како и американските изданија „Sawdust“ и „Stalker“. Моментално работи на веб-стрип (LOAH) што излегува неделно во Канада. Работел на илустрации на неколку објавени книги и сликовници и тоа за различни издавачи од Англија (Earlywork Press), САД (Workshed Studio), и Македонија (Просветно Дело, Табернакул). Има и работно искуство како илустратор/дизајнер на списанија во Македонија (Life Магазин, Карамел). Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија, Србија, Грција и Чешка. Стрипови: • Законот на Катаната (1997) • Одземање на силата (2001) • Војна (2003) • …И птиците неа ја сакаа (2004) • Ѓаволот од Џерси (Jersey Devil) (2005)• Worlds Apart (2006) • Sawdust (2006) • Stalker (2007) • League of aquatic heroes - L.O.A.H. (2010) • Glunst -The hidden Moonstone (2011) • Алиф и Зен (2012) Илустрирани книги: • Porkies - Pigtales of the unespected (2006) •Johnny goes to New York City (2008) •Johnny birthday at Boomer’s (2008) • Запознавање на Околината (за II одд) (2009) •Запознавање на Околината (за III одд) (2009) • Храброста на Гоце (2013)







ЈОН ДИМОВ

Познат под името Јон Пашата

По смртта на Ѓорѓи Сугарев, организациските работи во Битолско поле се преземаат од легендарното трио: Димко Могилчето, Јон Пашата и Трајко Кралот. Задачата која што им претстоеше на тие војводи беше една од најтешките; по 1903 година, во Битолско поле се појавија андартски чети, за чие што уништување ВМРО се зафати здраво. Лично

место во таа тројка, а исто така и како работник во Битолско поле, имаше Јон Димов - Пашата. Тој се родил во 1878 година во прилепското селце Тројкрсти. Со мака и пот на челото, Димо Најдов, таткото на Јон, го прехранувал своето големо семејство. Бедата го натерала благиот домаќин Димо Најдов да го напушти селото Тројкрсти и да се насели во Новоселани. Но и тука условите за живот веројатно биле исти како и оние во село Тројкрсти, затоа семејството на Димо Најдов се преселува во село Логоварди, битолско. Јон веќе е младо момче на 15 години. Своето детство го поминува како воларче; тој е тивок, скромен и ненасилен; со другарите не навлегува во расправии и не се тепа по сокаци и на мегдани – со еден збор ништо не покажува дека тој во блиската иднина ќе стане еден од најличните закрилници на својот обезправен народ и страшилиште за потисниците. Карактеристично за неговото детство беше неговата љубов од дрво да делка мали ножиња или пак го гледаа како се зафатил, со голема усрдност, да зглобува делови од пиштолчиња и да импровизира. Не беше ли тој афинитет најточниот знак за неговата подоцнежна дејност како народен борец? Сведок на бедата и немаштијата - придружници на неговото семејство, Јон во 1897 година заминува на гурбет во романскиот град Ќустенџа, каде што престојува околу 6-7 месеци, а на Петровден наредната година се враќа во Логоварди. Одделен, макар за кратко, од својата татковина, која што се наоѓа под тешко ропство, слободниот живот во Романија со кој што тој дошол во допир, извршиле големо влијание на неговиот дух. Откако веќе се вратил во татковината тој се оддава на мирен земјоделски труд, но со секој миг во него расте и се напластува омразата кон народните


угнетувачи. При една организациска обиколка на Сугаревата чета во 1900 година, самиот Сугарев го покрствува Јон во Логоварди. Наредната година Јон оди да слугува во село Кравари, битолско, кај во тоа време познатиот Турчин-катил Шабедин ага. Еден ден, кога агата заедно со 15 души Турци, оди на лов, Јон го издебнува тој момент, зема една казма и го крши катанецот на беговата кула, влегува внатре и краде една пушка и два револвера. Тој уште не бил излезен од дворот на кулата кога оддалеку се појавил агата, проследен од цела тајфа Турци работници, враќајќи се кон дома. Јон гледајќи дека може да биде фатен, се сокрил во блиската `рж, каде што цел ден лежел. Кога паднал мрак, тој се прибрал во село Поешево. Оттука Тодор Златков по канал го спровел во четата на Ѓорѓи Сугарев. После во битка кај селото Цапари, тој бил ранет во ногата. За време на опоравувањето, Јон дејствувал заедно со Јон кафеџијата, кој што загина со 90 души востаници во Шурковската планина, преспанско. По востанието Јон се легализира, но само за еден месец. Потоа, Јане Скајо го праќа во Бугарија, каде што се задржува околу 2-3 месеци и се враќа обратно на чело на чета, која што 5-6 месеци ја води во кичевско. Пак доаѓа во Бугарија за оружје и се враќа обратно, каде што се бори по Вардар. Сега веќе води чета во Битолско поле. Една од најголемите негови заслуги е отстранувањето на големиот турски

катил Шефкија – „царот Македонски“, кого што еден ден, заедно со Димко Могилчето, го издебнуваат кај селото Могила, битолско и го уништуваат. Во 1906 година, Јон се разболува од грло и оди на лечење во Битола. Таму, меѓутоа, умира и е погребан со свечености. Да биде вечна неговата слава! Бојан Мирчев „Илустрација Илинден“, година 3, книга 6 (26), Софија, мај 1930 година, стр. 5-6

Превод: Александар Стеванов


Elena Gјorgjievska Born in Bitola , 15 March 1982 . I have always had an affinity for art, especially for drawing. I had support for developing artistic abilities from my family and the biggest supporter and honest critic has always been my mother Venera . I always had the materials for artistic work and that way I have had the opportunity for making art pieces and placing my ideas on paper. It is motivation and pleasure for me to draw portraits drawings of people that I see as interesting and original and from painting medium I can express the best by using acrylic for making abstract art and geometry compositions. In 2005 I graduated at the Faculty for Fine Arts in Skopje in the painting department of prof. Velo Tasovski . In 2007 graduated Art pedagogy , 2008 acquired MA degree from the same Faculty , painting Department . Member of DLUM (Association of Artists of Macedonia) since 2006 and DLUB (Association of artists of Bitola) since 2007. Had taken part in many exhibitions in Macedonia and abroad . Until now I had 5 solo exhibitions . From 2009 I am working as an art teacher at OU Goce Delcev – Demir Hisar . The main task for every art teacher is to motivate the pupils , to encourage their creative expression and to help them build their originality and uniqueness as an individual . In some subjects they are taught facts and useful knowledge for life and as such they are the same for everyone , permanent truth . The opposite of that at the end of every art class all the pupils should have different results as art solution for their art task , and that way they learn to appreciate their own individuality as a separate entity .

5та самостојна изложба- Магаза Битола , 2013 - Тактот на животот











Solo exhibitions: -2007,Bitola,Salon of DLUB, Fluent Unions -2008,Skopje,Museum of the City of Skopje, Anthropogeometrisms -2009,Bitola,Magaza,Anthropogeometrisms -2009,Bitola,Salon of DLUB,Imaginated faces -2011,Ohrid, Gallery Robevci ,Anthropogeometrisms -2012, Bitola,Center for culture ,,PORTRAITS ‘’-Kaleidoskop 3 -with -Together Macedonia (and workshop for portraits) -2013, Skopje, Gallery 8 , Life beat -2013 , Bitola , Magaza , Life beat

Group exhibition: -2003,Skopje,MNT(Macedonian National Theatre),Ohrid, exhibition of the students of Faculty of Fine Arts-Skopje -2006,Skopje,Museum of the City of Skopje, annual exhibition of DLUM -2007,Bitola,Salon of DLUB, Prilep, The woman as inspiration -2007,Skopje,Youth Cultural Centre,Artistic Dialogues -2007,Bitola,Salon of DLUB,Landscape-small scale -2007,Bitola,Art Gallery, annual exhibition of DLUB -2007,Bitola,Art Gallery,4th of November,DLUB -2007,Skopje,Museum of the City of Skopje, annual exhibition of DLUM -2008,Prilep,Art Gallery, exhibition of DLUB -2008,Paris,Cite international des arts, exhibition of DLUM -2008,Bitola,Magaza, Exhibition of young artists of DLUB -2008,Bitola,Museum and Institute,4th of November,DLUB -2008,Skopje,Museum of the City of Skopje,annual exhibition of DLUM -2009,Skopje,Museum of the City of Skopje, annual exhibition of DLUB-08

-2009,Bitola,Museum and Institute, annual exhibition of DLUB-08 -2009,Bitola,Museum and Institute,4th of November,DLUB -2009,Bitola,Museum and Institute,annual exhibition of DLUB -2009,Skopje,Culture Informative Centre, Pictures of the female soul -2010,Skopje,Salon of DLUM,drawing and graphic -2010,Bitola,Museum and Institute of Bitola,Annual exhibition of asossiation of artists of Bitola -2010,Imai Museum,Mitsuke City, Niigata Prefecture, Japan, 5th Blue Sky Project exhibition -2010,History Museum Aiud, Romania , International Mail Art Exhibition -The portrait -2010,Bitola, Magaza , 4-th of November, DLUB -2010,Skopje,Museum of the City of Skopje, annual exhibition of DLUM -2010,Skopje, KIC, Smal format- DLUM -2011,Spain,Ourense, Expression in motion :dance and ballet -2011,The Nederlands, bibliotheek van het Stedelijk Van Abbemuseum te Eindhoven, mail art: Collecting -2011,Bosna and Herzegovina, Saraevo, Croacia, Zagreb, Rijeka and Serbia, Belgrad , Feelings -mail art -2011,Italy, Milano, Polifermo, , My everyday object mail art project , -2011, Germany, Greifswold, Falladahaus,Who I am, mail art, -2011,Belgium, Charleroi, Industrie et culture, mail art -2011, Malesia, A journey to the East , mail art for peace - 2011, Mobil mail art exhibition - 6 day train journey from Moscow to Beijing to support and promote new emerging art internationally by Trans siebrian art center -2011,The Nederlands, QS Gallery, living fast/living slow - mail art -2011,Italy, Il Pane è Pace, mail art -2011, Mail2Maastricht, NL ,VANDAAGNOGES


-2011, Spain, TOROS EN SEVILLA 2011 -2011, Italy , Forest Magic Mountain, International mail art- Bosco dei poeti -2011, Romania, Aiud ,International exhibition -Connections -2011,Romania,Aiud, International exhibitionImaginaire and Illusion -2011,Bitola ,Magaza,4th of November , exhibition of the artists of Bitola -2011,Skopje, KIC,Drawing&Graphic , Annual exhibition of the artists of Macedonia -2012,Bitola, Magaza , Annual exhibition of the artists of Bitola - 2012,Bitola ,Sirok sokak ,street art /objects -paintings instalation-COFFEE TALK-(together with Gordana Talevska and Nikolce Srpchanski) -2012 ,Romania, Aiud , International mail art ,,2012’’ -2012, art MUSE international festival for media art -inspired by future urban visions with the participating artists Elena GJorgjievska, Elwira Wojtunik, Igor Toshevski, Katherine Liberovskaya, Phill Niblock, Popesz Csaba Láng, Snezana Altiparmakw, Stefan Malbasich, Vladimir Simonovski . -2012,Romania,Aiud, International mail art - EX LIBRIS -2012,Bitola ,Magaza, 4th of November, exhibition of the artists of Bitola

-2013, International Biennial Festival of drawings and graphics - INTERBIFEP Tuzla 2013 , Bosnia and Herzegovina

-2012,Skopje,Bezisten-Galerija 8 , MINIJATURA, DLUM

--2013,Romania, Aiud,“The Liviu Rebreanu“ Cultural Center in Aiud, Photo and film international festival IXth edithion

-2012,Skopje, KIC , Exhibition of DLUM , Minimal format -2012, Prilep , Gallery in NU Marko Cepenkov - ,,Me, the artist’’ , exibition for World day of art - 17th of January -2013, Skopje , Museum of Skopje , annual exhibition of DLUM -2013,Bitola,Magaza ,annual exhibition of the association of the artists of Bitola-DLUB

-2013, Slovenia, Europe, North and South Americas and across the globe- Pura Vida Art- Bash Mundial , Mail art presented via wall video projections , installations, wall postings, etc. -2013,Romania, National Museum of Unification, The International Mail Art Exhibition „ACTIVE AGING“, -2013, Romania ,“Inter-Art“ Galleries Aiud,Mail Art International Exhibition , „TOUCH“ - 2013, Netherlands, Eindhoven,Show your hope, international traveling mobile exhibition organized by Martin Voorbij - 2013, Turkey, Istanbul, KargART, Artists Without Borders’ „Green“ Mail Art , (166 Artists from 33 countriesExhibition) -2013, USA, NY , Intercontinental Mail Art Exhibition „United Nations: Nations - Water - Cultures“ New York 2013 / „Inter-Art“: 20th Anniversary edition of Mail Art organized by Inter Art from Aiud, Romania


Отвори Лено вартничка Отвори Лено мори вартничка, вартничка, сос таја Лено мори бела ракичка, ракичка. Не можам лудо младо да станам, да отворам, долга ми коса лудо пуд мајка крај мајка.(х2) Ј` отвори Лено мори вартничка, вартничка сос таја Лене мори десна ракичка, ракичка. Не можам лудо младо да станам, да отворам, широк ми фустан лудо, пуд мајка, крај мајка.(х2) Земи си Лено ножички ,сечај го јас ќе ти купам Лено, појубав, пуарин. (х2)

Македонска народна песна од егејскиот дел на Македонија




RAINBOW HUES IN A GARDEN OF SOUTHERN SERBIA Her attractive attire shown to the best advantage among the autumnal tints of the old garden. Though belonging to the upper and wealthier class of Tetovo society, she is conservative and artistic enough to prefer the graceful and tasteful national dress of her people to the more modern, though infinitely less becoming, costumes, which are frequently ridiculous travesties of Parisian fashions.

БОИ ОД ВИНОЖИТО ВО ГРАДИНА НА ЈУЖНА СРБИЈА (МАКЕДОНИЈА) Нејзината привлечна облека е прикажана во најдобро светло помеѓу есенските бои на старата градина. Иако и припаѓа на повисоката и побогата класа на Тетово, таа е доволно конзервативна и уметнички настроена да ја претпочита грациозната и со вкус украсена национална носија на нејзиниот народ наспроти помодерните, иако неспоредливо помалку привлечни, костуми, коишто најчесто претставуваат смешни искривувања на Париската мода. Објавено на стр. 4574 од книгата „Peoples of all nations“, објавена во 1922 година, уредена од J.A. Hammerton. Автор на фотографијата: L.G. Popoff Превод од англиски на македонски јазик: Гоце Панговски


ИКОНИ ОД МАКЕДОНИЈА

Св. Петар, прва половина на XVII век, црква Св. Димитрија, Битола.


Исус Христос Спасител и Животодржец, 1393-4 година, работилница на зограф митрополит Јован, црква Преображение, манастир Зрзе, Прилеп.


Овде можете да ги прочитате сите претх

електронско списание

Македонска ризница електронско списание

Република Македонија Република Македонија

Февруари 2014 | Број 19 ISSN 1857-9314

Декември 2013 | Број 17 ISSN 1857-9314

Секоја од насловните страници претставува линк до содржи


ходни изданија на Македонска Ризница

ината на соодветниот изминат број на Македонска Ризница


Во идниот број ќе читате:

Мoжете:

Манлихера, верната придружничка на македонските револуционери Димко Илија Сарванов – Могилчето

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови:

Македонска ризница:

Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело. Е-ПОШТА: makedonska.riznica@yahoo.com


Медиумски покровители:


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.