Македонска Ризница 30

Page 1

1


Македонска Ризница УРЕДНИК: Благојче Андонов ДИЗАЈН и РЕДАКЦИЈА: Гоце Панговски Сашо Гачев

„Сите се како часовник, за сон им време не стига, одат по стари огништа, дума по дума собират, седат на селски трапези, песна по песна бележат, сите се бујни, пргави, сè млади, сè Македонци...“ „Робии“ од Венко Марковски Почитувани читатели,

СОРАБОТНИЦИ: Ѓорѓи Мешков Наталија Прасолова Јане Наумоски Јордан Коцевски Стаменка Трповска-Менче Смиле Цветановски Никола Анѓелкоски

ИЗДАВАЧ: Александар Стеванов

Преку овие стихови се забележани активностите на младите Македонци, меѓу кои бил и Кочо Рацин, и кои што во тие бурни времиња го зачувале македонскиот бит. Ние, денешните Македонци сме должни да ја продолжиме таа благородна мисија за зачувување на нашите национални и историски вредности. Со таа цел нашата мисија продолжува и во овој јубилеен триесетти број на „Македонска Ризница“. Во овој број ќе имате можност да се запознаете со активноста на македонскиот интелектуалец Наце Димов и неговата книга за Македонија која во форма на фељтон ќе ја објавиме во целост низ следните броеви на „Македонска Ризница“. Исто така подготвивме и неколку интервјуа со македонски уметници, кои што покрај стандардните рубрики се надеваме дека ќе го задржат вашето внимание. Би сакал да ја искористам оваа прилика и во името на редакцијата да им се заблагодарам на сите досегашни соработници, кои со своите трудови ги збогатија редовите на нашето и ваше списание.

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА

Со почит, Благојче Андонов 2


Во овој број ќе читате: Интервју со Ѓорѓи Мешков Александар Стеванов ........................................................................................................................................................................................04

Фељтон: МАКЕДОНИЈА ВО МИНАТОТО, ВО СЕГАШНОСТА И ВО ИДНИНАТА Редакција .............................................................................................................................................................................. 08 Предговор на преведувачката Наталија Прасолова.........................................................................................................................09 ПРВ ДЕЛ: Историски преглед на Македонија и на Македонските Словени...........................................................................13

Интервју со Јане Наумоски Јордан Коцевски ................................................................................................................................................................................................16

Поезија - Стаменка Трповска-Менче Александар Стеванов ....................................................................................................................................................... 20

Смиле Цветановски, илустратор и стрип автор Александар Стеванов .........................................................................................................................................................24

Карикатура Никола Анѓелкоски ............................................................................................................................................................. 37

Изјава, Џереми Ајронс Александар Стеванов ........................................................................................................................................................38 3


Интервју со Ѓорѓи Мешков читам стрипови откако знам за себе

Ѓорѓи Мешков, како што на шега за себе вели, е стрип зависник кој моли за помош, односно пасиониран стрип колекционер, љубител на стрип културата и сè она што е поврзано со стрип филмови, видео игри и сл. Чита и собира стрипови уште од мал, но за жал вели дека првата колекција (Златна серија, Лунов Магнус Стрип, Дечје новине, Алманаси и сл.) му отишла во неповрат. Па сепак, пред четири или пет години, целата таа приказна ја почнува од почеток, и лека полека собира голем број стрипови на полица. Од стрип во колекцијата вели дека му недостасува само манга, а во преден план му се „бонелиевците“, по што следат американските суперхеројски стрипови и стрип албумите од француско-белгиската школа.

во училиште и читање под клупа. Сега работите многу се изменети, стрипот доби една друга форма, друга димензија. Па дури и оние класични киоск изданија се многу поквалитетни, да не говорам за луксузните тврдокоричени колекционерски изданија. Колекционерството од тогаш до денес за жал многу се промени, денеска е луксуз, едноставно стрип колекционерството стана многу скапо хоби. Ама денес, т.е ова да речам ново време си има и свои предности. Интернетот ни овозможи да бидеме во тек со стрипот во светски рамки, дигиталните стрипови, можноста за нарачување на стрипови од преку барата, сето тоа си има свој придонес во збогатувањето и проширувањето на знаењата за стрипот, да не ги спомнам и социјалните мрежи, фејсбук, твитер, разно разните блогови каде може да ја следиме работата на нашите омилени автори и сл. Си има и тоа свој шмек, своја убавина.

1. Од кога почнавте да читате стрипови? - Од кога знам за себе. Значи имав среќа да се родам во 1981 година и да фатам дел од златното време на стрипот или популарните романчиња. Имав прилика да го осетам оној момент со татко ми за рака пред некоја трафика да си одберам романче. Времето кога стрипот беше забава за широки народни маси, се сеќавам во маало, на клупи сме се менувале со стрипови. Генерално љубов на прв поглед ми беше Загор. Да, Загор е првиот мој купен стрип, далечната 1987-1988 година, под претпоставка дека сум научил да читам во прво одделение, а верувам дека сум. Други времиња беа тоа, сега стрипот е нешто сосема различно, за жал. 2. Би можеле ли да направите споредба во стрип културата од тоа време и сега?

3. Во што, според вас, се состои магијата на оваа уметност?

- Како што реков и погоре, тоа беа други, поинакви времиња. Стрипот беше лесна да речам евтина забава, достапна за сите. Деца бевме, поинаку гледавме на стрипот (никогаш не можев да ги сфатам оние што ја сечеа најавата за нареден број од задната корица) Од маалски менувања со стрипови, криење на стрипот меѓу книга (обично математика) до носење

- Во начинот на раскажување на приказната преку текст и цртеж. Способноста на илустраторот да ја визуелизира идејата на сценаристот, кој пак треба да знае како да ја раскаже приказната. Самиот концепт на создавање на стрипот, од идејата за приказната, преку 4


концептите и скиците како тоа треба да изгледа па се до крајниот производ. Едноставно целиот тој процес на работа е магичен. Имало, има а верувам и дека ќе има приказни кои знаеле да ме остават без спиење, кои сум ги мислел долго време и кои ме натерале поинаку да ги гледам работите. Тоа е оној момент, кога ја мислиш приказната уште долго време откако ќе ја исчиташ.

потенцирале? - Да, дефинитивно сакам да ги издвојам, промоцијата на стрип магазинот „Синдром бр.8“ со додаток „Синдром Џуниор“ издадено од страна на здруженито Макстрипови и дефинитивно промоцијата на стрипот „Војдан“ на издавачката куќа Стрип Квадрат. Лично присуствував и на двете промоции и си поминав феноменално. Изданијата се навистина прекрасни и навистина човек без разлика дали го сака стрипот или не, треба да ги има дома на полица. Особено сум горд што за промоцијата на стрип албумот Војдан напишав и блог пост во кој ги споделив моите импресии за настанот.

4. Стрипот кај нас не ретко се смета за потценета уметност, каква е вашата реакција на таквите изјави? - Незнаење би рекол! Сето тоа се сведува на незнаење или можеби немање на едно елементарно познавање за уметноста, што и не е така страшно. Знаеш стрипот е специфична уметност. Се сеќавам на времето кога читав стрипови, мојата драга баба неретко знаеше да рече дека си го губам времето со „шунд литература“. Едноставно луѓе што не знаат што е стрип, никогаш нема да го прифатат како форма или пак како нешто со уметничка вредност. Дури и еден мој пријател кој дипломираше на ликовна академија има одбивност кон стрипот. Што знам, сите сме различни индивидуи и го насочуваме својот живот кон содржини кои за нас се прифатливи. Ете јас имав среќа да го засакам стрипот од мали нозе и сум навистина среќен заради тоа. 5. Како на стриповски план би ја оцениле изминатава година во Македонија? - Многу исполнета, многу креативна година и се надевам дека таа креативност ќе продолжи и понатаму. Многу работи се случија. Од издавачи и промоции на наши изданија од македонски автори па сè до издавач кој повторно ни ги донесе на трафика познатите бонели изданија. Мило ми е и за еден мој драг пријател кој отвори издавачка куќа во Шкотска и верувам дека набрзо и од таму ќе видиме квалитетни изданија. Сè на сè мислам дека имавме одлична година на полето на стрипот. 6. Има ли некој настан што посебно би го 5


7. Што, според вас, е она што моментално и’ недостасува на домашната стрип сцена?

8. Може ли државата како еден вид катализатор да влијае во подобрувањето на стрип сцената во Македонија и на кој начин?

- Храброст! Пред се храброст на младите автори создавањето на стрипот да им биде професионална определба. Значи оправдувања од типот дека немаме услови во Македонија да се занимава човек со таква професија, дека немаме пазар, дека немаме издавачи, дека немаме култура на негување на стрипот итн, за мене лично не се доволни да не речам пресудни причини зошто човек не треба да се занимава професионално со она што го сака. Мораме да се натераме себе си да веруваме во нашиот сон и да пробаме да го оствариме. И на крајот на краевите додека не проба човек не може да знае дали ќе успее или не.

- Може, дефинтивно државата е оној прв и основен катализатор на она што се нарекува стрип. По мене, посоодветно би било прашањето, зошто Македонија како држава не прави апсолутно ништо на тоа поле. Зарем толку државата нема осет да знае да искористи едно богато историско минато на полето на стрипот и стрипот да го стави во функција на подигнување на националната свест, подигнување на културната свест и себепромоција надвор од државните граници. Зарем нема кој да се сети дека стрипот како форма е прифатен во светски рамки, земете го примерот со Белгија, Франција, Јапонија, Америка итн. Тоа се држа6


ви кои инвестираат во својата стрип култура, со цел јакнење на својата култура и пред и над сè јакнење на економијата. Да не отидам предалеку со муабетот, би напоменал уште еднаш дека од инвестирањето во стрип културата може да имаме само позитивни резултати. Но ете за жал кај нас поинаку се гледа на стрипот како уметност. 9. Каков е вашиот став за читањето дигитални стрипови? - Види јас сум стрип колекционер, сакам стрипот да го имам дома на полица, сакам да го отворам, да го помирисам, да ја осетам хартијата помеѓу прстите, тој момент со зборови не може да се опише. Меѓутоа факт е дека не можеме сè да имаме дома и тука многу, ама многу се добредојдени дигиталните стрипови. Јас лично не би знаел што да правам ако не беа дигиталните стрипови, поготово што пасионирано ја следам американста стрип сцена и верувај ми дека крајот нема да знам кај ми е ако ги пазарам стриповите што ги читам на неделна основа, во принцип ги купувам оние наслови што навистина според мене вредат и сакам да ги имам дома во колекција. Значи дефинитивно во последно време повеќе читам стрипови во дигитална форма, но сè она што можам и сакам да го купам го купувам. 10. Што читате во последно време? - Ха, во моментов имам започнато преку десетина серијали. Star wars на Dark horse ги завршив пред некое време, зборувам сè што има издадено овој издавач од почеток до денес, Transformers на IDW навистина позитивно ме изненади и сè она што на неделна база излегува од Marvel и DC. Александар Стеванов

7


Фељтон:

„МАКЕДОНИЈА ВО МИНАТОТО, ВО СЕГАШНОСТА И ВО ИДНИНАТА“ од НАЦЕ Д. ДИМОВ

Редакцијата на „Македонска Ризница“ има особена чест и задоволство на страниците на нашето списание, во форма на фељтон, на Вас, нашите читатели, ексклузивно да Ви го претстави рефератот „Македониjа во минатото, во сегашноста и во иднината“ од Наце Д. Димов. Овој мошне значаен реферат од историјата на македонскиот народ е создаден, прочитан и објавен во форма на книшка на руски јазик во далечната 1913 г., во Санкт Петербург, Русија. Во Македонија, во 2013 г., токму на 100-годишнината од неговото објавување, под редакција на Д-р Александар Литовски и Благојче Андонов, во издание на „Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција“ и со помошта на преведувачката Наталија Прасолова, рефератот на Наце Д. Димов за прв пат беше целосно преведен од руски на македонски јазик и под истиот наслов објавен во посебна книга. Почнувајќи од овој и во следните два броја, на страниците на „Македонска Ризница“, во рамките на овој фељтон ќе имате можност да ги прочитате пригодните предговори на преведувачката и редакторите, како и трите дела од рефератот на Наце Д. Димов. 8


100 години од издавањето на едно од наjзначаjните дела на Наце Димов Во 2013 година навршуваат 100 години од издавањето во Санкт Петербург на рефератот на Наце Димов „Македониjа во минатото, во сегашноста и во иднината“. Наце Димов е роден брат на корифеjот на македонската државно-национална мисла Димитриjа Чуповски и еден од активните промотори на Македониjа во светската jавност од почетокот на XX век заедно со Крсте Мисирков, Димитриjа Чуповски, д-р Гаврил Константинович, Стефан Дедов и Диjамандиjа Мишаjков. Наце Димов доаѓа во Санкт Петербург каj брат му Димитриjа во февруари 1903 година и активно се вклучува во Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Како што одбележува Блаже Ристевски во своjата монографиjа посветена на Наце Димов, „уште во декември 1902 и во jануари 1903 година Наце Димов, заедно со некоj Траjко, патуваат по универзитетските центри во Русиjа, каде што имаше во тоа време македонски студенти и постоеjа словенски друштва, за да jа организираат македонската национална мисла и да издеjствуваат морална и материjална поддршка за Другарството. .. Непосредно по Илинденското востание, кога К.П. Мисирков се врати од Македониjа и во Санкт Петербург ги одржа историските реферати на заседаниjата на Другарството, кога и во Русиjа и на теренот во Македониjа, а посебно сред емиграциjата во Бугариjа, доjде до отворен судир на македонската национална идеjа со големобугарската, големосрпската и големогрчката, па и со основните програмски концепции на Револуционерната организациjа, Наце станува еден од наjдоследните заштитници, креатори и пропагатори на програмата на Другарството. Неговиот потпис (како „механик“) го наоѓаме меѓу осуммината потписници на молбата на Македонското 9


научно-литературно другарство од 20 декември 1903 година до Советот на С.-Петербуршкото словенско благотворно друштво за потврдување на „Уставот“ на Другарството”. 1 Во овоj „Устав“ беа определени основните цели на Другарството: да го развива македонското самосознание сред македонската колониjа во Санкт Петербург; да ги изучува jазикот, песните, обичаите и историjата на Македониjа во етнографски и во географски поглед; да ги примирува и да ги обединува сите Македонци, без разлика на нивното образование и ориентациjа, во името на нивното еднакво потекло и единството на нивната татковина и сето горе кажано да го популаризира меѓу Македонците во Македониjа

и надвор од неjзините граници (во странство). Во рамките на оваа програма, пред Другарството се читаа мошне важни реферати што имаа посебно место во историjата на македонскиот народ, меѓу нив и рефератот на Наце Димов коjшто беше прочитан на 8 февруари 1913 година од трибината на С.Петербуршкото словенско благотворно друштво, каде што настапуваа само академици, универзитетски професори, политичари и истакнати словенски деjци. Интересно е дека градоначалникот на Санкт Петербург даде дозвола на С.-Петербуршкото словенско благотворно друштво да се одржи рефератов, но со наредба да е прочитан само „за членовите на Другар-

Ристовски Б. „Наце Димов (1876-1916) и програмата за македонската нациjа и држава“. Свечен собир по повод 130-годишнината од раѓањето и 90-годишнината од смртта. Скопjе, 2007. стр. 7. 10 10 1


ството и лицата што по име ќе бидат поканети“ и под услов „за означениот реферат да нема jавни наjави и афиши“. Според зборовите на Блаже Ристoвски причината е во тоа што „руските власти воделе сметка да не се шират информациите за предавањето и воопшто за темата“. Меѓутоа Македонската колониjа во Санкт Петербург одлучи интегрално да го издаде текстот, коjшто беше публикуван како посебна книшка со триглавен наслов: „I. Историски преглед на Македониjа и на Македонските Словени. II. Причините за изникнувањето на четничкото движење во Македониjа. III. Политички преглед на Македониjа и на Македонците “.2

Македониjа да учествува во Балканскиот соjуз како независна балканска единица“.3 Изданието на Наце Димов досега беше познато само на руски jазик и беше преведено на македонски jазик само делумно. Се надевам дека изданието на неговиот реферат на македонски jазик ќе jа потсети jавноста за еден од значаjните творци и бележити деjци на

Блаже Ристoвски одбележува дека на задната корица на изданието под цената пишува: „Целиот приход од ова издание оди во полза на Македонците што учат во Русиjа“. Интересно е што и на двете книшки коишто се зачувани сега во Библиотеката на Руската академиjа на науките во Санкт Петербург тоj натпис го нема. „Ова е едно од наjзначаjните посебни изданиjа на Македонското научно литературно другарство и Македонската колониjа во руската престолнина и прво од таков вид по книгата на Мисирков. Тоа е единственото познато самостоjно (сепаратно обjавено) дело со потписот на Наце Димов. Тоj на руски jазик пред светската jавност ги сервира основните информации за Македониjа и Македонците, за нивната долготраjна ослободителна борба и за нивната современа состоjба и перспектива. Во времето кога сеуште се водеа борбите со Турциjа и се чекаа решениjата од Мировната конференциjа во Лондон, во моментот кога балканските завоjувачи ги изоструваа страстите за меѓусебна расплата за поделба на пленот, Наце Димов ги истакна трите суштествени барања: „1) Соjузниците да си ги запрат распалените страсти над македонскиот народ; 2) Македониjа да остане цела и неделива единица; 3) 2 3

Исто. стр. 16. Исто. стр. 16.

11


Македонското научно-литературно другарство и потоа Македонската колониjа во Петроград.

„Умре Тоj далеку од краjот роден без да го види слободен“.

Патем речено во челната алеjа на Бољшеохтинските гробишта во Санкт Петербург се наоѓа гранитниот споменик коjшто му го направил брат му Димитриjа. На него има натпис: „Македонски деец Наце Димитриевич Димов. Починат на 15 jули 1916 година, на 40 години од раѓањето“, а подолу, на пиедесталот на споменикот, со поголеми букви на предната страна пишува: „Живееше Тоj и се бореше за правото и слободата на македонскиот народ“, а на десната страна е додадено:

Наталија Прасолова

12 12


- ПРВ ДЕЛ -

Историски преглед на Македониjа и на Македонските Словени. Сегашната Македониjа граничи на запад со Албаниjа, Илириjа и Епир. (Гром-планина, Граве-планина, Лурjе-планина. На север со Стара Србиjа – Српското Кралство и Бугарското Царство, Шар-планина, Качаничката клисура, Црна Гора и Осогорска планина. На исток со Тракиjа, централните и јужни Родопи, на југ со Егеjското море, Тесалиjа (Грциjа) со соседниот Халкидички полуостров (Олимп, Камбуница-планина, Река Бистрица).

ништо општо со Грците. Разгледуваjќи ги словенските напади на Балканот, историчарите претпоставуваат дека преселбата на словенските племиња на Балканот станувала не само во првите векови по Христовото Раѓање, туку и пред Х.Р. Врз основа на посланијата на Апостол Павел, во 146 г. пред Х.Р. истиот историчар вели дека преселбата на Словените на Балканскиот Полуостров станувала со мали дружини и затоа останала незабележена за историчарите. Кон ова мислење се приклучува и историчарот Путер. Што се однесува до напливот на Словените во третиот век на Балканскиот Полуостров, по ова прашање не може да има никаков спор, бидеjќи историчарите jасно велат дека во третиот век не само Балканот бил заселен со Словените, но и древна Елада до самото Jадранско море. Ова случување се докажува со тоа што ГрцитеАтинци ги повикувале Римjаните за нивното спасение от Словените затоа што им немало живот од “СлавосВарварос”. Тоа е доволно за да се признае неоспорливо историското право на Словенскиот народ коjшто прв се jавил на Балканот и се смешал со остатоци од древните народи коишто живееле во непристапни планини и клисури, иако некои историчари го оспоруваат тоа и утврдуваат дека првото поjавување на Словените на Балканскиот полуостров почна во третиот век. Но тоа е само претпоставка на историчарите коишто тогаш не пишувале според сопствени набљудувања, туку според раскази и преданиjа на Апостолите и патниците, на коишто им бил пристапен само Старо-Римскиот пат од Загреб до Солун, и не сретнуваjќи по своjот пат ниеден народ тие мислеле и им тврделе на другите дека на Балканот немало никаков народ или дека народот коj живеел таму загинал или исчезнал поради напади од различни диви племиња: Келти, Авари, Фини, Хуни и др. Но тоа

Во првобитните времиња на Балканскиот полуостров Македониjа живеела со своjот внатрешен затворен живот немаjќи врски со надворешниот свет поради своите недостапни граници. Какви луѓе паселе свои стада на рамнините на Македониjа, на солунските, штипските, велешките, прилепските и битолските пасишта и на бреговете каj Охридското Езеро; звуци на коj jазик се разнесувале низ карпестите клисури на Шара, Родопа, Пинда – историjата го премолчува тоа. Ниту едно предание не ни раскажува за стара преселба на некакво племе во таа земjа. Историjата вели само за тоа дека старите доjденци на Балканскиот Полуостров не затекнале таму претходници. Старите жители на сегашната Македониjа биле сродно племе на ТракоИлирите од коишто и сега уште се зачувале остатоци од племето под името албанези (сегашните тоска коишто се населиле во Jужна Албаниjа). Историчарот Jаков Абот во своите историски трудови на англиски jазик вели дека старите Македонци при односите со Грците зборувале посебен jазик, неразбирлив за нив, и кога Великиот Александар Македонски се обраќал кон своите полководци Македонци, зборувал на своjот маjчин македонски jазик, неразбирлив за Грците. Тоа било доволно за историчарот да разбере дека Македонскиот народ, т.е. древните Македонци, немале 13


14 14


е само мислење на тогашните патници коишто немале можност благодареjќи на непристапноста на планините и непроодните клисури и шуми да навлезат навнатре во Македониjа коешто потсетува на сегашните патници коишто jа поминуваат Македониjа во купе на железничкиот воз и го гледаат само тоа што е достапно за нивните очи и тоа што имаат можност да го видат кога возот застанува по патот од Солун до Скопjе. И споредуваjќи jа состоjбата при коjашто се започнала Историjата на Македонските Словени со сегашното несогласување меѓу Историчари, Филолози-Публицисти во однос на Македониjа освен противречност и разногласица ништо поважечко ниту во едно дело досега издадено во однос на Македониjа и Македонците не постои. Секоj го изразувал своето мислење во таа насока од каде што патувал во Македониjа. Ако тргнувал од Атина, тогаш во неговото дело насекаде се вели дека во Македониjа има Грци, ако морал да патува во Македониjа преку Белград, велел и пишувал дека Македониjа била населена со Срби, а ако патникот морал да патува од Софиjа, тогаш велел дека Македониjа била населена со Бугари. Еве ги резултатите на делата на Словенските трудбеници коишто за жал досега не дадоа во однос на Македониjа определен и самостоен од научна гледна точка материjал во полза на Словенското поле. Говореjќи за трудбеници ги имам во предвид само тие со словенско потекло затоа што само Словените морале пред Господ и совеста да велат и пишуваат за тоа што фактички била и што сега претставува Македониjа за Словенскиот свет како во духовен, етнографски, така и во национално-географски и битов однос на Македонските Словени.

Словенските племиња на Балканот, но затоа што компликациjата е создадена поради Македониjа ќе зборувам само за Македонските Словени. Во V век Македониjа е силна држава и наполно самостоjна. Династиjата на цар Василиj Македонецот, родум од Македониjа, го заземала Византискиот престол речиси двесте години, од 867 до 1056 г. Бугарите дошле на Балканскиот полуостров во 679 година околу 30.000 орда под водство на Аспарух, коjшто го основал Бугарското царство во Мизиjа, меѓу Дунав, Днестар и Црното море. Потоа Бугарите се спуштиле долу и jа основале своjата престолнина во Преслав (близу до Шумен, сега Ески Џумаjа). Првиот напад на Македониjа го направил бугарскиот кнез Крум во 811 г., а потоа веќе во 918 г. бугарскиот цар Симеон jа освоил Македониjа до Вардар, но по 50 години (во 963 г.) Македонците се дигнале на востание, ги протерале Бугарите и основале самостоjно посебно царство на чело со цар Делjан. Во краjот на XII век Македониjа била зафатена од Бугари на неколку години, потоа пак се одделила во посебна држава и пак потпаднала под власт на Византиjа. Во 1333 – 1336 г. Стефан Душан Српски jа освоил Северна Македониjа, а по историската Косовска битка во 1389 г. Македониjа со целиот Балкански полуостров потпаѓа под турско ропство запазуваjќи ја во неприкосновен вид црквата и локално самоуправување со вазалниот Македонски крал Марко и само во 1394 г. Македониjа престанала да постои како самостоjна држава, но засекогаш Македониjа ги запазила своето име и насловот на посебна Македонска провинциjа во Турската Империjа.

Македонците од време на нивната поjава на Балканскиот полуостров секогаш живееле самостоjно и ги преживеале Римското и Византиско ропство, но овие господства биле политички и им одземале на Македонците само односи со надворешниот свет, но внатре во Македониjа Македонците секогаш имале самоуправување. Интересно би било да се потсети на тие промени коишто се случувале во политичкиот живот на

Од приведените историски справки е очигледно дека скоро илjада години Македониjа се борела за своето постоење како самостоjна посебна државна единица. Наце Д. Димов Од рефератот, прочитан во словенското благотворно друштво во Санкт Петербург на 8 февруари 1913 г. 15

Продолжува...


Интервју - Јане Наумоски Јане Наумоски е охриѓанец роден во 1983 година. Последниве десетина години професионално се занимава со дизајн на интернет страници и од поново време на апликации за андроид и iOS. Времето што му преостанува по завршувањето на обврските (и ТВ сериите), ѝ го посветува на својата пасија - фотографијата. Тој е опуштена личност и многу пријатно друштво, чиј хумор не престанува да изненадува. 2013 година ја обележа со наградата за најдобар фото блог, која ја доделуваат „Блогираме“ и македонската „Twitter“ заедница и со завршувањето на проектот „365“. Во ова интервју ќе разговараме повеќе за реализацијата на идеите на Наумоски во текот на изминатата, 2014 година.

16


1. Во претходното интервју за „Македонска ризница“ не очекуваше редизајн на твојот блог и не остави во исчекување на „многу новини“. Па што се случи во изминатата 2014 година од овој аспект?

Не само што го редизајнирав, туку и го ребрендирав и го префрлив на посебен домен. Сега се вика Revoshot, изгледа професионално и има повеќе простор за различни теми и проекти. Мислам и дека успеав во намерата да објавувам разнолики, поинтересни и побогати содржини. Признавам, горд сум на својот блог. Но, тоа не значи дека веќе нема да внесувам промени. 2. Што поточно означува RevoShot и на што се фокусира?

Revo на Есперанто значи сон (dream). Комбинацијата од зборот„revo“ и англискиот „shot“, во еден послободен превод на македонски означува Фотографија од соништата. Во фокусот на мојот блог е фотографијата (но, понекогаш ми се провлекува и по некое видео). Објавувам свои, но и дела на други фотографи. Постирајќи редовно на мојот блог, наоѓам инспирација за нови фотки, а се обидувам да презентирам нешто инспиративно и за колегите фотографи. Во иднина планирам проширување на содржинскиот опфат на блогот, но детали околу тоа во следното интервју. 3. Неодамна RevoShot лансираше натпревар на тема „Sinister Days“. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе околу натпреварот и како се роди идејата за истиот?

Идејата ми се врткаше во главата речиси една година. Лани, со оглед на тоа што проектот „365“ го водев на англиски јазик, решив да го искористам Halloween како повод (или изговор) да се испробам во хорор фотографијата. Поминав неколку дена во потрага по идеи, места и соучесници за изработка на хорор фотки; навлегов во дотогаш од мене неистражени теми, наидов на нов личен предизвик (бонус: многу ми 17


креативни и посветени автори - уметници коишто се стремат да го надминат веќе виденото/слушнатото/ прочитаното, да ги поместат границите на уметничкото творештво во земјава (и одлично им оди!). Се надеваме дека до следниот Sinister Days ќе успееме да ги поттикнеме македонските креативци да земат учество во уште поголем број. 5. Како се одвиваше процесот на селекција на победниците? Кој сè учествуваше во тоа?

Селекцијата на победниците ја изврши група луѓе активни во различни креативни области. Се собравме на една маса, ги здруживме нашите познавања и искуства, отворивме дебата за пристигнатите трудови и ги избравме победниците. Звучи едноставно, но воопшто не беше - како што веќе реков, ни пристигнаа прекрасни дела и неизбежно беше да се соочиме со потешкотии при изборот на најдобрите. Во жирито членуваа: Кристина Манчева (графички дизајнер и сопственик на Design and Berries) Ерина Богоева (дипломиран студент по книжевност и фотограф) Велиан Јагев (фотограф) Димитар Атанасов (фотограф) Јане Наумоски (фотограф и UI дизајнер). 6. Смееме ли да ги дознаеме твоите фаворити?

Не би сакал да посочувам фаворити. Му се радував на секој пристигнат e-mail, уживав во секое едно дело. беше забавно). Така, посакав да го зголемам својот ангажман во овој жанр и, годинава, заедно со Ерина Богоева решивме да го организираме Sinister Days.

7. RevoShot беше твоето изненадување за минатата, 2014 година. Какво изненадување подготвуваш за оваа година?

4. Каков беше одзивот на натпреварот? Дали ги достигна очекувањата?

Во моментов имам намера да го освежам дизајнот на блогот; новиот дизајн не би се разликувал многу од постоечкиот, но, како дизајнер, чувствувам потреба постојано да го подобрувам ова свое дело. Понатаму, планирам воведување на нови категории и содржини

Да, ги достигна очекувањата. Задоволни бевме не само од бројот на пријавени трудови, туку и од нивниот квалитет. Ни пристигнаа дела на талентирани, 18


кои, се надевам, ќе бидат интересни за посетителите на блогот; всушност, би сакал да го проширам опфатот на блогот: да додадам нови теми поврзани со фотографија, но и содржини од други творечки полиња. Исто така, во тек се подготовки за нови предизвици коишто би

биле распоредени во текот на целата година и, секако, за следниот Sinister Days.

Доколку сакате да дознаете повеќе за натпреварот и кој сè учествуваше на истиот следете го следниот линк http:// www.revoshot.com/sinisterdays/sinister-days-entries, додека пак победниците можете да ги видете на http://www. revoshot.com/sinisterdays/winners-2014. Ако пак до сега не сте го истражувале RevoShot блогот, тогаш срдечно ви препорачувам да го посетете http://www.revoshot.com/ и да уживате во неговите содржини што побрзо. Јордан Коцевски

19


Стаменка Трповска Менче Родена на 18 март 1994 година во Скопје. Своето детство го поминав тренирајќи кошарка, за подоцна да ми се појави љубовта кон поезијата и пишаниот збор. Почнав прво да пишувам проза, за малку подоцна да се пронајдам во поезијата и сите мои чувства и животни настани да ги преточам во стихови и песни. Првата поезија ја напишав на своите 17 години, за по 3 години пишување, да излезе и мојата прва книга која се вика „Поезијата на една душа“.

20 20


Убаво е... Убаво е кога имаш, кого да гушнеш. Убаво е кога имаш, на кого глава да потпреш. Убаво е кога имаш, на кого љубов да дадеш. Убаво е кога имаш, некому да се довериш. Збор - два во доверба да кажеш Да не се излажеш, на изглед себичен. Да не те повреди оној чија доверба подаруваш. Да не те повреди оној кој искрено сакаш. Убаво е кога се има пријател, искрен пријател. Убаво е!

„Само тебе те сакам и ништо друго на светот“ Се мислам како ли да ја опишам Онаа убавина во љубовта совршена Која взаемно е дадена и подарена Две души се љубат, срца непрекинато чукаат Едно тело ко гранки на дрво Се разгранува и чувствува во околината Љубовта чиста и искрена Без трошка лоша намера Таа него го сака, тој неа ја сака Вредни и бесценети моменти Прегратки и бакнежи секојдневни Души исполнети со радост, среќа На моменти лоши мисли И страв во стомак се чувствува Кога најблизок мака има Последна реченица беше кажана „Само тебе те сакам и ништо друго на светот“ Последните моменти беа изживеани Да проклетата смрт некого раздели. Август, 2014

21


Не прашувај за мене Не прашувај за мене Уморна сум од животот Кој изненадувања ми приредува Ката-дневно. Не прашувај за мене Уморна сум од љубовта Која секојдневно ме здоболува И душава ми ја прогонува. Не прашувај за мене Уморна сум од реалноста Која ме принудува во неа да живеам И секојдневно срце ми раскинува. Не прашувај за мене Уморна сум од прашања Од лаги и разочарувања Од болка која ја чувствувам. Не прашувај за мене Те молам не прашувај Никогаш не прашувај Уморна сум, верувај. Октомври, 2014

22 22


мини ИНТЕРВЈУ со Стаменка Трповска-Менче 1. Како што сликарот слика нечиј портрет, би можел ли поетот да направи нечиј духовен портрет? - Секако дека може! Јас се трудам, како и своите, така и туѓите чувства да ги преточам во стихови и сето тоа да личи како еден духовен портрет на некоја личност. 2. Кој е вашиот омилен поет? - Блаже Конески и Тихомир Јанчовски 3. А омилена поетеса? - Немам! 4. Жан Кокто има кажано дека најголемата несреќа што на еден поет може да му се случи е да му се восхитуваат без да го разбираат. Која според вас е најголемата несреќа за еден поет? - Би се согласила со Жан Кокто! Несреќа е да ми се восхитуваат, а да не ме разбираат. 5. Кој според вас би требало да победи на идните Струшки вечери на поезијата? - Немам размислувано. Александар Стеванов

23 23


Смиле Цветановски илустратор и стрип автор Смиле Цветановски е македонски стрип автор и илустратор, роден на 5 август 1967 година во Скопје. Во 1986 година тој го завршува средното училиште за применета уметност во родното Скопје, по што се запишува на ликовната академија. Својата прва илустрација ја објавува во студентското списание „Студентски глас“, а првиот стрип во стрип ревијата „Макстрип“. Цветановски редовно објавувал илустрации и во хрватското списание за научна фантастика „Сириус“, како и во српското списание „Алеф“. Во 1994 година ја завршува ликовната академија, со специјалност графички техники со применет дизајн, а наредната година, како дизајнер на ликови и позадини, работи за „Вардар филм“ при изработката на филмот „Фасада“. Има работено и во студиото „Дарфилд“ на Дарко Марковиќ, каде што има учествувано во изработката на поголем број анимирани реклами, илустрации, карикатури и на анимираната серија „Пецко“. Покрај Макстрип, свои стрипови Цветановски има објавено и во списанијата Клик, Стрип Арт, Тотем, Вулкан и други. Во соработка со Тони Анастасовски и Зоран Танев, како тушер работи на стрипот „Вара – каменот на љубовта“, кој и покрај тоа што целосно е завршен, за жал не е објавен. Цветановски се јавува и како илустратор на книги за издавачката куќа „Детска радост“, а има учествувано и на поголем број изложби. Тој е автор и на голем број плакати за „Драмски театар“, како и за други театри во Македонија. Како дизајнер и илустратор четири години работи за „Полио плус“, невладина организација за подршка на луѓе со хендикеп, а во последните неколку години работи на стрип за херојот „Валид“, младо момче со хендкеп. Смиле Цветановски е автор и на стрипот серијата „Стапче и Шишка“, објавуван во веб сајтот „Попара“. „Македонска Ризница“ има чест да ви претстави дел од богатото творештво на овој македонски автор, а доколку сакате да видите уште некоја негова слика, посетете го блогот http://scvetanovski.blogspot.com/ Александар Стеванов 24


25


26


27


28


29


30


31


32


33


34


35


36


Ангел Спространов 1831 - 1927 Македонски преродбеник и револуционер (портрет карикатура, молив во боја на хартија) Никола Анѓелкоски

37


38


39


Овде можете да ги прочитате сите претх

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА ЕЛЕКТРОНСКО СПИСАНИЕ

Република Македонија

Јули 2014 | Број 24 ISSN 1857-9314

Секоја од насловните страници претставува линк до содржи 40


ходни изданија на Македонска Ризница

електронско списание

Македонска ризница електронско списание

Република Македонија Република Македонија

Февруари 2014 | Број 19 ISSN 1857-9314

Декември 2013 | Број 17 ISSN 1857-9314

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА

електронско списание

Република Македонија

Ноември 2014 | Број 28 ISSN 1857-9314

ината на соодветниот изминат број на Македонска Ризница 41


Македонска Ризница:

Мoжете: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело. Е-ПОШТА: makedonska.riznica@yahoo.com

42


Медиумски покровители:

43


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.