ФЕВРУАРИ 2015 ГОДИНА
ISSN: 1857-8314 Македонска Ризница , бр. 31
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА
1
31
Македонска Ризница број 31 февруари 2015 година
Уредник: Благојче Андонов Редакција: Гоце Панговски Сашо Гачев Соработници: Никола Анѓелкоски Дарко Богданов Весна Ничевска Саравинова Михаил Парушев Наталија Прасолова Александар Литовски Издавач и дизајн: Александар Стеванов
„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“ „Пиреј“ – Петре М. Андреевски Нашето и ваше списание Македонска Ризница е само уште еден доказ дека нашиот сој е онаков како што го опиша големиот македонски писател Петре М. Андреевски. Изминуваат три години, како деноноќно работиме во креирање на еден ваков проект за зачувување, афирмирање и негување на македонската историја, култура и бит. Во овој број ќе можете да го прочитате вториот дел од книгата на Наце Димов, поезијата на Весна Ничевска Саравинова, а исто така продолжуваме со поддршката за македонските стрип автори со делата на Дарко Богданов. Искрено се надеваме дека овој број ќе ги задоволи вашите вкусови и дека ќе одвоите од вашето ценето време за читање на содржините на истиот. Секоја добронамерна критика ќе биде прифатена и ќе биде во контекст на подобрување на квалитетот на списанието. Со почит, БЛАГ ОЈЧЕ АНДОНОВ
уредник на Македонска Ризница
2
Македонска Ризница , бр. 31
Во овој број ќе читате:
МИСЛА ЗА ЛЕГЕНДАРНАТА МАНЛИХЕРКА Александар Стеванов ................................................................................................................................. 04
ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ - ПОРТРЕТ КАРИКАТУРА Никола Анѓелкоски ..................................................................................................................................... 05
ДАРКО БОГДАНОВ, СТРИП АВТОР И ИЛУСТРАТОР Александар Стеванов ................................................................................................................................ 06
ТОП 10 ЛИСТА: ОМИЛЕНИ МУЗИЧАРИ И ГРУПИ, ВО ИЗБОР НА МИХАИЛ ПАРУШЕВ Гоце Панговски ............................................................................................................................................. 32
ПОЕЗИЈА И ИЛУСТРАЦИИ - ВЕСНА НИЧЕВСКА САРАВИНОВА Редакција ....................................................................................................................................................... 36
ФЕЉТОН „НАЦЕ ДИМОВ“, ВТОР ДЕЛ: ПРИЧИНИТЕ ЗА ИЗНИКНУВАЊЕТО НА ЧЕТНИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА Благојче Андонов ......................................................................................................................................... 42
3
МИСЛА ЗА ЛЕГЕНДАРНАТА МАНЛИХЕРКА Припремил: АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ
„Пред нуждата од модерно вооружување не само на четите, ами и на нашата милиција, која треба да е на нога секогаш, нивното вооружување не може да биде со пушки: „Гра“, „Мартинки“ или „Кримки“, ами треба „Малихерови“ или „Маузерови“ пушки, зашто нашите непријатели се вооружени најмодерно.“
Мисла на Пандо Кљашев, според сеќавањето на Алексо Мартулков објавено во неговата книга „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“, ИНИ, Скопје, 1954 година, стр. 103
4
Македонска Ризница , бр. 31
А Ј И И Ѓ Р ЃО ЕВСК Л У П Т Е Р Т ПОР АТУРА К И Р А К
Автор: НИКОЛА АНЃЕЛКОСКИ 5
ДАРКО БОГДАНОВ, СТРИП АВТОР И ИЛУСТРАТОР Припремил: АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ Дарко Богданов, роден во 1984 година, стрип цртач и графичар, по малку ликовен уметник. За стрипови се интересира уште откако знае за себе и уште откако научил да чита, што е повеќе од доволен предуслов за да си ја запечати судбината со професија која во денешно време и во оваа средина не носи приходи. Го завршува средното уметничко училиште во Скопје, а потоа и дипломира на Националната ликовна Академија во Софија, Република Бугарија, отсек графика. Првиот стрип го објавува во седмиот број на списанието „Стрип Арт“ на своја 16 годишна возраст. Стрип кој иако потполно аматерски, сепак значаен за да се има доволен поттик за понатамошна работа и развивање.
бугарскиот стрип издавач „ИЕКК Комикс“, за кого изработува комплетен стрип за деца на 36 табли, кој останува необјавен поради прекинување на работата на издавачот (нешто што сепак може да се оствари во блиска иднина, но овојпат за македонски пазар), а веднаш потоа и како сториборд цртач за филмското студио “NU IMAGE” од Софија, на филмовите “Conan The Barbarian” и “The Expendables”. Поклоник на мрачни музики, филмови и литературни и стриповски дела, момент кој резултира да троши манијакално големи количини на црн туш. Во 2011 година го издава својот прв стрип албум “Modus Vivendi” во сопствена режија. Од 2009 година најмногу соработува со стрип сценаристот Јордан Коцевски, и како резултат на таа соработка го објавуваат заедничкиот стрип албум „Мрак Хумор Тишина“, антологиско издание од нивниот опус на кратки стрипови,
Половина живот, веќе инаетливо, сè уште се труди и се надева дека еден ден ќе научи да црта како треба. Во 2008 и 2009 година е ангажиран, едно по друго, најпрво како стрип цртач за
6
Македонска Ризница , бр. 31
збогатен со неколку кратки стрипови направени во соработка и со други македонски автори (исто така во сопствена, ко-авторска режија). Неговите стрипови се објавени во поновите македонски стрип списанија, „Стрип Арт“, „Креатор“, „Стрип Трип“, „Синдром“, стрип магазинот „Парабелум“ од Република Српска, во македонските стрип антологии “BASTION” и “Pegazus 21”, како и во повеќе домашни и странски електронски списанија и портали. Има земено учество на голем број балкански стрип фестивали, како и на европски конкурси за карикатура и стрип. Зад себе има „скромни“ три награди за стрип на македонските манифестации, четири самостојни изложби (од кои три се на стрип табли и илустрации), и има учествувано на повеќе групни ликовни изложби, како во Македонија, така и во странство. Член е на Здружението на ликовни уметници „УМ“ од Виница, со кое има реализирано голем број на проекти и изложби во досегашната десет годишна активност. Живее и работи во Виница. Веќе во подготовка се неколку негови идни стрип проекти, првенствено заедно со Јордан Коцевски, но и со неколку други македонски стрип автори. На неговата стриповска иднина гледа со детски ентузијазам, жар во очите и со спартанска одлучност и спремност за идни непроспиени ноќи над масата за цртање, обликувајки нови стрип табли чии сценарија уште од сега чекаат на ред, придружени од гнев и смрштени очи на сценаристите кои му стојат над глава.
7
8
Македонска Ризница , бр. 31
9
10
Македонска Ризница , бр. 31
11
12
Македонска Ризница , бр. 31
13
14
Македонска Ризница , бр. 31
15
16
Македонска Ризница , бр. 31
17
18
Македонска Ризница , бр. 31
19
20
Македонска Ризница , бр. 31
21
22
Македонска Ризница , бр. 31
23
24
Македонска Ризница , бр. 31
25
26
Македонска Ризница , бр. 31
27
28
Македонска Ризница , бр. 31
29
30
Македонска Ризница , бр. 31
31
0 1 П О : Т А Т С ЛИ
Омилени музичари и групи, во избор на Михаил Парушев
Михаил Парушев е македонски композитор и музичар на ударни инструменти. Роден е во Скопје во 1976 г. во семејство на музичари. Уште од 4-годишна возраст покажува интерес кон удиралките. Во 1990 г. Михаил беше прогласен за најдобар тапанар на Рок Фест во Скопје. Истата година се запишува во музичкото училиште „Илија Николовски - Луј“ за да ги изучува ударните инструменти, а потоа има завршено и класична музичка академија на ФМУ во Скопје. Од 1989 г. до сега има настапувано по целиот свет заедно со многу меѓународни и македонски музичари. Меѓу нив се: Октавијан, SETH, Алшар Коџабашија, Влатко Стефановски-Трио, Проект Жлуст, String Forces, Бла Бла Бла, Д.Н.О., Владимир Мараш, 10 Осмини, Пангеа Игор Безгет Биг Бенд, Валерија Николовска бенд, Joe & Maya Collective, и др. Моментално е член на меѓународно познатата македонска музичка група „Леб и Сол“. Михаил компонира и своја музика. На следниот линк можете да слушнете некои од неговите последни композиции: http://soundcloud.com/mihailparushev
1. THE BEATLES
2. IRON MAIDEN
Со Битлси ми почна дружењето со музика од бебе. Ги нарекувале револуција, ама за мене се сеуште број 1. Ринго Стар е човекот што ме научи да свирам на тапани, ама никогаш не научив да сум смирен како него.
Тие ми беа еден од омилените бендови. Целиот состав е од врвни изведувачи. Nicko McBrain е одличен рок метал тапанар. Од нив би ги издвоил Run to the hills и Powerslave. 32
Македонска Ризница , бр. 31
5. JOHN MCLAUGHLIN Џон е мојот fusion гуру. Од секогаш свирел со најдобрите тапанари и басисти. Би го издвоил албумот Live in Paris заедно со Joe DeFrancesco. И особено проектот 5 peace band заедно со Chick Corea и песната Raju.
3. DEEP PURPLE Нив ги слушав повремено зашто во тој период бев заразен со хеви метал музика. Од нив можам да издвојам многу хармонски сола и прецизен ритам. Албумот Stormbringer и истоимената песна ги открив кога имав 15 години.
4. PETER GABRIEL И STING Потоа ме заинтересира поп културата и музиката на Peter Gabriel и особено на Sting. Од Габриел би го издвоил Digging in the dirt, со сценски патувања низ малку поп и традиционална англиска музика, а од Sting Bring on the night live. Тој е секогаш во придружба на одлични џез музичари.
МИХАИЛ ПАРУШЕВ
33
6. JOHN SCOFIELD И DENNIS CHAMBERS
7. ALLAN HOLDSWORTH
Сега веќе легендарни гитарист и тапанар. Од нив би ја издвоил песната Wabash.
Особено го ценам периодот со тапанарот Chad Wackerman. Од него би го издвоил албумот Wardenclyffe Tower и 5 to 10 song.
8. MASSIVE ATTACK Приказна за себе, ако не ги чуеш не можеш да ги објасниш. Имаат совршена модерна продукција. Од нив би го издвоил албумот Heligoland и песната Paradise Circus.
МИХАИЛ ПАРУШЕВ
34
Македонска Ризница , бр. 31
9. BOARDS OF CANADA
10. ТЕМПЕРА Македонскиот состав на Тања, Мите, Гино и Џоле. Од нив би ја издвоил песната Вера.
Амбиетална, откачена музика што мене ми се допаѓа.
Уредил: ГОЦЕ ПАНГОВСКИ
МИ ХАИ ЛП АРУ ШЕ В
Фото: МАЈА АРГАКИЈЕВА
35
А Н Е Ж
ОВА АВИН Р А С ага, А ЕВСК м во т а Ч в И у Н к е А , бл ВЕСН и се о ви ме сечат ож о н в стра рана како м, от м у т екоја и се бора непријател о ј с о м а а ам аж, ици н ја зем во очите н те на м е ходн е т ц м и а а н р а д к е гле ка во По вал на подовит ите. дам. играч , о м б в у т и с о а в гре леж укла огаш а. ите и тискам Понек ум ничија к со контрол грешк те раце ја с с но не не работи Со две ава м јот ум у ј е т о л и ов на мо а, и ц оваа г нат гласов и н в , шањ е ход да сти доволните канит ворени пра л а в а о В дго на нез редените. јат нео ни желби, о т в с о п е на , вар неост ати надежи ена, а, ж о а н м в з т м са све замр та провеју Јас су семоќна и в љубо не сум авам исто, м, а в јас кр чам и колн аза тонам, а јас пл гаш во омр о к поне сти горам а р т во с
36
Македонска Ризница , бр. 31
здух ден во е мами. а г а з истува то лиц и проч евка на мое о, т и насм сè по неш вачи д о ж а у т, Има и истр те на свето н р о м и н ј неу а та, т по т копаа ат убавина т, а ја бар уваат миро ва глава, к е ч о кој, во так го а мир дена за спо л, м е н а но те е созд двига таа не от е нејзин ник, в немир ечен бунто барател. в в и е л в а та пра о п е н таа е а м жен е Јас су свое бити клетство, ната е о о т со се еам ова пр ото на всел в в у и во го ж жувам мјата го вре увам во зе и впиш
м. врата е с а д о неа , м пред в а во мигот оста, ја има н о н ќ т ч о е ш м в е а С убовт ќна во а немо ловена со љ аза и јад. р с благо ј свет на ом ум о в мојот а, а во о н и ц ходни но лип аните ојче стутка е, к л а в в Во тан ало де и да с едно м воин ѝ вел на е а а жен асти создад аена. т р т о с р п к од ности отот ж е н в со и, еткан а и жи Смртт азам се впл , а во орг во вечност а, т оддек о соништа в трага жена е. јас сум свое бити о т со се
37
ОВА АВИН А САР ЕВСК А НИЧ ВЕСН
38
Македонска Ризница , бр. 31
А Н А А Т Ц А И Н ПЕС КАТА ПТ РАЈС
ВА ВИНО А Р А СКА С ИЧЕВ Н А ост Н ВЕС а неук твојат ст. е, о а имаш и глув ц и т п ајска себе р шаше, ј а р к По нина е слу ви пла сам, есна н дуваше, а п т с а о , е, о е и Ми и да н о ме нареч и не в е познавашаше ќ о е б л п т на ак на н ична ш убави врана ти гр е. Ти себ суров, ш м в у боже и ти фрла човек то застана ирисам в ш м и клет ли птички, три, затоа неа да по а д Две м очиња бис на мене, цвет о гнав глава оздух. и т р , в чети иња чекаа сам и поди ишам чист во дробови м, т о с н у а две а ќе ја м, т а да под ави црнила ка откинув н и т т и, план чна не су ва, Ми ос е темна гру и град и отсету н б п л е о е с п ц м и р о од с м и гмечам а тебе да ам с н ќе диш ја газа кам ништо дека боли а ш и не с ам да знае ќ ј , е а иж но н а негр твојат слепило, твоето
39
аѓам е расп иш, аат, с а д и ш ќе лет засекогаш р и к о с б е и и да м а во разн ќе ти бидам њ парчи аска во око очи р иш како склоп же е н л, а к доде та не ти ка ме разбра а и з с л и со погрешно колку од егото, та, а у далек од правил у к о е т дал рце у до с а, блиск ината тешк ачот л и план смеата и п а у н ѓ е д а м тр по цата с на пти те пилиња, и малии, нејзин ш твои, а никог
ка. ројка, лажна сли т а т е а св авам з т, не ја д штита а ј л и р т, ите к да мо ува без ле цена. о б о л С не бид а, со у љубов нги, со осуд со пра цне грбов земја, р И да к свиткам во лку а е с и да фаќам пом и , р к Не п ласен ри г од нај боден лет, о л с д, од р и па оја песна, а к а м па р, м ј избо но мо раст! т моја с
40
Македонска Ризница , бр. 31
ОВА АВИН А САР ЕВСК А НИЧ ВЕСН
41
ТОН В“ Љ Е Ф ИМО Д Е „НАЦТОР ДЕЛ В
ПРИЧИНИТЕ ЗА ИЗНИКНУВАЊЕТО НА ЧЕТНИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИJА Редакцијата на „Македонска Ризница“ има особена чист и задоволство на страниците на нашето списание, во форма на фељтон, на Вас, нашите читатели, ексклузивно да Ви го претстави рефератот „Македонија во минатото, во сегашноста и во иднината“ од Наце Д. Димов. Овој мошне значаен реферат од историјата на македонскиот народ е создаден, прочитан и објавен во форма на книшка на руски јазик во далечната 1913 г. во Санкт Петербург, Русија. Во Македонија, во 2013 г., токму на 100-годишнината од неговото објавување, под редакција на Д-р Александар Литовски и Благојче Андонов, во издание на „Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција“ и со помошта на преведувачката Наталија Прасолова, рефератот на Наце Д. Димов за прв пат беше целосно преведен од руски на македонски јазик и под истиот наслов објавен во посебна книга. Во овој број на страниците на „Македонска Ризница“, во рамките на овој фељтон ќе имате можност да го прочитате предговорот на редакторите, како и вториот дел од рефератот на Наце Д. Димов. ТАКА СЕ ГРАДЕШЕ МАКЕДОНИЗМОТ
во сегашноста и во иднината“, односно онака како што било насловено предавањето на Наце Димов, е еден од чекорите во процесот на постепената, макотрпна, конвулзивна, тегобна, кларификација на главните постулати на македонската национална програма. Оваа мала, брошура има јасна и недвојбена
Брошурата „Историски преглед на Македонија и на Македонците. Причините за појавата на четничкото движење во Македонија. Политички преглед на Македонија и на Македонците“, која е пред нас со наслов „Македонија во минатото,
42
Македонска Ризница , бр. 31
македонска определеност и, оттаму, претставува една значајна манифестација во развојот на македонската национална свест во почетокот
македонскиот национален идентитет. Авторот на брошурата, Наце (Атанас, Афанасиј) Димов (Димитриевич, Чуповски), е брат на Димитрија Чуповски и еден од најактивните членови на Македонското научно-литературно другарство во Санкт-Петербург (19031905), односно еден од најактивни дејци на Македонската колонија во Санкт-Петербург (1910-1916). Наце Димов е роден во селото Папрадиште, Велешко, на 18/31 јануари 1876 г. По убиството на татко му, со браќата и сестрите се префрлаат со мајка им во Крушево, а потоа и тој оди на печалба во Бугарија. Во Софија учи во вечерното училиште и влегува во „лозарскиот“ круг на македонските „национални сепаратисти“. Потоа работи на железницата во Варна. Од 1901 г. е машинист на железницата во Одеса, Русија, а од декември 1902 г. се вклучува во дејноста на МНЛД.1 Тој е еден од „најдоследните заштитници, креатори и пропагатори на програмата на Другарството“.2 Од февруари 1903 г. е машинист во Петербуршкото железничко депо и исцело му се посвети на македонското дело, поради што во следната година и ја напушти државната служба. За да се издржува, отвори „Европска кафеана“ во Санкт-Петербург, но, бидејќи ја претвори во клуб на Македонците и Балканците, речиси банкротира и одново се вработи како машинист.3 Во 1911 г. Наце Димов и крушевчанецот Марко Атанасов Мушевич-Македонец заеднички поднесуваат молба до Светиот синод на Руската православна црква и меморандум до Министерството за надворешни работи на Русија, за отворање стручно занаетчиско
на минатиот век и грандиозен прилог во богатата аргументација за егзистирањето на
1. Македонска енциклопедија, Скопје, 2009, т. I, 601. 2. Блаже Ристовски, Наце Димов (1876-1916) и програмата за македонската нација и држава, Скопје, 2007, 7. 3. Македонска енциклопедија, Скопје, 2009, т. I, 602.
43
училиште на македонски јазик со интернат во разурнатиот Житошки манастир. Во тој период Наце Димов членува во Санкт-Петербуршкото словенско благотворно друштво, во Друштвото за словенска заемност и во Галициско-руското друштво. Непосредно пред Балканската војна стана „приватен адвокат“, а наскоро и заможен и угледен граѓанин на руската престолнина. Учествува речиси на сите собири и дискусии за балканските прашања и, пред сè, на оние каде се говори за зачувување на целоста и обезбедување на слободата на Македонија. Се покажа како најжесток полемичар на јавните собири и дискусии, на кои бескомпромисно се бори против ставовите на бугарските и српските претставници во руската престолнина, а во заштита на целоста и независноста на Македонија. Член-основач е на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методија“ во 1912 г. и на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методија“ во 1913 г. Потписник е на меморандумите на Македонците од 1 март и од 7 јуни 1913 г. и член е на Редакциониот совет на списанието „Македонски глас“ кое излегува во 1913 и 1914 г. Активен член е на Друштвото за помош на почетниците литерати, артисти, уметници и научници на Русија и член на Специјалната комисија на Друштвото за словенска заемност што ја подготвува сепаратно објавената на 8 јуни 1915 г. Резолуција за македонското прашање. Потписник е на Меморандумот до рускиот администратор за надворешни работи „Македонија и нејзините очекувања од Русија“ од 15 април 1915 г. Наскоро се разбол е и почина на 15 јули 1916 г. На надгробниот споменик во петербуршките Бољшеоктенски гробишта уште стојат зборовите што му ги напиша брат му Д. Чуповски: „Македонски деец Наце Димитриевич
Димов. Умрен на 15 јули 1916 година, на 40 години од раѓањето. Живееше Тој и се бореше за правото и слободата на македонскиот народ.
Умре Тој далеку од крајот роден без да го види слободен”.4 Наце Димов на 4 март 1913 г. го одржа предавањето во салата на Петербуршкото словенско благотворно друштво под наслов
4. Македонска енциклопедија, Скопје, 2009, т. I, 601-603.; Блаже Ристовски, Наце Димов (1876-1916) и програмата за македонската нација и држава, Скопје, 2007, 29.
44
Македонска Ризница , бр. 31
„Македонија во минатото, во сегашноста и во иднината“, и тоа предавање веднаш излегува и како посебна книшка на руски јазик, со наслов „Историски преглед на Македонија и на Македонците. Причините за појавата на четничкото движење во Македонија. Политички преглед на Македонија и на Македонците“, а во издание на Македонската колонија што претставува прва таква публикација по Мисирковата книга.5 Токму таа брошура е денеска пред нас на македонски литературен јазик, во превод на Наталија Прасолова. Треба да се укаже дека на самата брошура е отпечатен датумот 8 февруари 1913 г., но до тоа дошло, веројатно, заради превид од авторот, како што убедливо аргументира Блаже Ристовски.6
Чуповски и останатите македонисти од Македонската колонија во Русија. Впрочем, не смееме да заборавиме дека припадниците на Македонската револуционерна организација се тие кои учествуваа во уништувањето на книгата „За македонските работи“ и пред чии закани и напади авторот Крсте Мисирков мораше да ја напушти Софија, а пак истите тие упатија и смртни закани до Димитрија Чуповски при неговиот престој во Велешко.7 Во контекст на сето ова меѓусебно „непријателство“ на македонистите од Русија и МРО, треба да се знае дека за македонистите од Петроград немало разлика меѓу вооружените пропаганди во Македонија и деспотската османска власт. Затоа, на пример, кога во мај 1910 г. Марко Атанасович Мушевич и Наце Димитриевич Димов поднеле молба до Светиот синод на Руската православна црква како „Македонски Словени“, помеѓу останатото велеле и: „Од 1895 до 1908 година Македонските Словени се наоѓаа под тешкиот гнет на четворица господари што владееја во Македонија над Македонските Словени, а имено Турците, како државна власт, го правеа сето она што му е познато на целиот свет, а Грците, Србите и Бугарите со своите вооружени четници господареа секој по свое и со свои средства ги постигнуваа набележаните цели. Така кутрите Македонски Словени што се наоѓаа под разните влијаниа правеа сè што им се диктираше од надвор од Македонија.“8 (закосените букви наши - белешка на редакторот)
Појавата на брошурата на Наце Димов е логична последица од дотогашната работа на авторот и на сите останати Македонци кои во тој период се наоѓале во престолнината на Русија. Таа брошура, токму таква каква што е - македониститичка, можеше да се појави во средина која не беше контаминирана со отровите кои ги продуцираа пропагандите на Србија, Грција и Бугарија не само кај нив дома, туку и во самата Македонија. Секоја, па и најмала, манифестација на одделна македонска национална свест беше дочекувана со крајна жестокост во сите земји кои претендирале на поделба на Македонија. Но, и во самата Македонија, каде организираното македонско револуционерно движење беше под силно влијание на бугарската пропаганда, и кое не ја претвори својата револуционерна борба во македонска националноослободителна борба, непријателски ја дочекуваше македонската национална идеја пропагирана од Мисирков,
Сите тие луѓе од македонска колонија во Петроград, секојдневно живееа со знаењата,
5. Блаже Ристовски, Наце Димов (1876-1916) и програмата за македонската нација и држава, Скопје, 2007, 16-17. 6. Академикот Блаже Ристовски направил компарација на датумот кога е одржано предавањето од неколку извори и недвојбено докажал дека тоа било одржано на 4 март 1913 г. Покрај ова, Блаже Ристовски изнесува аргументи дека самото печатење на книшката е направено во 1914 г. Блаже Ристовски Наце Димов (1876-1916), Скопје, 1973, 79. 7. Крсте Петков Мисирков, За македонските работи, избор, Скопје, 1985, 17-18.; Блаже Ристовски, Наце Димов (1876-1916), Скопје, 1973, 21. 8. Блаже Ристовски, Сознајби за јазикот, литературата и нацијата, Скопје, 2001, 477.
45
мислите и уверувањата кои во својата бошура ги изнесе Наце Димов. Тие луѓе, во јуни 1912 г. во предложениот Устав на Словеномакедонското
Словени и нивното национално-битово самоопределување“.9 Тие и не можат да добијат поголемо признание за својот македонизам, од зборовите на Христо Шалдев, кој ги „кодошеше“ кај бугарскиот егзарх и кај Централниот комитет на МРО, дека: „Тоа се група Македонци, бивши српски воспитаници, што не се признаваат ни Бугари ни Срби, што војуваат за афтокефална македонска црква, за одделен македонски јазик и стојат врз целоста на Турската Империја.“10 Згора на тоа, добро е да се има во предвид дека Рефератот на Наце Димов е читан пред Словенското благотворно друштво на 4 март 1913 г., а Меморандумот на Македонците, меѓу чии потписници е и самиот Наце Димов, е со датум 1 март 1913 г. Во тој Меморандум има ставови кои се истоветни со ставовите изнесени во Рефератот, односно Брошурата „Историски преглед на Македонија и на Македонците. Причините за појавата на четничкото движење во Македонија. Политички преглед на Македонија и на Македонците“. Така на пример во Меморандумот стои: „Македонската колонија во С.-Петербург... бара Македонија во нејзините географски, етнографски, историски и економско-културни граници да остане единствена, неделива, независна балканска држава...“, а во брошурата се вели: „Македонија мора да остане цела и неделива.“11 Бидејќи, авторот на брошурата, главно поради неинформираност направил некои погрешни интерпретации и неточни констатации, нужно е да предупредиме дека е потребно неговата историска фактографија да се прима со резерва и да се уточни и прецизира преку консултирање на
национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методија“, подготвен и приложен, меѓу останатите и од Наце Димов, запишаа дека како задача ќе ја имаат да се „помага духовното преродување и обединување на Македонските
9. Блаже Ристовски, Наце Димов (1876-1916), Скопје, 1973, 25. 10. Блаже Ристовски, Наце Димов (1876-1916) и програмата за македонската нација и држава, Скопје, 2007, 8. 11. Блаже Ристовски, Сознајби за јазикот..., 443.
46
Македонска Ризница , бр. 31
новите сознанија до кои е стигната македонската историографија. Заради интенцијата текстот од брошурата да го презентираме без дополнителни редакциски оптеретувања и заради фактот дека на најголем дел од таквите неправилности коментар направил академикот Блаже Ристовски при објавувањето на „фототипно издание на книшката на Наце Димов“ во 1973 г.,12 тука нема да даваме дополнителни објаснувања и корекции.
Берлинскиот Конгрес во однос на автономиjата во Македониjа. Македонците по исчекување на рокот коjшто бил обележен во Берлинскиот Трактат почнале да се трудат за неговото исполнување. Но никоj не сакал да го исполни и немало на кого да се жалат. Македонците коишто биле потиснати од Турското ропство како политички така и економски гледаjќи ги каj соседните држави слободата и рамноправноста пред законот не можеле повеќе да се помируваат и да го трпат беззаконието на турските власти и биле принудени да бараат слободен живот поради што десетина илjади Македонци емигрирале во Бугариjа и Америка.
Д-р Александар Литовски Благојче Андонов ВТОР ДЕЛ ПРИЧИНИТЕ ЗА ИЗНИКНУВАЊЕТО НА ЧЕТНИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Македонската интелигенциjа коjашто добила образование во Македониjа и надвор од неа не можела да си наjде работа за живеачка во своjата татковина – Македониjа и коjашто на секоj начин била гонета од турските власти за да ги избегне од страна на турската Влада лажните обвинувања со цел прогонство на Малоазиските острови (како што многумина од неjзината средина невино платиле со своjот живот) била принудена да бара живеачка надвор од Турската Империjа бидеjќи Турската бирократиjа и интелигенциjа коjашто се состоела од Турци, Арапи, Ерменци, Евреи и Албанци го посретнувала словенското име со омраза и не ги допуштала Словените кон никаква државна деjност. Еве зошто се случило тоа толпи Македонци да станат емигранти во Америка, Романиjа, Србиjа и Бугариjа. Но наjголемиот наплив на таа емиграциjа се нашол во Бугариjа. Затоа морам искрено да jа кажам вистината дека државните места како во Грциjа, Романиjа, Србиjа, така и во Бугариjа се давале
На Берлинскиот Конгрес Македониjа била оставена под господство на Турциjа со услов по истекнување на 12 години од денот на потпишувањето на Берлинскиот договор Македониjа морала да добие автономно самоуправување. Оваа автономиjа била потврдена од Великите Држави и Турциjа. Одземањето од Македониjа на оваа автономиjа, коjашто била извоjувана со руска крв во 1878 г. било достигнато со итрините на Немците и користољубивиот однос на Србите и Грците коишто имале поддршка од европските капиталисти коишто вложиле свои пари во различни претприjатиjа во Турската империjа. Тие добро разбирале дека автономната Македониjа ќе ги лишела од можноста да се мешаат во внатрешните работи на европска Турциjа. Еве зошто не се исполнувало решението на 12. Блаже Ристовски, Наце Димов (1876-1916), Скопје, 1973, 79-87.
47
на Македонците под услов на задолжително исполнување на месните државни закони, т.е. примање државjанство, отслужување воена обврска, при сé тоа во Србиjа Македонците морале да се викаат Срби, во Романиjа Романци, во Грциjа Грци, а во Бугариjа тоа го немало, туку спротивно сите Македонци коишто заземале места им ја одземале можноста истите да бидат добиени од Бугарите, и Бугарите не срамуваjќи се го изразувале своето незадоволство против Македонците и ги прекорувале министрите за тоа што Македонците добивале места, а Бугарите по крв ги немале. Меѓутоа Бугарската Влада се стремела кон остварувањето на СанСтефанска Бугариjа и им давала на Македонците прибежиште, ги оставала Бугарите без места даваjќи ги на Македонците, а Бугарите ги праќала под старателство на егзархиjата во Македониjа на учителски места. Но при сé тоа малата Бугариjа не можела да ја угаси жедта на сите и да им даде живеачка во Бугарското Кнежевство и затоа македонската интелигенциjа служеjќи ѝ на своjата татковина била принудена да бара средства и да се бори за право како секоj човек што има право на своjата татковина.
Од 1895 година до 1901 г. Македонците се бореле за таа автономиjа коjашто била потпишана на Берлинскиот Конгрес, но кога Германците виделе дека страданиjата на Македонците го привлекле општествено внимание на Европа и дипломатиjата почнала да се занимава со Македонското прашање, тогаш тие т.е. Германците со претходно замислена користољубива цел во полза на своите материjални интереси го подбуцнувале Турскиот Султан да запали и уништи наjгусто населени места, села и градови. На таков начин биле уништени со артилериски оган гр. Крушево и 286 села – околу 40.000 Македонци вклучуваjќи невини стари луѓе и деца биле истепани, жени и девоjки биле силувани и сите македонски народни барања биле нарекувани незаконити, а востаниjата биле нарекувани разбоjнички. Десетина илjади Македонци биле прогонети во различни тврдини на Малоазиските острови. Турците го правеле сé тоа итро и смело и имале покровителство од западните дипломати. Сите судови и пресуди се извршувале во 12 часот на полноќ, така што подмолните деjствиjа на Турците не биле достапни за набљудување од страна на Европските
На таков начин во 1895 година бил основан Македонскиот Комитет со цел да се бори за таа автономиjа коjашто била потпишана на Берлинскиот Конгрес. Овоj Комитет имал свои корени не само во Македониjа, а дури и во Бугариjа и во Романиjа. Македонските емигранти како во Бугариjа, така и во Романиjа коишто се определиле за цел да бараат живеачка во своjата татковина требало да си пробиjат пат и да им кажат на Турците дека оваа нивна земjа е словенска и дека тие, како Словени, сакаат да ѝ служат на татковината, да бидат стопани во своjата родна земjа коjашто Македонците jа наследиле од своите предци.
48
Македонска Ризница , бр. 31
дипломатски претставници во Константинопол. Сето тоа се правело пред очите на таа хумана Европа коjашто наjмногу го ценела човековото право. Турските sверства се извршувале во XX век во границите на христиjанска Европа и за срамота на последната неказнето се сменувале како на кинематографски екран.
коjашто била информирана за тоа од своите претставници побрзала да го одврати востанието преку познатите Мирцштешки реформи за Македониjа коишто меѓутоа фактички не се остварале, затоа што Турциjа органски била лишена од можност без фактички притисок да ги реализира реформите. Иако Европското општествено мнение речиси било сигурно дека под притисок на Виена и Петербург Турциjа ќе ги извршeла обележаните реформи, тоа не било толку лесно и возможно за Турците. Тие иако почнале да воведуваат некакви реформи, работата намерно била почната не оддолу, туку одгоре. Ако Турциjа би сакала да докаже на дело дека таа навистина била одушевена од желба да ги реорганизира своите европски вилаети и ако претставниците коишто биле пратени од Рим, Виена и Петербург би се исполниле со сфаќање на таа мисиjа, тогаш би било потребно со реорганизациjата на жандармериjата да ги потчинат валиите, каjмакамите и мудурите и другиот административен персонал под општата власт на Намесник на земјата и да воведат изборни световни судии, а после да извршат финансиски реформи. Наместо тоа тие почнале свои „реформи“ со обука на строева служба на жандарми коишто се состоеле претежно од Албанци и Турци и каде што имало само десет проценти православни; кон редовните полициски служби трудољубивите Македонци не се стремеле со големо задоволство иако во почетокот некои и се запишувале, но после тие сами ги напуштале поради несправедливото однесување на турските шефови на полициjата и нивните помошници коишто биле само Турци и Албанци.
Но со тоа Турците не можеле да го искоренат духот на слободата каj Македонците. Македонците еднодушно се зафатиле со работа и за кратко време образувале цела редица револуционерни комитети во сите градови, села и дури мали селца на Македониjа. Наскоро тие Комитети им дале на Турците да почувствуваат дека Македонците се спремаат кон решително крваво востание. Европа
Еве зошто тие реформи не дале никаков добар резултат и петте години во текот на коишто тие се спроведувале пропаднале залудно. Во тоj период
49
овластените од Великите Држави вежбале како да одржуваат реформи и барале начини да ги остварат, а Турците на своj начин подготвувале терен за уништување на тие реформи и за отпуштање на Европските инструктори.
власт на Турциjа, со воените дружини, со Младотурскиот Комитет и со регуларната армиjа, се придружиле кон Балканскиот Соjуз на коjшто потполно му помогнале за да го разбиjат петвековното ропство. Македонците формирале многуброjни македонски одреди коишто вршеле големо влиjание врз текот на воjната: каj Куманово нападнале од тилот на Турската Армиjа и со тоа им помогнале на Србите да ја добиjат битка, и Турската Армиjа се фрлила да бега во паника.
И тоа средство било измислено. Во 1908 г. како гром избувнала Турската Конституциjа и веднаш на учтив и деликатен начин не очекуваjќи предлог Австриjа ги отповика своите инструктори, истото го направиле и другите држави и со тоа и дале можност на Младотурската Влада пак да го истребува словенското население во Македониjа. Причините биле вешто измислени и со цел небаре да ги разоружуваат христиjаните била пратена регуларна воjска за да ги ловат бившите комити и целата интелигенциjа коjашто им стоела на пат на Турците пак била поробена. Македонците со различни обвинувања почнале да ги праќаат на заточение и да ги затвораат, почнале бесрамно да ги истребуваат и во наjдобар случаj да ги тераат надвор од Турциjа, а во нивните домашни огништа се заселувале доjденци од Босна и Херцеговина и Мала Азиjа. Со тоа се следела целта да се зголеми количината на муслимани за сметка на Словените во Македониjа. Но и тоа не им помогна на Турците, македонското население коешто било во културен однос напредно на Балканскиот полуостров, во збиени редови и со општи сили не допуштало словенските земjи да ги зафаќаат турските Муаџири. Наспроти тоа Младотурците формирале таjни воени дружини со цел да ги уништат сите лица коишто се чинеле штетни за Турците, а имено тие коишто свесно го бранале овоj словенски краj и jа заштитувале Македониjа од доjденци и грабачи како зеница во окото, како национална светиња. Македонците коишто се убедиле во тоа дека не можат да се справат со своjот противник, а имено: со официjалната
50
Македонска Ризница , бр. 31
Истото се повторило во Велес, во Прилеп и во Битола. Што се однесува до Штип, целиот град се дигнал на востание заедно со околните села за да се ослободат од Турците.
Македонска Ризница број 31 февруари 2015 година Мoжете:
Познатата битка каj Крџали и заробувањето на Jавер-паша ќе остане во векови во историjата. Не може да се скрие од историjата и тоj факт што под Галиполе, Чаталџа и Адрианопол се наоѓат македонските сили во количина од 40 до 70.000.
да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.
По преглед на изникнувањето на четничкото движење и неговите резултати не можам да не кажам дека Македониjа во текот на 60 годишна борба против Турците пожртвувала повеќе од 100.000 од своите наjдобри синови за словенската идеjа.
Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).
Исто така не можам да не ги споменам и тие нејзини сега загинати патриоти коишто изиграле секоj по своjа можност важна улога во македонската историjа како Стоjан Везенков, Спиро-Македонецот, Илjо воjвода, ДимоПавле Чуповски, Инџе воjвода, Поп Бувски, Ѓорѓи Пулевски, Гоце Делчев, Дамjан Груев, Полковник Jанков, Стефан воjвода доспатски, Стефан воjвода велешки, Мицко воjвода, Траjко Китанчев, Борис Сарафов, Марко воjвода, (Ѓорѓи) Костурски. Сите споменати патриоти се бореле и го пожртвувале своjот живот за слободата на македонскиот народ и независноста на заедничка Македониjа.
Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.
Наце Д. Димов Вториот дел од Рефератот, прочитан во Санктпетербуршкото словенско благотворно друштво на 8 февруари 1913 година.
Е-пошта: makedonska.riznica@yahoo. com
Продолжува...
51
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА
31
МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ:
52