Македонска Ризница 34

Page 1

МАЈ 2015 ГОДИНА

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА

ISSN: 1857-8314

Македонска Ризница , бр. 34

1

34


Македонска Ризница број 34

Почитувани читатели, Голема чест и задоволство ми е, но и одговорност, што можам да ви се обратам и да ве воведам во новото, триесет и четврто по ред издание на списанието „Македонска Ризница“.

мај 2015 година

Како и до сега, списанието продолжува да ѝ пласира на својата верна публика една палета од дела кои се чинител на богатата македонска традиција и култура. Како такво ви го претставуваме делото на д–р Димитар Љоровски Вамваковски, кој ни ја пренесува улогата на костурскиот митрополит Германос Каравангелис како „заштитник на грчката национална идеја во Македонија“ и како активен претставник на грчката пропаганда на нашите простори. Како еквивалент на научната мисла, ќе вкусите и парче уметност преку поезијата и прозата на Маја Мојсова.

Уредник:

Благојче Андонов Редакција:

Гоце Панговски Сашо Гачев Соработници:

Никола Анѓелкоски Димитар Љоровски Вамваковски Јованчо Секулоски Јордан Коцевски Маја Мојсова Бисера Срцева Издавач и дизајн:

Александар Стеванов

Чинам, дека еден број на „Македонска Ризница“ не е целосен без портрет карикатурите на македонски револуционери, во авторство на Никола Анѓелкоски, кој овој број го збогати со карикатурата на Гоно Бегинин. За крај ќе го прочитате експозето на Јованчо Секулоски за неговата љубов кон деветтата уметност или стрипот. Се надевам дека моментите кои ќе ги посветите на содржините на новиот број ќе ве исполнат со задоволство и ќе ве инспирираат да го збогатите вашиот културен фонд. Останете во добра мисла.

Со почит, БИСЕРА СРЦЕВА

2


Македонска Ризница , бр. 34 Во овој број ќе читате:

НАЗНАЧУВАЊЕ НА ГЕРМАНОС КАРАВАНГЕЛИС ЗА КОСТУРСКИ МИТРОПОЛИТ Димитар Љоровски Вамваковски ......................................................................................................................... 04

ПОЕЗИЈАТА И ПРОЗАТА НА МАЈА МОЈСОВА Јордан Коцевски ................................................................................................................................................... 12

ГОНО БЕГИНИН - ПОРТРЕТ КАРИКАТУРА Никола Анѓелкоски .............................................................................................................................................. 27

ЉУБОВ КОН ДЕВЕТТАТА УМЕТНОСТ СТРИПОТ Јованчо Секулоски .............................................................................................................................................. 28

3


НАЗНАЧУВАЊЕ НА ГЕРМАНОС КАРАВАНГЕЛИС ЗА КОСТУРСКИ МИТРОПОЛИТ Автор:

Д-Р ДИМИТАР ЉОРОВСКИ ВАМВАКОВСКИ

Н

а преминот од XIX кон ХХ век, како резултат на „добрососедската“ проосманлиска политика која ја водела грчката држава по војната од 1897 година, започнало да се чувствува постепено губење на позициите на грчката пропаганда во Македонија. Ваквата политика на грчката влада негативно се рефлектирала врз националистичките проекции, пред сѐ во неможноста истата да ги

заштити своите интереси во европските владенија на Османлиската Империја. Опасноста за грчките интереси била препознаена и во засилената дејност на бугарските пропагандни институции во османлиска Македонија, пресликана преку постојаното губење на верници меѓу македонското словенско население, како и во програмата и дејноста на МРО. Засилениот притисок од страна

4


Македонска Ризница , бр. 34 политика на Атина кон Цариградската патријаршија се забележува и во изборот на новиот патријарх. Незадоволоството од националната работа на претходните двајца патријарси, Антимос VII и Константинос IX, резултирало со ангажирање на грчката држава во изнаоѓање на погодна личност при изборот на новиот патријарх. Официјална Атина на чело на Патријаршијата сакала да застане личност која успешно ќе ги заштитува интересите

Германос Каравангелис

на разните национални друштва и поединци на територијата на кралството и реалната опасност од губење на позициите во делови од османлиска Македонија ја принудиле официјална Атина на „постепена промена на политиката кон елинизмот во империјата“. Промената, се разбира, била во границите на непредизвукувачката политика која ја водела владата во Атина кон својот нов „сојузник“. Така, на пример, грчките власти, сметајќи дека одржувањето на редот и мирот во Македонија би бил од корист за елинизмот, им сугерирале на грчките конзули да бидат блиски со османлиската власт и да се стават на располагање на војската во напорите за сузбивање на македонското револуционерно движење. Ваквата политика имала негативни ефекти врз грчките интереси, бидејќи османлиската власти во своите одмазнички походи против македонското словенско население не правеле разлика меѓу егзархисти и патријаршисти, на тој начин одалечувајќи ги вторите сè повеќе од грчкото влијание, а истовремено доближувајќи ги до позициите на МРО, во која ги препознале своите интереси, но и ја нашле својата заштита. Паралелно со зголемување на финансиските средства за потребите на грчките образовни институции, преземени биле конкретни мерки во консoлидирање на црковната пропаганда во Македонија. На барање на грчкото министерството за надворешни работи, грчките конзули во Македонија во февруари 1900 година составиле список на сите црковни епархии, во кој се наоѓале биографски податоци на митрополитите, оценка за нивниот квалитет и приврзаност кон грчката национална идеја. Висината на финансиските средства кои владата во Атина, преку конзуларните претставништва во империјата, ги испраќала до патријаршиските митрополити, зависела од оценките за квалитетот на работата на одреден митрополит. Промената на официјалната

5


6


Македонска Ризница , бр. 34

Германос Каравангелис со сираци Германос Каравангелис со турски војници

7


Главата на Атанас Каршаков

8


Македонска Ризница , бр. 34 на елинизмот во Османлиската Империја. Грчката влада, тргнувајќи од ваквата идеја, во 1900 година го испратила во Света Гора искусниот дипломат Николаос Маврокордатос, со цел да се сретне со поранешниот патријарх Јоаким III (1878/1884). Маврокордатос требало да му ги пренесе позициите на грчката влада околу големогрчката национална политика и, доколку тој ја прифатил истата, официјална Атина ќе го поддржела во изборот за нов патријарх. Јоаким III се согласил владата да ја има раководната улога во решавањето на националните прашања, но, истата, да не се меша во црковните работи, сé со цел да не се уривал интегритетот на Вселенската патријаршија. На тој начин, со поддршка на грчката влада, во мај 1901 година, на 83 годишна возраст, Јоаким III бил избран по втор пат за вселенски патријарх.

од пресудно значење било да ги засили своите пропагандни институции, кои всушност биле и носители на создадената перцепција и наводните аргументи со кои се докажувал грчкиот карактер на Македонија. Во периодот пред започнувањето на грчката паравоена интервенција во османлиска Македонија и натаму најсилни аргументи кои се користеле од грчка страна биле: силата и престижот на грчкото образование и јазик; јазикот на религијата и трговијата; грчките историски

Германос Каравангелис

Новата политика на водечката грчка пропагандна институција и „заштитник на грчката национална идеjа во Македонија“ набрзо започнала да се спроведува на терен. Новиот патријарх, под притисок и на сугестија на грчката држава, започнал да ги менува митрополитите во „најоспоруваните“ македонски епархии, почитувајќи ги на тој начин во целост препораките на владата во Атина. Во изборот на новите митрополити се претпочитало тие да бидат млади, амбициозни, добро образовани и целосно посветени на грчката национална кауза. Во периодот кој следел биле поставени следните митрополити: Германос Каравангелис во Костур, Хрисосомос Калафатис во Драма, Јоаким Форопулос во Битола и други, кои подоцна се истакнале во грчката паравоена интервенција против МРО. Истовремено, во овој период, се забележува економско засилување на грчкиот образовен мехaнизам во југозападна Македонија и нова ориентација на образовната политика во насока на зацврстување на позициите на грчката пропаганда. Имено, за грчката влада

9


Германос Каравангелис со турски офицери

10


Македонска Ризница , бр. 34 права врз територијта и моќта на авторитетот на грчките трговци кои во дел македонските градови доминирале заедно со Евреите и Власите.

„историска Грција“ требало да се „освои“ Костурско, т.е. да се уништи македонското револуционерно движење и да се неутрализира егзархиската пропаганда. Во 35 годишниот Каравангелис грчката држава пронашла вистинска личност, во чија природа било постојаното докажување и работа во служба на грчката национална доктрина. Личност која националната дејност секогаш ја ставал пред религиозната. За него желбата на македонското население за слобода претставувала опасна закана за „елинизмот во Македонија“. Според Каравангелис, жалната состојба во целата околија, како што го опишал Костурско во неговите спомени, била резултат на агитацијата за „автономија на Македонија“ на костурскиот комитет на МРО и делувањето на месните чети, кои за него биле обични „банди“. Веднаш по пристигнувањето во Костур и проучувањето на состојбата во неговата епархија, тој го започнал „походот“ против Внатрешната организација, во кој најчесто ниту бирал средства, а ниту методи во неговото реализирање.

Поставувањето за костурски митрополит на Германос Каравангелис се совпаднало со делумната промена на надворешната политика на владата во Атина, но и на зачестените барања на грчките националистички фактори во Македонија и Грција за започнување директна вооружена борба против македонското револуционерно движење. Одлична препорака за Каравангелис, за наредната етапа во неговата црковно-национална дејност, бил неговиот престој во Перан. Грчката влада во амбициозниот млад митрополит, кој веќе успешно ги докажал пропаганди способности, но и умешноста во борбата против истите, препознала личност која целосно одговарала на поставените критериуми. По инсистирање на грчкиот амбасадор во Цариград, Н. Маврокордатос, и по претходно донесена одлука од владата во Атина, тој прифатил да го пополни испразнетото место во костурската митрополија. Каравнгелис, пред да пристигне во Костур, го осигурал својот живот на сума еднаква на неговите долгови, што ги отплатил кога станал митрополит на Перан. Тој во Костур допатувал на 21 октомври 1900 година. Одлуката Каравангелис да биде испратенен во Костур била од големо значење за грчката пропаганда во Македонија. Стратешката местоположба на околијата, во која одлично се развивала мрежата на МРО, била силна бариера за експанзионистичките планови на грчката држава кон јужните делови на балканските владенија на Османлиската Империја. На владата во Атина не ѝ останал друг избор и доколку понатаму сакала да се надева на териториите од т.н. спорна зона требала веднаш да преземе конкретени мерки. За да стигнеле до проектираните северни граници на

11


ПОЕЗИЈАТА И ПРОЗАТА НА МАЈА МОЈСОВА Автор:

ЈОРДАН КОЦЕВСКИ

М

аја Мојсова е родена на 30 мај 1983 година во Скопје. Таа е дипломиран менаџер по туризам и угостителство. Пишува и проза и поезија. Досега има издадено: збирка поезија „Кохезија, колизија на човековата визија“ (2012, колекција на песни на македонски и англиски јазик) и заедничка книга „Зен Верс“ (2014) од четири автори (Пере Ристески, Соња Гаврилоска-Љулкова, Милован Србиноски

и Маја Мојсова). Дел од нејзиното творештво е објавувано во зборници и литературни списанија: „Кокински мугри“ - Куманово, „Точно на пладне“ - Охрид, „Симфонија на срцето“ - Битола, „100 илјади Поети за промена“ - Струмица, „Окно“ Скопје, а сега и во триесет и четвртиот број на електронското списание, кое што во мометнов го читате, „Македонска Ризница“.

12


Македонска Ризница , бр. 34 1. Кога ќе се навратиш на твојата прва книга „Кохезија, Колизија на Човековата визија“, која претставува збирка на песни одраз на еден подолг творечки период, како ја доживуваш сега?

Ми изгледа и интересна идејата, читателите да погледнат во мојот поетски израз, кој сум го имала, на пример, на 13 или 15 години, наспроти она изградување како личност, пред сѐ, потоа како поет на подоцнежни 27 или 28 години...

Пред да кажам околу личното доживување за таа книга, би сакала малку да дадам објаснување од техничка природа. За секој автор е посебно задоволство, а воедно и цел, доколку има можност да издава дела тековно како што ги пишува, односно паралелно хронолошки, како што ги креирал, (евентуално задоцнување до неколку години, како што велат „созревање“ на книгата). Напишаните дела, кои премногу долго време чекаат да бидат издадени, не губат од вредност, но самото културно општество во денешно време е под „клучот“ на она што се вели „на време“, а не премногу задоцнето. Исто како што критиката знае да каже за некој квалитетен музичар, кој се појавува со деби албум во своите доцни 30-ти години, „каде си бил досега, одлична ти е музиката, зошто си чекал за да покажеш што знаеш“. Немал можост да покаже, затоа. Слично е и со литературата. Би била среќна доколку секој оној кој твори, има можност да издава книги паралелно како што пишува. Јас активно пишувам од седум години и можете да замислите дека оттогаш до денес зад мене се напишани голем број на поетски и прозни дела. Значи, практично, за да издадам прва книга, чекав можност и се надевав повеќе од 20 години. Затоа одлучив првата (издадена) книга „Кохезија, Колизија на Човековата визија“ да биде моја лична селекција на песни, кои сум ги пишувала во некоја заокружена целина од 1997 до 2012 година.

2. Јас твоето првенче го доживеав како патешествие од една и пол декада, воден од твојата растечка енергија, силни емоции и длабоки мисли. Тоа што исто така ја прави интересна збирката е поезијата на англиски јазик. Можеш да ни кажеш нешто повеќе околу тоа како е да се пишува поезија на англиски? Да, патешествие кое и понатаму трае, сон, кој и понатаму е недосонуван... А емоциите и мислите ги поставувам во триаголна експресија на гледањето на нештата, секогаш да се набљудуваат едни со други, но да не „заборават“ дека со нив владее визијата. Токму затоа самиот наслов асоцира на нешта кои се спојуваат (во кохезија), а истовремено се разделуваат, или се судираат (се во колизија). Половина од песните во книгата се на англиски јазик, половина на македонски. Понекогаш кога сум во творечки занес, едноставно спонтано од мене произлегува да се изразам на англиски. Мислата ми протекува на англиски јазик, и ми изгледа како да би се „изневерила себеси“, доколку ја преведам на македонски. Така кај мене се раѓаат стиховите на англиски јазик. Не пишувам на странски јазик за да бидам „модерна“, туку едноставно во одреден момент така размислувам. Но тоа е периодично, се разбира. Некогаш мислата која „пролетува“, ја „ловам“ преку зборовите на мајчиниот јазик – македонски, некогаш на англиски јазик. Како мало објаснување за читателите, песните на англиски јазик, не се препев на песни

Што се однесува до моето лично доживување, и ден денес на првата книга гледам како на особено драго издание, кое може да се нарече еден вид „поетски осврт кон самата себе“.

13


напишани на македонски, туку изворно се креирани на англиски.

кон различните видови на уметност кај народите од далечниот исток, сигурно ми го отворила хоризонтот без проблем да можам да напишам хаибун. Јапонската култура и уметност за мене претставуваат вистинска перфекција, мистерија, за која човек треба да биде вистински ерудит за да ја спознае целосно. Сигурно влијание врз мене за пишување хаибун извршила јапонската кинематографија (и постарата, но особено современата), правењето оригами, кое ми е едно од омилените хоби, потоа аранжирањето икебани, се воодушевувам на јапонската традиционална облека, ми се допаѓаат анимо илустрациите, имам особена почит кон Зен филозофијата, а пак јапонскиот театар е посебен зрак во театарската уметност.

3. Минатата година се појави како еден од ко-авторите на збирката „Зен Верс“. Можеш да ни кажеш повеќе околу тоа како твоето име се најде на оваа збирка? Најголема благодарност за тоа како се роди несекојдневната заедничка книга од четири автори „Зен Верс“ упатувам кон творецот на таа идеја, поетот Пере Ристески, кој е еден од авторите. Тој е застапен со хаига, а илустрациите ги направи младиот илустратор Јован Ристески. Благодарна сум и на останатите автори, Соња Гаврилоска – Љулкова (застапена со катаута) и Милован Србиноски (застапен со хаику), бидејќи секој со својот дел ја облагородуваат книгата. Ова е ретко вакво издание во Република Македонија, со ваков концепт и стил. Идејата која ја имал првично Пере Ристески, ни ја пренесе нам, останатите автори. Самата помисла да се биде дел од една творечка целина, дава убаво чувство. Така и поканата да бидам еден од авторите, кај мене предизвика радост.

5. Бидејќи хаибунот завршува со хаику, тоа што ме прави многу љубопитен е што произлегува од што. Која е поврзаноста помеѓу прозата и поезијата во твојот хаибун? Хаибунот го пишувам на таков начин, за да нема строго поставена линија кое од што произлегува. Доживувањето и изборот за насоката на читање, го оставам на самиот читател. Многу повеќе ме радува каков впечаток остава содржината. Едноставно прозниот и поетскиот дел, создаваат и поединечна, но и заедничка слика.

4. Во „Зен Верс“ си претставена со хаибун. Што е она што те привлече кон оваа форма на изразување? Претходно не пишував хаибун. Имам напишано најразлични форми на поезија (кратка, експериментална, урбана, традиционална, поеми...), потоа проза (стандардни раскази, кратки раскази, кратки-кратки раскази, стихови во проза...) и имам напишано една кратка драмска пиеса, но ете, никогаш предходно не сум пишувала хаибун. Интересно е тоа дека токму за потребите на оваа книга, прв пат творам во оваа форма. Но онаа мистика која ме привлекувала отсекогаш

6. Која е насоката во која се движи твојата творечка енергија моментално? Во однос на издавачкиот дел, можам да откријам дека наскоро излегува од печат мојата следна книга, значи втора самостојна. Сите формалности се завршени, останува само да се отпечати. Насловена е „Потоци. Стапки“, (збирка кратки раскази), а е во издание на Здружението за наука и култура „НОВА“ од Битола. Додека во творечкиот

14


Македонска Ризница , бр. 34 дел, пишувам континуирано, се разбира онака како што доаѓаат мислите, не со форсирање. А многу сум благодарна што творечкиот вознес не ме напушта и што често фантазијата, креативната енергија и визијата, ми создаваат „убав немир“, сè додека не ги запишам мислите на хартија. Пишувам паралелно во повеќе форми на проза и поезија. Би открила конкретно кои форми на пишување ми создаваат најголемо задоволство. Среќна сум кога ќе напишам некој нов стандарден расказ, краток расказ, сонет или песна во бел стих. Морам да признам дека сум многу љубопитен и со нетрпение ја очекувам промоцијата на твојата збирка кратки раскази „Потоци. Стапки“. Ти посакувам уште многу дела во иднина и ти благодарам за одвоеното време.

15


STONES Our night is action night. To survive in the desert, You need a different visionary way, spiritual way. Suddenly I speak to you, introducing Your presence to You. You are trapped in your science, and later you see the glimmer of the most rampant ideas.

16


Македонска Ризница , бр. 34

Show me the stones around, I will come on a journey with you. It is endlessly sweet loving You. I went to the journey with satellites in my brain and romantic judgement. I took the journey alone. Маја Мојсова 25 август 2012

17


КАКО ИСЧЕЗНУВААТ СЕНКИТЕ Не само обична сенка колку да се рече, секоја од нив најпрво сокриена се пече на сончевиот жар, а потоа исончана до крај во црно-сив сјај некаде неподвижна останува. Таму живее и бесцелно сонува да се врати повторно назад, во сончевата прегратка.

18


Македонска Ризница , бр. 34

Сѐ додека не се залепи за нечија стапка, сѐ додека не стане нејзин вечен патник. А, кога ќе се оддели по втор пат, мракот ја голта и полека се губи, тогаш ја развејува силен ветер, тогаш ја прегазува нежно она немирно дете. Маја Мојсова 1999 г.

19


ПОДМИСЛА Серум за зависност од чекање, плач и копнеење. Еднодневна авантура во пустина од врева и чуда. Во нас е чудото, не даваме сепак да се роди. Мојот викот е три пати побучен од оној злиот.

20


Македонска Ризница , бр. 34

Каква прогресија од мислите ни вирее, наша е, или не е... Не прашувај за плодот на игрите во кои те довикував, а ти ме допре. Чудото е наше, ние го створивме. Си изградивме мала куќучка во срцата... Маја Мојсова 3 септември 2012

21


THE GOBLET OF POEM

Many creatures are guarding the treasure of my poems; the poetry wants to freed itself from the old debts. Lonely and unfinished collection of the greatest deed, of the greatest sweet complection. No , I do not want to remove those dimmed figures of speech, I do not want my sonnets about you to be left behind. They always deal with different subjects, but have the same point, they do sound as ordinary ones, but never can be complete without reading them aloud.

22


Македонска Ризница , бр. 34

How many phrases hath* come to the end of writing; what kind of beauty is similar to thee*, thou art* more challenging for more beautiful describing. I doth* see an imagination in thy* godlike eyes, and I can not express myself because my speech deep inside of me dies. -

(archaic phrases: hath=has; to thee = to you; thou art= you are; doth = do; thy = your/yours) Маја Мојсова 21 март 2005

23


СУШТЕСТВА НАДВОР ОД ОВОЈ СВЕТ Мислам дека следниот пат ако слушнам некој да рече „човек сам си ја прави среќата“, ќе полудам. Запаметете – бескрилни ангели постојано се шетаат меѓу нас; оззабени самовилци исто така; несигурни во себе виленици; прикриени чудаци; лековерни мудреци; исплашени волшебници и јасногледи месечари. Сите овие отстапуваат од својата вообичаена категорија, затоа што овде ги губат автентичните моќи. Од помала или поголема случајност зависи на кои од нив ќе налетаат луѓето. Во суштина никое од овие суштества не им прави лошо на луѓето. Проблемот е што, некои од нив прават дела со кои без да знаеме ни го разубавуваат одреден сегмент од животот, додека некои едноставно не прават ништо. Зависи на какви налетуваме. Ако налетаме на оние кои не прават ништо, не очекувајте да ви се посреќи било што во животот. Во тој случај, сé во вашиот живот останува на точка на замрзнување. Со еден бескрилен ангел заедно ги броевме камчињата во реката. Почисти изгледаат кога се потонати во вода, отколку кога ќе се извлечат надвор. Двајцата се согласивме со ова и престанавме да ги допираме камчињата. Набљудувани од далеку се вистинските. Оззабениот самовилец кој го сретнав, не можеше да ја гризне мојата судбина, затоа што има поголема сила која го одвлекува од таквата намера. Оззабениот самовилец не ми наштети, но доволно беше што не ми ни помогна кога замолив со поглед. И сега се осмелува да ми поставува прашања?! Виленикот кој е несигурен во себе, ме одведе на патување од ѕвезден прав. Од патувањето се вратив сама. Тој сакаше да остане таму со изговор дека се чувствува побезбедно.

24


Македонска Ризница , бр. 34

Наизглед беше сосема нормален. И во однесувањето немаше ништо чудно. Но, само навидум. Чекаше да види дали сум подготвена да му ја дадам душата, да ја убие и да ми ја врати. Ја откорнав душата уште пред да ја извалка со злоба и таква да ми ја врати. Се налути што му ја прочитав намерата и се ослободив пред време од она што требаше да се уништи. Чудак! А на прв поглед никој не би го нарекол така. И овој мудрец, исто како и јас, премногу верува на сé што ќе види и чуе. Мисли дека ако тој е добродушен, дека така ќе му возвратат и останатите. Стравот е првиот чекор. Потоа патеката се дели на две – храброст да се оди понатаму и одлука да се остане завиткан во предрасудите. По малку страв им е потребен и на волшебниците. Да не си вообразат премногу дека знаат повеќе од сите. Постојат и смртници кои знаат некои работи повеќе од нив. Сакаше да ме заведе со мојата приказна за настанокот на светот. Потоа си ги заменивме улогите. Тој сонуваше, останувајќи ослепен, а јас видов сé.

вселенски моќи; покрај мене беа, но ги протера мрак. Маја Мојсова

25


ВКУС НА СТУД

Му дадоа да пие некаква бигорлива течност.

-Има вкус на... ? -...вкус на студ. – ми одговори отсечно. -Смеам ли да пробам? -Не, ова е само за мене! -А смеам ли да долетам кај тебе? -Не. Од течноста која ја испи, почнаа да му навираат солзи во очите. Не смееше да покаже слабост, зашто тоа ќе влијаеше на квалитетот на следниот пијалок што ќе го прими. Не смее да претера со варијациите на бои и вкусови. Вкусот на студенило, никако не одеше со вкусот на пламен, ниту со вкусот на неизвесност, а најмалку со вкусот на безнадежност и очајување. Примајќи ја мојата одлучност, без да биде забележан од другите, скришно ми ја подаде чашата од зелен кристал. На дното имаше останато малку течност. Копнеев за вкус на студенило. Студени морници по телото не се ништо во споредба со студенилото во душата кое долго го чувствував.

вкус на студена душа; оган и жар не барам повеќе. Маја Мојсова

26


Македонска Ризница , бр. 34

ГОНО БЕГИНИН Македонски револуционер Портрет карикатура, молив на хартија

6 февруари 2014 Никола Анѓелкоски

27


ЉУБОВ КОН ДЕВЕТТАТА УМЕТНОСТ СТРИПОТ Автор:

ЈОВАНЧО СЕКУЛОСКИ

М

ожеби најлесно мојата љубов кон стрипот се покажува со фактот дека научив да читам две и пол години пред да тргнам на училиште само како би можел да го читам стрипот „Il Piccolo Ranger“ (во порашна Југославија преведен како „Кит Телер“) на сѐ уште глобално влијателниот издавач „Sergio Bonelli Editore“. Или со фактот дека како малечки деца од рано наутро ги чекавме продавачите во

трафиките да дојдат на работа, за да сме сигурни дека нема да пропуштиме примерок од едно од многубројните омилени стрип изданија, со кои, рака на срце, тогашниот културен простор, за разлика од денес, изобилуваше. Можеби љубовта кон стрипот одеше рака под рака и со талентот за изразување преку цртеж што преку гените ми е предадено како наследство од мојот татко,

28


Македонска Ризница , бр. 34 што можеби за нијанса ме прави поприемчив за визуелните впечатоци од мнозинството останати. Или со дарбата за раскажување и пишување, еден благослов (или проклетство) на семејството од страна на мајка ми.

Затоа си ја давам слободата да верувам дека имам време на хартија да оставам трага на совршениот стрип ракопис од моите соништа. Зошто ги гледам в очи моите прекрасни ќеркички и учам. Кога почнав да живеам со стрипот – не знам, но знам дека ќе завршам тогаш кога и јас ќе завршам.

Можеби љубовта кон стрипот, пак, е врзана со правдољубивоста, наивната чесност и искреност на мојата покојна мајка – а каде човек на живо ќе најде толку совршени модели на нескршливи борци за правда, со какви е проткаена совршената ткаенина на деветтата уметност? Можеби магичната привлечност на стрипот е во неговата моќ да се пресоздава и постојано да има ново лице, како секогаш совршен одраз на лицето на неговиот читател како што тој расте и старее (а при тоа созрева или ги губи убавите илузии по патот, една по друга). Можеби љубовта кон стрипот е само второ име за љубовта кон патувањето и авантурата, зошто само со стрипот патувањето на читателот добива нови димензии и тоа веќе не е географско и ограничено само на нашата малечка планета, туку станува длабоко духовно, измачувачки морално, вселенски вертикално, и безгранично надвременско, па се протега од мистичните епохи на Принцот Валијант и Галот Астерикс, до недостижната иднина на Флеш Гордон и непосакуваната на Судијата Дред. Малку напишав и малку нацртав стрип, сосем малку и сосем несразмерно на мојата љубов кон оваа врвна уметност на раскажувањето низ сцени – по некое сценарио, по некоја адаптација, по некој краток стрип, по неколку илустрации, малку и недостојно. Ни ракописот во стрипот сѐ уште не ми е доволно читлив и препознатлив, а е сосем далеку од идеалот за стриповска калиграфија кој што го гледам во моите соништа. Но стрипот, како и верувањето во Бога, нѐ учи дека висините ни се недостижни само додека не им пристапиме со отворените очи и нерасипаните срца на децата.

29


30


Македонска Ризница , бр. 34

31


32


Македонска Ризница , бр. 34

33


34


Македонска Ризница , бр. 34

35


36


Македонска Ризница , бр. 34

Мoжете: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело. Во идниот број ќе читате: •Татјана Врангалоска - илустраторка • Розита Христовска - поезија • Василиј втори и конструираниот термин Бугароубиец

37

Е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com


38


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.