1
Македонска Ризница УРЕДНИК: Благојче Андонов ДИЗАЈН и РЕДАКЦИЈА: Гоце Панговски
СОРАБОТНИЦИ: Викторија Петровска Игор Јовчевски Иван Вељковиќ Марина Христова Крсте Бадаровски Никола Анѓелкоски Владо Јаневски
ИЗДАВАЧ: Александар Стеванов
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА
„Македонија не постои надвор од нас самите. Обѕрни се, истражи ја, истрадај ја низ сите балкански векови... низ европската и светската историја. Што ќе најдеш? Едно море, неколку езерски очи, една пустина, недоодени стрмнини, грамади од планини и гори , од црни гори и една река што ја полути на две и ја прави мост и крстопат на сите светски походи и странствувања... Името нејзино и смислата нејзина не ќе ги најдеш во нив, туку во нас Македонците.“ Коле Чашуле Почитувани читатели, Пред вас е јубилејниот, четириесетти број на електронското списание „Македонска Ризница“. Четириесет месеци неколкумина Македонци, неуморно, вам, на нашите ценети читатели по електронски пат ви донесуваме дел од нашата историја, култура, уметност, фолклор и сè она што во минатото и во сегашноста не правело и не прави Македонци. Нашата мисија е јасна. Сè надеваме дека како и досега, така и во иднина ќе успеваме да го побудиме и задржиме вашето внимание за нашите содржини. Во оваа прилика, би сакале од името на целата редакција на Македонска Ризница да им се заблагодариме на сите што во овие изминати три и пол години во соработка со нас ги објавуваа своите содржини на страниците на нашето електронско списание. Во јубилејниов број ви донесуваме напис и поезија од Викторија Петровска, вдахновена од македонската поетска легенда Кочо Рацин. Македонскиот револуционер Даме Груев оживува преку илустрацијата на Игор Јовчевски. Во превод на македонски ви ја пренесуваме остроумната и позитивна рецензија на Иван Вељковиќ за работата на неколку македонски стрип автори. Нашиот уредник Благојче Андонов направи интервју со Марина Христова, Македонка што живее во Австралија. Ви донесуваме и неколку афоризми од скокотливото перо на „Стиховен Калибар“, како и Топ10 листа на нашиот пијанист Крсте Бадаровски, што живее и твори во Чешка. Нашиот редовен соработник Никола Анѓелкоски во овој број не чести со карикатура на Петар Дамов Христов-Германчето. Ви донесуваме и напис од оставината на академикот Анте Поповски, и нова епизода од стрипот Светот на Бромо на Владо Јаневски. Уживајте со новиот број на Македонска Ризница. Гоце Панговски 2
Во овој број ќе читате: Викторија Петровска - По стапките на Рацин Редакција .................................................................................................................................................................................................................04
Даме Груев - Илустрација Игор Јовчевски ...................................................................................................................................................................... 09
Тројството и триаголникот му се дом Иван Вељковиќ ................................................................................................................................................................... 10
Интервју - Марина Христова Благојче Андонов.................................................................................................................................................................. 16
Афоризми Стиховен Калибар..................................................................................................................................................................20
Крсте Бадаровски - Топ 10 листа Гоце Панговски..........................................................................................................................................................................22
Петар Дамов Христов-Германчето - Портрет карикатура Никола Анѓелкоски ............................................................................................................................................................ 29
По трагите на загубената мапа на Алберти - Анте Поповски Редакција ................................................................................................................................................................................ 30
Светот на Бромо Владо Јаневски ......................................................................................................................................................................34 3
Викторија Петровска Родена на 14 мај,1995 година во Велес. Добитник е на наградите: Прва награда на Меѓународен фестивал за поезија и кратки приказни - „Раде Томиќ“ – Нови Сад; Втора награда на седмиот фестивал за Меѓународна поезија - „Трифун Димиќ“ – Нови Сад; Гран- при награда на 41-ви Детски Рацинови Средби – Велес; Прва награда на државниот литературен конкурс Творам за Македонија на тема „Јас и мојот град“ – Меморијален центар Фондација – Никола Кљусев – Скопје; Првонаградена творба на ниво на Република Македонија – Здружение на просветни работници на Град Скопје. Автор е на стихозбирките: „Биди нешто што никој не е“ – (2012) „Ехото на душата“ (2015) Студира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
4
„Ја негуваме традицијата низ творештвото на бесмртниот Рацин“ Во чест на меѓународната културна манифестација од национално значење – Рацинови средби
Роден како син на Апостол, на 22 декември 1908 година во Велес. Коста Солев Рацин, поет и револуционер, изникнат од пазувите на својот народ, сроден со страдањата и трепетите на народот и верен на длабочината и искреноста на пишаниот збор – изникнат од неговото перо. Со неговото перо се искажува богата творечка природа, што извира од корените на животот, на угнетениот и поробениот народ, за да мине во отпор, за чекорење кон силно светнатиот ден и сончевата слобода. Со својата поезија на македонски јазик, тој ги создавал вредностите на македонската национална култура. Свесен за својата историска мисија, со огромна љубов, истрајност и одрекување бесмртниот Рацин бил во постојан напор и грч за афирмација на историјата на Македонија и на својот народ. Со својот пишан збор Рацин направи мост на епохите. Неговиот роден Велес е извишен како природен спој на просторот и вековите. Град на револуционери, културни дејци, пророци и маченици. Град на еден бесмртен поет и револуционер, град на топлината на македонската душа. Гордеејќи се со споменот пред нас, споменот за еден предан на народната борба, борбен син на нашиот народ, пред нас се песните што ги остави еден ретко даровит македонски поет. Трагите што ги остави недовршената поезија на Рацин издлабочија длабока бразда во
неразораната земја на нашата млада литературна нива. Неговата стихозбирка, неговите „Бели мугри“ се доказ за тоа што изгуби нашата литература и што уште можеше да даде Рацин како поет на црнотрудовиот народ и на неговата борба за силно светнатиот ден. Со стиховите на Рацин, за прв пат во нашата поезија, тешкиот живот на нашиот работен народ, народната мака и народната борба добија еден реалистичен одраз и воспев. Во целата Рацинова поезија црната мака на аргатскиот народ протекува како крвава нишка: „Роди се човек – роб биди, роди се човек – скот умри, скотски цел живот работи за други, туѓи имоти“ Во лириката на Рацин основните теми се печалбарскиот тежок живот и тутуноберачката жолта мака. Од тука и мотив да се напишат и дел од неговите најубави песни: „Ленка“ – која ќе остане како една прекрасна песна на жестоката трагедија на тутуноберачите, потоа „Тутуноберачите“ – песна за црнотрудовиот тутуноберачки живот, уште и „Татунчо“ – печалбарот – борец, што по друмиштата и патиштата на тешкиот печалбарски живот го наоѓа патот на борбата. 5
Рацин во својот бурен и борбен живот разбира една основна вистина – патот на борбата. Поетот треба да биде пред сè борец, да фрла оган во срцата на луѓето, да ги разгори нивните задремани сили. Само така и само во тоа поетот го наоѓа правецот на човечкиот живот и ја достигнува највисоката среќа.
Одминуваат многу години од неговото раѓање, а тоа Рациново раѓање како да ни се случувало во меѓувреме секој ден, како да било вчера, толку присутно, чиниш Рацин бил со нас и ние со него. Тој е тука во нас и колку повеќе одминува времето толку повеќе расте и се извишува тој и неговата поезија. Тие стануваат севременски и вековити. Тоа е така зашто во нив сме збрани сите, сета наша Татковина, сета наша душа. Бидејќи името Рациново е бесмртно како и самиот Рацин. Преку неговата поезија тој живее во сите нас – неговите наследници!
„Ако куќа не направив со високи шимшир порти, куќа цел свет братски ми е – братски срце што отвора, срце – порта највисока, срце- куќа најширока.“
Викторија Петровска
Кога мислиме на Рацин не можеме да ја избришеме во свеста смислата на грнчарот. Поетската имагинација на Рацин е најнепосредно и најдлабоко поврзана со земјата македонска. Неговите стихови просто како да се излеани од македонската земја, од нејзините тажни и болни звуци толку имено се чувствува во нив нејзината мака, нејзиниот здив, нејзиниот глас, нејзиниот збор, нејзината солена пот. Во јазикот на земјата, во јазикот на душата на неговата поезија, се откриваме како народ, се идентификуваме со него и стануваме едно. Во оваа смисла треба да се сфатат умните зборови на Блаже Конески дека името на Кочо Рацин е кратенка за името на сите нас. Големината на неговите ,,Бело мугри’’, на ова грандиозно основоположувачко поетско дело, дело темелник, е во тоа што во него се објавува и огласува земјата. Од таму е и тоа единствено чувство што го имаме кога го читаме Рацин, дека во неговата поезија не се распеал само тој, туку земјата и народот се распеале заедно со него во еден единствен глас, во една единствена душевна исповед.
Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
6
77
ЗА РАЦИНОВИОТ СТИХ Во малечка куќичка трошна, во семејство грнчарско бедно, се роди синот на Апостол, дете од малечко- вредно!
А меракот? Меракот Рацине уште изгорен не е, На Струга дуќан да имам желба пуста во мене грее. Чаршии и пазари рој да видам и само тогаш најсреќна ќе бидам.
Пораснал во времиња тешки, во услови на сиромаштија и беда, читајќи во ноќите на таван, на светлина од свеќа бледа.
Над ридови лозја со гроздови дрочни, в градини круши и јаболка сочни. Вино на вересија сè уште се точи, а болката клета никако да закочи.
Напишал стихови безброј, за работничката болка и мака, за копачите и тутуноберачите, за секој слобода што сака.
Но и без куќа Татунчо среќен треба да е, куќа цел свет братски му е, секој нека знае. Утрото над нас со нова роса роси, а зората румена бели мугри носи.
За Денови студени ко камења тешки, за маките аргатски и солзите жешки, за црни длабоки гробови, со македонски вечни робови.
Ах, зоро сестро румена и свежа. Што ќе кажеш ти, дал Рацина го галиш, ил со бојата на огнот нови огништа палиш?
-Дајте сред село тапан да бие, оро Тешко македонско да се вие. Ајде да направиме така, за заборав на Селската мака.
Дал нова мугра ќе дојде и грутка од гради ќе сметне. Дал нов гулаб ќе се роди за слободен низ шуми да летне?
Да им помогнеме на Тутуноберачите бедни, со жолтиот тутун и лицата бледни. Да ја довеземе кошулата на Ленка, да го оставиме минатото во сенка.
Како и да е Рацине, во душава ти ќе останеш моја. Твојата поезија во неа си создаде лулка своја!
Еј Копачи, вие страдни, темнината набрзо ќе летне, нема да бидете боси и гладни, новиот ден најсилно ќе светне!
Викторија Петровска
88
Даме Груев
автор: Игор Јовчевски 9
Тројството и триаголникот му се дом
Понекогаш е доволно едно ракување за да се помрдне светот Јордан Коцевски е човек којшто покрај повременото докторирање по факултетите за туризам и угостителство, е роден за перо. Ниже сценарио по сценарио, приказна по приказна, и темите—како што тоа инаку бидува—варираат. Некогаш му смета светот, па надвладуваат црните мисли, Франкиновски колку и општочовечки. Често сака мрсно да се пошегува, што е евидентно кога некој го запознава по прв пат по неговата искрена, срдечна насмевка. Неговата глава, покрај овие два екстреми, крие и нешто подлабоко, нешто креативно и едвај скротено од секојдневноста. Во тој миг настануваат неговите најубави креации.
посведочена од авторот на овој текст; во текот на една од последните четири Балкански смотри на младите стрип автори, Јордан и Дарко наголемо си прикажуваа за ликовите за нивниот следен стрип, каде што сценаристот му го покажуваше својот сториборд на цртачот, а цртачот своите скици во мигот на нивното настанување). Материјал се трупаше со години, и како таков се најде во склопот на едно албумче, крстено „Мрак Хумор Тишина“. Албумот е воглавно нивен, иако всушност е заеднички труд кој вклучува уште пет луѓе; притоа, самиот наслов кажува дека постојат тематски целини, и тие тематски целини треба добро да се вметнат во текст.
Дарко Богданов е човек чиешто претставување на љубителите на нему локалниот, а нам на балканскиот стрип не е потребно. Неговиот мрак прв се истакнува, и ако тоа не го покажал и докажал со своите кратки стрипови и илустрации, тој го зацементира со личниот албум “Modus Vivendi”. Работи на странскиот пазар, а сè што е домашно, па ако некој и некаков Бог даде и сопствено, т.е. лично, го работи со неговиот препознатлив стил, натопен во мрачното и длабокото, неповратното. Не е ни чудно што се нашле и спријателиле. Кратките и пократки стрипови се нижеа, а идеите се раѓаа безмалку во од (анегдотка,
TENEBRA Првото нешто што Јордан го привлече кон Дарко е токму неговата приврзаност кон мрачното, неопишливото, тешкото, недофатливото. Првите три приказни во стрипот претставуваат совршена мешавина од соработката на овој двоец. „Слобода“ се поигрува со читателот, дава оптимистичка премиса која се завршува со силно депресивен, скоро апатичен крај. Клошар кој што е среќен? Поради што е среќен? Сигурно не е заради невремето надвор, или заради претурањето по контејнерите во потрага по храна и облека. Не, среќен е затоа што смртта конечно го лишува од печалот во кој се наоѓа, световниот затвор од кој 10 10
11
12
не успеал да побегне. Сличен затвор го гони и главниот лик на следната приказна, „Човекот од стакло“. Изолацијата и самотијата се најверојатно најлошите болки што може да му се случат на човек во денешново бирократско, инстант-економскопакување општество, и се разбира смртта дава лек за тоа. Просто да не поверуваш дека една така тивка, секогаш мирна и ненаметлива личност е способна за такво нешто. Не вели попусто изреката „Ispod Mire sto đavola vire“, а доволен е само еден да исплива за да се најде сачмарка во раката на оваа или онаа Мира. Но, не е ни секој мрак ист, а ни секој ѓаол. Во наредната приказна „Ангели насекаде“, го следиме фотографот кој никако не не му тргнува, никако да ги продаде фотографиите и да заработи повеќе. Но, додека ја разгледува својата најнова тура на фотографии, здогледува нешто што ќе го збогати. Ама не легни врагу, поточно паднат ангелу. „Ангели насекаде“ делува како класична creepypasta, во секој кадар фотографот го следи статуета на ангел со морничаво лице, статуета што зад себе остава морбидни трагови. Липтачките ангели се убава аналогија, исто како и статуетите од серијата „Dr. Who“. Клуч за успехот на чудовиштето е мистериозноста—ангелот не му се обраќа на фотографот, не прави нагли движења, нема пренагласени монструозни карактеристики. Едноставно тука е, и кога треба и кога не треба.
бива напуштена од првиот, таа ја зема работата (и неговото срце) во свои раце и го бара ветеното „засекогаш“. Монструми има насекаде, а монструми има и во наредната приказна, која што по сценарио на Јордан ја црта Андреј Манев. Телесното искуство на двајца млади во милисекунда се претвора во лавкрафтијански кошмар, и дури на крајот на стрипот е изречена една реченица. Дури и самиот наслов „Покрај водопадот“ наведува на интрига, мистерија, енигма. „Forest spirit“, уште една соработка на Јордан и Дарко, ја продолжува оваа тематика, со тоа што наместо Лавкрафт го имаме Кроненберг, иако и во двата случаја во прашање се суровите сили на природата—шумската вила не дава да се сече шумата, и една преубава сплешстраница каде што нејзините корења пулсираат во лешевите на дрвосечачите кажува сè. Ремек-дело на мрачниот дел од „Мрак Хумор Тишина“, поинаку не може ни да биде. LEPOS На луѓето им е потребна смеа, макар и да се мрачни. И Јордан и Дарко ова добро го разбираат, та не е ни чудо што една нивна креација насловена „Чудовишта“ се јавува на две места во овој албум, како една подолга приказна и како пар пократки. Чудовиштата од „Чудовишта“ се безмалку пародии на чудовиштата од „Здружението на монструмите“, со битна разлика околу тоа дека не се баш за деца. Тука има многу инспирација и од цртаните филмови од каналот „Cartoon Network“, плус „Sharky and George“, итн. И секако еден од дадените стрипови е во боја, во што допринесол младиот Стефан Коцевски. „Нашето куче Рокс“, „Carpe Diem“ и „Мама вели“ се следните три мали приказни на двајцата главни автори, и секоја од нив функционира како краток виц. Една е, погодувате, за кучето, втората
Мракот понатака се продолжува со цртежот на Дарко, но овој пат сценариото му припаѓа на Александар Стеванов, во приказната „Сè што е слатко, кратко трае“. Еден убав омаж на приказните за конфликти, оштетени девојки и вечната љубов. Ништо за главната актерка во стрипот не вели дека воопшто има позитивен карактер, иако го одржува ветувањето кон момчето дека засекогаш ќе бидат заедно, таа се закача со друг за да ја провери валидноста на ветувањето. И, се разбира, штом 13 13
е за клошарството (со сличен престврт како во серијата „The Mighty Boosh“), а третата е класична детска, со аждаи и девојчиња. Сите се релативно безбедни, со многу здрава смеа, особено „Carpe Diem“ што во тоа успева со минимален дијалог. Во „Boogieman“ се наоѓа познатиот чист стил на Игор Јовчевски, и самата приказна е комотно хорор-комедија во мало. Татко, син и бабарога... бугирога... како и да е. Следните две приказни се повторна соработка помеѓу Јордан и Андреј Манев, „Волкот лош“ и „Потребен е убиец на змејови“. Двете се слатки мали пресврти во класичните бајки или приказните со епска фантастика. Првата е стриповско спојување на две бајки, „Црвенкапа“ и „Златица и трите мечиња“, каде што, спојлер, волкот е тој што го извлекува подебелиот крај. Втората приказна е епска борба со змеј што се завршува со врескањето на мајката што бара таткото и синот да одат на спиење. Оваа му е особено драга на Јордан, зашто влече потекло од повеќе лични искуства слични а дадениот стрип. Последната хумореска е „Преку трње до ѕвезди“, каде што овој пат сценариото на Јордан го оживува Весна Ничевска. Малиот исчекор во еротската хумореска е секогаш добредојден, а овој, во шест-седум кадри е преубав—кратка кавга, малку емоции, малку здрав разум и газење по трње. Како што би рекле на рекламите за „Master-card“—бесценето.
туку онаа фигуративната, онаа тишина што го следи читањето на секој посебно, онаа мудра тишина, моментот кога читателот ќе се замисли. „Our Eden“ на пример е парабола за природата и губењето на истата, за тоа како изгледа кога човек ќе исцрпи сè што може да исцрпи од мајката земја. „Ветување“ е потресна приказна за човекот и враќањето, ако претпоставката е точна, во родниот крај, за посипување на пепелта од саканата и својот последен конак, за сеќавањето на поубавите денови, адекватно претставени со сепија боја од Стефче Коцевски. „Кажи зошто ме остави“ е повеќе присна приказна за човекот којшто чмае сам, за скршените љубовни врски и она што доаѓа потоа. И сето тоа во дослух со милите звуци на песната чиј наслов го споделува стрипот. Последната приказна е од перспективата на стриповскиот лик, младата и нубулна каубојка, која му се обраќа на својот починат творец, по име и презиме Љупчо Филипов (со самото тоа му е и посветена на споменатиот автор). Му се обраќа на сопствениот креатор, приказна за неговата смрт и нејзината неможност да ја избегне вечноста. Авторот умира, делото останува за век и веков. А бидејќи ликовите самите по себе не разговараат со авторите, а мртвите автори не говорат ни со живите луѓе, само тишината и може да остане. ЗАКЛУЧОК
SILENTIUM
Беа тоа среќни времиња, беа тоа тажни времиња. Малку се депримираше, малку кикотеше, малку се ставаше прстот на чело, мислата во умот, животот на раскрсница. Со помош на пријателите, пишувањето на Јордан Коцевски и цртежот на Дарко Богданов е овоплотен „Мрак Хумор Тишина“ на единствениот начин дозволен за уметниците—одлично, со простор и желба за натамошен напредок. Сценарист
Без трунка претерување, третиот дел на албумот „Мрак Хумор Тишина“, е воедно и неговиот врв. Се разбира, со тоа ја вреднува и еден така мудар, така тежок збор како што е „тишина“. Со ред, тоа се стриповите „Our Eden“, „Ветување“, „Кажи зошто ме остави“ и „Некои луѓе“, и она што ги поврзува не е буквалната тишина (некои од нив имаат нарација и текст), 14 14
којшто покажува ваква палета на различни тематики, атмосфери и ликови неретко заслужува цртач чија техника умее да наслика најголем апсурд како и најтајновита животна вистина. За разлика од направијата закачена на дрво во стрипот „Our Eden“ кое што пумпа живот впивајќи го истиот од дрвото, на вештачки наин и изнасилено, соработката на овие два автори е природно да стои рамо до рамо со модерните ликовни и книжевни класици, во најмала рака, а нивните творби никако не излегуваат по вештачки пат, ниту со присила. Сè што останува после тоа е мошне јасно—тишина. автор: Иван Вељковиќ
Првична рецензијата, на српски јазик, е објавена на веб страницата „Показивач“, а во електронското списание „Македонска Ризница“, приведено на македонски јазик е објавено во согласност со авторот. Врска до написот на српски јазик:
http://www.pokazivac.com/trojstvo-i-trokut-mu-dom.html
15 15
ИНТЕРВЈУ _____________ со
Марина Христова 1. Ќе сакате ли накратко да им се претставите на читателите на Македонска Ризница?
сама, дојдов до заклучок дека треба да се вратам во Австралија, каде што ме чека целосна поддршка од фамилијата. Од овој период потекнуваат корените на новата идеја – да се биде хуман, потребно е само топло срце, а постојат иљадници начини... Така и го запишав факултетот за проучување на кинеската медицина, каде што целосно се најдов самата себеси. Станав прв студент во Мелбурн што заврши два факултета во рекордно време, и докторирав како доктор по кинеска медицина. Веднаш потоа се соочив со првото работно искуство – Болнички центар во Кина. Мојата прва приватна клиника ја отворив во 2000 г. во Мелбурн, градот во кој живеам, и тоа додека напоредно предавав на факултет како најмлад професор во областа на кинеската медицина. Денес, мојата клиника “The House of life” прерасна во Клинички центар каде работат повеќе еминентни доктори кои нудат холистички метод на лечење на пациентите, без хемиска интервенција. Освен мојата работа со почитуваните пациенти, во оваа прилика можам да ја промовирам и мојата колекција од разновидни медицински чаеви, како и онаа од нетоксични свеќи, базирани на етерични масла, чиј креатор сум лично јас.
- Секако, и тоа на мое огромно задоволство. Воедно, уште на самиот почеток сакам да Ви благодарам за вашата покана и за укажаната можност да бидам дел од прекрасната Македонска Ризница. Моето име е Марина Христова. Родена сум во Битола. На 14-годишна возраст фамилијарно заминуваме во Австралија, каде се прилагодив на англискиот систем на живеење. Благодарение на моите родители, кои се космополити и високо образувани луѓе, имам можност да запознаам и развијам пријателски врски со разновидни луѓе од различна етничка припадност на кои со задоволство им зборувам за мојата родна земја, прикажувајќи ја нејзината богата историја, традиција и култура во најдобро светло, како што всушност ја гледам и чувствувам. После завршувањето на гимназија, по стапките на мојата мајка и дедо, одлучив да се преселам во Париз, сметајќи го како центар на светската култура, и да започнам студии на Правен факултет. После неколку тешки месеци поминати 16
17
2. Која беше идејата за формирање на хуманитарна организација како што е вашата W.O.M.A.N.?
3. Какви проекти имате реализирано?
- Идејата да се формира хуманитарната акција произлезе, едноставно, од љубовта кон своето. Основна цел на ова здружение е да ги зближи успешните жени од македонско потекло, да им даде поддршка и да создаде услови за дружење и помагање. Второ, да се направи мост на соработка помеѓу нас кои сме во дијаспората со други жени во Македонија и заеднички да делуваме. Стремежот за солидарност и за поуспешна заедница е главна мотивација, а воедно и награда на ова здружение.
- Досега имаме реализирано два проекта. Првата донација беше наменета за ученици кои потекнуваат од финансиски загрозени фамилии од Битола. Благодарение на истата, учениците беа снабдени со разнороден школски прибор, облека и секако, израдувани со играчки со едукативен карактер. Во рамките на вториот проект беше реализирано доделување на пакети со поклони и облека за децата со специјални потреби од Струмица. Планирана е повеќегодишна одржливост на самата идеја, при што ќе се случува најмалку по еден проект годишно, со посебен осврт кон руралните делови низ Македонија.
4. Какви се вашите идни планови? - Силно посакувам успешна реализација на проектот „Македонска книга“ каде што книги на македонски јазик за деца, а понатаму и возрасни— ќе бидат доделени до сите можни библиотеки низ Мелбурн, па и пошироко... Донацијата на ќебиња, перници, чаршафи и слично, осмислена како поддршка и еден од можните начини да се подобрат условите во државните болници или клинички центри кои се најзапоставени во Македонија, ќе биде вториот значаен проект што заслужува внимание. Оваа прилика нека послужи и како првична мотивација за сите хумани поединци, групи и организации кои би сакале да дадат придонес, и сакаат да се најдат во улогата на спонзори, па заедно да ја продолжиме мисијата во правец на набавка и доделување на соодветна медицинска опрема, која ќе биде од витално значење како за вработените, така и за пациентите во назначените болнички центри.
18
5. Накратко и за вашата работа, дали прекрасните растенија што растат во Македонија наоѓаат примена во производството на Вашите производи?
Едноставно, моите производи не можат без нив, зашто во нив се содржат сите одговори— како до хармонизација и рамнотежа помеѓу нас и природата, како до емотивно и духовно исполнување, како до позитивна енергија, љубов, надеж и мир... со себе и во себе...
- Македонија располага со изобилство на прекрасни билки и растенија. Планинскиот чај од Галичица и Мајчината душица се едни од најубавите, најромантични и најлековити растенија од широкиот асортиман во природната галерија на мојата земја.
подготвил: Благојче Андонов
19
АФОРИЗМИ
СТИХОВЕН КАЛИБАР Горан Јанкуловски - „Стиховен Калибар“ е македонски хип хоп уметник и афористичар кој својот став за состојбите во општеството на свој начин го искажува преку текстови во песни и објавени книги. Автор е на книгите „Збирка мудрости и афоризми“, „Двоглед“, „Проклетници“, „Стихија“ и „Бог да ги бие кучињата касапски“.
20 20
Нашите политичари требаше да работат во крематориум. Што фатија пеплосаа. Дефинитивно сме библиска земја. Толку фарисеи и маченици не се забележани на друго место. Со државата сум садомазохистички приврзан. Таа брутално ме секса, а јас и ги плаќам сите сметки. Во Скопје не постои урбана мафија. Градителите се поранешни овчари. Политиката не е курва. Курвата од дупката прави закон, а политиката од законот прави дупка. Ако не знаеш да играш ШАХ ќе те снајде ДОМИНО ефект. Во регалот чуваше три тома Капитал. Во гаражата три тона. 21 21
ТОП 10 листа
Крсте Бадаровски 22
Крсте Бадаровски e млад и надежен македонски пијанист. По завршувањето на средното образование во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, како еден од најдобрите ученици на генерацијата, продолжува да се школува на Музичкиот конзерваториум во Прага, каде што дипломира како еден од најдобрите студенти. Во Прага ги усовршува насоките за концертно изведување на пијано, чембало, но и музичка педагогија . Настапувал солистички но и со камeрни ансамбли во Македонија, Србија, Хрватска, Италија, Чешка и Австрија. Добитник е на неколку државни и меѓународни награди и признанија, од кои се издвојуваат Златната плакета и лауреат на меѓународниот натпревар во Шабац, Трета награда на меѓународните натпревари по пијано во Скопје и во Битола, како и Четврти награди на меѓународните натпревари по пијано во Загреб, Прага, Лион. Работи веќе неколку години како педагог по пијано и корепетитор во основното музичко училиште во Јесењице, Прага. Бадаровски во слободно време се занимава и со компонирање.
- Почитувани читатели, со задоволство ја споделувам оваа моја листа на 10 најслушани композитори на класична музика. Се надевам дека ќе ви се допадне објаснувањето зошто тие се најдоа на оваа моја листа. 23
1. Волфганг Амадеус Моцарт (1756-1791)
Моцарт е сигурно на врвот на мојата листа на композитори на класична музика од многу причини. Познато е дека уште од дете бил гениј и веќе во својата предшколска возраст концертирал и компонирал. За неговиот краток живот од 35 години оставил огромен „печат“ во општеството со неговите многубројни дела, напишани за повеќето врсти на музички инструменти и изведувачи. Неговата музика е како насмевка, која го засмејува слушателот. Несомнено Моцарт е омилен композитор на повеќе генерации во ова модерно, но и во тоа постаро време. Бил многу интелигентен, позитивен, продуктивен, праведен, друштвен и исполнет со енергија која пријатно зрачела. Освен што музицирал, исто така знаел одлично и да танцува, да игра карти и билијард. Негови најпознати дела се, оперите: „Свадбата на Фигаро“, „Волшебната флејта“, „Don Giovanni“, „La clemenza di Tito“ (последните две спомнати опери имале премиера во Прага, каде што момемтално јас живеам и творам), потоа „Requiem“ (довршен од неговиот ученик), „Мала ноќна музика“, квартетата и квинтетата од камерната музика, концертите за чембало, но и за другите инструменти, сонатите за чембало „Facile“, „Соната во a-dur со турскиот марш“, симфониите No.35 „Haffner“, No. 41 „Jupiter“, No.31 „Paris“, итн.
2. Сергеј Василијевич Рахманинов (1873-1943)
Рахманинов е неслучајно вицешампион во мојот избор. При слушање на неговите дела се доживува музички оргазам. Неговата музика е исполнета со многу лирични, силни, длабоки и емотивни мелодии, кои се проследени со густи и восхитувачки хармонии. Иако потекнувал од аристократско семејство имал тешко и детство и за разлика од Моцарт тешкотии на почетокот на неговата кариера, но со неговата упорност докажал дека заслужува да биде на врвот. Се смета за еден од најдобрите пијанисти на сите времиња, за што сведочи и големата виртуозност на неговите композиции за клавир. Бил исто така и познат диригент, со поминати успешни сезони во неколку оркестри. Најпознат е по неговите прекрасни и најсвирени концерти за клавир, особено вториот и третиот, но и по неговите прелудиуми и помалите дела за клавир. Мора да се спомене дека Рахманинов бил доста религиозен човек, кој одел на богослужби во православните храмови, и затоа сам напишал две литургии и неколку црковни песни. Неговите опери, симфонии и останати дела се исто интересни и возбудливи. 24
3. Лудвиг ван Бетовен (1770-1827)
Бетовен ја зазема бронзената позиција на мојата листа. Силна и драматична личност со многу тежок, болежлив живот и малку среќа, но со голема акламација во денешно време. Неговото творештво е исто доста обемно и лично. Иако неговиот стил понувал да оди по стапките на неговите претходници Моцарт и Хајдн, тој изградил свој индивидуален стил кој подоцна ќе го поврзе класицизмот и романтизмот. Неговата музика е доста драматична исто како во филм кој потсеќа на некои дејства од животот на обичниот човек, па затоа можеби и толку прифатен кај луѓето. Најпознати негови дела се во прв ред неговите девет симфонии, кои се до ден денес доста изведувани, а делот „Ода на радоста“, кој е четврти став на деветата симфонија се користи како химна на Европската унија. Како еден од првите композитори за современ клавир напишал многу начајни дела за пијанистите, на пример 32 сонати, потоа 5 концерти за клавир, но и за други инструменти, „За Елиза“ и др. Неговите вокални дела се исто посебни и треба да се споменат, „Missa Solemnis“, операта „Fidelio“, предиграта „Edmont“, итн.
4. Петар Илич Чајковски (1840-1893) Чајковски е правникот помеѓу уметниците, затоа што од правната струка преминал на музика. И тој имал психички доста нестабилен живот, но љубовта кон музиката го натерала да издржи и да напише неверојатни дела. Се вели дека е еден од најзначајните руски и славјански композитори, кои користеле мотиви на традиционалната музика во своите композиторски творби и по тоа бил доста познат и ценет. Оваа констатација ја потврдуваат овие неколку композиции: „Славјански марш“ (инспириран од Руско-турските војни), симфониите „Мал Русин“, „Полска“, оперите „Војвода“, „Кузнец Вакула“, „Евгениј Онегин“ и др. Чајковски особено се прославил со неговите три балети „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“ и „Оревокршачка“, кои до ден денешен се најдраги на публиката. Не смеат да се заборават и неговите концерти за клавир, особено првиот во b-moll, клавирскиот циклус „Годишни времиња“, оркестралните и камерните дела. 25
5. Јохан Себастијан Бах (1685-1750)
Бах е сигурно еден од моите фаворити и еден од најважните композитори во моите музички почетоци. Паметам кога ги изучував неговите дела, особено прелудиумите и фугите, ми требаше една духовна смиреност, дослушување на контрапунктот помеѓу гласовите на долгите теми и внатрешно спокојство, мир и контрола. Музиката на Бах би рекол дека е чистота на мислата и душата и разговор помеѓу ангелите и луѓето. Тој се смета за еден од главните темели врз кои се поставени столбовите на класичната музика на кои се надоврзуваат наредните композитори и епохи. Како одличен изведувач на оргули, чембало и виолина оставил една преголема „библиотека“ со дела, која се состои од многубројни свити, партитури, инвенции, токати, прелудиуми, фуги, кантати, пасакаљи, каприча, концерти и разни оркестрални дела. Најистакнати негови дела се Токатата во d-moll, Брандербуршките концерти, Голдберг варијациите, Италијанскиот концерт, Божиќниот ораториум и двете пасии.
6. Антонин Дворжак (1841-1904)
Дворжак е мој, но и во светски рамки најдраг и најслушан чешки композитор. Тој е еден од основоположниците на чешката романтична класична музика, но воедно и создателот на американската класична школа. Во неговата музика може да се препознае чешкиот фолклор, преку типичните мелодии, танци и мотиви. Се смета и за истакнат словенски композитор и претставник, за што говорат неговите познати 10 опери, напишани исклучиво на чешки јазик, како и Словенските танци, свита и рапсодија. Други негови познати дела се деветте симфонии, библиските песни, симфониските басни, хумореските, фуриантите, концертите за виолончело и клавир и предсмртниот Реквием.
26
7. Ференц Лист (1811-1886) Лист е апсолутно најпознатиот унгарски композитор. Бил воедно и виртуозен и феноменален пијанист со безброј турнеи и концерти по светот, особено во Европа. Се дружел со аристократската класа на луѓе и имал доста афери со богатите дами, но за негова прва жена се смета грофицата Marie D’Agoult која била голем обожавател на класичната музика. Лист ја имал таа среќа преку својот татко да стапи во контакт со богатата куќа на Естерхази која подоцна го финансирала. Лист се научил одлично да компонира и импровизира, за што сведочи преголемиот опус на неговите дела, како и обработки на дела на познати композитори. Лист се смета за творе на првите симфониски басни, од кои најпознати се: „Прометеј“, „Орфеј“, прелудиумите „Мазепа“ и „Тасо“. Познати се и неговите симфонии, делата за пијано, како на пример двата концерти, 12 трансцедентални етиди, Паганини етиди, соната во h-moll и 19-те унгарски рапсодии.
8. Фредерик Шопен (1810-1849)
Шопен, познат како „поет на пијаното“ е најпознатиот полски композитор и еден од најзначајните композитори за пијано. Мирно и тивко младо момче кое за брзо време стана ѕвезда со салоните и салите за музика. Неговата музика е мелем за душата и е навистина еквивалент за романтика. Шопен, иако бил половина Французин, половина Пољак, мора да се спомене дека неговиот творечки стил се темели на мотиви и танци од полскиот фолклор. Затоа и неговиот стил е препознатлив токму поради мазурките и полонезите, што се полски народни танци. Како и да е, повеќето негови композиции се омилен репертоар на пијанистите а меѓу нив спаѓаат: 24 етиди, 24 прелудиуми, 3 сонати и 2 концерти за клавир.
27
9. Џузепе Верди (1813-1901)
Верди е сметан за крал на оперите и затоа би го споменал во оваа моја листа. Се родил во сиромашно семејство, а своето знаење го стекнува во језуитската школа. Иако не го примиле на музичкиот конзерваториум во Милано, со помош на доброчинителот Антонио Бареци, успеал да се учи во истиот град. Откако се оженил со ќерката на неговиот менаџер, сè му пошло од рака. Станал директор на музичката школа и симфонискиот оркестар во бусет. Негова прва опера со која се прославил и доживеал огромен успех е „Набуко“, по која следат и „Ломбардијци во првите крстоносни војни“, „Двајца Фоскаријани“, „Алжира“, „Јована од арката“, „Атила“ и „Магбет“. За неговите либрета Верди се инспирирал од познатите книги и романи на познати писатели како Шекспир, Шилер, Дима, Иго, Волтер и Лордот Бајрон. Од оперите вреди да се споменат и „Аида“ (напишана по нарачка на египетскиот крал Исмаил Паша и за прв пат изведена во Каиро), „Хернани“, „Риголето“, „Трубадур“, „Травијата“, итн.
10. Јоханес Брамс (1833-1897) Брамс се вметнува во мојава листа на најдобри композитори затоа што има симпатични композиции за различни инструменти, но и за глас. Неговиот музички стил е продолжување и преточување на германската класична музика во новоромантизам. Брамс потекнувал од сиромашно семејство и заработувал со свирење по настани и свечености. Нему му помогнал колегата и славниот виолинист Јозеф Јоаким, кој го запознавал со познатите уметници. На 14-годишна возраст веќе почнал да настапува како пијанист и да пишува музика за пијано. Најпознати негови дела се клавирните сонати, триа, квартети, квинтети и концерти. Убави за слушање се и неговите четири симфонии, концертот за виолина, двојниот концерт за виолина и виолончело и германскиот реквием напишан со пасуси од библијата. Напишал исто и многу пријатни песни за глас. Би сакал на крајот да напоменам дека посебно ги почитувам композиторите кои напишале Реквием или Литургија пред нивната смрт, како своевидно опростување со овој свет. 28
Петар Дамов Христов Германчето Македонски револуционер
(1867 - 1907)
Портрет карикатура, молив во боја на хартија
Никола Анѓелкоски 29
ПО ТРАГИТЕ НА ЗАГУБЕНАТА МАПА НА АЛБЕРТИ Од постхумно објавената книга „Дамка крв“ на академик Анте Поповски (1931-2003)
Ете, другар Алберти, и тие банални работи го прават животот: таа кашлица, таа снеможеност, таа, како што ја велите вие - билатерална пневмонија, која подолго време Ве обеспокојува, Ве фрла во сомнежи и Ве мачи. Можеби во такви мигови, ние луѓето, најубаво осознаваме: наспроти другото колку неумоливо и конечно е конкретното човеково време. Дури трае тоа време нема ниту минато - ниту иднина. Поетот го живее тоа свое време распнат во сурова противречност: го живее, исто така, како сега, во мигов дека ќе оконча тоа. Никој не е пророк во својата татковина, но, сигурно е дека времето во неа е мир и само во мир возраста човекова може да биде една убава природна болест. Колку сме спокојни бидејќи знаеме: едно време кога се сади и едно друго време кога се корне она што е насадено... В раце ми е Вашето писмо со кое ми појаснувате дека веќе сте му се обратиле на Ернесто Карденал и сте го замолиле да ми испрати негови книги. Јас веќе ги имам нив: два поголеми избори од неговата поезија. Едниот е печатен во август 1979-тата, на Куба. Го имам в раце Вашето писмо, значи, и одново се воодушевувам: секој знак во него има свое ново, неоткриено значење. Вашата калиграфска експресија нема ниту улога да го потисне значењето на зборот ниту пак да го вулгаризира прераскажувајќи го. Едноставно: секој Ваш знак во писмото претставува сопствен поетски идеограм. Секој знак е трпеливо навезен, а сите заедно покриени се со некој возбудлив отсјај на портокалов тон. Белините на страницата! Тоа се единствените ненаселени предели во писмото, па и тие самите го соопштуваат она најсуптилното: она што не умеат да го соопштат зборовите. Тој бел простор е највозбудливиот разговор: се гледаме во него - а разделени сме со илјадници километри еден од друг и - молчиме...
...Зашто времињата сакаат да ве паметат
Кога ја напишавте вашата елегија за една загубена мапа, Вие во неа населивте портокалови градини, богати морски овоштарници, маслинки и лози, дечиња и јаренца - откривте дека Вашата земја има облик на оптегната кожа од бик што лежи врз морето. Извикавте: глеј, во оваа земја, по крвта на оваа земја може да се плови... Вашата пловидба зачна на едниот брег и ќе трае се до другиот брег на овој век, а потоа... Потоа пак ќе се сетиме на кулите од ѕвезди, на ноќите погубени на бесилки, на баркаролите осветлени од ветрови. Пловејќи, Вие почувствувате дека и островите околу Вас се движат и го слушавте гласот на својата земја која сакаше да Ве придружува на таа пловидба. Го дочувте тој глас, другар Алберти, 30
зашто времињата сакаат да Ве паметат. Но, да тргнеме на прошетка по загубената мапа. Еврејските патријарси доселени во Палестина на нивните копја го носеле симболот на бикот. Првата буква на нивната алфабета, означува бик. Безброј иконографски знаци низ историјата ја одразуваат стихијата на бикот, неговата возбуда на воин, одразуваат метафора на победник. Сета епифанија на бикот е јазик на плодност и на моќ. Ве потсетувам на ноќта со јадри ѕвезди на небото над Кадис кога, раскажувајќи ми за бикот, Вие категорично тврдевте дека Алтамира одразува повисок и побогат духовен код спореден со духовниот код на најсовршените технички откритија на нашата цивилизација. Алтамира трае поради нејзината човекова природа, а најголемото техничко остварување има прецизно дефиниран век: поради неговата техничка природа. Пикасо, велите Вие, не сликал ништо друго освен своето време. Тој тврди дека уметноста нема ниту минато ниту иднина и дека сè што создал го создал поради сегашноста: бизонот во пештерите на Алтамира и бикот од „Герника“ се во крвно сродство. И едниот и другиот се безгласни, неподвижни, таинствени. Прободени од човекот! Се разбира, Пикасо на тој начин објави дека она што постои како творечко остварување постои пред да се соочи со ново дело. Обично: двете напоредно живеат. Нормално е - доколку едното од нив отстапи пред поусовршеното со кое се соочува. Долго шетавме по онаа безвременска калдрма на Кадис и под високите балкони свртени кон морето. Во еден миг Вие срамежливо ме прашавте: Колкава е Македонија? Вашето прашање во нешто асоцираше на прашањето што му го поставил Лев Н. Толстој на Димитар Ризов во Јасна Полјана (21 декември 1898-та): „Малку е срамно, рекол Толстој, но, должен сум да Ви признам дека имам доста заматена претстава за Вашата татковина. Знам само оти се наоѓа околу Архипелагот... “ Си помислив: сепак има разлика. До скоро не се знаело каде е - сега барем не се знае - колкава е. Се обидувам значи, да Ви кажам колкава е.
Со пушка во едната, со граматика во другата рака
Признавам, мојов одговор го започнувам со мала возбуда, напнат и со факти кои ви се најдобро познати - Вам: интернационалните бригади кои ја бранеа Шпанската Република броеја околу 30.000 борци од 54 нации. Се разбира дека е многу тешко прецизно да се утврди таа бројка, а причини за тоа има многу. До скоро се претпоставуваше дека меѓу 1.600-те југословенски доброволци, на страната на Републиката крвавеле и дваесетина Македонци. Се покажа, меѓутоа, дека таа бројка барем десетина пати е повисока. Само во Буенос Аирес, од редовите на македонската економска емиграција, во 1936-тата се јавиле 25 доброволци - комунисти и антифашисти: Петре „ Мајчето“, Панде Поп Ристов, Ѓорѓи Наумов, Панде Ставрев, Панде Пешев, Никола Поповски, Никола Казанѕиев... Така од Аргентина, така од Мексико, Бразил, Уругвај. Така од Америка и Канада. Така од цела Европа. И, особено - директно од Македонија, од сите нејзини краишта: Вардарско, Пиринско, Егејско. Сите тие, другар Алберти, биле сиромаси: работници и селани, рудари и интелектуалци. Повеќето од нив откорнати од својата земја и расфрлани од немило до недраго. Мнозина од нив неповратно исчезнале низ драматичните и загадочни патишта на илегалата. Патувале со стотици 31
километри низ непознати и далечни предели за да стигнат до јавката и исчезнувале по тие патишта и пристаништа, или пак биле откривани и апсени, фрлани по затвори и логори. Се мачам, значи, да Ви одговорам на прашањето: колкава е Македонија... Вчера беше тоа, само пред половина век, кога целото слободољубиво човештво востана за да ги изнајде трагите на загубената мапа. На една точка од таа мапа, во мигот кога твоите рудари од Австрија се кренаа на востание во 1934-тата, Рацин го воспеа тој химничен чин небаре востанале неговите македонски рудари. Вие тоа, веројатно, не го знаевте. Јас Ви го кажувам ова за да ја имате предвид неговата песна „Смртта на австрискиот другар”, за антологијата која условно ја именуваме: Елегија за загубената мапа:
Та навистина јас паднав! ...Но чудно! - во претсмртниот час ќе излудеам од некаква среќа. Паднав - но не затрупан од карпите и задушен од метанот! Паднав - но не од глад, лазејќи немошно ко црв! Паднав - но од сон го штрекнаа светотмилиони сега со трепет го наслушуваат чукањето на моето срце на умирање, милиони сега трепетно го запираат здивот и ја креваат тупаницата - Слобода!
И веднаш по Рацина неговиот сограѓанец Ганчо Хаџипанзов. Поет. Во едната рака со пушка, во другата - со граматика на шпанскиот јазик! Така е најден: заѕидан во темелите на Шпанската Република, веднаш покрај вашето живеалиште во Мадрид. И бидејќи човекот е минливост и превозмогнување себеси, и бидејќн песната е најавтентичниот и најјаркиот белег на тоа превозмогнување, Хаџипанзов, наспроти својата погибија, ја остави поемата чие херојско „ќе се вратам“ одѕвонува со двојна порака: како утеха до татковината дека ќе ѝ се врати и до себеси лично - дека е беспричинска помислата и вербата во враќањето сè дури крвави Мадрид и сè дури од неговите ѕвонци се митралираат мајките и гулабите. Тоа е втората поема, другар Алберти, која ќе ја придружиме во „Елегијата за загубената мапа“. Но јас само го зачнувам одговорот, другар Алберти. Оттука, од Македонија, е испратено и едно писмо адресирано до сењора Франческа Лаборе Хуеска, во кое Никола Јонков Вапцаров ја известува сењора Франческа дека нејзиниот син Фернандес веќе е мртов и дека лежи на барикадите на Мадрид, веднаш покрај Хаџипанзов и другите херои. Вапцаров, во својот релативно мал поетски опус - педесетина песни, оствари цел циклус посветен на Шпанската револуција! Вие барате една песна - а јас Ви го испраќам целиот циклус на Вапцаров, зашто, простете, на што ќе прилега таа 32
антологија без неговите, Вапцаровите, „Песни за една земја“. Кога би го продолжиле овој тек на кажување, бездруго, би дошле и до оние две писма испратени од Велес до Вељко Влаховиќ во Мадрид, 1937-та. Во едното од нив нашироко се говорело за речта на Рацин во Велес, на веста за погибијата на Хаџипанзов. Овој тек натаму, другар Алберти, би нè довел и до голобрадите момчиња, поетите Караманов, Богоевски, Неделковски, Волче Наумчески... Сите тие сонуваа еден ист сон, тие им пееја и на Македонија и на Шпанија со иста љубов и страст, и во исти копнежи, сите до еден, ги вградија своите коски во темелите на човековите слободи и иднина. Историјата и трагедијата немаат ништо заедничко - тие се неспоиви: за историјата ништо не е дефинитивно освен промените; за трагедијата секоја промена е - дефинитивна. Така барем на оваа суштина гледа вашиот пријател, поетот Октавио Паз. Ви ја доближив ли, барем донекаде, претставата за тоа колкава е Македонија? Ви потпомогнав ли, барем со нешто, за „Елегијата за загубената мапа?“ Со што друго, другар Алберти, можеше Македонија да и помогне на Шпанија, освен со животите на своите рудари и селани, на своите работници и ученици? И со кој повисок морален чин, освен со чинот на поетското жртвување, можеше толку химнично да се нагласи и пролетерската саможртва на еден народ кој стенкаше и физички и духовно распарчан на овој бришан простор? Небаре Прометеј закован на карпите... Небаре откорнати дрвца, би рекле Вие, млади и извишени, со ведар порив кон небото и со вишна ѕвездена иднина... Го привршувам ова писмо. Тоа во Ваште раце ќе биде на денот кога старите пагански закони одново ќе го започнат циклусот на нови надежи и повторувања. Едно само нема да се повтори низ иднината: сонот на паднатиот поет.
33
СВЕТОТ НА БРОМО
автор: Владо Јаневски
34 34
Крсте Бадаровски e млад и надежен Мoжете: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело. е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com
35 35
36