МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА ДЕКЕМВРИ 2015 ISSN 1857-9314 1
Македонска Ризница УРЕДНИК: Благојче Андонов ДИЗАЈН: Сашо Гачев РЕДАКЦИЈА: Гоце Панговски СОРАБОТНИЦИ: Кристина Цонкинска Игор Јовчевски Наташа Бошковска Никола Анѓелкоски Билјана Влајковска ИЗДАВАЧ: Александар Стеванов
Почитувани читатели, Во овој број имам огромна чест да ги претставам универзумските мистерии сокриени во длабоките тајни на трудот после кој доаѓа успехот, на константната работа и амбиции, желбата и преданоста на тимот на он-лајн списанието „Македонска Ризница“. Пишувањето не е ништо друго, туку само завршен чин во долгиот духовен процес, собирање на расфрлените конци на мислите, и конечно, обопштување на сите податоци што го оптоваруваат умот. Пред вас е еден непресушен извор, кој со секоја капка од себе доловува по еден нов пејсаж со кој се отсликуваат боите на реалноста која најчесто ја сликаме со подруги бои. Пред вас не е само едено обично списание! Пред вас се наоѓа азбука, буквар кој те изучува ОДНОВО, од раните корени, те запознава постепено-од првиот чекор, до сегашниот вид. Започнуваме со статијата: „Недела на славјанска култура“, потоа следуваат поемите кои оставаат без здив, на Агатија Н.Б., за да продолжеме со илустрација на Јане Сандански, со исконски црти кои го доловуваат значењето на овој македонски револуционер. Една недоволно откриена убавина, манастирот во село Слепче прикажан низ уникатна галерија ве чека кон завршните страници за да на крај се надоврземе на еден од нашите најубави градови, Битола, кој од своето минато па сè до денес го носи тој белег отсликан низ способноста на човековата фотографија. Ви посакувам да уживате во содржините кои и овојпат со огромно внимание ви ги приреди списанието „Македонска Ризница“ низ своето 41-во издание. Со почит Кристина Цонкинска 2
ВО ОВОЈ БРОЈ ЌЕ ЧИТАТЕ: НЕДЕЛА НА СЛАВЈАНСКА КУЛТУРА Александар Стеванов ................................................................................................................... 04
ПОЕЗИЈА Наташа Бошковска ....................................................................................................... 06
ИЛУСТРАЦИЈА: ЈАНЕ САНДАНСКИ Игор Јовчевски ...........................................................................................................
14
КАРИКАТУРА: ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ Никола Анѓелкоски ......................................................................................................
15
ИСПОВЕД НА СЛЕПЧЕНСКИОТ ИГУМЕН Редакција ....................................................................................................................................... 16
БИТОЛА ВО СПОМЕНИТЕ НИЗ ФОТОАРХИВАТА НА БИЛЈАНА ВЛАЈКОВСКА Благојче Андонов .......................................................................................................................... 22
3
НЕДЕЛА НА СЛАВЈАНСКА КУЛТУРА Пред точно 37 години, од 4 до 10 декември 1978 година, во Њујорк, била одржана недела на славјанска култура (Slavic culture week). На оваа манифестација, меѓу другите, претставена била и македонската култура, како што може да се види од плакатот. Ваква недела на славјанска култура, во Њујорк била одржана и во 1984 година, за што пишува и престижниот Њујорк Tајмс, во написот „Славјанскиот дух е сè уште жив во Њујорк“*, од кој ви пренесуваме дел:
*Marvine Howe, “Slavic spirit still vibrant in New York”, New York Times, November 4, 1984 http://www.nytimes.com/1984/11/04/nyregion/slavic-spirit-still-vibrant-in-new-york.html 4
Многу од од славјанските соседства на Њујорк се во опаѓање, но славјанскиот дух, минатата недела беше и тоа како жив. Имаше славјански саем на книги, изложба на славјански слики, како и славјански фестивал на народни танци... Проценето е дека има над 1.5 милиони луѓе со славјанско потекло кои што живеат во Њујорк и околината... Славјаните се најголема етничка група од Индо-европската лингвистичка фамилија во Европа. Во неа спаѓаат Полјаци, Чеси, Словаци и Лужички Срби на запад, Срби, Хрвати, Словенци, Македонци, Црногорци, Бошњаци и Бугари на југ, и Руси, Украинци и Белоруси на исток... Емил Антонов, довереник на мултиетничката радио станица WHBI, изјави: „Несомнено има заживување на славјанскиот дух денес. Се чувствуваме повеќе Бугари, повеќе Хрвати, повеќе Словаци, од кога било порано.“ Г-дин Антонов ја востанови славјанската програма на станицата во 1962 година. Денес има програма на македонски, српски, хрватски, бугарски, словачки, полски, литвански, украински, а се планира наскоро програма и на руски јазик. „Наша главна ролја е да се зачуваат живи традициите и јазикот на старата татковина, но исто така сакаме да им понудиме на новите имигранти и информации за животот во Америка“, рече г-дин Антонов, кој избега од Бугарија во 1956 година.“
“Many of New York City’s old Slavic neighborhoods may be on the decline, but the Slavic spirit was very much alive last week. There was a Slavic Book Exhibit, a Slavic Fine Arts Show and a Slavic Folk Dance Festival... There are estimated to be more than 1.5 million people of Slavic descent living in the New York metropolitan area... The Slavs make up the largest ethnic group in Europe of the Indo-European linguistic family. They include Poles, Czechs, Slovaks and Sorbs in the West, Serbs, Croats, Slovenes, Macedonians, Montenegrins, Bosnians and Bulgarians in the South, and Russians, Ukrainians and Byelorussians in the East... Emil Antonoff, a trustee of the multiethnic radio station WHBI, said: ‘’There’s definitely a revival of the Slavic spirit today. We feel more Bulgarian, more Croatian, more Slovak than ever before.’’ Mr. Antonoff established Slavic broadcasts at the station in 1962. Now there are programs in Macedonian, Serbian, Croatian, Bulgarian, Slovak, Polish, Lithuanian, Ukrainian and plans for one soon in Russian. ‘’Our main role is to keep the traditions and language of the old country alive but we also provide new immigrants with information about life in America,’’ said Mr. Antonoff, who fled Bulgaria in 1956. Waves of Immigrants”
Александар Стеванов
5
ПОЕЗИЈА Агатија Н.Б. (Наташа Бошковска)
6
Додека ти... Додека ти римуваш броенка јас гонам сон. Додека ти ме бришеш од твојот живот јас лебдам без тло во мојот. Додека ти трчаш со ветерот јас се сопнувам од камчињата по шините. Додека ти црташ нови кругови јас ги лепам старите. Додека ти го прашуваш своето време јас го измислувам моето. Додека ти седнуваш и седиш во илузија јас ја живеам мојата желба. Додека ти исчезнуваш полека јас се радувам што не си со мене. 22.09.2015, Битола
Наташа Бошковска, Агатија е родена во Битола. По професија е дипломиран учител во одделенска настава. Нејзини интереси се природата и уметноста. Активно планинари и своите импресии од патувањата, луѓето и настаните ги преточува во пишан збор па во тој контекст е и интересот посебно кон поезијата како специфичен начин на себеизразување.
7
Остави Маргиналии се тоа чад од цигара, темен здив без душа загубен во лисја багрем во зрак светлост од соба мала низ мирис од кафе над ограда, балкун во после полноќ две минути до два. Мечка во ѕвезден свод гледа лови мисла преку млечен пат. А јас, јас трагам низ маргиналиите свои на две педи до пад. 28.07.2015, Битола
8
Точно таму Негде, на број 9 во една зграда каде в прекор Ноќта твори траг опоменува еден зрак светлост млада да се сеќава на пречекорениот праг. В таа искра, блесок бел искрено не’ опи мирис босилов, лежерен, смел и в часкум се роди копнеж за пат нов! Слободен еден живот цел! Ноќта скршна в часот млад не’ остави со трагата и пречекорениот праг. Будно в мугра да бараме спокој, во нова светлост да доживуваме бескрај! 25.07.2015, Загреб
9
Пад Ролна од спомени. И стојам на врвот од тапата и летам со глава во облаци и паѓам со теме на земја. Ме нема, исчезнувам со ветерот во бестрага!
10
Чекајќи Облечена од бакнежи со вел од мирис морски со редица од плочки камени под нозете те чекам да поминеш ти. Чекајќи, Даб гали мирна вода, солена по сласт. Зелен допир тајно лебди да не чуе никој да знае само тој. А таа, водата, мудро молчи. И призор еден, рефлексија во нејната бескрајна длабочина Дабот виде. Се препозна се исплаши се повлечи но, посака таа негова да биде! Бескрајна е таа убост! Утринска најубава на изгрејсонце лика. Но кога облак немарно се свие во летен ден влажен и јури кон нејната става секој пробод од дождовни капки на нејната кожа, водна, мека, остава печат болен, стежен и таа е спремна... за допир следен нежен. А пак ветар кога разбранува бујни коси нејни тогаш, тогаш бура следи!
11
Носи страв порив за слобода од емоции бедни. Дабот го виде тоа и повторно во бој влезе со својата мисла! Се закотви на брегот и реши да биде бедем да ја гали со допир зелен, нежен засекогаш таа мирна бескрајна вода бурна бистра. Остана на брегот. До неа а таа до него и двајцата да блескаат во утринската изгрејсонце слика. Редица од плочки камени под нозете те чекав да поминеш ти. Во мирис морски во допир зелен, нежен, облечена во бакнежи. За Ловран со Љубов! 25.07.2015, Загреб
12
Тие Во секој сон сакаат да влезат Во секој сон! Во малку црно и во малку бело Немаат право на тоа! Порив, чуден порив магли поглед блеска мрак со чуден сјај од ноќта. Топот од потковица на ветровит пат се слуша, печат од среќа. Се листа во слоеви и тоа малку душа прегазена од топотот во доказ за навек, од чудната спрега. Малку јаве, малку сон. Немаат право на тоа! Кревам раце, кревам дланки барам достоинство во битката бедна и се’ што добивам е само СОН од кој немам право да бегам! 23.06.2015г.
13
Јане Сандански ИЛУСТРАЦИЈА
14
Тодор Александров, Македонски револуционер 1881 - 1924 портрет карикатура, молив во боја на хартија 07.06.2014
Никола Анѓелкоски
15
ИСПОВЕД НА СЛЕПЧЕНСКИОТ ИГУМЕН - Раде Силјан Ноќта е најголемиот ѕвонарник нејзиниот глас во нас длабоко одѕвонува и ги нарушува далечините меѓу пресушените меѓи меѓу заспаните граничари. Ноќта има сличност и со подземјето еднаш се умира во нејзиното око потоа оживува ко полските треви понесувајќи ја сета свежина од земјата што се буди меѓу металните гори меѓу прекрстените води. Ноќта е нашиот спасител најмирниот коњаник што доаѓа преку жешки ридја нас да не лечи да не благослови носејќи не во светот на тајните меѓу човечките распетија меѓу мртвите војсководачи. Ноќта е најголемата причина за нашето враќање во сонот едноличен колнат но мудар и тих ко нашиот дух откај мртвите што иде во прогонство пак да воскресне.
16
Третиот лик на времето, 1975 Ноќта е најголемиот ѕвонарник нејзиниот глас во нас длабоко одѕвонува и ги нарушува далечините меѓу пресушените меѓи меѓу заспаните граничари. Ноќта има сличност и со подземјето еднаш се умира во нејзиното око потоа оживува ко полските треви понесувајќи ја сета свежина од земјата што се буди меѓу металните гори меѓу прекрстените води. Ноќта е нашиот спасител најмирниот коњаник што доаѓа преку жешки ридја нас да не лечи да не благослови носејќи не во светот на тајните меѓу човечките распетија меѓу мртвите војсководачи. Ноќта е најголемата причина за нашето враќање во сонот едноличен колнат но мудар и тих ко нашиот дух откај мртвите што иде во прогонство пак да воскресне. Третиот лик на времето, 1975
17
18
19
20
21
БИТОЛА
22
Битола во спомените низ фотоархивата на Билјана Влајковска Една фотографија велат дека вреди колку илјада зборови... тогаш колку би вределе сите овие зачувани фотографии од Битола? Благодарение на фотооставината на Билјана Влајковска ние можеме, да се навратиме на спомените од минатото низ овој визуелен времеплов. Да спомнеме дека преку нив ќе се запознаете со начинот како се облекувале битолчаните кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Кога во Битола се следела и високата европска мода, како и убавината на народната носија. На една од фотографиите што датира од 1920 г. можеме да ја видиме и тогаш поставената железничка пруга, како и бројни настани преку кои овие фотографии зборуваат за минатото кое поминало.
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
МOЖЕТЕ: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.
ПОД СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело. е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com
34
МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ:
35