ISSN 18A57-9314 1
Македонска Ризница УРЕДНИК: Благојче Андонов ДИЗАЈН: Сашо Гачев РЕДАКЦИЈА: Гоце Панговски СОРАБОТНИЦИ: Кристина Цонкинска Васко Гичевски Антонио Павловски Златко Бошевски Стефан Марковски Владо Јаневски ИЗДАВАЧ: Александар Стеванов
Драги читатели Пишувањето на текстови и редењето стихови полни со емоции ја покажува исконската, добра, емотивна, со еден збор човечка страна на човекот. Имам особена чест да ви го претставам најновиот број на он-лајн списанието Македонска Ризница во чие досегашно постоење се покажа како свеж горски ветрец на македонската култура, историја и уметност. Во ова време, кога некако на пиедестал се искачи сивилото и грдата монотоност на секојдневието, ова списание претставува еден колоритен зборник. Зборник кој преку бројните илустрации и фотографии претставува рај за очите, а мевлем за душата. Во овој број ве носиме на патување низ сензуалноста на поезијата на Златко Бошевски и Стефан Марковски. Преку старите фотографии од Прилеп и текстот посветен на „Демирхисарскиот заговор“ од Васко Гичевски и илустрацијата на Вапцаров ќе ве вратиме назад низ времето, на едно магично временско патување со крајна дестинација - бурното минато на нашиот народ. Минато што колку и да е далечно, сепак ни е блиско бидејќи e наше, а не туѓо. Интервјуто со Кристина Цонкинска и репортажата за македонскиот типограф Александар Стеванов, кој за својот фонт „Ботин“ е награден во Уругвај, повторно и повторно ќе ве уверат во фактот дека Македонија раѓала и ќе раѓа силни и мудри македонски јунаци на секое поле. За крај ќе завршиме со „Славењето на пирејот во македонската Венеција“ поетски затворајќи го овој број на Македонска Ризницa како заокружена приказна за убавото, за она што било, за она што е и за она што некогаш можеби ќе биде. Во овој новогодишен 42 број на Македонска Ризница ви посакувам да уживате и сензуално да се претопите во бројните содржини кои овој број ги носи. Истражете го минатото и проширете го својот видик за сегашноста, бидете духовно побогати со барем една слика, еден стих од бројните поетски творби, со по некој факт од историјата. Со почит Васко Гичевски
2
ВО ОВОЈ БРОЈ ЌЕ ЧИТАТЕ: ДЕМИРХИСАРСКИ ЗАГОВОР Васко Гичевски ............................................................................................................................. 04
ИНТЕРВJУ СО КРИСТИНА ЦОНКИСКА Редакција ...................................................................................................................
08
СЛАВЕЊЕТО НА ПИРЕЈОТ ВО МАКЕДОНСКАТА ВЕНЕЦИЈА Антонио Павловски .....................................................................................................
10
ПОЕЗИЈА: КАМЕН И ЦВЕТ Златко Бошевски .........................................................................................................
13
ПОЕЗИЈА Стефан Марковски ......................................................................................................
16
ПРИЛЕП НИЗ ВРЕМЕТО Редакција ....................................................................................................................................... 28
ПОРТРЕТ: Н.Ј.ВАПЦАРОВ Ц. Куновски .....................................................................................................................................44
МАКЕДОНСКИ ТИПОГРАФ НАГРАДЕН ВО МОНТЕВИДЕО Редакција ....................................................................................................................................... 46
СТРИП: РЕЧИСИ СРЕЌНИОТ ЧОРАП Владо Јаневски ............................................................................................................................. 48
3
ДЕМИРХИСАРСКИ ЗАГОВОР ПРЕДГОВОР
власти.
Листајќи низ страниците на нашата историја честопати ќе забележиме дека нашиот народ отсекогаш бил искористуван за спроведување на туѓи интереси, а неретко тие интереси биле и штетни за Mакедонците.
Еден од тие крикови на незадоволство кон дадените реформи е и Демихисарскиот заговор или во народот попознат како Брсјачка буна, која се случила во 1880 година, во периодот кога го имаме формирањето на македонската привремена влада, која, како и буната, ќе зарвши без некој особен успех, но сепак таа е значајна за нас и затоа во овој труд ќе биде опсежно обработена, со надеж дека пишаниот збор не се губи, па ако некогаш несакајќи ќе се заборави на овој настан нека ова дело претставува еден потсетник на она што некогаш се случило.
Доказ за тоа ни се и ветувањата од Берлинскиот конгрес, кои, за жал, никогаш не беа исполнeти и останаа само на хартија, за да фигурираат таму како реформи кои треба да се спроведат, но во практиката тоа никогаш не се случило. Единствениот напредок кој што се случил било тоа што на христијанското население му се дозволило да гради цркви, но под услов тие да бидат до половина вкопани в земја, со цел повторно да се покаже доминацијата на исламот врз христијанството.
ДЕМИХИСАРСКИОТ ЗАГОВОР По руско-турската војна од 1877-1878 година, Османлиската империја била принудена на реформи од страна на големите европски сили. На Берлинскиот конгрес со кого претседавал Ото Фон Бизмарк се одлучило на христијанското население да му се дадат еднакви права и тоа да биде под протекторат на големите европски сили. Според членот 23 требало да се формира автономна Македонија, но за жал до тоа не дошло и
Токму заради овие причини, во Македонија се јавува еден голем бран на незадоволство и неприфаќање на одлуките од конгресот, па набрзо ќе се случи и Кресненското востание пред други побуни кон овие реформи, кои, за жал, беа крваво задушени од османлиските 4
Македонија била вратена во владение на Османлиите, а сите останати соседни држави добиле независнот.
се нафатат со ајдутство. Тргнале во неколку групи и за неколку месеци се нашле во Поречко, а меѓу нив бил и Мицко Крстевски (иќ) од Латово кој решил веднаш да преземе акција, во заседа го сочекал Џемаил Ага и го убил.
Токму поради незадоволството кон овие одлуки во Македонија се развива широка дејност против одлуките и почнуваат да се прават протести од радикален степен и на крајот кулминира со Демихисарската буна односно во народот позната уште како и Брсјачка буна.
Заговорниците успеале својата мрежа да ја прошираат во Кичево, Прилеп, Битола и Охрид. Во последниот град успеале да се поврзаат со друга завереничка група во која влегувале видни трговци и учители, меѓу нив се нашле: Коста Лимончев, Зафир Белев, д-р Константин Робев, Златан и други. Како заговоренички центар служел планинскиот крај на Демир Хисар, а најсилна активност пројавил крушевскиот кружок кој се состоел од 60 души. При својата агитација заговорниците истакнувале пред населнието дека Русија и Србија ќе им помогнат во борбата.
Делумно, за буната се одговорни и албанските зулумџии, кои постојано оперирале на тој терен и го подложувале населението на невиден терор и грабежи. Нападите на албанските банди довеле до анархична состојба поради која речиси во секое село во југозападна Македонија се појавиле муслимански зулумџии, кои ја узурпирале турската власт и ги подложувеле селаните на маки. Меѓу зулумџиите се нашле: Џемо од Порече, Ќучук Сулејман од Прилепско, Карабатак од Охридско и други.
Буната започнала на Петковден, со давањето на заклетва во црквата Св. Илија во село Велмевци пред попот Јован. По извршените подготовки започнале борбените дејствија. Како водачи се истакнале Илија Делија, Ангел Танасков, Ристо Костадинов, Стефан Петревски, а набргу им се придружил и Мицко од Латово влегувајќи во четата на војводата Ристо. Во втората половина на 1880 и првата половина на 1881 година биле извршени поголем број на ликвидации на турските зулумџии и насилници, насекаде каде што постоела заговорничката мрежа.
Сите овие случувања и настани допринеле да дојде до самоорганизирање на народот и формирање на вооружени чети во западна Македонија кои во почетокот дејствувале независно една од друга и секоја во својот реон, а најчесто на чело на овие чети биле поставувани доброволци од српско - турските и руско - турските војни. Во Турн-Северин, околу Стефан Петревски се формирала група на Македонци од Поречко, кои решиле да се вратат во својот крај и да
Особено важна и успешна акција била 5
спроведена во горниот тек на Треска, во Поречката нахија. Во селото Лупште тамошните селани создале свои чети на чело со Стефан и Кузман Петревски.
речиси сите раководители и нивните претставници по селата, на тој начин биле уапсени 700 луѓе. По апсењата, Диме и Мијале Чакреви на Велигден 1881 година влегле во Прилеп и се сместиле во куќата на Јован Кондов, за да се разберат со чорбаџијата Крапче, но тој ги предал на Турците, браќата дошле во судир со турските сили, притоа куќата била запалена и сите загинале. При оваа престрелка Диме Чакре заедно со последниот преживеан четник се самоубиле за да не бидаат заробени.
Двајцата браќа со овие чети успеале цело Порече да го исчистат од зулумџиите и бандите. По чистењето на теренот, браќата Петревски на локалните турски власти им соопштиле дека тие сами преку свои луѓе ќе го собират и носат данокот во Кичево и ќе се грижат за одбраната од разбојниците, а тоа било едногласно решение на сите 36 села од Поречката нахија.
На Велигден истата година битолскиот валија се упатил да ги отстрани и ликвидира останатите чети. Ангел Танасков не прифатил да се предаде и се повлекол на Врбенската планина каде ги собрал своите четници и го организирал отпорот.
По акцијата предводена од браќата Петревски, Порече цела година не било вознемирувано од разбојниците, а Стефан Петревски преќутно бил признат од турските власти во Кичево.
Дошло до судир во кој загинале голем број на четници, но и Турци. По борбата Турците му ја отсекле главата на Ангел и ја пратиле во Битола. Борбите биле чести и немилосрдни, а едно утро во турска заседа загинал и војводата Риста Костадинов, тогаш Мицко је презел неговата чета, војводската пушка ишарана со сребро и седеф.
Ликвидациите и оружјето го привлекле вниманието на турските власти. Тие успеале да запленат еден товар со оружје пратен до демихисарските заговорници како и да фатат еден заговорник. Раздвижувањето на турските власти го попречиле состанокот кој требало да се одржи во битолскиот манастир Слепче и покрај присуството на војводите со четите како и легалните претставници од Крушево, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола и Ресен, средбата била одложена но решиле да продолжаат со акциите.
Меѓутоа заговорот наскоро бил уништен, а Мицко је распуштил својата чета, а своите луѓе ги испратил да си заминат кај семејствата и блиските. Самиот тој одбил да се предаде на Турците, а тоа се случило во есента 1881 година.
Во пролета 1881 година, турските власти од Битола успеале да ги разоткријат кружоците од Крушево и Охрид, при што биле уапсени
Мицко решил да се засолни во една 6
непристапна пештера која се наоѓала кај селото Белица, близу Кичево, таму тој бил снабдуван со храна од селаните кои му ја спуштале со јаже и тоа траело сѐ до средината на јануари 1882 година. Турците го откриле и успеале да го заробат. Мицко бил единствениот војвода кој преживеал по што бил одведен во битолскиот вилаетски затвор.
врска со целиот заговор биле осудени околу 80 души, а единствениот преживеан војвода добил 101 година затвор. Со ова уште еднаш се докажала антимакедонската политика на големите земји и повторно на површина дошле лажните ветувања за помош кои никако не ја добивале, а ние сѐ уште чекаме да ја добиеме. Историјата ни дала безброј примери за тоа, а ние сѐ уште се надеваме на светлата иднина при големите светски сили, иднина која, за жал, тешко дека ќе ја доживееме.
Во Битола бил формиран нов суд кој во присуство на странските конзули осудил 4 раководители на заговорот на по 101 година затвор, деветмина на по 15 години заточеништво на островите во Средоземно море и Мала Азија, а шестмина биле ослободени поради недостаток на докази. Во
Васко Гичевски
7
ИНТЕРВJУ КРИСТИНА ЦОНКИНСКА 8
1
Кој е основниот предуслов кој човек треба да го исполнува како би бил добар поет?
странски зборови, фрази и транскрипции. Воглавно, се радувам што последните неколку години поезијата почнува помасовно да се издава, премногу млади автори се охрабруваат на тој чекор, а тоа е голема предност за македонската поезија.
Отсекогаш сум верувала во фактот дека човек не треба да има посебни предиспозиции кои би го вклучиле во категоријата ПОЕТ. Јас, тоа го нарекувам еден вид на храброст. Храброст за искажување на сопствените мисли и чувства, одлучност да се пренесат на парче хартија и секако, упорност и напорна работа кои се неизбежни фактори за успех. 2
Го сметате ли рапот за нов вид на поезија? Рапот повеќе го сметам за жанр на музика, отколку за еден вид на поезија. Сепак, секоја музика на некој начин е поезија. Така што, тие се поврзани категории во кои што музиката без поетичност не би била тоа што е. Најпрво, треба да се биде добар поет, а потоа добар музичар.
Црпите ли понекогаш инспирација за вашите песни од македонската народна музика?
Познатиот американски режисер Квентин Тарантино има кажано дека не може да се пишува поезија на компјутер. Како вие пишувате поезија?
Македонската народна музика е еден вид на лулка од која се раѓа секоја моја мотивација. Македонскиот пишан збор е неисцрпливо богатство од кое извира назапирливата река на новооткриени светови како и на овие кои допрва чекаат да бидат откриени. Сè почнува од нас самите. Родени сме во земја од која потекнува огромна писменост. Жално е доколку тоа не би го искористиле. 3
4
Во пораните години, пишував исклучиво на „лист хартија“. А денес понесена од самиот развој на технологијата, која нели ни го олеснува начинот на живот, повеќе го користам тој принцип на работа. Искрено, времето поминато пред компјутер е вредно кога го користиш за да создадеш нешто свое.
Која е најчестата забелешка која што ја имате при читањето на македонска поезија?
Редакција
Најчеста забелешка е што често се „бега“ од она што сме, т.е сè повеќе поети целат кон нешто туѓо, користат сè повеќе
9
5
10
Слоештица ми е врзана со најраните мои сеќавања. Иако доаѓавме само еднаш во годината, на Голема Богородица, кај Митрејчовци, ете имало нешто силно што ми оставило впечаток. Се сеќавам дека скоро секоја Голема Богородица навечер снемуваше струја, тоа ми е некоја прва слика за славата. Можеби и не било тоа така често, ама кај мене останало така да го паметам. Сега, од оваа дистанца, гледам дека навистина има некоја магија што те врзува за неа, има нешто во водата, што би рекол Петре М. Андреевски. Иако немам никакво потекло од таму (барем овие стотина години наназад) мене ми се чини дека Петре ми е некој дедо, а и Плевнешовци ми се некои роднини. А којзнае можеби и вистина ми се, по прабаба ми Ванка, големата приказничарка, до седмо колено се сметало. Е сега, секое спомнување на Петрета, пред очи ми излегува сликата од едниствената наша средба. Чинам дека беше 2001-та, во Брезово. Петре се накачуваше кон школото и некои луѓе рекоа: „Ене го Петре М. Андреевски“. Помина покрај мене еден дедо со брадичка, во бордо палто. Ништо не му реков, а и што би му рекол тогаш, кога од него ја имав прочитано само „Касни-порасни“. Ама средбата остана да ја паметам. Години по тоа, многупати на гробот му ја читав „Пофалбата на Демир Хисар“.
секоја куќа си има своја приватна река и свој мост. Целиот овај мој роднокрај дал многу писатели, а тука мислам дека предничи Слоештица. Еднаш го запрашале Петре што е работата што секој втор писател во Македонија е од Демир Хисар, а тој му одговорил: „Нема друго што да работат“. А богами и мајтап нема терање со нив, оти и на натемаго дупката му ја знаат. Иако се излезени повеќе од пет книги со надмудрувањата од овој крај, изгледа дека има уште многу да се пишува. Дека е така, доказ е вчерашната промоција на „Секојдневни надмудрувања“ од Љубе Б. Митрејчевски, мудрец кој неуморно ги собира нашиве мудрости. Тука морам да го спомнам и натурализираниот слоештичанец Дик Робертс кој ѝ посвети цела книшка песни за Македонија. На влезот на неговиот дом на кирилица пишува: „Добредојдовте во домот на Робертсови.“ Познато е дека голем број од уметниците наоѓале инспирација во Венеција, а и во нашава Венеција е така. За тоа најзаслужни се Сергеј и Ирена Андреевски со нивното Арт Поинт Гумно. Светските уметници ги донесоа во Слоештица, а слоештичките цвеќулиња во светот. Чудно, ама единствено во Слоештица речиси секој предмет го викаат „жена“, и овцата, и болвата, и кошулата, и мотиката... за нив се „жени“. Само на жената не ѝ се обраќаат со „жена“. А жените слојчки... ех тие напатени, намачени, навеселени, насмеани, љубени, распеани... Тоа се Велика, Дениција, Сергејца,
Тие што не биле во Слоештица можеби ќе се чудат зошто е нашата Венеција, ама убеден сум дека уште на првата средба со неа ќе видат дека си го оправдува епитетот. Ќе го цитирам Плевнеш, кој вели дека речиси
11
Владојца, тетка Златка, баба Цветанка, нумката Менка, Меглена... баба Трајанка... ми се чини дека не сум видел истовремено понапатена и поведра жена од неа, несреќите не го скршиле нејзиниот дух, и денес нејзиниот збор тежи на местото. Таа ќерка на приказничарот Илија Кочовски (кој оставил десет тома усно творештво во институтот за фолклор), ги задоила Љубе, Јордан и Владо, секој мајстор на својот занает. Љубе - патник на светот, Јордан - големиот познавач на европската културна историја и режисерот Владо - идејниот татко (заедно со Сергеј) на „Славење на Пирејот“. Владо секоја Голема Богородица го носеше театарот во Слоештица. Неговите студенти секоја година глумеа на мостот на Бела Река, а и учеа по нешто од слоештичани, зашто нив животот им е театар. Во Слоештица и јас ги видов многумина од петревите ликови, од неговите романи, раскази, драми. Некои беа на средсело, а некои меѓу тревите Долна Црква. Ама пирејот не се ништи, а и со векови ги чуваат слоештичани татко им Црн Врв и мајка им Бела Река. Останаа уште многу нешта недокажани, недоречени, ама еден ум, а и Слоештица не се докажува. Таа се диши, се диши, се диши...
Антонио Павловски
12
КАМЕН И ЦВЕТ ЗЛАТКО БОШЕВСКИ 13
КАМЕН И ЦВЕТ Беше камен. И цвет крај него. Со цветот беше поличен каменот. Со каменот беше заштитен цветот. Еден ден некој цветот го скина. Каменот жалеше, се разболи од мака. Солзите негови извор направија. Крај изворот, нови цветови. Убави, лични, но не како првиот. Затоа каменот сé уште плаче. Златко Бошевски
14
A STONE AND A FLOWER There was a stone. And a flower next tĐž it. The flower gave the stone beauty. The stone gave the flower protection. One day someone picked up the flower. The stone mourned, it became sick with sorrow. Its tears made a spring. By the spring new flowers blossomed. Beautiful and nice, but not as the first one. Therefore the stone is still crying. Translated by: Valentina Pavlovska
15
16
Стефан Марковски 17
ЗАБРАНЕТИОТ СТИХ Една пукнатина на небото Еден месечев кратер отсјаен в голото око на студот околу нас Едно ехо од Сонцето невидно без глава да свртиш и една капка од бура в далечен океан што ја виде што нè виде. Тие кои се дрзнале да ја забранат симфонијата на реката без тек нека течат во своите корита со форма на прстен околу прстите на зората што нè зграпчи ко реч младоста ни. Забранети се дните што од искри вајаат души со боја на пепел. Забранета е муграта што од лавиринт ја гради судбата. Забранет е стихот што од крилата си го омеѓил патот до црното од езерата среде ликот на онаа што нѐ виде од огледалото на едно ноќно сонце.
18
АНГЕЛСКОТО ЛИЦЕ НА ПРОКЛЕТИЈАТА НАРЕЧЕНА ПЛАЧ „И ви велам“ – се обрати ангел роден в Божјата сенка со лице од бисер, мирта и сон „Ви велам, научете го јазикот на љубовта и ќе се качите на планината од своите гревови и ќе фрлите поглед низ недогледот и погледот сам ќе ве посее.“ „Проклетнику проклет пророку“ му се обратив „роден со ѕвезда скриена зад уво дур го фрлаш окото кон реката сенки дур седиш на својот алтански остров од сонети пророштва дур маката туѓа твој порив исконски е; жив да беше би те убил со замав од перо - некогаш дел од птици искубени со канџи в нечие пророчко јаве“. Сило в непознај зачната дур стоиш не заборавај ја правта на предците од која патот те ваја.
19
ДОЛЕТАЈ Долетај о долетај солзо туѓа неотплакана ти што саде насон ромор на крвта од сонорје в свест ми всади! Долетај о долетај пладне ти скривачу на секој трепнеж на окото што те роди! Долетај небо што ме протега белокрила сенко над споменот од плач безздиву пламнат од прегорената зеница што ја грееш душата на вивнатиот кон тебе. Долетај птицо од песок вкоренето те чекам в костум од солза.
20
ПАРЕА Ти ја цртам насмевката со крв од спомени - речиси јаве е. Низ плач и бакнеж ти ги отклучувам очите и мигум отаде небесата намигам со ѕвездена игра. Сета тага на оној свет облак е од сите детски желби испиени од тишина која и животот го мрзне за да стане пареа.
21
ОДБЛЕСОЦИ Пеперуго во твоите крила блескоти одблесок од едното вкрстено со другото! Очи, тоа вие ја затаивте вистината на денот бел меѓу ѕидини што в трепер го отвораат и кријат цртежот обоен од поглед. В тмурини ве преградиле о, порти кон другата вселена во нас! Одот низ тунелите на душата неископан бунар е. Две сенки во провалија се допреле со ѕвездите што го нацртале скелетот на некој Космос.
22
ТУЃИ ТАНЦИ Лавежот на туѓите танци стинее во прегратка на погледот што ја сече утробата од која само стихомора се роди. Ехото на дождот низ темнини те наоѓа; секое бегство ил сомнеж за коренот негов те услишува за навек и од бетон повтор раѓа. Секоја капка паѓа во ритмот на душата заглавена во бунар од кој ехо ги роди стиховите што ја бојат неродената младост во сенка. Твојата река влиена в самрак ветар од гаврани ја чисти од трошките неподнослив ден.
23
Стефан Марковски (Гевгелија, 01.12.1990) е македонски писател, поет и филозоф, автор на книгите: „Еднонасочно“ (роман, 2009), „Апеирон“ (поезија, 2010), „За некои спомени на онаа некогашност“ (поезија, 2010), „Хиерархиска еволуција на свеста“ (Психологија и теорија на ум, 2012), „Мета(де)конструкција и општа филозофија“ (Филозофија, 2012), „Среќата е глагол“ (Психологија и филозофија, 2013), „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ (Раскази и драмски текст, 2015).
- Во 2014-та му е врачено највисокото признание на Општина Гевгелија – „7 Ноември“, за достигнувања во културата и придонес во културната афирмација на градот;
Дипломирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ и е апсолвент на Институтот за Филозофија на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
- Добитник е на „Гран При“ на поетскиот фестивал „Литературни Искри“ – Гостивар во 2015-та;
Марковски е актуелен постдипломец на Факултетот за Драмски Уметности – насока Филмско и ТВ сценарио.
Застапен е во антологии од трите жанрови во кои се вклучени автори од најновата генерација, како и во сите позначајни македонски книжевни списанија.
- Добитник е и на неколку домашни и странски награди за есеи, меѓу кои награда на GOI – Токио и UNESCO во 2009, награди при конкурсот „Блаже Конески“ на Филолошкиот Факултет во 2010-та и 2012-та, како и на награди за поезија и раскази;
- Македонска книжевна авангарда“ за збирката раскази „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ во 2015-та.
In Nomine е неговата трета поетска книга.
Член е на Друштвото на писатели.
Со пишување се занимава уште од основноучилишните денови, кога ги завршил и своите први книги, од кои едната поетска, а другата роман.
Дел од поезијата на Марковски е во фаза на препев и објавување во Хрватска, Босна, Албанија и Полска.
Добитник е на значајни книжевни награди: - Во 2008-ма добил награда за расказ на конкурс распишан од МАНУ; - Во 2009-та како средношколец ја добил наградата „Петре М. Андреевски“ за роман;
24
ГОВОР НА БИТИЕТО ОСВРТ ЗА СТИХОЗБИРКАТА IN NOMINE од Стефан Марковски Стефан Марковски (Гевгелија, 1990) е едно од челните имиња на најновата генерација македонски поети. Завршил компаративна книжевност, а исто така е и апсолвент на Институтот за Филозофија при истоимениот факултет во Скопје. Самото тоа дава на показ дека станува збор за една интелектуална и љубопитна природа, која ја бара синтезата меѓу поезијата и филозофијата.
прва стихозбирка Апеирон (старогрчки: бескрај) како да е императивен за неговиот амбициозен поход кон (во) бескрајниот простор на литературата. И според изборот на мотивите и според карактерот на неговиот поетски ракопис, Стефан Марковски е поет и филозоф истовремено, или поарно поет-филозоф кој се обидува да ги доведе во рамнотежа интуицијата и логосот, да ја сотвори ткаенката на своите стихови од нивните префинети и невидливи нишки. Се разбира, зацрпувајќи од најдлабоката внатрешност на чувствата и свеста, со слегување во потсвеста и со искачување во натсвеста.
Извонредно плоден за своите години. Автор е на романот Еднонасочно (2009), со кој ја започнува својата литерарна авантура. Автор е и на 3 книги со тема од филозофијата и психологијата, како и на една книга раскази – Продавачот на ветар и магла и други приказни.
Во таа смисла за Стефан Марковски слободно можеме да кажеме дека важи дефиницијата на Хајдегер за поезијата како говор на битието. Дали во таа смисла можеме него да го дефинираме како еден вид поетски предсократовец кој се обидува поетски да го толкува битието? Веројатно. Тој од него
In Nomine е неговата трета поетска книга, по стихозбирките Апеирон и За некои спомени од онаа некогашност. И премногу импресивен опус за еден така млад автор. Насловот на неговата
25
на рафиниран лирски начин ги извлекува скриените содржини и им дава плоден имагинациски тек.
стојат во цврста врска. Во In Nomine на Стефан Марковски како да го гледаме не цврстото, туку раствореното лице на Нарцис сведнат над водата, но тоа водено огледало е реката на Хераклит во која не се влегува двапати, бидејќи со секој миг е друга, носејќи ги со својот тек трошното време, минутите и спомените во невратка. Има доста примери во неговите стихови за да се илустрира таа филозофска слика. Ние, пак, се задржуваме на одличната песна Милион слики за тишината на стиховите од завршната строфа:
Во In Nomine Стефан Марковски не ја следи главната поетичка структура на неговата генерација во која доминира иронијата како основна стилска фигура и светоглед на реалноста. Напротив, тој е склоп кон чисто лирскиот асоцијативен тип поезија. Нему пред сѐ му е битен, како што би рекол Карлајл, метафизичкиот квалитет на песната, на кого во европската модерна посебно инсистираа симболистите. Но дали е тој симболист? Тој вистина инклинира кон еден препознатлив симболистички тип на израз, но не класичен кристализиран поетички начин. Впрочем како што е тоа, на пример случај со еден врвен симболист каков што е Стефан Маларме до чија поетика на сугестијата (нештата да се сугерираат а да не се именуваат) е многу блиска и поетиката на Стефан Марковски. Тоа, пак, значи да се создава поезија на еден вид онтолошка атмосфера на затемнетост и мистерија во која поетските слики се исто така затемнети и се раствораат во емотивни и музикални ефекти. Такви, тие се езотерични, лизгави и одвај дофатливи.
„Изделканата карпа од речното корито на сувомората заликува на ликот твој в одблесок од течението.“ Одблесокот, а не цврстиот реален лик одразен во него е примарната состојба, метафизичката ситуација на лирскиот субјект во In Nomine. Таа ситуација коинцидира со филозофијата на Шопенхауер за животот како илузија, како вид сон кој нѐ сонува нас, а не ние него. Нашиот поет тоа го поткрепува цитирајќи го сјајниот парадокс на Жан Кокто: „Поетот е лажго кој секогаш ја зборува вистината.“ Вистината или илузијата за вистината како лага, или поарно како прелага во контекстот на нашата опсервација на поезијата на Стефан. Покрај Шопенхауер и Кокто, тука е и О. Вајлд кој на Андре Жид му соопштува дека „уметноста е лага“, а не вистина. Тоа пак значи дека (пре)лагата како илузија ја проецира вистината. Барем во поезијата
Оттука не е чудо што во поезијата на Стефан доминираат семантичките и симболички топоси како што се: воздух, ветар, песок, пареа, тишина, сенка. Тие се, како што би рекол Г. Башлар, хормон на поетовата имагинација, повеќе топоси на неговата онтолошка состојба, отколку конкретен поетички предмет во кој знакот и означеното 26
која што ја преферира Стефан Марковски, која ја интересира пред сѐ онтолошката, а не егзистенцијалната реалност од било кој вид. Тоа во неа е повеќе од очигледно. Сѐ во неа е заклучено со метафизички клуч кој го актуелизира во секој нов стих одново и и го отклучува толку таинствениот и тешко спознатлив говор на битието. На тој начин и лирскиот субјект во неа е амбивалентен, замаглен и езотеричен.
песната Стихови испишани на куцкамен). Сепак, тој спекулант за среќа тука е од аргонаутски карактер. Поетот е аргонаут кој пребарува низ своето битие и во неговите длабочини го бара златното руно на своето јаство. Тоа се неговите сугестивни стихови, кои ни откриваат еден навистина оригинален и драгоцен поет во современата македонска поезија.
Тоа не е демијуршкото Јас цврсто закотвено во нејзиниот епицентар, туку е ту некој сезнаен, ту некој сепостоечки секој или непостоечки никој.
Ефтим Клетников
Поетските слики во In Nomine на Марковски се намерно асоцијативно лабави, семантички растворени во еден општ филозофски тек, кој е во основа хераклитовски, во кој времето протечува сосе миговите и спомените како река – симбол на илузијата на човековиот живот. Како Хераклит, и овој поет ни кажува дека нашиот живот е само кусовечен одблесок од тој тек, кој Пруст сакаше да го врати со неговиот познат литерарен метод – потрага по спомените, а кој на еден експресивен лирски начин е присутен и во стиховите од новата книга на Марковски. На крајот од овие куси размисли останува да заклучиме. In Nomine е поезија за респект. Тоа е поезија на млад автор кој е цврсто закотвен во својот идентитет. Поетски. Но и филозофски. Поетот во неа неретко се јавува во функција на метафизички спекулант (во 27
ПРИЛЕП СТАРИ ФОТОГРАФИИ
28
ИМА ГРАДОВИ КОИ СЕ СОЗДАДЕНИ ДА ПРКОСАТ… Нема насилници, нема поробувачи, нема незаситници во пустошењата, кои тргнале од Запад кон Исток, и од Исток кон Запад, преку Балканот, а кои не се обиделе да го запалат Прилеп, да го срамнат до темели, како не би можел ни со своите урнатини да сведочи за својот живот.Од сите тие насилници и поробувачи останаа само мртви споменици, а тој, нашиот Прилеп, и понатака стои и опстојува пркосно… Од сите Mакедонски градови и престолнини, историјата го одбра токму Прилеп да сведочи за смртта на Самоил, за неговата нема средба со ослепените војници, после која му препукна срцето, можеби затоа што историјата знаела дека токму тука, среде гранитните карпи, кои на рамнотежата, како на природна сила знаеле да и откажат послушност, најплодотворно ќе се роди македонската освета, која Македонците ќе ги доведе до целосна слобода. Балканската воинствена историја не помни ниту една освојувачка аспирација, која не се обидела да го приграби и присвои Прилеп. И ниту еден од тие обиди за однародување не завршил поинаку, туку со пораз. Одмаздата на оние, кои посегнале по Прилеп, не оставила трага. Можеби пркосот прилепски и тие траги ги претворил во споменици на поразот на насилниците. Врв над врвовите на сите прилепски простумења и пркосења, без сомневање, е почетокот на Октомвриското востание во 1941 година, огласено во Прилеп. Историјата недвосмислено забележала безброј докази за вековното простумење и пркосење на градот – предводник. Прилеп и во слободата останал доследен на себеси. Сите прилепски иднини се во него, како што се и сите прилепски мината на пркосот…
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
МАКЕДОНСКИ ТИПОГРАФ
НАГРАДЕН ВО МОНТЕВИДЕО
На типографскиот натпревар TipoType Award 2015, кој што овој месец, во Монтевидео, се одржа по втор пат, една од наградите му припадна на македонски автор. Се работи за меѓународен натпревар организиран од уругвајската компанија - TipoType, специјализирана за продукција, дистрибуција и маркетинг на фонтови.
Америка. Фонтот за кој тој освои пофалба е изработен минатата година и се заснова на ракописот на доајенот на македонскиот стрип - Диме Иванов Димано. Називот на фонтот е „Ботин“ според истоимениот стрип-лик на Димано, кој всушност е и негово стриповско алтер-его. Своето воено крштевање „Ботин“ го имаше минатата година, кога беше искористен за дигитално летерирање токму на стрип-албум на Димано, во издание на издавачката куќа „Стрип квадрат“.
На натпреварот, за целосно завршени фонтови, како и за фонт проекти, на кој до 20 септември можеа да се пријават автори не само од Уругвај, ами и од цел свет, македонскиот стрип-автор и типограф Александар Стеванов освои пофалба од жирито, де факто трето место, имајќи предвид дека, според пропозициите, организаторот доделува само прво и второ место. Покрај оние од домаќинот Уругвај, кои се натпреваруваа во посебна категорија, меѓу наградените има автори и од Аргентина, Мексико, Чиле, Бразил и Колумбија. Со тоа Стеванов е единствениот од деветте наградени автори, кои се натправаруваа во вкупно три категории, кој не е од Латинска
Станува збор за релативно обемен фонт, кој има вкупно 350 глифи и 2875 кернинг парови. Покрај кирилични, содржи и латинични букви и поголем број на знаци, а може да се користи за пишување на македонски јазик и на јазиците на малцинствата кои што живеат во Република Македонија, како и за текстови на светските јазици, меѓу кои англискиот, францускиот, шпанскиот, германскиот, рускиот и др.
46
47
48
49
МOЖЕТЕ: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.
ПОД СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело. е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com
50
МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ:
51