Македонска Ризница 44

Page 1

016 го дина

март 2

44

857-83 14

Мак е Риз дон ниц ска а

ISSN: 1

Македонска Ризница , бр. 44

1


Не знам како, освен со поезија да го започнам моето „писмо“ со препорака кон вас, драги читатели.

Македонска Ризница број 44 март 2016 година Уредник:

Благојче Андонов Редакција:

Гоце Панговски Сашо Гачев Соработници:

Биљана Тодоровска Васко Гичевски Димитра Андоновски Никола Анѓелкоски Блаже Буровски Тхе Мичо Издавач и дизајн:

Александар Стеванов

...Тамо зората греит душата И с’нце светло зајдвит в гората: Тамо дарбите природна сила Со с’та роскош ги растурила... Со нашата „Т’га за југ“ од Константин Миладинов. Нешто од нашата македонска ризница. Богата е нашата Македонија, богата е со убавини, трајни вредности, традиција како што во нашата Македонија стана традиција читањето на електронското списание „Македонска Ризница“. На еден прекрасен, културолошки, од друга страна модерен начин уредувачкиот тим ни ткае содржини и го привлекува нашето внимание. Сè, она што вреди, може да биде поучно, интересно, забавно, едукативно, со еден збор речено интересно и може да „фати“ за секое око е сместено во страниците на списанието. Тука се исткаени историјата, убавините што оставаат без здив, културните настани, пишаниот збор. За тоа колку креативна нација сме и колкава голема убавина има во сè што поседуваме и сме го наследиле или е вродено во нас се доказ содржините што се предвидени за овој број на „Македонска Ризница“. Најпрво испреплетени се два прилози, едниот кон проучувањето на чифлигарскиот систем во Османлиската Империја и за театарската претстава во селото Буф, значи испреплетени се историјата и културата. Во плетката додени се нишки од поезија на поетеса од Битола, со нишки од малку смеа од една прекрасна карикатура и уметноста, со цртежи од старата беровска архитектура. Но најповеќе би легнало на душа и би било интересно интевјуто со најпознатиот стрип-автор Тхе Мичо. Мене ми изгледа доста интересен и забавен изборот на насловите предвидени за ова издание. Па би ви препорачала да одвоите дел од вашето време за надградба на знaењата и да го „прелистате“ новиот број. Содржините се многу флексибилни, секој може да се пронајде. Совет: читајте со внимание. Со почит, бИЉАНА тОДОРОВСКА 2


Македонска Ризница , бр. 44

Во овој број ќе читате:

Прилог кон проучувањето на чифлигарскиот систем во Османлиската империја Васко Гичевски ...................................................................................................................................................... 04

За еден настан од село буф Димитра Андоновски ............................................................................................................................................ 08

Никола петров русински - карикатура Никола Анѓелкоски .............................................................................................................................................. 13

поезијата на едНА БИТОЛЧАНКА Биљана Тодоровска .............................................................................................................................................. 14

Стара беровска архитектура Блаже Буровски .................................................................................................................................................... 16

Интервју со Михајло Димитриевски (Тхе Мичо) А. Стеванов и Б. Андонов ..................................................................................................................................... 24

3


Прилог кон проучувањето на чифлигарскиот систем во Османлиската империја Автор:

Васко Гичевски

С

о постепеното слабеење на османлиската држава во XVII и XVIII век доаѓа до промени и на социјален и на економски план. Империјата чија главна дејност би можело да се каже беше војувањето и освојувањето сега веќе тоа не можеше да го прави, од друга страна пак локалните феудалци титулари на тесаруфот на ерази мирието покажуваа се посилни тенденции за отцепување

од централната власт на султанот. Следствено на оваа ситуација во османлиската држава беа неизбежни реформи најпрво на воен план а потоа и на економски план бидејќи главно во тој период јаничарски корпуси поради неможноста да одат и да се борат во нови походи, почнаа да прават безредија и самоволија. Затоа најпрво султанот реформатор Махмуд II ќе ја укине јаничарската

4


Македонска Ризница , бр. 44 војска во 1826 година и ќе воведе нов воен систем по западноевропски терк, односно воениот систем низам и једид.

ерази меват (мртви земји) не претрпиле никаква промена во однос на тесаруфот и рекабот (правото на султанот да биде господар на земјата на сите титулари на тесаруфот).

Со донесувањето на Гулханскиот Хатишериф во 1839 година од страна на султанот Абдул Меџит I со кој се гарантирале верските права на поданиците се отворил патот на модернизација на Османлиската Империја за подоцна во 1856 се донесува и Хатихумајунот, односно царското писмо со кој се ветуваат верска и национална рамноправност на сите народности во Турската империја, слобода на вероисповедта и мислењето, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во турската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет.

Натуралните ренти останале исти, освен тоа што се укинал арачот, додека пак имало промена и кај закрепостениот селанец, кој сега се групирал во исполичар, кесимџија и момок (се променила формата но не и суштината, селанецот пак останал експлоатиран)1. Старите феудални земјопоседници спахиите со новите реформи станале чифлик сајбии на кои им се зголемиле правата односно им се дал рекабот на користењето на земјата а тесаруфот како инстанца за користење на државна земја полека но целосно изчезнал од османската аграрно законодавна легислатива.

Со Гулханскиот хатишериф веќе се отворил и патот за поставувањето на новиот економски систем кој требало да го замени стариот и веќе нефункционален тимаро спахиски систем (со воведувањето на новиот воен систем спахиите биле отфрлени) а тоа е чифлигарскиот систем.

Во периодот околу 1900 година на територија на Македонија сопственоста и бројноста на чифлиците е следнава (види стр. 6). Од овие податоци се согледува дека најбројни биле помалите чифлици2 до 25 хектари, најголем број од чифлик сајбиите биле Турци односно муслимани бидејќи според милет системот на Османлиската империја рајата била групирана во три категории: мохамедан милет (муслимани), рум милет (православни), јехуди милет (евреи).3

Воведувањето на чифлигарскиот систем значело еден чекор понапред на османлиската држава кон капитализмот и кон западните земји. Во суштина некакви поголеми промени не се случиле, се замениле само некои членови на закони. Се дозволило ерази мирието (државната земја) да стане ерази мемлекет (приватна земја) и титуларот на тесаруфот да може да го остави на своите наследници. Останатите земјишта ерази мефкуфет (вакафска земја), ерази метруке (јавна земја) и

Оваа категоризација е груба и таа не ни дава информации за етничката припадност на населението а колку и дали биле свесни е сосема

_____________________________________________________________________________________________________________ 1. Васко Гичевски „Чифлигарскиот систем и МРО“ статија во Македонска нација од 30 септември 2015 година. 2. Диме Бојановски „Чифличките односи во Македонија околу 1903 година“ Годишен зборник на Правно економскиот факултет, том 1, Скопје, 1954 година. 3. Види поопширно, Васко Гичевски „Милет системот и османизмот“ Македонска Нација, 26 август 2015 година

5


Големина на чифликот (ha)

Чифлик Сајбии Турци Христијани Вакафи

Цркви и манастири Вкупно

до 25 од 25 до 50 од 50 – 75 Од 75 – 100 Од 100-150 Од 150-200 0д 200-300 Од 300-400 Од 400-500 Над 500 вкупно

703 497 212 139 129 68 82 66 24 109 2.029

2 2 5 1 3 / 2 / / / 15

50 51 21 11 9 6 3 3 2 2 158

4 1 1 / / / / 1 / / 7

друго прашање кое тука нема да биде образложено.

759 551 239 151 141 74 87 70 26 111 2.209

на чифлик сајбијата да му ја врати земјата и соодветните згради во онаква состојба во каква ги добил од него.4

Една од покрупните новини кои што биле воведени во османлиската аграрно правна легислатива се договорите за исполичарство, ќесим и музареата.

Понатаму со договорот за ќесим (закуп) чифлик сајбијата се обрзувал на чифлигарот – кесимџијата Со договорот за исполица чифлик сајбијата се да му даде под ќесим за одредено или неодредено обврзувал на одредено или неодредено време на време дел од чифликот а ќесимџијата се обврзувал чифлигарот исполџија да му даде за обработување на чифлик сајбијата да му го даде договорениот дел од чифликот заедно со соодветните стопански ќесим и по престанувањето на тој договор згради за живеење. А исполџијата да ги обработи на чифлик сајбијата да му го врати делот од добиените од чифлик сајбијата, чифлички земји, чифликот.5 Музареата пак претставува еден вид на приносот од тие земји да го разделат со чифлик договор (ортаклама) од кој едната страна ја дава сајбијата и по престанокот на договорот исполица работната сила а другата земјата и овој начин _____________________________________________________________________________________________________________ 4. Димитар Поп Ѓоргиев „Сопственоста врз чифлиците...“ стр.129 5. Димитар Поп Ѓоргиев „Сопственоста врз чифлиците...“ стр.144

6


Македонска Ризница , бр. 44 на договор бил зададен во Меџелето законот за граѓанството од 1860 година. Во овој договор исто така спаѓале и поделбата на производите според која што најчесто се делеле еднакво на сите заинтересирани страни од ортакламата.

територија на Македонија била МРО. Не смееме а да не напоменеме дека кон крајот на XIX век низ целата територија на Османлиската империја се појавиле револуционерни организации особено во Ерменија додека пак кај Јехуди милетот се позастапена била идејата на ционизмот за што имаме бројни сведоштва низ мемоарите на бројни културни и општествени дејци од тој период особено од македонските извори се истакнува Димитар Влахов но сепак приматот го држат оригиналните турски документи како и извештаите на странските претставници и патеписци во Македонија.

Интересен е фактот што дури во период на чифлигарството се правеле и договори за работата на момоците кои биле организирани во тајфи и двете страни морале да го почитуваат договорт а како метод на исплата покрај парите момокот добивал и момочки параспур (обработлива површина) кој што смеел да го обработува за свои потреби тогаш кога ќе имал слободно време. Всушност овој податок говори дека иако по природа груб и настроен кон заштита на повисоките класи во општеството сепак чифлигарскиот систем пружал делумна грижа за пониските слоеви.

Иако новитет сепак чифлигарскиот систем не успеал да ја ревитализира османската економија туку напротив таа станала се позависна од западните земји, но и внатре во империјата се појавувале силни знаци кои што укажувале на скорешниот нејзин крај.

Чифлигарскиот систем бил насочен пред сè кон заштита на владеачката класа но од изворните турски документи се гледа дека тој во значителна мера е либерализиран бидејќи со сите припадници на еден чифлик се склучувал договор, со аргатите, чифчиите, ќеаите (управниците на имотите), момоците итн. Во овој систем била забранета ангаријата и работењето во денови кога рајата славела некој верски празник но и покрај законската одредба неретки биле примерите во кои чифлик сајбијата ја терал рајата да работи и во деновите во кои што било со закон забрането да се работи.

Со почетокот на XX век Империјата веќе е на својот залез, на цела територија на државата постојат револуционерни организации и напредни движења инспирирани од движењата во западна Европа (либерализмот, социјализмот, анархизмот итн.) па со многубројните востанија во првата половина на XX век меѓу кои и Илинденското востание, Младотурската револуција, Турскоиталијанската војна од 1911, Балканските војни со кои Османлиската држава е лишена од сите свои европски територии и Првата Светска Војна (19141918) во чиј виор Османлиската империја ќе се најде на страната на Централните сили и ќе претрпи силен пораз и делба на територија (иако таа веќе воено и економски била крајно немоќна и за време на војната и пред неа) веќе по Турската војна за независнот (1919-1922) крајот на Империјата е веќе неизбежен.

Укинати биле и мноштво на стари даноци од стариот тимаро спахиски систем како што биле арачот, девширмето, кафтан беха, даш параси итн. Од друга страна пак злосторствата кои се вршеле врз рајата се умножиле и тука во периодот од последната деценија на XIX век и првата деценија од XX век рајата добила нов заштитник а тоа на

7


За еден настан од село БУф Автор:

Димитра Андоновски

В

о 1945 година во нашето село Буф, во селското училиште беше поставена драмата “Македонска крвава свадба”. Татко ми Ѓорги Андоновски ја играл улогата на Осман бег. Мајка ми Анастасија Ѓеорговска ја играла улогата на Цвета. Иако соседните села ја играа исто така, во нашето село за прв пат се одигра на македонски јазик. Во околните села се изведувала на бугарски

јазик. Еден учител, Ѓеоргија Дерзов од селото Рокое ја превел на македонски. Во тоа време тој одел по селата и ги учел луѓето македонски јазик ама тоа не траело долго. Тоа што било планирано да биде едно вечерна претстава се претворила во 7 дена поради големата заинтересираност на публиката. Сите селани од соседните села дошле понесени од нивната жед за да ја слушнат драмата

8


Македонска Ризница , бр. 44 на нашиот македонски јазик. Влезницата била во жито и според зборовите на мајка ми собрале десет осмаци жито за партизаните пред да почне војната. Има тука и љубовна приказна… После претставата моите родители се заљубиле и се зеле. Многу ми е жал што нема слики да го доловат тој момент. Години потоа кога татко ми бил бегалец во Романија, после граѓанската војна, ја преизведоа драмата со другите наши бегалци таму. Сликите подолу се од претставата и актерската екипа таму.

9


10


Македонска Ризница , бр. 44

11


12


Македонска Ризница , бр. 44

Никола Петров Русински Македонски револуционер (1875 - 1943) Портрет карикатура, молив на хартија

Никола Анѓелкоски

13


Поезијата нА еднА БИТОЛЧАНКА Автор:

Биљана Тодоровска

Биљана Тодоровска е од Битола. Таа е дипломиран информатичар. Автор е на стихозбирката „Душа од кристал“ и автор на театарската претстава „За рамнотежа во светот“ одиграна на 3 декември 2015 година во Ресен. Со свои текстови има земено учество во повеќе антологии.

14


Македонска Ризница , бр. 44

Рингишпил Летав високо, во облаците. пробав да ги дофатам, но рингишпилот не запираше. Во синилото, сѐ се вртеше, А потоа се изгради ѕид, од шаренило. На него се слеваа Боите и цвеќињата. Сликите од минатото ги лепев со солзи, Со насмевки, оние од сегашноста. Се преплетуваа мирисите на Липа, багрем и камилица.. Вриснав гласно! Пеперутките се претвораа во глисти Глистите во пеперутки, Се губев низ просторот, ту ме имаше, Ту ме немаше Чудо некое. Наеднаш сѐ запре Само срцето продолжи Силно да чука. 15


Стара беровска архитектура Автор:

Блаже Буровски

Старата беровска архитектура низ призмата на графичката уметност создадена од Блаже Буровски.

16


Македонска Ризница , бр. 44

17


18


Македонска Ризница , бр. 44

19


20


Македонска Ризница , бр. 44

21


22


Македонска Ризница , бр. 44

23


Интервју со МИХАЈЛО ДИМИТРИЕВСКИ (тХЕ мИЧО) Приредиле:

А. Стеванов и Б. Андонов

1. Од кога цртате и како решивте и професионално да почнете да се бавите, меѓу другото, и со илустрирање на стрипови?

едни огромни тефтери од битолскио монопол шо се огромни и со табели од едната страна, ама од другата страна се клот и има многу место за цртање. После то тетратки со лини, тетратки без лини, А4 празни листови, хамер, професионален хамер и во моменотов дигитално. Стрипој цртам исто од стартпосебно сум горд на една епизода со Тарзан по тоа маргините шо ги спомнав посебно зато шо дрвата

Цртам од мал. Ама стварно не се сеќавам кога точно почнав, ама прво цртав на маргините од книгите (нешто ко Серџо Арагон од Гру шо прај во „Мед“ магазинот), а после се префрлиф на

24


Македонска Ризница , бр. 44 во џунглата беа елки. Зимзелени... Дрво е дрво. 2. Кој дел од работата како стрип-цртач ви носи најголема лична сатисфакција? Абе види, цртањето општо ми е сатисфакција. Не сум сигурен како да го објаснам то, пример не пушам и стално ми е чудно оти луѓето пушат. Ама ете убо му е и то е то. Е исто и со цртањето. Има нешто кул во линија ко ќе маниш некоја или епска битка ко ќе исцрта чоек. Да знаеф шо е конкретно ќе кажев. 3. Доколку се работи под исти услови, дали порадо би работел на ултра-комерцијален супехеројски стрип или пак на автентичен македонски стрип-албум? Види вака сеа-јас се сметам за професионалец, клијентите ме сметат за професионалец, а гледам и публиката исто... Има и околу 8 души шо ме неќат - не сум обременет со апсолутно наметнати сосила правила за патриотизам по секоја цена, така да ќе искористам правилото – прв дојден, прв послужен... Сметам дека доволно патриотски е тоа што илјадници луѓе кои ги гледаат моите игри, илустрации и стрипови кога ќе прочитаат „Тхе Мичо“ одма до тоа читаат Битола - Македонија... Јебига, мислам дека за кај нас имам напраено поќе од поединци шо секој ден се фалат со разноразни глупости. И така си го сфаќам патриотизмот - биди најдобар шо можиш во то шо го прајш и сите ќе знат кој си и од кај си... Носење беретки, мајци, чакмаци и мафтање со бајраци не те прат патриот. Така да ако прф дојди суперхеројски стрип, то е прво, ако прв дојди Гоце Делчеф кај шо се тепа со елијени тој ќе оди прф... Мислам дека сум јасен. 4. А за колку милиони долари би прифатиле да работите на Загор?

25


26


Македонска Ризница , бр. 44

27


28


Македонска Ризница , бр. 44

29


Околу Загор, важи истото ко погоре... Стило не ми је ко за шумскијо дух со секира ама ај. Ако се јават зошто да не. Не мора милијони долари - си имам стандардна цена за страна и илустрација јас и то е стандард - не се лакомам нешто многу-многу искрено. Ако им се ок условите би го цртал и Загор. То би било доста забавно за еден широк круг на балканска публика, а богами и за фанојте кај нас. Околу мојо став-накратко вака: Ногу луѓе сметат дека постој само Загор како стрип (под ногу луѓе мислам бивша СФРЈ, Турција и Италија) и доста се така да неречам некултурни околу бранењето на таја теза. То е исто ко да тврдиш дека Зоки Поки е единствена и најуба книга во свето. Мојо став е дека Загор е капка во море - и стварно треба чоек да е ограничен да чита само то. Нормално голем дел не се слагат со мене и тоа е доста регуларно... Ете пример ко беф на еден стрип фестивал во Србија (Крагујевац) ми се собраја така една добра екипа љубители на Загор кои го знат мојо став за сѐ околу Загори, и јас си рекоф то е то - ќе го кркам калапо, ко тие да ти биле ќефој шо се запознафне, па паднаја добри дупченки и мајтапи за шупако од Дарквуд. Пошто реално да се расправа чоек фанатично за измислен и нацртан лик е тро така ретардирано. Заебавање за забава е ок-ама се посериозно од то е така... за помош.

Башка шо и во моментов во споредба со тоа што го работам е крајно неисплатлив. Мислам дека последна страна шо завршив од стрип беја 5 екстра страни за едно стрипче за амерички пазар. Се вика „Gung“. Ho и прилично кул испадна. Тро заглави издавањето негово пошто сценаристот кој е и газда на проектот има друга професија па троа каска со тоа издавачите. Имало некои понуди од помали издавачи, па се надевам дека кога и да е ќе излези па да се пофалам. Како и да е мене ми е битно шо топ изгледа и шо сум максимално уредно и преуредно регулисан така да едино шо уште треба е да излези. Друго од стрипови во последно време - јок. Нешто тук тек... ама посериозно јок. Мада да - има најави некој ама отом потом. Каишот „Петко“ излегуваше во „Дневник“ и излегоја околу 200 епизоди шо ко за кај нас е топ. Би го спомнал и „Капетан GR8“ шо го работевне со Давор Драмиќанин кој имаше 10 епизоди-беше бесплатен-и во неколку илјаден тираж. Соработката со Марко Стојановиќ од Србија на неговиот серијал „Вековници“ е исто битен не само за мене туку и за цела македонска стрип сцена - пошто на него работеја и работат буквално еден куп регионални балкански и светски стрип ѕвезди. Работев илустрации за неколку изданија на „Хелбој“ кои беја објавени исто во Србија, а најголема моја лична сатисфакција и успех беше мислам во 2014 година кога учествував во SAKAI PROJECT од DARK HORSE COMICS, а по повод 30 години од излегувањето на Усаги Џоџимбо од Стен Сакаи. Искрено да прочиташ Тхе Мичо покрај Мајк Мињола, Дејв Гибонс, Мат Гроенинг, Ричард Корбен, Арт Адамс, Гварнидо, Френк Чо, Алекс Малеев, Волтер Симонсон, Џек Дејвис и други ТИТАНИ на светскиот стрип не е ни мала нити наивна работа.

Инаку имам неколку стотини бројој од Загор (далеку поќе од просечен фан на истијо) ... така да то е то. 5. Дали моментално работите на некој нов стрип-проект? Стрипој во моментов јок. Обично работам кампањски - стрипој, реклами, филмој, цртани, игризависно од периодот и побарувачката. Во моментов работам на игри и цртани филмови - преангажиран сум и сериозно немам баш време да работам стрип.

6. Кој совет би им го дале на оние кои што сакааат да го направат следниот чекор и од аматери да започнат професионално да се бават со стрип?

30


Македонска Ризница , бр. 44 Советот е тро стандарден. Само работа. Нема тука ни пријатели, ни фестивали во некоја вукојебина шо ќе ви овозможат некаков си контакт. Сѐ е то глупост и лага - едино со работа можи чоек да успеј. Само работа - упорност и најбитно - небидење кретен ќе го донесат кој и да е до каков таков барем личен успех. И да се разбериме, цртањето е работа - кој шо мисли дека е нешто као магично па пари и слично - се заебал. Милјон луѓе можат да ги прегледат твојте работи и ако чини браво ако не ќе ти кажат. Така да-работа. Од убајна не се живеј - или барем привремено се живеј.

Ренесансата заглаве тро. Абе поарно е од шо беше - ама некако се успори сета работа. Ние постарите и поискусните стратешки си го тргнафне газо и кој работи цртани, кој игри, кој државна администрација, а младите шо беја ко надежнико да ги снема тро. Има неколку исклучоци - ама голем дел на талентите сериозно немам појма шопрат. Издавачите се стандардно слабост невидена. Единствен стрип издавач на домашни стрипови е „Стрип Квадрат“ од Скопје, „Бункер“ книжарницата работи под полна пареа, „Бонели“ издавачот „М-Комикс“ таласа по бурното море на издаваштвото кај нас, ама терат и тоа со добар квалитет, има чат пат стрипчиња некој шо се вадат ваму–таму пример „Интегрити мен“ или така нешто од Јована Велинова и Игор Јовчевски, „Нета“ од Здравко Гиров и Љубиша Сулимановиќ кој оди на нет, Матеј Богдановски објави сеа мислам стрип сам „Тентелина Пентелина“, „Стрип Квадрат“ вадат некои стрипови од охридско-виничка екипа... и мислам дека то е то... така да - ок е - ама па и не е ок пошто реално има поголеми капацитети кај нас - ама кај заглавифне условно појма немам. Има голем интерес - ама малку ко резултати да нема. Државата дава на годишно ниво пари за стрип - ама тие завршват во кафеаната Плав Рај од Велес...

7. Македонскиот стрип догодина ќе одбележи јубулеј од 80 години постоење. Кои стрипнастани од целата таа историја според ваше мислење би ги определиле како најзначајни? Абе реално земено немаме ние некој баш свемирски успеси на стрип сцената. Убо то Македонци најаки сме... ама нема... Знајш шо треба да се обележи? Секој автор шо од мал седнал да црта, да му викат од дома да не прај то, да го мафтат невладини организаци, да се мачка со туш, да се мачка со водни бој, да пиши со стило, да куца текст и приказна на компјутер... Секој автор кој искрено работи и сака стрип - авторо треба да се обележи кај нас. Не некој невладин сектор шо сам си дава награди, не државата шо му е гајле за стрипој, авторите треба да се обележат...

Тешка е битката... ама шојма везе-никој не се брза, а како и шо знајме изработката на стрип е долг и сложен процес, така да – ќе биди поубо.

Убо би било да се спомнат од прв до последен побитните автори кај нас во овие 80 години... тоа би било тоа. И заборавените и ние шо се мафтаме поновите сеа.

(интервјуто нарочно не е лекторирано)

8. Пред половина декада рековте дека македонската стрип-сцена се наоѓа во период на препород. Како истата би ја окарактеризирале денес?

31


32


Македонска Ризница , бр. 44

33


34


Македонска Ризница , бр. 44

35


36


Македонска Ризница , бр. 44

Мoжете: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Напомена: Повеќе илустрации од Михајло Димитриевски (Тхе Мичо), ќе можете да видите во наредниот број на е-списанието „Македонска Ризница“

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com

37


38


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.