Е-весник 774 на Црвен крст на Република Македонија

Page 1

774 22 мај 2019

НА РМ Т С Р К Т ВЕНИО Р Ц р А б ј Н о Е НИЧКА Во ов ЈУВАЊ О Ш Т О С К О А М АЧК ОСА 21 MAJ – РНА ПОТРОШУВ ЕЃУНАРОДНО ТА АМ ХУМАНИ ЦИСКА СЕСИЈА З РМ НА ДИСЕМИ РНО ПРАВО ВО А ТА ХУМАНИ

е

вам у с е н о ој д



ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

21 MAJ – ОСАМОСТОЈУВАЊЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РМ Годините минувале, а Црвениот крст се повеќе се оспособувал да ги врши хуманитарните цели и задачи да дава помош таму каде што е неопходно. Своите цели и задачи Црвениот крст ги има усогласено со принципите на Меѓународтното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, и тоа: Хуманост, Непристрасност, Неутралност, Независност, Доброволна служба, Единство, Универзалност. Со самостојувањето на државата Република Македонија ја укажа потребата за самостојување и на Црвениот крст на Република Македонија. Така на 21 Мај 1992 година е донесена Одлука за осамостојување. Во 1994 година е донесен Закон за Црвениот крст на Република Македонија. Во овој период Црвениот крст на Република Македонија имаше бројни разновидни активности. Особено оваа Организација беше активна во згрижувањето на бегалците од одделни краишта на поранешна Југославија, каде се водеа жестоки борби. По осамостојувањето Владата на Република Македонија на 25 август 1993 година ги ратификува Женевските конвенции од 1949 и Дополнителните протоколи од 1977 година. На 1.11.1995 година Црвениот крст на Република Македонија е признат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, а на 27.11.1995 година е примен во Меѓународната Федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина како 169-та полноправна членка.


ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ СЕМЕЈНИ ВРСКИ

Во период од 14 – 16 мај, 2019 година во Катанија се одржа Годишна Конференција за Воспоставување семејни врски. На конференцијата учествуваа повеќе од 150 одговорни лица за воспоставување на семејни врски/ служба барање од национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина од Европскиот регион. Воведни обраќања на Конференцијата имаа претседателот на Меѓународната Федерација и претседател на Италијанскиот Црвен крст, Франческо Рока, Регионалниот Директор за Европа и Централна Азија на Меѓународниот Комитет на Црвен крст, Патрик Виал и градоначалникот на Катанија, Салваторе Поглиесе. На тридневната Конференција беа дискутирани повеќе прашања поврзани со работата на службата за воспоставување на семејни врски. Едно од главните прашања кое се дискутираше на Конференцијата беше Стратегијата за Воспоставување на Семејни врски 2018+, односно беше претста-

вен извештај околу остварениот напредок за подготовката на новата стратегија. Исто така беше дискутирано прашањето на градење на интегрален пристап на регионална подготвеност при катастрофи поврзано со воспоставување на семејни врски и менаџирање на катастрофи. На конференцијата исто така се дискутираше и по прашањето на странски борци и нивните семејства од гледна точка на работата на службата за воспоставување на семејни врски, во координација со МКЦК. Исто така делегацијата на МКЦК од Дакар претстави податоци од поврзани со трансрегионални трендови и статистички податоци од спроведена процена за прашањето на миграциите во Европа. На Конференцијата се дискутираа и прашања поврзани со користењето на базата на податоци FLEXTRANET, FLA, SFE, онлајн услугите на Службата за барање, icrcfamilylinks.org, TTF, RFL алгоритмите и др.


ВЕЧЕРА (ИФТАР) ЗАЕДНО СО ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛСКА ГРИЖА И САМОХРАНИ На ден 20.05.2019 година, претставници на Црвен крст на Република Македонија учествуваа на вечера ( ифтар ) организирана од страна на Турската Црвена полумесечина со поддршка на Амбасадата на Турција во Република Македонија. Вечерата ( ифтар ) беше наменета за ранлива категорија на лица во Република Македонија, поточно, деца без родителска грижа и самохрани мајки.

Дисеминациска сесија со претставници на АРМ

По завршување на вечерата на децата, од страна на претставници на Турската Црвена полумесечина, а со поддршка на Црвен крст на Република Македонија, беа поделени подароци за децата. На вечерата присуствуваа и високи претставници на Амбасадата на Турција во Република Македонија, претставници од државни институции, претставници на невладини организации и др.


НОВИ ПРЕДАВАЧИ И ДЕМОНСТРАТОРИ ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ЦРВЕН КРСТ Во период од 18-19 мај во просториите на Црвен крст на Република Македонија беше одржана обука по прва помош за нови предавачи и демонстратори за наставната програма за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода. Продолжуваме да ги зајакнуваме капацитетите на Националното друштво преку надградба на знаењата и практичните вештини за оваа животоспасувачка вештина. Им посакуваме топло добредојде на новите 13 предавачи и 11 демонстратори. Со успех!

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ОХРИД На 48-от општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Охрид на 04.05.2019 се одржа во Охрид, учениците од основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во екипи од подмладок и младина се натпреваруваа во укажување прва помош. Преку 70 млади организирани во 12 екипи на 5 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажу-

ООПП 2019

вање прва помош. Најуспешна, во категоријата подмладок беше екипата на ОУ Св. Климент Охридски, а во категоријата младина првото место и правото на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ Кирил и Методиј. За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите се грижеа 19 судии (лекари, парамедици на Црвен крст Охрид), а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на пунктовите се погрижи тимот на млади на Црвен крст Охрид. Во овој циклус на подготовка на учениците, со активно учество на менторите од секое училиште и волонтерите-тренери и инструктори по прва помош на Црвен крст Охрид, со најновите знаења, техники и вештини за укажување на прва помош се здобија преку 300 млади. Во едукативниот и забавниот дел од натпреварот младите ги покажаа своите знаења за движењето на Црвениот крст и танцовите способности.


КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА Во рамки на одбележувањето на 8ми мај, Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, го одбележа со уште една успешна крводарителска акција на која, својата драгоцена крв ја даруваа 21 крводарител во просториите на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. За успешноста на оваа акција придонесоа многуте првократни дарители.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ШТИП Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Штип и компанијата „Адиент“ (поранешен „Џонсон Контролс“), изминативе два месеци спроведоа една поинаква хуманитарна акција, која во преден план ги стави потребите, но и чувствата и достоинството на барателите на помош од социјално-ранлива категорија. Покрај граѓани на Штип, во соработка со општинските организации на Црвен крст Кочани, Свети Николе и Пробиштип, во акцијата беа вклучени и неколку семејства од тамошните општини кои живеат на работ на егзистенцијата. Тие добија можност да отидат на пазарување на претходно договорена локација, каде ги чекаа вработени на „Адиент“и волонтери на Црвен крст. Во неколку случаи, на пазарување доаѓаа и целите семејства, нагласувајќи дека никогаш немале можност да си дозволат да купат ниту по неколку намирници одеднаш. Примателите на помош имаа паричен лимит кој се движеше од 3.000 до 5.000 денари, во зависност од утврдениот степен на потреба од помош и број на членови на семејството. Пазарната кошничка на овие корисници, претежно беше составена од основни намирници за прехрана и хигиенски производи, а нивниот пристап беше скромен, истакнувајќи дека бираат производи со пониска цена за да можат подолго време да се прехрануваат со истите. Меѓу помогнатите граѓани, имаше и семејства кои живеат без вода и струја, но и луѓе со сериозни здравствени потешкотии.

ХУМАНИТАРНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА


СОЛИДАРНОСТ ОД ВРАТА НА ВРАТА

Пакети со храна, хигиенски производи и постелнини, набавени во рамки на кампањата за Неделата на солидарност, деновиве патуваат директно до домовите на социјално ранливото население. Лоцирајќи ги конкретните потреби на нашите сограѓани кои живеат во социјален ризик, во консултација со меѓу општинската Служба за социјални работи, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Штип периодов доставува помош на семејства во околината на Штип кои живеат на работ за неухранетост, како и на стари и изнемоштени лица во населените места и рурални средини.

ХУМАНОСТА ПРЕТСТАВЕНА НИЗ СИТЕ ОБЛИЦИ НА ВОЛОНТЕРИЗМОТ Во рамки на Неделата на Црвен крст на Република Македонија, млади волонтери од Општинската организација Штип одржаа две дисеминациски сесии во СОУ „Коле Нехтенин“, со цел продлабочување на знаењата за целите и мисијата на нашата организација. На работната средба со учениците во четврта година од четири класа, кои беа активни слушатели но и учесници во интересната дискусија, посебен акцент беше ставен на делот со активностите на учениците од оваа образовна установа,


учесници во десетици проектни активности на Црвен крст. „Во современото општество кое го карактеризира еден отуѓен начин на живот, хуманитарното дејствување станува неопходност. За таа цел, потребно е низ наставата да изградиме синергија помеѓу теоретската рамка за волонтеризмот и неговото практицирање на дело.

На овој начин, во соработка со Црвен крст, им ги доближуваме позитивните човечки вредности на нашите ученици“, истакнаа од СОУ „Коле Нехтенин“. Ваквите активности периодов ја проширија волонтерската и членската база на Општинска организација Штип.

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ГИМНАЗИЈАТА „СЛАВЧО СТОЈМЕНСКИ“ ШТИП

Крводарителска акција неделава беше спроведена во штипската Гимназија „Славчо Стојменски“, каде својата хуманост ја покажаа учениците, пред крајот на учебната година. Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Штип во соработка со Службата за трансфузиона медицина продолжува со реализација на крводарителската агенда, која опфаќа и информативни и мотивациски работилници на оваа тема.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА СТРУМИЦА На 16.05.2019 на плоштадот ,,Гоце Делчев” во Струмица, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Струмица организираше кампања ,,Стоп за трговијата со луѓе”. Волонтерите при Клубот на млади - Општинска организација Струмица превенира перформанс на жртви на трговија со луѓе. На реален начин беа прикажани последиците од најбрзо растечката форма на меѓународен криминал. Нашата цел беше, во склоп на Матурскиот бал, да се подигне свеста кај матурантите кои беа присутни на плоштадот. Младите волонтери им делеа флаери со реалистичен

КАМПАЊА ,,СТОП ЗА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ” И ,,СООБРАЌАЈНА БЕЗБЕДНОСТ НА МАТУРАНТИТЕ”


приказ за последиците од оваа ропство и информации како да се заштитат од истото. Оваа активност беше во соработка со СВР Струмица – оддел за превенција и со цел подигнување на сообраќајната култура и безбедност на матурантите им поделивме флаери со мотото

,,НЕ СИ ФРАЕР АКО ЗАГИНЕШ НА МАТУРА”. Воедно на матурантите заедно им го честитаме матурирањето со апел да не управуваат со моторно возило под дејство на алкохол во тек на претстојните матурски прослави.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КУМАНОВО

ПОКАЗНА ВЕЖБА ПО ПРВА ПОМОШ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

По повод денот на пожарникарите во Република Македонија на ден 20.05.2019 година, се одржа симулациска вежба. Волонтерите од Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Куманово во соработка со ТППЕ од Куманово и Дирекција за заштита и спасување од Куманово, во ООУ “Христијан Тодоровски Карпош” од с. Драгоманце општина Старо Нагоричане демонстрираа тактичко-показна вежба за евакуација на ученици и вработени во училишната зграда во случај на пожар и укажување прва помош на повредени лица. Целта на вежбата беше да се покаже дека овие служби се тука за граѓаните и заеднички дејствуваат, а секако важна е и граѓанската совесност, соработка, споделување информации и навремено јавување и пријавување на сите настани што се случуваат на нашето подрачје за да имаме поголема безбедност и заштита.


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРИЛЕП

ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНО ХУМАНИТАРНО ПРАВО ВО АРМ На 15.05.2019 година во касарната Мирче Ацев во Прилеп се одржа дисеминациска сесија за МХП на која присуствуваа 19 офицери на АРМ. На дисеминациската сесија беа опфатени различни теми од Меѓународното хуманитарно право, Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и Националното друштво. Сесијата е спроведена во согласност со договорот потпишан со Црвениот крст на Република Македонија и Министерството за одбрана, а во рамките на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст на Република Македонија.

ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Минатиот викенд, од 17 до 19 мај во Струга, се оддржа ЦКАПХВ подготвителна работилница, втора по ред оваа година. На истата присуствуваа дваесетина ЦКА-ПХВ инструктори кои имаа за цел да ги прегледаат, евалуираат и оценат сите 150 мали проекти кои беа изработени од страна на овогодишната ЦКА-ПХВ генерација. Секој проект беше прегледуван од страна на двајца иснтуктори а заради добрите

резултати, голем број на проекти беа презентирани пленарно пред целиот тим. Целиот процес е многу инспиративен особено што некои младинци навистина направија големи и трајни промени во нивните заедници. Особена е важна нивната видливост во средините како и промоција која беше направен заради амблемот и организацијата. Покрај сработеното и зајакнување на капацитетите на тимот, беше организиран и заеднички ифтар преку кој членовите на тимот имаа уште повеќе можности да се запознаат со културата, обичаатите на инструктори од муслиманска вероисповест а сето ова е во духот на ЦКА-ПХВ програма која промовира мир, толеранција и соживот.


Почитувани, Црвениот крст на Република Македонија објавува оглас за регрутирање на Практикант за односи со јавност: Одговорности и задачи: • Aжурирање на социјалните медиуми на Црвен крст на РМ (Web, Facebook и Instagram страна); • Подготовка на презентации и промотивен материјал за Црвен крст на РМ (промоција на кампањи преку социјални медиуми); • Промоција и организација на значајни настани и манифестации на организацијата. • Потребни способности и вештини: • Одлични комуникациски способности • Организациски способности • Мотивирана и стабилна личност • Иницијативност и тимски дух • Флексибилност за повремено патување и работа на терен Очекувани квалификации: • ВСС од областа на односи со јавност или новинарство

• • • • • •

Претходно работно искуство не е потребно Флуентен англиски јазик, писмена и усна комуникација Работно користење на компјутер – MS office Основно познавање на програми за обработка на фотографии (Photoshop) Основно познавање на програми за дизајнирање на брошури, материјали и newsletters (Illustrator, InDesign, дизајнирање на Power Point презентации). Основно познавање на маркетинг на социјални медиуми (Facebook, Twitter, Instagram LinkedIn)

* Пожелно е кандидатите да бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа Сите заинтересирани кандидати може да испратат кратка биографија на mustafa@redcross.org.mk или vilarova@redcross.org.mk, со назнака „Практикант“ најдоцна до 31.05. 2019 година.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.