E vesnik 782 na Crven krst na Republika Makedonija

Page 1

782 02 07 2019

есув н о д ј о р б ј о в о Во

а ме

ОК ЗА СИТЕ“ ТИ ПРОЕКТ „ОБР Л Е Д Н И Б ОЛ Е С С А Н О К С Т Е Н А ТЕМА ГЕ Е Д У К А Ц И ЈА Н РВА ПОМОШ П А З С Р У К Н ОСВЕЖИТЕЛЕ њонот Матка а К о д ја зи р у кс к Е д н од н е в н а е

1


ШТО МИСЛИТЕ ВАШИТЕ ДРУГАРИ ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД ОВАА ХУМАНА ОРГАНИЗАЦИЈА ?

2


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

РАБОТНА СРЕДБА ВО АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На 24.06.2019 година делегација на Црвениот крст на Република Македонија, предводена од генералниот секретар д-р Саит Саити имаше работна средба со генерал мајор Васко Ѓурчиновски, началник на генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Во разговорите исто така беа спомнати и други активности кои ги реализираат Црвениот крст и АРСМ во изминатите години (дисеминација, крводарителство, прва помош и активности при вонредни состојби) и можностите за унапредување на соработката во претстојниот период.

Цел на посетата беше дискусија на соработката на Црвениот крст на Република Македонија и Армијата на Република Северна Македонија особено промовирање на меѓународното хуманитарно право и активностите кои ги имплементира Црвениот крст во оваа сфера преку клубот на дисеминатори на ЦКРМ за промоција на МХП во Република Северна Македонија.

Двете институции истакнаа дека постои можност за уште подобра соработка во блиска иднина и одржување на работна средба со Министерството за Одбрана со цел уште повеќе да се прецизира соработката во претстојниот период.

3


Во просториите на Европски Универзитет, реализирано беше мотивациско предавање на тема Крводарителство- зошто е важно да се дарува крв, кое претходи на планираната крводарителска акција за нивните вработени закажана за 31 мај. Предавањето беше во насока на запознавање на присутните со фактите за крвта, крвните елементи, на-

4


УЧЕСТВО НА 18-ОТ МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМОВИ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И ЗДРАВСТВОТО Во периодот13-21,06,2019 година во Варна, Бугарија, се одржа 18-от по ред меѓународен фестивал на филмови на Црвениот крст и здравството. На фестивалот беа претставени филмови од целиот свет, а присутни делегации имаше од Националните друштва од Северна Македонија, Романија, Грција, Турција и Бугарија, потоа филмски продуценти и сценаристи од Бразил, Бугарија, Иран, Индија, Италија, Кипар, САД, Србија и Турција. Од Црвениот крст на Репбулика Македонија присуствуваше Претседателот д-р Ромел Велев. Како дел од филмската програма на фестивалот беше емитуван и филмот „Бездомникот“ подготвен од страна на Црвениот крст на РМ кој говори за програмата која националното друштво спроведува за поддршка на бездомниците во државата. Филмскиот фестивал има традиција од 1965 година како настан на кој се промовираат филмовите во движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, но и на други организации, а се со насока на промовирање на програмите за зачувување на човековото здравје и достоинство. Со поддршка на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, УНЕСКО и Светската Здравствена организација, добива високо признание за „А категорија“ која го сместува во ранг на филмските фестивали кои се одржуваат во Кан, Сан Себастијан, Венеција и други. За 18-то издание од фестивалот пријавени беа над 3000 филмови од вкупно 118 држави, од кои во програмата избрани беа да се емитуваат 206 од 59 држави. Во церемонијата на отворањето на фестивалот учествуваа Вице-Премиерот на Владата на Република Бугарија г-ѓа Илиана Јотова, која воедно е и патрон на фестивалот, градоначалникот на градот Варна Иван Портних, Претседателот на Бугарскиот Црвен крст Акад. Христо Григоров, директорот на филмскиот фестивал Илко Раев, претставници од дипломатскиот кор во Бугарија и други почесни гости.

5


ПОДГОТВИТЕЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВЕЖБАТА

„НАЦИОНАЛЕН ОДГОВОР 2019“ Претставници на Црвен крст на Република Македонија и на Општинската организација Штип, на 26.06.2019 година беа дел од Главната планирачка конференција за претстојната Вежба за справување со елементарни непогоди „Национален Одговор 2019“, во организација на Здружената Оперативна Команда. Стручниот соработник за Подготвеност и дејствување при катастрофи во Црвен крст на Република Македонија, Али Самет, информираше за капацитетите на организацијата во делот на барањата на претстојната вежба, потенцирајќи дека Црвен крст продолжува да го негува партнерскиот однос со институциите кои дејствуваат во делот на справување со кризи и катастрофи. Тој изрази подготвеност Општинската организација на Црвен крст Штип да биде полноправен партнер со сите засегнати страни во рамки на вежбата која ќе се

6

одржи од 16-ти до 19-ти септември годинава. Meѓу присутните, покрај претставниците на Црвен крст на Република Македонија, беа и претставници на Армијата и Генералштабот, Министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за здравство и за земјоделство, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Општинскиот штаб за заштита и спасување на Штип заедно со јавните локални претпријатија и противпоѓарната бригада, како и претставници на општинските кризни штабови на општините Виница, Кочани и Зрновци. Вежбата „Национален одговор“ е сеопфатна вежба која го опфаќа како цивилниот така и воениот сектор, односно сите владини и невладини институции кои се занимаваат со справување на елементарните непогоди предизвикани од природата и човечкиот фактор.


РАБОТИЛНИЦА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА NICS

Претставници на Програмата за подготвеност и дејствување при катастрофи на Црвен крст на Република Македонија од 19 до 20.06.2019 година во Струга, учествуваат на работилница на носечката група за имплементација на NICS ( Next Generatıon Incıdent Command System ), заедно со сите чинители во системот за управување со

кризи, организирана од страна на Центарот за управување со кризи. Главна цел на работилницата е подготовка за учество на меѓународна вежба во Црна Гора на која Црвен крст на Република Македонија ќе учествуваа со свои тимови и тим лидери.

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МЛАДИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ НА РМ На 22.06.2019 година се одржа изборно конститутивната седница на Советот на млади на Црвен крст на Република Македонија за мандатниот период 2019-2021 година. За Претседател на Советот на млади изврана е др. Аленка Шопова (ООЦК Центар), додека за Потпретседател избран е Бурхан Клинче( ООЦК Гостивар). Допол-

нително за членови на координативното тело на млади на Црвен крст на РМ избрани се Сања Матовска (ЦК на град Скопје), Александра Сандева (ООЦК Радовиш), Ардит Ќаили (ООЦК Чаир), Кристијан Милошевиќ (ООЦК Велес) и Бисера Бојковска (ООЦК Кисела Вода).

7


ФОРУМ ЗА ДОБРОВОЛНО КРВОДАРИТЕЛСТВО Од 21-22 јуни во хотел Сириус, Струмица се одржува Форум за доброволно крводарителство “Безбедна крв за сите” на кој присуствуваа министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче, генералниот секретар на Црвен крст д-р Саит Саити, претседателот проф. д-р Ромел Велев, претставници од ИТМ, голем број на крводарители, мотиватори и претставници на ООЦК. На отворањето на Форумот се обрати министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче кој потенцираше дека допревме повеќе теми-како да ја унапредиме нашата соработка со Црвениот крст, но не само во сферата на крводарителството, туку и во сферата на пружањето на итната помош, патронажните сервиси и сервисите во домовите. Исто така се обрати и Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, проф.д-р.Ромел Велев кој ја истакана континуираната соработка со министерството за здравство. Потребите за крв се секојдневни и ние со нашите 18 илјади крводарители ги реализираме потребните 55 илјади крвни единици на годишно ниво.

8


ЦКА-ПХВ ПЕХАР ПЕХАР ВО ОХРИД, ВО РАМКИТЕ НА ЦКА-ПХВ ПРОГРАМА-2019 Се одржа 9-та по ред манифестација “ЦКА-ПХВ пехар”, која има за цел промоција на програмата и на младите од онаа Општинска организација на Црвен крст од којшто се изработени најголем број на проекти оценети со сонце. Оваа година беа изработени 150 мали проекти, од кои 33 беа оценети со фаза сонце, а овогодинешниот добитник на ПХВ Пехар e Општинска организација на Црвен крст Охрид. На свечената манифестација се обрати генералниот секретар на Црвен крст на РМ, претставник на Советот на Општина Охрид и претседателот на Црвен крст Охрид.

Во преполна сала во Центарот за Култура “Григор Прличев” во Охрид, покрај пехарот, беа врачени и благодарници за Куманово, Центар, Велес, Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш, Карпош, Кисела вода, Чаир, Струга, Кавадарци, Виница и Валандово како организации кои изработиле мали проекти преку кои се направени трајни промени во заедницата. Честитки за сите, дисеминаторите, младинците, наставниците, родителите, секретарите... за сите кои беа дел од овогодинешната програма која предизвика промени кај повеќе од 3.000 лица.

9


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ЗА НЕГУВАТЕЛИ НА СТАРИ И НЕМОЌНИ ЛИЦА

На 28.06.2019 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија беше реализирано доделувањето на сертификати за негувател/ка на стари и немоќни лица. По успешно завршување на обуката 14 лица заслужено се стекнаа со нови компетенции и знаења од областа на негата во домашни услови, кои во иднина ќе придонесуваат за добросостојбата и здравјето на старите лица. Оваа обука траеше 4 месеци и истата беше поддржана од страна на Австрискиот Црвен крст и град Виена. Црвениот крст на РМ, преку Црвен крст на град Скопје е партнер на здружението „Ајде Македонија“ во имплементација на проектот „Оброк за сите“, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој. Во изминатиот период, беше остварена тесна соработка и координација со претставници на здружението „Ајде Македонија“ и пилотиран беше моделот за дистрибуција на прехранбени пакети до социјално загрозените граѓани во Скопје, Куманово и Прилеп

10

ПРОЕКТ „ОБРОК ЗА СИТЕ“


(10 семејства од Скопје и по 5 семејства од Прилеп и Куманово). Исто така волонтерите на Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица во нивните домови, како и оброци за 50 бездомни лица во Пунктот за бездомници во Момин Поток. Храната е свежо подготвена во Здружението за деца со посебни потреби Дама- ел.

Во наредниот период ќе се реализира студиска посета во Р.Србија, со цел да се споделат надворешни искуства од Црвен крст на Србија, кои имаат повеќегодишно искуство со спроведување на ваква програма за обезбедување на топол оброк преку Народна кујна за ранливи лица со социјален ризик.

ПОСЕТА ОД СТРАНА НА ДОНАТОРОТ ЗА ТРЕТИОТ ЦИКЛУС НА ОБУКИ ЗА ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ Во рамките на програмата Личен асистен на лица со попреченост при Црвен крст на град Скопје се реализира третиот циклус на обуки за личен асистент. На 25.06.2019 во најавена посета дојдоа претставнци од Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни со цел запознавање на учесниците на овие обуки, нивно охрабрување и мотивирање со цел унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост. Покрај оваа програма за која што тие најавија континуирана поддршка, тие исто така се големи поддржувачи и во другите програми во рамките на Црвениот крст на град Скопје, чија целна група се ранлива категорија на луѓе. Со овие обуки опфатени се 17 учесници, кои по стекнување со сертификат ќе имаат можност да ја испорачуваат услугата кај корисниците со попреченост.

11


СТУДЕНТИТЕ ОД ITHINK АКАДЕМИЈАТА ЗА ДЕЦА ПОДГОТВИЈА ВЕБ СТРАНА ЗА КОПЧЕ Студентите од „IThink“ Академијата за деца од областа на технологијата чија основна цел е нејзина афирмација меѓу младите преку логично и креативно решавање предизвици и проблеми со помош на технологија оваа година успешно ги завршија своите задачи. Дел од студентите изготвија веб страни и едната ја поклонија на социјалното претпријатие Копче. Особено задоволство ни претставува тоа што студентите од академијата на сопствена иницијатива изразија желба да изработат веб страна за Копче. Изработката на веб страна за Копче е од исклучително значење за унапредување на нашата работа и навремено информирање на нашите донатори, купувачи и корисници за активностите кои тековно ги реализираме.

ТРПЕЗАРИЈА- МЕСТО ЗА ДОСТОИНСТВЕН ОБРОК Пунктот за бездомници во Момин Поток е отворен во 2008 година и од тогаш континуирано се работи на подобрување на капацитетите, што подразбираше отварање на стационарниот дел-прифатилиштето, како и отварање на новиот објект-женско одделение. Денес, Црвен крст на град Скопје

12

со поддршка на Град Скопје и повеќе донатори ја отвори трпезаријата во рамките на Пунктот за бездомници. Предвидено е оброците за бездомните лица да се дистрибуираат во трпезарија, но истата може да послужи и како место за нивната социјализација, особено во жешките и ладните дни.


ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА Водени од желбата и потребата да воспостават добрососедска, билатерална соработка Црвениот крст на град Цетиње, Црвен крст на Црна Гора и Црвениот крст на град Скопје случија меморандум за меѓусебна соработка. Потпишувањето на истиот се реализираше во просториите на Црвен крст на град Скопје, како дел од посетата на тричлената делегација од ЦК Цетиње која на 19 и 20 јуни беше во посета на нашата организација. Во текот на посетата презентирана беше работата на Црвен крст на град Скопје, програмските и проектните активности, а посетени беа дневните центри за стари лица и за крводарителство,

„Копче“, пунктот за бездомници, планинската спасителна станица на Водно,„Нега центар“ како и програмата за персонални асистенти. Со потпишување на овој меморандум за соработка, иницираме отворање на нови полиња за развој на двете организации, меѓусебна размена на позитивни искуства како и унапредување на нашата работа. По посетата, гостите искажаа позитивни импресии од развиената мрежа на активности, тимот кој ги имплементира истите, а се разговараше и за можностите за примена на дел од програмските и проектни активности во нивната организација.

TРЕНИНГ ЗА ТИМ ЛИДЕРИ ВО КАТАСТРОФИ И ИТНИ СИТУАЦИИ Во периодот од 09-16.09.2019, од страна на одделот за Превенција, Одговор и Опоравување од Катастрофи и Кризни ситуации ( DCPRR – Disaster and Crisis Prevention, Response and Recovery - IFRC ) при Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина и Црвен крст на Финска, Хеинола, се организира тренинг за Тим лидери во катастрофи и итни ситуации. Цели на тренингот беа зајакнување на капацитетите на учесниците како тим лидери, зголемување на соработката и ефективноста на терен на различни тимови преку заеднички тренинг и зголемување на базата со лица со квалитети на тим лидери.

13


На тренингот беа вклучени и сесии за зајакнување на тим лидерските способности во 5 сегменти кои се препознаени како критични во рамки на МФЦКЦП/ ИФРЦ при одговор при катастрофи: 1. Клучни капацитети на Црвен крст 2. Стратешко лидерство 3. Способности за релации и однос 4. Оперативен менаџмент 5. Специфични системи и сервиси на Црвен крст

На тренингот имаше 25 учесници и 10 тренери. Учесници беа од вкупно 14 држави (Европа, Азија, Африка, Јужна Америка, Америка) од кои од регионов и Балканот само Црвен крст на Република Македонија-Црвен крст на град Скопје со 1 учесник. Меѓу тренерите беа искусни лица од терен кои предводеле бројни кризни ситуации и катастрофи непосредно по случувањето кои своите искуства ги споделуваа со останатите уесници, базирани на искуства.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРИЛЕП

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ДО КАЊОНОТ МАТКА

Во рамките на ЛАП за деца со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства двајца волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Прилеп заедно со 10 деца со посебни потреби и дел од вработените од Дневниот центар „Ѕуница“ беа на еднодневна

14

екскурзија до Кањонот Матка. За време на екскурзијата децата се запознаа со историјата, настанувањето и културно-историското наследство на Кањонот Матка, истовремено дружејќи се со дел од вработените од Дневниот центар и волонтерите од Клубот на млади.


„МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ЗА СЕКОГО“ Заради реконструкцијата на зградата на Дневниот центар „Ѕуница“ со нова дограма, Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Прилеп им излезе во пресрет на потребите и барањата на родителите згрижувачи и вработените да се пролонгира едукативната средба со психологот. После идентификуваните потреби на целната група се диференцираа две теми за елаборирање на средбата. Преку интерактивна работа и дискусија се разговараше за пубертетските промени и потреби на корисниците во Центарот и за очекувањата на родителите/згрижувачите за иднината на децата. Особено интерес се разви околу катастрофирачките дисфункционални ставови на родителите за иднината на нивните деца и можност за нивно реструктуирање во функционални и рационални ставови и верувања. Средбата ја водеше волонтер психолог од општинската организација при што се пројави интерес за понатамошни контакти и соработка за теми поврзани со менталното здравје.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВЕЛЕС

ТРАДИЦИОНАЛЕН ЛЕТЕН КАМП ВО ПАПРАДИШТЕ Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес од 24 до 26 јуни ја организираше активноста во планинарскиот дом во убавата природа на Мијачкото село. На кампот учествуваа 32 волонтери од кои поголем дел учесници во Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хуманите вредности“ за 2019 година, а дел беа членови на Клубот на млади и нивни ментори при изработка на малите проекти за добро на заедницата. Во текот на овие три дена дисеминаторот

Александра Здравевска и ПХВ инструкторот и ментор Ангел Ќиров одржаа дисеминациски сесии за 160 годишната од битката кај Солферино, за ПХВ Програмата, крводарителството, едукација за Прва помош и заштита, а се изврши и проекција на играниот филм „Pay it forward“ кој има многу поучна содржина. Освен едукативен кампот имаше и многу забавен дел исполнет со заеднички игри за јакнеење на тимската припадност и логорски оган.

15


Дел од кампот беше и екс секретар на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес Миле Маџаров кој го започна циклусот 2019 година.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА СТРУГА

ОСВЕЖИТЕЛЕН КУРС ЗА ПРВА ПОМОШ

ЕКО АКЦИЈА Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Струга на 25.06.2019 година спроведе еколошка акција за чистење на Струшките плажи. Целта на 20 волонтери беше да ја подигнат свеста кај граѓаните за почиста Струга.

16

Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Струга на 20.06.2019 година на планинарите од Планинарскиот клуб на алпинистите од Струга им одржа освежителен курс за прва помош од страна на предавачите по прва помош д-р Миљот Ризвани и д-р Ндричим Мурати.


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ДЕБАР

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО КАВАДАРЦИ Во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Дебар и Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Кавадарци, а во склоп на проектот „Подобрување на социјализацијата на децата и млади со посебни потреби “финансиски поддржан од Комерцијална банка на 26 јуни 2019 година со околу 15 деца и млади со посебни потреби и нивни родители и воспитувачи од Дебар и околу 10 лица од Кавадарци се спроведе еднодневна екскурзија во Кавадарци.

Потоа беше посетен манастирот Свети Никола каде што околу 25 лица, односно деца, волонтери и наставници имаа можност да ги видат природните убавини околу манастирот, а и убавините и мирот во самиот манастир. Од таму се гледаше пејсаж на прекрасно зеленило во кое уживаа сите присутни.

Најнапред го посетивме Дневниот центар за лица и млади со посебни потреби, каде следуваше освежување од жешкото време и дружење на што младите посебно се израдуваа, разменивме искуства и идеи, а потоа сите заедно се упативме кон ресторанот Моклиште, каде следуваше ручек за сите присутни обезбеден од Градоначалникот на Општина Кавадарци.

Вработените и волонтерите од Црвениот крст максимално се вложија за децата и млади со посебни потреби да поминат квалитетно искористено време во Кавадарци и со колегите од Дебар се договорија средбите од ваков вид да бидат почести се во интерес на овие лица.

На крај следуваше прошетка низ центарот на Кавадарци и освежување во локална слаткарница.

17


КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА На ден 25.06.2019 година Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Дебар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, организираа крводарителска акција. На оваа акција својата драгоцена течност ја даруваа 30 лице од кои 7 беа првократни дарители. Дебарчани уште еднаш ја покажаа својата хуманост,солидарност и хумана човечка вредност.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА СТРУГА

ЕДУКАЦИЈА НА ТЕМА ГЕНЕТСКО НАСЛЕДНИ БОЛЕСТИ Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Ресен на 20.06.2019 год. одржа работилница на тема „Генетско наследни болести”. На едукацијата беа присутни 15 слушатели. Едукацијата беше реализирана од наш лекар-волонтер Др.Ана Герасовска Јовковска. Младите беа запознаени со видовите на наследни болести, начинот на нивен пренос и експресија на самата болест, начинот на нивен третман и можноста за нивна превенција. Работилницата помина интерактивно и со голема заинтересираност од страна на младите. 18


ОРИЕНТЕРСКА СЕСИЈА Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Ресен на 21 јуни во просториите на општинската организација одржа редовна ориентерска сесија. Сесијата беше одржана од страна на општинскиот ориентер Фросе Горѓиевска пред заинтересирани 10 слушатели. Беа истакнати можностите за членство и волонтерство во организацијата, учество во активности и сесијата резултираше со ново заинтересирани волонтери и членови.

19


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КАРПОШ

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ На 22 Јуни 2019 година на платото на градскиот плоштад Македонија, 7 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Карпош заедно со 15 деца со посебни потреби-целна група од Проекот ,,Хуманко,, зедоа учество на Меѓународниот фестивал за деца и лица со попреченост организиран од стран на Невладината организација „ЕСЕ. 20

Со сопствени танци на македонски песни, учесниците од Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош се придружија и беа дел од инклузивните претстави со остантите учесниц од Дневниот центар Мајка Тереза Гевгелија, НВО за деца со Даунов Синдром, Танцовото студио Еурека.


ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕН КРСТ Е ЛИЦЕ КОЕ ПОВРЕМЕНО ИЛИ РЕДОВНО ИЗВРШУВА ВОЛОНТЕРСКИ АКТИВНОСТИ ЗА НАЦИОНАЛНОТО ДРУШТВО НА ЦРВЕН КРСТ Сите активности ги реализираме заеднички со волонтерите кои се носители на нашите активности и во кои може да волонтира секој кој има желба да помогне. Секој волонтер може да се вклучи во редовните активности на Црвен крст и да волонтира во најблиската Општинска организација на Црвен крст (вкупно 33 ООЦК и Црвен крст на град Скопје) согласно своето слободно време и своите интереси и желби. Програмите во кои може да се вклучи и да иницира активности се: Здравствено – превентивна дејност, Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, Промовирање на крводарителство, Прва Помош, Работа со млади, Социјално – хуманитарна дејност, Воспоставување на семејни врски, Информирање, Дисеминација, и многу други проектни активности кои се реализираат во Општинските организации на Црвен крст. Волонтерството претставува доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја и желбата да се помогне. Бидете дел од една од најголемите доброволни и хуманитарни организации, каде заеднички дејствуваме за да создадеме подобро и посигурно место за живеење.

И Н С ТА Н Т Е Р О Л ВО

21


22


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.