Е весник 780 на Црвен крст на Република македонија

Page 1

780 13 06 2019

есув н о д ј о р б ј о в о Во

а ме

Т ИНВА ЛИДИТЕ Н Е С Е Л Е Т О С РИ НА ЛИЦ А СПОРТСКИ ИГ Ш СО М Л А Д И О М О П А В Р П ПО Н А З А Ш Т И ТА Е В Т С В ПРЕД АВАЊЕ А Р Д З АБО АВАЊА ЗА З Д ВАР Е Р П И Н В И Т К И О Т Н АТ П Р Е С Н Е ДУ К А И Т Ш П О А Н Н А Ј УС П Е Ш Н И Е Т И Р А Н И Ц И МЕД ОШ ПО ПРВА ПОМ

1


Визија: Ние се стремиме да придонесеме во создавањето на општество на одговорни граѓани со добри навики каде секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Веруваме во потенцијалот и силата која секој поединец ја носи и тука сме за да придонесеме во зајакнување и социјално вклучување на лицата во ризик преку активности за работи кои се стремат кон создавање на еколошки чиста средина.

Цели:

Нашата приказна:

zz навремено обезбедување на најсоодветна облека за лицата во ризик zz олеснет пристап до облека со ниски цени за лицата со ниски примања zz зајакнување на капацитетите на ранливи групи на население zz ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животнат средина zz создавање на навики за одговорно донирање и навики за одговорно трошење zz поттикнување и создавање на работни навики кај работоспособните социјално загрозени лица zz креирање на работни места кои имаат за цел да овозможат работна интеграција на ранливи групи население. zz промовирање на солидарност, хуманост и волонтеризам

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените. На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2000 лица во ризик на територија на град Скопје. Искуството и познавањето на потребите на луѓето на кои им помагаме од една страна и потенцијалот кои го имаме од другата страна овозможија да ја надополниме оваа прогама со нови содржини кои ќе овозможат повисоко ниво на функционирање што ќе значи задоволување на поголем број на потреби на граѓаните. „Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски пирмања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

#НаправиПовеќе https://www.facebook.com/kopce

2

instagram: kopce.skopje


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Д И С Е М И Н А Ц И ЈА З А СПАСИТЕЛИ НА ВОДА Во изминативе неколку дена се одржаа две обуки за дисеминација за спасителите кои се ангажирни на Aqua паркот во Скопје. На двете обуки присуствуваа вкупно 16 лица и истите добија обука за историјатот на Црвениот крст, принципите на Црвениот крст, Женевските конвенции, компонентите како и структурата на Црвен крст на

РМ и полиња на дејствување. Во рамките на обуката спасителите беа информирани за позиционирање на амблемот при фотографирање на одредена активности. Оваа работилница претставува основна и задолжителна дисеминација за секое лице ангажирано во рамките на организацијата.

ГРАДСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ Црвен крст на град Скопје во рамките на своите програмски активности на одделот за Прва помош со цел промоција и подигање на свеста кај младата популација за значењето на првата помош во секојдневниот живот, организираше Градски натпревар по Прва помош, категорија подмладок. Натрпреварот се оддржa на 9 Јуни 2019 година на Средно Водно од 10.00 – 14.30 часот. На натпреварот земаа учество 14 екипи од основните училишта и повеќе од 100 лица ,стручна служба, судии, манекени, шминкери на повреди и волонтери во негово организирање.

3


Пласирани екипи на овогодишниот натпревар: 1. ОУ “Круме Кепески” 2. ОУ “Рајко Жинзифов” 3. ОУ “Живко Брајковски” Унапредувањето на здравјето и безбедниот живот на луѓето како и првата помош завземаат централно место во нашата организација преку кој градиме издржан систем за привлекување и оспособување на нашите волонтери.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЦЕНТАР

ЕДУКАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И САМОЗАШТИТА ПРИ КАТАСТРОФИ

Наставниците и техничкиот персонал во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Велес денеска го повторија и освежија нивното знаење, а дел и за прв пат научија како се постапува во случај на катастрофа. Во училиштето се одржа едукација за заштита и самозаштита при појава на поплава, пожар, земјотес и останати непогоди. Присутните се запознаа со сите процедури и постапки кои треба да се применуваат во ваквите случаи.

4


Освен за лично знаење, едукацијата е вовед и во симулациската вежба по одредено сценарио на несреќа која на стартот на новата учебна година ќе се изведе во ова училиште. Денешното предавање и презентација ги одржа Александар Стојанов-

ски волонтер на Црвен крст на Република Македонија заедно со Али Самет, Стручен соработник за подготвеност и дејствување при катастрофи и Оливер Гичевски координатор за логистика.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЧАНИ

ТАКТИЧКО – ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА СИМУЛАЦИЈА НА ПОЖАР ВО

ОУ”СТРАШО ПИНЏУР” ВО ЧЕШИНОВО

На ден 07.06.2019 година се одржа тактичко – показна вежба, симулација на пожар во просториите на ОУ”Страшо Пинџур” во Чешиново. Вежбата се спроведе во соработка со ТППЕ Кочани и Црвен крст на Република Македонија - Општинската организација Кочани. На истата преку симулиран случај на интервенција, пожарникарите спасуваа повредени лица во училиштето, додека обучени волонтери од

Клубот на млади при Црвен крст Кочани укажуваа прва помош на повредените кои потоа беа превземени од страна на екипи од Итната медицинска помош од Кочани. Вежбата имаше за цел да го подигне нивото на подготвеност на персоналот во училиштето како и на надлежните институции, за во случај на реална ситуација навремено да се интервенира и пружи помош.

5


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ГОСТИВАР

МЕДИЦИНАРИТЕ НАЈУСПЕШНИ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

Средношколците од Гостиварските средни училишта ги покажаа своите знаења и вештини за справување во случај на итна потреба од прва помош на повредени и болни лица, на општинскиот натпревар по Прва помош,кој се одржа на ден 08.06.2019 година во Градскиот парк во Гостивар. Настанот го организираше Црвен крст на Република Македонија - Општинската организација Гостивар,по 36-ти пат. На натпреварот учествуваа седум екипи, и беа оценувани од страна на 9 лекари судии

6

на три работни места со по три случаи на повредени лица. Како најуспешни на натпреварот се покажаа учениците од средното медицинско училиште. Нивните екипи го освоија Првото и второто место ,,додека третото и припадна на екипата од Општинско средно техничко училиште. Најдобрите три екипи го закитија својот успех со пехари. Натпреварите се една од програмските активности на Црвениот крст и преку нив покрај што градиме натпреварувачки дух кај младите ,целиме тие што подобро да


научат да се снаоѓаат во ситуации кога е потребно да се пружи помош на повредени и болни лица, а исто така мла-

дите на Црвен крст низ дружба и забава им покажаа на своите врсници како е да се биде волонтер во Црвениот крст.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА СТРУГА

СПОРТСКИ ИГРИ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија на 08.06.2019 година го одржаа дваесет и четвртиот по ред Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија. Овој настан беше поддржан Црвен крст на Република Македонија - Општинската организација Струга каде што беа ангажирани волонтери обучени за прва помош. Се одржа атлетика на стадионот на ФК „Караорман„ Струга и пинг понг во малата сала на СОУ „Нико Нестор„ Струга.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ДЕБАР

ПРЕДАВАЊЕ ПО ПРВА ПОМОШ СО МЛАДИ Црвен крст на Република Македонија - Општинска Организација на ден 11.06.2019 год. одржа предавање по прва помош,на која учествуваа околу 25 лица. Целта на предавањето беше едукација за пружање прва помош како и регрутирање на млади волонтери. Предавањата беа изведени од страна на стручен тим за прва помош при Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Дебар. 7


ОДРЖАН ОПШТИНСКИ НАТПРАВАР ПО ПРВА ПОМОШ

Црвен крст на Република Македонија - Општинска Организација Дебар на ден 10.06.2019 година го одржа овогодишниот општински натпревар по прва помош, на кој зедоа учество натпреварувачи од 6 основни и средни училишта .Првото место од подмладокот и припадна на учениците од ООУ,,Саид Најдени,, додека во конкуренцијата на млади првото место и припадна на екипата од СОУ,,28 Ноември,, од Дебар. Главна цел на овој натпревар беше зголемување на свеста кај населението а посебно кај младата популација за значењето на првата помош во секојдневниот живот.

ДОНАЦИЈА ОД КОМПАНИЈАТА ,,SLICE“ На ден 10.06.2019 година на Црвен крст на Република Македонија - Општинска Организација Дебар, од страна на Генералниот менаџер за Македонија на,,Slice,, гдин Бутринт Села беа донирани 20 капи и маици со логото на ,,Slice,,и Црвениот крст на Република Македонија Општинска организација Дебар.Инаку оваа компанија е американска кој ја води дебарчанец која работи од Македонија и моментално има вработено околу 200 лица во Дебар. Ова е прва донација за Општинската организација Дебар, а се очекува наскоро да се потпише и меѓусебен договор за соработка за поддршка на разни проекти. 8


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КАРПОШ

Едукативни предавања за забоздравствена заштита Во рамките на здравствено - превентивната дејност, Црвен крст на Република Македонија - Општинска Организација Карпош реализира вкупно седум едукативни предавања за 297 лица учениците од основните училишта и деца со посебни потреби од проектот ,,Хуманко,,.Две работилници се одржаа на 13 Мај 2019 година во Основното училиште ,,Фаик Коњица,, во село Радуша и Дворце на кои беа опфатени 70 ученици од прво и воро одделение. На 15 и 16 Мај 2019 година се одржаа уште две едукации во Основното училиште ,,Димо Хаџи Димов,, -Скопје каде

беа опфатени 150 ученици исто така од првите и вторите одделенија. Уште три едукации за забоздравствена заштита се одржаа и на 18, 19 и 27 Мај 2019 година за 42 деца со посебни потреби-целната група од проектот Хуманко и 35 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија - Општинска Организација Карпош. Предавањата, со користење на визуелни презентации, забни модели беа реализирани од страна на лекар стоматолог, а по завршување на истите на сите слушатели им беа поделени четки и пасти за заби обезбедени од Црвениот крст на Република Македонија

9


10


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.