779 07 06 2019
есув н о д ј о р б ј о в о Во
а ме
1 9 Г ОД И Н А 0 -2 А Ц И Н Л И А Л Н А РА Б О Т Ц К А -П Х В Ф И Н ” Д И Т Е М ОЖ АТ А Л М “ О С А К ЛУМЕСЕЧИНА О П А Т А СО РА Б О Т К С Р У АТ Д О Н А Ц И ЈА Н А Н ЈА И Ц У Б И ИЗВИДНИЧКИ Т О ДИСТР И К С П И Т Ш К А С Е С И ЈА З А С И Ц А Н И М Е С ОД И ОД Р Е Д
1
Визија: Ние се стремиме да придонесеме во создавањето на општество на одговорни граѓани со добри навики каде секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Веруваме во потенцијалот и силата која секој поединец ја носи и тука сме за да придонесеме во зајакнување и социјално вклучување на лицата во ризик преку активности за работи кои се стремат кон создавање на еколошки чиста средина.
Цели:
Нашата приказна:
zz навремено обезбедување на најсоодветна облека за лицата во ризик zz олеснет пристап до облека со ниски цени за лицата со ниски примања zz зајакнување на капацитетите на ранливи групи на население zz ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животнат средина zz создавање на навики за одговорно донирање и навики за одговорно трошење zz поттикнување и создавање на работни навики кај работоспособните социјално загрозени лица zz креирање на работни места кои имаат за цел да овозможат работна интеграција на ранливи групи население. zz промовирање на солидарност, хуманост и волонтеризам
„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените. На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2000 лица во ризик на територија на град Скопје. Искуството и познавањето на потребите на луѓето на кои им помагаме од една страна и потенцијалот кои го имаме од другата страна овозможија да ја надополниме оваа прогама со нови содржини кои ќе овозможат повисоко ниво на функционирање што ќе значи задоволување на поголем број на потреби на граѓаните. „Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски пирмања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.
#НаправиПовеќе https://www.facebook.com/kopce
2
instagram: kopce.skopje
ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЦКА-ПХВ ФИНАЛНА РАБОТИЛНИЦА
2019 ГОДИНА
Изминатиот викенд, од 31 мај до 02 јуни, во Тренинг центарот Солферино- Струга се одржа ПХВ финална работилница. 62 младинци, 16 дисеминатори, 3 гости и 7 инструктори или вкупно 88 учесници работеа на претставување на малите проекти сработени во текот на овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус. Младите имаа можност меѓусебно да се запознаат, да работат на темата култура како систем од вредности како и промоција на активностите на Црвениот крст. На оваа работилница, младите исто така добија насоки за спроведување на активностите во рамките на ПХВ неделата која ќе се одбележи од 21 до 27 септември. Младите за време на работилницата подготвија ТВ шоу во склоп на кое се организираа различни пристапи на презентирање на малите проекти, се подготви невербална драма која имаше за цел да ги претстави обуките и активностите на терен-изработување на малите проекти и се сними
филм за нивното учество во финалната работилница. Преку вежбата “Племиња” младите поделени во групи, имаа можност да создаваат сопствена култура и истата да ја презентираат, додека пак преку вежбата “Човече не лути се” се натпреваруваа со своите знаења за Црвениот крст. Со многу позитивна енергија и во многу пријатна атмосфера се реализираа целите на самата работилница. На работилницата присуствуваше и претставник на Меѓународен Комитет на Црвен крст кој даваше поддршка на програмата од самиот почеток, од 1998 година. ПХВ програмата претставува алатка за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на клубовите на млади во секој град. Во текот на оваа година беа обучени 1 091 младинец кои заедно вложија 34 027 волонтерски часа со своите 150 мали проекти преку кои помогнаа на повеќе од 3 000 лица.
3
ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ
ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ХРАНА ПО ПОВОД
ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
Црвен крст на град Скопје по повод Рамазан Бајрам организираше дистрибуција на пакети храна за 112 семејства. Оваа храна е донација од страна на Турската Црвена полумесечина (100 пакети) и Еврејската заедница во Република Македонија (12 пакети). Хуманитарната помош беше поделена на повеќе лица во ризик без разлика на нивната верска определба.
СИТЕ ИНФОРМАЦИИ НА ЕДНО МЕСТО
www.ckrm.org.mk 4
ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОНАЦИЈА НА ТУРСКАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА
Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, членовите на Мобилен тим Липково во селата Лојане и Ваксинце, преку донација на Турската полумесечина дистрибуираа 20 семејни пакети храна наменети за социјално ранливите семејства од липковскиот крај. Пакетите храна беа поделени во знак на благодарност до локалното население за огромната поддршка и градење доверба во имплементирање на проектот на Црвен крст на град Скопје за хуманитарна асистенција и помош на мигрантите во движење по должина на граничниот појас во општина Липково. 5
ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЦЕНТАР На 1 јуни 2019 година, во просториите на СУГС “Орце Николов”, се одржа настан “Пронајди си го местото во светот на волонтерството!” во организација на “Младите можат”, од иницијативата “Не се фолирај, волонтирај!”. Како дел од настанот, зема учество и Црвен крст на Р. Македонија – Општинска организација центар, преку која обученo лице за давање на Прва помош и член на Клубот на млади одржа работилница која имаше цел да ги информира присутните младинци за значењето на првата помош, да ги научи и да им ги претстави животоспасувачките вештини. Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар е секогаш расположен за соработка со организации кои нудат едукација, младинска поддршка и помош на општеството.
СОРАБОТКА СО “МЛАДИТЕ МОЖАТ”
ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ШТИП
ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ 2019 На 03.06.2019 година, во организација на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Штип, се одржа Општинскиот натпревар по Прва помош 2019. На три пункта во рамки на скалестиот парк во ООУ „Ванчо Прке“, се натпреваруваа вкупно 8 екипи, поделени во две категории: Подмладок и младинци. За регуларноста на натпреварот и за стручна евалуација беше задолжена петчлена 6
екипа лекари, кои за време на прогласувањето на резултатите, искакнаа дека сите учесници покажаа солидно познавање на практиките на првата помош, но и дека едукацијата и вежбите во овој дел треба да продолжат и да добијат континуитет. Ранг-листата на најдобрите екипи во двете категории изгледа вака: Младинци, I место СОУ ,,Јане Сандански’’ (медицинско), II место ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов’’ (музично), III место СОУ ,,Коле Нехтенин’’ (електро-машинско) Подмладок: I ООУ ,,Ванчо Прке’’, II ООУ ,,Тошо Арсов’’,III ООУ ,,Димитар Влахов’’.
ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА ЗА
ШТИПСКИОТ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД
Младите дисеминатори на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Штип остварија работна средба со претставници на извидничкиот одред „Еквинокс Штип“. Во рамки на посетата, на извидниците преку дисеминациска сесија им беа претставени мисијата и тековните активности на нашето Движење, како и основните начела на Првата помош. Младите претставници на двете организации ги разгледаа можностите за заедничка соработка во неколку дејности. 7
ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НЕГОТИНО
ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ 2019 Традиционално и оваа година во организација на Црвен крст на Република Македонија - Oпштинска организација Неготино на ден 03.06.2019 година) се одржа општинскиот натпревар по прва помош. На натпреварот зедоа учество вкупно пет екипи во две категории и тоа подмладок од основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур од Неготино и Димче А.Габерот од Демир Капија, како и категорија младина од средношколскиот училишен центар св.Кирил и Методиј. Натпреварот се одржа во манастирскиот комплекс св.Ѓорѓи во Неготино во една прекрасна атмосфера каде младите учесници ги покажаа своите вештини во справување со несакани ситуации со пружање на неопходнa прва помош на лице место. 8
ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КУМАНОВО
ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО
ПРВА ПОМОШ 2019
Според календарот на традиционални манифестации на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кумановво на 31 мај 2019 година на Градскиот плоштад се оддржа општински натрпевар по прва помош во категорија подмладок и млади. На натпреварот учество земаа вкупно 9 екипи од кои 3 екипи од средните училишта од Куманово, 5 екипи од основните училишта и екипата од Клубот на млади. Натпреварот се одвиваше на 3 работни места со по 3 повреди. Екипата од Гимназија Гоце Делчев во категорија млади се покажа како најуспешна и го освои првото место, додека во категорија подмладок првото место го освои екипата од ООУ Браќа Миладиновци. На првопласираните екипи и од двете категории им беше доделен пехар и дипломи, а на останатите екипи благодарници за учество на натпреварот. Младите волонтери дадоа сопствен придонес за поуспешна реализација на натрпреварот кој се одвиваше во натпреварувачки дух.
9
10