E vesnik br. 784 na Crven krst na Republika Makedonija

Page 1

784 05 07 2019

есув н о д ј о р б ј о в о Во

а ме

А Н О С Т Н А В ОД Д Е Б З Е Б ВЕН КРСТ“ Р А Ц З A % 0 0 1 „ О БУ К И ЛА Д ЕН КАМП ЗА М Л А Н О И Ц А Н ОД РЖ А Н ЕТ Н И Р В О БАС К Р У Т Н Е Р А Т И ХУМАН НА ДЕЛО! ХУМАНОСТA

1


Визија: Ние се стремиме да придонесеме во создавањето на општество на одговорни граѓани со добри навики каде секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Веруваме во потенцијалот и силата која секој поединец ја носи и тука сме за да придонесеме во зајакнување и социјално вклучување на лицата во ризик преку активности за работи кои се стремат кон создавање на еколошки чиста средина.

Цели:

Нашата приказна:

zz навремено обезбедување на најсоодветна облека за лицата во ризик zz олеснет пристап до облека со ниски цени за лицата со ниски примања zz зајакнување на капацитетите на ранливи групи на население zz ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животнат средина zz создавање на навики за одговорно донирање и навики за одговорно трошење zz поттикнување и создавање на работни навики кај работоспособните социјално загрозени лица zz креирање на работни места кои имаат за цел да овозможат работна интеграција на ранливи групи население. zz промовирање на солидарност, хуманост и волонтеризам

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените. На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2000 лица во ризик на територија на град Скопје. Искуството и познавањето на потребите на луѓето на кои им помагаме од една страна и потенцијалот кои го имаме од другата страна овозможија да ја надополниме оваа прогама со нови содржини кои ќе овозможат повисоко ниво на функционирање што ќе значи задоволување на поголем број на потреби на граѓаните. „Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски пирмања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

#НаправиПовеќе https://www.facebook.com/kopce

2

instagram: kopce.skopje


ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОДРЖАН НАЦИОНАЛЕН КАМП ЗА МЛАДИ

„100% ЦРВЕН КРСТ“ 29.06-05.07.2019, ВЕЛЕСТОВО, ОХРИД

Во периодот од 29 јуни до 5 јули, во Велестово, Охрид, се одржа национален камп за млади волонтери од Општинските организации на Црвен крст на РМ, на кој што присуствуваа вкупно 65 учесници. Кампот имаше за цел да ги обучи новите лидери на Клубовите на млади како да ги водат

волонтерите во нивните клубови и како да организираат и реализираат активности во нивната заедница. Беа опфатени повеќе теми кои постепено се обработуваа во 2 различни групи, меѓу кои едната работеше генерално за Клубовите на млади, додека другата поспецифично се задржа на фор-

3


мата на работа во училишните клубови. При тоа и двете групи се задржаа на темите Заедниците и ООЦК, Мобилизирање на заедница, Волонтирање, Ранливо население, Грижа за волонтери, Раководење и функционирање на клубови на млади/училишни клубови, Активности на клубови на млади/училишни клубови и што претставуваат младите во ЦК, Покрај тоа на сите Клу-

бови им беше посветено посебно време и внимание за да ја евалуираат работата на својот клуб, да ги сумираат информациите од кампот и како истите да ги применат во нивниот клуб, при што на крајот добија задача да реализираат одредени активности во наредните 5 месеци, увидени како потреба во нивната ООЦК.

СПРОВЕДЕНА ПОСЕТА НА ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА ЦРВЕН КРСТ ВРАЊЕ И БУЈАНОВАЦ Црвениот крст на РМ оваа година е проектен партнер за имплементација на Проект „Предизвик за иновативно решение за обезбедување - Оброк за сите“, кој го координира здружението „Ајде Македонија“, финансиски поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Целта на проектот е создавање на одржливо решение кое на национално ниво ќе обезбеди систем кој ќе ги искористува пазарните вишоци со цел да обезбеди нутритивни оброци за поголеми и различни категории на социјално загрозени граѓани кои имаат потреба од нив. Црвениот крст на Србија има долгогодишно искуство во спроведување на социјална програма за обезбедување на топол оброк за ранливи целни групи население, преку функционирање на народни кујни кои се менаџирани од нивна страна. Со цел да се

4

добијат одредени сознанија за нивните позитивни искуства во функционирање на народните кујни, 4 јули 2019 година од страна на претставници на стручната служба на Црвен крст на РМ, Црвен крст на град Скопје, како и претставник на здружението „Ајде Македонија“ беше направена посета на општинските организација на Црвен крст Врање и Бујановац, како и на теренски активности каде се подготвува и дистрибуира храна за ранливо население. Од 1991 година до денес во Србија континуирано се подготвуваат вкупно 33.715 топли оброци, преку 77 народни кујни кои се менаџирани од страна на Црвениот крст. Во Белград функционира 1 кујна која подготвува топол оброк за 13.500 корисници и истата се дистрибуира во 17 општини во градот.


Од спроведената посета имаше можност да се добијат информации кои ќе бидат корисни при изработка на предлог решение со модели подобни за институционална поддршка.

ОБУКA ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ВОДА Започна обуките во Центарот за безбедност на вода при Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид за спасители на отворени води, демонстратори и инструктори за спасување на отворени води. Обуките ќе се реализираат во период од 3 до 10 јули во Охрид.

Обуките се реализираат од страна на меѓународни и национални инструктори за безбедност на вода на Црвен крст на Република Македонија и Бугарски Црвен крст. Учесници на обуката за идни спасители се од ООЦК Битола, ООЦК Струга и ООЦК Ох-

5


рид, а учесници на обуката за демонстратори и инструктори се од Црвен крст на град Скопје, ООЦК Битола, ООЦК Струга и ООЦК Охрид. Обуката е под мониторинг на тимот од Програмата за подготвеност и одговор при катастрофи на Црвен крст на Република Македонија

6


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

СТУДИСКА ПОСЕТА Претставници на Црвен крст на Црна Гора во периодот од 4 до 6 јули престојуваа во студиска посета на нашето Национално друштво а истата се реализира во рамки на проектот за поддршка на мигрантите поддржан од страна на Италијански Црвен крст.

Целта на посетата беше презентирање на искуствата од страна на мобилните тимови кои работат за поддршка и помош на мигранти. Гостите имаа можност да ги посетат двата транзитни центри за мигранти на јужната и северна граница и канцеларијата на Мобилен тим Липково

7


во с. Лојане со кои раководи Црвен крст на град Скопје. Преку посетите тие имаа прилика и одблиску да се запознаат со начинот и пристапот на тимовите кон ранливите лица во движење.

Ваквите посета придонесуваат за заедничко градење на капацитетите на Црвениот крст и изнаоѓање на соодветен одговор во услови на можен зголемен миграциски бран.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВЕЛЕС

ХУМАНИТАРЕН ТУРНИР ВО БАСКЕТ Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес беа дел од хуманитарниот турнир во баскет за помош на Александар Караколев кој се одржа на терените во близина на гимназијата и хемиското училиште во градот. Црвениот крст постави две касички за донации и еден штанд на кој присутните ги донираа нивните доброволни прилози. На турнирот во баскет настапија околу 30-тина екипи, на настанот покрај членовите на Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес присуствуваа и од повеќе мото клубови од државата.

8


ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ Дружење, забава, рекреација, но и подобрување на социјализацијата, разбивање на стереотипи и предрасуди Ова беа целите на еднодневнотиот излет кој се одржа на 04 јули покрај езерото Младост. На истиот присуствуваа волонтерите од Клубот на Млади при Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес и штитениците на Дневниот центар за лица и млади со посебни потреби и одговорните вработени од институцијата. Оваа активност е дел од Акциониот план за имплементација на проекктот „Социјализација на деца и млади со посебни потреби“ кој повеќе години наназад финансиски е поддржан од Комерцијална банка.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КУМАНОВО

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРВА ПОМОШ НА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ На ден 30.06.2019 година во Куманово се одржа државно првенство во друмски велосипедизам во организација на Велосипедскиот клуб „Вело-М“ и Општинскиот сојуз на спортови на Куманово, а истата носи бодови и за Светската велосипедска ранг листа. Трката се одвиваше на релација Куманово – Кратово - Куманово, а истата со возило на Општинска органи-

9


зација на Црвен крст Куманово ја обезбедуваа 3 волонтери обучени за укажување на прва помош на повредени лица.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА РЕСЕН

ХУМАНОСТA НА ДЕЛО! Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Ресен заеднички со гимназиска генерација 2000/2004 год. кои славеа 15 години од матура, реализираа хуманитарна акција. Имено генерацијата во која имаме и наши членови и волонтери, со организаторите на прославата организираа собирна акција на финансиски средства. Собрани беа вкупно 10.500 ден.

10

кои понатаму беа искористени за штитениците од дневниот центар за деца со посебни потреби. Според нивните потреби за децата беа обезбедени 7 пара тренерки и друга облека и истите им беа доделени од организаторите и волонтерите на организацијата. Голема благодарност за генерација 2000/2004 кои ја покажаа хуманоста на дело!


ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕН КРСТ Е ЛИЦЕ КОЕ ПОВРЕМЕНО ИЛИ РЕДОВНО ИЗВРШУВА ВОЛОНТЕРСКИ АКТИВНОСТИ ЗА НАЦИОНАЛНОТО ДРУШТВО НА ЦРВЕН КРСТ Сите активности ги реализираме заеднички со волонтерите кои се носители на нашите активности и во кои може да волонтира секој кој има желба да помогне. Секој волонтер може да се вклучи во редовните активности на Црвен крст и да волонтира во најблиската Општинска организација на Црвен крст (вкупно 33 ООЦК и Црвен крст на град Скопје) согласно своето слободно време и своите интереси и желби. Програмите во кои може да се вклучи и да иницира активности се: Здравствено – превентивна дејност, Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, Промовирање на крводарителство, Прва Помош, Работа со млади, Социјално – хуманитарна дејност, Воспоставување на семејни врски, Информирање, Дисеминација, и многу други проектни активности кои се реализираат во Општинските организации на Црвен крст. Волонтерството претставува доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја и желбата да се помогне. Бидете дел од една од најголемите доброволни и хуманитарни организации, каде заеднички дејствуваме за да создадеме подобро и посигурно место за живеење.

И Н С ТА Н Т Е Р О Л ВО

11


12


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.