E vesnik br.783 na Crven krst na Makedonija

Page 1

783 05 07 2019

есув н о д ј о р б ј о в о Во

а ме

ПЛАНИНАРИ И Д А Л М А З КАМП У ЧЕСТВО НА ИВЕН МАРШ Т О М О Р П А Н ЊЕ О Б Е З Б Е ДУ В А Ф Е Р Е Н Ц И ЈА Н О К А Н Ч У А Н ПИ У ЧЕСТВО НА Д К Р В Н И Г РУ Е Р О П С А Н А Р З Д РА В А И С Х СЕМИНАР ЗА

1


ШТО МИСЛИТЕ ВАШИТЕ ДРУГАРИ ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД ОВАА ХУМАНА ОРГАНИЗАЦИЈА ?

2


ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Препораки за заштита од топлотен бран за различни ранливи целни групи

3


СЕМИНАР ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА СПОРЕД КРВНИ ГРУПИ Во рамките на Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Северна Македонија, во организација на Црвениот крст на Република Македонија беше организиран семинар за крводарителство на тема “Исхрана според крвни групи и здрав начин на живот”. Семинарот се одржа во периодот од 27-30 јуни 2019 година во хотел “Солферино” во Струга со учество на 32 лица.

4

Исхраната беше според однапред подготвени мениа и рецепти, различна за сите крвни групи, сервирана на одделни шведски маси, согласно светската литература, макро биотската храна, прилагодена на летната сезона и продуктите во вид на зеленчици и овошје присутни на Струшкото подрачје. На почетокот на семинарот учесниците имаа можност да пополнат тест за процен-


ка на нивните знаења во однос на проблематиката и темите. Сите учесници на семинарот имаа можност да бидат вклучени во биоимпендансно мерење на структурни, функционални и метаболички показатели со користење на соодветна медицинска апаратура, мерење на нивото на шеќер во крвта и на општи параметри за телесна тежина и висина.

Од страна на организаторот беа подготвени и обезбедени материјали во вид на прирачници според крвни групи, постер и флаер за исхрана според крвни групи, маички според крвни групи и суплимент “Витал” за секоја крвна група. Целокупниот семинарот е снимен од страна на Македонската радио телевизија и истиот ќе се емитува како документарен филм.

УЧЕСТВО НА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА Во организација на Центарот за управување со кризи на 02.07.2019 година на факултетот на ЈИЕ во Скопје, се одржа Научна стручна конференција/тркалезна маса на тема Дигитализација на системот за управување со кризи “, во склоп на проектот Next generation Incident Command System (NiCS). На конференцијата презентации имаа претставници од институции кои се членови на носечката група, како и истакнати професори од факултетот на ЈИЕ, факултет за електротехника и информациски технологии, Воена академија, претставник

од Mason Unıversıty USA. Како член на носечката група за имплантација на проектот претставникот на Црвен крст на Република Македонија г-дин Али Самет имаше свое излагање за вклученоста на Националното друштво како и вклучувањето на НД на Црвен крст од регионот за користење на апликацијата По завршување на конференцијата Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Анто Мисироли, помошник секретар на НАТО за безбедносни предизвици, им поделија сертификати на членовите на носечката група за завршен тренинг Next generation Incident Command System (NiCS).

5


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ГОСТИВАР

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРОМОТИВЕН МАРШ Планинарското друштво НИВИШТА од Општина Маврово Ростуше реализраше еднодневен промотивен марш со присуство на гости од државата а и гости од цел Балкан. Рутата беше од село Тануше до месноста Скретец и назад. По завршувањето на маршот беше организирана и пригодна забава на која учесниците се друже споделуваа искуства и се забавуваа. Целата организација беше под надзор на планинарското друштво

6

Нивиште а додека обезбедувањето и за здравјето на учесниците се грижеше екипа за интервенции на Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Гостивар составена од Доктор обучени волонтери за прва помош и спасители на планина ,а во согласност со сите стандарди предвидени прописи и соодветна опрема потребни за ваков вид на активности.


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА РЕСЕН Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Ресен на 29 јуни во туристичката населба Крани имаше презентација и показни вежби за правилно укажување на прва помош. Имено на повик на кошаркарскиот клуб „Водњански лисици“ од Скопје кои се на летни припреми во Крани кои сакаа воедно да остварат и некаква соработка ПОКАЗНИ ВЕЖБИпомеѓу членовите на клубот и Црвен крст. Нашите членови НАУЧИ КАКО ПРАВИЛНО ДА од клубот направија една врДАВАШ ПРВА ПОМОШ сничка едукација и показни вежби за давање прва помош при: сончаница, затворена скрнапад со грчеви кои траат неколку минути и крварење шеница на бутна коска, страно од нос. Едукацијата беше проследена пред околу 35 тело-нож во дланка, каснување членови на клубот и нивните тренери. од змија, давеник, епилептичен

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВЕЛЕС

ФЛАЕРИ СО ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес присутни на терен во најтоплите денови. На пункт во центарот на градот делат флаери со препораки: Како против топлотниот бран? Деновиве се многу значајни бидејќи државата влегува во жолта и портокалова фаза, со температури близу 40-тиот степен, па голем дел од граѓаните треба посебно да внимаваат. Ова најмногу се однесува на хроничните болни, постарите лица и бремените жени. Црвен крст и во наредните денови ќе врши поделба на флаери со цел едукација на населените за топлотниот бран.

7


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КАВАДАРЦИ

УЧЕСТВО НА КАМП ЗА МЛАДИ ПЛАНИНАРИ По завршувањето со едукативните предавања учесниците на кампот беа поделени во групи со ментори од екипата за прва помош, при што сите имаа можност да изведат практични вежби и да го покажат она знаење што го научиле и стекнале за време на едукацијата по прва помош.

Од 27-30 јуни во село Мрежичко се одржа камп за млади планинари од Република Северна Македонија и притоа екипа од Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Кавадарци на покана на организаторот учествуваше со предавања и показни вежби за правилно и навремено укажување по прва помош. Екипата за прва помош со задоволство го прифати предизвикот, притоа користејќи ППП презентација, при што младите планинари имаа можност одблиску да се запознаат со средствата што треба да ги содржи сандачето за прва помош, меѓутоа и со прирачните средства кои може да се користат доколку се на планина или во рурална средина кеде нема стандардни средства за прва помош. Притоа следуваше и демонстрирање на повреди и нивно санирање.

8

Задоволни и исполнети со нови искуства, вештини и знаења пред се како планинари , а и како ученици и идни возачи, учесници во сообраќајот, младите планинари се заблагодарија на тимот од Црвениот крст, со надеж за повторна средба од ваков тип каде покрај тоа што се стекнаа со нови знаења имаше и дружба и прошетка по планинскиот чист воздух на планината Кожув и до изворите на природната минерална вода во фабриката Кожувчанка.


ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ ВО ПРИРОДА Согласно со проектот ,,Подобрување на социјализацијата на лицата со посебни потреби,, финансиски подржан од Комерцијална банка, лицата со посебни потреби од Дневниот центар и децата од Групниот дом од Кавадарци на 28.06.2019 година го посетија излетничкото мест во Ваташа - 12 Другари. На ова еднодневно дружење во природа беа околу 30 лица со посебни потреби и претставници од нивните згрижувачи, 2 волонтери на ЦК и околу 6 наставници на лицата , кои сите заедно во една прекрасна убава природа го поминаа овој ден.

Лицата со посебни потреби со подршка на волонтерите го прошетаа прекрасното место обиколено целото во зеленило, играа забавни игри, фудбал, јаже, се дружеа, играа народни ора и на крај за сите следуваше заедничко освежување. Децата многу се радуваа сите и за прошетката и за дружењето. Но посебен впечаток оставија волонтерите пред воспитувачите на децата, со својата љубезност, грижа и посветеност кон децата во текот на целиот ден. За овој настан беа иформирани локалните медиуми.

9


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА СТРУГА

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Струга во соработка со ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина на РМ Скопје на 27.06.2019 година организира крводарителска акција во Полициска станица каде својата хуманост ја покажаа 16 дарители на крв.

10


ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕН КРСТ Е ЛИЦЕ КОЕ ПОВРЕМЕНО ИЛИ РЕДОВНО ИЗВРШУВА ВОЛОНТЕРСКИ АКТИВНОСТИ ЗА НАЦИОНАЛНОТО ДРУШТВО НА ЦРВЕН КРСТ Сите активности ги реализираме заеднички со волонтерите кои се носители на нашите активности и во кои може да волонтира секој кој има желба да помогне. Секој волонтер може да се вклучи во редовните активности на Црвен крст и да волонтира во најблиската Општинска организација на Црвен крст (вкупно 33 ООЦК и Црвен крст на град Скопје) согласно своето слободно време и своите интереси и желби. Програмите во кои може да се вклучи и да иницира активности се: Здравствено – превентивна дејност, Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, Промовирање на крводарителство, Прва Помош, Работа со млади, Социјално – хуманитарна дејност, Воспоставување на семејни врски, Информирање, Дисеминација, и многу други проектни активности кои се реализираат во Општинските организации на Црвен крст. Волонтерството претставува доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја и желбата да се помогне. Бидете дел од една од најголемите доброволни и хуманитарни организации, каде заеднички дејствуваме за да создадеме подобро и посигурно место за живеење.

И Н С ТА Н Т Е Р О Л ВО

11


12


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.