Е Весник 778 На црвен крст на Република Македонија

Page 1

778 05 06 2019

есув н о д ј о р б ј о в о Во

а ме

А Д О Н АС М Е В К О Н Д Е А З Е Ц Р СО С АР РЗ И ЈА В О Д Е Б У К С К Е А Н В Е Е Д Н ОД Н 2 0 1 9 -2 0 2 1 И Д А Л М А Н ИЗБОРИ КЛУБ Е Ф Е К Т ОЛ О Г Д О С А Ц И Н Л БОТ И ОД РЖ А Н A РА

1


Визија: Ние се стремиме да придонесеме во создавањето на општество на одговорни граѓани со добри навики каде секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Веруваме во потенцијалот и силата која секој поединец ја носи и тука сме за да придонесеме во зајакнување и социјално вклучување на лицата во ризик преку активности за работи кои се стремат кон создавање на еколошки чиста средина.

Цели:

Нашата приказна:

zz навремено обезбедување на најсоодветна облека за лицата во ризик zz олеснет пристап до облека со ниски цени за лицата со ниски примања zz зајакнување на капацитетите на ранливи групи на население zz ефикасно искористување на вишокот облека заради придонес во зачувување на животнат средина zz создавање на навики за одговорно донирање и навики за одговорно трошење zz поттикнување и создавање на работни навики кај работоспособните социјално загрозени лица zz креирање на работни места кои имаат за цел да овозможат работна интеграција на ранливи групи население. zz промовирање на солидарност, хуманост и волонтеризам

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените. На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2000 лица во ризик на територија на град Скопје. Искуството и познавањето на потребите на луѓето на кои им помагаме од една страна и потенцијалот кои го имаме од другата страна овозможија да ја надополниме оваа прогама со нови содржини кои ќе овозможат повисоко ниво на функционирање што ќе значи задоволување на поголем број на потреби на граѓаните. „Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски пирмања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

#НаправиПовеќе https://www.facebook.com/kopce

2

instagram: kopce.skopje


ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ВТОР СОСТАНОК НА ЛИДЕРИТЕ ОД МРЕЖАТА

“СОСЕДИТЕ ПОМАГААТ ПРВИ”

Во периодот 04-06 јуни 2019 година во Софија, Р. Бугарија се одржува втората седница на лидерите од 12 национални друштва од регионот членки на мрежата ,, Соседите помагаат први,,. За време на состанокот се дискутира нормирање и формално засновање на претходно договорената иницијатива за соработка и меѓусебна поддршка во случај на итни состојби и катастрофи, заснованата регионална мрежа и оперативното координирање на работата на мрежата.

Дополнително на состанокот присуствуваат претставници од уште 3 Национални друштва во улога на набљудувачи како и претставници од МФЦК, МКЦК и ДППИ! Од Црвен крст на Република Македонија на конференцијата присуствуваат Претседателот д-р Ромел Велев, Генералниот секретар д-р Саит Саити, м-р Владимир Вукелиќ и Али Самет од стручната служба на Централната канцеларија.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ГОСТИВАР

‘’СО СРЦЕ ЗАЕДНО ДО НАСМЕВКА ‘’ По повод на Рамазанските пости волонтерите на Црвен крст на Република Македонија - на ден 27 и 28 мај 2019 година дистрибуираа хуманитарна помош - 50 пакети со прехранбени артикли донација од Турска Црвена полумесечина. Помошта беше намената за Општина Врапчиште за рурални средини каде што 40 па-

3


кети се дистрибуира во селата Сенакос, Калиште, Ломница, Неготино Топлица, Добридол и село Градец на загрозени семејства, самохрани родители, стари лица и лица со попреченост. Останатите 10 пакети се дистрибуира во градот на во Општина Гостивар.

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ДЕЦАТА

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Гостивар во соработка со Монтенегро Маркети спроведе одличен настан по повод Интернационалниот ден на децата а истиот се одржа на ден 01.06.2019 година во Монтенегро МЕГА Маркет во период од 13 до 17 часот. Волонтерите на Црвен крст ги забавуваа најмладите облечени во најпознатите детски херои, на лицата на децата беа изработувани цртежи, беа играни забавни игри и беше организира мала ликовна колонија. Настанот го посетија огромен број на дечиња заедно со своите родители и со тоа оваа манифестација изгледаше впечатливо. Голема благодарност до Монтенегро

4

маркети кои секогаш ги подржуваат нашите активности, ја промовираат хуманоста и покажуваат дека се општествено одговорна компанија. Целата манифестација беше медиумски покриена од средствата за јавно информирање и социјалните мрежи.


ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ПО ПОВОД РАМАЗАНСКИТЕ ПОСТИ

По повод на Рамазанските пости, на ден 01.06.2019 година, волонтеритe на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Гостивар диструбуираа хуманитарна помош која се состоеше од фамилијарни пакети со прехрамбени продукти. Фамилијарните пакети беа обезбедени од средствата собрани од Неделата на Солидарност ,која оваа година се спроведуваше под мотото : ,,Вашиот прилог - значајна помош. Хуманитарната помош од 60 прехрамбени пакети беа дистрибуирани во градот Гостивар, и селата : Чегране, Форино, Чајле, Турчане, Долна и Горна Бањица, Ѓоновица, Симница, Србиново, Падалиште, Страјане, Лакавица, Трново и др. Со оваа Хуманитарната помош беа опфатени ранливи категории на население 5


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ДЕБАР

ОДРЖАНA РАБОТИЛНИЦА СО ДЕФЕКТОЛОГ Во рамките на проектот,,Социјализација на деца и млади со посебни потреби,, поддржана од страна на ,,Комерцијална банка ,, а.д. Скопје на ден 31.05.2019 год. во просториите на дневниот центар за деца и млади со посебни потреби, Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Дебар одржа работилница од страна на Верица Гоџоска- дефектолог од Охрид. На оваа работилница се работеше на едука-

ција на персоналот кој работи со оваа целна група како и со нивни родители. Целта на работилницата беше надминување на пречките, развивање на своите потенцијали,проширување на своите социјални контакти и можноста да се вклучат во редовниот образовен систем. На работилницата учествуваа вработени и корисници во дневниот центар, нивни родители и млади волонтери на Црвен крст.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КАВАДАРЦИ

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО ДЕБАР Во организација на Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Кавадарци, а во рамки на проектот ,,Подобрување на социјализацијата на децата и млади со посебни потреби`` финансиски поддржан од Комерцијална банка на 30 мај 2019 година се изведе еднодневна екскурзија во Дебар. 6

Притоа беа посетени манастирот Свети Јован Бигорски каде што околу 30 лица, односно деца, волонтери и наставници имаа можност да ги видат природните убавини околу манастирот, а и убавините и мирот во самиот манастир. Од таму се гледаше пејсаж на прекрасно зеленило во кое уживаа сите присутни.


воривме во месец јуни тие да го посетат Дневниот центар во Кавадарци. Од страна на Секретарот на Црвениот крст Дебар и социјалниот работник беше организиран ручек за 30 лица, бевме топло пречекани со убав збор, за сите следуваше благо и сладолед и на крај во попладневните часови, среќни, весели и исполнети си заминавме од Дебар со договор за скоро видување во Кавадарци. После тоа, учесниците се упатија кон градот Дебар и бееше посетен Дневниот центар за лица и млади со посебни потреби, каде следуваше изненадување, бевме пречекани со жива музика, на што младите посебно се израдуваа, со оро, дружење, размена на искуства и идеи, за на крај разделбата помеѓу децата да биде тешка, но притоа се дого-

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕУРО НИКЕЛ ИНДУСТРИ

На 28.05.2019 година во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци и Институтот за трансфузиона медиција на РМ Скопје беше спроведена успешна крводарителска акција во компанијата ЕУРО НИКЕЛ индустри во која акција даруваа крв 53 доброволни крводарители. Во организација на менаџерскиот тим на компанијата, со еден хуман пристап кон вработените и екипата за дарување на крв, акцијата помина во најдобар ред, Оваа акција од година во година станува се помасовна благодарение на добрата соработка на Општинска организација Кавадарци, крводарителите и одговорните лица за крводарување во компанијата. 7


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ОХРИД

ИЗБОРИ КЛУБ НА МЛАДИ 2019-2021 Масовно, демократски, во позитивна атмосфера младите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на 23.05.2019 година организираа изборен процес каде избраа Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади, координативно тело и претставник од Клубот на млади од Оппштинска организација Охрид во Советот на млади на Црвен крст на Република Македонија. Во наредниот двегодишен мандат Анастасија Стојаноска и Гзим Демироски ќе ги предводат младите на Општинска организација Охрид во спроведување на хуманата мисија на движењето, во справување со нови предизвици, надградувајќи се себеси и заедницата и помагајќи на оние на кои помош им е најпотребна. Упатуваме честитки на избраните Лидер и Заменик Лидер на Клубот на млади, на членовите на координативното тело и на претставникот од Клубот на млади на Општинска организација Охрид во Советот на млади на Црвен крст на Македонија. Воедно изразуваме голема благодарност и признание на ангажманот и посветеноста на мисијата на движењето на Црвениот крст на досегашните Лидер, Бисера Николоска и Заменик Лидер, Ристе Лекоски.

8


ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА МЛАДИНСКО ЛИДЕРСТВО

Во рамките на активностите на Програмата за развој на младинско лидерство која се одвива во Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Охрид, младите лидери беа во посета на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност каде што се запознаа со младински програми за размена, волонтерски активности во рамките на Еразмус+ и програми за учење во странство. Исто така беше посетена и канцеларијата на Мировниот корпус во Македонија каде што младите дознаа повеќе за граѓанското учество, учествувањето во заедницата и волонтерските активности на локално ниво.

ДЕТСКИ ЧАС ЗА ПРИКАЗНИ На 30.05.2019 година се одржа последниот час од пролетниот циклус од програмата која се одржува во просториите на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, „Време е за книга - Story Hour, на кој освен дечињата, присуствуваа и нивните родители. Тимот волонтери, за оваа пригода избра одлична детска книга „Hooray for you“ преку која на дечињата им се заблагодари за нивната уникатност и посебност. Децата и волонтерите ги пееја нивните омилени песнички од овој циклус и на самиот крај од церемонија, примија серти-

фикати за активно учество во пролетниот циклус. Пролетниот циклус започна во февруари и траеше 16 недели. Во реализацијата на програмата, овој циклус учествуваа 25 деца на возраст од 4-7 години. Тимот кој го осмисли и реализираше содржинскиот дел од циклусот беше составен од 7 волонтери кои на интересен и забавен начин и овој пат кај децата ја поттикнуваа љубовта кон книгата преку читање и изнајмување книги, пеење песнички и креативни изработки. Следниот циклус од програмата започнува во септември!

9


АКЦИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ НА ПЛАНИНА На 26.05.2019 година, во 20:25 часот, Планинската спасителна служба при Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, преку СВР Охрид доби дојава дека, на територијата на НП Галичица, изгубени се две лица, странски државјани. Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармира волонтерите, стапи во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одреди нивната локација, на 1,5 км југоисточно од с.Пештани, по што започна акцијата за нивно безбедно извлекување. Поради тешко пристапниот терен и густата вегетација на тимот му беа потребни 2 часа и 30 минути за пристап до лицата и уште околу 2 часа за нивна безбедна евакуација. Акцијата заврши рано утрото на 27.05.2019 година, 30-тина минути по полноќ.

10


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КАРПОШ

ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА КАРПОШ Во соработка со Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош на 30 мај 2019 година ја реализира традиционалната крводарителска акција. Во периодот од 10,00 до 17,00 часот, во просториите на основното училиште „Лазо Трповски“ Карпош 2, вкупно 114 хуманисти, грагани и вработени во општинскста администрација, даруваа крв и ја потврдија својата хуманост на дело. Како и секоја година, на оваа акција се придружи градоначалникот на општина Карпош, Г-дин Стеван Богоев кој ја подржа оваа традиционална акција и ја истакна важноста и значењето на крводарителството како и соработката со организацијата на Црвениот крст и ги повика сите хумани граѓани да се вклучат во оваа хумана акција.

11


SKOPJE MINI MAKER FAIRE На реномираниот меѓународен настан- саем на иноватори, креативци, уметници, научници и љубители, насловен како „Skopje Mini Maker Faire“ кој се одржа на 31 мај 2019 година во рамки на ВИП арената на спортската сала „Борис Трајковски“ –Скопје, во организација на Амбасадата на САД во Скопје и „Американските катчиња“ со поддршка на Општина Карпош, се вклучи и Црвениот крст на Република Македонија-Општинска органзиација Карпош која поставен штанд кој го опслужуваа 6 волонтери од Клубот на млади. На посетителите им делеа флаери и брошури со промотивна содржина од активностите на Црвениот крст. Исто така, со присуство на тим составен од две медициснки лица и 3 демонстратори по прва помош, Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош се погрижи и за обезбедување на овој јавен настап на кој присуствуваа голем број на иноватори, креативци и научници и истиот го посетија над 2000 посетители. 12


ВОЛОНТЕР НА ЦРВЕН КРСТ Е ЛИЦЕ КОЕ ПОВРЕМЕНО ИЛИ РЕДОВНО ИЗВРШУВА ВОЛОНТЕРСКИ АКТИВНОСТИ ЗА НАЦИОНАЛНОТО ДРУШТВО НА ЦРВЕН КРСТ Сите активности ги реализираме заеднички со волонтерите кои се носители на нашите активности и во кои може да волонтира секој кој има желба да помогне. Секој волонтер може да се вклучи во редовните активности на Црвен крст и да волонтира во најблиската Општинска организација на Црвен крст (вкупно 33 ООЦК и Црвен крст на град Скопје) согласно своето слободно време и своите интереси и желби. Програмите во кои може да се вклучи и да иницира активности се: Здравствено – превентивна дејност, Подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, Промовирање на крводарителство, Прва Помош, Работа со млади, Социјално – хуманитарна дејност, Воспоставување на семејни врски, Информирање, Дисеминација, и многу други проектни активности кои се реализираат во Општинските организации на Црвен крст. Волонтерството претставува доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја и желбата да се помогне. Бидете дел од една од најголемите доброволни и хуманитарни организации, каде заеднички дејствуваме за да создадеме подобро и посигурно место за живеење.

И Н С ТА Н Т Е Р О Л ВО

13


14


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.