Е-весник бр. 781 на Црвен крст на Република Македонија

Page 1

781 20 06 2019

есув н о д ј о р б ј о в о Во

а ме

НА ВЕТСКИ ДЕН С – И Н У Ј 4 1 ЊЕ НА ОД Б Е Л Е Ж У В А Л С Т В ОТО К Р В ОД А Р И Т Е РВА ПОМОШ П О П Р А В Е Р Н АТ П ОПШТИНСКИ В О ГА Л И Ч Н И К Ш О М О П А В Р УКА ПО П ОД РЖ А Н А О Б

1


2


ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КООРДИНАТИВНА СРЕДБА СО СЕКРЕТАРИ

На 18 јуни 2019 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија се одржа координативен состанок со секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје. Секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје беа запознаени со новата организационата поставеност, со Правилници поврзани со донесување на Законот

за именување и дополнување на Црвен крст, новиот концепт за планирање, воспоставување на системот за мониторинг и евалвација, Кампањата за прва помош. А исто така се дискутираше за надградба на софтверски решенија за тековно работење кои имаат за цел да ја поуспешат работата на Црвениот крст на Република Македонија во претстојниот период.

ПРВА Е Т А В А Д А НАУЧЕТЕ Д ТЕ ВО И В Е С Р У К ПОМОШ НА ОРГАНИЗАЦИИ КИТЕ ОПШТИНС КРСТ НА ЦРВЕН

3


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Проектот е финансиран од Европската Унија

КОНКУРС Сертифицирана обука за негувател/ка на стари и немоќни лица наменета за жени ромки на територија на град Скопје

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат бесплатна обука за негувател/ка на стари и немоќни лица и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 18.06.2019 до 18.07.2019 година. Обуката ја спроведува Црвениот крст на град Скопје во рамките на проектот: Зголемување на вработливоста на жени - Ромки во град Скопје, регрантиран во рамки на проектот „Отвораме можности“, имплементиран од ХЕРА. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: • • • • •

Да се државјани на Р. Македонија; Да имаат над 18 години; Да имаат општа психо-физичка способност за работа; Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица; Да бидат припадници на ромска етничка заедница.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: skopje. negacentar@redcross.org.mk ; тел. 070 352 246 или во просториите на Црвен крст на Република Македонија на бул. „Кочо Рацин“ бр. 13, 1000 Скопје.

Оваа страница е изготвена со помош на Европската Унија, содржината на страницата е единствена одговорност на Црвен Крст на град Скопје-Црвен крст на Република Македонија и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија

4


ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБУКАТА ЗА БРЗА ПРОЦЕНКА И КАМП МЕНАЏМЕНТ Во рамките на твиниг програмата помеѓу Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Телемарк од Норвешка во период од 14.06.2019 до 16.06.2019 во тренинг центарот „Солферино“ во Струга, беше одржан тренинг за брза проценка и менаџирање со камп на кој учествуваа 24 лица од кои 18 членови на Тимот за одговор при катастрофи при Црвен крст на град Скопје и

6 претставници од Црвен крст Телемарк – Норвешка. Предавачи на тренингот беа сертифицрани тренери од Црвен крст на Република Македонија. Во рамките на обуката беа презентирани и конкретни активности од страна на двете делегации во делот на одговор и дејствување при катастрофи како и во делот на спасување на планина и вода.

5


ДРУЖЕЊЕ ВО ЗООЛОШКА

Зоолошката градина е едно од омилените места за дружење на волонтерите на Црвен крст на град Скопје и корисниците од дневниот центар за церебрална парализа. Секогаш нуди интересни нешта па така и овојпат беше посебно и весело. Тимот од Зоолошка овозможи да се хранат жирафите но и присутните да уживаат во нивната убавина одблизу. Активноста е уште една од многуте активности кои се реализираат во текот на годината со оваа целна група во рамките на проектот за поддршка и социјализација на лица со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка.

6


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ШТИП

РАМАЗАН-БАЈРАМ ВО ЗНАКОТ НА СОЛИДАРНОСТА

По повод големиот муслимански празник Рамазан -Бајрам, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Штип подготви симпатични подароци за дечиња од семејства во социјален ризик. Пакетите направени од наменски донирана облека и играчки од страна на хумани граѓани, беа грижливо спакувани од страна на нашите возрасни волонтерки и на секој од нив беше прикачена персонализирана порака.Домаќинствата кои ги посети нашата Општинска организација, добија и пакети со прехранбени производи. Градиме силни хумани врски, позиционирајќи ја меѓусебната солидарност во нашите секојдневни приоритети!

7


ШТИП ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

Под мотото „Твоите 5 МИНУТИ за некого се ЖИВОТЕН ВЕК. Дарувај крв!“, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Штип го одбележа Светскиот ден на крводарителството, 14-ти јуни. Во рамки на граѓанска крводарителска акција која се одржа во просториите на општинската организација, хумани граѓани од различни возрасни категории ја даруваа најскапоцената капка течност, која има моќ да спаси живот. Како спомен од хуманиот чин, дарителите на крв добија симболични подароци избрендирани во знакот на крводарителството. Додека траеше акцијата мобилен волонтерски тим патролираше во централното подрачје на градот, информирајќи ги граѓаните преку наменски изработени флаери за крводарителскиот пункт кој се наоѓа во нивна непосредна близина.

8

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА КАРБИНЦ Во пресрет на Светскиот ден на крводарителството 14-ти јуни, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Штип во соработка со Службата за трансфузиона медицина, реализираше крводарителска акција по иницијатива на Форум на жени на СДСМ. Хуманоста на дело ја покажаа жители на оваа општина од различни возрасни категории.


КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Во насока на промовирање на хуманите начела на крводарителството во редот на младата популација, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Штип во соработка со Службата за трансфузиона медицина реализираше крводарителска акција за

професорите, студентите и техничкиот персонал во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Акцијата се спроведе во универзитетскиот Кампус 2, со тенденција ваквата пракса да се прошири и на останатите локации на оваа високо-образовна установа.

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ВЕЛЕС

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЈКП ДЕРВЕН

На традиционалната летна крводарителска акција која се реализира во Јавното комунално претпријатие Дервен во Велес годинава се собраа 20 крвни единици. Со тоа вработените одново ја покажаа нивната хуманост и подготвеност да се помогне во секоја ситуација. Крводарителската акција се одржа на 18-ти Јуни, а заеднички ја спроведоа Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Овие 20 донирани крвни единици значат и натфрлување на годишниот план од 1861 единица на подрачјето кое го покрива Општинската организација, а тоа е Велес, Градско и Чашка.

9


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ГОСТИВАР

ДАРУВАЈ КРВ СПАСИ ЖИВОТ

Под мотото ,,Дарувај крв спаси живот,, а во согласно Интегралниот план за организирање и спроведување на Крводарителски акции на ИТМ Скопје и Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Гостивар, на ден 12.06.2019 година се спроведе

Крводарителска акција во Компанијата ЕЛЕМ ХЕС МАВРОВО Гостивар. Дарувањето на крв се реализира во период од 9 до 15 часот. Вработените уште еднаш ја искажаа својата хуманост и во голем број несебично даруваа од оваа драгоцена течност.

ЧУВАРИТЕ НА РЕДОТ И МИРОТ УШТЕ ЕДНАШ ЈА ИСКАЖАА СВОЈАТА ХУМАНОСТ Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Гостивар според интегралниот план за организирање и спроведување на Крводарителските акции, на ден 17.06.2019 година реализира крводарителска акција во просториите

10

на МВР – Полициска станица Гостивар. Чуварите на редот, мирот и сигурноста на граѓаните на Општина Гостивар, уште еднаш ја искажаа својата хуманост,несебично дарувајќи дел од себе ,од оваа драгоцена течност која некогаш живот


значи. На акцијата работниците ба МВР масовно даруваа и до крајот на акцијата вкупно беа реализирани околу 30 единици на крв. Во текот на година во МВР – Полицска Станица Гостивар годишно

се реализираат 4 крводарителски акции,што Полициската станица од Гостивар ја вбројува во една од најуспешните во делот на Доброволното крводарување на ниво на цела држава.

ОДРЖАНА ОБУКА ПО ПРВА ПОМОШ ВО ГАЛИЧНИК На ден 15 јуни 2019 год. Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Гостивар одржа обука за Прва Помош (напреден курс 1), за населението на село Галичник кои претходно се обратија со барање до Општинската организација Гостивар за оваа обука. Во оваа еднодневна обука предавачот, демонстраторот и стручната служба на Општинска организација Гостивар, спроведоа обука за 17 граѓани од Месна заедница Галичник за укажување на прва помош, при што овие граѓани се стекнаа со искуства кои се значајни за спасување на живот и укажување на прва помош на повредени. Целта на оваа обука беше да преку информирање, демонстрирање, тимска работа и комуникација, граѓаните навремено и брзо да одговорат при несреќи кои може да се случат во регионот на Галичник, при што продолжуваме да ги информираме и зајакнуваме знаењата и практичните вештини на граѓаните. Една и од причините за одржување на оваа обу-

ка е и немањето на стационар, ординација и немање на медицински персонал доктор, медицинска сестра пред се во летниот период кога селото е преполно со луѓе и туристи а најповеќе пред и после одржување на надалеку познатата манифестација ,,Галичка свадба,,

11


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КАВАДАРЦИ

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА - КАВАДАРЦИ И КОВИН По 15 пат, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кавадарци во период од 14-16 јуни 2019 година беше во посета на градот Ковин РС на средбата помеѓу Општинска организација на Црвен крст Кавадарци и Ковин. По повод 14 јуни Светскиот ден на крводарителството, а на покана на Општинската организација на Црвен крст Ковин гостуваа над 50 лица (претставници од РО и Управата на Собранието на Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Кавадарци , волонтери и членови од Клубот на млади и крводарители од Кавадарци) во Ковин РС. На 14 јуни вечерта беше организирана заедничка дружба на претставници гости и домаќини од двете општински организации на заедничка вечера во ресторанот Чардак за околу 200 лица домаќини и гости. На 15 јуни на Градскиот плоштад во Ковин беше организирана показна вежба по прва помош, каде екипа на нашата организација се претстави со една пози-

12

ција на 3 работни места под менторство на професорот Александар Јорданов. На 16 јуни во просториите на Општинската организација на Црвен крст Ковин беа презентирани извештаи од реализирани активности согласно програмите за работа пред волонтерите на Општинската организација Кавадарци и Ковин.Особено беше потенцирано зајакнувањето на капацитетите околу крводарителството, првата помош, од областа на екологијата и спречувањето на трговијата со луѓе, активности од социјално хуманитарната дејност, и др. Последниот ден беше посетен и градот Белград со цел мотивација за во иднина и благодарност на волонтерите и членовите за успешно реализираните досегашни активности. Оваа средба придонесе за размена на искуства и практики и од други области кои сигурно ќе бидат применети во работењето на двете организации на Црвениот крст, сплотување на волонтерите од двата клуба на млади и волонтерите, членовите и крводарителите на двете општински организации на Црвениот крст.


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КУМАНОВО

14 ЈУНИ - СВЕТСКИ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово по повод светскиот ден на крводарителството 14 јуни, на ден 13.06.2019 год. во НУЦК Трајко Прокопиев (мала сала) организираше свечена манифестација за доделување на јубилејни награди и признанија. На настанот свое пригодно обраќање имаше и претседателот на општинската организација на Црвен крст Куманово Д-р Нухи Јусуфи кој меѓу другото ги додели и наградите на нашите сограѓани за јубилејни крводарувања

од 25, 50 и 100 пати. За нашите верни помагатели и поддржувачи доделивме признанија, и тоа на пет општествено одговорни компании од градот во областа на социјално - хуманитарната дејност. На крајот Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово им искажа посебна благодарност за крводарителите од клубот 100+ крводарувања со пригодни подароци. По завршување на манифестацијата имаше и пригоден коктел за сите присутни.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА РЕСЕН На ден 14.06.2019 година волонтерите од клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Ресен, организираа отворен ден и нивна промоција на фреквентно место на градскиот плоштад. Целта на овој настан беше промоција на клубот, активностите на организацијата, со понуда и можност за членство и волонтерство во истата. Делени беа и флаери на посетителите на штандот а и по локалните кафичи за вклучување во крводарителски акции на организацијата како и известување за можноста и обуката да се биде спасител на отворени води.

ПРОМОЦИЈА НА АКТИВНОСТИ

13


14 ЈУНИ

СВЕТСКИ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО Во рамките на планираните активности по повод одбележувањето на 14 јуни-Светскиот ден на крводарителството Црвен крст на Македонија - Општинска организација Ресен на 12.06.2019 год. организираше крводарителска акција. Акцијата се одржа во просториите на општината. На крводарителската акција крв даруваа 28 дарители од кои имаше и 5 првократни дарувања. Исто така во склоп на планираните активности по повод одбележувањето од страна на членови на Клубот на млади беа делени и флаери за можности за дарување како и објавени фотографии на нашата Fb страна од крводарители со мотивирајќи пораки.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА СТРУМИЦА

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

14

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Струмица традиционално и оваа година организираше Општински натпревар по прва помош. Во натпреварот учествуваа вкупно 10 екипи во 2 категории, од кои 5 беа од подмладокот од основните училишта од нашиот регион, а 5 во категорија младинци од средните училишта. Натпреварот се одржа во Градскиот парк во Струмица и помина во една одлична расположена атмосфера. Младите учесници ги покажаа своите знаења и вештини во давање прва помош и справување во несреќни ситуации. Во категоријата подмладок, првото место го освои екипата од ОУ ,,Борис Трајковски” с. Моноспитово, а од средните училишта победник беше екипата од СОУ ,,Јане Сандански” Струмица. Им благодариме и им честитаме на сите учесници во натпреварот и ги повикуваме активно да се вклучат во активностите на Општинската организација Црвен крст Струмица.


ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА СТРУМИЦА

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА

14 ЈУНИ СВЕТСКИ ДЕН НА

КРВОДАРИТЕЛСТВОТО По повод Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни, во организација на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица се одржа крводарителска акција. На акцијата крв даруваа 25 граѓани. Им благодариме за покажаната хуманост и помош за да се спаси туѓ човечки живот.

ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КАРПОШ

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 14 ЈУНИ - СВЕТСКИ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО По повод одбележување на 14 Јуни - Светскиот ден на крводарителството, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Јавното претпријатие ‘’Паркови и зеленило”-Скопје и Институтот за трансфузиона медицина на 13 Јуни 2019 година реализира акција за дарување крв . На крводарителката акција која се одржа во просториите на Јавното претпријатие “Паркови и зеленило”-Скопје во периодот од 10:00 до 14:00 часот својата хуманост на дело со дарување на крв ја потврдија 68 вработени од сите реони на претпријатието

15


16


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.