„Денови на Орис“ во Белград Скопје има место за уште жители ѓорГи ГруеВски:
Лабораторија остварен сон на многу професори
90 денари / БРОЈ 180 / ПЕТОК 06.04.2012 година VIII
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
БРОЈ 180 ПЕТОК 06.04.2012
ГОДИНА Viii
Насловна страница: седиШте на банка caJa graNaDa, ВО ГРЕНАДА, АНДАЛУЗИЈА, ШПАНИЈА
драГи читатели, Лабораторијата за тестирање на квалитет на мебел и градежна столарија претставува остварен сон на многу професори. Оваа лабораторија е единствена во регионот од ваков вид (Бугарија, Албанија, Косово), а со некои производители на мебел од Бугарија веќе има соработка и се очекува интересот да расте. Сето ова беше повод за разговор со раководителот на Лабораторијата, доц. д-р Ѓорги Груевски. Норвешка не е членка на ЕУ, ниту претендира на членство, а сепак има извонредно високи стандарди во делот на заштитата на животната средина. Не затоа што некој тоа го бара од неа, и не затоа што мора, туку заради општото добро. Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија мора да ги имплементира строгите стандарди за заштита на животната средина, но доколку овие прашања се доживуваат како наметната обврска, како притисок, тогаш пристапот е негативен од самиот старт.
од редакцијата
ИНФО 06
„Денови на Орис“ во Белград Скопје има место за уште жители ЃОРГИ ГРУЕВСКИ:
Лабораторија остварен сон на многу професори ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
90 денари / БРОЈ 180 / ПЕТОК 06.04.2012 година VIII
Минатата недела во Белград се одржа манифестацијата „Денови на Орис“, еден од најзначајните архитектонски настани на просторите на поранешна Југославија. Тоа беше можност за посетителите да се запознаат со архитектурата на четворица познати архитекти, кои имаат поинакви, но и автентични погледи кон професијата. Почина професорот и архитект Борис Чипан. Тој беше еден од неколкутемина, што редовно излегуваше во пресрет на барањата и потребите на нашето списание. Со неговото заминување „Порта3“ изгуби искрен соговорник, човек кој ни помагаше да гледаме кон иднината. Ние во „Порта3“ ќе се сеќаваме на него и на сето она што од срце ни го даваше во изминативе повеќе од седум години, колку што постоиме, за да придонесеме за подобра иднина на архитектурата, урбанизмот и општо за државата. И во овој број на „Порта3“, продолжуваме на темата поттикната од написот „Евтина архитектура“. Дали архитектите треба да ги реализираат своите замисли и планови или пак треба да ги исполнуваат желбите на своите клиенти?
архитект: алберто кампо баеза
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град. инж.
ИНТЕРВЈУ 18 22
РЕГИОНИ 22
АРХИТЕКТУРА 30
Печати: Европа92 - Кочани
„ДЕНОВИ НА ОРИС“ ВО БЕЛГРАД
ТЕХНОЛОГИИ 46 30 46
Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.
КОЛКУ ЧИНИ СОВЕСТА НА АРХИТЕКТОТ?
жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
ЕКОЛОГИЈА 54
СТРОГИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НЕ СЕ ПРИТИСОК
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
ЗООЛОШКА ГРАДИНА ПО МЕРКА НА ЖИВОТНИТЕ
ЕКСПЕРТ 48
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
лектор: Костадинка СОЛЕВА
БОРИС ЧИПАН (1918-2012)
ТИМ КУК - ЛЕКЦИИ ПО КРЕАТИВНОСТ И НЕПРЕДВИДЛИВОСТ
новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
фоторепортер: Кире ПОПОВ
IN MEMORIAM 08 ДОЦ. Д-Р ЃОРГИ ГРУЕВСКИ: ЛАБОРАТОРИЈА - ОСТВАРЕН СОН НА МНОГУ ПРОФЕСОРИ
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ
18
СКОПЈЕ ИМА МЕСТО ЗА УШТЕ ЖИТЕЛИ
Редакција:
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
48
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
скопје
Во пресрет на ноВиот Генерален урбанистички план
Скопје има место за уште жители Според објаснувањето од градската управа, градот може да расте без да се шири, преку пополнувањето на празните девастирани простори (не-места) кои егзистираат во градот и тоа во прилично голем процент, со обнова и реконструкција на субурбаните и субстандардните простори, како и со пренаменување на застарените и високозагадувачки индустриски комплекси Катерина СпаСовСКа-ТрпКовСКа
М
ногу дилеми околу новиот Генерален урбанистички план се разјаснија по дводневниот интензивен состанок, што претставниците на Градот и на десетте општини го одржаа во Берово. Поголемиот број прашања се отворија таму, од кои дел по дел добиваат одговор како што поминуваат деновите. Секако, уште сме
далеку и од некоја груба финална верзија, но добар дел суштински детали се веќе познати. Така, цело Скопје ќе се подели на градски четврти (квартови), а тие понатаму на блокови. Ќе има вкупно 30 кварта и 180 блока. Секој кварт ќе има и посебен назив. Понатаму, се разгледуваат и опции за промени и во уличната мрежа. Повеќе општини побараа зацртаните, но нереализирани булевари или да се избришат или
да се стеснат, односно да го променат статусот во улици. Причината е што во меѓувреме (односно во изминативе четириесетина години) на нивните траси се изградиле цели населби, па сега би било премногу сложено да се опстои на она што било предвидено во шеесеттите. Градот може да добие и нови граници, со што би ги опфатил и неколкуте периферни населби во кои многумина си направија свои домови, бегајќи од центарот и
Шпанци ќе ја осмислуВаат сообраќајницата под кејот 13 ноемВри
Во 2016 година ќе се вози под земја
О
д идната, па се до 2016 година во Скопје ќе се гради подземна сообраќајница. Проектантската куќа ИДОМ од Билбао, Шпанија, и Градот Скопје ја официјализираа изработката на основниот градежен проект за подземната сообраќајница од мостот Гоце Делчев до Комплекс банки. Шпанската проектантска куќа ИДОМ до крајот на годината треба да изработи основен градежен проект за подземна сообраќајница. Таа ќе биде долга 1.300 метри и ќе се протега
6
3
ПОРТА
6 април 2012
од раскрсницата на булеварот Илинден со булеварот Гоце Делчев, ќе оди под кејот 13 Ноември се до Комплекс банки кај раскрсницата на булеварите Кузман Јосифовски-Питу и Кочо Рацин. Според договорот што го потпишаа градските власти со претставниците од фирмата од Билбао, улицата ќе се гради 10 метри под земја и во голема мера треба да придонесе за растоварување на сообраќајниот метеж. Според договорот, Шпанците треба да го изработат проектот за осум месеци. - Вредноста на градежниот проект е половина милион евра, или 33 милиони денари, додека
вредноста на сообраќајниот проект изнесува 70.000 евра, или 5,2 милиони денари со ревизија. Прво, треба да се изработи сообраќајниот, а потоа основниот градежен проект. Проектите ќе се работат паралелно и треба да бидат готови до ноември годинава, вели скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Изработката на сообраќајниот и на градежниот проект се очекува да заврши до крајот на оваа година. Потоа, ќе биде распишан тендер за избор на изведувач, а во план е изградбата да почне до крајот на 2013 година. Рокот за изведба е околу три години. Од ИДОМ ни ветија дека ќе
скопје од другите урбани краишта во помирни места. Меѓу поинтересните прашања за кои се чекаат одговори од новиот ГУП е и бројот на жители што може да ги прими, односно да ги издржи градот. Дали тој е веќе пренаселен, дали ќе мора да се ограничи миграцијата, ќе биде ли неопходна поголема строгост и контрола на неговиот раст? - Како и сите главни градови, така и Скопје, кој претставува метропола и репрезент на државниот идентитет, има свој континуиран раст кој во најголема мерка зависи од демографските тенденции и од миграциските движења во рамките како на нашата држава така и во регионалното опкружување. Просторниот капацитет на градот е омеѓен со постојните граници на урбаниот опфат, а сите параметри укажуваат на тоа дека Скопје е способно во себе да ги прими сите планирани приливи и на подлгорочно ниво, без притоа просторно да се зголеми. Сето ова се согледува од аспект на природните фактори, од конфигурацијата на теренот и од можностите за просторна композиција, а практично ќе се оствари преку хармонизација на просторните чинители во единствен препознатлив амбиент со дефинирани функции, односно наменски употреби на земјиштето. Оперативно ваквите ставови ќе се спроведуваат преку пополнувањето на празните девастирани простори (не-места) кои егзистираат во градот и тоа во прилично голем процент, со обнова и реконструкција на субурбаните и субстандардните простори, како и со пренаменување на застарените и високозагадувачки индустриски комплекси -објаснуваат од градската управа. Според тоа, градот е далеку од полн, има многу празнини кои треба да се пополнат внатре во него и ќе нема потреба од ширење уште долги години. На овој начин потенцијалните нови жители ќе можат да си го решат станбеното и некои други прашања. Но, тука не завршува проблемот. Познато е дека капацитетот за демографски раст на еден град не зависи само од можноста за изградба на нови станбени
единици. Еден од поважните аспекти е дали ќе има доволно улици за сите тие луѓе да се движат, особено поради тоа што се бара измена на повеќе траси, откако пред многу години голем број сегашни жители на градот си го решиле станбеното прашање со дивоизградени куќи токму на тие места. Засега, според најавите од градот, крупни промени не се очекуваат, односно тие ќе се обидат да ги изградат булеварите што се предвидени и неопходни. - Генералниот урбанистички план ни е со важност од 10 години (до 2022 година), а неговото време на согледување е за период од 25 години (до 2037 година). Во таа смисла, примарната улична мрежа како дел од ГУП се планира согласно идниот просторен развој на градот и тука во никој случај не може да стане збор за бришење на претходно планираните сообраќајници, туку за преиспитување на профилите и трасите и нивно благо приспособување со фактичката состојба, не губејќи ја од предвид иднината. Сообраќајниот концепт на градот Скопје е поставен од експертските тимови на Обединетите нации во периодот по земјотресот и тој до денеска не претрпел промени од поголеми размери. Системот на сообраќајници го сочинуваат лонгитудиналните булевари во правец истокзапад, како што се Јужниот булевар, Илинденска, Александар Македонски, Словенечка и други, попречните поврзници во правец север-југ како Крушевска Република, 8-ми Септември и други, и секако Малиот и Големиот ринг. Примарната сообраќајна мрежа како еден од најзначајните витални градски системи во корелација со секундарните сообрајници, секако се еден од клучните елементи кои го одржуваат градот во живот. Ова не го гледаме само од аспект на транспортен модел, туку и како коридори за водење на подземните инсталации, аерација на просторот, дренажа и зеленило - додаваат од Градот. Кога сме кај зеленилото, постои начелно
ветување дека ќе го има доволно, иако градските празнини кои често се нагласуваат нема да се пополнуваат само со него. - Се уште е рано да се лицитира со бројки, бидејќи планот е во фаза на разработка во нацрт верзија, паралелно со изработката на студијатата за стратешка оценка на животната средина. Но, едно е сигурно, а тоа е дека ќе бидат имплементирани сите технички параметри кои постојат, како во домашната регулатива така и оние што ги црпиме од светските позитивни искуства кои се занимаваат со оваа материја, а сето тоа во контекст на одржливиот развој. Ова значи дека тежиштето ќе биде поставено во правец на зголемување на јавниот простор и зелените површини како јавен интерес од највисоко ниво, со што несомнено во голема мера би се подигнало нивото на квалитетот на живеење во главниот град - објаснуваат градските власти. Сите овие аспекти ќе бидат реализирани низ призмата на квартовско-блоковската поделба на градот. Веќе навикнавме тој да биде поделен на десет општини, секоја со свој градоначалник, и на тој начин да си ја организираме локалната самоуправа, во политичка смисла. Новата поделба, како што велат од градот, нема да ја поништи старата, и таа ќе служи само за урбанистичко планирање, а не за самоуправување. - Поделбата на просторот во ГУП 2012-2022 на градски четврти претставува имплементација на законските решенија и е урбанистичка алатка исклучиво во функција на просторното планирање. Ваквиот пристап ќе ни овозможи во наредниот период да го олесниме планирањето на просторот на пониско ниво (деталното планирање). Сите параметри ќе се даваат на ниво на градска четврт и градски блок, со што прецизно ќе се утврдат опфатите на идните ДУП-ови, како и нивната содржина од аспект на основна намена на просторот, процент капацитет и коефициент на изграденост, јавни и зелени површини, објекти од јавен интерес и друго - категорични се градските власти.
ги запазат роковите, додава Трајановски. Претставникот на ИДОМ, Хозе Алберто Фулдаин, објасни дека во проектот се инкорпорирани повеќе области, како геотехничко, структурно и сообраќајно инженерство, осветлување и безбедносни системи. Инаку, коловозот на подземната сообраќајницата ќе биде широк 6,5 метри. Во должина од 900 метри ќе биде под земја, а преостанатите 400 метри над земја. Сообраќајницата ќе почнува со кружен тек кај мостот Гоце Делчев, а потоа ќе се движи под земја и ќе излегува во близина на Транспортниот центар, каде што е планиран уште еден кружен тек на вкрстувањето на булеварот Крсте Мисирков со булеварите Кочо Рацин и Кузман Јосифовски-Питу. К.С.Т.
3
6 април 2012 ПОРТА
7
in memeoriam
Човекот што го сонуваше Лихнид
борис чипан (1918-2012)
П
рофесорот и архитект Борис Чипан беше еден од неколкутемина кој редовно излегуваше во пресрет на барањата и потребите на нашето списание. Со неговата смрт „Порта3“ изгуби искрен соговорник, човек кој ни помагаше да гледаме кон иднината. Тој имаше свој стил. Поради поодминатата возраст средбите ги закажуваше на Архитектонскиот факултет. Имаше и „свој“ новинар во кој гледаше професионалност и доверба и дека работите ќе бидат напишани и публикувани како што треба. Со знаење и разбирливо за секој читател, онака како што зборуваше тој. Борис Чипан е роден во Охрид на 27 март 1918 година. Како што вели самиот, растел во град каде на секој чекор се сопнувал од остатоци на историјата. Тоа како да било предвестие на неговата иднина, иако имал намера да тргне по друг пат. Како многу други млади Македонци во тоа време, во триесеттите години на ми¬натиот век и тој заминува на школување во средно школо во Белград благодарение на стипендијата доби¬ена од еден генерал од Охрид, кој очекувал неговите стипендисти да станат офицери на кралската војска. Чипан по матурирањето навистина се пријавил во Вое¬ната академија, но не бил примен. За среќа и негова и на македонската архитектура. Патот потоа го одвел на Техничкиот факултет во Белград. „Станав архитект навидум случајно, но имаше во мене нешто што во тој момент се склопи во една таква идеја“, рече Чипан во едно интервју за „Порта3“.
8
3
ПОРТА
6 април 2012
Во бурниот процес на создавање на профилот на архитектурата, Чипан ќе утврди една специфична за¬конитост...„ние замислуваме дека треба да се стремиме кон сретнување на новото и старото во нашата архитек-тура... се разбира, нема да тргнеме по патиштата на им¬итација и буквалниот историцизам. Кога зборуваме за регионалните карактеристики на новата архитектура, ние пред се мислиме на современите македонски факто¬ри... но ја вклучуваме и нашата современа естетика која се формира на изворите на минатата цивилизација“. Тој го застапува ставот дека неспорно треба да се зачува архитектурата од минатото, дека тоа секако стои... но, сепак сè уште се создава дилема, во однос на прашањето: дали формите, деталите и ком¬позициите преземени како копија и цитати од истори¬јата, од историската архитектура, не е помалку невешто преземање и неинвентивно архитектонско создавање...“ Меѓутоа, веројатно мора да се создава и допадлива ар¬хитектура, архитектура која веднаш се идентификува според својата функција и намена, архитектура можеби и за туристи... или за бизнис, архитектура која носи профит на некаков начин... тоа веројатно и ја оправдува неа како таква... мора да се толерираат и таквите заф¬ати и да не се анатемисаат; тоа како појава, веројатно некогаш ќе си најде место во општата историја на архи¬тектурата...”, вели Чипан. Предвечерјето на распадот на СФРЈ за нас нов¬инарите беше вистинска пролет. Во тие години беше најлесно да се пишува, како да бевме ослободени од сите стеги, не чувствувавме притисоци, ниту од раководството во куќите каде што работевме ниту од надвор. За подоцна во годините на осамостојувањето многумина од нас одново да станат нечии и сечии... Кога прочитав искажувања од Чипан видов дека тоа не се случувало само со нас. Во пролет, кога мразовите пукаат, водите течат од секаде и насекаде. Не знам дали и за архитектите тој пе¬риод бил пролет, но тие години Чипан како да бил про¬рок. Во тој период, во не толку далечната 1986 година, во воведот на својата книга „111 тези за архитектурата”, архитект Борис Чипан ќе соопшти едно специфично видување на актуелниот историски и архитектонски миг кој самиот го сведочи: „... денес пливаме во една ар¬хитектонска река од матни, но и бистри притоки, за која сè уште не знаеме каде се влева. Тоа е состојба на плу¬рализам - нешто како мирољубива коегзистенција на сите можни стилови. Историјата е повторно тука, но таа не може да се препознае, бидејќи е распарчена во дил¬етантски колаж... некаде таа историја се враќа со таква ароганција како да бара оправдување и за она брутал¬но повампирување на фашистичката идеја ... на друго место се стреми кон нова глорификација ... но тешко е да се поверува дека историјата
може да се толкува како визија за иднината...“. После овие зборови нема што да се додаде. Архитектонското и урбанистичкото секојдн¬евие само ги потврдува. И уште нешто од Чипан: Има работи во проектирањето кои не ги вадиш од умот, туку од нешто ирационално, тоа е нешто што се акумулирало во тебе и стои во потсвеста, па излегува. Сега архитектите не само што се експлоатирани да направат проект за бедни пари колку да преживеат, туку се и притиснати од нарачателот што им кажува каков проект сака, рече тој во интервју за нашето списание, зборувајќи за актуелниот миг на архитектонското творештво. Меѓу последните работи или ако сакате визии на Борис Чипан, беше проектот за урбанистичката иднина на неговиот роден Охрид. Тој си вети и опстоја на своето. Тој предложи реорганизација на центарот на Охрид со која градот би се претворил во атрактивно место за елитен туризам во државата. „Мојата младост ја поминав во Охрид. И кога дојдов во Скопје секое лето бев во Охрид, така што никогаш не ги прекинав врските. Откога станав архитект, јас сум го сонувал Охрид. Прво сум го сонувал Охрид како Лихнид, во кој римските конзули правеле одмор на патот кон Цариград. Па сум го сонувал Охрид од јустинијанско време, сум го сонувал и Самоилов Охрид, сум го сонувал Охрид од 19 век како бедно, запустено гратче. Сè уште го сонувам Охрид како расте од 1945 година наваму, меѓутоа истовремено и се деградира. Ова е мојот денешен сон за Охрид“. Вака Чипан ја објаснува својата идеја да направи нова урбанистичка организација на градскиот центар. „Нема никому да го понудам планот, туку ќе го изложам во јавност, само за да го заштитам авторството. Ова не е урбанистички проект, туку урбанистичка идеја која допрва треба да биде разработена како урбанистички проект. Тоа може да се случи само под услов да го прифати Градскиот совет, надлежните во градот, па можеби и во републиката, зашто Охрид секогаш бил под патронат на тие што владееле со државата“, и додаде дека планира да го презентира во Охрид, пред се пред архитектите што работат во Охрид, а потоа ќе чека некој од градската власт да го побара и да го презентира на соодветно место. Како што рече, така и направи. Но, се чини тие што треба да слушаат, да видат и да одлучат ги нема никаде. Сега кога тој замина уште потешко дека некој од нив ќе се потсети на неговите визии за Охрид. Но, Борис Чипан останува во нашето секојдневие. Дали со простосрдечноста и специфичната смисла за хомор што го имаше, дали со неговите идеи и подуки - сеедно. Ние во „Порта3“ ќе се сеќаваме на него и на она што тој во изминативе повеќе од седум години, колку што постоиме, од срце ни го даваше само да придонесеме за подобра иднина на архитектурата, архитектите, урбанизмот и општо за државата.
in memeoriam
разделба со архитектот на наШето Време!
PORTA
AKTUELNO
NAJNOVIOT SON NA ARHITEKT BORIS ^IPAN
Ohrid kako eliten turisti~ki centar
Колегите од Архитектонскиот факултет ми ја соопштија тажната вест и нивната желба да се простам од нашиот почитуван и ценет професор, доајенот на современата македонска архитектура, а пред се и над се човекот Борис Чипан, колега чие траење како врвен професионалец траеше близу цел век. Тоа го сфатив како обврска и можност со одбрани зборови од името на Асоцијацијата на архитектите на Макледонија, на чие чело бил во еден мандат и од името на Архитектонската академија на ААМ, чиј член беше од формирањето, од еснафот и од колегите, разделбата да биде очовечена и искрена. Разделба со колега кој во нашата средина имаше апсолутен авторитет и почит од сите, кој макар еднаш слушнале за архитектурата, заштитата, едукацијата, архитектонската публицистика и сл. Се што беше предмет на интерес кај нашиот ценет професор и колега, беше апсолвирано на врвно ниво и во функција како јавно добро! Ставовите што ги заземаше по бројните проблеми во нашата сфера, во сите познати форми, пишани или јавно искажани, беа по правило сублимат на се она што ја детерминира нашата професија, како мајка на културата на секоја организирана средина. Неколкуте негови писмени ставови, објавени во јавните медиуми, на актуелни теми, претставуваат урнек-модел, што треба и мора да се истражи и афирмативно примени, како модел со силата на аргументи, да се бориме и избориме за архитектурата, да заземеме подостоинствено место во нашата средина. Во оваа и во вакви пригоди на разделба, веројатно го делам мислењето и чувствата на мнозинството што се простува од нашиот единствен и вистински архитектонски БАРД, дека долго ќе го чувствуваме отсуството на мудриот човек, кој секогаш на нашите собири доаѓаше со добра мисла и порака, и до последниот миг од неговиот овоземен живот стоеше на браникот на најубавата професија – архитектурата, на која близу 80 години и служеше и богато ја даруваше. Советите, поуките и аманетите што ни ги остави почитуваниот, ценет и сакан професор и колега Борис Чипан, долго треба да одзвонуваат во нашата свест, како свечените камбани во катедралната црква Св.Богородица во Охрид , за која водеше татковска грижа целиот свој живот и ѝ го подари сегашниот нов живот. За се што направи и остави зад себе, нека му е вечна слава и едно големо БЛАГОДАРАМ! арх.Трајко ДимиТров
eorganizacija na centarot na Ohrid so koja gradot bi se pretvoril vo atraktivno mesto za eliten tu-
ravi nova urbanisti~ka organizacija na gradskiot centar. "Nema nikomu da go ponudam planot, tuku }e go izlo`am vo
3
6 април 2012 ПОРТА
9
in memeoriam
борис чипан - професор на архитектонскиот факултет
Недоречена архитектонска и урбанистичка слика Во времето на Луј 14 е создадена Француската академија на уметности. За состојбата на ликовната уметност од тоа време, инспириран од еден од најслабите тогашни сликари, Лебрен, Ренак има напишано една саркастична реченица: „На едниот (Луј 14) му требаше слуга, а другиот (Лебрен) си го најде својот господар“.
С
е води дискусија без доволно сигурни аргументи и во неа се меша сè, од традиција до стилови и историски епохи, се даваат аргументи од нешто видено и што уште не. Во историјата на архитектурата владеат две аксиоми. Едната е дека секоја историска епоха гради архитектура од своето време. Таквата архитектура ја создаваат властите со своите програми за архитектурата и на тој начин се доаѓа до она што упростено го викаме стил на епохата. Тоа не е само архитектура, туку и начин на облекување, ниво на технолошки можности во таквата општествена ситуација. Во архитектурата стиловите се јасно распределени, од антички (грчки и римски), преку романтика, готика, ренесанса, барок, рококо, академизам. Денешната епоха нема јасен наслов, но општоприфатено е од 30тите години на минатиот век архитектурата да се именува како модерна, или подобро речено, современа. Епохата што уште трае се карактеризира со висока технологија, богатство на материјали и неодреден однос на раководството, т.е. општествената власт. Но, секој гледа во некоја иднина, никој не гледа назад. Традицијата ја чуваат остатоците
10
3
ПОРТА
6 април 2012
од минатите епохи, јазикот и паметењето. Скопје како град веќе има некаква, макар и куса традиција во архитектурата. По Втората светска војна Македонија создаде и власт, која имаше јасно изразено влијание на архитектурата. Започна со имитација на поголемиот брат - СССР, но многу бргу се ослободи од тоа влијание и тргна по патеката на модерната, или подобро речено современата архитектура. Во сите јгословенски градови до распаѓањето на Југославија, се создадени многу архитектонски објекти кои сведочат за тоа време, а нивните вредности понекаде достигнуваат и светско ниво. По тој пат тргна и Скопје, особено по земјотресот кога во обновата на градот се вклучија светски познати урбанисти и архитекти, а тој тренд требаше да продолжи и по осамостојувањето на Република Македонија. Познато е дека урбанистичкиот план за обновата на Скопје го изработија голем број екипи од сите области на живеење, но македонските раководители на општеството имаа влијание и врз овој генерален урбанистички план. На конкурсот за урбанистичко решение на градскиот центар беа поканети осум светски познати фирми, а наградата ја доби познатиот јапонски архитект и урбанист Кензо Танге. По тој урбанистички
план градскиот центар започна да се реализира во некои сегменти, но за жал, двете битни сугестии од тој план останаа нереализирани: големиот ринг и потесниот градски простор со главниот градски плоштад и неговата поблиска територија. Долго време овој проблем остана нерешен, а посебно градскиот сообраќај во тој простор кој денеска достигна до хаос. Не ми е познато од кои причини три југословенски конкурси со доделени први награди и реализација останаа нереализирани. Во 1997 година некој од тогашната власт се сети да го претстави проектот на Кензо Танге за застарен и несоодветен на новата општествена ситуација и да го измисли Малиот ринг. Таа власт направи конкурс за уредување на Малиот ринг, т.е. просторот од двете страни на Камениот мост. Врз основа на тој конкурс е изработен детален урбанистички проект за овој простор, кој е усвоен од Советот на општина Центар. Тој план препорача слободна агресија на урбаната мафија и, што е чудна вистина која денес некои ја одрекуваат, на градскиот плоштад фиксира две маркички кои јасно сугерираа реконструкција на двата најкарактеристични предземјотресни објекти - Офицерскиот дом и Народната банка. Но, просторот околу Плоштадот како проколнат
in memeoriam и понатаму остана празен. Денес не навлегувајќи во економските проблеми на Македонија, сведоци сме на една програма и обид за реализација на овој простор околу Плоштадот, со зафаќање и на територијата на левиот брег на Вардар. Ни се презентира една архитектонска и урбанистичка слика која, верувам, сите македонски архитекти ги доведува во ситуација на вчудоневиденост. Со проектот на Кензо Танге левиот брег беше дефиниран како културен центар на Скопје и на Република Македонија, со згради на операта, филхармонијата и модерна киносала, заедно со банката и музичката академија. Тој простор остана недовршен и сега се предлага изглед на филхармонијата во заднината на нови згради покрај кејот. Приказната за стариот театар е долга и датира од пред 20-тина години, можеби и повеќе, кога една група скопјани - носталгичари инсистираше на негова реконструкција иако имавме доста театри, а малку публика. Најпосле, се прифати и таа реконструкција на театарот, отпочна неговата реализација по проект на објектот што од едната страна е превртен, со влез од Камениот мост и е како хибрид, затоа што не беше можно во новите услови да се изработи тотална реконструкција. Во останатиот дел со најновата урбанистичка слика од историски надминати декоративни елементи сè е распоредено на еден премногу збиен градски простор кој не претставува кохерентна
градска слика, зашто со реката Вардар е разбиен на два дела. Денешниот градоначалник во одбрана на оваа презентирана архитектура го споменува Вашингтон. Тоа се два сосема спротивставени случаи, бидејќи Вашингтон е на огромен простор и е граден во едно време кога САД сè уште имаше паметење од европскиот 19 век. Нам овде денеска ни се презентира недоречена, некохерентна урбанистичка и архитектонска слика со која залудно се трудиме да ги изразиме нашето време и нашата традиција. За жал, архитектонската традиција на тој простор допира само до почетокот на 20 век и не е наша. Не ме изненадува буквалната реконструкција на зградата на Офицерскиот дом, порано наменета за градска куќа, а потоа пренаменета во хотел во кој има еден кат за градоначалникот. Ме изненадуваат коњите пред Камениот мост. Во едно мое поранешно пишување кога изразував револт против обновата на овој објект, ги споменав и предвоените коњички статуи на српските кралеви, како иронично потсетување на тоа дека и Офицерскиот дом е од истата традиција. Денес се скандализирам од замислата да се репродуцира една окупаторска традиција. Од целава оваа слика најмногу ме фрапира триумфалната капија. Во нејзиното прикажување недостасуваат уште барелјефи за декорација. Не ми е познато кој македонски воен триумф ќе биде прикажан таму, освен ако
не се копира барелјефот од саркофагот на Александар Велики кој се чува во Истанбул. Не сакам и не си дозволувам да зборувам за спомениците-скулптури поради тоа што единствено преку нив може да се презентира македонската традиција изразена во долготрајните востанички напори да се создаде сегашната македонска држава. Но тие, освен израз на темата традиција бараат и соодветен амбиент, а не да се поставуваат каде било. Презентерите на овој проект непрекинато тврдат дека сè е правено транспарентно и преку конкурси на кои во сите комисии за оценка на проектите учествувале и архитекти од странство. Навистина се добива впечаток дека сево ова има стручно покритие. За крај ќе цитирам една мисла на францускиот филозоф и историчар на уметност Саломон Ренак во книгата „Аполо“. Во времето на Луј 14 е создадена Француската академија на уметности. За состојбата на ликовната уметност од тоа време, инспириран од еден од најслабите тогашни сликари, Лебрен, Ренак има напишано една саркастична реченица: „На едниот (Луј 14) му требаше слуга, а другиот (Лебрен) си го најде својот господар“. (Текст објавен во „порта3“ во рамките на форумот „Што вели еснафот за Скопје 2014“)
инфо
38. меѓународен саем за мебел „мебел 2012“
Од конвенционални масивни структури до трендовски дизајни анастасија НиКоловСКа
И
оваа година, традиционално се одржа скопскиот меѓународен Саем на мебел „МЕБЕЛ 2012“ , кој го сметаат за еден од најголемите регионални саеми за мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел. Со години наназад, оваа манифестација бележи подем, кој ги одразува актуелните состојби поврзани со домашните производители на мебел, како и со трговците во индустријата на внатрешниот дизајн. Во рамките на ова 38 излагање, учество земаа над 400 домашни и странски изложувачи, кои го претставија својот дизајн и креација во
12
3
ПОРТА
6 април 2012
индустријата на мебелот, како и во однос на уредувањето на ентериерот и екстериерот. Овогодишната саемска манифестација во својот израз претставува своевидно мултифокусно поле за претставување на проекти и иновации при уредувањето на внатрешниот простор, бизнис и тренд идеи, како и експресија на успехот при непосредната соработка помеѓу професионалците за ентериер, архитектура и дизајн. Оваа манифестација со својата шареноликост, мултистилска поставка и широк спектар на функционални решенија, во неколку дена успеа да ги задоволи апетитите на многумина, кои ја минаа траекторијата низ петте изложбени сали. Преку овогодишната
саемска поставка, изложувачите ги претставија актуелните трендови за претстојната сезона, со цел да им овозможат на потрошувачите и љубителите на современиот мебел непосреден пристап кон последните дизајнерски аспирации ширум светот. Преку иновативниот пристап во оформувањето на изложбениот штанд, воедно беа прикажани модерната линија и гламурот, во што особено се истакна штандот на „Протекс“ од Скопје. Ова студио и проектантско биро се стреми кон оплеменување на просторот под девизата „минимализмот не ја дава душата на просторот, душата на секој простор се оформува преку неговите детали”. Понудениот асортиман при овој штанд беше сегрегиран во типски
инфо
катчиња, секое како специфична сцена од секојдневниот животен простор функционално и декоративно опремена со дизајнерски парчиња на мебел. Како најспецифични можат да се издвојат Lounge coconut chair од George Nelson, Surf chair од Karim Rashid, Faz table од Ramon Esteve, Up chair од Gaetano Pesce и други познати дизајнерски парчиња.
домаШни дизајнери
Од приложеното на овогодишната саемска манифестација, може да се каже дека во голема мера се бележи развојна линија во домашното производство на специфични модерни парчиња мебел, како дел од ентузијастичката линија
на младите дизајнери, кои го трасираат патот кон пласман на своите производи како на домашниот така и на меѓународниот пазар. Токму во овој контекст, „Пункт мебел“ од Скопје во соработка со „Југоекспорт Стил“ од Скопје го организираа конкурсот за идејни решенија на модерни парчиња мебел за опремување на станбени простории. Едно од трите првонаградени решенија, фотелјата за дневен престој „Inverse“, авторско дело на Паолина Милушева и Билјана Темелковска, беше промовирано во рамки на изложбениот штанд на овој домашен производител. Станува збор за ортогонално решение со минимален стилски израз изработено од тело во форма
на буквата „L“ со кожен тапацир, ротирано по хоризонталната оска и хромирани рачки кои го овозможуваат балансот на фотелјата и воедно претставуваат највпечатлив конструктивен детаљ. Современата поставка на „Југоекспорт стил“ како една од најдоминантните на ова саемско издание, се закити со две награди и тоа, во класата трговци за сетот на маси „BRENETA“ и во класата на производители за дизајнот на гарнитура за дневен престој „MODENA“ – дизајнерско дело на Душко Урумовски. Тој, својата инспирација за оваа софа ја детерминирал од новите болиди во Формула 1, и таа претставува микс на новитети и артикли од стандарден интерес. Функционално, ова парче
3
6 април 2012 ПОРТА
13
инфо
мебел сериски се произведува како двосед или тросед во зависност од просторните можности, со интегриран стерео систем со техничка поддршка исклучиво за производите на Apple. Новина при материјализацијата на овој модел е примената на црн хром како исклучиво скап материјал, вграден во ногарките на софата, кој естетски претставува контраст во однос на белиот тапацир кој ја обвива софата. Гарнитурата за седење како специфичен типолошки модел, со минимална модификација во обликот, својата примена ја пронаоѓа и во уредувањето на јавните објекти, односно канцеларии и деловни претпростори. Токму за овој типолошки модел изразен преку софата „MATRIX“, студиото „Софа“ од Скопје стекна признание за иновативност во уредувањето на напоменатите простории. При обликувањето на оваа софа која во својот функционален израз е 14
3
ПОРТА
6 април 2012
конвенционална, компактна и класична, доминира специфичната обработка на површината. Иновацијата во дизајнот, што воедно ја издвојува оваа софа од сите останати, е аплицирањето на мрежа од штепови врз бронзената обвивка на телото. Зад оваа креација стои дизајнерскиот тим на студиото „Софа“, Тони Бадаревски, Александра Теовска и Дејан Бадаревски. Широката палета на модели и декоративни елементи за домот, при оваа саемска манифестација на многубројните посетители им овозможи визуелен и физички пристап кон опремата за уредување на домот. Во тие просторни рамки, преку идеализирано ентериерно уредување на сегменти од домот, секој посетител и сечие љубопитно око имаше можност да го пронајде своето соодветно парче мебел. Од необарок, преку класика,
постмодернизам, па сè до минимализам и футуризам... Од конвенционални масивни структури, фурнирани иверки па сè до медијапан во најновите трендовски бои и нијанси... Како симбол на континуираниот прогрес во македонскиот дизајн, несомнено впечатлив израз остави футуристичкиот минимализам на студиото „Blansi“, од Скопје. Кујната под име „ICE“ со својата просторна конфигурација беше магнет за погледите на присутните. Композициски, оваа кујна е составена од асиметрична тиркизна лента во горната зона, и конвенционални бели кубуси во долната зона. Прекршувањата на тиркизниот плафон и белата платформа на шанкот симболично го претставуваат разбивањето и топењето на санта мраз. Во својата компактност, оваа кујна вдомува крајно рационално решение во кое се интегрирани елементи на германски
инфо
увозен оков. Материјализацијата на оваа кујна е доведена до крајност, односно постигната е максимата на минимализмот преку чисти површини и трендовски бои. Кујната е изведена од шупливи кутии, елементи изведени од фино обликуван медијапан обоен со полиуретанска боја со висок сјај, која не подложи на материјални оштетувања. Креатор на оваа кујна, односно на целата поставка на студиото „Blansi“, кое е резултат на одржување долгогодишна семејна традиција е Татјана Блажевска, сопственик на истото. Овогодишната саемска манифестација со сите свои поставени критериуми и стручност при валоризацијата, резултираше со инвентивни и уникатни креации, како израз на современ естетски изглед, практичност во употребата и неминовен квалитет. Саемското признание, кое се однесува на современите дизајни, квалитетната изработка и естетски достигнувања во класата трговци го доби „Office&Co“ од Скопје, за увозните столици „MERANO“. Имено, младиот италијански дизајнер Alex Gufler со сиот свој ентузијазам ги елаборира
италијанскиот темперамент, австриската конзистентност, удобност и свежина на локалните планини во финалниот дизајн на оваа уникатна столица. Достапна е во три нијанси, бела, натур и темно дрво. Структурата е составена од две свиткани парчиња шпер плоча кои служат како седиште и наслон, и воедно тие се доминантни елементи на оваа столица. Овие благо извиени форми всушност ја негираат традиционалноста на дрвото и иницираат нов концепт, кој гарантира стабилност, цврстина и одлична естетска димензија. Овогодишното 38 издание на саемот за мебел „МЕБЕЛ 2012“ во својот типолошки и морфолошки домен, претставува позитивен исчекор. Воедно, во својата презентација и доминација, уживаше пред сè, домашниот дизајн и материјализацијата на идеите на младите и просперитетни дизајнери, кои допрва ќе го истакнат својот потенцијал, квалитет и иновативност, и ќе помогнат за издигнувањето на заспаната продукција на македонскиот индустрискиот дизајн.
www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk
3
6 април 2012 ПОРТА
15
инфо
блаГоја пискачеВ, Генерален директор на неодамна
Концептот „направи сам“ атрактивен за потрошувачите
Понудениот асортиман е насочен кон сите членови на семејството, со посебно силен акцент кон женскиот пол, кој во последните години се покажа како особено активен потрошувач и во многу случаи како одлучувачки фактор. Но, се разбира дека хипермаркетот располага со широка понуда и за професионални работници, како и за големи градежни компании.
анастасија НиКоловСКа, андреа ЈамаКоСКа, (Студенти на IV година на Архитектонски факултет, УКИМ, Скопје) Благоја пиСКачев
Н
еодамна, во рамките на објектот на Скопски пазар (во непосредна близина на универзитетот ФОН) за прв пат во Македонија беше официјално отворен хипермаркет како дел од реномираниот француски ланец „Mr. Bricolage“. Станува збор за маркет, кој нуди нов пристап при уредувањето на домот и градината, т.н. принцип „направи сам“. „Mr. Bricolage“ со својата долгогодишна традиција, пријателски и професионален однос успева да стекне препознатливо име и секако, во континуитет ужива голема доверба кај своите клиенти и деловни партнери. Поконкретно за концептот и идејата на хипермаркетите од францускиот ланец „Mr. Bricolage“, разговаравме со господинот Благоја Пискачев, генерален директор на неодамна отворениот хипермаркет во Скопје.
16
3
ПОРТА
6 април 2012
Господине пискачев, каков е концептот на францускиот ланец на маркети „мr. Bricolage”? Концептот на „Mr. Bricolage3 е таков што маркетот му овозможува на корисникот сите потреби и барања поврзани со домот и градината да ги задоволи на едно место и тоа, основниот материјал, елементите за спојување, како и потребниот алат. Основните и примарни услови за отворање на овој маркет, како дел од францускиот ланец се објектот да се наоѓа на главна, магистрална улица, да има обезбедено голем паркинг и да е доволно простран така што би можел да располага со богата палета на производи, од 20.000 до 50.000.
Што се подразбира под идејата/концептот „направи сам“ и дали таа како таква се покажува ефикасна во однос на неговите корисници и потрошувачи? Идејата „направи сам“ фунционира со цел да им овозможи на корисниците и потрошувачите
што имаат желба, време и основен степен на вештина, да ги реализираат своите идеи и замисли во рамките на буџетот со кој располагаат. Со години наназад овој концепт покажува голем успех и е атрактивен за потрошувачите.
Дали сметате дека коцептот на маркетите „направи сам“ би се покажал како успешен во нашата држава и дали постојат планови за негово понатамошно експандирање во останатите градови ширум македонија?
Концпетот „направи сам“ според предвидувањата би бил многу атрактивен и успешен особено во Македонија. Имајќи ја предвид градежната традиција која со години се негувала во овој регион, Македонците важат за трудољубив народ со вешти раце, ентузијасти кога е во прашање уредувањето на својот дом. Освен тоа, гледано од позитивен аспект, овој концепт важи за рационален и крајно економичен во однос на инвестираниот
отВорениот хипермаркет „Mr. Bricolage“ Во скопје буџет. Имено, се заштедува на работна рака и секако останува убавото чувство на гордост и соживување со реализираниот производ.
Дали овој ланец на хипермаркети, во однос на услугите што ги нуди, е наменет за потрошувачите на мало или пак е наменет за поголеми градежни и архитектонски претпријатија? Во принцип овој тип на хипермаркети е наменет за крајните потрошувачи. Понудениот асортиман е насочен кон сите членови на семејството, со посебно силен акцент кон женскиот пол кој во последните години се покажа како особено активен потрошувач и во многу случаи како одлучувачки фактор. Но, се разбира дека хипермаркетот располага со широка понуда и за професионални работници како и големи градежни компании.
Какви видови на материјали, производи и опрема се нудат во просториите на маркетите „Mr. Bricolage“ и во што тие се издвојуваат од останатите производители на пазарот?
Во новиот хипермаркет „Mr.Bricolage“, нашите ценети потрошувачи за првпат на едно место ќе имаат избор од големата понуда од 30.000 артикли за уредување на домот и градината и ќе можат да купат апсолутно сè од електрика и расвета, разни aлати и железарија, материјали
за градежништво, предмети за декорација, бои и лакови, сè за бањата, керамички плочки, дрво, подови и подни облоги, сè за уредување на градината и многу други продукти. Сите производи се внимателно одбрани така што со своите карактеристики ги задоволуваат стандардите за квалитет по добри цени. Тоа што ќе го издвои „Mr.Bricolage“ од конкуренцијата и ќе го направи лидер во сегментот е што клиентите на едно место ќе можат да добијат и бројни услуги кои ќе им го поедностават животот и ќе им заштедат значајно време.
Дали постои особена категоризација или специфична организација на понудените артикли со цел самиот концепт да влијае попримамливо и поатрактивно за корисниците и потрошувачите на маркетите „Mr. Bricolage“ ? Хипермаркетот располага со следните сектори: декорација, градина, железарија, алати, електрика, бања, дрво, градежништво и професионални консултантски услуги. Како дополнителни и олеснителни услуги се јавуваат и консултации за личните проекти со професионалниот продажен кадар, кроење и кантирање на иверка според димензиите и желбите на купувачот, поставување на купениот ламинат, сечење стакло,
инфо правење на рамки за слики во димензии по желба на купувачот, тонирање на бои, испорака на купената роба и друго.
Што всушност го прави овој ланец на хипермаркети омилен кај потрошувачите?
Успехот и подемот на компанијата се должи на професионалниот пристап, политиката за обука на вработените и силната посветеност кон воспоставување на врвни стандарди во работењето кои на купувачите им гарантираат стандардизирана услуга и еднаков квалитет на производите во сите продавници на „Mr. Bricolage“. Сè ова се надоврзува на филозофијата на компанијата, која го става потрошувачот во центарот на својот свет и му овозможува преку практични совети не само да ја исполни својата замисла за уредување на домот и градината, туку и да заштеди на сите активности кои ќе се одлучи да ги заврши сам. Целта не е да се продаде повеќе, туку да се оствари искрена комуникација со потрошувачите за да може да се пронајде ефикасно и практично решение за нивните идеи, проекти и замисли. За крај, од „Брико Македонија“ дополнуваат „Се стремиме сите наши купувачи да бидат задоволни од квалитетната услуга, посветеното внимание, пријателската насмевка и почитта од нашите вработени“.
3
6 април 2012 ПОРТА
17
интервју
доц. д-р. ѓорГи ГруеВски ракоВодител на лабораторијата
Лабораторија - остварен Оваа лабораторија е единствена во регионот од ваков вид (Бугарија, Албанија, Косово), а со некои производители на мебел од Бугарија веќе има соработка и се очекува интересот да расте александар черепНалКоСКи, дипл. инж. по дрвна индустрија
В
о склоп на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно работи нова Лабораторија за тестирање на мебел и градежна столарија. Основната цел на лабораторијата е да го следи квалитетот и безбедноста на мебелот и градежната столарија, производи кои се составен дел од секој дом, канцеларија, а нивен корисник е секој еден од нас. На оваа тема разговаравме со доц. д-р Ѓорги Груевски, раководител на лабораторијата.
од кога е формирана и акредитирана лабораторијата и што значи тоа за факултетот и за индустријата?
Лабораторијата за тестирање на мебел и градежна столарија е акредитирана на 13 јуни минатата година од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија. Тоа значи 18
3
ПОРТА
6 април 2012
доц. д-р. Ѓорги ГруевСКи дека таа ги исполнува барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006. Официјалното започнување со работа на лабораторијата е со нејзиното акредитирање. Неофицијално, отворена е некој месец пред овој датум, но во овој период се работеше за исполнување на стандардите за добивање на акредитацијата. Оваа лабораторија е остварување на сонот на многу професори кои се дел од нашиот факултет уште од осумдесеттите години. Од тој период па до сега работењето во лабораторија од ваков вид беше сведено на импровизација. За факултетот и за студентите оваа лабораторија значи многу. Во неа можат да се изработуваат дипломски, магистерски или докторски дисертации и секаков вид на истражувања, како и да се види начинот на тестирање на мебел и градежна столарија и „најслабите точки“ на ваквиот вид на производи. Исто така, од големо значење е и за продизводителите на мебел и градежна столарија бидејќи ќе можат да ги
тестираат своите производи или прототипови, а подоцна, кога комерцијално ќе ги презентираат тестираните производи, на потрошувачите ќе им понудат квалитетни и сертифицирани производи.
од што се состои оваа лабораторија?
Во склоп на оваа лабораторија има три оддела. Првиот е за тестирање на мебел и градежна столарија, вториот за тестирање на композитни материјали и третиот е за тестирање на површинска обработка на дрвото. Лабораторијата ги задоволува сите европски стандарди за тестирање на мебел. Тестовите се базираат на симулација на користење на мебелот во реални услови во траење од најмалку пет години. Во лабораторијата може да се тестира мебел за домашна употреба, за школски установи, корпусен мебел, душеци, прозорци и врати, плочи од најразличен тип, својства на боите и лаковите и друго. Исто така, има можност за тестирање на
интервју
за тестирање на кВалитет на мебел и Градежна столарија
сон на многу професори структурни фасади (фасадни системи).
Што значи оваа лабораторија во регионален аспект, дали има соработка со регионот?
Самата акредитација обврзува на меѓулабораториска соработка. Производи кои се тестираат во оваа лабораторија мора да дадат исти резултати како и во која било друга лабораторија во Европа. Ова повлекува размена на податоци и задолжителна соработка помеѓу лабораториите. Оваа лабораторија е единствена во регионот од ваков вид (Бугарија, Албанија, Косово), со некои производители на мебел од Бугарија веќе имаме соработка, а се очекува интересот да расте.
Научно-истражувачко значење на лабораторијата? Концептот на лабораторијата е повеќе насочен кон комерцијална употреба каде што производителите би ги тестирале своите производи, но исто така има голема важност и за научно-истражувачката дејност. Нашите врати се отворени за секаков вид на научно-истражувачки проекти од областа на дрвната индустрија.
Колку производителите на мебел и градежна столарија се запознаени со оваа лабораторија и дали ја користат за своите производи?
Од моментот на започнување со работа на лабораторијата со најразлични маркетинг алатки се погриживме да ја информираме јавноста. На свеченото отворање на лабораторијата поканивме голем број на производители, наши соработници, а бевме присутни и на Саемот за мебел што се одржа неодамна. Производителите на мебел се запознаени со оваа лабораторија, но сепак одлуката е нивна дали ќе ја користат. Засега нема законска регулатива која ги обврзува да ги тестираат своите производи.
Исклучок е мебелот за школски установи и детски мебел кој задолжително се тестира. Во градежната столарија која спаѓа во градежен производ, постои законска регулатива која ги обврзува производителите да ги тестираат своите производи. За жал, во практиката не можеме да забележиме голем интерес од страна на производителите. Како друга придобивка од тестирањето, покрај утврдувањето на квалитетот, е и заштитата на потрошувачите, односно пред сè заштитата на безбедноста на потрошувачот при користењето на производите. Како пример можам да ја посочам Германија, каде производител или трговец, кој продава нетестиран производ, мора на видно место да постави јасна информација дека тој не е тестиран и не е потврдена безбедноста на потрошувачот при негово користење.
Дали можеме да зборуваме за бренд македонски мебел?
Со распаѓањето на големите комбинати како „Треска“, „Црн Бор“ и други се изгуби и тој препознатлив македонски бренд на мебел. Тие производители беа препознатливи на југословенските простори и во Европа. Сега постојат помали производители кои полека растат, но сепак не можеме да зборуваме за тоа ниво. Треба уште многу да се работи во однос на произведување на карактеристичен македонски мебел. Македонија е една од ретките земји каде што мебелот по нарачка е поевтин од готовиот мебел. Тоа не е производство на мебел туку повеќе столарска работа. Ваков тип на „производство“ не може да ни донесе препознатлив македонски мебел.
во кој дел би можело да се подобри производството на мебел?
Може да се подобри во многу сегменти.
Не може да постои силно производство во Македонија насочено само кон домашниот пазар. Мораме да размислуваме во насока на заедничко настапување на странските пазари. Исто така треба да се размислува и за кооперантско работење помеѓу фабриките, каде што еден готов производ се добива од три или четири фабрики. Има неколку производители во Македонија кои произведуваат само полупроизвод за странски компании. Мораме да размислуваме во насока ние да го правиме целиот производ во Македонија и да го пласираме на странските пазари.
Колку може кластерот за дрвна индустрија да помогне во тоа?
Кластерот за дрвна индустрија како здружување на производители може многу да помогне во заедничкото настапување. Заедно со Министерството за економија треба да се направат напори за промоција на светските саеми и изнаоѓање на нови пазари кои не мора да бидат насочени само кон Европа. Проширувањето на пласманот може да се насочува и кон Азија и кон Америка.
Дали можеме да зборуваме за иднина на македонскиот мебел?
Мораме да зборуваме за иднина на македонскиот мебел. Во Македонија постои традиција на производство на мебел. Постоеја големи производствени капацитети и оттука има добро обучен кадар скоро во сите градови во Македонија, од инженери до работници. Исто така има и суровина која е со солиден квалитет и дозволува производство. Иднината на македонскиот мебел треба да ја бараме во извозот и во изнаоѓање на нови пазари за пласман на производите, како и во производство на мебел со гарантиран квалитет.
3
6 април 2012 ПОРТА
19
региони
Бугарски „Кибилд“ ќе го уредува коритото на Отиња Првата фаза од проектот, која предвидува реконструкција и обнова на градскиот плоштад, е во тек и треба да заврши до крајот на април оваа година. Изведувач на градежните работи е штипската градежна фирма „Бетон“.
20
3
ПОРТА
6 април 2012
Штип Драган риСТов
С
ветска банка го потврди предлогот на oпштина Штип за избор на бугарската фирма „Кибилд“ од Софија како најповолен понудувач за уредување на централното градско подрачје во Штип, кое опфаќа уредување на коритото на река Отиња и конструкција на пет паркинг платформи. Понудата на бугарски „Кибилд“ (Keybuild) од Софија е во вредност од 98.365.910 денари. На тендерот учествуваа четири фирми, една фирма од Штип, една фирма од Скопје и две од Софија (Бугарија). Првата понуда беше од скопската фирма „Синтек“, а вредноста на понудата изнесуваше 101.241.339 денари, втората на „Кибилд“, третата понуда беше на фирмата „Бетон“ од Штип, со вредност од 92.932.199 денари, а четвртата понуда беше на бугарската фирма „Трејс Груп“ (Trace Group Hold) со вредност од 162.460.900 денари. Иако штипски „Бетон“ имаше најниска понуда, не ги исполнуваше условите утврдени со тендерската документација во поглед на искуство во изведба на мостови во последните три години, што беше клучно второрангираниот „Кибилд“ да го добие тендерот. Штипски „Бетон“ има градено мостови, од кои еден токму во Штип пред шест години, но со критериум согласно тендерот се бараше најмалку два изградени моста во последните две години, што како услов
региони
оваа градежна фирма од Штип не го исполнуваше. Проектот се реализира со кредитот од Светска банка во висина од два милиона евра, и со рок на отплата од 10 години и три години грејс период, заради што во целата постапка претставници на Министерството за финансии и на Светска банка учествуваа во секој чекор од јавниот конкурс. Проектот предвидува конструкција на пет паркинг платформи, а предвидено е и спуштање на нивото на коритото на река Отиња, која го дели градот на два дела. Со тоа ќе се овозможи и уредување на коритото и негово урбанизирање. Вкупната должина на коритото на Отиња што ќе се уредува е еден километар, а обврска на Штип е почетниот и завршиниот дел на коритото
да ги реализира со сопствени средства, што пак започна пред две години. Станува збор за речно корито во должина од околу 350 метри. Средствата од кредитот ќе се враќаат преку наплата на паркинг просторот, бидејќи во Штип во тек е процедура за формирање на јавно претпријатие кое како еден сегмент од услугите ќе го има и паркингот. Со платформите ќе се обезбедат 140 паркинг позиции, а првичната утврдена цена за паркинг е 25 денари за еден час. Претставници на локалната самоуправа на барање на Светска банка направија и симулација која покажа дека постои капацитет за враќање на кредитот со наплата на паркинг просторот, што значи дека буџетски средства од општината
нема да бидат користени за оваа намена. Бугарската фирма „Кибилд“ постои од 2005 година и е една од најголемите градежни фирми во Бугарија која се занимава со изградба на железнички мостови, смирување на речни корита, градење на насипи кај реки, платформи и друго. Во референтната листа влегуваат над 40 проекти кои фирмата ги реализирала изминатите години во Бугарија, од обични мостови, железнички и друго, па се до паркинг платформи. Инаку, првата фаза од проектот која предвидува реконструкција и обнова на градскиот плоштад е во тек и треба да заврши до крајот на април оваа година. Изведувач на градежните работи е штипската градежна фирма „Бетон“.
3
6 април 2012 ПОРТА
21
региони
проект на центарот за разВој на пелаГонискиот плански реГион
Зоолошка градина по мерка на животните Проектирањето и изготвувањето на техничката документација за Зоолошката градина во Битола, е според стандардите и препораките на European Association of Zoo and Aquaria (EAZA), најрелевантната европска институција за заштита на животните Тања ШуНДовСКа,
дипл.инж.арх.
М
инатата година, во рамките на Акцискиот план за развој на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а на иницијатива на општина Битола, беше предвиден проект за изработка на техничка документација за Зоолошката градина во Битола. Имено, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, кој е лоциран во југозападниот дел на Република Македонија, брои околу 240.000 жители, кои, несомнено ќе бидат и крајните корисници на резултатите од овој проект. Правилната проценка за давање приоритет на проектот, произлегува од големиот економски, научно-истражувачки, едукативен и културен придонес кој една
22
3
ПОРТА
6 април 2012
современа зоолошка градина би можела да го даде во насока на зголемување на општото знаење кај населението во регионот во врска со заштитата на животните, нивната добросостојба, екологијата и зачувување на биодиверзитетот. Формирана пред повеќе од 60 години и распослана на околу два хектари површина, битолската зоолошка градина располага со капацитети, кои ни оддалеку не ги задоволуваат потребите на една современа забавна зона, условите на животинските видови за живот во заробеништво и условите за работа на луѓето што се грижат за нив. Кон решенија за комплексноста на оваа задача, тим проектанти од студиото ,,Есперанца дизајн“ пристапи со еден сосема
нов концепт. Ако досегашната претстава за живеалиште беше кафез со минимални димензии, новопланираните живеалишта нудат средба со животното во амбиент на неговото природно опкружување, во отворени летни живеалишта со големи тревни површини, дувла и пештери, водни површини и базени, дебели сенки и осончени платформи. Оваа пејзажна архитектура, претставуваше посебен предизвик за тимот проектанти. При уредувањето на отворените живеалишта и формирањето на нови содржини во слободните зони околу главната пешачка артерија на зоолошката градина, посебно се внимаваше на прекрасниот наследен амбиент и опкружувањето. Максимално е задржана драгоцената
региони конфигурација на теренот, а постоечките зелени површини, паркови и еко катчиња се дополнително збогатени со урбана опрема, едукативни содржини и пунктови за одмор. Едно од главните барања на носителот на проектот, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, беше потребата од посетеност на зоолошката градина преку целата година. Тоа го овозможија новопланираните зимски живеалишта, кои за разлика од досегашните, овозможуваат
контакт на животните со посетителите. Со оглед на ниските зимски температури во Битола, а имајќи предвид дека 90% од видовите присутни во зоолошката градина во природата се среќаваат во топлите краишта на Земјата, овој нов момент додатно го усложни, од функционален аспект, веќе сложениот концепт на секое живеалиште пооделно. Имено, се јави потреба од создавање на идеални услови за топли простории, одржување на нивната хигиена и нивна интензивна
природна и вештачка вентилација. Неопходно беше оформување на зони за посетители, од безбедносен аспект комплетно заштитени, а во исто време доволно транспарентни за визуелни контакти со животните, и на крај, оформување на сервисни зони за зоо негователи, скриени од погледите на посетителите, преку кои се овозможува безбеден пристап до секое катче на живеалиштето. Овие сервисни зони обезбедени за секое живеалиште
3
6 април 2012 ПОРТА
23
региони
и летно и зимско пооделно, меѓусебно се поврзани со сервисна патека, која води до главната сервисна зона на зоолошката градина. Заради конкретните потреби на различните видови на животни-жители на зоолошката градина во Битола, сите живеалишта меѓусебно се разликуваат во своите квадратури, висини, поставеност на просториите, видот и големината на отворите, видот и цврстината на металните и стаклените прегради, подовите и опремата вградена во ентериерите. Дизајнерски ги врзува употребата на исти природни материјали, дрво, камен, тула, одбрани за да го надополнат и збогатат природниот амбиент, а максимално вкомпонирани во современ изглед на објектите. 24
3
ПОРТА
6 април 2012
Во рамките на парцелата на зоолошката градина, освен живеалиштата на животните, што се носечкиот столб на кој се темели нејзината зголемена посетеност, се планирани и придружни објекти сместени во административносервисната зона. Концепцијата на современа зоолошка градина, која, меѓу другото, треба да обезбеди и богата понуда на анимациски содржини и квалитетни едукативни програми, ја отвори потребата од планирање на објекти и простори, кои би ја добиле оваа мултинаменска функција. Тие се распоредени на пунктни точки во парцелата, кои дозволуваат да се обезбедат услови за едукација, одмор и рекреација. При проектирањето и изготвувањето на
техничката документација, посебно е внимавано на стандардите и препораките на European Association of Zoo and Aquaria (EAZA), која како најрелевантна европска институција се грижи за заштита на животните, нивната добробит и зачувување на биодиверзитетот на европскиот континент. Исполнувањето на европските критериуми, ќе го олесни процесот на зачленување на Битолската зоолошка градина во оваа меѓународна институција. Проектот е реализиран од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, а е финансиран од Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, преку Бирото за рамномерен регионален развој.
ГЕЦЕ ГмбХ – Германия | ТП, ул. Пирински Проход, No.61 | Вх.Б, ет.4, офис 5 | София, 1680 | Тел: +359 2 470 4373, Факс: +359 2 470 6262 |
ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ГРАДЕЊЕТО
GEZE RWA и системи за вентилација - безбедност со вентилациона моќ „RWA“ е германски акроним, кој во превод означува „отстранување на чад и топлина“. Со зголемување на нормативните барања за контрола на зградите и спречување на пожари, денес е јасно дека главната причина за загубата на човечки животи е чадот, а не самиот пожар. Затоа е од витално значење колку е можно побрзо да се обезбедат евакуациони патишта без чад. Системите за отстранување на чадот на ГЕЦЕ се модуларни и се приспособливи на секаков вид градби и објекти. ГЕЦЕ е германски производител со традиција во однос на иновативните системи и технологии за врати и прозорци. Семејната компанија ГЕЦЕ е основана во далечната 1863 година.. Автомати за врати | Системи за автоматски врати | Системи за отстранување на чад и топлина RWA | Техника за безопасност | Системи од стакло
BEWEGUNG MIT SYSTEM
архитектура
историја и простор - кападокија
Различни поднебја - идентични проблеми марија ДимиТриевСКа, (III година студии на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС)
Д
еновиве бевме сведоци на логичната завршница на проектот „Историја и простор –Кападокија“, започнат како меѓународно проектно студио на два архитектонски факултети - Факултетот за архитектура при Универзитетот Гази од Анкара (Република Турција) и нашиот Факултет за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Овој проект се занимаваше со проблемите на традицијата, просторот, културните вредности и архитектонски идентитети, предлагајќи соодветно проектно дејствување и интервенции во конкретен простор, во областа што претставува живо културно наследство: Кападокија (Орта Хисар), Република Турција. Па така, во просторот на фоајето на 26
3
ПОРТА
6 април 2012
МОБ во Скопје, беше отворена изложбата што ја сочинуваат проектите на студентите од двата факултети. Работилницата беше реализирана во март 2011 година, преку заедничко присуство и работа на професорите и студентите од двата факултети. Станува збор токму за проектите на кои студентите работеа во текот на минатата година, следејќи го поединечниот напредок и континуитет во работата на двете страни, низ отворена коресподенција и континуирана размена на информации. Претставените проекти сведочат за соработка која ја претставуваат заедничките тенденции за изучување на архитектурата од две различни културни поднебја, кои одговараат на идентична проблематика, третираат идентични проблеми и разрешуваат идентични дилеми. Во реализацијата беа вклучени
архитектура студенти од II, III и IV година од двата факултети, кои работеа на различно димензионирани проекти и програми поврзани со ревитализација и културна реанимација на овој чудесен предел во Турција. Тие вклучуваат проектирање и дизајн на внатрешни простори и ентериери, индивидуални семејни куќи, хотели и музеи за претставување на овој рурален дел од Кападокија. Сите проекти беа согледани низ призмата на запознавање, интерпретација и повикување на архетипскиот модел на куќа, што постои во овој предел, како и специфичната топографија на теренот. Севкупното внимание беше насочено кон утврдување и примена на методите за нивно реинтерпретирање со различен јазик, поинакви димензии, материјали, пропорции, контекст и толкувања. Секако, моделирани низ контекстот на современите технолошки достигнувања. Различниот пристап и нагласената индивидуалност при решавањето на овие зададени проблематики може да се прочита низ графичкиот израз, чувствителноста и стремежот за оставање на свој потпис. Она што доминира е судирот на идеи, не во смисла на конфронтација, туку во смисла на сплотување и надополнување. Во таа насока се стекнува чувство за негување на историското наследство, и за исчекор во ритам со современиот израз и сензибилитет. Гости на изложбата беа професори од двата универзитети, а свое обраќање имаа раководителите на студиото: проф. д-р Ишик Аксулу, проф. д-р Кокан Грчев, деканот на нашиот ФАД проф. Викторија Еремеева и продеканот на факултетот за архитектура при Универзитетот Гази, проф. д-р Али Ихсан Јунаи. Она што заеднички го истакнаа, е концептот на меѓусебната соработка и полезноста од стекнатите контакти помеѓу студентите, како и заокружувањето на овој потфат со краен резултат во вид на претставувачка изложба. Во рамките на оваа изложба, испечатен е заеднички каталог кој ги содржи сите поединечни трудови со своите специфики, фотографии од заедничката посета на Кападокија и заклучоци произлезени од анализата на резултатите. По завршувањето на изложбата во Скопје, истата ќе биде претставена и во Анкара, во организација на Универзитетот Гази и Факултетот за архитектура при истиот Универзитет.
3
6 април 2012 ПОРТА
27
архитектура
премин кон архитектурата на XXi Век
ЖАК ХЕРЦОГ И ПЈЕР ДЕ МЕРОН ШВАЈЦАРСКИ БРЕНД ВО АРХИТЕКТУРАТА Станбено-трговскиот објект, Минхен
Фрагмент од изгледот на ансамблот во Базел
28
3
ПОРТА
6 април 2012
Ж
ак Херцог (1950-) и Пјер де Мерон (1950-), со помош на креативно истражу-вање постојано пронаоѓаат нови функционални и обликовни елементи за создавање на т.н. фасада пред фасада, која најчесто е подвижна за да се приспособи на моменталните потреби. Така на пример, кај станбено-трговскиот објект во Минхен (1996-2000), преку обвивката од стаклено-челична фасада, по потреба може да се спуштат полупро-ѕирни мрежести пердиња со продуховена кривина. Овој објект со височината од П+4 нивоа и со ритмизацијата целосно го оформува квартот составен од постари објекти. Умешното навлегување во изградената околина, Жак Херцог и Пјер де Мерон го потврдуваат и со подигањето на три станбени објекти во ул. Швајцарија во Париз (1996-2000). Притоа, објектите ги „облекуваат“ со „хармоника“ ролетни од страната на улицата, а на тремот и чардакот кон внатрешноста на дворот поставуваат „Ѕ“ ролетни. Спротивно на тоа, библиотеката на Техничкото училиште во Еберсвалде, Германија (1997-99) е облечена во сјајни панели, кои содржат
проф.д-р м. ТоКарев разновидни фотографски мотиви. Во паркот Св. Јаков во Базел (1996-2002), Жак Херцог и Пјер де Мерон подигаат ансамбл од три објекти: фудбалски стадион, трговски центар и станбена зграда за стари лица. Стадионот пленува со лесната челична конструкција и со огромната стреа која го покрива целото гледалиште. Таквата структура, заедно со живописниот колорит, овој објект го поврзува со Архитектонските фантазии на Јаков Чернихов. Надворешната обвивка на трибините е направена од челичен растер и плексигласни елементи во вид на телевизиски екрани, кои при ноќно осветлување испуштаат цел спектар на бои. Со преуредувањето на топлотната станица Бенксајд за потребите на модерна-та галерија Тејт во Лондон (1998-2000), Жак Херцог и Пјер де Мерон стекнуваат голе-ма репутација, бидејќи со својот конкурсен проект победуваат неколкумина светски архитекти, како што се: Р. Пијано, Р. Монео, Т. Андо и Р. Колхас. Овој успех придоне-сува тие да бидат окупирани со голем број нарачки од целиот свет, од САД преку Европа до Јапонија. Така на пример, тие прават проект за седиштето на компанијата Прада во Њујорк (2000-2002), како и проект за продавница на истата фирма во Токио (2000-2002), чиј облик Алијанс арената, Минхен
архитектура
Административнотрговскиот објект Прада, Токио
Галеријата Тејт (Бенксајд), Лондон. Внатрешност Олимпискиот стадион, Пекинг
со стаклено-челичната обвивка наликува на дијамантски кристал. Олимпискиот стадион во Пекинг (2003-2008) е направен во облик на птичјо гнездо, оформено од 24 закосени и извиткани челични носачи, при што секој од нив тежи по 1.000 тони. При концепирањето на проектот битна улога има водечкиот ки-нески уметник Аи Веивеи, а при неговата разработка студиото Чајниз Серамикс. Капацитетот на стадионот изнесува 91.000 гледачи за да по завршетокот на Олимпијадата се отстранат 11.000 седишта и се доградат трговски центар и хотел. Користејќи го искуството од претходниот објект Жак Херцог и Пјер де Мерон ја создаваат Алијанс арената во Минхен (2005-2006) за потребите на фудбалскиот клуб Баерн со 70.000 седишта. На неа во 2012 година треба да се одржи финалниот натпре-вар на UEFA купот на шампионите. За да се оформи нејзиното продуховено извиткано гнездо со голем трговски центар и ресторан, употребен е скелет од челични носачи со вкупна тежина од 22.000 тони.
3
6 април 2012 ПОРТА
29
архитектура
„деноВи на орис“ Во белГрад
Врвни автори со различен „Денови на Орис“ во Белград беа можност за посетителите, во најголем број студенти, да се запознаат со архитектурата на српскиот архитект Срѓан Јовановиќ Вајс, кој веќе петнаест години живее во Соединетите Американски Држави, на архитектонското биро...
м-р Ѓорѓе ЈоКиЌ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА)
Н
а некогашниот плоштад „Маркс и Енгелс“ во Белград се наоѓа зградата на Домот на синдикатите. Таа се користела првенствено како седиште на различни синдикални организации, но и за различни културни настани, затоа што во неа се наоѓаат четири сали. Најголемата сала, Сала 1 има капацитет од 1.600 места и спаѓа во една од најголемите киносали. Меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ се одржувал токму овде. Домот на синдикатите е многу значаен културен простор на Белград, каде што освен филмски проекции се одржуваат и концерти, конференции, саеми и состаноци. Еден од тие настани е и конференцијата „Денови на Орис“, архитектонска конференција во организација на хрватското списание „Орис“. После Загреб и Љубљана, Белград стана трет град во кој еднаш годишно се организира архитектонската конференција со гости од
30
3
ПОРТА
6 април 2012
регионот и странство. Оваа година „Орис“ е организиран по трети пат во Белград, а своето видување на архитектурата го изложија српскиот архитект Срѓан Јовановиќ Вајс, кој веќе петнаесет години живее во САД, архитектонското биро „2 Архитекта“ од Загреб, шпанскиот архитект Алберто Кампо Баеза (Alberto Campo Baeza) и архитектот Борис Подрека (Boris Podrecca) кој дојде од Австрија. Организаторот се потруди сè да помине во најдобар ред. Пред самата конференција, на штандовите пред големата сала, псетителите можеа да ги купат броевите на списанието „Орис“ или некоја од многубројните книги од светот на архитектурата, и да се запознаат со производите што ги изложија покровителите и спонзорите на целиот настан. Со голема желба и труд „Орис“ успеа во кризни времиња да направи одлична конференција, поканувајќи интересни предавачи со различен пристап во архитектурата. Посетителите можеа да видат
каква идеја за архитектурата има секој од предавачите, а и да се запознаат со изградените дела и со некои проекти кои се во план. Срѓан Јовановиќ Вајс говореше за својот поглед на архитектурата и проектите што ги работи последниве петнаесетина години. Тој рече дека е убаво да се биде дома и дека му е мило што неговите родители се присутни. Вајс зборуваше за концептот на балканизација во архитектурата како позитивен процес за разлика од поимот балканизација што има негативен контекст. Балканот и социјалистичката архитектура претставуваат едно од полињата на интересирање на овој архитект. Заедно со фотографот Амин Линк, Вајс ја објави книгата „Социјалистичка архитектура, акт на исчезнување“ (Socialist Architecture: the vanishing act), каде е истражена моменталната состојба на одредени зданија од социјалистичкиот период како Операта во Скопје, Музејот на воздухопловство во Белград или Политичката
архитектура
пристап во архитектурата
... „2 Архитекта“ од Загреб, на шпанскиот архитект Алберто Кампо Баеза и на архитектот кој дојде од Австрија, Борис Подрека. Четворицата предавачи имаат поинакви, но и автентични погледи кон архитектурата, а она што ги поврзува е неспорниот квалитет во приодот кон секој архитектонски проблем со кој се соочуваат во текот на својата работа. Срѓан Јовановиќ вајс
школа во Кумровец. Тој ги претстави проектите на кои работел како архитект истражувач во студиото „Херцог и Де Меурон“ (Herzog and De Meuron) во Базел, како што се проектот „Триаголник“ во Париз, Музејот на Пикасо во Малага, каде според зборовите на Вајс, вредноста на осум слики од Пикасо е како осум изградени згради. Вајс работел и на конкурсот за новата управна зграда на рускиот „Газпром“ од Санкт Петербург. Еден од најинтересните проекти е и вилата во местото Ордос во Кина. Тоа е еден конкурс на повик од големиот кинески уметник Аи Веивеи, познат како уметник кој соработувал на изработка на решението за олимпискиот стадион „Птичје гнездо“ за Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. На конкурсот биле повикани одреден број архитекти кои требало да направат проекти на станбени вили во местото што се создава на северот на Кина. Се работи за идна станбена населба која ќе претставува колекција на архитектурата, голема уметничка
колекција на отворено. Проектот на архитектот Вајс се создава со идеја за простор во кој ќе се наоѓа идната вила со песочен, пустински простор во северна Кина. Објектот по целата должина на фасадата има елементи кои потсеќаат на полици, каде заради силниот ветер и песочниот терен секогаш ќе се таложи песок, а со самото тоа и изгледот на фасадата никогаш нема да биде едноличен. На крај, архитектот Вајс го претстави својот проект на модуларен намештај Модул З (Z-blocks), решение за лесен модуларен намештај во облик на латиничната буква З. Тие модули можат да се користат на различни начини, комбинирајќи се мегусебно. Томислав Џурковиќ од студиото „2 Архитекта“ од Загреб, го почна своето излагање со приказната како настанало нивното студио. Во предвечерјето на распадот на бившата држава, двајца архитекти Иван Џурковиќ и Зоран Зидариќ одлучиле да основаат архитектонско студио и исто така да го наречат – „2 Архитекта“. Во
почетокот нивната работа се сведува на изведба на ентериери со примеси на неопластицизам. Денес, проектите што најмогу говорат за нивната работа се семејните куќи во Загреб и останатите делови на Хрватска. Беа претставени станбените куќи Подфушчак во Загреб, куќите во Ровињ, Вараждин и во западна Херцеговина, и повеќестанбени куќи во Истарска улица и на Пантовчак во Загреб. Нивниот пристап е рационален, со јасно изразена форма на објектите, каде често експериментираат со правилна геометрија на кубусот што е засечен во објектот или излегува од него. Колку и да е почетниот пристап на секој објект сличен, каде што на основното кубусно геометриско тело се додаваат објекти или се одземаат помали кубусни елементи, толку е пристапот на разработка на секој објект различен. Навидум, објектите имаат слична форма, но секој за себе е различен. Покрај ова, пристапот на изработка на детали и селекцијата на материјали за секој
3
6 април 2012 ПОРТА
31
архитектура Томислав Џурковиќ (студио „2 архитекта“)
алберто Кампо Баеза
Борис подрека
32
3
ПОРТА
6 април 2012
архитектура објект е посебен. Така, можеа да се видат објекти кои имаат рационален и есенцијален карактер во вид на бел кубус со отвори за прозорци и врати, згради каде со фасадата доминира камен како локален материјал, или згради со вешто вклопени елементи и бои. Она што ја одликува работата на студио „2 Архитекта“ е потребата на архитектите покрај исклучително рационалниот пристап кон архитектурата да не го сведат станбениот простор на минимализам каде што ќе се осети недостаток на архитектонски елементи, туку низ внимателно проектирање на детали, осветлување и отвори кон надворешниот свет да создадат квалитетен простор како од естетска така и од функционална гледна точка. Архитектот од Шпанија, Алберто Кампо Баеза, рече дека првпат доаѓа во Белград, дека градот многу му се допаднал, дека имал можност да прошета и во новиот дел од градот, и според неговите зборови, тој е одлично направен урбанистички, додека од архитектонска страна тоа е тешко да се каже за сè она што го видел таму. Тој раскажа интересна приказна за вонвременска архитектура, дека секогаш кога ќе го посети Пантеон во Рим е воодушевен од тој вонвременски објект. Од своите студенти бара, ако одат таму, да му испратат разгледница и само на напишат: плачев или не плачев. Баеза им раскажа на присутните дека примил
многу разгледници и на сите до една пишува „плачев“. Во архитектурата на Алберто Кампа Баеза е присутна едноставност во формата, материјалот и боите во најпозитивна смисла на зборот. Неговата архитектура е есенцијална, а не минималистичка од што произлегува одредена доза на монуманталност која ја поседуваат неговите дела. Тој ги претстави некои од своите најзначајни проекти, како што се куќата Олник Спану во Њујорк, станбената вила со изразена хоризонталност и едноставност, која во потполност се вклопува во природното шумско опкружување каде се наоѓа. Друг, исто така многу значаен проект е куќата Молинер во Сарагоса. Тоа е станбена куќа опкружена со бел ѕид, и според зборовите на архитектот, тоа е куќа за поетот. Таа е вертикално поделена на три дела: за умирање, за живеење и за сонување. Делот „за умирање“ е приземјето на куќата, со ѕидови скриено од погледите од околината, каде што се наоѓа и делот за спиење. На првиот кат е делот „за живеење“ каде што се обавуваат основни дневни активности. И делот „за сонување“ е вториот кат од куќата каде што се наоѓа библиотеката на сопственикот, местото каде се размислува и сонува. Колку го почитува опкружувањето во кое гради, архитектот Баеза го покажа преку проектот Хунта (Junta) во местото Кастиља и Леон (Castilla y Léon), јавна зграда која
е опкружена со ѕид кој е изѕидан од истиот камен како и катедралата што доминира со градот. Внатре во ѕидините се наоѓа едноставна бела зграда со големи стаклени површини кои на некој начин претставуваат успешен експеримент на употреба на тој материјал, бидејќи не е користен како обвивка околу конструкцијата туку како сам конструктивен елемент. Последниот проект што го претстави архитектот Баеза е историскиот музеј на Андалузија во Гренада. Зградата на музејот со својата форма отскокнува од клишето што ги следи модерните музеи. Направена е како едноставна зграда со изразена вертикална предна фасада која со висината отскокнува од габаритот на остатокот од зградата и претставува „капија на градот“ и со многу интересни кружни рампи во средината на самата зграда кои претставуваат централни архитектонски елементи. На крај, својот труд го претстави и архитектот со многу интересна биографија, Борис Подрека. Тој е роден во Белград, израснал во Италија, а студирал и работи во Австрија. Тој е еден од најдобрите претставници на архитекти во подрачјето што се поврзува со Средна Европа. Борис Подрека почнал како скулптор, а дури подоцна станал архитект. Тоа е една од причините зошто тој смета дека е многу битно кога нешто се сака да се изгради, дека мора да се знае од кој материјал ќе биде изградена
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
3
6 април 2012 ПОРТА
33
архитектура
идната зграда. Првиот проект кој беше претставен, Павилјонот на Словенија на светската изложба во Шангај, е направен по мотив на книга, со оглед на тоа што истата година Љубљана беше европски град на книгата. Архитектот Подрека нагласи дека кога се градат павилјони многу е важно да бидат направени така што ќе се знае каде можат да се движат посетителите. После тоа го претстави објектот направен во градот Конељано во Италија, деловна зграда на компанијата „Зануси“ (Zanussi) со издржана тексура на фасадата. Во прашање е историскиот контекст на градот и тука еден бел објект би бил туѓ, а бидејќи историјата е многу присутна во италијанските градови, кулата на црквата е вклопена во композијата на самата зграда, така што може да се види низ неговата зграда. Многу значаен проект е деловната зграда на градежното претпријатие „Приморје“ од Словенија. Како мотив за решение на објектот е користен камен. Подрека вели дека на некој начин е вљубеник во каменот, камениот предел Крас во Словенија е место кое тој го чувствува како свој центар, затоа што секој човек мора да има центар, „кравата нема центар, таа оди таму каде што тревата е најдобра, но човекот го има“. Каменот во тој предел има фантастични пукнатини, кои Подрека ги нарекува „мала архитектура“. Деловната зграда на „Приморје“ го користи обликот на тие пукнатини за да се дефинираат отворите на самата зграда која како целина претставува идеја на тој камен. Следниот претставен проект беше реконструкцијата на хотелот Велмар Лакром во Дубровник. Подрека истакна дека потребата на Дубровник е, како некогаш, самиот амбиент да биде монохром, а 34
3
ПОРТА
6 април 2012
луѓето што се наоѓаат таму да бидат полихроми, додека состојбата денес е обратна. Историјата на објектот што е реконструиран е многу интересна, хотелот е направен по проект на архитектот Валтер Гропиус за еден хотел во Мексико. Југославија ги купувала тие проекти по ниски цени и градела хотели кои изгледале „како да паднале од Марс“. Објектот бил многу оштетен во текот на војните дејствија во деведесеттите години. Според новиот проект, објектот е ревитализиран да ја задржи архитектонската вредност, но и проширен со нов дел, камена фасада и темнозелени прозорци кои претставуваат модерен изглед на традиционалните приморски згради од тој простор. Новиот дел на хотелот е исклучително низок со изразена хоризонталност и перцепција на перспективата кон хоризонтот, што според зборовите на архитектот, е најиндивидуална работа на секој човек „затоа што мојот хоризонт никогаш не може да биде ист“. Успехот со хотели е продолжен и во следниот проект, големиот туристички комплекс во Задар, кој претставува победничко решение на конкурс. Комплексот има хотел, турско купатило, шопинг центар, училиште и претставува еден мал град. Според замислата на архитектот, сенката лете мора да има иста вредност како и сонцето зиме, а хоризонтот и погледот кон морето претставува основен елемент при проектирањето на самиот хотел. Од секоја соба ќе биде можно да се види морето и хоризонтот. За разлика од објектите што се наоѓаат самостојно во опкружувањето, проектот „Цветен пасаж“ во Загреб претставува симбиоза на урбанистички проект на јавен објект, јавна површина и станбена градба. Тоа е еден
пасаж во центарот на градот со комерцијална содржина, кој на својот кров има парк, низ чии отвори поминува зенитално светло кое ги осветлува трите ката подолу и отвора можност за визуелна комуникација помеѓу улицата и паркот. Над паркот се наоѓаат станбени единици, чиј парк е интегрален дел, нешто како модерен двор кој го гледаме помеѓу станбените згради на средноевропските градови. Квалитетот на самиот проект ја дополнува фасадата што гледа кон Цветниот плоштад бидејќи има изразена динамика преку металните подвижни ролетни, кои прават фасадата никогаш да не изгледа идентично. Архитектурата на Борис Подрека е карактеристична заради посебниот пристап кон секој објект и простор каде што се наоѓа тој објект. „Денови на Орис“ во Белград беше иделна можност за посетителите, од кои повеќето беа студенти, да се запознаат со архитектурата на овие четворица предавачи кои имаат поинакви, но и автентични погледи на архитектурата, она што ги врзува е неоспорниот квалитет во пристапот кон секој архитектонски проблем со кој се соочуваат во текот на својата работа. Треба да се нагласи дека организаторите се потрудија овој настан, освен тоа што беше интересен поради самите предавачи, да биде исклучително посетен и добро организиран. „Денови на Орис“ полека, но сигурно станува еден од позначајните архитектонски настани во Белград, а секако и еден од најубавите и најинтересните што зданието на денешниот плоштад „Димитрија Туцовиќ“, а некогашниот плоштад „Маркс и Енгелс“ имало можност да биде домаќин оваа пролет.
промоција на книГа од доц. д-р александар андоВски
архитектура
Потрагата по совршените параметри
М
инатата саботата во галеријата на Кинотека на Македонија беше промовирана книгата на доц. д-р Александар Андовски „Историскиот развој на урбаниот пејзаж на јавните простори во функција на современото обликување и планирање на просторот“, издание на книгоиздавателството „Феникс“. Поздравен говор одржа доц.м-р Христо Петрески, директор на „Феникс“, кој во своето есеистичко излагање ја потенцира желбата и стремежот на архитектите – урбанисти во потрагата по совршените параметри во обликувањето на јавниот простор, кои Андовски ги сведува на функција, естетика, безбедност, комфор и јавни ивенти. Книгата ја промовораше доц.д-р Јован Стефановски -Жан, кој забележа дека „авторот прави целосна анализа низ сите поглавја на трудот со што ги издвојува сите важни сегменти на јавниот простор, ги објаснува поставените тези, размисли и идеи за на крајот да произлезе придонесот на темата во контекст на развојот на урбаниот
пејзаж на јавните простори при управувањето на просторот, при проектирањето на јавниот простор...“. Според него, авторот зборува и за значењето на континуитетот на користењето на јавните површини во временска смисла, за квалитетот на јавниот простор итн. Разбирајќи ја комплексната и сложена тема на сопственото истражување, авторот на крајот барајќи одговор сам си ги поставува прашањата: Дали постојат рецепти за правилно интервенирање во секој урбан простор? Дали е можно со една листа обработени параметри да се имплементира на каква било локација од некој отворен заеднички простор? Стефановски заклучи дека авторот интимно верува во еден општ систем на вредности, безвремен, безпросторен и универзално применлив, во сето она што како наследство го носиме уште од нашите најдалечни предци, во логичниот историски развој, во материјалниот развој, техничко - технолошките усовршувања на човековата еволуција и потребите на човекот кои со текот на времето се множат, развиваат и оставаат одреден архитектонско - урбанистички печат како сведок
за одредена историска епоха. Во продолжение беше отворена изложба „Ахитектонско урбанистички фото есеј: Јавниот простор во урбаниот пејзаж“ од доц. д-р Александар Андовски, која ќе биде изложена до 6 април.
3
6 април 2012 ПОРТА
35
културно наследство
О
сманлиското присуство на Балканот траело од 14 до 20 век. Во некои региони, ова присуство било континуирано, во други прекинувано (во Мореа, односно Пелопонез, на пример), а други пак никогаш не го почувствувале османлиското освојување (на пример Јонските острови и Далматинскиот брег). Сепак, речиси за целото население на Балканскиот Полуостров, османлискиот период претставува важен дел од нивното историско искуство. Во голема мера оваа историја е непозната, или пак е толкувана од различни перспективи на секоја земја. Ова се должи на фактот што христијанските народи на Балканот ги формирале своите нациидржави најчесто преку воен конфликт со Османлиската Империја. Овие конфликти силно ги нагласиле религиозните разлики помеѓу христијаните и муслиманите. Во исто време, појавата на западноевропскиот модел довел до маргинализација на културното значење на османлискиот период. Како резултат на тоа, Османлиската Империја станала препознатлива по културната „заостанатост“ и сите нејзини следбеници ја сметале за „непосакувано наследство“. И покрај тоа, околу 600 години христијаните, муслиманите и Евреите живееле заедно во урбаните и руралните средини, ја обработувале земјата, си помагале во продавниците, се среќавале и се забавувале во чаршиите и кафеаните. Османлиското општество било, секако, општество на хиерархија и дискриминација помеѓу оние што владееле и народот. За рајата (оние што плаќале данок) секојдневниот живот бил суров, полн со конфликти и тешкотии. Денес, сеќавањето на овој период останува зачувано во објектите што ја промениле намената, или пак целосно избледеле поради запоставеност и уништување. Сепак, без оглед на нивната состојба, руинирани или зачувани, објектите од османлискиот период, приватни и јавни, христијански, муслимански и еврејски, остануваат како документи за заедничката историја, историја која ја споделувале народите на Балканот приближно шест века. Современите фотографии од овие споменици ни овозможуваат да го видиме османлиското наследство во едно поинакво светло, да го преиспитаме нашето заедничко минато и да ја раскажеме нашата балканска приказна. „Балканска приказна“ (A Balkan Tale) е мултимедиумски проект базиран на изложба на 50 специјално нарачани фотографии од муслимански, христијански и еврејски споменици на Балканот, снимени од
36
3
ПОРТА
6 април 2012
османлискиот период и неГоВото значење
Балкански приказни ивана пеТКаНовСКа, дипл.инж.арх.
културно наследство
„Балканска приказна“ е мултимедиумски проект базиран на изложба на фотографии од муслимански, христијански и еврејски споменици на Балканот, снимени од петмина наградувани фотографи од Балканот. Изложбата, што ќе се постави во повеќе градови низ Балканот и Европа, е надополнета со текстови напишани од тим историчари од целиот регион, со документарен филм, со едукативни програми, со историски прошетки...
Мост на терзиите. Ѓаковица, Косово – Фотограф: Самир Карахода
3
6 април 2012 ПОРТА
37
културно наследство Пашина порта. Берат, Албанија - Фотограф: Јута Бенценберг
38
3
ПОРТА
Еврејски гробишта. Ниш, Србија Фотограф: Иван Петровиќ 6 април 2012
Турбе на Гази Евренос. Ениџе Вардар, Грција Фотограф: Камило Нолас
културно наследство петмина наградувани фотографи од Балканот: Иван Блажев, Јута Бенценберг, Самир Карахода, Камило Нолас и Иван Петровиќ. Изложбата е надополнета со текстови напишани од тим историчари од целиот регион, со документарен филм, со едукативни програми, со историски прошетки и со натпревари по фотографија Овој меѓународен проект има за цел запознавање на европската јавност, особено децата и младите луѓе, со културно - историскиот развој на Балканот во периодот од XIV до XIX век, преку презентација на најзначајните градби (џамии, амами, анови, цркви, палати, мостови, безистени итн.), како сведоци на заедничката петвековна историја, и на интензивниот политички, културен и економски соживот на овој простор за време на Османлиската Империја. Проектот се спроведува под водство на Институтот Гете од Атина, со поддршка на Европската Унија, а проектни партнери покрај ЦеПроСАРД од Република Македонија се и организации од Грција (Аnemon), Србија (Remont), Албанија (Albanian Fund for Monuments) и Косово (EC Ma Ndryshe). Изложбата на фотографии ќе се постави во повеќе градови низ Балканот и Европа: Атина, Скопје, Призрен, Белград, Тирана, Берлин, Брисел итн. Во Скопје, изложбата ќе биде отворена од 25 април до 9 мај во Куршумли ан, Стара скопска чаршија. Публикацијата за изложбата претставува еден од клучните резултати од истражувачките активности во рамки на овој проект, и е базирана на извештајот од тим меѓународно признати историчари:
проф. д-р Христина Кулури, универзитет „пантеион“, атина - уредник на проектот; проф. д-р Тулај артан, универзитет „Сабанчи“, истанбул - историски советник; проф. д-р Халил Берктај, универзитет „Сабанчи“, истанбул; д-р Фрашер Демај, институт за историја, приштина; проф. д-р Ферит Дука, институтот за историја, Тирана; д-р елијас Коловос, Критски универзитет, ретимно; проф. д-р ирена Стефоска, универзитет „Св. Кирил и методиј“, Скопје; д-р радина вучетиќ, универзитет во Белград
Документарниот филм со наслов „Балканска приказна“, снимен во рамки на овој проект, е базиран на првите фотографии и филмови на Балканот. Вклучува ретки архивски снимки направени низ Европа и низ Балканот, како и интервјуа со светски познати историчари. Преку проучување на животот на обичните луѓе среде драматичните промени, кои го трансформираа Балканот на преминот кон 20 век, филмот се обидува да објасни како етничкиот и верскиот соживот на различни луѓе за време на Османлиската Империја завршил со пораст на национализмот и конфликтите по речиси четири века. Алаџа Џамија. Скопје, Македонија Фотограф: Иван Блажев
3
6 април 2012 ПОРТА
39
IZIIS SAGA-B Решение за Европа
EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.
Прецизно моделирање со AutoCAD import
• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:
www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk
www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје
Тел. 02 3107 721 Факс 02 3112 163
архитектура
3
23 март 2012 ПОРТА
41
записи
Прозорците на мојот град ангел СиТНовСКи, дипл.инж.арх.
Н
е спијам и оваа ноќ. Ми стана веќе вообичаено. Ја сакам тишината на ноќта, сакам да ги слушам сопствените мисли. Многу мисли ми роварат низ главата. Ја допирам главата до ладното стакло, а на него остануваат траги од моето чело. Стаклото се заматува од мојот здив, но сепак се обидувам да гледам низ него. Гледам во темнината,
42
3
ПОРТА
6 април 2012
ги забележувам одблесоците на градот, осветлените прозорци на зградите отспротива, вџашен од светлината што извира од нив! Што ли се случува зад тие светла? Започнувам да шарам со погледот, гледајќи низ ноќта. Се чувствувам слободен како ветер, се обидувам да ги отклучам тајните од осветлените прозорци. Прозорците се дел од секој архитектонски објект. Ги гледаме и одвнатре и однадвор, секојдневно. Тие се нашата врска на станот
со надворешниот свет. Но, не секогаш ги забележуваме, ниту пак помислуваме што ли се случува, таму некаде, зад стаклото? Гледајќи во осветлените прозорци отспротива, во ноќта, си помислувам дека, слично како и кај мене дома, во некои други простории, зад некои други прозорци се одвиваат нечии животи, а животот, кој секојдневно си врви создава многу човечки приказни! Секој прозорец си има своја приказна,
записи
некоја е добра некоја лоша. Ех кога би умееле да зборуваат? Можеби она таму светло кое најсјајно светли, крие некоја мрачна тајна?! Можеби зад оној прозорец со напукнато стакло, заматено од дождот и правот, живеат среќни луѓе? Можеби...? Можеби токму во овој момент зад оној прозорец кој го гледам, некој нешто слави, а можеби некој тагува? Некаде е собрано целото семејство, среќно и насмеано,
некаде пак седи некој осамен, можеби е среќен, можеби тагува? Кој знае? Секој прозорец крие некоја тајна, но без разлика на се, зад секој прозорец се одвива животот! Во мојата улица, во другата зграда, спроти мојата, со својата хендикепирана ќерка, во приземјето, живееше еден дедо, кој имаше 98 години. Последните години од својот живот ги поминуваше покрај прозорецот. Летно време прозорецот беше
отворен и тој можеше да зборува со луѓето надвор. Зиме стоеше покрај него и немо гледаше што се случува надвор. Дедото умре, остана неговата ќерка, сама. Одвреме навреме и таа доаѓа до прозорецот! Тоа е нејзиниот прозорец кон светот и тој сигурно и значи премногу. Нам, на останатите луѓе, обземени со секојдневните грижи, прозорците ни се нешто вообичаено и често не ги ни забележуваме! И во една друга зграда, близу до мојата, преку улицата, имаше еден прозорец, горе, на самиот врв на зградата, на кој одвреме навреме се појавуваше мојот добар пријател Драган. Прозорецот неколку години е неосветлен, станот е празен. Кога поминувам, по навика ја дигам главата угоре, го нема повеќе мојот пријател. Ни недостасува на многумина. Повторно ја допирам главата до ладното стакло, една солза потекува низ мојот образ. Сам сум и никој не може да ја види мојата тага. Прозорците ги чуваат нашите тајни и никој нема да дознае за мојата солза. Се прашувам, дали уште некој како мене, во оваа пролетна ноќ гледа низ својот прозорец во темнината и дали уште некој размислува како мене?
3
6 април 2012 ПОРТА
43
рубрика
Б
Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk
44
3
ПОРТА
6 април 2012
Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk
3
23 9 март 2012 ПОРТА
44
рубрика
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
liting@t-home.mk
Друштво за инжинеринг и изведба на објекти
Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk
3
6 април 2012 ПОРТА
45
технологии
Тим Кук – лекции по креативност и непредвидливост
С
лучувањата околу „Епл“ (Apple Inc.) остануваат во фокусот на јавноста и во следниот период. Достигната е рекордна цена по акција од околу 620 долари. „Епл“ останува на врвот како највредна компанија во светот. Практично, од смртта на Стив Џобс, коосновачот и легендарниот извршен директор, на 5 октомври 2011 година, па сè досега, „Епл“ е секојдневна тема, занимација за медиумите, непресушен извор на вонвременски бизнис лекции. Сето тоа, овој пат олицетворено во ликот на Тим Кук, новиот извршен директор на компанијата. Најдобрата одлука и најважната работа, која Стив Џобс ја има донесено/направено во неговиот живот е назначувањето на Тим Кук за своја замена, или поточно, за свој наследник, човек кому му е оставено како завештание да ја продолжи успешната приказна наречена „Епл“. Џим Колинс, во неговата „Од добри до одлични“, ќе рече дека многумина се бизнис умови, лидери, генијалци, но малкумина меѓу нив кои по своето заминување од компанијата поставиле достоен наследник и здрави темели за долгорочна
46
3
ПОРТА
6 април 2012
Трајче СТоЈаНов, дипл.инж.арх.
благосостојба на компанијата. Смртта на Стив можеше премногу лесно да ја оконча приказната наречена „Епл“. Но, тоа не се случи. Наспроти колапс како што прогнозираа финансиските аналитичари, „Епл“ доживеа невиден успех. Зошто? Испадна дека Тим не е човек за една употреба, привремено решение. Вообичаено, кога еден успешен менаџер, лидер, заминува од компанијата, неговата замена е најчесто подеднакво голема фигура, ѕвезда со блескава кариера, авторитет кој ќе влее страхопочит кај подредените. Но, Стив својот џокер го извади од својот табор. Токму Стив е тој што во 1998 година го вработил Тим во „Епл“, а Тим му вратил со очекувани резултати. Конкретно на Тим му се препишува брилијантното напуштање на производството, затворање на фабриките и магацините, намалување на инвентарот, организирање на аутсорсингот, совршената оптимизација на ланецот на набавки и сходно на тоа, драстичното зголемување на профитните маржи. За таа негова активност, во 2007 година Тим е назначен за главен оперативен менаџер. Во периодот од 2004 година до август 2011, кога и официјално Стив ја напушти позицијата
извршен директор на „Епл“, Тим имаше можност во три наврати по неколку месеци да ја извршува функцијата на Стив, кога тој отсуствуваше поради многубројните операции. Поради сличната физиономија, начин на облекување и на размислување, јавноста доби впечаток дека Тим се крие во сенката на својот ментор, дека неговите бизнис одлуки ќе бидат строго водени од принципите на Стив, и дека ќе му недостига неопходната харизма, храброст и остроумност. Генијалност, на крајот на краиштата. И што се случи? Токму неочекуваното. Тим ги сруши сите стереотипи. Ако креативноста претходно беше во рацете на Стив и неговиот дизајнер Џонатан Ајв, Тим – човекот што беше задолжен за типични „здодевни“ активности како менаџирање на набавките и дистрибуцијата, покажа задоволително ниво на креативност и непредвидливост. Успешно го промовираше новиот иПад, кој наместо да го нарече иПад 3 според дотогашната практика за именување на верзиите, му даде непредвидливо име „новиот иПад“. Новиот ајПад забележа одлични финансиски резултати, па на куп со севкупните приходи, за прв пат по 17 години, Тим реши да
технологии
подели дивиденда и да подели дел од колачот со акционерите. Дивидендата беше нешто што Стив категорично го избегнуваше, постојано насочувајќи ги средствата во нови развојни проекти. Но, ваквиот потег на Тим предизвика масовен интерес за акциите на компанијата, што и обезбеди свеж капитал. Тим воспостави ново ниво на доверба со акционерите. Тоа не помина незабележително. Повеќе никој не се сомнева во него. Тим е тука за да остане и направи разлика. Во меѓувреме, „Епл“ го потресе скандал. Кинескиот фабрички комплекс на тајванската компанија „Фокскон“, која го произведува ајФонот за „Епл“, се соочи со неколку самоубиства на вработените. Следуваше лавина од критики: работниците што ги составуваат Епл-овите уреди работат во нехумани и деградирачки услови, „Епл“ се богати на грбот на евтините работници во Кина, „Епл“ ја интересира само профитот и слично. Почна дури и да се јавува стихиен отпор кон купување на нивните производи. Тим веднаш се зафати со „гасење на огнот“. На менаџментот на „Фокскон“ му наметна правила и стандарди кои мора да се почитуваат, а кои обезбедуваат поголеми права и бенефиции и подобри услови за работа на 35.000 работници. Востпостави итни и редовни инспекции за да се осигури дека договореното се почитува,
па дури и самиот учествуваше во нив. Скоро преку ноќ ситуацијата се промени. Лавина од пофалби и восхитувања беа упатени кон Тим и „Епл“. Тим воспостави ново ниво на доверба кај вработените и клиентите, но и кај јавноста општо. Стив Џобс беше постојано критикуван како нечувствителен (или ако сакате помалку чувствителен) и напорен кон вработените. Тим се чини е поинаков лидер, внимателен и отворен. Во најновата анкета, вработените му даваат 97% стапка на одобрување, стапка која го прави најпосакуван извршен директор. Наспроти него, покојниот Стив Џобс уживаше во 95% стапка на одобрување. Кога сме кај бројките, статистиката вели дека кога Тим се придружил на „Епл“ во 1998 година, нејзините акции чинеле 10 долари по акција, денес тие изнесуваат 620 долари по акција. Само од месец август 2011 година, моментот кога Тим го презеде кормилото, до денденес, акциите на „Епл“ се зголемени за 60%. Неговата заработка за 2011 година изнесува околу 380 милиони долари. Импресивно нели? Погледнете што стои зад тој успех: „За разлика од Џобс, за Кук се знае дека е тивок, срамежлив и мирен човек, кој никогаш не го крева гласот. Сепак, и покрај неговата тивка појава, тој е скоро брутален во неговиот интензитет на работа, некои би рекле дека е workaholic. За него се вели
дека започнува со испраќање на електронска пошта до менаџерскиот тим во 4.30 наутро и често одржува телефонски конференции во недела навечер за да подготви повеќе состаноци во понеделниците. Тим има навика да станува во 4.30 наутро. Кук е опишан од магазинот „Форчјун“ како доживотен ерген кој летува на места како што се националните паркови „Јосемити“ и „Зион“, и покажува само неколку видливи знаци на богатство наспроти фактот што низ годините има продадено над 100 милиони долари вредни акции на „Епл“. Очигледно дека тој е нешто како фитнес ентузијаст, често посетува теретана, алпинизам и велосипедизам .“ На крај, ако официјалната биографија на Стив Џобс е во продажба (дури и во Македонија), биографијата за Тим Кук сигурно веќе почнува да се пишува, бидејќи Тим влегува во историјата. Креативните потези на Стив се манифест на дизајнот во модерното време. Од нив, енергија црпат многу дизајнери, архитекти, уметници. Но, од лекциите научени од Тим, бенефит ќе имаат сите што раководат со бизнис операции, меѓу кои и проектните лидери и менаџери. Вреди да се биде во тек со случувањата во „Епл“. Џобс во својата оставка напиша дека тој верува дека најсветлите и најиновативните денови на „Епл“ следат.
3
6 април 2012 ПОРТА
47
експерт
поВоди: еВтина архитектура
КОЛКУ ЧИНИ СОВЕСТА НА АРХИТЕКТОТ?
И
во овој број на „Порта3“, продолжуваме на темата поттикната од последната Годишна награда за најдобро реализирано архитектонско дело во Република Македонија во 2011 година за Спомен куќата на Тоше Проески на архитектите од проектантското биро „Синдикат студио“, како и невообичаената реакција во пошироката јавност искажана преку написот „Евтина архитектура“ на Билјана Ангеловска објавен во „Утрински Весник“ (27.12.2011:6). Во овој напис, Ангеловска повикувајќи се на малиот паричен износ на Годишна награда отвори интересни прашања за положбата на архитектите и архитектурата во земјата, како што се: дали архитектите треба да ги реализираат своите замисли и планови или пак треба да ги исполнуваат желбите на своите клиенти? Значи, се работи за теми кои отвораат низа сериозни прашања на кои навистина е тешко да се даде едноставен одговор. За почеток, ќе дадеме еден помалку екстремен пример на тема „безбедност“ (Safety) од страна на професорот Фишер, декан на Колеџот за дизајн при Универзитетот на Минесота на 04.03.2012 (ethicsforarchitects.blogspot. co.uk): „Клиент на висококатен објект во земја опкружена со непријателски настроени соседи побарал од архитектот да му испроектира скриена противракетна инсталација на кровот на кулата. Иако архитектот се чувствувал обврзан да одговори на барањата на клиентот, се поставуваат прашањата дали жителите на зградата треба да знаат за оваа инсталација и како луѓето ќе се чувствуваат да работат во објект, кој би можел да стане воена цел.“ Без да се навлегува во деталите на аргументи и противаргументи кои професорот Фишер ги дискутира во одговорот на прашањата што произлегуваат од погорниот пример, или пак да се фокусира на неговиот одговор по ова прашање, треба да се одбележи дека тој се повикува на утилитарната етика во барање на најсоодветниот одговор. Според него, одговорот треба да биде базиран на следното прашање: „Што претставува најдобро добро за најголемиот број?“ Оттука, ако се навратиме на појдовното прашање дали
48
3
ПОРТА
6 април 2012
архитектите треба да ги реализираат своите замисли или пак треба да ги исполнуваат желбите на своите клиенти, веројатно одговорот би требало да биде - решение „што претставува најдобро добро за најголемиот број“, бидејќи и архитектот и клиентот живеат во некоја поширока средина и заедница, во која резултатите на „замислата“ на архитектот и „желбата“ на клиентот можат да предизвикаат серизони последици за нивното опкружување. Во современиот свет на втората декада од 21 век, човечкиот живот најмногу се одвива во рамките на изградената средина поддржана од глобален економски систем, кој фокусира на урбаните центри со ограничена инфраструктура, која не секогаш е способна да ги прифати сите оние што сакаат да живеат и работат во неа, или дејствуваат во објекти кои се сметаат за одговорни не само за големите енергетски загуби, туку и за загадувањето на човековата околина. Да се раздвои доброто од лошото или пак прифатливото од неприфатливото, е нешто што сите ние секојдневно го правиме, а други правила
д-р владимир Б. лаДиНСКи,
дипл.инж.арх. (Велика Британија) не важат за архитектите. Кога тие ги носат своите одлуки или се обидуваат да одолеат на разни притисоци врз кои се изложени, се очекува своите одлуки да ги базираат на сопствените познавања и образование. Донесувањето на најсоодветната одлука за тоа „што претставува најдобро добро за најголемиот број“ не е лесно, особено доколку се земат предвид и секојдневните локални и глобални пазарни притисоци на кои сме изложени како поединци, а истовремено сме со многу ограничени можности да влијаеме врз нив. Физичките аспекти на архитектонското творештво во спрега со последиците од проектите и објектите за поширокото опкружување во кое тие се лоцирани, ја налагаат потребата архитектите соодветно да бидат обучени во доменот на архитектонската етика, а со оглед на тоа што: „Етиката е за сивото, не за црното или белото. Таа е за тешките одлуки кои Ве ставаат во незавидна ситуација во која секоја одлука ќе предизвика потешкотија за некого“ (Steidl, 11.12.2009, www.di.net). Одлуката што ќе ја донесе архитектот, решението што ќе го избере, објектот што ќе го испроектира и изгради, влијаат не само на поединците, нивната заедница и непосредното опкружување туку и многу пошироко. Архитектот во текот на својата професионална кариера решава за многу работи кои влијаат на здравјето, безбедноста, животната средина, искористувањето на ограничените ресурси и многу други аспекти кои налагаат архитектот да биде свесен за исклучителната одговорност која му е доверена. Заради ова е неопходно архитектите во текот на својата едукација и практика да бидат не само обучени, туку и
експерт
постојано потсетувани за нивната одговорност не само кон клиентите и корисниците на објектите, туку и кон општеството. Како резултат на реализацијата за исклучителната одговорност која им е доверена на архитектите, професионалните организации на архитекти низ светот вршат измени и дополнување на нивните интерни документи во обид да одговорат на овие предизвици. Така, според Steidl, во текот на 2004 и 2005 година, Американскиот институт на архитекти (American Institute of Architects – AIA) и подоцна во 2009 година Националниот совет за акредитација на архитекти (National Architectural Accrediting Board – NAAB), извршиле дополнување на своите акти, со кои се истакнала определбата студентите по архитектура да ги почнат своите студии слично со оние на студентите по медицина, со разбирање на професионализмот и етиката. Слично и во Обединетото Кралство, општите критериуми за првиот и вториот дел на студии (The General Criteria at Part 1 and Part 2) на Комората за регистрација на архитекти (Architects Registration Board – ARB) налагаат меѓу другото, дипломираните студентите да имаат „разбирање на односите помеѓу луѓето и објектите, и помеѓу објектите и околината, и за потребата да се поврзат овие објекти и просторите помеѓу нив со човечките потреби и мерка“. При ова особено се залага за потребата на разбирање „на влијанието
на објектите на околината, и на концептот за одржлива архитектура“ како и за тоа „како објектите се вклопуваат во локалниот контекст“. Во овие критеријуми, се бара дипломираните студентите да имаат разбирање „за природата на професионализмот, должностите и обврските на архитектите кон клиентите, корисниците на објектите, градежниците, претставниците на сродните професии и поширкото општество“, како и „за потенцијалното влијание на градежните објекти врз постојните или предложените заедници“. Исто така, наставниот план и програма за полагање на стручниот испит за архитектите налага кандидатите да развијат „способност да ги идентифицираат и артикулираат проектните програми на клиентот за да ги задоволат заедно и потребите на првиот корисник и подолгорчните потреби и определби на општеството за одржлив развој“. (pedr.co.uk). Од погорните примери може да се види како во одредени средини се прават обиди да се изградат и надградат познавањата на сегашните и особено на идните архитекти во доменот на професионализмот и етиката во архитектурата. А со тоа и да се подигне нивото на нивната совест, што би требало да им помогне при донесувањето на одлуките, дали да ги реализираат своите замисли или да ги исполнуваат желбите на своите клиенти, и да се водат според определбата „што претставува
најдобро добро за најголемиот број“, притоа водејќи сметка за подолгорочните потреби и определби на општеството за одржлив развој. Се разбира, декларациите за професионализам и етика не се доволни сами по себе. Успешноста на нивната реализација во практика во голема мера ќе зависи не само од однесувањето на архитектите, туку и од однесувањето на нивните клиенти и пошироката јавност. Оттука, неопходно е активностите на професионалните комори, асоцијации, здруженија и образовни институции, да бидат поткрепени со поширока програма за образование не само на јавноста, туку и особено на клиентите за тоа како нивните желби можат да имаат позитивно или негативно влијание врз животната средина, како денес така и во иднина. Се разбира, декларациите за професионализам и етика не се доволни сами по себе. Успешноста на нивната реализација во практика во голема мера ќе зависи не само од однесувањето на архитектите, туку и од однесувањето на нивните клиенти и пошироката јавност. Оттука, неопходно е активностите на професионалните комори, асоцијации, здруженија и образовни институции, да бидат поткрепени со поширока програма за образование не само на јавноста, туку и особено на клиентите за тоа како нивните желби можат да имаат позитивно или негативно влијание врз животната средина, како денес така и во иднина.
3
6 април 2012 ПОРТА
49
еко инфо ВаШинГтон
сад се свртува кон хидроцентралите
Американскиот Конгрес го изгласа законот што го поттикнува поголемото користење на хидроенергијата, со што се зголемува и националната енергетска сигурност. Според тој закон, ќе се овозможи изградба на нови хидроцентрали на постоечките канали и водотеци кои се во надлежност на сојузните власти. Целта на американската Влада е до 2035 година да обезбеди производство на 80% од потребната енергија од хидропотенцијалот. (UPI)
москВа
автобуски постојки на соларен погон
Москва не е позната по големиот број сончеви часови, но московските власти сепак оценија дека има доволно сонце за да се постават соларни панели на покривите од автобуските постојки. На тој начин би се обезбедувала електрична енергија за осветлување на постојките. Москва има 1700 сончеви часови годишно, што е повеќе од Лондон. Сепак, сончевото зрачење не е големо и изнесува 2,87kWh/m2 дневно. За споредба, оваа вредност за Париз е 3,34kWh/m2 а за Мајами 5,21kWh/m2. Со цел модернизација на градскиот превоз градот ќе вложи 6,5 милијарди долари, а овој проект е дел од таа стратегија. Колкав број постојки ќе имаат соларни панели, не е прецизирано. (energetika-net)
дизелдорф
e.oN работи со загуба
Германската енергетска компанија E.ON објави загуба од 1,9 милијарди евра за минатата година, кога германската влада одлучи да затвори неколку нуклеарни централи. Ова е прв пат во својата историја компанијата да работи со загуба. E.ON е најголемиот производител на електрична енергија во Германија. (Associated Press) 50
3
ПОРТА
6 април 2012
еко инфо софија
бугарија се откажува од „белене“
Бугарија ќе се откаже од новата нуклеарна централа на Дунав со моќност од 2.000 магавати која ја гради руската државна компанијa „Атомстројекспорт“, изјави бугарскиот премиер. Бугарскиот премиер Бојко Борисов наведе дека минатиот месец испратил бугарски министри да им пренесат на руските претставници дека Бугарија нема да ја изгради централата „Белене“, но оти ќе биде исплатен изградениот реактор, со моќност од 1.000 мегавати. Бугарската влада го одложуваше донесувањето на конечната одлука за изградба на „Белене“ откако дојде на власт во 2009 година, и цело време се обидуваше да најде западноевропски инвеститор за проектот, и да ги намали трошоците за изградба на нуклеарната централа, што беше проценета на повеќе од осум милијарди евра. (Deutsche Welle)
брисел
монтирана најголемата ветерна турбина во светот
Во ветерната електрана Thornton Bank, во морето покрај брегот на Белгија, е инсталирана најголемата ветерна турбина во светот со моќност од 6,15MW. Ова претставува сериозен исчекор за компанијата RWE, но и за целата индустрија за производство на ваква опрема. Електраната е сè уште во фаза на изградба. Кога ќе биде завршена, вкупната моќност треба да биде 325 MW, и ќе обезбедува енергија за 600. 000 жители.
(UPI)
будимпеШта
нова централа на биогас во унгарија
Француско-унгарската енергетска компанија EDF Démász, ја пушти во погон централата на биогас во Сегедин. Когенерациската електрана со моќност од 1,2MW вреди 4,5 милиони евра. Сировината за производство на енергија се обезбедува од блиската свињарска фарма, како и бројните одгледувачи на земјоделски култури. Централата годишно ќе произведува 7,5GWh електрична енергија, доволно за потребите на 3.700 домаќинства. Покрај тоа, ќе произведува и 6,9GWh топлинска енергија за потребите на блиските фарми и сушарници. (Budapest Business Journal) подготви: Даниела млаДеНовСКа
3
6 април 2012 ПОРТА
51
екологија
скопјани за еколоШката слика Во ГлаВниот Град
Време е за промени Никола НеШКоСКи, дипл.инж.на жив.средина/еко-менаџер
Урбанизацијата зема сè поголем замав во нашиот главен град, и против тоа не се може, но постојат зелени алтернативи
Е
колошката слика во нашиот град е таква како што е, на некои им пречи, на некои можеби им одговара, мислењата се поделени. Но, за едно нешто ќе се согласиме сите. Време е за промени. Да дејствуваме сите заедно, што побрзо, тоа подобро. Но, за да знаеме како да ги креираме и започнеме промените, потребни ни се знаење, информации, и конкретни активности, поттикнати и поддржани од страна на дражвните органи во блиска соработка со народот. Урбанизацијата зема се поголем замав во нашиот главен град, и против тоа не се може, но постојат зелени алтернативи. Дали граѓаните се навистина задоволни со состојбата со животната средина во главниот град? Еколошкото друштво ,,Еко-Логик“ од Скопје, за потребите на проектот ,,Подигнување
52
3
ПОРТА
6 април 2012
на јавната свест во однос на климатските промени“, поддржан од швајцарската Агенција за развој, направи истражување токму на таа тема. И се дојде до определени резултати. Во истражувањето што беше извршено, граѓаните имаа едноставна задача, да пополнат два анкетни листа, со прашања од типот: дали се задоволни од состојбата со животната средина во нивното место на живеење; на кој дел од животната средина се посветува најмногу внимание во нивната општина; дали во нивните општини се одржуваат еконастани; дали се запознаени со некакви мерки и активности за подобрување на состојбата со животната средина и дали би преземале одредени мерки и активности доколку тие им бидат предложени од страна на стручни лица, организации, државни органи.
Резултатите дадоа определена слика. Само 23 отсто од испитаниците во главниот град се задоволни со состојбата со животната средина, притоа нагласувајќи ја уличната чистота и хигиена. Мнозинството испитаници едногласно ги посочуваат проблемите со загадувањето на воздухот, но и преголемата бучава како главни проблеми, посебно во централното градско подрачје. Од друга страна, испитаниците беа запрашани дали би се откажале од своите автомобили, и би почнале со активна употреба на велосипед како превозно средство за одење на работа или до најблиското место за дружење, 85 отсто од нив дале негативен одговор, иако тие дале позитивен одговор на прашањето дали знаат дека автомобилите, заедно со индустријата, во Македонија го создаваат речиси целокупното аерозагадување,
екологија
односно околу 70 отсто од целокупното аерозагадување. Решение: ,,ние мора да бидеме промената што сакаме да ја видиме во светот“ - во конкретниов случај во нашата држава. Во врска со парковите и зелените површини мислењата се поделени, нормлано во зависност од местото на живеење. Но факт е дека на град како Скопје, кој е распространет на повеќе од 225 квадратни километри, и кој секојдневно вртоглаво расте во секаква смисла на зборот, му требаат се повеќе и се поголеми паркови и зелени површини. Познато е дека поради неконтролираната изградба и пренаселеноста во Скопје има неколку пати помалку градско зеленило од потребното. За град со над 700.000 постојани жители би требало да имаме најмалку дваесет квадратни километри зеленило, а сега имаме само четири. При што, во нив не влегува
зеленилото од приватните дворови, институциите и фирмите, како ни неуредените зелени површини. Според процените, ваквото зеленило зафаќа површина од еден квадратен километар. Некои од испитаните граѓани за моменталната состојба ги обвинуваат надлежните државни органи и донесувањето на новите урбанистички планови, а некои самите себе, бидејќи многумина од нив знаат дека ,,вистинската тајна на среќата е во тоа, многу да бараме од себеси, а многу малку од другите“. Состојбата со животната средина во голема мера зависи и од нас, и нашите постапки. Факт е дека ние самите треба поактивно да се вклучиме во ,,зелената изградба“ на нашиот главен град, да почнеме да преземаме конкретни мерки и активности. Во врска со другите области од екологијата, граѓаните посочуваат дека малку внимание
се посветува на ситуацијата со комуналниот отпад и рециклирањето како опција за справување со отпадот и отпадните материи. Истата слика важи и за одржувањето на разни еко-настани во сите општини на ниво на град Скопје. На овој град му фалат настани од ваков тип, настани кои можат да придонесат за подигнувањето на јавната свест на народот во поглед на заштитата на животната во урбана средина. Над 90 отсто од испитаниците бараат почесто одржување на ваков тип на настани. Факт е дека Скопје како метропола има свои предности, но и свои мани. Но, исто така факт е дека данокот што треба да се плати го трпиме ние, граѓаните. Веќе е речено дека ,,Овој свет е опасно место за живеење, не поради злите луѓе кои постојат во него, туку поради оние што не преземаат ништо во поглед на тоа“.
3
6 април 2012 ПОРТА
53
екологија
почиста и поефектиВна индустрија Во македонија
Строгите стандарди за заштита на Даниела млаДеНовСКа
Норвешка не е членка на ЕУ, ниту претендира на членство, а сепак има извонредно високи стандарди во делот на заштитата на животната средина. Не затоа што некој тоа го бара од неа, и не затоа што мора, туку заради општото добро.
М
акедонија како земја кандидат за членство во Европската Унија мора да ги имплементира строгите стандарди за заштита на животната средина, но доколку овие прашања се доживуваат како наметната обврска, како притисок, тогаш пристапот е негативен во самиот старт. Пример за тоа е токму Норвешка која не е членка на ЕУ, ниту претендира на членство, а сепак има извонредно високи стандарди во делот на
54
3
ПОРТА
6 април 2012
заштитата на животната средина. Не затоа што некој тоа го бара од неа, и не затоа што мора, туку заради општото добро. Ова го истакна Четил Паулсен, амбасадор на Кралството Норвешка во Македонија, во својот поздравен говор на завршниот семинар во рамките на проектот „Почиста и поефективна индустрија во Македонија“, укажувајќи на значењето на одржливиот развој и зелената економија, како императиви на современото живеење. Во рамките на проектот „Почиста и поефективна индустрија во Македонија“,
што се спроведува во изминативе три години и е финансиран од Владата на Кралството Норвешка, неодамна во Скопје се одржа завршниот семинар чија цел беше сумирање на сработеното, анализа на резултатите и препораки за понатамошна работа. Со спроведувањето на овој проект, Кралството Норвешка ѝ овозможи на македонската индустрија разработка на повеќе проекти на ниво на предфизибилити студии, за што на располагање беа консултантите од норвешката компанија Norsk Energi, локалниот
екологија
животната средина не се притисок
партнер - Центар за климатски промени, и уште триесетина локални консултанти. Проектот обработува три компоненти: енергетска ефикасност, управување со животната средина и студентска размена. Претставниците на Министерството за животна средина и Министерството за економија, ги потенцираа придобивките од спроведувањето на оваа програма, и во делот на климатските промени и во делот на енергетската ефикасност. Пред сè, е обезбедена значајна подготовка на индустрискиот сектор за апликациите за еколошки дозволи, како и системите за управување со животната средина, дотолку повеќе што Директоратот за клима на ЕУ веќе известил за обврските што ги има нашата индустрија во делот на законодавството за клима. Предизвиците се огромни, обврските исто така. Во делот на енергетската ефикасност, беше подвлечено дека иако во изминатиот период е донесена Стратегија за енергетска ефикасност во Македонија до 2020 година, е усвоен Акциониот план и е вклучено посебно поглавје за енергетската ефикасност во Законот за енергетика, сепак мора засилено да се работи на имплементацијата на идентификуваните активности. Ан Ирен Глимсдал од Norsk energi, во улога на проект менаџер, изрази задоволство од стручноста и подготвеноста на локалните консултанти ангажирани на проектот. Значи, имаме квалитетен кадровски потенцијал, единствено недостасуваат повеќе можности за нивно потврдување и докажување. Таа
додаде дека во текот на 2010 и 2011 година е овозможен студиски престој во Норвешка на група студенти од техничките факултети од Македонија, при што се запознале со енергетски ефикасни концепти во текстилната и металуршката индустрија. По враќањето во Македонија, студентите своето знаење го имплементираат во слични проекти во нашата индустрија. На семинарот беше претставен проект за енергетска ефикасност во Скопски легури, подготвен од нашите студенти со помош на своите ментори. Претставникот на локалниот партнер, невладината организација Центар за климатски промени, Бојана Станојевска истакна дека во рамките на проектот се подготвени вкупно 13 предфизибилити студии, а околу 20 компании земале активно учество меѓу кои: Силмак, ОХИС, АД ЕЛЕМ-РЕК Битола, фабрика Карпош, Универзитетски клинички центар и други. Беа презентирани заклучоците на секоја од студиите во вид на енергетски заштеди и намалување на емисијата на стакленички гасови, при што беше подвлечено дека во неколку компании проектите веќе се придвижиле во наредна фаза, односно изработка на физибилити студии и реализација. Во текот на семинарот детално беа презентирани две студии за енергетска ефикасност: за „Сокотаб Битола“, и „Вардар Доломит“ - Гостивар. Значителни заштеди би се оствариле со имплементација на понуденото решение за енергетска ефикасност во „Вардар Доломит“ - Гостивар, односно околу 130.000 евра годишно со сегашните цени на горивата,
што од друга страна пак, ја прави инвестицијата исплатлива на извонредно краток рок. Во делот на имплементација на системот за управување со животната средина, проектот обезбедил поддршка на четири македонски компании, меѓу кои и компанијата „Раде Кончар“, кои одржаа презентација за добиените резултати и изразија задоволство од учеството во овој проект. Како последна содржина на семинарот, Клер Џенкинс од Norsk energi го претстави системот за управување со енергијата ISO 50001, кај нас прилично непознат дури и за стручните кругови. ISO 50001 ги специфицира барањата за воспоставување, имплементирање, одржување и подобрување на систем за управување со енергијата, чија цел е да ѝ овозможи на компанијата да следи еден систематски пристап во остварувањето на континуирано подобрување на енергетските перформанси, вклучувајќи ја енергетската ефикасност, користењето и потрошувачката на енергија. Сосема на крајот се одржа и форум дискусија за очекуваните резултати, предности и недостатоци на проектот, предлози за понатамошна работа и сл., која ја водеше Фана Христовска, претседател на Центарот за климатски промени. Заеднички беше заклучокот на компаниите - учесници дека програмата обезбедила поткрепа и идентификација на профитабилноста на предложените проекти и придонела во донесувањето одлуки кај менаџерските тимови за започнување со нивна реализација. Без оваа поддршка веројатно би останале и понатаму на ниво на проектни идеи.
3
6 април 2012 ПОРТА
55
хортикултура
XVii саем за хортикултура и XV изложба „дароВи на природата“ - белГрад
Манифестација со едукативни и натпреварувачки предизвици
Н
а 29 март оваа година на Белградскиот саем, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, беше отворен саемот за хортикултура и изложбата „Дарови на природата“. На овие две манифестации кои траеја три дена во саемската хала 5, здружено се презентираа претпријатија и задруги, кои
56
3
ПОРТА
6 април 2012
се занимаваат со одгледување и трговија на декоративни садници, семенски материјал, расад, проектирање на зелени површини, градинарски мебел и урбана опрема, системи за наводнување, земјоделска механизација, пластеници и стакленици, овоштарство, винарство, пчеларство и лековити билки. На саемот успешно се презентираа провеке од 80 изложувачи меѓу кои, покрај домаќинот Србија, имаше и странски изложувачи од Белгија, Унгарија и Грција. Целта на овој саем
Филипоски Филип, дип.шум. инж.
беше да се презентираат новитетите од областа на уредување и одгледување на зелените површини. Покрај големиот број најразлични декоративни дрвја и грмушки, перени и треви познати на пазарот, имаше изложено и егзоти. На штандот на PISTOIA PIANTE од Италија имаше изложено неколку садници од видот Yucca rostrata. Во разговор со еден од вработените, дознавме дека станува збор за вид по потекло од Африка, кој претставува новитет како на српскиот пазар така и кај нас.
хортикултура
Larix K. "Stiff weeping" Yucca rostrata
Според она што можевме да го видиме на саемот, за збогатување на забавната програмата, организаторот имаше пoдготвено голем број награди за изложувачите и посетителите. Така, беа доделени награди во неколку категории за изложувачите. За најдобар цветен аранжман се натпреваруваа шест средни технички школи од областа на хортикултурата. Дипломи за најдобар асортиман на саден материјал доби расадникот „Жича“, додека за најдобар увезен материјал му припадна на PISTOIA PIANTE со застапништво
во Нови Сад. Најинтересно натпреварување беше трката со моторни косилки. Најбрзиот натпреварувач, во конкуренција од 60 пријавени како награда доби косилка за трева. Во саемскиот дел, каде што беа сместени изложувачите на манифестацијата „Дарови на природата“ можеа да се видат најразлични лековити и ароматични билки, шумски плодови, габи, мед и препарати од мед, како и производи од областа на фитокозметиката. По завршувањето на посетата на саемот
за хортикултура во Белград, може само да констатираме дека е штета што ваква изложба и мнаифестација нема во нашата Република. Тоа би било одлична можност за фирмите од Македонија, кои успешно се занимаваат со хортикултура да се презентираат пред граѓаните и заинтересираните страни со своите дејности и новитети на пазарот, а исто така, тоа би било убава шанса и за едукација на младите за значењето на природата и нејзините благодети, кои ги исползуваме во животот.
3
6 април 2012 ПОРТА
57
занимливости
У
метникот Jim Dingilian е креатор на еден несекојдневен вид уметност. Тој креира мало уметничко дело со чад од свеќи во внатрешноста на рециклирани шишиња. Овој вид на творење, создавање слика во внатрешноста на шише е покомплексен дури и од традиционалната изградба на бродчиња во внатрешноста на шишињата, иако имаат идентичен начин на создавање преку малиот отвор на шишето. Дингилиан собира шишиња со различна големина, облик и боја, кои ги наоѓа во неговото опкружување, фрлени покрај пат, насобрани во купчиња на паркиралишта, во канти за ѓубре... Тој на шишињата гледа како на „артефакт на потрошувачка, радост или ужас“, тема која се наоѓа насликана во шишињата. Најчесто ги слика пејзажите, каде што ги пронашол шишињата, доловувајќи сцени со обраснати дворови, стари автомобили оставени под мостови и други слични запуштени места на работ на преградијата. Создавањето на своето мало ремек-дело го започнува со палење на свеќа, чиј пламен гори во внатрешноста на шишето и создава слој од саѓи. Потоа, многу полека и внимателно ја чисти површината, т.е го отстранува црното за да се открие белото,чисто стакло. Следен чекор му е отстранувањето на непотребните саѓи, кое го изведува со неверојатна прецизност, благодарение на сигурната рака и мала четка закачена на шилеста прачка. Со користење на различна јачина на притисок и неверојатна контрола на раката, меки слоеви се влечат по површината за обработка, оставајќи темен пепел како „позитив“ на сцената внатре во шишето. Неговите уметнички дела во рециклирани шишиња може да се видат во Музејот на уметност и дизајн во Њујорк, како и во други галерии ширум Соединетите Американски Држави. 58
3
ПОРТА
6 април 2012
александра пеТровСКа, дипл.инж.арх.
Уметничко дело во рециклирано шише
спортски храмови
„домед болпарк“, сеул, кореја
„Голф топче“ како нов бејзбол храм Сашо КузмаНовСКи
ФаКТи за „ДОМЕД БОЛПАРК“ - Сеул Кореја Капацитет: 30.000 отворање: октомври 2012 вредност на градба: 30 милиони долари придружни објекти: мала сала за тренинг, базен, фитнес центар инвеститори: Град Сеул и Корејска бејзбол федерација
К
орејците градат нов стадион за бејзбол. Сеул кон крајот на 2010 година го одобри проектот за изградба на „Домед Болпарк“, кој треба да биде модерна замена за досегашниот стадион „Донгдаемун“, на кој се играа најатрактивните натпревари во бејзбол во оваа азиска земја. Кореја значително го подобри квалитетот на својот бејзбол во светски рамки, па не случајно на Летните олимписки игри во Пекинг 2008 година успеа да се закити и со златниот медал. Токму овој врвен резултат ги натера луѓето од престолнината да го одобрат проектот за изградба на новиот бејзбол храм, кој има капацитет од 30.000 места, околу 5.000 повеќе од вкупниот капацитет на стариот стадион, кој беше изграден во 1959 година. „Домед Болпарк“ се гради во југозападниот дел на Сеул во областа Гочеок-Донг.
Првичниот план претставен уште во 2008 година, предвидуваше стадионот што ќе биде користен исклучиво за бејзбол натпревари (плус концертни настани), да биде со капацитет од 20.200 места, но по барање на градоначалникот на Сеул и со поддршка на Корејската бејзбол федерација, проектот беше доработен според нова физибилити студија, а капацитетот на „Домед Болпарк“ зголемен за скоро 10.000 места. Специфичниот дизајн ќе го оддели од сите слични спортски објекти во овој дел од светот, затоа што „Домед Болпарк“ наликува на едно вистинско голф-топче, кое треба да биде исклучително полезно за соседните објекти, кои бараа проектантот особено да внимава на бучавата, што може да се зголеми со изградбата на објектот. Трибините на овој бејзбол стадион ќе се издигнуваат на четири нивоа над земја, а
едно ниво ќе биде и под нивото на земјата, на кое ќе се најде и централниот терен. Куполата (покривот) на стадионот ќе ја апсорбира светлинската енергија и таа ќе се користи за осветлување на објектот. Во изградбата ќе се користат енергетски ефикасни материјали според највисоките светски стандарди за градби од ваков тип. Покриениот објект ќе даде можност за непречено одржување на сите натпревари, без разлика на временските услови. Од техничка опрема, „Домед Болпарк“ ќе биде опремен со сараунд систем, а исто така ќе се гради и подвижна сцена за концертни настани. Во состав на стадионот ќе функционираат и мала сала за тренинзи, базен и еден голем фитнес центар. Иако првично се очекуваше „Домед Болпарк“ да биде изграден до септември 2011 година, сепак, отворањето ќе почека до крајот на оваа година.
3
6 април 2012 ПОРТА
59
арт инфо париз
изложба на луј Витон/марк Џекобс
Во парискиот „Musee des Art Decoratifs“ во тек е изложба на легендарните чанти на „Луј Витон“. Изложбата ја претставува целата историја на овој исконски заштитен знак на чанти кои започнаа да се произведуваат во далечната 1858 година, а денес нивната цена достигнува и до десет илјади евра. Всушност, ексклузивната изложба е за двајцата легендарни дизајнери во модниот свет - Луј Витон и Марк Џекобс, денешниот креативен директор на истата модна куќа, односно за нивните креативни достигнувања во областа на дизјнот и модното обликување. Производот на кој се заснова историјата на оваа компанија е легендарниот ковчег. Инспирирани од ковчегот настанале и култните чанти, предмет кој сите модерни луѓе во денешницата посакуваат да го имаат.
њујорк
„крик“ на аукција
Верзија на познатата слика „Крик“ на Едвард Мунк, ќе биде изложена на втори мај во аукционерската куќа „Сотеби“ во Њујорк. Експертите проценуваат дека ќе ја надминат свотата од 80 милиони долари. Мунк направил четири верзии од оваа композиција која станала универзален симбол на стравот и егзистенцијалниот ужас. Три се наоѓаат во норвешките музеи, а четвртата што оди на аукција - пастел на дрвена плоча од 1895 година - е единствениот „Крик“ во приватна сопственост. Ова дело го продава Петер Олсен, норвешки бизнисмен, а неговиот татко бил пријател со Мунк. Олсен на овој начин се обидува да собере пари за изградба на културниот центар на имот во близина на Осло, каде што Мунк живеел од 1916 до крајот на својот живот. 60
3
ПОРТА
6 април 2012
белфаст
објект за „титаник“
Во Белфаст е отворен голем изложбен комплекс посветен на прекуокеанскиот брод „Титаник“, што потона на своето прво патување преку Атлантикот, во април 1912 година. Изградбата на комплексот чинеше 77 милиони фунти, и тој е еден од најскапите вакви проекти во Европа. Изграден во форма на голем брод, комплексот висок како четирикатна зграда има девет постојани изложби. Во нив се претставени целосно репродуцирани детали од бродот, како и реплика на големите скали во централниот дел од бродот, во големиот салон за балови, што беа прикажани во филмот „Титаник“ на американскиот режисер Џејмс Камерон. Прославениот, но несреќен патнички брод, е изграден и спуштен во море во бродоградилиштето во Белфаст, што се наоѓа во непосредна близина на новоизградениот комплекс.
арт инфо париз
ретроспектива на њутн
Во Париз, во „Гран Пале“ е отворена ретроспективна изложба на фотографии на славниот Хелмут Њутн. Изложбата, што ќе трае до месец јуни, е составена од 300 негови дела од кои повеќето се оригинали. Со оглед на тоа што Њутн повеќето свои познати фотографии ги има направено токму во Париз, според организаторите на изложбата, логично е што токму градот на светлината е домаќин на неговата ретроспективна изложба. „Провокативните трудови на Њутн отсекогаш имале за цел да ја опфатат убавината, еротиката, хуморот, а понекогаш и насилството, што тој мошне умешно го мешаше и со светот на модата, луксузот, парите и моќта“, напишаа во најавата луѓето од парискиот музеј.
бостон фиренца
дела на микеланџело во 3д
Во оваа ера на развој на мултимедијалната технологија, научниците потврдија дека архитектонските дела на познатиот сликар Микеланџело можат да бидат претставени во 3Д технологија, и тоа на плоштадите во Лос Анџелес и Њу Делхи. Се работи за проектот „Кутијата на Микеланџело“, што е посветен на архитектонските остварувања, кои славниот уметник ги направил во Фиренца. Се однесува на целиот комплекс на црквата „Сан Лоренцо“, кој ќе може да биде „поставуван“ на плоштадите ширум светот, а тоа ќе биде направено со помош на дигитални фотографии, кои ќе овозможат луѓето низ светот одблиску да се запознаат со ремек-делото на овој уметник. Кутијата е направена со должина, ширина и висина од два метри и е флексибилна, а во неа секој посетител ќе може да го доживее 3Д искуството на архитектонските дела на Микеланџело.
изложени писма на хемингвеј
Невидена нежност и емоција, која досега никогаш не била забележана во ниедно дело на познатиот писател Ернест Хемингвеј, е претставена во многуте писма кои во моментов се изложени во претседателската библиотека и музеј на Џон Кенеди во Бостон, а се испраќани од страна на писателот до неговиот пријател Џанфранко Иванчич. Во едно од неговите писма, напишано во Куба во февруари 1953 година, Хемигвеј зборува за чувствата што ги имал кон својата мачка, која морал да ја убие бидејќи била многу болна и дека никогаш нема да може да ги преболи моментите поминати со неа. Писмата се купени од Иванчич во ноември минатата година, а кураторот на изложбата Сузан Врин тогаш и го сретнала пријателот на Хемингвеј кој сè уште му пишувал на својот другар. „Тој сè уште пишува секое утро, Хемигвеј го инспирира за тоа. Писмата на Хемнгвеј всушност покажуваат дека тој имал и своја нежна страна, и бил некој што се грижел за другите, но и за својот пријател“, заклучува Сузан Врин.
3
6 април 2012 ПОРТА
61
совети
СТАН ЗА ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО Ве молиме да ни предложите како да го уредиме три и полсобниот стан во кој наскоро се вселуваме. Во станот ќе живее нашето тричлено семејство. Станот е сè уште во изградба, па предвид доаѓаат и евентуални градежни промени. Семејство Јовановски, Куманово
пред
Р
аспоредот на просториите во станот дава функционална удобност за вашето тричлено семејство. Покрај дневната соба и трпезаријата, имате соба за детето и ваша спална соба, бања, тоалет, шпајз и кујна. Мана можат да бидат само долгите ходници. Евентуално, малата полусоба може да ја искористите како гардероба меѓу двете спални соби, а мирниот дел од станот со врата да го издвоите од бучниот. Друга градежна промена може да има кај кујната. Ако би се затворил влезот од дневната соба, таа може како отворена кујна да се поврзе со трпезаријата. Дневната соба организирајте ја така што гарнитурата за седење ќе ја сместите најдалеку од прозорецот, а на подолгиот ѕид ќе поставите ниска комода. Пред прозорецот има место за удобна лежалка и собно зеленило. При уредувањето може да се водите од идејата големите површини со темна боја како што се комодите, масите и ламинатниот под, да се смират со светли тонови на гарнитурата за седење и трпезариските столови. Посебна нота на целиот ентериер, секако, ќе дадат осветлувањето, деталите и дизајнерската лежалка за одмор во дневната соба. Билјана СТевКовСКа-СавиЌ, дипл. инж.арх. bsavic@porta3.com.mk
62
3
ПОРТА
6 април 2012
потоа
Л
оциран на самиот врв на изгаснат вулкан, манастирскиот комплекс Таунг Калат во Бурма се смета за еден од најчудните религиски објекти изградени некаде во светот, кој воедно нуди една незаборавна авантура и во поглед на приодот, но и во поглед на панорамата што се нуди. Во непосредна близина на храмот се наоѓа и врвот Маунт Попа, но тој не може да се спореди со предизвикот што им претстои на посетителите кога е во прашање будистичкиот комплекс. До него се стигнува со помош на точно 777 скалила, од дното до врвот на изгаснатиот вулкан. Локалните жители од околината на Таунг Калат веруваат дека и ден-денес во манастирот живеат полубогови, кои се многу блиску до рајот заради висината на која е изграден објектот. Што се однесува до техничките карактеристики, Таунг Калат се наоѓа на височина од 737 метри, а кратерот е со дијаметар од 1350 метри. Тоа е воедно и плоштината на која е изграден храмот, во кој денес живеат околу 40 монаси. Важноста на Таунг Калат во овој дел на светот е иста на онаа што планината Олимп ја имала во античкиот свет. Се смета за свето место во кое боговите ги кројат судбините на луѓето. Затоа и врвот на објектот, пред сè, над десетина куполи се украсени со злато и со посвети, кои говорат за световноста на објектот. Оние што биле во посета на манастирот, велат дека од врвот се гледа неверојатна панорама бидејќи може да се види до далечниот антички град Баган. Се напоменува дека и самиот врв има различна форма, ако се гледа од различни агли, бидејќи различни се и контурите на самиот објект. Од една страна, се гледа дебелиот ѕид кој служи како спона на куполните делови, а под него има непристапен дел од стрмна карпа. За разлика од овој дел, спротивната страна е пристапна, што овозможило и конструкција на скалила по кои е донесен целиот градежен материјал за изградба на манастирскиот комплекс. Околината на Танг Калат е типична џунгла за Бурма, која изобилува со многу густа шума, влага и животни, заради што и искачувањето на врвот се смета за соодветен опасен предизвик. Без согласност на Владата на Бурма, невозможно е искачување наТаунг Калат. Иако Бурма е солидна локација за снимање на филмови, досега ниту една компанија не успеала да го искористи непристапниот терен на Танг Калат, бидејќи тенденцијата е природата да биде зачувана во оригинална форма, а освен туристите не е дозволена поголема комерцијализација на објектот. И покрај ваквата основа, храмот е многу познат во овој дел од светот, и има многу посетители.
најчудни градби
БУДИСТИСТИЧКИ ХРАМ НА ВУЛКАНСКИ ВРВ Драган риСТов
3
6 април 2012 ПОРТА
63
излог 5
1 1. Висечка светилка од lukas Peet 2. Висечка светилка од британскиот дизајнер Tom Dixon 3. Светилка и полица од Hareide Design 4. Столица од Mario Ferrarini 5. Столица isola од claesson Koivisto rune 6. Bounce столицата е од индискиот дизајнер Fenny ganatra подготви: Сандра ДоНчева ТеоХарова, дипл.инж.арх. 64
3
ПОРТА
4 6 април 2012
излог
6
2
3
3
6 април 2012 ПОРТА
65
јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 36/2012 СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 37/2012 СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 39/2012 ОДЛУКА ЗА ПРЕКИН НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА ВОДА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ ПО ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА ВОДА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД 44 МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ ПО МОДЕЛОТ ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА, ОПЕРИРАЊЕ И ПРЕНОС НА СЛИВОВИТЕ НА РЕКИТЕ ВАРДАР, СТРУМИЦА И ЦРН ДРИМ ВО ПОСТАПКА СО ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЦИЈАТА 228 НА РЕКА ГРАДЕШНИЦА И ЛОКАЦИЈАТА 229 НА РЕКА ГРАДЕШНИЦА ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЗА 2012 ГОДИНА ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА 2012 ГОДИНА ОГРАНИЧЕН ПОВИК БР. 01/2012 ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ВО ПРВА ФАЗА ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИОНАЛНО ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА И СТОПАНИСУВАЊЕ НА МАЛА ХИДРОЦЕНТРАЛА НА ГРАВИТАЦИОНИОТ СИСТЕМ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ЛОШАНА 66
3
ПОРТА
6 април 2012
ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА А4 ДОМУВАЊЕ – ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ И ПАНСИОНИ ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА Назив на договорниот орган: ЈП Паркови и зеленило – Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Каросел. Контакт тел/факс: 02 3070-112, 02 3070115, лице за контакт: Убавица Игнатовска. Јавно отворање на понудите на ден 30.04.2012 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 38/2012 ЗАКОН ЗА ДОМУВАЊЕ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА Г2 СОГЛАСНО ДУП ЗА УАЕ 19, УБ 19/3ДЕЛ. “МЕТАЛЕЦ“ ПРИЛЕП, ДОНЕСЕН СО ОДЛУКА БР. 07-2351/5 ОД 14.12.2006 Г.
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА НА ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЕМК ДООЕЛ МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ СКОПЈЕ
Назив на договорниот орган: АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Ревитализација на ладилните кули во ТЕ Битола. Контакт тел/факс: 02 3149-171, 02 3111309, лице за контакт: Катерина Буцевска. Пријавите за учество да се достават најдоцна до: 20.04.2012 во 12.00 часот.
ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ 112, ДЕЛНИЦА КОНСКО(СМРДЛИВА ВОДА) – КОЖУВ, КО КОНСКО И КО РАДЊА, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ И ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 41/2012
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦАТА ОД ЕВРОПСКИОТ КОРИДОР 10, ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА, КАКО ДЕЛ ОД МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ М1 (Е-75) И ЗА КЛУЧКИТЕ МИРАВЦИ И СМОКВИЦА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ
Назив на договорниот орган: Општина Свети Николе, Плоштад Илинден бб, 2220, Свети Николе. ПРЕДМЕТ: Изградба на фонтана во градски парк во Свети Николе. Контакт тел/факс: 032 444169, 032 443-805, лице за контакт: Зоран Стојчев. Јавно отворање на понудите на ден 12.04.2012 год.
ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ НОВ КВАЛИТЕТЕН ДОМ во СКОПЈЕ, ОХРИД и СТРУМИЦА
КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ШТО ВИ ШТЕДИ ПАРИ!
ОХРИД - Билјанини Извори
СКОПЈЕ - Под Водно
– Лист за предбележување на градба бр. 55295 КО Центар 2 Станови : 53, 70, 77, 81, 90, 110, 114, 127 м2 Деловен простор: 73, 80, 96, 144, 162, 300, 620 м2
- Лист за предбележување на градба бр. 90014 КО Охрид 4 Станови : 50, 55, 59, 63, 73, 81, 86, 126 м2 приземје со дворно место
СТРУМИЦА - Парк
- Имотен лист бр. 16815 КО Струмица Станови : 52, 73, 83, 91, 95, 125 м2 Деловен простор : 59, 104, 143, 247 м2
Преку проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“
Деловни простории - Имотен лист
- АДОРА Инженеринг-Скопје според пропишаните услови на проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, Ви овозможува да бидете сопственик на високо-квалитетен функционален стан изграден по светските стандарди за квалитет и животна средина, со енергетска ефикасност и сеизмичка стабилност. - АДОРА Инженеринг е лидер на градежништвото на овие простори. Нуди најквалитетна опрема, што штити од студ и сонце, фотоволтажен систем за производство на струја, сопствен паркинг простор и препознатливост по примена на најсовремените технологии и стандарди во градежништвото.
СКОПЈЕ -Ново Лисиче
СКОПЈЕ -Карпош
СКОПЈЕ- 50 Дивизија
СКОПЈЕ- Ѓорче Петров
- АДОРА Инженеринг со енергетската ефикасност на објектите Ви заштедува пари секој месец. - АДОРА Инженеринг Ви нуди СÈ на едно место: проектирање, изведба и продажба.
СКОПЈЕ - Аеродром
СКОПЈЕ -50 Дивизија
СКОПЈЕ-Црниче
- АДОРА Инженеринг Ви овозможува среќен, топол, современ и сигурен ДОМ. Во ова кризно време донесете паметна одлука за траен влог за Вашата безгрижна иднина!
Резиденција со 8 (осум ) елитни станови (83 м2)
Адора Инженеринг, Орце Николов 182 А, Карпош, Скопје Скопје 072 204024, 070 365738, 075 240003, 02 5215215 Охрид 075 244244, 072 204024, 070 365738 Струмица 034 523335, 072 228026
sales@adora.com.mk info@adora.com.mk
www.adora.com.mk