ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА Срѓан јовановиќ вајС:
90 денари / БРОЈ 181 / ПЕТОК 20.04.2012 година VIII
Архитектурата секогаш доцни
Скопје
Зграда-маало наместо Ново Маало
Кижи - музеј на отворено
БРОЈ 181 ПЕТОК 20.04.2012
ГОДИНА Viii Редакција:
драги читатели, своите резултати, од иновација на деловни продукти, до комерцијализација на науката и извршувањето на јавните услуги. Според анализите на Советот за дизајн, дизајнот е најголемиот поединечен извор на неопипливо инвестирање во Обединетото Кралство, кој за оние деловни организации што се свесни за неговата моќ може да резултира со зголемување на обртот од околу 264 евра за секои 118 евра инвестирани во дизајн. Убавиот изглед и опојниот мирис, кој се шири во градината каде што се засадени некои ароматични видови, не може да се опише со зборови. Тоа треба да се почувствува. Тоа се видови кои може да се сретнат буквално во секоја градина низ Македонија, а кои ги огледуваат постарите пасионирани љубители на растенија. Во поново време, фасцинира интересот на младите за одгледување на некои од овие билки во градините или во саксии и слични садови во домот. Сепак, мора да се признае дека Џејми Оливер има поголемо влијание врз младата публика во Македонија, отколку нашите баби и дедовци.
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница: црква „преСвета богородица“ (17 ВЕК) НА ОСТРОВОТ КИЖИ, РУСИЈА
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА СРЃАН ЈОВАНОВИЌ ВАЈС:
Архитектурата секогаш доцни 90 денари / БРОЈ 181 / ПЕТОК 20.04.2012 година VIII
Срѓан Јовановиќ Вајс е архитект кој веќе со години живее во Њујорк. За „Порта3“ раскажува за својата кариера, за своите сегашни проекти и гледање на балканските простори како многу интересен мутирачки простор. Кон крајот на месец март Вајс претстојуваше во Белград како учесник на архитектонскиот настан „Денови на Орис“. Според него архитектурата секогаш доцни, додека турбо-архитектурата е склона кон мутации, мутира и сама себеси се регулира. Познатите места како Санкт Петербург и Москва не се единствените значајни места во Русија кои можете да ги посетите. Поставен во северозападниот дел на езерото Оњега, островот Кижи е музеј на отворено, кој ги фасцинира посетителите со фантастични градби од дрвната архитектура на тие простори. Легендата за овој остров кажува дека сите градби биле направени само со една секира, која подоцна била фрлена во езерото со зборовите „не постои, а нема ни да постои место како ова“. „Дизајн за иновација“ е ново мото на британската влада. Според британскиот министер за универзитети и наука Дејвид Вилетс, дизајнот може да им помогне на организациите да ги трансформираат
Кижи - музеј на отворено
лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град. инж.
ГРАДЕЖНИШТВО 12 ПРЕДИЗВИК ЗА СЕКОЈ ГРАДЕЖЕН КОНСТРУКТОР
ИНТЕРВЈУ 22
СРЃАН ЈОВАНОВИЌ ВАЈС: АРХИТЕКТУРАТА СЕКОГАШ ДОЦНИ
26
ДРВНА АРХИТЕКТУРА 26 АРХИТЕКТУРА 36
Печати: Европа92 - Кочани
СИМБОЛОТ НА МОДЕРЕН ПАРИЗ
ТЕХНОЛОГИИ 46
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
КИЖИ – МУЗЕЈ НА ОТВОРЕНО
КОГА ИДНИНАТА Е НА ПРАГОТ
графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ
22
ЗГРАДА-МААЛО НАМЕСТО НОВО МААЛО
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
СКОПЈЕ
Зграда-маало наместо Ново Маало
од редакцијата
СКОПЈЕ 08
новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
36
ЕКОЛОГИЈА 52
52
БРОДСКА АВАНТУРА ЗА СПАС НА АМАЗОНСКАТА ПРАШУМА
Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.
ХОРТИКУЛТУРА 56
МИРИСНА, ПИКАНТНА ГРАДИНА
жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
ЗАНИМЛИВОСТИ 58
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
ЛЕБДЕЧКИ ПУСТИНСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ
56
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
рубрика
4
3
ПОРТА
20 април 2012
рубрика
АТЛАНТИК ЛИФТОВИ
ул. Загрепска бр.28, 1000 Скопје www.atlantikliftovi.com.mk atlantikliftovi@yahoo.com
тел.: +389 78 339 704; 70 480 999
инфо
IZIIS SAGA-B Решение за Европа
EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.
Прецизно моделирање со AutoCAD import
• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:
www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk
www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b
6
3
ПОРТА
Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје
20 април 2012
Тел. 02 3107 721 Факс 02 3112 163
инфо
Словенечки искуства и практики од енергетската ефикасност
Енергетски ефикасните концепти се неопходност
Низ презентациите од реномирани експерти од земјава и од Словенија, стручната јавност имаше можност да види повеќе новитети во проектирањето на нискоенергетски и пасивни куќи, но и понуда на финансиски инструменти и услуги за финансирање на проекти за производство или имплементација на енергетски ефикасна опрема Даниела Младеновска
Т
оплинската изолација е значаен момент при енергетски ефикасното градење, но ефикасната опрема за вентилација и климатизација е исто така од огромно значење. Токму карактеристиките и перформансите на оваа опрема, и нејзиниот придонес кај нискоенергетските и пасивни куќи, беше една од централните теми на семинарот „Енергетски ефикасни објекти“ Slovenian Energy Efficiency Networking Day in Macedonia. Во присуство на поголем број професионалци од домашните компании, настанот го отвори со своето воведно излагање заменик министерот за животна средина и просторно планирање м-р Стево Темелковски, кој укажа на значењето на енергетската ефикасност, посебно во областа на градежништвото, и секако на обврските што во таа насока произлегуваат од законодавството на Европската Унија. Низ презентациите од реномирани експерти од земјава и од Словенија, стручната јавност имаше можност да види повеќе новитети во проектирањето на нискоенергетски и пасивни куќи, но и понуда на финансиски инструменти и услуги за финансирање на проекти за производство или имплементација на енергетски ефикасна опрема. Д-р Зоран Грков од Македонскиот институт за квалитет се осврна на
тесната поврзаност на енергетската ефикасност со финансиските заштеди, односно заштитата на животната средина, обезбедувајќи ги на тој начин предусловите за одржливиот развој. Претставникот на EKO PRODUKT од Љубљана, Миро Скворц ја претстави понудата на својата компанија од областа на термоизолационите материјали изработени од природни материјали, односно целулоза, чии својства се значително подобри во споредба со минералната волна. Исто така, презентирани беа и повеќе изведби на фасадни елементи, односно плочи изработени од дрво. Природните изолациони материјали имаат предност и во поглед на елиминирањето на проблемот со влага во објектот, па оттука овозможуваат оптимални услови на комфор - подвлече Скворц. Во продолжение беше презентирано портфолиото на компанијата во областа на изградбата на нискоенергетски и пасивни куќи од природни материјали. Потписот на EKO PRODUKT стои зад првата пасивна куќа од природни материјали во Словенија изградена во 2006 година. Посебно внимание предизвика и презентацијата на д-р Бруно Дујиќ директор на компанијата CBD (Contemporary Building Design), исто така од Словенија, кој се осврна на спецификите при проектирањето на ниско-енергетски градби во земјотресни подрачја. Се работи за
компанија специјализирана за проектирање на конструкции од дрво во сеизмични подрачја, што е од исклучителна важност, бидејќи опремата што се нуди на пазарот главно доаѓа од германски и австриски производители, односно подрачја со низок ризик од земјотреси. Милан Кустер, директорот на LUNOS од Словенија ја презентираше опремата за вентилација на својата компанија, и соодветните апликации кај нискоенергетските градби. Особено интересен беше нивниот топлиноизменувач, односно рекуператор кој овозможува значителни енергетски заштеди. Се работи за најмалата рекуператорска единица во светот, со извонредни перформанси, односно ефикасност во преносот на топлина од над 90%. На овој начин се заштедува енергија, а притоа не се нарушуваат условите на комфор во објектот. Системот за вентилација базиран на овој концепт се одликува со низок степен на бучава, мала вкупна потрошувачка на електрична енергија, и релативно ниски инвестициони трошоци. На крајот на овој семинар беа презентирани можностите, условите и критериумите за аплицирање на фондовите на Intelligent Energy Europe. Енергетски ефикасните концепти се неопходност, исто како и потребата од поголема примена на обновливите извори на енергија кај крајните корисници.
3
20 април 2012 ПОРТА
7
скопје
Се менува околината на булеварот „Кочо Рацин“
Зграда-маало наместо Ново Со двата нови урбанистички планови булеварот ќе почнува со модерен станбено-деловен комплекс на местото на еден од ретките остатоци од старо Скопје, а ќе финишира со кружен тек и со споменик
О
д почетокот до крајот на својата должина, булеварот „Кочо Рацин“ ќе добие нов изглед. Оваа сообраќајница е една од најфреквентните и највиталните во поширокото централно подрачје, протегајќи се од раскрсницата кај зградата на Народна Банка и Веро-центарот, се до подвозникот што води кон населбите Црниче, Пржино и Кисела Вода. Новиот лик, всушност, не се однесува на самиот булевар, туку на неговата околина, каде што на едниот крај се предвидуваат згради наместо сегашните стари куќи, а на другиот нов кружен тек со споменик во средината. Општината Центар деновиве објави два детални урбанистички планови поврзани со околината на булеварот „Кочо Рацин“. Првиот се однесува на Ново Маало, поточно на околината кај Веро-центарот. Зад овој современ трговски центар се наоѓа Ново Маало, еден од ретките остатоци од старо Скопје, со тесни сокаци и со мали куќички. Со децении маалата исчезнуваат и не се води политика за нивна ревитализација или реставрација, туку напротив, се поддржува трансформацијата. Сепак, од сите маалски остатоци, се чини дека овој беше најнеугледен, добар дел од куќите не се одржуваа, некои дури почнаа да се распаѓаат, а во лоша состојба се
8
3
ПОРТА
20 април 2012
и уличната мрежа и целата инфраструктура воопшто. Како и во другите слични делови од градот, така и овде граѓаните живееја во долгогодишна неизвесност за судбината на
нивното маало, гледајќи како поминуваат еден по еден план за неговото трансформирање во модерен кварт, но реализацијата постојано изостануваше. Сега има нов обид да се реши
До крајот на летото
скопје
Карпош ќе се збогати со два плоштади
О
К.С.Т.
пштинарите од Карпош веќе ја најавија градежната сезона со големи активности. Покрај редовното крпење улици, подигнување зелени површини и правење и поправање игралишта,
средства. По завршувањето на градежните работи околината ќе биде уредена хортикултурно, со урбана опрема и со садници. Изградбата се предвидува да заврши во рок од два месеца. На платото, пак, кај Млечниот ресторан, предвидено е поставување нова
оваа сезона ќе се зафатат и со изградба на плоштади. Најавено е дека во јуни годинава ќе почне целосна обнова на постојното плато и на игралиштата на плоштадот кај Млечен ресторан во Тафталиџе, а два месеца подоцна ќе почне изградбата на нов плоштад во населбата Влае. Архитектонското решение за плоштадот во Влае предвидува две партерни кружници со површина од 6.500 квадрати, сплотени една во друга, со гранитни платоа, придружени со хортикултурно решение и урбана опрема. На платото ќе може да се одржуваат културно-забавни манифестации, музички концерти, театарски претстави. Проектот предвидува и изградба на црква на површина од 130 квадрати, но, според градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, таа нема да почне да се гради се додека не бидат обезбедени
хидроизолација, како и сосема ново осветление. Комплетната реконструкција ќе опфати и замена на старите игралишта со нови. „Тендерот за плоштадите ќе биде распишан во овој период, а нивната приближна вредност е проценета на околу 18 милиони денари за секој плоштад поединечно. Но, точниот износ ќе го знаеме дури по завршувањето на целата постапка. Плоштадот кај Млечен ресторан треба да почне да се гради пред почетокот на летото, а целата негова изградба да трае максимум два месеца. По негово завршување ќе почнеме со изградба на плоштадот во Влае“, вели Јакимовски. По уредувањето на овие две локации, од Карпош најавија изградба на два нови плоштади, спроти „Тинекс“ во Карпош 3 и кај Педагошка академија.
Маало Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА ова прашање, за среќа на инвеститорите, но за жал на носталгичарите - со нов план за згради. Така, ќе има две деловни згради, десеткатници, фронтално веднаш до булеварот, зад Веро-центарот, а зад нив вкупно 12 станбени згради со по три или по четири ката, како и една катна гаража. Зад овој дел се предвидува пробивањето на булеварот „Крушевска Република“, а понатаму уште згради и деловни објекти. Двата булевара попречно ќе ги сече трамвајска пруга која ќе се движи по сообраќајницата „Страшо Пинџур“. Тоа е што се однесува до почетокот на булеварот, опфатен со план по име - Градска порта Ново Маало. Крајот, пак, ќе го краси споменик. Сè уште не се знае кој, но со деталниот урбанистички план кој го издаде општината, а кој се однесува на јужниот дел од сообраќајницата „Кочо Рацин“, се предвидува кружен тек што ќе ја поврзува неа со улиците Мито Хаџивасилев Јасмин и Бихаќка, каде што сега има триаголна семафоризирана раскрсница со средишно зеленило. Новопредвидениот споменик ќе се наоѓа среде кругот, што е вообичаено за сообраќајни решенија од таков тип. Со овој план, исто така, е предвидено да се прошири улицата 11 Октомври, која треба да добие коловоз широк 18 метри и тротоари од вкупно 12 метри. Исто така, планирана е и изградба на деловни, комерцијални и станбени објекти, катна гаража, како и доградба на уште еден кат на постојните куќи.
3
20 април 2012 ПОРТА
9
региони
Штип
Станбено-градежно ширење под Исарот Два станбени комплекси се во изградба, а претстојат активности и на третата локација каде е завршен ископот. Само од овие три згради Штип ќе добие 228 станови. Интересот за изградба на деловно-станбени комплекси е голем, особено откако Штип го доби правото на управување со градежно земјиште. Драган Ристов
П
о неколкугодишно затишје, приватни инвеститори градат неколку станбени комплекси во Штип. Заради ваквата понуда се отвора простор за намалување на цената на квадратен метар, а од друга страна, изградбата на нови станбени комплекси има позитивно влијание и врз урбанизмот во градот, но и врз студентската популација, која со оглед на бројот од 16.000 студенти е во континуирана потрага по стан.
10
3
ПОРТА
20 април 2012
Во втора година од изградбата влегува објектот на фирмата „Топ Инвест“, каде изведувач на градежните работи е „Бетон“ - Штип, а проектант на зградата е „Инвест градба“ од Кочани. Надзорот го врши „Техно Инвест“ од Штип, додека проектант на фасадата и надворешното уредување е „Платформа“ од Скопје, а севкупната ревизија е на „Статика 001“ од Скопје. Објектот е со површина од 25.000 м². Зградата на 13 ката ќе има 150 станови со површина од 40 -110 м², на 11 и 10 кат ВИП апартмани,
4.000 метри квадратни деловен објект и на два ката - гаража за возилата. Инвестицијата ќе достигне околу 10 милиони евра, кои инвеститорот веќе ги има обезбедено. Во Штип во меѓувреме се гради уште еден станбен комплекс во центарот на градот. Локацијата „Црвено-Црно“, која во Штип беше позната како угостителски објект, со тераса и простории за трговски објекти долж улицата „Вано Прке“, е во фаза на реконструкција. Поинаку кажано, инвеститорот „Оаза“ –
региони долж оваа улица, кои токму на оваа локација имаа отстапување од актуелната висина. На локација во населбата Автокоманда, меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Сутјеска“, на градежната парцела број 3, фирмата „Дом инвест“ од Штип наскоро ќе започне со изградба на третиот приватен станбен комплекс во градот. Веќе е извршен ископот на земјата, а во фаза се подготвителните активности за градба. Основниот проект е на „Инвестградба“ од Кочани и според него, станбениот комплекс ќе има вкупна површина од 4.667 м². Предвидена е изградба на две подземни нивоа на подрум и гаражи со 46 паркинг позиции на површина од 1.231 м², приземје и 6 ката со поткровје предвидени за 42 станови на површина од 2.821 м². Објектот ќе има и деловен простор со површина од 329 м². Оваа локација се наоѓа до новиот кружен тек и беше во многу лоша состојба, а станбениот комплекс овозможи уредување на просторот. Само од овие три згради Штип ќе добие нови 228 станови. - На Штип, согласно развојот, моментно му се потребни околу 1.000 нови станови. Причина за тоа, меѓу другото, е побарувачката на станови, но и присуството на студенти, што со години се зголемува на Универзитетот „Гоце Делчев“. Во Штип има интерес за градење нови станбени згради од страна на инвеститорите, но проблем се урбанистичките планови, за кои треба подолг временски период да се решат. Јас имав големи проблеми околу ова, но со неколкуте локации кои ги обезбедивме, создадовме основа за понатамошен развој и оставивме позитивен впечаток дека кога постои волја, постојат и можности и решенија со кои и на идните инвеститори ќе им излеземе во пресрет – изјави градоначалникот на Штип Зоран Алексов. Целиот капацитет на ЈП „Штип проект“ во овој момент е ставен во функција на бизнис секторот што бара локации за градежни објекти. Слична е состојбата и со градежни парцели наменети за стопански субјекти. Постои интерес од домашни, но и странски фирми, претежно турски и грчки, но проблем беше градежното земјиште. Но, сега и тоа е решено, со оглед на тоа што Штип се здоби со правото на самостојно управување со земјиштето, со што се скратуваат процедурите, а се зголемуваат можностите за негова продажба независно од намената.
Угостителство и трговија од Штип го сруши горниот кат и е во фаза на изградба на нов станбен комплекс од четири катови. Објектот според проектираното ќе има станбена површина од 2.257 м² за вкупно 36 станови. Предвидена е и локација со површина од 380 м² за деловни објекти со 36 места во трикатна гаража. Зградата ќе има и еден поткровен дел. Одобрението за градба е издадено во мај 2011 година и на терен веќе во полна фаза се одвиваат градежните активности.
Изведувач е ГТД „Бетон“ – Кочани, а надзорен орган е ДГП „Архигота“ од Струмица. Проектант е „Студио 2000“ од Скопје. Согласно локацијата на објектот и долгогодишното неофицијално име на оваа позиција како „Црвено-Црно“ и новиот објект го носи истото име, а и самиот надворешен изглед е предвиден во тој стил, со црвеноцрни колоритни позиции кои ќе асоцираат на името. Со доградбата на оваа позиција ќе дојде и до порамнување на станбените објекти
3
20 април 2012 ПОРТА
11
градежништво
ВИСОКОКАТНИЦИ
ПРЕДИЗВИК ЗА СЕКОЈ ГРАДЕЖЕН КОНСТРУКТОР
Во голем број случаи, висококатниците се изградени не само за економичност на просторот во некој град, туку и како храмови и палати на минатото. Овие конструкции се сметаат и за симболи на економската моќ на градовите. Не само што ја дефинираат Јордан Бојаџиев, панорамата, тие често го дефинираат и идентитетот на самиот град.
У
дипл. град. инж.
ште од антички времиња човекот се восхитувал на високите конструкции. Впрочем и најголемите светски чуда од тоа време (Пирамидите во Египет, Висечките градини во Бабилон, Светилникот на Александрија, Храмот на Артемида во Ефес,...) претставуваат конструкции со зачудувачка големина (висина). Во поново време, ерата на високите згради започнува во 80тите години на 19 век во САД. Високи згради се градат како за станбена, така и за административна намена. Во денешно време висококатниците претставуваат голем тренд во светски размери. Почнувајќи од Америка и Канада, преку Бразил и Аргентина, до далечниот Исток во Јапонија, Кина, Тајван, па се до новите бисери на Персискиот Залив - Дубаи и Абу Даби, тие се карактеристична глетка за големите економски центри на сите континенти. Токму таму каде што има голема побарувачка или пак недостаток на градежна површина, потребата од згради со голема височина е огромна. Во голем број случаи, висококатниците се изградени не само за економичност на просторот, туку и како храмови и палати на минатото. Овие конструкции се сметаат и за симболи на економската моќ на овие градови. Не само што ја дефинираат панорамата, тие често го дефинираат и идентитетот на самиот град. Приказ на највисоките изградени објекти во денешно време
Во овој текст е даден преглед на типовите на конструктивните системи на објектите во високоградбата од армиран бетон. Претставени се и практични примери на веќе изведени објекти од соодветниот материјал и конструктивен систем и ќе биде даден краток коментар за секој конструктивен систем посебно. Комбинирајќи ја економичноста, разновидноста на обликот и функцијата, отпорноста на пожар и ефектите од стареење, армираниот бетон претставува еден од основните градежни материјали, кој по многу нешта е идеален за употреба. Со употреба на соодветни конструктивни елементи, како армирано-бетонски платна и туби, како и со развојот на адитивите кои драстично ги подобруваат јакосните карактеристики на бетонот (ултра-јаки бетони), висината не претставува неекономична ставка од армирано-бетонските конструкции. Во споредба со челикот, армираниот бетон како материјал има и свои специфични негативни карактеристики кои се од особено значење, кои треба да се напоменат: слаба јакост на затегање (во споредба со челикот), варијации кои се зависни од времето – собирање и течење на бетонот, поголеми попречни пресеци. Може да се напомене дека товарите од сопствена тежина на конструкциите од армиран бетон се поголеми, меѓутоа на тој начин тие придонесуваат за нивна поголема крутост, а со тоа и намалување на хоризонталните поместувања на објектот, како и вибрациите на меѓукатните конструкции. 12
3
ПОРТА
20 април 2012
градежништво Систем од плочи и столбови
Овој систем е еден од наједноставните системи за згради изградени од армиран бетон воопшто. Во овој систем плочите ја заменуваат улогата на греди, притоа примајќи ги моментите на свиткување и трансферзалните сили кои вообичаено се јавуваат во гредните носачи. Овие конструктивни системи се препорачуваат само за региони во кои сеизмичкиот хазард е на многу ниско ниво, односно региони во кои нема појава на земјотреси. Иако не постои граница на висината во региони без сеизмички хазард, конструктивните системи од плочи и столбови се користат до околу 10 спрата, по што стануваат неекономични.
Систем од плочи, столбови и платна
Додавањето на армирано-бетонски платна во конструктивните системи е доста ефективен начин за добивање на хоризонтална крутост на објектите. Во овој случај, на претходниот систем (систем од плочи и столбови) се додадени и армирано-бетонски платна со што се добива конструктивниот систем составен од плочи, столбови и платна. Максималната висина на овие системи се ограничува на 20 ката, висина која се однесува за региони во кои не постои сеизмички хазард. Спојувањето на столбовите и платната со помош на плочи претставува релативно слаб извор на дисипација на енергија предизвикана од хоризонтални влијанија (ветер и сеизмика). Ротациите што се случуваат во платната за време на земјотрес не можат да се пренесат на плочите заради појавата на големи трансферзални сили. Нешто слично се случува и на спојот на плочите со столбовите. Заклучок е дека и овие системи не се препорачуваат во сеизмички активни региони. Во инженерската практика во Република Македонија се забележува изградба на објекти со ваков тип на системи, многу попознати како безгредови системи. Нивната висина не е поголема од 4-5 ката.
Систем ѕидови и споени ѕидови
Армирано-бетонските ѕидови поседуваат голема мембранска крутост и цврстина, што ги прави идеални елементи за стабилизација на висококатниците. Основната отпорност на хоризонталните влијанија кај овие системи се постигнува преку самите ѕидови, кои може да се однесуваат како конзоли (во случај да не се споени со други армирано-бетонски ѕидови) или пак да работат интегрално како систем (обично околу лифтовите или скалишните простори). Кога два или повеќе армирано-бетонски ѕидови се меѓусебно споени со помош на греди, плочи или пак се споени меѓу себе, произведуваат крутост која е доста поголема отколку збирната крутост на секое платно одделно. Спојните елементи го ограничуваат конзолното виткање на индивидуалните платна принудувајќи го системот да работи како една сложена единица, односно се однесуваат како да се поврзани преку континуиран медиум отпорен на сили на смолкнување. Како покрути системи од армирано-бетонските крути рамки, овие системи претставуваат економично решение до кај 55 ката. Заради ограниченост во просторот овие системи стануваат погодни само за хотели или станбени згради.
Систем крути рамки
Овој систем претставува еден од основните конструктивни системи. Станува збор за столбови како вертикални елементи поврзани со греди. Поврзувањето е со помош на јазли во кои се јавуваат најголемите влијанија од товар од земјотрес. Вообичаените распони се движат од 6,00 до 9,00 m. Димензиите на столбовите директно зависат од големината на сеизмичките (хоризонтални) сили на смолкнување кои се зголемуваат кон дното на конструкцијата. Предноста на овие конструктивни системи е во нивната едноставност и практичност. Големите отвори помеѓу столбовите оставаат можност за слободно планирање на прозорците и вратите. Овие системи се економични за згради до 25 ката, во региони со мал сеизмички хазард. Особено важно да се напомене е опасноста од формирање на пластичен зглоб во столбовите. Познато е дека гредите ги преземаат товарите од плочите само на нивото на кое што се наоѓаат, додека пак столбовите ги носат сите платформи што се над нивната висинска кота. Оттаму е и особено важно да се обезбеди поголем капацитет на носивост на столбовите во однос на гредите. Во случај зградата да има слаби столбови, хоризонталното катно поместување се концентрира само на еден или на неколку ката, при што многу често настанува и катен механизам.
Систем туба со широко распоредени столбови
Системот туба подразбира систем од столбови поставени на релативно мало растојание (2,40 – 5,60m), поврзани меѓу себе со релативно високи греди. Меѓутоа, во одредени случаи, за објекти со компактни основи, ефектот на туба се постигнува и покрај тоа што столбовите се поставуваат на релативно далечно растојание, меѓусебно поврзани со прилично високи греди. На сликата е прикажан еден објект од 28 ката изграден во Њу Орлеанс, кој претставува типичен пример на системот туба со широко распоредени столбови. Хоризонталната крутост е обезбедена преку рамката по обемот на конструкцијата која е составена од столбови широки 1,50 m, осовински поставени на растојание од 7,60 m и поврзани меѓу себе со греди високи 1,50 m.
Систем туба со широко распоредени столбови
Систем крути рамки со гредни носачи со променлива висина
Објектите со канцелариски простории обично бараат поголеми распони помеѓу централните и периферните столбови (околу 12,00 m). За да се премости растојание од 12 метри, доколку не се оди на преднапрегање на гредниот носач, потребна е висина од околу 1,00 m. Тоа би значело поголема меѓукатна висина (намален број на катови за иста висина на објектот), нешто што е
3
20 април 2012 ПОРТА
13
градежништво непогодно решение од економска гледна точка. Овој систем од крути рамки со гредни носачи со променлива висина претставува решение во ваков случај. Со помош на ова решение не е потребно да се зголемува меѓукатната висина, од причина што висинската кота на гредниот носач во средина на распонот е идентична со онаа на плочата што се потпира нормално на овој носач.
Систем со армирано бетонско јадро
Кај голем број објекти возможно е поставување на систем од армирано-бетонски платна околу лифтовските и скалишните прстории, на таков начин формирајаќи еден просторен систем од платна способен да прифати товари во двата ортогонални правци и да го избегне торзиониот ефект на конструкцијата. Формата на ова јадро е зависна од распоредот на скалите и лифтовите и може да варира од едно правоаголно јадро, па се до повеќекратни. Меѓукатните панели за ваков тип на конструкции обично се монтажни челични или преднапрегнати системи.
Систем од армирано-бетонски ѕидови и крути рамки
Без сомнение, ова е еден од најпопуларните системи (ако не и најпопуларен) за отпорност на хоризонтални товари на високи објекти. Со широк асортиман на апликација овие системи се користат за згради од 10 - 50 ката, па дури и повисоки. Со примена на посебни гредни носачи со променлива висина (т.н. haunch girders) апликацијата на овие системи се проширува и до висококатници до 80 ката. Рамката се деформира од силите на свиткување (shear type), додека пак армирано-бетонскиот ѕид се деформира како конзола (bending type). Линеарното свиткување на рамката во комбинација со параболичното свиткување на ѕидот резултираат со подобрено однесување на конструктивниот систем воопшто, каде што во горните катови рамките ги преземаат главните сили и им даваат крутост на ѕидовите, додека пак во долните катови е обратно. Пример од веќе Во следниов пример од веќе изведена висококатница со конструктивен систем од овој тип се прикажани карактеристичните изведена конструкција конструктивни аспекти од истата. Карактеристично е тоа што е постигната идеална симетрија во двата ортогонални правци, како и од системот армирано-бетонски релативно константната крутост по висина. ѕидови и крути рамки: Зградата има вкупно 25 ката и содржи 4 карактеристична подрумски нивоа под земја. Должината на основа гредите по работ е околу 8,70 m, со димензии h x b = 0,50 x 1,06 m, со зголемување на висината кон внатрешноста од 0,50 – 0,84 m. Четири армирано-бетонски ѕидови со димензии 0,45 x 5,96 m се простираат по целата висина на објектот, темелени на темелна плоча со дебелина од 1,52 m. Надворешните столбови варираат од 96,50 x 86,40 cm (долу), до 96,50 x 61,00 cm на врвот на конструкцијата.
Систем од рамовски туби
Овој систем се состои од столбови поставени на релативно мало растојание по работ на целата конструкција, поврзани со високи гредни носачи. Идејата е да се добие систем кој би се однесувал како конзолно потпрен кутијаст носач. За да се постигне такво однесување на конструкцијата, неопходно е
Систем рамовска туба 14
3
ПОРТА
20 април 2012
градежништво Ефект на заостаната сила на смолкнување
овие столбови да се постават на релативно мало растојание - во практиката растојанието се движи од 4,00-6,10 m, како и висината на гредите да биде прилично голема (90 - 150 cm). Сепак, хоризонталните деформации предизвикани од аксијалните поместувања на столбовите, во зависност од геометријата на конструкцијата можат да бидат прилично големи. На пример, во случај односот на висината на објектот и неговата должина (plane aspect ratio) да ја надминува вредноста од 1:2.5, се наметнува потребата од вметнување на вертикални спрегови по работ на конструкцијата, со цел да се намалат хоризонталните поместувања. Во тој случај и растојанието помеѓу столбовите може да биде поголемо. Оттаму и економичноста на овие системи зависи од големината и растојанието на рабните столбови, висината на рабната греда, како и од односот на висината и должината. Во секој случај, овие системи се употребуваат за конструкции повисоки од 40 ката. Уште една варијација на овие системи претставува и системот туба во туба. Карактеристична негативна појава за овие системи претставува појавата на ефектот на т.н. заостаната сила на смолкнување (shear lag). Имено, гледајќи ја сликата, на која столбовите на една конструкција од рамовска туба се обележани со Т и C (на англиски T=tension - затегање, C=compression притисок). Главната хоризонтална крутост ја даваат рамките поставени паралелно на хоризонталната сила, со тоа што едните се притиснати (C) а другите затегнати (T). Овие рамки се изложени на сили на свиткување и смолкнување како и обично. Оваа примарна акција е модифицирана преку крутоста (флексибилноста) на рабниот греден носач, кој предизвикува аксијалните напрегања на крајните столбови да се зголеми, а на средните да се намали. Оттаму и името заостаната сила на смолкнување.
Систем од туби со рабни вертикални спрегови
За да се избегне ефектот на заостанатата сила на смолкнување, како и за намалување на хоризонталните поместувања (дополнително вкрутување), со поставување на вертикални спрегови по работ на конструкцијата се добива системот од туба со рабни вертикални спрегови. На овој начин и растојанието помеѓу рабните столбови се зголемува, со што се добива повеќе простор за архитектонско планирање на просторот. Овие објекти наоѓаат примена до 90 ката.
Систем од споени туби
За да се постигне ефектот на чисто конзолно однесување на конструкцијата, без притоа да се појави ефектот на заостанатата сила на смолкнување, се спојуваат две или повеќе туби во една целина. Систем од туби со рабни вертикални спрегови
Систем од ѕидови и јадра
Ова е прилично нов конструктивен систем наменет за ултра високи станбени објекти, во кој споени А.Б. платна се поставени во двата правци. За добивање на дополнителна крутост се поставуваат А.Б. јадра околу лифтовите. Конструктивниот систем на еден од најпознатите облакодери - Burj Dubai, кој моментно е и највисоката зграда на светот, всушност преставува систем од А.Б. јадра и А.Б. платна.
3
20 април 2012 ПОРТА
15
градежништво Outrigger Системи
Овој конструктивен систем се состои од средишни јадра со спрегови, кои можат да бидат составени од рамки со вертикални спрегови, од А.Б. платна и хоризонтални конзолни решетки или пак од носачи кои ги поврзуваат јадрото со надворешните столбови. Исто како и за претходниот, и овој систем практично нема граница на висината.
Основа на Burj Dubai
Во продолжение се дадени табели со класификација на конструктивните системи во зависност од висината (катноста) (Табела 1). Од причина што Р. Македонија претставува сеизмичко активно подрачје, а прикажаните висини во табела 1. се однесуваат за сеизмички неактивни Типичен приказ на Outrigger систем
Burj Dubai во изградба Burj Dubai денес
Типична основа на Outrigger систем
16
3
ПОРТА
20 април 2012
градежништво подрачја, можеби поинтересна би била табела 2., која го прикажува однесувањето на различните конструктивни системи при сеизмичко дејство.
Табела 2. Одговор на конструктивните системи под сеизмичко дејство
На Балканскиот Полуостров, а особено во нашата земја, постои недостаток на ваков тип на конструкции. Впрочем, нашата највисока зграда е зградата на Македонската Радио Телевизија, која брои вкупно 22 ката. Во последниов период станува актуелно и прашањето околу градењето на кулите во
Табела 1. Класификација на конструктивните системи во зависност од висината
населбата Аеродром, кои би требало да изнесуваат 40-ина ката. Посебен предизвик за секој конструктивен инженер претставува проектирање на еден ваков тип на објект, кој покрај стандардните гравитациони товари, би бил отпорен и на сеизмички (хоризонтални) дејства. Имајќи предвид дека Македонија се наоѓа во сеизмички активен регион, може да се заклучи дека потребата од истражување во оваа област е голема.
3
20 април 2012 ПОРТА
17
градежништво
Патот до центарот на Земјата продолжува Подготви: Трајче сТоЈанов, дипл.инж.арх.
Сахалин-1
Светскиот рекорд за најдлабока дупнатина изнесува цели 12.345 метри и припаѓа на дупнатината означена како OP-11 во проектот Сахалин-1
Н
ајголемите дупнатини во земјата припаѓаат на вулканите и изнесуваат повеќе десетици километри во должина. Благодарение на вулканските активности и исфрлената лава која ја претставува содржината од длабочините на земјата, научниот свет има соодветна претстава за составот и структурата на земјата. Сепак, со развој на геотехниката и технологијата, супердупнатините се тие од кои се очекува да ги демистифицираат земјините слоеви. Светскиот рекорд за најдлабока дупнатина изнесува цели 12.345 метри и припаѓа на дупнатината означена како OP-11 во проектот Сахалин-1. Тоа е проект за искористување на нафтените и гасни ресурси на далечниот крај на Русија, и е во реализација на Exxon Neftegas Limited, компанија ќерка на Exxon
18
3
ПОРТА
20 април 2012
Mobil Corporation која оперира во име на меѓународниот конзорциум составен од руски, јапонски и индиски компании. Од 2003 година кога е изведена првата дупнатина, Exxon Neftegas Limited постави неколку светски рекорди како измерена длабочина, стапка на пенетрација, директно дупчење итн. Меѓу другото, со развој на технологијата времето потребно за дупчење со тек на времето драстично се намали. Сепак, најзначајна супердлабока дупнатина е СГ-3, длабока 12.262 метар издупчена на полуостровот Кола, северозапад на СССР, во рамки на програмата за испитување на континенталната кора, а реализирана од страна на Мешовитиот научен совет за проучување на внатрешноста на земјата и супердлабокото дупчење. Проектот започнал во 1962 година, преку неколкугодишни подготовки, за во 1970
година да започне дупчењето што ќе трае цели 24 години. Познато е дека и САД започнале сличен проект, Проектот Мохол, во 1961 година, кој поради недостаток на финансиски средства бил прекинат во 1966 година. Практично, во шеесетите години на минатиот век, во екот на Вселенската трка, се одвивала и помалку позната „трка до центарот на Земјата“. Поведени од економскиот интерес, научната љубопитност и националната гордост, Советите побрзале да стигнат до Дисконтинуитетот на Мохоровичиќ, познат уште како гранична зона помеѓу земјината кора и мантијата, односно јадрената обвивка. Уште на почетокот на 20 век, хрватскиот метеоролог и сеизмолог Андрија Мохоровичиќ, испитувајќи го движењето на сеизмичките бранови, извел теорија според која под земјината кора започнува слој со поголема густина. Преминот наречен Дисконтинуитетот
градежништво
на Мохоровичиќ (или скратено Мохо) може да се опише повеќе како скок од една во друга средина, отколку како постепен премин. Мохо се наоѓа на 5 до 10 км под океанското дно и 20 до 90 км под континетите со просек од 35 км под нив. Во подготвителниот период, геофизичките испитувања претпоставиле дека Мохо, на локацијата предвидена за дупчење, се наоѓа на 15 км, па со тоа било предвидено да се издупчат 15.000 метри и да се земат примероци. Поради големата предвидена длабина и низа други специфичности, советските научници морале да изнајдат нови начини на дупчење, да конструираат машини за таа намена, како и соодветна платформа за дупчење. Така, на 24 мај 1970 година, со употреба на дупчачките гарнитури Уралмаш-4Е и Уралмаш-15000 започнале првите дупчења. Од техничка гледна точка позначајните проблеми со дупчењата започнале откако била достигната длабината од 12.000 метри. И покрај големите напори, Советите не успеале да ги надминат проблемите и генерално никогаш не ја оствариле својата цел. Не успеале да стигнат до длабочина од 15.000 метри и со тоа многу од земјините тајни останале неоткриени. Сепак, истражувањата дале мноштво корисни информации за тоа што лежи под земјината површина, некои од нив толку фундаментални што поништиле неколку дотогаш важечки научни теории. Или како што е забележана изјавата на еден руски научник и
учесник: „Секогаш кога дупчевме наидувавме на неочекуваното. Тоа е восхитувачки, но воедно и вознемирувачки“. На изненадување на научниците, тие не наишле на очекуваниот премин од гранит кон базалт за кој се претпоставувало дека постои на длабина од 3 до 6 км под земјината површина. Геофизичките истражувања долго време покажувале дека сеизмичките бранови патувале значително побргу под таа длабина, за што се сметало дека причината е слој на базалт. Наспроти тоа, дупчењата покажале дека причина за тоа се промени во карпите под зголемен притисок и топлина. Што е уште понеочекувано, овие метаморфни карпи биле целосно фрактурирани и заситени со вода која ги исполнила пукнатините. Водата во слободна форма не се наоѓа на големи длабини, па научниците претпоставиле дека водата ја создале атоми на кислород и водород кои биле истиснати од околните карпи поради големиот притисок. Истата не можела да се пробие до површината поради слој на водонепропустливи карпи над неа. Друго неочекувано откритие биле микроскопските фосили најдени на длабочина од 6,7 км под земјината површина. Конкретно, 24 типа на различни типови на планктонски микрофосили биле пронајдени, покриени со азот, наместо со варовник или силициум. Сепак, и покрај суровата средина на топлина и притисок, биле пронајдени докази за живот чии остатоци биле зачудувачки
сочувани. Веројатно најнепријатното откритие се однесува на степенот на зголемување на темпертурата со прогресот на дупчењето. На длабочина од 12.000 метри, експедицијата се соочила со 180°C, која претставувала максимална дозволена температура за дупчачката опрема. Наспроти очекуваните 100°C на таа длабина, реалната температура предизвикала големи потешкотии. Со цел надминување на проблемите, руските научници ја ладеле калта и ја враќале назад, но на сите им било јасно дека дупчењата нема да ја достигнат целната длабина, сè додека не се најде соодветно решение за проблемот со високата температура. Поради високите температури и големиот притисок, карпите биле повеќе пластични отколку цврсти, па секогаш кога дупчачката круна била повлекувана назад за замена, дупнатината се обложувала и обезбедувала. Во 1989 година, СГ-3 достигнала длабина од 12.262 метри и покрај намерите за продложување со дупчењата во наредните години, дупнатината била стопирана во 1994 година, а сè до 2008 година го држела светскиот рекорд кога бил издупчен Ал Шахин, нафтениот извор во Катар, длабок 12.289 метри. Од 2011 година, Сахалин-1 OP-11 со своите 12.345 метри длабина го држи рекордот на најдлабока дупнатина. Патот до центарот на Земјата продолжува. Се чека на нова технологија и можност да се откријат земјините тајни.
рубрика
20
3
ПОРТА
20 април 2012
ентериер
Мебел со потпис на „Мерцедес“
С
амо што ја отвори новата фабрика во Унгарија, „МерцедесБенц“ неодамна објави дека покрај автобилската индустрија ќе се занимава и со дизајнирање на мебел. Имено, „Мерцедес“ на претстојната Недела на дизајн во Милано ќе дебитира со своја колекција на ергономски мебел. Популарниот германски произведувач на автомобили на тој начин, планира да ја прошири палетата на своите производи и да дизајнира нова колекција на мебел, инспирирана од своите возила. За сега асортиманот на мебелот се состои од софа и стол, по примерот на препознатливиот дизајн на „Мерцедес“. Првата колекција е направена во соработка со Formitalia Luxury Group, компанија специјализирана за изработка на мебел инспириран од автомобили, а која исто така, соработува и со Lamborghini и Aston Martin. Ова не е првпат дизајнерите на водечките автомобилски брендови да се испробаат и во декорот на куќниот ентериер. Своите визии на луксузен опремен дом веќе ги понудиле Aston Martin и Porsche.
3
20 април 2012 ПОРТА
21
интервју
Срѓан Јовановиќ Вајс
Архитектурата секогаш доцни Турбо-архитектурата е склона кон мутации, мутира и сама себеси се регулира м-р Ѓорѓе Јокиќ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА)
Срѓан Јовановиќ Вајс
е архитект кој веќе со години живее во Њурок. За „Порта3“ раскажува за својата кариера, за своите сегашни проекти и гледање на балканските простори како многу интересен мутирачки простор. Кон крајот на месец март Вајс претстојуваше во Белград како учесник на архитектонскиот настан „Денови на Орис“.
Можете ли на читателите на „Порта3“ да им кажете кој е Срѓан Јовановиќ Вајс и откаде Вие во Њујорк?
Јас студирав архитектура во Белград во деведесеттите години од минатиот век, во времето на големата криза. Тоа беше чуден период во кој немаше иднина, но од сето тоа успеавме некако да организираме многу креативни акции. Додека бев во Белград, Иван Кучина и јас го создадовме списанието „Акцелератор“, првото интернет списание за архитектура. На некој начин, тоа беше нашиот излез од кризата. Преку еден мој пријател, случајно го испратив своето портфолио. Тој леташе за Њујорк и ми рече: ќе го земам твоето порфолио ако сакаш, но нема да ти кажам каде ќе го пратам. После пола година, ме повикаа од Харвард, од школата за дизајн (Graduate School of Design), да прашаат зошто не се јавувам, бидејќи сум бил примен и 22
3
ПОРТА
20 април 2012
сум добил стипендија. Јас тогаш дипломирав кај професорот Лојаница, добив виза и отидов на студии на Харвард. Следните две години беа како на некој брод, сè беше архитектура. Таму седев со Рем Колхас (Rem Koolhaas) и Жак Херцог (Jacques Herzog) кои не ги штедат студентите. Научив да истражувам во архитектурата, тоа беше најбитната работа. Архитектурата не постои без истражување, без идеја или став на архитектот. Знаењата на архитектите се многу значајни за процесите на денешницата. Тие не натераа да научиме да размислуваме додека работиме, но исто така не научија дека зградите не размислуваат сами. Се што работиме како архитекти е критично, секоја одлука, секој цртеж, секој телефонски разговор. Зградата на крај не е критична туку останува она што е. Од нив научив да работам на два колосека.
На што моментално работите?
Ми излезе нова книга, која ја направив со фотографот Армин Линке (Armin Linke), „Социјалистичка архитектура, акт на исчезнување“ (Socialist Architecture : The vanihing act). Насловот е даден така што потсеќа на маѓионичарски трик, политичката архитектура е секаде околу нас, но идеологијата веќе не постои или ако постои се јавува на друг начин. Патувавме по бивша Југославија и баравме локации каде што тоа најмногу се гледа, каде што останала архитектура како некој вид на археологија. Нашата цел беше тие примери да се видат на еден покреативен начин. Има многу дискусии околу тоа што треба да се прави со тие згради, дали да се рушат, продаваат или нешто трето? Имаме идеја која би сакал да ја разработам, да се испитаат идеите и некои од
интервју тие примери да станат паркови, нешто за што не се потребни големи финансиски вложувања, но би било можно тие градби да го продолжат животот, како Петрова гора во Хрватска, Домот на револуцијата во Никшиќ или недовршениот музеј на револуцијата во Белград. Тие денес се преоблечени со природа и постои некоја убавина во сето тоа, тоа е некој нов живот, кој пејзажниот архитект многу подобро би го направил од
свет на постсоцијализмот има еден куп примери. Она што мене ме интересира е доцнењето во идеологијата, затоа што тоа создава време за градење. Сите овие набројани примери настанале во доцниот социјализам, кога тој практично ја губеше својата сила. Новиот Систем во некоја рака оперира на поинаков начин, демократијата тоа го прави поинаку. Просторот се сецка, јавниот простор исчезнува, додека некој друг настанува, како мегаструктури, шопинг центри и други концепти на јавниот простор. Тоа се случува секаде, дури и во Кина, иако таа е сè уште идеолошки комунистичка земја која работи на капиталистички начин. Ние таму го имаме проектот Ордос. Тоа е еден креативен проект каде системот се заобиколува, тоа е дел од нов град каде уметникот Ај Веивеи (Ai Weiwei) и неговиот колекционер сакаа да
обичниот архитект. Правиме истражување како тие простори да бидат креативни, простори на иднината, а не на минатото.
Колку ви се интересни балканските простори затоа што доаѓате од Балканот, а колку затоа што тие се универзално интересни заради таа комплексност на општеството на овие простори?
Секако дека ми се интересни затоа што сум од
го преземат градот од самото планирање и да го направат покреативен. Тие сакаа да го подигнат квалитетот на градење што во Кина одеднаш опадна. Повикаа стотина архитекти да бидат дел од тоа и помалку или повеќе им дадоа апсолутна слобода во проектирањето на куќите. Тој град е колекција на архитектурата, едноставно, клиентот е колекционер, можеби не му се допаѓаат сите проекти, но сите ќе ги изгради. Тоа е еден нов начин на размислување каде што градот се посматра како уметничка колекција, а не како дел на социјалистичко планирање или турбо капитализам.
Како би го објасниле вашиот концепт на турбо-архитектурата?
Тоа е термин кој настанува за време на кризата во деведесеттите години. Тоа е моментот кога
овие простори, имам некое познавање, а сфатив и дека не знам многу. Мојата последна книга ја покажав на некои професори од универзитетот Пен (Penn University) и тие ми рекоа дека ништо не знаат за тоа. Балканот е како црна дупка на информации и затоа мислам дека треба да се работи на тоа. Третата причина е што постои универзалност во процесот на престанок на една идеологија и преминот во друга. Целиот
граѓаните ја земаат работата во свои раце, а го следи голема преселба од руралните во урбаните средини. Луѓето доаѓаа со своите идеали и вредности и почнуваа да градат. Карактеристично за турбо-архитектурата е тоа што таа е поинаква од кич архитектурата што се случува на пример во Калифорнија. Таа се случува во специфичен политички систем, во период од десетина години, а тоа е доволно долго да се изгради дел од градот. Многу од тие градби се неподвижни затоа што се изѕидани од цврсти материјали. Турбофолкот го зема фолкот како нешто старо, традиционална музика, и се инјектира со некоја инјекција, па станува турбо. Машинеријата е стара, така е и во архитектурата, технологијата е стара, но одеднаш е важно како треба да изгледа куќата, одеднаш е битно да биде поголема и посветла.
3
20 април 2012 ПОРТА
23
интервју Споменик во Петрова гора
Кумровец
Проект Ордос, макета
„ГТЦ“ Скопје
За време на изложба посветена на проектот Ордос Добар пример за ова се гипсените лебеди и лавови или познатата зграда со црвените лакови на Нов Белград, популарната „Црвенкама“. Денес, ние поминавме низ тој период, сега нешто ново се случува. Турбо-архитектурата е склона кон мутации, мутира и сама себеси се регулира. Градот почна во некоја рака да се саморегулира, имаше многу кршења 24
3
ПОРТА
20 април 2012
на прописите и законите, но постепено почна да се менува, она што некогаш беше тубро сега е работа на конфекција на неомодернизмот. Ако постои прашање за историја на архитектура, турбо периодот мора да биде поставен во таа анализа, затоа што во прашање е точно саморегулацијата, никој не можеше тоа да го регулира, па градот мораше сам себе да се регулира.
Што значи концептот Школа на пропуштени студии (The school of missing studies)?
Тоа е мрежа на уметници и архитекти, која има неколку основни учесници. Во прашање е мрежа за истражување на градови кои поминале или поминуваат низ нагла транзиција. Членовите на групата се од Њујорк, Ротердам, Белград и други градови. Последниот проект беше Lost highway expedition, на кој учествуваа
интервју околу 300-350 луѓе. Беше организирано патување во осум градови на западен Балкан, кои се главни градови на покраини, а целиот проект е гледан како недовршен автопат, како некој вид врска помеѓу тие градови. После сето што се случуваше на овие простори, ние сфативме дека врските треба да се обноват затоа што тие веќе постојат. Најдовме организации кои постојат долго време и соработуваат, помеѓу Скопје и Љубљана, Загреб и Белград, Нови Сад и Сараево и други градови. Експедицијата имаше различни проекти. Во Белград проектот се викаше „го бараме октомври“ (Looking for october). Дознавме дека 20 Октомври (денот на ослободување на Белград) повеќе не се слави, со декрет на владата од 2003 година. Проектот беше идеален затоа што иако веќе не се прославува овој ден, постојат училишта, кино, октомвриска награда, и други материјални наследства секаде низ градот што го носат неговото име. Учесниците работеа кратки филмови за различни теми, па е направен долгометражен филм за сето ова. Проектот претставува некој вид на документарец и беше пуштен на српската државна телевизија како образовна програма. Школата на пропуштени студии не е алтернативен универзитет туку е проект, обично се работат истражувачки проекти бидејќи во текот на студиите по архитектура нема многу време ниту
пак можности за таков вид на истражување.
Колку ви е интересен Кавказ како пример за една нова транзиција која оди исклучително брзо?
Астана е нов град. Брајк Инглес работи во тие земји. Кавказ е многу интересен, разликата е во размерот. Ако го гледаме Балканот како космос во мало, тогаш со секое поместување кон исток, државите, просторите и катастрофите стануваат поголеми. Сè на некој начин станува поголемо. Покрај ова, тоа се сè уште идеолошки системи, дикататорски ориентирани, тие стануваат некој вид на продуценти на новите градови и новата архитектура.
Како вие ја гледате балканизацијата во архитектурата?
Архитектурата на балканизацијата, т.е. балканизацијата е родена како негативен термин. Многу луѓе не го сакаат и се плашат од овој термин. Тој претставува конфликт, суров распад на помали ентитети. Јас сфатив дека балканизацијата добила други значења, се користи како метафора, од правото преку архитектурата до Интернетот. Балканизацијата на Интернетот се гледа како позитивна работа, има добри работи како миникредити, мали работи. Ако на балканизацијата се гледа како на стратегија, а не како на криза, тогаш постои нешто што се вика архитектура на балканизација на
Балканот. Тоа е еден позитивен правец и аспект затоа што во суштина покрај глобализацијата денес постои и локализација. Балканизацијата е третиот начин, третиот пат, таа е придонес и за глобализацијата и за локализацијата. Тоа е барање на идентитети, кое на некој начин може да се гледа како на плурализам.
Како вие моментално ја гледате состојбата во архитектурата на Балканот, како ви изгледа тоа?
Ние живееме на еден простор, но живееме во други временски зони. Словенија е далеку пред останатите, па доаѓа Хрватска, и тогаш почнува ситнењето. Она што се случува во една земја ќе се случува во друга. Добрата работа на демократијата е во тоа што да се доцни значи да се биде следен. Тоа не постоеше во социјализмот. Работите беа решени, постои соработка и едните учат од другите. Јас верувам дека она што се случуваше во Словенија ќе се случува и во Хрватска. Денеска ми раскажуваа колегите од Хрватска како Словенците им помагаат, јас верувам дека тоа ќе се случува и овде, ќе се појави тоа преливање, затоа што архитектурата секогаш доцни, таа доаѓа подоцна, доаѓа на крај. Потребно е многу повеќе за да се случи архитектура. Заради тоа турбоархитектурата беше креативна, затоа што не доцнеше. Таа дојде порано и заобиколи сè.
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
3
20 април 2012 ПОРТА
25
архитектура
Кижи музеј на отворено
П
ознатите места како Санкт Петербург и Москва не се единствените значајни места во Русија кои можете да ги посетите. Поставен во северозападниот дел на езерото Онега се наоѓа островот Кижи - музеј на отворено, кој ги фасцинира посетителите со фантастични градби од дрвната архитектура на тие простори. Кижи е еден од најпознатите острови во Република Карелија (Русија). Со своите извонредни експонати од дрвна архитектура од регионот, островот претставува голема туристичка атракција, а исто така е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Една од најзначајните карактеристики на овој остров е тоа што сите градби на него се направени исклучиво само од дрво. Легендата за овој остров кажува дека сите градби биле направени само со една секира која подоцна била фрлена во езерото со зборовите „не постои, а нема ни да постои место како ова“.
26
3
ПОРТА
20 април 2012
дрвени градби
Легендата за овој остров кажува дека сите градби биле направени само со една секира, која подоцна била фрлена во езерото со зборовите „не постои, а нема ни да постои место како ова“
Островот има должина од околу седум километри и ширина од еден километар, и се протега од север кон југ. Во податоците за островот Кижи, може да се забележи дека првите жители и цркви се јавуваат во 15 век. Населението во почетокот било рурално, но подоцна под притисок на властите почнало да се развива рударството на островот, а тоа резултирало со голем подем на тој регион во 1769 година. Исто така, во тој период овој остров претставувал важна алка во транспортната патека помеѓу Новогород и Белото Море. Повеќето од селата престанале да постојат до 1950 година, а сега само еден мал дел од руралната средина се задржала. Во 18 век биле изградени две големи цркви и една камбанарија, кои сè уште го красат островот со целиот нивни сјај. Во педесеттите години на минатиот век, дузина историски значајни објекти изградени од дрво, кои се наоѓале на разни локации во Карелија, биле донесени на островот заради поедноставно зачувување на
Александар Черепналкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија
објектите и секако, поедноставна презентација на нивната историска вредност пред посетителите. Денес, целиот остров е прогласен за музеј под отворено небо, а на него можат да се видат повеќе од 80 градби со голема историска вредност. Денес педесетина жители го населуваат Кижи и се грижат за целиот музеј. Првите документи пронајдени за овој остров, покажуваат дека најстарите цркви кои биле изградени на островот датираат уште од средината на 16 век. Овие документи опишуваат црква со две куполи и камбанарија, која според подоцнежните подетални описи од 17 век, всушност имала пирамидални кровови. Оваа црква, која била посветена на Пресвета Богородица, изгорела од удар од гром во крајот на 17 век. По овој несреќен случај, првата нова црква изградена на истото место е завршена во 1694 година, а подоцна во 18 век честопати реконструирана, за да ја добие денешната прекрасна форма со нејзините 22 куполи и камбанаријата. Висината
архитектура на оваа црква достигнува 37 метри и претставува една од највисоките цркви во северниот дел на Русија. Димензиите на основата се 20x29 метри. Нејзината големина не дозволува да се затоплува во зимскиот период кога температурите достигнуваат и до -35 степени Целзиусови. Затоа таа се нарекува и летна црква.
КОНСТРУКЦИЈА
Објектите на островот се изградени на камења без длабоки темели. Основната конструкција е од обло борово дрво со дијаметар приближно 30 сантиметри и должина од 3-5 метри. За потребите на сите градби, биле донесени илјадници трупци дрво што во тоа време претставувало комплексна логистичка задача. Можеби најинтересниот дел од конструктивен аспект е дека во градбата не се употребувани метални конектори, целата конструкција е постигната со засекување на дрвото за да оформи стабилна аголна конструктивна врска. Со редење на облата граѓа една врз друга, се оформуваат ѕидовите на објектот. Кровот е покриен со шиндри од дрвниот вид смрча, додека куполите се обложени со топола. Островот Кижи, како музеј на отворено, е прв во Русија од таков вид, а започнал со функционирање во 1951 година. Денес на островот можат да се забележат вкупно 87 дрвени конструкции, меѓу кои и црквата посветена на светецот Лазар, која се смета за најстара црква од дрво во Русија изградена во втората половина на 14 век, на источниот брег на езерото Онега. Оваа црква станува една од главните атракции на острвовот, бидејќи се смета дека има исцелителна моќ и многу верници од цела Русија доаѓаат во неа. Меѓу останатите донесени градби на островот се издвојуваат дваесетина селски куќи, воденици, плевни, сауни и друго. Музејот содржи околу 40.000 експонати од кои повеќето се домашни предмети како алат, прибор за јадење, парчиња мебел и слично. Исто така, содржи и прекрасна колекција од околу 1.000 икони од периодот помеѓу 16 и 19 век, црковни текстови, фотографии и цртежи, кои дополнително сведочат за значајноста и за светоста на ова место. Островот Кижи со неговата смирена природа ги предизвикува сите верници да дојдат и да го посетат. Покрај духовните вредности на островот, исто така претставува и голем интерес за професионалци од градежната фела да се запознаат со умешноста на старите мајстори и нивната дарба за градење, која со многу труд и пожртвуваност блеска во овие објекти на кои им се восхитуваме и ден-денес.
3
20 април 2012 ПОРТА
27
архитектура
Французите градат кули близначки Французите планираат изградба на кули близначки високи 328 метри, кои ќе ја засенат зградата Шард во Лондон што важеше за најголема градба во Европа.
28
3
ПОРТА
20 април 2012
архитектура
Двата облакодери ќе бидат за 18 метри повисоки од Шард, која сè уште е во фаза на изградба во англиската престолнина. Отворањето на кулата во Лондон, висока 310 метри, е планирано пред почетокот на Олимписките игри.
Во Ермитаж Плаза ќе има и луксузни спа центри со базени Двата облакодери ќе бидат изградени во срцето на Париз, на самиот брег на реката Сена, а во нив ќе бидат сместени луксузни апартмани, канцеларии, шопинг-центар и хотел.
Но, градбите во Лондон и во Париз сè уште не можат да се мерат со кулата Бурџ Калифа во Дубаи чија висина изнесува 842 метри.
Меѓутоа, оваа кула ќе падне во сенката на архитектонското чудо по име Ермитаж Плаза, кое го проектираше познатата британска компанија „Foster and Partners”.
3
20 април 2012 ПОРТА
29
архитектура
Училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“, Скопје
„Песталоци“
симбол на образовната архитектура Ова училиште како модерен објект и по 50 години не изгубил од својата актуелност. Објектот има вредност на иновација, бидејќи вреднува едно ново решение кај училишните објекти не само во локални но и во меѓународни рамки - напуштање на коридорскиот систем, концептот на двострана инсолација и проветрување, квадратните училници, димензионирањето според детските пропорции, специфичната опрема и уште многу други елементи Детето има тројца учители: прво, другите деца, второ, учителот и трето, просторот. (Шведска поговорка)
А
рхитектурата за деца, односно архитектурата на педагошките институции е комплексно прашање. Имено, основните училишта (како и градинките) се простори каде што децата за прв пат го напуштаат семејниот дом и се среќаваат со феноменот на организираната социјализација. Симболично, тоа означува и премин од семејниот свет во уредениот, организиран свет на општествената заедница. Како што при овој премин се менуваат социјалните односи, така се менува и просторната рамка, односно децата во 30
3
ПОРТА
20 април 2012
училиштата се среќаваат со поинаква димензија и организација од оние во домот. Комплексноста и чувствителноста при проектирање и уредување на основните училишта е исклучителна, бидејќи пред архитектот се поставени единствените барања на сензибилност. Имено, и самиот Алфред Рот смета дека објектот треба да биде функционален одговор на педагошките барања, „дизајнот на објектот не треба да служи на своите сопствени интереси, туку треба да произлезе од есенцијата на објектот, од функцијата што треба да ја задоволи“. Целта на образованието е да се ослободи
Анастасија Николовска,
креативната енергија на детето, кое веќе не е пасивен елемент во рацете на едукаторот, туку независен субјект од кој се очекува активно да учествува во образовниот процес преку низа активности: игра, индивидуална активност, спорт, музика, уметност и друго. Децата пред сè имаат имагинација, она што не го разбираат или не го познаваат го одгатнуваат со имагинацијата. Со таа мисла на ум би можеле да се запрашаме како децата го доживуваат просторот и архитектурата околу себе. Токму тој простор програмски треба да се планира преку нивното мерило и нивната перспектива, за да не се изгубат
архитектура во него како Алиса во Земјата на чудата.
Урбанистички аспекти
Училиштето „Јохан Хајнрих-Песталоци“ се наоѓа во поширокиот центар на градот, во станбената населба Буњаковец која како засебна урбанистичка целина е формирана и постои уште од дваестеттите години на XX век. Референтни точки во непосредна близина на овој објект се: Архитектонскиот факултет, трговскиот центар „Буњаковец“, булеварот „Партизански Oдреди”, Универзалната сала и Соборниот храм „Св.Климент Охридски“. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје станува лабораторија на меѓународната соработка и солидарност, каде што голем број
игралишта. Во проектот биле предвидени две спортски игралишта за фудбал со димензии 50/80 м, односно кошарка 40/60, но во денешните услови овие спортски површини се оштетени, опремата речиси и да ја нема, па служат за алтернативни детски игри кои немаат рестриктивни потреби во однос на опремата.
Програмирање и планирање
Овој училишен објект е пример за диспозиција, која е резултат на функционалното поврзување на елементите на централна сала и безкоридорски систем. Планираниот состав на овој објект е
архитекти оставаат свој отпечаток. Во вакви услови, Швајцарската влада му подарува на Скопје едно модерно и опремено основно училиште, аворски проект на архитекот Алфред Рот. Пред земјотресот во 1963 година, на постоечката локација на сегашното училиште се наоѓало училиштето „Петар Петровиќ – Његош“. Парцелата во која е изградено училиштето има неправилна форма заради нерешените имотноправни односи, така што никогаш не успеала да ја постигне полната предвидена површина. Училиштето се води на улица „Апостол Гусларот“ број 3. Двостраниот пристап во парцелата е во оската исток-запад преку улицата „Борка Талески“, која е во дисконтинуитет поради парцелата на училиштето. Расчленетата
композиција од просторни волумени го формира динамичниот школски двор. Тој се доживува во различни форми и димензии, различен степен на отвореност и затвореност, како и различен просторен квалитет. Во рамките на школскиот двор е застапено зеленило, кое во голема мера е запуштено и не се одржува, но постои идеја да биде природна ненаметлива бариера која го заштитува детето од светот вон дворот. Имајќи го предвид значењето на отворениот простор за физички, ментален и морален раст, децата имаат можност да бидат во допир со природата, со пространи површини за игра и рекреација на отворено. Отприлика 1/3 од вкупната расположлива површина на школскиот двор припаѓа на спортските
диференциран во четири функционални единици/ павилјони со различна функција, диференцирани според типот на активноста што се одвива во нив. Единицата за заеднички простор е решена како приземен објект во кој околу централно поставената сала се поставени: главната влезна партија, просториите за управа, и училишната кујна со терпезарија. Во северниот дел е поставен склоп од простории за физичко воспитување, а на исток помал павилјон со специјални наставни простории. Помеѓу заедничките простории и павилјонот со специјални наставни простории се наоѓа главното крило со општи
училници. Главните функционални единици меѓусебно се поврзани со пониски делови – хоризонтални комуникации, остварени преку затворени коридори и полуотворени тремови во кои се распоредени секундарните функции: администрација, тоалети, коридори, комуникации и др. Вертикалната комуникација, пак, се заснова на скалишни јадра кои водат директно до училниците. Развојот на идејата во овој објект бескомпромисно го одбегнува дотогаш застапениот формализам на монументални училишни згради, и успешно продуцира функционален одговор на педагошките барања.
3
20 април 2012 ПОРТА
31
архитектура Поврзаност на објектот со значајни личности
Алфред Рот (1903-1998) е проектант на објекот. Овој швајцарски архитект, професор на Техничкиот универзитет во Цирих, кој долги години се занимавал со прашањето на современата едукација и школските објекти, има големо влијание за развојот на модерната архитектура во Швајцарија. Бил член на CIAM (International Congresses of Modern Architecture) и долгогодишен соработник на гигантот на модерната Ле Корбизје. Јохан Хајнрих-Песталоци (1746-1827) е познат швајцарски педагог од XVIII и XIX век, кој дејствувал во времето на неохуманизмот. Тој ги поставил формалните цели на едукација, која од секој поединец треба да формира хармонична, здрава, комплетна личност која ќе придонесува во своето општество. Песталоци сметал дека едукацијата во училиштето е продолжување и проширување на домашното воспитување, и дека едукацијата на секоја личност треба да се состои од интелектуално (развивање на мислата), физичко (развивање на физичките дарби) и морално образование (издигнување на поединецот во стабилна, хармонична и комплетно формирана личност). Доколку недостасува барем еден од овие три аспекти, развојот ќе биде едностран, а личноста ќе остане неформирана во целост.
32
3
ПОРТА
20 април 2012
архитектура Од тој аспект како особено важни елементи во програмирњето и планирањето на овој објект треба да се напоменат: правилната ориентација на просториите согласно активноста што се одвива во нив, внатрешната подвоеност на тивки и бучни зони и подредување на просторот според димензии на детето (така што висинската кота на коридорите и тремовите изнесува 240 cm ). Главниот влез во објектот се наоѓа на западната страна, но тој нема голема фреквентност. Бидејќи овој влез е директно поврзан со функционалната единица која ги опслужува администрацијата и наставничката канцеларија, тој е официјален влез и се користи само од страна на наставниците, членовите на администрацијата и како влез за прием на странки. Во објектот се пристапува уште од два споредни влезови преку училишниот двор, кои се ориентирани кон север, тие се најфреквентни и се користат од страна на учениците.
Конструкција
Конструкцијата на објектот соодветстува на постземјотресниот период во кој е градена. Како и кај многу други објекти (студентскиот дом „Гоце Делчев“, Државниот архив, Македонски пошти и др.) видлив е и доминантен градежниот материјал – немалтерисан армиран бетон. Во однос на констукцијата, објектот е проектиран така што може да прифати висока сеизмичност која е од круцијална важност за ова трусно подрачје. Главниот павилјон со училници налегнува врз 54 гумени темели (перници) со димензии 70/70/35cm, кои имаат за цел да ги амортизираат евентуалните земјотресни удари до девет степени. Идејата е да се зголеми предоминантниот период на осцилација на објектите на повеќе од една секунда, со што конструкцијата би станала речиси нечувствителна на силни земјотреси. Во смисла на новата противземјотресна конструкција, станува збор за мошне ретка и релативно нова асеизмичка конструкција – темелење врз гумени перници што го прават овој објект уникатен во времето на неговата изградба, не само во локални туку и во меѓународни рамки. Овој систем бил произведен во Швајцарија и тестиран на тамошниот факултет за технички науки. Неговото
аплицирање на објект во Скопје претставува пилот проект, кој подоцна наоѓа широка примена во објекти за едукација наменети за многу европски градови.
Специфични обликувани постапки
Целиот училишен комплекс поради расчленувањето на конзистентната форма во посебни павилјони претставува една асимертична и динамична композиција на волумени. Овие структурни целини со својата динамичност и специфичност многу се разликуваат една од друга. Разликата не се должи само на функционалната определеност, но и во обликувањето на волумените, нивната фасадна разноликост, игрите со висината, повлекувањето и испакнувањето на површините и др. Различните степени на полно/ празно, отворено/затворено, светло/ темно го прават просторот жив, тој постои и секој го доживува на свој начин, во различна форма и димензија, не само вон објектите туку и во нив, низ нив и помеѓу нив. Сите овие фактори влијаат на создавањето на еден квалитетен простор за едукација, кои можат да се спознаат единствено преку движење низ објектот и користење на истиот. Просторот и просторните интеракции се оние што ја чинат основната супстанца на архитектурата, а материјалот, конструкцијата, планирањето и обликувањето на формата се алатки на дизјнот. Оттаму, едноставноста и прочистената форма како да сака да даде до знаење дека естетиката е во втор план бидејќи архитектурата не е слободна уметност, туку е нераскинливо врзана со реалноста и контекстот. Естетскиот израз на објекот е изразен преку најелементарните средства и елементи на архитектурата и на времето во кое се гради овој објект и тоа преку: чисти површини, прави линии, прави агли, упореба на основни бои. Тие беспрекорно се вклопени во една строга, елегантна композиција која плени и дава чувство на стабилна структура во просторот. Проектирање на архитектура наменета за деца, како што споменав во воведот, има една сензибилна димензија. Денес, во современиот контекст, ретко сретнуваме примери на архитектонски решенија кои се темелат на носечка
конструкција како клучен елемент на програмскиот и просторен распоред. Овој објект претставува еден нов вид на перманентна архитектура која значајно се разликува од веќе видениот стил на проектирање училишни згради дотогаш кај нас. Архитектурата е есенцијална алатка за воведување промени во животот на луѓето, кои пак будат и нови чувства. Па затоа, веројатно, денес веќе никој не се сомнева дека доживувањето на просторот, во контекст на овозможување на слобода и комфор, може да влијае на комплетното оформување на децата. Од ова просторно решение можам да заклучам дека најуспешни решенија при проектирање на објекти за едукација се оние што во совршена хармонија ги ускладуваат архитектонската амбиција, чувствителноста на детската возраст и специфичниот свет на едуцирање и растење. Во тој поглед флексибилноста на планот е меѓу главните квалитети на објектот. Имено, планот, конструкцијата и формата се замислени така што можат со мали трансформации, кои не ја менуваат просторната
www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk
структура внатрешно и надворешно, да се интерполираат во промените настанати во процесот на едукација и на различниот број на ученици. Овој модерен објект кој и по 50 години не изгубил од својата актуелност е нераскинливо врзан со развојот на модерната педагогија и понатаму треба да биде референца за современите педагошки барања. Објектот има вредност на иновација, бидејќи вреднува едно ново решение кај училишните објекти не само во локални но и во меѓународни рамки - напуштањето на коридорскиот систем, концептот на двострана инсолација и проветрување, квадратните училници, димензионирањето според детските пропорции, специфичната опрема и уште многу други елементи. Овој објект има силно изразен идентитет, висок квалитет на изградба и опрема. Во неговата бит се генерирани високи архитектонски и естески квалитети, со кои се врши влијание врз општиот развој на училишните објекти. Изградбата на ова училиште е значаен настан од историјата на градот Скопје, и е еден од симболите на светската солидарност.
архитектура
КРЕАТИВНА РЕИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА МОДЕРНАТА
ХОСЕ РАФАЕЛ МОНЕО КОРИФЕЈ НА ШПАНСКАТА АРХИТЕКТУРА
проф.д-р М. Токарев
Музејот на убавите уметности, Хјустон
Х
осе Рафаел Монео (1937-) има среќа да твори во последните децении на ХХ век, времето кога Шпанија е зафатена со повторна демократизација и силен економски пораст. Тогаш, под влијание на централноевропските расправи за теоријата и практиката се развива една суптилна симболична архитектура. По дипломирањето во Мадрид, Монео оди да работи со данскиот архитект Јерн Утзон, а потоа станува професор на неколку универзитети во Европа и САД. Неговата архитектура содржи суптилни врски со непосредната околина, како и ефикасно приспособување на модернизмот кон историските поуки. Тоа го покажува веќе кај својот прв значаен објект, Музејот на римската уметност во Мерида (1980-1985),чиј концепт претставува значаен прилог за архитектонските движења во втората половина на ХХ век. Шпанската осигурителна компанија во Севилја (19821987), која се наоѓа во непосредна близина на градската саат-кула, ги презема 34
3
ПОРТА
20 април 2012
карактеристиките на историското јадро за да ја оформи својата физиономија. Без да инсистира на лична експресија, овој објект со пропорциите и архитектонските елементи хармониски е интегриран во историската околина, иако во однос на неа има релативно голем волумен. Со проектот за фестивалската палата во Венеција, Монео како и со претходните објекти стекнува меѓународен углед, поради водењето сметка за минатото, вклопувањето во околината, пејзажот и климата. Овој углед придонесува тој да стане раководител на архитектонскиот оддел на постдипломските студии на Универзитетот Харвард во Кембриџ, Масачусетс (1985-1990). Железничката станица Аточа во Мадрид (1991) има разиграна просторна композиција, во која доминираат една ротонда и една саат-кула, изградени со црвена тула. Лантерните над подземното метро, со својата „нерегуларна“ поставка, прават динамична игра врз партерот пред објектот. Музејот со културен центар Дејвис во Велсли, Масачусетс (1989-1993) претставува доградба на уметничкиот центар Џевит (1985) изграден од Пол Рудолф.
Железничката станица Аточа, Мадрид. Паркинг
Железничката станица Аточа, Мадрид. Панорама
Шпанската осигурителна компанија, Севилја
архитектура
Катедралата Св. Марија, Лос Анџелес
Градскиот совет, Мурсија
Музејот Дејвис, Велсли, Масачусетс
Со цел да се разликува од соседниот објект, доградбата е направена во вид на кутија со „слепи ѕидови“ од тула. Со доградбата на Градскиот совет во Мурсија, Шпанија (1991-1998), Монео покажува префинето чувство за историската околина. Со едноставните прави линии, оваа доградба ја потенцира вредноста на катедралата, која се наоѓа од спротивната страна на плоштадот. Ритамот на фасадните отвори и бојата на површините на нов
начин ја интерпретираат непосредната околина. Инспирацијата од архитектонските модели на 20-тите и 30-тите години на ХХ век, во творештвото на Монео е видлива и кај станбената зграда Ла Дијагонал во Барселона (1986-1995), која е составена од повеќе крила, обликувани според моделите на раната модерна. Во 1993 година, Монео започнува да ги реализира хотелот и административниот објект на Потсдамер плац во Берлин и Музејот
на убавите уметности во Хјустон, Тексас. Своите принципи за архитектонската композиција Монео продолжува доследно да ги спроведува и на прагот на новиот милениум, градејќи значајни објекти ширум светот. Тогаш ја подига Катедралата Св. Марија во Лос Анџелес (1998-2002), наречена „COLA“, во чиј ансамбл се наоѓаат: конференциска сала, станови за свештеници, како и мавзолеј за верски поглавари.
3
20 април 2012 ПОРТА
35
архитектура
Grande Arche de La Defense
Симболот на модерен Париз Објектот Grande Arche ја промовира важноста на францускиот Менхетн, познатиот деловен и финансиски центар на Париз - La Defense
Даниела Младеновска
П
ариз, меѓу останатото е град на споменици. Повеќето од нив се обележја на славната историја, но оние создадени во периодот по Втората светска војна се прекрасна слика на модерната архитектура и вредностите на новата повоена Европа. Додека Триумфалната капија го славела враќањето на војниците на Наполеон од битките, нејзината модерна „копија” Grande Arche ја промовира важноста на францускиот Менхетн, познатиот деловен и финансиски центар на Париз – La Defense. Градбата е дело на данскиот архитект Johan Otto von Sprecklesen (1929-1987), и претставува прекрасен завршеток на оската Лувр-Конкорд-
36
3
ПОРТА
20 април 2012
Елисејски полиња-Триумфална капија. Grande Arche е првиот објект изграден во рамките на амбициозната програма за градење на претседателот Франсоа Митеран. Првичната концепција за оваа зграда е создадена во доцните педесетти години од минатиот век, паралелно со создавањето на новиот деловен и финансиски кварт - La Defense. Името, пак, на овој кварт е земено од споменикот La Defense de Paris, изграден во оваа област во 1883, во спомен на војната од 1870 година. Иако развојот на овој кварт се одвива во раните седумдесетти, сепак комбинацијата од повеќе фактори меѓу кои нестабилната економија и политичката нерамнотежа го одложуваат градењето на овој објект, сè до
почетокот на осумдесеттите години. Конечно, на почетокот на деведесеттите се заокружува конечниот изглед на целиот деловен кварт. Grande Аrche предизвикува внимание не само по своите монументални димензии, симетричната и многу уникатна форма, туку и по впечатливата фасада и пространите скалила. Грандиозната структура од мермер, бетон и стакло тежи над 300.000 тони, има 35 ката, и во неа се сместени главно канцеларии на владини институции. Совршено се вклопува во контекстот на останатите модерни згради во квартот, а нејзината централна позиција го потврдува нејзиното значење. Всушност, во ова време на модерни технологии, оваа градба го објавува своето значење на повеќе различни
архитектура
начини. Меѓу другото, и политичката моќ е вградена во просторот. На тој начин, Владата ја утврдила својата доминација и влијание во финансиската бирократија на модерните времиња. Во From Art to Politics: How Artistic Creations Shape Political Conceptions, Murray Edelman вели: „Големината на едно здание ја потсетува масата на политички набљудувачи дека влегуваат во зона на моќ, во улога на клиенти, во позиција да им биде одобрено или одбиено некакво барање, и тоа од страна на авторитети за кои имаат само некаква нејасна претстава“. Од друга страна пак, уште еден аспект на моќта на оваа градба е во нејзината манипулација со минатото. Таа е недвосмислено поврзана со историската градба која во совршено права
линија впечатливо се гледа од нејзините скали - Триумфалната капија. На овој начин, освен што се потенцира ширењето на градот на северозападната страна, се упатува порака на добредојде за новите бизнис интереси во квартот. Долгиот процес до целосното завршување на објектот, исто така зборува за влијанието на политиката врз овој проект. Промените во политичката моќ и флуктуациите во националната економија го водат овој проект низ различни фази. Една од најзначајните фази е онаа од 1982 година, кога одлуката на Владата за објавување конкурс ќе привлече многу меѓународно афирмирани архитекти. Со интернационалниот карактер на конкурсот, всушност уште еднаш била потенцирана
намерата за промоција на La Defense во меѓународен деловен и финансиски центар. По претседателските избори во 1982 година, Франсоа Митеран интензивно работи на финализирање на проектот La Defense. Го избира проектот на Sprecklesen помеѓу 400 пријавени трудови. Зградата е завршена во 1989 година и промовирана во месец јули, на националниот празник. Со изградбата на овој објект, Митеран всушност го поплочил патот за редица други успешни проекти. Од друга страна пак, Grande Arche несомнено претставува олицетворение на заложбата на Митеран за изграбда на модерни споменици како сведоштво за централната улога на Франција во уметноста, политиката и светската економија на 20 век.
3
20 април 2012 ПОРТА
37
одговорна архитектура
Еко објекти
Kуќи за иднината Еко-куќа е дом со кој ќе се ублажат климатските промени. Дом во кој ќе има помалку употреба на вештачко ладење - климатизација во летниот период, и загревање со помалку суровини за греење во зимски период. Во нив, улогата на сонцето игра пресудна улога, како и распоредот на отворите во објектот. Натка Ќосева,
дипл.инж.арх.
Д
ваесет и првиот век донесе признавање и препознавање на претпоставките за огромните климатски промени. Драматичното зголемување на стакленичките гасови (GHG) во земјината атмосфера, заради разни човечки активности, доведоа до зголемување на глобалните температури и дестабилизација на земјината клима. Во текот на следните 100 години, климатските промени ќе се манифестираат со екстремно високи температури во урбаните 38
3
ПОРТА
20 април 2012
средини, зголемен пораст на потрошувачката на електрична енергија, намалување на квалитетот на воздухот и зголемен раст на човечките болести. Климатските промени се во сооднос со големиот економски раст и големата потрошувачка на енергија. Користењето на енергија само од фосилни горива станува неодржлива, а нејзината замена со т.н. чиста енергија произведена од обновливи извори на енергија станува се поатрактивна алтернатива. Решавањето на овој еколошки проблем не е едноставен и само комбинација
од мерки може да даде добри резултати. Една од тие мерки е изградба на еколошки објекти, односно еко-куќи.
Еко-куќи
Објектите денес имаат долг животен век и долгорочен ефект врз животната средина. Затоа мора да се внимава како ќе се постапи при нивна изградба или реновирање од аспект на намалување на потрошувачката на енергија и градење дом, кој е пријатен за живеење. Еко-куќа е дом со кој ќе се ублажат климатските
одговорна архитектура
Георг Раинберг
промени. Дом во кој ќе има помалку употреба на вештачко ладење - климатизација во летниот период, и загревање со помалку суровини за греење во зимски период. Во нив, улогата на сонцето игра пресудна улога, како и распоредот на отворите во објектот. Куќата треба да биде изградена со повеќе еколошки материјали како дрво, бамбус, гума, фибер цемент, термоизолирачко стакло, еколошки термоизолации, камена или стаклена волна, челик и други еко-материјали, а околу куќата екстериерот треба да биде вклопен
со околината. Секако, важна е поврзаноста на ентериерот на куќата со екстериерот. Ова е секако предизвик за архитектите – да постигнат дизајн на објект со енергетска ефикасност и еколошка одржливост, односно „одговорна архитектура“.
Пасивни и активни системи
Има два типа на системи на еко-куќи, кои се познати како активни и пасивни ситеми. Активните системи максимално ги користеле условите на локација - ориентација на објектот,
климата и термичките карактеристики на материјалите за да го направат греењето и ладењето на објектите што поприродно. Подоцна, тие се насочиле кон новите технологии за оптимална термичка удобност. Така, во моментов најдобри активни системи за снабдување со енергија се фотоволтажниот соларен систем, геотермалниот, енергијата на ветер, хидрауличниот и енергијата од бранови. Покрај нив, се користат и префабрикувани домови. Порано поврзани единствено со естетика, денес имаат единствена цел да постигнат енергетска
3
20 април 2012 ПОРТА
39
одговорна архитектура
Надградба во Виена
Пасивна куќа во околината на Виена
40
3
ПОРТА
20 април 2012
одговорна архитектура ефикасност. Помеѓу нивните предности над традиционално изградени домови се поголема контрола во процесот на градење, помал рок на градење, намалување на трошоците, и влијанието врз животната средина. Пасивните системи се однесуваат на оние објекти кои овозможуваат комфорна внатрешна клима во лето и во зима, без употреба на конвенционални системи за греење. Куќа со сончеви замки и дебел слој на изолација, како и со технологија на загревање со обновливи извори на енергија се нарекува „пасивна куќа“. Филозофијата на пасивната куќа е со ефикасна технологија да ги минимализира потрошувачите на енергија. Во неа, влезот на пасивна топлина донесена однадвор е, на пример, со соларни колектори и соларна радијација низ прозорците, која треба да се задржи во објектот и да овозможи удобна температура преку цела година. Вкупната потрошувачка на енергија за загревање на куќата не треба да надмине 15кWh(m2a), додека ако се вклучи и потрошувачката за загревање топла вода и потрошувачката за апарати во домаќинството, треба да биде под 42кWh(m2a). Пасивната куќа е всушност градежен стандард со кој се контролира вкупната потрошувачката на енергија, а се заштитува и околината. Пасивната куќа троши осумдесет проценти помалку енергија отколку објектите проектирани по претходни стандарди. Секако инвестицијата при градење на пасивна куќа е многу поголема отколку класичната куќа, а инвестицијата се враќа после десет години.
Примери на пасивни куќи
Австриски пионер на примена на соларна технологија во архитектурата е Георг Раинберг. Тој демонстрира повеќенаменска употреба на соларна енергија во една слободностоечка фамилијарна куќа. Објектот е изграден на многу мала парцела по строги зонски прописи. Јужната изложеност на куќата дозволува употреба на пасивна сончева енергија. Таа има терасесто решени балкони и косо целосно застаклен дел низ сите катни висини низ кој продира директна сончева топлина и природна светлина. Покрај тоа, куќата користи
соларна енергија за загревање на водата, која е за домашна употреба. Конечно, фасадата вклучува фотоволтажни ќелии, кои произведуваат од сончева енергија електрична енергија. Дополнително, има и загревање со биомаса, која се користи за останатите потреби за затоплување. На јужната страна е проектирана застаклена зимска градина. Таа го дополнува и облагородува дневниот простор, но служи примарно како топлински тампон и површина за складирање топлина. Сончеви колектори се интегрирани во горните површини на застеклената зимска градина и на кровот. Бетонските темели на објектот имаат уред за дотур на гориво од биомаса до греачот. Во оваа куќа, изменувач на топлина земја – воздух овозможува топлината да биде фатена во системот за греење и ладење. На објект од 1902 година во Виена е извршена надградба. Постоечкиот кров е отстранет и на негово место е подигната трикатна станбена единка со студио и две тераси. И покрај врската со објект стар повеќе од еден век е изградена ултрамодерена надградба - пасивен објект. Кубичната структура е скоро целосно застаклена на три страни со цел да се апсорбира сончева топлина. Кровот има и удобен систем за поврат на топлината како и пумпа за греење. На него е поставен соларен панел со средна големина, кој ја прифаќа сончевата топлина. Објектот е застаклен со троструко изолирачко стакло и бетонски елементи за поддршка, проектирани зад стаклената фасада. Тие се битни за системот за греење бидејќи ја отпуштаат топлината од сонцето што доаѓа преку прозорците, а во лето се ладат со активирање на бетонското јадро за активирање на системот. Новата технологија на оваа куќа допира до нејзините темели. Нов осум метри длабок бунар е ископан во подрумот. Тој е поврзан со подрумска пумпа до подземните води и бетонско јадро за активирање на системот. Во оваа куќа поранешниот систем се користи за апсорбирање и зачувување на топлината, додека поновиот е за ладење на објектот и задржување на дел од топлината.
Препораки за Македонија
Климатските промени се евидентни и во
Македонија. Се очекува големо зголемување на темературите на воздухот во летниот период и намалување на темературите во зимскиот период. Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија од 2000 до 2009 година потрошувачката на енергетска енергија во домаќинствата е невообичаено висока. Споредено со другите гранки како индустријата, сообраќајот и земјоделството, најголема потрошувачка на енергетска енергија во Македонија имаат домаќинствата. 20-30% од енергијата може да биде заштедена и во Македонија за подолг период, ако станбените објекти при градбата или реконструкцијата се добро термички изолирани, односно енергетски ефикасни. Добар избор на тремоизолации, т.н. термо-контактни фасади може да се најдат во Македонија. Исто така, може да се набават и нови технологии, кои може да се користат како алтернативни решенија за загревање и ладење на објектите, загревање на санитарната вода и слично, како сончеви колектори, геотермални пумпи, загревање и ладење воздух-воздух, поставување на ветерници каде што условите дозволуваат. Секако, во заштедата на енергијата во домаќинствата треба да се вклучи и пошироката заедница, како што се надлежните институции, кои ќе донесат нови градежни стандарди со кои би се ограничила потрошувачката на енергетска енергија во домаќинствата, и секако финансиски олеснувања за населението за да се спроведат стандардите, односно да се градат енрегетски ефикасни куќи. Проектирањето и градењето на објектите треба да биде контролирано од надлежни институции, за да се постигнат градежните стандарди. Исто така, проектирањето и градењето на енергестки ефикасни објекти или пасивни куќи треба да го вршат лица обучени за таков вид објекти. Од изградбата на еко-куќите, бенефит ќе има пред сè самиот корисник, а секако и пошироката заедница од аспект на заштита на околината, и заштеда на енергетската енергија потребна за задоволување на потребите на објектот. Дом пријатен за живеење за неговите корисници, дом кој не влијае негативно на околината, еко-дом тоа е иднината на домувањето.
3
20 април 2012 ПОРТА
41
записи
Градот во кој сум роден
Р
азмислувам за мојот град. Не ми е за прв пат. Се чини, навидум, град како и сите други. Проаѓаат слики, нешто што некогаш сум го доживеал. Имам добри и лоши спомени, како впрочем секој од нас, но сепак, го сакам овој град. Тоа е градот во кој сум роден. Градот живее со мене, ќе живее и без мене, со своите улици и згради, но пред сè со луѓето што го прават овој град. Тој е тука заради нас, за луѓето што живеат во него. Во градот постојано нешто се менува, се гради, се руши и расчистува за повторно на тоа место нешто да се изгради. Секојдневно се менува неговата слика и таа патува низ нашата меморија како филм кој некогаш сме го гледале. Се менуваат сликите, се менува меморијата за градот. Перспективата на градот секојдневно ја гледаме, одејќи по неговите улици, но така успеваме да доловиме само некои фрагменти. За среќа, ги имаме Водно или пак Скопска Црна Гора и од таму, од горе, можеме донекаде фрагментите на градот да ги склопиме во
42
3
ПОРТА
20 април 2012
една целина. Ни треба, одвреме навреме промена на перспективата. Одгоре изградените објекти ни изгледаат како некој орнамент вткаен во котлината растегната по течението на реката. Орнамент граден со векови, со своја структура, кој живее со свои правила и со свои текови по кои се движат луѓето. Градот наутро се буди, илјадници луѓе тргнуваат до своите работни места. Секој си прави планови, како да го проживее денот, како да се дочека што подобро иднината? Денот поминува во раздвиженост, бука од возила, џагор од луѓе кои итаат некаде. Каде ли одат, имаат ли некаква цел, се прашувам? Целта е понекогаш сосема едноставна; средба со пријатели и пиење кафе, чекање пријател на блискиот агол, чекање пред некој шалтер да завршиш нешто, или пак гледање, онака бесцелно по излозите, по улиците и минувачите кои минуваат! Со залезот на сонцето, се палат светлата и илјадници светилки ги осветлуваат улиците и нашите домови. Градбите полека испливуваат од темнината, пред нас стои едно огромно наследство од
Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.
минатото, од изминатите времиња, макотрпна работа на многу луѓе низ многу години и векови, додека не е направено ова што сега го гледаме. Има убави и грди градби, некои ни носат радост, некои тага. Градот е налик на некоја стара книга, многупати читана, но никогаш до крај прочитана. Се трудам упорно да ги листам и читам страниците на таа книга, наречена град, неможејќи секогаш да ја разберам содржината и смислата! Се трудам да ги разберам приказните. Ги има премногу. Секоја градба во градот си има своја приказна, треба да умееш да ја прочиташ? Многумина минуваат покрај градби, преубави и безвремени, градби со душа и приказна во себе, не забележувајќи ги и не умеејќи да ја прочитаат приказната. Се воодушевуваат од безвредни и неинвентивни објекти, допадливи на прв поглед, но без приказна во себе! Само некој што има познавање за историјата, уметноста и архитектурата, некој што многу прочитал и многу прошетал, може да му појасни на неукиот минувач што треба да забележи, што е вредно а што безвредно! Но, кому му е гајле?
записи
Треба многу да се разговара, да се комуницира за да се разјаснат многу работи. Ни недостасува дијалог! Не смееме многу важни простори од нашиот град, за нас денес и за оние што ќе живеат тука после нас, да ги препуштиме така, да поминат без дискусија, да се изгради нешто, колку да се направи! Се работи за архитектурата, за нашиот град, за меморијата на идните генерации. Се прашувам како ли ќе се развиваат работите
понатаму? Кога силата на креативните архитекти ќе биде појака од нечии интереси? Или, кога правата архитектура ќе завладее над чии било интереси? Минатото и иднината се испреплетени во една целина, не можат едно без друго. Сакав само да зборувам за она што мене ми е важно, што ми го исполнува денот, за она што го паметам и ќе го паметам, за дел од она што ми го продолжува животот. На пример, за оние куќи
останати од некои времиња, минати, онакви какви што биле, со патина од годините, непроменети и недоградени, за згради на кои не им се променети фасадите, затоа што со доградбата и со промената би се згасило сеќавањето? Пролет е, убав сончев ден, луѓето седнале по терасите на кафеаните и водат секојдневни разговори. А јас и понатаму, изгледа чекорам малку по земја, повеќе по облаците... ?
3
20 април 2012 ПОРТА
43
рубрика
Б
Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk
44
3
ПОРТА
20 април 2012
Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk
рубрика
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
Друштво за инжинеринг и изведба на објекти
Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk
3
20 април 2012 ПОРТА
45
технологии
Проширена реалност (ПР)
Кога иднината е на прагот ПР технологијата стана помошна алатка за просторно планирање, дизајн и изградба. Таа во спрега со BIM (Building Information Modeling) дава неверојатна моќ да се завладее со дизајнот и градежниот процес и да се има целосен увид и контрола на сите фактори кои влијаат на проектот.
A
ugmented Reality или во превод Проширена реалност (ПР), е термин кој означува технологија која ја надополнува нашата реална визуелна перцепција со дигитални информации за објектите што ги гледаме. Или како што тоа професорот Роналд Азума во својот труд „Студија за Проширената реалност“ од 1997 година појасни дека Проширената реалност е комбинација од реалното и виртуелното, интерактивна во реално време и со 3Д сцени, односно модели. Колку и да звучи нејасно, сите ние се имаме сретнато со ПР во нашето секојдневие:
• Метео вестите со презентер во чија заднина се наоѓа динамична компјутерски генерирана содржина; • Приказот што го гледаат воените пилоти при мисија. Нивните визури ја прикажуваат
46
3
ПОРТА
20 април 2012
реалната слика надополнета со бројки, знаци и линии кои го означуваат хоризонтот, висината, наклонот, метата итн; • Линијата што се појавува при изведување на слободен удар кога гледаме фудбалски пренос, а која има за цел да покаже на која дистанца треба да биде поставен одбранбениот ѕид.
Примери има многу, но тие главно се ограничени и немаат особено влијание врз нашиот живот. Сепак, работите се менуваат. Прашање на време беше кога оваа ветувачка технологија ќе ни го смени начинот на кој ги перцепираме работите. Иако ПР е технологија чии корени водат од педесеттите години на минатиот век, од неодамна се појавија апликации, уреди и сервиси кои овозможуваат влез на оваа технологија на голема врата. Минатиот месец, Сергеј Брин, коосновач на „Гугл“ и одговорен директор за специјални проекти, беше забележан на јавен настан како носи уред во вид на очила.
Трајче Стојанов, дипл.инж.арх.
Очигледно, станува збор на прототип на т.н Гугл очила за кои се најавува дека годинава ќе се појават на пазарот по прилично достапна цена. Од информативното видео кое беше пласирано, се гледа дека станува збор за софистициран уред во вид на очила кои имаат микро уред над десното око кој проектира дигитална содржина. Гугл очилата веројатно содржат и телефон, камера, звучник, микрофон, ГПС, модем и друго, бидејќи од виденото може да се заклучи дека очилата се интерактивен личен асистент кој ги поврзува повеќето Гугл сервиси (Гугл Мап, Гугл Плус, ЏиМеил итн.). Звучи и изгледа навистина неверојатно. Низ коментарите, дури и скептиците велат дека доколку Гугл очилата го видат белиот ден (излезат на продажба), ништо нема да ги спречи момците од „Гугл“ да ни го променат животот засекогаш. Но дури и без „Гугл“, многу компании и институции развиваат платформи за практична употреба (и комерцијализација) на ПР
технологии технологијата. Холандската старт-ап компанија „Лајар“ веќе две години нуди ПР услуги за кои клиентите е потребно само да имаат „паметен“ телефон од кој било бренд. Позитивни сигнали доаѓаат и од АИГ (Архитектура, инженерство, градежништво) индустријата. ПР технологијата стана помошна алатка за просторно планирање, дизајн и изградба. ВТТ Техничкиот истражувачки центар на Финска, направи значителен напредок во развојот на мобилни компјутерски алатки за планирање на дизајнот и изградбата на архитектонските објекти преку интеграција со реалната околина. Како почетна точка се употребија веќе постојни достигнувања, како што се „паметните“ телефони, ГИС сервисите, 3Д апликациите, ГПС итн. Кратко, корисниците можат да го евалуираат и доистражат својот проект преку приказ на замисленото во реално
време, на самата локација и тоа на екранот на нивниот „паметен“ телефон или таблет компјутер. Апликациите развиени од ВТТ се меѓу првите од овој тип во светот и веќе ја стекнуваат својата популарност. Конкретно, на 6 март годинава, оваа технологија беше искористена за на надлежните службеници од градот Хелсинки, Финска, да им се презентираат плановите за изградба на нова населба во чии рамки било предвидено да се изгради и највисоката кула во градот. Очекувано, презентацијата се одвивала на улиците на Хелсинки, каде со помош на ПР технологијата, службениците имале можност во реално време, во 3Д и на самата локација да ги погледнат предвидените објекти. Концептот генерално опфаќа креирање на комплетен 3Д модел на проектот, негова конверзија во фајл формат разбирлив за ГИС апликации од типот на Гугл
Земја, Мап Студио итн, увид на терен со помош на соодветен уред и евентуална финална обработка и документирање во вид на видео запис. Посебно интересен е резултатот кога 4Д моделите ќе се вклопат во средината во реално време. Тогаш може да се споредува прогресот на работите со планираното и тоа во 3Д и реално време. ПР технологијата во спрега со BIM (Building Information Modeling) дава неверојатна моќ да се завладее со дизајнот и градежниот процес и да се има целосен увид и контрола на сите фактори кои влијаат на проектот. Се поставува прашањето дали печатените примероци на проектите стануваат минато. Кому му се потребни копии, кога сега со помош на ПР технологијата во секунди се стига до потребните податоци и тоа преку уред кој може да го собере во џеб.
3
20 април 2012 ПОРТА
47
експерт
aрхитектите и дизајнерите во уСлови на економСка рецеСија
ДИЗАЈНОТ И ИНОВАцИЈАТА
МОЖНОСТ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА Според анализите на Советот за дизајн, дизајнот е најголемиот поединечен извор на неопипливо инвестирање во Обединетото Кралство, кој за оние деловни организации што се свесни за неговата моќ може да резултира со зголемување на обртот од околу 264 евра за секои 118 евра инвестирани во дизајн
д-р владимир Б. лаДински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)
Design for innovation Facts, figures and practical plans for growth A Design Council paper published to coincide with the Government’s Innovation and Research Strategy for Growth December 2011
Design Council 34 Bow Street, London WC2E 7DL Telephone +44 (0)20 7420 5200 Facsimile +44 (0)20 7420 5300 Email info@designcouncil.org.uk www.designcouncil.org.uk
Д
© Design Council 2011 Charity number 272099
изајн за иновација (Design for Innovation) е ново мото на британската влада. Според британскиот министер за универзитети и наука Дејвид Вилетс: „Дизајнот може да им помогне на организациите да ги трансформираат своите резултати, од иновација на деловни продукти, до комерцијализација на науката и извршувањето на јавните услуги. Тоа е причината заради која дизајнот претставува интегрален дел од плановите на Владата за иновација и раст, и зазема значајно место во нашата Стратегија за иновација и развој за раст (Innovation and Resaerch Strategy for Growth). Обединетото Кралство има можност за успех на глобално ниво, но за да го стори тоа ние треба да ги фокусираме нашите напори. Дизајнот е несомнено подрачје во кое ние сме меѓу најдобрите во светот, со потенцијал да постигнеме уште повеќе“. 48
3
ПОРТА
20 април 2012
Веќе подолго време во британското општество постојат согледувања дека дизајнот и дизајнерските вештини ги надминуваат тесните рамки на разбирањето на овие професии и овозможуваат примена на овие вештини и во други подрачја на дејствување во рамките на една средина. Советот за дизајн (Design Council), водечката орагнизација за промовирање на дизајнот и архитектурата за општото добро во Обединетото Кралство, штедењето на буџетите за дизајн во периоди на тешки времиња и намалени приходи не го сметаат за најсооодветниот одговор на вакви општетсвено економски околности. Тие гледаат во дизајнот моќна алатка за надминување на овие состојби. Потсетете се само на местоположбата на пазарот на фирмата Apple Inc. пред промоцијата на I-Phone и I-Pad!!! Истражувањето на Советот за дизајн укажува дека над 50 проценти од деловните организации во Обединетото Кралство гледаат во дизајнот како на можност за излегување од
кризата. Тие сметаат дека дизајнот е поважен сега, и мислат дека дизајнот е интегрален за економските резултати на земјата. „Среќата“ на една деловна организација може да се промени, без оглед на нејзината големина, како резултат на економските трансформации, променети барања или очекувања на потрошувачите, или пак како резултат на промени на пазарот, кои можат да ја да доведат претходно успешната и подемна деловна организација во состојба на стагнација. Според Советот за дизајн, има многу начини со кои дизајнот може да им помогне на деловните организации да ги зголемат резултатите на своето работење преку подобрување на мислењето за организацијата, иновации во доменот на производите и услугите, како и зголемување во севкупната ефикасност и реалзирање на заштеди во работењето. Во прилог на ваквите размислувања, Советот дојде и до други согледувања. Така на пример, Отворениот
експерт универзитет (Open University), еминентна британска високообразовна институција позната по своите наставни програми за вонредни студии на повозрасни, најчесто вработени лица, веќе подолго време во својата палета на додипломски и постдипломски студии нуди програми во доменот на дизајнот и иновацијата. Според нив (open.ac.uk), дизајнот и иновацијата играат клучна улога во британското општеството. Нивното дејствување не е ограничено само во рамките на креативните индустрии, со оглед на тоа што тие ја движат земјата напред кон прогресот, а со цел да ги подобрат сите аспекти на животот. Така, нивните додипломски студии за дизајн и иновација имаат за цел да го развијат разбирањето на студентите за големата улога која дизајнот може да ја има. Преку овие студии студентите ќе се здобијат со вештини и способности кои можат да се пренесат преку широк дијапазон на дисциплини, а ќе се фокусираат на три клучни аспекти: процесот на дизајн; работењето со и за други; но и како дизајнот и иновацијата можат да се применат во рамките на „реалниот свет“. Тие, на пример, нудат четири насоки во доменот на својата програма, и тоа: уметност, бизнис, животна средина и инженерски дизајн. На овој начин се поткрепува идејата дека дизајнот и иновацијата се продуктивни диспциплини кои ги истражуваат проблемите преку сугестии и разгледување на можните решенија. За Отворениот универзитет, со оглед на тоа што дизајнот и иновацијата можат да донесат вредност на речиси секоја активност, оваа област станува се попобарувана од страна на деловните организации. Тие нудат можности за вработување во разни подрачја, како на пример, образованието, бизнисот, локалната самоуправа, инженерството, животната средина, здравството и други. Преку овие студиски програми се развиваат вештините во
доменот на дизајнот и иновацијата за тие да можат да се применат надвор од креативните индустрии, но коишто, иако не се сметаат за „креативни“ можат да се стекнат со големи придобивки, како резултат на креативноста што доаѓа со дизајнот и иновацијата. Дека ваквите размислувања не се само во доменот на дизајнот, најдобро говори и истражувањето на организациите Градење иднини (Building Futures) и Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects), под наслов „Иднината за архитектите“ (The Future for Architects). Во ова истражување се обидува да се даде одговорот на прашањето за идната улога на архитектите во 2025 година. Според ова истражување, еден сегмент од индустријата со најголеми можности за раст во текот на наредните 5 до 10 години би биле и Дизајнерските куќи / Креативните агенции (Design Houses / Creative Agencies), чиишто успех би бил зависен од нивната способност лесно да се префрлат од една на друга дисциплина, креативно да ги решат проблемите во кое било поле на дејствување, и на едно место да соберат разновиден спектар на витални вештини. Истражувањето, исто така, укажало на фактот што дел од архитктонските бироа во Обединетото Кралство веќе нудат поширок обем на услуги кои ги надминуваат рамките на традиционално разбраната архитектонска практика и некои од нив се сметаат себеси, на пример, за „просторни агенции“ (spatial houses) и „дизајнерски куќи“ (design houses). Ова веројатно е разбирливо ако се земе предвид фактот што дел од архитектите веќе работат на полето на филмски и сценски дизајн, јавна уметност, дизајн на инсталации, дизајн на јавни простори, дизајн на брендови, консултации со заедницата, истражување, политички советодавни тела (think tanks), урбан дизјан, итн. Според одредени согледувања искажани во рамките на истражувањето, се смета
дека дел од иднината на архитектите лежи и во нивното вклучување во консултантски дејности и стратегиско размислување (buildingfutures.org.uk). Иако повеќето луѓе разбираат дека дизајнот игра голема улога во нашиот секојдневен живот, Советот за дизајн не е сигурен дека секое лице ја разбира виталната улога која дизајнот ја има во економскиот раст, и како тој може да придонесе за деловните организации, јавните служби, изградената средина и дизајн службите. Според анализите на Советот, дизајнот е најголемиот поединечен извор на неопипливо (inatngible) инвестирање во Обединетото Кралство, кој за оние деловни организации што се свесни за неговата моќ може да резултира со зголемување на обртот од околу 264 евра за секои 118 евра инвестирани во дизајн. Ако британските граѓани целосно не ја разбираат виталната улога на дизајнот во однос на економскиот раст на земјата, веројатно би било добро да се знае какви се разбирањата на македонските граѓани по ова прашање. Немајќи одговор на него, добро е да се потсетиме на енормниот потенцијал во рамките на Република Македонија во оваа смисла со оглед на тоа што според бројот на архитектите по број на жители, Република Македонија е на третото место во светот. Во која мерка архитектите и дизајнерите ќе им помогнат на деловните организации да растат, а на јавниот сектор да воведе иновации во своето работење, или пак ќе помогнат да се подобри квалитетот на изградената средина и да придонесат во решавањето на сложени проблеми, е нешто кое што само иднината ќе го покаже. Доколку од Дизајнот и Иновацијата се очекува да го потпомогнат излезот од економската кризата во Обединетото Кралство, веројатно ваква помош ѝ треба уште повеќе на нашата земја, за преку овој пристап да се помогне економскиот раст во земјата, а со тоа да се зголеми и степенот на општа благосостојба.
3
20 април 2012 ПОРТА
49
еко инфо бразилија
бразил против chevron и transocean
Американските компании Chevron и Transocean треба да бидат казнети со 173 милиони американски долари, за секој ден за кој ја прекршиле наредбата за прекин на работите, издадена од бразилската влада. Се работи за несреќата во месец ноември 2011 година, кога од офшор полето Фрада истекоа огромни количини нафта. Сличен инцидент се повтори и во јануари 2012 година. Бразилската влада поднесе тужба против компаниите за неодговорно однесување и за непочитување на наредбата за прекин на производството до конечното санирање на дупнатината. (UPI)
Сараево
меморандум за разбирање за енергетска ефикасност
Неодамна во Сараево, градоначалниците на Сараево, Загреб, Фрајбург, Тирана, Скопје и Подгорица потпишаа Меморандум за разбирање за создавање на мрежа на енергетски ефикасни градови во Југоисточна Европа. Со финансиска помош од германското сојузно министерство за економска соработка и развој, како и германското Здружение за меѓународна соработка GIZ, овие градови веќе трета година заеднички го имплементираат проектот за рационално користење на енергијата во целиот регион. Целта за формирањето на оваа мрежа е размена на искуства од областа на енергетската ефикасност на намалување на емисиите на CO2, како и заеднички настап на настани од регионално и меѓународно значење кои ја третираат оваа проблематика. (energetika.ba)
берлин
германија ги намалила емисиите на cO2
Во текот на 2011 година Германија ги намалила емисиите на јаглероден диоксид за 1%, односно за 450 тони, во однос на претходната година. Во Германија работат вкупно 1640 фабрики и енергетски објекти кои емитуваат CO2. Интересно е дека и со намалувањето на емисиите, земјата е во голема економска експанзија и со раст од 3% во 2011 година, а досега веќе затвори половина од своите нуклеарки.
50
3
ПОРТА
(energetika-net) 20 април 2012
еко инфо прага
чез вложува во безбедноста на нуклеарните централи
Чешката енергетска компанија ЧЕЗ ќе вложи вкупно 180 милиони евра во безбедноста на нуклеарните централи Temelin и Dukovany, со што ќе се зголеми нивната отпорност на големи поплави и земјотреси. Оваа инвестиција е резултат на испитувањата извршени во 2011 година, на кои се уочени токму слабости во врска со отпорноста на земјотреси и поплави. Испитувањата покажале дека централите не би издржале без оштетувања на земјотрес од 7 степени по Рихтер, ниту екстремно големи полави. Она што теши во оваа ситуација е фактот што централите се наоѓаат на стабилно подрачје, а најсилниот земјотрес бил регистриран во 1908 година со јачина од 5 степени по Рихтер. (Česká pozice)
берн
прв ски лифт на соларна енергија
Швајцарското село Тена е малку познато како скијачки центар, но затоа може да се пофали со еден од првите ски лифтови на соларен погон. Селото е сместено во источниот дел на Швајцарија, и не така далеку од Сен Мориц и Давос, а има одвај стотина жители. Лифтот што започнал да работи во декември 2011 година се одликува и со оригинално решение за поставувањето на соларните панели. Бидејќи на покривот од погонската станица немало доволно место, направен е висечки мост во должина од 330 метри, на кој се поставени 82 панели, кои се придвижуваат во насока на движењето на сонцето. (energetika.ba)
ваШингтон
горивото е15 одобрено во Сад
Американската Агенција за заштита на животната средина (EPA) ја одобри употребата на бензинот со 15% етанол, попознат како Е15. Производителите на Е15 имаат обврска да им го објаснат начинот на складирање и манипулирање со горивото на сопствениците на бензиски пумпи и дистрибутерите. Притоа EPA нагласува дека користењето на горивото е дозволено само кај возилата произведени по 2001 година и кај теренските возила. Претходно, законските одредби не дозволуваа повеќе од 105 етанол во бензините. (UPI) подготви: Даниела МлаДеновска
3
20 април 2012 ПОРТА
51
екологија
Активистите на „Гринпис“ во нова мисија
Бродска авантура за спас на Амазонската прашума Според податоците на „Гринпис“, дури 80 проценти од шумите во светот се деградирани или уништени. „Гринпис“ води активна кампања до 2020 година да се престане со уништувањето на шумите во светот за да се заштити тоа што е останато од овие неверојатни екосистеми Сашо Кузмановски
П
ознатиот брод на светската еколошка организација „Гринпис“, Rainbow Warrior, на 22 март оваа година ја започна својата кампања низ реката Амазон за да се подигне јавната свест за спас на Амазонската прашума до 2015 година, а на останатите шумски предели во светот до 2020 година. Активистите на „Гринпис“ им се придружија на бразилските граѓански здруженија во испраќањето петиција до претседателот на Бразил за да се донесе закон за Нула уништување на шумите, информираат од „Гринпис“. Оваа амбициозна иницијатива ќе треба да собере 1,4 милиони потписи од Бразилците, но и од странство, за да се донесе закон со што формално ќе се спречи уништувањето на „белите дробови“
52
3
ПОРТА
20 април 2012
на планетата Земја - Амазонската прашума. Од срцето на Амазон, Манаус, бродот на „Гринпис“ два месеци ќе патува по оваа величествена река, сè до Рио де Жанеиро. Таму во јуни ќе се одржи Конференцијата на Обединетите нации за одржлив развој, 20 години по познатиот Самит во Рио од 1992 година. Конференцијата ќе привлече илјадници политички и економски лидери, научници, активисти и граѓани. Како што велат во „Гринпис“, нивната експедиција ќе ја нагласи убавината и важноста да се заштити прашумата од прекумерното сечење за да се добие плодна земја за производство на соја и за одгледување говеда, ќе ги посочи виновниците за нејзиното уништување и ќе понуди решенија како да се постигне Нула уништување на шумите во Бразил. Патувањето на бродот и кампањата на Гринпис може да се следи и да се поддржи на www.greenpeace.org
ПРЕКУМЕРНА СЕЧА
Басенот на Амазон покрива површина од околу 6,5 милиони квадратни километри, што е пет отсто од земјината површина. Тој е дом на најголемиот речен систем на планетата и претставува петтина од вкупниот волумен со слатка вода во светот. Научниците веќе предупредија дека до крајот на овој век Амазонската прашума би можела да се претвори во савана, ако продолжи досегашната практика на уништување на шумите и ако не се ублажи ефектот на климатските промени. Без здрави шуми, планетата Земја не може да го одржи животот. Според податоците на „Гринпис“, дури 80 проценти од шумите во светот се деградирани или уништени. „Гринпис“ води активна кампања до 2020 година да се престане со уништувањето на шумите во светот за да се заштити
екологија
тоа што е останато од овие неверојатни екосистеми. Еволуирајќи со милениуми тропските шуми се најголемите складишта на природниот диверзитет на Земјата. Од вкупниот број копнени видови околу две третини живеат во шумите. Голем број од овие ретки животни, орангутаните, тигрите, јагуарите, слоновите и носорозите се сериозно загрозени и на раб на истребување. Важноста на шумите се протега многу подалеку од нивните граници. Тие, како што нагласуваат од „Гринпис“, помагаат во регулирањето на климата на Земјата зашто складираат речиси 300 милијарди тони јаглерод во нивните живи делови - што е околу 40 пати повеќе од годишната емисија на стакленички гасови од согорувањето на фосилните горива. Кога шумите се уништуваат со сечење или палење тоа количество јаглерод се испушта во атмосферата во
форма на јаглероден диоксид, еден од гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. Уништувањето на шумите е одговорно за една петтина од светските емисии на стакленички гасови. Шумите го регулираат и протокот кај реките и врнежите, па човештвото зависи од нив за производство на житарки и храна. Загубата на шумите во еден дел од светот може да предизвика сериозен удар во друг дел, на пример, загубата на шумите во Амазонската прашума и во Централна Африка може сериозно да ги намали врнежите во централните делови на САД. „Човештвото мора под итно да ги заштити шумите што се преостанати на оваа планета. Индустријата, за жал, сè уште ги претвора шумите во продукти кои завршуваат во нашите потрошувачки кошнички, туркајќи ги видовите кон
работ на истребувањето, уништувајќи ги животите и домаќинствата на заедниците што живеат во и околу шумите и менувајќи ја глобалната клима. За да го постигнеме ова, ги повикуваме индустриите да го сменат начинот на работа и да ги инспирираме потрошувачите да бараат нашата храна, хартијата и производите од дрво да не се поврзани со уништување на шумите. Со помошта на илјадници поддржувачи извојувавме неколку неверојатни победи: уништувањето на Амазонската прашума заради одгледување соја и говеда значително се намали поради мораториумот за производство на соја и одгледување говеда, Големата мечкина шума во Канада стана заштитена и одржливо се менаџира, 80.000 хектари под шуми каде што живее северниот елен во северна Финска сега е под заштита... “, нагласуваат од познатата еколошка организација.
3
20 април 2012 ПОРТА
53
екологија
Енергетиката - основа на развојот
На светот му е потребна Постои максимална злоупотреба на необновливите извори на енергија, а прогнозираното сценарио гласи дека до 2030 година потрошувачката на енергија... Никола Нешкоски, дипл.инж.на жив.средина/еко-менаџер
О
д кога постои човекот, постои и неговата потреба да биде безбеден. Од кога постои потребата за енергија од каков било вид, постои и потребата за енергетска безбедност. За жал, овој вид на безбедност претставува непознат поим во денешно време. Околу 80 отсто од глобалниот енергетски микс потекнува од фосилните горива, на кои полека, но сигурно им се гледа крајот. Побарувачката на енергија на годишно ниво расте просечно од 2-3 процента, а просечното намалување на нафтените полиња за 3-5 отсто годишно. На 1.000 литри потрошена нафта се произведуваат 150 литри. Овој податок
54
3
ПОРТА
20 април 2012
очигледно укажува на несигурната иднина на фосилните енергетски извори, како и нивното влијание врз економската, енергетската и еколошката ефикасност, односно неефикасност. Моментално, повеќе од две милијарди луѓе на Планетата немаат достапност до електрична и/или топлинска енергија. Оваа ситуација придонесува за неразвиеноста на државите и сиромаштијата на луѓето. Кои се резултатите од енергетската (не) сигурност? Една од најчестите последици претставува непредвидливото покачување на цените на енергетските ресурси, како на светскиот така и на локалните и регионални пазари. Македонија не претставува исклучок на
овој светски тренд. Напротив, ние Македонците плаќаме еден од најскапите бензини во Европа. Но, што е причината за вртоглавите покачувања на енергетските ресурси? Одговорот е повеќе од јасен. Фосилните извори на енергија се необновливи. Решение: енергетска револуција преку искористување на алтернативните, односно обновливи извори на енергија. Производството и потрошувачката на енергија се одредени преку низа разни демографски, технички, технолошки и природни фактори. Во изминативе 40-ина години, потрошувачката на нафта е зголемена за 2,7 пати, на гасот за 4,5, на јагленот за два пати, а користењето на нуклеарната енергија за 107 пати. Со
екологија
енергетска револуција! ... ќе се зголеми за 40 насто во однос на 2010 година. Овој висок процент на зголемена побарувачка на енергија во голем дел припаѓа на потребите на земјите во развој.
други зборови, потрошувачката на примарна, односно природна енергија е зголемено за над 200 проценти во периодот од 1965 до 2010 година. Поинаку кажано – постои максимална злоупотреба на необновливите извори на енергија. На ова ќе го додадеме и прогнозираното сценарио кое гласи: до 2030 година потрошувачката на енергија ќе се зголеми за 40 насто (во однос на 2010 година). Овој висок процент на зголемена побарувачка на енергија во голем дел припаѓа на потребите на земјите во развој. Енергија која е достапна во доволни количини, на адекватен начин и по пристапни цени може да овозможи развој. На светот му
треба токму ова. А за среќа, и го поседува. Одговорот ни е пред нос, треба само да погледнеме наоколу...вода, воздух, сонце... бесплатно, чисто, евтино...засекогаш! Развојот, за да биде комплетен и успешен, се заснова на одржливост, поим од кој зависи иднината на нашата планета. Ако претпоставиме дека претходно наведеното е точно, тогаш, што е заедничко помеѓу концептот на одржлив развој и енергетиката како сектор? Дали енергетиката претставува основа и на овој вид на развој? Секако, првенствено со помош на природата, и нормално со достапноста на денешните технологии, со чија помош можеме сите на овој свет да имаме „слободен“ пристап до енергија.
Клучот на нашиот иден опстанок претставува одржливиот развој, односно нашата иднина. Но, исто така и енергетиката, односно енергетската ефикасност игра клучна улога во креирањето на нашата иднина, нашата светла иднина. Овој текст ќе го завршам со една одлична и поучна реченица напишана од тимот на европскиот совет за обновливи енергии. Реченица која треба да нè замисли сите нас, реченица која треба да нè освести и да ни го покаже патот кон иднината. „Дали ќе им погледнеме во очи на нашите деца и дали ќе им признаеме дека сме имале можност, но и недостиг на храброст, дека сме имале технологии, но и недостиг на визија?“
3
20 април 2012 ПОРТА
55
хортикултура
МИРИСНА, ПИКАНТНА ГРАДИНА Филип Филипоски, дипл.шум. инж.
Оригано
Босилек
У
бавиот изглед и опојниот мирис, кој се шири во градината каде што се засадени некои ароматични видови, не може да се опише со зборови. Тоа треба да се почувствува. Тоа се видови кои може да се сретнат буквално во секоја градина низ Македонија, а кои ги огледуваат постарите пасионирани љубители на растенија. Во поново време, фасцинира интересот на младите за одгледување на некои од овие билки во градините или во саксии и слични садови во домот. Сепак, мора да се признае дека Џејми Оливер има поголемо влијание врз младата публика во Македонија, отколку нашите баби и дедовци.
ОРИГАНО (Origanum heracleoticum)
Оригано е самоникна медитеранска билка распространета по цела Јужна Европа. Името му доаѓа од грчкиот назив „oros ganos“, што значи планинска радост. Според една легенда, слаткиот ароматичен мирис го створила Афродита како симбол на среќа. Ориганото претпочита сончево суво месторастење. Се сее на пролет, а се дели во пролет или есен. Пред да настапи зимата треба да се подготви за мирување, со режење на растението на 1/3 од неговата висина. Може да се одгледува и во затворен простор. Листовите може да се берат по потреба, 56
3
ПОРТА
20 април 2012
а најпрепорачливо е пред цветањето. Постојат различни видови на оригано, кои се разликуваат по количината и составот на етеричните масла, а како најценето се смета грчкото оригано. Како зачин се користат исушени листови, кои имаат пикантен мирис и вкус.
ДИВО НАНЕ (Mentha sp.)
Нането е тревесто растение, кое во градините може да се сретне како диво и питомо. Во висина може да достигне и до 70 см. Цвета од јуни па сè до доцна есен, а цветовите се гроздесто групирани, по боја виолетови. Успева на сончеви експозиции, со големо количество на влага во почвата. Има силен мирис поради големото количество на етерични масла, кои ги содржи во листовите. Се користи како додаток во многу јадења и пијалоци. Поради големата количина на ментол, питомото нане не смее да се дава на мали деца.
БОСИЛЕК (Ocimum basilicum)
Босилекот е едногодишно растение, кое никого не може да остави рамнодушен. Најдобри резултати дава на сончеви, но заштитени од директни сончеви зраци места. При неговото одгледување има потреба од обилно, често полевање. Чувствителен е на ниски температури, па затоа во зима доколку сакате да го имате при рака, треба да го пресадите во сад и да го сместите во домот.
Во минатото, босилекот се одгледувал во дворците во античка Грција и средновековна Византија, а денес најмногу се одгледува во Холандија. Достигнува височина до 40 см, а цветовите му се виолетови или бели. Најпознат е зелениот босилек, но постојат и виолетов и темен босилек. Виолетовиот босилек има кожести листови со убави назабени рабови. Привлечен е како декоративно растение. Како вид, темниот босилек е широко распространет со назабени листови и пикантен вкус, но нешто појак од ѓумбирот. Босилекот во јадењата се додава во многу мали количини. Просушениот босилек има многу појак вкус од свежиот.
МАЈЧИНА ДУШИЦА (Тhymus serpyllum)
Мајчината душица е многугодишно растение. Цветовите му се виолетово-црвени, а цвета во јуни и јули, а понекогаш и до крајот на август. Се користат расцветаните делови, кои треба да се отсечат без да се оштетува долниот здрвенет дел на билката. Целосно одрвенетите делови најчесто воопшто не формираат изданци и листови. Мајчината душица успева на топли месторастења, директно изложени на сонце, па затоа најчесто се среќава на суви каменести предели и планински пасишта. Надземните делови на мајчината душица содржат етерично масло од 0,1 до 1%.
хортикултура ЛАВАНДА (Lavandula angustifolia)
Лавандата е многугодишно растение распространето на Средоземноморието. Достигнува височина до 60 см разгранувајќи голем број на гранки. Цветовите се синовиолетови, шират пријатен мирис, собрани во класовидни соцветија на врвот од гранчињата. Тие содржат од 0,5 до 2,0% етерично масло. Најдобро успева на сончеви експозиции и добро дренирана песоклива почва. Претпочита месторастења со умерена и топла клима, кои не ги фаќа мраз преку зимата. Поради својата декоративност може да се одгледува преку зимата во затворен простор. Се сади во саксии или длабоки керамички садови, а преку лето се вади на отворено. Најголема примена наоѓа во италијанската, шпанската и француската кујна.
РУЗМАРИН (Rosmarinus officinalis)
Името потекнува од латинските ros (роза) и marinus (море), односно морска роза. Претставува грмушесто зимзелено растение со специфични игличести ливчиња и многу атрактивни светлосини и виолетови ситни цветчиња. Листовите се со многу привлечен мирис и пикантен, горчелив вкус. Според старогрчката божицата на убавината, љубовта и полодноста Афродита, рузмаринот не е само симбол на љубовта, туку претставува и симбол на мудроста. Во пролет, формира многу мирисни ситни цветови. Режете го рузмаринот додека не помине цветањето. Се кројат само ако сакаме да ги контролираме во просторот. Кроењето треба да се врши на крајот од март, односно пред појавувањето на изданци.
КОПРИВА (Urtica dioica)
Лаванда Рузмарин
Копривата е брзорастежно растение и уште пред првата година дава добра реколта од вегетативна маса, но реалните придобивки започнуваат од втората година. Се сее есенско време (октомври - ноември) или рано на пролет, кога процентот на влага во почвата е на повисоко ниво. Цвета од јуни до август, а семето зрее јули - септември. Доколку се користат делови од растението за најразлични причини (лек, храна... ) треба да се внимава при собирањето, бидејќи знаат да нанесат сериозни повреди по кожата. Доколку немаме ракавици најдобро е копривите да се берат така што ќе ги фаќате исклучиво со внатрешниот дел од дланките, бидејќи на тој дел од телото не создаваат реакции. Поради ова својство, најдобро е да се одгледува подалеку од дофат на мали деца, бидејќи кога се копривите во прашање секогаш завршува со народната „од играчка - плачка“. Покрај наведените видови, не би било фер а да не се споменат и други видови, кои како и горенаведените заслужуваат да се најдат во нашата „зачинска градина“. Такви се ловор, ѓумбир, копар, жалфија, ајдучка трева и многу други. И конечно на крајот, сепак се сведува на вашата креативност при изборот на растенија, кои и понатаму ќе бидат носител на цветната и миризлива идила во вашата градина.
3
20 април 2012 ПОРТА
57
занимливости
Лебдечки пустински интервенции
Ш
58
3
ПОРТА
панската фотографка Лола Гуерера е автор на фотографска серија со наслов „Nebula Humilis“. Според авторката Гуерера, целта на компјутерски доработените фотографии направени на најразлични локации во мексиканската пустина, е да се акцентира
20 април 2012
различната релација помеѓу човекот и околината во која живее, и нивната меѓусебна можна игра. Таа го потсетува гледачот на испарливите и деликатни односи помеѓу човекот и земјата. Исто така, како што самата вели, преку своите фотографиски интервенции, таа сака на пустинските амбиенти да им даде „гласови кои се виткаат“.
спортски храмови
Центар „Планица“ - Словенија
Планица ќе порасне во нордиски центар
Сашо Кузмановски
ФАКТИ за НОРДИСКИ ЦЕНТАР „ПЛАНИЦА“ - Словенија Изградба на две скокалници и реконструкција на постоечката голема леталница. Изградба на крос-кантри патека Изградба на фудбалски стадион со атлетска патека Изградба на нов трибински простор со капацитет од 40.000 места Нов туристичко информативен центар Простор на градба: 100.000 м2 Инвестирани средства: 40 милиони евра Дизајн: A.BIRO и Studio AKKA
С
о инвестиција од околу 40 милиони евра, во 2010 година почна модернизацијата и доизградбата на една од најпопуларните скискокалници во Европа, словенечката Планица. Моментно најголемата леталница на Стариот континент, чека старт на реконструкцијата, откако ќе бидат завршени првите две фази од проектот поддржан од Владата на Словенија, а кој официјално доби зелено светло уште во 2008 година. Првата фаза од проектот за изградба на нордискиот центар „Планица“, опфати подготовка на планинскиот дел, каде дополнително ќе се осовремени овој голем зимски центар. Целиот проект опфаќа реконструкција и доизградба на малата олимписка скокалница, продолжување и реконструкција на големата леталница, осовременување на истата со технолошки решенија и опрема, изградба на сосема нова скокалница (трета во целиот комплекс), како и изградба на голема крос-кантри патека со финална рамнина во стадионски простор со трибински простор со капацитет од 40.000 места. Сето ова, според развојниот план на проектот треба да заврши најдоцна до 2014
година, а Словенија да го добие можеби и најмодерниот нордиски центар во Европа. По првата фаза која заврши пред две години, почна реализацијата на втората фаза, а таа опфати комплетна реконструкција на малата олимписка скокалница. Освен што ќе биде модернизирана со зголемена безбедност на леталиштето и на слетилиштето, на неа ќе бидат поставени и нови снежни топови. Налик на оваа, почна изградбата и на сосема новата скокалница, која исто така ќе биде наменета за ски-скокови и која ќе биде ставена во функција со самата завршница на проектот за две години. И таа ќе биде подготвена за функција и во деновите кога нема снег, но исто така и двете мали скокалници ќе ја имаат потребната опрема за одржување тренинзи и натпревари и во текот на летниот период. Третата фаза од проектот нордиски центар „Планица“ опфаќа изградба на крос-кантри патеката. Таа во зимскиот период ќе се користи за натпревари во нордиско скијање, додека во летниот период тоа ќе биде патека за возење велосипеди и рекреативен џогинг. Во непосредна близина на патеката се гради туристичко информативен центар и други помошни програми. Третата фаза од проектот,
според очекувањата ќе заврши во 2013 година. Веднаш по неа ќе стартува финалната фаза, во која ќе се реконструира и продолжи големата леталница. Во процесот на монтажа на новите снежни топови на големата леталница на Планица, ќе се монтира и систем за вештачки снег на крос-кантри патеката, кој се чини ќе биде најголемиот и најскапиот систем за обезбедување снег на целиот Центар за време на топлите зимски денови. Оваа инвестиција во Планица, практично се однесува на модернизација на простор од 100.000 м2. Покрај овие три поголеми скокалници, се очекува и изградба на мали тренинг-скокалници (најверојатно уште четири), кои ќе се користат во текот на целата година. Слетилиштето на големата леталница во летниот период ќе биде претворено во фудбалски стадион. Тука ќе се монтира и атлетска патека, па истата ќе се користи и како вистински олимписки тренинг центар и во лето. Фудбалскиот стадион ќе го користи трибинскиот капацитет на леталницата, што значи дека ќе може да собере и до 20.000 навивачи од двете големи трибини. Доизградбата на нордискиот центар „Планица“ опфаќа и комплетна санација на постоечките и изградба на нов ски-лифт.
3
20 април 2012 ПОРТА
59
арт инфо
милано
порцелански дела на аи веивеи
Дела на познатиот кинески современ уметник и активист Аи Веивеи, се изложени во познатата галеријата „Лисон“ во Милано. Изложените дела, изработени од керамика или мермер, се создадени во Јингдежен, регион во Кина познат уште од антиката по изработката на керамика. Делата се целосно рачно изработени, што е карактеристично за уметникот, а со тоа што наликуваат на скапоцен кинески порцелан, тие на еден начин претставуваат една критика кон високата цена што ја постигнува кинескиот порцелан на пазарот за уметнички дела.
фиренца
Се одрони дел од мермерот од ренесансна камбана
Неодамна, дел од зелениот мермер од камбаната во центарот на Фиренца се одронил. Се работи за камбанарија, која претставува дел од катедралата и крстилницата на свети Јован во центарот на градот. Камбанаријата е дело на Ѓото ди Бондоне, познат само како Ѓото, еден од најпознатите уметници и архитекти од периодот на ренесансата. Тој на кулата покрај катедралата почнал да работи во 1334 година, меѓутоа починал три години подоцна и не успеал да ја доврши. Камбанаријата е довршена во 1359 година. По одронувањето на зелениот мермер, со големина на кутија цигари, кулата е оградена и направени се планови за обновување на оштетувањето. Ваквата зачестена појава ги зголеми стравувањата на експертите за судбината на еден од најстарите споменици на културата во овој италијански град. Огромното италијанско културно наследство се најде под детална анализа поради серијата уривања на градби во древниот град Помпеа, местото што по ерупцијата на вулканот пред две илјади години беше застанато во времето. 60
3
ПОРТА
20 април 2012
њујорк
Слика на дали проценета на околу десет милиони долари
Делото на Салвадор Дали старо 75 години би можело да биде продадено за десет милиони долари на аукцијата на „Сотебис“, во мај годинава во Њујорк. Сликата „Printemps necrophilique“ (Nekrofilna prolet) од 1936 година, претставува маж кој седи и жена која стои во вознемирувачко опкружување. Проценета е на 8 до 12 милиони долари и ќе се најде на аукцијата на импресионистичката и модерна уметност на 2 мај. Сликата последен пат била претставена во јавноста пред 15 години.
арт инфо њујорк
познатиот фаул на зидан стана скулптура
Потегот на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, кога во финалето на Светското првенство во 2006 година во Германија со глава го удри во градите Италијанецот Марко Матераци, стана дел од уметноста. Имено, конкретниот настан алжирскиот уметник Адел Абдешемед, одлучил да го претвори во пластична скулптура, поставена во познатата уметничка галерија на Дејвид Звирнер во Њујорк. Насловот на целата изложба е „Кој се плаши од големиот лош волк?“. За потсетување, за тој потег Зидан заработи директен црвен картон, а неговата репрезентација беше поразена од Италија по изведување на пенали (5:3).
лондон
560 години од раѓањето на да винчи
По повод 560 години од раѓањето на Леонардо да Винчи, роден на 15 април 1452 година во италијанското место Винчи во центарот на покраината Тоскана, Кралската галерија во Бакингемската палата во Лондон отвора голема изложба. Во рамки на изложбата со наслов „Леонардо да Винчи: Анатом“, што ќе биде отворена до 4 мај, јавноста ќе може да погледне дел од анатомските цртежи на Да Винчи. Со оваа изложба, лондонска галерија ја прикажува досега најголемата збирка од студиозните цртежи на човечкото тело и е најголема поставка на револуционерната работа на Да Винчи, кои доколку успеал да ги обедини и објави како единствена студија за анатомијата, целосно би ги изменила тогашните европски погледи и разбирањето на човечката анатомија.
подготви: Дејан БуЃеваЦ
лондон
„мистерија на антарктикот“ за илјада фунти
Реткото прво издание на романот на Жил Верн „Мистерија на Антарктикот“, е продадено за 1.000 фунти, а приходот ќе биде предаден на хуманитарната организација „Оксфрам“, која и ја продаде книгата. Книгата била издадена во 1898 година и е приказна за патувањето на оддалечениот остров Кергелен во јужниот Индиски океан, пренесува британскиот „Гардијан“. Жил Верн е најпознат по своите романи „Пат околу светот за 80 дена“ и „20.000 милји под морето“.
3
20 април 2012 ПОРТА
61
совети
МАЛ СТАН
пред
Немаме можност да го прошириме или смениме малиот стан во кој живееме, но би сакале од него да направиме посебен, простран дом. Можете ли да ни помогнете? Семејство Миленковски, Скопје
В потоа
ашиот мал стан веќе е поделен на две целини – спална соба и дел за дневен престој. Со промена на внатрешните врати од обични во шибер секаде во станот, ќе заштедите во просторот и тој ќе изгледа поголем. Определете се за светли бои на ѕидовите и подовите. На прозорците поставете лесни светли завеси, а на ѕидовите огледала. И мебелот треба да биде светол и ненаметлив. Чистите линии и совршените пропорции секогаш нудат удобност. Покрај троседот, седалката и комодата за телевизор, во дневната соба во која се влегува директно од влезот, сместена е и трпезаријата. Убаво е трпезариската маса да е расклопна, на едниот крај фиксирана за ѕидот и кога не се употребува да може да се склопи со што ќе се заштеди простор. Наместо маса може да направите и пулт покрај ѕидот. За спалната соба изберете ја палетата на бели и сиви тонови. Секако дека пастелните бои, доволно светлина, ситните декорации и една импресивна слика на ѕидот во дневната соба ќе го трансформираат малиот простор во продуховен и оптимистички животен амбиент. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,
дипл.инж.арх.
62
3
ПОРТА
bsavic@porta3.com.mk 20 април 2012
најчудни градби
КУЛА ВЕЛАСКА - ПРВИОТ ПРИМЕР НА МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА ВО ИТАЛИЈА Кулата почнала да се гради во 1956 година, а била завршена рекордно за две години и пуштена во употреба во 1958 година. Висока е 100 метри и има чуден, несвојствен облик кој наликува на печурка. Драган Ристов
К
улата Веласка, изградена во 50-тите години од минатиот век, се смета не само за чудна градба, туку и за пионер или прв тип на објект со кој се практикува модерната архитектура во Италија. Можеби и тука се причините што голем број Италијанци ја гледаат како чуден објект, бидејќи навестувала нов развој на архитектурата во Италија, а пред сè во култниот Милано, каде е изграден овој објект. Автор на објектот е студиото „ББПР“, чие име е акроним од првите букви на архитектите Банфи, Барбиано, Пересути и Роџерс. Оваа кула ги удрила темелите на еден поинаков дизајн на објектите во Милано, на кои исто така им припаѓаат и Миланската Катедрала и замокот Форезко. Од технички аспект, кулата е висока над 100 метри и има чуден, несвојствен облик кој наликува на печурка. И покрај ваквиот изглед, потсетува на ломбардиската традиција која е обележје на средновековна тврдина со кули. Притоа, долниот дел секогаш е потесен и под прав агол, додека врвот е комбинација на дрвени табли со камени греди. Резултатот е комбинација на средновековниот дизајн со модерното искористување на просторот што нуди многу прегледен простор, функционален и за различна намена, посебно во врвот на објектот. Дел од кулата требало да послужи и како локација за градските власти, но полека се комерцијализирала, при што во неа има и адвокатски фирми, но и приватни станови. Кулата Веласка е лоцирана во строгиот центар на Милано, близу до катедралата Дуомо и државниот универзитет. Почнала да се гради во 1956 година, а била завршена рекордно за две години и пуштена во употреба во 1958 година. Висока е точно 106 метри и има вкупно 26 катови. Од првиот до 18 кат се канцелариите, кафулињата, продавниците, а од 18 до 26 кат е резиденцијалниот оддел со станови. Важноста на кулата Веласке лежи и во еден друг факт. Тоа се години по Втората светска војна, кога економската експанзија во Италија зема замав. Како резултат на прогресивните идеи, тенденцијата е да се оди напред и да се направи компромис со минатото. Освен тоа, кулата е компромис и во градежна смисла бидејќи требало да се вклопи во тесниот плоштад заради што има епитет на „Нова слобода“ за миланците. Инаку кулата го носи името по Дон Хуан Фернандо де Веласко, кој бил гувернер на Милано од 1592 до 1600 година.
3
20 април 2012 ПОРТА
63
излог
2
4
64
3
ПОРТА
20 април 2012
излог
1
1. Мamba полица и маса од Victor Vasilev за Mdf italia 2. Висечка светилка од constance guisset за Molteni&c 3. coral ламба од Qisdesign 4. Софа од denis guidone 5. Столица од италијанската компанија Moroso
подготви: сандра ДонЧева ТеоХаРова, дипл.инж.арх.
5 3
3
20 април 2012 ПОРТА
65
јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 46/2012
ДООЕЛ Скопје, бул. “8-ми Септември“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на рекреативен аква парк во комплексот на Спортскиот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје. Контакт тел/факс: 071 248-951, лице за контакт: Роберта Теова. Јавно отворање на понудите на ден 17.05.2012 год.
Контакт тел/факс: 02 3145445, 3226-392, лице за контакт: Борче Размоски. Јавно отворање на понудите на ден 30.04.2012 год.
ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ Б2 СТРУГА
БРОЈ: 3/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Набавка на услуги за изработка на Основен проект за објект Драмски Театар – Скопје за сите фази, согласно Проектната програма на Министерството за култура. Контакт тел/факс: 02 3240519, 02 3226-920, лице за контакт: Јулијана Угриновска. Јавно отворање на понудите на ден 18.05.2012 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 47/2012
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 24/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за транспорт и врски, ул. “Црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на пешачка патека околу езерото во општина Маврово – Ростуше.
БРОЈ: 13/2012 Назив на договорниот орган: АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на Инфраструктурен Проект за изградба на подземна инсталација за полагање на подземен оптички кабел на дел од релација АД МЕПСО – АД ТЕ-ТО и АД МЕПСО – ТС Ѓ. Петров. Контакт тел/факс: 3149-693, 3111-160, лице за контакт:
БРОЈ: 05/2012 Назив на договорниот орган: БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Панче Манојловски. Јавно отворање на понудите на ден 09.05.2012 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 48/2012
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 18/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на Основни проекти со сите фази за Основни и Средни училишта. Контакт тел/факс: 02 3220113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николовски. Јавно отворање на понудите на ден 27.04.2012
ПИШУВАЈ ПИШУВАЈ
СОРАБОТУВАЈ СОРАБО
ПРЕТПЛАТИ СЕ!ПР
ОТ ОТ РОМКИ“ РОМКИ“ Д Д О О АЕР Р ВЕЛИ ЛИК АЕР Р ВЕЛИ ЛИК В А НОВ А ја ќе се ја и Д м а џ Н Н та а А Д СО НО ШУ ената џами рА О аЌрАен аЌ СА С Ш ации С р е ер К К У н н ге ге Е Е К К те те и и А КИидн А идн АЛ И В „АЛ „ ва за у К Р ч за за С С ПРчВувОаДза П Марио Бота М РОДНЕРИ РИ БР Ј ОД НТЕЈНЕИЈА Преку јазикот ОД Б Е реку ј А П Ј Т И Н т, просторо и КО ЕДОН КО КЕДОН на прос т насветлината т А светл н н МАК М е е та О О ја В В би би геометри геоме
м в ив а иот вр л р о латн овт Неп под з
врв в ам т и л о р и латн овто Неп под з
рам комунициката со публи
КИТЕ БРИТАНСТИ ЌЕ К Е Т АРХИ РААТ СЕ ЕДУЦИНОВА Д Е Р СПО НА ИТЕЛГ ЛЖО ДОТВ ЗАШ ААДЕЖНИШ ГРАДЕЖНИ МР А Р Г О Р А А П ТВ УР Р ХИТЕК ТУРА ЕКОЛ ОГИЈА
О
БРИТА АРХИТ СЕ ЕДУ СПОРЕ ЗАДОЛЖ ПР
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
на VII
www.porta3.com.mk 1 годи
де
I 11 година VI ОК 21.10.20 ЕТ П / 8 16 Ј нари / БРО
на VII
20 април 2012
1 годи
3
ПОРТА
денари / БРОЈ 168
66
ина VII 10.2011 год / ПЕТОК 21.
ШТВО ГРАДЕ ГРАДЕЖНИ Ж А АРХИ НИШТВО ТЕКТУ АРХИТЕКТУР АРХИТЕКТ РА Е КОЛО ЈА ЈА ГИЈА ВОЕКОЛОГИЈА ГИШ ТВОЕКОЛО Т Ј А Ш И ЖНИ РА ЕЖН УРА Е Д Д ГРА ТЕКТ ГРА ИТЕКТУ И А АРХ ОГИЈ АРХ ЛОГИЈА Л О ЕК ЕКО
комун со пу
рубрика
ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ НОВ КВАЛИТЕТЕН ДОМ во СКОПЈЕ, ОХРИД и СТРУМИЦА
КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ШТО ВИ ШТЕДИ ПАРИ!
ОХРИД - Билјанини Извори
СКОПЈЕ - Под Водно
– Лист за предбележување на градба бр. 55295 КО Центар 2 Станови : 53, 70, 77, 81, 90, 110, 114, 127 м2 Деловен простор: 73, 80, 96, 144, 162, 300, 620 м2
- Лист за предбележување на градба бр. 90014 КО Охрид 4 Станови : 50, 55, 59, 63, 73, 81, 86, 126 м2 приземје со дворно место
СТРУМИЦА - Парк
- Имотен лист бр. 16815 КО Струмица Станови : 52, 73, 83, 91, 95, 125 м2 Деловен простор : 59, 104, 143, 247 м2
Преку проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“
Деловни простории - Имотен лист
- АДОРА Инженеринг-Скопје според пропишаните услови на проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, Ви овозможува да бидете сопственик на високо-квалитетен функционален стан изграден по светските стандарди за квалитет и животна средина, со енергетска ефикасност и сеизмичка стабилност. - АДОРА Инженеринг е лидер на градежништвото на овие простори. Нуди најквалитетна опрема, што штити од студ и сонце, фотоволтажен систем за производство на струја, сопствен паркинг простор и препознатливост по примена на најсовремените технологии и стандарди во градежништвото.
СКОПЈЕ -Ново Лисиче
СКОПЈЕ -Карпош
СКОПЈЕ- 50 Дивизија
СКОПЈЕ- Ѓорче Петров
- АДОРА Инженеринг со енергетската ефикасност на објектите Ви заштедува пари секој месец. - АДОРА Инженеринг Ви нуди СÈ на едно место: проектирање, изведба и продажба.
СКОПЈЕ - Аеродром
СКОПЈЕ -50 Дивизија
СКОПЈЕ-Црниче
- АДОРА Инженеринг Ви овозможува среќен, топол, современ и сигурен ДОМ. Во ова кризно време донесете паметна одлука за траен влог за Вашата безгрижна иднина!
Резиденција со 8 (осум ) елитни станови (83 м2)
Адора Инженеринг, Орце Николов 182 А, Карпош, Скопје Скопје 072 204024, 070 365738, 075 240003, 02 5215215 Охрид 075 244244, 072 204024, 070 365738 Струмица 034 523335, 072 228026
sales@adora.com.mk info@adora.com.mk ПОРТА3 www.adora.com.mk 20 април 2012
67