Porta3 182

Page 1

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Принципите на

90 денари / БРОЈ 182 / ПЕТОК 04.05.2012 година VIII

„4Р“

борис подрека:

Јас не ја работам архитектурата како некоја етикета



БРОЈ 181 ПЕТОК 04.05.2012

ГОДИНА VIII Редакција:

драги Читатели, во период на сложени економски услови во Обединетото Кралство. Во строгиот градски центар, спроти седиштето на италијанската амбасада, во деведесеттите години од минатиот век, впечатлива појава бележеше едно од култните урбани феномени на градскиот живот во Скопје, кафе-барот „Штрк“. Денес, по речиси една деценија, тој ја добива својата архитектонска реминисценција, на истата локација, но во сосема ново просторно остварување. Промените во користењето на земјиштето, внесот на загадувачки материи и нутриенти, несоодветното управување со ресурсите се меѓу главните причини за лошата состојба со екосистемот на Преспанското Езеро. Оттука и загриженоста за неговата иднина. Сѐ во интерес на животната средина. Најсоодветното решение за намалување на бучавата за секој даден проект бара голем број на стручни лица од различни области, вклучувајќи инженери по акустика, урбанисти, проценители на вредноста на објекти и сл., потврдувајќи ја мултидисциплинарноста и специфичноста на оваа проблематика.

СКОПЈЕ 08

КРУЖНИЦИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДО ЛИСИЧЕ

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница: хотел и конгресен Центар „Монс“, ЉУБЉАНА, СЛОВЕНИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Принципите на

„4Р“ 90 денари / БРОЈ 182 / ПЕТОК 04.05.2012 година VIII

Архитектот Борис Подрека претставува врвна синтеза на она што го замислуваме како архитектура на Средна Европа. Роден е во Белград, живеел во Италија, студирал и до ден-денес работи во Австрија. Зборува седум јазици и работи во цела Средна Европа. Кон крајот на месец март престојуваше во Белград по повод конференцијата „Денови на Орис“. Специјално за „Порта3“, Борис Подрека говори на што моментно работи неговото ателје, како ги гледа архитектонските можности на Балканот, колку е значаен јавниот простор во денешно време на самота и за архитектонската желба која сè уште не ја остварил. Борис Подрека вели: „Јас не ја работам архитектурата како некоја етикета“. Која е иднината на архитектурата и градежништвото во период на намалени инвестиции? Според британското Друштво на главни архитекти во локалната управа, популарно наречените „4Р“ (4Rs - Retrofit, Refurbishment, Reuse and Reduce), преопремувањето, преуредувањето, преупотребата и намалувањето се сметаат за носители на идното задоволување на просторните потреби и дејствување во рамките на архитектурата и градежништвото

од редакЦијата

12

Јас не ја работам архитектурата како некоја етикета

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

Автор: борис подрека

САЕМИ 12

SEEBBE 2012, БЕЛГРАД КРИЗАТА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ГИ ПОГОДУВА И САЕМИТЕ

ГРАДЕЖНИШТВО 17 50

БОРИС ПОДРЕКА: ЈАС НЕ ЈА РАБОТАМ АРХИТЕКТУРАТА КАКО НЕКОЈА ЕТИКЕТА

лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град. инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Печати: Европа92 - Кочани

РЕПОРТАЖА 32

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

32

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 38

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

АНГЕЛОТ ОД КУРБИНОВО БЕЗВРЕМЕНСКА ПРИКАЗНА

жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 50 „НАЈЗЕЛЕНО“ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

фоторепортер: Кире ПОПОВ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

ИНТЕРВЈУ 22

„I SALONI 2012“, МИЛАНО ИТАЛИЈАНСКАТА ГОРДОСТ ПОВТОРНО НА ТЕСТ!

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

БОРИС ПОДРЕКА:

22

ПЛАНИРАЊЕ НА ЗАШТИТА ОД СООБРАЌАЈНА БУЧАВА

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

38

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


рубрика

4

3

ПОРТА

04 мај 2012



инфо

Чествување на животот и делото на јапонскиот архитект Кензо Танге

Синот на големиот архитект во Скопје Универзитетот „Американ колеџ“, Факултет за архитектура и дизајн и Јапонската амбасада, по повод 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го урна градот, како и стогодишнината од раѓањето на Кензо Танге, се организатори на манифестацијата во негова чест, а главен гостин - учесник е неговиот син Пол Норитака Танге

М

акедонија, по повод 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес и 100 години од раѓањето на Кензо Танге, достојно ќе се оддолжи на првиот творец на урбанистичкиот план за централното градско подрачје на Скопје. По тој повод во главниот град допатува неговиот син Пол Норитака Танге. Тој ќе одржи предавање и ќе присуствува на изложба во Музејот на современа уметност во чест на неговиот татко. Изложбата се состои од два дела. Во првиот ќе бидат изложени делата на Танге од целиот свет, додека во вториот дел ќе има и досега необјавени фотографии и видеа

6

3

ПОРТА

04 мај 2012

Пол Норитака Танге во хотелот Александар Палас од проектот за Скопје. Организатори на настанот се Универзитетот „Американ колеџ“, Факултет за архитектура и дизајн и Јапонската амбасада. Целта на оваа изложба е претставување на животот и делото на јапонскиот архитект Кензо Танге (1913-2005) како еден од најзначајните светски архитекти на 20. век. Кензо Танге во 1966 година со група јапонски архитекти го дизајнираше Урбанистичкиот план за реконструкција на центарот на Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Неговиот урбан дизајн и концепт на центарот на градот го постави Скопје на светската мапа на градови претставени во духот на архитектонското движење „Meтаболизам“, воспоставено во раните

шеесетти години на минатиот век од страна на Кензо Танге, Такаши Асада, Кишо Курокава, Кијонори Кикутаке, Фимихико Маки и други. Пол Норитака Танге ќе биде почесен гостин на изложбата и предaвач. Тој, исто така, е реномиран архитект во Јапонија и пошироко. Пол Танге ја започнал својата меѓународна архитектонска кариера по завршувањето на постдипломските студии и магистрирањето на Универзитетот Харвард, факултет за дизајн во 1985 година. Тој станува престедател на KenzoTange Associates во 1996 година. Седиштето на оваа мултинационална архитектонска компанија е во Токио, од каде ги нуди своите проектни и други професионални сервиси во доменот на


инфо

Тимот на Кензо Танге пред макетата на центарот на Скопје

подрачје на Скопје, работите тргнале на подобро и понуди за работа доаѓале и од други земји. Со одлука на Сенатот на Универзитетот „Американ колеџ“, Пол Танге ќе биде прогласен за почесен доктор на науки. - По земјотресот Скопје беше изграден како град на солидарноста, а денес е град на капиталот. Ние треба да го цениме и да научиме да го гледаме она што Кензо Танге го направил за нашиот град. Од таа причина сакаме на неговиот син да му доделиме почесен докторат од Универзитетот - велат негови претставници. „Утврдувајќи ги исклучителните вредности на архитектот Пол Танге, го утврдуваме и неговото исклучително место во светот на архитектурата и урбанизмот во денешни услови, кога суштината на архитектонското образование се концентрира на решавање на глобални проблеми, блиски до хуманите идеи на метаболизмот, сè до идеите што значат постојано истражување за задоволување на колективните потреби низ архитектонскиот дизајн. Неговото разбирање на архитектурата низ почитување на комплексноста на мултикултурното секојдневие, ја препознаваме како мотивација и порака до новите генерации архитекти, кои можат да црпат инспирација и искуства од запознавањето со неговата работа“, велат во „Американ колеџ“.

архитектурата и урбанизмот насекаде низ светот. Оваа компанија работи успешно на реализација на 40 тековни проекти низ светот, а меѓународното реноме им овозможува со лидерството на Пол Танге успешно дејствување во различни средини и култури. Една од посебностите во работењето и управувањето со оваа компанија, претставува проширувањето на меѓународното искуство преку интензивно продлабочување и втемелување на долготрајни соработки со локални компании и архитектонски средини, како и постојана надградба и запознавање со локалните градителски практики. Тоа, од друга страна, е во функција на ефикасно и целисходно преземање на помали или поголеми проектни задачи не само во урбаните, туку и во руралните предели насекаде низ светот. Интернационализацијата на знаењето и вештините на урбаниот и архитектонскиот дизајн, претставува една од одликите што за Пол Танге значат и постојана надградба и унапредување на академските процеси и постапки на совладување на таквата сложена материја. Со предавањето и изложбата, чија цел е претставување на животот и делото на јапонскиот архитект Кензо Танге (1913-2005) како еден од најзначајните светски архитекти на 20. век, Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје, му оддава заслужена почит на Кензо Танге, таткото на Пол Танге, кој во 1966 година со група јапонски архитекти го дизајнираше Урбанистичкиот план за реконструкција на центарот на Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Урбанистичкиот план за Скопје е првото дело на Танге надвор од Јапонија, бидејќи поради ембаргото од Втората светска војна, проектантското биро на познатиот архитект Кензо Танге не добивало никакви ангажмани надвор од Јапонија. Сепак, по 1966 година, кога тој заедно со група архитекти го направил урбанистичкиот план за централното градско

3

04 мај 2012 ПОРТА

7


скопје

Властите не запираат со изградбата на кружни текови

Кружници од Ѓорче Петров до Градските власти велат дека нема да запрат со изградбата на кружните текови, а се со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на количеството на издувни гасови, но тие немаат увид во тоа колкави се ефектите од нив и за колку проценти се намалени сообраќајките Катерина Спасовска Трпковска

Е

ден, два, три... и понатаму останува отворено прашањето до кога градските власти ќе продолжат со изградба на кружни текови на клучните крстосници. Засега се изградени три вакви кружни крстосници и тоа на точки кои навистина важеа за црни. Таков е случајот со крстосницата кај хотелот „Континентал”, кај „СП планет” во Ѓорче Петров и последна изградена кај Католичката црква. Градските власти велат дека тука нема да запрат со изградбата на кружните текови, а се со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на количеството на издувни гасови, но тие немаат увид во тоа колкави се ефектите од нив и за колку проценти се намалени сообраќајките. Но, и покрај тоа тие продолжуваат со изградба на нови кружни текови. Веќе почна да се копа за изградба на кружен тек во Ѓорче Петров кај црквата „Свети Петар и Павле”. Со оваа кружна крстосница, која ќе се гради во наредните четири месеци, Градот планира значително да го растовари сообраќајот во овој реон, поврзувајќи притоа четири улици: Партизански одреди, Македонска војска, 4 Јули и Лука Геров. Во самиот кружнен тек ќе се оформат две коловозни ленти, со ширина од по 4,5 метри. Булеварот Партизански одреди, пред влезот во него, ќе се прошири со една

8

3

ПОРТА

04 мај 2012

коловозна лента од десната страна, а по неговата должина ќе се изградат тротоари со ширина до 2,5 метри. Булеварот Македонска војска, како и улиците Лука Геров и 4 Јули нема да ја променат својата ширина. По нивната должина од двете страни ќе се оформат тротоари со ширина од 1,5 до 4,5 метри. Планирано е крстосницата да биде осветлена со светилки на 20 електрични столба. Градот во овој проект ќе вложи околу 25 милиони денари, односно околу 400.000 евра. Според експертите, не може на секоја крстосница да се изгради кружен тек, бидејќи најважна е широчината на крстосниците, како и бројот на возила кои доаѓаат од сите насоки. Ако има поголем прилив на возила од сите страни, тогаш моделот на кружен тек е прифатлив. Многу од сообраќајните експерти сметаат дека естетиката е важен фактор за кружните текови, кои се поинтересни од обичните раскрсници. Кружни крстосници може да се применуваат и на места каде што има потреба за забавување на сообраќајот, а мора да се најде и решение за движењето на пешаците, како и можноста за слевање на атмосферските води. „Прибирањето на податоци за настанатите сообраќајни незгоди како и нивно архивирање во базата на податоци кај нас ја врши МВР. Податоците опфаќаат општа анализа на бројот и структурата на сообраќајните незгоди во

просторен, временски карактер, како и типолошка анализа и анализа на примерок. Градот Скопје, во моментов нема пристап до овие податоци и не може да се направи студија за пред и после анализата од која ќе може да се види дали е намален или зголемен бројот на сообраќајни незгоди на тие места”, информираат од Градот. Но, она што сигурно го знаат е на кои други локации ќе има вакви крстосници. А, тие ќе ги има во Автокоманда, Железара, Бутел и повторно Ѓорче Петров. Единствено и Лисиче во наредниот период ќе добие турбо кружна крстосница. „Планирано е изработка на проектна документација за воведување на турбо кружна крстосница на булеварот 12 Македонска бригада кај трговскиот центар во населба Лисиче”, додаваат од Градот. Централното градско јадро, каде што има најмногу метеж и најголема потреба од намалување на издувните гасови, ќе почека некоја друга ера за изградба на кружни текови. Основните критериуми врз кои градот ги одредува крстосниците што ќе добијат форма на кружен тек се врз основа на детална анализа на просторен, безбедносен, функционален, проектно - технички критериум и критериум за пропустна моќ. Во контекс на претходното, дали една крстосница ќе добие кружен тек или не, зависи и од анализата на перформансите, односно


скопје

Лисиче аналитичката пресметка на нивото на услуга, образложуваат експертите од градската управа. Предностите, пак, од изградбата на кружните крстосници се навистина големи. Современите крстосници со кружен тек имаат поголем капацитет од сигнализираните крстосници, тие се практични затоа што се добро решение за крстосници со приближно еднакви сообраќајни оптоварувања, како и крстосници со повеќе од четири краци. Исто така, кај нив има и заштита на човековата околина бидејќи застојот е помал и има помала емисија на штетни гасови и помала бучавост, а се штеди и електрична енергија затоа што нема семафори. Средишните кругови се користат за украсување, најчесто со цвеќиња и фонтани. Она што е најважно е дека се намалува бројот на инцидентите, а разделните острови ја зголемуваат безбедноста на пешаците. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата се задоволни од изградбата на кружните крстосници и позитивните ефекти од нив. „Кружните крстосници и во светски рамки и кај нас се подобро решение од семафорите. Подобро од ова е само ако имаме сообраќајници на кат. На оние локации каде што се изградија кружните крстосници има подобрување на безбедноста и поголема проточност на возила. Ефектот од нив е апсолутно позитивен”, вели Тоше Јанев, портпарол на РСБСП. 

Продолжува ширењето на Климент Охридски

Д

о септември годинава, булеварот Климент Охридски од Соборниот храм до зградата на Владата, односно на потегот од крстосницата со булеварот Партизански одреди до улицата Димитрија Туцовиќ во должина од 380 метри, ќе добие уште по една нова лента. Новите проширувања од по 3,5 метри од двете страни ќе се градат на сметка на средишното зеленило, но ќе придонесат за значително намалување на метежот и за растоварување на сообраќајот во центарот. По завршувањето на градежните работи, овој потег ќе има вкупно шест коловозни ленти и жардиниера во средишниот дел. Од Градот најавија дека оваа инвестиција ќе опфати и замена на старите рабници, како и гребење на стариот асфалт и нанесување

нов слој, на површина од 4.000 квадратни метри. Ќе бидат формирани нови тротоари, со патеки за пешаци и велосипедисти. Градежниот зафат ќе се искористи и за изградба на нова водоводна мрежа, од соборниот храм Климент Охридски до булеварот Илинден. Градот, во овој проект, ќе вложи 30 милиони денари. На проширување и реконструкција на булеварот Свети Климент Охридски - втора фаза ќе работат градежните екипи на АД „Гранит” од Скопје, а рокот на изведба е четири месеци. Оваа реконструкција, всушност, е продолжување на проширувањето и поднова на Климент Охридски, кој лани беше реконструиран на потегот од раскрсницата кај Домот на печат до Соборниот храм. К.С.Т.

Нови две катни гаражи ќе се унифицираат

Б

арокна катна гаража ќе никне и кај „Автомакедонија”. Инвеститор ќе биде приватно лице кое ќе биде избрано за најповолен понудувач на лицитацијата за плацот на кој се наоѓа маркицата. Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежната парцела која е со површина од 1.245 квадратни метри. Почетната цена за лицитирање ќе изнесува 1.850 денари за квадрат. Инвеститорот ќе има

обврска објектот да го изгради со фасада која ја наложуваат од Министерството, односно по избраното идејно решение, кое предвидува објект со стилска фасада. Освен за паркирање, објектот ќе служи и за други намени. Наменета на објектот е катна гаража со комерцијална или деловна дејност, трговски единици и угостителски единици кои можат да зафаќаат до 15 проценти од површината на објектот. За учество во јавното наддавање

можат да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица кои ги исполнуваат условите дадени во јавната објава, објавена во печатените медиуми и на Интернет страницата на Министерството. Учесниците на јавното наддавање треба да достават и банкарска гаранција во висина од 200.000 евра во денарска противвредност, со која ќе се гарантира дека доколку понудувачот е избран за најповолен, ќе ја уплати крајно постигнатата цена во предвидениот рок од 15 дена. Рокот за пријавување за учество на електронското јавно наддавање е 31 мај, а лицитацијата е закажана за 7 јуни. Освен овој оглас, Министерството за транспорт и врски распиша и повик за продажба на уште една локација, исто така, за катна гаража. Станува збор за земјиште со површина од 465 квадратни метри, кое е лоцирано зад „Сити галери”, на плоштадот Македонија. Почетната цена на оваа парцела е 61 денар за квадратен метар. Според идејното решение станува збор за објект со приземје и пет ката, во барокен стил. Според урбанистичкиот план, максимално дозволената висина на катните гаражи е 29 метри, односно деветкатници. К.С.Т.

3

04 мај 2012 ПОРТА

9


региони

Штип

СТАРАТА МЛЕКАРНИЦА ЌЕ СТАНЕ МОДЕРНА СТАНБЕНА ЗГРАДА

В

о минатиот број претставивме три клучни градежни проекти во Штип, кои заокружуваат број од околу 228 станови. Деновиве во Штип, големо внимание предизвика рушењето на објектот на старата млекарница, лоциран на влезот на градот, кај крстосницата „Дујле“. Таму веќе интензивно се врши ископ на уште еден модерен станбен објект, кој ќе ја замени

10

3

ПОРТА

04 мај 2012

Станбената површина изнесува 4.965 м² со вкупно 70 станови сместени во две ламели. Објектот ќе има 6 ката, а освен станбениот дел, во комплексот наречен „Дујле“ се предвидени и 678 м² за деловен простор - маркет.

полувековната зграда на штипската млекарница, во која до пред извесен период се менуваа само газдите и намената на изнајмениот простор - од индустрија за мебел, преку стовариште, па до сала за вежбање. Објектот претставуваше руина од најголем калибар, која само го нагрдуваше влезот во Штип. Иако објектот има приватен инвеститор, кој сосема разбирливо посакува профит од продажбата на становите со оглед на

Драган Ристов

дизајнот и она што засега е лоцирано во непосредна близина, тој ќе го направи влезот во Штип најубавото урбано место. Имено, овде е лоцирано едно од најпознатите штипски кафулиња, а локалната самоуправа размислува за воспоставување на кружен тек со поставување на споменик на „Дончо штипјанчето“. Доколку се реализира идејата за дислокација на градскиот стадион (кој е заведен како зелена површина) со пренамена


региони

во ДУП-от и изградба на нов станбено-деловен комплекс, кој ќе овозможи од комуналиите да се направи комплетно нов стадион во месноста Суитлак со двојно поголем капацитет, тогаш ова нема да биде повеќе истиот Штип. Но, да се вратиме на култната, стара млекарница во Штип. Станбената површина на новата зграда која ќе започне да се гради изнесува 4.965 м² со вкупно 70 станови сместени во две ламели. Становите ќе бидат

сместени на шест катови и секоја ламела ќе има по еден лифт. Освен станбениот дел, во комплексот наречен „Дујле“ се предвидени и 678 м² за деловен простор - маркет. Со оглед на ограничениот надворешен простор, бидејќи објектот со предната страна излегува на тротоарот од улицата, а зад него е противпожарниот дом, тој нуди 79 паркинг места во двокатна подземна гаража. Со изградбата на комплексот „Дујле“

практично се доаѓа до бројката од над 300 станбени единици, но мора да се напомене дека интересот за нови градби е голем. Се зголемува и бројот на парцелите за изградба на индивидуални куќи, а странски инвеститори се во потрага по соодветна локација за изградба на мал центар или класичен трговски центар. Експанзијата на градежништвото во Штип е резултат на големиот број студенти, кои се во константна трка за стан повеќе.

3

04 мај 2012 ПОРТА

11


саеми

38. Меѓународен саем на градежништво, Белград

Кризата во градежништво Оваа година саемот се одржа под слоганот „Во тек“, што треба да каже дека и покрај големата криза во градежништвото, на оваа манифестација се собраа голем број...

м-р Ѓорѓе Јокиќ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА)

В

о Белград секоја година се одржуваат голем број манифестации од областа на архитектурата и градежништвото. Оваа пролет се одржа „Денови на Орис“, во тек се „34.Салон на архитектура“ и „Белградска недела на архитектурата“. Секако, најголем и најзначаен настан е Меѓународниот саем на градежништво, кој се одржа од 24 до 28 април по 38. пат. Просторот во кој се одржува оваа манифестација е изграден помеѓу 1954 и 1957 година. Тоа е дело на архитектите Милорад Пантовиќ, Милан Крстиќ и Бранко Жежељ. Во времето на изградба, халите на Белградскиот саем претставувале најголемо достигнување во домашното градежништво, како во областа на монтажата така и во класичната градба. Ребрастата лушпа на куполата на најголемата Хала 1, по својот распон од сто и шест метри

12

3

ПОРТА

04 мај 2012

остана долго време единствена во светот. Оваа година саемот се одржа под слоганот „Во тек“, што треба да каже дека и покрај големата криза во градежништвото, на оваа манифестација се собраа голем број изложувачи, познати домашни и странски учесници, со што се потврди како најзачаен регионален центар за изложување на градежни материјали, опрема и машини. На саемот учествуваа над 850 изложувачи, од кои една третина странски компании дојдени од 26 земји од Европа и Азија. Бројот на изложувачи е нешто помал од минатата година, но според зборовите на министерот за животна средина, рударство и просторно планирање во Владата на Република Србија, Оливер Дулиќ, кој го отвори Саемот на градежништво „оваа стопанска гранка и овој саем покажуваат жилавост и праќаат порака дека се тука и дека нема да се предадат“. Исто така, конзорциум од пет банки во Србија одобрил

115 милиони евра за поттик на градежната индустрија и на производителите на градежни материјали, кои работат со 30 одсто капацитет. Заради подобра органзација и полесно снаоѓање на посетителите, изложувачите беа сместени тематски во седум хали на Белградскиот саем. Така, во халата 3, 3а и 3б беа сместени изложувачите на термо, хидро и звучна изолација, материјали за завршни работи, противпожарна заштита и молерски алат. Во хала 2а, 2б и 2ц беа сместени изложувачите на бетон, арматура, вентилациони системи, камени производи, уреди за климатизација, прибор за општа намена, електро и енергетски уреди, машини, уреди за индустрија на градежни материјали, керамички и гранитни плочки, санитарна опрема, санитарна галантерија, базени, сауни, тули, блокови, кровни покривачи, прибор за градежни лаборатории, проектирање, реставрација и реконструкција, уредување и


саеми

то ги погодува и саемите ...изложувачи, познати домашни и странски учесници, со што се потврди како најзначаен регионален центар за изложување на градежен материјал, опрема и машини

„Ентериер Јанковиќ“ од Нови Сад Компанија Phoenician Arts International од Либан

Шади Тавил, директор на Phoenician Arts International

ентериери, преградни ѕидови и осветлување. Во халите 1 и 4 беа сместени профили за столарија, стакло и стаклени фасади, врати и прозорци, капии, огради, окови и браварија, компјутерски софтвер во градежништвото, машини за обработка на профили за столарија, градежни конструкции и профили, дрвени скали, паркет, ламперија, лифтови, ескалатори, монтажни објекти, стручни публикации, подни и ѕидни облоги, осветлување... Одржливата изградба, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и рационалното користење на ресурсите, влијанието врз околината и здравјето на луѓето попримија задолжителна обврска во современото градежништво во светот. На избрани изложувачи им беше овозможено и бесплатно претставување на „зелената програма“ во хала 1 на изложбата „Да обоиме зелено“. Еден од најинтересните штандови имаше

компанијата „Ентериер Јанковиќ“ од Нови Сад. Во најголемата хала, Хала 1, компанијата имаше голем штанд во кој беше изложен моделот на хотелска соба во Radisson Blu во Сочи. Александра Хеџи, соработник за квалитет, за „Порта3“ изјави: „Компанијата е основана пред 20 години како мала работилница за производство на врати од дрво, а сега е голема меѓународна компанија со седиште во Нови Сад и претставништва во Германија и Москва. Најмогу работиме за странскиот пазар, најчесто Русија, Германија, Франција, Словенија. Се занимаваме со проектирање и опремување ентериери по системот „клуч на рака“. Се она што ќе го посака купувачот, а може да биде направено од дрво, ние се трудиме да излеземе во пресрет. Ако тоа не е нашето основно производство, ние контактираме со нашите кооперанти. Дури кога ќе се затвори саемот, ќе ги видиме првите ефекти. За жал,

оваа година посетеноста е значително помала, како од посетителите така и од изложувачите“. Компанијата Phoenician Arts International од Либан, изработува мозаици, и по прв пат е присутна на белградскиот саем. За „Порта3“, директорот на оваа компанија Шади Тавил, ги искажа своите очекувања од саемот: „Ние секогаш бараме нови пазари, а на овој пазар постои простор каде би можеле да бидеме и во тоа е нашиот интерес. Иако само што е отворен саемот, задовлни сме со заинтересираноста за нашите производи. Купувачите на нашите мозаици се од различен вид на клиенти, тоа можат да бидат големи клиенти за хотели, коцкарници, цркви или јавни простори, а можат да бидат и клиенти кои ги користат мозаиците за домашна употреба, како слики“. Она што претставува тренд во последниве години се монтажните куќи. За предностите на монтажните куќи зборува Никола Нешковиќ 

3

04 мај 2012 ПОРТА

13


саеми од фирмата „Домтера“ од Ивањица: „Фирмата Domtera е основана во 1991 година во Ивањица, за обработка на дрво, а како финален производ ги имаме монтажните куќи. Нашиот капацитет е до неколку стотини куќи годишно, а како почна кризата имаме околу 30-40% помалку работа. Нашите куќи се користат како станбени, иако можат да се користат и за викендички или планински куќи. Порано луѓето беа скептични, не веруваа во квалитетот на монтажните куќи. Денес имаме голем број на зодоволни купувачи кои ги пренесуваат позитивните мислења за монтажните куќи и предностите како што се звучната и термо изолација, изработката од природни материјали и цената што е до 30% поевтина од ѕиданата. Освен тоа, рокот на изградба е многу побрз, монтажната куќа може да се заврши за 30-40 дена, додека за ѕидана куќа потребно е многу повеќе време. Денес најмногу работиме во околината на Белград, макар што имаме голем број извози за Швајцарија „Домтера“ - сендвич панели

14

3

ПОРТА

04 мај 2012

и Франција. Нашите впечатоци од овој саем не се лоши, саемот е поконкретен, луѓето доаѓаат наменски за она што ги интересира. Ние како компанија сме задолни, потпишавме неколку договори, додека најголемиот одзив се очекува неколку месеци подоцна“. Директорот на маркетинг компанијата „Карбон“, Александар Јовановиќ, ни раскажа интересна приказна за најзината историја: „Фирмата е од Шумадија, од градот Топола, има долга традиција, основана е во Загреб. Првата фабрика е отворена во триесеттите години на минатиот век, а во времето на стара Југославија „Карбон Загреб“ беше познат бренд и синоним за солидни градежни материјали. После распадот на Југославија, тогашниот сопственик ја приватизираше компанијата и ја пренесе во Топола. Тогаш почнува новиот подем на „Карбон“. Ние сме присутни на пазарот на цела бивша Југославија, иако седиштето ни е во Србија. Произведуваме дисперзии, односно бои,

внатрешни и надворешни. Исто така, работиме и термоизолации, градежни лепила за стаклена волна и стиропор. Даваме 10 години гаранција на целата термоизолациона програма. Покрај тоа, работиме и придружна програма како производи за внатрешни работи, керамика и глет маси. Саемот обично е шанса да се обноват контактите, тој пред сè затоа и служи. Саемите, обично, не се можност за нови контакти и деловни зделки“. Како и секоја година така и оваа, се поделија награди за иновации, посебни признанија и награди за најдобар промотивен настап. Некои од наградените компании се: „Исомат“ за готов фасаден малтер Marmocryl fine, „Кнауф Инсулатион“ за калкулатор за пресметка на потрошена енергија во зградарство, „Ентериер Јанковиќ“ за влезна врата на хотелска соба. Една од наградените компании е и „Потисје Кањижа“ која веќе неколку години е дел од австрискиот концерн Tondach. Своите впечатоци за „Порта3“ ги пренесува референтот


саеми за квалитет на производите на оваа фирма, Зоран Бајиќ: ,,Ние сме многу задоволни што добивме посебно признание кое го доделува белградскиот Саем. Наградата ја добивме за бибер тулата Стари Град, што ќе биде користена на изградбата на Андриќград во Вишеград. Тој веќе ја најде својата намена, делимично е користен на изградбата на Мечавник на режисерот Емир Кустурица“. На саемот учествуваше и компанијата „Адинг“ АД, Скопје од Македонија. Зоран Џуровиќ директор на „Адинг“ д.о.о. Белград, рече: „За разлика од претходните години, посетата е значително намалена. Голем број значајни изложувачи не дојдоа, а помал е и бројот на посетители. Во принцип, ние сме фирма која е позната во светот на градежништвото, така што ни на еден саем не можеме да очекуваме моментален ефект. Главно, тоа се наши стари купувачи и ова е можност да се сретнеме со луѓето од Србија и регионот. Немаме потреба да

правиме некои презентации затоа што купувачите нè познаваат. Секако, секогаш ќе се појави некој инвеститор кој не е од светот на градежништвото, и ние во текот на саемот остваруваме контакт со такви клиенти. Тие се заинтересирани за хидроизолација и индустриски подови, производи кои се потребни за индивидуална изградба“. Белградскиот саем се вклучи во хуманитарната акција „Сите да помогнеме“ заедно со фондацијата „Ана и Владо Дивац“, кои предвидуваат дека во рамки на акцијата ќе се соберат средства за изградба на социјални станови во заштитени услови за раселени лица од колективните центри. На саемот се наоѓаше пункт каде што изложувачите и посетителите можеа да дадат свој придонес за оваа хуманитарна акција. Голем број од посетителите беа млади луѓе. Така, можеа да се видат групи од ученици кои организирано дошле на саемот. Ова е значајно заради популаризација на самата манифестација, но и за

подобро разбирање на процесот, материјалите и технологијата на идните градежни работници. Овогодишниот саем на градежништво во Белград, по бројот на изложувачи и посетители е поскромен отколку саемите од претходните години. Шефицата на проектот на Саемот на градежништво, Мирјана Јовановиќ, за медиумите изјави дека неликвидноста на градежните претпријатија е огромна и дека се заканува да однесе во стечај две третини од градежните препријатија. Без разлика на проблемите во градежниот сектор, намалениот интерес за производите и недостатокот на пари, белградскиот Меѓународен саем на градежништво, кој се одржува во халите што претставуваат една од најзначајните знаменитости на српската и југословенската архитектура на 20 век, останува најзначајна градежна саемска манифестација која на посетителите им нуди најмногу во овој дел на Европа. 

Една од наградените компании е и „Потисје Кањижа“ која веќе неколку години е дел од австрискиот концерн Tondach

3

04 мај 2012 ПОРТА

15


IZIIS SAGA-B Решение за Европа

EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.

Прецизно моделирање со AutoCAD import

• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b

16

3

ПОРТА

Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје

04 мај 2012

Тел. 02 3107 721 Факс 02 3112 163


градежништво

Планирање на заштита од сообраќајна бучава

Во интерес на животната средина Најсоодветното решение за намалување на бучавата за секој даден проект бара голем број на стручни лица од различни области, вклучувајќи инженери по акустика, урбанисти, проценители на вредноста на објекти и сл., потврдувајќи ја мултидисциплинарноста и специфичноста на оваа проблематика м-р Ристе Ристов,

П

атните сообраќајни системи, покрај својата економска и општествена корист, имаат и свое негативно влијание како извори на значителни загадувања на околината во која се протегаат. Затоа, при планирање и проектирање на сообраќајниците треба да се води сметка за доследно почитување на одредени основни принципи за заштита на животната средина, и тоа рамноправно со условите за минимум инвестициони вложувања, максимална проточност и максимална безбедност на сообраќајот. Поимот заштита на животна средина треба да опфати широка низа на истражувачки, планерски, проектантски и рестриктивни мерки за спречување на деградацијата, осиромашување и загадување на животната средина, зачувување на резервите и унапредување на средината. Меѓу нив, а од приоритетен интерес за луѓето што живеат или работат покрај сообраќајници, секако спаѓа и бучавата. Притоа, примената на соодветни мерки за заштита од бучава различно се третира во секоја фаза од проектирањето на сообраќајниците, од општо посочување на можната појава на бучава во генералниот проект и нејзино санирање, до детална разработка во основниот проект. Бучавата може да потекне или да биде предизвикана од разни причинители, а подолу ќе бидат посочени дел од нив, како и мерките за справување. Бучавата предизвикана од возилата може да се класифицира во три општи категории:

дипл.град.инж.

бучава од погонски систем (мотор, вентилатор, издувни гасови, пренос и сл.), аеродинамична бучава, која се генерира од турбулентните струења околу возилото, и бучава предизвикана од контактот на пневматикот со коловозот. Бучавата предизвикана од погонскиот систем и од контактот на пневматикот со коловозот се највлијателни извори на сообраќајната бучава.

Придонесот на моторната бучава во вкупната сообраќајна бучава се намалува со порастот на брзината, додека уделот на бучавата од пневматик/коловоз е зголемен, па така при брзина поголема од 80 км/ч за лесни возила моторната бучава е занемарлива. Меѓутоа, во случај на тешки возила придонесот на моторната бучава не може да се занемари, дури и при поголеми брзини.

Слика 1 Бучава од погонскиот систем и од контактот пневматик-коловоз

Со цел да се одреди ефектот на редукција на бучавата од коловозот, неопходно е да се направат меродавни акустични мерења. Истражувањето на влијанието врз различните карактеристики на моторната единица и на пневматиците што најчесто се применуваат во наши услови, се врши со примена на референтно возило со тип на мотор и на пневматици кои генерираат звук најблиску до средната измерена вредност при константна брзина и при забрзување.

Слика 2 Мерна опрема за определување на нивото на бучава



3

04 мај 2012 ПОРТА

17


градежништво

Слика 3 Просечен опсег на бучавата за 25 различни асфалтни и бетонски коловози при брзина од 80 км/ч

Типот на коловозната површина на патот има значително влијание врз целокупното ниво на бучавата. Врз основа на напредната технологија за проектирање, изградба и одржување, потребно е да се воспостават упатства за коловозни конструкции кои ќе емитиираат ниско ниво на звучен притисок, а ќе овозможат во исто време квалитетни сигурносни карактеристики и долготрајност на коловозот. Користењето на коловози кои ја редуцираат бучавата (порозен асфалт бетон, коловоз со ситна фракција на агрегатот и сл.) може да придонесе кон намалување на сообраќајната бучава до 6 dB (A). Генерално, може да се каже дека со користењето на „тивки” коловози на урбаните патишта со брзини од 40-60 км/ч може да се постигне намалување на бучавата од 2 до 5 dB (A), а при поголеми брзини потенцијалот на намалување на бучавата може да биде уште поголем. Како еден од клучните пристапи за редукција на нивото на бучава претставува оптималното водење на трасата во хоризонтална и вертикална смисла. Бочните сили кои се генерираат од пневматиците при хоризонталната кривина можат да придонесат кон дополнително производство на бучава. Како резултат на повеќекратни испитувања, е докажана зголемената појава на бучава која во зависност од брзината на движење е во опсег од 2 до 6 dB (A). Главна карактеристика, пак, на вертикалното водење на трасата претставува наклонот каде неговото зголемување е проследено со зголемувањето на нивото на бучавата за околу 2-6 dB (А).

18

3

ПОРТА

Слика 4 Зависност на нивото на бучавата од геометриските карактеристики на патот (хоризонтална кривина) 04 мај 2012


градежништво

Слика 5 Зависност на нивото на бучавата од геометриските карактеристики на патот (подолжен наклон)

Слика 6 Звучна бариера лоцирана блиску до изворот на звукот

Слика 7 Звучна бариера поставена на врвот од ископот

Една од мерките која значително може да придонесе кон намалување на бучавата е и сообраќајниот пристап, при што главна цел на воведувањето на принципот на управување со сообраќајот е да се подобри безбедноста. Оваа идеја често се остварува со намалување на брзината на возилата. Имено, со бројни испитувања е докажано дека наглото забрзување предизвикува зголемување на бучавата во однос на возењето со константна брзина. Оттука, некои од начините за овозможување на поконтинуиран тек на сообраќај се примена на зелени бранови на крстосниците, примена на кружни текови и др., со што е намалено наглото кочење и тргнување. Техничките мерки за заштита претставуваат вертикални пречки поставени во попречниот профил на патот и служат да ја прифатат или рефлектираат бучавата предизвикана од изворот (сообраќајот). Покрај нивната основна цел за заштита од звукот, тие треба да се приспособливи и од аспект на нивното влијание врз непосредната животна околина и од естетски аспект, со што би ја задржале автентичноста на урбаната околина. Како најголема предност, при изборот на техничките мерки за заштита, се смета природното обликување на патниот коридор со заштитни зелени појаси кои покрај заштитата од бучава би дејствувале како природен филтер на емисијата на издувни гасови од возилата. Сепак, иако најприродно, ова решение не може секогаш да ги задоволи акустичните барања кои ги условува урбанизираната средина. Примената на други материјали може да придонесе за заштита од бучава од повисоко ниво поради што и нивната имплементација е сé поголема. Прва работа која треба да се земе предвид е оптималната локација на звучните бариери. Во принцип, звучната бариера е најефикасна кога се наоѓа поблиску до патот. За пат кој се наоѓа во ископ подобра локација на бариерата е на врвот на ископот, каде и ефектот ќе биде поголем. Овие принципи може да бараат компромис помеѓу физичките ограничувања, дозволите на пат за преголеми оптоварувања, или сеопфатни естетско-урбанистички проектантски цели кои треба да се предвидат. Што се однесува до индивидуалните станбени објекти, бариерите може да бидат ефективни доколку се наоѓаат во близина на приемникот, а еден од клучните параметри при определување на геометриските карактеристики претставува висината на звучната бариера. Притоа, поголема бариера овозможува поголем степен на намалување на бучавата. Како општо правило, звучната бариера треба да биде доволно висока да ја блокира линијата на видливост од објектот до моторот на возилата на патот, па оваа линија треба да се процени од точка 1,5 метри над покривот на соседниот објект до следната точка на 1 метар над коловозната површина. Кога звучната бариера само ја прекршува линијата на видливост помеѓу изворот на бучава и приемникот, тогаш намалувањето на бучавата изнесува околу 5 dB (A). Теоретскиот лимит за намалувањето од звучната бариера изнесува околу 20 dB (A) во зона на сенка, но во практика реалната граница изнесува околу 15 dB (A).



3

04 мај 2012 ПОРТА

19


градежништво Дифракцијата на звукот не се јавува само на врвот на работ на бариерата, туку таа завршува и околу звучниот ѕид. Сепак, треба да се забележи дека звукот дифрактиран околу краевите на ѕидот ќе биде помалку значаен од звукот дифрактиран на врвот. Трансмисијата на звукот околу краевите поминува блиску до земјата и ќе претставува предмет на теренската апсорпција.

Слика 8 Линија на поглед во зона на сенка од звучната бариера

Слика 9 Должина на звучната бариера

Со цел да бидат ефективни, звучните бариери мора да бидат континуирани во текот на предвидената должина, без вертикални или хоризонтални празнини. Тоа во практика не е секогаш можно, па е неопходно да се направат отвори на бариерите за да се овозможат пристапи за пешаци, велосипедисти, возила за прва помош, или за инспекција и одржување.

Меѓутоа, треба да се земе предвид дека поставените бариери во рамките на патниот коридор, во близина на еден приемник ќе бидат помалку ефективни за други приемници подалеку од патот, но затоа на располагање има и други мерки. Слика 10 Однос помеѓу отворите на звучните бариери

20

3

ПОРТА

04 мај 2012


градежништво

Слика 11 Нивоа на бучава при различни растојанија од патот со 25.000 воз/ден

Слика 12 Вклучени експерти потребни за одредување најсоодветно решение за намалување на бучавата

Генерално, може да се констатира дека примената на мерките за заштита на животната средина во Република Македонија се во почетна фаза. Како основни мерки за заштита од бучава на патиштата кај нас претежно се мисли само на техничките мерки, т.е. звучните бариери, додека во повеќето земји оваа мерка за заштита претставува последна фаза при проектирање. Од гореизнесеното станува јасно дека одредувањето на она што претставува најсоодветно решение за намалување на бучавата за секој даден проект бара голем број на стручни лица од различни области, вклучувајќи инженери по акустика, урбанисти, проценители на вредноста на објекти и сл., потврдувајќи ја мултидисциплинарноста и специфичноста на оваа проблематика. Така, предложените мерки за редуцирање на бучавата треба да се земат предвид и поединечно и во комбинација, како оптимални стратегии за нејзино намалување, кои воедно остануваат отворени и за користење на други мерки. 

3

04 мај 2012 ПОРТА

21


интервју

Борис Подрека

Јас не ја работам архитектурата како некоја етикета м-р Ѓорѓе Јокиќ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА)

КОНТЕКСТ Во Сахара би работел без контекст, таму можам да ги поставувам работите, и како Рем Колхас да кажам: Јас сум контекст. Не можам да бидам толку арогантен и безобразен па да работам вон контекст во нашето културно поле каде има толку работи

Архитектот Борис Подрека претставува врвна синтеза на она што го замислуваме како архитектура на Средна Европа. Роден е во Белград, живеел во Италија, студирал и до ден-денес работи во Австрија. Зборува седум јазици и работи во цела Средна Европа. Кон крајот на месец март престојуваше во Белград по повод конференцијата „Денови на Орис“. Специјално за „Порта3“, Борис Подрека говори на што моментно работи неговото ателје, како ги гледа архитектонските можности на Балканот, колку е значаен јавниот простор во денешно време на самота и за архитектонската желба која сè уште не ја остварил. 22

3

ПОРТА

04 мај 2012

Господине Подрека, ќе им кажете ли на нашите читатели на што работите моментално?

 Годината што измина можеби беше најуспешната за нашето ателје. Победивме на најголемиот европски конкурс за уредување на големата градска зона во Болцано. Тоа е веројатно најквалитетниот италијански град, таму живеат Австријци и Италијанци, тој град знае што е бечка штрудла и италијанска паста ал денте, знаат да живеат добро. Освен тоа, постои силна политичка волја, градоначалникот го прифати нашиот урбанистичко-архитектонски

проект кој победи на меѓународниот конкурс. Конкуренцијата беше многу голема, учествуваа 138 архитекти од целиот свет, меѓу кои и УНСтудио на Бен ван Баркел, Даниел Либескинд, Круз и Ортиз, но ние бевме апсолутни победници. Во извештајот на жирито пишуваше дека не би ја доделиле првата награда да не учествуваме ние. Нашата работа беше еден европски и контекстуален проект кој отскокнува од „архитектонскиот есперанто“ кој би можел да се најде секаде. Нас тоа нè не интересираше, ние работиме во контекст.


интервју

Градска зона во Болцано, Италија

Болцано за мене е познат град бидејќи таму работев. Ние направивме проект од типологијата и морфологијата на градот каков што е денес. Проектот има близу 40 хектари, а тоа е близу идејата за проект на нов град. Денес нови градови не се работат, можеби последен нов град во Европа беше Милтон Кинс (Milton Keynes) во Велика Британија. Сега нови градови се градат на Далечниот Исток, и затоа ова е еден голем успех. Почнавме да работиме на овој проект, ја преместуваме станицата во еден дел на градот кој е во сенка и е мрачен, и создаваме еден нов

булевар, нов градски јавен простор, таканаречена нова рамбла. Проектот на луѓето ќе им го даде она што го нема Болцано, огромно шеталиште и место за слободно време. Сè што е потребно од јавните функции како училиште, дом за стари лица и слични функции ќе се наоѓаат во таа зона. Пред неколку недели победивме на конкурсот за бизнис центар на Уникредит Банк Австрија. Тоа е најголем проект во Виена, 200.000 квадратни метри за нови 5.000 луѓе, а вкупно 9.000 луѓе. Тоа е град во град, во посебен кварт во Виена каде што се наоѓаше железничката станица на која

пристигнуваа политичари како Сталин, Молотов или Тито. Сега тоа е еден „скршен“ дел од градот, а има неверојатен потенцијал. Околу тој кварт се наоѓа целокупната потребна инфраструктура која ни овозможува инвестицијата да чини помалку. Имаме и помали проекти на кои моментално работиме во осум европски држави. Во Љубљана градиме облакодер, имаме проект во Падова, Мантова. Добивме награда во Кина за павилјон, па ми предложија да организираме изложба во Пекинг, и сега имаме одредени контакти и во таа замја. 

Бизнис центар на Уникредит Банк Австрија во Виена

3

04 мај 2012 ПОРТА

23


интервју Пред неколку години прочитав една реченица која се однесува на вашите проекти од јавен простор, а гласи: Современоста никогаш не била вака античка. Можете ли да ни го објасните ваквиот пристап кон архитектурата?  Да, јас не ја работам архитектурата како некоја етикета (LABEL). Ми се чини дека колку повеќе се работи на тој начин толку повеќе се купува таа архитектура. Може да се каже дека денес архитектурата помалку се проституира

за да биде подобро продадена. И тоа има некоја своја филозофија, но ние работиме многу контекстуално, таков е нашиот принцип за „поетика на различност“. Ние никогаш не сме пред проектот, туку сме зад проектот. Како кај италијанскиот драматург Пирандели, каде глумците бараат автор, а не каде делото се пишува за глумците. Тоа е тактика за град, досега направив 33 големи плоштади. Додека живеев во Трст, јас постојано бев на улица. Дома одев

само да спијам и да јадам, чувствувам еден „ерос“ за тие работи. Одам во некој град, на плоштад, и слушам што ми кажува тој: Борисе, зарем не гледаш дека ми треба фонтана. Треба да умееш да ги слушаш работите, јас повеќе реагирам отколку што постапувам. Ние сме еден контекстуален тим, ја познаваме таа Средна Европа каде што работиме. Ние повеќе сме етнолози и лекари бидејќи работиме на нешто што треба да го оздрави и реанимира градот.

Бизнис центар на Уникредит Банк Австрија во Виена

Приморје

24

3

ПОРТА

Љубљана

04 мај 2012


интервју Градска зона во Болцано, Италија

СТИЛ Морам да мислам на три доба, а не на едно, а од тоа произлегува одредена поетика, а не стил. Зборот стил не го сакам, тој важи за уметноста, а не за архитектурата.

Музејот на наука и техника, Белград

Сведоци сме дека постојат совршено дизајнирани јавни градски простори, плоштади, улици и паркови, кои имаат големи дизајнерски квалитети, а сепак се празни, едноставно, луѓето или не одат или не се задржуваат таму. Зошто?

 Нашата култура за слободно време се глобализираше. Ние сме трансокеански врзани за целиот свет, а сепак, во исто време, што повеќе сме врзани за својата мала собичка, повеќе сме сами и уште повеќе сами. Ние истовремено сме врзани за цел свет, а паралелно живееме осамено.

Затоа треба да знаеш да работиш плоштади, да анимираш. Политичарите треба да знаат какви настани му се потребни на јавниот простор. Денес плоштад без модератор не функционира. Кога на моите пријатели во Белград ќе им кажам што мислам, тие малку ќе го дигнат носот, ќе се увредат. Белград е еден искршен град, сè е искршено, тротоари, плоштади и фасади. Луѓето што живеат овде тоа не го гледаат, тие се навикнати на сето тоа. Сакаат да збуруваат за опери, музеи и големи проекти... Но, телото

треба прво да се санира, а потоа да се намириса. Не можете да ставате парфем на болно тело.

Како вие, како архитект од Виена, ја гледате архитектурата на Балканот?

 Скоро излезе една многу интересна книга на мојот колега Ханс Ибелингс. Тој ја напиша првата книга во која е изедначен Истокот и Западот. Ги постави на исто ниво, што досега никогаш не беше случај, секогаш се сметаше дека Западот е примадона. Меѓутоа, тоа сега се менува. 

3

04 мај 2012 ПОРТА

25


интервју Приморје

Цветен плоштад, Загреб

Цветен плоштад, Загреб

Љубљана 26

3

ПОРТА

04 мај 2012


интервју Неодамна бев во Чешка, таму има многу добри архитекти, и тоа не само во Прага туку и во помалите места. Има доста добри архитекти и во другите држави, на пример во Романија. Она што нечини е што на Исток општеството, за жал, нема елита. Без елита никогаш нема да има добра архитектура. Елита, по себе, не е грд збор, треба да ги школуваш луѓето што ќе знаат што е архитектура. Не може еден селанец кој преку партија станал градоначалник да управува со градот, тој може да управува со финансии, но не и со градот. Не може да управува со архикултура која е архитектура. Јас како архитект мора да го разберам времето, да ја интерпретирам историјата. Јас ги сакам моите претци и сите работи зад мене. Тоа не можам да го нарушам. Но, јас ѕидам за вас и мора да мислам кој ќе живее тука после вас, кога мене ќе ме нема и кога вас ќе ве нема. Меѓутоа, ова не можам да му го кажам на инвеститорот затоа што нема да ми даде пари. Мора да мислам на три доба, а не на едно, од тоа произлегува одредена поетика, а не стил. Зборот стил не го сакам, тој важи за уметноста, а не за архитектурата.

Истакнувате колку е битен контекстот за вас, дали е возможно да се гради надвор од контекстот?  Во Сахара би работел без контекст, таму можам да ги поставувам работите, и како Рем

Колхас да кажам: јас сум контекст. Не можам да бидам толку арогантен и безобразен, па во нашето културно поле каде има толку работи, да работам надвор од контекстот. Не можам да удирам шлаканица на Сампер, Лос и другите. Инаку би бил глупав, безобразен и примитивен. На својата архитектура мора да и најдам коегзистенција, во смисла на архитектурата, со она што веќе се наоѓа тука.

Кажете ни нешто за проектите што ги имате во Белград?

 Во Белград имаме еден музеј, Музејот на наука и техника, но сè се стиши, моментално не се работи. За Белград тоа е голем срам. Бев во Истанбул со филозофот Славеј Жижек од Словенија, на симпозијум за креативност. Покрај архитекти тука беа и уметници, социолози, маркетинг стручњаци и други. Еден од учесниците ме праша дали сум од Белград, јас велам – да, а тој ми одговара дека тоа е град без музеи, дека е некултурен. Јас имав направен проект за реконструкција на Народниот музеј и не сакав да работам конкурс. Тоа не би било поштено спрема луѓето што во тој момент не знаеја ништо за тоа. Освен ова, имаме проект за хотел и деловна зграда на Нов Белград, тој е во груба фаза на изработка. Во Белград е многу тешко да се гради, ние сме помалку разгалени.

Тешко е да се најдат добри соработници, локални архитектонски фирми кои мора да ги имате, бидејќи ние не ги познаваме прописите во Србија. Проектот е интересен, но прашање е дали ќе биде онака како ние сме го замислиле. Јас не можам да испратам човек кој секој ден ќе пази, тое едноставно е невозможно.

За крај, кажете ни нешто за вашата желба да изградите спортски стадион?

 Јас играв фудбал, бев голман до својата 25 година. Играв во прва лига, во Италија во „Триестини“, па после во Виена во „Беч“, каде бев резерва. Во тој период почнав да се занимавам со скулптура, па дојде друштвото, девојките и ноќните седенки... морав да одлучам, или фудбалска кариера или нешто друго. Можеби и погрешив, би сакал да бидам тренер. Тоа е мојата младост, и многу сум врзан за тоа, тоа е неизбришливо. Сега се случува некогаш среде ноќ да седам и гледам утакмица Ангола – Того. Една голема фирма BWIN за роденден ми даде влезница за Реал – Барселона, тоа беше нешто неверојатно, бев пресреќен што тоа го гледам во живо. Фудбалот е на некој начин вентил кој секој човек мора да го има. Многу би сакал да направам еден покриен стадион. Тоа е една од работите за која чувствувам дека ми фали. 

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

3

04 мај 2012 ПОРТА

27


архитектура

АРХИТЕКТУРА НА ИНФОРМАТИЧКАТА ЕПОХА

САНТИЈАГО КАЛАТРАВА ТВОРЕЦ НА ФАНТАСТИЧНА ДИНАМИЧКА БИОНИКА

Т

ворештвото на Сантијаго Калатрава, заедно со неговата жед за учење, претставува уникатна појава во архитектурата кон крајот на ХХ век. Тој е роден во 1951 год. во Валенсија, каде што студирал уметност (19681969), а потоа дипломирал на Архитектонскиот факултет во истиот град (1974) и го студирал урбанизмот. Како постдипломец, во 1979 година во Цирих стекнал диплома на градежен инженер, а во 1981 година се здобил со докторат на техничките науки. Истата година во Цирих, Калатрава отворил сопствена агенција за архитектура и инженерство, а во 1989 година нејзино претставништо во Париз. Во вистинска смисла на зборот, Сантијаго Калатрава е творец кој прави мостови преку реки, но и мостови меѓу северот и југот, меѓу скулптурата и конструкцијата, меѓу реалноста и фантазијата.

Се чини дека неговите суптилни и фантастични форми влечат корен дури од делото на Антонио Гауди и неговите следбеници Тороха и Кандела. Калатрава ги проучува и ги надминува бионичките форми на Пјер Луиџи Нерви, и се инспирира од крилјата на птиците за да создаде еден нов израз, кој ги соединува уметноста, архитектурата и инженерството. Ако за Нерви претставуваше предизвик уметничкиот начин за совладување на конструктивните проблеми, Калатрава наоѓа решенија како да го направи тоа на динамичен уметнички начин. Неговите уметнички обликувани конструкции вистински започнуваат да се движат, како што се движат живите организми. Таквата променлива форма на бионичката архитектура веќе не може да се смести во ниту еден стил, бидејќи таа претставува еден вид концепт кој прераснува во научноистражувачка методологија, која резултира со рационално уметничко обликување на формите.

проф.д-р М. Токарев Своите инженерско-уметнички способности Калатрава ги докажува со изградбата на серија необични мостови, како што се: мостот Бач де Рода во Барселона (1985-1987), мостот Аламилјо во Севилја (1992), како и мостовите во Мерида (1988-1991), Бордо (1990-1997), Валенсија (1991-1995) и Билбао (1990-1997). Неговите метални костури и сајли, со кои совладува огромни распони, имаат еден вид уметнички трансформирани органски форми. Со формата на мостовите, Калатрава настојува кај публиката да разбуди чувство слично на она што го прават, на пример, симфониските концерти на Моцарт. Како што харфата или лирата предизвикуваат суптилно чувство кај слушателите, така и мостовите на Калатрава го запираат здивот на набљудувачите. Така на пример, мостот Аламилјо, вгнезден во бреговите на реката Гвадалкивир, со наклонетиот пилон и со сајлите што го држат 140 м долгиот распон, наликува на

Мостот Бач де Рода, Барселона

Мостот Аламилјо, Севилја 28

3

ПОРТА

04 мај 2012


архитектура

Мостот и метростаницата, Аламеда, Валенсија Телекомуникациската кула Монтжуик, Барселона

Павилјонот на Кувајт, Севилја Источната железничка станица, Лисабон

вистинска харфа. Но, сето тоа не е случајно, туку има и една генијална статичка логика. Голема атракција на изложбата во Севилја (1992) предизвикува и павилјонот на Кувајт, исто така дело на Калатрава. Во своето родно место Валенсија, освен една интересна телекомуникациска кула, Калатрава има подигнато и мост, чиј лачен носач е храбро наклонет кон надвор, така што остава впечаток на динамична статичност. Продорот на Калатрава во небеските височини е одбележан со проектот за огромната телекомуникациска кула Калсерола за Олимписките игри во Барселона, висока 250 м. Во самиот Олимписки комплекс на ридот над Барселона, Калатрава ја прави телекомуникациската кула Монтжуик, која во вистинска смисла на зборот претставува „функционална“ скулптура, околу која се развиваат олимписките објекти, меѓу нив и павилјонот Сант Жорди на Арата Исозаки. Со помош на натурбетонот, Калатрава прави една динамична скулптура со наклонет носач и прстен кој ја држи ,,иглата“ на телекомуникациските уреди. Од платформата на прстенот се пружаат прекрасни визури на Олимпискиот ансамбл и на целиот град. За Калатрава, динамизмот во архитектурата секогаш претставува предизвик, па затоа со задоволство се нафаќа да проектира повеќе железнички станици, а меѓу првите се: Градската железничка станица во Цирих (1983-1990), Источната железничка станица во Лисабон (1993-1998) и секако онаа во Лион. (Продолжува во следниот број)

3

04 мај 2012 ПОРТА

29



БИМАС 2012 АРХИТЕКТУРА НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ THE ARCHITECTURE OF EVЕRYDAY LIFE БИМАС 2012 Во категоријата Урбанистички планови и проекти има 3 труда, во социјацијата на архитектите на Македонија, од 3 до

А

14 мај, по 16-ти пат ќе го организира традиционалното Биенале на македонската архитектура. Вкупно 136 дела од двегодишниот труд на дел од архитектите и урбанистите на Македонија, ќе бидат претставени пред јавноста во Музејот на Град Скопје од 3 до 14 мај. Мотото на БИМАС 2012 е „Архитектура на секојдневниот живот“. На јавниот повик, конкурсот, за Биеналето пристигнаа 212 пријави, од кои, според селекторот Ѓоко Радовановиќ, 169 ги исполнуваа условите ОРГАНИЗАТОР за учество на Биеналето, а 136 ќе бидат претставени пред публиката.

категоријата Конкурсни трудови 32 труда, во категоријата Архитектонски реализации 30 труда, во категоријата Архитектонски проекти 52 труда, во категоријата Проекти од областа на ентериер и дизајн 2 труда и во категоријата Реализација од областа на ентериер и дизајн 17 труда. Во рамките на Биеналето се предвидени многу пропратни активности. Меѓу другото пред архитектонската јавност свои излагања на различни теми ќе имаат гости, архитекти и социолози, од Франција и од Словенија, а исто така ќе има и комерцијални презентации. Врачувањето на наградите и затворањето на Биеналето ќе биде на 14 мај.

АРХИТЕКТУРА НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ ОРГАНИЗАТОР THE ARCHITECTURE OF EVЕRYDAY LIFE

Асоцијација на архитекти на Македонија ААМ

ПРОСТОР Асоцијација на архитекти на Македонија ААМ

Музеј на град СКОПЈЕ, 3-14 МАЈ 2012

ПРОСТОР Музеј на град СКОПЈЕ, 3-14 МАЈ 2012

ПРОГРАМА

03.05. четврток ч.на Отворање на БИМАС 2012 03.05. четврток 20.00 ч. 20.00 Отворање БИМАС 2012 (Музеј на град Скопје)

(Музеј на град Скопје)

04.05. петок

04.05. петок

19.00 ч. Комерцијална презентација на генерален спонзор ПРОТОТИП (Музеј на град Скопје) ч.на Комерцијална презентација на генерален спонзор ПРОТОТИП (М 20.20 ч. 19.00 Отворање БИСТА (Галерија ОСТЕН) Отворање изложба Reclaiming the City - (Галерија АрхитектонскиОСТЕН) факултет УКИМ 20.20 ч.на Отворање на БИСТА Отворање на изложба American college UACS Отворање на изложба Reclaiming the City - Архитектонски факул Отворање на изложба Државен универзитет во Тетово ДУТ

05.05. сабота

19.30 ч. Отворање на Отворање изложба METAMAK ARCHITECTURE COLLECTIVE (Музеј на град Скопје) на изложба Државен универзитет во Тетово 20.00 ч. Промоција на две книги од Peter Zumthor издавач ИКОНА (Музеј на град Скопје)

Отворање на изложба American college UACS

05.05. сабота

07.05. понеделник 18.30 ч

ДУТ

19.30 ч. Отворање на изложба METAMAK ARCHITECTURE COLLECTIVE (Му Отворање на изложба Ailleurs, Architectures Francaises Dans Le Monde, Франција 20.00 ч.градПромоција на две книги од Peter Zumthor издавач ИКОНА (Музеј (Музеј на Скопје)

19.30 ч. Пред. arh. Oliver Brochet [www.brochet-lajus-pueyo.fr] (Музеј на град Скопје) 08.05. вторник

19.30 ч. Пред. arh. Michele Larue-Charlus [урбанистички проект на градот Bordeaux] (Музеј на град Скопје)

09.05. среда

19.30 ч. Пред. соц. Didier Lapeyronnie [соц. аспекти за односот центар-периферија](Музеј на град Скопје)

10.05. четврток

18.30 ч. 19.30 ч. Коктел СИМПО, Србија 20.00 ч. Пред. arh. Janez Kozelj [Јавен простор] (Музеј на град Скопје)

Отворање на изложба Ailleurs, Architectures Francaises Dans Le (Музеј на град Скопје) Комерцијална презентација на град Скопје) [www.brochet-lajus-pueyo.fr] СИМПО, Србија 19.30 ч. Пред. arh. (Музеј Oliver Brochet (Музеј на

07.05. понеделник 18.30 ч

08.05. вторник

19.30 ч. Пред. arh. Michele Larue-Charlus [урбанистички проект на градо

09.05. среда

19.30 ч. Пред. соц. Didier Lapeyronnie [соц. аспекти за односот центар-п

11.05. петок

12.05. сабота

18.30 ч. Комерцијална презентација (Музеј на град Скопје) KNAUF 19.30 ч. Архитектура на секојдневниот живот 10 мин. кажувања на архитект(и) од домашната сцена

19.30 ч. Архитектура на секојдневниот живот 10 мин. кажувања на архитект(и) од домашната сцена

10.05. четврток ч. Комерцијална презентација (Музеј наСкопје) град 13.05. недела 19.30 ч. 18.30 Пред. Studio Dekleva Gregoric Arhitekti, Словенија (Музеј на град

Скопје) СИМПО, Срби

19.30 ч. Коктел СИМПО, Србија 20.00 ч. Пред. arh. Janez Kozelj [Јавен простор] (Музеј на град Скопје)

14.05. понеделник 20.00 ч. Доделување на награди БИМАС 2012 и затворање (Музеј на град Скопје)

11.05. петок

18.30 ч. Комерцијална презентација (Музеј на град Скопје) KNAUF 19.30 ч. Архитектура на секојдневниот живот 10 мин. кажувања на архит


репортажа

„и салони 2012“ - светски саеМ за Мебел, кујни, бањи и конЦептуален дизајн Милано

Италијанската гордост повторно на тест!

По април, светската сцена за дизајн доживува ресетирање и одново почнува да се преиспитува. Милано е тест полигонот каде се лансираат најголемиот број на дизајните. Впечатокот на посетителите, можеби е најголемото мерило дали некоја иновација ќе се претвори во сериско производство или пак дали некој млад дизајнер ќе се најде во светските списанија и неговото име ќе стане престижно, односно бренд.

О

д 17 до 22 април очите на светот и на трендсетерите беа свртени кон 51-то издание на „И Салони“ кој опфати 2.700 италијански и странски изложувачи. Овој светски настан во Милано беше составен од Меѓународниот салон за мебел, Меѓународниот саем за домашни аксесоари, Салоне Сателите (дисплеј на млади дизајнери и револуционерни иновации и концепти), интернационалната изложба за кујни, како и

32

3

ПОРТА

04 мај 2012

м-р иван МирКовСКи, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Милано) светската изложба на бањи. Сето ова претворено во бројки би звучело вака: преку 331.649 посетитиели за четири дена, 292.370 оператори на штандовите, од кои 103.791 италијански, додека 188.579 странски, на преку 142.776 квадратни метри штандови. Преку 6.500 припадници на пресот од целиот свет известуваа за најновите трендови и случувања од оваа индустрија. Милано во април живее во духот на „И Салони“. Овој светски саем, кој постои уште од 1967 година, обединува повеќе случувања од

областа на уредување на домот. На двегодишен интервал „И Салони“, паралелно со мебелот, претставува изложувачи на кујни и бањи, како и изложувачи на светло (еуролуче) и канцелариски мебел (уфичо), кои ги очекуваме на следната едиција од 9 април 2013 година. Домаќин на овој настан е Фиера Милано Ро, новиот саем кој се простира на повеќе од 345.000 квадратни метри внатрешен изложбен простор, како и 60.000 квадратни метри надворешен простор. Со вкупна површина од 405.000


репортажа

квадратни метри, Фиера Милано е можеби најголемиот саемски простор во светот. Објектот е лоциран помеѓу периферните градови Ро и Перо во западната зона на Милано. Отворен е како последица на миграција од претходниот реон кој се вика Фиера Милано Сити (блиску до Паркот Семпионе) каде до 2005 година беше одржуван овој светски настан. Архитектонскиот потпис на осумте павилјони и нивното интегрирање во единствен комплекс го стави римскиот архитект Масимилијано Фуксас, а инвестицијата

за изградба на овој мегаобјект чинеше околу 755 милиони евра. Поврзаноста со градот е одлична, посетителите можат да пристигнат со автомобил преку автопатот А4 како и со локалната метро линија директно од центарот на Милано. Во 2015 година Фиера Милано Ро ќе биде домаќин на светската изложба „Експо 2015“. Овој настан не е единствен кој живее во духот на дизајнот во април, во Милано. Вибрациите што ги пренесуваа стотиците илјади гости, кои го „напаѓаа“ Милано, се ширеа низ целиот град кој

во текот на саемот ги претворија сите полујавни објекти во јавни. Односно, во авангардните зони како Ламбрате, Брера и Тортона сите локали, ателјеа, студија, кафе-барови се преполнија со инсталации и изложби на ултрамодерен мебел и додатоци за ентериер. Се презентираа најновите иновации и светски достигнувања во областа на дизајнот, преку поставки на илјадници дизајнери и уметници од цел свет. Познатиот вебсајт Дезен ком имаше свое улично студио кое направи десетици јавни интервјуа со познати дизајнери 

3

04 мај 2012 ПОРТА

33


репортажа

45 кило

и архитекти, како на пример Том Диксон, Заха Хадид и многу други. Сето тоа надополнето со целовечерни забави кои низ улиците на тие зони ги оставија граѓаните на Милано без сон.

иноваЦии и новости

По април, светската сцена за дизајн доживува ресетирање и одново почнува да се преиспитува. Милано е тест полигонот каде се лансираат најголемиот број на дизајните. Впечатокот на посетителите, можеби е најголемото мерило дали некоја иновација ќе се претвори во сериско производство или пак дали некој млад дизајнер ќе се најде во светските списанија и неговото име ќе стане престижно, односно бренд. Најголем показател беше огромниот интерес за делот од саемот што се вика „Салоне Сателите“ и е додаток на главниот настан. Тука учествуваа млади дизајнери на мебел, концепти и на светло, кои ги презентираа своите иновации. Со внимателно пребарување по „купиштата“ прекрасни работи успеавме да видиме некои генијални дизајни. Еден од примерите се младите Французи, креатори на линијата мебел за екстериер Фугу, со својот слоган „во воздух веруваме“, додека пак младиот кинески дизајнер Жоује Жанг, со својата иновативна лабораторија за параметарски дизајн, ги претстави своите фасцинантни концепи на виткан челик инспирирани од таоизмот, односно Ву Веи филозофијата. Жоује вели: „Процесот е многу поважен од резултатот, приказната е поважна од исходот, додека пак потенцијалот е поважен од практичното“. Студио „45кило“ е група од двајца германски дизајнери, кои по завршување на своите студии во Вајмар се ориентираат на дизајнирање предмети за ентериер. Од генијални маси до функционални светилки, Филип Камил Шопфер комбинира индустриски дизајн преку индустриски процес и материјали креирајќи, преку својот специфичен визуелен јазик, многу редуцирана и едноставна форма. „Грејге“ е нов дизајнерски бренд од Рим инспириран од страста и визуелната леснотија. Нивниот слоган ја дообјаснува нивната филозофија и вели: „To furnish pleasure“. За тимот на „Грејге“ секоја линија и секој агол се од круцијално значење. Тоновите и текстурите одвиткуваат заводлива композиција со неодолива перспектива, како онаа на ламбата Кала. Сите дизајни ги произведуваат рачно во Италија. Во селекцијата на модерен дизајн, како и според ергономија и иновација може да ја издвоиме фирмата „Вариер“ од Италија. Оваа фирма е позната по својата фотелја „гравити“, како и иновациите во ергономијата и начинот на седење поставени со оперативната столица „актив“ која достигна светска слава. На овој штанд зборувавме со сопственикот на „Вариер“, господинот Ангело Мандрини. На прашање што го прави различен од другите компании, Ангело ни рече: „ Нашите продукти се единствени во светот, секое парче мебел 34

3

ПОРТА

04 мај 2012

Roberto Cavalli Home collection

Gravity Fame black


DITRE Italia

Forte

репортажа

VARIER - Active chair

Жоује Жанг

VARIER - Tok Chair Херман Милер

Greyge design - calla lamp

HANG JACK3 klein

кое го продуцираме подлежи прво на огромен број тестови од неколку големи медицински институции од Германија. Ергономијата при седење е круцијален фактор на развитокот и задржување на правилната форма на телото. Нашето тело е дизајнирано да седи под агол од 110 степени. Секоја столица не тера телото да го поставиме во 90 степени позиција, па затоа ги повлекуваме нозете наназад под столчето. Тоа е многу неправилно. Столицата „актив“ е револуционерно октритие прифатено од најголемите светски компании. Пробајте го седењето за да видите што зборувам...“. Го пробавме, потврдено. Компанијата „Дитре Италија“ со својата поставка ги плени посетителите. Тапацираниот мебел кој го нуди е единствен на светскиот пазар и се вбројува во високата класа. Преку своите револуционерни концепти на исполна и ергономско удобно седење, „Дитре“ ги надмина сите свои современици. Софите на „Дитре“ ги коментираше господин Нардезе, агент за продажба: „Со првиот ден на нашето претставување на саемот доживеавме преродба. Ние не треба повеќе никому да се докажуваме, нашите клиенти ни подараија 100% доверба“! Едно несекојдневно искуство беше штандот на фирмата за ексклузивен класичен мебел „Џамбо“, што може слободно да се каже дека е најценетата и најквалитетната фабрика за производство на класичен мебел во светот. Штандот беше илјадници квадратни метри со огромни простории уредени во нивни стил. За референца ги имаа резиденциите на најголемите светски магнати и олигарси, како и кабинетот на рускиот премиер Путин. На штандот на „Џамбо“ не можеше да се влезе без покана и без придружба. Класичниот амбиент на колекцијата „Џамбо“ ги плени дури и оние „најзакоравените“ минималисти. Екстравагантноста на уредениот простор беше надополнета со шест-цифрените цени по парче мебел изразени во евра. Цените се добиваат само преку специјален агент и не се за сечие уво. За ориентација: тросед од колекција „Џамбо“ чини помеѓу 50.000 - 100.000 евра. Атракција на овогодишниот „И Салоне 2012“, според сите посетители, а и според официјалните резултати, беше поставката на Кавали. Дизајнерот за прв пат креира своја колекција мебел и оваа година беше вистински магнет за посетителите и медиумите. Секојдневно рецепцијата на поставката на Кавали добиваше преку 3.000 визит карти од интересенти. Ултраекстравагатноста на неговите дизајни, како и огромните цени ја прави таа колекција достапна на малкумина. Колекцијата е лимитирана, парчињата сè уште не се излезени од производство, а листата на чекање е долга (нормално за тие што можат да одвојат пет цифри евра по парче мебел). Од оваа година неговите дизајни ексклузивно ќе бидат застапувани од „Смарт Ливинг“ во Македонија. 

3

04 мај 2012 ПОРТА

35


ентериер

Искреност, едноставност и ненаметливи форми

В

о строгиот градски центар, спроти седиштето на италијанската амбасада, во деведесеттите години од минатиот век, впечатлива појава бележеше едно од култните урбани феномени на градскиот живот во Скопје, кафе-барот „Штрк“. Денес, по речиси една деценија, тој ја добива својата архитектонска реминисценција, на истата локација, но во сосема ново просторно остварување. Локалот е вгнезден во густо изградената градска матрица, и во феноменолошка смисла, парадоксално, но легитимно нуди место за одмор и нужна релаксација во самиот центар на градот. Станува збор за урбан и модерен простор со истакнат сензибилитет. Просторната физиономија на овој локал ја чинат две сегрегирани целини, главниот ортогонален корпус во кој е сместен кафе-барот и полуинтимната тераса, чија зафатнина е во меѓусебен однос 1:1. Ентериерното уредување претставува функционално и обликувано единство на внатрешната обвивка, која ја сочинуваат ѕидните површини, подот и плафонот заедно со вградената и мобилната опрема и столарија. Целиот простор дише со искреност и едноставност, формите се ненаметливи, лишени

36

3

ПОРТА

04 мај 2012

од декоратeрски „лаги“. Се е елегантно и блиско до корисникот, што во голема мера произлегува од човекомерноста на просторот. Внатрешноста претставува идилична симбиоза на три материјали со различна структура и хроматизам, бело ѕидно платно, масив и лентовиден кршен камен, кои преку непосредната артикулација во просторот интензивно ја нагласуваат остварената архитектонска композиција. При осмислување на внатрешниот простор, архитектот, но и сопсвениците посветиле особено внимание во обликување на соодветна архитектонско-уметничка форма, во која неминовно се насетува префинето чувство за целисходност и естетика. Во аксијална оска е поставен шанкот, што е доминантен сегмент благодарение на својата експресивна материјална појава. Целосно е изведен во масив, од линиски елементи кои се суперпонираат по вертикала со наизменични каскадни вовлекувања. Оваа моќна декоративна конфигурација суптилно, во континуитет се развива и на ѕидната површина. Сосем логично и досетливо, во оваа масивна композиција вешто е камуфлиран пристапот кон тоалетите. Вратата што овозможува пристап кон оваа санитарна групација во материјална смисла, претставува изрежано

Анастасија Николовска

парче од целината, со вграден механизам за отворање кон надвор. Заради одржување на архитектонска рамнотежа во просторот, од спротивната страна врз белата ѕидна површина како контратежа, се јавува вертикален детаљ со идентична стуктурална обработка. Кај плафонот се бележи функционална денивелација изведена како спуштен плафон од гипс картон, заради затскривање и спроведување на електричната инсталација на светлечките тела, поставени симетрично во строга линиска композиција. Корпусот на плафонот минува во декоративен детаљ на ѕидната површина како израз на полно-празно, каде празната ниша е артикулирана со скулптура. Осветлувањето е ненаметливо, интегрирано во опремата. Во својот израз е придушено, непосредно, питомо, со што ја прави атмосферата привлечна и интимна. Како изразито стилизирани елементи се јавуваат дрвените маски за грејните тела, кои освен што во целост ја оправдуваат потребната намена, сосема спонтано стануваат алтернативна хибридна површина, врз која се складираат книги, цвеќе и други предмети. Седењето е конвенционално, општо застапено кај сите локали од ваков тип и воедно ги задоволува потребите за кафе-бар и lounge-


ентериер

бар. Но, архитектот со сиот свој ентузијазам и прогресивна мисла успева да инкорпорира два сегменти на скулптурално високо седење, односно седење на барска столица. Се работи за две парчиња масивно дрво во „Г” форма, кои се потфаќаат на ѕидната маса и образуваат стабилна структура налик на шанк-маса. Општиот впечаток вели дека опремата што произлегува од стандардизирано сериско производство не доминира во просторот, таа не е репрезентативна, но ги задоволува функционалните нужности на локалот. Врската помеѓу внатрешниот простор и терасата ненаметливо е воспоставена со материјализацијата на подот. Имено, станува збор за едноставни плочки со површинска структура која имитира дрво и се провлекува одвнатре кон терасата правејќи го просторот визуелно единствен. Терасата има неправилна, прекршена основа која создава тенденција кон освојување

на просторна слобода. Сепак, на страна од овие квалитативни архитектонски рамки, таа е визуелно ограничена кон сопствената просторна конфигурација со опшив од дрвени паравани и се чини дека е самодоволна, силна во опстојувањето и сопствената концептуална креација. Во време кога архитектурата тоне во сопствената декаденција и еклектицизам, засегната од слепиот феномен наречен „мода”, кафе-барот „Штрк“ го отфрла шаблонот и претставува стилски, концептуален и естетски референт за индивидуалност. Со својата искреност, непосредност и питома уметничка експресија, егзистира во оваа урбана џунгла, што го прави привлечна оаза и засолниште за секој граѓанин на задушеното Скопје. Локал : Кафе-бар „Штрк“, Скопје Архитект : Архитектонско студио „Синдикат“ Фотографии: Архитектонско студио „Синдикат“

www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk


културно наследство

Црква „Св. Ѓорѓи“, Курбиново

Ангелот од Курбиново –

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во село Курбиново, изградена во 1191 година, е меѓу најубавите храмови од времето на Комнените. Ако еднаш ги видите светителските ликови, „маниристички“ издолжени, со раскошно развиорени облеки, небaре лебдат во просторот, верувам, никогаш нема да ги заборавите. Некои од македонските денари украсени се со најубавите светителски ликови.

Кате Антевска,

историчар на уметност

Банкнота од педесет денари со ликот на архангел Гаврил

Г

и гледаме речиси секој ден. Поминуваат низ нашите раце, сосема спонтано, замрзнатите слики од далечното минато. Сме помислиле ли некогаш за нивното присуство, за нивната важност, додека лежерно го отвораме паричникот посегнувајќи по банкнотата од 50 денари на која се oтпечатени нивните ликови. Ликот на архангел Гаврил од Курбиново стуткан во нашиот џеб, а вечно исправен во светиот простор, на ѕидовите на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново. Почеток на една приказна, која нè враќа векови наназад, во дванаесеттиот век, во времето на Византија и Комнените. Со поглед на Преспанското Езеро, на мала височинка на крајот од селото, се наоѓа црквата посветена на свети Ѓорѓи. Според натписот, кој се наоѓа на чесната трпеза во олтарниот простор, таа е живописана во април 1191 година, а најверојатно е изградена една година претходно. За жал, не постојат пишани податоци, ниту пак е зачуван ктиторски натпис, кој би го открил идентитетот на тој што ја изградил црквата. Според насликаниот ктиторски портрет на западната фасада, кој е оштетен, може да се забележи дека дарителите припаѓале на највисокиот социјален сталеж. Црквата е еднокорабна со длабока полукружна апсида

38

3

ПОРТА

04 мај 2012

Архангел Михаил

на исток и без припрата во западниот дел. Таа е една од најголемите еднокорабни цркви на територијата на Македонија. Еднокорабниот концепт важи за скромен архитектонски избор. Но, декоративната фасада на „Св.Ѓорѓи“, која имитира керамопластични орнаменти, е компензација за архитектонско решение. Сликаниот ансамбл е тој што прави овој храм да се вброи меѓу најубавите византиски цркви од времето на владеењето на династијата на Комнените. Фрескоживописот во „Св. Ѓорѓи“ е мајсторски изведен, вешто адаптиран на просторот и ги сублимира традиционалните матрици на исликување црква. Посебноста на сликарството е во иконографските новини. Тоа најмногу се однесува на фрескодекорацијата во олтарот. Богородица е претставена во конхата на олтарот како седи на престол, а во нејзината прегратка е малиот Христос. Таа е симбол на земната црква, додека Христос е тој што ќе се жртвува за човечкиот род. Од нејзината лева и десна страна се архангелите Гаврил и Михаил. Под оваа претстава се наоѓа уште една сцена, која е иконографска новина. Тоа е сцената Литургиска служба на архијереите што, наместо на Хетимасијата, се поклонуваат на малиот Христос, кој е положен на чесната трпеза како жртва. Ова е најстара претстава на жртвениот Агнец во олтарниот сликан ансамбл во византиските споменици. Христолошкиот

циклус претставува комбинација од Празничниот циклус и од Страсниот циклус. Сцената Благовестие е збогатена со илустрација на Соломоновите стихови, кои говорат за мајката божја како за „запечатен кладенец“ и „затворена градина“, симболично величејќи ја нејзината девственост. Следуваат Оплакување, Мироносеци на Христовиот гроб, Распетие, Крштевање, Симнување во адот, Симнување на светиот дух и други сцени, сите со иновативни елементи. Посебно впечатливи се жанр-елементите во Раѓањето на Христос и во Влегувањето во Ерусалим. Овчарскиот пес, кој бдее врз трлото на пастирите и детето што вади трн од своето стапало, говорат за креативноста на сликарите. Кога се говори за досетливоста на мајсторите, треба да се споменат и женските светителки Варвара, Недела и Катерина, кои во отсуство на припратата, мајсторот ги сместил на соодветно место - западниот ѕид од црквата. Ликовниот ракопис на курбиновските сликари е силен белег на оваа црква. Ако еднаш ги видите светителските ликови, „маниристички“ издолжени, со раскошно развиорени облеки, небере лебдат во просторот, верувам, нема да ги заборавите. Тоа се ликови распоредени во сцени, кои се беспрекорно избалансирани. Ликови со внатрешен набој. Таков е архангел Михаил, таков е и архангел Гаврил, истиот оној што секојдневно го гледаме на нашите денари.


културно наследство

– безвременска приказна Црквата „Св.Ѓорѓи“

Литургиска служба на архијереите

Богородица со Христос на престол

3

04 мај 2012 ПОРТА

39


рубрика

Б

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk

40

3

ПОРТА

04 мај 2012

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk


рубрика

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

liting@t-home.mk

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk

3

04 мај 2012 ПОРТА

41


технологии

SketchUp на нова адреса

В

о досегашната историја, Google има купено околу 110 компании за кои неофицијално издвоила околу 25 милијарди долари. Во последните две години, компанијата купуваше по 26 ИТ компании годишно. Најскапата инвестиција досега е купувањето на Motorola Mobility, компанија производител на мобилни уреди, што чинеше неверојатни 12,5 милијарди долари. Ако на сето ова ги додадеме и откупените сервиси, софтвери

42

3

ПОРТА

04 мај 2012

Трајче Стојанов, дипл.инж.арх. и патенти, ќе ја забележиме исклучителната офанзивна бизнис политика на компанијата. Google има екстремно големо портфолио: стотина продукти, сервиси, апликации. Во своите лаборатории со брзо темпо „се крчкаат“ нови проекти, неуспешните едноставно се забораваат. Неуспехот не е вреден за спомнување. Google нема време за чекање. И сега, како да ја протолкуваме продажбата на екстремно популарниот и успешен SketchUp на Trimble, компанија позната по својата

геолошка експертиза, ГИС и ГПС? Едноставно не сме навикнати на вести, според кои Google се откажува од свој продукт или сервис и го продава на друга компанија. Овој потег се чини апсурден, и сосема е разбирлива загриженоста кај определена група професионалци, пред сè архитекти, градежници и слично. Но, по ред. На 26 април годинава, Google и Trimble објавија дека постигнале договор за купопродажба на SketchUp, еден од најпознатите светски софтвери за 3д моделирање


технологии

и визуелизација. Договорот треба да се официјализира во вториот квартал годинава доколку антимонополските институции во САД дадат „зелено светло“. Цената што е договорена останува непозната, а и мотивот на Google да го продаде софтверот. Имено, Google беше во посед на овој софтвер од 2006 година кога ја купи компанијата @Last (AtLast), старт-ап компанија која го создаде SketchUp во 1999 година. Google, со мотото „3Д за секого“ и својот типично креативен пристап, понуди бесплатна верзија на софтверот. Јавноста доби брз, едноставен, интуитивен 3д модул кој за кратко време застана спроти „тешкашите“ од типот 3DS Max, Maya, Rhino, Cinema 4D итн. Google понуди и SketchUp додаток за својот подеднакво популарен сервис Google Earth со што SketchUp одигра значајна улога на патот кон достигнување на тотален 3Д ГИС виртуелен свет, со неверојатен комерцијален потенцијал, скриен рудник на приходи за Google. Со тек на времето SketchUp стана вистински хит, подеднакво сериозен софтвер, збогатен со напредни функции за моделирање и визуелизација. Последните најави беа дека Google работи на верзија за Андроид, нова верзија наменета за Windows OS итн. Впрочем вистински показател дека проектот оди во вистинска насока е бројката од нови 30 милиони

регистрирани корисници. Навистина бројка за почит. Иако најголемиот дел од SketchUp корисниците се хобисти и ентузијасти кои ги „градат градовите “ во Google Earth, сепак корисници се и голем број професионалци: архитекти, инженери, итн. Токму сега, тие се најзасегнатите. Ги мачи неизвесноста што вообичаено се јавува на вакви пресвртни моменти. Пред сè, Trimble има поинаков бизнис модел кој се разликува од оној на Google. Google е „подарежлив“ кон корисниците. Неговите сервиси се бесплатни, додека профитот доаѓа од рекламите. Trimble има традиционален бизнис модел кој подразбира продукти за кои корисниците се тие што плаќаат. Досега, Google SketchUp беше бесплатна апликација, додека про-верзијата чинеше 495 долари. Логиката вели - различни бизнис модели, различни цени. Google размислува креативно, Trimble е повоздржан. Токму далекусежните погледи на Google го извадија SketchUp од мракот и го ставија на ниво на софтверските 3д ѕвезди. Дали Trimble има сили да го осигури континуитетот? Времето ќе покаже, сепак по форумите преовладува загриженоста од новонастанатата ситуација. Нормално, Trimble во самото соопштение побрза да ги смири страстите и нагласи дека тимот што го развива

SketchUp не се менува, бесплатната верзија останува, но и посветеноста и креативноста во развојот на продукциските алатки . Што се однесува до Google 3D Warehouse, двете компании најавија соработка и долг век на сервисот што содржи над два милиони бесплатни 3д модели. Имајќи предвид кои се главните индустрии во кои Trimble дејствува, лесно може да се препознае дека АИГ (архитектура, градежништво, инженеринг) ќе биде во фокусот на новиот SketchUp заедно со инкорпорирањето и поврзувањето со постојните сервиси на Trimble. Тие се надеваат дека преку нивните досегашни достигнувања на полето на мапирањето, геолоцирањето, навигацијата и опремата за геодезија, SketchUp ќе биде добредојден кај професионалците во градежништвото. За оние кај кои незадоволството останува, во одличен тајминг е сè побрзо растечкиот развој на 123D, бесплатната 3д апликација од Autodesk, која е своевиден одговор на SketchUp и која содржи феноменални опции и алатки. Засега оценките за овој софтвер се одлични, па му се препишува блескава иднина. Дали промената на адресата, од Google во Trimble ќе има негативен исход за SketchUp ќе покаже времето. Како и да е, добро е кога се има избор. Особено избор, кој се чини е квалитетен, а бесплатен.

3

04 мај 2012 ПОРТА

43


експерт

Иднината на архитектурата и градежништвото во период на намалени инвестиции

Принципите на „4Р“ Според британското Друштво на главни архитекти во локалната управа, популарно наречените „4Р“ (4Rs - Retrofit, Refurbishment, Reuse and Reduce), преопремувањето, преуредувањето, преупотребата и намалувањето се сметаат за носители на идното задоволување на просторните потреби и дејствување во рамките на архитектурата и градежништвото во период на сложени економски услови во Обединетото Кралство д-р Владимир Б. Ладински,

О

дипл.инж.арх. (Велика Британија)

пределбите на новата коалициона британска Влада за надминување на економските проблеми преку драстично намалување на потрошувачката во јавниот сектор и воведување на низа даночни и фискални мерки, а со цел да се намали буџетскиот дефицит и задолжувањата на земјата, резултираа во сериозни откажувања не само на идни градежни програми во јавниот сектор, туку и на бројни, веќе испроектирани нови објекти чија изградба се очекуваше да отпочне. Ова беше проследено и со значајни намалувања на бројот на вработените во јавниот сектор преку откази, доброволно раскинување на работниот договор, или пак преку преминување од работа со полно на скратено работно време. И покрај сите овие и други преземени мерки, како и значителната емисија на нови пари преку процесот на количествено олеснување (quantitative easing) во вредност од 275 милијарди фунти (околу 330 милијарди евра) досега, општата економска состојба не само што останува особено сложена, туку земјата во втората половина на април оваа година официјално влезе во повторна рецесија пред да успее наполно

44

3

ПОРТА

04 мај 2012

да излезе од претходната (double dip recession). Истовремено, аналитичарите укажуваат на фактот што досега спроведените мерки за штедење се само еден мал сегмент од оние планираните од страна на Владата, со оглед на тоа што над 80 проценти од предвидените мерки допрва треба да се реализираат. Се разбира, ова значи дека работите допрва ќе се усложнат пред да може да се очекува некакво подобрување. Оттука, веројатно, е и разбирливо зошто Друштвото на главни архитекти во локалната управа иднината ја гледа во преопремувањето, преуредувањето, преупотребата и намалувањето на објектите (4Rs - Retrofit, Refurbishment, Reuse and Reduce), а со цел да се одговори не само на идните потреби за градежен простор, туку и на определбите за одржлив развој преку порационално искористување на постојните ресурси и намалување на потрошувачката на енергија. Сево ова е особено важно ако се земе

предвид дека во Британија има над 8,5 милиони објекти кои се постари од 60 години, а кои би требало да потраат над 1000 години во сегашните економски услови пред да можат да бидат заменети. Во моментов, вредноста на имотите во јавна сопственост во земјата се проценува на 370 милијарди фунти (околу 444 милијарди евра), чие годишно користење чини 25 милијарди фунти (околу 30 милијарди евра), при што овие објекти се одговорни за 8 проценти од емисијата на штетни гасови во рамките на нестанбените објеки во земјата (SCALAnews, 2012/2:3-4). Определбата преку преуредување на постојните објекти да се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата, со што би се поддржале напорите за ублажување на последиците од глобалните климатски промени, прозилегува и од препораките на извештајот „Преуредување на Европа: Стратегија на ЕУ за енергетска ефикасност и дејствување во


експерт

доменот на климата преку преуредување“ на авторите Брус Тофилд (Bruce Tofield) и Мартин Ингарм (Martin Ingram) од конзорциумот Build With CaRe промовиран на 27 февруари оваа година. Build With CaRe е конзорциум на локални власти и универзитети од пет земји од регионот на Северното Море, кој делумно е финансиран од страна на Европскиот фонд за регионален развој (European Regional Development Fund - ERDF), а со цел да го воспостави принципот на енергетско ефикасното проектирање на објекти. Клучна стратегија на оваа група е промовирање на иновативниот концепт „пасивхаус“ (passivhaus), преку кој може да се намали потрошувачката на енергија за греење и ладење на објектите за дури 90 проценти. Според конзорциумот, прифаќањето на концептот „пасивхаус“, како стандард во градежништвото за новите објекти и за преуредувањето на постојните објекти, може да придонесе не само со економски туку и со здравствени придобивки за корисниците на овие објекти. Во извештајот се предлага воведување на нова определба и обврска за намалување на примарната потрошувачка на енергија од 40 проценти до 2050 година во рамките на Европската Унија. Во моментов важечката определба и обврска за подобрување на енергетската ефикасност во рамките на Европската Унија до 2020 година е 20 проценти, но согледувањата укажуваат дека доколку имплементацијата продолжи со сегашното темпо само половина од зацртаното би се реализирало. Според авторите на извештајот, кои се консултанти во Групата за прифаќање на ниско јагленородни технологии (Adapt Low Carbon Group) при Универзитетот на источна Англијa (University of East Anglia - UEA), радикалното подобрување на енергетската ефикасност на новите и постојните објекти е клучното решение за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата на глобално ниво. За д-р Тофилд големо намалување на побарувачката за енергија е можно, а високоенергетски ефикасните објекти треба да станат норма. Но, за да се постигне ова потребно е да се надминат одредени пречки, при што, за него, најголемата пречка е отсуството на политичка волја да се забрза процесот на енергетска ефикасност. Определбата за 40-процентно намалување на потрошувачката на примарна енергија до

2050 година во рамките на Европската Унија е во согласност и со амбициите на новиот британски Секретар за енергија и климатски промени Ед Дејви, искажани при отворањето на новата Канцеларија за примена на енергетска ефикасност во февруари оваа година, кога повика за намалување на потрошувачката на енерија во Обединетото Кралство помеѓу една третина и една половина до 2050 година. Предностите на преуредувањето на постојните објекти се нагласени и во студијата „Може да се преуреди“ (Can Do Refurbishment) изготвена од Скот Броунриг (Scott Brownrigg), Хилсон Моран (Hilson Moran) и Гардинер и Теобалд (Gardiner and Theobald) поддржана од Британскиот совет за деловни простори (British Council for Offices) од 2009 година. Во овој извештај се истакнуваат придобивките од преуредување на комерцијалните објекти изградени во 70-тите, 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Тие укажуваат дека во периоди на достапност до постоечки објекти, можностите за нивно преуредување можат да бидат атрактивни од повеќе гледни точки, како на пример: до 70 проценти заштеда во

времетраењето на преуредувањето; задржување на постојните наемнини на деловен простор; зголемена наемнина и вредносни добивки со минимални трошоци и капитално вложување; зголемување на брендот на објектот; зголемување на животниот век на објектот; можности за зголемување на подната површина; намалено ниво на деловен ризик; побрзо враќање на појдовната инвестиција; подобрување на одржливоста на објектот, итн. Во извештајот, исто така, се истакнуваат придобивките од преуредувањето на постојни објекти во услови на сегашната непредвидливост на економската ситуација, кои произлегуваат од можностите промените во потребите за деловен простор побргу и поекономично да се задоволат преку предуредување на нови објекти отколку преку изградба на нови. Сите погоре искажани примери само ја потенцираат пораката на Друштвото на главни архитекти во локалната управа, кое ги повикува сите оние вклучени во градежништвото да ги совладаат основните принципи на „4Р“, доколку сакаат да просперираат во времето на намалени буџети и отежнати услови на работење.

passivhaus

3

04 мај 2012 ПОРТА

45


еко инфо брисел

загрозен е рибниот фонд во морињата на еу

Во морињата на ЕУ рибниот фонд е се позагрозен. Поради тоа, правата на излов во подрачјата надвор од ЕУ добиваат на значење за опстанокот на оваа индустрија. Изловот е особено интересен пред брегот на Западна Африка, а за стекнување на овие права ЕУ плаќа висока цена. Локалните рибари и организациите за заштита на природата реагираат дека риболовната флота е два до три пати поголема отколку што тоа е неопходно за одржлив риболов, наведувајќи притоа дека во игра се и коруптивни активности на властите во африканските земји. (Deutsche Welle)

ваШингтон

расте продажбата на хибридни автомобили во сад

Поради високите цени на бензините, Американците сè повеќе купуваат хибридни и електрични возила. Во 2011 година уделот на пазарот на овие две категории заедно изнесува 3,6%, што е највисок процент досега. Аналитичарите предвидуваат дека до 2017 година уделот ќе се искачи на 8,5%. Како главна причина за порастот на продажбата на овие возила се наведува цената на бензините.

(Silobreaker)

лондон

влијанието на ветерните фарми врз птиците Еден од најголемите проблеми предизвикани од ветерните фарми, се смета дека е намалувањето на популацијата птици, но најновите студии покажуваат дека тоа и не е толку сериозен проблем. Студијата објавена во априлското издание на Journal of Applied Ecology покажува дека птиците се сериозно погодени само во фазата на изградба на ветерните фарми, а не и во периодот на експлоатација. Студијата е спроведена на 18 ветерни фарми во Велика Британија, врз популација од 10 различни видови птици.

(green optimistic) 46

3

ПОРТА

04 мај 2012


еко инфо ЉубЉана

еко патување околу светот

Словенечкиот авантурист и биолог, Матевж Ленарчич на 18 април се приземји на аеродромот во Љубљана, по својот втор самостоен лет околу светот со ултралесен авион, без копилот или каква било друга дополнителна поддршка. Во текот на својата тримесечна авантура прелетал 60 држави на шест континенти, надлетувајќи ги највисоките планински врвови на пет континенти. Патувањето го реализирал со авионот Virus SW 914, производство на словенечката компанија Pipistrel. Авионот е тежок само 290 kg, и во текот на патувањето потрошил рекордно ниска количина на гориво. (Slovenia Times)

брисел

европска помош за енергетиката во третиот свет

Европската Унија ќе обезбеди 65 милиони евра за фондот за техничка помош, кој ќе ги поддржува одржливите енергетски проекти во земјите во развој. Целта на оваа иницијатива е обезбедување стручна помош, со цел обезбедување достапност до зелената енергија за над 500 милиони луѓе до 2030 година, од земјите во развој. (UPI)

будиМпеШта

Фабрика за биоетанол во унгарија

Започна со работа најголемата фабрика за биоетанол во Унгарија. Се работи за инвестиција вредна 120 милиони евра, во современ капацитет кој се вбројува меѓу најголемите во регионот. Годишно ќе се произведуваат 240 милиони литри биоетанол и 175.000 тони сточна храна. (Budapest Business Journal) подготви: Даниела МЛаДеНовСКа

3

04 мај 2012 ПОРТА

47


екологија

Преспанско Езеро

Опаѓање на целокупниот Промените во користењето на земјиштето, внесот на загадувачки материи и нутриенти, несоодветното управување со ресурсите се меѓу главните причини за лошата состојба со езерскиот екосистем

м-р Димитрија Сековски,

дипл.инж.на жив.средина раководител на проекти на УНДП

фотографии: Љубомир Стефанов

Водни екосистеми – влијанија, промени и предизвици за заштита Функционалните и заштитени екосистеми обезбедуваат бројни добра и услуги кои се од клучна важност за опстанокот и благосостојбата на човекот. Сепак, природните екосистеми се предмет на континуирани промени како резултат на широкиот опсег на притисоци предизвикани од неконтролираниот развој и користењето на ресурсите. Се проценува дека денес над 70% од земјината површина е изменета како резултат на

човековите активности. Земјоделскиот развој, индустријализацијата и урбанизацијата постепено го заземаат местото на природните екосистеми. Тие ги менуваат хидролошките циклуси, создаваат големи количини на загадувачки материи и нутриенти, што е причина за губење на биодиверзитетот и екосистемските добра и услуги. Комплексноста на прашањата поврзани со управувањето на водите, нивото на деградација на водните екосистеми и растечкиот притисок

врз нив, последниве децении го забрзаа развојот и унапредувањето со соодветни управувачки пристапи. Токму во рамките на сливот на Преспанското Езеро, во текот на изминатите неколку години, се спроведени бројни проекти во рамките на една сеопфатна програма базирана на принципите на интегрално управување со екосистемите (integrated ecosystem management) и интегрално управување со сливни подрачја (integrated watershed management).

Главната цел на овие проекти е да се намалат притисоците од антропогено потекло врз езерскиот екосистем преку спроведување на соодветни мерки во рамките на неговото сливно подрачје. На тој начин се придонесува кон обновувањето на еволутивно воспоставените функции и структура на екосистемот, во рамките на неговиот преостанат природен потенцијал. Почнувајќи од 2004 година, со техничка поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во регионот се спроведени бројни проекти од областа на управувањето со водите и отпадот, намалување на влијанијата од земјоделството и индустриското загадување, реставрација на реки, мониторинг на животната средина, управување со ресурсите во шумарството и рибарството, зачувување на биодиверзитетот и управување со заштитени подрачја и други. Покрај еколошката, програмата за Преспа има и изразена социо - економска димензија. Финансиските средства за оваа комплексна програма се обезбедени од страна на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) и Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ). Клучна улога во нејзиното спроведување имаат Министерството за животна средина и просторно планирање, општината Ресен и бројни надлежни институции на локално и национално ниво.

Главни карактеристики, еколошки статус и влијанија

Преспанското Езеро спаѓа во групата на 17 најстари езера во светот (извор: http://www.worldlakes.org/lakedetails.asp?lakeid=9176). Неговиот слив е живеалиште на преку две илјади видови на растенија и животни, од кои многу имаат ендемичен карактер, или имаат статус на загрозени видови. Од 23 видови на риба кои се среќаваат во езерото, девет се ендемични. Покрај неговите еколошки вредности, езерото е дел од уникатен и мошне динамичен хидролошки систем. Неговата хидрауличка врска со соседното (и за околу 160 метри пониско) Охридско Езеро преку карстниот масив Галичица е причина за „губењето“ на огромни количини вода. Токму оваа поврзаност на езерата и неповолните хидролошки услови во текот на неколку децении доведоа до пад на езерското ниво за околу 9 метри (слика 2). Тоа е причина не само за губење на значајни крајбрежни живеалишта, слика 1. Карта на македонскиот дел од сливот на Преспанското Езеро со приказ на неговата туку и интензивирање на значајни процеси на деградација. хидрографска мрежа (извор: План за управување со сливот на Преспанското Езеро)

48

3

ПОРТА

04 мај 2012


екологија

е к ол о шк и си ст е м

слика 2. Пад на нивото на Преспанското Езеро во периодот 1950 – 2008 (согласно мерените податоци на Управата за хидрометеоролошки работи)

Поради оваа негова природна карактеристика, Преспанското Езеро може да се смета како еден многу осетлив и ранлив екосистем. Губењето на огромни количини вода резултира во покачување на концентрациите на нутриентите и загадувачките материи од антропогено потекло, што од своја страна е одговорно за засилените процеси на еутрофикација и загадување. Оваа комбинација и синергетско дејство на пририднот фактор и растечкиот притисок како резултат на човековите активности во сливот, го објаснува трендот на опаѓање на еколошкиот статус на целокупниот екосистем. Промените во користењето на земјиштето, внесот на загадувачки материи и нутриенти, несоодветното управување со ресурсите се меѓу главните причини за моменталната состојба со езерскиот екосистем. На следната табела се систематизирани главните влијанија врз количините и квалитетот на водите во рамките не езерскиот слив, како и нивните причинители. Анализата на влијанијата врз водите дава една општа слика за главните влијанија врз целокупната животна средина, вклучувајќи ги и другите медиуми, природните живеалишта и биодиверзитетот. 

3

04 мај 2012 ПОРТА

49


екологија табела 1. Општ преглед на главните проблеми во сливот поврзани со количините и квалитетот на водите

Главни проблеми во сливот (влијанија врз водите) Квалитет на водите:  Високи концентраци на водите на езерото и нутриенти (N, PO4, SO4) другите водни тела (притоките) не ги  Присуство за тешки исполнуваат стандардите метали во реките и за квалитет согласно езерото домашната регулатива и директивите на ЕУ  Присуство на пестициди и други т.н. приоритетни супстанции  Низок еколошкиот статус на водните тела

Водни количини

 Опаѓање на нивото на водите во езерото (губење на огромни количини на вода)  Недостаток на вода за наводнување и водоснабдување во периодите на зголемена потреба

50

3

ПОРТА

04 мај 2012

Главни причини Точкести извори:  Комунални отпадни води  Индустриско загадување (прехранбена, металопреработувачка и неметална индустрија, производство на живина)  Атмосферски води од урбани површини Дифузни извори:   Вештачки ѓубрива (неефикасна примена)  Пестициди (подготовка, примена, миење на опрема за прскање, отпад од амбалажа)  Земјоделски органски отпад (неконтролирано одлагање на отпадно јаболко)  Нелегални депонии за цврст отпад  Неефикасни практики на наводнување  Нерегулирано и неконтролирано црпење на води во сливот (од реките и подземните води) за наводнување и водоснабдување

Досегашни резултати и идни предизвици

Неколкугодишната програма за заштита на езерото има за цел да го катализира воведувањето на практиките што произлегуваат од концептот за интегрирано управување со екосистемот во различните сектори во сливот, со цел да се зачува биодиверзитетот и да се подобри статусот на водите. Интервенциите се спроведуваат во неколку клучни области и тоа: зајакнување на правната рамка и регулативата; модификација на управувачките практики во релевантните сектори; зачувување на биолошката разновидност и подобрување на прекуграничната соработка во управувањето со водите и другите заеднички ресурси. Особено значајни во намалувањето на „стресот“ врз екосистемот од внесот на нутриенти и загадувачки материи се активностите во земјоделството, индустриското загадување и реставрацијата на реките. Во земјоделството, поточно производството на јаболка, преку воведување на системот на добра земјоделска практика, се создадени услови за намалување на примената на пестициди и вештачки ѓубрива. За таа цел е воспоставена целосно функционална агрохемиска лабораторија, како и агрометеоролошки систем за следење на главните болести и штетници. Анализите на почвата на многу земјоделски површини укажаа на заситеност со одредени


екологија

елементи (пред сè фосфор), поради што на произведителите им се препорачува истиот да не се користи по неколку години. Со подобрениот мониторинг на болестите и штетниците во јаболковото производство, на бројни површини се намали примената на пестициди за околу 30%. Сето ова, не само што има позитивни еколошки, туку и економски ефекти. Во доменот на индустриското загадување, преку поддршка на општинската администрација, забрзано се спроведува системот на интегрирано спречување и контрола на загадувањето за сите инсталации (загадувачи) присутни во Преспа. Издавањето и спроведувањето на т.н. „интегрирани еколошки дозволи“ стимулира серија на приватни инвестиции од страна на главните инсталации, насочени кон решавање на главните типови влијанија врз средината (пр. третман на отпадни води, подобрено управување со отпадот, мониторинг на влијанијата и сл.). Бројни мерки се спроведени со цел да се придонесе кон реставрацијата на Голема Река - најголемата притока во сливот, преку која всушност се реализираат главните притисоци врз езерото. Се отстранија огромни количини отпаден материјал депониран во речното корито и коридор во текот на неколку децении, се изгради фекална канализација за индустриската и урбаната зона

(која ги прифаќа и насочува отпадните води кон постоечката централна пречистителна станица), и се подобри состојбата со речното корито на приоритетни делници. На тој начин, се намалија влијанијата врз реката, а со тоа и врз самото езеро. Во рамките на овие проекти се пилотирани системи за управување на земјоделскиот отпад, и тоа отпадна амбалажа од пестициди и вештачки ѓубрива, како и органскиот земјоделски отпад преку воведување на централизиран систем на компостирање. Сите овие мерки значително придонесоа кон намалување на притисоците, но за да дојде позначително подобрување на еколошкиот статус на водните тела (езерото и притоките), потребно е тие дополнително да се надградат. Исто така, обновувањето на природната структура и функции на екосистемите е долг процес, кој временски најчесто неколкукратно го надминува периодот за кој се случувале процесите на деградација. Во случајот на Преспанското Езеро мора да се има предвид дека поради природната осетливост на екосистемот, потребно е да се воспостави систем на динамичко управување со антропогените притисоци, со оглед на тоа што не постои можност да се влијае врз природните хидролошки услови и губењето на водата. 

3

04 мај 2012 ПОРТА

51


енергетска ефикасност

Светско првенство во фудбал - Бразил 2014

„Најзелено“ светско првенство Бразилската влада уште во септември 2011 година најави дека од сите 12 турнирски стадиони ќе се очекува да постигнат минимум стандарди на одржливост Даниела Младеновска

С

оларната енергија ќе има главна улога на Светскиот куп во Бразил во 2014 година, со што ова првенство претендира да стане „најзелено” во историјата на светските првенства. Бразил е домаќин на Светскиот куп во јуни и јули 2014 година, каде најуспешната светска репрезентација во историјата, ќе се обиде по шести пат да го освои турнирот, односно за прв пат на домашен терен. Настанот нуди извонредна шанса Бразил да се промовира како земја на можности, да ја покаже својата подготвеност за достигнување на повисоки цели, и конечно да се ослободи од неславниот епитет - заспаниот џин на Јужна Америка. Сите досега испланирани концепти кои треба да му овозможат на овој едномесечен турнир да биде „најзелен“ досега, ја имаат

52

3

ПОРТА

04 мај 2012

соларната енергија меѓу своите приоритети. Оваа амбиција на Бразил за „зелен” Светски куп доаѓа во период кога компаниите за производство на опрема за соларна енергија инвестираат огромни средства во спонзорирање на спортот, особено на фудбалските клубови ширум светот. Притоа, компаниите се свесни дека со ваквиот настап не само што ја подигаат свеста за соларната енергија кај милионите навивачи, туку и кај финансиските поддржувачи на спортот. Проценките на оваа индустрија се дека фотоволтаичните покриви на стадионите во блиска иднина ќе станат вообичаена практика. Со големо внимание беа проследени плановите на Катар за state-of-the-art соларни стадиони, кои ѝ помогнаа на државата во Заливот да го добие правото да биде домаќин на Светското првенство во 2022 година. Меѓутоа, ако Бразил

ги реализира сите свои планови, тогаш Светскиот куп во 2014 година може да биде запаметен како првиот спектакуларен „зелен“ фудбалски турнир - цели осум години пред Катар. Бразилската влада уште во септември 2011 година најави дека од сите 12 турнирски стадиони ќе се очекува да постигнат минимум стандарди на одржливост. Притоа, беше одлучено Народната банка на Бразил за економски и социјален развој (BNDES) да отвори линии за финансирање на реконструкциите на стадионите во функција на исполнување на стандардите. Сепак, реновирањето на стадионот Mané Garrincha во Бразилија ќе биде навистина спектакуларно, со намера да бидат постигнати највисоките можни стандарди. До крајот на 2012 се очекува да заврши инсталирањето на фотоволтаици со вкупен капацитет од 2,5


енергетска ефикасност

MWp, што е доволно за производство на 50% од енергијата на стадионот во периодите на врвно оптоварување за време на натпреварите. Во сите други периоди, производството ќе ги надминува потребите на стадионот, и вишоците ќе се испорачуваат преку мрежа. И на реконструираниот стадион Maracanã во Рио, каде ќе се одржува финалето, исто така ќе бидат поставени соларни панели. На стадионот Governador Magalhaes Pinto во Бело Хоризонте, подобро познат како Mineirão, ќе бидат инсталирани до 1,5 MWp соларни панели. Имајќи ги предвид сите овие амбициозни планови, со право се очекува ова светско првенство да биде „најзеленото” во историјата на овие натпреварувања. Во 2009 година во Тајван е инаугуриран првиот 100% соларен стадион, во кој 8.844 панели произведуваат 1,14 GWh електрична

енергија годишно. Вишоците енергија од овој стадион се продаваат од страна на тајванската влада. Популарниот Dragon Stadium придонесува за намалување на емисиите од јаглероден диоксид за 660 t дневно. Гледајќи напред кон 2014 година, ФИФА изрази некои сомневања околу способноста на Бразил да ги исполни сите инфраструктурни предизвици со кои се соочува, но се чини не се двоуми дека со сигурност ќе бидат исполнети следните цели - подигањето на свеста за соларната енергија и заштитата на животната средина. На овој начин ќе се промовира и еден поинаков концепт во изградбата на вакви и слични спортски терени. Сепак, сега сè е во рацете на Бразил, да работи на сопствената агенда, во уверување дека нивното Светското првенство ќе биде запаметено не само по освојувачот на титулата.

До крајот на 2012 се очекува да заврши инсталирањето на фотоволтаици со вкупен капацитет од 2,5 MWp, што е доволно за производство на 50% од енергијата на стадионот Mané Garrincha за време на натпреварите 3 04 мај 2012 ПОРТА

53


хортикултура

МУЛЧ

Мулчот ја подобрува структурата на почвата, ја задржува влагата, ја зголемува аерацијата, го регулира топлотниот и воздушниот режим. Одличен е во борба со плевелите, изгледа декоративно, а доколку е од органско потекло може да ја прихранува почвата при неговото разложување... Филип ФиЛиПоСКи,

М

улчот во суштина претставува слој од органски или неоргански материјал, кој се распостелува околу растенијата. Тој има повеќекратна функција. Помага при задржување на водата во почвата, што е од особено значење во оние предели каде што нема голема достапност на вода. Ја подобрува структурата на почвата, го одржува воздушниот и топлотниот режим на почвата, одличен е во борбата со плевелите, го спречува раскопувањето на почвата под влијание на силните врнежи, а со тоа спречува и појава на ерозија. Најпогодно време за мулчирање е пред мај кога почвата сè уште е топла и влажна. Пред да се постави мулчот потребно е претходно да се обработи земјата, да се исчисти од најразлични плевели и да се наѓубри.

54

3

ПОРТА

04 мај 2012

дипл.шум.инж.

Дебелината на слојот што ќе го поставиме како мулч треба да биде 4-7 см и да биде рамномерно распределен по целата површина.

Материјали погодни за МулЧирање

Материјата што би ни послужила за мулчирање може да биде од органско или неорганско потекло. Предност секогаш треба да им се дава на оние материјали кои се од органско потекло, бидејќи тие можат да задржат поголема количина на влага во себе, циркулацијата на воздух е подобра, а голем плус претставува и нивната биоразградливост, по што растенијата може да ги исползуваат хранливите состојки од распаѓањето на материјалот. Често во практика при мулчирање се користи и комбинација на органски и неоргански материјал (на пример горниот слој е декоративен мулч - дрвени струготини,

мелени или делови од трушени шишарки, а долниот од пвц фолија). Ваквата комбинација на материјали за мулчирање е со цел да се спречи каква било појава на плевел. Сепак, во овој случај пвц фолијата мора да биде издупчена за да не се оневозможи полевањето и циркулацијата на воздухот. Најдобриот начин за да се искористи искосената трева е таа да се употреби за мулчирање. Доколку се исползува за мулчирање на растенија, треба да се внимава да не содржи плевели или постари единки на кои има развиено семе, кое би се расеало на мулчираната површина и во иднина би предизвикало проблеми. Постојат различни размислувања во однос на тоа дали при косењето тревата треба да се собира или да се остави на тревникот или ливадата, со што би се разградила за брзо време и би послужила како прихрана на


хортикултура

тревникот. Сепак, најдобро е да се придржувате до правилото на складирање на искосената трева, додека прихранувањето да го вршите со течни ѓубрива за тревни површини, бидејќи остатоците од искосената трева предизвикуваат одредени негативни ефекти врз тревникот. Сено и слама не е пожелно да се користи за мулчирање бидејќи тоа содржи многу семе на плевели. Сламата брзо се разлага, па така ќе треба постојано да се дополнува просторот за да не се дозволи никнење на плевел. Слој до пет сантиметри лисја е одлично средство за борба против плевелите. Најдобро е ако лисјата се иситнети (тоа може да го сторите со косилката) за да може да се создаде порастресита маса за подобра аерација во молчираниот дел, како и за поголема достапност на вода до почвата. Изгниените лисја можат да создадат слој кој ќе ја спречи водата да допре до почвата.

Од таа причина, најдобро е тие да се користат како прихрана, ако од нив се направи добар созреан компост, но не и како мулч. Боровата кора е добро средство за мулчирање, доколку е претходно стерилизирана, бидејќи овој тип на мулч може да донесе голем број на термити. Овој вид на материјал за мулчирање може да се сретне на пазарот во најразлична форма и големина на деланки. Атрактивен е пред сè поради изгледот и темната боја. Исто така, и игличките од бор може да се користат како средство за мулчирање. Тие имаат одлични предиспозиции во однос на водопропустливост и аерација на почвата, а исто така не влијаат врз pH на почвата, иако многумина сметаат дека ја закиселуваат почвата. Кората и дрвените струготини се најчесто употребувани материјали за мулчирање во градините. Дебелината на слојот што е

потребен за да биде во функција не треба да биде поголем од 4-5 см. Поситните струготини се разложуваат побрзо со помош на азотот во почвата, па затоа потребно е почвата дополнително да се третира со азот. Како и кај боровите струготини така и кај кој било друг вид, материјалот треба претходно добро да се стерилизира (наједноставен начин е со врела вода) за да се уништат сите штетници. Покрај опишаните, како материјали може да се користат и иситнети или мелени шишарки, кои во последно време многу се користат кај нас. Тие се многу декоративни поради нивните мали димензии на парчињата поради што формираат фина мазна структура, како и поради природната кафена боја. Од неогранските материјали погодни за мулчирање може да се користат чакал, камчиња со најразлична големина, боја и структура, црна пвц фолија, гумени парчиња и слично.

3

04 мај 2012 ПОРТА

55


арт инфо стоби

пронајдена скулптура на изида

Мермерна скулптура на божицата Изида, мајка на природата, божица на небото, морето и подземјето, деновиве е откриена на археолошкото наоѓалиште Стоби. Скулптурата потекнува од 2. век, висока е речиси два метри и според начинот на кој е изработена претставува врвно дело на античката уметност. Нејзиното значење e големо со оглед на фактот што е пронајдена во храмот што веќе четири години се истражуваше, а за кој сега може да се потврди дека бил посветен на оваа божица. Изида е египетско божество чиј култ се проширува во Македонија и на Медитеранот во текот на хеленистичкиот период и е актуелен до почетокот на доцната антика и доминацијата на христијанството. (K.A.)

скопје

„балканска приказна“ во куршумли ан

Во објектот на Националната галерија Куршумли ан во Стара скопска чаршија е поставена изложбата на фотографии „Балканска приказна“. Се работи за изложба во организација на ЦеПроСАРД и која се состои од селекција на споменици од периодот на владеењето на Османлиската империја на Балканот, поточно периодот од XIV до XIX век. Фотографиите на богатото, но честопати запоставено културно наследство се направени од петмина наградувани фотографи од Скопје, Атина, Белград, Призрен и Тирана. На отворањето на изложбата, премиерно беше прикажан 27-минутен документарен филм изработен во рамките на проектот. Исто така е поставена специјално дизајнирана инсталација која им овозможува на посетителите да искусат патување низ времето, преку прошетка низ звуците и мирисите од Османлискиот период. 56

3

ПОРТА

04 мај 2012

њујорк

„голи пред камерата“ во „Метрополитен“

Во њујоршкиот музеј „Метрополитен“ е отворена изложбата на фотографии „Голи пред камерата“, на која се претставени актови настанати од почетокот на 19 до крајот на 20 век. Изложбата „Голи пред камерата“ се занимава со појавата на нудизмот во фотографијата, а збирката опфаќа повеќе од 60 уметнички дела. Фотографиите што се подредени по хронолошки редослед, го претставуваат голото човечко тело кое со векови наназад служело како инспирација за многу уметници, па и фотографи. Сцените на голи гради придвижувале дебати за сексуалноста, гревот, културниот идентитет и сфаќањето на женската убавина. „Човечката фигура инспирирала уметници од многу епохи. Благодарение и на оваа изложба можеме да видиме како фотографите го користеле стариот мотив на голотијата за создавање нови дела“, изјави директорот на „Метрополитен“, Томас Кемпбел.


СОВЕТСКИОТ ДИСИДЕНТ ВИТАЛИЈ КОМАР ВО СКОПЈЕ

арт инфо

Тридневен викенд за коегзистенција на народите со различна вера

В

италиј Комар, еден од основачите на соц-арт движењето, пионер на т.н. мултистилистички постмодернизам, гостуваше во Скопје од 21 до 26 април годинава, одржувајќи предавања во Музејот на современа уметност за својата долгогодишна уметничка кариера. Излагањата на познатиот уметник беа дел од проектот „Виталиј Комар: Слики... со свои зборови“, а неговото гостување беше иницијатива на историчарот на уметност Владимир Јанчевски. Уметникот со руско потекло, кој половина од својот живот го поминал во Њујорк, каде што сè уште живее, е веќе влезен во сите прегледи на историјата на уметноста после 60-тите години од минатиот век, па сè до денес. Како е да се биде уметник кој животниот век го поминал во различни средини, Русија и Америка? Што значи да се твори во земја, која ја ограничува

Уметникот со руско потекло, кој половина од својот живот го поминал во Њујорк, е еден од главните протагонисти на легендарната „Булдожерска изложба“ од 1974, на која неговите дела биле уништени од тогашните власти

Кате Антевска

можноста за слободно уметничко изразување? Каква уметност сакаат широките маси? Ова се дел од прашањата за кои дискутираше Комар на предавањата „Моето искуство како уметник во Русија и на Запад“ и „Преку различни форми на соработка до индивидуален опус“. Комар, заедно со својот долгогодишен соработник Александар Меламид, е еден од главните протагонисти на легендарната „Булдожерска изложба“ која се одржала во 1974 година во Москва. Двојниот автопортрет, кој ги прикажува Виталиј и Александар како Ленин и Сталин насликани во стил на социјалистички реализам, предизвикал скандал и бил уништен од тогашните власти. Следуваат низа активности, како проектот „Ние купуваме и продаваме души“, во кој учествува и познатиот уметник Енди Ворхол, серијата „Носталгичен социјалистички реализам“, „Мавзолејот на Ленин“, „Новиот

симболизам“, „Тридневен викенд“ и други. „За мене, проектот „Тридневен викенд“ е симбол на хармонична коегзистенција на народи со различни концепти на верување и спиритуалност: петок за Муслиманите, сабота за Евреите и недела за Христијаните. Замислете колку би било убаво да има три дена викенд неделно. Луѓето би имале повеќе слободно време да прават што сакаат, би имало повеќе време за уметност“, вели Комар, појаснувајќи дека идејата е да се создадат дела со вселенски симболи во форма на универзални мандали - кругови, кои ќе ги соединуваат античките симболи на спиритуалност со историски и лични слики, сеќавања. Денес, делата на Виталиј Комар се наоѓаат во најпознатите светски музеи, како Гугенхајм, Метрополитен, Музејот на модерната уметност во Њујорк и други.

3

04 мај 2012 ПОРТА

57


записи

Барам гаража (за бенд) Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.

Б

арам гаража (за бенд), стоеше напишано на еден лист хартија залепен на вратата на една од кулите на градскиот ѕид, спроти зградата на Црвениот крст. Има иднина, си мислам. Доаѓаат некои „нови клинци“, кои мислат да свират рок музика во денешно време! Кога денес ќе помислам на гаража веднаш помислувам на оние катните, „барокните“, кои се многу актуелни во овие времиња. Се навраќам со мислите во едно друго време, во времето на мојата младост, таму некаде кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години од минатиот век. Гаражите во тоа време за нас значеа нешто сосема друго. Не беа тоа само обични гаражи! Беше популарна рок музиката, и многумина

58

3

ПОРТА

04 мај 2012

од нас се обидуваа да направат рок група. Преуредените гаражи беа идеални места за вежбање. Многу мои тогашни и денешни пријатели свиреа по гаражи и подрумски простории. Некои од нив денес се познати и признати музичари, а токму во некоја од гаражите ја започнаа својата музичка кариера. Во тоа време, како што денес некои го нарекуваат „време на едноумието“, ние бевме дел од Европа во секој поглед, а понекогаш и пред таа т.н. „Европа“. Бевме во тек со сите светски музички збиднувања, без проблем патувавме насекаде. Имавме работа, имавме пари, имавме верба, имавме пријатели. Верувавме дека имаме иднина, не само затоа што бевме млади и животот беше пред нас, туку навистина, во тоа време се чувствуваше некаква леснотија на живеењето!

Тоа беа денови, така пееше Мери Хопкин, тогаш многу популарна пејачка. Но, деновите се менуваат, некогаш се добри некогаш лоши! Дојдоа некои луѓе кои немале гаражи, ниту пак слушале рок, луѓе кои не патувале никаде, со граници во своите глави. Ни нацртаа граници во поранешната татковина, ни започнаа војни! Групите од гаражите ги снема, ја снема музиката што не водеше нас, тогаш младите, кон некаква безгрижна иднина. Ја снема поранешната заедничка татковина, љубовта се изгуби некаде! Како да ги снема и идеалите! Во тие, сега веќе дамнешни времиња, само духовни провинцијалци слушаа турбо фолк музика, денес оваа музика се слуша насекаде! Во светот, некаде надвор од овие наши граници, младите сè уште свират по тамошните гаражи и сигурно, како ние некогаш, веруваат


записи

дека со музиката ќе го променат светот! Што ли се нè може да се направи во некоја гаража? Не само да се паркира автомобилот или пак да се стават во неа непотребните работи. Во една гаража, таму некаде во Америка, направен е и еден од најдобрите компјутери на светот, „Епл Мекинтош“. Ах, да, во гаражите слушавме плочи, се дружевме и свиревме! Останаа спомените за дружењето и нашите свирки. А времето си врви, ние полека заминувавме во fade out, додека не избледнееме од колективното сеќавање и додека на наше место не дојдат некои други кои, ама баш ништо не знаат за тие времиња, за нашите гаражи, за нашата музика и за нас! Ние, мојата генерација, културолошки им припаѓаме на некои други времиња, на времињата од минатиот дваесетти век, век во кој се наоѓаше

нашето поубаво минато и нашата младост. Денес, „барокниве“ гаражи, ќе признаете, не се соодветно место за свирење рок, а и кој би свирел таму? Ех, јас сум само обичен архитект, кој ја сака музиката, особено рокот. И си размислував, онака, патем, за музиката и архитектурата. Една од моите предности, моја и на сите оние што завршиле архитектура, можеби е таа што архитектурата не нè условува со што исклучиво ќе се занимаваме во животот. Можеме да бидеме проектанти, дизајнери, фотографи и сликари, можеме да пишуваме текстови за сопствените размислувања за и околу архитектурата и што ли уште не? Можеме да се занимаваме со многу работи во исто време, се зависи од нас и од нашиот сензибилитет! Архитектурата нè научи како да ја освоиме формата, а потоа, не е ни битно дали е тоа форма на зграда,

слика или некаква музичка композиција. Можеби оваа 2012 година ќе нè натера малку повеќе да мислиме за архитектурата? Многумина од нас се без работа, треба повеќе да размислуваме, зборуваме и пишуваме за правата архитектура и за сè она што ни се случува денес. Треба да се бориме за архитектурата. Ни останува премалку време и премногу неартикулирани желби без свест за стварните потреби на архитектурата. Ќе биде така сè додека инвеститорите проектираат, а политичарите планираат. Има ли надеж за подобро? Можеби! На една од кулите од градскиот ѕид, на една врата и понатаму стоеше листот бела хартија на кој беше напишано „Барам гаража (за бенд)“. Се надевам дека ја нашле. Некои нови деца започнуваат да свират рок! Не е сè изгубено, има сепак надеж!

3

04 мај 2012 ПОРТА

59


рубрика

60

3

ПОРТА

04 мај 2012


АРЕНА „СУИДАД ДЕ МЕКСИКО“ - Мексико

спортски храмови

НБА арена и во Мексико Сити

П

о примерот на големите НБА арени во САД, и Мексико Сити доби нов спортски храм. Оваа година, во местото Азкапоцалко беше отворена новата арена со капацитет од 22.300 места, која веќе почна да се користи за низа спортски настани, концерти и многу повеќе останати културни содржини. Арената „Суидад де Мексико“ започна да се гради по проект од 2009 година, на локација каде долги години беа лоцирани неколку фарми. Локалитетот на кој се издигна новиот спортски храм е земјиште од 8 хектари, а дизајнот му беше доверен на стручниот тим од KMD Architects Mexico, кој се потруди да направи навистина исклучително интересен и привлечен наменски објект. „Суидад де Мексико“ е најголемата арена, која моментно е изградена во Мексико. Тоа е првата арена која доби сопствен паркинг простор и која,

Сашо Кузмановски конечно, ќе овозможи милионскиот Мексико Сити да добие објект, во кој ќе има простор за најголемиот број заинтересирани гледачи, пред сè, на врвните натпревари во кошарка, одбојка и останатите спортови во сала. Официјално арената почна да се гради во 2010 година, една година по одобрението на проектот. За неполни две години, веќе беше ставена во функција, а свеченото отворање помина со големиот концерт на мексиканската пејачка Луис Мигел. Во изградбата на „Суидад де Мексико“ беа употребени 5.000 тони структурен челик, 25.000 тони армиран челик и 100.000 метри кубни бетон. Арената е висока 45 метри, на неа има две слетишта за хеликоптери, еден голем паркинг со екстра капацитет и до 5.000 автомобили, како и 650 безбедносни камери кои се поставени по највисоките светски стандарди за обезбедување на објекти за масовна употреба. Во рамките на салата се изградени

и 124 луксузни ВИП апартмани, а за подобар преглед на случувањата има инсталирано и неверојатни 850 ЛЦД екрани. Фасцинирачки е и огромниот ЛЕД екран со површина од 6.200 м2, кој е поставен пред арената, како и оној во внатрешноста на салата кој е по примерот на големите четиристрани ЛЕД екрани со површина од 700 м2. Во внатрешноста е одвоен огромен простор за неколку големи бистроа, ресторани и кафе-барови, но и лобија каде посетителите можат да одмораат додека трае паузата на некој спортски меч. Со отворањето на арената „Суидад де Мексико“ се отворени приближно 2.500 нови постојани работни места, кои според градоначалникот на Мексико Сити ќе помогнат за развој на областа Азкапоцалко каде е лоцирана арената. Интересно, ова е првиот затворен спортски објект кој е изграден во Мексико Сити по 1968 година кога беше изградена „Спортската палата“, арена со капацитет до 20.000 места.

ФАКТИ за „СУИДАД ДЕ МЕКСИКО“ - Мексико Капацитет: 22.300 Период на изградба: 2010 - 2012 Цена на градба: 300 милиони долари Површина на градба: 8 хектари Придружни објекти: 124 ВИП апартмани, комерцијални објекти, бистроа, кафе-бар, ресторан, СПА центар, сауна, фитнес клуб Дизајн: KMD Architects Mexico Изведувачи: Групо Гарза Понце, Цореѕ и АДИППСА

3

04 мај 2012 ПОРТА

61


совети

АДАПТАЦИЈА НА ДВОСОБЕН СТАН Сегашната структура на станот со една спална соба, дневна со трпезарија, кујна и бања, досега ги задоволуваше нашите потреби. Сега би сакале одделна соба за нашето дете кое есенва ќе тргне на училиште. Како да го преуредиме станот? Семејство Милевски, Скопје

потоа

Р

ешение на вашиот проблем е можно така што детската соба би се организирала со одземање на дел од дневната или со намалување и преуредување на кујната и лоѓијата. Можеби е подобро решението со кое кујната се повлекува кон малата остава, а со делот од постоечката кујна и лоѓијата се оформува мала детска соба. Иако мала во неа има место за кревет, работна маса, столица и плакар. Собата е изолирана во мирниот дел од станот што претставува квалитет на ова решение. Во овој дел од станот, покрај малиот дегажман се наоѓаат спалната соба и бањата. Во дневната соба нема никакви градежни

62

3

ПОРТА

04 мај 2012

промени. Во неа, покрај делот за ниско седење се наоѓа и трпезаријата. Таа е сместена поблиску до кујната. Удобната седечка гарнитура е ориентирана кон комодата со телевизор, а во нишата пред прозорците е поставена седалка и многу зеленило. Детската соба можете да ја организирате и со намалување на дневната, но во тој случај трпезаријата би се преместила поблиску до лоѓијата со што би се намалиле кујната и лоѓијата. Со вакво решение не би било можно изолирање на мирниот дел од станот, а со тоа би се намалил квалитетот на живеењето. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk

пред


најчудни градби

КУЌА НА ДРВО

А

ко ги запрашате децата која од игрите најмногу ја сакаат, без сомнение, еден од изборот би бил - куќичка на дрво. Тоа е еден вид на слободна територија за децата во која можат да го живеат својот детски свет. Но, постојат и примери за куќа на дрво во која се живее, па дури и во улога на ресторантски капацитети. Кога е во прашање живот во куќа на дрво, несомнено најголемата конструкција на објект од ваков тип постои во сојузната држава Тенеси во САД, во градот Кросвил. Куќата е во сопственост на Хорас Бургес, кој потрошил цели 11 години за да ја изгради неговата куќа или дрвена палата, вплеткана во мрежата од гранки на масивно дрво. Почнал од еден кат, а завршил со 11 нивоа, следејќи ја вербата во Бога и како што самиот вели, визија која лично Севишниот му ја втиснал во меморијата, укажувајќи му дека ако гради куќа од дрво, ќе има градежен материјал

Драган Ристов во изобилство. Целата дрвена конструкција, вклучително со внатрешното уредување чинеле 12.000 долари, а трошокот е мал затоа што користел не само дрво туку и рециклиран материјал. Од друга страна, и даските и штиците што биле користени не се купени како нови, туку се еден вид на отпад, кој Бургес го собирал со години и го втемелувал во неговата куќа на дрво. Внатрешноста на оваа 11-катница меѓу гранки е импозантна и во неа има мноштво соби, спирални скалила, па дури и светилиште и хорско лоби. Оние што ја посетиле куќата, велат дека изгледа импозантно, огромно и возбудливо. За да ја конструира, Бургес потрошил 258.000 шајки. Куќата е испреплетена во бел даб висок 90 метри, кој има околу 15 метри во дијаметар во основата на стеблото. За 11-годишнината од бракот, Бургес на својата сопруга ѝ направил кула во самата куќа, односно камбанарија со впечатлив поглед на околината. Во шега

вели дека тоа е најчудниот, но и најубавиот апартман во округот Камберленд. Бургес по професија е архитект на околина и затоа, како вљубеник во природата, значително внимание посветил и на дворот, кој го уредил со зелени површини и цветни декорации на кои пишува Исус. Како голем верник, тој сметал дека секој што ќе се качи на врвот, во камбанаријата, веднаш ќе го забележи цветниот аранжман со името на бог, при што нема потреба од други зборови. Можеби и затоа во внатрешноста на конструкцијата за која се вели дека има неколку илјади метри кавдратни површина, има и мала црквичка, олтар, дрвени крстови и слично, што укажуваат на посветеноста кон Господ. Куќата контиунирано се доградува, а пишувањето на голем број медиуми и застапеноста на Интернет привлекува сè поголем број на посетители. Само од околните држави Бургес имал по 500 посети неделно, што го прави атрактивен како кој било помал музеј.

3

04 мај 2012 ПОРТА

63


излог 3

1. Столица од дрво и инокс претставена од студенти од колеџот за уметност Kanazawa. 2. Мијалник од Mastella направен од материјалот Cristalplant. 3. Закачалка од хрватската дизајнерка Жељка Кавран. 4. „G“ столица со дезен од уметникот Roмero Britto за фирмата Inifiniti. 5. Алуминиумски декоративен радијатор од K8. подготви: Сандра ДОНЧЕВА Теохарова, дипл.инж.арх.

1

64

3

ПОРТА

04 мај 2012


излог 5

4

2

3

04 мај 2012 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 49/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ДЕБРЕШТЕ, ОПШТИНА ДОЛНЕНИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 50/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ КОМПЛЕКС НА КП 509/2, ВО КО РАДИБУШ, ОПШТИНА РАНКОВЦЕ

ОДЛУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО НА ГРАДЕЊЕ НА МЕРНА СТАНИЦА ЗА МЕРЕЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ВЕТАР НА КП 446/1 ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ КО РАМНО ОДЛУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО НА ГРАДЕЊЕ НА МЕРНА СТАНИЦА ЗА МЕРЕЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ВЕТАР НА КП 1890/2, ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ КО ОРЕЛ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ОДЛУКА ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИ, ЛОКАЛИ И ПАРКИНГ МЕСТА ВО СТАНБЕНО ДЕЛОВНИОТ ОБЈЕКТ 3.8 20 (РАДИО БРАН) НА УЛ. “ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ“ ББСКОПЈЕ, ВО ИЗГРАДБА

економија, ул. “Јуриј Гагарин“ бр. 15, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на пред физибилити студија за повеќенаменско искористување на реката Вардар. Контакт тел/факс: 3093-514, 3093-482, лице за контакт: Елена Кржаловска. Јавно отворање на понудите на ден 04.06.2012 год.

66

3

ПОРТА

04 мај 2012

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 4/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

БРОЈ: 2/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за култура, “Ѓуро Ѓаковиќ“ 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Идејно решение за изработка на скулптурна композиција во објект СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 52/2012 стар театар во Скопје. Контакт тел/факс: 02 3240519, 02 3226-920, лице за контакт: Јулијана Угриноска. ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ Плановите или проектите да НА ДОГОВОР ЗА се достават најдоцна до: ЈАВНА НАБАВКА 29.05.2012 во 12.00 часот.

БРОЈ: 511/2/2012 Назив на договорниот ОБЈАВА орган: ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА Јавно претпријатие ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ за железничка СОПСТВЕНОСТ НА инфраструктура РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Македонски железници – ОДЛУКА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО Скопје, ул. “Железничка“ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ бр. 50-б Скопје. НА ГРАДЕЊЕ НА МЕРНА ВО ОПШТИНА ШТИП ПРЕДМЕТ: СТАНИЦА ЗА МЕРЕЊЕ НА Реконструкција на ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ВЕТАР плато и други градежни НА КП 1037/2, ОПШТИНА СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 51/2012 активности на железничка БЕРОВО, КО ВЛАДИМИРОВО станица Товарна. Контакт тел/факс: 3115-419, ОДЛУКА ОПШТИНА СОПИШТЕ 3111-376, лице за контакт: ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО ОБЈАВА БР. 1/2012 ЗА Владимир Стефановски. НА ГРАДЕЊЕ НА МЕРНА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО Јавно отворање на понудите СТАНИЦА ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА на ден 29.05.2012 год. ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ВЕТАР РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КП 226/2, КП 226/3 ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО И КП 256/3, ОПШТИНА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО МОГИЛА КО Д. СРПЦИ ОПШТИНА СОПИШТЕ ОДЛУКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО НА ГРАДЕЊЕ НА МЕРНА СТАНИЦА ЗА МЕРЕЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ВЕТАР НА КП 1657/2 И КП 1657/3 ОПШТИНА СОПИШТЕ КО СВЕТА ПЕТКА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 53/2012

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 3/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на идејно решение за одсликување на плафонот во големата сала во објект стар театар во Скопје. Контакт тел/факс: 02 3240519, 02 3226-920, лице за контакт: Јулијана Угриноска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 29.05.2012 во 12.00 часот.


рубрика

ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ НОВ КВАЛИТЕТЕН ДОМ во СКОПЈЕ, ОХРИД и СТРУМИЦА

КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ШТО ВИ ШТЕДИ ПАРИ!

ОХРИД - Билјанини Извори

СКОПЈЕ - Под Водно

– Лист за предбележување на градба бр. 55295 КО Центар 2 Станови : 53, 70, 77, 81, 90, 110, 114, 127 м2 Деловен простор: 73, 80, 96, 144, 162, 300, 620 м2

- Лист за предбележување на градба бр. 90014 КО Охрид 4 Станови : 50, 55, 59, 63, 73, 81, 86, 126 м2 приземје со дворно место

СТРУМИЦА - Парк

- Имотен лист бр. 16815 КО Струмица Станови : 52, 73, 83, 91, 95, 125 м2 Деловен простор : 59, 104, 143, 247 м2

Преку проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“

Деловни простории - Имотен лист

- АДОРА Инженеринг-Скопје според пропишаните услови на проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, Ви овозможува да бидете сопственик на високо-квалитетен функционален стан изграден по светските стандарди за квалитет и животна средина, со енергетска ефикасност и сеизмичка стабилност. - АДОРА Инженеринг е лидер на градежништвото на овие простори. Нуди најквалитетна опрема, што штити од студ и сонце, фотоволтажен систем за производство на струја, сопствен паркинг простор и препознатливост по примена на најсовремените технологии и стандарди во градежништвото.

СКОПЈЕ -Ново Лисиче

СКОПЈЕ -Карпош

СКОПЈЕ- 50 Дивизија

СКОПЈЕ- Ѓорче Петров

- АДОРА Инженеринг со енергетската ефикасност на објектите Ви заштедува пари секој месец. - АДОРА Инженеринг Ви нуди СÈ на едно место: проектирање, изведба и продажба.

СКОПЈЕ - Аеродром

СКОПЈЕ -50 Дивизија

СКОПЈЕ-Црниче

- АДОРА Инженеринг Ви овозможува среќен, топол, современ и сигурен ДОМ. Во ова кризно време донесете паметна одлука за траен влог за Вашата безгрижна иднина!

Резиденција со 8 (осум ) елитни станови (83 м2)

Адора Инженеринг, Орце Николов 182 А, Карпош, Скопје Скопје 072 204024, 070 365738, 075 240003, 02 5215215 Охрид 075 244244, 072 204024, 070 365738 Струмица 034 523335, 072 228026

sales@adora.com.mk info@adora.com.mk ПОРТА3 www.adora.com.mk 04 мај 2012

67



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.