Porta3 br.187

Page 1

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

винка дубелдаМ

90 денари / БРОЈ 187 / ПЕТОК 13.07.2012 година VIII

Холандски прагматичар со американска кариера Мартин Пановски

Современа градба во духот на чаршијата Зрното ориз како мотив


рубрика

2

3

ПОРТА

13 јули 2012


ГОДИНА Viii

БРОЈ 187 ПЕТОК 13.07.2012 драги читатели, на композицијата на фонтаната се мотивирани од амбиентот и спецификите на Кочанскиот регион - оризот, оризовите полиња и Осоговските планини. Употребувајќи ги своите производи компанијата „Финфорест“, која важи за една од најголемите и најразвиени компании од областа на дрвна индустрија, за свои потреби, успеа да ја изгради најголемата и највисока деловна зграда од дрво во Европа. Оваа петкатница се простира на 13.000 м2 и е составена од илјадници префабрикувани и посебно направени елементи од дрво. Холандски прагматичар со американска кариера. Холанѓанката Винка Дубелдам, сопственичка на архитектонското студио „Архитектоникс“ од Њујорк, специјално за „Порта3“, раскажува кои се причините за заминувањето во Њујорк, зошто сака да работи со нови материјали, зошто е битно студиото да не прерасне во голема компанија и како го доживува просторот на Балканот

од редакцијата

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ЕНТЕРИЕР, ФРИЗЕРСКИ САЛОН "AiDA", ЊУЈОРК

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ВИНКА ДУБЕЛДАМ

Холандски прагматичар со американска кариера 90 денари / БРОЈ 187 / ПЕТОК 13.07.2012 година VIII

Со поддршка од Министерството за здравство и ФЗО, и со сопствени средства од Градска општа болница „8 Септември“, е изведен нов центар за дијализа кој се простира на 700 м2 и е лоциран на деветиот кат на објектот. Новиот центар е изведен и проектно адаптиран од фирмата „ДОТ Архитекти“, според највисоките национални и меѓународни стандарди и услови за извршување на услуги за дијализни третмани на пациенти. Резултатот од изградбата на новиот Центар за дијализа е современ објект, кој освен мултифункционалноста има хумана и топла нота. Во Кочани, градот на културата за 2012 година, на плоштадот кај Трговскиот центар пред околу месец дена беше пуштена во употреба новата Градска фонтана. Нејзината приказна започнува од крајот на 2009 година, кога на анонимниот конкурс за градска фонтана распишан од општината едногласно за првонаграден беше избран трудот на архитектот Александар Петровски од Скопје. Елементите

Редакција:

МАРТИН ПАНОВСКИ

Современа градба во духот на чаршијата Зрното ориз како мотив

Автор: винка дубелдаМ (ArCHi-teCtoniCs), ЊУЈОРК

лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

ЗДРАВСТВЕНИ ОБЈЕКТИ 16

ЦЕНТАР СО НАЈВИСОКИ АРХИТЕКТОНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ СТАНДАРДИ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

20

ИНТЕРВЈУ 20

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

30

ВИНКА ДУБЕЛДАМ ХОЛАНДСКИ ПРАГМАТИЧАР СО АМЕРИКАНСКА КАРИЕРА

Печати: Европа92 - Кочани

РАЗГОВОР 30

МАРТИН ПАНОВСКИ - СОВРЕМЕНА ГРАДБА ВО ДУХОТ НА ЧАРШИЈАТА

ЕНТЕРИЕР 36

36

ВРЕМЕ ПРЕТВОРЕНО ВО ЕСТЕТСКА ЕКСКЛУЗИВНОСТ

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 39

жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

НАЈВИСОКАТА ДЕЛОВНА ЗГРАДА ОД ДРВО ВО ЕВРОПА

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ХОРТИКУЛТУРА 56 БОЛЕСТИ НА РОЗАТА ВО ГРАДСКОТО ЗЕЛЕНИЛО

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ

16

РЕГИОНИ 10

ЗРНОТО ОРИЗ КАКО МОТИВ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

56

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.




инфо

Македонско-руска соработка

Македонија чекор напред во гасификацијата? Со проектите договорени во Русија треба да се обезбеди подобрување на конкурентноста на македонската економија, стабилна достава на гас до македонските домаќинства и до претпријатијата, што треба да им помогне да добијат сигурен извор на енергија кој ќе биде еколошки и поевтин, a секако и работа за градежниците

М

акедонија е пред нов предизвик. Ако се верува на владините претставници Македонија од неодамна e чекор напред во процесот на приклучување во гасоводот „Јужен поток“ и гасификацијата на државата. Тоа го тврди вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски. Други пак велат дека Македонија ќе добие уште едно „слепо црево“, дека нема ништо од зделкава и слично. При неговата неодамнешна работна посета на Руската федерација, македонската страна во Русија ја доби нацрт-спогодбата меѓу владите на двете земји за соработка при изградба на гасоводна инфратруктура за испорака

6

3

ПОРТА

13 јули 2012

на гас во Македонија. Исто така, беше потпишан меморандум за соработка меѓу „Стројтрансгас“ и Македонски енергетски ресурси за изградба на гасоводниот систем во Македонија, односно магистралниот гасовод Клечовце-Штип-НеготиноКавадарци, во вредност од 75 милиони долари, од кои 60 милиони се обезбедени со наплата на клириншкиот долг на Руската Федерација, а 15 милиони се обезбедени од Владата на Република Македонија. Според плановите, градбата на „Јужен поток“ треба да почне во декември годинава во Русија, во деловите каде ќе бидат изворите на гас и постепено до крајот на 2015 година да заврши комплетно. „Јужен поток“ кој има два крака, од Русија треба да поминува низ Бугарија, Србија,

Хрватска, Словенија и Австрија и вториот преку Грција и Албанија до Италија. За Македонија ќе биде пуштен крак, кој засега не е е утврдено дали ќе биде од Грција или од Србија. Секако дека приклучувањето на Македонија во овој проект е од заеднички интерес и за граѓаните и компаниите во Македонија, како и за ширење на пазарот на руската компанија. Откако правни и енергетски експерти ќе ја проучат спогодбата и ќе се доусогласи текстот, како и во другите седум држави кои се вклучени во проектот, ќе треба да се формира мешовита компанија која ќе работи на реализација на кракот од гасоводот во Македонија. Со проектите треба да се обезбеди подобрување на конкурентноста на македонската


инфо економија, стабилна достава на гас до македонските домаќинства и до претпријатијата, што ќе им помогне да добијат сигурен извор на енергија кој ќе биде еколошки и поевтин, a секако и работа за градежниците. Воедно, се прави чекор напред во реализацијата на гасоводниот систем и обезбедувањето приклучок на најзначајниот транспортен коридор на гас. Според македонскиот вицепремиер и министер за финансии, ова е значајно и политичко и пред сè економско прашање за подобрување на конкурентноста на македонската економија, и смета дека ќе беше лошо доколку Македонија останеше надвор од овој проект. „Имаме квалитативен исчекор напред и во реализацијата на националниот гасоводен систем и вклучувањето на Македонија во 'Јужен поток'. Ова што се случи и што ќе се случи со националната гасоводна мрежа и вклучувањето во 'Јужен поток' е извонредно стратешко прашање за Македонија, бидејќи се вклучуваме во меѓународните транспортни коридори на гас кои во наредните десетици и стотици години ќе го пренесуваат гасот од полињата каде го има до Европа. Значи ќе беше лошо ако Македонија останеше надвор од тие текови. Сега практично обезбедуваме стабилен извор на гас за сите идни генерации, за стопанството, за граѓаните. Ќе може сите да го користат, а верувам дека на тој начин и цената ќе биде пониска бидејќи кога има поголема количина и повеќе корисници ќе може да дојде до намалување на цената“, изјави министерот Ставревски. Тој рече дека спогодбата за затворање на клириншкиот долг на Русија кон Македонија бил потпишан во 2010 година, кога е договорено дека 60 милиони долари ќе бидат вратени преку изградба на националната гасоводна мрежа во Македонија, а сега практично се потпиша меморандум меѓу двете фирми од македонска и руска страна, кои ќе го градат гасоводот со кратка временска рамка до кога треба да ги доусогласат условите, да ја достават Русите понудата и да се почне реализацијата до крајот на годината. „Многу понапред и поконкретно сме во процесот“, рече министерот, кој појасни дека сега „Стројтрансгас“ треба да ја достави финалната понуда. Нивна екипа во средина на јули ќе дојде во Македонија за да се усогласат техничките детали, потоа ќе може Русите да ја достават понудата, што се очекува најдоцна да се случи септември-октомври и веднаш потоа да почне изградбата. Гасификацијата ќе ги опфати сите градови во Македонија. За вториот проект, вклучувањето на Македонија во „Јужен поток“, министерот

Неготино и Кавадарци - проект за кој сè истакна дека сега по врачувањето на нацртуште не се знае во која фаза е, иако се спогодбата, имаме одговор практично зборува за негова реализација наесен! од руска страна на нашето барање за Што ќе биде со другите градови? вклучување на Македонија во овој проект, Што се однесува до повлекување односно Македонија е прифатена од страна на рускиот долг во готовина, како што на Владата на Руската Федерација. „Сега, бараат некои, тоа е само убава желба. конкретно ќе ја дискутираме таа спогодба. Заговорниците на оваа идеја треба да Штом ќе ја доусогласиме се формира мешовито претпријатие руско-македонско за знаат дека во таков случај долгот ќе беше драстично намален. На пример, Македонија изградба на тој крак што ќе биде изграден ќе можеше да се надева на најмногу девет во Македонија“, појасни Ставрески. милиони долари! Впрочем, сите земји на кои Изградбата на кракот кон Македонија, им должеше поранешниот СССР, во најголем според министерот, ќе биде позната кога ќе дел за своите побарувања купија руска се стигне до разводната точка во Бугарија. опрема, оружје или услуги. Оние што сакаа „Првично треба да заврши изградбата под готовина, добија средства десеткратно Црно Море до Бугарија и кога ќе стигне намалени. На пример, Германија, која до Бугарија еден крак оди кон север до побаруваше околу пет милијарди долари Европа, еден доаѓа кон Македонија“, се задоволи со 500 милиони во готово. појасни министерот, кој додаде дека на Конечно, колку ова прашање е политичко, средбата во „Газпром“ им било кажано и покрај, пред сè, неговата економска дека до декември оваа година ќе почне важност? Политиката и економијата се изградбата на „Јужен поток“, и ќе трае преплетуваат. Тоа го знаат добро нашите до 2015 година. Преку системот ќе бидат политичари и секоја нивна одлука треба пренесувани 63 милијарди кубни метри гас. добро да се извага. Зад секој економски Како што бидува кај нас, и оваа вест потег стои длабока политика, која станува предизвика спротивставени мислења. видна во подоцнежните фази, иако во Едни ја фалат, други ја критикуваат. некоја форма е најавена уште на почетокот. На пример, дека потпишувањето Затоа, за да се коментира треба да се видат меморандум не значи ништо, односно документите што ги потпиша министерот има примери на илијадници потпишани Ставревски, односно нацрт-договорт што такви документи, но ништо од тоа. му е предаден. Да се види што сè има во Кога се зборува за гасификацијата, треба нив. А дека ќе има политичка цена во целата да се има предвид дека и при постоење работа не треба никој да се сомнева. гасовод со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно, тој е речиси неискористен. Се користи некаде со околу 20 проценти од капацитетот. Тоа пак ја прави цената на гасот многу повисока во однос на соседните земји, каде што искористеноста е поголема. Значи, треба најнапред да се води сметка за зголемување на потрошувачката на гас. Гасификацијата е прв чекор кон тоа. Штета е што власта не ја поддржа гасификацијата на Струмица, па градот, при гасовод дома е принуден со гас да се снабдува од соседна Бугарија. Затоа, сега ќе биде важно проектот на ул. Загрепска бр.28, 1000 Скопје www.atlantikliftovi.com.mk atlantikliftovi@yahoo.com гасификација, дали ќе ги опфати само Штип,

АТЛАНТИК ЛИФТОВИ

тел.: +389 78 339 704; 70 480 999

3

13 јули 2012 ПОРТА

7


скопје

Повторно измени за локацијата во централното градско подрачје

Банкарите ќе се сместат на плоштад „Македонија“

Н

овото седиште на Народната банка на Македонија (НБРМ) ќе биде на плоштадот „Македонија“, односно вработените и раководството ќе се сместат во зградата што ќе се гради до комерцијалниот објект „Лумикс“. На јавен оглас се бараат понуди за идејно архитектонско решение, но во него не се прецизира локацијата за која е распишан конкурсот. Сепак, деталите од конкурсот се доволно јасни за да е познато за која локација станува збор. Тоа е парцелата што беше планирана за црква, но чија маркичка беше избришана по низа негативни реакции во јавноста. Потоа беше зацртана зграда со намена

„државни функции“, со висина од десет ката плус поткровје, на површина од 962 квадратни метри. Како ќе изгледа новата висококатница во центарот на градот, од каде и како ќе се влегува и, што е најважно, како ќе се обезбеди пред с` безбеден пристап до трезорите на банката, засега останува нејасно. Дотолку повеќе што објектот ќе биде во пешачка зона. Од НБРМ велат дека токму конкурсот ќе треба да го даде изгледот на новиот објект. Исто како што и прашањето за непречен пристап до зградата и изведувањето трезор се меѓу основните барања за кои решение треба да понуди идејниот проект. Во конкурсот нарачателите бараат идејниот проект да понуди простор за

Дали на овој простор ќе никне новата зграда на Народна банка? 8

3

ПОРТА

13 јули 2012

визура на порта „Македонија“ и споменикот „Воин на коњ“. Наведуваат и други детали за уредување на внатрешноста, како катови, содржини, но и за надворешноста - на пример за сообраќајот, влезот и излезот од оваа зграда или фасадното решение, за кое не е јасно во кој стил ќе биде - слично како објектите со барокен дизајн во околината. Сепак, како ќе изгледа новата зграда на Народна банка, најверојатно ќе се знае до крајот на годинава. Крајниот рок за пријавување идејни решенија е 1 октомври, по што ќе следи нивно оценување. Локацијата на НБРМ им е доделена со Одлука од Владата. К.С.Т.


скопје

Усвоени нови дополнувања на планот „Мал ринг“

Една од локациите за споменик на Мајка Тереза

Повеќе локации за „Мајка Тереза“

М

естото на поранешниот чевлар „Кенан“ на плоштадот „Македонија“, или кај мостот „Гоце Делчев“ на кружниот тек што допрва ќе се гради, се локациите на кои е можно да се постави 30-метарскиот споменик со фонтана на светски познатата хуманистка Мајка Тереза. Ова е главната новина во последната верзија на урбанистичкиот план „Мал ринг“, кој Советот на општина Центар го корегираше неколку пати во последните две години. Дилемата околу локацијата ќе се реши во следните месеци. Познато е дека сегашната локација, во близина на „Воинот на коњ“, каде што сега се наоѓа пунктот за изнајмување велосипеди, е со површина од 680 квадратни метри. Општината, всушност, со оваа измена отстапи простор за изградба на ново споменично здание, кое доколку

се изгради со максималната дозволена висина, ќе го надвиши „Воинот на коњ“. Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ не може да потврди дека новата маркица за триесетметарскиот споменик е наменета за ликот на најголемата хуманистка. „Сè уште не е потврдено и договорено дека тој простор ќе биде наменет за споменикот на Мајка Тереза. Постои уште една можна локација, а тоа е кружниот тек кај мостот Гоце Делчев. Каде ќе се постави споменикот допрва ќе договориме со индиските донатори“, вели Тодоровиќ. Дополнувањата на „Мал ринг“ се втори оваа година и нудат маркичка за нов објект до Македонската опера и балет, кој е предвидено да биде комерцијалноделовен, а за чија изградба веќе имало заинтересирани странски инвеститори. Освен овие измени, во планот остануваат замислите како подземен пристап за

зградата на владејачката партија кај „Технометал-Вардар“ и надградба од три на седум ката, нов мост спроти Поштата за панорамското тркало, како и два нови сплава на реката Вардар. Воедно и пешачко решение за улицата Димитрија Чуповски, сообраќајницата што поминува покрај „Рекорд“. Замислата на планерите е со тек на време сообраќајот да го спуштат под земја, а реонот над улица Македонија и околните улици - целосно да им припаднат на пешаците. Зацртани се и два кружни тека на краевите на булеварите Партизански одреди и Илинденска. А среде нив - место за споменици. Исто така, останува предвидената улица на кејот 13 Ноември, која ќе служи за движење на автомобили од „Холидеј ин“, па се до катната гаража што ќе се гради зад „Метропол“. К.С.Т.

3

13 јули 2012 ПОРТА

9


региони

КОЧАНИ

Зрното ориз како мотив Фонтаната не претставува бариера во просторот туку напротив, има функција на интегрирање на околниот простор како главен централен елемент. Таа е креирана со седум лаци, симболика на планинскиот пејзаж околу Кочани.

В

о Кочани, градот на културата за 2012 година, на плоштадот кај Трговскиот центар пред околу месец дена беше пуштена во употреба новата Градска фонтана. Нејзината приказна започнува од крајот на 2009 година, кога на анонимниот конкурс за градска фонтана распишан од општина Кочани едногласно за првонаграден беше избран трудот на архитектот Александар Петровски од Скопје. Со идејното решение, авторот ја третира фонтаната како скулптура и архитектонски објект кој треба да функционира во текот на целата година. Со елементите на композицијата на фонтаната, кои се мотивирани од амбиентот и спецификите на Кочанскиот регион - оризот, оризовите полиња и Осоговските планини, авторот создал динамичен, современ и автентичен објект. Зрното ориз како централен мотив се развива во елипсовидна форма на лаците и во основата на фонтаната. Фонтаната не е бариера во просторот туку напротив, има функција на интегрирање на околниот простор како главен централен елемент. Движењето околу и низ фонтаната

10

3

ПОРТА

13 јули 2012

како и нејзината транспарентност е еден од нејзините битни аспекти. Во контекст на таа идеја, дното на фонтаната е поставено на приближно иста кота со околниот плоштад, и се овозможува непречено движење низ неа преку целата година, со што се анимираат жителите на градот, особeно младата популација, и во зимскиот период кога фонтаната не се користи за нејзината примарна намена. Во основа, таа има елипсовидна форма со внатрешни димензии 540/840 см, кои се добиени според нејзината оптимална големина во просторот во однос на околните објекти и овозможување слободна циркулација околу неа. Поставена е во визуелното вкрстување на двете главни оски/патеки по кои се пристапува кон плоштадот. Во нејзиниот центар е поставено стилизираното зрно ориз со височина од 110 см изведено од инокс полиран до висок сјај со златна нијанса. Тоа е опкружено со седум лаци, симболика на планинскиот пејзаж околу Кочани. Тие се изведени од инокс полиран до висок сјај наклонети за агол од 22 степени со што се добива динамичен и модерен склоп од елементи кои создаваат различни перспективи од секоја точка на

гледање. Тој агол има свое дополнително, симболично значење бидејќи ја претставува географската должина на Кочани. Најмалиот лак има височина од 170 см, а највисокиот 300 см. Со тоа геометриската рамка на фонтаната е пропорционирана според низата на Фибоначи 3-5-8. Секој лак е изведен од главен носечки кружен профил за кој странично се заварени иноксни флахови кои имаат своја профилација, а во нивниот долен дел се поставени иноксни кружни профили. Низ едниот профил тече вода и на него вертикално надолу се поставени дизни специјално изработени за оваа намена, кои создаваат воден млаз кој е конзистентен по целата височина на својот пад. Режимот на течење на водата, како и осветлувањето, е програмиран со автоматика. Има неколку режима, кои се базираат на континуирано течење на водата што паѓа од долната страна на лаците и формира водни завеси, кои потоа се исклучуваат заедно или наизменично за да во даден момент млазот што излегува од врвот на зрното стане повисок и поинтензивен. Играта на водата е поткрепена со осветлувањето, изведено од ЛЕД ленти поставени од долната страна 


региони

3

13 јули 2012 ПОРТА

11


региони

12

3

ПОРТА

13 јули 2012


региони

на лаците и по периметарот на елипсата, како и вградени ЛЕД светилки поставени во подот околу зрното. Со различните режими на активирање на водните млазови и осветлувањето се создаваат сензации кои го анимираат околниот простор. Водата од подот на елипсата се собира во одводен канал поставен по периметарот на елипсата и се враќа во системот за рециркулација. Атмосферската вода од плоштадот е

прифатена од собирен канал поставен од надворешната страна на елипсата. И двата канали се покриени со иноксни решетки. Партерното уредување е дискретно и во функција на фонтаната. Плочникот во елипсата е од базалт кој има темно сива боја, околу фонтаната се формира уште една елипса од бел гранит со што таа се потенцира како централен елемент. Истото се однесува и на дизајнот на канделабрите

изработени од инокс, и чии форми се во корелација со облиците на фонтаната. Покрај авторот, придонес дадоа општинските власти, изработувачот на изведбениот проект МДЦ „Архитектоника“, изведувачите „Жикол“, „Исток-Мермер“, „Елмо-Техна“, АИС Компјутери и особено „Тинг“ од Кочани, кои ги вградија желбата, љубовта и знаењето во реализацијата на овој проект. 

3

13 јули 2012 ПОРТА

13


градежништво

Истражување на сеизмичката повредливост на

Објектите во Полог со задоволителна сеизмичка отпорност Идентифицирање на слабите конструкции е од голема важност при проценка на загубите во случај на можен силен земјотрес во иднина и поставување на приоритетните критериуми за зајкнување на овие конструкции

Н

еодамна на Градежниот факултет во Скопје, под менторство на проф. д-р Елена Думова-Јовановска, беше одбранета докторската теза на м-р Енис Јакупи, дипл.инж.арх., асистент на Факултетот за применети науки на Тетовскиот државен универзитет, насловена „Определување на сеизмичката повредливост на постоечки станбени згради и објекти за семејно домување во полошката котлина“. Последните земјотреси насекаде во светот, влијаеле на формирањето на свеста, особено во сеизмички активни подрачја, за потребата од реална процена на можните последици на идните земјотреси. Вакви проекти на можни сценарија, денес се реализирани во многу земји во кои се вклучени различни бази на податоци кои се основа за секое истражување. Во дисертацијата на Енис Јакупи, прикажана е вообичаена постапка при формирање на база на градежниот фонд на згради во еден регион, со користење на типски формулари. На крајот е предложен образец, кој би можел да биде применет и за нашите градови. Во дисертацијата е обработен еден актуелен проблем од областа на повредливоста на постоечките објекти при сеизмички дејства. Денешната регулатива од доменот на сеизмичкото проектирање во нашата земја, освен што не е иновирана од 1981 година, кога се донесени последните прописи за асеизмичко проектирање, на ниту еден начин не ја третира доверливоста на изведените објекти. Во светот денес ова е многу значајно поле на истражување, па од голема важност е покренувањето на иницијатива за прибирање на податоци и формирање на база на податоци неопходни за согледување на постоечката состојба. Потребно е покренување на сериозни истражувања и добивање на корисни резултати во овој домен. Оваа дисертација претставува еден обид да се направи процена на сеизмичкиот ризик на територијата на

14

3

ПОРТА

13 јули 2012

одбран регион во Република Македонија, поточно Полошката котлина. Во тезата е прикажана целата процедура, тргнувајќи од подготвителната фаза, со осврт на сите активности и релевантни информации кои е потребно да се спроведат пред самите пресметковни процедури, преку самите методи за пресметување, до постигнување на крајните резултати кои може да бидат на ниво на една зграда или водат кон формулирање на сеизмички сценарија за една потесна или поширока територија. Современите процедури за процена на повредливоста на згради примарно се фокусирани на конструктивниот систем, капацитетот, проектот и параметрите на одговорот. Овие параметри би обезбедиле пореална процена на очекуваното однесување во колку изградениот објект ги рефлектира пропишаните конструктивни и архитектонски карактеристики и услови. Армирано-бетонски рамкови конструкции

се најчесто користени типови на конструктивни системи во армиранобетонските згради во овој регион. Иако актуелните сеизмички прописи овозможуваат задоволително однесување на армирано-бетонските згради, сè уште постои голем број сеизмички слаби неадекватни конструкции што не се потврдени со овие прописи. Идентифицирање на слабите конструкции е од голема важност при проценка на загубите во случај на можен силен земјотрес во иднина и поставување на приоритетните критериуми за зајкнување на овие конструкции. Главна цел на ова истражување е да се развие детална процедура за проценка на повредливоста базирана на поместувањата за армирано-бетонските конструкции на згради во Полошката котлина. Дисертацијата е организирана во 6 поглавја и еден прилог. Во првата глава е даден краток преглед на постојните

Сеизмолошката мапа на Р.Македонија


станбени згради и објекти во Полошката котлина концепти за проучување на повредливоста кај конструкциите на зградите како и методологиите за анализа на сеизмичката повредливост. Во оваа глава исто така е даден општ преглед на географската положба, релјефот, градовите и општините што влегуваат во состав на регионот, сеизмичност на регионот, сеизмички ризик и карти од просторниот план, потенцијал на сеимичкиот хазард, сеизмилошка и епицентрална мапа на Полошката котлина како сеизмички активно подрачје. Исто така е опишана изграденоста, застапеноста на поедини типови на згради и посочени се одбраните конструкции на згради за анализирање. Во втората глава се разгледува општо сеизмичката повредливост на армиранобетонски згради и поместувањето како критериум при проектирање, како нов концепт во областа на асеизмичкото инженерство. Дадени се препораките при проектирањето базирано на поместувањата, чекорите во процедурата и методите што се користат во анализата. Во овој дел е опишана нелинеарната статичка pushover анализа како процедура за процена на сеизмичкиот одговор на армирано-бетонски згради, со илустрација на пример, изработен со примена на софтверот САП2000. Преглед на досегашните истражувања за повредливоста на армирано-бетонските рамковни конструкции во сеизмички региони, моделирање и анализа потребна од оценка на оштетувањата се дадени во третата глава. Дискутирана е актуелната состојба во разгледуваниот регион и опишан е еден пристап за дефинирање на оценки на штети со пример од литературата. Овде се прикажани неизвесностите, начинот и подлогите што се користени при моделирање на зградите, карактеристики на материјалите, калибрација на параметрите на крутоста и постапка за процена на повредливоста со pushover анализа. Во овој дел се опишани и анализираните конструкции. Избраната методологија за проценка на повредливоста на армирано-бетонските згради е образложена во четвртата глава. Во овој дел е направен опис и категоризација на избраните објекти во Полошката котлина со идентификација на клучните елементи од кои зависи однесувањето на објектите во сеимички услови. Опишана е спроведената анализа и начинот на пресметување на индексот на повредливост на објектите. Во шестото поглавје се дадени релевантни заклучоци кои произлегоа од анализите извршени во истражувањето како и препораки за понатамошна работа.

градежништво

Зависност сила-поместување (static pushover curve)

Деформирана форма за рамка во правец y, и појава на пластични зглобови во чекор 7 од нелинеарната анализа при рамномерна и триаголна распределба на товарот

3

13 јули 2012 ПОРТА

15


здравствени објекти

Нов центар за дијализа при ГОБ „8 Септември“

Центар со највисоки архитекто Резултатот од изградбата на новиот Центар за дијализа е современ објект, кој освен мултифункционалноста има хумана и топла нота. Со ова, ГОБ „8 Септември“

С

о поддршка од Министерството за здравство и ФЗО, и со сопствени средства од Градска општа болница „8 Септември“, е изведен нов центар за дијализа кој се простира на 700 м2 и е лоциран на деветиот кат на објектот. Новиот центар е изведен и проектно адаптиран од фирмата „ДОТ Архитекти“, според највисоките национални и меѓународни стандарди и услови за извршување на услуги за дијализни третмани на пациенти. Притоа беа земени предвид стандардите и нормативите за изведба на здравствени објекти, од технички и функцинален аспект,

16

3

ПОРТА

13 јули 2012

вклучувајќи ги и сите позитивни сознанија и искуства од соодветната област. Дизајнот на целокупниот простор, вклучувајќи ги боите, текстурите, осветлувањето и мебелот се избрани и изработени на таков начин што ќе се намали впечатокот на институционална атмосфера. Ова беше многу тешка задача со оглед на големиот број опрема, сервисни уреди, како и условите за контрола на инфекции, па затоа се вклучени дизајнирани елементи, бои и илустрации, кои го оттргнуваат погледот од клиничките елементи. Заради карактерот на спроведување на третманот со дијализа, овозможен е директен пристап со дополнителен панорамски лифт со

две кабини, лоциран на јужната фасада на стационарот, кој има две станици – на ниво 0,00 м и на ниво 38,00 м.

ТРЕТИРАЊЕ НА ВОДА

Главниот проблем, на самиот почеток, беше снабдувањето со вода. За таа цел, со помош на архитекти специјализирани за медицински објекти и посета на неколку центри за дијализа во кус временски рок се најде решение. Во техничката просторија на девети кат покрај трите резервоари за вода од пет тона, поставен е уште еден резервоар од 1.000 литри. Во пред-третманот, водата се третира со физичко филтрирање со шест филтри, кои следат по секој степен


здравствени објекти

нски и здравствени стандарди станува регионален лидер во однос на квалитетот на севкупните услови во Центарот за дијализа.

од пред-третманот на водата до равниште на 1 микрон. Потоа, на овој начин третираната вода се внесува во систем на реверзна осмоза, каде се врши физичко филтрирање на субмикронските артикли на сите растворени минерали и соли во водата. Новина на овој современ систем на реверзна осмоза е што таа овозможува и термичка, односно топлотна дезинфекција на целиот дистрибутивен систем за водата.

СТАНДАРДИ

Втората новина во новиот центар за дијализа е и сопственото производство на ациден, односно кисел раствор неопходен за дијализниот процес. По завршената контрола на растворот, која

се врши автоматски, тој се складира во шест резервоари од по 500 литри. Од резервоарите ацидниот раствор со троен систем на специјални црева се донесува до секој панел, односно до секој апарат за дијализа. Сите места за дијализа се поврзани со две контролни места (на централната конзола и главната сестринска соба), со мрежен кабел, со што се постигнува можност за нивно поврзување и централизирано следење на работата на секој апарат. Сите пионерски работи во новиот центар се следени и насочувани од дури четири магистри по архитектура, сите од областа на современата медицина, како постојан дел од ДОТ „Архитекти - Медикал“.

Соња Марковска, дипл.инж.арх.

При изведба на објектот, инженерскиот тим на ДОТ „Архитекти“, во однос на користени материјали, системи на градба, како и самата изведба (вградување на специфицираните материјали и системи) стриктно се придржуваше кон европската директива 2010/31/EU, со која е пропишано подобрувањето на енергетската ефикасност на објектите. Со применетиот начин на изведба не само што се подобрува енергетската ефикасност туку се обезбедува поголем степен на остварен комфор и стандард. Надворешните прозорци и врати учествуваат со 51 отсто во топлинските загуби на eден објект. Надворешната фасадна столарија која е вградена на 

3

13 јули 2012 ПОРТА

17


здравствени објекти објектот е алуминиумска според МКС EN 12207 идентичен со EN 12207:1999. Исполната на крилата е со трослојно термопан стакло четири сезони 6/6/4/6/4 со што е запазен коефициентот на пренесување на топлина Umax=1,8 W/ m2K, пропишан со европската директива 2010/31/EU за подобрување на енергетска ефикасност на објектите. Кровот со своите топлински загуби учествува до 20 проценти од вкупните топлински загуби на објектот. Неговата правилна изолација значително придонесува за зголемување на енергетската ефикасност на објектот.

Со правилниот систем на изведба на кровот е задоволен критериумот Umax=0,20 W/m2K Подната PVC облога е хетерогена, испорачана во ролна со д=2 мм со површински завршен слој од 0,08 мм абразивна група Т, појачана со PUR заштита – TOPCLEAN. Подната антистатик PVC облога е антистатик хомогена, испорачана во ролна со дебелина д=2мм, со вкупна тежина 3000 gr/m2, со површински завршен слој од 0,15 мм абразивна група P, појачана со IQ PUR заштита, класа 34/43. Подната облога од плочки е со грес порцелански плочки, мат, Приемен дел

Просторија за третман на вода 18

3

ПОРТА

13 јули 2012

Соба за дијализа, „негативни пациенти“

со отпорност на абење во 1. класа, лепени со полимер цементно лепило и фугирање со водоотпорна смеса, врз цемента кошулка со пад д=3-5см и хидроизолација. Ваквиот начин на изведба и соодветниот избор на вградени материјали го запазува бараниот коефициент на пренесување на топлина за меѓукатна конструкција над греан простор Umax=1.35W/m2K.

HVAC – СИСТЕМ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА И КЛИМАТИЗАЦИЈА Системот за вентилација и климатизација е изведен според врвната модуларна


здравствени објекти технологија, климатизација со директна експанзија - модуларен VRV III систем (variable refrigerant volume) на производителот Daikin (Japan). EN 15232 DIN V 18599. Изведениот систем е екстремно енергетски ефикасен и штедлив, со ниска емисија на CO2. Работи потполно автоматизирано и безшумно. Со избраниот систем за вентилирање се обезбедува 100-настотна вентилација, односно потполно исфрлање на загадениот воздух и негова замена со свеж. Системот е избран според EN15241 / EN13790. Инсталирани се вкупно четири

рекуператори: VKM 100G и VAM 1000FA. Дистрибуцијата на воздухот се врши преку флексибилни црева и алуминиумски решетки за дистрибуција со регулација. Рекуперацијата на термичката енергија од отпадниот воздух кон свежиот е од 74 до 78 проценти. За надоместување на подготовката на воздухот (загревање/ ладење) самиот рекуператор има вграден загревач/изладувач со директна експанзија, со што воздухот се подготвува до неговото исфрлање во предвидениот простор. Во всисниот канал за чист воздух се монтирани филтри за филтрирање на

воздухот (класа F9) и каналски UV ламби за уништување на бактериите на влезот во рекуператорот. Во својата конструкција рекуператорите имаат пригушувач на звук, со што бучавоста е 29-32 dBA. Фузијата на сите новини и детали резултира со современ објект, кој освен мултифункционалноста има хумана и топла нота. Со ова, ГОБ „8 Септември“ станува регионален лидер во однос на квалитетот на севкупните услови во Центарот за дијализа. Овој Центар ќе биде пример и поттик за сите идни медицински објекти во нашата земја.  Соба за дијализа, „позитивни пациенти“ (B и C хепатит)

Соба за дијализа, изолација

3

13 јули 2012 ПОРТА

19


интервју

Винка Дубелдам (Archi-tectonics), Њујорк

Холандски прагматичар Последниот во низата големи архитектонски настани оваа пролет во Белград се случи во хотелот „Зира“ на 10 и 11 мај, каде компанијата „Пројметал“ по четврти пат ја организираше меѓународната конференција „Блок“. Како и претходните години на конференцијата учествуваа еминентни стручњаци од Србија, регионот и пошироко. Една од учесниците беше и архитектката Винка Дубелдам, сопственичка на архитектонското студио...

AIDA, фризерски салон, 76 улица, Њујорк

За почеток, кажете ни нешто повеќе за себе и за вашето архитектонско студио?

 Како холандски архитект дојдов во Њујорк на мастер студии при универзитетот Колумбија. Досега сум работела за голем број архитекти на Менхетн, како што се Стивен Хол, Бернард Шуми и Питер Ајзенман, за да после тоа основам свое студио. Се работи за една многу интересна приказна, сакам да кажам дека сево ова се случи затоа што падна Берлинскиот ѕид. Тогаш работев во студиото на Питер Ајзенман, кој имаше голем број проекти во Германија, и кога дојде до падот на 20

3

ПОРТА

13 јули 2012

ѕидот во првиот период луѓето станаа многу конзервативни и исплашени што се однесува до архитектурата. Во тој период јас побарав отсуство на два месеци, сакав да работам изложби и конкурси, но му ветив дека ќе се вратам. После месец дена ги сретнав колегите од студиото и ми рекоа дека Питер банкротирал, сите главни архитекти ги отпуштил, па претпоставив дека и јас сум отпуштена иако не бев таму. На една од изложбите запознав млада Италијанка, сопственичка на галерија на Менхетн. Таа имаше свој архитект во Италија кој ѝ го работеше проектот за

галеријата, но не беше задоволна. Кога сфати дека сум архитект, а не само уметник, ми предложи да направам предлог за галеријата. Јас тоа и го направив, нејзе и се допадна, и така го добив проектот. Во тоа време ме повикаа да предавам со Бен ван Беркел на универзитетот Колумбија. Одеднаш сè се промени, немав веќе работа кај Ајзенман, но имав галерија на која работам и предавав на Колумбија. Логичен тек на настаните беше дека ми треба и архитектонско студио. Од пријателка изајмив едно работно биро за 150 долари, и така почна мојата кариера. Тогаш никој


интервју

со американска кариера ... „Архитектоникс“ од Њујорк. Специјално за „Порта3“, Дубелдам раскажува како падот на Берлинскиот ѕид може да влијае врз кариерата на младите архитекти од Њујорк, кои се причините за заминувањето во Њујорк, зошто сака да работи со нови материјали, зошто е битно студиото да не прерасне во голема компанија и како го доживува просторот на Балканот. м-р Ѓорѓе Јокиќ, дипл.инж.арх. (Србија)

не градеше на Менхетн, тешко беше да се најде млад архитект кој работи на тој простор. Галеријата беше мал проект, но ефектот беше доста голем. Така сè почна да се придвижува, некој ќе се јавеше да се распраша за архитектот, луѓето доаѓаа, оставаа визит карта и слично. Го сретнав кураторот од Музејот на модерна уметност (МоМА) кој го стави мојот проект на изложба. Луѓето беа возбудени, а јас мислев дека е невозможно да се гради на Менхетн, предавачите од Колумбија секогаш раскажуваа дека таму е невозможно да се гради. Јас сум од Холандија и никогаш не

Винка Дубелдам

поверував дека е невозможно, доаѓам од земја каде што и да се нацрта ќе се изгради, тоа е делимично и навика, едноставно си велиш себеси: јас тоа можам! Како изгледа студиото „Архитектоникс“ денес?  Ние секогаш работиме и на големи и на мали проекти, и немаме желба да станеме големо архитектонско студио. Во нашето студио има петнаесетина луѓе, некогаш ги има повеќе, некогаш помалку, но секогаш тоа е приближната цифра на вработени. Кога студиото е со таква големина секогаш можам да бидам вклучена во проектите,

сакам да бидам архитект, да дизајнирам, а не да бидам менаџер на едно студио. Со ваква организација можеме да градиме три до четири згради, што е сосема доволно за нас. Кога еден проект ќе биде во рана фаза, некој друг ќе биде во поодмината, и секогаш стигнуваме да работиме на нив. Работиме на мали проекти, некогаш тоа е скоро концептуална работа, се трудиме да не се фокусираме на големо или мало, се трудиме да немаме став како сме премногу важни па не можеме да работиме и мали проекти, секогаш работиме и мали проекти. Научив дека ако работиш мали проекти 

3

13 јули 2012 ПОРТА

21


интервју Schein, резиденцијален објект, Сохо, Њујорк

Schein Loft

ќе добиеш и големи. Некогаш луѓето имаат големи проекти, но за почеток даваат помалку. Тоа е некој вид на тест, ако им се допадне тогаш добиваш и голем проект.

Вие сте архитект кој се школувал во Холандија и во Америка. Можете ли да ни кажете какво влијание на вас имаше архитектурата на Холандија и архитектурата на САД, како се доживувате, како американски или како холандски архитект?

 Не размислував за ова се додека уредникот на списанието „А+У“ не ме посети во студиото. Ме слушаше како раскажував и на крај ми рече: вие сте прагматичар кој го комбинира тоа со американската економска страна. Тоа е можеби и она што го сакам во Холандија, таму научивме да ги пресметуваме структурите, да дискутираме и да ги браниме нашите идеи, додека она што таму ни недостасува е повеќе теоретско, Vestry, станбена зграда, Трибека, Њујорк

22

3

ПОРТА

13 јули 2012

концептуално и филозофско учење. Кога живеев во Холандија ми недостасуваше интелектуалната страна во архитектурата, и заради тоа сакав да студирам на универзитетот Колумбија. Тоа беше причината што дојдов во Америка, затоа што сакав да ја знам и таа друга страна на архитектурата, затоа и работев кај Ајзенман, кој знаеше многу добро да го комбинира тоа. Се обидов да ги „пополнам дупките“ во знаењето, работејќи и учејќи истовремено.

Прочитав дека вашата архитектура може да се дефинира како комбинација на одржливи материјали и паметни технологии, како вие го гледате тоа?

 Ме интересираат нови работи, иновација и концепт. Размислувам каква ќе биде улогата на зградата во општеството сега и во следните 100 години, тоа е нешто за што луѓето престанаа да се прашуваат, а

јас сакам да ги поставувам тие прашања и да тргнувам од почеток. Што е живеалиште сега, што е комбинација, што е облакодер? Јас лично верувам дека треба да биде вертикален град, комбинација на јавно и приватно кое е добро интегрирано во град. Ние тргуваме од скица, како треба да се оптимизира и да се биде иновативен. Луѓето што работат нови материјали нас нè сакаат затоа што сме желни да експериментираме со нови производи. Сега работиме на еден проект каде фасадата нема да има потреба од одржување, тоа инаку е многу напорно и скапо. Ние користиме материјали кои траат долго, нема потреба од одржување освен перењето прозорци. Кога имаат нов производ, производителите не викаат знаејќи дека сме заинтересирани за иновативни работи. Се обидуваме многу од тоа да испробаме, така што зградата секогаш има некои интересни работи Vestry


интервју како проѕирен камен, креативна употреба на вода за рефлексија на фасада ...

Колку ја познавате архитектурата на овие простори и како ја гледате архитектонската сцена на Балканот?

 Уште како студент работев на урбанистичкиот план за градот Бургас во Бугарија, кој е пријателски град со Ротердам. Победивме на тој конкурс, потоа многу работев во Москва, патував во Либан, Аман, знам понешто за овие простори. Вие сте една интересна комбинација на медитеранска култура со влијание од источниот блок, овде постои нешто што ретко се гледа на едно место, римско наследство, барок, ренесанса, тоа е комплексно и посебно како економски така и политички и архитектонски. Верувам дека заради тоа сте многу флексибилни, а можеби и не толку сентиментални кон инсторијата. Ние во Холандија не копираме, не сме сентиментални, само конзервирани и постојано надградуваме. На некој начин Белград е многу модерен град кој има добра и флексибилна иднина, и проблем е кога луѓето од градската управа премногу се фокусирани на пари, а тоа е обратно размислување. Ако помислите, ние ќе створиме пари, тогаш ќе се раздвижат и други работи.

Јас лично не сакам како работел Џулијани во Њујорк, но одлично направил некои работи. Њујорк пред Џулијани беше пред банкрот, мостовите беа во лоша состојба, фасадите трошни, гас немаше. Она што тој го направил придонесе на чуден начин градот да заживее, луѓето да се вратат, средната класа да се врати, затоа што дотогаш сите живееја вон градот. Луѓето почнаа да се враќаат, да живеат и да плаќаат данок, училиштата добија нови ученици, парковите почнаа да се одржуваат повеќе. Дваесеттите години од минатиот век било многу лошо, и кога некој вели дека било одлично тогаш тој не живеел таму, бидејќи да живееш во Њујорк во двесетитте години било навистина тажно и тешко. Во 1996 година почнало да се раздвижува. Сохо бил дел на градот каде никој не живеел, а сега е друга приказна. Дизајнот станал многу важен во овој крај кој станал богат, добил галерии, продавници. Градот мора да ги прими луѓето што ќе ги средат куќите, да ги продадат за повеќе пари и да заминат, и така натаму. Голем проблем е ако градот е статичен, градот мора да живее, а да се зборува за пари на начин на кој зборува градската управа овде е погрешен. Кризата се случува кога средната класа е во криза. Холандија

успешно го решила овој проблем, ние ја подигнавме средната класа. Општеството во Холандија е доста хоризонтално и тоа е она што ѝ фали на Америка.

Би сакал да ве прашам, како е да се работи денес во однос на периодот пред кризата? Колку е променето во однос на 2008 година кога започна кризата?

 Во Њујорк е секогаш тешко. Јас преживувам така што предавам на факултет. Моментално сум директор на постдипломските студии, а како архитектонско студио работиме мали и големи проекти. Изгубивме еден голем проект, но во исто време работевме и некои помали кои ни ги дадоа наши клиенти за да преживееме. Работевме продавници, галерии, голем број ресторани и хотели, нас нè не погоди толку кризата, никогаш не е проблем во парите, туку во банките. Моите клиенти тешко добиваат кредит за градење и тогаш сè полека оди. Не беше лесно последниве години, мора да ги исплатиш сите вработени, а ние успеавме бидејќи е полесно кога имаш помало студио. Ние истовремено сме многу хоризонтално студио, како холандското општество, помалку или повеќе сите заработуваме исти пари, и затоа успеваме некако да преживееме. 

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 13 јули 2012 ПОРТА

3

23


архитектура

Работна средба на UIA за II регион во Скопје

Нова архитектонска политика за простор со нови вредности

На состанокот присуствуваа дваесетина архитекти од повеќе земји на овој регион. Беа дојдени претставници од Турција, Грција, Србија, Словачка, Азербејџан, Кипар, Латвија, Романија, Бугарија, Израел, Италија, Полска, Либан и Косово. Како гости кои ќе ја следат работата на овој работен состанок беа повикани повеќе архитекти, членови на нашата Aсоцијација, но за жал тие дојдоа во мал број!

В

о организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, на крајот на јуни во Скопје се одржа состанок на архитектите од II регион на Меѓународната унија на архитекти (UIA). Целта на овој редовен состанок, кој се одржува на секои шест месеци во некоја друга земја од овој регион, беше да се презентира досегашната работа на архитектите од регионот, проблемите во струката и повик до учесниците да разговараат и преку дискусии креативно да ги обликуваат идните настапи на вакви состаноци. На состанокот присуствуваа дваесетина архитекти од повеќе земји на овој регион. Беа дојдени претставници од Турција, Грција, Србија, Словачка, Азербејџан, Кипар, Латвија, Романија, Бугарија, Израел,

24

3

ПОРТА

13 јули 2012

Ангел Ситновски, дипл.инж.арх. Италија, Полска, Либан и Косово. Како гости кои ќе ја следат работата на овој работен состанок беа повикани повеќе архитекти, членови на нашата Асоцијација, но за жал тие дојдоа во мал број! Работната средба со поздравен говор до учесниците ја отвори претседателката на ААМ, Даница Павловска. Гостите ги поздрави градоначалникот на градот Скопје, Коце Трајановски, а веднаш по него збор зеде Ванчо Чифлиганец, како претставник на „Адора инженеринг“, која беше еден од главните спонзори на овој состанок. Средбата ја водеше потпретседателката на Архитектонскиот совет на Европа (Architects`Council of Europе), Дениз Инчедај (Deniz Incedayi), инаку професор на Универзитетот Mimar Sinan Fine Arts од Истанбул. Таа зборуваше за проблемите

со кои се среќаваме во архитектурата и архитектонската практика денес, и за значењето на овие средби и ваквите дијалози. Исто така ги запозна присутните со заклучоците од претходните средби на претседатели и членови на националните асоцијации од II регион на УИА. Во овој регион има 32 членови на националните асоцијации на архитектите. Потоа, потпретседателката Инчедај се осврна и на регионалните средби одржани минатата и предминатата година во Москва, Цирих, Будимпешта, Парис и Истанбул, како и за заклучоците од конгресот на УИА во Токио одражан минатата година. Зборуваше за подготовките што се прават за одржување на следниот конгрес во 2014 година во Дурбан, Јужна Африка, како и за следниот регионален собир што треба да се одржи во


архитектура ноември оваа година во Букурешт, Романија. На средбата се разговараше и за стратегијата што се подготвува за периодот до 2014 година, до следниот конгрес во Дурбан, за она што е досега остварено и за она што треба да се реализира. Се зборуваше за соработката меѓу различни региони на УИА, како и за соработката на членките во самиот регион. Се стави акцент на работните можности, градежното и културно наследство, туризмот и урбанизмот во секоја земја од овој регион. Се предложи да се организира биенале за млади архитекти и студенти по архитектура, да се користи повеќе интернетот и можностите што тој ги нуди. Да се учи од различни искуства, да се соработува и да се води дијалог со локалните организации, цивилниот сектор, невладините организации, како и со локалната администрација. Архитектот Антонио Риверсо од Италија, потпретседател на I регион на УИА, истакна дека луѓето во обединета Европа сè повеќе се движат и бараат нови можности за работа и соработка. Тоа не се туристички патувања, туку луѓето во време на криза што ја зафати Европа бараат нови можности за подобар живот. Од многу делови на Европа, нагласи тој, луѓето се селат и одат онаму каде што мислат дека ќе можат да најдат подобра работа и подобар живот. Локалниот начин на живот во оние места каде што има доселеници, се менува, а се менува и локалната архитектура. Се запраша како да се промени свеста на луѓето и да се направи нова стратегија за развој на градот? „Видов микс на различни градби во центарот на вашиот град “, рече тој. „Ги прашував случајните минувачи што претставуваат овие згради, но ретко некој од нив знаеше да ми

одговори“! „Што правиме ние архитектите?“ Како да ги едуцираме обичните луѓе, но и да ја промениме свеста за архитектурата на денешните инвеститори“? Потоа збор зеде Ел Бармаки Мишел ( El Barmaki Michel) генерален секретар на УИА за периодот од 2011 до 2014, архитект од Либан, кој е и потпретседател на Унијата на медитерански архитекти (UMAR). Се зборуваше за архитектонската политика со која се дефинира и унапредува различната култура на градење, се дава смисла на принципите на одржливиот развој во квалитетна, сигурна и здрава средина, се подигнува свеста на јавноста за значењето на локалниот пејзаж и се поттикнува транспарентноста и интеракцијата на сите заинтересирани страни во процесот на неговото обликување. Интензивирањето на процесот и вклучување во европските и светските текови трае на сите полиња, па така и на полето на дефинирање и заокружување на градителскиот идентитет втемелен на просторните вредности и регионалните архитектонски белези. Просторот во секоја земја е посебно вреден, но тој е и ресурс кој се троши. Како таков тој мора да се чува и штити. Ставајќи ја просторната политика во приоритетна ќе пратиме јасен сигнал дека сакаме да ја сочуваме просторната привлечност и градителското наследство, како и посебноста на локалниот пејзаж, а со новата архитектонска политика ќе му дадеме на просторот нови вредности. Без оглед на тоа како ја доживуваме архитектурата, квалитетот на изградената околина длабоко влијае на квалитетот на нашите животи. Лошите просторни и архитектонски решенија се видливи и препознатливи, тие се јавни и како такви

имаат големо влијание врз квалитетот на животот, како на поединецот така и на целото општество. Оние што доаѓаат после нас ќе ја наследат архитектурата и просторните односи според нашите професионални знаења за естетски и социјални мерки и по тоа ќе ја одредуваат вредноста на времето во кое ние денес живееме и дејствуваме! Учесниците ја посетија изложбата со дела од српскиот архитект Богдан Богдановиќ, поставена во Музејот на современа уметност, по повод денот на архитектурата, а потоа од таму, пеш, се прошетаа низ Старата чаршија. Надвор од ова, за жал, би кажале дека средбата доби мал оглас во нашите електронски и печатени медиуми, а не беше поддржана ниту од управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија?! Освен претседателката на Асоцијацијата Даница Павловска која успешно со помош на неколку ентузијасти, помлади колеги, ја организираше оваа средба, никој друг не се вклучи во нејзината организација и претставувањето на Македонија на меѓународен план. Во разни средби и организирање на форуми се вклучени многу архитекти од II регион на УИА, особено од земјите на нашето опкружување. Изненадува вклучувањето на многу косовски архитекти во многу тела и форуми на УИА, додека од кај нас не е вклучен речиси ниту еден? Ова мора да се промени, ако сакаме да имаме и да водиме добра архитектонска политика, да не почитуваат како архитекти, да ги надминеме нашите суети и недоразбирања и да создадеме процес во кој ќе бидат видливи резултатите на добра организираност и повеќегодишна работа на национален и меѓународен план.

3

13 јули 2012 ПОРТА

25


архитектура

Тулса, Оклахома

Светскиот центар на нафтата Центарот на Тулса

Да се биде на вистинското место, во вистинско време... тоа значи да се биде во Тулса

В

о 1907 година кога Оклахома ја постигна својата независност како држава, малото гратче Тулса броеше популација од вкупно 7.000 жители. Тулса се одликуваше со добра локација, распространета покрај железничката пруга, со добро развиени можности за воден транспорт по течението на реката Арканзас. Во тоа време беше пронајдено огромно количество нафта, па така градот Тулса со „раширени раце“ ги пречекуваше сите оние од Соединетите Американски Држави, кои имаа желба наеднаш да се збогатат. Овој настан креираше невиден „бум“ во градот и околината како од аспект на бизнис на ниво на целата држава, така и во однос на развојот на инфраструктурата. Двојно зголемувајќи се во текот на неколку години, како и тројно како минуваа годините, градот набргу се претвори во „бум-град“. Да се биде во Тулса значеше исто како и да се биде насред бизнис за нафта, поради што во брзо време ова место стана познато како „светски главен град на нафтата“. Во основа, сите главни, светски нафтени компании имаа сопствена канцеларија во градот. Исто така, да се

26

3

ПОРТА

13 јули 2012

Франческо Читро, дипл.град.инж. (Италија/САД) биде во градот Тулса значеше да се има шансата да се доживее и забележи за колку брзо време е возможно да се промени панорамата на еден град. Во градот, цврста доверба негуваше познатиот господин Френк Филипс (1873-1950), основач на компанијата "Philips Oil", човек кој можеше да го забележи големиот просперитет во тоа време. Во негова чест неизбежно е да се посети фантастичното место Вуларок (Woolaroc), комбинација од традиционална и просперитетна Америка. Како и Њујорк, така и Тулса имаше свој сопствен центар, чиишто сопственици им дозволија на архитектите да дејствуваат креирајќи иновативно и модерно. Еден од сопствениците беше и гореспоменатиот господин Филипс. Тоа е тој нов концепт на градот со сите свои нови жители - милионери кои непрестајно работат во индустријата, постепено придонесувајќи и развивајќи нова технологија. Тие се преселија во градот Тулса од Њујорк или пак од другата страна на крајбрежјето, и нивната примарна цел беше да создадат град, место кое ќе вреди и ќе се одликува со особено значење. Овие нови жители посакуваа градот да ја рефлектира технологијата, нивното богатство и сите негови новини.

Иако останатите градови како Оклахома Сити, Канзас Сити имале слични екстремни промени во текот на истиот период со коишто градските заштитници ги украсувале своите градови и објекти, никој не може да се спореди со ексцентричниот изглед и екстравагантната наметливост на Тулса. Градот располага со огромно количество пари, стандардите се толку високи што жителите на градот Тулса се навикнати беспрекорно да трошат големи суми. Тука важи ставот „парите не се предмет“. Зградите во градот Тулса се карактеризираат со висок квалитет на архитектонски стил, орнаментика, форма, убавина, функција и просторност. Од друга страна, градот Тулса во првата половина на минатиот век ќе доживее неочекуван прогрес и изградба на приградската сообраќајна линија, како и на автопатот "Broken Arrow". Така, постепено малиот бизнис започнал да се дислоцира во приградските населби и поради тоа не постоеше особен поттик и волја за изградба на пат кон центарот на градот, со цел таму жителите да одат и да го купуваат она што им е потребно. По презаситеноста со нафта во 80-тите години на 20 век, како и масивниот удар на најголемата


архитектура индустрија, центарот на градот стана сенка на сопствената некогашна слава.

ВИЗИЈА 2025

Со цел да се ослободи простор за нови административни градби, како и во голем број случаи, огромни пространства на паркинг простори, во 60-тите и 70-тите години на минатиот век се започнало со рушење на објектите од стилот „Арт Деко“. На тој начин, симболите на богатството во градот декорирани со орнаментика во стилот на „Арт Деко“ (театри, бензински пумпи, административни згради... ) кои често пати биле доживувани како невкусни и застарени, биле во целост уништени. По нафтената криза во 80-тите години, градските сопственици се обидоа да извршат одредена диверзификација и да се потпрат повеќе кон индустрии како што е воздухопловството, но виталноста повеќе не беше присутна. Голем број канцеларии ја задржаа сопствената локација во центарот на градот, меѓутоа и многу од нив се беа преместиле подалеку од градското ткиво, поблиску до предградијата или пак целосно ја напуштија државата во потрага по поголеми и поразвиени градови како што е Далас. Актуелноста да се остане во центарот на градот по работното време беше

навистина минимална. Регионалните градови, вклучувајќи го градот Оклахома, кој ја доживеал развојната промена благодарение на програмата MAPS (Metropolitan Area Projects ) го надминале градот Тулса во секаква смисла, па поради тоа и моралот на населението било сведено на минимално ниво. Согледувајќи ги искуствата на овие регионални градови, сопствениците на градот и државата конечно дошле до констатација дека е неопходно да се фокусираат кон нов проект кој ќе го подигне градот на нозе. Се работи за проект познат како „Визија 2025“, со кој се планира да се подигне нивото на економијата и повторно да се врати во центарот на градот. За урбанистичките планери во 60тите години на минатиот век, центарот на градот и не бил толку значаен дел од градот, па затоа биле во потрага по најразновидни начини и идеи за развој на предградијата. Но, таа генерација повеќе не постои, односно сега има нова генерација на млади луѓе и бизнисмени кои раководат со градот. Овие млади „бумери“ кои израснале во предградијата на Тулса, денес се желни за раѓање на возбудувачки урбан центар. Помладата генерација се залага за создавање на едно поурбано искуство, кое работата, градските

занимливости, рекреацијата и останатите барања ќе ги позиционира на еднакво, пешачко растојание од нивните домови. За оваа целна група граѓани и конзументи помал приоритет претставува имањето на големи домови, дворови и луксузни автомобили, бидејќи поголем интерес негуваат кон општествениот животен стил. Како одговор на овие барања и приоритети е креиран мултифункционалниот проект "One Place", кој во себе опфаќа трговски објекти, хотел и резиденцијален простор, и кој во моментов се наоѓа во фаза на изградба. Ситуиран на значајна локација, спроти BOK центарот, кој претставува вистинско ремек-дело на архитектот Цезар Пели, својата прва фаза ќе ја одбележи со изградбата, т.е. со додавање на административниот објект One Place Tower кон градската панорама. Конструкторот на овој проект, Боб Иглстоун, кој исто така е дел од тимот за реализација на најновата архитектонска визијата за Тулса, и кој го изгради BOK центарот, го нарече центарот на градот свој дом откако првата лопата со земја беше фрлена за изградба на арената. „Кога го дадов под наем објектот на Second and Chenyenne со цел да се оствари визионерскиот административен центар во Тулса, секогаш во мојот ум стоеше помислата дека со

Панорама на Тулса, 1909 година

3

13 јули 2012 ПОРТА

27


архитектура "Philtower" во Тулса

текот на времето ќе дојде трговец, кој ќе сака да го откупи овој блок“. Иглстоун, заедно со својот партнер Пелегрини, беа способни и можеа да си дозволат да побараат четвртина од градската четврт за реализација на мултуфункционалниот центар. Тие заедно оперираат со она што се нарекува "the park once mentality". Можеш да извозиш со автомобилот до работа и да паркираш само еднаш. Никогаш не се здобиваш со потребата повторно да го земеш својот автомобил и да возиш со него заради задоволување на останатите основни потреби - сè што ќе посакаш веќе се наоѓа во твоето опкружување. Така, во еден единствен градски блок, младите професионалци можат навистина да живеат, работат и уживаат. Со проектот „Визија 2025“ заклучно со 2016 година, жителите на Тулса би можеле да очекуваат нов „пакет“ на хоризонтот. Проектот „Визија 2025“ претставува одличен пример за соединување на јавното и приватното. И покрај враќањето на урбаната култура во градот, центарот секогаш претставува витална компонента во однос на кој било главен град и неговите околни 28

3

ПОРТА

13 јули 2012

Објектот "One Place Tower" се планира да биде завршен до пролетта 2013.

општини. Воедно, овој проект претставува неверојатна инвестиција, каде голем број архитекти се повикани да соработуваат. Повеќе од 350 милиони долари се вложени во неодамна завршената реконструкција, како и планираните проекти кои се во процес на изградба во центарот на Тулса.

ПРИВАТЕН И ЈАВЕН СЕКТОР

Благодарение на неколку навистина посветени водачи и визионери, центарот на Тулса повторно започна да го враќа сопствениот дух. Некогашниот светски центар на нафта ја уживаше сопствената слава како национална фокусна точка, како и еден од најпрогресивните и космополитските градови во свое време. Со текот на годините, поради трендови како глобализацијата и економската рецесија, центарот на Тулса се соочи со загарантирано опаѓање, како што и постепено се претвори во сенка на сопствениот некогашен израз. Сите овие визионери од приватниот сектор претставуваа поттик за ревитализацијата на центарот на градот. Едноставно себеси се прашувам: Која е всушност тајната за ваквата ревитализација? Според некои

размислувања, тајната всушност ја претставува комбинирањето на приватниот и јавниот сектор. Ревитализацијата не може да зависи само од приватните инвестиции, односно, неопходно е да постои партнерство помеѓу градот и приватниот сектор. Знак за повторно обновената енергија на центарот на градот Тулса претставува и градскиот легендарен "Summit Club". Иако клубот зрачеше со своето иконично присуство уште од неговото отворање во 1967 година, со неодамнешното реновирање објектот се здоби со изглед на современ софистициран простор, па членовите на овој приватен клуб ги уживаат најспектакуларните пејзажи на центарот на градот, покрај елегантните бенефиции кои тие ги уживаат. За жал, резиденцијалниот простор, т.е. домувањето сè уште претставува критична компонента од виталноста на градскиот центар. Постои огромна побарувачка за домување по соодветна, достапна цена. Голем број од компаниите имаат свои канцеларии во центарот со илјадници вработени, меѓутоа никој од нив не би можел да си дозволи живот во


архитектура "Tulsa Union Depot"

оваа област. Како и да е, пресметано е дека се потребни најмалку двојно повеќе станбени единици со цел да се поткрепи порастот за побарувачка, вклучувајќи ги сите нови резиденцијални проекти. Областа позната како „Арт Деко“ сè уште претставува значајна карактеристика на Тулса, а исто така се забележува повторното враќање на нејзиниот сјај. Оваа област е вгнездена во јадрото на центарот, средина во која се наоѓаат сите заслепувачки, архитектонски „Арт Деко“ објекти, по кои градот Тулса и е славен. Неговите жители се навистина горди на промената на центарот. Бројните улични фестивали, славните туристички продавници, започнаа да носат илјадници посетители во центарот. Токму неодамна, областа „Арт Деко“ доживеа неочекуван бран на пораст, со најновото присуство од ланецот хотели Marriott, ресторанот Edward Delk's, кафетеријата Mod's, како и уште четири нови трговски продавници. Се планира развоен проект за уште една област, позната како "Blue Dome". Овој дел од центарот на градот се карактеризира со најбрз развој, благодарение на дел од бизнисмените

"Blue Dome" во срцето на Тулса

во последните неколку години. Некогашното неизмерно пространо празно складиште повторно заживеа со помош на многубројните трговски продавници, ресторани, барови, па дури и куглани. Преместувајќи се во источниот дел од градот ја забележуваме областа BOK, како и источните села кои се дефинирани со соединување на неколку населби. Областа BOK претставува пример на навистина интересен прогресивен процес. Процесот на нејзината реализација се предвидува во четири фази од кои, во првата фаза е вклучена изградбата на објектот One Place Tower, чија комплетна изградба се планира до пролетта 2013 година. Според статистиките на Tulsa Metro Chamber, објектот One Place Tower ќе се здобие со економски пораст од 150 милиони долари во следните десет години. Останатите инвестиции за развој на оваа област го вклучуваат реновирањето на старото градско собрание, претворајќи го во хотел A Loft од Vrickhugger со двеста соби и апартмани. Поранешниот објект на YMCA, исто така се предвидува да доживее конверзија во финанскиски достапно домување, паркинг простор и простор предвиден за

комбинирана намена. Примарниот план е да се обезбеди соодветно достапни апартмански простори за младата популација и за жителите што започнуваат да ги задоволуваат сопствените потреби и интереси во центарот на градот. Овој комплекс ќе претставува нешто уникатно и несекојдневно, бидејќи истовремено ќе го задржи својот првобитен лик на индустриски објект. Жителите на Тулса навистина ги ценат ваквите инвестиции поради тоа што наместо сопствениците на градот од страна да го набљудуваат постепеното тонење на градот, тие всушност се решиле да преземат одредени акти со цел повторно да го заживеат. Сите овие проекти придонесуваат за зголемување на густината, овозможуваат полесна врска помеѓу „точките“ низ градот, како и поголема фреквенција по уличните коридори. Така на крај, целиот овој акт се имплицира на отворање на нови работни места, што воедно значи повеќе луѓе, зголемени такси и пораст во економијата. Затоа, твој е оној градски центар кој ти ја овозможува уникатноста, специфичноста, особеното чувствување и восприемање на просторот. Тоа е тој вистински одговор...

3

13 јули 2012 ПОРТА

29


интервју

Мартин Пановски, „СТУДИО 2000“

Современа градба во духот на чаршијата Серијата разговори со наградените на БИМАС 2012, во овој број ја заокружуваме преку интервјуто со Мартин Пановски, архитект во „СТУДИО 2000“, чие идејно решение (во соработка со Душица Диновска) за City Center во Прилеп ја доби наградата за проект од областа на архитектурата. Станува збор за првонаградено конкурсно решение, чија изведба е започната во мај 2011 година од страна на „Дравас инженеринг“. Објектот зазема централна позиција во градското ткиво на Прилеп, и со својата појава има за цел да воспостави нови социо-културни референци во градот. Анастасија Николовска

Конципирањето на трговски центри со хибридна содржина како стратегија за урбанизирање на градското ткиво форсирано галопира последниве години кај нас. Дали според вас, овие мегаструктури имаат тенденција да го заменат непосредното активно восприемање на градот, акумулирајќи повеќе програми во единствена затворена композиција?

 Не би рекол дека трговските центри имаат хибридна содржина. Трговските центри имаат една единствена есенцијална 30

3

ПОРТА

13 јули 2012

содржина (трговија) без која објектот не може да функционира. Сите останати содржини се придружни. Единствената функција им е да ја подобрат основната содржина. И самото современо обликување на трговските центри со комплетно затворање во еден вид чаура е во функција на есенцијалната содржина. Влегувате во простор кој не е определен ни со место ни со време. Останатите програми се таму за да дадат привидна димензија на социјализација. Концептот

на тотално затворен трговски центар е развиен за приградските населби и во добар случај претставува место, репер на социјлни случувања во предградието. За жал, кај нас тоа се случува во центрите на градовите, каде сè уште е свежо сеќавањето, а некаде и функционира концептот на чаршија. Со сместување на хангари за продажба на места со богат социјален и културен контекст се врши девијација на урбаното ткиво. Се вметнува дупка во урбаното ткиво.


интервју Мартин Пановски

Дали за вас беше предизвик со една ваква мегаструктура да придонесете кон социолошко актуализирање и оплеменување на градското живеење во Прилеп?

 Да. Ова беше предизвик во смисла како да се задржи контекстот на чаршија, а да се задоволи аксиомата за максимално искористување на дозволените локациски параметри. На секој град му е потребен прогрес, инаку градот се претвора во гето. Центрите на градовите низ Македонија сè повеќе наликуваат на еден вертикален „слам“ каде дефинираното урбано ткиво во минатиот век само се надградува и доградува без водење сметка за целокупната силуета и инфраструктура на градот. Тоа покажува дека градот сака да се развива но не знае како. Се развива утилитарно дел по дел врз постоечка

градска структура. Тоа е случај и со Прилеп, каде ја насетувате претходната матрица, но гледате дека стихијно е променета и не е ставена во јасни рамки. На тој начин, сè добива хаос. Мислам дека ваквите зафати можат да претставуваат иницијална каписла за размислување, што понатаму со развојот на градот.

На кој начин успеавте да остварите симбиоза помеѓу идејата и барањата, и во една просторна целосност да ги подредите вашиот обликуван концепт и обемната програмска нужност?

 Објектот е поставен на местото на стариот пазар, непосредно до Чаршијата и новиот пазар. Во Прилеп, за среќа, зборот чаршија сè уште определува точно одреден простор во градот дефиниран со сите свои типични социјални и културни односи. Тоа беше појдовна точка при распределување

на програмата. Карактерот на просторот да остане во духот на местото (стариот пазар) со иситната структура ставена во единствена рамка. Објектот нема еден единствен влез како што нема ни чаршијата. Слободно се движите низ него. Може да се каже дека пробавме да направиме полуотворен трговски центар, кој ги пропушта постоечките градски пешачки патеки и создава нови. Вториот дел од концептот е качување на автомобилите на најгорните нивоа. Со тоа приземјето е ослободено само за пешачко движење.

Композицијата за конкурсното решение на City Center ја чинат два сегменти, кои со својата заемна припадност формираат моќна структура без рабови како логичен одговор на зададената локација. Врз кои принципи се темели генезата на оваа 

3

13 јули 2012 ПОРТА

31


интервју

бинарна структура и како таа кореспондира со организацијата на внатрешноста, намената и просторните потреби?

 Логиката на следење и максимално искористување на локацијата е неспорна. Но заоблените бели површини и структурата без рабови, сепак, не е наметната само од зададената локација. Првата моја мемориска слика за Прилеп се бело варосаните дрвја кои ве пречекуваат на влезот во градот, формирајќи бела лента која ве прати низ улицата и заоблените бели површини од симболот на Прилеп, „Могилата на непоразените“ од Богдан Богдановиќ. Во однос на структурата, испробавме повеќе модели на можна програмска поделба на објектот. Како по вертикала така и по хоризонтала. Како најсоодветно се наметна решението за сместување на гаражата на најгорното ниво. На тотално неправилна локација каква што имавме, решивме да употребиме кружна континуирана рампа за пристап до гаражата. На тој начин, останатиот простор е оставен отворен и флексибилен за во иднина да може да прими нова програма. Местоположбата и обликувањето на рампата е логичен. Се искачувате во полутранспарентен „видиковец“ во центарот на Прилеп. Самото искачување ќе е посебно доживување. Логично е и обликувањето да биде посебно. Кружно искачување е еден од најмоќните елементи во архитектурата, и за да остане моќен 32

3

ПОРТА

13 јули 2012

останатото треба да е меко и ненаметливо.

Жири комисијата во своето образложение при доделувањето на наградата за проект од областа на архитектурата за City Center – Прилеп, како особен квалитет го истакна обликувањето на фасадната обвивка, чија материјализација отскокнува од вообичаената матрица за обликување на објекти од овој тип и се карактеризира со доминантно застаклена површина. Дали станува збор за чисто естетска вредност или пак оваа обликувана постапка во себе носи утилитарна референца?

 Не. Не станува збор за формално обликување. Доколку би го затвориле, сме осудиле објект во центарот на Прилеп доживотно да мора да ја има истата програма. Тоа во најдобар случај би било неетички. Со отворањето на фасадната обвивка, флексибилната внатрешност и со надворешните скали кои водат директно до катот, објектот во иднина може да прими разни програми во зависност од потребите и развојот на градот. Во моментов оваа програма ќе функционира. Но во никој случај не треба да кажеме дека е конечна и единствена. Архитектите не можат да ги предвидат економските, социјалните, политичките и технолошките промени кои силно влијаат на градската програмска структура, туку треба да бидат спремни на брзи приспособувања кон идните новонастанати услови.

Со години наназад колективот „СТУДИО 2000“ е директно и индиректно поврзан со БИМАС, какви импресии понесовте од овогодишната програмска и организациона зрелост на оваа единствена архитектонска смотра кај нас?

 „Студио 2000“ е колектив составен од архитекти кои долго време работат како тим. Сметаме дека дружењето, размената на искуства, знаења и пред сè заедничко дејствување во едно еснафско здружение е круцијално за напредокот на архитектурата во Македонија и позицијата на архитектите во општеството. Поради ова тимот на „Студио 2000“ е активно вклучен во најголемото и најстаро еснафско здружение, Асоцијацијата на архитекти на Македонија. БИМАС во организација на ААМ е најзначајната манифестација од областа на архитектурата во Македонија. На БИМАС покажуваме што сме направиле, се оценуваме сами себе како струка и на тој начин напредуваме како индивидуи и како еснаф. Самото учеството на БИМАС покажува дали некој навистина си ја сака професијата или не. Дали живеете со архитектурата или само случајно тоа ви е работа. Слободно можам да кажам дека комплетниот тим на „Студио 2000“ живее со архитектурата. Годинава со релативно скромен буџет мислам дека БИМАС го одржува трендот на раст и развој, како со настани така и со изложени трудови. 


IZIIS SAGA-B

интервју

Решение за Европа

EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.

Прецизно моделирање со AutoCAD import

• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје

Тел. 02 3107 721 Факс 02 163 13 3112 јули 2012 ПОРТА

3

33


THE PERFECTION OF ITALIAN LUXURY –

L

ectus Group Furniture еден од врвните производители на тапациран мебел на македонскиот пазар, на 18 јуни широко ги отвори вратите на новиот салон во Тетово. Локацијата на новоотворениот салон е во центарот на Тетово на ул. Дервиш Цара бр.35 во близина на Општината. Елегантниот дизајн и пријатната атмосфера Ви нуди уникатно шопинг уживање. Топлиот дрвен под, координиран со заштитената виолетова Lectus боја, уметничките слики и салонското цвеќе Ви даваат комплетна претстава како уникатните кожни софи би се вклопиле во Вашиот дом. На површина од 300 м2 се сместени гарнитури и спални од трите колекции Elegance, In style и Good Morning Collection. „Перфекцијата на италијанскиот дизајн, инспириран од уметноста, ги доведува кожните софи направени со многу љубов до совршенство“ беше и визијата на Lectus Group-Furniture при креирање на трите колекции. Есенцијални вредности на филозофијата на Lectus Group-Furniture се: рафниран италијански дизајн и кожа со врвен квалитет. Софите се резултат на долгогодишна традиција во рачната изработка комбинирана со софистицирана технологија вградена во секое парче мебел. Во секој модел внимателно е проучена ергонометричноста за да се овозможи најдобар комфор во моментите на релаксација. Lectus Group-Furniture ви гарантира софи базирани на вашите специфични потреби од аспект на големина и комфор овозможени од директното производство. Дирекниот линк помеѓу вас, продажниот центар и производството дозволува висок степен на кастимизација и доверба во изработката на секој детаљ. Со тимот архитекти на Lectus Group-Furniture, нивната посветеност и професионална услуга најлесно ќе стигнете до решение за тоа како вашиот дом да биде исполнување на вашите соништа по достапни цени. Повелете во салоните на Lectus Group Furniture, уверете се во квалитетот на прекрасните кожни софи со избор од 73 бои на вискоквалитетна италијанска кожа, гаранција до 10 години и достава до Вашиот дом за 30 дена.

34

3

ПОРТА

13 јули 2012


– LECTUS GROUP FURNITURE

3

13 јули 2012 ПОРТА

35


ентериер

"Оntime", Скопје

ВРЕМЕ ПРЕТВОРЕНО ВО ЕСТЕТСКА ЕКСКЛУЗИВНОСТ

Ч

асовникот како традиционален елемент во опремувањето и декорирањето на домот е мошне запоставен. Како елемент не поминал низ истата еволуција и развој како многу други елементи и предмети за декорација, а всушност има значајно место во нашето секојдневие. Целта на новоотвореното студио за

36

3

ПОРТА

13 јули 2012

ѕидни часовници "ОnTime" е часовникот да добие централно место во архитектурата и ентериерното уредување, давајќи му стил и естетска ексклузивност на времето што одминува. Спојот на времето, обликот и високиот естетски израз на часовниците се основните карактеристики на студиото, изразени преку колекциите "Nomon" од Шпанија (дизајнирани од познатиот индустриски дизајнер Хозе

М. Реина) и "Signum" од Македонија (прва колекција на рачно изработени ѕидни часовници на "ОnTime") . Секој производ од овие колекции претставува посебно визуелно доживување и единствена креација, поминат низ процес на рачна изработка, во кои се вградени нечујни механизми произведени во Германија. Во изработката на часовниците се употребени врвни материјали како 


ентериер Pendulo

Bilbao

Butterfly

Cris

3

13 јули 2012 ПОРТА

37


The city

ентериер Alea

Puntero

Pars

што се природен американски орев, хромиран челик, медијапан, фиберглас и други внимателно избрани материјали. Студиото "ОnTime" се наоѓа во населбата Аеродром, спроти "Mc Donalds". Ентериерното уредување е на проектантската фирма „Биро Проект“. Главен акцент имаат ставено на централниот ѕид кој е изработен од декоративен печатен бетон (со вдлабнати

38

3

ПОРТА

13 јули 2012

фуги и декоративни штрафови на краевите) како совршена подлога за часовникот "Bilbao", кој ве остава без здив, изработен од бел фиберглас во комбинација со хромиран челик и стрелки од природен орев. На самиот влез од студиото е поставен пултот што продолжува во полици во самиот агол, изработени од бела сјајна иверка во комбинација со иверка - дезен орев. Како подлога на пултот се поставени три коцки

од кои едната е изработена од лим обоен во жолта боја. Над пултот е поставена светилката од шпанското студио за дизајн "MUT", а осветлувањето во целиот простор е решенo со рефлектори поставени по целата должина. Од другата страна на пултот е делот за седење од две плексиглас столици и масичка од транспарентен плексиглас дизајнирана според потребите со изгравирано лого на студиото. 


Модуларна зграда - врв на софтверскиот инженеринг

дрвна архитектура

Највисоката деловна зграда од дрво во Европа Целта на овој голем проект била да се докаже компетитивноста на компанијата и големиот потенцијал на дрвото како градежен материјал Александар Черепналкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија

Панорама на зградата

У

потребувајќи ги своите производи компанијата „Финфорест“, која важи за една од најголемите и најразвиени компании од областа на дрвна индустрија, за свои потреби, успеа да ја изгради најголемата деловна зграда од дрво во Европа. Оваа петкатница се простира на 13.000 м2 и е составена од илјадници префабрикувани и посебно направени елементи од дрво со помош на челични јажиња за стабилизирање и цврстина на градбата. Групацијата „Метсалито“, каде што „Финфорест“ е член, е меѓу десетте најразвиени компании во областа на дрвната индустрија во светот со повеќе од 30.000 вработени и присуство во 30 земји ширум светот. Оваа репутација „Финфорест“ ја потвди со својата нова деловна зграда која претставува

последен збор во дрвната индустрија. Деловната зграда на „Финфорест“ се наоѓа во Еспо во регионот на Хелсинки, а пуштена е во употреба во септември 2005 година. Целта на овој голем проект била да се докаже компетитивноста на компанијата и големиот потенцијал на дрвото како градежен материјал. Професионалците од градежничката фела будно го следеја целиот процес на проектирање и подигнување на зградата, а исто така и широката јавност, за која таа претставувала предмет на интерес и воодушевување. Во прилог на еколошката димензија, зградата претставува здрава средина за работа, со модерен изглед. Почетните точки од кои се развиваше овој проект беа неконвенционалната употреба на дрвото, животниот циклус на материјалот, ефектот врз животната средина, енергетска ефикасност,

светлина и секако акустичните својства. Концептот што „Финфорест“ го усвои за новата деловна зграда овозможува да се градат дрвни конструкции со употреба на модуларен систем, убедлива демонстрација на можностите на дрвото, посебно како материјал за конструктивни елементи и фасади. Објектот е на свој начин одговор на сè поголемите потреби од еко-ефикасните барања на индустријата. Покрај тоа дрвото е единствен обновлив градежен материјал во светот. Модуларната зграда беше проектирана од Helin&Co Architects, чиј проект е одбран како најдобар на конкурсот распишан од страна на „Финфорест“. Конструктивниот дел беше проектиран од WSP Finland, а изграден од PEAB Seicon. Фасадите и меѓукатните конструктивни елементи се направени од „Финфорест“, како на пример лепени ламелирани 

3

13 јули 2012 ПОРТА

39


дрвна архитектура Локација во однос на околината

носачи, термално обработено дрво за фасадите, фурнирани плочи и друго. Целиот процес на проектирање и изградба е детално документиран така што може да послужи како пример во идни проекти со ваква големина. Главната насока на проектантите не беше да проектираат зграда од дрво, туку употребувајќи различни елементи да состават еден функционален ентитет. Конструктивните солуции од дрво поткрепени со бетон и челик бара инженерско познавање од повеќе профили. До изградбата на оваа зграда, производствената технологија на материјали од дрво не е употребена во волку голем проект, а тоа претставуваше процес на учење од сите страни. Во изведбата биле

40

3

ПОРТА

приклучени многу подизведувачи, па оттаму координацијата мораше да биде беспрекорна. Успешната тимска работа придонела за успешен завршен проект. Олеснителна околност во планирањето и проектирањето на модуларната зграда е секако употребата на најсофистицирани компјутерски програми, како што е Tekla Structures. 3D планирање овозможува значителен развој во проектирањето во насока на изработување на работен модел, кој во текот на целиот процес го употребуваат истовремено архитекти и инженери од повеќе области. Вака поставениот проектански процес придонесе за брза градба на објектот. „Верувам дека употребувајќи 3D моделирање бевме во состојба

значително да ги намалиме грешките во проектиирањето, а тоа го подобри квалитетот на проектот и секако времето на градење во споредба со традиционалниот 2D метод. Иако имаше навистина сложени конструкции и комплексни детали, јас никогаш не слушнав дека има еден единствен проблем на самото градилиште“, изјави Виле Јатинен, главниот проектен инженер. Конструктивниот период на објектот траеше 15 месеци, а цената на целокупниот проект изнесуваше 26 милиони евра од кои скоро 5 милиони евра беа потрошени за купување на плацот каде е изградена зградата. Конструктивно објектот се состои од скелетна конструкција изведена од лепени фурнирани плочи (Kerto®wood)

Архитектонски цртеж, фасада 13 јули 2012


дрвна архитектура Расклопна шема

Фасаден елемент Панорама на зградата

кои можат да достигнат дебелина и до 70 сантиметри. Насоката на дрвните влакна кај сите слоеви на фурнирите кај овие плочи се лепени во иста насока, и оттаму ја добиваат големата јакост на притисок, а

посебно на истегнување. Кај меѓукатните конструкции, исто така, се употребуваат овие плочи. Фасадите, пак, се составени од лесни префабрикувани панели кои се монтираат на самото градилиште. Од

надворешната страна на фасадните панели се употребени лепени плочи од масивно дрво, а како заштита од сончевите зраци е поставено термички обработено дрво кое е постабилно на надворешни услови. 

3

13 јули 2012 ПОРТА

41


реконструкции

Величествениот театар „Баљшој“ реконструиран со материјалите на Кнауф

О

снован од страна на царицата Екатерина II на 26 март 1776 година, театарот „Баљшој“ претставува една од најмаркантните културни институции препознатливи за љубителите на врвните оперски и балетски дела. Денешната зграда во која е сместена најпрестижната руска културна икона е завршена во 1825 година по проект на архитектот Андреј Михаилов. Величественото здание досега е три пати целосно реконструирано. По првата реконструкција која следела по катастрофалниот пожар во 1853 година, театарот бил оштетен и во текот на Втората светска војна, па после завршувањето на војната е одлучено да се изврши детална реконструкција на целиот објект. Поради бројните пропусти во санацијата пред шест децении и незавидната состојба

42

3

ПОРТА

13 јули 2012

во која се наоѓаше, на 2 јули 2005 година започна најопсежната реконструкција во историјата на оваа препознатлива културна установа. Во јули 2009 година во проектот за обнова се приклучи групата „Сумма“, чиј основач Зијавудин Магомедов се јавува и како управник на театарот. Бројките поврзани со капиталниот градежен проект се спектакуларни. Секојдневно во објектот работеа 3.500 професионалци, од кои речиси 1.000 беа реставратори. Надвор од театарот работеа дополнителни 1.000 стручњаци за завршување на големата реконструкција. Целиот проект чинеше 21 милијарда рубљи или 680 милиони долари. Една од замислите подразбираше научна реставрација на ентериерот и надворешниот изглед на театарот, но клучната корекција кај зданието претставуваше продлабочувањето на подземниот простор, кој денес претставува подземна сцена која се простира на

само 30 метри над московското метро. Главниот предизвик при целокупниот процес на реновирање беше зачувувањето на историската препознатливост на објектот како споменик на архитектурата. До започнувањето на реконструкцијата, вкупната површина на театарот изнесуваше 30.300 метри квадратни, а по завршувањето на обемните работи истата се искачи на 72.000 метри квадратни. При изведувањето на целокупниот зафат, внимателно се избираа квалитетни градежни материјали од врвните светски производители. Во „Баљшој“ беше вграден спектар на производи од германската компанија Кнауф, како материјали за сува градба, така и суви градителски смеси. Материјалите на Кнауф се применети во главниот театар, но и во помошните простории сместени на подземните 6 ката. Во фоајето на културната установа, на таваните на сите нивоа се вградени


реконструкции Кнауф гипсени плочи. При облагањето на просториите со керамогранитни плочки се употребуваа популарните Кнауф лепила "Flexkleber" и "Fliesenkleber". Во рамките на објектот се применија различни материјали, како кит така и малтер од програмата на Кнауф. Особена улога во дизајнот на театарот „Баљшој“ одигра еден од најпрепознатливите производи на Кнауф на европскиот пазар – Ротбанд, врзивен глет малтер кој наоѓа примена во објекти со различна големина и кај различни видови подлоги, вклучувајќи го и бетонот. Материјалот Ротбанд е особено популарен кај амбициозните

индивидуи кои самостојно планираат реновирање или доградба на сегменти од домот или работната просторија, бидејќи се карактеризира со едноставна и брза подготовка на самата смеса. Во подземните делови на културната установа беа вградени Кнауф преградни системи за одделување на сцените, салите за проба, соблекувалните и службените простории. При реконструкцијата на најпознатиот руски објект од областа на уметноста, беа искористени 40.000 метри квадратни од различните модификации на Кнауф гипсените плочи и околу 15 километри од Кнауф профилите. Во зданието

беа вградени 40 тони суви градежни смеси, како гипсени така и цементни. По шестгодишната детална реконструкција, на 28 октомври 2011 година со свечен гала – концерт започна новата епоха на вечно младиот „Баљшој“. Операта „Руслан и Људмила“ на славниот руски композитор Михаил Глинка ја имаше несекојдневната чест да биде првото дело изведено на редовниот репертоар на историската сцена. „Кнауф“ како компанија е задоволна што придонесе во обновата на зданието што претставува културно наследство на Русија, но и синоним за врвни уметнички дела во меѓународни рамки.

3

13 јули 2012 ПОРТА

43


рубрика

Б

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk

44

3

ПОРТА

13 јули 2012

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk


рубрика

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

3

13 јули 2012 ПОРТА

45


технологии

ACTA замина во историјата!

ЕП го згасна ACTA. Но, познавачите на состојбите велат ова не е крај на договорот. Тој ќе се појави во иднина под друго име и со слични одредби. Тогаш, повторно ќе треба да се извршат проценки и доколку повторно има закани по елементарните слободи, ќе треба повторно да се излезе на улица за да се укаже на законодавците дека општеството не се согласува. Трајче Стојанов,

дипл.инж.арх.

О

длични вести од Европа. Прво, Европскиот парламент го отфрли ACTA (Anti Counterfeiting Trade Agreement), контроверзниот пакет мерки за борба против пиратеријата и фалсификувањето. Второ, Европскиот суд на правдата во Луксембург пресуди во корист на UsedSoft, германска компанија која продава „половен“ софтвер, во спорот против гигантот Oracle. И двата настани имаат големо значење, особено во

46

3

ПОРТА

13 јули 2012

слободата на користење на софтверите. Но по ред. ACTA е интернационален договор со кој се врши обид за воспоставување на изедначени мерки (стандарди) при борбата против кршењето на авторските права. Договорот особено ги таргетираше фалсификуваните производи, генеричките лекови и кршењето на авторските права на Интернет. Беше потпишан во месец октомври 2011 година од страна на Австралија, Канада, Јапонија, САД, Сингапур, Нов Зеланд, Јужна Кореја и

Мароко. Во јануари оваа година, 22 земји членки на ЕУ го поддржаа Договорот и го потпишаа. Сепак, неговата ратификација заглави. Многу национални парламенти, по протестите во јавноста, го отфрлија Договорот, а тоа го стори и Европскиот парламент на 4 јули годинава. ACTA замина во историјата. Може да здивнеме. Но, зошто толкава прашина? Европската комисија како поддржувач на Договорот, препорача негово донесување бидејќи обемот на пиратеријата и фалсификувањето доживува процут, кршејќи ги авторските права и


технологии загрозувајќи ја европската и светската економија. Меѓу другото, се вели дека пиратеријата одзема 10 милиони работни места во ЕУ. Европската комисија не лаже. Навистина, глобализацијата овозможува брз проток на информации и добра, а со тоа и на пиратеријата и фалсификувањето. Никој разумен не е против борбата со пиратеријата, но противниците на ACTA замеруваат на значајни одредби на Договорот. За него велат дека е алатка на големите мултинационални комапнии од областа на филмската, музичката и фармацевтската индустрија, да постигнат поголем профит. Тие велат дека договорот ги крши фундаменталните човекови права, вклучувајќи ги слободата на изразување и приватноста. Организацијата „Лекари без граници“ обвини дека Договорот го загрозува пристапот до лекови во земјите во развој. Поради тајноста во која се создаваше договорот, големото влијание на мултинационалните компании и отсуството на невладиниот сектор, многу организации ја оспорија неговата намера. Меѓу нив, веројатно најгласен беше французинот Кадер Ариф, набљудувач именуван од страна на Европскиот парламент. Тој изнесе тешки обвиненија во јавноста и поднесе оставка во знак на револт против Договорот. Оттогаш масовни протести ја зафатија Европа. Во 2012 година, новиот набљудувач, британецот Дејвид Мартин, ја потврди позицијата на својот претходник: „Посакуваните бенефити од овој меѓународен договор се далеку надминати од страна на потенцијалните закани за граѓанските слободи“. Така, неодамна, на 4 јули, со 478 гласа против и 39 гласа за, Европскиот парламент го згасна ACTA. Но, познавачите на состојбите велат ова не е крај на договорот. Тој ќе се појави во иднина под друго име и со слични

одредби. Тогаш, повторно ќе треба да се извршат проценки и доколку повторно има закани по елементарните слободи, ќе треба повторно да се излезе на улица за да се укаже на законодавците дека општеството не се согласува. Ден пред гласањето во Европскиот парламент за ACTA, Европскиот суд на правдата донесе одлука во корист на компанијата UsedSoft GmbH од Германија, која беше тужена од страна на Oracle International Corp за незаконско продавање на „половен“ софтвер. Во одлуката се вели: „Авторот на софтверот не може да се противи на препродажбата на неговите „половни“ лиценци што овозможува употреба на неговите програми преземени од Интернет“. Со тоа Европскиот суд ја означи препродажбата на половен софтвер како дозволива и легална во Европската Унија. Сепак, судот нагласува дека сопствениците на половен софтвер мораат да преземат безбедносни мерки со кои ќе се осигураат дека оригиналните, првобитни корисници/сопственици на софтверот не продолжиле да го користат истиот. Практично, оваа одлука на судот, на мала врата ја внесува препродажбата на половен софтвер и други слични продукти (електронски книги, музика итн.) и се заканува со целосна трансформација на софтверскиот пазар во Европската Унија. Досега исклучително мал беше бројот на производители на софтвер, кои дозволуваа препродажба на своите лиценци. Остатокот од индустријата смета дека оваа практика је

отвора Пандорината кутија и значи крај за софтверските компании. Сепак, јасно е дека времето нè гази доколку не се менуваме и приспособуваме бргу, а софтверската индустрија веројатно доцни. Лиценците се базираат на принципи кои важат дваесетина години. Време е за нешто ново, а тоа ново веројатно ќе биде олицетворено во SaaS (Software as a Service), односно интернет базирани апликации. Принципот е едноставен: корисникот се прикачува на Интернет преку веб пребарувач, оди на посочена веб страница, се логира, го користи програмот. Понудувачот на услугата го мери времето поминато за користење на услугата и фактурира врз основа на тоа. Можностите се бројни, сите страни се среќни. Софтверите, но и другите електронски производи ја имаат таа карактеристика да не се расипуваат/ уништиваат со тек на времето. Единствено можат да застарат под притисок на новите технологии и програми. Сепак, без разлика што од првиот Autocad 2000 поминале 12 нови верзии, тој останува корисен, па како таков има и своја вредност, односно купувачи. Дали одлуката на судот ќе донесе суштински промени, останува да видиме.

3

13 јули 2012 ПОРТА

47


експерт

Творештвото на Дама Заха Хадид

Планета во своја сопствена орбита Кога станува збор за творештвото на Дама Заха Хадид, не може а да не се забележи дека станува збор за творечки опус кој не само што ги опфаќа потесните рамки на архитектурата, туку се проширува и во домените на внатрешната архитектура и дизајнот. Исто така, таа е веројатно еден од ретките архитекти во историјата на архитектурата кои станале славни само врз основа на нивните проекти. д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија) 48

3

ПОРТА

13 јули 2012


В

еста за доделувањето на титулата Дама (Dame - DBE: Dame Commander of the Most Excellent Order of the British Empire) на архитектката Заха Хадид за нејзиниот придонес во служба на архитектурата од страна на Кралицата Елизабета Втора е добар повод да се направи осврт на животот и делото на најпознатата жена архитект на денешницата, а веројатно и во историјата на архитектурата досега. За разлика од минатиот прилог кој го опфати нејзиниот живот и достигнувања, во оваа пригода нагласок ќе се даде на нејзиното творештво. Кога станува збор за творештвото на Дама Заха Хадид, не може а да не се забележи дека станува збор за творечки опус кој не само што ги опфаќа потесните рамки на архитектурата, туку се проширува и во домените на внатрешната архитектура и дизајнот. Исто така, таа е веројатно еден од ретките архитекти во историјата на архитектурата кои станале славни само врз основа на нивните проекти. Таа за прв пат го привлекува вниманието на пошироката архитектонска јавност во 1982 година како добитник на меѓународниот архитектонски конкурс за Пик клуб (The Peak Club) во Хонг Конг, карактеристичен со силните и динамичните форми на предложеното решение. Неколку години подоцна, во 1988 година, таа е еден од учесниците на изложбата за Деконструктивна архитектура во Музејот за модерни уметности (MoMA) во Њујорк, каде што наидува на добар прием од критичарите, додека презентираните проекти наполно ја збунуваат публиката. Наместо вообичаните архитектонски цртежи, таа ги презентирала своите идеи преку импресионистички апстрактни слики преку кои се обидува да го долови чуството на радикалните и флуидни простори кои сака да ги создаде. Во 1993 година се реализирал нејзиниот проект за противпожарна станица Витра (Vitra Fire Station) во Веил на Рајна (Weil am Rhein), кој со својата екпресивна форма и многубројните остри агли во рамките на објектот дури ја доведува во прашање и употребната вредност на објектот. Веројатно, една клучна точка во нејзината кариера е ноторниот и контроверзен проект за зградата на Операта во заливот Кардиф (Cardiff Bay Opera House) во Кардиф, Велс од 1994 година. За овој проект добила прва награда на конкурс, но проектот не се реализирал поради спротивставување на локалните политичари. И покрај нереализирањето на овој проект, профилот и популарноста на Дама Заха Хадид доби сè поголем подем. Во 1997

експерт година таа е добитник на конкурсот за Национален музеј на уметности од 21 век (MAXXI – National Museum of XXI Century Arts) во Рим, реализиран во 2010 година, за кој е добитник и на Стирлинговата награда (Stirling Prize) за архитектура на Кралскиот институт на британски архитекти (Royal Institute of British Architects) истата година. И покрај тоа што британските конзервативни погледи, веројатно, одиграа улога во нереализирањето на наградениот проект за зградата на операта во заливот Кардиф, традиционално конзервативните погледи на американскиот среден-запад (Midwestern) ѝ дадоа клучна можност, преку Розенталовиот центар за современи уметности во Синсинати, Охајо (The Rosenthal Centre for Contemporary Arts, Cincinnati, Ohio) реализиран во 2003 година, да докаже дека нејзините објекти навистина можат да се изградат. Во овој објект галериите се лоцирани во долгнавести „цевки“ кои „лебдат“ над приземјето, а меѓусебно се поврзани со лентовидни рампи во цикцак форма кои полека се искачуваат нагоре создавајќи своевиден градски ќилим кој претставува продолжување на урбаниот пејзаж. Искуствата стекнати во изградбата на овој објект биле искористени подоцна во престижните проекти за Национален музеј за уметности од 21 век во Рим, Главниот објект на БМВ (BMW Central Building) во Лајпциг и научниот центар Фаено (Phaeno Science Centre) во Волфсбург (Wolfsburg) обата реализирани во 2005 година, повеќе објекти во Италија итн. И покрај својата лоцираност во Велика Британија, Дама Заха Хадид првин требала да се докаже надвор од земјата пред да добие шанса своите замисли да ги реализира во Британија, и тоа преку скромните почетоци со Павилјонот на серпентин галеријата во Лондон (Serpentine Gallery Pavilion, 2000), и центарот Меги при болницата Викторија во Киркалди, Шкотска (Maggie's Centre, Victoria Hospital, Kirkcaldy, 2006), до Ивлин Гејс академијата во Брикстон, Лондон (Evelyn Grace Academy, Brixton, 2011) за која ја има добиено Стирлинговата награда за 2011 година, и престижниот олимписки Аква центар во Лондон (Aquatic Centre, 2011) кој навистина ќе може да се види во „вистинското“ светло дури по 2014 година откога ќе се демонтираат оргинално поставените времени трибини за да се зголеми капацитетот на центарот за време на игрите. Исклучително несоодветно е да се направи обид творечкиот опус на Дама Заха Хадид да се сумира на кратко со оглед на обемот и комплексноста на нејзините творби кои се одраз на теоретските

постулати на Школата за архитектура при Архитектонската Асоцијација (Architectural Association School of Architecture) во Лондон од времето на прочуениот директор Алвин Бојарски (Alvin Boyarski), која се залагала за нео- модернизам наспроти предоминантните архитектонски текови кои се движеле во правецот на историскиот постмодернизам и конзервативизмот. Според FT (2012), Дама Заха Хадид се појавила на архитектонската сцена во 80-тите години преку своите слики на визионерски пејзажи, во кои префинето ги спојува динамичните форми на рускиот конструктивизам со интелектуалните идеи на францускиот деконструктивизам, за десетина години подоцна да почене да ги гради своите футуристички објекти. Од друга страна, DM+BC (2007) го каракеризираат незјиниот архитектонски пристап како барокен модернизам кој ги урива (деконструира) принципите на класичниот формален модернизам и традиционалните принципи за простор, за да ги состави во нова флуидна просторност изразена преку перспектива од повеќе точки и фрагментирана геометрија, а со цел да ја вгради хаотичната флуидност на модерниот живот. Без оглед на различните теоретски образложенија за нејзиниот архитектонски пристап, веројатно еден од најсублимираните погледи за нејзиниот пристап е оној од почетоците на нејзината кариера искажан од незјиниот тутор и потоа деловен партнер во архитектонското биро ОМА (Office for Metropolitan Architecture - OMA) Рем Колхас (Rem Koolhas), за кого се вели дека ја опишал Дама Заха Хадид како „планета во своја сопствена орбита“. Можеби и затоа е разбирливо што таа денес се смета за „архитектонска ѕвезда“ („Starchitect” од Star + Architect).

3

13 јули 2012 ПОРТА

49


репортажа

ИСТАНБУЛ

Прегратката на големите религии Градот на двете големи империи, Византиската и Османлиската, е како музеј на отворено, кој те мами, привлекува, зашеметува и ти дава чувство како да минуваш по некои минати патишта, а сепак си тука, парче во големиот мозаик. Се слеваш во милионите луѓе како во река и оставаш да те носи шарениот метеж. Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност

Улицата што води кон познатиот плоштад Таксим

Н

екогаш најголем град во светот, денес светска метропола, Истанбул е град од кој ќе ви застане здивот. Не поради неговата грандизоност, туку поради магијата на различното и цивилизациската напластеност која се бележи и на најмалиот сокак, на најситниот камен. Спој на европското со азиското копно, на христијанството со исламот, на историското со современото, на Византија со Османлиското царство. Еден голем музеј на отворено, кој те мами, привлекува, зашеметува и ти дава чувство како да минуваш по некои минати патишта, а сепак си тука, едно мало парче во големиот мозаик. Помислата дека чекориш низ градот што повеќе од илјада години бил центар на две големи империи, прво Византиска,

50

3

ПОРТА

13 јули 2012

а потоа Османлиска, не те остава мирен. Се слеваш во милионите луѓе како во река и оставаш да те носи шарениот метеж. Архитектонска и уметничка разноликост. Просто неверојатно. Еве ја и неа, црквата Света Софија. Градителско чудо, дом на религиите. Изградена во времето на големиот византиски цар Јустинијан со огромна купола чиј дијаметар е над 30 метри и со мозаици во позлата, таа била главно црковно седиште. Подоцна е претворена во џамија, а денес е музеј, кој никако не смее само да се одминие. Внатрешноста е импозантна и е недофатлива со еден поглед. Централен план со галерии на кат кој плаче, дошепнуваат некои туристи. Па ова е една цела вселена, духовно почивалиште и дом на легенди. На столбот е втиснат, како што се прикажува, допирот на свети Ѓорѓи кој лекувал од болести.

Една девојка го става палецот во отворот и прави круг околу него. Замислува желба, како и сите други во редот. И повторно надвор, пред плоштадот со реката од луѓе, пред црквата со посвета на Божјата Премудрост, а некаде спроти неа, друга монументална градба од која не можам да го оттргнам погледот. Тоа е Сината џамија, лице в лице со Света Софија. Една спроти друга, како сопернички, не во буквална смисла, туку како два света со различен поредок, а во суштина исти. Една со друга не си сметаат, живеат. Сината џамија, која е изградена во 17 век по наредба на султанот Ахмед I, го добила името по синилото на нејзината внатрешност, по бојата на порцеланските плочки со кои е декорирана. Таа е и прва џамија во Османлиската империја која има 6 минариња. Впечатлива е нејзината надворешност. Како сива


репортажа Топкапи, палатата на султаните

Сината џамија

сенка во урбаниот пејзаж, а сепак толку цврста. Стојам некаде помеѓу овие два сакрални објекти. Меѓу двата света на Истанбул, меѓу христијанството и исламот. Дознавам, тука има неколку илијадници објекти со религиска намена. Толку многу џамии, цркви, па и синагоги. Ти се чини дека има се. Чувствуваме како сонцето не гори. Едно евро и добиваме свежо цеден портокал. Каде понатаму, тешко е да се направи избор. На крајот се одлучуваме за Топкапи, палатата на султаните и музејот со скапоценостите. Еден вековен луксуз и комодитет. Соби со различни намени. Приватен дел со посебни простории за султаните и султанките. И тие декорирани со шарени плочки. Тераси, поглед кон морето. Еден ден е малку за да се изодат овие градини и палати, констатираме. И музејот е преполн. Тронови, дијаманти, круни, сабји, накит и што ли уште не. Се извлекуваме од гужвата и одиме понатаму. Конечно плоштадот Таксим, срцето на модерниот Истанбул. Продавници, ресторани, улични забавувачи и редици луѓе кои како да одат во ист чекор. Ме обзема сладок замор. Не ми смета, каснувам парче баклава и продолжувам понатаму. После само еден чекор сум само сенка во големата истанбулска приказна.

Ентериерот на Света Софија

www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk

3

13 јули 2012 ПОРТА

51


екологија

Митови за „зелен дизајн“ на зградите

„З

елениот дизајн“ на зградите станува се попопуларен, но и понатаму постојат предрасуди кои ги обесхрабруваат градежниците од одржливиот дизајн. Френк Хармон, архитект кој меѓу првите инсистирал на зелениот дизајн, ги разоткрива митовите за него.

Мит 1: Одржливите згради бараат компликувана технологија и егзотични алатки Реалност: најважна одржлива одлука која можеме да ја донесеме за која било зграда е нејзината ориентација: како е свртена кон сонцето заради природно осветлување, како е поставена спрема ветровите заради природна вентилација и заштита на станарите од студените зимски ветрови. Тоа е клучниот принцип на одржливиот дизајн, а не бара некои компликувани барања или алатки. Фармерите отсекогаш практукувале одржлив дизајн за своите куќи и помошни згради, а притоа не биле свесни дека го прават тоа. Тоа бил, просто, здрав разум. Мит 2: за одржливите згради се потребни скапи, необични материјали Реалност: обичните материјали кои се локално произведени и начинот на кој ги користиме без отпад ја создаваат одржливата зграда. Тука нема високи технологии или нешто необично. Мит 3: одржливите згради се скапи Реалност: одржливите, еколошки згради чинат исто како и „обичните“ ако ги почитуваме правилата за ориентација на зградата и материјалите што ги користиме. А заштедата во потрошувачката на енергија вреди труд. Користењето на природна вентилација и светло е заштеда сама по себе. А замислете дека не мора да плаќате струја или топла вода, и драматично да ја намалите потрошувачката на вода ако поставите фотонапонски ќелии на покривот, соларен топлотен колектор за греење на водата и цистерни со мал проток. Мит 4: одржливите згради се чудни Реалност: далеку од невообичаено, еко-зградите се полни со светлост, свеж воздух и се направени од природни материјали. Дури и некои стари згради, кои денес ги чуваме како вредност, се градени според одржливи принципи. Мит 5: можам да изградам одржлива куќа, деловен простор или училиште, но тоа нема ништо да промени Реалност: ништо не може да биде подалеку од вистината. 40% од искористената енергија во САД се троши во зградите. Тоа е повеќе од целиот транспортен систем – автомобили, авиони, камиони ... – заедно. Зградите исто така трошат 30% питка вода и 25% од сите производи од дрво. Така што, ако сакате нешто да промените, зградите се најдобро место за да почнете. 52

3

ПОРТА

13 јули 2012


екологија Френк Хармон

3

13 јули 2012 ПОРТА

53


екологија

Еколошки ремек-дела на

В

о Сингапур заврши втората фаза на изградба од проектот „Градини покрај заливот“ (Gardens by the Bay), во која се завршени работите во зоната Залив Југ. Залив Југ е најголем од трите планирани зони на „Градини покрај заливот“, и е ремек-дело на тропската хортикултура и уредување на градини. Во заливот доминираат два ледени конзерваториуми – Цветна купола и Шума во облаци. Двата се енергетско ефикасни примери на одржливи технологии на изградба за обезбедување на стабилни климатски

54

3

ПОРТА

13 јули 2012

услови внатре во конзерваториумите без разлика на надворешните услови. Во Цветната купола се наоѓаат медитерански и суптропски билки, додека во Шумата во облаци владеат ладни и влажни услови слични на оние во тропските планински региони на височина помеѓу еден до три километри. Во средината на Шумата во облаци е најголемиот водопад на затворено во светот, кој со своите 35 метри височина со млазевите вода го разладува целиот конзерваториум. Доминантни структури во отворениот дел на Заливот Југ се „супердрвјата“. Овие конструкции слични на дрво, со

височина од 25 до 50 метри, всушност се вертикални градини кои служат за многу функции. Обезбедуваат дом на многу егзотични папрати, бршлени, ползавци и орхидеи, а се опремени и со соларни ќелии кои во текот на денот собираат енергија за да можат да го осветлуваат заливот ноќе. Исто така, „супердрвјата“ ја собираат и дождовницата за потребите на наводнување и за напојување на фонтаните. Помеѓу поголемите „супердрвја“ се наоѓаат пешачки мостови кои овозможуваат неверојатен поглед на целиот залив, а на врвот на најголемото „дрво“ се наоѓа и ресторан.


екологија

современата архитектура

3

13 јули 2012 ПОРТА

55


екологија

ДРВЈАТА КАКО ПРИРОДНА КОНТРОЛА НА ТЕМПЕРАТУРАТА Филип Филипоски, дипл.шум.инж.

С

енката што ја создаваат високите дрвја може да придонесе до 20оС пониска температура во летниот период, со што би се намалила потребата на клима уредите за 50%, а аналогно на тоа би се намалила и потрошувачката на електрична енергија. Дрвјата со својата декоративност покрај тоа што го разубавуваат просторот, од нив може да се исползуваат и голем број благодети. Со своите крошни го засенуваат просторот, со што значително влијаат врз околната микроклима, регулирајќи го воздушниот и почвениот режим во нивната непосредна околина. Звучи застрашувачки податокот дека осум до десет проценти од урбаната побарувачка на електрична енергија, во светските метрополи, се користи за дополнително климатизирање на затворените протории. Високите температури во градовите се производ на многубројните патишта, сообраќајот, големата концентрација на објекти на мал простор, фабриките и слично. Дрвјата со своето влијание врз микроклимата значително може да придонесат за ублажување на т.н. „the urban heat island effect“, кој најдобро се согледува преку температурната разлика помеѓу онаа во централното градско подрачје со онаа во периферните рурални краеви.

Како да се насадат дрвјата за да се искористи нивната сенка во целост?

Местоположбата на нашата република диктира дека најдобри страни за садење се запад и југ. Бенефитите од садењето на овие страни се согледуваат преку летните месеци. Во долгите летни денови, кога аголот на сонцето е многу ниско на небото, сонцето 56

3

ПОРТА

13 јули 2012


екологија

може многу лесно да блесне директно во прозорците и да предизвика несакана топлина, или дополнително загревање на самиот објект. Засенчувањето на објектите во лето најважно е во попладневните часови, кога температурите се највисоки, па од таа причина многу е значително југо-западното садење на дрвјата. Садењето на источната страна за да се спречи утринското сонце во наши услови е непотребно, бидејќи сонцето дејствуваува благопријатно.

изБор на видови за садеЊе

Идеална сенка за нашето поднебје и начин на живеење би била онаа од дрвја кои достигнуваат 10-15 метри во височина. Дрвјата со вакви димензии обично се садат на одалеченост од пет до десет метри од објектот, па и повеќе зависно од видот. Доколку се садат дрвја до самиот објект, тие не смеат да бидат 2/3 повисоки од висината на објектот, за да не го стави објектот во втор план во целокупната композиција. Секогаш предност при изборот им се дава на листопадните видови. Причината за тоа е фактот што во лето, големата густа крошна на овие дрвја го спречуваат загревањето на објектите, блокирајќи ја дирекната сончева радијација, додека во зима кога е потребна поголема топлина во објектите, листовите им се паднати, со што сончевата енергија лесно продира низ гранките од крошната и го загрева објектот. При изборот на дрвја кои би се засадиле во близина на објектите, покрај максималната височина која ја достигнува видот, важен предуслов е да имаат добро развиена, компакна крошна, како и соодветно да им одговараат конкретните услови на месторастењето. Атланта, САД. Објектите со својот габарит влијаат врз околната микроклима. За регулирање на микроклимата и борба со многу високите температури во пооделни делови, потребно е зголемување на зелениот фонд во централното градско подрачје.

температура (0C) 0

50

3

13 јули 2012 ПОРТА

57


хортикултура

(ПРВ ДЕЛ)

БОЛЕСТИ НА РОЗАТА ВО ГРАДСКОТО ЗЕЛЕНИЛО

В

идовите рози се повеќегодишни листопадни растенија, а само мал број видови од Југоисточна Азија се зимзелени. Тие најчесто имаат форма на грмушка која може да достигне височина до 5 метри, но можат да бидат со џуџест и џиновски раст, дрвја и ползавци. Хабитусот на розата е во зависност од видот и начинот на одгледување. Гранките се покриени со боцки. Успева во сите области каде климата е умерено континентална. Во фамилијата на рози (лат. Rosaceae) се застапени неколку илјади видови, и тоа во близу 200 родови. Видовите роза најчесто се класифицираат врз основа на градбата на плодовите, а најчест плод е костелката. Одредени видови на роза формираат плодови кои се исклучително богати со Витамин Ц и се користат во прехрамбената индустрија за производство на чај, џем и мармалад, додека во народната медицина како универзален лек против настинка и вируси. Бербата на плодовите од овие видови роза може да биде од есен па се до крајот на зимата, сè додека плодот не се исуши. Генерално, розата е добро позната како декоративно растение, кое формира обилна цветна маса, а постојат видови и вариетети кои цветаат во најразлични бои. Денес во светот постојат компании кои произведуваат цветови од роза во широк спектар на нијанси, па дури и со изглед на виножито. Тоа се постигнува со техника на вбризгување на бои во стеблото, кои потоа низ процесот на развивање едноставно се апсорбираат во цветните листови. Во зависност од вариететот, цветот на розата може да има многу пријатен мирис или да биде без мирис. Во зависност од начинот и местоположбата на одгледување, розата може да има различни форми на хабитус кои лесно се контролираат со режење, од форма на саксиско

58

3

ПОРТА

Михајло Ристески,

стручен соработник, магистер на шумарски науки

Бел цвет на роза

Жолт цвет на роза 13 јули 2012


хортикултура

Цветови на роза во бои на виножито

Црвен цвет на роза

цвеќе до форма на жива ограда. Розата може да се одгледува во склоп на секакви зелени површини бидејќи одлично се вклопува. Во однос на почвениот супстрат, розата нема некои посебни афинитети. Бидејќи видовите роза се светлољубиви, за нивна култивација најдобри се југоисточна и југозападна експозиција. Во зависност од експонираноста на сончева светлина е брзината на цветање, а со тоа и прецветување на розите. Заради потребата од свеж воздух, потребно е розите да се одгледуваат во редок склоп. Во однос на водниот режим, розите се пречувствителни на пресушување на почвата во лето, и пренаводнување на почвата во зима и особено во пролет на самиот почеток на раст. Што се однесува за нашето поднебје, имаме доволно сончеви денови за добра вегетација на розата, и затоа таа зазема значаен дел од зелените површини. Застапени се различни вариетети на роза, во различни форми и различни бои на цвет. Но сепак, и покрај едноставниот начин на култивирање на розата, потребно е да се практикуваат основни принципи на превентивна и ургентна здравствена заштита. Постојат неколку фитопатогени болести, специфични за нашето поднебје, кои може да се етаблираат и да ја загрозат здравствената состојба на розата: 1. Црна дамкавост на листот на роза (лат. Diplocarpon rosae), 2. Пепелница на листот на роза (лат. Sphaerotheca pannosa), 3.`Рѓа на листот на роза (лат. Phragmidium mucronatum), 4. Влакнеста мувла на листот на роза (лат. Peronospora sparsa), и 5. Мозаичен вирус на листот на роза (предизвикан од AMV - Apple mosaic virus, и PNRSV Prunus necrotic ringspot virus). Основните симптоми на болестите, мерките за нивно сузбивање и основните правила за здрава роза ќе бидат објавени во следниот број.

3

13 јули 2012 ПОРТА

59


совети

Гарсониера за тричлено семејство Нашето тричлено младо семејство наскоро ќе се пресели во гарсониера која сè уште е во градба. Би сакале просторот за дневна соба да има и дел за нашата ќерка, но не би сакале да го преградиме со ѕидови. Во детската соба би имало кревет (98x206 см) и евентуално работна маса. Ние ќе спиеме на кревет кој дење се собира и служи како тросед (146x203 см.) Дарко и Анета, Скопје

П

отполно сте во право што не сакате просторот да го преградувате со гипс-картон плочи или паравани. Не е добро малиот простор да се дели на уште помали простори. Во таквите мали соби ќе се чувствувате многу стеснето. Ако просторот на дневната соба остане цел, ќе се задоволат и визурите бидејќи ништо нема да ги попречува. Динамиката и делењето на просторот може да се постигне со денивелирање на подот и изведување на ниски прегради кои дискретно ќе го делат просторот на два дела – дневна и детска соба. Во вака поделената соба постојано ќе се чувствува вкупната големина на просторот и престојот ќе биде пријатен. Детската соба е подигната на подиум од 50 см до кој се доаѓа со три скали. Креветот е заштитен со ѕитче кое го врамува вашиот кревет (кога е собран) и го надвисува подиумот за 30 см, и така ја одделува детската од дневната соба. Наспроти кујната поставете долга комода од која се извлекува плотна на која може да се јаде. Во продолжение е комода со иста висина за телевизор.

пред

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.,

bsavic@porta3.com.mk

потоа

60

3

ПОРТА

13 јули 2012


најчудни градби

МУЗЕЈ НА СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА ВО ФОРМА НА АРКА

С

оларната арка е една од најславните чудни градби, која честопати се сместува и во групата на најкреативни структури изградени на земјата. Тоа е вид на арка во форма на гигантски чамец, кој де факто е објект за соларна фотонапонска енергија. Објектот има активности со кои му нуди на светот подобро разбирање за сончевата енергија, а со тоа прави промоција на науката и екологијата. Објектот е широк 315 метри а висок 37 метри. Се наоѓа во Аначи, во перфектурата Гифу во Јапонија. Објектот има над 5040 сончеви панели кои произведуваат околу 530.000 киловат часови електрична енергија годишно, а максималната моќ е 630 киловати. Всушност, објектот е еден од поневообичаените музеи во светот чија промоција била во 2005 година, преку партнерство со претпријатие кое ја има најголемата соларна зграда на светот. Станува збор за компанијата Sanyo, која од музејот сакала да направи своевидно електрично чудо, со можност фотонапонскиот систем да има капацитет од 3,4 мегавати, и со цел одбележување на 50-годишнината од формирањето на фирмата. Уште од 1998 година дизајнерите биле во полемика за изгледот на аркатамузеј, а се раководеле од визијата на

Драган Ристов

компанијата што сакала користење на најсовремена соларна технологија, како комбинација на кристал, силикон и тенок амфорен силициум со 15% ефикасност. Официјално, арката е завршена во 2001 година, а во 2011 година нејзиното управување го презела фирмата Panasonic. Вкупната корисна површина на сончевата арка е 3294 м/2. Освен основата што е бетонско-арматурна конструкција, сето друго е во стаклен стил. Тежината на објектот (столбовите се исклучени) е 3000 метрички тони, а е изградена од структурен челик, што е двапати посилен од нормалниот челик. Овој градежен материјал помага да се даде впечаток на сончевата арка да изгледа како да лебди во воздухот. Целата сончева арка е поддржана од четири „г-колони“, кои имаат сопствено изградени столбови и овие столбови тежат околу 5.000 тони. Овие висококвалитетни столбови се хомогени, а тоа се должи на стабилниот начин на изградба, во која се користи центрифугалната сила. Сончевата арка е во состојба да се спротивстави на ветришта со брзина од 34 метри во секунда и ниво од седум степени според јапонската скала за земјотреси. Арката има и убаво уредување на просторот кое вклучува голема чешма и две езерца, секое со своја каскада.

Влезот на соларната арка има соларни крила кои се составени од ХИТ соларни ќелии, кои произведуваат електрична енергија и од долната страна, а исто така функционираат како тенди кои и овозможуваат на сончевата светлина да се филтрира преку нив. Помеѓу поединечните соларни панели постојат околу 75.000 компјутерски контролирани лед светилки со црвена, зелена и сина боја, кои се активираат во текот на ноќта за да се произведат слики и зборови на надворешноста од арката. Арката уште официјално е наречена и соларна лабораторија. Тоа е музеј и изложбен центар, кој најчесто дава информации за соларната енергија. Во неа се организираат изложби, работилници и часови по наука, кои првенствено се насочени кон помладите генерации, за да им помогнат да станат повеќе свесни за фотоволтажната наука и како тоа влијае на светот. Сончевата лабораторија е поделена на десет зони кои обезбедуваат широк спектар на активности за посетителите. Некои од овие активности вклучуваат симулатор на соларниот систем, соларна библиотека и контрола на палубата, каде што посетителите може да видат како во реално време се произведува електрична моќ во Сончевата арка.

3

13 јули 2012 ПОРТА

61


арт инфо

Богдан Богдановиќ во МСУ, Скопје

Ретроспективен приказ на проколнатиот архитект

В

о рамките на Меѓународниот ден на архитектура, во НУ Музеј на современата уметност во Скопје, се пoставени изложби посветени на архитектурата. Поставките се насловени „Богдан БогдановиќПроколнатиот архитект“ и „Портрети на архитектите“. Организатори на изложбата се Атакарнет во соработка со Дирекцијата за култура и уметност и НУ Музеј на современата уметност од Скопје, и се дел од 33. издание на „Скопско лето“. Изложбата посветена на познатиот српски архитект Богдан Богдановиќ (1922-2010) е носечки настан во рамките на одбележувањето на оваа значајна манифестација. Во организација на Музејот на град Белград и БИНА (Белградска интернационална недела на архитектура), Центарот за архитектура во Виена и Архитектонскиот факултет во Белград, проектот претставува ретроспективен приказ на творештвото на овој прочуен архитект, педагог, иноватор, неуморен идеен конструктор, проучувач на градот, градител, градоначалник, скулптор... Творечкиот опус на авторот е прикажан

62

3

ПОРТА

13 јули 2012

преку скици, идејни решенија за проекти, објекти, скулптури, пишувани трудови, кои ја изразуваат неговата повеќеслојна уметничка и архитектонска дејност. „Феноменот Богдан Богдановиќ“ претставува повеќе отколку збирот на овие компоненти и се измолкнува од секаков облик на аналитичка мисла. Држејќи се до традиционалната мудрост на старите мајстори, Богдановиќ успеал да проговори со еден јазик разбирлив за сите, проширувајќи ги границите на архитектурата со проткајување на фигуралното ткиво на делото со духот на народниот ритуал. „Особено е значаен фактот што во толкувањето на самата суштина на овие споменици – сите се согласуваат. Доживувањето што го нудат тие му припаѓа и на образованиот и на необразованиот набљудувач. Сопствениот „камен на мудроста“ ќе го најдат во делата на Богдановиќ и неписмен селанец и одгледан ерудит“ (Катарина Амброзиќ, 1973). Во рамките на изложбата се прикажува и документарниот филм со наслов „Архитектура на сеќавањата - споменици на Богдан Богдановиќ“ во режија на Рајнхард Зајс, а може да се гледа секој петок и сабота во

18 часот во киносалата на музејот. Втората поставка насловена „Портрети на архитектите“, конципирана од страна на Архитектонската секција при УЛУПУДУС, Белград, претставува ретроспектива на достигањата на српските архитекти и членови на оваа асоцијација. Поголем број од претставените архитекти се има школувано на Архитектонскиот факултет во Белград, каде што се негувал конструктивниот дух на француската школа на архитектура и на новооснованата (1948) Академијата за применети уметности со акцент на декоративно утилитарниот метод со големо влијание на „Баухаус“. Презентираниот историјат на оваа Секција која ја основале врвни српски архитекти, зборува за битен сегмент во развојот на српската архитектура. И покрај тоа што примарниот интерес на почетокот беше свртен кон внатрешната архитектура, денес сè повеќе се бришат границите меѓу проектантите на објектите и проектантите на ентериерот, проектирањето станува една целина, севкупност во која се проткајуваат надворешниот и внатрешниот простор, а со тоа се иницира послободен уметнички израз во архитектурата и во ентериерот.


АРЕНА „ЧИЖОВКА“ - Минск, Белорусија

спортски храмови

Арапи градат „леден центар“ во Минск

И

во Белорусија не се штедат пари за извонредни спортски објекти. До 2014 година таа ќе добие нов „леден спортски центар“, популарната арена „Чижовка“, чија главна намена ќе бидат хокеарските средби. Впрочем, Белорусите и затоа почнаа со изградба на ова мултифункционално здание кое во 2014 година треба да биде домаќин на светското првенство во хокеј на мраз, еден од најпопуларните спортови во земјата. Официјално, градбата на арената „Чижовка“ почна во 2009 година, кога Белорусите и почнаа со подготовки за организација на големиот настан. Салата првенствено ќе биде наменета за хокеарски мечеви, но во неа во останатиот период од годината ќе се одржуваат и сите останати спортски настани и концерти. Капацитетот е 8.500 места (голема сала), а автор на проектот и дизајнот на арената е Ingenieurburo Lopp, германско архитектонско биро за консалтинг и инженеринг. Она што е интересно е фактот што како инвеститор зад оваа нова спортска гордост на Белорусија стои арапскиот холдинг „Ал Кудра“, кој со сопствени средства го гради објектот, во договор и соработка со белоруските власти. „Ал Кудра“ е со седиште во Абу Даби, а арена „Чижовка“ не е првата нивна инвестиција во спортски објекти во Белорусија. Истиот холдинг стои и зад изградбата (реконструкцијата) на стадионот на Динамо од Минск. Ова „ледено“ здание ќе опфаќа две сали споени со тунел. И во двете ќе има по една сала за хокеј на мраз (или за останати спортови според потребите). Малата сала ќе има трибински простор до 1.500 места, додека големата треба да собере и до 8.500 гледачи (за концертни настани и до 10.000). Веднаш до малата сала ќе има простор и за еден затворен тениски терен.

Сашо Кузмановски

ФАКТИ за АРЕНА „ЧИЖОВКА“ - Минск, Белорусија Капацитет: 8.500 места Период на изградба: 2009 - 2013 Цена на градба: 180 милиони долари Површина на градба: 70.945 м2 Дизајн: Ingenieurburo Lopp Инвеститор: Al Qudra International

3

13 јули 2012 ПОРТА

63


излог

3

1

1. Јапонскиот дизајнер Hiroomi Tahara е дизајнерот на овие необични држачи за крпи направени од врвка, тегови и лост. 2. Инспириран од традиционалното шведско дрво, Lukas Dahlen прави модерна линија на столица составена од четири различни форми вкрстени меѓусебно. 3. Форма на дрво изработено од жица како држач за весници и списанија. Дизајнирано е од швдското студио ADDI. 4. Рачна изработка на ламба од дрво и лед светла, дизајн на група студенти од Универзитетот Hanseo во Кореја.

64

3

ПОРТА

подготви: Сандра ДОНЧЕВА Теохарова, дипл.инж.арх. 13 јули 2012


излог

4

2

3

13 јули 2012 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 79/2012 ОПШТИНА ПРИЛЕП ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОБЈАВА 5 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА Г2 СОГЛАСНО ДУП ЗА УАЕ 19, УБ 19/3-ДЕЛ. “МЕТАЛЕЦ“ ПРИЛЕП, ДОНЕСЕН СО ОДЛУКА БР. 07-2351/5 ОД 14.12.2006 ГОДИНА ОПШТИНА РАДОВИШ ОБЈАВА БР. 01-2012 (25.06.2012 ГОДИНА) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОБЈАВА БР.03/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 80/2012

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 81/2012 ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 82/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ М5“, КО КРИВИ ДОЛ, ОПШТИНА ШТИП

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА/РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МОСТОВИ ВО ОПШТИНИТЕ ГРАДСКО, КРАТОВО И ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА ЗА ИЗГРАДБА НА КАСКАДНИ ПРЕГРАДИ НА РЕКА ВАРДАР ЗА ОПШТИНИТЕ САРАЈ И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 58/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за транспорт и врски, ул. “Црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на пат до манастирот Трескавец, општина Прилеп, по принципот “клуч во раце“. Контакт тел/факс: 02 3145-451, 3226392, лице за контакт: Ѓунул Сали. Јавно отворање на понудите на ден 31.07.2012 год. БРОЈ: 41/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб., 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ:

Довршување на надградбата на СОУ “Ибраим Темо“ – Струга. Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски. Јавно отворање на понудите на ден 23.07.2012 год. БРОЈ: 97/2012 Назив на договорниот орган: АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на проекти за реконструкција на постоечки 110 кV ДВ со нови столбови. Контакт тел/факс: 3149-693, 3111-160, лице за контакт: Панче Манојловски. Јавно отворање на понудите на ден 06.08.2012 год. БРОЈ: 01/2012 Назив на договорниот орган: Албански театар – Скопје, ул. “Никола Мартиновски“ бр. 41, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Градежни работи за реконструкција, адаптација и санација на објектот на НУ Албански Театар – Скопје согласно изработена архитектонско-проектно техничка документација. Контакт тел/факс: 02 3124-207, лице за контакт: Анита Латифи. Јавно отворање на понудите на ден 13.08.2012 год.

ПИШУВАЈ

СОРАБОТУВАЈ

ПРЕТПЛАТИ СЕ!

Т ОМО ОДР ЛИКИ“ Р Е А Р ВЕ ЛИК се В А џамија ќе АНД СО НО ШУар С ЌАенатиате генерации К Е К Л дн Ии ВАва за „А за ПРчу ДСК Марио Бота БРОЈНЕРИ Д О НТЕ ИЈА Преку јазикот просторот,и КО ЕДОН т насветлината н МАК е та О В би геометрија

ам рв лив ниот в р о лат овт Неп под з

КИТЕ БРИТАНСТИ ЌЕ АРХИТЕК РААТ СЕ ЕДУЦИНОВА СПОРЕД ЕЛНА Т ЗАДОЛЖИГРАМА ПРО

ина VII 21.10.2011 год

ШТВО ГРАДЕ ГРАДЕЖНИ Ж А АРХИ НИШТВО ТЕ АРХИТЕКТУР ЕКОЛ КТУРА А Ј ЈА ГИ ЛО О О О ГИЈА ТВ ЕК НИШ РА ДЕЖ ГРА ТЕКТУ И А АРХ ОГИЈ Л ЕКО

ам комуницирата со публик

168 / ПЕТОК

1 годи на VII

www.porta3.com.mk

4.11.2 01

13 јули 2012

90 денари / БРОЈ

3

ПОРТА

VII

66

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

„Л ЗАСОЛ ИНА“ НИШТ О Е


КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ВО ОХРИД ПО ЛЕТНИ ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ! Во Охрид, туристичкиот и културен бисер на Балканот, нашиот репрезентатитивен резиденцијален објект во Билјанини Извори е одлично место за живеење, одмор и рекреација. Ова е првиот објект во Охрид изграден по најновите меѓународни стандарди за квалитет и енергетска ефикасност, што на станарите им штеди енергија и пари. Нашиот квалитет е во сигурниот и цврст темел, асеизмичката, безбедна градба и функционалните станови. Со купување елитен стан на АДОРА Инженеринг во Охрид, направете траен влог за Вашата посреќна иднина!

оХриД - Билјанини извори енергетски ефикасна-еКо градба  Фотоволтажен систем за производство на струја за заедничко осветлување  Сертификат за сите вградени материјали  Темелна плоча од 95 цм  Асеизмичка, армирано-бетонска конструкција со марка бетон минимум МБ 30 и над МБ 40  Термо фасада со графитен

02 3093 200, 02 5215 215,

075 244 244

034 523 335, 072 228 026

неопор, најнов тип на фасади  Преградни ѕидови до 27 цм ( 2/12 + 3 цм изолација од тврдопресуван тервол )  Надорешна столарија со РОТО оков и 4-сезонско стакло  Прва класа паркет  Прва класа шпанска плочка

 Видео надзор, електричен пристап и електричен лифт во секој влез  Сопствен подземен паркинг  Оптички интернет, ТВ и кабелска инсталација во секој стан  Лист за предбележување и можност за кредитирање до 30 години

072 204 024, 070 365 738, 075 240 003

ohrid@adora.com.mk info@adora.com.mk

www.adora.com.mk


10 години со Вас ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ НОВ КВАЛИТЕТЕН ДОМ во СКОПЈЕ, ОХРИД и СТРУМИЦА

КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ШТО ВИ ШТЕДИ ПАРИ НА КРЕДИТ ДО 30 ГОДИНИ!

ОХРИД О ХРИД - Би Б Билјанини илјанини И Извори звори

СКОПЈЕ - Под Водно

СТРУМИЦА - Парк

- Лист за предбележување на градба бр. 90014 КО Охрид 4 Станови : 50, 55, 59, 63, 73, 81, 86, 126 м2 приземје со дворно место

– Лист за предбележување на градба бр. 55295 КО Центар 2 Станови : 53, 70, 77, 81, 90, 110, 114, 127 м2 Деловен простор: 73, 80, 96, 144, 162, 300, 620 м2

- Имотен лист бр. 16815 КО Струмица Станови : 52, 73, 83, 91, 95, 125 м2 Деловен простор : 59, 104, 143, 247 м2

Преку проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ ПОВОЛНИ ЦЕНИ ЗА ЛУКСУЗНИ ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ!

СКОПЈЕ-Аеродром-Ново Лисиче

ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ДО 10 ЈУЛИ! Станете сопственик на нов квалитетен дом во елитните објекти на АДОРА Инженеринг во Скопје, Ново Лисиче, Аеродром, по цена од 900 евра за м2.

СКОПЈЕ С КОПЈЕ -Карпош арпош

С СК СКОПЈЕКОПЈЕ- 50 Дивизија Дивизи Дивиз ија

СКОПЈЕ - Аеродром

СКОПЈЕСКОПЈЕ- Ново Лисиче СК

СКОПЈЕ -50 Дивизија

Остануваат уште неколку денови, по исклучително поволни цени да станете сопственик на енергетски ефикасен стан што Ви штеди пари, изграден по светските стандарди за квалитет и животна средина.

Донесете мудра одлука во ова кризно време и направете траен влог за Вашата сигурна и безгрижна иднина!

Адора Инженеринг, Орце Николов 182 А, Карпош, Скопје Скопје 02 3093 200, 02 5215 215, 072 204 024, 070 365 738, 075 240 003 Охрид 075 244 244 Струмица 034 523 335, 072 228 026

sales@adora.com.mk info@adora.com.mk

www.adora.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.