Porta 3 - 188

Page 1

Олимпијадата го преобрази источен лондон

Чествување на архитектурата, чествување на Борис Чипан

90 денари / БРОЈ 188 / ПЕТОК 27.07.2012 година VIII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Ако се гради прописно, се` е безопасно


рубрика

2

3

ПОРТА

27 јули 2012


Следниот број на Порта3 излегува на 24 август

БРОЈ 188 ПЕТОК 27.07.2012 дРАги читАтели, Конструкции се уриваат перманентно, но ЗОШТО? Дали и во 21 век, кога компјутеризираниот инженеринг за пресметување на конструкциите е на завидно ниво, а технологијата на градење е сѐ поимпресивна, е допустливо да се случи крах на изградените објекти?! Од многуте примери, во овој број ги претставуваме само оние поимпресивните, но за жал импресивни во нивното рушење. Денес почнуваат Олимписките и Параолимписките игри „Лондон 2012“. Тој настан го преобрази источен Лондон. Во минатото овој дел на градот се користел како локација за индустриски објекти и депонии за отпадни материјали. На ова загадено и запуштено место се направени големи и сеопфатни градежни активности фокусирани на расчитување и деконтаминација на земјиштето на почетокот на олимписките градежни активности, а со цел да се овозможи изградбата на новиот олимписки комплекс. Со оглед на тоа што сезоната на годишни одмори е во полн ек, следниот број на списанието

ќе излезе на 24 август.

ГРАДЕЖНИШТВО 14

АКО СЕ ГРАДИ ПРОПИСНО, СЕ` Е БЕЗОПАСНО

од РедАкцијАтА

14

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ДЕТАЉ ОД ФАСАДА, кошАРкАРскА АРенА, ЛОНДОН 2012 Олимпијадата го преобрази источен Лондон

Чествување на архитектурата, чествување на Борис Чипан ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Ако се гради прописно, се` е безопасно

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА) графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА

Автори: WilKinson eyre arCHiteCts

32

АРХИТЕКТУРА 28

ЧЕСТВУВАЊЕ НА АРХИТЕКТУРАТА, ЧЕСТВУВАЊЕ НА БОРИС ЧИПАН

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

ИНТЕРВЈУ 32

ИВАН ФРАНГОВ ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СТАНЕ ВИСТИНСКА ЕВРОПСКА ПОРТА

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

ТЕХНОЛОГИИ 48

Печати: Европа92 - Кочани

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНИТЕ СТРАНИЦИ ЛЕТОВО

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ЕКСПЕРТ 50

ОЛИМПИЈАДАТА ГО ПРЕОБРАЗИ ИСТОЧЕН ЛОНДОН

Редакција: главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

90 денари / БРОЈ 188 / ПЕТОК 27.07.2012 година VIII

Охрид, како град кој во себе го спојува духот на минатото, културата, традицијата и прекрасната стара архитектура, истовремено град - непресушна инспирација, стана уточиште на една интересна манифестација - Денови на архитектурата, стремејќи се кон нови повисоки нивоа на самосвесност. Годинава се одржаа по втор пат. И веднаш да кажеме, најавен е уште еден новитет - Летна школа по архитектура од следната година натаму, така што зачнатата идеја од минатата година - Вечер на архитектура добива логичен раст низ времето. Урнатиот ѕид на Водно предизвика многу разговори и интерес кај јавноста. Експертите велат: ако се гради прописно, се е безопасно. Според нив, ставовите за тоа дали треба или не треба да се гради на Водно се морална дилема, и тие немаат никаква врска со прашањето што може и треба да се одговори строго научно, а кое гласи - дали може да се гради таму или не? Одговорот на ова е потврден. Се што треба да се направи е да се употреби соодветна технологија, да се почитуваат строгите стандарди за градба на такви стрмни и високи места, да се има добар план и тој доследно да се реализира.

ГОДИНА viii

48

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

ЕКОЛОГИЈА 56

ОСТАНАА ЛИ КИСЕЛИТЕ ДОЖДОВИ САМО ДЕЛ ОД НАШЕТО МИНАТО?

жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ХОРТИКУЛТУРА 58

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ХИДРОПОНИКА - ОДГЛЕДУВАЊЕ БЕЗ ПОЧВА

50

58

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.




инфо

Амбициозни најави од владата

Изградба и реконструкција на 250 километри патишта До крајот на годината ќе се реализираат најмалку 76 локални патишта со вкупна должина од 176 километри и инвестиција од 15 милиони евра, и четири регионални правци со вкупна должина од 74 километри и вредност од над 10 милиони евра

В

ладата најави силна и амбициозна агенда во делот на изградба и реконстукција на локални и регионални патишта. До крајот на годината ќе се реализираат најмалку 76 локални патишта со вкупна должина од 176 километри и инвестиција од 15 милиони евра, и четири регионални правци со вкупна должина од 74 километри и вредност од над 10 милиони евра. Ова го најави владиниот портпарол Александар Ѓоргиев, кој истакна дека во јули ќе бидат изградени 25 локални патишта со должина од 54 километри и инвестиција од 4,54 милиони евра, во август 26 локални патишта со должина од 62 километри и инвестиција од 4,78 милиони евра, во септември осум локални патишта со должина од 19 километри и инвестиција од 1,11 милини евра, во октомври 10 локални патишта со должина од 25 километри и инвестиција од 2,26 милиони евра и во ноември седум локални патишта со должина од 16 километри и инвестиција од 1,56 милиони евра. Дополнително на овие, според Ѓоргиев, ќе има нови 32 локални патишта во

6

3

ПОРТА

27 јули 2012

Пелагонискиот, Југозападниот, Полошкиот и Скопскиот регион, за што во тек е постапка за избор на изведувачи која ќе заврши за 20 дена, а дека на почетокот на август ќе бидат распишани и два повика за избор на изведувачи за околу 60 дополнителни локални патни правци за сите осум региони чија градба би почнала на крајот на оваа година. Тој

апелира до градоначалниците итно да аплицираат во Агенцијата за државни патишта со свои проекти за да влезат во програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и да ги задоволат интересите на граѓаните. Во делот на регионалните патни правци до ноември годинава ќе бидат завршени патните правци Струга-Дебар, КавадарциМушов Гроб, Ангелци-Вељуса-ВодочаБаница и Радовиш-Конче-Лубница. Ѓоргиев информираше дека во тек се повици за избор на најповолен понудувач за регионалната делница Бошков МостГарски Мост со должина од 8,2 километри и за Тетово-Јажинце со должина од 16 километри за кои се очекува по изборот веднаш да се почне со градба. Во однос на проектите за автопатиштата низ земјата, Ѓоргиев вели дека Владата работи интензивно на тој процес и дека има напредок во модалитетите. Потенцира дека досега се завршени сите процесни подготовки за изградба на автопатите и се направени проекти, расчистени се голем дел од имотно-правните односи што до 2006 година било многу малку третирано и оти работите се одвиваат со добар напредок.


инфо

10 години АДОРА Инженеринг

Отворање на резиденцијалниот објект „Билјанини извори“ во Охрид

П

о повод националниот празник Илинден, градежната компанија АДОРА Инженеринг, во рамките на својот 10-годишен јубилеј, на 2 август ќе организира „Илинденски промотивен пикник“ во репрезентативниот објект „Билјанини извори“ во Охрид. Со корпоративна забава и богата програма, на свечен начин во релаксиран амбиент, стручниот тим и пријателите на АДОРА Инженеринг ќе го предадат во употреба овој елитен објект, кој има стотина висококвалитетни станови. Со прекрасен панорамски поглед на древниот град, во близина на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, зградата на АДОРА Инженеринг во Охрид е единствениот станбен објект за колективно домување во Македонија, изграден по најновите светски стандарди за енергетска ефикасност, што на станарите им штеди енергија и пари и ја заштитува животната средина.

www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk

3

27 јули 2012 ПОРТА

7


региони

Реконструкции

Се враќа духот на стариот штипски сокак Штипско Горно маало, една од централните локации во Штип, било препознатливо по штипскиот сокак во кој биле начичкани трошните куќи една до друга, а уличките биле тесни и покриени со камен. За уредување на можеби единствениот преостанат штипски сокак, според Тони Јовев, директор на „Штип проект“, се издвоени околу 600.000 денари и со нив ќе се врати автентичноста на тесната уличка. Драган Ристов

С

екој град, секоја општина, па дури и рурална средина во нашата држава имаат свои обележја. Постојат такви локации кои генерално оставаат впечаток на македонската севкупност. Тие се препознатливи содржини за Македонија, иако се застапени само во одредени средини. Таков е примерот со старата македонска архитектура која своевидно огледало има во ликот на охридските куќи (Робевци) или пак оние од Ново Село во Штип. И низ други поединечни локации се среќаваат вакви примери на македонските трошни куќи, кои денес се единствениот сведок за историјата, културата и минатото. Но секако, постојат и локации кои се обележје за секој град, за секоја средина поединечно. Примерот

8

3

ПОРТА

27 јули 2012

со природното богатство Куклици во Кратовско, Широк сокак во Битола или Старата чаршија во Скопје. Сите тие имаат свои карактеристики и се препознатлив белег на секоја од овие средини. Штип има многу локалитети кои се своевидно „огледало“ на градот. Почнувајќи од препознатливите новоселски куќи (како автентична архитектура) преку Старата кула, Исарот и Безистенот, па се до оние од поинаков карактер: Баргала (историски локалитет) или Пастрмалија (гастрономски специјалитет). Во минатото, Штип бил мошне развиен град. Дури и во турско, па и во повоените години, Штип имал локации кои биле вистинско обележје на градот. Едно од нив, кое се пренесувало низ генерации се однесува на препознатливиот штипски сокак. Штипско Горно маало, една од

централните локации во Штип, било препознатливо по штипскиот сокак во кој биле начичкани трошните куќи една до друга. По 90-тите години, доаѓа до значителна обнова на индивидуалните куќи низ сокаците и бетонирање на калдрмениот или камено-коцкаст тесен пат меѓу куќите. На тој начин, препознатливиот штипски сокак остана во историјата и во сеќавањата на постарите штипјани. Неговата автентичност сè повеќе се губеше низ центарот на Штип, со модерните градежни материјали кои ја запечатуваа секоја трага на историскиот Штип. Сè додека ЈП „Штип проект“ не одлучи да го заштити, можеби единствениот преостанат штипски сокак и да му го врати стариот сјај, ако не друго, барем автентичноста со цел и помладите да препознаат каков бил еснафскиот живот низ штипските сокаци.


региони Имено, во строгиот центар на Штип, поминува т.н „Штипски сокак“ кој излегува на улицата „Ванчо Прке“. Ова јавно претпријатие, на крајот на јуни започна со уредување на оваа локација, односно на уличката. Сокакот е во должина од околу 80 метри, а широк просечни 5 метри и потсетува на Штип од минатитe векови. Старите куќи низ сокакот се реконструирани, во дел од нив на приземниот кат се сместени неколку ресторани, а некогашната коцка од уличката по 90-тите години е покриена со бетон. За да се долови амбиентот на некогашниот штипски сокак, ЈП „Штип проект“ започна да ја поплочува со камени плочи, со што ќе се врати стариот амбиент на улицата. Со оглед на тоа што веќе е реконструиран преминот под зградата со кој „Штипски

сокак“ се поврзува со десниот тротоар на улицата „Ванчо Прке“, овој дел од центарот на Штип го добива новиот лик. За уредување на „Штипски сокак“, според Тони Јовев - директор на „Штип проект“ се издвоени околу 600.000 денари. Долниот дел на уличката е поврзан со скалила кои низ премин под зградата излегуваат на улицата „Ванчо Прке“. Тие беа руинирани, а веќе во првата фаза се реновирани. Обновувањето на „Штипски сокак“ не е грандиозен проект. Тоа нема значително да ја смени сегашноста или континуираното исчезнување на старата штипска архитектура, бидејќи во најголем дел станува збор за индивидуални куќи, кои имаат свои газди и кои сакаат старите куќи да ги обноват. Освен Ново Село во Штип или

поединечни примери низ центарот, чија обнова на куќи мора да биде со дозвола на Министертсвото за култура, во Горно маало речиси повеќе и да нема стара куќа која не е обновена. На тој начин, исчезнаа камените дворови, дрвените веранди и тераси или пак дрвените порти. Заменети се со ПВЦ прозорци и врати, со модерни и изолациони фасади и бетонска „постела“ низ улиците. Од тој аспект, „Штипски сокак“ има голема важност. Бидејќи за одредена популација на штипјани ќе значи враќање во минатото, а со тоа и во младоста, кога имало поинакви правила од денешните. Или пак, просто кажано, секој барем еднаш во денот ќе помине низ оваа локација. Тогаш ќе може да ја почувствува историјата на градот, барем за момент... газејќи по „автентичното минато“.

3

27 јули 2012 ПОРТА

9


градежништво

„Конти Хидропласт“, Гевгелија

Пластиката гледана од друг аспект Околу 20% од водоводната мрежа на ниво на Македонија е обновена со ХДПЕ полиетиленски црева и цевки Марија Маркудова

З

лоупотребата на пластиката како материјал низ годините придонесе таа да се смета за непријател на околината и планетата Земја воопшто. Тој негативен публицитет се должи на масовното производство на пластични предмети и амбалажи за еднократна или краткорочна употреба, и минималната стапка на рециклирање на светско ниво. Гледано од друга страна, пак, карактеристиките на материјалот се такви што применети на вистинското место, како на пример во индустрискиот сектор или градежништвото, даваат врвни резултати. Решението се крие во планираното и контролирано производство на пластични производи наменети за долгорочни решенија. Ако го погледнеме историјатот на употребата на пластиката, односно полиетиленот, ќе видиме дека уште во 1935 година англиските хемичари Реџиналд

10

3

ПОРТА

27 јули 2012

Гибсон (Reginald Gibson) и Ерик Фосет (Eric Fawcett) направиле цврста форма на полиетилен, кој своевремено се користел како изолатор на радарските кабли за време на Втората светска војна. Подоцна, Карл Зиглер (Karl Ziegler) од институтот Кајзер Вилхелм (Kaiser Wilhelm) го измислил ХДПЕ (high density polyethylene) полиетилен со висока густина, за што и ја добил Нобеловата награда за хемија во 1963 година. Инаку, ХДПЕ полиетиленот со висока густина за прв пат бил употребен како материјал за цевка во 1955 година. ХДПЕ материјалот денес има разноврсна примена, најчесто се користи кај инсталации каде што е потребна висока флексибилност и истрајност, а најголема употреба е забележана во производството на цевки за водоводни, гасоводни, канализациски системи, цевки и црева за заштита на кабли, дренажни системи, прехрамбена индустрија, мали хидроелектрани итн. ХДПЕ полиетиленот

со висока густина е меѓународно признат материјал и секогаш претставува прв избор на проектантите ширум светот. Како традиционални материјали за изработка на цевки кои до неодамна се користеа, а некаде и сè уште се користат, конкретно во градежништвото и инфраструктурните проекти се бетонот, азбестот, металот, бакарот и слично. Употребата на овие материјали значително се намали со напредокот на технологијата, со достапноста на ХДПЕ цевките, како и со поголемата информираност за безбедноста што тие ја овозможуваат. Во Македонија на ниво на општини веќе се работи на реконструкција на неефикасните системи за водоснабдување со тоа што се врши замена на метални шавни, дуктилни, поцинковани и азбестни цевки со политиленски ХДПЕ цевки. Засега, околу 20% од водоводната мрежа на ниво на Македонија е обновена со ХДПЕ полиетиленски црева и цевки.


градежништво

Оправданоста на овие проекти доаѓа од самото тоа што ХДПЕ цевките се ефикасно и ефективно долгорочно решение, што може да се види и од основните карактеристики.

МАКЕДОНИЈА

Трендот за користење на ХДПЕ цевките во Македонија е донесен во раните 90-ти години на 20 век, од страна на „Конти Хидропласт“, фабрика за производство на полиетиленски и полипропиленски црева, цевки и профили, лоцирана во Гевгелија. Во времиња кога технологијата за производство на ХДПЕ цевките беше нешто туѓо и недостапно, „Конти Хидропласт“ го виде потенцијалот и потребата на пазарот. Првите нивни проекти во Македонија главно биле странски инвестиции, каде што условите кои производителот требаше да ги исполнува за учество своевремено беа високи. По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со успешно реализираните проекти на територијата

на Република Македонија, денес оваа компанија е извозно ориентирана, и 90% од своите производи ги пласира на меѓународните пазари. Покрај искуството, за пристап на меѓународните пазари придонесе и големата гама на производи и капацитети со кои се спремни да одговорат,

Карактеристики на ХДПЕ цевките: Флексибилност Отпорност на поместување на земјиштето Отпорни на корозија и абразија Лесни за инсталација и одржување Долг животен век (минимум 50 години) Мала специфична тежина Здравствено исправни Не ја загадуваат околината и може да се рециклираат со врвен и препознатлив квалитет по сите меѓународно признати стандарди. Нивната моментална производствена програма ги покрива сите полиња на примена, односно цевки и црева за водоводни системи, канализациски системи, ПЕ

и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи и фитингарија за истите соодветно димензиите, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12 мм, па се до 2000 мм. „Конти Хидропласт“ препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето на сите процеси е мошне голема. Еден од клучните фактори за одржливост, покрај големата конкуренција, е константното реинвестирање во иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок. Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе „Конти Хидропласт“ да игра важна улога на домашниот и на странските пазари со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти.

3

27 јули 2012 ПОРТА

11


градежништво

Причини за нарушување на стабилноста на потпорни конструкции Основен услов за извршување на функцијата за која се проектирани потпорните конструкции е зачувување на нивната надворешна и внатрешна стабилност во текот на експлоатациониот период Подготвил: Борис Богоевски,

дипл.инж. по геотехника

П

отпорните ѕидови се мошне популарни конструкции во градежништвото во Македонија, со оглед на фактот што голем број населби во земјава лежат на стрмни терени. Примената на потпорните конструкции секогаш е насочена кон стабилизирање на нестабилен терен без оглед на тоа дaли станува збор за обезбедување на трајна или времена стабилност на терен, на кој се изведени објекти или пак е предвидена нивна изведба во иднина. Без потпорните

12

3

ПОРТА

27 јули 2012

конструкции, на нестабилни терени едноставно не може да се гради. Во однос на безбедноста, би можело да се каже дека потпорните конструкции се најважниот фактор на една градба. Поради нивното исклучително значење, императив е тие да бидат соодветно проектирани, а следствено и изведени според проектите. При проектирањето на потпорните конструкции се земаат предвид многу фактори врз база на кои се димензионира конструкцијата и се проценува нејзиното однесување за време на експлоатацијата. Едни од основните анализи кои се

работат во ваков случај се анализите на стабилност на потпорните конструкции, кои се вршат од аспект на т.н. надворешна и внатрешна стабилност на конструкцијата. Надворешната стабилност вклучува стабилност од превртување, лизгање, носивост на темелната подлога и стабилност од свлекување на конструкцијата заедно со околниот терен. Внатрешната стабилност за потпорните конструкции се пресметува во зависност од типот на потпорната конструкција, односно дали станува збор за армирано-бетонска конструкција, систем армирана земја, потпорен ѕид од габиони


градежништво и слично. Така, на пример, кај армиранобетонските конструкции под внатрешна стабилност се подразбира задоволување на максимално дозволените деформации кои можат да се појават за време на животниот век на конструкција. Самото тоа е поврзано и со количеството на вградена арматура во конструкцијата. Анализите на стабилност се вршат за експлоатационите услови (т.е. товарни случаи) кои се карактеристични за вакви конструкции, а произлегуваат од функцијата што треба да ја извршуваат. Ова значи дека покрај статичките товари кои ги прифаќа конструкцијата, предвид се земаат и динамичките товари (сообраќајно оптоварување, сеизмика и слично). За да се каже дека некоја потпорна конструкција е стабилна потребно е таа да ги задоволува и надворешната и внатрешната стабилност. Важно е да се напомене дека стабилноста на конструкцијата во голема мерка зависи од квалитетот на изведбата и вградените материјали во неа. Секако, и тоа не е гаранција дека потпорната конструкција ќе ја извршува својата функција беспрекорно. Имено, доколку врз потпорната конструкција дејствуваат товари (оптоварувања) кои не се земени предвид при проектирањето, тие можат исто така да предизвикаат нарушување на нејзината стабилност односно превртување, лизгање, лом во подтлото, појава на пукнатини па и целосно рушење на конструкцијата. Основен услов за извршување на функцијата за која се проектирани потпорните конструкции е зачувување на нивната надворешна и внатрешна стабилност во текот на експлоатациониот период.

ФАзи

Имајќи ги предвид фазите на настанување на секој објект проектирање – изградба –

експлоатација, причините за нарушување на стабилноста можат да се поврзат со секоја од овие фази. Првата фаза – проектирање е фазата во која врз отстранување на ризикот од нарушување на стабилноста се влијае преку соодветно димензионирање на конструкцијата. Оваа фаза опфаќа детални анализи на конструкцијата земајќи ги предвид теренските услови, геотехничката средина во која ќе се фундира објектот, интензитетот и типот на товарите што во текот на експлоатација ќе ги прифати контрукцијата и слично. Најчестите недоследности кои се јавуваат при проектирањето, а кои подоцна доведуваат до несоодветно димензионирана конструкција се: проектирање врз основа на несоодветни подлоги за проектирање (пр. недоволни геотехнички истраги), нецелосна анализа на товари, недоволно усвоена количина на арматура и слично. За разлика од останатите две фази, во оваа фаза надминувањето на недостатоците во проектот се најбезболни, а во финансиска смисла најмалку чинат. Во оваа фаза многу е битно да се земат предвид сите услови во кои ќе се експлоатира конструкцијата. Занемарувањето на одредени влијанија, пр. влијанието на подземната вода или процедните води често доведува до изоставување на дренажен систем или несоодветно димензиониран дренажен систем. Во овој случај конструкцијата ќе прифати товар за која не е димензионирана, со што се доведува во прашање нејзиното однесување, а соодветно на тоа и нејзината стабилност. Фаза во која можат да се појават најголем број причини за нарушување на стабилноста, секако, е фазата на изградба на потпорната конструкција. Во таа смисла, овде можат да се наведат

голем број причини кои подоцна би ја загрозиле стабилноста: вградување на неквалитетни градежни материјали, несоодветна количина на арматура и бетон, несоодветно изведен дренажен систем, непочитување на техничките услови пропишани со проектот, промени на делови од објектот кои не се предвидени со проектната документација и слично. Последна фаза од животниот век на една конструкција е фазата на експлоатација. Сите недоследности од претходните две фази се чувствуваат во оваа последна фаза. Кога станува збор за квалитетно проектиран и изведен објект единствени причини кои можат да влијаат на нарушување на стабилноста при експлоатација се: неодржување на објектот (најчесто ова се однесува на одржување на дренажниот систем или пак на делови од објектот кои во тек на експлоатација се оштетени), несоодветна експлоатација и менувањедоградување на конструкцијата без тоа да се потврди со дополнителни пресметки.

3

27 јули 2012 ПОРТА

13


градежништво

Експертите околу дилемите што ги отвори урнатиот ѕид на Водно

Ако се гради прописно, се` е безопасно Почвата на Водно, според досегашните сознанија, е сигурна, иако упатените велат дека нови и подетални испитувања секогаш може да дадат поинакви резултати. Но во случајот со потпорниот ѕид, согласни се тие, очигледни се проблемите со изградбата, а не со почвата. Катерина Спасовска Трпковска

П

отпорниот ѕид што се урна на Водно, присилувајќи евакуација на двете згради под него, отвори многу прашања околу градењето. Но, меѓу вообичаените обвинувања за злоупотреби и за малверзации, особено се наметна една суштинска дилема, која, се чини, привлече најмногу внимание кај јавноста. Прашањето беше - дали Водно е погодна почва за градење, дали е добро градежно земјиште, или сме направиле грешка уште во почетокот. Сосема доволно за да почнат да кружат застрашувачки теории дека ова е само почеток, дека најлошото допрва ќе следува и дека не чека поголема катастрофа. Колку се реални причините за оваа паника која се крена? Врвните експерти во овие области, оние што најдобро можат да

14

3

ПОРТА

27 јули 2012

дадат објаснување што точно се случува, велат дека нема никаква опасност. Според нив, ставовите за тоа дали треба или не треба да се гради на Водно се морална дилема, и тие немаат никаква врска со прашањето што може и треба да се одговори строго научно, а кое гласи - дали може да се гради таму или не? Одговорот на ова е потврден. Се што треба да се направи е да се употреби соодветна технологија, да се почитуваат строгите стандарди за градба на такви стрмни и високи места, да се има добар план и тој доследно да се реализира. Всушност, нагласуваат некои, ако видиме низ светот што сè се гради и до каде отишла технологијата, на пример населби на вештачки острови, подземна железница во мочурливо земјиште и слично, ќе биде смешно да тврдиме дека делот на Водно околу поранешниот хотел Панорама треба да се прогласи за некаква

строго забранета зона за градење и тоа од природни причини. Но повторуваат научниот факт дека на скопската планина може да се гради нема никаква врска до изведување став дека таму треба или не треба да има градилишта и објекти. Општината Центар засега како единствена причина за инцидентот ја истакна лошата изведба. Тоа го потврди и самиот градоначалник Владимир Тодоровиќ, нагласувајќи дека објектот бил лошо и нестручно изведен. Се најави истрага од општинскиот градежен инспекторат, од која се чекаат резултатите. Истовремено, најавена е експертска анализа и околу попуштањето на ѕидот, и околу квалитетот на земјиштето. Но, експертите изгледаат мошне сигурни во тоа со што си имаат работа, бидејќи проблематиката на градење на Водно ја следеле подолго време, а не само 


градежништво

3

27 јули 2012 ПОРТА

15


градежништво поради тоа што се случил инцидент. Еве ги и нивните мислења. Професорот од Градежниот факултет Љупчо Димитриевски вели дека геотехниката секогаш има неизвесност, а во случајот со Водно никој не може да предвиди дали на таа средина нешто ќе се случи од земјотреси или од вода. „Ситуацијата со ѕидот на Водно не е така страшна како што се прикажува. Нема никаква опасност да тргне целото брдо. Станува збор за голема Љупчо Димитриевски конструкција, а првиот „Нема опасност да тргне целото брдо.“ впечаток е дека ѕидот има аномалии, но сепак тоа не значи дека неговото уривање не е предизвикано од природата“, вели Димитриевски. Тој објаснува дека за еден потпорен ѕид во висина од шест метри да биде добро сработен, треба во основата да биде од три до четири метри, да е дебел околу 70

16

3

ПОРТА

27 јули 2012

сантиметри и да биде со два до три реда колови. „Конкретниот ѕид е со еден ред колови кои се длабоки“, додава Димитриевски. Според неговиот колега Горан Марковски, уривањето на овој ѕид е опомена за сите што градат дека треба да го сменат односот кон оваа дејност и кон овој процес. „За жал ова е сликата во македонското градежништво во последните 10-15 години, кога почна да царува импровизаторството. Она што може да се каже без направена детална анализа е дека ѕидот е нестручно изведен. Тоа е последица на нестручно изведена урбанизација кога со преголема леснотија се изведуваат такви објекти и потоа попаметниот, во случајов ѕидот, попушта. Несреќите немаат најава и затоа уривањето на овој ѕид не треба да се гледа само локално туку да се следи целата слика. Ова треба да ни биде повод да изградиме систем во кој нема да се случуваат вакви работи. Мојот совет е најпрво урбанизацијата да се остави на урбанистите и да нема пренатрупување на урбаното ткиво, да се води сметка за карактеристиките на локацијата. Исто така, многу е важно да се подигнат критериумите за добивање овластување за ревиденти и надзор на изведба. Тоа се клучни позиции кои можат да обезбедат квалитетна градба, но проблем е што кај нас тие критериуми се многу ниски“, вели Марковски. Во однос на тоа дали цврстината на лапорецот на Водно им дозволува на изведувачите да користат понеквалитетни материјали и полоша изработка, Марковски вели дека само оној што работел на објектот може да знае што има под градбата. „Многу е важно каде има лапорец и до која длабочина е. Не мора да значи Горан Марковски дека насекаде „Она што може да се каже без има лапорец кој направена детална анализа е дека ѕидот е нестручно изведен.“ е толку цврст“, додава Марковски. Изградбата е поважна од земјиштето, па стабилноста на ѕидот не зависи само од лапорецот, се надоврзува директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), проф. д-р Михаил Гаревски. Институтот вршел испитување на стабилноста на земјиштето во времето кога хотелот Панорама се урна за на негово место да се изгради турската болница, инвестиција која пропадна. Но оттогаш, објаснува тој, се гради поинаку и ИЗИИС нема целосен увид во работите. „Ако има дисконтинуитет во лапорецот, тоа може да го зголеми ризикот, без разлика на стабилноста на почвата“, вели Гаревски. Негова констатација е дека ѕидот е многу висок, но не е проектиран како типичен потпорен ѕид. Во него, како што вели, нема доволно арматура, марката на бетон е пониска и затоа дошло до рушење. „Ако длабоко се фундираат, потпорните ѕидови не би требало да имаат клизини, дури и од сеизмички влијанија. Но во оваа состојба, кога има хаотично распоредени многу високи згради, не можам со сигурност да кажам што има зад тие


градежништво

потпорни ѕидови, дали е само локалниот материјал или има и додатен товар“, нагласува Гаревски. Негова препорака е во иднина со максимална претпазливост да се прават потпорните ѕидови, да се истражува теренот и да има глобален увид како и каде што е засечено во почвата. Согласен дека урнатиот потпорен ѕид не е испроектиран и изведен како што треба, и дека тоа е суштинската причина за неговото уривање, е и м-р град. инж. Влатко Коцевски од фирмата „Статика 001“ Скопје, стручњак кој зад себе има испроектирано доста објекти, Михаил Гаревски од кои сигурно 50-тина од типот „Ако длабоко се фундираат, потпорните ѕидови на потпорни ѕидови. Според него, не би требало да имаат клизини, дури и од ѕидот бил и онака слаб, без многу сеизмички влијанија. “ арматура и тоа во една зона, само 30 сантиметри дебел и со најверојатно мал фундамент. „Сега врз него има посипано дополнителен товар од околу два метри (што значи дека потпорниот ѕид може да се третира како да е осум метри висок), со што е преоптоварен неговиот коефициент на издржливост од преку 60 отсто. Исто така, и барбаканите, односно процепите за истекување на водата во ѕидот, се до половина, а не до долу, што можеби и придонело да не се исцедува водата од задниот дел на ѕидот и да направи дополнителен притисок врз ѕидот. Во делот на изведбата се јавуваат драстични прекини при бетонирањето калибар треба да се прават од два и пол до три метри во темелот, по вертикала на ѕидот да се стави појака арматура и тоа во две зони, во долниот дел несоодветно истретирани, да се дебели од 50 до 60 сантиметри, а горе на круните не што впрочем точно се пречи да бидат и 30 сантиметри. Исто така, треба да се води потврдува дека рушењето сметка и за пропустите за вода (барбаканите), но најважно од на ѕидот настанало кај сè е да се посвети огромно внимание на правилната изведба овие прекини (дилатации). на која било конструкција, следствено и на потпорните ѕидови. Тоа се клучните фактори Инаку, додава Коцевски, ситуацијата е сè уште алармантна, што придонеле да дојде Влатко Коцевски „Ситуацијата е сè уште алармантна, бидејќи до класичен лом на бидејќи сега потпорните ѕидови се „потпрени“ само на два до сега потпорните ѕидови се „потпрени“ само три армирано-бетонски столба од самите згради со димензии 40 конструкцијата“, вели на два до три армирано-бетонски столба на 40 сантиметри, кои во секој момент би можеле да попуштат, Коцевски. Од неговото од самите згради со димензии 40 на 40 бидејќи истите сигурно не се димензионирани за ваков вид проектантско искуство, сантиметри“ потпорните ѕидови од ваков на хоризонтални оптоварувања при проектирањето. 

3

27 јули 2012 ПОРТА

17


градежништво

Правилно урбано планирање на просторот за градба

Добар проект е основа за добра градба Штедењето средства за истражувања е лоша економска и инженерска политика, а добриот проект треба да е доследно и квалитетно реализиран во практиката проф. д-р Милорад Јовановски, асис. м-р Игор Пешевски,

В

о светло на последните случувања со појавената нестабилност на потпорниот ѕид на улицата „Салвадор Аљенде“ на Водно, вреди да се потенцираат некои аспекти кои се основа за правилна урбанизација на просторот. Тука, уште на самиот почеток треба да се повторат општите правила, кои мора да се почитуваат за да дојде до успешна реализација на некој објект. Имено, основна аксиома е да постојат добро осмислени фази на проектирање и добар проект. Ако добриот проект е основа за успешно изведен објект, тогаш уште поважно е да се нагласи дека не е можно да се направи добар проект без добро подготвени геодетски, геолошки, геотехнички, сеизмолошки, хидрогеолошки и други подлоги. Тие, пак, се прават само врз основа на адекватни фази на истражувања и испитувања на теренот. Сите истражувачи, проектанти и најповеќе инвеститорите треба да ја имаат предвид синтагмата дека „секогаш се плаќа за истражувањата на теренот, без разлика дали тие се изведуваат или не“. Поедноставно, ова значи дека е добро да се плати реална цена за добри истражувања, отколку тие да не бидат извршени, а подоцна да дојде до проблеми при градба или експлоатација на објектот заради лошо проценетите услови за фундирање. Вообичаените трошоци за чинење на истражувањата на теренот, споредено со вкупната цена на чинење на објектите или за изведба на темелите, скоро никогаш не претставува значаен товар на вкупната инвестиција. На пример, за објектите од високоградбата тоа обично изнесува максимално до 2% од цената на објектот. Во практиката постои непишано правило дека штедењето или неизведувањето на некои од вообичаените истражни постапки може многу негативно да се одрази во

18

3

ПОРТА

27 јули 2012

Градежен факултет при УКИМ, Скопје

фазата на изведба или после изведба на објектите. Најчесто, тоа се одразува или врз продолжување на рокот за изведба или врз крајната цена на чинење на објектите. За жал, во практика, често се случува да се прави „заштеда“ точно во делот на истражните работи, но тоа најчесто предизвикува значително зголемени трошоци во вкупната цена на проектот. Ова произлегува од лошо проценетите услови за ископ и фундирање, кои можат да произлезат од следните основни случаи: • неизведување на никакви истраги или вршење на проектирање без никакви податоци за подлогата врз која се фундира објектот, често поаѓајќи од ставот дека „објектот е едноставен“, што е комплетно погрешен пристап; • изведба на недоволен број истраги; • изведба на доволен број истраги, но со мал или неадекватен број на соодветни примероци за лабораториски испитувања; • постоење на доволен број на истражувања, квалитетна лабораториска работа и добри податоци, но лоша интерпретација на резултатите, што е проблем на недоволно познавање на проблематиката на геотехничкото и геолошкото инженерство и непрофесионализам на истражувачите. Има голем број примери за драстични негативни последици врз објектите, а извршените анализи на причините за рушењето на голем број брани, мостови, тунели, згради и друго, несомнено укажуваат дека најголем дел од причините лежат во погрешното или недоволното разјаснување на инженерскогеолошките услови за нивната изведба, а не во конструктивните решенија. Според статистичките анализи, дури и во високоразвиените земји, констатирано е дека како последица на лошо или недоволно проценети геотехнички услови

на подлогата (теренот), најчесто се појавуваат следните негативни ефекти: • Една третина од проектите во изведба доцнат заради лошо проценети услови на подлогата; • Непредвидените услови на теренот се главна причина за оштетувања кај темелите од тип на колови, како систем за длабоко фундирање; • Кај една половина од случаи на изведба на патната инфраструктура се појавило надминување на предвидените трошоци, заради неадекватни истражувања или лоша интерпретација на податоците од истражувањата. Од овие примери, јасно се кристализира ставот дека штедењето на средства за истражувања е лоша економска и инженерска политика. Затоа, цениме дека е добро пред стручната јавност повторно да се укаже на некои основни правила и постапки кои треба да претходат на урбанизацијата на просторот, со цел негативните искуства да се сведат на најмала можна мерка.

Потребни чекори за правилно урбанизирање на просторот За потреби на планерски активности при урбанизација на просторот, посебно при изградба на нови населени места или нивно проширување, потоа користење на земјиштето за различни намени и слично, потребно е детално изучување на голем број карактеристики на теренот кои детално треба да бидат познавани пред да се премине кон градба, и тоа: • морфологија на терен; • геолошка градба; • хидрогеолошки карактеристики; • геотехнички својства како: стабилност на карпестата маса во текот на ископот, отпор при


градежништво ископ, услови за заштита од подземни води, влијанија на работните операции врз природната средина во фаза на ископ, влијание на изведен објект врз природната средина во услови на експлоатација, носивост на теренот; • геодинамички својства како: сеизмичност, свлекувања, одрони и друго. Во вакви случаи, најчесто, според резултатите од детално истражување на теренот, се врши зонирање или поделба во одделни реони, каде просторот се зонира според погодноста за градба. За таа нaмeна се користат разни критериуми за зонирање. Најчесто, зонирањето се врши во четири основни категории и тоа: Категорија I - оптимално поволен терен Категорија II - поволен терен Категорија III - условно поволен терен Категорија IV - неповолен терен По правило, кај терени со наклон од 1-5% е потребен мал обем на земјани работи, односно мал ископ за расеци и засеци и мал обем на насипи, а овој наклон е погоден и за лесно одводнување од атмосферските води и изработка на канализационите системи. Кај терени со наклон помал од 1%, отежнато е површинското одводнување, додека кај терени со пострмни наклони е отежнат ископот, и тие се склони кон појави на нестабилност. Во таквите случаи е отежната изведбата на комуналната и индустриската инфраструктура. Во практиката, посебно за градбите на Водно кои обично се изведуваат во пострмни наклони, првенствено е добро да се подготват карти на наклони. Поради постоење на едноставни специјализирани софтверски пакети, ова воопшто не е проблем и побарува само акција од надлежните служби и институции да се преземат мерки за систематска акција за подготовка на ваквите карти. Еден пример е прикажан на следната слика.

Слика 1. Карта на наклони на терен за дел од терен во близина на Скопско кале

За намени на урбанизација многу е значајно и влијанието на подземните води, поради можност за доток на вода при изведба на градежните јами, агресивност на подземна вода, суфозија, намалување на носивоста, можност за развој на слегнувања, ликвефакција и друго. Најчесто, како параметар за зонирање се користи податокот за максималната длабина до нивото на подземна вода според следните податоци:

Степен на поволност за градба

Максимална длабина до ниво на подземна вода (м)

1. Оптимално поволен терен

>12

2. Поволен терен

3-12

3. Условно поволен терен 4. Неповолни терени

1,2-12 <1,2

3

27 јули 2012 ПОРТА

 19


градежништво Најнеповолни се случаите кога изданската зона е многу плитко под површина на теренот, бидејќи тогаш се појавуваат големи проблеми со одводнување на градежната јама, капиларни заситувања на темелите и конструкцијата, кај песокливи седименти развој на ликвефакција и др. Од групата на т.н. геотехнички услови за градба, најчесто се земаат предвид дозволената носивост, стабилноста на теренот и отпорот при ископ. Од носивоста на теренот зависи економичното проектирање и изведба на темелите, а од стабилноста однесувањето на објектот со текот на времето. Како пример за реонирање на теренот, на следните слики се дадени неколку примери. Слика 2. Пример за изработена карта на погодност за урбанизација на населени места (П.Локин и др. 1972); Легенда: I- оптимално поволен терен II- поволен терен III- условно поволен терен IV- неповолен терен

Слика 3. LHZ карта изразена со TLHEF за област Велико Село како основа за правилна урбанизација на просторот (Jovanovski, Peshevski, Abolmasov, 2011)

Исто така, еден од најзначајните аспекти за правилен избор на локации за градба во населени места е подготовка на карти на зонирање.Тоа се карти според кои се проценува можноста за развој на свлекување преку подготовка на таканаречени LHZ карти (од анг.Landslide Hazard Zonation). Еден пример на квантитативна проценка преку т.н ТLHEF (вкупен фактор за проценка на хазард од свлекување од англиски Total Landslide Hazard Evaluation Factor) е прикажан на следната слика. Како заклучок, може да се потенцира дека ваквите карти се од голема помош за правилно насочување на инженерските интервенции и се основа за успешна урбанизација на просторот. Тука мора да се истакне, дека современото градежништво овозможува изведба на комплицирани градби скоро во сите услови, но притоа доследната примена на сите законски и структурни аспекти е императив и неопходност. На крајот, како поука од овој напис, повторно ќе се потецираат истите ставови од почеток на овој текст, дека штедењето на средства за истражувања е лоша економска и инженерска политика, понатаму дека добар проект е основа за добра градба, но добриот проект треба да е доследно и добро реализиран во практиката.  20

3

ПОРТА

27 јули 2012

Слика 4. Карта со издвоени зони за оптимално користење на просторот (M.Matula,1979): А - зона со најпогодни услови за градежни работи од секаков карактер, со мала потреба од заштита; B - зона која е погодна за индустриска градба со мала потреба од примена на заштитни мерки; C - зона со погодни услови само за помалите градежни зафати; D - зона на умерено поволни услови за градежни активности; АP - зона со неповолни услови за градежни активности каде се бара висок степен на заштита; Р - зона со многу неповолни услови за работа и потреба од примена на највисок степен на заштита која треба да се избегнува за градба.


IZIIS SAGA-B

рубрика

Решение за Европа

EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.

Прецизно моделирање со AutoCAD import

• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје

Тел. 02 3107 721 Факс 02 163 27 3112 јули 2012 ПОРТА

3

21


Решенија за специфичните барања во болници и други здравствени објекти

В

о болниците и објектите за медицинска нега, фокусот е ставен врз економската функционалност и атмосфера, кои помагаат во оздравувањето на пациентите. GEZE создава решенија, приспособени на конкретните потреби и препознатливите квалитети на овие објекти, како и посебните барања на просториите за медицински и здравствени услуги хигиена, безбедност, непречен пристап и безбедност во случај на пожар или несреќа. Особено големи се барањата за хигиена во просториите за операции, лабораториите и одделенијата за интензивна нега. Во последните години сè повеќе се зголемуваат барањата во поглед на микроклимата и работната средина во операционите сали - температура, влажност, чистота на воздухот, па дури и брзина и насока на воздушните струи. Сето ова условува

22

3

ПОРТА

27 јули 2012

строги критериуми при изборот на врати за ваков вид простории. Освен што треба да биде обезбедена херметичност, овде контролата на пристап не се препорачува, туку е задолжителна. Вратата треба да е здрава, брза и лесна за употреба при поминувањето на медицински лица, подвижни кревети и носилки, а во некои случаи треба да е отпорна на радијација или да е со акустична изолација. Автоматската лизгачка врата GEZE Powerdrive HT одговара на овие барања и обезбедува херметичко затворање. Изработена е од не`рѓосувачки челик, што ја гарантира нејзината хигиена, а моторот и е наменет за погон на особено тешки врати. GEZE Powerdrive HT се отвора брзо и истовремено работи исклучително тивко. Обезбедува и можност за рачно отворање како „летечка врата“ на шарки, поради специфичните барања на медицинските простории - т.н. опција "push-and-go".

Вратата е исклучително издржлива, бидејќи заптивката на крилото не се допира до други компоненти за време на движењето. GEZE има искуство во обезбедување на сеопфатни решенија за опремување на медицински установи - итни и евакуационни излези, секојдневна вентилација и одвод на чад во случај на пожар, контрола на пристап, автомати за врати за брзо затворање и друго. Консултантите на GEZE нудат компетентни и рационални решенија, како за просториите со специјалнa медицинска намена (операциони сали, лаборатории, оддели за интензивна наега), така и за заедничките простории во болници и клиники (места за јадење, кафулиња, ходници, фоајеа и друго.) Со нивна помош се гради интегриран систем за безбедност, достапност и удобност во здравствените објекти, кој ги исполнува сите законски барања.


градежништво

Градбите паѓаат и во 21 век? Биљана Стојановиќ, дипл.град.инж. Хотелот „Нов Свет“ во Мала Индија, Сингапур

К

онструкции се уриваат перманентно, но ЗОШТО? Дали и во 21 век, кога компјутеризираниот инженеринг за пресметување на конструкциите е на завидно ниво, а технологијата на градење е сè поимпресивна, е допустливо да се случи крах на изградените објекти?! Примери за колапс на објекти пуштени во употреба или пак во изградба има многу, како порано пред многу години така и денес, и тоа насекаде ширум светот. Од многуте примери, тука ги претставуваме само оние поимпресивните, но за жал импресивни во нивното рушење.

Статичка грешка при пресметка на хотелот „Нов Свет“ во Мала Индија, Сингапур

На 15 март 1986 година, шесткатниот хотел „Нов Свет“ се урна поради

проектантска грешка на градежниот инженер, кој заборавајќи да ја стави во калкулацијата сопствената тежина на објектот, погрешно ги димензионирал носечките столбови на објектот. Тогаш, 33 луѓе загинале, а 17 биле повредени.

Корупција при изградбата на шопинг центарот „Сампонг“ во Сеул, Јужна Кореја

Многупати анализирана, со вкупно 501 жртва и над 1.000 повредени, рушењето на шопинг центарот во Сеул е една од најкатастрофалните несреќи во поновата историја. Изведена како девететажен армирано-бетонски комплекс, со пет ката над земја и четири ката подземни, по техничкиот прием, пуштена е во употреба во 1989 година. Иако во текот на употребата се забележани одредени неправилности, пукнатини и течења, во тие шест години не е извршена ниту една санација. Рушењето настапува во централниот дел

кај атриумот, кога петиот кат паѓа сè до подрумите. Датумот на несреќата 9 јуни 1995 година, до ден-денес ја потсетува Јужна Кореја на многубројните жртви. Причините за рушењето се повеќе од банални и ужасни, односно се сведуваат на корумпираност на инвеститорите, кои сè уште ја одлежуваат затворската казна.

Колапс на терминалот 2Е на парискиот аеродром „Шарл Де Гол“, Франција

На 23 мај 2004 година, само 11 месеци по пуштањето во употреба, се случи рушење на еден од терминалите на наjголемиот аеродром во Франција, „Шарл Де Гол“. Решен како челична решетка однадвор и префабрикувана бетонска лачна лушпа од внатрешната страна, оваа конструкција е повеќекратно потпрена на бетонски столбови поврзани со бетонски греди. Габаритните димензии на овој терминал се 34 м ширина и 650 должина. 

3

27 јули 2012 ПОРТА

23


градежништво Мост во Минеаполис, САД

СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ШАНГАЈ, КИНА

Рио де Жаниеро, Бразил

Рио де Жаниеро, Бразил

СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ШАНГАЈ, КИНА

ПАРИСКИОТ АЕРОДРОМ „ШАРЛ ДЕ ГОЛ“, ФРАНЦИЈА

По колапсот и четирите жртви, детално е разработен целиот настан, при што се утврдени неправилности и во самиот проект и во процесот на градење каде што инвеститор, проект менаџер и архитект е ист човек, реномираниот архитект Пол Андре. Архитектот Андре, како дизајнер на овој проект во исто време бил и директор на аеродромите во Парис АДП, а воедно и менаџер на изградбата. Исто така, со детални анализи е утврдено дека ободните бетонски греди претрпеле значајни оштетувања, со појава на пукнатини, при што поместувајќи се 24

3

ПОРТА

27 јули 2012

од лежиштата ја влошиле стабилноста на целокупната конструкцја, внесувајќи допонителни напрегања во бетонската лушпа. Реконструкцијата на терминалот „2Е“ се состоел од комбинација на рушење, модификација и реконструкција на целата конструкција, но и покрај се остана да лебди црната дамка од 2004 година.

Пад на мостовска конструкција во Минеаполис, САД

Овој пример за рушење на мост претставува морничава слика како може да се биде

фатен во стапица. На 1 август 2007 година, во текот на дневниот шпиц кога сообраќајот е најгуст и паралелно се вршат поправки на мостот, се случува колапс на носечката конструкција на мостот. Билансот на несреќата е 13 загинати и десетици повредени. По извршените испитувања на паднатата конструкција, утврдени се одредени недоследности при изградбата и тоа на местата на колапсот, дел од фланшите наместо минималните 25 мм, биле изведени со дебелина од само 13 мм. Исто така, склоп на околности биле што мостот бил натоварен не само од дневниот


градежништво густ сообраќај туку и со дополнителна опрема и материјали потребни за неговата реконструкција која била во тек. Овој мост никогаш не бил повторно реконструиран, туку покрај него е изграден нов мост, а стариот останува да сведочи како нештата не треба да бидат изградени.

Превртување на станбена зграда во Шангај, Кина

Во резиденцијалниот комплекс „Лотус“ во Шангај, на 27 јуни 2009 година се случи превртување на една од 11 згради во изградба понесувајќи една жртва. Сцената од превртената зграда го обиколи светот и посебно ги загрижи властите од Кина кои веднаш презедоа ригорозни мерки за пронаоѓање на виновникот. Испитувањата најпрво се вршеа во однос на проектот и квалитетот на вградените материјали, за потоа да се премине кон истражување на процесите на градба, фазите на изведба и секако надзорот и контролата на истата. Една од најповиканите причини за колапсот беа гласно критикуваните колови темели изработени од претходно напрегнат бетон. По спроведената истрага, сите шпекулации се отфрлени и јасно е објасната причината за ваквото превртување. Поради местоположбата покрај река, било потребно да се изгради бетонска заштита од водни

наноси и при изработката, непосредно до северната страна на зградата е депонирана кал која достигнала висина и до 10 м. Во исто време, на спротивната страна се вршеле ископувања на кота -4,6 м за изработка на подземен паркинг. Ваквата комбинација на градежни зафати предизвикала поместување на темелите што довело до целосен колапс на 13-катниот објект. Според истражувањата, максималното ниво на натрупана кал не требало да ја помине границата од пет метри висина за да се гарантира стабилноста на зградата од превртување. Освен однесениот човечки живот на градежниот работник, во оваа несреќна случка и 500 сопственици на станови станаа бездомници, кои бескомпромисно и натаму си ги бараат своите права и соодветна компензација.

Колапсот на зградата во Рио де Жаниеро, Бразил

Оваа несреќа се случи годинава, кога на 26 јануари зграда во центарот на Рио се урна оставајќи зад себе шест жртви. Причините за рушењето се поврзуваат со староста на објектот, но и внатрешните илегални преуредувања на становите за кои не била издадена дозвола. На градежниот факултет од Рио, реномирани професори после оваа катастрофа бараат решенија

за обврзување на самите станари на годишно ниво да се грижат за состојбата на своите објекти и нивната стабилност. Занемарувајќи ги природните хазарди како што се земјотресите, пожарите, екплозиите или ударите, причинители за рушење на објектите има многу и истите можат да се разгледуваат од различни аспекти. Една новопоставена анкета на форум страницата за конструкции и менаџмент - www. toostep.com, токму на оваа тема објавува поразителни резултати. Од наведените причинители, покрај непотполните геомеханички испитувања, недостатокот од професионална етика и употребата на неквалитетни материјали, најголем дел од експертите/професионалците во оваа област се определуваат за корупцијата како причина број еден за рушењето на објектите. Небрежноста и неодоговорноста како од Изведувачите така и од Надзорните органи, Консултантите и Инвеститорите е вториот наведен фактор кој директно може да влијае на сигурноста и безбедноста на објектите од рушење. Во секој случај, фунционирањето на контролата, како хоризонтална така и вертикална, е еден од најважните сигурносни системи за добра градба, каде инженерскиот потпис се вреднува и значи градење на подобар свет, свет без рушење. 

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 27 јули 2012 ПОРТА

3

25


хигиенско инженерство и дизајн

Неопходни предуслови за квалитет и безбедност на храната проф. д-р Владимир Какуринов, Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ

Х

игиенското инженерство и дизајн (ХЕД) е релативно нова мултидисциплинарна и применета научна дисциплина. Најголема примена хигиенското инженерство има во индустриите што мора да работат според хигиенските стандарди, како што се на пример индустријата за производство на прехранбени, козметички и фармацевтски производи. Во суштина, ХЕД значи примена на сите инженерски и дизајн техники кои овозможуваат спречување на загадување и навремено, ефективно и ефикасно чистење на сè што се употребува при производството (објекти, инфраструктура, машини, опрема, возила итн), а со цел да се елиминира или сведе во прифатливи граници каков било ризик од загадување на производите (микробиолошко, хемиско, физичко). Ова значи дека ХЕД во светски рамки се смета за есенцијален дел на неопходните предуслови на системите и стандардите за квалитет и безбедност на храната (HACCP, ISO 22000, IFS, BRC, итн). Со други зборови, без хигиенско инженерство и дизајн не може да постои производство на квалитетна и безбедна храна. Од аспект на легислативата, ХЕД е опфатено во т.н. Машинска директива на Европската Унија (EC Directive 2006/42/EC) и Европските норми EN 1672-2 и EN ISO 14159 за хигиенски барања. Но, овие нормативи се преопшти и не содржат конкретни и реални параметри, специфични за секоја гранка на прехранбената индустрија. За да го премости овој недостаток, Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (European Hygienic Engineering and Design Group - EHEDG) уште од 1993 година почна да издава т.н. Документи или водичи кои содржат конкретни насоки и параметри кои им служат не само на производителите и дистрибутерите на храна, туку и на производителите на опрема, компоненти и материјали, архитектонските бироа, градежните фирми и на сите останати што се дел од оваа индустрија. Пристапот на овие водичи е да се овозможи ефикасно вградување на хигиенскиот дизајн уште во 26

3

ПОРТА

27 јули 2012

фаза на дизајнирање, а не тој да се примени како реакција на проблеми со хигиената што ќе значи модификации на постојниот дизајн и нови, повисоки трошоци. EHEDG е најголемата и најмоќната светска групација и мрежа во областа на прехранбената индустрија. Во неа членуваат најмоќните светски корпорации од прехранбената индустрија како што се: Nestle, Tetrapak, Stork, Unilever, Kraft Foods, Coca Cola, Heinz, Friesland Campina, Alfa Laval, Lactalis, GEA, Bosh, Ecolab, Johnson Diversey, Van Meeuwen, Delsing AG, Kropman BV, итн, но исто така членови се и многу мали и средни препријатија како и многу универзитети, истражувачки центри, претставници на Европскиот парламент и Европската комисија, владини организации за контрола на безбедност на храната итн. Водичите на EHEDG не само што ги користат сите наведени компании и организации, туку претставуваат и основа за нова европска регулатива. Впрочем, дел од овие водичи се веќе вградени во Европските норми EN 14159 и EN 1672-2. Од друга страна, овие водичи важат и на светско ниво затоа што нивната содржина е хармонизирана со останатите две организации чии хигиенски стандарди се прифатени во целиот свет, односно 3-А и NSF од САД. Исто така, овие водичи ги користат и ги применуваат сите европски Агенции за безбедност на храната при проценка на исполнување на хигиенските предуслови на објектите и опремата за производство на храна.

Лого на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн

Досега EHEDG има издадено 42 водичи кои се групирани како водичи за: 1. Опрема и компоненти (ладење, разладување и замрзнување, машини за пакување, конверски системи, заптивки и пломби, машини за пакување, цевки и спојки, пумпи, сензори, сепаратори, танкови, хомогенизатори, филтри, пастеризатори, стерилизатори, вентили итн). 2. Опрема за преработка на храна според тип и индустрија (отворена и затворена опрема за преработка и складирање на храна, опрема за млечна, месна, мелничка, пекарска и кондиторска индустрија, индустрија за преработка на риби, слатки, овошје и зеленчук, вода итн). 3. Принципи (принципи на дизајн, дизајн на објекти, ракување со суви и течни материјали и производи, интегрирање на хигиенски системи, чистење и дезинфекција, тестирање и сертификација). 4. Материјали за конструкција (метали и легури, гуми, смоли, пластики, еластомери, заварување, вулканизација итн). 5. Услуги, инфраструктура и помошни материјали (системи за управување со воздух и вода електрични инсталации третмани со топлина, масти и масла за подмачкување) и 6. Тренинг и едукација. Изработката на водичи и документи е постојана задача на членките на EHEDG. Овие водичи на секои пет години се преработуваат, при што постојано се надградуваат со најновите техники и параметри. Во моментов се работи на „Водичот за хигиенско инженерство на објекти“, во кој се наведуваат сите хигиенски правила, компоненти и спецификации кои мора да ги има еден објект за производство на храна за да ги исполни критериумите и законските барања за хигиенски дизајн. Во документот се разработени следниве поглавја: 1. Локација (подготовка на локацијата за градба, периметарски огради, испитување на почвата, рушење итн), 2. Проектирање и дизајн на објект и дворна површина, В. Внатрешна поделба (зонирање на


хигиенско инженерство и дизајн EHEDG Документ за Критериуми за хигиенски дизајн на опрема

простории, простории за: складирање, производство, пакување, чистење, миење и дезинфекција, вработени), 3. Проектирање, материјали и конструкција на елементи на објект (темели, суперструктури, покриви, подови, одводи, ѕидови, транспортни докови, врати, системи за воздух, прозорци, тавани, изолација и намалување на бучава, скали, ходници и платформи, лифтови, површини за контакт со храна и 4. Инфраструктура и услуги (електрични инсталации, вентилација и контрола на температура, производен и транспортен воздух, осветлување, вода, контрола на штетници). EHEDG досега има воспоставено повеќе

Nestlé, (лаборатории, канцеларии, аудиториум и зона за сензорни анализи) во Querétaro, Мексико

регионални секции во разни земји во Европа и светот. Македонската регионална секција на EHEDG постои од 2010 година, и нејзино седиште е Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ. Со гордост може да се каже дека Македонската регионална секција на EHED е прва и досега единствена регионална секција во Југоисточна Европа, со што и Република Македонија е далеку понапред од земјите во регионот во полето на хигиенското инженерство и дизајн. Основна задача на регионалната секција е да врши промоција на хигиенското инженерство и дизајн преку: организирање на локални средби и состаноци, работилници и тренинзи. Секцијата обезбедува дисеминација на документите на македонски јазик, дава повратна информација до главната групација за локалните и новите развојни активности, има советодавна функција кон групите што пропишуваат закони и стандарди и формира мрежа на локални експерти за хигиенски дизајн. Поради својата квалитетна работа, на Македонската регионална секција и беше доделена организацијата на Првиот светски конгрес за хигиенско инженераство и дизајн, кој се одржа минатата година во Охрид. Овој Конгрес претставуваше Самит на прехранбената индустрија од целиот свет. На Конгресот присуствуваа 230 учесници од 31 земја од целиот свет, односно научни експерти како и сопственици, извршни директори, менаџери

за продажба на најголемите и најважните компании за производство на храна и опрема за прехранбена индустрија како што се: Unilever, Alfa Laval, Kraft Foods, Stork, Nestle, Coca Cola, Diversey, Tetra Pak, SKF, Van Meeuwen, Tensid Chemie, J-Tech, JBT, Danfoss, како и домашните: Swisslion, Кожувчанка, Пекабеско, Жито Полог, Мега, Завар, Сковин и други. На овој Конгрес беше организиран и Брокерски настан. Тоа се всушност однапред договорени têtea-tête средби помеѓу претставниците на компаниите, на кои тие имаа можност да склучуваат разни типови на зделки, односно да договорат продажба и/или дистрибуција на своите производи, да станат партнери итн. Резултат на оваа средба се договорени зделки во висина од 10,5 милиони евра. Според New Food Magazine, овој Конгрес беше прогласен за најважен настан во прехранбената индустрија во 2011 година во целиот свет. Учесниците на конгресот ја добија публикацијата Journal of Hygienic Engineering and Design, единствено светско списание кое ја опфаќа проблематиката на хигиенското инженерство и дизајн и за прв пат издадена во меѓународни рамки, која претставува збир од 75 стручни и научни трудови од оваа област, оценувани и одобрени од Научен одбор, составен од 32 меѓународни експерти. Второто издание на JHED ќе биде во електронска верзија (www.jhed.mk) и ќе излезе во текот на август 2012 година. Една од основните цели на издавачите на JHED е да направат што поголема промоција на македонските компании кои произведуваат храна, опрема и компоненти за прехранбената индустрија ширум светот. Светскиот конгрес за хигиенско инженерство и дизајн 2011 во Македонија беше реализиран од страна на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ (www.key.com.mk), организација каде воедно се наоѓа и седиштето на Македонската регионална секција на EHEDG.

Фабрика на Oliver Carty Meats за чадење на свинско месо и сирење во САД

3

27 јули 2012 ПОРТА

27


архитектура

Чествување на архитектурата, чествување на Борис Чипан Охрид, како град кој во себе го спојува духот на минатото, културата, традицијата и прекрасната стара архитектура, истовремено град - непресушна инспирација, стана уточиште на една интересна манифестација - Денови на архитектурата, стремејќи се кон нови повисоки нивоа на самосвесност Ивана Групче,

дипл. инж. арх.

В

о периодот од 15 до 18 јули, Охрид дишеше во ритамот на архитектурата, заедно со нејзините творци-креатори, но и со општата јавност која секојдневно ја восприема, ја живее и чувствува таа архитектура. Охрид, како град кој во себе го спојува духот на минатото, културата, традицијата и прекрасната стара архитектура, истовремено град - непресушна инспирација, град на нашиот голем учител кој веќе не е меѓу нас - доајенот на македонската архитектура професорот Борис Чипан, стана уточиште на една интересна манифестација - Денови на архитектурата, стремејќи се кон нови повисоки нивоа на самосвесност. Kако што истакнува претседателот на ААМ, Даница Павловска-Циги: „Признание на изразита културолошка димензија на нашата професија е вметнување на овој настан во програмата на фестивалот Охридско лето. За комплетната реализација искажувам огромна благодарност за несебичниот ангажман на Марко Ицев и Ана Радоњиќ“.

28

3

ПОРТА

27 јули 2012

Деновите на архитектурата што се остварија со поддршка на Американ колеџ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид, отпочнаа со свеченото отворање на Биеналната изложба на македонската архитектура – БИМАС 2012, во Куќата на Уранија, која во фокусот ги содржеше наградените трудови, односно претставуваше ексклузивна селекција на реализирани проекти како приказ на раст на креативната архитектонска мисла за последните две години. Изложбата носи тематска одредница „Архитектура на секојдневниот живот“. Изложените проекти говорат за повторно преиспитување и потврдување на човековата димензија во архитектурата на секојдневието и одговорија на некои суштински прашања. Дали таа е само израз, репрезентација или е практика на употреба на секојдневниот живот? Таа всушност не е исклучивост, не е момументалност, не е непроменливост, не е слика. Најважно е што таа е матрица на поврзување. На оваа средба на архитектите и пријателите на архитектурата, проструи

блискиот спомен на неодамна починатиот великан на македонската архитектура професорот Борис Чипан, во чија чест е иницирана идејата за именување на големата наградата на Биеналето за македонска архитекура, со неговото име, за што е потребна институционална потврда на следното собрание на ААМ. „Тоа е едно мало искажување почит кон неговиот лик и дело, благодарност за сè она што оставил зад себе. Мислам дека уште многу долго овој голем човек ќе ни недостасува и дека некако, тој сè уште лебди околу нас, особено тука, во неговиот Охрид“, со огромен емотивен набој кажа Даница Павловска-Циги. Свое обраќање кон присутните одржа и проф.д-р Кокан Грчев, професор на Факултетот за архитектура и дизајн, при Американ колеџ - Скопје за трите дебатни вечери на актуелни суштински проблеми на архитектурата во секојдневните процеси. Како автор на концептот и модератор на тие дебати под наслов „Разговори за архитектурата“, професорот Грчев топло ги покани сите заинтересирани


архитектура да учествуваат во тријадата муабети. Изложбата беше свечено отворена со цитат на Петер Цумтор кој носи силна порака кон професионалната архитектонска јавност за моќта на професијата, моќта што се граничи со чуда ако сме свесни за нејзиното поседување и негување на љубовта кон професијата: „...градбите на посебен начин ја прегрнуваат мистериозната празнина наречена простор и ја тераат да вибрира“. Првата тематска вечер, именувана со насловот „Архитектонското образование и предизвиците на времето“, отпочна со отворањето на изложба на студентски трудови и макети изработени во изминатата академска година од студентите на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ - Скопје. Протоколот на трите вечери го отвори деканот на Факултетот за архитектура и дизајн, проф д-р Викторија Еремеева, истакнувајќи го значењето на оваа тријада дебати и нивното не случајно одржување во градот на архитектурата, градот од кој потекнуваат многу добри архитекти. Изложбата и трудовите ги пофали и срдечно ги отпоздрави и градоначалникот на општина Охрид, господинот Александар Петрески, со желба за идна соработка, најавувајќи уште еден новитет - Летна школа по архитектура, од следната година натаму, така што зачнатата идеја од минатата година како Вечер на архитектура добива логичен раст низ времето. Натамошниот тек на вечерта се одвиваше во рамки на предвидената тема за дискусија за архитектонското образование и предизвиците што ги носи тоа во денешно време, со оглед на фактот што архитектурата се менува истовремено менувајќи го и животот, се она што го создаваме и правиме со него заедно. На темата дискутираа проф. д-р Викторија Еремеева и проф. д-р Мартин Гулевски како директни инволвенти во образовниот и едуцирачки процес на архитектите, како и Тања Паскали- Бунташевска, директор на Завод и Музеј-Охрид, која зборуваше за вклучување на студентите по архитектура во практичниот процес на изработката на техничка документација за заштита на културното наследство. Оваа исклучителна тема разгоре интересна дискусија меѓу сите присутни генерации на дебатата. „Интегрирана заштита - теориски и практични аспекти“ како тема беше зачната уште првата вечер, за да се продлабочи во втората со гостинот од Националниот конзерваторски центар, г. Јован Ристов – искусен толкувач на правните аспекти на заштитата на културното наследство

и познавач на состојбите во Европа и во светот. Тука дадоа свој прилог и архитектите Зоран Павлов, Анастасија Трајковска и др. со што, како што напомна професорот Грчев, се поттикна актуализација на проблем со кој ние како факултет, асоцијација, национална установа, постојано се судруваме низ секојадневната практика, а тоа е контекстот и методологиите на интегрираната заштита. Тематската вечер „Креативните индустрии - потенцијал за континуиран развој“ беше најавена како сублимат на претходните две и со својата провокативност привлече бројни претставници од архитектонската фела, но и уметници, дизајнери, занаетчии, претставници на уметнички здруженија итн. Всушност, разговорите завлегоа во толкување на нови термини и значења носејќи сознанија кои Даница

Најавен уште еден новитет - Летна школа по архитектура од следната година натаму, така што зачнатата идеја од минатата година Вечер на архитектура добива логичен раст низ времето Павловска-Циги ги сублимира во заклучок: „креативните индустрии се како „чадор што треба да штити“ и претсавуваат процес на создавање на нов и здрав систем на вреднување“. Сржта на темата го содржеше поимот креативни индустрии чие значење целосно го расветли гостинот на вечерта, проф.д-р Антоанела Петковска, професор на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет, УКИМ –Скопје. Како автор - координатор на Националната стратегија за развој на креативните индустрии, заедно со уште неколкумина, меѓу кои и проф.д-р Кокан Грчев и актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, таа истакна дека овој поим е инспириран од една голема и моќна културна индустрија, моќна културна цивилизација како што е Велика Британија, како дел од архитектониката на современото општество. Интригата за мапирањето на креативните индустрии произлегува

од соработката на Британскиот совет и Министерството за култура на Република Македонија и со дел од креативните индустрии, меѓу кои и самите автори како припадници на креативни индустрии од областа на образованието и науката. Мапирањето се спроведува во вид на анкети и анализи за откривање на потребите, состојбите на луѓето што работат во креативните индустрии, нивната сензибилност како дел од тој процес и пред се, сензибилноста на јавноста. Од мапирањето и досегашните спроведени анкети, во тој систем на креативни индустрии се маркирани вградувања на различни сектори: архитектура, дизајн, фестивал и поважни културни настани, туризам и културно наследство, издаваштво, библиотеки, писатели и автори, визуелни уметности, занаети, креативни индустрии во локални заедници, танц, образование од областа на културата, уметноста и творештвото, мода, медиуми, музичка уметност, опера, театар, софтвер адвертајзинг и други видови креативно творештво. Архитектурата како прв сектор на креативните индустрии содржи различни домени на дејствување директно поврзани со поимот креативни индустрии, а притоа се вкрстува и со други сектори од типот на: дизајн, туризам, културно наследство, визуелни уметности, занаети, креативни индустрии на локалните заедници, развој на софтвер и сл. Во тој контекст, проф.д-р Антоанела Петковска ја истакнува важноста да се препознае овој поим на креативни индустрии во архитектонскиот сектор како суштинска носечка единица околу која натаму ние мораме да ги аранжираме нашите проектни активности, да ги препознаваме на пазарот како активности и состојби низ кои ќе се изврши поврзување и препознавање на една сложена и расцепкана материја, која на ваков начин има интенција да биде сфатена како посодржинска дејност, ангажман, работа и сл. „Оваа последна вечер ги сублимираме резултатите од сите претходни вечери, затоа што и во архитектонското образование и во концептот на интегрирана заштита како и во доменот на креативните индустрии, архитектурата и дизајнот се провлекуваат како носечка категорија на времето што го живееме. Тоа им го зборуваме и на нашите студенти, без оглед во кој правец ќе тргнат да го следат својот творечки и животен импулс“, заклучи на затворањето на настанот проф.д-р Кокан Грчев, модератор на тридневните архитектонски разговори.

3

27 јули 2012 ПОРТА

29


дрвна архитектура

Хотел на дрво

Александар Черепналкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија

В

о прекрасната шумска околина на Харадс, Шведска, блиску до арктичкиот круг, се наоѓа хотел на дрво кој им овозможува на посетителите уникатно хотелско сместување, соби изградени на дрво со модерен дизајн, неоштетувајќи ја околната недопрена природа. Овде се заборава на времето, на брзиот градски живот, односно тука се ужива во смиреноста на природата, во мирот и тишината, во спокојството. Концептот на архитектите при проектирањето бил да се создаде амбиент, кој ќе им понуди на луѓето шанса да ги исполнат своите детски сништа да престојуваат во куќарка на дрво. Творците биле инспирирани од филмот „Љубител на дрвото“ (The Tree Lover), во кој се раскажува филозофска приказна за важноста на дрвото во нашите животи. Од голема важност во концептот е секако и еколошката вредност на проектот и минималниот импакт врз природата со градењето. За овој услов се вложени значителни напори да се најдат соодветни решенија за самоодржлива градба и енергетски солуции. Куќарките се прицврстени на стогодишните борови на висина од 2,5 до 4 метри, висина која овозможува прекрасен поглед на реката Луле, што се наоѓа во непосредна близина. Вкупно 24 куќарки се испланирани во проектот и, секако, три сауни во кои можат да влезат 12 луѓе. Досега се изградени пет куќарки и една сауна и секоја од нив има име, кое го отсликува нејзиниот дизајн: „Кабина“, „Птичје гнездо“, „Син конус“, „НЛО“, „Стаклена коцка“ и „Дрвна сауна“. Заради високата поставеност на објектите, гостите влегуваат со скала, мост или скалила. Секоја соба во внатрешноста е уникатна во својата архитектонска замисла, дизајнираниот мебел, светлина и материјалите.

„Кабина“ - архитекти: Mаrten Cyren & Gustav Cyren

Локацијата на оваа куќарка е одбрана со цел да се создаде платформа високо во дрвјата со поглед на реката Луле и речната долина. Гостите влегуваат во објектите преку мост изграден меѓу дрвјата. На крајот мостот се претвора во голем дрвен влезен трем. Мостот претставува интересно конструктивно решение, на кое во иднина се планирани дополнителни видиковци, места за одмор, и можност за приклучување на нови мостови. „Кабината“ има површина од 24 м2 и во неа може да се сместат двајца посетители во една голема соба, купатило и тераса.

„Птичје гнездо“ - архитект: Bertil Harstrom

Концептот на оваа куќарка е базиран на контрастот помеѓу внатрешноста и надворешноста. Фасадата изгледа како џиновско гнездо со што им овозможува на луѓето брзо исчезнување и соединување со околината. Внатрешноста, пак, е екслузивна, ѕидовите се обложени со дрво, а прозорците изчезнуваат во густата мрежа од гранки на фасадата. Внатре има две спални соби, купатило и соба за дневен престој со површина од 17 м2. Во овој простор може да се смести едно четворочлено семејство. Гостите влегуваат во гнездото со помош на подвижна скала.

„Стаклена коцка“ - архитекти: Tham&Videgard Architects

„Стаклената коцка“ е возбудливо скришно место, камуфлирано од рефлектирачките огледалата што се монтирани на фасадата од коцката. Димензиите на коцката се 4x4x4 метри. Основата е направена од алунимиумска рамка околу стеблото на дрвото, додека ѕидовите се прекриени со рефлектирачко стакло. Да се спречи удирањето на птици во стаклото, на него е поставен инфрацрвен филм, чија боја е невидлива за човечкото око но видлива за птиците. Внатрешноста е обложена со фурнирани плочи од бреза. Шестте прозорци овозможуваат прекрасна панорамска глетка на околината. „Стаклената коцка“ содржи една спална соба, купатило, мала просторија за дневен престој и тераса. Гоститие до неа можат да стигнат преку 12-метарски мост.

„Син конус“ - архитект: Sandell Sandberg

„Синиот конус“ е базиран на едноставноста и пристапноста во дизајнот и изборот на материјалот. Собата е изградена во духот на традиционалната дрвена конструктивна градба, потпрена на три дрвени столбови, кои даваат чувство на висина, леснотија на градбата, како и стабилност. Во собата се влегува преку мост кој се протега од блискиот рид. Во проектирањето на овој мост големо внимание е посветено на пристапноста на хендикепирани лица. Фасадата и ентериерот се обложени со ламелирани талпи од бреза. Површината на целиот простор е 22 м2, во кои има четири кревети во две посебни соби, купатило и мала соба за дневен престој.

„НЛО“ - архитекти: INREDNINGS GRUPPEN

Додека траела изградбата на „Птичје гнездо“, кое е во хармонија со околината, се родила идејата да се изгради нешто комплетно различно, а што може да биде поразлично ако тоа не е „НЛО“? Собата е изработена од издржливи композитни материјали за да се постигне малата тежина, а сепак стабилен и одржлив дизајн. Ентериерот е во кружна форма и претставува модерен, удобен и ѕвезден дизајн. „НЛО“ е изградено за четиричлено семејство со две одвоени соби, купатило и соба за дневен престој, сè заедно на површина од 30 м2.

„Дрвна сауна“ - архитект: Bertil Harstrоm

Сауната изградена во висините помеѓу дрвјата плени со својата природност и сензибилност. Уште грчкиот филозоф Платон ја согледал длабоката врска помеѓу дрвјата и парните бањи. Посета на сауна е најблиската релација која се постигнува со четирите основни елементи - плодна почва, разгорен оган, свеж воздух и чиста вода. Оваа сауна е проектирана за осум луѓе, кои исто така можат да се релаксираат и во посебната топла бања. 30

3

ПОРТА

27 јули 2012


дрвна архитектура

„Дрвна сауна“ – архитект: Bertil Harstrоm

„Птичје гнездо“ – архитект: Bertil Harstrom

„Стаклена коцка“ – архитекти: Tham&Videgard Architects

„Син конус“ – архитект: Sandell Sandberg

„НЛО“ - архитекти: INREDNINGS GRUPPEN

„Кабина“ – архитекти: Mаrten Cyren & Gustav Cyren

3

27 јули 2012 ПОРТА

31


архитектура

Интервју со Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија

Гевгелија ќе стане вистинска европска порта Граѓаните на Гевгелија сакаат модерен центар, со модерни содржини кои ќе внесат еден нов имиџ на овој град. Со новиот ДУП градот ќе добие нови содржини, градски плоштад, повеќе простор за паркирање и нов сообраќаен режим. Но, што е најважно, ќе добие урбанистичка основа која нема да ги попречува развојните можности на градот.

Пешачка зона во Гевгелија

Неодамна беа објавени резултатите од конкурсот за изработка на идејно архитектонско решение за уредување на градскиот плоштад во центарот на Гевгелија. Сега кога се знае добитното идејно решение, дали можете да ни кажете од каде потекна идејата за овој проект, таканаречен „Гевгелија 2013“?

 Идејата за проектот „Гевгелија 2013“ потекна од самите реални потреби на граѓаните. Затоа, најнапред го донесовме 32

3

ПОРТА

27 јули 2012

ДУП за центарот на градот, со кој конечно се утврдува урбанистичка рамка и ново уредување на централното градско подрачје. По неколку децении, Гевгелија конечно добива можност да го преуреди централното градско подрачје, но и да ги задржи постојните објекти. Со новиот ДУП Гевгелија ќе добие нови содржини, градски плоштад, повеќе простор за паркирање и нов сообраќаен режим. Но, што е најважно, ќе добие

урбанистичка основа која нема да ги попречува развојните можности на градот.

Освен уредувањето на плоштадот, дали овој проект предвидува и некои други активности од градежен, архитектонски и урбанистички аспект?

 Освен изградба на нов плоштад, овој проект предвидува и уредување на целото централно градско подрачје, односно изградба на такви урбанистички


архитектура содржини кои комплетно ќе го изменат сегашниот изглед на градот Гевгелија. Се досега препознатлив белег на градот беше таканаречената улица „Од станица до граница“, околу која пулсираше целото градско живеење. Сега со овој проект се врши дислокација на автобускта станица на нова локација, во близина на железничката станица и со тоа ќе се формира еден транспортен центар по урнек на модерните градови, каде на едно место се и автобуската и железничката

станица. Исто така, се дислоцира и градското пазариште, кое онака како што беше досега распослано во самиот центар на градот претставуваше тесно грло за одвивање на целокупниот сообраќај. На нивно место се предвидуваат станбено деловни објекти, како и подземни паркинг простори кои во многу ќе ја подобрат ситуацијата со паркинг простори.

Ако зад проектот „Скопје 2014“ застана Владата на Република Македонија,

како мислите да ја реализирате визијата на центарот на Гевгелија, кога се знае дека за ваков голем потфат потребни се огромни финансиски средства. А сега е време на криза.

 Штом се решивме за еден ваков капитален проект знаевме дека се потребни значајни финансиски средства, но можам да кажам дека овој проект ќе го работиме исклучиво со средства од буџетот на општината, и тоа тука сметам на средствата од 

Награди за четири решенија за проектот „Гевгелија 2013“

Нов изглед на центарот

А

ко сè биде во најдобар ред, идната година Гевгелија ќе има нов центар. Со проектот „Гевгелија 2013“ е предвидено уредување на центарот на градот. За таа цел беше распишан конкурс за идејно решение за уредување на градскиот плоштад во центарот на градот со подземни гаражи. Тој заврши и пред жири-комисијата се најдоа четири предлози за новиот изглед на центарот. По разгледувањето на трудовите, членовите на жири-комисијата донесоа одлука да не доделат прва награда. Доделена е една втора награда и три трета. Втората награда ја доби идејното решение изготвено од групата автори: архитектите Иван Николовски, Соња Лилиткин, Златица Дервенџи, сите од Скопје и Елизабета Дојранлиева од Гевгелија. Трета награда добија авторите од Битола, архитектите БлагојчеЦветковски и Христијан Бабука, потоа, решението на Виолета Џуровска и решението на авторите Катерина Карага, Илина Лалкова, Јулијана Ставревска, Васил Калајџиски, Бојан Муличковски и БИЛД дооел од Скопје. Според зборовите на Панче Киров, раководител на Одделението за урбанизам, градежништво и заштита на животна средина, сега е во тек изработката на проектната програма за изготвување на основниот проект за проектот „Гевгелија 2014“, а наредниот месец се очекува и распишување на тендер за него. Исто така, конечното решение за изгледот на центарот на градот ќе биде збир на делови од сите четири наградени трудови. Ќе се одбере најдоброто од секое од нив и ќе се вгради во крајниот резултат.

3

27 јули 2012 ПОРТА

33


архитектура продажба на државното неизградено земјиште, како и од надоместокот од уредувањето на градежното земјиште.

Моментално во која фаза се работите околу реализацијата на „Гевгелија 2013“?  Во овој момент проектот „Гевгелија 2013“ е во фаза на проектирање програма за изработка на основниот проект, односно распишување на

тендер за негова изработка, по што очекуваме до крајот на оваа 2012 година да започнеме со реализацијата, односно машините да излезат на терен и, со Господ напред, да започне промената на изгледот на центарот на Гевгелија. За време на нашиот неодамнешен разговор изјавивте дека зад секое решение и план има некаква приказна. Може ли да ни кажете во однос на овој проект, која е таа приказна?

 Кога ви реков приказна, не мислев на некоја имагинарна или пак приказна поврзана со историјата. Едноставно, приказната ја слушав секојдневно при средбите со граѓаните на градот. Гевгелија долги години наназад не инвестирала во промена на самото јадро на градот. Ако видите некои стари фотографии на Гевгелија, ќе забележите исти објекти и исти сообраќајници.

Иван Франгов

награденото Идејно решение за градскиот плоштад во Гевгелија

Почитување на вредностите на просторот и навиките на жителите Идејата на проектот е да се постигне еден силен симболичен ефект, кој ќе ги привлече жителите на Гевгелија своето слободно време да го поминуваат тука, имајќи простор и содржини за сите возрасти испреплетени со прекрасните зелени пејзажи кои ја дооформуваат целосната слика за градот Елизабета Дојранлиева,

У

тврдената граница на опфат, која беше предмет на конкурсната разбработка, е со површина од 25.000 м2 и се наоѓа во централното подрачје на градот Гевгелија. Предметниот зафат беше јавна површина и исклучиво пешачка зона, а моторниот сообраќај е дозволен единствено за потребите на ПП возила и за возила за итна медицинска помош. Идејата на целиот проект е да се 34

3

ПОРТА

27 јули 2012

дипл.инж.арх.

направи решение кое ќе ги усогласи веќе постоечките содржини и оние нови кои нив ќе ги надополнуваат, се со цел да се зачуваат и испочитуваат вредностите на просторот како и навиките на жителите на градот Гевгелија. Анализата на распоред на содржините беше резултат на барањата на конкурсот, анкетирање на жителите на Гевгелија и проучување на користењето на постоечкиот простор имајќи план да одговори на повеќе прашања. Секојдневен престој, Комерцијален простор, Плато

за настани, Место за средба на студенти и средношколци, Игралиште за деца, Плоштад, Паркинг простор. Олеснувачки фактор во процесот на проектирање е дека речиси целата локација, како јавен градски простор и афирмиран социјален просторен механизам веќе функционира и постои како таква, но сепак има потреба од дополнување. Според тоа, просторот доби две главни оски на движење, Шеталишта што се дирекно поврзани со пет јазли (места со различна намена и содржина). 


архитектура Можеби некогаш во минатото тоа било доволно, но сега е дојдено време да се реализираат реалните потреби на граѓаните. Граѓаните на Гевгелија сакаат модерен центар, со модерни содржини кои ќе внесат еден нов имиџ на овој град кој се нарекува европска порта. Ние, јас и мојот тим соработници, потребите и желбите на граѓаните ги преточивме во проект

и наскоро ќе го реализираме.

Го реновиравте театарот, што е за пофалба. Се работи и на амамот. Зошто наместо камен, се планира тој да има фасада од малтер, барем по она што можевме да видиме првично?

 Точно, на театарот сме многу горди, конечно му го вративме на гевгеличани храмот на уметноста што беше долги

години вон функција. Наскоро очекувам уште еден значаен и препознатлив објект, некогашниот турски aмам, да си ја добие некогашната физиономија и да го претвориме во Ликовна галерија. А, за она што ме прашувате, зошто со малтер, а не со камен, ќе ви кажам дека реконструкцијата на амамот ја изведуваме под будното око на Заводот за заштита  Идната пешачка зона во центарот на градот, на улица „Димитар Влахов“

Јазол- плоштад , директно е поврзан со чаршијата, шеталиштето, паркот и театарот и е поростор низ кој водат повеќе пешачки правци. Овој плоштад го оформуваат два клучни елемнти: парадни скали кои водат до јавна установа, а воедно можат да се користат при собири за одредени поголеми настани и споменикот околу кој циркулира и се оформува целиот плопштад. За плоштад во Гевгелија се сметало главното шеталиште, кое според правила и прописи не се смета за собирно и централно место и не ја врши истата функција што сега ќе ја врши новиот плоштад.

3

27 јули 2012 ПОРТА

35


архитектура Се планира реновирање на фасадите на старите куќи

на културно историските споменици од Струмица. Од таму ме информираа дека во старо време постоеле два вида амами, едни за богатите, кои биле изработувани во камен, и други, за сиромашните, кои биле градени со малтер. Очигледно, гевгелискиот бил од овие вторите, но тоа не значи дека сега тој ќе биде помалку убав. Очекувам во него да влегуваат љубители на уметноста со богат вкус, кои

ќе уживаат во ликовните поставки во него.

Гевгелија важи за еден од најчистите градови во Македонија. Тоа зборува дека водите сметка за човековата околина. Но, таа слика се менува кога ќе го напуштите градот, кога ќе ја видите реката Вардар. Подготвувате ли некои зафати и на овој план, кога се работи за екологија и заштита на околината?

 Многу сум горд што и натаму голем дел од средствата вложуваме во тоа да го задржиме имиџот на еден од најчистите градови во Македонија. И, не само градот, едни сме од ретките во државата кои редовно го изнесуваат сметот не само од градот туку и од сите населени места во општина Гевгелија. Набавуваме нови возила за изнесување на смет како и нови садови за фрлање на сметот. Што

Јазол- амфитеатар, непосредно до центарот каде што се сечат двете шеталишта, тоа е место на случувања од забавен, културен и уметнички карактер, а воедно и сам по себе скулптурален простор за собирање на сите возрасти. Квалитетот на овој амфитеатар е во неговата поставеност и можност да се следи дадената програма од сите агли, а воедно претставува и виден елемент кој поради својата структура е привлечен за сите жители. 36

3

ПОРТА

27 јули 2012


архитектура Амамот ќе прерасне во уметничка галерија

се однесува до реката Вардар, успеавме да ги убедиме Швајцарците од СЕКО, заедно со македонската и грчката влада, да вложат огромни средства, некаде околу 9,6 милиони евра, за изградба на пречистителна станица, која ќе биде на излезот од Гевгелија, и која ќе ги пречистува отпадните води кои се влеваат во Вардар. Минатата година пак, успеавме да го поместиме коритото на

Автентичните градби ќе бидат сочувани

самата река Вардар, за да го заштитиме локалитетот Милци и неговата околина.

До каде се работите за депонијата во Југоисточниот плански регион?

 Комисијата за избор на концесионер за регионалната депонија „Шапкар“ кај селото Добрашинци - општина Василево, донесе одлука да се отпочнат преговорите со австриската „Аса интернешнл“ за

потпишување на концесиски договор. Австријците беа единствените што доставија понуда на распишаниот тендер за управување со регионалната депонија, каде треба да се складира отпадот од 10те општини од југоисточна Македонија, но и да се изгради современа депонија според сите еколошки стандарди. Во наредниот период ќе треба да се испеглаат разликите во однос на одредени работи 

Јазол- детско игралиште, простор опколен со најмногу станбени објекти, каде моментално најмногу се собираат најмладите и за нив се овозможува простор за рекреација и игра, а тоа им е дел од секојдневниот живот.



3

27 јули 2012 ПОРТА

37


архитектура

Споменичните обележја се дел од јавниот декор на Гевгелија

меѓу концесентот т.е. општините, но и идниот концесионер пред потпишувањето на договорот. Сe oчекува во 2015 година, така се планира, да се гради и првата ќелија за отпад кај Добрашинци.

Колку што разбравме, имате интензивна регионална и меѓународна соработка. Има ли некој проект,

како резултат од неа? Најавувате пречистителна станица на Вардар.

 Како општина, Гевгелија предничи во меѓуопштинската соработка, но што ни е уште поважно, продолжуваме и со успешната прекугранична соработка со соседните општини во Грција, а ја прошируваме и прекуграничната соработка и со Бугарија. Со Грција го

Зградата на општината

работиме проектот Основање на центар за посредување при вработување и создавање еден бизнис центар, како и на локален саем во прекуграничниот регион. Со Бугарија работиме проект кој токму се однесува за заштитата на животната средина, а се работи за промовирање на одржлив туризам и заштита на животната средина преку партнерство.

Јазол- Хотел Аполонија, еден вид на алтернативен и помалку интимен простор, кој најмногу го користат и би го користеле младите луѓе, кој се простира кон крајот од шеталиштето, а сепак во близина на случувањата. Непосредно до него се наоѓа диско клуб и библиотека, кои според анализирањата се места кои најмногу ги користат младите луѓе. 38

3

ПОРТА

27 јули 2012


архитектура Може ли да ни кажете нешто за гевгелиското стопанство. Имате повеќе индустриски објекти, некои и на европско ниво. Како се справуваат тие со кризата, и како се одвива вашата соработка со нив?

Детаљ од фасадата на реновираниот Народен театар

Така, оваа локација ги исполнува барањата и потребите на сите граѓани од различна возраст, притоа зачувувајќи и дополнувајќи ги нивните веќе стекнати навики. Според барањата на кокнурсот и потребите на градот, предвиден е и подземен паркинг со пристап од улицата „7-ми Ноември“, чие решение е проектирано така што има можност за мултиплицирање на повеќе нивоа по вертикала во зависност колку паркинг места ќе бидат потребни. Подземниот паркинг се наоѓа под просторот предвиден за полоштад. Со функционални, практични и минималистички идеи е решена урбана опрема која е распостелена низ целата локација, која е во комбинација со ниско зеленило (трева, цвеќиња, грмушки) и високо (дрвја). Климата и осончувањето во Гевгелија играат важна улога при дефинирањето на бојата на поплочувањето, одлучувајќи се за бела боја која ќе ја рефлектира светлината и на сончевата Гевгелија ќе и даде еден приморски лик. Поплочувањето е низ целата локација како еден вид на пикселно решение кое е во комбинација со три нијанси на сива боја, дел со трева, дел со цвеќиња и дел со дрвја. За поголем квалитет на локацијата покажува и пресадувањето и зачувувањето на јапонските цреши по главното шеталиште, кои се донирани во чест на познатиот македонски пејач Тодор Проески и се од неибежно значање за градот Гевгелија. Идејата на проектот е да се постигне еден силен симболичен ефект, кој ќе ги привлече жителите на Гевгелија своето слободно време да го поминуваат тука имајќи простор и содржини за сите возрасти испреплетени со прекрасните зелени пејзажи кои ја дооформуваат целосната слика за градот Гевгелија. 

 Секако, кризата не ги одминува и овие наши, како што велите, успешни фирми, некои од нив работат и на европско ниво. Во секојдневните комуникации преку средби со бизнисмените од општината, тие кажуваат дека се принудени, а тоа и успешно го прават, да најдат самите оптимални решенија како би го ублажиле ударот на светската економска криза. Што се однесува до тоа како ние придонесуваме за да им помогнеме во изнаоѓањето на такви решенија, би рекол дека во рамките на нашите можности се обидуваме да им овозможиме побрза урбанизација, со ниска продажна почетна цена за државното градежно земјиште, ниски комуналии, и она што во последно време интензивно го работиме, им овозможуваме директна комуникација со странските држави каде би можеле да најдат нови пазари за пласман на своите производи. Само оваа година ние како општина организиравме неколку бизнис средби на наши стопанственици со делегации на Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, и што е најзначајно со стопанственици од далечната Кина. 

Дел од урбаната опрема

3

27 јули 2012 ПОРТА

39


архитектура

Куќа за бродови

О

ваа нова куќа за бродови близу Аура, на западниот брег на Норвешка, ја заменува старата трошна куќа за бродови која се наоѓала на истото место. Првобитната куќа „Naust

40

3

ПОРТА

27 јули 2012

paa Aure“ е изградена во средината на 18 век. Традиционалните куќички за бродови долж норвешкиот брег се викаат „Науст“ на норвешки јазик. Проектот е на архитектонското студио Tyin tegnestue Architects, и е инспириран од едноставната структура и вклопување во постоечкиот

пејзаж. Архитектите користеле градежни материјали кои им биле на дофат, како што се 150 години старите штици, брановитни кровни покривки од стариот објект и прозорци од стара фарма. Историскиот стил на објектот е осовремен со деликатна комбинација на нови елементи како што


архитектура се ѕидови од поликарбонатски плочи и осветлени платна во заднина. Тремот (палуба) и куќата се поддржани со челични греди осум метри долги, кои се потпираат директно на карпестите делови на земјата. Според архитектите, флексибилноста во текот на процесот на изградбата била една од клучните карактеристики на целиот проект. Старите прозорци на пример, го диктирале растојанието меѓу главните носачи на северната страна на објектот. Главната носечка конструкција

од бело обоено дрво е монтирана на самото место. Вериги од челични греди кои се потпираат на специфични точки пренесуваат дел од товарот директно на темелите од камен. Обвивката на објектот главно е од локален бор, кој со текот на времето добива сива патина, со што површината не бара посебен третман во иднина. Дел од внатрешната обвивка, исто така е направен од стари дрвени штици, криејќи ја конструкцијата од челични јажиња. Четири метри долгиот

работен простор, кој се потпира на стари шини, нуди простор за огрев кој се користи за котелот што виси од плафонот среде просторијата. На јужната фасада, брановитата кровна покривка на старата куќа за бродови ја штити надворешната страна на отворот од лошата клима. Новите елементи како што се поликарбонатните плочи пред прозорците се ускладени со квалитетот на куќата за бродови и успешно се приспособени на историскиот стил на градење во денешницата.

3

27 јули 2012 ПОРТА

41


архитектура инфо њујоРк

почнува изградбата на „микро“ станови

Њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг го објави почетокот на натпреварот за архитекти кои ќе ги проектираат новите „микро“ станови со површина помеѓу 25,5 и 28 квадратни метри. Во градот има околу 2,8 милиони домаќинства со еден и два члена, како и милион гарсониери или станови со една спална соба. Во Њујорк сè повеќе живеат млади, неоженети и неомажени, на кои не им е потребно повеќе од гарсониера или пак не можат да си дозволат поголем станбен простор. Првата зграда со „микро“ станови ќе биде изградена на источната страна на Менхетн. Минимално 75 станови во зградата мора да бидат „микро“ станови со една соба, кујна и купатило. Архитектите ќе мора да внимаваат сите станови да имаат доволно светло, за станарите да имаат чувство на отвореност. Проектите ќе се оценуваат врз основа на пристапност, иновативност и искуство на проектантите. Натпреварот ќе биде отворен до 14 септември. Сепак, помалите станови во Њујорк воопшто не мора да бидат и поевтини. „Њујорк пост“ објавил дека еден брачен пар во 2009 година, стан од 16 квадратни метри на Менхетн го платил 150.000 долари. Цената за закуп на Менхетн лани порасна без разлика на големината на станбениот простор. Просечната закупнина за гарсониера во мај изнесувала 2.065 долари, односно пораснала 4,3 отсто во однос на лани. Просечна закупнина за еднособен стан изнесувала 2.810 долари или 4,8 отсто повеќе отколку лани, се наведува во извештајот на агенцијата „CitiHabitats“. Закупнината на двособен стан пораснала 4,1 отсто, на 3.920 долари месечно. Растот на закупнината и рекордно ниските каматни стапки на станбените заеми ја поттикнаа побарувачката за мали станови. На гарснониерите и еднособните апартмани им припаѓа 53 отсто од сите недвижни трансакции на Менхетн во второто тромесечје. (SEEbiz)

бијлмеР

станбен блок „камелеон“

„Камелеон“ е огромен станбен блок, вклучувајќи го новиот трговски центар и изобилството од паркиралишта во областа некогаш позната како Бијлмер. Бијлмер е област во Холандија која се смета за гето. Денес, целиот простор поминува низ радикална обнова на процесот и се обидува да се претвори во редовно холандско предградие. Стандардните ниски куќи се заменуваат со 10 станбени згради и зелена површина помеѓу нив. Супермаркетот со екстензивна непробојна фасада е вграден во помали единици кои се активирани на „основа“. Од тука со подвижни скали се доаѓа до следното ниво. На вториот кат има уште една самопослуга, лесно достапна од страната на јавниот паркинг на истото ниво. Градината е опкружена со четири ката од станбениот блок кој содржи 168 апартмани. Структурата го прави проектот пристапен. Големите тераси креираат динамични обрасци. Кривулестите скали водат во градината и се диференцираат во голем двор. Објектот со 10 плочи и со 58 станови се наоѓа на овој рамен блок. Тоа создава контра на хоризонталност и станува „билборд“ соочување со метро. Огромен прозорец визуелно го поврзува метрото и градината и достигнува иста висина. (Arch Daily)

42

3

ПОРТА

27 јули 2012


спортски храмови

„ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН - ВИМБЛДОН“

„Отвори-затвори“ на Вимблдон Сашо Кузмановски

ФАКТИ за „ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН - ВИМБЛДОН“ - Вимблдон, Англија Капацитет: 15.000 места Изградба на покрив: 2009 Површина на покрив: 5200 м2 Материјал на покривна ткаенина: PTFE и GORE TENARA Дизајн: Populous Изведувач: Galliford Try

Д

атумот 17 мај 2009 година ќе остане запаметен во историјата на најпопуларниот тениски настан во светот. Тоа е денот кога за првпат, централниот терен на „Сеанглискот клуб“ во Вимблдон ја тестираше функционалноста на покривот на централниот терен, а кој беше вистински хит за еден од четирите Грен Слем турнири во професионалниот светски тенис. Дизајниран да го стави под затворен простор централниот тревнат терен на Вимблдон, но исто така и за заштита на комплетното гледалиште, при што се зголеми капацитетот на 15.000 места, покривот овозможи, барем на еден терен на „Сеанглискиот клуб“, да се играат тениските дуели на Отвореното првенство на Англија, без разлика на временските услови.

Покривот на Вимблдон е направен од политетрафлуороетилен, ткаенина која дозволува да се превиткува во систем „хармоника“, па со специјален механизам да може и да се отвора и да се затвора. Тоа секако ја задржува автентичноста на Вимблдон затоа што во нормални временски услови се игра на отворен терен, а во случај на дожд или пресилен ветер, покривот им дава заштита на тенисерите и гледачите. Погодноста на материјалот од кој е проектиран и изработен, му дава можност на покривот да пропушта дури и до 40% дневна светлина кога теренот е покриен, а тоа само дополнително ги остави временските услови слични како оние претходно. Втората функција на покривот на централниот терен на Вимблдон, е тоа што тој овозможува задржување на оптимална

температура за растење на тревата во природни услови, но и за задржување на природниот процес за влага на тревата. Системот на превиткување на покривниот материјал е 65 х 75 метри, а дополнително е засилен и со водоотпорен материјал. Главен изведувач на работите беше фирмата "Galliford Try", што работеше и на зголемувањето на капацитетот на трибините (од 13.800 на 15.000 места), како и на осовременување на ескалаторите и лифтовите до новите нивоа на гледалиштето. Ткаенината што е користена за покривот на централниот терен е од марката GORE TENARA, патентиран тефлонски материјал од 0,5 милиметри. Изработката е во два слоја со вкупно девет потслоеви. Пресметките на експертите покажаа дека покривот може да издржи ветер до 70 км/ч.

3

27 јули 2012 ПОРТА

43


ентериер

CHAIR 23D / GUSTAV DUSING

В

одени од идејата за рамно пакување и едноставно склопување, поединечните елементи на оваа столица се рамни и дизајнирани за да бидат споени еден во друг, без потреба од лепило или завртки. За да ја задржат својата положба, сите зглобови се дефинирани како еден испреплетен систем, кој, кога еднаш ќе се склопи, повеќе не може да се расклопи. Формалниот концепт дизајн на оваа столица е базиран на природната форма на скелет - централен `рбетен елемент кој го дефинира целосниот облик на столицата и се разгранува во облик на ребра кои го формираат седалото. Ногарките се дизајнирани така што обезбедуваат стабилна позиција со нивната форма рефлектирајќи го природното дистрибуирање на товар и така тие личат на обрачи со делови за тензија и компресија.

44

3

ПОРТА

27 јули 2012


ентериер

Домашна библиотека

Д

омашната библиотека не е само простор во станот каде се чуваат книгите или едноставно полица со книги. Домашните библиотеки во некои семејства генерациски се наследуваат и претставуваат право мало богатство на семејството. Позицијата и големината на библиотеката

во станот како и начинот на складирање на книгите говорат нешто повеќе за нивните сопстеници. Заедничко, како за оние помалите така и за големите домашни библиотеки, е дека создаваат посебен амбиент во станот. Ако им се додаде ламба, масичка, фотелја или софа, се добива удобен и пријатен амбиент за читање и реласкација. Местото за библиотека може да биде помало, а

може да се наоѓа во дневната, работната или спалната, или во посебна соба. Библиотеката може да зазема централно место во собата и тогаш таа доминира со просторот. Помалку впечатливо место, а интересно за создавање посебно катче во собата може да биде во аголот на собата. Ако не ви е премногу значајно да се истакне библиотеката, таа може да се постави во горната зона на ѕидот.

3

27 јули 2012 ПОРТА

45


рубрика

Б

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk

46

3

ПОРТА

27 јули 2012

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk


рубрика

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

3

27 јули 2012 ПОРТА

47


технологии

Мариса Ен Мејер од „Гугл“ премина во конкурентот „Јаху“

Лице од насловните страници летово

М

ариса Ен Мејер (Marissa Ann Mayer) е лице од насловните страници месецов, а по се изгледа така ќе остане уште некое време. Познатата Gogirl, која беше „најистурената“ личност на ИТ гигантот „Гугл“ (Google Inc.), на 17 јули годинава, стана извршен директор на лутиот ривал на „Гугл“, „Јаху“ (Jahoo Inc.). Веста беше дочекана со неверување. Можно ли е, жената што практично е синоним за „Гугл“, така дрско да преминe во соседниот табор? Мариса е дел од „Гугл“ цели 13 години. Практично од самото основање на компанијата во 1999 година. За неа се знае дека таа била дваесетиот вработен и дека била прв софтверски инженер во компанијата од женскиот пол. Во „Гугл“ бргу напредуваше од инженер, преку продукт

48

3

ПОРТА

27 јули 2012

Трајче Стојанов, дипл.инж.арх. менаџер до извршна функција. Нејзе ѝ беа доверени клучни позиции за развој на сервисите: Google Search, Google Images, Google News, Google Maps, Google Books, Google Product Search, Google Toolbar и Google Gmail. Ако погледнете внимателно, ќе забележите дека станува збор за доста успешни производи, па оттаму не зачудува и фактот што дарежливоста на „Гугл“ кон неа тежи над 300 милиони долари. Многумина би рекле дека Мариса имала среќа да биде на вистинско место во вистинско време, алудирајќи дека со самото тоа што станала дел од „Гугл“ доста рано, направила неверојатна кариера и богатство (како за вработен). И додека сите други би останале во таа пријатна и заштитничка атмосфера во „Гугл“, Мариса се одлучи за отказ, и тоа отказ по телефон. Начинот така да се заврши една блескава кариера во „Гугл“ изгледа малку

непрофесионален и неетички. Но, веројатно имала причини познати само за неа. Кога сме кај етиката, Мариса е на удар од самото објавување на веста. Додека едни ја обвинуваат дека безочно ја предала својата претходна компанија, други дека сака да го соголи „Јаху“ кој се наоѓа во очајна состојба. Имено, „Јаху“ бележи невиден пад. Неговите акции изгубија 41% од својата вредност за пет години. Приходите исто така бележат пад. „Јаху“ смени неколку извршни директори, за кратко време. Компанијата потсетува на давеник кој очајно се обидува да се дофати за нешто. Во очај, „Јаху“ се одлучи да ангажира некој од соседниот табор (табор кој патем се покажува доста успешен) за да пренесе дел од успехот. За тоа „Јаху“ и понудиле на младата директорка пакет вреден околу 60 милиони долари, со што Мариса станува најдобро


технологии

Многумина би рекле дека Мариса имала среќа да биде на вистинско место во вистинско време, алудирајќи дека со самото тоа што станала дел од „Гугл“ доста рано, направила неверојатна кариера и богатство (како за вработен). И додека сите други би останале во таа пријатна и заштитничка атмосфера во „Гугл“, Мариса се одлучи за отказ, и тоа отказ по телефон.

платена извршна директорка во светот. Дополнително, се чини „Јаху“ ја предале целата своја доверба во нејзини раце. Многумина експерти претходните години ја критикуваа компанијата дека нема целосна доверба во своите CEO (Chief Executive Officer – главен извршен директор) и дека со тоа не им дозволува на највисоките кадри да го прикажат најдоброто. Но сега, не само што ги прифатиле нејзините услови, туку и немале никакви забелешки на фактот што Мариса е во поодмината бременоста. Како е возможно трудница, а подоцна и „тазе“ мајка успешно да раководи со компанија чии денови се бројат, останува да видиме. Згора на сè, Мариса е на тапет на голем број невладини организации кои ја обвинуваат дека и покрај нејзината „блажена“ состојба, таа се предала на работата и парите со што ќе ги занемари мајчинските одговорности.

Оние „помалку бесните“ ги анализираат бројните проблеми со кои таа ќе се соочи на новото работно место, но и предупредуваат дека и недостига доволно искуство и харизма за да го спаси „бродот што тоне“, наречен „Јаху“. Сепак, целата ситуација потсетува на случајот со враќањето на Стив Џобс во „Епл“ (Apple Inc.) пред нешто повеќе од десетина години. Преку брилијатни и остроумни потези, Стив ја издигна компанијата од пепел и ја направи највредна компанија во светот. Неговите производи засекогаш го сменија начинот на кој гледаме на технолошките производи. Сега, истото се очекува од Мариса. Доколку постигне нешто така значајно како и Стив, тогаш вреди да се следи нејзиното патување со „Јаху“ како би биле сведоци за тоа како се прави историја. А историјата започна да се пишува: Мариса е веќе со рекорд, најмлад (37 години)

извршен директор на компанија од листата на Fortune 500. Наскоро, веројатно ќе следат и други такви рекорди. Се надевам дека Мариса ќе ја избегне судбината на Керол Барц, прославениот поранешен CEO на „Autodesk“, која заврши со добиен отказ по телефон релативно кратко по нејзиното именување на позицијата. И двете имаат многу сличности, како карактерни така и визуелни. Сепак, Мариса е во предност поради тоа што ова е веројатно последна шанса на „Јаху“ да стори нешто што ќе го смени светот и ќе го врати на врвот. Врвот што му припаѓаше пред некои дваесетина години, пред „Гугл“ (читај Мариса) фуриозно да му го одзеде. Сега е време да му го врати. Дополнително, како жена која неколку години последователно се наоѓа на листата на највлијателни жени во светот, време е Мариса да ја оправда титулата.

3

27 јули 2012 ПОРТА

49


експерт

Почнуваат Олимписките и Параолимписките игри – „Лондон 2012“

Настан кој го преобрази источен Лондон Во минатото овој дел на градот се користел како локација за индустриски објекти и депонии за отпадни материјали. На ова загадено и запуштено место се направени големи и сеопфатни градежни активности фокусирани на расчитување и деконтаминација на земјиштето на почетокот на олимписките градежни активности, а со цел да се овозможи изградбата на новиот олимписки комплекс. д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

О

вој петок, 27 јули 2012 година, со церемонијата на свеченото отворање официјално ќе се одбележи почетокот на ХХХ летни олимиски игри промовирани под името „Олимписки игри

50

3

ПОРТА

27 јули 2012

- Лондон 2012“. Церемонијата, во чест на оваа олимписка година, симболично ќе отпочне во 20 часот и 12 минути (20.12) по британско време (21.12 по македонско време) со програма под името „Острови на чудо“ (Isles of Wonder) изготвена под раководство на уметничкиот директор,

оскаровецот Дани Бојл (Danny Boyle), а во која ќе земат учество над 15.000 учесници. Овие олимписки игри официјално ќе ги отвори Кралицата Елизабета Втора и се проценува дека церемонијата на свеченото отворање ќе ја следат околу една милијарда гледачи ширум светот. Очекувањата се


експерт дека церемонијата ќе остане во трајно сеќавање на учесниците, посетителите и гледачите, но никој не очекува да се повтори спектакуларното отворање на претоходните олимписки игри во Пекинг од 2008 година, што е и разбирливо со оглед на глобалните економски искушенија со кои сите ние се соочуваме денес. Олимписките игри: Лондон 2012 по 19 дена интензивни спортски натпревари ќе завршат во недела на 12 август со церемонијата на свеченото затворање кое ќе започне во 21.00 часот по британско време (22.00 часот по македонско време) со програма под името „Симфонија на британска музика“ (A Symphony of British Music) во која ќе се промовираат достигнувањата на британските естрадни уметници во изминатите 50 години. Од свеченото затворање на овие олимписки

игри ќе не делат 1.450 дена до почетокот на наредните во Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro) во Бразил во 2016 година. Во овогодишните олимписки игри ќе земат учество официјални претставници од 216 земји во светот и 23.900 натпреварувачи. Обединетото Кралство и Лондон, како град домаќин на овие летни олимписки игри, не се без претходно искуство во организацијата на олимписки игри - Лондон е и единствениот град во светот кој по трет пат се јавува како домаќин на современите летни олимписки игри во 2012 година по оние во 1908 и 1948 година. За Лондон организацијата на овие олимиски игри започна пред седум години, а во однос на самиот олимписки комплекс, официјално, пред повеќе од пет години, во февруари 2007 година, со поднесувањето на веројатно едно од најголемите досега поднесени

барања за урбанистичка согласност во Европа, во документ со десет илјади страници во петнаесет тома. Најголемиот дел од овогодишните олимписки игри ќе се одржат во рамките на новоизградениот Олимписки парк лоциран во источниот дел на Лондон, дел на градот во кој имало потреба да се спроведе урбана обнова, но дел на Лондон познат и по тоа дека во него израснал светски познатиот британски фудбалер Дејвид Бекам. Со поднесното барање за урбанистичка согласност била опфатена површина од 2,5 км2 базирана на визија за изградба на веројатно еден од најголемите урбани паркови во Европа изградени во изминатите 150 години. Урбанистичкоархитектонскиот концепт на лондонскиот олимписки комплекс бил презентиран преку два Урбанистички плана, и тоа еден 

Објектите на Олимпиското и Параолимпиското село ќе бидат преуредени во илјадници нови домови за изнајмување или купување, од кои половина ќе бидат наменети за пазарот на објекти за достапно домување на домаќинставата со пониски лични примања 3 27 јули 2012 ПОРТА

51


експерт времен, за времетрањето на олимписките игри и неколку години по нивното завршување, и втор долгорочен преку кој се дефинира иднината на комплексот. Во овој контекст, Олимписките и Параолимписките игри 2012 се искористени и како повод, но и како катализатор за физичка трансформација на голем дел од источен Лондон. Во минатото овој дел на градот се користел како локација на индустриски објекти и депонии за отпадни материјали. На ова загадено и запуштено место се направени големи и сеопфатни градежни активности фокусирани на расчитување и деконтаминација на земјиштето на почетокот на олимписките градежни активности, а со цел да се овозможи изградбата на новиот олимписки комплекс. Неколку години по завршувањето на олимписките игри новоизградениот Олимписки парк ќе биде преименуван

52

во „Олимписки парк Кралица Елизабета“. Тој ќе стане не само нов извонреден центар на британската престолнина, туку и нов кварт на источен Лондон. Објектите на Олимпиското и Параолимпиското село ќе бидат преуредени во илјадници нови домови за изнајмување или купување, од кои половина ќе бидат наменети за пазарот на објекти за достапно домување (affordable housing) за домаќинставата со пониски лични примања. Со оваа адаптација на објектите од Олимпиското и Параолимпиското село, овој дел на комплексот ќе се преименува во Источно село. Формирањето на една цела нова заедница во овој дел на источен Лондон ќе биде поддржана и преку нов образовен кампус, здравствен центар и други новоизградени објекти во рамките на паркот. Реализацијата на овој концепт е базирана на пристап во кој не само

објектите во рамките на Олимпиското и Параолимпиското село ќе бидат адаптирани по игрите за нивната нова станбена функција. Поголемиот дел на новоизградените олимписки објекти или ќе ги снема или пак тешко ќе можат да се препознаат од бројните олимписки преноси во иднина. Дел од новоизгардените објекти се од времен карактер, како на пример Стадионот за кошарка (Basketball Arena), најголемиот досега изграден времен објект, со иновативна лаковидна челична конструкција која овозможува лесната текстилна опшивка на објектот да биде соодветно растегната за да ја задржи потребната форма. Овој монтажнодемонтажен објект изграден во период од само 15 месеци и со капацитет од 12 илјади седишта, по игрите ќе биде демонтиран и неговите делови ќе бидат искористени или пак релоцирани во рамките на Обединетото Кралство.

Поголемиот дел на новоизградените олимписки објекти или ќе ги снема или пак тешко ќе можат да се препознаат при бројните преноси во иднина. Дел од новоизградените објекти се од времен карактер, како на пример кошаркарската арена, најголемиот досега изграден времен објект. Челичната конструкција ќе биде демонтирана, а нејзините делови ќе бидат искористени или пак релоцирани во рамките на Обединетото Кралство. 3 ПОРТА

27 јули 2012


експерт Добар дел од другите олимписки стадиони се изградени како делумно трајни, а делумно времени објекти. Така на пример, главниот објект на овие игри, Олимпискиот стадион (Olympic Stadium) на архитектонското биро „Популоус“ (Populous) со своите 14 кули за осветлување кои одаваат впечаток дека објкетот е во форма на круна, е изграден според овој пристап. Во текот на игрите тој ќе биде со капацитет од 80 илјади места, за по игрите да се трансформира во стадион со само 25 илјади места при што се очекува да стане стадион на еден од локалните фудбалски клубови. Оваа преобразба на објектот е овозможена преку неговиот архитектонски концепт, каде основата на објектот е решена како елипсовидна вкопана чинија на која по издигнатиот обем се сместени трајните 25 илјади седишта, за разлика од монтажно-демонтажните 55 илјади времени седишта лоцирани на монтажни армирано- бетонски трибини положени на челична носива конструкција. Слична иднина го очекува и Центарот за водни спортови (Aquatic Centre) на „Заха Хадид архитектс“ (Zaha Hadid Architects) кој за време на игрите ќе биде со капацитет од 17,5 илјади седишта. По игрите двете навидум груби времени трибини на објектот ќе бидат демонтирани со што објектот по прв пат ќе стане видлив во својата прекрасна брановидна завршна форма и траен капацитет од само 2,5 илјади седишта. Прекрасниот објект на Велодромот (Velodrome), веројатно еден од најубавите и најелегантните објекти изградени за потребите на овие олимписки игри, е испроектиран од архитектонското биро „Хопкинс архитектс“ (Hopkins Architects) и е добитник на престижната Награда за архитектура на британскиот премиер за најдобри јавни објекти во 2011 година (2011 Prime Minister's Better Public Building Award). Објектот со 6 илјади седишта е со форма која ја рефлектира геометријата на велосипедската патека и е еден од неколкуте објекти кои ќе бидат задржани во својата оргинална форма во иднина. Велодромот што се наоѓа во близина на БМЕкс патека (BMX Circuit) во иднина ќе бидат поврзани со патеки за трки по улици (Road Racing Circuit) и планински велосипедски патеки (Mountain Bike Trails) со што ќе се заокружи идниот Велосипедски парк (VeloPark) кој ќе може да се користи од лица од која било возраст и способност. Во рамките на овој парк ќе биде сместена кафетерија, работилница за поправка на автомобили и магацин за над 300 велосипеди кои ќе можат да се изнајмат. Се разбира, патеките во рамките на овој

Велосипедски парк ќе бидат поврзани со велосипедските патеки во рамките на Лондон. Во иднина, новиот Велосипедски центар ќе биде во сопственост на Регионалната управа за паркови на долината на реката Ли (Lee Valley Regional Park Authority) која ќе управува со објектот и ќе го обезбеди неговото финансирање. Се чини дека големо место во рамките на новиот Олимписки парк е посветено на велосипедизмот како спорт, што веројатно е и разбирливо ако се земе предвид дека Велика Британија беше добитник на 25 олимписки и параолимписки

Главниот објект на овие игри, Олимпискиот стадион (Olympic Stadium) на архитектонското биро „Популус“ (Populous) во текот на игрите ќе биде со капацитет од 80 илјади места, за по игрите да се трансформира во стадион со само 25 илјади места при што се очекува да стане стадион на еден од локалните фудбалски клубови. Слична иднина го очекува и Центарот за водни спортови на „Заха Хадид архитектс“ и други објекти. медали, од кои 10 златни, на претходните игри во Пекинг во 2008 година. Еден од ретките олимписки објекти во кој капацитетот на објектот ќе се зголеми по олимписките и параолимписките игри е Стадионот за ракомет (Handball Arena). Овој објект ќе биде дел од наследството на овие игри при што неговиот капацитет од 7 илјади места ќе се зголеми на 7,5 илјади места по завршувањето на игрите, а ќе се изврши и преадаптација на објектот, од наменска сала за ракомет ќе стане повеќенаменски

спортски центар за потребите на локалната заедница, тренирање на атлетичарите и одржување на натпревари. Во својата нова конфигурација објектот ќе послужи како арена за повеќе спортови, вклучително со кошарка, ракомет, бадмингтон, бокс, боречки вештини, одбојка, пинг-понг, рагби за лица во колички и други спортови. Во рамките на објектот ќе бидат лоцирани и клубовите за здравје и кондиција со кафетерија и соблекувални кои ќе можат да се користат од локалната заедница. Објектот е со правилна геометриска форма и челична носива конструкција со фасадна обработка на горниот дел од салата од 3.000 м2 од бакарен лим кои содржи 65 проценти рециклиран материјал. Објектот природно е осветлен преку 88 сончеви цевки (sun-pipes) со дијаметар од 1,5 метри. Употребата на вода во рамките на објектот е намалена за 40 проценити преку собирање на дождовницата од кровот на објектот и нејзина употреба како хигиенска вода во негови рамки. Во рамките на идниот „Олимписки парк Кралица Елизабета“, елитните атлетичари и локалната заедница ќе се здобијат со нови спортски објекти од светско реноме во кои ќе можат да се натпреваруваат, тренираат или рекреираат. Посетителите на паркот ќе можат да уживаат во новите парковски површини кои меѓусебно ќе ги поврзат заедниците што се наоѓаат во опкружувањето на паркот, а кои претходно биле разделени како резултат на постојните водни канали, улици и железнички пруги. Нови сообраќајни врски, како и енергетска, водна и телекомуникациска инфраструктура биле доведени на овој локалитет во рамките на изградбата на олимпискиот комплекс, при што цело време се имала предвид долгорочната иднина на овој парк, така што сè што е реализирано било реализирано со цел да се оформи костурот на идниот развој на овој дел на Лондон. Според Организацијата задолжена за реализацијата на олимпсиките игри (Olympic Development Authority – ODA), 75 пенси од секоја 1 фунта биле потрошени на начин на кој се финансирала идната трансформација на овој дел на градот. Лорд Кое, претседателот на оргнизациониот комитет на овие олимписки игри и олимписки медалист, верува дека „Лондон 2012“ ќе биде запаметен како игри кои ги инспирирале младите луѓе низ светот да го изберат својот спорт. Како игри кои го трансформирале источниот крај (East End) на Лондон. Како игри со спорт во срцето. И како игри кои ќе го презентираат Лондон на светот, создавајќи големи моменти за сите ние да ги споделиме и да се зближиме. 

3

27 јули 2012 ПОРТА

53


еко инфо москвА

Алтернативни енергетски извори на Арктикот

Руските научници ќе изведат експеримент за користење само на алтернативни извори на енергија на Арктикот. Ако проектот успее, тогаш би се обезбедила енергија за најодалечените подрачја во североисточен Сибир. Местото на изведување на експериментот е остров во делтата на реката Лена, изложен постојано на силни ветрови. Во следните два месеца таму ќе биде изградена нова истражувачка станица. (Voice of Russia)

вАшингтон

гренланд сѐ повеќе се топи

Од Петермановиот глечер на Гренланд, овие денови се одвои огромна санта мраз со површина од околу 120 квадратни километри. На истото место во 2010 година се одвои санта со двојно поголема површина. Последните години научниците често предупредуваат дека Гренланд забрзано се топи поради порастот на температурите. Ако се анализираат податоците за последните 150 години, вакви драматични промени никогаш не се забележани – велат од НАСА. (tportal)

вАшингтон

проблеми во сАд поради сушата

Поради пеколните горештини, САД се соочуваат со најизразената суша во последните три децении, чија штета допрва почнува да се анализира. Но, секако нема сомневање дека храната значително ќе поскапи поради десеткуваната жетва. Американските власти прогласија 1000 окрузи во 26 сојузни држави за подрачја погодени од природна катастрофа. Изминатите 12 месеци во САД се најтопли во последните 117 години. 54

3

ПОРТА

27 јули 2012

(CNN)


еко инфо АбуЏА

казна за shell во нигерија

Нигерија ја казни најголемата европска нафтена компанија со 5 милијарди долари поради излевање на нафта во морето, предизвикано од инцидент на нафтеното поле во Гвинејскиот залив во 2011 година. Нигериската Влада ја образложи пресудата со еколошката штета, но Shell најави жалба и тврди дека висината на казната е неоправдана со оглед на извонредно краткиот период до санирањето на штетата. (Oil and Gas Eurasia)

соФијА

грција го одобри градењето на гасоводот кон бугарија

Грчкото Министерство за животна средина, енергетика и климатски промени го одобри прелиминарниот извештај за влијанието врз животната средина на гасоводот со кој ќе се поврзат грчкиот и бугарскиот систем. Гасоводот од Стара Загора до Комотиниа е долг 180 километри и ќе носи гас од Каспискиот регион. Неговиот капацитет е 3 милијарди Nm3. (Voice of Russia)

бРисел

квоти за емисија за источноевропските земји

Европската комисија го одобри барањето на Полска за бесплатни дозволи за емисија на јаглероден диоксид за своите енергетски компании. Одлуката за Унгарија ќе биде донесена подоцна, а веќе е најавено одобрување на бесплатни дозволи во вредност од 673 милиони € за Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Литванија и Романија за периодот 2013-2019. Бројот на дозволи постепено ќе се намалува секоја година, за да паднат на 0 во 2020 година. (Warsaw Business Journal) подготви: Даниела МлаДЕновска

3

27 јули 2012 ПОРТА

55


екологија

Новите истражувања даваат загрижувачки резултати

Останаа ли киселите дождови Сашо Кузмановски

К

иселите дождови од седумдесеттите години на минатиот век останаа во архивите на дневните весници и во анализите, но како што покажуваат новите научни студии, и во почвите на северните делови на Европа, Азија и САД. Четириесет години откако човештвото почна да зборува и да се справува со овој проблем, последиците од киселите дождови сè уште се особено видливи во Њујорк, Вермонт, Њу Хемпшир и Мејн. Истражувањата ги покажуваат и првите, но многу скромни знаци на заздравување, пренесе деновиве порталот ScienceNOW. „Сулфур диоксидот што се ослободува при согорување на фосилните горива искачувајќи се во атмосфератата го намалува pH нивото на дождот. Кога киселиот дожд паѓа на земјата

56

3

ПОРТА

27 јули 2012

го испира калциумот од почвата и ги остава растенијата без овој клучен нутриент. Киселите дождови, исто така, ги раствораат минералите богати со алуминиум ослободувајќи го металот дополнително да ги труе растенијата“, го објаснуваат експертите накратко феноменот на киселите дождови. Киселите дождови ги испоснија плодните почви на огромни површини во САД и во Канада, во северна Европа и во Азија, почвата го намали приносот, а дождовите го имаа своето влијание и врз градбите и културно-историските споменици, полека уништувајќи го културното наследство. За да се справи со овој проблем американскиот Конгрес во 1970 година наметна строги контроли на емисиите на штетни гасови за индустријата преку Актот за чист воздух, што уште повеќе ги затегна конците во 1990 година. До 2003

година, киселите дождови коишто паѓаа над североисточните делови на САД опаднаа за 40 отсто. Како што пренесува порталот ScienceNOW, за да откријат дали и почвите во истиот регион почнале да заздравуваат, тим биогеохемичари од научната организација U.S. Geological Survey во Трој, Њујорк, ги тестирале почвите во шест познати шуми: Паркот Адирондак во Њујорк, Националната шума Вајт Маунтин во Њухемпшир, Гротон Стејт Парк во Вермонт и во два истражувачки резервати во Мејн. Истражувачите го барале првиот индикатор за заздравување на почвите, барем благ пораст на концентрациите на калциум. Првото истражување било направено во 1992 и во 1993 година. По 11 години, истражувањето било повторено. Знаците на заздравување биле скромни, нивото на калциум во почвата било сè уште ниско, но алуминиумот во површинските


екологија

само дел од нашето минато? слоеви на почвата почнал да исчезнува, барем во Вермонт, Њухемпшир и Мејн. Почвите на Њујорк сè уште содржат високи концентрации на овој метал, тврдат експертите за порталот ScienceNOW.

НА УДАР УБАВИТЕ ЈАВОРИ НА КАНАДА

Јаворовите шуми во регионот околу Големите езера во Канада сè уште се на удар на киселите дождови. Симболот на Канада чиј лист се наоѓа и на канадското знаме е меѓу најубавите дрвја на светот, а освен неговиот неверојатен придонес за природниот пејзаж и за екосистемот на северноамериканската почва, од ова дрво се добива и вкусниот јаворов сируп. Но, мрежата CBC News неодамна пренесе загрижувачка вест, дека бројот на јаворови дрвја во регионот на Големите езера во годините што следуваат најверојатно ќе бележи пад како последица на киселите дождови. Јаворовите шуми во северните делови на САД и во југоисточните делови на Канада се веќе проретчени како резултат на закиселената почва. Според статијата објавена во Journal of Applied Ecology, истражувачи од Универзитетот на Мичиген тврдат дека киселите дождови ги спречуваат паднатите јаворови лисја да скапуваат на шумската почва, создавајќи бариера која го спречува растењето на нови дрвја.

СУЛФУР ИЛИ АЗОТ - ПОТРЕБНИ СЕ ИТНИ МЕРКИ

Деновиве и британскиот весник „Телеграф“ потсети на киселите дождови нагласувајќи дека нивото на сулфур во атмосферата над островот се намалила за 90 отсто во споредба со врвот во 50-тите години, благодарејќи на мерките за контрола на емисиите од термоелектраните на јаглен во 80-тите години. Сега, пренесува весникот, во Британија е потребна иста одлучност за справување со емисиите на азотни оксиди од возилата, електраните и фармите. Превисокото ниво на азот во атмосферата кој паѓа на земјата со дождовите премногу ја ѓубри почвата и овозможува раст на треви и плевел, кои ги потиснуваат дивите цветни видови, менувајќи го комплетно екосистемот, посочува новиот извештај од Центарот за екологија и хидрологија. Експертите велат дека во Британија е потребна остра акција против емисиите на азот, слична како онаа за емисиите на сулфур, за да се реши овој растечки проблем.

3

27 јули 2012 ПОРТА

57


хортикултура

Хидропоника - одгледување без почва Филип Филипоски, дипл.шум.инж.

Х

идропониката претставува одгледување на растенија во течен раствор од вода и неопходните минерални хранливи елементи за конкретниот вид. Овој вид на производство е сличен на тоа што го прават нашите мајки и баби за размножување на одредени видови цвеќиња во нашите домови, со тоа што во овој случај се посветува поголемо внимание на достапноста на потребните микроелементи за поголем принос, особено кога станува збор за производство на прехранбени сорти. Во суштина, самата 58

3

ПОРТА

27 јули 2012

почва претставува обновлив извор на сите микроелементи потребни за непречен раст и развој на растенијата, што значи дека доколку на растенијата им се обезбедат потребните хранливи материи, тие можат да растат и да се развиваат без почва. Предностите што ги има оваа техника на производство на храна се разноврсни. Така, на пример, со самото тоа што нема потреба од почва, а водата постојано циркулира во системот без значителни загуби, доведува до помали трошоци за вода. Според некои статистички показатели, во Америка при одгледување на градинарски растенија, потребното количество на вода

при примена на хидропонската техника е за 80% помало во однос на класичното одгледување. Со оваа техника може да се одгледуваат растенија дури и на места во услови каде што нема почва. Исто така, животната средина не се загадува со испуштање на хранливите елементи при прихранувањето на почвата. Годишните приноси се постојани и високи, а како особена предност при хидропонското производство е тоа што болестите и штетниците се сведени на минимум, а и таму каде што се јавуваат многу полесно се отстрануваат за разлика од почвата, додека борбата со коровот воопшто не постои.


екологија Хидропонско одгледување на цвеќиња

Хидропонско одгледување на зеленчук без субстрат

Како недостаток може да му се препише појавата на салмонела и други патогени болести, поради високата влажност на воздухот во просториите, но тоа може да се регулира со постојано проветрување. Постојат два вида на хидропонско одгледување, и тоа во раствор и одгледување во супстрат. При одгледувањето во раствор, не се користи цврст супстрат каде што корените би биле прицврстени, туку слободно би „пливале“ во течноста. Одгледувањето во раствор може да биде: одгледување со статичен раствор, техника на хранлив филм и аеропоника. Кај методот со одгледување во супстрат, во зависност

од кореновиот систем, се користат и најразлични супстрати: чакал, песок, перлит, експандирана глина, камена волна и слично. Оваа техника на одгледување на растенија без почва, во светот е многу развиена, и таа станува составен дел од агрономијата. Само за илустрација, во САД има над 400 ха површина под стакленици, каде што се произведува зеленчук со примена на хидрпони. Кај нас, примената на хидропоните сè уште е во почетна фаза. Сепак, самата технологија која е потребна за ваков вид на производство е доста скапа инвестиција, а е исплатлива само на подолг период.

3

27 јули 2012 ПОРТА

59


фитопатологија

(ВТОР ДЕЛ)

БОЛЕСТИ НА РОЗАТА ВО ГРАДСКОТО ЗЕЛЕНИЛО

Ц

Михајло Ристески,

стручен соработник, магистер на шумарски науки

рната дамкавост на листот е најчесто заболување кај розата. Карактеристично е што брзо напредува и резултира со лесна дефолијација, па растението станува ранливо во зимскиот период. Симптомите се појава на светлокафеави до црни дамки кои стануваат хлоротични, и на крај доведуваат до дефолијација. Дамките се забележуваат во летните и есенските месеци и тоа на листовите, а многу ретко на стеблото или овогодишните пупки. Во случај на силен напад инфицираните ратенија прерано ги губат листовите, физиолошки ослабуваат, што влијае на намалување на цветната маса и вегетативниот раст. Како заштита се препорачува собирање и уништување на заразените листови во есен, со што се намалува количеството инокулум на патогенот; проветрување на културите со цел да се избегне зголемена влажност на воздухот; и третирање со достапни хемиски средства (бакарни соли, триазоли, дитианон, додин, диклофлуанид, трифорин), веднаш штом се забележат првите црни дамки на листовите на почувствителните видови роза.

Симптоми на црна дамкавост на листот на роза

Пепелница на листот претставува заболување кон кое сусцептибилноста на розата варира кај различни култивари. Сепак, овој патоген предизвикува значајно намалување на продажната вредност на розата. Симптомите се појава на превлака од расеени кончести површини од мицелија и спори на листовите, младите фиданки и петелката на цветовите. Набргу после појавата на болеста листовите стануваат извиткани и деформирани. Заштитата се сведува на употреба на хемиски средства (на база на сулфур, динокап, фалтан, фенаримол, бупиримат, ципроконазол, езаконазол, триадименол, миклобутанил). Третирањето треба да започне веднаш по забележувањето на првите симптоми и да продолжи сè додека климатските услови се поволни за развој на овој патоген. `Рѓа на листот претставува релативно често заболување на розата. Предизвикува сушење и опаѓање на листовите. Симптомите се појава на пустули (на опачината на листот) со портокалова или црвена боја, во зависност од стадиумот на развој на патогенот, и тоа ециоспори - портокалови, уредоспори - црвени, телеутоспори - црни. Заштитата може да биде со одгледување на резистентни култивари, одржување хигиена во културите од роза, раздалечено садење, хигиена на користениот алат за работа, или со хемиска заштита (средства на база на сулфур или бордовска чорба). Влакнеста мувла на листот на роза претставува патоген кој некои години се појавува, но некои години изостанува, а најчест е онаму каде времето е ладно и влажно. Симптомите се црвенкасто-црни дамки (слични како оштетување од фитотоксични препарати) кои се појавуваат на листовите, дршките и стеблото на розата, како и бела превлака на опачината на листот. Поголемите лисни жили најчесто го попречуваат развојот на патогенот, па лезиите често имаат аглеста форма. Во случаи на посилен напад, овој патоген може да предизвика Симптоми на пепелница на листот на роза предвремена дефолијација. Како заштита се препорачува обезбедување добра циркулација на воздухот (вентилација) со правилна густина и поставеност на растенијата; доколку влажноста на воздухот е зголемена се препорачува температура над 27˚С; употреба на хемиски средства (бакарни средства, дитиокарбамати (Dithane M-45, Mancozeb, Maneb), цимоксанил или фениламиди); есенско спалување на заболените листови. 60

3

ПОРТА

27 јули 2012


фитопатологија Симптоми на влакнеста мувла на листот на роза Мозаичен вирус на листот на роза претставува заболување кое не предизвикува опаѓање на листовите и често ја зголемува декоративната вредност на розата. Симптомите се појава на светлозелени до жолти неправилни мозаични граници, или мали, аглести, безбојни дамки и прстени. Симптомите се со различен интензитет во различни периоди од развојот на растението, но можат и да исчезнат. Присуството на мозаичниот вирус на листот може да предизвика физиолошко ослабнување на растението и со тоа услови за Симптоми на `рѓа на листот на роза (заболени листови - горе, плодни тела - долу) други патогени. Пренесувањето на мозаичниот вирус е можно преку пропагирање на инфицирани растенија. Единствената контрола над мозаичниот вирус е превентивна, со избегнување набавка на растителен материјал со симптоми на мозаичен вирус. Сè додека инфицираното растение добро се развива, нема потреба од негово отстранување.

Општи правила за здрави рози:

- да не се вкрстуваат гранчињата, дури и кога навидум не се допираат, бидејќи при помал ветер или пораст може да се тријат и да се оштетат, со тоа се отвора „вратата“ за инфекција од патогени; - правилно да се реже;

Симптоми на влакнеста мувла на листот на роза

- кога се реже, задолжително да се стерилизира сечилото помеѓу сечењата; - да се извршуваат редовни обиколки и да се отстрануваат сувите гранки од растенијата; - при садење, оштетените растенија да се отстранат; и - да се преферираат поотпорни кутивари. Симптоми на мозаичен вирус на листот на роза

3

27 јули 2012 ПОРТА

61


совети

Зонирање на трособен стан Нашиот стан е во фаза на изградба. Сега, кога се ѕида, сметаме дека можат да се направат евентуални промени кои би го подобриле квалитетот на домувањето. Ве молиме за ваш совет. Радмила и Гојко Пејовски, Скопје

О

д основата може да се види дека вашиот стан е проектиран како синтеза на модерна организација на станот со барањата за современо живеење. Центар на станот е заедничкиот простор на кујната, трпезаријата и дневната соба во кои интензивно се одвива животот. Можеби единствен недостаток на станот е одвоеноста на детската соба од останатиот мирен дел на станот. Со мали промени на влезниот хол и преместувањето на детската соба поблиску до спалната, може да се направи ново зонирање на станот. Во тој случај од влезниот хол преку мал дегажман би се влегувало во детската и спалната соба, а бучниот дел би бил отворен но функционално составен од дневна соба, трпезарија и кујна. Кујната би останала непроменета, еднострана, визуелно продолжена со трпезариска маса и пет стола. Дневната соба може да се опреми со тросед, две седалки, комода и клупски масички. Од собата директно се излегува на тераса. Во ентериерот можат да се употребат светлите земјани тонови, но со акценти на бордо или темнокафеава боја. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.,

bsavic@porta3.com.mk пред

потоа

62

3

ПОРТА

27 јули 2012


најчудни градби

РУСИТЕ ГО ЗАВРШУВААТ НАЈВИСОКИОТ ОБЛАКОДЕР ВО ЕВРОПА

Драган Ристов

Д

о сега, главно сме пишувале исклучиво за проекти кои се завршени, независно дали е тоа неодамна, пред неколку години или повеќе децении. Но, во овој број ќе илустрираме еден проект кој е пред завршница. Како вовед за проектот, ќе кажеме дека пред извесно време беше пуштена во употреба највисоката зграда во Европа. Tоа е 95-катната „Шард“ во Лондон во Англија, која е со височина од 310 метри. Токму затоа се смета за највисока зграда во Европа. Но, до крајот на годината „Шард“, сепак, ќе се прости со титулата највисока зграда во Европа, и првото место ќе го отстапи на 332-метарската зграда, која се гради во Москва, а е наречена „Меркјури сити тауер“. Е токму ова ново највисоко чудо, ќе доминира во овој број на „Порта3“. Овој објект го сместивме во рубриката на чудни градби, бидејќи со него се прави пресврт во московската архитектура и се проектира зграда надвор од регуларните изградби на облакодери кои се карактеристични за главните капиталистички центри. И најважно од сè, додека сите околни облакодери имаат обично стакло кое ја рефлектира сината боја на небото, „Меркјури сити тауер“ има златна боја. Тоа е затоа што прозорците се посебно направени и премачкани со посебна емулзија, која оддава впечаток на облакодер од злато или една гигантска златна плочка. Моментално, објектот е во фаза на конструкција во бизнис центарот на главната руска метропола. Изградбата започна во 2005 година и треба да биде завршена кон крајот на оваа година. Минатата година, облакодерот беше со височина од 230 метри од вкупните 332, а паралелно со тоа се одвиваше и уредување на екстериерот на долните катови. Секако, овој процес е во постојан развој, па дури и додека го читате ова, стаклената фасада се надополнува со нови катови, а изградбата на кулата се движи кон врвот. Автори на објектот се архитектите Михаил Посохин и Френк Вилијамс, а изградбата е во надлежност на „ЛЛЦ Рејзен Строј“. Од технички аспект треба да се додаде дека оваа кула ќе има 70 катови од кои 5 се под земја со паркинг површина за 440 возила. Вкупната корисна површина изнесува 158.000 м². Еден кат е за техничка поддршка, од втори до 38 кат ќе бидат канцеларии, а од 40 до 70 кат ќе бидат сместени апартмани, фитнес центар, ресторани, а сето помеѓу се катови за поддршка и персонал. Облакодерот се базира на висока стабилност благодарение на четири клучни сегменти, кои се еден вид на поцврста основа на целиот објект. Гледано од едната страна, јасно се диференцираат четирите компоненти, секоја следна со помала површина и позиционирана врз поголемата. Објектот се гради во бизнис дистриктот што сè повеќе станува главно обележје на Москва, со што градот се сместува во групата на светски метрополи, кои располагаат со стаклена облакодер-џунгла.

3

27 јули 2012 ПОРТА

63


излог 2

3

4 64

3

ПОРТА

27 јули 2012


излог 1. Полици за книги изработени од плексиглас во три различни димензии (60/60/12 см, 58/183/12 см и 60/30/12 см) дизајнирани од Davide Radaelli. 2. Подна ламба инспирирана од норвешката природа. Секоја светилка може да се пали и гаси индивидуално. Дизајнирана е до студиото FOG. 3. Шпанската дизајнерка Tati Guimaraes создаде едноставна дрвена масичка за љубителите на вино, со ногарки од искористени шишиња. 4. X-plus метална масичка дизајнирана од младиот талентиран дизајнер Xiaxi, добитник на Red Dot Award 2011 и претставена на саемот за мебел во Милано 2012 година.

подготви: Сандра ДОНЧЕВА Теохарова, дипл.инж.арх.

1

3

27 јули 2012 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 86/2012 ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 116/07/2012 Назив на договорниот орган: Народна банка на Република Македонија, ул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Јавен анонимен конкурс за идејно решение со три награди и три откупи за новиот објект за НБРМ. Контакт тел/факс: ++389 2 3108-457, ++389 2 3108-366, лице за контакт: Кристина Тодоровска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 01.10.2012 год во 16.00 часот.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 87/2012 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 07-09/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Надзор над рехабилитација на регионален пат Р1203 (стара ознака Р-405), делница Тетово – Јажинце. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска. Јавно отворање на понудите на ден 06.08.2012 год. БРОЈ: 07-10/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме

Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Рехабилитација на регионален пат Р1203 (стара ознака Р-405), делница Тетово – Јажинце. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска. Јавно отворање на понудите на ден 03.08.2012 год.

ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, СЕРВИСИ И СТОВАРИШТА Г2, Г3 И Г4 ОПШТИНА КОЧАНИ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 88/2012 ОБЈАВА БРОЈ 2 (13.07.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БР. 03/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 89/2012 ОБЈАВА БР. 2 (10.07.2012 година) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА

БРОЈ: 60/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за транспорт и врски, ул. “Црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Конкурс за изработка на идејно решение за фасадно обликување на објект со комерцијални и деловни намени, локација: ул. “Стив Наумов“, КП број 9506/2, КО Центар 1, ГП Б7.2.1, ДУП “Централно градско подрачје на град Скопје “Мал Ринг“ измена и дополна, донесен со одлука на Совет на општина Центар, број 07-5020/2 од 28.06.2012 година. Контакт тел/факс: 02 3145-445, 3226-392, лице за контакт: Борче Размоски. Плановите или проектите да се достават најдоцна до 27.08.2012 во 12.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 07-13/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Надзор над рехабилитација на регионален пат Р2246 (стара ознака Р-415), Извор – Бошков Мост, делница Гарски Мост –

Бошков Мост. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска. Јавно отворање на понудите на ден 09.08.2012 год. БРОЈ: 07-14/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Рехабилитација на регионален пат Р2246 (стара ознака Р-415), Извор – Бошков мост, делница Гарски мост – Бошков мост. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска. Јавно отворање на понудите на ден: 07.08.2012 год. БРОЈ: 34/2012 Назив на договорниот орган: Општина Центар, ул. “Михаил Чоков“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на постаменти за спомен обележја на Кузман Јосифовски – Питу, Христо Узунов, Христо Татарчев, Павел Шатев и Васил Чакаларов. Контакт тел/факс: 3203-645, 3211-089, лице за контакт: Ненад Крстевски. Јавно отворање на понудите на ден 13.08.2012 год. БРОЈ: 09/2012 Назив на договорниот орган: Општина Бутел, ул. “Бутелска“ бр. 4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба и реконструкција на фекална, атмосферска и канализациона мрежа. Контакт тел/факс: 02 2616-868, 02 2634-674, лице за контакт: Богица Златановска. Јавно отворање на понудите на ден 06.08.2012 год.

ПИШУВАЈ

СОРАБОТУВАЈ

ПРЕТПЛАТИ СЕ!

Т ОМО ОДР ЛИКИ“ Р Е А Р ВЕ ЛИК се В А џамија ќе АНД СО НО ШУар С ЌАенатиате генерации К Е К Л дн Ии ВАва за „А за ПРчу ДСК Марио Бота БРОЈНЕРИ Д О НТЕ ИЈА Преку јазикот просторот,и КО ЕДОН т насветлината н МАК е та О В би геометрија

ам рв лив ниот в р о лат овт Неп под з

КИТЕ БРИТАНСТИ ЌЕ АРХИТЕК РААТ СЕ ЕДУЦИНОВА СПОРЕД ЕЛНА Т ЗАДОЛЖИГРАМА ПРО

ина VII 21.10.2011 год

ШТВО ГРАДЕ ГРАДЕЖНИ Ж А АРХИ НИШТВО ТЕ АРХИТЕКТУР ЕКОЛ КТУРА А Ј ЈА ГИ ЛО О О О ГИЈА ТВ ЕК НИШ РА ДЕЖ ГРА ТЕКТУ И А АРХ ОГИЈ Л ЕКО

ам комуницирата со публик

168 / ПЕТОК

1 годи на VII

www.porta3.com.mk

4.11.2 01

27 јули 2012

90 денари / БРОЈ

3

ПОРТА

VII

66

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

„Л ЗАСОЛ ИНА“ НИШТ О Е



ДОЈДЕТЕ НА ИЛИНДЕНСКИ ПИКНИК НА 2 АВГУСТ ВО НОВИОТ ОБЈЕКТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ОХРИД И КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ПО ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ! Во Охрид, туристичкиот и културен бисер на Балканот, нашиот репрезентатитивен резиденцијален објект во Билјанини Извори е одлично место за живеење, одмор и рекреација. Ова е првиот објект во Охрид изграден по најновите меѓународни стандарди за квалитет и енергетска ефикасност, што на станарите им штеди енергија и пари. Нашиот квалитет е во сигурниот и цврст темел, асеизмичката, безбедна градба и функционалните станови. Со купување елитен стан на АДОРА Инженеринг во Охрид, направете траен влог за Вашата посреќна иднина!

оХРиД - Билјанини извори Енергетски ефикасна-Еко градба  Фотоволтажен систем за производство на струја за заедничко осветлување  Сертификат за сите вградени материјали  Темелна плоча од 95 цм  Асеизмичка, армирано-бетонска конструкција со марка бетон минимум МБ 30 и над МБ 40  Термо фасада со графитен

02 3093 200, 02 5215 215,

075 244 244

034 523 335, 072 228 026

неопор, најнов тип на фасади  Преградни ѕидови до 27 цм ( 2/12 + 3 цм изолација од тврдопресуван тервол )  Надорешна столарија со РОТО оков и 4-сезонско стакло  Прва класа паркет  Прва класа шпанска плочка

 Видео надзор, електричен пристап и електричен лифт во секој влез  Сопствен подземен паркинг  Оптички интернет, ТВ и кабелска инсталација во секој стан  Лист за предбележување и можност за кредитирање до 30 години

072 204 024, 070 365 738, 075 240 003

ohrid@adora.com.mk info@adora.com.mk

www.adora.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.