Нов „извор на чиста енергија“ ИНТЕРВЈУ
Дејвид Фишер: Современа архитектура на движење
90 денари / БРОЈ 189 / ПЕТОК 24.08.2012 година VIII
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Marvellous трилогија
рубрика
2
3
ПОРТА
24 август 2012
ГОДИНА VIII
БРОЈ 189 ПЕТОК 24.08.2012 дРаГи читатели,
Редакција:
како репрезент за појавата на модерните облакодери. Кирче Стојоски од Охрид е ново дизајнерско име во Македонија. Неисцрпна инспирација за неговите уникатни креативни приоди пронаоѓа во творечките опуси на современи дизајнерски икони, стремејќи се преку својот посебен авторски потпис да создаде ново чувство за просторот, несекојдневност, посебност и нова перцепција на корисникот. Во јавноста често се наметнува прашање дали е можна изведба на многу високи згради во сеизмички активни подрачја, посебно после почетокот на градба на зградите во населбата Аеродром, што ќе бидат највисоките градби кај нас. Треба да е јасно дека во услови на сеизмички региони е можна градба на исклучително високи објекти, секако, под услов да бидат запазени највисоките стандарди и практики при истражувањето, проектирањето и изведбата.
од Редакцијата
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: WeBB BrIDGe, DOCKLANDS, МЕЛБУРН, АВСТРАЛИЈА Marvellous трилогија Нов „извор на чиста енергија“ ИНТЕРВЈУ
Дејвид Фишер Современа архитектура на движење
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
90 денари / БРОЈ 189 / ПЕТОК 24.08.2012 година VIII
Дали е навистина можно да се прави архитектура која не е статичен елемент? Дали ни се потребни згради кои се подвижни, и кои се предностите на ваквиот концепт, и зошто некој воопшто би сакал да живее или работи во зграда која е подвижна? Одговорите на овие прашања ги побаравме од израелскоиталијанскиот архитект Дејвид Фишер кој престојуваше во Белград на конференцијата „Блок“, а во интервјуто за „Порта3“ ги претстави своите ставови за архитектурата и динамиката во архитектурата. Град создаден да изненадува, во него сè е дозволено. Ова во една реченица е впечатокот за Њујорк, за Менхетен, пренесена од нашиот дописник Читро од САД. Градот, вели тој, ќе ве воодушеви со својот богат опус на продукции од различни уметнички стилови и правци, почнувајќи од зградата на "Chrysler", елеганцијата на дрскиот центар "Rockefeller", преку безвремената тридимензионалност на музејот "Guggneheim", па сè до префинетоста на "Seagram"
Град создаден да изненадува, во него се е дозволено
графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ
Автори: roBert oWeN И DeNtoN CorKer MarsHall arCHIteCts
ГРАДЕЖНИШТВО 14
ОБЈЕКТОТ МОРА ДА Е ПРИСПОСОБЕН ` КОН ПОДЛОГАТА ЗА ГРАДБА
ИНТЕРВЈУ 20
ДЕЈВИД ФИШЕР СОВРЕМЕНА АРХИТЕКТУРА НА ДВИЖЕЊЕ
АРХИТЕКТУРА 24
20
АРХИТЕКТУРА 26
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.
Печати: Европа92 - Кочани
РЕПОРТАЖА 36
MARVELLOUS ТРИЛОГИЈА
36 42
Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
ДИЗАЈН 44
МЕБЕЛ КАКО СКУЛПТУРА ВО ПРОСТОРОТ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
ЕКОЛОГИЈА 58
ЗА ПОЛОВИНА ВЕК, ПОЛОВИНА СВЕТ ЌЕ ДИШЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ
лектор: Костадинка СОЛЕВА
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
26
ГРАД СОЗДАДЕН ДА ИЗНЕНАДУВА, ВО НЕГО СÈ Е ДОЗВОЛЕНО
СЛАТКИ ВИНА ВО ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ МУЗЕИ НА ВИНО ВО СВЕТОТ
фоторепортер: Кире ПОПОВ
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
ГРАДОТ И ПЕЈЗАЖОТ - УРБАНО ТЕЛО ВО РАЗВОЈ
МУЗЕИ 42
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Бојана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
44
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
IZIIS SAGA-B Решение за Европа
EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.
Прецизно моделирање со AutoCAD import
• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:
www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk
www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје
Тел. 02 3107 721 Факс 02 3112 163
инфо
Расправи по Нацрт Генералниот план на град Скопје
Градот има потреба од подобра животна средина Според Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012 - 2022 година, површината на планскиот опсег изнесува 7.783,40 хектари и го опфаќа поширокото подрачје на Скопската котлина, а засегнатата популација изнесува околу 800.000 жители
П
родолжија расправите по Нацрт Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012 – 2022 година. На дневен ред дојде и Извештајот за стратегиска оцена на влијание врз животната средина. За разлика од минатата расправа по нацртот на ГУП, овој пат салата во Градското собрание не беше преполна, што не значи дека јавноста не е заинтересирана за животната средина. Имајќи ја предвид големината на планскиот опфат и застапеноста на разнородни содржини во ГУП (индустрија, сообраќај, инфраструктура, домување, рекреација, туризам и сл.), очигледно е дека сето тоа ќе има влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето во периодот на неговата важност со фреквентност и повратност соодветна на неговата реализација, а кои ќе се движат делумно во позитивна и делумно во негативна насока, сметаат во градот. Се нагласува дека ќе се почуствуваaт и прекуграничните влијанија, и тоа во зголеменото загадување на површинските води (реката Вардар), доколку не се изгради пречистителната станица за отпадни води за град Скопје.
6
3
ПОРТА
24 август 2012
Оттука во Планската програма за ГУП на град Скопје 2012 - 2022 посебно се дефинирани програмските цели и барања за просторниот развој на градот во чии рамки се поставени и целите и барањата за потребите од мерки за заштита на животната средина и одржлив развој. За намалување на загадувањето со ГУП се предвидува дислоцирање на фабриките надвор од градот. Исто така се предвидени и нови зони за тешката и загадувачката индустрија, а не тие да се во „централното“ градско подрачје. Извештајот содржи и укажување за растоварување на сообраќајот преку изградба на нови транзитни линии, затворање на дивите депонии, селекција, рециклирање и употреба на отпадот, како и зголемување на зеленилото. Дел од присутните од стручната јавност во расправата реагираа на извештајот, нагласувајќи дека тој не ги содржи основните цели и начини за заштита на животната средина. Поконкретни беа забелешките за неозначувањето на „жешки“ точки, односно приориетите за интервенирање. Во извештајот се наведени цементарницата „Усје“, Железарницата, и други индустрии, но не е означен редоследот на ургентни интервенции, кои
му се потребни на градот. Беше споменато и влијанието вр средината и на Клиничкиот центар, кој ќе се гради на сегашното место. Инаку, според Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012 - 2022 година, површината на планскиот опсег изнесува 7.783,40 хектари и го опфаќа поширокото подрачје на Скопската котлина, а засегнатата популација изнесува околу 800.000 жители. На претходните расправи токму овие бројки беа повод да се проговори и за потребата од „затворање“ на Скопје. Професорот Михаил Токарев тогаш укажа дека градот се претвора во мегалополис во рамките на една мала држава и во таа смисла капацитетот на животниот простор е преоптоварен. Тој запраша колку луѓе навистина можат да живеат во Скопје и во скопската котлина пред да се предизвика трајна деградација на животниот простор. „Ако продолжиме ние да градиме четири кули за 5.000 жители во една населба, друга населба ќе пројави други желби. Во Скопје има повеќе станови отколку што има семејства. Апелирам да се размисли за „дезурбанизација“, односно враќање на луѓето во нивните родни места, затоа што градот тој товар веќе не може да го издржи“, апелираше професорот Токарев.
инфо
Илинденски хепенинг на АДОРА Инженеринг во Охрид
Предаден во употреба елитниот станбен објект „Билјанини извори“
В
о рамките на својот 10-годишен јубилеј, на денот на националниот празник Илинден, во Охрид, со свеченост на која присуствуваа претставници на државните и локалните институции, деловни партнери, купувачи и познати јавни личности, АДОРА Инженеринг - Скопје го пушти во употреба елитниот станбен објект „Билјанини Извори“, сместен во близина на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, со панорама на целиот град Репрезентативниот станбен објект на АДОРА Инженеринг во Охрид, со препознатлива архитектура, е првиот во регионот изграден по најновите светски стандарди за квалитет и енергетска ефикасност. За него има голем интерес, поради тоа што тој ги подигна стандарадите во високата градба на елитни станови, нудејќи им на граѓаните сигурен стан за квалитетно и економично домување со заштеда на енергија и пари, што е посебно важно во ова кризно време, а претставува добра основа за поздрав живот и на идните генерации. - Се наоѓаме на најстабилното тло во Охрид и пошироко. Зградата е со гарантирана асеизмика и висока геомеханичка стабилност, за што со професионалниот приод и стручните експерти направивме детални испитувања со бонификација на земјиштето, поставивме темелна бетонска плоча од еден метар и во зградата вградивме 7.500 м3 бетон и 700 тони железо. Како инвеститор кој не штеди на материјал, време, енергија и пари, фокусот го ставивме на безбедноста на становите и семејствата што ќе живеат таму. Она што овој објект го издвојува од останатите, е што е изграден по најновите технологии и трендови за енергетска ефикасност и зелените градби, со најквалитетна термичка и акустична изолација, што на станарите им нуди пријатно живеење без клима уред на температура до 37 степени над нулата. Овој репрезентативен објект, градежната компанија АДОРА Инженеринг го изгради за околу една година, за што се потрошени 5 милиони евра,
со вкупна инвестиција во двете насоки од околу 10 милиони евра, - изјави на свеченоста генералниот директор и сопственик на АДОРА Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец.
www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk
3
24 август 2012 ПОРТА
7
градежништво
Нова инвестиција на ЕЛЕМ
По шестгодишно градење
Со хидроцентралата, која е во состав на хидросистемот Скопско поле, потсистем Козјак - Матка, треба целосно да се искористи водниот потенцијал на истечните води од ХЕЦ Козјак и локалните води од сливот Треска
П
о шестгодишно градење Македонија за празникот Илинден доби нова хидроелектрана „Св. Петка“, лоцирана помеѓу ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Матка. Хидроелектраната, чија изградба чини околу 70 милиони евра, ќе биде со инсталирана моќност од 36,4 мегавати
8
3
ПОРТА
24 август 2012
и годишно производство од 66 гигават часови електрична енергија. Браната на новата хидроелектрана е лачна, со двојна закривеност и изработена без арматура со посебен бетон кој не создава пукнатини и е отпорен на мрзнење. Нејзината висина изнесува 69 метри со должина на круната од 118 метри, а нивото на круната е на 364 метри надморска
височина. Направена е од бетонски блокови од кои подложните се со ширина од 10 метри, а завршните се широки два метри. Во неа се вградени 29.000 кубни метри бетон. Со корисниот простор на акумулацијата долга 11 километри, ХЕЦ Св. Петка заедно со расположливиот корисен акумулациски простор од постојната акумулација Матка, треба да овозможи постојано
градежништво
светна од „Света Петка“
3
24 август 2012 ПОРТА
9
градежништво пререгулирање на дневните истечни води од ХЕЦ Козјак, во согласност со потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ Матка (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби). Со паралелна работа на ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Св. Петка, ќе се добие дополнителна расположива моќност од 116,4 мегавати во електроенергетскиот систем на Република Македонија. Главен изведувач на хидроелектраната „Св. Петка“ беше словенечки „Рико“, проектант „Енергопроект“ од Белград, подизведувач на браната „Гранит“, а на машинската зграда „Бетон“. Во
10
3
ПОРТА
24 август 2012
хидроелектраната се вградени турбини на „Литострој“ од Љубљана, генератори на австриски „Ватек“, опрема за управување „Сименс“, заштита АББ и трансформатори „Енгра“ Љубљана. Со инсталирана моќност од 36,4 мегавати и годишно производство проектирано на 66 гигават/часови хидроелектраната „Св. Петка“ во иднина треба да обезбедува електрична енергија за околу 40 илјади домаќинства во Македонија. Со хидроцентралата, која е во состав на хидросистемот Скопско поле, потсистем Козјак - Матка, треба целосно да се искористи водниот потенцијал
на истечните води од ХЕЦ Козјак и локалните води од сливот Треска. Изградбата на хидроцентралата стартуваше во 2006 година. Според првичните планови „Св. Петка“ се очекуваше да произведува струја уште пред три години. Но, поради проблемите со кои се соочуваше изведувачот, словенечката компанија „Рико“, изградбата беше продолжена за дополнителни три години, а ЕЛЕМ ја чинише околу 70 милиони евра. Хидроцентралата со своето годишно производство на струја се очекува драстично да ја намали потребата од увоз на овој енергенс во текот на зимскиот
градежништво период. „Св. Петка“ ќе го зголеми и процентот на електрична енергија произведена од обновливи извори, што во моментов изнесува околу 15 отсто од вкупната произведена струја во земјава. За да се постигне целта до 2020 година 20 отсто од потрошената струја во Македонија да доаѓа од обновливи извор, треба да помогнат и изградбата на ветерници во Богданци, изградбата на ХЕЦ Бошков мост, но и реализицијата на планот за изградба на ХЕЦ Луково поле и Корабски довод. Проекти за чија реализација е задолжен ЕЛЕМ. За ХЕЦ Бошков мост, која се очекува да чини околу 107 милиони евра, 65 милиони евра се обезбедија со кредит од Европската банка за обнова и развој, а 42 милиони евра се средства од ЕЛЕМ. За акумулацијата Луково Поле и Корабскиот довод, во тек е изработка на Студија за животна средина и одредени геолошки испитувања на теренот. Вкупната инвестиција е проценета на 62 милиони евра, а со прифаќањето на Светска банка да го финансира овој проект во висина од околу 45 милиони евра, неговата изведба е реалност. До крајот на 2013 година во Богданци треба да никнат 16 ветерници, секоја со вградена моќност од два до три МW.
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 24 август 2012 ПОРТА
3
11
региони
Штип
Се планира спортско рекреативен центар на 22 хектари Новиот центар ќе се наоѓа на крајниот дел од градското подрачје. Локалитетот нуди можности за изведба на објекти за спорт и рекреација, како и на мали комерцијални објекти, деловни простории и хотелски комплекс. Драган Ристов Спортска сала
О
ние што доаѓаат во Штип, ако прашаат каде е најубавиот одмор во градот, во природно опкружување, несомнено ќе бидат упатени кон „Суитлак“. Огромното природно пространство, кое започнува со парково уредување, детски игралишта и патеки за прошетка и одмор низ боровите и елите, е еден вид на централен парк за Штип. Познато е дека таму никнаа голем број дивоградби, во кои, за волја на вистината, не се вселија само просечни имотни штипјани, туку и мошне богати, кои овде видоа шанса за нивните викендици и летниковци. Откако беше изградено фудбалското игралиште, се наметна потребата за понатамошна урбанизација на оваа локација. Но локалците не сакаа да го расипуваат прекрасното зеленило со станбени комплекси и сив бетон, туку да го адаптираат и од него да направат дополнителна атракција, а сепак природата да не загуби. Новото решение кое ги почна сите законски процедури (изгласување на комисиски расправи, јавни трибини и седници на Совет) се вика Спортско рекреативен центар „Суитлак“. Содржината
12
3
ПОРТА
24 август 2012
Локација на СРЦ Суитлак
на елементите во овој глобален мозаик ќе придонесат оваа локација да биде жив интерес на сите штипјани, од 5 до 85 години. Тоа подразбира луѓе кои ќе посакаат слободна прошетка, спортска рекреација, фудбалски игралишта, глобални настани на нов стадион, или пак уживање во мирис на кафе во природно опкружување преку ресторани или хотелски капацитети. Локалитетот зафаќа дел од просторот на постоечкиот парк „К’ртеке“. Се наоѓа на крајниот дел од градското подрачје, на крајниот југоисточен дел од градот. Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 22,5 хектари. Локалитетот нуди можности за изведба на објекти за спорт и рекреација, како и на мали комерцијални објекти, деловни простории и хотелски комплекс, се разбира во процент колку што дозволува компатибилноста. Основен, а воедно и доминантен вид на градба во зона спорт и рекреација се спортски игралишта и спортска сала. При планирањето на максималната височина на објектите е постапено согласно намената на парцелата, па така за спортскиот стадион и спортската сала е дадена висина од 15 метри. За останатите игралишта се смета дека е доволна висина од 4 метри,
а како појдовна точка е земен бројот на гледачите предвидени на трибините. За хотелските комплекси е предвидено висина од 15 метри. Планираниот јавен паркинг во десетината објекти ќе вклучува капацитет за 483 возила. Овде веќе постои фудбалско игралиште кое го направи Агенцијата за млади и спорт. Согласно планот и наменета, овој спортско рекреативен центар ќе има едно фудбалско игралиште, едно помошно игралиште, едно спортско игралиште кое ќе биде замена за локацијата „Џексон“ на чија локација е предвидено да се гради нов станбен комплекс, спортска универзална сала, два поголеми парка, еден забавен парк и помошно игралиште. Едниот парк ќе биде со површина од 22.532 м², односно 10,2% во однос на вкупната површина. Од неа 25.407 м² ќе бидат паркови, а 2875 м² заштитно зеленило. Спортското игралиште ќе има трибина за 500 гледачи. Површината на парцелата е 3.274 м², а површината за градба е 1.878 м². Дозволената висина е 4 метри до висина на венец од котата на тротоарот, само со приземје. Дозволена е компатибилност за мали комерцијални и деловни намени, а оваа парцела треба сама да обезбеди паркинг простор за 30 возила.
Мапа на Суитлак
региони
Предлог одлука ДУП СРЦ Суитлак
Второто спортско игралиште е со површина од 3.378 м², а парцелата што ќе биде обезбедена е всушност замена за просторот за спорт и рекреација, кој постои сега и е познат како „Џексон", лоциран во центарот на градот до градскиот театар, а кој треба да се дислоцира. На оваа локација исто така ќе има трибина за 500 гледачи, која ќе го користи природниот пад на теренот. Површината на парцелата е 5.590 м², а површината за градба е 3.182 м². Повеќе од 15 години во Штип се заговара изградба на Универзална спортска сала. Беше направен и проект, со модел за неа, но работите застанаа тука. Донекаде проблемот беше решен со завршување на спортската сала која ја направи Агенцијата за млади и спорт, но Штип сè уште сонува спортска сала. Од тие причини, свое место во локацијата има и Универзалната спортска сала која сега е сместена во овој проект. Покрај салата, предвидено е да се обезбеди и гледалиште за 3.000 гледачи. Површината на парцелата е 23.403 м², а површината обезбедена за градба е 11.765 м². Универзалната спортска сала може да ги содржи сите придружни функции. Покрај фоајеата, холовите и комуникациите со гардероби, санитарии, соблекувални, предвидени
Предлог одлука ДУП СРЦ Суитлак
се и содржини од типот на: ресторани, кафетерии, простории за брзи здравствени интервенции, простории за изложби, мали библиотеки, простории за времено сместување, мали комерцијални и деловни простории, трговски единици, угостителски единици, и останати простории кои се во функционална целина со универзалната спортска сала. За Универзалната спортска сала е издадено и градежно одобрение и се поставени и темелите на објектот, но изградбата е прекината. Важен сегмент во овој план е изградбата на нов стадион, бидејќи постоечкиот што се наоѓа на влезот во Штип, кај локацијата „Дујле“, ќе биде дислоциран во СРЦ „Суитлак“, а на негово место се предвидува изградба на станбено-деловен комплекс. Стадионот ќе има капацитет за 8.000 гледачи. Површината на парцелата е 24.672 м², а површината за градба е 18.382 м². Покрај овие неколку главни компоненти, СРЦ „Суитлак“ ќе има и друго игралиште за фудбал со трибина за 3.000 гледачи и со површина за градба од 50.663 м² и дозволена висина од 12,5 метри. Оваа парцела ќе има и 150 паркинг места. На крајот, треба да се споменат и хотелските капацитети. Предвидени се две локации, веднаш до патот што
поминува низ срцето на Суитлакот. Првиот ќе има површина од 3.128 м² и површина за градба 1.865 м², а дозволена висина од 15 метри, додека вториот хотелски комлекс ќе има вкупна површина од 3.525 м² и површина за градба од 2.165 м² и иста висина од 15 метри. СРЦ „Суитлак“ при претставувањето на јавната трибина се покажа како полн погодок, бидејќи граѓаните го бендисаа. Но, имајќи ја предвид македонската реалност која најчесто кажува дека вакви проекти бараат многу пари, а ние ги немаме, се јавува песимизам. Планот на локалците е средствата за негова реализација да се бараат на неколку начини. Како прво, од продажбата на локацијата каде сега се наоѓа градскиот стадион, градот би добил добра сума по основ на комуналии. На тој начин ефектот е двоен: ќе се урбанизира локацијата „Дујле“, општината ќе има средства да го гради СРЦ „Суитлак“, а ако се наметне потреба од дополнителни средства, може да се примени моделот на јавно-приватно партнерство. Таква опција има за хотелските капацитети, кога инвеститорот може да се ослободи од давачките за комуналии и нив да ги инвестира како поддршка за други делови од проектот и слично.
3
24 август 2012 ПОРТА
13
градежништво
Градба на висококатници во сеизмички активни подрачја
Објектот мора да е приспособен кон подлогата за градба И во услови на сеизмички региони е можна градба на исклучително високи објекти, секако, под услов да бидат запазени највисоките стандарди и практики при истражувањето, проектирањето и изведбата проф. д-р Милорад Јовановски, асист м-р Игор Пешевски,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Градежен факултет, Скопје
В
о јавноста често се наметнува прашање дали е можна изведба на многу високи згради во сеизмички активни подрачја, посебно после почетокот на градба на зградите во населбата Аеродром, што ќе бидат највисоките градби кај нас. Во контекст на овој значаен настан на градежното конструкторство, во рамките на овој напис ќе бидат прикажани некои општо познати работи за сеизмичноста во Република Македонија. Имено, познато е дека нашата територија е дел од сеизмички активниот простор на Балканскиот Полуостров, односно Алпско-хималајскиот сеизмички појас. Ова се потврдува со бројните катастрофални земјотреси случени во последните 1.500 години. Таа се карактеризира со релативна висока сеизмичка активност и честа појава на силни и катастрофални земјотреси. Најчесто магнитудата достигнува до М= 5,5 а интензитетот од I -VIII степени по MCS- скалата. Поретко има и појави на посилни земјотреси. Појавата на земјотресите во Македонија е поврзана за движења по должина на активните тектонски структури, што значи дека во најголем дел се од тектонски карактер. Познати се повеќе епицентрални подрачја на силни катастофални земјотреси и тоа: Скопско, Валандовско, Пехчевско, Тетовско, Битолско, Дебарско, Охридско, Мрежичко и др. Покрај наведените подрачја, на територијата на Македонија постојат уште многу други епицентрални подрачја со појава на послаби земјотреси, а исто така, таа е изложена на силни сеизмички дејства, кои потекнуваат од епицентралните подрачја пошироко во регионот на Балканот. Хронолошки приказ на некои силни или катастрофални земјотреси е даден во табелите подолу. Година на појава 400 518 527 896 1555 1755
Епицентрално подрачје Градско-Стоби Скопје-Скупи Пештани-Охрид-Струга Пехчево-Кресна Скопје Урошевац-Качаник
Табела 1 Случени силни и катастрофални земјотреси врз основа на историски записи
Датум на појава 4.04.1904
Длабочина h во km 30
Интензитет во степени I X
Магнитуда М
Подрачје
7,8
22.03.1910
16
VIII
5,5
18.02.1911
25
IX
6,7
30.031921 7.12.1922 8.03.1931 27.08.1942 12.03.1960 26.07.1963 30.09.1967 21.12.1990
15 18 20 15 15 5 30 17
IX VIII X IX VIII IX IX VIII
5,8 5,7 6,7 6,0 5,6 6,1 6,5 5,5
Пехчево Мрежичко (Тиквеш) Јуж.брег Охридско Ез. Дебар Дебар Валандово Дебар Тетово Скопје Дебар Гевгелија
1.09.1994
23
VII-VIII
5,4
Битола
Табела 2 Случени силни и катастрофални земјотреси во последните 100 години 14
3
ПОРТА
24 август 2012
За илустрација, најзначајните локации на епицентри мерени во последните 40 години се прикажани на сликата 1. Во Македонија, систематски истражувања на сеизмичноста се поврзани со периодот по појавата на скопскиот земјотрес од 1963 година. Ова произлегува од фактот што градот претрпел сериозни материјални и човечки загуби. Според определени податоци, од земјотресот биле срушени 15.302 стана, 12.246 тешко оштетени, а 8.102 биле полесно оштетени. Тогаш во Скопје имало 36.758 станови. Од 72 училишни згради 22 биле срушени, а 30 биле тешко оштетени. Сериозно биле оштетени: улиците, водоводот, канализацијата и мостовите. Биле регистрирани: пукнатини во почвата, избивање на подземна вода, песок и појава на голем број свлечишта во околните терени. Од земјотресот загинале 1.070, а 3.300 лица биле повредени. Земјотресот бил почувствуван на целата територија на Македонија и во околните држави (Слика 2). По деталните геолошки, геотехнички и сеизмолошки истражувања, со
градежништво анализа и синтеза на податоците, изработени се голем број карти за сеизмичка реонизација на Република Македонија, карти на т.н. сеизмичка микрореонизација и др. Примери за различни карти се прикажани на сликите 2 и 3. Од прикажаните карти, очигледно е дека на територијата на Република Македонија како најактивни се истакнуваат Скопското, Валандовското и Пехчевското епицентрално подрачје. Според историски записи, како најсилен и многу карактеристичен бил пехчевскиот земјотрес од 1904 година, кој се карактеризирал со силни разрушувања и разни пропратни ефекти. Според некои автори, овој земјотрес веројатно е досега најсилниот земјотрес на територијата на цела Европа. Ваквата состојба во поглед на сеизмичноста е јасен показател дека на нашата територија е неопходна доследна примена на прописите за антисеизмичка градба на градежните објекти, за да се сведат ризиците од појава Слика 1 Епицентрална карта на Р. Македонија со приказ и на основните раседни структури на земјотресите на прифатлив минимум. По сето ова се поставува прашањето дали е можна градба на конструкции со исклучителна висина во активни сеизмички подрачја? Одговорот на ова прашање е, без сомнение, потврден. Имено, на денешното ниво на развој на градежништвото и расположивата техника за градба, секој објект и со најкомплицирани конструктивни решенија може да се изведе. Притоа, се претпоставува дека се исполнети сите предуслови поврзани со обезбедување на сите неопходни подлоги за градба, како податоци од соодветни геотехнички, хидрогеолошки, сеизмолошки и други испитувања кои се основа за добар проект. Исто така, се претпоставува дека проектот треба да е со исклучително висок квалитет, дека условите за фундирање се добро дефинирани и дека се земени предвид сите статички и динамички влијанија на соодветен начин. Вреди да се спомене дека кај вакви објекти посебно внимание се посветува на доброто фундирање за да се избегнат проблеми со нерамномерни слегнувања, па обично се избира некоја варијанта на длабоко
Слика 2 Карта на изосеисти на скопскиот земјотрес од 1963 година
фундирање, најчесто на армирано-бетонски колови. Како заклучок, може да се потенцира дека и во услови на сеимички региони е можна градба на исклучително високи објекти, секако, под услов да бидат запазени највисоките стандарди и практики при истражувањето, проектирањето и изведбата. Исто така, мора да се спомне дека изведбата на ваквите објекти бара крајно совесна работа на ислучително квалитетен инженерски, технички и работен кадар, беспрекорен надзор на работите во фаза на градба со посветување на посебно внимание на квалитетот на вградените градежни материјали. На крајот, повторно треба да се потенцира дека со добро изведени истражувања и испитувања, највисоко ниво на проектирање и посебно внимателна и квалитетна изведба е можна градба и на комплексни конструкции, со тоа што објектот мора да е приспособен кон условите што ги нуди подлогата за градба. Слика 3 Епицентрална карта на Скопска котлина
3
24 август 2012 ПОРТА
15
градежништво
Типови на прозорско стакло Биљана Стојановиќ, дипл.град.инг. Ниско емисионо стакло
П
ри изборот на прозорци, посебно внимание треба да се обрне не само на оковот туку и на застаклувањето, како би се подобриле енергетските карактеристики на самиот прозорец. Во зависност од повеќе фактори, како што се ориентацијата на прозорците, климатските карактеристики, типот на проектот и друго, може да варираат типовите на стакло за различно позиционирани прозорци, сè со цел добивање на енергетски поефикасен проект. Денес, во светот се употребуваат неколку различни видови на технологии за производство на градежна столарија, која освен функционална има и енергетски ефикасна улога. Во однос на застаклувањето, може да се преземат следните енергетски мерки: • Исполнување со гас • Употреба на обоени стакла со апсорбирачки карактеристики • Двојно или тројно застаклување – термопан стакло • Ниско емисиони застаклувања • Рефлексиони застаклувања • Спектрално селективни застаклувања
Исполнување со гас
За да се подобрат термичките карактеристики на прозорците, еден од 16
3
ПОРТА
24 август 2012
начините е исполнување на просторот помеѓу стаклата со инертни гасови (гасови кои не стапуваат во реакција со други супстанции). Низ овие гасови трансферот на топлина е многу помал отколку низ воздухот и со нивно заробување помеѓу застаклувањето се намалува „У“ факторот на самиот прозорец. („У“ фактор се нарекува коефициентот на топлоспроводливост на материјалите и со негово намалување се зголемува енергетската ефикасност на самиот производ). Најупотребувани гасови за оваа намена се аргон и криптон, при што аргонот е поевтин, нетоксичен, инертен, провиден и безмирисен гас за разлика од криптонот што е поскапа варијанта, но со изразено подобри термички перформанси.
Обоени стакла со апсорбирачки карактеристики
Овие стакла содржат специјална тинта која апсорбира голем дел од соларната светлина која доаѓа низ прозорецот и притоа ја менува бојата на самото застаклување. Сепак, дел од топлината продолжува да се пренесува по пат на кондукција и радијација и затоа овој тип на застаклување не придонесува за намалување на „У“ факторот на прозорецот како целина. Најупотребуваните обоени прозорци се сивите и бронзените, и тие подеднакво
го редуцираат протокот и на светлина и на топлина во објектите (тие се спектрално неселективни). За разлика од нив, сино или пак зелено обоените прозорци нудат поголемо количество на светлина, но и топлоспроводливоста ја намалуваат незначително. Во топлите климатски земји, црно обоеното застаклување треба да се избегнува бидејќи светлината ја апсорбираат многукратно повеќе од топлината со што се добиваат недоволно осветлени, а термички незаштитени простории.
Двојно или тројно застаклување – термопан стакло
Овие прозорци се одликуваат со систем од две или пак три стакла, кои се одвоени со меѓупростор и херметички затворени како една стаклена единица. Слоевите од стакло и заробениот воздух помеѓу нив придонесуваат за намалување на преносот на топлината низ прозорецот. Како резултат се добива застаклување кое првенствено го намалува „У“ факторот на прозорецот и овој вид на прозорец е еден од најупотребуваните. Со употреба на дополнителни технологии, како што се исполнувањето на меѓупросторот со гас или, пак, обложување со нискоемисиони обложувања дополнително може да се
градежништво работи на зголемување на енергетските перформанси на овие прозорци.
Ниско емисиони застаклувања
Ниско емисионите застаклувања се употребуваат кај термопан прозорците и притоа можат да ја намалат топлоспроводливоста за 30% – 50% , а ја зголемуваат цената на самиот прозорец за 10% - 15%. Ниско емисионите обложувања се микроскопско тенки, невидливи слоеви кои се поставуваат директно на површината на еден или пак на неколкуте панели на стакло во прозорскиот систем. Ниско емисионите обложувања го редуцираат трансферот на инфра црвените зраци од надворешниот кон внатрешниот стаклен панел и со тоа го намалуваат вкупниот „У“ фактор на целиот прозорец. Овој тип на застаклување го редуцира и преносот на светлина, па за подобрување на перформансите од овој аспект се употребуваат спектрално селективни стакла кои се претставени во продолжение. За заштита на објектите од топлината (посебно во топлите предели, источно или западно позиционираните прозорци или пак незаштитените јужни прозорци), ниско емисионите застаклувања треба да бидат поставени од надворешната страна на прозорскиот систем. Ако пак
прозорците се проектирани да пренесуаат топлинска енергија во текот на зимата и да ја чуваат топлината во внатрешноста на објектот (типично за ладните клими), ниско емисионите застаклувања треба да се поставени од внатрешната страна. Денес постојат два вида на обложувања, меки и тврди. Меките се деградираат со тек на време, под дејство на воздух и влага, лесно се оштетуваат и имаат лимитиран краток рок на употреба. За разлика од нив, тврдите ниско емисиони обложувања се потрајни и можат да бидат дополнително поставувани. Сепак, нивните енергетски перформанси се нешто послаби за разликата од меките. Иако најчесто обложувањето се врши фабрички, некои видови на ниско емисиони обложувања се достапни за домашна употреба, при што се мошне евтина инвестиција за разлика од комплетно менување на градежната столарија, траат од 10 до 15 години, штедат енергија и го зголемуваат комфорот.
Рефлексиони застаклувања Овие типови на стакла ја намалуваат трансмисијата на соларната радијација, блокирајќи повеќе светлина одошто топлина. Обично се поставуваат како неколкуслојни металик обложувања, во сребрена, златна или бронзена боја. Најчесто се употребуваат во
топлите климатски предели, но само за специјални објекти. Тоа е поради нивната неекономичност, односно намалувањето на потрошувачката на енергија за ладење е иста со потрошувачката на енергија за потребното осветлување на просторот.
Спектрално селективни застаклувања
Специјален тип ниско емисиони обложувања се спектрално селективнте облоги. Тие филтрират 40% - 70% од топлината за разлика од обичните стакла додека пак дозволуваат целосен пренос на светлина во внатрешноста. Спектрално селективните застаклувања се оптички дизајнирани да рефлектираат одредени бранови должини од сончевиот зрак, додека пак да останат транспаренти за други. Обично се употребуваат за рефлектирање на инфра црвените зраци од сончевиот спектрум, додека пак голем дел од свелината да пропуштаат. Со нивна употреба се добива прозорец со низок „У“ фактор и висок прилив на светлина. Со компјутерски симулации може да се покаже дека со употребата на спектрално селективните застаклувања може да се редуцира потрошувачката на електрична енергија за ладење на просториите за цели 40 %. Ова посебно може да биде економично во летните периоди и на места со високи температури.
Прозорец со тројно застаклување
3
24 август 2012 ПОРТА
17
хигиенско инженерство и дизајн
Избор на локација и дворни површини
проф. д-р Владимир Какуринов,
З
а да се осигури производство на безбедна храна и примена на соодветни програми за санитација И ОБЈЕКТИТЕ И ОПРЕМАТА што се наменети за производство и ракување со прехранбени производи мора да се: дизајнирани, конструирани, изработени и инсталирани на ОСНОВА НА ХИГИЕНСКИ ПРИНЦИПИ. Според тоа, хигиенскиот дизајн е важен за сите зони во една фабрика, односно за: • Објектите и нивното опкружување; • Конструирањето на специфични елементи на објектите; • Комуналните потреби на фабриката; • Опремата, нејзиниот нацрт, материјали, конструкција, изведба и монтажа; • Обезбедување чистливост на објектите и опремата; • Сите операции за одржување. Во овој број на „Порта 3“, поради ограничениот простор, ќе зборувам во куси црти само за еден мал дел од хигиенскиот дизајн, односно за изборот на локација на фабрика и уредувањето на дворната површина за кои кај нас барем нема никакви упатства и јасно поставени параметри. Поради тоа, контролните и инспекциски органи ги прифаќаат, следат и се повикуваат на европските водичи, односно на документите на ЕHEDG.
ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА
Изборот на локација е прва мерка при изградба на каков било објект. Планирањето каде да се постави објектот секогаш се врши пред да се започне со градба. За да се утврди најдобрата локација на објектот предвид треба да се земат бројни фактори. Најважни се: географските, физичките и инфраструктурните барања на објектот.
ГЕОГРАФСКИ БАРАЊА
До објектот мора да постои соодветен пристап, односно: пат, железница, итн (зависно од потребите). Миризбите се важен фактор при изборот на локација. Ова е особено важно од аспект на тоа каков тип на производи се произведуваат. Така на пример ако се планира производство на производи кои содржат висок процент на масти (растителни масти и масла, месо итн), тогаш е важно во околината да нема миризби или да има низок степен на миризби, затоа што мастите се носители на вкусот и лесно ја впиваат околната миризба, што во случај на лоши или непријатни околни мириси ќе влијае врз квалитетот на производ. 18
3
ПОРТА
24 август 2012
Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ
Друг важен критериум се ветровите. Пред да се определи локацијата на објектот мора да се одреди правецот и силината на ветровите. Исто така, важно е да се одреди дали ветерот може да донесе потенцијален загадувач на одредена локација, како што се на пример: прашина, чад, пепел, итн. Ова е директно поврзано со следниот критериум при избор на локација, односно близина на друг производствен погон. Така на пример, ако локацијата за објектот се наоѓа во близина на живинарска фарма, тогаш ветерот лесно може да донесе патогени микроорганизми како што е на пример Salmonella sp., потоа ако во близина има погон за производство на хемиски материи и преработки, тогаш има потенцијален извор на испарувања од разни хемикалии. Близината на земјоделско земјиште е извор на прашина и пестициди, близината на депонија е извор на патогени микроорганизми, инсекти, глодари, непријатни миризби итн. Следен критериум при избор на локација е близината на стоечки води (бари, мочуришта) и див свет (шума, паркови итн). Овие средини се извор на: инсекти, глодари, птици и друго. Во овој случај важно е да се знае дали постои можност за нивна контрола или начин како да се спречи нивното присуство во објектот.
ФИЗИЧКИ И ИНФРАСТРУКТУРНИ БАРАЊА
Едно од основните физички барања е површина со соодветна големина. При тоа секогаш треба да се имаат предвид моменталните состојби и капацитет, и идниот развој на објектот за производство. Од инфраструктурните барања, основни се постоењето на соодветен довод и одвод на вода и извор на електрична енергија. Избраната локација мора да има соодветно снабдување со вода. Притоа мора да се води сметка за следниве критериуми, односно дали: има доволно снабување со вода во текот на целата година; количеството на вода е доволно за потребите на проектираниот капацитет за производство и потенцијалното идно проширување и притисокот на водата е доволен. Во случај притисокот на водата да е недоволен, тогаш мора да се предвидат резервоари за складирање вода и пумпи. Кај доводот на вода треба да се води сметка за тоа дали се користи комунален или сопствен извор. И во двата случаја, водата треба да е со квалитет на вода за пиење. Исто така, важно е да се определат можностите и капацитетите за одводната
вода. Употребената вода често содржи високи концентрации на органски материи и не смее директно да се испушта во водотеците, па мора да се планира постоење на посебни објекти (базени) за третман на отпадните води, чија површина мора да се вкалкулира во големината на избраната парцела за објектот. Посебно мора да се внимава на постоечките законски барања за отпадни материи. Објектот мора да има и соодветна санитарна канализација. Она што е посебно важно во однос на водата е дека не смее да се дозволи вкрстување на патиштата на водата што се доведува и одведува од објектот. Кога се работи за цврстиот отпад, мора да се води сметка да постои соодветен простор за него. Тој простор треба да биде подалеку од објектот, да биде означен и да има лесен пристап до него. Во однос на електричната енергија има многу правила поврзани со: капацитетот, материјалите, поставеноста, употребената опрема, изворот на електрична енергија итн. Генерално земено, треба да се предвиди постојан напон, соодветен на производството. Не смее да доаѓа до падови на напонот или исклучувања на електричната мрежа. Секогаш добро решение е постоење на генератор за електрична енергија, со капацитет доволен за одржување на производниот процес.
ДВОРНА ПОВРШИНА
По изборот на локација (потполно нова и празна локација или локација со веќе постоечки објект) потребно е да се изработи план за просторно уредување на земјиштето. При уредувањето на просторот прва работа е разграничување на парцелата од околината, односно поставување на периметарна ограда. Оваа ограда мора да биде во форма на непрекинат синџир. На тој начин ќе се спречи слободното движење на луѓе и животни. Исто така, оваа ограда е првата линија на одбрана од глодари и претставува место каде може да се поставуваат стапици за нив. Растојанието помеѓу стапиците на периметарската ограда треба да бидат поставувани на растојание од 15 до 22 m, а можат да се поставуваат на земјата или да се прицврстуваат на оградата. Не смее да се остава да расте висок пиреј или трева, или намерно да се садат растенија до самата ограда, затоа што на тој начин самите растенија и нивната околина можат да станат извор на штетници и не постои можност за потполна проверка на самата ограда. Исто така, отпадоците што се прилепени за оградата мора редовно да се чистат. Оградата мора редовно да се проверува и да се прегледува нејзината исправност.
хигиенско инженерство и дизајн
Слика 1 Дезбариера за возила
Следната работа при поставувањето на планот за просторно уредување е каков ќе биде транспортот низ локацијата на објектот и каде се планираат влезовите и излезите од локацијата. Ако постои шински транспорт, тогаш шинскиот колосек мора да е поставен со бетон. За време на шинскиот транспорт не е невообичаено истурање на содржината од шинските возила на шините и ако на колосекот има чакал, тогаш истечената материја не може да се исчисти и тоа место станува привлечно за микроорганизми, инсекти и глодари. Некогаш за шинскиот колосек наместо чакал се користи асфалт. И ова решение не е добро, затоа што од една страна асфалтот е мек и на глодарите не им е проблем да го изгрицкаат и да ископаат тунели под него, а од друга страна, асфалтот потешко се чисти од бетонот. Патниот дел од објектот мора да е составен дел при проектирањето на околината. Мора точно да се вцрта каде ќе се движат транспортните возила, луѓето, каде ќе биде паркинг просторот итн. Патната мрежа не смее да биде извор на нечистотии и прашина, па затоа површините за неа мора да се поплочени или направени од соодветни материјали. Притоа мора да се внимава патната мрежа да има соодветен наклон и дренажа, односно да не задржува вода дури и при поројни дождови. Исто така, мора да се внимава на ширината на патната мрежа, односно таа да биде доволна за планираниот транспорт. Не смее да се дозволи да се остави премалку простор за разминување или вртење на возилата. Во спротивно, ќе се создадат застои или возилата ќе се качуваат на тротоарите или зелените површини, што ќе доведе до оштетувања и кревање на прашина. Патната мрежа секогаш треба да е чиста, т.е. редовно да се чисти, мие и одржува. Во случај да постои сопствен транспорт со возила треба да се предвиди дали ќе постои станица за чистење и дезинфекција на возилата. Ако се предвидува поставување на ваква станица, тогаш треба да се планира соодветна локација и простор за неа. Локацијата на овие станици треба да биде што подалеку од производствениот погон, а поблиску до излезот за возилата. Станиците треба да имаат соодветен довод на вода, топла и студена вода и соодветен одвод. Водата што се слева од измиените возила содржи многу нечистотии, микроорганизми и разни хемиски средства кои не смее
да се излеваат слободно на пристапните патишта или на зелените површини, туку треба да одат во посебен одвод. Исто така, треба да се планира и контролиран влез и излез на патници и возила. Тоа значи дека на влезот/излезот од локацијата мора да има контролна рампа и куќичка. Препорачливо е веднаш по контролниот влез/рампа, возилата да поминуваат низ дезбариера (Слика 1), односно низ вдлабнување на влезниот/излезниот пат исполнето со средство за дезинфекција. Следната постапка при просторното планирање се зелените површини. Тие мора да
Слика 2 Дворна површина со шут
Слика 3 Дворна површина со градежен отпад
Слика 4 Неодржувана вегетација
зафаќаат најмногу 60% од околната средина на објектот (дворната површина). За вакво планирање најдобро е да се ангажираат експети по хортикултурно или просторно уредување. Како и да е, и овие експерти мораат да се придржуваат до барањата на системите за безбедност на храната, па затоа мора да се консултираат со експерти од областа на безбедноста на храната. Околината на секој објект мора да биде средена и да изгледа привлечно за секој посетител, но не и за глодари, инсекти и птици. Така на пример, препорачливо е грмушките
да се наоѓаат барем 10 m од објектот. Кругот околу коренот на грмушките не смее да содржи земја, слама или арско ѓубре. Тој дел околу растението треба да е покриен со чакал. Не е препорачливо садење на дрвја во дворот на објектот, затоа што тие се привлечни за птиците што прават седала на нив. Во случај веќе да се засадени дрвја или да постои желба со нив да се облагороди просторот, тогаш мора да се внимава најблиската гранка до објектот да биде оддалечена барем 10 m, што значи дека дрвјата треба да се поставени најмалку 12 - 15 m од објектот. Исто така, при изборот на видови дрвја секогаш треба да се избираат дрвја кои не се привлечни за свивање гнезда на птиците и живеалишта за верверици и инсекти. Тревата секогаш мора да биде потсечена и кратка, со што се спречува населување на глодари, инсекти итн. При потсекување на тревата, таа не смее да се остава во купови во дворната површина за да се суши, туку секогаш мора да се собира и соодветно да се отстранува. Не е препорачливо поставувањето на езерца и барички во дворните површини, затоа што на тој начин се поставува извор на микроорганизми, инсекти, глодари, птици итн. Кај објектите што имаат поставено езерца или поточиња е забележано постојано присуство на Salmonella sp., а изворот на оваа бактерија се птиците, глодарите и инсектите. Во секој случај и објектите со добро средена дворна површина мораат да имаат програма за одржување на истата, затоа што во спротивно залудно се направени напори за добро средување. Тоа значи дека околината и пристапните патишта до објектот не смеат да содржат остатоци од суровините, отпад и градежен шут, како што може да се забележи на Сликите 2 и 3. Лошото одржување на зелените површини, односно тревата, се забележува на Сликата 4, затоа што покрај самиот објект расте висока трева и пиреј, кои се потенцијални извори на диви животни, штетници и микроорганизми, додека на Сликата 5 се забележува дека бетонот испукал и на тие места почнува да расте вегетација, а тревата во кругот е неодржувана и претставува извор на претходно спомнатите загадувачи. За повеќе информации читателите можат да се обратат на contact@key.com.mk.
Слика 5 Неодржуван асфалт и трева
3
24 август 2012 ПОРТА
19
интервју
дејвид фиШеР (DYNaMIC arCHIteCture Group)
Современа архитектура на движење Дали е навистина можно да се прави архитектура која не е статичен елемент? Ако се исклучат привремените објекти кои можат по потреба да се склопат и да се однесат на друга локација, колку е можно архитектурата да биде подвижна, а нејзината подвижност да не биде резултат на привременост на самиот објект? Дали ни се потребни згради кои се подвижни, и кои се предностите на ваквиот концепт, и зошто некој воопшто би сакал да живее или работи во зграда која е подвижна?
Г
ледајќи ја историјата на архитектурата, движењето било многу битно, но можело да биде претставено во крајно симболична смисла. Триумфалните арки, употребата на колонади, повторувањето на архитектонските елементи или креативната употреба на сенки ја
20
3
ПОРТА
24 август 2012
менуваат перцепцијата на објектот, кој така не претставува обичен статичен елемент туку дел од опкружувањето што се менува со текот на времето. Во модерната архитектура има многу примери кои покажуваат како движењето може да се претстави симболички. Хајтек архитектурата, а на некој начин и архитектурата на деконструктивизмот го
користат движењето, напредокот и развојот како симболички елемент на обликувањето. Зградата „Фред и Џинџер“ во Прага, на американскиот архитект Френк Гери, можеби најпознатиот архитект на деконструктивизмот, симболизира пар кој игра, со јасно изразена динамика на формата и фасадата. Зградата „Превртен торзо“ (Turning Torso) во Малме, дело на
интервју
м-р Ѓорѓе Јокиќ, дипл.инж.арх. (Србија) шпанскиот архитект и инженер Сантјаго Калатрава, изгледа како превртен труп чија симболика, како и останатите негови дела, отсокнува од мошне статичната природа на архитектурата. Во денешно време се развива концепт на прави динамички згради, чии катови ќе бидат подвижни и независни еден од друг. Концептот на новата архитектура го развива групата Dynamic Architecture. Може да се каже дека тоа е револуција на современата архитектура, која ја менува нашата перцепција за зградите и нивната положба во просторот. Главната карактеристика на таа архитектура е можноста за промената на формата на самата зграда преку ротација на катовите околу централното бетонско јадро. Со самото тоа, формата на зградата може
да се приспособи кон опкружувањето и природните услови, сонцето, ветерот или погледот што сакаат да го имаат корисниците од секој кат. Времето се воведува како еден од архитектонските елементи бидејќи формата на зградата е временски променлива. Освен централниот дел, кој е бетонски, зградата ја сочинуваат и префабрикувани елементи - катови, кои се монтираат на самото градилиште. Тоа претставува интерпретација на Ле Корбизјевата идеја за „машина за живеење“, која има конструкција во која слободно се вметнуваат елементи, т.е. станови. Слично како кај Ле Корбизје, Dynamic Architecture го користи концептот на структура и елементи кои се закачуваат, само што сега не постои структурна решетка во која се вметнуваат
становите, туку еден централен столб – тунел на кој можат да се закачат подвижни елементи. На тој начин би требало да се заштеди време, бројот на потребна работна сила и трошоците на изградба. Покрај сето ова, во теоријата е замислено секој кат – елемент да има и турбини и соларни панели, кои би имале можност за производство на енергија од сонце и ветер на најдобар можен начин, бидејќи постои можност за ротирање од 360 степени и приспособување на моменталните услови. Израелско-италијанскиот архитект Дејвид Фишер (David Fisher) престојуваше во Белград на конференцијата „Блок“. Во таа пригода зборуваше за своите проекти, а во интервјуто за „Порта3“ ги претстави своите ставови за архитектурата и динамиката во архитектурата.
3
24 август 2012 ПОРТА
21
интервју Господине Фишер, Вие сте родени во Израел, но живеете и работите во Италија. Кажете ни нешто повеќе за вашата архитектонска биографија?
Точно, јас сум роден во 1949 година во Израел, а на дваесет години дојдов во Фиренца на студии по архитектура, каде што и продолжив да живеам. Како млад архитект работев на реконструкции на римските археолошки наоѓалишта и историски градби. Потоа проектирав станбени и јавни згради, како во Италија така и во странство. Работев на проекти за големи индустриски и болнички комплекси, и бев задолжен да управувам со изведбите и изградбите. Главно ме поврзуваат со куполата во "Binishelles" технологија, префабрикуваниот систем за купатила "The smart bathroom". Подоцна ја основав групата Dynamic Architecture, која се стреми за одржлива архитектура. Концептот првенствено се базира на индустрискиот концепт со употреба на префабрикација и динамична архитектура,
22
3
ПОРТА
24 август 2012
каде се користи и „четврта димензија“ – време, како елемент во стандардната тридимензионална архитектура.
Можете ли да ни кажете нешто повеќе за концептот на динамичната архитектура, зошто според вас архитектурата треба да биде динамична?
Јас секогаш мислев на тоа како се менува човекот, како се приспособува на опкружувањето, и верувам дека мораме да се приспособиме на животот. Исто така архитектурата е таа што не се менува, и мојата идеја беше да се обидам да создадам проекти кои можат да се менуваат, кои можат да се адаптираат на животот.
Кога се појави идејата за ова, и кога почнавте да гледате на архитектурата како на нешто што може да се движи?
Тоа е доста тешко прашање. На некој начин, тоа се случи кога имав пет години. Се сеќавам, вечерав со мајка ми, и пред
мене беше сонцето што полека заоѓаше кон Медитеранот. Почнав да размислувам за тоа, како доаѓа новиот ден, како е тоа една промена и движење. А кога станав архитект, направив проект за еден плоштад кој мораше да се адаптира според случувањата на тој плоштад. Тоа беше еден проект во Ерусалим, а мојот учител го нарече „првиот динамичен плоштад“, во далечната 1979 година, и беше еден од моите први проекти.
Вие сте основач на Dynamic Architecture. Конкретно за каква асоцијација станува збор?
Групацијата Dynamic Architecture работи на проекти кои би требало да се најдат во некои од најзначајните светски градови како Лондон, Париз, Милано, Њујорк, Чикаго, Дубаи, Мумбаи и Рио де Женеиро. Прашање е во кој град ќе биде изградена првата динамичка зграда, било да е од станбен, деловен или угостителски карактер, сигурно е дека таа во тој момент
интервју
ќе претставува икона на современата архитектура бидејќи ќе биде прв таков објект. Ако времето покаже дека е тоа навистина архитектура на иднината, и дека концептот на динамичките објекти има голем број предности, како што тоа го претставуваат неговите творци, можеме да очекуваме дека таквите згради ќе станат архитектура на денешницата, а подвижниот кат од некоја зграда ќе стане нешто што го гледаме секој ден.
Како вие гледате, кои се предностите на динамичните згради?
Тоа се први згради од тој тип, тие можат да ја менуваат формата така што секој кат посебно се ротира. Со самото тоа, таквата архитектура не може да се врзува со ниту
еден стил, ниту може да претставува дизајн на моментот. Тоа може да биде многу убаво затоа што зградата се менува, како што се менува и животот. Другата работа е енергијата, со самите ротации може да се заштеди енергија бидејќи зградата може да се адаптира на природните услови и на влијанијата на сонцето и ветерот.
Како млад архитект работевте на реконструкции на римските археолошки наоѓалишта како и на цркви од периодот на ренесансата. Дали постои некоја врска помеѓу вашето искуство со историската архитектура, скулптуралното обликување од тој период и динамичната архитектура, која на накој начин изгледа како скулптура? Тоа е одлично прашање. Никој никогаш
не ме прашал такво нешто. Секако дека постои врска. Кога ќе сфатиш колку е историјата значајна можеш да разбереш и колку е иднината значајна. На некој начин, јас го поминав патот од реставрација на римските наоѓалишта до тој да работам динамични згради.
Вие сте италијански архитект, дали постои во Италија интересирање за архитектурата што ја создавате?
Овие проекти не се баш за италијанскиот пазар. Еден италијански висок политичар ми рече дека во Италија нема да се гради нешто слично. Не објаснуваше посебно зошто е тоа неможно. Ние сметаме дека целиот свет може да биде потенцијален пазар.
3
24 август 2012 ПОРТА
23
архитектура
ИНТЕРНАЦИОНАЛНА АРХИТЕКТОНСКА ЛЕТНА АКАДЕМИЈА ВО ЦИРИХ – „ГЛАТ-ГРАД“
Градот и пејзажот урбано тело во развој Како расте градот? Како се создава градот? Како може да се оформи идентитетот на градот? Каква е поврзаноста помеѓу стариот и новиот дел на градот? Каква е улогата на архитектот во градското планирање денеска? Александра Шекутковска,
дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Швајцарија)
О
д предградие до град. Процесот на субурбанизација е во постојан раст. Анонимниот комплекс на населби се шири во правец кон зеленилото, пејзажот што го обвива градот и кон неговото постоечко историско јадро. Дали навистина сакаме да продолжиме со ова уништување на еден од најважните ресурси на градот и бришење на едно од најважните културни достигнувања на човекот-градот? Интернационалната летна академија во Цирих поставува едно од есенцијалните централни прашња во современиот развиток на градовите: Како може да се кондензираат агломерациите за да се утврдува градот самиот во себеси и истовремено да се одржи „границата” на пејзажот и зеленилото? Во период од две недели, околу 100 студенти и 30 професори од 30
24
3
ПОРТА
24 август 2012
различни земји се посветија на делата на неколку дизајн студија на темата град/ конгломерација/пејзаж. Визијата „Глатград“ ("Glatt-die Stadt") од архитектонската група "Crocodil" ја обезбеди концептуалната база и документација потребна за швајцарскиот град Глат. Во означени места на интервенција како места за експериментирање, различни фактори поврзани со градот беа тестирани како прототипови за иднината на градот. Како расте градот? Како се создава градот? Како може да се оформи идентитетот на градот? Каква е поврзаноста помеѓу стариот и новиот дел на градот? Каква е улогата на архитектот во градското планирање денеска? Целосната работилница беше проследена со широк дијапазон на јавни дебати, кои вклучуваа архитекти, урбанисти и економисти. Целосниот проект започнува од иницијативата на архитектонската група
„Крокодил“ дека градот Глат не треба да биде прочитан како периферен регион, туку напротив, треба да биде конгломерат од повеќе индивидуални заедници кои го чинат урбаното тело во развој. Глат се развил линеарно, од едниот крај започнува со аеродромот и завршува со населбата Устер. Прашањето што си го поставува ова архитектонско стдуио е како да создаде вистински европски град, како да се зголеми густината и да се оформи град во вистинска смисла на зборот. Тие започнале со тестирање на различни слоеви на хибридни програми кои треба да му се случат на градот и да обезбедат повеќе алтернативи за неговите жители. Овој начин на читање на градот продуцира предлог за уште поголем интензитет на системите на пристап и инфраструктура, како и значајно зголемување на густината на градот. Пораката „Глат-град“ е молба да се зачува дивирзитетот на градот, или како што
архитектура тие самите истакнуваат „Градот останува град, додека пејзажот останува пејзаж“. Помеѓу најзначајните предавачи и дизајн студија беа Urban Think Thank, Sadar + Vuga, VMX Architects, Topotek 1, Bel Associates, Peripheriqus. Едни од најзначајните предавања во врска со развитокот на урбанизмот и улогата на архитектот денеска беше предавањето на Алфредо Брилембург и Хуберт Клумпнер. Тие истакнаа дека точката од којашто треба да размислуваме за архитектурата и урбанизмот денеска треба да ја побараме од местото каде што се развива неформалниот урбанизам во земјите во развој и нивниот ефект врз градот. Во нивното студио тие ја движат траекторијата на своето разбирање на неформалниот град од три гледни точки: од хуманитарна гледна точка, урбаните фавели се преполни со проблеми кои не вклучуваат само сиромаштија и недостиг на помош од професионалци; од теоретска гледна точка неформалноста е комплексен, нелинераен систем чијшто обрасци на развиток се пресекуваат и се развиваат во непредвидливи начини; од гледна точка на дизајнер неформалното може да служи како еден вид на лабораторија за адаптирање и иновација. Тие предлагаат експериментално
истражување и професорска методологија којашто ги испитува поранешните физички граници на современата архитектура и дава значење на архитектура која започнува од обликуваното, меѓутоа се развива со цел да биде целосно ориентирана кон социјалната архитектура. Како архитекти и урбанисти мораме да се запрашуваме постојано за развитокот и иднината на градот. Како да се зголеми густината на градот и притоа да не се изгуби чистата градска агломерација. Како може големината на градовите да се зголеми без да се изгуби значењето на центарот и јадрото на градот. Angelus Eisnger и Alexandre Chlemetoff зборуваа за инкрементален урбанизам истакнувајќи дека во време кога територијата е окупирана од постојано зголемување на хитеротопичен начин,
планирањето на градовите останува да биде со многу рестрикции и правила. Кои се потенцијалните хибридни стратегии помеѓу top down и bottom up планирање? Marc Angelil истакна дека класичната дихотомија помеѓу градот и пејзажот е веќе нешто што му припаѓа на минатото, денеска треба да се запрашаме како може да го прочитаме пејзажот за да извлечеме поука за градот. Andreas Ruby го постави прашањето како може да се создаде нов тип на град. Како да се воспостават врски помеѓу постојните развитоци во архитектурата и урбаното планирање? Повеќето швајцарски студија и професори зборуваа дека и покрај тоа што веќе повеќе години различни архитектонски студија прават напори да се направи трансформација на урбанистичкото планирање, просторното планирање во Швајцарија останува да биде се повеќе рестриктивно. Она што се чини дека е формално всушност е неформално создадено. Од друга страна, во големите мегалополиси, како што се Каракас и Лагос, неформалното започнува да наликува на формалното. Иднината на градовите се чини дека има многу можности, алтернативи и потенцијали на развивање. Со продлабочувањето на јазот помеѓу сиромашните и богатите, огромните пренаселени градови и премалку населени локации, неопходно е да размислуваме подалеку од сопствените индивидуални архитектонски желби и да продолжиме да гледаме пошироко. Иднината на градското планирање лежи во развивањето на стратегии и прототипови кои можат да бидат аплицирани глобално, а архитектонскиот дискурс мора да биде во нераскинлива симбиоза со широк дијапазон на професии.
3
24 август 2012 ПОРТА
25
архитектура
Менхетн (Њујорк)
Град создаден да изненадува, во него се` е дозволено
Ellis Island
Главниот стремеж на колективот се состои во тоа поединците да работат за заедницата, развивајќи општество кое не ја толерира културата на теророт, туку ги негува демократските права и слободи. Целта е да продолжи да живее сонот за независност, неограничени можности и слобода, кои ги нуди „Големото јаболко“.
П
ииип! Биинг! Боонг! Бучава, бучава, бучава! Ова е вистинското лице на Менхетен, збир на звуци кои произведуваат силна мелодија на свој, автентичен начин. Како совршена контра и совршен парадокс на овој феномен, кој знае да измами насмевки во место како ова, одненадеж се појавува знак кој ви вели: Забрането свирење, казна 350$! Можност и слобода. Овие големи соништа имаат свое место на постоење - Менхетен, срцето на Њујорк. Слободата е големо достигнување во рамки на општеството, а воедно и можност за стремеж кон успех без ограничување. Колку соништа
26
3
ПОРТА
24 август 2012
Франческо Читро, дипл.град.инж. (Италија/САД) поминаа низ Ellis Island, колку емигранти заробени во своите багажи, спомени и надежи за подобра иднина, колку солзи за напуштените родни краишта, и уште повеќе солзи за оние соништа кои беа одбиени и декларирани како недостојни за влез во Соединетите Американски Држави. Од здравствени причини и физичка издржливост. По неколку недели патување во ненормални услови, овие сиромашни и уморни лица по пристигнувањето ги чекал уште еден дополнителен напор. Проверка за нивната физичка способност и здравствена состојба, следени под будното око на докторите незабележливо скриени меѓу толпата. Грабајќи напред кон местото на соништата, местото
каде си слободен и имаш неограничени можности, тие во својата идеализирана слика и не биле свесни дека Менхетен претставува една фантастична утопија, една неограничена илузија.
СИМБОЛ НА МОЌ
Од врвот на облакодерите па до недоглед, може да се набљудуваат препознатливите жолти такси возила и река од луѓе. Тука е и Empire State Building, ремек-дело кое со својата импозантна појава е олицетворение на моќ и симбол на доминација во светот повеќе од еден век, но во исто време носи тајно врежана симболика на неограничените копнежи и желби. Ова е вистинската тајна на Њујорк и на Америка,
архитектура Rockefeller Center
Chrysler Building
9/11 Memorial
не постои ограничување за ништо и секој може во целост да го искуси и искористи својот потенцијал и потенцијалот на градот и државата. Градот ќе ве воодушеви со својот богат опус на продукции од различни уметнички стилови и правци, почнувајќи од зградата на "Chrysler", елеганцијата на дрскиот центар "Rockefeller", преку безвремената тридимензионалност на музејот "Guggneheim", па сè до префинетоста на "Seagram" како репрезент за појавата на модерните облакодери. Намерата да се изнесе суровата реалност секако влијаеше овој текст во себе да имплементира блага, носталгична и субјективна нота. Сепак, станува збор за човечки судбини, за многу солзи и срушени
идеали, чија социолошка димензија неспоредливо во својата тежина ја надминува сета баналност за која нашата човечка глупост денес смета дека е вредно да се пролеат солзи. Токму зад аголот, на местото каде што некогаш гордо се издигнуваа „кулите близначки“, со својата впечатлива појава и жубор се поставени величенствените водопади. Водата не е ништо друго, туку реминисценција на агонијата и плачот од роднините на жртвите, што загинаа во терористичкиот напад во септември во 2001 година. Оваа сцена, дело на изреаелскиот дизајнер Michael Arad, беше победник на интернационалниот конкурс. Неговата минималистичка поставка својот концепт го сведува на
отфлање на претераните ефекти, како би дошло до израз семантичкото значење на инкорпорираните елементи. Во тоа се бележи нејзината големина и важност. Од друга страна, проектот исто така е успешен, бидејќи е врамен во еден историски период на превирања и контроверзии со политички и економски карактер, кога неговата економичност говори повеќе од естетската вредност. Имињата испишани на бронзени панели се сегрегирани во линиски шеми согласно нивната вокација и припадност, пожарникари, бизнис колеги и така натаму, бидејќи многумина веруваа дека преку ваквите групации се постигнува хармоничен приказ на жртвите. Иако навидум наивно, утописки и статички изведливо, ова дело
3
24 август 2012 ПОРТА
27
архитектура зад кулисите крие многу дилеми, аргументи, проблеми, пресметки... Меѓутоа, Michael Arad заедно со својот тим се обиде во целост да одговори на предизвикот, задоволувајќи ги бројните потреби на многу пријатели и роднини на жртвите, притоа не отстапувајќи од своите утврдени обликувни принципи. Хуманата димензија е суптилно интегрирана во ова архитектонско остварување, меѓу кои е овозможен и пристап до поставката за лица во инвалидска количка. Социјалната интеграција треба да ја движи планетата и секој има право да биде дел од неа, и веројатно заради почитувањето на оваа парола, Arad ги освои симпатиите на многумина, и успеа да ја добие битката против многу еминентни архитекти кои учествауваа на конкурсот за овој
меморијален споменик. Во жуборот на водата што тече надолу и меѓу дрвјата што го населуваат меморијалниот плоштад, никнува и една структура која треба на идните генерации да им ја пренесе приказната за лудилото што го погоди „Големото јаболко“ на 11 септември - меморијален музеј проектиран од "Shonetta Group". Нејзината доминанта хоризонталност во себе носи драматична симболика на остро парче стакло, кое физички дејствува врз почвата создавајќи лузна, како прагматична метафора за спомените на тој ден, а помеѓу нејзините ѕидови посетителите секогаш ќе имаат можност да се потсетат на последиците од тој настан. Според првичната замисла, музејот треба да има метална обвивка, како мозаична
композиција од повеќеродни рефлектирачки површини и во својот израз да потсетува на Светскиот трговски центар. Оваа блескава рефлекција од фасадата остварува совршена хармонија со водната површина од спомен-базените поставени од нејзината лева и десна страна, во чија спокојност се чини како да е ослободена сета болка на жртвите од тој ден. Музејот како објект бележи високи архитектонски и естетски квалитети, а со својот обликуван израз и материјализација целосно се вклопува во концептот за популација на "Ground Zero". Во меѓувреме, надвор од овие рамки, Њујорк продолжува да живее, од луксузните живеалишта во Uptown, петтата авенија, неизбежниот midtown, кој е скелет на уметничката аура на градот, па сè до
Uptown
28
3
ПОРТА
24 август 2012
Downtown
архитектура озлогласениот downtown. Во полн ек е урбаната експанзија на градот, при што главен акцент се става на конверзијата на градското ткиво зафатено со индустија, која привлекува се повеќе и повеќе архитекти, и генерира уште толку повеќе идеи. На деветтата авенија лежи познатата фабрика за слатки "Nabisco", која опстојува во својата автентична структура. Денес, благодарение на искуството и прогресивната визија на Vandeberg Architects, овој корпус функционира како аркада со трговски содржини, препознатлив како пазар "Chelsea". Со својот неформален стил, со миризбите и атмосферата што владее, потсетува на стариот дел од Лондон, што претставува уште една карактеристика зошто овие два града во многу аспекти
Chelsea Market
се споредливи и блиски. Пропагандната порака на овој пазар вели „да се шета низ пазарот Chelsea, е како да се шета низ еден вид тематски постиндустриски парк“. Овој пазар е засебен свет скриен во едноставана зграда, сам по себе тој е нешто што треба да се открие во урбаната џунгла, наречена Менхетн. И како би било поедноставно пронаоѓањето на овој засебен свет, направено е целосно ре-аранжирање на влезната партија. За таа интервеција е назначен познатиот скулптор Mark Mennin. Неговата интервенција се состои од аплицирање на нов слој од современи материјали врз постоечките тули од вековната зграда на фабриката. Фасадната површина е третирана со месингани плочи, кои одат во хоризонтални низи создавајќи
илузија на обвиткување со панделка, додека пак влезната партија е нагласена со динамична композиција од стакло и челик. Контрастот помеѓу современата материјализација, која е врежана на фасадата, и духот на традиционалното што ве очекува внатре, е навистина моќен обликувен парадокс, особено бидејќи е скриен и неочекуван. Благодарение на места како овој маркет, можете целосно да се заљубите во Њујорк, бидејќи тоа е местото каде што ќе ја видите сета негова енергија, традиција и културолошка сестраност. Придобивките од ваквите инвестиции во атрактивни локали се јасно видливи, особено ако се земе предвид дека Google инвестираше 1,9 милијарди долари за да купи објект на осма авенија.
3
24 август 2012 ПОРТА
29
архитектура
High line
Во процесот на регенерирање на Њујорк се поактуелен станува и западниот дел од Менхетн покрај реката Hudson, регион богат со флора и фауна. Во таа насока, неприкосновен репрезент во регенерацијата на овој мегалополис е "High line". Линиска структура, подигната од нивото на теренот, која своевремено била важна железница која го хранела градот, односно опслужувала 22 блока од градот разнесувајќи храна и патници, а денес претставува незаменлива општественосоцијална конструкција во градот. Во време кога пропагандите за зачувувањето на здрава животна средина земаат силен замав, опстојувањето на оваа железница било прифатливо единствено преку 30
3
ПОРТА
24 август 2012
нејзино функционално и програмско редефинирање. Тогашниот градоначалник на Њујорк, Rudolph Giuliani, кој во најголема мера е заслужен за денешниот изглед на градот, под мотото „овој град е создаден да изненадува, во него сè е дозволено“, пред колективот ја претставил својата радикална идеја за повторна интеграција на железницата како поинаква инфраструктура во матрицата на градот. Откако проектот беше широко прифатен и идентификуван од граѓаните како голем социолошки потенцијал, неговата реализацијата се довери на холандскиот пејзажен архитект Piet Ouldoff, во соработка со локалните градежни фирми "Diller Scofidio" и "Renfro". Обновата на старата инфраструктура игра
значајна улога во град, кој бележи дефицит на зеленило, така што оваа консолидација игра важна улога во регенерацијата на градското ткиво. Уникатната конзерваторска интервенција се протега низ 22 блока, и е лесно достапна за сите граѓани. Пешачката зона богата со дрвја, ниско зеленило и урбан мебел лебди над градот создавајќи идеална контратежа на активниот и хаотичен животен ритам на Менхетн. Во концептот на оваа зелена линија лежи идејата за превласт на природата врз градот и материјалното во него. Преку комбинацијата од органски и вештачки материјали се остварува нужната култивација на оваа структура, така што во својата програма таа нуди варијации на зелени катичиња,
архитектура Hudson river, lower Manhattan
Whitney Museum
едни диви, други погодни за одгледување хранливи продукти, трети ангажирани со урбана опрема, итн. Патеката за кратко време со својата атрактивна содржина успеа да привлече толкаво внимание, што многу познати личности, како што се Edward Norton, Glenn Close, Kevin Bacon, David Bowie и Diane von Furstenberg, во нејзина непосредна близина инвестираа во приватни недвижнини. Кога за прв пат ќе прошетате по оваа површина имате чувство како да сте дел од надреална сцена. Додека долу на улицата, во градот, сè е бучно, фреквентно, незапирливо, на само неколку метри над тој хаос владее неверојатен мир каде се дише со полн здив. Оттука, животот на Менхетн се искачи едно скалило погоре од аспект на
хуманите услови за живеење. "High line" нуди живописни пејзажи низ транспарентните екрани поставени на работ, вам ви се чини дека сте во театар, но она што се прикажува на тие екрани е реалноста од улиците на Њујорк. Следејќи ја траекторијата на оваа патека, која со голема тактилност навлегува во градското јадро и ги одминува сите значајни референти, ќе ве обземе чувство дека живеете во индустриски музеј. Речиси на крајот од патеката, кога помислувате дека нема што повеќе да ве изненади, материјализацијата на партерот колуминира во тенок слој вода за разладување во жешките летни месеци. Покрај оваа рефлектирачка површина може да легнете и да уживате во погледот на реката Hudson
и во една неприкосновена слободностоечка стуктура - импозантниот музеј "Whitney", дело на Renzo Piano. Сосем на крајот, сместена е игротека со најкомплексна задача и програма - да им помогне и да ги инспирира најмалите граѓани на Њујорк во растот и образованието, оформувајќи ги во сестрани личности кои понатаму ќе придонесат за здрав развој на заедницата. Главниот стремеж на колективот се состои во тоа поединците да работат за заедницата, развивајќи општество кое не ја толерира културата на теророт, туку ги негува демократските права и слободи. Целта е да продолжи да живее сонот за независност, можности и слобода, кои ги нуди „Големото јаболко“.
3
24 август 2012 ПОРТА
31
архитектура
Префабрикувана архитектура Во ера на Интернет, кога се симнува музика, фотографии, текстови и што ли уште не, не би било чудно кога еден ден би се симнувале и проектите на зградите со сите детали!
К
ога архитектите како што се Jean Prouvé и Charles Eames започнале да експериментираат со згради направени од монтажни компоненти, веднаш по Втората светска војна, тие воопшто и не претпоставувале дека еден ден технологијата толку ќе напредува и ќе им овозможи на архитектите да создаваат објекти, кои ќе бидат исцртани со помош на компјутери и потоа елементите со помош на компјутерски машини, ќе можат да се сечат и составуваат! Еве неколку радикални примери за денешната современа монтажна архитектура, за современите материјали и технологии. Основната премиса за префабрикување е способноста за производство на делови потребни да се изградат една или повеќе згради на едно одредено место, а потоа да се транспортираат на градилиште и со намалувањето на потребното време за изведба да се намалат трошоците на чинењето на 1 м2 изградена површина. Денес постојат многу различни методи
32
3
ПОРТА
24 август 2012
и материјали, кои можат да се користат за да се постигне оваа цел. Дигиталните технологии и современиот инженеринг отворија нови можности и во оваа област. Кога шпанскиот архитект Anton Garcia – Abril од „Ensamble Studio“ се решил да изгради куќа за себе и своето семејство на периферијата на Мадрид, тој избрал да ја направи од префабрикувани бетонски греди, односно 230 тони бетон поставен во челична рамка која навидум изгледа како некаков нестабилен аранжман. Три масивни бетонски греди со „U” и „Т” пресек оформуваат спирална основа, врз која другите делови на објектот се избалансирани, а најгоре е поставен неколку тонски гранитен блок, кој изгледа како противтежа на целата структура ! Поради комплексноста на носивоста на секој од зглобовите на гредите како и пресметувањето на напрегањата на гредите, проектот за статиката се работел цела година. Целиот проект се изработувал три години, но кога гредите и останатите елементи за куќата биле изработени и донесени на градилиштето, тие биле поставени со
Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.
помош на кран за само седум дена! Целиот објект е обвиткан во стакло, создавајќи контраст со цврстината на бетонот. Дневната соба, кујната и трпезаријата се наоѓаат во приземјето, отворени се и гледаат кон дворот, додека спалните соби се наоѓаат на катот, каде што се наоѓа цветна градина и уникатен базен поставен во дваесетина метри долга бетонска греда во форма на канал, која се протега во просторот. Куќата претставува експеримент и покажува до кои крајности можат да се употребуваат префабрикуваните елементи. Многу од конвенционалните методи за изградба на станови користат за одредени делови префабрикувани елементи, кои од фабриките за префабрикација се носат на градилиштето каде што се вградуваат. Структурно изолирани панели (СИП) се доста користена опција, заради нивните добри термички карактеристики. Во обвивката, што може да биде изработена од разни материјали, се прави јадро преку инјектирање пена за изолација и така се прават лесни панели, кои се едноставни за вградување.
архитектура Архитектите Alejandro Soggia и Gabriel Rudolphy истражуваат како на наједноставен начин да работат со овие панели. Имаат дизајнирано модуларен систем со стандардизирани ѕидни и подни почи. Панелите се со различни димензии, но се составуваат така што со нив може да се направи двокатна куќа, со димензии на просториите, што одговараат на нивните функции. Една од нивните експериментални куќи се наоѓа во Санто Доминго, во Чиле. Главните простории за живеење во оваа куќа се групирани кон северниот крај на зградата, за да имаат подобар поглед кон океанот, додека делови од катот се оставени отворени, за да се обезбеди простор за големи балкони и тераси. Западната страна на куќата има големи застаклени површини, додека источната, поради близината на соседот е затворена. Куќата е изградена за само десетина дена, откако панелите биле донесени на градилиштето. Во современите градски средини каде што просторот е скап, покривите на зградите можат да понудат можност за вертикална експанзија. И во едно вакво сценарио методите на префабрикација и монтажни елементи можат да се донесат каде било и потоа да се монтираат во проектираната форма. Холандското архитектонско биро “Benthem Crouwel Architekten“ било вклучено во дизајнирањето на луксузни работни простории на поткровјето на реновираното поранешно бродоградилиште во Ротердам. Главната зграда е сместена на 25.000 м2 мултифункционален простор, вклучувајќи го
тука и холандскиот Центар за фотографија. Ова повеќе личи на некаков вселенски брод, кој ти се причинува дека лебди над покривот и кој привлекува многу внимание кај луѓето. Поткровјето е поставено на 23 челични столбови, кои морале да бидат внимателно позиционирани околу постоечките оџаци, греди, прозорци и скали кои воделе на покривот на зградата. Сите елементи на новиот објект се изградени од лесни материјали, вклучувајќи ги тука и шупливите подни бетонски плочи, за да се минимизираат што е можно повеќе дополнителните товари. Сите елементи кои се користеле при изградбата биле донесени со камиони и со дигалки качени на покривот, каде што биле поставени околу една алуминиумска супструктура. Деведесет проценти од обемот на зградата е поставен во една едноставна кубеста форма, која на едниот крај е закривена и потсетува на кривите лакови на бродовите од околните пристаништа. Алуминиумските панели се ставени во посебна облога која овозможува панелите да го издржат корозивниот морски воздух. И внатрешните ѕидови и плафони се направени од истите материјали како и надворешните, но на места се обложени со дрво, камен и керамика заради естетско доживување на просторот. Навечер објектот е богато осветлен и изгледа како некаков светилник. Некогаш, ако има потреба, монтажните структури се дизајнираат така што можат да се склопуваат и расклопуваат многу брзо, што ги прави особено прифатливи за транспорт на различни локации.
'The Cube' е името на ресторанот дизајниран од италјанското биро “Park Associati“ за шведската компанија за електроника „Електролукс“. За прв пат, објектот бил изведен во Брисел, Белгија и потоа е носен во многу европски градови. Потребен е тим од 18 работници кои за девет дена ја монтираат „коцката “, а потем за пет дена ја расформираат и ја подготвуваат за транспорт во друг град на нова локација. Материјалите за правење на ваков објект се отпорни на различни климатски услови на кои би можеле да бидат изложени. „Коцката“ има 140 м2, од кои 50 м2 се надворешен балкон, каде што гостите седат пред да влезат во ентериерот што е инспириран од скандинавското наследство на „Електролукс“. Во така мал објект се среќаваат неколку извонредни архитектонски решенија, што покажува дека и со префабрикувани елементи може да се направи извонредно архитектонско дело. Лондонското студио „00:/“ има дизајнирано различни шаблони за проекти кои можат да се симнат со помош на код и специјален софтвер и потоа преку компјутерски контролирана фреза да се изработат. Потоа како сложувалка елементите се составуваат и се добива саканиот објект. Ова е интересно за растечкатa on line заедница, каде што секој нов дизајн може едноставно да се преземе преку Интернет. Ова е ера на Интернет, и денес, како што се преземаат музика, фотографии, текстови и што ли уште не, не би било чудно кога би се симнувале и проектите на зградите со сите детали, како и сè друго?
3
24 август 2012 ПОРТА
33
дрвна архитектура
Вода и дрво
Процентот на влажност кај дрвото се одредува со делење на тежината на водата во дрвото со дрвото исушено во сушара. Важни вредности за влажноста на дрвото кои треба да се запаметат се следните: oд 19% па надолу, дрвото се смета за „суво“.
В
о минатото, секаде каде што било достапно како материјал, дрвото било користено во градежништвото заради неговите квалитети како што се јакост, економичност, лесна обработливост, убавина и, секако, издржливост која е потврдена многу пати. Од древните јапонски светилишта до старите цркви во Норвешка и безбројните градби во Северна Америка
34
3
ПОРТА
24 август 2012
Александар Черепналкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија изградени во 19 век, дрвните конструкции докажуваат дека можат да го издржат тестот на времето. Со текот на времето само технологијата на производство на дрвото како градежен материјал се менува и усовршува. Дали можат модерните дрвни конструкции исто така да се докажат?
Влажноста и дрвото
Дрвото е хигроскопски материјал, што значи дека има способност да апсорбира
и да испушта вода во завостност од влажноста на околината во којашто се наоѓа. Како дел од овој природен процес, дрвото може безбедно да апсорбира значителна количина на вода, притоа процентот на влажност да не дојде до вредност која би била погодна за развивање на микроорганизми, штетни за дрвото. За стабилна и издржлива конструкција, проектирањето на дрвните конструкции мора да се изведува со големи
дрвна архитектура познавања за дрвото како материјал и неговите промени во димензиите при апсорбирање и испуштање на вода.
Процент на влажност
Промената на влажноста кај дрвото може да придонесе за промена на димензиите и појавување на мувла и штетни микроорганизми. Процентот на влажност кај дрвото се одредува со делење на тежината на водата во дрвото со дрвото исушено во сушара. Важни вредности за влажноста на дрвото кои треба да се запаметат се следните: од 19% па надолу, дрвото се смета за „суво“. Овој процент на влажност може да се добие по пат на природно сушење на дрвото и по пат на сушење во сушара, каде што сушењето се одвива многу пократко. 28% е вредност која се вика точка на сатурација (кај различни дрвни видови точката на сатурација варира за некој процент, но како средна вредност е општо прифатено 28%). Овој процент претставува момент кога слободната вода во лумените на клетките е испарена и почнува да се суши водата во клеточните ѕидови. Точката на сатурација претставува клучна промена во дрвото бидејќи при продолжување со сушењето, започнуваат промените во димензиите на дрвото. Дрвото што се користи во внатрешни просотрии со текот на времето се стабилизира од 8-14%, додека дрвото што се користи во надворешни услови од 12-18%. Долга стреа за заштита на фасадата
Извори на влажност
Изворите на влажноста во и околу објектите можат да се најдат во изобилство. Внатрешните извори на влага се појавуваат како резултат на активностите на жителите. Некои студии заклучиле дека едно четиричлено семејство може да генерира 20-30 литри влага дневно. Надворешните извори се секако атмосферски, иригациони системи, подземни води и слично. Водата од врнежите, посебно во комбинација со ветер, претставува најголема опасност за градбите. Влагата во воздухот исто така има големо влијание врз градбите, посебно во клими каде што влажноста е многу голема. Дополнителен извор претставува и влагата што се содржи во материјалите за градба, како на пример во бетонот, цементот, дрвото и слично. Количеството на влажност може да биде големо во овие материјали за време на градбата, и затоа мора при градењето да се остави простор за сушење и кога ќе се затвори целата конструкција.
Заштита од дождови
Постојат две основни стратегии за заштита на објектите од врнежи: - минимизирање на контактот на дождовната вода со фасадата; - да нема простор каде може да се задржи дождовната вода на фасадата и во конструкцијата. Динамиката на пенетрација на водата во
конструкцијата може да се случи само ако се овозможени следните три ситуации: - кога има отвор во фасадата; - кога има вода во близина на отворот; - кога има сила која ја движи водата во насока на отворот. Овие три фактори можат накратко да се претстават преку следната формула: вода + отвор + сила = пенетрација на вода За да се контролира пенетрацијата на водата во конструкциите, треба да се познаваат силите што влијаат врз овој процес. Овие сили се гравитација, површински притисок, капиларен притисок, кинетичка енергија и разлика во воздушниот притисок. При проектирањето на зградите, со посебно внимание кон решавање на деталите, треба да се внимава на овие фактори, кои можат да го загрозат квалитетот и издржливоста на материјалите. Дрвните констуркции се многупати докажани дека можат да бидат издржливи и долготрајни. Дрвото ќе продолжи да биде еден од првите избори за материјал за градење, заради неговите квалитети, цена, лесна обработливост, заштеда на енергија во производството, емисија на штетни гасови, загадување на водата и друго. Но, сите овие квалитети и предности можат да се достигнат само со правилно проектирање за долготрајни конструкции. Овој концепт се подразбира и за заштитата од влага, којашто е еден од најголемите проблеми кога се зборува за дрвни конструкции. Заштита на фасадата од врнежи
3
24 август 2012 ПОРТА
35
репортажа
Мелбурн - градот развиен благодарение на големите пронаоѓалишта на злато
Marvellous трилогија Денешен Мелбурн е поделен во 30 општини, меѓу кои спаѓаат и трите централни администрации : City of Melbourne, Portphilip и City of Yarra. Токму преку овие три општини ќе се обидеме да ја доловиме врелината и убавината на метрополата. Иако блиски една на друга, како урбанитети, тие видно се разликуваат, и со својата оригиналност и посебност создаваат посебен стимуланс во живеењето на градот. Melbourne,CBD
У
Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија)
рбаниот англомерат Мелбурн е во полн ек од неговата урбана и современа трасформација. Масивен и простран дури 100 квадратни километри константно се надополнува и го усовршува своето физичко постоење. Во наредните неколку броеви на „Порта3“ ке се обидеме да дадеме осврт на неговата урбана структура и на тој начин да ги доловиме позначајните архитектонски остварувања. „Таму долу“ во земјата, како милуваат да ја нарекуваат Австралија, Мелбурн се простира на југоисточниот агол во областа Викторија. Најголем финансиски центар, кој освен што е главен град на областа, е и втор по големина град после Сиднеј, кој му го зема приматот по бројноста на населението во седумдесеттите години од минатито век. Создаден е по текот на реката Јара во средината на 19 век, без позначајна историја, но се развива многу брзо, благодарение на големите пронаоѓалишта на злато во тој период. Тоа е и причината поради која се населуваат голем број емигранти од Европа и Азија. Првичното јадро, таканеареченото Hoddle grid го поставува тогашната британска колониска администрација во 1837 година, и преставува матрица врз која понатаму ќе се развива идната метропола.Тоа е шаховска решетка со димензија на правоаголник од 1600x800 метри. Градот почнува да се шири на исток следејќи ја реката сè до Dandong Ranges, и на југоисток каде излегува на 36
3
ПОРТА
24 август 2012
репортажа заливот Port Filip и ја следи реката Maniboning. Со неговиот пораст, се редат и позначајните градби: Queen Victoria women centre (1848), Flinders station(1854), State Library (1854), Parliament house (1856), St. Michael church (1866), Melbourn Town hall (1880), St. Paul cathedral (1880), Supreme court of Victoria (1884), Captol house (1921), Manchester units building (1929) и ред други. Денешен Мелбурн е поделен во 30 општини, меѓу кои спаѓаат и трите централни администрации : City of Melbourne, Portphilip и City of Yarra. Токму преку овие три општини ќе се обидеме да ја доловиме врелината и убавината на метрополата. Иако блиски една на друга, како урбанитети, тие видно се разликуваат, и со својата оригиналност и посебност создаваат посебен стимуланс во живеењето на градот. Нашето движење би започнало од Central Melbourn, каде би ги издвоил најзначајните предградија како CBD, Carlton, Dockland и зоната околу West Melbourn. Централниот бизнис дистрикт (ЦБД) е доста динамичен, дотеран, хистеричен во исто време. Проаѓајќи низ неговите широки улици се чувствува летечка возвишеност, чувство на некој дострел од нашето време, кое нè прави чуствителни кон огромните висококатници, елегантна измешаност и чистота. Масата од луѓе постојано нè носи од семафор до семафор, и не внесува во дневниот транс на урбаната џунгла. Овој дел го карактеризираат големите седишта на мултинационалните компании, кои преку катната висина се натпреваруваат за својот престиж. Огромни шопинг центри, познати светски модни брендови, улични свирачи, мирис од најразличните take away ресторани кои го импровизираат вкусот на разноликоста од раси и култури, но и добро познатите прехрамбени синџири, кои ни ја потврдуваат и англосаксонската култура. Градилишта има насекаде и со огромната механизција ја доловуаат врелината со која се гради. Северно од ЦБД се протега Carlton, населба создадена од италијански и еврејски имигранти кои до ден денешен ја имаат задржано специфичноста преку својата култура. Областа е позната и како Little Italy, поради нивната бројност. Со една мала прошетка по должината на Laygon street може да се вкусат најдобрите италиjански пици и тестенини и, секако, да се испие оригиналното еспресо, со бучава на претежно сицилијанскиот дијалект. Се забележува значително раздвижената младина, бидејќи се наоѓаме и во близината на универзитетската зона. Доста воочлива е викторијанската архитетура, од периодот на златната треска, кога и впрочем се создава предградието. Таа автентичност духовно ги исполнува улиците. Federation square
Од овде користам јавен превоз, изнајмувајќи велосипед кој на најдобар начин ме внесува во градскиот метеж. Заштитна кацига е задолжителна и со јатото останати бајкери се насочуваме кон југ. Преку Laygon street се упатуваме кон Bourke street и го следиме правецот сè до излезот на марината, каде е сместен новиот Dockland. Тоа е сосема нова населба која се развива постепено во последните десет години, на местото на поранешната Victoria harbour. Изградена е доста луксузно со висококатници од резиденцијален и комерцијален карактер и е значајно голем зафат на водечките компании со
3
24 август 2012 ПОРТА
37
репортажа Dockland
недвижности. Доловува висок квалитет на живот и стандарди, меѓу другото и затоа што во голема мера го следи брегот со прекрасните пејзажни погледи кон заливот на реката Yarra и елегант-ното пристаниште со луксузните јахти. Во тој дел се наоѓаат и неколку позначајни градби кои подетално ќе ги разработиме во наредните броеви: Седиштето на Nab, Dock5, Webb bridge, Tower5 и 1001 La trobe street. Она што му дава карактеристика на овој дистрикт се огромните изобилства на урбан пејзаж и арт инсталации кои во вид на најразлични форми се протегаат речиси низ целиот воден фронт. Тоа преставува одлична интервенција и комуникација со заливот надополнет со прекрасни урбани елементи, мостови, паркови, игралишта, модерни скулптури, површини за релаксација и што уште не. Дел од уметниците што интервенираат преку своите дела се: Silence (Adrian Maurick), Cow up a tree (John Kelly), Anchor (Neil Dawson), Blowhole (Dunkan Stemer). Докланд е во развој и, за жал, сè уште не се чувствува голема раздвиженост како во другите квартови, но ете сите се надеваат дека ќе заживее штом целосно ќе се догради. Го враќам велосипедот на една од попатните сервисни станици и продолжуваме да се движиме со јавниот превоз, кој претежно се состои од трамваи и отворено метро. Доста е ефикасен и точен со многу информации скоро на секоја постојка. Многу е пријатен додека се користи, затоа што го прикажува мелбурнското секојдневие, исполнето со хаотични флукси на луѓе, кои постојано негде итаат. Најдобар начин за да се забележи нивниот карактеристичен начин на облекување, со backpack, штрумф капи и најразлични стилови на карирани модни детали. Најинтересни се тинејџерите, што многу често можат да се видат облечени во кратки ракави и флип флоп на температура од 5 степени Целзиусови. Прекрасна е и глет-ката од секакви раси, кои се до толку измешани што тешко би можело да се процени нивниот идентитет, а сепак комуницираат на перфектен ози акцент. Од стадионот Etihad преку Cross station се упатуваме до Флиндерстрит за од таму да се префрлиме во Yarra mynicipa:ity. Од Yarra го избрав како најкарактеристичен квартот Fitzroy. Нешто сосема спротивно на централниот дистрикт, како антрополошки така и физички, со ниски историски куќи во викторијански и едвардов стил и бохемиска распространетост по улиците. Типична енклава на алтернативни движења каде е возможно буквално сешто да се најде. Од продавници handmade, фризерски салони уредени ad hoc, претежно со стар користен мебел, гаража која се користи како продавница за чевли, фабрики претворени во пивници и ресторани од секаков вид (типични и атипични), социјални клубови. Севкупниот амбиент надополнет е со street art, murales и бројни уметнички галерии, од каде нè раздвижуваат звуци со психоделична алтернативна музика. Можеби за тоа најдобро сведочат доста авангардните музички групи Corse ov dialect, Brothershandmirror, а ќе ги споменам и најпрославените Architecture of Helsinki. Corse ov dialect се мултикултурна група на политички рап со етно музички миџ на хип-хоп основа. 38
3
ПОРТА
24 август 2012
репортажа Silence (Adrian Maurick)
Flinders station
3
24 август 2012 ПОРТА
39
репортажа Составена е од Малтежанец, Пакистанец, Индиец и Македонец. Нивниот хит Bury me slowles, најадекватно може да ви го претстави овој урбан кварт. Шетајќи низ споредните улици може да се откријат доста примери на квалитетна архитектура. Ќе ги набројам резиденцијалните проекти, како што се 32Kerr, Abito, а и Musei of Melbourne. Curse Ov Dialect
Fitzroy
Движејќи се кон Portphillip municipality внимание ни привлекуваат иконските градби, кои веќе се длабоко навлезени во ДНК на градот: Melbourne recital centre (2008), National Gallery of Victoria (1960), Arts centre Melbourne (1984) и секако Federation square (2002), интервенција по повод 100 години од обединувањето на Австралија. Продолжуваме во правец на St.Kilda. Ова предградие е еднa од главните туристички атракции, благодарение на својата близина до центарот и живописните плажи кон заливот Portphilip. Последните години е во преродба и е перфектно место за излегување. Ветрот нè носи, тука е и мирисот на океанот. На сите страни се гледаат кит сурфери кои уживаат во разбрануваната St.Kilda вода, луѓе легнати долж плажата и врвулица од пешаци кои уживаат движејќи се по променадата што се простира во недоглед. Прекрасното зеленило и типичните палми ја збогатуваат целокупната слика. Се спортува насекаде и луѓето се во одлична форма. Следејќи го корзото кон внатрешноста, покрај Okland I Fitzroy street се забележуваат неверојатно полните кафулиња и ресторани, а може да се ужива и во најзначајниот луна парк што се наоѓа таму. Тоа на што вреди да се обрне внимание се и Edgarwater tower (1959), Palais theatre (1927) и Princes Pier (1916).
Се враќам седнат во автомобил на десната страна и ја вклучувам радио станицата ПБС (106,7ФМ), провајдер на независна и алтернативна музика. Јурејќи низ улиците, ја доживуваме целата фузија на Marvellous Мелбоурне.
St. Kilda луна парк 40
3
ПОРТА
24 август 2012
спортски храмови
Нов расадник за австралиски пливачки рекордери
Сашо Кузмановски
ФАКТИ за АКВАТИК ЦЕНТАР МЕРИОН - Мерион, Австралија Капацитет: 4.500 места Пуштен во употреба: јуни 2011 година Цена на градба: 100 милиони долари Површина на градба: 26.400 м2 Инвеститор: Град Мерион Изведувач: Candetti Constructions
Д
ека австралиските пливачи ги имаа најдобрите услови за подготовки за ЛОИ во Лондон оваа година, говори и изградбата и профункционирањето на новиот центар Акватик во градот Мерион. Од минатото лето, супермодерното здание со еден 50-метарски олимписки базен и уште еден 55-метарски базен за скокови во вода и ватерполо, со дополнителен рекреативен простор од 1.000 м2 е во функција на најдобрите австралиски пливачи, но и на рекреативците. Објект вреден 100 милиони австралиски долари,
со помош на јужноавстралиската влада беше ставен во функција навреме, за изборните натпревари на австралиските пливачи кои изборија место за настап на најголемата спортска манифестација. Центарот Акватик во Мерион ги исполнува најстрогите меѓународни стандарди според ФИНА. Најважно е што тој ќе понуди најдобри услови и за натпревари во скокови во вода, кои стануваат се попопуларни во оваа земја. Овој центар е опремен со најсовремена опрема за пливачки натпревари, стартни места, платформи за скокови во вода, две поголеми скокалници во 55-метарскиот
базен, како и опрема за рекреативни посети (тобогани, детски помошни елементи за пливање...). Во рамките на објектот работи и спа-центар, сауна, а изградени се и новинарски ложи, медиа-центар и конференциска сала за организација на врвни натпреварувања. Гледалиштето има 4.500 места, а во еден посебен дел е изграден и еден мал 25-метарски базен за рекреативци, но и базен за посебна програма за пливачи со хендикеп. Објектот понуди нови 250 вработувања, а според најавите, се очекува негова максимална искористеност во текот на целата година.
3
24 август 2012 ПОРТА
41
музеи
МУРЕФТЕ, МРАМОРНО МОРЕ
Слатки вина во еден од најстарите музеи на вино во светот
Музејот на вино на семејството Кутман, сместен во малото селце Мурефте на Мраморно Mоре, постои од далечната 1888 година и е свовидна слика на тоа како се произведувало виното во 19 век Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност
Историскиот музеј на виното на семејството Кутман
М
раморно Mоре, сончогледови полиња, маслинки, грозје и старо вкусно вино. Сите задоволства во Шаркој, мало туристичко гратче со многу минати и сегашни приказни. Никогаш не сте виделе толку многу сончогледови полиња на едно место, изгледа просто запрепастувачки убаво. Најголем дел од ова растение се одгледува токму тука, а потоа се извезува во другите турски градови и пошироко. И не само тоа, производството на вкусни
42
3
ПОРТА
24 август 2012
вина на оваа почва има длабока традиција, уште од античко време. Се раскажува дека Александар Велики на пат за Далечниот Исток, поминал одовде и понел тони вино за својата војска. Традицијата трае и денес во Шаркој и во Мурефте, мало село во близина на градот. Не случајно патот нè донесе токму овде. Тука го посетивме, според многумина, еден од најстарите музеи на вина во светот. И што е најинтересно, дегустираме стари вина со различни вкусови, мириси и ароми. Пивнуваме вино од калинка со проѕирно црвена боја и сладок вкус и веќе сме
спремни убаво да го разгледаме музејот. Виново препородува, констатираме. Овој таканаречен Историски музеј на виното на семејството Кутман постои од далечната 1888 година, и е своевидна слика на тоа како се произведувало виното во 19 век, со стари машини и помагала. Музејскиот објект е всушност стара куќа, која подоцна е адаптирана за оваа намена. Тука, пред да биде направена музејската поставка, се произведувало вино. Грандиозната куќа, направена од тули со проѕирна фасада и мирис на далечни времиња, некогаш припаѓала на некое богато романско
музеи семејство, кое кога се иселило од оваа област го продало имотот на семејството Кутман. Внатрешноста е импозантна, решена на два ката, со отворени галерии од кои може да се набљудува централната, главна просторија. Во подрумите се складирани старите вина. Музејот има сè што е потребно за еден посетител да се запозане со процесот на правење вино во 19 век. Пред нас се изложени различни машини и инструменти кои некогаш биле користени. Машина за затворање на тапите, машина каде што се полни виното,
контејнери за подготовка на грозјето и овошјето за вино, работни маси, но и многу вина. Масички и столчиња за седење, цела соба уредена во стилот на изминатите векови, просто да посакаш да го поминеш цело пладне тука. И се разбира, многу различни вина. Оној што сака може и да си купи некое шише. Цените се различни, има шише за десет евра, но и за двеста евра, за љубителите на постарите вина. Девојката што нè води низ музејот раскажува дека дел од машините за вино биле користени до педесеттите години на минатиот век, а сега
се експонати кои говорат. Таа објаснува дека Аднан Кутман и денес ја продолжува традицијата на производство на вина и е најпознат во оваа област. Не поздравува со широка насмевка за збогум. Се сликаме, се смееме, пиеме вино. Ниту силната жештита не може да не спречи во уживањето. На заминување купуваме едно-две шишиња од вината на Кутман, истрчуваме кон морето и си мислиме: можеби некогаш повторно ќе навратиме тука. Ако не физички, барем во нашите сеќавања. И тоа, верувајте, ќе биде слатко патување.
Машина за затворање на шишиња
Мурефте, поглед кон морето
3
24 август 2012 ПОРТА
43
дизајн
МЕБЕЛ КАКО СКУЛПТУРА ВО ПРОСТОРОТ Неисцрпна инспирација за неговите уникатни креативни приоди кон секое парче мебел, полни со симболика, мистериозност, емоционална забавност и шармантност, Кирче Стојоски пронаоѓа во творечките опуси на современите дизајнерски икони, како што се Ross Lovegrove, Fabio Novembre, Karim Rashid и Ron Arad, стремејќи се преку својот посебен авторски потпис да создаде ново чувство за просторот, несекојдневност, посебност и нова перцепција на корисникот Ивана Групче, дипл.инж.арх.
К
ога просторот добива поетичност и суптилно трепери низ скулптуралните модели на мебел, играјќи си со формите, интересните материјали, боите, светлината и сенките што тие ги создаваат, тогаш сигурно станува збор за препознатливиот стилски израз на едно ново дизајнерско име во Македонија - Кирче Стојоски од Охрид. Овој млад дизајнер е роден во Охрид, дипломирал на факултетот за Арт и дизајн при ЕУРМ, отсек индустриски дизајн и дизајн на ентериери, а веќе се остварува како главен дизајнер во фирма за изведба и проектирање на мебел, оставајќи зад себе учество на повеќе групни изложби за дизајн, а од неодамна и своја прва самостојна
44
3
ПОРТА
24 август 2012
изложба во Охрид, на која се претстави подетално пред пошироката јавност. Со особен авторски печат, неговите дизајнерски примероци се повеќе од употребни предмети во просторот. Тие се скулптури, кои на впечатлив и иновативен начин се стремат да го прегрнат просторот, да го извлечат човекот од вообичаеното секојдневие и да го вовлечат во драмата на современиот ентериер. Во своите идејни зачетоци тој вдахнува една еротска димензија на женското тело, но и разни мотиви и форми од природата во корелација со однесувањето на човековото тело во разни моменти позајмени од секојдневието. Кога идејата преточена во скица, временски ќе созрее и ќе добие своја материјализација во просторот, тогаш
овие скулптурални ентериерни објекти воспоставуваат нераскинлив дијалог со просторот, носејќи одговори на естетските и програмски барања на новиот, современ стил на живеење. Таа испреплетеност на дизајнот со скулптуралните квалитети произлегува од деталните истражувања на формата и експериментот со материјалите. Како крајна фаза на реализација на замислата, материјализацијата ја бара низ уникатни начини на искористување на поконвенционалните материјали достапни на пазарот. Па така, неговите идеи можеме да ги видиме материјализирани во дрвото и плочестите материјали (шперплоча и медијапан), металот (обоен и хромиран) и пластиката, како и полиестерот и плексигласот, односно материјали доволно
дизајн
познати на авторот за остварување на своите реализации. Целиот процес на раст на идејата, од кроки цртеж или скици во конечен производ е комплексен, временски неопределен и дефиниран од мноштво надворешни фактори кои создаваат и одредени технички потешкотии. Во тој контекст, Стојоски се служи со прецизно занаетчиство и достапни индустриски технологии за изработката на прототипови (работни верзии на дизајнерското решение во оригинална форма). Токму прототипот на столицата „Топки“ изнудил шест месеци ангажираност и изработка. Сепак, како што наведува тој, тоа е прототип кој и понатаму би бил подложен на корекции, кога би влегол во масивно производство. „Потребата да дизајнирам најпрво
израснува од мојот поглед, став или чувство на лична експресија и воспоставување на емоционална врска помеѓу предметот и корисникот. Појдовната цел на мојот дизајн е пред сè, да го задоволам ликовното и скулптуралното, да му дадам на предметот поголем простор во себе, добивајќи димензија на скулптура. Менталниот дел од нас е оној што прв седнува на столчето. Функцијата како вредност може да се процени од моментот кога ќе почне предметот да се користи. Мала дисхармонија помеѓу естетиката и функционалноста ја прави приказната повозбудлива. Сметам дека во моите дизајни, функцијата произлегува од формата“, ќе каже за своето творештво Стојоски. Неисцрпна инспирација за неговите
уникатни креативни приоди кон секое парче мебел, полни со симболика, мистериозност, емоционална забавност и шармантност, пронаоѓа во творечките опуси на современите дизајнерски икони, како што се Ross Lovegrove, Fabio Novembre, Karim Rashid и Ron Arad, стремејќи се преку својот посебен авторски потпис да создаде ново чувство за просторот, несекојдневност, посебност и нова перцепција на корисникот, согласно новите потреби на современото битисување, како и ослободеноста од грч во некакви си канони или забрани, и можноста да бидат доживеани и дооформени од самата фантазијата на секој набљудувач. Со огромна љубопитност, нетрпеливо ги исчекуваме идните возбудливи дизајнерски решенија на дизајнерот Кирче Стојоски.
3
24 август 2012 ПОРТА
45
рубрика
Б
www.geze.com
Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk
46
3
ПОРТА
24 август 2012
Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk
рубрика
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
3
24 август 2012 ПОРТА
47
технологии
Олимпијадата видена од вселената
И невозможното станува можно! Нормално, во моментов е актуелен Лондон, како град - домаќин на летната Олимпијада 2012. Интернетот нуди виртуелна тура со помош на „Гугл земја“ и „Гугл мапи“, и тоа директно преку интернет-пребарувачот. Ако Олимпијадата е завршена, погледнете го Олимпискиот парк дури и во зоните каде пристапот беше стриктно ограничен. Видете ги достигнувањата на архитектурата и градежништвото. Трајче Стојанов, дипл.инж.арх.
О
лимпијадите се секогаш мелем за душата, празник за очите, особено за оние што посебно внимание посветуваат на спортот, но и на спортските достигнувања. Едноставно, oлимпијадите не се само мноштво натпреварувања во голем број дисциплини. Тие се временски термин и место за рушење на стари и поставување на нови рекорди. Рекорди, кои настануваат поради човековата немир и желба за напредок и усовршување. Интересно, и самите oлимпијади како настани од
48
3
ПОРТА
24 август 2012
исклучителна важност, учествуваат во едно натпреварување, една сè уште непризнаена дисциплина, во која нивото на организација, потрошените суми, архитектурата на олимписките спортски објекти, огнометот , се категории во кои се натпреваруваат државите организатори. Почнувајќи од кандидатурата и лобирањето, преку подготовките, па сè до организацијата на самиот настан, олимпијадите се исклучителен напор, мирновременски настан кој тешко да може да се спореди со нешто слично. Во таа возбудлива атмосфера, посебно ми е драго што особено внимание се посветува
и на архитектурата и на градежништвото. Дури може да се каже дека благодарение на олимпијадите, овие две дисциплини доживуваат вистински процут. Секако, многу фактори одат во прилог, но два се особено битни: скоро неограничен буџет за олимпискиот парк и желбата да се добијат референтни архитектонски дела. На сите ни е во сеќавање Олимпискиот стадион (уште наречен „Птичје гнездо“) во Пекинг, Кина, дело на архитектите Жак Херцок и Пјер де Меурон, изграден за Олимписките игри во Кина 2008 година. Но олимпијадите генерираат голем број објекти, од сместувачки
технологии
,
капацитети до најразлични спортски објекти наменети за натпреварување во најразлични дисциплини. Згора на тоа, градските „татковци“ секогаш преземаат дополнителни инвестициони зафати кои имаат за цел да го прикажат градот во поубаво светло пред милионите туристи. Едноставно, градот домаќин мора да се види. Но што ако сепак не се може? Тука е телевизијата. Може да начекаме некој кадар. Тука е и Интернетот – содржи безброј сервиси и содржини. И на крај тука е Google Earth (Гугл Земја), сервис во вид на виртуелен глобус кој тежнее да ја прикаже земјата видена од
вселената. Неодамна „Гугл“ овозможи подобар приказ на сателитските снимки за неколку градови (за жал ние сè уште не сме на нивната агенда). Резолуцијата на снимките е навистина добра, но во комбинација со Google Streets (Гугл улици), сервис кој прикажува геореференцирани слики, искуството е одлично. Чувството е скоро како да сме присутни. Иако сервисот „Гугл земја“ доста напредуваше изминативе седум години колку што постои (под капа на „Гугл“), мора да се каже дека многу повеќе се очекува во наредниот период. Веќе постои сериозна конкуренција со
сериозни намери. Во такви услови и невозможното станува можно. Очекувајте повеќе. Дотогаш, погледнете ја www. googlesightseeing.com, веб страница која ви овозможува виртуелен туризам бесплатно. Нормално, во моментов е актуелен Лондон, како град домаќин на летната Олимпијада 2012. Сервисот нуди виртуелна тура со помош на Гугл земја и „Гугл мапи“, и тоа директно преку интернет пребарувачот. Ако Олимпијадата е завршена, погледнете го Олимпискиот парк дури и во зоните каде пристапот беше стриктно ограничен. Следи Олимпијадата видена од вселената!
3
24 август 2012 ПОРТА
49
експерт
СРУШИ ЗА ДА СПАСИШ ЖИВОТ! Веќе неколку години наназад, локалните советодавни тела за пристапност се залагаат за зголемување на носивоста на платформските лифтови наменети за пренесување на лицата што имаат проблеми со подвижноста, или користат инвалидски колички во објектите без патнички лифтови. Исто така, се размислува за зголемување на големината и носивоста на болничките лифтови, зголемување на ширината на вратите во рамките на болниците, како и поширока примена на мини дигалки со поголема носивост за префрлање на пациентите од болничкото легло во количка... д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)
Д
одека вниманието на британската и светската јавност беше фокусирано на Олимписките игри: Лондон 2012, британските служби за противпожарна заштита се обучуваат и вежбаат нови методи за спасување на лица од нивните домови. Доколку мислите дека станува збор за обука и вежбање на техники за спасување од наполно или делумно урнати објекти како резултат на природни или од човека предизвикани катастрофи - грешите. Напротив, станува збор за обука и вежби како во најкус можен начин безбедно да се сруши дел од населен и употреблив станбен објект, а со цел да се спаси „заробениот“ 50
3
ПОРТА
24 август 2012
корисник на објектот кому му е потребна здравствена нега која не може да се пружи во рамките на домот. Дали ќе треба да се сруши дел од фасаден ѕид на приземје или на некој повисок кат на објектот, или пак дел од косиот кров на објектот ќе зависи од проценката на службата за противпожарна заштита. Кој дел од објектот најлесно и најбрзо ќе може да се сруши за да се обезбеди најдобриот можен пристап за извлекување на пациентот од објектот. Вниманието на британската јавност на оваа практика беше привлечено во текот на месец јуни годинава, кога локална служба за противпожарна заштита во Абердеар (Aberdare), во Јужен Велс, била повикана да спаси и да извлече од куќата
во која живее една 19-годишна девојка на која и се слошило, но службата за брза помош не била во состојба да ја изнесе од нејзиниот дом. Проблемот настанал затоа што влезната врата во куќата била претесна за пациентката, тешка, во зависност од изворот, помеѓу 50 стоунс (318 килограми според BBC) и 63 стоунс (400 килограми според Mirror), за да може да биде изнесена низ вратата. На службата за противпожарна заштита, потпомогната од градежни работници, ѝ биле потребни неколку часа за да направат отвор во фасадата на куќата, кој ќе биде соодветно потпрен и доволно широк за да се овозможи извлекување на пациентката од нејзиниот дом и транспорт до болница каде и била
експерт укажана потребната здравствена нега. Горенаведената акција на локалната служба за противпожарна заштита за извлекување на заболено лице од неговиот дом, иако екстремно ретка во моментов, е веројатно само предзнак на она што ја очекува оваа служба во иднина. Според британскиот Форум за прекумерна телесна тежина (The UK Obesity Forum), прекумерната телесна тежина во земјата зема веќе размери на епидемија со над еден милион лица со Индекс на телесна маса (Body Mass Index - тежината на лицето во килограми поделена со висината на лицето во метри на квадрат - кг/м2) помеѓу 40 и 50, што е двапати поголем од оној што се смета за здрав, помеѓу 18,5 и 24,9. Сите лица со Индекс на телесна маса над 30 се сметаат за лица со морбидна прекумерна телесна тежина, а според проценките, еден на секои четири Британци веќе потпаѓа во оваа категорија. Веројатно она што е уште пострашно е дека истовремено е регистрирана категорија на лица со екстремна прекумерна телесна тежина (Super Obese) со Индекс на телесна маса над 50 (на пример, лице со висина од 174 см кое има телесна тежина од 150 килограми), на која се смета дека припаѓаат веќе околу 100 илјади Британци. Според медимумите, 19-годишната девојка од Абердеар имала Индекс на телесна тежина над 142, а се проценува дека самата акција за нејзиното извлекување од куќата, чинело околу 120 илјади евра. Прекумерната телесна тежина кај лицата со Индекс на телесна маса над 30 се поврзува со појавата на над 50 заболувања и, според британскиот Форум за прекумерна телесна тежина, во моментот ја чини Националната здравствена служба (National Health Service - NHS) околу 600 милиони евра годишно. Проценките укажуваат дека доколку се продолжи според сегашните трендови, дури 50% од Британците во 2050 година ќе бидат со прекумерна телесна тежина и директни и индиректни трошоци за националната економија од 60 милијарди евра. Се разбира, ваквите трендови веќе имаат и ќе имаат енормни импликации на целото општество вклучително со оние за изградената средина. Британските архитекти, особено оние што работат во рамките на јавниот сектор или за негови потреби, веќе над две децении се вклучени во процесот на адаптација и приспособување на сите нестанбени објекти за потребите на лицата со посебни потреби и особено за зголемување на пристапноста до и во рамките на објектите. Дали е на повидок нов вид на слична активност за адаптација и
приспособување на објектите за потребите на лицата со прекумерна телесна тежина, а со тоа и подемот на баријатричката архитектура. Доколку во одредени постојни објекти приспособувањето на истите за потребите на пристапност за лицата со посебни потреби беше сложено како резултат на постоечките просторни ограничувања во рамките на истите, како би се реализирала потребата за адаптација и приспособување на постојните објекти за потребите на лицата со прекумерна телесна тежина кога на постоечките просторни ограничувања ќе треба да им се додадат и конструктивните ограничувања во однос на носивоста на постојниот конструктивен систем. Се разбира, во одредени сегменти веќе се покажуваат никулците на визионерско размислување во оваа насока. Така на пример, веќе неколку години наназад локалните советодавни тела за пристапност се залагаат за зголемување на носивоста на платформските лифтови наменети за пренесување на лицата што имаат проблеми со подвижноста, или пак користат инвалидски колички во објектите без патнички лифтови. Така, сè почесто се сугерира носивоста на платформските лифтови да се зголеми од приближно 150 до 250 на 450 килограми. На тој начин, овие лифтови кои се користат за пренесување на само едно лице би биле барем делумно поподготвени, од аспект на носивост, за потребите на пренесување на се потешките и пософистицирани инвалидски
колички, но и за евентуално зголемените телесни тежини на нивните корисници во иднина. Други примери на визионерско размислување би биле зголемување на големината и носивоста на болничките лифтови, зголемување на ширината на вратите во рамките на болниците, зголемување на големината и носивоста не само на болничките кревети туку и на леглата во операционите сали, поширока примена на мини дигалки со поголема носивост за префрлање на пациентите од болничкото легло во количка и слично. Во обидот да одговори на мал сегмент од сегашните но веројатно поголем на идните потреби, при неодамнешата реконструкција на Крематориумот во Дарам (Durham) била инсталирана и една печка која може да ги прими и најшироките ковчези со ширина од 48 инчи (123 сантиметри). Во овој контекст, се спомнуваат и потребите за пошироки гробни места, употреба на моторизирани дигалки и слично. Се разбира, погорните примери се само еден мал дел на можни идни интервенции кои ќе треба да се имплементираат во рамките на изградената средина за да се задоволат потребите на идните, веројатно многу потешки генерации. Додека Службата за противпожарна заштита во Линколншиар ги усовршува техниките на баријатричко спасување еднаш месечно, дали ние во Република Македонија знаеме во колкава мера можеби и ние ќе треба да одговориме на овие предизвици на постиндустриското време?
3
24 август 2012 ПОРТА
51
енергетска ефикасност
Најефикасен и најбрз начин за намалување на сметките за
Напонската оптимизација нов „извор на чиста енергија“ Банките, училиштата, министерствата, медицинските установи и другите институции можат да ги намалат своите сметки за потрошена електрична енергија со воведувањето на таканаречената напонска оптимизација (Voltage Optimisation), со чија опрема секој објект посебно добива оптимален напон од 220 V, независно од тоа колку е висок влезниот мрежен напон кој, пред сè, зависи од оддалеченоста на напојниот трансформатор
Максим Гонев, дипл.ел.инж.
Здружение за одржлив енергетски развој „ДВАПАТИ Е – Енергетска Ефикасност“ info@2xE.org.mk www.2xE.org.mk
В
оведувањето на ИТ опрема во многу институции зема сè поголем замав. Предностите на новите технологии се веќе познати и нашироко образложени. Затоа и доаѓа до нејзина експанзија. Посебно во банките, училиштата, државната администрација,
52
3
ПОРТА
24 август 2012
медицинските, научните и други установи. Карактеристика на овој тип на опрема е тоа што таа има пречки во работата, ако дојде до нејзино загревање. Од друга страна, одамна се знае, според добро познатиот Омов закон, дека загубите во секоја електрична опрема, или подобро речено електричен потрошувач,
вклучувајќи ја тука и ИТ опремата се: P = R x I2 а бидејќи врската меѓу струјата и напонот е: I = U/R тогаш: P = U2/R Тоа значи дека секој електричен потрошувач презема од изворот на електрична енергија (најчесто електродистрибутивната напојна мрежа со вредност од напон 220 V +/ - 10 %),
електрична енергија кај институции со голем број ИТ опрема енергија која зависи од приклучениот напон на квадрат и од сопствениот отпор (омски) на потрошувачот. Бидејќи сопствениот (омски) отпор е непроменлив, тогаш преземената електрична енергија (а тоа значи и висината на месечната сметката за електрична енергија) зависи само од висината на приклучениот напон. Од друга страна, висината на приклучениот напон е законски пропишана големина, и таа досега кај нас изнесуваше 380 V за трофазен, и 380/√3 = 220 V за еднофазен приклучок. Досега, а најчесто и денес, сè уште целокупната ИТ опрема е декларирана со соодветна потрошувачка, за приклучен напон со висина од 220 V. Се разбира дека таа е предвидена да „издржи“ и нормално да работи и на +10% т.е. на 242 V, а некоја дури и повеќе. Но каква е разликата во преземената енергија од таа иста опрема при овие две вредности на приклучен напон, т.е. 220 V и 242 V = 1,1x 220 V? Кога еден ИТ потрошувач (компјутер, печатар, скенер, телевизор, медицинска оптрема и сл.) е приклучен на 220V, неговата потрошувачка изнесува : P220 v = 2202 /R Ако тој ист ИТ потрошувач биде приклучен на 220 + 10% = 242 V = 1,1 x 220 V, тогаш :
P242 v = 2422/R = ( 1,1 x 220 )2/R = = 1,21 x 2202/R = 1,21 x P220v Значи, ако напонот е повисок за 10%, сметките за потрошена ел.енергија ке бидат поголеми за 21% . Од овде произлегува заклучокот дека сметката за потрошена електрична енергија, за една иста опрема ќе биде поголема точно за квадратот на тоа колку проценти е повисок приклучениот напон во однос на декларираниот (во овој случај 220 V). Согледувајќи го сето ова, најпрвин во Јапонија, а сега најмногу во Западна Европа (пред сè во Велика Британија), се развива техника наречена напонска оптимизација (Voltage Optimisation), со чија опрема секој објект посебно добива оптимален напон од 220 V, независно од тоа колку е висок влезниот мрежен напон кој, пред сè, зависи од оддалеченоста на напојниот трансформатор. Зависноста на доведениот напон од оддалеченоста е разбирлива, бидејќи од еден ист трансформатор, дистрибутерот обично ги снабдува и потрошувачите што се на поголема оддалеченост, па од тие причини тој го подигнува излезниот напон на најмалку, со закон дозволените 10%, т.е 242 V, па така блиските потрошувачи
енергетска ефикасност добиваат повисок напон, а со тоа преземаат и поголемо количество електрична енергија (кое всушност и целосно не го користат, туку го претвораат во непотребна топлина која се исфрла во околината со принудно ладење на опремата и просторот). Со напонската оптимизација таа непотребно земена, а потоа исфрлена енергија, останува во самиот трансформатор, односно кај дистрибутерот што може да ја користи за снабдување на нови потрошувачи. И производителот на електрична енергија има интерес од оваа технологија, бидејќи произведената од него енергија, ќе биде рационално искористена, а неговите производствени капацитети растеретени. И на крајот и државата, во својата енергетска политика, со оваа технологија ќе добие нов „извор на чиста енергија“. Од тие причини, таа во западните земји се јавува како иницијатор за воведување на оваа технологија на голема врата, пред сè преку системот на јавно-приватно партнерство. Препораките за “SmartGrid “, ја ставаат оваа технологија како императив за зголемување на електро-енергетската ефикасност. (Авторот е консултант за енергетска ефикасност)
3
24 август 2012 ПОРТА
53
еко инфо техеРаН
компјутерски вирус ги нападна иранските нуклеарки Компјутерите во иранските нуклеарни централи и лаборатории се заразени со вирус. Ова е уочено откако дошло до пад на системот, а од некои компјутери одекнала музика од групата AC/DC. Стручњаците објаснуваат дека за нападот е употребен хакерскиот алат Metasploit. Иран и претходно бил мета на хакерски напади на нуклеарните централи, при што се предизвикани грешки во брзините на ротација.
(energetika-net)
ваШиНГтоН
16 држави против Co2 данок за авиокомпаниите
САД, Австралија, Чиле, Бразил, Колумбија, Канада, Кина, Индија, Јапонија, Норвешка, Русија, Саудиска Арабија, Сингапур, Јужна Кореа и ОАЕ се изјаснија на состанокот во Вашингтон против данокот што треба да го плаќаат авиокомпаниите за испуштање на јаглеродниот диоксид, плашејќи се дека тие пари нема да завршат во фонд за заштита на животната средина, туку за решавање на европската должничка криза. Данокот е веќе воведен во ЕУ, но компаниите ќе почнат да го плаќаат од 2013 година, откако ќе ги пресметаат своите емисии за 2012 година. (Energyobserver)
ваШиНГтоН
сад конечно ги чистат отровите во виетнам
Неколку децении по завршувањето на војната во Виетнам, започнува акцијата за отстранување на залихите од опасното хемиско оружје кое било распрскувано низ шумските пространства, со цел уништување на храната и засолништата на герилците. Само во базата DaNang со децении биле складирани 80 милиони литри отровни агенси кои содржат диоксин. Луѓето што живеат во близина на оваа база со години заболуваат од тешки болести, меѓу кои најзастапени се различни видови карцином. (HRT)
54
3
ПОРТА
подготви: Даниела МлаДеновска 24 август 2012
еко инфо ваРШава
антинуклеарни протести во полска
Околу 200 активисти демонстрираа во Lubiatow, на брегот на Балтичкото Море, против плановите за изградба на првата полска нуклеарна централа. Lubiatow е една од трите потенцијални локации, а конечната одлука за локацијата ќе биде донесена во 2013 година. Централата е инвестиција на полската енергетска компанија PGE, и ќе има моќност од 6000MW. Според анкетите, 53 проценти од граѓаните на Полска се против изградбата на оваа централа. (Warsaw Business Journal)
виеНтиаН
продолжува изградбата на браната на Меконг
И покрај предупредувањата до Владата на Лаос, изградбата на хидроцентралата Xayaburi на реката Меконг и понатаму продолжува под строго обезбедување од вооружени чувари. Централата со моќност од 1260 MW е наменета за извоз на електрична енергија во Тајланд, кој го финансира проектот и ќе има право 30 години да управува со централата. Но, стручњаците за заштита на животната средина укажуваат на сериозно негативно влијание на овој проект во долниот тек на Меконг. На притисоците за прекин на работите се приклучи и американскиот државен секретар Клинтон. (UPI)
софија
Мегапроект за енергетски ефикасни згради
Бугарската Влада потпиша договори за доделување на средства за подобрување на енергетските карактеристики на зградите. За таа намена се доделени вкупно 47 милиони евра за реконструкција на 243 згради како единствен излез на намалување на трошоците за енергија. Заштедата на енергија од 30 отсто преку реализација на оваа програма е еднаква на енергијата произведена од еден нуклеарен реактор. (новините)
3
24 август 2012 ПОРТА
55
екологија
Отпадот во Македонија
До кога вака?
Иако создаваме далеку помали количини на отпад по жител годишно, сè уште се соочуваме со огромни количества на отпад кои лежат расфрлани по 54 диви депонии ширум земјава. Тоа што недостасува е поставување на соодветен систем за преработка, селектирање, и/или Никола Нешкоски, дипл.инж.на жив.средина/ искористување на комуналниот отпад во земјава. еко-менаџер
С
ликите од тетовската јавна депонија, речиси во центарот на градот, уште еднаш го отвораат прашањето, до кога вака? Тетовци се гушат во канцерогени чадови, а никој не презема ништо работите да се решат. А така е со години. Но Тетово е драстичен пример. Ситуацијата не е подобра и на други места во државава. Македонија според создадениот отпад во килограми по жител на годишно ниво
56
3
ПОРТА
24 август 2012
претставува една од земјите со најмал придонес во поглед на загадување на животната средина преку неговото создавање. Последниве години, ситуацијата со Македонија се нема сменето поради константниот индустриски и технолошки развој. Количината на создаден отпад во килограми по жител на годишно ниво варира за околу 1 до 2 процента. Овој податок од една страна претставува охрабрување за Македонија, но од друга страна се поставува прашањето: зошто
и поради ниската количина на создаден отпад тој претставува огромен проблем? Одговорот е едноставен, поради немањето соодветни системи за управување со него. Во Македонија често се спомнува Дрисла, единствената депонија која ,,работи и ги задоволува европски регулативи и прописи“, а освен со бришан (празен) простор со друго нешто (соодветни постројки) не располага. Барем не исправни постројки или пак такви кои ги задоволуваат основните технички барања.
екологија КОМУНАЛЕН ОТПАД ВО ЕВРОПА kg/жител/ годишно Македонија
Депонира 351
100
Пали
Рециклира /
/
Компостира /
Бугарија
450
100
/
/
/
Германија
564
0
34
48
14
Франција
536
32
34
18
16
Грција
474
82
/
17
2
Чешка
274
83
12
2
2
Данска
833
4
48
34
14
Романија
308
99
/
1
/
Словенија
495
62
1
34
2
Шведска
480
1
49
36
14
Швајцарија
706
/
49
34
17
Податоците се преземени од ЕУРОСТАТ (2010 година)
За разлика од Македонија, во Европа создавањето на отпад е во далеку поголеми количини. На пример: доколку ги анализираме податоците што ги имаме за Македонија, и нашиот главен град Скопје, споредени со податоците за развиените земји во Европа и нивните главни (големи) градови, можеме да забележиме неколку работи. Македонија годишно создава околу 350 килограми отпад по жител. Скопје е над овој просек, но точни податоци не постојат во моментов. Земјите од Европската Унија создаваат во просек над 550 килограми отпад по жител годишно (некои земји и над 800 kg/жител/ год. - Данска). Споредбено со Македонија, Европа генерира за 35% повеќе отпад по жител годишно, отколку Македонија. Но, од друга страна, Европа го рециклира својот отпад над 30% во просек, а слична количина и ја пали со цел генерирање на топлинска и/или електрична енергија. Кај нас 100% од отпадот се депонира, а од него големи количини се палат на отворен простор, со што се испуштаат диоксини и фурани, едни од најштетните загадувачи за здравјето на луѓето и сите други живи организми. Иако создаваме далеку помали количини на отпад по жител годишно, сè уште се соочуваме со огромни количества на отпад кои лежат расфрлани по 54 диви депонии ширум земјава. Тоа што недостасува е поставување на соодветен систем за преработка, селектирање, и/или искористување на комуналниот отпад во земјава. Составот на нашиот комунален отпад може да посочи една опција – негово искористување со цел генерирање топлинска и/или електрична енергија. Засега согорувањето на нашиот комунален отпад со цел добивање на енергија, претставува најповолната опција за Македонија. Далеку подобра опција од сегашната. Единственото прашање е - кога?
3
24 август 2012 ПОРТА
57
екологија
Итни мерки за намалување на штетните емисии
За половина век, половина свет ќе дише загаден воздух
Земајќи ги предвид сите загадувачки материи, источна Кина, северна Индија, Блискиот Исток и Северна Африка во иднина ќе имаат најлош квалитет на воздухот. Во тие региони ова е резултат на комбинација од природна пустинска прашина и озон создаден како резултат на човековите активности. Сашо Кузмановски
А
ко емисиите на штетни гасови, предизвикани од човековите активности, сериозно не се намалат во наредниве неколку години, поголемиот дел од светската популација до 2050 година ќе дише загаден воздух, покажува најновата студија на научниците од Интернационалниот центар за теоретска физика „Абдус Салам“ во Италија. Оваа сеопфатна студија посочува 58
3
ПОРТА
24 август 2012
дека човештвото не смее да запре со мерките за намалување на штетните емисии, кои во годините што следуваат драстично ќе го влошат квалитетот на воздухот што ги дишеме, а со тоа и нашето здравје. Според податоците на Светската здравствена организација, денес загадувањето на воздухот во градовите е причина за околу 1,3 милиони смртни случаи годишно ширум светот. „Засега, климатските преговори по истекот на Протоколот од Кјото
напредуваат бавно и е нејасно како ќе се развиваат политиките за квалитетот на воздухот во светот. Во регионите со економски раст може да имаме помал успех во воведувањето мерки за намалување на штетните емисии заради силниот развој во одредени сектори, а во земјите што страдаат од кризата употребата на скапи мерки за обезбедување на потребниот квалитет на воздухот може да се покаже како тешка задача. Со нашето истражување покажавме дека се потребни дополнителни
екологија закони за контрола и намалување на штетните емисии од човековите активности, особено во источните делови на Кина и во северна Индија, за да се избегнат жешките точки со големо загадување на воздухот. Ако се земе предвид фактот што овие региони се густо населени, континуираното загадување на воздухот ќе придонесе квалитетот на живот драстично да се влоши до 2050 година“, го пренесува списанието „ScienceDaily“ коментарот на научниците. Загаденоста на воздухот, исто така, ќе се влоши и во Европа и во Северна Америка, но значително помалку споредено со Азија. Причина за ова, наведуваат истражувачите, се преземените мерки за контрола и намалување на загадувањето што се на сила веќе две децении. Научниците од Центарот ја направиле проценката на квалитетот на воздухот во 2025 и 2050 година преку употреба на
атмосферски хемиски модел. „Моделот користи основни математички формулации за да ја предвиди метеорологијата и хемискиот состав на атмосферата. Во практика, станува збор за софтвер кој го предвидува статусот на атмосферата во одредено време“, објаснуваат научниците. Како што пренесува „ScienceDaily“, резултатите од истражувањето покажуваат дека во 2025 и во 2050 година под сегашните околности, Источна Азија ќе биде изложена на високи нивоа на загадувачки материи, како што се азотдиоксид, сулфурдиоксид и ситни честички (ПМ2,5). Северна Индија и Арабискиот Полуостров ќе страдаат од значително повисоки нивоа на озон. Оваа анализа е прва досега која ги вклучува сите пет главни загадувачки материи за кои е познато дека негативно влијаат врз човековото здравје: ПМ2,5,
азотдиоксид, сулфурдиоксид, озон и јаглеродмоноксид. Истражувачите ги зеле предвид загадувачките материи што се испуштаат во воздухот како резултат на човековите активности, како и оние што се сретнуваат како резултат на природните процеси - пустинската прашина, морските капки и вулканските емисии. Земајќи ги предвид сите загадувачки материи, источна Кина, северна Индија, Блискиот Исток и Северна Африка во иднина ќе имаат најлош квалитет на воздухот. Во тие региони ова е резултат на комбинација од природна пустинска прашина и озон создаден како резултат на човековите активности. Ефектот на човековото загадување се предвидува да биде најштетен во Источна и Јужна Азија каде аерозагадувањето тројно ќе се зголеми во споредба со сегашното ниво, според анализата на Интернационалниот центар за теоретска физика „Абдус Салам“.
3
24 август 2012 ПОРТА
59
хортикултура
Floral Carpet of Brussels 2012
Цветна магија од 600.000 бегонии Секоја втора година, на Големиот плоштад во центарот на Брисел, традиционално се одржува манифестацијата Floral Carpet of Bruselles посветена на цвеќето. Инспирацијата за овогодишната креација беше земена од ткаенините од Африка, поточно од Етиопија, Конго, Нигерија, Боцвана и Камерун. Филип Филипоски, дипл.шум.инж.
Н
а 14. овој месец во Брисел, Белгија, официјално беше отворена овогодишната Floral Carpet of Bruselles изложба на цветен килим, а од 15. беше отворена за сите посетители, со времетраење од пет дена. Цветниот килим се поставува на средина од Големиот плоштад, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО. Секоја втора година, на Големиот плоштад во центарот на Брисел, традиционално се одржува манифестацијата Floral Carpet of Bruselles посветена на цвеќето. Инспирацијата за овогодишната креација беше земена од ткаенините од Африка, поточно од Етиопија, Конго, Нигерија, Боцвана и Камерун.
60
3
ПОРТА
24 август 2012
Цветен килим од околу 600.000 бегонии, произведени и одгледани во Белгија, беа искористени за создавањето на овогодишното ремек-дело во центарот на Брисел. Со 60 милиони произведени единки од бегонија, Белгија е најголем
производител на овој вид во светот. Убавината и разновидноста на сите килими кои биле изложени низ годините на оваа манифестација е пред сè поради специфичните особини кои ги има бегонијата. Избрани поради својот
екологија
буен цвет, отпорност кон лоши временски услови, бегонијата гарантира долг живот и свежина на килимот. Освен тоа, тие нудат и широка палета на бои потребни за создавање на една ваква прекрасна креација. Цветовите се густо распоредени за да не бидат однесени од ветер. Просторот помеѓу цветните фазони е пополнет со мулч и бусени од трева кои се полеваат во услови на многу високи температури. Оваа година повеќе од 100.000 посетители ја посетија оваа атракција. Како најдобра позиција за набљудување на ова ремек-дело се наоѓа на балконот од градската куќа, но за да го доживеете тој момент ќе треба да издвоите 5 евра. Според заменик-градоначалникот на Брисел задолжен за туризмот во градот, Филип Клож, најпродавани се разгледниците
од Големиот плоштад со цветниот килим. Тој често пати, преку целата година бил прашуван од страна на неинформираните туристи каде всушност се наоѓа цветниот килим. Официјално, првиот цветен килим во својата денешна форма е изложен во 1971 година на Големиот плоштад од пејзажниот архитект Стаутеманс. Тој дипломирал на колеџот за хортикултура во Гент, а неговиот визионерски поглед кон хортикултурата го прикажувал преку експрименти, создавајќи цветни килими со помали димензии, претежно од бегонии, чиј голем љубител бил и самиот. Сите авантуристи кои ја пропуштија овогодишната изложба на цветниот килим, а имаат желба да го сторат во иднина, имаат доволно време да се подготват до следното изложување кое ќе се одржи во 2014 година.
3
24 август 2012 ПОРТА
61
совети пред
Живеење во поткровје Купивме куќа во која ќе живееме нашето и семејството на брат ми. Сакаме поткровјето да го адаптираме во стан за нас и нашите две деца. Потребен ни е вашиот совет за организирање и уредување на овој простор. Семејство Павловски, Скопје
Б
ез оглед на потенцијалните ограничувања, уредувањето на поткровје претставува креативен предизвик. Станот може да има неконвенционално обликување на просторот и посебна естетска концепција. Просторот треба да изгледа современо и природно со добра комуникација и квалитетни визуелни доживувања. Долгото недоволно осветлено поткровје треба да се организира во стан, така што десно од скалите ќе се одвои мирниот дел од станот со спална соба за вас, соба за вашите две деца и бања, а лево се кујната, бањата, трпезаријата и дневната соба. Пристигнувајќи на поткровјето со двокраките скали влегувате во претпросторот, од кој преку застаклената тераса се отвораат визури кон надворешноста и се внесува природно осветлување за влезот, трпезаријата и дневната соба. Терасата воедно му дава длабочина на просторот и не дозволува да се чувствувате како во вагон. Дневната соба добива главно природно осветлување, поглед
62
3
ПОРТА
24 август 2012
и чувство на пространост преку големиот триаголен прозорец на калканскиот ѕид. Со лесни преградни ѕидови се одвојуваат кујната и тоалетот. Идејата за модерен, чист простор кој е основа за потенцирање на деталите се гледа во употребата на белата боја за дрвените греди, столбовите, преградните ѕидови и светлата боја на ламинатот. Мебелот може да биде едноставен и минималистички. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,
дипл.инж.арх.,
bsavic@porta3.com.mk потоа
најчудни градби
Облакодер со брановидни тераси
Драган Ристов
„А
ква“ е 86-катен облакодер на источното крајбрежје во Чикаго. Дизајниран е од страна на тим, кој го предводела архитектката Жан Ганг од истоименото архитектонско студио, и се смета за највисок облакодер во светот изграден под водство на жена архитект. Објектот е висок 262 метри. Има подземен паркинг и 24 лифтови. Над основата на објектот, кој има 184.000 м² површина, има уште 84 ката со површина од 7.669 м². Секој кат има тераса, градина, базени, пешачки патеки и слично, што го прави токму неговиот дизајн уникатен и неверојатен.
Во 2009 година објектот ја добил наградата за најубава конструкција, а во 2010 година е меѓу најуспешните облакодери, кои се дизајнирани согласно одлуката на меѓународното жири „Хајрајз“. За некое чудо, ова е прв облакодер или проект од ваков тип за самата архитектка. Она што го прави облакодерот посебен, се брановидните тераси или завршетоците на секој од катовите. Иако изгледа дека се совпаѓаат, брановидните форми сепак се разликуваат, со што се добива впечаток дека зградата е еден вид на мало движење на бран. Секоја тераса е со брановиден простор од 3,7 метри. Инспирацијата за дизајнот е токму во големото езеро Мичиген, каде се наоѓа најважниот бизнис дистрикт на Чикаго. Објектот располага
со 5.100 м² површина канцелариски простор, 334 хотелски соби, 718 станбени единици, од кои 264 се канцеларии и 474 станови во приватна сопственост. „Аква“ е првиот облакодер во овој дел на Чикаго, кој комбинира станови за изнајмување, хотел и резиденцијални приватни единици. Оваa кула започнала да се гради во 2006 година, а била завршен во 2010 година. Вкупната вредност на облакодерот е 475 милиони долари. Облакодерот има сопствен обновлив систем на енергија, нејзина заштеда и систем за собирање на атмосферската вода. Освен ова, на кровот е лоцирана најголемата градина која е изградена на објект во Чикаго, инаку познат по мноштвото облакодери во светот.
3
24 август 2012 ПОРТА
63
излог
1 2
5
64
3
ПОРТА
24 август 2012
излог 1. Ламба инспирирана од шапка, од јапонскиот дизајнер Hiroomi Tahara. Материјалот е текстил во комбинација со метал. 2. Lisa Jo Fan Chang ja дизајнирала оваа клупска маса која има ефект на „текстил“ како резултат на играта на фурнирите од дрво-јавор. 3. Маса со мов која создава струја за мали уреди преку процесот на фотосинтеза. Овој експеримент е прикажан од група архитекти, од унивезитетот Кембриџ. 4. Екстравагантна тридимензионална светилка од Philippe Nigro за Foscarini. 5. Ѕиден часовник од Hose M.Reina за шпанската компанија Nomon. Изработен е од хромиран челик и американски орев. подготви: Сандра ДОНЧЕВА Теохарова, дипл.инж.арх.
3
4
3
24 август 2012 ПОРТА
65
јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 92/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА “СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА – ОТКУПЕН ЦЕНТАР ЗА ОТКУП, ПРИМАРНА И ФИНАЛНА ОБРАБОТКА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ“ КО КОЧАНИ, ОПЧТИНА КОЧАНИ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ЈАВЕН ПАРКИНГ СО ПРАТЕЧКИ ОБЈЕКТИ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р-110 УДОВОРАБРОВО, НА КП 953/1 И КП 957/1, КО ЈОСИФОВО, ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 34/2012 Назив на договорниот орган: Управа за заштита на културното наслество, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување работи на Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник Охрид (објекти “А“ “Б“ “В“) карабина. Контакт тел/факс: 3289-759, 3289-777, лице за контакт: Саша Крстевски. Јавно отворање на понудите на ден 03.09.2012 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 93/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ М1, КО ВИНИЧАНИ, ОПШТИНА ГРАДСКО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИ НА КОМИТЕТОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА КАРПОШ ОБЈАВА БРОЈ 04/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 95/2012 ЗАКОН ЗА КОМУНАЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ
66
3
ПОРТА
24 август 2012
ЗАКОН ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА
ОПШТИНА ШТИП ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ШТИП ОПШТИНА ПРИЛЕП ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОБЈАВА 6 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ОПШТИНА ПРОБИШТИП ОБЈАВА БРОЈ 8 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 96/2012 МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОБЈАВА БР. 04/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 97/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС ВИНАРИЈА КО БЕЛИ, ОПШТИНА КОЧАНИ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА МАЛА ХИДРОЕЛЕКТРАНА СО РЕФ.БР.179 “КРИВА РЕКА“, КО КОСТУР, ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС (ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА Г2), КО ВАЛАНДОВО, ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА
НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА “ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА Г3 И Г4“ КО РАШТАНИ, ОПШТИНА БИТОЛА
ОПШТИНА КАРПОШ ОБЈАВА БРОЈ 05/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЖЕЛИНО ОПШТИНА ЖЕЛИНО ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ ЗА 2012 ГОДИНА
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
КОНКУРС
ОБЈАВА БРОЈ 9 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 100/2012
БРОЈ: 134/2012 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинден“ 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на фасади на постојни објекти во централно градско подрачје на Град Скопје на ул. “Никола Вапцаров“ и ул. “Димитрие Чуповски“. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Ирена Стоименова. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 01.10.2012 година.
ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 135/2012 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинден“ 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на фасади на постојни објекти во централно градско подрачје на Град Скопје на ул. “Македонија“ и ул. “Димитрие Чуповски“. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Ирена Стоименова. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 01.10.2012 година.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 98/2012 ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 136/2012 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинден“ 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на фасади на постојни објекти во централно градско подрачје на Град Скопје на ул. “Македонија“. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Ирена Стоименова. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 01.10.2012 година.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 99/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА
ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОБЈАВА БРОЈ 75 (18.07.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ОБЈАВА БРОЈ 76 (26.7.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОБЈАВА БРОЈ 72 (10.7.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА ВО ОПШТИНА ДЕБАР ОБЈАВА БРОЈ 73 (11.7.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС, ОБЈЕКТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ И СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА, ВО ОПШТИНА КРАТОВО ОБЈАВА БРОЈ 74 (17.7.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИДНУСТРИЈА – ВИНАРИИ ВО ОПШТИНА РОСОМАН ОБЈАВА БРОЈ 70 (4.7.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА ВО ОПШТИНА ЗРНОВЦИ