ДИГИТАЛНО АРХИТЕКТОНСКИ ХИБРИД
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРЕН БАГЕР
90 денари / БРОЈ 194 / ПЕТОК 02.11.2012 година VIII
И ПО ВОРХОЛ ВОРХОЛ
рубрика
ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 2 ПОРТА 2 ноември 2012
3
ГОДИНА VIII
БРОЈ 194 ПЕТОК 02.11.2012 ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, популарно наречен „Мет“ моментално е домаќин на голема ретроспективна изложба посветена на Енди Ворхол. Гала претстава за наследството на таткото на поп културата во њујоршкиот музеј Метрополитен. Изложбата се состои од 45 дела на Ворхол „соочени“ со стотина дела на шеесет други уметници, кои реинтерпретираат, кореспондираат или реагираат на неговото иновативно творештво. Овогодишните официјални информации на британското Министерство за околина, исхрана и рурални прашања, укажуваат дека само во Англија 5,2 милиони недвижни имоти се изложени на ризик од поплави, и тоа 1,4 милиони од поплави предизвикани од реките и морето, 2,8 милиони од поплави предизвикани од атмосферска вода, а еден милион се изложени на ризик од поплави по двете основи. Главното прашање е кој ќе го преземе ризикот од идните поплави во Британија?
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: KУЛА„UNIQUA“ , ВИЕНА, АВСТРИЈА ДИГИТАЛНО АРХИТЕКТОНСКИ ХИБРИД
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРЕН БАГЕР И ПО ВОРХОЛ ВОРХОЛ
90 денари / БРОЈ 194 / ПЕТОК 02.11.2012 година VIII
Во дворното место на Шумарскиот факултет и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје веќе 65 години постои најразновидниот дендропарк на Балканскиот Полуостров. Уште од неговите почетоци, со основањето на еден од првите факултети во нашата земја во 1947 година, Земјоделско-шумарскиот факултет, овој парк на дрвенести растенија засадени од целиот свет, полека го добивал своето место во науката и во образовниот процес. Медиумската архитектура е хибрид кој го комбинира дигиталниот простор од една страна, и архитектурата и урбаниот простор од друга. Врската помеѓу физичкиот и дигиталниот свет станува достапна не само за поединци, туку и за цели урбани популации. Со најновите технички достигнувања и динамичните елементи во таа смисла, ја оформуваат архитектурата на начин кој не е само носител на новата медиумска технологија, туку и самата станува медиум. Музејот Метрополитен или
Редакција:
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ
Архитект: ХАЈНЦ ЊУМАН
лектор: Костадинка СОЛЕВА
ОД РЕДАКЦИЈАТА
ГРАДЕЖНИШТВО 10
22
ПРОЕКТИРАЊЕ НА РЕХАБИЛИТАЦИИ НА ВОНГРАДСКИТЕ ПАТИШТА
ИНТЕРВЈУ 14
ЃОРГИ ГОШЕВ: ЗА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА Е НЕОПХОДЕН НАДЗОР
ХИБРИДНО ГРАДЕЖНИШТВО 16
16 44
АРХИТЕКТУРА 22
МОЈА ШВАЈЦАРИЈА. МОЈ ГРАД. МОЈА АРХИТЕКТУРА
Маркетинг:
ДИГИТАЛНО АРХИТЕКТОНСКИ ХИБРИД
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ЕКОЛОГИЈА 44
48
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
ДЕНДРОПАРК - СВЕТСКА ГРАДСКА ШУМА
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 54
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
МИКЕЛАНЏЕЛО - ГЕНИЈ И ПРЕСТАПНИК
СВЕТСКИ ИЗЛОЖБИ 56 И ПО ВОРХОЛ - ВОРХОЛ
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати:
МЕДИУМСКААРХИТЕКТУРА 24
ХОРТИКУЛТУРА 48
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРЕН БАГЕР
СОКОЛИ, ВОЛЦИ И ДИВИ СВИЊИ СЕ СЕЛАТ ВО УРБАНИТЕ СРЕДИНИ
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
54
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
4
3
ПОРТА
2 ноември 2012
инфо
Дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори за компанијата „Нула отпад“ омпанијата „Нула отпад“ доби дозвола за колективен постапувач со отпадни батерии и акумулатори. Дозволата на управителот на „Нула отпад“, Марјанчо Дамески, му ја доделија министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и амбасадорот на Кралството Шведска Ларс Валунд. Дамески смета дека со добиената дозвола неговата компанија ќе придонесе за исполнување на законските обврски, но и оти ќе овозможат во Македонија да заживее системот за рационално и одржливо користење на отпадот, како и спречување на негативното влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Министерот Адеми смета дека компанијата со својата работа ќе влијае на подигање на јавната свест за штетноста на супстанциите, што се користат во батериите и акумулаторите, врз животната средина и здравјето на луѓето, како и за потребата овој вид отпад да се собира одделно од комуналниот отпад, но и да се овозможи негова преработка и рециклирање. Амбасадорот Валунд, на чија иницијатива се реализираше и проектот за собирање стари батерии во поголемите маркети, на доделувањето истакна дека ќе продолжат со поддршката, бидејќи менаџирањето со отпадот е еден од нивните приоритети. Тој нагласи дека е потребно да се воспостави навика кај македонскиот народ за селекција на отпадот и
K
оти резултатите од спроведените проекти веќе се гледаат. Дозволата е во согласност со Законот за управување со батерии и акумулатори и отпад од батерии и акумулатори со кој се уредуваат барањата за заштита на животната средина што мора да се исполнат при производство на батериите и акумулаторите, нивното пуштање на пазар, обврските и одговорностите на производителите што учествуваат во тие процеси.. n
Меѓународен саеМ за ладилна техника, клиМатизација и топлински пуМпи во нирнберг - герМанија
Машинскиот факултет со свој штанд о текот на октомври во Нирнберг Германија се одржа меѓународниот саем за ладилна техника, климатизација и топлински пумпи CHILLVENTA2012. Машинскиот факултет од Скопје учествуваше на овој саем со свој штанд на кој беа презентирани компјутерски програми од соодветната област. Ова е десето учество на саемот. Инаку, Машинскиот факултет редовно учествува на овој саем почнувајќи од 1994 година (саемот во Нирнберг се одржува на секои две години) и има забележителен настап. Како учесник факултетот е претставен во саемскиот каталог и веб страницата www.chillventa.de. Компјутерските програми се наменети за едукација, инженерска практика, истражување и имаат универзална примена. Тие се плод на
В
долгогодишна творечка работа. Од 1980 година, кога беа направени првите верзии, па до денес континиурано се работи на нивното усовршување.
Како и на минатите настапи, македонскиот штанд беше масовно посетен, и беа поделени голем број печатени информации. Покрај тоа, на инсталираните компјутери на штандот беа направени голем број демонстрации на многу заинтересирани посетители кои на самото место имаа можност да го видат функционирањето на програмите. На минатите учества имаше високи оценки за прикажаниот софтвер: оригиналнст, високо стручно ниво, едноставност при користењето и сл. Голем успех за факултетот претставува фактот што повеќе фирми од Западна Европа и од останатиот свет ги користат неговите компјутерски програми, меѓу кои се: "Airbus Deutschland", "Invensys-Eliwell", "Goedhart", "ABB Daimler-Benz Transportation", "PolyScience" и др. n 2 ноември 2012 ПОРТА
3
5
инфо
записи
Б
www.geze.com
6
3
ПОРТА
2 ноември 2012
ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ ГРУПИ ПРОДОЛЖУВА
Децата без родители ќе живеат заедно со останатите граѓани о периодот од јули 2011 година до јули 2012 година, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Републиката Македонија изградило 18 станбени објекти, од кои 15 се наменети за потребите на пазарот на недвижности, а три згради се наменети за згрижување на социјално ранливите групи, односно изградени се вкупно 330 комерцијални и 220 социјални станови. Цветко Грозданов, директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, најави дека и во периодот што следува ќе продолжат со градење на објекти со социјални станови, што според негова проценка до 2015 година би требало да биде обезбедено живеалиште за 186 деца без родители. - Во секоја зграда ќе има обезбедено станови за децата без родители и за социјално ранливи семејства. Застапеноста ќе биде десет проценти од секоја изградена комерцијална зграда. Овие деца и семејства треба да се мешаат со останатите граѓани, а не да бидат сите сместени во една зграда и да бидат одбележани како социјални групи. На овој начин тие и полесно ќе се социјализираат и адаптираат - вели Грозданов. Становите, додава тој, ќе бидат со површина од 35 до 45 метри квадратни, а ќе бидат и целосно опремени, па граѓаните од оваа категорија веднаш ќе можат да се вселат. Што се однесува до изградбата и започнатите активности на катните гаражи, Грозданов вели дека две од овие инфраструктурни објекти веќе се градат. Катната гаража во близина на седиштето на
инфо
Кате АнтевсКА
В
Македонски пошти и на МЕПСО се реализира со предвидената динамика, а изградбата на таа што е лоцирана спроти „Соравија“ малку доцни поради оправдани причини. Како што рече, отпочната е и реализацијата на третата катна гаража спроти Стариот театар, во која е предвидено да се инвестираат околу четири милиони евра. n
региони
ШТИП
СТАДИОНОТ СЕ СЕЛИ НА СУИТЛАК – Драган Ристов
Можен изглед на новиот станбено деловен центар
о Штип се одржа стручна расправа по нацрт-планот за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план за дел од УЕ 29/опфат 6,2 ha/ општина Штип. Конкретно, станува збор за локација каде во моментов е лоциран градскиот стадион. Во општина Штип веќе се доставени проекти за тоа како би изгледал овој простор од страна на заинтересирани понудувачи, но сè до завршување на законската процедура, таквите планови остануваат само идеи. Постојат интересенти кои во разговор со градоначалникот понудија дури и неколку утврдени решенија за изгледот на новиот деловно-трговски центар, и тие се навистина предизвикувачки, но за да бидат реализирани практично, потребно е време за завршување на процедурата. Сепак, до Нова година постојат релани шанаси тоа да се случи. По стручната расправа, урбанистите ќе започнат со изготвување на Детален урбанистички план,
В
8
ПОРТА
3
2 ноември 2012
По стручната расправа, урбанистите ќе започнат со изготвување на Детален урбанистички план во кој јасно ќе се предвиди колку станбени згради и други објекти ќе можат да се изградат на површина од околу 30.000 м2
региони
НА НЕГОВО МЕСТО ЗГРАДИ!
Локација на сегашниот стадион
Локација на новиот стадион
Локација за градба
во кој јасно ќе се предвиди колку станбени згради и други објекти ќе можат да се изградат на површина од околу 30.000 м2. Оваа локација предизвика и полемика во Штип, со оглед на тоа што за одредени структури нема потреба од дислокација на стадионот, туку само негово докомплетирање. Се вмеша и политиката, при што се пласираат различни гледишта за преселбата на градскиот стадион. Како што е познато, локалната самоуправа веќе го усвои проектот за конструкција на Спортско-рекреативниот центар „Суитлак“, во кој еден од поголемите проекти е и новиот градски стадион. Според планот, новиот стадион ќе има капацитет за 8.000 гледачи. Површината на парцелата е 24.672 м², а површината за градба е 18.382 м². Покрај овие неколку главни компоненти, СРЦ „Суитлак“ ќе има и друго игралиште за фудбал со трибина за 3.000 гледачи и со површина за градба од 50.663 м² и дозволена висина од 12,5 метри. Оваа парцела ќе има и 150 паркинг места. Според урбанистите во ЈП „Штип проект“, изградбата на стадионот ќе чини помалку пари, бидејќи ќе се избегне класичната градба на трибини со седишта од цемент. Имено, во случајот со новиот стадион на Суитлак, ќе се искористи ридското земјиште на кое скалесто ќе бидат конструирани трибини, со минимален ископ, ќе се постигне пониска цена и поголема брзина во конструкцијата. Од друга страна, и тревата на стадионот и столчињата ќе можат да се пренесеат и повторно да се искористат. Најважно од сè е што покрај главниот стадион, ќе има можност за помошно игралиште бидејќи на сегашниот стадион такво нешто не постои, а новите правила на ФИФА наложуваат постоење на такво игралиште. Ако се земе предвид и постоечкиот фудбалски терен, кој е изграден на оваа локација преку Агенцијата за млади и спорт, оваа зона ќе има два помошни терена за тренинг и на фудбалери но и на помлади екипи. Планот за новиот трговско-деловен центар кај Дујле предвидува неколку згради, со можност и за трговски објекти. Во зависност од планот, по завршување на законската постапка ќе се знае и колку згради можат да се градат и колку станбени единици се во прашање. Овој дел на градот, според општината, има можност комплетно да се урбанизира, бидејќи освен деловнотрговскиот центар, во план е комплетна реконструкција на крстосницата со нов кружен тек. n 2 ноември 2012 ПОРТА
3
9
градежништво
СПРЕчУВАњЕ НА ВЛОШУВАњЕТО НА БЕЗБЕДНОСТА И ПОТПОЛНОТО УНИШТУВАњЕ НА ПАТНАТА мРЕЖА
Проектирање на рехабилитации на вонградските патишта проф. орхан АвДовиќ, Асист. м-р слободан огњеновиќ
ехабилитацијата на вонградските патишта е основна градежна активност која сè реализира на нашата патна мрежа, а исто така и во наредните години таа ќе биде доминантна земајќи ја предвид состојбата на патиштата, пред сè нивната безбедност, како и расположливите финансиски ресурси. Со оглед на состојбата на патиштата од патната мрежа кај нас, неопходни се итни мерки на рехабилитација за обезбедување на колку-толку прифатлива состојба за да не дојде до значајно влошување на безбедноста и потполно уништување на постоечката патна мрежа.
Р
Неопходно е донесување на соодветна техничка регулатива за оваа специфична област од патното инженерство, пред сè водејќи сметка за обемноста на овие активности и исклучително големите финансиски средства кои во наредниот период треба да се обезбедат. Само на тој начин квалитетот на патната мрежа во Македонија ќе се подигне на повисоко функционално ниво, прифатливо за корисниците.
1. Методологија за проектирање на рехабилитациите Рехабилитацијата на патиштата припаѓа на категоријата на градежно одржување (сл. 1) и значајно се разликува (по обемот, средствата и постапките) од реконструкцијата или новоградбата. Активностите на рехабилитацијата на патиштата (функционална или градежна) се однесуваат на оние патни правци или делници на кои не постои недостаток на капацитетот, така што активностите на промена на геометриските елементи на патот се сведени на минимум, а сите градежни активности се одвиваат во рамките на расположивиот патен појас, без нова или накнадна експропријација. Отстапка од овој став може да има само во случаите кога во рамките на еден патен правец или делница постои опасно место кое од безбедносни причини мора 10
ПОРТА
3
2 ноември 2012
да се санира (реконструира) и во тој случај не може да се третира како рехабилитација. Самиот процес на одржување се дели на два основни дела: првиот го опфаќа тн. функционално одржување, односно одржување на патот во зимски и летни услови во согласност со дефинираните услови и релеватната законска и техничка регулатива и вториот кој го опфаќа тн. градежно одржување (рехабилитација) во три нивоа. Овие три нивоа опфаќаат: преслекување
(појачување) на коловозот, обнова на коловозната конструкција и обнова на патот (коловозот и пратечките елементи на коловозот) во границите на патниот појас. Одлуката за тоа дали се пристапува кон рехабилитација, реконструкција или изградба на нова делница на патот се донесува врз основа на сеопфатна анализа на ниво на генерален план на патната мрежа, односно на ниво на среднорочни планови на потребите и на
градежништво расположивите финансиски ресурси (сл. 2). На сл. 3 прикажани се чекорите во изработката на проектната документација за различни нивоа на активност на патната мрежа (новоградба, реконструкција и рехабилитација). Како што може да се види изработката на проектната документација за рехабилитација опфаќа студија на концепцијата на проектот и основен проект на рехабилитацијата. При изведувањето на работите се формира архивски проект кој служи за конечна пресметка на работите и ажурирање на интегрираниот информационен систем за патиштата (ИИСП). По завршувањето на работите се формира студија “пред и после” за анализирање на изведените работи и за потрошените финансики средства. Податоците за наведената анализа опфаќаат временски интервал од три години пред и три години по изведувањето на работите. Генерално, рехабилитацијата се разгледува одделно за автопатишта, а одделно за патишта со две сообраќајни ленти.
2. процес на проектирање
Сл. 1. Систематизација на поимите во областа на патното инженерство (одржување, реконструкција и новоградба)
Сл. 2. Алгоритам за донесување одлуки за нивото на зафатот на патната мрежа
Студија за концепцијата на проектот. Примарна цел на оваа студија е да се утврдат приоритетите и нивоата на рехабилитација, да се формираат програмски параметри и проектна задача за изработка на основниот проект за рехабилитација. Оваа студија претставува почетен чекор во целокупниот процес и се заснова на релевантни податоци од интегрираниот информационен систем за патиштата (ИИСП), на дефинираните потреби и на јасно утврдените цели на рехабилитацијата. Основните елементи на ИИСП се базата на податоци за просторната и физичката структура на патот и патните објекти, сообраќајното оптоварување, сообраќајните незгоди, одржувањето и другите релевантни параметри неопходни за изработка на наведената студија. Денес, за овие потреби доста ефикасно може да се користи програмскиот систем развиен од Светската Банка ХДМ-4 (Highway Development and Management System) без оглед дали се работи за целата патна мрежа или за делница од некој патен правец. Не е потребно да се нагласува значењето на квалитетот и ажурираноста на податоците кои се обезбедуваат со перманенто собирање на целата патна мрежа на државните патишта. Доколку не се располага со доволно квалитетни 2 ноември 2012 ПОРТА
3
11
градежништво
Сл. 3. Чекори при изработката на проектната документација за вонградските патишта
податоци за претходно наведените анализи, потребно е да се изврши и теренска проспекција на соодветно ниво. Како што е веќе кажано, конечниот резултат на наведените активности во рамките на студијата на концепцијата на проектот е формирање на програмски параметри и проектна задача за изработка на основниот проект за рехабилитација на одредени патни потези (делници) од магистралната и/или од регионалната патна мрежа. Основен проект за рехабилитација. Негова задача е еднозначно дефинирање на начините, постапките и методите на физичка реализација на рехабилитацијата на оптималното ниво на барања. Во рамките на овој проект, а врз основа на анализата на постоечката состојба и утврдените недостатоци, се дефинираат соодветни нивои на рехабилитација (преслекување, обнова на коловозната конструкција, обнова на патот).
2.1. анализа на постоечката состојба Почетна активност во изработката на основниот проект за рехабилитацијата е анализата на постоечката состојба на просторната и на физичката структура на патот во границите на патниот појас врз основа на архивските податоци од ИИСП и врз основа на непосредно собраните податоци за геометриските 12
ПОРТА
3
2 ноември 2012
карактеристики на патот во сите три проекции за долниот строј на патот, коловозната конструкција (носивост, рамност (надолжна и напречна), способност на триење, состојба на коловозната површина (степен на оштетување), пратечките елементи на патот (банкини, берми, косини), одводнување, патни објекти, крстосници, контрола на пристап, безбедност, сообраќајно-техничка опрема, загрозеност на животната средина и сл. Кога се работи за рехабилитација на вонградските патишта одредени параметри, како на пример проектната геометрија, треба да се третираат пофлексибилно отколку во случај на реконструкција или новоградба. Тоа значи дека некој од елементите во потполност нема да биде во согласност со пропишаните - препорачаните вредности. За да се добие увид во постоечката состојба на патот неопходно е да се конструира и резултантен дијаграм на одводнување на површинските води од коловозот кој на индиректен начин го дефинира и степенот на неусогласеност на елементите на ситуациониот план и надолжниот профил. Важна карактеристика на постоечката состојба на патот е и прегледноста, пред се расположивата прегледност, затоа што од неа многу зависи безбедноста на одвивањето на сообраќајот. Се утврдува за двете насоки на возење со мерења на
терен со две патнички возила и со примена на соодветна мерна опрема. Покрај расположливата прегледност овој процес опфаќа и анализа на расположливата хоризонтална и вертикална сигнализација како и анализа на комплетната сообраќајно-техничка опрема. За ефикасно и сигурно одвивање на сообраќајот од исклучителна важност е и ритамот и системот на крстосниците. При анализата на постоечката состојба неопходно е, во зоните на крстосниците, да се опфати поширок појас. Покрај наведените анализи, неопходно е да се спроведе и анализа на постоечката состојба на коловозната конструкција, пратечките елементи на коловозот, патните објекти, животната средина и сл. Овие анализи се вршат спored посебно утврдени постапки и процедури со цел да се стандардизираат и да се унифицираат, а од тоа во добра мерка зависи и донесувањето конечните ставови и процени важни за утврдување на потребното ниво на рехабилитација. Врз основа на сеопфатна анализа на постоечката состојба на сите релевантни параметри се уврдува потребното ниво на рехабилитација по одделни делници и/или патни потези. Во рамките на овие анализи се утврдуваат и евентуалните делници на кои е неопходно повисоко ниво на интервенција-реконструкција, поради недоволниот капацитет или поради значителното загрозување на
градежништво безбедноста на возење-опасно место (црна точка). Конечното утврдување на нивото на рехабилитација и евентуално делницата за реконструкција се врши во рамките на процесот на континуирана ревизија на основниот проект во согласност со Инвеститорот.
2.2. Меродавни брзини Утврдувањето на меродавните брзини, како основен динамички модул за димензионирање и проверка на применетите проектни елементи, представува една од најважните карактеристики во целокупниот процес на проектирањето на рехабилитациите. За разлика од проектирањето на нови патни потези или реконструкција на постоечките, кај рехабилитациите не е можно однапред да се дефинира меродавната сметковна брзина, туку меродавните брзини се одредуваат во
рамките на итеративна постапка на анализа на постоечката состојба и во рамките на одлуката за нивото на рехабилитацијата. Со таа цел се формираат различни модели на брзините кои треба што е можно поверно да ја отсликаат реалната ситуација во возењето. Важно е да се нагласи потребата за мерење на брзините во слободен сообраќаен ток.
2.3. сообраќајно оптоварување За потребите на рехабилитација на вонградските патишта, сообраќајното оптоварување се одредува за плански период од 10 години. притоа потребно е, со некоја од верифицираните методи, да се дефинира меродавното оптоварување по интензитет и структура (ПГДС,/ПДС, ФВЦ, ФНЦ, %ПА, %КАМ, %БУС,...). За проектирање на крстосници и соодветни пратечки содржини, покрај наведеното, потребно е да се изработи и
меродавна сообраќајна слика за дистрибуцијата на токовите.
2.4. проектни елементи и параметри напречен профил Напречниот профил е прва проекција на патот и е еден од најзначајните проектни елементи. ширината на возните ленти, рабните ленти и банкините се врзува за меродавната проектна брзина на дадена делница на патот. Но, тука е потребна голема рационалност во поглед на одредување на потребните ширини имајќи го предвид начинот и можностите за изведување на проширувањата. Во поглед на наклоните на коловозот во кривина мораат да се исполнат условите поврзани со безбедноста на движењето на возилата.
ситуационен план Елементите на ситуациониот план (правци и кривини) се проверуваат од аспект на возно-динамичките, конструктивните и естетските барања. Имајќи предвид дека во постапката на рехабилитација битно не се менуваат елементите на проектната геометрија, проблемот на неусогласеност на брзините се решава со примена на соодветна сообраќајна сигнализација и со сообраќајно-техничка опрема. надолжен профил За елементите на надолжниот профил во принцип важат ставовите изнесени за елементите на ситуациониот план. Во оваа проекција посебно значење има исполнувањето на условите поврзани со потребната прегледност.
прегледност При изработка на главниот проект за рехабилитација, на проблемот на прегледност треба да му се обрне посебно внимание. Ова пред се се однесува на потребната и расположливата прегледност. Анализата на прегледноста е тесно поврзана со применетиот концепт на брзини и со специфичностите на рехабилитацијата, која не подразбира битни интервенции на геометриските елементи на ситуациониот план и на надолжниот профил. Анализите на прегледност имаат посебно значење за изработка на проектот за водење на сообраќајот (сигнализација, сообраќајнотехничка опрема и сл.)
коловозна конструкција Рехабилитацијата на коловозната конструкција се одвива генерално на две
нивоа: преслекување на постоечкиот коловоз со цел подобрување на состојбата на триење и обнова на коловозната конструкција со цел исполнување на барањата поврзани со носивоста, рамноста и со површинските карактеристики. И во едниот и во другиот случај планскиот период е 10 години. Особено внимание треба да се посвети на ефикасното одводнување и на уредувањето на рабниот појас на патот, затоа што квалитетот и трајноста на коловозната конструкција многу зависат од овие фактори.
крстосници и контрола на пристап Безбедноста и ефикасноста на патниот сообраќај многу зависат од распоредот и системот на крстосниците, односно од контролата на пристапот. Растојанијата меѓу крстосниците првенствено зависат од рангот на патот и од сообраќајното оптоварување на приклучните правци. патни објекти Рехабилитацијата на патните објекти (мостови, тунели и др) бара особено внимание во рамките на рехабилитацијата на една патна делница. Ако се во прашање помали објекти, тогаш проектот за нивната рехабилитација е составен дел од проектот за рехабилитација на патната делница. Кај поголемите објекти се потребни посебни анализи и независни проекти за нивна рехабилитација.
заклучок Основна цел на овој труд е да укаже на значењето на методологијата за проектирање на рехабилитациите на вонградските патишта, процес кој е доминантен на нашата патна мрежа и да промовира хиерархиски систем на управување со изработката на проектната документација од Студија на концепцијата на проектот, па се до изработка на Главниот проект. Она што посебно треба да се истакне е неопходноста од донесување на соодветна техничка регулатива за оваа специфична област од патното инженерство, пред се водејќи сметка за обемноста на овие активности и исклучително големите финансиски средства кои во наредниот период треба да се обезбедат. Само на тој начин квалитетот на патната мрежа во Македонија ќе се подигне на повисоко функционално ниво, прифатливо за корисниците. n 2 ноември 2012 ПОРТА
3
13
интервју
ЃОРЃИ ГОШЕВ, УПРАВИТЕЛ НА „ГЕОКОНТРОЛ“
За квалитетна градба е неопходен Кате АнтевсКА
орѓи Гошев е градежен инженер и управител на „Геоконтрол“. Гошев вели дека целта на градежната компанија, што поседува и лабораторија за испитување на градежните материјали, е да ги следи помалите фирми, да им биде надзор на изведбата и да го контролира квалитетот на нивната работа. Меѓу проектите што ги имаат реализирано се: реконструкција на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, проектирање на црквата Св. „Ѓоргија Победоносец“ во населба Горно Лисиче, контрола на квалитет на повеќе станбени и административни згради во Скопје и Струмица и друго.
Ѓ
„геоконтрол“ е фирма со широко поле на дејствување. градежништво, проектирање и надзор се дел од вашите професионални задачи. Ве молам, објаснете, кои се главните дејности на вашата компанија? nЦелта на нашата фирма е да ги следи помалите фирми, да им биде надзор на изведба и да го контролира квалитетот на нивната работа, со што би станале поконкурентни на пазарот. Поголем дел од малите градежни фирми немаат луѓе кои работат на контрола на нивниот квалитет и вршење на лабораториски испитувања на материјалите што ги вградуваат. Ние вршиме надзор со комплетна контрола на квалитетот на градбата, изработуваме геомеханички елаборати, правиме контрола на бетони, геомеханика и асфалти, а изработуваме и проектна документација од областа високоградба, нискорадба и хидроградба. досега сте реализирале многу проекти од областа на градежништвото, како и надзор при изградба на објекти, патишта и друго. кои се најчестите проблеми со кои се соочувате? nПроблем со кој најчесто се соочуваме е да ги убедиме инвеститорите и
14
ПОРТА
3
2 ноември 2012
фирмите дека им е потребен квалитетен надзор на градба, редовна контрола на квалитетот, односно редовни лабораториски испитувања на материјалите што се вградуваат во нивните објекти. „геоконтрол“ ги има бараните лиценци за компанијата, издадени од Министерството за транспорт и врски, како и овластувањата за вработените. кои се критериумите за фирма од овој вид да се здобие со овие овластувања? колку сте подготвени кадровски да одговорите на предизвиците во вашата работа? nНие сме млада компанија која на домашниот пазар е малку повеќе од две години. Екипирани сме со искусен кадар кој се калел при реализација на големи проекти во нашата држава и во странство, но работел и на проекти инвестирани од Европска и Светска банка. една од вашите придобивки е тоа што поседувате градежна лабораторија. Што точно значи тоа, што најмногу се испитува и дали е неопходно да се поседува лабораторија од овој вид? nЛабораторијата за испитување на градежни материјали е еден од деловите на нашата компанија на кои обрнуваме посебно внимание, затоа инвестициите што ги правиме најмногу се во таа област. Во завршна фаза сме и за комплетирање на акредитацијата на лабораторијата. За да имаме квалитети објекти, неопходно е материјалите што се вградуваат во градежните објекти да бидат контролирани од лабораторија. Контролираната и квалитетна градба е долгорочна инвестиција за секоја фирма. реконструкцијата на плоштадот „гоце делчев“ во струмица е еден од вашите проекти. Во што се состоеше вашата работа?
интервју
nИзведбата на проектот Реконструкција на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица на тендер го доби фирмата „Жикол“. Поради сериозноста на проектот и краткиот рок за негова реализација, „Жикол“ ја ангажира нашата фирма да врши комплетна контрола на квалитетот на изведба и контрола на сите вградени материјали, како и изработка на проекти за бетон, геомеханички елаборати и завршни извештаи за вградените материјали. За овој проект „Жикол“ од Друштвото за градежни конструктори на Македонија доби Признание за најдобро остварување во градежното конструкторство во 2010 година, за кое и ние имаме заслуга. освен со прокетирање на објекти, се занимавате и со проектирање на паркови и партерни уредувања. кажете ни нешто повеќе за просторот на крстосницата на булеварите „јане сандански“ и „к. ј. питу“ во населба аеродром? nЗа општина Аеродром направивме неколку проекти за хортикултурно и партерно уредување, два од тие проекти се реализирани, како што е решавање на просторот на раскрсницата на булеварите „Јане Сандански“ и „К.Ј Питу“ и Паркот на езерата веднаш до спортската сала „Јане Сандански“. Тоа беше новина за нашата фирма, но младиот перспективен проектантски тим, следејќи ги новините на светското проектирање и воден од искусниот архитект Зоран Стојановски, заврши одлична работа. до каде се работите со улица „првомајска“ во кисела Вода? nНа улица „Првомајска“ во Кисела Вода работиме како контролна лабораторија за „Алпине“ и „Жикол“, кои се иведувачи на проектот инвестиран од Град Скопје со кредит од ЕБРД. Кредиторот ги поставува условите и критериумите за квалитет, а работите се во завршна фаза.
кои се вашите позначајни проекти? n Проекти кои ги имаме реализирано и ги реализираме во моментот се: главен надзор на изградбата на три брани, два цевководи и хала за електролиаза, чиј инвеститор е Бучим – Радовиш, надзор на градба на сообраќајници и водоводи во Радовиш, контрола на квалитет на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, со подземна сообраќајница и подземен паркинг, со урбана опрема и обложување со гранит со локалните улички и пешачки зони, проектирање на станбен комплекс во касарната во Струмица, станбена зграда во населба Железара, црквата „Св. Ѓорѓи“ во населба Горно Лисиче, мосови на реките Дрвошка и Грдечка и друго. како ја оценувате состојбата во градежништвото во земјава? nСостојбата во градежништвото во нашата земја, можам да кажам дека е солидна, но за да добиваме подобри објекти потребно е да се обрне поголемо внимание при изработка на поквалитетна проектната документација, како и надзорот на градба и контролата на квалитет да се подигнат на повисоко ниво. сигурно имате зацртано правци на вашиот развој. Во која насока се одвиваат работите? nИмаме многу планови, меѓутоа сакаме секој нов чекор за развој добро да го анализираме и испитаме пред да пристапиме кон негова реализација. Во овој период сакаме да ја комплетираме лабораторијата со уште методи за испитување, како и да ја завршиме нејзината акредитација. Во иднина планираме да набавиме пософистициран софтвер за проектирање на патишта и тој дел од проектирањето да го развиваме. n
2 ноември 2012 ПОРТА
3
15
хибридно градежништво
Општествено одговорен багер Биљана стојАновиќ дипл.град.инж.
ога се мисли и се кажува зборот хибрид во индустриска и технолошка смисла, најчесто веднаш асоцира на хибридната програма на „Тојота“, поточно „Тојота Приус“. Но веќе не е така. Зеленото возило не е лимитирано на патничко, тоа може да биде и градежна машина, која гранката градежништво ја прави енергетски посовесна. Овој месец, од страна на реномираната компанија за градежни машини „Катерпилар“ (Caterpillar), беше промовиран новиот модел Кат 336 Е-Х, кој претставува хибриден багер чиј претходник е широко распространетиот хидрауличен ескаватор 336 Е. Тој претставува првенче во однос на новата хидраулична хибридна технологија која се развива во „Катерпилар“. Техничките извештаи за овој нов хибрид укажуваат дека се работи за дизел – електричен мотор кој ја намалува потрошувачката на гориво дури за 25% во споредба со неговиот претходник 336 Е и за енормни 50% во споредба со 336 Д. Но, што всушност овој производител го дефинира како хибрид? „Катерпилар“ ја дефинира оваа машина како направа која може да ја собира, складира и потрошува енергијата за време на нејзината работа. Моделот 336 Е–Х е така дизајниран што ја складира енергијата кога машината забавува или застанува со работа, додека кога се зголемува брзината на работа, тогаш ја троши веќе складираната енергија.
К
16
ПОРТА
3
2 ноември 2012
хибридно градежништво Хотел во Санторини, Грција Студио „Диверсити“
Новиот хибриден багер, моделот Кат 336 Е-Х, е дизајниран така што ја складира енергијата кога машината забавува или застанува со работа, а кога се зголемува брзината на работа тогаш ја троши веќе складираната енергија Поедноставно кажано, оваа технологија ја складира енергијата во акумулатори и потоа ја троши соодветно на обемот на работа. Овој циклус може да се повторува во период од неколку секунди, што претставува завидна можност за штедење на енергија. Во продолжение на техничките карактеристики, 336 Е-Х содржи специјализирани пумпи за гориво, кои го помагаат преминот помеѓу хидрауличните хибридни извори на енергија, моторот и акумулаторот, како и венитли кои интелигентно управуваат со рестрикциите и доведуваат до беспрекорна контрола на движењето на мишината без дополнителни загуби на енергија. Со овој склоп на машински делови, хибридниот багер е прилично лесен за контрола и
управување не зависејќи директно од искуството на човековиот фактор. Во однос на векот на користење, „Катерпилар“ дизајнира машина која ќе ја има истата загарантирана трајност и издржливост како и неговите претходници. Сите вградени компоненти се со висока издржливост и максимална продуктивност, и можат да бидат заменети или надоградени како би се зголемил векот на користење на машината. Оваа компанија имаше претходни обиди за претставување на пазарот со електрични хибридни ескаватори, но до сега не беше изнајден модалитет како драстично да се намалат трошоците на корисниците за гориво, а со тоа и цената на чинење на целиот оперативен процес. Кога станува збор за повраќањето на инвестицијата во хибридни градежни машини, која сигурно би била поголема отколку да купувате обична 336 Е, тогаш анализата не е универзална. Таа зависи од цените на горивото на пазарот и примената на машината за градежни зафати, но сепак најпесимистичкото сценарио би звучело вака: заштедата во горивото на ниво на една година би го отплатила вишокот на средства потрошени за купување на хибрид. Со тоа купувачот добива машина со ниски оперативни трошоци, без потфрлување во перформансите, моќноста на моторот и брзината. Оваа градежна алатка може исто така да се пофали со задоволување на најстрогите стандарди за емисија на штетни гасови донесени од американската Агенција за заштита на животната средина, и за разлика од останатите багери, овој ескаватор е понебучен што го прави и поприфатлив за работа во урбана средина. „Катерпилар“ го опишува својот нов производ како „општествено одговорен“ и неговата официјална промоција ќе биде на саемот Баума во Минхен во 2013 година, додека на пазарот ќе биде присутен од февруари следната година.n 2 ноември 2012 ПОРТА
3
17
градежништво
Најголемо градилиште во светот
Проширување на
Панамскиот канал роширувањето на Панамскиот канал е проект на векот, кој, според предвидените проценки, ќе чини околу 5,5 милијарди долари и ќе заврши во 2014 година. Новиот канал што се гради паралено со стариот ќе биде долг 80 километри, длабок 15 метри, а низ него ќе поминуваат бродови широки до 49 метри. За да можат бродовите да ја совладаат висинската разлика од околу 26 метри и да го поминат Панамскиот канал, се градат три брани во низа и секоја од нив е долга по 403 метри, а широка 55 метри. После една година градење се постигнати импресивни резултати. Повеќе од 4.200 работници работат секој ден во две смени и вградуваат дневно повеќе од 6.300 метри кубни бетон, така правејќи го ова градилиште најголемо во светот. На градилиштето се поставени 70 жичарници и 30 пумпи за бетон, а опремата за скеле ја обезбедува компанијата „Пери“.
П
20
ПОРТА
3
2 ноември 2012
градежништво
2 ноември 2012 ПОРТА
3
21
aрхитектура
изложба / арХитеКтУра 0:12, ЦириХ, швајЦарија
оја Швајцарија. ој град. оја архитектура.
М
Александра ШекутковскА дипл. инж. арх.
специјално за „Порта 3“ од Швајцарија
Цирих повторно се развива во воздух, а не во должина. Ова политички и општествено е многу посакувано, заради тоа што ја запира урбаната заплетканост наспроти растот на популацијата. Друг тренд кој следи е зеленета архитектура.
„Архитектурата се темели на три принципи. Firmitas (сила, стабилност), Utilitas (корисност) и Venustast (достоинство и убавина)“, ВитруВие (70-22 пр. н.е.) римски архитект
22
ПОРТА
3
2 ноември 2012
„Д
али Швајцарскиот архитект може да го изгради само она што е досадно?“ – праша главниот уредник на Neue Zurcher Zeitung, Феликс Е. Милер, неодамна во воведниот текст посветен на швајцарската современа архитектура. И понатаму прогласи: „За жал, сите згради кои се проектираат во Швајцарија се исти“. Дали е ова навистина точно? На тридневната изложба АРХИТЕКТУРА 0:12 за првпат се отворија прашањата во врска со сличноста помеѓу концептуалниот развиток на проектите што се симболични за новата современа швајцарска архитектура. Од 19 до 21 октомври, во салата ”Мааg“ беа изложени архитектонски проекти кои ги расветлуваат прашањата во врска со сличностите или разликите помеѓу идниот развиток на швајцарската архитектура. Со над 70 архитектонски студија - изложувачи придружени од ретроспетктивна изложба на сто швајцарски архитекти преку фотографија, архитектите, дизајнерите и уметниците имаа можност да дискутираат и дебатираат за здодевноста и предизвиците поедноставно преку прашања: Кон каде се
движи тенденцијата на новата (стара) швајцарска архитектура? Архитектонската изложба прими 5.000 љубители на архитектурата во салата ”Maag“ во Цирих. Како моден уредник за Neue Zurcher Zeitung и автор на интернационални публикации за животен стил, како и дизајнер на внатрешна архитектура, Martina Schober се појави како главен куратор на изложбата пренесувајќи го своето длабоко познавање и широка комуникациска мрежа на полето на дизајнот, архитектурата и сценографијата. Таа ја придружуваше изложбата Аrchitecture 0:12 како куратор, со огромно внимание на квалитетот и продукцијата на изложувачите, нудејќи симбиоза помеѓу високо реазлизирани архитекти и амбициозни почетници со огромен нагласок на визуелното задоволство на поситетителите. Темата на целата изложба беше насловена Моја Швајцарија. Мој град. Моја архитектура. Избраните архитекти и архитектонски студија имаа можност да ги изложат своите трудови, да ги презентираат идните планови во јавноста и уште еднаш да го осигураат рангот на Швајцарија како една од водечките земји во развитокот на светската современа архитектура. Како една од
aрхитектура
најпознатите раскрсници во светот, оваа земја нуди идеални услови за иновативни и успешни изложби кои градат пресек помеѓу светот на архитектурата и уметноста. Следејќи го единственото ограничување на кураторите проектот да биде поставен на коцка со стандардна димензија, изложбата постигна значителен визуелен впечаток и можност лесно да се почувствува сензибилитетот на секој индивидуален проект. Една од главните цели на оваа изложба е репрезентативното истражување и искажување на швајцарската архитектура, и како да се направи таа достапна за пошироката публика. Швајцарија е интернационално призната за високиот квалитет на архитекти. Она што недостигало до сега е да се постави популарна платформа за размена на идеи, и тоа е она што оваа изложба се обидува да го премости. На коцки од стиропор со димензии 1/0,5/4 м, дизајнирани во две или тридимензионални форми на визии, идеи и концепти, поткрепени со цитати од архитекти низ историјата и прашања визуелно презентирани за да поттикнат различни архитектонски дијалози. Резултатот претставува најразлични видови на креативност и различен пристап на секој архитектонски проект индивидуално и покрај
ограничувањата на визуелната презентација. И покрај огромното реноме, бројот на реализирани архитектонски проекти во Швајцарија е многу мал. Според Michel Pernet, постојат две главни причини за ова: повеќето од добро реализираните објекти се направени во странство бидејќи Швајцарија има доста строги закони и најчесто самите инвеститори немаат толкава храброст. Сепак, со изградбата на кулата Prime во Цирих се чини дека започнува нова ера. Градот започнува повторно да се развива во воздух, а не во должина. Ова политички и општествено е многу посакувано, заради тоа што ја запира урбаната заплетканост наспроти растот на популацијата. Друг тренд кој следи е зеленета архитектура. „Архитектурата е наменета за да се употребуваат самодоволни материјали и интелигентна употреба на екологија во мал мини универзум, но не треба да биде контрадикција на формата и стилот“, вели Michel Pernet. Оваа изложба за првпат беше поставена оваа година. Меѓутоа, успехот на презентацијата и дијалогот како и создавањето на нова платформа им дава верба на организаторите дека ќе отвори простор за презентација и дијалог за да овозможат овој настан да се одржува секоја година. n
2 ноември 2012 ПОРТА
3
23
aрхитектура
медиУмсКа арХитеКтУра
Бојана ФилиПовиќ дипл. инж. арх.
ранзиционалниот период на реструктурирање на социјалните мрежи во глобализираното општество резултира со различни архитектонски експерименти со нов тип на односи и процеси на размена, поддржани од интерактивни медиумски алатки. Содржините на медиумските фасади и дигиталните подвижни слики во јавниот простор стануваат истражувачка визуелна зона на урбаните средини. Медиумската архитектура е хибрид кој го комбинира дигиталниот простор од една страна, и архитектурата и урбаниот простор од друга. Врската помеѓу физичкиот и дигиталниот свет станува јавна и достапна не само за поединци, туку и за групи или цели урбани популации. Со најновите технички достигнувања таа дозволува дури и интеракција со фасадата или дизајнирање на нејзината содржина. Динамичните елементи во таа смисла, ја оформуваат архитектурата на начин кој не е само носител на новата медиумска технологија, туку и самата станува медиум.
T
МЕДИУМСКА СОДРЖИНА И ОБЈЕКТ Интеграцијата е витална точка во осознавање на медиумската архитектура – просторните и медијалните структури се преклопуваат за еволвирање на комуникативните процеси кои се случуваат не само на фасадата, туку и во внатрешноста, во јавната сфера околу објектот и финално (просторно независно) во електронските медиуми. Во случајот на проектот за објектот на ‘Uniqua’ во Виена, успешна интеграција е постигната кога објектот е веќе изведен, а медиумската фасада е дизајнирана и инсталирана подоцна. Дваесеткатната застаклена зграда, проектирана од архитектот Хајнц Њуман, презентира уникатна ЛЕД инсталација од повеќе од 180.000 пиксели. Адаптибилниот свет на слики на апстрактни и репрезентативни мотиви ја оживуваат надворешната обвивка на кулата. Но како генерално правило, успешна архитектура од овој тип е остварена кога сите фактори како кохерентен концепт се предвидени во процесот на дизајнирање. Во процесот на дизајн и евалуација на медиумската архитектура, се заборава дека нејзината вреднос не се цени според бројот на луѓе кои ја согледуваат (како во случајот на маркетинг билборди) туку и на начинот на кој 24
ПОРТА
3
2 ноември 2012
Дигиталноархитектонски Хибрид
Кула 'Uniqua', Виена, Хајнц Њуман
aрхитектура таа влијае на нејзината перцепција. За фасадите не се значајни само техничките карактеристики кои влијаат на визуелното доживување туку и нивната интерактивност и урбаната вредност. Со избалансирана медијалност, објектот може да стане фокус; дел од секојдневната урбана перцепција на минувачите. Секоја форма на проекција на фасадите, без разлика дали е тоа за рекламни цели или чисто артистичка проекција, бараат не само технички предиспозиции туку и голема
сензитивност за архитектурата и урбаниот простор.
СОЦИЈАЛЕН МЕДИУМ Најголем потенцијал за идентификација со медиумската архитектура лежи во интерактивниот концепт. Во проектот на ‘Blinkenlights’, корисниците можат да комуницираат со зградата или со жителите на Берлин. Овој најпознат дизајн од овој тип овозможува серија на алатки со кои корисниците
креираат едноставни слики, анимации како и испраќање на пораки на екранот на зградата. Тие стануваат активни дизајнери на медиумската содржина и на тој начин го прифаќаат ‘Blinkenlights’ како нивен медиум. Ваквите архитектонски проекти стануваат социјален медиум во кој однесувањето на корисниците и нивното заемно дејствување е поважно од самите објекти. Генерално, многу попродуктивно станува создавањето на креативна рамка за нови форми на
Проект 'Blinkenlights', Торонто
Медиумската архитектура не треба да се прифати само како нов комуникациски канал, туку како физичка репрезентација (или артефакт) на мрежа од интеракции во која и околу која се одвива секојдневниот живот
Galleria Seoul', Лондон, UNStudio
2 ноември 2012 ПОРТА
3
25
архитектура
Лед Инсталација 'Pixel Cloud', Лондон, Foster & Partners
интеракција, отколку нивно редуцирање (преку контролирана содржина) во лимитиран сет на посакувани обрасци на однесување.
АНИМИРАНА АРХИТЕКТУРА Фасадата, а со тоа и објектот, преку дигиталните слики станува променлива и анимирана. Содржината на објектот што комуницира преку фасадата, зависи од нејзината структура. Многу ниска резолуција и лимитиран колористички простор на располагање, резултира со ограничени опции за содржината. И покрај технички софистицирана ѕидна завеса и голема артистичка харизма, естетиката на фасадата остава ограничувачки периметар за дизајнот. Во дизајнот на компаниите ‘United’ и ‘UNStudio’, пикселот зазема централна позиција. Во проектите како ‘Crystal Mesh’, ‘UEC’, ‘Iluma’ или ‘Galleria Seoul’, пикселот e дел од архитектонската структура, иако фасадата не е осветлена. Продавницата ‘Galleria Seoul’ во Сеул, Јужна Кореја, на UNStudio, е репрезентативен пример кој рефлектира иновативност и стил на околината, манифестирајќи го сопствениот идентитет за квалитет. Во вечерните часови, фасадните дискови како гигантски пиксели рефлектираат уникатни колоритни шеми.
ПРОСТОРНА МЕДИУМСКА УМЕТНОСТ Апсорбирана и формирана во сосема различен контекст од архитектурата, медиумската уметност е наклонета кон експерименти и авангардни пристапи. Помалку засегнат од техничките решенија, артистичкиот дизајн нуди нови естетски решенија какви што се просторните тридимензионални екрани или комбинација на осветлување со кинетички елементи. Многу протагонисти во оваа област како компаниите ‘Lab(au)’, ‘White Void’ или ‘Aether Architecture’, преку своите проекти нудат техничка и естетска иновативност. Разиграна и експериментална употреба на технологијата е важен извор на инспирација 26
ПОРТА
3
2 ноември 2012
за останатите полиња на медиумската архитектура. Концептот и дизајнот на прототипот ‘Nova’, поставен на железничката станица во Цирих, го остварува копманијата „Хорао“. Тој овозможува тридимензионална слика чија цел е откривање на прецизноста и убавината на математичката формула, промовирање на фасцинацијата кон науката и креирање на дијалог со општеството. Посетителите можат да ја истражуваат ‘Nova’ преку интерактивен екран поставен на терминалот, кој овозможува прелистување, влез и креирање на содржина во реално време. Мрежа од 624 топки со ЛЕД осветлување го сочинуваат Облакот од пиксели како илуминирачко сценарио во адвокатската фирма “Alen and Overy” во Лондон. Константно променливиот дизајн на компанијата „Фостер“ вклучува филмови или секвенци на слики, а светлосните анимации кои го
'Greenpix', Пекинг, Simon Glostra i Arup
симулираат локалното време постојано го осветлуваат атриумскиот простор.
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ/САМООДРЖЛИВОСТ Во време на зголемена енергетска потрошувачка, проблемот на медиумската архитектура станува нивната конзумација и дистрибуција на енергија. Таа
архитектура зависи, пред сè, од ефективноста на светлечките тела, како и нивната бројност и осветленост. ЛЕД осветлувањето е многу ефективно, но употребено во голем број дури и неговата потрошувачка не е занемарлива. Во случајот на објектот ‘Greenpix‘, на архитектот Симон Глостра во Пекинг (во соработка со компанијата „Аруп“), сончевата енергија ги задоволува сите потреби на системот. Тој се однесува како органски систем кој ја апсорбира соларната енергија преку ден и ја генерира светлината од истата енергија преку ноќ. Проектот ја промовира интеграцијата на самоодржливата технологија во новата кинеска архитектура, која е одговор на агресивниот и нерегулиран економски развој на индустријата, за сметка на уништување на околината. Медиумската архитектура не треба да се прифати само како нов комуникациски канал, туку како физичка репрезентација (или артефакт) на мрежа од интеракции во која и околу која се одвива секојдневниот живот. Како во секое културно опкружување, така и во ова, потребно е да се согледа целосната интерактивна сфера околу објектот за да се разбере нејзината константно променлива природа и значење на комуникацијата, што оди вон симболичната репрезентација на архитектурата. n
Prototip 'Nova', Цирих, Horao
арх. инфо Објект: реставрација на објектот „Arc Light Co“ Архитектонско студио: HSK Architects Локација: сан Франциско, Калифорнија, сад Креативниот начин на адаптивна „реупотреба“ на напуштениот и заборавен историски објект претставува пример за иновативен и нов архитектонски потег при чие создавање, освен посветеноста на дизајнот и изразот кон околината, особено внимание е сконцентрирано и на еколошкиот, енергетско - ефикасен фактор. Реставрацијата вклучува организација на 94 современи студија и гарсониери, еднособни и двособни, во шесткатна структура. Првите две нивоа се дефинирани со примарната и реставрирана фасада од тула, над која се издигнува четирикатна структура од метал и стакло, која безрезервно се соединува со историскиот контекст. Основниот предизвик при процесот на проектирање се заснова на инкорпорација на историската експресија преку старата фасада од тула со четирикатниот волумен изработен од нови конструктивни материјали, со цел да се ревитализира опкружувањето, меѓутоа сепак да не го надвладее историскиот израз на постоечката структура.
Објект: Комплекс на институции, „Groupe Scolaire Normandie-Niemen“ Архитектонско студио: Gaetan Le Penhuel Architectes Локација: ил де Франс (Île-de-France), Франција Локацијата на која е позициониран објектот се карактеризира со урбаната типологија на периферијата на градот, обиколена со неизмерно пространа средина. Создавајќи заеднички јавен простор во непосредната близина на училишниот комплекс, мултифункционалниот хол и гимназиумот водат до транзиција помеѓу јавните колски простори и објектите, генерирајќи воедно точки на средба за родителите и жителите од населбата. Зелените површини коишто постепено се провлекуваат помеѓу објектите, визуелно го соединуваат комплексот со опкружувањето, на начин на кој успешно се задржува транспарентноста помеѓу екстензивниот зелен простор и цврстите структури. Проектот за овој образовен комплекс претставува значаен симбол на анимација и ревитализација во контекстот на целото опкружување. Основниот мотив претставува креирањето на хармонија помеѓу квалитетот на пејзажот на опкружувањето, истовремено афирмирајќи ја јавната цел на комплексот, меѓутоа задржувајќи ја како ненаметлива целина.
Објект: арт Центар „Dadong“ Архитектонско студио: MAYU Architects, de Architekten Cie Локација: Каошунг, тајван
28
ПОРТА
3
Позициониран помеѓу паркот и историскиот град Фенгшан, арт центарот „Dadong“ претставува целина составена од четири објекти: театар, изложбен центар, библиотека и образовен центар. Како најдоминантен сегмент се потенцира објектот на театарот и во себе сместува аудиториум и сала за проби, обликувани во карактеристична дрвена обвивка. Настрешницата, што доминира над целата структура, постепено се превиткува околу аглите на театарот и изложбениот центар со цел да се создаде јавен, отворен простор кој исто така би можел да се користи за различни намени, т.е. внатрешните активности да се асимилираат со екстериерот на објектот и да создадат поинтригантна атмосфера. Обликот на кровната конструкција е дизајниран на начин да ги заштити посетителите од екстремни климатски услови како периодични дождови, силни ветрови или високи летни температури. Во процесот на проектирање на настрешницата на објектот се имплементирани 11 огромни отвори, „оџаци“, кои служат како природни вентилатори на просторот или, пак, како потенцијални одведувачи на насобраната вода за време на обилни дождовни периоди. 2 ноември 2012
арх. инфо Објект: Superkilen, интервенција на јавен простор Архитект: Topotek 1, BIG Architects, Superflex Локација: Копенхаген, данска Концептот на оваа урбана интервенција започнува со поделбата на Superkilen на три зони и бои, т.е. зелена, црна и црвена. Различните површини и бои меѓусебно се интегрираат формирајќи ново, динамично опкружување за секојдневно користење. Зелената површина се одликува со драстично зголемување на вегетацијата и флората на ниво на целата населба и е организирана како мали островчиња. Секое од нив со различна сорта на дрво, различна боја, потекло или период на цутење, соодветстува со изложените предмети од секојдневното опкружувањето. Црната површина ги вклучува новите сообраќајни конекции кои го поврзуваат опкружувањето, така што е извршена динамична реорганизација на велосипедските патеки. Црвениот плоштад, пак, е дефиниран како урбана експанзија на интерниот живот во културниот центар Norrebrohall. Обоената површина е дизајнирана како интеграција на боите и материјалите на објектот, особено во влезниот хол, каде внатрешноста се претопува во надворешниот простор.
Објект: библиотека „Liyuan“ Архитект: Li Xiaodong Локација: Хиајроу, Кина Овој проект претставува креативен придонес за малото селце Хиајроу, лоцирано надвор од хаосот на урбаното живеење. Објектот формира модерна програмска целина од мала библиотека и простор за читање, набљудување, размислување. Целта на архитектот била да ја употреби архитектурата како алатка за воздигнување на огромната почит кон природните пејзажни квалитети. Наместо да се позиционира објектот во центарот на селото, избрана е локација во подножјето на планинскиот масив, така што се создава пријатна атмосфера за размислување и уживање. Експресивниот израз на просторноста во ентериерот е овозможена со денивелација и создавање на платформи со различни висини, така што се обликуваат различни просторни површини. Врамените визури кон надворешното опкружување создаваат чувство на пријатно засолниште за посетителите. Објектот е целосно застаклен, така што ентериерот ја апсорбира целокупната дневна светлина, додека дрвените стапчиња поставени од надворешноста го разигруваат навлегувањето на светлината и ја пропуштаат создавајќи совршен амбиент за уживање на читателите.
Подготви: Андреа ЈАмАкоскА
2 ноември 2012 ПОРТА
3
29
Асоцијацијата на архитекти на Македонија - ААМ објавува
ЈАВЕН ПОВИК за доделување на Големата годишна награда на ААМ за 2012 година Големата годишна награда за архитектура на Асоцијацијата на архитекти на Македонија се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело во текот на календарската година. Покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија, а спонзор на наградата е Македонската авторска агенција. Право на учество имаат сите архитекти членови на ААМ кои се државјани на Република Македонија, односно сите овластени правни и физички лица во Република Македонија. Рокот за пријавување на трудовите што ќе конкурираат за Големата годишна награда на ААМ е 30.11.2012 г. Рокот за предавање на трудовите што ќе бидат селектирани од страна на жирито е до 09.12.2012 г. Пријавата треба да ги содржи следниве податоци: име на проектот (објектот), локација, автор/и, соработници, фирма, инвеститор, година на проектирање и изведувач. Материјали кои треба да се достават во прилог на пријавата се (минимум) 3 листа со графички прилози (карактеристични основи, пресеци и фасади и фотографии) и (минимум) 1 лист со текстуален опис на задачата, локацијата, концептот, материјалите и сл, на А4 формат. Пријавите можат да се достават во канцеларијата на ААМ, на ул. Даме Груев бр. 14а во Скопје. Телефон/факс за информации е 3237-277, е-пошта: contact@aam.org.mk Пристигнатите трудови ги разгледува, оценува и донесува одлука за добитникот на наградата петчлено жири, кое е составено од: претставник од Архитектонската академија на ААМ и четворица афирмирани архитекти, членови на ААМ. Големата годишна награда на лауреатот му ја доделува Претседателот на Република Македонија, на традиционалната Новогодишна средба на архитектите која се одржува кон крајот на месец декември.
архитектура
Швајцарска архитектура во Скопје Аурелио Галфети, еден од главните претставници на таканаречената Тичиноархитектура на 20 век, раскажа за историјата на швајцарската архитектура, претставувајќи ги најпознатите архитекти со швајцарско потекло, како Марио Бота, но зборуваше и за своите архитектонски остварувања кате АнтевскА акедонската публика овој месец имаше уште една ретка можност да присуствува на предавањето на познатиот швајцарски архитект Аурелио Галфети, кое се одржа во рамки на Недела на италијанскиот јазик во Скопје. Како еден од главните претставници на таканаречената Тичино-архитектура на 20 век, Галфети раскажа за историјата на швајцарската архитектура и за архитектите што потекнуваат од оваа земја. - Во минатото, голем број Швајцарци се иселиле од оваа земја и заминале во други краишта. Меѓу нив имало и архитекти, кои станале успешни и славни - вели Галфети, додавајќи дека често се случувало таквите преселби да се прават во соседна Италија. Меѓу познатите архитекти со швајцарско потекло, на кои се осврна, беше и архитектот Марио Бота, кој исто така се поврзува со архитектурата на регионот Тичино во Швајцарија. Неговите идеи во архитектурата биле под влијание на Ле Корбизје, Карло Скарпа и Луис Кан, а првата градба што ја дизајнирал е семејната куќа во Морбио Супериоре во Тичино, и тоа на шеснаесетгодишна возраст. За неговиот архитектонски јазик е карактеристично тоа што содржи строго чувство на геометрија, често базирајќи се на многу едноставни облици, кои се претвораат во уникатни волумени на просторот. Објектите се направени од тула, а начинот на кој ги користи материјалите и како ги поврзува е уникатен. Типичниот стил на Бота, најмногу може да се забележи во куќите од регионот Тичино, катедралата во Еври и во Музејот на современа уметност во Сан Франциско. Од религиозните градби, негов дизајн се Синагогата и Центарот за еврејско наследство во Лондон. Аурелио Галфети во еден преиод од својата кариера соработувал токму со Марио Бота. Тие заедно ја оформиле Академијата за архитектура во Мендрисио. Како и Бота, така и Галфети има оставено многу архитектонски остварувања зад себе. Впрочем, на крајот од своето излагање во Скопје, тој се осврна токму на нив. Негови најголеми дела се семејното живеалиште во Роталинти, во Белинцона, Швајцарија, Главната пошта во Белинцона, како и рестврацијата на Големиот замок, исто така во Белинцона. n
М
2 ноември 2012 ПОРТА
3
31
архитектура
тила теУс, стУдио „тила теУс и партНери аг“, ЦириХ
ФУНКЦИОНАЛНИ ОБЈЕКТИ СО СОФИСТИЦИРАН КОНТЕКСТ натка ќосевА дипл. инж. арх.
ила Теус (Tilla Theus) е познатa швајцарскa архитектка, која живее и работи во Цирих. Родена е во 1943 година во Хур, кантонот Грисонс. По завршувањето на студиите на Швајцарскиот сојузен институт за технологија во Цирих (ETH), отворила свое ателје кое од 1985 година се вика „Тила Теус и партнери АГ“. Теус се специјализирала за проектирање на нови објекти, особено во урбани јадра со комплексен и софистициран контекст, реконструкција и адаптација на постојни објекти, внатрешна архитектура и внатрешен дизајн. Во нејзините позначајни дела се вбројуваат: хотел Видер, Цирих (1995); внатрешен дизајн на прва класа во авионите на Свис Аир, Цирих (1999); седиштето на осигурителната компанија Свис Ре, Цирих (2000); седиштето на Меѓународнaта ајсхокеј федерација, Цирих (2003); Јелмоли трговски центар, Цирих (2004); седиштето на Фифа, Цирих (2006); ресторан Круна, Диетикон (2010); ресторан на врвот од Алпите, Ароса (2012); станбена населба, Диетикон (2012) и други објекти во Швајцарија.
Т
32
ПОРТА
33
Делата на Тила Теус се карактеризираат со едноставност, одржливост и комплексна вклопеност во околината. Добитник е на неколку награди на градот Цирих за најдобар објект.
ХОТЕЛ ВИДЕР, ЦИРИХ Стариот град на Цирих се реконструирал од 1900 до 1995 година. Самото зачувување на една историска ќелија, како што е стариот град, било мошне чувствително прашање. Одлуката била осум постоечки средновековни објекти во стариот град на Цирих да се реконструираат и адаптираат
во луксузен градски хотел, и да се интегрираат во функционална и економична целина. Секој објект зафаќа минимален простор и има свои специфичности, историски и културни вредности, и е уникатен сам за себе. Требало да се зачува постоечкиот уличен изглед на објектите и да се избалансира
различноста во една хармонична слика. Самиот хотел Видер е реконструиран во периодот помеѓу 1988 и 1995 година. Тила Теус успеала да го реши овој тежок проблем на многу софистициран и елегантен начин. Концептот на Тила Теус е фокусиран на хотел вметнат во постоечки станбени структури. Успеала да ги сочува различните простории, кои имаат битни историски и културни вредности и да ги избалансира и соедини во една целина. Во старите средновековни простори вметнала и многу нови современи елементи и материјали, и создала хармоничен спој на старо и ново. Хотелот во средишниот дел има отворена градина, а салата за доручек е вметната меѓу објектите и е целосно застаклена. Со оваа тешка но успешна реконструкција, хотелот Видер влегува во луксузни хотели со холистичка филозофија. Тила Теус со овој проект успеала да го дизајнира најнеобичниот објект во Цирих и да направи, како што велат корисниците и жителите на Цирих, сонот да стане јаве. Осумте средновековни објекти добиле нов живот.
Ресторан „Ароса“
РЕСТОРАН НА ВРВОТ ОД АЛПИТЕ, АРОСА Ресторанот на врвот од швајцарските Алпи во Ароса е на височина од 2.650 метри и служи за одржување на самити и конференции. Ресторанот во основата е со шестоаголна неправилна форма и е централно поставена на платото. Ѕидовите се закосени, додека кровот е двоводен кос, така што се добива една архаична
неправилна форма која изгледа како да е дел од карпа. Капацитет на ресторанот е 220 места и има поглед во круг на целата околина за време на добрите и јасни климатски услови. Конструкцијата на ресторанот е стратешки планирана за да може сите градежни материјали да се транспортираат со постоечката жичарница. Структурата на објектот е конструирана од дрвени префабрикувани елементи. Тила Теус сугерирала надворешната обвивка на објектот, фасада и кров, да се изведе со обложување на алуминиумски елоксирани плочи. Алуминиумските плочи ја обвиткуваат целокупната структура како лушпеста кожа, со што се вклопува уште повеќе во карпестиот планински врв. Елоксираните алуминиумски плочи се поставени врз водонепропустлива надворешна структура –хидро и термоизолација, за да го заштитат објектот од алпските климатски прилики. Материјалите во ентериерот се потопли отколку надворешната обвивка. Ентериерот е претежно обработен со
борово дрво. Внатре, ресторанот зрачи со топлина и бои на планинарски дом. Однадвор, архаичната неправилна форма и нејзината материјализација, придонесуваат објектот да изгледа како да е израснат од целокупниот пејзаж, и изгледа како ѕвезвда која свети на врвот од Алпите.
ЈЕЛМОЛИ – ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, ЦИРИХ Во 1823 година, Питер Јелмоли Циолина отворил стоковна куќа, во која производите се продавале за прв пат во затворен простор и биле со фиксни цени. Со тој концепт, кој бил сосема нов и необичен во тоа време, отворањето на првата стоковна куќа го сменил начинот на пазарење, а таа станала една од најуспешните фирми во Цирих. Јелмоли ја основал и модерната пошта за да направи подобар бизнис и да ги доставува и прима стоките во картонски кутии. Лачната форма на Јермоли постоела од почеток на изградбата на објектот, а стилот на објектот е актуелен со времето на 2 ноември 2012 ПОРТА
3
33
градење. Со текот на времето, објектот бил одржуван колку што е потребно за да остане во функција. Со цел да се осовремени објектот и комуникацијата со клиентите, извршена е адаптација и реновирање на постојната стоковна куќа, и тоа внатрешниот простор во однос на светлоста, ориентацијата, како и обновување на постојната фасада. Нов концепт, ново искуство. Внатрешното двориште е смалено и лачната форма е затворена во големина, која е доволна да пропушти зенитална светлина. Во двориштето се додадени скали, кои со својата каскадна форма и бела боја изгледаат како скулптура. Надворешната фасада е целосно променета. Целиот трговски центар е застаклен, потенцирани се влезовите со стаклени портали. Новиот објект има осум надземни ката, а на најгорниот кат се проектирани ресторани со зелени тераси пред нив. Прославата на 177 години од постоењето на трговскиот центар Јермоли е проследена со повторно отворање на реновираниот и обновен трговски центар. Денес, Јелмоли е еден од најсовремените трговски центри во Цирих.
ПОЕТСКИ АМБИЕНТ НА ВОДА – Станбена населба во Диетикон Ситуацијата на населбата се карактеризира со две различни просторни конфигурации, постојни објекти со многу зелени површини. Треба да се почитуваат постојните станбени и заеднички структури и да се додат нови. Јавноста и месното население се изјасниле за идниот изглед на постоечката населба за решение
34
архитектура
во круг, кое го следи коритото на реката со доволно зелени површини. Просторот за заеднички средби и настани на жителите е планиран во зелените површини, за да се создаде приватна атмосфера. Локацијата на реката и формата на нејзиниот тек во круг, овозможуваат многу движење на воздухот и упатува кон центарот на населбата, каде се планирани јавните објекти. Новите станбени згради се поставени да ја следат линијата на реката, а попречните визури овозможуваат подобри просторни перспективи. Новите објекти имаат сосема нов едноставен дизајн и изглед различен од постоечките. Балконите и огромните прозорци се ориенирани кон реката, а
зелените површини помеѓу реката и објектите го прават овој поетски амбиент да остане секогаш свеж, нов и интересен за жителите.
недоволно изградена средина, зелена површина, слободен плац помеѓу спортски терени, неколку спортски објекти и шума. Големината на објектот во кој треба да се сместат толку многу простории и функции е решен на невообичаен начин. Зградата има правоаголна форма со внатрешно пацио. Основата на објектот е со димензии 143/41 м , висина 12 м и пет подземни нивоа, односно 2/3 од објектот се под земја. Во објектот се сместени простории за администрација, тренинзи, конференции, логистика и подземни паркинзи. Објектот на ФИФА е импресивен со својата огромна димензија, транспарентност и облога на фасадата. Целата фасада е застаклена и обложена со ленти од алуминиумска мрежа кои прават движења како во фудбалот, а во исто време овозможуваат софистицирана заштита од сонце. Објектот изгледа како пловечки објект поставен среде зелени површини. На западната и јужната страна од објектот се наоѓа парк во кој се посадени растенија од сите континенти кои се членки на ФИФА, и со тоа ја симболизираат меѓународната фудбалска заедница.
ОБЈЕКТОТ НА ФИФА, Цирих (2004) Да се изгради дом за ФИФА, дом за светската фудбалска заедница, која брои 208 членки и 270 милиони играчи, судии и тренери, е огромен предизвик. Дом кој ќе ја исполни мисијата на ФИФА за развој на играта, ќе допре до целиот свет и ќе изгради подобра иднина. Со овој објект, Тила Теус требаше да промовира и имплементира одржливост, флексибилност, енергетска ефикасност, без да се наруши околината. Локацијата за изградба на објектот е во
ПРИЗНАНИЈА Делата на Тила Теус се карактеризираат со едноставност, функционалност, одржливост и вклопеност во околината. Добитник е на неколку награди на градот Цирих за најдобар објект и е член на повеќе комисии поврзани со развој, планирање и заштита на градот и кантонот Цирих. Член е и на федерална комисија на лицејот Артистико за заштита на градот Цирих и Рим. n
2 ноември 2012 ПОРТА
3
35
aрхитектура
деНови На орис 2012, загреб, 2012
Хотел Lone во Ровињ, добитник на наградата Орис тудиото 3LHD е добитник на наградата Орис за исклучителен креативен придонес во архитектурата, за хотелот Lone во Ровињ, првиот дизајн хотел во Хрватска, сместен во парк шумата Монте Мулини, кој е на патеката на трендовите во современата архитектура – соживот на човекот и природата. Наградата ја примија во КД Лисински каде што традиционално се одржаа 12. Денови на Орис. Првиот ден, повеќе од две илјади архитекти, студенти, професори имаа можност да ги слушнат и да ги доживеат современите трендови и движења во архитектурата – јапонскиот архитект Соу Фуџимото ги претстави делата на своето архитектонско студио, меѓу кои највпечатливо е Taiwan Tower, на кое му посака да стане Ајфелова кула на 21 век, и на Тајван да му донесе светска слава. Составен од две компоненти – челична конструкција и зелен парк на врвот на кулата, а тој врв има изглед на островот Тајван. Кулата е рефлексија на Фуџимотовата филозофија „примитивна иднина“, која во себе ја носи пораката дека 21 век е доба на зелената архитектура и грижа за она што го оставаме во наследство на новата генерација.
С
Извршната директорка на реномираната архитектонска награда Прицкер, Martha Thorne одржа предавање за развојот на наградата од 1979 година кога е и основана. Инспиративно предавање орджа и индустрискиот дизајнер со светски глас Карим Рашид; порача дека успехот е можен и без талент, но со страствена волја за работа, затоа што токму страста е таа што води до успех. Смета дека времето во кое живееме е најдобро во историјата и дека
смислата за дизајн е да обликува подобар и попристапен свет. Ова е време на индивидуалци, порача Рашид. После предавањето, тој отвори своја изложба во МСУ. Исто така се претставија Anton GarciaAbril, Valentin Bearth, Jeff Bickert, Helen & hard I Janne Teräsvirta, Саша Брадиќ, а професорот Марјан Хржиќ ја претстави книгата „Ширење на хоризонтот: Хрватскиот урбанизам од 1991 до 2012 година“ што прикажува преглед на 20 години урбанизам
Хотел Lone
36
ПОРТА
3
2 ноември 2012
RIBA 2012 LuBetkIN PRIze
Трговскиот центар во Гуангџоу - најдобра градба надвор од ЕУ бјектот на Меѓународнио т трговски центар во кинескиот град Гуангџоу е добитник на престижната награда Lubetkin Prize на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA) зa 2012 година, и тоа за најдобра интернационална градба надвор од Европската Унија. Објектот е дизајниран од познатата архитектонска куќа Wilkinson Eyre со седиште во Лондон. Овој облакодер е со височина од 440,2 метри, почнал да се гради во 2005 година и претставува највисока зграда во светот дизајнирана од британски архитект. Облакодерот содржи деловен простор, луксузен хотел и кат со панорамски поглед. На приземјето има кула, која е поврзана со подрумскиот комплекс, кој пак содржи мал централен дел, конференциска сала и луксузни апратмани. Ова успешно архитектонско решение одговара на потребата да се добие ефикасен внатрешен просторен распоред и одлични еколошки перформанси. Зборувајќи за Меѓународниот трговски центар во Гуангџоу, Ангела Брејди, претседател на RIBA, изјави: „Со исклучителни визија и вештина, архитектите од архитектонската куќа Wilkinson Eyre им дадоа на граѓаните на Гуангџоу грандиозни нови сто и три ката. Дијамантските структури на кулата, распоредени низ канцелариите, атриумот и хотелот, се навистина исклучителни и можеби се клучот на популарноста на овој објект“. n
О
експерт
Кoj ќе го преземе ризикот од идните поплави во Британија? Овогодишните официјални информации на Министерството за околина, исхрана и рурални прашања, укажуваат дека само во Англија 5,2 милиони недвижни имоти се изложени на ризик од поплави, и тоа 1,4 милиони од поплави предизвикани од реките и морето, 2,8 милиони од поплави предизвикани од атмосферска вода, а еден милион се изложени на ризик од поплави по двете основи д-р владимир Б. лАдински, дипл.инж.арх. (велика Британија)
ез оглед на тоа дали некој верува во глобалните климатски промени или не, едно е сигурно, дека илјадници британски домаќинства и оваа година ќе треба да се справат со последиците од овогодишните поплави, коишто го зафатија британскиот остров. Се чини дека со секој налет на бран на лошото време дел од земјата е подложен на екстремни дождови, кои предизвикуваат сериозни последици не само за деловните организации и домаќинствата, туку и за националната економија. Според британскиот Метеоролошки завод (Met Office), ова лето е најврнежливото во изминатите 100 години, и второ најврнежливо од почетокот на мерењето на врнежите во земјата во 1910
Б 38
ПОРТА
3
2 ноември 2012
година. Така, Би-би-си информираше дека ова лето, до 29 август 2012, врз Обединетото Кралство паднале 366,8 милиметри од дожд, во споредба со највлажното досега забележано лето во историјата во 1912 година, кога паднале дури 384,4 милиметри дожд врз земјата. Се разбира, вакво ниво на врнежи не доаѓа без свои последици. Некои од овие последици се позитивни, како на пример фактот што седум компании задолжени за снабдување со вода на јужниот и југоисточниот дел на земјата беа во можност по обилните дождови во април, јуни и во јули да ја укинат забраната за користење на водоводна вода со црево, за заливање на градините или миење на возилата, која беше воведена на почетокот на април како резултат на двогодишен невообичаено сув зимски период, кој во голема мера ги имаше испразнето резервоарите на вода. Од друга страна
пак, ваквото ниво на врнежи предизвика само во периодот од 1 јуни до 15 јули Агенцијата за околина (Environment Agency) да издаде над 1.000 тревоги и предупредувања за поплави од реките. Според податоците на Националниот форум за поплави (National Flood Forum), само во Англија и Велс, 5,2 милиони од населението, односно едно на секои шест лица е изложено на ризик од поплави, но според проценките само 40 проценти од лицата изложени на значителен ризик од поплави се свесни за овој ризик. Големината на проблемот сврзан со поплавите веројатно најдобро може да се согледа од фактот што поплавите во 2007 година ја предизвикале најголемата мирнодопска катастрофа во историјата на земјата, кога според Прегледот на Пит (Pitt Review) 13 лица го загубиле својот живот и 55.000 имоти биле зафатени од поплавите.
експерт
ТЕНДЕНЦИЈА НА ПОРАСТ Комитетот за јавни сметки при британскиот парламент (House of Commons Public Accounts Committee), годинава известил дека во последните години годишните штитe предизвикани од поплави изнесуваат 1,1 милијарда фунти (околу 1,35 милијарди евра) и дека истите имаат тенденција на пораст. Само во финансиската 2010/2011 година се потрошени 664 милиони фунти (околу 816 милиони евра) на менаџмент на ризикот од поплави и на ризикот на крајбрежјето. Овогодишните официјални информации на Министерството за околина, исхрана и рурални прашања (Department for Environment, Food and Rural Affairs) укажуваат дека само во Англија 5,2 милиони недвижни имоти се изложени на ризик од поплави, и тоа 1,4 милиони од поплави предизвикани од реките и морето, 2,8 милиони од поплави предизвикани од атмосферска вода, а еден милион се изложени на ризик од поплави по двете основи.
ПРОЦЕНКИ Со цел подобро да се согледаат проблемите сврзани со поплавите во
земјата, Агеницијата за околина има изготвено Национална проценка за ризикот од поплави (National Flood Risk Assessment). Врз основа на овој документ, целата земја е поделена во сегменти со големина од 50 до 50 метри и за секои од овие сегменти поединечно е изготвена проценка на веројатноста од поплави. При ова, секој сегмент е поделен во една од трите категории на веројатност од поплава, и тоа: l Мала веројатност, каде можноста за поплава во која било година е помала од 0,5 проценти (1:200); l Средна веројатност, каде можноста за поплава во која било година е поголема од 0,5 проценти (1:200) но помала од 1,3 проценти (1:75); и l Значајна веројатност, каде можноста за поплава во која било година е поголема од 1,3 проценти (1:75). Притоа треба да се земе предвид дека проценката за веројатност на поплави се однесува само на проценка на веројатноста за поплавување на земјиштето, но не и на индивидуалните објекти коишто се наоѓаат на него, со оглед на тоа што ризикот од поплавување
на објектите ќе зависи и од карактеристиките на објектот и од нивото на поплавената вода, кои се предмет на дополнителни проценки.
ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ Во услови на една ваква сложена состојба, според Националниот форум за поплави, „... осигурувањето се јавува како клучен елемент за ублажување на последиците и го поддржува и финансискиот и економскиот капитал на заедниците погодени од поплавите. Осигурувањето, исто така, ја поддржува локалната економија и деловните организации. Во услови кога нема осигурување голем дел од штетите предизвикани од поплавите, се разбира, стануваат на сметка на локалната и централната власт... “ И покрај тоа што осигурувањето од поплави во принцип е достапно за најголемиот дел од објекти во Обединетото Кралство, осигурителните компании не можат да гарантираат дека ќе можат да ги осигураат сите објекти, или пак дека за оние што можат да ги осигураат ќе бидат во состојба да го сторат тоа по 2 ноември 2012 ПОРТА
3
39
експерт
достапни осигурителни премии. За да се избегне состојбата во која физичките и правните лица не можат да се осигураат од поплава бидејќи осигурителните компании не сакаат да ги осигураат или пак премиите се преголеми заради исклучителното ниво на ризик, претходната британска влада склучи меморандум за разбирање со осигурителните компании познат под името „Изјава на принципи“ (Statement of Principles), според кои владата се обрзува да изгради одреден број на системи за заштита од поплави во најзагрозените подрачја во одреден временски период, а за сметка на тоа осигурителните компании ќе продолжат да ги осигуруваат објектите што се лоцирани во зоните подложни на поплави.
МЕМОРАНДУМ Според меморандумот, до јуни 2013 година осигурителните компании ќе ги осигуруваат имотите на физичките лица и ќе се обидат да понудат осигурување на 40
ПОРТА
3
2 ноември 2012
имотите на правните лица коишто се наоѓаат во зона на значајна веројатност од поплава од 1,3 проценти доколку колективни системи за заштита од поплави се изградат во рок од 5 години. Во случај веројатноста од поплава да е поголема од 1,3 проценти или пак не се планира изградба на колективни ситеми за заштита од поплави, во тој случај осигурителните компании се обврзуваат на случај по случај да донесат одлука за тоа дали ќе можат да го осигураат објектот, но само доколку се договорат кој активности за превентивна заштита
осигуреникот лично или пак одредени агенции ќе ги преземат. Како се наближува денот кога ќе истече важноста на меморандумот за разбирање, се повеќе станува очигледно дека заради економската криза во земјата и спроведените мерки за штедење, голем дел од планираните системи за колективна заштита од поплави нема да се изградат во договорениот рок. Како резултат на тоа, од јуни 2013 година осигурителните компании веќе нема да имаат обврска да ги осигуруваат објектите во зоните со значајна веројатност од поплави. Од тука е разбирливо дека на 24 септември оваа година, Националниот форум за поплави упати јавен повик до новиот министер за околина (Secretary of State for the Environment), Овен Патерсон, да склучи нов меморандум со осигурителните компании колку е можно поскоро, бидејќи во спротивно „не се знае“ кој ќе го преземе ризикот од идните поплави во земјата? n
интервју архитектура архитектура
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
3
2 ноември 2012 ПОРТА
41
eнергетска ефикасност
Пасивни објекти Погрешно е мислењето дека кај пасивните објекти не смееме да ги отвораме прозорците. Напротив смееме, но немаме потреба за тоа. Најчесто живееме во објекти во кои влажноста варира и имаме често потреба од проветрување, а сето тоа благодарение на материјалите што немаат својство да „дишат“ доволно и со тоа да ја регулираат влажноста во просторот. Горан Фиданоски дипл.маш.инж.
42
ПОРТА
3
ако од ден на ден има сè повеќе еколошко свесни градители, информациите за таквиот начин на градба многупати недостасуваат. Пасивната куќа не е само куќа со минимална потрошувачка на енергија за греење, ладење и вентилирање, туку многу повеќе од тоа. Таа е највисоко ниво на квалитетна градба која покрај минималните трошоци за енергија обезбедува здрави услови за живеење. Пасивната куќа може да се изгради барем на неколку начини; можеме да ја бетонираме, па потоа да ѕидаме (масивна градба) или да направиме челична или дрвена конструкција врз која подоцна се формираат ѕидовите со вештачки или природни материјали. Трошокот за енерија што го плаќа корисникот на објектот ќе биде секогаш ист (многу низок – минимален), бидејќи во сите случаи станува збор за пасивна градба, но од друга страна оптоварувањето на животната средина ќе биде многу различно во зависност од тоа за кој начин на градба ќе се одлучиме. Пресметките покажуваат дека со употреба на вештачки градежни материјали, веќе во фазата на нивно производство, се ослободуваат големи количества отровни гасови. Количеството на тие отровни гасови е еднакво на енергијата што таа пасивна куќа ќе ја заштеди за период од 30 години. Тоа е всушност период после кој треба да се оди на реновирање на куќата. Поради овој
И
факт, пасивните објекти изградени со природни материјали ја даваат вистинската придобивка, не само за корисникот туку и за природата. Затоа еколошката пасивна градба не може да ја наречеме моден тренд или, пак, маркетиншки трик, иако многумина се обидуваат тоа да го потенцираат, туку едноставно со таквата градба се штеди во сите фази на градба, од производството на материјалите, преку нивното вградување и на крај финалното експлоатирање. Со правилно планирање на пасивната куќа можеме значително да ги намалиме трошоците за нејзино изведување, бидејќи суштината на пасивното градење не е да се добие скапа куќа, туку пред сè претставува начин за рационално градење. Потрошувачката на енергија е условена од дебелината на термичката изолација, со која истовремено се спречува оладувањето во зимскиот период и прегревањето во летниот период. За да ја постигне својата цел, термичката изолација пред сè мора да биде правилно вградена, па поради тоа одговараат материјали кои имаат обработени споеви или имаат можност за нивно исипување или вдувување во празни простори. Вградувањето на прозорците и вратите мора да обезбеди воздушна непропустливост, а температурата на
eнергетска ефикасност скапо да чини. Убедувањето дека многу полесно е масивната куќа да се направи воздушно непропустлива е погрешно. Кај изведбата на еколошки пасивни куќи се употребуваат воздушно непропустливи лепливи ленти со кои се постигнува идеално заптивање. Исто така, погрешно е мислењето дека кај пасивните објекти не смееме да ги отвораме прозорците. Напротив смееме, но немаме потреба за тоа. Најчесто живееме во објекти во кои влажноста варира и имаме често потреба од проветрување, а сето тоа благодарение на материјалите што немаат својство да „дишат“ доволно и со тоа да ја регулираат влажноста во просторот. Кај еколошките градби условите за регулација на влажноста се исполнети, па поради тоа немаме потреба прозорците да ги отвораме. Тоа го правиме само во случај кога надворешната температура е пријатна и скоро идентична со внатрешната. Изградбата на пасивните објекти е условена со доброто познавање на материјалите што се вградуваат, како и со начините за нивно правилно вградување. На архитектите мора да им се дадат прецизни и јасни упатства, на кој начин треба да се проектира објектот и неговите инсталации, за на крајот да ги добиеме саканите резултати – пасивен објект. Има уште многу други детали на кои треба да се внимава, но за тоа ќе зборуваме во друга прилика. За крај би сакал да ви дадам еден совет, за да не ја направите грешката што досега многумина ја направиле. Немојте да се впуштате во изградба на пасивен објект, без
внатрешната страна од стаклото и рамката не смее да биде пониска од 18 степени Целзиусови, бидејќи во зимскиот период пониските температури даваат чувство дека е ладно. Предностите кај еколошките пасивни градби може да се воочат на секој чекор. Дебелината на надворешните ѕидови е барем за 30% помала во споредба со ѕидовите кај масивната градба, а тоа значи дека добиваме повеќе квадратура станбен простор. Пресекувањето на топлинските мостови се врши многу полесно и поевтино. Топлинската стабилност на објектот е оптимална, бидејќи во спротивно, ако имаме преголема акумулација (случај кај масивните градби) може негативно да се одрази на користењето на енергијата за греење и ладење. Во споредба со дрвените, масивните ѕидови самите по себе даваат чувство дека е ладно, а исто така изискуваат многу повеќе енергија за да се загреат. На потрошувачката на енерија значајно влијание има воздушната непропустливост на споевите од вградените материјали, па поради тој факт не е препорачливо изведувањето на пасивните објекти да им се препушти на изведувачи кои немаат искуство. Подоцна секоја грешка може
притоа да имате искусен партнер кој има барем неколкугодишно искуство во областа на пасивни еколошки градби и кој зад себе има барем неколку референци. И уште нешто. Никогаш не заборавајте дека пасивниот објект работи за вас, а не вие за него – троши скоро нула енергија, ви дава пријатен и здрав простор за живеење (работење), придонесува кон севкупниот еколошки развој на државата и за неколку години почнува да заработува пари кои одат директно на вашата лична сметка. n
Kонструкција од близу
Здружение за одржлив енергетски развој „дВаПаТи Е – Енергетска Ефикасност“ 2 ноември 2012 ПОРТА
3
43
eкологија
ЕколозитЕ и градскитЕ власти прЕд интЕрЕсЕн прЕдизвик
Соколи, волци и диви свињи се селат во урбаните средини сашо куЗманоВски
околи, елени, клукајдрвци, бодликави прасиња и егзотични пајаци ги колонизираат градовите во Велика Британија. Волци се забележани на само 35 километри од Рим, а дивите свињи деновиве станале толку честа слика за Берлин што градските власти почнале да издаваат дозволи за лов, пренесува британски „Гардијан“. Американските научници минатата недела предупредија дека волци, планински лавови и диви кучиња наскоро ќе станат честа глетка во густо населените американски градови. Од Државниот универзитет на Охајо коментираат дека ракуни, творови и лисици веќе навлегле во урбаните средини, а дека проблемите ќе станат посериозни со доаѓањето на покрупните ѕверки.
С
44
Уништувањето на природните хабитати, но и унапредувањето на средината во градовите може да се причините поради кои бројни животински видови почнуваат да навлегуваат во урбаните средини и да ги населуваат парковите, јавните зелени површини и приватните дворови на чудење на научната јавност 3 ПОРТА
2 ноември 2012
Градските паркови оази за живиот свет Елените гордо се шетаат во густо населените делови на северен Лондон и се забележани на гробиштата, во градините и на терените за голф во Единбург, Шефилд, Бристол и Њукасл, ја пренесува британски „Гардијан“ изјавата на Метју Фрит, заменик директорот на лондонски Wildlife Trust. Тој предупредува дека диви свињи многу скоро ќе може да се забележат и на улиците. - Тие немаат природни предатори, комплицирано е да се ловат, а нивниот број се зголемува. Може да ги очекуваме наскоро. Црвениот јастреб кој во Англија и Шкотска беше присутен со само неколку пара до пред 20 години, сега го гледаме како надлетува над Лондон и над други градови, но и се храни во градините - вели Фрит за „Гардијан“. Со текот на годините и вложувањата на градските власти во унапредувањето на животната средина, парковите и зелените површини во градовите станаа оази за развој на живиот свет, како за растителниот, така и за животинскиот. Во нив контролирано се развиваат одредени видови, но се создаваат и хабитати за видови кои претходно не биле карактеристични за урбаните средини. Преселниците ги радуваат еколозите, но ги загрижуваат локалните власти поради тоа што нивниот број од ден на ден се повеќе расте. Една од причините за преселбата,
според британските научници, се благите зими во последнава деценија. Од таа причина, како што пишува „Гардијан“, се зголемил и бројот на видовите инсекти и пајаци во Лондон и во другите градови на југоисточна Англија. Видот егзотични пајаци Argiope bruennichi, речиси непознат до пред неколку години, се проширил низ целиот остров. Сепак, еколозите не можат со сигурност да кажат дали моменталниот бум во разновидноста на видовите се должи на тоа што видовите се селат поради загубата на природните живеалишта, или поради подобрување на условите во градовите. Тие велат дека голем дел од хабитатите во градовите во последниве години се прекриени со бетон и загубени засекогаш, но, од друга страна, завршена е огромна работа за унапредување на средината, со проектите за конзервација. На пример, како што се исушуваат барите за да се добие плодно земјиште и заради заштита од комарци, жабите се префрлаат во езерцата по парковите. Таму тие наидуваат на почиста вода без пестициди, додека употребата на пестициди во приградските средини расте од ден на ден. Но, како што пренесува „Гардијан“, не сите диви видови се добредојдени во урбаните средини. Минатата недела научниците од Квин Мери Колеџ, на Универзитетот во Лондон, објавиле дека речиси 100 вида слатководни риби алохтони за Велика Британија ја населиле реката Темза. За нивна ерадикација биле потребни милиони фунти. Меѓу туѓинците се и школката Dreissena polymorpha и ракот Eriocheir sinensis. Американските научници, пак, наведуваат поинакви причини за преселбата на дивиот свет. Шумските пожари што беснеат во Калифорнија ги уништуваат природните хабитати, па ракуните, опосумите и творовите тргнуваат во освојување на градините низ Лос Анџелес. Научниците предупредуваат населението да биде претпазливо при средбата со нив, зашто тие можат да пренесат беснило. n
eкологија
Меѓу туѓинците е и школката Dreissena polymorph
2 ноември 2012 ПОРТА
3
45
еко инфо лондон
Британски инженери создадоа гориво од воздух и вода Инженерите од компанијата ”Air fuel synthesis“ (AFS), од северот на Англија, успеале да произведат гориво исклучиво од вода и воздух. Техниката на производство се состои од екстракција на јаглеродниот диоксид од воздухот и водород од водата, од кои потоа се добива метанол. Научниците што стојат зад проектот тврдат дека со користење на обновлива енергија за потребите на процесот, можно е да се креира потполно карбонски неутрално гориво. Ова истражување е дел од двегодишен проект кој досега чини еден милион фунти. Се разбира, ова гориво не ќе може наскоро да се најде на бензиските пумпи. (Reuters)
БрисЕл
ЕУ бара построги мерки за надзор врз офшор дупчења Надлежното тело за енергетика на Европската Унија го усвои нацрт-законот со кој се бара од енергетските компании пред почетокот на офшор дупчењата да достават планови за постапување во итни случаи. На тој начин ЕУ настојува однапред да ги спречи негативните последици за животната средина и стопанството, до кои дојде по несреќата на платформата ”Deepwater Horizon“ во Мексиканскиот залив во 2010 година. Затоа компаниите ќе имаат обврска шест месеци пред почетокот на работите да докажат дека технички и финансиски се подготвени да одговорат во случај на инцидент. (UPI)
46
ПОРТА
3
2 ноември 2012
осло
норвешка заработува 53 милијарди евра од нафта Норвешката заработувачка од нафтата во 2012 година ќе биде за една милијарда евра повисока од претходната година, се наведува во извештајот на норвешката влада за планираниот државен буџет за 2013 година. Овој план предвидува заработка од нафтениот сектор во висина од 53 милијарди евра, од кои директните и индиректните даноци изнесуваат 32 милијарди евра, дополнителните државни финансиски интереси 20 милијарди евра, а дивидендата од нафтената компанија ”Statoil“ две милијарди евра. (Oil and Gas Eurasia)
еко инфо загрЕБ
наскоро дозволи за емисија за хрватските компании
Од 1.01.2013 година Хрватска ќе влезе во европскиот систем за тргување со емисии (EUETS), што значи дека хрватските компании, дури шест месеци пред официјалното пристапување во ЕУ, ќе можат дел од своите емисии на стакленички гасови да платат со купување на дозволи на соодветната берза. Овој факт е од голема важност за хрватското стопанство, иако претстои краток период за спроведување на потребните регулаторни реформи. Регулаторните обврски поврзани со емисијата на стакленичките гасови беа една од најсериозните заостанати обврски во процесот на пристапување на Хрватска во ЕУ. (Vječernji list)
каиро
Египет против етиопска брана на нил Египетската влада силно се спротивставува на плановите на Етиопија за изградба на огромна хидроцентрала на Нил, сметајќи ја за закана на националната сигурност. Централата со моќност од 6 GW, според египетските тврдења, сериозно ќе го загрози дотокот на водата во Нил, а доколку не се постигне компромис не е исклучена и воена акција. Притоа Египет се повикува на спогодбата од 1959 година воведена од британските колонијални власти, според која Египет има право да одлучува за 90% од водата во Нил. Со оваа спогодба, пак, Етиопија и уште четири држави по течението на Нил се оставени речиси без влијание во одлучувањата за водните ресурси. Ова е особено тежок проблем за Етиопија бидејќи дури 75% од водата во Нил потекнува од етиопските висорамнини. Планираниот проект вреди 5 милијарди долари, а се планира да се заврши во 2017 година. (energetika-net)
БЕлград
Балканските криминалци продаваат украдена нигериска нафта
подготви: даниела мЛадЕноВска
Во Нигерија секојдневно се крадат по 180.000 барели нафта, која се продава преку организираните криминални групи на Балканот и во Сингапур. Се работи за количина која претставува скоро 10% од вкупното дневно производство на нафта во Нигерија, а криминалците ја обезбедуваат преку упади во самите нафтоводи, но и на пристаништата. Најголемиот дел од оваа нафта се проследува до криминалните мрежи во Србија, Бугарија и Украина. (танјуг) 2 ноември 2012 ПОРТА
3
47
хортикултура
ДЕНДРОПАРК - СВЕТСКА ГРАДСКА ШУМА Во дворното место на Шумарскиот факултет и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје веќе 65 години постои најразновидниот дендропарк на Балканскиот Полуостров, специфичен поради богатството од различни видови сместени на мал простор во градска средина. Oвој парк на дрвенести растенија засадувани од земјите од целиот свет, полека го добивал своето место во науката и во образовниот процес. м-р Бојан симоВски, УКИМ Шумарски факултет, Скопје
Што е дендрологија? Дендрологија (грч. dendron = дрво, logos = наука) е наука за дрвенести растенија, поточно, наука која ги изучува нивните морфолошк-еколошки карактеристики и особености. За сите дрвенести растенија е својствен процесот на одрвенување, односно лигнифицирање. Во природата тие можат да се сретнат растејќи и развивајќи се како дрвја, грмушки и ползавци. Дрвјата достигнуваат височина од најмалку пет метри и имаат јасно видливи делови на стеблото - дебло и крошна. Кај грмушките разгранувањето започнува веднаш од кореновиот врат. Нивната најголема височина е пет метри. Ползавците, пак, имаат неопходна потреба од поткрепување. Затоа ползат по површината на почвата, се јазат по карпи или по стеблата на дрвјата. Што е дендропарк? Дендропарк претставува збирка од дрвенести растенија. Значи, на определен простор направен од човекот се развиваат и растат дрвја, грмушки и ползавци. Дендропарк најчесто се подигнува со научнообразовна цел, а може да има и културолошко значење (Паркот на толеранцијата во дворот на Воената болница во Скопје, Паркот на франкофонијата во градскиот парк во Скопје). Во дворното место на Шумарскиот факултет и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1947 48
ПОРТА
3
2 ноември 2012
година, со основањето на еден од првите факултети во нашата земја, Земјоделско-шумарскиот факултет, започнал да се создава еден од најинтересните паркови на дрвенести растенија на Балканскиот Полуостров. Од 1950 година паркот го добива и денешниот назив дендропарк. Оттогаш, дел од дрвенестите видови поради абиотски и биотски фактори се исчезнати, а и просторот на кој се развивале и растеле овие претставници на дендрофлората е намален со изградбата на неколку факултетски објекти. Видовите што по своето географско распространување (ареал) ја опфаќаат Македонија, се нарекуваат автохтони или домашни видови. Исто така, се среќаваат и алохтони, односно странски (егзотични) дрвенести растенија. Нивното распространување во нашата земја е помогнато од човекот. Дендропаркот е жива збирка од дрвенести растенија и е подигнат, пред сè, како практично помагало на студентите од Шумарскиот факултет. Значи, дендропаркот е практично училница во природа, каде се учат еколошките влијанија и интеракциските односи на дендрофлората и животната средина. Во последно време, дендропаркот сè повеќе го зголемува своето значење. Едновремено, лоциран во централното градско подрачје, претставува т.н. светска градска шума. Дендропаркот е и облагородено градско
Денескa дендропаркот брои околу 230 различни дрвни вида кои успеваат на површина од околу 4 хектари. Сместена на релативно мал простор, оваа дендрофлора го вбројува дендропаркот како еден од најзначајните балкански и европски дендролошки центри. Во него се наоѓаат претставници на македонската и балканска ендемска дендрофлора, односно дрвенести растенија кои ги има единствено во Македонија или во балканските земји.
хортикултура
зеленило, со посебна намена. Затоа, дендропаркот може да му послужи на секој заинтересиран граѓанин, ако сака да научи нешто повеќе за надворешниот изглед на дрвенестите растенија, нивната екологија, значењето и ползата. За одржување и унапредување на дендропаркот се грижи шумско-опитната станица при Шумарскиот факултет. Разновидноста на дрвенестите растенија се зголемува со постојано внесување нови видови. Во дендропаркот успеваат дрвенести растенија од умерено-континенталните и континенталните подрачја на северната хемисфера. Како едни од поспецифичните претставници на македонската и светската дендрофлора, значајно е да се нагласат следните „жители“ на дендропаркот: Научно име: Quercus macedonica (= Quercus trojana) Народно име: Македонски даб екологија: Топлољубив, светлољубив и сушоотпорен дрвен вид кој населува плитки и каменести почви, на јужни експозиции до 1.100 m надморска височина специфичност: Најголем желад од дабовите во Македонија; шумска заедница - ass. Quercetum macedonicae која претставува ендемска терциернореликтна појава и како таква има посебно научно и еколошко значење во развојот на вегетацијата на Балканскиот Полуостров значење: Еколошко, декоративно (крошна) и духовно (бадниково гранче)
Научно име: Sequoiadendron giganteum (= Sequoia gigantea) Народно име: Џиновска секвоја Ареал: Планински масиви во Калифорнија (САД) екологија: Зимзелен, океанска клима, длабоки и хранливи почви, брз растеж специфичност: Најголемо дрвје на светот, со височина од повеќе од 117 m, пречник на деблото од 12 m и дебелина на кората до 70 cm; вегетира од 2.000 до 4.000 години; семето се собира со помош на верверички значење: Еколошко, научно (ендемит и реликт) и економско (САД) Познавајќи ги карактеристиките на дрвенестите растенија, особено нивните еколошки својства, луѓето може да ги ползуваат дрвенестите растенија за поздрава и поубава животна средина. n
2 ноември 2012 ПОРТА
3
49
пејзажно дизајнирање
ГРАДИНИТЕ ВО ЕНТЕРИЕРОТ - ЦУБО ГРАДИНИ Филип ФиЛиПоски
дипл. шум. инж.
о денешно време, кога зелените површини во урбаните средини стануваат се помали, истовремено се зголемува потребата од зеленило во просторот што нè опкружува. За таа цел, сите современи дизајнери практикуваат да подигнуваат градини во ентериерот, што би претставувало еден вид на модерно решение за уредување на одреден дел, како и со цел да се направи спој помеѓу неживото и природата, односно да се задоволи потребата од природата во секојдневноста. Во поново време, кога ќе се спомне градина во ентериерот, прво што паѓа на памет се супер модерните вертикални градини. Тие се одлично решение за разубавување на ентериерот, но во оваа статија ќе се осврнеме на една стара јапонска традиционална техника на задоволување на потребата од растителност во ентериерот, познати како цубо градини. Јапонските
В
50
ПОРТА
3
2 ноември 2012
пејзажно дизајнирање
Колку е помал просторот, толку повеќе треба да се внимава при изборот на растенија и материјали, кои би ја сочинувале овој тип на градина. Задолжително треба да се избегнува употреба на вештачки растенија и материјали. Цубо градините може да бидат и водни површини. Тоа претставува едно од најсложените архитектонски решенија, кое може да се примени при подигнување на овој вид на градини. градини претставуваат уникатно културно наследство со вековна традиција. Денес тие се највисокото достигнување во пејзажното дизајнирање.
ЦУБо ГрадиНи Цубо градините се едни од најмалите јапонски градини со димензии кои го диктираат просторот што сакаме да го уредиме. Тие најчесто се подигаат на површина од 3 до 15 метри квадратни. Името на овој вид градини всушност означува единица мерка за плоштина еднаква на 3,3 м2. Во духот на јапонското световно учење, овие минијатурни градини се како микрокосмос, создадени во тесното пространство помеѓу ѕидовите, кои ја изразуваат животната филозофија, националниот карактер и уникатноста на Јапонците да живеат во хармонија со природата. Цубо градините се појавуваат пред средновековието како резултат од пренаселеност во урбаните делови од градовите, што довело до недостаток на
зелени површини. Еден од условите за создавање на овој вид градини е достапноста на поголема количина на светлина. Ако тој дел од ентериерот е изложен кон југ, се употребуваат видови кои имаат поголема количина од светлина и обратно. Во случај да се користат видови кои немаат потреба од директна и јака светлина, тоа се регулира со прегради (завеси, ролетни и слично), додека во случај да употребиме видови кои имаат потреба од поголема количина на светлина на некоја од останатите страни, тогаш тоа се регулира со поставување на систем од огледала или наједноставно со специјални светилки, со зголемен син спектар. Други услови кои треба да се обезбедат се задолжително поставување на дренажен слој за да не се створи поплава, како и добра вентилација на просторот во кој би се подигнале овие градини. Во услови каде што има постојан провев, за да се спречи какво било страдање на чувствителни видови, овие градини се преградуваат со
стакло, со што се формира еден вид на вивариум. Колку е помал просторот, толку повеќе треба да се внимава при изборот на растенија и материјали, кои би ја сочинувале овој тип на градина. Задолжително треба да се избегнува употреба на вештачки растенија и материјали. Покрај растенијата што би се употребиле при подигнување на ваков тип на градина, одличен ефект би се постигнал и со употреба на песок, камења и други дополнителни минијатурни предмети, кои би придонеле за оформување на покомплетна слика. Цубо градините може да бидат и водни површини. Тоа претставува едно од најсложените архитектонски решенија, кое може да се примени при подигнување на овој вид на градини. На крај треба да им се даде на знаење на сите кои имаат желба да создадат една ваква прекрасна градина во своите домови и канцеларии, дека треба постојано да ја негуваат и да ја одржуваат затоа што може многу брзо да ја изгуби првенствената форма која е зададена. n 2 ноември 2012 ПОРТА
3
51
занимливости
холандија
Греење на велосипедските патеки
С
о желба да поттикнат што повеќе луѓе и во текот на зимата да возат велосипеди, но и да го намалат бројот на повреди предизвикани од мразот, холандските истражувачи предложиле велосипедските патеки во иднина
да се загреваат. „Идејата е под патеките да се постави систем кој ќе го спречи формирањето на мразот зиме“, вели инженерот Марсел Берефин од консалтинг компанијата“Tauv”. Неколку холандски општини веќе изразиле интересирање за споменатиот систем кој би користел геотермална енергија на длабочина од 30 до 50 метри под земја. „Проектот ќе овозможи големи заштеди. Ќе биде потребно помалку сол за топење на мразот, ќе се намалат медицинските трошоци заради повредите, а луѓето помалку ќе ги користат своите автомобили затоа што повеќе ќе возат велосипеди“, објаснил инженерот Берефин, потсетувајќи дека секоја година се регистрираат околу 7.000 повреди со велосипед. Холандија има близу 18 милиони велосипеди на 16,5 милиони жители. 52
ПОРТА
3
2 ноември 2012
Холанѓаните сакаат да ги стимулираат своите сограѓани да возат велосипед и во текот на зимата
стадион „вЕлодром“ - марсЕј, Франција
спортски храмови
Трето и најголемо „шминкање“ на легендарниот „Велодром“
сашо куЗманоВски имболот на градот на клултурата Марсеј, стадионот „Велодром“ се подготвува за ново „шминкање“. Театарот на најголемите фудбалски дострели на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј се подготвува за европското првенство во 2016 година, а веќе до крајот на 2014 година ќе блесне во ново руво. Големата реконструкција на стадионот со 75-годишна историја, доживува трета реконструкција, по првите два зафати кои беа реализирани во 1984 и 1998 година. Третиот зафат ќе биде и најголем по обем и највреден според вложените средства. Постоечкиот капацитет од 60.000 ќе нарасне на 67.000 места. Целиот стадион, освен проширувањето, ќе доживее и комплетна модернизација на инфраструктурата, а се подготвува и комплетно покривање на трибинскиот простор, кој досега не ја доби таа можност. Сите 67.000 места ќе бидат покриени, а просторот меѓу седиштата на трибините ќе добие и поголем комфор за удобност на посетителите. Повеќе од 6.000 места на трибинскиот простор ќе бидат пренаменети во ВИП места. Со новата реконструкција, една
С
трибина која го носи името „Ганај“ ќе биде спуштена до тревникот, што значи дека гледачите ќе имаат уште подобар поглед на случувањата на теренот. Ќе биде зголемен и бројот на тоалети, а исто така е предвиден и поголем простор за мини-киосци и угостителски објекти во поттрибинскиот простор. Во планот за реконструкција на стадионот вреден 237 милиони евра, влегува и цената на изградба на административни и трговски капацитети околу стадионот. И надворешноста на стадионот ќе добие комплетно нов изглед. За фудбалерите на Олимпик Марсеј ќе биде изграден посебен паркинг, но ќе биде зголемен и капацитетот на постоечкиот паркинг за гледачите и гостите. Интересно е што „Велодром“ ќе биде еден од ретките стадиони кои ќе добијат вистински тунел од кој безбедносните служби ќе можат да вршат брзи интервенции и експресно да се излечат фудбалерите и персоналот во итни случаи. Новиот „Велодром“ ќе има 317 места за лица со посебни потреби, распоредени на сите четири трибини, а не на една, како што тоа најчесто го имаат останатите стадиони според ФИФА стандардите. На двете големи трибини ќе има и по два ескалатори за побрз и полесен пристап до највисоките блокови. Од сите балконски влезови на трибините ќе има пристап до бистроата и угостителските објекти.
Факти за „вЕлодром“ - Марсеј, Франција капацитет: 67.000 места период на изградба: 2010 - 2014 Цена на реконструкција: 237 милиони евра дизајн: SCAU и Atelier 9 инвеститор: Olympic Marseille
2 ноември 2012 ПОРТА
3
53
антонио ФорЧЕлино, архитЕкт и најпознат рЕставратор на дЕлата на голЕмиот рЕнЕсансЕн УмЕтник
МИКЕлАНџЕлО кате анТЕВска
– гениј и престапник
историчарка на уметност
а се реставрираат делата на еден од најголемите уметници во историјата на уметноста, Италијанецот Микеланџело Бонароти, е своевиден подвиг. На таков подвиг се спремни малкумина или можеби еден. Денес таа мисија ја има Италијанецот Антонио Форчелино, архитект, историчар на уметност, писател и еден од најпознатите светски реставратори на скулптурите на Микеланџело. За среќа, имавме шанса да слушнеме за неговите искуства околу реставрацијата на делата на Микеланџело, овој месец, на Неделата на италијанскиот јазик во Скопје. „Реставрација на последните дела на Микеланџело: помеѓу гениј и престапник“ беше насловот на предавањето што пред бројна публика се одржа во Македонската академија на науките и уметностите. Го нарекувале „божествениот“, имал репутација на фантазер, налудничав и меланхолик, но никој не можел да ја негира неговата генијалност. Микеланџело бил неповторлив во својот ликовен јазик. На крајот од своето творештво не ги почитувал правилата што важеле во ренесансниот период, напротив, радикално ги менувал темите од христијанството, ја менувал преспективата и идеалите. Дури и Богородица, која дотогаш се претставувала како ненаметлива и срамежлива божја мајка, во неговите слики се наметнува со својата женственост. Вајарската група „Пиета“, скулптурите „Мојсеј“ и „Давид“ се ремек-дела, ненадминати во својата вајарска изведба. Затоа, разбирлив е стравот и предизвикот да се реставрираат дела со голема величина. Со таков предизвик се соочува и Антонио Форчелино, кој заедно со својот тим работел пет години на реставрација на Гробницата на папата Јулие Втори, која се наоѓа во црквата Св.Петар во Винколи во Рим. Познато е дека Микеланџело гробницата почнал да ја работи во 1505 година, а ја завршил во 1545 година. Цели четириесет години работа на една гробница, која за Микеланџело ќе стане, како што самиот ja нарекувал „трагедија на мојот живот“. Проблемот бил тоа што овој голем уметник постојано добивал нови ангажмани откако ја почнал гробницата, едноставно, по волја на судбината, таа ќе го одбележи неговиот творечки век. - Досега, споменикот сме го гледале како остаток од еден замислен мавзолеј, што било погрешно. Од премногу светлина работите не се гледаат јасно. Реставрацијата е како археолошка работа - вели Форчелино, нагласувајќи дека открил детали кои досега никој пред него не можел да ги види. Тој забележува дека за овој споменик уметникот употребил скулптури кои претходно припаѓале на друг споменик. Микеланџело, вели Форчелино, морал да направи експресивни фигури за да му даде значење на малиот простор со кој располагал за гробницата. - Реставрацијата беше откритие на делото, а не само
Д
54
ПОРТА
3
2 ноември 2012
Форчелино, трагајќи по причината зошто Микеланџело ја сменил првичната идеја за гробницата на Јулие Втори, открива дека тој намерно ја преобликувал бидејќи припаѓал на лутеранскиот, реформаторски круг. Вајарот го свртел ликот на Мојсеј кон светлината, наместо кон синџирите на св. Петар, како што бил планиран на почетокот. Гробницата на Јулие Втор
Папата Јулие Втори
Мојсеј од Гробницата ја Јулие Втори.jpg Гробницата на Јулие Втори
негово чистење. Скулптурата мора да биде чиста, најмногу поради светлината, што е клучна во восприемањето на вајарското дело. Откривме дека постои разлика во обликувањето на косата кај скулптурите. Во скулптурата на Мојсеј кадриците почнал да ги прави Микеланџело, а потоа ги доработувал некој од неговите соработници. Воочлива е погруба обработка - забележува Форчелино. Раскажувајќи за статуата на Мојсеј, едно од најпознатите дела на Микеланџело, тој вели дека заедно со својот тим открил работи, кои дотогаш не биле познати. Тие трагале по причините зошто Микеланџело ја сменил првичната идеја за гробницата на Јулие Втори, и заклучиле дека тој намерно ја преобликувал бидејќи припаѓал на лутеранскиот, реформаторски круг. Вајарот го свртел ликот на Мојсеј кон светлината, факелот, наместо кон синџирите на св. Петар, како што бил планиран на почетокот. - Фигурата на Мојсеј има неколку недостатоци, кои настанале поради тоа што Микеланџело имал кратко време да ја доврши. На левата потколеница недостасува мермер,
Антонио Форчелино дипломирал архитектура на римскиот универзитет „Ла Сапиенца“, завршил специјалистички студии по средновековна и модерна историја на уметност, а има и диплома од Централниот институт за реставрација. Работел како архитект во Министерството за културни добра и во Институтот за надзор на архитектонски добра и наследства во Фиренца. Негови најголеми реставраторски зафати се: Трајановата арка во Беневено, Катедралата во Сиена, фасадата на галеријата „Боргезе“, Палатата „Алберини“ во Рим, како и скулптури од црковната ризница на Кралската капела на Катедралата во Неапол.
но тоа е затоа што во првобитната форма фигурата била поставена на пониско седиште, а подоцна, во 19 век е преместена на повисоко. Друг момент е тоа што левото колено е помало од десното и целата лева половина е поголема и посјајна од десната. Тоа е така бидејќи за свртувањето на Мојсеј, во позата што ја знаеме денес, Микеланџело имал само два дена - вели Форчелино. Статуата на папата Јулие Втори, што се наоѓа во средина на гробницата, е најекспресивна. Овој папа, раскажува Форчелино, бил многу темпераментен човек, па затоа луѓето го викале „воинот“, а не папа. Во делото на Микеланџело тој е претставен како поразен и меланхоличен човек, бидејќи на крајот тоа и ќе биде, забележува Форчелино. Од првобитната замисла на гробницата на Јулие Втори до нејзината конечна реализација имало многу измени. Тоа е така затоа што во период од 40 години, колку што се правела гробницата, уметникот ги сменил своите ставови. Најголемиот ренесансен скулптор Микеланџело, кој целиот живот работел по нарачка на неколку папи и на семејството Медичи, бил припадник на религиозна група која се залагала за реформа на католичката вера. Форчелино раскажува дека тој во последните години од животот, сe подлабоко навлегува во религиозни теми, а станал и радикален и жесток поборник против злоупотребите на Римската црква. Историските податоци говорат дека инквизицијата осудила негови блиски пријатели за ерес, а дел од неговите слики и скулптури претставувале манифест на неконвенционалната вера, која била различна од учењето на Ватикан. n 2 ноември 2012 ПОРТА
3
55
светски изложби
„RegaRding WaRhol: Sixty aRtiStS, FiFty yeaRS“, ЊУјорк
И по Ворхол Ворхол Гала ретроспектива за наследството на таткото на поп културата во њујоршкиот музеј Метрополитен. Изложбата се состои од 45 дела на Ворхол „соочени“ со стотина дела на шеесет други уметници, кои реинтерпретираат, кореспондираат или реагираат на неговото иновативно творештво. дејан БуѓЕВац МЕТРОПОЛИТЕН МУЗЕЈ ЗА УМЕТНОСТ ВО ЊУЈОРК
о децении, стручната и останатата јавност го набљудува и анализирa влијанието на Енди Ворхол (1928 - 1987) врз современата уметност. Иако не е мал бројот на оние критичари кои истакнуваат дека Ворхол како субјект имал доминантно влијание, сепак ниту една изложба досега го нема истражувано како таков круцијален феномен и тоа во целост. Од друга страна, иако веќе подолго време во статусните аукциски куќи како што се „Кристи“ и „Сотеби“, колекционерите издвојуваат десетици милиони долари или евра за купување на ликовни остварувања со негов потпис, и за мотиви како што се Кока-Кола, автомобилски судири, цвеќе, Кемпбел супи, одредени критичари сметаат дека е веќе излитен митот за Ворхол како најважен светски уметник во втората половина на 20 век (Пикасо го има истиот статус за првата половина). Исто така, иако Ворхоловите портрети на музичари, дизајнери, политичари и други јавни личности, веќе се дел и нашле место во култните музеи ширум светот, од Париз до Токио, сè уште е сериозна бројката на оние што на тие дела гледаат со голем потсмев и осуда.
С
56
ПОРТА
3
2 ноември 2012
1
2
3 4
1. Енди Ворхол, Self-Portrait, 1967 2. Чак Клоуз, „Phil“, 1969 3. Џилберт и Џорџ „Red Morning Drowned“,1977
Не е мал бројот и на оние што сметаат дека Ворхол го величал кичот и конзумеризмот, па затоа со еднаква осуда истите гледаат и на оние уметници кои тргнале по истите или паралелни патеки во своето творештво. Токму затоа, со голема нетрпеливост и со огромен интерес беше дочекано отворањето на изложбата „Regarding Warhol: Sixty Artists, Fifty Years“ во славниот њујоршки Метрополитен. Така, музејот Метрополитен или популарно наречен „Мет“ основан во 1870 година, моментално е домаќин на голема ретроспективна изложба посветена на овој сега веќе легендарен американски уметник, како и за неговото влијание на современата уметност. Она што можеше да се забележи, е дека уште на првиот ден од отворањето на изложбата за јавноста, бројот на посетители како домашни така и од целиот свет беше навистина неверојатен (нема потреба од никаква споредба со нашиве простори), односно со часови се чекаше во долги редици за да може да се види оваа ексклузивна поставка, а на која кустосите и историчарите на уметноста од музејското Одделение за модерна и современа уметност работеле неколку години наназад.
екскЛУзивНост
диЈаЛоГ
Така, кустосите Марк Росентол, како гостин, и Марла Претер не само што го „исчистиле“ Музејот на Енди Ворхол во неговиот роден Питзбург, основан во 1994 година, туку и многу други јавни и приватни музеи и колекции, вклучувајќи ги и делата на избраните уметници од целиот свет. Енди Ворхол, еден од најистакнатите уметници на минатиот век, кој и самиот стана мит. Тој е уметник кој поставил радикални прашања за јазикот на уметноста и за дијалогот меѓу уметноста и општеството. Ворхол не ја редефинирал уметноста како медиум на популарна култура - тој го изменил начинот на кој го перципираме светот. Бил човек кој го елиминирал филтерот помеѓу различните уметнички форми и реалности, дозволувајќи неговата нација да ужива во евтината, материјалистичка и имплицитна слава. Од илустратор станал еден од најпознатите уметници на Америка. На многу начини, тој и кругот луѓе околу него ги дефинирале идните развојни аспекти на њујоршката, американската и англосаксонската уметничка сцена и култура воопшто.
Дека се работи за сериозен потфат и иновативна презентација е и податокот дека и други музеи и галерии планирале да направат ваков истражувачки и изложбен потфат, но се откажале, па така само Метрополитен се „дрзнал“ да приреди ваков спектакуларен настан по повод 25 години од смртта на Енди Ворхол: да се опфатат сите аспекти од неговиот живот; од човек чија уметност претставувала вносен бизнис до човек кој оставил неизбришливи траги и промени во историјата на уметноста. Бидејќи и самиот негувал повеќе аспекти и погледи на живот, заради што и организаторите решиле изложбата да биде поделена на неколку целини. Всушност, изложбата се состои од 45 дела на Ворхол „соочени“ со стотина дела на шеесет други уметници кои реинтерпретираат, кореспондираат или реагираат на иновативното творештво на Ворхол. Насловот на изложбта е „Regarding Warhol: Sixty Artists, Fifty Years“, а поставени се најдобрите примери од творештвото на Ворхол, слики, скулптури и филмови. Целта на изложбата е да се препознае дијалогот меѓу Ворхол и уметници од сите генерации, и како таква е прва голема изложба, 2 ноември 2012 ПОРТА
3
57
1
2
5
1. Енди Ворхол, „Turquoise Marlyn“, 1964 2. Сигмар Полке, „Plastik-Wannen“, 1964 3. Енди Ворхол, Red Jackie”, 1964 4. Синди Шерман, „An Untitled“, 1982 5. Енди Ворхол, „Cow wallpaper and sylver balloons“ 6. Џеф Кунс, „Michael Jackson and Bubbles“, 1988 7. Алекс Кац, „Lita“, 1964 8. Даглас Гордон, „Self-Portrait as Kurt Cobain, as Andy Warhol, as Myra Hindley, as Marilyn Monroe“,1996 9. Ханс Хаке, „Helmsboro county unfolded“,1990
6
7
58
3
9
8
светски изложби
4
која настојува во целост да ја истражи вистинската природа и стварниот дострел на влијанието на Ворхол врз современата уметност. А дека е огромно влијанието на Ворхол, зборуваат не само делата на најголемите и највлијателни уметници поставени на изложбата, туку тоа чувство за духот на таткото на поп културата го имате насекаде додека се движите низ улиците и авениите на Њујорк, а особено кога ќе влезете во големиот број галерии за современа уметност сместени во Сохо, Челзи, Ист Вилиџ, Бруклин... Имате чувство како Ворхол да се крие во сите оние дела на млади уметници, кои изложуваат во овие галерии и го бараат Џулијан Шнабел, своето место под „Barbara Walters“, 1990 сонце. Самиот факт дека во „останатите уметници“ на изложбата во Метрополитен се сврстени уметници кои дејствувале во последните три децении, сосема доволно зборува какво влијание извршил Ворхол врз уметниците и историјата на уметноста.
асортимани од стоковни куќи, амбалажа на стоки за широка потрошувачка... Тука се сместени и оние што ја делеле фасцинацијата на Ворхол со медиумското следење на катастрофи, смртта, теми со кои Ворхол најмногу се занимавал во раната фаза на своето творештво, а со кои подеднакво влијаел на современиците Зигмар Полке и Ханс Хаке, а подоцна и врз уметниците Вик Мунис и Сара Лукас.
портрети
Ворхоловиот интерес за „пакување на роба“ се проширил и на „пакување на селебрити“, што во неговиот случај се развил во интензивно портретирање на славни и моќни. Токму другата целина, „Портрети: Славни и моќ“, го покрива најпрофитабилното и најмалку контроверзно творештво портретирање на славни личности, па така може да се видат и „Red Jackie“ и „Turquoise Marlyn“ - црвената и тиркизна верзија на животните сопернички пет ЦеЛиНи Жаклина Кенеди и Мерлин Изложбата е структурирана Монро од 1964 година. На во пет тематски целини: вистински начин, тука можете да „Дневни вести: од го согледате односот на баналности до катастрофа“, современите уметници кон „Портрети: Славни и моќ“, прашањата за слава или „Querr студии: Камуфлажа и срамот во доминатната ера на замена на идентитетот“, таблоидите. Покрај овие веќе „Конзумирање на слики: историски портрети, изложени апропријација, апстракција и серии“, и се и делата на Алекс Кац, Чак „Без граници: Бизнис, соработка и Џеф Кунс,„Wall Клоуз, Елизабет Пејтон, Карен спектакл“. Relief with Bird“, 1991 Килимник и Синди Шерман. Дел од изложбата со наслов „Дневни вести: од баналности до катастрофа“, ја Ворхоловата практика на портретирање во 70тите години на минатиот век, односно неговиот обработува опседнатоста на Ворхол со уметнички интерес за политички фигури, низ призорите од секојдневниот живот, неговиот делата на другите уметници се развиваат во нови интерес за предмети кои ја симболизираат насоки. Вистинско уживање е да се гледаат сиве потрошувачката култура на Америка во овие портрети на едно место, еден покрај друг... шеесеттите години на минатиот век и нејзината Уметнички, еден историски мотив како што е страст кон огласувањето, таблоидите и портретот, а толку впечатлив во својата списанијата. Во овој дел од изложбата се современост кај сиве овие уметници. Како што сместени делата на оние уметници како што се истакнал нашиот исклучителен сликар Душан Џеф Кунс, Демијен Херст, Робер Гобер, Ај Веј Перчинков, во еден наш разговор, „Ворхоловиот Веј, кои како и Ворхол во своето творештво портрет на Мерлин Монро е можеби еден од „присвојувале“ предмети од супермаркетите, 2 ноември 2012 ПОРТА
3
59
светски изложби 1
последните вистински и иновативни портрети на 20 век во сликарска/техничка смисла на зборот“.
QUEER Третиот дел се занимава со прашањата за сексуалноста и родовите, интерпретации во поствоениот период, тематика чии табуа и граници ја разоткриваат помислата дека токму Ворхол со провокации настојувал да ја постигне својата отвореност кон различните варијанти на „квир идентитетот“. Овој дел од изложбата покажува како Ворхоловото дело му помогнал на „квир идентитетот“ да се внесе во светот на уметноста. Тука се секако и новите генерации уметници на тема „квир идентитет“, па така покрај Ворхол на изложбата се застапени дела и од Дејвид Хокни, Питер Хујар, Кристофер Макос, Ричард Аведон, Роберт Маплторп и Кетрин Опи. Во оваа селекција се наоѓа и познатиот автопортрет на Ворхол од 1986 година, направен непосредно пред да почине, како и делото „Torso from Behind“. Користењето на веќе постоечките фотографии е тема на четвртата група на поставка насловена „Конзумирање на слики: апропријација, апстракција и серии“. Тука се истражуваат неговите службени стратегии и иновативното користење, како што споменавме, на веќе постоечките фотографски извори, на неговото „присвојување“ на постоечките уметности и неговиот интерес за апстрактното. Тука делата на Ворхол се групирани со оние на уметниците како што се Ричард Принс, Синди Шерман, и на Кристофер Вул, кој на „Ворхоловски начин“ се игра со апстракцијата и со серијалноста.
2
призНаНие
1. Такаши Мураками „Kaikai Kiki“, 2001 2. Енди Ворхол, „Green Coca-Cola Bottles“, и „Big Campbell’s Soup-can 19c“, 1962 3. Роберт Гобер „Untitled“, 1990 4. РичардПринс, „Drink Canada Dry“, 1989
3
60
4
ПОРТА
3
2 ноември 2012
Последниот блок „Без граници: Бизнис, соработка и спектакл“ го истражува интересот на Ворхол во однос на уметничките соработки преку правењето филмови, списанија, музика и дизајн, како и неговиот интерес за создавање на околина која гледачите во целост ги „вовлекува во призор“. Во суштина, овие две последни тематски групи се занимаваат со пролиферација, Ворхоловата омилена метода на повеќекратното повторување на еден ист мотив, која ја применувал во низа свои остварувања. Критичарите се со мислење дека со оваа изложба, на големиот уметник му е одадено вистинско признание за речиси сè во неговото творештво. На изложбата, а тоа може да се почувствува како пред музејот, така и на големиот број билборди, кои ја рекламираат изложбата ширум градот, е претставен како „уметник над сите уметници“. Она што можеби се смета за пропуст е што не се претставени делата како на Роберт Раушенберг така и на Џаспер Џонс, кои со своите реализации силно влијаеле врз творештвото на Енди Ворхол. Ретроспективата во музејот Метрополитен е отворена до крајот на оваа година. n
арт инфо скопјЕ
„простор за протест“ во мала станица
скопјЕ
авангардниот кипке во мсУ Во Музејот на современата уметност во Скопје во тек е самостојната изложба на Жељко Кипке, еден од најоригиналните хрватски авангардни уметници, автор кој оставил особен белег во креирањето на современата хрватска ликовна сцена и чии дела се наоѓаат во збирките на значајните музеи, галерии и колекции низ светот. Изложбата е насловена „Поздрав од Загреб“, а претставува приказна за невидливиот Загреб во четири целини. Овие целини настанувале цела една деценија и подолго. Најпрвин биле создадени „Клетви“ во форма на слика, па субјективниот филм за галериите што повеќе не постојат на картата на градот или се преселиле на други локации („Невидливи галерии“), потоа тајната камера насочена кон полицискиот двор каде што цели две години се градел дом на тајните служби („Надзорна камера) и на крајот била создадена ретрофутуристичката серија слики за масонскиот заговор во рамките на Европската Унија („Трета ретрофутуристичка изложба: Поздрав од Загреб“). „Дискретната мрежа на уметничките провокации е дел од тајната мрежа на градот - за невидливите мерки што еден урбан комплекс го разликуваат од друг. Колку што се побизарни, подинамично е секојдневјето на некоја метропола“, посочуваат организаторите во презентацијата на содржината на изложбата „Поздрав од Загреб“
Во НГМ („Мала станица“) е поставена изложба на академскиот сликар Сашо Станојковиќ насловена „Простор за протест“. Изложбата е заснована врз истоимениот истражувачки и интердисциплинарен проект, во кој главните учесници беа таканаречените „жртви на транзицијата“. Основните теми со кои се занимава овој долгорочен проект (2007-2012) се правото на работа и феноменот на протест во јавен простор, особено кога правото на работа е попречено од различни причини. Во рамките на изложбата се одржа и јавна дебата на тема „Протестирам, значи постојам“. Сашо Станојковиќ досега изложувал самостојно и групно на повеќе изложби во Истанбул, Стокхолм, Лондон, Kастелон, Мадрид, Хамбург, Мајами, Бостон, Виена и други места.
БЕрлин
милованчев со „кодирани предели“ во Берлин Во изложбениот простор на „Прима-центар Берлин“ во Берлин, изложени се дела на сликарката Наташа Милованчев. Се работи за нејзиниот најнов циклус колажи „Кодирани предели (III)“, 27 дела кои се работени во последната година и се продолжение на истоимениот циклус што го работи од 2007 година. По реализираните изложби во Париз, Софија, Подгорица и во Белград, ова е нејзино петто самостојно претставување надвор од земјава. Инаку, Наташа Милованчев работи како вонреден професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. скопје 2 ноември 2012 ПОРТА
3
61
совети
АДАПТАЦИЈА НА МАл СТАН
Живееме во стан кој е граден одамна. Сега планираме негово реновирање. Сметаме дека распоредот на просториите дава чувство на стеснетост, па можеби некој нов распоред кој ќе ни предложите, станот ќе го направи поубав и попријатен за живеење. Ве молиме за совет. Ана и Велко Спасови, Скопје епријатното чувство на стеснетост во вашиот стан доаѓа од непостоење на единство на просторот кое е симбол на современиот, урбан животен стил. За да го поправите тоа, добро би било да го урнете преградниот ѕид меѓу собите, со што ќе се создаде голема просторија во која ќе се обединат функциите на дневниот престој, спалната соба и трпезаријата. Со евентуално поставување на лесна преграда меѓу делот за спиење и дневната соба, интегралниот простор по потреба ќе се раздели на два нееднакви дела. Блиску до кујната поставете трпезариска маса, а во делот за спиење тросед на развлекување кој преку ден станува дел од мебелот на дневната соба. Покрај троседот уште две седалки, комода и клупска масичка би биле доволни за нормално функционирање на собата. Во делот за спиење, покрај комоди со фиоки, може да се постави и мала работна маса, а во ходникот гардеробни плакари со огледални врати. Билјана стевковска саВиќ
Н Potoa Потоа
62
ПОРТА
3
Пред Pred
дипл. инж. арх. 2 ноември 2012
најчудни градби
Од сон до реалност
ој вели дека соништата не се остваруваат? Потребни се само желба и, секако, пари. Ова второто ги остварува сите желби кога е во прашање модерната архитектура и дизајн. Доволно е да се посака, па макар и објект од соништата, а расположливоста со градежни материјали лесно може сонот да го претвори во реалност. Таков е случајот со еден богат брачен пар од Мексико Сити (Мексико). Со години заедно со своите две деца живееле во класична, огромна куќа која имала вообичаен, класичен дизајн. Својата секојдневна монотонија сакале да ја разбијат со нешто невообичаено, чудно но сепак убаво. Во тоа им помогнале архитектите од „Архитектура Органика“, кои биле мошне убедливи во нивното прифаќање на одлуката да се направи дом кој ќе почива на законите на природата. Нивниот едноставен дизајн се темели на школка, а во одредени случаи и на куќичка на полжав, со оглед на сферичниот изглед не само на собите туку и на целиот објект. Куќата наликува на предмет од бајките. Во неа тешко се наоѓа агол или раб, а дизајнот е природно интегративен (и одвнатре и однадвор), така што уште на прв поглед ќе се вљубите во неа. Официјалното име на оваа приватна куќа е „Наутилус дом“. Ја дизајнирал Хавиер Сеносеин од споменатата „Архитектура Органика“ со седиште во Мексико Сити. Објектот е спој на модерната архитектура со современите текови, или како што вели самиот архитект: „куќа во која се ужива со поглед, слободно се шета и наголемо се ужива“. „Наутилус дом“ се наоѓа до воден брег, со што органската поврзаност со природата доаѓа до израз бидејќи ликот на школката Наутилус многу природно се вклопува во опкружувањето. Технички, објектот има три ката, но максималната површина е на првиот кат каде постои и мала градина, која иако е издвоена, де факто е
драган РисТоВ
К
инкорпорирана во самиот објект. На тој начин, можноста за прошетка до градината се сведува на пар чекори, а уживањето на свежиот воздух е привилегија дури и за третиот кат. Но ова не е сето изнендување, бидејќи онака како што воодушевува надворешноста, уште поатрактивен е животниот простор, кој не само што е функционален, туку е и во стилска согласност со самата идеја. Заоблени ѕидови, интегрирани туш кабини, заоблени дврени плакари, огромен простор за дневен престој и спална соба и слично. Најубава содржина е секако тепихот во вид на вештачка трева, што се надополнува со патеки од камен при премин од една во друга соба во комбинација со дрвените табли. Бањата оддава впечаток на подводна соба, бидејќи освен невидливите апарати, имате мал прозорец и син таван. n 2 ноември 2012 ПОРТА
3
63
излог
1
Благодарение на ротирачкиот додаток од дрво, овие столчиња се одлични за јавни објекти како барови, лобија, библиотеки, студиски соби итн. Дизајнот е на Marco Zito за Plust collection. (слика 1) Табуретки од младиот дизајнер Cedric Ragot тапацирани според дизајнот на француската модна креаторка Sonya Rykiel Maison. (слика 2) Вазни за цвеќиња од полиетилен наменети и за надворешни простори од Javier Mariscal за Vondom. (слика 3) Лустер направен од пластични елементи во комбинација со вилушки, претставен од L’Origine. (слика 4) Масички Tandem од францускиот дизајнер Fred Rieffel за Roche Bobois. Направени се од комбинација на дабово дрво како база на масичките, врз кои има лакиран метал како основа. (слика 5)
сандра дончЕВа ТЕохаРоВа, дипл. инж. арх.
64
ПОРТА
3
2 ноември 2012
2
излог 3
4
5
2 ноември 2012 ПОРТА
3
65
jaвни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 126/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО, ЗА ИЗГРАДБА “ПАРК НА ВЕТЕРНА ЕЛЕКТРАНА – БОГДАНЦИ“ И ИНФРАСТРУКТУРЕН ПРОЕКТ ЗА ПРИСТАПЕН ПАТ ДО “ПАРК НА ВЕТЕРНА ЕЛЕКТРАНА – БОГДАНЦИ“ ВОН Г.Р. ОПШТИНА БОГДАНЦИ ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД
ОБЈАВА БР. 2 ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ, СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА Е-2 ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
БРОЈ: 36/2012 Назив на договорниот орган: Управа за заштита на културното наследство, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување работи на ентериерно уредување на Археолошкиот Музеј, Скопје. Контакт тел/факс: 3289-759, 3289777, лице за контакт: Саша Крстевски. Јавно отворање на понудите на ден 23.11.2012 год.
БРОЈ: 11/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за електронски комуникации, ул. “Димитрија Чуповски“ бр. 13, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Ентериер (внатрешно уредување) за деловна зграда на Агенцијата за електронски комуникации. Контакт тел/факс: 3289-212, 3224611, лице за контакт: Виолета Стјеповиќ. Јавно отворање на понудите на ден 27.11.2012 год. СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 127/2012
ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС СО ОСНОВНА КЛАСА НА НАМЕНА Г2 – ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕМЕНТИ ОД ФУРНИР И БРИКЕТ ВО КО ГРАД, ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТАЗА 2012 ГОДИНА ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА 2012 ГОДИНА ОПШТИНА БЕРОВО
ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ОПШТИНА СТРУГА
ОБЈАВА ЗА ОТУЃВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБ-
ЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА А1ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ И Б5-ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКСИ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ШТИП ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО
ОБЈАВА БР. 3(5.10.2012 ГОДИНА) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, СЕРВИСИ И СТОВАРИШТА Г2, Г3 И Г4 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА “ИНДУСТРИСКО – СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС“ КО ЃОПЧЕЛИ, ОПШТИНА ДОЈРАН СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 130/2012 ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА А1-ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ СО КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ: Б1, В1 И Д3 СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 131/2012 ОПШТИНА НОВО СЕЛО
ОБЈАВА БРОЈ 85(10.10.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС, ОЈБКЕТИ ЗА ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ И СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА, ВО ОПШТИНА КРАТОВО
ОБЈАВА БР. 03/2012 (17.10.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА, СЕРВИСИ, СТОВАРИШТА И КОМПАТИБИЛНА КЛАСА НА НАМЕНА Б1 МАКСИМАЛНО 30% ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО
ОБЈАВА БР. 4/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
ОПШТИНА ВИНИЦА
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 128/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО
БЕОЈ: 01-190/2012 Назив на договорниот орган: АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на нов административен објект “Деловна зграда АД ЕЛЕМ“. Контакт тел/факс: 02 3149-171, 02 3149-127, лице за контакт: Катерина Буцевска. Јавно отворање на понудите на ден 03.12.2012 год.