ВОДИЧ НИЗ ГУП НА ГРАД СКОПЈЕ еве Моргенстерн:
ПРЕДГРАДИЈА ПО СЕКОЈА ЦЕНА
90 денари / БРОЈ 201 / ПЕТОК 22.02.2013 година IX
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Суров манифест
ГОДИНА iX
БРОЈ 201 ПЕТОК 22.02.2013 Редакција:
драги читатели, наречен „Градење за иднината“. Во овој проект се истражуваат сите аспекти на градбата со дрво, економската исплатливост за градба и споредување со традиционалните материјали како што се бетон, челик и слично. Како почетна точка за истражувањето беше употребен станбен комплекс од пет ката со 150 станбени единици, кој треба да почне да се гради во Виена од страна на австриската непрофитна градежна организација „СоциалБау“. „Фасади на кризата“. Во последните три години Еве Моргенстерн, фотограф и режисер на филмови, работи за Американската влада на документирање на последиците од кризата со домувањето. Патувајќи низ цела Америка, во градовите Оукланд, Детроит, Феникс, Лас Вегас, Бафало и Денвер го забележува со својот фотоапарат поставувањето на евтини градежни материјали на фасадата како инстант катализатор на пропаста. Новата зграда Design hub на универзитетот RMIT во Мелбурн е можеби единствена зграда за овдешната култура, која претставува перфектен математички модел, ригидно поставен, пресметан во секој детаљ, и прекрасно вклопен во урбаното милје.
ГРАДЕЖНИШТВО 18 ДАЛИ ЊУЈОРК ЌЕ СЕ ЗАШТИТИ ОД ИДНИТЕ СУПЕР БУРИ?
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: ФАСАДА НА ЗГРАДАТА DEsigN HuB НА УНИВЕРЗИТЕТОТ RMiT
,
од редакцијата
ВОДИЧ НИЗ ГУП НА ГРАД СКОПЈЕ ЕВЕ МОРГЕНСТЕРН:
ПРЕДГРАДИЈА ПО СЕКОЈА ЦЕНА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
90 денари / БРОЈ 201 / ПЕТОК 22.02.2013 година IX
Во претходните броеви на Порта3 ве запознавме со новиот Генерален урбанистички план на градот Скопје. Но планот треба да заживее. Како? За да се олесни работата во овој број ви нудиме „Водич низ ГУП на град Скопје“. Тој е наменет за граѓаните, а особено за стручните лица во општините и планерите. Ако се испочитува овој ГУП, ќе се придонесе во дисциплинирањето на просторот, кој реално е ставен пред многу искушенија. Како и да е, оние што ќе ги изработуваат планските програми, планерите, кои ќе ја работат планската документација од пониско ниво, градоначалниците со стручните служби, сите тие ќе се соочат со сериозна задача, темелена според параметрите од новиот ГУП. Како од гарсониера да се направи двособен стан? Проектантскиот тим на Биро Проект, во овој проект имаше голем предизвик. Од гарсониера со површина од 32 м², која содржи дневна соба, кујна и бања, требаше со реновирање да се добие уште една соба - спална соба, со што станот целосно би ги задоволил барањата и потребите на инвеститорот. Решението е пред вас. Австриското Министерство за транспорт, иновации и технологија и Министерството за економија, поддржаа истражувачки проект
Суров манифест
18
24
ЕНТЕРИЕРИ 24
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
30
АРХИТЕКТУРАТА МОРА ДА ГО СЛЕДИ ВРЕМЕТО, ИНАКУ ВРЕМЕТО ЌЕ ЈА ЗГАЗИ
Печати:
АРХИТЕКТУРА 36
Маркетинг:
СУРОВ МАНИФЕСТ
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ИНТЕРВЈУ 48 48
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 46
ТРЕСКАВЕЦ ЌЕ СИ ЈА ПИШУВА НОВАТА ИСТОРИЈА
ЕГЗОТИЧНИ ВИДОВИ
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
ОД ГАРСОНИЕРА ДО ДВОСОБЕН СТАН
ХОРТИКУЛТУРА 60
лектор: Костадинка СОЛЕВА
Архитект: sEAN gODsELL
УРБАНИЗАМ 26
ЕВЕ МОРГЕНСТЕРН „ФАСАДИ НА КРИЗАТА“
графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ
ВОДИЧ НИЗ ГУП НА ГРАД СКОПЈЕ
АРХИТЕКТУРА 30
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
60
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
4
3
ПОРТА
22 февруари 2013
10. Меѓународен саем на градежништво и 3. Саем на недвижнини – REALEXPO
инфо
Голема понуда на градежни материјали, опрема и станови
Н
ад 300 компании и инвеститори од 5 до 9 март ќе земат учество на Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижнини REALEXPO, кои ќе се одржат на Скопски саем. Годинава, на Саемот на градежништво 2013 повторно со своја понуда на покриви, гипсени производи, малтери и фасадни производи, лепила, изолациони материјали, битуменски производи, камен и песок, ѕидни бои, ќе се претстават долгогодишните учесници: „Кнауф“, „Хенкел“, ИГМ „Вратница“, „Тондах“, „Адинг“, „Интелком“, „Кема“, „Јуб“, „Фрагмат Мак“, „Циклама“, БИМ, „Изолмак Фибран“, „Риведил“, „Мелмакс“, кој го обележува своето 20-годишно постоење, и ги претставува компаниите Ursa, Schidel, Tim Izolirka, Zorka и др. Ќе учествуваат и нашите реномирани производители на градежни материјали „Ренова“, „Пофикс“ и компаниите „Ксела“ и „Итонг“. Со својата понуда оваа година на Саемот ќе се претстават и реномирани компании од Италија како „Пава Реасина“, „Беорол“ од Србија, и „Аке“ од Турција како производител на сите видови лифтови. Понудата за инсталирање на опрема за искористување на сончевата енергија ќе ја претстават 10 компании, кои на посетителите ќе им ја презентираат можноста и поволноста од користењето на овој вид енергија. Од компаниите со програмата – градежна столарија ќе земат учество и „Рехау“, „Пимапен“, „Саламандер“, „Профилко“, „Интер Ал-Пин“ и др. Исто така оваа година својата понуда на саемот ќе ја изложат и производителите и трговците на оков како Г-У од Германија и „Јуниор“ со својата програма од повеќе реномирани странски компании од Италија и Германија. Во рамките на Саемот на градежништво 2013, во Метрополис арена по трет пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo. Оваа година со својата понуда на станови ќе се претстават „Адора“ со понуда на eнергeтско ефикасни станови во Скопје, Охрид и Струмица, „Настел“ со големата понуда на станови во Скопје, „Трим“ oд Охрид со понуда на станови во Скопје и во Охрид со вкупно 1450 станови и промоција на нови објекти. На самите штандови ќе се понудат и поволни услови за купување на станови, преку проектот КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН и преку атрактивните кредити од комерцијалните банки.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
5
региони
Реконструкција во Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Гоцевото школо - новиот Ректорат на УГД Конечно може да се каже дека новиот објект на Универзитетот „Гоце Делчев“ влегува во завршна фаза. Во следните два месеци треба да завршат и реконструкциите во внатрешноста на училиштето, познато по даскалувањето на великанот Делчев.
Е
ден од најважните историски објекти на Штип, училиштето „Гоце Делчев“ во Ново Село, кое го носи името на големиот македонски револуционер, кој како што е познато учителствувал во него, ја доживува својата ренесанса. За оваа важна „руина“ со децении немаше милост, ниту од надлежните ниту од времето, се додека Универзитетот „Гоце Делчев“ не доби дозвола да го смести Ректоратот во него. Од тука тргнува успешната приказна за обнова на овој важен симбол на Ново Село и директен чувар на спомените и деновите на великанот Делчев поминати во него. По надворешноста која потполно е реновирана, со запазување на автентичноста на историската архитектура и дизајн, изминатите месеци интензивно се работеше и на внатрешноста на Гоцевото школо, односно на новиот Ректорат на УГД. Сега и конечно може да се каже дека новиот објект на УГД
6
3
ПОРТА
22 февруари 2013
влегува во завршна фаза: „Објектот каде што ќе биде сместен новиот Ректорат, просториите на поранешното новоселско училиште, ќе биде готов во текот на наредните два месеци“, изјави ректорот на УГД проф. д-р Саша Митрев. Било замислено во текот на овие месеци да се завршат сите работи за да се пушти во функција новиот Ректорат, но од оправдани причини се случи негово одложување: „Подготовките се веќе во завршна фаза, како и работите поврзани со загревањето и ладењето на објектот. Според договорите, треба да се заврши некаде во април, но треба да имаме предвид дека се работи за повеќе од 2.000 квадратни метри“, додава ректорот Митрев. Според Митрев, во дворот на училиштето ќе биде поставена и биста на великанот Делчев: „Бистата на Гоце Делчев е готова. Во моментов се наоѓа во нашите простории, а на 27 март треба да ја поставиме во Ново Село. Авторот на делото треба да се изјасни за постаментот“.
Драган Ристов
Споменикот ќе послужи и за одбележување на шестгодишнината од постењето на Универзитетот „Гоце Делчев“. Во ректоратот е предвидено да бидат сместени: кабинетот на ректорот, шефот на кабинет на ректорот, просторија за состаноци, за проректорите и секретарите, за правната служба, одделот за јавни набавки, одделот за сметководство, одделот за човечки ресурси, архива, бифе и конгресна сала. Во новиот ректорат ќе се направи и спомен соба на Гоце Делчев која ќе биде во склоп на конгресната сала. Замислено е во спомен собата да бидат изложени документи кои се пронајдени, а кои се со потпис на Гоце Делчев, како и други предмети кои директно или индиректно зборуваат за периодот во кој тој бил учител во Штип. Идејното решение за надворешниот изглед на училиштето е на фирмата „Слеме проект“, односно на архитектот Благој Здравев. Со обновата се внимавало да биде зачуван постојниот и автентичен
региони
изглед на училиштето бидејќи објектот е историско богатство, заради што изгледот на новата фасада пред реконструкцијата беше одобрена од Министерството за култура, од Управата за заштита на културното наследство. Освен објектот, предвидено е уредување и на дворот. Тоа е втора фаза во која ќе биде вклучено поплочување на површините со гранит, уредување со парковско зеленило, поставување на канделабри и клупи, како и изработка на фонтана. Фонтаната, која според идејното решение има форма на круг, ќе биде позиционирана врз своевиден крст кој се формира со соодветни пешачки плочи. Бидејќи училиштето е во заеднички двор со црквата „Пресвета Богородица“, во кој најкарактеристична е малата и трошна куќарка во сопственост на Брегалничката епархија, постои план да се уреди и комплексот со црквата, односно старата куќичка на црквата да биде обновена
во традиционален македонски стил, со претходно одобрување од страна на Епархијата. На тој начин, комплетно ќе биде уреден просторот во едно од најстарите и најпознати училишта во Македонија
од револуционерниот период, додека во црквата „Света Богородица“ сликата ја надополнуваат скривниците за комитите и сè уште видливиот ковчег со документите од револуционерната организација.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
7
градежништво
Дренажни системи кај хидројаловишта – теориски основи и искуство
Моќен метод за обезбедување сигурна и економична изградба Дренирањето како главна компонента на проектирањето е најзначаен фактор при дефинирањето на стабилноста при статички и динамички оптоварувања, а и степенот на консолидација при изградбата и осетливоста на ликвифакција речиси во целост зависат од него
Ш
тетите што може да настанат доколку површината на струјната мрежа ја допре низводна косина на хомоген насип се огромни, поради што уште во 1935 година се почнати интензивни и широкоопфатни истражувања за мерење порни притисоци и одредување на струјната мрежа. Освен што биле откриени порни притисоци при изградба, истражувањето под раководство на Терцаги резултирало со дефинирање „правило“ за поставување дренажен тепих под ножицата, но и по целата должина на насипот заради ограничување на напредувањето на струјната мрежа кон низводна косина што доведува до ерозија и до лом. Притоа, основниот принцип е да се издренира порната вода пред да го достигне низводното потпорно тело. Иако наведеното се однесува на насипни брани од правлив материјал збиван со оптимална влажност, кај хидројаловишта е неопходно да се почитуваат и други потреби со оглед на тоа што материјалот се нанесува хидраулички без механичко збивање. Внатрешното дренирање е од витално значење за доверливоста и за сигурноста на хидројаловишта низ целиот нивен животен век, а воедно и за заштитата на животната средина. Иако дренажните системи кај различни видови хидројаловишта многу се разликуваат, дренирањето како главна компонента на проектирањето е најзначаен фактор при дефинирањето на стабилноста при статички и динамички оптоварувања, а и степенот на консолидација при изградбата и осетливоста на ликвифакција речиси во целост зависат од него. Така, добро проектираната дренажа е моќен метод за обезбедување сигурна и економична изградба на хидројаловишта, па е неопходно соодветно лоцирање и димензионирање на дреновите, кои, воедно, треба да бидат заштитени со филтри на контактот меѓу зоните во кои материјалите имаат различни градиенти и пропустливости.
Дренажни системи
Најголемиот дел од хидројаловиштата се изведени со таложење јаловина, а се делат според усвоениот начин на изведба за примена на јаловината при изградбата на песочната брана. Притоа, се разликуваат три главни техники: возводен, низводен и централен метод, но неретко се сретнуваат и мешани методи настанати со промена на техниката на изградба и експлоатацијата поради карактеристиките на јаловината, топографијата, геологијата, сеизмичноста итн. Во зависност од тоа, се менуваат и карактеристиките и принципите за проектирање на дренажните системи кај хидројаловишта. Инаку, целта на дренирањето е максимално ефикасно и трајно да се постигне:
8
3
ПОРТА
22 февруари 2013
А) Ниска површина на струјната мрежа Со одржувањето ниска површина на струјната мрежа се постигнуваат неколку посакувани ефекти: првата струјница не допира до низводната косина, односно доволно е оддaлечена од неа; хидродинамичкиот порен притисок се намалува; голем дел од хидројаловиштето е заштитен од водозаситување, со што се намалува и опасноста од ликвифакција при динамички оптоварувања; над водозаситениот материјал се наоѓа незаситен материјал што обезбедува зголемена отпорност кон ликвифакција и брзина на консолидација. Б) Намалување на хидродинамичкиот притисок Дренирањето го намалува хидродинамичкиот притисок со формирање струјна мрежа во која еквипотенцијалните линии тежнеат кон хоризонтала, со што притисокот е нула дури и при висока прва струјница. В) Намалување на порниот притисок Порниот притисок што се создава при деформирањето на хидројаловиштето при оптоварување од масата на натслоевите се намалува, а консолидацијата се забрзува. На таков начин, дренажата е проектирана да ја спушта струјната мрежа и да ја оформи со приближно хоризонтални еквипотенцијални линии. Г) Контрола на филтрација и на суфозија Дренажата безбедно треба да ја отстранува инфилтрираната вода низ телото на хидројаловиштето и на подлогата, и да ја достави до резервоар или да ја исфрли. Хидрауличкиот градиент во струјната мрежа мора да биде ограничен за да се оневозможи движење на честички јаловина, а нивното преминување во дреновите треба да биде спречено со примена на филтри. Со примена на наведеното се подобрува стабилноста на насипот, може да се усвојат пострмни низводни косини (ако има потреба) и да се постигне соодветен коефициент на сигурност. Сепак, а како што е и вообичаено, за да се постигне најекономично решение за дренирање на едно хидројаловиште, треба да се споредат различни алтернативи во кои ќе бидат вклучени и филтрите. Првиот чекор при проектирањето на дренажниот систем е внимателно проучување на филтрацијата со посветување особено внимание на нехомогеноста, анизотропноста, граничните услови и неправилната форма нa хидројаловиштето, при што е неопходно
градежништво да се определи целата струјна мрежа бидејќи дренирањето значително ја деформира. Таа најпрецизно и едноставно се дефинира преку електрична аналогност или со примена нa МКЕ, и овозможува едноставно да се определат сите хидраулички параметри: правец на струење, ниво, хидродинамички притисок, хидраулички градиент, брзина на струење и количество филтрација. Порниот притисок заради деформирање на хидројаловиштето и влијанието на дренирањето врз него може да се определат преку теоријата на консолидација, но посебностите на консолидацијата, заради фазна изградба, почетна водозаситеност, ниска почетна збиеност, големи деформации и нелинеарност на механички својства, нехомогеност и анизотропност, може да се земат предвид, единствено, со примена на МКЕ.
ДРЕНИРАЊЕ на РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ХИДРОЈАЛОВИШТА
Процентот на фини честички во јаловината и, особено, содржината на глина и условите на локацијата бараат различни конструкции и методи на изградба на хидројаловиште. Нивното дренирање во голема мера зависи од методот на изградба, па во продолжение ќе бидат дадени соодветни одлики за дел од нив, т.е. за оние според кои се изведени некои од хидројаловиштата во Република Македонија. Хидројаловишта со низводна техника на градење Овие хидројаловишта, слично на камено-насипните брани со возводна мембрана/екран, се мошне сигурни и не се ограничени со висина, дури ни во средини со висока сеизмичка активност. Песокот се добива со операција на циклонирање и со таложење над браната. Со оглед на тоа што материјалот може да се дренира слободно или е со висока пропустливост, минимални се барањата за дренирање што треба да ги исполни подлогата, и може да се состојат само од дренажен слој од почетната брана до низводната ножица или од систем од дренови вкопани во ровови во подлогата. Слегнувањето може да се намали преку збивање на песокот во слоеви, што може да побара нови дренажи по висина на хидројаловиште. Но, доколку не се применува збивање, тогаш треба да се очекуваат поголеми слегнувања поради што треба да се биде внимателен при проектирањето на евентуалните дренажи по висина за да не се наруши нивната функција. Посебни побарувања од дренажни мерки, особено над природниот терен, се зависни од гранулометрискиот состав и пропустливоста на циклонираниот песок. Досегашната практика го покажала како особено успешно и позитивно дренирањето на целосната површина на основата на циклонираниот песок, кога може да има потреба на цевчести одводи под дренажниот слој поставени во плитки ровови на површината на основата. Доколку површината на основата е нерамна (ридеста), наместо континуиран дренажен слој треба да се предвиди мрежа од дренови распоредени по целата површина, кои е потребно, заради заштита од измивање ли оштетување од градежна механизација, да се вкопаат во ровови и засипаат со чакал.
Слика 1. Двослојни дренажи на цврста подлога (примена и во услови на нерамна површина): 1. Перфорирана цевка; 2. Чакал; 3. 1:1 мешавина песок-чакал; 4. Геотекстил
Хидројаловишта со комбинирана техника на градење Во случај да дојде до промена на условите во текот на изградбата на хидројаловиштето, тогаш може да се јави потреба од промена на методот, односно на техниката на градење. Во зависност од гранулометрискиот состав на јаловината и др., може да биде можно и економично циклонирањето да се прекине на одредено ниво и да се продолжи со складирање како при возводен начин на градење, со што се добива хидројаловиште од комбинирана конструкција. Притоа, дренажните мерки и нивното проектирање треба да ги земат предвид сите планирани нивоа и усвоени методи за изградба. Хидројаловишта изведени на пропустлива основа со ограничена дебелина Ваков слој може да биде поволен за дренирањето и стабилноста на хидројаловиштето, но истовремено ќе ја зголеми и филтрацијата. Во такви случаи, имајќи предвид дека исфилтрираната вода е загадена, ќе биде потребно подземниот проток да се прекине и зафати, со што ќе се зголеми порниот притисок и ќе се намали стабилноста. За избор на оптималното, потребно е да се разгледаат различни решенија. Кај хидројаловиште со возводна техника на градење, вообичаено се проектира непропустлива иницијална брана, со филтерски
слој под неговата основа за да се оневозможи суфозија на материјалот од оваа брана, а на нејзината возводна косина може да се предвиди дренажа. Од овие елементи зависат и дел од активностите за складирање на јаловината, кои треба да се реализираат на начин што хидрауличките градиенти ќе се намалат што е можно повеќе по почетокот на работата, што најчесто се обезбедува со формирање голема плажа на најниско можно ниво. Иницијалната брана кај хидројаловиштето со низводна техника на градење е непропустлива, комбинирани со завеси (бариери) во пропустливиот слој кои досегаат до непропустливиот слој. Исфилтрираната вода се собира во ножицата од хидројаловиштето.
Филтри
Како што е познато, нивната основна функција е да ги задржат честичките од дренираниот финоградуиран материјал пропуштајќи ја водата кон крупнозрната дренажна зона. При проектирањето на филтрите треба да се земат предвид карактеристиките на дренираниот (и заштитен од ерозија) материјал, количеството филтриран тек и расположивите техники за изградба. Но, како последица од специфичностите на хидројаловиштето, се јавуваат и одредени посебности при проектирањето на филтрите. Имено, градацијата на таложената јаловина се менува поради слоевитоста, која е последица на постојаните промени
3
22 февруари 2013 ПОРТА
9
градежништво на условите на филтрација при таложењето, а воедно тој материјал е некохерентен и растресит, што го прави подложен на ерозија во случај на наплив на филтрациона вода. Филтрите може да бидат од зрнест (природен или дробен) или од вештачки материјал (геотекстил), а и во двата случаја е неопходно рационално проектирање и димензионирање. Со оглед на тоа што и самиот филтер треба да се заштити од навлегување во дренажната зона, понекогаш ќе биде потребно да се проектираат два или повеќе слоја, чија порозност и големина на зрна треба да расте во правец на одвивањето на текот. Освен овие општи правила, односот јаловина-филтер треба да ги исполни и следниве (но не и само нив) емпириски критериуми за: а) суфозија: D15<5d85; D50<25d50; D15<20d15; б) пропустливост: D15>4-5d15 ; в) внатрешна стабилност: D55/D50, D50/D35, D35/ D15 <5; Cu<10; D5>0.074 mm; г) сегрегација: освен претходното, влажност = 5 % и Cu<20; д) незачепување: Cu>5; ѓ) дебелина: tmin>330D5 ; е) густина и збиеност: релативна збиеност > 70 %; ж) механичка, хемиска и биолошка стабилност; з) некохерентност. Геотекстилите, пак, имаат предност што се со мала дебелина, делумно растегливи, што ги прави погодни заради деформабилноста на хидројаловиштето, хомогени се итн., а се произведуваат како неткаени и ткаени. Ткаените се тенки и може да имаат различна порозност, но оние со мала, иако имаат подобри квалитети, не се препорачуваат за примена кај хидројаловишта. Неткаените геотекстили дупчeни со игла и дебелина 2-6 mm ги менуваат дебелината и големината на порите при притисок, што
не се случува кај крутите топлински споени геотекстили. Притоа, препорачливо е термички обработената страна да биде свртена кон дотекот на вода, па евентуално влезените честички би можеле и да го напуштат незапушувајќи го. Но, овие геотекстили се воедно и крути, што ја прави нивната примена ограничена во делови од хидројаловиштето каде што се очекуваат поголеми деформации. Филтрациониот капацитет, инаку, се дефинира со големина на типичен отвор О90 , кој треба да биде помал од 0.6d50. Имајќи го предвид ова, може да се заклучи дека филтерскиот критериум за геотекстили е приближен и служи како ориентационен при нивен избор. За да се спречи постојаната опасност што демнее над нив – запушување - директно нанесување јаловина над геотекстилот треба да се избегне сосема, што бара претходно да се постави над нив слој од чакал или од крупна јаловина. Исто така, за нивното рационално проектирање сè уште се собираат и анализираат резултати од досегашната примена бидејќи механичките, хемиските и биолошките долготрајни стабилности не се целосно познати, особено што се наоѓаат во зони каде што се нема увид врз нив, а притоа нивната функција е од критично значење за стабилноста. Поради тоа, сè додека не се акумулира доволно искуство во светски рамки со примена на геосинтетици, пожелно е тие да се применуваат на места каде што не се критични за долготрајна стабилност на хидројаловиштето или онаму каде што се леснодостапни за да се поправат или заменат.
Дренажи
Главната функција на дренажите е овозможување контролирано одведување на водата од телото на браната, што би ги снижило филтрационата линија, хидродинамичкиот и порниот притисок, а би ја забрзало консолидацијата поради што треба да се внимава при нивното позиционирање. Димензиите треба да се доволни за да влијаат врз вршењето на функцијата, а ширината приближно треба да изнесува l=0,5*[(L2+H2)0,5 –L], каде што L и H се хоризонтално и вертикално растојание од езерото до дренажата.
Слика 2. Елементи на филтрациона линија
Дебелината на дренажата треба да е поголема од 150 mm при рачна, односно 250 mm при машинска изведба, но ќе треба да се посвети особено внимание на дополнителните деформации од евентуални сеизмички дејства. Применетите материјали треба да имаат 200-1000 пати поголема пропустливост од материјалот што се дренира, а за тоа, можеби, е најсоодветен фино до крупнозрнест чакал. Стандардно, околу дренажниот материјал треба да се постави филтерски материјал, а за зголемување на дренажниот капацитет може да се постави перфорирана цевка, која треба да лежи на цврста подлога и да може да ги прими горните оптоварувања. Материјалот околу неа треба да биде со крупност која зависи од нејзините отвори. Заради очекуваните деформации, евентуалните цевки по висина на хидројаловиштето треба да бидат флексибилни, а и обложени со геотекстил. Доколку се користат цевки со голем дијаметар, тие треба да се поставуваат во прави делници, а на одредени растојанија, доколку е можно, да се предвидат шахти кои ќе бидат достапни за повремен преглед и чистење. Дренажите во основата на хидројаловиштето треба да се вкопани за да се заштитат од измивање во првите фази на неговата изградба, а може да се покријат дополнително со дополнителни слоеви чакал и да се примени геотекстил. Дренажните теписи е пожелно да се изведуваат како двослојни, а лебдечките дренажи се изведуваат побрзо и полесно доколку, наместо песок, за филтер се примени 10
3
ПОРТА
22 февруари 2013
градежништво геотекстил, кој треба да се заштити од запушување преку нанесување крупна јаловина. Воедно, за да не бидат измиени, лебдечките дренови треба да бидат вкопани во плажата на хидројаловиштето. Аналогно на тоа, доколку со геотекстил се обвива чакал од дренажа изведена во ров, горните дваесетина сантиметри треба да се остават непополнети со чакал, за да таму се нанесе крупна јаловина. Со цел да се овозможи максимална ефикасност, дренажата и нејзиниот излез треба да обезбедат услови на отворен тек, дури и при најголема филтрација. Меѓу наведеното, тоа се постигнува и со збивање на песокот и на чакалот во филтерот.
Слика 3. Филтерски слоеви кај лебдечки дренажи: 1. Чакал; 2. 1:1 мешавина песок чакал; 3. Перфорирана цевка
Слика 4. Дренажен килим: 1. Перфорирана цевка; 2. Чакал; 3. 1:1 мешавина песок-чакал
Слика 5. Лебдечки дренажни килими или излези на одводи: 1. Јаловина; 2. Чакал; 3. Геотекстил; 4. Геомембрана
Излезот од дренажата може да се изведе од истиот материјал како и дренажата доколку неговата основа е непропустлива, а во спротивно – треба да се обложи со геомембрана, но најдобро е да се предвиди излезна шахта. Со оглед на тоа што за време на изградбата на едно хидројаловиште значително се менуваат условите на дренирање, ќе треба да се проучат различни етапи земајќи ги предвид поставеноста на езерото и висината на браната.
Примери од Македонија
Во Република Македонија се реализирани неколку хидројаловишта, а во контекст на трудот накратко ќе бидат опишани проектираните и изведените решенија за дренирање на хидројаловиштето на рудниците „Бучим“ и „Саса“. Како што е вообичаено, и кај хидројаловиштето „Тополница“ на рудникот за бакар „Бучим“ е предвидено филтерската заштита да го обезбеди телото од јаловиштето од внатрешна ерозија во низводните зони при висока депресиона линија и од нејзино излегување на косината, кога може да се предизвика ерозија. Во согласност со проектот, филтерската заштита е предвидено да се изведе двослојно, при што првиот слој обезбедува постепен преод од материјал со помала водопропустливост (ситнозрни,
песочни и прашкасти фракции) кон материјал со поголема водопропустливост, а филтерот 2, како дренажен, има задача да ја снижи депресионата линија до основата и да ја зафати исцедената вода. Филтерот 1 е со дебелина 1,50 m и, меѓу останатотo, каде што условите се зависни од гранулометрискиот состав на флотацискиот песок, димензиониран е да ги исполни следниве услови: d5<0,074 mm, Cu=5-7. Гранулометрискиот состав на филтерот 2 е зависен од тој на филтер 1 (како, на пр., преку: d50ф2=5-10 d50ф1, Cu=3-4, d50ф2=5-10*0,35 и сл.), а, исто така, е со дебелина од 1 m. Под филтерот се наоѓа дренажен канал, кој во централниот дел на јаловиштето е со ширина 2,50 m, а во страничните – 2 m. Дел од дренажниот систем е и дренажен тепих со ширина 15 m. Од споменатиот дренажен канал, низводно се издвојуваат 5 канали кои се вкопани во почвата, а се со ширина 1-1,5 m, во чии рамки се движи и нивната висина, кои потоа се влеваат во собирен канал. Во дното на каналот е поставен песочен материјал како филтер 1 и дебелина 20 cm, преку кој е цевка со d=300 mm, односно 500 mm во собирниот канал. Цевките издржуваат притисок од 1000 kPa, a перфорирани се во горната половина со отвори 8-10 mm, кои се помали од 2,5d50ф, односно 0,5d85ф, при што непосредно околу цевката е вграден материјал со дијаметар 12-16 mm.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
11
градежништво
Слика 6. Попречен пресек на хидројаловиште „Тополница“
Иако наведениот опис се однесува на дренажен систем предвиден за висина на јаловиштето до 610 mnv, треба да се нагласи дека одамна се одвиваат активности за надвишување до кота 654 mnv, со што може да се потврди дека вака проектираниот систем за дренирање мошне успешно ја врши функцијата и во сосема нови околности. Заради зголемување на капацитетот на постојното јаловиште 3.2, во текот на 2006 и на 2007 година е изработен изведбен проект за ново јаловиште, втора фаза на хидројаловиштето на рудникот „Саса“, до кота 960 мнв. Како што може да се види на прикажаните изводи од проектот, по иницијалната и предбраната се предвидени два дренажни тепиха, чиј карактеристичен детаљ е даден веднаш подолу. Ова надвишување е веќе реализирано до кота 964 мнв, патем инсталирајќи и 19 пиезометри. Сепак, мерењата извршени во текот на 2011 година покажале дека во ниту еден од нив не е регистрирано ниво на подземна вода, што укажува дека, најверојатно, првиот дренажен килим има голема водопропустливост и ја апсорбира целата филтрирана вода. Слика 7. Детаљ од дренажа кај хидројаловиште „Тополница“
12
3
ПОРТА
Слика 8. Карактеристичен попречен пресек на новото хидројаловиште, фаза 2, „Саса“ 22 февруари 2013
градежништво
Слика 9. Детаљ на дренажен килим
Од сите фактори кои влијаат врз стабилноста на едно хидројаловиште, контролата врз филтрацијата, можеби, е од најголемо значење и се обезбедува преку соодветно проектирање дренажи и филтри, и докажани методи на изградба, особено што дренирањето е едноставно, сигурно и економично за примена, како при проектирање, така и при изведба и експлоатација. Врз основа на изнесеното, може да се резимира следново: - Дренажите треба да се проектираат и изведуваат со голема внимателност за да се спречи мешање или сегрегација на материјалите од дренажите и од филтрите, а внимание треба да се посвети и на првичното покривање со јаловина за да се оневозможи нивно зачепување. - Покривањето треба да се одвива побрзо за да се заштити од врнежи, прашина, нечистотии, раст на вегетација и сл., но и од оштетување од механизија или фауна. - Филтрацијата и исцедувањето на хидројаловиштето, а со тоа и однесувањето на дренажите и на филтрите, треба да се набљудуваат редовно за да може благовремено да се преземат мерки во случај на хаварија. Истото треба да се реализира континуирано во текот на експлоатација, како и по затворањето и прекинот на користењето. - Нивото на струјната мрежа и количеството исфилтрирана вода треба да се мерат редовно, според проектот за набљудување. Јасно е дека дренажните системи бараат и заслужуваат особено внимание, кое бара многу повеќе место за изложување на условите што треба да се почитуваат, и тоа како теориските содржани во бројна литература, така и стекнатите искуства од проектирањето на веќе изведените хидројаловишта кај нас и во светот. Со оглед на тоа што животниот век на овие системи е од круцијално значење за стабилноста и за трајноста на едно хидројаловиште, а поради бројните негативни влијанија од опкружувањето, емпириските заклучоци посочуваат дека е потребно да се има одредена доза конзервативност при нивното проектирање. Иако општото искуство од хидројаловишта во Република Македонија е делумно негативно, поради хавариите што настанале на сите четири хидројаловишта во минатото, во однос на дренажните системи тоа искуство е позитивно, што се докажува и со овие две хидројаловишта. Имено, иако и кај двете хидројаловишта нивото на водата во акумулациониот простор е многу високо, нивото на водата во пиезометрите е ниско, т.е. во функција, практично, се само првите дренажни теписи. Тоа значи дека вторите дренажни теписи ќе играат улога и на зголемена сигурност. За потврда на ова, неопходно е потребно континуирано следење на состојбата на нивото на водата во песочните брани, како при статички, така и после сеизмички или невообичаени (екстремни) услови, кои податоци ќе се применуваат и анализираат при редовната изработка на елаборати од оскултацијата. Иако овој труд ја третира проблематиката само на дренирањето, имајќи предвид дека нивното (не)функционирање ја обезбедува (не)сигурноста на хидројаловиштата, може да се постави прашањето чија обврска ќе бидат севкупната оскултација и одржувањето, како и евентуалните интервенции по завршувањето на експлоатацијата на рудниците. За одговор на ова прашање треба да се активираат, и преземат обврски соодветните институции и други чинители, а притоа да се разгледа и искуството од земјите во опкружувањето и пошироко, кои веќе имаат „затворени“ јаловишта, и тие обврски јасно да се регулираат законски. В. Витанов проф.д-р, дипл.град.инж., Градежен факултет - Скопје Ј. Бр. Папиќ ас.м-р, дипл.град.инж., Градежен факултет - Скопје Ж. Гоцев, дипл.руд.инж., ДПТУ „Бучим“ - Радовиш Ст. Глигоров, дипл.руд.инж., Рудник „Саса“ ДООЕЛ - Македонска Каменица
3
22 февруари 2013 ПОРТА
13
интервју
Ванчо Чифлиганец - генерален директор на „Адора Инженеринг“
Тешкотиите ги надминуваме со работа, позитивна мисла и со голема пожртвуваност Да се изгради нова понуда, која значи нов квалитет, каде не е важна само цената на становите и на деловните простории, туку уште позначајно е што се нуди на купувачите, да се сменат навиките на граѓаните, да се уреди внатрешноста на станбениот простор и да се облагороди околината, не беше едноставна работа. За тоа беа потребни 10 години... Во регионот цените на становите паднаа од 20 до 40 отсто, кај нас пак велат дека стагнираат. Се најавува ли паѓање на цените на становите и кај нас?
Цените на становите на македонскиот пазар на недвижности засега се стабилни и покрај континуираното поскапување на градежните материјали и услуги. Ние како компанија не штедиме на квалитетот на градба, со што купувачите на нашите станови, со нив добиваат квалитетно домување според светските стандарди, што е најважно за граѓаните, кои со купениот енергетски ефикасен стан од „Адора Инженеринг“ си овозможуваат долгорочна заштеда на енергија и пари. Со цел да ги стимулираме граѓаните и во услови на глобална криза да станат сопственици на нов квалитетен дом, заедно со Стопанска банка нудиме промотивен пакет со само 3,2% камата, преку најповолен станбен кредит кај нас досега, со субвенционирање на купувачите од страна на „Адора Инженеринг“, во првите три години. Оваа специјална понуда предизвика огромен интерес кај купувачите и очекуваме продажбата уште повеќе да расте.
Кон крајот на 2012 го одбележавте 10 годишниот јубилеј од основањето на Вашата компанија „Адора Инженеринг“. Ако погледнете наназад, на што се гордеете најмногу од оствареното во изминатата деценија?
За една деценија постоење, изградивме 26 елитни објекти во Скопје, Охрид и Струмица. Како пионери во Македонија ги имплементиравме најновите светски стандарди во градежништвото и високата 14
3
ПОРТА
22 февруари 2013
градба, и ги воведовме енергетски ефикасните домови. „Адора Инженеринг“ е препознатлива по следењето и примената на современите трендови, технологии и иновации, кои на граѓаните на Македонија им овозможија и тие да уживаат во поквалитетно домување, во модерни фунционални станови, кои долгорочно им штедат енергија и пари,
што е главна карактеристика на нашите станбени објекти. Да се изгради нова понуда, која значи нов квалитет, каде не е важна само цената на становите и деловните простории, туку уште позначајно е што тие им нудат на купувачите, да се сменат навиките на граѓаните, да се уреди внатрешноста на станбениот простор и да се облагороди околината,
интервју не беше едноставна работа. За тоа беа потребни 10 години, кои имаа и свои тешкотии, што секогаш ги надминуваме со посветена работа, со позитивна мисла и голем оптимизам. Така „Адора Инженеринг“ растеше, се искачи на 20. место по успешност во 2011 година и се најде меѓу петте најбрзорастечки компании во Македонија. Не е лесно да се работи и денес, во услови на глобална економска криза. Но, во нашата компанија, комплицираните услови за работа, секогаш се предизвик повеќе, да се најде начин, формула и енергија тоа да се надмине и да се постигнат нови успеси.
Кои се ефектите од излагањето на саемските изложби?
Како сериозна градежна компанија, дел сме од саемските изложби, каде го потврдуваме идентитетот и го промовираме имиџот на брендот, во духот на современите трендови. „Адора Инженеринг“ редовно учествува на Меѓународниот саем за недвижности Realex, каде годинава ќе биде претставен голем избор на нашите елитни станови и деловни простории во Скопје, Охрид и Струмица. Посетителите на нашиот штанд, за кои ќе има специјална понуда, освен промотивните материјали, ќе добијат и пригодни подароци. За сите купувачи, кои договор за стан ќе склучат на саемот, подготвивме интересно изненадување што сеуште не го откриваме, со кое сакаме да им возвратиме на довербата. Ги покануваме граѓаните да го посетат штандот на „Адора Инженериг“ на Саемот за недвижности Realex-Скопје-2013, од 5 до 9 март, каде ги очекува примамлива понуда и вредна награда.
Помина цела година од акцијата владиниот проект „Купи куќа - купи стан“. Кои се вашите впечатоци и искуство од одвивањето на овој проект? Ова оттаму бидејќи има градежни компании кои го прифаќаат, но од друга страна се жалат.
Нашата компанија го поддржува владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ од неговиот почеток, во кој се вклучени станбените објекти во ОхридБилјанини Извори, Струмица-Парк и дел од становите во Скопје. Со проектот, кој според нашето искуство придонесе за зголемување на интересот за купување станови, „Адора Инженеринг“ под поволни услови, откажувајќи се од добар дел од својата добивка, на граѓаните им овозможи да станат сопственици на нов висококвалитетен дом. Ние и сега продаваме станови во рамките на овој
проект, за кој, со оглед на тоа што трае до 31 мај годинава, и натаму очекуваме интерес од страна на купувачите.
Изминативе години многу инвестиравте во градењето станови. Какви се плановите за оваа и за наредните години?
„Адора Инженеринг“ е компанија која континуирано инвестира и во изминатата деценија изградивме 26 репрезентативни објекти во Македонија. Сега во финална фаза се пет нови елитни станбено-деловни објекти во Скопје-Аеродром-Ново Лисиче, со 300 нови станови за квалитетно домување, кои во голем дел се продадени. Во близина на елитната станбена населба „Адора Инженеринг“ во Ново Лисиче, градиме мини трговски центар за потребите на жителите. Во новиот парк со авион, покрај кејот на реката Вардар, во Аеродром, градиме црква Свети Јован Крстител, што како наша донација е подарок за сите православни верници во оваа општина, Скопје и Македонија. Планираме изградба на станбено-деловен комплекс ПОРТА СКОПЈЕ, во близина на Скопскиот саем, проект кој треба допрва да се детализира. „Адора Инженеринг“ во рамките на своите општествено одговорни активности, годинава ќе подигне спомен обележје посветено на БогојавлениеВодици кај градското пристаниште во Охрид, како подарок за граѓаните, гостите и туристите. Како општествено одговорна компанија продолжуваме со проектите од интерес на пошироката заедница, за развој на општеството.
Долги години најавувавте организирање на компанија која би се занимавала со производство на некои производи. До каде сте со реализацијата на таа идеја или кренавте раце од неа?
Со оглед на постојаното менување на условите за стопанисување и неопходноста за приспособување на бизнисот, „Адора Инженеринг“ е флексибилна и секогаш отворена за дополнување, проширување и промена на дејноста. Поради тоа, сè уште постои идејата за отворање нови сфери на делување и преориентација на бизнисот, особено откако градежништвото ја изгуби актуелноста.
Вашето образование не е поврзано со градежништвото. Дали понекогаш чувствувате мака што не сте во професијата во која се докажавте како успешен човек? Моето образование не е далеку од градежништвото. Како стручњак со рударско-геолошки профил и диплома од Белградскиот универзитет,
каде магистрирав и докторирав, имам широко поле на делување и докажување. Тоа е поврзано со подготовките на основата за изградба на објектите, за што најнапред се испитува земјата, нејзиниот состав и цврстина, се прават испитувња на геомеханичката стабилност и бонификација и тлото, каде ми користат моите научни сознанија, кои ги спојувам со практиката. Геологијата ми помогна да сфатам колку е важна стабилната и цврста почва за изградба на сигурни и квалитетни станови, што е една од главните карактеристики на нашите градби. Истражувачката работа и градењето се мој генетски код, јас цел живот нешто градам и надоградувам, така што не случајно се вклопив во градежништвото.
Спортот исто така Ви беше активно занимање и опсесија. Имате ли денес време за него?
Јас сум човек со изразен спортски дух. Порано спортував поактивно, особено во борењето, каде бев пионерски, јуниорски, сениорски и младински првак на ниво на Македонија и Југославија. Потоа бев претседател на Сојузот на боречки спортови на Македонија, кога „БучимЈака“ стана европски и светски шампион во клупско борење. Сега, спортувам кога имам време, а моја традиција стана капењето во студените езерски води на празникот Водици во Охрид. Секогаш во рамките на можностите, како поединец и со компанијата „Адора Инженеринг“ ги поддржувам спортот, спортистите и спортските манифестации во Македонија.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
15
Кнауф Дијамант Зар треба да почнеме каков било текст со клише констатацијата дека светот се менува, дека растат неговите потреби и дека секој ден се бара сѐ повисок и поздрав квалитет на животот? Зар треба кого било да потсетуваме дека животот е сѐ постресен и дека во домот ни треба заслужен мир и спокој? Тој мир и спокој, Кнауф сувата градба на светот му ги обезбедува скоро 80 години, а споменатиот брз развој ни наложува секојдневно да ги унапредуваме нашите производи и системи и секоја наша интервенција да остава задоволни клиенти - инвеститори, проектанти и изведувачи. Нашиот развоен тим, составен од повеќе десетици технолози (доктори на науки во своите сфери), основните барања за производите на кои работат ги добиваат од нас, т.е. од самиот пазар. Нашите испитувања покажаа дека пазарот за сува градба посакува ваква плоча:
Релевантна анкета: Каква плоча бара пазарот?
Кнауф Дијамант - за овде, за онде, за секаде!
Иако веќе некое време е целосно присутна на пазарот, време е да и посветиме малку внимание на најквалитетната плоча од нашата производна линија, плочата Кнауф Дијамант. Тоа е плоча, која е базирана на напредните својства на алфа-гипсот и посебниот начин на производство, кој и овозможува зголемена густина и напредна цврстина и звучно-изолациска моќ. Со тоа, отворена е сосема нова зона на употреба на плочата. Ако ја споредиме со нејзините претходници, ги надминува во многу својства. Ако го земеме стандардот EN520, под кој ги произведуваме нашите плочи, тој ги категоризира истите во неколку категории означени со букви. Класа “A”, обична градежна плоча, без посебни својства. Класата “F” е ознака за противпожарна плоча, или онаа позната црвена Кнауф ПП. Класа “H”, која означува повисоко ниво на импрегнација, т.е. водоотпорност на плочата, а дополнително “D” во категоризацијата значи дека гипсената исполна на плочата е со контролирана густина. “R” означува зголемена и напредна отпорност на притисок и удар и “I” значи зголемена површинска отпорност на абење, т.е. гребење и набивање. Е, сите овие ознаки ќе ги најдете на нашата гордост, плочата Кнауф Дијамант. Дозволете ни да споредиме неколку важни карактеристики на оваа плоча, со веќе стандардните плочи и системи на Кнауф:
16
3
ПОРТА
22 февруари 2013
Звучна изолација: 61dB Дебелина на систем: 155мм Максимална висина: 6м
Звучна изолација: 63dB Дебелина на систем: 125мм Максимална висина: 9,85м
Најновата револуција во сувата градба Отпорност на удар? Што ако ви кажеме дека имаме систем кој помина тест на непробојност, каде системот спречи пробивање на куршум испукан од Магнум 44. Секако, го имаме и атестот што го докажува системот, кој вклучува 4 Дијамант плочи и 2 гипс-фазер Торо плочи. Сигурност на најкомплицираните позиции. Банки, обложувалници, итн. Површинската отпорност на оштетување пак, ни овозможува да добиеме отпорна површина на места каде таа е најпотребна. Болници, каде се врши транспорт на пациенти во подвижни кревети и колички, кои неретко удираат во незаштитените ѕидови. Во училишта, каде учениците едвај го чекаат последното ѕвонче, за станувајќи да го лансираат столчето во ѕидот и трчајќи да ја напуштат “омилената” училишна зграда. Загарантирана трајност на завршната обработка и долго задржување на вредноста на целиот објект. Со самата зголемена крутост на плочата, зголемена е и носивоста на системите во кои влегува истата. Со истите врзни елементи, се добива поголема носивост.
И, ако треба да резимираме, т.е. да направиме список на најдиректни препорачани позиции на плочава, би имале доста за пишување. Значи, плочата е импрегнирана. Што значи дека слободно може да се постави на позиции во влажни простории. Противпожарна е, па можеме да ги достигнеме стандардните нивоа на ПП заштита (30-180 минути кај различни системи). Има напредна звучна заштита, па така може да донесе уште поголем квалитет и на претходно споменатите системи и на системите кај кои добрата звучна заштита е основно барање. Кино сали, гласни угостителски објекти, хотели, болници, училишта. Тука, спомнавме дека и отпорноста на удар и оштетување е екстра предност. Инвеститорите се решаваат оваа плоча да ја употребат во своите станбени објекти, особено во ходниците помеѓу становите, како би избегнале оштетување на овие ѕидови уште при самото вселување на корисниците, кога се пренесуваат кабасти елементи, гарнитури за седење, кујнски елементи, кревети, итн. Конечно, оваа плоча ни овозможува да создаваме поквалитетен простор, простор кој ќе трае и простор кој уште погордо ќе им го отстапиме на нашите следбеници, купувачи, гости.
До 50кг
До 60кг
До 65кг
Подобрување на звучна заштита: Кај W111 + 24%
Кај W112 + 30%
Кај W113 + 31%
3
22 февруари 2013 ПОРТА
17
градежништво
Дали Њујорк ќе се заштити од идните супер бури? Во 2009 година, на конференцијата на Американското друштвото на градежни инженери беа претставени четири концепти за поставување на бариери за заштита од надоаѓања на големи води при појава на бури до трета категорија (трета категорија е бура со ветер од 178- 208 км/h. За споредба, ураганот Сенди е бура од трета категорија со брзина на ветерот од 180 км/h)
Ураганот Сенди
П
ојавата на урагани по должината на брегот на Атлантскиот Океан, во зависност од годишната сезона, е честа појава во крајбрежните американски градови, при што ураган од катастрофални размери се предвидува да се случи еднаш на столетие. Сепак, со промената на климата и зголемувањето на нивото на светските води, зачести и појавата на водните бури. Само за една година, Соединетите Американски Држави ги погодија дури два тропски циклони и тоа едни од најголемите во историјата. Во август 2011 година, ураганот Ирена, долж источниот американски брег предизвика пустош, за наредната година, во октомври, таканаречената супер бура Сенди да направи економска штета на земјата од рекордни 71,4 милијарди долари, веднаш зад најкатастрофалниот
18
3
ПОРТА
22 февруари 2013
Биљана стоЈАновиЌ, дипл.град.инж. ураган Катрина. Со овие поплави, освен големиот број на човечки жртви, беше парализиран на подолг рок и целокупниот живот, со прекин во електричното напојување и во градскиот сообраќај. Исклучителни штети од скорешните циклони претрпи и градот Њујорк, кој иако претставува моќна светска метропола, не е заштитен од налетот на водните бури. Позициониран на устието на реката Хадсон и затворен од трите свои острови: Менхетан, Лонг Ајленд и Стетн Ајленд (Manhattan, Long Island, Staten Island) , градот Њујорк поседува природно направено пристаниште, кое води кон Атланскиот Океан овозможувајќи му трговски врски со сите останати поважни економски центри. Опкружувањето со вода, освен придонесите од економски аспект, има негативни влијанија кога ќе се спомене ниската теренска кота во однос на морското
ниво која претставува чувствителна точка на градот Њујорк. Обидите за негова заштита се минорни во однос на вистинските чекори кои треба да бидат преземени за целосно осигурување на градот од налети на водни бури. За ова досега се обвинувани политичките власти, кои се препираат кое решение би било оптимално за разрешување на овој вековен проблем.
концепти
Иако ова прашање повторно беше актуализирано по ударот на ураганот Сенди, обиди за изнаоѓaње на решенија имало и претходно, и тоа од стручната јавност. Во 2009 година, на конференцијата на Американското друштвото на градежни инженери беа претставени четири концепти за поставување на бариери за заштита од надоаѓања на големи води при појава на бури до трета категорија
градежништво Концепт на движење на бариерите
(трета категорија е бура со ветер од 178208 км/h. За споредба, ураганот Сенди е бура од трета категорија со брзина на ветерот од 180 км/h). Во продолжение ќе бидат претставени концептите на функционирање на овие заштити. Движечки препреки на мостот Веразано – Нероус (Verrazano – Narrows Bridge) Инженерскиот тим на компанијата АРКАДИС (ARCADIS), предложи идеја за поставување на подвижни бариери северно од веќе постоечкиот мост кој го поврзува Бруклин со Стетн Ајленд. На ова место, каналот е со длабочина од околу 20 метри и се одвива тежок бродски сообраќај по брзите водни струи. Предложената инвестиција е вредна 6,5 милијарди долари и предвидува поставување на неколку типови на рампи кои имаат можност да бидат затворени при надоаѓање на бурите, и притоа би се спречиле високите бранови да предизвикаат поплави на Менхетен. Две од бариерите се со примарна улога, би биле со закривена форма и во мирни
би се придвижиле по кружна траекторија, доближувајќи се една кон друга, затворајќи го слободниот простор и воедно создавајќи заштитна бариера. Усогласено со нив, се спуштаат и шеснаесетте вертикални препреки со распон од 40 метри, како и двете подигнувачки портални бариери од по 50 метри. Како забелешка на овој дизајн е комплексноста за изведување и функционирање на овој зафат, со одредена доза на ризик за неуспех, како и високата цена на чинење.
услови би биле отворени, поставени на растојание од 265 метри, што воедно претставува и чист отвор за одвивање на
Плоскати бариери под реката Ист (East River) Инженерот на групацијата Персонс Бринкерхоф (Parsons Brinckerhoff) го предложил концептот на бариери на реката Ист, кои би биле положени на речното дно во нормални услови. При
Плоскати бариери под Ист ривер
поморскиот сообраќај. Во кризни ситуации со предвидувања за бура, овие бариери
Движечки препреки на мостот Веразано – Нероус
наплив на вода, овие рамни панели би се подигнале создавајќи ѕид на патот на водата, дизајн сличен на постоечките бариери за заштита на градот Венеција од поплави. Овој тип на конструкција воопшто не го попречува водниот сообраќај и не ја нарушува панорамата и изгледот на градот, а сепак како систем е способен да одбрани од поплави при бури од трета категорија. Друга предност на ова предлогрешение е: при изградбата, водниот сообраќај воопшто нема да претрпи штети и препречувања, бариерата би била прво изградена, па потоа транспортирана и монтирана на самото место, имајќи сосема мал импакт врз реката во целост. Како негативна страна се подвлекува потребата од дополнителна инвестиција за изградба на дренажни системи на двата брега од препреката, поради задржувањето на надојдената вода од препреката.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
19
градежништво Осцилаторни бариери и изградба на нов мост на Артур Кил (Аrthur Kill) Инженерингот на ЦДМ Смит (CDM Smith) поставил концепт на заштитна бариера на Артур Кил, поточно на фреквентниот воден правец помеѓу Стетн Ајленд и Њу Џерси. Оваа заштита има две функции,
предложени решенија и тоа бариерите од првиот и третиот концепт. Исто така се предвидуваат три големи отвори во насипот, како би поминувале бродовите, распоредени на клучните точки за воден транспорт. На овие отвори комбинирано би биле поставени бариери,
Осцилатторни бариери и изградба на нов мост на Артур Кил (Аrthur Kill)
освен како бариера, улогата на пешачка и велосипедска патека по мостовската конструкција е загарантирана. Овој модел има вградени бариери на премостувачката конструкција кои се спуштаат при надоаѓањето на водните наноси и по дизајн е многу слична на големата брана на Сингапур изградена во 2008 година. Нарастувачкото ниво на водата не би ја надминало котата на проектираната пешачка и велосипедска патека, со што се овозможува овој мост да биде функционален дури и во кризните состојби при големи наноси на вода. Поврзување на Њујорк со Њу Џерси Од сите проекти, најголем по инвестиција претставува предлог-решението на ЦХ2М (CH2M), кое во суштина претставува насип со должина од 1,6 километри со серија на вградени подводни рампи и ќе се простира од полуостровот Сенди Хук (Sandy Hook) во Њу Џерси, па се до Роквејс (Rockaways) на устието на долниот залив. Овој насип заедно со бариерите и банкините што треба да се направат би чинел 6 милијарди долари. Овој систем по функција би бил комбинација помеѓу двете претходно 20
3
ПОРТА
22 февруари 2013
и тоа на два од нив би се монтирале рамни, плоскати бариери, положени на дното на водата и кои ќе бидат во положба исправени во случај на аларм. На третиот
отвор би биле поставени две радијални рампи кои би се завртувале кружно како би се затвориле при потреба од заштита. Со овој проект, најголем дел од крајбрежната линија би бил опфатен и со тоа заштитен, но воедно претставува и најголем зафат по обем и чинење од сите презентирани идеи. Од сегашна гледна точка, овие проекти се сè уште на ниво на концепти, ниту еден не е официјално земен предвид од претставниците на властите во Њујорк. Кога би се разговарало директно за потребите од заштита на градот Њујорк, овие четири предлози не нудат целосно решение за сите крајбрежни места кои би можеле да бидат погодени од бура, односно заштита се гарантира само за Менхетен, но не и за останатите помали места. Исто така, при разработката, не е водена сметка за уништувањето на живиот воден свет со изградбата на заштитните системи; заштитата на животната средина е од примарно значење на и онака проблематичното пристаниште на Њујорк. Сепак, од огромна важност е донесување на одлука за изградба на заштитата што е можно побрзо, а одбирањето на соодветниот модел на заштита мора да соодветствува на конкретниот буџет со кој овој проект би располагал. Жителите на Њујорк се надеваат дека официјалните власти нема да чекаат уште една катастрофална бура, за решавањето на овој проблем да стане алармантна потреба за заштита на населението и материјалните добра.
Поврзување на Њујорк со Њу Џерси
дрвно градежништво
Иновации во станбените објекти Австриското Министерство за транспорт, иновации и технологија и Министерството за економија, поддржаа истражувачки проект наречен „Градење за иднината“. Во овој проект се истражуваат сите аспекти на градбата со дрво, економската исплатливост за градба и споредување со традиционалните материјали како што се бетон, челик и слично. Како почетна точка за истражувањето беше употребен станбен комплекс од пет ката со 150 станбени единици, кој треба да почне да се гради во Виена од страна на австриската непрофитна градежна организација „СоциалБау“.
Т
ехнолошкиот подем на дрвната индустрија во областа на изработка на современи градежни материјали, овозможува нови достигнувања и во градежниот сектор. Сепак, за остварување на овие замисли треба да се усогласи и законодавството и градежните стандарди во земјата. Во последно време, австриските градежни стандарди се менуваат во
Александар Черепналкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија насока на овозможување на градење на станбени објекти до пет ката. Оваа промена отвора една голема можност за искористување на одличните капацитети на дрвото како градежен материјал. До пред некое време, примерите за ваков тип на градба во Австрија или во регионот со германско говорно подрачје биле многу ретки и биле третирани како истражувачки работи без можност да се прошират во масовно производство.
Со цел да се промовира помасовно овој тип на градба на пазарот, австриското Министерство за транспорт, иновации и технологија и Министерството за економија, поддржаа истражувачки проект наречен „Градење за иднината“. Во овој проект се истражуваат сите аспекти на градбата со дрво, како карактеристики на самиот материјал, економската исплатливост за градба и споредување со традиционалните материјали како
3
22 февруари 2013 ПОРТА
21
дрвно градежништво
што се бетон, челик и слично. Како почетна точка за истражувањето беше употребен станбен комплекс од пет ката со 150 станбени единици, кој треба да почне да се гради во Виена од страна на австриската непрофитна градежна организација „СоциалБау“. Истражувањето највеќе се фокусира на носечките капацитети на дрвните конструктивни материјали како што се столбови и греди, носечки ѕидови, меѓукатни конструкции, односно елементи кои се пресудни во вакви станбени објекти во економска и статичка насока. При анализа на дрвните материјали подетално се разгледувале релативните високи статички товари, високите динамички товари во случај на земјотрес, 22
3
ПОРТА
22 февруари 2013
истражување во насока на обезбедување на заштита од пожари, звучна изолација, и цикличното зголемување и намалување на нивото на влагата како резултат на употребување на објектите.
ИСТРАЖУВАЊЕ И РЕЗУЛТАТИ
Во истражувањето учествуваат специјалисти од разни области како што се инженери по дрвна индустрија, градежни инженери, експерти од регулаторните тела во градежниот сектор и други. Стручни лица од градежниот сектор учествуваат во посебни делови од истражувањето како и во надзорни групи за прегледување на течењето и успешноста на проектот. Во првиот дел од истражувањето учесниците се фокусираа на анализирање
на конструктивните предизвици при проектирање на станбени објекти со пет ката и разлгедување на веќе изградени објекти од ист тип кои би послужиле како студија за наредните проекти. Резултатот покажува дека структурата на врската помеѓу ѕидот и подот има круцијално значење во насока на пренос на товарите и промените во димезиите како резултат на зголемена или намалена влажност на дрвото. Следствено, во втората фаза истражувањето повеќе се насочува кон добивање на основни информации околу пренос на звукот во конструкцијата и звучна изолација и миграција на влагата во дрвните елементи. Деталните истражувачки работи во областа на пренос на звук во
дрвно градежништво конструкцијата, се извршуваат на веќе изградени станбени објекти од сличен тип, и секако прототипови направени специјално за истражувањето. Посебно внимание е посветено на мерење на преносот на звук по конструктивните елементи, со што се добива првата база на податоци за пресметка за звучна изолација, според европските стандарди 12345 кај овој тип на конструкција. Анализата на техничките својства на дрвото како градежен материјал кога станува збор за влагата, покажува дека во фасадните ѕидови, особено кај конструктивната врска помеѓу ѕидот и меѓукатната конструкција, можат да се појават проблематични делови. Со помош на симулации и компјутерско моделирање биле решени дел од проблемите што би можеле да се појават како резутат на зголемена влажност во објектот со текот на неговото користење. Во текот на третиот дел од истражувањето била направена компаративна анализа на неколку видови на дрвни конструктивни решенија. Со
детална анализа на предложените решенија, предвид биле земени два типа на конструкција и тоа дрвна конструктивна рамка и конструктивно решение со масивни дрвни плочи. За тековниот проект дрвните масивни плочи биле избрани како основен систем врз кој можат да се развијат алтернативни конструктивни решенија. Во четвртиот и последен дел од истражувањето бил изграден двокатен прототип кој бил темелно истражен од страна на стручните инженери. Истражувањата биле во насока на подобрување на звучната изолација како и конструктивните карактеристики на објектот во разни услови. Исто така во овој процес детално бил истражен и избраниот конструктивен модел од третиот дел од истражувањето. Резултатите покажувале дека избраниот конструктивен модел ги задоволува сите акустични и статичкодинамички услови за градба од таков тип.
ЗАКЛУЧОЦИ
При избор на конструктивен модел за градба во текот на третиот дел од
истражувањето било дојдено до сознание дека двата конструктивни системи – конструктивната рамка и масивните дрвни плочи – економски ги задоволуваат критериумите во однос на градење со бетон. Исто така, и при компарација на двата разгледувани конструктивни модели од дрво може да се забележи дека нема голема разлика во трошоците за градба, но сепак масивните дрвени плочи имаат можности за многу повеќе иновации во градбата. Во однос на звучната изолација и заштитата од пожари, како што веќе беше напоменето погоре, овој тип на конструктивно решение одлично ги задоволува критериумите наведени во европските стандарди. Со добивање на позитивни резултати се отвораат можности за масовно искористување на дрвото како градежен материјал во градењето на станбени комплекси дури и во погусто населени области. Според ова темелно истражување, може да се заклучи дека квалитетните особини на дрвото можат да се искористат за градење на нашата иднина.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
23
ентериери
Предизвици
Од гарсониера до двособен стан
П
роектантскиот тим на Биро Проект, во овој проект имаше голем предизвик. Од гарсониера со површина од 32 м², која содржи дневна соба, кујна и бања, требаше со реновирање да се добие уште една соба - спална соба, со што станот целосно би ги задоволил барањата и потребите на инвеститорот. По извршениот увид, прифатените идејни скици и направениот проект за реновирање, почетокот беше насочен кон грубите градежно-занаетчиски работи. Тие подразбираа рушење на постоечки скали, рушење на дел од фасаден ѕид, спроведување потребни инсталации за новата местоположба на кујната и дооформување на адаптираната спална соба со нови ѕидови од гипс картонски плочи, поставени на сопствена потконструкција. Активностите продолжија со вадење на дотраениот паркет од дневната соба и кујната, кршење на постоечките ѕидни и подни плочки во бањата, како и промена на електричната инсталација во целиот стан.
24
3
ПОРТА
22 февруари 2013
ентериери
Функционирањето на станот стана комплетно со опремување на спалната соба, која со новиот проект се предвиде на местото на кујната и таа има излез кон терасата. Се оформија нови скали во дневната соба со што се овозможи исто така излез кон терасата, што всушност беше и приоритет во создавањето на
идејни решенија. Кујната своето место го најде како сегмент во дневната соба, со поставување на шанк помеѓу двете функции. Комплетното реновирање на станот се надополни со минималистичкиот ентериер, кој беше проектиран исто така од страна на стручниот тим на Биро Проект.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
25
урбанизам
ВОДИЧ НИЗ ГУП НА ГРАД СКОПЈЕ
(НАМЕНЕТ Е ЗА ГРАЃАНИТЕ, А ОСОБЕНО ЗА СТРУЧНИТЕ ЛИЦА ВО ОПШТИНИТЕ И ПЛАНЕРИТЕ)
Ако го испочитувате овој ГУП, ќе придонесете во дисциплинирањето на просторот, кој реално е ставен пред многу искушенија. Како и да е, оние што ќе ги изработуваат планските програми, планерите, кои ќе ја работат планската документација од пониско ниво, градоначалниците со стручните служби, ќе се соочат со сериозна задача, темелена според параметрите од новиот ГУП.
Г
енералниот урбанистички план (ГУП) не можете да го држите во раце, преголем и претежок е. Спакуван е во 13 книги (без студиите и експертските елаборати). Тежок е затоа што се базира на исцрпни истражувачки дејствија, искажани преку експертски елаборати и студии, 26 на број. На експертските елаборати и на студиите, како и на планските решенија работеа околу 60 специјалисти. Во овој број се вклучени експертите од ИНПУМА, експертите што работеа на планската програма (Архитектонскиот факултет при УКИМ, Скопје) и стручните лица задолжени од градот. Во овој број не се вклучени стручните лица на општините, кои дадоа значителен придонес во изготвувањето на планот. Агенцијата за планирање на просторот го изготви
26
3
ПОРТА
22 февруари 2013
Мирко Андовски, дипл.инж.арх. (раководител на работниот тим на ГУП-от) планот и успеа во зададениот рок од две години да го стави пред советниците на градот. Градот има НОВ Генерален урбанистички план. Граѓаните можат да го видат на веб страницата на Градот. Но добро е да се има водич низ ГУП-от!?
ГРАДСКИ ЧЕТВРТИ
Ако сте урбанистички планер, пред кого е ставена задача за изработка на планска документација од пониско ниво (ДУП или можеби нов вид планска документација - Урбанистички план за четврт) на некои од четвртите утврдени со новиот ГУП на Скопје, препорачувам да почнете веднаш да го читате пишаниот материјал. Прочитајте ја и Документациската основа, па дури и поединечните студии. Можеби нешто од материјалот ќе ви биде од корист во креирањето на просторот на детално ниво.
Ако го изоставите текстот, во никој случај не можете да го работите планот без изводот од ГУП-от, кој содржи општи одредби во вид на текст и посебни одредби за четврта во вид на табели комбинирани со текст. Ова го добивате од градските служби надлежни за урбанизмот. Ако се прашувате како е извршена поделбата на ГРАДСКИ ЧЕТВРТИ - одговорот е: според Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно според планираната примарна улична мрежа. А примарната улична мрежа во најголем дел се темели на сообраќајната матрица утврдена со планот од 1965 година. Всушност, технички е потврдена формата „Н“ која е формирана од главните магистрални улици (Бул.„Александар Македонски“, Бул. „Никола Карев“, Бул. „Македонија“ и Бул. „Крушевска Република“). Стручните лица вработени во службите за уредување на просторот не
урбанизам
треба да заборават дека Новиот сообраќаен план, како дел од ГУП-от, преку планските одредби овозможува креативен пристап во реализација на сообраќајната мрежа преку инфраструктурни проекти кои можат да се движат и технички да варираат во рамките на регулациските линии. Но, ќе забележите дека некои четврти се оформени и на друг начин, а тоа е според нултата интерактивност или постоечка сервисна улица (улица од понизок ранг) или природна бариера. Овој ГУП е изготвен до ниво на четврт согласно ажурираноста на геодетските подлоги и податоци. При изготвување на Планските програми или при изготвување на плановите од пониско ниво, обрнете внимание на стимулативните а во исто време и на ограничувачките параметри кои ќе ги најдете во општите и посебните одредби за секоја четврт. ГУП-от ги дава насоките како да се заштити јавниот интерес и како да се заштити соседското право, што е основата на урбанистичкото планирање. Совесно испочитувајте ги одредбите утврдени за секоја четврт, преку плански решенија што ќе ја зголемат вредноста на земјиштето и вредноста на постоечките градби. Ова е тежок товар, но обидете се да се справите со природната инвеститорска лакомост со „оружјето“ кое ви го дава овој ГУП. Со други зборови, паметно насочете ги
инвеститорските желби во креирање хуман, вреден простор, бидејќи на таков начин сите добиваат (и лакомите), односно се зголемува вредноста на земјиштето и на градбите.
ПАРАМЕТРИ
Ако имате дилеми, кои параметри од посебните одредби се ограничувачки– обврзни, тоа се: наменската употреба на земјиштето процентуално искажана во однос на површината на четврта, границите на наменската употреба на земјиштето, бројот на жители (не смеете да го надминете), односно густината на населеност, како и обезбедување јавен простор, односно зеленило утврдено во одредбите. Секако, за заштитените подрачја и градби, за културното и природното наследство постојат правила и закони кои не смеат да се нарушат. Дали се дозволени отстапувања? Да, и тоа до 4% во корист на наменската употреба на земјиштето со ознака В – Јавни институции, на сметка на другите (но не на сметка на јавниот простор и зеленилото) и отстапувања до 0,1% за другите намени. Исто така намените што се искажани со пиктограми обврзно мора да се постават во четврта, но изборот е слободен. Особено водете сметка за намените кои не се графички обработени на цртежите, а се процентуално искажани - потребно е точно да се лоцираат во плановите од пониско ниво. Групата
на класи на намени, слободно може да се додефинира - трансформира во поединечни класи на намени во планската документација од пониско ниво, со посебно внимание на раздвојување на некомпатибилните класи на намени со тампон зони. На што упатува ГУП-от при планирањето? Обрнете внимание на јавниот простор, на јавното зеленило, формирајте линиски центри, декуражирајте го индивидуалниот транспорт за сметка на масовниот, преку осмислени стеснувања на градските улици во поширокото граско централно подрачје, ставете акцент на композицијата во просторот, бидете внимателни со висините на градбите, креирајте амбиент привлечен за граѓанинот со хумани атрибути, применувајте ги мерките за заштита и спасување, валоризирајте го културното и природното наследство... Ако го испочитувате овој ГУП, ќе придонесете во дисциплинирањето на просторот, кој реално е ставен пред многу искушенија. Како и да е, оние што ќе ги изработуваат планските програми, планерите, кои ќе ја работат планската документација од пониско ниво, градоначалниците со стручните служби, ќе се соочат со сериозна задача, темелена според параметрите од новиот ГУП. (Со благодарност до сите учесници во изработката на ГУП-от на град Скопје)
3
22 февруари 2013 ПОРТА
27
урбанизам
Б
28
3
ПОРТА
22 февруари 2013
урбанизам
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
3
22 февруари 2013 ПОРТА
29
архитектура
АРХИТЕКТ САЊА РАЃЕНОВИЌ ЈОВАНОВИЌ, СТУДИО Р:
Архитектурата мора да го следи времето, инаку времето ќе ја згази
Тимот на Студио Р: Ненад Раѓеновиќ, Боро Гаџовски и Сања Раѓеновиќ Јовановиќ
Творештвото е логична последица на наследеното, вели Раѓеновиќ Јовановиќ од Студио Р, коешто оваа година доби пофалница за реализирано архитектонско дело за 2012 година. Препознавање на достигнувањата во минатото не подразбира враќање, туку основа за збогатување на духот и способност за нови сознавања и нови надградби. Како што коментира таа, архитектурата е првото огледало на времето, така и нивните реализирани проекти се и нивни огледала. Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност
Оваа година Студио Р доби пофалница за Административна зграда - Осигурителна полиса АД во Скопје во рамки на годишната Награда за реализирано архитектонско дело за 2012 година. Го очекувавте ли ова признание?
Да, очекувавме признание, со оглед на фактот што архитектурата како професија претставува и формирање на граѓанска свест за естетски вредности, а и со оглед на тоа што се гради без оглед на 30
3
ПОРТА
22 февруари 2013
критериумите за архитектура на ААМ.
Синтагмата „помалку е повеќе“ важи за објектот Осигурителна полиса АД во Скопје, барем така констатира комисијата за годинашните награди. Можете да објасните со што ја заслужи наградениот објект оваа реченица?
Синтагмата „помалку е повеќе“ ја кажа германскиот архитект Лудвиг Мис ван дер Рое, еден од основоположниците на
современата архитектура (намерно велиме современата, а не модерната) и е синтагма уште од почетокот на 20 век. Самиот збор современо означува нешто што се одвива со времето и ги следи промените неминовно настанати повторно со времето, во смисла на еволуција, прогрес, промена во сите сфери, технологија (каде можеби е најизразено), севкупната уметност: музика, литература, скулптура, сликарство, мода, филм, индустриски дизајн и, се разбира,
архитектура основа на достигнувањата во која било смисла. Остварувањата прифатени во широк простор создаваат чувство на успешен стремеж. Затворањето во мало е заблуда, посебно ако заблудата е присутна во непосредното опкружување и наликува на уцена. Грешките во урбанизмот и архитектурата многу тешко се исправаат.
Станбена зграда во населба Хром, Скопје
Студио Р беше дел од истражувачки проект за еко-куќи изработени од еколошки материјали, организиран од Европската комисија при ЕУ. Со какви нови сознанија се вративте после тоа? Применливи се во наши услови?
архитектура. Културата на живеење е тесно поврзана со сликата на градот што ја создаваат архитектите. Целта беше да се создаде еден ненаметлив објект, разбременет, со рафинирана елеганција од која е и произлезена синтагмата помалку е повеќе. Објектот е сместен во центарлното градско подрачје, еден од најстарите делови на Скопје, на специфична локација, многу тесна и слободна само од двете пократки страни. Требаше да се направи објект вклопен со околината, отворен од внатре и кон надвор, и да се поврзе во целина како единствен простор. Се надеваме дека ја постигнавме целта.
проектантите на Осигурителна полиса е архитект со диплома од рускиот универзитет „Московска Академија за архитектура“.
Од 2001 година Студио Р егзистира како фирма чија дејност е проектирање, ентериер, ревизија, инженеринг, надзор и консалтинг. Дали има категорија на која најмногу работите, која е „експлоатирана“?
Осигурителна полиса АД во Скопје
Подобро е да се работи на домашен терен или во некој поинаков контекст?
Добро е да се работи секаде. Убаво е да се работи во родниот град, бидејќи сигурно тоа е местото што најдобро го познаваш, со кое си неминовно засекогаш поврзан и како архитект сакаш да го обликуваш, бидејќи непосредно го чувствуваш. Светот е одамна широко отворен и видлив. Уметноста со архитектурата ги отвора хоризонтите во двата правци. Заемната согледливост е
Да, тоа беше меѓународен проект составен од различни профили на инженери, најголем дел технолози, а ние како архитекти бевме учесници во делот проектирање еко-куќи. Екологијата е мултидисциплинарна, релативно нова научна област за која е неопходно создавање стручно еколошко мислење како би се развила еколошката свест. Еколошките влијанија кои потекнуваат од средината се комплексни фактори, а објектите се дел од истите. Истражувањата се водеа во правец на добивање производство и имплементација на градежни материјали како би се дошло до ниво да се изгради куќа комплетно од еколошки материјали. Тоа се сè уште истражувања на научно ниво и тоа е долготраен процес кој е сè уште многу тешко применлив, посебно во наши услови.
Сметате дека е неопходно архитектурата да го следи времето, да се остварува преку него? Архитектурата мора да го следи Студио Р доби пофалница за Административна зграда - Осигурителна полиса АД во Скопје
Сите категории се тесно поврзани и испреплетени. Најмногу работиме на проектирање во високоградба, што е всушност и есенцијата на архитектурата.
Работите на проектирање на деловни објекти, згради, куќи и хотели, и тоа не само во Македонија туку и надвор. Зошто токму Русија и Украина?
Проектантите од Студио Р во своето работење се со сериозно искуство и остварувања во минатото и на просторите надовор од Македонија. Покрај Русија и Украина, сме работеле и во Црна Гора, Блискиот Исток и централна Европа. Дипломата на БИМАС за афирмација на македонската архитектура во странство е стара неколку децении. Еден од
3
22 февруари 2013 ПОРТА
31
архитектура Деловен објект „Будимекс“ во Лавов, Украина Станбен објект на ул. „Пиринска“, Скопје
Станбен објект во Будва, Црна Гора
времето, инаку времето ќе ја згази. Архитектурата е првото огледало на времето, преку нејзе времето се отсликува, таа бара и воспоставува рамнотежа меѓу времето, вредните традиционални траги и современи, нужни и храбри визии. Што значи дека таа треба да биде визионерска, чекор пред времето. Таква архитектура бара и таков човек, односно за тоа покрај архитект потребен е и инвеститор кој ќе биде во чекор со времето.
Последниве неколку години може да се забележи навраќање на стиловите од поблиското минато во ентериерното уредување, своевидна реинтерпретација. Што е со архитектурата?
Како светот, така и архитектурата не би постоела без своето минато. Творештвото е логична последица на наследеното. Препознавање на достигувањата во минатото не подразбира враќање, туку основа за збогатување на духот и способност за нови сознавања и нови надградби. Во свеста, во архитектурата, сложен, често недостижен процес, стремеж недостапен за секаде и за секого. 32
3
ПОРТА
22 февруари 2013
Македонски олимписки комитет
ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
3
22 февруари 2013 ПОРТА
33
архитектура
Кина, градови, копии
Страста за копирање во современа Кина
Халштат во Кина
Многу аналитичари се обединети во мислењето дека ова однесување има многу подлабоки корени и многу појасна суштина, отколку што изгледа на прв поглед. Имено, во далечното минато, првиот кинески владетел секогаш кога ќе ги совладал своите непријатели градел реплики од нивните палати северно од престолнината. Даниела Младеновска
К
инески производи. Симбол за хиперпродукција, копија на познати светски брендови, од облека и обувки, до електронска и електрична опрема и апарати. Дури
Galaxy Soho
34
3
ПОРТА
22 февруари 2013
и автомобили. И кога помисливме дека тука е крајот, на ред дојде и архитектурата. Западната архитектура. Неодамна, со чудење од стручната и пошироката јавност беше примена веста за изградената реплика на австриското село
Халштат (под заштита на УНЕСКО), во едно мало место на југот на Кина. Но, колку и да звучи чудно и неверојатно, во Кина ова не е единствената копија од вакви размери. Се клонираат голем број споменици и палати од западната култура, па дури и цели градови. Се поставува прашањето на што се должи овој феномен, кој се граничи дури и со фанатизам во обидите за доследно копирање и на најситниот детаљ? Какво е мислењето на стручната јавност, а уште повеќе мислењето на жителите на „оригиналните“ населби, се чини непотребно е да се коментира. Копиите на британските градови во близината на Шангај ги имаат сите карактеристики на тудорската и викторијанската архитектура, а авторите на проектот не заборавиле и на црвените телефонски говорници.
архитектура Менхетн во Кина
Во близина на Шангај е изграден и карактеристичен „германски град“, авторско дело на Алберт Шпер, синот на истоимениот главен архитект на Третиот Рајх. Плоштадите на овој град ги красат бронзените статуи на Гете и Шилер. Копија на Ајфеловата кула во Кина
Кина е дом и на неколку холандски села, најмалку две од најголемите копии во светот на Ајфеловата кула, како и на сосема идентичната копија на Белата куќа. Не се заборавени ниту Триумфалната капија и Сиднејската Опера. Во северна Кина, пак, во изградба е кинески Менхетн, потполна реплика на њујоршкиот кварт, кому нема да му недостига ниту реката Хадсон. Посебно зачудува информацијата дека кинескиот Менхетн се гради на темелите на стара населба од 15 век. Се планира да се заврши во 2019 година и да биде најголемиот финансиски центар во светот. Несомнено, се работи за најамбициозниот проект на оваа "copy paste" програма распослан на 3,86 милиони m2, од кои ќе се обезбедат 9,5 милиони m2 деловен простор. Во фазата на проектирање, трошоците за проектот се проценети
на околу 622 милијарди американски долари. Wangjing Soho Building, објектот на легендарната британска архитектка Заха Хадид во Пекинг, неодамна е реизграден во градот Чунгкинг, а за целиот случај е најавено дека ќе има судска разврска. Стручњаците сметаат дека оваа страст на Кинезите за копирање на западната култура, може да се смести во истиот контекст со општопознатиот кинески синдром за копирање. Земјата е преплавена од копии на брендирана облека, електроника па дури и лекови. Дури и научните списанија се полни со плагијати. Но, трендот на копирање споменици и градови од западната култура, урбанистите го оценуваат како еден вид „автоколонизација“. Од друга страна, пак, многу аналитичари се обединети во мислењето дека ова однесување има многу подлабоки корени и многу појасна суштина, отколку што изгледа на прв поглед. Во таа насока дури се поставуваат паралели со далечната историја на Кина и современите текови на глобализацијата и кинеската брзорастечка економија. Во далечното минато, првиот кинески владетел секогаш кога ќе ги совладал своите непријатели градел реплики од нивните палати северно од престолнината.
Британски град со телефонска говорница
3
22 февруари 2013 ПОРТА
35
архитектура
Новата зграда Design Hub на универзитетот RMIT во Мелбурн
Суров манифест
Оваа е можеби единствена зграда за овдешната култура, која претставува перфектен математички модел, ригидно поставен, пресметан во секој детаљ, и прекрасно вклопен во урбаното милје Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија) Седиштето се состои од две целини, два објекти. Едниот, понискиот дел е архив, а другиот е шесткатен истражувачки центар, кој заедно со приземјето и елементите на кровот достигнува висина од 46 метри. Основата на катот е со димензии 20 м х 60 м. Зградата е штотуку пуштена во употреба и е многу атрактивна како таква. Почна со работа во средината на ноември, а веќе е започната и наставата на постдипломците со нивните истражувања во областа на дизајнот и неговите пошироки гранки, вклучувајќи ја и модата. Објектот претставува синтеза на досегашните градби од овој тип, опишани во Порта3, бидејќи изобилува со квалитет во секој дел од него. Оваа е можеби единствена зграда за овдешната култура, која Седиштата на RMIT и Grocon (Pixel) со идниот градежен зафат на областа Carlton Brewery
Н
овата зграда Design Hub на универзитетот RMIT се наоѓа во зоната на Carlton brewery, истата таа за која веќе пишувавме во еден од претходните броеви. Таа заедно со зградата Pixel задаваат рамка во чија внатрешност ќе се гради новиот градежен потфат на фирмата Grocon. Оваа градба е седиште на постдипломските студии по дизајн при универзитетот RMIT во Мелбурн, и е одделена од архитектонскиот факултет со
36
3
ПОРТА
22 февруари 2013
цел да се постигне дополнителен престиж, место каде ќе бидат приоритет високите услови за истражување. Впрочем, уште едно ново седиште на RMIT кое му конкурира на универзитетот Мелбурн, а кој исто така е со веќе подготвен проект и во најскоро време ќе биде изграден. За разлика од нив, каде проектантот е избран преку јавен конкурс, советот при RMIT го ангажира Sean Godsell, неконвенционален архитект и дипломиран на истиот факултет. Секако, преку неговиот избор RMIT сака да го акцентира квалитетот на своите дипломирани студенти.
архитектура претставува перфектен математички модел, ригидно поставен, пресметан во секој детаљ, и прекрасно вклопен во урбаното милје. Објектот е вметнат на самиот раб помеѓу Swanson и Victoria street, на начин каде двете фасади (јужната и југоисточната) директно реагираат со двете најпрометни улици во градот. Во целокупното поставување водено е сметка и да се заштитат потребните дистанци од масовното полнење на соседната парцела (сопственост на Grocon), каде се обезбедуваат оние полу-јавни простори кои ќе ѝ овозможат да функционира. Посебно значење играат и двата влеза кои ја прават зградата достапна од две различни коти. За да се добие подискретен простор помеѓу двете целини (архивот и самиот центар), средишниот простор кој ги разделува се вдлабнува за некој метар и со рампа се дислоцира од постојниот тротоар (за да се растовари од урбаниот метеж). Овој празен јавен простор е всушност запазена функција на зградата, која во иднина ќе ја користат студентите и останатите вработени. Одличен пристап се постигнува и од авенијата Victoria, која визуелно го одредува влезот на зградата. Директно од пешачкиот премин, чекајќи на семафорите се влегува долж тој ходник низ зградата и се излегува од другиот крај каде има повеќе насоки на движење и поврзување. Таквиот влез ги користи флуксите на движење кои би се пренеле и на останатите катови. На тој начин ги поканува сите случајни минувачи (покрај студентите) да влезат и да се
Основа на приземјето
Парцелата на RMIT со добиениот габарит
RMIT Design Hub, поглед од внатрешноста на Carlton Brewery
Основа на прв кат
3
22 февруари 2013 ПОРТА
37
архитектура
Недворешната фасада од соларни дискови
Слободен простор за училници 38
3
ПОРТА
22 февруари 2013
запознаат со најновите текови во дизајнирањето. Внатрешниот простор е исполнет со изложбени простори, училници и амфитеатар. Типолошкиот концепт предвидува отворени училници и слободен изложбен простор, кои се разделени на две страни преку средишната поставеност на магацини, архиви и вертикалната комуникација потребни за беспрекорно функционирање на двата празни простори кои се добиваат. Тоа впрочем е и новата стратегијата на универзитетот RMIT, каде успева да развие нов концепт на соработка помеѓу студентите, да ги охрабри во меѓусебната комуникација и јавно да ги промовира нивните квалитети и резултати. Фасадната обвивка е двослојна. Надворешната површина се користи за засенчување и енергетско генерирање. Таа секако преставува и еден од најимпресивните елементи што ја сочинуваат бидејќи пленува со нејзините 16.000 транспарентни дискови кои дисциплинирано се повторуваат долж нејзиниот волумен. Структурата е метална со модул 7,20 м x 9,86/6,27 м. Помеѓу оските на еден конструктивен модул перфектно се вклопуваат четири рамки. Една рамка (со димензии 1,80 м x 4,50 м) содржи три реда со по 7 дискови. Еден ист таков диск е со дијаметар од 60 сантиметри. Во внатрешноста ротираат стаклени кружници со вградена соларна технологија и автоматски контролирани при нивното ротирање. Реагираат на различни временски услови и во зависност од тоа се отвораат и затвораат, регулирајќи ја температурата во внатрешноста. Горенаведениот рам се аплицира константно по целата фасада. Рамовите на приземјето и кровот се дополнително издолжени за да се оправда идеалната пропорција, а со самото тоа и елегантноста што и ја дава на монотонијата. Аглите перфектно се пресметани и решени на начин каде со преклопувањето на половинките од дисковите перфектно се продолжува повторувањето. Висинскиот остаток, шпицовите на четирите агли се решаваат со четвртина од дискот. Во скора иднина сите ќелии ке треба да бидат заменети со фотонапонски колектори кои ќе произведуваат струја, а се разгледува и можноста истата таа обвивка да се користи и како дигитален билборд. Зградата содржи и систем за филтрирање кој овозможува да се внесува свеж воздух кој влегува во работните простории преку подот, и им овозможува на работниците да го регулираат во внатрешноста. Друга одржлива карактеристика е и користењето на дождовните води, во внатрешен собирен отпад, негово системско менаџирање и кружни затворени ладилнци. Објектот е внимателно и трпеливо граден во период од шест години и храбро се има соочено со останатиот тренд на овдешниот комерцијален формализам.
архитектура
3
22 февруари 2013 ПОРТА
39
архитектура
Дом за стари и изнемоштени лица, Арцеар До Сал, Португалија
Минималистички дизајн и јасен карактер
Едноставните геометриски форми на објектот со своите големи вовлечени отвори за светлина и балконски простор за секоја соба, овозможуваат пријатно и модерно место за домување
П
ортугалските архитекти од студиото „Аирес Матеус“, со својата иновативност и креативност го креираат домот за стари и изнемоштени лица во Арцеар До Сал, кој внесува свежина и неконвенционалност во архитектонските решенија кога станува збор за објекти од ваков тип. Архитектите со внимателно и грижливо истражување на постарите лица како специфична социјална група, успеваат да создадат простор во кој тие ќе можат да живеат со сите свои потреби, правила и вредности. Луксузниот негувателски дом со својот модерен дизајн, претставува еден вид на хотел заедно со болница за возрасните лица. Архитектите посебено внимание посветиле на интерпретацијата на програмата, каде што комбинацијата од социјални активности и приватност играат значајна улога. Потребата од социјален живот е од огромно значење за оваа група граѓани, како и одморот во приватност, така и мирот што е задолжителен за
40
3
ПОРТА
22 февруари 2013
Александар Черепналкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија
одржување на нивното здравје. Намалената подвижност на возрасните лица, кои ќе живеат во тие станбени единки, наложува дека секое поместување
треба да биде емотивно, сензитивно и чуствително искуство. Растојанието помеѓу независните единки е точно предвидено, претставувајќи ја идејата на „патот кон
архитектура
животот“ (path into life) и „времето во форма” (time into form). Насоката на минималистичката градба ја задава ѕидот, кој природно се издигнува од околната топографија, го лимитира и дефинира отворениот простор и ја организира целосната парцела. Индивидуалните станбени единки во кои домуваат луѓето се поврзуваат во една целина која има експресивен дизајн и јасен карактер. И покрај тоа што фасадата е целосно бела, таа потсетува на шаховска табла, каде што белите површини се перфорирани и вовлечени на интервали
за да создадат засенување. Забележливо е дека архитектонското решение на негувателскиот дом се крева и се спушта над топографијата на локацијата, додека на некои места од кровот се направени мали градини, кои се во корелација со градините во дворот на домот. Едноставните геометриски форми на објектот со своите големи вовлечени отвори за светлина и балконски простор за секоја соба, е одлично обмислено од архитектите и претставува пријатно и модерно место за домување. Ентериерот, исто така, е минималистички и луксузен како надворешниот дизајн. Внатрешниот простор го следи екстериерот, како во дизајнот така и во белата бојата. Во ентериерот доминираат бели мермерни плочи и светло сива нијанса во заедничките простории, бели ѕидови и осветлување во вид на линии на плафонот. Заедничките простории се дизајнирани со луксузните светилки на Артемиде Касторе. Собите исто така се обоени во бела боја со антибактериски болнички под во светло сива нијанса. Од архитектонска гледна точка, овој објект е прекрасен не само заради неговата естетска вредност, туку и за решението со кое секој жител во него добива прекрасен поглед од својот балконски
простор, а од друга страна приватност во својата соба. Со овој проект, архитектите од студиото „Аирес Матеус“ храбро го разбиваат стереотипот дека домовите за стари и изнемоштени лица треба да бидат традиционално и препознатливо уредувани. Од овој проект може да се забележи дека секогаш може да се понуди нешто различно и иновативно на архитектонската сцена.
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 22 февруари 2013 ПОРТА
3
41
архитектура инфо базел, швајцарија Објект: нови изложбени простори во Messe Basel Архитекти: Herzog & de Meuron Messe Basel е најголемиот и најзначајниот музејски изложбен комплекс, како во Швајцарија така и низ цела Европа. Реализацијата на неговите развојни промени, изведени од страна на архитектите Herzog & de Meuron иницира на концентрација, т.е. релокација на изложбените простори околу плоштадот Messerplatz (Exhibition Square) и конвертирање на веќе постоечките во апартмански и административен комплекс, што воедно би придонело за урбаниот развој на градот Базел. Интервенцијата се содржи од напластување на три изложбени сали една врз друга, секоја од нив со висина од по 10 метри, создавајќи отворен мултифункционален простор во приземјето со капацитет за сместување на 2500 посетители, како и две дополнителни изложбени сали во погорните нивоа. Секоја сала е обликувана со широка и пространа извиена конструкција, со цел да се редуцира колоната од столбови, додека цикцак поставените лифтовски јадра создаваат непречена поврзаност помеѓу нивоата. Фасадното обликување од алуминиумски панели со текстура создаваат необична импресија на ткаенина.
куншан, кина објект од јавен карактер - Riverside Park Pavilion Архитектонско студио: Vector Architects Лоциран во крајбрежниот парк долж прометна улица во стариот дел на градското ткиво на Куншан, овој проект во себе вклучува „освежителна“ станица, јавни тоалети и павилјон за одмор и рекреација. Просторите на програмските содржини се соединети како целина која дефинира мултифункционална зона како место за најразлични активности, сместени во мал сегмент од паркот. Постоечкото високо зеленило зазема улога на природен филтер помеѓу објектот и уличниот коридор во непосредна близина. Објектите и дрвјата делуваат како спонтано расфрлани низ локацијата, и се испреплетуваат со артифициелниот пејзаж на денивелираната градина. Изградениот волумен е фрагментизиран и дистрибуиран под или пак околу високото зеленило во зависност од фукнционалните содржини на начин на кој целосно се асимилира во опкружувањето, предизвикувајќи засебна ритмична атмосфера во секој свој сегмент.
42
3
ПОРТА
подготви: Анастасија ниКоловсКА 22 февруари 2013
архитектура инфо валенсија, шпанија Објект: едукативен центар за деца Архитекти: Foursquare Arquitectos И покрај привлечноста на сегментираните заоблени волумени на целината, како есенцијален елемент при креирањето на оваа средина која пробудува желба за истражување и набљудување се појавува примената на бојата. Секој цилиндричен модул добива обвивка од низа на колоритни керамички плочки. Динамичната претстава на екстериерното обликување едниствено е прекината со појава на екцентрични квадратни прозорски отвори кои овозможуваат пасивно, природно осветлување во спиралниот ентериерен простор. Објектот на иновативниот центар за деца далеку отстапува од улогата на едноставен колоритен контејнер претставувајќи фокусна точка, неизбежна за љубопитното око на непосредните посетители.
хирошиМа, јапонија Објект: резиденција The Optical glass House Архитекти: Hiroshi Nakamura & NAP Специфичен волумен кој отскокнува во однос на густо и високо изградениот центар на градот Хирошима. Со цел да се обезбеди приватност и мир во ваквото опкружување, објектот добива градина во внатрешноста, како и оптичка стаклена фасада, поставена на фронталната страна ориентирана кон уличниот коридор. Визуелно согледување на градината е овозможено од сите простории во објектот, додека пак звуците од непрекинатиот уличен метеж придонесуваат за збогатување на динамиката во ентериерот. Лоциран во центарот на градот, објектот им овозможува на своите резиденти да ја уживаат промената на осветлувањето, расположението и раздвиженоста низ градот во текот на денот, како и да живеат свесни за промената на годишните сезони.
шизуока, шиМада, јапонија Објект: резиденција - sCOPE Архитектонско студио: mA - style Architects Сместeна на брдовита локација на платото Макинохара, во рурална средина исполнета со чајни плантажи, оваа скулптура која се издвојува како голема цевка што стрчи од карпестото земјиште на долината, повторно го враќа шармот и посебноста на пејзажното опкружување, и воедно создава неизбежна релација помеѓу човекот и природата. Основната цел на архитектите претставува креацијата на објектот како северно ориентиран „набљудувач“ со фокус кон градот и околните полиња - цевка прикрепена од монументални бетонски ѕидови - гигантски трапезоиден телескоп, кој целосно го апсорбира непосредното пространство.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
43
1963
П
2013
окрај општествени, во обновата на Скопје по земјотресот од 1963 година се подигнати и многу голем број станбени објекти
50 ГОДИНИ ОБНОВА И ИЗГРАДБА НА СКОПЈЕ
Михаил Токарев ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (3)
Надминување на стереотипите во архитектурата
Никола Богачев и Александар Смилевски. Гимназијата Орце Николов, Скопје (1969). Основа и изглед
со кои се оформува центарот и новите квартови во градот, кој зафаќа сè поголема површина. Во новите квартови често пати се занемарува потребата од објекти за општествен стандард, така што тие заслужено го носат негативниот епитет на „градски спални“. Големината на тие зафати и ургентноста за нивното подигање наложува да се формираат проширени проектантски тимови, кои успешно ја извршуваат поставената задача. Масовната изградба на поголеми станбени објекти започнува најпрвин во центарот на Скопје и тоа во состав на т.н. Градски ѕид, кој е идејно дефиниран со конкурсниот проект (1965) на Кензо Танге. Меѓутоа, при разработката на проектот со т.н. деветтата варијанта се отстапува од конкурсната идеја за Градски ѕид оформен со повеќекатни терасести блокови, кои се заменети 44
3
ПОРТА
22 февруари 2013
Група автори. Станбената кула тип М, Градски ѕид, Скопје (1966-). Основа и изглед
со станбени кули и ламелни станбени блокови. Станбените блокови (1966-) се подигнати според проектите на авторскиот тим составен од: Н. Богачев, С. Ѓуриќ, Љ. Маленкова, А. Серафимовски, С. Симоски и В. Ќосевска. Автори на станбената кула тип М (1966-) во состав на Градскиот ѕид се Д. Димитров, С. Ѓуриќ, В. Ладинска, Р. Минчева и А. Серафимовски, додека Александар Смилевски (1939-) се јавува како автор на станбената кула тип Б (1966-). Сите тие објекти имаат примерно функционално решение и конструктивен состав, и еден „рутински“ обликуван израз. Во станбената населба (реон) Карпош II, Симеон Симоски (1925-2010) создава еден примерен станбено-деловен ансамбл, кој е
составен од станбена кула и трговски објект (1966). Како и во другите станбени објекти од тој период, големината на становите е со минимално потребната површина и со солидно функционално решение. Од тоа произлегува едноставен обликуван израз дефиниран од геометриски вертикални ленти. Таквата рационална едноставност е присутна и во решавањето на понискиот трговски објект. Трифун Јанев (1935-) во обликувањето на станбено-деловните блокови Б1-Б7 на бул. Партизански одреди (1968) воведува пластични елементи инспирирани од структуралните фасади на јапонската архитектура, која станува актуелна поради присуството на Кензо Танге во Скопје. Авторскиот тим Љ. Маленкова, Г. Златановиќ и В. Ќосевска при решавањето на станбениот блок тип Б во населбата Кисела Вода (1968) се инспирираат од високолите ламелните станбени блокови (1927-1931) на Валтер Гропиус. Сепак, поголемата длабочина на овој блок ја оневозможува двостраната ориентација и напречната вентилација на становите. Надминувањето на стереотипите на интернационалниот стил во станбената архитектура е видливо неколку години подоцна кај трите станбени кули за воени лица во населбата Јане Сандански (1975), што е резултат од ангажираноста на проширениот проектантски тим, составен од: Д. Томовски, В. Ладинска, К. Муратовски, А. Банчотовски, С. Апостолски и Н. Лагудин. Слободното решавање на основите, заедно со комбинацијата на извитканите форми дефинирани со натур-бетон и фугирана тула, резултира со продуховени облици во просторното решение и второстепената пластика. Во поземјотресната изградба на Скопје се вклучуваат и некои познати
Алфред Рот. Основното училиште Песталоци, Скопје (1967). Основа и изглед
Трифун Јанев. Станбено-деловните блокови Б1-Б7 на бул. Партизански одреди, Скопје (1968). Основа на една ламела и 1/2 изглед
светски автори. Така на пример, Основното училиште Песталоци (1967), кое е создадено според проектот на швајцарскиот архитект Алфред Рот (1903-1998) е првиот општествен објект изграден по земјотресот. Тој е направен од натур-бетон и со асеизмичко темелење врз гумени перници (амортизери). Неговите просторноволуменски
единици со својата димензија и со еркерите, аналогно се поврзуваат со традиционалната народна архитектура. Забележливо е дека архитектонските колебања присутни во рамките на доцномодерната архитектура имаат свои рефлексии и во Македонија, што може да е присутно и во творештвото на еден ист архитект.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
45
културно наследство
Автентична санација на манастирскиот комплекс
Трескавец ќе си ја пишува новата историја Објектот ќе се санира автентично, но во градбата ќе има разлика. Сега ќе се стават армирано-бетонски столбови, наместо досегашната дрвена меѓукатна конструкција и ќе биде секторски поделен Катерина Спасовска-Трпковска
А
втентичен со конаците и трпезаријата манастирот Трескавец повторно ќе се издигне над карпите во планината и ќе ја дава прекрасната глетка на околните планини. Огнената стихија која го зафати и пеплоса до темел само ја запиша новата историја на вековниот манастир. Проектот за санација треба да биде готов за околу еден месец, а го изработуваат Министерството за култура и Завод и Музеј Прилеп. Станува збор за основен, автентичен проект кој ќе ја даде и финансиската конструкција за обновата. „За околу еден месец треба да биде готов проектот за санација. Објектот ќе се санира автентично, но во градбата ќе има разлика. Сега ќе се стават армиранобетонски столбови, наместо досегашната дрвена меѓукатна конструкција и ќе биде секторски поделен. Станува збор за вкупна површина на двата ката од околу 1.300 квадратни метри. Подготовките и 46
3
ПОРТА
22 февруари 2013
мерењата на терен течат и се надевам дека во ветениот период ќе бидеме готови“, вели Гордана Данилоска Спироска, директор на прилепскиот Завод и Музеј. Реализацијата на проектот, додава таа, ќе почне дури откако ќе биде направен патот до манастирот затоа што сегашната состојба е неповолна за транспорт на градежен материјал и за механизација. За обновата на манастирот донации има од Владата, од прилепскиот економски совет, од бизнисмени и верници. За среќа, пламените јазици не ја допреа црквата „Успение на Пресвета Богородица", која датира од 13 век, зачувано е целото културно национално богатство, сите икони и фрески. „Трескавец наликува на едно изгорено, пеплосано тело, но фала му на Бог и Мајката божја што во целиот тој пепел живо е срцето, жива е црквата, бидејќи нашиот етос е таков, етос во вера, во крст и во воскресенија“, изјави владиката Климент.
Манастирот е сместен на надморска височина од 1.280 метри, на десетина километри оддалеченост од Прилеп. Оттаму се гледа половина Македонија. Изграден е во 13 век. Се смета дека постоел уште од античкото време, а преданијата говорат за светоста на местото, каде што се среќавале божји сили. Посетителите раскажуваат за табли на старословенски јазик, кои се вградени во камените блокови на црквата. Манастирот Трескавец е еден од најстарите манастири. Тоа всушност го покажува и самата архитектура на црквата, која од страните има отвори, нешто што отсуствува во црквите од поновите христијански времиња. Имено, архитектурата го негира мислењето дека манастирот бил правен за време на Душан. Трескавец треба да датира од првите христијански времиња. Преданието на месното население гласи дека црквата во Трескавец е правена пред сите светогорски манастири. Трите најстари
културно наследство Кон јужниот ѕид на црквата е дограден издолжен правоаголен простор, покриен со крстести сводови, којшто се спојува со нартексот. Кон северниот ѕид на нартексот е дограден мал параклис којшто се спојува со северниот компартимент и со нартексот. Кон овој градежен комплекс, кон запад и кон југ, дограден е долг трем покриен со едноводен кров од дрвена кровна конструкција. До седумдесеттите години од минатиот век, црквата беше покриена со кровен покривач од камени плочи. Денес, камени плочи има само на централната купола над наосот и на двете куполи над компартиментите. На слепата калота од нартексот, врз покривачот од камени плочи, импровизирано е поставена цементна кошулка, со што е намалена можноста од продирање на атмосферски води во внатрешноста на црквата и оштетување на живописот. Остатокот од црквата е импровизирано покриен со медитеран ќерамида. Ова е третпат како гори манастирот.
сочувани објекти во манастирот се црквата „Успение на Пресвета Богородица", старата трпезарија и маѓерницата. Информации за архитектурата на манстирот Трескавец може да се најдат во Националните установи Завод и Музеј Прилеп, чиишто стручни лица во 2005 и 2006 година имаат вршено први интердисциплинарни конзераваторски истражувања на архитектурата, живописот и конструктивниот систем на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Нивните информации велат дека јадрото на градежниот комплекс на црквата го сочинува еднобродна црква со средишна купола, со олтарна апсида од внатре полукружна, а од надвор петострана. Оваа еднобродна црква е отворена од западната страна кон квадратен нартекс покриен со слепа калота. На запад има екзонартекс покриен со коритест свод со два компартименти, северен и јужен покриени со куполи. Јужниот компартимент е покриен со двојна купола.
Првпат горел кон крајот на 19 век, а вторпат во деведесеттите години на минатиот век. Најпознатата легенда за добивањето на името Трескавец е запишана од Јордан Константинов-Џинот. Приказната почнува кога султанијата Мара омажена за султанот Мурат Втори дошла во манастирот, каде што живееле над 300 монаси и еден владика. Таа посакала да се причести, но владиката ја одбил зашто била мажена за Турчин и веќе не била од православната вера. Налутена, наредила да се убијат сите монаси. Од крвта на убиените монаси се создала ламја, која не дозволувала никој да влезе во манастирот. По милоста на Мајката божја треснал силен гром, кој ја убил ламјата и оттогаш манастирот се вика „Трескавец“. Преданијата говорат дека при ископувањата биле пронајдени голем број костури, закопани околу црквата, со што се претпоставува дека оваа легенда има и своја историска вистина.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
47
интервју
Еве Моргенстерн - „ФАСАДИ НА КРИЗАта“
ПРЕДГРАДИЈА ПО СЕКОЈА ЦЕНА Во последните три години Еве Моргенстерн, фотограф и режисер на филмови, работи за Американската влада на документирање на последиците од кризата со домувањето. Патувајќи низ цела Америка, во градовите Оукланд, Детроит, Феникс, Лас Вегас, Бафало и Денвер го забележува со својот фотоапарат поставувањето на евтини градежни материјали на фасадата како инстант катализатор на пропаста. м-р Александра Шекутковска, дипл.инж.арх.
В
о декември 2008 година, неделниот весник The Economist испечати игра која имаше многу сличности со Монопол, играта за недвижности, нудејќи резиме на настаните што го дефинираа лицето на светските финансии во изминатата година. За разлика од играта Монопол, оваа испечатена табла специфично беше поделена на половина, на едната страна го прикажуваше врвот на финансискиот систем, а на другата „развитокот на урбаното ширење и крајот на американскиот сон“. Платформата на која се игра играта е американското предградие, меѓутоа не како место за колективно живеење, туку како територија со која треба да се врши трговија. Графичката поделба на два дела директно го симболизираше двојното лице на темпераментот на пазарниот капитализам. Американското предградие е основано како „тематски“ парк на два основни идеали: носталгија и уживање во слободното време. Големиот интерес да
48
3
ПОРТА
22 февруари 2013
се има куќа во американското предградие на почетокот на 20 век се темелело на системот на вредности којшто овој дом ги претставувал: идеалот на руралното, транспортот, технологијата на добриот живот, економијата и идентификацијата да се живее, утврди на одредена локација наспроти да се биде номад. Урбанистичкиот простор на предградијата е особено значаен кога се набљудува значењето на поимите размер, симбол, дом и приградски простор. За разлика од просторот и архитектурата на модернизмот којашто е соголена од симболи, во предградието и комерцијалните стрипови целосно се препознаваат личните идентитети и социјалните аспирации. Роберт Вентури во студијата на американското предградие ги деконструира конвенциите што се следени во проектирањето во книгата „Учење“ од Левиттон. Тој тврди дека преку анализирање на историските референци направени за дизајнот може да се разбере зошто толку многу луѓе биле магнетно привлечени кон овие населби. Кога желбата е веќе исполнета, одреден архитект може да ги
искористи референците за проекти во иднината за да може да биде што поблиску до она што го бараат потрошувачите. Во последните три години Еве Моргенстерн, фотограф и режисер на филмови, работи за Американската влада на документирање на последиците од кризата со домувањето. Патувајќи низ цела Америка, во градовите Оукланд, Детроит, Феникс, Лас Вегас, Бафало и Денвер го забележува со својот фотоапарат поставувањето на евтини градежни материјали на фасадата како инстант катализатор на пропаста. Во нејзината серија на фотографии „Фасади на кризата“, Еве ги портретира напуштените домови. Овие домови се сведоци на последиците од финансиската криза, сликите на овие куќи предизвикуваат чувства на страв и очај кои вршат влијание на сеопфатниот развиток и инвестициона иднина на целосната населба. Нејзината фотографска работа претставува методолошка анализа на урбани локации низ земјата и нивното архитектонско минато.
интервју Како започнавте со серијата Портрети на куќи? Што се случи најпрвин, дали економската криза Ве инспирираше или започнавте независно од неа?
Започнав да ги фотографирам куќите во 2007 година во Оукланд кога студирав на Уметничкиот институт на Сан Франциско. Ме интересираше убавата викторијанска архитектура на домовите во Оукланд, и како што ги изработував фотографиите почнав да забележувам евтини материјали за преградување, затворени прозорци, преградени врати. Ова беше во период кога започнуваше кризата во Америка, и како што продолжив да ги следам настаните во печатените медиуми се заинтересирав се повеќе да работам на овој проект. Ќе отидев на Интернет и ќе гледав на realtytrac.com или на сајтовите на агенциите за недвижности и ќе искуцав поштенски број или мапа каде што се случуваа запленувањата на куќите. Кога ќе ги погледнев мапите со огромен број на одземање на куќите заради неплатени хипотеки во одредени делови ми беше шокантно. Започнав да патувам и да ги фотографирам домовите, да набљудувам колку е голем ефектот на кризата со домувањето - имаше запленувања на куќите во стари населби, во нови населби, во стабилни населби, во сиромашни населби. Во 2009 година бев вработена од NeighborWorks America, голема организација за развиток на домувањето и заедницата, со цел да изработувам кратки видеа за нив за решенија на кризата со домувањето. Започнав директно да добивам информации
за поединечните домови коишто беа одземани заради неисплатена хипотека.
Низ медиумите постојано се појавуваат фотографии од американски домови кои се совршено уредени, меѓутоа дополнително се „oзначени“ со знакови дека се на продажба. Некои од нив се чини дека се затрупани од мали билборди коишто нудат различни бонуси со куќата: бесплатен базен, бесплатен втор кат, бесплатно дворно место. Како се разликуваат Вашите портрети на Куќите во криза од ова? Понекогаш е невозможно да дознаеш само од знакот „на продажба“ дека на куќата и следува одземање од
сопствениците. Честопати постојат јасни индикации дека куќата ќе биде одземена заради поставени листови од банката на вратите или прозорците. Најсигурниот начин да се провери е да се побара куќата на сајтовите за недвижности. Неверојатно е како секоја куќа со сопствениот поштенски број може да се пронајде и да се добие информација за нејзината состојба. Јас го користев најмногу Интернетот како алатка да ме води на оние места каде што на луѓето им го одземаат домот и подоцна патував за да го документирам. Сте патувале низ цела Америка и имате документирано различни локации, и урбани и рурални. Дали сметате дека постојат разлики и сличности помеѓу локациите каде што се случува кризата? Кризата на одземање на куќи има зафатено многу градови и заедници низ Америка и има многу разлики и сличности коишто треба да се напоменат. Во Феникс, Аризона, домовите се многу нови и се изградени во градежниот бум пред економскиот пад. Новите домови во Феникс се слични на домовите изградени во Флорида и Калифорнија каде што повеќето од изградените недвижности сега се пред одземање. Во Детроит домовите коишто се дел од кризата имаат историска вредност. Кливленд, Охајо, Бафало и Њујорк имаат слични проблеми со илјадници напуштени домови. Постојат различни проблеми и различни решенија, за секој посебен пазар на домови заедничкото е дека реализирањето на хипотеките има влијание врз секаков вид на заедници и на целиот пазар на домување.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
49
интервју или оладат. Бројката на домови коишто се запленуваат сега се заканува дека ќе ги направи предградијата населби на духови со никакво чувство на заедница. Кризата ги натера градовите да размислуваат одново за нивниот развиток, да ги донесат луѓето од предградијата во центарот на градот. Во Феникс, Аризона, има нови планови за имплементирање на јавен траспорт, во Детроит и Кливленд слободната земја со напуштени куќи се претвора во самодовлни фарми. Организации купуваат напуштени населби и се обидуваат да ги претворат во самодоволни територии, во зеленило или да ги понудат на фамилии за многу ниски цени.
кои беа опфатени со овие хипотеки. Навистина е една депресивна приказна. Во исто време кризата ги натера луѓето да размислат одново колку се самодоволни предградијата особено во економски времиња. Луѓето не можат веќе да си дозволат да возат кола од дома до работа и назад доколку живеат во предградие. Домовите се честопати огромни и многу скапи за да се затоплат
Дали мислите дека сонот за американското предградие се промени во последнава деценија?
Мислам дека американскиот сон е многу асоцијативен во однос на поседувањето на куќа, особено во приградските заедници, од кога започна кризата многу луѓе го премислуваат истиот тој сон. За многумина е разнишан од хипотеки, неодговорна активност на инвеститорите на пазарот на недвижности и реализирањето на хипотеки од банките. Трагично е што многу луѓе ги загубија своите домови заради лошата практика на банките и предаторитеинвеститори. Постои голем број на Афроамериканци и Латиноамериканци 50
3
ПОРТА
22 февруари 2013
Пред извесно време, еден од моите професори држеше предавање за природата на огледалата. Ја искористи „Алиса во Земјата на чудата“, односно вториот дел каде што таа во огледалото гледа нешто кое е сосема спротивно од нејзиниот дом; и ретровизорот во кој секогаш набљудуваш нешто зад тебе за да предвидиш нешто во иднината. Сметате ли дека вашите портрети на куќите во суштина претставуваат огледала? Овие фотографски портрети се разбира дека функционираат на две нивоа - од една страна замрзнуваат одреден момент во сегашноста, од друга страна претставуваат рефлексија на пазарот и кризата со недвижностите. Но, истовремено, тие се и проекција за она што може да се случи со многу домови во следните неколку години. Честопати размислувам дека напуштените домови во Детроит, Кливленд, каде што има
интервју постепено опаѓање со годините, дури сега ги чувствуваат последниците од кризата. Ако се остават напуштени куќите деградацијата на населбите продолжува да се шири. Сум забележала дека кога и да фотографирам одредена куќа постојат повеќе во близина. Додека да дојдам до домовите најчесто се празни. Многупати луѓето доаѓаат и ме прашуваат дали знам што ќе се случи со куќата. Американскиот фотограф Bruce Gilden има фантастичен проект за запленувањето на куќите што го направи за Magnum in Montion, кое топло ви го препорачувам.
Дали планирате да продолжите со секвенците Фасади на кризата?
Во моментов имам неколку идеи кои се во фаза на развиток. Балансот помеѓу работата и ументоста е постојано предизвик, меѓутоа
доколку најдеш начин како да ги растопиш двете во едно, може да биде навистина инспиративно. Заљубена сум во архитектурата и мислам дека може да се пронајдам и во тој правец во идниов период.
âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò
OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.
*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.
www.ontime.mk
contact@ontime.mk
+389 75 431 135
3
22 февруари 2013 ПОРТА
51
технологии
Дали нашата иднина е во ѕвездите
Архитекти во вселената
С
тарите народи верувале дека нашата судбина е запишана во ѕвездите, модерните народи пак, дека нашата иднина е во ѕвездите. Историјата покажува дека човештвото веќе со векови патува кон ѕвездите преку постојано систематично набљудување, проучување и експериментирање. Иако сме сè уште на самиот почеток на овој епохален пат, простор за оптимизам има. Огромни ресурси и напори се вложени во неколку комерцијални проекти за населување на вселената во блиска иднина. Во нив, архитектите се тие што треба да го пронајдат/измислат вистинскиот дом за идните вселенски патници каде и да се. Задачата е сложена и прилично одговорна. Скоро ништо не ни оди во прилог. Во вселената (засега) нема воздух, вода, соодветна атмосфера. Има гравитација која не ни одговара, а истото се случува и со температурите и космичките зрачења. Растојанијата се исклучително обесхрабрувачки, но
52
3
ПОРТА
22 февруари 2013
Футуристите велат дека 3Д принт технологијата во целост ќе го редизајнира нашиот живот. За 20ина години, очекуваат поголемиот дел од производите што ќе ги користиме да бидат произведени од 3Д принтери, па дури и во домашни услови. Доколку се задлабочиме, ќе забележиме дека нашиот живот, сакале или не, се менува на начин кој нè подготвува за идно вселенско патување. За тоа патување, некој се сетил да побара помош од архитектите и градителите. Трајче Стојанов,
дипл.инж.арх.
и технологијата за патување. Сепак, има и неколку потврдени вселенски успеси, како што е мисијата на Марс – Кјуриозити. За архитектите, задачата да проектираат вселенска станица/ населба/град на далечна планета значи да се измисли/пронајде архитектурата од почеток. Меѓу другото, тоа значи и да се утврди соодветна градежна суровина и технологија за процесуирање и изградба. За наша среќа, се чини тоа прашање е веќе решено. Foster + Partners, како дел од конзорциум, работи за Европската вселенска агенција на проект кој ги утврдува можностите за употреба на 3Д принт технологијата во изградба на база на Месечината. Со оглед на транспортните тешкотии да се донесе градежен материјал до Месечината, истражувањето се базира на употреба на локален градежен материјал, односно употреба на месечевата покривка, позната како реголит. Сценариото предвидува изградба на месечева база за четворица астронаути на јужниот пол на Месечината каде
постојано има сончева светлина. Првиот чекор е транспорт на еден цилиндричен модул на конвенционален начин, односно со помош на ракета. По слетувањето на модулот, од неговиот крај би се поставила купола „на дување“ која треба да послужи како носечка конструкција за слоевите од реголит, што е предвидено да ја покријат базата. 3Д принтери управувани од роботи ќе поставуваат слоеви од процесуиран реголит покривајќи ја базата. На тој начин би се добил простор за живеење кој е заштитен од метеорити, космички зрачења, како и од големите температурни разлики. Оваа база треба да обезбеди строго контролирана и прифатлива средина за живеење и работа. Тестирањата се охрабрувачки. Со цел да се доловат условите што постојат на Месечината, конзорциумот тестираше изградба на база од помали размери во вакуумска комора, со употреба на 3Д принтери и материјал со слични карактеристики на реголитот, кој се сретнува на Месечината. Досегашните истражувања покажуваат дека реголитот може да се користи
технологии
Материјал Regolith 70050 донесен од месечината од мисијата Аполо 17
во комбинација со 3Д принтерите за добивање на цврста маса. Со тоа се заокружува една идеја која за прв пат дава надеж за скоро населување на локација која не е на Земјата, бидејќи логистичката поддршка за изградба на база се сведува на минимум. Практично, со употреба на реголитот се обезбедени 90 отсто од материјалите и технологијата потребни за изградба. Останатите 10 проценти се со симболична големина и тежина, и како такви не претставуваат особена пречка за нивен транспорт до Месечината. Како и да е, концептот е револуционарен. Предвидува употреба на локален материјал во минимален 3Д принт процес за креирање на форми за живеење, совршено вклопени во средината без разлика за која локација станува збор. Реголитот претставува слој од растресит, хетероген материјал кој го покрива цврстото карпесто тло. Содржи прашина, почва, парчиња камен и друг материјал и се сретнува на Земјата, Месечината, Марс и на многу други планети, астероди и слично. Реголитот што го има на Месечината настанал во период од 4,6 милијарди години преку постојано бомбардирање од страна на метеори, микрометеориди, космички честички и друго. Ако се знае дека покривката од реголит на Месечината е дебела од 5 до 15 метри, може да се каже дека неговите количини се огромни. Од друга страна, 3Д принт технологијата разви различни методи за креирање и на најсложените 3Д модели кои компјутер може да ги создаде. Материјалот што оваа технологија го користи може да биде најразновиден, но под услов да биде иситнет до даден степен. Реголитот заедно со 3Д принт технологијата создава услови за ин-ситу употреба на суровините, термин во вселенските програми познат како ISRU (in-situ
resource utilization). Покрај искористување на локалниот материјал за градење, ISRU предвидува и искористување на материјал за обезбедување на енергија и други услови за живот. Само на тој начин, човекот може да напредува низ вселената без да зависи од Земјата. Засега не се познати датуми за имплементација на проектот, но учесниците веруваат дека доколку имплементацијата успее, можностите за изградба на бази, населби и градови се неограничени. Сепак, дури и проектот да доживее неуспех или одложување на неодредено, се чини дека концептот го
Z-Printer-850
чека светла иднина и на Земјата. Идејата за искористување на реголитот со помош на 3Д принтери е доволно примамлива за да ги растресе градбените практики во светот. Градителите пресметале дека градбите ќе бидат поевтини, би се граделе побргу и би имале неограничени можности за развој на најразлични аморфни форми итн. Softkill Design, архитектонско студио од Лондон, веќе работи на проект наречен ПротоХаус (ProtoHouse). ПротоХаус е куќа која се изработува во фабрика со помош на конвенционален 3Д принтер и биопластичен материјал. Ќе има димензии од 8 x 5 метри и ќе биде изградена во период од три недели. Многумина експерти сметаат дека 3Д принт технологијата и искористувањето на локалниот материјал ќе имаат значајно влијание врз АИГ индустријата. Футуристите велат дека 3Д принт технологијата во целост ќе го редизајнира нашиот живот. За 20-ина години, очекуваат поголемиот дел од производите што ќе ги користиме да бидат произведени од 3Д принтери, па дури и во домашни услови. Доколку се задлабочиме, ќе забележиме дека нашиот живот, сакале или не, се менува на начин кој нè подготвува за идно вселенско патување. За тоа патување, некој се сетил да побара помош од архитектите и градителите.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
53
експерт
Британските предградија стануваат несигурни
Урбаните лисици се` поголема опасност
Потребно е преземање соодветни мерки, не само од страна на службите за комунална хигиена, туку и од страна на урбанистите, архитектите и пејзажните архитекти, кои преку соодветното проектирање во рамките на делокругот на својата работа и уредувањето на просторот можат да го дадат својот придонес во подобрувањето на заштитата од урбани лисици
Д
околку сте љубител на телевизиските серии, веројатно Ви е позната „Вистерија лејн“, имагинарната локацијата на која се одвиваше дејствието на американската серија „Очајни домаќинки“ (Desperate Housewives). Во оваа улица најверојатно можете да препознаете барем некои од елементите на таканаречениот сон на американската средна класа - индивидуална куќа лоцирана во предградие со перфектно уредена градина и беспрекорно поткастрена трева, голема пристапна патека која води до уште поголема гаража, итн. За 54
3
ПОРТА
22 февруари 2013
д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија) разлика од американскиот, британскиот сон за куќа во предградие, иако веројатно е сличен, не е толку гламурозен вообичаено двокуќа со помала градина ќе ги задоволи локалните очекувања. Идилата на британското предградие, концептот за неповредливоста на домот, и верувањето дека домот на Британецот е неговата тврдина, исклучително грубо беа нарушени во предградие на југоисточен Лондон на 6-ти февруари оваа година како резултат на брутален напад врз четири недели старо бебе од страна на урбана лисица. Присебноста на мајката и брзата хируршка интевенција се одговорни за среќниот исход на овој немил инцидент, кој
можел да заврши со многу понепредвидливи и посеризони последици. Овој настан разбирливо привлече значително внимание во јавноста кога медиумите известија дека урбаната лисица влегла во семејниот дом и го извлекла бебето од неговата колевка, и почнала да го влече по подот кога мајката влегла во собата привлечена од врескањето на бебето. Бебето било ослободено дури откога мајката ја нападнала лисицата. Сличен напад бил регистриран и во 2010 година во источен Лондон кога две деветомесечни сестри близначки биле нападнати од лисица во нивните колевки и како последица на ова морале да бидат подложени на хируршки
експерт интервенции и болничко лекување за санирање на здобиените повреди. Истата година и тригодишно дете било каснато од лисица која се криела под времен објект за време на забава на отворено во Брајтон (BBC, 2013). Овој инцидент, иако исклучително редок, укажува на сè поголемата опасност од урбаните лисици во Британија, и го подели мислењето на јавноста за тоа како да се справи со овој проблем, помеѓу оние што се за заштита на животните и на оние што предлагаат значително подрастични мерки за справување со проблемот. Сепак, тука станува збор за состојба која полека но сигурно се усложнувала во текот на изминатите 80 до 100 години. Имено, се смета дека лисиците по првпат ги населиле британските градови во текот на 30-тите години, кога по Првата светска војна биле изградени голем број приградски населеби со двокуќи и релативно големи градини кои претставувале идеални хабитати за населување на лисиците. Ова овозможило зголемување на нивната популација, коешто потоа било проследено и со нивно навлегување и во поурбанизираните делови на градовите (CIEH, 2005). Според експертите на Универзитетот во Бристол, а врз основа на последниот национален пoпис на лисиците од 1980 година, се проценува дека од вкупно 225 илјади возрасни лисици во земјата околу 30 илјади се урбани, што изнесува околу 14,7 проценти од вкупната популација и приближно се совпаѓа со проценетите 14 проценти од страна на Асоцијацијата на ветеринари за управување со дивиот живот (BBC, 2013). Иако животниот век на урбаните лисици е значително пократок (2-3 години) во однос на обичните лисици (10-15 години), нивното зголемено присуство во градовите се поврзува со полесниот пристап до храна. Во таа смисла особено се „популарни“ оние делови на градовите каде што има доста угостителски дуќани. Според одредени видувања, ситуацијата е дополнително усложнета во последните неколку години кога најголемиот број општини, со цел да ги намалат трошоците на своето работење, го заменија собирањето на сметот од еднаш неделно на еднаш на секои две недели, што без сомение го зголемува расположливото мени за урбаните лисици. Вообичаено се смета дека лисиците не претставуваат опасност за луѓето и домашните миленичиња, како мачките и кучињата, но дека претставуваат поголема опасност за другите помали домашни животни. Истражување спроведено во северозападен Бристол, кој се смета за
„популарна“ дестинација за урбаните лисици, покажало дека 0,7 проценти од мачките се убиени од лисици во текот на една година, при што најчести жртви се малите маченца. Ситуацијата е значително посериозна кога станува збор за домашни животни кои се чуваат во кафези, како на пример зајаци, гвинејски прасенца, патки и сл., кај кои е пресметана смртност од дури 8 проценти годишно како резултат на напади од лисици (CIEH, 2005). Пристапот да се фатат урбаните лисици, за потоа да се испуштат надвор од урбаните средини, исто така е контроверзен со оглед на зголемениот број на напади врз фармите. Само во 2012 година фарма во Севенхамптон изгубила 10 проценти од јагнињата како резулат на напади од лисици. Ова најмногу се препишува на фактот што урбаните лисици ги имаат изгубено
инстинктите да ловат на отворено, а бидејќи тие не се плашат од луѓето, наједноставно им е да ги напаѓаат фармите зашто животните што се чуваат таму нема каде да бегаат (Dunn, 2013). Од друга страна, фатените и испуштени лисици најчесто се враќаат во својот „дом“ и на растојание до 50 км, а во исклучителни случаи дури и оние испупштени 150 км подалеку од својот дом (The Fox Website, 2013). Се разбира, ваквата состојба налага преземање на соодветни мерки не само од страна на службите за комунална хигиена, туку и од страна на урбанистите, архитектите и пејзажните архитекти, кои преку соодветното проектирање во рамките на делокругот на својата работа и уредувањето на просторот можат да го дадат својот придонес во подобрувањето на заштитата од урбани лисици. Така на пример, се знае дека возрасна лисица може да се протне низ отвор кој е широк само 10 сантиметри и толку висок, и може да прескокне и до 2 метри висок ѕид или ограда (CIH, 2005). Ова овозможува да се подготват соодветни мерки на заштита, како на пример примена на ограничувачи на отворање на прозорците и вратите, коишто ќе го ограничат отворањето на само 5 до 7,5 сантиметри со што ќе се оневозможи влегувањето на лисиците, или пак поставување на капаци со мали отвори со сличен ефект – да се спречи влегувањето на лисиците, но да се овозможи природна вентилација на домот. Во однос на заштита на градините се препорачува поставување најмалку 2 метри висока ограда од метална мрежа која ќе се протегне намалку 45 сантиметри под земја, за да се спречи поткопување под оградата, а на врвот од оградата треба да се постави 30 сантиметри длабока обвивка од мазен материјал, итн. (Natural England, 2011). По се изгледа дека барем дел од Британците ќе треба да ги претворат своите домови во вистински тврдини за да се заштитат од урбаните лисици.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
55
еко инфо Москва
кој плаќа највеќе за рускиот гас?
Во првата половина на 2012 година, само Бугарија, Македонија, БиХ, Чешка и Полска плаќале за природниот гас купен од „Газпром“ повеќе од 0,5USD/m3 . Просечната цена на рускиот гас за Европа во првата половина на 2012 изнесувала 0,413 USD/m3, а Македонија ја плаќала највисоката цена од 0,564 USD/m3. Потоа следува Полска со цена од 0,526 USD/m3. „Газпром“ прогнозира поумерени цени во 2013 година, потпирајќи се на прогнозите за зголемување на продажбата од 8%. Намлувањето на цените во 2013 година е планирано да достигне 14% во споредба со нивото од 2012. (новините)
брисел
европа го прифати британскиот “green Deal”
Европската комисија потврди дека британската програма “Green Deal” e во согласност со прописите на ЕУ за доделување на државна помош. Програмата им овозможува на потрошувачите да подигнат поволен кредит за финансирање на дополнителна термоизолација на зградите. Европската комисија соопшти дека и приватните компании можат да им понудат на потрошувачите кредити за подобрување на енергетската ефикасност, кои подоцна би се враќале преку месечните сметки за електрична енергија. Се проценува дека во Велика Британија 14 милиони куќи немаат соодветна термоизолација, што е причина за околу 25% дополнителни топлински загуби. (UPI)
париз
во кина половина од светската потрошувачка на јаглен
Потрошувачката на јаглен за енергетски цели во Кина во 2012 година изнесува 3,8 милијарди тони. Тоа значи дека Кина троши иста количина како сите останати земји во светот заедно. И во идниот период се очекува јагленот да биде водечки енергент во Кина, а максимумот во потрошувачката би бил постигнат во 2030 година. Од друга страна, и Индија како земја со брзорастечка економија троши се повеќе јаглен, па Меѓународната агенција за енергетика (IEA) предвидува дека веќе во 2017 година ќе стане втора земја по потрошувачката на овој енергент.
56
3
ПОРТА
(Washington Post) 22 февруари 2013
еко инфо токио
јапонија ги ревидира целите за намалување на емисијата на стакленички гасови
Јапонската Влада најави дека нејзиниот план за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2020 година за 25% во споредба со нивото од 1990, не е остварлив и ќе биде предмет на ревизија. Притоа се истакнува дека исполнувањето за зацртаната цел е невозможно поради катастрофата во Фукушима и затворањето на јапонските нуклеарни централи веднаш потоа. Денес од вкупно 62 реактори во Јапонија, активни се само два. Затоа Јапонија троши повеќе фосилни горива, што резултира во зголемување на емисијата на CO2 за 2,4%. (Voice of Russia)
вашингтон
сончевата енергија во фокусот
Американското Министерство за енергетика (US DoE) го објави планот за инвестирање на 9 милиони долари во 7 проекти за истражување на сончевата енергија на американските универзитети и институти. Проектите се ориентирани кон зголемување на ефикасноста на фотоволтаичните ќелии, намалување на трошоците и поедноставување на постапките за инсталација. Американската Влада во 2011 година си постави амбициозна цел, односно задоволување на 80% од енергетските потреби од обновливи извори до 2035 година. Притоа сончевата енергија е еден од столбовите на оваа политика. (UPI)
Њујорк
климатските промени причина за милиони бегалци
Се поголем број луѓе во светот се принудени да ги напуштат своите домови поради поплави, суши, урагани и сл. Во бегалски кампови во Кенија, во моментот се наоѓаат околу 200.000 „климатски“ бегалци од Сомалија. Многу семејства кои сега живеат во бегалски кампови, претходно живееле како сточари, се додека нивниот добиток не изумрел поради недостиг на храна. Развиените западни земји имаат во најмала рака морална одговорност за ваквата состојба. Песимистичките прогнози на УНХЦР предвидуваат дека до 2050 година околу 150 милиони луѓе ќе мораат да ги напуштат своите огништа поради последиците од климатските промени. (Deutsche Welle)
подготви: Даниела МлАДеновсКА
3
22 февруари 2013 ПОРТА
57
пренесено
Пренамена на индустриската зона ЗИЛ
Нов град блиску до центарот на Москва
Реконструкцијата на ЗИЛ може да ја измени и неговата околина
П
роектот за развој на територијата на заводот ЗИЛ, познатиот производител на лесни, тешки и специјални возила, е завршен. На местото на индустриската зона ќе бидат изградени околу 4,5 милиони квадратни метри недвижности. Тоа ќе значи дека во Москва ќе никне нов град блиску до нејзиниот центар. Според податоците на Департментот за градска изградба на градот Москва, на местото на индустриската зона ќе бидат изградени над два милиони квадратни метри објекти од јавен карактер, вклучувајќи деловни, трговски, спортски, образовни, медицински и хотели. Ќе се изградат 1,5 милиони квадратни метри живеалишта и околу 850 илјади квадратни метри производствени објекти. Најголем дел од територијата ќе биде дадена за изградба на живеалишта. За подобрување на сообраќајните приоди и полесен достап се планира изградба на метро станица на веќе постојната линија, меѓу две сегашни
58
3
ПОРТА
22 февруари 2013
метро станици. Исто така се планира да се искористат сегашните железнички врски на заводот за изградба на патничка платформа. Покрај сето ова ќе се уредат и кејовите на реката Москва, ќе се направат два моста кои ќе ги поврзат сега разделените реони - индустриската зона и станбените преку реката. Исто така ќе се изградат и патишта и магистрали од реонско значење. Станува збор за долгорочен проект кој ќе се реализира речиси 20 години. Според некои експерти, реновирањето на индустриските зони, особено големите како ЗИЛ, позитивно ќе се одрази. Тоа ќе овозможи да се подобри и транспортната и еколошката ситуација (се предвидува рекултивирање на почвата, изградба на кеј, транспортни јазли). Сето тоа кога ќе се заврши секако ќе влијае и врз пазарот на недвижности. Во овој момент, сметаат експертите на Москва и недостигаат хотели, трговија, училишта и други образовни објекти, јавни простори, од паркови до спортски комплекси. Исто така недостигаат
Станува збор за долгорочен проект кој ќе се реализира речиси 20 години. Според некои експерти, реновирањето на индустриските зони, особено големите како ЗИЛ, позитивно ќе се одрази. Тоа ќе овозможи да се подобри и транспортната и еколошката ситуација (се предвидува рекултивирање на почвата, изградба на кеј, транспортни јазли). Сето тоа кога ќе се заврши секако ќе влијае и врз пазарот на недвижности. живеалишта, патишта, паркиралишта, па затоа изградбата на местата на индустриските зони е неизбежен процес, особено ако се има предвид недостигот на парцели за изградба во градот. Во Москва има речиси 15 илјади хектари индустриски зони, што во споредба со околу 13.000 хектари зелени површини доволно зборува дека има простор за развој на градот. Секако вака голем проект ќе овозможи решавање на многу проблеми. Во прв ред ќе се подобри транспортната ситуација на југот на Москва. Ќе се изградат многу станови, деловни простори, инфраструктура (трговски центри, објекти од областа на бизнисот и културата, спортски зони, спортски сали и др. Истовремено просторот на кој ќе се изградат производствени објекти ќе се намали за 10 пати што е директно поврзано со намалување на еколошкото загадување. Што е многу важно ќе се активираат многу развојни компании, инвеститори, градежници, проектанти и други. (Газета.ру)
спортски храмови
„ГЕДЕБАГЕ“, Бандунг - Индонезија
Стадионот „Зрно ориз“
З
а само еден месец, во западниот дел на островот Јава, ќе почне да работи новиот стадион под името „Гедебаге“. Индонезијците, кои од година в година се повеќе вложуваат во спортот, особено во фудбалот, пред две години почнаа со изградба на новата модерна спортска арена со капацитет од 40.000 места. Стадионот е лоциран крај автопатот 151 во градот Бандунг, кој е инаку главен град во Западна Јава и втора метропола во Индонезија. И покрај тоа што архитектите процениле дека земјиштето на кое се гради арената и не е најпогодно за изградба на ваков капитален проект, сепак проектантите успеле да го приспособат целиот проект за да бидат намалени ризиците од неговата градба. Имено, земјиштето од 40 хектари на кое се издигна новиот спортски храм со придружните објекти, се наоѓа во близина на дрвното езеро Бандунг и е лесно
колабирано, па затоа проектот морал да претрпи измена во височината на стадионот, која се намалува во распон од 1,7 до 3,3 метри. Постоечката основа на стадионот е во форма на зрно ориз, а подлогата на тревникот ќе биде изградена врз мека глина која може да има и добра дренажа поради обилните врнежи кои се редовна појава во Индонезија. Под основата е инсталиран цел
Сашо Кузмановски
систем на цевковод за собирање на отпадната вода и за задржување на свежината на тревникот. Станува збор за особено скап систем инсталиран на 20 до 30 метри во длабочина, со цевки со пречник од 1,3 метри. Бидејќи технологијата бара големи финансии, системот е воведен на површина од 5.000 м2. 60% од средствата потребни за изградба на „Гедабаге“ се од буџетот на провинцијата, додека со 40% од средствата во проектот учествува градот Бандунг. „Гедебаге“ ќе ги исполнува највисоките стандарди за фудбалски стадион, а со поставувањето на атлетската патека и стандардите на ИААФ (Интернационалната атлетска федерација). Покривот ќе биде од синтетички материјал и ќе го покрие целиот трибински простор, со посебни два издадени дела на централните трибини. На стадионот ќе биде поставен еден LCD екран, а седиштата ќе бидат изработени од огноотпорен материјал.
ФАКТИ за „ГЕДЕБАГЕ“ - Бандунг, Индонезија Капацитет: 40.000 места Придружни објекти: 4-катна зграда со ВИП апартмани, претседателски апартман со непробојно стакло, хеликоптерска платформа. Период на изградба: 2011 - 2013 Отворање: март, 2013 Цена на градба: 40,6 милиони евра Дизајн: Penta Architecture
3
22 февруари 2013 ПОРТА
59
хортикултура Magnolia sp.
Егзотични видови
В
о озеленувањето во Македонија во голема мера покрај домашните (автохтони) се употребуваат и видови донесени од друг природен ареал (алохтони видови), приспособени за вегетирање во условите на нашето поднебје. Овие видови се нарекуваат егзоти. Кога станува збор за егзотични видови, прво што паѓа на памет кај нашата популација се палмите (Arecaceae или Palmae) и други тропски видови, меѓутоа покрај нив постојат и други лисно и цветно декоративни видови кои вреди да се споменат. Постојат голем број видови кои од дамнина се донесени кај нас и тие дури се сметаат за автохтони. Но, сепак, станува збор за алохтони видови (пр. Robinia pseudoacacia - багрем). Во овој број посебно внимание ќе обрнеме на цветно декоративните егзотични дрвја и грмушки кај нас. Тоа што овие видови ги класифицирам во цветно декоративни не значи дека во периодот
60
3
ПОРТА
22 февруари 2013
Филип ФилиПосКи, дипл.шум.инж. кога не се расцветани не се декоративни, напротив, но тие најмногу импресионираат
со своите импозантни цветови и бои токму кога сезоната е во полн ек.
Albizia julibrissin
хортикултура Albizia julibrissin
Кај нас нема општо прифатено народно име, па може да се сретне како Свилено дрво, Мимоза, Свилена мимоза или Албиција. Природниот ареал на Абицијата е Југоисточна Азија. Таа е мало листопадно дрво или грмушка која расте 5 до 12 метри во височина. Круната и е широка, а може со кроење лесно да се оформи чадоресто. Кората е темна, зеленкасто-сива. Листовите и се долги 2040 см и 1-1,5 см широки. Интересно е што во текот на ноќта листовите ѝ се затвараат. Процветува во текот на летото, формирајќи густи цветови, раздвоени се без латица. Плодот претставува мешунка со кафена боја, 10-20 см долг, 2-3 см широк, а во собе содржи неколку семки. Најдобро успева на сончеви експозиции, југ, запад и југозапад, иако може да издржи и пониски температури до -10 Целзиусови степени но не многу долг период. Во младоста додека целосно не се оформи се случува често преку зимскиот период под влијание на ниските температури целосно сите гранчиња да и одпаднат.
Magnolia spp.
континент, како и во источниот дел од Северна Америка и Западна Индија. Кај нас може да се сретнат голем број видови од родот на Магнолија. Меѓу најзастапените се Magnolia grandiflora - крупноцветна магнолија, Magnolia obovata - крупнолисна магнолија, Magnolia soulangeana - хибридна магнолија, Мagnolia liliiflora и други. Видовите од овој род многу добро се адаптирале на нашите услови и наоѓаат голема примена во уредувањето на зелените површини.
Lagerstroemia indica
Овој вид претставува апсолутен хит во последните неколку сезони во уредувањето кај нас, како на приватните така и на јавните површини. Вид кој припаѓа на фамилијата Lythraceae, со природен ареал во Источна Азија (Кина, Кореја, Јапонија). Листопаден вид кој достигнува височина до 6 метри, а исто така ако се остави природно да расте без да се интервенира, може да се развие до 6 метри и во широчина. Цветовите може да бидат во најразлични бои (бели, розови, црвени, виолетови). Овој вид е отпорен на ниски температури.
Родот магнолија содржи преку 200 видови на цветни листопадни и зимзелени видови кои припаѓаат на фамилијата Magnoliaceae. Цветовите се многу големи, термално поставени, со неколку чашни ливчиња, кои многу често се слични со венечните. Се размножуваат со семе или со зелени резници. Името го има добиено по францускиот ботаничар Пјер Магнол. Природниот ареал на магнолиите е дисјуктен, со поголема концентрација во источниот и југоисточниот дел од Азискиот
Lagerstroemia indica
3
22 февруари 2013 ПОРТА
61
совети
УБАВИНА НА ЕДНОСТАВНОСТА
В
ашиот стан содржи кујна, дневна соба со трпезарија, две спални соби, гардероба, бања, тоалет и претсобје. Станот е функционално поделен на бучен и мирен дел. Од претсобјето право се влегува во дневната соба во која десно од влезот се поставува трпезариска маса и столови. Трпезаријата е блиску до кујната, која е во посебен простор и е доста голема па во неа може да се постави и помала трпезариска маса. Двата двоседи кои веќе ги имате групирајте ги под агол во предниот дел од собата, а нишата искористете ја за работно катче. Дегажманот води до спалните соби, бањите и гардеробата. Родителската спална соба е мала, но затоа како посебна просторија е издвоена гардеробата, па спалната соба опремете ја само со лежај, ноќни орманчиња и комода со фиоки. При опремувањето на станот држете се до формулата на професионалците: 60% доминантна боја, 30% секундарна нијанса и 10% материјал за впечатливи детали. Внимавајте и на тоа дека премногу рамни линии во просторот можат да изгледаат монотоно, па затоа вметнете и некое парче мебел со заоблена форма.
Ние сме ваши редовни читатели и со нетрпение го очекуваме излегувањето на секој нов број. Сега ви се јавуваме со молба да ни помогнете. Наскоро се вселуваме во доградба од куќата во која одамна живееме. Овој стан како крајно решение за нашето тричлено семејство сакаме да го уредиме функционално и едноставно. Веќе купивме два двоседи во бела кожа за дневната соба. Ве молиме да ни помогнете со ваши идеи околу уредувањето. Елена и Михајло, Козле, Скопје
Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,
дипл.инж.арх.,
bsavic@porta3.com.mk
потоа 62
3
ПОРТА
22 февруари 2013
пред
најчудни градби
КУЌА ТЕРАКОТА
К
ој вели дека иновативноста кај одредени градежници и дизајнери се гледа само низ призмата на облакодери и неверојатни архитектури и височини. Напротив, и во малите нешта можат да се најдат убавини, но и фантастични компоненти. Таков е примерот, кој постои во гратчето Бојака во Колумбија, каде еден од најпознатите архитекти од Богота, славниот Октавио Мендоза ја направил уникатната „Каса теракота“ или во слободен превод, Теракотна куќа.
Кажано со обичен речник, станува збор за керамичка куќа која е направена од глина. Нејзината конструкција била специфична, со оглед на тоа што целата постапка била своевидно конструирање на гигантски керамички сад. Откако авторот го обзнанил дизајнот и параметрите, следела обработка со илјадници тони глина. Секој агол, секое заоблување, секој простор од внатрешноста бил креиран од страна на уметници со мека глина, по што следела главната церемонија: палење на куќата и печење на глината! На тој начин, Каса теракота станала вистинско „цврсто“
Драган Ристов
архитектонско дело, со тврди ѕидови кои можат да му се спротивстават на времето но и на дождот или снегот. На тој начин, куќата била „претопена“ во една голема тула која е отпорна на временски влијанија и што е најважно, во зима апсорбира топлина која ја рефлектира во внатрешноста. Затоа и самиот креатор Мендоза, вели дека куќата не е само дизајн, градба или структура, туку и огромно парче на уметност. Од друга страна, наведува дека овој тип на архитектура е во врска со природата: бара природен материјал, лесно се соединува со земјата, со природата, не загадува, не бара мегаломански ангажмани или време во недоглед, а сепак нуди комоција и пријатен живот. Ваквиот став на Мендоза го делат и други архитекти кои напоменуваат дека глината е материјал кој лесно се контролира и обликува и за кој треба малку време да се соедини со природата. Надворешноста е украсена со дополнителни уметнички сегменти, шари или аплицирани украси кои ја разубавуваат едноличната „фасада“, но освен надворешноста која изгледа како единка, импозантна е и внатрешноста на објектот. Има едноставен камин кој изгледа совршено кога е во прашање облик од глина, потоа лустер од глина па дури и скали кои водат на горниот кат. Дури и креветот ја има својата препознатлива форма, само се додава душек врз него со цел комфорот да биде на ниво. Едноставно, куќата е вистински туристички хит.
3
22 февруари 2013 ПОРТА
63
излог 1
4
3
64
3
ПОРТА
22 февруари 2013
излог
2 1. Стаклени заоблени полици со дебелина 10 мм дизајнирани од Leonardo gerussi за фирмата Fiam. 2. Закачалка Bamboo инспирирана од природата, која внесува свежина и природен амбиент во ентериерите со својата оригиналност. Изработена е од полиетилен, a дизајнот е на green. 3. Клупска маса од фирмата Com.P.ar, со база од обоен метал во сива боја, фиксно кружно стакло и елипсоидно стакло кое ротира околу својата оска. 4. Масички од Fabio Bortolani за serralunga, oд лакиран медијапан, кои можат да најдат примена во спалните соби како комода покрај кревет, во дневната соба покрај софите, во канцелариите, во приемните делови или како клупски масички за чување на списанија. 5. Софа наменета за внатрешни и надворешни простори, изработена од полиетилен, 100% рециклирачка, непропустлива на УВ зраците и со голема механичка отпорност. Дизајнот е на Philippe Nigro.
подготви: сандра ДонЧевА теоХАРовА, дипл.инж.арх.
5
3
22 февруари 2013 ПОРТА
65
архитектура
Посетете нѐ на Саемот за градежништво на штандот на групацијата АДИНГ, од 05 до 09 февруари 2013 г. 66
3
ПОРТА
22 февруари 2013