Porta3 203

Page 1

Љупчо петковски:

Македонија е меѓу лидерите за инженерството на брани

90 денари / БРОЈ 203 / ПЕТОК 22.03.2013 година IX

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Дизајнерите на Салерно - „нова италијанска крв“

Прицкерова награда за 2013: ТОЈО ИТО



ГОДИНА IX

БРОЈ 203 ПЕТОК 22.03.2013 Редакција:

дрАги читАтели, користат бариери од најразлични материјали, не земајќи ја предвид едноличноста и монотонијата што може да ја предизвикаат. Повеќегодишната криза ја погоди економијата на Италија, задушувајќи ја секоја можност за претприемништво. Покрај тоа што куповната моќ е намалена, што значително влијаеше на стандардот и очекувањата, економската криза се одрази и врз архитектурата. Единствен начин за излез од кризата претставува дополнителниот ментален и креативен напор за изнаоѓање на нови решенија. Токму така, за време на запирање на тековите, настана идејата „нова италијанска крв“. Секоја година во градежништвото ширум светот се користат 10 милиони тони бетон. Тоа е огромна потрошувачка ако се земе предвид сè поголемата потреба од штедење на природните ресурси. Поради тоа научниците веќе со години бараат можности во градбите да вградуваат што е можно помалку бетон. Едно од решенијата е т.н. текстилен бетон, на чиј развој веќе десет години работат истражувачите од Техничкиот факултет во Ахен.

ИНТЕРВЈУ 10

ЉУПЧО ПЕТКОВСКИ: МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ ЛИДЕРИТЕ ЗА ИНЖЕНЕРСТВОТО НА БРАНИ

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ОБЈЕКТ MIKIMOTO GINZA 2, ТОКИО, ЈАПОНИЈА

,

од редАкЦијАтА

ЉУПЧО ПЕТКОВСКИ:

„Македонија е меѓу лидерите за инженерството на брани“

Дизајнерите на Салерно - „нова италијанска крв“

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 203 / ПЕТОК 22.03.2013 година IX

Годинашниот лауреат на Прицкерова награда е јапонскиот архитект Тојо Ито. Критичарите ја споредуваат работата на Ито со идеите на некои филозофи, а денес тој „агресивно“ ги истражува потенцијалите на новите архитектонски форми, обидувајќи се да најде нови просторни услови, кои ќе ја манифестираат филозофијата на „бескрајните суштества“. „Македонија е меѓу лидерите за инженерството на брани“, вели проф. д-р Љупчо Петковски, раководител на Катедрата за хидротехнички објекти на Градежниот факултет во Скопје и претседател на Комисијата за брани на МЖСПП на Македонија. Во Македонија се изградени 1,1 промили од вкупниот број на брани во светот и 4,3 промили од вкупниот број на лачни брани. Овие бројки покажуваат дека пропорционално на големината на државата, Македонија е позиционирана во врвот на инженерството за брани во светски рамки. Растенијата во централното градско подрачје не само што апсорбираат јаглероден диоксид, влијаат врз локалната микроклима и спречуваат ерозија, туку во голема мера можат и да ја пригушат бучавата. За да се постигне таквото намалување се

ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА, 2013

ТОЈО ИТО - „Облека“ за урбаните жители

лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

10

ГРАДЕЖНИШТВО 16

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

18

ДРВНО ГРАДЕЖНИШТВО 18

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

LCT ONE - НОВА ХИБРИДНА ТЕХНОЛОГИЈА

АРХИТЕКТУРА 22

Печати:

ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА 2013 ТОЈО ИТО - „ОБЛЕКА“ ЗА УРБАНИТЕ ЖИТЕЛИ

Маркетинг:

26

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

22

ДИЗАЈНЕРИТЕ НА САЛЕРНО „НОВА ИТАЛИЈАНСКА КРВ“

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ТЕХНОЛОГИИ 48 ГОЛЕМОТО ВРАЌАЊЕ НА ДЕСКТОП КОМПЈУТЕРИТЕ

ХОРТИКЛУЛТУРА 56

ПРИРОДНА ЗАШТИТА ОД БУЧАВА

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ

Автори: тојо ито И ичиро нишивАки

ДАЛИ АРМИРАНИОТ БЕТОН ЌЕ БИДЕ ЗАМЕНЕТ ОД ТЕКСТИЛНИОТ БЕТОН?

АРХИТЕКТУРА 26

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

48

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 22 март 2013

3


инфо

Земјите од ЦЕФТА регионот се надеваат на подобрување на инфраструктурата

Добрите патишта ќе донесат конкурентни бизниси Македонија треба да се приспособи на новонастанатите состојби во интегрираната сообраќајна мрежа и да не настапува по секоја цена со проекти кои биле атрактивни пред десет или 20 години. Исто така, потребен е интензивен настап со проекти со кои што поскоро ќе се подобри патната инфраструктура, што е клучно барање на бизнис заедницата за брз и ефикасен транспорт во интерес на конкурентноста.

К

валитетната инфраструктура е многу важна за инвеститорите да дојдат и да вложат. Покрај политичката стабилност, географската близина до клучните европски пазари, трошоците за производство и администаритвните процедури, во услови

на се посилна конкуренција, транспортот и логистиката се голем предизвик, порача Тобијас Бауман од Германската трговска комора пред неговите македонски колеги на конференцијата Конективна Европа - одговор од ЦЕФТА регионот. Мартин Клауке, раководител на Одделот за оперативни работи при делегацијата

на ЕУ, смета дека меѓу најважните проекти за Македонија е довршувањето на автопатската мрежа на коридорот 10. Европската Унија ќе продолжи со поддршка на проекти преку ИПА, а веќе се користат 130 милиони евра за различни проекти претежно во областа на железничкиот и патниот сообраќај за коридорите 8 и 10. 

3

22 март 2013 ПОРТА

5


инфо

Вулнет Палоши: Македонија уште тапка, а во опкружувањето се случија многу работи

„Моментно се подготвува Инструментот за предпристапна помош за периодот од 2014 до 2020 година, кој ќе опфаќа сличен износ на средства. Сè уште ги немаме точните бројки, но ќе продолжиме да ја поддржуваме патната инфраструктура. Можеби ќе се смени малку фокусот на нашите системи и ќе ги поддржуваме поголемите проекти како коридорите 8 и 10, со поголема поддршка на инвестициската рамка на Западен Балкан и ќе има поактивно мешање на нашите фондови со националниот буџет и со останати средства од меѓународни институции. Ќе се стави поголем акцент и на инфраструктурата на

6

3

ПОРТА

22 март 2013

локално и регионално ниво“, истакна Клауке. Дека Македонија треба да се приспособи на новонастанатите состојби во интегрираната сообраќајна мрежа и да не настапува по секоја цена со проекти кои биле атрактивни пред десет или 20 години беше само една од оценките на конференцијата. Исто така, потребен е интензивен настап со проекти со кои што поскоро ќе се подобри патната инфраструктура, што е клучно барање на бизнис заедницата за брз и ефикасен транспорт во интерес на конкурентноста. „Не треба да останеме на некои проекти кои се долгорочни, а за чија реализација се променија многу услови во регионот. Македонија уште тапка со тие идеи, а во опкружувањето се случија многу работи. Мора да се приспособиме на новонастанатите состојби во интегрираната сообраќајна мрежа“, вели Вулнет Палоши, професор по инфраструктура на Државниот универзитет во Тетово. Палоши предлага на просторниот план на Македонија да се направат дополнувања со краткорочни решенија кои во период од пет до десет години би фатиле чекор со функционалните транспортни мрежи. „Веќе не сме главна крстосница на Балканот како пред десет до 20 години во сообраќајна смисла. Коридорот 8 што беше интересен за градба пред десет години, денес веќе не е интересен и концесионерите не се јавуваат“, рече Палоши и додаде дека за коридорот 8 се потребни нови решенија со други варијанти, како проширување со трета или четврта лента, а не автопатско решение кое било интересно пред десетина години. Железницата, според него, е проект

кој можеби ќе заживее по 20 години затоа што процедурата за изготвување физибилити студии не може да се скрати. Сега веќе треба да се приклучиме кон другите за да не го изгубиме чекорот и за наредните 20 години, укажува Палоши. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пак, порача дека Владата останува посветена на најважната цел, да инвестира во модерен, безбеден, добро одржлив и интегриран транспортен систем, приспособен на потребите на земјата, граѓаните и регионот. Важноста од поинтензивно вмрежување заради справување со глобалните предизвици ја истакна и Гудрун Штајнакер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Македонија. „Слободната трговија и укинувањето на царинските бариери се исто така важни предуслови во доближувањето на државите потписнички на ЦЕФТА кон ЕУ“, истакнува Штајнакер. За да се олесни и намали времето на патување од северот на Европа до Егејот за 1.200 километри треба да се изгради каналот Дунав-Морава-Вардар-Солун, кој би чинел меѓу 15 и 17 милијарди американски долари. Со реализацијата на овој проект, регионот би станал незаобиколен фактор во сите сообраќајни врски на релациите меѓу југот на Европа, средниот и западниот дел од континентот. Со изградбата на пловниот канал би се променила геополитичката положба на коридорот 10, истакна Милан Бачевиќ, министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање на Србија.  К.С.Т.


региони

8. Белградска интернационална недела на архитектурата - БИНА 18-30 април 2013

Разоткривање на архитектурата БИНА – Белградската интернационална недела на архитектура ја доби Наградата на град Белград – специјално признание за исклучителен придонес во реализација на настаните од значење за град Белград за 2012 година, како и наградата Сребрена снегулка на сараевската зима 2012 во категоријата за најдобро остварување на полето на визуелна уметност, за изложбата Богдан Богдановиќ – проколнат градител, организирана во соработка со Музејот на град Белград и со Архитектонскиот центар од Виена. Овогодишната тема на БИНА е Разоткривање на архитектурата: што сè се крие зад архитектонската продукција, зад готовите слики, на кои сè начини можеме да ја посматраме струката и нејзините проблеми денес... Ни се чини дека разоткривањето на архитектурата е единствено што во овој тежок момент им преостанува на архитектите. Заради тоа сакаме со Вас да ја споделиме надежта дека преиспитувањето на постапките од произведената архитектура – од првите укажувања во свеста до последната завртка на градилиштата - ќе им помогне на сите да ги пронајдат оние места во архитектурата кои денес се важни за другите, а не само за архитектите, и да ги отворат оние патишта кои ќе ги поврзат со опкружувањето што имаат намера да го менуваат. Учесници: Shohei Shigematsu (OMA, NY) Wolf Prix (COOP HIMMELB(L)AU) Миленија и Дарко Марушиќ Конференција UIA REGION II Урбан инкубатор Белград - Сава маало: преродба на градската четврт (во соработка со инстутутот Goethe во Белград) Мирјана Милановиќ (DRO Amsterdam) Travelogue 2011 Изложба на словенечка архитектура Изложба на Годишните награди за архитектура Изложба Архитектонски и урбанистички конкурси Изложба do.co.mo.mo Srbija Изложба на минијатури Vitra Трибини Прошетки Детски работилници

3

22 март 2013 ПОРТА

7


инфо

10. Саем за градежништво

Манифестација достојна за јубилејот

Г

радежништвото е една од основните стопански активности во секоја земја и особено во вакви кризни времиња во изминатите години беше двигател на економскиот пораст во Македонија. Со ваквите позитивни оценки стартуваше годинашниот 10-ти јубилеен Саем за градежништво, а кои беа упатени токму од државниот врв. И тоа како да беше доволен поттик за наредните пет дена во трите саемски хали да продефилираат околу 15 илјади посетители. Дел од нив беа обични луѓе кои стартот на градежната сезона ги тера да видат што е новина во градежништвото, а што би можело да им ја олесни и подобри работата. Имаше и деловни партнери на изложувачите дојдени

8

3

ПОРТА

22 март 2013

за да склучат некоја добра зделка. Со самото поминување покрај надворешниот изложбен простор се знаеше дека годинашниот саем има понуда на најдобра и напредна технологија во градежништвото, архитектурата, енергетската ефикасност и сигурност. Веднаш се гледаше дека тој е престижна манифестација на која учествуваат најдобрите и нуди експертски сродни и разнородни решенија. На девет илјади метри квадратни беа претставени градежни материјали, изолација, кровови, малтери, лепила, бои и лакови, подови, лифтови, системи за обезбедување, плочки и санитарии, врати и прозорци. Во надворешниот изложбен простор беа компаниите со програма од градежната механизација.

Годинашниот саем понуди навистина подобар квалитет, барем во поглед на естетиката. Речиси сите штандови беа добро осмислени и направени токму со она што компанијата го нуди како свој производ. Секој посетител кога ќе застанеше до некој од штандовите беше почестен со одговори на сето она што го интересира, а на некои места се нудеше и помош при работата. Освен домашни, на саемот имаше компании и од Србија, Турција, Италија, Словенија, Косово, Германија кои ги презентираа своите производи кои ги нудат на македонскиот пазар. Паралелно со Саемот за градежништво се одржуваше и третиот по ред Саем за недвижности и инвестиции. На купувачите им се нудеа 1.500 станови по пониски цени.


инфо

Со свои објекти во Скопје и во други градови во државата се претставија „Адора“, „Трим“, „Настел“, „Импексел 2“, „Еуроактива“ и „Курум холдинг“, а на нивните штандови се промовираа и поволните услови за купување станови преку проектот Купи куќа, купи стан. Добрата понуда отиде до таму што комапниите нудеа патување до Дубаи за сите што ќе купат стан од нивната понуда. А, според хостесите понудата била доволно привлечна за да неколку купувачи размислат за посета на оваа дестинација пред да се вселат во нивното ново гнездо. И дека навистина годинашните Саеми за градежништво и недвижности биле посетени потврдуваат од Ера групацијата, кои велат дека нивната првична најава од 15 илјади посетители навистина се остварила. К.С.Т.

3

22 март 2013 ПОРТА

9


интервју

проф. д-р Љупчо Петковски, раководител на Катедрата за хидротехнички објекти на Градежниот факултет во Скопје

Македонија е меѓу лидерите Во Македонија се изградени 1,1 промили од вкупниот број на брани во светот и 4,3 промили од вкупниот број на лачни брани. Бројките покажуваат дека пропорционално на големината на државата, Македонија е позиционирана во врвот на инженерството за брани во светски рамки

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Што претставуваат браните и по што се разликуваат едни од други?

 Со градбата на брана се успорува водотекот, се подигнува водното ниво и се создава вештачко езеро. Единствените елементи кои ги прават управливи водостопанските системи, се токму акумулациите. Суштината на водостопанството е унапредување на водните режими, односно пресликување на природните протекувања во регулирани протекувања според потребите на водокорисниците. Затоа, може да се констатира дека браните се клучниот 10

3

ПОРТА

22 март 2013

столб на кој се потпира водостопанската инфраструктура. Според материјалот од кој се изведуваат, браните се делат на насипни, кои се направени од природен локален материјал (земја и камен) и бетонски изработени од вештачки врзан материјал. Насипните брани, зависно од критериумот - кој материјал е најзастапен во телото на браната, се делат на камени и земјени. Бетонските брани според конструкцијата, односно начинот на пренесувањето на товарите, се делат на гравитациони и лачни. Покрај конвенционалните брани, со кои се создава водна акумулација за

регулирање на протекувањата, постојат и јаловишни брани за депонирање на отпаден материјал од рудниците.

Kакви типови брани има во Македонија?

 Инженерството за брани во Македонија има долга традиција. Оваа традиција е започната со лачната брана Матка на река Треска, која е изградена во 1938 година. Интересно е да се истакне дека последната голема брана, изградена во 2011 година, е исто така лачна брана, тоа е браната Св.Петка на река Треска. Во изминатиот период во Македонија се


интервју

за инженерството на брани изведени практично сите видови на брани. Постојат два значајни периоди во градбата на брани во Македонија. Првиот период е седмата деценија од 20. век, или златниот период на градбата на брани, кога се изградени 9 големи брани: Младост, Водоча, Глобочица, Прилеп, Тиквеш, Калиманци, Шпиље, Ратевска и Турија. Во тој период најзастапени беа каменоземјените брани, и тогаш е завршена највисоката брана од тој тип на просторот на поранешна Југославија. Тоа е браната Тиквеш, со височина од 112 м. Вториот значаен период е првата деценија на 21. век кога се изградени браните Козјак, Маркова, Лошана, Лисиче,

со асфалтна дијафрагма во Југоисточна Европа. Затоа, со задоволство може да констатирам дека сегашната генерација на хидротехничари го одржува и надградува високиот праг во инженерството за брани, етаблиран од нивните претходници.

Колку брани има во Македонија?

 Според регистерот за големи брани на Меѓународната комисија за брани во светот (ICOLD) постојат 37.641 брани. Основен критериум за голема брана е конструктивната височина и тоа од круната до фундаментот да биде поголема од 15 метри. Според Македонскиот комитет за

Брана „Лисиче“ - Велес, највисока земјена зонирана брана во Македонија со конструктивна височина од Н = 77 m, завршена во 2008 година

Кнежево, како и надвишувањата на јаловишните брани на рудниците Тораница, Злетово, Бучим и Саса. Станува збор за девет големи брани што е за респект и за многу поголеми држави од Македонија. Карактеристично за овој период е смелоста на хидротехничката фела, зашто е изградена највисоката каменоземјена брана во Македонија – браната Козјак со височина од 126 м, и воедно се изведени нови типови на брани: Лошана (изградена во 2006) е прва брана со геосинтетички екран на просторите на поранешна Југославија, и Кнежево (изградена во 2010) е прва брана

големи брани (MACOLD), кај нас има 27 големи брани, кои се вклучени во регистерот на ICOLD. Од овие брани, седум се земјени, 11 се камени, една е контрафорна и осум се лачни брани. Меѓутоа, според мои сознанија, во Македонија постојат уште 11 брани кои спаѓаат во категоријата на големи брани, како и четири јаловишни брани на активните рудници во источниот регион, така што вкупниот број на големи брани изнесува 42. Значи, во Македонија се изградени 1,1 промили од вкупниот број на брани во светот. И уште еден интересен статистички податок, кај нас се изградени

4,3 промили од вкупниот број на лачни брани. Наведените бројки покажуваат дека пропорционално на големината на државата, Македонија е позиционирана во врвот на инженерството за брани во светски рамки. Ако се имаат предвид и малите акумулации, кои не се од особен интерес за државата, но се значајни за одделните региони, формирани со градба на земјени брани со помали височини, чиј број е околу 110, тогаш вкупниот број на брани би изнесувал околу 150.

Како тие се одржуваат и кој е задолжен за тоа?

 Несомнено дека не е доволно само да се изградат браните, туку е неопходно и правилно да се одржуваат. Всушност, постојат четири фази во реализацијата на браните. Тие етапи се истражување, проектирање, градење и одржување. Во сите фази треба да се почитуваат строги стандарди зашто се работи за исклучително сложени градежни објекти. Браните се клучните објекти на хидросистемите по два фактори. Првиот, браните се најскапите објекти во хидросистемите. И вториот, браните имаат највисок потенцијален хазард за околината. Стандардите за браните што се почитуваат во нашата земја главно се базираат на препораките на ICOLD. Одржувањето на браните се состои од техничко набљудување, проценка на сигурноста и навремена санација на евентуални оштетувања. Во тек на експлоатација, со оскултацијата на браната се регистрира однесувањето на реалниот објект (прототипот) и се споредува со одговорот на моделот. Од споредбата на одговорот на прототипот и моделот се проценува степенот на регуларно однесување на реалниот објект. Доколку има отстапувања, надвор од предвидените граници, тоа би била прва индиција дека се случило некакво оштетување и дека е потребна санација на браната. Корисникот на хидросистемот брана со акумулација е задолжен за одржувањето на браната. Сегашната практика во Македонија покажува дека финансиската кондиција на корисниците се рефлектира во квалитетот на одржувањето на браните. Така, кај хидросистемите каде корисници се ЕЛЕМ, одржувањето на браните е на високо ниво, додека кај хидросистемите каде 

3

22 март 2013 ПОРТА

11


интервју

Сегашната практика во Македонија покажува дека финансиската кондиција на корисниците на хидросистемите се рефлектира во квалитетот на одржувањето на браните

Брана „Козјак“ на река Треска, највисока каменоземјена брана во Македонија со закосено глинено јадро, со конструктивна височина од Н = 126 m, завршена во 2004 година

корисници се одредени неликвидни водостопански претпријатија, одржувањето е незадоволително. Имајќи ја предвид опасноста за низводната долина од пропагација на поплавен бран поради неконтролирано празнење на акумулацијата, предизвикано од евентуално уривање на браната, неквалитетно одржување на браните не смее да се толерира.

Што според вас е причина за излевањето на браните Слатино и Пишица?  Браната Слатино е земјена хомогена брана со височина околу 15 метри, изградена во 1963, на исклучително поволен топографски профил. Така, со економично решение на браната (со мала должина во круната) добиена е доста голема акумулација, од 1,4 милиони метри кубни. Меѓутоа, ова е еклатантен пример за отстапување од потребните технички стандарди со кои се гарантира сигурен објект. 12

3

ПОРТА

22 март 2013

Прво, преградниот профил не бил доволно истражен. Во левиот бок се застапени карстифицирани варовници, со големи понори и каверни, низ кои водата директно истекувала од акумулацијата. Со тек на време струењето на подземната вода во левиот бок прогресивно се зголемувало и дел од привилегираната филтрација завршувал во близина на низводната ножица на браната. Второ, не е изведена дренажна конструкција во низводниот дел, и дошло до интензивна механичка суфозија на земјениот материјал. Со изнесувањето на цврстите честици ослабнала долната зона и дошло до уривање на низводното тело на браната по кружни површини на лизгање, практично од круната до низводната ножица. Во средишниот дел на браната, во широчина околу 10 до 15 метри, остатокот од напречниот пресек на браната се наоѓа во состојба на гранична рамнотежа, со што во оваа фаза санирање на браната е со неприфатлив ризик. Трето, оштетен е

затворачот на темелниот испуст, а и доколку се отвори, во услови на врнежлив период празнењето на акумулацијата до безбедна кота, поради недоволен капацитет, може да се пролонгира на 20 до 30 дена. И четврто, но и најзначајно, во фаза на експлоатација, целосно затаило одржувањето на хидросистемот. Така, нашата негрижа довела до деструкција на овој драгоцен водостопански инфраструктурен објект, наследен од нашите претходници. За браната Пишица, во критичниот ден на 26 февруари, на преградниот профил не беше расположлива никаква техничка документација, па параметрите за хидросистемот кои ќе ги наведам се непотврдени. Се работи за земјена брана со дренажна призма, изградена во 60-тите години на минатиот век, со височина околу 25 метри, со која е формирана акумулација од 850 илјади метри кубни. Изминатите пет децении браната идеално сраснала со околината со


интервју што се добил совршен објект, не само од хидроградежен, туку и од естетски аспект. Од интензивните врнежи генериран бил поплавен бран во сливот, за кој бил недоволен капацитетот на преливниот орган и ретензиониот простор во акумулацијата. Водното ниво во акумулацијата се подигнало над кота на круна на браната и дошло до течење по низводната косина. Оваа појава, која е недозволива кај браните, и која не би се случила доколку биле запазени стандардите за хидролошка сигурност, довела до ерозија на низводната ножица. Оваа ерозија со тек на време се продлабочувала кон круната на браната. Завршниот облик на уривањето кај Пишица е сличен со формата кај браната Слатино, но причината за уривањето е целосно различна. Со уривањето на низводниот дел на браната од круната до ножицата, во средишниот пресек на браната дојде до директно истекување од акумулацијата. Во услови на површинско течење низ пробивот практично е невозможно да се интервенира во најоштетениот дел на браната. Нашите претходници вложиле многу труд, знаење и огромни финансиски средства

и во наследство ни оставиле голем број хидросистеми. Браните се грандиозни објекти, но без одржување, поради постојниот контакт со водата, и осцилациите на водното ниво во акумулацијата, можни се сериозни оштетувања. Затоа, одржувањето на браните, а посебно на наследените брани, треба да биде на највисоко ниво. Меѓутоа, суровата реалност со браните Слатино и Пишица е следна. Состојбата со стабилноста на двете брани е многу сериозна, а населението во низводните долини треба да биде предупредено и евакуирано. Санација на браните е можна само откако ќе се испразнат акумулациите. Двете брани се толку силно оштетени, што санациите практично ќе се сведат на изведба на нови брани, секако, доколку постои интерес на тие преградни профили и во иднина да постојат брани и акумулации за водокорисниците.

конструкции. Посебно насипните брани, кои се изработуваат од природни материјали и не постои процес на стареење – карактеристичен за вештачките материјали. Најдобар пример за трајноста на земјените брани е земјената брана Корналво во Шпанија, изградена во 2. век, и по реконструкцијата во средината на минатиот век е сè уште во употреба. Земјените брани се најчести брани, како во светот, така и кај нас. Од вкупниот број на големи брани во светот околу 63% се земјени брани. Во Македонија, во големите и значајни брани, насипните брани се застапени со 67%. Браните, независно дали се бетонски или насипни, се исклучително отпорни објекти, но препуштени сами на себе, се ранливи конструкции кои со тек на време се руинираат и стануваат закана за низводната долина. Меѓутоа, доколку правилно се одржуваат нивниот рок на траење е практично неограничен.

Двете оштетени брани се земјени брани. Колкав е рокот на траење на овие брани и колку се застапени?

Има ли други такви критични точки?

 Сите брани се исклучително трајни

 Не располагам со официјални податоци дали во моментов постојат други брани во Македонија каде 

Брана „Лошана“ - Делчево, прва каменонасипна брана со геосинтетички екран на просторот на поранешна Југославија, со конструктивна височина од Н = 45 m, завршена во 2006 година

3

22 март 2013 ПОРТА

13


интервју

Брана „Кнежево“ - Пробиштип, прва каменонасипна брана со асфалтна дијафрагма на просторот на Југоисточна Европа, со конструктивна височина од Н = 82 m, завршена во 2010 година

поради неквалитетно одржување е загрозена сигурноста по кој било аспект хидролошки, филтрационен, статички и сеизмички.

Македонија е трусно подрачје, дали може браните да бидат загрозени од силни земјотреси?

 Браните, независно од типот – насипни или бетонски, се градежни објекти со највисока потенцијална опасност за околината, а Македонија е на трусно подрачје, па затоа уште со Правилникот за технички нормативи за проектирање и пресметка на инженерските објекти во сеизмички области од 1986 година, браните се третирани како објекти надвор од категорија. За ваквите објекти и во минатото биле применувани ригорозни технички стандарди за потврдување на сеизмичката отпорност, со динамички анализи во временски домен, со два типа на земјотреси (умерен и катастрофален), врз основа на истражување на сеизмичноста на сеизмотектонскиот склоп и сеизмичкиот 14

3

ПОРТА

22 март 2013

ризик. Овие стандарди по однос на спектрите на синтетичките проектни земјотреси се дополнети со еврокод 8, со што техничката процедура за потврдување на сеизмичката отпорност на браните, што се применува во Македонија, е идентична со постапките што се применуваат во најразвиените земји.

Како може да се подобри состојбата на „меките“ брани, како тие да се зацврстат?

 За сигурноста на браните во градба и експлоатација треба бескомпромисно да се почитуваат бројни технички процедури. Меѓутоа, за да биде спроведен техничкиот дел, неопходна е повратна спрега од административен аспект. Значи, неопходна е поддршка од државата преку соодветни министерства во чиј домен се водните ресурси. Така, според постојниот Закон за води, Министерството за животна средина и просторно планирање треба да издаде Водостопански услови за проектирање, Водостопанска согласност за изградба, Водостопанска дозвола за почеток на

користење и Водостопанска дозвола за натамошно користење. Практиката покажала дека сите хидросистеми во Македонија, што ги поседуваат наведените документи, со кои се гарантира дека се исполнети техничките стандарди, имаат задоволителна сигурност. Сметам дека најдобро може да се „зацврстат“ браните што во моментов се „меки“ со брза интервенција на административниот апарат. Со цел оваа кризна состојба да не се повтори кај некои други брани, треба итно да се засили административната контрола на браните. Оваа конкретна мерка значи инспектори на МЖСПП да направат контрола на корисниците на хидросистемите со брани и акумулации и да проверат дали поседуваат Водостопанска дозвола за натамошно користење. Оваа дозвола се добива врз основа на позитивен Елаборат за проценка на сигурноста, каде се обработени податоците од техничкото набљудување. Доколку не поседуваат таква дозвола, тогаш да се преземат


интервју

Со цел оваа кризна состојба да не се повтори кај некои други брани, треба итно да се засили административната контрола на браните. Оваа конкретна мерка значи инспектори на МЖСПП да направат контрола на корисниците на хидросистемите со брани и акумулации, и да проверат дали поседуваат Водостопанска дозвола за натамошно користење. Оваа дозвола се добива врз основа на позитивен Елаборат за проценка на сигурноста, каде се обработени податоците од техничкото набљудување. Доколку не поседуваат таква дозвола, тогаш да се преземат законски мерки, кои подразбираат дури и празнење на акумулацијата, сè со цел хидросистемот барем да не претставува закана за низводната речна долина. законски мерки, кои подразбираат дури и празнење на акумулацијата, сè со цел хидросистемот барем да не претставува закана за низводната речна долина.

Постои ли проценка за тоа колку средства се потребни да се вложат за да се подобри безбедноста на браните?

 Хидросистемите од видот на брани со придружни објекти и со акумулациони базени се неповторливи и уникатни системи. Различните преградни профили се разликуваат по природниот фактор па условуваат различни решенија за хидројазлите. Кај различните хидројазли во фаза на користење се појавуваат разнородни оштетувања кои треба да бидат идентификувани и санирани. Затоа, оваа проблематика не може да се генерализира, па потребно е да се направи увид во состојбата со браните, да се направи проценка за трошоците за да се подигне

сигурноста на прифатливо ниво, како и да се направи приоритетна листа со динамика на спроведување на санационите решенија.

Вршени ли се контроли на браните пред да се случи оваа катастрофа со Слатино и Пишица и дали е сугерирано нешто во врска со нивната состојба?

 Со цел да се избегнат какви било недоразбирања, најпрецизни одговори на вакви прашања треба да се бараат во надлежните министерства.

Надлежноста врз водите е поделена помеѓу повеќе институции што предизвикува и недоразбирање меѓу нив за тоа кој што треба, а што не треба да прави. Како се одразува таа состојба врз безбедноста на браните?

 Точна е констатацијата дека надлежноста врз водите е поделена на повеќе ресорни министерства. Воедно

е точно и дека во администрирањето со водите располагаме со високо квалитетен кадар, кој досега успешно се справувал со бројни и сложени водостопански проблеми. Независно од мојот став дека со водите подобро би се управувало доколку оваа проблематика е обединета во една институција, сметам дека клучно за унапредувањето на водните ресурси е иницијативноста и придонесот на секој поединец од хидротехничката фела, независно во кој дел од административниот сектор е вработен. Во согласност со новиот Закон за води, пред неколку години, имаше трансфер на ингеренциите во домен на водите од Управата за води од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Секторот за води на МЖСПП. Верувам дека МЖСПП набрзо ќе се преструктуира и доекипира и дека успешно ќе одговори на обврските за управување во водите и сигурноста на браните. 

ÑÎÎÏØÒÅÍÈÅ ÄÎ £ÀÂÍÎÑÒÀ çà ïðîòèâïðàâíî êîðèñòå�å íà èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ� Êèðèë è �åòî�è¼� âî Ñêîï¼å Èì ñå ñîîïøòóâà íà äåëîâíàòà è íà ïîøèðîêàòà ¼àâíîñò äåêà Çàâîäîò çà è�ïèò�âà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å, îä 2009 ãîäèíà ïðîòèâïðàâíî âî íàçèâîò íà ñâî¼àòà ôèðìà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Íà îâî¼ íà÷èí ãè äîâåäóâà âî çàáëóäà äåëîâíèòå è äðóãèòå ñóá¼åêòè âî Ðåïóáëèêà Ìàêåäîíè¼à è ïîøèðîêî äåêà ñå ðàáîòè çà èíñòèòóöè¼à âî ñîñòàâ íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å ñîîïøòóâà äåêà ñòàòóñîò ïðèäðóæíà ÷ëåíêà íà Óíèâåðçèòåòîò, Çàâîäîò çà èñïèòóâà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å ãî èìà èçãóáåíî ñî Îäëóêà íà Óíèâåðçèòåòñêèîò ñåíàò è ñî ïðàâîñèëíà è èçâðøíà ïðåñóäà íà Îñíîâíèîò ñóä Ñêîï¼å 2 - Ñêîï¼å, à ñî òîà ãî èìà èçãóáåíî è ïðàâîòî äà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò. Óíèâåðçèòåò �Ñâ� �èðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å

3

22 март 2013 ПОРТА

15


градежништво

Згради од текстилен бетон

Дали армираниот бетон ќе биде заменет од текстилниот бетон?

Процес на вградување на арматура пред бетонирање

Секоја година во градежништвото ширум светот се користат 10 милиони тони бетон. Тоа е огромна потрошувачка ако се земе предвид сè поголемата потреба од штедење на природните ресурси. Поради тоа научниците веќе со години бараат можности во градбите да вградуваат што е можно помалку бетон. Едно од решенијата е т.н. текстилен бетон, на чиј развој веќе десет години работат истражувачите од Техничкиот факултет во Ахен. Биљана Стојановиќ

К

лучниот елемент на пронајдокот е во тоа што за стабилизацијата на бетонот, место челични шипки се користат текстилни влакна. Градбите кај кои се користи обичен, армиран

16

3

ПОРТА

22 март 2013

, дипл.град.инж.

бетон, мораат да се обезбедат од различни опасности - пред сè челичните носачи мораат да се заштитат од корозија. Јозеф Хегер, професор во Ахен, вели: „Со цел армираниот бетон да се заштити од корозија, слојот бетон мора да биде со

дебелина од најмалку 8 до 9 сантиметри. Со текстилниот бетон дебелината може да ја намалиме на два до два и пол сантиметри. Покрај штедењето, главната предност е што на тој начин можат да се градат многу ’пофилигрантски’ градби“.


градежништво Процес на бетонирање

Пресек на бетонски дел појачан со текстил

Пример за бетонска конструкција со комплексна арматурна мрежа

Текстилниот бетон е поиздржлив од армираниот бетон

„Кога ќе се спомне зборот текстил, луѓето обично помислуваат на облека или постелнина. Но, текстилот што се користи за стабилизација на бетонот со тоа нема никаква врска. Влакната се произведуваат од карбон, значи од јаглерод или од стакло. Тие текстили имаат поинаква структура од другите. Стаклените влакна се поставуваат едни преку други, така што се создава еден вид решетка која потоа се зацврствува во специјален процес. Таа решетка се вградува во течниот бетон кој потоа мора да се стврдне. Кога е во прашање издржливоста, така направениот текстилен бетон може и тоа како да му конкурира на армираниот бетон“, вели инженерката Мира Екерс. Научниците овој нов вид градежен

материјал прво го користеле за одделни делови на згради, и тоа само во Германија. Сега текстилниот бетон се користи и во САД, Израел, Грција и Јапонија. Меѓутоа, и во тие земји текстилниот бетон се користи само во одделни делови на зградите. Бидејќи армираниот бетон е стандард веќе со децении, и скепсата кон нешто што се вика текстилен бетон е голема.

Текстилниот бетон штеди бетон и пари

Научниците од Ахен сакаат да помогнат во промовирањето на овој нов градежен материјал и да го пласираат како вистинска алтернатива за армираниот бетон. А за да им успее тоа, тие мора да докажат дека текстилниот бетон може да се користи и кај поголемите згради. Поради тоа, новата зграда на Институтот за текстилна техника

Вградување на арматура

на текстилниот бетон во Ахен целосно е направена од тој материјал. Но, има и други примери, вели градежниот инженер Штефен Јанетцко: „Направивме 10 -12 фасади и се надеваме дека во наредните години ќе добиеме уште проекти. Првите прототипови се произведуваат во мали серии. Тоа значи дека се релативно скапи. Но, во догледно време, за година до две, ќе произведуваме поголеми серии и тогаш овој материјал ќе стане вистинска конкуренција на пазарот“. Градежниците од целиот свет тогаш ќе можат при градењето на новите згради да употребуваат потенки бетонски делови и со тоа не само да штедат бетон, туку и пари. Ова е шанса за сиромашните земји, кои мораат да се откажат од многу битни инфраструктурни проекти, затоа што за нив им се неопходни илјадници тони бетон.

3

22 март 2013 ПОРТА

17


дрвно градежништво

LCT ONE - нова хибридна технологија Истражувањата покажуваат дека системот LCT има потреба од речиси 50% помалку време за градење, 39% помалку ресурси во целиот животен циклус на објектот, драстично ја намалува употребата на бетон, што резултира со полесна конструкција и до 90% помалку емисии на штетни гасови во околината Александар Черепналкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија

Н

а 18 ноември минатата година беше отворена за јавноста првата хибридна осумкатница изградена од дрво во Дорбирн, Австрија. Проектирана од реномираниот архитект Херман Кауфман, LCT (LifeCycleTower) ONE е централна зграда на компанијата CREE GmbH, чија главна дејност е дизајнирање на високи

18

3

ПОРТА

22 март 2013

згради од дрво. Успехот на CREE не се базира само со користењето на дрвени лепени носачи како основен конструктивен материјал, туку тие користат хибриден систем на градба во комбинација со ограничена употреба на бетон и систематизиран префабрикуван пристап во проектирањето наречен LifeCycleTower, LCT. Нивниот метод се базира на брза изградба на конструкцијата, еден кат

за еден ден, притоа без загрозување на архитектонското изразување и обликување во проектирањето. Истражувањата покажуваат дека системот LCT има потреба од речиси 50% помалку време за градење и 39% помалку ресурси во целиот животен циклус на објектот. Овој систем, исто така, драстично ја намалува и употребата на бетон што резултира со полесна конструкција,


дрвно градежништво

помали фундаменти и до 90% помалку емисии на штетни гасови во околината. Истражувањата, исто така, покажуваат дека со овој тип на конструкција има можност да се гради со висина до 30 ката.

Проектирање за целиот животен циклус

LCT ONE се простира на површина од 1600 м2 и претставува

пилот-проект на компанијата CREE за нивните хибридни методи на конструкција. Целиот проект бил комплетно завршен за една година. Во текот на првите шест месеци додека градбата на бетонското јадро е во тек, компанијата CREE ги произведува фасадните и меѓукатните елементи од дрво во производствени погони. За ѕидните елементи биле користени попречно слепени 

3

22 март 2013 ПОРТА

19


дрвно градежништво

плочи од масивно дрво, додека меѓукатните елементи биле направени од комбинација на дрво со бетон. Производството на ѕидните елементи подразбира комплетирање со изолација и сите отвори за прозорци и врати потребни за објектот. Шансите за непланирани трошоци, одложувања, непредвидено трошење на материјал и конструктивни дефекти се намалени на минимум со префабрикување на елементите во контролирани услови. Конструктивно, објектот се состои од бетонско јадро во центарот на објектот, каде што се наоѓаат лифтовите и скалите за вертикално движење. Во надворешниот дел поставени се меѓукатни плочи, кои се прицврстени на

20

3

ПОРТА

22 март 2013

лепени ламелирани носачи. Овој конструктивен систем дозволува различни комбинации во внатрешниот простор, затоа што не се потребни внатрешни носечки ѕидови. Истражувањата покажуваат дека јадрото на системот LCT може да се изгради и од дрво, но заради забрзување на процесот за создавање дозволи, може да се изгради и од челик и армиран бетон. Со завршување на фундаментите, зградата се издигна со темпо од еден кат за еден ден. Последните шест месеци од градбата се завршуваа инсталациите и ентериерот. Лепените ламелирани носачи се проектирани да се гледаат во ентериерот каде што доаѓа до израз природниот изглед на


дрвно градежништво дрвто. Ова ја прави LCT ONE една од највисоките модерни згради од дрвни конструкции со откриени дрвни конструктивни компоненти во ентериерот.

Паметен објект

Изграден со пасивен стандард, LCT ONE е екстремно енергетски ефикасен. Објектот е оптимизиран за централно осветлување базирано на количина на дневна светлина која се контролира со интелегентни светлосни сензори, моторизирани прозорски ролетни и друго. Покрај осветлувањето и греењето, ладењето е исто така, автоматски контролирано. Собната температура и квалитетот на внатрешниот воздух се одржуваат преку високо ефикасен вентилационен систем, кој автоматски го контролира и нивото на јаглерод диоксид.

Optimo

Еколошки вредности

Со започнувањето на процесот на проектирање на објектот, сите материјали кои се употребени се избрани според нивните еколошки вредности. Оваа анализа ги опфаќа и ресурсите и технологијата употребени во производство на градежните материјали. Материјалите, исто така, биле селектирани и по можноста за нивно рециклирање и повторна употреба како нови материјали или за биоенергија, по крајот на животниот циклус на градбата. Компанијата CREE со нивната LCT ONE, освоиле многу значајни награди меѓу кои European Environmental Press Award, 2012 Innovation Prize of Vorarlberg, Energy Globe Award Vorarlberg 2011 и номинација за Австриската награда за иновација. 

Изолациони панели тел: +389 75 80 77 0022 март 2013

3

ПОРТА

21


архитектура

ЈАПОНСКИОТ АРХИТЕКТ ТОЈО ИТО ДОБИТНИК НА ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА

„Облека“ за урбаните жители Критичарите ја споредуваат работата на Ито со идеите на некои филозофи, а денес тој „агресивно“ ги истражува потенцијалите на новите архитектонски форми, обидувајќи се да најде нови просторни услови, кои ќе ја манифестираат филозофијата на „бескрајните суштества“ Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност

Sendai Mediatheque, Сендаи, Јапонија

Ј

апонскиот архитект Тојо Ито, познат по креирањето на т.н. концептуална архитектура и по објектите со флуидна убавина во кои физичкиот и виртуелниот свет се во совршен баланс, е добитник на Прицкеровата награда, најпрестижното признание во архитектурата. На доделувањето на наградата, кое се одржа неодамна во Лос Анџелес, жири комисијата истакна дека архитектурата на Ито го подобрува квалитетот на јавниот простор, станувајќи инспирација за многу архитекти, критичари, па и за пошироката јавност. Седумдесетгодишниот Ито е шестиот по ред јапонски архитект, кој го добива ова големо признание. На 29 мај годинава, во Претседателската библиотека и Музејот на Џон Кенеди во Бостон, тој ќе добие парична награда од 100.000 долари, како и бронзен медал. Интересно е тоа што критичарите архитектурата на Тојо Ито ја споредуваат со идеите на некои филозофи, како Мунесуке Мита и Жил Делез. Самиот Ито пак, својата архитектура ја дефинира 22

3

ПОРТА

22 март 2013

Torre Realia BCN и Хотел Porta Fira, Барселона, Шпанија


архитектура

Tama Art University Library,Токио, Јапонија

Museum of Architecture, Имабари, Јапонија

како „облека“ за урбаните жители, што посебно се однесува, како што вели тој, на современите јапонски метрополи. Всушност, станува збор за своевидна рамнотежа меѓу приватниот и интимниот живот и животот на метрополите во целина. Сегашната архитектура на Ито претставува проширување на тоа што тој го направил за време на постмодерниот период. Денес, тој „агресивно“ ги истражува потенцијалите на новите форми, притоа обидувајќи се да најде нови просторни услови, кои ќе ја манифестираат филозофијата на „бескрајните суштества“.

Образование и кариера

Тојо Ито е роден во 1941 година во Сеул. Дипломирал на Одделот за архитектура при Универзитетот во Токио во 1965 година. По неколкугодишно работење, во 1971 година го отвора своето студио „Урбот“ во Токио, кое подоцна било преименувано во Toyo Ito & Associates. Во почетокот на својата кариера, Ито проектирал бројни приватни куќи кои се, пред сè, одраз на урбаниот живот во Јапонија. Неговите најзабележливи концептуални придонеси во архитектурата биле направени преку проектите White U (1976) и Silver Hut (1984). Со проектите Тokyo Nomad Girl1 

3

22 март 2013 ПОРТА

23


архитектура од 1985 и 1989 година, пак, Ито ја претставил својата визија за животот на урбаните „номади“, адаптирани на типичниот начин на живот во Јапонија во тој период. Tower of Winds (1986) и Egg of Winds (1991) се всушност обележја на јавниот простор, кои произлегле како резултат на креативна интерпретација на современите технички можности. Додека нивната функција е да бидат места од каде што ќе поминува издувниот воздух во подземениот систем, нивното значење и препознатливиот белег лежи во авторскиот систем на транспарентност. Алуминиумските структури во текот на ноќта се „менуваат“ преку употребата на компјутерско контролирани светлосни системи, кои претставуваат интерактивен приказ на измерените податоци, како што се нивото на бучава во околина и друго. Архитектонското студио на Тојо Ито е уште познато како вежбалиште за талентирани млади архитекти. Успешни и познати архитекти излегле од неговата канцеларија, меѓу кои Katsuya Fukushima, Makoto Yokomizo и Akihisa Hirata.

Yatsushiro Municipal Museum, Кумамото, Јапонија

Изложби

Работата на Тојо Ито е презентирана низ целиот свет преку многуте изложби во кои тој се појавува како автор и куратор. Во 1991 година, тој користел 130 видеопроектори со цел да ја симулира урбаната средина во Токио на големата изложба Visions of Japan во Музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон. Подоцна, во 2000 година, т.н. Vision and Reality во Лузијана станала и патувачка изложба. Ито всушност го експлоатирал ефектот на видео-проекцијата како медиум, за да ја презентира својата архитектура. Изложбата Blurring Architecture, која била иницирана од Музејот Suermondt-Ludwig во Ахен, патувала во четири други градови: Токио, Антверпен, Окленд и Велингтон. Преку оваа поставка, Ито се обидел да го открие „виртуелното“ присуство на архитектурата во човечкиот ум. Во 2006 година, тој ја прави изложбата Berlin-Tokyo/Tokyo-Berlin во Neue Nationalgalerie во Берлин. Дизајнот на поставката вклучувал мазен, брановиден пејзаж кој го окупирал главниот изложбен простор на

VivoCity , Сингапур

Serpentine Gallery, Лондон, Англија 24

3

ПОРТА

22 март 2013


архитектура

Sendai Mediatheque, Сендаи, Јапонија

музејот. Оваа изложба, која се реализирала во соработка со Mori Art Museum, била еден од најголемите зафати во историјата на музејот. Голема ретроспективна изложба за работата на Ито, пак, била претставена во Tokyo Opera City Art Gallery во 2006 година.

Позначајни дела

Меѓу позначајните дела на Тојо Ито се: Sendai Mediatheque во AD Classics: Tower of Winds, Јокохама, Јапонија

Јапонија (повеќенаменски комплекс, кој вклучува библиотека, уметничка галерија, аудио-визуелна библиотека, студио за проекција на филмови и кафуле), потоа VivoCity (еден од најголемите трговски центри во Сингапур, за кој критичарите велат дека е „место полно со енергија и виталност“), Националниот стадион и Интернационалниот аеродром во Тајван, облакодерот Torre Realia BCN со хотелот Porta Fira во Барселона, галеријата Serpentine во Лондон и многу други.  Mikimoto Ginza 2, Токио, Јапонија

3

22 март 2013 ПОРТА

25


архитектура

Потрага по патот за излез од кризата

Потребно е етиката и естетиката да одат заедно: ако едно лице, елегантно облечено седне покрај убаво поставената маса, тешко дека ќе јаде со прсти. Ако проектираме подобро и луѓето ќе се однесуваат подобро. Fabio Quinto - The cloud

Франческо Читро, дипл.град.инж. (Италија/САД)

Дизајнерите на Салерно – 26

3

ПОРТА

22 март 2013


С

архитектура

алерно, градот што лежи на брегот на Тиренското Море, во кризните времиња реагираше на себеси својствен начин: се подигна и прооди. Повеќегодишната криза ја погоди економијата на целата земја, задушувајќи ја секоја можност за претприемништво. Покрај тоа што куповната моќ е намалена, што значително влијаеше на стандардот и очекувањата, економската криза се одрази и врз архитектурата. Единствен начин за излез од кризата претставува дополнителниот ментален и креативен напор за изнаоѓање на нови решенија. Токму така, за време на запирање на тековите, настана идејата „нова италијанска крв“. Оваа идеја, која ја осмисли архитектот од Салерно, Luigi Centola, овозможува интерактивна презентација и поврзување на архитектите, дизајнерите и пејзажните дизајнери и нивно слободно изразување во "Real time" без никакви ограничувања, односно нешто сосема различно од традиционалните пишани медиуми. На тој начин, може да се биде и дел од проектот newitalianblood. com и да дојде до поврзување со некој кој се наоѓа во претсобјето со поглед на локалниот ИН-Центар, кој го проектираше архитектот Manuel Tortorella.

„ИН - ЦЕНТАР“

Отвореноста, размената на идеи и културата отсекогаш биле одлики на градовите на море. Овде во ИНцентарот, можно е да се споделат дури и најинтимните моменти. Екстравагантно и иновативно, решението има и ограничувања од архитектонска природа, со оглед на тоа што е вметнато во објектот со носечки ѕидови, што не дозволува многу слобода во изработката на архитектонското решение. Сепак, ова решение оптимално го користи дадениот простор, и во исто време, на генијален начин се промовира себеси. ИН-центарот, кој има стратешка положба со поглед од 180°, како на внатрешноста така и на морето, е погоден простор за различни истражувања и иновативни материјали. Еден од најзаслужните за оваа инвестиција е и Massimo De Divitiis, пејачот на групата "Neri per Caso", која некогаш победила на фестивалот во Сан Ремо. 

– „нова италијанска крв“ 3

22 март 2013 ПОРТА

27


архитектура Fabio Quinto - Vestros

Manuel Tortorella многу експериментира на тема површини и избор на бои, благодарение и на соработката со жените, кои ја имаат таа предност погледот да им е помалку „далтонистички“ од оној што го имаат мажите. Жолтото и зеленото, боите што доминираат на сликите ја менуваат перцепцијата и варираат во текот на сезоната, и заедно со светлото прават ефект на движење на дрвја на главното шеталиште. Мудро направената комбинација со ретро и модерни елементи ја прават кастилијанските лустери, "floss" ламбите и рамките "barissol", нагласени со ЛЕД осветлување.

"MANEKI NEKO"

Морето, како контемплација и великодушност, го формирало Nicola Ferrara и неговиот архитектонски израз во Салерно, градот што може да ве маѓепса и да ве одведе во еден момент во „фантастичниот град“ на Myazaki. "Maneki neko", којшто го креирал Ferrara е доживување од престојот во Wunderkammer, каде што не функционираат некои основни правила на јапонскиот амбиент, почнувајќи од црешовиот панел со сечен таван, кој нема остри рабови, туку елегантни

N.Ferrara Maneki Neko 28

3

ПОРТА

22 март 2013


архитектура Quinto/Ghelostudio - KM0

направени од четинари, со спирална форма и вулканска енергија, со формално експериментирање и геометриски дебаланс заглавени помеѓу лентите. Неговата сила е да влезе во излогот на ателјето на младите "Vestros" дизајнери. Влегувајќи, тој отскокнува од ѕидот за повторно да излезе. Неговата насилна енергија се руши единствено со стриктни општински регулативи, кои велат дека проекцијата не може да биде повисока од 60 сантиметри. На некој начин тоа е како крај на еден сон, во овој случај

на Fabio Quinto, што инаку често се случува во Италија. Тој ист закон, сепак, не успеа во целост, туку придонесе во внатрешноста да се задржи облакот, и да се оствари нов однос помеѓу содржината и просторот. Фабио ја замислил архитектурата како игра каде што еден од основните елементи е морето со својата енергија, и тоа се гледа во неговите дела. Користи деконструкција со геометриска неурамнотеженост и формални експерименти: непостоење на шанк во барот Largo Cassavecchia, кој на тој 

проширувања каде светлото се разлева и повикува на гостопримливиот амбиент на источната култура. Самото присуство во "Maneki neko", на некој начин, овозможува да се нурнете во еден велеградски Shakkei, каде се чувствува модерната Јапонија со урбаниот Токио и манга стриповите. Со Ferrara, градот Салерно ја покажа својата солидарност во реализација на народната кујна за сиромашни од Сан Франческо. Со барањето да се проектира место за народна кујна, се наоѓа и големата желба со проектот да се даде достоинство на просторот и на луѓето што тоа го изгубиле, пред или во текот на тешкиот период од кризата. Кујната е замислена како домаќинско место за нејзините корисници, со пријателски и гостопримлив карактер. Функционалноста и естетиката одат заедно, иако типологијата на објектот не мора нужно да го предвиди естетскиот аспект како значаен елемент. Од таа причина, одбрано е квалитетно дифузно природно и вештачко осветлување. Вешто користејќи ги материјалите се успеа во намерата просторот да зрачи со топлина. За подножјето е користена кафена боја, едноставни материјали, кои се врзуваат за франческијанската идеологија, која елегантно старее заедно со луѓето што го посетуваат тој простор. Топлината, енергијата и солидарноста едноставно пловат во овој стар дел на градот.

„ДИВ ОБЛАК“

Овде се наоѓа дивиот облак на Fabio Quinto, направен од паралелопипеди

Quinto/Ghelostudio - KM0

3

22 март 2013 ПОРТА

29


архитектура BAI, ентериер

Ghelostudio - BAI

начин ги става во директен дијалог клиентот и неговиот алкохолен сон. На тој начин тој успева да го реши функционалниот проблем на недостиг на простор и во исто време да се откаже од класичниот израз за барови. Овој негов експеримент е уште попровокативен во фактот што не постои врата помеѓу главниот простор и тоалетот. Со користење на огледало успева да го „дуплира“ тесниот простор. Користи контраст помеѓу стаклата и ѕидот од тули, кој потсетува, без разлика на иновативноста, на карактерот и историјата на градот. Оригиналноста на пристапот кон архитектурата на архитектот Fabio Quinto е пренесена на надежните млади луѓе од групата "Vestros",Antonio Maria Silvestri, Andrea 30

3

ПОРТА

22 март 2013

и Luigi Amoroso, кои создадоа нов бренд, со многу труд, со оглед на тоа што немаат намера да се откажат од своите сништа. Енергијата, волјата за иновација и раст го водат Салерно кон секторите што не се типични за тој град.

"BAI"

Пивницата „BAI“, дело на архитектите од студиото "Ghelostudio", домашното пиво го става во прв план во оваа зона позната по вино. Малата но гостопримлива пивница се наоѓа во објектот со остатоци од римскиот и од средновековниот период. Визуелната пропустливост на надворешната површина овозможува контакт со историските архитектонски изрази, кои достигнуваат фигуративна тензија и ја истакнуваат

различноста на архитектонскиот израз. Позитивистичкиот пристап кој се држи до функционалниот принцип на дистрибуција на пивото нема да биде во конфликт со слоевите на историјата, напротив, со постојаните комбинации на старите материјали, природниот камен и модерните материјали, како стакло, дрво или челик, просторот има карактеристика на богато обоен амбиент. Според проектот на студиото "Ghelostudio", лесно ветре дува над пченицата, која го прави составниот архитектонски дел на тлото. Ова е необичен проект, чиј фокус бил на формите, а не на површините, отскокнува од класичниот концепт на траторијаресторан, кој е многу вкоренет на југот на Италија и во целост претставува


архитектура BAI, ентериер

простор кој лесно се адаптира на дневните потреби на корисниците, од појадок до вечера. Концептот KM0 ја следи актуелната филозофија на користење на храната, што е локално одгледувана, избегнувајќи употреба на храна која заради потребата да биде транспортирана од далечни краеви често е набрана прерано и поинаку е чувана, губејќи ја притоа својата вредност. Спротивно од ставовите на мултинационалните компании, локалната храна е гарантирано органски одгледана без генетски модификации. Користените материјали во нивната основа и функција се необични: електрична ограда вкрстена со гранки и поле од пченица, додека шишињата вино се наоѓаат на ѕидовите, а палетите стануваат маси. Прифаќајќи го концептот KM0, архитектите посакале да ја приближат природата кон просторот за консумирање, заради тоа внатрешноста на просторот е збогатена со едно засадено дрво маслинка, кое треба да донесе „духовен мир во овие тешки модерни времиња“. Наспроти топлината на жолтата боја во внатрешноста на просторот, која доаѓа од медитеранската страст за јаки бои, се спротивставува влажниот ветер кој доаѓа од кулата. Во денешно време дизајнот стана многу битен аспект на современото општество, фокусиран првенствено на потребите на луѓето и неопходноста на намалување на трошоците. Секако, најважен е социјалниот ефект. Салерно, благодарение на далековидната администрација, ги гледа економските ефекти, кои многу се однесуваат и на квалитетот на живот. Исто така, благодарение на локалната регулатива, која поставила одредено ниво на проектирање, настанале голем број бироа, кои се занимаваат со дизајнирање на ентериери, со авангарден пристап кои го водат градот кон далечните цели. Потребно е етиката и естетиката да одат заедно: ако едно лице, елегантно облечено седне покрај убаво поставената маса, тешко дека ќе јаде со прсти. Ако проектираме подобро и луѓето ќе се однесуваат подобро. 

KM0, поден детаљ

N. Ferrara KUNST UN WUNDERKAMMER

3

22 март 2013 ПОРТА

31


архитектура

Номинација за „Мис ван дер Рое“

„Стадшал“

култно место за урбано живеење

Целиот објект зафаќа површина од 24.000 м2, но и покрај неговата големина, одлично се вклопува во целиот амбиент. Инспирацијата за карактерот на маркетот „Стадшал“ со својот идеален размер и софистициран дизајн, можеме да ја побараме и во примитивните фламански колиби.

У

ште во далечната 1895 година, со изборот на Емиле Браун за градоначалник на Гент, овој стар белгиски град се предодредил за програма на радикална

32

3

ПОРТА

22 март 2013

Александар Черепналкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија модернизација. Во наредните 16 години, Браун бил директно вклучен како еден од главните инженери за модерната преобразба на градот. Во текот на неговиот мандат, тој ја започнал идејата за потреба од оформување на градски центар со

содржини во кои граѓаните на Гент ќе можат да се релаксираат и забавуваат. Во стариот централен дел на Гент доминираат три градби - црквата „Свети Никола“, катедралата посветена на „Свети Баво“ и 91 метар високата камбанарија, една од


архитектура

највисоките камбанарии од средновековно време. Овој процес на модернизација се зачувал сè до шеесеттите години на минатиот век, кога при промена на главниот урбанистички план во стариот центар на Гент се наложило рушење на еден објект.

Резултатот од ова рушење бил новиот атрактивен простор точно помеѓу црквата „Свети Никола“ и камбанаријата. Во тоа време, голем дел од новосоздадениот простор бил адаптиран за паркинг. Во 1996 година се одржува конкурс за

естетско и функционално обликување на овој дел од центарот на Гент. Целта била да се дизајнира решение со подземно паркирање и подобро организирање на плоштадот. На тој конкурс се пријавуваат со свое решение и тим од локалните архитекти Пол Робрехт и Хилде Даем од архитектонското студио „Робрехт и Даем“ заедно со Мари Хосе Ван Хе. Нивното решение било без подземен паркинг, и значително се разликувало од останатите, вклучувајќи 40-метарска хала во која можат да се организираат најразлични јавни настани од културен карактер. Оваа долга структура го делела просторот на повеќе помали интимни делови, во кои можеле да се организираат содржини кои го враќале урбаното живеење во Гент, кое во тоа време било изгубено. На конкурсот, нивното решение било дисквалификувано, додека избраното решение не било изградено заради силната желба на јавноста, сообраќајот во целост да се отстрани од стариот центар на градот. Во 2005 година, оваа позиција 

3

22 март 2013 ПОРТА

33


архитектура

добива и силна политичка поддршка, со што се отвора можност повторно да се организира конкурс, во кој центарот ќе биде ослободен од сообраќај. На овој конкурс, архитектите Пол, Хилде и Мари го поднесоа повторно својот проект, во кој постојат големи сличности со првиот, но овој пат победуваат со прво место. Покрај маркетот „Стадшал“, една од крупните интервенции за трансформација на просторот е и значителната промена на топографијата. При оваа интервенција, теренот од северната и јужната страна на „Стадшал“ се намали за три метра. Овој зафат наложуваше длабинско копање за да се направи џеп, кој се наоѓа на средина на плоштадот. Џебот е затворен од едната страна од црквата „Свети Никола“, додека од западната страна се протега до камбанаријата. До градењето на овој простор, овие две историски градби немаа посебна содржина помеѓу нив. Променетиот терен значително придонесе за нивно содржинско поврзување и создавање на целосна урбана композиција. На јужната фасада можат да се забележат подземните кафулиња и подигнатиот кров. Масивните бетонски столбови помеѓу двете нивоа се празни во внатрешноста, а во нив има лифтови и кружни скали, кои овозможуваат движење на посетителите од горниот дел на плоштадот до долните простории, каде 34

3

ПОРТА

22 март 2013


архитектура што може да се пазари во некои од продавниците, или за релаксација во кафулињата. Целиот објект зафаќа површина од 24.000 м2, но и покрај неговата големина, одлично се вклопува во целиот амбиент. Конструктивно, објектот е решен со бетонски столбови и челична конструкција на кровот, која е прекриена со различни материјали како дрво стакло и друго. На некои места на кровот се поставени стаклени шиндри, кои имаат за цел да пропуштаат дневна светлина, а исто така и го оформуваат волуменот. Инспирацијата за карактерот на „Стадшал“ со својот идеален размер и софистициран дизајн можеме да ја побараме во примитивните фламански колиби. Од моментот кога овој објект е отворен, во него се одржале многу концерти, културни настани, театарски претстави. „Стадшал“ полека прераснува во култно место во стариот центар на Гент, каде се негува урбаното живеење. 

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 22 март 2013 ПОРТА

3

35


архитектура инфо АмстердАм, холАндијА Објект: спортски центар SportPlaza Mercator Архитектонско студио: VenhoevenCS Основната идеја при дизајнирањето на овој рекреативен центар е создавање на тврдина, покриена со зеленило. Центарот е позициониран во De Baarsjes, кој претсавува милтикултурна населба во Амстердам, како дом на доселеници од 129 различни држави. Со цел да се подобри животот во заедницата, како неопходна функција во оваа градска четврт се појавила потребата за изградба на рекреативен центар кој би содржел комбинација од базени, фитнес, аеробик, сауна, забавен центар, кафетерија, ресторан и центар за згрижување на деца. Секој функционален елемент претставува атракција за одредена таргетна група, така што целокупната популација би можела да се опслужува. Во внатрешноста, фактот што сите функции се истовремено достапни и видливи за посетителите, пројавува интрига и инспирација за користење на повеќе содржини, наместо само на приоритетната. Поради тоа што објектот е лоциран во склоп на маалскиот парк, со цел идеално да се соедини со опкружувањето, комплетно е покриен со вегетација, камуфлирајќи ги диверзабилните програми под една обвивка. Објектот е изграден во 2006 година, меѓутоа неодамна се стекна со номинација на инаугурацијата за Green Building Award.

токио, јАпонијА Објект: резиденција Flag House Архитекти: Apollo Architects & Associates Трикатен објект кој се одликува со издолжена и тесна форма, што претставува особена карактеритстика во обликуваниот концепт на јапонските градски резиденции, често нарекувани гнезда, засолништа. Архитектонското студио Apollo Architects & Associates презентира креација на објект со едноставна четириаголна фасада, на чија површина доминира застаклената галерија, позиционирана на потенцирана позиција во однос на пристапната улица. Влезниот пристап кон објектот се наоѓа на десната страна на фасадата и е вовлечен со цел да креира засолнет трем. Долж фасадата и на погорните нивоа се развлекува мрежа од осум стаклени отвори, со цел природната светлина беспрекорно да продира во длабоката внатрешност на станбените простории. Иако како целина објектот е компактен, сепак обезбедува можности за мултифункционално искористување, со тоа што истовремено би можел да се користи и како трговски простор, а интегрирајќи простори наменети да привлекуваат посетители, се стекнува и со јавен карактер - урбана резиденција како пример за футуристички животен стил.

иту, брАЗил Објект: резиденција Casa Itu Архитектонско студио: Studio Arthur Casas Објектот наречен Casa Itu претставува резиденција на млада фамилија. Погодната позиција на работ на мало езеро и присуството на големи жолти ипекакуана дрвја ги инспирирале архитектите да креираат вила која максимално ги искористува убавините на пејзажот. Основата дефинирана во „L“ форма, го сегрегира објектот на едноставен и јасен начин, т.е. примарниот волумен ги содржи детските соби на приземјето, додека дворот позициониран до домашното кино формира

36

3

ПОРТА

22 март 2013

интимна атмосфера во дневната соба, пространост која целосно се отвора кон градината, елиминирајќи ги сите бариери помеѓу внатрешноста и екстериерот. Над овој волумен се сместени сала за вежбање и главната спална соба. Во секундарниот волумен, пак, се сместени сервисните простории, како и кујната со трпезарија, а во долната зона, гостинските простории. Целокупниот волумен на објектот се развива по хоризонтала и располага со непречена флуидност помеѓу функционалната програма. Земјената палета на бои и локалните материјали како бразилското дрво се применети при обликувањето на фасадата со цел да се достигне посебна релација помеѓу објектот и опкружувањето.


архитектура инфо сАитАмА, јАпонијА Објект: Центар за венчавки Pleats.M Архитект: Hironaka Ogawa Pleats.M претставува двокатен објект планиран како прв во синџирот за центар за венчавки, така што архитектот Hironaka Ogawa бил повикан да дизајнира објект со силно впечатлива идентификација, за да може, како таков, да се мултиплицира и на други локации. За да се овековечи една пријатна атмосфера, архитектот дошол до идеја за обликување на објектот со набрана ѕидна површина, набор кој би можел да се приспособи на која било форма, со собирање и ширење. Затоа, набраната фасада би била погодна и за примена при дизајнирањето и на останатите објекти од синџирот, без разлика на нивната локација. Внатрешноста е исто така конципирана како набрана обвивка, со тоа што наборите се превртени за да креираат негација на фасадното обликување, што остава впечаток како ѕидовите да немаат поголема дебелина од метални панели. Набраната обвивка дефинира континуирана, полна, непрекината слика, што исто така е особено важна и за одржувањето на мирот и тишината во внатрешноста.

кАирнс, квинсленд, АвстрАлијА Објект: Центар на ботаничка градина Cairns Botanic Gardens Архитектонско студио: Charles Wright Architects ССоставен од два објекти помеѓу кои се појавува пасарела, центарот е дизајниран како пристапен коридор кон градините, целина чија фасада претставува буквална рефлексија на градините како заштитна обвивка која истовремено го претопува објектот во контекстот на тропското пространство. Дизајн на зелена архитектура која е репрезент на парадигматичната промена на градот, оддалечувајќи се од конвенционалните вернакуларни градби и приближувајќи се кон нови, прогресивни солуции кои би можеле да се интегрираат во склоп на тропското пространство. Колективната желба за привлекување не само на национално, туку и на интернационално внимание придонесува за создавањето на нови можности и релации помеѓу постоечките содржини, заедници и групи. Нова, иконска пасарела кон ботаничките градини, како и кон зоната на центарот за уметности - демократски, јавен наткриен простор - предизвикувачка нова архитектура во контекст на програмата, која има улога на атрактор, со цел да асистира во исполнување на мисијата градот Каирнс да биде перципиран како прогресивен град од национално и глобално значење.

подготви: Андреа јАМАКОСКА

3

22 март 2013 ПОРТА

37


јавен простор

Тенка сребрена линија на

О

вогодишната европска простолнина на културата Марсеј, неодамна е збогатена со еден нов јавен простор. Архитектонското студио Foster + Partners, во источниот предел на градското пристаниште го постави павилјонот Vieux Port, кој се обидува да стави акцент на неискористениот потенцијал на овој маргинализиран, помалку запуштен градски простор, како и на општиот недостаток на пешачки површини во просторот. Шест тенки столбови ја поддржуваат рамната површина со димензии 46 x 22 м, изработена од високо , полиран не рѓосувачки челик, кој го рефлектира, односно го мултиплицира околниот простор – пешачката површина, просторот на пристаништето и крајбрежната линија, притоа

38

3

ПОРТА

22 март 2013


градежништво

хоризонтот

создавајќи еден вид спектакл во кој пешакот истовремено е и набљудувач, но и активен учесник. Површината речиси лебди над земјата; кога ќе се одалечиме од неа, таа станува само тенка сребрена линија на хоризонтот. Spencer de Grey, од студиото Foster + Partners, вели дека целта на оваа минималистичка интервенција била, пред сè, просторт на пристаништето да се направи достапен за сите. „Павилјонот Vieux Port дава увид во просторот на пристаништето од една сосема поинаква перспектива. Освен што пружа засолниште од неповолните временски услови, павилјонот може да стане и место на бројни случувања, особено во текот на оваа, исклучиво важна година за Марсеј“. Во текот на изградбата на павилјонот, техничката инсталација и привремените складишта се преместени на друга локација, а проширената пешачка зона сега достигнува сè до брегот. Павилјонот Port Vieux настанал во склоп на поширокот просторен план кој се занимава токму со проширување на пешачките зони, уредување на партерите и со содржински и обликувани поврзувања на пристанишниот простор на градот со неговите преостанати делови.

3

22 март 2013 ПОРТА

39


1963

50 ГОДИНИ ОБНОВА И ИЗГРАДБА НА СКОПЈЕ

2013

Михаил Токарев ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (5)

Инвазија на натур-бетонот Јанко Константинов (1926-201.) е творец кој во 70-тите години до крајни граници ги експлоатира пластичните својства на натур-бетонот, при што архитектурата ја доведува блиску до скулптурата. Таквата можност тој најпрвин ја користи кај Педагошката гимназија Никола Карев (1969), за оваа тенденција да го достигне својот максимум во следните објекти изградени во Скопје: - Медицинското училиште (1973), со архитектонски ритам, постигнат со наизменичното повторување на геометриски вертикали и истакнати заоблени и засечени форми во вид на туби, и - Телекомуникацискиот центар (1974), направен со аналогна интерпретација на формите од тврдината што се наоѓа на спротивниот брег од реката Вардар. Тоа се гледа од употребените цилиндрични кули, лачните прозорски отвори и од рапавата натур-бетонска фасада. Аркадниот систем на првото и последното ниво потсетува на лаковите од соседниот стар камен мост.

Јанко Константинов. Медицинското училиште (1973)

Јанко Константинов. Телекомуникацискиот центар (1974)

Склоноста за употреба на натур-бетонот за создавање на „архитектонска скулптура“ ја покажува и Крсто Тодоровски (1936-) кај Републичкиот хидрометеоролошки завод (1977), кој во вид на модерен акропол доминира над Зајчевиот Рид. Се чини дека натур-бетонот, кој е одамна напуштен во западноевропските земји, во овој период станува омилен градежен материјал за македонските архитекти. Неговите можности во геометриска интерпретација ги користат Радомир Лаловиќ (1933-) и Олга Папеш (1933-2011) кај ансамблот Банки (1975). Понекогаш фасадните површини на натурбетонските ѕидови не се квалитетно изведени, така што се наметнува потребата од нивна дополнителна обработка. Таков е случајот со меко заоблените бели волумени кај Театарот на народностите (1974) 40

3

ПОРТА

22 март 2013

на Љубинка Маленкова (1927-201.) и Вера Ќосевска (1929-). Во првата половина на 70-тите години, како резултат на економската стабилизација, се создаваат поголем број деловни објекти и објекти за општествен стандард, при што некои од нив стануваат репер за распознавање на градските центри. По земјотресот, Скопје станува и останува отворен град за творечки идеи од светот, така што во него се градат објекти на архитекти кои победуваат на јавни конкурси или пак работат директно по нарачка. Музејот на современа уметност (1970) е изграден според проектот на групата Тигри од Полска, со нагласена хоризонтала и на локација надвор од пешачките текови, на ридот Градиште во близина на тврдината. Воената болница (1964-1971 е изградена според проектот на Јосип Осојник (19231999) во вид на голем ансамбл, составен

Крсто Тодоровски. Републичкиот хидро-метереолошки завод (1977)


Радомир Лаловиќ и Олга Папеш. Ансамблот Банки (1975). Основа и изглед

од пониски структури за поликлиники и од еден десеткатен блок за болнички соби. Неговото просторно обликување и употребените брисолеи потсетуваат на интернационалниот стил. Универзитетскиот центар (1974) на реномираниот словенечки архитект Марко Мушич (1941-) претставува сложен Јосип Осојник. Воената болница (1964-71)

состав од објекти на три факултети и ректорат. Во нив се влегува од едно заедничко плоштатче, кое заедно со пристапните улички наликува на староградски уличен сплет. Објектите имаат динамично расчленети волумени со разиграни облици, што понекогаш поминува во формализам. И овде, како и претходно кај училиштето Песталоци и кај студентскиот дом Гоце Делчев, од здравствен аспект се поставува под прашање оправданоста за изградба на образовни и станбени објекти од натур-бетон. Паралелно со изградбата на новите објекти, во Скопје се прави реставрација и ревитализација на градителското наследство, при што се постигнуваат завидни резултати. Се изготвува план и започнува ревитализацијата на Старата скопска чаршија со обнова на речиси сите монументални објекти во неа.

Марко Мушич. Универзитетскиот центар (1974)

3

22 март 2013 ПОРТА

41


архитектура

Б

42

3

ПОРТА

22 март 2013


DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


спортски храмови

„ШАНГАЈ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“, Шангај, Кина

Тилке ги внесе и Кинезите во Формула 1

В

о обидот да се вмеша во доминацијата на европските автодроми во Формула 1 шампионатот, Кина во 2004 година ја претстави супермодерната патека во Шангај која веднаш беше вклучена во ФИА календарот истата година. „Шангај Интернационал“ е изградена во областа Јиадинг, а Кинезите за нејзината изградба потрошија сума од 450 милиони долари. Целиот проект беше финансиран од Владата, а во заедничкиот потфат со властите работеше и корпорацијата "Shanghai Jia'an Investment and Development Co Ltd". Дизајнот на комплетниот проект почна да се развива само две години претходно, а во експресен рок од само 18 месеци, Кинезите со 3000 инженери вклучени во изградбата на автодромот успеаја навреме да стигнат да го претстават новото „милениче“ на ФИА ФАКТИ за „ШАНГАЈ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ - Шангај, Кина Површина на градба: 146.000 м2 Површина на патека: 22.000 м2 Цена на изградба: 450 милиони долари Капацитет: до 200.000 места Трибини: 150.000 монтажни седишта

44

3

ПОРТА

22 март 2013

и во 2004 година активно да се вклучат во најбрзиот циркус на планетата. Патеката, освен за Формула 1 настани, е активна и во светскиот шампионат за мотоцикли, како и за популарниот V8 Supercar натпревар, кој привлече рекордни 250.000 гледачи уште во 2005 година. Најголемата посета на „Шангај Интернационал“ се случи во 2004 година на премиерната трка во Формула 1 кога 260.000 гледачи се најдоа на трибините за да ги следат најдобрите светски возачи зад болидите на најпопуларните Ф1 тимови. Во 2005 година, компанијата што работеше на изградба на оваа патека го доработи проектот по барање на властите и го зголеми постоечкиот капацитет на трибините за дополнителни 10.000 места. Сепак, основниот капацитет, за да го задржи нивото на безбедност, не би требало да надминува 200.000 гледачи. По отворањето на патеката, Владата + 50.000 централни седишта Период на изградба: 2002 - 2004 Придружни објекти: административна зграда, медицински центар, депо, картинг патека со административна зграда. Дизајн: Tilke GmbH, Германија Архитект: Херман Тилке

Сашо Кузмановски

во Шангај објави дека проектот ќе биде доработен и со отворање на директна железничка линија која ќе ги опслужува сите оние што сакаат да присуствуваат на атрактивните брзински натпревари на „Шангај Интернационал“. Таа е ставена во функција пред две години. Ако при изградбата на спортските стадиони во светот доминира компанијата "Populous", при изградбата на Ф1 патеките главниот збор го има германскиот архитект Херман Тилке. Истиот тој што работеше на дизајнот на патеката во Малезија, го проектираше и ова спортско здание во Кина. Должината на патеката е 5,5 киломертри, а на еден дел од рамните целини возачите можат да развијат и до 300 км/ч.


дизајн

2013

Престижни признанија за љубљанското студио Gigodesign

О

д германскиот дизајн центар "Design Zentrum Nordrhein Westfalen" стигнаа добри вести за љубљанското дизајн студио Gigodesign. Дури четири проекти од ова студио го освоија престижното Red Dot признание за дизајн на производи оваа година. Наградата Red Dot е една од најважните светски дизајнерски награди, која ја доделува 'Design Zentrum Nordrhein Westfalen'. За наградите и почесните признанија оваа година се такмичеа 4.662 производи. Тие беа тестирани, разгледувани и оценувани од страна на 37 членoви од жирито. Свечената церемонија на доделување на наградите ќе се одржи на 1 јули 2013 година во инпресивниот театар 'Aalto' во Есен. Две награди Red Dot добија новите модели на скиите Елан, развиени во соработка со тимот на Елан и студиото SLX Fusion (3D - Лука Степан, графика - Блаж Меѓа) и најновиот Amphibio 14 Fusion (3D Porsche Design Studio, графика - Блаж Меѓа). Почесни признанија добија Elan Delight QT (3D Лука Степан и Домен Газвода, графика Sonda) и новата звучна столица Donar, Station ChairBeatnik.

3

22 март 2013 ПОРТА

45


ентериер

Лустер направен од повеќе модули

M

одуларниот лустер "Hood" е дизајниран за ателјето Lyktan, а премиерно е претставен на Стокхолмската недела на дизајн во февруари оваа година. Лустерот претставува „засолниште“ кое во потполност го исполнува просторот и дава пријатна светлост. Првенствено е

46

3

ПОРТА

22 март 2013

замислен како огромен модуларен лустер, но во зависност од потребите и од самиот простор, може да се гради на повеќе начини. Неговата модуларна функција овозможува да го креирате до големина која вам ви е потребна. Почнувајќи од основните аголни единици, модулите на едноставен начин се додаваат до саканата големина. "Hood" има двојна функција, ги задоволува потребите


ентериер на корисникот за концентрација на светлото на скриени места како работни, конференциски простори но и трпези. Од друга страна, претставува емоционален штит кој, според мислењето на авторот, на сите им е потребен. „Желбата ни беше да им се овозможи на луѓето да го подобрат квалитетот на својот простор, создавајќи соба во поголема соба. Удобноста е за секого. Кога седите под „хауба“ вие се опуштате и почнувата да мислите поинаку. Особено со ваква заштитена форма и под услов светлото да е топло. Се чувствувате поптијатно“.

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk

contact@ontime.mk

+389 75 431 135

3

22 март 2013 ПОРТА

47


технологии

Големото враќање на Трајче Стојанов, дипл.инж.арх.

П

ред неколку години се постави прашањето: чуму десктоп компјутерите кога ги имаме преносните компјутери (читај: лаптопови)? Поеднакво

48

3

ПОРТА

22 март 2013

се моќни, мобилни се (и затоа доста применливи), цената им е слична (дури и поевтина), а згора на тоа, баш е „ин“ да се има лаптоп и тоа „личен“. Буквално: лаптоп за секого. Во една спонтана, но стихијна реакција, корисниците побрзаа

да ги заменат старите десктоп компјутери со „магичните“ лаптопови. Во трка по поефикасен работник, многу компании го направија истото. Аналитичките компании соопштија за страшен пад во продажбата на ПЦ-та и вртоглав раст на продажбите на преносните компјутери. Со други зборови, десктопот го прогласија за мртов, а лаптопот за новиот крал на тронот. Впрочем, тоа и се чекаше, за да се прогласи почетокот на мобилната ера, без разлика што мобилните телефони одамна се прилично популарни. Сепак, по се изгледа кратко траеше времето на лаптовите. Новата ѕвезда се вика таблет компјутер, а ако се погледне подлабоко, ќе се види дека благодарение на него се враќа јунакот од осумдесеттите – ПЦ-то. Очигледно, проекциите ќе мора да се корегираат. Точно е дека таблетот ќе го прати лаптопот во неповрат, но како таблетот го враќа десктоп компјутерот


технологии

десктоп компјутерите на мала врата? Лаптоповите се покажаа навистина згодни, особено поради нивната мобилност, но при професионална употреба се покажаа исклучително неергономски и поради тоа несоодветни за намената. Некако, големиот број на поплаки и предупредувањата од експертите за можни болести и телесни деформации не стигнаа до нашите уши. Но, стигнаа до ушите на други, кои во проблемот видоа предизвик и шанса да завладеат со една штотуку формирана „ниша“ на производи, додатоци, кои треба да ги намалат ергономските недостатоци на лаптоповите. Затоа, се почесто гледаме дополнителни монитори, постаменти, тастатури, рамки прикачени на лаптоповите во канцелариите и друго. И покрај тоа, прашањето е зошто толку напор за да се направат лаптоповите user-friendly? Масите се пренатрупани, каблите се повторно насекаде, имаме дополнителни трошоци за компјутерски елементи. Досега, версатилноста (овозможена поради мобилноста) на лаптоповите беше исклучително важна, веројатно поради недостигот на други мобилни ИТ уреди. Но, сега ги имаме таблет компјутерите, кои со најновите додатоци дејствуваат на ист начин како лаптоповите, со таа разлика што се оптимизирани за уште поголема мобилност.

растојание меѓу нив, неергономичната положба, предизвикува вкочанетост и болки во прстите и рацете. Сето заедно, предизвикува едно подгрбавено, неергономско седење/поставеност, без разлика дали користиме соодветно столче. За жал, студиите покажуваат дека лаптоповите ги направиле корисниците понекорисни наспроти очекувањата . Логично, десктоп компјутерите се враќаат повторно на нашите работни бироа. Но, до нив се почесто сретнуваме и по еден таблет компјутер и секако еден смартфон. Тоа е мобилното тројство, кое ќе биде наше секојдневие. Десктопот ни служи за професионалната работа, таблетот нè организира во еден поинаков формат, со мобилните комуницираме. По завршување на работното време, таблетот и телефонот се тие што нè придружуваат и ни ја даваат потребната мобилност и достапност и за работа и за забава. Користењето на трите уреди во текот на работното време, можеби е идеален микс кој ќе нè натера и да се опуштиме за момент, читајќи документи на таблетот навалени на столицата. Можеби сме осудени да ги носиме професионалните болести со нас, но барем не мора да бидат до тој степен развиени. Денес, телата што

се грижат за безбедноста и здравјето при работа, дефинирале дека се потребни чести паузи од работата пред компјутер, чести вежби, ергономски столици итн. Компаниите сè почесто се обезбедуваат со покомфорна средина, работен мебел и атмосфера. Затоа редовно гледаме фотографии и видеа од познатите светски компании, каде вработените работат во лежерни позиции, со најразлични ИТ уреди во раце. Очигледно, мобилното тројство одлично се вклопува во таквата слика.

НЕДОСТАТОЦИ

Тогаш зошто лаптопови? На лаптоповите особено им се замерува за цврстата врска на екранот со тастатурата, која како што ќе видиме, е главен извор на недостатоците на овој уред. Поставен на работна маса, екранот на лаптопот се наоѓа на премногу блиско растојание од очите поради поврзаноста со тастатурата на која за да може да се користи, условува компјутерот да биде блиску до корисникот. Токму затоа, корисникот мора да работи со наведнат поглед и свиткан врат, кој доколку остане во таква позиција повеќе од неколку часа во текот на денот, почнува да страда од деформитет, кој понатаму предизвикува и други проблеми и болести. Од друга страна, ограничениот простор за поставување на тастатурата во лаптоповото куќиште, малите копчиња и малото

3

22 март 2013 ПОРТА

49


експерт

Збогување со Мајкел Инчбалд

Пионер во примената на современтите материјали во внатрешното уредување Полувековното творештво на Мајкел Инчбалд во доменот на внатрешното уредување и дизајнот на предмети ќе биде запаметено по неговата способност подеднакво брилијантно не само да ги обликува просторите и во традиционален и во модерен стил, туку и да ги комбинира, применувајќи нови материјали преку кои успевал да реализира луксузни решенија со мали средства

Н

а 23 февруари оваа година на 92-годишна возраст почина Мајкел Џон Чантри Инчбалд (Michael John Chantrey Inchbald), еден од доајените на британското внатрешно уредување, кој има оставено зад себе забележителен творечки опус во доменот на внатрешното уредување на луксузни хотели, авионски кабини, како и луксузни бродови и јахти. Тој е роден на 8 март 1920 година во добростоечко семејство. Татко му бил успешен адвокат во Лондон, а неговата мајка, артистка, потекнувала од благородничкото семејство Коуртинеи на грофовите од Девон (The Courtenay Earls of Dеvon). Уште рано во своето детство, Мајкел Инчбалд ја искажал својата исклучителна надареност за уметност, кога на деветгодишна возраст освоил прва награда на национален натпревар во

50

3

ПОРТА

22 март 2013

д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија) цртање. За време на своето обрзование во приватното училиште Шербурн во Дорсет (Sherborne School, Dorset www.sherborne.org), основано во 1550 година, тој го поминувал слободното време во сликање и изработка на модели на возови. Се смета дека големо влијание во неговото формирање одиграло и неговото семејство, и тоа особено вујковците. Постариот вујко, Сер Коуртинеи Периграјн Илберт (Sir Courtenay Peregrine Ilbert, 1841-1924) бил истакнат британски правник едуциран во Бејлиол колеџ во Оксфорд и државен службеник. Тој бил правен советник во Советот на гувернерот на Индија, за кое време го вовел Илбертовиот закон за Британска Индија (1883), а во Британија член на Канцеларијата за правни совети на парламентот, правен советник на Министерството за финансии и извршен раководител на Долниот дом на Британскиот парламент, што овозможило

Мајкел Инчбалд да го посетува својот вујко во зградата на парламентот. Веројатно уште поголемо влијание врз Мајкел Инчбалд извршил неговиот вујко Коуртинеи Адриан Илберт (Courtenay Adrian Ilbert, 1888-1956), кој бил едуциран во Итон и Кингс колеџ во Кембриџ каде завршил математика пред да стане градежен инженер по нискоградба, и се насочил врз изградбата на железнички пруги во Индија. Тој исто така бил и истакнат хоролог (колекционер на часовници) и сопственик на најзначајната приватна колекција на часовници, Илбертовата колекција од околу 2.300 рачни, 40 поморски хронометри и 210 часовници од 15 до 20 век, која по неговата смрт се наоѓа во Британскиот Музеј во Лондон и која, меѓу другото, го вклучува и еден од двата сочувани примероци на Еарншоу 509 хронометарот, коишто биле користени при Eкспедицијата на бродот Бигeл, позната според публикацијата


експерт објавена под исто име, во дневникот на Чарлс Дравин кој бил член на експедицијата. Како дете и во својата младост Мајкел Инчбалд поминувал доста време во домот на својот вујко опкружен со прекрасни примероци на часовници од различни епохи. По обавената Голема тура во Франција и Италија, Мајкел Инчбалд се запишал на престижната приватна Школа за архитектура на архитектонската асоцијација во Лондон (Architectural Association School of Architecture, London), но никогаш не се квалификувал како архитект. За време на своите студии, при крајот на 30-тите години од минатиот век, школата била во центарот на „ортодоксниот“ модернизам и неговите не толку модернистички погледи на архитектурата не нашле на разбирање кај неговите професори и колеги студенти, за коишто орнаментот во архитектурата бил нешто неприфатливо. Во Куќата Станли во Челси, Лондон, на неговиот вујко Коуртинеи Адриан Илберт, Мајкел Инчбалд ја отпочнал и својата долга и плодна 50-годишна кариера како дизајнер на внатрешни простори, мебел и предмети. Неговиот творечки опус е окарактеризиран преку неговата способност подеднакво добро да реализира и „модерни“ но и „традиционални“ ентериери базирани на автентичен антички мебел и оргинални уметнички дела на „старите мајстори“. Веројатно оваа негова исклучителна способност е и причината што тој не успеал да создаде свој уникатен стил, кој потоа би се пренел низ светот. Неговото творештво опфаќа од наградени дизајни за поединечни предмети до тотален дизајн на големи простори. Така, во 1946 година тој добил награда за дизајн на печка на нафта и на безбеден сад за пепел на Натпреварот за Форми на предметите што ќе дојдат, за девет години подоцна да добие и Национална награда за дизајн на столица, за својата „Мамбо“столица во 1955 година, која и денес ја краси колекцијата на музејот Викторија и Алберт (Victoria and Albert Museum - V&A) во Лондон, а во 1957 година била изложена и на Миланското триенале (Milan Triennale).

Тој победил на сите четири национални натпревари за дизајн на коишто аплицирал. Во 50-тите години тој отпочнува со својата творечка работа на големи комерцијални ентериери кои ги вклучуваат внатрешното уредување на управната зграда на електричната компанија „Плеси“, директорскиот кат на Банката на Америка во Лондон, продавницата на тутунскиот гигант „Данхил“ на елитната Џермаин улица во Лондон, работата на ексклузивни ентериери за хотелската група „Савој“ кои вклучуваат внатрешно уредување на простори во хотелите „Савој“, „Клариџис“, како и за хотелот „Беркли“ во Лондон. Веројатно една од најзначајните реализации на Мајкел Инчбалд е Собата на Кралицата во рамките на луксузниот патнички прекуокеански брод „Кралица Елизабета Втора“ од 1969 година, која наликува на сценографија за филмовите на Џемс Бонд од 60-тите години. Собата е наменета како просторија за престој со бар за патниците од прва класа и е со приближно квадратна основа од 32,0 на 30,5 метри и со висина од само 2,8 метри при што од двете страни само со стаклени шибер врати е одделена од страничните променади на бродот. Се чини дека преку оваа реализација Мајкел Инчбалд ја покажал својата виртуозност и од широк квадратен, низок и мрачен создал свеж и воздушен простор, оплеменет со боите на сонцето и природата достоен за аналите на внатрешното уредување, со примена на современи материјали и различни техники за визулено да ја издолжи просторијата и да и даде чувство на висина. Така плафонот е поделен на три сегменти преку своевидни широки и плитки „греди“, кои всушност се облогата на вентилационите канали. Тие се „носат“ од кружни столбови со печуркасти капители во форма на „фанфари“ кои исто така се облога зад која се наоѓаат вистинските носечки столбови. Облогите на столбовите, вентилационите канали и „касетираната“ таваница се направени од перфорирана плоча од бела пластика зајакната со стаклени влакна и осветлена одзади со цел да се создаде ефект на надсветло, пристап кој потоа бил прифатен како стандарден при внатрешното уредување на патничките кабини во авионите. Двата ѕида исто така се изработени на начин преку кој визулено се продложува нивната должината, преку ѕидна облога со вградени огледала и централна зона обложена со „блокови“ од пластика зајакната со стаклени влакна и обложена со ореов фурнир, при што во централната ниша била поставена биста на Кралицата Елизабета Втора. Облагањето со огледала

на тридемензионалните ѕидови не само што визулно ја намалува тродимензионалноста туку и сугерира дека тие се само паравани зад кои се наоѓаат други простори. Теписонот за просторијата специјално бил дизјаниран од Мајкел Инчбалд, кој во оваа прилика преку иновативна примена на две бои во комбинација со сечени и несечени јазли успеал да постигне ефект како теписонот да е направен во четири бои. „Фанфарната“ тема на столбовите се рефлектира и во дизајнот на школкастите столици од бела зајакната пластика со стаклени влакна, тапацирани со кожа во боја на кафе и со комплементарни кружни масички завршени во оревово дрво, а со основа во форма на превртена „фанфара“ од полиран алуминиум. Во 1960 година Мајкел Инчбалд ѝ помогнал на својата сопруга Жаклина, во рамките на Куќата Станли да ја основа приватната школа за внатрешно уредување и уредување на градини, The Inchbald School of Design, која и денес се смета за една од најеминентните приватни школи за внатрешно уредување во земјата. Полувековното творештво на Мајкел Инчбалд во доменот на внатрешното уредување и дизајнот на предмети ќе биде запаметено по неговата способност подеднакво брилијантно не само да ги обликува просторите и во традиционален и во модерен стил, туку и да ги комбинира, применувајќи нови материјали преку кои успевал да реализира луксузни решенија со мали средства. Тој бил еден од пионерите во примената на современтите материјали во ванатрешното уредување, и преку неговата способност успешно да реализира ентериери не само за аристократските и плутократските домови во Лондон, туку и за најпрестижните компании во светот.

3

22 март 2013 ПОРТА

51


еко инфо брисел

европа годишно рециклира 25% од отпадот Европската агенција за статистика Eurostat објави дека просечниот Европеец годишно создава 503 kg отпад. 37% од отпадот завршува на депонии, 25% се рециклира, а 15% се компостира. Околу 23% од отпадот се користи за добивање енергија со согорување. Најнапредни држави во третирањето на отпадот се Германија, Холандија, Шведска, Белгија, Австрија и Данска, кои скоро и да немаат депонии. Во најлоша состојба од земјите членки се Бугарија (94% од отпадот завршува на депонии), потоа Малта (92%) и Романија (99%). Европските директиви од 2008 година налагаат рециклирање на најмалку 50% од отпадот од домаќинствата до 2020 година.

(Euractiv)

сАрАево

бих најбогата со вода за пиење во регионот

Според податоците на Светска банка за 2012 година, Босна и Херцеговина е најбогата со вода за пиење по глава на жител во регионот, и седма во Европа. Според водните ресурси, БиХ е побогата од многу земји во светот како Кина, Франција, Германија и САД. Второто место во регионот ѝ припаѓа на Словенија, додека на самото дно се Македонија и Србија. (TRTBosanski)

будимпештА

голем интерес за енергетската ефикасност во унгарија

52

3

ПОРТА

Според анкетата на унгарскиот институт Energiaklub, вкупно 24% од Унгарците планираат да инвестираат во енергетска ефикасност. Притоа, повеќе од половината планираат да постават дополнителна топлинска изолација со цел заштеда на трошоците за енергенти. 15% од заинтересираните планираат да ја реализираат својата инвестиција до 2014 година, додека 24% во следните три години. (Budapest Bussines Journal) 22 март 2013


еко инфо букурешт

инвестиции во електрани на ветер Италијанската енергетска компанија Enel, која е воедно и најголем приватен дистрибутер на енергија во Романија, инвестирала над 650 милиони евра во електрани на ветер во Романија во последните три години. Во 2012 година нејзините инвестиции во енергијата од ветерот достигнале 251 милиони евра, а во моментот вкупната инсталирана моќност на компанијата во оваа земја изнесува 500 MW.

(Ziarul Financiar)

тексАс

локомотиви на природен гас

Американската железничка компанија BNSF Railway во текот на 2013 година планира да спроведе испитувања за можноста за примена на природниот гас како алтернатива на дизел горивото. Ако експериментот успее, тоа ќе значи конечен крај на доминацијата на нафтените деривати во сообраќајот во САД. Инаку, BNSF Railway е трет по големина американски оператор во сферата на железничкиот товарен транспорт и воедно втор по големина американски потрошувач на дизел (на првото место е Морнарицата на САД). (The Wall Street Journal)

АмстердАм

KLM лета „зелено“

Холандскиот авиопревозник KLM го изврши првиот прекуокеански лет до САД користејќи биогориво. Компанијата објави дека ќе користи биогориво за редовниот комерцијален лет од Амстердам до Њујорк. Биогоривата можат да ја намалат емисијата на стакленичките гасови за 80%, но чинат три пати повеќе од конвенционалното авионско гориво. (UPI)

подготви: Даниела МлАДеНОВСКА

3

22 март 2013 ПОРТА

53


екологија

Ново исклучување на светилките за спас на планетата Сашо Кузмановски

С

ветскиот фонд за дивиот свет (WWF) повторно ги повика луѓето ширум светот да учествуваат во „Часот на Земјата 2013“ – најголемото исклучување во историјата. Во 20.30 часот на 23 март стотици милиони луѓе низ целата планета ќе ги исклучат светлата во своите домови на еден час, за да покажат дека се грижат за иднината на нашата планета. Минатата година во оваа иницијатива се вклучија 6.950 градови во повеќе од 152 земји. Одлучноста да ѝ се помогне на планетата може да се покаже со едноставно исклучување на светилка во домот, но и преку исклучување на илуминацијата на гигантски структури како што се Биг Бен, Таџ Махал или Сиднејската опера. Според организаторите, светски

54

3

ПОРТА

22 март 2013

познатите готвачи Гордон Ремзи, Џејми Оливер, Кен Хом и Вал Варнер подготвиле рецепти за да ги охрабрат семејствата и пријателите да зготват специјална вечера за оваа пригода, во која потоа ќе уживаат под свеќи, за време на „Часот на Земјата“. Рецептите се достапни на wwf. org.uk/earthhour, а ги почитуваат следните принципи на WWF за здрава исхрана: - Јадете повеќе растенија - Фрлајте помалку храна - Јадете помалку месо - Јадете помалку преработена храна - Јадете сертифицирана храна (произведена според утврден стандард) Од WWF нагласуваат дека ако сакаме безбедна иднина за нашата планета мора да се тргнеме настрана од фосилните горива и да се насочиме кон чистата,

1

Настанот „Часот на Земјата“ на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) е единствен годишен феномен, кој го фокусира светското внимание на нашата неверојатна планета и на тоа колку ни е потребно да ја заштитиме. Колку побргу владите ја зголемат поддршката на обновливите извори на енергија толку подобро за нас, од финансиски и од еколошки аспект, коментираат екологистите.

обновлива енергија. Колку побргу владите ја зголемат поддршката на обновливите извори на енергија толку подобро за нас, од финансиски и од еколошки аспект, коментираат од WWF. „Часот на Земјата“ почна во еден град во 2007 година и до 2012 година вклучи стотици милиони луѓе во 152 земји на сите континенти, добивајќи го статусот „најголемата светска кампања за планетата“.

Со конкретни чекори до победа за Земјата

Дел од „Часот на Земјата“ е и иницијативата Earth Hour City Challenge, која е покрената за да ги афирмира градовите што преземаат значајни чекори кон 100- процентна одржлива иднина.


екологија

Според последните мерења, градовите создаваат повеќе од 70 отсто од светските емисии на СО2. Предизвикот на WWF ги кани градовите да поднесат реални и остварливи планови за урбан развој, кои во голема мера го зголемуваат користењето на одржливи видови енергија во градовите. Меѓународно жири ги разгледува поднесените урбанистички планови, плановите за транспорт,

енергија и храна, односно решенијата што го прават градот позелен и почист и го зголемуваат животниот стандард на неговите жители. Годинава, од пријавените 66 градови од пилот-земјите учеснички во овој предизвик, жирито на WWF ги избрало следниве 17 финалисти: - од Канада: Ванкувер, Колвуд, Сари - од Индија: Делхи, Коимбаторе, Кочин - од Италија: Форли, Сиена

- од Норвешка: Осло, Ставангер, Арендал - од Шведска: Малме, Стокхолм, Упсала - од САД: Чикаго, Синсинати, Сан Франциско Организацијата на WWF во Русија, пак, ќе го одбележи „Часот на Земјата“ со петиција да се забрани сечењето на заштитените шуми за индустриски цели. Екологистите во Русија сакаат да обезбедат повеќе од 100.000 потписи за да се поднесат амандмани на постојната легислатива за заштита на шумите. Во Русија, како што информираат од earthhour.org, по 70 години заштита, во 2009 и 2010 година неколкупати биле променети законите за да се овозможи сечење на заштитени шуми за индустриски потреби. Овие шуми ја заштитуваат водата за пиење, плодноста на почвите, стабилноста на климата, чистиот воздух, а претставуваат и засолниште за бројни растителни и животински видови. Затоа, како што велат екологистите, потребна е итна промена на законите за заштита на шумите. Во Боцвана, пак, во наредните четири години ќе се засадат милион дрвца за обнова на шумите, како дел од предизвикот на „Часот на Земјата 2013“. Акцијата се планира да почне со садење 100.000 дрвца во сериозно деградирана област на југот на оваа земја, наречена Гудхоуп, а ќе продолжи и во североисточните и западните делови на Боцвана.

3

22 март 2013 ПОРТА

55


хортикултура

ПРИРОДНА ЗАШТИТА ОД БУЧАВА Растенијата во централното градско подрачје не само што апсорбираат јаглероден диоксид, влијаат врз локалната микроклима и спречуваат ерозија, туку во голема мера можат и да ја пригушат бучавата Филип Филипоски,

Б

учавата е еден од главните фактори за намалениот квалитет на живеење, особено во урбаните средини, каде константно е присутна. За да се постигне намалување на бучавата, најчесто се користат бариери од најразлични материјали, не земајќи ја предвид едноличноста и монотонијата што може да ја предизвикаат. Единствена предност како решение за заштита од бучава е тоа што зафаќаат помала површина, но не може да се каже дека имаат поголем ефект

56

3

ПОРТА

22 март 2013

дипл.шум.инж.

од растителните паравани, бидејќи во целост ја одбиваат бучавата, но не ја апсорбираат. Исто така, од растителните паравани може да се искористат низа други придобивки. Растенијата во централното градско подрачје не само што апсорбираат јаглероден диоксид, влијаат врз локалната микроклима и спречуваат ерозија, туку во голема мера можат и да ја пригушат бучавата. Големината на звукот изразена во децибели (dB) е различна во различни делови од градот. За таа цел потребно е да се направи правилен избор на видови за

формирање на растителни паравани со што би се намалила бучавата до нејзино целосно загушување. Бучава која се движи од 60 до 120 dB е штетна по здравјето. За време на викендите во подоцнежните часови, се забележува зголемена бучава, која може да биде поголема од 80 dB. Ваквата бучава предизвикува зголемен крвен притисок, премореност и нервоза. Од 90 - 110 dB почнува да се чувствува и вибрации, а кај луѓето може да предизвика наглувост, додека бучава на 170 dB предизвикува смрт. Степенот на заштита од бучава зависи


Зелен заштитен појас во Букурешт

од составот, густината и длабочината на насадот. Според USDA, правилно дизајниран параван од дрвја и грмушки може да ја намали бучвата за околу 10 dB. Насадите од листопадни видови со средна густина и ширина од 8 метри ја намалуваат бучавата на сообраќајот до 15 dB. Добро развиен шумски масив со широчина од 30-35 метри ја намалува бучавата од сообраќајот до 25 dB, а на растојание од 250 метри потполно го намалуваат или одбиваат звукот. Најдобар ефект се постигнува ако се користат листопадни видови со густа крошна, и поситни ливчиња. Насадите треба да бидат подигнати од комбинација од дрвја и грмушки, така што пред изворот на бучава би имало тревен појас, па потоа појас од грмушки, а најдалеку појас од дрвја. Со овој начин на подигање заштитни појаси, покрај тоа што растенијата апсорбираат голем дел

од бучавата, во голема мера ја пренасочуваат во височина. Како видови најповолни за подигнување на ваков тип на насади се: Tilia cordata, Popolus sp; Quercus robur, Carpinus betulus, Acer platanoides. Во Скопје, во минатото можеа да се сретнат голем број на вакви дрвни масиви, најчесто од тополи, кои служеа како заштита помеѓу фреквентните сообрајаќници и станбените блокови. Најголем дел од нив сега се исечени, а површините на кои тие се наоѓаа, за жал, дел се поплочени, а на дел се подигнати паркови кои на изглед се далеку поубави и како дизајн и како архитектонско решение, но од практична гледна точка, во моментов не можат во целост да ја покријат санитарната функцијата на старите насади, поради тоа што станува збор за млади насади, кај кои придобивките би се искористиле во иднина.

3

22 март 2013 ПОРТА

57


енергетска ефикасност

Според препораките на Европската Унија

Современата градба отвора но

Н

а Македонија и недостигаат градежни работници, кои се оспособени за воведување на предвидените мерки за енергетска ефикасност. Доколку нашата земја ги следи препораките на ЕУ за енергетската ефикасност и користење обновливи извори на енергија, потребно е годишно да реновира 1.157 милиони квадратни метри станбен фонд. За тоа, според предвидувањата на Стопанската комора, во градежниот сектор ќе треба да се вработат нови 9.800 до 14.000 работници. Најпотребни ќе бидат ѕидари, фасадери и инсталатери, како и за струки поврзани со инфраструктурата за енергија, електричари, изолатори. Според првичните пресметки, за обука по работник, зависно од нивото на квалификации, се неопходни од 100 до 300 евра или 4,5 милиони евра за околу 1.500 лица. „Сега не постои толкав потенцијал и Македонија не може да излезе во пресрет

58

3

ПОРТА

22 март 2013

на тие барања за обука на работници. Затоа се даваат препораки колку средства да се бараат од ЕУ со што ќе се овозможи тренинг во насока на исполнување на потребните стандарди“, рече Ристо Иванов, проектен координатор на проектот „Билд ап скилс“. Согласно Европската платформа за квалификации, додава Иванов, во Македонија не постои таков систем, но има обуки и работници кои ги посетуваат тие обуки. Сепак, сето тоа не се однесува на работници кои се обучуваат за воведување на мерки за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Сите потреби кои треба да ги направи Македонија на полето на енергетската ефикасност се дадени во предлог-извештајот за капацитетите на градежниот сектор во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во Македонија и Статус кво-анализата за градење капацитети во градежниот сектор. Овој проект е првиот одобрен проект во

Македонија од ЦИП-програмата на ЕУ. Во извештајот се вели дека минималната годишна побарувачка на работна сила во секторот високоградба за реализирање на мерките за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија ќе изнесува 49.000 работници, а максималната годишна побарувачка на работна сила 53.400 работници. Од оваа побарувачка на работна сила, за 10.000 работници постои потреба за нивна обука. Во извештајот се вели дека има голема фрагментираност на прептријатијата од градежниот сектор. Најголемо учество имаат претпријатијата со еден до девет вработени и изнесува околу 79 отсто. „Во последните две години се намалува учеството на претпријатија со повеќе од 50 вработени, а се зголемува учеството на микро претпријатија кои имаат од еден до девет вработени и на малите претпријатија кои бројат до 49 вработени“, наведено е во извештајот. Според Националната класификација на занимања во Македонија постојат 23 групи со 113 детални занимања поврзани со секторот високоградба. Од нив 79 занимања имаат директна инволвираност во мерките за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Од направените анализи за структурата на вработените во градежништвото евидентно е дека старосната граница кај директните работници е над 50 години. Ваквата состојба е резултат на ниските плати и имиџот на секторот кај младите. Голем број на работници го напуштаат секторот високоградба, а мал е бројот на влез од редот на невработени или завршени ученици и студенти. Македонските градежни работници со ангажирање на странските пазари стекнуваат поголемо искуство, посебно во делот на вградување на нови градежни материјали и примена на нови технологии. Оценката на релевантните засегнати страни е дека нивото на неформалното вработување или сива економија во секторот на високоградба во Македонија изнесува од 20 до 30 отсто од сегашните формални вработувања. Според податоците од Агенцијата за вработување на Македонија лани вкупниот број на невработени лица кои се работници директно вклучени во градба изнесува околу 13 илјади лица од кои вработени биле 1.258. Во градежништвото специјализацијата на претријатијата не е застапена. Исто


енергетска ефикасност

ви работни места за ѕидарите така, отсуствуваат податоци за групите на градежни претпријатија за високоградбата, производители на градежни материјали, фирми за занаетчиски работи, претпријатија специјализирани за енергетска ефикасност и претпријатија специјализирани за обновливи извори на енергија. Оваа година според информациите во извештајот, секторот високоградба ќе се соочи со сериозни предизвици затоа што се очекува намалена изградба на станбени објекти за населението поради ограничениот пристап до потрошувачки кредити, намалена инвестициона активност на странските пазари каде што настапуваат градежните претпријатија, воздржување на инвеститорите од економска активност, зголемување на невработеноста, законски барања за примена на мерки за енергетска

ефикасност за новизградените објекти. Вредноста на работите за воведување мерки за енергетска ефикасност ќе изнесува околу 180 до 250 евра за метар квадратен во зависност од староста на објектот. За остварување на препораките на ЕУ за годишната стапка на реконструкции на станбен фонд и јавни згради, со цел имплментирање на енергетски ефикасни мерки, би биле потребни околу 200 милиони евра годишно и тоа 166 милиони евра годишно за приватниот станбен фонд и 39 милиони евра годишно за јавните згради. Од почетокот на идната година предвидено е и доделување на првите енергетски пасоши за објектите, кои ќе ги издаваат енергетски контролори. Тие првично ќе ги контролираат јавните институции, а со следната

фаза и сите приватни објекти. „Пасошите нема да ја зголемат цената на становите, куќите, зградите, ќе бидат само новина која ќе значи потврда за квалитетот. Точно ќе се знае дали и какви екоматеријали се вградени и за каков стандард станува збор. Според тоа ќе се знае и каква налепница и каков енергетски пасош ќе биде ставен на објектот“ , вели Лазар Гечевски, претседател на насочувачкиот комитет на проектот „Билд ап скилс“. Во согласност со новата директива на ЕУ, од 2014 година секоја држава, вклучувајќи ја и нашата, ќе мора да спроведе најмалку три отсто енергетска ефикасност на годишно ниво, а до 2018 година треба да има имплементирано до девет проценти. К.С.Т.

3

22 март 2013 ПОРТА

59


енергетска ефикасност

Волната, освен за топла облека, служи и за топол дом

Од еколошки и од здравствен аспект, користењето овча волна е едно од најдобрите решенија. Волнените влакна имаат слична топлинска спроводливост како и стаклените и минералните влакна, материјали кои се веќе етаблирани во овој сектор од градежништвото, со многу предности во однос на апсорпцијата на влагата, чистењето на воздухот и одржувањето на чистата околина.

П

ознатата изрека „природно си е природно“, иако беше кажана во рекламен блок на хумористична тв-програма, сепак, сè повеќе се потврдува во многу области од современото живеење, а особено во градежништвото. Како што енергетската ефикасност станува главен предизвик на денешното градење, така и природните материјали се враќаат во употреба.

60

3

ПОРТА

22 март 2013

Тоа во голема мера докажува дека човештвото отсекогаш градело во склад со околината и со тенденција максимално да ја искористи нејзината природна енергија. Ова најдобро може да се види во тоа што објектите од 19 век, дури и во нашето поднебје, се многу „поштедливи“ отколку оние изградени од 50-тите години наваму (додека повторно почна да се гради свеста за ефикасното користење на енергетските ресурси). Но во други

случаи, тоа носи и сосема нови начини на употреба на природните материјали, кои иако се користеле илјадници години, сепак не биле во функција да ја одржуваат пријатната температура во домовите. Волната, на пример, со векови била основата на облеката на човекот, особено во руралните средини, но не наоѓала место во ѕидовите. Волнените таписерии од пред неколку века, кои сега се чуваат во музеите и достигнуваат огромна вредност


енергетска ефикасност

Акустишни Панели од волна и дрво

THERMAFLEECE изолација од волна

Панели од волна

Панели од волна

на аукциските продажби, пред сè имале декоративна функција во домовите на аристократијата. Денес, употребата на волната во градежништвото, како изолациски материјал, е се почест случај. Од еколошки и од здравствен аспект, користењето овча волна е едно од најдобрите решенија. Волнените влакна имаат слична топлинска спроводливост како и стаклените и минералните влакна, материјали кои се веќе етаблирани во овој сектор од градежништвото. Панелите од волна можат да бидат флексибилни, но и крути ако се користи врзивно средство, кое не мора ниту да биде синтетичко, може да биде биоразградливо или од материјал кој се рециклира. Но каде е големата предност на овој природен материјал? Во апсорпцијата на влагата. Таа може да апсорбира влага дури до 40 отсто од својата вкупна маса, а сепак да се однесува

како сув материјал. Со тоа може да ги реши проблемите што кондензацијата ги создава во внатрешните простори и да го минимизира ризикот од појава на влага и на мувла, без воопшто да си ги намали термоизолациските својства. Истовремено го топли домот и ја регулира влагата во него. Вештачката минерална волна исто така може да ја апсорбира влагата, но во тој случај си ги намалува термичките особини, станува послаб изолациски материјал. Не и природната волна. „Освен што штетната кондензација ќе биде намалена, и воздухот ќе биде почист. Волната има единствена способност да ги разложува испарливите органски соединенија како формалдехидот, азотниот диоксид, сулфурниот диоксид и други, со што внатрешниот воздух добива многу повисок квалитет. Бидејќи содржи многу азот, таа има и многу висока

точка на палење, дури на 560 Целзиусови степени. Не гори, не го поддржува огнот и самата се гаси“, вели Светлана Петровска од Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој. Меѓу другите предности, волната и текстилниот отпад не само што се барем подеднакво квалитетни (од некои аспекти и поквалитетни) од традиционалните изолациски материјали, тие се и поевтини. Освен тоа, почиста станува и околината, бидејќи материјалите што во друг случај би биле фрлени на депонии, сега може да се искористат и да придонесат за подобра енергетска ефикасност на многу домови и деловни простории. Изработката на панелите, пак, може да отвори нови работни места, дури и да заживее некои региони, запирајќи го иселувањето од нив. К.С.Т.

3

22 март 2013 ПОРТА

61


совети

ДОМА А НАДВОР

160

Со затоплувањето на времето почнав да размислувам за уредување на нашиот балкон со димензии 1,6 х 3 м. Би сакала местото да биде место за уживање за мене, сопругот и двогодишниот син.

З

а престој на отворено треба да се внимава при изборот на мебел бидејќи тој постојано треба да остане надвор. Затоа изберете мебел кој е отпорен на влага, а е лесно подвижен. Воедно материјалот од кој е направен треба да е лесен за да не го оптовари балконот. Убаво изгледа мебел од дрвени летвички кој може и сами да го направите. Едноставните елементи може да се комбинираат со перници и да служат за седење или лежење, а без нив да бидат масички. Балконот е доволно голем за да направите и мал песочник

300

Марија Трајкова, Аеродром,Скопје

за вашето дете. Тој за него ќе донесе многу радост, а за вас неколку саати потребен мир. Поставете многу цвеќе на масите од летвички, а пластичните кутии кои можат да се најдат по пазарите нека бидат замена за жардиниери. Потесната страна од балконот заштитете ја со параван од вертикално поставени летвички, кој воедно ќе биде и потпора за ползечкото зеленило. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.,

bsavic@porta3.com.mk

62

3

ПОРТА

22 март 2013


најчудни градби

ТЕЛЕВИЗИСКА КУЛА СО ЏИНОВСКИ БЕБИЊА

Т

елевизиската кула „Жижков“ која се наоѓа во Прага, во главниот град на Чешка, може слободно да го носи епитетот најчудна трансмитерска кула. Сигурно ги паметите примерите на феноменални конструкции од овој тип, како онаа во Торонто, или во Сан Франциско, па се до далечниот исток во Токио, но верувајте вакво нешто немате видено во животот. Кулата е градена во периодот помеѓу 1985 и 1992 година. Дизајнирана е од архитектот Вацлав Аулицки и структурниот инженер Јиржи Козак. Името го добила според областа „Жижков“, која се наоѓа на врвот на еден од повисоките ридови во Прага, а која доминира над хоризонтот на оваа чешка метропола. Самата структура на кулата е неконвенционална и се состои од три носечки столбови, кои завршуваат со метални завршетоци. Еден од столбовите има поголема височина, и во него се наоѓаат антенските елементи. Помеѓу основите, се наоѓаат три клучни платформи или простори за опрема за пренос. Ако се смета највисоката точка на носечкиот столб, тогаш кулата е висока 216 метри. Секоја од платформите е составена од два дела, што значи дека се поделени на девет области. Горната област служи за опремата за емитување на радио и тв сигнали, додека долниот дел, кој се препознава по прозорците служи како зона за посетителите. На највисоката кота се наоѓа посебна платформа за набљудување која се наоѓа на висчина од над 100 метри.

Драган Ристов

Од неа се гледа феноменален поглед на Прага во дијапазон од 360 степени. Лифтот е брз бидејќи може да се движи и со четири метри во секунда. Кулата е тешка 11.800 тони. Таа е членка на Светската федерација на големи кули. Иако кулата е уникатна, нејзиното градење во ерата на комунизмот ѝ донело низа имиња со кои се асоцира на овој период од историјата на Чешка. Некои ја нарекувале „Бајконур“ по теркот на космодромот во Казахстан, во времето на СССР, потоа „Јакушев прст“ по карактеристиката на генералниот секретар на Чешката комунистичка партија и други имиња. Некои дури и додаваат дека кулата била изградена за да ги попречува западните радио сигнали на територијата на Чешка а со тоа и ширење на капитализмот, заради што и конструкцијата била толку висока. Втората компонента е што била изградена близу еврејски гробишта, заради што долго време имала лоша репутација и самите жители на Прага немале позитивно мислење за градбата. Во 2000 година, чешкиот уметник Дејвид Черни направил уметничка инсталација поставувајќи џиновски бебиња како се качуваат по основите на кулата. Ефектот бил позитивен, дури и го променил ставот на жителите кон објектот заради што градските власти одлучиле бебињата да останат на кулата како трајно обележје. Во 2012 година, кулата претрпела одредена реконструкција, заради што ресторанот бил затворен. Но, денес е повторно во употреба и е важна туристичка алка во најчудната трансмитерска кула на светот.

3

22 март 2013 ПОРТА

63


излог 1

1. Ѕиден часовник 2 Puntos од шпанската компанија Nomon. Структурна композиција од два челични прстени, од индустрискиот дизајнер х.м. реина. 2. Дизајнерите со хрватско потекло од Brigada креираа клуб масичка која има голем број на прегради за чување на весници, списанија и книги на многу ефикасен и прегледен начин. 3. Столна ламба калимеро од Kaschkasch Cologne - визуелно многу едноставна и високо-техничка во исто време. Изворот на светлина е поврзан со полутопката со магнет, со што се овозможува насочување на светлината во која било насока. 4. Масичка пинокио. Носачот на масичката (Пинокио) е изработен од дрво со висина од 73 см, кој ја носи стаклената површина. Дизајнирана е од компанијата Valsecchi1918. 5. Работна маса со ротирачки фиоки во која се споени висок инженеринг и рачна изработка, со кои се овозможува сите компоненти на металното тело да се структурни и функционални. Дизајнот на Alessandro Isola & Supriya Mankad од M Lab е комплетиран со впечатлив простор за пенкала и писма. подготви: Сандра ДОНЧеВА ТеОХАРОВА, дипл.инж.арх.

2

64

3

ПОРТА

22 март 2013


излог

4

5

3

3

22 март 2013 ПОРТА

65


инвестиции

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НАПРАВИ ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ ВО 2012 ГОДИНА

А

дора Инженеринг во периодот меѓу двата саеми на недвижности, во текот на 2012 година, продаде околу 270 елитни станови во Скопје, Охрид и Струмица, комплетно заврши и предаде во употреба 300 станови во Скопје и изгради нови 300 висококвалитетни станови во општината Аеродром, Ново Лисиче-Скопје. Со вкупен годишен обрт од околу 50 милиони евра и вградени 22 илјади метри кубни бетон и 2,5 илјадни тони железо во станбено-деловните објекти, Адора Инженеринг е на врвот на најуспешните градежни компании во Македонија и меѓу најуспешните излагачи на саемот на недвижности RealExpo 2013 во Скопје, за чија поддршка компанијата доби благодарница од саемот на недвижности. Адора Инженеринг е единствената компанија од Македонија што го доби високото меѓународно признание 66

3

ПОРТА

22 март 2013

од Европската Бизнис Асамблеа за најуспешно претпријатие и за најуспешен менаџер во 2012 година. За 10 години постоење, компанијата се разви во лидер во високоградбата. Како брзорастечка компанија во последните пет години таа постојано се искачува на ранг листата на најуспешните претпријатија и од 165то место во 2007-ма година, во 2011-та година се искачи на 20-тото место, а очекувањата се дека во 2012 година компанијата ќе биде рангирана меѓу 15те најуспешни фирми во Македонија. „Саемот на недвижности е голема придобивка за подобрување на бизнис климата во државата, што ги мобилизира субјектите во градежништвото и ги поттикнува инвеститорите да се докажуваат на полето на економскиот натпревар. На Саемот на недвижности RealExpo Скопје-2013, на штандот на Адора Инженеринг се склучени 10-тина договори за

продажба на станови, со што купувачите кои беа наградени со специјален саемски попуст и наградно патување во Дубаи, потврдија дека квалитетниот, сигурен и современ дом ја има довербата кај граѓаните. Во време на глобална економска криза сметам дека владата треба да продолжи со мерките за поддршка на градежниот сектор со добрата бизнис клима, за што е неопходен рамноправен третман на домашните и странските инвеститори, кои не смеат да бидат привилегирани од државата“.- порача ген. дир. на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој потенцира дека компанијата целосно го исполни тоа што го вети минатата година на саемот, за изградба на 300 нови станови во Скопје, кои се во завршна фаза, се карактеризираат со врвен квалитет по светските стандарди и имаат поволна цена, со што го одржа јавно дадениот збор пред конкурентите во градежниот сектор.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.