207issuu

Page 1

Коце трајановсКИ:

Подземната сообраќајница ќе биде мегапроект

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 207 / ПЕТОК 17.05.2013 година IX

Мал Холивуд во Штавица, Итар Пејо во Витолиште

Ајде да играме фудбал на покрив!



ГОДИНА iX

БРОЈ 207 ПЕТОК 17.05.2013 Редакција:

драгИ чИтателИ, во нашите животи. Промени кои имаат неверојатен ефект врз општеството. Промени кои ја пишуваат светската историја. Луѓето повторно ќе читаат вести, но тоа ќе биде преку Интернет. „Според предлозите на скопјани, во наредните четири години ќе се посветиме на решавање на сообраќајниот метеж, на комуналната хигиена и на подигнување нови зелени површини. Само за пример, од областа на сообраќајната и подземната инфраструктура во мојата програма се застапени 62 проекти, а заштитата на животната средина, зеленилото и јавната хигиена се опфатени со 30 проекти“, вели во интервјуто за „Порта 3“ Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје. „Црвена листа на загрозени“ отсега и за екосистемите. Меѓународен тим научници почна да подготвува нова „Црвена листа“ и за загрозените екосистеми, која ќе ги класифицира екосистемите како ранливи, загрозени или критично загрозени, и ќе создаде јасна слика за состојбата со природните живеалишта низ целиот свет.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ДЕТАЉ ОД ФАСАДАТА НА ШКотсКИот парламент ВО ЕДИНБУРГ

,

од редаКцИјата

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ:

Подземната сообраќајница ќе биде мегапроект

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Мал Холивуд во Штавица, Итар Пејо во Витолиште 90 денари / БРОЈ 207 / ПЕТОК 17.05.2013 година IX

Соочени со желбата градовите да ги претвориме во метрополи, исполнети со нови згради, урбанистички чуда, нови патишта, споменици, тротоари или паркови, потполно се заборавени селата во Македонија. Карактеристичен е примерот со градот Штип, кој во повоена Македонија можеше да се пофали со навистина богати села. Денес, за жал, нема ништо од тоа. Новиот штипски градоначалник, Илчо Захариев, наместо со крупни зафати од центарот на Штип или во поединечни урбани заедници, својата мисија ја започна од штипските села, со нивна ревитализација. Белградскиот клуб ФК Вождовац доби нов стадион, модерен објект со 5.000 места. Тоа и не би била вест посебно вредна за внимание, ако новиот објект не е еден од четирите во Европа, кои комбинираат трговски центар и стадион како единствен објект. На кровот од трговскиот центар, некои дваесетина метри над земја, се наоѓаат фудбалскиот терен, трибините и придружните содржини. Приказната за Руперт Мердок и Џулијан Асанж е приказна за неминовните промени што информатичката технологија ги донесе

Ајде да играме фудбал на покрив! Автори: енрИК мИралес И "RMJM"

ИНТЕРВЈУ 06

РУРАЛНА МАКЕДОНИЈА 10 ПОТРЕБНО Е МАЛКУ, ЗА ДА СЕ ВИДИ МНОГУ

АРХИТЕКТУРА 20

АЈДЕ ДА ИГРАМЕ ФУДБАЛ НА ПОКРИВ!

06 28

ЗДАНИЕ КОЕ ИЗНИКНУВА ОД ЗЕМЈАТА

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати:

АРХИТЕКТУРА 28 ТОЧКИ ВО ОСНОВАТА, ЛИНИИ ВО ПРОСТОРОТ

Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ТЕХНОЛОГИИ 39 24

ЕКСПЕРТ 42

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

НА СВОЈ РИЗИК!

ЕКОЛОГИЈА 46

„ЦРВЕНА ЛИСТА НА ЗАГРОЗЕНИ“ ОТСЕГА И ЗА ЕКОСИСТЕМИТЕ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

РЕПОРТАЖА 50

МАЛ ХОЛИВУД ВО ШТАВИЦА, ИТАР ПЕЈО ВО ВИТОЛИШТЕ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 24

ЛУЃЕТО ПОВТОРНО ЌЕ ЧИТААТ

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

20

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: ПОДЗЕМНАТА СООБРАЌАЈНИЦА ЌЕ БИДЕ МЕГАПРОЕКТ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

50

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 17 мај 2013

3


инфо

Б

ÑÎÎÏØÒÅÍÈÅ ÄÎ £ÀÂÍÎÑÒÀ çà ïðîòèâïðàâíî êîðèñòå�å íà èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ� Êèðèë è �åòî�è¼� âî Ñêîï¼å Èì ñå ñîîïøòóâà íà äåëîâíàòà è íà ïîøèðîêàòà ¼àâíîñò äåêà Çàâîäîò çà è�ïèò�âà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å, îä 2009 ãîäèíà ïðîòèâïðàâíî âî íàçèâîò íà ñâî¼àòà ôèðìà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Íà îâî¼ íà÷èí ãè äîâåäóâà âî çàáëóäà äåëîâíèòå è äðóãèòå ñóá¼åêòè âî Ðåïóáëèêà Ìàêåäîíè¼à è ïîøèðîêî äåêà ñå ðàáîòè çà èíñòèòóöè¼à âî ñîñòàâ íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å ñîîïøòóâà äåêà ñòàòóñîò ïðèäðóæíà ÷ëåíêà íà Óíèâåðçèòåòîò, Çàâîäîò çà èñïèòóâà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å ãî èìà èçãóáåíî ñî Îäëóêà íà Óíèâåðçèòåòñêèîò ñåíàò è ñî ïðàâîñèëíà è èçâðøíà ïðåñóäà íà Îñíîâíèîò ñóä Ñêîï¼å 2 - Ñêîï¼å, à ñî òîà ãî èìà èçãóáåíî è ïðàâîòî äà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò. Óíèâåðçèòåò �Ñâ� �èðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å

3

17 мај 2013 ПОРТА

5


скопје

Интервју со Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје

Подземната сообраќајница ќе биде мегапроект Подземната сообраќајница треба да биде долга 1.300 метри, од кои 900 метри се под земја, а 400 метри над земја. На овој капитален проект работиме веќе неколку години и тој ќе биде вистинска круна на сообраќајните решенија во Скопје. Катерина Спасовска Трпковска терен, проектите се завршуваат навреме, без одолговлекување и без застој. Оваа година ќе работиме на изградба на подземна сообраќајница под кејот на реката Вардар, на проширување на улицата Трета македонска бригада, на продолжување на булеварот Партизански одреди кон Ѓорче Петров, на проширување на булеварот Никола Карев, на доизградба на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на реконструкција на улицата Јордан Мијалков (поранешната улица Железничка). Ќе следуваат уште многу други проекти. Ниту една општина во Скопје нема да биде заобиколена.

Дали можете процентуално или на сличен начин да ги претставите вашите планови за наредните четири години, во смисла колкав дел од проектите ќе бидат за унапредување на сообраќајната мрежа, колкав за зеленилото, колкав за подобрување на хигиената во градот итн?

Убедливо победивте на локалните избори и ја добивте довербата за уште еден мандат. Ви остана ли недовршена работа од првиот мандат што сега ќе треба да ја довршите? Кои ќе ви бидат првите проекти?  Градот Скопје не направи пауза во своето работење. Како што видовте, по стабилизацијата на временските услови нашите екипи ги асфалтираа втората делница од проширениот булевар Борис Трајковски и новоформираниот кружен тек меѓу улиците Лазо Трповски и Втора македонска бригада. Се асфалтираше и дел од улицата Перо Наков, каде што претходно се поставуваше атмосферска канализација. Забрзано се работи на изградбата на новата водоводна мрежа на улицата Васко Карангелевски, како и на двете катни гаражи, на улиците Даме Груев и Свети Кирил и Методиј. Според мене, кога се работи посветено и на 6

3

ПОРТА

17 мај 2013

 Моите сограѓани во 2009 година го посочија сообраќајниот метеж и јавната хигиена како најголеми проблеми во градот. Токму од нивните предлози произлегоа најуспешните проекти од областа на инфраструктурата, кои во голема мера го подобрија животот во градот и решија долгогодишни проблеми. Истиот принцип на соработка со граѓаните го задржавме и при подготовката на мојата предизборна програма за наредните четири години. Според предлозите на скопјани, во наредните четири години исто така ќе се посветиме на решавање на сообраќајниот метеж, на комуналната хигиена и на подигнување нови зелени површини. Само за пример, од областа на сообраќајната и подземната инфраструктура во мојата програма се застапени 62 проекти, а заштитата на животната средина, зеленилото и јавната хигиена се опфатени со 30 проекти.

Во изминатиот мандат имавте големи и важни зафати, но тие како да беа засенети од проектот „Скопје 2014“ (најчесто заради политичкиот контекст што тој го добиваше). Затоа и постои впечаток дека овие зафати не оставија силен белег. Ќе има ли во овој мандат нешто навистина големо, нешто што ќе се памети?

 Не се согласувам со Вашето тврдење. На овие локални избори граѓаните ја препознаа успешноста на проектите што во изминативе четири години ги реализирав заедно со мојот тим и ја наградија мојата работа со уште еден градоначалнички мандат. Проектите на градот Скопје што се дел од проектот „Скопје 2014"


скопје

- обновата на мостовите на реката Вардар и на фасадите во центарот на градот исто така беа позитивно оценети. Мојот втор градоначалнички мандат, според моето мислење, ќе го одбележи проектот за изградба на подземната сообраќајница што ќе се протега од Комплексот банки до Мостот Гоце Делчев, под кејот на реката Вардар. Јавниот повик за избор на изведувач за изградба на оваа сообраќајница е во тек, а крајниот рок за доставување на понудите е 10 јуни. Според повикот, предмет на изградба ќе биде подземна сообраќајница од булеварот Кузман Јосифовски-Питу со раскрсницата со улицата Никола Карев до булеварот Кочо Рацин, од булеварот Кочо Рацин преку кејот 13 Ноември и раскрсницата со булеварот Илинден и булеварот ВМРО, и трасата на сообраќајниот коридор до булеварот Партизански одреди преку булеварот ВМРО и дел од булеварот Илинден. Подземната сообраќајница треба да биде долга 1.300 метри, од кои 900 метри се под земја, а 400 метри над земја. На овој капитален проект работиме веќе неколку години и тој ќе биде вистинска круна на

сообраќајните решенија во Скопје.

Очекувате ли добра соработка со општините, особено со општината Центар, која ќе ви биде неопходна, пред сè за подземната сообраќајница?

 Секако. Соработката меѓу градоначалниците на 10-те скопски општини досега беше одлична, а така ќе продолжи и понатаму. Од таа соработка произлегоа многубројни успешни проекти кои во голема мера го подобрија живеењето во градот. Градевме клучни сообраќајници, нови водоводни, фекални и атмосферски канализациски мрежи, проширувавме паркиралишта, уредувавме паркови, градевме мостови. Новите проекти ги договараме со редовни средби, а морам да ја пофалам и работата на Координативното тело на градоначалници кое што по моја иницијатива се сретнува редовно, еднаш месечно. Нашата соработка е во интерес на нашите сограѓани кои на локалните избори ни ја дадоа својата доверба и очекуваат да работиме за нивно добро. Оттука, не се сомневам и дека со градоначалникот

на општина Центар, Андреј Жерновски ќе имаме добра соработка, како и со другите мои колеги градоначалници.

Имаше мислења од експерти и од дел од јавноста дека премногу се вложува во пробивање и проширување улици, што се толкува како поттикнување на граѓаните да користат приватни возила, а тоа е неодржливо за еден град, особено за европски град. Имате ли коментар за оваа теза?

 Брзиот раст и развој на Скопје по земјотресот во 1963 година наметна дотогаш невидено темпо на живот во градот и потреба од пошироки сообраќајници по кои ќе се одвива транспортот. Сликата за Скопје долги години беа редиците возила, тешките камиони низ центарот на градот и зачадените крстосници на кои се бележеше најголемо загадување. Некои експерти отидоа дотаму што тврдеа дека еден ден сообраќајот во Скопје едноставно ќе заглави на некоја крстосница и возилата нема да можат да се помрднат. Во последниве години со исклучителни проблеми во движењето се соочија 

3

17 мај 2013 ПОРТА

7


скопје

возилата на Итната медицинска помош и на Противпожарната бригада, чијашто работа бара во најкус временски период да стигнат до местото за интервенција. Со проширувањето и реконструкцијата на поголем број клучни булевари во градот и изградбата на кружни текови, Скопје доби широки и проточни сообраќајници по кои сообраќајот сега се одвива побезбедно, без застој, без долги колони и нервози кај возачите. Нашата цел беше да овозможиме нормален и безбеден тек на сообраќајот, прецизно движење на возилата од јавниот автобуски превоз без претходно вообичаените доцнења и брзо движење на возилата за брзи интервенции. Градот Скопје во никој случај не го поттикнува користењето на личните автомобили, туку, напротив, постојано ги нагласуваме поволностите од користењето јавен превоз и другите алтернативни видови на транспорт.

8

3

ПОРТА

17 мај 2013

Како понатаму ќе се поттикнуваат алтернативните начини на превоз, велосипедскиот и автобускиот?

 Изградбата и бележењето нови велосипедски патеки во градот ќе продолжи и во наредниве четири години. Го поддржуваме и проектот за изнајмување велосипеди по симболична цена, со што директно влијаеме врз популаризацијата на велосипедот како превозно средство. Проектот за обнова на возниот парк на ЈСП Скопје и пуштањето во сообраќај 312 нови автобуси, двокатни и нископодни, во голема мера ја врати довербата на скопјани во јавниот превоз. Кон популаризација на автобускиот транспорт ќе придонесат и проектите што се планирани во наредните четири години, а тоа се опремувањето на Центар за контрола и управување со сообраќајот (ЦУКС), воспоставување „зелен бран“ на што поголем број сообраќајници во градот, воведување

систем за интелигентна наплата на билети и систем за автоматска локација на возилата, формирање Дирекција за јавен превоз, видеонадзор во сите автобуси на ЈСП, како и продолжување на проектот за воведување трамвај во Скопје.

Дали поделбата на јавните паркиралишта меѓу „Градски паркинг“ и ПОЦ е соодветно решение?

 Организирањето паркиралишта во градот е дел од надлежностите на Град Скопје и ние континуирано работиме на уредување нови паркинг-простори за да им олесниме на граѓаните. Воведувањето зонско паркирање во градот се покажа како одлично решение за проблемите со паркирањето, а ЈП Градски паркинг успешно ги управува и одржува јавните паркинзи. За граѓаните не е добро да постојат две јавни претпријатија што го организираат паркирањето, но ние ја наследивме таа состојба. Се обидовме


скопје и да ги споиме двете претпријатија во едно, но за жал не успеавме.

Загадувањето на воздухот остана горлив проблем во Скопје. Имате ли планови како да се справите со тоа?

 Загадувањето на воздухот во Скопје е проблем со кој скопјани особено се соочија во последниве триесет години, но таа тема во јавноста се избегнуваше. Јас сум првиот градоначалник на Град Скопје што ја отвори таа „Пандорина кутија“ и отворено проговори за аерозагадувањето. Јас јавно ги повикав сите надлежни институции, кои се занимаваат со јавно здравје и со следење на загадувачките материи во воздухот на соработка, зашто само со здружена акција и соочување со проблемот може да се дојде до позитивно решение. Со туркање на проблемот „под тепих“ и со молчење сметам дека не се решава ништо. Активностите на Град Скопје во врска со загадувањето на воздухот не застануваат. Минатиот месец ги почнавме активностите за подготовка на Планот за подобрување на квалитетот на воздухот, што е задолжителен за зони и агломерации каде што загадувачките супстанции во амбиентниот воздух може да ги надминат граничните или целните вредности. Веќе е формирана работна група за квалитетот

на амбиентниот воздух, којa ја сочинуваат претставници од сите општини во Скопскиот регион, а чија цел е координација и следење на изготвувањето на овој документ, но и создавање база на податоци кои ќе

Градот Скопје во никој случај не го поттикнува користењето на личните автомобили, туку, напротив, постојано ги нагласуваме поволностите од користењето јавен превоз и другите алтернативни видови на транспорт ги дадат идните насоки на деjствување. Покрај податоците од сообраќајот и индустријата, кои Градот Скопје ги обезбеди од релевантните институции, преку анкета обезбедивме податоци за видовите и

количеството горива што ги користат домаќинствата во Скопје. Овој план треба да биде изработен во 2014 година. Континуирано работиме и на подигнување на јавната свест за користење јавен превоз за да се намали користењето приватни автомобили. Работиме и на изградба и бележење велосипедски патеки низ градот и на промоција на велосипедот како алтернативно транспортно средство.

Како течат работите на новата зграда и кога очекувате да го поминете првиот работен ден таму?

 Изградбата на новиот административноделовен објект за потребите на администрацијата на Град Скопје, на улицата Лазар Личеноски, под скопското Кале е во тек. Деновиве се работи на покривање на објектот, а ќе следува спроведувањето на внатрешните инсталации. Според проектот, зградата ќе има приземје и пет ката и работен простор за 650 вработени. Фасадата на објектот ќе биде во неокласичен стил, при што ќе бидат запазени сите стандарди за заштеда на енергијата. Се надевам дека изградбата на новата административна зграда на Град Скопје ќе заврши во предвидениот рок, и дека во 2016 година граѓаните ќе ги пречекаме во нов објект. 

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 17 мај 2013 ПОРТА

3

9


региони

ПОТРЕБА ОД РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СЕЛАТА ВО ШТИПСКО

Потребно е малку, за да се види многу Треба да се обезбедат услови и да се обноват куќите во селата за да тие бидат еден вид на резервен дом, места за одмор и за релаксација Драган Ристов

Мини езерце кај Три Чешми

С

оочени со желбата градовите да ги претвориме во метрополи, исполнети со нови згради, урбанистички чуда, нови патишта, споменици, тротоари или паркови, потполно се заборавени селата во Македонија. Карактеристичен е примерот со градот Штип, кој во повоена Македонија можеше да се пофали со навистина богати села. Во тие златни

10

3

ПОРТА

17 мај 2013

времиња на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, беше престиж да се биде во некое од тие штипски села, независно дали се од плачковичкиот регион или вдолж Лакавичка Река кон Радовиш. Имаше стока, имаше финансии, а најмногу од сè, имаше луѓе. Денес, за жал, нема ништо од тоа. Новиот штипски градоначалник, Илчо Захариев, ја знае оваа состојба. Затоа, наместо со крупни зафати од центарот на Штип или во поединечни урбани

заедници, својата мисија ја започна од штипските села. Евидентно е дека на одредени штипски села им се потребни зафати со кои, ако не друго, ќе се покаже или демонстрира подготвеност за спас на она што било дом на генерации штипјани. Таков е примерот со штипското село Судиќ. Селото изобилува со прекрасна природа, плодна почва и дури шест цркви. Но, за чудо, има само петмина жители. Некој би се откажал да инвестира или


региони

Обновената чешма во Судиќ

да направи нешто, па макар да постави и клупа во ваква рурална средина, но не и првиот човек на Штип. „Политичарите би рекле, селото Судиќ има петмина гласачи и тоа е малку, но тоа не е поентата на нашето размислување. Судиќ е село од кое дошле над 800 жители во Штип, кои денес се во градот. Ако не успееме да обезбедиме услови, да направиме нешто за селата, тешко дека ќе ги предизвикаме да се вратат назад. Можеби и нема

комплетно да се вратат назад, ама успех ќе биде ако создадеме навика да се вратат во огништата, да ги обноват куќите и ова да им биде еден вид на резервен дом, место за одмор, за релаксација. Ако во тоа сме успеале, тогаш имаме ефект од она што го правиме“, вели Захариев. Изминатиот месец, старата и разрушена чешма доби ново руво. Речен камен, цемент, обновени поила, клупи за одмор, и веќе овој дел од селото не е она што

Ограда и пешачка патека околу езерцето во Три Чешми

беше. Повеќе наликува на мини плоштад, наместо на селска запуштена чешма. Така беше и во селото Драгоево. Она што некогаш било големо регионално селско училиште, денес е руина. Како остаток од едно време, непосредно до споменикот на загинатите борци од НОБ од село Драгоево, исто така запуштен и руиниран. Ако не беа личните средства на Захариев, тешко дека жителите на селото ќе видеа нешто ново. Напротив, ќе чекаа некој да 

3

17 мај 2013 ПОРТА

11


региони Мини плоштад во Драгоево

Селото Лесковица во Штипско

Обновената чешма во Судиќ Патот кон Сушево во Три Чешми или „Инфаркт штрасе“

12

3

ПОРТА

Плоштад Драгоево, пред и потоа 17 мај 2013


региони се сети на нив, или и она што остана како младеж ќе се префрли кон Штип или кон Радовиш. Опциите се стеснуваат, селата се намалуваат а со тоа исчезнува уште еден заштитен знак на истокот. Со донација на цемент, камен и работна сила од штипските јавни претпријатија, во април селото Драгоево доби мини плоштад. Она што беше селски центар, исполнет со прашина а посебно со кал и вода во дождливите денови, сега е приказна за себе. Локалната самоуправа е решена да го обнови и училиштето, ако не во таа форма, тогаш барем во некој објект кој ќе нуди поинакви видици за селаните. Одејќи од Скопје кон Штип, полека се открива и еколошкиот проект во приградската населба Три Чешми. Жителите на ова место, кое е само околу четири километри од центарот на Штип, можеби се најактивните рекреативци. Патот од 1,5 километар, кој од населбата води до спортскиот аеродром Сушево, е најпосетеното место во вечерните часови.

И старо и младо, велат, се тука, го дишат свежиот воздух и уживаат во мирисот на трева и дрвја. Природно опкружување покрај кое поминува и магистралниот пат, а од спротивната страна на патот, новата технолошка зона и контурите на првата американска фабрика. Но, и тука со години патот кон спортскиот аеродром Сушево и најславната пешачка патека е илустрација за тоа како изгледа асфалт во вид на швајцарско сирење. Дупки, вдлабнатини, обраснати ендеци, искршени дрвја, клупи и канти за отпадоци ни за лек. Но, за среќа, се расчисти патот, се обновија каналите, се засадија нови 220 дрвца, а над 30 клупи преку ноќ се поставени од ЈП „Исар“. Градот сега е во потрага по приватен инвеститор кој ќе постави нов асфалт на патот, со што наместо запуштеност, и оваа улица ќе се претвори во модерно шеталиште. Патот што води до аеродромот, кој патем кажано е домаќин на многу странци за време на

првенствата по ракетно моделарство, или на летовите со спортски авиони, конечно ќе биде претставителна сообраќајница, наместо раскопана линија заборавена од памтивек. Жителите веќе ја именувале оваа шетачка патека како „Инфаркт штрасе“, па на шега велат, прошетката низ улицата значи здравје. А за здравје не се штеди пари. Од спротивната страна, каналот за вода полека се претворил во убаво езерце. Недостигаше мала визија, за да се препознае излетничко место и можност за уште една дружба со природата. И тука, личните инвестици на Захариев направија ограда, пешачка патека, јарбол со македонско знаме и локација за мала црква. На другиот крај на езерцето веќе никнуваат летниковци, а возачите на патот добиваат порекрасно одморалиште на пат кон Велес. И сето тоа за мали пари. Понекогаш и не треба многу за да се почувствува сета природна убавина, но и човечка креативност. Потребно е малку, за да се види многу. 

3

17 мај 2013 ПОРТА

13


2,3

плочи, 25 kg Thermokleber

Потрошувачка: 5 kg/m

2

Малтер за лепење стиропор (EPS) Putzgrund Fassade плочи, 25 kg

Kati

Подлога пред нанесување на Потрошувачка: 5 kg/m завршни фасадни малтери, 20 kg градежништво 2

25 лтер, kg 25 kgПотрошувачка: KlebeSpachtel

0,3 – 0,5 kg/m2

Малтер за лепење на стиропор (EPS)

Styrokleber армирање и глетување, 25 kg агребана а структура структура Малтер за лепење на стиропорни (EPS) Потрошувачка: плочи, 25 kg лепење: ca. 5 kg/m mm3 mm 3за mm Mosaic за армирање: ca. 6 kg/m 4 3,0 3,0 Малтер за цокле, 25 kg 2

Потрошувачка: 5 kg/m

2

2

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2 Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kg

3,0

Малтер Малтер заза лепење лепење нана стиропор стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање и глетување, и глетување, 2525 kgkg

Putzgrund Putzgrund Fassade Fassade

Addi

Подлога Подлога пред пред нанесување нанесување нана завршни завршни фасадни фасадни малтери, малтери, 2020 kgkg

Потрошувачка: Потрошувачка: Акрилен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за армирање: армирање: ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm Измазнета структура Загребана структура 2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7Conni 3,6 2,4 3,0 Фасаден систем со плочи од Силиконски фасаден малтер, 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel M M стиропор (EPS)

Mosaic Mosaic

Малтер Малтер заза цокле, цокле, 2525 kg Фасаден систем соkgплочи од Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m камена волна 2

Малтер Малтер заза лепење, лепење, армирање армирање и Измазнета структура Загребанаиструктура

глетување глетување нана плочи плочи и2 ламели од Putzgrund 1,5 mm Fassade 2 mm 3 mm и ламели mm 3од mm

камена камена волна, волна, 25 25 kgkg 2,4 на 3,0 Подлога пред нанесување 2,3 2,7 3,6 Потрошувачка: Потрошувачка: завршни фасадни малтери, 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2

Кнауф Кнауф дооел дооел Скопје, Скопје, бул. бул. Александар Александар Македонски Македонски бб,бб, 1000 1000 Скопје, Скопје, Македонија Македонија Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk

Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2

Минер Кнауф Кнауф

2

малтер

Системи Системисос и истиропор стиропо Преднос

1

2

2 2 2 Kati за за армирање: армирање: 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: 0,3ca.–ca. kg/m

• Пароп • Економ • Довер • Едност

2

Кнауф фасаден систем

Mosaic

KlebeSpachtel

KlebeSpachtel M

2,7 3,6 2,4 KlebeSpachtel KlebeSpachtel

Измазнета структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 3,6

Загребана структура 2 mm 3 mm 3 2,4 3,0

3

Knauf Knauf Macedonia Macedonia

Малтер за цокле, 25 kg

Системи со плочи од Кнауф камена волна фасаден систем 4 и стиропор (EPS) Системи со плочи од камена волна

Putzgrund Fassade Потрошувачка: 0,3 пред – 0,5нанесување kg/m2 Подлога на

завршни фасадни малтери, 20 kg 4

Потрошувачка: за лепење: ca. 5 kg/m2 армирање и за армирање: ca. 6 kg/m2

за лепење, ер, малтер, 25 kgМалтер 25 kg глетување на плочи и ламели од

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

камена волна, 25 kg

Потрошувачка: Thermokleber Thermokleber Thermokleber Thermokleber 2 лепење: ca. 6Малтер kg/m Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер стиропор застиропор за лепење лепење (EPS) стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) Кнауф дооелзаСкопје, Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m22525 плочи, плочи, kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg KlebeSpachtel M бул. Александар Македонски бб,

Mosaic Addi Addi

Addi Addi

и стиропор (EPS)

5

5

6 Малтер за цокле, 25 kg агребана а структура структура Акрилен Акрилен фасаден Акрилен фасаден Акрилен малтер, фасаден малтер, фасаден 25Кнауф 25 малтер, kgмалтер, kg 25 25 kgkg фасаден систем бул. бб, Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана структура структура 1. Styrokleber * 1.Загребана KlebeSpachtel Малтер за лепење, армирање и Александар Македонски mm 3 mm 3 mm Потрошувачка: Системи со плочи одMкамена волна Потрошувачка: Потрошувачка: 5Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5иkg/m 1000 глетување на плочи ламели од Скопје, Македонија 2. Stiropor (EPS) волна* 1000 Скопје, Македонија 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3стиропор mm 322.mm 2Камена mm (EPS) 3 mm 3 mm и камена волна, 25 kg Тел: 02 3235750, Addi 3. KlebeSpachtel со мрежичка 3. KlebeSpachtel M со мрежичка 02 3235750, 2,3 2,7 2,7 2,3 2,3 3,6 3,6 2,7 2,7 2,4 2,4 3,6 3,6 3,0 3,0 2,4 2,4 3,0 3,0 4Тел: 3,0 3,0Addi info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund2,3 Fassade 4. Putzgrund Fassade АкриленАкрилен фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2

2

2

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

2

Потрошувачка:

за лепење: ca. 6 kg/m www.knauf.com.mk info@knauf.com.mk, 5. Addi ** Knauf Macedonia Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m бул. Александар Македонски бб, www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Conni Conni Conni Conniи Thermok* За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби 1000 Скопје, Македонија ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 2

2

1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 Styrokleber Styrokleber Styrokleber Styrokleber

малтер, р, 25 kg 25 kg

Тел: 02 3235750, leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти со висина до 8m Силиконски Силиконски Силиконски фасаден Силиконски фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 25*25 малтер, kgмалтер, kg од25 25 kgkg Кај плочите камена волна неопходно е

23mm mm 2,4 3,0

3 info@knauf.com.mk, mm нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањето со типли со челично јадро www.knauf.com.mk Thermokleber-от секогаш е потребно типлување. Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 3,0 Наместо SP 260 и егализациска боја може да се 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32**mm 2 mm 3 mm 3 mm Knauf Macedonia

** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни

2

2

2

2

Kati Kati

Силиконски Силиконски фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg

mm3 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 4 3,0 3,01,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3

стиропор (EPS) eе(EPS)

Kati

2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel

3,0

Addi

Addi

Kati

/m2

S)

Малтер Малтер заза лепење, Малтер лепење, Малтер за армирање за армирање лепење, лепење, армирање иструктура армирање иЗагребанаиструктура и Измазнета структура Измазнета структура Загребана глетување глетување глетување наглетување на плочи плочи на ламели и2 на ламели плочи плочи и ламели и2 ламели од 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2иmm mm 3 mmод 3од mm mm 3од mm камена камена волна, волна, камена камена 25 25 kg волна, kg волна, 25 kgkg порни е на стиропорни (EPS) (EPS) Подлога Подлога пред нанесување пред нанесување на на 3,0 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 25 3,6 3,02,4

m2

kg

/m2

Putzgrund Putzgrund FassadeFassade

Kati Kati

Силикатен Силикатен Силикатен фасаден Силикатен фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 2525 малтер, kgмалтер, kg 2525 kgkg Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2,32,3 2,72,72,32,3 3,63,62,72,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,42,4 3,03,0

Подлога Подлога пред пред Подлога Подлога нанесување нанесување пред пред нанесување на нанесување на нана завршни завршни фасадни завршни фасадни завршни малтери, фасадни малтери, фасадни 20 малтери, 20 kg малтери, kg 2020 kgkg

2

2

5

Mosaic Mosaic Mosaic Mosaic

Малтер Малтер заза цокле, Малтер цокле, Малтер 25 за 25 kg за цокле, kg цокле, 2525 kg Фасаден Фасаден систем со систем плочи соkg од плочи од Минерални Минерални завршни зс Кнауф Кнауф Кнауф Кнауф фасаден фасаден фаса фас 1.kg/m Styrokleber * 1. Kleb Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m 2. Stiropor (EPS) каменакамена волна волна малтери малтери 2. Кам 2

2

2

2

3. KlebeSpachtel Системи соСистеми мрежичка 3. Kleb со Системи со Системи плочи плочиод со од со камена плочи камена плочи од во 4. Putzgrund Fassade 4. Putz и и стиропор стиропор и и стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) (EPS) 5. Addi ** 5. SP 2 Предности Предности на минерални на ми 6. Егал * За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби и Thermok1 Styrokleber-от кај 1 објекти со висина до 8m leber. Kaj

2

* Кај пло • Паропропустливост • Паропропустл Кнауф Кнауф дооел дооел Кнауф Скопје, Кнауф Скопје, дооел дооел Скопје, Скопје, нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањ 2Александар бул. Александар бул. бул. Македонски Александар Македонски Александар бб, Македонски бб, Македонски бб,бб, Thermokleber-от секогаш2е• потребно типлување. Силикатен Силикатен фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 2 25бул. kg Економичност • Економичност 2 1000 1000 Скопје, Скопје, 1000 Македонија 1000 Македонија Скопје, Скопје, Македонија Македонија ** Намес • Доверливост • Доверливост Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, ** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни употреб фасадни нанесувања (Kati, Conni или SP 260, односно info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, силиконс • Едноставна • Едноставна употреба упо 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 3 mm 3 RP 240 3 со егализациска 3 боја) 240 во к www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Knauf Macedonia Macedonia Knauf Knauf Macedonia Macedonia

2 2 2 2 2ca. 2 Kati Kati за за армирање: армирање: ca. ca. армирање: 70,5 армирање: kg/m 7 kg/m 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3за –за kg/m 0,3ca.– kg/m

2,3

Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 2,7

Mosaic Mosaic

2,3 3,6

2,7 2,4

3,6

3,02,4

3,0

SP 260

Системи Системи со плочи со плочи од Кнауф камена од Кнауф камена волна волна фасаден фасаден систем систем системи 4 4 и стиропор и стиропор (EPS) (EPS)Системи Системи со ѕид. плочи соод плочи камена од камена волна волна со изолација од камена волна и паропропусност на целиот фасаден 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m2

Конечно можете да го добиете посакуваниот5 квалитет5 на живот ивостиропор Вашиот и стиропор (EPS) дом. (EPS) Mosaic

Mosaic

Малтер за цокле, Малтер25 заkg цокле, 25 kg

Кнауф дооел Кнауф Скопје, дооел Скопје, Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m M 2

2

бул. бул. Македонски Македонски бб, бб, * 1. Styrokleber 1. Styrokleber * ње е, армирање и Александар и Александар 1000 Скопје, 1000 Скопје, Македонија очи ли од и ламели одМакедонија 2. Stiropor 2. (EPS) Stiropor (EPS) 5Тел: kg 02 3235750, Тел: 02 3235750, 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel со мрежичка со мрежичка

2

бул. Александар бул.Македонски Александарбб, Македонски бб,

5

5

6

6

Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 1. KlebeSpachtel 1. KlebeSpachtel M M Системи со Системи плочи од со камена плочи од волна камена волна 2. Камена2. волна* Камена волна* и стиропор и стиропор (EPS) (EPS) 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel M со мрежичка M со мрежичка

info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk 5. Addi **дооел 5. Addi ** Knauf Macedonia Knauf Macedonia 2 Кнауф дооел Кнауф Скопје, Скопје,

/m

SP

МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25

Малтер за Малтер цокле, засистеми 25 цокле, kg 25контактна kg пор е на(EPS) стиропор (EPS) Дозволете им на нашите фасада, трајно да Ви покажат Putzgrund Putzgrund Fassade за Fassade kg ување, 25 kg 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m 0,3 – 0,5 kg/m дека "Изгор лето-кочан зима" не е опис и за Вашиот дом. Подлога пред Подлога нанесување пред нанесување на на 4 20 kg 4 завршни фасадни завршни малтери, фасадни 20 малтери, kgовозможена 2 Вдишете голема доза чист и свеж воздух, од единствените Кнауф

/m2

2

4

2 2 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,3 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m

Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: завршни завршни фасадни фасадни малтери,малтери, 20 kg 1 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. за 6 за kg/m лепење: 6 kg/m лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2

1

Putzgrund Putzgrund Putzgrund Fassade Putzgrund FassadeFassade Fassade

Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: АкриленПотрошувачка: фасаден Акрилен малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg 2 2 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. за 5 за kg/m лепење: 5 kg/m лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен Силикатен фасаден фасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2 2 2 2 за за армирање: армирање: за ca. за ca. армирање: 6 армирање: kg/m 6 kg/m ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура Загребана Загребана структура структура 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 3,02,4 3,0

1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 3,0 Conni Conni со Фасаден Фасаден систем систем плочи со од плочи од Силиконски Силиконски фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel MM (EPS)MM стиропор стиропор (EPS)

Фаса каме

стиропор (EPS)

3

Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропор лепење стиропор на(EPS) на стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање армирање и армирање глетување, и глетување, и глетување, и25 глетување, 25 kgkg 2525 kgkg

на вање на лтери, , 20 kg 20 kg

m2

употребат и силикатно завршно нанесување Knauf Kati,

Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропорни лепење стиропорни нана стиропорни (EPS) стиропорни (EPS) (EPS) (EPS) 2,32,3 (Kati,2,7 2,72,3 2,3 3,6 2,7односно 2,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,4 2,4 3,03,0 нанесување Knauf Conni или RP фасадни нанесувања Conni или SP3,6 260, силиконско завршно Фасаден систем со плочи од RP 240 со егализациска боја) 240 во комбинација со егализациска боја. плочи, плочи, 2525 kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg

ConniПотрошувачка: ConniПотрошувачка: Потрошувачка: 5 Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5 kg/m агребана а структура структура

EPS)

5. SP 260 ** 6. Егализациска (изедначувачка) боја

4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade 5. SP 260 **5. SP 260 ** 6. Егализациска 6. Егализациска (изедначувачка) (изедначувачка) боја боја

f Macedonia Knauf Macedonia * За лепење ЕРЅ * Заплочи лепење може ЕРЅда плочи се употреби може да исеThermokупотреби и Thermok1000 Скопје, 1000 Македонија Скопје, Македонија Тел: 0217 3235750, Тел: 3235750, leber. Kaj 02 Styrokleber-от leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти сокај висина објекти до со 8mвисина до 8m * Кај плочите*од Кајкамена плочите волна од камена неопходно волнае неопходно е 14 ПОРТА мај 2013

3

info@knauf.com.mk, немаinfo@knauf.com.mk, потребанема за типлување, потреба задодека типлување, при употреба додека при на употреба на типлувањето типлувањето со типли со челично со типлијадро со челично јадро www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Knauf Macedonia Thermokleber-от Thermokleber-от секогаш е потребно секогаш типлување. е потребно типлување.

** Наместо SP **260 Наместо и егализациска SP 260 и егализациска боја може дабоја се може да се

Гранулација Гра 1,5 mm 1,5 2 mm 2m

RP 240

RP

МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25

Гранулација Гра 2 mm 2m 2,5 mm 2,5

Силиконска Си егализациск ега


градежништво

„КнауФ аКадемИја“

Брзо и трајно подобрување на енергетската ефикасност

Н

а 10 мај, се одржа првото од низата предавања на теми од градежната физика, наречена „Кнауф Академија”. Компанијата „Кнауф“, која вложува многу енергија во промовирање на напредните технологии на градење, во соработка со Градежниот Факултет при УКИМ и Комората за овластени архитекти и овластени инженери, беа организатори на ова посетено предавање, кое имаше за цел да информира за основите на енергетската ефикасност на објектите, начинот на нејзина пресметка, материјалите со кои таа може да се постигне, како и состојбите во македонската регулатива и европските директиви. По воведните, поздравни обраќања на Милорад Јовановски, деканот на Градежниот факултет, Блашко Димитров,

претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Велимир Петровски, директор на продажба на „Кнауф Македонија“, презентација за основите на енергетската ефикасност одржа Тодорка Самарџиоска, професорка по градежна физика и енергетска ефикасност на објекти. Нејзиното предавање изобилуваше со информации, кои создаваат основа за знаењето потребно за изработка на елаборат за ЕЕ на објекти, кој ќе биде потребен откако ќе стапи на сила ЕЕ правилникот и промените во законот за градба. Освен излагањето на основните начела на ЕЕ, начините на трансфер на енергија, состојбата со ефикасноста на денешните објекти во Македонија, како и начините на заштеда на енергија со алтернативни извори на истата, професорката се задржа и на правилните

начини на употреба на изолација, за избегнување на термички мостови, како и досегашните искуства во санирање на јавните објекти. Следна презентација одржаа Блажен Зотовски и Александар Николовски, советници за сувомонтажни и фасадни системи. Тие практично ги прикажаа начините на кои со правилна употреба на системите Кнауф, се постигнува квалитетно, брзо и трајно подобрување на енергетската ефикасност на еден објект во изградба или во санација. Инаку, по второто предавање на професорката Самарџиоска, одржана беше и презентација на програмата Knauf TERM2 Pro, која како приспособена на климатските услови на Балканот, а набрзо и на Македонија, ќе биде основна и лесна алатка за изработка на ЕЕ елеборатот. Исто така, господин Пролиќ од „Кнауф Изолација“ (Knauf Insulation) ги презентираше и нормите од ЕЕ правилникот на Србија. На крајот на семинарот, практичните можности на Кнауф системите ги презентираше Славе Ѓоргиев од компанијата „Експро“ од Струмица (сопственик на првиот официјален пасивен објект во Македонија). Ги објасни сите вградени системи, резултатите што тие ги постигнуваат во објектот, како и периодот на повраток на средствата дополнително вложени во овој несекојдневен проект. Ова беше само првото предавање во рамки на „Кнауф Академија“. Инаку, следното, на тема „Противпожарност во градежништвото“, ќе се одржи кон средината на месец јуни, со релевантни предавачи и информации.

3

17 мај 2013 ПОРТА

15


градежништво

Мали хидроелектрани во Република Српска Хидропотенцијалот во Р. Српска се проценува на околу 10.000 GWh годишно, од кои речиси 70% е неискористен Александар Димитровски, ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО - Скопје

Х

идроенергијата претставува еден од најверодостојните и најефективни методи за производство на електрична енергија. Искористувањето на хидроенергијата за производство на електрична енергија се навраќа на 19 век, и како таков е првиот обновлив извор на енергија за производство на електрична енергија. До ден-денес, хидроенергијата е најчестата форма на обновливите извори на енергија и игра важна улога во електричната енергија во светот. Во Европа, хидроенергијата придонесува речиси 70% на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Како основа за производство на обновлива енергија во Европа, хидроенергијата има клучна улога во исполнувањето во 2020 година на целите за обновливи извори, како и на целите за намалување на стакленички гасови. Малите хидроелектрани генерираат околу 46.000 GWh електрична енергија и резултираат со преку 13.000 мегавати инсталирана моќност во ЕУ - 27, што е доволно за снабдување на електрична енергија за повеќе од 13 милиони домаќинства. Ова придонесува за годишно избегнување на CO2 стакленички 3Д приказ ХЕ Б2а

16

3

ПОРТА

17 мај 2013

Сливно подрачје Р.Српска

гасови за 29 милиони тони, или околу 766.000.000 €. Поради своите природни карактеристики, Република Српска е област богата со хидропотенцијал: • Хидропотенцијалот во Република Српска се проценува на околу 10.000 GWh годишно, од кои речиси 70% е неискористен. • Употреба на хидропотенцијалот на инсталирана моќност над 10 MW е околу 36%. • Употреба на хидропотенцијалот на инсталирана моќност од 10 MW е за 6,5% од водните текови. • Вкупно технички корисен хидропотенцијал на Република Српска изнесува околу 3200 МW на инсталираната моќност и 9500 GWh / годишно просечно годишно производство на електрична енергија. За 2420 GWh / годишно се користат. Огромна можност за инвестиција лежи во фактот што над 70% од водниот потенцијал е неискористен.


градежништво На текот на река Бистрица предвидени се околу 22 мали хидро електрани за кои веќе се дадени концесии и за кои веќе има изработена техничка документација. Четирите хидроелектрани (Бистрица Б1, Бистрица Б2а, Бистрица Б3 на сливот на река Бистрица и МХЕ Јањина на река Јањина) се дел од овој план за подобрување на хидропотенцијалот на Р. Српска /БиХ. Со изградба на хидроелектраните на реките Бистрица и Јањина ќе се обезбедат дополнителни 150 GWh електрична енергија на годишно ниво, доволно енергија за општините Фоча и Чајниче. Студијата за изводливост, Идејните проекти, Тендерската документација како и Проектите за изведување беа изработени од Конзорциумот КуК Геинг – ПБЛ Бања Лука во периодот 2007 - 2009 година. Шемата на Малите хидроелектрани се состои од зафатна градба, нископритисен тунел, водостан со водостанска затворачница, цевковод под притисок и

Шема на системот на мали хидроелектрани на р. Бистрица

машинска зграда со одводна вода. Со анализа на влезните параметри, бруто падот и среднодневните протекувања,

Дим. 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 10. 11.

Инсталиран проток Број на агрегати Бруто пад Нето пад Тип на турбина Ориентација Моќност на генератор Моќност на трансформатор Инсталирана моќност Средногодишно производство

Б-1

беа избрани главните параметри, бројот, типот на агрегатите и диспозицијата на опремата во четирите хидроелектрани.

Б-2a

Б-3

J-1

m3/s

22.00

11.00

9.00

4.00

kom.

3

3

2

2

m

68.70

84.00

229.00

139.00

m

66.70

82.61

223.59

135.88

Францис

Францис

Пелтон

Пелтон

Вертикална

Хоризонтална

Вертикална

Вертикална

kVA

6000

3600.00

11000

2900

kVA

6300

4000

12500

4000

kVA

18000

10800

22000

6000

GWh

42.96

29.00

62.43

15.94

3

17 мај 2013 ПОРТА

17


градежништво

Изградбата на ХЕЦ „Бошков Мост“ ќе почне до крајот на годината

Р

еализацијата на градежните активности за изградба на ХЕЦ „Бошков Мост“ треба да почне кон крајот на годинава или на почетокот на наредната година, најави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски. - Минатиот месец ги добивме финансиските понуди за главната електромашинска опрема. Во тек е прибирањето на финансиските понуди за двата лота за изведување на градежните работи, кои треба да стигнат до крајот на јули годинава. Очекуваме кон крајот на третиот квртал да ги потпишеме договорите за изведување на работите и во зависност од теренските и подготвителните активности на компаниите кон крајот на годинава или на почетокот на наредната треба да почнат конретните градежни активности за изведба на проектот „Бошков Мост“ - вели Бошковски. Во врска со проектот „Луково Поле“, кој е многу значаен за зафатот и опфатот на водите и е поврзан со Мавровскиот регион, според Бошковски во моментов е завршена физибилити студијата, во тек е изработката на еколошката студија, а кон крајот на месецов треба да дојдат и претставниците на Светска банка за да направат ревизија на студијата и да видат што е сработено со шпанскиот консултант „Аксиона“, и воедно да го потврдат своето учество во проектот.

18

3

ПОРТА

17 мај 2013

Првичните податоци за еколошката студија укажуваат дека нема никакви проблеми. Водите што ќе се зафатат со проектот „Луково Поле“ ќе имаат годишно производство од 156 гигават часови електрична енергија, што е еднакво на годишното производство на ХЕЦ „Козјак“.

Бошков Мост


најнов ИЗвеШтај на централнИот регИстар на репуБлИКа маКедонИја

градежништво

„Адора Инженеринг“ - лидер меѓу градежните компании

С

поред најновиот извештај на Централниот регистар на Република Македонија, фирмата „Адора Инженеринг“ по остварениот успех е рангирана на прво место меѓу овдешните градежни компании за 2012 година, и е на 12 место како најуспешна компанија. За само една година, според економските резултати од работењето, почнувајќи од 2011 година, компанијата остварила скок за осум места нагоре на ранг листата на најуспешните македонски претпријатија, и се позиционира меѓу првите најбрзо растечки фирми. „Овој нагорен успех на компанијата, која постои повеќе од десет години, и од 2007 год. е меѓу 200-те најуспешни

фирми во Македонија, се должи на нашата макотрпна работа, приспособување на условите на пазарот на високоградбата, како и следењето и примената на најновите светски технологии за модерно, квалитетно и економично домување. Високото место меѓу најуспешните македонски компании за нас е поттик и натаму да продолжиме со успешна работа“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, директор на компанијата. Инаку, по повод Меѓународниот ден на семејството-15 Мај, што се одбележува во целиот свет под покровителство на ООН, компанијата нуди поволна понуда во мај на домови во своите елитни станбено-деловни објекти во Скопје, Охрид и Струмица.

3

17 мај 2013 ПОРТА

19


архитектура

Ајде да играме фудбал на

Белградскиот клуб ФК Вождовац доби нов стадион, модерен објект со 5.000 места. Тоа и не би била вест посебно вредна за внимание, ако новиот објект не е еден од четирите во Европа, кои комбинираат трговски центар и стадион како единствен објект. На кровот од трговскиот центар, некои дваесетина метри над земја, се наоѓаат фудбалскиот терен, трибините и придружните содржини.

„П

ет илјади навивачи го бодрат својот клуб, кој моментално ја игра одлучувачката утакмица за влез во највисокиот ранг на конкуренција. За тоа време посетителите на трговскиот центар, кои се наоѓаат под нив, купуваат на близу 30.000 квадратни метри

20

3

ПОРТА

17 мај 2013

м-р ЃОРЃЕ ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Србија) продажен простор, не претпоставувајќи каква драма се одвива над нивните глави“. Вака би можела да звучи веста идната пролет, ако ФК Вождовац се пласира во повисокиот ранг на натпревари во текот на оваа сезона. Член на Првата лига на Србија, втор по фудбалски натпревари во Србија, белградскиот клуб од истоимената општина, ФК Вождовац, доби нов

стадион, модерен објект со 5.000 места. Тоа и не би била вест посебно вредна за внимание, ако новиот објект не е еден од четирите во Европа, кои комбинираат трговски центар и стадион како единствен објект. На кровот на трговскиот центар, некои дваесетина метри над земја, се наоѓаат фудбалскиот терен, трибините и придружните содржини. Спортскиот


архитектура

покрив! дел на објектот е направен така што ги задоволува сите барања на УЕФА за објекти од 5.000 места за седење. Трговскиот центар и стадионот прават единствена целина, но функционално се одвоени. Новиот стадион-трговски центар се наоѓа во делот на градот што се вика Браќа Јеремиќ, недалеку од автопатот што поминува низ Белград. Објектот е сместен помеѓу голем број фамилијарни куќи на запад, и Централните гробишта што се наоѓаат од источната страна. Благодарение на малата висина на околните објекти кои го опкружуваат, како и позицијата на ридскиот дел, високиот објект на новиот стадион-трговски центар доминира со својата појава со тој простор. Така е можно да се забележи од голема раздалеченост, од другите делови на градот.

Доближувајќи се до објектот, основата на комплексот изгледа како да се базира на геометријата на фудбалскиот терен кој се наоѓа на кровот - правоаголник. Употребата на различни материјали на фасадата, како и стаклото со различни бои, не го менуваат впечатокот за изгледот на самиот објект. Архитектурата изгледа доста неубедливо и еднолично иако објектот, барем што се однесува до фасадата, е сè уште недовршен. Се чини како објектот да е замислен и проектиран исклучиво во основата, а изгледот на објектот како да е само нужен резултат од веќе проектираната основа, и не може да се каже дека постои јасна слика на архитектонскиот израз. Влезот во објектот на трговскиот центар е интересно решен. До приземјето и до првиот кат водат две паралелни рампи, една

за приземјето а друга за првиот кат. Самиот влез во трговскиот центар не е посебно нагласен, како што е тоа случај кај некои објекти со иста намена, и повеќе изгледа како спореден влез отколку како влез во трговски центар кој по одредени параметри е единствен не само во Белград туку и во регионот. Внатрешноста на објектот е уредена по принципот на модерни трговски центри. Околу централниот отворен атриум, каде се наоѓаат средствата за вертикална комуникација, лифтови и подвижни скали, се наоѓаат голем број продажни објекти. Продажниот дел се простира на три нивоа, приземје и два ката. Освен најавената продавница на H&M, компанија која сè уште не е присутна на српскиот пазар, во самиот објект нема ексклузивни продажни ланци, туку се присутни продавачи кои 

3

17 мај 2013 ПОРТА

21


архитектура веќе имаат свои објекти во Белград. За оние што во овој дел на градот доаѓаат со свое возило, обезбеден е доста голем паркинг. Под објектот се наоѓаат два подземни етажи со преку 16.000 квадратни метри. Бидејќи објектот е мултифункционален, а многу често и корисниците на трговскиот центар не се корисници на стадионот, обезбедена е независна пешачка комуникација, реализирана како кружна рампа, која води од приземјето до гледалиштата на стадионот. Со тоа е подобрено функционирањето на двата дела на објектот, бидејќи е овозможен проток на голем број луѓе кои не мора да пројдат низ целиот трговски центар за да стигнат до своето одредиште. Внатрешноста на спортско-деловно рекреативен центар Вождовац

22

3

ПОРТА

17 мај 2013

Сепак, објектот на стадионот има еден голем пропуст. Столбовите што ја носат конструкцијата на кровот над трибините, се наоѓаат во нивото на средните редови и создаваат визуелен проблем за гледачите што седат во горните редови. Впечатокот е дека новиот трговски центар со официјален назив Stadion Shopping Center, освен фудбалскиот терен на кров, кој на голем број корисници не им е ни битен, не носи некој новитет. Локацијата на објектот е таква што иако се наоѓа во непосредна близина на автопатот, не изгледа како да ќе добие на значење. Тесните улички, релативно мал број линии на градскиот превоз кои поминуваат во непосредното опкружување,

фамилијарните куќи со дворови, близината на гробиштата, како и недостатокот на некој поголем јавен простор, прават објектот да изгледа како да не припаѓа тука, каде што се наоѓа. Изгледот на објектот, иако недовршен, нема јасно дефиниран идентитет и тешко дека на посетителите ќе им остави силен визуелен впечаток. Сепак, квалитетот на овој објект е во тоа што фудбалскиот стадион, како објект кој бара одредени средства за издржување, ќе биде интегриран во единствен објект кој е отворен цела година. Колкав проблем може да биде одржувањето на стадиони кои се користат само дваесетина дена во годината, се гледа по состојбата на фудбалските игралишта во Србија, кои пропаѓаат секој


архитектура

ден и моментално не постои решение. Трговскиот центар Стадион сигурно нема да има број на посетители и економски потенцијал како другите трговски центри во Белград, како Делта Сити и Ушче, но на жителите на десниот брег на Сава, каде сега се наоѓа само еден трговски центар „Зира“, ќе им овозможи да купуваат одредени производи без потреба да ја поминуваат реката, што е по кажувањата на голем број од нив нешто што подолго време го посакувале. Почнувајќи од 2007 година, Белград добива сè поголем број на трговски центри. Покрај двата големи на Нов Белград и двата мали во стариот дел на градот, најавени се уште два големи, на радост на жителите од стариот дел на градот, на таа страна ќе се најдат во следните неколку години Делта Планет и Плаза. Концептот АТна А ЗА ЛИЗГАЧКА ВРАТА ЗА ЛАДИЛНИЦИ трговските центри е ист,ЛАДИЛНИЦИ единствено новоотворениот Трговски центар Стадион ќе биде различен, ако заради ништо друго, тогаш заради фактот што ќе има денови во годината кога повеќе луѓе ќе има на кровот отколку во самиот објект. 

9 75 80 77 00

тел: +389 75 80 77 00

3

17 мај 2013 ПОРТА

23


архитектура

Шкотскиот парламент во Единбург

Здание кое изникнува Подготовките за градење започнале во 1999 година, а самото градење започнало во октомври 2001 година. Официјалната инаугурација на објектот била на 9 октомври 2004 година, но целосното комплетирање на парламентот се... Фасада

Пејзажна инспирација

П

о речиси 300 години, како дел од Обединетото Кралство, Шкотска го доби својот нов парламент. Историски новиот парламент има огромно значење за

24

3

ПОРТА

17 мај 2013

шкотскиот народ, па затоа изградбата на новиот објект е од голема важност и будно е следена од целата јавност. Локацијата за изградба на шкотскиот парламент е избрана да биде историската „ројална милја“ во центарот на Единбург каде се

спојуваат новиот и стариот дел на градот, кој е заштитен како светско културно наследство на УНЕСКО. Подготовките за градење започнале во 1999 година, а самото градење започнало во октомври 2001 година. Официјалната инаугурација на


архитектура

од земјата ...завршило во април 2005 година. Дрвото како декоративен и конструктивен материјал е застапено во целиот објект, но најизразено е во парламентарната сала.

објектот била на 9 октомври 2004 година со присуство на Кралицата Елизабета Втора, но целосното комплетирање на парламентот се завршило во април 2005 година. Во целост објектот е составен од собраниска сала, соби за различни

комитети, простории за вработените, за јавноста и за медиумите. Во раната фаза на планирање и проектирање на објектот, од буџетот на Шкотска биле одвоени 40 милиони фунти за изградба на парламентот. Во текот на изградбата биле

Александар Черепналкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија

предвидени и нови помошни објекти за кои се обезбедувале дополнителни средства за нивна изградба. На крајот од изградбата во 2005 година вкупната сума на објектот била 431 милион фунти, што е приближно 11 пати поголема од првично предвидената цена. 

3

17 мај 2013 ПОРТА

25


архитектура На меѓународниот конкурс, организиран за избор на идејно решение за новиот парламент, победува шпанското архитектонско студио предводено од Енрик Миралес, во соработка со светската архитектонска компанија RMJM. Главниот архитект Енрик Миралес ненадејно умира во јули 2000 година, кога на неговата позиција го заменува неговата жена Бенедета Талиабу. Главниот концепт кој го презентирале архитектите бил „интелектуална визија

за уникатна институција – отворена, не класична и без хиерархиска тежина“. Архитектурата што го претставува овој концепт е изразена преку поврзување со природата и околниот пејзаж, избегнувајќи ги сите канонски правила за архитектонска композиција. Најистакнатата идеја за дизајнот била дека „парламентот изникнува од земјата“. Ова значи дека и покрај тоа што објектот се наоѓа во Единбург, тој им припаѓа на сите во земјата, односно на еден поголем ентитет. Ова е симболизирано

со инспирација која архитектите ја добиваат од шкотските пејзажи, особено од океанските крајбрежја. Во основата на приземниот дел од објектот, каде се наоѓа собраниската сала, можат да се видат и останати простории како што се главниот јавен простор со рецепција, ресторан, образовен центар, продавница и изложбен простор. Овој дел е директно поврзан со соседната зграда во која се наоѓаат просториите за состанување, јавна галерија и друго. Соба за состаноци

Собраниска сала 26

3

ПОРТА

17 мај 2013

Детаљ на конструктивна врска, кров


архитектура Конструкцијата на објектот во најголем дел е од челик со високо квалитетни префабрикувани бетонски панели. Таванот над овој дел е пополнет со автентични дизајни инспирирани од шкотскиот крст, симболот од нивното знаме, кои се дизајнирани од главниот архитект Енрик Миралес. Тој својата креативност ја покажува и во дизајнирање на ѕидови, килими и други детали во објектот. Дрвото како декоративен и конструктивен материјал е застапено

во целиот објект, но најизразено е во парламентарната сала. Без внатрешни потпорни столбови, кровот на салата е конструиран од огромни дабови лепени ламелирани носачи кои премостуваат и до 22 метри и метални конектори како конструктивни врски. Покрај кровот во парламентарната сала, дрвото се користи во целиот ентериер. Кај мебелот, столаријата и на останатите декоративни места во салата искористен е познатиот шкотски даб, материјал

кој со неговата естетска вредност и топлина создава прекрасно место за работа на парламентарците. Со одличен BREEAM рејтинг за еколошка вредност, особено во областите на здравје и благосостојба, искористена енергија, избор и транспорт на материјали, употребувана вода во објектот и за време на неговата градба и енергетска ефикасност, одржливоста на објектот е подеднакво импресивна, како и неговиот дизајн. 

Собраниска сала

Фасада - влез

3

17 мај 2013 ПОРТА

27


архитектура

Точки во основата, линии во просторот

Со нагласена и соголена бетонска и челична конструкција, како и алуминиумска фасадна обвивка, објектот потсетува и е во согласност со уникатната историја на мостот „Бродвеј“ и самата област Андреа Јамакоска

С

местен на најсеверната точка од Менхетн во Њујорк, каде што познатиот мост „Бродвеј“ се пресекува со Десетта Авенија, неодамна отворениот спортски центар Campbell формира портал кон атлетскиот комплекс Baker, т.е. примарната спортска установа за надворешна спортска програма на универзитетот Колумбија. Како прв нов атлетски центар конструиран на универзитетот Колумбија, по изградбата на физикалниот фитнес центар Marcellus Hartley Dodge во 70-тите години на минатиот век, спортскиот центар Campbell го дефинира новиот агол на ревитализираниот атлетски

28

3

ПОРТА

17 мај 2013


архитектура

комплекс, и располага со зголемени програмски простории за целокупната студентска атлетска програма. Објектот, кој располага со површина од 4.459м² и е реализација на познатото архитектонско студио "Steven Holl Architects", обезбедува простори за кондициони тренинзи, канцеларии во склоп на универзитетските спортски активности, „театарски“ соби за разни собири, апартмани за гости, како и читални за студентите. Спортскиот центар опслужува активности кои би го поттикнале и мотивирале спортскиот дух на студентите - атлети. Дизајн концептот „точки во основата, линии во просторот“, конципиран како

дијаграми за спортско игралиште за фудбал, кошарка, рагби - се заснова на точки позиционирани на наклонет терен. Како што точките и линиите во дијаграмот ги дефинираат физичката сила и напор, т.е. туркањето и влечењето за време на натпреварите на игралиштата, така елевациите на објектот произлегуваат од извлекување и повлекување на волумени во просторот, т.н. ”pull & push“ концепт. Волуменот на објектот обликува урбан агол помеѓу мостот „Бродвеј“ и 218. Улица, потоа издигнувајќи се за да формира портал, истовремено поврзувајќи ги спортските игралишта и уличниот, градски пејзаж. Простирајќи се преку стрмен предел, сините

тавански површини ја потенцираат отвореноста на монументалниот урбан трем кон атлетскиот комплекс. Терасите и надворешните скали, кои ја имаат улогата на „линии во просторот“, ја отсликуваат динамиката од спортските терени на и во објектот, и отвораат разни визуелни доживувања од горните нивоа на објектот кон Менхетн. Со нагласена и соголена бетонска и челична конструкција, како и алуминиумска фасадна обвивка, објектот потсетува и е во согласност со уникатната историја на самата област. Неговите детали претставуваат јасна рефлексија на сегашната инфраструктура, која го дефинира славниот мост „Бродвеј“.

3

17 мај 2013 ПОРТА

29


архитектура

Вили како закотвени јахти Поставен назад, во правец на критското североисточно крајбрежје, редот на волумените на новоизградените објекти наликува на закотвени јахти гледано од правец кон морето, додека обратно го надополнува урбаниот контекст на земјиштето

Ш

30

3

ПОРТА

17 мај 2013

Ангел Ситновски, дипл.инж.арх. вајцарската архитектонска фирма на Davide Macullo ги има проектирано вилите покрај јахтинг клубот на Elounda

Beach, на островот Крит во Грција. Целиот проект е завршен во 2008 година и овие современи вили, кои се дел од комплексот на плажата Елоунда, по својот изглед личат на закотвена јахта. Вилите се наоѓаат на спектакуларниот морски брег на грчкиот

остров Крит. Elounda Beach е еден од водечките светски хотелски брендови. Обемот на локацијата нуди истовремено огромен и интимен непрекинат поглед долж Егејското Море, како и кон околната природа која го прегрнува заливот.


архитектура

Проектот за овие вили е современа интервенција на брегот, и има за цел да ги поврзе брегот и морето и да ги замагли границите помеѓу земјата, морето и небото! Поставен назад, во правец на критското североисточно крајбрежје,

редот на волумените на новоизградените објекти соочен со водата наликува на закотвени јахти гледано од правец кон морето, додека обратно го надополнува урбаниот контекст на земјиштето. Новооформените патеки помеѓу

бунгаловите дозволуваат отворени визури кон морето и изгледаат како ехо на старите крајбрежни населби направени во современ стил. Силната геометрија на поединечните објекти е изразена како течен крајбрежен пејзаж; низа од 

3

17 мај 2013 ПОРТА

31


архитектура заоблени површини и ѕидови под агол од 45 степени кои ги длабат волумените на градбите. Целата градба се јавува како еден вид на нов вештачки пејзаж. Употребата на природен темносив камен за надворешно обложување на ѕидовите на новите градби ја чува хармонијата со локалната средина, додека употребата на природни материјали како дрво и кожа во ентериерното уредување прави дискретна и богата атмосфера која е во рамнотежа со природната околина. Главната идеја за проектирањето на ентериерот била да се создаде богат отворен внатрешен простор, кој ќе им овозможи на корисниците непречено да го гледаат морето од кој било агол на просторот. Во исто време, преку употреба на архитектонски изрази и самостојни парчиња мебел, просторот може да се затвори и да се создадат повеќе интимни делови за гостите. Надворешните обработки и дизајнот на ентериерот се направени од природни материјали спрема проектот на Davide Macullo, давајќи им чувство на ненагласено богатство, без каква било разметливост. Декорот на објектите им нуди на гостите голема удобност и луксуз, со едноставност која пленува и која ја почитува околината, предизвикувајќи воодушевување кај посетителите. Бањите се правени по ист проект, но завршницата во секоја бања е поинаква. Користени се природни 32

3

ПОРТА

17 мај 2013


архитектура материјали како мермер и дрво, но и рефлексни панели и осветлени огледала. Секоја од вилите има свој приватен базен кој е осветлен ноќе. Подот на бањата е поставен на нивото на водата од базенот, така што, кога просторот е отворен, постои врска со водата надвор. Осветлувањето може да се менува по желба, а постои вграден систем за прием на телевизија и музика. Во бањите поставеното „замрзнато стакло“ може да се осветли со многу бои, во зависност од атмосферата што сака да се создаде. Надворешната сончева светлина која продира во бањите е секогаш сина, затоа што стаклото на прозорците е во сина боја. Креветите во спалните соби по електронски пат можат да се поделат од еднокреветни во двокреветни. Поставеноста на креветите спроти базенот е заради потенцирањето на врската со водата. Просторот во дневните соби може да биде одделен од спалните соби и бањите кога тоа е потребно. И тука во ентериерот се избрани природни материјали. Ѕидовите се направени од рефлектирачки материјали, со заштита од бука, а можат да се поместуваат по електронски пат. Надвор постојат три нивоа на тераси. Едната е во ниво на објектот, другата е подолу од неа и третата е на ниво на морето. Терасите им даваат на гостите избор на приватност. Употребата на тиково дрво за подовите на терасите, полираните челични столбови и стаклените огради потсетуваат на палуба на јахта. 

3

17 мај 2013 ПОРТА

33


архитектура инфо тоКИо, јапонИја Објект: основно училиште The Teikyo University Elementary School Архитектонско студио: Kengo Kuma and Associtates Лоцирано во северниот дел на градот Токио, ова основно училиште е конципирано како модерен еквивалент на традиционалните јапонски образовни објекти, карактеристични по фасадната обработка од дрвени панели. Композицијата на просторот ја потенцира атмосферата на каскадните волумени креирани од дизајнот на кровната покривка. Како целина, структурата е трикатна, додека атриумот што ги поврзува специфичните одделенија на вториот и третиот кат, овозможува посебно доживување на косината на покривката на секој кат. Кедарот како екстериерна обработка на објектот е применет во три различни линиски методи, во зависност од локацијата и функцијата на сегментите што го сочинуваат, создавајќи вариетет на импресии и доживувања, набљудувајќи го од различни перспективи.

валенсИја, ШпанИја Објект: павилјон Автори: Miguel Arraiz ( архитект) + David Moreno ( скулптор) Изградена за годишниот традиционален фестивал во Валенсија, наречен ”Fallas“, привремената поставка на павилјонот е изработена од 3.000 брановидно обликувани хексагонални кутии, применети како единствен структурален материјал. Основен предизвик за неговите дизајнери при осмислувањето и реализацијата на проектот се дождот и ветерот поради тоа што самата структура би требало да претставува нов урбан простор во градскиот пејзаж во времетраење од пет дена, со репрезентативен израз на пештера или засолниште.

мелБурн, австралИја Објект: екстензија на семејна куќа Profile House Архитектонско студио: BLOXAS

34

3

ПОРТА

Наречена Profile House, оваа екстензија буди спомени и сеќавања за дефинираната индустриска типологија во областа каде се наоѓа, денес окарактеризирана со архитектура од тула или брановидно ламелирани хангари. Нејзината едноставна прочистена основа, креира чисти, елегантни и скулптурални внатрешни простори. Трагајќи по некаков тип на експанзија на својот типичен, помрачен калифорниски бунгалов, инвеститорите го потенцираат самоодржливото изведување на својот иден дом, креирајќи „место“ кое нуди чувство на пространост, светлина, визуелен континуитет, соединувајќи го домот со околниот пејзаж и опкружувањето. Целокупниот дизајн, како и концептот на екстензијата ги зацврстува семејните односи, средби, визуелната комуникација, зголемувајќи ја релацијата помеѓу просторот и активностите... 17 мај 2013


архитектура инфо нанКИнг, КИна Објект: музеј на уметности Nanjing Sifang Art Museum Архитектонско студио: Steven Holl Architects Новиот музеј со кој се стекна градот Нанкинг е позициониран како влезна порта кон изложбата за Современа интернационална применета архитектура, сместена во јужниот зелен пејзаж во близина на градот. Музејската зграда ги истражува промената на визури, мултислоевитоста на просторот, како и пространството заробено во магла и водни површини, кои ја карактеризираат длабоката спацијална мистерија на раното кинеско сликарство. Основата на музејот е конципирана како „поле“ на паралелни перспективни простори и „зелени“ ѕидови од црн бамбус - бетонска површина над која лебдат светли „фигури“. Правите, долги пасажи на првото ниво постепено се претвораат во завиен пасаж од фигурите што лебдат над нив. Горната галерија, пак, сместена на поголема висина во просторот, се одвиткува во насока на стрелките на часовникот, кулминирајќи во позиција со најдобро овозможени визури кон градскиот пејзаж. Преку ваквото дизајнирање/проектирање на музејскиот објект, смислата за руралното опкружување постепено се претопува во една урбана слика, овозможена преку визуелната оска кон градската структура.

КвИнсКлИФ, вИКторИја, австралИја Објект: семејна куќа Queenscliff Material Архитектонско студио: Johan Wardle Achitects Објектот во однос на опкружувањето зазема улога на оптички инструмент, како серија од „направи“ кои ги врамуваат визурите и погледите кон непосредно блиското крајбрежје. Најспецифичната променада низ локацијата, како и низ самиот објект е онаа што води од пристапната улица долж благо наклонета патека до влезните скали, кои искачуваат на она ниво кое е доволно за да ги обезбеди најсоодвентните визури за доживување на објектот. Внимателно осмислената кореографија во оваа секвенца истовремено е засилена преку употребените материјали во деталите, како и односот

со опкружувањето. Објектот е тактички позициониран во однос на парцелата со цел да ја овозможи потребната приватност помеѓу членовите на семејството на една тесна локација. Како целина, оваа семејна куќа е специфично дизајнирана за динамично семејство, истовремено отворајќи услови како за приватност, така и за разни собири и колективни случувања. подготви: андреа ЈамаКоСКа

3

17 мај 2013 ПОРТА

35


1963

50 ГОДИНИ ОБНОВА И ИЗГРАДБА НА СКОПЈЕ

2013

Михаил Токарев ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (9)

Творење во неповолни економски услови

Владимир Пота. Пристанишната зграда на аеродромот Петровец (1985). Основа и изглед

Во втората половина на 80-тите години, како резултат на неповолната економска состојба, архитектонската продукција во Македонија има редуциран обем. Архитектите релативно будно ги следат настаните во западноевропската архитектура и настојуваат да држат чекор со неа, но повеќе преку проекти отколку преку реализации. Западните постмодерни влијанија се прифаќаат во вид на поголема проектантска слобода, со слободен избор

на обликувани мотиви, при што присуството на традицијата посебно се негува. Во овој период се подигаат уште неколку значајни објекти од административноделовен карактер. Трајко Димитров во центарот на Скопје, по долги напори успева да го подигне административноделовниот ансамбл Палома бјанка (1986), кој со меките закривувања во основата и во силуетата, заедно со лесната фасадна обвивка изгледа воздушесто. Трајко Димитров. Административно-деловниот објект Палома бјанка (1986)

36

3

ПОРТА

17 мај 2013

Владимир Пота (1947) според својот конкурсен труд прави реконструкција на пристанишната зграда на аеродромот Петровец (1985). Во првата фаза на изградбата, тој употребува лесна челична конструкција и наклонета стаклена обвивка, со која прави интересни кристаловидни волумени, но која не е во согласност со локалните климатски услови. Во планот за реконструкција е опфатен и претходниот пристаништен објект (1964-1966) на Т. Димитров и Д. Димитров (добитник на „Борбината плакета“ за најдобро изведен објект во Македонија), но тие не се задоволни од третманот на стариот објект во рамките на новата композиција. Нако Манов и Дионис Андонов (1940), во непосредна близина на Општинскиот суд Скопје I што го имаат подигнато во 1971 година, кон крајот на 80-тите години го проектираат репрезентативниот ансамбл на правосудни органи и Општинскиот суд Скопје II (1990-2001). Овој ансамбл е составен од една повисока и една пониска призма со висок технолошки сјај, што сведочи за напредокот на градежништвото во Македонија. Со простудираното расчленување на основните волумени, овие објекти се приближуваат кон традиционалниот ритам, содржан во соседните објекти. Василка Ладинска (1928), прераскажувајќи ја на нов начин соседната ,,стара“ архитектура, го гради станбениот објект на ул. Илинденска (1986), кој на мајсторски начин се


Нако Манов и Дионис Андонов. Ансамблот на правосудните органи и Општинскиот суд Скопје II (1990-2001)

вклопува во наследената урбана структура, подигната меѓу двете светски војни. Понесена од постигнатиот резултат, истата постапка таа ја повторува и следната година, кога во соработка со Владимир Ладински подига уште една станбена зграда на истата улица. Навраќањето на постмодерните урнеци, со слободен избор на обликувани мотиви, е видливо и кај Републичкиот диспечерски ТК центар (1987-1989) на Зоран Штаклев (1933-2002). Аналогната интерпретација на античката концепција ,,периптерос“, со повлечени огледални фасади зад тремот, неизоставно потсетува на порано изградената Амбасада на САД во Атина (1956) на Валтер Гропиус. За одбележување е фактот што во Македонија, иако скромно, продолжува објавувањето на книги од областа на архитектурата и урбанизмот. Така, кон крајот на 80-тите години се објавени трите книги на авторот Тихомир Арсовски, при што во првите две е опфатен урбаниот развој на градот Скопје до ХХ век, а во последната, развојот од 1945 до 1985 год. Во истиот период е објавена книгата Архитектурата во Македонија, 1969-1989, од авторот Александар Кочишки (1938), во која тој прави индивидуален избор и презентирање на 50-ина објекти. Тој нив настојува да ги анализира од функционален и обликуван аспект,

Василка Ладинска. Станбениот објект на ул. Илинденска (1986)

Зоран Штаклев. Републичкиот диспечерски ТК центар (1987-89)

очекувајќи да направи ,,поттик за понатамошни продлабочени и покритички анализи на современата македонска архитектура, со цел да се воспостави поактивен општествен однос кон неа“. За вредносните квалитети на македонската архитектура во состав на југословенската од 1945 до 1990 година, не може да се суди единствено според домашните критериуми изнесени во малиот број книги и стручни списанија. Евидентно е дека присуството на македонските архитекти во странските публикации е многу ретко, а нивната афирмација на големите меѓународни конкурси и манифестации е речиси занемарлива. Се разбира дека постојат ретки исклучоци, кои само ја потврдуваат оваа констатација. За таквата неповолна положба на архитектонското творештво во Македонија, воопшто по Втората светска војна, постојат повеќе причини, од општественоекономски, па сѐ до научно-образовни.

3

17 мај 2013 ПОРТА

37


спортски храмови

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

3

ПОРТА

17 мај 2013

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


технологии Џулијан Асанж

Луѓето повторно ќе читаат Приказната за Руперт Мердок и Џулијан Асанж е приказна за неминовните промени што информатичката технологија ги донесе во нашите животи. Промени кои имаат неверојатен ефект врз општеството. Промени кои ја пишуваат светската историја. Трајче СТоЈаноВ,

Ш

то имаат заедничко Руперт Мердок и Џулијан Асанж покрај фактот што и двајцата се Австралијци? Одговорот е дека и двајцата се господари на информацијата. Споредбата е многу симболична: додека едниот го претставува времето што изминува, другиот ја симболизира иднината што доаѓа. И додека првиот патува низ светот во луксуз и со фанфари, другиот живее под закана во животен простор од 20 м2. Без разлика каков живот водат, целиот свет е засегнат од нивните активности. Руперт Мердок е 82-годишен медиски

дипл.инж.арх.

могул и милијардер. Тој е претседавач на Управниот одбор и извршен директор на „Њуз Корпорејшн“ (News Coorporation), втора по големина медиумска империја во светот. Под капа на оваа компанија се наоѓаат огромен број на медиуми меѓу кои најпознати се: издавачката куќа HarperCollins, печатените изданија The Sun, The Sunday Times, The Times, The New York Post, The Wall Street Journal, филмското студио 20th Century Fox, телевизиите Fox International Channels, National Geographic Channel, British Sky Broadcasting, Sky Network Television, интернет-сајтовите Foxsports.com, Hulu итн. Во 2007 година, „Њуз Корпорејшн“ го купи The Wall Street

Journal, преземајќи го Dow Jones и плати двојно повисока цена за акциите од онаа што беше актуелна. Ваквиот потег го изненади светот. Во Руперт Мердок, новинарите го видоа својот спасител поради кризата во која се наоѓаат традиционалните медиуми. Сепак, очекуваните иновации во печатеното новинарство изостанаа за сметка на конзервативниот став на Мердок. Во моментов се одвива поделба на „Њуз Корпорешјн“ на два дела: филм и ТВ бизнисот на една и издаваштвото од друга страна, со што се чини дека компанијата се обидува да го намали ризикот од турбуленцијата на печатените медиуми. Дополнително, последниве години 

3

17 мај 2013 ПОРТА

39


технологии

Руперт и неговата компанија се во центарот на неколку големи скандали, како што се подмитување на владини претставници, прислушкување на телефонските разговори на славните во обид да се дојде до сторија, мешање во уредничката политика итн. Иако „Њуз Корпорешјн“ прави енормни профити, сепак безидејноста на менаџментот, особено во делот на новите информатички технологии, се чини ќе го симнат на колена традиционалното новинарство. Џулијан Асанж е веројатно се она што Руперт Мердок не е. Хакер или 40

3

ПОРТА

17 мај 2013

технолошки волшебник, човек без адреса на живеење или поточно бегалец, човек кој оставил се што има заради каузата што го прави модерен Че Гевара. Ако Мердок не го реформираше традиционалното новинарство, Асанж силно го воздигна онлајн новинарството (или електронското издаваштво поточно) на едно повисоко, доминантно ниво. Во 2006 година, во исто време кога Мердок кроеше планови за преземање на The Wall Street Journal (Dow Jones), Асанж го основаше Викиликс (Wikileaks). Замислата беше да се оформи

веб страница на која ќе се објавуваат доверливи документи онакви какви што се, без никакви интервенции, а притоа гарантирајќи им на „изворите“ целосна анонимност и што е најважно милионски прегледи. Финансирањето беше и е исклучиво преку донации. Ни самиот Асанж никогаш не ни помислувал дека неговиот проект може да земе такви размери, да изврши толкаво влијание во светски рамки и него да го направи најголем и најпознат бегалец на светот (после Бин Ладен, секако). Што се случи? Пред сè, голема шлаканица за


технологии новинските агенции и компании. Голем број хакери, но пред сè луѓе од секаков калибар кои имаат пристап до доверливи документи, ја наполнија базата на Викиликс. „Изворите“ одбраа некој си анонимен вебсајт со дотогаш анонимен основач, наместо познати светски новинари и новински агенции. Само во првата година од своето постоење, Викиликс објави 1,2 милиони доверливи документи. И уште од самиот почеток, тоа беа навистина скандалозни/ битни/вредни документи, како на пример: наредба потпишана од Шеик Хасан Дахир Авејс за атентати над владини службеници во Сомалија, докази за милијардерска корупција во фамилијата на поранешниот кениски лидер Даниел Арап Мои, детални процедури за кампот Гвантанамо со загрижувачки наоди за правата на затворениците, наводи за илегални активности на филијалата на Кајманските острови на швајцарската банка „Јулиус Баер“, тајните прирачници („библии“) на Скиентолошката црква, Минтон извештајот за несоодветниот и крајно опасен третман на хемикалии на компанијата „Трафигура“ во Брегот на Слоновата Коска и уште многу други. Но вистинскиот бум започна во 2010 година кога Викиликс започна да објавува доверливи информации за американските операции во Ирак и Авганистан. Денес, архивата на објавени документи преку Викиликс е „тешка“ неколку милиони документи, бројка на која можат да позавидат сите големи светски медиуми. Вебсајтот www.wikileaks.org во моментов содржи неколку групи на документи како што се: • WikiLeaks Public Library of US Diplomacy (PlusD) или познати како The Kissinger Cables – содржи околу 1,7 милиони документи кои се однесуваат на надворешната политика на САД по последните 40 години. • Detainee Policies – повеќе од 100 документи со правила и процедури за воените затвореници во САД. • Syria Files – повеќе од два милиони мејлови од истакнати сириски политички фигури, министри и компании. • The Global Intelligence Files – над пет милиони мејлови од компанијата „Стратфор“ и уште многу други. Материјалот во овие архиви е толку обемен што сигурно ќе се проучува и цитира во годините што следат бидејќи на некој начин претставуваат историски архив. Она што е интересно за текстов, е што тие архиви се наоѓаат на Интернет и со самиот факт што се преземени милиони пати, значи дека тие се распространети низ целиот свет. Основната инфраструктура за овој

проект се серверите што ги хостираат архивите на Викиликс. Серверите се со прости зборови компјутери чија намена е да ги складираат документите и со оглед на поврзаноста во мрежа, да овозможат пристап до тие документи. Колку што е познато денес, серверите се наоѓаат некаде во Швајцарија, откако претходно беа во стар, преуреден бункер во Стокхолм и во мало француско гратче блиску до границата со Белгија. Поради честите правни проблеми, Викиликс размислува да ги премести серверите на брод кој ќе плови во меѓународните води, со цел да ја избегне јурисдикцијата на неколку земји кои очајно се борат да го уништат проектот. Токму технолошкото знаење и поддршката што ја има Викиликс од технолошката заедница се главните причини зошто проектот е сè уште актуелен. Уште еднаш технолошките волшебници ја покажаа својата надмоќ, па дури и ако од другата страна се наоѓаат и светски велесили. Џулијан Асанж не е новинар, без разлика што го уредува вебсајтот, што располага со документи и што одлучува за нивната

иднина. Документите не ги едитира, ниту пак ги претставува низ свој коментар. Сепак, досега сработеното со право му донесе неколку престижни награди: 2009 Amnesty International UK Media Award, Sam Adams Award, Sydney Peace Foundation gold medal, Martha Gellhorn Prize for Journalism, 2011 Walkley Award итн. Со помош на заедницата, односно „изворите“ и поддржувачите (меѓу кои и финансиските донатори) овој проект е сè уште активен. Викиликс има уште документи за објавување, а трендот ќе продолжи и понатаму. Она што е особено интересно, инспирирани од Викиликс, почнуваат да се создаваат и локализирани верзии на истиот. Така, денес имаме и BalkanLeaks, кој постои на www.balkanleaks.eu, а е наменет за објавување на доверливи документи од земјите од Балканот. Луѓето повторно ќе читаат вести, но тоа ќе биде преку Интернет. А Интернет како медиум е попотребен и специфичен. Оние што планираат да го користат, мора да бидат во тек со информатичката технологија. 

3

17 мај 2013 ПОРТА

41


експерт

Заштита на британските потрошувачи од несовесните агенти за продажба на недвижности

На свој ризик!

Отсега агентите за продажба на недвижности ќе треба да им ги дадат на купувачите сите точни информации за имотот на продажба, а кои можат да влијаат врз одлуката за купување. Ова претставува значителна промена во однос на порано, кога сè зависеше од тоа дали купувачот ќе ги постави вистинските прашања. Но, сè ќе потврди практиката.

З

а разлика од помалку комичните анегдоти кои се поврзуваат со наводното однесување на дел од британските агенти за продажба на недвижности, исто така се сретнуваат и прикази на случаи кои укажуваат на можно постење на многу посериозни и попроблематични практики кај одредени претставници на оваа професија. Во ова смисла наводно некои од агентите за продажба на

42

3

ПОРТА

17 мај 2013

д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија) недвижности се обвинуваат дека користат недостојни тактики, како на пример (Adams, 2006; Agentright, 2012; Coley, 2012; Hill, 2002; Home Seller’s Club, 2013; Just Landed, 2012; Norwood, 2010; Shaw, 2011; Sutton, 2007; This is Money, 2007): • Давање на многу ниска лажна понуда за имотот во очекување дека купувачот ќе прифати вистинска понуда која е под пазарната вредност на имотот. • Издавање на лажни документи на купувачите за да им се помогне

да добијат станбен кредит. • Измислување на докази дека имотите во реонот се продаваат по многу поголеми цени од реалните за да се создаде впечаток каj купувачите дека треба да дадат поголема понуда за имотот за којшто се заинтересирани. • Користење на фотографии кои не ја отсликуваат вистинската состојба на имотот што се продава, како резулатат на манипулации со нив, и сл. • Манипулациите со посетите за


експерт разгледување на имотот што се продава, како на пример вадење на вратите од собите за да се остави впечаток дека просториите се поголеми отколку што навистина се. • Намерно проценување на имотот под пазарната вредност за потоа имотот да се продаде на колега или пријател по пониска цена. • Не пренесување на примена понуда за продажба на имот на продавачот во надеж дека ќе се јави купувач кој ќе понуди поголема цена за имотот. • Неверодостојно опишување на имотите во продажниот материјал. • Одбивање да го намалат надоместот за своите услуги во случаи кога имотот е продаден по помала цена од проценетата вредност. • Откога продажбата на имотот веќе е договорена, имотот сè уште се нуди на продажба на други лица, за евентуално да се продаде по повисока цена. • Покажување на имоти кои се поскапи од буџетот на потенцијалниот купувач во надеж дека тие ќе ги купат и ќе му донесат поголем процент од продажбата на имотот на агентот. • Поставување на табли за продажба и дека имотот е продаден на имоти чија продажба агентот не ја застапува за да се создаде лажна претстава за тоа колку е популарен кај оние што продаваат имоти. • Примена на „заплашување“ на потенцијалните купувачи преку создавање на претстава дека и други купувачи поднеле понуда за да се зголеми продажната цена. Како на пример, организирање на паралелно разгледување на имотот од два купувачи при што откога едниот ќе замине, колега на агентот ќе се јави додека разгледувањето на имотот сè уште трае, а со цел да се остави впечаток кај вториот купувач дека првиот поднел понуда за купување на имотот. • Проценување на имотот на поголема вредност од пазарната, за продавачот да го продава имотот преку агентот што ја извршил проценката и агентот да добие поголем надомест; итн. Поголемиот број од горенаведените примери се поврзуваат со оперирање на агентите за продажба на недвижности на работ на легалното, каде што правилата за однесување не се најдобро дефинирани. Во оваа смисла Shaw (2011) нагласува дека, за разлика од повеќето европски земји, британските агентите за продажба на недвижности не се регулирани. Во земјата постои Национална асоцијација на агенти за недвижности, во која членството е на доброволна основа и

која релативно скоро има отпочнато со издавање на лиценци на доброволна база, при што за агенцијата да се води како лиценцирана таа мора да има најмалку еден агент за продажба со лиценца стекната или преку положен испит или, пак, преку претходно работно искуство. Ваквата состојба сигурно не придонесува за подобрување на угледот на оваа професија. Со цел да се заштитат интересите на британските потрошувачи од несовесните агенти за продажба на недвижности, во 2008 година беа донесени правила на однесување во рамките на „Прописите за заштита на потрошувачите од трговија која не е фер“. За жал, овие прописи не заживеаја во изминатите неколку години, така што тие дури оваа година ќе почнат подоследно да се применуваат, по одлуката на Канцеларијата за фер трговија (Bischoff, 2013). Отсега агентите за продажба на недвижности ќе треба да им ги дадат на купувачите сите точни информации за имотот на продажба, а кои можат да влијаат врз одлуката за купување. Ова претставува значителна промена во однос на порано, кога сè зависеше од тоа дали купувачот ќе ги постави вистинските прашања. Имено, досега продавачот и агентот не беа обврзани доброволно да ги кажат сите информации за имотот што се продава, туку требаше само чесно да одговорат на поставените прашања од потенцијалниот купувач. Притоа обврската да се дадат подетални информации важи не само за агентите за продажба на недвижности и оние што ги продаваат нив, туку и за агентите за изнајмување на имоти и лицата што ги издаваат (Bischoff, 2013).

Така, според новите прописи од агентите за продажба на недвижности се очекува потенцијалните купувачи да ги информираат за (Bischoff, 2013): • Информации за претходно отпочнати постапки за продажба на имотот во прашња кои не биле реализирани, за потенцијалните купувачи да се информираат зошто пропаднала продажбата, како и информации за сомневањата што агентите ги имаат во однос на имотот што се продава. • Информација за заостанати кредити поврзани со објектот што се продава, како и фотографии кои веродостојно го прикажуваат имотот на продажба и неговото опкружување. • Поднесени или одобрени барања за урбанистичка согласност, или пак планирани нови објекти според урбанистичките планови и проекти во близината на објектот. • Присуство на проблематични соседи, кои се бучни или се наоѓаат под Наредба за антисоцијално однесување (ASBO); присуство на кражби во соседството, или пак извршено убиство или самоубиство во објектот што е предмет на продажбата. • Присуство на фабрика, трафостаница, автопат или авионска патека во близина на објектот; присуство на имот на училиште, ноќен клуб или пак објект за времено сместување на лица кои имаат зависност, ментално заболување или пак се на отслужување на затворска казна итн. И покрај очекуваните подобрувања во односите помеѓу агентите за продажба на недвижности и потенцијалните купувачи се чини дека засекогаш останува важечкото правило - caveat emptor - на свој ризик!

3

17 мај 2013 ПОРТА

43


еко инфо њу делхИ

Индиската нуклеарка Кунданкулам доби дозвола за работа

Индискиот Врховен суд донесе пресуда со која се дозволува пуштање во погон на контроверзната НЕ Кунданкулам на југот на Индија. Еколошките активисти и локалното население протестираат против централата уште од 1988 година. Иако есента 2012, индиската влада веќе издаде дозвола за работа, граѓаните и еколошките здруженија доставија петиција до Врховниот суд да забрани стартување на производството. Но, судот одлучи дека централната е „сигурна за работа“. Нуклеарката има инсталирана моќност од 2000 MW, а нејзиниот главен проблем по прашањето на сигурноста е фактот што по индискиот закон таа треба да биде лоцирана на оддалеченост од најмалку 1,5 km од населено место. Во случајов, на оддалеченост помала од 1km, живеат 10.000 жители. (UPI)

ЗагреБ

„војна“ помеѓу хеп и „зелените“

На 9 мај оваа година, активистите на Greenpeace, Зелена акција и Зелена Истра одржаа протестен собир пред термоцентралата Пломин, против изградбата на TE Plomin C, инвестиција на Хрватската електропривреда (ХЕП). Со поставување на 680 силуети на луѓе симболично е прикажан бројот на проценетите смртни случаи поради загадувањето што ќе го предизвика овој проект во својот експлоатационен век од 40 години. Според анализата на Greenpeace, централата ќе биде причинител на 2.671 случаи на астма, и дури вкупно 36.163 случаи на различни болести. (energetika-net)

ваШИнгтон

пораст на производството на биодизел во сад

Податоците на американската Агенција за информирање во енергетиката (EIA), покажуваат дека во февруари во САД е забележано производство на биодизел од 245 милиони литри. За споредба, во јануари биле произведени 238 милиони литри. Скоро ¾ од ова производство е лоцирано на подрачјето на Средниот Запад. Во моментот САД имаат 110 рафинерии за биодизел со вкупен капацитет од 7,5 милијарди литри годишно. 44

3

ПОРТА

(Voice of Russia) 17 мај 2013


еко инфо ваШИнгтон

американската влада вози „зелено“

Со вклучувањето на хибридните возила во возниот парк на американската влада, ќе се оствари заштеда од 3,5 милиони литри бензин во текот на нивниот работен век. За таа цел владата го подобрува својот возен парк со 10.000 хибридни возила. (UPI)

соФИја

Бугарија го намалува производството од обновливи извори за 40%

Бугарскиот оператор на електропреносниот систем издаде упатство според кое треба да се намали вкупното производство на електрична енергија од сите соларни централи и централи на ветер за 40%. Постапката ќе ја спроведат сите три компании за дистрибуција на електрична енергија: ČEZ Bulgaria, Energo – Pro и EVN Bulgaria. Ова е неопходно поради задржување на рамнотежата помеѓу производството и потрошувачката на електрична енергија, а одлуката е донесена и поради тоа што производителите од обновливи извори не доставиле до операторот на системот податоци за производството во реално време. (новините)

тунИс

радиоактивен отпад директно во морето

Тунис не е многу богат со суровини, но оваа северноафриканска земја е петти најголем извозник на фосфати во светот. Хемиската индустрија во оваа земја меѓу другите производи, произведува и фосфорна киселина, која се користи како суровина за ѓубрива и во прехрамбената индустрија. Индустрискиот отпад е отровен и лесно радиоактивен, а државната компанија во градот Габес секој ден испушта 13.000 тони од овој отпад во морето. Овој град има 150.000 жители, и неговото име веќе стана синоним за еден од најголемите еколошки скандали на Медитеранот. (Deutsche Welle)

подготви: Даниела млаДЕноВСКа

3

17 мај 2013 ПОРТА

45


екологија

Нов проект на Меѓународната унија за конзервација на природата

„Црвена листа на загрозени“ отсега и за екосистемите Корален гребен на Карибите

Од истражуваните екосистеми како најзагрозено е наведено Аралското Езеро, во Узбекистан и Казахстан. Езерото е пресушено како резултат на голем иригациски проект и дополнително погодено од суши и загадување, а екосистемот на езерото е колабиран, што е еквивалент на исчезнат животински или растителен вид, коментираат стручњаците.

М

еѓународен тим научници почна да подготвува нова „Црвена листа“ и за загрозените екосистеми, која ќе ги класифицира

46

3

ПОРТА

17 мај 2013

Сашо Кузмановски екосистемите како ранливи, загрозени или критично загрозени, и ќе создаде јасна слика за состојбата со природните живеалишта низ целиот свет. Овој глобален извештај е сличен на познатата „Црвена листа на загрозени растителни

и животински видови“ на Меѓународната унија за конзервација на природата (IUCN). Предводено од тим австралиски научници, а во соработка со IUCN, новото истражување има за цел до 2025 година да се процени секој поголем екосистем


екологија на планетата и да се прати порака дека се потребни итни чекори за нивна заштита. Досега се проценети 20 екосистеми, на шест континенти и во три океани. „За првпат навистина успеавме да составиме систем за процена на ризиците за екосистемите и тоа со поширок опсег од оној за видовите. Користиме пет критериуми. Два се поврзани со карактеристиките на екосистемот, колку брзо назадува и колкава површина е погодена. Два критериуми се однесуваат на еколошките функции на екосистемот, биолошките процеси, каква е нивната интеракција и карактеристиките на климата, водата и така натаму. Петтиот критериум ги обединува сите претходни фактори“, ја пренесува австралиската мрежа ABCNews изјавата на Дејвид Кит, професор од Универзитетот на Нов Јужен Велс, еден од авторите на студијата. Научниците се надеваат дека со тоа што подетално ќе погледнат во екосистемите што се дом на видовите ќе имаат поголем успех во акциите за нивно спасување. „Во овој момент се соочуваме со огромна загуба на биодиверзитетот. Загубата на растителните и животинските видови низ светот има огромно влијание врз екосистемите - пустините, океаните, мочуриштата, и сметам дека ни е потребна некаква рамка која не се фокусира само на видовите. Работата што полека ја комплетираме е фантастична зашто екосистемите се дом на сите видови, а не само на еден вид, а тоа е одлична можност за ефективна конзервација за сите“, вели за ABCNews професорот Ричард Кингсфорд, од Универзитетот на Нов Јужен Велс. Знаејќи кои екосистеми се во добра состојба а кои се загрозени, владите,

Аралско Езеро

индустриите и локалните заедници ќе можат паметно да одлучуваат за нивен одржлив менаџмент.

КАДЕ ИСЧЕЗНА АРАЛСКОТО МОРЕ

Подводна шума, Алјаска Аралско Езеро

На листата со досега објавени екосистеми, меѓу другите се најдоа: лагуните Куронг и карстните извори во Австралија како критично загрозени; гигантските подводни шуми со алги на Алјаска, како критично загрозени; Карипските корални гребени, како критично загрозени; површините под трска во Европа, како ранливи и други. Од истражуваните екосистеми како најзагрозено е наведено Аралското Езеро, во Узбекистан и Казахстан. Езерото е пресушено како резултат на голем иригациски проект и дополнително погодено од суши и загадување, а екосистемот на езерото е колабиран, што е еквивалент на исчезнат животински или растителен вид, коментираат стручњаците. Од 60-тите години на минатиот век, локалните реки кои го хранат Аралското Езеро биле пренасочени за наводнување, а езерото оттогаш загубило 90 проценти од својот волумен. Некогаш четврто езеро по големина во светот, Аралското Езеро сега е поделено на четири водни тела. Умирањето на Аралското Езеро, според научниците, предизвикало социо-економска катастрофа во регионот. Езерскиот транспорт и фабриките за риба пропаднале. Респираторните и дигестивните здравстени проблеми кај околното население се зголемиле, што се припишува на песочните бури кои се креваат од езерското дно. Судбината на Аралското Езеро некои ја нарекуваат „една од најголемите еколошки катастрофи на планетата“.

3

17 мај 2013 ПОРТА

47


хортикултура

Бахаиските градини над Хаифа Архитектурата на градините се стреми кон постигнување на универзалност, така што во неа може да се сретне мешање на класични и ориентални стилови. Па така, може да се сретнат влијанија од персиските рајски градини, па сè до англиските градини. Филип Филипоски,

дипл.шум.инж.

Г

радините на Хаифа претставуваат многу важно место во животот на секој жител од овој град. Подигнати се во геометриски стил, а претставуваат каскадно поставени зелени површини, кои се спуштаат по падината на Кармел, од каде има прекрасна панорама кон градот и Средоземото Море. Ова совршенство е дело на архитектот Фарибурз Сахба. Овие градини се едно од најпосетените места во Израел. Изградбата на градините започнала во 1987 година. Иако доста долго време се работело на нив, сепак на крајот се исплатело. Градините се завршени и

48

3

ПОРТА

17 мај 2013

официјално отворени за посетителите во 2001 година. Тие зафаќаат околу 200.000 метри квадратни, каскадно распоредени. Одделни тераси се поврзани меѓу себе и се врамени во водни каскади. Целиот систем на водниот тек е компјутерски контролиран, преку софистицирана софтверска технологија, која постојано го мери количеството на вода која поминува за одредено време. Водата што циркулира во градините, претставува затворен циклус во рамките на секоја тераса, а целта е губитокот на вода да се сведе на минимум. Архитектурата на градините се стреми кон постигнување на универзалност, така што во неа може да се сретне мешање на

класични и ориентални стилови, како и голем број на елементи од други култури. Па така, може да се сретнат влијанија од персиските рајски градини, па сè до англиските градини. Перфектно искосените тревни површини му даваат посебен фон на целокупниот пејзаж, збогатен со голем број на декоративни листопадни и зимзелени дрвја, раскошна цветна грмушеста вегетација, перени и сезонски цвеќиња. Ридот Кармел секогаш бил симбол на изобилство и плодност. Самото име значи „козје“. Тоа место е свето за Евреите и христијаните, а од големо значење за бахаиската вера е Храмот на Баб пророкот и гласник на бахаиската вера, кој се


рубрика

наоѓа во срцето на самиот Кармел, а каскадните градини се извајани околу него во планината. Согласно на концептот на Сахба, светилиштето на пророкот Баб е фокусна точка, скапоцен камен околу кој терасите (девет пред храмот и девет по храмот) се распространети во форма на дијамант. Деветте концентрички кругови обезбедуваат геометрија и на нивната основа се изградени осумнаесетте тераси. Сите линии го насочуваат погледот на посетителот кон оваа централна зграда. Таа е поставена на посебна тераса која претставува 19-та тераса, а бројот 19 има големо значење за бахаиската религија. Покрај убавиот пејзаж над градот, градините извршуваат повеќе функции. Така, тие се

истовремено и средство за изолирање на светото место од метежот и градот. Мирната атмосфера создава чувство на спокој и тишина, со што ја поддржува молитвата и духовното единство. Мноштво патеки се протегаат низ градините и нудат можност за прошетка и релаксација. Градините, исто така, се средство за остварување на врска помеѓу различните згради лоцирани во и околу нив. Водните елементи се геометриски поставени, а се јавуваат во форма на кружни и правоаголни форми, како и во форма на ѕвезда со осум краци. Сите оние што сакаат да ги посетат овие градини, тоа можат да го сторат во строго одредени периоди во текот на денот, кои се менуваат во зависност од сезоната, а исто така, постои и строг и определен код на облека.

3

17 мај 2013 ПОРТА

49


репортажа

Мал Холивуд во Штавица, Да се пројде во мариовските села, значи да се заборави што е тоа „цивилизација“, да се заборави градот и сите негови привилегии и недостатоци и да се препушти на живот од пред повеќе десетици години, кога единствена болка и радост е грижата за овците, кравите и малата бавча покрај куќата Кате АНТЕВСКА

, историчарка на уметност

Село Штавица

Д

а те пресретне стадо овци на пат за Мариово е добар знак, веројатно добар знак е и кога непознати луѓе ти мафтаат и ти се насмевнуваат додека спокојно минуваш покрај нив. Не ги познаваш, не те познаваат, но ете, се радуваат што некој навраќа во нивниот крај, па макар тоа било и на еден ден, каков што беше случајот со нас. Да се мине низ овој пат, да се пројде во мариовските села, значи да се заборави што е тоа „цивилизација“, да се заборави градот и сите негови привилегии и недостатоци и да се препушти на живот од пред повеќе десетици години, кога единствена болка и радост е грижата за овците, кравите, малата бавча покрај куќата... „Добро дојдовте во Мал Холивуд“ 50

3

ПОРТА

17 мај 2013

пишува на таблата на влезот за селото Штавица, познато по филмовите „Пред дождот“ и „Прашина“ на Милчо Манчевски. Мало село, стари куќи, повеќето распаднати, по некој човек, црквичка на брдото, а наоколу природа каква што само тука може да се види. Високи карпи, пространи ливади и мирис на село. Еден човек на трактор поминува, сака да види кои сме, од каде доаѓаме. Веднаш започнува разговор со нас. - Многу луѓе доаѓаат тука, а многу малку живеат. Има триесетина куќи, некои се стари можеби и по сто години, ама така стојат, луѓето се иселија. Онаа малечка црква на брдото е изградена кога се снимаше филмот на Милчо Манчевски. Местово го знаат по филмот, редовно доаѓаат туристи - раскажува тој. Го слушаме, го разбираме колку што

можеме, зашто знаеме дека ние и тој како да живееме во различни светови. Ме интересираат куќите, старите куќи со чардак, повеќето запуштени и пропаднати. На некои од нив, на фасадите, пишува и кога се изградени, па забележувам 1949, 1952 и така натаму. - Има и многу постари, тие се долу под гробиштата. Овде живеел татко ми, дедо ми, прадедо ми - раскажува жителот на Штавица. Се поздравуваме и продолжуваме понатаму, погоре до малата црква. По пат, во дворот на една куќа гледаме стадо овци и една баба занесена во својата домашна работа. Таа не сака камери, не сака фотоапарати, веројатно многупати досега била испрашувана за овдешниот живот. Еве ја и црквата сместена на бигорната карпа, надолу глетката е импозантана. На фасадата


репортажа

Итар Пејо во Витолиште фрагмент од Страшниот суд, зјапаме во деталите, фотографираме и мислиме на тоа што следува - мариовскиот крај. Се чини, Штавица е само вовед, порта низ која треба да се пројде за да се дојде во Мариово. Тргнуваме, треба да поминеме неколку села за да стигнеме до Витолиште, селото во чија околина е роден Стале Попов. Го одбравме ова село за посета нè поради големиот писател, туку поради тоа што разбравме дека тука има најмногу жители. По пат до Витолиште сретнавме само еден човек, кој нè поздрави, посакувајќи ни добредојде. Истиот тој човек и не отпоздрави кога заминувавме за дома. Селото е големо, има две цркви „Св. Атанасие“ и „Св.Ѓорѓи“, а има и многу куќи, но за жал најголем дел празни. Застануваме на една ширинка, токму пред

црквата „Св. Атанасие“. Голема е градбата, на фасадата пишува дека е изградена на почетокот од дваесеттиот век. И тука нема никој, не можеме да влеземе внатре. Правиме обиколка околу, се враќаме назад и одиме таму каде што се слуша врева - во дворот од една куќа каде што се снимаат серии за Итар Пејо. Среќа, извикуваме гласно, конечно најдовме луѓе со кои може да поразговараме. Топло нè пречекаа. Куќата во која снимаат и престојуваат е на еден човек од Витолиште, еден од малкуте жители во ова село. Остануваме кратко и продолжуваме. Една баба седи покрај својата куќа и радосно се смешка кога и се приближуваме. Расположена е за муабет. Вели дека некогаш ова село било полно со луѓе, но дека сите одат за Прилеп. - Има уште две деца во селово, тука одат

во школо, за нив секој ден доаѓа учителка. Од есен и тие ќе се преселат, ќе заминат во град - вели бабата. Фрламе поглед уште еднаш кон Витолиште и тргнуваме назад. На заминување се присетив на легендата во која се вели дека некој турски бег сакал да ја земе за жена во својот харем убавата Марија, која живеела во овој крај. По долго убедување таа се согласила да оди во харемот на бегот но под услов во селата да не се врши „потурчување“. Договорот бил испочитуван и областа била спасена од зулуми. Во знак на благодарност кон Марија, населението овој крај го нарекол Мариово. Тогаш и потоа Мариово вриело од живот. Кога би можело денес повторно да заживеат овие дворови. „Со здравје, јас никаде не одам, тука имам пуштено корени“, рече старицата покрај патот и се насмевна.

Црквата во село Штавица

Сцена од Страшниот суд на црквата во Штавица

Црквата Св.Атанасие во Витолиште

Куќа во Витолиште


саеми

Меѓународен саем за мебел iSaloni 2013, Милано

КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ЖИВОТ

Quadrifoglio Group

Сандра Дончева Теохарова, дипл.инж.арх. Tecno

Bisley

В

о претходниот број Ви ги презентиравме трендовите од овогодишниот Salone Internazionale del Mobile и производите во делот на спалните, детските, дневните соби, трпезариите... ,

52

3

ПОРТА

17 мај 2013

а во овој број ќе пренесеме дел од случувањата сместени во категориите Канцелариски мебел и Осветлување.

SALONE UFFICIO

Канцелариски мебел - Изложбена поставка која оди секогаш заедно со осветлувањето

поради блиската врска меѓу нив, и фактот што добрите работни простори не може да функционираат без соодветно осветлување. Имаше околу стотина изложувачи кои презентираа канцелариски мебел за осигурителни компании, јавни објекти, банки. Исто така, беа изложени


саеми Galloti&Radice

Casamania

Nayada

производи против бучава - панелни декоративни системи. Она што можеше да се забележи како тренд во изборот на материјали е секако дрвото во комбинација со бел медијапан и транспарентно стакло. Во повеќето случаи, можеше да се видат бироа целосно направени од стакло,

Newform

кои буквално ве оставаат без здив... А канцелариите на сите штандови беа меѓусебно одделени со големи стаклени прегради (без рамки), постигнувајќи фина пространост и транспарентност во целиот амбиент. Едноставно, просторот за работа сè повеќе наликува на простор

за живеење, според видениот дизајн на мебелот. Па така, во однос на оваа поврзаност, архитектот Жан Нувел имаше поставено инсталација во овој павилјон на тема „Канцеларија за живот“ на површина од 1.200 м2. Прикажани беа пет сценарија, кои покажуваа како 

3

17 мај 2013 ПОРТА

53


саеми работното место треба да изразува креативност и уживање во самиот простор. Како што и самиот архитект вели „работењето е дел од живеењето, често поминуваме повеќе време во нашите канцеларии, отколку дома“. Galloti&Radice

Работни простории - инсталација од Jean Nouvel

Vibia 54

EUROLUCE

Осветлување - Биеналната изложба, која оваа година имаше 480 изложувачи, е глобален репер за осветлување во светот, промотор на дизајнот и синоним за иновација во светот на

осветлувањето. И повторно, дизајнот на штандовите каде што беа презентирани овие производи, воодушевуваа со едноставните и минамилистички линии, водејќи сметка за секој детаљ. Сè е така креирано, за да можете да Работни простории - концепт од Jean Nouvel

Martini light

Vibia

3

ПОРТА

17 мај 2013


саеми го почувствувате амбиентот за кој се наменети светилките. Волуменозните светилки се повторно во тренд - групирани со помали светилки кои прават една целина. Кога ја немаат основната намена, светилките стануваат врвни декоративни предмети кои го исполнуваат просторот, а кога се во функција новите светилки прават специјални ефекти со играта на светлината. 

Design heure

Oty light

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk

contact@ontime.mk

+389 75 431 135

3

17 мај 2013 ПОРТА

55


арт

„Панк: Од хаос до висока мода“ во њујоршкиот музеј „Метрополитен“

Панкерите сакаа анархија а завршија

И

зложбата „Панк: Од хаос до висока мода“ во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, која ќе биде отворена до 11 август, не се занимава со револуционерниот туку со убавиот панк; следи како една нихилистичка поткултура замре а потоа се врати во живот на модерните писти. Иако панкерската естетика „направи-сам“ изгледа неспоиво со високата мода направена по мерка, двете се дефинирани со исти импулси на оригиналност и индивидуалност. На изложбата се изложени околу 100 различни панк стилови, почнувајќи од средината на 70-тите и лондонскиот бутик на Вивиен Вествуд и Малком Мекларен, и

56

3

ПОРТА

17 мај 2013

прикажува како високата мода почнала да ги „позајмува“ визуелните симболи на панкот и нејзиното влијание кај дизајнерите како што се Александар Меквин, Хелмут Ланг, Мијучија Прада и Џон Галијано, а филмовите и музиката од тој период ѝ дадоа уште поголема автентичност на изложбата. Изложбата е поделена во седум тематски галерии. Првата целина од поставката му е посветена на њујоршкиот клуб CBGB каде што свиреле некои од најпознатите панк бендови, втората им е посветена на Малком Мекларен и Вивиен Вествуд и на нивниот бутик „Seditionaries“ на лондонската Kings Roud, третата на дизајнерите што го „шират визуелниот јазик на панкот“ обликуван со спојувањето на соцреализмот и уметничкиот

израз, додека останатите четири галерии се занимваат со концептот „направи сам“. „Препознатливата мешавина на референци кои се врзуваат за панкот е стимулирана со уметничките правци како дадаизмот и постмодернизмот, така што има смисла оваа изложба да ја претставиме во музејот што прикажува поширок контекст на овие движења “, вели Томас Кембел, директор на „Метрополитен“. Дијалогот помеѓу модата и уметноста е она што го чини Институтот за костими така посебен. „Откако започна, панкот имаше жестоко влијание врз модата. Панкот ја прославуваше индивидуалноста, креативноста и храброста на луѓето што не се плашат од самите себе и од начинот на кој се облекуваат“, рече Ендру Болтон, кустос во Институтот за костими. Влијанието на панкот врз модата на италијанскиот дизајнер Џани Версаче е прикажано преку неговите фустани со златни и сребрени шпенадли и преку неговите кончени и кожни фустани извезени со метални боцки. На изложбата е прикажан и фустанот на Александар Меквин направен од црн синтетички материјал кој наликува на кеса за ѓубре и неговиот капут од најлон, како и јакната на Хелмут Ланг од сребрена и сина кожа со алуминиумска фолија. Панкерите сакаа анархија а заврија со маици од 565 долари. Тоа е приказната за новата изложба.


арт

со маици од 565 долари

Изложбата отворена во Институтот за костими во рамките на Музејот за уметност „Метрополитен“, го следи необичниот спој на движењето познато по суровата музика, користењето на дрога и повиците против естаблишментот со светкавиот свет на високата мода

3

17 мај 2013 ПОРТА

57


најчудни градби

Интеракција на пристапност и љубопитност Драган Ристов

А

встралија е седмиот континент, кој има широк репертоар на објекти кога се во прашање најчудните градби. Првата асоцијација е зградата на операта во Сиднеј, која сигурно влегува во листата на десетте најинтересни архитектури на денешницава, а секако и најпрепознатливите. Но, Австралија е континент кој многу добро знае да ги обедини различните општествени сектори со убавата архитектура. На овој план, дизајнерското решение на познатото училиште „Џон Куртин“ за медицински истражувања во Канбера може да се пофали со најуникатниот дизајн кој е виден. Како дел од Австралискиот национален 58

3

ПОРТА

17 мај 2013

универзитет, ова медицинско училиште има историја од 1948 година, кога биле направени првите објекти. Тогаш, зад проектот застанал австралискиот нобеловец Хауард Флори и тогашниот австралиски премиер Џон Куртин, по којшто и го носи името. Ова школо се покажало како водечко во поглед на биомедицинските истражувања, а со оглед на две нобелови награди од областа на генетиката, сосема е јасен ставот на австралиската влада да инвестира во секој сегмент на овој научен центар. Нас најмногу нè интересира архитектонскиот, бидејќи од 2012 година се гради комплетно ново крило на центарот вредно 60 милиони долари, а меѓу донаторите е и славниот актер Џеки Чен. Делот, кој е важен за нашето

пишување, се однесува на модерниот урбанистички дизајн промовиран на 28 август 2006 година, кога е отворен новиот објект за молекуларни истражувања за канцер-биологија, за што инвестирала и Националната асоцијација за канцер со грант од 1,3 милиони долари. Архитектонското решение на објектот го изработиле одговорните од „Лајонс архитектс“ од Канбера. Тие направиле неверојатна комбинација на јавен простор со службени простории. Најинтересен е дизајнот на зградата, кој меѓу луѓето се прераскажува како цикцак архитектура, бидејќи се состои од поединечни комплекси кои се поврзани односно изгледаат како своевиден патент. Но, според архитектите, моделот е инспириран


најчудни градби од молекулите на ДНК, со што се придава пред сè чувство на движење и ориентација. Огромните панели доминираат на североисточниот влез, кој има скалест пристап. Самиот влез се отвора со голем хол, а од двете страни има скали по кои се отворат приземниот кат и коридорен пристап низ т.н. цикцак панели. Тие се лоцирани до самите сегменти, а од другата страна се лоцирани малите предавални, мини-салите за состаноци и личните канцеларии на персоналот. Во приземниот дел се лабораториите за истражување, кои се отворени за сите посетители, од аспект на тоа што доминира заштитното стакло и јасната перцепција на сè што работат истражувачите во која било лабораторија. Значи, нема дебели цементни ѕидови, тешки врати или чувство на максимална безбедност, туку интеракција на

пристапност и љубопитност. Карактеристично е што главниот влез продолжува надворешно со една природна тераса која води на задниот дел од објектот. Тој е украсен со цементни панели и стакло, а самите бетонски панели се криптирани со букви и бројки, кои на некој начин се своевидни формули на ДНК и други соединенија. Овој дел продолжува и со западната фасада, само што претставува еден вид на цикцак архитектура со бетонски панели со истоимените криптографски букви. Посебна приказна е ентериерот на објектот. За него треба да се пишува посебен текст бидејќи, како што велат, доволно е само да се фрли еден поглед од погорните катови на скалестиот хол и да се импресионирате од совршенството на разиграните бои.

3

17 мај 2013 ПОРТА

59


совети

СОВРЕМЕНА КУЈНА Сопругот и јас сакаме друштво. Проблем ни е малата затворена кујна која не е место за дружење со семејството и пријателите додека се руча и вечера. Би сакале кујната заедно со трпезаријата да биде дел од дневниот престој. Го бараме вашиот предлог. Габриела Поповска, Битола

С

овремената архитектура ја планира кујната како дел од дневниот престој, а притоа користи мебел со чисти, геометриски линии кој лесно се одржува. Така кујната се претвора во средиште на станот. Вашата идеја за отворена кујна е добра и модерна, но пред да почнете со преуредувањето поставете си ги следните прашања: 1. Дали тоа што го посакувате одговара на вашиот животен стил и вашите моментални потреби? Реновирањето е скапо, а решението треба да го издржи тестот на времето и модерните барања. 2. Која форма во основата е најдобра за вашата кујна? Постои Г форма, П форма и линиска, еднострана и двострана кујна. Со оглед на поставеноста на дневната соба и трпезаријата, кај вас најмногу ќе одговара Г форма на кујна која има остров меѓу дневната и кујната. Откако ќе ја решите формата на кујната, во основа е потребно правилно зонирање. Зоната е дел во кујната во кој се извршува специфична работа. Секоја кујна, голема или мала, треба да има три основни зони – подготовка на храна (миење, сецкање, мешање, блендирање), готвење (употреба на термичка плоча, рерна, фритеза), чистење (миење, сушење, оставање). Трите основни зони треба да се организираат во триаголна конфигурација. Откако и ова ќе го дефинирате, можете да бирате дизајн на кујната, белата техника и осветлувањето. Производителите нудат многу различни модели, но подобро е да се определите за севременски отколку за трендовски. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk

60

3

ПОРТА

17 мај 2013


„KAТАЛУЊА“, Барселона, Шпанија

спортски храмови

Патека за баланс на болидите

И

зградена во 1991 година, патеката во Каталонија е една од најатрактивните Ф1 патеки во календарот на ФИА. Со долги правци и различни агли и капацитет од 107.000 места, Шпанците веќе со години се дел од „најбрзиот циркус на тркала“. Изградбата на патеката се совпадна со организацијата на Летните олимписки игри, кои во 1992 година се одржаа во Барселона. Формула 1 возачите и механичарите велат дека станува збор за една навистина „семејна патека“ на која можат да се развијат големи брзини, но исто така може да се искористи и за аеродинамично балансирање на болидите, особено во делот на претекнувањето, кој не е отворен на многу делови од патеката. После малиот редизајн, кој беше направен во 2007 година, се очекуваа некакви промени и по ова прашање, но експертите не се убедени дека има некои драстични промени. Кога беше дизајнирана патеката во 1990 година, таа требаше да биде една од оние што ќе понудат најмногу простор за меѓусебни претекнувања на болидите. Но проблемот подоцна произлезе во промената на аеродинамиката на болидите и спојлерите, по што сериозно се намалија точките на кои може да се направи „сигурен напад“. „Каталуња“ е домаќин и на неколку други шампионати во брзински натпревари, а особено е популарна за натпреварите во Мото ГП шампионатот. Интересно е и влијанието на факторот „ветер“. Имено, насоката на ветерот на „Каталуња“ може драстично да се промени неколку пати во текот на еден ден, а тоа сериозно се одразува на аеродинамиката на модерните Ф1 болиди. Со силните ветрови тешко е да се обезбеди добро подесување на аеродинамиката, а мала помош сепак даваат пневматиците и новиот начин на нивна изработка.

Сашо Кузмановски Патеката, според експертите, има две критични точки. Последната шикана на која мора да и се пристапи со екстремно мала брзина, како и кривината во лево по име „Кампса“, каде просечно се влегува и со 230 км/ч, но мора да се биде внимателен, бидејќи мала грешка со таа брзина на оваа кривина може да значи и излетување од патеката. Должината на патеката е 4.655 метри.

ФАКТИ за „КАТАЛУЊА“ - Барселона, Шпанија Должина на еден круг: 4.655 метри Капацитет: 107.000 места Изградена: 1991 година Максимална брзина: 317 км/ч

3

17 мај 2013 ПОРТА

61


излог

52.MEѓународен саем За меБел - SalonE inTERnaZionalE DEl MoBilE

1

2

62

3

ПОРТА

17 мај 2013


излог 4

3

1. Julian Appelius е дизајнерот на закачалаката што наликува на боја која се разлева низ ѕидната површина. Изработена е од метал со дебелина од 1,5 мм во различни бои. 2. Производот на Laura Moschini во кој е употребено дрво и кожа, на многу практичен и оригинален начин остварува двојна функција дрвена полица и држач за весници, списанија и ЦД. 3. Мобилна масичка Chariot, дизајнирана од Gam Fratesi за CASAMANIA, се состои од три едноставни елементи споени меѓу себе тркала, послужавници и метална конструкција за едноставно движење на масичката. 4. Дизајнирани од Drugeot Labo полиците RESO, иако изгледаат недовршено, имаат голема функционалност за чување на книги, украси, ЦД и сл. Направени се од природен даб и обоен медијапан. 5. Динамична и разиграна фотелја од Busk и Hertzog - RIO е модерна фотелја, чија форма е подеднакво интересна од двете страни, што ја прави идеална за заземање на централен простор во дневниот престој. подготви: Сандра ДОНЧЕВА Теохарова, дипл.инж.арх. 5

3

17 мај 2013 ПОРТА

63


изложби

10. Биенале на млади уметници во МСУ, Скопје

Солидарност како уметничка мотивација

Н

а 30 април во Музејот на современа уметност беше отворено 10-то Биенале на млади уметници. Темата оваа година, „Солидарност, 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје", го одбележува и раѓањето на идејата за отворање на МСУ, како светска солидарна акција. Оваа година се претставија 20 уметници од Македонија: Алексовски Дарко, Аранѓеловиќ Весна, Арсова Илина, Богоевски Борче, Божурска Кристина, Грабулоска Софија, Талески Дарко, Иванова Ана, Јовановиќ

64

3

ПОРТА

17 мај 2013


изложби

Мира Гаќина

Ѓорѓе, Јовановски Филип, Јосифовски Ристо, Јовановска Михаела, Кирова Маја, Менков Горан, Петрушевска Александра, Пулејкова Кристина, Сотировска Марија, Симовска Маргарита, Тошевска Славица, Манев Марко и Шимбов Андреа. Според кураторот на изложбата, историчарот на уметност Мира Гаќина, се работи за тема која ги покани уметнците да

размислуваат за настан кој се случил пред нивното раѓање, така што иако информацијата за трагичниот настан ја добиваат нужно од втора рака, важноста на настанот не ги спречува во него да видат и цивилизациско и културно значење. Радикалните промени што градот ги доживува во 60-тите години на минатиот век, го усложнуваат неговиот идентитет, 

3

17 мај 2013 ПОРТА

65


изложби

дополнително со неговите промени во долгата и сè уште незавршена транзиција. „Изложените дела покажуваат дека уметниците, навраќајќи се на историската 1963 година, не можат да не забележат дека историската трансформација на градот 66

3

ПОРТА

17 мај 2013

се случува и актуелно“, вели Гаќина за Порта3. „Биеналето останува да биде шанса за искажување на новите имиња“. Инаку, и овој пат Музејот на современа уметност ќе додели награда за најуспешен автор, самостојна изложба во музејот. 




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.