ГОРАН ВОЈВОДИЌ:
Мора да работиме на себе, инаку заостануваме
90 денари / БРОЈ 213 / ПЕТОК 25.10.2013 година IX
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
SKOPJE DESIGN WEEK 2013
Настан со посебен идентитет
ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ГОДИНА IX
БРОЈ 213 ПЕТОК 25.10.2013 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Пешки до работа. Некои ова го сметаат како еднo од најдобрите решенија за зачувување на животната околина. Градејќи „пешачки заедници“ во близина на големи компании и фабрики, инвеститорите им даваат на луѓето опција за намалување на транспортните трошоци и заштедување на време, а воедно и отстранување на стотици автомобили од улиците. Таков е комплексот "Emory Point", Атланта, САД. А кога сето тоа е направено од дрво тогаш еколошките, финансиските и други бенефити само се надополнуваат. Недостигот на координација помеѓу проектантот и изведувачот, непочитувањето на дозволените отстапувања при изведбата, неадекватното внимание на деталите и врските, како и повредливоста на конструкциите во текот на градбата се најчести причини за колапс на конструкциите, пишува Предраг Л. Поповиќ, претседател на Меѓународната асоцијација за мостови и градежно инженерство
ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: ЛУСТЕР ОД ХАРТИЈА, експонат од Недела на дизајн Скопје 2013 ГОРАН ВОЈВОДИЌ:
Мора да работиме на себе инаку заостануваме
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
90 денари / БРОЈ 213 / ПЕТОК 25.10.2013 година IX
И оваа година, како и лани, фестивалот Недела на дизајн во Скопје (SKOPJE DESIGN WEEK 2013) предизвика голем интерес кај посетителите, покажувајќи уште еднаш дека македонската публика е желна за настани од овој вид. Од 1 до 6 октомври, Куршумли ан, автентичниот простор каде што се одржуваше оваа манифестација, стана место на уметноста и дизајнот и му даде посебен идентитет на настанот. Во овој број на „Порта 3“ ќе го проследите интервјуто со познатиот српски архитект Горан Војводиќ. Тој раскажува за плановите и состојбата во која се наоѓа како креативен творец на студиото „БИРО.ВИА“. Во 2010 година Војводиќ ја доби Наградата за животно дело, која ја доделува Сојузот на архитекти на Србија, но тоа не го однесе во пензија, туку му даде поттик да продолжи со својот творечки пат. Војводиќ вели: Не се предавам лесно, иако со наградата ме пратија во пензија. Верувам дека сум на патот кон подобро утре, инаку како би ги предизвикал и колегите и околината да почнат малку поинаку да мислат.
графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ SKOPJE DESIGN WEEK 2013
Настан со посебен идентитет
лектор: Костадинка СОЛЕВА
Автор: МАЈА АНДРЕЕВСКА
11
ИНТЕРВЈУ 11
ДЕЈАН НЕШКОВИЌ, БЕТОН АД СКОПЈЕ: ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ СЕ НАЈДОБРА РЕФЕРЕНЦА ЗА НАС
ГРАДЕЖНИШТВО 18 ОСНОВНИТЕ ПРИЧИНИ ЗА КОЛАПС НА КОНСТРУКЦИИТЕ НАЈЧЕСТО СЕ ПОВТОРУВААТ
ИНТЕРВЈУ 25
28
35
АРХИТЕКТУРА 28
Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ДРВНА АРХИТЕКТУРА 35 ИНОВАТИВНИ „ПЕШАЧКИ ЗАЕДНИЦИ“
44
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
ИЗБЕГНАТИ СТЕРЕОТИПИ
ЕКОЛОГИЈА 52
КОЈ БАРА НАФТА ВО НАЈСТАРИОТ НАЦИОНАЛЕН ПАРК ВО АФРИКА?
НАСТАН СО ПОСЕБЕН ИДЕНТИТЕТ
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати:
ГОРАН ВОЈВОДИЌ: МОРА ДА РАБОТИМЕ НА СЕБЕ, ИНАКУ ЗАОСТАНУВАМЕ
SKOPJE DESIGN WEEK 2013 58
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
САЊА РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ: АРХИТЕКТИТЕ НАЈДОБРО ЈА ФОРМИРААТ СЛИКАТА НА СЕКОЈ ГРАД
УБАВИ ПРОСТОРИ 44
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
58
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
64 ГОДИНИ ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ
Повеќе стипендии и практика за студентите Во наредниот период повеќе работа ќе има во нискоградбата, како замена за високоградбата во која имаше повеќе активности изминатите години
Миле Јанакиески: Практика за студентите почнувајќи од прва година
Г
радежниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ одбележа 64 години од основањето. По тој повод, деканот Милорад Јовановски на најдобрите 53 студенти, од сите години, им врачи сертификати за стипендии, доделени од Фондацијата за стипендирање при факултетот, а двајца добија стипендии од градежната компанија „Бетон“. На свеченоста беше истакнато задоволството што од 2007 година наваму двојно е зголемен бројот на студентите на овој факултет. На свеченоста, покрај студентите, присуствуваше и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и од градежни компании. Обраќајќи им се на присутните, министерот Јанакиески побара
4
3
ПОРТА
25 октомври 2013
градежните компании да бидат општествено поодговорни, да стипендираат повеќе студенти од таа област и да дадат поддршка во стекнувањето практични знаења. Посакувајќи им успешно студирање, Јанакиески им посочи на студентите дека во наредниот период повеќе работа ќе има во таканаречената ниска градба. Исто така, додаде дека во наредните две до три години ќе има намалување на работите во геодезијата, со оглед на привршувањето на легализацијата на дивоградбите, па да внимаваат кога ќе ја бираат насоката. Тој зборуваше и за улогата на градежништвото во државава, нагласувајќи дека градежништвото во изминатиот период има постојан раст, а посебно годинава тој е над 30 проценти и има голем придонес за зголемување на бруто домашниот производ во Република Македонија. - Градежништвото во последните три
години е основна гранка која стимулира раст во економијата во Македонија, а така ќе биде и наредните четири години. Наредната година планираме градба на два автопати, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид и почеток на изградба на пругата кон Бугарија. Повеќе работа ќе има во нискоградбата, како замена за високоградбата во која имаше повеќе активности изминатите години - рече Јанакиески. Ресорниот министер најави дека ќе организира средба со претставници од Градежниот факултет и компаниите за поголем број стипендии и повеќе практика за студентите, почнувајќи од прва година. „Да почнат со неа уште од прва година, бидејќи кога ќе звршат најголем дел од своето време ќе треба да го поминуваат на терен. Што побрзо да влезат во реалното, а со тоа и брзо ќе може да ја совладаат материјата“, истакна Јанакиески.
инфо ПРИЗНАНИЈА
За посебен раст во развојот на градежништвото и за поддршката на студентите во образвувањето во изминативе години, плакета му беше врачена на поранешниот директор на градежната компанија „Бетон“ од Штип, Илија Бреслиски.
Традицинално, претставникот на компанијата „Макстил“ ја врачи наградата за најдобра дипломска работа од областа на метални конструкции. Оваа година наградата ја доби Катерина Велјановска за дипломската работа „Индустриски објект со спрегната меѓукатна конструкција“, изработена под менторство на проф. д-р Петар Цветановски, од Катедрата за метални конструкции. Наградената дипломска работа
Дел од студентите кои добија стипендии
3
25 октомври 2013 ПОРТА
5
инфо
КНАУФ АКАДЕМИЈА СПОДЕЛУВА ИСКУСТВА И ЕДУЦИРА
Издржливоста од пожари - вечен предизвик во градежништвото
Годишно се случуваат околу шест милијарди пожари, а материјалната штета од нив е над 100 милијарди долари
П
ротивпожарната заштита на објектите и градежните системи е секогаш интересна и актуелна тема, бидејќи треба да се примени на сите нови и стари објекти. Повеќе информации за оваа тема беа изнесени на втората Кнауф академија на која стручни лица од Градежниот факултет и Кнауф изолација им ги пренесоа на нивните колеги архитекти и градежници. „Градежните објекти при пожар мора да го сочуваат нивниот капацитет да се спречи ширењето. Годишно се случуваат околу шест милијарди пожари, а материјалната штета од нив е над 100 милијарди долари. За да не дојде до вакви катастрофи, во кои има и човечки жртви, основно е да се внимава
6
3
ПОРТА
25 октомври 2013
објектот да има механичка носивост и стабилност, сигурност во случај на пожар, безбедност и сигурност при употреба, штедење енергија и топлинска заштита“, објаснува Мери Цветковска, професор на Катедрата за техничка механика и јакост на материјалите при Градежниот факултет во Скопје. Во својата презентација „Пожарот како процес и неговото влијание врз армирано-бетонските конструкции“, Цветковска вели дека кај нас најчесто се прави спратен сектор за противпожарна заштита на објектите бидејќи можноста секоја соба да биде ваква е многу скапа. И малите и големите прозорци имаат предност за да се спречи ширењето на пожарот. Кај големите прозорци има поголем влез на кислород, а тоа значи дека пожарот побрзо
гори и се смирува. Кај малите, пак, има побавен влез на кислород што значи дека пожарот побавно се шири, но и побавно се смирува. Затоа треба да се направи термичка и статичка анализа за да се знае што е подобро, објаснува Цветковска. Важни материјали при спречување на ширењето на пожарот во еден објект се бетонот и челикот. Тие се несогорливи материјали и не учествуваат во процесот. Но сепак, при пожар доаѓа до експлозивно прскање на бетонот, а тоа најчесто се јавува на периферните слоеви на опожарените армирано-бетонски елементи и се јавува во првите 30 до 60 минути. Ова е карактеристично за високовредните бетони и за бетоните со нормална јакост. За заштита од ширење на пожарите
инфо
Мери Цветковска
во објектите поставени се критериуми во еврокодот. Тоа се носивост, интегритет и изолација. Ова подразбира дека секој од ѕидовите во објектот при пожар треба да издржи и да не се урне, елементите да имаат спсобност за раздвојување, а исто така е многу важно во случај на пожар од една страна да се ограничи порастот на температурата на неопожарената страна, додава Цветковска. Петар Цветановски од Катедрата за метални и челични конструкции при Градежниот факултет во Скопје, пак, во неговата презентација „Пожарно однесување и заштита на челичните конструкции“ ги објасни предностите и недостатоците на челикот во случај на пожар. „Пожарната носивост на челичните конструкции е 400 Целзиусови степени, а после тоа опаѓа. Како аномалија, пак, е тоа што челикот има мал топлотен капацитет, висока топлопроводливост и брзо загревање“, објаснува Цветановски. Како методи за противпожарна заштита, Цветановски ги наведува термоизолационата
заштита, капацитативната заштита и конструктивните мерки. Тука спаѓаат користењето материјали што имаат мала топлинска проводливост, содржат влага и топлинска експанзија како што се прскани малтери, тешки малтери, табли, пресовани плочи, бетон, бетонски блокови, перфорирана тула. Заштита за челикот е и исполнување со бетон, а поделотворна е заштитата со панели. Секако заштитата е важна, но во секој случај челикот после пожар е пак во употреба, додава Цветановски. Можноста за заштита на објектите од пожар и негово спречување од ширење ја нудат и Кнауф плочите што ги презентираше Блажен Зотовски, кој нагласи дека противпожарните плочи не го шират пламенот воопшто или, пак, само делумно, тие не прскаат и не развиваат чад. Најкористени Кнауф противпожарни плочи се оние од 12,5, 15 и 18 милиметри, кои овозможуваат од 30 до 90 минути противпожарност. Но има и Кнауф- дијамант плоча која има до 180 минути противпожарност. Она што најчесто се вградува во повеќето згради во Скопје се Кнауф плочите со 90 минути противпожарност, објасни Зотовски. К.С.Т.
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 25 октомври 2013 ПОРТА
3
7
www.kingspan.com
Предизвици За новиот дом на Факултетот за бизнис и економија и неговата катедра за континуирано образование, како и за Плаг ин Институтот за современа уметност беше потребен еколошки прифатлив и модерен дизајн. Способноста на Бухлер центарот да ги спои во едно уметноста, образованието и деловното работење на една од најважните крстосници во Винипег претставуваше единствен предизвик за Колективот на архитекти DPA+PSA+DIN со седиште во Винипег.
Решенија Центарот Бухлер со LEED сребрен сертификат, има површина од 4.645 м2 беше изграден со 2.322 м2 изолирани метални панели. Рефлективните јазичиња на фасадата на зградата се проектирани за зафаќање на активноста на градот. Фасадата, исто така, помага во рефлектирањето на промените во светлината што се карактеристични за преријата. Светлосниот ефект изгледа како превез врз надворешната обвивка на зградата, што се состои од изолирани метални панели од Kingspan, и наликува на снежни кристали во лето. Се очекува дека 5.000 студенти ќе посетуваат настава во центарот Бухлер.
Објект: Buhler Centre University Winnipeg Архитект: DPA+PSA+DIN Collective Локација: Winnipeg, Canada
8
www.kingspan.mk
3
ПОРТА
25 октомври 2013
тел: +389 75 80 77 00
ШТИП
Прва индивидуална ветерница во Штип
региони
Драган РИСТОВ
Влатко Зејтиников повеќе нема да плаќа за струја. Прво ја направи сопствената куќа од бродски контејнери. Нов проект е ветерница за производство на електрична енергија. Со оглед на неговата упорност и капацитет, не треба да нè чуди ако Зејтиников одлучи да направи сопствен систем за водоснабдување.
Н
е е првпат штипјанецот Влатко Зејтиников да ја изненади јавноста со свои храбри потези кога е во прашање воведувањето на иновации во индивидуалното домување. Доволно е да се каже дека на двапати пишувавме во „Порта 3“ за него. Прво, кога почна да ја гради првата куќа од бродски контејнери, и вторпат кога ја заврши. Македонија виде како изгледа кога упорноста и ентузијазмот можат да направат чуда, но и еден прекрасен објект, кој пред сè чини помалку пари а има и подобри својства од класичните градби. Зејтиников повторно го изненадува Штип и Македонија. Но не со новитети на градежниот објект, туку околу самата куќа. Во неговиот двор, од неодамна е крената метална конструкција, за која многумина во почетокот и не знаеја за што се работи. Слично беше и кога ги паркираше контејнерите во дворот. Многу соседи мислеа дека ништо нема да биде од куќата, но се изненадија кога таа стана
3
25 октомври 2013 ПОРТА
9
региони фантастична животна локација. Сега малку посериозно гледаат на неговите идеи. Оваа новата, заради која Зејтиников по третпат е во списанието, е тоа што си направи ветерница со која ќе произведува електрична енергија за сопствени потреби. Тоа автоматски значи дека нему инкасатор нема да му ѕвони на врата. Од технички аспект, столбот на ветерницата е висок 17 метри. Тоа е повеќе од доволно, бидејќи како што вели, живее на такво место каде ветерот постојано дува.
Ветерницата има дијаметар од 5,4 метри, а елисите се изработени од фиберглас цевка F330. Има три елиси и секоја од нив е обвиткана со фиберглас платно и смола. Има два ротора и секој од нив има по 20 неодиумски магнети со градација N 42 и димензии 50х10 милиметри. Статорот има 15 намотки или по пет на фаза, за секоја елиса, а излезниот генератор е трифазен. Тоа значи дека при ветер со брзина од околу 10-12 километри на час, се произведува 50 волти, односно три киловат часови на електрична енергија, што е просек поставен од Зејтиников. Според педантната математика, максималниот капацитет е дневно производство на шест киловат часови струја, а оптималниот четири, што според него е сосем доволно за дневните домашни потреби од струја. „Ова е потег кој води кон моја независност а тоа е и целта. Нема сметки за струја и доволно енергија за сите домашни потреби. Не беше тешко, бидејќи имам истражувачки навики и сите информации ги собрав од Интернет. Имаше јасни инструкции како да се реализира проектот и ете стигнав до финале. Во следниот период треба да пристигне и електрониката, што е неопходна ветерницата да стане функционална. И тоа ќе го решам наскоро“, вели Зејтиников. Што се однесува до електрониката, таа се состои од т.н charge controller (или полнач на батерии) и (dump load resistancec) или стабилизатори на вртежниот момент на 10
3
ПОРТА
25 октомври 2013
турбината. Тие можат да се користат како грејачи за бојлер, кога батериите ќе бидат полни со напон. Основа е 48 волтен систем на стационарни батерии од 200 Ah и инвертер од пет киловати. Освен ова, Зејтиников ветерницата ја проектирал и со безбедносни системи, со цел адаптација на брзината на елисите во случај на поголема или помала брзина на ветрот. Затоа и ветерницата има два типа на запирање: механички, кој подразбира променлива геометрија на опашот, а другиот е динамички со магнетна сопирачка. За физичарите, сите овие работи се познати, но за многумина овие квалификации се доживуваат комплицирано и тешки за реализирање. Но Зејтиников, покажува дека сè е можно ако човек е упорен, љубопитен и насочен на остварување на целта. Во време на криза, како што напомена тој, не е сеедно колку пари ќе потрошите за струја. Ако се додаде за крај, дека инвестицијата го чинела 1.500 евра, јасно може да се пресмета при просечна и класична потрошувачка на струја, колку време ќе биде потребно за оваа инвестиција да биде повратена. И кога потоа ќе нема кој да ви ѕвони (па макар и двапати) на врата, станувате свесни дека потегот на Зејтиников е на вистинско место и од огрoмно значење за домашниот буџет. Со оглед на неговата упорност и капацитет, не треба да нè чуди ако Зејтиников не направи сопствен систем за водоснабдување.
ДЕЈАН НЕШКОВИЌ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ДГ БЕТОН АД СКОПЈЕ
градежништво
Изградените објекти се најдобра референца за нас
Дејан Нешковиќ е градежен инженер, кој од 1994 година работи во ДГ Бетон АД Скопје, а од март оваа година е генерален директор на овој наш градежен бренд. Со Нешковиќ разговараме за актуелните состојби во компанијата, но и воопшто за градежништвото во Македонија. Дејан Нешковиќ
Господине Нешковиќ, вие сте новиот генерален директор на „Бетон“. Кажете ни за почеток, со кои предизвици моравте да се соочите во компанијата?
Пред сè, основен предизвик за мене претставуваше продолжување на успешниот развој на компанијата, кој особено е евидентен во периодот од 2007 година па до денес. Едноставно кажано, респектот на компанијата, досега оствареното, но и понатамошното непрекинато унапредување на компанијата, се мотивирачки основи на моето работење на оваа функција.
Мината година компанијата „Бетон“ одбележа 65 години од своето постоење. Според вас, што претставува „Бетон“ денес на градежната мапа на Македонија?
Денес, градежната компанија „Бетон“ е препознатлив бренд на градежната мапа на Македонија, но и во регионот. Објектите изградени од нашата компанија, сами по себе, говорат за Административна зграда на Бетон
3
25 октомври 2013 ПОРТА
11
градежништво Брана Злетовица
кој го одржа „Бетон“ во времето потоа, беа долгогодишните големи проекти од областа на инфраструктурата, хидротехниката… Исто така, тесно специјализираните работи во делот на индустриските објекти, во голема мера придонесоа за опстанокот на компанијата во тој период. Тука, пред сè, мислам на изведби на АБ силоси со преносна или клизна оплата
Како сте обезбедени со работа, односно каде сте ангажирани во моментов?
Во моментов, сите оперативни единици
Јавно обвинителство и финансова полиција, Скопје
компанијата повеќе од кои било извештаи, пишани текстови… Нашиот главен мотив и поттик се градбите што остануваат зад нас задоволството по успешно завршен проект е исто како и во далечната 1947 година, кога беа реализирани и првите проекти. Сметам дека пазарот е тој што реално ги оценува високотехнолошките квалитети на една компанија. Од тој аспект, „Бетон“, сигурно, претставува компанија за почитување во балкански рамки. Повторувам, изградените објекти се најдобра референца за нас.
Во периодот на транзиција, македонските градежни компании се соочија со многу
проблеми од аспект што тие претставуваа гиганти на тогашните југословенски простори и на многу странски пазари. „Бетон“, за разлика од некои субјекти, опстана и продолжи да се развива. Кој беше клучниот момент, таквата несреќна судбина да не ја снајде и вашата компанија? Како и другите македонски градежни компании, така и „Бетон“ беше изложен на отежнати услови на стопанисување во време на транзицијата. Како резултат на тоа, работните единици по градовите низ Републиката договорно се оделија како посебни правни субјекти, за да по неколку години истите и згаснат. Клучниот момент,
Клинкер силос, Беочин, Србија
на компанијата се ангажирани на повеќе проекти. „Бетон“ работи на дел од проектот „Скопје 2014“, на рехабилитација на доводите на Горна Радика – систем Шарски води, реконструкција и рехабилитација на повеќе локални и регионални патни правци, реконструкција и доградба на зградата на Собрание на РМ, надвисување на брана Леуново – Маврово и многу други проекти.
Освен на овдешниот пазар, дали има можности за ваш нов продор на странските пазари, ако се земе предвид дека некогаш „Бетон“ беше еден од најприсутните и најдоминантните 12
3
ПОРТА
25 октомври 2013
градежништво Комбинирана централа ТЕ ТО, Скопје
градители надвор од земјата?
Секако. Паралелно со активностите во државава, компанијата има потреба и од настап надвор од земјата. Во последните десет години беа завршени неколку објекти во соседството (Бугарија, Србија, Косово и Црна Гора) од областа на индустриски и објекти од високоградби. Моментално, учествуваме на неколку странски тендери во регионот, каде што очекуваме нашите понуди да бидат сериозно конкурентни. Тука би го спомнал и рускиот пазар, кој, како што знаеме, секогаш е атрактивен.
Стручните кадри се најскапата инвестиција без која нема иднина. Вие располагате со квалитетна кадровска структура, но има ли нешто што ви недостига во однос на конкурентните компании?
Се согласувам со Вас дека стручните кадри се најскапата инвестиција. „Бетон“ отсекогаш имал квалитетни кадри и наша интенција е тој тренд со сигурност да продолжи. Квалитетни градежни инженери, архитекти, машински и електроинженери се добродојдени во компанијата. Искуството, несебичноста и тимската работа со постари колеги, претставува начин на создавање на квалитетни кадри. Од таа причина во „Бетон“ конкурсот за градежни инженери е постојано отворен. Секако, тука не смеам да ги заборавам и нашите непосредни работници мајстори, кои се основа за еден проект да се претвори во градба. Подмладувањето и на тој сегмент е исто така процес, на кој му приоѓаме со посебно внимание.
темна дамка на инвестициониот процес. Сите ние што учествуваме во оваа професија и бизнис, треба активно да учествуваме во борбата против нелојална конкуренција.
Има многу анализи кои укажуваат дека градежништвото е основниот двигател на индустрискиот раст во Македонија во овие кризни години. Би сакале да го слушнеме Вашето мислење, како навистина овој тренд да стане наша долгорочна состојба, а не само во одредени временски периоди? Неспорен е фактот дека проектот „Скопје 2014“ ги одржа градежните компании во добра кондиција во периодот на глобална економска криза.
Не би зборувал тука за архитектонски вкусови, но наведениот проект треба да биде и да остане „отскочна даска“ за продолжување на ваквата експанзија и во останатите области на градежништвото (инфраструктура, индустриски објекти, хидротехнички градби). Сметам дека услови за тоа постојат, со оглед на најавените големи проекти за идната година.
Колку „Бетон“ посветува внимание на животната средина, еколошките норми и енергетската ефикасност?
Нашата компанија посветува посебно внимание на животната средина, еколошките норми и енергетската
Постои ли конкуренција во градежништвото во Македонија?
Здрава конкуренција во градежништвото е добредојдена. Таквата конкуренција влијае врз процесот на подобрување на ефикасноста и на економското работење на секоја компанија, но морам да кажам дека во практика не ретко се среќаваме и со нереална конкуренција. Последиците од тоа се и многуте започнати и недовршени проекти на терен, и сето тоа од фирми со сомнителен квалитет и бонитет. Тие проекти , на крај, ги довршуваат реномирани фирми, но изгубеното време и средства оставаат
Лансирна решетка за монтажа на носачи на мост
3
25 октомври 2013 ПОРТА
13
градежништво ефикасност на изградените објекти. Тоа е еден од предусловите за во иднина ако сакаме непрекинато унапредување на компанијата, како на локално така и на глобално ниво. Во тек се активностите за добивање на интегрирани еколошки дозволи за производствените капацитети на компанијата, согласно дефинираните рокови на имплементација, и тие ќе бидат навремено спроведени. Поседувањето на соодветни сертификати за имплементирани стандарди и нивно редовно годишно проверување се долгогодишна практика во „Бетон“. Енергетската ефикасност на изградените објекти влијае на конкурентноста на пазарот. Без следење на актуелните трендови во градежништвото нема прогрес за никого.
Винарија Стоби, Градско
Како човек од еснафот, кое е Вашето мислење за најновите усвоени измени и дополнувања на Законот за градење од аспект на дополнителна контрола за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите?
Мое мислење е дека во донесувањето на гореспоменатите измени во Законот за градење, треба да бидат вклучени сите учесници, компании, стручни лица и здруженија кои се од оваа област. Стадион Филип II, Скопје Вијадукт, Орман
Верувам дека нивното мислење, како и здравата дебата по ова прашање би резултирало со соодветно решение.
Од летоска административното и проектантското биро на „Бетон“ е сместено во нова и модерна зграда. Колку сте задоволни од новите услови и простории?
Зграда на МНР, Скопје
Новата зграда на „Бетон“ претставува еден успешно изведен проект од идеја до реализација на терен. Голем дел од работите се завршени, но ни преостанува ентериерното уредување на објектот. Сигурно дека со централизираната положба на административниот и проектантскиот дел е подобрено тимското работење. Тука е и навремената размена на потребни информации. Интегрираниот систем на управување на процесите е доказ за тоа.
Какви се Вашите планови во поглед на новите инвестиции во самата компанија за годинава и долгорочно?
Пред сè, новите инвестиции ги гледам во опремување на компанијата со модерна технологија, опрема и квалитетна работна сила. Конкуренцијата на пазарот е немилосрдна и неминовно е постојано инвестирање, а доколку тоа е правилно, задоволството на вработените за остварените резултати е императив на раководството. 14
3
ПОРТА
25 октомври 2013
градежништво
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
3
25 октомври 2013 ПОРТА
15
градежништво
НАДЗОРЕН ИНЖЕНЕР ОДГОВОРНОСТ БЕЗ ЗАШТИТА Димитар ВАСЕВСКИ, дипл.ел.инж., ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје
С 16
3
ПОРТА
екој проект за изградба на градба почнува и завршува со потпис од Главниот надзор. Можеби многу инженери нема да се согласат со следнава констатација, но да се биде надзорен инженер, особено Главен надзор е најодговорна позиција во листата на учесници на изградба на објектот.
25 октомври 2013
Одговорноста на надзорниот инженер е комплексна и се однесува на сите фази во градбата на објектот вклучувајќи ги тука правната регулатива за градење и контрола на финансиската конструкција на проектот. Сите директни учесници во градбата почнувајќи од проектантот, ревидентот и изведувачот во моментот кога надзорниот инженер ќе го стави својот потпис на документацијата за градење, на некој начин се растоварени од поголем дел од одговорноста за крајниот резултат на проектот. Одговорноста на надзорниот инженер почнува од моментот на анализа на договорите за градба, анализа на проектната документација, следењето на напредокот на градбата, контрола на соодветен квалитет на материјалите и опремата што се вградуваат во градбата, контрола на лабораториските анализи и атестите, заклучно со одговорноста за финансиските текови во тек на градбата. За жал, оваа дејност, иако најодговорна, е најмалку ценета од страна на инвеститорите и најчесто финансискиот аспект на понудата, решава за изборот на надзор, што во принцип потоа прави големи штети на самиот инвеститор. Ако земеме предвид дека сите учесници во градбата имаат последователни контроли, како на пример
градежништво
проектот има ревидент, па потоа ревидираниот проект на објект се проверува од изведувачот и од надзорот, а изведувачот се проверува од надзорот. За разлика од нив, Надзорот како врвен судија кој носи одлуки на терен се контролира исклучиво од инвеститорот (кој обично не е близок со самиот процес на проектирање и градење, и проектот го следи од естетски и финансиски аспект). Ова треба сите инвеститори, а и законодавецот, да ги потсети дека не секој може да работи како поединец или компанија како надзор. Критериумите за надзор во моментов се толку многу растегливи, што реално може да ве „фати страв“ за квалитетот на градбите и начинот на изведба на проектите. Законските рамки за работа на оваа дејност се премногу општи (освен казнените одредби), а не постои ни правилник за работа на надзорниот инженер (како што на пример има правилник за изработка на проектна документација), за кој сме убедени дека треба да се донесе како законски проект, со што ќе се канализираат обврските на надзорните инженери и ќе се сопрат импровизациите што во моментов се базираат на различните искуства на поединци. Со трендовите, кои од Европа се селат кај нас и кон кои мора да се приспособиме, се јавува потреба за обука на надзорните инженери за работа со договори кои се подготвени според ФИДИК, со напомена, што од тие договори не е компатибилно со нашите законски решенија за да не дојде до конфликтни ситуации на теренот, кои градежната инспекција
ги решава исклучиво според нашите законски регулативи. Во намера да создадеме квалитетен систем за надзор, ГЕИНГ во својата структура формираше посебен Сектор за надзор. Секторот е поделен на две организациони единици и тоа: Надзор над патишта (со 20 инженери) и Надзор над градби (со 12 инженери). Ангажираните надзорни инженери во секторот се со просечно искуство од 15 години на полето на надзорот (најмладиот има 8 години работно искуство како надзор), што преставува огромна сила на ова поле. Со оглед на тоа што компанијата е сертифицирана и работи според стандардите ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и BS OHSAS 18001:2007, изработени се и постојано се дополнуваат и процедури и упатства и обрасци за работа на надзорните инженери, со цел да се постигне изедначен висок квалитет во работењето на надзорните инженери. Надзорот на градежните работи од страна на ГЕИНГ дава сигурност на инвеститорот дека проектот ќе биде завршен на време и во рамките на предвидениот буџет, почитувајќи ги сите релевантни прописи и стандарди за квалитет. За жал, за процедурите на работа на надзорните инженери, може да се каже дека најнеинформирани се токму оние на кои тие најмногу им требаат - инвеститорите, кои целата работа ја гледаат исклучиво низ финансиската понуда, што на крај на работењето на објектот и во текот на подоцнежната експлоатација се покажува како лош пристап, но за жал предоцна за да се исправат работите.
3
25 октомври 2013 ПОРТА
17
градежништво
КОЛАПС НА КОНСТРУКЦИИТЕ
Основните причини најчесто се повторуваат Недостигот на координација помеѓу проектантот и изведувачот, непочитувањето на дозволените отстапувања при изведбата, неадекватното внимание на деталите и врските, како и повредливоста на конструкциите во текот на градбата се најчести причини за колапс на конструкциите
С
Предраг Л. ПОПОВИЌ, претседател на Меѓународната асоцијација за мостови и градежно инженерство
екојдневно во светот се градат илјадници мостови, згради, катни гаражи, тунели, силоси, стадиони, индустриски објекти итн. Повеќето од нив се изградени без многу проблеми и успешно ја извршуваат својата функција со години. Многу мал број конструкции, веројатно помалку од еден на десет илјади, претрпуваат колапс за време на изградбата или по изградбата. Со години наназад се анализирани колапси на над илјада конструкции. Во многу случаи, основните причини за колапс се повторуваат. Конструктивниот колапс може да се должи на преоптоварување, грешки во проектирањето, лоша изведба, колапс на материјалот или деградација со текот на времето. Ако ги погледнеме внимателно горенаведените вообичаени причини за колапс на конструкциите, можеме да заклучиме дека постојат многу причини за колапс кои не спаѓаат во овие категории. На пример, во неколку случаи беше забележано дека дозволените отстапувања помеѓу различни делови на една иста конструкција не се компатибилни, што резултира со колапс на конструкцијата. Исто така, многу колапси се предизвикани од недоволната координација помеѓу учесниците во изградбата (проектант, изведувач, подизведувач, снабдувач, надзор итн.). На пример, колапс поради свиткување е редок случај за челични и бетонски конструкции со вообичаени распони. Во челичните греди, уште пред да дојде до лом поради свиткување, веројатно ќе се јави лом во врските или бочно извивање на притиснатата фланша. Во армиранобетонските греди, најчест е ломот поради смолкнување што се должи на несоодветно проектирање или несоодветно армирање. Затоа, би било посоодветно, врз база на анализираните случаи, да се изврши класификација на причините за колапс на конструкциите со земање предвид на сите основни причини за колапс. Тие вклучуваат недостиг на комуникација во правец проектант - изведувач, некомпатибилност во дозволените отстапувања, несоодветни детали и недостаток на стабилност на конструктивните елементи или на целата конструкција. Исто така, се покажа дека е невообичаено само едена грешка да предизвика колапс. Конструкциите вообичаено доживуваат колапс при комбинација на пропусти во проектирањето или изведбата, или како резултат на недоволната координација помеѓу учесниците во изградбата. Во следните поглавја подетално ќе бидат анализирани специфичните причини за колапс во секоја од овие категории и ќе биде посочено како тие може да се избегнат.
18
3
ПОРТА
25 октомври 2013
ДОЗВОЛЕНИ ОТСТАПУВАЊА
Понекогаш, конструктивните детали се проектираат без да се земе предвид дека при изведбата се можни мали отстапувања од проектираните димензии, што треба да биде опфатено со дозволената толеранција. Делови од конструкцијата понекогаш се изведуваат со поголемо отстапување од дозволеното. Слика 1
СЛ.1 Срушен бетонски темел
прикажува колапс на бетонски темел самец во петкатна гаража каде дел од челичните цевкасти профили се монтирани со отстапувања поголеми од дозволените. По бетонирањето на темелите во нивната предвидена положба и по изведувањето на конструкцијата, неколку од темелите претрпеа колапс бидејќи профилите беа лоцирани речиси на рабовите на темелите. Овој рутински проблем во изведбата, кој можел лесно да се коригира со додавање на неколку арматурни прачки или со зголемување на димензиите на темелот, прерасна во голем и скап проект за санација. Детаљот на краток бетонски потпорен елемент, прикажан на Слика 2, исто така ја прикажува важноста на отстапувањата. Количината и видот на арматурните прачки, прикажани во проектот, се соодветни за прием и пренос на очекуваните товари. Должината на потпирање на монтажната бетонска греда, која се потпира на краткиот елемент, е доволна за напрегањата што се јавуваат да бидат во дозволените граници. Иако проектот е соодветен, краткиот елемент претрпе колапс. Што се случило? Арматурата била прикажана на цртежот со единечна линија, што не е невообичаено, и
градежништво прекршувањето на арматурата од 90 степени било претставено како пресек на две линии под прав агол. Меѓутоа, ако арматурата во краткиот елемент била претставена со нејзината вистинска дебелина и со минимален радиус на кривина потребен за свиткување на арматурата, деталите ќе изгледаа многу поразлично. Од Слика 3, може да се види дека рамнината на смолкнување означена со а-а не била армирана. Бидејќи обичниот бетон не може да ги преземе овие напрегања, пукнатините формирани на надворешната страна од главната арматура во краткиот елемент предизвикале колапс на краткиот елемент. Истиот е прикажан на Слика 4.
Сл.2 Проектиран арматурен детаљ
Сл.3 Изведен арматурен детал
Сл.4 Колапс на краток елемент
Овој случај истакнува два аспекти. Прво, критичните делови на конструкцијата треба да бидат прикажани со детали во доволно голем размер за да се претстави фактичката геометрија на конструкцијата. Второ, во делови
Сл.6 Позиција на проектираната и изведената арматура
Сл.5 Изразено напрсната бетонска плоча
Сл.7 Колапс на надворешен фасаден панел
Сл.8 Типична врска помеѓу панел и конструкција
на конструкцијата каде што заштитното растојание е критично, неопходно е да се дефинира и максималната вредност на заштитното растојание (не само минималната како што се бара во кодовите). Друг пример за важноста на отстапувањата при изградбата е прикажан на Слика 5. Широките пукнатини на површината
3
25 октомври 2013 ПОРТА
19
градежништво на плочата од катната гаража се предизвикани затоа што челичната арматура не е поставена на потребната локација блиску до горната ивица на плочата, така што вградената позиција е неколку сантиметри под проектираната позиција (Слика 6). Тоа ја намалува статичката висина на плочата и резултира со значителна редукција во носивоста на врската столб-плоча. За време на изградбата на една болница беа употребени монтажни бетонски фасадни панели за надворешната фасада. Колапсот на еден од панелите се должи на ексцентричноста во врската меѓу панелот и конструкцијата (Слики 7 и 8).
ДЕТАЛИ И ВРСКИ
Во прилог на носечкиот капацитет на главните елементи од конструкцијата, конструктивните детали често се подеднакво важни за носивоста и безбедноста на конструкцијата. Покривот на една подземна катна гаража бил изведен од рамна бетонска плоча зајакната со капители над столбовите. Во еден дел од гаражата растојанието меѓу столбовите било потребно да се зголеми за да се задоволат сообраќајните барања (шеми). Со цел да се задржи истата кота на конструкцијата, проектантот ја зголемил дебелината на плочата со изведување на надвишување на плочата над столбовите, како што е прикажано на Слика 9. Надвишувањето е проектирано да ги прифати трансверзалните сили по периметарот на столбот. Континуираната арматура во горната зона е свиткана за да се приспособи на висинската разлика помеѓу горната ивица на надвишувањето и плочата. Бидејќи арматурата во горната зона е затегната, има тенденција за исправување. Недоволната јакост на заштитното растојание над арматурните прачки во надвишувањето не можело да го спречи исправувањето на арматурните прачки. Сето тоа резултирало со напрснување на горната Сл.9 Арматурен детаљ на столбот страна на покривната плоча и конечно колапс на покривот, како што е прикажано на Слика 10. Добар пример за тоа колку важни и чувствителни може да бидат конструктивните врски претставува трагичниот колапс на висечките пешачки патеки во хотел каде што загинаа повеќе од 100 лица. Конструкцијата се состоела од две висечки пешачки патеки обесени една над друга на покривот во хотелскиот атриум. Напречните греди на пешачките патеки биле изведени од два стандардни U челични профили заварени меѓусебно на врвовите на фланшите. Затегата на која била обесена конструкцијата била монтирана низ средината на добиениот кутијаст пресек. Товарот од носачите бил пренесуван до затегата преку завртки. По колапсот, во текот на истрагата е констатирано дека капацитетот на оваа врска бил многу помал од предвидениот во проектот. Реброто од кутијастата греда било изложено не само на трансверзални сили, туку и на напрегања на свиткување поради ексцентрицитетот на затегата во однос на реброто. Поради овие сили и соодветните напрегања, напречниот пресек на гредата претрпел деформации, Сл.10 Срушен кров на подземна гаража преоптоварувајќи ја врската. Да се влоши состојбата уште повеќе, наместо една затега, што требало да ги носи двете патеки, изведувачот монтирал во горната пешачка патека две затеги радвоени една од друга. Ова двојно го зголемило оптоварувањето на врската и предизвикало колапс на пешачките патеки. Овој случај го потенцира фактот дека колапсот на конструкцијата, вообичаено, е предизвикан од комбинација на недостатоци во проектот или изградбата. Причини за појава нa пукнатини поради замор во челичните мостови се генерално лошото проектирање или изведбата на деталите на врските. Појавата на пукнатини поради замор е карактеристична при бочно извивање, големи почетни несовршености, ограничувања во врските и ниската отпорност на замор. Појавата на кинење поради дисторзија е најраспространета форма на кинење од замор. Појавата на пукнатини е резултат на бочни дисторзии на малите отвори. Отворот е подложен на високо циклични напрегања, што резултира со појава на пукнатини при релативно ниски циклуси. Честопати тоа води до симултано напрснување на слични детали во мостот. Кај мостовските носачи, пукнатина вообичаено се јавува во невкрутениот дел на реброто помеѓу засечениот ќош на вертикалната врзна плоча и коренот на аголниот завар помеѓу Сл.11 Детал на врска на висечки пешачки мост реброто и фланшата. Во зоните со негативен момент кај 20
3
ПОРТА
25 октомври 2013
градежништво континуираните греди, плочата на горната фланша на гредата е бочно вкрутена со коловозната плоча. Подната попречна греда или вкрстениот спрег се поврзани со подолжната греда само преку вертикални вкрутувања или преку врзна плоча заварена за реброто на подолжната греда, и долната притисната фланша на подолжната греда. Подвижниот товар на мостот предизвикува ротација на краевите на подната попречна греда, која како одговор предизвикува деформација во отворот на реброто, предизвикувајќи високи локални напрегања на свиткување кои доведуваат до појава на пукнатини. Пукнатините вообичаено започнуваат од крајот на вертикалните завари на врзната плоча, продолжуваат по должината на заварот сè додека не стигнат до реброто на подолжната греда. Во исто време, пукнатини се јавуваат и по должина на хоризонталниот завар на врската на реброто со фланшата, на спротивната страна од врзната плоча. На Сликата 13 е прикажана пукнатина која се шири од вдлабнувањето кај реброто на подната попречна греда.
Сл.12 Прснатини во врската меѓу подната попречна греда и реброто на подолжната греда
Сл.13 Типичен детаљ на вкрстен спрег
Бочно извивање може да се случи како резултат на позицијата на изместените вкрстени спрегови и различните поместувања на подолжните гредите. Кај сите типови на челични мостови може да се развијат пукнатини од замор поради поместувања. На Слика 13 е прикажан типичен детаљ на вкрстен спрег. При преносот на товарот од возила на соседните греди доаѓа до напрегање во елементите на вкрстените спрегови. На силите во елементите на вкрстениот спрег им се спротивставуваат заварите во близина на спојот на вкрутувањето со горната фланша. Со секое оптоварување од возилата, овој циклус на напрегања се повторува, што доведува до зголемување на пукнатините. Најголема сила во елементите на вкрстениот спрег се очекува да се појави во дијагоналата поврзана со горната зона на челната греда, што е во согласност со разгледаните модели на појава на пукнатини. Пукнатини се јавуваат во реброто на гредата каде завршува вертикалниот завар помеѓу транверзалните плочи за вкрутување на реброто и реброто на гредите добиени со заварување на плочи. Тие се појавуваат само на местата каде внатрешните вкрстени спрегови се поврзани со таков вид на вкрутувања (Слика 14). Најчесто, пукнатина се јавува на места каде што лимот од врската на вкрстените спрегови е изместен на која било од страните на реброто од гредата (Слика 15). Во најголем број случаи, овие пукнатини ги има и кај вертикалниот завар и кај реброто на гредата.
ПРИВРЕМЕНО ПОТПИРАЊЕ
Изградбата на конструкции бетонирани на самото место, вообичаено бара привремено потпирање и користење на оплата, бидејќи бетонската конструкција не може да ја носи својата сопствена тежина се додека бетонот не достигне одредена јакост. Потпирање се користи понекогаш и при монтажа на префабрикувани бетонски, челични и дрвени монтажни споеви/конструкции. Проектирањето и изградбата на соодветна потпорна конструкција и оплата често бара поголемо внимание и вештина, отколку при проектирање и изведба на самата конструкција која се потпира со привремената потпорна конструкција. Иако основните елементи на потпората се едноставно притиснати елементи, потпората како целина, често е многу сложена конструкција. Овие конструкции можат да бидат многу осетливи на мали геометриски несовршености и деформации, кои може да доведат до колапс. Сликата 16 покажува мост со потпорна конструкција која се срушила за време на изградбата. Проблеми може да произлезат и при нерамномерно слегнување на елементите во точките на потпирање на потпорната конструкција. Прво, ако една од точките на потпирање има поголемо слегнување од Сл.14 Прснатина во врската ребро-фланша Сл.15 Прснатини при изместени лимови за врска со вкрстените спрегови
3
25 октомври 2013 ПОРТА
21
градежништво другата, соседната потпора мора да прими поголем дел од товарот од оној предвиден при проектирањето. Второ, слегнувањето на една од четирите вертикали на потпорниот столб предизвикува искривување на потпорниот столб. Со цел да се спречи ваквата деформација, столбот мора правилно да биде вкрутен. Доколку нема спрегови или врски со Сл.17 Поместување (слегнување) на потпорната точка кабли, потпората ќе стане нестабилна и ќе доживее колапс. Затоа, покрај правилното димензионирање на елементите на потпората, големо внимание треба да се посвети и на соодветното потпирање на потпорната конструкција. Елементите во точките на потпирање мора да имаат задоволителна Сл.16 Колапс на потпорната конструкција и на крутост за да спречат мостот големо поместување и слегнување на потпорната Сл.18 Прснатини во носивата бетонска потпора конструкција. Сликата 17 и Сликата 18 покажуваат прекумерно поместување на елементите од потпората во точките на потпирање, што довело до колапс на конструкцијата. За време на изградбата на повеќекатните армирано-бетонски згради, оплатата за армиранобетонските меѓукатни плочи, кои се бетонираат на самото место, вообичаено се потпира на претходно изградените плочи од катот подолу. Поради брзото градење, бетонот на плочата од катот подолу е стар само неколку дена и затоа тој мора да биде потпрен со потпорна конструкција од катот подолу. Со овој начин на изградба, во секое време има потпрено три до четири плочи, и потпирачите од најдолниот кат се пренесуваат на новиот (највисок) кат. Доколку овој циклус на градба се забрза, бетонската плоча потпрена на потпорната конструкција на најнискиот кат, поради скратеното време на зацврстување на бетонот, можеби нема достигнато соодветна јакост. Колапсот на оваа плоча со незадоволителна јакост може да доведе до прогресивен колапс на сите катови, како што е прикажано на Слика 19.
СТАБИЛНОСТ
Поставувањето на потребните спрегови и кабловски врски е многу значајно при монтажата на конструкцијата. Конструкцијата што е комплетно завршена и правилно проектирана и изградена, ќе го прифати предвидениот товар. Но, елементите на конструкцијата, во текот на изградбата, честопати не можат да ја носат ниту својата сопствена тежина. Во таа фаза, тие можеби не се доволно спрегнати како во фазата кога целата конструкција е завршена Сл.19 Прогресивен колапс на конструкција и кога конструктивните елементи се спрегнати преку врските со другите елементи како ѕидови, покрив и потпори. На Слика 20 е прикажан колапсот на покривната конструкција на еден стадион во текот на изградбата. Основниот конструктивен систем се состои од лакови со голем распон од ламелирано дрво кои носат дрвена покривна конструкција (рожници, покривач и изолација). Проектираната носивост на лаковите се базира на претпоставката дека покривната конструкција ќе обезбеди комплетно странично спрегнување. Бидејќи лаковите биле монтирани пред да биде завршена покривната конструкција, потребно било Сл.20 Рушење на кров на стадион во фаза на изградба 22
3
ПОРТА
25 октомври 2013
градежништво
Сл.21 Отстранување на челниот
и доживеала колапс. Исто така се срушиле и двата крана и операторот на едниот од крановите загинал (Слика 24). На Сликата 25 е прикажан уште еден пример на рушење на мост за време на изградбата. Подолжните челични греди биле монтирани и биле привремено странично вкрутени со челични спрегови. Надзорот констатирал дека еден од вкрстените спрегови почнал да се извива и решил да го замени без претходно да провери колку се јаки врските во јазлите на делот каде што истиот бил прицврстен. Со отстранување на само еден вкрстен спрег
Сл.22 Точки на подигање на челниот носач
Сл.23 Кинење на врската на челниот носач
Сл.24 Срушени главни челични носачи при изведба на мост
тие да се спрегнат странично за да може да ја носат својата сопствена тежина и тежината на покривниот материјал поставен на нив. Поради недостаток на странично вкрутување за време на изградбата, дошло до извивање на овие лакови и колапс на целата покривна конструкција. За време на рушењето на еден стар челичен мост, челната греда била отстранета преку подигање со помош на два крана на багер, поставени по еден на секој крај на гредата (Слика 21 и Слика 22). Кога подните греди биле отсечени за да се ослободи челната греда од останатиот дел од мостот, тежината од гредата преку крајните точки била префрлена на крановите (Слика 23). Но, бидејќи гредата не била соодветно потпрена, таа се извила под дејство на сопствената тежина
Сл.24 Колапс на носачот и мостот
се добила голема должина на гредата која не била вкрутена, што придонело до извивање на гредата и рушење на целата конструкција. Погоре опишаните примери не даваат целосен преглед на сите можни причини за конструктивен колапс. Примерите посочија дека недостигот на координација помеѓу проектантот и изведувачот, непочитувањето на дозволените отстапувања при изведбата, неадекватното внимание на деталите и врските, како и повредливоста на конструкциите во текот на градбата се најчести причини за колапс на конструкциите. Може да се каже дека вообичаено колапсот на конструкциите е резултат на комбинација од два или повеќе недостатоци во проектот и/или изградбата.
3
25 октомври 2013 ПОРТА
23
интервју
Б
24
3
ПОРТА
25 октомври 2013
САЊА РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ААМ
интервју
Архитектите најдобро ја формираат сликата на секој град Ставот на ААМ за одредени градежни текови секогаш бил и ќе бидe со најдобра намера. ААМ знае и може да даде придонес за остварување вистински архитектонски вредности. Во ААМ членуваат само архитекти. Кој друг е покомпетентен во создавањето на архитектурата од архитектите? Кате СПАСОВСКА - ТРПКОВСКА
Пред извесно време бевте избрана за нов претседател на Управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти. Ја преземавте ли конечно функцијата и кои се приоритети за кои ќе ги засукате ракавите?
ААМ со децении има воспоставени принципи, организација и сфери на интерси, неопходно е да се почитуваат сите претходни искуства, традиции и придобивки. Но неминовно е и брзо трансформирање, детектирање на проблемите и навремено справување со нив. А тоа значи поголема присутност, отвореност кон колегите, подвижност, брзо и ефикасно дејствување. Приоритет е почитување на архитектурата и враќање на достоинството на професијата.
Кои се тие Ваши замисли и цели, според кои ќе се разликувате во однос на активности од изминатиот период на Асоцијацијата? Драматична разлика во активностите не може да има. ААМ е со децении
воспоставено здружение. Замислата е да се обидам да ги донесам работите на свое место. Јас не измислив ништо ново, едноставно секој треба да го работи она што го знае и најдобро го умее, а тоа значи дека за формирање на сликата на еден град тоа најдобро го умеат архитектите. Значи, воспоставување на здрави критериуми во однос на тоа што е урбанизам и архитектура и кој треба да се занимава со оваа работа. Единствен критериум е квалитетот и знаењето на професионалецот.
Каква состојба затекнавте во Асоцијацијата? Со кои проблеми се соочувате, финансиски...?
Состојбата во ААМ не е и не може да биде различна од состојбата во општеството. Се разбира дека проблеми има, но тие постојат за да се решаваат, еден по еден. За решавање на проблеми е потребно време, работа, не може преку ноќ. Финансиски проблеми имаме, тие секогаш
ги има. Јас не познавам некој што рекол, добро е не се потребни повеќе средства. Финасиите се потребни од практични причини. Со повеќе средства полесно се организира, се приредуваат разни активности од областа на архитектурата, изложби, симпозиуми, едноставно повеќе сме присутни како ААМ и поефикасно можеме да дејствуваме во сферите на нашиот професонален интерес и интересот на граѓаните за градот во кој живеат.
Бевте најавени како фронт на млади сили кој ќе дејствува поагресивно во својата фела. Поточно, на кои конкретни полиња ќе дејствувате?
Релативно е тоа млади. Мислам дека сме димензионирани токму онолку колку е потребно да дејствуваме сите како еден тим. Најаважно е дека е составен од архитекти кои ја сакаат архитектурата, кои се ентузијасти, кои се професионалци во
3
25 октомври 2013 ПОРТА
25
интервју тоа што го работат и умеат да ги препознаат вредностите, но и грешките, знаат да ги кажат работите со право име и што е многу важно, а денес е тоа и многу ретко, спремни се да се изборат за општиот интерес на архитектите, над својот личен.
Најавивте дека ќе се заложите за поголемо интегрирање на професионалните архитекти во градежните текови. Значи ли тоа дека досега бевте во сенка?
Да, во последните години ААМ беше во сенка, беше игнорирана. Ако ААМ има свои ставови, мислења, заедничка декларација, дописи до сите надлежни институции, а тие ставови не им се допаѓаат, тоа не значи дека треба да се однесуваат како да не постои ААМ. Ставот на ААМ за одредени градежни текови секогаш бил и ќе биде со најдобра намера. ААМ знае и може да даде придонес за остварување вистински архитектонски вредности. Во ААМ членуваат само архитекти. Кој друг е покомпетентен во создавањето на архитектурата од архитектите?
ПЕКИНГ, КИНА Објект: Павилјон на приказни Архитект: Luca Nichetto Италијанскиот дизајнер Luca Nichetto е креатор на новиот павилјон на приказните во Пекинг, специфичен по својата фасада покриена со 1.200 вертикални цевки. Павилјонот е сместен во зелена градина и е содржан од бројни варијации на изложбени простории. Неговата фасадна обработка претставува референца на пејзажното опкружување во кое е вдомена структурата, целосно вклопена во неа преку постепената природна промена на нијансите на фасадната обработка, како и нејзиното оксидирање. Зад обвивката се забележуваат волуменозни бронзени монолити со отвори кои ги „откриваат“ изложбените простори низ внатрешноста. Првото отворање на павилјонот се поистоветува со настанот „Недела на дизајн“ во Пекинг, која годинава се одржа кон крајот на месец септември.
Што ќе преземете во врска со клучните прашања во градот за вашиот глас како ААМ да биде пресуден?
Ќе бидеме упорни во настојувањата за дијалог со сите надлежни институции. Мислењето и стручноста на ААМ мора да се почитува. Дебатата, стручното мислење и критиката се со најдобра намера. Без здрав дијалог нема здрав град. Институциите мора да бидат свесни дека градот е општ, народен интерес, се гради со народни пари. Од тоа произлегува обврската и одговорноста кон јавниот простор во кој единствено можат да дејствуваат и да го обликуваат архитекти со големо работно искуство и со висок квалитет.
Какви се вашите релации со регионалните асоцијации на архитекти и дали ќе може да се очекува поголемо меѓународно дејствување на ААМ?
Релациите се одржуваат, но интензитетот е недоволен. За поинтензивна соработка потребни се повеќе финансии, но и позавидно архитектонско творештво. ААМ мора да соработува, пред сè, со регионалните асоцијации бидејќи проблемите се слични, но и со меѓународните, бидејќи светските текови во архитектурата мора да се следат. Архитектурата е една од најскапите работи, светот е многу побогат од нас, но ние мораме да ги следиме инаку останавме на дното. 26
3
ПОРТА
25 октомври 2013
ЛОНДОН, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Објект: Резиденција "Tree House" Архитектонско студио: 6a Architects "Tree House" претставува објект изграден како екстензија на домот на архитектонскиот критичар Rowan Moore и неговото семејство, т.е. адиција на дрвена структура чија форма се извива потенцирајќи го дворното дрво. Оваа нова екстензија е креирана со цел во приземјето да овозможи дополнителен простор за спална соба и бања, дефинирајќи фузија со двата веќе постоечки објекти, кои датираат од 30-тите години на 19 век. Накосената променада која се протега паралелно со објектот овозможува непречено движење без разлика на топографијата. Променадата всушност ја дефинира врската помеѓу дневниот престој од стариот објект и новиот апартман кој целосно се вклопува во зелената градина. Екстериерот на структурата е изведен со редење на дрвени рециклирани даски, а бело обоени дрвени панели ги дефинираат ентериерните ѕидови. Застаклени врати ја истакнуваат внатрешноста кон извиениот сегмент кој го заобиколува дрвото сумак, продолжувајќи кон зелената градина.
архитектура инфо БРИСЕЛ, БЕЛГИЈА Објект: Резиденција "Wall House" Архитектонско студио: And'rol
АКВАСКАЛИЕНТЕС, ГАЛЕРИАС, МЕКСИКО
Анализирајќи ја позицијата на парцелата што се ноѓа во близина на стрмна карпеста падина, како и нејзините димензии, мала широчина, а несекојдневно лонгитудинална ориентација кон уличниот фронт, белгиските архитекти за иснипрација се послужиле со поранешната тврдина во непосредна близина. Основниот елемент на дизајнот се содржи од затворена ѕидна површина чиј издигнат дел е одземен и кој воздржано се надоврзува и адаптира на главниот сегмент на објектот. Секундарен недоминантен волумен исто така се надоврзува на објектот. За реинтерпретација на старата тврдина како надворешна обработка архитектите одбрале монтажни бетонски надвратници. Содржините во внатрешноста се органзирани на различни нивоа како резултат на падот на теренот, потенцирајќи го отворениот просторен концепт и придонесувајќи за компактноста и воздржаноста на просторот.
Објект: Ресторан "Koi Sushi" Архитектонско студио: Grupo Spazio Ресторанот "Koi Sushi" се наоѓа во северниот дел на градот Акваскалиентес, во четврт исполнета со барови и ресторани. Целокупниот дизајн на ентериерот е фокусиран на достигнување на современа и атрактивна целина. Концептот е инспириран од jапонската традиционална храна и секојдневната "lounge" музика. Обвивката на примарната фасада претставува апстракција на бамбусова шума, а зад себе крие површина диференцирана во три зони: тераса, заеднички содржини и мезанин, секоја од нив со различен израз и размерност. Централната циркулација го дефинира и соединува целокупниот дизајн, провлекувајќи се низ секоја од зоните како рута на бројни просторни и амбиентални доживувања.
ОСТРОВ ИНУЏИМА, ЈАПОНИЈА Објект: Галериски простори "A - Art House", "C - Art House" Архитект: Kazuyo Sejima Двата нови објекти именувани "A - Art House" и "C - Art House", претставуваат адиција на веќе постоечките "F - Art House", "S - Art House" и "I - Art House" комплетирајќи ја серијата на галериски простори наменети за истовремено одвивање на изложби и уметнички случувања. Акрилните ѕидни повшини на "A - Art House" се декорирани со кластери на вештачки цветови кои ја исполнуваат заднината со колоритни нијанси, придонесувајќи за амбиенталноста на просторот. "C - Art House", вториот објект од новата адиција го зазема просторот на реновиран дрвен хангар од 19 век. Неговата конструкција е целосно видлива од внатрешноста, каде старите дрвени греди се прикрепени за нови и современи дрвени столбови. Ѕидната површина ја дефинираат дрвени панели, додека панорамското платно создава површина за филмски проекции. Наместо прецизен круг, структурата се одликува со суптилно извиени ѕидови кои се истакнуваат кон надворешноста, создавајќи линија реминисцентна на формата на цвет, наспроти која како контраст се потенцира правоаголно отворање низ еден од надворешните ѕидови кое го дефинира влезниот простор. Со цел да се назначи отворањето на двете нови галерии, сите пет изложбени простории презентираат комбинирана изложба, во која секоја единица е посветена на работата на различен артист. подготви: Андреа ЈАМАКОСКА
3
25 октомври 2013 ПОРТА
27
интервју
ГОРАН ВОЈВОДИЌ
Мора да работиме на себе, инаку заостануваме м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА) таа е мултидисциплинарна категорија која во себе содржи артистичко-уметничко и тоа е личен контекст, а оној инженерскиот е нешто друго, од него е изваден контекстот на креативност. Верувам дека архитектите треба постојано да работат на себе, на усовршување, на пронаоѓање нови начини да се искажат. Среќата е неопходна компонента, јас знам многу архитекти кои ја немаа таа среќа да се остварат креативно. Како што рекол, мислам Злоковиќ, архитекти не значат проекти, архитекти значат изведени дела. Проектите се мртво слово на хартија. Во овој момент „Биро ВИА“ работи на еден станбен блок на Нов Белград од околу дваесет илјади квадрати. Се работи за една приватна инвестиција, инвеститорот немаше потреба да оди на конкурс, што за мене е добро, но не и за струката. Приврзаник сум на трката, тоа е спортскиот момент во мене, јас сакам да победи подобриот и тоа не е фраза. Институцијата конкурс е Ентериерот на BPM - салонот за часовници
В
о овој број на „Порта 3“ ќе го проследите интервјуто со познатиот српски архитект Горан Војводиќ. Тој ни раскажа за плановите и состојбата во која се наоѓа тој како креативен творец на студиото „БИРО.ВИА“, кое го води со архитектот Елена Ивановиќ-Војводиќ. Во 2010 година Војводиќ ја доби Наградата за животно дело, која ја доделува Сојузот на архитекти на Србија, но тоа не го однесе во пензија, туку му даде поттик да продолжи со својот творечки пат.
За почеток, кажете ни на што моментно работи Вашата фирма „Биро ВИА“?
Работиме на себе. Живееме во фантастично време во контекст на новите достигнувања кои се случуваат со голема брзина, а тоа значи дека ако не се „адаптираме“ доволно брзо тогаш заостануваме. Архитектурата е класична трка како и сите дејности, 28
3
ПОРТА
25 октомври 2013
интервју многу добра по разни основи, постојат можности да се изнесат различни погледи и идеи на зададената тема, а тоа е можност да учествуваат многу млади луѓе кои се сè повеќе без работа. Нашите школи фабрикуваат кадар кој директно го исфрлаат на улица, бидејќи ова е општество и средина кои не можат да изнесат 350 инженери архитекти секоја година. Градот мора да се сврти кон струката на најпозитивен начин, тука да бидат инволвирани или луѓе од Друштвото на архитекти на Белград или од Сојузот на архитекти на Србија, сите ние сме членови на тоа друштво, бидејќи тие што го водат се спремни да помогнат и треба да ги слушаме.
Станбен објект на улицата „Браниќевска“ во Белград
Дали можеме да кажеме дека моментално живееме во доба на инвеститорска архитектура, каде што етичките, естетските и квалитативните вредности на архитектурата се подредени исклучиво на економските интереси?
Во прашање е чиста економија, а од друга страна со неинвестирање во опшеството, во образованието резултиравме со лоши ефекти и неквалитет во крајните инстанци. Порано имавме некаква стабилност, ако се погледне модерната во Нов Белград, имавме нешто што е светски тренд, и тоа заживеа меѓу првите кај нас. Ние не сме толку оперирани ни од проекции кон иднината ни од потребата да се изразиме. Ние дојдовме тука каде што сме, во слеп колосек и тука застанавме. На ист начин, треба да се погледне кои се инвеститорите, тоа се домашни и странски. Има два вида странски инвеститори. Или доаѓаат со стандарди и тука нема грешка, тие носат со себе квалитет. Втората група инвеститори е
онаа што носи архитекти со себе, тогаш ја имате „позната спојка“ на „Славија биро“ и израелската фирма, кои ги изградија сите деловни згради низ Нов Белград, а тоа е катастофа. Тоа се големи површини и големи објекти, кои со својата позиција се експонирани да можат да укажат на некоја слика на градот, а укажуваат на лоша слика на градот. Тоа се нови проекти и нови реализации. Мене, како проектант на ентериерот на Белградската филхармонија, ме прашаа за најавата дека Сантјаго Калатрава ќе ја проектира новата зграда. Јас тоа го поддржувам, тој е чудо од човек, јас прв би застанал зад него, би му помогнал и волонтерски ако треба, само да дојде и да остави печат во овој град. Треба да си болно суетен за да имаш против тоа да доаѓаат светски познати архитекти. Странските инвеститори умеат да препознаат квалитет и инсистираат на него, основната позиција во странство е многу повисока отколку нашата. Домашните инвеститори произлегле од економските конгломерати и го ценат квалитетот. Многу повеќе се оние што на сомнителен начин дошле до капитал кој би сакале да го „исперат“, а тоа главно се случува преку станбената градба. Тоа се луѓе на кои единствениот интерес им е профитот. Тогаш, како осиромашено општество ја препознаваме само финансиската единица и тоа е една премиса која нè дефинира понатаму во работата. Тоа се одразува и во употребата на материјали, а проблемот го потиснуваме не препознавајќи што е тоа квалитет.
Кои се најголемите проблеми со кои Вие и „БироВИА“ се сретнувате денес?
Ако се исклучиме себеси, на прво место се проблемите што ни
3
25 октомври 2013 ПОРТА
29
интервју Белградска филхармонија, реконстукција на ентериер
ги создава администацијата. Посебен сегмент се колегите со иста школа, проектанти урбанисти, бидејќи нашето општество не успеа да изнедри квалитетна струка на луѓе за да ги осмисли подобро своите Генерални планови. На пример, во Белград е на сила Генералниот план 2021 кој до крајот на месецот ќе биде ставен надвор од употреба. Требаше да се користи како значаен тек и протек и усмерување каде треба да оди градот минимум до 2021 година, а достигна само до 2013 година. Постојаната промена на регулативата е потполно неверојатна, и тоа е нешто што ја осакатува нашата струка. Комуникацијата со луѓето што седат во некои секретаријати и јавни установи е многу отежната. Оние што седат во градската администрација, главно, се наши колеги кои се оградени и отуѓени од самата струка по себе. Заради тоа се претворени во класична административна линија која не го препознава она што е пред нив. Тука нема лична иницијатива ниту толеранција на прописите што е возможно, не надвор од прописите туку во нивни рамки. Сè оди по полесниот пат, а сè стои во место. Тоа е проблем не само со „БироВИА“ туку со сите што се занимаваат со оваа работа. Следната категорија е можноста за изградба на она што е осмислено. Инвеститорите ги прескокнувам бидејќи овде јас сум само услуга, макар што првата реченица со инвеститорите е дека мора да ме доживеат како некој што е на нивна страна, јас сум чувар на нивното богатство а никако потрошувач. Ако ова го поминеме, тогаш комуникацијата и соработката е олеснета и се базира на доверба. Речиси од сите инвеститори направив лични пријатели како заедничко вложување во пријателството. Тој позитивен однос кон инвеститорот, ставајќи се себе во контекст на некој што води сметка за инвестицијата, е посебна категорија со која профилот архитект мора да се занимава. Уште еден проблем се јавува кај реализацијата, пазарот многу се прошири, а ширината сама по себе не носи квалитет. Реализацијата во примена 30
3
ПОРТА
25 октомври 2013
Деловен објект „Анекс“, Белград
интервју на технологии и материјали сè уште заостанува за некој поразвиен свет. Кај нас сè нешто што претставува новина добива финансиска тежина и се презентира на погрешен начин. Многупати имав таква ситуација. Она што на Запад, па и во Кина која не е запад а направи чудо, се препознава како разлика во квалитетот и цената, мора да се примени и на овој пазар.
Управна зграда на Porsche SCG, Белград
Колку ја познавате архитектонската сцена во регионот, посебно македонската, и која е позицијата на српската архитектонска сцена во однос на регионот?
За жал, немам премногу врска со Македонија, освен многу позитивни емоции од потполно лични причини, независни од струката. Архитектонската сцена во голема мера се намали кај нас, економската криза е секаде во светот, но кога имате огромен букет а еден дел се исуши, сепак останува убавината, кај нас тоа така оди. Ако ги наредиме архитектонските сцени, мислам дека мала предност има Словенија во однос на Хрватска, а ние доаѓаме дури после. Мене ми е јасно, погледнете на кој било сајт кој се занимава со струката, дали барем некој од овие простори се појавува во некое светско реномирано списание или медиум, а колку колеги има од Хрватска и Словенија. Не им завидувам на тоа, радосен сум заради тоа, Словенија секогаш беше насочена кон својата филозофија, култура, образование и како и да е кон некоја австриска линија. Се надевам дека еден дел ќе се прелие од таа филозофија и тој пристап. Тие се често незадоволни со позицијата, но далеку е тоа од компарацијата со нас, сепак се на повисоко ниво.
Како ги гледате актуелните теми на архитектурата во Белград денес, проектите како што се „Беко“, „Град на вода“, „Центар за промоција на науките“? Деловен објект „Анекс“, Белград - ентериер
Веќе изнесов позитивно мислење и верувам дека тоа треба да биде така. Со совпаѓање на околностите на некои проекти бев инволвиран, сигурно би можел да замерам многу нешта. Неможноста на колегите од странство да го препознаат "genius loci". Конкретно зборувам за Калемегдан, јас не сум чувар на вечната традиција, нонсенс е да се каже дека таков објект врши негативно влијание и неможност на доживување на Калемегдан на начин каков што го гледаме со векови. Зборувам за архитектурата што ја негува Заха Хадид, веќе може да се каже и движење. Ми се чини дека таа доминантна аморфност во нејзината работа не е на добар начин пласирана во тој проект. Проектот на Либескинд „Град на вода“ е дел од голема идеја, но често тие ангажмани на светските архитектонски ѕвезди се доживуваат како потенцијални. Ми се чини дека овдешните инвеститори се користат со нив за да ја пласираат полесно својата инвестиција. Не видов нешто специјално во тие проекти, но во секој случај нивното постоење овде е добро, на некој начин ќе нè збогатат.
3
25 октомври 2013 ПОРТА
31
интервју Во еден од претходните броеви на „Порта 3“ пишувавме за трансформацијата на некогашните симболи во нови. Конкретно, се работи за „Ушќе“, хотел „Југославија“ и Генералштабот. Вие работевте на проектот за реконструкција на хотел „Југославија“, можете ли да ни кажете што се случи со тој проект?
Станбен објект на улица Крунска, Белград. Изглед и ентериер
Генералштабот има тежина, тој е под заштита на државата и така треба да се третира. Што се однесува до „Ушќе“ имам многу негативен однос, тоа е првенствено урбанистички нонсенс, а дека сум во право покажува секојдневниот сообраќаен метеж во пристапот кон градот и кон Нов Белград. Таму се случува тотален колапс. Не зборувам за естетика, како шопинг-мол изгледа коректно и е чекор над она што сум гледал по светот, но не му е местото таму. Сега таа кула е обезвреднета со оној ненормален габарит, а можеше да заживее со друга функција. Јас ги прашав во комисијата дали се запознати со поимот петта фасада, што се случува од петтиот кат до дваесет и вториот кат на „Ушќе“, како луѓето што работат таму го доживуваат монструмот што е пред нив? Хотел „Југославија“ е еден од ретките професионални порази во мојот живот, во кој свесно сум влегол. Идејата што ми беше наметната од инвеститорот и од градските власти е еден срамен компромис. Градот е незаинтересиран, сè застана. Објектот што е препознаен на мапата на Европа со својата позиција, зборувам за хотелот, е во топ десетте хотели, а стои над деценија како една руина. Тоа е едно страшно неодговорно однесување на градската власт. Оние што дојдоа после мене, вратени се на почеток. Белград имаше шанса да добие една феноменална туристичка угостителска дестинација. Хотел „Југославија“ за мене е болна тема. Ја напуштив работата кога сфатив дека она што сум го наумил и беше поздравено од струката нема да се реализира, и дека сме наведени на погрешна страна. За некои висината беше ненадминлив проблем, а градовите на денешницата прават градски центри со вертикално нагласени репери. Јас направив контратежа за 160 метри должина на хотелот со мала пауза за заедничка содржина, со нешто понизок габарит од самиот хотел, и самата кула беше компарација на хоризонталата на хотел „Југославија“. Низ сите анализи се покажа како квалитетно решение. Нов Белград ја има таа блоковска поделеност и матрица која на аглите од тие блокови има висински репери од 22 ката, ние застанавме во мера во која ни е дозволено заради сите прописи.
Станбениот објект Крунска предизвика одредени контроверзии, за што се работи?
Ако од провинциска перспектива велиме дека се убави само старите куќи и дека во дваесет и први век мораме да правиме поубави и постари куќи отколку што се постоечките, тогаш имаме проблем. Во урбанистички контекст, куќата се наоѓа на аголот на улица „Крунска“ која има историја, и многу луѓе рекоа дека тоа „беше убава приземна вила“. Да, сите овие куќи во околината се сериозни градби. Јас добив урбанистички услови кои беа нонсенс и речиси излегов од проектот. Добив услови кои велат: имаш право да 32
3
ПОРТА
25 октомври 2013
интервју ѕидаш ниско приземје, високо приземје, први кат, први повлечен и втори повлечен кат. Тоа никогаш го немало. На плацот имам висинска разлика од 20 сантиметри, како да работам ниско и високо приземје? А овие повлечени катови се како да правам зигурат. Но на крајот успеав да добијам услови какви што треба да бидат, приземје и четири ката. Оние што ги сакаа старите куќи некако ги преболеа вилите, но сега е проблем - куќата е бела. Па зошто овој кат е искривен? Блиските пријатели беа поделени, некој ме праша зошто сум го направил тој „фрижидер“, а други пак беа воодушевени. Јас со таа куќа сум задоволен, би бил уште позадоловен да беше од бетон. Цел живот мечтаам да направам потполно бетонска куќа, јас сум Јапонец во душа. За жал, ние таква технологија немаме, но се надевам дека ќе изведам таков проект. Според мене, таа куќа требаше да биде од натур-бетон со столарија. Нејзината форма и скулптуралност е замислена како кубус со ротирачки покрив, а за да го нагласам тоа се користеше еднообразност на материјалите. Имав пофалби од еминентни страни, на пример списанието А10 од Холандија, во кое пишуваше дека конечно се случила промена во архитектурата на Белград, изградена е класична урбана вила.
Вие сте српски архитект кој има работно искуство во странство. Пред петнаесетина години отидовте во Германија и работевте во бирото на В.Ј. Крингс. Како престојот и работата во странство влијаеше на Вас, главно од архитектонски аспект?
Јас во Германија живеев и професионално се занимавав со ракомет. Имав некоја среќа, покрај памет човек мора да има и среќа и цел живот гледам низ контекст на спортот, среќата ги следи храбрите. Во 1989 година, кога отидов во Германија, падна Берлинскиот ѕид. Источниот дел на Германија тогаш беше потполно опустошен и со голема брзина градеа за да го достигнат западот. Ангажманот во Германија имаше многу позитивно влијание врз мене. Луѓето од клубот имаа среќа што постоеше добронамерен архитект, професорот Крингс кој ме вработи; јас направив симпатична уцена - ако доаѓам да играм ракомет
мора да работам како архитект. Господинот Крингс скоро го видов во Сан Тропе каде има куќа која заедно ја проектиравме и ја задржал. Тој беше многу инвентивен и умешен човек, јас му бев креативниот дел од тимот а тој беше вистински менаџер. Работевме конкурс за одбележување 500 години од раѓањето на Кристофер Колумбо во Џенова, и влеговме во најтесниот круг.
Во 2010 година ја добивте Наградата за животно дело, која ја доделува Сојузот на архитектите на Србија. Имате ли некоја неостварена желба? Јас сум трет од сите 46 добитници на таа награда до сега, кои имавме 50 години кога ја добивме наградата, а просечната старост е 65 години. Кога ми јавија, мислев дека тоа е скриена камера па прашав дали тоа значи дека треба да одам во пензија, кога на 50 години добивам награда за животно дело? Наградите се убава работа и добро е да ги имаш, но и не треба премногу да се фалиш со нив. Секако дека ми е драго, доделена ми е од струката, со сите суети кои ние заедно ги носиме. Моја неоставена желба е арената Комбанк на Нов Белград, која ја реализираше архитектот Владимир Славица. Јас тогаш работев во ЦИП, и постоеше конгломерат на фирми кои учествуваа во повикувачкиот конкурс. Мислам дека салата што тогаш ја поставив беше поиновативна и поинтересна од она што подоцна произлезе. Имам голема желба да направам сериозен спортски објект, па толку години се занимавав со спортот. Треба посебно чувство за тоа, треба да се биде во спортот за да се препознае што се предности и лоши страни. Го направив тенискиот центар ГАМАКС, тој е интересен затоа што има различни содржини. Жалам што не направив голема сала како новобелграската, и второ, жалам што не паправив мост. Бев во Буенос Аирес каде го видов Калатравиниот мост кој се отвора и има отклон за да поминат бродовите. Тоа е една врвна инженерија со голема доза на креативност и носи во себе нагласена вајарска димензија. Не се предавам лесно, иако со наградата ме пратија во пензија. Верувам дека сум на патот кон подобро утре, инаку како би ги предизвикал и колегите и околината да почнат малку поинаку да мислат?!
Станбен објект „Терзин“ во Белград
3
25 октомври 2013 ПОРТА
33
2,3
плочи, 25 kg Thermokleber
Потрошувачка: 5 kg/m
2
Малтер за лепење стиропор (EPS) Putzgrund Fassade плочи, 25 kg
Kati
Подлога пред нанесување на Потрошувачка: 5 kg/m завршни фасадни малтери, 20 kg градежништво 2
25 лтер, kg 25 kgПотрошувачка: KlebeSpachtel
0,3 – 0,5 kg/m2
Малтер за лепење на стиропор (EPS)
Styrokleber армирање и глетување, 25 kg агребана а структура структура Малтер за лепење на стиропорни (EPS) Потрошувачка: плочи, 25 kg лепење: ca. 5 kg/m mm3 mm 3за mm Mosaic за армирање: ca. 6 kg/m 4 3,0 3,0 Малтер за цокле, 25 kg 2
Потрошувачка: 5 kg/m
2
2
Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2 Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kg
3,0
Малтер Малтер заза лепење лепење нана стиропор стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање и глетување, и глетување, 2525 kgkg
Putzgrund Putzgrund Fassade Fassade
Addi
Подлога Подлога пред пред нанесување нанесување нана завршни завршни фасадни фасадни малтери, малтери, 2020 kgkg
Потрошувачка: Потрошувачка: Акрилен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за армирање: армирање: ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm Измазнета структура Загребана структура 2,3 2,7 3,6 2,4 3,0
2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m
1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7Conni 3,6 2,4 3,0 Фасаден систем со плочи од Силиконски фасаден малтер, 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel M M стиропор (EPS)
Mosaic Mosaic
Малтер Малтер заза цокле, цокле, 2525 kg Фасаден систем соkgплочи од Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m камена волна 2
Малтер Малтер заза лепење, лепење, армирање армирање и Измазнета структура Загребанаиструктура
глетување глетување нана плочи плочи и2 ламели од Putzgrund 1,5 mm Fassade 2 mm 3 mm и ламели mm 3од mm
камена камена волна, волна, 25 25 kgkg 2,4 на 3,0 Подлога пред нанесување 2,3 2,7 3,6 Потрошувачка: Потрошувачка: завршни фасадни малтери, 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2
Кнауф Кнауф дооел дооел Скопје, Скопје, бул. бул. Александар Александар Македонски Македонски бб,бб, 1000 1000 Скопје, Скопје, Македонија Македонија Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk
Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2
Минер Кнауф Кнауф
2
малтер
Системи Системисос и истиропор стиропо Преднос
1
2
2 2 2 Kati за за армирање: армирање: 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: 0,3ca.–ca. kg/m
• Пароп • Економ • Довер • Едност
2
Кнауф фасаден систем
Mosaic
KlebeSpachtel
KlebeSpachtel M
2,7 3,6 2,4 KlebeSpachtel KlebeSpachtel
Измазнета структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 3,6
Загребана структура 2 mm 3 mm 3 2,4 3,0
3
Knauf Knauf Macedonia Macedonia
Малтер за цокле, 25 kg
Системи со плочи од Кнауф камена волна фасаден систем 4 и стиропор (EPS) Системи со плочи од камена волна
Putzgrund Fassade Потрошувачка: 0,3 пред – 0,5нанесување kg/m2 Подлога на
завршни фасадни малтери, 20 kg 4
Потрошувачка: за лепење: ca. 5 kg/m2 армирање и за армирање: ca. 6 kg/m2
за лепење, ер, малтер, 25 kgМалтер 25 kg глетување на плочи и ламели од
Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2
камена волна, 25 kg
Потрошувачка: Thermokleber Thermokleber Thermokleber Thermokleber 2 лепење: ca. 6Малтер kg/m Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер стиропор застиропор за лепење лепење (EPS) стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) Кнауф дооелзаСкопје, Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m22525 плочи, плочи, kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg KlebeSpachtel M бул. Александар Македонски бб,
Mosaic Addi Addi
Addi Addi
и стиропор (EPS)
5
5
6 Малтер за цокле, 25 kg агребана а структура структура Акрилен Акрилен фасаден Акрилен фасаден Акрилен малтер, фасаден малтер, фасаден 25Кнауф 25 малтер, kgмалтер, kg 25 25 kgkg фасаден систем бул. бб, Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана структура структура 1. Styrokleber * 1.Загребана KlebeSpachtel Малтер за лепење, армирање и Александар Македонски mm 3 mm 3 mm Потрошувачка: Системи со плочи одMкамена волна Потрошувачка: Потрошувачка: 5Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5иkg/m 1000 глетување на плочи ламели од Скопје, Македонија 2. Stiropor (EPS) волна* 1000 Скопје, Македонија 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3стиропор mm 322.mm 2Камена mm (EPS) 3 mm 3 mm и камена волна, 25 kg Тел: 02 3235750, Addi 3. KlebeSpachtel со мрежичка 3. KlebeSpachtel M со мрежичка 02 3235750, 2,3 2,7 2,7 2,3 2,3 3,6 3,6 2,7 2,7 2,4 2,4 3,6 3,6 3,0 3,0 2,4 2,4 3,0 3,0 4Тел: 3,0 3,0Addi info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund2,3 Fassade 4. Putzgrund Fassade АкриленАкрилен фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2
2
2
Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2
2
Потрошувачка:
за лепење: ca. 6 kg/m www.knauf.com.mk info@knauf.com.mk, 5. Addi ** Knauf Macedonia Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m бул. Александар Македонски бб, www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Conni Conni Conni Conniи Thermok* За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби 1000 Скопје, Македонија ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 2
2
1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 Styrokleber Styrokleber Styrokleber Styrokleber
малтер, р, 25 kg 25 kg
Тел: 02 3235750, leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти со висина до 8m Силиконски Силиконски Силиконски фасаден Силиконски фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 25*25 малтер, kgмалтер, kg од25 25 kgkg Кај плочите камена волна неопходно е
23mm mm 2,4 3,0
3 info@knauf.com.mk, mm нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањето со типли со челично јадро www.knauf.com.mk Thermokleber-от секогаш е потребно типлување. Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 3,0 Наместо SP 260 и егализациска боја може да се 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32**mm 2 mm 3 mm 3 mm Knauf Macedonia
** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни
2
2
2
2
Kati Kati
Силиконски Силиконски фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg
mm3 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 4 3,0 3,01,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3
стиропор (EPS) eе(EPS)
Kati
2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel
3,0
Addi
Addi
Kati
/m2
S)
Малтер Малтер заза лепење, Малтер лепење, Малтер за армирање за армирање лепење, лепење, армирање иструктура армирање иЗагребанаиструктура и Измазнета структура Измазнета структура Загребана глетување глетување глетување наглетување на плочи плочи на ламели и2 на ламели плочи плочи и ламели и2 ламели од 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2иmm mm 3 mmод 3од mm mm 3од mm камена камена волна, волна, камена камена 25 25 kg волна, kg волна, 25 kgkg порни е на стиропорни (EPS) (EPS) Подлога Подлога пред нанесување пред нанесување на на 3,0 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 25 3,6 3,02,4
m2
kg
/m2
Putzgrund Putzgrund FassadeFassade
Kati Kati
Силикатен Силикатен Силикатен фасаден Силикатен фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 2525 малтер, kgмалтер, kg 2525 kgkg Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2,32,3 2,72,72,32,3 3,63,62,72,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,42,4 3,03,0
Подлога Подлога пред пред Подлога Подлога нанесување нанесување пред пред нанесување на нанесување на нана завршни завршни фасадни завршни фасадни завршни малтери, фасадни малтери, фасадни 20 малтери, 20 kg малтери, kg 2020 kgkg
2
2
5
Mosaic Mosaic Mosaic Mosaic
Малтер Малтер заза цокле, Малтер цокле, Малтер 25 за 25 kg за цокле, kg цокле, 2525 kg Фасаден Фасаден систем со систем плочи соkg од плочи од Минерални Минерални завршни зс Кнауф Кнауф Кнауф Кнауф фасаден фасаден фаса фас 1.kg/m Styrokleber * 1. Kleb Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m 2. Stiropor (EPS) каменакамена волна волна малтери малтери 2. Кам 2
2
2
2
3. KlebeSpachtel Системи соСистеми мрежичка 3. Kleb со Системи со Системи плочи плочиод со од со камена плочи камена плочи од во 4. Putzgrund Fassade 4. Putz и и стиропор стиропор и и стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) (EPS) 5. Addi ** 5. SP 2 Предности Предности на минерални на ми 6. Егал * За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби и Thermok1 Styrokleber-от кај 1 објекти со висина до 8m leber. Kaj
2
* Кај пло • Паропропустливост • Паропропустл Кнауф Кнауф дооел дооел Кнауф Скопје, Кнауф Скопје, дооел дооел Скопје, Скопје, нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањ 2Александар бул. Александар бул. бул. Македонски Александар Македонски Александар бб, Македонски бб, Македонски бб,бб, Thermokleber-от секогаш2е• потребно типлување. Силикатен Силикатен фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 2 25бул. kg Економичност • Економичност 2 1000 1000 Скопје, Скопје, 1000 Македонија 1000 Македонија Скопје, Скопје, Македонија Македонија ** Намес • Доверливост • Доверливост Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, ** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни употреб фасадни нанесувања (Kati, Conni или SP 260, односно info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, силиконс • Едноставна • Едноставна употреба упо 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 3 mm 3 RP 240 3 со егализациска 3 боја) 240 во к www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Knauf Macedonia Macedonia Knauf Knauf Macedonia Macedonia
2 2 2 2 2ca. 2 Kati Kati за за армирање: армирање: ca. ca. армирање: 70,5 армирање: kg/m 7 kg/m 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3за –за kg/m 0,3ca.– kg/m
2,3
Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 2,7
Mosaic Mosaic
2,3 3,6
2,7 2,4
3,6
3,02,4
3,0
SP 260
Системи Системи со плочи со плочи од Кнауф камена од Кнауф камена волна волна фасаден фасаден систем систем системи 4 4 и стиропор и стиропор (EPS) (EPS)Системи Системи со ѕид. плочи соод плочи камена од камена волна волна со изолација од камена волна и паропропусност на целиот фасаден 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m2
Конечно можете да го добиете посакуваниот5 квалитет5 на живот ивостиропор Вашиот и стиропор (EPS) дом. (EPS) Mosaic
Mosaic
Малтер за цокле, Малтер25 заkg цокле, 25 kg
Кнауф дооел Кнауф Скопје, дооел Скопје, Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m M 2
2
бул. бул. Македонски Македонски бб, бб, * 1. Styrokleber 1. Styrokleber * ње е, армирање и Александар и Александар 1000 Скопје, 1000 Скопје, Македонија очи ли од и ламели одМакедонија 2. Stiropor 2. (EPS) Stiropor (EPS) 5Тел: kg 02 3235750, Тел: 02 3235750, 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel со мрежичка со мрежичка
2
бул. Александар бул.Македонски Александарбб, Македонски бб,
5
5
6
6
Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 1. KlebeSpachtel 1. KlebeSpachtel M M Системи со Системи плочи од со камена плочи од волна камена волна 2. Камена2. волна* Камена волна* и стиропор и стиропор (EPS) (EPS) 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel M со мрежичка M со мрежичка
info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk 5. Addi **дооел 5. Addi ** Knauf Macedonia Knauf Macedonia 2 Кнауф дооел Кнауф Скопје, Скопје,
/m
SP
МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25
Малтер за Малтер цокле, засистеми 25 цокле, kg 25контактна kg пор е на(EPS) стиропор (EPS) Дозволете им на нашите фасада, трајно да Ви покажат Putzgrund Putzgrund Fassade за Fassade kg ување, 25 kg 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m 0,3 – 0,5 kg/m дека "Изгор лето-кочан зима" не е опис и за Вашиот дом. Подлога пред Подлога нанесување пред нанесување на на 4 20 kg 4 завршни фасадни завршни малтери, фасадни 20 малтери, kgовозможена 2 Вдишете голема доза чист и свеж воздух, од единствените Кнауф
/m2
2
4
2 2 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,3 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m
Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: завршни завршни фасадни фасадни малтери,малтери, 20 kg 1 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. за 6 за kg/m лепење: 6 kg/m лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2
1
Putzgrund Putzgrund Putzgrund Fassade Putzgrund FassadeFassade Fassade
Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: АкриленПотрошувачка: фасаден Акрилен малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg 2 2 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. за 5 за kg/m лепење: 5 kg/m лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен Силикатен фасаден фасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2 2 2 2 за за армирање: армирање: за ca. за ca. армирање: 6 армирање: kg/m 6 kg/m ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура Загребана Загребана структура структура 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 3,02,4 3,0
1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 3,0 Conni Conni со Фасаден Фасаден систем систем плочи со од плочи од Силиконски Силиконски фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel MM (EPS)MM стиропор стиропор (EPS)
Фаса каме
стиропор (EPS)
3
Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропор лепење стиропор на(EPS) на стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање армирање и армирање глетување, и глетување, и глетување, и25 глетување, 25 kgkg 2525 kgkg
на вање на лтери, , 20 kg 20 kg
m2
употребат и силикатно завршно нанесување Knauf Kati,
Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропорни лепење стиропорни нана стиропорни (EPS) стиропорни (EPS) (EPS) (EPS) 2,32,3 (Kati,2,7 2,72,3 2,3 3,6 2,7односно 2,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,4 2,4 3,03,0 нанесување Knauf Conni или RP фасадни нанесувања Conni или SP3,6 260, силиконско завршно Фасаден систем со плочи од RP 240 со егализациска боја) 240 во комбинација со егализациска боја. плочи, плочи, 2525 kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg
ConniПотрошувачка: ConniПотрошувачка: Потрошувачка: 5 Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5 kg/m агребана а структура структура
EPS)
5. SP 260 ** 6. Егализациска (изедначувачка) боја
4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade 5. SP 260 **5. SP 260 ** 6. Егализациска 6. Егализациска (изедначувачка) (изедначувачка) боја боја
f Macedonia Knauf Macedonia * За лепење ЕРЅ * Заплочи лепење може ЕРЅда плочи се употреби може да исеThermokупотреби и Thermok1000 Скопје, 1000 Македонија Скопје, Македонија Тел: 0225 3235750, Тел: 3235750, leber. Kaj 02 Styrokleber-от leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти сокај висина објекти до со 8mвисина до 8m * Кај плочите*од Кајкамена плочите волна од камена неопходно волнае неопходно е 34 ПОРТА октомври 2013
3
info@knauf.com.mk, немаinfo@knauf.com.mk, потребанема за типлување, потреба задодека типлување, при употреба додека при на употреба на типлувањето типлувањето со типли со челично со типлијадро со челично јадро www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Knauf Macedonia Thermokleber-от Thermokleber-от секогаш е потребно секогаш типлување. е потребно типлување.
** Наместо SP **260 Наместо и егализациска SP 260 и егализациска боја може дабоја се може да се
Гранулација Гра 1,5 mm 1,5 2 mm 2m
RP 240
RP
МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25
Гранулација Гра 2 mm 2m 2,5 mm 2,5
Силиконска Си егализациск ега
КОМПЛЕКС "EMORY POINT", АТЛАНТА, САД
дрвна архитектура
Иновативни „пешачки заедници“
Гледајќи ја фасадата на "Emory Point", објектот изгледа како и секоја друга градба, но тој во себе содржи повеќе работи кои го издвојуваат како посебен. Со брзата изградба, што го овозможува дрвото, се намалени трошоците за објектот, па така цената на конструкцијата од дрво билa пресметана на 150 долари за квадратен метар, додека армирано-бетонската конструкција била пресметана на 236 долари за квадратен метар. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ , дипл. инж. по дрвна индустрија
П
ешки до работа. Некои ова го сметаат како еднo од најдобрите решенија за зачувување на животната околина. Градејќи „пешачки заедници“ во близина на големи компании и фабрики, инвеститорите им даваат на луѓето опција за намалување на транспортните трошоци и заштедување на време, а воедно и отстранување на стотици автомобили од улиците. Кога овие резиденцијални блокови се градат брзо и евтино со дрво, еколошките и другите бенефити само се надополнуваат. Инвеститорите на "Emory Point" оствариле значителни заштеди градејќи со дрво, а исто така тоа им овозможило да се справат и со брзото темпо на градба, што значело голем предизвик за овој проект. Објектот е разновиден урбан комплекс лоциран во историските Druid Hills во близината на Атланта, Џорџија (САД). Комплексот содржи станбени единици кои служат за домување на вработените во централата на Американскиот центар за контрола на болести, Емори здравство, Универзитетот Емори и многу други училишта кои се наоѓаат во непосредна близина. Според едно истражување направено во околината на комплексот, се дошло до сознание дека помалку од пет проценти од скоро 40.000 вработени во овие институции, живеат во радиус од пет километри.
3
25 октомври 2013 ПОРТА
35
дрвна архитектура
фаза се состоела од три објекти со 443 луксузни апартмани и 7.500 метри квадратни со продавници и ресторани. Целосниот комплекс е проектиран со вкупно девет објекти, три се коплетирани, а четири се во процес на проектирање. Од трите завршени објекти еден е петкатница, а останатите два се четирикатници и сите се изградени со дрвени конструкции во комбинација со армирано-бетонска основа. Сите три објекти се изградени со префабрикувани дрвни носачи, меѓукатни конструкции и кровни конструкции. Во преградните ѕидови се искористени ОСБ плочи и гипс-картонски плочи. Градбата на "Emory Point" започнала во месец јули 2011 година и првата фаза
Овој податок бил основата на идејата за формирање на пешачките заедници, а воедно и за комплексот "Emory Point". Првичните проекти на комплексот почнале да се развиваат во 2006 година, но поради финансиски проблеми проектот бил замрзнат. По подобрувањето на економијата проектот бил обновен. Целосниот комплекс зафаќа површина од близу 30.000 метри квадратни, а првата 36
3
ПОРТА
25 октомври 2013
завршила есента 2012 година. Изведувачите планирале да го намалат првичниот план од 24 месеци за градба на 18 месеци што значително го зголемува темпото на работа. Обемот и временската рамка биле главните проблеми во изградбата на првата фаза, додека, пак, цената и брзината на изградбата биле одлучувачките фактори за избор на дрвото како конструктивен материјал за проектот. Темпото на подигнување на дрвната конструкција било еден кат за една недела. Конструкцијата на двете згради со по четири ката била подигната за осум недели. Брзото темпо на градба овозможило изведувачите да ги исполнат нивните планови за изградбата и, секако, да ги намалат трошоците.
дрвна архитектура ЦЕНА
Во проектната фаза на изградените објекти биле разгледувани и други градежни материјали како челик, бетон и други системи, но сепак дрвото било лесен избор. Цената на конструкцијата од дрво била пресметана на 150 долари за квадратен метар, додека армирано-бетонската конструкција била пресметана на 236 долари за квадратен метар, со што со изборот на дрвото како градежен материјал инвеститорот остварил заштеда од близу 35%. Гледајќи ја фасадата на "Emory Point", објектот изгледа како и секоја друга градба, но тој во себе содржи повеќе работи кои го издвојуваат како посебен. Со брзата изградба што го овозможува дрвото, не само што се намалуваат трошоците за објектот, туку и договорите за закуп се склучуваат побрзо. Покрај економскиот бенефит од изборот на материјалот, неминовно е да се напомене дека има големи придобивки и за животната околина, што се потврдува со неколкуте сертификати кои ги доби овој проект за заштита на животната средина. Целосниот проект на "Emory Point" сè уште не е комплетиран. Во тек е втората фаза која се состои од четири станбени згради, а потоа остануваат уште две за да се заврши целиот проект со вкупно девет станбени објекти.
âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò
OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.
*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.
www.ontime.mk
contact@ontime.mk
+389 75 431 135
3
25 октомври 2013 ПОРТА
37
1963
50 ГОДИНИ ОБНОВА И ИЗГРАДБА НА СКОПЈЕ
2013
Михаил Токарев ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (15)
Нови барања и предизвици
Палата Армагањан. Конзервација на надворешноста (С. Смилевски) и уредување на внатрешноста (З. Тасевски)
Со зајакнувањето на приватното претприемништво, кон крајот на ХХ век пред македонските архитекти се поставуваат нови барања и предизвици. Тие многу често се принудени да ги задоволуваат желбите на инвеститорите за добивање ,,необичен објект кој ќе биде препознатлив оддалеку“. Поразителен е фактот што во овој период изградбата на спортски објекти речиси замира бидејќи архитектонската активност во ова подрачје е сведена само на ниво на проекти. Во нив, паралелно со издржаното функционално решение и рационалната конструкција, се настојува да се добие особен обликовен израз. И покрај постојаното влошување на економската состојба во државата, сè почесто се промовира изградба на верски објекти, но нивната реализација се одвива со големи застои. Сепак, за разлика од изградбата на цркви, подигањето џамии се одвива нешто побрзо. Речиси сите проекти според кои се подигаат овие два вида објекти, се засновани врз долговековниот традиционален концепт, кој ги има корените во византиското градителство. 38
3
ПОРТА
25 октомври 2013
Евидентно е дека во последната деценија на ХХ век целосно изостанува изградбата на објекти од областа на културата, така што помладата генерација архитекти ја нема можноста да се докаже и преку овој вид архитектура.
Радува фактот што во втората половина на 90-тите години се враќа заложбата за реставрација и ревитализација на културноисториските објекти. Започнуваат да се реставрираат фасадите на градските куќи подигнати во периодот меѓу двете Новоградби кои го деградираат културно-историското наследство
архитектура
Слободан Живковски. Кафе-барот City (1997). Основа и изглед
Иван Велковски. Клубот на уметници Сезан, во населба Карпош 3 (1998)
светски војни во центарот на Скопје и во некои други градови. Некои од тие куќи внатрешно се преуредуваат на високо ниво во духот на новото време. Карактеристичен пример од тој вид е палатата Армагањан (1996), чија надворешност ја реставрира Стеван Смилевски Кокан, а внатрешноста ја уредува Звонко Тасевски. Мора да се забележи дека во непосредна близина на таквата вредна градска архитектура се подигаат нови масивни објекти, кои не воспоставуваат речиси никаков пријателски однос кон историската околина. Ретки се примерите каде што се прави неопходна студија на градителското наследство за потребите на деталните урбанистички планови. Еден од ретките примери е ДУП за Старата скопска чаршија, изработен од авторски тим на Архитектонскиот факултет, за чија потреба Михаил Токарев и Јасмина Алексиевска имаат изработено продлабочена Студија за градителското наследство на Чаршијата (1997-1998), која завршува со конкретни препораки како да се
постапува со наследството при неговото вклучување во современиот динамичен живот на градот. Сепак, тие препораки многу тешко се операционализираат поради несоодветната урбанистичка регулатива во која сеуште нема изграден однос кон градителското наследство. Влошената економска состојба во 90-тите години, наложува многумина македонски архитекти, освен кон проектирањето индивидуални станбени објекти, да се свртат кон уметноста на внатрешното уредување, каде што завиден резултат постигнува помладата генерација. Се уредуваат голем број разновидни ентериери, од мали угостителски локали, па сè до внатрешноста на многу значајни репрезентативни објекти. Поради тоа, не може да се воспостави единствен критериум за нивно валоризирање и за релевантно споредување со западноевропските примери. Сепак, за добар дел од нив може да се каже дека имаат изграден уметнички став.
Елена Никољски. Ноќниот клуб Булевар (1996)
Иванка Кировска. Кафе-барот Чао (1996). Основа и изглед
3
25 октомври 2013 ПОРТА
39
архитектура АРХИТЕКТУРАТА ВО ПOЧЕТОКОТ НА XXI ВЕК XXI век во Република Македонија започнува со најтрагичниот настан од нејзиното осамостојување, а тоа е воениот меѓуетнички конфликт во пролетта 2001 година. И покрај неговата краткотрајност, тој остави длабоки траги во понатамошниот развој на земјата, како поради претрпените жртви, така и поради наметнатите промени во Уставот. Се разбира дека несигурната општествено-економска состојба врши негативно влијание и во градителството.
Милчо и Оливија Мојсови. Угостителско-деловниот објект во Градскиот парк. Проект
Милчо и Оливија Мојсови. Дирекцијата на ЈП Македонска пошта. Проект
Од тие причини архитектонската продукција во првите неколку години на XXI век главно се манифестира преку изработка на проекти, од кои помалиот дел добиваат можност за реализација, зависно од кондицијата на инвеститорите и од умешноста на авторите. Во центарот на Скопје за потребите на моќни инвеститори Милчо и Оливија Мојсови продолжуваат со подигањето на мaркантни објекти. Во нивното обликување преовладува динамичната композиција, која уште повеќе се нагласува со контрастот на лесни стаклени и полни
ѕидни површини. Тоа е видливо како кај објектот на дирекцијата на ЈП Македонска пошта и поштенска штедилиница (20012005), така и кај седиштето на Инвест банка (2003-2007) на ул. „Македонија“. И кај двата објекти е воспоставена деликатна рамнотежа меѓу динамичноста и постмодерната монументална строгост. Истите автори, според програмата на моќниот инвеститор, подоцна го изработуваат и проектот за угостителскоделовниот објект во Градскиот парк (2005), на местото на некогаш познатиот ресторан Анто Тортески. Хотелот Карпош. Основа на кат и изглед
40
3
ПОРТА
25 октомври 2013
Милчо и Оливија Мојсови. Инвест банка
„Кермес“. Користејќи ги обликовните елементи на постариот објект, тие создаваат неколку пати поголем волумен. Овај зафат предизвикува реакција на Управата за заштита на културното
архитектура
Јован Стефановски - Жан. „Обнова и реконструкција на Стариот театар“. Изглед и внатрешност
наследство, така што изградбата е прекината и до денешен ден таа мирува. Меѓу ретките хотелско-угостителски објекти од почетокот на векот, видно место зазема хотелот Карпош (2003-2004), изграден наместо истоимениот монтажен објект од дрво. Со неговото просторно решение Анто Тортески успешно го решава аголот меѓу две улици, користејќи елементи на модерната и на традиционалната архитектура. Со нивниот умешен спој, овој објект претставува еден вид рефлексија на постмодерната архитектура.
идејни решенија. Сепак, распишувачот протежира решение, кое обликовно би било што поблиско до одамна исчезнатиот објект. Неговата желба ја задоволува проектот на Јован Стефановски - Жан со партнерите, кој прави речиси „верна ама поголема“ копија на некогашниот објект, само што со предлог-проектот објектот е заротиран за 1800, со цел „влезот да биде од страна на стариот мост“ (!). За жал на архитектонската струка и наука, сличен настан се случува две-три години подоцна со распишаниот конкурс за Градска
Слободан Живковски. Конкурсниот проект за Градска куќа
куќа, која би се сместила на локацијата од Офицерскиот дом урнат од земјотресот во 1963 година. Во овој случај распишувачот е уште подоследен во барањето, што поверно да се повтори одамна исчезнатиот објект. На тој конкурс, надвор од зададената програма, Слободан Живковски, нуди една симетрична класицистичка композиција, како реплика на еклектичниот западно-европски неокласицизам од првата половина на XIX век (?!). Спротивно на претходните два примери, инвеститорот на Меморијалниот центар на Холокаустот (2005-2011) го прифаќа модерното архитектонско решение на Мирко Андовски и Никола Бошку, кое се состои од два кубуси поврзани со мост. И двата се обликувани со симболични геометриски елементи, при што повлечениот кубус врз себе носи отворен амфитеатар за одржување часови по историја. Постојаната изложбена поставка во Центарот (2010-2011) ќе биде поставена од М. Беренбаум, Е. Џејкобс и Ј. Ивановски. Мирко Андовски и Никола Бошку. Меморијалниот центар на Холокаустот
Со партерното уредување на плоштадот Македонија, тогашната градска управа сериозно се зафати во 2003 година, кога за таа цел е распишан јавен конкурс. Главниот проект го изработува работниот тим на „Балкан консалтинг“ под раководство на Роска Алчевска. Композицијата има нагласена симетричност со кружен остров (подоцна фонтана) и со два двојни дрвореди во правец север-југ. Така, плоштадот Македонија и поширокиот простор околу него постепено станува главен предмет на интерес во уредувањето и изградбата на Скопје. Набргу потоа е распишан конкурс за „обнова и реконструкција на Стариот театар“ (2004-2005), на кој се понудени неколку
3
25 октомври 2013 ПОРТА
41
архитектура
Скопска метаморфоза
Г
ледајќи го урбаниот развој на Скопје, ние студентите од последната година на Архитектонскиот факултет при УКИМ, дизајниравме инсталација во рамките на фестивалот за
42
3
ПОРТА
25 октомври 2013
креативни уметности „Скопје креатива“ на платото пред Универзалната сала, а која го илустрира урбаниот развиток на скопските маала. Инсталацијата насловена како „Скопска метаморфоза“ се состои од три елементи кои ги репрезентираат три фази,
започнувајќи од основиниот архетип, кој подоцна се трансформира во хибрид за на крај да резултира во архитектура без лик. Автори на проектот се Андреј Прошевски, Кристина Лозановска, Марио Баткоски, Крсто Богојевски, Александар Врангалоски, Ружица Крстева, Стефан Маџовски, Ана Младеновска Елеонора Поповска, Димитрис Росикопулос и Кирил Уневски. Во првата фаза влегуваме во „куќа“ која со себе носи одредена архитектонска хармонија, опкружена е со градина и создава пријатна атмосфера. Патеката понатаму нѐ носи во наредната фаза каде што за почеток се „судираме“ со јака, несоодветна боја. Како што се движиме по патеката забележуваме дека габаритот на куќата е променет, се појавил додаток кој не се вклопува, кој е несоодветно изведен, кој ја нарушува хармоничната композиција. Градината во споредба со првата фаза е помала, посиромашна со растенија. Како што излегуваме од втората хибридна фаза, доаѓаме до крајот на патеката. Ова е местото од коешто можеме да ја видиме третата фаза од најмала далечина, но сепак до овој „објект“ не можеме да пристапиме, не можеме да го допреме. Тој проголтал сѐ. Без да обрне внимание ни на околината, ниту пак на квалитетите што би требало да ги добијат неговите корисници. Сѐ што е убаво и вредно, овој монструм од објект
архитектура проголтал, заробил во себе. На крајот на патеката поставена е „клупа“, чиј дизајн е таков што кога некој седи на неа го врти грбот кон третата фаза. Патеката наложува движење кое нè води назад кон првата фаза. Најголем дел од инсталацијата го изработивме со реискористување на материјали како старо железо, стари греди, палети, стар прозорец и друго. Дури и „подлогата“ што ја носи на себе инсталацијата е старата напуштена фонтана. Токму поради овие факти, инсталацијата суптилно пресува и една еколошка порака. Она што многумина
го гледаа како ѓубре, кое само треба да се пренесе на ѓубриште и во себе нема никаков потенцијал, ние го искористивме за да создадеме архитектонско дело. Преку воспоставување директна релација помеѓу материјалите за изведба и нивното обликување, ние многу подобро го запознавме сопствениот дизајн. Дел од деталите што беа планирани во основниот проект, раката не ни дозволи да ги спроведеме во реалност. Но сепак, архитектурата мора да биде реална, па така проектот ги доби своите вистински детали при самата изведба. Процесот
на создавање на оваа инсталација во себе ги содржи сите фази потребни за изработка на еден архитектонски изведбен проект. Тргнувајќи од концепт, преку идеен и основен проект, за на крај да резултира во реализација. Ова за нас како студенти претставуваше одличен начин да го искусиме овој процес со кој треба да се соочуваме секојдневно во нашата понатамошна професионална кариера. Кристина ЛОЗАНОВСКА, Андреј ПРОШЕВСКИ (студенти на Архитектонски факултет при УКИМ, Скопје)
3
25 октомври 2013 ПОРТА
43
убави простори
ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА NEW WAY TRAVEL
Избегнати стереотипи
П
редмет на работа во овој ентериер беше туристичката агенција NEW WAY TRAVEL. Станува збор за локал од 52 м² кој се наоѓа во строго централно градско подрачје во Скопје. Почетната идеја се водеше исклучиво од самото име на агенцијата, што означува еден сосоема поинаков начин на патување. Долгогодишното искуство на сопственикот на локалот во оваа област, како и целосната слобода што ни беше дозволена во креирање на нашите идеи, го направи овој проект единствен по својот дизајн, уникатен и современ. Користењето поинаков пристап во креирање на еден ваков простор, со цел избегнување на стереотипите за туристички агнеции во Македонија, го создаде неповторливиот амбиент што дава извесна топлина и комоција, каде се чувстуваат најновите трендови како во дизајнот така и во начинот на функционирање на агенцијата. Просторот се состои од приземје и галерија. Во приземјето е сместен приемниот дел
44
3
ПОРТА
25 октомври 2013
убави простори
со неколку работни бироа и место за посетители. Движејќи се кон галеријата, се доаѓа до мала чајна кујна која е сместена во вграден лизгачки плакар, кој всушност беше единственото прифатливо решение со оглед на лимитираниот простор. Со преградување на галерискиот дел се добија два сегмента од кои еден беше ходник кон тоалетот и другиот - канцеларија со место за состаноци. За изработката на мебел беше предвиден бел мат медијапан во комбинација со фурнирорев, како и со комбинација на ламинатна фолија со дезен на камен. Беа употребени и ѕидни тапети со посебна креација наменета исклучиво за оваа потреба. Покрај комплетниот дизајн, БИРО ПРОЕКТ ја раководеше и контролираше целокупната изведба. Факти за ентериерот на NEW WAY TRAVEL Површина на градба: 52 м² Период на градба: септември 2013 Дизајн: Проектантски тим на БИРО ПРОЕКТ
3
25 октомври 2013 ПОРТА
45
експерт
ПАЛАТА НА ЛУЃЕТО
Од минатиот месец Бирмингем го краси најголемата јавна библиотека во Европа со површина од 35.000 метри квадратни и со библиотечен фонд од еден милион книги. Објектот на библиотеката е со предоминантно правилна форма и конструктивна модуларна мрежа од 7,2 метри во двете насоки и се протега на 10 ката со неколку мезанини. Секое ниво за посетителите претставува посебна тематска зона.
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)
С
екој прв четврток во месец октомври во Велика Британија се одбележува како „супер четврток“ - ден кога британската книгоиздавачка индустрија ја отпочнува својата промоција и продажба на нови книги во пресрет на претстојните божиќни празници. Тоа е денот на кој издавачките куќи ги проимовираат идните божиќни бестселери - книгите за коишто веруваат дека ќе се продадат во најголемиот можен тираж во овој празничен период. Во последните години како најактуелни се сметаат книгите од областа на спортот, забавната индустрија и на готвачите. Сепак, според последните податоци во британската трка за најпродавана книга во оваа предбожиќна сезона, во
46
3
ПОРТА
25 октомври 2013
моментов води книгата „Луда по едно момче“ на авторката Хелен Филдинг, со која по 14 години пауза се објавува третото продолжение на дневниците на Бриџет Џоунс. Оваа книга е една од 1.569 нови книги кои беа промовирани во „супер четврток“ во Велика Британија. Од друга страна, архитектите и градежниците во земјата веќе беа подготвени за овој настан уште во месец септември. Имено, не станува збор за новоиздадени книги во доменот на архитектурата, туку за вниманието посветено на темата библиотеки во септемврските изданија на стручните публикации.
ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА
Така, во септемврискиот број на журналот
„Архитект“ три натписи беа посветени на темата библиотеки, во „Архитектура денес“ дури четири написи, а еден во журналот на Кралскиот институт на британските архитекти. Во сите три журнали доминираше еден објект. Станува збор за новата Градска библиотека на Бирмингем, испроектирана од холандското архитектонско-проектантско биро „Мекано“, предводенo од архитектот и соосновач на бирото Франсин Хоубен (Francine Houben). Бирмингем со своите 1.074.300 жители (според пописот од 2011 година) е вториот по големина британски град. Тој е релативно млад град, основан во седмиот век, а својот најголем подем го доживел во текот на индустриската револуција и владеењето на Кралица Викторија. Денес, овој град е значаен меѓународен трговски центар со
експерт особена културна и етничка разноликост и познат по „младоста“ на жителите, бидејќи 25 проценти од населението се на возраст помала од 25 години. Веројатно кон ова придонесува и фактот што во Бирмингем се лоцирани шест британски универзитети со околу 50 илјади студенти. Од 3 септември оваа година, градот го краси најголемата јавна библиотека во Европа со површина од 35.000 метри квадратни и со библиотечен фонд од еден милион книги, од кои 400 илјади се директно достапни на читателите, а преостанатите 600 илјади се наоѓаат во архивите во рамките на библиотеката. Објектот се наоѓа во централното градско подрачје, на полштадот Сентинери, и е еден од низата новоизградени клучни капитални објекти преку кои се консолидира културниот дел на градот, во кои новото се испреплетува со постојните значајни јавни објекти од претходните епохи. Новоизградената библиотека се надоврзува на два постоечки објекти: симплифицираниот неокласичен објект Баскервил хаус (Baskerville House) на Сесил Ховит (Cecil Howitt) и постоечкиот објект на театарот РЕП (The REP - Birmingham Repertory Theatre), основан пред еден век, во 1913 година, а сместен во објект на Граам Винтерингхам (Graham Winteringham) од 1971 година во комбинација на брутален и барокен стил. Новата градска библиотека директо е поврзана со постојниот театар РЕП и го збогатува преку новоизградените работни простории, кои заеднички ќе се користат од страна
на постојниот и новоизградениот театар Студио (Studio Theatre). Библиотеката има капацитет од 300 седишта.
ТЕМАТСКИ ЗОНИ
Објектот на библиотеката е со
предоминантно правилна форма и конструктивна модуларна мрежа од 7,2 метри во двете насоки и се протега на 10 ката со неколку мезанини. Секое ниво за посетителите претставува посебна тематска зона. Така, сутеренот е посветен на децата и музиката, и во рамките на овој кат се наоѓаат две нивоа со детска библиотека, музичка библиотека, простории за музички вежби, простор за реалксација и други сродни и придружни функции. Во приземјето се сместени рецепција, кафетерија и театарот Студио, а од тука е и врската до театарот РЕП, дигиталната галерија, продавницата на библиотеката, но и „паркингот“ за колички за бебиња и мали деца. Првиот кат е посветен на бизнисот, учењето и здравјето, што се отсликува и во содржините на катот коишто вклучуваат оддел за помош при отворање на претпријатие, салон за претприемништво, пристап до Интернет, советувалиште, простории за обука, како и сали за состаноци. На вториот кат, посветен на знаењето, доминира ротонда со книги - кружен атриум по чијашто обвивка се изложени книгите достапни на читателите, а претставува историско повикување на читалните од викторијанскиот период. Остатокот од катот е посветен на простории за учење,
3
25 октомври 2013 ПОРТА
47
експерт простории за „тивко“ индивидуално учење, простории за групно учење, салон на знаење, како и соби за размислување. Откритие е темата на третиот кат во кој продолжува ротондата што е опкружена со кафетерија, дополнителни простории за учење, медиатека на британската филмска индустрија, галерија на откритија и две тераси на откритија, една со поглед кон исток, а друга со поглед на југ. На четвртиот кат, посветен на архиви, наследство и фотографии, доминираат Вулфосновиот центар за архивски истражувања, просторот за (културно) наследство и салонот за наследство. Седмиот кат е тајната градина, а просторот достапен за посетителите е фокусиран на две големи тераси со поглед кон запад и север. Деветтиот кат е посветен на меморијалната соба на Шекспир и видиковецот, што се поставени во југоисточниот дел на објектот, додека преостанатиот дел е покривот на осмиот кат на објектот. Меморијалната соба на Шекспир ја претставува директната врска на објектот со претходните библиотеки во градот, со оглед на тоа што во собата е пренесен оригиналниот ентериер испроектиран од Џон Хенри Чемерлен во 1882 година за тогашната градска библиотека. Од одредени агли каскадното повлекување на делови од погорните катови асоцира на зигурат, што можеби претставува своевидна асоцијација и надоврзување со доскорешната градска библиотека испроектирана од Џон Мејдин во 1974 година во стилот на бруталната архитектура, а во форма на превртен зигурат. Стаклената фасада на објектот е покриена со тенки, алуминиумски, кружни,
повеќеслојни, орнаментални „чипки“ кои, покрај тоа што го красат објектот и придонесуваат за осенчување на фасадата, прават и историска референца не само на историскиот Накитен (златарски) кварт на градот во кој е лоциран објектот туку и на инженерското наследство на градот. Се чини дека Библиотеката е проектирана како објект доволно голем за да биде репер, преку кој ќе се ориентирате и ќе ви помогне да дојдете до него, но неговата убавина е внатрешноста. Комбинацијата на доминантната правоаголна форма на објектот со кружните простори може само вистински да се осознае преку внатрешното истражување на објектот, кое отпочнува на првиот кат со ескалаторите сместени во кружен простор, кои водат до ротондата со книги на вториот и третиот кат; за оттаму да ве донесе до полукружниот салон на наследството со кружниот застаклен лифт кој ве води на седмиот кат и терасите со западен и северен поглед, за на деветтиот кат кружната форма да се појави на фасадата како своевидна златна круна на објектот, во која покрај видиковецот е сместен и највредниот благороден камен на објектот - меморијалната соба на Шекспир. Поместувањето на локацијата на кружните простори на катовите е извонредно вешто направено, со оглед на тоа што во зависност од местоположбата на посетителот ви открива или само дел или сите овие простори едновремено. Не може да се избегне впечатокот дека внатрешната организација на просторот ги комбинира асоцијациите за искачување по скалите на знаењето со истражување на минатото, 48
3
ПОРТА
25 октомври 2013
експерт
со оглед на тоа што сегментите за истражување на културното наследтво и меморијалната соба на Шекспир се сместени во погорните катови на објектот. Внатрешноста на објектот содржи голема мерка на монументалност со исклучително високи простори, особено во пониските делови, и меѓусебно
поврзани повеќекатни кружни простори, така што може да се каже дека објектот претставува своевидна „ода на знаењето“. Архитектонското обликување на објектот, внатрешната организација и уредување на просторот говорат за умешноста на холандското архитектонскопроектантско биро „Мекано“. Умешноста со која е пристапено во проектирањето на овој објект, несомнено, произлегува од нивното претходно искуство во оваа област, при што особено се истакнува нивниот проект за новата библиотека при Техничкиот универзитет Делфт во Холандија. Назначувањето на „Мекано“ како архитект и внатрешен архитект на објектот во август 2008 година претставува кулминација на долгогодишен процес отпочнат во 1998 година, кога градските власти се решиле да изградат нова библиотека во источниот дел на градот при што Ричард Роџерс бил назначен како архитект. За жал, овие планови промовирани од тогашните градски власти предводени од Лабуристичката партија не вродиле плод и биле „архивирани“ во 2004 година, за повторно да бидат активирани во 2007 година од нивната коалициона администрација на Конзервативците и Либерал-демократите, но на нова локација на која е изграден и новиот објект. Наместо конкурс, властите се одлучиле да повикаат одбрани проектантски бироа на разговор за на тој начин да се одлучат кого ќе го именуваат, и со кого ќе работат на овој проект. Изградбата на овој 189 милиони фунти (227 милиони евра) вреден објект отпочнала во јануари 2010 година, за внесувањето
на книгите, селењето на персоналот и приспособувањето на новиот објект да се изврши во периодот од мај до август 2013 година пред официјалното пуштање на објектот во септември оваа година. Библиотеката во Бирмингем е третиот објект што ќе го прoслави градот, покрај ноторната „шпагети раскрсница“ и прочуечниот објект на стоковната куќа Селфриџис. Истовремено, се очекува дека овој објект ќе го зголеми културниот идентитет и престиж на градот по угледот на слични јавни библиотеки изградени низ Европа во последно време, вклучително со оние во Архус, Амстердам, Брајтон, Кардиф, Хелсинки, Ливерпул, Малме, Норич, Осло, Хаг, Сиетл... Таа се смета за најголема градска библиотека во Европа, која ќе биде отворена седум дена во неделата и низ која се очекува да поминат по 10 илјади посетители дневно, со што заслужува да се нарече и „Палата на луѓето“. Сепак, не може а да не се постави прашањето дали изградбата на оваа библиотека претставува „лебедова песна“ за градските библиотеки во светот, имајќи предвид дека сè повеќе пишаните медиуми се пренесуваат во електронски, но и затоа што речиси универзално распространетите финансиски проблеми веќе во голема мерка налагаат затворање или пренесување од јавниот во приватниот сектор на бројни постојни библиотеки низ светот. Тајната на успехот на Библиотеката во Бирмингем можеби се крие и во фактот што таа е толку прекрасна и импресивна, што во иднина лесно ќе може да се преадаптира во достојно седиште на глобална мултинационална компанија.
3
25 октомври 2013 ПОРТА
49
технологии
КР ИЗА!!! Од Њујорк до Токио, од Осло до Јоханесбург, архитектите секаде низ светот се соочуваат со сериозна криза. Нарачките вртоглаво се намалуваат, конкуренцијата се зголемува, цените паѓаат, отказите растат. Во услови на економска криза се евидентира и страшна девалвација на архитектонската професија, која се заканува трајно да наштети на самите професионални вредности. Ова не е текст кој се обидува да открие колку е страшна кризата во која се наоѓаме. Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.
ШТО ВЕЛАТ КОМЕНТАРИТЕ ПО ФОРУМИТЕ И БЛОГОВИТЕ?
Архитектите од Грција, Италија и Шпанија се во вистински егзодус откако нивните татковини се најдоа на патот на економското торнадо. Швајцарија, Германија и Норвешка се земјите во кои многумина најдоа засолниште. Велат се решиле да мигрираат за да преживеат, не за да градат кариера или да се збогатат. Источна Европа е на колена. Во и онака хаотичното опкружување, источноевропските архитекти со хокуспокус методи (читај: на секој можен начин) се обидуваат да опстанат. Нарачките 50
3
ПОРТА
25 октомври 2013
се преполовени, а исто се случи и со цените. На Блискиот Исток, некогаш архитектонското елдорадо, му секнаа славините. Работа за архитекти сè помалку. Се завршуваат започнатите проекти, нови на повидок сè помалку. Катар и Бахреин се последните уточишта каде може да се сретнат по некој грст „цврсто-решени“ инвеститори. Но конкуренцијата собрана од целиот свет е многу остра и агресивна. Студијата се десеткувани. САД се цела недела во пасивен банкрот. Владата буквално ги затвори федералните агенции поради неможност да ги сервисира финансиските аранжмани. Два милиони
јавни службеници се испратени на принудно отсуство. Федералните договори и нарачки се стопирани, имплементацијата и наплатата крајно неизвесни. Архитектите се уште еднаш понижени. AIA (American Institute of Architects) реагираше со соопштение во кое се бара решавање на кризата што ја чини државата 10 милијарди долари дневно. Во ваква ситуација, погледите на архитектите се свртени кон Азија и нејзините „тигри“: Кина, Сингапур и Хонг Конг.
ШТО ВЕЛИ СТАТИСТИКАТА?
ACE (Architects' Council of Europe) во август 2013 година ги објави резултатите од
технологии овогодишното истражување за влијанието на економската криза врз архитектонската професија. Во испитувањето беа испитани над 3.000 архитекти од 32 земји во Европа. Резултатите како и во сите статистики мора да се земат со резерва, поради релативно малиот број испитаници, несразмерното испитување по земји и слично. Резултатите се следни: • На прашањето како ја оценувате моменталната состојба на полето на архитектонската практика во Европа, 31,1% од испитаниците одговориле како многу лоша, 35% како лоша, 26,6% како задоволувачка, 5,3% како добра, 1% како одлична и 1% не искажале мислење. Согласно на тоа, 65,1% од испитаниците се изјасниле како песимисти, наспроти 6,3% оптимисти за подобрување на состојбата. Овој резултат е веројатно најпесимистичкиот резултат во последните пет години, односно откако економската криза ја покажа големината. • Земјите како Словенија, Грција, Португалија, Холандија, Италија, Ирска, архитектите ги посочиле како земји во кои ситуацијата со архитектонските нарачки е најкритична. Северна Европа, според резултатите, покажува подобри резултати. Оваа група ја предводат Шведска и Финска. • Резултатите покажуваат уште дека секое второ архитектонско студио го намалило бројот на вработени архитекти споредено со 2008 година, односно почетокот на кризата.
СВЕТЛО НА КРАЈОТ ОД ТУНЕЛОТ?
Министерството за труд на САД, поточно Бирото за статистика на трудот, го објави Occupational Outlook Handbook, 2012-13 Edition, водичот низ професиите во САД, во кој меѓу другото се вели дека „вработувањето на архитектите е проектирано да расте 24% од 2010 до 2020 година, побрзо отколку просекот на сите занимања“. Ваквите оптимистички прогнози се должат на согледувањата на демографските трендови, каде населението расте, луѓето живеат подолго, па има зголемена потреба од градење на нови (здравствени, едукативни, комерцијални), зелени (енергетски ефикасни и економични) објекти. Од друга страна, се посочува дека расте бројот на студенти по архитектура, со што може да се очекува поголема компетитивност во архитектонската професија. Водичот уште вели дека „најдобри шанси за вработување ќе имаат оние кандидати кои ќе можат да се одвојат од другите со нивната креативност“, и уште дека архитектите можат да доживеат и периоди без ангажман поради падовите и подемот во градежништвото, со кого е цврсто поврзано. Повеќето, што ќе го прочитаат ова официјално излагање, веројатно, горко ќе се насмеат. Светот и во последните пет години растеше и живееше подолго, па сепак кризата ги покоси архитектите. Само во периодот од јули до ноември 2009 година, бројот на вработени архитекти во САД се намали за 40.000 (од 224.500 на 184.600). Во испитувањето за состојбата на архитектонските фирми во САД за 2012 година, од страна на AIA е заклучено дека заработката на компаниите е намалена за 40%, додека работните места биле скратени за една третина.
ГОЛЕМИТЕ ГЛАДНИ ЗА ПРОФИТ
Архитектонскиот пазар во САД се проценува на 33 милијарди долари. Во последните пет години, пазарот доживува пад од 5,5% на годишно ниво. Сепак, на падовите им пркосат профитите на архитектонските гиганти. Првите 300 архитектонски компании во САД заедно држат третина од пазарот со вкупен приход од околу 11 милијарди долари. Од нив, на првите 25 компании отпаѓа пола од овој приход. На прво место по заработка е "Gensler", со 807 милиони долари приход во 2012 година, што претставува раст на приходите од 5,6% во однос на претходната година. "Gensler" вработува над 1.300 архитекти во 43 студија низ светот. Нивен најпознат проект во моментов е највисоката кула во Шангај, Кина. На второ место се наоѓа "Perkins+Will",
со приход во 2012 година од 360 милиони долари и 771 вработен архитект. Голем дел од растот на профитите, овие компании го должат на агресивниот настап на интернационалниот пазар, дури 8,6% раст во споредба со 2011 година. На домашниот (САД) пазар, пак, приходите пораснале за скромни 1%. Така, околу една петтина од профитот на овие компании доаѓа однадвор. Се чини дека големите компании успешно се реструктурирале во услови на криза. Она што секој Топ 300 извршен директор постојано го мисли е намалување на трошоците, стратешко поставување на кадри на клучните позиции, проширување на полињата на дејствување, но и географско разместување на операциите според условите што ги нудат различните земји. Во вакви услови, токму големите се тие што се обраќаат до Информатичката технологија за помош. Влогот во технологија, како што се на пример технологиите Cloud или BIM, секогаш е добро инвестиран и се враќа повеќекратно.
НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК
КРИЗА (од грчки κρίσις - krisis; множина: кризи) е кој било настан кој е или се очекува да доведе до нестабилна и опасна ситуација која влијае врз индивидуа, група, заедница или цело општество. Се смета дека кризите имаат негативни последици врз безбедноста, економските, политичките, социолошките работи или по животната средина, особено кога настануваат одеднаш, со малку или без предупредување. Општо кажано, тоа е поим кој подразбира „време на тестирање“ или „вонреден настан“. (преземено од Wikipedia)
3
25 октомври 2013 ПОРТА
51
екологија
СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ
Кој бара нафта во најстариот национален парк во Африка? Националниот парк Вирунга во ДР Конго се одликува со најразновиден животински и растителен свет во цела Африка, но по активностите за експлоатација на нафта од срцето на паркот еколозите почнаа итна акција за спас на Вирунга, а организацијата WWF лансираше итна кампања со наслов „Повлечи линија“ за да се соберат што повеќе потписи за спас на ова драгоцено парче природа Сашо КУЗМАНОВСКИ
О
д мочуриштата и степите во низините до снежните полиња на Рвензори на височина од 5.000 метри, па преку долините со скаменета лава до саваните на подножјата на вулканите - во националниот парк Вирунга, во Демократска Република Конго, има сè. Паркот има површина од 790.000 хектари и е последното светилиште за планински горили во светот, 20.000 нилски коњи живеат во реките, а и птиците од Сибир презимуваат токму тука. Но последниве месеци, компанија со седиште во Лондон врши воздушни снимања, со цел да се пронајде нафта и да се истражат начините за нејзина експлоатација под најстариот национален парк во Африка, и покрај стравовите на светската јавност дека на таков начин сериозно ќе биде загрозено ова светилиште за дивиот свет. Ова ја мобилизира јавноста,
52
3
ПОРТА
25 октомври 2013
а Светскот фонд за дивиот свет (WWF) и британската влада ги осудија испитувањата на можностите за експлоатација на нафта во Вирунга. WWF лансираше и итна кампања со наслов „Повлечи линија“ за да се соберат што повеќе потписи за спас на националниот парк Вирунга. Националниот парк Вирунга е основан во 1925 година и прогласен за светско наследство од страна на УНЕСКО во 1979 година. Паркот е веќе во незавидна состојба благодарение на ловокрадците. Дополнително, тој се наоѓа во близина на границата на ДР Конго со Уганда и со Руанда, па долго време бил под влијание на бегалци и воени патроли во текот на граѓанските војни во регионот. Вирунга е дом на 200 загрозени планински горили, четвртина од светската популација. Како што пренесува британски „Гардијан“, во последниве години паркот испишува успешна приказна. Благодарение на
екологија
групите за заштита на дивиот свет и на локалните ренџери, бројот на горила се зголемил повеќе од двојно во последниве 10 години. Но, голем број од вработените во паркот биле убиени од ловокрадците или од милитантните групи. Поради злосторствата, националниот парк Вирунга моментално е затворен за посетители. Како што пренесува „Гардијан“, минатата година британската влада изразила несогласување за дупчењето на нафта во внатрешноста на паркот. - Велика Британија се противи на експлоатацијата на нафта во националниот парк Вирунга, локација од светското наследство, која од УНЕСКО е означена дека е „во опасност“. Ги повикуваме вмешаните компании и владата на ДР Конго да ги почитуваат меѓународните конвенции што ги имаат ратификувано - се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи на Велика Британија што ја пренесува „Гардијан“. Дру Меквеи е регионалниот менаџер на WWF за Источна Африка во Велика Британија. - Во последниве неколку години Вирунга беше неверојатен успех. Видовме како се зголемува популацијата на горили, а туристи почнаа да доаѓаат за да ги видат. Локалното население ја разбира важноста на планинските горили за
нивната просперитетна иднина. Дури имавме извештаи дека бунтовнички групи повеќе не се занимаваат со ловокрадство, туку заработуваат преправајќи се дека се лиценцирани тур-оператори. Иронично, но тоа е знак за важноста на овие големи цицачи за заедницата. Вирунга се одликува со најразновиден животински и растителен свет во цела Африка. Има густи населби околу паркот, па побарувачката на парковските ресурси е огромна. Сега, оваа закана за експлоатација на нафта која виси над нас создава дополнителен
Национален парк Вирунга. Територија на ДР Конго, Уганда и Руанда
проблем - вели Меквеи, за „Гардијан“. Компанијата Soco International со седиште во Лондон, која ги врши воздушните снимања, деновиве се брани со образложение дека истражувањето е според сертификатите за еколошка прифатливост, издадени од Министерството за животна средина, зачувување на природата и туризмот на Демократска Република Конго, пренесува понатаму весникот „Гардијан“. - Дождовни шуми, вулкани, богат и уникатен див свет - сето тоа го има во Вирунга. Луѓето што живеат и работат таму знаат дека паркот е посебно место. Некои велат дека локалната заедница во Вирунга ќе има корист од експлоатацијата на нафта. Ние не мислиме така. Ние имаме видено како експлоатацијата на нафта може да има негативно влијание врз дивиот свет, живеалиштата и луѓето, во повеќе делови од светот. Од почетните воздушни снимања, до изградбата на патишта, поставувањето цевководи, потенцијалните излевања на нафта и загадувањето на земјата и на водата. Исто така знаеме дека е многу побезбедно, многу поодржливо и со реални варијанти ако се свртиме кон развивање еко-туризам и искористување на хидроенергијата. Затоа, Ве повикуваме, додадете го вашето име на оваа петиција за да им покажеме на владите и компаниите колку силно луѓето сакаат да се заштити ова место. Заедно, можеме да ја повлечеме линијата и да не дозволиме да се експлоатира нафта во најстариот национален парк во Африка - велат од WWF. Петицијата на WWF која досега ја потпишале преку пола милион луѓе ширум светот може да се најде на следниот линк: wwf.org.uk/how_you_can_help/virunga/
3
25 октомври 2013 ПОРТА
53
спортски храмови
НАЦИОНАЛНА ХОКЕАРСКА ЛИГА (НХЛ)
„Ледени кралици“
С
о стартот на секоја нова сезона, хокејот во САД станува еден од доминантните не само спортски туку и општествени настани, затоа што заедно со бејзболот, американскиот фудбал и кошарката го сочинуваат дрим-тимот за најпосетувани настани. И оваа сезона НХЛ ќе понуди извонредни натпревари, а трката за титулата ќе биде уште поинтересна, ако се знае дека оваа сезона ќе биде и со мал „распуст“ поради настапот на хокеарите на претстојните ЗОИ во Сочи. Во продолжение ви претставуваме три арени кои фигурираат како најнови и најдобри на листата на арени во кои се играат НХЛ натпреварите. Сашо КУЗМАНОВСКИ
КОНЗОЛ ЕНЕРЏИ ЦЕНТАР - ПИТСБУРГ
Најновата и можеби најдобрата арена во светот во која се играат хокеарски натпревари. „Конзол енерџи центар“ е
добитник на две престижни награди по нејзиното пуштање во употреба во 2010 година. Најважната е сигурно наградата на
"Sports Business Journal" за најдобра НХЛ арена, иако ништо помалку не е важна и наградата што ја додели "Pollistar Concert Industry" за најдобра нова голема арена. Оваа арена е официјален дом на хокеарите на Питсбург, популарните Пингвини, но и на екипата од Питсбург што се натпреварува во американски фудбал во сала. Изградена е на местото на поранешната арена Мелон или попозната како градска арена. Една од најпопуларните компании во бизнисот со проектирање на спортски стадиони и арени, "Populous", стои зад потписот и на ова здание. Во комплетирање на целиот проект стојат и имињата на уште неколку компании како "Architectural Innovations", "Fukui Architects" и "Lami Grubb". Официјално, сумата што е вложана во изградбата на оваа арена е над 320 милиони долари. Капацитетот на „Конзол енерџи центар“ е 18.087 места, а интересно е да се напомене дека оние 87 места плус од 18.000, го симболизираат бројот 87, кој го носеше една од легендите на клубот, Сидни Крозби.
ФАКТИ: Капацитет: 18.087, Површина на градба: 67.000 м2, Бројки: Отворена во 2010 година, 1.950 ВИП места, 236 ВИП места, 140 апартмани, променлив капацитет до 20.000 места, организација на 150 настани годишно, ресторан со капацитет од 250 гости, 12 ескалатори, 800 ХД телевизори, фан-шоп.
ПРУДЕНШАЛ ЦЕНТАР - ЊУ ЏЕРСИ Уште една од арените со потписот на "Populous". Изградена во 2007 година претставува мултифункционална арена, дом на НХЛ тимот „Њу Џерси Девилс“ и на НЦАА кошаркарскиот тим „Сетон Хол“. За хокеарските натпревари капацитетот на арената изнесува точно 17.625 места, додека за кошаркарски натпревари може да се зголеми до 18.711 места за седење. Иако се очекуваше изградбата на оваа арена да чини многу помалку, поради финансиските проблеми се одолжи пет години и вкупната сума вложена во изградбата на овој спортски храм изнесуваше 375 милиони долари. Дизајнот на арената, пред сè црвената и сивата боја, е главно инспириран од Њу Џерси, но и од боите на НХЛ тимот чијшто дом претставува оваа арена. Пред главниот влез на арената е монтиран најголемиот ЛЕД монитор во светот од цели 446 м2, од кој навивачите кога влегуваат во арената можат да видат што се случува во внатрешноста. ФАКТИ: Капацитет: 17.625, Површина на градба: 65.000 м2, Бројки: Отворена во 2007 година, 2.330 ВИП места, променлив капацитет до 19.500 места, ресторан со капацитет од 350 гости, клуб бар, бистро, фан-шоп, административен простор, 750 ЛЦД екрани. 54
3
ПОРТА
25 октомври 2013
спортски храмови МТС ЦЕНТАР - ВИНИПЕГ Изградена во 2004 година, aрената „МТС“, лоцирана во Винипег, во моментот важи за најдобрата НХЛ арена на територијата на Канада. Домот на „Винипег Џетс“ е сопственост на компанијата што е сопственик и на самиот НХЛ клуб. Во изградбата на овој објект беа вложени 133,5 милиони долари и за разлика од претходните две арени во Њу Џерси и Питсбург, реално, чини скоро тројно помалку. Капацитетот на центарот „МТС“ е 15.004 места за хокеарските натпревари, а иако може истиот да се зголеми до 16.000 места, оваа арена ретко се користи за останати спортски настани. Дизајнот на арената е на "Sink Combs Dethlefs" и на "Number TEN Architectural Group", кои се обидоа да го доловат стариот сјај на претходниот објект на чие место се изгради центарот „МТС“, па во фасадата ги вградија и претпознатливите црвени тули. ФАКТИ: Капацитет: 15.004, Површина на градба: 41.000 м2, Бројки: Отворена во 2004 година, 27 туш-кабини, 4 ескалатори, 224 места за лица со хендикеп, 211 ВИП места, променлив капацитет до 16.345 места, ресторан со капацитет од 165 гости, 13 бистроа.
3
25 октомври 2013 ПОРТА
55
совети
Модерен, динамичен простор
пред Се вселувам во гарсониера која е проширена со тераса широка 2,5 м. Идејата ми е терасата да ја затворам (целата зграда има дозвола за тоа) и во така зголемениот простор да организирам дневна, спална, трпезарија и кујна. Бањата засега не би ја преуредувал. Ве молам за совет. Поповски, Скопје
Г
лавната идеја е просторот функционално да се реши без оптоварување со многу прегради. Терасата се затвора, а се урива постоечкиот надворешен ѕид. Единствено останува дел од ѕидот меѓу прозорците поради статички причини. Со гипсена преграда се одделува спалната соба. Таа е отворена кон делот предвиден за работа. Во новиот дел од станот се организираат кујната (блиску до бањата и влезот) и трпезаријата. Од трпезаријата и дневната соба има можност да се излезе на мала тераса. Вака реконструираниот едноставен простор се претвора во динамичен и модерен. Ентериерот е визуелно лесен поради богато користење на белата боја и ослободување од масите. Клучен елемент за создавање на атмосфера е осветлувањето. Плафонското е вградено во рабните греди, а многуте ламби просторот го прават близок и интимен. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,
дипл.инж.арх.
56
3
ПОРТА
25 октомври 2013
потоа
bsavic@porta3.com.mk
БУГАРСКИ ИСКУСТВА
енергетска ефикасност
Со пасивната куќа, и луксузот е штедлив
О
бјект со висок коефициент на термоизолираност, односно со минимизирани можни загуби на енергија, а кој воедно е и комфорен и еколошки. Ова е објект кој има до дваесет пати помали трошоци за греење и за ладење, константна температура во просторот, чист и квалитен воздух, кој не е подложен на надворешни влијанија. Ова се само дел од предностите што ќе ги имаат оние што ќе се одлучат својот дом или деловен простор да го изградат по стандардот за пасивна куќа. Во Австрија и Англија, ваквите градби се градат со полна пареа, додека во некои делови од Германија пасивниот стандард станува задолжителен. На Балканот овој стандард допрва ќе зема замав. Во Бугарија има готови веќе седум вакви објекти, а во Македонија првите сертифицирани пасивни објекти се очекува да почнат да се градaт за околу еден месец. До крајот на овој месец, во Бугарија ќе се вброи уште еден објект во листата на пасивни куќи. За тоа како изгледа една новоизградена пасивна куќа, фирмата „Цивкон“ ја презентираше онаа на нивните колеги од Бугарија. Станува збор за семејна куќа која на почетокот на идниот месец треба да биде веќе вселена. Се гради на околу 25 километри од Софија, во населбата Делта Хил, во близина на селото Кладница на падините на Витоша. Еднокатната градба нуди простор за живеење од 450 квадратни метри, во која
само темелите, носечките рамки и покривот на гаражата се од армиран бетон. Сето останато е дизајнирано со благи челични и дрвени конструкции. Дрвените перголи со вградената заштита од сонце, од ламинирани дрвени греди и столбови, го обликуваат надворешниот изглед. Алуминиумските прозорци кои се поставени на јужната страна се најскапите што се нудат на пазарот, кои се специјално сертифицирани за пасивни куќи, а мермерните плочи на подот се поставени на 30 сантиметри изолација, со што се овозможува пријатна температура. Дрвениот покрив има 46 сантиметри изолација. Овој дом има потреба од само 15 киловат часови на метар квадратен енергија за греење на годишно ниво, а потребата од примарна енергија за сите потреби е 42 киловат часови на метар квадратен годишно, што е значително помалку од максимално дозволените 120 киловат часови на метар квадратен годишно за една пасивна куќа. Куќата генерира повеќе енергија отколку што троши годишно, па тоа ја прави не само пасивна туку и добра енергетска зграда. Ова е овозможено преку инсталираните фотонапонски панели на покривот. Тие ја ставаат акумулаторната станица на бекап системот на куќата, која дозволува генерираната енергија да биде искористувана секојдневно во домаќинството, а вишокот во летните месеци да се испорачува во електричниот систем. Одделно се предвидени уште 12 сончеви колектори за топла вода со
Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА
основна функција да го греат базенот преку летото, а во зима дополнително го помагаат системот за греење. Преку употребата на максимално квалитетните материјали, изведувачите гарантираат дека во текот на летните денови, кога температурите надвор го поминуваат 40 степен Целзиусов, температурата во сите соби во куќата нема да го надминат 25 степен, додека пак во зимските денови, наспроти негативните надворешни температури, оние во домот нема да се спуштат под 20 степен Целзиусов. Станува збор за инвестиција која е за само 10 отсто поскапа од традиционалниот начин на изградба, но она што е значајно е фактот што преку огромната заштеда за греење и ладење, вложените инвестиции се враќаат во периодот од максимум 12 години. Пасивната куќа е потрајна од обичната и нема потреба од чести поправки, со што го прави одржувањето многу поевтино, вели Георги Николов, архитект и проект менаџер во студиото АРХЕ. - За стандардот за пасивната куќа има се поголем интерес во Бугарија, се надевам дека тоа наскоро ќе почне и во Македонија. Во Бугарија веќе има над 20 архитекти и инженери кои се сертифицирани од Институтот во Германија за дизајн на пасивни куќи. Мораме да го популаризираме овој стандард, зашто во европските земји одамна се применува - вели едукаторот за пасивни куќи од Бугарија, Светлин Добревски.
3
25 октомври 2013 ПОРТА
57
дизајн
SKOPJE DESIGN WEEK 2013
Настан со посебен идентитет Тиквеш
Оваа година земја во фокусот беше Швајцарија, од каде што дојдоа десет дизајнери, кои зборуваа за тоа како нивната земја успева да создаде производи и да стане светски бренд. Македонските компании имаа можност да соработуваат со реномирани дизајнерски имиња и да дискутираат за најголемиот проблем јазот меѓу креативното и применливото, меѓу идејата и реализацијата. Кате АНТЕВСКА, Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
И
оваа година, како и лани, фестивалот Недела на дизајн во Скопје помина со голем интерес кај посетителите, покажувајќи уште еднаш дека македонската публика е желна за настани од овој вид. Од 1 до 6 октомври, Куршумли ан, автентичниот простор каде што се одржуваше оваа манифестација, стана место на уметноста и дизајнот. Низ историскиот објект поминаа повеќе од двеста учесници, а беа поставени триесет и шест изложби кои ги опфатија сите сфери на дизајнот - продукт, графички и моден дизајн. Во
58
3
ПОРТА
25 октомври 2013
пладневните часови се одржуваа различни работилници, од креативни претпријатија, дизајн на мебел, дизајн на звук, музички театар до поетичен дизајн, а вечерта завршуваше со концерт, правејќи пријатна и опуштена атмосфера за присутните. Се претставија дизајнери од Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Шведска, Норвешка, Велика Британија и од Швајцарија. Македонските компании имаа можност да соработуваат со реномирани дизајнерски имиња и да дискутираат за најголемиот проблем јазот меѓу креативното и применливото, меѓу идејата и реализацијата.
Оваа година, земја во фокусот беше Швајцарија, од каде што дојдоа десет дизајнери, кои зборуваа за тоа како нивната земја успева да создаде производи и да стане светски бренд. Учесниците од Швајцарија, кои првпат дојдоа во Македонија, беа видно возбудени и среќни што се дел од оваа манифестација. - Кога се качивме во авион за Скопје, воопшто не знаевме што нè очекува. Изненадени сме од целата организација, организаторите на овој настан се многу отворени, тука можеш да правиш што сакаш. Имаме сè, не треба за ништо да се оптоваруваме, од поставување на изложба
дизајн Фотеља "Egg Chair", Лидија Георгиева
Клаудиа Зубер, Швајцарија
до местење на светло. Луѓето се многу позитивни, едноставно се чувствуваме пријатно. Куршумли ан е прекрасно место. Посебно поради тоа што има мали соби за секоја изложба, што не е случај со настаните од овој тип каде што досега сме учествувале - вели Клаудија Зубер (Claudia Zuber) од Швајцарија, која се претстави со своја модна колекција во рамки на манифестацијата. Margarita Salmeron Espinosa i Christoph Shindler од Цирих се двајца архитекти кои изработуваат мебел, а кои својата работа ја опишуваат како „мебелоархитектура“, бидејќи нивните дела ги спојуваат двете сфери. Од нивните дела можевме да видиме столчиња, невобичаени закачалки и друго. Студиото "Claudiabasel", во кое членуваат неколку швајцарски дизајнери
се претстави со решенија од графичкиот дизајн - впечатливи плакати за театарски претстави, перформанси и изложби. Тие всушност и најмногу работат на дизајнот во сферата на културата - музеи и театри. Дизајнерите Sarah Kueng и Lovis Caputo, исто така од Швајцарија, работат како креативни партнери од 2006 година. Обликуваат ентериерски предмети и материјали со мошне интензивни бои, и по тоа се и препознатливи на тамошниот пазар. Во Скопје допатуваа и дизајнери од Хрватска, кои преку поставката „Накусо“ (In a Nutshell) дадоа поглед кон современиот хрватски дизајн. Станува збор за кратка приказна која презентира мал број интересни "Schindlersalmerón", Швајцарија
дизајнерски дела кои не се формално слични, туку се илустрација на современиот плурализам во пристапот на дизајнот. - Атмосферата е одлична и луѓето се супер. Што се однесува на концепцијата на изложбите, ми се допаѓа идејата за мултидисциплинарен пристап, иако тука секогаш постои опасност посетителите да го изгубат фокусот поради разноликоста во претставувањето на содржините. Од друга страна, пак, интересно е да се видат различните пристапи и различните сфери на интерес кај дизајнерите. Најимпресивен е Куршумли ан, кој на целиот настан му дава посебен идентитет, што е секако битно и како знак за понатамошно препознавање на оваа манифестација - вели графичкиот дизајнер Андро Гиунио. "In a Nutshell", Хрватска
3
25 октомври 2013 ПОРТА
59
дизајн "Claudiabasel", Швајцарија
И македонските дизајнери оставија впечаток кај присутните. Накитот на Јана Ацевска послужил како инспирација по која потоа се направиле маски за радијатори од страна на „Завар дизајн“, а кои беа изложени во Куршумли ан. Колекцијата се вика „Капка“ и е насловена по истоимениот бренд на накит од Ацевска. Модната дизајнерка Лидија Георгиева се претстави со нова линија на керамика, потоа ѕидни декорации, облека, капчиња и друго. - Ова е најзначајната организација за дизајн во земјава, што станува важен датум во календарот на секој дизајнер. Оваа година ја продолжувам истрагата на другите полиња на дизaјнот, надвор од модниот дизајн. Не работам само моден дизајн, тука се и керамиките, комплетно изработени во Македонија, има и ѕидни декорации, машка линија на облека и друго - вели Георгиева. Дизајнерската работилница „Творница“, која ја сочинуваат графичкиот дизајнер
Сијалица во форма на бесилка, „Творница“
„Творница“, Скопје Радијатор во форма на обетка од „Завар дизајн“, Јана Ацевска
"Move", Марија Христовска-Стевковска 60
3
ПОРТА
25 октомври 2013
Никола Војнов, вајарот Александар Дудески и графичкиот уметник Хари Дудески, го привлече вниманието со лустерот во форма на бесилка, столицата од јажиња што може да го менува обликот и со други интересни парчиња. Името „Творница“ го одразува концептот на оваа работилница – творба, како спој на производ со уметничко дело. Авторите на „Творница“ се занимаваат со повеќе аспекти на релацијата уметностдизајн и на специфичен начин ги имплементираат своите различни вештини и изрази во работата, што придонесува за оригиналноста на производите. Од македонските креативни компании, „Биро Проект“ на кратко ни дозволи да погледнеме низ нивните прозорци и за
момент да прошетаме во неколку модерно дизајнирани ентериерни решенија. Доза креативност внесоа и маркетиншките пораки кои оваа компанија ги сподели со посетителите. Уметноста во дизајнот е дел од секојдневието на компанијата што е „виновна“ за разубавување на ентериерите во многу домови и компании во земјата, за нивните хортикултурните решенија, како и за бренд билдингот на неколку македонски компании. Работилниците беа битен дел во составот на Недела на дизајнот во Скопје. Детската работилница „Рециклирај и свири“, под менторство на Дејан Спасовиќ, беше доволен поттик за најмалите, својата желба да удираат на сè и сешто како „свирење на музички инструменти од рециклирани материјали“. Повеќето инструменти беа направени од обични предмети од
Современи ентериерни решенија, „Биро Проект“
Изложба „Скопје. Нераскажани приказни“, Нина Симовска, дизајнер на накит
домаќинството како тави, цевки, црева, а беа безбедни, нескршливи и звучеа одлично. Украсните ламинати како материјал одвоен од задолжителната иверка беа постулати на „Работилницата за експериментален дизајн на продукти“, водена од Margarita Espinosa и Christoph Schindler. Ламинатите имаат дебелина од еден милиметар, иако нивниот изглед, кога се монтирани на невидлива подлога, ги прави да изгледаат многу подебели. За разлика од многу од материјалите што ги имитираат, украсните ламинати може да бидат антибактериски, отпорни на мувла и габички и на пламен. Поддржувачите на вело-културата на работилницата „Како да обликуваш
паркинг за велосипеди“, од страна на Дејан Ивановски, Ана Бораниева, Ристо Аврамовски и Снежана Домазетовска, посочуваа на квалитетите и негативностите на постоечките паркинзи за велосипеди во градот. Критичкиот однос го искористија за да создадат два продукта за поставување на одредени локации во Старата чаршија. Желбата за креирање производи кои ќе имаат пазарна перспектива беше истакната во работилницата за „Дизајн на македонски мебел“ на Филимена Радоњанин и Сергеј Петровски. Вистинскиот пласман на секој од производите поединечно е тешко да се предвиди, зашто тој
Рита Коралевич, Унгарија
Маја Андреевска, лустери
Љупчо Врчковски, ламба
дизајн
Маја Андреевска, ламба
зависи и од индивидуалните квалитети на производот, од доследноста на идејата и од вештините за комуникација и маркетинг, како и од зрелоста на пазарот, но она што со сигурност може да се каже е дека Македонија добива продукт - дизајн сцена, која досега не постоела. Во рамки на скопската Недела на дизајн беше организиран и меѓународниот повик за креативно решение за етикета на виното „Шардоне“ на ВВ „Тиквеш“ од бербата 2013 година. Наградата во вредност од 1.500 евра ја доби авторката Дијана Димитриевска од Македонија во конкуренција од 247 дизајнери од 29 земји. Третото издание на Недела на дизајнот во Скопје беше во организација на платформата „Министерство за задоволство“, чии членови се „Јавна соба“, „Плакарт“, „Завар дизајн“ и „парК- Центар за креативно живеење“.
3
25 октомври 2013 ПОРТА
61
арт
ЕЛИ АИНОСКА-ХРИСТОВСКА
Артифициелни пејзажи
Ивана ГРУПЧЕ, дипл. инж. арх.
Артифициелни пејсажи
Н
eодамна, во галеријата Робевци во Охрид, беше презентирана изложба на современата уметница Ели Аиноска-Христовска. Поставката насловена Артифициелни пејзажи го предизвика и нашето љубопитство да се запознаеме подетално со творештвото на Аиноска. За нејзината изложба свој осврт даде историчарот на уметност, Борис Крмов, кој вели: „Инсталацијата претставува концептуален проект каде примарна цел е да се исценира еден пејзаж од природата. Аиноска креира нов интимен природен амбиент користејќи современи артифициелни материјали (повеќе видови на пластика) и ги спојува со материјали директно преземени од природата (гранки, земја, мов) во една симбиоза на симболи кои треба да евоцираат природен пејзаж. За таа цел, од една страна фигурираат скулптуралните графики или објектите, цилиндрични во основа, обвиткани со неправилно превиткани дигитални принтови, кои се разбиени и фрагментирани на повеќе делови на кои како сенки се појавуваат отпечатоците на гранки од дрвја“.
62
3
ПОРТА
25 октомври 2013
За врската на природното/натуралното со артифициелното/изграденото, што во секој случај ја инволвира архитектониката на просторот, самата авторка објаснува: „Иако мотивација и интерес црпам скоро од сè, сепак би рекла дека архитектурата е моја движечка сила. Затоа, секогаш настапувам со почит кон старата, а со восхит кон новата уметност/ архитектура. Како уметник архитектурата ја гледам од еден поинаков агол. Сакам, пред сè, да ја откривам и истражувам поврзаноста меѓу архитектурата и скулптурата. Го сакам тој дијалог, и тој момент кога архитектурата станува скулптура, а скулптурата архитектура. Играта со нови материјали ме води кон нови решениjа. Впрочем, така започна проектот Двојно кодирање каде се обидов да создадам сопствен град кој и покрај димензиите требаше да го освои просторот со својата динамичност. Објектите со форма на неправилни паралелопипеди симболизираа згради (скулптури). Токму со тоа формата и објективноста добија преносно значење, одразувајќи ја симбиозата на архитектурата и скулптурата. Потоа следуваше проектот Непознати предели, каде го преиспитував постоењето на еден артифициелен објект во
Артифициелни пејсажи
арт Артифициелни пејсажи
Непознати предели
Двојно кодирање
Артифициелни пејсажи
природата, и како тој со својата претходно замислена форма би се вклопил во веќе постоечки амбиент, во веќе присутното расположение на природата и околината без да претставува некаква пречка. Со тоа сакав да акцентирам еден проблем кај нас: изградбата на некое архитектонско
здание без да се погледне затекнатата слика на постоечките објекти. Последниот проект Артифициелни пејзажи е вид на надополнување или одговор на она што ми се наметнува како прашање при изготвувањето на претходните проекти“, заклучува Аиноска-Христовска.
3
25 октомври 2013 ПОРТА
63
излог 2
1
3
64
3
ПОРТА
25 октомври 2013
излог 1. Огледало за во бања од Mag.nifico, кое се претвoра во када за бебиња. Светлосниот ефет на оледалото е креиран на тој начин што белата круна која е прикачена на огледалото претставува рефлектор на ЛЕД светлото. Со вадење на круната и нејзино поставување врз мијалникот се добива када за бебe. 2. Ѕидниот часовник Барселона изработен од дрво-американски орев, обоен метал и фиберглас, дизајниран од Х.М. Реина за НОМОН, е прекрасен и функционален додаток за секој простор. 3. „Животот на растенијата“ е насловот на „книгата“ што всушност е вазна за цвеќе. Овој дизајн е на студиото Yoy, може да се користи изолирано или во линија со други книги. Со отворање на корицата може да се види почвата на растението и материјалот од кој е изработена вазната. 4. Даска за послужување која не паѓа, иако е на самиот раб на масата. Овој интересен дизајн е на јапонското дизајнерско студио Yoy. Послужавникот е фиксиран за масата со штипалка и може да се прифати за кој било агол од масата.
подготви: Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА, дипл.инж.арх.
4
3
25 октомври 2013 ПОРТА
65
јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 132/2013 ПРАВИЛНИК ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ, ДИСТРИБУЦИЈА, ПРИСТАП, ИЗДАВАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ГЕОДЕТСКО-КАТАСТАРСКИОТ ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОБЈАВА БРОЈ 126 (25.09.2013) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ОПШТИНА КОЧАНИ ИСПРАВКА НА ОБЈАВАТА БР. 37-2124/1 ОД 19.09.2013 ГОДИНА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ, ОБЈАВЕНА НА 20.09.2013 ГОДИНА
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 135/2013 ОПШТИНА ПРОБИШТИП ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БРОЈ 20 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП ОПШТИНА ПРОБИШТИП ОБЈАВА БРОЈ 21 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 136/2013 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 137/2013
66
3
ПОРТА
25 октомври 2013
ЗАКОН ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ
ОПШТИНА ИЛИНДЕН ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, Г3-СЕРВИСИ, СО КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ Б1, Б2, Д2, Д4, Г3 И Г4 ДОКОЛКУ Г2 Е ОСНОВНАТА КЛАСА НА НАМЕНА ОДНОСНО СО КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ, НАМЕНИ Б1, Б2, Д2, Д4, Г2 И Г4 ДОКОЛКУ Г3 Е ОСНОВНАТА КЛАСА НА НАМЕНА ОПШТИНА КИЧЕВО ОБЈАВА 1/2013 (07.10.2013 ГОДИНА) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ВО ОПШТИНА КИЧЕВО ОПШТИНА КРУШЕВО ОБЈАВА 01/2013 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ КОНКУРСИ ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ Број на оглас: 05-2741/2013 Назив на договорниот орган: Општина Илинден, ул. “9“ бб, 1041 Илинден. ПРЕДМЕТ: Избор на идеен проект и изработка на основен проект за изградба на семејни станбени куќи во локалитет Јака-Општина Илинден. Контакт тел/факс: 02 2571-703, лице за контакт: Весна Стојановска. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 08.11.2013 година.
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА Број на оглас: 21/2013 Назив на договорниот орган: Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување на преостанати градежни работи и градежно – занаетчиски работи (затворена карабина) на објект “Македонска филхармонија“ Скопје. Контакт тел/факс: 02 3240-519, 02 3226-920, лице за контакт: Јулијана Угриноска. Јавно отворање на понудите на ден
19.11.2013 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 138/2013 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА НЕПОСРЕДНА СПОГОДБА НА ТРГОВСКО ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА “АЛБНОР КОМПАНИ“ ДООЕЛ ТЕТОВО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА ВОДНА КОМОРА, ВИСОКОПРИТИСЕН ЦЕВКОВОД И МХЕЦ БР. 5 КО ВАТАША ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОПШТИНА ШТИП ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ШТИП
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 139/2013 АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ПРАВИЛНИК ЗА КАТАСТАРСКИ ПЛАНОВИ И ПЛАНОВИ НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 141/2013 ОДЛУКА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДЛУКА ЗА ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТ – НОВА МРЕЖА ЗА ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС НА ДЕЛНИЦА КЛЕЧОВЦЕ – КАВАДАРЦИ СО КРАК ЗА ТЕЦ НЕГОТИНО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРОИЗВОДЕН ОБЈЕКТ КО БОГДАНЦИ ОПШТИНА БОГДАНЦИ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА
МАЛА ХИДРОЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА И ПРОПРАТНИ ОБЈЕКТИ НА ВОДОТЕКОТ НА ЦРНА РЕКА МХЕЦ КАЖАНИ ИДЕНТИФИКАЦИОНЕН БРОЈ 208 КО МАЛОВИШТЕ, ОПШТИНА БИТОЛА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА Б3ГОЛЕМИ УГОСТИТЕЛСКИ ЕДИНИЦИ КО НИЖЕПОЛЕ, ОПШТИНА БИТОЛА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА ЈЗУ ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА НЕГОРЦИ КО НЕГОРЦИ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО КОЕ СЕ ОСТВАРУВА КАКО КОНЦЕСИЈА ЗА ЈАВНА РАБОТА БР. 004/2013 Име на јавниот партнер: Град Скопје, бул. Илинден бр. 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Финансирање, дизајнирање, изградба, работа и одржување на забавен парк во град Скопје. Контакт тел/факс: 02 3297-349, 02 3297-332. Јавно отворање на понудите на ден 28.11.2013 год.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ОБЈАВА БР. 17
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 142/2013 УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСИНАТА НА ПОСЕБНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ И ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ ВИДОВИ НА ПОСЕБНИТЕ ИЗВОРИ НА БУЧАВА КАКО И УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПОСТРОЈКИТЕ, ОПРЕМАТА, ИНСТАЛАЦИИТЕ И УРЕДИТЕ КОИ СЕ УПОТРЕБУВААТ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР ВО ПОГЛЕД НА ЕМИТИРАНАТА БУЧАВА И СТАНДАРДИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД БУЧАВА