222

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

222 ЈУЛИ 2014

Бујар Муча и Предраг Андонов: Да се биде свој, тоа е вистинско достигнување Иднината на нашето минато Македонскиот мајстор и Сочи, или средба проектант - изведувач, некогаш и сега...


ПОРТА

25 јули 2014


ГОДИНА X

БРОЈ 222 ПЕТОК 25.07.2014 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Летниот период како по правило, веќе години на ред, минува во знакот на школите за архитектура. Онаа на Архитектонскиот факултет при УКИМ, што се организира во манастирот Св. Јоаким Осоговски, и по вторпат организираната школа на Факултетот за архитектура и дизајн при „Американ колеџ“ од Скопје. Инспиративниот пејзаж и целта да се создаде мал храм на природата го доведе финскиот архитект Сами Ринтала заедно со 36 домашни и странски студенти во манастирот Св. Јоаким Осоговски, каде што сите вложија огромна енергија во креирањето на „Капела на природата“. Во Охрид, пак, беа Крешимир Рогина и Винко Пенезиќ, хрватски архитекти одомаќинети во школата, како и Atelier Bow-Wow, составено од јапонските етаблирани архитекти Јошихари Цукамото и Момојо Каиџина. Темата беше „Преобмислување на метаболизмот“. Педесетина студенти од кои 30-ина од странски држави и 20-ина од Македонија предлагаа архитектонски и дизајнерски интервенции за неколку локации во Охрид. Да се биде свој во свет кој постојано се обидува да те направи поинаков, тоа е вистинско достигнување. Ова го велат

архитектите Бујар Муча и Предраг Андонов. Станува збор за искусни архитекти, кои во 1992 година заедно го формираат проектантското биро „Мегарон Инженеринг“, кое веќе 23 години успешно функционира и дејствува. Двајцата се автори и коавтори на над стотина проекти во Македонија и во странство. TEDx настанот “Going to the Edge” што се одржа минатиот месец во Sonoma County, САД, е еден од стотиците TED (Technology, Entertainment and Design) настани кои се одржуваат секоја година во светот. Наизглед типична технолошка конференција, сепак настапот на Татјана Џамбазова како говорник на “Going to the Edge” е причината поради која овој настан е посебно важен за нас (tedxsonomacounty. com). Татјана имаше одличен настап, што нас Македонците нè направи особено горди. Македонските градежни компании пред десетици години живееја од работите што ги изведуваа на странските пазари. Една од нив беше и ГП „Маврово“. Низ слика и збор ви прикажуваме едно сеќавање на минатото, сѐ до нејзиното зајдисонце.

ГРАДЕЖНИШТВО 16

МАКЕДОНСКИОТ МАЈСТОР И СОЧИ, ИЛИ СРЕДБА ПРОЕКТАНТ ИЗВЕДУВАЧ, НЕКОГАШ И СЕГА...

ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница: GRANDE OMBRIÈRE НА СТАРОТО ПРИСТАНИШТЕ ВО МАРСЕЈ - VIEUX-PORT

ПОРТА Г Р А Д Е Ж Н И ШТВ О А Р Х И ТЕ КТУ Р А Е КО Л О Г И ЈА

222 ЈУЛИ 2014

Бујар Муча и Предраг Андонов: Да се биде свој, тоа е вистинско достигнување Иднината на нашето минато Македонскиот мајстор и Сочи, или средба проектант - изведувач, некогаш и сега...

90 ДЕНАРИ

Автори: MICHEL DESVIGNE PAYSAGISTE MDP, FOSTER + PARTNERS, TANGRAMA, INGEROP и AIK

фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

16

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. ВаСил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

БУЈАР МУЧА И ПРЕДРАГ АНДОНОВ, АРХИТЕКТИ

36

АРХИТЕКТУРА 36

ВЕРТИКАЛЕН ГРАД НАД ЛОНДОН

Маркетинг:

ПОБЕДНИЦИ СЕ МАРСЕЈ И ЕЛЧЕ

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

24 52

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ХОРТИКУЛТУРА 56

ПАРК СО ПОСЕБНА УБАВИНА ЗА СКОПЈАНИ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ЕНТЕРИЕР 62

ИНВЕНТИВЕН И ФУНКЦИОНАЛЕН ПРОСТОР СО СТРОГИ И ПРАВИЛНИ ЛИНИИ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати:

ЈАВЕН ПРОСТОР 43 ТЕХНОЛОГИИ 52

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА) графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 24

ИДНИНАТА НА НАШЕТО МИНАТО

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

56

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


градежништво

4

4

ПОРТА

25 јули 2014


градежништво

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA

25 јули 2014

ПОРТА

5

5


инфо

АСОЦИЈАЦИЈА НА АРХИТЕКТИ ГЛЕДА РЕШЕНИЕ ЗА НАЈСТАРИОТ ТРГОВСКИ ВО СКОПЈЕ

Референдум за зачувување на автентичноста на ГТЦ Од Управата на ГТЦ велат дека реконструкција на објектот сигурно ќе има, но таа ќе почне дури идната година затоа што сега уште е во фаза на изработка основниот проект Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА

„П

оследен обид за спас на најстариот трговски центар во Скопје од промена на неговиот сегашен изглед е распишување на референдум“. Ова е последното барање кое произлезе од Асоцијацијата на архитекти по најавите дека ГТЦ веќе од септември годинава ќе треба да го добие новиот изглед. Според нив, единствен начин да се спречи ова е преку референдум на кој граѓаните би го дале своето мислење дали го сакаат сегашниот модерен ГТЦ или, пак, повеќе им се допаѓа и тој да се вклопи во проектот „Скопје 2014“ и да добие нов изглед. Архитектите велат дека се немоќни да ја спречат интервенцијата на ГТЦ, затоа што властите ги претркаа со измените во Законот за градење, и бараат oпштина Центар да

6

6

ПОРТА

25 јули 2014

распише референдум по ова прашање. „Како професионалци, архитекти, колеги и членови на ААМ должни сме и имаме обврска да го изразиме својот став. Мора да ја поддржиме идејата за зачувување на автентичната архитектура на објектот, но и карактерот и духот на ГТЦ што се состои од една градска, урбана структура, природно вклопена со плоштадот, кејот и паркот, што ја живееме сите и на сите ни припаѓа. Но, слух за дијалог, сослушување, стручна анализа и соработка од страна на нарачателот не постои. Единствениот однос кој нарачателот го има со ААМ е молк и игнорирање. ААМ нема моќ и инструмент на дејствување да го спречи она што се случува. Инструментот е во рацете на нарачателот“, вели Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, претседател на ААМ. Според ААМ, основниот проект за ГТЦ веќе е во фаза на изработка и наскоро се

очекува да почнат градежните работи. „Со најновите измени на Законот за градење од февруари годинава, се предвидува Советот на општината, Советот на општината во градот Скопје, односно Советот на градот Скопје, со одлука да можат да го утврдат изгледот на фасадата на еден или повеќе објекти. Ова значи дека Советот на градот се стекнува со законско право да ги менува фасадите, дури и на бесправно изградени објекти. Доколку надградбата или доградбата претставува функционална целина и се наоѓа на објект со јавна или деловна намена, право на сопственост на објектите стекнува Советот на градот, кој ја донел одлуката за изгледот на фасадите. На ваков начин, градот Скопје ќе стане и правен сопственик на доградбата на ГТЦ“, го искажуваат својот револт од ААМ. Асоцијацијата вели дека повеќе не


инфо може да го спречи менувањето на изгледот на ГТЦ. Затоа се одлучуваат да бараат референдум, кој би се распишал на ниво на Општината. Засега, велат архитектите, протестите ќе бидат во втор план. „Прво ќе се обидеме со иницијативата што ја поднесовме до општина Центар, тоа значи дека општината треба на Совет да ја разгледа иницијативата и да распише референдум во рамки на Општината. Во зависност од конечниот исход и резултатот на референдумот, и од проценката што ќе ја направи Асоцијацијата, ќе видиме како ќе продолжиме понатаму“, изјави Раѓеновиќ-Јовановиќ. Претседателката на ААМ ги прозва и авторите на идејното решение за реконструкција на ГТЦ и рече дека недостасува нивното присуство во јавноста за да го одбранат својот проект. Архитектот Жарко Чаушевски кој го обмисли „барокниот“ изглед на објектот бил студент на Живко Поповски, кој е автор на сегашниот изглед. Чаушевски го изработи идејното решение во соработка со архитектот Филип Богатиновски. „Живко Поповски е еден од најмаркантните и најкомплетните личности на Архитектонскиот факултет. Јас мислам дека нема пострашна глетка за учителот кога учениците не го почитуваат неговото дело“, додаде таа. Раѓеновиќ-Јовановиќ вели дека единствено што и преостанува на ААМ е обврската и одговорноста и кон членовите и кон граѓаните и кон градот. „ААМ мора да го повторува својот став за да остави трага и да пренесе порака на идните генерации дека ова што му се случува на градот не успеавме да го спречиме, бидејќи сите патишта ни се затворени и немаме соговорник. Борбата за ГТЦ е симбол на борбата на сè она што му се случи на Скопје, единствено тој ни остана. Единствена можност е нарачателот конечно да го слушне гласот на архитектите и граѓаните и да го обнови ГТЦ, но притоа

никако да не го наруши концептот, функцијата и автентичното архитектонско обликување на објектот. ААМ го моли нарачателот за разбирање, соработка и дијалог“, е барањето на РаѓеновиќЈовановиќ, што е воедно и став на ААМ. Наспроти сите барања и тврдења на Асоцијацијата на архитекти од управата на ГТЦ, пак, го велат спротивното. Аго Аговски, директор на ГТЦ, вели дека реконструкцијата на трговскиот центар сигурно нема да почне во септември годинава. „Основниот проект се изработува и тој треба да биде готов до септември, потоа следуваат други постапки кои треба да се спроведат, да се одреди финансиската конструкција, па дури потоа ќе почне реконструкцијата, а тоа најверојатно ќе биде идната година“, објаснува Аговски. Според него, сопственик на ГТЦ е Владата и таа одлучува што ќе се прави со објектот. Но, реално, додава тој, навистина треба овој објект да се реновира затоа што целата инсталација е стара и дотраена, а од кровот постојано тече вода.

„И стопанствениците што работат во ГТЦ ја поздравија идејата за реконструкција за да ги решат своите проблеми. Вака ќе добиеме еден убав објект, кој ќе биде затворен од сите страни, ќе се догради уште еден кат и ќе се промени фасадата. Иако инвестицијата е мошне голема, бидејќи станува збор за голема квадратура, сепак ова е навистина неопходно“, нагласи Аговски додавајќи дека нема потреба тој како директор на ГТЦ да реагира на барањата на Асоцијацијата на архитекти. Што се однесува до прозивањето на ААМ на Град Скопје, побаравме објаснување на барањата на Асоцијацијата, но од таму не добивме никаков одговор. Инаку, според законските одредби, референдум може да се распише на иницијатива на општинскиот Совет и на предлог од најмалку 20 отсто од граѓаните на општината. Но, над 25 дена треба да поминат од денот на распишување на референдумот до негово одржување, додека иницијативата треба да ги помине и претходните неопходни филтри.

25 јули 2014

ПОРТА

7

7


инфо

ОСМИ КОНГРЕС НА ГЕОРЕКС ВО ОХРИД

Мост на поврзување на студентите од регионот и пошироко

На конгресот зедоа учество 90 учесници со доставени вкупно 32 реферати, објавени во Зборник на трудови и презентирани во четири работни сесии

В

о организација на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, на почетокот на месецов во Охрид се одржа Осмиот конгрес на ГЕОРЕКС (ГЕОтехнолошки РЕгионален Конгрес на Студенти). Овој конгрес потврди дека ГЕОРЕКС е мост на поврзување на студентите од регионот и пошироко. Конгресот се состоеше од работен и социјален дел. На неговото свечено отворање зборуваше деканот на Градежниот факултет од Скопје, проф. д-р Милорад Јовановски, а на учесниците им се обратија и претседателот на Комората на архитекти и инженери м-р Блашко Димитров, генералниот секретар на Комората на инженерите во инвестиционото проектирање од Бугарија, Иван Стефанов Каралеев. Конгресот беше поздравен и од учесниците од странство. На конгресот зедоа учество стотина студенти и нивни ментори, професори или асистенти од десетина градежни факултети од сите држави настанати од поранешна Југославија, но и од Русија, Чешка и Бугарија. Студентите од овие факултети, организирани во тимови од тројца студенти-автори, под менторство на професори или асистенти, изработуваа и презентираа свои авторски

8

8

ПОРТА

25 јули 2014

м-р Златко ЗАФИРОВСКИ, м-р Стевчо МИТОВСКИ трудови. Па така, беа доставени вкупно 32 реферати, објавени во Зборник на трудови и презентирани во четири работни сесии. Меѓу нив и неколку повикани предавања и тоа: „Формирање на карта на свлечишта во Република Македонија“, па „Истражување на свлечишта во флишни косини на Северна Истра и долината на Рјечина во Хрватска“, потоа трудот „Економични подобрувања на патишта за безбедност на корисниците“, дојден од Словенија, па „Експериментална и теориска анализа на пробивање на темели самци потпрени на деформабилна подлога“ од Србија, „ Перспективи на геотехниката во Хрватска“, како и темата „ Проектирање на истражувач“, на тим автори од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. Повикани предавања надвор од границите на поранешна Југославија беа: „ Примена на електронски аукции во градежништвото, низ примери од Чешка“, како и „Натпревар во мостови од шпагети - вкусен предизвик за студентите од градежништво“ од Бугарија. Првиот конгрес на ГЕОРЕКС на студентите од геотехничките факултети од регионот беше одржан во 2007 година во Тузла, Босна и Херцеговина, во организација на Рударско-геолошко-градежниот факултет од Тузла и од тогаш се одржани седум конгреси. Вообичаено, овој конгрес се организира еднаш годишно, на кој

земаат учество факултети од областа на геологијата, рударството, градежништвото, геотехниката, животната средина и други сродни области. Основната цел на ГЕОРЕКС, како студентски научен конгрес, е можноста студентите, организирани индивидуално или тимски, да се вклучат во научната област преку истражување, подготовка, објавување и презентација на трудови, а воедно и да се стекнат со референца, која во иднина ќе им послужи во нивната професионална кариера. Организацијата на конгресот беше овозможена со финансиска подршка од страна на Централно Европската Иницијатива (Central European Initiative - CEI) со седиште во Трст, Италија, како и од традиционалните поддржувачи на ваквите настани од областа на градежништвото и геотехниката, за што искрено им се заблагодаруваме. Заедничкиот впечаток е дека Конгресот во целина беше успешно организиран, а Република Македонија беше достојно претставена како земја организатор на овој настан. Сите учесници се стекнаа со едно драгоцено искуство и веруваме дека организацијата на годинешниов конгрес ја исполни една од главните цели на ГЕОРЕКС - да ги поврзе студентите од регионот и пошироко.


ЧЕТВРТИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО ЗА ГЕОТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА

инфо

Главен стожер на геотехниката во државата Во наредните четири години на чело на Друштвото ќе биде професорот од Градежниот факултет при УКИМ, Милорад Јовановски доц. д-р Јосиф ЈОСИФОВСКИ, Градежен Факултет при УКИМ, Скопје

Д

руштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) кон крајот на месецов во Струга го одржа Четвртиот симпозиум. ДГМ е еден од главните стожери на геотехниката во нашата земја со долгорочна цел за организирање на симпозиуми секоја четврта година, на кои би се презентирале активностите и достигнувањата во геотехниката и блиските областите. Иако започна со скромни амбиции, пред повеќе од една декада, тој реализираше континуиран напредок и интернационализација. Овој пат, треба да се истакне фактот што на овогодишниот симпозиум ги надмина границите на нашата земја и регионот. Тоа се потврди и преку интересот и учеството на овој симпозиум. Вкупно пристигнаа 68 реферати од околу 130 учесници од 13 земји (САД, Канада, Италија, Албанија, Австрија, Словенија, Чешка, Германија, Србија, Црна Гора, Македонија, Грција, Хрватска) со придонес, како од академската, така и од применувачката заедница.

На симпозиумот учествуваа не само членовите на ДГМ, туку и на пошироката инженерска фела, научна и стручна јавност, а во негови рамки се презентираа достигнувања, се разменија идеи и искуства, но се остварија и нови пријателства. Симпозиумот започна со свечена церемонија на која со пригодни зборови се обратија повеќе претставници на професионални и државни организации, меѓу кои aктуeлниот претседател на Друштвото, претставник од Министерството за транспорт и врски, деканот на Граежниот факултет во Скопје и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Собирот го поздравија и претставници од сродните друштва од регионот, за да на крајот професорот Васил Витанов, како основачки претседател и еден од најзаслужните за развојот на ова друштво, ја добие честа да ги поздрави присутните и да го прогласи симпозиумот за отворен. Работниот дел на симпозиумот се состоеше од програма организирана во два дена, поделена на шест работни сесии со девет повикани предавања. Значајно да се истакне е учеството на голем број предавачи кои земаа активно учество преку нивните тематски предавања од

различни области и теми. Повикани предавања имаа проф. д-р Хајнц Брандл од Австрија, проф. д-р Луљета Бозо (Албанија), проф. д-р Микеле Маугери (Италија): д-р Мирослав Настев (Канада), проф. д-р Слободан Ќориќ, и проф. д-р Гордана Хаџи-Никовиќ (Србија), проф. д-р Сњежана Михалиќ-Арбанас и Жељко Арбанас (Хрватска) и проф. д-р Звонко Томановиќ од Црна Гора. Вкупно на симпозиумот беа презентирани 50 труда. Сите 68 пристигнати трудови беа публикувани во Зборник во шест тематски групи. По затворањето на официјалниот работен дел на симпозиумот се одржа Собранието на Друштвото, на кое се избраа раководните органи за следниот четиригодишен мандат. На него беше избран и следниот претседател на Друштвото, професорот Милорад Јовановски. Ако се сумираат впечатоците од четвртиот симпозиум, може да се каже дека се јавува нов предизвик и обврска да се продолжи традицијата. Амбициите се големи - да се организира еден собир со европски предзнак и покровителство од Меѓународното друштво за механика на почви и геотехничко инженерство, во чии рамки од 2002 година членува и ДГМ.

25 јули 2014

ПОРТА

9

9


и ова е скопје...

Водно

фото:

10

10

ПОРТА

25 јули 2014


инфо

Охрид доби спомен обележје „БогојавлениеВодици“

В

о центарот на Охрид, кај градското пристаниште, месецов беше осветено и отворено новото спомен-обележје „Богојавление-Водици“, подарок од Ванчо Чифлиганец, генерален директор на градежната компанија „Адора Инженеринг“, кум на манифестацијата „Водици-Охрид, 2012“. - Спомен-обележјето „Фаќач на крст“ го заслужуваат сите генерации охриѓани кои биле и се дел од прославата Богојавление-Водици, по која Охрид е познат во светот, кај православните верници и туристите, кои ја почувствувале величенственоста на овој верско-

туристички спектакл, истакна Ванчо Чифлиганец, донатор на споменикот. - Ова спомен обележје ќе биде и своевиден раскажувач на оваа православна охридска традиција, порача градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески. Спомен обележјето „Фаќач на крст“ е скулптура излеана во бронза, висока три метри, дело на авторот м-р Ангел Коруновски, академски скулптор од Велес, претстава на чинот на вадењето на крстот од осветените езерски води на празникот „Богојавление“ во Охрид, поставена на постамент висок два метри, изработен од релјефен камен-мермер со ранохристијански мотиви и сцени на светиот крст и празникот „Богојавление“.

porta3.mk

Читајте не` онлајн!

10 години ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ, РЕДАКЦИЈАТА ВИ НУДИ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА НА СПИСАНИЕТО ПО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ, КОЈА ЌЕ ТРАЕ ДО КРАЈОТ НА ЈУЛИ. ЗА ПРАВНИТЕ ЛИЦА ПРЕТПЛАТАТА ИЗНЕСУВА 800, А ЗА ФИЗИЧКИТЕ 700 ДЕНАРИ ПО ПРИМЕРОК.

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

25 јули 2014

ПОРТА

11

11


региони

Во Штип се градат шест цркви Драган РИСТОВ „Покров на Св. Богородица“

Ш

тип во некоја смисла е сличен на Охрид. Како што забележал и Евлија Челебија, во 14 век Охрид има 365 цркви, а Штип, слично на Балканскиот Ерусалим, има околу 200 цркви. Притоа, археолозите откриваат нови докази за стари цркви (каков што е случајот со откривање на уште една црква во градската крепост Исар), а градежниците, ктиторите и доброчинителите одвојуваат средства и за изградба на нови.

12

12

ПОРТА

25 јули 2014

Во Штип во моментов, покрај изградбата на нови колективни згради и напорите за изградба на нови фабрики во ТИР зоната, доминира и црковното градежништво преку изградба на нови шест цркви. Во листата на нови храмови кои наскоро ќе бидат завршени, на прво место е црквата „Покров на Св. Богородица“ во Ново Село. Оваа црква порано беше сместена во куќа, стара и дотраена, па локацијата се расчисти и на нејзино место се гради црквата. Пред извесно време беше осветен и крстот, така што влегува во финале

градежниот сегмент. Црквата е навистина убава и се наоѓа на самиот пат, па така секој што поминува од Струмица или Радовиш низ Штип, може да ја види. Во Ново Село почна да се гради уште една црква. Ќе биде посветена на свети маченик Димитрие Солунски, и е сместена на локацијата „Јавор“, веднаш спроти стариот мост каде што започна и реконструкцијата на куќата на Андонци, за која Порта 3 пишуваше во еден од минатите броеви. Со реконструкцијата на главната улица „Крсте Мисирков“, овој дел на легендарното


„Свети Кирил и Методиј“

региони

Ново Село ќе биде обновен. Уште поважно е што култната локација „Јавор“, која е овековечена уште од турско време, со турски аскер на коњи, за првпат по неколку векови ќе се обнови, модернизира и уреди. Од она што може да се види од проектот за црквата, Ново Село и Штип ќе добијат уникатна црковна градба. По поставување на соодветната инфраструктура, црквата е во интензивна градба со поставување на темелите. Надвор од центарот на Штип, се градат уште четири црковни комплекси. Во населбата Баби, уште од средината на 90-тите години на минатиот век почна да се гради црквата „Свети Кирил и Методиј“, но поради проблеми со финансиите изградбата тешко одеше. Од 2013 година започна интензивното помагање на мештаните за изградба на оваа црква. За кратко време издигнато е телото на црквата, во тек е конструкцијата на влезните куполи, а се очекува брзо да се одвиваат и активностите на остантиот дел. На спротивниот крај, на патот кон Кочани, во близина на населбата „Балканска“, од лани се удрени темелите на црквата „Свети Константин и Елена“. Работите овде одат побрзо, па така за една година е оформена црквата, направена е куполата, а за околу два месеца се очекува да завршат градежните зафати, по што ќе се премине на внатрешно сликање на ѕидовите на црквата. На излезот од Штип, на стариот пат кон Три чешми, каде што беше промовирана локацијата „Езерце“, се гради малата еднокуполна црква „Света Злата Мегленска“. И таа е веќе во завршна фаза. Пред три години беа удрени темелите на уште една црква, во населбата „Железничка“, посветена на светиот Иларион епископ Мегленски, но таму работите сè уште не се тргнати

од темелите што беа осветени и поставени во 2011 година. Освен овие цркви од кои поголем дел се реализираат со приватни донации, постојат и цркви кои се градат од страна на Брегалничката епархија. Таков е случајот со двојната црква „Свети Климент Охридски Света Петка“ во која фазно се одвива цртањето на фреските, како и опремувањето на конаците на манастирот „Света Недела“. „Свети Константин и Елена“

25 јули 2014

ПОРТА

13

13


градежништво

Системи од армирана земја Борис БОГОЕВСКИ, дипл.инж. по геотехника, Атанас СТРАШЕСКИ, дипл.инж. по геотехника, ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО

В

оведувањето на нови проектни решенија во геотехничката практика во Република Македонија е голем предизвик за домашните проектанти. Едно од решенијата што сè повеќе се применуваат за санација на свлечишта, изведба на насипи за патишта и потпорни конструкции, се системите армирана земја. Имплементацијата на ваквите решенија во светот, а сè повеќе и на Балканот, ја потврдуваат нивната техничка и економска оправданост и предностите што ваквите системи ги имаат над традиционалните конструкции изведени од бетон или армиран бетон. Системите од армирана земја функционираат преку интеракција помеѓу насипот (почвениот материјал) и геосинтетичкиот елемент за армирање. Генерално, системот функционира слично на принципот

на работа на армираниот бетон. Стабилноста на целиот систем се обезбедува преку триењето помеѓу почвата и геосинтетикот, со тоа што почвата ги презема напрегањата на притисок, а геосинтетикот напрегањата на затегање. Основните елементи на конструкцијата т.е. системот армирана земја се прикажани на слика 2. Имајќи ја предвид примената на системите од армирана земја, секогаш еден од клучните критериумите за нивно усвојување како решенија е економската исплатливост на конструкцијата. Во многу држави се работени студии и истражувања за нивната економска оправданост, па така во оваа статија се презентирани податоци содржани во „Mechanically stabilized earth system, inspection manual“, Geotechnical engineering bureau, New York Department of transportation, април 2007, по однос на исплатливоста на системите од армирана

Слика 1. Дијаграм на чинење на потпорни конструкции (извор: National Highway Institute, Course No. 132042: ”Mechanically stabilized earth walls reinforced soil slopes design & construction guidelines”) 14

14

ПОРТА

25 јули 2014

земја. Генерално, заштедата при изведба на системите од армирана земја во споредба со армирано-бетонските потпорни ѕидови е помеѓу 25-50%, а веројатно и повеќе кога споредбата се прави со длабоко фундирани армирано-бетонски потпорни ѕидови. На слика 1. прикажан е дијаграм на кој може да се заблежи разликата во чинењето на четири типа потпорни конструкции (армирано-бетонски потпорен ѕид, ѕид изведен од анкери и анкерни греди, систем армирана земја со метални ленти за армирање, систем армирана земја со геосинтетички елементи за армирање) во зависност од висината на потпорната конструкција. Дијаграмот е изработен врз база на резултатите од истражувањата на државните и федералните агенции за транспорт на САД. Согласно овие истражувања просечната цена во САД се движи од 200-400 долари за m2 (се мисли на m2 од лицето на конструкцијата). Нова ваква конструкција со примена на армирана земја е планирано да се изведе во скоро време во нашата држава. На влезот од градот Прилеп, на североисточниот дел, на патниот правец Прилеп – Градско е предвидена изградба на клучка која ќе ги поврзува Прилеп, Битола и Градско. За да се овозможи пристап (рампа) до проектираниот надпатник кој е дел од клучката, предвидено е да се изведе насип од армирана земја чие надворешно лице ќе биде изведено од армирано-бетонски префабрикувани панели. Вкупната должина на конструкцијата од армирана земја е приближно L=170 m и максимална висина на насипот до H=7,5 m. Од карактеристичниот попречен пресек на конструкцијата (слика 2) може да се забележи дека армирањето на насипот се врши со геоленти со висока јакост на затегање. За поврзување на геолентите со панелите се применуваат елементи за поврзување – алки низ кои се поставуваат геолентите. Иако за ваквите конструкции (со панели) светска практика е да не се димензионира засебен систем за дренирање, во конкретниов случај е предвиден систем за одводнување со поставување на перфорирана цевка Ø 150 mm.


градежништво

Слика 2. Карактеристичен попречен пресек на конструкцијата од армирана земја за клучката на патниот правец Прилеп - Градско

Примената на системите од армирана земја е вообичаена практика во светот, а главна причина за тоа се брзата изведба и помалите трошоци во однос на бетонските и армиранобетонските потпорни конструкции. Во последната деценија на Балканот и во Република Македонија сè повеќе се воспоставува практика на проектирање и изведба на системи од армирана земја. Посебно се карактеристични објектите на автопатот Албанија –

Косово, каде што е изведен насип од армирана земја во висина од 40 m. Проектирањето и изведбата на ваквите системи во Р. Македонија е започната, а посебно е интензивирана во последната деценија. Покрај примената на ваквите системи за санација на свлечишта (пр. свлечиште на магистралниот пат М-5, делница Битола - Ресен, 12 метри висок насип од армирана земја), тие се применуваат и за изведба на насипи на патишта. Констатација е дека брзата

изведба и економската исплатливост, како и техничката рамноправност, а во одредени случаи и супериорност во однос на традиционалните потпорни конструкции, ги промовираат решенијата со армирана земја како сè поприфатливи и за инвеститорите во Р. Македонија. Во прилог на нивната примена оди и успешното проектирање, изведба, а секако и докажана функционалност на конструкциите од армирана земја и во нашата држава, а не само во странство.

25 јули 2014

ПОРТА

15

15


градежништво

„ЗАЈДИ, ЗАЈДИ“ НА ГОЛЕМОТО ГП „МАВРОВО“

Македонскиот мајстор и Сочи, или средба проектант - изведувач, некогаш и сега... Комплексот „Заполарје - Сочи“, време на моќта и сјајот на ГП „Маврово“ и на градежништвото во Македонија

И

дејата да направам фоторепортажа за хотелскиот комплекс Санаториј Заполарје во Сочи, Русија, се создаде откако ја прочитав колумната „Македонскиот мајстор и Сочи“ на колегата Радован Раѓеновиќ во „Утрински весник“ . Во јуни 2014 година го посетив хотелскиот комплекс Санаториј Заполарје. Овој комплекс на брегот на Црно Море го изградија градителите на ГП „Маврово“ од Македонија пред 30 години и тоа во периодот 1980-1985 година. Комплексот и после толку години блеска со актуаелноста на архитектонските форми на изградените објекти и содржини, и со квалитетот на изведбата што до денес е сочувана и практично не е изменета. Како некогашен архитект на ГП „Маврово“, кој директно учествувал во изградбата на овој комплекс, сакам низ фотографии да ги споменам почетоците на изградбата, завршените објекти и сегашната состојба на комплексот. Шетајќи се и гледајќи ги прекрасните објекти на комплексот, ми наидуваат спомени - Санаториј Заполарје во Сочи напоменува на едно изминато време на моќта и сјајот на ГП „Маврово“ и на градежништвото во Македонија. Колумната „Македонскиот мајстор и Сочи“ на Раѓеновиќ е извонредна, односно направена е во еден здив и заслужува должно внимание. Јас решив само да ја продолжам мислата и намерата на овој колега и автор, да ја поткрепам со фотографии и да ја повториме... Предраг КОЧОВСКИ, дипл.инж.арх.

16

16

ПОРТА

25 јули 2014


М

узика, Чајковски. Лебеди во архитектурата на крајбрежјето и планините - Сочи, Кавказ. Е, да знаеш море мајсторе од Крива Паланка, што сѐ создаваше. Да, тогаш кога играше валцер, па наклон и бацување рака во „Жемчужина“. Паметиш? А јас велам ќе повториме делови од

градежништво објавениот текст, да го израдуваме мајсторот. Комплексот „Заполарје“ денес. Објектите денес, фотографии. Мелодија на изграденото живее во олимписко Сочи, во современите композиции. Мајсторот пее „Зајди, зајди“, а фотографииве велат „има негде уште сонце“... Сè започна во 1974 година во Дагомис, дел на олимписко Сочи. Хотелски комплекс

од 100.000 м2 со сите содржини, соодветно наменети за меѓународен туризам. Го градат здружените градежници наречени „Југословенски стројитељи“, а меѓу нив ГП „Маврово“. Некои објекти уште тогаш се нарекуваа со терминот „македонски домови“, што било синоним за висок стандард на самите градби и воопшто во градењето. Ништо случајно, нашите го граделе и олимпиското село во Минхен. Почеток на градба, 1980

„Маврово“ во 1980 година започнува со проектирање и изградба на хотелски комплекс „Заполарје“ на бреговите на Сочи. Над 100.000 м2, вредност на работите 102.000.000 долари, проектната документација 6.000.0000 долари – во она време. Проектирано и изградено во целост во период од три и пол години – партер, паркови, спортски терени, крајбрежни објекти (пристаништа), затворени

базени, лечилишта, ресторани, хотели и реконструкција на летниковецот на Берија. Ентериери и опрема – „Треска“, Скопје. Изградениот комплекс се покажуваше на светот, да види што има Сочи. Рускиот академик Пољански во својата книга „Комплекси отдиха“ од 1985 година го презентираше „Заполарје“ како најдобар комплекс во СССР. Проектантите на „Мавровопроект“ го

презентираа проектот на Меѓународниот конгрес на архитекти во Софија, проследено со посебно внимание, аплауз. На Биеналето на македонската архитектура БИМАС, се здобија со признание за афирмација на македонската архитектура во светот. Со изградбата на овој комплекс раководеше градежниот инженер Миле Кастратовиќ. Беше прогласен  25 јули 2014

ПОРТА

17

17


градежништво Заполарје, 1985

за почесен граѓанин на Сочи. Мајсторе, можеби е рано да ги бришеш солзите, слушај: Македонските проектанти, градители и компании – „Бетон“, „Гранит“, „Македонијапроект“, „Маврово“, „Треска“, „Пелагонија“ и „ЕМО“ работеа и продолжија да работат во Сочи, Москва, Тула, Алтај, Урал, па стигнаа и до Камчатка. Мајсторот проектираше и градеше на три континенти. Стигна подалеку од Александар. На овие мајстори, воини, да им поставиме барем една спомен плоча, некаде на сокакот. Во градежништвото на Македонија некогаш работеа над 50.000 луѓе. Своето умеење го покажуваа главно вон Македонија - 78%. Работите ги добиваа како афирмирани проектанти и градители, а во рамки на пазарните критериуми. Проектирањето е извоз на интелектуални услуги. Не се извезуваше работна рака на саат. Се преземаше градба од проект до целосна изградба на објектот, низ Европа, Азија и Африка. Каде сме денес, мајстори! Старата слава е како ехо. Сочи? Па пред две години руски инвеститор, кој гради во Скопје и Битола, побара да проектираме и изградиме хотел во Сочи за Олимпијадата - 40.000 м2. Можеме ли денес да преземеме таква обврска? Одговорот сите го знаеме. Нашиот мајстор тогаш работеше за месечна плата од над 1.000 долари. Тогаш научи да игра валцер, облечен во тегет одело со лептир машна. Во ресторан одеше со такси. Но, започна да пее „Зајди, зајди“.... Отпочна „мајсторијата“ на 18

18

ПОРТА

25 јули 2014

организираните тајкуни. Мајсторот изгради, инвеститорот плати, парите отишле до западните претставништва, ама не стигнале до Скопје. Нема плата, ниту на работниците, ниту на семејствата дома. Работниците штрајкуваат на градилиштата, фамилиите пред дирекциите. Инвеститорот прашува - платив, што значи ова? – „Зајди, зајди...“ Значи, залезот е на Исток, бидејќи

Големиот брат е на Запад, ама залезот е дома. Дома нема ни месечина, ја помрачуваат миленичињата на Големиот брат. Мајсторе, од сега ќе носиш тарги и ќе удираш печати на источните или далекуисточните проекти, за 200 долари на месец. Па што сакаш, колку е кило патлиџани. И тоа „македонски дом“ да го прекрстиш во „БЈРМ - дом“. И запомни, Објект руски чај, 1985


градежништво парите од Исток или Далечниот Исток одат на Запад, до Берлин, Лондон, Кипар дури до Сејшелски Острови или Флорида. Тоа, мајсторе, се нарекува транзиција, сè што беше наше сега е негово. Граматика, мајсторе, од множина во еднина. Па тоа значи дека ќе ги приватизиравме фирмите. Како, па тие не беа нивни. Да, ама имаа сериозни недвижности. Административни објекти во центрите на градовите, одмаралишта покрај езерата, механизација. Чии се тие денес или што е со нив? Кога ќе видиш што сè си изградил и до каде сè си стигнал, да не биде тешко да се избришат солзите.

Заполарје, 2014

Наравоучение: Еден мудар американец, Чомски, вели дека „агендата ја диктираат интересите на моќните групи. Една од нивните главни цели е деструкција на државата. Бизнисот никогаш не бил во љубов со демократијата“. Во градењето на олимпиското Сочи работеле 100.000 градители. Каде е нашиот мајстор? Па за транзиција додава, „деструкцијата на демократијата е најеклектантен пример за уништување на социјалната држава“. Музика, лебеди во архитектурата на олимписко Сочи. Нема ни врапче од Македонија. Плачи, вреден мајсторе, ако те има. Солзите ќе ти ги избрише Големиот брат. Радован РАЃЕНОВИЌ, дипл.инж.арх. Инспиративната тема од колегите архитекти Радован Раѓеновиќ и Предраг Кочовски, нѐ „присили“ на размислување, во наредниот период да направиме серијал од теми врзани за проекти, што македонската оператива ги изведуваше ширум светот. Се надеваме и очекуваме активна помош од фелата. Од денешна перспектива, тие нестварни величини, генерации на проектанти, менаџери и изведувачи заслужуваат да не ги заборавиме. Можеби ова ќе предизвика и некоја искра на амбиција на денешната генерација, да посака да тргне по тие, „звездени патеки“ на македонското градежништво.  25 јули 2014

ПОРТА

19

19


архитектура

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

20

20

ПОРТА

25 јули 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


ВТОРА МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН ВО ОХРИД

архитектура

Преобмислување на метаболизмот како нов архитектонски предизвик Професорите на крајната презентација

Ивана ГРУПЧЕ, дипл.инж.арх. партнерот на школата, архитект Тања Паскали - Бунташевска, кои нескриено ја изразија радоста и гордоста да се има овој настан во Охрид како и придобивките од него. Претседателот на годинешната летна школа, професорот Мишко Ралев од „Американ колеџ“, зборувајќи за контекстот што со себе го носи самиот наслов „Преобмислување на метаболизмот“, ги претстави и овогодишните главни тутори. Тоа се врвните светски имиња како Крешимир Рогина и Винко Пенезиќ, хрватските архитекти одомаќинети во школата, како и Atelier Bow-Wow, составено од јапонските етаблирани архитекти Јошихари Цукамото и Момојо Каиџина. Студентите учесници на Летната школа имаа прекрасна можност да уживаат во одличните предавања и презентации, кои безрезервно ги споделија архитектите предавачи од Јапонија. 

О

вогодишното издание на Втората меѓународна летна школа за архитектура и дизајн на тема „Преобмислување на метаболизмот“, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при „Американ колеџ“ од Скопје, се одвиваше во периодот од 29 јуни до шести јули во Охрид, со цел афирмација и промоција на архитектурата и можноста за креативно изразување на идните архитекти. Истовремено, таа им овозможи лекции од еминентни архитектонски имиња од светот и унапредување на своите професионални знаења на студентите кон совладувања на предизвиците од културната експанизја. Оваа година бројот на студентиучесници на Летната школа се прошири, надминувајќи ги границите на нашата држава и станувајќи во вистинска смисла интернационална. Беа пријавени 50 студенти од кои 30-ина од странски држави како: Италија, Иран, Романија, Молдавија,

Албанија, Русија, Украина, Хрватска, Србија, Словенија и Полска, и 20-ина студенти од Македонија. Тие имаа за цел да предложат архитектонски и дизајнерски интервенции за неколку локации во Охрид, кои не им беа зададени од самите професори (како што беше минатата година), туку во текот на работата можеа сами да ги изберат, преку претходно запознавање со обиколки низ градот. Студентите беа поделени во неколку групи, од кои секоја имаше свој професор-ментор кој им помагаше во насоките кон изборот на можните сценарија за архитектурата и јавниот градски простор. Школата беше свечено отворена на 30 јуни, со пристигнувањето на двајцата познати архитекти од токиското архитектонско студио Bow-Wow. Свеченоста се одвиваше во Центарот за култура во Охрид, каде пригоден говор имаа дирекоторката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска, во чии рамки се организира традиционално школата, како и директорката на НУ Завод и Музеј - Охрид,

Сите учесници и професори на летната школа 25 јули 2014

ПОРТА

21

21


архитектура

Работилниците при летната школа

Од предавањето на Момојо Каиџима

Од предавањето на Јошихари Цукамото

22

22

ПОРТА

25 јули 2014


архитектура Ателјето Bow-Wow го основаат Цукамото и Каиџина во 1991 година во Токио, етаблирајќи го како едно од најиноватнивните архитектонски бироа во светот кои дејствуваат и денес. Постигнувајќи култен статус помеѓу студентите во светот, тие ја градат својата кариера спротивставувајќи се на предизвиците на дејствување во густите урбани средини. Нивните идеи се визија кон иднината на архитектурата, притоа не заборавајќи ја човекомерноста на просторот како и емоциите на човекот во тој простор. Нивните градски куќи пропратени со вибрирачки и идиосинкретични форми се препознаваат по нивниот капацитет да ги примат променливите потреби на оние што ги населуваат. Во Atelier Bow-Wow постои посебен истражувачки оддел, каде досега се објавени бројни расправи за вернакуларната архитектура. Исто така, тие повеќе пати изложувале и на венецијанското Биенале за архитектура. Зборувајќи за јавните простори и нивните функции приспособени на модерните потреби на луѓето, но и на градот како жив организам кој се менува,

Јошихари Цукамото сподели неколку интересни проекти низ презентации кои беа бесценето искуство за секој студент и посетител. Момојо Каиџина, пак, зборуваше за проектите што ги изработиле после неколкуте природни катастрофи кои ја зафатија Јапонија, нивните интервенции и повторно „издигнување“ од нула, места кои треба да ја вратат старата а истовремено и да создадат нова меморија. После интензивните работилници, беше направена јавна презентација на можните сценарија што ги понудија студентите, свечено затворено со коктел и доделување на благодарници и сертификати. По завршетокот, Цукамото за „Порта3“ изјави: „За името Преобмислување на метаболизмот се одлучивме поради сè поголемиот прагматизам и сè поголемата индустријализација во типологијата на куќите. Кога зборувам метаболизам, мислам повеќе на обновата, бидејќи трајноста на куќата има краток рок, особено во Јапонија каде постои тенденција на изградба на традиционални јапонски куќи од дрво, кое не е траен материјал. Самиот момент на индустријализација,

интензивно населување, префабрикација и создавање на куќа за три дена, отвора нови прашања. Интегрирањето во општеството е битен фактор тука. Опшеството сфати дека индивидуалноста е доста битна во самиот проектантски чин“. Според него, во Охрид, имплементацијата на метаболизмот зафаќа друга конотација. „Вие имате старо јадро, со традиционална македонска архитектура, но тука се уште постарите миксови на слоеви задржани од минантото, а како контраст на сето тоа новоизградениот дел од Охрид. Обновата би била во трансформацијата на куќите и големиот сензибилитет за нужната промена. Во кој правец градот Охрид ќе се трансформира во иднина, е најголемoто прашање. Постоењето на старото јадро и врската со новото и миксот помеѓу Истокот и Западот, е контраст кој е доста интересен и остава можност за многу интервенции. Мислам дека студентите тоа го препознаа и одговорија соодветно кон создавање на нови, можеби идни остварливи сценарија за овој град на прекрасното езеро“, констатира Цукамото. 

25 јули 2014

ПОРТА

23

23


современи македонски градители

БУЈАР МУЧА и ПРЕДРАГ АНДОНОВ, АРХИТЕКТИ

Да се биде свој во свет кој направи поинаков, тоа е

Дејан БУЃЕВАЦ

Б

ујар Муча и Предраг Андонов се искусни архитекти, кои дипломирале на Архитектонски факултет во Скопје на почетокот на деведесеттите години на 20 век. Во 1992 година заедно го формираат проектантското биро „Мегарон Инженеринг“, кое веќе 23 години успешно функционира и дејствува. Двајцата се автори и коавтори на над стотина проекти во Македонија и во странство.

Кој е Вашиот херој?

 Повеќе се, одвреме навреме некој си оди, а некој друг доаѓа. Некој пак цело време останува. Тоа се сите мои колешки и колеги од „Мегарон Инженеринг“ со кои го поминувам најголемиот дел од времето борејќи се со ветерници. 24

24

ПОРТА

25 јули 2014

1


современи македонски градители

постојано се обидува да те вистинско достигнување 2

 Посебноста и специфичноста во архитектонското творештво ја прави индивидуата архитект исто таква, со оглед на тоа мојот херој во моето работење е моето семејство од кое ја црпам целата енергија и инспирација. Додека во анимираниот свет, кој ја пренесува реалноста на посебен начин, херој ми е Којотот што повеќе од половина век ја брка Брзата Птица Итрица и не се откажува. Така и ние архитектите.

Ваше мислење за македонската архитектура денес?  Македонската архитектура е рефлексија на македонското социјално и економско живеење. Никако да застане на нозе со цврст став каде се гледа себеси на картата на светот.  Развојот на македонската архитектура дава свои особености, траги и придонеси, некогаш универзални, некогаш со контроверзии, во вистинска смисла на зборот македонската архитектура е игра на природното и урбано наследство.

Набројте три, според Вас, најзначајни објекти од македонската архитектура?

 Објектот на Влада на РМ во својот оригинален облик. Балансиран спој на функција, технолошка иновација и вешто кокетирање со градителското наследство. Потоа, резиденционалниот објект на Македонски Железници на ул. „Рајко Жинзифов“ во Скопје. Светски успешен пример на градско повеќесемејно живеење.  25 јули 2014

ПОРТА

25

25


современи македонски градители  Македонска опера и балет - објект кој тежнее кон безвременост; Градски ѕид - го заштитува, обележува и обединува старото градско јадро; Музеј на Современа уметност.

3

Што претставува за Вас архитектурата во светот?  Непрестајна игра и имагинација на големи деца со скапи легокоцки. Фасцинантно.

4

 Формата и функцијата се пообединети од кога било, архитектот почнува да се служи со бихевиоризамот како алатка при проектирањето, но сè повеќе се запоставува културата, уметноста и наследството на земјата во која се твори во замена за еден модерен унифициран стил.

Каков е односот на младите кон архитектурата?

 Мислам дека го чекаат од заседа моментот кога од класичен сервис ќе се претворат во она за коешто сите ние тежнееме. Слободни, одговорни и креативни трансформатори на нашето опкружување.  Повеќе подреден на креативното, имагинарното, оддалечен од разбирањето и барањата на нарачателот, што воедно претставува нешто позитивно и единствено, и кое сè уште ја поддржува архитектонската мисла.

5

Што не се гледа на фотографија, а е интересно за Вашите објекти?

 Сè што не се гледа е поинтересно од она видливото. Најинтересен е напорот да се дојде до ова што се гледа.  Дискусијата за предлог решенијата, коментарите во процесот на проектирање, досетките и обидот за профилирање на инвеститорот како нарачател.

26

26

ПОРТА

25 јули 2014


современи македонски градители На кој проект работите во овој период?  Атлетски стадион во Битола.

 Во моментот работиме на проектот за спортскиот стадион во Битола за 12.000 гледачи.

Ваши архитектонски планови?

 Да испроектирам објект кој ќе продолжам да го сакам и откако ќе го завршам.  Како и во изминатите 23 години да продолжиме понатаму... 

6 1. Фармахем, Скопје 2. Административен објект, КУЌА НА ФУДБАЛОТ, Населба Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје

3. Реконструкција и адаптација на НУ Албански театар, ул. Никола Мартиновски бр.41, Скопје 4. Детска градинка “Кочо Рацин“, ул. Козара бб, Општина Центар, Скопје

5. Регионална јавна библиотека, Гњилане 6. Партерно уредување на пешачка зона, Косовска Митровица 7. Стадион Тумбе Кафе во Битола 7

25 јули 2014

ПОРТА

27

27


архитектура

23. ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХИТЕКТУРА ВО МАНАСТИРОТ СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ

Луѓето денес креираат живеалишта без да ги разберат

П

осле сите значајни имиња како Александар Бродски, Елија Зингелис, Хан Тумертекин и други архитекти, и на овогодишната 23-та Летна школа за архитектура, организирана во манастирот Св. Јоаким Осоговски (5-13 јули) од страна на Архитектонскиот факултет при УКИМ и поддржана од општина Крива Паланка и МПЦ, гостуваше личност која е позната во современата архитектонска практика, особено кога се работи за т.н. мала архитектура во пејзаж. Станува збор за познатиот фински архитект Сами Ринтала, кој во моментот работи на Универзитет во Норвешка. Всушност, не се работи за вообичаена покана од страна на нашиот факултет, туку на некој начин студентите се „виновни“ за неговото гостување. Тој е архитект со стотина работилници зад себе, а неговите објекти се дел од анализите по предметот Студио три на Архитектонскиот факултет. Ринтала за ова бил запознат токму од студентите што биле заинтересирани за неговата работа, и по пат на интернеткомуникација го запознале и го поканиле на

28

28

ПОРТА

25 јули 2014

Инспиративниот пејзаж и целта да се создаде мал храм на природата го доведе финскиот архитект Сами Ринтала заедно со 36 домашни и странски студенти во манастирот Св. Јоаким Осоговски, каде што самите вложија огромна енергија во креирањето на „Капела на природата“ Наталија ЗАФИРОСКА

гостување во Македонија. Тоа е патот што го доведе Ринтала меѓу 36 учесници не само од Македонија туку и од Германија, Холандија, Словенија и Канада, а сите обединети под заедничката овогодишна тема на летната школа „Капела на природата“. Кога би почнале да го опишуваме неговото творештво, неизбежно е да се каже дека твори истовремено и како уметник и како архитект. Роден во Финска (1969), денес тој е дел од фирмата Rintala Eggertsson Architects, основана во Норвешка. Своето образование го завршил на Школата за архитектура во Хелсинки, каде што бил под менторство на Јухани Паласма со кој ја проучувал феноменологијата на перцепција на прсторот, што е есенцијално не само во неговото студирање туку и во целокупното негово творештво. Залагањето за поголема практична работа е благодарение на влијанието што го имал неговиот татко, кој бил хаусмајстор и водел градежна фирма. Ринтала се сеќава: „Како секој млад човек прво се противев да му помагам на татко ми, но потоа сфатив колку се поврзани практичната работа и академското знаење“.

Неговата работа се заснова на критички осврт кон општеството, природата и она што е вистинска задача на архитектот, односно уметноста на користење на просторот, светлината, материјалите и човековото тело како алатка за експресија. Целта, според него, е да се дојде до решение во архитектурата, кое е повистинито до биолошките потреби на луѓето затоа што комерцијалните и измислени потреби едноставно не се доволни. Според неговиот став, непредвидената цивилизација која се базира на учење и повторување на грешките од минатото диктирани од западниот капитализам, треба да се напуштат како основа за градење на здрава животна средина.

ДРВЕНА КАПЕЛА

Ринтала девет дена беше ментор, професор, пријател, татко а можеби и најтрудољубивиот учесник на летната школа. Главната задача на работилницата беше да се направи интервенција, односно мала дрвена капела сместена во пејзажот околу манастирот. Откако е пронајдено место со добар поглед, осветлување и


архитектура циркулација на воздухот, учесниците биле поделени во шест работни групи, од коишто се развиле шест различни концепти. Сите решенија се релевантни и со посебна тежина, меѓутоа кога требало да се одлучи што конкретно ќе се гради, се дошло до предлог каде местото било поделено на седум сегменти со седум ѕидови во основа кои се распоредени во форма на крст. Секоја група (вклучувајќи ја и групата составена од професорите) била одговорна за осмислувањето на ѕидот почнувајќи од конструкцијата, деталните споеви на дрвото односно целокупниот дизајн. „Ова на некој начин е урбанистички зафат во кој треба да се договориш со соседот за сопствената интервенција“, вели Ринтала. Крајната цел била да се изгради соба во која ќе собере мала група на луѓе, кои ќе ја слават и почитуваат убавината на природата. Така, учесниците предводени од силна желба и мотив сами да ја остварат сопствената замисла низ процес на рачно сечење, ковање, носење и шмирглање, ја реализираа својата визија за местото. Во текот на нашиот разговор за „Порта3“, Ринтала зборуваше за концептот на „валкани раце“ и истакна дека „градењето е најинтересниот дел во создавањето на домот, односно тоа е најреалниот начин на учење“, што е поврзано со искусување на просторот преку човековото тело и неговото залагање да се доближи архитектурата поблиску до човекот. Според него, најголемата грешка е тоа што архитектурата престанала да ја следи природата и традиционалниот начин на градење. „Луѓето секогаш ги комплицираат нештата. Културната еволуција е многу комплексна. Денес луѓето креираат живеалишта без да ги

разберат. Тие само повторуваат без размислување. Со градењето се поттикнува реалноста кај човекот“. Со оглед на квалитетот што произлезе од неколкудневната работа на школата, тој истакна дека „никогаш не треба да се потценува способноста на мала група луѓе“. За тоа како допрва треба да пристапиме кон архитектурата, тој направи интересна компарација велејќи: „Треба само да се престане да се мисли на некакви стилови. Архитектурата е како храната. Кога готвачот користи свежи локални материјали без нивно комплицирање, тоа е секогаш формула за вкусна храна. Готвачот никогаш не верува на префабрикуван сос. Добра храна и добра  25 јули 2014

ПОРТА

29

29


архитектура она што е конструктивно е оставено да биде видливо од надвор, додека она што е внатре е фино обложено со талпи. Според неговото мислење, „не е важно како изгледа архитектурата во пејзаж од надвор, бидејќи никогаш не ја перцепираш во целост, туку и кога си внатре на некој начин си сè уште надвор“, а во поглед на материјализацијата тој смета дека е добро што е употребен ист материјал како дрвото, и на тој начин се заокружува целосната интервенција на самото место. Сами Ринтала го смета ова гостување и патување поразлично од другите, иако бил ученик во последниве неколку години на повеќе од деведесет работилници и школи... „Црпам фина енергија од работилницата. Дојден сум со своето семејство и по завршувањето на работилницата одиме во Охрид на одмор“. Исто така, во нашиот разговор, тој изјави дека е задоволен од архитектура за подобар свет!“ Некои луѓе, смета тој, не ни знаат што јадат и од каде им доаѓа храната, а така е и со архитектурата, односно луѓето гледаат на неа како нешто многу комплицирано, но ако се користат добрите локални материјали се добива едноставна и квалитетна архитектура. Можеби поради вечната инспирација од скандинавската традиција или поради неверојатните својства на дрвото како материјал, тој особено значење им дава на еколошките и природни материјали. „Материјалите се филозофија сами по себе, нивниот избор е многу важен за една еколошка градба. Од изборот на материјалите зависи изборот на формата“. „Претежно користам камен и дрво како главни материјали за изградба, но применувам и алуминиум, бетон и челик доколку е потребно кај одредени детали“, ни објаснува Ринтала за својата работа. „Дрвото се користи како градбена единица на структурата, тој е одличен материјал од кој може да се направи речиси сè. Луѓето имаат многу скромно знаење за дрвото. Тие гледаат на него со големо потценување без да се свесни каде и како може да се примени. Доколку се направат добри споеви, дрвото може да биде траен материјал. Користењето на дрво е од големо значење денес со оглед на неговата еколошка заднина“. За да се направи дистинкција помеѓу „внатре“ и „надвор“ во финалната структура кај изградените ѕидови,

30

30

ПОРТА

25 јули 2014


архитектура

организацијата на школата и во ниеден момент немало некаков логистички проблем. На неговото обраќање кон студентите, тој изјави дека особено го радува тоа што учесниците научиле како сами да ракуваат со алатите. Енергијата што се вложи во напорната и тешка физичка работа од страна на учесниците се заврши со изнонреден резултат. За да се заокружи целиот процес, почнувајќи од умствениот дел кој потоа се реализираше и во физичка смисла, на последниот ден се одржа изложба на која беа приложени цртежите и моделите на шестте првични концепти и идеи. Низ многуте авторитети, професори и архитекти на чија благодарност оваа летна школа сведочи неверојатен квалитет и препознатливост не само локално туку и во пошироки рамки, и оваа година во своето досие запиша не само неверојатен архитект, туку и извонредна личност чие присуство и соработка претставуваше вистинско уживање. 

Покрив на столетието ВАШИОТ TOХДАХ®-ПАРТНЕР ГО ИМА:

Секогаш НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ за Вашиот покрив!

ТОНДАХ Македонија АД | MK - 2310 Виница | Тел.:+389(0)33/361332 31 јули 2014 ПОРТА Факс: +389(0)33/361780 | office@tondach.com.mk 25 | www.tondach.com.mk 31


архитектура

Трансформација на старата фабрика „Цветан Димов“ во културна институција

Прашањето за заштита на архитектурата што претставува индустриско историско наследство, на светската сцена ужива внимание повеќе од две децении, додека во Македонија речиси воопшто и не е отворено. Овие објекти не се препознаени како наследство, а уште помалку врз нив се применети какви било заштитни интервенции. м-р Анастасија НИКОЛОВСКА, архитект

М

ојот магистерски труд е изработен под менторство на доц. д-р Михајло Зиноски во рамки на катедрата за проектирање општествени згради. Овој труд изразен преку конзерваторско-реставраторскиот пристап претставува неконвенционален одговор на темата „Истражување на обликувачки и програмски нови модели/ типологии на јавните објекти за потребите на реонските центри во град Скопје“. Проблемско подрачје во овој труд е влијанието на пост-социјалистичката транзиција врз развојот и трансформацијата на архитектонската и урбаната форма.

32

32

ПОРТА

25 јули 2014

Додека негова основна цел посочена и во работниот наслов на трудот „Реквалификација како трансформативна тактика на постоечки напуштен индустриски капацитет во објект од културата, за потребите на реонски центар Кисела Вода - Скопје“, е да се насочи вниманието врз напуштените индустриски објекти, тешко оштетени и девастирани стуктури кои го чинат индустриското наследство на Република Македонија, како и да се укаже кон нивно препознавање, вреднување како културна историја и секако нивно реинтегрирање во општествената стварност преку соодветни методолошки постапки за заштита и ревитализација. Настанати во карактеристичен контекст

и со посебна материјалност, после повеќе од половина век од нивната изградба, некогашните индустриските гиганти опстојуваат во комплексни услови, од една страна соочени со сопствените (функционални) слабости, а од друга страна потиснати од променливиот контекст кој не умее да ја препознае нивната вредност. Прашањето за заштита на архитектурата што претставува индустриско историско наследство, на светската сцена ужива внимание повеќе од две децении, додека во Македонија речиси воопшто и не е отворено. Овие објекти не се препознаени како наследство, а уште помалку врз нив се применети какви било заштитни интервенции. Иако тие претставуваат


архитектура Моментална состојба

12

манифест на своето време, денес во јавноста при недостиг на терминологија се именуваат како „страшила на социјализмот“, назив кој ја вулгаризира нивната репрезентативност и културен идентитет. Непрофесионално се критикува нивниот изглед, со поимите стерилност и безличност. Јавното неприфаќање во голема мера се должи и на политичките асоцијации, кои во моментов форсираат одредена историско-носталгична градителска еуфорија. Во овие услови особено е сложено да се прифати архитектурата на индустриските објекти како вредно историско наследство, да се дефинира нејзината вредност и да се сфати и објасни потребата за нејзина заштита. Речиси е невозможно на прв поглед овие објекти да се препознаат како вредност, особено од некој што е архитектонски неедуциран. Се чини дека тоа е интелектуална битка, така што паралелно со процесот на идентификација и заштита на овие објекти, треба да оди и процес на едуцирање на јавноста и подигнување на свеста за архитектурата на напуштените индустриски објекти  25 јули 2014

ПОРТА

33

33


архитектура

18

како дел од историското наследство. Избраната локација и објект за интервенција во рамки на ова истражување е фабриката за сапун и козметички производи „Цветан Димов“, во рамки на целината Стара Рампа во населбата Кисела Вода. Фабриката „Цветан Димов“ е единствен пример на индустриска хала проектирана во стилот на раната модерна во Скопје. Монументалноста на објектот и неговиот естетски израз директно се поврзуваат со делото на францускиот модернист Огист Пере. Амбиентот во кој била изградена оваа фабрика претставува редок пример на индустрија партерно организирана и оформена како француска градина. Според кажувањата на поранешни работници во фабриката, тоа бил амбиент во кој редот и чистотата стимулирале резултати во работата. Во рамки на локацијата биле подигнати и четири семејни куќи, кои денес не постојат, и една административна зграда од која се останати само рушевини. Кисела Вода како населба со сè поголем број на млади лица, и сè повеќе институции кои работат со образование, подразбира потреба од постоење на јавни објекти кои ќе ја поткрепат работата и ќе овозможат подобри услови за интелектуален развој на оваа целна група. Паралелно на ова, во општината Кисела Вода живее и група на повозрасни жители кои подеднакво имаат потреба од простор за заеднички средби и престој. Секако, постојаното учење и надоградба на секој човек е став врз кој се темели изборот на јавна институција од културен карактер, 34

34

ПОРТА

25 јули 2014

каква е предвидена во овој труд. Јавната библиотека е институција од општествен карактер. Библиотека со слободен пристап во која корисниците преку различни медиуми (книга, списание, видео, компјутер, разговор...) имаат пристап до различни информации. Јавната библиотека подразбира простори со различен степен на приватност, од индивидуално работење до групни кафесредби, групни видео проекции и дискусии. Нејзиниот отворен карактер ја прави пријатно место за различни категории на посетители, кои во релативно неформален амбиент може да поминат квалитетно исполнето време. Јавните библиотеки можат да акомодираат и краткотрајни настани (промоции, изложби, предавања и конференции), па така преку постоењето на просторни единици кои можат независно да функционираат и директно да придонесат кон нејзината економска одржливост. Процесот на реквалификација на постојниот девастиран објект на фабриката „Цветан Димов“ се обидува да одговори на моменталните и проектирани потреби на населбата Кисела Вода. Процесот на реквалификација повторно го „враќа животот“ во фабриката „Цветан Димов“, (до)давајќи ѝ утилитарна и мемориска вредност концептуално изразена со екстензија која се појавува од предната страна на објектот, и која ја следи тробродната внатрешна структура на објектот, но од друга страна се искосува приспособувајќи се на новонастанатата улична мрежа, сосема поинаква од времето

кога објектот е првобитно изграден. Со ова суперпонирање на правците и нивно пресликување во физичката појавност на објектот, тој добива нова вредност - слој во поставеноста и морфолошката врска кон околината, додека истиот (зад стаклениот кубус) е ставен во улога на нешто до што треба да се дојде, да се открие и така да ја покаже својата мемориска вредност. Интервенцијата што се предвидува во ова истражување е со непоколеблив респект за естетскиот, историскиот и физичкиот интегритет на постоечката структура. Таа е реверзибилна и максимално го зачувува постоечкиот оригинален творечки манир. Во општина на пропаднатата индустрија, каде нема никакви објекти од културата, сместен е еден современ отисок на модерното време кој е значаен, опуштен и претенциозен, демократски и елитистички, сосем нов и потполно рециклиран. Постоечкиот градежен фонд е неделив сегмент од бескрајната интимна приказна на градот. Овој сеприсутен простор, распослан низ градот е емотивен исто колку и материјален. Да се рехабилитираат овие напуштените индустриски капцитети, да се инкарнира нивното постоење во ткивото на градот, значи да се види градот како никогаш досега. Во овие услови на непостоење (соодветен) третман во односот кон напуштените индустриски објекти како инхерентен сегмент на постојниот градежен фонд, важно е дека оваа интервенција претставува антитеза на уривањето и праќа силна оптимистичка порака дека промените во градот сè уште се можни. 


архитектура

25 јули 2014

ПОРТА

35

35


архитектура

ОБЛАКОДЕР „СРЧА“

Вертикален град над Лондон

Архитектонски тим: Renzo Piano Building Workshop-RPBW, Фотографија: View frоm the Shard, Michel Denance

О

Драгица ФАРРЕН, дипл.инж.арх. (Велика Британија) блакодерот London Bridge Tower, или попознат како „Шард“ (The Shard), се издигнува гордо над градот Лондон со својата елегантност,

виткост и височина. Со своите 309,6 метри, таа претставува највисока слободностоечка структура во Западна Европа. Дизајниран е од светски познатиот италијански архитект Renzo Piano во 2009 година, како одговор на барањата

на градоначалникот на Лондон, Ken Livingstone. Урбаната визија е во однос на охрабрување на градење структури со голема густина на главните транспортни точки во Лондон. Овој урбан израсток се потпира на ефикасноста на јавниот превоз,

Највисокото ниво 36

36

ПОРТА

25 јули 2014


архитектура

Основи на апартманите

обесхрабувајќи ја употребата на возила и на тој начин намалувајќи го сообраќајниот метеж во центарот на градот. Облакодерот „Шард“ е позициониран блиску до станицата London Tower Station, којашто комбинира транспорт со воз, автобус и метро и претставува една од најпрометните станици со дневен сообраќај од околу 200.000 патници. Формата на облакодерот е дефинирана од панорамата на лондонското небо. Архитектонското студио на чело со Ренцо Пијано немајќи референца од постоечки високи структури, како на пример во Њујорк или Хонг Конг, се решиле за инспирација да искористат една стара слика од славниот Моне од англискиот парламент, со копјести структури кои се издигнуваат над околината, заедно со формата на јарболите од бродовите над доковите на Темза. Со оваа инспирација е проектирана една убава, витка, пирамидална структура, којашто живее 24 часа дневно. Оваа форма ги задоволува и функционалните барањa на инвеститорите. Во пониските нивоа се наоѓаат пространи основи за канцеларии, ресторани и јавни простори, во средината е сместен ексклузивен катарски хотел со пет ѕвезди, додека на највисоките нивоа се наоѓаат 10 приватни луксузни апартмани. Луксузноста на овие домови ја покажува и цената за која се продаваат, од околу 50 милиони фунти за еден апартман. Овие скапоцени метри квадратни може да се пофалат со 360 степени поглед од врвот на Лондон, зелени, зимски, внатрешни градини и застаклување од под до плафон со поглед до 40 милји до морето на чист ден. Над апартманите, на кота од 240 м од улично ниво се наоѓаат јавните галерии за набљудување на спектакуларната панорама на Лондон. Облакодерот „Шард“ е извонредно инженерско и уметничко дело. Ренцо Пијано не сакал да доминира деспотски со панорамата на највисокото здание во Лондон, затоа се решава да го обвитка со екстрасветло транслуцентно стакло. Употребени се 11.000 стаклени панели, со остри рабови на врвот кои се  25 јули 2014

ПОРТА

37

37


архитектура отворени кон небото и изгледаат како „срчи“. Затоа облакодерот го добива и своето популарно име Shard, што во превод значи срча. Овие аголни застаклувања го прекршуваат светлото на непредвидливи начини, давајќи му леснотија во изгледот, константно менувајќи ја бојата според небото и облаците и втопувајќи се ненаметливо во својата околина. Иако

да се обвитка облекодерот со стакло е перфектно визуелно решение, архитектите размислувале и за неговата енергетска оправданост. Разработени се уникатни двојни стаклени панели со вентилација помеѓу и со внатрешни ролетни кои автоматски би го регулирале нивото на сончева радијација во објектот. Логиката на двојна стаклена фасада е едноставна.

Надворешни ролетни се најдобри за спречување на прекумерното затоплување, но исто така не одговараат за високи објекти, затоа двојната стаклена фасада е корпорирана наместо надворешна ролетна. Помеѓу осумте страни застаклување на објектот се наоѓаат отвори кои служат за природна вентилација во внатрешните зимски градини. Тие се удобни места Renzo Piano Building Workshop

38

38

ПОРТА

25 јули 2014


архитектура

за пауза и сретнување на катовите со канцеларии или зимски градини во апартманите, и претставуваат битна врска со надворешноста, која често недостасува во високи и херметичко затворени објекти. Главниот структурален елемент на облекодерот го сочинува бетонскo јадро во центарот .Тоа е сочинето од

ескалатори, лифтови и противпожарни скали. За беспрекорна комуникација се проектирани 44 еднокатни и двокатни лифтови и осум ескалатори кои го поврзуваат облекодерот внатрешно и надворешно со улицата и метрото. Облакодерот „Шард“ се вклопува глатко во динамичната околина во која

се наоѓа и веќе станува амблем на градот Лондон. Богатството на функции и доживувања го прават да биде едно од најпосакуваните места за посета. Мотото на облакодерот „Шард“ е „Инспирирај промени“, сакајќи да покаже дека ако се има визија, имагинација и самодоверба, можностите се неограничени. 

25 јули 2014

ПОРТА

39

39


убави градови...

ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР НА СТЦ, МЕНХЕТЕН, ЊУЈОРК

Крилјата на птицата подготвена за лет Транспортниот центар, последната зграда за реконструкција на СТЦ, со импозантните бели арки и сјајниот бел мермер е еден од најзначајните видливи инфраструктурни проекти во Њујорк Љупка ДУКОВСКА, дипл. инж. арх.

В

о рамките на возобновувањето на локацијата ГраундЗиро, разрушена после терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк, во тек е изградбата на нов терминал на транзитниот центар на Светскиот трговски центар, кој е последната зграда за реконструкција на овој проект. Во првобитниот план на архитектот Даниел Либескинд, од 2003 година, не беше предвидена изградба на голем транзитен центар. Тој предлагаше помала подземна станица во СТЦ. Просторот каде што сега е поставен надземниот објект на транспортниот центар, предвидуваше да остане отворен, да формира „клин на светлина“, низ кој сончевите зраци, секој септември, на денот на есенската рамнодневица, ќе допираат до белезите на СТЦ.

40

40

ПОРТА

25 јули 2014

Во почетокот на 2004 година, сопственикот на земјиштето Port Authority, направи измена на планот и вклучи изградба на голема транспортна станица.

ДИЗАЈН

Проектот за новиот транспортен центар е составен од железничка станица со голем и отворен мезанин под нивото на националниот спомен плоштад „11 Септември“, кој е поврзан со „Oculus“, главниот надземен објект на транзитниот центар. „Oculus“ е репрезентативен, 300 метри долг објект на станицата, лоциран помеѓу објектите СТЦ 2 и СТЦ 3. Тој е величествен простор кој се издига над главната сала создавајќи светол амбиент, кој ќе содржи повеќе мали трговски дуќани и ресторани. Новиот транспортен центар е поставен на површина од околу 74.320 м² и ќе биде

трет по големина во Њујорк. Проектантот на транспортниот центар, шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава, вели дека неговиот дизајн кој асоцира на крилја на птица, дава чувство на птица во лет, ослободена од дете. Сликата на птица во лет, вообичаено не се поврзува со подземен транспортен центар. Но тој ги поврзал во успешна целина. Наместо тмурно, подземно метро, создал светли, воздушести простории исполнети со чувство на слобода, на лет. Калатрава доби повеќе награди за архитектура и пофалби од критичарите за дизајнот, за воведувањето на повисоки, духовни чувства, многу потребни на разрушената локација Граунд-Зиро. Во тек на градбата беа направени повеќе ревизии и измени на проектите, главно од финансиски и безбедносни причини. Со тоа голем дел од оригиналната визија на авторот е изгубен.


облакодери... вертикални градови КОНСТРУКЦИЈА

Конструкцијата, што симболизира крилја на птица, е изградена со два реда ребрести греди од челик и стаклени панели помеѓу нив. Поставени на ниво на улицата, овие 150 метра високи „крилја“, од челик и стакло, овозможуваат природната светлина да продре 60 метри под нивото на улицата. „Птицата во лет“ е изградена од 11.000 тони специјални челични конструкции. „Зградата е изградена од еднакви делови на градежните материјали челик, стакло и светло. Светлината ќе се пробие на платформата, а посетителите ќе имаат чувство дека се добредојдени, дека

пристигнуваат на прекрасно место“, вели Калатрава. Тој изјавил дека оригиналниот план на Либескинд послужил како инспирација, и дека транспортниот центар артикулира со неговиот убав план. „Станицата се вклопува на средината на плоштадот. Никогаш не знаеш од каде доаѓа инспирацијата. Архитектурата е кодот. Тоа е чист код, добиен од димензиите на природата“, вели Калатрава.

КОЈ Е САНТИЈАГО КАЛАТРАВА? Роден во 1951 година во Валенсија, Шпанија, тој е неодолив оптимист, со диспозиција на сонцето, како и

неговата родна Валенсија. Светски познат архитект, инженер и скулптор. Извонреден цртач. Цртежот е генеза на неговиот креативен процес, важна како и компјутерскиот софтвер со кој го оформува проектот. Тој е еден од најпознатите и најпрепознатливите дизајнери во светот. Со огромна имагинација, создава објекти изработени во бетон, челик и стакло, објекти во постојано движење, објекти како извлечени од сонот. Неговите органски структури се споредуваат со делата на Антонио Гауди. Има проектирано повеќе надреални мостови, железнички станици, музеи и други градби низ светот. 

25 јули 2014

ПОРТА

41

41


убави градови... облакодери... вертикални градови Влезот во високиот дизајн го започна со иновативната 54-катна извртена кула Торзо (2005) во Малме, Шведска.

ОРГАНСКА АРХИТЕКТУРА

Транспортниот терминал на СТЦ има модернистички пристап кон органската архитектура. Органска архитектура е термин со кој големиот архитект Френк Лојд Рајт (Frank Lloyd Wright, 18691959) го опишува својот пристап кон архитектонскиот дизајн. Филозофијата е произлезена од идеите на неговиот ментор Луис Саливан (Louis Sullivan, 1856-1927), кој верувал дека „формата ја следи функцијата“. Рајт тврдел дека „формата и функцијата се едно“. Рајт има посебен органски начин на разбирање на животот, на работата....на архитектурата. Органското е негов поглед на светот. Тој го чувствува во сè. Рајт е противник на стилската архитектура и на оживувањето на стиловите од минатото. Неговата нова естетика ги наоѓа своите начела во самата природа. Во втората половина на дваесеттиот век, архитектите модернисти, концептот на органската архитектура, користејќи брановидни линии, криви форми и нови материјали, го подигнаа до нови височини. Калатрава е еден од нив.

КОНТРОВЕРЗИИ ЗА ЦЕНАТА, НАЈСКАП ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ВО СВЕТОТ

Изградбата е започната во септември 2005 година. Градбата се очекува да заврши до крајот на 2014 година, а сите внатрешни работи да завршат до крај на 2015 година. Наречен е „најскап транспортен центар во светот“ поради големите трошоци. Првично, реконструкцијата требаше да биде завршена во 2009 година. Во 2014 година цената е 5,1 милијарда долари. Трошоците се двојно зголемени, како и времето за градба, што од четири се продолжи на десет години. Цената се зголеми како резултат на зголемувањето на цената на челикот, од кој главно е направена структурата на станицата. Има вградено над 55.000 тони челик, 40.000 м² бел мермер и други материјали од целиот свет. Објектот во моментов доцни шест години и чини повеќе од 100% од планираниот буџет. Сепак, транспортниот центар, со наградениот дизајн, со крилјата на птица подготвена за лет, со импозантните бели арки и сјајниот бел мермер, е еден од најважните видливи инфраструктурни проекти во Њујорк. Посебен проект кој создава нов амбиент, нов симбол во строгиот финансиски кварт на Њујорк.  42

42

ПОРТА

25 јули 2014


ДОДЕЛЕНИ ПРЕСТИЖНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ЈАВЕН ПРОСТОР

архитектура

Победници се Марсеј и Елче На натпреварот за најдобар европски јавен простор биле пријавени 274 проекти од 30 европски земји, а меѓу 19 финалисти жирито, составено од претставници на Architecture Foundation од Лондон, Центарот за современа култура од Барселона и пет европски музеи, одбра два победници - реконструкција на старото пристаниште во Марсеј и паркот во облик на плетенка во Елче, град во шпанската покраина Валенсија. подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Д

оделени се и посебни признанија, а меѓу финалистите се најде и плоштадот „Петар Зораниќ“ во Задар. Изложбата на сите 19 проекти под наслов “Shared Cities” е одржана во Барселона, во Центарот за современа култура (CCBA), каде што се доделија наградите.

СТАРОТО ПРИСТАНИШТЕ ВО МАРСЕЈ

Vieux-Port, односно старото пристаниште во Марсеј, е најголемото урбано европско пристаниште, кое уште од средниот па сè до 19 век било и економски центар на регионот. Но после преселбата на прометот во Grand Port Maritime, и покрај својата убавина и централна позиција, падна во заборав. Се работи за проект на Michel Desvigne Paysagiste MDP, Foster + Partners, Tangrama, INGEROP и AIK, со површина која што изнесува 1000м2. Просторите на јахтинг-клубовите го блокираа јавниот пристап до пристаништето,

а автомобилите ги обесхрабруваа пешаците. Во 2009 година градските власти распишале конкурс за реконструкција, а во првата фаза на обновата бил забранет прометот на пристаништето. Речиси две третини од централното пристаниште Quai des Belges сега е наменето за пешаци, кои од сонцето ги штити таканаречената Grande Ombrière, правоаголна натстрешница од илјада квадратни метри. Целиот процес течеше така што освен архитектите, свои предлози и примедби можеа да дадат и жителите, бизнисмените и локалните здруженија, со што проектот во потполност го заслужи називот – проект од јавен интерес. 

25 јули 2014

ПОРТА

43

43


архитектура

ПРЕУРЕДУВАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ „ПЕТАР ЗОРАНИЌ“ ВО ЗАДАР

Проектот за преуредување на плоштадот „Петар Зораниќ“ и полјаната „Шиме Буданиќ“ го потпишуваат архитектите „Костренчиќ и Крабел“, а сè започнало кога при поставувањето на градската инсталација е откриено вредно археолошко наоѓалиште на антички и средновековни градски порти. Архитектите одлучиле археолошките наоди да ги интегрираат во денешниот изглед на плоштадот, а големиот кратер што во текот на ископините останал на местото, одлучиле да го покријат со стаклена површина. Работите траеле две години, а археолошките локалитети, оставени „in situ“ под нивото на земјата и ефектно осветлени од внатре, станаа главна градска атракција.

ЈАВЕН ПРОСТОР LA LIRA THEATRE

Многу години откако се сруши театарот La Lira, просторот во средиштето на Ripolla, град во подножјето на Пиринеите, зјаеше празен. Празнината во континуитет на урбаните фасади над реката Тер беше многу воочлива за посетителите, што во градот пристигнуваа со воз за да ја посетат неговата најголема атракција, романескниот манастир. Архитектите на проектот се RCR Arquitectes, PUIGCORBÉ arquitectes. Откако локалните власти донесоа одлука да го обноват подрачјето, изграден е новиот театар кој го задржал старото име. Тремот и пешачкиот мост преку реката го пополниле празниот простор и станале рамка за поглед кон планината и овозможиле пристап до старото градско јадро. 44

44

ПОРТА

25 јули 2014


архитектура МУСЛИМАНСКИ ГРОБИШТА ВО АВСТРИЈА

Сместени во Altachа, општина со најголема концентрација на муслимани на подрачјето на Австрија, гробиштата служат за сите исламски заедници од различни места и градови во покраината Vorarlberg, и овозможуваат закоп според муслиманските верски обреди. Објектот, што ја комбинира апстрактната исламска геометрија со локалната архитектура на Vorarlberg, може да прими 700 гробови, опфаќа и гасулхана (просторија за ритуално миење на покојникот), како и мал молитвен простор (џамија), чиј интериер го дизајнирала сараевчанката Азра Акшамија, уметница, историчарка на исламската архитектура и професорка на бостонскиот МИТ, а вклучува кибла, махраб (молитвени простории) и ќилими ткаени во Сараево. Отворањето на овие гробишта претставува прекретница во политиката на интеграција на исламската култура во Европа.

ПАРК ВО ОБЛИК НА ПЛЕТЕНКА Канализираното корито на реката Vinalopó го делеше гратчето Елче на два дела со празен неискористен простор во самиот центар. Мрежата од испреплетени патеки и пешачки мостови го трансформираше коритото на реката во линеарен парк во облик на плетенка, кој на овој начин ги соединува соседствата низ кои поминува, поврзувајќи ги со природните простори на северот на градот. Автори на проектот се Francisca Leiva Ivorra, Marte García Chico, Antonia Bailea Jiméneza и Prócoroa del Real Baeza. Патеките и мостовите ја следеа природната топографија на реката, а оваа прва фаза на преуредување е дел од многу поголемиот проект кој би требало да го опфати новиот парк за жителите.

ПРОЕКТ OCCUPY GEZI

Меѓу финалистите се најдоа и Данскиот поморски музеј во Helsingøru, проектот Connected City во Ротердам кој вклучува трансформација на брегот на реката Мас, јавниот базен во Букурешт, клупите поставени на јавната површина од социјалниот станбен блок во Heygate Estateu во Лондон, трансформацијата на пристаништето Ribeira das Naus во Лисабон кое стана шеталиште, и веројатно најпознатиот од сите проекти, Occupy Gezi, во паркот Таксим Гези во Истанбул. 

25 јули 2014

ПОРТА

45

45


дрвна архитектура

Училиште во духот на природата

Објектот е целосно зависен од пасивно греење и ладење на просториите, а покрај природната вентилација се поставени и големи вентилатори на кровот, со што се подобрува квалитетот на воздухот во ентериерот

Л

Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, дипл. инж. по дрвна индустрија

оцирана во шумски предел до реката Deschutes во државата Орегон во САД, Академијата Cascades е еко-училиште со големина од 3.510 м2, распростането на површина од 13.000 м2 шума. Вгнезден во шума од смреки и борови, објектот згрижува ученици од претшколска возраст до четврта година средно обрзование. Целиот комплекс се состои од повеќе објекти кои со нивната поставеност создаваат заштитен двор во средишниот дел. Главниот објект се состои од библиотека, научна лабораторија и канцелариски простории, објект со два ката училници и посебен објект за спортска сала. Изложените дрвени конструктивни елементи, како што се ламелираните носачи, фасадните елементи и дрвените површини во дворното место, се дел од главната идеја на архитектот и фокусот на училишната политика, децата да учат во природна средина. Секако дека овие изложени површини се заштитени со маслени премачкувачи на природна база, со што се задолжува училиштето да ја одржува фасадата со премачкување на две-три години за да се задржи естетската вредност што е зададена од архитектот. Боите и завршните 46

46

ПОРТА

25 јули 2014


дрвна архитектура материјали во ентериерот се избрани така што ќе бидат во целина со дизајнот на објектот и духот на архитектонскиот израз. Широката употреба на дрвото во училиштето им овозможи на архитектот и изведувачите да го изградат објектот за кратко време со многу лимитиран буџет. Учењето во природна околина е изразено во архитектурата преку проектирање на отвори во фасадата и на покривот за дневна светлина, тераси, тремови со поглед во околната природа, природна вентилација со автоматско управување на прозорците и, секако, природни и здрави материјали. Внимателното планирање на целата градежна локација придонесе да се избегне опасноста да се наруши убавината на природата. Ова подразбира добра координација и планирање во текот на изградбата и секако, добро проектирање на објектот како не би ја нарушил убавината на локацијата со својата присутност. Се чувствува како просториите се прелеваат едни во други без видлив почеток или крај. Библиотеката има отвори кон главниот двор, со што се поврзува 

25 јули 2014

ПОРТА

47

47


дрвна архитектура просторно и визуелно со главната зграда. Главниот архитект Timothy R. Eddy со одлично чувство за простор ја позиционирал главната зграда во насока на блискиот кањон, така што сите погледи од внатрешноста се насочуваат кон прекрасната глетка на природата. Конструкциски, објектот е решен со дрвени лепени ламелирани носачи со што се придонесува кон целосниот природен изглед на училиштето. На некои места, а особено во надворешниот дел, можат да се забележат и челични столбови на кои се потпираат масивните дрвени греди кои го зацврстуваат кровот. Големата дрвена настрешница што се протега во дворот претставува заштита од летното сонце и зимскиот снег, и продолжува во внатрешноста на објектот како кровна конструкција. Дрвните видови кои се одбрани како конструктивен и декоративен материјал во објектот се секако дрвја кои ги има во изобилство во локалните шуми. Смреката и дуглазијата се типични за овие простори, па така се и логичен избор за основен материјал во градбата. Геотермалните води, коишто се наоѓаат под фискултурната сала а се пронајдени за време на ископите во градежната фаза, се искористени како примарен извор на енергија. Објектот е целосно зависен од пасивно греење и ладење на просториите, а покрај природната вентилација се поставени и големи вентилатори на кровот, со што се подобрува квалитетот на воздухот во ентериерот.  48

48

ПОРТА

25 јули 2014


дрвна архитектура

25 јули 2014

ПОРТА

49

49


експерт

БИОРЕАКТИВНИ ФАСАДИ - ИДНИНА НА ОДРЖЛИВАТА АРХИТЕКТУРАТА

Архитектура во движење Се чини дека алгите забрзано стануваат нов клучен збор во подрачјето на био-архитектурата и производството на одржлива енергија, па примената на фасади со алги се гледа како можност за решение на проблемот како одржливо д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, да се обезбеди енергија за објектите дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Д

одека уживате во вашиот летен одмор на прекрасна песочна плажа вo добро друштво и под убава сенка на големо дрво, со книга и студен пијалак, и размислувате за пријатно освежување во спокојното сина вода, веројатно нема да ви биде пријатно оваа идила да ви биде нарушена со присуство на алги во водата. Иако алгите можеби не се најпосакуваното нешто за желните капачи, тие сепак се големи пријатели на човештвото и планетата Земја. Доколку се прашувате каква е врската помеѓу водата, алгите и архитектурата, веројатно наједноставниот одговор, барем засега, се наоѓа во биореактивните фасади на иднината. При ова не станува збор за некоја многу далечна иднина, туку за нешто што веќе се има случено пред повеќе од година дена, кога на 25 април 2013 година во Хамбург, Германија, беше активирана првата биореактивна фасада во светот. Станува збор за зградата BIQ, изградена во рамките на Меѓународната градежна изложба (International Building Exhibition 50

50

ПОРТА

25 јули 2014

- IBA) во населбата Вилхелмсбург (Wilhelmsburg) во Хамбург. Таа претставува прв прототип на објект во светот во кој е применета технологијата на биореактивната фасада, преку вградување на интегриран систем базиран на алги под името „сончев лист“ (SolarLeaf), на фирмата Colt International. Во овој пасивен (PassivHaus) станбен објект, со приземје и четири ката, преку примената на интегрирани фото биореактори со алги се генерира не само биомаса и топлина како обновлива енергија, туку се нудат и дополнителни погодности како динамичко осенчување, термичка изолација и заштита од бучава, преку коишто се истакнува вкупниот потенцијал на оваа технологија. На пример, динамичното осенчување ќе се обезбеди преку природниот процес каде алгите повеќе растат во услови на поинтензивна сончева светлина и обратно – колку повеќе алги, толку поголемо осенчување. Микроалгите со големина на бактерија, коишто се користат во фасадата на овој објект, се одгледуваат во 129 правоаголни стаклени биорекаторни панели, секој

со големина од 250 см х 70 см и вкупна површина од 200 м2, поставени на југоисточната и југозападната фасада на објектот. Сите овие биореактори се поврзани во затворен систем кој овозможува искористување на соларната топлина и собирање на одгледаните алги за складирање на топлината и производство на топла вода преку наполно автоматизираниот центар за управување со енергија во рамките на објектот. Се очекува дека панелите „сончев лист“ ќе обезбедат една третина од вкупните потреби од топлина за сите станбени единици во овој објект. Иновативниот фасаден систем претставува резултат на тригодишно истражување и развој од страна на Colt International, базиран врз конецптот на биореактор развиен од Strategic Science Consult - SSC и проект предводен од меѓународната консултантска фирма Arup. Австриското биро Splitterwerk Architects од Грац е проектант на овој објект изготвен по нарачка на Федералното министерство за транспот, изгрaдба и урбан развој на


експерт Германија за потребите на Otto Wulff Bauunternehmung, поддржан од страна на ZukunftBau, истражувачка иницијатива на германската влада. Учесници во проектот се и B+G Engineers и Immosolar. Изградбата на овој објект, вреден околу 3,4 милиони евра, со бруто површина од 1.600 м2 на парцела од 839 м2, започнала во декември 2011 година, а завршила во март 2013 година. Објектот е во форма на коцка со две контрасно испроектирани фасади. За разлика од малтерисаната североисточна и северозападна фасада, југоисточната и југозападната се окарактеризирани преку секундарната фасада во која се сместени биореакторнирте панели. Во објектот се наоѓаат 15 стана со површина од 50 м2 до 120 м2 и големи лоџи кои не само што обезбедуваат квалитетен простор за живеење надвор, туку и овозможуваат набљудување на биореакторната фасада од блиску. Архитектонскиот концепт на објектот се базира на видливото производство на обновливата енергија, кое се одвива пред очите на жителите, посетителите и минувачите, а не во некој скриен енергетски центар, при што како резултат на постојаното растење на алги во фасадните панели, фасадата ќе биде во состојба на постојано движење и промена на бои. Правоаголните „сончев лист“ биореакторски панели се изработени од четворослојно стакло. Двата внатрешни слоја се со слободен простор од 24 литри и претставуваат мини аквариум (фарма на алги) во кој ќе циркулира медиум каде што ќе се одгледуваат алгите, додека на секоја страна од овој панел ќе се наоѓа простор исполнет со аргон за да се намалат топлинските загуби, при што надворешното стакло ќе биде антирефлективно додека внатрешното може да биде и декоративно. Во рамките на панелот алгите ќе бидат стимулирани да земат јаглендиоксид и светлина преку пуштањето на смеса од јагленород диоксид и хранливи материи под притисок во определени временски инетервали од дното на реакторот, со што преку воздушните меурчиња ќе се создаде вертикален проток на водата и турбуленција. При ова, едновремено, мешавина од вода, воздух и мали пластични четкички ќе ги исчисти внатрешните површини на панелите. Сите цекви се сокриени во внатрешноста на рамките на панелите коишто ги држат стаклените слоеви. Максималната очекувана температура од биореакторите е околу 400 С, со оглед на тоа што повисоките температури можат негативно да влијаат на

алгите. Се очекува дека овој систем ќе може да функционира во текот на целата година со ефикасност на конверзија од светлина во биомаса од 10% и на светлина во топлина од 38%. За споредба, ефикасноста на вообичаените соларни ќелии за производство на електрична енергија е од 12 до 15%, а на соларните колектори за топла вода од 60 до 65%. Дополнителна предност од примената на алгите е што тие прозиведуваат пет пати повеќе биомаса по хектар површина во однос на копнените растенија, и содржат многу масла кои можат да се користат за прозиводство на енергија. Во рамките на панелите ќе се одвива процесот на производство на биомаса и топлина преку процесите на фотосинтеза

и соларна термална енергија, при што произведената топлина ќе биде директно достапна во објектот за негово греење, додека биомасата ќе се употребува на друга локација каде ќе биде претворена во биогас. Имено, како алгите ќе растат во оптимални услови за нивниот развој, вишокот алги, одвреме навреме, ќе може да се собере и ферментира во надворешна станица во биогас од којшто ќе може да се прозведува енергија. Исто така, вишокот на топлина којшто не им е потребен на алгите ќе може да се собере и чува во изменувачи на топлина, сместени во 80 метри длабоки дупки исполнети со течни материи, а којашто топлина може да се користи за греење на објектите и за греење на водата. Дополнително, примената на соларни ќелии за производство на електрична енергија во рамките на зелениот кров го поддржуваат производството на енергија од обновливи извори, додека геотермалната енергија и приклучокот на објектот на реонската интегрирана енергетска мережа обзбедува не само континуиран пристап до топлинска енергија, туку и служи како долгорочен резервоар за топлината што ќе биде

произведена во текот на летните месеци. Друга значајна карактеристика на архитектонскиот концепт е проектирањето на становите според пристапот на променливи соби, т.е., живеење по потреба, при што клучните фунции на станот како на пример бањата, кујната и просториите за спиење се лоцирани во вградениот мебел којшто се наоѓа во рамките на неутрален простор, кој во зависност од времето во текот на денот и променливите потреби на секојдневниот живот ќе се јави во различна појавна форма создавајќи нови видувања и функционални односи во рамките на внатрешниот простор. Ваквиот пристап се заснова на фактот што сè повеќе се губи разликата помеѓу работното место и домот, како резултат на што традиционалните решенија на станови стануваат своевидно ограничување на потребите на современиот човек. Оттука, во два од петнаесетте стана во објектот нема посебни соби туку само големи адаптабилни простори, кои жителите по потреба ќе можат да ги адпатираат на начин кој ним им одговара. Според Јан Вурм (Jan Wurm), раководителот за истражување на Аруп Европа, концептот се базира на „примeната на биохемиски процес во фасадата на еден објект за да се создаде сенка и произведе енергија, што претставува навистина иновативен концепт кој можеби ќе стане одржливо решение за производство на енергија во урбаните средини“. Се чини дека алгите забрзано стануваат нов клучен збор во подрачјето на биоархитектурата и производството на одржлива енергија, па примената на фасади со алги се гледа како на можност за решение на проблемот како одржливо да се обезбеди енергија за објектите. Освен тоа што алгите можат да произведат биомаса и водород, стручњаците укажуваат и на нивната можна примена за откривање на загадувањето и апсорпцијата на јагленород на сметка на кој се испушта кислород. Зградата BIQ претставува голем исчекор во глобалните напори за обезбедување на одржлива средина не само за нашите туку и за идните генерации. И покрај двата значјни архитектонски концепти применети во овој објект, оној за биореактивна фасада и оној за проектирање според пристапот на променливи соби – живеење по потреба, објектот скоро сигурно ќе остане познат по своето пионерско истражување во доменот на непознатото и тоа како може позитивно да се применат придобивките на природата и биолошките процеси за благосостојбата на човештвото. 25 јули 2014

ПОРТА

51

51


технологии

Иднината на нашето минато Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.

T

EDx настанот “Going to the Edge” што се одржа минатиот месец во Sonoma County, САД, е еден од стотиците TED (Technology, Entertainment and Design) настани кои се одржуваат секоја година во светот. Наизглед типична технолошка конференција, сепак настапот на Татјана Џамбазова како говорник на “Going to the Edge” е причината поради која овој настан е посебно важен за нас (tedxsonomacounty.com). Татјана имаше одличен настап, што нас Македонците нè направи особено горди. За Татјана ова не е првпат да настапи на TED конференција, ниту пак првпат да говори за технолошките иновации кои го менуваат светот. Таа е добро познат “technology whisperer” (промотер на напредни технологии) и автор, но позната е и по одличната кариера која ја има во софтверскиот гигант Autodesk, каде работи скоро 15 години. Во моментов таа е продукт менаџер во одделот Reality 52

52

ПОРТА

25 јули 2014

Capture and Digital Fabrication, а не смее да се заборави и дека во периодот 2005 - 2007 година таа беше продукт менаџер на софтверската платформа „Ревит“, една од најпопуларните апликации во портфолиото на Autodesk. Како и да е, таа е попозната во светот отколку дома. Ако за нас е поважно тоа што Македонка имала успешен настап на еден странски TEDx настан, остатокот од светот беше воодушевен од прикажаното: најновата Autodesk дигитална технологија за 3д скенирање на реалноста и нејзино претворање во 3д модел. Во основа, станува збор за поврзување на неколку веќе постоечки технологии кои во комбинација со визионерство, лидерство и креативност може да направат исклучителни работи. Така на пример, со помош на ласерските скенери (кои постојат веќе десетина година и кои денес ги има и во вид на мали рачни мобилни верзии) се врши скенирање на микро и макро просторот околу нас. Резултатите од извршените скенирања се прикажуваат во вид на облак

од независни точки (point cloud) поставени во 3д дигиталниот простор верно на реалната состојба. Понатаму, со помош на софтверски алатки, облакот од точки се претвора во 3д модел. Кога веќе имаме 3д модел, неговата примена е разновидна. Во градежништвото, 3д снимката од просторот што е предмет на интерес ни овозможува да размислуваме, дизајнираме и анализираме во 3д (преку користење на релативно прецизни 3д модели). Досега за снимање на постојна ситуација користевме рачни мерења со метро или ласер и имавме многу ограничувања и препреки (а резултатите не секогаш се онакви какви што посакуваме). Дигитализацијата на просторот преку скенирање и конверзија на скеновите во 3д модели особено се применува за дигитализација на културното наследство. Светот се менува рапидно, градовите растат под притисок на наталитетот, културното наследство се руши поради сè поголемиот број конфликти во светот. Свеста за заштитата на културното наследство е сè пораширена, па и нејзината


технологии дигитализација е особено популарна. Сепак, она што Татјана го прикажа во втората половина од презентацијата беше дефинитивно за восклик. Со помош на фотограметријата како наука, Autodesk успеа да ги заобиколи 3д скенерите во снимањето на постојната ситуација во просторот. Компанијата успешно создаде апликација која ги анализира фотографиите од определен предмет и создава верен 3д дигитален модел. Дополнително, конверзијата од 2д фотографии во 3д модел се врши преку „облак“ (cloud) и тоа бесплатно. Практично, Autodesk му даде на светот можност да го „копира“ физичкиот свет во кој живееме и твориме без поголем напор или трошок. Со технологијата на дофат, светот може да се смени преку ноќ. Кон крајот на излагањето, Татјана презентираше неколку проекти каде 3д моделирањето со помош на фотограметријата најде примена. Веројатно, најмногу воодушевувања и акламации имаше при презентација на 3д моделите на статуите на Буда вдлабени во карпа, кои се наоѓаа во Авганистан пред Талибанците да ги уништат. Иако светот мислеше дека тоа културно наследство старо илјадници години е изгубено (бидејќи претходно не било документирано), тим од Autodesk преку „симнување“ на фотографии (со различен квалитет) од Интернет (поставени од аматери/туристи) и користење на софтверски алатки, успеа релативно едноставно да добие исклучителен 3д модел на статуите. Во друг проект со Смитсонијан музеите (Smithsonian X 3D), Autodesk соработуваше со други партнери во 3д фотограметриско моделирање на дел од музејските експонати и нивно виртуелно прикажување на веб страница. Образложението е следно: Смитсонијан е најголемата група на музеи во светот: имаат 19 музеи во кои чуваат 137 милиони експонати од целиот

свет, сепак посетителите имаат можност да видат само 2% од нив. Со цел да се унапреди достапноста на експонатите кон посетителите, управата на Смитсонијан решила да го смени пристапот и својата понуда да ја стават на Интернет како дигитална содржина достапна за сите. Татјана Џамбазова

Резултатот е www.3d.si.edu, веб страница која сè уште е во бета верзија, но на која веќе можат да се видат 3д модели од експонатите на музејот. Практично, нема причина зошто оваа технологија да не успее. Хардверот е комерцијално достапен и евтин. Фотографиите можат да бидат направени и со телефон со камера. Правилото гласи: колку повеќе квалитетни фотографии, толку повеќе квалитетни и детални 3д модели. Софтверот што ја врши конверзијата е достапен како услуга на Интернет и во базичната верзија е бесплатен. Со помош на Интернет/веб технологијата моделите можат да бидат поставени на Интернет за масовно прегледување и примена во образованието и културата. Во градежништвото, последниве години, 3д технологијата е особено популарна. Таа се користи при проектирање и анализирање на проекти како од високоградбата ,така и од нискоградбата. 3Д моделите на физичкиот простор, добиени преку 3д ласерско скенирање или фотограметрија, можат природно да се вклопат во работниот процес кој користи 3д БИМ алатки, како што е на пример платформата Ревит. Претставената технологија се содржи во апликацијата Autodesk ReCap, која се состои од Autodesk ReCap Studio и Autodesk ReCap Photo, апликации кои овозможуваат креирање на 3д модели од „облаци од точки“ и фотографии и нивна размена со други апликации како што се AutoCAD, Revit, Inventor и други. Од друга страна, Autodesk ReCap Photo претставува услуга до која се пристапува преку сервисот Autodesk 360, преку кој може да се добијат 3д модели од 3д податоците што корисниците ги прикачуваат на сервисот. Видеото од настанот и излагањето на Џамбазова мора да се проследи. Во него е прикажана иднината на нашето минато. 25 јули 2014

ПОРТА

53

53


екологија

ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИТИКИ ЗА ОТПАД

Потенцијалот на отпадот како ресурс

Зоја ТАРЕВСКА и м-р Саше ПАНЕВСКИ

Е

фикасното користење на ресурси е еден од најважните приоритети при донесувањето на политики во Европската Унија, особено поради големата потрошувачка на енергија и материјали и вкоренетото однесување на луѓето со често неконтролираното создавање на отпад. Некоординираните мерки за отстранување на недостатоците предизвикаа да се создаде еден транснационален проект кој ќе се обиде да направи промени во донесувањето на одлуки од една страна, но и менување на однесувањето на луѓето од друга страна, преку активности кои опфаќаат теми кои ги разгледуваат отпадот и енергијата на интегриран начин.

ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ

Отпадот е дефиниран во директивата 2008/98/ЕС како „секоја материја или предмет кој сопственикот го отфрла или е побарано од него да го отфрли“. Всушност отпадот претставува голема загуба на ресурси во форма на материјали и енергија во животниот циклус на производите, а паралелно со тоа има и 54

54

ПОРТА

25 јули 2014

голем ефект врз квалитетот на животната средина и здравјето на луѓето. Политиките на Европската Унија целат кон намалување на влијанието врз животната средина и подобрување на ефикасноста при искористувањето на ресурсите. Долгорочните цели на овие политики се намалување на количината на отпадот и промовирање на истиот како корисен ресурс, од енергетски и материјален аспект. Директива 2008/98/ЕС на Европскиот Парламент и на Советот за отпад Оваа директива поставува правна рамка за целиот циклус, од создавање до одлагање на отпадот со потенцирање на третманите на обновување и рециклирање. Директивата поставува хиерархија во третманот на отпадот (поставување приоритети). Земјите членки на ЕУ мораат да преземаат мерки во согласност со дефинираната хиерархија. Според терминологијата во директивата, управувањето со отпадот претставува собирање, транспорт, обновување и одлагање на отпадот, вклучувајќи надзор и грижа по операцијата, заедно со акции преземени во улога на дилери и брокери.

Оваа директива предвидува создавање на програми и планови на земјите членки, кои потоа мораат да се спроведат. Овие планови вклучуваат тип, квантитет и извор на отпад, постоечки колекторски системи и услови според локација. Но притоа, мора да се води сметка на економскиот раст и влијанието врз животната средина. Регулатива (ЕС) бр. 2150/2002 на Европскиот Парламент и на Советот за статистика за отпад Овој законски документ создава рамка за собирање на податоци за отпадот од аспект на создавање, одложување итн. Целта е да се обезбеди подобро следење на ефективното спроведување на општите политики за управување со отпадот.

ОТПАДОТ ПРЕКУ СТАТИСТИКА

За да се открие потенцијалот на отпадот како ресурс, најпрво треба да се разгледа статистиката за создавање на отпад, комуналниот отпад, како и искуството на другите земји во третманот на отпадот. Вкупната количина на создаден отпад во Европската унија во 2010 г. е околу 2.570 мил. тони, од кои опасниот отпад учествува со 95 мил. тони.


екологија

Да се создаде транснационален проект кој ќе се обиде да направи промени во донесувањето на одлуки од една страна, но и менување на однесувањето на луѓето од друга страна, преку активности кои опфаќаат теми кои ги разгледуваат отпадот и енергијата на интегриран начин.

Просекот, според статистичките податоци, за специфичното создавање на комунален отпад (килограми по жител) за ЕУ е 503 kg/жител. Количината на третиран отпад во ЕУ е 486 kg/жител од кои 40% е рециклиран или компостиран. Отпадот нужно е да се разгледува и како енергетски ресурс. Имено, некои видови отпад претставуваат отпадна биомаса. Во отпадна биомаса се вбројува и цврстиот комунален отпад, односно отпадот кој се создава во секојдневниот живот во урбаните средини, во домаќинствата и од комерцијалниот сектор. Имајќи предвид дека биомасата учествува со 189,28ktoe (2.201GWh) во енергетскиот биланс на Република Македонија голем удел има и комуналниот отпад. Стапката на создавање отпад е меѓу 253 – 313 кг/ човек/година во Република Македонија, а специфичната тежина на отпадот од домаќинствата е меѓу 112 – 127 кг/м3 и околу 96 кг/м3 комерцијален отпад. На следната слика, прикажан е развојот на третманот на отпад за главните методи користени во ЕУ. Може да се забележи дека депонирањето постепено се намалувало до 2010 г., кога бележи пораст.

ТРЕТМАН НА ОТПАДОТ

Постојат различни третмани на отпадот. Во повеќето од земјите, методот со депонирање доминира. Но, постојат земји каде што доминираат методите на рециклирање или согорување на отпадот. Како што е споменато погоре, најчестите третмани на отпад се преку депонирање, согорување, рециклирање и компостирање. • Депонија е објект наменет за отстранување на отпадот со негово истурање над или под земја, а депонирање е операција за отстранување на отпадот на депониите. • Согорување е термички третман на отпадот во постројка/инсталации за согорување. Тоа подразбира согорување на органските материи во отпадот. Инсталациите за согорување може да поседува систем за рекуперација на отпадна топлина која може топлината на издувните гасови ја претвора во корисна топлина (пареа, топла вода, топол воздух). • Рециклирање претставува обновување, односно добивање на секундарни суровини и нивно користење како замена за примарните суровини или користење на својствата во на супстанциите содржани

во отпадот. Односно, операција со која отпадните материјали се преработени во производи, материјали или материи за примарни или секундарни цели. • Компостирање е биолошки третман на отпадот, анаеробен и аеробен третман на биоразградливиот отпад. Компостирањето на отпадот како резултат произведува квалитетни компости и биогас, а не придонесува кон емисија на стакленички гасови. Како заклучок, ќе ги разгледаме статистичките податоци за користењето на третманите на отпад. Според статистичките податоци на ЕУ за третман на комунален отпад од 2011 година., земјите кои имаат најголемо учество на депониран комунален отпад се Романија (99%) и Бугарија (94%). Земјите кои имаат најголемо учество во согорен отпад се Данска (54%) и Шведска (51%). Земјите кои го користат рециклирањето како метод се Германија (45%) и Ирска (37%), додека најголем удел од компостиран отпад во Австрија (34%) и Холандија (28%). (Авторите се дел од ЕУ проектот РЕСЕЕтиес: Кон ефикасна употреба на ресурси во урбани заедници во ЈИЕ) 25 јули 2014

ПОРТА

55

55


хортикултура

ГРАДСКИ ПАРК, СКОПЈЕ

Парк со посебна убавина

Г

радскиот парк во Скопје се простира на површина од преку 480.000 м2 и е најголемиот парк од јавен карактер во државата. Своите први црти ги добил во ХIХ век. Паркот почнал да се гради од страна на скопскиот валија Мехмед Паша. Првичната местоположба на паркот била во делот околу ресторанот Кермес, а причината за тоа е фактот што во тоа време таа површина била гола, неуредна и често поплавувана од Вардар. Неговата форма била едноставна квадратна површина од околу 16.000 м2.

56

56

ПОРТА

25 јули 2014

Тоа претставува темел за понатамошно развивање на денешниот Градски парк. По Првата светска војна, градот Скопје почнува повторно да се уредува. Во тој период со помош на австриски градинар е направено проширување на паркот во геометриски стил, каде фокусна точка претставувала голема фонтана. Во 1926 година, српскиот инженер Протиќ формира Управа со градско зеленило на чие чело раководи до 1940 година. Во тој период биле направени неколкукратни проширувања, а во 1941 година паркот ја добива својата конечна форма. Позицијата на паркот

вдолж коритото на Вардар била со цел да се спречи поплавувањето од страна на реката, што било честа појава во тие години, како и да се спречи евентуалното урбанизирање на тој дел од градот или создавање на диви депонии. По Втората светска војна повторно настапила стагнација во поглед на уредувањето и одржувањето на паркот. Во 1963 година следи земјотресот што го зафаќа Скопје, а последиците врз паркот биле непроценливи. Во 1969 година за прв пат е изработен интегрален проект за Градскиот парк во Скопје.


хортикултура

за скопјани

ГРАДСКИОТ ПАРК ДЕНЕС

Денес, Градскиот парк се простира на површина од околу 80 хектари. Целата површина може да се подели на три дела. Првата површина е делот каде што се ноѓал стариот парк, втората површина е всушност централниот дел од паркот и третата површина е лево од реката Вардар. Флората што е составен дел на паркот се состои од приближно 1.500 иглолисни дрвја и 8.000 листопадни дрвја, 4.000 зимзелени грмушки и 13.000 листопадни грмушки. Од видовите дрвја кои се темели на вегетацијата на паркот може да се спомнат видови како: Platanus spp, Populus spp, Fraxinus spp, Pinus spp, Acer spp, Betula spp, Quercus spp, Salix spp и Tilia spp. Од грмушестата вегетација

Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

најзастапени се видовите од родот: Forsythia spp, Rosa spp, Spirea spp, Pyrocantha spp, Viburnum spp, Budleia spp, Lonicera spp и многу други. Од фауната најчесто се среќаваат глодари, и тоа кртовите Tapa europаea и верверичките Sciurus vulgaris, кои поради нивниот мал број не претставуваат поголема опасност по здравјето на растенијата. Во Градскиот парк се среќаваат најразлични елементи на парковската архитектура како што се пространите вештачки езерца во кои прекрасно се отсликува целокупниот пејзаж што ги опкружува, пешачките патеки и мостови, меморијални споменици, бисти, летниковци, фонтани, лавиринт, и сето тоа на паркот му дава посебна убавина.

25 јули 2014

ПОРТА

57

57


совети

Освежете го просторот со лична креација

Т

ехнологијата игра важна улога во нашите животи и како сè повеќе да живееме во некој виртуелен свет, но изгледа дека реалните креативни и оригинални рачни изработки сè уште побудуваат голем интерес. Ако и вие размислувате вака, наједноставен начин да го освежите просторот, а истовремено да го исполните со особеност и стил, е бродскиот под кој не е многу оштетен да го истругате а потоа да го 58

58

ПОРТА

25 јули 2014

Во близина на Дојран имаме куќа за одмор. Таму престојуваме секое лето и реновираме по нешто. На ред дојде и бродскиот под кој не е многу оштетен, но бидејќи е стар изгледа грдо и запуштено. Молиме за совет како бргу и без многу трошок да го смениме подот, а дневниот престој да добие нов изглед.

обоите и излакирате. Вашата креативност ќе дојде до израз ако на подот си насликате ќилим. Со леплива лента означете ги контурите. Обојте го внатрешниот дел со основната боја. Направете шаблон за шарката на ќилимот од картон и прицврстете го над исушениот прв слој боја. Потоа премачкајте со втората боја, која ќе биде боја на шарката. Шаблонот извадете го пред бојата потполно да се исуши и поместувајте го шаблонот со мотивот за да добиете непрекината шарка. Откако ќилимот ќе го обоите, со потенка четка

Семејство Арсови, Скопје

исцртајте реси. На крај, подот заштитете го со два слоја полиуретански лак. Ако го сакате скандинавскиот дизајн, подот може да го обоите со бела акрилна боја. Почнете да нанесувате боја со подебела четка во мали секции најдалеку од вратата. Откако ќе нанесете боја, со поголем влажен сунѓер избришете дел од бојата за да добиете „измиен“ изглед. Откако подот ќе се исуши излакирајте го со полиуретански лак. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk


спортски храмови

ОЛИМПИСКИ СТАДИОН - ТОКИО, ЈАПОНИЈА

Изгрева нов олимписки стадион во Токио

Сашо КУЗМАНОВСКИ

ФАКТИ за ОЛИМПИСКИ СТАДИОН - Токио, Јапонија - Сао Паоло, Бразил Цена на реконструкција: 122 милиони евра Капацитет: 80.000 места Површина на градба: 220.000 м2 Период на изградба: 2014 - 2019 Архитект и дизајн: Заха Хадид

Н

а почетокот на јуни оваа година, oлимпискиот шампион од 2004 година во Атина, Коџи Мурофуши, официјално го означи почетокот на реновирањето на Националниот олимписки стадион во Токио. Тоа е местото на кое во 2020 година, Јапонија и Токио ќе го означат стартот на Летните олимписки игри. Националниот стадион во Токио почнува со засилена реконструкција и комплетна доградба за потребите на најголемиот спортски настан за шест години. Првпат отворен во 1958 година, подоцна употребен како национална гордост на „земјата на изгрејсонцето“, во 1964 година, кога се одржа свеченото отворање и затворање на Олимписките игри 1964, сега ќе добие комплетно нов изглед, и секако комплетна модернизација. Зад новиот дизајн на Националниот стадион во Токио стои потписот на архитектот Заха Хадид. Проекцијата на дизајнот ги остави без зборови речиси сите што се појавија на националната конференција на која беше претставен изгледот на новиот стадион, а меѓу нив и олимпискиот првак Мурофуши, кој најави дека со нетрпение го очекува својот прв настап на новиот Олимписки стадион. На новиот Олимписки стадион, освен отворањето и завршницата на Олимписките игри, ќе се одржи и свечениот чин на отворање и затворање и на Параолимписките игри во 2020 година. Најавите велат дека комплетната доизградба и реконструкција на постоечкиот објект ќе треба да заврши една година пред стартот на ЛОИ 2020, што значи дека главниот тест за новиот Национален олимписки стадион во Токио ќе биде светското првенство во рагби кое ќе се одржи во 2019 година. Веќе постоечкиот стадион, според планот, во најголем дел ќе биде урнат, и ќе се гради одново, но одредени делови ќе останат и според новиот план за градба. Од сегашниот капацитет од 50.000 места, идниот Национален олимписки стадион во Токио ќе се прошири до 80.000 места, но според дизајнот ќе биде одлично вклопен во урбаната средина на јапонската престолнина. Новиот стадион ќе добие подвижен покрив, а ќе се гради на вкупна површина од 220.000 м2, што е за 70.000 м2 помалку од првичниот план за градба, кој сега опфаќа и голем парк и паркинг простор. 25 јули 2014

ПОРТА

59

59


најчудни градби

„ФИРА РЕНЕСАНСА“ - БАРСЕЛОНА

Хотелски комплекс од палми и стаклени листови

Драган РИСТОВ

О

бјаснувајќи го престојот во хотелот „Фира ренесанса“ во Барселона (Шпанија), еден новинар ќе напише вака... „додека лифтот се крева, колената ми се тресеа бидејќи под мене остануваше холот исполнет со палми и растенија. Се чуствував како да полетувам од убава џунгла“. Ова може да биде љубопитен момент за оние што обожаваат чудни градби, кои се спој на човековиот ум и на реалната конструкција. Во 2011 година, шпанската туристичка мека Барселона доби несекојдневен хотел. Издигнат 105 метри над земјата, со 26 катови и 357 соби, тоа беше уште едно ремек-дело во кое најмногу доаѓа до израз фасадата на објектот. Структурата на овој хотел е своевидна „Н“ буква, бидејќи двата главни дела на зградата се поврзани со внатрешност која е еден вид на атриум, огромно лоби, исполнето со скали и стаклена градина. Целата структура наликува на два столба, во чија средина неутрално се истакнува кула од растенија со стаклени

60

60

ПОРТА

25 јули 2014


најчудни градби

ѕидови, со што ѝ дава необичен шмек на оваа конструкција. Сето ова е заслуга на архитектот Жан Нувел, кој работејќи со студиото „Рибас & Рибас архитектс“, во соработка со дизајнерот Мануел Коломинас, ја реализирале оваа прекрасна идеја на култивирана градина. Самиот хотел се наоѓа помеѓу аеродромот и центарот на Барселона, со што практично е неизбежен при секое возење на оваа релација. Она што е особено интересно е фасадата, изработена во т.н. завесен ѕид (curtain wall) кој има сосема различна композиција на секоја страна. На едната страна, фасадата содржи т.н. „лиснати дезени“, испреплетени исечоци на стаклото во форма на лисја, кои оставаат впечаток на гигантски палми кои како да излегуваат од прозорците. На спротивната, источна страна, црни затемнети стакла кои се вклопуваат во градинарската структура како дополнување на џунглата. Во внатрешноста... нема што нема. Ако тргнете од самите соби, тие се перфектно во согласност со дизајнот, а одредени катови токму кај што е креветот, во одредени соби ги содржат стаклата во форма на лист, што е неверојатно доживување за оние што ќе бидат во вакви соби. Голем базен во должина од 21 метар, над 300 палми со средна големина, заедно со 30 други видови на растенија, пешачка патека, стаклени поврзувачки мостови и друго. Тоа е хотел кој сигурно ќе ве врати во природата на еден толку неверојатен начин. 25 јули 2014

ПОРТА

61

61


ентериер

Инвентивен и функционален простор со строги и правилни линии

П

редмет на работа во овој ентериер беше стоматолошката ординација Family Dental Clinic „IN DENT“. Станува збор за локал од 88 м², кој се наоѓа во новоизградениот дел на нас. Лисиче во Скопје. Инвеститорот го предаде локалот на „Биро Проект“ сосема празен, без

62

62

ПОРТА

25 јули 2014

преградни ѕидови и завршни обработки. Целта беше да се направи, пред сè, техничка документација - проекти за сите потребни фази, за да може да се одреди функционалноста на просторот, а потоа истиот и да се дизајнира. Барањата во поглед на опремување на внатрешноста беа да се добие еден инвентивен простор со строги и правилни линии, во којшто ентериерот ќе потсетува

на модерен амбинет без чувство за присуство во стоматолошка ординација. Просторот се состои од неколку сегменти распоредени по својата функционалност. При влезот во ординацијата се наоѓа приемниот дел каде е сместен пултот и дизајнираните столици. Движејќи се кон внатрешноста се доаѓа до трите ординации димензионирани по соодветни стандарди, 


ентериер

25 јули 2014

ПОРТА

63

63


ентериер како и до помошните простории: рендген соба, санитарни јазли, кујна и канцеларија. Целокупниот простор е дооформен со спуштени плафони изработени од гипс картонски плочи поставени на потконструкција. Тие беа молерисани во различна боја и изработени од различна обработка, вклопувајќи го разновидното осветлување. Користењето лесни материјали за изведба на мебел (бел и боен мат медијапан во комбинација со боено стакло и керок), како и соодветни обработки за одржување стерилна хигиена за вакви простори, ја истакна неповторливоста во амбиентот, која го покажа современиот израз и концепт во дизајнирање на вакви простори. Покрај комплетниот дизајн, стручните лица од „Биро Проект“ ја контролираа и целокупната изведба. 

Проектантски тим на „БИРО ПРОЕКТ“ Факти за ентериерот на Family Dental Clinic „IN DENT“ - Површина на градба: 88 м2 - Период на завршување на градба: март, 2014 година - Дизајн: Проектантски тим на „Биро Проект“

64

64

ПОРТА

25 јули 2014


ентериер

Б

25 јули 2014

ПОРТА

65

65


закони, одлуки, правилници, конкурси и јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ БР. 95/2014 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ОБРАЗЕЦОТ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДБИТЕ, ОДНОСНО ПОСТАВУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА ЗА КОИ НЕ Е ПОТРЕБНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ БР. 96/2014 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА УРЕДУВАЊЕТО НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СО ОБЈЕКТИ НА КОМУНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА УРЕДУВАЊЕТО ВО ЗАВИСНОСТ ОД СТЕПЕНОТ НА УРЕДЕНОСТ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ БР. 101/2014

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ, ОБНОВУВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НА

66

66

ПОРТА

25 јули 2014

ГРАДБИ,РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, УПРАВИТЕЛ НА ГРАДБА, ИЗВЕДУВАЧ НА ГРАДБИ, НАДЗОР НАД ИЗГРАДБАТА НА ГРАДБИ И УПРАВИТЕЛ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕТО НА РЕГИСТАРОТ ЗА ИЗДАДЕНИ, ОБНОВЕНИ И ОДЗЕМЕНИ ЛИЦЕНЦИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ БР. 103/2014

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ СО ПОДАВКА ПРЕКУ НОТАР ДА СЕ ПОНУДИ ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ НА КОЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е СОСОПОСТВЕНИК НА ПОВЕЌЕ ОД 70% ОД ВКУПНАТА ПОВРШИНА НА ГРАДЕЖНАТА ПАРЦЕЛА НА ДРУГИТЕ СОСОПСТВЕНИЦИ НА КАТАСТАРСКИТЕ ПАРЦЕЛИ ОД КОИ Е ФОРМИРАНА ГРАДЕЖНАТА ПАРЦЕЛА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ БР. 104/2014 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ Број на огласот за кој се однесува известувањето: 13/2014 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. Илинден 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на идејно решение: реконструкција на фасади на постојни објекти во централното градско подрачје на градот Скопје на бул.

“Илинден“ – согласно графички прилог. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ Број на огласот за кој се однесува известувањето: 14/2014 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. Илинден 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на идејно решение: реконструкција на фасади на постојни објекти во централното градско подрачје на градот Скопје на ул. “Димитрие Чуповски“ – согласно графички прилог. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ Број на огласот за кој се однесува известувањето: 15/2014 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. Илинден 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на идејно решение: реконструкција на фасади на постојни објекти во централното градско подрачје на градот Скопје на ул. “Црвена Скопска Општина“ (објекти со бр. 58 КП.9511), согласно графички прилог. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ Број на огласот за кој се однесува известувањето: 31/2014

Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. Илинден 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на идејно решение: реконструкција на фасади на постојни објекти во централното градско подрачје на градот Скопје на плоштад ВМРО – согласно графички прилог. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ Број на огласот за кој се однесува известувањето: 32/2014 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. Илинден 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на идејно решение: реконструкција на фасади на постојни објекти во централното градско подрачје на градот Скопје на плоштад Мајка Тереза и објект на Стопанска Банка – согласно графички прилог.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ БР. 107/2014 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА УРЕДУВАЊЕТО НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СО ОБЈЕКТИ НА КОМУНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА УРЕДУВАЊЕТО ВО ЗАВИСНОСТ ОД СТЕПЕНОТ НА УРЕДЕНОСТ


рубрика

25 јули 2014

ПОРТА

67

67



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.