223

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

223 АВГУСТ 2014

Петар Караѓорѓев: Секој инженер мечтае за уникатна творба Совршените градови се сон, градовите што се борат се реалност


ПОРТА

29 август 2014


ГОДИНА X

БРОЈ 223 ПЕТОК 29.08.2014 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Во светот, локалните заедници обично градат посебен однос кон реките, покрај кои живееле стотици, па и илјадници години. Познати се многу примери во кои токму тие се првите противници да се користат водите за индустријата, да се градат брани и слично. Случајот е сосема спротивен во Македонија, каде што токму локалните жители се меѓу најголемите загадувачи, со тоните отпад што ги исфрлаат во реките, претворајќи ги во депонии. Во една реченица, во Македонија се нема почит кон реките. Градската општа болница „8 Септември“ доби нов Ургентен центар. Проектанти на ентериерот беа луѓето од „ДОТ Архитекти“. Ова архитектонско биро користи посебен пристап за уредување на ентериерот водени од методата - дизајн базиран на докази т.н. Evidence based design, чии основни принципи се базираат на влијанието на боите врз состојбата на пациентите и медицинскиот персонал преку изборот на бои и игра со светлината. Може да се каже дека со нивниот приод кон работата се урива стереотипната слика за болниците. Петар Караѓорѓев е градежен

инженер, кој целиот работен век го има вткаен во десетици големи градби ширум Европа, Блискиот Исток и поранешна Југославија. Караѓорѓев вели: „Секој инженер, било да е проектант или изведувач на работите, во својата професионална кариера мечтае да предвиди и оствари нешто што би било еден вид уникатна творба“. Неговата уникатна творба е мостот преку акумулационото езеро Козјак кај село Здуње. Станува збор за уникатно дело во нашата држава, како по технологија на градбата, така и по најголемиот распон меѓу столбовите од 86 метри, должината меѓу дилатационите фуги од 358 метри и најголемата висина на столб од 64 метри. Плутата како материјал и производите од плута се релативно малку познати во стручната јавност кај нас. Во наредните неколку броја на „Порта 3“ ќе се обидеме да направиме преглед на најновите сознанија за овој благороден материјал, со особен акцент на производите и системите од плута наменети за топлински и звучни изолации во градежништвото.

ГРАДЕЖНИШТВО 11

ВЕЛЕШАНИ СО ОБНОВЕНА ГЛАВНА СООБРАЌАЈНА АРТЕРИЈА

ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: MANCHESTER SCHOOL OF ART

ПОРТА Г Р А Д Е Ж Н И ШТВ О А Р Х И ТЕ КТУ Р А Е КО Л О Г И ЈА

223 АВГУСТ 2014

Петар Караѓорѓев: Секој инженер мечтае за уникатна творба Совршените градови се сон, градовите што се борат се реалност

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ 90 ДЕНАРИ

фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА

Автори: FEILDEN CLEGG BRADLEY STUDIOS

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

11

ГРАДЕЖНИШТВО 18 МОСКВА СИТИ - НАЈНОВОТО ГРАДИТЕЛСКО ЧУДО

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. ВаСил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 26

34

СЕКОЈ ИНЖЕНЕР МЕЧТАЕ ЗА УНИКАТНА ГРАДБА

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати:

АРХИТЕКТУРА 34

Маркетинг:

СОЦИЈАЛЕН ПРОСТОР „КАПЕЛА“

ЕКСПЕРТ 44

26

ПРОЕКТИ ЗНАЧАЈНИ ВО ЕВОЛУЦИЈАТА НА АРХИТЕКТУРАТА

60

ЕКОЛОГИЈА 52

РАСТЕНИЈАТА СЕ СЕЛАТ КОН НИЗИНИТЕ!

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ЕНТЕРИЕР 60

УРИВАЊЕ НА СТЕРЕОТИПИТЕ ЗА БОЛНИЦИТЕ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

44

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


градежништво

4

4

ПОРТА

29 август 2014


градежништво

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA

29 август 2014

ПОРТА

5

5


инфо

БЕЗ ПОЧИТ КОН РЕКИТЕ

Метали и фекалии се пробиваат низ браните од ѓубре Во светот, локалните заедници обично градат посебен однос кон реките, покрај кои живееле стотици, па и илјадници години. Случајот е сосема спротивен во Македонија, каде што токму локалните жители се меѓу најголемите загадувачи, со тоните отпад што ги исфрлаат во реките, претворајќи ги во депонии Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА Вруток

Треска кај Грчец

М

алото бистро поточе во Вруток воопшто не навестува дека ќе се претвори во големата, матна и валкана река Вардар. Но на само три километри подолу од Вруток, реката поминува низ Равен и веќе го добива својот препознатлив и несреќен лик. Низ коритото плови повеќе отпад отколку вода. Единствен знак на живот покрај водата, која личи на депониски исцедок, е понекое бездомно куче што пребарува остатоци од храна низ ѓубрето. Ова се случува во првите три километри на реката долга 388

6

6

ПОРТА

29 август 2014

километри до сливот во Егејско Море. Реките во Македонија се отворени канализации и отворени депонии. Водата на Вардар станува сè позагадена со секој нов километар што ќе го протече. Како да биде поинаку, кога ја полнат реки како Треска, во која рибарите газат низ депонија за да дојдат до водата близу мостот меѓу Сарај и Грчец кај Скопје. Или како Лепенец, река за која без оглед колку акции за чистење на коритото ќе се организираат, таа повторно ќе влече отпад со себе. Или, пак, како Маркова Река, која во последните километри пред сливот повеќе личи на течна кал отколку

на вода, а кај Лисиче во неа има истурено толку многу ѓубре што тоа веќе го стеснило коритото и направило брани и каскади. Сите тие реки, а и многу други, се популарни излетнички дестинации во некои делови од својот тек, каде што водата некако успеала да се ослободи од ѓубрето и да протече низ природа. Но такви места има сè помалку, а отпадот сè повеќе ги гуши коритата. Освен тоа, дури и каде што во коритата нема отпад, водата во нив е далеку од чиста. Податоците за состојбата на водата откриваат интересна ситуација. Во последниот Извештај за животната средина


инфо што го има издадено Државниот завод за статистика, користејќи податоци од релевантните институции, прикажани се, како пример, три од најголемите реки во земјава: Вардар, Брегалница и Црна Река. Според сите параметри, тие во 2012 година имале многу почиста вода отколку во 2001 година, според биохемиската потрошувачка на кислород, како и присуството на тотален амониум, нитрати, нитрити и ортофосфати. Повеќето од овие материи доаѓаат од фекалните канализации. Тоа особено важи за Вардар, но во голема мера и за другите две реки. Но од друга страна, само во 2012 година, од индустријата и од рударството се испуштени 4,8 милијарди кубни метри непречистени отпадни води, а само 92 милиони кубни метри пречистени води, што значи дека помалку од два отсто од водата се прочистува. А таа речиси целосно се зема и се враќа во површинските води.

Што значат овие податоци? Дали реките се почисти од пред една деценија или не? Постојат теории дека се изградени повеќе пречистителни станици, а и индустрија има сè помалку, па оттаму се добиени и тие податоци. Сепак, како што објаснува Радмила Бојковска, раководител на Секторот за хидрологија и следење на состојбата на природната средина при Управата за хидрометеоролошки работи, на тоа прашање не може да му се даде едноставен одговор, бидејќи помалата концентрација на одредена загадувачка материја во водата не мора да значи дека таа помалку се испушта, туку можеби дека во тој период, или во таа година, во реката имало повеќе вода, повисок водостој. Сето тоа бара големи истражувања и анализи и затоа, нагласува Бојковска, засега нема конечен одговор. „Најдобриот индикатор за тоа колку

е чиста некоја река е каков жив свет има во неа и како тој се развива. И тоа не да се земат предвид само рибите, бидејќи тие полесно се приспособуваат на полош квалитет на водата, туку пред сè без`рбетниците и алгите. Ние имавме пример со Каменичка Река, притока на Брегалница, која ја испитувавме и утврдивме дека водата е чиста, но ништо не живееше во неа. Потоа утврдивме дека, кога врне, во неа се слеваат метали, и затоа нема услови за живот ниту во периодите кога водата е чиста. Затоа се потребни опсежни истражувања“, објаснува Бојковска. Општиот заклучок на експертите е дека реките се чисти само на своите почетоци, во првите километри, а потоа стануваат сè позагадени. Но, како што потенцира Бојковска, уште многу истражувања треба да се направат. Реките треба да се делат на делници и секоја од нив да се истражи Маркова река

29 август 2014

ПОРТА

7

7


инфо

Вардар кај Равен

посебно, за да се утврди што влијае врз нејзината состојба и како да се поправи тоа. Според концентрацијата на органски и неоргански параметри, како и на тешки метали, водата во реките се дели на пет класи, од прва (најчиста) до петта (најзагадена), објаснуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Мерењата покажале дека минатата година Треска била од прва и од втора класа според сите параметри, додека Лепенец стигнувал до трета и четврта класа по концентрацијата на нитрати и на нитрити, кои доаѓаат од фекално загадување. Слична е и состојбата во Пчиња и во Крива Река. Генерално, најголем проблем се нитратите и нитритите, и според нивното присуство повеќето реки биле во трета и во четврта класа, додека според кислородните показатели и според тешките метали се задржувале во првата и во втората класа. Но има и исклучоци. Брегалница, на пример, како и Елешка Река, имаат зголемено 8

8

ПОРТА

29 август 2014

присуство на манган, а Црна Река на железо, манган и на кадмиум. Што е, пак, со Вардар, реката каде што сите тие се слеваат? Мерењата покажале дека тој се искачува до трета класа за кислородните показатели, а до четврта за неорганските параметри (нитратите и нитритите) и за тешките метали. Од другите сливови, и реката Струмица има проблем со манганот и со кадмиумот. Црн Дрим и особено Радика се двете реки што успеваат да се задржат во прва и во втора класа според сите параметри. Тоа е карактеристика и на изминативе пет години. Водите биле од трета до четврта класа според загадувањето со материи кои се испуштаат од фекалните канализации, од прва до трета според кислородот, а варирале само тешките метали. Така, низ Црна Река пловеле бакар, цинк, кадмиум, манган, железо, бидејќи според присуството на сите овие метали таа во одредени периоди била од трета и од четврта класа. Но реките не се само отворени текови со различен вид отпадни води. Тие се и

отворени депонии. Кој е одговорен за тоа? Несовесните граѓани, е вообичаениот одговор. Кој, пак, треба да ги спречи нив? Локалната самоуправа. Чистотата на реките зависи од волјата на сите општини низ кои тие поминуваат. Но реката Вардар, на пример, поминува низ дваесетина општини, а нејзиниот слив зафаќа седумдесетина. Ѓубрето фрлено во Желино, ако не се заглави меѓу арките на стариот Камен мост, за кратко време ќе пристигне во Скопје, а потоа ќе оди сè до Гевгелија и ќе излезе во Грција. Многу ретко се слуша за меѓуопштински иницијативи за одржување на хигиената во реките, а според тоа што може да се види на теренот, ништо не е спроведено. Од министерството, сепак, објаснуваат дека немаат надлежности. „Обврска на локалната самоуправа преку јавните комунални претпријатија е да го собира комуналниот отпад. Несоодветното отстранување, вклучувајќи го и исфрлањето во речните корита, треба да го казнуваат комуналните инспектори


инфо Вардар кај Желино

Лепенец

и овластените инспектори за животна средина. Министерството нема надлежности овде, освен ако утврди дека комуналните претпријатија не се придржуваат кон прописите“, објаснуваат оттаму. Во светот, локалните заедници обично градат посебен однос кон реките, покрај кои живееле стотици, па и илјадници години.

Познати се многу примери во кои токму тие се првите противници да се користат водите за индустријата, да се градат брани и слично. Случајот е сосема спротивен во Македонија, каде што токму локалните жители се меѓу најголемите загадувачи, со тоните отпад што ги исфрлаат во реките, претворајќи ги во депонии. Како може

да се подигне јавната свест за реката и да се создаде соодветен однос кон неа? Од Министерството најавуваат дека ќе работат и на овој аспект, односно дека во изработката на плановите за секој речен слив се вклучуваат и граѓански здруженија кои ја имаат токму таа цел, да влијаат за совесно однесување на жителите. 

29 август 2014

ПОРТА

9

9


рубрика

10

10

ПОРТА

29 август 2014


САНАЦИЈА НА МОСТОТ „ГЕМИЏИИ“ ВО ВЕЛЕС

градежништво

Велешани со обновена главна сообраќајна артерија

Mостот е граден во периодот 1958-1960 година, но нема никаква техничка документација, ниту податок за тоа дали, кога и какви евентуални интервенции се вршени на мостот Евгенија ХРИСТОВА,

В

о буџетот на Владата на РМ за 2014 година беше предвидена реконструкција и санација на мостот „Гемиџии“ на Вардар во центарот на Велес. Според изработената проектна задача од страна на инвеститорот, Јавното претпријатие за државни патишта, Основниот проект и техничката документација ја изработи Градежниот институт „Македонија“ АД - Скопје. Ревизија на проектот и консултанти за време на санацијата врши Градежниот факултет - катедра за бетонски конструкции при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Надзорен орган е фирмата ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешенел и др. ДОО, а изведувач на работите е СИНТЕК ДОО - Скопје.

дипл.инж.арх. (СИНТЕК ДОО - Скопје)

Mостот претставува главна артерија во централното градско подрачје на градот Велес. Тој е граден во периодот 1958-1960 година од страна на ГП „Бетон“. Бидејќи немаше никаква техничка документација, не постои ниту податок за тоа дали, кога и какви евентуални интервенции се вршени на мостот, направен е увид на самото место од страна на стручна екипа од ГИМ, и согледана е фактичката состојба на мостот со сите деформации и оштетувања, по што е изготвена техничката документација. Според архитектурата на мостот, првобитно тој е изграден преку реката Вардар заедно со пешачкиот премин под него, а подоцна е продолжен и преку Автобуската станица - Велес. Мостот во надолжен пресек има девет полиња со вкупна должина од 171,25 метри, и тоа

пет распони преку автобуската станица, а три централни се преку реката Вардар. Приодната конструкција, деветтиот распон од мостовската конструкција комплетно е затворен со паралелни бетонски крилни ѕидови од десната страна на реката Вардар во должина од 40 метри, и се протега од крајниот крајбрежен столб до спојот на мостовската сообраќајница со железничката пруга (простории кои сега ги користи кајакарскиот клуб од Велес), а во продолжение на овие простории е и пешачкиот премин под мостовската конструкција. Широчината на попречниот пресек изнесува 11,30 метри, во кои се влезени коловозот, пешачките патеки и парапетните греди. Конструктивниот систем на мостот во горниот строј се состои од главни  29 август 2014

ПОРТА

11

11


градежништво

подолжни носачи, систем континуирана греда, меѓусебно поврзани со попречни носачи над кои е поставена армиранобетонска коловозна плоча. Статичкиот систем на централниот дел (трите распони преку Вардар) е Герберов носач, кој е составен од две греди со пропусти и една проста греда. Местата каде што се наоѓаат зглобовите од Герберот се заштитени со челични плочи. Статичкиот систем над автобуската станица претставува континуирана греда со главните носачи со лачна променлива висина (H=40-140 см), додека главните носачи над реката Вардар се со константна висина по целиот распон од H=140, поставени на растојание од 6,40 метри. Тротоарите се бетонски и симетрично поставени од двете страни на коловозот. Карактеристично е тоа што тротоарот не завршува со класични рабни греди, туку на работ има челичен аголен профил. Пешачката ограда е челична, составена од кутиести столпчиња и гелендер, а исполнета е со челични флахови. Дополнително се поставени челични канделабри, анкерисани на парапетните греди. Покрај левиот главен носач по целата должина на мостот се наоѓа главната водоводна цевка, како и главните електрични инсталации. Долниот строј на мостовската конструкција, над автобуската станица, го сочинуваат двата крајни столбови, и трите средни столбови со архитектонски изглед во вид на полукружни лакови. На делот од мостовската конструкција над реката Вардар, долниот строј го сочинуваат два масивни крајбрежни столбови со променлив попречен пресек и висина помеѓу 440-480 см, односно два средни столбови во вид на 12

12

ПОРТА

29 август 2014


градежништво армирано-бетонски платна со д=40 см, темелени на бетонски бунари поставени во речното корито. Налегнувањето на конструкцијата од горниот строј врз средните и крајни столбови е преку оловни ленти, а се гледа само на крајните столбови. Од извршеното снимање на самото место, констатирани се следните поголеми видливи оштетувања: Асфалтот на коловозот е со видливи деформации (колотраси), челичната пешачка ограда е кородирана, парапетните греди со тротоарите се доста оштетени од механички удари и атмосферски влијанија, дилатационите фуги се пополнети со дополнително поставени слоеви асфалт, така што воопшто не ја вршат својата функција. Посебно дилатацијата над крајниот столб С-9 е со изразени длабоки пукнатини низ кои се слева водата во долниот строј. Сливниците не се во доволен број, немаат заштитна решетка и прифатен одвод. Состојбата од долната страна на мостот само во трите распони преку реката се во релативно добра состојба, без некои позначајни оштетувања и нарушувања на конструктивниот систем. Крајните распони од страната на автобуската станица, и уште повеќе спрема центарот на Велес, е во навистина лоша состојба со видливи оштетувања во вид на ерозија на заштитниот слој на бетонот и кородирана арматура. Најсимптоматични оштетувања на мостот се оштетувањата над крајниот крајбрежен столб С-9 и оштетувањата и деформациите на главните носачи во продолжение на крилните ѕидови од деветтиот распон, непосредно над пешачкиот премин на мостот. Горните пукнатини (дупки) на коловозот над дилатацијата, укажуваат на тоа дека самата дилатација и просторот помеѓу главниот носач и крајниот крајбрежен столб е исполнет со ѓубре, шут и сл., и условува дилатацијата

да не е во функција, така што при температурно дилатирање на конструкцијата од горниот строј, главните носачи преку овој насобран материјал вршат дополнителен притисок врз надѕидокот од масивниот столб, и затоа тој е комплетно искршен со видливи вертикални пукнатини на главните носачи, како и хоризонтална пукнатина во ниво на долниот раб на главните носачи. Овој неармиран бетонски надзидок уште во фаза на изведба на мостот е дополнително бетониран, најверојатно од изведувачки аспект или пак грешка при изведбата. Дополнително, и со агресивното влијание на водата што тече од пукнатините на коловозот и го мокри столбот, имаме комплетно испукана, искршена бетонска конструкција, која е 5-10 см изместена од својата првобитна геометрија и заедно со тежината од коловозната плоча дополнително предизвикала голема пукнатина на телото на крајниот столб. Оштетувањата на главниот армирано-бетонски носач, кој служи за премостување на пешачкиот премин, е во многу лоша состојба и потребна е комплетна санација, односно враќање во првобитната состојба. И за ова оштетување најголем причинител е водата, која е неадекватно одводнувана. Поради овие деформации левиот главен носач пред четири години е делумно потпрен со помош на тешка цевна скела. Главните причини кои довеле до сите овие оштетувања на мостот се настанати како резултат на повеќе фактори и тоа: • недостатоци во проектот (недефинирани детали); • недостатоци при изведбата - недоволен заштитен слој на бетонот; • ненавремено и неадекватно одржување; • нарушена носивост (главните носачи над пешачкиот премин) поради ненавремено изведена санација.  29 август 2014

ПОРТА

13

13


градежништво

Како најголем фактор за состојбата во која се наоѓаше мостот е атмосферската вода и нејзиното ерозивно влијание, како на бетонскиот пресек така и на вградената арматура, несоодветното одржување и работа на постојните дилатациони спојници, коловозот и тротоарите. Во согласност со доставената Проектна документација и пресметка, и според важечките позитивни технички прописи, започнавме со работа на 28 февруари годинава. Најпрво го организиравме градилиштето, монтиравме класично скеле, дел во суво а дел во речното корито на реката Вардар, а на средните распони поставивме висечко скеле со R носачи. Платформите целосно ги патосиравме, заради побезбедно работење. Почнавме со санација од долниот строј на мостот, сѐ до 28 април кога ја добивме согласноста за изменет времен режим на сообраќај со целосно затворање на мостот. Тогаш се створија услови за градежни активности и на горниот строј на мостот, и 14

14

ПОРТА

29 август 2014

паралелно продолживме со активностите на целиот мост. По отстранување на асфалтот и деградираните бетонски површини од коловозната плоча, се изврши геодетско снимање на подлогата и се констатира дека дебелината на асфалтот на некои локалитети е преку 15 см. Појавените нерамнини и сегрегации на плочата, покасно, во тек на експлоатација би довеле до деградација на асфалтот. Затоа направивме увид на самото место, и во консултација со сите инволвирани фактори на проектот донесовме решение, коловозната плоча да се надгради со една поравнителна армирано-бетонска плоча, која ќе биде спрегната за старата и да се направат падови спрема сливниците. Се отстрани асфалтот и бетонските капаци со рабестиот челичен профил од тротоарите, ги извадивме старите сливници и ги отворивме дилатационите фуги.

САНАЦИОНО РЕШЕНИЕ

Спрема техничкото решение, предвидени

и завршени се санационите работи, и тоа поделени на т.н. „конструктивна санација“, санација на главните носачи над пешачкиот премин под мостот, со оглед на тоа што нивната носивост и сигурност беше нарушена, и на „репаратурна санација“, односно санација за продолжување на употребниот век на трајноста на мостот, при која е третирана целокупната површина на сите конструкции и елементи, и антикорозивна заштита на целиот мост. - Санацијата на главните и попречни носачи во деветтото поле од конструкцијата над пешачкиот премин на мостот почна со штемање на шлицеви на главниот носач и со потпирање на конструкцијата во деветтото поле. Подготовката и санацијата е изведена во целост според техничкото решение како и за останатите бетонски површини. - Изведба на нов армирано-бетонски надѕидок над крајниот бетонски столб С9. - Се изврши рушење на бетонскиот надѕид, а потоа се армира и бетонира нов надѕид.


градежништво - Санација на пукнатините е изведена со инјектирање на материјал на епоксидна основа. - Санација на оштетувањата на бетонските површини (подоложни и попречни носачи, плоча, конзоли и парапетна греда, и крила) кои се со различна дебелина од 1-10 см. Методологијата за работа е дадена во техничкото решение, а се состои од подготовка на подлогата со отстранување на лабилни делови, пескарење со песок, заштита на арматурата и санација со репаратур малтер во еден или повеќе слоеви. Завршно нанесена е антикорозивна заштита на целата бетонска површина на мостот. - Поставивме бетонски рабници со димензии 18/24, и странични челични сливници, за четири повеќе од претходните, со прифатен одвод од ПВЦ цевки за брзо собирање и

одведување на водата надвор од мостот. - Во тротоарите поставивме ПВЦ цевки за додатни инсталации и избетониравме плоча. - Врз новата бетонска плоча над коловозот и тротоарите поставивме хидроизолација со битуменски траки, заварена за подлогата на која претходно е нанесен прајмер. - Асфалтирањето на коловозот го изведовме со асфалт АБ-11 со дебелина од 6,0 см, а на тротоарите со АБ-8 со дебелина од 3,0 см. - Изведовме монтажа на еластомерни дилатациони спојници над столбовите С6 и С9. - Интервенција на водоводната цевка се состоеше во отстранување на оштетениот лим, заедно со термоизолацијата и поставување нови. Остануваат да се завршат санационите работи во долниот строј на мостот под

автобуската станица во првите пет полиња и заштита на челичната ограда. Заради специфичноста на работата (пескарење, штемање) - создавање бука и прашина, санацијата на мостот од долна страна во делот на автобуската станица ќе ја работиме ноќно време заради несметано одвивање на работата на автобуската кога фреквенцијата е намалена. Засега останува несредената инсталација под мостот, посебно во пешачкиот премин каде поминува шума од инсталација (кабли од Телеком, ЕВН, Железници и кабловски оператори), која треба да се среди и заштити. На општо задоволство, и на граѓаните на Велес, на 5 август мостот го пуштивме во сообраќај, за месец дена порано од дозволениот термин во Одобрението. Целосното предавање на мостот планираме да биде до 30 септември, а тоа значи пет месеци порано од предвидениот рок. 

29 август 2014

ПОРТА

15

15


градежништво

Хидрогеолошки објекти - видови и намена

Сандо ДОНЕВ, дипл.инж.геолог, Игор МИТЕВ, дипл.инж.геолог,

ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Слика бр.1

Х

идрогеолошките истражувања и испитувања претставуваат комплексен и сложен научноистражувачки и апликативен работен процес кој се состои од проучување, изведување на низа активности и задачи, утврдување и анализа на факти, каде преку синтеза на резултати се врши одредување на хидрогеолошките услови и параметри на теренот како во фазите на проектирање и градење, така и при експлоатацијата на одреден градежен објект. Интензивниот развој на индустриското производство, пред сè во рамки на урбаните центри, сè повеќе ја наметнува потребата од хидрогеолошки истражувања и изведба на хидрогеолошки објекти - бунари, кои претставуваат 16

16

ПОРТА

29 август 2014

еден од најзначајните сегменти при одредувањето на хидрогеолошките карактеристики на одредена средина.

ХИДРОГЕОЛОШКИ ОБЈЕКТИ БУНАРИ/ДЕФИНИЦИЈА, ВИД, НАМЕНА, МЕТОДОЛОГИЈА НА ИЗВЕДБА

Бунарите претставуваат вертикални водозафатни градби, односно хидрогеолошки објекти, со основна цел зафаќање, искористување (експлоатација) или следење (колебање на ниво) на подземните води. Според начинот на изработка можат да бидат копани и дупчени. Според својата функционалност, видот и намената бунарите можат да бидат:  Експлоатациони бунари • Пробно-експлоатациони бунари;

• Истражно - експлоатациони бунари; - Водоснабдување на индивудуални објекти - Водоснабдување на помали и поголеми населени места - Водоснабдување на индустриски објекти - Водоснабдување на земјоделски површини - Наводнување на паркови и други јавни површини - За хидроенергетски потреби - Експлоатација на минерални води Лековити минерални води Термоминерални води Индустриски води - За други потреби • Собирни - Рени бунари  Реинекциони-попивателни бунари Реинектирање/враќање на


градежништво

Слика бр.3

подземните води во соодветен аквифер  Бунари за одводнување - Одводнување на површински руднички копови - Одводнување на градежни јами Изведбата на копаните бунари е со релативно едноставна методологија, се изработуваат рачно, потоа се подградуваат со крупни фрагменти (самци) од камен или со перфорирани бетонски прстени, најчесто со поголеми пречници (Ø 800 mm, Ø 1000 mm, Ø 1200 mm, Ø 2000 mm итн.) и мали длабочини до 20 m. Методологијата на изведување на дупчен бунар, било да се работи за пробно - експлоатационен, реинекционо - попивателен, бунар за одводнување, итн., е сложен и комплексен процес, кој опфаќа низа операции што бараат сериозен пристап од изведувачот, кој треба да располага со искусен опреративен и кадровски потенцијал со цел сите операции да ги изведе стручно и професионално. Се изведуваат машински (ударно, ротационо), имаат поголеми длабочини (најчесто од 50 до 200 m.) и пречници на дупчење од Ø 190 mm до Ø 800 mm. Дупчените бунари можат да бидат изведени со една од следниве методологии:  Изведба на дупчен бунар со ударна метода  Изведба на дупчен бунар со ротациона метода и употреба на флуид за дупчење (исплака) - класичен метод на дупчење  Изведба на дупчен бунар со реверсна метода (со користење на чиста вода) и  Комбинирани методи Изведба на дупчен бунар со ротациона метода и употреба на флуид за дупчење (исплака) – класичен метод на дупчење

Претставува ротациона метода на дупчење со користење на рол глета со различни пречници, изработени од различни материјали (челик, дијамант итн.). Тоа е еден од најчестите и најпрактични начини на изведување кој претставува збир на неколку активности со строго дефиниран распоред кој ги содржи следниве операции:  Одредување на микролокација за изведба на бунар/ и врз основа на проучена постоечка документација, проспекција и георекогносцирање на теренот;  Подготвителни работи (Слика бр.1);  Дупчење на бунарот со соодветен пречник на дупчење (Слика бр.2);  Вградување на бунарска конструкција (зацевување на бунарот); ПВЦ бунарска конструкција Метална галванизирана бунарска конструкција  Вградување на филтерски засип од гранулиран чакал со однапред дефинирана фракција и паралелно перење на бунарот со чиста вода;  Разработка на бунарот и чистење со метода на компримиран воздух „аерлифт“; Концентричен систем на аерлифт Ексентричен систем на аерлифт Централен систем со страничен довод на воздух  Пробно црпење на бунарот;  Тестирање на бунарот (Слика бр.2);  Кабинатески работи; Извештаи, Проекти, Елаборати, Студии Слика бр.2

29 август 2014

ПОРТА

17

17


градежништво

ЛЕТО ГОСПОДОВО, 2014 ГОДИНА

Москва Сити

Најновото градителско чудо

Тргнувам пешки од авенијата „Кутузовски“, една од главните сообраќајници на Москва, преку мало паркче со споменик на г. Багратион (од времето на битките со Наполеон), до „Кула 2000“ и мостот „Багратион“ на самиот брег на реката Москва. Тоа се првите објекти од проектот „Москва Сити“. Од високата платформа пред мостот го имам спектакуларниот поглед кон другиот брег и московското чудо „Мосва Сити“. Приказната почнува...

П

окрај големата и прекрасна историја што на посетителите им ја нуди Москва, сега е тука и оваа современа атракција која станува неизбежна алтернатива и контраст на старото централно јадро околу Црвениот плоштад и околината. Идејата за „Москва Сити“ е од 1992

18

18

ПОРТА

29 август 2014

година, на градските власти, архитектот Борис Иванович Тор и градоначалникот Лушков, веројатно како и многупати, да се копира Америка во многу „лудории“, па еве да се има московски Менхетен. Избран е просторот помеѓу Третиот транспортен круг, реката Москва и постојниот саемско хотелски комплекс „Международнаја“ во близина на Белиот дом. Футуристичката идеја

почнува да се реализира во 1996 година со комплексот „Кула 2000“ и пешачкиот мост „Багратион“ отворен во 2000 година, кој ги спојува новиот центар со еден од главните булевари „Кутузовски“. На површина од 60 хектари се проценува дека 250.000 - 300.000 луѓе ќе живеат и работат во овој комплекс. Проектираната цена од 12 милијарди долари по руските обичаи на „лесно


градежништво

Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

19 18

1

17

14

16 13 12

29 30

трошење“, секако ќе биде поприлично натфрлена. Москва го добива еден од најголемите бизнис-трговски центри во светот. Концентрацијата од преку 20 зданија со деловни содржини од сите видови, трговски и хотелско-ресторански брендови, со илјадници станбени апартмани од највисок ранг и големиот саемски простор го прават „Москва Сити“ еден од најмаркатните градежно-

10

6

7

8

11

1

15

9

4

2 0

3

Plot number

Name

Started

Completed

Max height

Floors

Total area, m²

0

Tower 2000 and Bagration Bridge

1996

2001

104

34

61 057

1

Expocentre

1977

2008

15

10

165 000

10

Naberezhnaya Tower

2003

2007

268

59

254 000

11

IQ-quarter

2011

2015

177

43

228 000

12

Eurasia Tower

2007

2014

309

70

207 542

13

Federation Tower

2004

2015

360

93

439 154

14

Mercury City Tower

2009

2013

339

75

158 528

15

Grand City Moscow

2013

2016

283

50

315 282

16

OKO

2011

2015

352

85

429 600

17-18

Multifunctional administrative-business complex

2013

2016

288

65

362 000

19

Northern Tower

2005

2007

132 (12)

27

135 000

2-3

Evolution Tower

2011

2014

255

54

169 000

4

Imperia Tower

2006

2011

239

59

287 723

6-8

Central core

2005

2014

50

6

450 000

9

City of Capitals

2005

2009

302

76

288 680

архитектонски дела на денешнината. Ќе ги набројам само најмаркантните објекти: - Кула Еволуција со височина од 255 метри - Кула Империја со височина од 239 метри - Кула Меркури Сити со височина од 339 метри, веројатно поради специфичната конструкција „најлудата“ во целиот комплекс - Кула Федерација со височина од

360 метри, идната највисока во Европа. Всушност, комплекс од две кули со заедничка основа од 97 и 65 ката, изведена со МБ 90 и одбрана од „удар на авиони“. Се разбира, сите поединечни објекти се дела на врвни светски архитекти со примена на најсовремени системи на градба и матерјали, инсталациони системи и врвни заштитни мерки во секој поглед.  29 август 2014

ПОРТА

19

19


градежништво

ЦЕТРАЛЕН ТРГОВСКОУГОСТИТЕЛСКИ ЗАБАВЕН ПРОСТОР „АФИМОЛ СИТИ“

За сите посетители, овој е секако најинетерсниот простор. Вкупната површина е 450.000 м2, изнајмена површина на трговски брендови (вкупно 400) приближно 74.000 м2 , околу 50 ресторани

20

20

ПОРТА

29 август 2014

со сите можни светски кујни, супермаркет од 2.400 м2 , концертна сала за 6.000 луѓе, киносала со MAX формат, забавни површини и детски простори. Сето тоа на шест етажи со два импресивни централни холови со фонтани и скулптури. Пиењето кафе во кафулињата под огромна светла стаклена купола, отворена кон небото и околните импресивни зданија, е посебно

доживување, се резбира за не баш мали пари. Посебна атракција е изложбената површина „Титаник“, на шестиот етаж, со сè што е врзано за таа епопеја. Не треба ни особено да се нагласува квалитетот на употребените матерјали и изведбата. Тоа е просто кажано во правата смисла на зборот и значењето - Светски бизнис забавен центар.


градежништво

ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ:

Обработка на најексклузивниот објект во Москва Сити, Кула Еволуција од архитект Љупка ДУКОВСКА

ТРАНСПОРТНО РЕШЕНИЕ

Најголемиот проблем, околу кој и сега се водат големи дебати, е проблемот на сообраќајно решение, не само во обезбедување на доволно паркинг места, туку многу повеќе каков е пристапот кон и од тој централен простор, кон и така оптоварениот трет транспортен круг и улицата Набережнаја. Се чини ќе биде казна за тие што ќе мора да доаѓаат со автомобили, особено во сообраќајните шпицеви. - Планирани се три метро станици, од кои две се веќе во функција и се чини за пешаците ќе нема проблем за вклучување во московскиот метро систем; - Планираните брзи транспортни системи до главните аеродроми Шереметјево и Внуково ќе бидат особено интересна градежносообраќајна атракција, која можеби значително ќе го реши сегашниот јазол. Но тоа е сè уште добра желба и недовршен проект.  29 август 2014

ПОРТА

21

21


градежништво

Нејзиното височество Плутата како материјал и производите од плута се релативно малку познати во стручната јавност кај нас. Во наредните неколку броја на „Порта 3“ ќе се обидеме да направиме преглед на најновите сознанија за овој благороден материјал, со особен акцент на производите и системите од плута наменети за топлински и звучни изолации во градежништвото. д-р Петар НИКОЛОВСКИ, дипл.инж.арх.

ШТО Е ПЛУТА? Плута е производ којшто се добива од дрвото плута даб (Quercus Suber L) со лупење на неговата кора. Ова шумско дрво има специфично својство да може да опстојува без надворешната обвивка - кората (Слика 1). Значи, плутата е 100% природно растително ткиво. Како резултат на долгорочно анализирање, научната литература за плута е богата. Пред сè, фокусот е ставен на хемискиот состав, физичките и механичките својства на плутата и на производите од неа, почнувајќи од хистологијата и морфологијата на макро и микро ниво. Кората на дрвото плута даб има 22

22

ПОРТА

29 август 2014

Слика 1

клеточна структура којашто се состои од огромен број мали, претежно шестоаголни клетки, секоја со заробен воздух со микроскопски волумен (Слика 2). Во едно парче природна плута, со големина од само еден cm3, има повеќе од 40 милиони вакви клетки. Тие меѓусебно се разделени со клеточни ѕидови од непропустлива и неверојатно силна, смолеста мембрана, обложена со биополимер (целулоза со суберин), лигнин (комплексен ароматски полимер), полифеноли и восок (Слика 3). Ѕидовите на клетките се петослојни: два надворешни слоја од природна целулоза коишто ја затвораат шуплината, два

внатрешни слоја од суберин и восок задолжени за непропустливост и затнување и среден тврд дрвенаст слој којшто ја обезбедува цврстината на структурата. Структурата на плутата е анизотропска. Трите главни правци се: радијален паралелен со зраците на дрвото, аксијален - вертикален на дрвото и тангенцијален - нормален на другите два правца, односно тангента на обемот на дрвото. Нормалните пресеци на овие три правци се дефинирани соодветно, како радијални, аксијални и тангенцијални (Слика 4). Но, анизотропијата го губи своето значење кај агломерирана плута, поради случајна


градежништво

- плута (1) насока на гранулите, како што е случај кај плутата во градежните производи. Волуменот на клеточните ѕидови е околу 10-15% од вкупниот волумен, или поточно кажано, постои празен простор од околу 85-90% исполнет со воздух, што на овој материјал му обезбедува изолациски и еластични својства. Ваквата клеточна структура ја прави плутата лесна, да плива во вода но истовремено да биде отпорна на впивање вода, еластична, отпорна на последици од триење и идеална како Слика 2

Слика 3

топлинските и слабите горивни својства на плутата, дрвјата плута даб се повеќе огноотпорни од другите дрвја. Бавното согорување на плутата е причина што природниот пожар во шумите, дрвјата плута даб го забавуваат ширењето на пожарот, формирајќи противпожарна бариера.

„ЖЕТВА“ НА ПЛУТАТА

Соголување на кората на плута даб е антички процес. Оваа работа ја вршат специјализирани професионалци, со апсолутна прецизност, при што користат само една алатка: 

материјал за топлинска и звучна изолација. Покрај тоа, во хемиски поглед, плутата е многу поинертна од повеќето материјали, поради што е релативно имуна на стареење. Исто така, силно се спротивставува на последиците од температурни промени и различните нивоа на количество влага. Плутата не го поддржува горењето, но само полека јагленисува кога е изложена на пламен. За разлика од некои синтетички изолациски материјали, при горењето плутата не емитира хлориди, цијаниди или други токсични гасови. Благодарение на

Слика 4 29 август 2014

ПОРТА

23

23


градежништво Слика 5

секира (Слика 5). Лупењето на плутата се одвива меѓу мај и август, кога дрвото е во најактивна фаза на раст и најлесно се отстранува кората, без оштетување на стеблото. Оваа работа воедно е и најдобро платена сезонска земјоделска работа во светот. Првото лупење на кората е кога дрвото е старо 20-30 години, така што по регенерација, лупењето е можно сукцесивно секои наредни 9-10 години. Лупена на секои девет години, без какви било сечења во меѓувреме, плутата дава еден голем спектар на производи, од традиционалните до најиновативните. Излупената кора се реди на купови и останува на отворено најмалку шест месеци за плутата да се стабилизира (Слика 6). Се смета дека староста на секое дрво плута даб треба да Слика 6

24

24

ПОРТА

29 август 2014

биде 25 години, пред да се лупи за првпат и дури по третото лупење (на возраст на дрвото од 43 години), се добива плута позната како „amadia“, којашто има висок стандард на квалитет потребен за производство на тапи од плута. Првите две лупења, плута „девица“ и плута „secundeira“, се употребуваат како суровина при производство на материјали за звучна и топлинска изолација во згради, за подни облоги и производи за различни области на употреба, како што се модата, дизајнот, здравјето, производството на енергија но и во авионската индустрија. Плута даб е дрво чијашто кора се регенерира, добивајќи мазна текстура по секое лупење. Во текот на животниот век, кој во просек трае 200 години, дрвото може да се лупи околу 17 пати. Плутата е природна, обновлива, одржлива суровина што се користи многу векови. Најстарото и најпродуктивното дрво плута даб во светот се наоѓа во Águas de Moura (Alentejo) во Португалија. Ова дрво било засадено во 1783 година, денес има височина над 14 m, со обем на стеблото 4,15 m. Од 1820 година, плутата е лупена повеќе од дваесет пати. Во 1991 година произведени се 1.200 kg плута, повеќе отколку што изнесува приносот на просечно дрво во текот на наговиот животен век. Во светот има околу 2.000.000 хектари шуми со плута даб, од кои 32,4% се наоѓаат во Португалија и 22,2% во Шпанија. Годишното производство изнесува околу 300.000 тони: 52,5% од Португалија, 29,5% од Шпанија и 5,5% од Италија. Природната распространетост на дрвото плута даб во Средоземјето ги опфаќа земјите Португалија, Шпанија, Италија, Франција, Мароко, Тунис и Алжир (Слика 7). Една неодамнешна проценка предвидува дека само во Португалија, којашто е најголем светски производител на плута, површината под шума со плута даб е доволно голема за да ја задоволи побарувачката на пазарот во следните 100 години.


градежништво ДОЛГ И ОДРЖЛИВ ЖИВОТ

ПОВТОРНО КОРИСТЕЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ

По уривање на зграда од разни причини (дотраен животен век, земјотрес), може да биде исплатливо целото количество вградени производи од експандирана плута и да бидат искористени за идентична употреба во друг објект. Вакви плочи, добиени од згради градени пред 50 години, не покажуваат никакви промени од визуелен и функционален аспект. И кога не постои можност да се извади цела плоча (искршена, контаминирана со други производи), се препорачува плутата да се искористи за производство на гранулат, наменет за нови апликации како топлинска изолација или како

Слика 7

додаток при производство на лесен бетон или термички малтер.

ЕКОЛОШКИ АСПЕКТИ

При процесот на производство на агломерат - експандирана плута, се користи само прегреана пареа, добиена од котли со гориво од нуспроизводи од плута, без користење на кој било друг енергент. Агломерацијата се одвива по пат на сопствена смола од плута, што резултира со еден производ кој е 100% еколошки и природен, предност која многу тешко се споредува со некој друг конкурентски материјал. Многу важен факт е дека плутата е производ од обновлив извор со долг век на траење, при што е овозможена апсорпција на СО2 од атмосферата. Освен тоа, кога дрвото плута даб се лупи периодично, тоа произведува повеќе плута за околу 250% до 400%, отколку што би ја произвело да не се лупи, што во крајна линија води до уште поголема апсорпција на СО2. Соодветно на

тоа, зголемената потрошувачка на производи од плута резултира со дополнително зголемување на површини со шуми од дрвото плута даб и до апсорпција на уште поголеми количини на CO2 од атмосферата. Со употреба на производи од плута за внатрешни облоги на подови, ѕидови и плафони (10 милиони m2/годишно) со просечна дебелина 4 mm и просечна густина 450 kg/m3, приближна пресметка дава апсорпција на CO2 од 18.000 тони/годишно. Ако на оваа бројка се додадат и ефектите од материјали за топлинска изолација (на база на плута) од 150.000m3/годишно со просечна густина од 120 kg/m3, апсорпцијата на CO2 е 18.000 тони/годишно, или глобално се добива импозантна бројка од 36.000 тони/годишно. Треба да се има предвид дека горните приближни вредности се однесуваат само на португалските производи. Постојат само неколку производи кои можат да се натпреваруваат со еколошката компонента на плутата. 

Сп тем раву в -18 пер ање 0°C ату со до ри о +1 д 20 °C

а. Ог не ноот пр пор оп уш на и та во д

Ид зв еалн уч на а тер из ол мичк ац ија а и .

Експандирана плута за изолација која наоѓа примена кај ѕидови, подови, облоги, спојки, блокови, покриви, плафони, прозорци, врати, цевки и друго. Во форма на табли и гранули. 100% природно решение. Енергетски ефикасен материјал.

ТИШИНА • ТР АЈН НА • ЛИ

Т ОС

РЕВОЛУЦИОНЕРНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА

ТО П

Компаративната анализа на животниот циклус на производите од плута, во споредба со конвенционалните производи, јасно ја покажува супериорноста на плутата од аспект на животната средина: со практично неограничена трајност на плутата, одржливи се сите нејзини карактеристики во текот на векот на траење на производите, бидејќи тие се 100% природни и целосно рециклирачки. Плутата се произведува индустриски, без употреба на адитиви и бара мала потрошувачка на енергија, што претставува уникатна предност која го максимизира позитивното влијание врз животната средина. Во текот на процесот на производството, приоритет е оптимална употреба на природните ресурси, односно 93% од енергетските потреби се задоволуваат со употреба на биомаса добиена од самата плута - прав од плута.

РАЗМИСЛУВАЈТЕ ДОЛГОРОЧНО, ИЗБЕРЕТЕ ПОДАРОК ОД ПРИРОДАТА! ДИВАЈН oфицијален застапник и дистрибутер Ул. Борис Трајковски 316, 1000 Скопје, Македонија T: + 389 2 2785 905 | 3214 612 | F: 2785 930 E: divajn@divajn.com | www.divajn.com ISO 9001:2008 | ISO 14001:2004 | OHSAS 18001:2007 СЕРТИФИЦИРАНА КОМПАНИЈА

29 август 2014

ПОРТА

25

25


современи македонски градители

ПЕТАР КАРАЃОРЃЕВ, ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

Секој инженер мечтае Мостот преку акумулационото езеро Козјак кај село Здуње, е уникатно дело во нашата држава, како по технологија на градбата, така и по најголемиот распон меѓу столбовите од 86 метри, должината меѓу дилатационите фуги од 358 метри и најголемата висина на столб од 64 метри

Г

радежниот инженер Петар Караѓорѓев дипломирал на Архитектонско-градежен факултет во Скопје во1968 година. Првото вработување му е во Заводот за студии и проектирање на Градежниот факултет, кога ги посетува и предавањата на постдипломските студии за

26

26

ПОРТА

29 август 2014

асеизмичка градба на објектите, од страна на експерти на УНЕСКО, како помош за земјотресот во Скопје. Од 1970 година до 1979 работи во Проектантското биро ИСП на ГП Бетон, Скопје, во конструктивна група. Во тој период учествувал во изработка на проектна документација за Културен центар Скопје, Радио Телевизија Скопје,

комплексот Центротекстил во Прага, Р. Чешка и др. Од 1979 до 1987 година работи во ХГИРО „Биначка Морава“, Гњилане, Косово, како раководител на конструктивна група и главен проектант на објекти од високоградба. Во тој период учествува во проетирањето и изградбата на многу индустриски и станбени објекти ширум Косово.


современи македонски градители

за уникатна творба

Дејан БУЃЕВАЦ

Фазно бетонирање на мостот со приказ на карлетки, с. Здуње

Од 1987 година, продолжува со работни задачи повторно во ГП Бетон, па заминува во Багдад, Ирак, на изработка на проекти за воен комплекс, а од 1992 година се занимава со работни активности во оператива. Раководител е на мостот преку акумулационото езеро Козјак кај село Здуње. Мостот кај село Здуње е прв во земјата по технологија на изведување на

главниот носач по методата на конзолна постапка, со лизгачко скеле „Крлетка“ во ламели со должина од 4,65 метри. Караѓорѓев вели: „Секој инженер, било да е проектант или изведувач на работите, во својата професионална кариера мечтае да предвиди и оствари нешто што би било еден вид уникатна творба“. Таа творба за инженерот

Петар Караѓорѓев е мостот преку акумулационото езеро Козјак кај село Здуње, бидејќи овој проект е уникатно дело во нашата држава, како по технологија на градбата, така и по најголемиот распон меѓу столбовите од 86 метри, должината меѓу дилатационите фуги од 358 метри и најголемата висина на столб од 64 метри. 

Поглед на мостот на река Вардар, транспортен центар Скопје 29 август 2014

ПОРТА

27

27


современи македонски градители Кој е Вашиот херој?

 Светислав Прокопиев, кој беше исклучително талентиран и искусен инженер. Како директор на Проектно биро во ГП Бетон, беше човек кој се истакнуваше во решавање на сложени стручни задачи, но беше и многу посветен на вработените со кои раководеше во компанијата.

Ваше мислење за македонското градежништво денес?

 Објектите што се градат денес се разликуваат од објектите изградени во минатото, и по својата големина и функција. Преку реализирање на индустриски, хидротехнички објекти и сообраќајна мрежа, сè повеќе се зголемува квалитетот на македонското градежништво.

Набројте три објекти, според Вас, кои се најзначајни во македонското градежништво.

 Автопатот Табановце - Гевгелија, Брана Козјак, Брана Св. Петка и Хидросистемот Злетовица, од која се снабдуваат со вода жителите во Источна Македонија.

Што претставува градежништвото во светот?  Спој на цивилизации и култури без кој е невозможен напредокот на човештвото. Безбројни се градбите во светот, како надземни така и подземни, кои воодушевуваат со својата грандиозност, функционалност, технологија и убавина.

Каков е односот на младите кон градежништвото? Лизгачко скеле карлетка, с. Здуње

Проширување на железнички мост на река Вардар, населба Хром, Скопје

Фудбалски стадион Филип Втори, Скопје, во фаза на изведба на северна, источна и западна трибина Преливна шахта, брана Козјак

28

28

ПОРТА

29 август 2014


современи македонски градители Тутунски комбинат во изградба, Гњилане

Мост на река Вардар, транспортен центар Скопје

Изведба на мостот на реката Вардар кај Гевгелија

Поглед на преливна шахта, брана Козјак

 Градежништвото е двигател на стопанството и воопшто на економијата. Во последно време повторно се зголемува потребата од млади кадри, што ќе придонесе за поголем развој како на градежништвото така и на останатите индустриски гранки.

според замислата на инвеститорот и проектантот. Целиот процес на градење од самиот почеток, со сите предизвици и потешкотии со кои се соочува тимот, како и временските прилики и неприлики се само дел од креативниот процес на создавање на еден објект.

Што е интересно за Вашите објекти, а човек надвор од струката не може да го види?

Ваши идни планови во градежништвото?

 Можеби навидум градежните објекти изгледаат вообичаено, но за да се реализираат потребно е искуство и широк спектар на знаење, како во изведбата така и во нивното одржување за да може да функционираат

 Бидејќи не сум повеќе активен во професијата, посакувам да се реализираат планираните објекти како автопатот Демир Капија - Смоквица, Миладиновци - Штип, Кичево - Охрид како и железничката пруга Бељаковце - Крива Паланка - Деве Баир.  29 август 2014

ПОРТА

29

29


архитектура Connecting Global Competence

The future of building

MK 30

30

DEinternational DOOEL Skopje · tomova@ahk.mk Tel. +389 2 3228 824 · Fax +389 2 3296 790

ПОРТА

29 август 2014


НАОХИКО ХИНО, ЈАПОНСКИ АРХИТЕКТ

урбанизам

Совршените градови се сон, градовите што Архитектот се борат се реалност Наохико Хино беше автор на изложбата „Градови кои се борат“, што можеше да се види и во Скопје. Приказната што ја следи е потрагата по совршено испланиран град и одговорот на урбанистичките предизвици на модерното време, нагласувајќи дека борбата никогаш не завршува. Целта на планирањето е борбата, а не наоѓањето конечно решение.

Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА

Г

радот е дом, па урбаното планирање често се споредува со распоредот во една станбена единица: каде да биде спалната соба, работниот простор, просторот за одмор, за задоволување на основните потреби, како сето тоа да биде најдобро поврзано со ходниците итн. Пет илјади години човештвото е во потрага по совршениот распоред, по совршено испланираниот град. Предизвиците не биле секогаш исти. Некаде теренот и географијата ги одговарале сите прашања, на пример кај пристанишните градови, оние покрај реки, на природни патни премини (меѓу две планини) итн. Но имало и обиди да се постигне совршенството, како квартот Даду во Пекинг од 13 век или ренесансниот град-ѕвезда Палманова во Италија од 16 век. Но предизвиците се менувале, а најголемиот дојде неодамна. До 50-тите години на минатиот век, само 25 отсто од светското население живеело во градови. Денес тоа е над 50 отсто. Процентот што бил постигнат за 5.000 години, бил удвоен за половина век. Во многу места, како на пример во Токио, борбата за совршенство се претворила во борба за спас. Индустријализацијата и модернизацијата донесоа сообраќаен хаос, недостиг од простор за домување, недостиг од ресурси, огромна загаденост, дури и тонење, насекаде во светот. Светот тргнал во голема потрага по универзални

решенија за модерните проблеми, по совршениот модерен град. Таа го зафатила и Скопје, како еден од најкарактеристичните примери, со планот на Кензо Танге по земјотресот од 1963 година. Тие планови најчесто завршуваа со огромна разлика меѓу теоријата и реалноста, со добро испланирани центри опколени со огромни хаотични и најчесто дивоизградени предградија. Потрагата по совршена слика создавала места кои никој не ги сака. Скопје дури поминало многу подобро од некои други примери, градот е испланиран за 350.000 луѓе, а живеат 500.000. Бразилија, на пример, креирана од Лушио Кошта во 1950 год., требало да биде дом на 500.000 жители, а денес има 3,8 милиони. Нигерискиот град Абуџа на Танге бил граден за 405.000, а има 1,9 милиони. И Чандигар во Индија на Ле Корбизје се удвоил од планираните половина милион на реалните еден милион жители. Но потрагата по совршенство привршува. Не затоа што е најден рецептот, туку затоа што е сè поприсутен ставот дека тој е невозможно да се најде и затоа не треба ни да се бара. Целата оваа приказна е содржана во изложбата наречена „Градови кои се борат: од јапонските урбанистички проекти во 60-тите“, која патува низ светот четири години, а во Скопје ја видовме во април годинава. Со нејзиниот автор, јапонскиот архитект Наохико Хино, разговаравме за предизвиците на современиот град.  29 август 2014

ПОРТА

31

31


урбанизам

Се споменува дека отсекогаш се трага по совршениот град. Иако 60-тите биле една златна доба за оваа потрага, дали таа сè уште трае или градовите веќе не бараат големи решенија и се обидуваат да решат конкретни проблеми?

 Градовите денес се борат со себе како и секогаш. Генерално тие секогаш им се спротивставувале на тековните проблеми, коишто биле рефлексија на општеството и на времето. Технологијата, општествената организација, климата, несреќите, војните итн. Сите тие се мошне специфични. Според тоа, модернизацијата е поинаков вид проблем. Побарувачката за автомобилски сообраќај, на пример, растела еднакво низ светот. Затоа модерното урбано планирање се проширило на глобален план. Инаку, 32

32

ПОРТА

29 август 2014

60-тите се годините кога ги видовме резултатите од униформните решенија. Утврдивме дека тие се несоодветни и дека треба да се бориме за да најдеме свои природни решенија. Проектите што ги презентираме се агресивни и радикални примери на таа борба.

Ќе се најде ли некогаш совршен град или тоа е неприродно и непотребно, како што сугерира изложбата?

 Сонуваме за совршен град. Но совршенството не е вечно. Обично сликата за идеалниот град не е ништо друго освен рефлексија на тековните проблеми. Таа е спротивност на самиот проблем, кој, пак, се менува секојдневно. Значи сонуваме, тоа е неизбежно, но сликата ќе избледи

порано или подоцна. Настанува проблем кога нашата опсесија да најдеме идеален град ја гуши нашата флексибилност. Совршеноста и флексибилноста не се во конфликт, можеме да ги постигнеме двете одеднаш. Но треба да најдеме начин.

Од јапонското искуство можеме да видиме дека иако некои урбани подрачја биле изградени идентично, со текот на времето посебните делови си развивале различен идентитет. Што ни кажува тоа?

 Поголемиот дел од она што денес го викаме Токио не беше урбанизирано сè до 20 век. Експанзијата на градот почна по големиот земјотрес во 1923 година и коинцидираше со модернизацијата на Јапонија. Индустријата била важен фактор


урбанизам во тоа време, но таа не била единствената новина, и фабричките работници биле нови, како и нивните потреби од живеалишта. Не требало само да се измисли типична куќа, туку и цела просторна организација на густо населени области. Преку обиди и грешки во иновирањето сè уште се дефинира регионалниот пејзаж, кој е како годовите на дрвјата. Како резултат од тоа ја имаме денешната разноликост на Токио.

Може да се заклучи и дека главната цел на секој мега град не може да биде да ги спроведе истите планови насекаде, туку да најде посебни решенија за различните делови да функционираат како едно. Дали според тоа, урбанистичкото планирање никогаш нема да заврши?  Да, борбата е целата поента, а не наоѓањето конечно решение. Секој град си има свои проблеми.

Во многу делови од развиениот свет, особено во САД, растот на урбаното население се амортизира со ширење на предградијата што се речиси идентично испланирани, а се протегаат стотици милји околу големиот центар. Што мислите за овој пристап?  Добар е, ако функционира. Но кога

немате разноликост, мала промена во ситуацијата може да се претвори во голем проблем. На пример, денес знаеме дека ширењето на населбите со ниска густина на изграденост создава потреба од подолги патувања до работата, продавниците и до училиштата. Лошо е и ако ја имаме предвид животната средина. Генерално, монокултурата значи нестабилност. Преголемата оптимизација ја задушува флексибилноста. Разноликоста ни го отвора патот.

Колку политички и колку демократски процес може да биде урбанистичкото планирање, знаејќи дека од една страна тоа бара голема стручност, но од друга страна, плановите, колку и да се добри, мора да се борат да бидат одобрени од политичарите и прифатени од јавноста, а и многу интереси се замешуваат?

 Треба да имаме предвид дека постои разлика меѓу макро и микро аспектот. Микро борбата е поле каде што секој го бара својот пат. Но таа може да предизвика неочекувани резултати во макро сферата. Тоа е грешка во композицијата. Една од улогите на експертите е да ја уредат макро ситуацијата. Без нив, следните

проблеми би се развивале во непознат правец. Важно е и тоа што тие знаат како се решавале проблемите во минатото.

Феноменот на глобален град подразбира дека разликите се развиваат во рамките на еден град, поради мултикултурализмот и брзите промени во околностите. Како може да се одговори на ова? Треба ли планирањето на глобалните градови да се гледа како посебна гранка во науката за урбанистичко планирање?

 Урбаното планирање е одлука на еден град како ќе живее во иднина, како одлука што ја носиме за нашите животи. Секој си одлучува за својата судбина секој ден и тоа не се прави врз научна основа. Секако, одлучувањето се основа на разбирањето на нештата. Но пресудувањето не може да се прави само според логиката. Одлуките на градовите влијаат врз нивната иднина интегрално, не само како збир на секоја идеја посебно. Една одлука ги менува околностите за другата итн. И секогаш одлучуваат различни луѓе и едни не знаат што другите сакаат. Процесот воопшто не е едноставен. Науката е важна за да се постават основите за одлучување, но не и за да се понудат готови решенија. 

29 август 2014

ПОРТА

33

33


архитектура

Социјален простор „Капела“

Име на проектот: Капела (The Chapel), Архитектонски тим: View frоm the Shard, Michel Denance, Материјали: Челични рамки, користен мебел, рециклирано дрво, завеси... , Завршено: Јуни 2014

Ј

авниот простор „Капела“ се наоѓа во новиот урбан дел на предградието во Хо Ши Мин, Виетнам. Идејата за отворен општествен центар доаѓа од кризата во јавниот живот на станбената зедница, преплавена со станбени објекти, но во недостаток 34

34

ПОРТА

29 август 2014

на места за дружење и социјализација. Следствено на овие социјални потреби, никнува овој скромен и инспиративен простор кој е наменет да им служи на граѓаните и нивната потреба од поврзување, посебно поттикнувајќи ја младината да живее креативно и да се вклучува во различни активности како натпревари,

изложби, конференции и на тој начин да го обликува јавниот живот на својата заедница. Социјалниот простор „Капела“ функционира отворено и неформално, но исто така може да се откупи за краток период и да функционира како просторија за венчавање или како мал кафе-бар. Овој објект зафаќа површина од 200 м² и е


архитектура

Драгица ФАРРЕН, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Јавниот простор „Капела“ е наменет да им служи на граѓаните, посебно поттикнувајќи ја младината да живее креативно и да се вклучува во различни активности како натпревари, изложби, конференции...

сместен на локација изнајмена под кирија за период од 10 години. Имајќи ја предвид ниската профитабилност на објектот и тешката економска ситуација во земјата, архитектите од студиото „а21“ се решаваат да употребат материјали кои претходно биле користени, како на пример, стари челични рамки, панели, рециклирано  29 август 2014

ПОРТА

35

35


архитектура

36

36

ПОРТА

29 август 2014


архитектура дрво и мебел. Употребата на лесни челични конструкции во објектот, не само што го олеснува фундирањето, туку заштедува од целокупниот трошок и го скратува времето на подигнување на конструкцијата. Порталната рамка е составена од двојни 40х80 челични столбови, поврзани со челични рамки за зацврстување. Сепак, бројот на рециклирани конструктивни материјали се покажале како недоволни да овозможат стабилна цврста конструкција, затоа во внатрешноста е дизајниран единствен внатрешен челичен столб во облик на дрво, кое се разгранува до кровот и овозможува стабилност, скулптуралност и отвореност на просторот. Фасадата се состои од челични панели обоени во снежно бела боја, а ако се набљудува од далечина, целиот објект наликува на бела капела со витражи, така и го добива своето име. Внатрешноста на просторот е во хармонија со надворешноста, исто така чисто бел, додека отворите се покриени со лесни, повеќебојни завеси кои му даваат струење, живост и разиграност на амбиентот, наспроти „ладните“ метални конструкции. Подот и мебелот се од дрво, придонесувајќи за една рустичност и мекост во ентериерот, кој е отворен и поврзан со природата наоколу. Таа не е исклучена од овој дружељубив простор, туку, исто како и луѓето, е поканета и добредојдена. 

Покрив на столетието ВАШИОТ TOХДАХ®-ПАРТНЕР ГО ИМА:

Секогаш НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ за Вашиот покрив!

ТОНДАХ Македонија АД | MK - 2310 Виница | Тел.:+389(0)33/361332 37 29 август 2014 ПОРТА Факс: +389(0)33/361780 | office@tondach.com.mk | www.tondach.com.mk 37


архитектура

38

38

ПОРТА

29 август 2014


архитектура

EASA 2014

Велико Трново вдоми 550 студенти по архитектура

EASA е пример како покрај практичното стекнување на различни знаења и вештини се соединуваат енергиите на стотици студенти по архитектура, сите предводени од стремеж за воспоставување на еден прочистен и слободен човечки однос Наталија ЗАФИРОСКА

Г

радот Велико Трново, познат како старата престолнина на Бугарија, беше домаќин на 34. по ред EASA (European Architecture Student Assembly, 2014 ) собир на студенти по архитектура од цела Европа. Во периодот од 19 jули до 3 aвгуст, овој град вдоми повеќе од 550 учесници (студенти, тутори, помошници и гости) сите обединети под овогодишната тема насловена „Симбиоза“. Настанот е организиран од страна на студенти на Универзитетот по архитектура, градежништво и геодезија во Софија,

и беше помогнат од општина Велико Трново заедно со градоначалникот на градот Даниел Панов, како и Комората на архитекти и Асоцијацијата на архитекти на Бугарија. „Денес сепак не е време за спомени. Денес е време за среќа, инспирација и благодарност. Среќа за фактот што 550 млади архитекти, кои ќе ја креираат физиономијата на Европа во следните 50 години, ќе просветлат со дела во Велико Трново“, изјави градоначалникот Панов на свечената вечера што се одржа во тврдината Царевец. Прашањето што всушност претставува

EASA е малку деликатно, бидејќи не се работи за платформа со постојано организациско тело или пак каква било хиерархија во нејзиното управување, туку секоја држава има по еден или двајца национални контакти, кои се одговорни за избирањето и пренесувањето на информации поврзани со овој годишен настан во нивната држава. Веќе 34 години оваа платформа функционира и се организира низ различни држави во Европа, почнувајќи од првата што се одржала во Ливерпул, Англија, во 1981 година. Оттогаш секое лето  29 август 2014

ПОРТА

39

39


архитектура студенти од различни држави ја носат одговорноста за престојот, храната, работилниците, предавањата и сè она што подразбира една добра организација, која воопшто не е наивна со оглед на бројноста на учесниците. Целта на овогодишната тема „Симбиоза“ беше да ја истражува архитектурата како дел од една комплексна мрежа, каде секој елемент е суштински условен од однесувањето на сите други. Посебно внимание се посвети на тоа како архитектурата треба да се вклопи во сликата на пејзажот, т.е. како морфолошки и материјално да комуницира со природното опкружување. Исто така беше ставен фокус и на историскиот слој на градот, односно како објектите и спомениците од различни историски периоди можат да коегзистираат, почитуваат и да се надополнуваат едни со други. Токму заради овие аспекти Велико Трново беше совршено поле за архитектонска игра на истражување и дејствување, бидејќи покрај специфичните топографски карактеристики кои го условуваат градското ткаење, во него е присутна архитектура која датира уште од 12 век пр.н.е. Овие историски слоеви се настанати симултано и со јасна читливост, така што се нуди можност за експериментирање во историска структура со целосна почит од страна на современата архитектонска тенденција. Отсекогаш различните видови на уметност влијаеле едни на други, па честопати ја слушаме фразата дека „архитектурата е замрзната музика“. Тргнувајќи од тука, работилниците на овогодишната EASA беа повеќе насочени на начинот на кој архитектурата може да соработува со останатите уметности (сликарство, фотографија, музика, скулптура итн.). На самиот почеток имаше избор од 42 работилници кои подоцна се групираа и преминуваа од една во друга. Може да се каже дека најголема заинтересираност имаше кај конструктивните работилници каде се експериментираше со нови современи материјали, но без да бидат исклучени и традиционалните и природни начини на градење. Во таа смисла, една од поатрактивните беше работилницата „Back to the roots“, спроведена од страна на Христо Димов и Николај Маринов (Бугарија), каде клучна цел беше, како, токму преку употребата на типични традиционални природни материјали, да се постигне современ дизајн. Друга не помалку интересна беше „Boathouse“ под туторство на Рори Ранкин и Колин Мек 40

40

ПОРТА

29 август 2014


архитектура Клеланд (Северна Ирска), чија цел беше да се изгради дрвена куќа покрај реката Јантра, која би служела за релаксација и складирање на опрема за водни спортови, со што би се вратила свесноста за убавината на реката меѓу жителите на градот. Меѓу другите работилници кои беа повеќе посветени на конструкција и детаљ, беа и Antiroom, EASA Park, Hard Fiber Fun, Geodesic Geometries и други. Без разлика каква тема се обработуваше, секоја група поединечно се стремеше да се инфилтрира во градот со цел да го олесни и разубави животот на тамошните жители. Во таа смисла се отворија неколку клучни прашања, односно како луѓето со различна етничка заднина да живеат хармонично за да можат слободно да ги изразат културните и религиските погледи, или пак како да се поврзат луѓето од различни генерации за да ја почувствуваат поврзаноста во одредено место. Покрај работилниците беа спроведени и предавања од страна на професори, архитекти и уметници. Првото предавање го одржа проф. Тодор Крстев, кој е претседател на ICOMOS во Бугарија, претседател на Асоцијацијата за културен туризам, експерт во UNESCO итн., каде зборуваше за тоа како луѓето денес се повеќе свесни за единството на човековите вредности сметајќи ги историските споменици како заедничко наследство, односно за заедничката одговорност да го пренесеме нивното значење на идните генерации. Едно од поинтересните, беше предавањето на скулпторот Јан Домс, кој зборуваше за динамичната интеракција помеѓу архитектурата и скулптурата, кои се карактеризираат со имагинација, занаетчиство, човечност и верба. Низ предавањето беа прикажани архитектонски дела и ентериери основани на интегритет и занаетчиство, а поврзани со секојдневниот живот и обичниот човек. ЕАSА е еден вид заедница во која сите што придонесуваат за нејзиното одвивање делат заеднички простор за спиење, работење и јадење, па дури има сопствена радио фреквенција и телевизија. Сето ова доведува до бришење на секакви културни и социјални разлики и интензивно зближување на различни националности и социјални слоеви, што е една од водечките цели на овој ансамбл. EASA е пример како покрај практичното стекнување на различни знаења и вештини се соединуваат енергиите на стотици студенти по архитектура, сите предводени од стремеж за воспоставување на еден прочистен и слободен човечки однос.  29 август 2014

ПОРТА

41

41


архитектура

МУЗЕЈОТ ВО ХАМАРЕЈ, НОРВЕШКА

Делата на Кнут Хамсун како инспирација

Музејот е првобитно нарачан уште во далечната 1994 година, но е отворен дури во август 2009 година, на одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Хамсун подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

К

ако и секој добар архитект, така и Стивен Хол пронаоѓа инспирација за своите дела на неочекувани места. Неговата наградена куќа во Швајцарија е инспирирана од црните камења и белите со снег швајцарски Алпи. И овој проект, музејот во Хамареј, Норвешка, е инспириран од делата на нобеловецот Кнут Хамсун, најинвентивниот норвешки писател на 20 век. Иако структурата на прв поглед изгледа помалку строга, нејзиниот концепт-дизајн, опишан како „зграда како тело“, е богат и поетичен, и служи како наратив кој „говори многу спротивставени нешта и константно го ревитализира Хамсуновото пишување“. Музејот се состои од изложбени простори, библиотека, кафулиња и аудиториум, украсен со зелен покрив чија долга трева ги одржува традиционалните норвешки зелени покриви.

42

42

ПОРТА

29 август 2014


архитектура Зградата се состои од црна дрвена фасада покриена со катран, која е карактеристична за нордиските цркви во регионот. Оваа темна кожа е издупчена со „скриени импулси“ кои обезбедуваат визуелен интерес во внатрешноста. Во силниот контраст, белите бетонски површини на ентериерот ги анимираат

посетителите, така што рефлектираат светлосни зраци чии интензитет се менува во текот на годината. „Овие чудни, изненадувачки и феноменални искуства во просторот, перспективата и светлината нудат инспиративна рамка за изложбата... Зградата е замислена како архетипска

и интензивирана компресија на духот во просторот и светлината, конкретизација на Хамсуновиот карактер во архитектонска смисла“, рекол архитектот Хол. Музејот е првобитно нарачан уште во далечната 1994 година, но е отворен дури во август 2009 година, на одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Хамсун.

29 август 2014

ПОРТА

43

43


експерт

СТЕРЛИНГОВА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА ЗА 2014 ГОДИНА (1)

Проекти значајни во еволуцијата на архитектурата и изградената средина Меѓу шесте реализирани објекти влезени во најтесниот избор за овогодишната Стерлингова награда на Кралскиот институт на британските архитекти, се наоѓаат и два објекти веќе претставени на читателите на „Порта 3“, и тоа лондонскиот центар „Акватикс“ и Библиотеката во Бирмингем, така што во ова и наредното издание ќе бидат претставени преостанатите четири објекти 44

44

ПОРТА

29 август 2014

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ,

дипл.инж.арх. (Велика Британија)

К

ралскиот институт на британските архитекти (RIBA) минатиот месец ја објави листата на реализирани објекти влезени во најтесниот избор за престижната Стерлингова награда (2014 RIBA Stirling Prize) за архитектура за 2014 година. Жирито под претседателство на Спенсер де Греј (Spencer de Grey, Foster and Partners), ќе треба да го изберат победникот на 16 октомври годинава, кога ќе се објават резултатите во Кралскиот институт на британските архитекти. Критериумите за избор на најдоброто архитектонско остварување се квалитетот

и значењето на проектот во еволуцијата на архитектурата и изградената средина. Меѓу шесте реализирани објекти влезени во најтесниот избор за овогодишната Стерлингова награда, се наоѓаат и два објекти веќе претставени на читателите на „Порта 3“, и тоа лондонскиот центар „Акватикс“ на светски познатата Заха Хадид и Библиотеката во Бирмингем на студиото „Мецано“, така што во ова и наредното издание ќе бидат претставени преостанатите четири објекти. Театарот „Евримен“ во Ливерпул (Everyman Theatre Liverpool) на Хауворт Томпкинс (Haworth Tompkins) е лоциран на престижна локација со


експерт богата историја во една од најважните улици на градот. На ова место се наоѓал и стариот театар, којшто бил изграден кога црквичката-капела изградена во XIX век била адаптирана во театар. Иако стариот театар претставувал еден од најсаканите културни објекти во градот, за жал, со текот на времето тој станал несоодветен за театарските продукции и публиката од XXI век. Како одговор на ова, по долго размислување инвеститорот донел храбра одлука да се изгради нов на местото на постојниот театар. Во период од девет

години, клиентот Ливерпул и Мерсисајд театар траст (Liverpool and Merseyside Theatre Trust) работеле заедно со избраниот архитект Хауворт Томпкинс, за во октомври 2013 година да реализираат театарски објект од исклучителен квалитет, кој истовремено успеал да ги задржи уникатните вредности на поранешниот објект. Новиот театар, со бруто површина од 4.300 квадратни метри и градежна вредност од 16 милиони евра, е развиен на полунивоа и вклучува технолошки напреден и високо адаптaбилен аудиториум со 400

е истакнато со оглед на тоа што не постои разлика во однос на применетите материјали и квалитетот на обработката помеѓу просторите достапни на публиката и оние што не се. Ваквиот исклучителен, но изедначен квалитет на избраните материјали и нивната обработка само го нагласува квалитетот на ова исклучително архитектонско остварување. Грандиозниот бар, кој се протега низ целата должина на главната фасада на првиот кат, е едновремено и централен простор и движечка сила на објектот. Од надворешната страна главната фасада

на објектот е заштитена од прекумерно осончување преку примена на метални брисолеи, во кои се изгравирани 105 фигури со идентична големина базирани на фотографии на Дан Кенјон (Dan Kenyon) од жителите на Ливерпул. Станува збор за многу дебатиран пристап и уметничка творба, која истовремено не само што го надградува квалитетот на објектот, туку и го потенцира името на театарот (театар за секого), а за која се смета дека е добро прифатена од локалното население. Жирито соопшти: „По деветгодишен процес, Ливерпул има нов театар

седишта, којшто доследно ја отсликува формата на својот претходник, помал простор за претстави, просторија за проби, зелена соба, фоаје, кафетерија и бар, канцеларија и придружни простори. Објектот има чувство на стар објект, иако станува збор за нов објект, што се должи, барем делумно, на примената на рециклирана фасадна тула во рамките на аудиториумот, барот и просторите за комуникација. Изборот на материјалите и осветлувањето го нагласува чувството на квалитет на објектот, а тоа дополнително

од исклучителен квалитет. Изборот и примената на материјалите имаат создадено исклучително тактилен објект. Тоа е објект кој достоинствено ќе старее и континуирано ќе биде збогатуван со патината на секојдневното користење. Тој истовремено ќе ги успокои и воодушеви своите верни посетители и оние што ќе го откријат овој благороден камен по прв пат“. Со овој реализиран објект, Хауворт Томпкинс влегува по вторпат во најтесниот избор за оваа награда по 2007 година, кога бил номиниран за театарот „Јанг Вик“ (Young Vic Theatre) во Лондон.  29 август 2014

ПОРТА

45

45


експерт

46

46

ПОРТА

29 август 2014


експерт За разлика од театарот „Евримен“, зградата на Училиштето за уметност во Манчестер (Manchester School of Art) на студиото „Филден Клег Брадли“ (Feilden Clegg Bradley Studios) е значително поголем објект со бруто површина од 17.320 квадратни метри и градежна вредност од 28 милиони евра. Станува збор за значителна адаптација на кула од 1960-тите години со доградба за потребите на факултетот за уметност при Универзитетот Манчестер метрополитан (Manchester Metropolitan University). Умешноста на архитектот и квалитетот на проектот биле надополнети со визионерска проектна програма на клиентот, во која се барало да се напуштат вообичаените поделби на традиционалните уметнички и дизајнерски дисциплини, а со цел да се поттикнат вработените и студентите, да работат заедно и да ги истражуваат заедничките теми помеѓу различните дисциплини, и да развиваат алтернативни начини на размислување. Ваквиот пристап е поддржан со нелинеарното вертикално развивање на функциите на објектот

преку вертикалната галерија, простор кој е пристапен за сите, и којшто им овозможува на вработените, студентите и посетителите да го истражуваат просторот во објектот преку скалите. Во заднината на вертикалната галерија е сместен креативниот просторот за проектирање, каде преку комбинација на отворени ателјеа, работилници и училници се сместени низа различни простори во кои се одвива наставата. Големи „хангарски“ врати овозможуваат креативниот простор да се отвори кон вертикалната галерија, создавајќи изложбени простори и простори за настапи, достапни на посетителите и публиката. Како резултат на ова се создава чувство како да влегувате во галерија, а не на факултет. Тоа е атриум со цел да се создаде простор кој им овозможува на сите што се наоѓаат во него да видат фрагменти од уметничките творби и нивното создавање, но кој истовремено овозможува и поттикнува мешање и соработка помеѓу различните дисциплини лоцирани во рамките на објектот. Се смета дека станува збор за исклучителен објект кој е катализатор за

истражување на дизајнот и креативноста, којшто ќе изврши големо влијание врз пристапот кон проектирањето на идните факултети за уметност и други универзитетски објекти. За овој објект жирито истакна: „Големата обнова на една кула од 1960-тите години и создавањето на нов објект со отворени студија и работилници се реализирани со голема умешност и иновација. Кавлитетот на проектот е здружен со визионерска проектна програма, која налага вработените и студентите да раскинат со традиционалната поделба помеѓу студиските програми и да работат помеѓу различните дисциплини. Ова е објект во кој истражувањето на дизјанот и креативноста ќе цутат“. Со оглед на тоа што студиото „Филден Клег Брадли“ веќе ја имаат добиено Стерлинговата награда во 2008 година за иновативниот Комлекс за домување Акордија (Accordia Housing) во Кембриџ, со оваа номинација тие се стекнуваат со можност по вторпат да ја добијат оваа престижна награда. 

Градба Автомотиви Индустрија

ФАМИЛИЈА ГЕНЕО ОД РАУ ФИПРО- МАТЕРИЈАЛ.

ГЕНЕО од РАУ ФИПРО материјалот е извонредно енергетски ефикасен и стабилен. И тоа во сите димензии. Со ова се затвораат сите отвори во објектот и се нудат решенија без компромиси:

REHAU

ИЗВОНРЕДНА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И СТАБИЛНОСТ ВО СИТЕ ДИМЕНЗИИ.

ГЕНЕО – Енергетска фикасност до перфекција Профитирајте од фамилијата ГЕНЕО! 1 Прозорци сертифицирани за пасивни куќи

:

со Uf до 0,79 W/m2K

2 Прозорци: со Uf до 0,86 W/m2K

4

3 Влезни врати: со Uf до 0,76 W/m2K

3 2 1

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

4 Лизгачки врати: со Uf до 1,30 W/m2K

РЕХАУ ДООЕЛ, Првомајска 7 бб, 1000 Скопје, тел: + 389 2 2460 458, факс: +3892 2460 459, e-mail: skopje@rehau.com, www.rehau.com.mk 29 август 2014

ПОРТА

47

47


енергетска ефикасност

ЗЕЛЕНА ТЕХНОЛОГИЈА

Double Skin Facades Фасада на станбеноделовна зграда во Берлин

В

о земјите во Европа а исто и на другите континенти, барањата за енергетска ефикасност и ограничување на потрошувачката на енергија во зградите сè повеќе се зголемуваат. Со новите прописи и директиви во ЕУ, почнувајќи од 2018 година, новите јавни згради ќе треба да произведуваат поголем дел од енергијата што ја трошат за своите потреби. Од 2020 година истото ќе важи и за сите приватни и станбени објекти. Во Република Македонија, Правилникот за енергетски карактеристики на заградите е донесен пред една година, во јули 2013та, со што се ограничува потрошувачката на енергија за потребите на станбените згради. Зградите од јавен карактер не се опфатени во овој правилник. За градежната индустрија и за истражувачите

48

48

ПОРТА

29 август 2014

ова претставува одлична можност, а за останатите, заштита на животната средина, намалување на глобалното затоплување и подобар квалитет на животот за сите. Многу нешта што изгледаа визионерски пред неколку години, денес се реалност. Клучот на економски модел е сеопфатно користење на соларната енергија, интегрирана во екстремно ефикасни фасади. Резултатите се импресивни во секоја земја и во секоја климатска зона во светот. Светот е поделен на четири климатски зони А, B, C и D. Еден ефикасен систем на фасада е Double Skin Facade, кој не е нов, но има тенденција да се применува од архитектите што повеќе. Јасно е дека изборот и дизајнот на фасадниот систем на зградата е многу битен за перформансите на самата зграда. Double Skin Facade овозможува добри климатски услови во внатрешноста на зградата и истовремено ја редуцира потребната енергија која ја троши објектот. Неговата адаптибилност и комплексност на различни климатски услови и локации бара многу внимателно проектирање, анализирање на сите потребни параметри кои се во меѓусебна зависност, како што се архитектура, внатрешна клима-температура и влажност на воздухот, визуелен комфор, дневна светлина или вештачка, акустичен комфор, природна или вештачка вентилација, потребна енергија за функционорање на

Зграда во Цирих

Double Skin Facade е систем на зграда која има две фасади, две обвивки или леери поставени на одредено растојание, а просторот меѓу фасадите овозможува внатрешниот или надворешниот воздух да се движи низ сисемот Натка ЌОСЕВА, дипл.инж.арх.


енергетска ефикасност

зградата, пожарна заштита, одржување на фасадата и цена на чинење на зградата. Double Skin Facade е систем на зграда која има две фасади, две обвивки или леери поставени на одредено растојание, а просторот меѓу фасадите овозможува внатрешниот или надворешниот воздух да се движи низ сисемот. Меѓупросторот може да е со широчина од 20 сантиметри, па до 2-3 метри. Главната фасада која е и изолационен леер може да е проектирана како конвенционален структурен застаклен ѕид, или т.н. ѕидзавеса или некој друг ѕид. Вториот зид на фасадата е од еднослојно стакло или друг еднослоен материјал, цврст и прозрачен, и се поставува пред или зад главната застаклена фасада. Ѕидовите-леери овозможуваат воздушниот меѓупростор да служи како тампон зона и изолација против големите температурни разлики, а истовремено е и звучна изолација. Меѓупросторот може да се користи и за одржување на зградата – фасадите, а во него може да се постават и елементи за заштита од сонце и засенчување. Double Skin Facades може да се изведе во многу комбинации и варијанти, но како систем на фасада е систематизиран во три типа: 1. Double Skin Facade со мeѓупростор како тампон зона или магацин за зачувување на топлината и ладење. 2. Double Skin Facade во која воздухот во меѓупросторот струи со механичко извлекување. 3. Double Skin Facade со две

фасади близначки со природно струење на воздухот. Ефектот на меѓупросторот како тампон, односно магацин за зачувување на топлина или ладење, е дефиниран процес кој се случува кога густината на воздухот помеѓу ентериерот и екстериерот се зголемува како резултат на топлината што се создава од ефектот зелена зграда. Кога густината на воздухот се зголемува во меѓупросторот разликите на воздушниот притисок и температурните разлики се развиваат по висина на фасадата. Како резултат на овие разлики во притисокот, воздухот се исфрла од отворите на кровот, а поладен и погуст воздух влегува од долу. Процесот продолжува континуирано, од долу влегува свеж воздух кој се загрева, оди нагоре и се исфрла. Воздухот во меѓупросторот може да се загрева со соларно зрачење, во зависност од ориентацијата на фасадата. За јужно ориентирани системи, воздухот загреан од сончевите зраци се користи за загревање на објектите во зима. Во други периоди треба да се вентилира и да се спречи прегревањето. Потрошувачката на енергија за греење и ладење кај Double Skin Faсade зависи и од тоа дали фасадата е комплетно или делумно застаклена и можноста за зачувувањескладирање на топлината и ладењето. На неколкуте фотографии се прикажани изведени згради со Double Skin Facades во држави во Европа, кои спаѓаат во климатска зона А - ладно умерена клима со ладни зими, лета вообичаено топли, со влажност

на воздухот која се менува многу брзо. Зградите треба да имаат одлична топлинска изолација, ефектно ладење во лето и вентилација со мали загуби на топлината. Пасивната и активната сончева енергија може да се применуваат неограничено. Македонија спаѓа во климатска зона B - топла клима со лета топли и суви, а зими благи и врнежливи. Зградите треба да имаат добра топлинска изолација, но важна е формата и компактноста на зградата. Употребата на сончева енергија е многу поволна. И во Македонија може да се примени Double Skin Facades, но со приспособување на системот на климатската зона и со детално анализирање на сите елементи на фасадата за да се дојде до оптимално решение. Јасно е дека изборот на фасадниот систем на зградата е многу битен за перформансите на самата зграда. Барањата и важечките прописи во врска со заштеда на енергијата, квалитетот на внатрешниот воздух и заштита на околината, бараат нови пионерски системи за вентилација, греење и ладење на зградите - се со цел повисока внатрешна удобност за корисниците и поголема профитабилност на имотот. Деловен објект во Цирих

Деловна зграда на KPMG во Берлин

29 август 2014

ПОРТА

49

49


екологија

„ГРИНПИС“ СТАРТУВАШЕ СО ПЕТИЦИЈА

Планот пчела: да одгледуваме храна без пестициди

Сашо КУЗМАНОВСКИ

Д

ајте го вашиот глас и придружете им се на илјадниците луѓе ширум светот, кои се обидуваат да ги заштитат пчелите преку забрана на пестицидите што ги убиваат овие корисни инсекти и неодржливото индустриско земјоделство, а со промоција на еколошкото, одржливо земјоделство. Колку повеќе луѓе се потпишат, поголемо ќе биде нашето влијание врз владите и компаниите што ја имаат алатката за заштита на пчелите. Ваква порака деновиве испрати светски познатата еколошка организација „Гринпис“, која организира потпишување петиција за заштита на пчелите. Од организацијата нагласуваат дека каква било трансформација на сегашниот деструктивен земјоделски систем со интензивна употреба на пестициди и инсектициди во еколошки земјоделски 50

50

ПОРТА

29 август 2014

систем би имала огромна корист во сите аспекти на животната средина и во безбедноста на храната што ја јадеме. Петицијата што е достапна на линкот sos-bees.org досега ја потпишале околу 470.000 луѓе. - Пчелите и другите инсекти кои вршат опрашување на растенијата имаат многу важна улога во екосистемите. Од нивното опрашување зависи една третина од нашата храна. Производството на храна би било катастрофално во свет без опрашувачи. Кој ќе ги опрашува нашите житни култури? Рачното опрашување бара масовна работна сила, бавно е и многу скапо. Економската вредност на опрашувањето од страна на пчелите се проценува на околу 265 милијарди евра годишно, на светско ниво. Така, и од чисто економска гледна точка се исплатува да се заштитат пчелите - коментираат од „Гринпис“. Еколозите додаваат дека од 90-тите

години на минатиот век до денес, пчеларите низ целиот свет пријавуваат мистериозно и ненадејно исчезнување на пчелите, како и невообичаено високи стапки на намалување на пчелните семејства. Од „Гринпис“ велат дека инсектицидите претставуваат најдиректна закана за опрашувачите, зашто се наменети да убиваат инсекти, а масовно се користат во производството на храна. - Освен што произведуваат мед, пчелите се клучни за производството на храна. Само во Европа, од работата на овие опрашувачи зависат дури 4.000 зеленчукови растенија, а со тоа нашата храна и нашите животи. Житниците и пасиштата окупираат околу 35 отсто од земјината површина која не е покриена со мраз, и се едни од најголемите екосистеми на планетата. Опаѓањето на бројот на пчели во светот е само симптом на погрешниот индустриски земјоделски систем, кој се базира на постојано зголемување на хемикалиите (пестициди и


екологија Освен што произведуваат мед, пчелите се клучни за производството на храна преку процесот на опрашување на растенијата. Само во Европа, од работата на овие опрашувачи зависат дури 4.000 зеленчукови растенија, а со тоа и нашата храна и нашите животи, ги објаснуваат од „Гринпис“ причините за стартот на интернет-петицијата за заштита на пчелите.

инсектициди) при одгледувањето на храната и засадувањето на само една култура на едно земјиште. Со тоа се намалува плодноста на почвите, се загадува водата, се зголемуваат емисиите на СО2 и се зголемува негативното дејство на климатските промени - додаваат од „Гринпис“. Од оваа еколошка организација велат дека од 1985 година Европа бележи загуба на медоносните пчели од 25 отсто. Само во Велика Британија, од 2010 година, таа загуба изнесува дури 45 отсто. - Правиме чекор понапред од познатото интегрирано производство за да одгледуваме памук без никаква употреба на хемикалии, или барем со сведување на хемикалиите на минимум. Ова може да го направиме со употреба на природни ѓубрива и третмани со познатите природни непријатели на штетниците. Да, јас навистина верувам дека може да произведеме памук без

употреба на хемикалии - ја пренесува „Гринпис“ изјавата на Алберто Калдерон, техничка помош при асоцијацијата на фармери и ранчери во Севилја, Шпанија. Според Лоренцо Фурлан, менаџер на земјоделскиот истражувачки сектор од Италија, многу е важно да се нагласи дека намалувањето на пестицидите во производството на храна значи помали здравствени проблеми кај работниците и фармерите што многу често се изложени на највисоки концентрации на овие хемикалии. - Розите и вошките припаѓаат едни на други, розата секогаш ќе привлекува вошки. Вошките од друга страна се храна за други инсекти и птици. Така, кога ќе засадите рози, тие ќе привлечат вошки, а вошките други инсекти и птици кои ќе ги јадат се додека не исчезне заканата од вошките коментираат за „Гринпис“ Ханс ван Хаге и Герти ван дер Крогт, од одгледувачница на органски рози, од Холандија.

БАРАЊАТА НА МАСА

Еколозите од „Гринпис“ петицијата за заштита на пчелите ја поддржаа и со неколку барања кои ќе бидат доставени до официјални лица: - да се забрани употребата на пестициди кои им штетат на пчелите, стартувајќи со највисоко рангираните супстанции моментално дозволени за употреба во ЕУ, како imidacloprid, thiamethoxam, clothianidin, fipronil, chlorpyriphos, cypermethrin и deltamethrin; - поддршка на одржливи земјоделски практики, ротација на житните култури и органско земјоделство; - да се подобри заштитата на природните живеалишта во и околу земјоделското земјиште; - да се зголеми финансиската поддршка за истражување, развој и користење на природни средства за контрола на штетниците. 29 август 2014

ПОРТА

51

51


екологија

НЕОЧЕКУВАНО ПРИДВИЖУВАЊЕ КАЈ ДИВИОТ СВЕТ ПОРАДИ ПРОМЕНИТЕ ВО КЛИМАТА

Растенијата се селат кон низините?! Науката претпоставува дека со порастот на глобалната температура, популациите на животни и на растенија постепено ќе се селат кон север или кон поголеми надморски височини каде што температурите се пониски. Но, новите истражувања носат неочекувани спознанија за однесувањето на дивиот свет во природата и отвораат нови прашања - во која насока да ги насочиме напорите за конзервација? Карпести планини

И

згледа дека сите видови во природата не бегаат од растечките температури на воздухот. Како што живата во термометарот се качува нагоре во последниве 40 години, многу растителни видови се поместуваат кон пониски надморски висини, покажала најновата истражувачка студија на научниците од Универзитетот на Вашингтон, Сиетл, а која ја пренесе интернет-журналот Science. Студијата зборува за тоа дека

52

52

ПОРТА

29 август 2014

температурата не е единствениот фактор што влијае врз тоа како ќе се однесува животот на Земјата кон климатските промени. За да преживеат, животните и растенијата имаат потреба од специфични услови во средината - вистинска температура, доволно влага и светлина. Дури и малите промени во параметрите на средината може да имаат влијание врз репродукцијата или преживувањето на одреден вид. Во науката се проектира дека како што расте глобалната температура,

популациите на животни и на растенија постепено ќе се селат кон север или кон повисоки надморски височини каде што температурите се пониски. Целта на ова преместување е дивите видови да ги одржат идеалните услови во средината што им се потребни за нормален раст и развој. Журналот Science пренесува дека за да појаснат како растенијата ќе се справуваат со климатските промени, истражувачите од Универзитетот на Вашингтон, Сиетл, собрале географски податоци за локациите


екологија на околу 300 растителни видови на седум топографски различни региони низ западните делови на Северна Америка, од западните делови на планините во Сиера Невада до источните врвови на Карпестите планини во северна Канада, за последните 40 години. Тие податоци научниците ги споредиле со променетите климатски услови, температурата, врнежите и снежните наноси. Нивната студија е најобемната во оваа област досега, додава Science. Резултатите од анализата биле неочекувани. Повеќе од 60 проценти од растенијата својата дистрибуција ја промениле кон низините, кон потоплите и пониски надморски висини, иако во проучуваните региони е забележана значително потопла клима, пренесува порталот Science. Што е уште повпечатливо, сите растенија во рамките на одреден

регион, без разлика на кој вид му припаѓаат, се придвижиле во иста насока. „На почетокот помисливме дека нешто не е во ред во нашите анализи зашто дистрибуцијата на видовите е очекувано да се преместува нагоре, а не надолу. Но, потоа ги повторивме анализите и ги добивме истите резултати“, ја пренесува порталот Science изјавата на Мелани Харш, водач на истражувањето и еколог за растенија. Понатамошното истражување покажало дека преселбата на растенијата кон низините најверојатно се должи на промените во количеството врнежи, кое го следи зголемувањето на температурите. Во оние региони во кои е забележано помало количество врнежи од дожд и снег на поголеми надморски височини, растенијата се преместиле кон помали надморски висини со повлажна клима.

„Помалку снег во зима значи помалку вода во лето, поради што растенијата страдаат и се преместуваат надолу. Но, тоа е меч со две острици. Како што се зголемуваат температурите, ќе се зголемуваат и потребите за вода“, вели Харш. Како што заклучува порталот Science, проекциите за промените во климата велат дека врнежите ќе се интензивираат во западните делови на Северна Америка, што ќе доведе до понагласени промени во дистрибуцијата на растенијата, како и промени во целокупниот див свет што зависи од нив за храна и живеалиште. „Не можеме да ги набљудуваме сите видови насекаде, но ако ги идентификуваме факторите одговорни за промените во животната средина, може да ги предвидиме последиците и да ги одредиме приоритетите за конзервација“, вели Харш за Science. С.K.

Планинскиот синџир Сиера Невада

Dekada na uspe[no rabotewe 29 август 2014

ПОРТА

53

53


хортикултура

Зелената страна на Рим

Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

Г

лавниот град на Италија Рим, се протега на површина од 1.280 квадратни метри и има популација од 3.500.000 жители и голем број туристи речиси во текот на целата година. Како и сите други светски метрополи, така и во Рим проблем претставува недостигот на зелени површини во централното градско подрачје. За разлика од центарот, зелените површини во периферните делови од градот претставуваат вистински рај кој се протега на површина од 52.000 хектари, со што го става на врвот од листата на зелени метрополи во Европа. Иако сообраќајот во централниот дел од градот е видно редуциран, а акцент е ставен на пешачките зони, сепак тоа не е доволно за да ја задоволат потребата на граѓаните од зеленило. Зелените површини во централното градско подрачје, во суштина се сведуваат на градини од аристократски семејства кои се со ограничен пристап, како што се вила Боргесе, вила Ада и вила Памфили. Тоа се линиски дрвореди и тревни површини, уредени со цветни аранжмани, најчесто од бегонии околу главните туристички атракции. Сепак, се добива впечаток дека на центарот му недостигаат пространи паркови и зелени површини за општа употреба. Жителите на Рим овој недостиг на зеленило го надокнадуваат така што речиси на 50% од рамните кровови и тераси има зеленило, кое не е во форма на класични кровни

54

54

ПОРТА

29 август 2014

градини, туку се одгледуваат во големи теракотни садови. Дрворедите најчесто се подигнати од диви портокали, каталпи, јавори, липи и слично. Исто така, се среќаваат голем број палми, кои му даваат специфичен медитерански изглед на пејзажот во градот. Главниот збор кај зеленилото во Рим го има Италијанскиот бор


хортикултура

(Pinus pinea), или уште може да се сретне како чадорест бор или каменест бор, медитернскиот чемпрес (Cupressus sempervirens), а посебен колорит на целиот пејзаж му даваат големите цветови од олеандрите (Nerium oleander). Природниот ареал на италијанскиот каменест бор е во медитеранскиот дел од Европа и Африка. Исто така може да се сретне и во делови од Јужна Америка. Доколку некогаш сте пробале некој специјалитет во кој има

плодови од бор, тоа сигурно се плодови од италијанскиот бор уште познати како пињоли. Тие се користеле за јадење уште од праисторијата. Овие борови претставуваат зимзелени дрвја кои може да достигнат до 60 метри височина. Во Рим најчесто се среќаваат насадени во групи, така што од далечина се гледаат нивните споени чадорести крошни како формираат една совршена линија во височините, но може да се сретнат и како солитерни дрвја.

29 август 2014

ПОРТА

55

55


ентериер

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

56

56

ПОРТА

29 август 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


ентериер

Б

29 август 2014

ПОРТА

57

57


совети

Практичен и функционален простор

После повеќе години ја завршивме доградбата на семејната куќа каде ќе се всели нашиот син со семејството. Малиот стан сакаат да го уредат практично и функционално. Што им предлагате? Семејство Топчиевски, Скопје

З

а вашиот стан, концептот на мултифункционален простор би бил идеално решение. Тоа значи кујната, трпезаријата и дневната соба да бидат во еден простор. Примарно е создавање на практични функционални целини едноставно, минималистички уредени со рамни линии, монохроматски површини и главно светли бои. Организацијата на просторот веќе е диктиранa од отворениот простор кој го имате. Кујната може малку да се зголеми со поместување на фрижидерот надвор од линијата на другите елементи. Останува доволно простор пред прозорецот да поставите трпезариска маса со шест стола. Во останатиот дел од отворениот простор се организира дневната соба. Двата големи двоседа поставете ги под агол во однос на ѕидовите. Тесниот издолжен простор визуелно ќе добие попријатен изглед. Долж преградниот ѕид меѓу спалната и дневната соба поставете елемент со ниски комоди и полици. Спалната соба уредете ја стандардно со брачен кревет, наткасни и длабок гардеробен плакар. Чувство дека просторот дише ќе добиете ако не ги блокирате прозорците и вратите, а монотонијата во амбиентот ќе ја избегнете ако не употребувате само една боја во ентериерот. Изберете една доминантна боја и една секундарна која ќе ја следи, а останатите искористете ги за детали. Градацијата на боите е важна, па така доминантната нијанса треба да е неутрална, втората малку посветла, а боите за деталите да бидат силни. Секако, за овој простор минималистичкиот стил во ентериерот ќе придонесе просторот да изгледа убаво и пространо. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk 58

58

ПОРТА

29 август 2014


спортски храмови

„ЛУСАИЛ ХОЛ“ - ЛУСАИЛ, КАТАР

ФАКТИ за „ЛУСАИЛ ХОЛ“ - Лусаил, Катар Капацитет: 15.300 места Површина на градба: 130.000 м2 Површина на партерно уредување: 2012 - 2014

С Придружни објекти: сала за загревање, 6 соблекувални, медицински центар, ресторан, ВИП/ВВИП арена, сервис за храна и пијалаци, кафе-бар, простор за изнајмување, медиа центар. Дизајн: Dar Al Handasah Consultants

ветското ракометно првенство за мажи кое од 15 јануари следната година е на програмата во Катар, ќе биде генерална проба за домаќинот, но и за комплетните капацитети на оваа азиска земја пред големиот настап кој во 2022 година треба да ги собере најдобрите светски фудбалски репрезентации. Ракометните селекции први ќе се уверат во „градителските чуда“ на оваа богата азиска земја, која не штеди пари да се презентира со иновативни решенија и необични дизајни на спортските капацитети. Централниот спортски објект каде на почетокот на идната година најдобрите светски ракометари ќе се борат за планетарниот трон ќе биде арената „Лусаил“ која се наоѓа во истоимениот град во Катар, северно од престолнината Доха. „Лусаил Хол“ ќе биде повеќенаменски спортски објект со капацитет од 15.300 места и ќе биде најголемата спортска сала изградена на територијата на Катар. Салата е во фаза на завршна изградба, па според сложените рокови на организаторот и Светската ракометна федерација, најдоцна до почетокот на ноември салата ќе мора да биде ставена во употреба. Интересно е да се напомене дека арената во Лусаил ќе добие 3 ѕвезди ГСАС за својот дизајн (глобален систем за проценка на одржливоста). Според првичните планови, оваа арена требаше да има капацитет и од 18.000 места, но сепак по реакција на Олимпискиот комитет на Катар, капацитетот е скратен за сметка на удобноста на трибините. Катарците сметаат дека објектот треба да има несекојдневна удобност за посетителите, и за биде тотално „френдли“ настроен, кога се во прашање оние за кои и ќе се организираат манифестациите во неа. Особено впечатлив ќе биде и просторот околу арената, кој ќе има близу 350.000 м2 украсени со најразлични дрвја, простори за џогирање, возење велосипед, како и покриени и отворени игралишта за деца. Зад потписот на дизајнот на „Лусаил Хол“ стои Dar Al Handasah Consultants.

Катар за ракометарите подготви „френдли“ арена

Сашо КУЗМАНОВСКИ

29 август 2014

ПОРТА

59

59


ентериер

НОВ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ПРИ ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“

Уривање на стереотипната „ДОТ Архитекти“ користат посебен пристап за уредување на ентериерот водени од методата дизајн базиран на докази т.н. Evidence based design, чии основни принципи се базираат на влијанието на боите врз состојбата на пациентите и медицинскиот персонал преку изборот на бои и игра со светлината

Н

еодамна, во состав на Градската општа болница „8 Септември“ беше извршена реконструкција, адаптација и доградба на Ургентиниот центар, кој дотогаш функционираше како дежурна служба. За изведба на проектот беше ангажирана компанијата „ДОТ Архитекти“, која во својот состав има посебен специјализиран оддел „ДОТ Медикал“ за изработка на проекти специјализирани за здравствени објекти,

60

60

ПОРТА

29 август 2014

кој воедно комплетно го измени и адаптира проектот за изведба. Објектот развиен на 900 м2 површина, од кои 250 м2 комплетно нова градба, свечено беше пуштен во употреба на 18 јули. Финансискиот дел за изведба на проектот го обезбедуваат ГОБ „8 Септември“ и Амбасадата на САД во Република Македонија, со донација во висина од 480.000 долари. Проектот за реконструкција и доградба на Ургентниот центар во ГОБ „8 Септември“ настанува како одговор

на зголемената потреба за ургентенинтервентен прием на пациенти, која произлезе од трансформацијата на Воената болница во Градска болница. Основна карактеристика на изведениот проект претставува зонирањето на просториите според групите на корисници кои се диференцираат уште на самиот влез на центарот, каде се врши категоризација на пациентите. За итните случаи, обезбеден е посебен влез преку кој пациентот директно се внесува во салата за реанимација.


ентериер

слика за болниците

Ургентниот центар располага со интернистичка и хируршка амбуланта како појдовни места за дијагностицирање на потребите, соби за опсервација и стабилизација на пациенти, просторија за хируршки зафати, сала за реанимација, четири простории како дневна болница со капацитет од девет болнички кревети, гипс сала, простории за персонал, просторија за прием на пациенти, придружни простории и две нови операциски сали (ортопедскотрауматолошка и општо-хируршка) како

дел од оперативниот блок. Во подрумскиот дел се сместени техничките простории: машинска сала и електро просторија. Бруто развиената површина изнесува 900 м2, со што се задоволени сите европски стандарди во однос на просторните содржини и организациската поставеност. Но, не само тоа. Ентериерот е решен со голем сензибилитет за освежување на просторот и разбивање на стандардната „болничка“ бела, која во психолошката меморија на пациентите изгледа

Ивана ГРУПЧЕ, дипл.инж.арх.

застрашувачка. Притоа, „ДОТ Архитекти“ користат посебен пристап за уредување на ентериерот водени од методата - дизајн базиран на докази т.н. Evidence based design, чии основни принципи се базираат на влијанието на боите врз состојбата на пациентите и медицинскиот персонал преку изборот на бои и игра со светлината. Основната цел е визуелен прием на боите и креирање на простор кој лекува (healing space), со што се постигнува значително подобрување на општата  29 август 2014

ПОРТА

61

61


ентериер психо-физичка состојба, намалување на стресот и болката и побрзо закрепнување на пациентите. Исто така, на ѕидната површина од коридорите, е изведено custom made графичко дело, кое со својата ненаметливост и колоритност сосема ја урива стереотипната слика за здравствена установа. Од технолошки аспект, најкомплексна единица во Ургентниот центар претставува Оперативниот блок, кој се третира како посебна функционална единица. Како новитет во овој проект е изведбата на модуларни операциони сали, со примена на модуларни ѕидни панели кои овозможуваат поставување на сите потребни инсталации внатре во ѕидовите. Ваков тип на инсталации овозможуваат лесна и брза демонтажа при каква и да било интервенција. Ѕидните површини се обложени со панели од антибактериски лим, додека останатите простории имаат облоги од ПВЦ материјал. Главната цел е обезбедување на површини лесни за чистење кои нема да дозволат задржување на бактериите. Технологијата на изработка на панелите со сребрени јони во завршниот слој, заедно со полиуретанските електростатски подови, создава идеално чисти/бели простори, со што се постигнува потребното европско ниво за креирање на операциони сали. Уште еден неопходен атрибут на оперативниот блок, е употребата на посебен вентилационен систем, кој функционира со карактеристично струење на воздухот, создаден со натпритисок во однос на останатите простории. За придобивките од процесот на изведба на Ургентниот центар, инженеротархитект кој работеше на изведба на објектот, м-р Надa Старковска, за „Порта 3“ изјави: „Учеството на изведбата на објектот Ургентен центар, како дел од тимот „ДОТ Медикал“, претставуваше огромно задоволство за мене. Особено ме радува тоа што при самата изведба, во однос на изборот на материјалите, технологиите и нивното вградување, се запазуваа актуелните европски стандарди кои имав можност да ги изучам на магистерските студии кои ги посетував во Италија, а кои беа специјализирани за архитектура за здравствени објекти. Со тимот на „ДОТ Медикал“ работев на проектирање на бројни проекти од архитектурата за здравство, така што изведба на еден ваков објект беше огромно искуство и шанса за мене да го спознаам објектот од друга страна, а воедно и поттик да продолжам да ја изучувам оваа специфична и интересна архитектура“.  62

62

ПОРТА

29 август 2014


ентериер

29 август 2014

ПОРТА

63

63


ентериер

Најскап стан на Менхетен подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Т

ри апартмани во хотелот "Ritz-Carlton" се ставени на продажба како единствен посед, по цена од 118,5 милиони долари. Оваа сместувачка единица официјално го сруши рекордот на најскап стан во долниот дел на Менхетен. Овој луксузен стан со површина од речиси 2.000 квадратни метри ги зазема двата највисоки ката на хотелот "Ritz-Carlton" во паркот Battery, а има совршен поглед на реката Hudson, Статуата на Слободата и Светскиот трговски центар. Апартманот се состои од три станбени единици. Првата единица била во сопственост на Randall Jenker, а се состои од четири спални соби и пет бањи, додека другите две биле во соспственост на Gari Sigal. Има и прекрасна тераса со површина од 300 квадратни метри. Иако сопственици на овој апартман се две посебни лица, тој се продава како единствен посед. Новиот купувач ќе има пристап кон сите услуги на хотелот, како што се, на пример, рум сервис и одржување. 64

64

ПОРТА

29 август 2014


ентериер

29 август 2014

ПОРТА

65

65


инфо

ПОВИК ОД РЕДАКЦИЈАТА

Серијал текстови за современи куќи и домови кај нас ПОРТА

К

ГРАДЕЖН И ШТВ О АРХИ ТЕКТУРА ЕКОЛОГИ ЈА

.МК

ога сакаме да уживаме и да „ѕирнеме“ како изгледа еден современ дом или модерна куќа од архитектонска гледна точка и нивното ентериерско уредување, најчесто ги бараме и наоѓаме во странските списанија, сајтови и портали…

Токму поради ова, идејата на нашето списание е да реализира еден серијал текстови кои би биле посветени на индивидуални куќи за живеење и одмор, како и дворови со специфични содржини, но изведени и реализирани кај нас, во Скопје и сите други градови низ Македонија. На овој начин, сакаме да ги запознаеме нашите читатели како изгледаат нашите домови и куќи во смисла на современо архитектонско и ентериерско обликување и да видиме какви се вкусовите и естетските желби на нашите сопственици и архитекти, и дали може на некое ниво тие да се „споредуваат“ со реализации од надвор. За таа цел, ги повикуваме заинтересираните сопственици на куќи и архитектите со свои идеи и реализации да ја контактираат нашата редакција со цел да бидат претставени во списанието и на порталот.

ГРАД СКОПЈЕ во соработка со

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ ОБЈАВУВА Повик за учество на традиционалната манифестација „Архитектура на град Скопје“ - АСК 2014 по повод празникот на градот Скопје 13 Ноември Право на учество имаат сите архитекти, граѓани на Република Македонија со реализирани архитектонски трудови во текот на 2013-2014 година на подрачјето на градот Скопје. Трудовите треба да се во една од следните категории: - реализиран архитектонски објект - архитектонско - урбанистички проект - градителско наследство - внатрешно уредување и дизајн - други форми на архитектонско творештво

Пријавата за учество треба да содржи: - Графички приказ на трудот на минимум еден лист со формат А4, со фотографии и текст по слободен избор на авторите - адреса и телефон за контакт со авторите

Пријавите се поднесуваат до 5 септември 2014 година, во просториите на Град Скопје, барака 12, телефон 02 3297 331. Жири комисија формирана од Град Скопје ќе додели главна награда која ја сочинуваат плакета, скулптура и паричен износ. Ќе бидат доделени и признанија во форма на плакети за посебен придонес во архитектурата. Градоначалник на Град Скопје Сектор за планирање и уредување на просторот 66

66

ПОРТА

29 август 2014


рубрика

29 август 2014

ПОРТА

67

67


100 % МАКЕДОНСКА КВАЛИТЕТНА ГРАДБА

ДОМ ЗА ВИСТИНСКА РЕЛАКСАЦИЈА

СО САМО 15% УЧЕСТВО ЗА СТАНБЕН КРЕДИТ НА

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА НАЈПОВОЛНО ДО НОВ ДОМ

Охрид - Билјанини Извори

ЕКСКЛУЗИВНО

Скопје - Под Водно

Комплекс Адора - Ново Лисиче - Аеродром - Скопје

СИТЕ КУПУВАЧИ НА СТАН ВО 2014 ВО НАГРАДНА ИГРА ЗА АВТОМОБИЛ ПОЛО

50 % ПОПУСТ ЗА ГАРАЖА СО КУПЕН СТАН Скопје - Аеродром

+389 2 5 215 215, 072 204 024, 075 240 200 078 240 467, 078 240 354, 070 365 738 075 244 244 - Охрид prodazba@adora.com.mk www.facebook.com/adora.inzenering

ЕКО ДОМ ШТО ГО ЗАСЛУЖУВАТЕ

www.adora.com.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.