ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
224 СЕПТЕМВРИ 2014
АРХИТЕКТРИ: Македонската архитектура во моментов е во период на „издишување“ Леонардо Кавали: Ние претпочитаме да застапуваме различен став
www.vw-komercijalnivozila.com.mk
-ка со Порше Лизинг 5.5% каматна стапка 5 часа известување 5 години отплата 5 недели aкција 15% учество
СКРОЕНИ ПО ВАША МЕРКА! Одберете Crafter, Caddy или Transporter
Широката палета на модели на Volkswagen комерцијалните возила нуди многубројни решенија за секојдневните предизвици во работниот ден. Моќноста на нашите дизел мотори, приспособливоста на товарниот простор според потребите на Вашиот бизнис, како и суперповолните цени Ви гарантираат беспрекорно завршување на работата. A сега со најновата лизинг програма “5-ка” на Порше Лизинг, возете Crafter, Caddy или Transporter за 5 часа, на 5 години отплата со 5.5% каматна стапка и 15% учество. Акцијата трае 5 недели. Дојдете во Порше Македонија за да се запознаете со исклучителните модели на Volkswagen Комерцијални возила.
Комерцијални возила Порше Скопје АБ Ауто бул. Босна и Херцеговина 4, ул. Гоце Делчев бр. 107 1000 Скопје 2400 Струмица септември 2014 02/26 26 266; 02/26 26 26 466 034/325 443; 034/325 443
ПОРТА
АЛ & ДО Охрид Св.Еразмо Оровник-Дебарца 6000 Охрид 046/261 599; 046/262 374
БИС Ауто Краварски пат бб 7000 Битола 047/236 314; 047/231 507
Колевски Палмиро Тољати бб 1000 Скопје 02/521 454; 02/25 21454
Старт ул. Борис Кидрич 1, 1442 Демир Капија 043/366-207; 043/366-504
Центрум Маршал Тито бб 1200 Тетово 044/351 333; 044/351 335
ГОДИНА X
БРОЈ 224 ПЕТОК 26.09.2014 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, „Македонската архитектура во моментов е во период на ’издишување‘. Ова што сега се прави во градот Скопје, во архитектонска смисла, практично брише една современа македонска архитектонска мисла“, констатираат Ана Бораниева, Дејан Ивановски и Ристо Аврамовски од архитектонското студио АРХИТЕКТРИ и додаваат: „Се плашиме дека позитивните аспекти на овој процес се далеку помалубројни од негативните последици, што оваа драстична промена ќе ја остави врз општото поимање за нашето општество и градот како негов сублимат“. Ако одите во Тетово, несомнено ќе ве привлече едно интересно и необично место. Тоа е кафетеријата „Гарден“, место кое го оправдува името со својот прекрасен и релаксирачки амбиент. Дишење со пулс на природата. Ентериерниот проект е дело на LD Studio од Тетово. Студиото го чинат креативниот брачен пар, архитектот Афродита Абдиу и градежниот инженер Бурим Абдиу. Функционална машина со карактеристики на урбана скулптура. Специфичните
содржини, прописите и стандардите, дефинирани од повеќе меѓународни спортски федерации за да се овозможи одржување на спортски натпревари од највисока категорија, беа дел од водилките при проектирањето и градбата на Спортскиот центар „Јане Сандански“. Леонардо Кавали е претседател на ONE WORKS, која има седишта во неколку градови на Италија и во Дубаи. Тој е основач на компанијата заедно со неговиот студентски другар Џулио де Карли, во 2007 година. За многу работи поврзани со почетоците на неговата работа, меѓународното искуство, актуелноста и иднината на архитектурата разговаравме со Кавали, специјално за „Порта 3“. Од овој број на списанието почнуваме со серија написи посветени на урбанизмот. Во неа ќе бидат презентирани некои аспекти на планирањето. На тој начин на читателите ќе им понудиме материја која е помалку застапена на неговите страници, а која е мошне актуелна во сегашниот момент во државава. ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“
ПОРТА ГРА Д Е ЖН И ШТВ О А РХИ ТЕ К ТУРА Е К О ЛО ГИ Ј А
224 СЕПТЕМВРИ 2014
АРХИТЕКТРИ: Македонската архитектура во моментов е во период на „издишување“ Леонардо Кавали: Ние претпочитаме да застапуваме различен став
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ
90 ДЕНАРИ
Автори: АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО „РАДО ИНЖЕНЕРИНГ“
Инвестирајте во „енергетска ефикасност“ УРБАНИЗАМ 14
СИСТЕМ НА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ
СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 20
МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МОМЕНТОВ Е ВО ПЕРИОД НА „ИЗДИШУВАЊЕ”
ИНТЕРВЈУ 24
14
фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. ВаСил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
24
ЛЕОНАРДО КАВАЛИ: НИЕ ПРЕТПОЧИТАМЕ ДА ЗАСТАПУВАМЕ РАЗЛИЧЕН СТАВ
Печати:
АРХИТЕКТУРА 32
Маркетинг:
ФУНКЦИОНАЛНА МАШИНА СО КАРАКТЕРИСТИКИ НА УРБАНА СКУЛПТУРА
20
ЕНТЕРИЕР 48
ДИШЕЊЕ СО ПУЛС НА ПРИРОДАТА Рубриката „енергетска ефикасност“ е иницирана од ПроКредит Банка во партнерство со Порта3. Со Еко Кредитите од ПроКредит Банка по повластени услови можете да ги реализирате сите Ваши проекти кои заштедуваат енергија и имаат помала емисија на CO2 во атмосферата.
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
32
48
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
градежништво
Собрание на Р.Македонија - Скопје
4
4
ПОРТА
26 септември 2014
Спортски центар „Јане Сандански“ - Скопје
Проект „100 спортски сали“
градежништво
ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
26 септември 2014
ПОРТА
5
5
инфо
15. ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО И ВТОРА ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СЕИЗМОЛОГИЈА
Нови решенија за намалување на земјотресните ризици доц. д-р Кемал ЕДИП, дипл.инж.град.
Покрај искусните професори на ИЗИИС, овој пат како автори и коавтори учествуваа и поголема група млади научници кои се вработени во ИЗИИС и кои се студенти на магистерските и докторските студии во ИЗИИС. На конференцијата беше промовирана Меѓународната конференција по повод 50годишнината од постоењето на ИЗИИС, којашто се планира да се одржи следната година.
П
од покровителство на Европската асоцијацијација за земјотресно инженерство (The European Association for Earthquake Engineering – ЕАЕЕ), а во организација на Турската асоцијација по земјотресно инженерство, кон крајот на август, во Истанбул се организираше 15. Европска конференција за земјотресно инженерство и Втората европска конференција за сеизмологија (2ECEES) како заеднички настан на Европската асоцијација за земјотресно инженерство (EAEE) и Европската комисија за сеизмологија (ЕСС). Истанбул, како домаќин на конференцијата обезбеди добра платформа за дискутирање во врска со главните теми од областа на земјотресно инженерство и сеизмологија. Честа да ја отвори конференцијата ја имаше претседателот на Европската асоцијација за земјотресно инженерство (ЕАЕЕ), проф. д-р Михаил Гаревски, кој е воедно претседател на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство 6
ПОРТА
27 септември 2014
проф. д-р. Михаил Гаревски на свеченото отворање на 15. Европска конференција за земјотресно инженерство во Истанбул (24-29 август)
(МАЕЕ) и директор на ИЗИИС. На отворањето Гаревски, меѓу другото, истакна: „Ми претставува голема чест и задоволство, во името на ЕАЕЕ да го поздравам овој импресивен собир на експерти во областа на земјотресното инженерство и сеизмологијата, и да ви посакам успешна конференција во Истанбул - еден од најубавите градови во светот. Задоволството да се обратам на оваа конференција е уште поголемо, поради тоа што таа се одржува во годината кога ЕАЕЕ одбележува токму 50 години од своето основање. Оваа организација е основана во Скопје (1964), на првиот EAEE симпозиум. Развојот на EAEE, а со тоа и развојот на европското земјотресно инжинерство, најубаво може да се согледа преку континуираното зголемување на бројот на оригинални и квалитетни трудови кои се презентирани на досегашните конференции“. Конференцијата исто така ја поздрави заменик премиерот на Владата на Република Турција, Бешир Аталај. Големиот број теми (21) овозможи програмата на конференцијата да биде
составена од 745 усмени и 783 постер презентации. Може да се очекува дека овие презентации, заедно со воведните (13) и тематските предавања (29) ќе дадат нови решенија за намалување на земјотресните ризици. На конференцијата, како единствени претставници од Република Македонија, со свои трудови присуствуваа научниците од ИЗИИС. Карактеристично е дека, покрај искусните професори на ИЗИИС, овој пат како автори и коавтори учествуваа и поголема група млади научници, кои се вработени во ИЗИИС и кои се студенти на магистерските и докторските студии во ИЗИИС. Присутните научници од ИЗИИС на оваа конференција имаа можност да ја промовираат Меѓународната конференција по повод 50 години од постоењето на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС - 50), којашто се планира да се одржи следната година. Меѓу другото, беа поделени околу 1.000 памфлети во врска со претстојната конференција ИЗИИС - 50, а исто така конференцијата беше промовирана и на
инфо
Тимот на ИЗИИС што го презентираше своето научно искуство како резултат на научните и апликативните проекти реализирани во светот и Република Македонија завршните слајдови при усмени презентации. На генералната асамблеја за земјотресно инженерство, каде што беа присутни национални делегати од 34 земји, и на состанокот на Извршниот комитет се одлучи следната Европска конференција за
земјотресно инженерство да се одржи во Солун, во организација на Хеленската асоцијација за земјотресно инженерство. За потсетување, 14. Европска конференција за земјотресно инженерство беше одржана во септември 2010 година
во Охрид. На оваа конференција присуствуваа околу 1.000 научници од целиот свет. Собирот во Охрид беше најголемата научна манифестација којашто досега се организирала во Република Македонија.
Национално признание за Адора инженеринг
Г
радежната компанија Адора Инженеринг доби национално признание за Општествена одговорност на претпријатија, за 2013 година, во категоријата „Заштита на животната средина“, за проектот „А класа- Еко домови за здрава и сигурна иднина“. Признанието, што министерот за економија Беким Незири и го врачи на Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор во компанијата, е за проектот што е дел од долгорочната стратегија за изградба на енергетски ефикасни домови во Македонија, што со примена на високи технологии, зелена архитектура и обновливи извори на енергија, на станарите им овозможуваат квалитетно, здраво и економично домување по европски стандарди. 27 септември 2014
ПОРТА
7
градежништво
ПАТЕКАТА ЗА ФОРМУЛА 1 - ГРАН ПРИ РУСИЈА 2014 ВО СОЧИ
Во срцето на Олимпискиот парк Предраг КОЧОВСКИ, архитект. (специјално од Сочи за Порта 3)
О
д 10 до 12 октомври годинава ќе се оствари сонот на милиони љубители на автомобилските трки во Формула 1, која за првпат во историјата ќе
се одржи во Русија. Договорот за одржување Формула 1 - Гран при на Русија беше потпишан на 14 октомври 2010 година во Сочи со поддршка на Владата на Руската Федерација во присуство на претседателот Владимир Путин. Таа ќе биде 16-та од 19 етапи на трките на Ф1 во сезоната 2014. Покрај Ф1 во истиот период од Гран при Русија ќе се одржат и трки на поддршка - проследени со трки од серијата GP2 и GP3 . Гледачите и учесниците на Формула 1 Гран при на Русија, кои ќе пристигнат во Сочи, ќе бидат пријатно изненадени од комбинација на суптропска клима, добро развиената транспортна инфраструктура, многуте одморалишта и хотели, и, се разбира, современиот Автодром Сочи – 8
ПОРТА
27 септември 2014
патеката на Ф1, која се наоѓа меѓу неверојатно прекрасните олимписки објекти наспроти снежните планински врвови на Кавказ. Патеката на Ф1 во Сочи се наоѓа во срцето на територијата на Олимпискиот парк, каде беше одржана зимската
Олимпијада 2014. Проектот на патеката, како и на многу други патеки на Ф1, е дело на германскиот инженер Херман Тилке. Таа е многу брза, движењето е во правец на стрелките на часовникот, средната брзина на болидите на Ф1 изнесува 215 км/ч, а на правиот дел на патеката максималната
градежништво
брзина изнесува 320 км/ч. Должината на патеката изнесува 5.854 м, а широчината 13 до 15 метри. Приближното време на еден круг за автомобили е 1 минута и 37 секунди. Главната трибина е со капацитет од 12.780 гледачи, а капацитетот на трибините на целата траса на патеката е 55 илјади гледачи.
Во изградбата на патеката учествуваа и специјалисти од страна на лабораторијата Hart Consult International – најпозната германска лабораторија за иновации на патишта. Патеката е изведена од три слоеви на асфалт со дебелина од 20 сантиметри. Првите два слоја се основни и се состојат од стандардни материјали – песок, чакал и
битумен. Завршниот слој, на кој болидите можат да забрзаат до 320 км/ч, содржи голем број на полимерни додатоци за да се постигне посебна цврстина и одлично вклопување на тркалата со патот. Вредноста на работите на изградба на патеката и објектите на Ф1 во Сочи изнесуваат околу 400 милиони долари.
27 септември 2014
ПОРТА
9
градежништво
Нејзиното височество д-р Петар НИКОЛОВСКИ дипл.инж.арх
Слика 1 Челични танкови
Слика 2 Агломерација на плута во автоклави
ОБЛАСТ НА ПРИМЕНА Плутата е веројатно еден од најстарите материјали кој се користи во градежништвото за изолација на градежни конструкции, како топлинска и звучна изолација, но и во специфични случаи како изолација против вибрации. Сите овие три форми на изолација, карактеристични за плутата како нејзина тријада (тројство), заедно со другите нејзини позитивни својства, ја вбројуваат во групата врвни изолациски материјали. По однос на топлинска изолација и критериумите што овој вид материјали треба да ги имаат, специфичните карактеристики на плутата во споредба со другите изолациски материјали, на некој начин претставуваат синтеза на најдобрите карактеристики коишто другите материјали ги имаат. Од тој аспект, плутата успешно се применува во рамни и коси покриви, зелени покриви, простории на мансарди, подови во меѓукатни конструкции, надворешни фасадни ѕидови како систем КСиНТИ (Компактни системи за надворешна топлинска изолација) или во двојни т.н. сендвич ѕидови, подови на тло итн. На полето на звучна изолација, кога плутата е изложена површински како мерка за апсорпција на звукот и намалување на времето на реверберација (намалување на ехото) во различни средини, таа истовремено обезбедува и топлинска изолација. Исто така, плутата употребена како мерка за изолација на пливачки подови од ударен звук, значително придонесува за намалување на топлинските загуби.
ТЕХНОЛОШКА ОБРАБОТКА НА СУРОВА КОРА ОД ПЛУТА Во минатиот број на „Порта 3“ го опишавме начинот на кој се лупи кората од дрвото плута даб, што понатаму се користи како основна суровина за производство на широка палета на производи од плута. По шестмесечно стабилизирање на отворен простор, кората дополнително технолошки се обработува со варење во неʼрѓосувачки челични танкови (Слика 1). Целта е да се отстранат органски честички вградени во порите и да се овозможи плутата да добие идеална содржина на влага за обработка. Со оваа постапка се отстрануваат и испарливи органски состојки преку водата што врие. При опишаниот процес внатрешноста на клетките на плутата се шири (експандира), им се подобрува внатрешната структура, што 10
ПОРТА
27 септември 2014
Слика 3 - Формирање на плута во блокови
градежништво
плута (2) Слика 4 Цилиндер од агломерирана плута истовремено влијае и на намалување на микрофлора. Кога парчињата од кора се извадени, нивниот обем е зголемен за околу 20%. Покрај тоа што стануваат подебели, структурата им е поправилна и полесно се обработуваат. Поради добиената преголема влажност, нивното сушење и стабилизирање се врши во стерилни простори со добра вентилација. По два дена, тие се подготвени за натамошна обработка. Се дробат во гранули кои се сортираат од 3-10 mm за агломерирана плута наменета за звучни изолации и гранули од 5-22 mm за плута за топлински изолации. Сортираните гранули во тек од 17-30 минути, се загреваат во автоклави со помош на пареа од 300°C до 370°C. Притоа, од гранулите се ослободува природно врзивно средство, suberin, односно се врши агломерација на плутата со сопствена смола (Слика 2). Агломерираната гранулација се форматира во блокови (Слика 3) или во форма на цилиндри (Слика 4). Понатаму, блоковите се сечат во плочи со димензии 1000 х 500 mm и дебелини од 10 до 300 mm (Слика 5), а цилиндрите во ленти со дебелина од 2 до 6 mm и должина до 70 mm (Слика 6). Пред форматирање на плутата во опишаните форми, на гранулите може да се додадат различни лепила, природен или синтетички каучук. Производите добиени на тој начин се познати како производи од композитна плута.
ПРЕДНОСТИ ПОРАДИ КОИ ЕКСПАНДИРАНАТА ПЛУТА СЕ КОРИСТИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО Изолациските својства на плутата се должат на фактот што минијатурните клетки, од кои таа се состои, се исполнети со воздух. Овие клетки се многу помали од клетките на други вообичаени материјали, факт кој придонесува да се потврдат исклучителните изолациски својства на плутата. Од физика е познато дека пренос на топлина се одвива на три начина: директно (со кондукција), со струење (конвенција) и со зрачење (радијација). Слика 6 Лента од агломерирана плута
Слика 5 Плочи од агломерирана плута
Интензитетот на пренос на топлина со кондукција е во директна зависност од количината на цврст материјал од кој се состои клеточната структура, која кај експандирана плута за топлинска изолација е многу мала. Пренос на топлина со конвенција зависи од големината на клетките, која во случај со малите клетки на плутата, нема големо влијание. Зрачењето исто така зависи од големината на клетките: минорната големина на клетките на плута е причина, огромен број пати тие да се загреваат, ја апсорбираат топлината и повторно да ја зрачат, односно вкупното зрачење е минорно. Како резултат на сите овие три факти, вкупниот пренос на топлина кај плутата е минимален (што се гледа и од ниската вредност на коефициентот λ во Табела 1). Физичко-механички карактеристики на плутата Лесна – полесна од вода. Густината на плутата е само 0,16 g/cm3. Отпорна на влага - присуството на суберин (мешавина од масни киселини и тешки органски алкохоли) ја прави плутата водоотпорна за течности и непропустлива за гасови. Поради тоа, плутата не трули. Еластична - ја враќа својата првобитна форма по притисок или истегнување. Одличен изолатор на топлина, звук и вибрации – поради исклучително ниска спроводливост на клетките. Ова се должи на фактот што гасовитите компоненти кои плутата ги содржи се затворени во мали, непропустливи прегради изолирани едни од други; супстанција отпорна на влага. Огноотпорна - плутата е природен огноотпорен материјал. Гори без пламен, не го шири огнот и не испушта токсични гасови за време на согорувањето. Отпорна на абење и удар – поради структурата на ќелиите во форма на пчелино саќе, отпорна е на абење и има висок коефициент на триење. Отпорноста на удар е поголема од онаа на други тврди површини. Хипоалергична - не впива мириси и не задржува прав, поради што не предизвикува алергии и астматични напади. Природен материјал - природната текстура на плутата е комбинација на мекост, еластичност и топлина при допир со нејзината површина. 27 септември 2014
ПОРТА
11
градежништво
Слика 7 - Green Building Product Слика 10 - Ентериер со под од плута
Слика 8 - Еко тест
• Се карактеризираат со висока димензионална стабилност • Поднесуваат температури меѓу -180°C и +120°C • Практично трајноста им е неограничена по однос на зачувување на техничките карактеристики (официјални тестови покажуваат трајност помеѓу 40 и 45 години) • Ги придушуваат амплитудите на температурните осцилации но истите и ги задоцнуваат (многу добро својство за летен режим) • Релативниот коефициент на дифузија на водена пареа им е низок • Отпорни се на притисок (добри механички својства) • Во случај на пожар не ослободуваат токсични гасови • Не реагираат на хемикалии • Глодарите не ги напаѓаат • 100% рециклирачки и можат повторно да се употребат во други апликации Покрај напред наведените својства, производите од плута леснo и брзo се вградуваат, лесно се одржуваат, од здравствен аспект површинската финална обработка не дозволува задржување на прав, поради што не помага при размножување на бактерии и габички, комфорот што плутата го обезбедува како составен дел во производите ја ублажува психичката напнатост кај присутните лица итн. Како резултат на дел од напред наведените карактеристики во однос на еколошкиот момент и животната средина, водечката европска компанија за производство на плута, AMORIM од Португалија, за своите производи од експандирана плута се здоби со сертификат „ЗЕЛЕН ГРАДЕЖЕН ПРОИЗВОД ТОП-10 ЗА 2013“ (BuildingGreen Top-10 Product for 2013), доделен од страна на најголемиот северноамерикански Директориум на производи за одржливо градежништво (Слика 7). Исто така, AMORIM освои прво место на ЕКО ТЕСТ од германско списание „Wohnen & Renovieren“ (Слика 8) а поседува и документ за класа А+ за емисии во внатрешен амбиент, според француската VOC регулатива за емисија на штетни гасови (Слика 9).
АГЛОМЕРИРАНА ПЛУТА ЗА ОБЛАГАЊЕ НА ПОДОВИ И ЅИДОВИ
Слика 9 - VOC-Regulation A+
• • • • • 12
Главни приоритети на производите од експандирана плута во однос на другите слични производи се: Имаат висока топлинска инерција Обезбедуваат висок квалитет на внатрешен воздух во простории (класа А+) Имаат мала потрошена енергија при нивното производство 100% се природен производ Истовремено можат да функционираат како топлинска, звучна и антивибрациска изолација ПОРТА
27 септември 2014
Подовите од плута сè повеќе и повеќе добиваат актуелност заради своите карактеристики, со оглед на тоа што обединуваат два битни моменти: естетика и низа поволни технички својства. Ако пред неколку години подовите од агломерирана плута излегоа од мода, од неодамна тие станаа неодминлив производ во доменот на извонредно дизајнирање на ентериерот (Слика 10). Истовремено, тие ја демантираа идејата дека тврдите подови се причина за создавање голема бучава и студена средина. Од медицински аспект, еластичноста на плутата во подови овозможува вакви подови да ја релаксираат напнатоста во ʼрбетниот мозок и зглобовите во телото на лицата што престојуваат, со чувство на пријатнен допир дури и кога се оди бос по подот (важен факт во некои култури). Со портфолио на португалската „Бизнис единица за подни и ѕидни облоги“, коешто комбинира широк спектар на технички решенија, се направи револуција во традиционалниот концепт на подови од плута, со
градежништво комбинација на уникатните својства на плутата со други материјали (дрво, кокос, винил) и примена на други, целосно иновативни визуелизации (инкорпорирање на најновите дигитални печатарски технологии). Оваа технологија овозможува секој тип на дизајн да може да се реплицира врз плута со невиден степен на реализам. Трајноста на облогите од плута (ѕидни и подни панели) е позната долга низа години. Некои докажани случаи на издржливост се: - Подови од плута монтирани во 50-тите години од минатиот век во Библиотеката на Техничкиот факултет за шумарство (Escuela Técnica Superior de Ingenieros de Montes) во Мадрид, и покрај огромна фреквенција на посетители, сè уште се во добра состојба;
Табела 1 – Главни топлински карактеристики на агломерат од експандирана плута Густина 100 – 140 kg/m3 Коефициент на топлинска спроводливост (при θm = 23°C) λ = 0,039-0,045 W/m•K Специфична топлина (при 20°C) c = 1,7-1,8 kJ/kg Коефициент на топлинско издолжување (при 20°C) α = (25-50) x 10-6 mm/m Максимален притисок при еластични услови 50 kPa Модул на еластичност (притисок) 19-28 daN/cm2 Топлинска дифузија 0,18-0,20 x 10-6 m2/s Пропустливост на водена пареа 0,002-0,006 g/m.h.mmHg Модул на свиткување 1,4-2,0 daN/cm2 Трансверзална цврстина на истегнување 0,6-0,9 daN/cm2 Лонгитудална цврстина на истегнување 0,5-0,8 daN/cm2 Димензионална варијација (при 23 - 32°C и φ = 50 - 90%) 0,3% Индекс на кислород 26% Отпорност на притисок при 10% деформација 1,5-1,8 daN/cm2 Деформација при температура од 80°C 1,4 до 2,4% од дебелината Табела 2 – Главни акустички карактеристики на агломерат од експандирана плута
Слика 11 - Sagrada Familia - И денес постојат крила во болницата „Санта Марија“ (Santa Maria Hospital) во Лисабон, каде што подовите од плута, дури и со децении користење при екстремно висок сообраќај, се во добра состојба; - Многу згради во Лисабон, во упореба од 40тите и 50-тите години од минатиот век, до
Густина ≤ 100 kg/m3 Коефициент на апсорпција на звук (500-1500 c/s) Модул на свиткување Лонгитудална цврстина на истегнување Апсорпција на вода со потопување Апсорпција на вода со капиларност Сила на притисок при 10% деформација Димензионална варијација (при 23 - 66°C и φ = 90 - 0%) денес имаат оригинални подови и ѕидни облоги од плута. Шпанскиот архитект Хорди Бонети Арменгол (Jordi Boneti Armengol), задолжен за градба на Sagrada Familia од Antonio Gaudí, вели: „Отсекогаш плутата ја сметав како одличен материјал и ја употребувам во голем број свои
0,33-0,8 1,4-1,6 daN/cm2 0,3 daN/cm2 9,2% 1,9% 1,5-1,8 daN/cm2 0,4%
проекти. Кога користев плута, резултатите беа добри, а од економска гледна точка тоа е исто така интересна опција“. (Слика 11). Во идниот број на „Порта 3“ подетално ќе се запознаеме со дел од градежните конструкции со изолациски материјали од експандирана плута.
ʟ ʟʏʖʛʗʠʚʢʑʏʸʡʔ ʓʝʚʒʝʟʝʦʜʝǡ ʗʖʐʔʟʔʡʔ ʞʝʓʏʟʝʙ ʝʓ ʞʟʗʟʝʓʏʡʏǨ ʏʖʛʗʠʚʢʑʏʸʡʔ ʓʝʚʒʝʟʝʦʜʝǡ ʗʖʐʔʟʔʡʔ ʞʝʓʏʟʝʙ ʝʓ ʞʟʗʟʝʓʏʡʏǨ
ТОП
ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ
АПСОРБИРААТ ДОБРИ ТЕРМИЧКИ И ВИБРАЦИИ И ВЛИЈАНИЈА ЗВУЧНИ ИЗОЛАТОРИ
Т ОС
ТИШИНА t ТР АЈН НА t ЛИ
АНТИАЛЕРГИСКИ, АНТИСТАТИЧНИ
ВОДООТПОРНИ И ОГНООТПОРНИ
ЛЕСНИ ЗА ЧЕКОРЕЊЕ
ʞʝʓʝʑʗ ʝʓ ʞʚʢʡʏ ʔʙʠʞʏʜʓʗʟʏʜʏ ʞʚʢʡʏ ʖʏ ʗʖʝʚʏʥʗʸʏ ʗ ʣʏʠʏʓʏ ȗʜ˃ˑˣ˃ ˛ˋ˓ˑˍ˃ ˒˓ˋˏˈː˃ ˅ˑ ˆ˓˃ˇˈˉːˋ˛˕˅ˑ˕ˑǡ ȗ ʧˋ˓ˑˍ ˋˊ˄ˑ˓ ː˃ ˄ˑˋǡ ˇˋˊ˃ˬːˋ ˋ ˔˕˓˖ˍ˕˖˓ˋ ˅ˑ ˗ˑ˓ˏ˃ ː˃ ˕˃˄ˎˋ ˋ ˆ˓˃ː˖ˎˋ ȋ˔˃ˏˑ ˊ˃ ˋˊˑˎ˃˙ˋˬ˃Ȍ ȋ˔˃ˏˑ ˊ˃ ˋˊˑˎ˃˙ˋˬ˃Ȍ ˊˊ˃ ˖˓ˈˇ˖˅˃˰ˈ ː˃ ˈː˕ˈ˓ˋˈ˓ˑ˕ ˒ˑ ˅˃˛˃ ˉˈˎ˄˃ ˃ ˖˓ˈˇ˖˅˃˰ˈ ʝ ʝˇˎˋ˚ː˃ ˇˋˏˈːˊˋˑː˃ˎː˃ ˔˕˃˄ˋˎːˑ˔˕ǡ ːˈˑˆ˓˃ːˋ˚ˈː˃ ˕˓˃ˬːˑ˔˕ ˊ˃ˇ˓ˉ˖˅˃ˬˮˋ ˆˋ ˕ˈ˘ːˋ˚ˍˋ˕ˈ ˍ˃˓˃ˍ˕ˈ˓ˋ˔˕ˋˍˋǤ ˇˎˋ˚ː˃ ˇˋˏˈːˊˋˑː˃ˎː˃ ˔˕˃˄ˋˎːˑ˔˕ǡ ːˈˑˆ˓˃ːˋ˚ˈː˃ ˕˓˃ˬːˑ˔˕ ˊ˃ˇ˓ˉ˖˅˃ˬˮˋ ˆˋ ˕ˈ˘ːˋ˚ˍˋ˕ˈ ˍ˃˓˃ˍ˕ˈ˓ˋ˔˕ˋˍˋǤ ДИВАЈН Официјален застапник и дистрибутер | Ул. Борис Трајковски 316, 1000 Скопје, Македонија T: + 389 2 2785 905 | 3214 612 | F: 2785 930 | E: divajn@divajn.com | www.divajn.com ISO 9001:2008 | ISO 14001:2004 | OHSAS 18001:2007 СЕРТИФИЦИРАНА КОМПАНИЈА
ПОРТА
урбанизам
АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (1)
Систем на планирање на просторот
Т
рансформацијата на системот на планирање на просторот во Македонија се одвивала со различен интензитет. Резиме на развојот низ времето: прифаќање и аплицирање на процесот на планирање, развој на кадровска основа и оформување стручни организации; оптимизам во големите можности на планирањето, изработка на планови за урбани подрачја
ПОРТА
проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх.
со доза на форсирана визија, која резултира со делумно реализирање на плановите, со поголемо ниво на реализација на објекти, а помало на инфраструктура; одвивање на период на транзиција на општеството; примена на локациски урбанизам; недоволно ефикасна контрола на изградбата во просторот, од негирање на диводградбите до прифаќање (од амнезија до амнестија). Се презентираат некои аспекти на планирањето.
Системски пристап. Потребата за планирање произлегува од планското предвидување на идните активности во сите сфери на човековото живеење, а особено во делот на организирање на просторот, како ограничен ресурс. Се работи за комплексен систем на акции и реакции, при што ако има активност во конкретен простор, таа активност и тие промени на некои компонентни на човековата средина ќе создадат промени и во други делови на системот и сè така во една интарактивна
урбанизам за изградба на градбата, обликување на објектот и уредување на околината. Со примена на континуитет на системот на планирање, проектирање и градење се применува планирање на поширока просторна целина во согласност со просторен план, се разработува просторот на ниво на населено место или негови делови со примена на урбанистичко планирање, се изработува соодветен проект и се градат објекти, со што се реализира процес на планско организирање на просторот, во функција на квалитет на средината. Нивоата на планирање треба да бидат во континуитет и со нивна синхронизирана поврзаност се добива оптимална целина на просторот. Приказ 1. Целина на систем на планирање и градење ЗАКОН ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ ПРОЕКТИРАЊЕ ИЗВЕДУВАЊЕ ОБЈЕКТ
целина на влијанија. Сите релации се едновремени или последователни и имаат директно или посредно влијание врз посторот во целина. За ефикасно планирање на идните активности во просторот, се применува соодветно просторно планирање, се истражуваат насоки за организирање на просторот на ниво на држава, региони во рамки на државата, на ниво на општини или специфични просторни целини, со изработување и донесување на соодветни просторни планови со кои се планира фундаменталната организација на просторот. Натаму, врз основа на базично планиран просторен развој, се применува урбанистичко планирање, со што се разработува организацијата на просторот на секое населено место одделно, со урбанистички планови на градови, села и делови вон населените места, со што поконкетно се разработува организацијата на просторите до ниво на секоја локација, односно урбанистичка парцела. Следи проектирање на внатрешната структура на градбата со соодветни проекти во зависност од видот на објектот, како основа
Нивоа на планирање. Планирањето на просторот е различно уредено во разни земји, бидејќи тоа е тематика која се регулира на национално и локално ниво, во зависност од вкупните општествени состојби. Во рамки на Европската Унија се утврдуваат соодветни насоки за организирање на просторот на Европа, со нагласка на заедничките аспекти како инфраструктурните коридори, заштитата на околината, користењето на енергијата, полицентричниот развој и слично. За одбележување е Европската просторноразвојна перспектива (ESDP- European Spatial Development Perspective, Stockholm, Sweden, 2006), како битен концепт на политиката на просторно планирање. Се нагласува полицентричноста како принцип при планирањето на просторот и потребата за избалансиран регионален развој со полицентричен урбанистички систем, со нови урбано-рурални релации и почитување на одржливиот развој, обезбедување на поволни услови за пристап кон инфраструктурата, со вклучување на менаџмент и заштита на природата и културното наследство. Со примена на соодветни индикатори за оценка на нивото на територијална интеграција и функционални урбани системи, како една 27 септември 2014
ПОРТА
15
од најполицентрични земји се истакнува Словенија, што е показател дека примената на соодветна стратегија на просторен развој и систем на диспозиција на населените места и нивна поврзаност, резултира со позитивни ефекти во организирање на просторот. Се смета дека Холандија е една од најпланираните земји во Европа. Основни принципи на системот на планирање се: правна држава, правна сигурност на секој граѓанин и демократско окружување. Со оглед на тоа што земјиштето е ограничен ресурс, контролата на неговото користење е ефикасна. Значајна улога во организирање на земјиштето имаат општините и тие го менаџираат планирањето и користењето на земјиштето. Системот на планирање е организиран на три нивоа: национално, регионално и општинско ниво. На национално ниво се утврдуваат планерските политики од заеднички интерес. Второто ниво на планирање ги разработува регионалните целини. На ниво на општина се изработуваат планови за делови кои се градат и се базираат на Правилникот за изградба, со утврдени параметри кои се применуваат во плановите. Исто така, во Данска и Австрија постојат три нивоа на планирање: национално, регионално и општинско планирање. Во Франција постојат четири нивоа на планирање: национално, регионално, генерално (ниво на град) и регулационо (до ниво на парцела). Во Република Македонија се 16
ПОРТА
27 септември 2014
применуваат две нивоа на планирање: национално и локално-општинско. Системот на планирање на просторот е регулиран со Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Аспект на третман на урбанизмот. Се согледува третманот на планирањето на просторот, особено третманот на урбанистичкото планирање во различни временски периоди преку индикаторот -
Приказ 2. Нивоа на планирање во некои земји Земја
Нивоа на планирање
Франција
Четири нивоа на планирање: национално, регионално, генерално и регулационо
Холандија, Данска, Австрија
Три нивоа на планирање: национално, регионално и општинско планирање
Македонија
Два нивоа на планирање: национално и локално-општинско планирање
урбанизам Приказ 3. Поставеност на урбанизмот во називите и надлежностите на органите на управа Година
Назив на орган на управа
Застапеност на урбанизам во називот на органот на управата
Од 1974 Републички секретаријат за урбанизам Од 1982 Републички комитет за урбанизам и заштита на човековата околина Од 1988 Републички комитет за урбанизам, градежништво, сообраќај и заштита на човековата околина Од 1992 Министерство за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија Од 1996 Министерство за урбанизам, градежништво и заштита на човековата околина Од 1999 Министерство за урбанизам и градежништво Од 2000 Министерство за транспорт и врски
Приказ 4. Законско регулирање на планирање на просторот во Р. Македонија Закон за планирање на просторот Број на Службен весник и година
Измени на Законот за планирање Број на Службен весник и година
Закон за регионално просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на СРМ, бр. 7/1965) Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на СРМ, бр. 15/1973)
20/ 1973
45/ 1977
Закон за системот на просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на СРМ, бр. 38/1985)
19/ 1989
38/ 1990
62/ 1993
Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ, бр. 4/1996)
28/ 1997
18/ 1999
53/ 2001
45/ 2002
Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ, бр. 51/2005)
137/ 2007
91/ 2009
124/ 2010
18/ 2011
менување на надлежностите на државните органи на управата во Македонија, а тоа може да се толкува и како однос на општеството кон проблематиката на урбанизмот. Во периодот на седумдесеттите години од минатиот век, бил во функција посебен Републички секретаријат за урбанизам. Во осумдесеттите и деведесеттите години се менуваат називите на надлежните органи на управата, а со тоа и третманот на урбанизмот. Од август 2000-та, надлежноста на урбанизмот е во
53/ 2011
144/ 2012
Министерството за транспорт и врски (при што за првпат дури не се содржи терминот урбанизам во називот на министерството, а исто така и се разделува целината на планирањето на просторот, па делот на просторно планирање е во друго министерство). Таквата неповолна состојба во однос на планирањето на просторот останува до денес, и во таа насока треба да се направи преоценување во однос на значењето на планирањето на просторот и тоа треба да го добие соодветното место во општетството.
Закон и измени. Со направеното согледување на динамиката на законската регулатива во однос на Законот за просторно и урбанистичко планирање, се утврдува темпото на донесување на нови закони и измени на Законот за планирање. Ако се анализира динамиката на донесување нови закони за планирање на просторот, се констатира дека во основа на секои десетина години се донесува нов закон. Измените на законот со текот на времето стануваат сè почести (од две измени во седумдесеттите години до шест измени на тековниот закон). Со таквата динамика може да се очекува донесување нов закон во 2015 година, со внесување на одредени измени на законски одредби во функција на поефикасно планирање на просторот. Насоки за подобрување на системот. Фундаментална мисија на планирањето е подобрување на квалитетот на просторот. Врз основа на состојбата се согледуваат насоки за подобрување на системот на планирање на просторот: - оформување соодветно министерство за урбанизам со третирање на целината на планирањето на просторот, проектирањето и изградбата; - при планирањето треба да се согледуваат повеќе сценарија на развојот со примена на принципите на одржлив развој и избор на оптимално решение за идниот просторен развој на просторна целина; - урбаното планирање посилно да се поврзе со локалната самоуправа, како битна надлежност, со надградба на поефикасен систем на планирање на развојот на населбите и зголемување на нивото на квалитет на просторот; - да се промовираат суштински конкурси за натпревар на идеи, со можност за вклучување на поголем број архитекти, со што се овозможува поголем спектар на идеи; - посоодветно третирање на архитектурата како дел од системот на планирање, проектирање и изградба. Разработка на авторски права во согласност со третманот на архитектурата како специфична синтеза на техника и уметност; - суштинско вклучување на јавноста во урбанизмот и архитектурата. Зголемување на нивото на јавност при донесување одлуки од аспект на планирање на некоја идна активност во просторот, со почитување на различни мислења и повеќе агли на гледање, и избор на оптимална солуција според конкретните услови, а за поголем квалитет на средината. Продолжува 27 септември 2014
ПОРТА
17
градежништво
4
4
ПОРТА
29 август 2014
градежништво
26 септември 2014
ПОРТА
11
11
современи македонски градители
АРХИТЕКТРИ ДЕЈАН ИВАНОВСКИ, РИСТО АВРАМОВСКИ И АНА БОРАНИЕВА
Ова што сега се прави во градот Скопје, во архитектонска смисла, практично брише една современа македонска архитектонска мисла. Физичката трансформација на градот Скопје ги фрли во фокусот на пошироката јавност темите како архитектура, град, просторно планирање и слично. Се плашиме дека позитивните аспекти на овој процес се далеку помалубројни од негативните последици што оваа драстична промена ќе ја остави врз општото поимање за нашето општество и градот како негов сублимат.
Македонската архитектура во моментов е во период на „издишување”
А
рхитектонското студио АРХИТЕКТРИ е основано во 2009 година од тројца архитекти. Дејан Ивановски, Ристо Аврамовски и Ана Бораниева. Сите тројца имаат интернационално работно искуство. Во текот на своето дејствување соработуваат со СКАрС - архитектонско студио, Реактор - истражување во акција, Филип Јовановски - визуелен уметник, архитектонското студио Баум од Севиља, и голем број соработници од државата и надвор од неа. Го сакаат својот град.
20
ПОРТА
27 септември 2014
Кој е Вашиот херој/и?
Ѓорѓи Константиновски, Живко Поповски, Лудјек Кубеш, Вера Ќосева, Мимоза Томиќ, Трајко Димитров, Александар Смилевски, Александар Серафимовски, Крсто Тодоровски, Јанко Константиновски, Петар Муличковски... архитектите што го нацртаа градот наш!
Вашето мислење за македонската архитектура денес?
Македонската архитектура во моментов е во еден период на „издишување”. Жално е тоа што луѓето што цртаат проекти за „својот” град воопшто не го препознаваат квалитетот на тоа што постои како непосредно опкружување, без ралика дали се работи за природа или објект. За жал, без познавање на минатото (а минато е и вчера), не верувам дека може да се надополниме на постоечкиот контекст. Ова што сега се прави во градот, во архитектонска смисла, практично брише една современа македонска архитектонска мисла. Која, мислам дека е неповторлива!
Постојат околу педесет објекти во Македонија кои се со антологиска вредност. Сега можеби се четириесет и пет.
Што претставува за Вас архитектурата во светот?
Архитектурата во светски рамки, се наоѓа во еден чувствителен период на сопствено редефинирање и утврдување на својата позиција наспроти новите политички, социјални и културолошки промени на современиот поредок. Во услови
Набројте три според Вас најзначајни објекти во Македонија? Градски трговски центар во Скопје, Македонска опера и балет во Скопје, Македониум во Крушево.
27 септември 2014
ПОРТА
21
современи македонски градители
на перманентна транзициона состојба и вибрациско градско ткиво, чувствително на секакви глобални и локални промени, нашиот архитектонски дискурс се обидува да фати тврда позиција на трајни вредности од минатите историски епохи како одговор
на светските текови и потреби. За мене архитектурата во светот претставува исто што и во Македонија – одговор на современите барања на контекстот во кој архитектурата се случува и служи да го артикулира агресивниот процес на
урбанизација и растеж на градот. Кога мислиме на архитектура, не мислиме само на зграда. Добра архитектура е феномен кој дефинитивно може да се приспособува, трансформира низ времето. Објект кој може да прими во себе различна, нова програма (мислам на случувања), нема дилема дека тоа е квалитетен простор, објект, град!
Каков е односот на младите кон архитектурата?
Младите се онолку свесни колку што образованието и популарната култура го обработуваат терминот архитектура. Во услови на општа културна деградација, ретроградно ревидирање на историјата и вредностите преку реоформување на „нов“ македонски идентитет, можеме да кажеме дека физичката трансформација на градот Скопје ги фрли во фокусот на пошироката јавност темите како архитектура, град, просторно планирање и слично. Се плашам дека позитивните аспекти на овој процес се далеку помалубројни од негативните последици што оваа драстична промена ќе ја остави врз општото поимање за нашето општество и градот како негов сублимат.
Што не се гледа на фотографијата, а е интересно за Вашите објекти?
Не се гледа подготовката за да се направи добра фотографија. 22
ПОРТА
27 септември 2014
современи македонски градители
На кој проект работите во моментов?
И покрај неколкуте награди на домашните конкурси за проекти за објекти од јавен карактер, сè уште најголемиот дел од работата го заземаат микропроектите што подрзабираат реконструкција на станови, куќи, проекти поврзани со индустрискиот дизајн и истражувачки проекти кои се однесуваат на урбаниот развој.
Ваши архитектонски планови?
Работиме неколку проекти кои се помеѓу архитектура, социјална одговорност, индустриски дизајн и функционалност на градот. Проекти за зачувување или препознавање на јавниот простор, проекти за задржување на празните површини во градот, односно работиме на тоа тие да не се наполнат со згради. Работиме на тоа пешаците и велосипедистите да станат приоритет во однос на автомобилите. Сепак, градот ќе продолжи да живее и без нас, да оставиме некоја празна парцела и за новите генерации... Ќе видиме што ќе оствариме од нив!
27 септември 2014
ПОРТА
23
aрхитектура
ЛЕОНАРДО КАВАЛИ, АРХИТЕКТ
Ние претпочитаме да застапуваме различен став Комплексните проекти инволвираат голем број субјекти. За да одговориме на овој предизвик, нашата филозофија за дизајн е предводена од заедничкиот став со клиентите, консултантите и сите други инволвирани страни. Учиме многу од нив. Исто така се стремиме дизајнот да биде вистински начин со кој ќе се исцртаат сите ставови заедно, така што ќе се задржи јасен фокус на финалниот резултат
Л
Александар ПЕТРОВ, дип.инж.арх.
еонардо Кавали е претседател на ONE WORKS, која има седишта во неколку градови на Италија и во Дубаи. Тој е основач на компанијата заедно со неговиот студентски другар Џулио де Карли, во 2007 година. Таа година двајцата партнери, заедно со нивните тимови, одлучија да формираат нова компанија во која ќе ги внесат нивните заеднички академски искуства, дополнети со 20 години професионална практика, како локално така и на меѓународно ниво. Нивно поле на работа се архитектурата, инфраструктурата и урбанизмот. За многу работи поврзани со почетоците на неговата работа, меѓународното искуство, актуелноста и иднината на архитектурата, разговараме со Леонардо Кавали специјално за „Порта 3“.
One Works е меѓународно проектантско биро со седишта во Милано, Венеција и во Дубаи. Специјализирано е во проектирање и изведба на аеродроми, метро конекции, трговски центри и сè останато што произлегува од инфраструктурата. Кажете ни нешто повеќе за Вашиот развој, созревање и дејствување? Делата на One Works постојат од неодамна, поточно од 2007 година, меѓутоа партнерите имаат подолго искуство со
24
ПОРТА
27 септември 2014
Аеродромот во Медина
Леонардо Кавали со Џулио де Карви
aрхитектура
Метрото во Доха
инфраструктура, мастер планирање и мали проекти. Веднаш по дипломирањето, заедно со Џулио де Карли заминавме за Берлин и Лондон, така што нашите искуства веднаш се насочија токму кон овие работи. Кога повторно се вративме во Италија кон крајот на 80-тите, продолживме да се фокусираме на истите теми, дел поради можностите, а дел бидејќи чувствувавме дека другите архитекти во тоа време не вложуваа никаков напор во нив. Ова се случи на два сосема различни начини. Џулио се пресели во Венеција со цел да работи со Џорџо Ломбарди, а јас се вратив во Милано да работам прво за Cino Zucchi, а потоа за Systematica, компанија кoја е фокусирана на транспортното планирање и дизајн. Дури во 2000 година Џулио се приклучи во Systematica за во 2007-та да ја напуштиме компанијата и да ја основаме One Works. Ни требаа 20 години за да стигнеме до тука. Од изградбата на Метрото во Доха
До сега ги имате изградено аеродромите Арбо во Рим, Бергамо, Шарлроа во Белгија. Под Ваше водство се изготвуваат и развиваат проектите за проширување на аеродромите во Болоња, Пиза, пак Бергамо и еден можеби од покомплексните, Марко Поло во Венеција. Колку еволуира Вашиот проектен дискурс преку оваа проблематика на типологија?
Комплексните проекти инволвираат голем број субјекти. За да одговориме на овој предизвик, нашата филозофија за дизајн е предводена од заедничкиот став со клиентите, консултантите и сите други инволвирани страни. Учиме многу од нив. Исто така се стремиме дизајнот да биде вистински начин со кој ќе се исцртаат сите ставови заедно, така што ќе се задржи јасен фокус на финалниот резултат. Проект менаџментот и процесот се бескорисни доколку не се предводени од силен и јасен дизајн. Во крајна цел, транспортните терминали, како и поголемиот дел на изградената околина, се изградени за луѓето. Јавноста има многу синтетички пристап кон расудувањето, така што една од клучните улоги на дизајнот е да балансира помеѓу сложеноста и немилосрдниот процес на проектирање и градење, давајќи финален производ кој трае многу години. Се обидуваме да останеме фокусирани на концептот вовлекувајќи го низ аналитичкиот дел на дизајнот.
Преку една поетична визија Итало Калвино ги препознава аеродромите на еден многу интересен начин: „... Зошто да се стигне во Труде? - се прашував, а веќе сакав повторно да тргнам... Можеш да го 27 септември 2014
ПОРТА
25
aрхитектура
Аеродромот во Венеција
продолжиш летот колку што сакаш - ми рекоа - но ќе стигнеш во една друга Труде, иста таква од точка до точка, каде светот претставува една единствена Труде која ниту почнува ниту завршува, само го менува своето име на аеродромот ...“ Која е Вашата професионална визија за аеродромите?
Ова е многу деликатно прашање. Аеродромите, станиците, пристаништата како и сите транспортни центри претставуваат транзитивни простори помеѓу местата. Аеродромите се последните што пристигнале... Ние гледаме на овие објекти повеќе како физичка експресија на огромната желба на луѓето да воспостават врска со другите заедници и остатокот од светот. Чувствувам негативност во реченицата на Калвино. И, исто така се плашам дека тоа ќе доведе до недоразбирање. Ние претпочитаме да застапуваме различен став. Питер Смитсон еднаш говореше за „чувството да бидеш некој што живее некаде“. Реченица како оваа, ја изразува немоќната потреба, како што одговара во една отворена заедница, да биде способна да ги препознае различните карактери на изградната средина без да падне во заблуда со идентитетот.
Моментално работите и на два исклучиво комплексни проекти надвор од Италија.Тоа се транспортниот план за метро мрежата во Доха и Ријад. Како се справувате со тамошните проблеми и дали Вашето италијанско искуство ви помага? Колку нештата се различни од Европа?
И двата проекти кои ги спомнавте се дизајнирани и изградени остварувања и тоа е она што ја прави разликата повеќе од самите места. Дизајнот и конструкцијата се случија речиси истовремено и ова наметнува различна организација, како и многу поголем степен на координирање со изведувачите, клиентите и заедницата. Како архитекти кои се одговорни за крајниот дизајн го носиме ризикот да бидеме проголтани од процесот. Додека се трудиш да бидеш што е 26
ПОРТА
27 септември 2014
можно поефикасен, мораш да останеш фокусиран на дизајнот, твојата клучна алатка која те води низ процесот. Но, двата проекти, меѓу другото, се и одлична можност. Дизајнирањето на станици на еден линеарен транспортен систем кој води низ градот, налага препознавање на идентитет на бренд, но истовремено треба да се внимава на поединечните локации и нивниот контекст. Транспортниот систем мора да одоговори на многу специфични правила, капацитет на патници, простор за чекање, билети и контролни системи, сервиси и продавници како и сигурност и безбедност. Меѓутоа, системот се поставува во многу специфични подрачја, така што станиците мораат
aрхитектура да се приспособат на контекстот, а некои од нив дури и да го преобликуваат надворешниот простор.
Рем Колхас во неговото истражување на трговските центри ја дефинира нашата ера како Маркет реализам, повикувајќи се на социјалреализмот во Кина и Источна Европа пред Берлинскиот ѕид. Колку денешната економска криза и развојот на Интернет би можеле да ја издржат оваа комерцијална потреба изразена преку непосредниот простор?
Ова е големото прашање на кое дебатираат сите од малопродажната индустрија, особено фокусирајќи се на факторот Интернет. Тешко е да се предвиди иднината, но факт е дека го рушиме концептот на шопинг, кој воедно се смета и за социјална активност и забава. Тие секогаш ќе имаат физичко место за изложување. Овие места ќе се сменат и дел од она што го дискутиравме на претходното прашање е многу поврзано со тоа. Удобноста ќе биде движечка сила на новите шопинг дестинации. Се гради многу комплексна врска помеѓу физичкиот и нематеријалниот простор, и тоа мора да биде сфатено. Ова за нас е многу интересна причина зошто би продолжиле да се занимаваме со оваа тема.
Позначајните трговски центри на кои имате работено се Carosello, Les Atlantes, Auchan, но константно работите на нови проекти и од овој тип. Што е најзначајно при нивното проектирање? За да одговорам на ова прашање мораме да се фокусираме на Јужна Европа. Во планирањето на градови во Северна Европа е дозволен еден сосема поинаков пристап кон шопинг центрите, додека Источна Европа е сè уште во процес на развој. Во право сте, ние се стремиме да работиме на екстензии и реновирања и тоа поради две главни причини: Европа е изградена средина со малку простор за додавање; поставувањето на јужноевропските развиени шопинг центри и хипермаркети, чиј модел сега претставува закана. Погодностите го предводеа првиот развој во доцните 60-ти. Сместени беа во индустриските области и само по неколку децении се додадоа продавници и молови. Сега се изградени места со, верувале или не, висок степен на социјален живот и интеракција. Потребно им е преобмислување за да станат инклузивни простори наместо ексклузивни шопинг дестинации.
Добро сте запознати и со балканскиот свет. Учествувавте во конкурсот за урбанистичкиот развој на Тирана. Тоа е град кој проаѓа во остра
транзиција и е типично социјалистички поставен. Во што се состоеше Вашиот одговор на постоечката градска структура. Како го одредивте правецот на развој и концептот во еден таков град? Како генерално гледате на тој дел од Европа?
Мастер планот на Тирана беше одлично искуство кое го споделувавме со CZA, Gustafson Porter и останатите. Во турбулентната размена Тирана ја доживеавме како многу возбудливо место, и мислам дека направивме убав и паметен проект. И потоа изгубивме. Интересно е тоа што се референцирате на Тирана како вешто испланиран социјалистички град. Нашето искуство беше малку поинакво. Опфатот на проектот е огромна полу нелегално изградена населба на север од градот со големина од 3.000 хектари. Многу спротивно од нашата замисла за таканаречено „социјалистичко планирање“. Јужниот дел од градот е сè уште предводен од планот што бил направен од страна на Италијанците за време на фашистичкиот период. Главната цел беше да се одговори на развојот (или на обновувањето) давајќи одговор на две многу клучни прашања: замислата за тоа како големиот јавен простор на постојниот булевар, во „италијанскиот град“, ќе се справи со идниот развој; правењето на генерален план кој ќе одговори на многу комплексниот проблем на имотна сопственост, бидејќи парцелите и објектите припаѓаат на два различни сопственици (ова е наследено од периодот на транзиција помеѓу социјалистичка и демократска Тирана). Многу специфични теми, поставени од многу специфични места.
Културно сте формирани при школата во Милано, во еден многу богат творечки период. Кои беа Вашите учители тогаш?
И двајцата бевме студенти во првата половина на 80-тите, сосема поинаков свет од сега. Имавме можност да се сретнеме со Пјерлуиџи Николин, голем учител со фантастичен поглед на она што беше дискутирано во светот во тоа време. Тој беше, и сè уште е уредник на Lotus International, на времето, а веројатно и денес, едно од најдобрите архитектонски списанија во светот. Како студент во текот на неколку месеци имав можност да соработувам со Алдо Роси, Игнацио Гардела и Фабио Рајнхарт на проектот Teatro Felice во Џенова, подоцна Џулио ги запозна Ренцо Пијано и Френк Гери во Венеција на проект за Биеналето. На крајот од сè, веруваме дека одлуката да ја напуштиме земјата веднаш по дипломирањето ни помогна да имаме различна перцепција на работите. Денес звучи многу вообичаено, но не беше така пред 30 години. Мастер планот на Тирана
27 септември 2014
ПОРТА
27
Лошиот мирис на архитектурата
Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Белград)
З
амислете си дека конечно купивте стан. Нов стан, го изградила државата и гарантирала дека ќе биде завршен на време. И бил завршен на време. Се вселивте, почнавте да го средувате просторот, ги запишавте децата во најблиската градинка и почнавте да се привикнувате на новиот комшилак. Далеку сте од центарот на градот но сте блиску до реката, имате паркинг пред зградата, игралиште, а малите продавнички во приземјето ги има секој ден сè повеќе. Но нешто не ви дава мир, ниту вам ниту на станарите од другите станови на вашата зграда. Непријатен мирис или подобро речено смрдеа. Кај некого се чувствува само во дневната соба, кај друг во детската, а некаде пак во целиот стан. Ви кажале дека тоа е нормално затоа што зградата е нова. Интензитетот на смрдеата 28
ПОРТА
27 септември 2014
се засилил кога дошло топлото време. После анализите во Военомедицинската академија, дознавате дека имате вишок на штетни материи во себе поради голема концентрација на отровни супстанци користени во изградбата. Министерството налага итно иселување, и сега сте принудени да барате нов стан кој ќе го изнајмувате. Не знаете кога и дали ќе се вратите во својот стан. Не знаете ништо. Освен дека секој месец ратата за станот стигнува од банката. Ова е заедничка приказна за околу 220 семејства во Белград. Далеку од центарот на градот, на крајниот запад на урбаниот Балград, се наоѓа населба на непрофитни станови во новобелградскиот Блок 72. Повеќето луѓе не ни слушнале за Блок 72, но знаат за населбата што се наоѓа на крајот од долгата новобелградска улица Јуриј Гагарин. Населбата е во изградба веќе три години, фазно се зголемува бројот на завршени објекти, инвеститор е државата Србија, т.е. Градежната дирекција на Србија, а становите се продавани преку ранг-листа на
aрхитектура
социјално загрозени граѓани, млади брачни парови, научници, државни службеници. Цената од 1.300 евра за квадрат била повеќе од конкурентна во морето од станови со сомнителен квалитет, кои низ Белград ги градат приватни инвеститори. Покрај ова, оневозможена е измама на купувачот со продажба на истата недвижност повеќе пати, што беше чест случај, како и гаранција од државата дека становите ќе бидат завршени. За некој што е во можност да го реши своето станбено прашање, ова беше многу добра шанса. Целата приказна имаше одредена доза сигурност бидејќи инвеститор е државата. Становите, главно, се со помала квадратура, еднособни, двособни и трособни, оние што се поради економската немоќ на населението најбарани на пазарот. Блок 72 е правоаголен комплекс на станбени повеќекатници со различен архитектонски израз. Повеќето згради се конципирани така што во приземјето се наоѓаат комерцијални содржини, потоа шест катови станбен простор и седмиот повлечен кат, исто така со станбена намена. Монотоноста што се јавува кај
слични проекти на станбени блокови, е избегната со употреба на асиметрични позиции на отвори во фасадата, како и со различен пристап на фасадното обликување. Просторот помеѓу станбените единици е пополнет главно со паркинг места. Архитектонски гледано, Блок 72 претставува едно многу коректно решение мерено со денешните стандарди на домување во Белград. Бројот на жителите постепено се зголемува од ден во ден, има сè повеќе автомобили на паркинзите, како и продавници со најразлична намена во приземјето. Блокот почна да се „пополнува“, и тоа е еден многу успешен процес. При вселувањето во две згради на комплексот, некои станари чувствувале непријатен мирис, факт кој е оправдан со тоа што зградата е нова и дека со време ќе се „проветри“. Непријатниот мирис се зголемувал, а станарите добивале совети да користат коцки зеолит. Со тек на времето, со доаѓање на потопло време, на пролет и лето, станувало сè полошо и мирисот станал неподнослив. Градежната дирекција на Србија им понудила на станарите да извршат медицински анализи. Резултатите што пристигнале од Военомедицинската академија не биле добри. Кај станарите е забележана вредност на фенол и бензоева киселина зголемени и до 700 проценти. Началничката на најпрестижната клиника рекла дека не постои начин овие материи да бидат внесени преку храна и пијалаци. Станарите се затруени со воздухот што го дишеле. Покрај ова, во анализите се пронајдени и формалдехид, бензен и акролеин. Соединенијата можат да ја оштетат слузокожата, бубрезите, јетрата, а освен тоа имаат и канцероген потенцијал! Токсичните материи овде се пронајдени поради користење на бетонскиот оплатол, што во себе содржи фенол кој е токсичен. Во екот на овој скандал, Градежната инспекција на Србија изјавила дека во Белград постојат уште најмалку шест згради од кои испарува фенол, но не сакаше да прецизира каде се наоѓаат тие згради бидејќи Дирекцијата не е инвеститор! Резултат на сево ова е егзодус на околу 220 семејства, кои не можат да живеат во новоизградените згради затоа што зградите не се соодветни за домување. Ова е официјално соопштение на надлежните институции, кои наложиле итно иселување. Главно се работи за брачни парови со деца, кои становите ги отплатуваат на кредит. Покрај грижата за здравствената состојба, несреќните 27 септември 2014
ПОРТА
29
aрхитектура станари мора да трпат и финансиски последици. Наредбата е становите да се напуштат, државата ќе ги сноси трошоците за привремено изнајмување на станови, како и месечните трошоци за одржување. Според кажувањата на станарите, наоѓањето привремени станови не е едноставно, бидејќи тие мора да бараат станови со мала квадратура кои најлесно се издаваат под закуп, а ова е период во годината кога студентите доаѓаат и бараат станови, што ја зголемува побарувачката а со тоа и цената на становите. Освен тоа, не можат да го носат својот мебел што попримил непријатен мирис. Додека станарите се иселуваат, Институтот за нуклеарна наука го работи проектот за санација на тие згради, за сега не се знае можното решение за ситуацијата, но се очекува сè да биде решено до март 2015 година. Една од можните солуции може да биде парцијално или потполно рушење на зградите. Сепак, според одредени информации, до тоа нема да дојде. Според надлежните, контактирани се и светски институции и за сега не постои утврдена метода како се санира и елиминира фенолот. Дека проблемите
30
ПОРТА
27 септември 2014
доаѓаат еден по друг, покажува и податокот дека банките немаат разбирање за плаќање на кредитите, и дека многу станари се среќаваат со потешкотии во изнајмувањето привремени станови бидејќи станодавците се „плашат од зараза“. Се очекува проблемот да биде решен во рок од шест
месеци, без разлика кое ќе биде конечното решение, дали санација или можеби рушење. Белград доби нова легенда за „смрдливите згради“, станарите на околните објекти во Блок 72 грижа за својата околина, затруените станари приказна за цел живот и многу грижи за сопственото здравје.
градежништво
26 септември 2014
ПОРТА
15
15
aрхитектура
СПОРТСКИ ЦЕНТАР „ЈАНЕ САНДАНСКИ“
Функционална машина со карактеристики на урбана скулптура
В
рз основа на урбанистичко архитектонски податоци на градежна парцела во општина Аеродром, направен е проект за Спортски центар „Јане Сандански“. Инвеститорот, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, сопственик на ЖРК Вардар, МРК Вардар и ФК Вардар, по договор за јавно приватно партнерство направен со општина Аеродром, одлучи да се направи мултифункционален центар, кој во себе ќе содржи голема спортска сала за
5.200 гледачи, мала сала за 960 гледачи, хотел со 61 соба, четири тениски игралишта со придружни содржини и потребен паркинг за нив. Покрај клубовите на Вардар, Спортскиот центар ќе биде дом и на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје - „Аеродром“. Проектот е изработен од архитектонското студио „Радо инженеринг“ - Скопје, како надзорен орган е избрана фирмата „Мегарон инженеринг“ - Скопје, а проект менаџментот е воден од фирмата „CRE Cоnstuction & Consalting“ од Белград. Целокупната проектна документација е из-
Ѓоко РАДОВАНОВИЌ, дипл.инж.арх.
работена од страна на „Радо инженеринг“, во соработка со стручни тимови и организации, спацијализирани за решавање на одредени фази од проектот. Одговорниот архитект Ѓоко Радовановиќ со архитектот Горан Тoдоровиќ и соработниците, архитектите Саво Симоски, Маја Кириќ Радовановиќ, Никола Стојиќ и Немања Стојиќ се судрија со проблематиката на специфични содржини, прописи и стандарди, дефинирани од прописите на IHF (Меѓународна ракометна федерација), EHF (Европска ракометна федерација) и FIBA (Европска кошаркарска
Специфичните содржини, прописите и стандардите, дефинирани од повеќе меѓународни спортски федерации за да се овозможи одржување на спортски натпревари од највисока категорија, наметнаа потреба од задоволување на сите потребни функции, нивно усогласување и синхронизирање, а сепак да се сочува единството и естетското доживување, и сето тоа да е економски издржано
32
ПОРТА
ПОРТА
33
aрхитектура
федерација) за да се овозможи одржување на спортски натпревари од највисока категорија. Потребно беше да се задоволат сите потребни функции, тие да се усогласат и синхронизираат, а да се сочува единството и естетското доживување, и сето тоа да е економски издржано. Требаше да се добие функционална машина со карактеристики на урбана скулптура. Главната сала е со висина од 16 метри. Висината на венецот на хотелот е 35 метри, а основните содржини се наоѓаат на нивоата -3,10; ±0,00; +0,60; +6,20. Главниот терен е во големата сала, со габарит 58 х 28 м, и тој обезбедува сместување на сите потребни функции. На ниво на главниот терен, сместени се трибини за ВИП гости, 40 места за новинари и репортери, четири одвоени гардероби за тимови со потребните санитарии, две гардероби за судии и спортски делегати и просторија за анти допинг контрола, сето тоа според инструкциите на EHF/FIBA. Во рамките на ова ниво, предвидени се канцеларии за управата на клубот, голема теретана, простор за аеробик, велнес 34
ПОРТА
27 септември 2014
aрхитектура простор, кафе-бар, како и посебни гардероби за големата теретана. Со организација на влезовите – службен влез за вработените, ВИП и новинари, исклучена е можност за влез на публика на ова најниско ниво. Предвиден е простор за хендикепирани лица, како и адекватен број на тоалети за овие лица со посебни потреби. Под трибините се наоѓаат тоалети за посетителите, локалите, како и амбуланта наменета за посетителите. Малата сала е вкопана на ниво -8,48 и е наменета за тренинг и помалку важни натпревари. Таа е за 960 гледачи и може да се користи независно од останатите делови од објектот, т.е. поседува посебни гардероби за тимовите со придружни содржини. Хотелот е со катност П+7, располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски и шест „супериор“ апартмани, 28 еднокреветни, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Во склоп на хотелот има приемен хол, кујна со ресторан и сите придружни простории за нив. Посебните функционални независни целини во рамките на објектот се: фитнес и аеробик сали, проектирани на ниво -2, на кота -6,63 со гардероби и помошни простории кои можат да бидат користени од надворешни гости. Исто така, постои аутлет за спортска опрема, фан-шоп и игротека за деца, четири тениски игралишта, две отворени и две затворени со придружни простории, според условите за одржување на ATP турнири.
КОНСТРУКЦИЈА Конструкцијата на големата главна сала е армирано-бетонска скелетна конструкција, која е составена од армирано-бетонски столбови, греди, плочи и темели. Еден дел од конструкцијата, главно плочите на ходниците и трибините се изведени како монтажно армирано-бетонски префабрикувани елементи. Кровната конструкција е челична, а распонот на челичната кровна решетка е 64,48 метри. Кровните решетки се на растојание од 6 метри и се потпираат на армирано-бетонски столбови кои ги носат и трибините. Кровната конструкција на малата сала е од челичен кутиест носач со распон од 30,55 метри. Скелетниот систем на малата сала го сочинуваат линиски носачи, поставени на растојание од 3,0 метри, додека целиот систем е предвиден да прифати максимален број гледачи на кровот на малата сала, што воедно е влезно плато за главната сала.
ПРИМЕНЕТИ МАТЕРИЈАЛИ На фасадата на големата сала и делот од хотелот се применети термоизолирани сендвич панели Kingspan со дебелина од 100 mm. Се работи за термоизолирани панели, двострано обложени со лим кој одговара на европските стандарди за ваков тип на објект. 27 септември 2014
ПОРТА
35
aрхитектура На кровот на големата сала е користен термоизолиран сендвич панел Kingspan XDEK, со дебелина од 188 mm. Во прашање се термоизолирани панели двострано обложени со лим, кои одговараат на европските стандарди. Овие панели одозгора се покриени со мембрана Sikaplan 15G и огноотпорно IPN јадро со дебелина од 80 mm. Фасадата на хотелот и делови на облоги на големата сала се третирани како вентилирана фасада со фасаден алуминиумски композитен панел Mitsubishi со дебелина од 4 mm - ALPOLIC, Јапонија. Применетото стакло за целиот објект, како заеднички именител е 6 mm Planilux Cool-lite ST 136 + 16 mm Argon 90% + 6 mm Planilux ultra N, произведен од Saint-Gobain Glass од Франција. Во прашање е рефлектирачко стакло (термо-пакет), каде што исполната помеѓу стаклата е инертен гас - аргон, што овозможува постоење на една од ретките сали со природно осветлување.
МАШИНСТВО Како специфика на објектот, како изворна топлинска, т.е. ладилна енергија, се користи подземна вода од неколку бунари, која со помош на геотермални топлински пумпи со висока ефикасност ќе се трансформира во топлинска (ладилна) енергија, потребна за греење и ладење на објектот. Потребната топлинска (ладилна) енергија, потребна за едно деноноќие на комплексот, ќе биде складирана во дневните резервоари или акумулатори на топлинска, односно ладилна енергија. Резервоарите се со зафатнина од 2.100 м³ вода, поделена во единици за користење.
ЦЕНТРАЛЕН СИСТЕМ ЗА ДАЛЕЧИНСКИ НАДЗОР, УПРАВУВАЊЕ И АВТОМАТСКА РЕГУЛАЦИЈА – ЦСДН (БМС) Направен е систем со дистрибуирана интелигенција. Комплетниот апликативен софтвер 36
ПОРТА
27 септември 2014
за реализација на програмско логичко управување и директна дигитална регулација на системот во функција на време и случувања е сместен на ниво на микропроцесорски АС станици. Врз база на собраните податоци од постројките (аналогни и дигитални влезови), на ниво на АС станици се генерираат автоматски управувачки и регулациони функции (дигитални и аналогни излези), кои се проследуваат до извршните органи во постројките. Сите неопходни информации за АС станиците се проследуваат до централниот компјутер кој служи за комуникација човек машина и реализација на хиерархиски зададени инструкции од страна на операторот или софтверот на ниво на централниот компјутер. • Системот овозможува автоматско водење и следење и регулација на процесот на работа на технолошката целина. • Собирање на сите битни параметри од по-
стројките со мерење на температура, релативна влажност, притисок, аларм, приказ на работа на потрошувачот, приказ на аналогните вредности на сигналот, приказ на работните часови на моторните потрошувачи. • Дојава на дефект на опремата, како и сензор за надминување на однапред зададените вредности. • Архивирање на сите податоци од постројките на хард диск и др.
ЕЛЕКТРИКА Сите инсталации и системи се проектирани и изведени според строгите стандарди IHF/EHF и важечките закони и стандарди во Република Македонија. Во големата сала, освен двата семафори, сместен е ЛЕД дисплеј со димензии 3840 мм х 2880 мм, со четири екрани, централно поставени во салата. Аголот на гледање е хоризонтален 120°, вертикален 90°. Оперативен
aрхитектура
систем Windows, контролно растојание до 150 метри. Целиот процес на проектирање и градење се заврши во рокот, од април 2013 до август 2014 година. Покрај главниот изведувач на
конструкцијата - „Гранит“, Скопје; фасада „Интер Aл-пин“, Скопје; машински дел - „Кратер“, Скопје; електрика „Електроунион“,Скопје; ВИК - „Фортуна“, Скопје, учествуваа и околу 60 изведувачи со
над 1.600 работници. Без добра волја, висока квалитетна професионалност на учесниците во проектот и поддршка од инвеститорот, тоа ќе беше невозможна мисија.
ПОРТА
ентериер
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
56
56
ПОРТА
26 септември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ентериер
Б
26 септември 2014
ПОРТА
57
57
архитектура
Твист облакодер кој се стреми
Љупка ДУКОВСКА, дип.инж.арх.
Пример на соработка на архитекти и уметници. Хармонија на неограничена фантазија и современа индустрија. Сојуз на прагматизам и слободоумност, ширење на стандардните граници во трагањето кон нови форми, кон совршенство 40
ПОРТА
27 септември 2014
архитектура
кон бесконечноста „МОСКВА - СИТИ 2“ Во усвоениот генерален план за развој на Москва се планира изградба на стотина облакодери, завршување на изградбата на „Москва - Сити“ и почнување на градба на „Москва - Сити 2“. Градбата на „Москва - Сити“ е првата етапа на создавањето на новопроектираниот реон во Москва, „Москва Бољшои Сити“ (поретко се нарекува „Москва - Нов центар“ или „Москва Сити 2“). Тој ќе се гради на местото на бившата индустриска зона, помеѓу „Москва - Сити“, кој е во градба и улицата „Хорошевска“, на простор од околу 1.000 хектари. Се планира на оваа територија да се изгради нов простор од фантастчни 21 милион метри квадратни. Инвестицијата ќе биде повеќе од сто милијарди американски долари, во стилот на нај, нај... Во моментов изградбата на „Москва - Сити“ е во полн ек. Сите проекти кои се реализираат на овој просторот, во ова градителско чудо, се посебни, необични и интересни секој на свој начин. Во овој текст моето внимание е насочено кон еден од облакодерите, кулата „Еволуција“, која е прв спирален, твист облакодер во Русија.
КУЛА „ЕВОЛУЦИЈА“
С
овремена Москва е еден од најголемите деловни центри во светот. Привлечна точка за светскиот капитал, политиката, авангардата во културата, за сите што сакаат убаво да живеат. Градот се менува секој ден, се подига сè повисоко и повисоко, се стреми кон небото. Во неа се влеваат река долари... од гасот, од нафтата... Градот има повеќе милијардери од Њујорк, има повеќе барови отколку во Лондон... Руската престолнина веќе не заостанува зад другите светски центри, напротив тие заостануваат зад неа. Новото московско чудо кое во моментов се создава, а за кое архитект Љупчо Атанасовски пишуваше во претходниот број на „Порта 3“, е „Москва - Сити“. Тоа е град во град, деловен центар во кој ќе се одвива деловна активност, домување и одмор, центар кој се гордее со најскапа градба на сите времиња, кој е нај, нај,
нај... во сè. Грандиозноста на Москва, градот во кој се случува ова градителско чудо, најдобро се илустрира преку реализацијата на овие мегапроекти, на кои сме и ние современици. Реализацијата на новиот Московски меѓународен деловен центар (ММДЦ) „Москва - Сити“, почна во 1996 година во самиот центар на градот, на „Пресненска набережна“, на простор од 60 хектари, а треба да биде завршен до 2016 година. Во овој период, постојано никнуваат новите силуети на објекти, видливи од секоја точка. Се гради зоната на модерни облакодери. Се менува хоризонтот. Се создава Менхетен на брегот на реката Москва. Новините секако предизвикуваат противречни мислења во јавноста, како на пример, дека со одењето во висина се нарушува стариот историски лик на градот.
Твист кула возвишена кон небото, кон бесконечноста... Необичната, извртена, спирална (твист) кула, наречена кула „Еволуција“, се гради на парцелите 2 и 3 на комплексот ММДЦ
ПОРТА
архитектура
„Москва – Сити“, според проектите на британскиот архитект Тони Кетл (Tony Kettle). Таа е проектирана во духот на новиот тренд во архитектурата во целиот свет, твист облакодери кои спирално се подигаат кон небото. Висока е 255 метри и има 54 ката. Градбата на кулата е почната во 2011 година, а завршувањето се планира за 2014 година. Објектот е повеќефункционален. Во него се предвидени: свечена сала „Дворец за склучување бракови“, банкетни сали, ресторани, деловен простор, трговско-забавен простор, простор за музеј „Москва - Сити“, станица за метро и подземен паркинг за 1.350 автомобили. Во проширениот приземен дел на кулата, предвидени се трговско-забавни простори, како и пешачки врски помеѓу мостот „Багратион“, станицата на метро „Виставочнаја“ и просторите на „Централното јадро“. Површината на објектот е 169.000 м². Деловниот простор има површина од 62.000 м², просторот за трговска намена 5.000 м², просториите за склучување бракови 2.000 м²... Го опслужуваат 21 лифт. Една од главните карактеристики на кулата „Еволуција“ е извртениот, твист дизајн (twisting desing). Секој кат се врти за 3º околу централното јадро на објектот. Сите катови ротирајќи константно за 3º, создаваат елегантно движење во правец на часовникот и даваат извртување на облакодерот во однос на базата за 150º. „Преплетувањето“ според проектантите, го симболизира единството на машкото и женското начело. Формата потсетува на знакот на бесконечноста, што постојано се стреми во 42
ПОРТА
27 септември 2014
висината, кон достигнување на следното ниво... кон нови деловни исполнувања, кон остварување на најсмелите фантазии...
ТОНИ КЕТЛ Архитектот Тони Кетл е познат со неговата работа во Шкотска и Русија. Неговата интернационална компанија „Kettle Collective“ има 20-годишно работно искуство во Русија. Почнува со реконструкцијата на „Ермитаж“, потоа работи на проектирањето на „Лахтацентар“ за компанијата „Гаспром“ во Санкт Петербург, и сега на кулата „Еволуција“ во Москва. Органската форма на кулата „Еволуција“ во Москва е микс на соработката на архитектот Кетл со шкотскиот уметник Карен Форбс (Karen Forbes), професор по уметност на факултетот во Единбург, на нивната инспирација, креативност, возбуда и напор да се излезе надвор од конвенционалните форми на комерцијалните објекти. Овој проект е блескав пример на соработка на архитекти и уметници. Хармонија на неограничената фантазија и современата индустрија. Сојуз на прагматизам и слободоумност, ширење на стандардните граници во трагањето кон нови форми, кон совршенство. Движење напред кон иднината, заедно со градот, во чекор со светот. Архитектонската футуристичка форма на новата преплетена твист кула, според авторот на проектот, ќе стане симбол на главниот град Москва, како што е храмот на Василие Блажени. Кога ќе биде завршена, таа ќе биде меѓу највисоките структури во Русија и Европа и една од најубавите структури во светот. „Нема да биде највисока, но ќе биде најубава“, вели архитектот Кетл.
ПОРТА
aрхитектура
Имавме сон: бегство покрај езерото
Е
зерото Pend Oreille се наоѓа во северниот дел на државата Ајдахо во САД . Тоа е тринаесетто најголемо слатководно езеро на светот и петто најдлабоко езеро во САД. Толку е длабоко што американската морнарица со сонарна подморница сè уште ги испитува неговите длабочини. Огромни шуми во Националниот парк го опкружуваат езерото чие крајбрежје е ретко населено. Тука, Чак и Памела Хулберт избрале да живеат преселувајќи се од Тексас. Тие имаат направено дом кој е само 20 минути одење пеш до езерото, но посакале да направат нешто што е многу поблизу до водата. Купиле парче земја на котата Пикард и изградиле 70 м² куќа, каде што сакале да се одмораат и да им се восхитуваат на убвините на езерото и неговата околина. Чак Хулберт го одбрал архитектот Џон Сајлер (Jon Sayler) да му го изработи проектот, со желба објектот да се вклопи во пејзажот и да не го нарушува! Архитектот Сајлер ангажирал геометар кој му направил детална геодетска подлога, за да може што подобро да го смести објектот на плацот. Објектот има неправилна форма со 10 агли. Архитектот направил објект кој веднаш не може да се препознае како куќа, во која луѓето ќе гледаат и ќе се прашуваат: „Што е тоа? Тоа е еден покрив? “ На целиот кров посадиле четири видови цвеќиња и трева. Тоа било дел од решението и 44
ПОРТА
27 септември 2014
Ангел СИТНОВСКИ, архитект
Чак и Памела Хулберт избрале да живеат покрај езерото Pend Oreille, кое се наоѓа во северниот дел на државата Ајдахо во САД. Тие имаат направено дом кој е само 20 минути одење пеш до езерото, но посакале да направат нешто што е многу поблизу до водата.
ги чинело доста скапо, но тие, како и нивните гости се воодушевени од кровот. Сајлер сакал куќата да биде осамена во природата, без други објекти наоколу. Од тие причини, тој направил паркинг простор на околу 200 метри од објектот. Така, посетителите, откако ќе се паркираат, ќе мора пеш да се прошетаат низ шумата одејќи по каменитата патека. Врз поплочениот двор од камен, тие направиле огниште кое може да служи и како маса кога врз него се става дрвена округла плотна и околу него се наредат столици. Влезната дрвена врата е изработена од еден локален уметник Мјулс Хоуген (Myles Hougen), кој за нејзина изработка користел различни видови дрва од околната шума, како кедар, ела, бреза. Влезот води во кујната, во која се наоѓа фрижидерот, микробрановата печка како и лавабо со вода, но тие немаат машина за миење садови. Целиот ентериер е изработен од ела. Локалните занаетчии ги изработиле креветот во спалната соба и трпезариската маса, додека столиците се дански.
ПОРТА
дрвна архитектура
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, дипл.инженер по дрвна индустрија
ДРВОТО ГИ ЗАДОВОЛУВА ГРАДЕЖНИТЕ ПРОПИСИ Кодовите во Европа и Северна Америка полека се променуваат со напредокот на дрвното инженерство и технологијата на градба со дрво. Архитектите и градежниците никогаш немале повеќе можности да го користат дрвото како градежен материјал во станбени и деловни објекти како училишта, комерцијални објекти, индустриски објекти и многу други институции. Механичките и физичките својства на дрвото овозможуваат тоа да се користи во многу различни апликации - од мали семејни куќи до поголеми и покомплексни конструкции како спортски арени, училишта, трговски центри и друго.
Зошто дрво? ДРВОТО Е ДОЛГОТРАЈНО Едно од природните својства на дрвото е способноста да апсорбира и ослободува влага, конструктивните делови од дрво можат да ја регулираат влагата без да ја компромитираат конструкцијата. Бројни примери докажуваат дека дрвото може да се користи и во највлажните клими во Азија, а исто така се употребува и во објекти со најголема влажност како што се аква центри, базени и слично. Покрај тоа, дрвото е природен регулатор на влагата во
просторијата; влажноста на дрвото е секогаш иста со влажноста на воздухот, но доколку влагата на воздухот се намали, дрвото ја испушта влагата што е апсорбирана во него и овозможува природно регулирање на влагата во воздухот. Ова својство на дрвото ги намалува трошоците за вентилација, загревање и ладење на просториите. Заштитата од термити, разни инсекти и габи не мора да значи дека мора да се избере само материјал од неорганско потекло. Постојат неколку дрвени видови кои се употребуваат во градбата, а кои се делумно или целосно отпорни на термити, инсекти и габи. Но доколку дрвените видови не се природно отпорни, постојат бројни производи како премачкувачи и импрегнатори кои го заштитуваат дрвото со висок степен на сигурност.
ДРВОТО Е СИГУРНО Многупати се докажало дека дрвените конструкции одлично се однесуваат во ситуација на пожар. Со додавањето на заштитни системи против пожар, како прскалки, противпожарни преградни ѕидови и тавани, и простор околу објектите, може да се зголеми дозволената големина на објектите од дрво. Дрвото е значително послаб спроводник на топлина од челикот и бетонот. Масивните дрвени носачи имаат предност во случај на пожар со тоа што постепено јагленисуваат од страните, додека внатрешноста го задржува својот 46
ПОРТА
27 септември 2014
конструктивен капацитет. Постепеното јагленисување овозможува доволно време за евакуирање на објектот. Години на истражување и подобрување на градежните прописи докажале дека дрвените и хибридните конструкции можат да ги поднесат и најтешките земјотреси. Силите на земјотресите пренесени на објектот многу подобро ги поднесуваат дрвените конструкции заради флексибилноста на врските и помалата тежина во споредба со бетонот и челикот. Кај дрвените конструктивни врски се употребуваат бројни метални конектори како навртки, завртки и друго, со што доколку попушти еден од овие конектори нема да биде доведена во прашање целата врска. На овој начин флексибилноста на конструкцијата може да совлада ненадеен удар од земјотрес или силен ветер.
ДРВОТО Е ЛЕСНО ЗА ОБРАБОТКА Дрвото е подеднакво приспособливо, како во ентериерот така и во екстериерот. Како завршен материјал дрвото внесува топлина и природна убавина и внатре и надвор, но може да се користи и како конструктивен материја. Конструктивните дрвени производи овозможуваат совладување на поголеми
распони и повисоки конструкции. За разлика од некои други материјали, градбата со дрво може да се одвива во која било сезона во годината и скоро на секоја клима. Работници со разни квалификации можат брзо да го совладаат материјалот. Дрвото може да се обликува на самото место на самото градилиште со што се добива на време.
ДРВОТО Е ОДРЖЛИВО За изградба на зелени објекти, дрвото е очигледен избор. За разлика од другите градежни материјали кои ги осиромашуваат ресурсите на земјата, дрвото е единствен широко употребуван градежен материјал кој природно расте и е обновлив. Кога се зборува за кој и да било материјал, важно е да се земат предвид сите влијанија врз животната средина во нивниот „животен“ циклус. „Животниот“ циклус на еден материјал започнува од собирање на суровината, преку производствениот процес, транспорт, вградување, употреба, одржување и отпад или рециклирање дрвото во сите овие категории има значително помал негативен импакт врз животната средина.
Dekada na uspe[no rabotewe ПОРТА
А
Ивана ГРУПЧЕ дипл.инж.арх ко одите во Тетово, несомнено ќе ве привлече едно интересно и необично место. Тоа е кафетеријата „Гарден“, место кое го оправдува името со својот прекрасен и релаксирачки амбиент. Ентериерниот проект е дело на LD Studio од Тетово. Студиото го чинат креативниот брачен пар, архитектот Афродита Абдиу и градежниот инженер Бурим Абдиу. Тие отпочнуваат со работа во 2007 година, па досега имаат реализирано мноштво проекти, претежно ентериери на повеќе приватни куќи, кафетерии, ресторани, амбуланти и сл. „Работата на архитектите кај нас е таква, добро позната на сите, дека мора да се подлегне на барањата на клиентите, но сепак се трудиме со тешкотии, да стоиме зад тоа што сме, да ја објасниме и оправдаме нашата гледна точка“, објаснува Афродита за „Порта 3“. Но, ентериерот на „Гарден“ не е таков случај. Овде креативците добиваат тотална слобода за креирање на концептот. Единствени барања на клиентот се кафетеријата да биде необична и уникатна со пријатна и топла атмосфера, и да има посебно место за подготовка на свежо цедени сокови како еден акцент на природноста. Тргнувајќи од овие насоки, инженерите Абдиу создаваат еден необичен, весел и релаксирачки концепт, спакуван под брендот „Гарден“. Просторот во основа има 155 м2, што претставува релативно голем простор за организација со доста голема висина. За да ги
48
ПОРТА
27 септември 2014
Дишење со пулс на природата
Овде креативците добиваат тотална слобода за креирање на концептот. Единствени барања на клиентот се кафетеријата да биде необична и уникатна со пријатна и топла атмосфера, и да има посебно место за подготовка на свежо цедени сокови како еден акцент на природноста
ентериери
намалат сразмерните разлики меѓу човекот и големиот простор и да создадат чувство на удобност, тие се решаваат на концептот „простор во простор“, така што седењето го групираат во помали простори во форма на метални куќарки распоредени низ „градината“. Овие куќи дефинираат пријатност и топлина, бидејќи носат меморија на најтоплото и најудобното место за човекот - неговиот дом. Чувството е нагласено и со лежерно поставување на столиците во просторот. „Секоја куќарка носи свој посебен амбиент различен од другите, и овозможува секој посетител да се пронајде себеси и своето омилено место за уживање во кафето и просторот што сам го одбрал“, додава Афродита. Пред LD Studio се исправува уште еден
предизвик, а тоа е визуелното намалување на висината на просторот, како и спроведување на првичната идеја за висечка градина која беше елиминирана поради скапата цена и непостоење услови за одржување на
растенијата со хидропона техника. Затоа, Абдиу се решаваат на делумна компромисна варијанта со обесување на вештачки цвеќиња како цветна градина низ целиот плафон, при тоа испреплетени со сијалици кои додаваат магична нота на просторот. Осветлението го решаваат со огромна суптилност, така што низ просторот ќе сретнете ламби со уникатен дизајн, повеќето рачно изработени. Над една од куќарките се сместени ламби со четири различни абажури со мотиви од флора и фауна, на ѕидовите странично како тродимензионално продолжение на белата тапета со текстура на дрвја се наоѓаат ламби закачени на гранки од дрвја, како и металните, отворени ламби изработени од метални прачки во црвена и црна боја, сите тие го оплеменуваат и стоплуваат секое катче од
НОВ НОВА Н А ЕНЕРГИЈА З ЗА АВ ВАШИОТ АШИОТ ДОМ
КРЕДИТ К З ЗА А ЕНЕРГЕТ ЕНЕРГЕТСКА РГЕТ ТС СКА ЕФИК ЕФИКАСНОСТ АСНОСТ
Дознајте повеќе на:
pcb.com.mk/ekokredit pcb.com.mk/ekokredit дознај повеќе
ПОРТА
просторот. Главна карактеристика на стилот на ентериерите на LD Studio е употребата на природни материјали, во случајот: металот, дрвото и црвената тула. Овој ентериер зрачи со уникатност, не само по својата идеја туку и по изработката на уникатни предмети по нацрти на Афродита и Бурим, кои му даваат особен печат на просторот како што се бројните светилки, лустери, столици, дрвени и метални маси. Пропратени со ѕидовите од природна
ПОРТА
тула и фокусниот бел ѕид со текстура на вдлабнати природни мотиви на дрвја, во симбиоза со свежите бои „позајмени“ од природата и многуте растенија распоредени како детали во просторот, претставуваат вистински релаксирачки момент и „навраќање“ на човекот кон природата. Така, „Гарден“ го живее секој ден како вистински симбол на природата и човекот.
Connecting Global Competence
The future of building
MK
DEinternational DOOEL Skopje · tomova@ahk.mk Tel. +389 2 3228 824 · Fax +389 2 3296 790 29 август 2014
ПОРТА
31
31
експерт
СТЕРЛИНГОВА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА ЗА 2014 ГОДИНА (2)
Восхитувачки оригинални и Д-р. ВЛАДИМИР Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)
С
амо неколку недели не делат од четврток 16 октомври, кога во Кралскиот институт на британските архитекти ќе се објават резултатите за престижната Стерлингова награда за архитектура за 2014 година (2014 RIBA Stirling Prize). Оваа година во најтесниот избор за Стерлингова награда се влезени вкупно шест реализирани објекти, од кои четири веќе беа претсатвени на читателите на „Порта 3“ (лондонскиот центар „Аквактикс“, Библиотеката во Бирмингем, театарот „Евримен“ во Ливерпул и Школата за уметност во Манчестер). Преостанатите два објекти, лоцирани во британската престолнина Лондон, се Студентскиот центар Saw Swee Hock при Лондонската школа (факултет) за економија (London School of Economic Saw Swee Hock Student Centre) на O’Donnell and Tuomey Architects, и лондонската кула Шард (London Bridge Tower / The Shard) на Renzo Piano Building Workshop. Студентскиот центар Saw Swee Hock при Лондонската школа за економија е лоциран во рамките на комплексната средновековна улична мрежа на Лондон, каде архитектите успеале да исткаат магичен објект кој претставува исклучителен пример за тоа како креативно да се искористат ограничувањата на локацијата за да се создаде восхитувачки оригинален објект, којшто во голема мерка придонесува кон градскиот пејзаж. Неправилната основа која го определила појдовниот волумен на објектот, потоа скулптурално е издлабена во низа на површини под различни агли за да се зачува правото на природна светлина на околните објекти. Вака дефинираните површини се перфорирани за да се даде светло и форма на објектот. Динамиката на опкружувањето, што произлегува од соседните улиците, е продолжена во внатрешноста на објектот преку континуирана внатрешна улица во форма на широки скали коишто како спирала се издигаат низ целата висина на објектот околу неговото внатрешно јадро. Внатрешните простори се чувствуваат како природни, функционални и пријатни за употреба и покрај различните наклони и преклопи на надворешната фасада на објектот и комплексните неортогонални форми на 52
ПОРТА
27 септември 2014
The Shard е сеприсутен во Лондон и е ѕвездата на многу погледи во рамките на градот. Истовремено, да се направи кула на мала локација која ќе биде предмет на голема убавина е исклучително ретко достигнување и како резултат на ова архитектите имаат бескрајно придонесено кон непосредното опкружување на објектот
основата и севкупно резултираат со навистина фасцинирачки објект исполнет со архитектонски референци од Кан (Khan), Стирлинг (Stirling) и руските конструктивисти. Објектот вреден околу 29 милиони евра и со внатрешна бруто површина од 6.100 метри квадратни бил завршен на 20 декември 2013 година. Оваа кула со исклучително комплексна надворешна форма е изградена од 175 илјади тули, преку комбинација на 46 вида на стандарни и 127 вида на специјални тули, што овозможило ниту една тула да не треба да се сече пред да се вгради. Перфорираните ѕидови под агол овозможуваат и светло и осенчување. Додека прозорците се изработени од јатоба – бразилско племенито дрво. Спиралната основа на објектот функционира како континуиран социјален простор во кој се поттикнуваат контактите помеѓу студентите и вработените. На врвот и на дното на овој спирален систем се наоѓаат и две многу поконвенционални спирални скали, една која води кон највисокиот дел на објектот што се намалува во површина кон врвот, и втора која води кон подрумот во кој се наоѓа голем клуб со двојна катна височина осветлен преку
експерт
објекти за пример
Студентскиот центар Saw Swee Hock при Лондонската школа за економија е лоциран во рамките на комплексната средновековна улична мрежа на Лондон, каде архитектите успеале да исткаат магичен објект кој претставува исклучителен пример за тоа како креативно да се искористат ограничувањата на локацијата
посредно осветлување од нивото на улицата. Примената на природното осветлување, природната вентилација и други клучни аспекти на проектот овозможиле објектот да се стекне со највисоката можна оценка за енвиронменталистички (еколошки) квалитет на објектот – исклучителна според британската методологија за енвиронменталистичка проценка на објектите (BREEAM – British Research Establishment Environmental Assessment Method). Објектот е прекрасно изведен, со високо ниво на мајсторство и внимание, резултирајќи во објект со исклучителен и оригинален изглед кој едновремено убаво се вклопува во својот контекст и кој има комплексна и невообичаена основа којашто овозможува лесно сместување на функциите во објектот. Жирито за овој објект изјави: „Станува збор за лекција во создавањето на изненадувачки оригинален објект на комплицирана урбана локација. Секоја наклонета површина одговара на правото на светлина на своите соседи. Оформен како лонгинуирана спирала која се издига нагоре, надворешните ѕидови од тула коишто се наклонуваат и свиткуваат, избраздени се со исеченици и пукнатини кои
даваат светлина и форма. Катовите се со комплексни форми, и покрај ова сите простори се чувствуваат како природни и функционални. Ова е објект кој покажува високо ниво на умешност“. The Shard е сеприсутен во Лондон и е ѕвездата на многу погледи во рамките на градот. Истовремено, да се направи кула на мала локација која ќе биде предмет на голема убавина е исклучително ретко достигнување, и како резултат на ова архитектите имаат бескрајно придонесено кон непосредното опкружување на објектот, но и кон градот Лондон во целост. На англиски, зборот shard се однесува на искршените парченца на керамика, метал, стакло или камен коишто се карактеризирани со остри рабови, a во овој случај послужиле како инспирација и за формата но и за името на овој објект. Тешко може да се најде пример на покомпримиран или поегземпларен модел за урбана интензификација од ова кула каде 120 илјади квадратни метри корисна површина се сместени на многу мала парцела лоцирана веднаш до Станицата на лондонскиот мост (London Bridge Station), еден од лондонските главни транспортни центри. Објектот се
користи за шест намени од кои секоја користи повеќе катови: клиника за здравје, канцеларии, ресторани, хотел, станови за живеење и јавна галерија – видиковец, коишто заедно создаваат „вертикално село“. Објектот со леснотија го допира тлото, при што за функциите со голем број посетители како канцелариските простории и видиковецот се влегува од стараната на станицата, а за сите други функции од влезот од улицата на спротивната страната на објектот. Вредноста на овој објект, со бруто внатрешна површина од 120 илјади метри квадратни завршен на 2 јануари 2013 година, е деловна тајна. Објектот го истакнуваат три карактеристики сврзани со неговото надворешно обликување: длабочините на основите одговараат на намената на просторите, што овозможило фасадата на објектот елегантно да се наклонува кон врвот; по обемот, објектот е конципиран како осум дистинктни „шардови“ кои ја фрагментираат масата на објектот и овозможуваат светлото интересно да се рефлектира, и придонесуваат наклонетите стаклени површини на објектот да го рефлектираат променливото небо наместо статичното опкружување коешто придонесува за исклучителното чувство на леснотија на објектот; оставањето на отворени простори на врвот на објектот овозможува дополнително чувство на леснотија на објектот во деновите кога небото е сиво. Најдобар начин да се потврдат архитектонските вредности на објектот е доколку се движите низ улиците на централен Лондон каде од одредени места кулата може да се види веднаш до издадените кровови на Вестминстерската палата (Westminster Palace) како дел на воспоставената силуета на историскиот дел на Лондон. Изјавата на жирито за овој објект гласи: „1,2 милиони квадратни метри корисна површина се изградени на мала парцела во близината на еден од главните транспортни центри на Лондон. Да се направи кула на мала локација која ќе биде предмет на голема убавина е ретко достигнување. Шест корисници користат повеќе катови: клиника за здравје, канцеларии, ресторани, хотел, станови за живеење и јавна галерија – видиковец, за да создаваат ʼвертикално селоʼ. Објектот е сеприсутен во Лондон и има дадедно придонес кон градот којшто не може да се измери“. Во наредните неколку недели на жирито под претседателство на Спенсер де Греј му останува незавидната работа да го изберат овогодишниот победник во исклучително јака конкуренција, според критерумите за избор на најдоброто архитектонско остварување, а тоа се квалитетот на проектот и значењето на проектот за еволуцијата на архитектурата и изградената средина. 27 септември 2014
ПОРТА
53
интервју
ЕЛЕНА ПАНДЕВА, ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР
Elena Luka Home - естетски спој на архитектурата и дизајнот во функционално домување Препознатливиот и уникатен дизајн, прогресивниот развој, светските стандарди во професионалниот однос кон работата, слободната креативност која ги надмина стегите на клишеата ја дефинираа „Елена Лука“ како македонски моден бренд кој од секој аспект го оправдува ептитетот „бренд“. Но, покрај модниот дизајн по кој ја препознаваме „Елена Лука“, започна да функционира едно ново поглавје во оваа успешна приказна, за кое разговаравме со генералниот менаџер Елена Пандева.
М
одната куќа „Елена Лука“ изминативе шест години се етаблираше како успешен македонски бренд кој функционира по теркот на светските стандарди. Неизбежен е фактот дека работите напорно и посветено, што резултираше со препознатлив имиџ на модната куќа која силно влијаеше и на созревањето на нивото на комплетната македонска модна сцена. Имате два ексклузивни продажни салони, а минатата година по повод јубилејните пет години постоење го отворивте магичното ателје специјализирано за венчаници, паралелно со лансирањето и на најголемата македонска онлајн продавница со уникатни дизајнерски парчиња. Често сте на релација Скопје-Виена, профилирајќи го и Вашиот интернационален идентитет, а во континуитет секоја година лансирате колекции кои најгласно зборуваат за професионалниот пристап и креативната слобода во вашата работа.
54
ПОРТА
27 септември 2014
Периодов, освен подготвувањето на новата колекција за претстојната сезона есен-зима 2014/15, професионално сте ангажирани околу еден исклучително значаен проект кој во една целина ги спојува естетиката на модната индустрија и естетиката во архитектурата, под симболичното име Elena Luka Home. Какво е во суштина значењето на овој проект?
Она што за мене лично е исклучително значајно во професионалниот домен е секогаш на луѓето да им се понуди избор. Да се надминат стандардите, да се излезе од клишето и да се создаде уникатен производ кој комплетно ќе ги задоволи сите човечки сетила, а пред сè чувството за естетика. За да го објаснам суштинското значење на Elena Luka Home, ќе повлечам паралела со тоа што веќе шест години успешно го работи модната куќа „Елена Лука“. Модниот бренд е фокусиран на креирање нослива уметност, односно создавање на дизајнерски уникати кои визуелно ќе го дефинираат идентитетот на личноста. Во случајот на Elena Luka Home се дефинира колективниот идентитет на домувањето, односно на нашиот семеен или деловен простор. Она што треба да се потенцира е дека Elena Luka Home е дел од групацијата „Жикол“, која како градежна компанија е докажана благодарение на својот 30-годишен професионален ангажман, со тоа што Elena Luka Home одговара на потребите во доменот на изградбата и естетското дефинирање на станбените и деловните објекти. Идејата е преку изградбата на нашите објекти кои носат препознатлив печат, визуелно изразен преку оригиналните архитектонски решенија, да се рефлектира идентитетот и имиџот на луѓето што ќе функционираат во тој простор. Па така, секој објект реализиран и потпишан од Elena Luka Home е единствена приказна која исклучително им е посветена на луѓето што секојдневно ќе функционираат во тој простор, кој ќе го чувствуваат интимно, свој и ќе биде рефлексија на нивните идеали. Таквите идеали ќе се постигнат со целосна градација на приказната од идеја до реализација, што во старт значи дека клиентите на Elena Luka Home прво ќе добијат уникатни решенија за нивниот дом, што е еден позитивен новитет општо во македонската градежна индустрија. Следно, откако клиентот ќе направи селекција, тимот на Elena Luka Home го проектира просторот, а веќе во следната фаза имаме идеја да им понудиме на нашите клиенти уникатни парчиња мебел, декоративни елементи за домот и префинети детали потпишани од Elena Luka Home.
Според ова, колку е близок модниот сензибилитет со оној во архитектурата, имајќи предвид дека се работи за две сосема различни уметнички гранки, но истовремено силно поврзани со јасно изразеното чувство за естетика? Во светот таквиот спој на модата со архитектурата е веќе одамна прифатен, но во Македонија оваа компанија е прва со ваков профил?
Убавината во уметноста е тоа што може да ја моделираме во различни форми. Уметност е поезијата исто колку што е уметност и фотографијата, како што е и модата, а во една своја димензија и архитектурата. Elena Luka Home суштински и основно цели кон тоа да го облагороди комплетниот животен простор соединувајќи ја естетиката и функционалноста. Во модниот дизајн е присутен токму идентичниот
компанијата располага со агенти за недвижнини, специјализирани во полето на продажба, изнајмување и посредување, како и посредување при инвестиции. Исто така, нудиме услуги за управување со имот на: сопственици на деловни згради, малопродажни објекти и апартмани и станови. Паралелно, нашите клиенти добиваат и консалтинг во градежништво и надзор, развојни услуги и инженеринг поддршка. Како проектантска куќа, пак, клиентите ќе имаат можност да добијат уникатни решенија за изгледот на нивниот семеен простор, а притоа ќе се овозможи оптимална искористеност на квадратурата и стилска препознатливост која ќе биде заштитен знак единствено за Elena Luka Home. И како што спомнав и претходно, нашите амбиции понатаму се развиваат во идејата да креираме и уникатни парчиња мебел и декоративни елементи кои ќе го облагородат домувањето, а ќе го носат логото на Elena Luka Home што ќе гарантира квалитет, автентичност, уникатен дизајн и префинета естетика. Нашиот фокус во моментов е изградбата на новиот станбеноделовен објект во Аеродром, кој со сигурност ќе донесе нов сензибилитет во домашната архитектура, и ќе одговори на предизвикот на современото живеење, преку изградба карактеристична за современата архитектура во светските метрополи.
Годинава „Елена Лука“ е прогласена и за Superbrand од страна на истоимената интернационална организација која во доделувањето на овој статус се раководи според строго дефинирани критериуми. Колку ви значи ваквото титулирање и воопшто признанијата за остварените успеси? процес - соединување на естетиката и функционалноста, но во овој случај преку уникатно парче облека, за разлика од архитектурата каде тоа сплотување е реализирано преку станбен или деловен простор во кој поминуваме драгоцено време, а кој треба да придонесе, пред сè, да се чувствуваме убаво, исполнето, задоволно со нашето опкружување, а од друга страна да ни го олесни и практичното функционирање. Во глобалната модна индустрија, голем дел од најпрестижните модни куќи и брендови, имаат свој пандан и во доменот на архитектурата и уредувањето на ентериерот. Во Македонија почнуваме со ваков проект кој чувството за префинета естетика, ќе го развие на едно повисоко ниво, не само во однос на индивидуата, туку во однос на нејзината релација при споделувањето на убавината со најблиските луѓе.
Како се креираше приказната за Elena Luka Home? Која беше причината што го иницираше нејзиното создавање?
Иницијативата започна од потребата да им се понуди на клиентите поразлична визија за нивното домување, односно да им се отворат богати можности околу изборот на дефинирањето на нивниот дом како значаен сегмент од нивниот животен стил. Факт е дека имаме дефицит на уникатни градби од секој аспект, како во однос на дизајнот на фасадите така и во однос на нивниот квалитет, па потоа и архитектонското решение на целиот објект и ентериерот до најминималните финеси. Сепак, инвестирањето во дом е животна инвестиција на која треба да ѝ се посвети сериозно внимание, па затоа наша должност е максимално професионално и сериозно да одговориме на различните потреби на нашите клиенти. А ако потребите на клиентите се различни, што е сосема природно, тогаш треба да им се понуди перспективен избор, а не да се ограничуваат со едноличност и неинвентивност.
Во рамките на уредувачката политика на компанијата, какви сè услуги можат да добијат Вашите клиенти?
Дијапазонот на услуги кои се соединуваат под името на Elena Luka Home реално е богат, издржан и стратешки прецизиран. Пред сè,
Секој задоволен клиент е признание за нашиот успех и секоја насмевка на луѓето со кои работиме, независно дали се наши клиенти или соработници, е главен мотиватор и стимуланс на нашиот прогрес. Меѓутоа, секако и формалните признанија се значаен показател до каде сме стигнале или со други зборови барометар на нашата професионална динамика. Искрено ми е многу драго, што според интернационалната организација која ги доделува признанијата за Superbrand сме ги задоволиле највисоките критериуми и сме ја заслужиле привилегијата пред името на „Елена Лука“ да стои предзнак - Супербренд. Можеби, освен што е дополнителна мотивација, истовремено е и дополнителен предизвик не само да го одржуваме нивото што сме го постигнале, туку постојано да се надоградуваме и усовршуваме, зашто сепак да си Супербренд не е само убав епитет туку и голема одговорност.
Паралелно со функционирањето на Elena Luka Home, стандардно одговарате и на обврските што секојдневно ги наметнува и модната куќа „Елена Лука“. Во пресрет на новата сезона, есен-зима 2014/2015, што може да очекуваме од новата колекција и дали ќе ја продолжите традицијата од минатата сезона на сопствена линија модни додатоци, односно чанти и чевли со потписот на „Елена Лука“?
За претстојната сезона паралелно работиме на две колекции со различен сензибилитет. Едната, која воедно е и официјална линија за есен-зима 2014/2015 година, со себе носи една посебна енергија која креира нов правец во спојот на различни материјали, форми и стилови со елементи од рок супкултурата. Како и претходната колекција, и оваа ќе ја комплетираме со уникатни чевли односно чизми и чанти, кои ќе го носат препознатливиот печат на „Елена Лука“. Втората колекција е посветена на деловните жени и ќе изобилува со модерни парчиња адаптирани на корпоративниот свет. Колекцијата е богата со парчиња облека кои се лесни за носење и комбинирање. Едни од носечките се белите кошули со пресврт на класичната јака и кошулата што се трансформира. Облеката е самодоверба, затоа оваа колекција е создадена за жена која сигурно чекори и движејќи се остава траги зад себе. Повеќе детали не би сакала да откривам, бидејќи наскоро јавноста ќе има можност да ја види комплетната слика. 27 септември 2014
ПОРТА
55
технологии
NANOCAD 5 И OPEN DESIGN ALLIANCE (ODA)
Н
а почетокот на јуни годинава, Алијансата за отворен дизајн (Open Design Alliance - ODA) ја објави четвртата верзија на Teigha, софтверска платформа за развој на инженерски апликации. Апликациите како ZWCAD, Bricscad, Draftsight, ARES Commander, IntelliCAD, NanoCAD и уште многу други кои во основа ја користат платформата Teigha, со имплементирање на Teigha 4.0, ќе можат да понудат опции за работење на „облак“ (cloud computing) преку WebGL-компатибилен прелистувач како и опции за работа на мобилните платформи (Android и iOS). Можно е повеќето од погоре спомнатите називи да бидат тотално непознати за инженерската фела, но тие се главните „виновници“ за постоењето на алтернативни софтверски апликации, бесплатни или поевтини од добро познатиот AutoCAD (а сепак слични и компатибилни). Open Design Alliance е непрофитна организација посветена на промоција на „отворените“ стандардни индустриски фајл формати за CAD (Computer Aided Design) апликациите. Формирана е во 1998 година од страна на повеќе софтверски компании предводени од Visio Corporation (подоцна дел од Microsoft). Денес ODA има над 1.200 членки од 50 земји, меѓу нив се и звучните имиња како Adobe Systems, Bentley Systems, ESRI, Graphisoft, Nemetschek, Oracle, Siemens, Verizon, Intellicad Technology Consortium и уште многу други. Компаниите членки на ODA се поделени на шест нивоа зависно од типот на членството, што им носи обврски и бенефити. Тие ги разменуваат своите искуства во работата со податочни бази, дизајнирање, 3д моделирање и рендерирање со цел развивање и употреба на единствена софтверска платформа за развој на инженерски апликации за најразлична употреба. Но во основа ODA создава „отворен“ фајл формат – OpenDWG компатибилен на DWG фајл форматот, кој е основен фајл формат на AutoCAD и трговска марка на Autodesk (компанијата што стои зад AutoCAD). Во минатото, „затвореноста“ на Autodesk DWG фајл форматот, односно „криењето“ на спецификациите на фајл форматот од страна на Autodesk ги излудуваше другите CAD производители бидејќи не беа во можност во своите апликации да понудат каква било каква со најпопуларниот CAD софтвер на сите времиња. Тоа значеше неконкурентност и намалени продажби во 56
ПОРТА
27 септември 2014
NanoCAD 5 е CAD апликација на изглед и во начин на работа многу слична со AutoCAD. Има сличен интерфејс, начинот на работа е идентичен, користи dwg како фајл формат кој е компатибилен со Autodesk dwg 2013. Со оглед на 15-те години искуство на ODA, подобрувањата во квалитетот на апликациите и примерите од сродните апликации ZWCAD, BricsCAD, ARES Commander и други, може да се каже дека NanoCAD е доволно професионална апликација
однос на гигантот Autodesk. Понесени од предизвикот, група компании во деведесеттите години на минатиот век пробаа да го интрепретираат dwg фајл форматот со поголем или помал успех. Една од нив е и MarComp врз чии AUTODIRECT (подоцна познати како OpenDWG) библиотеки се потпира платформата Teigha. Денес, платформата Teigha поддржува употреба на dwg, dgn и pdf фајл форматите и внес/излез на многу други формати. Работи на сите поголеми оперативни системи како што се Windows, Linux, Mac OS и Unix. Компаниите членки имаат можност да ја користат платформата Teigha со OpenDWG спецификациите за создавање на свои апликации и нивно (не)комерцијално дистрибуирање. Една таква апликациија е и NanoCAD, производ на руската компанија NanoSOFT.
Не е AutoCAD, но вреди да се проба Трајче СТОЈАНОВ дипл.инж.арх
Она што на почеток треба да се напомене за неа е тоа што таа го нуди NanoCAD 5 целосно бесплатно и за домашна и за комерцијална употреба. Од компанијата велат дека тоа е поради тоа што нивниот интерес лежи во продажбата на додатоците на NanoCAD. Тоа се софтверски додатоци кои работат со NanoCAD, а се однесуваат на најразлични фази од градежништвото. Практично, колку повеќе корисници на NanoCAD, толку повеќе потенцијални клиенти на компанијата. Во ред, ако сме спремни да заклучиме дека не постојат скриени мотиви кои би ни наштетиле, тогаш каков е квалитетот на апликацијата? Од она кратко време што го имав за ревизија, може да се заклучи дека NanoCAD 5 е CAD апликација на изглед и во начин на работа многу слична со AutoCAD. Има сличен интерфејс, начинот на работа е идентичен, користи dwg како фајл формат кој е компатибилен со Autodesk dwg 2013. Со оглед на 15-те години искуство на ODA, подобрувањата во квалитетот на апликациите и примерите од сродните апликации ZWCAD, BricsCAD, ARES Commander и други, може да се каже дека NanoCAD е
доволно професионална апликација спремна да ги задоволи 2D CAD потребите на проектантските студија (иако има опции и за 3д моделирање). Вообичаено е, проектантите ваквите Autocad-like апликации да ги користат како споредни апликации во случаи каде примарна апликација е некоја BIM апликација. Во Македонија пак, поради законската одредба за дигитално потпишување на dwg фајловите при аплицирање за градежна дозвола, употребата на Autocad е неминовна бидејќи сè уште нема друга dwg-базирана апликација која може да става дигитален потпис. Сепак, како во земја со понизок стандард (споредено со развиените земји) употребата на NanoCAD 5 не треба да се отфрла. Дополнително, за популарноста на апликацијата говорат и бројките од еден милион преземања на NanoCAD низ целиот свет за да се инсталира, потребно е претходно да се „симне“ апликацијата од www.nanocad.com и да се направи регистрација на корисникот за што по меил добива сериски број. Лиценцата важи една година, а по истекот се обновува (повторно бесплатно). Веризјата што е бесплатна е целосно функционалната NanoCAD 5 верзија која е 32-битна и објавена кон крајот на октомври 2013 година. Како про опција, NanoSOFT ја нуди и апликацијата NanoCAD Plus 6, која има нешто подобри опции од бесплатната верзија (пр. повеќе опции за работа со слики) и за која претплатниците добиваат техничка поддршка во времетраење на претплатата. Цените се движат од 180 евра за едногодишна претплата до 540 евра за тригодишна претплата. Се на се, NanoCAD 5 вреди да се проба. Не е AutoCAD, но е задоволително блиску. За оние што класичното мени во AutoCAD не можат да го преболат, доволно е што NanoCAD 5 има графички интерфејс со препознатливото класично мени. Корисниците на AutoCAD би немале потреба за дополнителна едукација и миграција кон NanoCAD, бидејќи сè е веќе познато. Верувам дека повеќе напор е потребно за да се совлада новиот интерфејс на AutoCAD 2015 отколку оној на NanoCAD 5. 27 септември 2014
ПОРТА
57
eкологија
М
ВО ПРЕДВЕЧЕРЈЕТО НА САМИТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО ЊУЈОРК
арш за климата арш кој ќе ја смени историјата
Сашо КУЗМАНОВСКИ
С
тотици илјади демонстранти на 21 септември ги преплавија улиците на Менхетен во Њујорк и учествуваа во најмасовниот марш за спас на климата што некогаш е организиран. Со пароли, банери и знамиња во рацете тие побараа од политичарите да преземат иницијатива и да се заземат за спас на климата. „Јас сум за акција против климатските промени“, „Запрете го глобалното затоплување“, „Не си играјте со нашата мајка Земја“, „Сите сме засегнати“, беа некои од паролите што можеа да се прочитаат на улиците на Менхетен. На 21 септември Њујорк беше центарот на светот, но и во Лондон, Берлин, Богота, Истанбул, Париз, Рио де Жанеиро, Делхи, Мелбурн, Јоханесбург, Лагос и во илјадници други градови низ светот се маршираше во чекор. Овој глобален граѓански собир се организираше во предвечерјето на Самитот на Обединетите нации за промените во климата, што се одржа на 23 септември во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а на кој светските лидери разговараа за потребата од нов, амбициозен светски договор што ќе обврзе на драстично намалување на загадувањето што предизвикува глобално затоплување. - Луѓето од Филипини се меѓу најзагрозените и најранливите пред климатските промени. Ако човештвото продолжи да согорува опасни количества јаглен може да се соочиме со поекстремни временски услови, како што беше тајфунот што уби илјадници луѓе од Филипини и околината во 2013 година - ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Кетрин Луч, активистка која во Њујорк допатувала од Филипини.
58
ПОРТА
27 септември 2014
Активистите во глобалната спонтана иницијатива People's Climate March, кои го организираа најголемиот еколошки марш во светот изминативе денови водеа интензивна кампања за што поголемо учество во маршот. - Ова е вистинскиот момент за граѓанска акција. На 21 септември излегуваме на мирен протест и ќе ги преплавиме улиците на Њујорк и на сличните настани ширум светот за да порачаме дека не смееме да ги затвораме очите во врска со климатските промени. Ќе излеземе на
eкологија улиците за да порачаме дека сакаме да живееме во свет чија економија работи за луѓето и за планетата, свет кој ќе биде безбеден од пустошењата на влошените климатски услови, свет со добри работни места, чист воздух и вода и здрави заедници. За да ги промениме работите, потребно е да ни се придружат што повеќе луѓе. Повеќе од 1.000 бизниси, синдикати, училишта, еколошки организации, групи за заштита на социјалните права и други веќе се дел од оваа акција. Се гледаме во недела, на 21 септември, во Њујорк – пишуваа организаторите. Според планот објавен на http://peoplesclimate.org/march/ учесниците во најголемиот граѓански марш за климата во неделата, на 21 септември, во 11.30 часот по локално време, се собраа во Западен Централ Парк, меѓу 59. и 86. улица и се движеа по точно утврдена рута до крајот на маршот, на 11. Авенија, меѓу 34. и 38. улица. Организаторите коментираат дека рутата по која се движеа учесниците во маршот е резултат на неколку месечни преговори со полицијата на Њујорк. Неколку дена пред маршот на повеќе локации низ градот се одржуваа работилници за заштита на животната средина, предавања, средби, изложби и други масовни настани. Маршот јавно го поддржаа и многубројни јавни личности, меѓу кои Принцот Алберт од Монако, Дарен Аронофски, Питер Габриел, Лео Меси, Рафаел Надал, Бред Пит, Жан Рено и други. Како што информираат од Обединетите нации, земјите се согласуваат дека на светот до 2015 година му е потребен сеопфатен, универзален и правно издржан договор за климата. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го свика климатскиот самит на 23 септември за да мобилизира акција за климата пред почетокот на 2015 година и за зголемување на политичката волја за поголема акција за спас на климата. Самитот послужи како јавна платформа за лидерите на највисоко ниво, од земјите членки на Обединетите нации, но и од сферата на финансиите, бизнисот, граѓанското општество и локалната заедница да мобилизираат акција за намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата и да ја зголемат политичката волја за нов, амбициозен светски договор до 2015 година кој ќе овозможи порастот на температурата во светот да се одржи под 2 Целзиусови степени.
ПОРТА
репортажа Александра ПЕТРОВСКА, дипл.инж.арх.
К
ога уживате да патувате и истражувате низ африканските земји, никако не треба да заборавите да ја посетите и најсеверната африканска држава Тунис. Убавината на Тунис може да се опише во три збора нестварна пустинска роза, во која треба да се доживее историјата, архитектурата, срдечните Тунижани, вкусната храна, морскиот брег во недоглед, идеално средените песочни плажи, пустинскиот песок, пријатната клима и, секако, забавата на арапски начин. Во секоја држава, најчесто, носечки град е главниот град, па така и запознавањето на Тунис започнува со главниот град - Тунис. Престолнината Тунис е во облик на потковица, сместена околу езерото Тунис, и е дом на околу два милиони жители. Изградена е спроти урнатините на древниот град Картагина. Во средниот век, за време на владеењето на династијата Хафсида, Тунис бил еден од најголемите и најразвиените градови во исламскиот свет. Во 16 век бил освоен од страна на Турците, а во 19 век потпаднал под француска власт. Во втората половина на минатиот век, Тунис воведува задолжително школување на два јазика - арапски и француски. Француското влијание се чувствува уште при самото стапнување во главниот град. Архитектурата е мешавина од европски и Картагина - остатоци од терми
60
ПОРТА
БИСЕРИТЕ НА СЕВЕРНА АФРИКА
ТУНИС
- нестварна пустинска роза
репортажа Амфитеатарот во Ел Џем
африкански исламски стилови, но преовладуваат објекти со европска архитектура. Главното движење низ градот се одвива по авенијата што го носи името на поранешниот доживотен претседател на Тунис - Хабиб Бургибе. На авенијата, вниманието на очите ќе ви го задржи Катедралата Свети Винсент де Пол, а од спротивната страна се наоѓа француската амбасада, сè уште заградена со бодликава жица како превентива и потсетување на случувањата од пред неколку години, од т.н „арапска пролет“, кога сите протести за менување на власта во Тунис се одвивале на оваа авенија. Веднаш до амбасадата се наоѓа и општинскиот театар на чија фасада има прекрасни украси во стилот познат како „помпезно колонијален“. Покрај многу модерни хотели, барови и продавници, патот ве води кон кружен тек на кој се наоѓа едно од обележјата на градот - Саат кула. Со поминување на Саат кулата, се отвораат вратите на медината (стариот дел од градовите во земјите на Магреб и Северна Африка). За да се влезе во медината треба да се помине низ Баб ел Бахар или
Портата на Франција. Портата е остаток од некогашните заштитни влезови во стариот дел од градот. Медината претставува историски и спиритуален центар на градот, каде се лоцирани различни сукови (пазари): сук за ткаенини, сук за зачини, сук за парфеми, сук за теписи, сук за храна... Од кај медината, патот води кон Големата џамија. Таа е изградена во 11 век, а за нејзина изградба се користени материјали од урнатините на Картагина. Во склоп на џамијата се наоѓа и една од најголемите библиотеки во арапските земји. Градот е колоритен, а звуците од џамијата и мирисот на парфемите најдобро го доловуваат впечатокот за стариот дел од Тунис. Картагина е следна за разгледување. Сите сме слушнале за Картагина, или на часови по историја или сме гледале документарни филмови за неа, но секако најубаво се доживува кога ќе се стапне на тлото на една од некогашните антички цитадели. Картагина е основана во 814 година пред нашата ера од страна на феникиски трговци од Тир и многу брзо завладеала со Средоземјето. Трговците од Картагина пловеле и до најдалечните краеви во тогашниот свет, со што овој град станал еден од најбогатите и најразвиените во Средоземното Море. Овие успеси, ја довеле Картагина до војни со Грците и Римјаните, а успеале да ја освојат дури во 146 година, после шест дена борба, кога и ја запалиле. Според преданијата, Картагина горела 17 дена и ноќи, при што засекогаш исчезнале трагите на оваа голема цивилизација. Картагина била обновена од страна на Гај Јулие Цезар и станала втор по значење град на западниот дел на Римското царство. По падот на Римското царство, 27 септември 2014
ПОРТА
61
репортажа
Картагина била освојувана од Вандали, па Византијци, за на крај да ја заземат Арапите. Картагина имала две вештачки пристаништа, едното за чување на големата морнарица составена од 220 воени бродови, а другото за трговски бродови. Во внатрешноста на военото пристаниште, се наоѓал вештачки остров со кружен, висок објект од каде се надгледувале пристаништата и бродовите што пловеле кон градот. Контурите од кружното пристаниште се видливи и ден-денес. Ова пристаниште се смета за едно од светските чуда на стариот свет. Градот бил заграден со ѕидини долги 37 километри, а поголем дел од ѕидините се наоѓале на самиот брег на морето. Овие ѕидини биле најсофистициран одбранбен систем на тоа време. Градот се состоел од многу објекти, од кои посебно се истакнувале големата
Фонтана пред Медина 62
ПОРТА
27 септември 2014
Сиди Бу Саид
Катедралата Сент ВинсентДе Паул римска бања, големата библиотека и цитаделата во центарот на градот. Пред падот, Картагина имала околу 500.000 жители, бројка со која и денес не може да се пофалат голем број градови во светот. Урнатините на Картагина се пронајдени во втората половина на 20 век, при изградба на палата за претседателот Хабиб Бургиба. Од 1979 година се наоѓа под заштита на УНЕСКО, а при самиот влез на денешна Картагина се наоѓа музеј во кој може да се разгледаат разни остатоци пронајдени при ископување на градот. Сиди Бу Саид, или во превод - Светиот човек Саид, е сино-бело предградие на Тунис. Уште познат и како сино-бел град, град на заљубените или андалузиско село, ова место е омилено собиралиште на уметниците, боемите и туристите.
Баб Ел Бар Порта Франција
Градот се карактеризира со бели ниски куќички чии прозорци и порти се обоени во сина боја. Постои легенда која се пренесува меѓу туристите, дека треба да се замисли желба и да се чукне на една од сините порти за желбата да се оствари. Прошетката меѓу синобелите куќи е пријатна и релаксирана, а бидејќи местото се наоѓа на висока карпа, од горе се отвора прекрасен поглед на Средоземното Море. Во еден од баровите со поглед кон морето може да се ужива во зајдисонцето, со традиционален чај или кафе, и наргиле. По тесните улички се наредени уметнички слики за продавање, на уметниците што како инспирација го користат Сиди Бу Саид, па мали продавнички за сувенири, зачини, чаеви, шарена керамика, каде е задолжително ценкање, впрочем како и секаде низ Тунис. А, продавачите се бескрајно шармантни и упорни, ќе ве освојат со комплименти и нема шанси да излезете од нивната продавничка или тезга со празни раце и, секако, со минимум двојно намалена цена на купениот производ. Тунис има и свој Колосеум. Да, баш како Колосеумот во Рим, само малку помал. Амфитетарот во Тунис се наоѓа во местото Ел Џем и е трет по големина зачуван амфитетар во светот, а најголем и најзачуван амфитеатар на тлото на Африка. Изграден околу 230 година, по пример на Колосеумот во Рим, но многу попрецизно изведен, можел да прими од 30.000 до 35.000 гледачи на борби со гладијатори и диви животни. Долг е 149 метри, широк 124 метри и висок 36 метри, со три реда на лакови на кои се носат терасите т.е гледалиштето. Иако еден дел му е оштетен за време на нападите на Турците, и ден-денеска е сосема солидно зачуван, па дури има и остатоци од мермерот со кој биле обложени ѕидовите од внатрешната страна на арената, за да се спречат дивите животни да скокнат кон гледалиштето. Денес, амфитеатарот се користи за одржување на концерти и изведба на претстави и е под заштита на УНЕСКО. Има уште многу, многу интересни места и објекти да се доживеат во Тунис, можеби и малку несекојдневно за земја во која скоро 40 проценти од територијата ја сочинува пустината Сахара.
Тунис ќе ве пречека и испрати на еден од седумте меѓународни аеродроми или на едно од осумте модерни пристаништа, а за пријатен престој ќе се погрижат за вас во еден од 800те хотели во: Сус, Тунис, Хамамет, Порт ел Кантуи, Монастир, Сканес, Мадиа... додека пак патувајќи по патиштата низ земјата, ќе имате поглед на полиња насадени со маслинови дрвја, кои наместо со метална ограда се преградени со природна ограда од кактуси. Тунис навистина е за восхит, прекрасно патување во магична земја.
ПОРТА
ПОРТА
"ПИЕР МОРО“ - ЛИЛ, ФРАНЦИЈА
спортски храмови
И кошарката ќе се игра на стадион!
П
Сашо КУЗМАНОВСКИ
ред неколку години „Порта 3“ пишуваше за новиот, револуционерен, спортски храм „Гранд Стад“ (работно име), кој беше во фаза на изградба. Стадион со вкупен капацитет од 50.186 места, лоциран во центарот на триаголникот Лондон-ПаризБрисел, всушност еден од првите проекти на мултифункционален стадион, кој многу брзо може да се трансформира и во голема спортска арена за останатите популарни спортови, како кошарка, ракомет, хокеј на мраз... Токму оваа негова мултифункционалност е причината поради која Франција ја доби организацијата на финалната завршница на Европското првенство во кошарка кое ќе се одрижи следната година. Лил и стадионот „Пиер Моро“ ќе бидат домаќини на финалната фаза на првенството, каде завршните борби ќе имаат можност да ги следат нешто повеќе од 27.000 гледачи, на специјално адаптираниот стадион за потребите на еден голем кошаркарски настан. Стадионот што доби 5 ѕвезди според ФИФА стандардите за организација на фудбалски натпревари има лизгачки покрив, кој за само 30 минути може да го покрие целиот тревник и со тоа да го заштити од непожелни временски влијанија. Проектантите сметаа и на ефектот на затворен објект во кој може да се претвори
ФАКТИ ЗА "ПИЕР МОРО" - Лил, Франција Мултифункционална арена Капацитет: 50.157 места Капацитет за останати спортови: 29.500 места Период на изградба: 2009 - 2012 Цена на градба: 282 милиони евра Архитект: Пиер Фере (Франција) Изведувач: Eiffage
арената, со околу 29.500 места од вкупниот капацитет. Исто така, во краток период, половина од тревникот механички се повлекува над втората половина и во веќе празниот длабински простор ќе се монтира паркетна подлога и дополнителни монтажни трибини за организација на кошаркарскиот Евробаскет 2015. Поттрибинскиот простор е искористен за дополнителни сали за прес-конференции, но и
за организирање на семинари и конвенции со капацитет и до 200 места. Изградени се неколку соби за состаноци, видео-центар, конгресен центар, а секако и дополнителен комерцијален дел за продавници, кафе-барови и канцелариски простории. „Гранд Стад“ го има и најдобриот панорамски ресторан, кој е со капацитет од 230 места. Во подножјето на стадионот се изградени и два хотели. Едниот е со две, а другиот со три ѕвезди.
ПОРТА
65
најчудни градби
К
КУЛА „ЕУРЕКА“, АВСТРАЛИЈА
Облакодер со десет ката во злато Драган РИСТОВ
улата „Еурека“ во Мелбурн, Австралија, е вистинско ремек-дело. Била завршена во рекордно време за само четири години. Изградбата почнала во август 2002 година, а била завршена на 1 јуни 2006 година. Официјалното отворање се случило пет месеци подоцна, и била прогласена за највисока резидентна кула на светот. Облакодерот е дизајниран од архитектонското студио „Фендер Касалидис Архитектс“, а бил изграден од компанијата „Грокон“ од Австралија. Дизајнер на објектот е Нонда Касалидис од споменатото студио. Од декември 2013 година, таа е на 14. место на листата на најголеми резидентни облакодери на земјата, а на 98. место воопшто кога станува збор за облакодери. Кулата има еден вид златна
66
ПОРТА
27 септември 2014
најчудни градби
покривка, што според архитектите ја претставува трката по злато, која била актуелна во минатото, а на некој начин се повторува и денес. Исто така, низ телото на кулата доминираат црвени линии кои асоцираат на крвта што е пролеана во таа потрага. Целиот скелет на зградата, ако така може да се каже, е обложен со сино стакло, кое асоцира на знамето на Австралија, а белите линии ги претставуваат белите ѕвезди од националниот симбол, но во исто време има сличност и со официјалните бои на фирмата „Еурека“. Кулата е висока 297 метри и има 91 кат, и еден подземен кат. Таа е една од седумте облакодери изградени во светот со повеќе од 90 катови, а во Австралија, на континентот, го држи второто место по височина. Според статистиката, кулата „Еурека“ има 556 апартмани, 13 лифтови кои патуваат со 9 метри во секунда, 52.000 м² стакло на прозорците како и 3.680 скали. Во конструкцијата на овој фантастичен облакодер биле употребени 110.000 тони цемент и 5.000 тони зајакнат челик. Според пресметките, облакодерот тежи околу 200.000 тони. На 88-от кат има дек или платформа за набљудување, вклучително и ресторан, соба за комуникациска технологија, а целиот водоводен систем е сместен на 90-от кат. Во него има 300.000 литри вода, кои се поделени во два големи резервоари и кои служат за баланс во случај на силни ветрови. На тој кат, постои и еден сегмент кој се вика „тераса“, а кој го има и во Чикаго. Се однесува на стаклена испакнатина во телото на облакодерот, на чиј стаклен под може да се стои и да се гледа директно кон земјата. Оваа „тераса“ се наоѓа на височина од 285 метри и била отворена на 15 мај 2007 година. На крајот, важно е да се напомене дека сегментот од 10 катови, кој е на врвот на облакодерот, а кој изгледа како капа, има златна боја. Но, не затоа што е обоен со таков примерок на боја, туку затоа што 99 проценти е користено 24-каратно злато. Тоа било поставено во март 2006 година. 27 септември 2014
ПОРТА
67
ПОРТА
излог 1
2
3
1 Индустрискиот дизајнер Asaf Israel e креаторот на модуларниот систем на полици Tipi, целосно изработени од дрво. 2 Студиото Permafrost се дизајнерите на овие теписи-стази, нудејќи секој своја приказна... 3 Ламба или скулптура за на работна маса, дизајнирана од Tommaso Bistacchi. Идејата доаѓа од парче дрво од орев, перфорирано и засечено за чување моливи, пенкала, визит карти , разгледници... 4 Германецот Michael Koenig е дизајнер на овие вертикални прегради, наменети за надворешна и внатрешна употреба, за потребите на компанијата Flora. подготви: Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА, дип.инж.арх. 4 2 70
ПОРТА
27 септември 2014
рубрика
26 септември 2014
ПОРТА
67
67