ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КОЛ О Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
230 MAРТ 2015
Се комплетира патната сложувалка север-југ Ото Фрај - постхумен лауреат на Прицкеровата награда за 2015 Желбата наречена трамвај
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ГОДИНА XI
БРОЈ 230 ПЕТОК 27.03.2015 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Со изградба на делницата Демир Капија – Смоквица се комплетира патната сложувалка север-југ. Оваа делница остана последна да се гради од автопатските решенија и е една од најтешките затоа што е по должината на реката Вардар, во планински делови. Веќе го нема „Братство-Единство“ и целата делница сега се вика Европски коридор 10, кој се протега од Салцбург (Австрија) до Солун (Грција). На BDW 2014 (Белградска недела на дизајн) беше предвидено гостување и предавање на познатиот италијански архитект Максимилијан Фуксас. Римскиот архитект, кој минатата година наполни седумдесет години, со децении познат по својот специфичен стил, во последен момент го откажа своето учество и го испрати архитектот Фаршид Таваколи Техрани (Farshid Tavakoli Tehrani) кој веќе со години е вработен во студиото „Фуксас“. На што работи студиото „Фуксас“ и кон што се стреми во иднина, како технологијата влијае на архитектурата, дали кризата е проблем кога е во прашање интернационално студио, и дали можеби постои „Фуксас“ стил ... Одговори на овие прашања ексклузивно за „Порта 3“ побаравме од архитектот Техрани. Големите проекти, оние што ја менуваат перцепцијата на јавниот
градски превоз, се јавуваат еднаш во епохата. На 28 јануари оваа година, заокружен е уште еден тендерски циклус за реализација на проектот Трамвај за Скопје, со нулти конечен збир. Негуван и прогонуван, реанимиран и потценуван, се чини го изгуби здивот исчекувајќи ја најхрабрата инвестиција. Мал за Републиката, голем за нејзиниот главен град, останува приклучен на апарат за вештачко дишење чија улога барем до 2022 година ќе ја одигра важечкиот ГУП. Желбата наречена трамвај, засега останува само желба. Ото Фрај е постхумен лауреат на Прицкеровата награда за 2015 година. Визионерските идеи, неуморниот дух, вербата во слободна размена на знаење и иновации, желбата за соработка и внимателно и рационално искористување на ресурсите, се причините поради кои жирито оваа година одлучи наградата да му биде доделена токму на Ото Фрај. Тој беше препознатлив по своите линиски мрежни структури. Почина на 9 март на 89 години, само две недели пред официјалното прогласување како добитник на Прицкеровата награда, која требаше свечено да ја прими во Мајами на 23 март.
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: МРЕЖНА КРОВНА КОНСТРУКЦИЈА НА ОЛИМПИСКИОТ СТАДИОН ВО МИНХЕН, ГЕРМАНИЈА, 1972
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
230 MAРТ 2015
Се комплетира патната сложувалка север-југ Ото Фрај - постхумен лауреат на Прицкеровата награда за 2015 Желбата наречена трамвај
фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ
лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.
Автор: OTO ФРAJ
ОД РЕДАКЦИЈАТА
ГРАДЕЖНИШТВО 10 СЕ КОМПЛЕТИРА ПАТНАТА СЛОЖУВАЛКА СЕВЕР-ЈУГ
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. ВаСил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
ГРАДЕЖНИШТВО 18 БЕТОНСКА ДИЈАФРАГМА ЗАШТИТА НА ИСКОПУВАЊЕТО И ВОДОНЕПРОПУСТЛИВА МЕМБРАНА
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
10 ИНТЕРВЈУ 22 СТУДИО „ФУКСАС“ - АРХИТЕКТОНСКА ИДНИНА ОД АНТИЧКИОТ РИМ
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
22
Печати: Маркетинг:
ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА ЗА 2015 26
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ОТО ФРАЈ – ПОСТХУМЕН ЛАУРЕАТ
АРХИТЕКТУРА 32 ПЕТ ФИНАЛИСТИ ЗА НАГРАДАТА „МИС ВАН ДЕР РОЕ“ ЗА 2015 ГОДИНА
ЕКСПЕРТ 50 ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ИСКЛУЧИТЕЛНАТА АРХИТЕКТУРА
АРТ 68 РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА БЈОРК ВО МОМА
32 50
68
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 900 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
26 декември 2014
ПОРТА
79
„ПОРТА АДОРА - КИСЕЛА ВОДА“, СКОПЈЕ
Духот на Њујорк во Македонија
А
дора инженеринг има намера духот на Њујорк да го донесе во Скопје. Станува збор за висококатница изградена во стилот на познатата њујоршка икона, зградата „Флетајрон“ - „Фулер“. Тоа ќе биде станбено-деловен објект „Порта Адора - Кисела Вода“ на влезот на општина Кисела Вода во централното подрачје на Скопје. Просторот со аголна форма е сместен меѓу две улици во Кисела Вода. - Како што архитектите и урбанистите во Њујорк, овој облакодер идеално го сместиле во триаголен простор, користејќи ја локацијата максимално рационално, давајќи му на објектот атрактивна архитектура, така во Адора инженеринг, добивме идеја да проектираме елитен стратешки станбено-деловен објект, кој со местоположбата, специфичната архитектура, изгледот, функционалноста, асеизмичката стабилност, европскиот квалитет и енергетската ефикасност, ќе понуди одлични услови за домување и за бизнис, - вели Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг. Инаку, на неодамна завршениот Саем за недвижности, Адора инженеринг оствари рекордна продажба од 20 станови со вкупна површина од 1.200 м², а нејзиниот штанд го посетија 12.000 посетители, што е значително повеќе од 2014-та. 27 март 2015
ПОРТА
7
инфо
СЕ ОДРЖА 12. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО
Позитивните трендови во градежништвото ќе продолжат
С
копски саем од 3 до 7 март по дванаесетти пат се одржа Саемот на градежништво – меѓународна изложба за градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Пред посетителите се претставија 100 компании од земјава и од странство. Саемот го отвори потпретседателот на владата и министер за финансии Зоран Ставревски, кој истакна дека позитивните трендови во градежништвото се очекува да
8
ПОРТА
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПРОЗОРЦИ, ВРАТИ И СТАКЛО ВО ИСТАНБУЛ
инфо
Турските компании со силна понуда
М
продолжат и во наредниот период. Во рамките на Саемот на градежништво 2015, во Метрополис арена по петти пат се одржа и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo. Партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии со проектот „Купи куќа, купи стан“. Посетителите, освен изложбените експонати, градежните производи и машини, и достигнувањата во градежништвото, имаа можност да ја разгледаат и огромната понуда на над 3.000 станови. Во делот на програмските активности, на Саемот се одржаа стручни програмски активности на теми за енергетска ефикасност, фасадни системи и еко иновативни материјали, како и предавање на тема „Концепти и проекти во архитектурата“.
еѓународниот саем за прозорци, врати и стакло, со сите пропратни процеси за нивно производство и примена во градежништвото, се одржа од 11 до 14 март во Саемскиот центар „Тијап“ во Истанбул. На огромен простор од околу 100. 000 квадратни метри во 14 саемски хали и простори излагаа околу 700 фирми од околу 25 земји од светот, со доминантно учество на многу силниот турски сектор од оваа специфична област. Бројот на посетителите достигна до 60.000, меѓу кои имаше и стотина од нашето поднебје. 27 март 2015
ПОРТА
9
градежништво
ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА
Се комплетира патната
10
ПОРТА
27 март 2015
градежништво
сложувалка север-југ
Оваа делница остана последна да се гради од автопатските решенија и е една од најтешките затоа што е по должината на реката Вардар, во планински делови. Уште во 2000 година Европската Унија одобри средства како донација да се направи проект за оваа делница.
27 март 2015
ПОРТА
11
градежништво
Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА
С
тарата идеја за автопатот „Братство-Единство“, како автопатско решение од југословенско-австриската граница во Словенија (кај Крањска Гора) сè до југословенско-грчката во Македонија (кај Гевгелија), преку Љубљана, Загреб, Белград и Скопје, во Македонија беше реализирана како поединечни делници автопат меѓусебно поврзани со магистрални патишта со по две ленти. Веќе го нема „Братство-Единство“ и целата делница сега се вика Европски коридор 10, кој се протега од Салцбург (Австрија) до Солун (Грција). Паралелно со тоа, полека исчезнуваат и делниците со обичен пат, кои се заменуваат со автопатишта. По независноста, Македонија ги изгради делниците Табановце-Куманово, Велес-Градско, Градско-Неготино, Неготино-Демир Капија и Смоквица-Гевгелија, и остана да се догради уште последното парче - од Демир Капија до Удово, со продолжување до Смоквица. Возењето по нов автопат во овој дел од Македонија се планира години наназад, но реализација на делницата е дури сега, откако кога се наредија сите парчиња во сложувалката, односно обезбедени финансиски средства за добро осмислена траса која на возачите ќе им овозможи брзо и безбедно да ја поминат. Сегашниот автопат од Демир Капија до Смоквица, изграден некаде во шеесеттите години од минатиот век, со помош од страна на
12
ПОРТА
27 март 2015
тогашната војска, ќе остане во употреба за поврзување на останатите региони кон Удово и Валандово. Од септември 2016 година до Грција ќе се патува по сосема нова траса која пробива ридови во поисправена линија, наместо да го следи Вардар во клисурата.
Историјата до сегашниот проект ја објаснува градежниот инженер Лазо Чакаровски, кој од самиот почеток е вклучен во сите проекти и осмислувања на трасата. Оваа делница остана последна да се гради од автопатските решенија и е една од најтешките затоа што е по должината на
градежништво
реката Вардар, и оди по планински делови. Уште во 2000 година Европската Унија одобри средства како донација да се прави проект за оваа делница, а ја доби фирмата „Scetauroute“ од Париз кои бараа во Македонија да се направи идеен и главен проект. Во тоа време се направија пет до
шест такви идејни варијатни решенија и одбрана е варијантата да се прошири постоечкиот пат без да се бара некоја посебна траса, односно да биде покрај него. Проектната задача беше од Демир Капија-Удово-Смоквица до Гевгелија, но и покрај тоа што се разгледувале и други
варијанти, сепак се одлучило за оваа и е направен главен проект. Тој е доверен од страна на главниот проектант „Scetauroute“ на две домашни компании, и тоа на „Чакар партнерс“ да ја работи од Демир Капија до Удово, а „Балкан консалтинг“ од Удово до Гевгелија. Тие проекти се изработени и дадени на ревизија, но таму е увидено дека таа варијанта бара одредени услови. Немало алтерантивно решение за сообраќај додека постоечкиот се проширува, што, пак, наложувало изградба на уште еден привремен пат. Вториот ограничувачки фактор бил тоа што патот не можел да се шири кон Вардар затоа што е речиси залепен за него и ќе требало да се прават потпорни ѕидови во реката. Затоа потоа е отидено накај ридот од Демир Капија до Удово, но и тука се појавиле некои големи вертикални засеци. И покрај тие непријатности, сепак, главниот проект е направен. Но и покрај тоа, проектантите продолжиле да разработуваат друга идеја и на своја рака направиле уште еден проект кој се поврзувал на постоечката петелка која е веќе завршена кај Демир Капија, ја поминува реката Бошава со еден мост и тунел од другата страна на Демиркаписката клисура и излегува директно во ненаселен дел од Демир Капија до Смоквица. Тоа е ридест терен каде што проектантите со проектот се качиле и излегле на клучката кај Смоквица, а оваа траса е пократка за пет километри, односно од постоечката што е 33 километри, сега се крати на 28 километри. Кога ги разгледале двете варијанти било јасно дека и двете имаат свои предности и недостатоци. Тука се појавиле два тунели и пет мостови од кои три се доста високи, и досега во Македонија има само еден таков направен, и тоа кај Здуње на езерото на Треска. Чакаровски вели дека прво проблем биле тие три мостови, дали ќе може да се испроектираат и изведат во Македонија, но кога виделе дека за тоа има капацитет, сфатиле дека проблем е тоа што тие ќе бидат многу скапи. Во друга варијанта се појавиле два големи моста и неколку со просечна големина. Со таа варијанта, пак, се навлегува во каменоломот на „Гранит“. Во обид да се избегне едниот мост, веќе се појавил друг проблем со каменоломот и е дојдено во колизија со тоа што е даден под концесија. Затоа било неопходно да се направи друга варијанта, односно да се качи погоре во планината, а тука се појавил мост од 472 метри, а со тоа е потребен и поголем тунел и, се разбира, многу поскап начин на изведба. Кога се завршени идејните решенија за двете варијанти, тие се поднесени до Фондот за патишта и таму 27 март 2015
ПОРТА
13
градежништво
за одлука се чекаше четири години… Кога по тие години проектантите прашале зошто проектите немаат никаков напредок, добиле одговор дека како проблем, за една таква варијанта, се јавува пештерата Бела Вода која е најдолга и со најголема важност од десетте пештери кои ги има во варовничкиот комплекс на Демир Капија и клисурата на Целевечка Река. Поради овој проблем се барало ново решение и е дојдено до проект кој сега се изведува. Со тоа решение се доаѓа до стариот пат од Демир Капија, се поминува со два моста на реката Вардар, па со два паралелни тунели се качува над постоечкиот тунел. Во меѓувреме Европската Унија има одобрено 50 милиони евра за изградба на оваа делница, а кои средства се даваат на пограничните места за соработка. Од тие пари се искористил дел за да се направи главниот проект врз база на усвоеното идејно решение. Главниот проект го има направено австриско-грчка компанија. Откако е падната конечната одлука за изградба на последната варијанта, проектот е даден на лицитација на која го има добиено фирмата „Актор“. 14
ПОРТА
27 март 2015
градежништво Во следниот број следува продолжение на сторијата во која ќе ги дадеме точните параметри на мостовите, тунелите, начинот на изградба и материјалите. Редакцијата на „Порта 3“ упатува голема благодарност до „Чакар партнерс“ за несебичната соработка.
Според она што досега е сработено и од тоа со каков интензитет се одвиваат работите, патот треба да е готов до септември идната година. Освен главниот проект, „Актор“ имаат обврска на реката Бошава да направат мост и да го поврзат со обиколница на клучка. Тој проект, исто така, е доделен на „Чакар партнерс“ да го проектираат. Инаку, покрај порано изведената клучка кај Демир Капија, направени се уште две и тоа кај Миравци и кај Смоквица каде се поврзува со постоечкиот пат. Досега проблем се има јавено кај селата Милетково и Миравци каде има повеќе вододелници кои надоаѓаат од планината и со пресекувањето
се појави поголема концентрација на вода, за која сега е направен проект за канализирање и одведување. Како заклучок и мислење на стручната фела, изградбата на оваа нова делница е многу подобро решение отколку да се прошируваше стариот пат затоа што со качувањето на автопатот погоре во планината се избегнува уништувањето на плодното земјиште од Валандовското поле и носење на возилата во ненаселен дел. Од друга страна, постоечкиот магистрален пат за цело време на градење е во функција и останува како алтернативен пат на автопатот. n
27 март 2015
ПОРТА
15
градежништво
Заштита на косини со мрежи и SN анкери во површински копови Подготвиле м-р Љубиша КОСТАДИНОВ, дипл.руд.инж., Владе АНАСТАСОВСКИ, дипл.руд.инж., Никола МЕХАНЏИСКИ, дипл.руд.инж., (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)
П
ри вршење на површинска експлоатација, доколку копот е значајно напреднат во длабочина, потребна е заштита од можни одрони на материјал од погорните етажи. За продолжување со експлоатација на најдолните етажи во површинскиот коп, потребно е да се изврши стабилизирање и заштита на косината над работните етажи во висина и ширина во зависност од напреднатоста на копот. Заштита на косината се врши на места кои претставуваат потенцијална опасност од зарушување. Начините на заштита можат да бидат применети поодделно или во комбинација на два и повеќе видови на стабилизирање на косината.
Површина за заштита во рудник за мермер
Шематски приказ на анкерирање
KАВАЊЕ, ТОВАРАЊЕ И ТРАНСПОРТ НА МАТЕРИЈАЛОТ Кавање е постапка на чистење на сите неврзани или слабо врзани парчиња од карпата, кои се наоѓаат на самата косина. Отстранувањето на материјалот од косината може да се врши машински со багер или рачно со прирачен алат. 16
ПОРТА
27 март 2015
По завршување на постапката, искаваниот материјал паднат на етажното плато се товари со багер или утоварач во дампери, при што се транспортира на одлагалиште за јаловина.
СТАБИЛИЗИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА КОСИНАТА СО ЧЕЛИЧНА МРЕЖА И SN АНКЕРИ Под стабилизирање и заштита на косините се подразбира заштита со челични мрежи и анкерирање на испуканите карпи, после
градежништво
Дупчење на дупнатини за SN анкери
кавањето на неврзаниот материјал. Пред отпочнување со заштита, потребно е да се предвидат и обезбедат сите припремни работи, геодетско снимање на косината и инженерско-геолошки опис на состојбата со стереоскопски снимки на теренот, при што треба да се запазат мерките за безбедност и здравје при работа. При самото стабилизирање, потребно е перманентно надгледување и следење на косината и благовремено реагирање при изведба на работите, доколку постои опасност од одрони или оштетувања и деградирања на косините и околината. Стабилизирање на испуканите блокови, се изведува со нивно „врзување“ за косината со вградување на атхезиони пасивни SN анкери. Стабилизирање на повеќе испукани блокови за карпата се врши со поставување мрежа и SN анкери.
Поставување на мрежа
Хронологијата на изведување на работите е следнава: дупчење на дупнатините за анкерот, поставување мрежа, вбризгување малтер, поставување анкерни шипки и затегнување на анкерните плочи. Во функција на зголемување на безбедноста, за продолжување со експлоатацијата на етажите во план и длабочина, предвидено е поставување заштитна мрежа. Мрежата е изработена од двојно навртена челична плетена жица обложена со цинк, со одлични механички карактеристики. Челичната мрежа може да ја издржи силата на падот на карпите без да се отплете во случај на кинење на жицата, поради двојното навивање. Со мрежата се врши заштита од одрони и ерозија и притоа ги штити луѓето, опремата и инфраструктурата што се наоѓаат на етажните берми.
Во пределите каде на косините има поголеми парчиња се поставуваат двослојни заштитни мрежи со локално несистематско сидрење со SN анкери Ø 25, L=3,0÷5,0 m / тип RA 400/500. По завршување на целокупната постапка, може да се продолжи со непречена експлоатација во површинските копови за експлоатација на минерални суровини. Сите материјали, кои се употребуваат при заштита на косините, треба да бидат изработени од првокласен материјал, мора да одговараат на важечките македонски стандарди (МКС EN) и техничките прописи и правилници. Целокупната постапка се изведува во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа со запазување на мерките на безбедност и здравје за ваков вид на активности. n
ПОРТА
градежништво
ЗАШТИТА НА ТЕМЕЛНА ЈАМА НА ПРОЕКТ „ЕЛЕМ“ ВО СКОПЈЕ
Бетонска дијафрагма заштита на ископувањето и водонепропустлива мембрана
Лента за транспорт на ископаниот материјал
Проектот за темелната јама бара решение на повеќе проблеми. Станува збор за стабилноста и сигурноста на станбената кула висока 40 метри, во непосредна близина на идната темелна јама, потоа присуството на подземна вода од шест до седум метри, па границата на парцелата, градежната линија и регулационата линија кои во голем дел се преклопуваат Предраг ЈЕРЕМИЌ, дипл.град.инж.
Р
еализацијата на проектот за изградба на деловна зграда ЕЛЕМ во Скопје, во строгиот центар на градот, спроти старата железничка станица и хотелот Бристол, е вистински предизвик за која било градежна компанија. Пред сè поради проблемите со кои таа би се соочила, 18
ПОРТА
27 март 2015
меѓу кои и заштитата на темелната јама. Инвеститорот бараше од изведувачот на работите да предложи решение за заштита на темелната јама, да го изготви проектот и врз основа на ревидираниот проект да ги изведе работите. Инженерите на СТРАБАГ, откако ја прегледаа добиената проектна документација, заклучија дека во проектот за темелната јама потребно е да се решат повеќе проблеми. Станува збор за стабилноста и сигурноста на станбената кула висока 40 метри, која е во непосредна близина на
идната темелна јама, потоа присуството на подземна вода која е на длабочина од шест до седум метри од постоечката кота на теренот, па границата на парцелата, градежната линија и регулационата линија, кои во голем дел се преклопуваат. Најголема широчина на темелната јама е 22 метри.
ГЕОЛОШКА СИТУАЦИЈА Според постојните податоци од геолошките истражувања и геомеханичките истражувања извршени за потребите на изградбата на
градежништво
Слика бр.1- Развиен профил на дијафрагма тој начин го заштитивме инвеститорот од непотребни дополнителни трошоци.
објектите, констатирано е дека теренот на локацијата е изграден од: насип со дебелина од три до четири метри, алувијални чакали и песоци со дебелина од четири до 26 метри и неогени седименти: лапори, лапоровити глини, песочници, лапорци и глинци кои се појавуваат на длабочина од седум до 30 метри, а нивната дебелина е поголема од 500 метри.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА СЦЦ БЕТОНОТ КАКО МАТЕРИЈАЛ
РЕШЕНИE ЗА ЗАШТИТА НА ТЕМЕЛНАТА ЈАМА Решението заштита на темелната јама со шипови, кое е вообичаено во градското подрачје, овде не можеше да биде применето поради високото ниво на подземните води. Неконтролираното испумпување на вода од темелната јама, може да доведе до суфозија на земјиштето под соседната станбената кула и на тој начин да ја загрози нејзината стабилност. СТРАБАГ ангажираше две групи на независни стручни лица кои се специјализирани за технологија на заштита на темелните јами. Како решение предложена е бетонска дијафрагма со потпирање на челични распонки. Поставено е уште едно прашање, а тоа е: дали дијафрагмата треба да биде дел од идната конструкција на зградата или таа треба да служи како заштита на јамата? Иако во сеизмолошка смисла подобро е бетонската дијафрагма да биде дел од конструкцијата, тоа решение има недостаток затоа што е тешко да се најде соодветно решение за хидроизолација. Крајна одлука беше, дијафрагмата да служи како заштита на темелната јама и хидроизолацијата да се направи непрекинато. Како што веќе наведовме, геомеханичкиот елаборат покажа постоење на чакал во горните и лапор во долните зони на тлото. Со оглед на тоа што лапорот е водонепропустлив, идејата беше дијафрагмата да се направи до лапорот и да навлезе во него еден до два метри. На тој начин би се создала водонепропустлива преграда и практично би било спречено навлегување на вода во темелната јама. Длабочината на лапорот во одредени зони на парцелата значително се разликува - некаде на две третини од парцелата лапорот се наоѓа на осум метри од котата на постоечкиот терен, а на една третина тој е на длабочина од 32 метри.
Слика бр.2 – Стандардното мерење слумп на СЦЦ бетонот На слика бр.1 е прикажана развиена површина на дијафрагмата со составот на земјиштето, каде што со светлосина е означен чакалот, со темносина конгломератот, а кафеава боја го означува лапорот. Статичката пресметка покажа дека од конструктивни причини доволна е дијафрагма од 19 метри, меѓутоа со оглед на тоа што таа требаше да претставува и водонепропустлива преграда во зоните каде што лапорот е многу длабоко, беше неопходно нејзината должина да се зголеми до 34 метри. Висината на арматурните кошеви (14,5 метри) е еднаква на целиот обем на дијафрагмата (која е со вкупна должина од 172 метри). Во зоните каде што лапорот се наоѓа на голема длабочина, 18 метри од дијафрагмата останува неармирана, бидејќи нејзината функција е да претставува водонепропустлива преграда во чакалот. На
СЦЦ е посебен бетон со иновативни функции кои значително го издвојуваат од кој било друг тип на бетон. Користењето на самоливни СЦЦ бетони овозможува поголема продуктивност и пократко време за вградување. Флуидноста на бетонот и добрата отпорност на сегрегација на компонентите во текот на вградување, осигуруваат дека конечниот производ ќе има хомогена структура, минимална количина на празнини, изедначена цврстина на притисок и висок квалитет на завршната површина. Тоа на крајот доведува до зголемена трајност на конструкциите изработени од самолив (СЦЦ) бетон. Стандардното мерење сламп на бетонот не може да се примени бидејќи свеж СЦЦ не може да стои вертикално, па неговата конзистенција се одредува така што бетонот од конусот се исипува на рамна подлога (Слика бр.2) и се мери пречникот на добиената површина. Вообичаено е пречникот да е од 46 до 76 сантиметри. Бетонирањето на дијафрагмата е направено со СЦЦ-бетон, кој го карактеризира висока марка на бетон и извонредна водонепропустливост. Врз основа на испитувањето на примероците, добиената водоотпорност на примероците на СЦЦ бетонот е 12 бари, додека цврстината на притисок изнесува 50 до 60 Mpa.
Слика бр.3 – Бетонска дијафрагма 27 март 2015
ПОРТА
19
Слика бр.4 - Mашина за копање
ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА БЕТОНСКА ДИЈАФРАГМА Технологијата за изработка на дијафрагма првенствено подразбира подготовка на платформата по која ќе се движи механизацијата за нејзина изработка. Следен чекор е изработка на две воведни греди кои претставуваат водилки за ископ. Должината на гредата е еднаква на вкупната должина на дијафрагмата. Ископот на дијафрагмата се врши во кампади, со машина за копање (слика бр.4) која има специјална грајферска лажица (корпа), а заедно со напредувањето на ископот во дупката се додава и бентонитна суспензија која има задача да спречи одронување на земјиштето во ископаната дупка. По завршеното ископување на една кампада на дијафрагмата, во дупката со автодигалка се спушта „stop-end“ метален профил кој е поставен вертикално со основната улога за да обезбеди добра врска со двете соседни кампади, и на тој начин да спречи продирање на водата (слика бр.5), а потоа и арматурниот кош кој според статистичките пресметки е тежок околу 2,5 тони (слика бр.6). Знаејќи дека спојот помеѓу кампадите е најосетливо место во дијафрагмата, инженерите на СТРАБАГ разгледаа повеќе опции за врска помеѓу соседните кампади во комбинација со типот на бетон, сè со цел добивање на водонепропустлива преграда, која ќе овозможи ископ во сува средина. Земајќи ја предвид и економичноста на решението, заклучено е дека металниот профил „stop-end“ прикажан на Слика бр.5 е оптимално решение. Следен чекор во изработката на една кампада на дијафрагмата е нејзиното бетонирање (слика бр.7) кое се изведува со контракторска постапка. Цевката се спушта во 20
ПОРТА
27 март 2015
бентонитната суспензија до дното на ископот на кампадата. Како што се напредува со бетонирањето, цевката полека се подига, а бетонот ја истиснува бентонитната суспензија. Последен чекор во изработката на една кампада е извлекување на металниот профил („stop-end“). Со динамиката на работите беше дефинирано дневно да се работат по две мали кампaди на дијафрагмата со должина 19 метри, или една со должина 30-32 метри. Технологијата на напредување со
Слика бр. 5 – Mеталниот профил „Stop End“
изработката на дијафрагмата подразбира кампадите да се работат од двата краја (агли) со еден потег и со неизменично бетонирање на кампдата од едниот до другиот крај да се приближуваме до кампадата што се наоѓа на средината на распонот. Императив беше ископаната кампада да се избетонира во текот на денот од безбедносни причини и заради стабилност на соседниот објект. Бентонитната суспензија со текот на времето почнува да се таложи (седиментира) и на тој начин почнува да губи од густината и можноста да спречи одронување на земјата во ископаната дупка, затоа е потребно суспензијата постојано да се меша во резервоарот каде се чува. Првата кампада е направена на 22 октомври 2013-та, а последната на 16 јануари 2014 година. Во текот на изведување на работите се појавија повеќе објективни проблеми кои влијаеа на прогресот на работите. Прво, во одредени зони се појави конгломерат, така што ископот на таа кампада на дијафрагмата траеше четири дена. Количината на бентонитот во ископаната кампада перманентно беше контролирана. Второ, поради околностите еден „stop-end“ остана заробен во тлото, така што спојот на тие две кампади (од надворешна страна) е направен шип, за да се спречи продирање на вода
Слика бр. 6 - Кафез
градежништво
помеѓу кампадите. По завршеното ископување може да се рече дека успешноста на изработката на дијафрагмата (во поглед продирање на вода) е висока со оглед на тоа што протекувањето на вода (ограничена должина три метри) се појави само на еден спој (слика бр.8) помеѓу две кампади (од вкупно 72 спојувања). Овој факт укажува дека изборот на СЦЦ бетонот од страна на СТРАБАГ (како материјал за изработка на дијафрагмата) беше оправдан. Во извесни зони по висината на дијафрагмата се појави влага која не пречеше при ископот на темелната јама. Потенцијално најосетливи места, и по прашање стабилност и продор на вода низ дијафрагмата, се аглите и многу е важно на тие места (на местата кај аглите) дијафрагмата да не се прекинува туку тоа да биде една кампада. Откако е завршена изработката на сите кампади од дијафрагмата, поврзувањето на 72 кампади е направено со поврзна греда.
Слика бр.7 - Бетонирање на дијафрагмата
извршено е нулто геодетско мерење на нивната положба. Исто така, извршено е и нулто геодетско мерење на положбата на соседната станбена кула. Секое следно геодетско мерење на положбата на реперите на поврзната греда и на соседната кула беше поврзано со напредокот на работите на ископот. Oдносот меѓу висината (14метри) и должината на темелната јама (70 метри) е неповолен. Од таа причина, користена е лента за транспорт на ископаниот материјал на врвот на темелната јама (Слика бр.12). Би сакал да нагласам дека оваа лента е проектирана од страна на инженерите на СТРАБАГ, произведена специјално за овој проект и ќе може да се користи и на идните проекти каде што не е можно да се направи достапен пат за кипери. Како заклучок од целата работа, може да се каже дека искуството со бетонската дијафрагма е исклучиво позитивно затоа што освен за заштита на ископувањето, таа послужи и како водонепропустлива мембрана. Одлуката дијафрагмата да се направи од водонепропустливите слоеви (лапорот) се покажа како исправна затоа што во текот на ископувањето на првата половина на темелната јама (ископот на лапорот) се појави многу вода заробена во чакалот. Со оглед на тоа што во текот на ископувањето на лапорот сета вода се процеди, а бидејќи беше спречено дотекување на вода од надворешна страна на дијафрагмата, ископувањето во чакалот беше многу брзо завршено затоа што остана практично сув материјал (природно влажен).
ИСКОП НА ТЕМЕЛНАТА ЈАМА Пред почетокот на ископот на темелната јама, поставени се репери на поврзната греда и
Слика бр. 8 - Протекувањето на вода помеѓу две кампади 27 март 2015
ПОРТА
21
интервју
ФАРШИД ТАВАКОЛИ ТЕХРАНИ
Студио „Фуксас“ – архитектонска иднина од античкиот Рим м-р ЃОРЃЕ ЈОКИЌ , дипл.инж.арх. (Србија)
На BDW 2014 беше предвидено гостување и предавање на познатиот италијански архитект Максимилијан Фуксас. Римскиот архитект, кој минатата година наполни седумдесет години, со децении познат по својот специфичен стил, во последен момент го откажа своето учество и го испрати архитектот Фаршид Таваколи Техрани (Farshid Tavakoli Tehrani) кој веќе со години е вработен во студиото „Фуксас“. Во своето излагање, тој зборуваше за актуелните проекти и за она што претставува студиото „Фуксас“ и кон што се стреми во иднина, како технологијата влијае на архитектурата, дали кризата е проблем кога е во прашање интернационално студио, и дали можеби постои „Фуксас“ стил ... 22
ПОРТА
27 март 2015
интервју
Културен центар во Ченгду, Кина Да почнеме со актуелни прашања. На кои проекти работи светски познатото архитектонско студио „Фуксас“? n Работиме на различни проекти, учествуваме на многу архитектонски конкурси. Освоивме награди на неколку конкурси од кои повеќето во Кина. После конкурсот на кој победивме за аеродромот во Шензен, победивме и на конкурсот за кулата „Гуосен Тауер“, а во градот Ченду победивме на конкурсот за културен центар. Исто така, работиме на проекти за трговскиот центар на Беверли Хилс, како и на туристичката населба на Сардинија. Како е поделена работата, имајќи предвид дека студиото постои во Рим, Париз и во Шензен? n Во Рим се наоѓа главната база, а за да ги имаме сите овие проекти отворивме студио и во Кина. Покрај тоа, имаме и париско студио каде што се развиваат проекти за северна Европа. Сепак, сите проекти настануваат во нашето римско студио. Тука постојат посебни
оддели; оддел кој се занимава со конкурси, друг кој се занимава со ентериери, оддел кој прави макети итн. Моментално во Рим работат околу деведесет луѓе, а вкупно во сите три студија има околу сто и педесет вработени. Постои ли „Фуксас“ стил?
n Фуксас нема стил, ние во студиото се „бориме да немаме стил“,
како тој честопати вели. Одредени елементи кои можат да се воочат на различни проекти, би можело да се наречат како „Фуксасов потпис“, но како пристап ние немаме стил бидејќи секој проект, каде и да се наоѓа, зависи од функцијата на објектот како и од културата на тој простор. И врз основа на тоа, ние почнуваме да проектираме. Каква е денешната состојба во архитектурата, за студио во Италија или за архитект во Италија? n Мене ми е малку потешко да одговорам на ова прашање, но според мое мислење, како интернационално студио кое работи во цел свет, се стремиме кон приспособување. Кризата е во Европа, но не и во Кина, порано имаше повеќе конкурси во Италија и во Европа, а денес повеќе работиме на пазарот во Кина. Како и да е, кризата се чувствува. Ние
Комплекс San Paolo Parish, Перуџа, Италија ПОРТА
Аеродромот во Шензен, Кина
соработуваме со фирми кои се занимаваат со материјали, пресметки итн. и гледаме дека кризата постои. Каде оди архитектурата? n Во која смисла? Јас мислам дека архитектурата многу брзо оди со технологијата, што многу ни помага да дојдеме до идеи и да проектираме. Технологија која оди напред носи проекти кои ние ги гледаме како споменици или симболи. Може да се случи тоа што денес претставува симбол еден ден да го изгуби тој карактер, и нешто што е денес симбол да не биде тоа за дваесет години. Зборувавте за концептот на одржливост, и во текот на предавањето ја видов продавницата „Бенетон“ што има кров покриен со стакло, како 24
ПОРТА
27 март 2015
Ново архитектонско редефинирање на објектот Еx unione militare , Рим, Италија
го решивте проблемот со неопходно ладење во таков простор? n Сите стакла се антирефлексни посебни стакла и внатре е одлично што се однесува на амбиентот и пријатноста, да не е така, таму би било претопло. Водиме сметка за материјалите што ги користиме, каква е рефлексијата, како влегува светлото, бидејќи тоа мора да биде еден пријатен амбиент. Нов конгресен центар во Рим, Италија
Колку долго работите во студиото „Фуксас“? n Тука работам осум години. Пред тоа, завршив економија и работев во Иран. Отсекогаш ја сакав архитектурата, се преселив во Италија, во Рим каде завршив архитектонски факултет, по што работев практика во студиото „Фуксас“. После практиката останав да работам овде, и денес сум шеф на одделот што се занимава со проектирање на ентериери. Каков е Вашиот однос кон Рим и животот во него, како некој што дошол во тој град? n Мене ми се допаѓа Рим откако работам во студиото, Рим има одреден провинциски карактер, работејќи во такво големо студио најдов рамнотежа. Не занам, да не работам во студиото „Фуксас“, веројатно не би останал во Рим. n 27 март 2015
ПОРТА
25
архитектура
ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА ЗА 2015
ОТО ФРАЈ –
постхумен лауреат
Визионерските идеи, неуморниот дух, вербата во слободна размена на знаење и иновации, желбата за соработка и внимателно и рационално искористување на ресурсите, се причините поради кои жирито оваа година одлучи Прицкеровата награда да му биде доделена на Ото Фрај Наталија ЗАФИРОСКА „Германска федерална градина“ во Келн,1971 година
26
ПОРТА
27 март 2015
Ан НО
Препознатливиот „покрив“ на Олимпискиот стадион во Минхен, 1972 година
Западноевропскиот павилјон во Монтреал Експо во 1967 година, во соработка со Ролф Гутброд
Г
ерманскиот архитект Ото Фрај, кој беше препознатлив по своите линиски мрежни структури, почина на 9 март на 89 години, само две недели пред официјалното прогласување како добитник на Прицкеровата награда, која требаше свечено да ја прими во Мајами, Флорида, САД, на 23 март.
„Лекцијата од неговата пионерска работа во полето на лесни конструкции кои се адаптибилни, променливи и со внимателно одбирани ресурси, се исто толку релевантни денес колку што биле и кога првпат биле употребени пред 60 години“, изјави жирито. Претседателот на Прицкеровата награда и фондацијата „Хајат“, Том Прицкер изјави: „Нашето жири појасни дека според нив, кариерата на Ото Фрај е модел низ 27 март 2015
ПОРТА
27
архитектура генерации на архитекти и неговото влијание ќе продолжи да се чувствува и понатаму“. Во целата оваа несреќна завршница, добрата работа е што Ото бил известен дека токму тој ја добил наградата, откако жирито го посетил неговиот дом кој се наоѓа близу Штутгарт. „Мојот архитектонски порив беше насочен кон дизајнирање на нови типови на објекти наменети за сиромашни луѓе особено по природните непогоди и катастрофи“, изјавил Ото Фрај. „Што може да биде подобро за мене од добивањето на оваа награда? Ќе искористам сè што времето ми дозволува да продолжам да правам она што го правев досега, за да му помогнам на човештвото. Тука имате еден среќен човек“, констатирал Ото Фрај. „Веста за неговото починување е многу тажна, вакво нешто не се случило во историјата на доделувањето на наградата“, изјави Прицкер. „Сите сме многу благодарни дека жирито му ја додели наградата додека сè уште беше жив“. Оваа награда засега е една од најпрестижните во областа на архитектурата, па неретко успехот и признанието во архитектонскиот свет се поврзува со нејзините добитници, меѓу кои се Норман Фостер, Жак Херцог и Пјер де Мерон, Ханс Холеин, Петер Цумтор, Оскар Нимаер, Заха Хадид и многу други. За тоа кој ќе ужива во престижот на наградата оваа година, првенствено беше одговорен архитектонскиот патрон и инвеститор Питер Палумбо, а потоа и целиот тим составен од чилеанскиот архитект Алехандро Аравена, австралискиот архитект и самиот добитник на Прицкерова награда во 2002 година Глен Меркат, британскиот архитект Ричард Роџерс, шпанскиот архитект Бенедета Талибу како и кинескиот архитект Јунг Хо Чанг. Во комисијата се најде и судијата од Врховниот суд на САД Стивен Брејер како и челичниот магнат Ратан Тата. „Времето не чека никого. Ако некој се сомнева во овој афоризам, вчерашната смрт на Ото Фрај, титанот на модерната архитектура, само неколку недели пред да наполни 90 години и само неколку недели пред примањето на Прицкеровата награда за архитектура во Мајами, претставува тажен и неверојатен пример на оваа вистина“, рече Палумбо. Церемонијата на доделување на наградата сепак ќе се одржи во Мајами во Новиот светски центар, дизајниран од Френк Гери во 1989 година. Ако сакаме подетално да ја проучиме генијалноста на овој човек, неизбежно е да навлеземе во неговата биографија. Роден во Зигмар, западна Германија, Ото Фрај пораснал во Берлин. Тој во слободното време се 28
ПОРТА
27 март 2015
занимавал со дизајнирање на едрилици поради што бил фасциниран од нивните структурни сили на работа кога тенките мембрани ќе се оптегнат на сосема лесни рамки. За време на неговата служба како пилот во воздухопловните сили во Втора светска војна бил фатен близу Нирнберг, Германија. Таму поминал две години како затвореник близу градот Шартр, Франција, каде работел како архитект на кампот учејќи да гради разни видови на структури водејќи сметка за најоптимално искористување на материјалите. После војната Ото се вратил да студира архитектура на Техничкиот универзитет во Берлин, каде докторирал во областа на градежништвото во 1954 година.
Јапонскиот павилјон за Хановер Експо 2000 во Германија
Големите чадори на Федералната изложба во Келн, Германија, 1971 година
aрхитектура
Со јасна критика на објектите со тешки столбови нарачани од Третиот Рајх, работата на Ото Фрај се одликува со леснотија, демократија, ниска цена и привременост. После патувањето околу Обединетите Нации, каде се сретнал со работата на Френк Лојд Рајт, Еро Саринен, Лудвиг Мис ван де Рое и други, Ото Фрај станал независен архитект посветен на дизајнирање на лесни структури. Ото Фрај ја посветил неговата долгогодишна кариера во истражување, експериментирање и развивање најчувствителна архитектура која влијае на безброј други професионалци ширум светот. Лекцијата од неговата пионерска работа во
областа на лесните конструкции кои се адаптибилни, променливи и направени со внимателно употребени ресурси, се исто толку релевантни како и кога биле направени пред речиси 60 години. Тој самиот претставува дефиниција за она што значи инвентор, пронаоѓач на форма, инженер, градител, учител, соработник, енвиронменталист, хуманист и креатор на неверојатни објекти и простори. Мрежните конструкции кои биле употребни за Германскиот павилјон на Експо 67 во Монтреал, префабрикуван во Германија и поставен за краток временски период, било врвно достигнување во оригиналноста. Импресивните големи димензии на крововите дизајнирани за Олимписките игри во Минхен во 1972 год., претставуваат комбинација на светлина и цврстина кои многумина рекле дека е невозможно да се изведе. Овој проект бил направен во колаборација со Гинтер Бениш каде се надминале секакви очекувања, иако овие игри се многу засенети поради масакрот на 11 израелски натпреварувачи од страна на палестински терористи. Конструкциите како изложбената „Германска федерална градина“ како и на многу други настани во 50-тите години на минатиот век, се функционални, убави, лебдечки покриви кои изгледаат како без никаков напор да обезбедуваат засолниште, за потоа лесно да се демонтираат по завршувањето на настанот. Мрежната школка употребена во „Мaнхајм Мултихале“ во Maнхајм, Германија 1975 , Германија
Пешачкиот мост „Мехтенберг“ кај Гелзенкирхен, Германија, 2003 година
Токму тој дава одговор, како пејзажната архитектура употребена за стадиони, базени и секакви други јавни простори, може да биде импресивна до ден-денес. Ото креирал така што, преку природата и процесите препознаени во нејзе, се обидувал да употребува што е можно помалку материјали и енергија во создавањето на затворените простори. Во неговите иновации применувал напредни идеи за одржлив развој уште пред светот да биде засегнат со таа тема. Тој се инспирирал од природните феномени, „од птичји черепи до сапунски меури и пајакови мрежи“, изјави британскиот архитект Ричард Роџерс, член на комисијата и претходен добитник на наградата. Ото зборувал за потребата да се сфати физичкиот, биолошки и технички процес кој доведува до креирање на објект. Поддржувач бил на архитектонскиот концепт на разгранување од 1960 година, со кој се оптимизира структурата да поддржува огромни рамни кровови. Мрежната школка како што е употребена кај „Мaнхајм Мултихале“ во 1975, е пример како едноставно структурално решение, кое е лесно склопливо, може да претставува неверојатен флексибилен простор. Пешачкиот мост „Мехтенберг“ кај Гелзенкирхен со употреба на тенки шипки, сврзувачки јазли и напредно знаење произведува филигрански патерн кој премостува распон од 30 метри. Конструкциите на Ото се во хармонија со природата и секогаш се стремел да прави повеќе со помалку. Може да се каже дека сите објекти кои се поврзани со неговото име се дизајнирани во соработка со други професионалци. Тој честопати пристапувал кон формирање на тим за да се справи со комплексните архитектонски и структурни предизвици. Инвентивните резултати го потврдуваат колективниот напор на мултидисциплинарните тимови. Меѓу најпознатите соработки е онаа со Шигеру Бан (добитник на минатогодишната награда) на Јапонскиот павилјон за 2000 Хановер Експо во Германија, како и колаборацијата со Ролф Гутброд на Западноевропскиот павилјон во Монтреал Експо во 1967 година. Во текот на неговиот живот, Ото Фрај продуцирал имагинативни, свежи невидени простори и конструкции. Но, не само објекти, тој креирал и знаење. Тука длабоко лежи неговиот стремеж формите да не бидат копирани, туку произлезени од патеките на неговите истражувања и откритија. „Ото Фрај е еден од најзначајните архитекти и инженери на 20 век“, изјави Роџерс. „Неговата работа инспирираше и влијаеше на модерната архитектура, особено како да се направи повеќе со помалку, како да се сменат монументалните структури со економичност, светлина и воздух“. n 27 март 2015
ПОРТА
29
ПОРТА
рубрика
Б
26 декември 2014
ПОРТА
39
39
aрхитектура
НАГРАДА „МИС ВАН ДЕР РОЕ“ ЗА 2015 ГОДИНА
Објавени пет финалисти
В Ивона МИТЕВА
о месец февруари беше објавена листата на петте финални проекти за една од најпрестижните награди за современа архитектура „Мис ван дер Рое“. Ова е дваесет и осма година по ред на доделување на оваа награда во организација на Европската комисија и фондацијата „Мис ван дер Рое“ во Шпанија. Финалистите се селектирани од вкупно 40 проекти, а во наредните неколку месеци членови на стручното жири ќе ги посетат секој од објектите и ќе соберат дополнителни информации од луѓето што ги користат, со цел да се одбере најдобриот проект. Официјалното прогласување на победникот ќе се одржи на 7 мај во павилјонот на Мис ван дер Рое во Барселона.
1. Ravensburg Art Museum / Lederer Ragnarsdottir Oei (Равенсбург, Германија) Локацијата на која е проектиран музејот за уметност е важна за градот од историски аспект, а неговиот дизајн се обидува хармонично и незабележливо да го вгради новото во старото и да создаде една компактна и функционална целина. Фасадата на објектот е изработена од рециклирани тули, а со нивното користење архитектот се обидува да направи врска помеѓу стариот објект и новата конструкција. Во овој контекст, со користење на рециклиран градежен материјал, објектот добива обележје на одржлив објект и воедно претставува еден од првите музеи кои може да се карактеризираат како такви. Едноставниот просторен концепт – влезен хол кој води до просториите каде што е поставена изложбата, материјализацијата составена од рециклирани тули, структурата на ниши кои се простираат по целата површина, и ненаметливата интеграцијата на објектот во историското урбано ткаење на градот, се главните карактеристики на музејот. 32
ПОРТА
27 март 2015
Официјалното прогласување на победникот ќе се одржи на 7 мај во павилјонот на Мис ван дер Рое во Барселона
aрхитектура 2. Danish Maritime Museum / BIG – Bjarke Ingels Group (Хелсингер, Данска) Архитектонското студио BIG успева успешно да го проектира музејот во уникатниот историски и просторен контекст: помеѓу еден од најпознатите и најважните објекти во Данска, односно замокот Kronborg и новиот културен центар. Ѕидовите на претходно постоечкото пристаниште се оставени во својата автентична состојба, а галериите се поставени под земја каде што е овозможено континуирано движење. Централниот дел е отворен и празен со цел посетителите да ја доживеат големината на самиот објект дизајниран во облик на брод. Во склоп на објектот се наоѓаат три мостови со двојна висина, кои претставуваат урбана конекција и истовремено овозможуваат скратени патеки помеѓу различни простории на музејот. Еден од мостовите служи како променада, музејскиот аудиторум служи како мост кој прави конекција помеѓу културниот центар и замокот, додека третиот мост им овозможува пристап на посетителите до главниот хол. Сите подови, вкучувајќи ги оние на простриите каде што се наоѓа изложбата, потоа аудитриумот, училниците, канцелариите, кафе-барот и подот на пристаништето, нежно се поврзуваат меѓусебно создавајќи возбудливи простори.
27 март 2015
ПОРТА
33
aрхитектура 3. Antinory Winery / Archea Associati (Фиренца, Италија) Лоцирана во ридестите предели на Chianti покриени со лозови насади, помеѓу Фиренца и Сиена, по барање на клиентот, архитектонското студио Archea Associati успева да го подобри пејзажот и околината преку архитектура како одраз на културниот и социјалниот контекст на локацијата. Есенцијалниот дел во дизајнот на винаријата се функционалните аспекти и постигнувањето на автентична симбиоза помеѓу културата, работата на човекот, неговата работна средина и животната средина. Целта на проектот е обединување на објектот со руралниот пејзаж. Поради тоа покривот на овој индустриски комплекс е претворен во земјиште на кое се одгледува винова лоза, а тоа е прекинато по неговата контура со два хоризонтални отсечоци, со цел да се внесе светлина во ентериерот. Истовремено, оние што се наоѓаат во внатрешноста на објектот може да уживаат во погледите кон прекрасниот пејзаж. Фасадата се протега хоризонтално покрај падината на ридот, а отсечоците дискретно го откриваат ентериерот на подземното ниво каде што се наоѓаат канцелариите. Во склоп на винаријата се наоѓаат винарска визба, место каде што се произведува и изложува виното, ресторан, аудиториум, потоа музеј, библиотека и просторија за дегустација на вино и негова продажба.
4. Phillharmonic Hall Szczecin / Estudio Barozzi Veiga (Шчечин, Полска)
34
ПОРТА
27 март 2015
Дизајнот на филхармониската сала се развива под влијание на урбаниот контекст, стрмните покриви, вертикалноста на зградите за домување, монументалноста на неоготските цркви и тешкиот волумен на класицистичките згради. Архитектонското студио Estudio Barozzi Veiga, користејќи експресионистички пристап, употребува геометризација со цел да ја обликува новата зграда и да создаде ритмична композиција која ќе пренесува чувство на балансираност помеѓу масивноста и вертикалноста во околината. Фасадата е обложена со стаклен материјал со што објектот станува светол, транспарентен и се истакнува во урбаното ткаење на градот. Ентериерот е едноставен, со големи прозорски отвори и карактеристична обработка на ѕидовите и кровот.
5. Saw Swee Hock Student Centar / O’Donnell+Tuomey (Лондон, Англија)
Студентскиот дом е сместен на локација која се карактеризира со тесни улици, јавен простор пред кампусот како простор за размена, испреплетени циркулациони рути и визуелна конекција помеѓу внатрешното и надворешното движење. Овие анализи на контекстот извршуваат влијание врз дефинирањето на четирите принципи во дизајнерскиот пристап на објектот. Првиот принцип е создавање на „жива форма“, односно дизајнирање на зграда која ќе го долови динамичниот карактер на современиот студент. Вториот принцип е употреба на традиционалниот материјал тула, но во современ дизајн. Поради тоа целата фасада е обложена со тула поставена по одредена шема, со цел да се обезбеди „шарена“ светлина во внатрешноста преку ден и блескав ефект на зградата во текот на ноќта. Следниот принцип се базира на создавање атмосфера преку материјализација и боја. Употребени се дрвени подови, челични столбови, бетонски плафони и шарени стаклени панели за обложување на ѕидовите во ентериерот. Последниот принцип се однесува на перфорирана фасада која е постигната со употреба на тула и стаклени површини, а овој принцип е важен поради тоа што на овој начин се овозможува огромно количество на природна дневна светлина во внтрешноста. 27 март 2015
ПОРТА
35
дрвна архитектура
БИБЛИОТЕКА TAVERWOOD
Нов живот на уништените дрвја
Искористувањето на оштетен материјал од локално потекло, придонесува многу за екологијата во регионот, се отвора простор за нова млада и здрава шума и, секако, значително се влијае на економските параметри во градбата Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија
О
д времето кога започна планирањето за изградба на библиотека во градот Ан Арбор во Мичиген САД, архитектите од Inform Studio биле изненадени од огромната штета што ја имаше нанесено зелениот јасенов бубмар токму на локацијата предвидена за
36
ПОРТА
27 март 2015
дрвна архитектура
градба. Од 2002 година скоро 30 милиони јасенови дрвја биле уништени од овој бумбар кој е доселен на овие територии од азискиот континент и проширен во 14 држави во САД. Позицијата и околината каде е изграден објектот, имала густа јасенова шума која била оштетена и деградирана. Внимателно одбраната локација за градба овозможува три важни цели: се создава заштиен појас помеѓу екосистемот на шумата и жителите на градот, се создава ефект на урбанизиран дел долж улицата и пешачката зона и има минимално влијание на околната природа, со што се зачувува биолошката разновидност на природата. Одржливоста на проектот е главен приоритет на архитектите во раната фаза на проектирање, па така архитектите увиделе дека дрвната маса од уништените дрвја може да се искористи во дизајнот на библиотеката. Истражувањата покажале дека дрвјата што се уништени од овој инсект, сепак можат да се искористат за бичење, бидејќи ларвата на инсектот ја напаѓа 27 март 2015
ПОРТА
37
дрвна архитектура внатрешната страна на кората, додека дрвната маса е неоштетена. Со искористувањето на овие уништени дрвја, ним им се дава нов живот со тоа што ја разубавуваат внатрешноста со висока естетска вредност, која ја има јасеновото дрво. Употребата на јасеновото дрво во објектот стана основна компонента во дизајнот на ентериерот, како и во дел од конструктивниот дел. Јасеновите дрва биле искористени во многу делови на објектот, како што се подот, ѕидните облоги, таваните, и столбовите што се протегаат покрај стаклената фасада која е свртена со поглед кон заштитениот дел на шумата. Под водство на прочуениот дизајнер и познавач на дрвото John Yarema, со работилница во близина на Ан Арбор, тимот работници рачно ги сечеле и обработувале дрвата, за потоа да започне едногодишниот процес на природно сушење на дрвата во работилницата на Yarema. За да се избегне оштетувањето на околните живи дрвја, кое може да настане од механизирано сечење на дрвата и транспортот, дрвата се сечени рачно и пренесувани со коњи. Искористувањето на ваквиот оштетен материјал, од локално потекло, ќе придонесе многу за екологијата во регионот, ќе се отвори простор за нова млада и здрава шума и, секако, значително ќе влијае на економските параметри во градбата.
38
ПОРТА
27 март 2015
Стратегиите за еколошко и економско проектирање можат да се забележат во поставеноста на објектот во однос на околината и основата на проектот во вид на буквата L. Идејата на архитектите била што помалку да се зафаќа простор од шумата и зеленилото што се протега во задната страна на објектот, па така граничните линии се поставени блиску до улица од предната страна, а паркирањето е решено делумно под зградата со 26 паркинг места и
уште 30-ина на улица. Потребата од намалување на трошоците во изградбата ги принуди проектантите да го сменат зелениот кров кој беше предвиден во почетните дизајни, но сепак на кровот има мала зелена градина која ја собира дождовната вода и се испушта во испусни базени. Внатре во библиотеката, стаклената фасада ја пропушта дневната светлина со што се осветлува зоната за читање. Силната светлина, што би можела да се појави во текот на денот, се регулира со електрични ролетни кои заштитуваат од прејак блесок. Овие ролетни функционираат врз основа на светлосни сензори кои автоматски ги отвораат или затвораат ролетните, во зависност од временските услови. Вентилацијата на објектот е решена со вентилациони системи кои механички се поврзани и со прозорците. Овој систем овозможува автоматско отворање на прозорците кога надворешниот воздух е со пријатна температура, со што се заштедува енергија со исклучување на системот за вентилација. Библиотеката Traverwood е трета и најнова во областа околу градот Ан Арбор. Директорот на градските библиотеки Josie Parker, уште од самиот почеток на проектирањето се залагал за одржлив дизајн на новиот објект, но и тој не очекувал дека новата библиотека ќе добие облик на модерен одржлив објект со прекрасен дизајн и висока еколошка оценка. Архитектите и инженерите строго се придржувале до строгите регулативи за зелени и енергетски ефикасни објекти, но сепак се одлучиле да не се пријават за престижниот LEED сертификат, со цел средствата што би биле дадени за сертифицирање да можат да се употребат во самиот објект. Директорот Parker потенцира дека не е важно за овој објект да добие престижен сертификат, туку подобро е да се донесат вистинските одлуки вредни за заедницата. n
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
урбанизам
АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (7)
Станбени згради како заеднички станбени структури Состојбите укажуваат дека е потребно преоценување на стандардите, во насока на утврдување стандарди кои ќе обезбедат подобри услови за организирање на станбените згради, за поголем квалитет на живеење на населението проф. д-р МИРЧЕ КОКАЛЕВСКИ , дипл.инж.арх
Р
езиме на развојот на станбените згради низ времето: процес на зголемување на зоните за заедничко домување во градовите, како резултат на миграции; примена на различни типови на станбени згради и оформување станбени населби; период на транзиција; приватизација на станбениот фонд; развој на колективна станбена изградба особено во Скопје; процес на оформување на поткровја, доградби и надградби на станбени згради; несоодветно одржување на станбените згради; се поголеми волумени на зградите; потреба за поголем квалитет на станбените згради. Следат некои аспекти на домувањето во станбени структури.
ЕВОЛУЦИЈА НА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ Со развојот на идустријата и потребата за нови работни места, се развиваат градовите, се зголемуваат зоните за домување и сè повеќе се градат станбени згради со различни типови и височини, најчесто станбени блокови. Промената на типот на 42
ПОРТА
27 март 2015
Станбени згради Офис арх. Љубљана и Копенхеген
Зграда во Париз
домување бараше други релации меѓу станарите, а тоа не се реализира и во заедничките станбени згради се живее без чувство за заедништво, со што основната поента на таквиот тип на домување не се реализира. Дополнително, со процесот на транзиција се направи приватизација на станбениот фонд и заедничките станбени згради беа со множество станбени единици од различни сопственици, сплет од приватни волумени на станови во зграда која треба да функционира како единствен организам. Следеше изградба на станбени згради со различна архитектура, со стилови импортирани од разни страни. Различност како обележје на станбената архитектура, без Зграда во Мексико
урбанизам
Станбени згради во Сплит
Станбени згради во Ангола соодветни иновативни солуции, без континуитет со традицијата. Додека скандинавскиот или јапонскиот станбен дизајн сè повеќе црпеа енергија од традицијата, во нашата средина станбениот дизајн сè повеќе се оддалечува од традиционалните вредности. Развојот на заеднчкото домување е изразен во Скопје, особено после земјотресот, заради згрижување на населението и се реализираа станбени населби со заеднички градби со примена на униформниот приод со повторување на згради и станбени групации. Следи процес на користење на рамните тераси на станбените згради со оформување на поткровја со различни завршетоци на зградите, како и процес на различен обем на доградби и надградби на станбените згради, кои севкупно предизвикаа менување на основните волуменски релации на станбените згради. Општа карактеристика на состојбите со заедничкото домување е нискиот степен на одржување на станбените згради, како екстериерно така и ентериерно. Иако станбените згради егзистираат над половина век, сè уште нема оптимален модел на управување и одржување на зградите. Потребата за реновирање на фасадите на станбените згради е добра прилика за
вградување на содветни материјали и системи за енергетска ефикасност на зградите.
ТЕНДЕНЦИИ КАЈ СТАНБЕНИТЕ ЗГРАДИ Кога се анализира третманот на станбените згради, се констатира процес на зголемување на нивниот волумен. Најбитен сегмент при лоцирање на станбената зграда е позицијата, обликот и големината на површината за градење (порано габарит) во рамки на локацијата, во која површина е можна
изградба на зградата. Се согледуваат одредбите од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање од 1997 година и се компарираат со одредбите од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање од 2012 година. Во текот на 15годишниот период се констатира тенденција за зголемување на волуменот на станбените згради низ следните параметри: зголемување на височината на зградите од максимално пропишаните 21 метар, до 31 метар (П+9+Пк); петпати зголемување на коефициентот на искористеност на земјиштето за станбени згради од 1,4 на 7,7; намалување на минималното растојание на соседни станбени згради од 6 метри (3 метри од граница на парцела) на 1,2 метри од граница на парцела; намалување на минималниот број на паркинг места за станбени згради од мин. 1,2 паркинг места за стан на 1 паркинг место на стан (што уште повеќе доведува до намалување на и така недоволниот паркинг простор за станбените згради и населби), што сумарно означува видно зголемување на станбениот волумен, со што се намалуваат оптималните релации на соседските објекти и се намалува изворниот квалитет на домувањето. Сосотојбите укажуваат дека е потребно преоценување на стандардите, во насока на утврдување стандарди кои ќе обезбедат подобри услови за организирање на станбените згради, за поголем квалитет на живеење на населението. Стандардите во основа треба да се едноставни за примена при планирање, проектирање и градење на станбените згради (само за компарација: одредбите на стандардите за планирање од 1997 година имаа 21 член и се елаборирани на 2 страници, а стандардите од 2012 година имаат 86 членови и 2 прилога, елаборирани на 32 страници). Целта е единствена: потребна е ефикасна примена на стандардите од страна на сите инволвирани во процесот на организирање на просторот, со Близина на објекти во Дебар Маало
27 март 2015
ПОРТА
43
урбанизам поедноставно утврдени одредби, со крајна цел да се подобрат состојбите во трауматизираното урбано ткиво, а финалниот ефект треба да се сведе на утврдување на оптимален волумен на станбената зграда и тоа доследно да се реализира на терен (без надградби, доградби и слични отстапувања од утврдениот волумен). Сите потребни елаборации во текот на планирањето (проценти, коефициенти и слични параметри) се во функција на примена на стандардите (и тоа е предмет на стручната ревизија) и единствено оптималниот волумен на станбената зграда треба да биде презентиран во планот и тие параметри треба да се применат на терен. Едноставност како израз на ефикасност. Идентификувана е иницијатива, се очекува соодветна активност.
Структури во Португалија Хабитат 67
НЕОПХОДНОСТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ Со оглед на реалните состојби и тенденции на заедничкото домување, се наметнува потреба за примена на различни типови на станбени структури, со поголема доза на индивидуалност на станарите при обликување на станот, негова флексибилност, во рамки на динамичен организам на станбените структури третирани како архитектонски, структурни, еколошки и енергетски системи. Потребата за истражување на модели на организирање заеднички станбени структури во конкретните просторни констелации е од извонредно значење за да се зголеми квалитетот во таквиот тип на домување. Со задоволство се истакнува истражувањето реализирано на Архитектонскиот факултет во Скопје (од 1977 до 1979 година) кога се изработи научно истражување за станбена изградба во Македонија, во период кога имаше интензивна станбена изградба особено во Скопје (истражувањето се финансира од Заедница за научни дејности на СРМ и СИЗ за становање на СР Македонија), со истражувачки тим од 15 истражувачи. Тоа е позитивен пример за
потенцирање на поврзаноста на науката и урбаната средина, поточно домувањето во станбени згради и практиката, и дури е за гинисови рекорди фактот што во период од 35 години во Македонија не се реализира друго истражување за урбаната средина, а особено за домувањето како егзистенцијална потреба, кое има директно влијание врз квалитетот на живеењето на населението. Потребата од истражување е евидентна, особено во ситуација кога нивото на квалитетот на заедничкото домување има неповолни тенденции. Предизвикот е присутен. При организирање на станбените згради потребно е постојано усогласување со
современите тенденции на живеењето. Следи трансформација од станбени згради кон станбени структури, како системи со различно поврзување на станбените единици во групации. Нема урбанистички, архитектонски и обликувани модели кои се неменливи, туку има само суштинска потреба за современи станбени структури организирани во различни просторни, природни и општествени услови. И во тоа е предизвикот за архитектите, да креираат оптимална архитектура за хумано домување. Архитектите, преку своите истражувања и проекти, дизајнираат виртуелна иднина, а со реализација на нивните проекти се обликува реалната иднина. Вечен креативен
Tипови станбени структури 44
ПОРТА
27 март 2015
урбанизам предизвик доближувајќи ја виртуелноста и реалноста.
НЕСИНХРОНИЗИРАНА УРБАНА ИЗГРАДБА Во услови кога со урбанистичките планови е предвидена промена на типот на домување, од домување во семејни куќи во домување во станбени згради, се предвидува голема промена на конкретниот урбан простор (пример Дебар Маало во Скопје). Таква промена е ефикасна ако се врши едновремено, со урбани потези и ако сите локации на еден урбан модул се на еден сопственик. Наместо воедначен и едновремен пристап, заради имотно правните состојби, раситнетите парцели и различни сопственици, се применува дисперзиран принцип на реализација, кој доведува да се третира населбата како големо градилиште, бидејќи реализацијата е несинхронизирана, на различни локалитети, а во основа се користи истата улична мрежа и иста инфраструктура, што доведува до неповолни состојби со функционирањето на тие сегменти. Се мултиплицира станбениот фонд со високи објекти, а останува истата и дури и влошена инфраструктура ако се има предвид состојбата со зголемениот број паркирани автомобили на истата улична мрежа, што доведува до натамошно намалување на квалитетот на домувањето. Се работи за долг период на трасформација од семејни куќи кон станбени згради, со трауматични периоди на заградување, немање поглед, засенчени простори, голема близина на објектите, автомобилите се паркираат на тротоари и пешаците нема каде да се движат, нема вегетација и простор за деца, загаден водух и слични состојби и сумарно,
во такви населби има драстично намалување на квалитетот на домување. Урбаната култура е на ниско ниво, со општ атак врз јавните простори, со заградување, прекумерна урбана опрема, со проширување на утврдените волумени на станбените згради.
ПРОЦЕС НА УРБАНА ОБНОВА Наместо целосна промена на концептот на домување и изградба на нови станбени згради на локалитети со семејни куќи, се промовира пристап со урбана обнова и ревитализација на старите делови на
Урбана обнова на населба во Москва
Еко структура во Индија
градовите, со што ќе се добие соодветна гутина на населност, внесување современа нифраструктура и оптимален сообраќај и современи станбени објекти. При урбана обнова се применуваат различни урбанистички и архитектонски мерки: уривање на постојни објекти и изградба на нови станбени објекти; изградба на нова или подобрување на постојна инфраструктура; дооформување на собраќајници со задржување на оформената сообраќајна мрежа; пренамена на делови или на цели објекти; надградба и доградба на постојни објекти; примена на конструктивни зајакнување и адаптација на внатешните содржини; примена на фасадни обликувања и редизајнирање, и ред други зафати во функција на зголемување на квалитетот на живеењето. Во еден ист локалитет можат да се применат еден или повеќе од наведените зафати во зависност од конкретната ситуација во станбената населба. Активности за зголемување на квалитетот на станбени структури: - при изработка на детални урбанистички планови да се организираат станбени населби со зголемување на квалитетот на домувањето и спроведување на планските решенија со примена на принципот на оптимален волумен на станбените згради; - креирање на различни просторни солуции на станбени структури, со промовирање на различно поврзување на станбените еднници, со акцент на квалитетот; - перманентно одржување, обновување и модернизирање на постојните станбени згради во станбените населби; - процес на урбана обнова на станбените населби, со предвидување и реализација на плански мерки, во функција на зголемување на квалитетот на домувањето во целина; - почитување на архитектонската традицијата на станбената архитектура, со примена на идеите на традицијата во современа станбена архитектура; - активно вклучување на граѓаните при донесување на детални урбанистички планови каде се третира секој станбен објект, во функција на постојано зголемување на квалитетот на домувањето како цел на планирањето. n Продолжува Хумана станбена структура во Индија 27 март 2015
ПОРТА
45
сообраќај
ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ
Желбата наречена трамвај Големите проекти, оние што ја менуваат перцепцијата на јавниот градски превоз, се јавуваат еднаш во епохата
Ненад ТОНИЌ , дипломиран сообраќаен инженер
Ч
итателу, не дозволувај овој текст да те одведе во погрешна насока! Неговата цел не е замислена како глорификација или критика на трамвајот како потенцијален дел од системот за јавен градски превоз во Скопје. Тој треба да послужи само како противтежа на атмосферата и аргументацијата, но и на тишината, со кои беа обоени поединечните периоди од неговиот понов историјат. „Дојде тивко и замина во легендата“. Овој фразерски меѓник на машкото созревање е првата авторова асоцијација на споменот на една, во основа, оправдана идеја. На повеќе од три декади од нејзиното раѓање, нека овој цитат биде еталон за тишината што го проследи нејзиното привремено ад-актирање. На 28 јануари оваа година, заокружен е уште еден тендерски циклус за реализација на проектот Трамвај за Скопје, со нулти конечен збир. Негуван и прогонуван, реанимиран и
46
ПОРТА
27 март 2015
сообраќај потценуван, се чини го изгуби здивот исчекувајќи ја најхрабрата инвестиција. Мал за Републиката, голем за нејзиниот главен град, останува приклучен на апарат за вештачко дишење чија улога барем до 2022 година ќе ја одигра важечкиот ГУП.
ДЕФИНИРАН КОНЦЕП
Големите проекти, оние што ја менуваат перцепцијата на јавниот градски превоз, се јавуваат еднаш во епохата. Особено проекти кои, во светло на прогнозираните потреби – на пример, број и мобилност на население – поседуваат стратешка „тежина“ и, згора на сè, еколошки „сертификат“. Со предвидените четири линии, концептот на скопскиот трамвај се чини оптимално излегува во пресрет на планските постулати за ефикасно искористување на просторните, системските, енергетските и еколошките ресурси на градот (ГУП 2012-2022). Посакуваните карактеристики на „лесно метро“ – потполна физичка одвоеност од останатиот моторен сообраќај, првенство на минување низ крстосниците и, по потреба, денивелација во згуснатите градски зони – на хоризонтот на градот проектираа намален број на автомобили, подобрена достапност и пристапност, прочистен амбиентален воздух, вишок полезна енергија, скратена лепеза од директни и индиректни транспортни трошоци, „форсаж“ во социјалната политика, брзина, удобност, безбедност и имиџ на град кој успешно се носи со своите еволутивни процеси. Навременото премерување на сопствените потенцијали, од 2008-та ги насочи сите институционални напори кон делот од проектот со опипливи шанси за успех: линија
бр. 1, за премостување на градското ткиво помеѓу источното Ново Лисиче и западниот Ѓорче Петров. Дополнително потенцирајќи ја изводливоста и економичноста на нејзината источна делница (Ново Лисиче – Мал Ринг), оваа избрана линија двофазно е редуцирана. Добитната комбинација, се чини, беше тука. Но, кај проектите од овој ранг само комбинација не е доволна. Времето ќе открие дузина предуслови кои суштински ги разликуваат градовите што можат од оние што само посакуваат.
ЗАТЕКНАТИ И ПРИДРУЖНИ ОКОЛНОСТИ
Кога во еволутивниот процес ќе се појави нарушување, некаде и до ниво на застој, поредокот тешко може да се одржи со прескокнување на логичните развојни фази. Вирусот на транзициското уривање, и предолго присутен во доменот на јавниот градски превоз во Скопје, се ефектуираше низ дефектна кооперација помеѓу јавниот и приватниот, нерамномерно користење на линиите, унифицираност на тарифите и распределба на субвенциите. Посегнувањето по повисоки стандарди во такви услови има призвук на добра намера, но и дисонанта на бегање од проблеми кои нарушуваат. И кои, со секоја наредна тендерска фаза, прераснуваат во сè потешко премостливи услови за конечна реализација на конвенционалниот трамвајски концепт. Поимот трамвај не крие само набавка на возила и „разгазување“ на новите колосеци. Или дискусија околу формата и бојата на билетите. Зад тој поим се крие низа од, наизглед неразумни, инвеститорски „каприци“ кои директно или индиректно задираат во замислениот модел на финансирање, организацијата на системот за јавен превоз,
неговиот тарифен модел, такси превозот, урбанистичкото диспозиционирање на содржините што привлекуваат поголем број патници, распоредот и начинот на користење на јавните паркиралишта.... Со кои можете до бесвест да се надмудрувате под услов да сте наглуви па до вас да не допира строгото банкарско-кредиторско издишување зад нив. Кое не е ниту неискусно, ниту толерантно, ниту индиферентно. И кое детално ќе ја „прочешла“ студиско-тендерската рецептура за новиот вид транспорт, очекувајќи во неа да ги најде показателите и прогнозите вообичаени за еден малку поинаков менталитет и начин на работа. И кое на крајот бескомпромисно ќе изненади со тврдење дека она што за некого е решено прашање, за него е всушност дел од проблемот што нема да се толерира.
ПРЕДМЕТ НА ОСПОРУВАЊЕ
Идејното „спиновање“ не е инструмент пожелен за забрзување на еволутивната динамика. Па макар и да станува збор за обичен градски трамвај. Обидите на алтернативните предлози во троскок да прескокнат еден период на логичен концептуален развој, беа првиот знак за сомнеж. Времето покажа минлив метеж од нивната испразнетост – тврдење дека трамвајот е превоз за XIX век – смелост – едношински трамвај – и издржаност – трамвајска линија во мајор-коритото на реката Вардар. Резонското тежиште е нестабилен „соиграч“. Селектирајте ги предностите и недостатоците на алтернативите и тоа некритички ќе пролизга кон некоја од нив. Редовното „плевење“ на ултимативната цел е лек за нејзиниот метафизички интегритет. А таа цел може да биде само една, прагматична и да се најде во коренот на целиот трамвајски
27 март 2015
ПОРТА
47
сообраќај концепт: редукција на моторниот сообраќај низ трансфер на што поголем број возачи од сопствените во возилата на јавниот градски превоз. Додавањето типски ексклузивитет (едношинска елевација) или пак дислоцирањето надвор од гравитациските реони на потенцијалните корисници (рекреативно речно крајбрежје) низ призмата на така дефинираната цел може да стане опасно излишно. И повторно, аргументацијата на комплексните концепти е комплексна сама по себе. И бара нијансирање „во ширина“ и одлучување во доблесен манир. Повеќе во светло на она што сме го направиле отколку на она што, можеби, можеме да го направиме. И во светло на пошироките консеквенци, а не само на примарната корист и претпоставените оперативни потешкотии. Само така при, на пример, кревањето каратеристична супраструктура нема да заборавиме дека Скопје е сеизмички нестабилно подрачје, во кое нештата можат само да излизгаат од лежиштата, а можат и да се струполат од височина. Дека нивото на автоматизација на еден концепт значи предвремено гаснење на потенцијални работни места кај друг. Дека напуштањето на една линија во еден случај ќе ослободи сообраќајна лента, додека во друг ќе остави бетонска конструкција во воздухот, како потенцијален носач на нови билборди. Дека перцепцијата и наклоноста на патниците е поинаква кога до својата цел треба да се искачат, отколку да направат два до три чекори во ниво. На крајот на краиштата, дека ексклузивноста не е пожелна марка во сегментот на јавниот градски превоз, кој, со евентуалното нивојско диференцирање, несомнено би ја стекнал. Секако, за повеќето наведени особености
ПОРТА
постои терапија, можеби и лек, но и тие имаат своја цена и свои карактеристични предуслови и рецидиви кои ја градат нивната пожелност. ЕПИЛОГ Јавниот градски не е најомилениот тип на превоз во Скопје. Со субвенционирани (читај: бесплатни) билети, нетранспарентни резултати и отсуство на потребните истражувања ниту пак имаме поим колку навистина е омилен. Во услови на дерегулиран автобуски превоз, трамвајскиот концепт, од некоја причина, упорно се форсира. Градот на автомобилите покажува силна приврзаност кон еден подмодел за масовен транспорт кој, за волја на вистината, никогаш не го искусил. И силно игнорирање на фактот што одредени системски и, воопшто, градски проблеми можат да имаат пошироки консеквенци. Драгоценоста на ова трамвајско „искуство“ се крие во фактот што, во проекти од типот
изгради и оперирај, инвеститорскиот интерес и институционалното меценство на ова поднебје имаат проблем да седнат „под иста сенка“, и покрај тоа што превозничката слава е нивна заедничка цел. Домашниот ум посакува интернационален партнер по системот изградиуправувај-врати, странскиот токму во вториот чекор претчувствува неизвесност до степен на ризик. Во такви услови оние инвеститорски „каприци“ добиваат на логичност. Во „устата“ на искрената желба преголемиот „залак“ не треба да се срамнува со трагедија. Бидејќи искреноста треба да биде онаа сопирачка во вистинскиот момент, движечка сила за чекор-два наназад, „промаја“ за разбистрување и енергија за еветуално модификување на визијата. Постојат решенија кои можеби нема да поседуваат пониклуван сјај, „зелени“ погледи или туристичка атрактивност, но секако можат да ја допрат онаа ултимативна, прагматична цел. n
ArcelorMittal Skopje ĕĊijĎÄġĜĺijĊ ĪĚĹďĊÄÄŠ ĚijġĸĹ?ÄŽ ĕĊijĎÄġĜĹĹ?ÄŠ www.arcelormittal.com.mk infosk@arcelormittal.com www.facebook.com/ArcelorMittalMacedonia
Đ&#x;ОРТĐ?
eксперт
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „CIVIC TRUST“ ЗА 2015 ГОДИНА
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)
Н
а 6 март во Swan, Shakespeare’s Globe Theatre (Шекспировиот театар „Глоуб“) во Лондон, беа доделени 56-тите по ред годишни награди „Civic Trust“, а преку кои се одбележува исклучителната архитектура и проектите во доменот на изградената средина. Домаќини на овогодишната церемонија беа архитектот, авторот и телевизискиот водител George Clarke (Џорџ Кларк) и раководниот директор на Наградите „Civic Trust“Malcolm Hankey (Малколм Ханки). Оваа година беа пријавени 238 реализирани објекти за оваа престижна награда, од кои 91 национални и меѓународни проекти беа наградени со Признание, а кои ги вклучија и наградите на Pro-Temза времени проекти или инсталации, и нововоспоставената награда за Конзервација (Заштита на градителското наследство) на Регистерот на акредитирани архитекти во конзервација на објекти (Register of Accredited Architects in Building Conservation - AABC). Дополнително, осум специјални награди беа доделени на проекти коишто особено се истакнале во специјализирани области. Добитници на специјалните награди за 2015 година се:
Одбележување на исклучителната архитектура Наградите „Civic Trust“ се основани во 1959 година и претставуваат една од најстарите награди за реализирани објекти во доменот на изградената средина во Европа
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ОБЈЕКТ ОД ТУЛА Оваа специјална награда за егземпларен објект од тула е спонзорирана од Derwent London, а овогодишен добитник е Saw Swee Hock Student Centre(Студентски центар „Saw Swee Hock“) на O’Donnell + Tuomey за Лондонската школа за економија и политички науки.
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА „MICHAEL MIDDLETON“ Со оваа специјална награда, која се доделува во спомен на поранешниот директор на „Civic Trust“ Мајкл Мидлтон, се одбележува или проект за обнова на постоен објект или пак новоизграден обојект во зона на заштитено градителско наследство. Добитник на овогодишната специјална награда е Wing and Ground Floor East Wing(Крило и приземје на источното крило) на Interior Architect за Forme UK LLP за Somerset House Trust.
ПОРТА
eксперт
НАГРАДА „SELWYN GOLDSMITH“ ЗА УНИВЕРЗАЛЕН ДИЗАЈН Оваа специјална награда, спонзорирана од Queen Elizabeth Olympic Park, се доделува во чест на архитектот и основачот во доменот на универзалниот дизајн, Селвин Голдсмит. Овогодишен добитник на наградата е проектот Библиотека на Бирмингем на „Mecanoo“ за потребите на Советот на градот Бирмингем. Дел од добитниците на овогодишните специјални награди доаѓаат од редот на веќе познатите објекти на читателите на „Порта 3“, како што се на пример Библиотеката на Бирмингем и Студентскиот центар „Saw Swee Hock“ при Лондонската школа за економија и политички науки, коишто веќе се добитници на други престижни архитектонски награди во Велика Британија. Преостанатите пет објекти и една инсталација претставуваат избор од најдоброто во својата област за оваа година. Така, Живалиштето во Големиот Најтон укажува на уште еден дострел во проектирањето и изградбата на иноватовни станбени комплекси во Кембриџ. За разлика од нашироко познатиот Аркадија (Arcadia) комплекс,од преминот помеѓу двата века, лоциран во близина на историското јадро и центарот на градот, Живеалиштето во Големиот Најтон претставува успешен обид за оформување на нова заедница на јужната граница на Кембриџ. Комплескот содржи над 300 станбени објекти подредени како секвенца на простори и видови на домување, коишто нудат богата разновидност на станбени типологии но и модели на сопственост и користење.
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ШКОТСКА Советот на градот Единбург и Советот на градот Глазгов ја имаат поддржано ова специјална награда чиишто овогодишен добитник е проектот Maggies Cancer Caring Centre Lanarkshire (Магис центар за нега на канцер во Ланаркшире) од Reiach and Hall Architects за потребите на Maggie’s Cancer Caring Trust. ПОРТА
51
eксперт Крилото и приземјето на источното крило на куќата Сомерсет (Somerset House) во Вестменстер (Westminster), Поширокиот Лондон, претставува исклучително успешна адаптација на дел од палата и заштитен објект на градителско наследство од прва категорија, при што по 150 години користење од страна на даночната служба било овозможено историскиот деловно-административен простор да се замени со флуидна композиција на меѓусебно поврзани галерии и комерцијални простори. Честер Балмор е уште еден награден проект лоциран во британската престолнина. Станува збор за иновативен повеќенаменски комплекс со 53 станбени единици, испроектиран според стандардот Пасив хаус (PassivHaus), од кои повеќе од половина од станбените единици се испроектирани и изградени како финансиски достапни за лицата со пониски примања од жителите на Камден (Camden), Поширокиот Лондон. Овој комплекс е добар пример на проект кој едновремено е и современ, но и чувствителен во однос на своето историско опкружување, но е и еден од најголемите станбени комплекси изградени во земјата според стандардот Пасив хаус. Преку овој културен репер, Културниот архив на црните по првпат се стекнува со објект изграден за потребите на овој архив, со што се овозможува сместување на водечката независна архивска колекција посветена на историјата и културата на луѓето од африканско и карипско потекло во Британија. Преку оваа реализација напуштениот Raliegh Hall, објект на заштитено културно наследство од втора категорија, бил трансформиран во престижен центар на културно наследство кој овозможил архивот да се стекне со локално, национално и меѓународно присуство во објект кој ги поддржува образовните, истражувачките
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАНЕЛ Членовите на Националниот панел (за доделување на наградата „Civic Trust“) го бираат добитникот на оваа специјална награда од веќе наградените проекти за овогодишната награда. Најсаканиот проект од сите наградени проекти, за Националниот панел оваа година е Abode at Great Kneighton (Живеалиште во Големиот Најтон) на Proctor and Matthews Architectsза Countryside Properties.
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ОДРЖЛИВОСТ Оваа специјална награда се доделува на проектот којшто покажал одлични карактеристики на оджливост од аспект на севкупните параметри на проектот, изборот на материјал, методи на изградба и долгогодишна потрошувачка на енергија. Chester Balmore од Rick Mather Architects за London Borough of Camden е добитник на овогодишната награда ПОРТА
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА НА PRO-TEM Добитник на овогодишната специјална награда за егземпларен проект или инсталација, спонзорирана од Metropolitan Workshop е Blood Swept Lands and Seas of Red (Со крв проткаените земји и мориња во црвено) од Paul Cummins со Tower of London (Кулата во Лондон).
и другите активности на архивот. Магис центарот за нега на канцер е лоциран во рамките на имотот Еирдри (Airdrie Estate) дониран во 1919 година за да стане гинеколошко-акушерска болница. Преку новоизградениот објект се прави напор повторно да се воспостави идејата за граница на болничкиот комплекс преку поврзување на
објектот со две алеи на возрасни липи со што се создава чувство на континуитет и ограденост на северниот дел на комплексот. Проектот претставува приказна за затворени градини со прекрасно изразени и обработени елементи. Веројатно, ниту една од наградените реалзиации со специјални награди нема предизвикано толкав медиумски интерес во
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ИМПАКТ И ВКЛУЧЕНОСТ НА ЗАЕДНИЦАТА Со оваа специјална награда се одбележува проектот што има покажано како успешната вклученост на заедницата може да помогне да се реализираат проекти со највисок квалитет, а притоа да се задоволат и потребите на локалното население.Овогодишен добитник на оваа специјална награда е Black Cultural Archives(Културен архив на црните) од Pringle Richards Sharratt.
земјата како инсталацијата „Со крв проткаените земји и мориња во црвено“, поставена во рамките на поранешниот канал со кој е опкружена Кулата во Лондон во 2014 година во периодот од август до ноемеври. Оваа огромна уметничка инсталација пошироко е призната како споменик на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна. 888.246 црвени цветови на булки изработени од керамика, по еден за секој загинат, ги симболизираат сите загинати, британски и колонијални, во оваа трагична војна. Организацијата Civic Trust(www.civictrust.org.uk) е основана во 1957 година од британскиот политичар Данкан Сандис (Duncan Sandys), бивш зет на Сер Винстон Черчил (Sir Vinston Churchill), кој се залагал за создавање на подобри места за живеење на луѓето. Наградите „Civic Trust“ (www.civictrustawards.org.uk) се основани во 1959 година и претставуваат една од најстарите награди за реализирани објекти во доменот на изградената средина во Европа. n
Со благодарност до орагнизацијата Civic Trust ,особено до раководниот директор, господинот Малколм Ханки, за пристапот до илустративните материјали за овогодишните награди.
27 март 2015
ПОРТА
53
спортски храмови
„СТАДИО ДЕЛА РОМА“ - РИМ, ИТАЛИЈА
Рома се сели на модерен Колосеум
П
о многу перипетии и шпекулации, управата на еден од најпопуларните италијански фудбалски клубови, Рома, потврди дека до крајот на оваа година почнува изградбата на новиот стадион на „Римската волчица“. Во обид наскоро да го напуштат Олимпискиот стадион во престолнината, новите американски сопственици на Рома тргнаа во проект за изградба на свој, нов и модерен фудбалски дом. Рома подолго време инсистира на преселба од „Олимпико“, па новиот стадион кој го носи привременото име „Стадио дела Рома“ ќе биде конечно решение на проблемите од сопственички карактер на клубот. „Стадио дела Рома“ ќе биде со капацитет од 52.500 седишта, со можност да се зголеми и до 54
ПОРТА
27 март 2015
Сашо КУЗМАНОВСКИ
ФАКТИ ЗА "СТАДИО ДЕЛА РОМА - Рим, Италија Капацитет: 52.500 места Период на изградба: 2015 - 2017 Цена на изградба: 300 милиони евра Паркинг места: 7.000 Придружни објекти: ресторан, продавница, тренинг центар, клупско село. Архитект: Dan Meis
спортски храмови 60.000 за одредени спортски и културни манифестации. Локацијата на градба е местото Тор ди Вале во близина на Рим, позната локација за организирање на коњички трки. Новиот дом на „Волчицата“ е дизајниран од американскиот архитект Дан Мејс, кој изјави дека комплетниот дизајн на новата арена е инспириран од античкиот римски Колосеум. Линијата што Мејс му ја даде на „Стадио дела Рома“ ќе го направи еден од „state-of-the-art“ фудбалските стадиони во
светот, кој ќе ја има одлично инкомпорирано удобноста и технологијата, за да им конкурира на најдобрите нови стадиони на планетата. Со намера да евоцира спомени на една од најомилените знаменитости на градот Рим, Колосеумот, дизајнот вклучува ултрамодерна комбинација од челик и стакло, обвитката во камена лушпа. Оваа „лушпа“, која ќе го обвитка стадионот, е динамично и современо толкување на камените столбови на познатата римска градба со која се гордее
престолнината. Овој модерен Колосеум ќе работи 365 дена, затоа што во проектот се вклучени и многу продавници, ресторани и барови, вклучувајќи го и најголемиот „Nike Superstore“, интерактивна спортска продавница, единствена од ваков вид и големина во Италија. Комплетната изградба на стадионот ќе биде од сопствени средства на сопственикот на клубот. Се проценува дека таа ќе чини 300 милиони евра, но вкупната цена за сите дополнителни објекти и локации, со вклучување на подобрувањето на инфраструктурата ќе ја крене постоечката цена и до една милијарда евра. Иако првичниот план за градба навестуваше завршување на арената во јуни 2016 година, таа веројатно нема да биде завршена до почетокот на 2017 година. n
ПОРТА
eкологија
ДЕПОНИЈАТА „ДРИСЛА“ ПРЕД НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ
Да и се возврати на дарежливоста на природата!
56
ПОРТА
27 март 2015
eкологија
Од отворањето на „Дрисла“, вкупно за 20 години се депонирани 2.733.829 тони отпад. Или, ако кумулираниот отпад го поделиме по глава на жител, за 20 години на „Дрисла“ се депонирани по пет тони отпад за секој жител на град Скопје
27 март 2015
ПОРТА
57
eкологија
С
о традицонално сечење на црвена лента, во септември во далечната 1994 година во употреба беше пуштена првата современа депонија во Република Македонија, депонијата „Дрисла“. Тој чин беше само првата фаза од комплениот изглед и функцинирање на една современа депонија. Претходно, со одлука на Собранието на Град Скопје, беше основано Јавно претпријатие Санитарна депонија за цврсти отпадоци „Дрисла“ - Скопје. Работите на изградбата на депонијата почнаа многу порано, во 1991 година, откако беше избрана локацијата на депонијата, во југоисточниот дел на Скопје на оддалеченост од 14 километри од центарот на градот, во близина на селото Батинци. Површината што ја опфаќа „Дрисла“ изнесува 76 хектари, заедно со административниот дел. Според проектната документација изработена од „Унион инвест“ од Сараево и „Маврово проект“ од Скопје, предвидениот период на искористување на депонијата e 30 години, а гаранција за целосна заштита околу можноста за загадување уште од отворањето е техничко-технолошкиот проект којшто е изведен во целост. Во изградбата на депонијата учествуваа 58
ПОРТА
27 март 2015
eкологија
Печка за согорување медицински отпад Печката за согорување - инсенератор, донација од Велика Британија, е инсталирана во 2000 година. Оваа инсталација овозможи постапување со медицински отпад, што подразбира негово собирање, транспортирање и согорување. Медицинскиот отпад, како посебен вид отпад со специфични карактеристики, бара посебен третман, како при процесот на неговото создавање, селектирање, складирање и чување, така и при процесот на неговото собирање и транспорт. „Дрисла“ е единствено претпријатие во Република Македонија кое располага со инсенератор за согорување со сите потребни документи и одобренија, дозвола за собирање и транспорт на медицински отпад, како и соодветна техничка опременост неопходна за вршење на дејноста и обучен кадар. Со поставувањето на инсенераторот во 2000 година се собрани, транспортирани и согорени речиси 115 тони медицински отпад. Количината на третиран медицински отпад расте прогресивно и во наредните години. Во 2004 година е помината границата од 300 тони, односно третирани се 322.670 килограми медицински отпад. И во наредните години количината согорен медицински отпад се ближи во рамките на над 300 тони. Во 2009 година е помината границата од 400 тони третиран медицински отпад, за да во 2012-та таа количина се приближи на речиси 700 тони. 2013 година „Дрисла“ ја заврши со речиси 750 тони, а првите осум месеци од 2014-та со 410 тони собран, транспортиран, примен и согорен медицински отпад. За 14 години третирање, во депонијата „Дрисла“ се согорени над 5.740 тони медицински отпад. градежните компании „Бетон“ и „Пелагонија“ од Скопје. Проектот предвидуваше депонија со капацитет од 26 милиони кубни метри отпад. Притоа се применува технологија на санитарно депонирање, што подразбира планирање и набивање на сметот во слоеви и покривање на истиот со инертен материјал. Низ годините што минуваа, депонијата стана клучната институција од која зависи функционирањето на сложената територијална единица, каква што и тогаш и денес е Градот Скопје. Иако проектната документација предвидуваше „Дрисла“ да биде наполнета за околу 30 години, во изминатите години експлоатирање, искористени се само 25 проценти со што векот на користење на депонијата дури и без претходна селекција на отпадот, овозможува нејзина експлоатација за уште минимум 50 години. Од скромните 3.790 тони отпад депонирани до крајот на 1994 година, веќе наредната 1995-та во Дрисла се депонирани 28.218 тони. Во 1997 година е надмината бројката од 150 илјади тони депониран отпад годишно. Бројката варира во наредните години до 2000-та, кога се депонирани рекордни 165.546 тони отпад. Над 160 илјади тони се бележат и во 2002 година. Во наредните години количината на отпад собран од територијата на град Скопје и депониран на „Дрисла“ се движи во рамките од 137 до 158 илјади тони. Во 2012 и 2013 година во „Дрисла“ се депонираа 149.736 тони, односно 27 март 2015
ПОРТА
59
eкологија
155.429, а во првите осум месеци од 2014-та, заклучно со август се депонирани 109.908 тони отпад. Од отворањето на „Дрисла“, вкупно за 20 години се депонирани 2.733.829 тони отпад. Или, ако кумулираниот отпад го поделиме по глава на жител, за 20 години на „Дрисла“ се депонирани по пет тони отпад за секој жител на град Скопје, еквивалент на еден камион за собирање отпад. Денес, управувањето на отпадот во депонијата „Дрисла“ се изведува на два начина, со депонирање на отпад и со согорување на отпад. Во 2011 година депонијата се опреми и со нова електронска вага, единствена во Македонија, изработена од поцинкувано
ПОРТА
MILAN STADIUM - МИЛАНО, ИТАЛИЈА
железо, што оневозможува корозија на материјалот. Истата година е ставен крај на излевањето на исцедокот во Маркова Река, со изградбата на систем за негово собирање, времено складирање во два резервоари и повторно испумпување во телото на депонијата. Во 2013 година се извршени дополнителни интервенции на телото на депонијата и управувањето со атмосферските води. Во согласност со технолошкиот проект, изработени се три косини и берми за заштита на филтерпризмата, кои се обложени со гео-мрежа за заштита од ерозија. Целосно се изградени и ободни канали чија намена е собирање и спроведување на дождовните води надвор од депониското тело. Со овие
интервенции телото на депонијата е стабилизирано и е оневозможено излевање на токсичниот исцедок, со што се исклучува можноста од еколошки инцидент во животната средина. Технолошкиот процес на депонирање на отпадот и тековното одржување на депонијата бара употреба на соодветна механизација. Денеска депонијата располага со 25 машини и возила со просечна старост од 16 години. „Дрисла“ поседува „А“ интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање, во февруари 2013 година. Но, потребата од заштита на животната средина и сè поизразените климатски промени, како последица од нејзино
загадување, како и современите европски и светски трендови на управување со отпадот, неопходно водат кон модернизирање и трансформирање на депонијата „Дрисла“, во капацитет во кој
ќе се врши не само депонирање туку и селектирање, третирање и искористување на отпадот, со што тој ќе добие нова употребна вредност. За таа цел, во 2011 година се распиша повик за јавно-
приватно партнерство, на кој за концесионер на депонијата „Дрисла“ беше избран италијанскиот конзорциум ФЦЛ Амбиенте. n (Продолжува во наредниот број)
ПОРТА
технологија
ПРОЛЕТНО ОСВЕЖУВАЊЕ НА СОФТВЕРИТЕ НА „AUTODESK“
Внимателно анализирајте ги Tрајче Стојанов, дипл.инж.арх.
С
е наближува крајот на месец март. Ве потсетувам дека, вообичаено, на крајот на првиот квартал секоја година, „Autodesk“ започнува со објавување на новите верзии од своето богато софтверско портфолио. Не постојат официјално публикувани податоци, но лесно може да се заклучи дека AutoCAD е веројатно најпопуларниот инженерски софтвер во земјава. Ако објавата на нова верзија на AutoCAD, сама по себе не буди некој посебен интерес кај професионалците во земјава, тогаш во комбинација со најавите за укинување на временски неограничените лиценци и очекувањето годинава да биде претставен нов dwg фајл формат, сепак е нешто што треба сериозно да нè заинтересира. Како што беше објавено минатиот месец, „Autodesk“
62
ПОРТА
27 март 2015
планира од февруари 2016 година да ги укине временски ограничените (односно трајните) лиценци. Корисниците би се претплатувале на софтверите што ги користат на месечно, квартално или годишно ниво, секогаш добивајќи ги најновите верзии. Ваквиот план на „Autodesk“, очекувано ги „разбуди духовите“. Новиот начин на лиценцирање директно влијае на плановите за набавка и одржување на софтверите. Незадоволство се гледа кај поединци и компании, изразено во вид на интернетдискусии, кои сметаат дека им е прилично ограничен просторот за користење на софтверите, дека се приморани секоја година да користат нови верзии, дека ќе мораат повеќе да плаќаат
за софтверот итн. Од другата страна се корисниците што во оваа новина, пред сè, гледаат флексибилност и можност за намалување на ризиците. Им се допаѓа фактот што ќе можат да платат онолку колку што ќе го користат софтверот. Згора на тоа, за корисниците на ЛТ (упростените) верзии на софтверите, се дадени популарни цени за претплата. На пример, годишната претплата на
технологија
сопствените потреби!
AutoCAD LT е околу 360 евра по компјутер. Оние што сметаат дека новиот начин на лиценцирање ќе им биде понеповолен од купувањето на трајна лиценца, веројатно треба веднаш да почнат да размислуваат да купат таква додека не изминала годината. Но моја препорака е да се стрпат уште малку, сè додека не излезе новиот AutoCAD 2016. Причина за тоа е што AutoCAD 2016 треба да донесе нов фајл формат dwg 2016. На тој начин корисниците ќе се осигураат дека со нивниот софтвер ќе можат да ги отвораат сите dwg фајлови во наредните три години. Имено, „Autodesk“, како според некое непишано правило, исфрла нов фајл формат на секои три години. Сетете се само, имавме нови dwg фајл формати во AutoCAD 2004, па 2007, 2010 и 2013. Од таа причина, можеме да очекуваме дека и овогодишната нова
како што се верзиите започнувајќи од AutoCAD 2002 до AutoCAD 2006, така што паѓа во вода тврдењето дека софтверите застаруваат (стануваат бескорисни) по трипет години. Како и да е, сега е моментот за калкулации. Препорачувам внимателна анализа на сопствените потреби, се разбира доколку тие подразбираат користење на софтвер на „Autodesk“. Ако претпоставиме дека цените за AutoCAD LT 2016 и за AutoCAD 2016 на македонскиот пазар ќе бидат исти со цените за AutoCAD LT 2015 и за AutoCAD 2015, понудени за членовите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, тогаш трајните лиценци би чинеле околу 688 евра за LT и 2.280 евра за комплетната верзија по компјутер, со вклучен данок. Претплатите според цените дадени на онлајн продавницата на „Autodesk“ (http://store.autodesk.eu) би чинеле: Продукт Тип на претплата Трајна лиценца Месечна Годишна AutoCAD LT 45,00 € 360,00 € 688,00 € AutoCAD 240,00 € 1.910,00 € 2.280,00 € *сите цени се дадени без вклучен ДДВ
верзија ќе ни донесе и нов фајл формат dwg 2016. Компатибилноста на софтверите што ги поседуваме со новите фајл формати е секако корисна работа, но не секогаш е пресудна за корисниците да се решат да купат или да ги обноват постојните софтвери. Можеби некој би се одлучил да набави трајна лиценца од AutoCAD сега додека е тоа можно, со цел да ја користи во наредните 10-15 години и да нема трошоци за софтвер на годишно ниво. Да бидеме реални, во Македонија сè уште се користат верзии на AutoCAD од пред 10-15 години,
Голема е веројатноста во моментот кога ќе го читате овој текст, AutoCAD 2016 веќе да е објавен. Во овој момент не може да се открие ништо околу тоа што ќе понуди новата верзија во однос на претходната. Новините и изгледот на новите верзии на софтверите на „Autodesk“ се секогаш добро чувана тајна. Никакви информации не протекуваат во јавност сè до официјалното објавување на софтверите. Од тие причини, сè што „протекува“ на Интернет, а се однесува на AutoCAD 2016, се смета за шпекулација. Ви препорачувам да ги следите настаните врзани со оваа тема и понатаму со внимание. Пролетните освежувања на софтверите на „Autodesk“ се пред нас. n
ПОРТА
eнтериер
CHILL OUT, ТЕТОВО
Кафетерија со промо–алтернативен простор
м-р Енис ХОЏА , дипл.инж.арх
В
о опусот на кафетерии кои се дело на двајцата сопружници Арфодита Луараси – Абдиу и Бурим Абдиу од LD Studio, е и кафeтеријата Chill Out во Тетово. Оваа кафетерија е едно од првите нивни дела со кое доживуваат голем успех и се стекнуваат со нивното реноме. Со текот на годините оваа кафетерија добива неколку свои ликoви, ниеден од нив не е помалку успешен од претходниот или следниот, секогаш оригинален и интересен, со своја приказна и концепт, кои не дозволуваат да се почувствува монотонија во ниту еден момент од отворањето на кафетеријата до денес, па така ова место во Тетово секогаш претставува катче за опуштено и пријатно поминато време на посетителите и токму поради тоа ова е едно од најпосетуваните места во градот. Актуелниот лик на Chill Out е релативно нов, веќе неколку месеци неговиот нов концепт нуди ексклузивна, опуштена атмосфера за друштвено поминување на времето. „Овој пат барањата и ограничувањата од страна на инвеститорот беа поставени само 64
ПОРТА
27 март 2015
eнтериер
во временски и финансиски стеги, додека околу дизајнот добивме целосно одврзани раце. Водени од идејата да му пружиме на градот нешто што досега го нема видено, а повторно финансиски ограничени, одлучивме да го „соблечеме“ овој простор и интерпретирајќи го трендовскиот индустриски дизајн да ја оствариме нашата цел“, велат од LD Studio. Со ваквиот потег, отстранети се ѕидните и таванските обработки во просторот, а поради
тоа што се работи за релативно постар објект, ѕидовите се изведени од полна тула, додека таванот е изведен од ситноребраста армирано-бетонска конструкција. Единствено интервенирано е на подот, со чија обработка визуелно е поделен просторот. Така, во рустичниот дел со видливи тули се јавува дрвен под, додека останатиот дел добил под од фино измазнет бетон. „Индустрискиот дизајн го надополнивме со идејата за рециклажа, па така се решивме да
го рециклираме постоечкиот дрвен ентериер за да добиеме уникатни парчиња мебел како маси и шанкови, надополнети со, за нас, карактеристичните рачно изработени детали. ’Крутоста‘ што ја манифестира индустрискиот дизајн ја ’омекнува‘ мебелот што е обложен во штоф од свежи бои кои воедно му даваат и живост на овој простор“, дополнуваат од LD Studio. Како специфичен елемент кој се провлекува низ целиот простор е решавањето на осветлувањето, т.е. водењето на овие инсталации. Така, за секоја светилка инсталацијата се води во посебна водоводна цевка обоена во тиркизна боја, додека пак лустерите се обликувани во основните геометриски форми, изведени од тенка жица во тиркизна боја. Како надополнување на основната функција, во овој простор се интерполира и „промо–алтернативниот простор“ кој комплементарно се однесува со примарната функција. Тука им се овозможува на локалните млади уметници да се презентираат себеси и својата работа, поставувајќи отворена изложба на одредено време. Тие ги изложуваат своите уметнички слики, инсталации, графики и графички дизајни на одредени позиции на ѕидовите што се јасно видливи. Одговорноста и ентузијазмот со кој е работен овој проект, и успесите во низа, кои се забележуваат по финализирањето, влијаат поттикнувачки и охрабрувачки за оваа двојка, а ние, со сигурност можеме да го очекуваме нивниот следен успешен и инвентивен проект. n 27 март 2015
ПОРТА
65
излог 4
Колекција мебел „Гарбо“ дизајниран од Маја Икономова и Ема Николова
1
2
1 Клупа, конструкција од oбоен метал со старо злато/бакар боја во комбинација со печатен бетон, на кој има уникатен рачен цртеж на Marlon Brando, инспирaција од филмот Last Tango in Paris. Димензијата на клупата е 150 х 62 х 46 cm. (4E4A7298) 2 Комода, конструкција од oбоен метал со старо злато/бакар боја, во комбинација од две плочи во техника печатен бетон, со уникатен рачен цртеж на Brigitte Bardot инспириран од снимањето на филмот Contempt. Димензијата на комодатa е 123 х 46 х 80 cm. (4E4A7381) 3 Клуб маса, со димензии 74 х 74 х 46 cm, конструкција од oбоен метал со старо злато/бакар боја во комбинација со печатен бетон, на кој има уникатен рачен цртеж на Audrey Hepburn, инспириран од филмот Breakfast at Tiffany's. (4E4A7282) 4 Огледало, со димензии 160 х 62 х 10 cm, комбинација на oбоен метал со старо злато/бакар боја и печатен бетон, на кој е испишан насловот на филмот And God created a woman. (4E4A7210) 5 Подна ламба, конструкција од oбоен метал со старо злато/бакар боја и абажур од печатен бетон, на кој е претставен ликот на Jodie Foster од филмот The Silence of the Lambs. Димензијата на ламбата е 43 х 43 х 156 cm. (4E4A7182) подготви: Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА, дип.инж.арх. 66
ПОРТА
27 март 2015
3
излог
5 27 март 2015
ПОРТА
67
aрт
Ретроспективна изложба посветена на Бјорк во МоМА подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
68
ПОРТА
27 март 2015
aрт
Фустанот лебед на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски
Њ
ујокршкиот музеј на современа уметност MoMA, овој месец ја отвори големата ретроспективна изложба посветена на исландската уметница Бјорк, на која се претставени сите „лица“ и сите трансформации на оваа прославена пејачка и композиторка во изминатите, повеќе од дваесет години на нејзината кариера. Дел од изложбата е посветен на видео-инсталацијата „Black Lake“. Станува збор за десетминутно видео за песна од албумот „Vulnicura“, кој е снимен минатото лето на Исланд. Преку сцени од пештери, кањони, 27 март 2015
ПОРТА
69
aрт
лава и полиња се рефлектира сликата на болка, пропаѓање и повторно раѓање. Нејзините осум албуми „Debut“ (1993), „Post“ (1995), „Homogenic“ (1997), „Vespertine“ (2001), „Medulla“ (2004), „Volta“ (2007), „Biophilia“ (2011) и „Vulnicura“ (2015) се претставени хронолошки во посебно интерактивно аудио доживување. Секој албум е претставен преку внимателно дизајнирани и исклучителни визуелни сцени, кои ја изразуваат и отелотворуваат нејзината музика. Во лобито на музејот се изложени инструментите користени во албумот „Biophilia“ (2011), како гемелесте, органата, гравитациска харфа и Теслиниот трансформатор, кои во различно време од денот ќе свират песни од албумот. На вториот кат конструирани се две простории. Едната е посветена на новата песна и видео инсталација изведена со помош на МоМА за „Black Lake“, песна од новиот албум на Бјорк насловен „Vulnicura“ (2015). Втората просторија ќе биде кино каде ќе се прикажуваат музичките видеа од „Debut“ (1993) до „Biophilia“. На третиот кат ќе биде претставено интерактивно аудио искуство низ албумите на Бјорк, со биографски наратив кој е истовремено и личен и поетски, напишан од прочуениот исландски писател Сјон, заедно со многу визуелни решенија, предмети и костими користени од Бјорк, вклучувајќи го дизајнот на роботите направени од Крис Канингам за видеото „All Is Full of Love”, фустанот лебед на Марјан Пејоски, фустанот за турнејата „Biophilia“ на Ирис ван Харпен и многу други. Изложбата во МоМА ќе трае до седми јуни годинава. n
ПОРТА
ПОРТА ПОРТА
хортикултура
ВИЛА БАРДИНИ еднo од најромантичните места во Фиренца Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум. инж.
В
ила Бердини е италијанска ренесансна градина, која можеби не е најпознатата вила во Фиренца, барем не во рангот на Вила Баболи, но претставува една од најтивките и најромантичните места во градот, пред сè поради статусот што го има стекнато во минатото. Историјата на оваа вила започнува кон крајот на XVI век, кога фамилијата Моци решава да изгради дом на левиот брег од реката Арно. Модерниот изглед за тоа време на
ПОРТА
градината е дело на антикварот Стефано Бардини, кој го купува имотот во 1913, а во 1922 година неговото дело го продолжува неговиот син Хуго Бардини. Во тој период целото окружување на вилата претставува вистинско хортикултурно ремекдело. По смртта на Хуго Бардини градината повеќе од 25 години е напуштена, а правата за нејзино стопанисување од неодамна се во рацете на градските власти, кои се трудат да го вратат нејзиниот препознатлив сјај кој ја красел во
минатото. Градината од три страни е обиколена со голем средновековен ѕид, додека од четвртата страна се наоѓа стрмниот брег на реката Арно, од каде може да се доживее одличен панорамски поглед на Фиренца и нејзината околина. Пространите тревници каскадно подигнати на стрмниот терен, го даваат основниот фон на целиот пејзаж. Скалите што датираат од XVIII век, се поставени по средината и на тревните површини, а од страните има насадено голем број на ружи и перуники кои служат како цветни бордури. Движејќи се кон горниот дел од дворецот, се стигнува до прекрасен тунел од вистерија, која со своите гроздести бело-виолетови цветови виси над конструкцијата и дава неповторлив поглед. По поминувањето на овој дел се стигнува до англиски парк. Во тој дел може да се сретнат делови од систем за вода кој според податоците датира од XIX век. Според визијата на Стефано Бардини, во еден дел од вилата била подигната овошна градина, со видови кои секоја сезона биле преполни со плодови. Пред да биде под капата на градските власти, дворецот од вилата не се одржувал, па поради тоа речиси сите овошки се исушиле. Денес на нивно место се засадени нови млади овошки, со што властите се стремат кон исполнување на желбата на Стефано за постоење на овошната градина. Останатиот дел од вилата е во голема мера запуштен. Тука со текот на времето природата подивела. Голем број од растенијата што биле прецизно кроени веќе одамна ја немаат симетричната форма и големина. Во тој дел сега може да се видат само остатоци од патеките и статуите што ја краселе вилата во минатото. n ПОРТА
рубрика
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
38
38
ПОРТА
26 декември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
ПОРТА