232

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

232 MAJ 2015

Филхармонијата ,,Szczecin“ добитник на наградата ,,Мис ван дер Рое 2015“ Подземен сообраќај - подземен пекол Депонијата во Тетово - замрзнат проект


ПОРТА


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


ПОРТА


ГОДИНА XI

БРОЈ 232 ПЕТОК 29.05.2015 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Наградата за современа архитектура ,,Мис ван дер Рое 2015“ ја доби архитектонското студио „Barozzi/Veiga“ за нивниот проект за филхармониска сала ,,Szczecin“ со локација во градот Шчечин, Полска. Стрмните покриви, вертикалноста на зградите за домување, монументалноста на неоготските цркви и тешкиот волумен на класицистичките згради, предизвикале користење на експресионистички пристап и геометризација, со цел да се обликува новата зграда и да се создаде ритмична композиција која ќе пренесува чувство на балансираност помеѓу масивноста и вертикалноста во околината. Подземен пекол. Кога ќе бидат изградени подземните коридори во Скопје, сè ќе си дојде на своето место. Сè ќе биде во ред. Метежите ќе се намалат, колоните ќе се скратат, а октанската грмотевица ќе биде ставена на „децибелска диета“. До толку во ред, што ќе почнеме да се поистоветуваме со нив. Но, тунелите поседуваат и „огнена“ природа. Во случај на пожар нивната затворена структура не дозволува ослободување на развиената топлина. И тука е почетокот на незаситениот пеколен ефект. Тука почнува подземниот пекол. Од почетокот на овој век, сè почесто се појавуваат футуристички проекти,

мини вертикални зелени градови како излезени од научно-фантастични филмови, со нови решенија, нови технологии и материјали, кои укажуваат на зелената иднина на архитектурата. Самоодржливи објекти кои користат природни извори на обновлива енергија, сонце, ветер, дожд.... зелена градба... еколошка револуција... Дали светот ќе се смени радикално? Во Белград во тек е Белградска интернационална недела на архитектурата 2015 (БИНА). Настан кој ја популаризира архитектурата на сите нивоа. Кога еден фестивал на архитектура, во средина каква што е Србија, ќе се одржи полни десет години, може да се каже дека успеал, дека станал традиционален и битен за општеството. Во овој број на „Порта 3“, специјално од Банкок, ни доаѓа приказната за Трилогија Тонглор. Три сценoграфии на урбаното живеење. Креативното милје прикажано во овој труд го персонифицира есенцијалниот идентитет на Банкок во помал размер. Разликите во просторниот дијалог, пешачките траектории, јавниот простор и иконографијата на сите поединечни сценографии, го прават градот синтеза од различни корисници и случувања.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ФИЛХАРМОНИЈА ,,SZCZECIN“ - ПОЛСКА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

232 MAJ 2015

Филхармонијата ,,Szczecin“ добитник на наградата ,,Мис ван дер Рое 2015“ Подземен сообраќај - подземен пекол Депонијата во Тетово - замрзнат проект

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ 90 ДЕНАРИ

фоторепортер: Кире ПОПОВ

Автор: АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО „BAROZZI/VEIGA“

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ИНФО 8 БИНА - ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА АРХИТЕКТУРАТА НА СИТЕ НИВОА

ТУНЕЛИТЕ – ПРЕДИЗВИК СО СВОЈАТА УБАВИНА

22

Печати: Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

УРБАНИЗАМ 34 ТРИ СЦЕНOГРАФИИ НА УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ

58

СООБРАЌАЈ 42 ПОДЗЕМЕН ПЕКОЛ

ИНОВАЦИСКИ ЦЕНТАР ЗА ДРВО И ДИЗАЈН ВО КАНАДА

ЕКОЛОГИЈА 50 ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ ИМА, АМА Е ЗАБОРАВЕНО!?

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх.

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

20

ФИЛХАРМОНИЈАТА ,,SZCZECIN“ - СИМБОЛ НА ГРАДСКАТА ТРАНЗИЦИОНА ПРИРОДА

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 46

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

ГРАДЕЖНИШТВО 12

НАГРАДА ,,МИС ВАН ДЕР РОЕ 2015“ 24

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ

56

64

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 900 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

ШЕСТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕУРЕМ

Со енергетска ефикасност до посилни национални економии

К

Даниела МЛАДЕНОВСКА он крајот на април во Прага се одржа шестата конференција на ЕУРЕМ (European Energy Manager – EUREM) со цел размена на искуство на повеќе од 170 енергетски менаџери од 19 земји. Конференцијата понуди широк спектар на тематски работилници и голем број на проекти за подобрување на енергетската ефикасност, изработени од посетителите на ЕУРЕМ обуките во различни земји ширум светот. На крајот од конференцијата, беа доделени ЕУРЕМ награди за најуспешните проекти во секоја од следните три категории: мали, средни и големи компании. За најдобри проекти оваа година во секоја од категориите (мали, средни и големи компании) беа прогласени проектите од Финска, Индија, Унгарија и Чешка. Прва награда во категоријата на мали бизниси е доделена на Адам Моравец од Чешка. Но, за каков концепт се работи? Здружението ЕУРЕМ формирано од страна на Стопанската комора во Нирнберг, Германија, во соработка со истакнати професионалци – инженери и универзитетски професори во улога на предавачи, започнува со целна едукација од областа на енергетската ефикасност. Курсевите се наменети за професионалци од различни инженерски дисциплини и вработени на различно менаџерско ниво, а стекнатите знаења од курсот ќе им помогнат за идентификување на потенцијалот за подобрување на енергетската ефикасност во нивните компании, како и поголема теоретска подготвеност при

ПОРТА

донесувањето на инвестициските одлуки. Од година во година овие курсеви се прошируваат во сè поголем број земји речиси на сите континенти. Од март 2014 година и Македонија станува дел од ова семејство. Локален партнер во изведувањето на овие обуки за енергетска ефикасност во Македонија е COSMO Иновативниот центар. Обуката ја изведуваат 11 обучувачи кои се магистри или доктори по технички науки, но имаат и професионално искуство во индустријата, односно практиката. Првата генерација енергетски менаџери во Македонија веќе ја заврши успешно оваа обука. На конференцијата во Прага најдобриот учесник од оваа прва група за обука во Македонија исто така доби ЕУРЕМ награда. Тоа е Златко Ѓурчиноски, дипл. ел. инженер од „Вардар Доломит“ Гостивар. Во своето обраќање на отворањето, Бернард Бауер, член на Извршниот одбор на чешко–германската стопанска комора која ја организираше овогодишната конференција, убеден во повеќекратните придобивки на

EUREM курсот, истакна: „Сакаме да покажеме дека потенцијалот за заштеда на енергија во економијата, особено во индустријата е огромен. За жал, примерите за примена на мерки за заштеди на енергија, односно имплементација на проекти за енергетска ефикасност во практика се доста мали. Ние сакаме глобално да ја смениме таа слика“. Д-р Штефан Шварцер од Австриската Федерална Стопанска комора ја нагласува важноста на квалификациите што професионалците треба да ги имаат за да ги водат успешно компаниите и бара промена во начинот на размислување. „Програмата EUREMplus, спонзорирана од ЕУ, ни овозможи да се организираат ЕУРЕМ курсеви во уште шест други земји: Бугарија, Хрватска, Македонија, Полска, Романија и Кипар“, вели д-р Штефан Шварцер. Долгорочната цел е да се воспостави европска компанија EUREM која ќе работи повеќе, постојано и систематски. Освен европските земји кои се најбројни во ова ЕУРЕМ друштво, интересот е сè поголем и на другите континенти. Така предзнакот „европски“, не е воопшто нескромно да се каже дека веќе станува „светски“. Индија, Аргентина, Египет, Мексико, Чиле, Кина, Јужна Африка, Бразил и Мароко веќе се дел од ЕУРЕМ. За малубројната делегација од Македонија присутна на овој настан, претставуваше посебно задоволство што сме единствените од регионот вклучени во ЕУРЕМ заедно со Хрватска и Бугарија. Националниот проект менаџер за ЕУРЕМ Едвард Софески изрази задоволство од досегашната имплементација на ЕУРЕМ програмата во Македонија, но исто така ги презентираше и своите планови за унапредување на техниките на учење и презентирање на материјалите во текот на ЕУРЕМ обуките. За таа цел, ЕУРЕМ ќе организира работилница со меѓунардно учество која ќе биде одржана токму во Македонија. n


ПОРТА


инфо

БЕЛГРАДСКА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НЕДЕЛА НА АРХИТЕКТУРАТА 2015

БИНА - популаризација на Кога еден фестивал на архитектура, во средина каква што е Србија, ќе се одржи полни десет години, може да се каже дека успеал, дека станал традиционален и битен за општеството. По десетти пат од своето постоење, и оваа пролет се одржуваше БИНА, Белградската интернационална недела на архитектура, веројатно најмасовниот архитектонски настан во главниот град на Србија, кој пружа голем број можности на сите што се занимаваат со архитектура. м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх.(Србија)

В

о траење од речиси цел месец (од 7 до 30 мај), фестивалот под името Белграска интернационална недела на архитектура ја презентираше архитектурата на голем број луѓе, како на стручната јавност така и на оние што досега немале многу средби со неа. Пред сè, 8

ПОРТА

29 мај 2015

фестивалот се состои од различни културнообразовни целини кои ги сочинуваат изложби, предавања, работилници, прошетки и овогодишната дводневна конференција под назив „Ѓраѓаните и градење град“. Оваа година, БИНА има тринаесет изложби кои ја опфаќаат изложбата за цела деценија постоење на фестивалот, како ретроспектива на достигнувањата на оваа манифестација; изложбата „Поглед од прозорец“, која го опфаќа процесот на градење на новобелградскиот блок 61 низ четириесет фотографии во текот на 35 години, каде е

прикажана промената што ја претрпи тој дел на градот во текот на тој период. Посетителите можат да ги видат и наградените реализирани архитектонски објекти, како и конкурсните проекти кои засега се само „архитектура на хартија“, макетата на пешачката зона во Нови Сад, делата на мебел на студентите од три факултети, архитектурата на Ниш; архитектурата на земјите како Полска, Чешка, Унгарија, Хрватска, Србија и Австрија, во рамки на изложбата „Подигнувајќи ја завесата. Централноевропски архитектонски мрежи“. За дел од јавноста што повеќе ја интересира стручната страна на настанот, тука се предавањата за развојот на архитектурата во Белград во текот на првата половина од ХХ век; каква е судбината на конкурсите и кои тенденции се присутни. Посебно интересно беше предавањето за многу актуелната тема во Белград, „Загрозено наследство“ за состојбата на модерната архитектура со осврт на комплексот згради на Генералштабот и комплексот Старо сајмиште. На предавањето „Белград – модерен град“, учесниците ги изнесоа своите размислувања и предлози, што би требало да се направи во Белград за унапредување на урбанизмот и сликата на градот. Како и секоја година, и оваа јубилејна


инфо

архитектурата на сите нивоа десетта, организирани се голем број работилници кои, главно, се наменети за децата заради запознавање со архитектурата низ прашања, што е тоа архитектура, што работи архитектот? Работилницата „Конструктор“ им овозможува на децата, на возраст од 10-14 години, да решаваат различни проблеми на просторни структури, да ја увидат врската и логиката на настанување тридимензионална композиција низ користење голем број расклопливи елементи за создавање зедничка макета. Во рамки на работилницата „Градителки на Белград“, исто така за деца на возраст од 1014 години, учесниците ги истражуваат архитектонските и просторните елементи, архитектонските стилови и јавните простори низ креативни задачи. Тие имаат можност да се запознаат со историјата на Белград, со значењето на архитектурата и урбанизмот во развојот на градот, и со авторските дела на жените во нашата архитектура. Покрај работилниците за најмлади, тука се и настаните за студенти, како што е работилницата „Фурништај“, каде студенти од четири факултети го користат природното дрво како материјал, и низ истражување и анализи го реализираат прототипот на мебел. Во рамки на јубилејниот настан БИНА,

одржана е и меѓународна конференција „Граѓаните и градење град“, каде се поттикнува соработката на планерите, архитектите, граѓаните и градските управи во проекти за подобрување на урбаното опкружување. Конференцијата не е само академска дебата за различни методи на партиципација на граѓаните и типови на соработка во изградба на градот, туку и да ја објасни улогата на експертите и граѓаните во борба за остварување услови за праведен и одржлив урбан развој. На оваа тема на конференцијата говореа главно гостите од странство: Ангелика Фиц, Томас Дилингер, Лидија Виса, Елке Красни и Андреас Румбфубер од Виена, Хуан Антонио Чакон Грахера, Мауро Хил-Фурниер од Мадрид, Мирјана Милановиќ, Зеф Хемел од Амстердам, Енгелберт Литке Далдруп, Матијас Бетгер од Берлин, Ана Џокиќ и Марк Нелсен од Ротердам, Константин Петку и Дојана Петреску од Париз и Миодраг Митрашиновиќ од Њујорк. Најинтересниот дел од целиот настан се стручно водените прошетки, кога се посетуваат различни интересни и значајни локалитети во Белград. „Плоштади и паркови на Белград“, „Улица Крал Петар – сведок на историјата на градот“, „Жените во архитектурата помеѓу 1900 и 1960 година“,

„Нов Белград, од план до стварност“, „Савскиот брег и она што ги спојува“, „Косанчиќев венец, Савска варош и Мал пазар“, „Палата на Сојузниот извршен совет во Нов Белград – Палата Србија“, „Прошетка 3 х 3, белграски конкурси за јавни комплекси, поводи, процеси и резултати“, „Парк на пријателство во Нов Белград“, „Преобразба на Белград: По патиштата на Емилијан Јосимовиќ“, „Стан со лента“, „Низ алеите на Нови гробишта“ и прошетката „Радио Белград“. Најинтересна прошетка, секако, е посетата на Палата Србија, која освен во текот на настанот БИНА и манифестацијата „Ноќ на музеите“, е затворена за јавност. Тоа е причината што слободните места за оваа прошетка се пополнети многу брзо после објавувањето на програмата. Причината зошто некогашната палата на Сојузниот извршен совет, позната како Палата СИВ, не е отворна за јавност во текот на годината е факт дека Белград сè уште нема порепрезентативно здание, па така и денес странските делегации, претседатели на држави, како и меѓународни настани како претседавањето на ОБСЕ, го сочинуваат секојдневието на ова величествено здание. Втората причина е безбедноста, секој  29 мај 2015

ПОРТА

9


инфо

Работилница „Конструктор“

Макета на пешачката зона во просторот на кулите

Прошетка по Косанчиќев венец, Савска Варош и Мали Пијац

Предавања

10

ПОРТА

ден стотици луѓе доаѓаат во канцеларискиот дел на Палата СИВ, каде се сместени службите на различни министерства и државни канцеларии. Заради тоа, БИНА е една од ретките можности кога граѓаните можат да го посетат свечениот дел од овој огромен објект. Палата СИВ се наоѓа во центарот на Нов Белград, на огромен, некогаш избришан простор, опкружена со парк. Според замислата на тогашните власти, идната зграда СИВ требало да претставува урбан репер за централната оска на Нов Белград, дел од градот во кој би се наоѓале управните згради на бивша Југославија. Врз основа на тоа, во 1947 година е распишан конкурс на кој победиле архитекти од Загреб, Владимир Поточњак, Антон Урлих, Златко Нојман и Драгица Перак. Тој архитектонски тим добил право да работи на изведба на зградата, здание кое се базира на модерната архитектура, со канцеларии, голем анекс на самиот влез и централна фонтана. Поради конфликт помеѓу Југославија и СССР, прекината е изграбата на овој објект и долги години скелетната конструкција стоела во рамнината на неизградениот Нов Белград. Во 1954 година, градбата повторно почнува, но, поради смртта на главниот архитект Поточњак, проектот го презема групата „Стадион“ од Белград која ја предводел Михаило Јанковиќ. Тој го изменил проектот, додал одредени обликувани елементи, го променил внатрешното уредување на анексот отворајќи го кон надворешноста, и по првпат во Југославија архитектонски тим работи она што ќе биде наречено „тотал-дизајн“, проектирање на целокупниот објект до најситните детали. Објектот бил отворен за Конгресот на Неврзаните земји во септември 1961 година, за потоа повторно да биде затворен поради дополнителни работи, и конечно да биде отворен во 1962 година како Палата на Сојузниот извршен совет.


инфо Најголемата вредност на објектот, покрај својот монолитен модернистички израз кој и денес доминира во тој дел на Нов Белград, е во архитектурата на ентериерот што ја отсликува „сложеноста на политичките, културните и општествените односи на овие простори“ со многубројни дела од ликовната и применета уметност, кои го сочинуваат интегралниот дел на зданието, и му дава на овој објект карактер на еден вид галерија на југословенската уметност. Пред објектот се наоѓа голема фонтана која во времето на својата изградба претставувала инженерско достигнување бидејќи била прва фонтана која имала неколку програми за проток на вода, осветлување и музика. Тоа беше првата светлосно-музичка фонтана во Југославија. Во самиот централен дел на објектот, во анексот, се наоѓа огромен хол од кој водат скали до централната сала со карактеристична купола низ која доаѓа дневна светлина, што е единствен извор на дневна светлина. Околу централната сала се наоѓаат националните салони. Секоја од републиките на бивша Југославија имала свој салон каде биле претставени битни уметнички дела од тие републики. Објектот на СИВ пред неколку години е делумно обновен, ентериерот го задржал

својот оригинален изглед, заменети се само одредени елементи од оригиналниот проект. Она што, за жал, не е решено, е фасадата на ова здание, посебно канцеларискиот дел каде се додадени клима уреди кои денес ја расипуваат единставноста на фасадниот израз, бидејќи не е направен централен климатизиран систем. На некој начин и овој податок, кој говори за реконструкција на многу значајно здание во Белград, ја отсликува „сложеноста на политичките, културните и општествените односи“ на денешницата. Еден од начините за подобро разбирање на значењето на архитектурата и постоечките објекти, како што е Палата СИВ но и многу

други кои се наоѓаат во слична состојба, првенствено поради недостаток на свест за значењето а помалку поради недостаток на средства, претставуваат и настаните како БИНА, каде архитектурата се популаризира на сите нивоа. Веќе полна деценија. Можеби еден ден, некогашниот придружник на работилниците од овогодишниот фестивал, ќе биде токму некој што има моќ на одлучување, да разбере колку е битно архитектонскиот израз на зградата каде е одржан Конгресот на Неврзаните земји, да не го расипуваат произволно поставените клима уреди. Тоа ќе биде правиот успех на БИНА и најдобар доказ за нејзиното присуство во овој град. n

Централната сала на СИВ

Една од салите во објектот

Зградата на Сојузниот извршен совет во Белград (СИВ)

29 мај 2015

ПОРТА

11


градежништво

ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА (3)

ТУНЕЛИТЕ - предизвик

Катерина Спасовска ТРПКОВСКА Лазо ЧАКАРОВСКИ , дипл.инж.арх.

И

зградбата на делницата од автопатот Демир Капија - Смоквица е вистински предизвик за градежниците. Сместена по долината на реката Вардар, со должина од 28 километри, но претежно во планински делови, таа е најтешка делница на целата должина на автопатот од Табановце до Гевгелија. Во изминатите два броја на „Порта 3“ ви го прикажавме историјатот на 12

ПОРТА

29 мај 2015

нејзиното проектирање, со сите проблеми, предлози и решенија, како и сегашната фаза на изведба на трасата, особено на мостовите за кои инженерско-технолошките решенија се новитети во македонското градежништво. Но, освен високите мостови, на оваа делница за првпат во Македонија се прават тунели со современа австриска метода и избивање на материјалот во полн профил на тунелот наместо да се дели на три дела по висина. Тоа е и тема на третото продолжение кое следува во овој број на „Порта 3“. Тунелот Т1 се наоѓа на новата делница на автопатот Демир Капија – Удово – Смоквица

меѓу км 1+100 и км 2+400 и се планира да биде тунел со двојна цевка и еднонасочен сообраќај. Веднаш пред северниот портал и после јужниот, трасата од двете гранки мора да ја пресече реката Вардар. Должината на јужната цевка (десна гранка) е 1.214,00 метри, а пак должината на северната цевка (лева гранка) е 1.274,75 метри. На средина меѓу северните и јужните портали, трасата на дватe тунелски цевки преминува преку Челевечки поток кој се влева во реката Вардар и кој се наоѓа на длабочина од приближно 10 метри под планираните коловози, во неверојатна


градежништво

со својата убавина

клисура со стрмни карпести падини. Тунелот Т2 се наоѓа на северниот дел од патната делница Демир Капија – Смоквица помеѓу KM 7+400 и KM 8+700 и поминува под планински гребен со две цевки. Должината на јужната цевка (десна гранка) е 1.295 метри, а пак должината на северната цевка (лева гранка) е 1.155 метри. Оддалеченоста помеѓу двете оски на тунелитe е главно константна. Во централната делница, оддалеченоста е приближно 50 до 53 метри, додека во близина на порталите се намалува на вредност од приближно 40 до 45 метри. Ископаниот профил од главниот тунел е прoектиран како градба со две оплати со  29 мај 2015

ПОРТА

13


градежништво

водонепропустлив мембрански систем помеѓу првичната и крајната облога во сводот на тунелот. Водонепропустливата мембрана ја штити трајната конструкција од навлегување на вода во сводот. Почетната или примарната оплата е изградена од облога од армиран прскан бетон. Kрајната облога е изработена од бетон лиен на самото место, додека пак должината на еден бетонски дел (бетонски блок) изнесува 12,50 м (максимум). На дното на бочните ѕидови и под 14

ПОРТА

29 мај 2015

коловозната конструкција на патот, со дренажни цевки се врши одводнување на околното подземје. Коловозот се одводнува со засечен континуиран сливник на долната страна од профилот. Главниот довод на противпожарна вода е сместен под издигнатиот пешачки премин на левата страна (во насока на движење на сообраќајот), додека пак кабловската канализација е сместена под издигнатиот пешачки премин на десната страна. Површината помеѓу сообраќајниот

слободен профил и сводот се користи за инсталации како вентилатори и сообраќајни знаци. Целосниот слободен профил на главниот тунел е со површина од околу 55 м². На потегот каде тунелските цевки на Тунелот Т1 преминуват преку Челевечки поток со цел да се избегнат проблеми со вентилацијата (опасност од распространување во случај на пожар), и двете тунелски цевки ќе минуваат низ клисурата наместо низ стандарните делници


градежништво

на мостовите. Поради тоа, мостот во целост ќе има облик на тунел. Носивоста на мостот се состои од единечен носач во форма на тунелска цевка, изработен од армиран бетон. Мостот ќе биде со приближен распон од 13,30 метри за десната гранка, и приближен распон од 18 метри за левата гранка. Поради ризикот од одрон на карпи, конструкцијатa ќе биде со поотпорен свод изработен од водонепропустлив армиран бетон со дебелина на ѕидот од 40 сантиметри, Сепак, од голема важност за безбедноста на градбата е поставувањето на системи за заштита од одрон на карпи на соодветни локации над премините преку клисурата, со цел да се избегне влијанието при одрон на поголеми карпи. Во тунелите со двојни цевки каде цевките се на исто ниво, премините за возила погодни за користење од страна на итните служби треба да бидат поврзани за стојалиштата. Покрај двете сообраќајни ленти, стојалиштето има и лента за во случај на дефекти со минимална должина од 40 м.  29 мај 2015

ПОРТА

15


aрхитектура Ширината на лентата за во случај на дефекти помеѓу границата на коловозот и пешачката патека изнесува 3,00 м. Првичната облога е изградена од слој на армиран прскан бетон. Завршната облога е изработена од бетон лиен на самото место, каде што дебелината на облогата во ископаниот тунел изнесува 40 см. Во овој случај, изведувачите тунелите ги правеа одеднаш целосно со минирање. Потоа се ставија анкери кои го стабилизираа делот што е одозгора. Анкерите се затегнуваат и се поставува мрежа. Пред да се бетонира тунелот се става филц, а дренажата се зафаќа нанадвор. Потоа тунелот се бетонира дел по дел. Кога ќе се направи горниот дел се преминува на долната конструкција која има своја специфичност затоа што тука треба да се внимава на дренажата и светлосните инсталации. Кога тоа ќе се заврши, се оформува коловозната лента. Времето предвидено за градење на тунелите со две цевки е 27 месеци. На делницата од Демир Капија до Смоквица на две места има и пропратни содржини, како и клучки кои водат до населени места и кои веќе се во завршна фаза од изградбата. Се на се, со завршувањето на оваа делница Македонија ќе има комплетно автопатско решение за делот од Европскиот коридор 10, кој минува низ нејзината територија. Со тоа, на неговите корисници кон крајот на 2016 година ќе им се овозможи да патуваат од Табановце до Гевгелија по современ автопат. Како што пишувавме во претходните продолженија, со завршувањето на автопатот се комплетира патната сложувалка север-југ, а патниците возејќи се низ облаците, се надеваме ќе уживаат во ова инженерско остварување. n

16

ПОРТА

29 мај 2015


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

38

ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


градежништво

Интелигентен систем за јавно осветлување Подготвиле: Биљана ЗАФИРОВА НАУМОВА, дипл.ел.инж. Васко СТЕВОСКИ, дипл.ел.инж. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

С

о модернизирање на патната инфрастуктура во РМ и изградба на новите автопатишта, се наметнува потребата од побезбедни и поквалитени услови за сообраќај. Еден од најбитните фактори за безбедност во сообраќајот се добро осветлени улици и патишта. Овој фактор во голема мера влијае за зголемување на потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и за одлевање на големи средства од буџетот на јавните претпријатија за одржување и наплата за потрошената енергија. Просечно, околу 40% од електричната енергија во големите градови се троши за осветлување на улиците. Голем дел од произведената светлина е целосно неупотреблива, бидејќи светилките се палат прерано, се исклучуваат предоцна и интензитетот на светлина не е соодветен. Една од мерките за намалување на потрошувачката на електрична енергија и зголемување на квалитетот на осветлувањето и неговото одржување, е имплементација на интелигентен систем за контрола, мониторинг и регулација на светлосниот интензитет. Придобивки од имплементацијата на еден ваков систем се: намалена емисија на CO2, намалена потрошувачка на електрична енергија, намалени трошоци за одржување, зголемување на јавната безбедност, зголемена доверливост на системот за ЈО, база на податоци и преглед на настани и извештаи, непрекинато следење во реално време на системот од кое и да било место. Интелигентниот систем е развиен како независна и пристапна модуларна архитектура, базирана на отворени стандарди и протоколи, воедно претставува и менаџмент платформа која им помага на јавните претпријатија и општините да управуваат со нивните системи. Постоечките инсталации од јавното

18

ПОРТА

29 мај 2015

осветлување лесно се интегрираат во овој систем за менаџирање на нисконапонска енергетска мрежа. Ваквата архитектура овозможува интеграција со други постоечки комунални системи како ГИС, видео надзор на патишта и наплатни станици, климатски прилики и сл. Интелигентниот систем има четиристепена структура, со која оформува една целина:  Систем за контрола  Систем за мониторинг  Систем за далечинско мерење на потрошената електрична енергија  Систем за регулација на светлосниот интензитет Системот за контрола е конфигуриран да врши централно вклучување и исклучување, со што се постигнува оптимизирање на работните часови на светилките и поедноставно управување. Системот за мониторинг е проектиран за известување и брза интервенција во случај на постоење на дефект во контролниот орман напојното место. При прекин на комплетното напојување или, пак, во случај на дефект на одреден извод или фаза, пренапон или поднапон, отворена врата на орман и сл., се испраќа сигнал до централната серверска станица и СМС на мобилниот телефон на одговорниот за одржување на јавното осветлување. Одговорното лице има постојан (24/7) пристап до секој контролен орман и отчитување на електротехничките прилики во орманот во реално време. Системот за далечинско мерење на електричната енергија овозможува далечинско отчитување на потрошената активна и реактивна електрична енергија, факторот на моќност, фреквенција, моменталната струја и напон. Овие податоци служат за изработка на дневни, месечни и годишни извештаи и анализи за дефинираното конзумно подрачје. Системот за регулација на светлосниот интензитет димирање е проектиран со примарна цел заштеда на енергија. Во зависност од интензитетот на сообраќајот и категоријата на важност на улицата или објектот, може да се дефинира модел со кој во различни периоди на ноќта би се


градежништво потрошувачката на електрична енергија; аларм во случај на прегорување на некоја од сијалиците во линијата; регулација на светлосен интензитет; детекција на земјоспој; складирање на релевантни податоци за подоцнежна изработка на извештаи и сл. Графичкиот интерфејс од софтверската апликација обезбедува информација за статусот на секој орман, притоа покажувајќи ја локацијата на тој орман на мапата на градот-општината и статусот на командно-разводната опрема во орманот. Ова во голема мерка го поевтинува и го прави поефикасно одржувањето на уличното осветлување, бидејќи во секој момент се има точната локација, состојба и увид во опремата во орманот каде што треба да се интервенира. Интелегентниот систем може да се имплементира во постоечки дистрибутивен систем и со тоа може да се заштеди енергија од 2540%. Инвестицијата може да се поврати за многу краток временски период и тоа, според некои пресметки за помалку од седум години. Доколку овој систем се имплементира на територија на град Скопје, би се добиле следниве параметри од кои јасно може да се согледа оправданоста од имплементација на едно вакво решение. n намалувал/зголемувал светлосниот интензитет преку соодветна команда зададена од централниот систем. На овој принцип би заштедиле електрична енергија, без значителна промена на квалитетот на осветленоста. Функциите на системот за контрола, мониторинг и регулација на осветлувањето се: евиденција на времетраењето на горење на сијалиците; детекција на напојување на светилките со пренапон или поднапон; детекција на прекин на главното напојување; систем на само-тестирање со цел да се детектираат дефекти во функционирањето на модулите; детекција на отворање на вратата на орманот; отчитувања на броилото во контролната соба во конфигурирани временски интервали; графички преглед на

Забелешки: *потрошувачката на ел.енергија е за период 2012 година *податоците за потрошувачка на CO2 се според калоричноста на јаглен во РМ и се преземени од официјалната страна на ЕЛЕМ АД

ПОРТА


aрхитектура

УБАВИ ГРАДОВИ...ЗЕЛЕНА АРХИТЕКТУРА

Еколошка револуција на 21 век

О

Љупка ДУКОВСКА , дипл.инж.арх.

Свеста дека ресурсите на нашата планета се ограничени, потребата за намалување на штетните последици што човекот ги остава врз планетата и одржливиот развој, го отвори патот кон самоодржливи објекти, кон зелена архитектура, кон зелена иднина ...

д почетокот на овој век, сè почесто се појавуваат футуристички проекти, мини вертикални зелени градови како излезени од научнофантастични филмови, со нови решенија, нови технологии и материјали, кои укажуваат на зелената иднина на архитектурата. Самоодржливи објекти кои користат природни извори на обновлива енергија, сонце, ветер, дожд.... зелена градба... еколошка револуција... Дали светот ќе се смени радикално? Нови потенцијални самоодржливи решенија, предлагаат на разни страни на светот, архитекти, инженери, екологисти.... Постои разлика во нивните концепти, но заедничка им е високата свест за заштита на животната средина при градењето на просторот.

ЗЕЛЕНА АРХИТЕКТУРА Еколошката, одржливата или зелената архитектура е дел од еден поширок концепт. Со развојот на технологијата и сè поголемата потреба за енергија, се разви и свеста дека ресурсите на нашата планета се ограничени, а потребата за енергија е сè поголема. Одржливиот развој и идејата за намалување на штетните последици што човекот ги остава на планетата, го отвори патот кон зелената архитектура. Поттикна потрага за разни полезни решенија за нејзина заштита. Драстичното покачување на цената на нафтата, што се случи во 70-тите години на минатиот век, го насочи развојот кон користење на чистата енергија од сонцето, проектирање и градење на соларни објекти, кон еколошка и енергетски одржлива градба во согласност со природата. Кон зелена архитектура, користење на енергетски ефикасни технологии, методи и интегрирање на објектите во вкупниот еколошки систем. Помеѓу најзначајните изуми, секако, се соларните панели и турбините на ветер, кои имаат потенцијал во иднина да ги заменат нуклеарните централи. Рециклирањето на старите материјали, заштедата на енергија, алтернативниот начин на нејзино производство, се главни насоки при проектирањето на новиот тип објекти. Екологијата е на прво место, но не се занемарува основната компонента на 20

ПОРТА

29 мај 2015

Green8, Берлин, Германиjа


aрхитектура дизајнот – естетиката. Поентата на зелената, еколошката архитектура е заштеда на енергија, негување на убавина, чувство на заедништво и здравје на нејзините корисници во природното опкружување.

Vertical City for Venezuela Slums

ВИЗИОНЕРСКИ АРХИТЕКТОНСКИ КОНЦЕПТИ Во овој текст ќе се осврнеме на неколку интересни визионерски, архитектонски концепти на пријателски „екоградби“. Тие се појавија на почетокот на овој век. Преку нивните футуристички проекти и истражувања, тие нудат решенија и начини за заштита на нашата природна средина, за која дваесеттиот век не водеше доволно сметка.

бара нови визии за живот во густо населените делови на градовите, како и потребата од поттикнување чувство на заедница и меѓусебна комуникација на жителите. Тие велат: „Додека во социјалните мрежи се создаваат услови, границата помеѓу јавната и приватната сфера повторно да се обнови, архитектурата и урбанизмот на градови како Берлин, заостануваат зад овие значајни социјални и демографски промени“. Што значи ова за развојот на архитектурата и урбанизмот? Mногу модерни семејства се растргнати помеѓу желбата за живот во раздвижените урбани средини и желбата за живот во хармонија со природата. Како интегративно решение на оваа дилема, архитектите Агнешка Прајбиш и Питер Сандхаус, го предлагаат проектот Green8. Неговиот концепт вклучува: • резиденции; • вертикална стаклена градина, пазар на фармери, градини, овоштарници и фарми; • деловен простор и работилници; • 360º панорама, спа центар, базен и бар; • ресторан, пансион, детска градинка, грижа за постарите лица. Преку овој концепт на вертикално земјоделство, на облакодери со вертикални градини, во иднина може да се дуплира изворот на храна, како алтернатива на индустриското производство. Ова ја разгорува дебатата за тоа дали концептот на вертикални градови градини, може да биде решение за проблемот на несигурноста со храна во светот. Според World Hunger Education Services - може.

Green8 - твист облакодер со форма на осмица Проектот наречен Green8, на архитектите од Берлин, Агнешка Прајбиш (Agnieszka Preibisz) и Питер Сандхаус (Peter Sandhaus), е твист облакодер со фигура на осмица и структура која врти околу вертикална градина. Наменет е за новиот генерален план на источниот дел на Берлин, за локација во срцето на Александарплац. Green8 не е само зграда. Тоа е форма на живот. „Вертикален град градина“, самоодржлив облакодер со 45.000 м² корисна површина. Мрежа на градини и стакленици, предвидени во двете вдлабнатини на осмицата за самодржливо градинарство. Проектантите ја согледуваат состојбата на општеството во 21 век, што

Vertical City for Venezuela Slums За предградијата на Венецуела, на местото на сиромашните квартови во Каракас, се предвидува кула на три нивоа, со необичен дизајн. Секоја од трите „чаши“ дефинира различни активности, за различни кориснички групи. Британските проектанти (architecture design collective Desitecture), предвидуваат „Вертикален град“ од 180 ката, кој ќе содржи хотелски, станбен и деловен простор. Во рамките на шупливите структури на објектот, вградени ветерни турбини ќе собираат енергија. Фасадата ќе биде од лесни композитни, однапред излеани единици, кои содржат шупливи структури со вградени микро турбини. Ова помага за генерирање на енергијата на ветерот што ќе го зголемува целокупното производство на енергија преку фотонапонски панели. Twisting Acupuncture Tower, Таjван

Twisting Acupuncture Tower for Taiwan „Твист кулата акупунктура“ е дизајнирана од страна на студенти на  29 мај 2015

ПОРТА

21


архитектура

Solar Tower, Таипеj, Таjван

Tianjin Eco - City

И.А. Лабораторија на Универзитетот од Тајван. Со својот футуристички изглед се разликува од повеќето модерни објекти. Зелената архитектура на кулата, со необичен спирален дизајн предвидува многу иновации. Како производство на биогориво на фасадата, отсолување на водата од океанот, користење на енергија од ветерот и сонцето и рециклирање на отпадот. Зеленилото на фасадата не се вертикални дрвја, тоа се алги.

Tianjin Eco - City

22

ПОРТА

29 мај 2015

Solar Tower for Taipei Проектот што победи на конкурсот за соларна кула во Тајпеј, Тајван, е толку ултра футуристичка структура, што е прашање дали градбата е возможна. Тоа е соларен облакодер со иновациски дизајн, еко архитектура, зелена градба... Проектантите инспирирани од формата на островот Тајван, од лист од дрвото пари (money tree) и други симболи на Тајван, дизајнирале соларна кула висока 390 метри, со осум платформи за

набљудување - цепелини, подвижни лифтови направени од лесни материјали, полни со хелиум кои се движат како листовите на гранките, горе-долу. Секоја платформа може да носи 50-80 луѓе до врвот на објектот, до убавиот поглед кон градот. Во вертикалното јадро се сместени музеј, деловен простор, ресторани и урбан парк. Предвидени се разни одржливи стратегии како, хелиумски лифтови, фасада покриена со фотонапонски панели, турбини на ветер... Победници на конкурсот


архитектура

за овој објект, беа романските архитекти Дорин Стефан (Dorin Stefan Birou Arhitectura), во соработка со Михаи Богдан (Mihai Bogdan CRACIUN) архитект од САД, и upgrade.studio. Почетокот на градбата беше закажан за 2012 година. Кога ќе почне - неизвесно. Tianjin Eco City – еко град од научна фантастика Со изглед на град од научна фантастика, еко градот Тијанџин (Tianjin Eco City) е амбициозен проект помеѓу Кина и Сингапур.

Се наоѓа 150 км североисточно од Пекинг и 45 километри од крајбрежниот град Тијанџин. Има цел да биде најголем одржлив, „умен“ град во светот. Предвидените бројки се импресивни. До 2020 година треба да се сместат 350.000 луѓе, на 34 км². Проектантите (Surbana Urban Planning Group) предвидуваат многу новини, зелени објекти, зелен транспорт и обновливи извори на енергија. Некои од предвидените иновации се: • Обезбедување на 20% од енергијата потребна за градот, со турбини на ветер и соларни панели; • Користење на органско рециклирање на отпадот за електрична енергија; • Отсолување на морската вода; • „Паметни“ објекти со автоматски ролетни и контрола на температурата; • Намалување на користењето на автомобили во градот на помалку од 10%; • Водни живеалишта за привлекување на птици и животни, за создавање на екосистем. Инвестицијата е 22 милијарди американски долари. Градот е поделен на седум реони. Ќе вклучува станбени згради, административен и граѓански центар, производство на обновлива енергија и сложени структури поврзани со небесни мостови на повеќе нивоа. Ќе служи како модел за други градови во Кина.

Hydrogenese, Algae Airships – форма што лета Во 2010 година, реномираната белгиска фирма за архитектура, на архитектот Винсент Калбо (Vincent Callebaut), претстави голем научен проект за Владата на Кина. Предложи самоодржлив концепт наменет за Шангај, град на брегот на Јужното Кинеско Море, со кој воздушни бродови кои содржат специјални видови на микро алги, сончевата светлина и CO2 ќе ги претвораат во водородни биогорива. Hydrogenase! Авион или дирижабл! Форма што лета! Водороден погон... неверојатно! Идејата е да се обезбеди алтернативен одржлив транспорт за дирижабли, чие напојување е со биоводородно гориво со нулта емисија, генерирано од фарма на алги, која е дел од проектот. Надворешноста на дирижаблите ќе биде покриена со соларни панели и турбини на ветер. Самиот проект се состои од фарма за алги, биоводородни дирижабли, живеалишта, научна лабораторија за истражување на иднината на транспортот и алтернативните биогорива. Помеѓу инженерство и биологија, Hydrogenese е еден од првите проекти на био-мимикрија кој ја црпи својата инспирација од убавината и формите на природата, но и од квалитетот на неговите материјали и сопствени производствени процеси. Проектот Hydrogenase предвидува дека до 2030 година може да постојат фарми за производство на биогорива добиени од алги, кои ќе дејствуваат како центри за авионите во океаните. Новата зелена револуција е навистина во тек, 100% самодоволна енергија и нулта емисија на јаглерод! Некои од изнесените примери, можеби ќе останат само футуристички идеи и желби за подобра иднина на човештвото, но некои веќе се во фаза на договарање за градба и можеби наскоро ќе ја видиме нивната иновативност, креативност, убавина... ќе ја почувствуваме нивната грижа за животната средина, нејзината заштита и обновување на оштетувањата на екосистемот на планетата направени во минатото. Како архитекти, како граѓани, како жители на планетата Земја, каде и да се наоѓаме, должни сме да ја поддржиме и овозможиме еколошката револуција, во сите средини и на сите можни начини и нивоа. Како што вели професорот д-р Бранко Лаловиќ: „Технолошкиот и индустрискиот развој во текот на 20 век, предизвикал такви еколошки пореметувања и нарушувања на екосистемот, што ќе бидат потребни сите сознанија и целиот научен потенцијал на 21 век, за да се санираат грешките на претходниот век“. n 29 мај 2015

ПОРТА

23


aрхитектура

,,МИС ВАН ДЕР РОЕ 2015“ ЗА АРХИТЕКТОНСКОТО СТУДИО „BAROZZI/VEIGA“

Филхармонијата ,,Szczecin“ - симбол на градската транзициона природа

Стрмните покриви, вертикалноста на зградите за домување, монументалноста на неоготските цркви и тешкиот волумен на класицистичките згради, предизвикале користење на експресионистички пристап и геометризација, со цел да се обликува новата зграда и да се создаде ритмична композиција која ќе пренесува чувство на балансираност помеѓу масивноста и вертикалноста во околината Ивона МИТЕВА

24

ПОРТА

Н

аградата за современа архитектура ,,Мис ван дер Рое 2015“ ја доби архитектонското студио „Barozzi/Veiga“ за нивниот проект за филхармониска сала „Szczecin“ со

29 мај 2015

локација во градот Шчечин, Полска. Официјалното доделување на наградата се одржа во павилјонот на Мис ван дер Рое во Барселона во организација на истоимената фондација. Проектот беше одбран од вкупно 420 проекти кои претендираа за оваа награда, што претставува

огромен успех за шпанското архитектонско студио. При изборот на најдоброто решение биле разгледувани голем број на аспекти, но она што придонесе за големиот успех на проектот за филхармонијата е неговиот дизајн, којшто претставува директна инспирација од урбаниот контекст на самата локација. Стрмните покриви, вертикалноста на зградите за домување, монументалноста на неоготските цркви и тешкиот волумен на класицистичките згради, предизвикале користење на експресионистички пристап и геометризација, со цел да се обликува новата зграда и да се создаде ритмична композиција која


aрхитектура

Доделување на наградата

ќе пренесува чувство на балансираност помеѓу масивноста и вертикалноста во околината. Дополнителна карактеристика која влијаеше врз позитивниот впечаток на овој објект е неговата фасада којашто е обложена со стаклен материјал, со што објектот станува светол, транспарентен и се истакнува во урбаното ткаење на градот, додека ентериерот е едноставен, со големи прозорски отвори и карактеристична обработка на ѕидовите и кровот. Современата интерпретација на филхармонијата во срцето на градот Шчечин, дефинитивно со сите свои карактеристики ја заслужи престижната награда за современа архитектура, а архитектонското студио не само што додаде уште една награда во својата колекција туку

и изгради објект кој ќе претставува референтна точка и симбол на градската транзициона природа. Архитектонското студио „Barozzi/Veiga“ за првпат е основано во 2004 година во Барселона од страна на архитектите Fabrizio Barozzi и Alberto Veiga. Тие имаат освоено огромен број награди, најчесто од

интернационален карактер, со што се потврдува нивното долгогодишно успешно работење. Нивната работа, исто така, е презентирана на голем број изложби и публикувана во специјални литератури за архитектура. Дел од објектите за коишто биле претходно наградени се: проектот за реновирање на палатата Santa Clara во  29 мај 2015

ПОРТА

25


aрхитектура

Убеда, потоа аудиториумот на Агуилас, корпорацијата D.O. Ribera del Duero во Роа, музејот Musée de Beaux-arts во Лозана, екстензијата на музејот Bündner Kunstmuseum во Хур, проектот за музичкото училиште во Брунико и проектот Tanzhaus во Цирих. Шпанските архитекти во својата листа на многубројни награди можат да ги вбројат престижните награди Renzo Piano Foundation Award, потоа Best Spanish Young Architects, Best Young Catalan Office, Barbara Cappochin International Architecture Award, FAD Award, Ecola Award и голем број други награди заслужени за успешното работење. Архитектите Barozzi и Veiga имаат прокетирано објекти од јавен карактер, приватни резиденции, училишта, административни објекти, музеи и друга обемна програма, а како дел од нивната листа издвоивме неколку нивни најпознати проекти: административната зграда за Deutsche Bundestag во Берлин, колеџот King’s College во Лондон, музичкото училиште во Брунико, Италија, потоа музејот за уметност Graubunden во Швајцарија, средно училиште во Сиена, корпорацијата Ribera Del Duero во Шпанија, социјално домување во Шпанија и голем број други објекти. n 26

ПОРТА

29 мај 2015


www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


архитектура

КАКО ДО НАЈПРИФАТЛИВО РЕШЕНИЕ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, КОГА СЕ НЕМА ПРЕЦИЗНA ИДЕJA

Соње Трис

Александар ПЕТРОВ , дипл.инж.арх.

Во Скопје не се практикува премногу културата за користење на просторот, поради која причина се гради доста грубо и лошо, без да се има минимално чувство за колективната и просторната околина, па дури и кога станува збор за приватен плац 28

ПОРТА

29 мај 2015

С

ледниве три проекти произлегуваат од барањето на инвеститорот да се изнајде најприфатливо решение за нивниот начин на живеење, за кој сè уште немаат прецизни идеи. Плацот се наоѓа во oпштина Сопиште, област со спонтан зонален карактер, сè уште недефинирана од каков било просторен план. Оваа општина сè повеќе станува интересна за граѓаните од скопскиот хаос. Се карактеризира со убава природа, чист воздух, висока надморска височина и целосна ориентираност кон југ (од другата страна на Водно). Отсуството на какви било урбани правила, ни користи како дополнителна слобода во изразувањето, каде преку овие три примери сакаме да го изнајдеме најдобриот начин на поставеност. Генерално, со постоечките закоравени правила на домашното просторно планирање, секоја маневра за инвентивна архитектура уште на почетокот е осудена на монотоност, повторливост и баналност. Во Скопје не се практикува премногу културата за користење на просторот, поради која причина се гради доста грубо и лошо, без да се има минимално чувство за колективната и просторната околина, па дури и кога станува збор за приватен плац. Овој труд и продлабочување претставува токму еден таков обид. Сите три решенија се стремат, преку еднократен израз да искомуницираат типолошки манири преку чија архитектура би се исфорсирал поеластичен животен тек. Во сите три правци се бара најдобар начин на заштита на природната топографија на теренот и, пред сè, искористеност на бенефитот од руралното опкружување.


aрхитектура Првото решение „Бранова должина“ (по песната на „Леб и сол“), се поставува надолжно, со цел да го искористи капацитетот долж парцелата и преку закршени дворски плочи да се одржи природниот тек на земјиштето. Со тоа, како и во другите две решенија, би се заштитило земјиштето од уништување со потпорните ѕидови и со тоа девалвирање на природното добро. Не му се дава значење на влезот, бидејќи поставеноста се потенцира преку внатрешната организација, од каде се создава разиграност на глетки преку благите висински коти кои ја следат куќата. Јачината на теренската искршливост се изразува и преку базенот каде се создава живописен водопад кој ја дополнува проектантската врелина.

Второто решение „Палуба“ повторно се обидува да ја заштити топографијата, во случајов издигнувајќи ја куќата преку подземен подрум на висина на влезот, изразувајќи ја на тој начин типолошката батерија во однос на косиот природен пад. Во оваа варијанта се нагласува поголемата затвореност и приватност на внатрешноста од надворешноста, каде ноќната зона претставува еден вид на физичка граница, прегратка во затечената природна целина. Дневната зона се наоѓа на јужниот раб и дополнително се проширува преку затворена тераса, која доминира со пејзажот. Страничноста на базенот дополнително го акцентира тоа.

29 мај 2015

ПОРТА

29


архитектура

Третото решение „Зајди зајди“ е поистоветено со традиционалната македонска песна која, исто како и во случајов, го опејува живописниот предел каде би се поставила куќата. Затоа ова решение е покомпактно поставено и концентрирано во постоечкиот природен пад. Кривулестиот дел на плочата го следи заоѓањето на сонцето од исток кон запад, организирајќи ја внатрешната разиграност на функционалната содржина.

ПОРТА


ПОРТА


архитектура

ТРИЛОГИЈА ТОНГЛОР

Креативното милје прикажано во Трилогијата Тонглор го персонифицира есенцијалниот идентитет на Банкок во помал размер. Разликите во просторниот дијалог, пешачките траектории, јавниот простор и иконографијата на сите поединечни сценографии, го прават градот синтеза од различни корисници и случувања. Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Тајланд)

Н

аселбата Тонглор симболизира точка за сретнување на младите, шик урбани жители и туристи на Банкок. Во последната деценија се развива од приградска населба, позната по нелегалната трговија со автомобили и евтини изложбени салони за свадби, во алегорија на алтернативнопопуларно живеење. Модните продавници, концепт ресторани, бистроа, мали плоштади со минималистички комерцијални простори, целосно ја преоблекуваат населбата во новиот Таи воуг. Во доцните часови населбата е преплавена од млади луѓе кои ја живеат популарната клупска сцена, посетувајќи ги улиците со неформални продавачи на храна по завршетокот на забавите. Целиот дистрикт е исполнет со џепови со кафулиња, мали улички, променади со тезги и постојано се отвораат нови клубови кои ја трансформираат населбата од „работничка“ во „урбана“. Следствено, урбаната експанзија се очекува да го трансформира изгледот на Тонглор во наредните четири до пет години. Амбициозните планови на институцијата Транзитни системи на Банкок планираат експанзии на мултинодалниот мегалополис до 2030 година кон север, југ, исток и запад. Тонглор претставува една од станиците којашто во 2019 година се очекува да отвори нова линија со девет станици по оската север-југ. Линијата е планирано да поминува низ улицата Сукумвит 38, којашто претставува една од препознатливите икони на

32

ПОРТА

29 мај 2015

Koнтекст Тонглор, денски и навечер

Три сценoграфии на урбаното живеење

Улицата Сукумвит 38


архитектура контекстот. Содржејќи скромен број на кондоминиуми, урбаното ткиво сè уште е предоминантно со индивидуални приватни куќи со дворови. Со исклучок на младите луѓе на Банкок коишто преферираат да живеат во сопствени полу-приватни дневни соби гарсониери во кондоминиумот, мнозинството сè уште поседува и живее во индивидуални куќи со сопствен двор. Во рамките на катедрата за Урбан дизајн при Факултетот за архитектура на Универзитетот Тамасат во Банкок, истражувачкиот тим, во состав проф. д-р Винју Ардругса, Ханса Срилерчаипанји и Александра Шекутковска, работи на истражување за надземниот воз и неговите станици. Надземниот воз создава синтеза на формални и неформални активности и открива богато културно-социолошко милје во централните делови на Банкок. Урбаниот ʼрбет ги поврзува и консолидира населбите преку приклучување во комерцијални, резиденцијални, културни и бизнис објекти. Критериумот да се избере станицата Тонглор како почетна точка на истражувањето се заснова на променливата иднина и трансформација на оваа населба. Постои претчувство дека нејзината сегашна состојба и контекст наскоро ќе стане дел од рацепкување и прекинување на места со неформални активности, урбана експанзија и реално можни процеси на гентрификација. Истражувањето Трилогија Тонглор го отелотворува дистриктот преку три различни сценарија (сценографии) на урбано живеење: 1. Станицата на надземниот воз; 2. Сукумвит 38, улица за храна (почетокот на улицата е окупиран од неформални продавачи на храна) и 3. Сукумвит 38, улица за живеење кондоминиум Аштон. Три острови кои претставуваат пример за различни преплетувања помеѓу архитектура, инженерство, урбанизам и социјално живеење; креативни социо-просторни активности; контрастен карактер на создавање и користење на јавен простор и формација на урбана икона (популарен животен стил). Трилогијата е „сместена“ во пешачки опсег од 300 метри. Сите станици на надземниот воз на Банкок се високо исконтролирани простори во коишто важат строги правилници: забрането јадење, пиење, спортување, носење на миленичиња, забрането пушење и алкохол, забранета неформална трговија и забрането фрлање на отпадоци. Според анкетата спроведена со обезбедувањето на станицата, велат дека прекршувања на правилникот се случуваат многу ретко и вообичаено се поврзани со храна и пијалаци. Скалите и ескалаторите за излез на станиците  29 мај 2015

ПОРТА

33


архитектура

остануваат колонизирани со индивидуални неформални претприемачи кои продаваат храна, пијалаци, весници и предмети. Станицата Тонглор содржи неколку формални продавници кои се изнајмуваат месечно, скромен број на билборди, кои рекламираат програми на простори од тротоарот на потстаничното ниво, и еден долг пешачки коридор кој води до новиот кондоминиум Noble Remix 2. Популарноста и близината на станицата во Банкок ја детерминира цената на киријата, продажната цена на становите и комфорот на живеење. Единиците за живеење во Noble Remix 2 се веќе распродадени рекламирајќи се со мотото „Пешачи над сè“, давајќи акцент на комфорот на директниот влез кој се приклучува од станичната пешачка платформа. Од самата станица на излез 3 се забележува кондоминиум Аштон кој се наоѓа на Сукумвит 38, улицата земена како главен фокус за истражување. Доколку станицата ви изгледа како транзиторен простор без значителни активности, улиците на Тонглор околу неа се преполни со акција и динамичност. Секоја од нив има сопствен карактер и променлива променада, различен интензитет на посетеност во различни периоди од денот и ад хок активности на променливо создавање на простор преку поставување на тезги и мобилни киосци. Движењето на пешаците се прелева од тротоарите на улиците и тие стануваат јавни плоштади. На самите улици се преплетуваат патеките на автомобилите, пешаците, масите со столчиња, тезгите. Хибридни структури од продавници и ресторани + тезги со различна или иста функција го градат уличниот фронт. „Излозите“ на неформалните тезги и киосци стануваат дијалог за преговарање за правото на простор. Lonely planet, туристички брошури и сајтови, социјални мрежи ја магнетизираат и полнат со енергија улицата Сукумвит 38 за 34

ПОРТА

29 мај 2015

Кондоминиум Аштон

туристите, како едно од оние места коишто мора да се посетат за да се проба автентична улична храна. Како што и самите продавачи се обидуваат да објаснат, многу туристи принтаат слики од конкретната храна или од конкретниот продавач и тргнуваат во потрага по истото од препорачаната слика. Клупската сцена на Тонглор ја „реформира“ оваа улица како место за исхрана во доцните ноќни часови. Сукумвит 38 е популарна уште пред 20 години, кога публиката што ја посетува е претежно локална, Таи луѓе кои доаѓаат да вечераат после работниот ден. Денеска од пет часот попладне неформалните претприемачи ги местат сопствените тезги и маси со столчиња окупирајќи ги тротоарите и самата улица. Деконструираниот вертикален дијаграм на различни теми во самата улица ни ја прикажува улицата како палимпсест од испреплетени активности. Сепак, близината на станицата ја зголемува цената на земјиштето каде што се наоѓаат овие две куќи со мини ресторани за

изнајмување и окупирани тротоари. 30% од рестораните се веќе затворени и самите продавачи истакнуваат дека интензитетот на посетители значително опаднал во последните години. Тие ги споделуваат своите грижи поради изградбата на кондоминиум Аштон, дека целата улица може да се претвори во улица за домување во висококатници, надевајќи се дека доколку сè уште има посетители и овој дел на улицата е активен, ќе успее да остане урбаното ткиво „консолидиран“ колаж. Во продолжеток, се менува атмосферата улицата се развива во високо луксузна резиденцијална улица. Голем број на приватни куќи се заградени со дветриметарски огради, приватни влезови и камери. Една парцела е веќе претворена во градилиште каде што се очекува да никне новиот кондоминиум. Кондоминиум Аштон, иконата на оваа улица, е изграден во последните пет години. „Ананда девелопмент“, градежната фирма сопственик,


архитектура

Размислувањата како да се создаде дијалогот помеѓу нив (освен физичката близина) е значителен заради одржувањето и подобрувањето на постојното функционирање на организмот-населбата, наспроти градење на нови екстремно

различни острови во неа. Истражувањето Трилогија Тонглор е презентирано во рамките на настанот MAXXI B.A.S.E во Рим, на 24 мај, како дел од MaPs: Mastering public space - колаборативна истражувачка мрежа на градови и урбанизам. n Тонглор, поетска слика

неодамна се прогласени за најдобри градители на висококатна архитектура во Тајланд. Висината на кондоминиумот е деконструирана со зелена фасада која ја „намалува“ неговата доминантност наспорти пејзажот на урбано ткиво со куќи. Двовисинските станови и атрактивните програми, зеленилото и контекстот во којшто се наоѓа, ја зголемуваат неговата популарност. Креативното милје прикажано во Трилогијата Тонглор го персонифицира есенцијалниот идентитет на Банкок во помал размер. Разликите во просторниот дијалог, пешачките траектории, јавниот простор и иконографијата на сите поединечни сценографии, го прават градот синтеза од различни корисници и случувања. Препознавањето и приближувањето на вниманието до специфичните активности предизвикани од неформалните претприемачи е направено со цел да се разбере ткивото со контрастни простори. 27 март 2015

ПОРТА

35


урбанизам

АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (8)

и н ид

и к ис

Н

в о к о а ас и к

р е т

е њ р а у т в к у у м р ст но до а м ху

Терасовидни структури, Швајцарија проф. д-р МИРЧЕ КОКАЛЕВСКИ , дипл.инж.арх.

Согледувајќи го мозаикот на реализирани населби на кос терен, се констатира дека тоа искуство е изразено особено во медитеранските земји, преку природно лоцирање на населените места на коси терени, со оптимално користење на косината на теренот

36

ПОРТА

29 мај 2015

Р

езиме на развојот на терасовидните структури низ времето: таложено искуство на градење на кос терен, особено во руралната средина и во градовите лоцирани на кос терен; зачувување на плодно земјиште со развој на домувањето на кос терен; период на транзиција; синтезно теоретско согледување за оформување ниски терасовидни структури; изразени можности за лоцирање на терасовидни структури; недоволна примена на ниски терасовидни групации; несоодветно користење на косиот терен и недоволен континуитет на традицијата за користење на кос терен; висок квалитет на домување во ниски терасовидни структури. Следат некои аспекти на домувањето во ниски терасовидни структури.


урбанизам

Населба Антиколи Корадо во Италија ОД СТАНБЕНИ КУЌИ КОН ТЕРАСОВИДНИ СТРУКТУРИ Идејата за организирање населби на кос терен е присутна во минатото, во зависност од конкретните потреби, можности, услови и инвентивност. Примерите на населби на кос терен го покажуваат човековиот стремеж да биде поблиску до природата, заштитен од

поплави. Мотивот за такво лоцирање, особено во ридско-планинските предели, е заради користење на рамниот терен за производство на храна за егзистенцијални потреби, а косиот терен, кој не е погоден за земјоделство, се користи за организирање населби приспособени кон конфигурацијата на теренот и кон околината. Согледувајќи го мозаикот на реализирани населби на кос терен, се

констатира дека тоа искуство е изразено особено во медитеранските земји, преку природно лоцирање на населените места на коси терени, со оптимално користење на косината на теренот. Италијанските населби лоцирани на коси терени се пример за организирање населби на коси терени со почитување на карактеристиките на теренот. Куќите се лоцирани една над друга со закосени покриви, како хармонични творби низ времето. Голем дел од населбите сега се туристички населби со зачувана локална архитектура. Населбите во земјите на Медитеранот се соодветни примери за можностите за градење на кос терен и воедно инспирација за организирање ниски терасовидни структури во современи услови. Населбата Мотовун во Истра и други истарски населби лоцирани на коси терени имаат силно чувство за организирање населби во околината. Населбите Почитељ покрај Неретва или Јајце се лоцирани на коси терени. Покрај Бистрица е организиран градот Призрен со низа на куќи со различни фасади, градини, капии распоредени по косината на теренот. Во Република Македонија, старите делови на градот Охрид, Велес, Кратово, Крушево, Дебар, селата во Мала Река и многу други населби лоцирани на коси терени со амфитеатрална поставеност на куќите по косината на теренот, ја формираат сликата на населбите со препознатливо мерило, со осет кон целината и детаљот и препознатлива ориентација на населбите во окружувањето. Со текот на времето и со лесно зафаќање на рамниот терен за изградба на објекти, се губи осетот за градење на кос терен, со тоа што се организираат објекти и цели населби на кос терен како да се работи за рамен терен, а со обемни ископи се намалува стабилноста на тлото и не се почитува основниот однос кон теренот. Значи, со несоодветното градење  Oхрид

ПОРТА

37


урбанизам Велес

на кос терен како да е рамен терен, се губи континуитетот и не се почитува традиционалното искуство. Идејата за градење на кос терен е блиска на нашето поднебје. Со групирање на повеќе станбени единици по косината на теренот и нивно различно поврзување во зависност од косината на теренот, се оформуваат ниски терасовидни структури (НТС) кои се воедно и континуитет на идејата за органско користење на косиот терен, со соодветно осовременување. Се врши преод од станбени куќи кон терасовидни структури. Но и покрај присуството на традиционалното градење на коси терени, во нашата средина нема изразени примери на ниски терасовидни групации, а изведени се одделни објекти со карактеристики на терасовидно организирање.

ИСКУСТВА ВО ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НИСКИ ТЕРАСОВИДНИ ГРУПАЦИИ Со согледување на одделни реализирани НТС во различни делови на светот и изработени студии – проекти, може да се согледа степенот на распространетост на овој вид структури во корелација со конкретните општествено економски услови. Во шеесеттите години на минатиот век, особено во Швајцарија (како и во Германија, Франција, Италија), беше присутна интензивна примена на терасовидни групации за домување на коси терени, бидејќи домувањето е погодна содржина за примена на НТС на коси терени. За илустрација, во швајцарскиот кантон Аргау, до крајот на 60-тите се изведени или проектно довршени 25 терасовидни објекти. Една од причините е финансискиот ефект, односно цената на земјиштето е пет до осум пати пониска од цената на рамниот терен. За изградба на терасовидни објекти се определени одредени подрачја, како подножјето на 38

ПОРТА

29 мај 2015

Јура, која се протега во голем лак од Женева до Цирих. Согледувајќи ја примената на НТС во светот, може да се констатира дека се применуваат на сите континенти, со што се потврдува унверзалноста на користењето на косиот терен. Генерално гледано, искуствата од организирање на НТС на коси терени покажуваат дека најголема примена има во Швајцарија и Германија, а намената на структурите е главно за домување. Од анализираните преку 30 примери на НТС се согледува дека се организирани на терен со косина од 20 до 100%. Применети се структури со поставување на максимум 12 нивоа по косината на теренот, а вообичаено околу седум нивоа, односно со висинска разлика од 20 до 30 метри. Најмногу се организираат групации поставени по косината на теренот, со пристап од патеки и скали, лоцирани по косината на теренот. Еден од основните мотиви за градење на НТС е одбегнување на ширење на населените места на обработливото замјиште и наместо тоа се зафаќаат косите терени. Под коси терени во основа се подразбираат терени со косина над 20%, со воедначена или динамична конфигурација на теренот. Терасовидните структури се целини каде доминира терасата како отворен или полузатворен архитектонски простор кој е препознатлив дел на структурите.

УРБАНИСТИЧКИ АСПЕКТИ ПРИ ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НТС НА КОСИ ТЕРЕНИ Најважен природен услов за организирање НТС е постење на коси терени кои се соодветно присутни во Македонија (ридско планинските терени опфаќаат 79% од површината на Републиката). Можноста за организирање

Терасовидни структури во Швајцарија НТС е изразена во ткивата на градовите што имаат коси терени (а сè уште не се во функција на градското ткиво, со организирање на структури како мали групации), потоа на локалитети непосредно до неселените места или може да се организираат нови населби, особено ако се работи за туристички потреби и за домување. Заради косината на теренот, изборот на локацијата мора да е следен со изострени критериуми во однос на носивоста и стабилноста на земјиштето, особено во однос на појава на лизгање на теренот. Од аспект на безбедноста, лоцирање на НТС нема да се врши на терени со изразена косина, терени со шуми, терени со опасност од лавини, на локалитети каде има можност од лизгање на земјиште, сеизмички лабилни терени и слични локалитети. Природата бара респект, особено кога се гради на кос терен. Форсираното градење на коси терени, особено со практикување на големи ископи и без почитување на природната линија на теренот, има негативни последици врз природата, која наоѓа начини да одговори на такви несоодветни дејствија. Ситуацијата со интензивната изградба на падините на Водно, со множество градби по косината на теренот со несоодветни мерила, е несоодветен пример за организирање на коси терени, со големи лузни по лицето на падината, а последиците од таквиот начин на градба можат да бидат неповолни по стабилноста на падината. Со примена на НТС се надминува таквиот однос кон косиот терен.


урбанизам од сите релевантни субјекти за нивна примена, во функција за повисок квалитет на организирање на населбите. Терасовидни структури како комбинација на квалитет на куќа и рационалност на структура. Предизвикот е присутен.

АКТИВНОСТИ ЗА ПРИМЕНА НА НТС НА КОСИ ТЕРЕНИ: - За да се измени односот кон косиот терен, потребно е дополнување на стандардите за планирање и проектирање, за организирање на НТС на коси терени; - При изработка на урбанистички планови да се предвидат локалитети со коси терени за организирање на НТС за различна намена, со соодветно испитување на стабилноста на теренот при лоцирање на НТС; - Со оглед на тоа што постои синтетизирано познавање за оваа тематика, треба да претстои инцијатива од соодветните субјекти за организирање на НТС и со изведување на иницијални групации да се согледа непосредно квалитетот на таквите структури, што е во

АРХИТЕКТОНСКИ АСПЕКТИ ПРИ ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НТС НА КОСИ ТЕРЕНИ Организирањето на НТС на коси терени се врши вообичаено на терен со косина од 20 до 100%, со различни начини на поврзување на станбените единици со примена на принцип на допирање, преклопување, со надворешен и внатрешни ходник-улица, со минимални зафати на теренот и без ископи на теренот. Разработени се неколку примери на организирање НТС (од монолитни изведби до монтажни капсули), со различни густини на населеност, а со примена на ниски структури со хумано мерило. Градењето на коси терени се организира во синхронизирани групации, со висини до три нивоа и воедначено мерило на целината, со изразено чувство на заемни релации, со оптимално користење на терасите и испреплетена низа на заеднички и индивидуални простори и припадност кон нив како кон традиционалното маало. Во основа, станбените единици се со едно и две нивоа. Во случај кога се на две нивоа, на првото ниво е просторот за дневен престој, а на второто ниво е делот за одмор. Појасите на станбените единици се лоцираат по косината на теренот и по изохипси, како и со нивна комбинација. Ориентирањето на просторот на станбената единица е кон централниот мотив – терасата, со можност за делумно или целосно затворање и заштита од надорешни влијанија (особено во зимски период и во време на прекумерни осончувања). Тој простор може да се организира со зеленило, одмор, дел за јадење, игра на деца, хоби и ред други

Типови на ниски терасасти структури на коси терени

активности кои можат да се реализираат на тераса, како континуитет на идејата на чардакот и дворот во традиционалната архитектура. Применетата густина на населеност на примерите на НТС се движи од 200 до 315 жители/хектар. Освен за домување, НТС можат да се организираат и за други намени, со примена на неколку типови урбани модули, со кои можат да се организираат и цели населби, со што ниските структури промовираат хармонија со природата. (Книга: Ниски терасасти структури на коси терени од авторот Кокалевски Мирче, Тектон Скопје, 2000) Република Македонија ги има сите природни, урбанистички, архитектонски и технички предуслови за ефикасна примена на НТС на коси терени во урбаните и руралните простори и треба да претстои период на синхронизирана активност

основа различно од сегашното градење на коси терени; - Да се промовира проект: дом на кос терен, со мотивирање на градење групации на коси терени и со поволни кредити да се мотивира тој процес, како структури без опасност од поплави, со енергетски ефикасни објекти, со квалитети на семејна куќа, а организирани како НТС; - Со градење на НТС на коси терени се заштитува обработливото земјиште за основната намена – производство на храна, како стратешки ресурс; - Со примена на НТС на коси терени се почитува континуитетот на архитектонската традицијата со примена во современата архитектура. n (Продолжува) 29 мај 2015

ПОРТА

39


сообраќај

ЗА ПОДЗЕМНИТЕ КОРИДОРИ

ПОДЗЕМЕН ПЕКОЛ

Б

Ненад ТОНИЌ, дипл.сооб.инж. улевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Илинден“ и улица „Кеј 13 Ноември“, дел од улица „Кеј Димитар Влахов“, до вчера делови од булевар „Партизански Одреди“ и улица „11 Октомври“, во еден момент и улица „Димитрие Чуповски“, утре булевар „Македонија“, можеби и булевар „Крушевска Република“... Коридори кои промрдуваат од чипката урбани сообраќајници навидум без јасна меѓусебна врска. Освен што во еден период секоја од нив била втерана во трета димензија – онаа под нивото на теренот. Некои во перспективните меридијани на ГУП-от, некои во визиите на странските и домашните креативци, а оние краткотрајните во отпадоците од глина од која се „замесуваат“ ДУП-овските варијанти. Скопје по се изгледа остварува посебен однос со своите подземни сообраќајни

40

ПОРТА

29 мај 2015

коридори. На некој начин овој град како да се обидува да се идентификува со нив. А тие се по правило луксуз или спас. Без средна вредност, без најмал заеднички статусен именител. Но, богати не сме. За таков луксуз сигурно не. Останува втората варијанта и онаа „опашка“ од прашање (над кое можеме во друга пригода да ламентираме) од кои причини посегнуваме токму по таков спас? Кој објективно ветува многу, нудејќи објективно малку. Никакви перкусии, гонгови или фанфари. Само тунел со сите негови доблести и маани. Кој бара трезвеност, самокритичност и познавање на неговите преображенија. И на опасностите што од нив произлегуваат. Бидејќи по комбинацијата од улоги слугагосподар тунелите не се разликуваат многу од водата на пример, или од огнот. Некои нешта на кои треба да се потсетиме ... Контролирана, безбедна средина, со униформно осветление и сигнализација, без атмосферски влијанија и крстосници. И без вишок од грижа, како општ консензус

Кога ќе бидат изградени подземните коридори, сè ќе си дојде на своето место. Сè ќе биде во ред. Метежите ќе се намалат, колоните ќе се скратат, а октанската грмотевица ќе биде ставена на „децибелска диета“. До толку во ред, што ќе почнеме да се поистоветуваме со нив. А тие ќе предат испружени под земја, па сепак условени од нашето познавање, умешност и далекугледост.


сообраќај солидни одговори. А кои некаде воопшто и не се отвораат ... Тунелите и буквално поседуваат „огнена“ природа. Во случај на пожар нивната затворена структура не дозволува ослободување на развиената топлина. И тука е почетокот на тој незаситен пеколен ефект. Заробената топлина го забрзува горењето и создавањето нова. Која може да се ограничи единствено со ограничување на расположливиот кислород. Тогаш пламенот се засркнува и почнува да губи сила. И да отстапува, оставајќи им простор на исклучително токсичните гасови. Кои, доколку и самите се почувствуваат заробено од таа затворена структура, лесно можат да се претворат во претпоследна слика на сценариото со црн исход. Во оној момент кога ќе станат побрзи од испаничените бегалци. Како што беа побрзи од 27 жртви во планиснкиот коридор Мон Блан. Кои не починаа од пламените јазици, туку од дејството на токсичните испаренија. ... и да ги научиме ... Импулсните вентилациски системи за еднонасочен лонгитудинален одвод на токсичните тунелски испаренија беа моментот на голем триумф. И на индустријата и на креативните умови зад неа. Над тунелите и над нивните застрашувачки трансформации. Гасовитите токсини принудно кон едниот, а испаничените патници слободно кон другиот тунелски влез, во безбедната прегратка на интервентните служби. Конечна победа на техниката над еден природен феномен и неговите законитости, кои во периодот на посттриумфалното задоволство беа малку изумени. Идеална увертира за ново  во перцепирањето на тунелските делници. Се до пред декада и пол. А нема подобри носители на пресврт од големите несреќи и нивните жртви. Особено на места каде сме убедени дека ретко се случуваат. 39-те жртви на пожарот во тунелот Мон Блан во 1999 година беа онаа кофа со студена вода која донесе болно отрезнување. По нив ништо повеќе не беше исто. Индустријата беше свесна дека нешто мора да преземе, а тунелите за секогаш го изгубија ексклузивитетот на безбедни екстензии на патниот сообраќај. Кои треба да се предвидуваат со лежерност и без ограничувања. Во или вон урбаните средини. Денес дури и површниот преглед на ЕУ и САД регулативата за минималните безбедоносни стандарди за проектирање и изведба на тунели, укажува на длабочината на перцептивната промена и сериозноста на пристапот. Отворајќи ги повторно прашањата за кои постоеја и повеќе од

Импулсивен вентилационен систем 29 мај 2015

ПОРТА

41


Пожар во тунел отрезнување, кое го нема ефектот на кофа со студена вода, но ги издишува гордите гради. Како удар од несакан воздух на пример, кој во услови на пожар претставува најмалку посакуван „зачин“. Чиј заднински продор работата на овој идеален систем го провоцира токму од безбедниот тунелски влез. Чист физички ефект на падот на воздушниот притисок предизвикан од присилното потиснување на чадот во спротивната насока. Тунелите се чини добија и трет „отвор“, над кој лебди нова дилема која допрва ќе бара одговор. А од кој ѕирка и искуственото сознание дека површно предвидениот капацитет на импулсните вентилациски системи во практиката повеќе

ПОРТА

пати се покажал како опасно недоволен. Со што оној триумф губи на тежина и станува исплакнат од победничкиот колорит кој бара итно реставрирање. И отворање на некои прашања, особено таму каде тунелите лесно се предвидуваат ... Во стратегиите за превенција од тунелските несреќи, човечкиот фактор има посебно место. Неговата личност, мотивација и емоции, способноста за перцепција, заклучување и донесување одлуки, мотористиката и индивидуалноста се елементи од кои се изградени и потенцијалниот причинител и потенцијалните жртви. Можеби малку повеќе во култури во кои натпреварувачкиот дух во сообраќајот и игнорирањето на ризикот имаат

повисока бранова должина од самодисциплината и почитувањето на системските правила и околина. Односно таму каде карактеристичните бихевиорални нијанси не се материјал за еднократна употреба. Туку безжична врска со Хадовата амбиентална целина. Преклопувањето на човекот и тунелот не смее да биде спонтано ниту пак еуфорично. Бидејќи тоа е една од ретките форми во која се влегува лесно, а инстиктивно излегува потешко. Дури и тогаш кога на патот ништо не се испречува. Во услови на опасност познатата околина влијае утешно и заштитнички. Сопственото возило на пример, наспроти китовскиот желудник на тунелот.


сообраќај Сопствениот имот и сопствениот статусен симбол. Безбедоносна фатаморгана која може да се разбие со „коктел“ од информативен противотров. Визуелен и акустички истовремено. Само едно предупредување нема сила ниту да го привлече панично расеаното внимание ниту да го придвижи физикусот. Потенцијалната жртва мора да стане свесна за типот и обемот на опасноста веќе „на прва топка“. Вториот „пас“ треба да содржи јасни инструкции за евакуација. Кај третиот, човекот обично ја губи трката со околностите. Кај законитостите на интеракцијата човекоколина, антрополошките емоции се „горивото“ што треба да ја придвижи единката. А стрес-ефектот на алармите, визуелните ефекти и сигнали, неговиот „штапин“. Во услови на баланс кој на

возилата не се Спилбергови играчки. Туку редовна комбинација од софистицирана техника и човечки фактор. Токму како и спринклерите, некаде од 1999-та и онаа поразителна дата за тунелот Мон Блан. А до тој ден, како шокантен куриозитет, стандардна безбедоносна опрема само во Австралија и Јапонија. Во глобалното ресто претежно „жртви“ на злосреќните проценки дека нивната фундаменталност нема потенцијал да ги состави со стандардната тунелска противпожарна заштита. Од тогаш, нели, ништо не е како порано. Во иницијативите за потрага по нови одговори, пред сè. Како што е оптималната форма на капките на противпожарната вода. Како што е врската помеѓу потеклото и типот на огнот и видот и содржина на противпожарните адитиви во водата. Како што е пасивната

Инвентивната енергија е за секоја пофалба, но не смее да се изобличи во ладнокрвност која лесно ќе се пласира. А во услови на неискуство во реализација на современи тунели и носење со нивните безбедоносни „каприци“. Кои се само доказ дека факторот човек во оваа приказна и понатаму е од пресудна важност. Во однос на изборот на техничко-технолошките решенија и финеси, на второ место. Во заобиколувањето на непотребно комплексните варијанти, на прво. Современата техника и понатаму ќе „слетува“ во современите тунели онаму каде човековите способности се ограничени. И ќе ја потврдува важноста на нивниот меѓусебен однос. Неговата суштина е дел од четиритактниот систем на ризик-фактори човек-возило-дејство-медиум. Таму каде подземјето и сообраќајот не уживаат

Мон Блан, тунелски влез стресот нема да му дозволи да се размавта и да го помати расудувањето. Вистинските аларми во вистинскиот момент, кои треба ја пробијат „завесата“ од чад за да стигнат до целните очи и уши. Оптимално брзо и јасно и без компромиси. Вистински во поглед на формата, големината, позицијата, бојата и режимот на работа. Кои не смеат да бидат само случајни елементи сувопарно пресликувани во проектните документации. Пожарот е последната етиолошка секвенца во оваа приказна. И бара не помало внимание од факторот човек. И во делот на неговото лоцирање и во делот на неговото локализирање. Автоматските детектори за пожар, камерите, инструментите за мерење на нивоата на одделни гасови и детекторите за движење на

противпожарна заштита, која треба да го спречи оштетувањето на тунелската структура до ниво на нејзина неупотребливост. Како што се оние безбедоносни прашања кои со случајноста не смеат да имаат допирни точки. Таму каде тунелите не се предвидуваат полесно од семафорите. ... пред да почнеме Борбата со сообраќајните метежи е легална обврска на секоја локална самоуправа, во која односот инвентивност – проценка на сопствените капацитети треба да има запазена улога. Првенствено онаа инвентивност која ги следи искуствата на побрзите и технолошки супериорните, а не прераснува во жртва на преголема доза на еуфорија по глава која одлучува.

природна блискост, потребен ќе биде и петтиот фактор – среќата. Па сепак и во вакви случаи тунелските несреќи не се „жители“ на Неможното. Ниту во случај на еден тунел. А камо ли повеќе. Она што останува зад секоја тунелска несреќа, ретко кога претставува последица на само еден фактор. Особено ако се знае дека најголем непријател на овој „лек од метежи“ се, парадоксално, самите метежи. И не е карактеристика само на вонградските тунели. Двата пожари во белградскиот Теразиски тунел во текот на само една недела во октомври 2013 година тоа го потврдуваат. А градот Белград ги натфрла и вториот демографски милион и прифатливото ниво на сообраќајни потешкотии. И има само еден тунел ... n 29 мај 2015

ПОРТА

43


дрвна архитектура

Иновациски центар за дрво и дизајн во Канада Иновацискиот центар за дрво и дизајн (Wood Innovation Design Centre - WIDC) е една од највисоките современи градби во Северна Америка направена целосно од дрво, а воедно, заедно со зградите во Лондон и во Мелбурн, и една од највисоките згради од дрво во светот, и претставува парадигма на идното модерно живеење во склад со природата

ПОРТА


дрвна архитектура

Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ , инженер по дрвна индустрија

З

а оваа градба, која се наоѓа во центарот на градот Принц Џорџ, Владата на Британска Колумбија инвестираше 25,1 милион долари. Проектот, предводен од архитектонското студио на Мајкл Грин (MGA), започна со реализација во пролетта 2013-та и беше завршен во октомври 2014 година. Со овој проект, Британска Колумбија ја зацврсти својата глобална репутација на лидери во дрвна конструкција, инженерство и дизајн на дрвни производи. Зградата со осум ката, односно шест ката со мезанин и поткровје, висока 29,5 метри, е објект кој сака да го претстави потенцијалот на градење средни и високи структури користејќи исклучиво дрво. Па така, во оваа зграда нема бетон над приземната плоча, со исклучок на машинскиот дел во поткровјето. Овој дизајн инкорпорира едноставна „сува“ структура на системски интегрирани вкрстено лепени плочи (cross-laminated timber), подни панели, лепени носачи (glue laminated timber), столбови и греди, како и ѕидови од масивно дрво. Употребени се и бројни видови на дрво и дрвни производи од цела Британска Колумбија како дуглазија, кедар, бор и смрча. Исто така, за нејзина

изградба било потребно прецизно планирање, моделирање, креативност за пронаоѓање нови решенија, многу тестови, блиска соработка со сите сектори и подготвеност за соочување со непознатото. Центарот претставува спој на концепт и дизајн со заедничка компонента, а тоа е едноставноста со која најдобро се истакнува убавината на дрвото како материјал. На приземјето, тројно застаклениот ѕид со прозорски рамки од лепен ламелиран фурнир (LVL) го поврзуваат ентериерот, целосно обложен со дрво, со надворешната околина на најприроден можен начин. Универзитетот на Северна Британска Колумбија ќе ги користи првите три ката од зградата за простории во служба на постдипломски студии за студии специјализирани за иновации и градење со дрво. Студиите се планира да започнат во септември 2015 година. Горните катови ќе бидат наменети за владини канцеларии и организации со поле на дејствување во дрвната индустрија. На тој начин, Центарот е замислен како собирачко место за истражувачи, академици, дизајнери, како платформа за свежи идеи и изнаоѓање на иновативни начини и решенија за употреба на дрвото како материјал. Целта е да се зголеми капацитетот за иновации на дрво, вклучувајќи едукација и тренинг, како и подобрување на стручноста поврзана со изработка на дрво, дрвни продукти и инженерство.  29 мај 2015

ПОРТА

45


дрвна архитектура

Едноставноста како главен концепт се провлекува и во намерата за повторливост на овој систем. Наместо фокусирање на оваа градба како уникатна структура, целта е да се создаде зграда која може лесно да се

46

ПОРТА

29 мај 2015

реплицира, со крајна цел да се промени идејата за домување и да се прошират хоризонтите на размислување при употреба на материјали при градење на згради. Оваа компонента била основен избор со

цел што повеќе архитекти, градежници и создавачи да ја препознаат вредноста на дизајнот од масивно дрво како погодна алтернатива на челик и бетон. Исто така, и како најдобар начин за одржливост на порастот на економијата на дрвната индустрија на Британска Колумбија преку значајни повторливи иновации. Оваа градба отвора едно ново поглавје во градежништвото, бидејќи дрвните структури се одржливи и корисни за околината, а исто така, тие го претставуваат значењето на конструкциите од дрво како најефективна опција за зачувување на планетата. Иновацискиот центар за дрво и дизајн го истакнува дрвото како одржлив и најубав материјал за градење, како во Британска Колумбија така и во светот. Овој дизајн ја истакнува убавината на дрвото и истовремено го прикажува потенцијалот за зголемување на употребата на дрво за средни и високи градби. Со своето постоење, ни ја презентира иднината на дрвната архитектура и воопшто на градежништвото, и нѐ воведува во модерното живеење кое е можно само во нераскинлива кохезија со природата. n


рубрика

Б

26 декември 2014

ПОРТА

39

39


eкологија

ДИВАТА ДЕПОНИЈА СЕ УШТЕ ПРОБЛЕМ ВО ТЕТОВО

Предлог решение и Додека на локацијата на старата депонија која беше исчистена, се подигна парк од страна на општината, истовремено на друга локација, не подалеку од еден километар од старата, се појави нова дива депонија која само ја презеде улогата на претходната

С

Енис ХОЏА, дипл.инж.арх. о оглед на тоа што во јавноста е познато дека долгогодишниот проблем со дивата депонија во Тетово, која претставуваше еден од најголемите загадувачи на градот и неговиот воздух, е решен, се одлучивме да спроведеме едно истражување во врска со овој проблем на градот Тетово и резултатите до кои дојдовме се зачудувачки. Додека на локацијата на старата депонија која беше исчистена, се подигна парк од страна на општината, истовремено на друга локација, не подалеку од еден километар од старата, се појави нова дива депонија која само ја презеде улогата на претходната. Причината за повторна појава на дива депонија на територијата на градот Тетово за граѓаните е сè уште непозната, иако уште пред неколку години општината имала стратегија за решавање на овој проблем. Во 2009 година за потребите на ЈКП -Тетово, изработен е проект за изградба на Центар за претовар, со кој евтино, ефикасно и трајно би се решил проблемот со сметот во градот, како и со дивите депонии кои се јавуваат по периферијата на градот. Овој проект е 48

ПОРТА

29 мај 2015

изработен од страна на архитектонското биро АРТ - ЛИНЕА ДИЗАЈН од Гостивар, а тимот инженери го сочинуваа архитектите Хоџа Насер и Адем Усејни, како и градежниот инженер Беким Емурлаи. Со реализацијата на овој проект, овој град би се ослободил и би го апсолвирал еден од најголемите проблеми со кои се соочува години наназад. Просторот на кој е предвидена изградбата на овој комплекс се наоѓа во индустриската зона на градот, во неговиот источен дел, и таа е во сопственост на ЈКП -Тетово. Оваа локација е со површина од 14.404 м2, додека предвидениот комплекс зазема само 8.120 м2 од оваа локација.

Овој комплекс е предвидено да служи за прифаќање, селекција, претовар и транспорт на комунален отпад кој би се прибирал од територијата на градот, а по неговата селекција би се транспортирал на регионалната депонија во Русино, Гостиварско. Во склоп на овој комплекс покрај придружните објекти како портирница, административен дел и слично, предвидени се и главните содржини кои се состојат од мерна вага, која би служела за мерење на возилата што го транспортираат сметот, насипна рампа и претоварен објект со своите пропратни содржини. Принципот на функционирање на овој


eкологија

е има, ама е заборавено!? Тетово - најзагаден град во Европа

Тетово со право го носи епитетот најзагаден град во Европа. Загаденоста во градот е предизвикана од бројни извори и таа е истакната по речиси сите нивоа и сегменти. Со оглед на тоа што воздухот во Тетово е во континуитет загаден и тоа во енормно голема мера, нормално е да се чувствуваат реперкусии на загадувањето на водата, почвата, здравјето на населението и цела низа на алки кои поврзани меѓусебно, како домино ефект, ги рушат сите егзистенцијални животни циклуси. Како едни од главните загадувачи на воздухот во градот, а воедно и најголеми од ваков тип се оџаците на Југохром. Поради нив, густиот сообраќај и низа други поситни загадувачи, во Тетово е невозможно да се земе барем еден здив чист воздух. Статистиките покажуваат дека во градот во 2014 година се измерени 285 денови во кои во текот на сите 24 часа загадувањето на воздухот со ПМ10 честичките е над дозволеното. И тоа не е сè, индексите на загадување не се само неколку единици над дозволеното, туку, во одредени денови тие достигнуваат и енормни вредности, дури и до 838,9 μg/m3, а индексите што се движат околу 500 μg/m3 се секојдневие, а кога би се зеле предвид дозволените 50 μg/m3 можеме посликовито да сфатиме за колкаво загадување станува збор и дека во целост е заслужен приматот за најзагаден град во Европа. Освен проблемот со воздухот што во секој случај е проблем број еден, Тетово со години наназад се гуши и во смет, а неговото палење во минатото од страна на надлежните, во обид да заштедат и заработат пари, граѓаните на Тетово го плаќаат со своето здравје. комплекс е замислен така што, со возилата за собирање на смет од градот, тој би се транспортирал до овој прифатен центар. Сметот би се истоварал на насипната рампа од каде мануелно и механизирано би се сортирал по својата природа и би се складирал во соодветни контејнери. Така, предвидени се контејнери за медицински и токсичен отпад и контејнери за времен отпад каде би се делел на отпад за рециклажа, како стакло, хартија, метал и слично, и траен отпад кој подоцна би се транспортирал до депонија. Ефикасноста и економската исплатливост на овој проект е во тоа што со продажбата на отпадот што ќе

се рециклира, би се покриле дел од трошоците што ги има ова претпријатие, а истовремено со селекцијата и складирањето на останатиот отпад, би се намалиле трошоците за транспорт, со тоа што истовремено би се одвезувале помали количини на отпад со поголеми камиони, наместо сегашниот транспорт кој се врши со камионите што го собираат отпадот од градските контејнери. Според предмерот што е дел од проектната документација, која е изработена за овој комплекс, градежните работи за него би чинеле нешто помалку од 11 милиони денари. На оваа цена само  29 мај 2015

ПОРТА

49


eкологија смет, и долги години се гушеше во чадот што се создаваше од палењето на сметот од дивите депонии. Прашањето што секој жител на Тетово секојдневно си го поставува, и на кое веќе со години никој од надлежните не дава

би требало да се додадат вредностите на опремата што треба да се вгради во овој комплекс, а тоа се контролни рампи, машински инсталации, мерна вага и слично. Кога би се зело предвид за каков голем и важен проблем станува збор, навистина се работи за занемарувачки сретства, а веќе шест години во континуитет сите власти и одговорни за решавањето на овој проблем се однесуваат незаинтересирано кон него и го маргинализираат додека градот тоне во

ПОРТА

одговор е: зошто сè уште не се решава еден од најголемите проблеми со кој граѓаните се соочуваат. Дали, одржувајќи го овој проблем како актуелен, тој се користи за добивање поени со ветувањата дека ќе се реши, дали недостасува доволно свест кај надлежните за да се зафатат со решавање на овој проблем или пак причината е нешто сосема друго? Останува само да нагаѓаме, поради тоа што никој од надлежните не сака да зборува на оваа тема. 


ПОРТА ПОРТА


aрхитектура

НОВ ИЗЛОЖБЕН САЛОН НА ФИНСКАТА ФИРМА TIKKURILA ВО СКОПЈЕ

Неодамна во Скопје се отвори најголемиот центар на финската фирма Tikkurila, која нуди широка палета на производи кои служат за површинска заштита и декорација во зависност од намерата на потрошувачите и професионалците. Зад употребата на производите на Tikkurila стои еколошко системско решение кое помага финалниот слој да ја задржи трајноста, бојата и структурата на површината. 52

ПОРТА

29 мај 2015

Tikkurila ве инспирира

С

Наталија ЗАФИРОСКА о историја која трае од 1862 година, Tikkurila е водечки производител на декоративни премази во Финска, Шведска, Русија како и во Балтичките земји и Полска. Tikkurila, исто така, има многу стабилно учество на пазарот во неколку источноевропски држави меѓу кои е и нашата земја. Историјата за Tikkurila во Македонија потекнува од 2011 година, кога таа ја презема српската фабрика „Зорка Колор“ која, пак, претходно го презема македонското производство на „Алкалоид премази“. Оваа корпорација која е повеќе од присутна на европскиот а и на светскиот пазар, денес брои повеќе од 3.100 вработени. Токму со цел да ги доближи производите со скандинавски квалитет, неодамна се отвори најголемиот Tikkurila центар во регионот. Грижливо уреден со секој запазен детаљ и со секој вложен труд за сето тоа да се доведе до перфекција, овој објект лоциран во Визбегово е обезбеден со Колор студио и Тренинг центар. Колор студиото е опремено со современи реквизити со цел да им помогне на клиентите во визуелизација на внатрешниот простор, а со тоа и да ги доближи нијансите, структурата и финалниот ефект што се добива на површината. Објектот е направен според високо поставени стандарди, каде целосно се употребени токму производите на Tikkurila. Тренинг центарот е за оние што повеќе се

заинтересирани за системот и начинот на користење на продуктите. Низ обуките што се организираат, секој кандидат поминува низ теоретски дел каде детално се запознава со карактеристиките и потенцијалните можности за употреба на материјалите. Вториот дел на обуките се однесува на практичниот дел каде се пробува, експериментира и проучува методот на работа со материјалите. Обуките ги водат искусни технички лица кои одговараат на сите нејаснотии во однос на примената на материјалот. Што е тоа што боите на Tikkurila ги прави различни од останатите? Одговорот е во структурата на самата боја која не дозволува да се развие мувла, лесно се одржуваат бидејќи можат да се перат, имаат мало влијание врз животната средина во текот на нивниот рок, имаат ниска горлива вредност, се одликуваат со антистатичност и најважно е што се долготрајни и ја задржуваат нијансата независно од степенот на сјај. Во програмата за заштита и декорација на внатрешни ѕидни површини спаѓаат акрилниот прајмер Luja кој е комплементарен со латексните бои Harmony - боја со полн мат, Joker - најеколошка боја која не задржува прашина и не испушта штетни материи при сушење, што ја прави погодна за употреба во болници, градинки, детски соби итн. Последна од оваа група е Luja (полумат и полусјај) која е најквалитетна високоотпорна боја. Нејзината отпорност е над 15.000 триења, се употребува во простории со големо испарување, односно кујни, базени,


aрхитектура

а да го обоите вашиот живот бањи итн. Сите овие бои можат да се перат и затоа се лесни за одржување, и имаат антистатички карактеристики кои одговараат на ХАСАП системот. Во декоративниот сегмент на бои спаѓаат полутранспарентни и транспарентни бои кои со игра на нијансата на подлога и декоративната боја може да се добие впечатлив ефект. Најкарактеристична е Taika, групата на бои кои имаат металик бисерен сјај кој произлегува од златна и сребрена база во зависност од нијансата. Во оваа група спаѓаат Taika Pearl Paint која е целосно покривна, Taika Pearl Glaze полутранспарентна и Taika Stardust која од самото име на бојата „ѕвездена прашина“ кажува за финалниот, светликав ефект кој се

добива на површината. Со цел ѕидот да се анимира и во тридимензионална смисла, во делот на декоративата постои и декоративен малтер Be Special Décor Retro кој дава груби нерамнини и ефект на антички ѕид или бруто-бетон. За пофини структури се користи Tunto Hieno при што се добива ефект на индустриски бетон, како и многу други најразлични техники добиени со комбинација на алати и потези. Како посебна боја е Liitu Blackboard Paint, со чие нанесување се добива површина на школска табла која може да се бои во секаква нијанса. Од програмата за заштита на дрвени површини, достапни се премази за заштита на

дрвото за надворешна употреба. Исто така, достапен е и сегмент кој го покрива индустрискиот дел на производите. Специјален сегмент се епоксидните самоливни подови со максимален филм од 5 mm, кои се отпорни на абење и триење при што се употребуваат во индустриски објекти, и објекти од јавен карактер како шопинг центри, изложбени салони, аеродроми и друго. Нивната антистатичка карактеристика и лесно одржување ги прави погодни за употреба во болници. Целта на компанијата Tikkurila е да ја реализира идејата на крајниот клиент со тоа што ќе обезбеди квалитетен материјал и добра изведба за на крај, задоволството да биде обострано. n

29 мај 2015

ПОРТА

53


технологии

ArchiCAD 19 - Побрз од кога било

Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.

П

ионерот на полето на БИМ технологијата, ArchiCAD, доби нова верзија со ознака 19. Во своето триесетгодишно постоење, ова е 25-тото издание кое го носи името

ArchiCAD. На 5 мај годинава, Graphisoft, компанијата што го развива ArchiCAD, ја објави 19-тата верзија на популарната БИМ апликација која ќе биде достапна за продажба во јуни 2015 година. Од 19-тата верзија се очекува да „прибере“ многу незадоволни корисници од конкурентските БИМ апликации, а причина плус за тоа е имплементацијата на напредна 54

ПОРТА

29 мај 2015

технологија за побрзо процесирање. Иако од 2006 година па наваму, Graphisoft (Nemetschek) следи исклучително кратки едногодишни циклуси за објавување на нови верзии на ArchiCAD, се чини дека секоја верзија содржи новини кои во целост го оправдуваат секое ново издание. Оваа година, тоа е технологијата Predictive background processing која, покрај претходно имплементираните 64-битната и технологиите multi-threading, ја утврдува позицијата на ArchiCAD како најбрзиот BIM на светот. Tехнологиjата Predictive background processing го употребува неискористениот капацитет на компјутерот, со чија „сила“ ги претпоставува идните чекори на корисникот и се подготвува за нив во заднина. На тој начин, значително се зголемува реакцијата на апликацијата на корисничките барања.

Колку за потсетување, и претходните верзии на ArchiCAD ги искористуваа погодностите што ги нудат повеќејадрените процесори, но разликата во 19-тата верзија е што овој пат јадрата на процесорите се целосно и постојано искористени, односно неискористениот капацитет на процесорот се користи за да ги предвиди следните чекори на корисникот. Прашањето што се поставува по сето ова е, колку е ArchiCAD 19 побрз од својот претходник? Веројатно, одговорот ќе биде познат откако ArchiCAD 19 ќе се појави во продажба и ќе се впрегне на дело, но засега бета тестерите коментираат дека ArchiCAD 19 е барем за 50% побрз од својот претходник. Сепак, сè зависи од хардверските перформанси на системите на кои се работи. Оние што работат на сериозни машини, како што се Mac машините со Xeon процесори со по 12 јадра, веројатно ќе останат со отворени усти, гледајќи ги перформансите. Останатите новини опфаќаат: • Погледите се организирани во ново претставени табови кои ја унапредуваат работната околина и овозможуваат брзо преминување од еден во друг отворен/активиран поглед (основа, пресек,


технологии

изглед, 3д поглед и слично). • Побрза навигација низ моделот со помош на технологијата OpenGL, дури и кога се работи со поголеми и „потешки“ модели нудејќи искуство (real-time performance) кое е својствено за гејминг индустријата. • Нови помошни водилки ( Guide Lines, Snap Guides и Snap Points) кои обезбедуваат графичка помош и поголема прецизност при моделирањето. • Интерактивна алатка (3D Surface Painter) за модификација на површините на моделот преку „фати и повлечи“ (drag and drop), опција за менување на типот на површината (материјал, боја, текстура) со помош на палета со материјали. • Поддршка за Point Clouds – фајлови креирани со помош на ласерски 3Д

скенери кои можат да бидат директно импортирани во ArchiCAD 19, со цел визуелизација на изведената состојба на објектот што бил предмет на снимање. • Подобрена IFC поддршка за моделите создадени во други БИМ апликации со која е овозможено импортираните БИМ модели

да изгледаат идентично како и во апликацијата во која биле креирани. Дополнително, за IFC MEP елементите што биле внесени во ArchiCAD 19, воведена е опција за детекција на преклопувања (clash detection). На тој начин ArchiCAD 19 продолжува да биде голем поддржувач на иницијативата Open BIM. • Подобрувања во делот на означување и котирање со цел поуредно опишување и креирање на техничка документација. • ArchiCAD 19 е унапреден со опции за подобро импортирање на модели креирани во Rhinoceros, со цел искористување на алатките за слободно 3д моделирање. • Layout-ите сега можат да бидат експортирани во ПДФ формат кој ги препознава слоевите (layers) во моделот за поголема визуелна контрола на приказот на елементите според слоеви. • Унапредувања има и на Teamwork и BIM Server, кои овозможуваат подобар BIM менаџмент. ArchiCAD 19 ќе донесе и 26 локални верзии кои треба да се комплетираат во третиот квартал од 2015 година. Меѓу нив не е македонскиот јазик, што е очекувано. ArchiCAD 19 побарува Windows 7 (64-bit version) или понов, 64-битен процесор со барем две јадра, 4 Гб РАМ, графичка картичка компатибилна со OpenGL 2.0, екран со резолуција од 1366 x 768 или поголема. Како заклучок од овој преглед на ArchiCAD 19 кој се базира на објавените информации, може да се констатира дека Graphisoft продолжува да биде пионер на полето на БИМ технологијата. И дефинитивно, продолжува да биде најбрзиот БИМ во светот. n

ПОРТА


eксперт

НОВА КАМПАЊА НА КРАЛСКИОТ ИНСТИТУТ НА БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ (2)

Добриот дизајн

може да биде и економичен

За Институтот единствено долгорочно решение е да се инвестира во станбените и деловните објекти во земјата за тие да станат енергетски поефикасни, но и да им се помогне на домаќинствата и деловните организации поефективно да раководат со своите сметки за електрична енергија

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (наш дописник од Лондон)

П

отребата од „креативни инспиративни училишта“ е следниот аспект на кампањата на Институтот, како резултат на потребата да се создадат добро обмислени училишни објекти кои ќе ги инспирираат и учениците и наставниците. Истражувањата укажале дека постои сооднос помеѓу квалитетот на училишниот објект и резултатите од образовниот процес, при што се нагласува дека добро обмислените училишни објекти имаат моќ да ги инспирираат учениците и наставниците. Се разбира, ова не значи дека секој училишен обејкт треба да биде ексклузивен, но налага да се промовира принципот дека добриот дизајн може да биде и економичен. Истражувањата укажуваат дека континуираниот подем на наслението во Британија од 2000 година има создадено потреба за дополнителни 256 илјади 56

ПОРТА

29 мај 2015

училишни места само во Англија до есента 2014 година, од кои 90 проценти се во рамките на основните училишта, а од нив 37 проценти се во Лондон. Според Министерството за образование (Department for Education), ваквиот тренд се очекува да продолжи како резултат на што дополнителни 400 илјади места ќе бидат потребни до 2018/2019 година. Дополнително, 29 проценти од локалните власти имаат добиено помалку средства отколку што е потребно за нови училишни места во 2012/2013 година. Притоа, се истакнува на исклучително сложената ситуација во Лондон, каде само нешто под 1,1 милион ученици имало во 2011/2012 година, но чијшто број континуирано се зголемува и се очекува да достигне до приближно 1,25 милиони ученици во 2016/2017 година, како резултат на што се очекува да се појави недостиг од околу 118 илјади училишни места во основните и средните училишта во Лондон до 2016/2017 година. Затоа Институтот истакнува дека земјата се соочува со огромен недостиг на училишни места, но истовремено и голем

број од училиштата во земјата се соочуваат со потреба од итни поправки, како резултат на што треба да се поведе повеќе сметка при изградбата на следната генерација училишта, да се размислува како училишните објекти ќе ги задоволат потребите на сите свои корисници. Кампањата на Институтот за „попаметни зелени објекти“ произлегува од енергетската криза со која Обединетото


eксперт Кралство се соочува, криза која континуирано се зголемува како резултат на многу објекти коишто лошо се одржувани и скапи се за греење. Напоредно со ова, потребата за инвестирање во нови ниско јагленородни извори на енергија во текот на наредните години ќе резултира во континуирано покачување на сметките за електрична енергија. Спроведените анализи укажуваат дека емисијата на штетни стакленички гасови од објектите придонесува за над една третина од вкупните емисии на вакви гасови во Обединетото Кралство, дека просечната годишна сметка за домаќинство во 2014 година изнесувала 1.345 фунти, дека 10,4 проценти од населението во Обединетото Кралство живее во енергетска сиромаштија, како и дека секоја година во земјата од студ умираат над 20 илјади лица, што е над 23 проценти повеќе отколку во Шведска. Истовремено, доколку земјата сака да ја постигне националната стапка за намалување на емисијата на јагленород од 80 проценти до 2050 година, скоро секој објект во земјата ќе треба да се реконструира според принципите на нискоенергетски објекти, при што по скоро еден објект ќе треба да се подобри секоја минута и со најсоодветната реконструкција првиот пат. За Институтот единствено долгорочно решение на проблемот е да се инвестира во станбените и деловните објекти во земјата за тие да станат енергетски поефикасни, но и да им се помогне на домаќинствата и деловните организации поефективно да раководат со своите

сметки за електрична енергија. Истовремено, Институтот заклучува дека постојниот модел на плаќање, кој е поврзан со штедењето, не се има покажано како соодветен. Определбата за „заедници отпорни на поплави“ произлегува од фактот што речиси еден од шест објекти во Англија е подложен на ризик од поплави, но и дека инфраструктурата на земјата не е во можност да се справи со поплавите, што е евидентно од неодамнешните примери на екстремни временски непогоди. Истражувањата укажале дека околу 5,2 милиони објекти во Англија се подложни на ризик од поплави и дека околу пет милиони лица живеат во зони подложни на поплави во Англија и Велс, при што вкупната вредност на имотите во зони под ризик од поплави го надминува износот од 200 милијарди фунти, сума која е поголема од сегашниот дефицит во државниот буџет. Годишните суми на штетите од поплави изнесува 1,6 милијарди фунти, при што од 2000 година осигурителните компании имаат исплатено 4,5 милијарди на домаќинствата и деловните организации погодени од поплави, што е 200 проценти повеќе од исплатената 1,5 милијарда во претходната деценија. Проценките, исто така, укажуваат дека неодамнешните поплави ја чинат економијата на Обединетото

Кралство околу 14 милијарди фунти. Поплавите не се само елементарна непогода која ги погаѓа само оние директно загрозени од неа, туку може да има и разорни последици за домаќинствата и деловните организации што се со стотици километри оддалечени, како резултат на што Институтот се залага за потребата поосмислено да се инвестираат расположливите средства, но и да се води повеќе сметка кога се избира каде да се гради. За Институтот сите овие аспекти треба да бидат значајни за секој изборен кандидат, но и дека тие ќе укажат дека архитектурата не само што има улога во изнаоѓањето на решенија за некои од овие политички аспекти, туку и дека архитектите размислуваат пошироко и можат да ги понудат потребните решенија. Гледајќи ја листата на идентификувани аспекти, не може а да не се соочиме со согледувањето дека горенаведените проблеми во голема мерка ја засегаат и Република Македонија, преку што веројатно се укажува на можноста за поактивно вклучување на архитектите во земјата за изнаоѓање на соодветни решенија за предизвиците со кои ќе се соочуваме во поблиската или подалечната иднина. n

ПОРТА

57


„ЕВРОПА 92“ ИНВЕСТИРА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА

СОНЧЕВИТЕ ЗРАЦИ ПРЕТОЧЕНИ ВО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

К

Печатница„Eвропа 92“

омпанијата „Европа 92“ прва во крајниот источен дел на Македонија инвестираше во ефектуирање на сончевите зраци за производство на електрична енергија. За релативно кус временски период, на кровните конструкции на фабрикатасе поставени три фотоволтаични централи со 665 панели, чија вкупна моќност изнесува 150 киловати. Вкупната инвестициска вредност надминува 310.000 евра. - Соочени со современите текови за искористување на обновливите извори на енергија,нашите стратешки определби ги насочивме кон искористување на сончевата светлина за производство на електрична енергија. Суштински аргумент за тоа е и фактот што Кочани, во просек со 299 сончеви денови во годината, нуди извонреден потенцијал на обновлива енергија. За таа цел, прво инсталиравме една фотоволтаична централа со 269 панели и планирана моќност од 50 киловати. Тоа ни овозможи самите да се увериме во повеќекратните ефекти кои ги остваривме уште на стартот на нејзиното искористување. Охрабрени од придобивките, инвестиравме во уште две фотоволтаични

Трите фотоволтаични централи инсталирани на кровните конструкции на „Европа 92“, за една година имаат произведено околу 180.000 киловатчасови електрична енергија. Мошне значајни се и ефектите од еколошки и просторен аспект. ПОРТА


И педесеткиловатни централи, при што максимално го искористивме просторот на кровните конструкции на нашите производствени сали, истакнува Влатко Димитровски, генерален менаџер на „Европа 92“. - Произведените киловатчасови електрична енергија и еколошките ефекти сами по себе ја потврдуваат оправданоста од инвестицијата. Во 2014 година, која ја карактеризираа надпросечно врнежливи денови, трите фотоволтаични централи произведоа околу 180.000 киловатчасови електрична енергија, при што две од нив беа вклучени во системот по 10 месеци. Кога овие количини електрична енергија би се произвеле на класичен начин, тоа би значело емитување на над 55 тони СО2 во атмосферата, со што би се додала уште една капка во прелеаната чаша на загаденост на планетата Земја.За нас како компанија е значајно што не заробуваме дополнителен простор, односно земјиште, за поставување на фотоволтаичните панели, туку ги искористуваме површините на кровната конструкција, кои ни носат додатни економски ефекти, - додава на крајот од разговорот Димитровски. Во „Европа 92“ размислуваат за понатамошни инвестиции во енергетиката, особено во искористувањето на обновливите извори на енергија. Притоа, позитивните искуства со производството на електрична енергија од сонцето, сами по себе се препорака и други фирми во регионот да се охрабрат во инвестирање во овој исплатлив бизнис. n

ПОРТА


хортикултура

ВТОР СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ

Хепенинг за цвеќето Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

Н

а 16 и 17 мај, во организација на ЈП „Паркови и зеленило“, а под покровителство на град Скопје, по вторпат во Градскиот парк, поточно наспроти Паркот на милениците, се одржа настанот Скопски цветен фестивал. На отворањето на фестивалот, голем број граѓани уживаа во овој хепенинг исполнет со многу растенија, забава и музика. Самиот настан беше поделен на три зони. Во првата зона имаше креативни работилници за изработка на најразлични креации, идеи и иновации. Со помош на вработените во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, сите оние што беа заинтересирани имаа можност да се едуцираат за правилно засадување и одржување на растенија, изработка на цветни аранжмани и оригами, но, пред сè,

60

ПОРТА

29 мај 2015


првата зона беше наменета за едукација и подигнување на свеста за најмалите посетители. Втората зона, која воедно го зафаќаше најголемиот дел, претставуваше зона за промоција на фирмите што се занимаваат со хортикултурно и пејзажно проектирање и уредување. Во овој дел, посетителите можеа да купат цвеќе, цветни аранжмани, декоративни садници по промотивни цени. Покрај нив, аранжмани имаа и ученици од СУГС „Георги Димитров“ и СУГС „Браќа Миладиновци“, како и студентите од Шумарски факултет Скопје. Изложувачите во овој дел, преку најразлични аранжмани ја презентираа својата дејност и креативност. Фирмата „Биро Проект“ од Скопје настапи на овој фестивал со презентација на своите услуги во делот на хортикултурата и преку макета презентираше детално решение, од изолација до зеленило за подигнување на зелен кров. Третата зона или зона за забава имаше за цел да ги анимира посетителите преку перформанс за вежбање аеробик и зумба со професионални инструктори. Во целост, ова претставуваше одлично организирана и солидно посетена манифестација, која се надеваме дека во иднина уште повеќе ќе расте и ќе се развива, бидејќи на градот Скопје му недостасуваат почесто и повеќе настани од ваков вид за промоција, едукација и подигнување на еколошката свест кај граѓаните, а особено кај најмладите. n

ПОРТА


ентериер и дизајн

SALONE DEL MOBILE 2015, МИЛАНО

Експресија на најдобрите дизајни

Саемот оваа година повторно го докажа својот интернационален идентитет кој се потврди преку огромниот број на посетители, односно 310.840 посетители од кои 69 проценти биле странски државјани

62

ПОРТА

29 мај 2015

David Chipperfield


ентериер и дизајн

и на мебел од Италија и светот

Н Ивона МИТЕВА

а 19 април оваа година се заврши 54. по ред издание на Саемот за мебел Милано 2015. Саемот и оваа година повторно го докажа својот интернационален идентитет кој се потврди преку огромниот број на посетители, односно 310.840 посетители од кои 69 проценти биле странски државјани. Претседателот на саемот Roberto Snaidero изјави дека овие бројки ја потврдуваат важноста и моќта на настанот што претставува експресија на најдобрите дизајни на мебел од Италија и останатите земји од светот. Оваа година голем дел светски дизајнерски брендови и индивидуални дизајнери зедоа учество на престижниот саем за мебел, каде што се претставија со свои производи прикажувајќи ги односите помеѓу рачната изработка и дизајнот. Еден од најиновативните концепти посветени на дизајнот и технологијата на работното место, претставуваше инсталацијата ,,The Walk“ од дизајнерот Мишел де Лучи. Главната идеја на инсталацијата е работниот простор да се гледа како фискултурна сала за умот, односно простор во кој ќе се генерираат нови идеи и можности во атмосфера на неоптоварен начин на живот.

Исто така, една од најпосетуваните изложби беше онаа на италијанската фирма ,,Euroluce“, која е водечка компанија од секторот за осветлување на интернационално ниво. Таа се претстави со разновидни решенија за осветлување во домовите, канцелариите, угостителството и

Daniel Libeskind Gemma Armchair

надворешното осветлување. Во нашиот современ начин на живот, кујната полека прерасна во есенцијален простор во домот. Компанијата ,,EuroCucine“ ги претстави најновите модели на модерни кујни кои се спротивставуваат на ставот, дека модуларноста и ограниченоста во однос на димензиите го ограничува креативниот дух на дизајнерите. Меѓу најзабележителните учесници оваа година беа архитектот Дејвид Чиперфилд, кој се претстави со елегантен дизајн на масата ,,Fayland“, клупата ,,Fawley“ и столот ,,Langley“, чии дизајни се одликуваат со линеарен и јасен структурален концепт; потоа, славната Заха Хадид со своите футуристички дизајни за рачки ,,Chevron“; архитектот Даниел Либескинд со дизајнот за стол ,,Gemma Armchair“; израелскиот дизајнер и архитект Рон Арад со креативниот дизајн на софа ,,Blur“; архитектот Давид Адјаве со мултифунционалото парче мебел ,,One Series“, прикажувајќи ја идејата за компактно живеење, и голем број други познати дизајнери и архитекти.. n

Ron Arad - Blur

EuroCucina

29 мај 2015

ПОРТА

63


ентериер и дизајн

SALONE DEL MOBILE 2015, МИЛАНО

Бојан Илиевски: Во Македонија има потенцијал, но недостига храброст

К

ако дел од овогодишното издание на Неделата на дизајн во Милано, се претстави и нашиот млад дизајнер Бојан Илиевски од Скопје. Тој дипломирал на одделот за индустриски дизајн на Академијата за уметност во Софија, Бугарија. Илиевски е единствениот дизајнер од Македонија кој беше поканет да се претстави со свој производ на саемот оваа година. Специјално за „Порта 3“, разговаравме за неговото искуство од Милано.

Со каков производ се претставивте оваа година на Саемот за мебел во Милано и што Ви претставуваше испирација за неговиот дизајн? n Оваа година на саемот во Милано во нивната официјална публикација се претставив со два проекти: детската полица Neighborhood и Bar-Bench-Lounge. Инспирацијата за детската полица дојде кога ја подготвував изложбата за дизајн во детската средина каде што се беа прикажани производи наменети за деца, а идејата за клупата-лежалка-бар ги споив во едно и направив мултифункционален предмет со повеќе компоненти, што може да служи за многу различни намени и ќе има функција да се постави и во ентериер и во екстериер. Дали е ова Ваше прво лично претставување и дали сте задоволни од Вашето изложување, а воедно и какво искуство ќе понесете од таму? n Ова не е мое прво претставување, зад себе имам повеќе групни и две самостојни изложби, на саеми, недели на дизајн во државава, па и надвор, но Salone del Mobile Милано е најголемиот „Дизајн вик“ во светот и воедно најпосетуван.

64

ПОРТА

29 мај 2015

Дали успеавте да ја искористите можноста и да направите контакт со важни луѓе од оваа област? n Сега е сè уште рано да се каже бидејќи саемот тукушто заврши, а имаше премногу излагачи кои требаа да бидат видени, но се надевам на соработка. Дали мислите дека претставувањето на големи светски брендови на саеми од ваков тип го отежнува претставувањето и маркетингот на индивидуалните дизајнери и воедно каде ја гледате Македонија во однос на големите светски држави? n Секако дека штандовите на големите корпорации го делат најфреквентниот простор и најпосакуваниот, но тоа не е пречка да се истакнат и малите фирми или индивидуи доколку има претприемачи кои се заинтересирани за новите предлози на дизајнерите. Во Македонија има голем потенцијал во фирмите, но она што недостига е

храброст да се изведат понесекојдневни дизајнерски решенија. Тоа е една од причините поради која италијанскиот дизајн е прославен и затоа дизајнерите од оваа земја немаат проблем да ги изведат своите дела. Кој е идеалниот амбиент во кој Вие го замислувате Вашето дизајнерско парче мебел? n Секојпат кога дизајнирам мебел имам на ум дека тоа парче треба да може да се приспособи во повеќе различни простории и да одговара на повеќе различни вкусови. Затоа, најголемиот предизвик за мене е да создадам дело кое ќе претставува не само употреблив предмет, туку и естетско надополнување на секоја просторија. Најголем предизвик е да се стигне до единствен дизајн кој ќе биде успешен и во ентериер и во екстериер, а воедно ќе може да се употребува во повеќе различни простории и да има повеќе намени, како што е Bar-BenchLounge. n


ПОРТА


Новата транспортна станица на Драган РИСТОВ

Т

ранспортната станица кај Светскиот трговски центар во Њујорк, која оригинално е позната како The World Trade Center Transportation Hub, е комплекс кој го спроведуваaт градските власти на Њујорк и Њу Џерси со цел замена на старата станица. Новиот Хаб или терминал е дизајниран од познатиот шпански архитект Сантијаго Калатрава. Терминалот за возови се наоѓа веднаш до Меморијалниот центар, близу остатоците од некогашните Кули близначки. Составен е од голем мезанин кој поминува под самиот меморијал, но има и надземна конструкција која го добила името Окулус. Освен возовите, оваа станица има повеќекратна намена, а тоа е да биде и еден вид на централа за сите останати превозни средства од типот на метро или превоз до пристанишниот дел. Окулус е главната дизајнерска одлика на новата транспортна станица, и се наоѓа на местото каде што постоел голем трговски центар кај Кулите близначки, но по нивниот пад во 2001 год., и со изградбата на меморијалниот центар, останал празен простор кој градските власти сакале да го урбанизираат. Така се родила и идејата да се направи транспортна станица на оваа локација со уникатен изглед. Иако архитектот Даниел Либескинд, кој е автор на меморјалниот 66

ПОРТА

29 мај 2015


најчудни градби

О

Менхетен, дело на Калатрава плоштад, не предвидувал голема транспортна станица на оваа локација, сепак властите на Њујорк го отфрлиле неговиот план и одлучиле да го градат проектот на Сантијаго Калатрава. Според него, Окулус, кој е најважниот сегмент на станицата, претставува птица која полетува од детски раце. Тоа е симболизмот врз основа на кој е направен дизајнот за транспортната станица. Од друга страна, наместо класична кровна конструкција, ќе бидат составени елементи кои можат да се отворат и да овозможат повеќе светлост, со што се задоволуваат две работи: спиритуална димензија на местото и формирање на кровна конструкција со подвижни елементи кои наликуваат на крилја на птица,

односно пердуви. Оваа транспортна станица почна да се гради во 2006 година, а кровната конструкција, која е комплицирана, почна да се оформува по 2008 година, кога веќе пешачкиот дел беше утврден. До мај 2011-та преку 300 метални парчиња беа кренати, со што Окулус го доби првичниот лик. Со комплетно вградување на сите метални сегменти, тој ќе биде тежок 71 тон! Веќе во јуни 2013-та се додадени надворешните основи на Окулус, а градбата треба да заврши до средината на 2015 година. Сепак, официјалното отворање на новата Транспортна станица ќе се случи дури во декември 2017 година. Во меѓувреме, овој проект е оценет како најскапата транспортна станица во историјата на светот, не само поради обемната операција на конструкција туку и поради цената на чинење, што е лимитирана на 3,7 милијарди долари! Освен тоа, се додава и дека објектот доцни со конструкција, што е резултат на константното зголемување на трошоците, заради што многу субјекти се вклучени во финансирањето. Инаку, до пред градбата на транспортната станица, овде поминувале над 46.000 патници дневно, што е за двапати помалку од Гранд Централ кој и покрај стариот дизјан сè уште е број еден транспортна станица. Но, анализата покажала дека има економска оправданост инвестирањето во овој Хаб на Меморијал плаза на Менхетен. Таа вели дека бројот на дневни патници ќе се зголеми на 200.000, а тоа е зголемена циркулација на готови пари кои дневно ќе се трошат токму тука.  29 мај 2015

ПОРТА

67


aрт

Бони Камплин, „Воен индустриски комплекс“, 2012

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

У

метниците Бони Камплин (Bonnie Camplin), Никол Вермерс (Nicole Wermers) и Џенис Карбел (Janice Kerbel), со лондонскиот колектив Есембл (Assemble), се во потесниот избор за овогодишната Тарнерова награда, вредна 25.000 фунти, која ќе биде доделена во декември во Глазгов. Обложувачите веќе ги именуваа фаворитите, а тоа е лондонскиот колектив Есембл, кој е номиниран за проекти на соработка со локалното население, вклучувајќи ја трансормацијата на една станбена населба во Ливерпул во „простор во кој луѓето навистина сакаат да живеат“. Се работи за колектив од најмалку 20 членови, кој работи со различни заедници и во Глазгов, занимавајќи се со уметност, дизајн и архитектура. Според наводите на галерија „Тејт“, која го организира доделувањето на наградата Тарнер, Есембл дејствува како „модернистички колектив од 30-тите години на 20 век“. „Имаат секојдневна расправа за проектите и не можеа дури ни да ја прифатат номинацијата (за Тарнер) додека сите тоа не го прифатија“, изјавила директорката на „Тејт Британ“ Пенелопа Кертис (Penelope Curtis), на прогласувањето на номинираните. Уметницата Никол Вермерс, родена во Германија, е номинирана за трудот во потрошувачката култура „Инфраструктур“, кој го сочинуваат дизајнирани столици „наметнати“ со бунди. Таа креира скулптури, колажи и инсталации со кои ја истражува апсопцијата на уметноста и дизајнот во потрошувачката култура. 68

ПОРТА

29 мај 2015

Групна фотографија на Есембл колектив во Ливерпул (2014)

Прогласен потесниот избор за Тарнеровата награда за 2015 година Лондонската уметница Бони Камплин е номинирана за трудот „Воен индустриски комплекс“, кој ја проблематизира идејата за „реалност на консензусот“ и начинот на кој таа се формира. Инспирација за ова нашла во широкиот спектар на дисциплини – од физика, преку психологија, квантна теорија, до магија и војна. Џенис Карбел, која е родена во Канада а живее во Лондон, е номинирана за перформансот „Doug” - хроника на девет

катастрофални настани во животот на една личност. Како инспирација ѝ послужиле либрета од историјата на операта, стратегијата на физичката комедија, и насилството во анимираните филмови. Нејзиното дело е составено од девет песни за шест гласови, кое го наменила за изведување во библиотеката Мичел во Глазгов. Инаку, нејзино прво значајно дело е проектот „Bank Job“ од 1999 година – амбициозен и детално разработен план за


Џенис Карбел, „Dоug“ (2014)

Никол Вермерс, „Инфраструктур“, (2015)

грабеж на ексклузивна приватна банка Coutts & Co. За наградата Тарнер можеа да бидат номинирани уметници до 50 години страрост, кои работат во Велика Британија, а имале извонредни изложби или други презентации во изминатите 12 месеци. Наградниот фонд е вкупно 40.000 фунти, со тоа што добитникот добива 25.000, а финалистите по 5.000 фунти. Изложбата на номинираните за Тарнер 2015, ќе биде отворена на 1 октомври оваа година и ќе трае до 17 јануари следната, во изложбениот простор Tramway во Глазгов. Прогласување на добитникот е најавено за 7 декември. Минатата година наградата Тарнер ја доби Данкан Камбел (Duncan Campbell), за водеото “It for Others”, кое реферира на историски документарец за афричката уметност и колонијализмот “Statues Also Die” (1953) на Крис Маркер (Chris Marker) и Алан Рене (Alain Resnais). Меѓу досегашните добитници на оваа престижна награда, која традиционално ја следат контроверзни реакции, се и Демјен Хирст (Damien Hirst), Аниш Капур (Anish Kapoor) и Желберт и Џорџ (Gilbert and George).  29 мај 2015

ПОРТА

69


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.