234

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

234 ЈУЛИ 2015

Зоран Петровски: Дојдено е време на нов вид градители Летна школа за архитектура 2015 Изблик на чиста архитектура во планините Половина век по Ле Корбизје Мит, полемика, контроверзии...


ПОРТА


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


ПОРТА


ГОДИНА XI

БРОЈ 234 ПЕТОК 31.07.2015 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Осоговскиот манастир и годинава беше домаќин на Летната школа за архитектура, што ја организира Архитектонскиот факултет од Скопје. Годинава учество земаа четериесет студенти и ментори од матичниот факултет, како и гости од Холандија и Турција. Работата на Летната школа беше индивидуална, што значи дека крајниот резултат броеше повеќе од триесет засебни проекти – одговори за вредноста и значењето на архитектонската интервенција, или со зборовите на познатиот архитект и едукатор Питер Вилсон, истражувачкиот процес заврши со спектакуларна архитектура, која успеа да воспостави директна релација со опкружувањето. Во овој број на „Порта 3“ ви нудиме една лична приказна. Приказна за тоа како може да се гради успешна кариера. Нејзин главен лик е градежниот инженер Зоран Петровски. Тој вели дека е дојдено време на нови градители. Се разбира, поучен од сопственото искуство. Дипломец на Градежниот факултет во Скопје, кој се обидел да се најде себеси во повеќе области на градежништвото, за конечно да сфати и да си признае: „Јас нема никогаш да бидам

експерт во некоја конкретна област во градежништвото“. Кога зградите би имале можност да ја одберат својата судбина, веројатно многу од нив би одбрале да бидат на местото на зградата на некогашната Стара мелница во Белград. Некогаш во предградието, една сосема обична индустриска зграда, долго стоеше во сенка на ремек-делата на југословенската модерна, колосалната зграда на БИГЗ, сосема пропадната, напуштена, како срам за овој дел од градот и јасна слика на сегашната состојба на некогашната индустрија во главниот град на Србија. Денес, таа е претворена во луксузен хотел - Radisson Blu Old Mill. Половина век по Ле Корбизје. Човекот што беше урбанист, архитект, сликар, скулптор, предвесник на модернизмот, стана мит. Славен, почитуван и критикуван, во еднаква мера. И по педесет години, гигантската големина на неговото дело, повеќеслојно и титанско, продолжува да изненадува, но и да прашува. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ÉGLISE SAINT-PIERRE, KAТЕДРАЛА ВО ФИРМИНИ, ФРАНЦИЈА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

234

ЈУЛИ 2015

Зоран Петровски: Дојдено е време на нов вид градители Летна школа за архитектура 2015 Изблик на чиста архитектура во планините Половина век по Ле Корбизје Мит, полемика, контроверзии...

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

AВТОРИ: LE CORBUSIER, JOSÉ OUBRERIE, ИЗГРАДБА: 1973 - 2006

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХИТЕКТУРА 2015 6

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 16 46

Печати: Маркетинг:

ПОЛОВИНА ВЕК ПО ЛЕ КОРБИЗЈЕ 24

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

МИТ, ПОЛЕМИКА, КОНТРОВЕРЗИИ...

АРХИТЕКТУРА 30 НОВ ЖИВОТ НА СТАРАТА МЕЛНИЦА

ЕКСПЕРТ 50 ОД ТРОЈНА КАТАСТРОФА ДО ЕГЗЕМПЛАРНА ОБНОВА

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 54 ДО КОГА ЌЕ ЗАОСТАНУВААТ МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ?

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 60 МОНСТРУОЗНО БРИШЕЊЕ НА СТАРИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИИ

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

ИЗБЛИК НА ЧИСТА АРХИТЕКТУРА ВО ПЛАНИНИТЕ

ЗОРАН ПЕТРОВСКИ: ДОЈДЕНО Е ВРЕМЕ НА НОВ ВИД ГРАДИТЕЛИ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Кате АНТЕВСКА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ

30 42

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

58 64

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХИТЕКТУРА 2015

Изблик на чиста архитектура во планините Работата на летната школа беше индивидуална, што значи дека крајниот резултат броеше повеќе од триесет засебни проекти – одговори за вредноста и значењето на архитектонската интервенција, или со зборовите на Питер Вилсон, истражувачкиот процес заврши со спектакуларна архитектура која успеа да воспостави директна релација со опкружувањето доц. д-р Слободан ВЕЛЕВСКИ, раководител на Летна школа за архитектура 2015

В

о периодот од 4 до 12 јули, Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје ја организираше својата 24-та сесија на Летната школа по архитектура. Како и сите изминати години наназад, школата имаше интернационален карактер и се одржа во возбудливиот и единствен пејзаж на Осоговските планини, односно во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски кај Крива Паланка. Годинава учество земаа четериесет студенти и ментори од матичниот факултет, како и гости од Холандија и Турција. Заложбата на Архитектонскиот факултет, во изминатите повеќе од 65 години постоење и активен придонес во формирањето на архитектонскиот дискурс и сцена во Република Македонија, била да се формираат архитекти со препознатлив авторски и професионален интегритет. Субјективното искуство при учењето архитектура било секогаш релевантно во процесот на едукација и профилирање на следните генерации архитекти. Оваа заложба е препозната од Советот на Летната школа при Архитектонскиот факултет и таа резултира со воспоставување соработка со еминентни фигури од светот на архитектурата. Последните десет години, форматот на школата предвидува гостин тутор од странство, кој ја поставува темата, задачата 6

ПОРТА

31 јули 2015


и процесот на работа на секоја нова сесија на школата. Станува збор за исклучително етаблирана личност од светот на архитектурата, која активно работи и ги збогатува глобалните трендови и активности на професијата, како во делот на архитектонската едукација, така и во рамките на тековната архитектонска продукција. Во изминатите повеќе од две децении, Архитектонскиот факултет имаше чест да соработува со исклучителни гоститутори од форматот на Сами Ринтала, 2014 (Финска), Хан Тумертекин, 2013 (Турција), Елија Зенгелис, 2012 (Грција), Александар Бродски, 2011 (Русија), Класке Хавик, 2010 (Холандија), меѓу другите. Во континуитет на таквата практика, годинава гостин беше познатиот архитект и едукатор Питер Вилсон, кој е партнер и основач (заедно со Julia Bolles) на едно од водечките германски и европски архитектонски бироа Bolles+Wilson. Питер Вилсон е дел од златната генерација на престижната архитектонска школа АА (Architectural Association) од Лондон, каде дипломирал со почести во 1976 година и работел како професор во неа до крајот на осумдесеттите години на 20 век. Во овој период соработувал со бројни фигури од светот на архитектурата како Елија Зенгелис, Рем Колхас, Заха Хадид и многу други. Темата што Питер Вилсон ја постави за овогодишната летна школа за архитектура гласи Изблик на чиста архитектура во планините и таа имаше цел да се осврне на основните принципи на архитектонското творештво. Од таа причина, студентите имаа цел да трагаат по принципите на чистата архитектура, односно кон

творештво кое зрачи со себе својствен интегритет и автентичност. Ова гледиште се поставува наспроти сегашните глобални трендови на архитектурата на потрошувачкото општество, кои на сметка на програмско - функционална и контекстуална вредност претставуваат единствено рефлексија на тековните „модни“ трендови на иконична архитектура, испразнета од нејзиното значење во секојдневната социјална продуција на просторот. Планините беа негов избор за тестирање на горенаведениот концепт на чиста архитектура од причина што, според него, тие можат да воспостават директна релација со архитектонскиот објект. Ваквата дијалектика отвора можност за создавање на архитектура која ќе биде во состојба директно да ги рефлектира своите основни контекстуални вредности, создавајќи јасен наратив на појавните, материјалните, но и програмските и функционалните особености. Процесот на работа беше единствен од причина што студентите ги добиваа своите задачи секојдневно, а патувањето во искуството на чистата архитектура го започнаа со запознавање на материјалноста на локалниот контекст и пејзаж преку користење на исклучиво ликовни техники. Задачата продолжи со поставување на апстрактни просторни отсечоци во пејзажот, кои потоа во процесот на работа добија прецизна формална и програмска артикулација, следејќи свои просторни и социјални значенски обрасци. Работата на летната школа беше индивидуална, што значи дека крајниот резултат броеше повеќе од  31 јули 2015

ПОРТА

7


триесет засебни проекти – одговори за вредноста и значењето на архитектонската интервенција, или со зборовите на Питер Вилсон, истражувачкиот процес заврши со спектакуларна архитектура која успеа да воспостави директна релација со опкружувањето. Во рамките на Летната школа, покрај посветената работа со сите учесници, Питер Вилсон одржа две исклучително 8

ПОРТА

31 јули 2015

вредни предавања, при што, преку неговата авторска работа во доменот на архитектурата, ги објасни основните принципи, вредности и дизајн особености на неговото творештво. На почетокот на следниот зимски семестар во просториите на Архитектонски факултет ќе биде организирана изложба на проектите од Летната школа сесија 2015. За крај на овој кус осврт за динамиката и

случувањата поврзани со Летната школа за архитектура, треба да се напомене дека и оваа година како и многупати претходно школата беше поддржана од пријателите на Факултетот, а тоа, пред сè, се однесува на соработката што се негува со ректорскиот состав при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и локалната самоуправа и градоначалникот на Крива Паланка и нивната логистика. Следната година, Архитектонскиот факултет ќе ја организира својата јубилејна 25-та сесија на интернационалната школа по архитектура. Изненадувањата ќе следат, а она што може да се очекува е уште едно незаборавно, поучно и, секако, пријатно искуство со курентни текови на архитектурата. n


Студентски труд Селине Вијкер

Студентски труд Сања Аврамоска

Студентски труд Илија Мирчески

Студентски труд Кристина Неделковска ПОРТА


инфо

25. КОНГРЕС ЗА ГОЛЕМИ БРАНИ – ICOLD, СТАВАНГЕР, НОРВЕШКА

Собир од огромно значење за развојот на инженерството за брани За нов претседател на ICOLD со мандат од три години беше избран Anton Schleiss од Швајцарија. Домаќини на наредните три конференции на ICOLD ќе бидат Јоханесбург, Прага и Виена. Проф. д-р Љупчо ПЕТКОВСКИ, Градежен факултет во Скопје

О

д 13 до 20 јуни 2015 година, во Stavanger, центарот на нафтената индустрија на Норвешка, се одржа 25. Конгрес за големи брани и 83. годишна конференција на ICOLD, сајт http://www.icoldnorway2015.org/. На Конгресот имаше околу 1.000 учесници, со голем број реферати публикувани во Зборник. Годишната конференција и Конгресот за големи брани, во грандиозниот конференциски центар Stavanger Forum, Rica Hotel (слика 2), ја отвори Bjоrn Aase Honningsvag (претседател на организациониот одбор и претседател на Норвешкиот комитет за големи брани NNCOLD), a успешна работа на учесниците им посакаа Adama Nombre (претседател на ICOLD) и Tom Solberg (директор на Меѓународниот центар за хидроенергетика, International Centre for Hydropower - ICH). Во рамките на манифестацијата се одржаа бројни настани: работилници на 14 Сл. 2. Stavanger Forum Rica Hotel, 12-20.6.2015, технички комитети, состаноци на место на одржување на ICOLD 25-th Congress регионалните комитети, меѓу кои и на

10

ПОРТА

31 јули 2015

Европскиот регионален клуб (Europеan Regional Club) каде припаѓа MACOLD (Македонски комитет за големи брани), состаноци на 25 технички комитети, меѓу кои и на комитетот за сеизмички аспекти при проектирање на брани (каде членува претставник на MACOLD), па форум на младите инженери, генерално собрание и неколку стручни екскурзии. Централни научни настани беа 83. меѓународен симпозиум Хидроенергетика 15, (Hydropower 15) и 25. Конгрес за големи брани. На 83. симпозиум беа расправани повеќе теми, меѓу кои: предизвици во градба на браните во исклучителни услови, оптимизација и планирање на акумулациите, работење и одржување на електро-механичката опрема, иновативни проекти за хидроцентрали и брани во земјите во развој, финансирање на проекти и договорни аспекти, како и соработка на индустријата и науката, управување со ризици во хидроенергетиката подготвеност за итни случаи и јавна безбедност, предизвици на климатските промени (животна средина, социјалните аспекти, поплави, производство на енергија и безбедност на браните). На Конгресот за брани беа разгледани четири прашања. Првото, Question 96, беше - Иновации и користење на брани и акумулации, со неколку теми, како што се: иновации во улогата на браните и акумулациите, повеќенаменски акумулации за интегрално управување со водните ресурси, мали брани и ниска земјени брани и развој на професијата „инженерство за брани“ за да се осигури одржливост на знаењето и искуството. Второто беше Question 97 - Преливници, со темите: неизвесност во проценка на поплавите, уривање на брани или инциденти поврзани


инфо

Сл. 3. Работна сесија на 25. Конгрес, Question 98 – Насипни и јаловишни брани, 19.6.2015 со оперирањето на затворачите: причини и настани, контролирани и слободни преливници, или комбинирано преливање и дополнителни објекти за протекување кај постоечките брани и управување со преливањето преку браните. Третото прашање се однесуваше на Question 98 – Насипни и јаловишни брани, со теми поврзани со високи каменонасипни брани, со внатрешната ерозија, ризиците во основата под браните, проектирањето и однесувањето на спојот меѓу насипите и бетонските конструкции, како и јаловишните брани. Четвртото прашање Question 99 ги третираше - Надградбата и реконструирање на постоечките брани, со темите: надвишување на круната или на оперативно ниво, демонтирање, надградба на системот за техничко набљудување и нова инструментација. На Конгресот беше презентиран и реферат од член на MACOLD, што е првпат по подолг период на одржување на конгресите на ICOLD. Станува збор за рефератот „Создавање на јаловишен простор со фазна изградба на каменонасипна брана“, подготвен од авторите Љупчо Петковски и Стевчо Митовски. Презентацијата на рефератот, како уникатна можност пред ценетиот аудиториум да се афирмира македонското градителство на брани, беше искористена да се даде концизен преглед на браните што се изградени во последната деценија во Република Македонија. Имено, во воведниот дел од презентацијата беа прикажани основните параметри на најзначајните брани неодамна изградени

кај нас: Лошана (каменонасипна со геосинтетички екран), Св. Петка (лачна со двојна закривеност), Лисиче (земјена зонирана), Кнежево (каменонасипна со асфалтна дијафрагма) и Козјак (каменоземјена со глинено јадро). Така што, беше подвлечено дека пропорционално на капацитетот на државата, Р. Македонија во сегашноста е исклучително активна во реалното инженерство за брани со градба на различни типови на брани со придружни објекти. Од административниот дел најзначаен настан беше Генералното собрание (General Аssembly) (слика 4). Сите одлуки на

собранието беа донесени со тајно гласање на присутните 62 претседатели на националните комитети за брани. За нов претседател со мандат од три години беше избран Anton Schleiss, од Швајцарија (слика 5). Исто така, беа прифатени кандидатурите за домаќини на наредните три конференции на ICOLD. Тие ќе се одржат во Јоханесбург, Прага и во Виена. Најзначајните светски настани во индустријата за брани во текот на годината се конгресите (кои се одржуваат на секои три години) и конференциите (годишни) на Меѓународната комисија за големи брани (The International Commission on Large Dams - ICOLD) - најавторитетната институција во инженерството за брани во светот. Во оваа невладина институција, основана во 1928 година со седиште во Париз, членуваат 97 национални комитети за брани, со повеќе од 10.000 индивидуални членови, меѓу кои и Македонскиот комитет за големи брани (MACOLD). Во моментов, ICOLD има 25 технички комитетeти каде се третираат тековните технички прашања поврзани со развојот и управувањето на водните ресурси, кои досега имаат публикувано 165 билтени, каде се систематизирани основните смерници при истражувањето, проектирањето, градењето и одржувањето на браните со придружните објекти. Инаку, домаќинот на Конгресот, приморскиот град Ставангер, се одликува со динамичен развој, со популација од 240.000 жители (заедно со помалите околни населби) и со аспирација да стане европска престолнина на енергијата. На крајот би истакнал дека учеството 

Сл. 4. Генерално собрание (General Assembly) на ICOLD, 15.6.2015 31 јули 2015

ПОРТА

11


инфо

Сл. 5. Обраќање на Anton Schleiss (Антон Шлајс) - новиот претседател на ICOLD, 15.6.2015 на делегати од Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ или MACOLD) на манифестациите во организација на ICOLD е од огромно значење за развојот на инженерството за брани во Република Македонија. Тоа претставува можност да се набават зборниците со рефератите, активно да се учествува во техничките комитети на ICOLD, да се обезбеди континуиран трансфер на знаење од најавторитетното здружение за брани во светот, и да се запознаеме со новините за браните со придружните објекти, што претставува прв услов тие да бидат имплементирани кај нас. Ваквите собири се згодна прилика за неопходни контакти и комуникација со колеги од други научно-истражувачки институции, за договори за проширување на соработката и заедничка организација на меѓународни собири за брани со националните комитети за брани со кои традиционално имаме добри односи и, што е најбитно, за размена на искуства и споредба на резултатите од научно-истражувачките и апликативните активности. n

12

ПОРТА

31 јули 2015


ПОРТА


инфо

ГЛОБАЛНА МРЕЖА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА TEDx, ЛОНДОН

Луѓето создаваат архитектура, а таа градови Младиот архитект од Скопје Драган Крстевски, во своето обраќање на конференцијата направи споредба на архитектурата помеѓу Скопје и Лондон во 60-тите и 70-тите години на минатиот век Ивона МИТЕВА

Д

раган Крстевски е млад архитект роден во Скопје, каде што воедно и ги завршува своите дипломски студии на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Во моментов Крстевски живее во Лондон и работи на истражување за одржливите градови, тема поврзана со подготовка на неговата мастер диплома. За време на неговите студии во Скопје, тој беше ко-основач на архитектонската групација „Прва Архи Бригада“, којашто се справува со темите од архитектурата и урбанизмот во Скопје. Исто така, тој е еден од авторите на публикацијата „Прва Архи Бригада Најголемата некомплетирана архива“, што се однесува на историјата на Скопје и мислењето на повеќе групи граѓани за архитектурата во градот. Драган Крстевски бил дел од голем број работилници, семинари, конференции, и дел од тимот на лондонското архитектонско студио „Gensler“, а денес е партнер во фирмата „Make Architects“. Секако, едно од најголемите достигнувања е неговиот говор на конференцијата TEDx во Лондон, на која говореше за архитектурата во градот каде што е роден - Скопје, и за архитектурата во градот каде што сега живее, Лондон. Крстевски најпрво направи споредба помеѓу овие два града во периодот на 60-тите и 70-тите години на 20 век, период кога архитектурата изградена низ целиот свет се базира на модерниот стил. Иако Лондон во тој период го зафаќа економска криза, можат да се забележат голем број модерни објекти. Истовремено, во Скопје во 1963 година се случува најголемата природна катастрофа, земјотресот што уништи речиси 80 проценти од градот. По големиот земјотрес, градот Скопје го зафаќа период

14

ПОРТА

31 јули 2015

кога тој почнува одново да се гради по планот на познатиот архитект Кензо Танге, а дел од неговите модерни структури постојат и денес, како што се Градскиот ѕид и Железничката станица. Меѓутоа не само проектите на Танге го одбележуваат овој период, туку градот го зафаќа инвазија од модерни бетонски структури кои му даваат ново обележје и го внесуваат Скопје на мапата на модерни европски градови во тој период заедно со Лондон. Потоа Скопје го зафаќа период на транзиција и по долгиот мирен период за архитектурата во Скопје, од почетокот на осамостојувањето на Република Македонија, во 2010 година беше донесен нов проект план од Владата на Р. Македонија за негова целосна обнова. Новиот план се базира на изградба на нови објекти во барокен и неокласицистички стил, поставување на голем број статуи, обнова на фасади на посотоечки објекти, односно обнова на градот во сосема поинаков стил од оној што во моментов се развива во Лондон. Иако Лондон и Скопје имаа сличен архитектонски стил во 60-тите и 70-тите, правејќи споредба помеѓу овие два града денес тие дефинитивно се развиваат во две различни насоки. Крстевски вели дека луѓето создаваат архитектура, а архитектурата создава градови. Доколку луѓето се душата на градот, тогаш архитектурата е телото на градот. Поради тоа треба да тежнееме кон создавање на архитектура која ќе биде модерна, истовремено почитувајќи го минатото. Минатото на градот не треба да се копира, туку да служи како инспирација бидејќи архитектурата е нешто од кое не можеме да избегаме, таа е насекаде околу нас, а истото важи и за грешките во архитектурата, тие едноставно не можат да останат незабележани, па поради тоа треба да бидеме внимателни. n


инфо

МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ДЕН 2015

Препознавање и решавање на енергетските проблеми Даниела МЛАДЕНОВСКА

Д

ека во дејноста на обуките и проектите од областа на енергетската ефикасност и кај нас веќе се покажува посериозна иницијатива, покажа неодамна одржаната манифестација „Македонски енергетски ден 2015“. Настанот се одржа во организација на Стопанската комора за мал бизнис и националното здружение ЕУРЕМ (European Energy Manager). На самиот почеток свое излагање имаше Ана Петровска, од РЕЦ - Регионален центар за животна средина, инаку национален раководител на проектот на GEF-UNIDO „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии“. Проектот започна во април годинава и ќе трае до крајот на 2018 година. Проектот се спроведува со директна финанска помош од програмата GEF (Global Environmental Facility) во висина од 1,4 милиони долари. Опфатени се 10 компании од индустријата (енергетика, металургија, прехрамбена индустрија и сл.), кои ќе работат со домашни и меѓународни експерти од областа на енергетската ефикасност, за да ја рационализираат потрошувачката на енергија преку спроведување на системот за управување со енергија ISO 50001. Воведувањето на овој систем ќе се реализира во текот на една година, во којшто период националните експерти и претставници на компаниите ќе добијат обука и ќе спроведуваат практични нискобуџетни проекти. Имено, како резултат на детални анализи за начинот на потрошувачката на енергија, спроведени уште во текот на првиот модул на обуката, ќе се идентификуваат и спроведат проекти со потенцијал за заштеди од 10-20% од потрошувачката на енергија. Веќе се спроведени два циклуса од овие обуки за енергетски менаџери, и секако една од најглавните придобивки од оваа обука е подготовка на реален проект од практиката па дури и нивна реализација. По правило, учесниците обработуваат некој проблем од својата компанија, и се разбира огромно е задоволството кога со поддршка на менаџментот реализацијата на проектот доведува до заштеди на енергија. Александар Цветков од компанијата „Енергосистем“, го претстави својот проект за изведба на ситем за климатизација во една

нова болница во Скопје (реален проект). Тој предлага концепт на активен Chilled-beam систем за климатизација наместо конвенционалниот со променлив проток на воздух. На овој начин ќе се овозможи значителна заштеда на енергија, посебно и поради фактот што потрошувачката на енергија за климатизација во болниците е 2,5 пати поголема од онаа кај комерцијалните објекти. И во големите јавни претпријатија има ентузијасти посветени на нови концепти и решенија. Тоа го покажа Мевљан Таири од ЈСП Скопје преку својот проект за реконструкција на осветлувањето со енергетска ефикасност за две авто-бази во Скопје. Се работи за авто-бази на големи површини, со значителна инсталирана моќност во делот на осветлувањето, па проектот ќе придонесе за порационална потрошувачка. Освен енергетски ефикасни светилки се предвидува и поставување на фотоволтаици. Интересна презентација имаше и Боби Крстевски од „Flex Power“, Скопје, со проектот „Приклучување на дизел генератор на Телеком GSM базните станици од PRP мод (полно работно време) во хибриден режим на работа со три опции“, како и Олгица Нелковска од „ДОТ Архитекти“ со проектот за интегрално и одржливо решение за системска и финансиски одржлива реконструкција на постоечките префабрикувани, монтажни станбени објекти

во општина Карпош. Со оваа интервенција ќе се зголеми енергетската ефикасност на објектот/ите достигнувајќи го европскиот стандард „energo fit“, а притоа ќе се задржи и унапреди препознатливиот квалитет на животната средина во таа градска средина. На крајот од настанот, лидерот на тимот предавачи на ЕУРЕМ обуките м-р Митре Арсовски, ги резимираше резултатите од првите два циклуса обуки кои ги завршија вкупно 22 слушатели. Еден циклус на обуката трае околу седум месеци, во кои се обработуваат 14 тематски целини од страна на 11 национални тренери – обучувачи. Еден од основните критериуми кои покрај формалното образование и искуство како предавач се бараше од тренерите од страна на странскиот партнер (Стопанската комора на Нирнберг), во овој проект беше - практично искуство во индустријата. Токму и целта на овие обуки е стекнување вештини за препознавање и решавање на енергетските проблеми на ниво на компанија. На учесниците од двата циклуса им беа доделени дипломите, потпишани од д-р Роберт Шмит од Меѓународниот ЕУРЕМ конзорциум, и тие ќе бидат регистрирани во меѓународната мрежа на енергетски менаџери. Дипломата со број MK-SKP-0001 ѝ припадна на доц. д-р Ана Лазаревска од Машинскиот факултет во Скопје, која истовремено е и еден од предавачите на ЕУРЕМ обуката. n 31 јули 2015

ПОРТА

15


современи македонски градители

Дојдено е време на нов вид градители Градителите денес во светот претставуваат симбиоза на визионер, планер, економист и извршител во исто време. Еден од главните заклучоци е дека и покрај сета механизација, човечки потенцијал, фабрики и слично, судбината на поголемиот дел од проектите зависи од вештината во работата со хартија, односно документацијата. Дека профитот и загубата се прават на хартија, а не со изградба. 16

ПОРТА

31 јули 2015

ЗОРАН ПЕТРОВСКИ, ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР


современи македонски градители

И

Во овој број на „Порта3“ ви нудиме една лична приказна. Приказна за тоа како може да се гради успешна кариера. Нејзин главен лик е градежниот инженер Зоран Петровски. Дипломец на Градежниот факултет во Скопје, кој се обидел да се најде себеси во повеќе области на градежништвото, за конечно да сфати и да си признае: „Јас нема никогаш да бидам експерт во некоја конкретна област во градежништвото“. Но токму тоа било мотив за него, да го обедини целото знаење, „поточно кажано, малку проектирање, изведба, инвестиции, консалтинг, надзор, менаџмент, a сè може да биде интегрирано и претворeнo во еден менаџерски пристап каде се остваруваат резултати, базирајќи се на работата на стручни лица, кои во секоја од овие области се подобри од мене“.

нтересно, со еден телефонски повик се случи тоа што се случи – бев замолен од колегите од списанието „Порта 3“ да напишам нешто за мојата градежничка кариера. Бев затечен од неколку причини; прво и најважно, зошто баш јас покрај толку легенди на македонското градежништво, а второ, целата оваа ситуација личи на реквием или на заокружување на една кариера, а тоа некако го очекував малку подоцна во животот. Во секој случај, оваа можност ја сметам за голема чест и се надевам дека тоа што го правев во овие 25 години во градежништвото ќе им биде од интерес на читателите. Од каде да почнам – да речеме од Градежниот факултет во Скопје на кој дипломирав во рок (што ми беше и основната идеја). Тие пет години беа еден голем ментален тренинг со апсорбирање на исклучително многу информации, а финалниот производ е една индивидуа која е теоретски доста добро подготвена, но во градежничка смисла една тотална табула раза. Тоа на еден начин, можеби, е и предност затоа што овозможуваше подоцна низ кариерата и низ поспецифично учење, преку работа, да се специјализираме во некоја одредена област од градежништвото. Во секој случај, нашиот факултет и генерално нашите технички факултети се покажаа како компетитивни во споредба со странските факултети, а доказ за тоа се големиот број наши успешни стручни лица кои работат и живеат во разни места наоколу по светот. Во секој случај, добро е да се биде компетитивен на пазарот, меѓутоа сегашните потреби се веќе поразлични од пред неколку децении и во

определени области се чувствува особена разлика во пристапот кон образованието. Тоа, пред сè, би се однесувало во пристапот кон менаџерскиот дел од градежништвото, каде во основа и се управува со остварувањето на додадената вредност на производот. Да се вратиме на главната приказна. Моето прво вработување беше во ГРО „Пелагонија“ 1990 година,и тоа во времето кога старата држава веќе се распаѓаше и се водеше војна во соседството. Во „Пелагонија“ беше оформен еден од првите ИТ центри во нашата фела и центарот вработуваше голем број млади инженери, и од тој состав подоцна се изродија голем дел добри инженери, моментно ангажирани на високи позиции во земјата и во странство. Тоа беше мојата прва средба со градежништвото. Но, по извесно време ми стана јасна една работа- јас нема никогаш да бидам експерт во некоја конкретна област во градежништвото. Тоа резултираше во една професионална максима и план за развој - да поминам низ сите области на градежништвото и да го затворам кругот на сите процеси од кои се состои еден проект. Поточно кажано, малку проектирање, изведба, инвестиции, консалтинг, надзор, менаџмент, a сè може да биде интегрирано и претворeнo во еден менаџерски пристап каде се остваруваат резултати, базирајќи се на работата на стручни лица кои во секоја од овие области се подобри од мене. Да се вратам на „Пелагонија“ – апликација на компјутерски програми за статички и динамички пресметки. Прилично еднолична работа и без посебен предизвик. Се појави шанса и после некое време,на 1 јули 1993 година, конечно, заедно со една поголема група мајстори и неколку колеги,  31 јули 2015

ПОРТА

17


современи македонски градители се упативме кон Кувајт. Кувајт – последен од големите проекти на нашите фирми во светот. Кувајт беше ненормално искуство за еден неискусен канцелариски инженер (со познавање на англиски и компјутери) и тоа беше еден од пресвртните моменти во мојата кариера. Секако, судбината го направи своето и привилегиран бев да бидам под директна команда на Трајко Ѓоргев, а сите под команда на Славејко – еден од големците на македонското градежништво, на кои јас би им дал специјално место во едицијата за познатите градители. И сега, после повеќе од 24 години искуство (од кои 12 интернационално) јас немам работено на таков проект каде навистина повеќе од 80 проценти од објектот беше префабрикуван, почнувајќи од темелите, столбовите, гредите, меѓукатната конструкција, комплетните фасадни елементи. Kомплицирано, квалитетно, брзо и исклучително професионално – што и денес претставува предизвик за работа, а уште поинтересно е што во тоа време изгледаше нормално и секојдневно. По завршувањето на договорот во Кувајт, решив да се вратам дома и покрај тоа што повеќето колеги продолжуваа до завршување на проектот. Два месеци подоцна дадов отказ, кој беше оквалификуван, од опкружувањето, како ризичен и професионално самоубиствен потег. Од друга страна, по некоја логика, за мене таа постапка претставуваше еден начин да се натерам да работам нешто поинакво и, по можност, подобро платено. Почувствував потреба да одам напред и во нешто ново.Со посредство на пријатели и познаници кои беа запознати со мојата претходна работа, некаде летото 1994 година дојдов до можност да бидам интервјуиран во,за еден градежник, неочекувана институција – ЦрвенКрст – Меѓународна организација на Црвениот Крст и Полумесечина. Се заврши успешно со директен ангажман, прво за американската, а потоа за германската организација. Во тие времиња на војна во Босна и пост-воен период,во Македонија имаше голем број бегалци и имаше потреба од огромен број смеcтувачки капацитети, што најчесто беше постигнувано со реконструкција на постојните детски одморалишта од старите добри времиња. Голем број меѓународни организации беа вклучени во тој процес, а покрај градежниот дел еден од најважните нови проекти беше Програмата за подготовки за интервенции при катастрофи (поплави, земјотреси, и слично). Значајно е да се потенцира дека сето тоа беше големо училиште на организација на повеќе процеси, кои во основа не се во градежништвото, но логистичкиот дел од процесот беше значителна придобивка за понатамошната кариера. Во секој случај, 18

ПОРТА

31 јули 2015

Контакти со познати финансиери од светот: заедно со директорот на Збер банка, Русија неколку години големо искуство каде целиот процес беше оставен на неколку луѓе, почнувајќи од буџетирање, набавки, сметководство, градба, сè до извештаите за целата работа, прво во САД, а потоа во германскиот Црвен Крст. Истовремено се пoјави нова можност – првата голема реконструкција на аеродромот Петровец по осамостојувањето. Таатребаше да го преобрази аеродромот од класично воено во патничко и комерцијално воздушно пристаниште. Aкцентот беше ставен на пистата, пристапните патеки и на паркингот за воздухоплови. Исклучително интересен објект и мој прв влез во консултантските води. Проектот на меѓународен тендер беше доделен на една од најстарите и најценети консултантски куќи од Велика Британија. Следствено, станав дел од тимот, оформен преку „Македонија Проект“, а за потребите на компанијата „Сир Александар Гибс енд Партнерс“. Специфично е што проектот се градеше по БС – британски стандард, а асфалтот по АСТМ – американски стандард, а севкупната договорна документација беше подготвена и управувана по ФИДИК формите на договори. Cо Fidic веќе имав среќа да се сретнам и да работам во Кувајт 1993 година. Овие форми на договор ми отворија многу врати во кариерата, посебно на меѓународно ниво и мислам дека нивното изучување е императив за сите млади инженери. Во деведесеттите години се појавува програмата ФАРЕ, која започна со финансирање на помали инфраструктурни и

хуманитарни проекти, за полека да прерасне до капитални инфраструктурни инвестиции. Прва од меѓународните консултантски фирми кои беа вклучени во проектите беше ДИВИ Консалт од Германија, за која работев како еден од првите локални експерти. Во почетокот бевме ангажирани во функција на надзорен орган на граничните премини Богородица и Меџитлија, Автопатот Е75 Гевгелија – Богородица. Проектите беа во рамките на програмите што беа водени и финансирани од Европската комисија преку горенаваденета програма, а во координација со Владата на Република Македонија и соодветните служби. По некое време и на предлог на менаџерите од ФАРЕ, се придружив на тимот што ги управуваше проектите во Македонија. Ангажманот подразбираше работа со инвестиции, буџетски проекции, меѓународни тендери за консултанти, надзор и градба, физибилити студии и сл. Огромно искуство во меѓународниот бизнис и посебно во договорниот дел, кој е посебна наука во градежништвото. Еден од главните заклучоци од тие искуства беше дека и покрај сета механизација, човечки потенцијал, фабрики и слично, судбината на поголемиот дел од проектите зависи од вештината во работата со хартија, односно документацијата. Eдноставно, профитот и загубата се прават на хартија, а не со изградба. Ова беше еден вид мало разочарување затоа што некако навивав за ударничкиот и ориентален менталитет на градба по методот „дај, удри, работи, па за пари - ќе видиме“, кој


современи македонски градители

функционираше во времето на договорната економија и бартер аранжманите, но не во западниот, а посебно не во англо-саксонскиот модел на бизнис. Поминав повеќе од пет години во ФАРЕ и во Европската комисија (1997-2003). Последните две години бев на позиција Програм менаџер и тоа беше највисокото можно ниво за локален експерт. По редот на нештата, во демократските општества колегите со иста позиција, но државјани на земјите од Европската Унија, за истата работа беа платени по 4-5 пати повеќе од локалните експерти, што за мене беше неприфатливо.И некаде во тоа време, а со мој голем ангажман, се појави понудата за Дубаи. Тоа што се случи во Дубаи во периодот 2003 - 2008 година е

тешко повторливо во кои и да било историски рамки и бизнис-средина. Дубаи беше место да се гради, но и да се живее, и тоа во една многу толеранта и космополитска средина, а во определен период и исклучително добро да се заработува. (слика 3). Дубаи е место каде што архитектите ги остваруваат своите соништа, а градежниците ги надминуваат претходните рекордни достигнувања. Дефиницијата за проект во Дубаи е сосема различна од прифатените норми за одредување големина на проект или инвестиција. Јас и мојата сопруга Сузана, која е архитект, имавме можност и привилегија да учествуваме на дел од најголемите проекти, а во исто време да бидеме и сведоци на изградбата на други проекти. Општо е познато дека секој проект има три главни елементи на кои се става акцент и со нивно балансирање проектот се води и доведува до крај. Тоа се квалитет, време на градба и буџет. Во зависност од потребите и степенот на напредок на проектите, еден од овие фактори беше во надредена положба во однос на другите. Мојот дел од дубајската приказна започна преку фирмата Hill International од САД, кои ми понудија работа на Сениор менаџер за договори и тоа на Палмата која беше во фаза на насипување. Инвеститор беше фирмата Nakhil – инвеститорот на Палмите, Светот, Ватерфронтот, Дискавери гарденс, Ибн Батута мол, и многу други мегапроекти. После две години (2005) потпишав менаџерски договор директно со инвеститорот и ја работев директно Палмата, но и многу од другите итни проекти. Мега градба со разни моменти - нема доволно ресурси (недостиг од материјали, челик за арматура, цемент, увозни материјали и најглавното - работна рака). За потенцирање на проблемот, само на Палмата во период од 1,5 година работната сила се зголеми од 8.000 на 60.000 луѓе и тоа беше логистички кошмар и

покрај примената на најсовремените менаџмент-практики. Кога се постигна потребниот број работници, одеднаш сите сфативме дека таа огромна маса луѓе собрани од сите страни на светот е исклучително тешко да се контролира и сите мерења на продуктивноста, кои беа разочарувачки, го покажуваа тоа. Секако, решението беше во користење повеќе луѓе, но овојпат на инженерски/инпекторски кадар со чија мобилизација проектите веќе ги добиваа своите финални контури. Заедничко за сите проекти беше дека роковите за градба уште во самиот старт беа апсолутно неостварливи, но другиот ефект од ваквите нереални рокови беше што се градеше исклучително брзо и со огромен фронт за работа, практично неколку мегаградови во исто време. Сето тоа доведе до една очекувана работа кога нешто треба да се заврши со ненормално кратки рокови и посебно забрзана програма, трошоците растат пропорционално на изгубеното време. Уште еден феномен на таквата брза градба е дека покрај инфлацијата во економска смисла, се создаде и инфлација на квалитетни кадри и ноторен недостиг од стручни луѓе способни да се носат со екстремните барања на мегапроектите - доказ дека е дојдено време на нов вид градители кои претставуваат симбиоза на визионер, планер, економист и извршител во исто време. Шансата се појави во 2007 година и по куси преговори потпишав договор со една од најголемите фирми во градежниот сектор Ал Шафар Транспорт енд Констракшн и ја преземав фирмата во функција на Генерален директор. Фирмата во тоа време беше во невидена експанзија и работевме на 16 големи проекти во исто време. Притисокот беше огромен да се оди во експанзија уште понатака, што по мое мислење беше ризично и непотребно а се докажа подоцна за време на страшната криза од 2008 година па натака. Во секој случај, менаџерскиот договор од три години истече и веќе носталгијата го правеше своето. Од 2010 година го сметаме за период ПД – после Дубаи, а посебно сопругата Сузана не може да го прежали фактот што веќе не живееме таму. Во секој случа,ј иако се враќаш дома, сепак е голема промена после седум години да се смени средината па макар и во својот дом. Во тоа време веќе се ангажиравме на менаџерски договор на изградбата на новата зграда на Македонски Телеком во центарот на Скопје (фирмата Девелоп Гроуп), и тоа беше еден интересен проект посебно со тоа што имаше и меѓународна компанија да управува со процесот на градба – ЕЦ Харрис, што го направи целиот процес потежок и искучително напорен во поглед на  31 јули 2015

ПОРТА

19


Проектот под име Горки Город ЗОИ 2014, Сочи документациските барања. Во секој случај објектот го заврши Сузана. Во јануари 2012-та бев повикан од една пријателска фирма,со која соработував низа години уште од дубајските денови, да им помогнам за еден исклучително голем и задоцнет проект. Се работи за Олимписките игри во Сочи 2014. Проектот под име Горки Город се состоеше од еден кластер на ниво од +540 и уште еден кластер на +960 во планините над Сочи во местото Краснаја Полјана. Проектот се состоеше од 61 објект, 1.500 апартмани, 1.600 хотелски соби, две топлотни станици, 70 хектари надворешно уредување со 20 километри патишта и целосната разводна инфраструктурна мрежа. На две години пред Олимпијадата од сите горенаведени работи беше изработено помалку од пет проценти, а и голем дел требаше да се промени според новите проекти. Станбениот простор се состоеше од 645.000 м2 и освен главниот Медиа центар и Трговскиот и забавен центар, останатите објекти се хотели и апартмани од 3,4 и 5 ѕвезди. Операторските имиња со кои беа потпишани менаџерските договори беа Мариот, Свис хотел, Капела, Рихос и други, а и самите оператори не веруваа дека е можно да се заврши проектот и да биде вселив за Олимпијадата. Мора да се додаде дека во договорот за овој проект спаѓаше и обврската за сите набавки на опрема, мебел, ентериери, 16 хотелски кујни, една централна кујна и сите иницијални конзумни материјали (вода, тоалет хартија, пијалоци, храна, итн.). Како куриозитет е дека само транспортот на мебелот и 20

ПОРТА

31 јули 2015


современи македонски градители опремата беше завршен со повеќе од 1.000 големи контејнери, а тоа се прави во конкуренција со останатите проекти кои се извршуваат во исто време и со исти доцнења. Фирмата што беше замолена да го земе проектот и да го заврши е фирмата „Сембол Иншаат“ од Турција со која работев на повеќе проекти во Дубаи. Во секој случај, сопствениците на фирмата (во исто време и сопственици на хотел операторот Рихос) се сетиле на мене и на големината на проектите што ги водевме во Дубаи и после кусо, но тешко убедување, се најдов во авион за Сочи. Интересно е што Сочи е некако судбински поврзан со нашето градежништво, а исто и со нашето семејство, затоа што и ден-денес ги слушам приказните од татко ми Кирил за успесите на нашите градежници во Русија. Поставивме наш генерален директор на проектот и на заедничката фирма, а јас се грижев за координација на сите актвности на највисоко ниво – работа со инвеститорот, буџетирање, креирање на правилна стратегија и сето во околности на притисок од сите страни. Во секој случај, тие активности одземаа уште пет месеци и вистинските работи почнаа дури во јуни 2012 година. Во меѓувреме нашиот директор се откажа, не можејќи да го издржи притисокот на времето и се поагресивните менаџери од руска страна, и одлука беше дали да бараме нов директор или да користиме што е достапно. Имајќи предвид дека немаше време за нова регрутација, а такви луѓе и не се наоѓаат за кратко време, единствената одлука беше да ја преземам работата (иако се поставив себеси на едно

Семејно наследство

Градежништвото е семејно наследство во семејството на Зоран Петровски. Негов идол бил татко му Кирил Петровски, инженер-статичар.„Невозможно ми се чинеше да го постигнам нивото на мојот татко“, вели Зоран. Неговата сопруга Сузана е архитект, но повеќе менаџер во градежништвото, со која „ги водат сите проекти и борби по светот“. Тие се како втора генерација градежници. И новата генерација – синот Кирил веќе работи по светот (дипломира на Мичиген стејтјуниверсити, сега работи во Астана, Казахстан, на изградбата на Експо 2017), а и ќерката Марија студира на Политехнико Милано на катедрата за архитектура. Значи, приказната продолжува – нови и попаметни генерации доаѓаат на сцената и тоа е веројатно тоа што ја прави целата приказна вечна и непрекината. ниво пониско), и се случи неизбежното, ги презедов сите менаџерски обврски на целиот проект. Целиот буџет беше околу две милијарди долари и земајќи го предвид времето останато,неопходно беше да се прави реализација од 100 милиони долари месечно, што е навистина невообичаено висока бројка. Во секој случај, со 13.500 работници во просек, а во пикот 15.500 луѓе и после огромен број планирани и уште поголем број непланирани проблеми, ги вселивме првите новинари од светските агенции на две недели пред олимпијадата. Нивото на притисок во последните неколку месеци беше неописливо, затоа што се работеше за еден спортски, но во исто време и исклучително политизиран проект, каде поголемиот дел од западните земји гледаа негативно на напорите на Руската Федерација и во нивната јавност сите напори

беа презентирани исклучително негативно. После тешкото и кратко градење во Сочи, ги одбив сите понуди за нови проекти и во договор со сопсвениците на фирмата моментално сум вклучен во Управниот одбор на фирмата како неегзекутивен директор и ги водиме проектите од директорско ниво. Во меѓувреме го добивме најголемиот дел од Експо 2017 проектот во Астана,Казахстан, каде сум во редовна контрола на нашиот управувачки кадар. Тоа е еден од тие мегапроекти каде нема никаква шанса за пролонгирање на рокот, без оглед кој влијае на доцнењето – во најголем број случаи тоа е неефикасниот и неискусен тим од страна на инвеститорот, кој има повеќе политичка отколку менаџерска функција, но тоа во никој случај не го ослободува изведувачот од обврската да ја заврши работата на време. Тоа истото се случи и во Сочи, и на такви проекти се решаваат судбините на многу фирми и поединци. Како епилог на оваа секвенца од приказни – така јас ја нарекувам мојата кариера и навистина е штета што не може да опфатам уште интересни работи, а посебно најважниот дел од градежништвото – луѓето кои сум ги сретнал, луѓето со кои сум имал привилегија да работам, луѓето кои ми помогнале во животот и кариерата. Посебно место во мојата животна приказна е обезбедено за Александар Сале Петков (екс-директор во Гранит и мој стар пријател од Кувајт), кој влијаеше во определени моменти одлучувачки на правецот на мојата кариера. Како да не ги спомнам сите колеги од разни земји со разни религии со кои сме поминале многу тешки но и многу убави моменти. n

Проект Експо 2017 во Астана, Казахстан

ПОРТА


градежништво

Акредитирани геомеханички лабораториски испитувања

Подготвилe: Марија ФИЛИПОВСКА, дипл.инж.геотех. Марија ШИНДЕВА, дипл.геотех.инж. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

Г

еомеханичките лабораториски испитувања се процес со кој се собираат релевантни информации за физичкомеханичките својства на почвите, при изработка на проектно техничка документација неопходна за добивање позитивно мислење за проектиран степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита. Само добро опремена лабораторија за геомеханички истражувања и испитувања со едуциран, мотивиран и искусен персонал,

22

ПОРТА

31 јули 2015

може успешно да ги извршува задачите што ги бара современото геотехничко проектирање. Акредитацијата на методите за лабораториски испитувања според EN ISO/IEC 17025 е логичен чекор напред за секоја лабораторија која има потенцијал да се развива и да ги наметне своите услуги на корисникот како компетентен извор на резултати од лабораториски испитувања. Aкредитација е потврдување од страна на националното тело за акредитација, дека определено тело за оцена на сообразноста ги задоволува барањата предвидени со националните, европските и меѓународните

стандарди. Барањата на стандардот EN ISO/IEC 17025 не е лесно да се задоволат. Освен строгите технички барања, се бара и високо едуциран персонал, како и развиен систем на управување со записи во кои се прати секоја фаза на испитување на примерокот со повеќекратна контрола на излезните резултати од опитот. Критериумите на чија основа се врши оценувањето се засноваат на меѓународниот стандард EN ISO/IEC 17025, каде се оценуваат сите оние фактори кои се значајни за техничка компетентност на една лабораторија: • компетентен и искусен персонал; • соодветна опрема – адекватно калибрирана поради обезбедување следливост на мерењата;


градежништво

• адекватни услови во кои се вршат испитувањата; • важечки методи по кои се вршат испитувањата; • соодветен систем на управување; • поседување на соодветни процедури и др. За определување на параметри на физичко-механичките својства на почвата, во лабораторија за геомеханички испитувања се реализираат следните испитувања: • определување на содржина на вода; • определување на волуменска тежина на ситнозрни почви;

• определување на волуменска тежина на цврсти честички; • определување на гранулометриски состав; • едометарски опит со инкрементално оптоварување; • едноаксијална јакост на притисок на ситнозрни почви; • опити на директно смолкнување; • определување на водопропустливоста со константен и променлив притисок; • определување на Атербергови граници; • консолидиран триаксијален опит на водозаситени почви; • методи за испитување на лабораториска

референтна маса и содржина на вода збиеност по Проктор; • методи за испитување за определување на Калифорниски индекс на носивост (CBR) Посебно важна улога во геомеханичките испитувања има триаксијалниот опит. Во триаксијалниот апарат најблиску се симулираат услови „in situ“ во кои се наоѓа почвата. Се работи за сложен апарат кој е составен од многу посебни целини. На него може да се извршуваат повеќе видови триаксијални испитувања во кои примероците почва се изложуваат на различни состојби на напрегање. Овие испитувања се сметаат за круна на геомеханичките лабораториски испитувања на почви. Во Македонија постојат само неколку триаксијални апарати, од кои три се во Лабораторијата за испитувања за геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ КуК“, единственa во Македонија коja го има акредитирано овој метод уште во 2012 година. Имплементирањето на стандардот EN ISO/IEC 17025 е од големо значење за секоја лабораторија. Со самото добивање на сертификат за акредитација, лабораторијата во секој момент е во состојба своите клиенти да ги увери дека резултатите од испитувањето што го врши се точни и доверливи, а самото испитување е извршено на компетентен начин. Со други зборови, може да се каже дека во акредитирана лабораторија може да се има доверба, дека својот дел од работата ќе го заврши на исправен начин ускладен со одредени правила и норми. n

ПОРТА ПОРТА


архитектура

ПОЛОВИНА ВЕК ПО ЛЕ КОРБИЗЈЕ

Мит, полемика,

објавени книги за другите аспекти од неговиот живот. Дискусиите (околу неговите фашистички линкови и наводно антисемитизмот) фрлија дамки врз неговото наследство. Сето тоа го забрза стартот на големата ретроспективна изложба, организирана по овој повод, во Центарот Помпиду во Париз, под наслов „LE CORBUSIER - Mesures de l’homme“. Изложбата се одржува од 29 април до 3 август 2015 година. Широчината на неговата работа и размислување, претставени со околу 300 слики, скулптури и мебел, нуди нов поглед на неговото творештво. Можност да се открие Корбу преку неговите цртежи, дела, преку митскиот Модулор..., да се согледа неговата целосна димензија. Енергична одбрана на човекот што често се обвинува за инспирирање на мрачната и отуѓена архитектура на уништените предградија на Франција.

КОЈ Е ЛЕ КОРБИЗЈЕ?

контроверзии ... Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.

Ле Корбизје, човекот што беше урбанист, архитект, сликар, скулптор, предвесник на модернизмот, стана мит. Славен, почитуван и критикуван, во еднаква мера. И по педесет години, гигантската големина на неговото дело, повеќеслојно и титанско, продолжува да изненадува, но и да прашува. 24

ПОРТА

31 јули 2015

М

оето прво патување во Париз беше летото во далечната 1965 година. Годината кога големиот архитект Ле Корбизје го напушти овој свет. Тоа беше летото пред почетокот на моите студии по архитектура. Името на Ле Корбизје, за мене, во тоа време, беше поим за современата архитектура. Од тогаш поминаа педесет години. Неговото име остана поим на современост. Преку своето творештво, тој продолжи да влијае врз младите генерации архитекти низ целиот свет. Ги проучувавме неговите проекти, неговите книги. Размислувавме над неговите теоретски погледи за урбанизмот, за архитектурата, за човекот, за уметноста ... Неговото влијание во Македонија и во светот, несомнено беше големо. Во изминатите педесет години, почитуван и критикуван во еднаква мера, тој остана поим на модерната архитектура. Славен на сите континенти, но и познат по контроверзиите. Педесеттата годишнина од неговата смрт, предизвикува лавина на публикации, настани и изложби. Оваа пролет францускиот печат е полн со разговори за неговото наследство. Беа

Човек кој оставил длабок белег на XX век. Анализата на човечкото тело во геометриска, сетилна и духовна смисла, се наоѓа во срцето на неговата работа. Тој истражува не само на полето на архитектурата и дизајнот, но и на визуелните уметности – сликарството, скулптурата и литературата. Длабоко ја одбележа архитектурата, посебно преку концептот на човековите пропорции, како универзален принцип на дефинирање на сите аспекти на архитектурата и просторната композиција. Тоа е концептот (силуета на човечко тело високо 1,83 см) што е базиран на „златниот број“ и принципот на хармонизација помеѓу конструкцијата, структурата и морфологијата на човекот. Ле Корбизје е големата фигура на модернизмот во архитектурата на XX век.

ШТО, КОГА И КАДЕ СОЗДАВАЛ? Неговото огромно дело може да се проследи Le Corbusier (Charles-Edouard Jeanneret), 1 920, Mртва природа, Музеј на модерна уметност, Њујорк


архитектура преку неговите активности во различните периоди на неговиот живот и творештво. Швајцарски период (1887 – 1917) • Архитектот со псевдоним Ле Корбизје, кој го усвоил во 1920 година, роден е во Швајцарија, во Ла Шо-де-Фонд (La Chaux-deFonds), со родено име Шарл-Едуар Жанере (Charles-Edouard Jeanneret), на 6 октомври 1887 година. • Архитектурата ја изучувал работејќи кај познати архитекти од тоа време. Тој е самоук. Парите што ги заработувал му овозможиле да патува низ Италија, Австро-Унгарија, Грција, Балканот и Мала Азија. Ги изучувал древните споменици, фолклорот и традиционалното народно градителство на Медитеранот. Патувањата биле неговите универзитети. • Во 1914 година ја отворил својата прва архитектонска работилница. Проектирал неколку вили. Во 1917 година, ги напуштил Ла-Шо-де-Фон и Швајцарија. Се преселил во Париз. Париз, период на Пуризам (1917 – 1930) • Се сретнал со сликарот Амеде Озанфан. Го запознал кубизмот, сликарите Брак, Пикасо, Грис, Фернан Леже. Под нивно влијание почнал активно да слика. Сликарството станало негова втора професија. Со Озанфан организирале изложби кои ги нарекле изложби на „пуристи“ (естетика базирана на чисти, едноставни, геометриски форми). • Во 1919 година, со Озанфан почнале да издаваат интернационален филозофскоестетски журнал „L’Esprit Nouveau“. Прв пат во овој журнал се објавени „Петте точки на современата архитектура“, како општи правила на новата архитектура. • Во 1922 година отворил архитектонско биро во Париз. Проектирал богати вили кои му донеле име. Ги применувал „петте точки на архитектурата“. 

Проект план Воисин, 1925, Париз, Франција

Вила Савој, Poissy-sur-Sein, 1928 - 1931, Франција

ПОРТА


архитектура Прости геометриски форми, бели глатки фасади, хоризонтални прозорци, железнобетонска конструкција, слободен план. Вилата Савој во Пуаси (Savoye Poissy, 1929) стана симбол на модерната архитектура. На изложбата „Есенски салон“ (1922), претставил макета на „Современ град на три милиони жители“ со нов урбанистички поглед на градот на иднината. Проектот бил преработен во 1925 година, како предлог за радикална реконструкција на Париз (Plan Voisin), кој станал своевидна сензација. Предлагал градба на нов деловен центар на Париз на потполно чиста локација, за што требало да се расчистат 240 хектари на стара градска градба. Предвидувал нови 18, еднакви, деловни облакодери со 50 ката, поставени на растојание еден од друг. Во приземјата, како хоризонтални структури предвидувал простор за сите функции на сервиси и опслужување. Само 5% од теритиријата трбало да биде изградена, а на 95% од локацијата биле предвидени магистрали, паркови и пешачки зони. • На меѓународната изложба на декоративна уметност во 1925 година, во Париз, по проект

Cité radieuse de Marseille (Unité d'habitation), 1946 - 1952, Maрсеј, Франција

La facade de la Cite Radieuse, Unite d'Habitatio, Maрсеј, Франција

ПОРТА


архитектура Notre Dame du Haut, (1950 - 1955), Рончамп, Франција

на Корбизје бил направен павилјон „L’Esprit Nouveau“. Вклучувал повеќе станови во природна величина и експериментален стан на две нивоа. • Во 1920-та, Ле Корбизје најинтензивно се фокусирал на создавање мебел. Неговото „опремување“ било многу поразлично од модерниот стил на тоа време „Арт Деко“. Со неговиот партнер произведувале мебел од метал. Дизајн актуелен и денес, кој стана класика на ваков вид мебел.

Национален музеј на Западната уметност, 1959, Токио, Јапонија

посетува Њујорк, Бостон, Чикаго, Филаделфија. Во 1936 година оди во Јужна Америка. Во Рио де Жанеиро, учествувал во разработката на проектот на Министерство за образование на Оскар Нимаер. • Ле Корбизје е еден од основачите на меѓународниот конгрес на современа архитектура CIAM. Првиот бил одржан во 1928 година во Швајцарија. Период 1940 – 1947 Во периодот на војната, повеќе се занимавал со теоретски проучувања, цртал и пишувал книги. • Го разработил познатиот „Модулор“, систем на хармонични пропорции (мерки на просечен човек од 183 см, со подигната рака 226 см), кои ги применил во првите повоени поголеми проекти. • Во 1942 година патувал во Алжир, во врска со урбанистичкиот проект на градот Алжир. • После војната, Ле Корбизје учествувал во повоената изградба како урбанист 

Интернационален стил (30-тите години на минатиот век) Ле Корбизје, како поборник на чисти, модернистички линии, станал најголем приврзаник на интернационалниот стил. • На почетокот на 30-тите ја посетил Москва. Учествувал на конкурсот за Центросојуз, кој е изграден во периодот 1928 – 1935 година. Совршено нов пример на современ деловен објект за Европа. • Во 1935 година патува во Америка, ги

Собание, (1951 - 1962), Чандигарх, Интија

ПОРТА


архитектура Carpenter Center for Visual Arts, 1963, Масачусец, САД

(реконструкција на градот Сент-Дие 1945 и Ла Рошел 1946). Внел нови оригинални погледи на градежништвото. Првпат се појавува поимот „станбена единица“ (Unité d’habitation). Ја реализира идејата на „зелен град“ или, како што тој го нарекол, „Озарен град“ (La Ville radieuse). Брутализам (1950 – 1965) 1950 година е почеток на неговиот нов период. Радикално менување на стилот. Одделување од аскетизмот и пуризмот. Богатството на нови форми и обработката на нивните површини, повторно го ставаат во центар на вниманието. • Станбен блок во Марсеј (1947 – 1952). Проект замислен како експеримент на колективно живеење. Ги користел пропорциите по системот на „Модулор“, како и стандардизираните „дуплекс“ станови, со лоџи кои излегуваат на двете страни на домот. На лоџите, првпат во таков размер, се применуваат различни јаки бои – полихромија. • Во 1950 година по покана на индиските власти, почнал да работи на најголемиот проект на својот живот, проектот на новиот главен град Чандигар, на државата Пенџаб. Создаден е сосем нов град, на нова локација, за друга цивилизација, различна од западната. Проектот вклучувал администравивен центар, станбени делови со целата инфраструктура, училишта, хотели и др. Изградбата е во периодот 1951 - 1960 година. Била применета посебна технологија за обработка на надворешните бетонски 28

ПОРТА

31 јули 2015

површини, наречена „béton brut“, необработен бетон (како и на блокот во Марсеј). Прифатена од многу архитекти во светот, прераснала во движење со назив „Брутализам“. • Периодот 1950-1960 година е период на конечно признание на Ле Корбизје. Се потврдува како архитект број еден во Европа. Работи на различни оригинални објекти со нови архитектонски идеи, (Капелата Роншан, Франција, 1955; Бразилскиот павилјон во студентскиот град во Париз; комплекс на Манастирот Ла Турет, 1957 -1960, Музеј на западна уметност во Токио, Јапонија, 1959). • Во 1962 година, на неговиот последен објект, културниот центар на Харвардскиот

универзитет, Карпентер центар на визуелна уметност, Масачусец, САД, се реализираат необичните форми од неговото богато искуство. Ле Корбизје животот го завршил на 27 август 1965 година, во Рокебрун (Roquebrune-CapMartin), на Средоземното Море, каде што живеел во неговиот летен дом, Cabanon. Мала дрвена куќичка од 12 м², која ја изградил според принципите на Модулор, на минимален простор од 366 х 366 см во основа и висина од 226 см, која му служела за одмор и работа. На половина пат помеѓу Монако и Ментон, во близина на морето, опкружен со богата медитеранска вегетација, неговиот Cabanon, претставувал своевиден вид на минимално живеалиште. Педесет години по неговата смрт, големата фигура на модернизмот во архитектурата на XX век, Ле Корбизје, не престанува да биде актуелен. Генерациите после него го прифаќаат или одбиваат. Го признаваат неговиот талент. Неговата храброст да го исчисти минатото, да се откаже од кодови, да создаде свој сопствен јазик, сопствено писмо на форми, материјали и бои. Да дефинира нов универзум. Да ја направи архитектурата беcтежинска. Дали некој го сака или не, Ле Корбизје стана мит. Контроверзиите за него се во сенка на настаните по повод одбележувањето на 50-годишнината од неговата смрт. Гигантската големина на неговото дело, повеќеслојно и титанско, продолжува да изненадува но и да прашува. n

Cabanon, Roquebrune Cap-Martin, Франција


ПОРТА


архитектура

Нов живот на Старата мелница

Кога зградите би имале можност да ја одберат својата судбина, веројатно многу од нив би одбрале да бидат на местото на зградата на некогашната Стара мелница. Некогаш во предградието, една сосема обична индустриска зграда долго стоеше во сенка на ремекделата на југословенската модерна, колосалната зграда на БИГЗ, сосема пропадната, напуштена, како срам за овој дел од градот и јасна слика на сегашната состојба на некогашната индустрија во главниот град на Србија. 30

ПОРТА

31 јули 2015

ХОТЕЛ RADISSON BLU OLD MILL, БЕЛГРАД


П

м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА) ред неполни четири месеци, свечено е отворено обновеното и доградено издание на некогашната Стара мелница. Инвестицијата на групата „Соравија“ е вредна околу 55 милиони евра. Вградени се

1.320.000 кг железо, потрошени се 13.100 кубни метри бетон, 155.000 гранитни коцки се поставени кај влезот, засадени се 48 стебла, приближно 20.000 парчиња мебел и внатрешни детали се искористија во опремувањето. Денес, тоа е хотел со четири ѕвездички и одделна деловна зграда, ново име во белградскиот хотелиерски свет, под името  31 јули 2015

ПОРТА

31


архитектура на познатиот ланец „Радисон Блу“ (Radisson Blu Old Mill). Комплексот се состои од обновената зграда на Старата мелница, првата парна мелница во периодот помеѓу двете светски војни, доградените две кули каде се сместени собите и посебно одвоениот деловен објект од 10 ката со околу 3.400 метри квадратни за изнајмување. Архитектонско-урбанистичкиот проект е дело на архитектите Сањин Грбиќ и Јован Јовановиќ, на чија основа фирмата „УМА архитектен“ (U.M.A-Architekten ) од Виена го направи главниот проект. За автентичниот проект на ентериерот, заслужно е берлинското архитектонско студио „Графт“ (GRAFT). Комплексот е сместен во стариот дел на Белград, во непосредна близина на авопатот, зградата на БИГЗ и саемскиот комплекс, што им овозможува на корисниците да имаат брз пристап до сите значајни делови од градот и случувањата. Деловниот дел на овој комлекс се состои од кула со 10 ката, која со својата едноставна форма не отскокнува од објектите со слична намена. Фасадата е со стаклена обвивка, многу распространет концепт, кој, сепак, во еден свој дел има хоризонтални панели така

ПОРТА

што потсетува на фасадата од блискиот објект, зградата на БИГЗ, кој се карактеризира со континуирана хоризонталност на стаклената фасада. Хотелскиот комплекс со четири ѕвездички, централниот дел од овој проект, има околу 25.000 квадрати, 236 модерни соби, 14 луксузни апатрмани, повеќе конференциски сали, лоби простор, ресторани,


архитектура спа и фитнес центар, и други сервисни простори значајни за функционирање. Старата мелница го задржа автентичниот надворешен изглед, зградата од 1902 година, а на плоштадот пред хотелот се поставени оригиналните бакарни столбови од објектот. Внатрешноста на хотелот е дизајнирана на модерен начин, а инспирацијата е пронајдена во симболите на Белград и Србија. Дизајнот на ѕидовите од лобито асоцира на брановите од белградските реки, додека претежно присутната бела боја се однесува на митската бела боја на Белград. Ѕидовите на собите во кулите се рачно насликани и претставуваат уметнички дела, тридимензионални слики на студиото „Штраус&Хилегарт“ (Strauss & Hillegaart). Правата вредност на овој проект лежи во фактот што, иако објектите се нови, голема количина од претходниот објект е рециклирана. Така, има податоци дека приближно 400.000 парчиња стари тули се исчистени и денес го сочинуваат делот од

ентериерот на објектот на ист начин како што биле и пред тоа. Дека не се застана само на ова, зборува и податокот дека заднината на рецепцијата на хотелот е всушност испеглан резервоар од некогашното здание. Сепак, и покрај големиот број повторно искористени елементи, внатрешноста на хотелот има многу модерен дизајн со опрема во необични форми и јасно вклопени бои, каде доминираат главно боите на бакар и тула, беж и бела боја. Внатрешноста ја сочинуваат и уметничките дела на Младен Миљановиќ. Како основен 

31 јули 2015

ПОРТА

33


предмет е земен авомобилот Застава 101 „стојадин“. Инсталацијата „Ретровизија“ составена од 101 ретровизор претставува поглед наназад, ретроспектива на сè она што е направено досега. „Еволуција на формата“ е гравиран цртеж на мермер во форма на воен план во мирнодопски услови, дело кое претставува еволуција на популарниот „стојадин“ кој беше во производство повеќе од 30 години без промена на дизајнот. Ова дело ја прикажува неопходноста, дека работите се менуваат и напредуваат, бидејќи во спротивно времето може да ги прегази. Симболиката на средбата старо и ново, и покрај фактот што ова е нов објект со голем број стари рециклирани елементи, ја чини и необичната скулптура на плоштадот пред хотелот. Малку над водата се наоѓа вертикален црн ѕид во кој од две различни страни удираат автомобилите „стојадин“ и „ролсројс“ како симбол на средба, судир на два концепти, две класи, два системи и две различни времиња. Дека овој простор нема да стане уште еден од хотелите што нема многу контакт со околината и граѓаните, зборува и податокот што се организираат, за еден хотел малку необично, јавни настани како Street foot aperitivo, натпревар во фудбал на маса, каде ќе се продаваат регионални пива, бургери, сладолед и коктели. Едно летно попладне, со музика и очекувано голем број луѓе, плоштадот пред хотелот ќе биде место на јавен настан. Старата мелница има нов живот. На местото на сударот на старото и новото. n 34

ПОРТА

31 јули 2015


ПОРТА


архитектура

ШТИП ДОБИВА МОДЕРЕН ОБЈЕКТ

Некогашното летно кино мултимедијален центар

Драган РИСТОВ

Ш

типската фирма „Актива“ продолжува да го гради мултимедијалниот центар во Штип, проект на Центарот за развој на источниот плански регион и Општина Штип. По потпишувањето на договорот во февруари, од март започнаа и работите на терен, а до крајот на ноември се очекува објектот да биде завршен. Мултимедијалниот центар се реализира во рамките на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – CREATIVA“, финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Локацијата на објектот се наоѓа на почетокот на месноста Суитлак и на неа постои објект од летно кино, кој не е во 36

ПОРТА

31 јули 2015

употрба повеќе од дваесет години и е целосно руиниран. Теренот е во пад, а од јужната страна локацијата излегува на улицата што води до месноста Суитлак, додека од северната и западната страна е парковска површина. - На локацијата на некогашното летно кино

во градот, ќе никне нов и модерен објект во кој е планирано да се одржуваат разновидни културно-уметнички манифестации. Вредноста на ЕУ проектот изнесува 448.840 евра, од кои општина Штип ќе добие 300.000 евра. Од нив, повеќе од половина или 186.000 евра ги обезбедува Општина Штип,


архитектура просторија за изучување на странски јазици за 15 посетители, магацин, котлара и други помошни простории - вели Кире Гранков од „Развоен инженеринг“. Објектот е од армирано-бетонска конструкција со АБ плочи, греди и столбови. Во сутеренот се јавуваат и армиранобетонски ѕидови малтерисани од внатрешната страна, а со термо и хидроизолација од надворешната страна. Сите земјени работи се изведуваат по веќе утврдените нормативи и проектот. Според техничката документација, кровната конструкција е класична дрвена столица која ќе биде покриена со челичен пластифициран лим. Подовите во зависност од намената на просторијата се од керамички плочки (влезен хол, ходници, скали и санитарии, помошни простории), ламинат во канцелариите и теписон во кино-салата. Подовите на терен се со хидро и термо изолација. Прозорците се од пластични петкоморни профили, застаклени со термопан стакло. Фасадата ќе биде изработена од пластични малтери во боја по избор на проектантот. Кино-салата е обработена со акустични материјали, и тоа ѕидовите се обликувани со гипскартон, обложен со платно и теписон, подот е од теписон, а плафонот е од специјални акустични гипс-картонски перфорирани плочи на метална обесена конструкција. - Ние како изведувачи ќе направиме сè што е во наша моќ до ноември овој објект да го добие својот лик. Имаме голема желба да го

додека бугарската општина Гоце Делчев добива 148.000 евра - вели штипскиот градоначалник Илчо Захариев. Новиот Мултимедијален центар ќе биде катче за сите уметници и креативни млади луѓе, не само од Штип туку и од целиот регион. Во него, покрај кино, театар и изложби, ќе има и Кластер за креативна индустрија. Проектот го изработи студиото „Развоен инженеринг“ од Штип, и за првпат во „Порта 3“ може да се види како ќе изгледа овој мултимедијален објект во Штип. Мора да се признае дека „Развоен инженеринг“ направиле уникатен објект, дизајнот има фина линија на модерен објект кој ќе биде гордост за градот. Објектот одлично се вклопува во амбиентот бидејќи непосредно под него е Економскиот факултет, кој исто така има интересен дизајн, иако е граден пред дваесетина години: - Објектот според концептот има два ката, а во приземјето ќе има влезен хол, потоа мултимедијална сала за 150-200 посетители

која ќе биде опремена со опрема за проекции и презентации, опрема за симултан превод, со кабина за проектор и модерна мултимедијална опрема. Освен ова, содржани се и мултифункционална сала за состаноци, обука, презентации, гардероба и санитарни јазли за инвалидизирани лица. Во сутеренот ќе има мала сала, просторија опремена со ИТ опрема (20 компјутери),

направиме тоа, бидјеќи станува збор за локација која е близу центарот и која со концептот ќе покаже дека ова ќе биде навистина убаво и гордост за градот - вели Иле Николов од „Актива“. Со новиот објект, не само што се урбанизира локацијата, туку се разубавува култно место кое повеќе нема да биде познато како наркоманско дувло. n 31 јули 2015

ПОРТА

37


aрхитектура

НОВИ МОДЕЛИ ЗА ДОМУВАЊЕ ВО НАСЕЛБАТА БУЊАКОВЕЦ, СКОПЈЕ

Хибридни објекти со модерен изглед Енис ХОЏА, дипл.инж.арх.

В

о урбаната структура на градот Скопје постојат урбани конфигурации составени од хетерогени урбани текстури, а од друга страна, диференцијални форми на паралелно егзистирање на различни програми, морфологии и типологии. Домувањето, како дел од различни урбани фрагменти, како и придружните функции што ја овозможуваат неговата егзистенција, претставува доминантен дел од урбаната структура на градот. Ваква анализа на градот Скопје е направена во магистерскиот труд на кандидатот Орце Н. Василев, изработен под менторство на доц. д-р Огнен Марина, со наслов Нови модели на хибридно домување во населба Буњаковец во Скопје. Овој труд се фокусира на континуираните трансформации на урбаната структура во последните децении, особено на објектите за домување и начинот на домувањето, односно промените на програмските, типолошките, просторните, но и демографските конфигурации, кои упатуваат на постоење на сериозен истражувачки предизвик со цел разбирање на процесите што го обликуваат градот и просторот за живеење. Резултатот од овие промени може да се детектира низ процесите на хибридизација и комбинирање на различните програми, архитектонски типологии, конструкции, материјали и корисници во еден објект. Овие хибридни објекти се новата реалност на градот и нивното изучување може да укаже на постоење на различни модели на урбано домување. Во контекст на дебатата што ги истражува трансформацијата, континуитетите и дисконтинуитетите во урбаниот простор, како резултат на постсоцијалистичката трансформација на градот Скопје, овој труд се задржува на аспектите на урбаното домување и трансформативните типологии во градот Скопје, како и програмската, типолошката и конструктивната хибридизација на објектите за домување, во услови на трансформации на урбаната структура на населбата Буњаковец, со дополнителен фокус на анализата на трансформациите на станбените објекти и нивното непосредно опкружување. Врз основа на резултатите на овие истражувања е направен обид за дефинирање на нови модели на урбано живеење со хибридноста и хибридизација на објектите, како тактика на одржлив развој.

38

ПОРТА

31 јули 2015

Хибридниот пристап и одржливиот карактер заедно со сите енергетско-амбиентални аспекти кои ги содржи новиот објект, го категоризираaт како високо еколошки свесна структура и извонреден пример на одржлива архитектура


Истовремено, поставувајќи современ концептуален модел кој во себе ќе ги синтетизира новите просторни потреби и создавајќи кохерентен морфосинтаксички и семантички систем со контекстот во којшто новиот модел ќе егзистира. Истражувањето се состои од пет дела. Во првиот дел е анализирана асиметријата помеѓу размерот на архитектонската форма и пространоста на урбаното, создавајќи можност за елаборација на архитектонска форма како пример за градот. Во вториот дел се истражуваат аспектите на урбаното домување, преку односот на градот и домувањето, фрагментот и домувањето и типологијата на домување во населбата Буњаковец во Скопје. Третиот дел ги опфаќа историските етапи во планирањето на градот Скопје, различното ниво на реализирање на концептуалните и реалните трансформации, а како резултат се различните урбани фрагменти кои опстојуваат како траги од неколкуте фази на урбаната трансформација. Во четвртиот дел се истражува урбаната хибридизација, трансформативните типологии и моделите на хибридизација во населбата Буњаковец, преку анализа на историскиот развој и проблемското подрачје на хибридните објекти. Во последниот

дел е опфатена хибридноста како урбан медијатор и се анализирани неколку нови модели на одржливо домување. Оттука, се генерирани архитектонско-функционалните аспекти на новиот објект, како прототип на нова архитектонска форма во урбаниот контекст. Индивидуалниот проект вклучува, како архитектонска содржина, интеграција на хетерогена програма, каде домувањето се јавува како доминантна намена, со застапеност од речиси 80 отсто од вкупната развиена површина, додека останатите 20 проценти во себе вбројуваат различни компатибилни класи на намени, како: комерцијални единици, деловни единици, угостителски едници, културни содржини, единици за времено домување и зеленило во форма на заштитно и парковско зеленило. Програмата на хибридниот комплекс е потполно содржајна, со самодоволни карактеристики кои овозможуваат нејзино вклучување во категоријата за хибрид како „град во градот“. Идентитетот и личноста на хибридот се издвојуваат, не само заради новите врски, пропустливоста на зградата, динамиката, интердисциплинарните простори, јавниот и приватниот двор, но, исто така, и заради разграничувачките разлики на материјализација во урбаната средина. Организацијата во сегменти на програмските категории, исто така, му помага на зачувувањето на овие фактори додавајќи квалитет во видливоста на различните програми, кој се добива со нивно позиционирање во различни волумени во хоризонтала и вертикала. Потенцијалот за социјален и за урбан развој е претставен, во ова предложено решение, преку различните, но ефикасни концепции. Урбаната регенерација на оваа територија, преку нејзиното згуснување и програмскиот избор на станбени програми, придонесуваат за културно, техничко, уметничко сфаќање на градот и на интензитетот на функционалната употреба на урбаниот простор. Хибридниот пристап и одржливиот карактер заедно со сите енергетско-амбиентални аспекти кои ги содржи новиот објект, го категоризираат како високо еколошки свесна структура и извонреден пример на одржлива архитектура. n 31 јули 2015

ПОРТА

39


www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


архитектура

AРХИТЕКТОНСКИ ОБЕЛЕЖЈА НА ЦЕНТРАЛНИОТ БИЗНИС ДИСТРИКТ НА БАНКОК

Дали Саторн Уник ќе биде претворен во новиот Торе Давид? Стотици проекти низ градот се напуштени и замрзнати во времето поради банкротирањето на инвеститорите, оставајќи ги градежните работници неплатени и помалите инвеститори со големи финансиски загуби Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Тајланд)

К

ога размислуваме за сликата на градскиот централен бизнис дистрикт, вообичаено визуелизираме централна зона со густо поставени облакодери на повеќе нивоа, трговски центри со специјализирани продавници, канцеларии, админстрација, градска куќа, банки, високи цени на градежното земјиште. Саторн е дел од централниот бизнис дистрикт на Банкок, истовремено специфичен поради својата автентичност кон модерниот развој и кон корените на стариот свет. Храмовите, тротоарите со тезги за храна и постојките на такси скутерите, хармонично егзистираат во истиот план со силуетата што ги надвиснува - облакодерите со современи фасади. Уличната мрежа на Суриуонгсе, Силом и Саторн, како и во другите делови на Банкок е развиена врз основа на мрежата на водните канали клонг. Образецот врз којшто се „гради“ современиот Банкок е само нов слој врз постоечките канали. Од друга страна, земајќи предвид дека водните канали постојат со децении, без свесно планирање и предвидување на потребите и развојот на современиот град, „премостувањето“ од водната во земјената транспортна мрежа е сè уште предизвик за сите дистрикти. Од автопатот Саторн, низ мали делчиња испресечени од бетонската конструкција на надземниот воз, сè уште може да се види централниот воден канал кој денеска е потполно нефункционален и запуштен. Сепак, Саторн е архитектонски релевантна станица за посетување на објекти кои сведочат за различен фокус на економски интерес и градски развој во различни временски периоди. n

42

ПОРТА

31 јули 2015

САТОРН УНИК

Засекогаш врамен и заробен во економската криза од 1997 година, неокласичниот Саторн Уник егзистира како огромна карабина со половина корпус завиткан во платнен билборд на „Кока Кола“, половина во билборд на Iphone 6. Во неговата околина, покрај искршените делчиња од класични столбови, нема ни трага од сликата што требало да ја проектира: облакодер со модерни светлечки канцеларии, модерен животен стил кој оди во чекор со националниот развој. Четириесет и деветте нивоа, 659 резиденцијални единици и 54 комерцијални простори, денеска се само дом на духови и повремено посетилиште на екстремни туристи. Дали Саторн Уник ќе биде претворен во новиот Торе Давид (Torre de David), недовршениот облакодер во финансискиот центар на Каракас во Венецуела? Стотици проекти низ Банкок се напуштени и замрзнати во времето поради банкротирањето на инвеститорите, оставајќи ги градежните работници неплатени и помалите инвеститори со големи финансиски загуби. Објектот останува да егзистира како урбана руина без никој да го преземе предизвикот за негово рушење, доградување или трансформирање. Честопати локалните луѓе ставаат маса во приземјето на која оставаат понада со храна и цветно венче, палат миризливи стапчиња, искажувајќи ја нивната почит и верување во духови - традиционално во будистичката религија.


ОМА ВО БАНКОК

Најактуелен, највисок и најамбициозен комплекс на современата архитектура и урбанизам во Тајланд, се суперлативите што го најавуваат Махнакхон, проект на Оле Шерен, соработник на ОМА - проектниот лидер на објектот CCTV Tower во Пекинг. Иако сè уште во изградба, вкрстувањето на различни функции, елегантниот појас на пиксели кој се обвиткува околу просторниот волумен, најавените брендови и близината до надземниот воз, доволно ја имаат загреано атрактивноста на облакодерот за станбените единици да достигнат цена која котира помеѓу највисоките на недвижностите во Банкок (од 1,1 до 17 милиони долари). Изградбата на повеќе од 150.000 м2 ќе биде „балансирана“ со пејзажен проект за плоштад, повеќекатен комерцијален центар со ресторани, кафулиња и 24-часовен пазар, 200 апартмани во сопственост на Ritz-Carlton, 150 собен бутик хотел во соработка со Mariot international, како и стандардната кровна тераса со бар. Кулата е внимателно издлабена воведувајќи тридимензионална лента на архитектонски пиксели. Тоа генерира специфични обележја стаклени небесни кутии со непрекината панорама на градот, простори кои создаваат врска помеѓу внатрешноста и надворешноста и поглед кон реката Чаопраја. Пикселите што навлегуваат кон внатрешноста, „издлабените делчиња од елегантната стаклена фасада метафорично го откриваат животот во внатрешноста“ - внатрешниот град на жителите на облакодерот. „Современата руина“ е најавено да биде пуштенa во употреба во почетокот на 2016 година. ПОРТА


архитектура ПЛОШТАДОТ САТОРН

Неговата површина го исполнува последното неексплоатирано делче на раскрсницата помеѓу Саторн и Наратхивас, како почетна точка на централниот бизнис дистрикт. Композиција од зачувано историско наследство, современа архитектура и урбан дизајн, можат да се прочитаат преку админстративната кула и високиот хотел поставени околу стара куќа од 1914 година, која му припаѓала на аристократот Луанг Саторн. Кулата со канцеларии во еден од своите агли прави простор за конусен волумен изработен од челична конструкција и стакло, кој е како светилник преку кој визуелно комуницира лобито и надворешниот плоштад. Надвор, пристапните скали и водната површина се распоредени на нескромно голем јавен простор, иако активностите на посетителите се доминантно внатрешно ориентирани. Понекогаш, „сосема случајно“ се појавува тезга со таи храна, да им понуди ужинка на вработените во кулата. Грижата за самодоволен град, зеленило и еколошки градски развој не се критично на агендата за развитокот на Саторн. Политичкиот и административен конфликт, корупцијата и комплексноста се спомнуваат истовремено со планирањето на Банкок во иднина. Сепак, климатските промени предизвикуваат размислување и преобмислување на згуснувањето на градот. Пресекот и посетата на архитектонските обележја на Саторн со дијаметрално различни приказни и почетни точки,

наликуваат на уникатен колаж, меѓутоа и на исклучителен предизвик во размислувањето за компактен град. Краткотрајноста на мандатот на политичката власт, финансиската придобивка и потребата од рапиден економски развој го хендикепираат формалното планирање на симбиозата помеѓу современиот град и историското наследство, и имплементирањето на

долгорочни урбано-еколошки решенија. Сè уште размислувањето за систематичноста на градот е разлеана, меѓу другото, во сликите и индивидуалната возбуда на живеење во двовисински стан, птичја перспектива на градот и уживање во барот на кровната тераса. Слично на минливоста од слика за светлечки канцеларии во напуштена бетонска карабина на Саторн Уник.

ЗГРАДА РОБОТ

Гледајќи го својот син како си игра со јапонска играчка, познатиот таи архитект Сумет Јумсаи се инспирирал да предложи просторен концепт сличен на играчката за Банката на Азија. Машинскиот концепт бил сличен со желбите на директорите на банката - облакодерот да ги изрази нивните нови компјутеризирани услуги и хуморот на надворешниот фронт да изразува добредојде за клиентите. Сумет е главен лик на модернизмот во Тајланд, под огромно влијание на Ле Корбизје. Наспроти стилот на лик од цртан филм, објектот е сосема рационално и економски испланиран. Архитектурата и урбаниот дизајн се соодветно вклопени, со формален плоштад и колонада која води до централниот хол на банката. Објектот е завршен во 1987 година по цена од 10 милиони долари и се смета за еден од последните објекти во Тајланд чијшто концепт е врз постулатите на модерната. 44

ПОРТА

31 јули 2015


ПОРТА


урбанизам

АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (10)

Трансформација на индустриски Постојат индустриски простори објекти кои ја изгубиле својата намена и оставени се на забот на времето, како и објекти кои не се одржуваат. Таквите запуштени простори и индустриски објекти се негативни појави во градовите, бидејќи придонесуваат за неповолната околина, со загадување на земјиштето и подземните води. проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх.

Индустриja во Лудвигсхафен - Германија

С 46

о развојот на индустријата и со оформување зони за индустрија, особено во втората половина на минатиот век, во различен степен се врши раскинување на компактното ткиво на градовите. Просторите за индустрија се лоцираат до урбаното ткиво и надвор од него, на различни растојанија од станбените населби. Битен фактор е темпото на развој, а помалку применет е факторот на заштитата на околината. Процес на развој, потоа заштита. Визуелната слика на градовите е силуета со вертикали на фабрички оџаци, како симбол на развојот. Се внимава на висината на оџаците и големината на санитарно-заштитните зони со вегетација, наместо акцентот да се насочи директно на непосредниот извор на загадување. Но, загадувањето на воздухот, водата и почвата е присутно и на дистанца. Предвидените растојанија меѓу индустријата и станбените неселби се релативни. Ситуацијата е уште понеповолна со натамошното растење на градовите, со игнорантскиот однос кон процесот на бесправна изградба на објекти и цели населби кои се оформуваат на периферијата на градовите и околу индустријата, со што предвидените растојанија се намалуваат и постепено се спојуваат градовите и зоните со индустрија. Пристапот со дистанцирање на индустријата, високи оџаци и зони со вегетација за санитарна ПОРТА

31 јули 2015

заштита се покажа неефикасен. Проблемите се решаваат непосредно во сегментот каде настанува загадувањето, непосредно на изворот. Се промовираат технологии кои имаат поволен степен на влијание врз околината. Во третманот на просторите за индустрија се применуваат принципите на одржлив развој, со соодветна заштита на компонентите на средината, преку промовирање на незагадувачка индустрија. Во однос на просторот, потребно е санирање и ревитализација на постојните индустриски објекти, со примена на нови технологии, со процес на трансформација на индустријата и со поефикасно уредување на просторот на

индустриските зони. Еволуција на просторите со индустрија, од напуштени погони од транзицијата, до нови урбани жаришта. Поврзување на реалноста и визиите, како предизвик за архитектите. Во развојот на индустријата се согледуваат три периоди кои се одвиваат со различен интензитет и во различни простори: Период 1 – Концентрација. Период на оптимизам, изградба на нови индустриски погони, потреба од работници, процес на миграции, развој на индустријата. Периодот од 50-тите до 80-тите години на минатиот век се карактеризира со концентрирано просторно разместување на производствените дејности во градот Скопје како најголем индустриски Југохром - Јегуновце


Топилница - Велес

центар во Македонија, со околу една третина oд вкупните индустриски капацитети. Основна карактеристика на просторната структура на индустријата е регионална нерамномерност во разместување на индустриските капацитети, со концентрации на индустријата во поголемите урбани центри, што е поврзаио со концентрација на населението и другите урбани содржини. Период 2 – Трансформација. Сопственичка, просторна, од големи индустрии се оформуваат мали претпријатија и индустрии, процес на транзиција во 90-тите години. Во индустриските капацитети после 1992 година настанаа битни промени во сопственоста, обемот на капацитетите, преструктуирење на производството, а тоа имаше влијание врз просторното организирање на индустриските капацитети. Во тој постприватизационен период на реструктуирање на стопанството, присутен беше проблемот на недоволни инвестиции за модернизација на опремата и унапредување на технологијата на производствениот процес. Период 3 - Дисперзија. Оформување на зони за технолошки развој, со дисперзија на индустриски кацацитети, особено во последната декада. Со лоцирање на индустриски објекти во помалите урбани подрачја се подобрува нивото на просторна разместеност на индустриските капацитети, со акцент на индустриските развојни зони, со внесување на еколошки стандарди за квалитет на средината. Урбани подрачја и индустрија. Во урбанистичките планови на градовите, покрај другите урбани содржини, се утврдуваат и подрачја за индустрија. Големината на

просторите за индустрија, во однос на вкупните урбани подрачја, се движи од 10 до 15%, во зависност од просторните потреби утврдени со урбанстичкиот план, а процентот на реализација на делот со индустрија се движи од 20 до 70%, во зависност од условите за реализација на планските поставки и решенија. Во европските градови, идустријата зафаќа 4 до 10% ( Лондон 4,7%, Париз 5,2% од вкупна изградената површина - според Bertaud A., 2006), додека во источно-европските градови индустриското замјиште зафаќа 10 до 30% од урбаните подрачја (Прага 13,4%, Варшава 15,1%, Белград 18%, Љубљана 27,4%).

НАСОКИ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОСТОРИ ЗА ИНДУСТРИЈА 1. Нова технологија во постојни простори Постојат индустриски објекти кои ја изгубиле својата намена и оставени се на забот на времето, како и објекти кои не се одржуваат. Таквите запуштени простори и индустриски објекти се негативни појави во градовите, бидејќи придонесуваат за неповолната околина, со загадување на земјиштето и подземните води. Тоа се случува во голем број градови, особено тоа е актуелно во земјите во транзиција, каде се развиваат голем број на проекти за ревитализација, базирани на одржливиот развој. Најчесто применуван тип на трансформација на индустријата е со внесување нови технологии во постојните капацитети, со што се овозможува повисока финализација на производството и пазарно конкурентни производи. Со тоа се врши модернизација на индустриските капацитети, со воведување на

информатички технологии, флексибилни технологии на нови материјали, био технологии, енергетски и еколошки ефикасни технолошки процеси. Во однос на просторните структури се насочува организирање на мали, флексибилни капацитети со примена на соодветни штедливи и еколошки технологии, според принципите на одржлив развој, според кои индустрискиот развој и заштитата на животната средина сочинуваат единствен систем, со примена на сооодветна архитектура за флексибилна индустрија. 2. Нови намени во постојни индустриски објекти Покрај внесување нови технологии во постојните капацитети, при трансформација на индустриски објекти може да се предвидат и нови намени во постојните објекти. Новите намени можат да бидат од различни урбани функции (една или повеќе функции), особено за потребите на културата или домување (како доминантна содржина на урбаните ткива). Притоа се користат постојните просторни структури, со одредени внатрешни промени, доградби и (или) надградби, според потребите на новата урбана функција, усогласена со  урбанистичките услови. Интересен пример за таква трансформација на идустриските објекти е комплексот Гасометер во Виена, кој се пренаменува како мултифункционален комплекс, со задржување на фасадите од тули на четири индустриски објекти. Ново во старо. Пренамена на стар индустриски комплекс од крајот на 19 век (1896). Четирите објекти првично биле наменети за чување на гас за снабдување на Виена. Во 70-тите години Виена се снабдува со природен гас, а објектите не се користат и 31 јули 2015

ПОРТА

47


урбанизам

Флексибилна индустрија во Швајцарија и Сингапур се предмет на пренамена. По затворањето, сите четири големи цилиндрични објекти беа демонтирани, освен фасадите од тули кои се зачувани. Во 1981 година објектите се под старателство на ликовните уметности во Австрија (се користат како културни центри), во 1986 година се заштитени, во 1995 година се одржува натпревар за проект за пренамена на објектите и секој од архитектите разработува по еден објект. Автори на пренамената се: Jean Nouvel, Coop Himmelb(l)au, Manfred Wedhorn и Wilhelm Holzbauer, и секој од нив проектира по еден објект, со задржување на основните фасади на кружните индустриски објекти, заради зачувување на духот на времето, што се обратни трендови од тековната ситуацијата кај нас. Зградите се предвидени како повеќефункционални, долните катови се со јавни содржини, а горните катови се домување, а се применети различни решенија на средишниот дел. Се одвиваат активности во периодот 1985 - 2001 година. 3. Нови намени на локалитет со индустриски објекти При трансформација на индустријата, може да се примени и внесување нови намени на локалитет со индустриски објекти, со предвидување нови урбани содржини и нови просторни структури на локација на некогашни индустриски објекти и комплекси. Таков е примерот на локалитетот „Експо 98“ во Лисабон, сместен во крајбрежниот појас на реката Тагус, во должина од пет километри, со површина од 50 хектари. На тоа место претходно се наоѓала запуштена индустриска зона (оддалечена осум километри од центарот на градот). Идејата на градските власти не била само да се промовира лисабонската и португалската култура, како и развојот на науката и техниката, туку да се формира еден сосема нов кварт од градот, кој ќе продолжи да 48

ПОРТА

31 јули 2015

егзистира и после „Експо 98“. Тоа е пример како една неатрактивна индустриска зона може да заживее и да функционира како витален градски простор, со пренамена од индустриски во атрактивен станбен, деловен и забавен кварт.

Принципот ново наместо старо е применет во повеќенаменската нова населба Биотоп, на место на некогашна индустриска зона во Амстердам, со вградување на ефикасни еколошки принципи. (Слика 15, Нова населба Биотоп во Амстердам).

Комплекс на цилиндрични пренамени на објекти во Виена


4. Нови намени над постојни објекти. Слоеви. При трансформација на просторите на индустрија, може да се примени и внесување нови намени над постојните индустриски објекти, со принцип ново над старо, како на примерот на проектот Фабрика 798 (2004) во Пекинг, Кина, проект на архитект Bernard Tschumi. Притоа се почитуваат постојните структури и се предвидуваат и нови структури над постојните, со систем на слоевито градење, со тоа што егзистира пренаменета индустрија во центар за култура и се додава нов дел за домување над постојните пренаменети објекти. Фабриката што била за производство на оружје за време на ладната војна, е лоцирана во североисточниот дел на Пекинг. На површина од еден милион метри квадратни се предвидува друга намена - домување. Архитектот го задржува постојното ткиво на старите објекти, со модифицирана намена за простори за уметност, а новата мрежа на станбени згради се поставува 20 метри над постојната структура и создава еден вид нов хоризонтален град третиран во слоеви, со додавање нова структура над постојната.

Комплекс „Експо 98“ во Лисабон Активности за зголемување на квалитетот на просторите за индустрија: - перманентен процес на одржување, обновување и модернизирање на индустриските објекти, со примена на нови технологии и ревитализација на постојните погони и изградба на нови флексибилни објекти и уредување на просторот; - примена на пренамена на одделни напуштени индустриски објекти или комплекси со нови урбани содржини, со вклучување во актуелната урбана содржина на

градовите; - примена на суштински процес на урбана обнова на индустриските зони; - перманентен процес на трансформација на просторите за индустрија (со примена на еден или повеќе типови), со вградување на еколошки принципи, во функција на постојано зголемување на квалитетот на просторите за индустрија.

n

Проект Фабрика 798, Пекинг, Кина

ПОРТА


eксперт

260 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЛИСАБОН, ПОРТУГАЛИЈА

Од тројна катастрофа до егземпларна обнова Веројатно една од историски најзначајните обнови по земјотреси на тлото на Европа, е онаа што датира од пред повеќе од два и пол века. Пред 260 години, на 1 ноември 1755 година, католичкиот празник на Сите светци и православниот празник Духовден, Лисабон, главниот град на Кралството Португалија бил разорен од катастрофален земјотрес проследен со пожари и цунами. д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (наш дописник од Лондон)

Ј

ули е месец на годишни одмори, а на оние повозрасните граѓани на Република Македонија и месец за сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, којшто пред 52 години, на 26 јули 1963 година, во голема мера го разурна но и придонесе за оформување на новиот лик на градот, по којшто го препознаваме во овој двесет и први век. Се разбира, трансформацијата на Скопје по земјотресот е една од низата обнови по земјотреси на тлото на Европа. Веројатно, една од историски најзначајните обнови по земјотреси на тлото на Европа, е онаа што датира од пред повеќе од два и пол века. Во 9.40 часот по локално време, пред 260 години, на 1 ноември 1755 година, католичкиот празник на Сите светци и православниот празник Духовден, Лисабон, главниот град на Кралството Португалија бил разорен од катастрофален земјотрес проследен со пожари и цунами. Сезимолозите проценуваат дека епицентарот на овој земјотрес се наоѓал во Атланскиот Океан

50

ПОРТА

31 јули 2015

околу 200 километри југозападно од ’ртот Свети Винсент (Cape St. Vincent) и дека бил со магнитуда од 8,5 до 9,0 степени, и во него загинале помеѓу 10 и 100 илјади лица. Како резултат на овој земјотрес, во Лисабон се појавиле до пет метри широки пукнатини во земјата. Како населението бегало од изградените делови кон отворените простори на брегот на реката Тагус, дошло до повлекување на водата од реката, а околу 40 минути по земјотресот градот бил погоден од три цунами бранови кои предизвикале дополнителни разурнувања. Во деловите на градот поштедени од брановите избувнале пожари кои траеле пет дена. Иако земјотресот е познат како Големиот лисабонски земјотрес (The Great Lisbon Earthquake), песледиците од него биле далекусежни. Земјотресот бил почувствуван дури во Гренлад и Финска, ширум Европа, во Северна Африка и на Карибските острови (Мартиник и Барбадос), на спротивната страна од Атланскиот Океан. Така брегот на Северна Африка бил погоден од 20 метри високи бранови. До три метри високи бранови го погодиле регионот на Корнвол во Англија, додека областа Алгарв на југот на Португалија и Кадиз во Шпанија претрпеле големи штети.

Португалското кралско семејство на кралот Жозе Први (1714-1777) го преживеало земјотресот со оглед на тоа што претходно дента заминале за да го прослават празникот на кралскиот имот Ежуда (Ajuda) надвор од Лисабон. По земјотресот, во Ежуда бил сместен кралскиот двор во шатори и објекти од дрво, бидејќи кралот развил клаустрофобија и не сакал да престојува во ѕидани објекти. Земјотресот се случил кога миленикот на кралот, Себастиао Жозе де Карваљо е Мело (Sebastião José de Carvalho e Melo, 1699-1782), попознат како Маркизот од Помбал (1st Marquis of Pombal, 1st Count of Oeiras) бил премиер на земјата. Се прикажува дека на прашањето на кралот Жозе Први, што да се прави по земјотресот, Маркизот од Помбал одговорил: „закопај ги умрените и излечи ги живите“. Како резултат на ова, пожарникарите биле испратени да ги гаснат пожарите, а на војската ѝ било наредено да се грижи за одржување на редот во градот. На работоспособното машко насление не му било дозволено да го напушти градот, така што тие се приклучиле на групите работници задолжени за собирање и погребување на починатите, кое вклучувало и погребување на вода.


Околу месец дена по земјотресот, на 4 декември 1755 година, кралот и примерот ја отпочнале обновата на градот, откога Главниот инженер на карлството Мануел да Маиа (Manuel da Maia) презентирал пет предлози за обнова на градот, кои поаѓале од напуштање на градот, преку опции за реконструкција на истото место, па сè до

изградба на нов град. Кралот и премиерот се одлучиле за опцијата што се залагала за целосно разурнување на најпогодениот дел од градот, Долниот град (Baixa), и изградба на нова ортогонална улична мрежа и објекти во комбинација со изградба на големи плоштади, авении и пошироки улици. Обновата на градот била поддржана со

обиди да се најде начин како новоизградените објекти да бидат отпорни на идните земјотреси. Ова резултирало во развојот на „помбалинскиот кафез“ (gaiola pombalina/pombaline cage), во чест на премиерот. Станува збор за дрвена рамковна конструкција, при што вертикалните и хоризонталните елементи се поставуваат на подеднаквo растојание за така формираните квадрати да бидат исполенти со дијагонални зацврстувања во двата правци. Модели на ваквата конструкција биле „тестирани“ кога на војската ѝ било наредено да маршира околу моделите. Оттука, се смета дека „Помбалинските згради“ се едни од најраните примери на објекти отпорни на земјотреси, при што иновативната дрвена конструкција се користи како метода за зајакнување и „армирање“ на ѕиданите објекти. Во рок од година дена по земјотресот, „Долниот град“ бил расчистен, што овозможило да се отпочне со реконструкација на Помбаловиот долен град (Pombaline Lower Town / Baixa Pombalina) која опфаќала површина од околу 23,5 хектари. Реконструкцијата се одвивала според проектот на португалскиот  31 јули 2015

ПОРТА

51


eксперт

архитект Еугенио дос Сантос (Eugénio dos Santos). Во овој проект централно место земал правоаголниот Плоштад на трговијата (Praça do Comércio / Square of Commerce), кој бил изграден на поранешната локација на урнатата кралска палата Рибеира (Ribeira Palace) изградена на брегот на реката Тагус. Плоштадот бил врамен од објекти во форма на буквата „П“, при што отворената страна излегувала на брегот на реката. Во овој објект биле сместени органите на државната управа, додека на приземјата биле формирни длабоки колонади. Во центарот на плоштадот била поставена скулптура на кралот Жозе Први на коњ кој ги гази змиите под своите нозе, од најистакнатиот португалски скулптор од тој период Јоаким Мачадо де Кастро (Joaquim Machado de Castro). Од „делфините“ (столпчиња за врзување на брoдoви) на брегот на Тагус преку статуата на кралот Жозе Први, погледот оди кон Лакот на улицата Аугуста (Arco da Rua Augusta) изработен според проектот на Верисимо да Коста (Verissimo da Costa). На монументалниот лак се наоѓа часовник и седум скулптури, вклучително на онаа на маркизот од Помбал. Откога ќе се помине низ монументалниот лак, се влегува во пешачката улица Аугуста која води кон плоштадот Росио (Rossio Square) со монументалниот Национален театар. Улицата Аугуста е дел од ортогонално организираната улична мрежа оформена од униформни правоаголни 52

ПОРТА

31 јули 2015

барокни/неокласчини објекти со мешана функција и средна катност. Односот помеѓу височината и меѓусебното растојание на објектите дава чувство на простор изграден по човечка мерка, во кој се чувствувате пријатно и безбедно. Реконструкцијата на помбалинскиот долен град се смета за една од најраните и најзначајните обнови по природни катастрофи и во Европа и во светот, но и како еден од најраните и најзначајните примери на барокно/неокласично урбанистичко планирање и архитектура. Големиот лисабонски земјотрес одиграл големо влијание врз развојот на науките и уметностите во тој период, при што особено се истакнуваат зачетоците на сеизмологијата и земјотресното инженерство, концептите за

изградба на објекти отпорни на земјотреси, научната географија и сл. Улогата на премиерот, Маркизот од Понбал, кој ја добил оваа титула 15 години по земјотресот, се смета за клучна во процесот на обнова и реконструкција на градот, и неговото име е овековечено преку иновативниот конструктивен систем, стилот на новоизградените објекти и др. И покрај својот голем придонес, тој успеал да си создаде доволно непријатели помеѓу влијателните слоеви на Лисабон и Португалија, така што набрзо по смртта на кралот Жозе Први, Маркизот од Помбал бил протеран од Лисабон и го поминал преостанатиот, но многу краток дел од својот живот надвор од градот, во чијашто обнова тој многу придонел. n


рубрика

ǯ

26 декември 2014

ПОРТА

39

26 декември 2014 ПОРТА ПОРТА

39


eнергетска ефикасност

ЕУ - КОНТЕКСТ, ПРЕДИЗВИЦИ И ЦЕЛИ

До кога ќе заостануваат Македонија и регионот се карактеризираат со нерационално трошење на енергијата, ниско ниво на свест за овие прашања, користење на електричната енергија за греење во голем процент, висока енергетска интензивност и слични специфики

В

Даниела МЛАДЕНОВСКА о пошироката јавност кај нас, терминот „енергетска ефикасност“ често се поистоветува со терминот „заштеда на енергија“. Но, таквиот пристап е потполно погрешен. Енергетската ефикасност подразбира обезбедување на ист квалитет на живот, производ и услуга со најниска можна потрошувачка на енергија. Се разбира, тука не се мисли само на електричната енергија туку на сите видови енергија (горива, топлинска енергија, енергија за ладење и сл.) Земјите членки на ЕУ веќе одамна ја сфатија важноста на енергетската ефикасност и значењето во поддршката на одржливиот развој и економскиот напредок. Затоа и резултатите се импресивни. Само во 2013 година, како резултат на примената на мерките за енергетска ефикасност, остварено е намалување на вкупните трошоци за енергија за 15,5%. На овој начин се намалуваат и емисиите на стакленички гасови во атмосферата, како резултат на намалениот обем на користење на фосилните горива. Секако, во однос на последнава

54

ПОРТА

31 јули 2015


eнергетска ефикасност

Македонија и регионот? констатација, најголема заслуга има користењето на обновливи извори на енергија како супституција за фосилните горива. Бизнисот со енергија од обновливи извори е една од најбрзорастечките гранки на економијата на ЕУ, со просечен годишен приход од околу 129 милијарди евра и над еден милион вработени. Зошто Европската Унија прашањата во врска со енергијата и енергетската ефикасност ги поставува толку високо на листата на приоритети? Од неодамна се заговара и формирање на Европска енергетска унија. Има повеќе причини за тоа. Пред сè, ЕУ е најголемиот увозник на енергија во светски рамки, внатрешниот енергетски пазар не е доволно развиен, иако мора да се констатира дека има сериозна конкуренција кога зборуваме за цените на енергијата, и секако една од најсериозните закани за Европа е изразената зависност на снабдувањето со природен гас од еден извор. Токму затоа Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија ќе каже: „Сакам да ја реформирам и реорганизирам европската енергетска политика во нова Европска енергетска унија“. Ако се анализираат петте главни димензии кои ЕК ги има зацртано во својата визија за Енергетска унија, мора да се забележи дека енергетската ефикасност е на високото трето место веднаш по сигурноста во снабдувањето и енергетските пазари. Притоа, фокусот е ставен на зголемувањето на енергетската ефикасност во градежништвото, промовирање на енергетски ефикасен одржлив транспорт (многу се работи на концепти за одржлив јавен транспорт) и ефикасни апарати за домаќинствата. Практично, во сите споменати сектори, мерлив е значителен напредок од година во година во областа на енергетската ефикасност: - Индустријата на ЕУ ја подобрила енергетската ефикасност за скоро 19% во периодот 2001 - 2011 год. За споредба во САД за истиот период оваа вредност е 9%. - Во периодот 1995 - 2010 г. просечната потрошувачка на гориво на новите возила во ЕУ е намалена за 27%. Се стимулира користењето на електрични и хибридни возила. - Сите нови деловни или резиденцијални објекти изградени денес, трошат во просек 40% помалку енергија отколку оние изградени пред 20 години. Политиките во врска со енергетската ефикасност на ниво на ЕУ се пропишани во Директивата за енергетска ефикасност 2012/27/ЕУ, чиј краен рок за транспонирање во националните законодавства на земјите членки беше 5 јуни 2014-та. Една од главните цели на политиката за енергетска ефикасност на ЕУ е зацртаната заштеда од 30% до 2030 година во однос на 2007 година како референтна. Јасно е дека Европа постојано ги мобилизира сите свои ресурси за почисто, поефикасно и поевтино производство на стоки и услуги. Како краен резултат расте економијата и квалитетот на живот. Обуки и тренинзи во оваа област се хит кај сите компании кои држат до себе и својот развој. Консултантите од областа на енергетската ефикасност и енергетските менаџери се навистина барани на пазрот на трудот. Компаниите се свесни дека вложеното во оваа област повеќекратно ќе се врати. Секако, потребни се инвестиции за реализација на зацртаното. Но, парите не треба секогаш да ни бидат изговор. Огромен број мерки за енергетска ефикасност воопшто и не бараат финансиски вложувања. Потребна е само промена во однесувањето. Веројатно, најмногу, во традиционални средини каде тешко се прифаќаат промени ова е најтешкиот чекор. 

31 јули 2015

ПОРТА

55


eнергетска ефикасност Бенефитите од енергетската ефикасност имаат влијание врз состојбата во повеќе области Приказ на ЕУ директивите во врска со енергетската ефикасност

се работи за бројка која е двојно поголема во споредба со другите европски земји. Во табелата подолу, дадена е просечната потрошувачка на електрична енергија по домаќинство за Европа, Македонија и Хрватска, како најмлада членка на ЕУ но несомнено лидер во регионот. kWh/домаќинство Европа 4.209 Македонија 5.832 Хрватска 4.040 Просечна потрошувачка на електрична енергија по домаќинство за 2011-та Ако се погледне структурата на енергентите што се користат во Македонија, во финалната потрошувачка се гледа дека состојбата е поразителна, посебно поради фактот што енергентите кои веќе одамна ги има усвоено развиениот свет поради својата ефикасност, незначителните влијанија врз животната средина и сл., кај нас се на

Енергетската ефикасност е клуч за одржлив развој, поттикнување на конкуренцијата и подобрување на енергетската сигурност Каква е ситуацијата во Македонија и регионот во областа на енергетската ефикасност? За жал, Македонија и регионот се карактеризираат со нерационално трошење на енергијата, ниско ниво на свест за овие прашања, користење на електричната енергија за греење во голем процент, висока енергетска интензивност и слични специфики. По дефиниција, енергетската интензивност значи колку енергија се троши за обезбедување на бруто домашен производ од 1.000 УСД. Според тоа, секоја земја треба да се стреми да троши помалку енергија за производство на каква било стока или услуга. За жал, енергијата што се троши во Македонија за еден производ, во земјите од ЕУ ќе биде искористена за производство на четири идентични производи. Соодносот е 1:4. Дури и во регионот сме на дното според нерационална потрошувачка на енергија, заедно со Србија. Во регионот на Западен Балкан, потрошувачката на енергија по домаќинство е значително пониска од ЕУ, а меѓу главните причини за таквата состојба е и навиката за греење на само еден дел од домот. Меѓу различните енергенти, доминантно е користењето на електричната енергија во домаќинствата во Македонија од 53% (главно за греење), и 56

ПОРТА

31 јули 2015

маргините. Финална потрошувачка на енергија во домаќинствата во Македонија за 2011 година по видови енергенти Интересно, додека во земјите од ЕУ природниот гас, топлинските пумпи и слични извори на енергија се користат во голема мера, кај нас тие дури и не се застапени во овој преглед. Оттука, разбирливо е што користењето на овие извори е минорно. Во однос на потрошувачката на природен гас тоа е евидентно и поради фактот што земјава речиси и да нема развиено дистрибутивна мрежа освен во два града (Куманово и Струмица). Според потрошувачката на природен гас по жител


Македонија е последна во Европа. Сепак, последниве години во Македонија почнува да се работи на подигање на свеста за прашањето на енергетската ефикасност. Но, не подеднакво успешно во сите сектори. Веројатно, исчекорот го направи градежниот сектор, со оглед на фактот што веќе е во сила Правилникот за енергетски карактеристики на згради, потоа започнаа и успешно завршија обуки за енергетски контролори, неколку згради веќе добија енергетски пасоши (сертификати) и сл. Но, сепак ќе помине уште време до целосно имплементирање на сите овие норми и стандарди. Кај нас сè уште оперативните трошоци или трошоците за енергија кои во својот животен век ќе ги генерира еден објект не влијаат на цената на недвижноста. Често тоа се сосема други критериуми кои некогаш и немаат врска со економската логика (локацијата на пример). За разлика од нас, од неодамна во Хрватска е забрането продавање, па дури и изнајмување на станови, куќи и деловен простор доколку тие не поседуваат енергетски сертификат. Во својата Стратегија за енергетска ефикасност, Македонија има зацртано подобрување на енергетската ефикасност за 9% до 2018 година. Притоа, нотирано е дека секторот индустрија има најголем потенцијал за имплементација на мерки за енергетска ефикасност, но се работи и за посериозни инвестиции за разлика од другите сектори. Една од главните пречки за зголемување на енергетската ефикасност во индустриските компании е недостатокот на системски пристап во управувањето со користење на енергијата во сите нејзини форми и на сите нивоа во компанијата. Ретки се компаниите во Македонија со организиран пристап по овие прашања и кои имаат веќе имплементирано систем за управување со енергијата ISO 50001. Од

неодамна стартуваше проект за енергетска ефикасност во индустријата под покровителство на UNIDO (Организација на Обединетите Нации за индустриски развој), кој ќе обезбеди грантови за компаниите во вид на консултантски услуги, изработка на проекти и сл. за подобрување на енергетската ефикасност и конечно намалување на трошоците. Овој проект започна во април годинава и ќе трае до 2018-та. Секторот транспорт се чини највеќе заостанува. Иако се работи за голем потрошувач на енергија, овој сектор никако да си го добие заслужениот третман кај нас. Не се имплементирани одржливи концепти ниту во јавниот транспорт (трамвај, еко автобуси или сл.), додека возниот парк од патнички моторни возила во минатите години беше преплавен од стари автомобили со висока потрошувачка и висока емисија на штетни гасови и цврсти честички (особено дизел варијантите). Но, со последните законски измени за контрола на емисијата при регистрација на возилата, и овој тренд бележи опаѓање, што ќе придонесе за поефикасно користење на горивата.

Просечна потрошувачка на гориво кај возила VOLVO со различна старост Извесно е дека и кај нас полека се менуваат состојбите. Навистина побавно и потешко од очекувањата и проекциите, но и најдолгото патување почнува со еден чекор. n

31 јули 2015

ПОРТА

57


eкологија

НАЈГОЛЕМАТА СТУДИЈА СО КАМЕРИ-ЗАМКИ ЈА ВКЛУЧИ И ЈАВНОСТА

Како животинското селфи стана хит во проучувањето на дивината?

Ако истражувачите за своите студии вообичаено поставуваат од 20 до 30 камери-замки, студентите по екологија од Универзитетот на Минесота поставиле 225 камеризамки на територија од 1.000 квадратни километри во Националниот парк Серенгети и собрале повеќе од еден милион фотографии во период од три години. Но, во обработката на фотографиите клучна се покажала нестручната јавност и компјутерските алатки. 58

ПОРТА

31 јули 2015

П

Сашо КУЗМАНОВСКИ

овеќе од 300.000 животински селфи-фотографии беа предмет на разгледување во досега најголемата спроведена студија со камери-замки, чија цел е да се истражи биодиверзитетот и меѓусебниот однос на животните во Националниот парк Серенгети, во Танзанија. Млади зебри џвакаат кревка трева, лавчиња си играат со своите мајки, а птици се превезуваат на грбовите на дивите свињи - ова се само дел од позите во кои се фотографирани животните од Серенгети со камера-замките, кои се системи специјално дизајнирани да го фотографираат дивиот свет со далечинско управување. Ги активираат сензори кои реагираат на движење или на топлината на некое животно кое поминува крај нив. Вообичаено, истражувачите за своите студии поставуваат од 20 до 30 камери-замки, но студентите по екологија од Универзитетот на Минесота поставиле 225 камери-замки на територија од 1.000 квадратни километри во паркот Серенгети и собрале повеќе од еден милион фотографии во период од три години, пренесе порталот Motherboard. До денес, тоа е


eкологија

најголемата студија со камери-замки, а нуди решенија што да се прави понатаму со толку голем број неидентификувани фотографии. - Обично, истражувачите што поставуваат камери-замки следат еден до три вида ретки животни или ја бројат популацијата на животни во одредена област. Во нашата студија се обидовме да ја дознаеме динамиката на сите средни и големи животни во екосистемот, а избројавме околу 40 видови – вели Маргарет Космала, една од авторите на студијата за Motherboard. Кога истражувачите ги собрале сите 1,2 милиони фотографии, сфатиле дека не можат да ги прегледаат, па на помош ја повикале јавноста. Се поврзале со Зуниверс (Zoouniverse), граѓанскиот научен проект, ја закачиле целата архива на Интернет, проектот го нарекле „Фотки од Серенгети“ и ги повикале волонтерите да ги означат животните што ќе ги препознаат. Секоја фотографија била покажана на најмалку 10 луѓе, а потоа нивната збирна ознака била обработувана во посебен компјутерски алгоритам. Проектот се покажал како многу успешен, пренесува понатаму Motherboard. Истражувачите се надевале дека ќе заинтересираат барем 200 волонтери за да препознаваат фотографии, но во процесот се вклучиле повеќе од 28.000 луѓе. Фотографии собирани во текот на година и половина, волонтерите ги прегледале за 10 дена. Од сите 1,2 милиони фотографии, животни се појавиле на 322.653 фотографии. Како што објаснува Космала, истражувачите ги користат добиените податоци за да одговорат на голем број различни прашања за

меѓусебниот однос на животните во Серенгети. Првичната цел на студијата била да се утврди како различните видови месојади живеат едни до други, но сега, со податоците за 40 вида животни може да се даде и одговор на прашањето како тие живеат заедно со сите тревопасни животни. - Тревопасните животни, за да преживеат, мора да дојдат до најквалитетната храна, а притоа да ги избегнат предаторите. Сакаме да утврдиме дали предаторите секогаш се врткаат околу пределите со најквалитетна трева, зашто таму се сите тревопасни животни. Како тревопасните бираат каде ќе пасат? Тоа не интересира - додава Космала за Motherboard. ГРАЃАНИТЕ ВО УЛОГА НА НАУЧНИЦИ Тоа е партнерство меѓу јавноста и професионалните научници, кое помага да се најдат одговори на прашањата што научниците не можат сами да ги одговорат, коментираат од Лабораторијата за орнитологија на Универзитетот Корнел, САД. Некои научни проекти се концентрираат на мали подрачја, на еден град или на едно водно живелиште, но други се однесуваат на цели континенти или на целиот свет. Граѓанската наука им отвора можност, особено на младите луѓе, да се запознаат со природата, да се стекнат со научни алатки и да се запознаат со методите на истражување, да го фотографираат живиот свет и да им ги пратат своите фотографии на стручните лица кои ги прават анализите и донесуваат заклучоци за одредени состојби. Таа соработка помага подобро да се разбере живиот свет, за подобро да се заштити. n 31 јули 2015

ПОРТА

59


културно наследство

KУЛТУРЕН ВАНДАЛИЗАМ НА ИСИЛ ВО СИРИЈА И ИРАК

Монструозно бришење на старите цивилизации подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

О

д почетокот на граѓанската војна во Сирија, во војните дејствија е уништен значаен дел од непроценливото културно наследство кое се наоѓа на просторот на оваа земја. Со појавата на таканаречената Исламска држава, уништувањето на материјалните остатоци од различни епохи на човековото минато на просторот на Ирак и Сирија, стана планско и темелно, и се здоби со досега невиден монструозен карактер. Од своето основање, самопрогласената Исламска држава пристапи кон уништување на голем број древни структури, локалитети и артефакти, оправдувајќи ги своите постапки како субјективно толкување на Исламот. Според толкувањето на ИСИЛ, уништените споменици претставувале „симболи на идолопоклонство“, односно „навреда за Мухамед“. Паралелно, апсолутно сите локалитети и музеи кои се наоѓаат на просторот што го контролира ИСИЛ, се изложени на постојани грабежи. Значи, на нејзините членови, идеолози и водачи не им претставува проблем тоа што на остатоците на тоа минато добро заработуваат. Според некои информации, предводниците на Исламската држава со продажба на археолошкото наследство и други предмети

60

ПОРТА

31 јули 2015

од културното наследство, обезбедуваат дел од парите за купување на оружје. Екстремистите од т.н. Исламска држава (ИДИЛ/ИСИЛ) за само неколку дена уништиле или сериозно оштетиле некои од најзначајните споменици на светското културно наследство. Според достапните информации, древниот асирски град Нимруд, кој е основан во XIII век пр.н.е., во значителна мера е срамнет со земја. Во сè уште непознат обем се разорени и до неодамна извонредно сочуваните остатоци од Хатра, древниот асирски град Дур-Шарукин во близина на Хорасбад, како и дел од историскиот ѕид и капијата Ниргал на локалитетот Нинива. Припадниците на ИСИЛ објавиле пропагандна снимка на која го забележале

сопственото дивеење во музејот Мосула, каде со чекани, палки и дупчалки во потполност уништиле значаен дел од експонатите, како и две монументални статуи на локалитетот Нинива. „Борците на групата Исламска држава Ирак и Левант, ги пљачкосуваат древните места ширум Ирак и Сирија, и го продаваат културното богатство на посредниците“, изјавила директорката на УНЕСКО Ирина Бокова. Петтина од приближно 10.000 светски познати ирачки древни места, над кои ИСИЛ има контрола, се опљачкани, а сè уште не е познато што се случува во многу други подрачја, изјавила Бокова на состанокот на експертите од Royal United Services Institutea, кој се одржал во Лондон. Некои места во Сирија во толкава мера се ограбени, што веќе немаат никаква историска ниту археолошка вредност, а УНЕСКО е исклучително загрижен и за културното наследство во Либија. На подрачјето на самопрогласениот халифат на Исламската држава во Ирак и Левант се наоѓаат некои од најбогатите археолошки наоѓалишта во светот. Халифат ги опфаќа подрачјата на кои има остатоци од асирското царство, остатоци од грчко-римската цивилизација, и на кои со векови коегзистирала муслиманската и христијанската култура. Припадниците на ИСИЛ се фалат со уништувањето на вредните дела од културното наследство на видеоснимките, па објавуваат фотографии на девастираните градови и древните места на интернет-страниците. n


културно наследство ХАТРА На списокот на светското културно наследство уште од 1984 година се наоѓаат монументалните остатоци на Хатра, основани во третиот век пр.н.е. За жал, и остатоците на овој древен град што се одликуваат со единствена архитектура која претставува комбинација на различни влијанија, исто така се во голема мера уништени.

НИМРУД Древниот асирски град Нимруд, основан во 13 век пр.н.е., е речиси срамнет со земја. Дел од скулптурите и релјефите од локалитетот Нимруд се однесени со камиони, пред припадниците на ИД да ги уништат остатоците од овој град. Нимруд е мета на екстремистите уште од почетокот на јуни минатата година, кога Исламската држава го зазема Мосул и провинцијата Нинива на северот на Ирак.

МАРИ Еден од најстарите градови во светот – Мари, кој претставувал моќен граддржава во третиот век пр.н.е., исто така е уништен и опљачкан. Тој се наоѓа на брегот на Еуфрат во Сирија, недалеку од границата со Ирак. Градот е значаен заради откритието на единствената библиотека која броела околу 25.000 глинени плочки и која, всушност, претставувала административна архива на овој град-држава. 31 јули 2015

ПОРТА

61


културно наследство ДУРА ЕУРОПОС Прочуениот локалитет чии остатоци лежат на брегот на Еуфрат во југоисточна Сирија, и кој заради зачуваноста во стручните кругови е наречен „Помпеина пустина“, е разрушен и ограбен до непрепознатливост. Овој древен град е основан во третиот век пр.н.е. и локацијата е од голема важност за проучување на етничката и религиската разноликост, бидејќи како значаен центар на трговијата бил космополитски град. Овде е откриен досега најстариот христијански објект во светот, односно остатоци од најстарата црква. Меѓутоа, во изминатиот период пљачкашите во потполност го прекопале подрачјето во потрага по вредностите.

МОСУЛ Во Мосул е уништена универзитетската библиотека која содржела многу вредни книги, гробницата на познатиот арапски филозоф од 12 век Ibаn al-Athir, џамијата на пророкот Jone, изградена на местото на кое, според преданието, се наоѓал неговиот гроб и која била место на поклонение на муслиманите, христијаните и Евреите.

РАКА Во градот Рака во северна Сирија, која претставува некој вид центар и главно упориште на Исламската држава Ирак и Левант, екстремистите со експлозив разрушиле неколку џамии и други верски објекти.

62

ПОРТА

31 јули 2015

ТИКРИТ Во овој град во потполност е уништена древната асирска црква позната како Зелена црква, изградена во 13 век.


културно наследство ДУР-ШАРУКИН Исламистите, исто така, во досега непознат обем, го уништија древниот асирски град Дур-Шарукин во близина на гратчето Хорасабад, како и капијата Ниргал и дел од историскиот ѕид на престолнината на новоасирското царство – Нанива, која инаку беше еден од најзначајните и најголеми градови на стариот Исток.

ТЕЛ БРАК Еден од најголемите локалитети на северна Месопотамија, лоциран на североисток на Сирија – Тел Брак (древен Нагар), кој зазема огромна површина од околу 130 хектари, исто така е ограбен и во најголем дел уништен. Овој значаен археолошки локалитет станал прочуен по откривањето на храмот Ока

ПАЛМИРА Ектремистите уништиле и два големи мавзолеи во античкиот град Палмира, а во една од уништените гробници е погребан Мухамед Бин Али, потомок на имамот Алија, роднина на пророкот Мухамед. Другата гробница му припаѓа на научникот Nizar Abuu Bahaedin кој живеел пред 500 години. Овој древен град долго бил пресуден за караваните што поминувале низ сириската пустина и уште се спомнува во Библијата како пустински град кој го изградил јудејскиот крал Саломон, синот на Давид..

31 јули 2015

ПОРТА

63


хортикултура

Жардиниерите се многу практични за уредување на кровните градини каде што не може да се изведат интензивни кровни градини или треба да се преземат поголеми градежни зафати

64

ПОРТА

31 јули 2015

ПОГОЛЕМА СЛОБОДА ВО УРЕДУВАЊЕТО НА КРОВОВИТЕ И БАЛКОНИТЕ

Жардиниери за запазување на секој градинарски стил Филип ФИЛИПОСКИ , дипл.шум.инж.

С

ите бенефити од зеленилото се добро познати во денешно време. Исто така, познато е колку се значајни сите растенијата особено во оние урбани средини каде што преовладува бетонот и асфалтот. Поради недостиг на доволно зеленило во овие реони, луѓето свесно ги уредуваат своите балкони и рамни кровови. Наједноставен начин на уредување на овие површини е употребата на контејнери, односно жардиниери. Со нивна примена може да се запази кој и да било градинарски стил и да се одгледаат омилените растенија. Поголемите садници, според нивните потреби за простор за развивање на коренот, ќе ја одредат и големината и формата на жардиниерите, со што физичките и хемиските својства на медиумот би биле оптимизирани, со цел да се обезбеди долготраен раст и

развој на коренот, а воедно и на растението во целина. Жардиниерите се многу практични за уредување на кровните градини каде што не може да се изведат интензивни кровни градини или треба да се преземат поголеми градежни зафати. Со нив лесно се решава проблемот за уредување со примена на поголеми садници. Во однос на дизајнот, жадиниерите може да се изработат речиси во сите форми и бои, а во однос на материјалот од кој ќе бидат изработени се среќаваат: бетонски, мермерни, керамички, пластични, алубонд, дрвени и др. Употребата на бетонските жардиниери на балконите и крововите не се практикува многу, пред сè поради нивната тежина, како и тоа што ја задржуваат топлината до доцна во ноќта. Големите керамички жардиниери имаат слични недостатоци како и бетонските, иако имаат потенки ѕидови, полесни се, пред сè поради тоа што не се армирани. Тие се неизбежнен декор доколку сакаме да


доловиме медитерански амбиент во просторот што го уредуваме, под услов да не бидат обоени или глазирани, туку да си ја имаат природната теракотна боја. Жардиниерите од алубонд се многу декоративни ако сакаме да постигнеме модерен ефект во уредувањето. Тие се лесни, лесно се одржуваат, не кородираат. Како недостаток може да им се препише повисоката цена на чинење за разлика од останатите материјали. Пластичните жардиниери или оние од ратан пластика, исто така многу често се користат во уредување. Тие се многу лесни, едноставни за одржување, доколку се изработени од квалитетна пластика имаат доста долг век на траење, иако многу често се деформираат доколку се изложени на директна топлина. Дрвените жардиниери се едни од најупотребуваните за уредување на овие простори. Лесни се за изведба и одржување, а воедно се и доста декоративни. Можат да се изведат од различни видови на дрво, во различни форми, да се лакираат и обојат. Како недостаток им се препишува тоа што секогаш мора внатрешноста да биде обложена со лим, тефонд или некој друг водонепропустлив материјал, за да се продолжи нивниот век на траење. Тоа важи и за оние жардиниери изработени од дрво банкерај, затоа што и покрај тоа што е водонепропустливо со тек на време може да мувлоса. n ПОРТА


АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

ДОЖИВЕЈТЕ ГО ДУХОТ НА ЊУЈОРК ВО СКОПЈЕ Адора Flatiron Скопје го носи духот на Њујорк во централното подрачје на Скопје, со што македонската метропола ќе биде дел од светските градови со атрактивната архитектура на Њујоршката урбанистичка икона Flatiron. Предизвик за тимот на Адора инженеринг беше со референцата на култната зграда на Менхетн од 1902, во слични локациски услови во Скопје, во 2015 да изгради препознатлив симбол на светското културно наследство. Елитниот објект Адора Flatiron Скопје започна да се гради на просторот меѓу бул. Македонија и ул. Иван Козаров, познат како Стара Рампа, во Кисела Вода, на само 1 километар оддалеченост и 10 минути пеш од строгиот центар на метрополата, со панорамски поглед на Порта Македонија и главниот плоштад во Скопје. Зградата со висина од 54 метри има приземје, мезанин и 16 катови, елитни станови од 31 до 119 м² и луксузен апартман на врвот од 260 м² со фантастичен поглед на Скопје. Објектот има 29 луксузни деловни простории од 45, 90, 123 до 277 м², со можност за спојување до 508, 527, 1035 и 1770 м², со идеални услови за успешни 66

ПОРТА

31 јули 2015

бизниси. Објектот има сопствени 350 модерни паркиралишта на три нивоа. Со препознатливиот архитектонски изглед со елементи на неокласицизам и впечатливи детали, атрактивниот објект Адора Flatiron Скопје, со докажана стабилност и стандардизиран европски квалитет нуди одлични услови за домување во висок урбан стил, со лесна достапност на строгиот центар на Скопје.

Инвеститор Изведувач Проектира

www.adora.com.mk


ПОРТА


ɨɲɱɭɴɫɧɰɫ ɲɱɧɰɫ ɴɫɴɵɨɯɫ

ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.