235

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

235

AВГУСТ 2015

Цареви Кули: Историското минато на виделина Технологии: Чиста десетка за Microsoft „Херцог и де Меурон“ - добитници на RIBA Jencks Award 2015


ɨɲɱɭɴɫɧɰɫ ɲɱɧɰɫ ɴɫɴɵɨɯɫ

ПОРТА


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


Тел: 047 225353 /047 225354 e-mail: kobil@t-home.mk web: www.kobil.biz

години

l

l l l l

ПОРТА

Брза и квалитетна изведба на челични конструкции и покривачки работи за индустриски и стамбени објекти Изведба на типски објекти Продажба и монтажа на термоизолациони панели со полиуретанска изолација и минерална волна Изработка на најразлични видови метални производи Логистички услуги со автодигалки


ГОДИНА XI

БРОЈ 235 ПЕТОК 28.08.2015 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Швајцарското архитектонско студио „Херцог и де Меурон“ се добитници на RIBA Jencks Award за 2015 година. Станува збор за студио со извонредна меѓународна кариера. Нивната работа Чарлс Џенкс ја опишува како олицетворение на глобалната потрага по архитектурата на плурализмот, односно флексибилна архитектура за различни култури и нации. Нивните проекти претставуваат препознатлив архитектонски став кој протекува од работниот процес и обврската за создавање интелигентен дизајн, и овозможува креативна флексибилност која се издвојува над останатите архитектонски практики денес. Историското минато на Цареви Кули, кај Струмица, излегува на виделина. Со заокружување на реконструкцијата и конзервацијата, покрај културно-едукативната улога, сега се додаваат нови и значајни содржини на локалитетот, кои културно ќе ја збогатат понудата на градот, а за што секако ќе придонесе и изградбата на жичарницата, која е во фаза на студија. Меѓународната летна конференција на студенти по градежништво - International Summer Conference of Civil

Engineering Students, како по традиција, минува во знакот на студентите од Градежниот факултет од Скопје. И годинава моделот што ја доби првата награда на Конференцијата беше оној на тимот со нашите студентки Александра Ѓоревска и Сара Тоневска, и нивниот партнерски тандем од Машинскиот факултет во Малага. Оформувањето и одржувањето на урбаната вегетација не е само прашање на естетика или одржување на психолошка врска на човекот и природата, туку од тоа зависи степенот на подобрување на еколошките услови во изградените средини. Вегетацијата имала важна улога уште во древните цивилизации. Соларни сообраќајни површини. Од стрип-фантазија во 70-тите, до ароматична пареа на една добро „искрчкана“ идеја. Од детска радост во форма на електрични автомобили по пластична „шина“, до лабораториски модел со енергетско-еколошка „налепница“. Соообраќајните површини кои ќе можат да придвижат, осветлат, означат и снимат, заокружија еден инкубациски период со солидно време на технолошко минување.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: VITRAHAUS, VITRA CAMPUS, WEIL AM RHEIN, ГЕРМАНИЈА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

235

AВГУСТ 2015

Цареви Кули: Историското минато на виделина Технологии: Чиста десетка за Microsoft „Херцог и де Меурон“ - добитници на RIBA Jencks Award 2015

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ

лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх.

AВТОРИ: „ХЕРЦОГ И ДЕ МЕУРОН“, ИЗГРАДБА: 2006-2009

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ИНФО 6 ISUCCES - ПРИМАТОТ ПОВТОРНО ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ОД СКОПЈЕ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

ГРАДЕЖНИШТВО 12 НОВИ СВЕДОЦИ НА УСПЕШНАТА ТРАДИЦИЈА

АРХИТЕКТУРА 22

46

Печати:

ЗАМОК НА СВЕТЛИНАТА

Маркетинг:

50

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

АРХИТЕКТУРА 26 „ХЕРЦОГ И ДЕ МЕУРОН“ - ДОБИТНИЦИ НА RIBA JENCKS AWARD 2015

УРБАНИЗАМ 38 ВЕГЕТАЦИЈА ВО УРБАНА СРЕДИНА

ТЕХНОЛОГИИ 46 ЧИСТА ДЕСЕТКА ЗА MICROSOFT

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 56 ЦАРЕВИ КУЛИ: ИСТОРИСКОТО МИНАТО НА ВИДЕЛИНА

ЕНТЕРИЕР 62 РАЈ ЗА „ГЕЈМЕРИТЕ“?

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Кате АНТЕВСКА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

64 42

6

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

ISUCCES, ОСИЈЕК, ХРВАТСКА

Приматот повторно за студентите од Градежниот факултет од Скопје Моделот што ја доби првата награда на Конференцијата беше оној на тимот со нашите студентки Александра Ѓоревска и Сара Тоневска, и нивниот партнерски тандем од Машинскиот факултет во Малага Сара ТОНЕВСКА, Александра ЃОРЕВСКА, Стефан МИЦЕВСКИ, Антонио ШОКЛАРОВСКИ , апсолвенти на Градежен факултет – Скопје, УКИМ

В

о организација на наставниот кадар и студентите од Градежниот факултет во Осијек, Хрватска, по третпат се одржа Меѓународната летна конференција на студенти по градежништво - International Summer Conference of Civil Engineering Students (ISUCCES). Како и во претходните години, а за што и читателите на „Порта 3“ своевремено имаа можност да се информираат (http://www.porta3.mk/novuspeh-na-isucces/), учесниците се пријавуваат со свое истражување или труд кој, доколку го помине „филтерот“ за квалитет, го презентираат пред академскиот тим на домаќинот, по што добиваат можност и да изработуваат модел на конструкција чија стабилност се испитува на дејства на земјотреси. Благодарејќи на агилноста на организаторот, кој поканата за бесплатно учество ја упати на голем број адреси не само во регионот, интерес пројавија претставници на голем број факултети, а врз основа на исполнување на критериумите, во Осијек допатуваа студенти од Шпанија, Романија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Словачка. Во оваа прилика, ако се изземат студентите од Хрватска, најзастапена беше Македонија, бидејќи ја претставуваа три тандеми: четири студенти од Градежниот факултет во Скопје (ГФ СК), 6

ПОРТА

28 aвгуст 2015

од студиската програма градежништво, конструктивна насока, и два студенти од Факултетот за природни и технички науки во Штип, од студиската програма по градежно инженерство, модул транспортна инфраструктура. Едниот тим од ГФ СК го сочинуваа

студентите Стефан Мицевски и Антонио Шокларовски, додека другиот го формираа апсолвентките Сара Тоневска и Александра Ѓоревска. Првиот тим, во соработка со асистентите м-р Бојан Сусинов и м-р Сеад Абази, имаше изработен реферат под наслов „Analysis of 9.0 m high reinforced soil retaining


инфо

Победничкиот модел

wall for platform“, кој опфаќаше нумеричка анализа на потпорен ѕид од армирана земја со поголем број на специјализирани геотехнички софтвери, каде се внимаваше конструкцијата да ги задоволи сите технички барања од актуелните македонски или соодветни европски стандарди. Вториот

Koмплетната делегација на Македонија на ISUCCES тандем, пак, под менторство на доц. д-р Јован Бр. Папиќ, имаше истражување на тема „Seismic design, the effect of diaphragm walls and damping supports under earthquake loading“. Тоа се состоеше од неколку конструктивни варијанти на армиранобетонска зграда со катност 2По+Пр+5, со цел да се испита влијанието на различни елементи врз однесувањето на конструкција во случај на земјотрес. Беа анализирани основен модел со крута темелна конструкција и две модификации: примена на дијафрагми (крути армирано-бетонски ѕидови) околу двата подземни ката и флексибилна темелна конструкција со кои се симулира присуството на почвата и нејзината хоризонтална и вертикална крутост. Заклучокот е дека и двете модифицирани решенија даваат добри резултати од аспект на однесувањето на конструкцијата при сеизмичко дејство, но со оглед на тоа што дијафрагмите треба да се изведат и финансираат, на проектантите им се препорачува да одвојат малку повеќе време за реално нумеричко моделирање на почвата и нејзиното поволно влијание во случај на земјотрес, со што би се обезбедиле исто ниво на техничка анализа и стабилност на конструкцијата, но и оптимизација во вид на економска заштеда за инвеститорот. Стандардно, во втората фаза на ISUCCES, се пристапи кон изработка на дрвени модели на конструкции кои потоа се товарат дополнително и се тестираат на земјотрес што се симулира преку вибро-плоча. Моделите се оценуваат според естетиката, односот висина-тежина на конструкцијата, оригиналност при изборот на конструктивните елементи за придушување на сеизмичкото дејство (т.н. дампери) и нивното однесување при земјотрес. Слично

како и минатата година, така и оваа приматот го однесе конструкција проектирана и изведена од студенти од ГФ СК. Имено, моделот што ја доби првата награда на Конференцијата беше оној на тимот со нашите студентки Александра Ѓоревска и Сара Тоневска, и нивниот партнерски тандем од Машинскиот факултет во Малага. Тој ги исполни критериумите со најмали димензии и најмалку елементи, поради што се издвојуваше со односот висина-тежина на конструкција и вкупната издржливост. Покрај тоа, дојде до израз креативноста на студентите, бидејќи во основата на зградата беа применети дампери од сунѓер. Идејатаводилка при нивната изработка беше да се конструира зглоб во базата на столбовите, па столбовите по аглите на моделот не беа прицврстени за основата туку само обложени со густ сунѓер, што овозможи флексибилност на моделот која се истакна така што ги поднесе без лом сите фази на товарење при тестирањето. Страните на моделот паралелни на правецот во кој беше нанесена сеизмичката сила беа исполнети со дијагонални елементи меѓу гредите. Воедно, моделот во центарот имаше и круто јадро вклештено во основата, на кое со гредни елементи беше целосно пренесен дополнителниот товар кој се поставуваше при тестирањето. За сето напред изнесено се почитувани и успешно комбинирани принципите изучувани низ повеќе предметни програми од наставата на ГФ СК, а за нивната исправност, помеѓу останатото, потврда се наоѓа и во континуираното освојување престижни награди на ISUCCES. Студентите, покрај шансата за настап пред академски аудиториум и за натпреварување со еднакво квалитетни колеги, имаа шанса да запознаат и потенцијални идни  28 aвгуст 2015

ПОРТА

7


инфо

соработници од земјите од регионот и да разменат знаења со нив. Организаторите беа мошне вредни и срдечни, заради што сите учесници ги оценија како одлични од секој аспект, бидејќи ги обезбедија сите услови за богат и динамичен престој сето време во градот-домаќин на бројните гости од странство. Беа организирани и низа придружни активности, меѓу кои и посета на новата зграда на Градежниот факултет

во Осијек, кој е во фаза на завршна изведба на конструкцијата, како и национална вечер на која студентите ја претставуваат својата земја и култура преку храна, пијалаци, музика и обичаи. На таков начин, се овозможува уште еден елемент за зближување на учесниците, што понатака се одржува преку некој од бројните начини на комуникација, а, покрај доделувањето на наградите, придонесува за можеби

позначаен success на ISUCCES. Позитивните впечатоци од претходните учесници од ГФ СК ги мотивираа актуелните да се пријават кај предметните асистенти за реализација на истражувања, а стекнатото искуство пренесено низ овие редови се надеваме дека ќе биде „мамка“ која ќе привлече уште низа следни тандеми да се уверат во веродостојноста и неа да ја споделат. n

www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


инфо

ОХРИД ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА 16. СИМПОЗИУМ НА ДГКМ

Форум за размена на идеи и знаења

О

д 1 до 3 октомври, во Охрид ќе се одржи 16. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2015). Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на современите методи и техники за проектирање и изведба на градежните конструкции како предуслов за одржлив развој. Главна цел на симпозиумот е да обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. Повикани се да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродни области. Темата на симпозиумот е „Современи конструкции - одржлив развој“. Покрај неа ќе се расправа и на теми за Tеориски и експериментални анализи на конструкции; Современи методи за проектирање на конструкции; Eврокодови и национални анекси; Современи техники за изведба на конструкции; Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој; Доверливост, робусност и трајност на конструкциите; Испитување, одржување, зајакнување и санација на конструкции; Асеизмичко проектирање на конструкции; Конструкции отпорни на пожар; Климатски влијанија врз конструкции; Превенција од катастрофи и ублажување на последиците врз градежните објекти; Инфраструктурни објекти и други теми поврзани со градежното конструкторство. Во рамките на Симпозиумот, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Институтот за стандардизација на РМ и Министерството за Економија ќе се одржат тркалезни маси на тема „Еврокодови и национални анекси“ и „Градежна регулатива - закони, правилници и стандарди“. На Симпозиумот се повикани предавачите: Дубравка Бјеговиќ, професор и шеф на Катедрата за технологија на материјали на Градежниот

факултет при Универзитетот во Загреб, Хрватска; Цветан Георгиев, вонреден професор на Градежниот факултет при Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија во Софија, Бугарија; Јоже Кочар, секретар во Министерството за економски развој и технологии, Сектор за производи и стокови резерви, Љубљана, Словенија; Јелена Круз, раководител на Националната лабораторијата за градежништво, Порто, Португалија; Јордан Милев, професор на Градежниот факултет при Универзитетот за архитектура,

градежништво и геодезија во Софија, Бугарија; Марина Трајкова, професор на Градежниот факултет при Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија во Софија, Бугарија, и Масимо Фрагиакомо, професор на Одделот за градежништво, архитектура и животна средина при Универзитетот во Л’Аквила, Италија. За подетални информации можете да ја посетите веб страницата на Друштвото на градежни конструктори на Македонија http://mase.gf.ukim.edu.mk 28 aвгуст 2015

ПОРТА

9


сеќавање

АРХИТЕКТ ЉУБЕ ПОТА ВО МОИТЕ СЕЌАВАЊА

Човекот што чекореше пред

Г

одини наназад го посетував Љубе Пота во неговиот дом на булевар „Партизански одреди“ во Скопје. Во 2007 година, го замолив да напише еден поширок текст за урбанистичкиот развојот на Скопје. Тој со посебно задоволство ја прифати поканата и ми го предаде текстот насловен „Урбанистичко планирање и изградба на Скопје 1946-1962“. Овој текст го вградив во мојата книга „Градителите во Македонија XVIII-XXI век“ во издание од издавачката куќа „Табернакул“ издадена во 2007 година. Во овој текст Пота прави еден исклучително концизен преглад за развојот на Скопје, опфаќајќи еден подолг период почнувајќи од првите децении на 20 век. Така, во 1914 година бил изработен првиот Генерален регулационен план на Скопје изработен од архитектот Димитрие Т. Леко. Во 1929 година, архитектот Јосиф Михајловиќ го изработил вториот генерален регулационен план на Скопје во којшто бил вграден тогашниот актуелен систем „Garden Siti of tumorou“. По ослободувањето, во 1946 година бил изработен првиот Директивен план на Скопје од архитект Драган Петрик, а во 1948 година еминентни архитекти-урбанисти биле ангажирани од Чешка и тие го изработиле Генералниот регулационен план на Скопје во размер 1:10000. Во 1950 година, овој план бил прифатен и со него се предвидуваше Скопје во наредните 50 години да го достигне бројот од 200.000 жители. Но, поради брзиот економски развој на градот се покажа дека предвидениот број од 200.000 жители брзо беше надминат и од оваа причина се јави потреба за ревизија на Генералниот урбнистички план. По извршената ревизија се донесе заклучок дека растот на градот треба да се ограничи на 30 години, според кој Скопје требаше до крајот на 2000 година да ја достигне бројката од 300.000 жители. Во 1953 година беше основан Заводот за урбанизам и архитектура на Скопје, во кој беа вклучени архитекти и инженери од различни профили. Прв директор на овој Завод беше архитект Љубе Пота, а другите вработени архитекти беа: Владимир Ќосевски, Душан Пецовски, Јумни Зеќир, Ристо Галиќ, Георги Константиновски; сообраќаен инженер Љубомир Владимиров, град. инж. Јордан Секулов и инж. хорт. Драган Шојлевски. Во истиот период се формира и Советот за урбанизам на Скопје во чиј состав беа вклучени реномирани архитекти, инженери, ликовни уметници и општествено-политички работници. Посебен нагласок беше ставен на изработка на Детален урбанистички план за централното подрачје на градот Скопје, кој беше завршен и донесен кон крајот на 1956 година. Во тој период беа изработени и деталните урбанистички планови за Чаир и Топаана, како и за дел од Гази Баба. Така кон крајот на 50-тите години беа изработени и Деталните урбанистички планови за Карпош 1, Карпош 2, Тафталиџе 1, Автокоманда и Црниче.

10

ПОРТА

28 aвгуст 2015

Како есенските лисја што бавно се ронат, така и јас одвременавреме ќе навратев да го посетам Пота. Одев со љубов и посебна почит кон човекот со високи интелектуални особини, кај човекот со кој можев слободно да разговарам на теми поврзани со нашиот град Скопје

арх. Георги КОНСТАНТИНОВСКИ

С

о овој скратен извадок од статијата на арх. Љубе Пота, што ја напиша во својата 89-годишна возраст, сакав да ја подвлечам неговата виталност и свежа меморија како жив сведок и, секако, како еден од најзаслужните архитектиурбанисти, коишто со својата љубов кон своето Скопје и своите идеи чекореле секогаш напред пред своето време! Година по година, како есенските лисја што бавно се ронат, така и јас одвреме-навреме ќе навратев да го посетам Пота. Одев со љубов и посебна почит кон човекот со високи интелектуални особини, кај човекот со кој можев слободно да разговарам на теми поврзани со нашиот град Скопје. Секогаш кога ќе му најавев дека сакам да се видаме, тој со посебна жар ме очекуваше и излегуваше пред влезната врата на неговиот дом да ме пречека со стискање на рака и со зборовите „добре дојде“. Жената што работеше кај него и се грижеше за одржување на домашниот ред, по мојот телефонски повик му најавуваше дека доаѓа професорот, и токму заради тоа јас нејзе и го дадов името „деканка“, што ѝ причинуваше посебно задоволство! Таа, веќе од подолго искуство, го припремила кафето и го сервирала на масата во дневната соба на којашто точно се знаеше моето место и местото на Пота. Секогаш седевме еден наспроти друг на левата страна од една издолжена маса за да ни бидат дијалозите јасни и гласни. Тука, во непосредна близина на едно мало масиче секогаш стоеја моите три книги „Градителите во Македонија XVIII-XXI век“. Најчести теми ни беа поврзани со сегашните случувања во Скопје: со бришењето на еден историски период, токму оној во којшто Пота го вградил својот живот, со фалсификувањето на историјата на градот со воведување на т.н. стил „Барок“. Дискутиравме за обезличувањето на Кале - тој единствен природен бисер на градот заедно со реката Вардар. За обезличувањето на рекреативната крајбрежна зона на Вардар. За објектите


сеќавање

своето време

изградени токму во таа рекреативна зона. За вештачките бродови на реката Вардар. За објектите изградени во подножјето на Кале, како и за обезличувањето токму на ридот Кале со нивното присуство. За оградите на мостовите, за прекројувањето на постоечките фасади во градот, со посебен осврт на центарот на Скопје. За плоштадот „Македонија“, за неговото постојано прекројување и менување, за неговото поплочување…

П

ота често ми раскажуваше за впечатоците од времето на неговите студии во Белград. Тој за своите професори зборуваше со посебен пиетет и љубов кон нив. Зборуваше за архитектите Милан Злоковиќ, Богдан Несторовиќ, Никола Добровиќ… За нивните дела во Скопје и Македонија. Со внимание го слушав и ме одушевуваше со неговата култура. Никогаш не се произнесе во негативна насока кон кој и да било од своите колеги или од неговите претпоставени. Едноставно, беше спремен да прифати дискусија од која било област од архитектурата или од урбанистичкото проектирање. Во 1954 година, на својата 36-годишна возраст, Пота се

појави на првиот час по предметот Урбанизам и руризам пред првата генерација архитекти на Архитектонскиот факултет во Скопје. Бев студент на четврта година. Застана на катедрата и со својот јасен и мелодичен глас прозвучија неговите први лекции. Од него почнавме да навлегуваме во една дотогаш за нас непозната област од науката. Професорот Љубе Пота беше нашиот прв учител од областа на урбанизмот и руризмот! Точно 20 дена пред да го напушти овој свет, седев на масата во неговиот дом на истото место како и порано. Седеше и Пота, како и порано. Разликата беше само во неговиот пристап до масата. Сега за првпат друга жена му помагаше во одењето. Физички беше ослабнат. Едвај ги влечеше нозете. Седна и во таква состојба пак започнавме разговор. Кафето стигна на масата и го пиевме како и секогаш полека. Му ја донесов и поклонив фотографијата од старо Скопје што му ја ветив на претходното виѓавање. Ми се заблогодари. Во врска со фотографијата го прашав дали знае нешто да ми каже за старата скопска фамилија Папа Теодоси. Каде беше нивната куќа? Следеше брз одговор. Како и сите архитекти во своето изразување, прво се фаќаат за молив и хартија. Така и Пота, со доста отсечен глас побара од жената да му донесе бела хартија и молив. Она што најмногу ме восхити не можев никако да го објаснам, тој со смирена рака и со моливот во неа повлече две паралелни линии и рече „ова е Вардар“. Брзо повлече други две паралелни линии попреку и рече „ова е Камениот мост“. Веднаш наспроти Камениот мост ја постави зградата на Ибни Пајко. За чудо, јас мислев дека таа треба да биде нормална на мостот, но тој бравурозно ја накриви кон едната страна. И од неа со зачудувачка прецизност и смиреност почна да го крои планот на маалото. Ги црташе улица по улица давајќи коментар за секоја линија. Ги редеше куќите покрај нив. Го постави габаритот на амамот, продолжи со улицата што водеше кон Серава, стигна до улицата „Стив Наумов“ која беше доста далеку од местото што требаше да ја означи локацијата на бараната куќа. И од кога го заврши планот на микро урбанизмот на Пајко маало, со отсечен и убедлив глас го стави моливот во една точка на планот, ме погледна во очи и ми рече: Тука беше куќата на Папа Теодоси. Неговата меморија беше толку силна, така што изгледаше како да ја гледа куќата пред себе и продолжи со временски паузи: Таа куќа беше голема… висока… многу убава! Времето одминуваше и јас требаше да се збогувам со Љубе Пота. Бев свесен дека не треба повеќе да го заморувам. Се присетив на убавата книга од модерната архитектура што му ја подарив на неговиот 90-ти роденден. Гаев надеж дека ќе му поклонам нова книга на неговиот 100-ти роденден. Ми летнаа мислите на годините на Оскар Нимаер, дали Пота ќе биде македонскиот Оскар? Го замолив да не станува. Но тој сепак успеа да стане и за последен пат да се ракува. Пак со поздравот како и секогаш „Пак да ми дојдеш!“. Излегов од надворешната врата со насолзени очи. Реков во себеси: да, мој учителу и пријателу нема да биде далеку кога пак заедно ќе го пиеме еликсирот од боговите. Те молам чекај ме. Ја наведнав главата над воланот во колата и долго време седев неподвижен. Солзите не запираа. n 28 aвгуст 2015

ПОРТА

11


градежништво

ГЕОРЕКС 2015, БОРОВЕЦ, БУГАРИЈА

Нови сведоци на успешната традиција Во рамките на темите посебен акцент беше ставен на успешната примена на Еврокод 7, кое искуство во Македонија допрва треба да се стекнува, па оттаму е значајно не само за студентите ами и за инженерите

Д

Дел од активностите на конгресот

оследно со успешно воспоставената практика, а за што во повеќе наврати е известувано на страниците на „Порта 3“, деветтиот ГЕОРЕКС (ГЕОтехнолошки РЕгионален Конгрес на Студенти) се одржа во периодот од 10 до 13 јули во прекрасниот Боровец, Бугарија, во организација на Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија (УАГГ) во Софија. На овој, веќе традиционален конгрес на студенти од областа на геотехнологијата, учествуваа над 70 академци од регионот, кои имаа можност да ги презентираат трудовите изработени под менторство на своите професори и/или асистенти. Во нив беа опфатени многу актуелни стручни аспекти, анализирани и обработувани во тек на неколкумесечна работа, со што воедно се развивани сопствените истражувачки и презентациски способности, како и критичката мисла, со оглед на тоа што е отворена можноста по тие прашања да се дискутира и дебатира со останатите учесници. Покрај домаќините од УАГГ, на ГЕОРЕКС 2015 учествуваа и претставници од: Градежните факултети во Осијек и Ријека од Хрватска, Градежниот факултет од Скопје, Градежноархитектонскиот факултет од Ниш и Рударско-геолошкиот факултет од Берлград, Србија, како и Рударско-геолошко-градежниот факултет од Тузла, Босна и Херцеговина и Политехнички универзитет, Санкт Петербург, Руска Федерација. Конгресот, всушност, започна со посета на УАГГ и темелно 12

ПОРТА

28 aвгуст 2015

запознавање со работата на лабораториите на тамошниот Градежен факултет, после што колективно сите учесници заминаа кон Боровец. На формално првиот работен ден, ГЕОРЕКС 2015 беше отворен со обраќања на организаторите: проф. д-р Владимир Костов – раководител на Катедрата за геотехника во Софија, доц. д-р Димитар Диков – претседател на Научниот комитет на конгресот, како и претседателот на Комората на инженери за инвестиционо планирање на Бугарија Стефан Кинарев, посакувајќи им топло добредојде на учесниците. Во рамките на свеченото отворање, презентација одржа и доц. д-р Златко Зафировски од Градежниот факултет во Скопје, кој направи ретроспектива на сите досегашни конгреси и успешно ја пренесе атмосферата од истите. После неа, во работниот дел на Конгресот, следеа излагањата на научните и стручните трудови на учесниците, меѓу кои и трите изработени од студентите при ГФ СК, во кои беа разработени следниве теми: ⦁ Методи за анализа на интеракцијата помеѓу карпестата маса и подградбата во тунелските конструкции, изработена од Душанка Кажлевска, Дарко Ристовски и Сања Саљамовска, под менторство на доц. д-р Зафировски, каде се разработени методите што се користат за проектирање и димензионирање на подградбата кај тунелите и употребата на програмскиот пакет RocSupport за димензионирање на подградбите во слаби карпести маси. Методот за анализа кој е применет во софтверот е базиран на концептот на „крива на реакција на карпеста маса“, добиена од аналитичкото решение на кружен тунел во еласто-пластична


градежништво карпеста маса изложен на хидростатско поле на напрегања. Тие ги поврзуваат внатрешниот притисок од подградбата со конвергенцијата на ѕидот на тунелот, а зависно од реакцијата на подградбата, односно соодносот на максималниот и рамнотежниот притисок во подградбата, се одредува факторот на сигурност. Детерминистичката техника е прикажана преку пример за тунелот на експресниот пат Раец-Дреново, за две карактеристични зони на карпести маси и усвоена примарна подградба, при што се добиени податоци за радиусот на пластичната зона и финалната тунелска конвергенција. Констатирано е дека програмата RocSupport во која е имплементиран методот „rock support interaction“, претставува многу ефикасна и едноставна алатка за проценка на тунелската конвергенција и големината на пластифицираната зона. Овие индикатори, од друга страна, се мошне важни за проценка на стабилноста на тунелскиот ископ, како и за типот на подградбата што треба да се примени за да се обезбеди потребната сигурност на персоналот и тунелските машини. Секако, при користење на програмата треба да се земат предвид теоретските претпоставки, а доколку тие не се во целост исполнети, добиените резултати треба внимателно да бидат анализирани и усвоени.

стандардните варијантни решенија за негова изведба (ублажување на нагиб на косини, изведба на берми, примена на геосинтетици). Тие се анализирани во геотехничкиот софтвер GEO5, со паралелна проверка на стабилноста на косините и износот на слегањето на подлогата. Кај сите решенија, и покрај исполнувањето на условот за доволна сигурност на косините, добиени се изразени неприфатливи деформации, за разлика од случајот кога се применети блокови од ЕПС во внатрешноста на насипот со стандарден нагиб на косини и со кои се реализираат незначителни слегања. Со нивна примена во услови на слабоносива почва се задржува континуитет во нагибот на косините на сообраќајницата, се исполнуваат сите технички критериуми (стабилност, изводливост, трајност итн.) и се обезбедува економски оправдана конструкција.

Карактеристичен попречен пресек на насип на сообраќајница изведен од блокови од ЕПС

Крива на реакција помеѓу карпеста маса и подградбата

⦁ Придобивки за стабилност на насип од примена на блокови од експандиран полистерен анализирани од студентите по геотехника Ангела Неделковска, Младен Атанасоски, Милана Јанкелиќ и Теодор Димитриевски, а во соработка со доц. д-р Јован Бр. Папиќ, која област во Македонија сè уште не е застапена, иако во регионот веќе има неколку успешно реализирани објекти. Имено, во услови на потреба од високи сообраќајни насипи врз слабоносиви почви, пред проектантите се јавуваат низа ограничувања, како слегање на подлогата, стабилност на косини, лимитирана експроприрана површина итн., кои ја отежнуваат изработката на решението. Тоа најчесто се реализира во форма на ублажување на косини, предвидување на берми, изведба на колови, примена на геосинтетици итн., но не сите подеднакво успешно и економски прифатливо се справуваат со изразеното слегање. Еден од неговите неизбежни чинители е големата сопствена тежина на градежниот објект, а како современо решение за сериозно намалување на слегањето се нуди примената на лесни блокови од експандиран полистерен (ЕПС) чија волуменска тежина е околу 25 пати помала од вообичаената на почвата и со кои речиси во целост може да се исполни профилот на насипот. ⦁ За да се покаже успешноста на предлогот, на еден конкретен пример од насип врз слабоносива почва се разработени

Извод од анализа на слегање на слабоносива подлога под дејство на висок насип изведен од блокови од ЕПС ⦁ Планирање на сообраќајни системи во урбани средини, изработена од Бојана Вржовска, Ивана Миланкова и Власе Перески, под менторство на доц. д-р Слободан Огњеновиќ. Со оглед на интензитетот на функционирање и значењето што го има, планирањето на сообраќајот претставува еден од аспектите за интегриран развој на општеството. Врз сообраќајните подсистеми директно влијаат потребата за поголеми површини и неопходноста тие да бидат доволно сигурни, што им создава дополнителни проблеми на проектантите. Заради тоа, пристапот во планирањето на сообраќајните подсистеми од сообраќајната мрежа мора да биде од интердисциплинарен тип, каде мора да се земе предвид дека секој град и неговиот сообраќаен систем имаат различни карактеристики, односно свој специфичен  28 aвгуст 2015

ПОРТА

13


градежништво

Работна сесија со презентација на научните трудови сообраќаен режим. Оттаму е невозможно да се генерализира и да се дојде до универзално применливи решенија, па е неопходно да се истражуваат и тестираат реалните решенија. Развојот на урбаните средини и нивните сообраќајни мрежи мораат да бидат набљудувани како целокупен процес во времето и просторот, особено што сообраќајниот систем носи широк опсег на размена во средината каде се наоѓа, што ја прави неговата интеракција со неа значително блиска. Секако, со внимание беа проследени и излагањата на останатите учесници, од каде можеше да се согледаат искуствата од санација на свлечишта во Хрватска и Србија и да се продлабочат знаењата од областа на стабилност на косини, заради што голема заинтересираност предизвикаа и презентациите за заштитните

14

ПОРТА

28 aвгуст 2015

хидротехнички насипи. Треба да се истакне и дека во рамките на темите посебен акцент беше ставен на успешната примена на Еврокод 7, кое искуство во Македонија допрва треба да се стекнува, па оттаму е значајно – не само за студентите, ами и за инженерите – и ова кое се слева благодарение на ГЕОРЕКС. Во преостанатиот дел од Конгресот се реализираа презентации од страна на градежни компании кои беа поддржувачи на Конгресот, па свои „минути“ имаа ЕВРО АТЛАС ГЕОТЕХНИКА АД со искуства при градба на тунели и „ROEFIX“ со примена на градежните материјали во градежништвото, а ГЕОРЕКС 2015 го збогатија и поголем број на друштвени настани во кои, меѓу другото, се организираше одмерување на спортски сили помеѓу студентите и наставниот кадар во фудбал и ватерполо, кои донесоа и голема возбуда, како на теренот така и на трибините. Оваа комбинација на научен и социјален дел, без какви било финансиски издатоци од страна на гостите, повеќе години резултира со позитивни импресии од ГЕОРЕКС, а кон плејадата досегашни учесници се приклучува и „класата“ од 2015 година. Имено, со особена чест беше прифатено да се претставува матичниот факултет на меѓународен настан, за што авторите на рефератите изразуваат искрена благодарност. Дополнително, со учеството на ГЕОРЕКС е стекнато драгоцено искуство за понатамошната професионална кариера, но и се надградени одредени животни вештини. Студентите пристигнаа со љубопитна мисла и скромни желби, но во инженерска и пријателска комуникација со големиот број на останати учесници овозможија успешно затворање на досието „ГЕОРЕКС 2015“. Имено, и гостите и организаторите го оценија настанот како успешен, имајќи предвид дека ги надмина очекувањата и создаде здрава основа за нови колегијални познанства, протекнувајќи притоа во одлично разбирање, што беа, секако, и некои од иницијалните цели за организација на Конгресот. Во таа форма тој трае веќе девет години и се упатуваат желби да истрае по нагорната патека, како би останал еден од лајт-мотивите на студентите во завршните години. n (Група студенти од Градежниот факултет – Скопје)


ИЗИИС ОДБЕЛЕЖА 50 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

инфо

Научно-истражувачки институт од светски ранг

С

о свечена седница во Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) ја одбележа 50годишнината од постоењето. На свеченоста присуствуваа еминентни научници од земјата и од странство, амбасадори, владини претставници и други гости. Директорот на ИЗИИС, проф. д-р Михаил Гаревски, додели признанија и награди на долгогодишните соработници на Институтот, меѓу кои меѓународни научни институции и домашни компании, меѓу кои и „Адинг“. Посебни плакети беа доделени на градежните компании „Гранит“ и „Бетон“ и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во излагањето пред присутните, Гаревски зборуваше за историјата на Институтот и неговиот развој до научно-истражувачка установа од светски ранг. Според Гаревски, со цел да се постигне ефикасна обнова на Скопје, Обединетите нации, Одделот за домување, формираа Меѓународен консултативен комитет за правилен пристап кон обновата и реконструкцијата на градот. Во Комитетот беа вклучени еминентни експерти во областа на урбанизмот и земјотресното инженерство, меѓу кои од Влика Британија, од Русија, од Полска. Токму тој Комитет препорача формирање научен институт којшто ќе обучи кадри за асеизмичко

проектирање и правилна обнова на Скопје. Веднаш по основањето на Институтот се отворија првите магистерски студии во областа на земјотресното инженерство во 1965 година и првата генерација студенти имаше можност да учи од најпознатите професори во светот. Овие студии беа први магистерски студии во Македонија и први во Европа во областа на земјотресното инженерство. По завршување на првата генерација магистранти, кои се вработија во Институтот, се создаде добра почетна основа за научни истражувања во рамките на Институтот. Во изминатите години ИЗИИС има многу плодна соработка со многу научни установи и универзитети од целиот свет. Меѓу нив најпознати универзитети од САД, Јапонија, Велика Британија... Институтот има одлична соработка и со најпознатите универзитети во Кина како што се: Тонгџи во Шангај, Пекиншкиот, Харбиншкиот и Далијанскиот универзитет и со Политехничкиот универзитет во Хонконг. Како резултат на оваа соработка, неколку магистри од ИЗИИС ќе работат на докторати на Политехничкиот универзитет во Хонконг. По повод јубилејот, прослава беше одржана и во Институтот, а на која присуствуваа гости од дома и од странство, меѓу кои и претседателот на државата Ѓорге Иванов. n 28 aвгуст 2015

ПОРТА

15


градежништво

ГЕОТЕХНИЧКО ПРОЕКТИРАЊЕ И КОНСТРУКЦИИ Подготвилe: Борис БОГОЕВСКИ, дипл.инж.геотех. Наталија АЛТАНОВСКА, дипл.град. инженер (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

Г

еотехничкото проектирање како посебна област во рамки на геотехниката зазема суштински дел од изработката на речиси секој проект. Како фаза од проектирањето на секој објект геотехничкото проектирање генерално ги опфаќа следните позиции:

⦁ фундирање на објекти и проценка на носивост на подтлото ⦁ подобрување на подтлото (во услови кога подтлото не задоволува од аспект на носивост или дозволени слегања) ⦁ заштита и одводнување на градежни јами (посебно важен сегмент при изведба на објекти во урбани средини) ⦁ заштита од ерозија

Санација на свлечиште на магистрален пат Битола – Ресен (насип од армирана земја по завршување на градба)

Санација на свлечиште на магистрален пат Битола – Ресен (изведба на насип од армирана земја) ⦁ ⦁ ⦁ ⦁

проектирање на насипи и насипни брани проектирање на депонии и јаловишта стабилизација на природни косини и косини од ископ санација на свлечишта и др.

Една од основните фази пред започнување со геотехничкото проектирање речиси секогаш се геотехничките односно геомехничките теренски и лабораториски истражувања. Овие истражувања потребно е да се извршат на секоја локација на која е предвидено да се градат објекти. Нивната цел е да се добијат 16

ПОРТА

28 aвгуст 2015

Санација на свлечиште на регионален пат (фаза на градба) податоци за карактеристиките на застапени почвени и карпести материјали кои потоа се користат како влезни параметри во геотехничките анализи. Речиси секогаш како пред-фаза се вклучени и геодетските мерања на теренот кои се важни при изработка на геотехничкиот дел од проектите без оглед на типот на конструкциите кои се проектираат. Кога станува збор за линиски објекти, геотехничкото проектирање најчесто се вклучува при димензионирање на темелни конструкции за инженерските објекти на трасата (пр. мостови, вијадукти, пропусти, потпорни ѕидови и сл.), стабилизација на косините од засеците и расеците и нивна заштита од ерозија или одрони, како и


градежништво изработка на вакви проекти, пред сѐ за димензионирање на насипи на трасата санација на државните патишта кои се (земјани насипи, насипи од армирана оштетени од појава на свлечишта. Во земја и сл.). Притоа, пред започнување изработката на проектите посебно се на геотехничкиот дел од проектот издвојуваат решенијата во кои се покрај неоходните геотехнички истраги применуваат современи градежни и геодетско мерење на теренот, материјали како што се геосинтетиците, потребно е да бидат дефинирани сите по што компанијата Геинг Кребс унд елементи на трасата како и распоредот Кифер стана препознатлива како лидер и карактеристиките на инженерските во оваа област во Република објекти. Во последните години Фундирање на мост на Панорамско тркало Македонија. Ваквите решенија својата внимание предизвикуваат насипите од на река Вардар применливост ја докажаа и во практика, а армирана земја кои сè почесто се како такви примери се издвојуваат проекти за санација на неколку применуваат во практиката. Еден ваков насип проектиран од компанијата свлечишта на регионални и магистрални патишта во државава каде се Геинг Кребс унд Кифер е насипот од армирана земја на регионалниот пат применети системи од армирана земја и потпорни конструкции Р2138, пат кој води од Скопје до новопроектираната населба Сончев град. изведени од габиони. Како позначаен ваков проект е проектот за Градбата на овој насип е во тек, а неговата максимлна висина е околу 22,0 санација на свлечиштето на регионалниот пат Битола - Ресен m со што го вбројува меѓу највисоките насипи од армирана земја во (изведена санација во 2010 година), каде што за санација на нашата држава, но и на Балканот. оштетената делница на патот е изведен насип од армирана земја со Како што беше наведено, геотехничкото проектирање како фаза е максимална висина од околу 12,0 m. вклучено и при изработка на проектите за изведба на депонии. Светска Генерално, областа на интерес на геотехничкото проектирање е практика е во проектирање на современите депонии да се вклучуваат таканаречената интеракција помеѓу објектите и подтлото, од што во експерти по геотехника кои работат на проектирање на вакви објекти, голема мерка зависи однесувањето на конструкцијата во текот на односно во најголема мерка работат проектирање на системи за нејзината експлоатација. Една од причините што може да доведе до изолација на депониското тело од подтлото, проверка и анализи на нарушување на стабилноста и губење на функционалноста на секоја стабилност и напонско-деформабилна состојба на депонијата, како и конструкција е токму интеракцијата со подлогата. За време на животниот димензионирање на мерки за затворање на депонијата по завршување на век кај секоја конструкција се јавуваат деформации кои не зависат само од периодот на нејзина експлоатација. оптоварувањата што објектот ги пренесува на подтлото, туку и од јакосноПри проектирање на објекти од високоградба, најважната улога на деформабилните карактеристики на почвата. Оттука е јасно дека геотехничкото проектирање се деловите од техничката документација кои правилно димензионирање на темелната конструкција и добра подготовка се однесуваат на заштита и одводнување на градежната јама и на подтлото влијае многу врз целосното однесување на објектот и ја димензионирање на темелната конструкцијата на објектот. За да се диктира неговата стабилност и функционалност. изврши технички коректно димензионирање и усвојување на тип на Во нашата држава сè повеќе се посветува внимание на областите што темелна конструкција, претходно се врши проценка на носивоста на се од интерес на геотехничкото проектирање и воопшто геотехниката. подтлото и, доколку е тоа потребно, се предвуваат мерки за подобрување Веќе се издвојуваат неколку компании кои се специјализирани во овие на неговата носивост. Во вакви случаи многу важен сегмент е тесна области, а една од нив е компанијата Геинг Кребс унд Кифер, чиј пристап соработка помеѓу инженерот кој работи на геотехничкото проектирање и подразбира постојано следење на развојот на новите технологии и инженерот конструктер кој работи на статиката на целата конструкција. примена на истите во секојдневната работа. Ова придонесува за Посебно значајна улога геотехничкото проектирање има во изработка на висококвалитетни современи решенија по кои компанијатата проектите за санација на свлечишта. Вреди да се истакне дека во стана препознатлива. n последните неколку години во Македонија се вложуваат средстава за

ПОРТА ПОРТА


градежништво

САНАЦИЈА, РЕПАРАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНО-БЕТОНСКИТЕ КОНСТРУКЦИИ

Европски стандард EN 1504 за полесна и правилно насочена работа

Бојан ДАМЧЕВСКИ, дипл.инж.град.

В

о последно време, сè почесто се присутни проблемите на санација на бетонските и армирано-бетонските елементи и конструкции, кои од која и да било причина се оштетени во текот на користењето на објектот или уште при самата изградба. Техничките решенија за санација на проблемите кај конструкциите условуваат и производство на специјални материјали кои си ја наоѓаат својата соодветна примена. Како и да е, правилното одржување на бетонските конструкции се главниот услов за продолжување на нивниот век. Затоа, репарациите, санациите и останатите видови на заштита на бетонските конструкции треба да ги вршат специјално обучени луѓе, компетентни за секоја фаза при процесот, како и да се користи материјал специјално наменет за овие потреби. За да се олесни и правилно да се насочи работата се воведува нов европски стандард EN 1504, кој претставува кулминација на 15-годишна работа, консултации, состаноци на стручни лица од сите области на санациите на бетонските конструкции. Санацијата и заштитата на бетонските конструкции бара релативно сложена проценка

18

ПОРТА

28 aвгуст 2015

Стандардот е имплементиран од страна на 30 членки на ЦЕН, а во поголемиот дел од нив европскиот стандард има статус на национален стандард, додека кај мал дел од останатите земји овој стандард сè уште е во фаза на имплементација. Главната цел на стандардот е изнаоѓање на правилен начин за оптимизација на процесот на санација ...


Документ бр.

Опис

EN 1504 - 1 EN 1504 - 2 EN 1504 - 3 EN 1504 - 4 EN 1504 - 5 EN 1504 - 6 EN 1504 - 7 EN 1504 - 8 EN 1504 - 9 EN 1504 - 10

Опис на термините и дефинициите во рамките на стандардот Спецификации за производи наменети за заштита на површина / системи за бетони Спецификации за конструктивна и неконструктивна санација Спецификации за конструктивно поврзување Спецификации за инјектирање во бетон Спецификации за анкерисување на арматурни прачки Спецификации за антикорозивна заштита на арматурата Опишува контрола на квалитет и оцена на сообразност на производителот Општи принципи за употреба на производи и системи, за санација и заштита на бетонот Информации за местото на апликација на производите и контрола на квалитет на работата

и дизајн. Со воведување и дефинирање на клучни принципи за заштита и санација, европскиот стандард EN 1504 им помага на сопствениците и професионалните градежници целосно да ги разберат проблемите и решенијата во текот на различни фази од процесот. Европскиот стандард EN 1504 ги опфаќа производите и системите за санација и заштита на бетонските конструкции, а наменет е за сите оние што се вклучени во работата: инвеститори, инженери, проектанти, изведувачи, надзори, произведувачи на градежни материјали итн. Европскиот стандард EN 1504 е имплементиран од страна на сите 30 членки на ЦЕН, од 1 јануари 2009 година. Во поголемиот дел од овие земји, европскиот стандард има статус на национален стандард, додека кај мал дел од останатите земји, овој стандард сè уште е во фаза на имплементација. EN 1504 се состои од 10 делови, секој опфатен со посебен документ. Главната цел на стандардот е изнаоѓање на правилен начин за оптимизација на процесот на санација... EN 1504 - 1 - Термини и дефиниции во рамките на стандардот l Во првиот дел од стандардот, главно се дефинирани најзначајните термини кои се користат кај санациите, одржувањето, заштитата и зајакнување на бетонските конструкции.

EN 1504 - 2 - Спецификации за производи за заштита на површини/системи за бетон l Овој дел од стандардот ги офаќа следните површински заштити: l Хидрофобна импрегнација (третман на бетонот за тој да добие водоодбивна површина, затворање на порите и капиларите внатре во бетонот, да не се формира филм на површината на бетонот, малку или воопшто да не дојде до промена на изгледот на бетонот). l Импрегнација (третман за намалување на порозноста и зајакнување на површината на бетонот, делумно или целосно исполнување на порите и капиларите во бетонот, дозволени врзивни материјали може да бидат органските полимери. Овој третман доведува до формирање на испрекинат, тенок филм на површината на бетонот). l Обложување (овој третман формира континуален/непрекинат слој на површината на бетонот, максимална дебелина до 5 мм. Како врзни средства може да се користат, на пр. органски полимери, органски полимери со цемент кој се користи како филер или хирдауличен цемент модифициран со полимерна дисперзија). n 28 aвгуст 2015

ПОРТА

19


градежништво

EN 1504 - 5 - Инјектирање во бетон петтиот дел од стандардот ги дефинира барањата и критериумите за користење на материјалите за инјектирање во бетонските конструкции. Целта на инјектирањето е всушност зајакнување на бетонската конструкција, не дозволување на навлегување на агресивни материи во бетонот и зголемување на водонепропустливоста. Во оваа група спаѓаат материјалите на епоксидна, полиуретанска, цементна и акрилна основа.

l

EN 1504 - 3 - Спецификации за конструктивна и неконструктивна санација l Стандардот ги специфицира барањата за идентификација, перформансите (вклучувајќи ја трајноста на материјалите) и безбедноста на производите и системите истите да бидат користени за конструктивна или неконструктивна санација на бетонските конструкции. Овој дел опфаќа малтери и бетони за репарација, кои може да се користат и во комбинација со други материјали или системи, замена или санација на оштетени бетони и заштита на арматурата, со цел да се продолжи векот на траење на конструкцијата. EN 1504 - 4 - Спецификации за конструктивно поврзување l четвртиот дел од стандардот ги дефинира барањата за производите да можат да бидат користени како конструктивни врски на бетон со бетон, или како врска на друг материјал со постоечката бетонска конструкција. Овој дел ги опфаќа: l сврзување на челични плочи за површината на бетонската конструкција. l поврзување на два зацврснати бетонски елементи (на пр. два преднапрегнати армирано-бетонски носачи). l лиење на свеж бетон на веќе зацврснат бетон, со формирање на атхезивна јазолна врска со постоечката бетонска конструкција.

20

ПОРТА

28 aвгуст 2015

EN 1504 - 6 - Анкерисување на арматурни прачки l Овој дел од стандардод ги дефинира барањата за спецификација, перформанси и безбедност на производите што треба да се користат како анкери, а имаат цел да ја зајакнат конструкцијата. Исто така, тука се опфатени и оние апликации кои се наведени во четвртиот дел од стандардот, а се однесуваат на конструктивните зајакнувања.


градежништво

EN 1504 - 7 - Антикорозивна заштита на арматурата l Делот шест од европскиот стандард ги дефинира барањата за идентификација и особините на материјалите или системите да вршат заштита на арматурата во бетонските конструкции, кај кои се одвива процесот на санација. Дефинирани се два типа, активни премази за арматурата и заштитни премази. Активните премази се оние што содржат портланд цемент, односно ја зголемуваат алкалноста во бетонските конструкции. Заштитните премази пак вршат заштита на арматурата од допир со вода, а како најзастапени се полимерите. EN 1504 - 8 - Контрола на квалитет и оцена на сообразност на производителот l Овој дел од стандардот е наменет специјално за произведувачот на материјалите и институтот за сертификација, таканаречен „Овластено тело“. Тука се дефинираат процедурите за контрола на квалитет, оценка на сообразност, „СЕ“ означување и етикетирање на производите. EN 1504 - 9 - Дефинирање на општи принципи за употреба на производи и системи за санација и заштита на бетонските и армирано-бетонските конструкции l Овој дел од европскиот стандард ги дефинира основните принципи кои ќе се користат, одделно или во комбинација, а целта е заштита или репарација на бетонските конструкции, било да се во или над нивото на земја или вода. Санацијата на некој објект ќе биде успешна доколку правилно се оцени состојбата и причината за оштетувањата, а сите следни фази ќе зависат имено од овие прашања. Делот девет од стандардот исклучително ја нагласува важноста на овие прашања и постапката ја дели во неколку клучни фази: l Оцена за состојбата во која се наоѓа објектот l Утврдување на причината за влошување на состојбата на конструкцијата l Определување на целите на заштита и санацијата, заедно со сопствениците на конструкцијата l Избор на соодветен принцип(и) за заштита и санација l Избор на методи l Дефинирање на карактеристиките на производите и системите

l Спецификација на барање за одржување за следните заштити и l

санации Во овој дел од стандардот се формирани 11 групи на принципи и методи на заштита, зависно од тоа дали оштетувањата се во бетонот или на арматурата во конструкцијата: l Заштита од продирање l Заштита од влага l Репарација на бетонот l Конструктивно зајакнување l Физичка отпорност l Хемиска отпорност l Зачувување или враќање на пасивноста l Зголемување на отпорноста l Катодна контрола l Катодна заштита l Контрола на анодни површини

EN 1504 - 10 - Место на апликација на производите и контрола на квалитетот на работата Овој дел од стандардот содржи барања за условите на подлогата, пред и по апликација на материјалите, вклучувајќи и конструктивна стабилност, складирање, подготовка и примена на прозводи и системи за заштита и санација на бетонски конструкции, вклучувајќи контрола на квалитет, одржување, заштита на здравјето, безбедноста и заштита на околината. Подетално околу типот на агресии, начинот на санација, изборот на материјалот, а сето тоа во согласност со EN 1504, ќе биде опишано во новата брошура која се планира да излезе во септември,

за време на одржување на конгресот на ДГКМ, во Охрид.

n

ПОРТА


архитектура

НАЦИОНАЛНА БИБЛИОТЕКА НА ЛАТВИЈА

Замок на светлината Библиотеката е функционален симбол. Тоа е потсетник за извонреден историски настан, важен за Латвија, изградба на својата државност, како и пофалба на повторното раѓање на државата и нејзините обновени збирки на културни богатства.

Н Мирче АДАМЧЕВСКИ

а левиот брег на реката Даугава во Рига, во 2014 година беше дадена во употреба Националната библиотека на Латвија, популарно наречена „Замок на светлината“. Оваа зграда е проектирана од страна на светски познатиот архитект Гунарс Биркертс од САД, кој има латвиски корени. Освен стандардните услуги и рутински операции, библиотеката и нејзината инфраструктура 22

ПОРТА

28 aвгуст 2015

служат како платформа за активности, настани, на различни партнери за соработка и место на единственo креативно спојување. Така, кон крајот на мај во библиотеката беше одржан и годишниот самит на УНЕСКО, посветен на слободата на печатот, на кој присуствуваа илјадници претставници од цел свет. Сите тие беа сведоци на едно навистина модерно, комфорно и, пред сè, гостопримливо здание. Полно со сали и соби за секаков вид настани, со едноставна комуникција кон и од нив. И многу светлина. И дење и ноќе. Оттука и не случајно, го викаат и „Замок на светлината“. Обичните Латвијци, независно дали се со

латвиско или руско потекло, се задоволни од она што е изградено. Иако, има и такви кои велат дека според стари преданија, на левиот брег на Даугава не треба да се градат зданија кои со својата висина ќе ја надминат највисоката точка на стариот град. И додаваат, дека откако пред многу години таму била изградена телевизиска кула и некои други високи објекти, тогаш почнале сите несреќи на државата. Како и да е, Националната библиотека сепак е здание кое го привлекува вниманието уште од далеку, а восхитува кога ќе дојдете до него и уште повеќе кога ќе влезете во него.


архитектура

Здание кое комуницира со реката Даугава. Допрва, велат, ќе се уредува и неговата околина и тоа сè со модерна архитектура. Библиотеката е архитектонски симбол на модерна Латвија. А не како кај нас. Сè што беше модерно го прекривме или го скривме од очите на луѓето. Авторот на проектот Гунарс Биркертс вели дека архитектонската идеја за библиотеката се јавила уште пред 20 години и се претворила во еден од широко признатите предвесници на новата ера во архитектурата. Тој го цитира британскиот историчар на архитектурата Питер Баченем, кој вели дека архитектурата на возраст од зародиш треба да „надмине и да содржи“. Новото треба да биде создадено со апсорпција и синтеза на учењата за историското и локалното, како и на современата архитектура. Според Биркертс, тоа доведува до помислата дека современата архитектура треба да биде како мост за премин на временските граници вкоренет во минатото, гледајќи кон иднината. 28 aвгуст 2015

ПОРТА

23


архитектура

Се јавува потреба од создавање на нов јазик на формата, јазик што ќе го третира минатото со почит. Гледајќи ја зградата, вели Биркертс, гледаме интригантна форма. Таа е визуелно привлечна за нас. Како што е? Таа е изразна. Тоа е библиотека, функционален симбол. Тоа е потсетник за извонреден историски настан, важен за Латвија, изградба на својата државност, како и пофалба на повторното раѓање на државата и нејзините обновени збирки на културни богатства. Биркертс тврди дека линеарната природа на зборовите не може во целост да се опише со тридимензионален архитектонски облик. Што се однесува до изразноста, формата има многу значења. Да се согледа нејзиното значење, ќе мора да се вратиме на чувствата и интуицијата што го придружуваа моментот на создавањето, вели Биркертс. Тој го прави тоа и објаснува: „Оваа архитектура, кажува за спојување на хуманизмот и културата, носи референци од историјата, фолклорот, литературата, музиката и визуелната уметност. Покрај тоа, таа ја изразува љубовта на архитектот кон својата земја и нејзината 24

ПОРТА

28 aвгуст 2015


архитектура

историја. Таа кажува за зелени полиња и ливади, за многубојни цвеќиња; Таа кажува за темни борови шуми и шуми од белата бреза; Таа кажува за бавно течење, темнина, дремливи реки, нивните струи се толку бавни, што на моменти се чини дека тие течат наназад; Пејзажот е рамен и благо наведнат, највисоката планина Гаизинш е само 12 метри повисока од Ајфеловата кула; Таа кажува за некогаш присутниот фолклор, за човечките емоции изразени во народните песни и легенди - за замокот израснат од темните води, за храбрите јавачи кои јаваат по планината од мраз за да ја спасат принцезата. Тоа бара силна волја и упорност да се постигне целта“. Осврнувајќи се на влијанија врз формата на зградата, вели Биркертс, ние препознаваме архитектура на руралните земјоделски фарми, со слоеви на историски архитектонски

манифестации во Рига, над неа. Сите овие метафори придонесоа за скицата на обликот на современата библиотека. Оваа нова форма носи индивидуалност и моќ за вклучување во дијалог со историската архитектура, на спротивниот брег од Даугава. Јас ова го нарекувам синтеза на душа од метафори; тоа ја создава експресивноста на надворешниот изглед на зградата на новата Национална библиотека на Латвија. А потоа,

тука е душата што се одразува во внатрешноста. Искажувајќи се за современото во Библиотеката, Биркертс вели: „Новиот век со себе го донесе компјутерот, а исто така и глобализацијата. Новата Национална библиотека на Латвија со своите збирки на културата од национално значење е наменета и подготвена да учествува во глобалната мрежа на електронските комуникации и системи на информатичките технологии. Ова е важен дел за внатрешната ʼдуша‘ на зградата“.

n

ПОРТА


архитектура

„ХЕРЦОГ И ДЕ МЕУРОН“ - ДОБИТНИЦИ НА RIBA JENCKS AWARD ЗА 2015

Објектите не ја следат теоријата, но овозможуваат теоретски интерпретации

Vitra Campus, Германија

ПОРТА

Жак Херцог и Пјер де Меурон Ивона МИТЕВА

О

ваа година добитници на значајната награда RIBA Jencks Award се познатото швајцарско архитектонско студио „Херцог и де Меурон“ (Herzog & De Meuron), коешто има извонредна меѓународна кариера, а нивната работа славниот Чарлс Џенкс ја опиша како олицетворение на глобалната потрага по архитектурата на плурализмот, односно флексибилна архитектура за различни култури и нации. Нивните проекти претставуваат препознатлив архитектонски став кој протекува од работниот процес и обврската за создавање интелигентен дизајн, и овозможува креативна флексибилност која се издвојува над останатите архитектонски практики денес. Во 2002 година RIBA (Royal Institute of British Architects) заедно со донација од страна на Чарлс Џенкс започна доделување на наградата RIBA Jencks Award на истакнати луѓе од полето на архитектурата, коишто дале свој придонес кон развојот на архитектонската теорија и практика. Секоја година, почнувајќи од 2003 година во месец мај започнува процесот на оценување на потенцијалните кандидати, а конечниот избор се врши од страна на самиот Чарлс Џенкс, познатиот архитект и архитектонски теоретичар и критичар, и останати членови кои се променливи во Одборот. Оваа година, покрај Чарлс Џенкс во Одборот зеле учество David Gloster (RIBA Director of Education), Stephen Hodder (RIBA President and Chairman of Hodder and Partners), Julia Peyton-Jones (Director of the Serpentine Galleries) и Brett Steele (Director of the Architectural Association School of


архитектура Architecture), реализации. Изложеноста на локацијата Жак Херцог и Пјер де Меурон, основачите каде што е поставен објектот и неговиот на познатото архитектонско студио своите впечатлив изглед, не само што го студии ги завршиле на швајцарскиот подобруваат инзвонредниот ансамбл на Федерален технолошки институт во Цирих во Vitra архитектурата туку играат значајна 1975 година заедно со Алдо Роси и Долф улога во целиот Vitra кампус бидејќи Шнебли. Своето архитектонско биро го објектот совршено се надоврзува на веќе основале во 1978 година во Базел, а денес постоечките објекти, односно на музејот од тоа фукнционира во состав со партнерите Френк Гери од 1989 година и Christine Binswanger, Ascan Mergenthaler и конференцискиот павилјон на Тадао Андо Stefan Marbach. Во моментов имаат од 1993 година. вработено преку 440 соработници и работат На него се надоврзува објектот за на проекти низ Европа, Северна и Јужна Националниот стадион во Пекинг, што се Америка и Азија. издвојува со своите енормни димензии и „Херцог и де Меурон“ (Herzog & de Meuron) специфичниот дизајн на просторниот изглед се препознатливи по својот дизајн кој се на објектот. Главната цел било да се заснова на инвентивна архитектура која е создаде нов вид на јавен и урбан простор приспособлива кон просторниот, којшто ќе привлекува поголема маса на луѓе. географскиот и културниот контекст Гледано од далечина, целиот објект создавајќи проекти кои се крајно наликува на еден вид „гнездо за птици“, а специфични по својата програмска истовремено далечната перспектива типологија, вклучувајќи мали приватни вили овозможува јасно дефинирање на до енормни објекти од областа на културата и Националниот стадион во Пекинг јавната администрација. Како едно од најзначајните архитектонски достигнувања може да се наведе нивниот објект на Vitra Campus во градот Вајл на Рајна, Германија, чија програмска конфигурација се заснова на изложување на мебел на брендот Home Collection. Специфичниот дизајн на петкатниот објект, составен од меѓусебно поврзани волумени со коси кровови, е дефинитивно еден од најпрепознатливите архитектонски

заоблените форми на стадионот и мрежата на носечката структура којашто ја обвива целата фасада. Друг вид на објект, што придонесува за значајноста на швајцарското архитектонско студио и нивното влијание врз современата архитектонска теорија и практика, е реализацијата на објектот Caixa Forum во Мадрид. Објектот функционира како центар на уметности и во него се инкорпорирани ѕидови од претходно постоечкиот објект на локацијата. Објектот со својата програмско – просторна конфигурација не само што привлекува љубители на уметноста, туку и воопшто љубители на убавата архитектура од целиот свет. Оваа атракција презентирана преку тешкиот неправилен волумен одвоен од земјата преку претходно постоечките ѕидови им пркоси на законите на гравитацијата и ги повикува посетителите да влезат во внатрешноста со цел подобро да го разберат функционирањето на 

ПОРТА

27


архитектура современиот објект. Целокупниот дизајнерски процес на размислување се заснова на оригинални типологии на дизајн и просторно – програмски решенија, рефлектирани преку инспирацијата од архитектонската практика во минатото, сегашноста и идните проекти. Сето тоа ги прави несомнени добитници на овогодишната награда RIBA Jenks Award, во чиј контекст по добивањето на признанието наградените изјавиле дека посебно се радуваат на оваа награда, бидејќи истовремено ги слави архитектонската теорија и практика. Исто така, и покрај тоа што имаат публикувано огромен број текстови посветени на архитектурата, се сомневаат во долготранјоста на овие текстови, поради тоа што насловите на архитектонските книги брзо се забораваат. Поради тоа, тие се трудат да не ја одвојуваат архитектонската теорија од реализираните проекти. Објектите не ја следат теоријата, меѓутоа најдобрите објекти секогаш овозможуваат теоретски интерпретации од секаков вид. n

28

ПОРТА

28 aвгуст 2015

Caixa Forum во Мадрид


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


aрхитектура архитектура

Ивона МИТЕВА

В

о 1991 година беше одржан еден од најважните настани во архитектурата, односно беше објавен конкурс за изградба на музејот „Гугенхајм“ во Билбао, а победата ја понесе познатиот архитект Френк Гери. Настанот беше одржан во организација на фондацијата Соломон Р. Гугенхајм. Оваа година фондацијата реши да го повтори конкурсот, меѓутоа со нова локација – Хелсинки. Значењето на овој објект, го потврдува фактот што на конкурсот пристигнале 1.751 проект. Стручното жири формирано од 11 членови, меѓу кои Jeanne Gang, еден од коосновачите на архитектонското студио „Gang“, и Yoshiharu Tsukamoto од студиото „Bow-Wow“, одлучиле

30

ПОРТА

28 aвгуст 2015

НОВ МУЗЕЈ „ГУГЕНХАЈМ“ ВО ХЕЛСИНКИ

Место кое ќе ги обедини љубителите на архитектурата и уметноста


aрхитектура

дека најсоодветно решение за хелсиншката околина е решението на архитектонското студио „Moreau Kusunoki Architects“. Нивниот проект наречен „Art in the City“ се базира на едноставност и сензитивност, а самиот дизајн на објектот е исполнет со чувство на заедништво и анимација, што одговара на карактеристиките и амбициите на финското население. Дизајнот на музејот ја почитува околината и околниот амбиент, создавајќи фрагментиран и нехиерархиски кампус на поврзани павилјони, каде што уметноста и општеството може да се поврзат и да функционираат заедно. Дизајнот на одреден начин ги повикува посетителите да се во интеракција со уметничките дела. Програмата е распределена во павилјоните и плоштадот организирани околу внатрешната улица. Деветте ниски волумени и светлечката кула се „облечени“ во локални извори на јагленисано дрво и стакло, и тие се поврзани со околниот опсерваторски парк и новиот пешачки мост. Конекцијата помеѓу павилјоните е добро обмислена со цел да овозможи континуирано искуство при разгледувањето на уметничките дела, и секој од нив е ориентиран со одредена почит кон градската мрежа и светлечката кула. Победничкиот проект, којшто беше награден со 100 илјади евра, свечено беше претставен пред пошироката јавност во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк на 1 јули.  28 aвгуст 2015

ПОРТА

31


архитектура Исто така, фондацијата Соломон Р. Гугенхајм објави дека ќе ги финансира колекцијата на музејот, неговата програма, публикација и идеи заедно со останатите „Гугенхајм“ музеи низ светот. Главните проектанти на музејот изјавија дека архитектурата мора да понуди одредена емоција, односно да донесе поезија во самото општество. Тие сметаат дека со ваквата павилјонска структура придонесуваат за поставување на нов вид архтиектура која може да има нова улога во градот. Самиот музеј треба да претставува безвременска структура која ќе воспостави одредена врска помеѓу минатото и објектите што ќе се градат во иднина, истовремено создавајќи чувство на интимност. Тоа е место кое ќе ги обедини љубителите на архитектурата и уметноста и воедно ќе го создаде музејот на иднината. n

26 декември 2014

32

ПОРТА

28 aвгуст 2015

ПОРТА

39


ПОРТА


дрвна архитектура

Shou-Sugi-Ban - древна јапонска техника за Древната техника за јагленисување на јагленисување дрвото повторно се открива во модерната на дрвото архитектура и

уметност. Површината има исклучително уникатен изглед кој буди интерес кај многу млади дизајнери и архитекти, со што повторно се оживува одамна заборавената техника.

Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

Д

ревната јапонска техника за јагленисување на дрвото се појавува како резултат на неуморните напори на јапонските мајстори за пронаоѓање на нови начини за заштита и декорирање на дрвто. Оваа техника најчесто била употребувана за дрва кои можеле да се најдат по должината на јапонскиот брег после некоја посилна бура, врз кои сонцето и солената вода направиле одредено оштетување. Овие навидум неупотребиливи дрва биле обработувани, со што се продолжувала трајноста и добивале уникатен декоративен изглед. Древната техника за јагленисување на дрвото повторно се открива во модерната

34

ПОРТА

28 aвгуст 2015


дрвна архитектура

архитектура и уметност. Површината има исклучително уникатен изглед кој буди интерес кај многу млади дизајнери и архитекти, со што повторно се оживува одамна заборавената техника. Техниката на јагленисување на дрвото Shou-Sugi-Ban, најдобро може да се преведе како согорено Sugi - јапонски кедар (Cryptomeria japonica). Зачетоците на оваа техника не се знае од кога и од каде точно потекнуваат, но се знае дека биле употребувани во 18 век. Техниката била полека запоставувана со доаѓањето на нови модерни материјали кои полека го заменувале дрвото и влијанието на западната модерна архитектура. Како што е содржано и во самото име, jапонскиот кедар е автохтон вид за Јапонија, затоа светските архитекти и дизајнери се во констатна потрага по дрвен вид кој ќе може да го замени кедарот и со согорувањето да овозможи приближен резултат. Многу истражувачи кои работат со оваа проблематика употребувале дрвни видови со различни анатомски  28 aвгуст 2015

ПОРТА

35


дрвна архитектура карактеристики експериментирајќи за да добијат разновидна текстура. Исто така, младите дизајнери, истражувајќи, доаѓаат до различни начини на согорување на дрвото, поинакви од традиционалниот начин, со што пронаоѓаат свои автентични изработки кои ги чуваат во тајност. Но сепак, многу е важно да се напомене дека техничката изработка на овој процес директно влијае на трајноста на конечниот производ. Автентичниот Shou-Sugi-Ban процес може да се постигне кај дрвни видови со таканаречени отворени дрвни клетки кои имаат процент на влажност од 12 до 17 проценти. Со едноставно горење на едно парче дрво не може да се постигне посакуваниот ефект на површината. За рамномерна боја и посакувана тесктура мора да се земат предвид повеќе фактори, како на пример анатомската карактеристика на дрвото, процентот на влагата во дрвото, како и процентот на влага во околината. За да се постигне отпорност на оган кај конечниот производ, треба да се изгори само надворешната целулоза оставајќи го исцрнетиот лигнин во заднина. Ова е причината зошто е тешко да се запали парче дрво кое веќе еднаш е изгорено на површината. Дрвните видови со затворени дрвни клетки имаат помалку целулоза, па затоа не може да се постигне посакуваната патина. Дрвото што се обработува треба да има соодветен баланс на влажност за да се добие познатиот ефект „кожа на алигатор“

36

ПОРТА

28 aвгуст 2015

или Wani Kawa - ефект. Овој ефект се постигнува поради тивкото тлеење без оган каде брзо се уништува целулозата во горниот слој на дрвото, со што се

дисперзира топлината и не се пренесува до остатокот на дрвениот елемент. Со други зборови, кислородот што се содржи во влагата го намалува нивото на согорување и ја подигнува точката на палење на дрвото. Екстремно концентрираните количини на кислород во дрвото се истражувани уште од 1896 година, кога познатото списание за наука Nature издаде студија за согорување на дрвото. Студијата потенцира дека во еден метар кубен дрво има до 4.000 пати повеќе молекули на кислород од метар кубен воздух и со правилно загревање на дрвото на висока температура, течниот кислород кој е апсорбиран во дрвото може да согори со силна експлозија. Со правилниот процент на влага во дрвото се спречува извитоперување и пукање при обработката. Многу производители, по обработката со горење на дрвото го заштитуваат дополнително со разни премачкувачи за да се продолжи векот на траење и за заштита на дрвото при транспорт и инсталација. Shou-Sugi-Ban може да се употребува во ентериер како и во надворешни услови, а се монтира со стандардни методи. Во ентериерот најчесто се употребува за ѕидни облоги, и покрај тоа што некој производители го нудат овој производ за


дрвна архитектура

подни површини, сепак не се препорачува заради механичките карактеристики на горниот јагленисан слој. За одржување на јагленисаните

површини, посебно оние што се изложени на атмосферски влијанија, се препорачува премачкување со природни маслени премачкувачи, како на пример масло од

ленено семе секои пет до седум години. Нанесувањето може да се прави со сите стандардни апликатори, како распрскувач, четка и слично. n

ПОРТА


урбанизам

Урбана вегетација

Вегетација во урбана средина Оформувањето и одржувањето на урбаната вегетацијата не е само прашање на естетика или одржување на психолошка врска на човекот и природата, туку од тоа зависи степенот на подобрување на еколошките услови во изградените средини 38

ПОРТА

28 aвгуст 2015

АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (11)

проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх.

ВЕГЕТАЦИЈА КАКО БИТНА СОДРЖИНА НА ЧОВЕКОВИТЕ НАСЕЛБИ

Вегетацијата имала важна улога уште во древните цивилизации. Таа е активен дел на објектите, посебно семејните куќи, со примена на автохтона вегетација во дворните места на семејните куќи. Развојниот пат на вегетацијата се движи паралелно со развојот на градовите, и со нивната трансформација се менува структурата и формата на зелените содржини во урбаната средина. Оформувањето и одржувањето на урбаната вегетацијата не е само прашање на естетика или одржување на психолошка врска на човекот и природата, туку од тоа зависи степенот на подобрување на еколошките услови во изградените средини. Акцентот е насочен кон вегетацијата во рамки на градовите, заради фактот што со брзиот раст на градовите човекот сè повеќе се оддалечува од природата и се јави потреба од внесување на дел од природата во градовите, особено со оформување на јавни паркови, со што граѓаните се доближуваат до

Зеленило во станбена населба Ародром-Скопје


Топилница - Велес

Градски Парк во Скопје

Парк во Гуангдонг-Кина

Парк во Мелбурн-Австралија

природата. Битен е билансот на вегетацијата како волуменски опфат, а не како површински квантитет изразен во метри квадратни по жител. Се повеќе расте свеста на луѓето за значењето на вегетацијата и за најзината улога во урбаната средина. Потребни се поголеми севкупни напори за зачувување и унапредување на вегетацијата во градовите. Во глобални рамки, а и во наши услови, сè повеќе е евидентно намалувањето на зеленилото во урбаната средина. Со брзото ширење на градовите се градат објекти и инфраструктура, додека оформувањето на урбани паркови се во втор план. Постои практика на пренамена на зелени површини во други урбани намени и со тоа се намалуваат белите дробови на градовите, а со секое исечено дрво се намалува квалитетот на живеењето во градовите. Дрвото треба да се третира како елемент на урбана култура, со свој егзистенцијален простор. Во развојот на урбаната вегетација се согледуваат три периоди кои се одвиваат со различен интензитет и во различни простори: Период 1 – Јавни паркови. Период на оформување и одржување на јавни паркови и внесување во урбанистичките планови на градовите зони за

вегетација, со различни големини, за одмор и рекреација на граѓаните, особено во периодот на 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Се формираа простори со зеленило особено покрај речни текови низ урбани опфати, како и линеарно зеленило покрај сообраќајници, особено изразено во Скопје. Период 2 – Вегетација во станбени населби. Период на изградба на нови станбени населби со доста зеленило, односно зградите се вклопени во зелени оази, со соодветна поврзаност со природата, со различни силуети на урбана вегетација, со систем на пешачки патеки и дел за игра на деца, што е поволно од аспект на поврзување на архитектурата и зеленилото, со создавање на оптимистички простори во периодот на 70-тите и 80-тите години на минатиот век. Следуваше период на сопственичка трансформација, во периодот на транзиција во 90-тите години, а битните промени во сопственоста имаа влијание врз просторното организирање на просторите за вегетација, со максимално користење на секоја локација и помало внимание кон зеленилото во урбаната средина. Периодот на транзиција се карактеризира со истакнување на профитабилните интереси на инвеститорите за секоја локација, со намалено внимание кон зелените простори. Период 3 - Потреба од поголема грижа за урбана вегетација. Со зголемување на свеста за зеленилото на глобален план, се зголемува грижата на јавноста за секое дрво кое се сече за изградба на објекти. Зголемената грижа во последната декада треба да резултира со соодветно нормативно регулирање и оптимални стандарди за третманот на зеленилото во урбаната средина. Треба да се актуелизира Законот за урбано зеленило, со акцент на заштита на постојното зеленилo и организирање ново, оформување зелен катастар, соодветни стандарди за третманот на урбаното зеленило. Во зелениот катастар треба да биде евидентирано секое „парче“ зеленило, не само од јавните површини, туку и од приватните, како и она меѓу станбените блокови (за изработка на зелениот катастар на Виена биле 

Населба во Вашингтон

28 aвгуст 2015

ПОРТА

39


Централ Парк во Њујорк потребни речиси седум години). Со Зелениот катастар ќе се утврдат површината, сопственоста и квалитетот на зеленилото, во функција на урбанистичко планирање, а со крајна цел да се спречи натамошната пренамена на зеленилото во градежни цели. Пример за соодветен однос кон јавните паркови, како потреба на граѓаните е Централ парк во Њујорк, во реонот на Мехнетен, оформен во 1857 година, со површина 3,41 км2 (должина околу 4 км и широчина 0,8 км). Најпосетуван градски парк во САД, со околу 30 милиони посетители годишно. Урбанистички планови и урбано зеленило. Третманот на зеленилото се согледува во рамки на урбаните подрачја на Генералните урбанистички планови за секој град одделно, а се разработува со Детални урбанистички планови за делови на градовите. Во секој град, распростирањето, големината (површина урбано зеленило по жител) и квалитетот на урбаното зеленило е различно. Во вкупноста на урбаното зеленило, покрај јавните паркови се вклучува зеленилото околу станбените згради, зеленилото во училишта, болниците, стопанските субјекти, зеленилото околу семејни куќи, покрај сообаќајници, како и зеленилото во спортско рекреативни центри. Ситуацијата со зеленилото е различна во градовите низ Македонија и различно е распоредено во урбаното ткиво. Според пописот од 2002 година, во Скопје се евидентирани 7,66 квадратни метри зеленило по жител, а урбаното зеленило е нерамномерно распределено низ градот односно општините (најголем дел на зеленило има во општина Аеродром и Карпош). Секако, најзагрозено е централното градско подрачје, со постојано намалување на обемот на зеленило, со сечење на дрва заради изградба на нови објекти, со што се намалува квалитетот на живеењето во централниот дел на градот, и со новите урбани ѕидови се редуцира и така малото струење на свеж воздух од Водно, како што беше случајот и со просторните бариери во населбата Капиштец. Во урбанистичките планови треба да се утврдуваат плански решенија за поврзување на зеленилото во една интегрална целина, како континуитет на парковско, блоковско (различни намени и протегања), линеарно (дрвореди покрај булевари и улици) и заштитно зеленило (покрај индустриски капацитети), како зелена урбана инфраструктура и динамична урбана содржина.

НАСОКИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРОСТОРИ ЗА ВЕГЕТАЦИЈА

1.Оформување и одржување на урбана вегетација Многу е битно да се врши перманентно одржување на вегетацијата со оглед на тоа што вегетацијата е динамична содржина за која е потребна соодветна грижа. Потребни се нормативни одредби со кои ќе биде утврдено дека не е можно да се пренамени површина со урбано зеленило, со цел да се

40

ПОРТА

28 aвгуст 2015

Пренамена на депонија во парк во Тјенцин, Кина сочува и унапредува просторот со зеленило. Од увидот во состојбата и согледувајќи ги реалните климатски услови во нашето поднебје, се утврдува дека е отежнато одржувањето на тревнатите површини особено во летните периоди (во споредба со влажноста на воздухот во северните земји каде тревата одлично се одржува ) и затоа кај нас треба да се дава приоритет на високата вегатација, со оглед на тоа што таа е потребна заради оформување волумен од вегетација (наместо зелена површина), заради поефикасно прочистување на воздухот и заради засенчување во летниот период, кога е најпотребно за овозможување поволна микро клима во градовите. Пешачките патеки и тротоарите треба да имаат високо зеленило или перголи, заради поефикасно движење на пешаците. Во засенчените простори има подобри можности за организирање на паркиралишта за автомобили и велосипеди, под сенките на дрвјата, а наместо трева, која е тешко да се одржува, под дрвјата можат да се постават различни видови поплочувања со различен колорит (што е добро за естетиката на просторот) и со различни текстури на материјалите, кои се погодни за лица со посебни потреби. Значи, потребно е суштинско менување на односот кон урбаното зеленило, со поголем акцент на високата вегетација и суштинска примена на планските решенија за квалитетна зелена содржина со соодветен зелен волумен (итно дополнување на дрвореди со нови дрвја каде недостасуваат), наместо формалните зелени површини во урбанистичките планови кои на самото место се неорганизирани и неуредени. Покрај перманентно одржување на постојно и оформување ново урбано зеленило, добро е да се врши и пренамена на урбани содржини во зелени простори, како што е примерот на пренамена на депонија во парк во Тјенцин, Кина.


Еко населби во Дубаи и Шведска

Кровни тераси во Сингапур, Беркли и во Мелбурн 2. Пренамена на рамни кровови во зелени оази. Покрај организирање зеленило на тлото, постои можност за зголемување на зелените површини во градовите со трасформација на рамните тераси на зградите како зелени кровови, со што се зголемува обемот на зеленило во градовите. Во развиените земји е присутна тендинција на примена на зазеленување на рамните кровови на објектите, со цел да се подобрат микроклиматските услови, да се намали загаденоста на воздухот и бучавата, и да се унапреди естетската слика на градовите. Во Канада, САД, Јапонија, Англија, Австралија и други земји, многу тераси и кровови веќе станале зелени оази во густо

изградените делови на градовите. За жал, кај нас таквите проекти сè уште не се актуелни, но треба да се промовираат за да се применуваат и кај нас. Балконите и просторите на рамните кровови можат да се уредат во многу интересни простори со дел со вегетација (со што се оформува зелена оаза), со примена на различни дизајни на кровните градини, со користење на лесни природни материјали, добро прицврстени за кровот, со соодветно оградување, оптимална дренажа, третман на водата, аспекти на ветер, сонце (засенчување) и други услови. Во основа, се работи за избор на ниски растенија, кои можат да егзистираат на кровни услови. За подлога на растенијата се препорачува лесна смеса на земја со доволно хранливи материи неопходни за развој на растенијата. Импресивен е погледот кон градот од страна на кровните тераси и тој сегмент треба да се вкучи во дизајнот на кровната градина, со насочување кон интересните погледи со примена на обликувани елементи. 3. Еко ѕидови. Вертикални градини. Вертикално озеленување. Покрај хоризонтално озеленување, постои можност за зголемување на зелените површини во градовите со трансформација на вертикалните ѕидови односно фасадите на објектите како зелени вертикални градини, третирани во екстериер и во ентериер, со третман на објектите како зелена архитектура. Во последната декада се зголемува интересот за вертикалното озеленување. После перидот на бетонизација и асфалтизација со доминантно сивило на градовите, следи период на озеленување и вегетабилност на градовите, со примена на вегетација со автоматско наводнување и прехрана на билките. Системот за вертикални градини содржи: вертикална подлога, конструкција за вегетацијата, супстрат специфичен за билниот материјал, билен материјал според просторните услови и климата, систем за автоматско наводнување со прехрана, канал за собирање на вишок на вода и осветлување. Системот може да функционира надвор и внатре, како вертикален ѕид во екстериер и (или) во ентериер. Модулите со растителен материјал (во зависност од просторот) се подготвуваат во расадник и зелените модули се монтираат на објектот. Со примена на хоризонтално и вертикално озеленување и со комбинирање на различни дизајни на организирање на урбана вегетација, ќе се придонесе за менување на урбаното сивило на градовите, со трансформирање во еко градови, со систем на динамична урбана вегетација, со што ќе се зголеми квалитетот на урбаната средина. 

Вертикални градини во Данска и Италија

ПОРТА


сообраќај

Патот на светлината Во еден универзум паралелен на нашиот, улиците и патиштата сами ги регистрираат и проценуваат своите оштетувања, дојавувајќи им го тоа на надлежните служби; нивната последователна интервенција не трае подолго од еден просечен појадок. Сами ги детектираат возилата што се движат непрописно и за тоа ги алармираат полициските патроли, а истовремено јасно ги означуваат предупредувајќи ги останатите учесници во сообраќајот. Ненад ТОНИЌ, дипл.сооб.инж.

О

д стрип-фантазија во 70тите, до ароматична пареа на една добро „искрчкана“ идеа. Од детска радост во форма на електрични автомобили по пластична „шина“, до лабораториски модел со енергетскоеколошка „налепница“. Соообраќајните површини кои ќе можат да придвижат, осветлат, означат и снимат, заокружија еден (ментален иритација-прототип) инкубациски период со солидно време на технолошко минување. Во јасниот инженерски резон и иновативниот идеен сплет на еден Scott ... 42

ПОРТА

28 aвгуст 2015

Вселената е бесконечна. Материјата не е. Човековата инвентивност е несопирлива. Техничката еволуција на еден продукт не е. Сообраќајот со својата инфраструктура, хм ... веројатно по малку од сè. Како сериозна играчка чиј механизам повремено зачкрипува по што, со деловите од неколку други, се составува нова, поинтересна. И пополезна ... Во еден универзум паралелен на нашиот, улиците и патиштата сами ги регистрираат и проценуваат своите оштетувања, дојавувајќи им го тоа на надлежните служби; нивната последователна интервенција не трае подолго од еден просечен појадок. Сами ги детектираат возилата што се движат

Scott Brusaw


сообраќај непрописно и за тоа ги алармираат полициските патроли, а истовремено јасно ги означуваат предупредувајќи ги останатите учесници во сообраќајот. Со „холивудски“ потенцијал да ги онеспособат за движење до пристигнувањето на сино-белата „екипа“. Како во сон или на филм, или ... можеби сепак не. Постојат одредени состојби на умот, многу чести поточно, кои го имаат тој материјален ефект. Кога се сонува, а сонот станува константа на вербата и дејствувањето на единката до некоја еурека. Нешто како лично житие кое „води“ и го „осветлува“ патот, во кое соларните улици и нивниот широк оперативен потенцијал прераснуваат во круцијалност која ни од далеку не зрачи со будалаштина. Полувековниот професионален „компас“ на американскиот електроинженер Scott Brusaw, да им даде поширока смисла на соларните површини за одвивање на сообраќајот, веќе некое време поседува јасна техничко-оперативна физиономија. Во пазувите на неговата трпеливост, во очекување на институционалната и спонзорската наклоност. За да го одживее до крај својот долг детски сон.

МОДУЛАРЕН „СУПЕРМЕН“ „Брачниот успех“ помеѓу соларните панели и употребливоста во форма на уличен/патен застор е содржан во нивната механичка издржливост. Во Brusaw концептуалната визија горната граница на овој Рубикон е срамнета со осовинскиот притисок на најкрупните возила кои ги „абат“ патиштата ширум САД. На пример оние што превезуваат рафинериски уреди и опрема. Поместувањето на масената издржливост, паралелно со сознанијата за вкупната тежина на возилата за различни вонгабаритни товари, резултирал со изработка на панелен материјал кој може да издржи притисок од речиси 114 тони! Па сепак, конструктивната супремација на овој структурален „супермен“ не ја прејудицира неговата неуништливост. Поставувајќи ги хоризонтите на неговата механичка издржливост, товарните возила, со својот изразен и груб габарит, се истовремено и неговиот „криптонит“. При посериозна сообраќајна незгода на пример, пропратена со превртување на некое од нив. И тука до израз доаѓа базичната генијалност на целокупниот концепт за покривање на сообраќајната инфраструктура со панелен материјал од соларен тип – неговата модуларност! Оформени во вид на правилни шестаголници, оштетените сегменти лесно се заменуваат со отстранување на четирите предвидени завртки. До крајот, нели, на оној појадок од почетокот на приказната. Кој е зачинет со „десерт“ од уште една концепциска мудрост, во потенцијална форма на 

Формат на соларните панели Натпис на соларниот пат

28 aвгуст 2015

ПОРТА

43


сообраќај

систем за детектирање на оштетувањата. Можноста за константна електронска комуникација помеѓу соседните модули како потврда за нивната функционалност, е замислена како основ за нивно ефикасно и исплатливо одржување. Прекинот на таа комуникација при оштетување на еден или повеќе модули може, без потреба од посложени технички решенија, да се преведе во далечински сигнал за нивниот број и точната стационажна позиција. И тоа е тоа. Концептуално-функционален „подарок“ по кој сето останато зависи само од вештината на теренските екипи.

БЕЗБЕДОНОСЕН „ПРЕСИНГ“ За кое возило и да се одлучите, колку од нив и да се „ројат“ околу вас, соларните патишта нивната употреба можат да ја направат уште побезбедна. Акорд на една нова симфониска увертира, „отсвирена“ само на сензори, LEDдиоди и детекторски камери. И без удирање со главата во рапавиот ѕид на сообраќајнобезбедоносните последици и рецидиви. Транспарентноста на панелниот материјал би овозможила симнување на камерите за собраќаен надзор од крајпатните односно крстосничките носачи и нивно „вкопување“ на само пар десетина сантиметри под возилото. Чија регистерска табличка, во случај на предизвикан прекршок, не може да остане нерегистрирана. Решение кое по секој основ 44

ПОРТА

28 aвгуст 2015

би ги релаксирало напорите на индустријата за опрема за сообраќаен надзор, која на моменти води нерамноправна битка со перформансите и градбата на возилата, можните сообраќајни и метеоролошкоамбиентални услови. Преминувањето на полната линија три пати на растојание од само една милја (~1,6 километри) полициските служби на некои САД федерални единици го сметаат како знак за можна алкохолизираност на возачот. Која бара превентивна проверка на потенцијалниот прекршител, под услов возилото и неговата насока на движење на време да се детектираат. Вистински момент „гудачката секција“ од сензори и LED-диоди да го отсвири своето ситно pizzicato! При што нежниот и непрекинат сензорски допир на возилото од „под патот“ би бил трансформиран во електричен диоден импулс, кој на патната подлога ќе ја маркира позицијата на возилото дури и кога тоа се движи. И, директно или преку централниот оператор, ќе ја пренесе до најблиската полициска патрола. Во форма на подвижен прстен на пример, ваквото маркирање на целното возило би претставувало јасно предупредување и за непосредните учесници во сообраќајот. Во случај на сообраќајна незгода, безбедоносните услови во зоната на настанот добиваат малку поинаков „профил“. „Исцртан“

со алтернативна сигнализација за известување на возачите и пренасочување на возилата. Камионското довлекување на табли и знаци, и употребата на човечки фактор за регулирање, лесно може да се „стопи“ во настанатата конфузија предизвикувајќи контра-ефект. Љубителите на практичните толкувања ќе потврдат дека водилките на асфалтот сепак немаат посериозна алтернатива. Спонтаното посегнување по диодите што прават чуда, овде се чини и повеќе од логично. Инсталирани во транспарентната панелна подлога со потребната густина, лесно можат да ја изменат редовната во привремена конфигурација на сообраќајните ленти заради пренасочување на токовите возила. Како што можат да извршат и навремено информирање на возачите што се во приоѓање, доколку бидат осветлени во конфигурација на порака „испишана“ на самиот панелен коловозен материјал.

И УШТЕ ПО НЕШТО... Во оној паралелен универзум REM-фазата на ова технолошко инкубирање има поширок сонувачки хоризонт. Кој нема да ги принудува возачите на тешките камиони да го прекинуваат патот заради обврзувачкото мерење на натоварените возила. „Накалемена“ со сензори од соодветен тип, улогата на мерен уред на камионите во движење може да ја одигра една од расположливите сообраќајни ленти. Крајната


сообраќај Изглед на соларните панели

десна кај градските улици на пример или лентата за запирање кај автопатиштата. Истата технологија може да биде искористена за предупредување на возачите за присуството на помали, нестандардни товари на патот во потенцијално опасна форма на залутано животно или испаднат товар. Осветлената „ОПАСНОСТ“ или „ЗАБАВЕТЕ“ конфигурација на LED-диодите

во такви случаи е превентивата што спасува животи. Во склад со идејната матрица дека она што може да детектира, означи и дојави треба да може и да придвижи, оваа визија остава креативен простор за нови продолженија. Нешто како филм со недовршена последна сцена. Електричните возила на прво место, иако кабастата

индукциона опрема која, логично, треба да биде инсталирана под соларната подлога, ваквиот спој во моментов го прави неодржлив. Па сепак, постоењето на индукциона технологија за напојување и медиум за пренос на енергијата (панелна подлога) ѝ обезбедуваат на оваа опција долготраен интерес. Во „дворот“ на американскиот електроинженер Scott Brusaw неоспорно се наоѓа „топка“ која треба да продолжи да се тркала помеѓу тренинг-чуновите сè до оној финален шут кон мрежата. Преку „живиот ѕид“ од прашањето на сите прашања: дали сето ова може да функционира во реални услови? 47-те илјади „анонимуси“, кои со своите лични донации сакаат да помогнат во официјалното пораѓање на ова технолошко „чедо“, по сè изгледа се убедени дека може. Веројатно слично како и локалната самоуправа на градот Sandpoint, Idaho, која веќе го посакува Brusaw-сонот на своите тротоари и паркиралишта. „Тоа ќе остави доволно време за согледување на оперативните потешкотии пред да пристапиме кон инсталирање на системот на градските улици и, еден ден како стратешка цел, на автопатиштата“, вели Scott. Сосема разумно и логично, нели... ! 

28 aвгуст 2015

ПОРТА

45


технологии

WINDOWS 10 СТАНА РЕАЛНОСТ

Чиста десетка за Microsoft Фамата околу Windows 10 трае уште од септември 2014 година, кога Microsoft официјално го најави новиот оперативен систем по што започна бета тестирањето. Практично од самиот почеток, бета тестерите не ги штедеа суперлативите, најавувајќи дека Windows 10 ќе биде оперативен систем што ќе се памти. Дополнително, Microsoft направи одличен потег со тоа што го понуди Windows 10 бесплатно за надградба првата година, со што дополнително ја загреа атмосферата.

46

ПОРТА

28 aвгуст 2015


технологии

Г

Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх. лавна ИТ вест летово е секако новиот оперативен систем на Microsoft, наречен Windows 10. По условно кажано неуспехот со оперативниот систем Windows 8 и неговата „закрпа“ Windows 8.1, конечно копно на повидок. Windows 10 е вистински хит. Критиките се спорадични, а пофалбите не престануваат. Ако сте Windows корисник и не сте во тек со случувањата околу Windows 10, сигурно сте се запрашале што значи апликацијата Get Windows 10, која на први јуни 2015 година се појави во долниот десен бар (system tray) на мониторот (на компјутерите со оперативен систем и лиценца кои се квалификувани за надградба на новиот оперативен систем). Преку апликацијата Get Windows 10 (GWX) корисниците можат да се запознаат со новините и со условите за надградба, да проверат дали ги исполнуваат техничките услови за надградба како и да резервираат копија од оперативниот систем. И конечно, на 29-ти јули годинава, Windows 10 стана достапен, па Microsoft ги повика корисниците да направат надградба. Одзивот беше експлозивен. Само во првите 24 часа, над 14 милиони уреди се надградија со Windows 10 (бројката во иднина се очекува да достигне една милијарда уреди). Рецензиите низ цел свет засега се позитивни, со одредени забелешки кои се однесуваат пред сè на приватноста, но од техничка гледна точка засега нема сериозни проблеми со функционирање на останатите апликации. Фамата околу Windows 10 трае уште од

септември 2014 година, кога Microsoft официјално го најави новиот оперативен систем по што започна бета тестирањето. Практично од самиот почеток, бета тестерите не ги штедеа суперлативите, најавувајќи дека Windows 10 ќе биде оперативен систем што ќе се памти. Дополнително, Microsoft направи одличен потег со тоа што го понуди Windows 10 бесплатно за надградба првата година, со што дополнително ја загреа атмосферата. Windows 10 има модерен, концизен и логичен изглед со приспособен Метро стил. Старт менито на задоволство на мнозинството е задржано. Воведена е можност за повеќе работни околини (workspaces) по пример на Линукс-базираните ОС. Windows 10 содржи нов интернетпрелистувач наречен Microsoft Edge со нов рендер енџин и минималистички изглед. Internet Explorer се уште постои, но акцентот е ставен на неговиот наследник. Покрај Edge, новина е и персоналниот асистент Cortana кој ни помага да ги организираме нашите обврски, контакти и информации. Апликацијата One Note, која претходно беше во сoстав на MS Office пакетите, сега е вклучена во самиот оперативен систем. Windows 10 содржи многу други апликации на задоволство на корисниците како што се: Mail, Maps, People, Windows DVD Player и многу други апликации. Критиките, од друга страна, одат пред сè на адреса на приватноста. Доколку при надградбата одбереме Express settings, ќе му дозволиме на Windows 10 да собира информации за нашата локација, пребарувани термини и слично кои ги испраќа на Microsoft. Овие сетинзи можат подоцна да се променат. Корисниците на Home верзиите се оневозможени да одлучуваат кои Windows Update пакети да бидат инсталирани, додека Pro корисниците имаат можност за одлучување дали и што да се инсталира. Квалификувани за бесплатна надградба се сите корисници на легален (genuine) Windows 7, 8 или 8.1 оперативен систем во Home, Pro и Ultimate верзијата. Самата надградба се врши автоматски преку сервисот Windows Update. Пред самата надградба да се активира, се препорачува да се направи бекап на податоците или барем истите да се стават на друга партиција. Личното, но и искуствата презентирани на Интернет генерално покажуваат дека надградбата се врши беспрекорно. Барем во мојот случај Windows 10 ги задржа буквално сите апликации (меѓу другите и Gemalto) и поставки како што се Интернет, кратенки, запомнети лозинки и слично, со што ми овозможи да продолжам да го користам компјутерот како и претходно. Мора да се напомене дека надградбата на  28 aвгуст 2015

ПОРТА

47


технологии

оперативниот систем е реверзибилен процес, што значи дека по потреба можеме да се вратиме на претходниот оперативен систем. Сите поставки на претходниот систем се зачувани во Windows.old фолдерот. Токму поради постоењето на двата оперативни системи (претходниот и Windows 10) се препорачува т.н. „чиста инсталација“ (clean installation) која подразбира инсталација со форматирање на компјутерот. Дел од корисниците посочуваат дека со чиста инсталација се добива значително забрзување на компјутерот наспроти надградбата. Сепак, за да нема проблеми со лиценцата, се препорачува прво да се направи надградба на оперативниот систем со што ќе се изврши автоматска активација на Windows 10, а дури потоа да се направи чиста инсталација бидејќи на тој начин нема да има потреба од повторно регистрирање на оперативниот систем. Техничките спецификации кои ги побарува Windows 10 се: 32 или 64-битен процесор со минимум 1 Гхз во 32-битна или 64-битна изведба, 1 Гб (2 Гб) работна меморија, графичка картичка со Direct X 9. Windows 10 ќе биде одржуван сè до октомври 2025 година. Од друга страна, оваа година заврши поддршката на оперативните системи

48

ПОРТА

28 aвгуст 2015

Windows 7, односно продолжената поддршка ќе продолжи до 2017 година, но корисниците мора да имаат инсталирано сервис пакови на оперативниот систем. Microsoft континуирано е во центарот на вниманието последниве години. Неуспехот со Windows 8 со Метро интерфејсот, слабиот пазарен удел на полето на оперативни

системи за мобилните телефони, лошиот почеток на Microsoft Surface, беа пресудни за да се пушти алармот. Во 2014 година дотогашниот извршен директор Стив Балмер ја напушти компанијата, а на негово место дојде младиот Индиец Сатја Недела од кого се очекува многу. Практично, Microsoft се наоѓа во одличен момент за да ги промени работите. Windows 10 изгледа одлично, функционира брзо и логично, но се чини најголемата придобивка е во тоа што наместо три различни Windows платформи, Microsoft сега има еден софтвер за сите сегменти: десктоп и лаптоп компјутери, таблети и мобилни телефони. Она што се очекува во иднина е оперативниот систем и апликациите што ги користиме да имаат една лиценца која ќе важи за повеќе различнии типови на уреди, кои ќе бидат целосно синхронизирани меѓу себе и комплетно компатибилни. На тој начин, корисниците би биле целосно функционални во секоја прилика без разлика дали покрај себе имаат лаптоп, таблет или мобилен телефон. Чиста десетка за Windows 10 и за Microsoft. Стабилноста на системот и изгледот навистина воодушевуваат. Се чини, Windows 10 ќе остане на нашите компјутери уште долго време. 


рубрика

ǯ

26 декември 2014 ПОРТА ПОРТА

39


екологија

ПОПЛАВИТЕ ВО ТЕТОВСКО КАКО ПОВОД

Природата го враќа ударот врз неа Во светот, локалните заедници обично градат посебен однос кон природата и реките, покрај кои живееле стотици, па и илјадници години. Познати се многу примери во кои токму тие се првите противници да се користат водите за индустријата, да се градат брани и слично. Случајот е сосема спротивен во Македонија, каде што токму локалните жители се меѓу најголемите загадувачи, со тоните отпад што ги исфрлаат во реките, претворајќи ги во депонии Шипковица

50

ПОРТА

28 aвгуст 2015


Неодамнешните поплави и свлечишта во некои тетовски села под Шар Планина и градот Тетово покажаа дека нема играње со природата. За неа не важат физичките закони, туку само природните. Секое нарушување на природната рамнотежа таа се обидува да го врати и го враќа во нова рамнотежна состојба.Неа не ја интересираат последиците настанати од човечката негрижа.Не ја интересираат стотиците и илјадници тони градежен шут, домашен отпад или отпад од стари машини расфрлани во нејзините недра. Неа не ја интересираат соголените планински падини од шумската мафија. Неа не ја интересираат неспособните локални самоуправи... Таа секогаш го враќа ударот. За жал понекогаш и со човечки жртви. Поттикнати од она што се случи во Тетовско, во овој број на Порта3 повторно го објавуваме текстот со наслов „Без почит кон реките“ објавен на нејзините страници тoкму во август минатата година.

М

Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА

алото бистро поточе во Вруток воопшто не навестува дека ќе се претвори во големата, матна и валкана река Вардар. Но на само три километри подолу од Вруток, реката поминува низ Равен и веќе го добива својот препознатлив и несреќен лик. Низ коритото плови повеќе отпад отколку вода. Единствен знак на живот покрај водата, која личи на депониски исцедок, е понекое бездомно куче што пребарува остатоци од храна низ ѓубрето. Ова се случува во првите три километри на реката долга 388 километри до сливот во Егејско Море. Реките во Македонија се отворени  ПОРТА


екологија

Вардар кај Равен канализации и отворени депонии. Водата на Вардар станува сè позагадена со секој нов километар што ќе го протече. Како да биде поинаку, кога ја полнат реки како Треска, во која рибарите газат низ депонија за да дојдат до водата близу мостот меѓу Сарај и Грчец кај Скопје. Или како Лепенец, река за која без оглед колку акции за чистење на коритото ќе се организираат, таа повторно ќе влече отпад со себе. Или, пак, како Маркова Река, која во последните километри пред сливот повеќе личи на течна кал отколку на вода, а кај Лисиче во неа има истурено толку многу ѓубре што тоа веќе го стеснило коритото и направило брани и каскади. Сите тие реки, а и многу други, се популарни излетнички дестинации во некои делови од својот тек, каде што водата некако успеала да се ослободи од ѓубрето и да протече низ природа. Но такви места има сè помалку, а отпадот сè повеќе ги гуши коритата. Освен тоа, дури и каде што во коритата нема отпад, водата во нив е далеку од чиста. Податоците за состојбата на водата откриваат интересна ситуација. Во 52

ПОРТА

28 aвгуст 2015

последниот Извештај за животната средина што го има издадено Државниот завод за статистика, користејќи податоци од релевантните институции, прикажани се, како пример, три од најголемите реки во земјава: Вардар, Брегалница и Црна Река. Според сите параметри, тие во 2012 година имале многу почиста вода отколку во 2001 година, според биохемиската потрошувачка на кислород, како и присуството на тотален амониум, нитрати, нитрити и ортофосфати. Повеќето од овие материи доаѓаат од фекалните канализации. Тоа особено важи за Вардар, но во голема мера и за другите две реки. Но од друга страна, само во 2012 година, од индустријата и од рударството се испуштени 4,8 милијарди кубни метри непречистени отпадни води, а само 92 милиони кубни метри пречистени води, што значи дека помалку од два отсто од водата се прочистува. А таа речиси целосно се зема и се враќа во површинските води. Што значат овие податоци? Дали реките се почисти од пред една деценија или не? Постојат теории дека се изградени повеќе пречистителни станици, а и индустрија има сè

помалку, па оттаму се добиени и тие податоци. Сепак, како што објаснува Радмила Бојковска, раководител на Секторот за хидрологија и следење на состојбата на природната средина при Управата за хидрометеоролошки работи, на тоа прашање не може да му се даде едноставен одговор, бидејќи помалата концентрација на одредена загадувачка материја во водата не мора да значи дека таа помалку се испушта, туку можеби дека во тој период, или во таа година, во реката имало повеќе вода, повисок водостој. Сето тоа бара големи истражувања и анализи и затоа, нагласува Бојковска, засега нема конечен одговор. „Најдобриот индикатор за тоа колку е чиста некоја река е каков жив свет има во неа и како тој се развива. И тоа не да се земат предвид само рибите, бидејќи тие полесно се приспособуваат на полош квалитет на водата, туку пред сè безʼрбетниците и алгите. Ние имавме пример со Каменичка Река, притока на Брегалница, која ја испитувавме и утврдивме дека водата е чиста, но ништо не живееше во неа. Потоа утврдивме дека, кога врне, во неа се слеваат метали, и затоа нема услови за


Вардар кај Желино

Треска кај Грчец живот ниту во периодите кога водата е чиста. Затоа се потребни опсежни истражувања“, објаснува Бојковска. Општиот заклучок на експертите е дека реките се чисти само на своите почетоци, во првите километри, а потоа стануваат сè позагадени. Но, како што потенцира Бојковска, уште многу истражувања треба да се направат. Реките треба да се делат на делници и секоја од нив да се истражи посебно, за да се утврди што влијае врз нејзината состојба и како да се поправи тоа. Според концентрацијата на органски и неоргански параметри, како и на тешки метали, водата во реките се дели на пет класи, од прва (најчиста) до петта (најзагадена), објаснуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Мерењата покажале дека минатата година Треска била од прва и од втора класа според сите параметри, додека Лепенец стигнувал до трета и четврта класа по концентрацијата на нитрати и на нитрити, кои доаѓаат од фекално загадување. Слична е и состојбата во Пчиња и во Крива Река. Генерално, најголем проблем се нитратите и нитритите, и според нивното присуство повеќето реки биле во трета и во четврта класа, додека

според кислородните показатели и според тешките метали се задржувале во првата и во втората класа. Но има и исклучоци. Брегалница, на пример, како и Елешка Река, имаат зголемено присуство на манган, а Црна Река на железо, манган и на кадмиум. Што е, пак, со Вардар, реката каде што сите тие се слеваат? Мерењата покажале дека тој се искачува до трета класа за кислородните показатели, а до четврта за неорганските параметри (нитратите и нитритите) и за тешките метали. Од другите сливови, и реката Струмица има проблем со манганот и со кадмиумот. Црн Дрим и особено Радика се двете реки што успеваат да се задржат во прва и во втора класа според сите параметри. Тоа е карактеристика и на изминативе пет години. Водите биле од трета до четврта класа според загадувањето со материи кои се испуштаат од фекалните канализации, од прва до трета според кислородот, а варирале само тешките метали. Така, низ Црна Река пловеле бакар, цинк, кадмиум, манган, железо, бидејќи според присуството на сите овие метали таа во одредени периоди била од трета и од четврта класа. Но реките не се само отворени текови со различен вид отпадни води. Тие се и отворени депонии. Кој е одговорен за тоа? Несовесните  ПОРТА


eкологија граѓани, е вообичаениот одговор. Кој, пак, треба да ги спречи нив? Локалната самоуправа. Чистотата на реките зависи од волјата на сите општини низ кои тие поминуваат. Но реката Вардар, на пример, поминува низ дваесетина општини, а нејзиниот слив зафаќа седумдесетина. Ѓубрето фрлено во Желино, ако не се заглави меѓу арките на стариот Камен мост, за кратко време ќе пристигне во Скопје, а потоа ќе оди сè до Гевгелија и ќе излезе во Грција. Многу ретко се слуша за меѓуопштински иницијативи за одржување на хигиената во реките, а според тоа што може да се види на теренот, ништо не е спроведено. Од министерството, сепак, објаснуваат дека немаат надлежности. „Обврска на локалната самоуправа преку јавните комунални претпријатија е да го собира комуналниот отпад. Несоодветното отстранување, вклучувајќи го и исфрлањето во речните корита, треба да го казнуваат комуналните инспектори и овластените инспектори за животна средина. Министерството нема надлежности овде, освен ако утврди дека комуналните претпријатија не се придржуваат кон прописите“, објаснуваат оттаму.

ПОРТА

Лепенец Во светот, локалните заедници обично градат посебен однос кон реките, покрај кои живееле стотици, па и илјадници години. Познати се многу примери во кои токму тие се првите противници да се користат водите за индустријата, да се градат брани и слично. Случајот е сосема спротивен во Македонија, каде што токму локалните жители се меѓу најголемите загадувачи, со тоните отпад што ги

исфрлаат во реките, претворајќи ги во депонии. Како може да се подигне јавната свест за реката и да се создаде соодветен однос кон неа? Од Министерството најавуваат дека ќе работат и на овој аспект, односно дека во изработката на плановите за секој речен слив се вклучуваат и граѓански здруженија кои ја имаат токму таа цел, да влијаат за совесно однесување на жителите. 


ПОРТА


Историското минато на виделина Александар ЦИЦИМОВ , дипл.инж.арх

Ц

ареви Кули се наоѓаат на врвот на ридот над градот Струмица и претставуваат археолошки локалитет од различни временски епохи, од праисторијата сè до доцен среден век. Цареви Кули се издигаат на јужната страна над градот Струмица на просечна надморска височина од околу 450 метри. Тврдината има издолжена овална основа и се протега 210 метри во насока исток-запад и околу 90 метри

56

ПОРТА

28 aвгуст 2015

Со заокружување на реконструкцијата и конзервацијата, покрај културно-едукативната улога, може да му се дадат нови и значајни содржини на локалитетот, кои културно ќе ја збогатат понудата на градот Струмица (одржување на концерти, театарски претстави итн.), а за што секако ќе придонесе и изградбата на жичарницата, која е во фаза на студија

во насока север-југ. Од северозападната и југоисточната страна на ридот се спуштаат стрмни долови сè до подножјето на поројните рекички Коритниче и Св. Илијски порој. Од овие две страни ридот е речиси целосно

непристапен. На југозападната страна, со мал преслап, се надоврзува со таканаречениот Јужен рид, кој понатаму продолжува во ридест предел и се спојува со месноста Чам Чифлик. Од источната страна се наоѓа лепезесто


ЦАРЕВИ КУЛИ, СТРУМИЦА расположена падина која е нешто попристапна и која го поврзува платото на Цареви Кули со подножјето на кое е расположен градот Струмица. Најстарите докази за човековото присуство на врвот на ридот се од времето на халколитот (енеолитот), околу петтиот милениум пр.н.е. На ридот биле нивелирани тераси на кои потоа биле градени куќите, како што е тоа случај со југоисточната падина и просторот на северозападниот бедем. Најинтересни садови од енеолитот се оние со графитна декорација. Овие садови се појавуваат во различни форми: амфороидни садови, бокали, паници, понекогаш украсени од надворешната и внатрешната страна. Женските енеолитски фигуринки, кои го олицетвориле женскиот принцип во духовноста, ги има во различни форми: седечки, исправени, со врежана декорација, со yвонеста облека, итн. Над енеолитската населба на југоисточната падина за време на бронзената епоха, во текот на III и II милениум п.н.е, изникнала нова населба. И овој пат бележиме појава на садови специфични за бронзената епоха, со полирана површина и држалки кои го надвисуваат устието на садот. Бележиме и значаен хоризонт од времето на раната антика и македонско-хеленистичкиот период на локалитетот Цареви Кули. Овде беа истражени неколку јами во кои се појави импортиран материјал, но исто така и интересен материјал кој сведочи за локалната продукција на Пајонската популација. Овие јами, имено, го лоцираат почетокот на првата урбана населба (најверојатно антички Астраион, во почетокот на IV, а можно е дури и V век п.н.е.). Во текот на доцноантичкиот период се

културно наследство појавува првата фортификација на врвот од ридот. Тврдината се позиционира на врвот поради нејзиниот стратешки и воен карактер, односно поради одбраната на комуникациите што водат од Серес кон Штип и обратно. Овде се појави широк хоризонт од тоа време во кој беше пронаоѓана керамика, монети и оружје кои сведочат за важноста на тврдината. Голема некропола со повеќе од 200 гробови е истражена во близина на тврдината. Во средновековјето Цареви Кули била значајна тврдина, обласно средиште со урбани англомерации надвор од тврдината. Се чини дека градот Струмица во средновековието бил организиран на класичен средновековен начин како комплексна утврдена населба. Опколена со канелирано бедемско платно и зајакната со кули, тврдината била некој вид одбранбен и набљудувачки центар. Средновековната тврдина всушност се наоѓа на положба стратешки воочена уште во доцноримскиот период. Трасата на средновековната фортификација во добар дел ја следи трасата на доцноантичката фортификација, односно се потпира врз постарите бедеми кои наместа се надоградувани, а наместа се премостени. Погодностите што ги дава стратешки одбраната положба, како јак отпорен пункт, и дава можност на релативно лесна одбрана и покрај релативно скромните бедеми и кули. На ваквата тврдина не можело да се пријде со опсадни направи, а поради карпестата подлога и поткопувањето на бедемите било оневозможено. Со доволни залихи на вода и храна таа практично била неосвоива. Тоа јасно го воочуваат и современиците кога зборуваат за некои тврдини кои не можат да се заземат на јуриш. Ова посебно се однесува на тврдините во Струмица, Мелник, Прилеп и Просек. Благодарејќи на истражувањата, денес знаеме дека тврдината има издолжена елипсовидна основа. Внатре во тврдината се наоѓале поставени различни објекти од стопански и живеалижен карактер, пред сè, за посадата на тврдината, послугата и стражата. Покрај овие објекти овде се наоѓале кујни, коњушници, ковачки работилници, штали, цистерни за вода, складови за жито и други производи. Некои од тие објекти налегаат на југоисточниот бедем, додека други стојат самостојно во просторот. Неколку објекти се истражувани во текот на 2005-2012 год. и најверојатно претставуваат дрвени куќи подигнати на камено цокле. Централната кула - Пирг (француски одн. нормански „донжон“ (доњон), се наоѓа на највисоката точка на платото и е поставена врз спила. Кулата што имала најмалку 2-3 ката била во функција на раководен центар на  31 јули 2015

ПОРТА

57


одбраната, а воедно била и дворно место на старешината. Во нејзината внатрешност се наоѓале одаите, а во подрумските простории имало цистерна за вода. Цистерната за вода ја зазема целата внатрешност на пиргот и таа била полукружно засведена. Атмосферската вода била спроведувана преку керамички цевки од покривот до цистерната. Тоа е т.н. „цистерна на свод“ позната на повеќе тврдини низ Балканот. По правило овие кули немале влез на приземјето туку на катот. До влезот се доаѓало со надворешни дрвени скали, или дрвен мост префрлен преку ѕидот кој лесно можел да се подигне во случај на опасност. Во приземјето се слегувало преку катот, однатре. Во текот на археолошката кампања во 2014 год. беше истражувана втората северна тераса на локалитетот Цареви Кули, со која беа опфатени повеќе позиции на платото од

58

ПОРТА

28 aвгуст 2015

средновековната тврдина, пред сè позицијата на северозападното плато и малото плато веднаш под северната кула каде во

перспектива се очекува поставување на панорамска жичарница. Во моментов активностите на локалитетот Цареви Кули се


насочени кон конзервација, реставрација и делумна реконструкција на дел од кулите и бедемското платно од северната, северозападната и западната страна на средновековнта тврдина. Во 2007 година во рамките на меѓународен проект се извршени археолошки истражувања на тврдината Цареви Кули во една голема кампања со траење од четири месеци, при што се откриени речиси целосно бедемските платна од западната и источната страна, североисточниот и југозападниот влез во тврдината, цистерната, а исто така и некрополата што се наоѓа на ридот јужно од тврдината. Со конзерваторските истражувања на целата тврдина, се дефинираа бедемите и сите придружни објекти на него, станбената архитектура, опфаќајки ги објектите за живеење од сите периодики и објектите што биле во функција на целокупниот живот на тврдината, како цистерни, гранариуми, бунари. Исто така се дефинира црквата Св.

Ѓорги и целосната урбана структура на тврдината-градот со нејзините пристапи, влезови и улици. Конзерваторските истражувања овозможија и дефинирање на градежните материјали, нивниот состав, врзното средство, начинот и опусот на градба. Се дефинира и сочуваноста на тврдината и објектите, како и нивните оштетувања и причините за настанатите оштетувања. Се дефинира и составот на почвата на која се изградени бедемите и објектите, како и причините за нејзиното настанато оштетување кое придонело за оштетување и на бедемите и објектите. Во рамките на конзеваторските истражувања се пронајдоа и стари фотографии и катастарски планови кои имаа голема улога при дефинирањето на местоположбата, видот, намената и сочуваноста на сите придружни објекти и на бедемот на целата тврдина. Со старите геодетски планови се дефинира и

реконструира топографијата на теренот ридот на кој се наоѓа тврдината, што имаше голема улога при изработката на конзерваторскиот проект. Археолошките истражувања раководени од м-р Зоран Рујак, археолог, и неговите скици за можниот изглед на тврдината, историските истражувања на м-р Васил Ѓоргиев – Ликин, историчар, конзерваторските и компаративните истражувања на архитект Славица Тасева - советник конзерватор, конзерваторските истражувања и 3Д виртуелната реконструкција на теренот и тврдината од архитект Александар Цицимов советник конзерватор, како и теренската документација изработена од Васка Манева и Зорица Костадинова - технички документатори, ги дадоа скоро сите релевантни податоци за изготвување на Проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на тврдината, кој го изработи овој стручен тим на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Струмица во рамките на меѓународниот проект за меѓугранична соработка. Во 2007 година изграден е асфалтиран пат до тврдината од јужната страна на ридот преку селото Попчево и месноста Чам чифлик се до некрополата во чијашто близина е изграден паркинг простор и се изгради водовод, со што се створија услови да се отпочне со работите на непосредна заштита, при што е извршена делумна реконструкција на дел од западниот бедем и целосна 

28 aвгуст 2015

ПОРТА

59


реставрација на Југозападната кула, за кои при истражувачките работи се утврдени сите релевантни параметри за нивниот изглед. Отпочната е реконструкција и на северната кула, а во перспектива ќе се отпочнат и конзерваторски активности на објектите на самото плато (средновековните куќи, цистерни за вода и централната одбранбена кула - Пирг). Со заокружувањето на конзерваторските активности, предвидено е и уредување на локалитетот со поставување на патеки, информациони табли и хортикултурно уредување. Постојат размислувања дури и за обновување на

60

ПОРТА

28 aвгуст 2015

црквичката Св. Ѓорги, која во моментов се наоѓа под куќичката на репетиторот (кој треба да се дислоцира во најскоро време). Со заокружување на овој процес, покрај културно-едукативната улога, може да му се дадат нови и значајни содржини на локалитетот кои културно ќе ја збогатат понудата на градот Струмица (одржување на концерти, театарски претстави, итн.), а за што секако ќе придонесе и изградбата на жичарницата, која е во

фаза на студија. Исто така, Струмица ќе добие нов и значаен импулс во развојот на туристичаката понуда, што ќе отвори нови можности во генерирањето на повеќе туристи и зголемување на локалниот економски развој. 


ПОРТА


eнтериер

Рај за „гејмерите“ Овој простор наменет за деца, млади и возрасни, кои имаат млад дух, футуристички решен со употреба на свежи и весели бои, овозможува целосно влегување во виртуелниот свет, а истовремено и опуштање во комодитетот што може да ни го пружат само нашите домови

М Енис ХОЏА, дипл.инж.арх.

инатиот месец во Тетово беше отворен еден од најголемите „гејминг“ центри во Македонија, кој им пружа одлични услови за игра на љубителите на видео игри. Овој простор наменет за деца, млади и возрасни, кои имаат млад дух, футуристички решен со употреба на свежи и весели бои, овозможува целосно влегување во виртуелниот свет, а истовремено и опуштање во комодитетот што може да ни го пружат само нашите домови. Овој проект е дело на младите тетовски архитекти од студиото „Ателие Артархитект“, кое е составено од Арта Хусеини и Енес Колашинац. Барањата на инвеститорот биле многу прецизни и јасни. Tој сакал да се направи атрактивен простор во кој ќе се смести еден „гејминг клуб“, кој во себе ќе содржи повеќе видови на забава за младите. Во централниот простор се сместени содржините што се наменети за играње на Sony Play Station, и во истиот простор се сместени билјард, фудбалска маса и пикадо. Од овој простор се влегува во просториите во кои се поставени компјутери за играње на компјутерски видео игри. „Идеjата по која се водевме беше да создадеме простор кој на посетителите ќе им го пружи комодитетот на сопствениот дом, простор кој ги обединува повеќето популарни забавни игри, кои се актуелни кај помладата популација, како и простор кој претставува подигање на нивото на уредување на простори од ваков тип. Ова 62

ПОРТА

28 aвгуст 2015


eнтериер

место го замисливме како еден колоритен простор во кој секоја функција ќе си има сопствена боја, и со тоа да направиме јасна дистинкција помеѓу секоја од содржините. Така на пример, просторот за билјард е со црвена боја, собите со компјутери се со зелена боја, додека пак во „ВИП“ собите за видео игри се јавуваат сината и црната боја“, велат од студиото „Ателие Артархитект“ за „Порта 3“. Главната функција во централниот простор е оформена со поставување на софи и телевизори. Секоја од овие целини создава една сопствена „дневна соба“ во која посетителот има целосен комфор и со часови може да остане тука и да се забавува. Овие целини се обоени во една од трите бои во кои се формираат овие целини, а тие бои се пастелни тонови на сина, зелена и жолта боја. Плафонската обработка е материјализирана така што е создадена една мостра која е мултиплицирана и формира различни полиња. Секое од овие полиња е обоено во една од боите што го материјализираат мебелот во целокупниот простор. Ваквиот плафон му дава на овој простор дополнителна доза на разиграност и футуризам. Оваа мостра се повторува и на ободните ѕидови на просторот, но, овој пат тоа е направено со една доза на смиреност и се употребени само сивата и црната боја. Со ваквиот потег се поставува една смирувачка и апсорбирачка површина која му дава рамнотежа на овој простор. Истото се случува и со подот, кој е целосно сив. Од овој главен простор се влегува во посебни соби во кои се сместени компјутерите наменети за играчите што повеќе се љубители на компјутерските игри. Во овој објект се поставени и две „ВИП“ соби во кои на посетителите им се овозможува уште една екслузивна можност, да се опуштат и целосно да се чувствуваат како дома. Во овие соби се поставени кревети, па така тие можат да играат легнати како во сопствените кревети дома. Овој простор се простира на површина од приближно 280 м2 и е сместен во подрумското ниво на објектот, додека во приземниот дел на овој клуб е создаден простор за играње карти и следење на спортски натпревари, и тој се простира на површина од 40 м2. Овој „гејминг клуб“ на вкупно 320 м2, дефинитивно им пружа на посетителите совршени услови за забава од ваков тип.  28 aвгуст 2015

ПОРТА

63


aрт дизајн

Џорџија О`Киф ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА НА

во „Тејт Модерн“ во 2016

З

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

а следната година, лондонската галерија „Тејт Модерн“ подготвува изложба посветена на познатата претставничка на американскиот модернизам Џорџија О`Киф (1887 - 1986). Ова ќе биде прва монографска изложба во Велика Британија во последните 20 години посветена на нејзините дела, што го следи нејзиниот уметнички развој од раните апстрактни експерименти до подоцнежните дела. Од галеријата истакнуваат дека Џорџија О`Киф е вклучена во плановите за следната година од една „едноставна но клучна“ причина на јавноста да ѝ се претстави на едно место опусот на О`Киф, што инаку ретко може да се организира бидејќи нејзините дела се раштркани по музеите ширум светот. Џорџија О`Киф во историјата на современтата уметност е запамтена по своите пејзажи и мртва природа во жанрот на магичниот реализам, а препознатлива е по мотивот на цветови кои често ги сликала, иако, според нејзино признание, не сакала претерано да ги слика. Нејзините слики се карактеризираат со јасни облици и фини премини во различни бои. Опусот на Џорџија О`Киф понекогаш се класифицира и во прецисионизмот (уметнички правец кој се развил во САД во текот на 30тите години на минатиот век), посебно нејзината серија слики со мотивот на облакодери. Позната е и како прва жена призната како уметница во САД. Родена во 1887 година како ќерка на двајца млекари од Висконсин, Џорџија О’Киф уште како дете веќе имала силна амбиција сликарството да биде нејзиниот животен пат. Откако скромно посетувала неколку часови по сликарство, во своите рани 20-ти заработувала како учителка на Средниот Запад. Дури откако еден пријател ги покажал нејзините рани скици на големиот фотограф Алфред Стиглиц во неговата

64

ПОРТА

28 aвгуст 2015


aрт дизајн

галерија „291“ во Њујорк, започнала нејзината кариера. Со негово охрабрување и ветување за финансиска поддршка, О’Киф го напушта предавањето како професија и се сели во Њујорк каде ја започнува својата кариера како уметник, во јуни 1918 година. И покрај тоа што бил 23 години повозрасен, Алфред Стиглиц сфатил дека ја сретнал жената на својот живот во интелектуална и емотивна смисла каква што е Џорџија О’Киф, која му била модел за едни од неговите најпознати фотографии. Во текот на 20-тите години на минатиот век, Џорџија О’Киф насликала серија архитектонски слики, кои драматично ги исцртуваат големите облакодери и антенски погледи на Њујорк. Но, најчесто таа сликала пејзажи и ботанички студии, кои биле инспирирани од годишните патувања во летниот дом на семејството Стиглиц во Лејк Џорџ, Њујорк. Во нејзините зголемени, гро-планови на цвеќиња од 1924 година, го воведува гледачот директно во сликата. Зголемувањето на најситните ливчиња, за да се пополни целото 30 x 40 инчно платно, ги нагласува нивните форми и линии дотолку, што тие се чинат апстрактни, иако всушност се засноваат на нејзините набљудувања на природата. Таа на

цвеќето како мотив ќе му даде сосема ново значење и димензија. Инспирирана од фотографските леќи, Џорџија О’Киф цвеќињата ги претвора во „визуелни споменици“ што доминираат со својата впечатливост. Таа на едно место ќе напише „Одлучив дека кога би можела да го зголемам цветот до огромна мера, тогаш никако нема да можете да ја игнорирате неговата убавина“. Во 1929 година, Џорџија О’Киф разочарана на приватен план и уморна од својот професионален живот одлучила да замине во бесплодниот, пустински крај на Њу Мексико. Оваа преселба била тектонско поместување за уметноста на О’Киф и воопшто за историјата на американскиот модернизам. Таму била фасцинирана од камената и „ладна“ убавина на природата, од пејзажот, луѓето, културата, пердувите, птиците, пустинските коски, карпите..., и таму открила нов колорит што кај неа овозможил нова енергија и љубов за животот и затоа тука се враќала речиси секоја година повеќе од четири децении. Често ги слика карпите и планините во драматичен гро-план, како и сите предмети и растенија. Нејзиното творечко наследство брои околу 900 дела. 

28 aвгуст 2015

ПОРТА

65


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.