237

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

237

OКТОМВРИ 2015

„Ничија земја“ - град за сите Прекрасен архитектонски бисер во старото градско јадро во Скопје Лондонското училиште Брнтвуд – добитник на Стирлинговата награда


ПОРТА


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


Тел: 047 225353 /047 225354 e-mail: kobil@t-home.mk web: www.kobil.biz

години l

l l l l

ПОРТА

Брза и квалитетна изведба на челични конструкции и покривачки работи за индустриски и стамбени објекти Изведба на типски објекти Продажба и монтажа на термоизолациони панели со полиуретанска изолација и минерална волна Изработка на најразлични видови метални производи Логистички услуги со автодигалки


ГОДИНА XI

БРОЈ 237 ПЕТОК 30.10.2015 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Архитектонско-ликовниот проект „Ничија земја“ на проектантското биро „Стоун дизајн“ (архитекти: Стојан Павлески, Ѓорѓи Радовановиќ, Љупчо Тасевски и Иван Симеонов) ќе биде претставник на „La Biennale di Venezia“ во 2016 година. Авторите на проектот велат дека е конципиран проектирајќи ја публиката во една субјективна реалност, најавена преку извитоперени сонливи слики на познати места, фрагментирајќи го и дематеријализирајќи го микролокацискиот и географски контекст, будејќи го генот на чукун-чукун мигрант. Оттука, масовните миграции стануваат аналогија на внатрешните миграции, и предизвикуваат трезвеност во формулирањето на прашањата за мигрирање/емигрирање. Неодамна, скопската општина Чаир се закити со прекрасен архитектонски бисер. Во историско јадро на градот, помеѓу Старата чаршија и скопската тврдина, беше реновирана една од четирите куќи во низа, што се наоѓаат во интензивен урбан контекст. Интервенцијата што беше направена на постоечката куќа е дело на проектантското трио, архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Амине Адеми, додека за конструктивниот дел беа задолжени градежните инженери Денис Поповски и Миле Партиков. Во комплексните урбани целини, постигнувањето на склад помеѓу

желбите, што влијаат врз степенот на искористеност на градското земјиште, и одлуките, што го профилираат градскиот сообраќај, е пресудно. Нивната комплементарност е основа за меѓусебна поддршка и гарант за контрадикторната имуност. Олимпијада во море од бактерии! Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) донесе одлука да се реализираат периодични испитувања на квалитетот на водата сè до почетокот на Игрите, за да не биде доведено во опасност здравјето на спортистите. Месецов што изминува помина во знакот на доделување на значајни награди за 2015 година. Наградата Praemium Imperiale на Јапонската асоцијација на уметност, која се нарекува Нобелова награда во културата за достинувања во архитектурата, е доделена на французинот Доминик Перо. Неодамна, пак, во просториите на седиштето на Кралскиот институт на британските архитекти во Лондон беше доделена Стирлингова награда за архитектура. Во конкуренција на 37 проекти, добитник на најголемото архитектонско признание во Обединето Кралство е лондонското училиште Брнтвуд на архитектите Олфорд Хол Монахан и Морис. (Allford Hall Monaghan Morris – AHMM Architects). ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: OSPEDALE DEL MARE, БОЛНИЦА ВО НЕАПОЛ, ИТАЛИЈА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

237

OКТОМВРИ 2015

„Ничија земја“ - град за сите Прекрасен архитектонски бисер во старото градско јадро во Скопје Лондонското училиште Брнтвуд – добитник на Стирлинговата награда

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА

90 ДЕНАРИ

AВТОРИ: CARMELO BAGLIVO, LUCA GALOFARO И STEFANIA MANNA ИЗГРАДБА: 2015

ГРАДЕЖНИШТВО 8 ПОТТИКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКА НА МЛАДИТЕ ДОКТОРАНТИ

АРХИТЕКТУРА 20

АРХИТЕКТУРА 32

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

62 32

26

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 36

Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ЕНТЕРИЕР 42 КАНЦЕЛАРИЈАТА - МЕСТО НА СОЦИЈАЛНО СОБИРАЊЕ

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

42

ЛОНДОНСКОТО УЧИЛИШТЕ БРНТВУД – ДОБИТНИК НА СТИРЛИНГОВАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА НА РИБА ЗА 2015

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

СООБРАЌАЈ 50 ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА КАКО НЕОПХОДНОСТ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати:

НЕНАМЕТЛИВ, НО СЕПАК НЕЗАБОРАВЕН ДЕЛ ОД ОКОЛНИОТ ПЕЈЗАЖ

ЕКСПЕРТ 46

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

ЈАВЕН ПЛОШТАД КОЈ ГИ ПОВРЗУВА ГРАДОТ И БОЛНИЦАТА

ПРЕКРАСЕН АРХИТЕКТОНСКИ БИСЕР ВО СТАРОТО ГРАДСКО ЈАДРО ВО СКОПЈЕ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Кате АНТЕВСКА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ

54

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

16 МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА

Современи конструкции – одржлив развој На симпозиумот домашните и странските учесници разменија знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото

Н

а почетокот на месецов во Охрид се одржа 16. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. На овој меѓународен собир учествуваа 300 градежници и архитекти од 12 земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Словенија, Германија, Португалија, Италија, Грција, Казахстан и Соединетите Американски Држави. Симпозиумот се фокусираше на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на современите методи и техники за проектирање и изведба на градежните конструкции како предуслов за одржлив развој. На симпозиумот домашните и странските учесници разменија знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. Темата на симпозиумот беше „Современи конструкции – одржлив развој“. Претседателката на ДГКМ, проф. д-р Мери 6

ПОРТА

30 октомври 2015

Цветковска, отворајќи го Симпозиумот го истакна значењето на ваквите собири во развојот на градежното конструкторство. За значењето на ваквите собири зборува и големиот интерес. Тоа го потврдува и фактот што досега на сите симпозиуми присуствувале речиси 5.000 учесници од земјава и од светот, меѓу нив и од Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Романија, Грција , Турција, Германија, Италија, Португалија, Франција, Канада, Нов Зеланд, Австралија и други. На отворањето зборуваа и го поздравија собирот Ана Тромбева Гаврилоска, генерален секретар на ДГКМ, претставникот од Инженерска комора на Македонија, проф. д-р Милорад Јовановски, претседателот на Друштвото на градежни конструктори на Србија, проф. д-р Ѓорѓе Лаѓиновиќ, претставникот на Друштвото на градежни конструктори на Бугарија, проф. д-р Дончо Партов, деканот на Градежниот факултет на универзитетот на Црна Гора во Подгорица, проф. д-р Милош Кнежевиќ, деканот на Градежниот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Дарко Мославац, Медет

Исабеков менаџер во корпорацијата БИ Груп од Казахстан и градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. Воведна презентација, како поканет гостин, имаше проф. д-р Дубравка Бјеговиќ , со темата „Материјали за нови видови и технологии на бетон“. Други поканети излагања беа на Хелена Круз со темата „Одржлива употреба на дрвото во градежништвото – спецификација, одржување и поправка за продолжување на векот на конструкцијата“,Маурицио Фолеса и Масимо Фраџиакомо со темата „Сеизмичко проектирање на накрсно ламинирани дрвени конструкции според еврокод 8“, Цветан Георгиев и Николај Рангелов со темата „Воведување на еврокодовите во Бугарија и спроведување на еврокод 3“, Јоже Кочар со темата „Европска регулатива за градежни материјали-принципи и имплементација“, Гунтер Мешке, Јелена Нинич, Стефан Фреитаг, Као Ба Трунг, Алсахлу Абдула и Гал Војтеч со темата „Предвидување на интеракција почва-конструкција при механизирана градба на тунел и тbm


инфо

управувачка подршка, Јордан Милев, Николај Милев и Ѓорги Георгиев со темата „Проблеми при примена на еврокодовите

при сеизмичко проектирање на армиранобетонски згради“, Марина Трајкова со темата „Примена на

еврокодовите при рехабилитација и зајакнување на постојни и историски објекти“ и Младен Улиќевиќ и Перо Вујовиќ со темата „Концептуално и прелиминарно проектирање на мостови на автопатот Подгорица-Матешево“. На собирот традиционално, беа доделени и наградите за остварувања во областа на науката, проектирањето и изведбата на градежни конструкции во периодот помеѓу два симпозиуми. За наука признанија на ДГКМ добија Кемал Едип, Алаксандар Богдановиќ, Марија Лазаревска, Дарко Наков, Златко Зафировски и Коце Тодоров. Од областа на проектирањето беше наградена компанијата DIWI Makedonija dooel, а за изведба награди добија ELEM за хидроцентралата Св. Петка, беше наградена и изградбата на националната спортска арена „Филип Втори“ и компанијата „Синтек“ ДОО, за санација на Мелничкиот мост. Во рамките на Симпозиумот, покрај презентацијата на научните трудови, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Институтот за стандардизација на РМ и Министерството за Економија се одржаа тркалезни маси. ЕДната на темата „Еврокодови и национални анекси“, а другата беше посветена на новиот Закон за градежни производи, кој претставува транспонирање на Европската регулатива 305/2011, каде гости беа Јоже Кочар од Словенија и Соња Черепналковска, како член на работната група за подготовка на законот. n

ПОРТА


став

ПРОМЕНА НА СТАТУТОТ НА КОМОРАТА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Да се почитува принципот на пропорционална застапеност м-р Влатко КОЦЕВСКИ, дипл.инж.град. (поддржан од група овластени архитекти и овластени инженери од приватен сектор)

Н

еодамна до нашата редакција стигна текст од Влатко Коцевски, поддржан од група овластени архитекти и овластени инженери од приватен сектор. Во него се истакнува дека тие имаат барање - иницијатива за промена на Статутот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, документ кој го доставиле и до списанието на Комората – Пресинг. Подолу го пренесуваме образложението на иницијативата-барањето, доставено од истите автори.

Почитувани членови на Комората, Во врска со приложеното барање, би сакале во неколку пасуси да објасниме за што станува збор. Имено, од сите управувачки тела на Комората (Собрание, Одделенија, Управен одбор и Надзорен одбор) бараме, меѓу другите критериуми, да се испочитува и критериумот, односно принципот на ПРОПОРЦИОНАЛНА ЗАСТАПЕНОСТ на членовите на Комората од ПРИВАТНИОТ сектор на вработување и членовите на Комората од ДРЖАВНИОТ (ЈАВНИОТ) сектор на вработување. До сега, според Статутот на Комората, при изборот на членови во погорепосочените управувачки тела на Комората, во Постапката за избор на членови, во член 2, став 2, стои дека овие членови ќе се избираат по три принципи и тоа: според територијална, национална и родова застапеност. И тука ништо не е спорно, но спорно е што нашата Комора на архитекти и инженери, за разлика од некои други Комори (Комора на адвокати, Комора на нотари, Комора на стоматолози и сл.) се разликува од нив, по тоа што во тие комори се вклучени членови исклучиво од приватниот сектор, за разлика од нашата Комора, каде што имаме членови од приватен, но и од јавен сектор. Според добиените податоци од Комората, поделбата на членовите според овој принцип е следна: - Во Собранието на Комората, од вкупниот број на членови, околу 50-60% се членови од приватниот, а 40-50% од државниот сектор. - Во Собранието по одделенија, поделбата е иста како и кај членовите на Собранието. - Во Управниот одбор на Комората, 33% од членовите се од приватниот, а 67% се од државниот сектор. - Во Надзорниот одбор на Комората, 50% се членови од приватниот и 50% од државниот сектор. Ако се има предвид дека Комората брои 2.369 8

ПОРТА

30 октомври 2015

членови заклучно со декември 2014 (податок преземен од веб страницата на Комората), произлегува дека Комората треба да има околу 1.185 членови вработени во јавниот сектор и исто толку (1.185) членови вработени во приватниот сектор?! Па се поставува прашањето, дали тоа е навистина така? Дали навистина има 1.185 членови вработени во сите Министерства (пред се Министерство за транспорт и врски и евентуално во Министерство за екологија), во општинските подрачни едеиници, јавни претпријатија, како и вработените на државните универзитети, или тоа е нерална бројка?! Според наши скромни проценки, многу мал е бројот на членови вработени во јавниот сектор. Но, за да не се шпекулира со бројките, побаравме од Комората да ни се достави прецизна информација, за која добивме краток одговор дека не се располага со тој податок, затоа што не може да се добие информација од секој член каде тој работи, но дека со изработката на новата веб страница ќе го имаат и овој податок. Комората постои не една туку осум години, а не може да ги преброи своите членови по застапеност во приватен или јавен сектор?! Како што за секој од нас Комората има мејл адреси, по кои ни праќа опомени за неплатени годишни членарини, на истиот тој мејл може да ни побара да им пратиме М1/М2 образец, со кој точно ќе се види кој член каде работи. Но и покрај тоа, не ни е јасно што ја чини Комората да го воведе принципот на пропорционална застапеност на членовите од приватниот и јавниот сектор во Статутот на Комората, па за пребројување, порано или подоцна, ќе се преброиме. Aко вака отстрана се гледа на овој навидум мал проблем, некој ќе рече, па што е важно кој ви управува со Комората? Инженер си е инженер, без разлика каде тој работи, дали во приватниот или државниот сектор. Но тоа воопшто не е така ... Треба отворено да се каже, дека Комората подеднакво ги застапува сите свои членови (без разлика каде се вработени) само кога се однесува на прашања и теми од технички карактер, како што се на пример, припремата на предлог-закони од сферата на градежништвото, урбанизмот, екологијата, воведувањето на нови кодови, организирањето семинари, стручни симпозиуми и слично. Но, исто така, треба да се каже и тоа дека во однос на пазарните услови на работа, членовите на Комората се длабоко поделени. За поголема сликовитост на проблемот, ќе опишеме еден обичен пример: Член вработен во јавниот сектор не е ни најмалку засегнат, на пример, дали

овој месец ќе успее да обезбеди некој проект за работа (а за наплата и да не говориме), зашто на крајот на истиот тој месец, него го очекува пристојна „чиновничка"“плата. За разлика од него, еден член вработен во приватниот сектор, ако еден или само неколку последователни месеци по ред не обезбеди (и наплати) некој проект, тој, според пазарните законитости, ќе се најде на улица. Со секоја чест на исклучоците, но управувачките тела составени од мнозински дел членови од јавниот сектор се незаинтересирани и неагилни при исполнување на својата обврска во Комората. Всушност, тука се крие и одговорот на прашањето за (не)донесувањето на Ценовникот за услуги од Комората, со години наназад, кој, пак, како што рековме, е од суштинска важност за егзистенцијалноста на голем дел од членовите од приватниот сектор. Еве зошто е важна ПРОПОРЦИОНАЛНАТА ЗАСТАПЕНОСТ според вработеноста на членовите во сите управувачки органи на Комората. И кога веќе проговоривме на тема Ценовник, по последната информација што ја добивме од претедателот на Комората, ќе ги разочараме нашите членови, но дефинитивно тој нема да се донесува и ќе се остави да функционира според пазарни услови?! Се прашуваме, како може сите Комори (на адвокати, нотари, стоматолози и др.) да имаат свои ценовници, а само нашата Комора да нема свој ценовник? И на кого тоа не му одговара? Инаку, наводно, една од причините за недонесувањето на овој Ценовник е и немањето појдовна основа и дека тоа не било така едноставна постапка, односно дека барало силни анализи за нешто да не се згреши при неговото донесување. Во секој случај, каков било „лош“ ценовник да се донесеше до сега, ќе беше подобар од оној што го нема! Од останатите забелешки и проблематики кои се провлекуваат низ секојдневната работа и практикување на архитектите и инженерите, а посебно на оние од приватниот сектор, за кои и после осум години Комората не може да состави и воедно истурка законски решенија, само ќе ги спомнеме нелогичностите на некои законски решенија за вршење проектантски услуги, ревизија и надзор, од овластени архитекти и инженери. За сите нелогичности, од кои повеќето се и опасни по безбедноста и животот на граѓаните и кои понатаму останува да провејуваат во практиката, потребно е посебено навраќање. Дали еден ден некој ќе сноси одговорност, останува времето да покаже. n


градежништво

Поттикнување на соработка на младите докторанти На Собирот, покрај презентациите на младите истражувачи, имаше повикани предавачи, семинари и работилници. Работилниците беа осмислени со цел создавање инфраструктура за уште поинтензивна меѓународна соработка во иднина, која би го олеснила вклучувањето на младите истражувачи во меѓународни проекти, како и вклучување на европскиот пазар на знаења за градежната струка. Беа презентирани вкупно 33 научно-истражувачки трудови. Од Градежниот факултет во Скопје се претставија доц. д-р Златко Зафировски како повикан предавач, и младите истражувачи студенти на трет циклус докторски студии Бојан Сусинов и Сеад Абази. Доц. д-р Златко Зафировски, Градежен факултет Скопје

П

ознатиот Стар мост во срцето на градот, како и Собирот на млади истражувачи од областа на градежништвото и геотехниката, и можноста за споделување на искуства, беа доволен мотив да се биде присутен во Мостар во периодот од 23 до 25 септември годинава. Во организација на Здружението на Градежни факултети во Хрватска на која редовно учествуваат факултетите од Загреб, Риека, Осиек, Сплит и Мостар – Херцеговина, ова беше трет по ред ваков вид на Собир насловен Заеднички темели 2015. Специјална покана за учество оваа година имаа Градежните факултети од Марибор и Скопје. Целта на овие средби на млади истражувачи е поттикнување на соработка на младите докторанти од различни научно- истражувачки полиња, размена на идеи и концепти. Собирот со поздравни говори свечено го отворија деканот на организаторот на Собирот од Градежниот факултет во Мостар, проф. Иван Ловриќ и проректорот на Универзитетот во Мостар проф. Иво Чолак. На отворањето имавме можност да се запознаеме подетално со активностите и студиските програми на факултетот, а исто така детално се

запознавме со плановите за почеток на изградба на нов студентски дом „по светски стандарди“ во близина на зградата на Градежниот факултет. На Собирот, покрај презентациите на младите истражувачи, имаше излагања во вид на повикани предавања, семинари и работилници. Работилниците беа осмислени со цел создавање инфраструктура за уште поинтензивна меѓународна соработка во иднина, која би го олеснила вклучувањето на младите истражувачи во меѓународни проекти, како и вклучување на европскиот пазар на знаења за градежната струка. Беа презентирани вкупно 33 научно-истражувачки трудови. Од Градежниот факултет во Скопје се претставија доц. д-р Златко Зафировски како повикан предавач, и младите истражувачи студенти на трет циклус докторски студии Бојан Сусинов и Сеад Абази. Темата на доц. д-р Златко Зафировски беше - Пристап за екстраполација на параметри на карпеста маса кај тунелите. Проблемот на екстраполација во геотехниката е еден од клучните проблеми и основа за успешно геотехничко и нумеричко моделирање во последните неколку децении. Главна цел на овој проблем е како да се изведе параметар во зона на тестирање на цело подрачје (зафат, разгледуван дел) кој е од интерес за интеракциона анализа за структурата на карпестата маса. Во рамките на предавањето, беше претставена методологијата што покажува како е можно да се интегрираат сите постапки при 30 октомври 2015

ПОРТА

9


градежништво

проблемот за екстраполација на параметри во тунелоградбата. Методолошкиот процес ги подразбира следниве чекори: дефинирање на програма за истражување, дефинирање на теренот по геолошка сложеност, екстраполација со примена на ЕСД–методологија, примена на прогностички модели и, на крај, извршување на напонско– деформациони анализи. Постапката предвидува корелирање помеѓу параметри од различна природа, анализирање на нивната доверливост, можни отстапувања и нелогичности кои би требало да бидат поточно дефинирани во наредните фази на истражување со соодветни методи. Процесот на истражување кај карпестите маси, како средина за интеракција со тунелската конструкција, е многу тежок. Тоа произлегува од фактот што целата должина на тунелот не може во потполност да биде зафатена со детални геолошки и геотехнички истражувања и испитувања. Значи, потребно е да се пронајде соодветен начин со екстраполација, за да може дефинираните параметри од помал опсег на испитуваната зона да се применат на целата зона по должина на тунелската конструкција. Предавањето беше поткрепено со анализи направени врз основа на резултатите на многубројни тунели во Република Македонија. Бојан Сусинов настапи со својот труд - Ефект од цементна стабилизација на едноаксијалната јакост на песоклива почва. Модификација и стабилизација на почвите е техника за подобрување на почвите, кои преку своите природни карактеристики не можат да ги исполнат проектно-експлоатационите барања на објектите што се градат на нив. Најчесто се користи при изградба на патишта од сите категории, аеродромски писти, пешачки патеки и слични објекти. Целта е да се подобрат физичко–механичките и јакостно– деформабилните карактеристики на почвите. Можат да се користат повеќе додатоци: цемент, вар, летечка пепел и нивни мешавини.

Потребната количина се дефинира како процент во однос на сувата тежина на природниот материјал. На собирот беше презентиран дел од истражувањето што се спроведува во лабораторијата за геотехника на Градежниот факултет во Скопје, а се однесува на влијанието на стабилизацијата со цемент врз карактеристиките на песоклива почва. Целта на ова истражување е да се дефинира оптималната количина на цемент потребна за подобрување на природната почва и да се добие ефектот врз едноаксијалната јакост за различни проценти на цемент. Едноаксијалната јакост е испитувана на примероци од природна почва, како и на примероци со 5-9% цемент. За сите смеси претходно е дефинирана оптималната влажност за вградување. Примероците се негувани седум дена на 23°C, еден паралелен сет на примероци дополнително изложени 24 часа на влажнење и на крај тестирани. За време на периодот на нега и влажнење, мониторирана е секоја промена во тежината и волуменот на примероците.

Резултатите од испитувањата покажуваат дека нестабилизираните примероци ја зголемуваат тежината и волуменот кога впиваат вода, што не е случај кај примероците со цемент, иако примаат вода. Ако се споредат резултатите за едноаксијалната јакост, се забележува зголемување на јакоста со зголемувањето на содржината на цемент. Примероците со 7% цемент покажуваат пониска јакост за 7% споредено со оние со 6% цемент. Понатамошното зголемување на содржината на цемент не влијае битно на едноаксијалната јакост. Кога примероците со 5 и 6% цемент се изложени на влажнење,  10

ПОРТА

30 октомври 2015


градежништво едноаксијалната јакост се зголемува за 15,6 и 19,1% соодветно. Ова значи дека влажнењето за време на периодот на нега е препорачливо. Во истите услови, примероците со 7,8 и 9% цемент покажуваат помала јакост. Од ова истражување може да се заклучи дека само 5% цемент се доволни за значително зголемување на едноаксијалната јакост на песокливата почва. Меѓутоа, често се усвојува поголем процент поради загубите од ветер или евентуалното нецелосно мешање во теренски услови во споредба со „идеалното“ мешање во лабораториски услови. Сеад Абази, во својот труд ја претстави нумеричката анализа на ѕид висок девет метри во комбинација со армирана земја, преку примена на различни софтверски и материјални модели за симулирање на однесувањето на различните компоненти на овие конструкции. Ископаниот материјал од зона 1 е искористен како насипан материјал во зоната 2, поради конфигурацијата на теренот. Висината на насипот достигнува 9 m и е неопходно да се изгради потпорен ѕид за да се стабилизира косината што е во близина на гранични услови. Како решение, предложено е армирана земја во комбинација со потпорен ѕид (RSRW). Овој систем претставува атипичен концепт на потпорна конструкција, при што материјалот од заполната и армираната земја се две основни компоненти на системот. Неколку видови на материјали се искористени како арматура, но најповеќе геомрежи (геогрид/геонет). После извршената анализа и добиените резултати за потпорниот ѕид, предложено е

да се искористи едноаксијална екструдирана геонет произведена од полиетилен со голема густина и нагласени особини на долгорочна јакост на затегање, со средна вредност на краткорочната јакост на затегање (тестови спроведени според EN ISO 10319:2008) се 68 kN/m, 93 kN/m, 123 kN/m и 142 kN/m, соодветно, додека карактеристични се 64,5 kN/m, 88,7 kN/m, 118,4 kN/m и 137,3 kN/m. Истегањето при максималната јакост на затегање е 11+/-3 %. Проектирањето на потпорниот ѕид со армирана земја е реализирано со различни софтверски пакети. Во првата анализа е користен софтверот TensarSoil и SLIDE. Потпорниот ѕид со армирана земја исто така е анализиран и со напонско-деформациона анализа во софтверот PLAXIS 2D, преку примена на методот на конечни елементи со рамнински и елементи на геомрежа.

Геометрија на моделот, вкупни поместувања и напон на смолкнување Максималните вкупни поместувања се 48,67 cm, хоризонталните поместувања се 33,05 cm и вертикалните поместувања се 35,76 cm, сите регистирани на врвот (површината) на RSRW. Овие деформации се појавуваат како акумулирани од фазите на изградба. Тие, веројатно, ќе бидат реализирани за време на изградбата. Доколку е неопходно, ќе се обезбеди уште еден слој од неармиран материјал со добра носивост. Максималните вкупни поместувања на основниот материјал, во контактот со потпорниот ѕид, се 15,0 cm. Од „φ-c редукционата“ анализа добиен е глобален фактор на сигурност од 1,42. Максималниот напон на смолкнување е 97,07 kPa регистриран во ножицата на ѕидот. Од изведената анализа, може да се заклучи дека проектираниот RSRW може да ги задоволи барањата како во статички, така и во динамички услови. n

ПОРТА


градежништво

НАДЗОРНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА, ВО ТЕКОТ НА ИЗГРАДБАТА НА ПАРКОТ НА ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ „БОГДАНЦИ“

С

Подготвил: Трајче МИТЕВ , дил.проф. по биологија

о цел остварување на зацртаните цели за зголемување на количеството на произведена електрична енергија од обновливи извори, АД Електрани на Македонија пристапи кон изградба на Парк на ветерни електрани „Богданци“. Во склоп на ПВЕ „Богданци“ влегуваат пристапни патишта, 20/110 kV трафостаница „Богданци“, 110 kV далековод со 39 далеководни столбови, 110/35/10 kV трафостаница Валандово и 16 платформи со 16 ветерни турбини. Избрани беа турбини на SIEMES од класата IEC IIA, со 2,3 MW номинална моќност, висина од 80 m и дијаметар на ротор 93 m. Проектот беше финансиран од страна на АД ЕЛЕМ и KfW Bankengruppe, кои за потребите на овој проект ги ангажираа како консултанти Fichtner GmbH и ГЕИНГ Кребс унд Кифер од Македонија, како локален консултант. Една од главните задачи на консултантските компании беше надзор на изведбата на ПВЕ „Богданци“, во што влегуваше и вршење надзор на делот за заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа. Со почетокот на градежните активности започнаа и обврските на изведувачите според законските и договорните барања поврзани со заштитата на животната средина и безбедност и здравје при работа. На самиот почетокот беа дефинирани формата и содржината на документацијата за подготовка на извештаи за животна средина и БЗР, како и динамиката на поднесување на извештаите. Водечки документ за заштита на животната средина беше Планот за управување со животната средина, кој е дел од Студијата за оцена на влијание врз животната средина. Изведувачите според претходно споменатиот план подготвија и Планови за управување со животната средина, кои се однесуваа на нивните активности. При активностите на терен во текот на изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“, најголемо внимание беше посветено на зафаќањето на површини во околината на проектното подрачје, рекултивацијата на косините, како и управувањето со генерираниот отпад. Рекултивацијата беше решена со засејување на одбрана комбинација на семиња со рачно 12

ПОРТА

30 октомври 2015

Специфичен транспорт на турбински елементи засејување и со т.н. хидрозасејување на специфичните места. Отпадот генериран во текот на градежните работи, посебно отпадот од ископите, се складираше на две локации определени за таа намена, додека преостанатиот комунален и отпадот од пакување се складираше на локалната депонија на градот Богданци, која е лоцирана во непосредна близина на пристапниот пат кон Паркот на ветерни електрани. Уште од самиот почеток на работите, изведувачите уредно ги имплементираа законските барања поврзани со безбедност и здравје при работа, од типот на задолжителни пријави во релевантните институции, како и достава на други документи кои се обврзувачки за секое т.н. привремено мобилно градилиште. Покрај редовните сертификати за ракување со ПП апарати, укажување на прва помош и ракување со градежна механизација, беа доставени и сертификати за обука на работниците што работеа на работни места со висок ризик, во конкретниот случај работа на височина (далеководните столбови и инсталацијата на турбинските елементи). Исто така, беа доставени и извештаи за исправноста на дигалките што се користеа при инсталацијата на турбинските елементи.


Бетонирање на носечки темел на ветерна турбина Изведувачите, според законските барања од областа на безбедност и здравје при работа, доставија План за безбедност и здравје при работа на т.н. привремени мобилни градилишта, во кои детално беше прикажан текот на работните активности и мерките за елиминација на можната појава на повреди и останати инцидентни ситуации. Особено детално беа прикажани 16 мобилни градилишта, на кои се одвиваше инсталција на турбинските елеманти. Во текот на изведувањето на градежните и инсталационите активности постојано се водеше сметка, вработените во секое време да ја користат личната заштитна опрема, со која беа задолжени, со посебен акцент на вработените што работат на височина. За придржување кон предвидените мерки за превенција од повреди и инциденти, како и мерките за заштита на животната средина, изведувачите редовно вршеа обуки, како на вработениот кадар присутен на градилиште, така и на вработените што беа повремено присутни. Во делот од проектните активности кога беа транспортирани елементите од ветерните турбини, беа ангажирани специјални транспортни возила со поголем габарит, а со цел елиминација на можните несакани последици се организираше специфичен сообраќаен режим, од државната граница со Република Грција до локацијата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“, како и специфичен план за

Монтажа на ветерни турбини складирање на елементите, за понатамошно полесно маневрирање со истите. Како дел од надзорните активности во текот на изградбата на ПВЕ „Богданци“, градилиштето на неколку пати беше посетено од странски експерти од Fichtner GmbH и KfW Bankengruppe, со кои беше дискутирано околу тековните проблеми, како и за евентуални мерки за елиминација на можната појава на нескани последици во иднина. Доколку се сумира целосното искуство од изградбата на Паркот на ветерни електрани Богданци, може да се заклучи дека овој проект како прв од овој тип во Република Македонија, беше уникатна можност за запознавање со искуствата на странските градежни компании и како тие вршат надзорни активности во областите на заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа. n

ПОРТА


архитектура

PRAEMIUM IMPERIALE ЗА 2015 ГОДИНА ЗА ФРАНЦУЗИНОТ ДОМИНИК ПЕРО

Награда во чест на авторите и делата Praemium Imperiale, која се нарекува Нобелова награда во културата, се доделува за пет дисциплини во уметноста: сликарство, скулптура, архитектура, музика и театар/филм.

La liberte, Groningen, Холандија (2007-2011)

14

ПОРТА

30 октомври 2015


архитектура

Олимписки велодром и олимписки базен, Берлин, Германиjа (1992-1999)

Доминик Перо

P

Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.

raemium Imperiale е глобална награда на Јапонската асоцијација на уметност (Japan Art Association). Добитници за 2015 година се: јапонскиот уметник Tadanori Yokoo во делот на сликарството, германскиот уметник Wolfgang Laib во делот на скулптурата, францускиот архитект Dominique Perrault во делот за архитектура, англо-јапонската пијанистка Mitsuko Uchida во музичкиот дел и француската примабалерина Sylvie

ME хотел, Барселона, Шпанија (1999 - 2008) Guillem, во делот на театар и филм. Победниците се избрани од меѓународна комисија на експерти (Jean – Pierre Raffarin, Lamberto Dini, William H. Luers, Christopher Patten, Yasuhiro Nakasone, Klaus-Dieter Lehmann). Наградениот архитект Доминик Перо, во своето интервју со извршниот секретар на

Јапонската асоцијација на уметници, Nobutoshi Notsu, на 2 јуни годинава, изјави: „Praemium Imperiale има многу големо значење за сите уметници во светот. Тоа е длабоко културна награда. Не е комерцијална. Таа е во чест на авторите, на делата. Влијае на чувствителните прашања кои се различни за сите области во  Национална библиотека на Франциjа, Париз, Франциjа (1989-1995)

30 октомври 2015

ПОРТА

15


Женски универзитет Ewha, Сеул, Jужна Кореја (2004 - 2008)

Dc Tower, Виена, Австриjа, (2004-2014)

7NH-Fiera, хотел, Милано, Италиjа (2006-2009) уметноста. За мене, тоа е многу силен знак, се разбира од симболичен аспект, за понатамошното поттикнување и развивање на архитектонските дисциплини, на архитектонско поле. Архитектурата, како што многумина денес мислат, не може да се сведе на изградба на објекти. 16

ПОРТА

30 октомври 2015

Архитектурата има глобална димензија која влијае на сите територии, на сите култури и воопшто на сите луѓе. Архитектурата мора да биде во можност да ги заштити сите луѓе во богатите, а посебно во сиромашните економии. За таа цел, неопходно е да се развиваат истражувачки полиња во


aрхитектура биде во резонанс со непосредната околина, било природно или урбано. Ние архитектите треба секогаш да размислуваме за местото на нашите објекти во градскиот дизајн како и за самиот град во целост“. Годинашниот лауреат во областа на архитектурата, Доминик Перо, е познат современ архитект и урбанист. Роден е 1953 година во Клермон-Феран (ClermontFerrand), Франција. Во јавноста стана познат во 1989 година, кога на негова 36годишна возраст победи на меѓународниот конкурс за проектот на Националната библиотека на Франција во Париз. Реализацијата на овој проект, кој е еден од последните големи проекти на Митеран, ја отвори неговата меѓународна кариера. Покрај активната работа на голем број проекти, Доминик Перо е професор на политехничкиот факултет во Лозана, член на научниот одбор на Atelier international du grand Paris од 2012 година. Денес, тој е познат и признат архитект кој реализирал многу проекти наз целиот свет.

Arganzuela, пешачки мост, Мадрид, Шпаниjа (2008-2011)

Albi Grand Theater, Франциjа (2009-2014) архитектурата. Архитектите денес пред себе имаат посебно важни задачи за заштита на планетата, на човекот и на човештвото што ја населува оваа планета. Затоа не е доволно да се направи архитектура. Архитектурата што ја правиме мора да се сподели со најголем број луѓе“.

Доминик Перо е познат по неговите иновативни дела, мајсторски измешани со нивниот контекст, по неговиот див, имагинативен и апстрактно минимален дизајн. „Архитектурата не треба да биде затворена сама во себе, со грбот кон контекстот“, вели Перо „секогаш треба да

Некои од неговите познати објекти, реализирани низ светот се: • Олимписки велодром и олимписки базен, Берлин, Германија (1992-1999) • Продолжување на Европскиот суд на правдата, Луксембург (1996-2008) • МЕ Барселона хотел, Барселона, Шпанија, (1999-2008) • Олимписки тениски стадион, Мадрид, Шпанија (2002-2009) • No Theater, Niigata, Јапонија (2004-2006) • Женски универзитет Ewha, Сеул, Јужна Кореја (2004-2008) • DC Towers 1, Donau City, Виена, Австрија (2004-2014) • Деловен објект, Boulogne Billancourt, Франција (2005-2009) • Priory Park pavilion, Reigate, Англија (2005-2008) • NH-Fiera Milano, Хотел, Милано, Италија (2006-2009) • Fukoku Tower, Осака, Јапонија (2006-2010) • Спортска палата, Руен, Франција (20062012) • Krisztina Palace Facades, Будимпешта, Унгарија (2007-2010) • „La Liberte“, Groningen, Холандија (20072011) • B&B Хотел, Париз, Франција (2007-2014) • Arganzuela пешачки мост, Мадрид, Шпанија (2008 -2011) • Albi Grand Theater, Франција (2009-2014) Во моментов, тој е ангажиран на повеќе тековни проекти, во многу земји во светот. Некои од тие проекти кои се во фаза на реализација, се следните:  30 октомври 2015

17


aрхитектура • Zurich Vulcano, Цирих, Швајцарија (20132018) • Hotel Grand Arenas, Ница, Франција (2014-2017) Перо е добитник на повеќе значајни награди: • Француски сребрен Медал за урбанизам (1990) • Голема француска Национална награда за архитектура (1993) • Награда за современа архитектура од Европска Унија – Мис ван дер Рое (1996) • AFEX French World Architecture Grand Prix (2010) • Голем златен медал на Академијата за архитектура (2010) • Член на Академијата за убави уметности (Academie des Beaux – Arts) во Париз (2015) • Награда Praemium Imperiale, (2015)

Piazza Garibaldi, Неапол, Италиjа (2004-2016)

• Villejuif IGR Station/ Grand Paris Express, Франција (2013-2023) • Нов реон на станицата FFS, LocarnoMuralto, Швајцарија (2009-2018) • Наставен мост на Ecole Polytechniqe Federal во Лозана. Рехабилитација/ проширување на халата за Механика (ME), Лозана, Швајцарија (2011-2017) • Реструктуирање на павилјонот Dufour, Версајски дворец, Версај, Франција (2011-2015) • Piazza Garibaldi, Неапол, Италија (20042016) • Нов Longchamp, Хиподром Longchamp, Париз, Франција (2011-2016) • Реновирање на областа на езерцето, Женева, Швајцарија (2011-2020) • Restucturation de la poste du Louvre, Париз, Франција (2012-2018)

Praemium Imperiale Наградата Praemium Imperiale се доделува еднаш годишно на врвни уметници од светот, за нивните достигнувања, за меѓународното влијание кое го прават со својата уметност и духовното збогатување на светската заедница. Воведена е во 1988 година, по предлог на императорот на Јапонија, во чест на стогодишнината на Асоцијацијата на уметност на Јапонија и на покојниот принц Такамацу (Takamatsu, 1905–1987), кој бил прв покровител на асоцијацијата, во тек на 58 години. Наградите за секој од уметниците, во износ од 15 милиони јени (околу 111.000 €), диплома и медал, се доделија на церемонија која се одржа на 21 октомври 2015 година во Токио, од страна на принцот Hitachi, помлад брат на императорот на Јапонија, кој е почесен претседател на Асоцијацијата за уметност на Јапонија.

Хиподром, нов Longchamp, Париз, Франциjа (2011-2016)

18

ПОРТА

30 октомври 2015

Првиот архитект кој ја доби оваа награда во 1989 година беше познатиот кинескоамерикански архитект Ieoh Ming Pei. Во 1993 година, наградата ја доби нам добро познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Архитектот кој во 1964 година, со својот тим, победи на меѓународен конкурс за изработка на урбанистичкото решение на централното подрачје на Скопје. Човекот кој после земјотресот создаде современ урбанистички концепт на нашиот град. А првиот француски архитект кој ја доби наградата за архитектура во 2001 година беше Жан Нувел. Меѓу добитниците на наградата се имињата на најпознатите архитекти во светот, како на пример: Џејмс Стерлинг (1990), Гае Ауленти (1991), Френк Гери (1992), Ренцо Пијано (1995), Тадао Андо (1996), Алваро Сиза (1998), Ричард Роџерс (2000), Норман Фостер (2002), Оскар Нимаер (2004), Петер Цумтор (2008), Заха Хадид (2009), Тојо Ито (2010), Давид Чиперфилд (2013), Стивен Хол (2014)... n


ПОРТА


архитектура

ПРИЕМЕН ДЕЛ НА БОЛНИЦАТА OSPEDALE DEL MARE ВО НЕАПОЛ

Ја ве нп лош тад к ој ги по врзува

20

ПОРТА

30 октомври 2015


архитектура

а т а ц и н л о б и т градо

30 октомври 2015

ПОРТА

21


Дизајнот на архитектите од студиото IaN+ нагласува одредени теми кои тие ги истражувале преку претходно изработени проекти, односно ја нагласува идентификацијата на формалното решение постигнато преку мала геометриска и концептуална дисторзија, потоа рефлексијата на јавниот простор, потрагата по „втора природа“ на вештачки изработен пејзаж и употребата на текстури кои се карактеризираат преку нивната површина и светлината што ја одбиваат од нив

ПОРТА

Сузана ЛАМБЕРТ Фотографии: Марио ФЕРАРА

В

о италијанскиот град Неапол, неодамна официјално се отвори новата рецепција и влезен хол во болницата „Hospital of the Sea“ (Ospedale del Mare). Главни дизајнери на новосоздадената структура се сопствениците на архитектонското студио IaN+, архитектите Carmelo Baglivo, Luca Galofaro и Stefania Manna. Студиото IaN+ уште од своето основање во 1997 година се занимава со теоретските и практичните аспекти на


архитектура архитектурата, а она што придонесува да се разликуваат од останатите е изградбата на мултидисциплинарен пат на истражување, што воедно ги прави познати на меѓународната сцена. По барање на тогашниот министер за здравство Umberto Veronesi, во 2001 година познатиот архитект Ренцо Пијано (Renzo Piano) изработил модел за изгледот на болницата. На планирата стуктура било план да се додаде рецепција чијашто главна специфика ќе биде посветеноста кон секојдневниот живот, односно ќе содржи мноштво фукнции кои ќе бидат во помош на пациентите, вработените и посетителите, овозможувајќи полесни пристапи и влијаејќи позитивно врз психичкото расположение на оние што се наоѓаат во болницата. Во 2004 година, архитектонското студио Ian+ настапува на сцената со свој предлог-план за можниот изглед на рецепцијата, меѓутоа нејзината изградба постојано била во прекин, којшто конечно е надминат со склучување на договор со фирмата Astaldi Spa. Концептот на Ian+ се базира на создавање јавен плоштад кој ќе ги поврзе градот и болницата, а истовремено ќе озоможи пристапи и сервисни функции околу простран светол влез кој е распореден на три ката. Јавниот плоштад заедно со влезниот хол, во кој се интегрирани разновидни приемни сервиси, се завршени во месец март минатата година, додека дистрибуционите патеки коишто овозможуваат пристапи до болницата моментално се уште во изградба. Системот на местата за прием во влезниот хол е веднаш видлив, како резултат на присуството на голем кружен волумен и надворешната обработка од панели во боја изработени од комбинација на армиран 

ПОРТА


архитектура бетон и стакло. До влезниот хол се пристапува преку плоштад, поставен линеарно во однос на самиот влез, кој на крајот се проширува според самата хала. Поплочениот плоштад дефинира одредена површина преку употребата на слој од смола и каменчиња т.н. „зелени Алпи“. На неа се надоврзува површина на која се поставени тенки столбови во различни бои и клупи за седење, односно вклучува една слика на вештачки пејзаж на метални засолништа во комбинација со дрвја. Салата им нуди на посетителите перцепција на голем и динамичен простор во кружна форма, којшто дистрибуира мноштво функционални и сервисни услуги околу главните патеки. Насоката на патеката што води кон болницата ротира за 30 степени во однос на влезната врата, а во истата насока се поставуваат и ескалаторите што водат до горните нивоа. Тенките метални столбови со кружен пресек пркосат на правилната геометрија на структуралната рамка и се поставени слободно во просторот. Целиот волумен, поделен на три нивоа, е исполнет со светлина која филтрира помеѓу завесите од обоено стакло со сини и зелени тонови, а благодарение на трите кружни и аксијално поместени отвори, кои ги поврзуваат покривот и подот, пенетрирајќи низ целиот волумен на објектот, се овозможува огромно количество на природна светлина. Овој дизајн на архитектите од студиото IaN+ нагласува одредени теми кои тие ги истражувале преку претходно изработени проекти, односно ја нагласува идентификацијата на формалното решение постигнато преку мала геометриска и концептуална дисторзија, потоа рефлексијата на јавниот простор, потрагата по „втора

ПОРТА

природа“ на вештачки изработен пејзаж и употребата на текстури кои се карактеризираат преку нивната површина и светлината што ја одбиваат од нив. Истражувањето и експериментирањето што архитектонското студио IaN+ се обидуваше да

го демонстрира уште од почетокот на своите проектантски денови, се потврди со креацијата на приемниот дел на болницата Ospedale del Mare. n Текстот е реализиран со Image Media Agency, од Фиренца, Италија.


ПОРТА


архитектура

ПАТУВАЊЕ НИЗ ТЕЛ АВИВ

Премин од модерната во современата архитектура Тел Авив, град познат како мека на модерната архитектура, во последните 20 години внимателно и сензитивно го развива своето место на сцената на современата архитектура. Последната фаза на градот е конструкција на архитектонски икони, обележја и облакодери, кои соодветно ја надополнуваат либералната економија во раст, за разлика од раните денови на социјалистичкиот идеализам на земјата. Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Тајланд)

В

о Израел во еден ден може да се помине одисеја низ времето. Во текот од неколку часови може да се патува од објекти стари две илјади години до објекти припадници на најсовремената архитектура. Тел Авив, вториот по големина град во Израел, познат како мека на модерната архитектура, во последните 20 години внимателно и сензитивно го развива своето место на сцената на современата архитектура. Последната фаза на градот е конструкција на архитектонски икони, обележја и облакодери, кои соодветно ја надополнуваат либералната економија во раст, за разлика од раните денови на социјалистичкиот идеализам на земјата. Во деведесеттите години од минатиот век, Тел Авив еволуира во градот што го познаваме денеска. Прекарот „град кој не престанува“ е превод на фактот што во него се наоѓаат некои од најпосакуваните недвижности во Израел, привлекувајќи постојано студенти, уметници, претприемачи и млади фамилии кои го користат градот 24/7. 26

ПОРТА

30 октомври 2015

Концептите во современата архитектура го следат принципот од „едноставно до комплексно и повторно до едноставно“, што претставува значителен просторен предизвик. Почетокот на патувањето низ современата архитектура започнува на аеродромот Бен Гурион, проектиран од интернационално познатиот архитект Моше Сафди, и изграден во 2004 година. Ѕидовите изработени од камен и нивното длабење ја доближуваат


архитектура

природата на израелската архитектура (масивноста, бетонот и каменот како конструктивни материјали) и ја симболизираат елегантноста и луксузот. Архитектот Моше Сафди е познат најмногу по неговиот објект „Хабитат 67“ изграден за Канадското интернационално и универзално Експо 67. Вредно е да се забележи дека принципот на заштита се испреплетува во секој концепт на израелската архитектура, без разлика дали се работи за објект од

поголем размер (аеродром) или обична настрешница за автобуска постојка. Во 2011 година Музејот на уметноста во Тел Авив го отвори за публиката новиот дел – објект од музејскиот комплекс проектиран од архитектот Престон Скот Коен. Тој претставува слободно стоечка конструкција од бетон со геометриска обвивка и повремени стаклени триаголници. Во внатрешноста просторот се завиткува  30 октомври 2015

ПОРТА

27


архитектура

и одвиткува во висок атриум, чијашто структура и површини под различен агол ја пропуштаат светлината. Објектот се развива на пет нивоа, содржи аудиториум со простор за филмски проекции, читања, предавања и дискусии. Престон Коен го опишува објектот со исклучителна програма, која го поставува предизвикот да се направат неколку нивоа на голем неутрален простор и правоаголни галерии во мала, триаголна идиосинкретична локација. Решението е „правоаголнизирање“ на триаголникот, конструирање на ниво на различни оски и комбинирање на две парадигми на современата архитектура: една - музеј на неутралните бели кутии којшто е оптимален и флексибилен простор за изложување на уметност, и музеј на посетителот - создавање на социјалното искуство. Обидувајќи се да испрати порака за дизајнот како катализатор на трансформација, во март 2010 година Тел Авив го добива својот прв музеј за дизајн Холон. Проектиран од архитектот и индустриски дизајнер Рон Арад, објектот претставува витален и динамичен извор за разбирањето на дизајнот и неговата улога во нашите животи. Самиот објект изгледа како орнамент од повеќе ленти коишто на моменти се доближуваат една до друга, додека во други моменти се одвојуваат и создаваат поинакво просторно доживување. Основањето на Дизајн музејот Холон е значителна точка за гратчето Холон (предградие на Тел Авив) и неговото развивање во епицентар за култура и образование. Во текот на јули оваа година музејот беше куратор на изложба посветена на темата дизајн на настрешници. Покрај поставката во самиот музеј, целото негово опкружување беше означено со различни проекти за настрешници изградени во 1:1, што зборува за неговиот постојан дијалог со околината. 28

ПОРТА

30 октомври 2015


архитектура Покрај објектите посветени на дизајн и уметност, во близина на населбата Петах Тиква се забележува мостот на Сантијаго Калатрава. Мостот на конци всушност претставува блага рампа за пешаци. Неговата должина од 50 метри е поставена на челична и стаклена конструкција во форма на буквата Y преку улицата Жаботински, поврзувајќи ги резиденцијалното соседство и јавниот парк. Инвеститорите Azorim Properties го повикале Калатрава да го дизајнира мостот откако ја посетиле изложбата посветена на неговите дела во музејот Технион во Тел Авив. Мостот на Калатрава во Ерусалим, познат како Мост на конците, беше прифатен со многу контроверзии и критики како екстравагантно и скапо решение, со повеќе од 70 милиони долари надминување на основниот буџет. Во Тел Авив мостот е со помал размер, функционален, и претставува ориентационен репер за целата област. Синагогата и центарот за еврејско наследство на архитектот Марио Бота се наоѓаат во рамките на универзитетскиот кампус на Тел Авив. Кралскиот Институт на британските архитекти го вклучи објектот во изложбата во Лондон наречена „Молитва од камен“. Проектирана е од Марио Бота во 1996 година и конструирана од 1997 до 1998 година. Приземјето се протега на 800 метри, од правоаголна основа се издигаат две идентични кули, започнуваат во квадратна форма и се трансформираат во кружна форма во горниот дел. Оригиналната архитектонска форма на кулите е реализација во камен на геометрискиот принцип на квадрирање на кругот. Објектот е направен во период кога многу познати архитекти дизајнираат објекти од висок профил во Израел, развивајќи ја современата архитектура околу израелските институции. Максимилиано и Дориана Фуксас ја проектираат куќата посветена на мирот во Јафа. Контекстот е особено значителен бидејќи Јафа е територија во којашто се испреплетувале различните нации и религии во минатото. Тие го опишуваат проектот како пристаниште за сите морнари и како рај за 

30 октомври 2015

ПОРТА

29


архитектура сите оние што поминале низ бродолом. Архитектите објаснуваат: „Да се замисли простор којшто не е виртуелен туку реален. Да биде посветен на мирот и да се навраќа на неговото длабоко етичко значење. Центарот за мир Перес претставува паралелопипед. Со нерегуларно поставени стакло и бетонски обвивки кои стојат на монолитска база, на крајот на објектот се наоѓа влезот во паркингот, на другиот влезот за пешаците. Обвивките, кои претставуваат игра на светлина и темнина, се направени од бетон измешан со други материјали и земја од околината“. Современата архитектура на Тел Авив се наоѓа сè уште на својот почеток. Од друга страна, концептите се вметнуваат во градот со

ПОРТА

„леснотија“ заради неговото функционално планирање и постоењето на големи површини јавен простор. Тел Авив е град кој и покрај сопствената историја, најуспешно испреплетува сценарија и луѓе од различни профили на оние територии кои ги нарекува свој сопствен јавен простор. n


ПОРТА


aрхитектура

32

ПОРТА

30 октомври 2015

НОВ МОДЕРНИСТИЧКИ СЈАЈ НА КУЌА ОД 60-ТИТЕ ВО СТАРОТО ГРАДСКО ЈАДРО ВО СКОПЈЕ


aрхитектура

Прекрасен архитектонски бисер Во историско јадро на градот, помеѓу Старата чаршија и скопската тврдина, беше реновирана една од четирите куќи во низа, што се наоѓаат во интензивен урбан контекст. Интервенцијата што беше направена на постоечката куќа е дело на проектантското трио: архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Амине Адеми, додека за конструктивниот дел беа задолжени градежните инженери Денис Поповски и Миле Партиков.

Ивана ГРУПЧЕ, дипл.инж.арх. Фотографии: Андријана ТИЛИЌ, дипл.инж.арх.

Н

еодамна, скопската општина Чаир се закити со прекрасен архитектонски бисер. Станува збор за реновирање на куќа која е сместена во историско јадро на градот Скопје, помеѓу Старата чаршија и скопската тврдина.

Интервенцијата што беше направена на постоечката куќа е дело на проектантското трио: архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Амине Адеми, додека за конструктивниот дел беа задолжени градежните инженери Денис Поповски и Миле Партиков. Проектот беше изработен во 2014 година, а завршниот лик куќата го доби оваа година. Таа

е една од четирите куќи во низа, што се наоѓаат во интензивен урбан контекст. Датира од 60тите години на минатиот век, со скромен и јасен модернистички изглед, но не издржала под забот на времето па била нужна нејзина итна обнова. Гледано однадвор, доминираат првобитните волумени. Архитектите својот проектантски  30 октомври 2015

ПОРТА

33


aрхитектура

пристап го акцентираат кон функционалноста, така што прават мали измени во однос на програмските содржини во куќата, задржувајќи ја првобитната логика на комуникациите и просториите, но приспособени кон современиот начин на живеење. Па така, сутеренот што претходно се користел само за складирање, сега добива сосем нова функција, станувајќи активна алка од дневниот престој, каде е сместена голема дневна соба и трпезарија со кујна која завршува во директен контакт со дворот. На приземјето повторно е ставен акцент на дневниот престој, но овој пат со поголема отвореност, додека првиот кат ја презема улогата на ноќниот мир каде се сместени спалните соби. Новата главна спална соба е сместена на вториот, односно најгорниот кат, добивајќи привилегија на пристап кон две големи тераси кои нудат панорамски поглед кон Старата чаршија и градскиот пејзаж на Скопје. Како што објаснуваат проектантите, најкомплицираниот предизвик од интервенцијата претставувал статичкиот аспект, бидејќи постоечките куќи во низата биле изведени сите четири наеднаш, со заеднички конструктивен систем. Сепак, со внимателно избрани методи, успешно ја реанимираат куќата без оштетувања на соседните објекти. Структурната логика е сочувана, иако се направени статички засилувања на носечките елементи, како што се главните столбови, ѕидовите и сите меѓукатни плочи. Покрај тоа, додадена е челична конструкција за да ја поткрепи екстензијата на задната страна на куќата и на 34

ПОРТА

30 октомври 2015


aрхитектура Претходна состојба

покривот. Сите отвори беа ревидирани и додадени нови, со цел да донесат уште повеќе количество на дневна светлина во просторот. Бидејќи интервенцијата е многу очигледна и доминантна, архитектите решаваат да ја обложат со нов слој на полутранспарентна фасада. Првобитните волумени се обединети во нова полупропустлива обвивка изработена од композитни штици (дрво 70% и смола 30%) поставени на челична потконструкција. Со тоа, хетерогените елементи од кои е сочинет објектот се обединуваат во една целина. Визуелно создаваат ново ниво на интерпретација и контрола на микроклимата, а со почит оставена е видлива постоечката архитектонска синтакса на стариот објект. Рустичноста на фасадата, покрај естетската интерпретација, овозможува и директна поврзаност со историските градителски обрасци присутни во непосредна близина. n

ПОРТА


дрвна архитектура

АЕРОДРОМ ВО FORT MCMURRAY

Ненаметлив, но сепак

незаборавен дел од околниот пејзаж Архитектонското студио McFarlane Biggar Architects со своите консултанти за градежни кодови, пронашле алтернативно решение за употреба на дрвени конструкции во објект со високи критериуми за заштита од пожари Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

Г

ратчето Fort McMurray, што се наоѓа во централна Канада, со постепениот развој и пораст на популацијата создаде потреба за нов аеродром, чие архитектонско решение требаше да се приспособи со идентитетот на заедницата што постојано расте и 36

ПОРТА

30 октомври 2015

еволуира. Новиот аеродром е проектиран од архитектонското биро McFarlane Biggar Architects, неговата површина зафаќа 8.000 м2, а вкупниот буџет за неговата изведба беше 258 милиони канадски долари. Во објектот веднаш може да се забележи употребата на дрвото, материјал кој покрај своите естетски и механички квлитети е практичен во смисла на обновливост, одржливост и приспособливост со својата културолошка универзалност. Големите јавни простории

се дефинирани со масивни дрвени конструкции изработени од седмослојни ВЛП (вкрстено ламелирани плочи crosslaminated-timber) во комбинација со ламелирани носачи (gluelam) и фурнирани плочи. Овој аеродром е комплетиран и пуштен во употреба во октомври 2014 година, и е објект со најголема ВЛП конструкција во Северна Америка. Архитектонското студио McFarlane Biggar Architects со своите консултанти за градежни кодови, пронашле алтернативно


дрвна архитектура решение за употреба на дрвени конструкции во објект со високи критериуми за заштита од пожари. Организацијата и изградбата на објектот била огромен предизвик за изведувачите. Како резултат на големината на објектот во таа околина, честопати изведувачите се соочувале се недостиг на работници, што понекогаш драстично ја зголемувале изведбената цена во споредба со големите градови. Овој проблем се надминувал со максимално префабрикување на сите елементи, со што се намалувала работата на градилиште. Архитектонскиот тим со својот едноставен дизајн на аеродромот создава ненаметлив, но сепак незаборавен дел од околниот пејзаж кој се вклопува со околината како една целина, потенцирајќи ги скромноста и едноставноста за употреба. Збир на робустни волумени поставени во просторот на начин за да ја зголемат функционалноста за користење на објектот, со можност за негово натамошно проширување со минимално нарушување на секојдневното работење на аеродромот. Фасадата е изработена од робустни и цврсти материјали како би можела да 

ПОРТА


дрвна архитектура

издржи долгогодишно користење. Овие материјали се искористени од двете страни, како од страната на патниците, така и од страната на авионите. На приземјето, каде има најголем ризик за оштетување на објектот од авионите, се поставени префабрикувани изолирани бетонски сендвич панели кои можат да издржат големо оптоварување. На вториот и третиот кат, пак, се поставени челични плочи кои се претходно специјално обработени за да можат да ги издржат атмосферските влијанија. Овие цврсти и ладни материјали се балансирани со софистицирани и топли, а сепак издржливи материјали во ентериерот: тројно глазирано стакло, терацо под, акустични дрвени панели и отворена масивна дрвена конструкција. Видливата дрвена конструкција е обработена со заштитно средство кое има минимално количество на пигмент, но сепак обезбедува соодветна УВ заштита за дрвото. Премачкувачот за дрвените конструкции е со матирана завршница со доволно сјај за 38

ПОРТА

30 октомври 2015


да се намали собирањето на прашина на дрвените површини. Во целиот процес на проектирање се користи концептот „со помалку се добива повеќе“. Секаде каде што било можно, се користеле сите мерки за минимизирање на сите градежни ресурси за да се добие посакуваниот робустен, издржлив и ефикасен објект. Но сепак, во објектот се искористени сите најсовремени системи и принципи на проектирање, како пасивна соларна ориентација на објектот, оптимизација на енергијата, супер изолирани панели, подно греење, софистициран систем за вентилација со заштеда на греење. Природните материјали што се користат во ентериерот, создаваат пријатна и здрава средина за сите патници и, секако, за вработените. Ориентацијата на објектот е предодредена и испланирана во однос на правецот на пистата, но секако дека големо внимание е посветено на движењето на сонцето во различните сезони во годината, со што максимално се искористува неговата енергија во текот на денот. Големите отвори по должина на целата фасада ги пропуштаат сончевите зраци кои го затоплуваат и осветлуваат целиот ентериер, со што значително се заштедува енергија. Покрај штедењето на енергија овие отвори ги осветлуваат големите простории со дневна светлина со што се создава пријатна атмосфера за патниците. n

ПОРТА


ГОДИНИ

Добре дојдовте во

Вашиот дом од соништата

С

о повеќе од 55 реализирани проекти зад себе, „ГОЛДЕН АРТ“ го одбележа својот десетгодишен јубилеј. Месецот помина во знакот на заокружување на уште една успешна приказна за „ГОЛДЕН АРТ“ . Имено, свечено беше пуштена во употреба уште една станбено-деловна зграда во населбата Аеродром. На новите станари им беа доделени клучевите од новите станови со порака за создавање на многу убави моменти и спомени во нивниот нов дом.

40

ПОРТА

30 октомври 2015


природен и безбеден малтер, најквалитетен скандинавски дабов под, максимална термичка, звучна и хидроизолација, како и најквалитетна безбедносна влезна врата која во случај на пожар ќе Ве заштити и до 30 минути. Извршниот директор на „ГОЛДЕН АРТ“ Ивица Јакимовски, најави уште еден новитет за станарите: „Во склоп на објектот, до крајот на годинава ќе стартува со работа и маркет од брендот Ramstore. Сакаме максимално да го олесниме Вашето секојдневие, а целта ни е да продолжиме со исполнување на Вашите очекувања за домови од соништата“.

„Чест ми е што ја добивме Вашата доверба и посакувам да имате само убави моменти во Вашите нови домови. Што се однесува до нас, ќе дадеме сè од себе – не да го задржиме, туку да го надградиме и подобриме квалитетот“, рече Роберт Јакимовски, технички директор на компанијата. Скопје ги отвори вратите на еден од најсовремените објекти за домување. Изградена од вештите раце на тимот од „ГОЛДЕН АРТ“ оваа зграда претставува нов дом за околу 90 семејства. Становите имаат идеално распоредена квадратура, а објектот е изграден исклучиво од најквалитетните материјали на пазарот, од производители како Rehau, Ideal Standard Dolomiti, Baumit, Boen, Knauf, Nexe, Idea Ceramica, Schneider и многу други. Со

„ГОЛДЕН АРТ“ продолжува со градењето на Вашиот дом од соништата. Во населбата Кисела Вода започнува изградбата на уште еден станбеноделовен објект кој ќе биде дом за околу 74 семејства. Населбата Карпош, исто така добива нов деловно-станбен објект со кој уште 124 семејства ќе имаат можност од „ГОЛДЕН АРТ“ да го добијат својот идеален дом. Изградбата на енергетско-ефикасен објект со максимален квалитет, софистицираност и модерна градба, останува и понатаму како приоритет за „ГОЛДЕН АРТ“, од кој најважно е дека на крајот најголема корист имаат самите станари кои живеат во објектот. „ГОЛДЕН АРТ“ е учесник и поддржувач на проектот „Купи куќа, купи стан“; ова е уште една можност за клиентите од „Голден Арт“ да го добијат својот идеален дом. Десет години „ГОЛДЕН АРТ“ ги гради Вашите домови од соништата. Доколку сте во потрага по Вашиот идеален дом, закажете состанок со нашите агенти за продажба и направете го Вашиот сон реалност. n 30 октомври 2015

ПОРТА

41


ентериер

Канцеларијата -

Големи отворени канцеларии во „Ларкин“, Њујорк

место на социјално собирање

С

Вон.проф.м-р. Мишко Ралев, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС

е до средината на 19 век, вработените во Контор зградите или канцелариите биле дел од семејството – од домаќинствата на велепоседниците. За членовите на семејството, тие биле соработници и цимери. Тие биле субординарни на земјопоседникот, трговецот, односно патријархот, кон кого биле врзани со целите нивни семејства. Индустријализацијата успева да ги ослободи канцелариските работници, правејќи ја нивната лојалност кон трговецот само како предмет на паричен надоместок - плата. Семејно базираните канцеларии исчезнале заедно со таквите домаќинства и вработените во Конторите станале и формално вработени. Создавањето на нови занимања е резултат на поделбата на трудот и поделбата на работните должности кои довеле до одредена хиерархија во просторната организација и опременост на канцеларискиот простор. Во веќе воспоставената индустриска канцеларија, која е директен предок на денешната модерна канцеларија, се изведувале следните работни должности: 42

ПОРТА

30 октомври 2015

Разноликоста на канцелариските форми креира можност да се избере канцелариски план и мебел кој е карактеристичен за компанијата и соодветен за нејзините операции. Ова е важно за работењето, што е, пак, важен дел од животот, затоа што тимската работа, пријатната работна средина, добрата интеракција помеѓу персоналот и адекватните алатки и медиуми, ја зголемуваат мотивацијата помеѓу вработените, ги одржува луѓето здрави и го промовираат успехот на компанијата.


ентериер сметководство, благајник, ликвидатор, генерален менаџер, коресподенција, копирање, канцелариски службеник и приправник. Хиерархијата кај овие вработени се состоела во тоа што Машка централните простории биле резевирани за службениците од канцеларија средно ниво, темните и непријатните простории за обичните службеници и приправници, додека за службениците од повисок ранг имале приватни простори или дури одделни комфорни канцеларии. Автоматизацијата во фабриките се пренесла и во канцелариите. За да се забрза канцелариското работење, се пронашле и машините за калкулација и машините за пишување. Ваквата автоматизација донесла нови промени, овој пат социолошки, воведување на жената во канцеларијата, во работењето. Дактилографското занимање станало исклучиво женско, зашто многу малку мажи сакале да се занимаваат со тоа. Излегувањето на жената од границите на домот довело до големи социјални потреси во западното општество кон крајот на 19 век. Западното општество се нашло во конфузија, при човекот и жената од патријахалноста на што се појавиле големи протести организирани од работничките домашната средина, отворајќи за жената нови Првите синдикати, црковните институции, но и од голем број женски можности покрај домашните обврски. Во работни клубови. Резултатот на ваквото социјално поместување е дека во канцеларијата и двата пола почнале да столици канцелариите се сменила социјалната структура, внесена е работат здружено на работните задачи, се сексуалната тензија. Поради тоа, биле донесени нови разбира не без проблеми, но сепак работата правила за однесување, меѓу кои најзначајни биле во канцеларија кон крајот на 19 век правилата за облекување и однесување помеѓу претставувала респектирана позиција. вработените. Неоспорно е дека појавата на жената како Интересно е да се напомене дека компаниите службеник во фирмите и канцелариите, од корен ја во овој период почнале да го развиваат изменила не само социјалната туку и физичката средина. својот статус преку вработување на женски Одеднаш просторот се здобил со боја и разноврсност како и со секретари. одредена префинетост. И покрај искричавоста на Но, во овој период на доцен 19 век, не состојбата, сепак, со почетокот на индустријализацијата само што работните процеси и канцелариски канцеларијата како бизнис, социолошки, културолошки, простори биле поедноставени и реструктурирани, но и просторен феномен, почнала да ја менува дури и индивидуалните задачи биле редуцирани човековата перцепција, мисла и акција. Со појавата на до нивната суштина, при што бирото и модерната канцеларија почнало ослободувањето на столицата играле важна улога. Инженерот Фредерик Винслоу (Frederick Winslow) и организацискиот психолог Френк Банкер (Frank Bunker) развиле методи како да се намали движењето на Мали канцеларии во 19 век работното место, посматрајќи ги луѓето како машини. Тие одредиле точки за поставување на секоја канцелариска алатка на површината на бирото, при што создале и упатство како вработените во седечка позиција систематично да посегнуваат по нив за да се избегнат празните движења. Од друга страна, жените дактилографи успешно ја практикувале работата со седење во канцелариите. Со телото пресвиткано под два прави агли, седењето помагало при исполнување на повеќе канцелариски задачи. Ограниченото движење водело кон зголемена дисциплина и допуштало да се пренесе вниманието врз внатрешните процеси и работникот да се фокусира врз организирање и размислување, со што теоријата на Винслоу и Бункер ја остварило својата цел. Дури и активностите што би можеле подобро да се изведат  30 октомври 2015

ПОРТА

43


ентериер

Жени дактилографки

За првпат жената во канцеларија при одење и стоење, се изведувале со седење. Меѓутоа, постоела и друга страна на овој т.н. успех: со продолжено седење кое предизвикувало физичка неактивност, вработените ја изгубиле својата физичка кондиција. Но тоа не било сè, вработените станале ментално и емотивно ригидни, а седењето предизвикало болки во грбот како и одредени ортопедски заболувања. Тогаш станало очигледно дека човекот не може да издржи продолжена работа со седење без одредено движење. На овој проблем прв се осврнал ортопедот Ф.Стафел кој 44

ПОРТА

30 октомври 2015

Aдминистративна зграда „Ларкин“ во Њујорк изградена во 1906, архитект Френк Лојд Рајт дизајнирал работна столица, која станала стандарден дел од канцелариите на почетокот на 20 век. Нејзината структура се карактеризирала со тоа што задниот наслон обезбедувал поддршка на грбот во која било позиција на телото, а седиштето било дизајнирано така што било флексибилно по вертикала и зглобно поврзано со наслонот. Концептот на Стафеловата столица подоцна ќе стане модел за изработка на автомобилските седишта. Ова нешто ќе резултира во зголемен интерес кај научниците за ергономика при работењето. Димензиите на луѓето, позите на телото при извршување на работните задачи и движењата, ќе бидат научно истражени од ортопедски и ергономски експерти во насока на изнаоѓање на начини да се избегнат укрутени, правоаголни пози и имобилност при работењето со седење. Почетокот на 20 век донесува и други новини во дизајнот и организацијата на работните простори – канцелариите. Во овој период таа станува место на социјално собирање, при што силата на колективитетот не е канцеларијата, туку тоа е бирото – канцелариската маса која е секогаш адаптирана кон седечките елементи на мебел. Ваквата комбинација отсекогаш била главната комуникативна површина – сржта на канцеларијата. На почетокот на 20 век просторно функционалната структура на канцелариите е детерминирана од нивниот мебел и арсеналот од најразлична опрема и алатки. Со тоа била обезбедена оперативната структура на административната работа која можела да се одвива во мали простории. Меѓутоа, ефикасноста на индустрискиот модел веќе станал пример за организација на новиот модерен простор, репродуцирајќи го стилот на фабриките. Опиени од машината, нејзината моќ и прецизност, без грешка да репродуцира серија на исти предмети, ги воодушевило модерните архитекти во првата половина на 20 век. Ле Корбизије го воведува пуризмот како нова теорија, велејќи дека архитектурата мора да биде ефикасна како една фабричка линија. За дизајнот на ентериерот на канцеларијата тоа значело напуштање на организациската структура на мали канцелариски


ентериер Основа на објектот „„Ларкин“

простории и преоѓање на концептот на канцеларија со „отворен план“ (open plan office). Она што е фабричко во ваквиот просторен концепт се големите простории по углед на фабричкиот под со аранжман на идентични просторно-функционални елементи, поврзани меѓусебно со подвижна лента која пренесува информации, инструкции и документи до работните места. Концептот на отворен план успешно ги пресретна нараснатите потреби и барања на новите сервисни фирми како што се банките, консултантските и осигурителните компании, здравствените агенции. Во развојот на ваквиот концепт, голем удел имала и зголемената улога на науката во бизнис-администрацијата. За разлика од неперсоналната, строго вертикално, хиерархиски структурираната мала канцеларија од почетокот на индустријализацијата, модерната канцеларија на 20 век донесе нова организациска работна структура и однесување, во чиј центар е тимската работа во хоризонтално структурирани тимови.

Отвореноста на големата просторија креира мотивирачка атмосфера и транспарентност на работниот процес. Вработените се ориентирани еден кон друг и овозможено им е да разменуваат мисли, идеи односно заеднички да ги решаваат проблемите поставени како работни задачи. За да се оствари ваквата организациска цел, потребен е и одреден распоред на канцеларискиот мобилијар, при што ниту едно биро не е центар на просторијата, туку разните аранжмани на бироата, претставени во зависност од тимската организација, претставуваат полицентричен систем на просторот. Сепак, и ваквите концепти не биле совршени, ако тимската работа донесе колективно однесување кое за одредени процеси било позитивно за други не било, а особено за можноста за концентрација за која е потребна одредена приватност. Оваа потреба резултирала со зголемен број на идеи за нови типови. Разноликоста на канцелариските форми креира можност да се избере канцелариски план и мебел кој е карактеристичен за компанијата и соодветен за нејзините операции. Ова е важно за работењето, што е, пак, важен дел од животот, затоа што тимската работа, пријатната работна средина, добрата интеракција помеѓу персоналот и адекватните алатки и медиуми, ја зголемуваат мотивацијата помеѓу вработените, ги одржува луѓето здрави и го промовираат успехот на компанијата. Достигнувањето на овие патеки остануваат една од важните должности на развојот на канцелариите во 21 век. Продолжува

ПОРТА


eксперт

СТИРЛИНГОВА НАГРАДА ЗА 2015

Лондонското училиште Брнтвуд – добитник на Стирлинговата награда Училиштето Брнтвуд е објектот во кој најмногу е постигнато во споредба со другите објекти влезени во најтесниот избор, и го искажува севкупниот дијапазон на вештини коишто архитектот може да му ги понуди на општеството

46

ПОРТА

30 октомври 2015


eксперт д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (наш дописник од Лондон)

Н

еодамна, во просториите на седиштето на Кралскиот институт на британските архитекти во Лондон се одржа свеченото доделување на јубилејната 20-та по ред Стирлингова награда за архитектура. Во конкуренција на 37 наградени проекти, од кои шест беа влезени во најтесниот избор за наградата, овогодишен добитник на најголемото архитектонско признание во Обединето Кралство е училиштето Брнтвуд на архитектите Олфорд Хол Монахан и Морис (Allford Hall Monaghan Morris – AHMM Architects). Училиштето Брнтвуд е Академија за девојчиња (Burntwood An Academy for Girls), државно училиште за девојчиња на возраст од 11 до 18 години кое автономно е управувано. Тоа се наоѓа во јужно-западиот

дел на Лондон, на територијата на општината Вандсворт (Wandsforth). Секоја година, во училиштето со околу 1.800 ученички, се запишуваат 10 нови паралелки вкупно во сите години. Училиштето е изградено за потребите на Советот на општината Вандсворт (Wandsworth Borough Council) и тоа како еден од последните реализирани проекти од амбициозната програма „Изградба на училишта за иднината“ (Building Schools for the Future - BSF) на тогашната британска Лабуристичка влада од 2004 година. Оваа програма беше укината од новизбраната коалициона влада во 2010 година, така што овој проект е еден од малубројните на коишто им беше дозволено да се реализираат по старата програма. Изградбата на овој училишен комплекс отпочнала во јуни 2011 година, за да биде завршена во септември 2014 година, со што е заокружен 10-годишниот процес од изборот на конозрциум кој ќе го испроектира и изгради овој комплекс со внатрешна површина од 21.405 метри квадратни и вреден околу 56,7 милиони евра. 

30 октомври 2015

ПОРТА

47


eксперт Жирито во состав: Петер Клег, архитект и постар партнер од студиото „Филден Клег Брадли“ (Peter Clegg, Senior Partner, Feilden Clegg Badley Studios), Рори Олкајто, уредник на списанието Архитектс (Rory Olcayto, Editor, The Architects Journal), Деим Тереса Саклер, филантроп и поранешна учителка (Dame Theresa Sackler DBE), Стив Томпкинс, архитект и директот на Ховарт Томпкис, добитници на Стирлинговата награда за архитектура за 2014 година (Steve Tompkins, Director, Haworth Tompkins), и Џејн Данкан, архитект, директор на „Џејн Данкан архитектс“ и престедател на RIBA (Jane Duncan, Director, Jane Duncan Architects, RIBA President and Chair), за оваа награда немало дилеми: „Училиштето Брнтвуд е неоспорен добитник на Стирлинговата награда за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти за 2015 година. Тоа е објектот во кој најмногу е постигнато во споредба со другите објекти влезени во најтесниот избор, и го искажува севкупниот дијапазон на вештини коишто архитектот може да му ги понуди на општеството. Тој вклучува голем современ дизајн и умешна употреба на постојните објекти, како и супериорна интеграција на уметност, пејзажна архитектура и инженерство. Тоа е проект на вистинска колаборација. Искажана е прекрасна работна соработка помеѓу главниот учител и архитектот: партнерство на еднакви. Tрансформацијата на училиштето Брнтвуд од архитектите Олфорд Хол Монахан и Морис, претставува повторно обмислување на концептот од 50-тите години за кампус за средно училиште со 2.000 ученички и 200 вработени. Архитектите создале шест нови наставни објекти и два големи културни објекти, со што ги поврзале оргиналните објекти на истакнатиот архитект од 50-тите и 60-тите години на минатиот век, Сер Лесли Мартин (Sir Leslie Martin). Секој објект е полн со светло и воздух/простор, со простори со двојна висина на крајот на секој коридор, за да се зголеми пристапот на природно осветлување и да се создадат добро врамени визури. Земајќи ја предвид скулптуралноста на објектот, Олфорд Хол Монахан и Морис тесно соработувале со уметник за да применат големи, колоритни мурали низ сите објекти, со што интелигентно го искомбинирале означувањето со современата уметност“. Веројатно играта на случајот одредила вакво признание да му се оддаде на училишен објект којшто сега е трансформиран, но оригинално е конципиран во 50-тите и раните 60-ти години, кога програмите на Околискиот совет на Лондон (London County Council LLC), предводени од главниот архитект и поборник на интернационалниот архитектонски стил Сер Лесли Мартин, реализирале во Лондон трајни, светли и прекрасно организирани училишни објекти од коишто едно е и ова. Сочувувајќи ги прекрасните оригинални објекти на Сер Лесли Мартин и заменувајќи ги старите

48

ПОРТА

30 октомври 2015

училишни блокови испроектирани од некогашното јавно претпријатие за проектирање со нови, Олфорд Хол Монахан и Морис креирале нови односи помеѓу старото и новото, со што создале чувство на архитектонска историја и сериозност на целиот објект. На овој начин, тие ги сочувале оригиналните квалитети на училиштето, коешто преку својата организација според принципите на кампус, оддава повеќе чувство на универзитет отколку на средно училиште, и со тоа отстапува од популарната организација на училишните објекти од програмата „Изградба на училишта за иднината“, веројатно, инспирирана од „храмовите на потрошувачката“ - трговските центри, честопати


eксперт

карактеризирани со единствен огромен училишен објект со затворен атриум. Искусните архитекти, со длабоко познавање на доброто проектирање на училишни објекти, соработувале и со пејзажни архитекти кои со минимални интервенции успеале да го трансформираат опкружувањето на објектот, како и со графичари кои преку уметнички дела (мурали) ја имаат потпомогнато ориентацијата во рамките на објектот. Училиштето Брнтвуд е едноставно и прекрасно. Главниот влез на комплексот е всушност објект – капија, кој преку својот пасаж ве води кон наткриената натстрешница, направена од стандардни натстрешници за автобуски станици, кои наредени еднододруго се протегаат низ целата должина на кампусот, со блокови

наредени по неговата должина или паралелно или напречно од двете страни на натстрешницата. Ваквото поставување на блоковите во комбинација со различната оддалеченост на блоковите од натстрешницата, овозможило создавање на различни по големина и карактер меѓупростори и чувство на поставување на објектите во рамките на парк. Блоковите се обработени со скулптурални фасади од вештачки бетон во форма на отворени и отсечени кон врвот пирамиди со различни форми. Ова овозможило да се создадат различни големини на повлечени прозорски отвори, при што формата на вака создадените панели не само што дава разноликост на фасадата туку овозможува и осенчување на прозорските отвори. Како контраст и противтежа на неутралните бетонски панели се јавуваат колоритните боени ќерамички плочки, коишто послужиле како медиум за изведба на муралите. Покрај високите архитектонски квалитети, објектот го карактеризира високото ниво на енергетска ефикасност и одржливост искажани преку годишна емисија на јагленород диоксид од само 10,41 килограм по метар квадратен, потпомогнато од примената на котел на биомаса и сончеви колектори за топла вода, со што е задоволено урбанистичкото барање на општината, 20 проценти од потрошената енергија да се произведе на самата парцела со примена на обновливи извори на енергија. Училиштето Брнтвуд е одличен пример за тоа како соработката помеѓу учесниците во проектантскиот тим, главниот архитект, инаку љубител на архитектурата на Мис ван де Рое, потоа постоечкиот инспиративен објект и искрената желба на властите за изградба на училишни објекти коишто ќе го унапредат образовниот процес, резултирала во исклучителен објект и достоен добитник на 20-та по ред, јубилејна, Стирлингова награда за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти за 2015 година. 

25 септември 2015

ПОРТА

49


сообраќај

ОДРЖЛИВО УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ

Истражната постапка како

Во комплексните урбани целини, постигнувањето на склад помеѓу желбите, што влијаат врз степенот на искористеност на градското земјиште, и одлуките, што го профилираат градскиот сообраќај, е пресудно. Нивната комплементарност е основа за меѓусебна поддршка и гарант за контрадикторната имуност.

Т

м-р Ненад ТОНИЌ, дипл.сооб.инж. рансформацијата на здравиот планерски циклус во „оброк“ за алчната градежна „ѕверка“ ја јакне ретроградноста на урбаниот развој во правец кој промовира доминација на една вредност: инвеститорско-финансиската! Која, рака на срце, подрзабира компоненти на развој, но и сообраќајни потешкотии кои не мора наивно да се генерираат и манифестираат во практика. Доколку, се разбира, навреме се согледаат, апсолвираат и амортизираат. За нас во овој град, околности далеку од

50

ПОРТА

30 октомври 2015

непознатото, колку што се во овој момент далеку од својот крај. Станува, белки, јасно, дека е време за кусо „repetitio“ на научната мисла, која нежно како „mater“ ќе ни донесе обнова на занесеното и замаглено „studiorum“. Дизајнирањето на еден градски простор не смее да биде одвоено од проценката колку квалитетно тој сообраќајно ќе комуницира со остатокот од градското „ткиво“. Особено со оние негови сегменти со кои на дневно ниво е условен (зони на работење, на пример). И обратно, кога ќе се заврти медалјонот на чиј аверс се раскомотил урбаниот сообраќај, се налетува на поимот намена на површините. Доволно за заклучок дека


сообраќај

неопходност

помеѓу овие два чинители „има нека тајна веза“, која не би смеела да заврши само на несериозна, априори констатација за постоење на сообраќајна инфраструктура или автобуски врски. Искористеноста на земјиштето влијае на сообраќајот таман како што сообраќајот влијае на таа искористеност. Одлуките што влијаат врз едното, во одредена форма и обем неизоставно се ефектуираат врз другото. Во комплексните урбани целини постигнувањето на склад помеѓу желбите, што влијаат врз степенот на искористеност на градското земјиште, и одлуките, што го профилираат градскиот сообраќај, е пресудно. Нивната комплементарност е основа за меѓусебна поддршка и гарант за контрадикторната имуност. Во оваа смисла, разбирањето на начинот на кој поединечни фактори на намената на градските површини влијаат на функционирањето на сообраќајната инфраструктура, прераснува во класичен планерски императив на линија на неизбежниот одржлив урбан развој.

ПОТЕНЦИЈАЛ НА ТРАНСПОРТНАТА ПОНУДА Карактеристиките на урбаниот дизајн, кои произлегуваат токму од намената на површините, поединечно може да влијаат небитно, но сосема битно кога се дел од пошироката мерна слика. И кога низ аналитичка постапка ќе се споредат со предиспозициите на транспортниот систем заради потврдување на функционалната врска помеѓу (1) демографските и економските чинители што ќе се создадат на еден простор и (2) способноста на транспортниот систем, нивните побуди во совладувањето на урбаниот простор оптимално да ги канализира. Во услови блиски на нашите, таа способност претставува комбинирана манифестација на капацитетот на примарните

сообраќајници за пропуштање на одреден број возила во одредено време, капацитетот на тангенцијалните линии на јавниот градски превоз и инфраструктурниот потенцијал за алтернативен превоз. Споредувањето со транспортната понуда може да се изврши на ниво на еден чинител, како што е бројот на жители т.е. бројот на работоспособно население. Кај градовите со изразена наклоност кон приватните автомобили, тоа е онаа популација која, одејќи и враќајќи се од работа, ја гради главнината на сообраќајните метежи. Во тој случај, густината на населеност како примарен фактор на една градска резиденцијална зона почнува нејзината функционалност се повеќе да ја насочува кон прашањата од доменот на достапноста на јавниот и алтернативните видови превоз, но првенствено кон оние што се однесуваат на капацитативниот потенцијал на непосредната улична инфраструктура. Таквата анализа, изградена на група од чинители, добива на објективност и издржаност. Негативното влијание на намената на површините може да се процени првенствено преку патувањата до и од работното место. Односно преку оние просторни дислокации со мали дневни варијации во однос на периодот на одвивање, фреквенцијата, километражата и одредиштата. Во оваа фаза патувањата до работното место и приватните автомобили сè уште се во цврста „роднинска врска“. Класичен патронски однос кон неа има токму зонското менаџирање на бројот на возила кое се сведува на „сув“ норматив за минимален број на паркинг места и ништо повеќе. Оваа „врска“ може да се разбие со зајакнување на квалитетот на јавниот или алтернативните видови на превоз – стандардните пешачење и велосипедизам. Притоа, треба да се има предвид дека карактеристично широкиот урбан избор на алтернативни транспортни модалитети не е гаранција и за нивната масовност. Во услови на „закоскен“ јавен превоз, закржлавена велосипедска инфраструктура, висока аерозагаденост и дискутабилна институционална поддршка за вистинска промена, изборот на приватниот автомобил самиот се наметнува. Тоа е „матката“ во која почнува да зрее идниот урбанистичко-сообраќаен проблем. Кога тргнувате на работа, на пример, па на неколку последоватени крстосници, заедно со Марфиевите црвени семафорски сигнали, добивате и фина порција сафра. Но која, за големо чудо, нема да ве натера наредното утро да јавнете велосипед наместо скротените под сјајниот лим „коњски сили“! Звучи претерано, можеби нереално, но ајде малку да симулираме ...

ПЛАНСКИ КОНЦЕПТИ КОИ ДЕМНАТ Тврдењето дека една резиденцијална зона е октроирана во форма на гратче во градот, може да изгледа натегнато, но само на почетокот. Дајте и на оваа мисла време да се „поткваси“ во вистинскиот контекст и релативно брзо ќе замириса вистинито. Тестирајќи ја во еден период „строгоста“ на одредбите и параметрите на ГУП-овскиот акт населбата со планска одредница локалитет „Црква“, урбана единица „Б“ (кодно име „Стар Аеродром“) покажа амбиција да вдоми повеќе од 26.000 жители, на површина од 30 и кусур хектари. Со тој податочен влез „цупкањето“ по важечките урбанистички насоки  30 октомври 2015

ПОРТА

51


сообраќај станува егзактно таму некаде, во зоната на пресметковните вредности. Во форма на основни општествено-социјални ќелии 26-те илјади посакувани резиденти можат да се впросечат во околу 7.400 домаќинства, кои, низ призмата на степенот на моторизација, продуцираат возен парк од околу 6.000 возила. Постоечките плански акти не наѕираат ниту една причина за отклон на овој „вилает“ од функционалната матрица на матичниот општински организам. Во таков контекст дивергенција на патувачките навики на работоспособното население не може да се очекува. Овој локалитет по се изгледа елегантно би се вклопил во статистичкиот профил на општината со најголема застапеност на семејства со три и четири членови, најголем број вработени во јавниот сектор и домаќинства со едно и две возила (Транспортен мастер план за поголемо Скопје). Останатото ќе го направат фокалните гравитациски сили на квартетот Плоштад „Македонија“ – ТЦ „Мавровка“ (со својата трговска заднина) – Клинички Центар – Универзитетски комплекс „Св. Кирил и Методиј“ и отсуството од групата општини со најобемни внатрешни патувања (Чаир, Карпош, Сарај и Гази Баба). Јасна подлога за доктринарна доминација на приватните автомобили и најобемни патувања во правец на строгиот градски центар. Појавата на овој урбанистички типикон требаше самата по себе да претставува аларм за „систематски преглед“ на критичните точки на непосредната транспортна инфраструктура. Вгнездена во „цветната ложа“ од бул. „Јане Сандански“, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ и ул. „Фрањо Клуз“, резултантната плима од утрински патници, во контекст на сето претходно наведено, би се потпирала на два крстоснички „вентили“: крстосница бул. „Јане Сандански“ – бул. „Кузман Јосифовски Питу“ – ул. „Фрањо Клуз“ и крстосница ул. „3-та Македонска Бригада“ – ул. „Фрањо Клуз“. Притоа, три од горепосочените гравитациски центри се достапни првенствено преку првонаведениот „вентил“! А возачката психологија е една те иста, секаде во светот, најкусиот пат е секогаш и најбрзиот пат! Под претпоставка дека само 60% од вкупниот број на возила во утринскиот врвен час ќе се отиснат кон работните места на своите сопственици, на излезните пунктови на локалитетот се добива маса од 3.600 возила. Таа маса, поделена во груб сооднос 70% - 30% на

52

ПОРТА

30 октомври 2015

крстосницата бул. „Јане Сандански“ – бул. „Кузман Јосифовски Питу“ – ул. „Фрањо Клуз“ ќе „дотера“ 2.520 лимени статусни симболи, или колона од возила долга 15,1 километри! „И што сега...?“ (загугал семоќниот водач на Третиот германски Рајх на дојавата дека „Кралицата на океаните“ отаде Каналот штотуку му објавила војна!) Насладувајќи се на сопствената важност, еден сообраќаен инженер може да замолчи и да ужива во постигнатиот ефект. Поискрениот ќе признае дека оваа плима од возила ниту ќе се појави во ист момент на приодите на крстосницата ниту пак ќе заземе иста насока. Најискрениот ќе опомене дека е рано да се здивне. Онаа мистерија од врвен час одржува тесни врски со професионалниот ангажман на утринските патници. Сместете го мнозинството од нив по административните храмови и тој час почнува да губи на должина временски збивајќи го истото количество од возила. Поимот „час“ не крие изохрона од 60 минути, туку период на изразено оптоварување кое може да биде подолго или не од таа терминолошка одредница, чиј аналитички еталон


сообраќај

е сообраќајниот притисок во интервалот од петте најоптоварени минути. Соодносот времетраење – број на возила за целиот врвен час е оној од кој зависи напливот во тие критични пет минути. Развлечете го тој „час“ на 90 минути и на секои пет крстосницата во просек ќе треба да пропушти 140 возила. Скусете го на 45 и семафорскиот план ќе „зоврие“ од просечните петминутни „порции“ од 280 возила. Доделете му на секое возило ниту теоретски возможни три секунди за поминување на

крстосницата, 280-ото ќе ја помине за 14 континуирано „зелени“ минути; 2.520-ото тоа ќе го направи за 2,1 часа! И сето ова од еден крстоснички приод. А секоја крстосница има и други приоди, со свои транзитни оптоварувања. И некој друг тек кој вообичаено е доминантен и кој диктира и бара подредување. Случајниот избор нè одведе до идна населба со, врз основ на пошироките искуствени сознанија, лесно предвидливо „однесување“. Динамиката на изградба и карактеристиките на идните жители ќе ја потврдат или побијат таа матрица на патување. Тоа ни даде можност за аналитичко карикирање на начин кој, иако во практика речиси неостварлив, треба да опомене и да укаже дека меѓудисциплинската еквилибристика треба да се користи како моќен инструмент, наместо да заглави во масата дефектни последици. Дека сообраќајот и транспортот можат да поддржат на почетокот подобро отколку на крајот на планерскиот циклус. Дека истражната методологија „во друштво“ на сообраќајот не значи негирање туку софистицирање на урбаниот развој. Дека „желбата“ и „одлуката“ не се и не е природно да се од „ист род“. Некои, претежно, вонинженерски подметнувања дека сообраќајот е кочничар на просторниот развој, од кој и самиот животно е зависен, се недостојни интенции за еродирање на почитта, што ѝ ја должиме на целината на просторот во кој егзистираме. Доколку е ставен во функција на тоа, ресетирањето на кој и да било локален концепт е и повеќе од пожелно! n

ПОРТА


eнергетска ефикасност

ИЗЛЕЗ ОД БЕТОНСКАТА ЏУНГЛА

Враќање во природата преку покривите

П

Kaтерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

окривите се новото игралиште на урбанистите, што бараат одржливи и општествено одговорни решенија за градбите. Борбата на современиот град е борба за оддалечување од бетонската џунгла, во која тој се претвори во втората половина од 20 век. Да биде позелен, помалку и поефикасно да троши енергија, и, едноставно, да биде попријатен за своите жители. За сето тоа треба простор, а тој е најограничениот ресурс во градот, веќе покриен со улици, згради и со други содржини. Како да се надмине оваа пречка? Едноставно, површината што припаѓа на зградите, истовремено е и површина која

54

ПОРТА

30 октомври 2015

Зелените покриви не служат само за убавина; ако се изградени правилно, тие влијаат позитивно врз микроклимата, ги апсорбираат штетните честички од воздухот, го задржуваат вишокот атмосферски води, штитат од бучава, придонесуваат за подобра изолација и со тоа за заштеда на енергија, и го продолжуваат векот на градбата, намалувајќи ја потребата од реновирање припаѓа на покривите. Затоа тие се новиот предизвик, неосвоениот простор. Колку е значајна улогата на покривите во сегашното и во идното урбано планирање, покажува и примерот на Франција, која со закон наложи секоја нова градба да има или соларни панели или зелен покрив. Токму

зелените покриви се тие што ја враќаат природата во градот, и што придонесоа да се развие еден сосема нов концепт - покривни пејзажи. Во оваа област, еден од глобалните лидери е германската компанија „ZinCo GmbH“, која годишно поставува околу 1,5 милиони квадратни метри зелени покриви на


eнергетска ефикасност

станбени, деловни, индустриски и на институционални згради, и работи во 30 земји во Европа, Азија и во Америка. Ivan Christ од „ZinCo GmbH“ ги претстави методите и идеите пред студентите и професорите на Архитектонскиот факултет во Скопје. Зелените покриви не служат само за убавина. Ако се изградени правилно, тие влијаат позитивно на микроклимата, ги апсорбираат штетните честички од воздухот, го задржуваат вишокот атмосферски води, штитат од бучава, придонесуваат за подобра изолација и со тоа за заштеда на енергија, и го продолжуваат векот на градбата, намалувајќи ја потребата од реновирање и создаваат простори со различни содржини како: простори за релаксација, игралишта, паркови, во кои се присутни инсектите и птиците. „Има два главни вида зелени покриви, екстензивен и интензивен пејзаж. Кај екстензивниот пејзаж просторот за полнење е плиток, и се садат некои треви или растенија карактеристични за каменести простори. Изгледа едноставно, но речиси не бара одржување, освен една до две годишни проверки. Интензивниот пејзаж е буквално градина на кровот. Има подлабоко полнење и се садат различни растенија, но бара поголемо одржување, кое зависи од дизајнот и од видовите растенија. Најголемиот предизвик при изведба при изработката на еден зелен покрив е што подоследно да се долови природната средина каде што растат растенијата, односно слоевите на почвата, од површинскиот плоден слој па сè до пониските песокливи и каменести слоеви, секој извршувајќи соодветна функција“, објаснува Christ. Тука, додава тој, решението го нуди технологијата на „ZinCo GmbH“, која исто како и во природата, поставува плоден слој и слоеви за филтрирање и за

одводнување, сето тоа над заштитниот слој на покривот. Меѓу конкретните системи што ги изработува „ZinCo GmbH“ се Sedum carpet, Rockery type plants, Meadow scents, Build-up on inverted roofs, Pitched green roof, Steep pitched green roof, Heather with lavender, Summer plains, Roof garden, Walkways and driveways, Driveways, Solar vert и други. Меѓу иновативните предности, пак, што компанијата ги нуди, е на пример капиларното наводнување. Стандардниот интензивен зелен покрив тежи најмалку 300 килограми на квадратен метар. Но со капиларно наводнување, тежината се намалува. Christ вели дека „ZinCo“ се води од мотото дека речиси сè што

за одводнување. Тоа што е особено важно, е дека за секој систем постојат соодветни растенија што треба да се употребат, за зелениот покрив да ги постигне сите позитивни ефекти, како и да биде одржлив. Ова е област на која, исто така, ѝ се обрнува особено внимание кај „ZinCo GmbH“, бидејќи не е важно само да се постави почвата, туку да се направи успешна зелена површина на покривот. Кај екстензивните системи се садат ниски растенија, највисоките достигнуваат до 40 сантиметри. Кај интензивните, пак, со вистинските параметри, можностите се неограничени. Може да се насадат дури и дрвја високи по десетина метри на покривите на зградите, но во тој случај тежината би изнесувала околу еден тон на квадратен метар, што значи дека градбата мора да има соодветна цврстина и статика за да го издржи тој товар. Зелените покриви може да бидат и места за езерца и базени, кои треба да бидат поставени над нивоата за одводнување, за ако водата од нив се излее, да заврши исто како и дождовницата што паѓа на покривот, дел се складира за наводнување во сушните периоди, а дел истекува. Класичната идеја за зелен покрив е рамна површина, која сепак е навалена најмалку два отсто за да може да се одводнува. Но овие покриви се прават и на коси површини. Тогаш тие не може да се користат за одмор и рекреација, но повторно ги обезбедуваат сите други поволности што ги нуди овој систем. Секако, за нив се користат посебни системи, особено околу наводнувањето, поради косината. 

се прави на земјата, може да се направи и на покривите, со соодветна технологија. На тој начин, на зградите може да се направат дури и коловозни површини и пешачки патеки. Соодветните материјали, технологии и изработка, овозможуваат дури и камиони да возат на тие површини, ако има потреба, без притоа да го загрозат системот 30 октомври 2015

ПОРТА

55


eнергетска ефикасност И МАКЕДОНСКИТЕ ПОКРИВИ ПОЗЕЛЕНУВААТ Зелените покриви ги има и на македонските објекти, а заслужна за носењето на овој систем е фирмата „Зеп Еко Мак“, која уште од 90-тите години функционира на овој пазар. „Македонските граѓани сè повеќе почнуваат да го сфаќаат значењето на зелените покриви и тоа дека тие работат 100 отсто како природата. Овие покриви ја заштитуваат хидроизолацијата, спречуваат механичко оштетување и температурни шокови и траат повеќе од 30 години. Кај нас веќе има повеќе објекти што се препознатливи токму по зелените покриви, но интересот расте и тоа е

добро. Сепак, луѓето треба да знаат дека ова е наука која бара стручен избор на систем и вегетација за навистина зелениот покрив да трае со години. Импровизацијата е најскапата инвестиција“, вели Јана Милисављевиќ од фирмата „Зеп Eко Mак“, застапник на „ZinCo GmbH“.

www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


ПОРТА


екологија

СПОРТ VS. ЕКОЛОГИЈА - ЛОИ РИО 2016

Олимпијада во море од бактерии!

Н Сашо КУЗМАНОВСКИ

а точно една година пред стартот на Летната олимпијада во Рио, еколошки скандали грмат како огномет од сите страни. Најновите испитувања на примероците од водата во заливот Гуанабара и во езерото Родриго де Фреиташ, покажаа шокантно високи вредности на загаденост на водата во која следното лето треба да се „ловат“ медали во повеќе спортски дисциплини. Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) донесе одлука да се реализираат периодични испитувања на квалитетот на водата сè до почетокот на Игрите, за да не биде доведено во опасност здравјето на

58

ПОРТА

30 октомври 2015

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) донесе одлука да се реализираат периодични испитувања на квалитетот на водата сè до почетокот на Игрите, за да не биде доведено во опасност здравјето на спортистите спортистите. Ако пливачките трки во отворени води, едрење и во веслање, сепак се одржат на оваа локација (засега нема друга понудена од организаторите на Игрите), учесниците ризикуваат да си навлечат сериозни болести. „Водата во заливот е матна како кока-кола, но на власта не и е гајле“, изјави во интервју легендата на бразилскиот фудбал Ромарио, кој е член на бразилскиот сенат. „Политичарите се заинтересирани само од

она што се гледа - нови сали, стадиони, игралишта“, додава Ромарио. Рибата во заливот Гуанабара е веќе на чекор до исчезнување и не е за јадење. Водата е полна со нечистотија и измет, врие од опасни бактерии. Површината е покриена со секаков отпад - пластични пакувања, стиропор, шишиња, мртви животни, па дури и мебел. Во воздухот силно се чувствува и смрдеа на измет и нафта. Германскиот едрач Ерик Хајл, кој беше трет


екологија

на Олимписките тест трки кои се одржаа на оваа локација, излезе во германските медиуми со сериозно предупредување до сите што треба да ја следат ситуацијата со езерото и заливот. Тој минатиот месец одржа неколку пробни трки, од кои подоцна произлезе дека „закачил“ неколку инфекции. И самиот потврди дека инфекциите се предизвикани од загадените води во текот на едриличарска регата. Неговиот случај се најде како тема и на последната седница на

германскиот олимписки комитет, кој побара информација од организаторите на ЛОИ во Рио 2016, но и од Меѓународната едриличарска федерација. Лекарските извештаи беа испратени и пред лекарскиот конзилиум на медицинскиот оддел во Интернационалниот олимписки комитет. Лекарите од болницата во Берлин каде се лекува Хајл, потврдиле дека тој е заразен од супер-отпорни бактерии. „Никогаш во мојот живот не сум имал вакво

нешто. Ова е катастрофа. Инфицирани ми се и двете нозе. Претпоставувам дека се се случи на тестот на регатата. Причината треба да се бара во Марина да Глорија, каде што има постојан проток на отпадни води од болниците во градот“, изјави Хајл за германските весници. Водите долж атлантскиот брег во Рио, вклучувајќи го и заливот Гуанабара каде ќе се одржат и натпреварите во едрење на Олимписките игри, се загадени со години и сите влади досега имаат потрошено стотици милиони долари кои донеле незначителен ефект во подобрувањето на животната средина. Минатата година и биолозите потврдија дека водата во заливот содржи супербактерии отпорни на антибиотици кои се користат за лекување на уринарни, гастроинтестинални и белодробни инфекции. Засега нема јасни сигнали дека ситуацијата ќе биде подобрена, па останува ИОК да притиска кај властите и организаторите нешто да се промени, затоа што водите во заливот не се единствениот еколошки проблем на Рио. Сега се отвора и ново кризно место. Тоа е коњичката база и хиподромот на кој треба да се одржат натпреварите во коњички спортови, а каде на неколку последни контроли е откриено присуство на сериозна болест кај животните предизвикана од бактерија која сериозно може да го загрози и здравјето на луѓето. Олимпијадата во Рио е предизвик за спортистите но, веројатно, и сериозна закана по нивното здравје! n 30 октомври 2015

ПОРТА

59


најчудни градби

КИНА- ТЕМАТСКИ ПАРК ИНСПИРИРАН ОД СПОРТОВИ

Драган РИСТОВ

И

ако помина извесно време од објавувањето на идејата Кина да гради хотел во форма на пинг-понг рекет, што е дел од поголем тематски парк инспириран од спортски дисциплини, светот побрза да каже што мисли за оваа идеја. Поголемиот дел западни експерти, однапред ја осудија на пропаст оваа кинеска идеја, иако причината за тоа е традиционалната противречност на општествените системи. Но, знаејќи ја кинеската упорност и традиција, сосема е сигурно дека нешто интересно ќе се изроди. Спортскиот комплекс треба да чини 290 милиони долари и ќе биде лоциран во градот Хуинан. За волја на вистината, главната спортска арена ќе биде стадион во форма на американски фудбал, а освен него, ќе има и помали стадиони во форма на кошаркарска топка, ракомет, фудбал и одбојка. Секако, меѓу нив главна атракција е хотелот во форма на пинг-понг рекет кој веќе се гради! Собите ќе имаат прозорец кој ќе ја претставува нерамната површина на пинг-понг рекетот која вообичаено е обложена со гума, а на самиот врв ќе има и локација за набљудување од која посетителите ќе имаат широк и убав поглед на самиот град. Притоа, од вкупната сума, математиката покажува дека Пинг-Понг

60

ПОРТА

30 октомври 2015

Хотел како пинг-понг рекет! хотелот ќе чини над 45 милиони долари. Како главна атракција на тематскиот спортски парк, објектот за хотелот ќе биде со височина од 150 метри. Хотелот ќе биде во форма на исправен рекет, а дршката на

рекетот е замислена како топ локација каде на врвот ќе има дек за набљудување. Пред самиот хотел, предвидено е кружно лоби во форма на пинг-понг топче, со што целиот објект ќе биде тематски креиран


според намената. Јин Чанг, директор на бирото за спорт на градот Хуинан, кажал дека самиот хотел ја одразува кинеската традиција во спортот, бидејќи е познато дека тие се експерти и шампиони во овој спорт, а од друга страна предвидува дека тематскиот парк ќе биде атракција во светот. Кина не е прва држава која се обидува да направи ваков тематски објект со необична форма и дизајн. Во 2007 година, во француската метропола Париз беше отворен гигантски рагби хотел во форма на рагби топка која го славеше Светскиот рагби куп. За него државата издвои четири милион долари, а денес, за да се преспие во овој уникатен хотел, една ноќ чини 10.000 долари. И Кинезите како нови претприемачи тргнуваат од таа комерцијална компонента, дека кога ќе стивне прашината, Пинг-Понг хотелот ќе биде предмет на посета и пари од љубопитен, комерцијален карактер. n

ПАРКИНГ СИСТЕМИ Изнајмување и продажба

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

30 октомври 2015

ПОРТА

61


хортикултура

Пространите градини на Ватикан

Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж.

В

атикан во целост е распространет на територија од 44 хектари, во централното подрачје на италијанската престолнина Рим, на познатиот Ватикански рид. Највисоката точка на дворецот е 60 метри надморска височина. Оваа држава брои популација под 1.000 жители, првенствено свештеници и луѓе кои се во служба на дворецот, музејот и библиотеката. Дворецот е заграден со висок камен ѕид од запад, југ и север. Внатрешноста на дворецот го

62

ПОРТА

30 октомври 2015


хортикултура

красат објекти од ренесансниот и барокниот период, одлично компонирани со најразлични фонтани и скулптури. Според некои информации, градините во Ватикан за првпат почнал да ги гради владетелот Гиљоти, во знак на почит кон загинатите војници во прогонот на Нерон. Подоцна, во времето на папата Лав IV кога се случила поделеноста на христијанството, на ридот Ватикан била создадена папска резиденција, која претставувала средовековен град во тоа време познат како Чита Леонита – Градот на Лав. Во XVIII век тврдината била заменета со високи ѕидови, а два од тие ѕидови до ден-денес го пренесуваат духот на живеењето од тоа време во дворецот на Ватикан. Почетокот на ватиканските градини бил во XIII век, кога папата Николај III се вратил во Ватикан. Тогаш биле изградени голем овоштарник, пространи тревни површини и колоритна цветна градина. Низ историјата, помеѓу папите имало и такви кои ги интересирало пејзажното уредување, но и такви кои не давале големо значење на изградбата и одржувањето. Во текот на годините, секој папа внесувал по некој новитет во градината. Така, денес, од тоа време се среќаваат најразновидни градби, кули, видиковци, скулптури, егзотични и локални видови на растенија. На влезот од светиот престол има подигнато еден вид на зелен килим од Dichondra sp, а на него со растенија вешто е прикажан папскиот грб. На малиот плоштад Санта Марија има формална градина со правоаголна форма, на која се засадени шест стари дабови од видот Quercus ilex, кои во височина достигнуваат и до дваесет метри. Градините ги красат  30 октомври 2015

ПОРТА

н К к в з ’ ф к 1 Ф к в

е ч п н Ф н п в у м А о 63


голем број егзотични растенија, кои низ годините биле донирани од најразлични делегации кои сакале да дадат свој печат и подарок на овој свет дворец. Така, во дворецот може да се сретнат видови како гинко, најразлични видови на магнолии, маслинки, зеленика, рододендрони, медитерански чемпреси и многу други. Делови од градините, кои се изработени во формален аристократски стил, претставуваат вистинско ремек-дело, скроено до совршенство од страна на вештите раце на градинарите што го одржуваат овој дворец. Локацијата, која е

ПОРТА

под заштита на Пречеста Богородица, открива поглед кон француската градина, каде во големи теракотни садови на кои стои папскиот грб растат раскошни расцветани рододендрони. Во овој дел се наоѓа и голем резервоар за вода, преку кој е обезбедена вода за полевање на сите растенија и ги обезбедува фонтаните во дворецот. Посебно интересен е делот од градината каде на барање на папата Павле IV била изградена вила, дело на архитектот Пиро Логорио. До неа се стига преку уличка на која од страна се нарадени статуи кои се земени од дворците на античките императори. Посетата на градините во Ватикан е возможна само со купена влезница, а самата посета се одвива во мали групи, предводени од искусен водич. n


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


aрхитектура

ОДРЕДЕН ПРЕТСТАВНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА НА ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА ЗА 2016

„Ничија земја“ - град за сите

Стојан ПАВЛЕСКИ архитект и куратор на проектот

В

о воведните излагања на претседателот и кураторот на овогодишното „La Biennale di Venezia“, Паоло Барата и Алехандро Аравена, во кратки но концизни црти, претставени се тековните проблеми на архитектурата. Сферите на приватното и јавното, вклучително причините за нивното настанување; конфронтациите и меѓусебна изолација наспроти интеграциите, состојби што само го продлабочуваат јазот помеѓу архитектурата и општеството, и со години наназад тоа разидување и разминување се потенцира како „печат“ на нашето време. Дека „архитектурата е уметност, каде приватните барања, аспирации и потреби се испреплетуваат со јавните потреби и аспирации“ , дека архитектурата преку креирање на приватниот простор, го креира и јавниот, и дека доколку се затвориме себеси во баналниот комфор на приватната сфера и ги подигнеме сигурносните системи

66

ПОРТА

30 октомври 2015

до екстремен максимум, тогаш ги „цицаме“ до бескрај и општеството и луѓето ... Оваа парадигма функционира се додека релацијата помеѓу сферите е линеарна. Меѓутоа, рецентно, таа е разнишана поради феноменот на „јавна приватност“. Прашањето повеќе не е само „кој алат е потребен за да се дестабилизираат силите што го привилегираат приватниот бенефит над колективниот“ , туку колку е брз и вешт тој што ракува со него. Упадот во моделот на јасно дефинираните односи на приватно и јавно, ограничени, оградени, осигурани, загарантирани и неменливи, и нивната деформација кон „чекор понапред“, доведува до ситуација каде колективот и општеството реагирааат на начин својствен за приватниот домен, „приватизирајќи го јавното“. Во такви околности архитектот има централна улога, тој освен капацитетот да одговори на архитектонските проблеми, мора да биде и репортер и критичар на секојдневието, и најважно, да биде способен за „брза интервенција“. Во таа смисла станува особено битно прашањето за хиерархијата и флексибилноста на границите, несигурноста на сигурносните системи, неминовноста на

миграциите и емиграциите и нивниот двигател, насилен или економски. Поаѓајќи од основните премиси на Аравена, во проектантското биро „Стоун дизајн“ (архитекти: Стојан Павлески, Ѓорѓи Радовановиќ, Љупчо Тасевски и Иван Симеонов) го конципиравме архитектонско – ликовниот проект „Ничија земја“ проектирајќи ја публиката во една субјективна реалност, најавена преку извитоперени сонливи слики на познати места, фрагментирајќи го и дематеријализирајќи го микролокацискиот и географски контекст, будејќи го во неа генот на чукун-чукун мигрант. Оттука, масовните миграции стануваат аналогија на внатрешните миграции, и предизвикуваат трезвеност во формулирањето на прашањата за мигрирање/емигрирање. Проектот, аналогно, се надоврзува на миграциската парадигма и нуди архитектонска илузија или „Сон за еден град“, „Град без граници“, „Отворен град“, односно „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ или „Сечија земја“, при што, низ мултикултурни асоцијации ги истражуваме формата и волуменот, користејќи неколку препознатливи „иконични“ објекти на


aрхитектура

светски познати архитекти во корелација со сопствени авторски архитектонски објекти. Преку изборот на материјалот и неговата завршна обработка (теракотна), се влегува во дематеријализација и своевидно дислоцирање на иконичното, алудирајќи на архитектурата на Блискиот Исток, како симбол за глобален мигрантски/емигрантски проблем. Кон тоа, како контраст на „теракотата“ („топол“ и ефемерен материјал), употребен е и високо рефлектирачки не’рѓосувачки челик (stainless steel / inox / prohrom), што преку механичко деформирање се доведува во функција на поништување на јасната слика (иако веќе илузија) на рефлектираните нејзини фрагменти на површината, заробените слики од „претставата“ во аурноста на објектот, кои посетителот го соочуваат со себевидување /

саморефлектирање во различни сцени „непознати и познати - но непостојани“. Движејќи се низ објектите, посетителот се лоцира и препознава перпетуално во пејзажите на нашето проектирано егзистирање. Конечно, целта и пораката ја насочивме кон самопрепознавањето на посетителот во некаквите нови и можни глобални географски поместувања, односно себевидување како мигрант или емигрант во понудениот „Град за сите“. Зависно од просторните можности и другите условености, за „Ничија земја“ обмисливме две решенија или солутивни варијанти на основната проектност:

КОНЦЕПТ 1 - „ЗАВИЕН ТУНЕЛ“ Во овој концепт, како едно од двете решенија, третираме форма на Тунел,

всушност асоцијација за премин, однадвор со мат црна боја оддава впечаток за влез во неизвесност и потрага по светлина, а со завиената форма, затскривајќи дел од заробените содржини во внатрешноста, поттикнува на љубопитност, во прилог на нашата основна идеја да испровоцираме дополнителни исчекувања и неизвесности, до некаквите големи очекувања. Освен завојот во основата, дефиниран со две неконцентрични кружници кои континуирано го менуваат својот пресек, растејќи во висина од едниот крај до средината, од каде повторно се смалува, како одредена аналогија, ако сакаме, и на човечката „ниска“ потреба за „влез на мала врата“. Претпоставената љубопитност, иманент и на човечката потреба за константен од/потрага кон непознатото, како социолошки феномен, е вградлива и во служба на остварливоста на нашата идеја. Во таа смисла, посетителот, влегувајќи во внатрешноста на тунелот низ отворот/светлината „на малата врата“, како влез во таинственото, ќе биде соочен со сликите за некаквата извесност на некаквите наши проектирани хумани големи очекувања, наоѓајќи се во еден град „препознатливо непрепознатлив“ како дел од еден сон, односно „Сон за еден град“, „Град без граници“, „Отворен град“..., во земја НИЧИЈА и СЕЧИЈА. Сликата за таквиот град, формирана во внатрешноста на тунелот, во самата форма на неговата обвивка изработена во високорефлектирачки inox - материјал со сопствена ексклузивност (дополнително механички „трауматизиран и извитоперен“), заробува рефлектирачки фрагментирани слики на познати и непознати места. Посетителот, во релација со неколкуте препознатливи „иконични“ објекти на светски познати архитекти и нашите авторски архитектонски објекти, сите измоделирани од експандирана полистирен пена - третирана со гранулатна обвивка во боја на „теракота“, ќе се најде во центарот на рефлектирачката игра на светлината и формираните заробени слики на променливи пејзажи, исправен и пред личносноста на прашањето за припадност неприпадност. Од друга страна, и низ мултикултурните асоцијации поттикнати преку волуменот и формата, а битен сегмент во амортизирањето или релативизирањето на контекстот на отуѓеноста, болката на е/мигрантсвото, се дооформува сликата на нашиот ОТВОРЕН ГРАД ЗА СИТЕ! Подлогата од крупен песок, со својата својственост на променливо тло, дополнително ја потенцира илузијата на нестабилност и променливост. 30 октомври 2015

ПОРТА

67


aрхитектура

КОНЦЕПТ 2 - „СФЕРА“

Основен габарит на делото е формата на Сфера, во замена за Тунелот од КОНЦЕПТ 1. Во неа препознаваме заштитнички ореол, своевидно парче „стаклена градина“, загатната желба за припаѓање или за нагонската потреба од промена на географските четврти, во реалните или иреалните бегства на човекот од себе, и сл. Ваквото решение, за разлика од КОНЦЕПТ 1, нуди отвореност, сцена за целосен опфат на погледот и помалку места за доотскривање. Изработката и на ова решение би била во високорефлектирачки inox, сметајќи на сите оние негови специфични карактеристики за формирањето на визуелноста во внатрешноста, веќе опишана во претходниот концепт, не потценувајќи ја и сензацијата на надворешноста, а вклучувајќи ја истата објектна понуда од претходниот концепт, со визуелните претпоставки и содржинска слоевитост. Блескавата отворена аурност на Сферата, наспроти затскриената сценичност во внатрешноста на црниот Завиен тунел е 68

ПОРТА

30 октомври 2015


aрхитектура

единствената разликата помеѓу двата понудени концепти, што не е незначајна, оти суштините на формата и асоцирањето на содржините во нивната внатрешност нè втурнуваат до специфични надсодржини. Да резимираме. Никој не е безбеден во својот навидум современ и сигурен град. Миграциите не се само политички, економски, физички и фактички, тие се и ментални, психички и духовни, како и

насилни, присилни, но и природни. По ова време на хипер промени, политички процеси и економски игри, френетично произведување на информации и емитување на податоци со плитки интерпретации, конструирање на демографски и географски манипулации..., еден извесен ден, веруваме дека уметноста и архитектурата од/на утопија/та да еволуираат во конкретно општествено решение за градови, простори, отворени и добронамерни за секој и сите,

независно од природата и карактерот на миграциските релации или традиционалните разлики, бидејќи луѓето имаат слични претпоставки за живеење и надживување, нужност од дом-ување и „вдоменост“ во образование, вработување, егзистенција и надежи за живот целосен, a истите, денес, сведувани на своевидни утопии, во таа смисла и просторните. Веруваме дека со проектот доследно задираме во суштината на темата „Извештај од фронтот“ на кураторот Алехандро Аравена, нудејќи одговори на прашањето за припадност - неприпадност која го допира и суштинскиот проблем на јавното и приватното, алудирајќи на генотипот кој секој од нас го носи секаде со себе, фрагментирајќи го и дематеријализирајќи го микролокацискиот и географскиот контекст. Станува суштинска човечката запрашаност дали е потребна храброст да се погледнеме во огледало и да си го поставиме прашањето за ексклузивитетот на поседувањето и неговата фенотипска манифестација - во парцела, објект, град, држава, континент, и неговиот генотип – место и, впрочем, дали можеме лесно да се препознаеме во улогата на мигрант, емигрант и крајно, во жител во земјата НИЧИЈА и СЕЧИЈА?. 

30 октомври 2015

ПОРТА

69


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.