240

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

240

ЈАНУАРИ 2016

Алехандро Аравена – добитник на Прицкеровата награда за 2016 И Русија со своја „Силиконска долина“ Куќа на Водно - Архитектура во целата своја суштина


ПОРТА


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


ПОРТА


ГОДИНА XII

БРОЈ 240 ПЕТОК 29.1.2016 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Кон крајот на минатата година, во Музејот на град Скопје беше врачена Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2015 година. Тоа е проектот „Куќа на Водно“ од архитектите Сергеј Никољски, Иван Мирковски и Симона Серафимовска Ѓуреска. За награденото дело може да се каже дека претставува архитектура во целата своја суштина. Од овој број на „Порта 3“ ви нудиме рубрика „Мојот дом“. Во неа ќе ви претставиме повеќе решенија на наши архитекти, кои покажуваат дека и кај нас има архитекти кои не заостануваат зад оние надвор од државава. За почеток, пред архитект е поставена задача да се редизајнира стан од 180 метри квадратни на четвртиот кат во зградата на комплексот „Соравија Ресорт“ на падините на Водно. Предложен е принцип на реафирмација на системски вредности на еден стан. Постапката на утврдување на нови вредности, секако, не смее да ги оспорува постојните. Во овој број даваме и мала ретроспектива на неколку „ситници“ со кои, повеќе граѓаните отколку жителите на Скопје ќе можеа во секое време и пред секого да се „истопорат“. Ситници кои ќе ја збогатеа неговата содржинска палета со оригинални просторно-функционални атрибути и вредности. Бидејќи добар

дел од нив, градот пропушти да ги има. Крајот на годината обично го одбележуваат и архитектонски награди ширум светот. Па така, Чилеанецот Алехандро Аравена е прогласен за добитник на Прицкеровата награда за 2016 година. За него велат дека е архитект кој ги продлабочува нашите размислувања. Кралската академија на британските архитекти, наградата Куќа на годината 2015 ја додели на Скене Катлинг де ла Пења за објектот „Куќа од кремен“. Жирито во образложението на наградата вели дека објектот е исклучителен пример не само на архитектонско и пејзажно остварување, туку и пример за посакувана соработка помеѓу архитектот, клиентот и изведувачот. И Русија со своја „Силиконска долина“. Во Москва, во тек е реализацијата на комплексот на објекти Сколковски институт за наука и технологија, кој треба да претставува меѓународен училишен и научно-истражувачки центар за високо образование и постдипломски студии, а ќе содржи и други видови на дејности како што се највисоки напредни истражувања, образование и претприемништво, основани на иновациони основи и принципи на академското совршенство. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: КУЌА НА ВОДНО, СКОПЈЕ

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

240 ДЕКЕМВРИ 2015

Алехандро Аравена – добитник на Прицкеровата награда за 2016 И Русија со своја „Силиконска долина“ Куќа на Водно - Архитектура во целата своја суштина

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

АРХИТЕКТИ: СЕРГЕЈ НИКОЉСКИ, ИВАН МИРКОВСКИ И СИМОНА СЕРАФИМОВСКА-ЃУРЕСКА

ГРАДЕЖНИШТВО 16 ТРГНА „ПРОКОП“

И РУСИЈА СО СВОЈА „СИЛИКОНСКА ДОЛИНА“

АЛЕХАНДРО АРАВЕНА – ДОБИТНИК НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА 2016

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

30

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

42 34

ЕКСПЕРТ 34

Печати:

„КУЌА ОД КРЕМЕН“ ЛАУРЕАТ НА RIBA ЗА 2015 ГОДИНА

Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

УРБАНИЗАМ 50 КОГА ПРОСТОРИТЕ ЌЕ СТИВНАТ

ЕКОЛОГИЈА 56 ДАЛИ ЈАГЛЕНОТ МОЖЕ ДА БИДЕ „ЧИСТ“?

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

ГРАДЕЖНИШТВО 24

АРХИТЕКТУРА 30

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

60

АРТ ДИЗАЈН 64 ХУАН МИРО - ОД МАЈОРКА ВО ЛОНДОН

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

64

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

Новиот мултимедијален центар во Штип при крај П

реку проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-Креатива“ кој е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ, во Штип во 2014 година почна да се гради мултимедијален центар во Суитлак на местото на некогашното летно кино. Носител на проектот е Центарот за развој на Источниот плански регион со седиште во Штип и народното читалиште „П.Р.Славејков-1938“ од с.Брезница, Општина „Гоце Делчев“ од Бугарија. Вредноста на проектот е 448.840 евра, од кои Општина Штип ќе добие 300.000 евра (половина се инвестиција на локалната самоуправа) а бугарската страна 148.000 евра. Градежните активности преку тендерска постапка ги реализира штипската фирма „Актива“. Се очекува могу бргу да биде промовиран овој мултимедијален центар во Штип во кој има и нова сала за проекции, сала за состаноци и едукација и друго. Намерата е во овој мултимедијален центар да биде сместена дирекцијата и одговорните за културните настани во градот како што се „Штипско културно лето“, „Макфест“ и други, а кои се реализираат од Општина Штип.

Амстердам доби бар посветен на легендарниот ЖанМишел Баскијат

6

ПОРТА

29 јануари 2016

В

о мултикултурната област на исток од Амстердам, отворен е нов „кул“ бар. Иако сите знаеме дека Амстердам е богат со интересни и оригинални места, овој бар се истакнува по тоа што е инспириран од легендарниот американски уметник Жан-Мишел Баскијат. Барот „Баскијат“ е потпишан од страна на холандското студио „Modijefsky“ и претставува ново атрактивно место за дружење во квартот Amsterdam-Oost, исполнет со мали продавници и интересни пазари. Урбаната атмосфера на источниот Амстердам, послужила како совршена сцена за уметничка визија покрај оригиналните идеи на Жан-Мишел Баскијат, кои се вградени во концептот на новиот бар. Творештвото на Баскијат се карактеризира со спротивни бои, текстови и скици кои се меѓусебно испреплетени со извадоци од книги и реченици, директно поврзани со неговиот начин на живот, искуства и чувства. Сето ова се одразува во ентериерот, екстериерот и во графичкото решавање на барот, со употреба на материјали кои се во манир на колаж, споени во смислена целина која претставува интерпретација на творештвото на овој познат американски уметник.


инфо

Кружен мост премостува залив во Уругвај

С

поред проектот на архитектот Рафаел Виноли, направен е кружен патен мост кој го премостува заливот Гарзон во Уругвај и ги поврзува градовите Роча и Малдонадо. Мостот е изграден на бетонски столбови на коишто е конструиран кружен челичен мост кој прави залив во средина на залив. Концептот на мост, низ кој минуваат околу 1.000 возила дневно, е сосема поинаков од класичните. Целта не била само да се направи ефикасен премин од една на друга страна на брегот, туку и возачите да обрнат внимание на убавината на заливот. Кружниот мост ги успорува возилата и возачите, а патниците можат да фрлат поглед на околината. За да се направи овој мост, било потребно 450 тони челик, 40.000 метри кабли за преднапрегање, 3.500 кубни метри бетон и 12 месеци работа. Заради употребата на не толку еколошки материјали, мостот предизвика големи контроверзии и негативни реакции од страна на здруженијата за заштита на животната средина. Архитектот Рафаел Виноли е навикнат на негативен публицитет. Поточно, тој е одговорен за проектот на лондонскиот облакодер Walkie Talkie, кој стана најомразена зграда во градот со својот необичен изглед.

Најстариот трговски центар во САД претворен во станбена зграда

Концептот на традиционалните трговски центри изумира и во Америка. Слична судбина не можеше да го заобиколи ни најстариот од нив. Трговскиот центар Arcade Providence бил изграден уште во 1828 година во стилот на грчки храмови и поради својата убавина, транспарентност и хармонични пропорции, овој објект е еден од омилените на Род Ајленд. Arcade Providence во 1971 е запишан во Национален регистар на историски места како објект од исклучително значење. Сепак, бидејќи во 2008 година бил затворен, трговскиот центар, според идејата на

локален претприемач, бил претворен во станбен простор за живеење. Evan Granoff дошол на идеја за реконструкција на трговскиот центар, со почитување на неговото историско наследство и негово претворање во станови кои ќе се издаваат. Според проектот на бирото Northeast Collaborative Architects (NCA) и инвестицијата од седум милиони долари, Arcade Providence доби нов живот. На приземјето сè уште има продавници, додека на горните катови се становите од 22 до 45 метри квадратни кои се издаваат со почетна цена од 550 долари месечно. Сите 48 апартмани се комплетно опремени и подготвени за вселување. Поголемите апартмани имаат дневна соба, кујна, трпезарија, купатило и спална соба, додека помалите се уредени како гарсониери. Станарите имаат на располагање заеднички простории како што се сали за вежбање, сала за велосипеди, како и гаражи... , и сето тоа во центарот на градот! подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

ИЗВИНУВАЊЕ

Во минатиот број на „Порта3“ беше изоставено името на авторот на текстот „Кому не му одговара да се знае цената на услугата?“. Редакцијата на списанието за направениот пропуст им се извинува на читателите и на авторот м-р Влатко Коцевски. 29 јануари 2016

ПОРТА

7


ПОРТА


инфо

Куќа на Водно, најдобро архитектинско дело за 2015 година

К

он крајот на минатата година во Музејот на град Скопје, а во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и под покровителство на Претседателот на Република Македонија, беше врачена Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2015 година. Тоа е проектот „Куќа на Водно“ од архитектите Сергеј Никољски, Иван Мирковски и Симона Серафимовска Ѓуреска. Претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ во своето обраќање истакна дека архитектурата отсекогаш била јавна дисциплина и дека ААМ секогаш го негувала архитектонското наследство и творештво. „И покрај најлошиот период во историјата на нашата архитектурата, сепак, квалитетната архитектура никој не може да ја сопре“, посочи Раѓеновиќ Јовановиќ пред присутните. „Сметам дека Големата годишна награда останува едно од највредните признанија во сферата на архитектурата што се доделуваат во Македонија. УО на ААМ претпазливо формираше комисија составена од архитекти со интегритет и творештво, со единствена цел, стручност во вреднување на архитектурата“, изјави Раѓеновиќ Јовановиќ, и на крај му се заблагодари на претседателот за неговото покровителство, кој, и покрај тоа што, за жал, на градот му се случува СК 2014, препознава квалитет и ја поддржува современата архитектура. Прогласувајќи ја и доделувајќи ја наградата на добитниците, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов посочи дека причината за физичкиот процут на геометријата е во креативноста на македонските архитекти. „Ова признание доаѓа од колегите кои најдобро умеат да ја проценат вредноста на градителските потфати и на архитектонските дострели. Како претседател веќе седма година ја имам честа да бидам покровител на доделувањето и секојпат сум охрабрен од изборот на комисијата, која се соочува со тешка задача – да го избере најдоброто меѓу најдобрите современи архитектонски постигнувања“, порача претседателот Иванов. n

ПОРТА


aрхитектура

КУЌА НА ВОДНО

Текот на мисловниот процес, кој започна пред единаесет години, беше многу јасен: одговорно кон соседите, одговорно кон топографијата, одговорно кон инвеститорот. Овој мисловен процес бескомпромисно имаше предиспозиција да создаде архитектура, во целата своја суштина. Иван МИРКОВСКИ, дипл.инж.арх.

С

ржта на архитектурата се темели врз еден битен егзистенционален елемент кој го одржува човека низ неговите еволутивни периоди. Одговорноста. Без тој суштински концепт на меѓусебни релации, архитектонската уметност би останала заглавена некаде помеѓу техничкото и естетското. Токму така вистинската архитектура се става на тест. Одговорот на проектната задача создава еден вид метода која со хируршка прецизност врши анамнеза и во исто време ги распознава социолошките процеси кои го образуваат основното архитектонско ткиво. Социјалната машина, но исто така и топографската ергономија беа круцијални фактори при создавањето на проектот Куќа на Водно. Текот на мисловниот процес, кој започна пред единаесет години, беше многу јасен: одговорно кон соседите, одговорно кон топографијата, одговорно кон инвеститорот. Овој мисловен процес бескомпромисно имаше предиспозиција да создаде архитектура, во целата своја суштина. Но од друга страна, пак, времетраењето на проектната задача (2004 – 2015) носеше во себе низа опасности: девалвација на сработениот труд, морални компромиси, 10

ПОРТА

29 јануари 2016

откажување на самиот проект од страна на инвеститорот, но од сè најкритично беше зачувувањето на современиот израз. Но, тоа и се чита во проектот: дрвената „кожа“ на најгорниот волумен, како главен носител на комуникацијата со надворешноста, со време почна да го губи современиот манир. Нејзината транслуцентност пак, односно ефектот на завеса, кој на еден начин ѝ дозволува на внатрешноста да комуницира со својата околина, а од друга страна претставува

елемент на дискреција, е оној суптилен носител на модерноста. Приказната зад целиот проект, од својот зачеток до неговата реализација, е многу комплексна, ниту налик на онаа на која ние архитектите сме веќе навикнати. Целата енергија зад овој епски (во временски контекст) проект, можеби најмногу се должи на самиот инвеститор, кој во целина архитектурата ја прифати бескомпромисно и во ист манир ја сочува до чинот на нејзиното создавање. Архитектурата


aрхитектура

Архитектура во целата своја суштина

започна како што самиот текст на почеток нè наведува, од самата топографија и одговорното однесување кон соседите и инвеститорот. Падот на локацијата, кој изнесува 15 метри од највисоката точка, ни дозволи комплексната програма да ја внесеме во еден дел во самиот терен и со тоа голем дел од куќата да ја здржиме во павилјонски карактер. Куќата ја следи инклинацијата на теренот со голем сензибилитет; вертикалните комуникации се скулптурален елемент кој топографски, >> 29 јануари 2016

ПОРТА

11


како издлабени во самата земја, течат и го почитуваат она што мајката природа го создала. Скалилата, во една рамна линија нè водат од најниската точка на куќата, гаражата која со своите седум апсиди географски лежи во центарот на парцелата, па сè до најинтимниот дел, највисоката хоризонтала, која плови врз остатокот од објектот и ја затвора целината. Елементарната состојка во архитектониката на овој простор е самата функција. Со целата своја монументалност, во својата утроба срамежливо сокрива три куќи со три различни карактери поделени во три генерации. На самиот почеток традиционалната куќа, куќата на постарите родители, чувари на фамилијата - првата генерација. Поставена на чело, на самиот влез, позиција која оддава почит кон 12

ПОРТА

29 јануари 2016


првата генерација, со квадратна основа која е ориентирана на двете страни: интимниот двор и двата влеза. Како потсетник и истакнување на почитта врз постарите, но и простор кој има увид во сè она што се случува кај помладите. Во средина се наоѓа куќата на третата генерација, детската куќа, заштитнички поставена помеѓу првата и втората генерација. Детската куќа носи во себе сè она што е потребно: но пред сè, >>

ПРИЗЕМЈЕ

ПОРТА


архитектура

ПРВ КАТ

ПРЕСЕК

14

ПОРТА

29 јануари 2016


архитектура

своја интима и свој личен, егзистенционален простор. Овие две куќи се сплотени во еден заеднички павилјонски волумен кој со својот рамен кров формираат зелен прооден коридор. На самиот влез во парцелата, нашите сетила се исполнети со великодушни скали, извајани од самата геометрија на волуменот на павилјонот врз кој имаат тенденција да нè однесат; како да сакаат да ја дополнат топографијата и да ја зачуваат интимноста

на куќата. Тоа е и главниот влез на куќата на втората генерација, cat-walk патека врз која посетителот парадира: тој е составен дел од самата архитектура, ја дополнува и исполнува. Влезот во куќата на втората генерација се наоѓа на првиот кат, вкрстен помеѓу минималистичкиот павилјон под себе и интимната монолитна дрвена завеса над себе. Стаклениот меѓупростор, кој во суштина го образува првиот кат, е бафаерот, check point елементот пред

пристапот кон последната зона, која го образува вториот кат. Транспарентноста на првиот кат, со својата обвивка од стакло, однадвор образува рефлективен слој кој ја поврзува природата и целото зеленило; таа е екстровертниот медиум кој како да поминува низ волуменот на куќата, физички ја одвојува интимната, највисока хоризонтала и оддава состојба на левитација. n

ПОРТА


СВЕЧЕНО ОТВОРЕНА НОВАТА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО БЕЛГРАД

Тргна „Прокоп“ Во моментот кога овој број на списанието „Порта 3“ ќе биде во продажба, железничката станица „Прокоп“ во Белград повторно ќе биде свечено отворена. Повторно, затоа што станицата со назив „Белград - Центар“ функционира веќе со години. Возовите низ неа поминуваат, а ретките патници тука го почнуваат или завршуваат своето патување. Датумот на нејзиното отворање е 27 јануари. Најавени се и избори, па ова ќе биде еден дел од предизборната кампања. Приказната за железничката станица „Белград Центар“, попозната како „Прокоп“, може да се посматра како синтеза на нашите општествени прилики низ призма на урбанизмот. Таа тоа и е, недовршена станица која се гради повеќе од триесет години, чии проект се менува а објектот повеќе пати свечено се отвора. Ни овој пат нема да биде поинаку. Ни овој пат нема да биде конечно довршена. 16

ПОРТА

29 јануари 2016


градежништво

м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ (Србија), дипл.инж.арх

Н

а местото на денешната станица се наоѓала населба која настанала после Првата светска војна, во времето на голема невработеност, станбена криза и високи станарини. Тоа беше населба во подножјето на Топчидерско брдо, во тоа време далечна периферија на градот. Куќите биле сиромашни, бесправно подигнати, а целата населба била нехигиенска. Според градскиот закон од 1929 година, населбата Прокоп, каде што живееле работниците од железницата, е присоединета кон белградската општина >>

29 јануари 2016

ПОРТА

17


градежништво

и со тоа бесправните куќи се легализирани. Судбината на населбата Прокоп ја запечати одлуката на градските власти во средината на седумдесеттите години од минатиот век, на тоа место да се изгради нова железничка станица. Тогаш настанала идејата што овие денови постепено се реализира, а тоа е изместување на главната железничка станица од подрачјето на Савскиот амфитеатар, за да се добие 80 хектари градежно земјиште во центарот на градот, во близина на реката Сава. Денес тоа се вика „Белград на вода“. На јавниот урбанистичко-архитектонски конкурс во 1976 година, победи решението на архитектите Михаил В. Живадиновиќ и Зоран Жунковиќ. Проектот не само што ја содржеше новата железничка станица, туку и потполно новиот железнички јазол со централната станица „Прокоп“, која е замислена како подземна и минлива станица со раздвоен патнички и товарен сообраќај. Станицата беше дел од приградската и градската железничка мрежа, која ја сочинува и метрото. Нејзината локација, помеѓу Топчидерско брдо и автопатот што поминува низ Белград, овозможувала и добра поврзаност со другите видови сообраќај, со автопатот или со метрото. За потребите на новата железничка станица, изграден е нов железнички мост како и тунели до самата станица. 18

ПОРТА

29 јануари 2016

Изградбата на станицата започнала во 1979 година, за да, во текот на осумдесеттите, биде повеќе пати прекинувана и продолжувана. Во текот на 1984 год.

градските власти, кои претходно го укинале проектот на белградското метро, го поставиле прашањето дали е потребно да се откажат и од овој проект. На почетокот


градежништво

на деведесеттите, изградбата е повторно активирана, но поради санкциите е прекината. Тогаш станицата добила шини и делумно била оспособена за градска железница, но без станична зграда. Во 1996 година почнале работите на бетонската плоча, која требаше да биде кров на станицата но и дел од новиот комерцијален комплекс. Поради бомбардирањето на НАТО работите беа прекинати во 1999 година. Неколку години подоцна, во други општествено-политички околности, распишан е конкурс за инвеститор кој би ја завршил станицата, а за возврат би добил право за изградба на комерцијален простор. Ни тоа не успеа. Станицата во меѓувреме стана дел од градската железничка мрежа БГ Воз, кој користи само неколку од десетте колосеци кои се планирани за железничка станица. Во целиот проект до денес се потрошени преку две милијарди долари, а објектот сè уште не е во функција. Сепак, одредени промени се случуваат кон крајот на 2012 година, кога Владата на Србија потпиша

договор со Кувајт за кредит од 26 милиони евра за завршување и оспособување на станицата. Законот е ратификуван по итна постапка и работите почнаа многу брзо. Проектот финансиран со кувајтскиот кредит го опфаќа завршувањето на првата фаза на проектот, а тоа е завршување на осум главни и четири споредни колосеци, во потполност, како и дел од станицата кој се наоѓа под бетонската плоча. Површината на проектот е 37.000 квадратни метри. Во втората фаза, која треба да започне веднаш по завршувањето на првата, ќе се гради станична зграда над плочата, дел со комерцијална содржина каде се спомнуваат трговски центар и хотел, како и изградба на сите пристапни патишта од северната и јужната страна на станицата. Работниците започнаа со работа на 3 декември 2014 година, со рок за завршување од 420 денови. Освен работите на колосеците, завршени се и занаетчиските работи, електро и енергетските инсталации, телекомуникациониот систем, како и

осветлувањето и системот за известување на патници. Наведените работи се приведуваат кон крај, и како што е најавено станицата ќе биде свечено отворена на 27 јануари. Освен фотографирање и убави зборови кои ќе се слушнат тој ден, приказната за станицата „Прокоп“ може да се дополни и со согледување на реалната состојба и слика на општеството. Овој јануари, станицата „Прокоп“ ќе биде повторно само делумно завршена, пероните и некои придружни содржини ќе бидат потполно завршени, но „Прокоп“ сè уште нема да ја преземе улогата на главна железничка станица во Белград. Пред сè, недостасува станична зграда и придружни комерцијални содржини кои денес го прават составниот дел на железничките станици ширум Европа. Голем број станици низ Европа, повеќе потсетуваат на трговски центри отколку на сообраќајни објекти од ХХ век, каков што ќе биде „Прокоп“. Освен тоа, денес постои тенденција колку е можно повеќе да се интегрира стојалиштето на железничкиот >> 29 јануари 2016

ПОРТА

19


градежништво

и друмскиот сообраќај преку изградба на автобуски станици во близина на железничките станици, што овде не е случај.

20

ПОРТА

29 јануари 2016

Голем проблем е и лошата поврзаност на станицата со остатокот на градот. Не сметајќи ја градската железница, до станицата „Белград - Центар“, т.е.

„Прокоп“, вози само автобус со број 34 кој не спаѓа во фреквентни линии. Бидејќи „Прокоп“ со години беше маргинализиран проект, не се реализираше ни друмскиот


градежништво пристап, така што денес е многу тешко да се дојде со возило до овој објект. Сè уште не се направени пристапни сообраќајници и објектот останува многу лошо поврзан со остатокот на градот. Најавено е дека тоа ќе се реши во следната фаза на изградба. Она што може да се земе како специфичност на овие простори, е

неприспособување на одредени проектни аспекти на сегашната состојба. Железничките станици пред 40 години изгледале поинаку одошто денеска. Освен тоа што денешниот тренд е да бидат како комерцијални објекти, железничките станици не се безлични места каде поминуваат возови. Токму тоа е недостатокот на овој проект. Познавајќи ја состојбата на мегаломанскиот бетонски објект до пред само година дена,

денес „Прокоп“ изгледа преубаво. Сепак, изгледа некако безлично и стерилно, како да проектантите на внатрешниот дел од станицата не успеале во својата работа. Не е лесно да се приспособи проект стар 40 години на современите тенденции, но секако е возможно со дополнителен напор да се направи нешто што би било порепрезентативно. Време имаше. Станицата „Прокоп“ сигурно уште многу години нема да биде завршена. За сообраќајници, зграда, хотел, трговски центар и зеленило, потребно е многу волја и време. Можеби уште повеќе волја отколку досега бидејќи „одвнатре“ станицата ќе изгледа завршено. Повторно ќе има отворање на градилиште на оваа станица. Повторно ќе има свечено отворање на станицата или на некој нејзин дел. Повтроно нема да биде завршен проектот. Повторно ќе се пишуваат текстови за тоа. n

29 јануари 2016

ПОРТА

21


градежништво

КАКО ДА СЕ ПОДИГНЕ КВАЛИТЕТОТ НА ИЗВЕДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

Подготвилe: Антонио СЛАВКОВИЌ, дипл.инж.арх Миодраг ДЕПИНОВСКИ, дипл.град. инженер Срѓан НИКОЛОВСКИ, дипл.град. инженер (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

Г

радежништвото во нашата земја има долга традиција во проектирањето, изведбата и производството на градежните материјали. Сите овие процеси имаат потреба од модернизација и хармонизирање со европските и светските трендови, регулативи и стандарди. Квантитетот и квалитетот го дефинира инвеститорот во проектната задача која на проектантот му ги одредува насоките за проектирање. Квалитетот на изработената проектна документација во голем дел ја олеснува изведбата како и финансиската конструкција на изведените работи. Техничките услови и прописи, вклучувајќи ги и барањата на инвеститорот, се однесуваат не само на безбедноста на градбата туку и на здравјето на луѓето, трајноста на објектот, економичното користење на енергијата, заштитата на 22

ПОРТА

29 јануари 2016

околината, економскиот аспект и на други фактори кои се однесуваат на општото добро. Квалитетната физибилити студија во раната фаза може да заштеди многу финансии и да овозможи изработка на квалитетен проект и изведба. Употребата на современа опрема за изведба, користењето на современи методи за докажување на квалитетот на вградените материјали, како и менаџирање и употреба на Фидик услови за регулирање на договорните услови помеѓу инвеститорот и изведувачот, придонесуваат за брза и квалитетна изведба на работите со почитување на договорните услови од сите инволвирани страни. Во практиката се разликуваат два вида на технички услови за изградба и поправка на патиштата. Првата група ја сочинуваат техничките услови донесени од надлежните органи на управата на ниво на државата, кои во суштина

претставуваат прописи, стандарди и нормативи кои проектантите и изведувачите се обврзани да ги спроведуваат. Тие не се приложуваат кон проектите туку само се цитираат, со повикување на референтниот број на прописите. Преку нив се дефинира квалитетот што треба да се добие со изведбата на работите во процесот на градба. Втората група ја сочинуваат техничките услови, кои ги дефинира инвеститорот а проектантите и изведувачите се задолжени да ги исполнат и истите се приложуваат кон проектите и се во директна врска со проектите. Обезбедувањето на дефинираниот квалитет на работите не е обврска само на изведувачот туку и на надзорниот орган кој преку спроведување на дефинирани стандарди, видови и обем на барани контролни испитувања, го обезбедува дефинираниот квалитет. До подобрување на квалитетот на изведените работи може да се дојде со усвојување на новите стандарди и технологии кои се применуваат во светот. Посебно внимание треба да се посвети на усвојувањето на новите европски и светски стандарди и нивното преточување и синхронизација со важечките МКС стандарди и прописи. Тековно, во светот, се усовршуваат технологиите и материјалите што се применуваат во процесот на градба, како и машините со кои се изведуваат. Подобрувањето може да се случи уште во фазата на претходните работи со користење на современи методи на истражни работи (земјени, геодетски снимања, лабораториски испитувања на пробни тела итн.). Подобрувањето следи во делот на проектирањето каде со примена на нови софтверски пакети се олеснува процесот на проектирање. На крај, во процесот на градба, со примената на современи средства, материјали, технологии и машини, се исполнуваат услови за добивање на висок квалитет на изведените работи. Надзорот е ангажиран од страна на инвеститорот, како специјалист од областа на градби кој треба да се грижи за


градежништво

квалитетна реализација на инвестицијата, со што улогата на надзорот во овој дел е клучна. Надзорот професионално и доследно врши следење на процесот на градба, а квалитетот го постигнува со доследно спроведување на квалитетни, со стандарди предвидени, контроли во сите фази на градбата и тоа: n земјани работи (изработка на насипи,

подобрување на подтлото, изработка на постелката, изработка на тампонскиот слој, стабилизација на косини, зафаќање и евакуација на подземни и надземни води, заштита на насипи кај водотоци, торкретирање на косини, изведба на анкери кај тунели, откривање и експлоатација на позајмишта итн.); n бетонски и армирано-бетонски работи

(сите видови на пропусти, конструкција на мостови и вијадукти, тунели, потпорни ѕидови, стабилизација и санација на свлечишта итн.); n асфалтерските работи се специфични и контролата на квалитетот отпочнува пред почетокот на градба со контрола и одобрување на низа документи кои изведувачот планира да ги користи со цел обезбедување на квалитет. Покрај овие документи и сертификати за материјалите во текот на изведбата, надзорот инсистира изведувачот да достави и сертификати и атести за квалитет на готовиот производ, издаден од сертифицирани лаборатории. Во зависност од обврските преземени со договор за вршење на стручен надзор во текот на изведбата, надзорот ангажира независна теренска лабораторија која ги спроведува теренските испитувања и проверки на квалитет на вградените материјали. n

ПОРТА


градежништво

СКОЛКОВСКИ ИНСТИТУТ ЗА НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА – ИСТОЧЕН ПРСТЕН, МОСКВА, РУСИЈА

И Русија со своја

„Силиконска долина“

Комплексот на објекти Сколковски институт за наука и технологија – СИНТ ќе претставува меѓународен училишен и научно-истражувачки центар за високо образование и постдипломски студии, а ќе содржи и други видови на дејности како што се највисоки напредни истражувања, образование и претприемништво, основани на иновациони основи и принципи на академското совршенство 24

ПОРТА

29 јануари 2016


Предраг КОЧОВСКИ, дипл.инж.град.

В

о декември 2013 година, градежната фирма АО ПУТЕВИ Ужице од Република Србија ја започна капиталната градба на досега најголемиот за неа градежен предизвик од областа на високоградбата, комплексот Сколковски институт за наука и технологија – Источен прстен (Skolkovo Institute of Science and Technology). Комплексот се наоѓа на територијата на Иновациониот центар „Сколково“ во Москва. Замислата на државата е и Русија да добие „Силиконска долина“. Генерален проектант на овој грандиозен проект е Ove Arup & Partners International Ltd, британска мултинационална професионална компанија со седиште во Лондон, Велика Британија, која обезбедува инженеринг, проектирање, планирање, проектен менаџмент и консултантски услуги за сите аспекти на изградена средина. Архитектурата на проектот е дело на компанијата Herzog & de Meuron од Базел, Швајцарија, кои воедно се јавуаваат и како авторски надзор на проектот. Проектот на фасадата на објектот е дело на Emmer Pfenninger Partner AG, специјализирана инженерска компанија за фасади со седиште во Münchenstein, Швајцарија. Консултанти на инвеститорот по организација на образованието и научниот центар е Масачусетскиот технолошки институт – МIT, Бостон, САД, а консултанти по организација на лабораториите – фирмата Payette, исто од Бостон. Финансирањето на објектот е од сопствени средства на

некомерцијалната организација Фонд за развој на Центарот за разработка и комерцијализација на нови технологии – Фонд „Сколково“. ПРОЕКТНА ЗАДАЧА – НАМЕНА НА ОБЈЕКТОТ Комплексот на објекти Сколковски институт за наука и технологија – СИНТ ќе претставува меѓународен училишен и научно-истражувачки центар за високо образование и постдипломски студии, а ќе содржи и други видови на дејности, како што се највисоки напредни истражувања, образование и претприемништво, основани на иновациони основи и принципи на академското совршенство. Институтот претставува нов сателитски град на Москва, кој се наоѓа на околу 25 километри западно од Кремљ, на пресекот на Обиколницата и автопатот кон Минск. Тој е клучен елемент на урбаната средина на Сколково. Составен е од три посебни објекти: Источен прстен, Агора и Западен прстен. Источниот прстен претставува прва етапа на работите на Институтот. Тој е со дијаметар 280 метри и висина два-три ката, и претставува најголем објект на комплексот. Во овој момент АО ПУТЕВИ Ужице ја завршуваат армиранобетонската конструкција на објектот, а предавањето во експлоатација е предвидено на крајот на 2016 год. Бројот на вработени изнесува околу 1.000 луѓе. ПОДАТОЦИ ЗА ФУНКЦИЈАТА НА ОБЈЕКТОТ Сколковски институт за наука и технологија претставува комплекс на објекти за високо образование со научно-истражувачки и административно-деловни простории. Поради тоа, објектот е повеќефункционален. Во објектот се предвидени следните функционални зони: влезни групи на

простории; лаборатории; центри со општа намена; простории со учебно-образовна намена; продавници за храна и ресторани; медицински пункт; повеќенаменска сала; службени простории; технички и помошни простории. ОСНОВНА АРХИТЕКТОНСКА КОНЦЕПЦИЈА Објектот Источен прстен се состои од правоаголни блокови окружени и пресечени со кружни внатрешни прстени. Таквото решение обезбедува точно обележани лабораториски блокови распоредени во логичен меѓусебен нормален и цикличен распоред. Просториите со општествена, училишно-образовна намена и деловните простории, повеќето се распоредени во отворените повеќефункционални внатрешни прстени. Блоковите и надворешниот прстен имаат карактеристичен кос покрив, кој се јавува во улога на елемент кој го обединува целиот објект. Помеѓу лабораториските блокови и внатрешните прстени се наоѓаат дворови со мрежа од пешачки патеки и улици поврзани функционално со соседните објекти. Централниот двор дополнително е одделен помеѓу останатите, како епицентар на комуникација на луѓето на отворен простор, каде е предвиден ресторан „The Yard“ кој го оживува партерот заедно со пејзажниот дизајн со овална форма и му дава на централниот двор неповторлив квалитет. Пешачките патеки, тротоари, плоштади и улици за автомобилски транспорт се изведуваат од коцки од единствен природен рустично обработен гранит. На делови од партерот се наоѓаат зелени острови со богата и густа хортикултура - растенија и одбрани видови дрвја кои образуваат парковски зони. >> 29 јануари 2016

ПОРТА

25


градежништво Основни технички податоци: Вкупна површина на локацијата на прва фаза: 11,36 ха Вкупна површина на објектот Источен прстен: 133.979 м² Вкупна површина на објектот Склад на химреагенти: 1.605 м² Вкупна површина на објектот Дизелна електростаница: 1.009 м² Висина на плафонот: први кат седум метри, втори кат 5,075 м Висина на објектот: 22,42 м НАДВОРЕШЕН ПРСТЕН Во просториите на три ката, на надворешниот прстен, а кои излегуваат на надворешната фасада, се предвидени училници. На нивото на главниот влез ќе бидат сместени книжарници, трговски продавници, аптека, центар на финансиски консалтинг, и до нив пристап ќе имаат сите посетители. По должина на осовина исток-запад на приземјето, ќе бидат расположени дел од канцелариите на Центарот за истражување, образование и иновации, со пристап преку службени влезови распоредени по периметарот на објектот. Продавниците за храна, кафетериите и пабовите, се во зоната на главниот влез на приземјето во делот на надворешниот прстен. По целата должина на надворешниот прстен на вториот кат, се наоѓаат кабинети, сали за

26

ПОРТА

29 јануари 2016


градежништво

Централната административна зона е расположена на сите три ката по вертикала во лаборатаориските блокови, со што е обезбедена многу добра врска меѓу административните зони на разни факултети. Библиотеките се наоѓаат во должина покрај централното степениште. Подземниот дел на објектот е зона на истовар на авто-транспортни средства, истражувачки простории, помошна и техничка зона. ПРИСТАП ВО ОБЈЕКТОТ Предвидени се четири влезови во објектот. Тие се расположени на местата на пресекување на надворешниот прстен со двата внатрешни прстени. Со овие влезови се користат студентите. Главниот влез е расположен во југоисточниот дел на објектот во непосредна близина на булеварот. преговори и простории за масовни собири. На местата на пресекувањето на надворешниот и внатрешниот прстен, распоредени се таканаречени центри на неформална комуникација. На источниот дел на надворешниот прстен е зоната за одмор на професорско-предавачкиот кадар, а во аголната зона на западниот дел се наоѓа компјутерска лабараторија. На третиот кат по должина на надворешниот прстен, се наоѓаат неколку простории на студентскиот центар, центар за истражувања, образование и иновации.

затворени врски над пространството на внатрешните дворови. Тие ги поврзуваат лабараториските блокови и се соединуваат во центарот на објектот, и со самото тоа формираат повеќефункционален простор за комуникација на луѓе и настани. Повеќефункционален простор формиран во центарот на пресекот на внатрешните прстени, создава можност за планирање на аудиториум со капацитет од 250 места или сала за конференции од 500 места. Покривот на внатрешните прстени се менува, од кос покрив до рамни проодни тераси.

ВНАТРЕШНИ ПРСТЕНИ Двата внатрешни прстени образуваат основни места на пресекување и поврзување на различни функционални зони на објектот. Внатрешните прстени на втори кат формираат

ПРАВОАГОЛНИ ЛАБАРАТОРИСКИ БЛОКОВИ Правоаголните лабараториски блокови во основа се поставени меѓусебно во шаховски распоред. Блоковите претставуваат научноистражувачки и училишни лабаратории.

КОНСТРУКТИВНО РЕШЕНИЕ НА ОБЈЕКТОТ Објектот има сложена форма. Габаритите на надземниот и подземниот дел се разликуваат, така што надземниот дел излегува надвор од габаритот на подземниот дел. Максималните димензии на подземниот дел во основа изнесуваат 210 х 260 м. Фундаментот на објектот е изведен на шипови и темелна армирано-бетонска плоча. Шиповите се набивни армирано-бетонски (С120.35-13, С150.35-11), со квадратен пресек 350 х 350, тие се набиени во тло од глацијални слоеви. Главите на шиповите се вклопуваат во телото на фундаментната плоча. Вкупно количество на шипови изнесува 8.329 парчиња. Висината на фундаментната плоча варира од 300 до 2.000 мм, при основна дебелина од 800 мм. Бетонот е марка на >> 29 јануари 2016

ПОРТА

27


притисок В40, по водонепропустливост W8, по мразоотпорност F100. Конструкцијата на објектот е класична армирано-бетонска. Основни елементи на конструкцијата на надземниот дел се: - лабараториски блокови со ширина 21 м или 28 м и должина од 49 м до 87 м; - надворешен прстен со должина на периметар 880 м и радиус 140 м и ширина 13 м, со основна намена за канцеларии и училишни простории; - два внатрешни прстени со ширина 11,8 и 9,8 м; - најголемиот дел на објектот е под метален кос покрив, со исклучок на четири сегменти кои имаат рамен покрив. За лабораториите е применет систем на

безгредна армирано-бетонска меѓукатна констукција со дебелина на плочата од 450 мм, и распон 7 м помеѓу армирано-бетонските столбови. Дебелината на плочата е определена од високите прописи и барања за вибрации кои се наведени во техничката задача. За меѓукатна конструкција на прстените е применет систем на греди, со распони од 13 м, 11,8 м и 9,8 м помеѓу монолитните греди на контурот каде распонот е од 7 до 14 м. Столбовите се поставени на пресек на кружните осовини на прстените и по правоаголна мрежа на осовини на лабораториските блокови. Надземниот дел е разделен на дилатации на 17 конструктивни блокови.

Како правило, стабилноста на секој сегмент на објектот индивидуално е обезбедена со монолитно армирано-бетонско јадро во кое се расположени комуникации, лифтови и евакуациони степеништа. Стабилноста на површините на двата внатрешни прстени е обезбедена со работа на порталната рамковска конструкција составена од столбови и подолжни греди со зголемена височина на пресек. Покрај тоа, стабилноста на објектот на Централниот двор е решена со крутоста на армирано-бетонски ѕидови кои се протегаат по висина на објектот до вториот кат, при што стабилноста на конструкцијата е обезбедена со портални рамки од челични столбови и греди на покривната >>


ПОРТА


архитектура

АЛЕХАНДРО АРАВЕНА – ДОБИТНИК НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА 2016

Архитект кој ги продлабочува Ивона МИТЕВА, дипл.инж.арх.

П

рестижната Прицкерова награда за архитектура за 2016 година, официјално му беше доделена на архитектот Алехандро Аравена (Alejandro Aravena) во Чикаго, Илиноис, на 13 јануари годинава. Свечената церемонија, којашто е позната на интернационално ниво, ќе се одржи на 4 април во Њујорк. Ова е 41-то официјално доделување на наградата, а Аравена е првиот архитект со потекло од Чиле кој успеал да ја понесе оваа награда, односно четвртиот архитект од Јужна Америка, по Луис Бараган (1980) Оскар Нимаер

Објектите на Аравена даваат подобра економска можност на помалку привилегираните, ги ублажуваат последиците од природните катастрофи, ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија и обезбедуваат урбан јавен простор. Неговата архитектура е иновативна и инспиративна, истовремено покажувајќи како може да го подобри животот на современиот човек. 30

ПОРТА

29 јануари 2016

(1988) и Паоло Мендес де Роша (2006). Претседателот на фондацијата „Хајат“, што ја доделува наградата, Том Прицкер, изјави дека жирито се одлучило за архитект кој навистина ги продлабочува нашите размислувања во однос на тоа што е навистина одличен дизајн. Алехандро Аравена како современ архитект произведува моќни архитектонски дела кои одговараат на клучните предизвици на 21 век. Неговите објекти даваат подобра економска можност на помалку привилегираните, ги ублажуваат последиците од природните катастрофи, ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија и обезбедуваат урбан јавен простор. Неговата архитектура е

Сијамски кули


архитектура

нашите размислувања

Центар за иновации

Училиште за математика

иновативна и инспиративна, истовремено покажувајќи како може да го подобри животот на современиот човек. Алехандро Аравена зад себе има неверојатно богато творештво и колекција на објекти како што се центарот за иновации ,,Anacleto Angelini“, потоа Сијамските кули, училиштето за медицина, училиштето за архитектура и училиштето за математика во Чиле како дел од комплексот ,,Católica de Chile“, како објекти кои се одликуваат со голема енергетска ефикасност и истовремено одговараат на локалните климатски услови со иновативни, ефикасни фасади и просторни организации. Дел од неговото творештво заземаат административниот објект на компанијата за здравство ,,Novartis“ во Шангај, универзитетскиот дом ,,St. Edward’s“ во Тексас и голем број други објекти кои само го надополнуваат инзворедниот дизајн на архитектот. Алехандро Аравена е роден во 1967 година во Чиле. Тој ги завршува своите студии по архитектура на универзитетот >> 29 јануари 2016

ПОРТА

31


архитектура Социјално домување

,,Católica de Chile“ каде што подоцна и самиот станува професор. Својата следна диплома ја добива на универзитетот ,,Instituto Universitario di Architettura di Venezia“ во областа на архитектонската историја и теорија. Во своето професорско искуство ги вклучува и предавањата на универзитетот ,,Харвард“ како визитинг професор, додека истовремено како едно од најзначајните негови достигнувања може да се наведе директорската позиција на архитектонското биенале во Венеција во 2016 година под наслов ,,Известување од фронтот“ (,,Reporting from the Front“) кое ќе се отвори во месец мај. Од 2001 година до денес тој е сопственик на архитектонското студио ,,Elemental“ заедно со неговите партнери Gonzalo Arteaga, Juan Cerda, Victor Oddó и Diego Torres. Нивната главна цел е да се фокусираат на проекти кои се од јавен интерес и општествено влијание, вклучувајќи објекти за домување, јавни простори, инфраструктури и транспорт. Еден од најзначајните проекти, кои ова архитектонско студио ги изработува, е дизајнирањето на околу 2.500 социјални станбени единици чијшто дизајн остава простор за доградба на објектите од страна на сопствениците според материјалната моќ. По објавувањето за добиената награда, познатиот архитект изјави дека е длабоко благодарен, но дека оваа заслуга не е индивидуална, туку дека архитектурата претставува колективна дисциплина, односно тој им се заблагодари на сите оние што придонесуваат за развој и разновидност во користењето на просторот на неговите 32

ПОРТА

29 јануари 2016

Социјално домување

Медицинко училиште


архитектура

Училиште за математика објекти. Тој смета дека сериозноста и престижноста на оваа награда ќе влијае мотивирачки и ќе го предизвика да истражува нови територии, да се соочува со нови предизвици и да пронаоѓа нови области на дејствување. Новиот план е да се раководи без план, да се соочи со

неизвесното и да биде отворен кон неочекуваното. n

„Новартис“ - административен објект 29 јануари 2016

ПОРТА

33


eксперт

ОБЈАВЕН ДОБИТНИКOТ НА НАГРАДАТА КУЌА НА ГОДИНАТА НА RIBA ЗА 2015 ГОДИНА

Признанието за „Куќа од кремен“ на Скене Катлинг де ла Пења

„Куќа од кремен“ е исклучителен пример не само на архитектонско и пејзажно остварување, туку и пример за посакувана соработка помеѓу архитектот, клиентот и изведувачот. Освен што има придонесено за реализацијата на овој егземпларен објект, ваквата соработка е и доказ дека може не само да се сочуваат туку и да се промовираат вештините на занаетите што полека изумираат во рамките на сè поиндустрискиот пристап кон изградба на станбени објекти, не само во Обединетото Кралство туку и во светот. д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (наш дописник од Лондон)

Н

а 25 ноември 2015 година беа објавени резултатите за наградата Куќа на годината 2015, на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA House of the Year 2015). Нововоспоставената награда Куќа на годината, под спонзорство на осигурителната куќа Hiscox Home Insurance, е замена за претходната Мансерова медалја на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA Manser Medal) воспоставена во 2001 година. Со обете награди се одбележува најдобрата нова куќа испроектирана од архитект во Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Жирито во состав: Крис Лоин (Chris Loyn, Loyn and Co), добитник на Мансеровата медалја за 2014 година; Џејмс Станден (James Standen, Hiscox), претставник на спонозорот; Џонатан Мансер (Jonathan Manser, Manser Parctice) претседавач; Мари Даган (Mary Duggan, Duggan Morris Architects), добитник на Мансеровата медалја за 2011 година; Тони Чапман (Tony Chapman, RIBA Head of Awards), раководител за награди на 34

ПОРТА

29 јануари 2016

RIBA, најпрвин од пријавените проекти селектирале „долга листа“ на која се наоѓале дваесет проекти, за потоа од неа да селектираат седум проекти кои се нашле на „кусата листа“ на проекти во најтесниот избор за наградата. Од оваа „куса листа“, жирито како добитник на наградата Куќа на годината за 2015 година ја прогласило „Куќата од кремен“ (Flint House) на архитектката Скене Катлинг де ла Пења (Skene Catling de la Peña)/ Наградениот објект е куќа која се состои до две куќи: главниот објект на „Куќа од кремен“ со вкупна површина од 465 квадратни метри и куќаанкес за гости со површина од 115 квадратни метри. Двете куќи се со издолжена правоаголна форма, при што главната куќа и куќата анекс се наоѓаат една наспроти друга, а калканските страни ѝ се лоцирани во рамките на имотот Вадесон манор (Waddeson Manor) во Бакингамшајара (Buckinghamshire) кој е во сопственост на Лордот Ротсчјалд (Lord Rothschild). Пристапот кон проектирањето на објектот е скулптурален, прати што двете куќи од меѓупросторот помеѓу нив полека се издигаат во спротивна насока, како резултат на што секоја од нив во подолгата фасада има триаголна форма. Веројатно е поточно триаголната форма да се опише како зигурат, со оглед на тоа што објектите скалесто се искачуваат од нивото на теренот помеѓу двата објекта до највисоките точки на спротивните страни на куќите. Како резултат на нивната >>


eксперт

29 јануари 2016

ПОРТА

35


триаголна форма, во подолгиот пресек двете куќи се со висина од приземје во делот кон меѓупросторот помеѓу објектите до приземје и кат на спротивните катови. Линеарната поставеност на главната куќа и анексот на локацијата, е преточена и во основите на објектите коишто линеарно се развиваат со долг централен коридор, од кој од двете страни се наоѓаат просториите. Приближно кон средината на коридорот на приземјето централно се поставени еднокраките скали коишто водат кон првиот кат. Фасадното обликување е според принципот на полно и празно, при што нешто пократките масивни фасадни ѕидни маси се заменуваат со подолги екрани од стакло. Застаклувањето во најголемиот дел е вовлечено во однос на масивната полна фасада, што го истакнува чувството на длабочина, овозможува делумно осенчување на големите застаклени површини, но и придонесува, преку играта на сенка, надворешноста и внатрешноста на објекот различно да се доживува, не само во текот на денот туку и со промените во времето и осончувањето. Се разбира, во текот на вечерта кога светлата се вклучени во вантрешноста на објектот, се добива чувство дека светлината зрачи од некоја карпа или, гледано од далечина, од некои два мали рида кои се дел од пејзажот. 36

ПОРТА

29 јануари 2016

Ваквото чувство е нагласено преку изборот на материјалот за фасадна обработка на објектот. Во овој случај, архитектката Де ла Пења го избрала кременот. Изборот на материјалот не е случаен, со оглед на тоа што објектот е лоциран на наоѓалиште на кремен, како резултат на што објектот претставува своевиден континуитет на геологијата на локалитетот и се доживува како продолжување на наоѓалиштето на кремен над нивото на теренот. Фасадите од кремен и нивната обработка се дел од богатата традиција на народната архитектура во земјата, каде во делови сиромашни со поквалитетни камени за изработка на објекти од камен, или пак глина која овозможувала објектите да се градат од цигли, објектите се граделе или пак нивините фасади се обложувале со малите камени од кремен. Во овој случај, за облагање на фасадата биле искористени 80 тони рачно избран камен од кремен, коишто биле распределени во осум нијанси, според својата боја, и обработени според најдобрите традиции на народната архитектура. Тие биле искористени за облагање на фасадата во осум слоја, при што најтемниот и најнеобработениот камен бил користен во основата на фасадата, додека секој нареден слој пообработен но посветол камен од креда, што овозможува визуелно границите на највисоките делови на објектот и небото, во услови на облачно време,


eксперт

значително да се изгубат, како да небото и земјата се споиле во едно. Најгорните слоеви на фасадата завршно се обработени со бел камен од креда, што дополнително придонесува највисоките делови на објектот визуелно да оддаваат впечаток на лесност и воздушност. Дополнителен аспект од доживувањето на објектот е меѓупросторот помеѓу куќата и анексот, каде пристапот кон влезната врата на објектот оддава чувство на влез во некој тунел или рудник, со оглед на скалестото издигање на објектот од неговите две страни. Ова можеби води кон дилема, дали да ја истражите внатрешноста на објектот преку влезот, или пак да го истражите околниот пејзаж преку искачување по „скалите“ лево и десно од влезот што едновремено го претставуваат

кровот на објектот. Играта на полно и празно, и светло и темно, продолжува и во внатрешноста на објектот каде потесните природно неосветлени простори водат кон пошироките и повисоките природно осветлени простори, кои наизменично се појавуваат сè додека не се дојде до калканскиот ѕид со голем застаклен екран кој го врамува околниот пејзаж и ги поврзува внатрешноста и надворешноста на објектот. Фасадната обработка на камен од кремен продолжува и во внатрешноста на објектот каде се создава голем контраст со мазноста на бело обработените внатрешни ѕидови, со што се овозможува дополнително поврзување на надворешноста и вантрешноста на објектот. „Куќата од кремен“, несомнено, е исклучително архитектонско достигнување каде што објектот претставува дел од пејзажот, што говори не само за умешноста на архитетот, но исто така и за визијата на клиентот што овозможил оваа архитектонска замисла да се реализира. Се разбира, притоа не смее да се заборави и огромниот придинес на мајсторот-каменорезач, специјалист за камен од кремен, кој преку обработка и вградување на 80 тони камен не само што придонел за реалзиацијата на овој објект, туку и за создавањето на нов пејзаж во рамките на дворецот Вадесон манор. „Куќата од кремен“ е исклучителен пример не само на архитектонско и пејзажно остварување туку и пример за посакувана соработка помеѓу архитектот, клиентот и изведувачот. Таа не само што има придонесено за реализацијата на овој егземпларен објект, но е и доказ дека преку ваква соработка може не само да се сочуваат туку и да се промовираат вештините на занаетите што полека изумираат во рамките на сè поиндустрискиот пристап кон изградба на станбени објекти, не само во Обединетото Кралство туку и во светот. n

ПОРТА


ентериер

КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОРИ - ЧАРЛС И РЕЈ ИМС (5)

Дизајнот и се обраќа на потребата Придвижени од чувството за авантура, Чарлс и Реј Имс ја претворија својата љубопитност и безграничен ентузијазам во спектакуларни креации, кои ги етаблираа како навистина значаен дизајнерски тим чии дела не само што не застаруваат, туку одново и одново се користат во ентериерите и претставуваат неизбежен симбол на дизајнот на современото општество

38

ПОРТА

29 јануари 2016

проф. м-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС

П

ознато е дека модерниот дизајн претставува своевиден феномен на рационално индустријализираниот систем кој се однесува на интеграција на формата, материјалот и функцијата на производите за масовна продукција. Додека, пак, под поимот модерна култура се подразбира секоја идеја, акција, производ или услуга која ја вреднува и се грижи за условите на современоста во контекст на човековите потреби и барања за сигурност, безбедност, здравје и комфор. Модернизмот може да се опише како социокултурно движење кое се појавило во западниот свет при крајот на 19 век, и ги опфаќа сите творечки области како што се уметноста, архитектурата, литературата, науката, технологијата, филозофијата и политиката. На многу начини

модернизмот го покажува својот капацитет, како феномен на цивилизацијата, дека е базиран на свесноста за современите услови и околности на временскиот моментум, отфрлајќи ги застарените начини на мислење како и старите обичаи и надминати вредности. Познатиот критичар и теоретичар на архитектурата, Британецот Рајнер Банам е еден од повеќето што ја разоткрива суштината и го поддржува функционализмот на модерната архитектура, прифаќајќи го декретот на Хорасио Гринаф, американски скулптор и теоретичар: „Убавината е ветување на функцијата“. Со други зборови, Банам смета дека историјата на архитектурата не е запис на стилскиот развој ниту е хроника на најпрославените згради, туку е нешто сосема друго, многу подлабоко од формалната појавност на зградите и редот што го промовираат. Архитектурата и дизајнот претставуваат човечки состојби кои се движат секогаш заедно со времето, зашто тие всушност и помагаат да се креира „тоа“ време. Во модерен контекст, архитектурата не е повеќе привилегија на одредена класа, туку е


ентериер

демократски пристапна за сите луѓе. Модерноста ја ослободи архитектурата од нејзината социјална ексклузивност и ја претвори во пристапна и прифатлива за сите во смисла на сопственост и јавна уметност. Сето ова беше возможно заради рационализацијата на модерниот дизајн и на технолошкиот производствен систем. Со други зборови, модерната наука и технологија им овозможи на архитектите, дизајнерите, уметниците и градителите да ја презентираат својата работа на начин и количина невидена до тогаш. „Да се донесе најмногу од најдоброто на најголем број луѓе за најмалку“ е реченица која ја декларира демократската улога на модерниот дизајн и која веќе претставува мото на еден од најзначајните дизајнери на 20 век, кој од корен ќе го измени светот на дизајнот, а со тоа и животот на современиот човек. Неговот име е Чарлс Имс. Сепак, тој не е сам во она што го прави, со него е и неговата сопруга Реј. Целата приказна се одвивала во дизајн бирото на булеварот „Вашингтон бр. 901“ во Венис, Калифорнија, каде што тие ја проектираа својата единствена визија за тоа како работи светот и како може дизајнот да го подобри животот на луѓето што живеат во него. „Заедно тие се осмелија да го вознемират

универзумот, променувајќи го засекогаш со нивниот Имсов допир“, ќе напише Глорија Кениг во предговорот на книгата посветена на дизајнерскиот пар, едноставно наречена „Имс“. Додека Рајнер Банам во својата книга „Дизајн по избор“ вели: „Никој не направи такво големо влијание врз светот, не само преку своите производи туку и преку својата личност, како што тоа го стори Чарлс Имс. Општо е прифатено дека столицата ’Имс‘ го востановува првиот значаен чекор во развојот на дизајнот на столиците после дизајните на Марсел Броер од 1928 година“. Биографите забележале дека Чарлс Имс е роден во Сент Луис, Мисури, САД, во 1907 година. Во

родниот град започнал да студира архитектура на универзитетот Вашингтон. Но, поради наставната програма која се базирала на школите за убави уметности и поради неговата наклонетост кон модерната архитектура и неговата опиеност од делото на Френк Лојд Рајт, тој после само две години го напушта факултетот. Некои велат дека додатна причина била и тоа што паралелно морал да работи во архитектонска фирма за да го издржува своето семејство, после смрта на татко му, и дека не останувало многу време за студирање. Но, како и да е, после тоа тој започнал да експериментира со мебел во академијата за уметност Кренбрук (Cranbrook Academy of Art), каде што подоцна соработувал и со Ееро Сааринен. Неговата втора сопруга и професионална соработничка Реј Имс е родена во Сакраменто во Калифорнија, САД, во 1922 година. Студирала уметност во Њујорк и во Провинстаун во текот на триесеттите години на 20 век. Со Чарлс Имс се среќаваат на академијата Кранбрук во 1940 година. Заедно се селат во Лос Анѓелес започнувајќи кариера која од корен ќе го смени лицето на дизајнот и улогата на дизајнерот. Чарлс и Реј за време на Втората светска војна продолжиле да експериментираат со моделирана шперплоча со помош на калапи за производство на лонгети за нозе, кои се употребувале за имобилизација на повредите на локомоторните органи. Во овој дизајн тие ги употребувале техниките што ги развиле правејќи прототипови на столици. Успешното масовно производство на овие ортопедски помагала со голема отпорност и флексибилност, се состоело во тоа што производот имал огромни перформанси, а сепак бил изведен од евтин и секојдневен материјал. Ваквата техника и технологија, после војната ги постави темелите на развојот на производството на елементи од мебел направени од вкалапена шперплоча. Работејќи за компанијата „Херман Милер“ во САД, а подоцна и за „Витра“ во Европа, брачниот пар Имс почнал да експериментира и со други модерни материјали и процеси, за во следните >>

29 јануари 2016

ПОРТА

39


ентериер 25 години да генерираат серија на револуционерни дизајни на мебел. Во нив се комбинирани архитектонското искуство и посветеноста на Чарлс и страста на Реј кон сликарството и скулптурата. Тешко може да се замисли поелегантна конструкција за рамка на столица од само четири витки челични цевки круто споени на три точки со варови. За остварување на функцијата на ваквата едноставна конструкција се додаваат седечкиот панел и панелот за наслон, кои се дискретно обликувани во анатомија на човековото тело. Тоа е описот на веќе иконичната столица, кратко именувана ЛЦМ (LCM - Low Chair Metal base), произведена во далечната 1946 година, пред точно седумдесет години. Столицата „Лаунџ“, еден од иконичните артефакти на модерниот дизајн, денес слави 60 години постоење. За разлика од претходната, конструкцијата на оваа столица, или поточно фотелја, се потпира на носечките особини на шперплочата, така што самоносивоста на целата конструкција се должи на нејзината форма на школка. Школките се замислени како садови за поставување прво на тапацирот, а потоа и на човековото тело, пружајќи неодолив комфор при седење. „Алуминиумската столица“ произведена во 1958 година е крајниот резултат на дизајнерските експерименти на Чарлс и Реј Имс. На почетокот, дизајнот на овие столици бил развиен за индивидуална станбена зграда проектирана од архитектот Ееро Сааринен. Во тоа време мебелот го нарекле „група за разонода“ или „група за внатре-надвор“, а го дизајнирале заради лошиот квалитет на мебелот за надворешна употреба кој тогаш се произведувал. Висечкиот наслон претставува техничко достигнување кое најави

напуштање на веќе застарениот концепт на столица како масивна школка. Исклучително комфорна, цврста, но сепак лесна, оваа столица стана прототип за неколку други столици на Имс. Величината на дизајнот на оваа столица е нејзината употреба во секој можен програм и функција, од резиденцијални ентериери до

административни. Новите материјали, посебно оние што ветуваа повеќе за помалку, ги фасцинирале Имсови преку целата нивна кариера. Пластиката не била исклучок зашто нуди можност за органско обликување, со што школката за седење ќе биде во склад со обликот на човековото тело. Пластичните вкалупени столици станаа исто така еден вид „бестселер парчиња“ на модерниот дизајн, како што впрочем се случи со најголемиот дел од нивната продукција. Дизајнирани и произведени во 1948 година, претставуваат симбол на флексибилност, комфор со голем избор на типови на базичната конструкција. Денес се произведуваат и во боја по избор, а пластичниот материјал е од еколошки пријателскиот, подложен на рециклирање полипропилен. Има уште многу да се кажува за Чарлс и Реј Имс како за комплетни автори но и значајни интелектуалци. Затоа, на крај на овој напис, може само да се заклучи дека придвижени од чувството за авантура, Чарлс и Реј Имс ја претворија својата љубопитност и безграничен ентузијазам во спектакуларни

креации кои ги етаблираа како навистина значаен дизајнерски тим, чии дела не само што не застаруваат туку одново и одново се користат во ентериерите и претставуваат неизбежен симбол на дизајнот на современото општество. „Кому му се обраќа дизајнот: на најбројните, на специјалистите за прашањата на просветлувањето, на привилигираната социјална класа? Дизајнот ѝ се обраќа на потребата“, Чарлс Имс. n 40

ПОРТА

29 јануари 2016


ПОРТА


eнтериер

Реафирмација на вредноста на еден стан

42

ПОРТА

29 јануари 2016

МОЈ ПРОСТОР


eнтериер

П

Изработи: „Радо ИНЖЕНЕРИНГ“

ред архитектот Пако Радовановиќ од „Радо Инженеринг“, поставена е задача да се редизајнира стан од 180 метри квадратни на четвртиот кат во зградата на комплексот „Соравија Ресорт“ на падините на Водно. Предложен е принцип на реафирмација на системски >>

ПОРТА


eнтериер

вредности на еден стан. Како системски принцип може да се спроведе обликуван проблем, функционален, културолошки и финансиски зафат, при што претходно утврдените вредности мора да се почитуваат. Постапката на утврдување на нови вредности, секако, не смее да ги оспорува постојните. Во функционална кореспонденција се вкрстуваат комодата од почетокот на 20 век со столицата Costes chair од Philippe Starck, персискиот тепих со ламбата

ПОРТА

Moooi на Jurgen Bay - стара ламба изработена во нова обвивка, работната соба од времето помеѓу двете светски војни со најнови компјутерски инсталации, дела од колекција на современа романска уметност и на слики од современи македонски автори. Практично, внатре во самиот простор се среќаваат високовредни и квалитетни материјали, махагон дрвопод и ѕидни дрвени облоги и елементи со интарзија, мермер nero marquinq на трпезариска маса и како дел од ѕидна

облога. Со примена на движење како динамички аспект, се чувствува желбата на инвеститорот, просторот да добие личен автентичен израз кој во себе инкорпорира и елементи на сеќавање. Во наведениот концепт на слободен план, просторот се обликува на начин да го изрази просторното согледување со движење низ самиот простор, при што се постигнува единствен впечаток на целосност со динамично определување за „мој простор“. n


ПОРТА


репортажа

СОФИЈА

Град полн со приказни кои не можат до крај да бидат раскажани Во својата долга и богата историја, војските што го освојувале не го рушеле и палеле градот, така што Софија и денес претставува ризница на многу архитектонски знаменитости. Архитектурата на Софија уверливо и со гордост ги прераскажува минатите времиња.

46

ПОРТА

29 јануари 2016

Зградата на Владата


Зградата на Собранието

репортажа

Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

З

а Софија, главниот град на Бугарија, повеќето од нашите граѓани знаат многу. Се оди таму по работа, за забава, пазарувања, на концерти. Денес овој град, во подножјето на планината Витоша, има преку 1.500.000 жители. Заради својата богата историја, тој е мета на многубројни туристи од целиот свет. Убав град со симпатични и убави луѓе, особено жени, кои со задоволство ќе ви раскажат интересни приказни, ако случајно ги застанете на улица. Животот, слично како и кај нас, и овде се одвива без големо брзање, смирено, нема нервози. Остатоците од стариот град Сердика и денес постојат, а во центарот секојдневно се вршат големи ископувања и истражувања. Некогашниот Колосеум и античката Сердика се многу посетени од туристите. Кога ќе шетате по софиските улици, ги разгледувате нејзините споменици и архитектонските зданија, вие ќе се воодушевувате. Кога ќе седите во некоја од софиските кафеани, шетате по улиците и парковите или разговарате со луѓето, вие ќе ја засакате Софија. И веќе на прв поглед ќе знаете дека тоа е љубов на прв поглед. Има нешто посебно во доцното есенско шуштење на паднатите лисја по тротоарите додека шетате низ софиските улици. Како да има само нешто ваше во атмосферата на софиските кафеани и ресторани во самракот, кога темнината започнува да ги брише дневните отсјаи, во треперењето на светилките на Витошка улица... >> 29 јануари 2016

ПОРТА

47


Ископини на стариот град Сердика

И додека оној забрзан, работен ритам со играта на светлото и сенката полека исчезнува, друг ритам се буди со повик во ноќниот живот, посета на театри, кина, концерти или пак ресторани и клубови за млади. Градот е посебен, полн со приказни кои не можат до крај да бидат раскажани. На приказната, се разбира, и вие ќе ѝ додадете нешто свое. Софија – името на градот, значи мудрост. Ова име го носи уште од 1376 година. Улиците на градот и неговите споменици живеат илјадници години. Се смета за еден од најстарите градови во Европа со историја долга околу 7.000 години. Во својата долга и богата историја, војските што го освојувале не го рушеле и палеле градот, така што Софија и денес претставува ризница на многу архитектонски знаменитости. Архитектурата на Софија уверливо и со гордост ги прераскажува минатите времиња. Сепак, својата најголема вредност ја покажува во моментите што ни ги дарува, со убавината и посебноста што ја дели со нас. И станува поголема за нашата радост, а ние побогати за пријателството со градот. Ако

градовите имаат срце, а секако дека го имаат, тогаш срцето на градот е неговиот центар и улицата „Витошка“. Тоа е местото на градот каде што сите итаат. Ако со некого треба да се најдете, а не сте се договориле каде, ќе се најдете тука. Тука водат сите патишта, тука секогаш некој некого бара или дочекува. Реткост е улицата да се види празна, забрзани минувачи, пријателки фатени под рака загледани во излозите, преполни кафулиња. Целата улица е пешачка зона и луѓето се движат спокојно по неа од центарот во правец на планината Витоша и обратно. Чекор по чекор, застани, разгледај наоколу, направи муабет со пријателите, напиј се некаде кафе и оди понатаму. И кој би знаел зошто баш тука, на оваа улица, во својот дел од пешачката зона во големата низа кафеани го наоѓаш своето место за мал одмор, место во кое по навика ќе испиеш пијалак, ќе сретнеш пријатели или, едноставно, ќе гледаш во луѓето што поминуваат. Тие секојдневни ритуали се дел од оваа улица, кои така брзо ги откриваат, а потоа ги прифаќаат и многубројните посетители на градот.

Улица „Витошка“

ПОРТА


репортажа

Театарот „Иван Вазов“ Во самиот центар се наоѓа единствената останата џамија Бања баши која е споменик на културата, но затоа пак Софија изобилува со мноштво цркви. Позначајни се црквите Свети Јурај, Света Софија, руската црква Свети Николај и, секако, најголемата и најубавата Александар Невски која е позната и како Златната црква. Црквата Александар Невски ја проектирал рускиот архитект Александар Померанцев со соработниците. Конечниот проект е завршен во 1898 година, а изградбата е започната во 1904. Завршена е во 1912 година. Во 1916-та ѝ го менуваат името во Свети Кирил и Методија за во 1920-та да ѝ го вратат старото име. Во строгиот центар на Софија се наоѓа и синагогата која е втора по големина во Европа. Улиците и парковите во Софија се испреплетуваат. За парковите се води сметка, а Борисовата градина е еден од најубавите паркови во градот. И младите и постарите жители таму одат во текот на целата година. Паркот раскажува приказни од минатото, но со испреплетените раце на заљубените, со детскиот смев ја испишува и радоста на сегашноста. Кога ќе се помине големата зграда на Народната библиотека и споменикот на

Кирил и Методиј, влегувате во сплет на тесни улички кои се карактеристични за стариот дел на градот. И низ овие улички поминуваат трамваи и тролејбуси, минатото се испреплетува со сегашноста. Монументалната зграда на Народниот театар Иван Вазов, со својата големина и црвено обоена фасада со златни детали, го краси централниот дел на градот. Се забележува влијание на руската архитектонска школа на многу згради. На Плоштадот на независноста како оригинално решение се издвојува Претседателската палата. Една од најубавите улици во Софија е поплочена со жолти цигли и се наоѓа во самиот центар, помеѓу црквата Александар Невски и руската црква Свети Николај. На нејзиниот крај се наоѓа импровизиран пазар каде што се продава сè и сешто. Фудбалскиот стадион Александар Невски е најголемиот стадион во Бугарија. Покрај спортистите, овој стадион го користат и многу познати светски групи и пејачи за концерти на кои доаѓаат млади од целиот регион. Во градот има многу луксузно уредени продавници и кафулиња, многу светски брендови се дојдени тука. Особено се убави големите трговски центри во кои е многу живо. Тука ги има и продавниците на „Метро“ како и на „Икеа“. Данокот на додадена вредност им е само 10%, што влијае цените на многу производи и услуги да се многу поевтини од нашите. Ако отидете на неколку стотини метри далеку од центарот, навлегувате во една друга Софија. Тука нема многу раздвиженост, фасадите на куќите и зградите не се обновени, времето како да застанало. Итањето на луѓето што се забележува во центарот, тука се прелева во опуштеност и стариот дух на градот во амбиентот на старите куќи живее некој друг живот. Те обзема некаква носталгија за времињата што неповратно заминале и чиниш дека тука можеби заради нас, некој намерно ги застанал. Софија е само на неколку стотини километри далеку од нас. Луѓето се слични на нас, љубезни и гостопримливи, а и со јазикот немаме многу проблеми. Препорака за сите што не биле или пак одамна не биле, да ги спакуваат куферите и да ја посетат Софија. n

Црквата „„Александар Невски“

ПОРТА

49


урбанизам

ИДЕЈНИ УРБАНИСТИЧКИ КОНЦЕПТИ

Koга просторите ќе стивнат Мала ретроспектива на неколку „ситници“ со кои, повеќе граѓаните отколку жителите на Скопје ќе можеа во секое време и пред секого да се „истопорат“. Ситници кои ќе ја збогатеа неговата содржинска палета со оригинални просторно-функционални атрибути и вредности. Бидејќи добар дел од нив, градот пропушти да ги има.

П

Карпош3 - тековен изглед

м-р Ненад ТОНИЌ, дипл.сооб.инж.

ополнетиот градски простор не мора неизоставно да значи и сочуван градски простор, и тоа е лекција која малку потешко се учи. Вредноста на просторот добива на тежина тогаш кога запоставените концепти ненаметливо зрачат со чиста комбинација од оригиналност и функционално-естетска вредност над шаблонизираните матрици. Во таков случај просторот може да се изгуби, а изгубените простори наликуваат на починатите роднини и пријатели кои низ болка ги паметиме, но кои нè опоменуваат кон 50

ПОРТА

29 јануари 2016

Карпош3 - ДУП-овска матрица


урбанизам преостанатите да се однесуваме со повеќе почит и внимание. Доколку Вашиот автор ја имаше присвоено и се раководеше според официјалната политика за изградба на градот Скопје, идејните решенија околу кои ќе „цупка“ овој текст одамна ќе беа „паркирани“ на некоја мемориска банкина. Но, бидејќи конформизмот од таков вид пречесто ја губи еластичноста на удобна кожа, неопходно е повремено да се отфрли за да, по волјата на интелектуалниот скептицизам, им отстапи простор на стручната и граѓанската совест. Во овој случај вербално, онака како што е генетски и воспитно всадена. Ако можноста да се претстави едно поинакво гледиште е лајт-мотивот за оваа серија текстови, тогаш правам уште еден отклон од оргазмичкото задоволство од реализациите од понов датум, во обид да фрлам светло на неколкуте идејни бисери потполно заборавени во вителот на скопското „о-рук“ градежно секојдневие. Мала ретроспектива на неколку „ситници“ со кои, повеќе граѓаните отколку жителите на овој град ќе можеа во секое време и пред секого да се „истопорат“. Ситници кои ќе ја збогатеа неговата содржинска палета со оригинални просторно-функционални атрибути и вредности. Бидејќи имам чувство дека добар дел од нив, Скопје пропушти да ги има. Со своето пристојно урбанистичко и скромно архитектонско познавање, авторот нема амбиција да наметнува какви било критериуми. Желбата да се стават на увид докази за постоењето на време на поинаков однос на релација политика-струка-градски развој, како единствен инкубатор на квалитетни концепти, е негова доминантна водилка. ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО ВО НАСЕЛБАТА КАРПОШ 3 Способноста на управувачите со убавината на овој град од еден просторен oculis miracul да направат miraculum е суштината на силата со која довчерашната балканска паланка треба да се форсира кон категоријата метропола. Свеста дека оплеменувањето на „црните дупки“ не се прави единствено со трансформација на царството на жабите и коровот во кралство на ексклузивитетот,

можеше да прерасне во ракопис на урбаната гордост, со кинетика на успешен отпор против градежната опресивност. Под диктатот токму на таквата свест, површината омеѓена со булевар „8 Септември“ кон исток, булевар „Илинден“ кон југ, и коритото на реката Вардар кон север и кон запад, во еден момент се вклопи во идеен концепт дијаметрално спротивен на вообичаените ДУП-овски матрици. Хоризонтала наместо вертикали и вода наместо бетон, челик и вештачки стаклен сјај. И тоа е тоа, езерска површина импортирана во урбаното ткиво, како разиграна екстензија на Градскиот парк вештачки пресечен со „создадена вредност“ од булеварски тип. Рекреативна, микро-

климатска и еколошка „вакцина“ со нагласена достапност наместо социјален ексклузивитет со лажна East River визура. Скопско „Савско море“ наместо „комуналии“ со непозната судбина и, во иднина секако, низи од паркирани „посебности“. А да, и со олимписки потенцијал кој би ги прераснал веслачките води на Матка од регионален калибар. Концептите од овој тип или успеваат во целост или по кусо време добиваат дисидентски статус, како единствена „правна поука“ на решението со кое се осудуваат на заборав. Сеќавањето бара подобност, материјализацијата – материјален интерес. Во доктрината на урбанистичко-финансиската религија која земаше замав, немаше место >>

Карпош3 - изглед на вештачко езеро

Стара железничка станица - тековна состојба

Стара железничка станица концептуален изглед

29 јануари 2016

ПОРТА

51


строго базенски тип. Просторот е потрошлив ресурс и таа негова карактеристика повеќекратно јакне со зголемување на степенот на реткост односно оригиналност на една идеја. Тој сооднос покажува дали направената „потрошувачка“ по својата форма и функција ќе се материјализира во шаблонска основна или ќе поседува и, во однос на целината на градот, додадена вредност. Стара железничка станица - застаклено пешачко јадро

Парк шума Гази Баба - перспектива за мирна прошетка или џогинг-рекреација крај градска a la Central Park езерска површина, а велосипедите и ролерите беа „забетонирани“ во пинг-понг движењето на релација Карпош 4 – Градски парк, кое далеку повеќе им погодува на испраксираните уживачи отколку на децата и ентузијастите-почетници. Во тој смкнат простор градот пропушти да

Парк шума Гази Баба

52

ПОРТА

29 јануари 2016

вгнезди сафирна дијадема на зелената парковска локна, која, со повеќе од 1.000 метри должина, ќе беше истовремено и препознатлива точка на мапата на меѓународните веслачки натпреварувања на мирни води. А во услови на економска скромност, граѓаните ги остави без можност за масовно летно освежување кое не би било од

СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА – РЕКОНСТРУКЦИЈА Доталкана од границата на здравиот разум, намерата да се стави во функција часовникот на објектот на Старата железничка станица за секој, повеќе граѓанин отколку жител на овој град, претставува мерило за опасноста надвиена над овој објект-паметник. Во услови блиски на нашите, бришењето макар и на еден споменички атрибут ниту под висока телесна температура не би можел да звучи бенигно. „Успешно“ реализиран, овој наум меморијата и пиететот на скопјани ќе ги сведеше на надморска височина на обичен ѓон, со тенденција набргу и да ги подвлече под него. Постои логика според која, доколку една опасност се јави во форма на одземање, тогаш додавањето низ презервација на формалната и суштинската вредност на една содржина, може да биде ефикасен „серум“. Артикулирањето на идејата за реконструкција на Старата железничка станица беше моментот кога полно работи можеа да се сменат. Полно. Во поимањето на архитектурата на главниот град и, во потесна смисла, начините за заштита на вредниот а запоставен фонд низ повеќекратна надградба на неговата функционалност. А епилогот така човечки и, би рекол, така наш. Грубо да се превиди не само можниот резултат, туку и вредноста на мисловниот исчекор кој идеално


се поклопува со носечките трендови на современите градови. Барем на оние со метрополски статус и амбиции. Наместо со продолжено внимание, преку целиот случај се премина како преку ординарна необичност. За мнозинството, лајтмотивот една пасивна и полумртва музејска содржина да се надгради во мултифункционален центар со 24-часовна гравитациска моќ, без притоа да се одземе и промил од неговата споменичка вредност и симболика, остана непознат. Исто како и намерата еден дел од таа мултифункционалност да биде резервирана за службите на Градот Скопје, кој, како „покривна“ самоуправна инстанца, ќе заземеше апсолутно логична просторна, архитектонска и хиерархиско-симболичка позиција во однос на градските општини. Концептуалната круна беше замислена како плоштадски простор во стаклена аквариумобвивка како социјано жариште и дистрибутер на движењата кон секциите со услужни и деловни содржини. Наместо ортодоксниот „сруши и гради“ пристап, во случајот со Старата железничка станица беше избрана обнова на оригиналниот габарит со современи материјали чија фасадна дискреција немаше да претставува ниту визуелна конкуренција на споменичкиот остаток од објектот. И уште по нешто ... Дебатите за потребата биле и ќе бидат составен дел од процесите за оплеменување на градските простори. Но, поради различниот степен на разбирање и оправданост, секоја култура треба да донесе свои наравоученија и заклучоци на кој начин сето тоа треба да се изведе. Низ сопствена ментална и системска катарза. Без оглед дали се гледа како градски или фудбалски ресурс, просторот е простор. Кај

Тврдина Кале парковски простор

Тврдина Кале - перспектива најважната машка работа на светот, тој се покрива не со еден туку со група од диригирани играчи. Односот кон него во градовите не смее да се разликува, па за играњето пресинг по системот еден простор – една (те иста!) идеја не постои оправдание. Бидејќи со ординарниот пресинг не се покрива просторот, туку само и единствено „играчите“ во него. Градскиот простор бара издигнување на духот над горната граница на смогот за да им се овозможи на знаењето и искуството да се затегнат како тетива и да лансираат визија за одреден негов дел. Тоа е единствениот начин на кој може да се согледа дека овој град со нескриени метрополски амбиции нема доволно содржини кои би го вовеле во тоа „високо друштво“. На пример концертен простор на отворено како неопходен адут за

продор на фестивалската и туристичка мапа на Европа па, зошто да не, и светот. Скопје никогаш нема да го има фамозното „Ушќе“, но просторот на парк-шумата Гази Баба може да ги постави основите за конкретно размислување. Како што нема да го има и прочуениот Калемегдан, но секогаш ќе поседува своја тврдина која, со мудро и нешто похрабро маневрирање, можеше да се доближи до граѓаните како уште еден посебен парковски простор со културолошки потенцијал, на пешачко растојание од централниот плоштад, но безбедно оддалечено од неговата летна микро-клима.

НАМЕСТО РЕТРОСПЕКТИВА Субјективната сенка над ова писание останува како неспорен факт и авторот тоа ниту може, ниту сака да го одрече. Токму поради тоа неговата искреност не се истрча да ја потенцира роднинската врска од најблизок вид со носителот на опишаниот идеен калеидоскоп. Наместо тоа, препушти прекршувањето на неговите нијанси во апсолутно чиста форма да се впие во сетилата на читателот. Само така авторот можеше да смета на објективно согледување на неговиот порив овие креации на еден искрен пристап кон градот, неговите потреби и иднина да ги заштити од вирусите „заборав“ и „плагијаторство“. Во услови кога дури ни долгогодишната материјализација не содржи „гарантен лист“ за опстанок на која и да било градска форма, оние останатите, „заробени“ во хартиен формат, едноставно немаат никакви шанси. Овие и неколкуте други идејни меѓници со кои архитектот Зоран Тониќ, последниот >> 29 јануари 2016

ПОРТА

53


урбанизам главен архитект на градот Скопје, се обидуваше да воспостави јасна парабола над приземното уверување дека личноста на таа функција, наместо со маркантни од општ и поширок, треба да се занимава со прашања од маалски интерес, себично кон градот и неодговорно кон неговите генерации се препуштени на заборавот. Токму како и наведената фунција и потребата од неа. Идејните тежишта и концептуалната оригиналност, кои подеднакво им овозможуваат и на постоечките функции и на визионерските бравури да продишат „на обете белодробни крила“, се неизбежни атрибути и двигатели за секој современ главен град. Со грубото „гушење“ на идејната разиграност директно му се сугерира на содржинскиот корпус на градот, дека за одделни просторни атрибути во него место нема, дури и во случај кога неговиот потенцијал веќе ги чувствува и латентно посакува. Таквиот ретрограден манир, за среќа, ја одбегна велосипедската патека низ мајор-коритото на реката Вардар, која, од идеен концепт „намирисан“ од истиот автор, за кусо време експлодира во еден од најуспешните сообраќајно-инфраструктурни проекти од понов датум. Главниот градски поштад ја немаше баш истата среќа. Во конкурсниот налет современо осмислената реконструкција со акцент на сведена сериозност во европски манир, однесе победа

ПОРТА

Вело-патека - корито на р.Вардар

над тенденциите за апсолвентско експериментирање со јадрениот градски простор. Исто како и употребениот гранитен материјал чиј квалитет без задршка ужива доверба од светски ранг. И од материјалот и од идејата, што градскиот простор го оплемени со тој материјал, повеќе трага нема. Либералниот пристап и, веројатно, премногу чистата резултантна форма и дизајн за помалку од десет години им отстапија простор на една содржинска и монохроматска разиграност чија визуелна вредност, комфор и

употребливост допрва ќе бидат проценети под светлината на летното скопско сонце. Метрополските амбиции подразбираат ИЗБОР на најдобрата или присвојување на неизбрусената вредност, во манир максимално ослободен од субјективни заднински баласти. Затоа што изгубените простори наликуваат на починатите роднини и пријатели кои низ болка ги паметиме, но кои нè опоменуваат кон преостанатите да се однесуваме со повеќе почит и внимание. n


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


eкологија

СКЛАДИРАЊЕ НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД И ПОЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Дали јагленот може да биде „чист“? Заробувањето на јаглерод диоксид и неговото складирање или „секвестрација“ под земја во порозни карпести формации се чини како сложена практика, но САД веќе децении наназад вложуваa во истражувања и тестирање на оваа технологија

Ј

Марина ВЕРУШЕСКА

агленот се смета за еден од најголемите загадувачи, бидејќи со емитување на CO2 придонесува за глобалното затоплување и е штетен за околината. При процесот на согорување, тој испушта јаглерод диоксид, азотни оксиди, сулфур диоксид, како и цврсти честички: пепел, саѓи, метал, односно супстанции кои се таложат во атмосферата и со тоа многу загадуваат. Сè додека фосилните горива се најевтини, тие ќе продолжат да се користат, па затоа научниците почнаа да се интересираат дали

56

ПОРТА

29 јануари 2016

јагленот може да биде „чист“. Проблемот со алтернативните извори на енергија е во тоа што треба да помине долго време пред навистина да почнат да се применуваат и да функционираат на она ниво како што е развиено користењето на јагленот. Затоа и се налага потребата да се вложи во нова технологија поврзана со заробување и складирање на јаглерод диоксид. Дали јагленот може да биде чист? Секако дека не, но на повидок е нова технологија која може да го направи подобар за околината. Заробувањето на јаглерод диоксид и неговото складирање или „секвестрација“ под земја во порозни карпести формации се чини

како сложена практика, но САД веќе децении наназад вложуваа во истражувања и тестирање на оваа технологија. Секвестрација значи наместо во атмосферата, CO2 најпрво се заробува, а потоа се вбризгува во земјата. Нафтената индустрија веќе повеќе од четири децении вбризгува компресиран јаглерод диоксид во исцрпените нафтени полиња, а оваа практика во Канада прерасна во најголемата светска операција на подземно складирање на јаглерод диоксид. Секвестрацијата на јаглерод диоксид ги воодушеви научниците и властите бидејќи нуди одлично решение за намалување на емисиите на CO2. Една термоелектрана во


С

Данска, започна со овој процес на складирање на јаглерод диоксид, која складира CO2 на четири различни локации. Една од нив е напуштено нафтено поле во близина на брегот на Шпанија. Во Шведска пак, се тестира нов вид на секвестрација на чист јаглерод диоксид кој настанува со согорување на лигнит во една постројка на истокот на Германија. Досега најголемо спроведено тестирање е извршено од страна на една норвешка енергетска корпорација која прави впумпување на милион тони CO2 годишно на нафтеното поле Sleipner под Северното Море. Јаглеродниот диоксид се вбризгува на длабочина од околу еден

километар под морското дно. Во таа формација има доволно простор за цела количина на CO2 без да го зголемува внатрешниот притисок и нема никакви знаци на потрес или протекување. Токму ова место, европските истражувачи го сметаат како идеално за складирање на CO2 од европските електрани. Прва електрана која во 2009 година започна со заробување на јаглерод диоксид е „Mauntenir“ во САД. Со технологија на заробување, тој бил вбризгуван во порозен варовник на длабочина од повеќе од километар и половина под брегот на реката Охајо. Иако по две години компанијата >>

опственото производство на електрична енергија е од исклучителна важност за енергетска независност на секоја земја, а кога станува збор за Македонија, сите овие процеси одат бавно и сложено, без оглед дали станува збор за јаглен или за нови обновливи извори на енергија. Главниот проблем е економската политика односно финансиите. Додека земјите од светот пронаоѓаат нови начини на обновлива енергија, Македонија е зависна од јаглен. Последната година започна да се остварува проектот со ветерни електрани, прво во Богданци, но засега тој е на самиот почеток. Иако се планира негово проширување на територијата на источна Македонија, главниот збор го имаат термоелектраните Битола и Осломеј, од кои доаѓа повеќе од 70 проценти од вкупната домашна произведена енергија. Што се однесува за примена на технологијата на заробување и складирање на CO2 во Македонија, нема такви изгледи во блиска иднина. Во ТЕ РЕК Битола и ТЕ Осломеј, пепелта од јагленот се складира во депонија за отпадна пепел, а одведувањето на пепелта и згурата се врши со транспортна трака. Во моментов овие термоелектрани се во процес на подобрување на еколошките стандарди (следење и контрола на емисии на загадувачки супстанци, периодични мерења на интензитетот на бучава од постројките, како и нова технологија на транспорт) според ЕУ директивите за емисија на штетни гасови, бидејќи во спротивно ќе бидат затворени. 29 јануари 2016

ПОРТА

57


eкологија

престанува со работа поради прописите што не дозволуваа наплата на потрошувачите за примена на технологија која сè уште не е одобрена со закон, овој експеримент се покажал како функционален со надеж да стане економски одржлив. Во светски рамки, технологијата веќе постои, па заробувањето на CO2 може да биде и поефикасно од напорите на полето на алтернативните извори на енергија.

Проблем е трошокот за закопување на CO2, кој може да се намали со поттикнување на мерки кон енергетскиот сектор и со понатамошен развој на технологијата. Научниците се согласуваат дека се потребни поголеми експерименти и тестирања како би се востановила примената на одредени технологии со кои складирањето на јаглерод диоксид во иднина би било рутинска процедура.

Потребата од заробување и складирање на јаглердниот диоксид не би била толку потребна, доколку би се намалило емитувањето на стакленички гасови за пет или 10 проценти. Токму ова беше и целта на последниот светски договор на парискиот Самит за климатски промени КОП21, кој за првпат ги обврзува сите земји на намалување на емитувањето на стакленички гасови. n

www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


ПОРТА


eкологија

ЕУРО НОРМИ ЗА ВОЗИЛАТА И ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ

Краток економски бенефит долгорочни проблеми Даниела МЛАДЕНОВСКА

Во земјава се случува вистинска револуција во набавката на половни возила, и тоа особено од 2010 година. Истиот тренд се забележува и кај увозот на автобуси и минибуси. Според податоците објавени на сајтот на Царинската управа, во периодот 2009-2015 година, соодносот на увезени половни и нови автомобили е 5,2:1 во корист на половните. Во истиот период се увезени дури 196.698 половни возила.

60

ПОРТА

29 јануари 2016

П

атничките моторни возила веќе е јасно и докажано дека предизвикуваат низа последици по здравјето. Од најбаналните, како што е физичката неактивност, до повредите во сообраќајни несреќи неретко и со смртен исход. Посебно место пак, заземаат штетните последици од загадувањето кои влијаат на кардиоваскуларниот и респираторниот систем кај луѓето, а гледано во поширок контекст влијаат и врз климатските промени. Но, автомобилската индустрија од своја страна е извонредно моќно лоби кое се


eкологија

спротивставува на мерките што го ограничуваат користењето на возилата, и користат најразлични тактики во таа своја борба кои се многу слични на оние од тутунската индустрија. Интензивната урбанизација и порастот на населението во градовите, во последните децении доведува и до зголемување на бројот на автомобили без притоа да се направат напори за редуцирање на нивната употреба. Како и да е, користењето на автомобили влијае врз социјалното опкружување (квалитет на живот) и врз животната средина, па според тоа неопходен е соодветен еколошки пристап за да се разберат и посочат сите штетности кои призлегуваат од „зависноста“ од автомобил. Автомобилите се во конфликт со индивидуалната, локалната и глобалната одржливост. Според Светската здравствена организација (WHO), загадувањето на воздухот во градовите е причина за дури еден милион смртни случаи годишно. Загадениот воздух е сложен микс од цврсти честички и гасови. Токму концентрацијата на цврсти честички последниве години се посочува како многу штетна за здавјето. Притоа, во истражувањата на „UK Department for Environment, Food and Rural Affairs” од 2005 година, патниот сообраќај се посочува како виновник за 30% од вкупните емисии на PM 2,5 и дури 50% од емисиите на PM 10. Нивото на полутанти е повисоко во големите градови на земјите со понизок

бруто домашен производ, отколку во големите градови на земјите со висок бруто домашен производ. Имајќи го предвид забрзаниот индустриски развој, и првите проблеми со загадувањето на воздухот во големите градови, индустријата на автомобили децении наназад стана свесна дека мора да обезбеди компетитивност преку посебно внимание во однос на емисијата на штетни гасови и честички. Првиот стандард во Европа за нивото на емисиите на штетни гасови од патничките возила бил воведен уште во 1970 година. Поминале цели 22 години оттогаш, до првиот значаен чекор во 1992, односно

воведувањето на стандардот EURO 1, кој предвидува вградување на каталитички конвертори кај возилата со бензиски мотори со цел намалување на емисијата на јаглерод моноксид (CO). Според последниот воведен стандард, EURO 6, сите нови автомобили од септември 2015 имаат дури 96% намалена емисија на некои полутанти во споредба со ограничувањата од стандардот EURO 1. Особено е интересно да се анализира постојаното намалување на дозволената емисија на PM честичките кај дизел моторите, во текот на последните 23 години, односно од EURO 1 до EURO 6. Намалувањето изнесува 28 пати, односно од 0,14 g/km на 0,005 g/km. Во Скопје и Тетово веќе подолго време проблемот со квалитетот на амбиенталниот воздух добива на интензитет. Голем дел од годината концентарциите на цврсти честички PM 10 се поголеми неколку па дури и над десет пати во однос на граничната дозволена вредност од 50 микрограми/m3. Во јавноста, особено со почетокот на оваа зима, се покренаа повеќе >>

Европски стандарди за емисија за дизел автомобили (g/km) норма EURO 1 EURO 2 EURO 3 EURO 4 EURO 5а EURO 5b EURO 6

датум јули 1992 јануари 1996 јануари 2000 јануари 2005 септември 2009 септември 2011 септември 2014

CO 2,72(3,16) 1,0 0,64 0,50 0,50 0,50 0,50

NOx 0,97(1,13) 0,50 0,25 0,180 0,180 0,080

HC+Nox 0,97(1,13) 0,7 0,56 0,30 0,230 0,230 0,170

PM 0,14(0,18) 0,08 0,05 0,025 0,005 0,005 0,005

29 јануари 2016

ПОРТА

61


eкологија

Патнички автомобили Автобуси и минибуси година 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015* Вкупно

Нови 10574 7183 5795 4021 3288 3052 3819 37732

половни 2944 51399 34326 28546 29560 29558 20365 196698

нови 33 17 204 242 5 6 10 517

половни 56 563 155 374 317 160 167 1792

*Податоците за 2015 се пресметани заклучно со месец ноември Извор: Царинска управа на РМ

полемики во врска со главните причинители на загадувањето. Додека едни ја посочуваа индустијата, други беа сè погласни во уверувањето дека со години сообраќајот се запоставува и занемарува како еден од главните загадувачи. Иако граѓаните на неколкуте протести бараа итни рестриктивни мерки, надлежните се огласија со неколку тривијални препораки. Со оглед на фактот што од градовите во регионот, Сараево години наназад мака мачи со енормното загадување, одлуката на властите од Кантонот Сараево, пред крајот на минатата година, да воведат рестрикција на движењето на автомобилите со стандард EURO 3 и понизок од него, упатуваат на заклучокот дека одржлив транспорт и пред 62

ПОРТА

29 јануари 2016

сè вложување во одржливи концепти на јавниот транспорт може да биде едно од решенијата. Но, каква е реалноста кај нас по овие прашања? Уште во 2009 година, Светска банка има направено анализа во рамките на Студијата за зелен раст, која вклучува Акционен план за намалување на емисиите во секторот сообраќај во Македонија. Како главни поенти во овој документ се издвоени следните: l Имплементирање на ценовни политики кои ќе го поттикнат користењето на јавниот превоз, користењето на велосипеди и пешачењето. Притоа, се сугерира дека ова може да биде направено преку зголемување на даноците и други давачки

за горивата, наплатување на користењето на патната инфраструктура за фиксен период (вињети), и сл. l Подобрување на ефикасноста кај возилата преку следните активности: l Да се направат промени во регулативата, која ќе го дестимулира увозот на половни возила (големи загадувачи); l Имплементација на пилот проекти кај јавните претпријатија, јавните превозници и такси компании за: набавка на возила со висока ефикасност во користењето на горивото, подготовки за воведување на Директивата за Чисти возила (Clean Vehicles Directive) и постигнување на оперативни заштеди преку пониски трошоци за гориво; l Стимулирање на купувањето на нови ефикасни возила, преку даночни олеснувања и одредени поволности преку надомест за старо возило (производителот на автомобили доделува одреден бонус за старото возило од истиот бренд со одредена доплата за ново возило). Но, наместо наведените мерки, во земјава се случува вистинска револуција во набавката на половни возила, и тоа особено од 2010 година. Истиот тренд се забележува и кај увозот на автобуси и минибуси. Според податоците објавени на сајтот на Царинската управа, во периодот 2009-2015


eкологија

година, соодносот на увезени половни и нови автомобили е 5,2:1 во корист на половните. Во истиот период се увезени дури 196.698 половни возила. Најголем дел од овие возила и речиси сите автобуси се регистрирани токму во Скопје. Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2014 година во Скопје се регистрирани речиси 40% од вкупниот број регистрирани возила во земјава. Идејата за увоз на половни возила, веројатно била мотивирана од потребата да

се овозможи достапност до возило и на посиромашните слоеви граѓани. Но, за квалитетот на живот се неопходни многу други фактори. Еден од најзначајните е квалитетот на воздухот, критериум кој, за жал, при донесувањето на одлуката за дозвола на увоз на половни возила никој не ја земал предвид. Одржливиот пристап при донесување на одлуки, за жал, не е применет ниту при набавката на нови автобуси во Скопје. Тежнеејќи да се задоволи некој однапред

замислен естетски момент (ретро дизајн според автобусите од предземјотресно Скопје), еколошките аспекти биле потиснати во втор план. Новите автобуси имаат дизел мотори кои ја исполнуваат нормата EURO 4, стандард кој во Европа е воведен пред 10 години. Со каква норма се 1.792-та половни автобуси и минибуси увезени во последните шест години, не е тешко да се претпостави, иако не постојат јавно достапни податоци за тоа. За жал, за воведување на електрични автобуси или некој друг одржлив концепт, очигледно треба да почекаме. Само за илустрација, и Софија и Белград веќе имаат започнато проекти за постапно воведување на електрични – еко автобуси во возниот парк на јавниот превоз. На крајот, наместо заклучок, само една проста констатација: Креирањето политики во однос на возниот парк и видот и структурата на јавниот превоз мора да задоволи многу аспекти, во согласност со принципите на одржливиот развој. Во спротивно, краткорочниот економски бенефит и индивидуален комфор ќе продуцира долгорочни еколошки и социјални проблеми. n

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

ПОРТА


арт и дизајн

Хуан Миро - од Мајорка во Лондон

А

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ телјето на големиот шпански сликар Хуан Миро во Мајорка е реконструирано до последниот детаљ во уметничка галерија во британскиот главен град Лондон. Репродукцијата на мебел и предмети, со кои бил опкружен овој сликар во неговата секојдневна работа, ја направи галеријата од Барселона Majoral, чии претставници по тој повод се

64

ПОРТА

29 јануари 2016

преселиле во центарот на Лондон, на „Грејт дјук стрит“. Изложбата на која се презентирани 25 дела на Миро, е организирана по повод 60-годишнината од отворањето на студиото на сликарот во Мајорка, коешто имало централна улога во неговата кариера. Хуан Миро (1893-1983) е роден во Барселона, а починал во Мајорка, каде што е погребан. - Ателјето му овозможувало на Миро работен амбиент каков што му бил потребен. Кога ќе ја затворел вратата зад себе, тој знаел да ги прекине сите контакти со надворешниот свет и да

Лондонската реплика на ателјето од Мајорка на Хуан Миро, 2016


Ателјето на Хуан Миро во Мајорка,1977

нурне во својот имагинарен свет - изјави неговиот внук Пунијет Жоан Миро , кој како дете си играл во ателјето. Внукот додаде, дека тој имагинарен простор бил исполнет од медитеранската светлина и од медитеранските бои и форми. - Мојот сон, кога еднаш некаде ќе се смирам, е да имам големо студио - изјавил Миро во 1938 година. Тогаш каталонскиот сликар живеел во Барселона, после етапата во Париз каде што се дружел со Пабло Пикасо. Шпанија тогаш била во екот на граѓанската војна, која

завршила со победа на Франциско Франко и со воспоставување на диктатура, заради што архитектот Жозеп Луис Серт, уште еден голем пријател на сликарот, заминал во прогонство во Њујорк. На шпанскиот архитект Серт (1902-1983), ученик на Ле Корбизје, Миро му ја доверил задачата да му го осмисли неговото студио, откако дефинитивно се преселил во Мајорка во 1956 година, после живеењето во различни делови на Франција и Шпанија. Дијана Жове од галеријата Majoral рекла дека Миро >>

ПОРТА


арт и дизајн

многу го почитувал Серт и дека сакал од него да побара да направи нацрти за ателјето, но не се осмелил да го праша, но затоа сопругата на Миро – Пилар го прашала, и Серт веднаш прифатил. Копии од писма разменети помеѓу архитектот и уметникот се изложени во реконструираното ателје во Лондон, како и други предмети од тој период, како што е копија на сонце од слама. Тој предмет многу му се допаѓал на Миро како и на неговите пријатели Пикасо и американскиот скулптор Александар Калдер, кои исто така, го имале во своите ателјеа. - Нашата цел е да се направи една неконвенционална изложба врз основа на оригинални приказни. Избравме 25 мошне квалитетни дела, проект достоен за еден музеј - изјавила Дијана Жове. Ателјето ќе биде отворено за јавноста до 12 февруари, а потоа се сели во Њујорк, каде што ќе биде од 3 до 8 март. n

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.