241

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КОЛ О Г И Ј А

241

ФЕВРУАРИ 2016

Нема место каде да се избега од загадувањето Александар Митиќ: Без култура нема архитектура Паркинг како современ архитектонски објект

90 ДЕНАРИ


ПОРТА


Т

иккурила нуди широк избор на декоративни бои за потрошувачи и професионалци за заштита и декорaција на разни површини. Во понудата за производите вклучено се и внатрешни лакови, производи со ефект, производи за дрво, метал и минерални површини. Со историја која датира уште од 1862, Тиккурила е водечки производител на бои и премази во Нордискиот регион и Русија. Со седиште во Финска, компанијата работи во 16 земји. Високо квалитетните производи и различните услуги овозможуваат најдобар можен избор за потрошувачите. Производи за ЕНТЕРИЕР Офарбајте го вашиот дом како одлика на вашата личност, со помош на правиот избор на латексни бои од асортиманот на Тиккурила. Што е тоа што боите на Tikkurila ги прави различни од останатите? Одговорот е во структурата на самата боја која недозволува да се развие мувла, лесно се одржуваат бидејќи можат да се перат, имаат мало влијае врз животната средина во текот на нивниот рок, имаат ниска горлива вредност, се одликуваат со антистатичност и најважно е што се долготрајни и ја задржуваат нијансата независно од степенот на сјај. Тикуррила акрилни бои за внaтрешни ѕидови и плафони со своите карактеристики овозможуваат одличен квалитет во секаков аспект и поседуваат М1 емисија од класата за градежни материјали и Европски eco-label сертификат, кој потврдува отсуство на супстанци кои се штетни за животната средина. Украсување во внатрешноста Нагласете го изгледот на вашиот дом со единствени можности за декорација. Креирајте сопствени идеи. Бидете инспирирани и бидете успешни. Користете Harmony, Luju, Joker како основен премаз, креирајте ефекти на ѕидот со помош на Taika ефектни бои, Feelings Effect Finish, Liitu или Tunto Hieno. Производи за ЕКСТЕРИЕР Минералните површини бараат декорација и заштита. Ѕидовите, фасадите, балконите кои би требало да траат со децении под лоши временски влијанија.Тиккурила нуди трајни и сигурни решенија. Производи за заштита на подни површини Специјален сегмент се епоксидните самоливни подови со максимален филм од 5mm, кои се отпорни на абење и триење при што се употребуваат во индустриски објекти и објекти од јавен карактер како шопинг центри, изложбени салони, аеродроми и друго. Нивната антистатичка карактеристика и лесното одржување ги прави погодни за употреба во болници. Производи за заштита на метал, дрво и декорација на дрво Заштитете ги и сочувајте ги металните и дрвените површини со избор на соодветен производ од Тиккурила понудата.

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ВО КВАЛИТЕТОТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ ПОСЕТЕТЕ НЕ НА САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ОД 01-05. МАРТ 2016, ВО ХАЛА 2, ШТАНД 2 Тиккурила ДООЕЛ Скопје - Ул. 1550 бр.14 1000 Скопје,Македонија - Тел.+389 2 2549050 - Факс. + 389 2 2549 04

www.tikkurila.mk


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


ГОДИНА XII

БРОЈ 241 ПЕТОК 26.2.2016 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Љубљана во семејството на зелените престолнини. Кога ваква вест ќе прочитаме за нашиот главен град? Или за кој било град во државава. The European Green Capital Award претставува иницијатива за промовирање и наградување на напорите на локалните власти во зачувување на животната средина. Слични награди се доделуваат и на држави кои постигнуваат високи еколошки стандарди, кои се посветени кон тековни и амбициозни цели за понатамошно подобрување на животната средина и одржлив развој. Какви се состојбите кај нас на овој план? Во овој број на „Порта 3“ ви нудиме неколку четива кои ја појаснуваат еколошката ситуација во државава. Преплавени сме со предупредувачки и застрашувачки податоци. Нема место каде да се избега од загадувањето. Македонија годишно губи 11.655 години живот на своите граѓани, и 250 милиони евра од економијата, поради последиците од загадениот воздух. Но, не е само воздухот. Една по една, професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија, ги менува мапите на Македонија на кои е прикажан степенот на загадувањето на почвите од различни тешки метали. Со силна црвена боја се обележуваат најконтаминираните области, потоа се преминува кон посветла црвена, па жолта, па побледа зелена, и на крајот, со силна

зелена се обележани најчистите. Во Македонија не постои незагаден крај. Без култура нема архитектура, вели младиот белградски архитект Александар Митиќ, во ексклузивното интервју за „Порта 3“. Според него, кога ќе ја видиш архитектурата, јасен е целиот концепт на живот на една заедница. Митиќ е еден од основачите на белградското архитектонско Студио А3, кое работи на белградска и прашка адреса. Од група студенти по архитектура, кои работат на проекти од кои ги финансираат своите патувања, преку архитектонско биро за значајни интернационални компании кои работат на српскиот пазар, тој и неговите партнери стигнаа до фирма која проектира на повеќе континенти за различни клиенти. Во непосредна близина на ГТЦ и Домот на синдикатите се наоѓа новопроектираната катна гаража и деловен објект, кои се одликуваат со современа, минималистичка архитектура, која со својот волумен и архитектонски израз ги почитува околните објекти. Составен дел е на сообраќајната инфраструктура на центарот на градот, и откако е пуштена во употреба пружа значителна поддршка за решавање на секогаш актуелниот проблем – недостиг од паркинг-плацови во центарот на градот.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: KATНА ГАРАЖА „РАЗЛОВЕЧКО ВОСТАНИЕ“ - СКОПЈЕ

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

241 ФЕВРУАРИ 2016

Нема место каде да се избега од загадувањето Архитект Александар Митиќ: Без култура нема архитектура Паркинг како современ архитектонски објект

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

ПРОЕКТАНСКО БИРО: „ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ“

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ГРАДЕЖНИШТВО 10 ПАРКИНГ КАКО СОВРЕМЕН АРХИТЕКТОНСКИ ОБЈЕКТ

СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ НА СТАНБЕНА ИЗГРАДБА

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

30

АЛЕКСАНДАР МИТИЌ -СТУДИО А3: БЕЗ КУЛТУРА НЕМА АРХИТЕКТУРА

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

42 34

АРХИТЕКТУРА 36

Печати:

МУЗЕЈ ВО ЛИБЕК- СПОЈ НА МОДЕРНОТО И ТРАДИЦИЈАТА

Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

УРБАНИЗАМ 44 НАМАЛУВАЊЕТО НА РИЗИКОТ ОД КАТАСТРОФИ НОСИ ПРОФИТ

ЕКОЛОГИЈА 52 НЕМА МЕСТО КАДЕ ДА СЕ ИЗБЕГА ОД ЗАГАДУВАЊЕТО

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

ГРАДЕЖНИШТВО 22

ИНТЕРВЈУ 30

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

40

АРТ ДИЗАЈН 64 „VOGUE 100: A CENTURY OF STYLE“ ВО НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА ПОРТРЕТИ ВО ЛОНДОН

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

64

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

Нов вид цемент кој може да издржи радијација и до 100.000 години

Б

ританските научници работат на создавање нов вид цемент кој би можел да издржи интензивна радијација илјадници години. Тој проект е од извонредна важност за Британија која најави експанзија на својата нуклеарна индустрија, односно планови за изградба на неколку нуклеарни централи. Се проценува дека во Британија до 2030 година ќе бидат собрани околу 300.000 m3 високорадиоактивен отпад. Моментно овој отпад се чува во надземни складишта покрај реакторот. Сепак, растечкиот притисок врз животната средина ја присили владата да се обврзе овие материјали да ги смести во големо подземно складиште. Притоа треба да се осигура отпадот на таа локација за најмалку 100.000 години по кои радиоактивноста ќе се сведе на прифатливо сигурно ниво. Клучно е да се вгради цемент кој може да ја издржи оваа радијација во долга низа години. На овој проект работат на универзитетот во Шефилд. Благодарение на истражувањата со користење на Diamond Light Source, тимот успеал да создаде нов тип на цемент со кој може да се обезбеди нуклеарен отпад во подземните складишта. Деталите се претставени на годишното собрание на Американското здружение за напредна наука во Вашингтон.

Бројот на зелени згради во светот наскоро ќе се удвои

Б

ројот на зелени згради на глобално ниво ќе се удвои до 2018 година споредено со денес. Ова е прогнозата од истражувањето на „Dodge Data & Analytics and United Technologies Corporation“. Притоа, под „зелен“ проект е идентификувана секоја зграда односно објект кој е граден и /или сертифициран на начин и со квалитет кој е во согласност со критериумите на LEED, BREEAM, DGNB, Green Star или други меѓународни сертификати за „зелена“ градба. Предвидениот раст во најголема мера ќе биде достигнат во земјите што сè уште ги развиваат пазарите на зелената економија, особено Мексико, Бразил, Колумбија, Саудиска Арабија, Јужна 6

ПОРТА

26 февруари 2016

Африка, Кина и Индија, кои известуваат за сериозен број проекти сертифицирани според споменатите стандарди. Бројот на зелени згради во светот вообичаено се удвојува на секои три години.


инфо

Првиот парламент во светот кој работи исклучиво со соларна енергија

П

акистанскиот парламент сместен во Исламабад, е прв во светот кој целата потребна енергија ја обезбедува од сонцето. Проектот е најавен во 2014 година, а финансиран е од страна на кинеската влада во знак на пријателство меѓу двете земји. Соларната електрана чинела околу 36,5 милиони фунти, а пуштена е во погон минатата година од страна на кинескиот претседател при неговата официјална посета на Пакистан. Денес, оваа централа е во редовна експлоатација при што 70% од произведената енергија користи за потребите на парламентот, а остатокот го предава во електроенергетската мрежа.

Бугарија втора во Европа според растот на земјоделските површини со органско производство Со над 32%, Бугарија е на второто место во Европа по растот на површините со органско земјоделство (како процент од вкупното земјоделско земјиште), зад Русија (+70%), и пред Хрватска (+23%). Земјата е на седмо место според порастот на површините под органско земјоделство по Русија, Шпанија, Италија, Франција, Турција и Словачка. Во Бугарија се регистрирани 3.893 производители на органска храна. Импресивни бројки за најсиромашната земја членка на Европската Унија. Подготви: Дaниела МЛАДЕНОВСКА 26 февруари 2016

ПОРТА

7


ПОРТА


ПОРТА


градежништво

КАТНА ГАРАЖА „РАЗЛОВЕЧКО ВОСТАНИЕ“ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Паркинг како современ архитектонски објект Ангел СИТНОВСКИ, дипл. инж. арх.

Новопроектираната катна гаража и деловен објект се одликуваат со современа, минималистичка архитектура, која со својот волумен и архитектонски израз ги почитува околните објекти. Составен дел е на сообраќајната инфраструктура на центарот на градот, и откако е пуштена во употреба овозможува значителна поддршка за решавање на секогаш актуелниот проблем – недостиг од паркингплацови во центарот на градот. 10

ПОРТА

26 февруари 2016


П

ронаоѓање на место за паркирање во центарот на градот е една од најголемите мисии во време на шпиц термините, како и во време на викендот за сите оние што со своите коли доаѓаат во центарот. Паркирањето во центарот е и извор на креативни идеи како тој проблем, можеби не баш најдобро да се реши, но барем да се ублажи. Со изградбата на јавни гаражи се настојува да се постигне квалитетна регулација на сообраќајот во мирување и

градежништво соодветна проточност на сообраќајот. Со изградба и опремување на катни гаражи во Скопје се започна пред три-четири години, а Градскиот паркинг управува со неколку од нив. Новата катна гаража именувана „Разловечко востание“ се наоѓа на аголот од улиците „Васил Аџиларовски“ и „Мирче Ацев“. Изградена е во склад со

највисоките европски стандарди за ваков тип на објекти. Составен дел е на сообраќајната инфраструктура на центарот на градот, и откако е пуштена во употреба oвозможува значителна поддршка за решавање на секогаш актуелниот проблем – недостиг од паркинг-плацови во центарот на градот. Гаражата е опкружена со објекти изградени во различни периоди од историјата на градот Скопје. Околните објекти се одраз на времето во кое се градени. Новопроектираната катна гаража и деловен објект се одликуваат со современа, минималистичка архитектура, која со својот волумен и архитектонски израз ги почитува околните објекти. Со едноставна, линеарна фасада, со динамично изместени вертикални ленти на декоративни решетки во делот >> 26 февруари 2016

ПОРТА

11


од катната гаража, и поголеми хоризонтални стаклени површини во делот на администрацијата. Се работи за еден објект составен од две ламели, со целосно различни функции, гаража и деловен објект. Објектот е поделен и во поглед на фасадите што се надоврзуваат и надополнуваат. Декоративните решетки на делот од гаражата се трансформираат во брисолеи на јужната страна, додека кружните столбови од деловниот простор продолжуваат на северната фасада на делот од гаражата и се намалуваат во височина како што се оддалечуваат од деловниот простор. Парапетните облоги од поликарбонатни плочи на гаражата, продолжуваат во хоризонталните застаклени делови на фасадата од деловниот објект. Целиот објект е со иста висина, но ламелите се разликуваат по својата катност. Деловниот простор е со катност од подрум, приземје и пет ката, и е издвоен како посебна ламела, на аголот од парцелата што гледа кон ГТЦ и деловниот објект на Соравија. Во централниот дел на деловниот простор, сместено е армирано-бетонско јадро за вертикални комуникации кое има елипсоидна форма. Околу него се развива административниот простор кој е ориентиран кон фасадата и има закривена форма, пратејќи ја закривеноста на комуникациското јадро. Просторите во внатрешноста, кои се темни, се користат како помошни простории. На секој кат се наоѓа хол со обезбеден простор за рецепција и вертикални комуникации. Петтиот кат од

ПОРТА

оваа ламела е повлечен во однос на долните нивоа, што овозможува формирање на тераса со зелен кров. Во приземјето се наоѓа голем влезен хол како и локали кои се ориентирани кон улиците. Подрумските простории се користат како магацини и во овие простории се доаѓа преку посебен скалишен простор кој нема врска со централното јадро. Покривот е рамен зелен кров и на него се излегува преку машинското одделение кое е сместено исто така на покривот. Втората ламела е наменета за катна гаража. Катноста тука се состои од подрум, приземје и девет ката. На сите нивоа се изведува паркирање на возила, или поточно постојат 22 полунивоа на кои се паркира. Пристапот на возилата е од северниот дел на објектот од улицата „Мирче Ацев“. Предвидени се два влеза и три излеза кои можат да се користат комбинирано во зависност од фреквенцијата на возила и периодот од денот. На уредениот покриен паркинг со капацитет од 516 паркингплацови, во гаражата е овозможено паркирање во сите годишни времиња. Паркирањето е приспособено на корисниците во секој поглед. До катната гаража е овозможен едноставен пристап и користење на паркингот и содржините што му припаѓаат, водејќи притоа сметка и за потребите на лицата со намалена подвижност. Покрај главниот влез–излез за возилата, се наоѓа простор за операторот на гаражата, во кој простор во секој момент се наоѓаат вработени професионалци кои го надгледуваат работењето во гаражата и стојат на услуга на сите нејзини корисници и посетители. Преку скалишните јадра или лифтовите, корисниците на гаражата се спуштаат или


градежништво Помеѓу двете ламели и двете различни функции на објектот, поставена е дилатација со ширина од 38 сантиметри. Фасадата на деловниот простор е полуструктурална, изведена како комбинација на стакло и композитен панел. Од јужната страна се поставени брисолеи прицврстени на фасадната браварија. Кружните столбови во приземјето и на петтиот кат се обложени со композитен панел, како и гредите и парапетните ѕидови на третиот кат. И машинските простории на петтиот кат се обложени со композитен панел поставен на метална потконструкција. Фасадата на гаражата е отворена. Неа ја сочинуваат декоративни решетки кои се прицврстени на меѓукатната конструкција. Парапетите се изведени од поликарбонатни плочи, како и облоги од композитни панели. Подовите во деловниот објект како завршна подлога користат теписон или керамички плочки. Во гаражата завршната обработка >>

качуваат до своите возила. Катовите се во целост отворени, со што е овозможена природна вентилација на сите надземни нивоа. Во централниот дел од гаражата е изведена галерија со широчина од 2,5 метри, која дополнително се користи за вентилација но и како простор низ кој се водат внатрешните инсталации. На последниот кат, исто така има паркинг-плацови. Овој кат е отворен и покриен со настрешница изведена од челична конструкција и покриена со покривач од транспарентен поликарбонат. Фасадата е изведена од декоративни метални решетки, кои можат да се заменат со рекламни паноа или ЛЕД екрани. Конструктивниот систем на целиот објект е армирано-бетонска конструкција, столбови и греди, со касетирана меѓукатна конструкција. Видливите конструктивни армирано-бетонски елементи се изведени од натур бетон.

ПОРТА


на подовите е врз база на полиуретанска смола нанесена во три работни операции. Во гаражниот простор е инсталиран систем за автоматска детекција на пожар, како и систем на спринклери за автоматско гасење на пожарот. Автоматска детекција на

пожар е изведена и во деловниот простор. Преку кровот е предвиден алтернативен правец за евакуација во случај на пожар. Градот Скопје со изградбата на оваа катна гаража и деловен објект доби современ архитектонски објект, кој

совршено се вклопува во просторот. Покрај тоа, задоволена е потребата за паркирање на оние што со своите возила го посетуваат центарот на градот. Проектот за овој објект е направен од македонското проектантско биро „Иванов инженеринг“. n

Подови со хидроизолациони полиуретански мембрани Подовите во делот од катната гаража што ги опфаќа хоризонталните површини за паркирање, како и пристапните рампи, се изведени директно на носечките рамни и коси плочи. Изведбената постапка се состои, прво, од директна машинска обработка на бетонските површини и нанесување на израмнувачка, водоотпорна смеса од Подинг-К. Завршната обработка е комбинација од епоксидни и полиуретански УВ стабилни премази, во комбинација со посип од кварцен песок за противлизгавост. Оваа постапка се применува на сите наткриени површини. Крајната завршна плоча, која е паркиралиште директно изложено на атмосферски влијанија, под завршниот абечки слој, за разлика од наткриените површини, има вградено хидроизолациони полиуретански мембрани.

ПОРТА


ПОРТА


градежништво

Санација и рехабилитација на автопат А1, делница Неготино - Демир Капија Подготвилe: Жарко ИВАНОСКИ, дипл.град.инж. Шенѓул МАВМУДОСКА, дипл.град.инж. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

Д

елницата Неготино Демир Капија претставува дел од патниот правец А1, кој започнува од границата со Р. Србија (ГП Табановце) – Куманово – Велес – Неготино – Демир Капија – Гевгелија – граница со Р. Грција (ГП Богородица). Зголеменото сообраќајно оптоварување, нецелосното функционирање на системот за одводнување, „ефектот на стареење на битуменот“ што влијае на стабилноста кај асфалтните слоеви, како и комплексните геотехнички услови на предметната средина, предизвикуваат поголеми оштетувања кои ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот и удобноста при возење, поради што е потребно да се изврши санација и рехабилитација според потребите и барањата на Инвеститорот. Во процесот на изработка на проектот e извршена детална теренска и визуелна проспекција на постоечката состојба на делницата при што се забележани подолжни и попречни пукнатини, вертикална деформација

16

ПОРТА

26 февруари 2016

на нивелетата, слегнување на коловозната конструкција и крпење на ударни дупки. Извршени се и теренски испитувања (вадење на кернови од асфалтот), со цел да се анализираат постоечките слоеви на асфалтната конструкција. На почетните 2,3 km забележани се поголеми оштетувања, па затоа со новите технички решенија се изведува нова коловозна конструкцијa. Бидејќи се работи за одвоени коловози, предвидени се две оски - за левиот и десниот коловоз, кои се проектирани така што ја пратат постојната состојба во однос на хоризонталното решение и нивелетски да се вклопат на спојот со стариот асфалт. Вкупната должина на левиот коловоз е Ll = 8599,96 m, од кои на првите 2,3 km е предвидена санација/реконструкција, додека на останатите 6,3 km е предвидена рехабилитација. На десниот коловоз кој е со должина Ld = 8599,04 m е предвидена рехабилитација. На делот каде се врши комплетна реконструкција, ширината на коловозот е задржана како во Главниот проект, т.е. изнесува 11 m. Ширината на коловозот, каде е предвидена рехабилитација на коловозот, го прати габаритот на трасата.


Во согласност со постоечката состојба, за сметковна брзина од 120 km/h, користени се хоризонтални радиуси од околу 900 m, додека наклоните и радиусите на вертикалните кривини се избрани со цел да ја запазат постојната состојба. Попречниот наклон го прати постоечкото витоперење и трпи мали

корекции во деловите каде што се јавуваат големи оштетувања. Имајќи ги предвид сообраќајното оптоварување, климатските услови, топографските и геотехничките карактеристики на теренот, усвоени се соодветни коловозни конструкции за

рехабилитација и реконструкција. На делот каде што се врши реконструкција усвоена е следнава коловозна конструкција: АБ16с (полимер СБС 4 - 6%) d = 6 cm, БНС 22сА d = 6 cm, БНС 32сА d = 7 cm, тампон од дробен материјал d = 30 cm, подобрена постелка d = 40 cm и геокомпозит. На делот каде е предвидена рехабилитација се користи АБ16с (полимер СБС 2 – 5%) d = 6 cm. Со цел да се постигне континуитет на вертикалната геометрија, по потреба е предвидена двослојна и трислојна надградба. За двослојна надградба предвидени се следниве слоеви: АБ16с (полимер СБС 4 - 6%) d = 6 cm и БНС 22сА d = 6 cm. Онаму каде е предвидена трислојна надградба користени се следниве слоеви: АБ16с (полимер СБС 4 - 6%) d = 6 cm, БНС 22сА d = 6 cm, БНС 32сА d = 7 cm. Постоечкиот систем за одводнување е подобрен со систем од канавки, риголи, дренажи, каналети, атмосферска канализација и пропусти, кои служат за прифаќање на водата од коловозот и косините и нејзино одведување од трупот на патот. Со проектот се предвидени чистење и санирање на постоечките пропусти, банкини, шахти, сливници и риголи, во согласност со постојните правилници и европските директиви за зголемување на безбедноста во сообраќајот. n

ПОРТА


градежништво

КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА ПОМЕЃУ АНАЛИЗИТЕ ТРОШОЦИ-ДОБИВКИ КАЈ ПАТНАТА И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА

Првични чекори на примена на CBA анализите во Македонија Со постепена работа и анализа на европските и локалните искуства, оваа алатка може да добие потполна примена во Македонија при евалуација на проекти од транспортната инфраструктура, меѓутоа да оставиме времето да го покаже тоа м-р Горан ЃОШЕВСКИ, дипл.инж.град.

А

нализите трошоцидобивки (CBA) претставуваат аналитичка алатка која се користи за да се изврши проценка на социо-економскиот фактор, кој произлегува од примената на одредена проектна програма или реализацијата на конкретен предлог-проект. Целта на CBA е да ги идентификува и

монетаризира сите можни влијанија кои произлегуваат од примената на одредена проектна програма или реализацијата на конкретен предлог-проект, следствено на тоа ќе може да се определат трошоците и добивките што произлегуваат од истите. Примената на CBA е особено важна кај проектите од транспортната инфраструктура (патна и железничка), со цел конкретно и детално да се увидат и прикажат сите негативности и позитивни страни на проектот од финансиски и економски аспект, ризиците што треба да се земат предвид и да дадат сеопфатен и конкретен CBA анализа и поими и процеси кои таа ги поврзува

18

ПОРТА

26 февруари 2016

одговор дали проектот е исплатлив или не. Анализите СВА се прават од финансиски и економски аспект и имаат различни почетни приоди и цели. Финансискaта СВА го зема под внимание приватниот поглед и интерес за проектот, а економската СВА ги зема под внимание националните или општествените интереси. Познавањето на разликите помеѓу финансиската и економската СВА исто така помага да се разберат разликите помеѓу конкуренцијата и споредбата на придобивките за економските активности. Економската СВА се разликува од финансискaта СВА и се прави така што даноците, таксите и другите јавни давачки треба да се занемарат и/или кога екстерните ефекти се значајни и влијаат врз ефикасноста на проектот. Екстерните ефекти се дефинираат како ефекти кои ги создава проектот со негово експлоатирање од директните негови корисници, но кои ефекти не ги поднесуваат корисниците на проектот туку други лица. Основна точка при изработката на анализите трошоци-добивки кај одредени предлог-проекти од транспортната инфраструктура претставува техничката документација за нив. Потребната техничка документација која треба да биде доставена на увид со цел успешна изработка на CBA е различна во зависност од тоа за каков вид на проект станува збор, односно видот на техничка документација варира во зависност од тоа дали станува збор за изградба на нова инфраструктура или реконструкција на веќе постоечка инфраструктура. Сообраќајната студија се изработува за да ја прикаже реалната состојба за потребата од транспорт и таа е од круцијална важност при изготвувањето на анализите трошоцидобивки. Планирањето на сообраќајот претставува сложен мултидисциплинарен процес кој налага собирање и обработка на голем број податоци. И покрај сличноста на


градежништво

Фази на изработка на CBA анализата според водичот на Европската комисија 2014-2020

класификација. Генерално, при разгледување на предлог-проекти од транспортната инфраструктура, независно дали патната или железничката, трошоците се определени во три групи, и тоа: - Инвестициони трошоци; - Експлоатациони трошоци; - Екстерни трошоци. Покрај потребата од дефинирање на трошоците, во CBA анализите треба да се детектираат и определат добивките (користа) што инвеститорот, засегнати субјекти од проектот и целото општество, ќе ја има со имплементацијата на проекти од транспортната инфраструкутра. Суштинската цел на CBA е да се поттикнат и фаворизираат предлог-проекти кои носат добивка за инвеститорот или корист за општеството. Добивките од проектот може да се разгледаат од финансиски аспект односно од аспект на инвеститор (сопственик на инфраструктура или транспортни оператори), а користа се разгледува од економски аспект односно од аспект на целокупното општество, и тоа: 1. Добивки од финансиски аспект (инвеститор): l наплата на патарини, такси и сл. други давачки со цел користење на инфраструктурата од корисниците; l Резидуална вредност – претставува дисконтирана вредност на преостанатиот капацитет на објектите (тунели, мостови, горен и долен стој и сл.) чијшто амортизационен период го надминува разгледуваниот временски хоризонт. Односно вкупниот инвестиционен трошок дисконтиран со дисконтна стапка за временски период еднаков на разгледуваниот временски хоризонт.

Потребни податоци за изработка на CBA дејностите кај железничкиот и патниот сообраќај за пренос (транспорт) на лица и стоки од едно на друго место, тие се разликуваат во неколку аспекти и затоа е потребен посебен пристап при анализа и изготвување на сообраќајната студија кај патната и железничката инфраструктура. Дефинирањето на трошоците и нивно конкретно определување претставува неопходен дел од подготовката на CBA за споредба на предлог-проектите. За тие попрецизно да се определат и дефинираат, несомнено е потребна нивна класификација според нивната сличност односно различност, периодот на нивна појава, субјектот што ги поднесува и други критериуми за нивна поделба и

2. Добивки од економски аспект (општество): l заштеда (намалување) на времето на патување; >>

Приказ на проектите од железничката инфраструктура во Р.Македонија за кои е изработена CBA анализа 26 февруари 2016

ПОРТА

19


градежништво l намалување на оперативните трошоци

на возилата; l намалување на негативните влијанија

кон животната средина; l подобрување на степенот на сигурност и

редуцирање на сообраќајните незгоди; l резидуална вредност на проектот; l индиректно влијание кон зголемување

на вредноста и актуелизирање на локално земјиште, хотели, ресторани, бензински станици и сл. објекти.

Графички приказ на податоците од финансиската и економската CBA за проектите од железничката инфраструктура Легенда: (FIRR, EIRR – финансиска односно економска дисконтна стапка; FNPV, ENPV – финансиска односно економска нето сегашна вредност на проектот)

Приказ на делницата Д.Капија-Смоквица за која е изработена CBA анализа 20

ПОРТА

26 февруари 2016

Искуството од примена на CBA во Република Македонија за проекти од патната и железничката инфраструктура бележи децениско пионерско искуство, со надеж и цел тоа да прерасне во корисна алатка за помош при донесување инвестициона одлука од аспект на инфраструктурните објекти, што ќе се базира на здрав фундамент од европски и регионални искуства. Проектите од железничката инфраструктура за кои се изработени CBA, се во согласност со Националната транспортна стратегија, односно рехабилитација на железнички делници со цел модернизирање на Коридорот X (Север-Југ). Железничките делници се наоѓаат на Коридорот X и делот Xd. Односно станува збор за: l железничка делница Битола-Кременица со должина од 16 km; l железничка делница КумановоДељадровци (во близина на Миладиновци) со должина од 14 km; l железничка делница Драчево-Велес во должина од 35 km. Проектите од патната инфраструктура за кои се изработени CBA, се во согласност со Националната транспортна стратегија за меѓународно поврзување на Р.Македонија со локалните земји и надоврзување на постоечките ТЕN-Т мрежи. Првиот проект се однесува на доизградба на патната инфраструктура со цел докомплетирање на Коридорот X (Север-Југ). Станува збор за патната делница М-1 Демир Капија – Смоквица, што претставува единствена делница по должината на Коридорот X во Р. Македонија, која не претставува автопатско решение во Коридорот X, насока север-југ. Вториот проект се однесува на поврзување на европскиот патен правец Е 851 со магистралниот пат М-4, со цел да се оствари директна врска помеѓу Призрен и Тетово, односно помеѓу Косово и Македонија, а воедно и индиректно поврзување на Бугарија и Албанија преку овај патен правец.


градежништво

Приказ на делницата Тетово-Призрен за која е изработена CBA анализа

Заклучок и препораки за понатамошна работа: Податоците од изработените CBA за инфраструктурни проекти во Македонија укажуваат дека станува збор за внимателно одбрани инфраструктурни проекти. Примената на CBA во Македонија при донесување на инвестициони одлуки од инфраструктурен карактер треба да добие почеста употреба. Потребна е детална анализа на европските и локалните искуства (Србија и Бугарија) за изработка на CBA. Формирање на тим за изработка на Водич за подготовка на CBA анализи во Македoнија, третирајќи ги одделно патната и железничката инфраструктура. Поттикнување на свест за прифаќање на оваа алатка за донесување на објективна инвестициона одлука (Инвеститор) која ќе имплицира користи за општеството во иднина. Овие првични чекори на примена на CBA анализите во Македонија се за поздравување и претставуваат позитивен сигнал. Особено позитивен сигнал претставува фактот што проектите кои успешно ја поминале оваа фаза односно имаат позитивна CBA анализа моментално се во фаза на изградба. Со постепена работа и анализа на европските и локалните искуства, оваа алатка може да добие потполна примена во Македонија при евалуација на проекти од транспортната инфраструктура, меѓутоа да оставиме времето да покаже, сепак Rome wasn’t built in a day. >> Графички приказ на податоците од финансиската и економската CBA за проектите од патната инфраструктура Легенда: (FIRR, EIRR – финансиска односно економска дисконтна стапка; FNPV, ENPV – финансиска односно економска нето сегашна вредност на проектот)

ПОРТА


градежништво

БРИТАНСКИ ИСКУСТВА

Современи методи на станбена изградба

Возобновениот интерес за примена на познатите технологии на префабрикувана градба, но сега ребрендирани под името современи технологии на изградба, особено во доменот на станбената изградба, е резултат на потребата станбените единици да се изградат во колку е можен покус временски период, но и со колку е можно пониско квалификувана работна рака 22

ПОРТА

26 февруари 2016

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (наш дописник од Лондон)

П

очетокот на овој милиениум донесе со себе своевиден пресврт во начинот на изградба на станбените објектите во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а коишто ги отсликуваат и глобалните трендови во оваа насока. Во голема мерка британските промени се резултат на согледувања на национално ниво, коишто произлегуваат од документи како „Баркеровиот извештај за станбена изградба“ од 2003 година (Barker Review of Housing Supply) и „Планот за одржливи заедници“ (Sustainable Communities Plan). Така, од една страна, „Баркеровиот извештај“ излегол со проценка за идните станбени потреби базирани на очекуваниот број нови домаќинства во земјата во периодот до 2016 година, додека „Планот за одржливи заедници“ ја зацртал новата програма за масивна станбена изградба за да се задоволат очекуваните станбени потреби во земјата. Како резултат на ова, тогашната лабуристичка влада воспоставила барање


градежништво од 2004 година, 25 проценти од социјалните станбени единици изградени со финансиска поддршка од јавните фондови да мора да бидат изградени со примена на современите методи на изградба. Современите методи за изградба (Modern Methods of Construction) не се ништо ново, станува збор само за нова етикета или ребрандирање на главно веќе познати системи за изградба, кои масовно биле користени во периодот на повоената обнова на земјата и масовната станбена изградба по завршувањето на Втората светска војна. Се разбира, станува збор за методи на изградба кои порано беа познати под името префабрикувани методи на изградба. Притоа, голем дел од објектите изградени по овие методологии се сметале за објекти од времен карактер, слично на монтажните објекти изградени по земјотресот во Скопје од 1963 година. Овие објекти во Обединетото Кралство по Втората светска војна, главно, не уживаа добра репутација заради проблемите сврзани со квалитетот на користените градежни материјали и слабиот квалитет на изработка. По појдовниот ентузијазам, примената на овие методологии во станбената изградба во Велика Британија, речиси во целост наполно замрела, додека технологијата останала да се применува претежно во доменот на станбените објекти. Возобновениот интерес за примена на познатите технологии на префабрикувана градба, но сега ребрендирани под името современи технологии на изградба, особено во доменот на станбената изградба, е резултат на потребата станбените единици да се изградат во колку е можен покус временски период, но и со колку е можно пониско квалификувана работна рака. Ова последново е резултат на недостигот на квалификувани градежни работници во земјата. Парадоксално, иако намалениот период на изградба и примената на пониско квалификуваната работна рака би се се очекувало да резултира во пониска цена на градење, во пракса излегува дека вака изградените објекти се поскапи од оние изградени според традиционалната метода со масивна конструкција од тула, бетонски блокови и малтер. Од 2004 година до сега, дрвената бондучна конструкција доминира во изградбата на станбени објекти според примената на современите методи за изградба. Без оглед на избраната методологија, дел од

прозиводството, префабрикацијата, се одвива во фабрички услови каде што е полесно да се контролира квалитетот на изработка на компонентите, но истовремено се овозможува и најрационално користење на материјалите, со што се намалува и количеството на градежен шут во текот на изградбата на еден објект. Ова, се разбира, придонесува за еколошките предности при примената на вакви методологии на изградба. Дополнително, примената на лесни градежни материјали придонесува за намалување на тежината на објектот, со што и темелењето на објектот станува порационално, но и придонесува за ниското ниво на вградена енергија во новоизградениот објект. Се разбира, секоја методологија на изградба има свои предности, но и недостатоци. Во оваа смисла, примената на дрвена бондучна >>

26 февруари 2016

ПОРТА

23


градежништво конструкција не е исклучок. Примената на лесни и запаливи материјали го зголемува ризикот од пожари, особено во текот на изведбата на објектот, но и по неговото завршување, особено кога квалитетот на изработката не е најдобар, што може да овзоможи пренос на оганот низ шуплините на конструкцијата на објектот. Со оглед на тоа што британските градежни прописи дозволуваат да се градат објекти со дрвена бондручна конструкција со висина од седум ката, противпожарната заштита на објектот е од особено значење. Во оваа смисла, големо внимание на стручната и пошироката јавност беше предизвикано од пожарите до кои дојде во текот на изградба на повеќекатни објекти со дрвена бондучна конструкција во Лондон и Њукасел, како и на објект со дрвена конструкција во изградба за Универзитетот во Нотингам. При ова, не само што беа предизвикани големи материјални штети на објектите во изгрдаба туку беа загрозени и соседните објекти. Ова резултираше во големо заострување на

прописите за заштита при работа, така што сега веќе не е економски оправдано да се градат повеќекатни објекти со дрвена бондучна конструкција во густо изградените урбани средини. Во вакви случаи треба ефективно да се изведе противпожарен ѕид по обемот на градилиштето, но со висина соодветна на проектираната висина на објектот во градба или, пак, елементите на дрвената конструкција да бидат противпожарно заштитени при самиот почеток на нивното вградување, што, се разбира, значително ги зголемува трошоците на изградба. Други забележани недостатоци сврзани со дрвените бондручни конструкции се оние што произлегуваат со поголемото ниво на оштетување на објектот во случај на продор на влага или вода во конструкцијата. Искуствата од другите земји укажуваат и на проблеми сврзани со можното оштетување на дрвената конструкција од термити, кои до скоро не беа присутни на британскиот остров, но коишто веќе, за сега, инцидентно се појавуваат во најјужните делови на земјата, но 24

ПОРТА

26 февруари 2016

и за проблемите сврзани со „илегалното“ доселување на глодари во новоизградените објекти. Како резултат на ова, се чини дека во последно време ентузијазмот за примена на дрвената бондручна конструкција како да спласнува помалку, особено кај поголемите градежни фирми коишто немаат сопствени погони за префабрикација на станбени објекти со примена на дрвена бондучна конструкција. Нивното внимание се чини дека полека се пренасочува кон примената на „бондручна“ конструкција од лесни челични профили каде што дебелината на металот е помала од 1мм. Се разбира дека со помасовната примена на оваа технологија полека ќе се воочат и предностите и недостатоците на овој систем, коишто делумно ги дели карактеристиките со оној базиран на примената на дрво. И покрај ентузијазмот на власта и градежните фирми вклучени во процесот на станбената изградба за примената на современите методи на изградба, сè уште над 60 проценти од анкетираните им даваат предност на традиционално изградените објекти од тула, бетонски блокови и малтер. Веројатно, помалку познатите аспекти свзрани со примената на дрвена или метална бондручна конструкција се оние сврзани со клаузулите што доаѓаат честопати напишани со ситни букви во договорот, а што се однесуваат на ограничувањата во однос на идната адаптација, доградба или проширување на ваквите објекти. Со оглед на тоа што конструктивниот систем е испроектиран со цел да се минимизира примената на носивиот конструктивен материјал, можностите за идна интервенција во рамките на конструктивниот систем на објектот се или многу ограничени, или пак се условени од фирмата на градежни инженери-статичари, којашто го испроектирала конструктивниот систем, и мора да се ангажира при евентуалните идни размислувања за промени во оргиналниот носив конструктивен систем. Како и секогаш, при изборот на носивиот конструктивен систем треба да се пристапи на сеопфатен начин којшто ќе ги земе предвид не само тесните интереси на инвеститорот и изведувачот, туку и пошироките интереси и очекувања на идните корисници и сопственици на овие објекти. n


ПОРТА


градежништво

Куќата PopUp се прави од префабрикувани панели кои со шрафови се монтираат еднонадруго овозможувајќи брза градба

Пасивна куќа од сендвич панели за пет дена

Ф

ранцузите со крупни чекори го освојуваат пазарот со евтина пасивна градба. Благодарејќи на компанијата PopUp House, изградбата на пасивни куќи или канцелариски простори никогаш не била поедноставна. Овие соларно напојувани префабрикувани објекти се монтираат многу едноставно: панелите се редат еднонадруго како Лего коцки, а потоа со шрафови, со должина од 105 см и пречник од 8 мм, се прицврстуваат на своето место. Материјалот за изградба е разградлив и може потполно да се рециклира. Сендвич26

ПОРТА

26 февруари 2016


градежништво панелите се направени од висококвалитетно дрво и се исполнети со EPS (експандиран полистирен) изолација. Модулите, со димензија 2,5 x 1 x 0,3 метри, се многу лесни (30 kg/m3) па мајсторот може да ги носи во раце и да ги постави на местото определено со проектот. Вака направената куќа не бара активно греење ниту пак ладење бидејќи е потполно пасивна. Благодарејќи на добрата изолација и големите соларни капацитети, ќе биде обезбедена пријатна температура во текот на целата година. Доколку се надогради со фотоволтаични панели и ветротурбини, оваа куќа ќе стане енергетски позитивна, што значи дека ќе произведува повеќе струја од што ѝ е потребно. Колку чини изградбата на пасивна куќа Куќата PopUp не е евтина за изградба но, сепак, е далеку поповолна отколку да се гради класична пасивна куќа. Во зависност од желбата на сопственикот, материјалот за изградба чини од 300 до 360 евра по метар квадратен. Градбата на оваа куќа е многу брза. На однапред подготвен терен, потребни се само пет дена за де се подигне куќата од темел до покрив. Таа е многу приспособлива, така што желбите на сопственикот можат лесно да се исполнат. Покривот може да биде и кос и рамен. Ако е рамен, може да се направи зелен покрив.

n

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

ПОРТА


ПОРТА


Имајте доверба во Кнауф. Чувствувајте се заштитен. ǁDzǦǣ ȒǨ ǬǫǤǬǨ dzDzǪǣǴ, ǵǨǮDzȋǣ ǵǨǮǷDZǧǣ Ǩ ǧǴǣǦDzǺǨDZǣ. ƾǣǶDzǣ dzǴǨdzǷǼǶǨǶǨ ȋǣ ƸǣǼǣǶǣ ǧDzǥǨǴǤǣ ǥDz DZDzǥǣǶǣ dzǴDzǦǴǣǰǣ dzǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǴDzǬǫǥDzǧǬ Dzǧ ǨǥǴDzdzǵǮǬDzǶ ǥDzǧǨǻǮǬ ǤǴǨDZǧ ǫǣ dzǴDzǬǫǥDzǧǵǶǥDz DZǣ ǦǴǣǧǨǪDZǬ ǰǣǶǨǴǬȋǣǯǬ: Knauf FireWin. ƾǦDzǯǨǰǨǶǨ ȋǣ ǤǨǫǤǨǧDZDzǵǶǣ DZǣ ǯǷȐǨǶDz Ǭ DzǤȋǨǮǶDzǶ. z z z z z

70

70

ПОРТА

džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǯDzǻǬ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ ǥDZǣǶǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ DZǣǧǥDzǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǣ ǤDzȋǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ ǰǣDZǪǨǶDZǬ

26 декември 2014

ПОРТА


интервју

АЛЕКСАНДАР МИТИЌ - СТУДИО А3

Без култура нема архитектура

Архитектура е материјалната култура на некое општество. Кога ќе ја видиш архитектурата, јасен е целиот концепт на живот на таа заедницa. м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ (Србија), дипл.инж.арх

A

лександар Митиќ и Младен Настасијевиќ се партнери во белградското архитектонско Студио А3, кое работи на белградска и прашка адреса. Од група студенти по архитектура кои работат на проекти од кои ги финансираат своите патувања, преку архитектонско биро за значајни интернационални компании кои работат на српскиот пазар, до фирма која проектира на повеќе континенти за различни клиенти, Студио А3 користи пристап кој веќе постои во други архитектонски средини. За тоа колку е важна културата, каков однос има ова општество кон убавото, каде е денес Прага, Лондон а каде Белград, за „Порта 3“ зборува архитектот Александар Митиќ. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за Студио А3? n Тимот А3 се појавува уште во текот на студиите по архитектура, 2003-2004 година, кога

30

ПОРТА

26 февруари 2016


интервју

Стан во Лондон - RA5 London почнавме да работиме, како што тоа обично бива, проекти на ентериери, од првиот стан, кафуле и книжарница. Со тек на времето нашата работа стана сериозна и прераснавме во фирма. Студио А3 го основаат архитектите Александар Митиќ и Младен Настасијевиќ во

2008 година. Неколку години подоцна, со отворањето на прашкото биро, на тимот се приклучува архитектката Тереза Дворжакова, и во 2013 година се основа А3 Architects Prague. Во 2005 година бевме учесници на еден проект во Фиренца, кој за тема го имаше

културното наследство на градот, каде учествувавме како единствени студенти вон Европската Унија. Нашата работа таа година беше мошне забележителна. Две години подоцна, добивме повик за учество на многу интересен проект во областа Лигурија, позната

Куќа на Паг TS House

како Чинкве тере (Cinque terre, пет гратчиња на морскиот брег), а проектот се состоеше во конципирање на висок туризам, но не во класична смисла на правење хотел со пет ѕвездички, туку тоа беше отворена тема. Ние тука бевме повторно единствени вон ЕУ и освоивме прва награда. Нашата идеја беше заштита и зачувување на културното и природното наследство на националниот парк со воведување на содржини кои функционално и естетски не би ја нарушиле постоечката целина, а би добиле потполно нов концепт кој подразбира вклучување на гостите во животот и обичаите на локалната заедница. Од моментот кога гостинот ќе стигне во националниот парк, користењето на мобилни телефони и Интернет се сведува на минимум, а гостинот се препушта во уживање на природата, културата и духовноста. Идејата на овој проект на крај беше прифатена како една појдовна точка >> 26 февруари 2016

ПОРТА

31


ентериер каде архитектурата, уметноста и индустрискиот дизајн ги поврзавме во една перфектна целина. Се повеќе сме ангажирани на проектни ентериери во Лондон, каде што досега направивме бројни проекти. Сите проекти се работат и конципираат во Белград, од идејни решенија до проекти за изведување, а потоа во соработка со локалните архитектонски бироа се приспособуваат на формата што е потребна за добивање на решенија и одобренија од локалните институции. Тоа е процедура која не мора секогаш да биде комплицирана, некаде е доволно да се однесе само идејно решение на основа на што се добива дозвола.

Ресторан Во Лондон - Laville за изработка на некој иден мастерплан. Благодарение на ова и на многу други студентски проекти, нашата кариера почнува да се движи по нагорна линија и резултира со отворање на бирото А3 Architects во 2008 година. Со препознавање и уважување на нашиот ентузијазам и работа, сериозни клиенти, како што се компаниите KPMG, Heineken, Delhaize, Idea, Banka Intesa, Marfin Banka, MPC Proprties & Merrill Lynch, NOA Advertising и други, искажуваат желба да работиме за нив, и наскоро нашето биро стана препознатливо како тим на млади архитекти кои работат со квалитет и принципи карактеристични за архитектонски бироа во развиените земји како Велика Британија. Соработуваме со австриската фирма „Бене“ која се занимава со опремување на ексклузивни и комплексни деловни простори. Тие нè ангажираат како свои консултанти за проекти ширум бивша Југославија и Русија. Ние работиме како консултанти – архитекти. Соработката добро се одвиваше сè до избивање на светската економска криза, кога виенската канцеларија го имаше преземено целиот наш регион, но сега се одвива во 32

ПОРТА

26 февруари 2016

намален обем. Во текот на сите овие години, бевме ангажирани на различни проекти: резиденцијални објекти, деловни објекти, дизајн ентериери, ресторани, комерцијални објекти и др. Имавме многу проекти во Виена, и таму сакавме да отвориме канцеларија, но на крај се одлучивме за Прага. Во Белград е седиштето на фирмата, додека одредени проекти ги префрлуваме во прашката канцеларија. Прага е избрана од повеќе причини. Нам посебно ни беше важна културната врска и соработка помеѓу Чешка и Србија во почетокот на 20 век, кога беше златното доба на урбанизмот и развојот на Белград, некои од побитните архитекти во Белград беа чешки архитекти. Така настана идејата да отвориме студио во Прага, и тоа беше добра одлука. Работата во Прага доста се шири, и сè повеќе има интересни проекти. Освен проектите во Белград, Лондон, Виена и Прага, добивме повик за еден многу интересен проект во Њујорк, прв проект од таков вид кој досега сме го работеле бидејќи секој детаљ во тој простор е посебно уметничко дело. Секое парче има своја приказна, уметничка и материјална вредност. Тоа е типичен пример за проект-дизајн на

Дали нивото на архитектура е повисоко во Прага отколку овде, со оглед на тоа што администрацијата таму е покомплицирана? n Нивото е значително повисоко бидејќи потребата за архитектура и за естетика е многу поизразена во Прага отколку во Белград, а тоа нема многу врска со администрацијата. Тоа може да се види на новите објекти каде архитектурата е на многу високо ниво, и слободно можам да кажам дека не заостанува од онаа што можете да ја видите во Лондон. Тука не се работи толку за пари и буџет за инвестиции, колку што се работи за култура. Тоа е суштината. Тоа ги прави поразлични инвеститорите во Србија и на другите пазари. Тие сакаат нешто што е единствено, убаво и пристапот е многу посериозен. Кај нас многу често инвеститорот сака да го одреди дизајнот. За среќа, ние немаме такви инвеститори, но ако се проучува архитектурата во Србија, разликата е огромна, и тука се стекнува впечаток дека инвеститорите и не се нешто посебно заинтересирани за архитектурата. Главната причина е културата, од неа сè потекнува и со неа сè завршува. Стандардот во Чешка е повисок отколку во Србија, но таа разлика не е доволно голема за да биде и разликата во ахитектурата толкава колку што е. Архитектурата, дефинитивно, е многу важен дел на културата на едно општество, можеби и најзначаен дел бидејќи тоа е оној материјален дел од културата што ја имаме. Исто така и законите се важни. Таму, ако сакате да промените што и да било на објектот, дури и кога се работи за големо унапредување на квалитетот, а тоа го направите надвор од стандардите и условите што ги добивате од локалните институции, сите промени мора да ги вратите во првобитна состојба, во спротивно инспекцијата ќе го направи тоа на свој трошок, па потоа вас ве теретат. А ако не платите, тогаш се презема принудна наплата. Тоа е единствен начин како може да се регулира и воведе ред. Каков е методот, пристапот, сфаќањето за проектирање што го практикува Студио А3?


интервју Куќа во Прага -Villa Nusle градови живееме и во какви објекти живееме и работиме.

n Тимот A3 architects дејствува глобално со цел изнаоѓање професионални решенија во областа на архитектурата и дизајнот на ентериери. Ние сме тим од млади и динамични архитекти посветени на дизајнот со висок стандард и на паметни решенија со искуство во проектирање деловни објекти, резиденцијални објекти, ентериери и јавни простори. Со интердисциплинарни методи на проектирање засновани на истражувачка работа, во креативниот

процес многу често вклучуваме експерти од различни области, како и самите инвеститори. Во текот на самиот процес на работа се водиме според принципите на одржливиот дизајн. Што е архитектура? n Архитектура е култура. Би го цитирал Винстон Черчил: „Ние обликуваме згради, подоцна тие нè обликуваат нас“. И тоа е токму така, ние сме такви зависно во какви

Каде е денес Белград, како го гледа архитект кој работи во Белград, а има допир со архитектурата по светските градови, каде сме ние денес? n Прашањето е доста тешко, постојат моменти кога сум многу среќен што живеам во Белград, единствената права метропола во поширокиот балкански простор. Белград е вистински космополитски град кој е отворен за сите луѓе, стилови, култури и сите различности кои постојат. Отворен за нови идеи и креативни зафати. Она што многу ми пречи е непостоењето за потреба од култура, за убаво, за естетика. Мене ми изгледа како да архитектурата и естетиката, генерално се небитна работа. Битно е да ја задоволи основната функција, а дали изгледа добро или не, тоа не е важно. Постои нешто што е тренд, јас тој збор не го сакам бидејќи имплицира нешто минливо, макар што повеќе се работи за универзални естетски вредности кои важат секаде. Да бидам искрен, Белград изгледа доста добро со оглед на буџетот со кој располага и површината што ја зазема. Кога зборуваме за големи градови, нивната организација и одржување, парите сепак заземаат важно место, но не и пресудно. Белград е сериозен град со фантастичен потенцијал. Белград даде доста квалитетни експерти, можеби пропорционално на својата големина и повеќе од некои многу поголеми градови. Јас сум оптимист, верувам дека состојбата со тек на времето ќе се менува во позитивен смер. Веќе се менува, полека но сигурно. Ако општеството нема потреба од убаво, како да го промениме тој однос кон опкружувањето? n Добар пример е односот кон порталите што се занимаваат со архитектура. Промоцијата на архитектурата и нејзината >>

Куќа на Фрушка гора House 4S

ПОРТА


Стан во Њујорк - Loft 69 SOHO

важност се неопходни. Нам ни се потребни проекти на такви портали што ќе имаат светско ниво и информативен и едукативен карактер. Исто така, неопходна е едукација на луѓето и задолжително граѓанско воспитување во основните училишта. За жал, тоа е сликата на нашето општество бидејќи таквите портали се полумртви. Средствата што се потребни за одржување на еден таков проект се прифатливи и за мала фирма, а посебно за град, општина или друго. Тоа е нешто што може да ја промени свеста кај луѓето. Зошто луѓето имаат потреба да се облечат убаво? Потреба за убаво. А зошто тогаш немаат потреба да живеат во убаво опкружување, да работат во убав простор или да шетаат по убава улица? Многу странци не можат да го сврстат Белград во категоријата на градови како што се Париз, Лондон или Мадрид, но тој има еден бескраен шарм и интересна архитектура која на некој начин им се допаѓа на сите, но никој не знае да објасни што е тоа што ги врзува за Белград. Велат, тоа е духот на градот, тоа се луѓето, тоа е интересната архитектура која нема стилски ред како Прага или Виена, но има една поинаква убавина која е единствена. Можеби E pur beauty clinic Виена

тоа е и вкрстување на култури, а целиот свет гледа предност во мултикултурноста. Тие култури кои се мешале низ историјата во Белград се причина зошто е тоа така, и тие ја создале нашата локална култура. Тука треба да се бараат паралелите, што направиле тие, како изгледаат денес. Сè се врти околу културата. Без култура нема архитектура. Нашата архитектура најдобро ја отсликува нашата култура, и да се вратам на прашањето: што е тоа архитектура? Архитектура е материјалната култура на некое општество. Кога ќе ја видиш архитектурата, јасен е целиот концепт на живот на таа заедница. Што донесовте од странство во Србија, што може човек да земе од тие опкружувања и да примени овде? n Пред сè, тоа е атмосферата, не сакам да кажам дека носиме нешто поинакво, првенствено носиме овде она што недостасува бидејќи нашиот пристап е нов. Ние сето време учиме, и тоа е заради тоа. Ние не го измисливме начинот на работа, туку го пренесовме од Велика Британија, која за нас е репер и пазар каде конкуренцијата е огромна, а ние одлично се претставивме и

продолживме таму да работиме. Мојот совет до младите луѓе што се занимаваат со архитектура е дека Лондон е место каде најмногу може да се научи и да се види. Тоа е целиот свет во еден град. Начинот на работа ни ги донесе сите клиенти, главно тоа се инвеститори од разни земји како и странски компании, и тие сами доаѓаат до нас. Ние потоа ги следиме низ целиот пат, што го сметам за голем успех. Кој влијаеше на Вас во текот на студиите? n Имав среќа да бидам во групата на Дарко Марушиќ, тоа не беше мој избор туку така се потрефи, од него многу научив. Студирав од 1999 година, а тоа беа многу турболентни години, во еден период мислев дека многу повеќе научив во средното архитектонско училиште отколку на факултет, верувам дека студентите многу работи мора сами да научат, а за тоа се потребни патувања. Во текот на студиите работев, штедев пари и потоа патував по различни градови, каде мислам дека најмногу научив. Кога сфативте дека ќе бидете архитект? n Тоа беше уште во основно училиште. Уште тогаш бев сигурен во тоа, и знам дека направив прав избор. Не би можел да работам друга работа, со сите потешкотии кои ги носи работата, сè би направил исто. Единствено, можеби би студирал на друго место, првенствено заради пренесување на искуствата од страна на професорите. Дали постои неостварена желба, нешто што сакате да направите а не сте го направиле досега? n Имам 35 години и уште ми е рано за таков пресек на состојбите, но нешто што ми е сон и желба се аеродромите. Најдобар аеродром на кој сум бил е сингапурскиот аеродром, макар што многу го сакам белградскиот. Многу сакам кога заминувам од него, но уште повеќе сакам кога се враќам. n


ПОРТА


архитектура

ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ ВО ЛИБЕК

Спој на модерното и традицијата

м-р Енис ХОЏА, дипл.инж.арх.

Е

ден средновековен манастирски дворец во градот Либек во Германија ја обележува најстарата точка во ова населено место. Од пред неколку месеци, на ова место е поставена новата музејска зграда која е проект на архитектонското биро од Хамбург, чиј водич е архитектот Андреас Хелер. Оваа зграда е претпазливо сместена во непосредна близина на овој постоечки 36

ПОРТА

26 февруари 2016


манастир. Од историското пристаниште може да се пристапи кон овој манастирски комплекс сместен на врвот на градската височинка, но исто така и преку отворените скали кои се поставени централно низ музејскатa зграда. Овие скали, исто така, го отвораат и поврзуваат внатрешниот простор на манастирскиот комплекс со новото крило на музејската зграда. Историјата на ова место, како и на сега веќе непостоечката зграда, говори за тоа дека порано тука постоеле кули од замок и арсеналот на градот, па така, водејќи се по овие историски сознанија, архитектите имале предвид повеќе идеи по кои се воделе при проектирањето и дизајнот на изгледот на новата музејска зграда. Наместо некогашниот градски ѕид, средновековната граница сега ја означува новата музејска зграда која го ограничува овој простор со својата кубична форма и умешно изведената фасада која по својот дизајн потсетува на минатото. Грубата >> 26 февруари 2016

ПОРТА

37


ѕидарија која е изведена од грубо обликувани тули претставува целосен контраст на вратите изведени од мазен и висококвалитетен бакар. Различните нијанси на тулите, пак, обезбедуваат надворешна опуштеност и условна старост на овој објект. Комбинацијата на современото и традицијата на овој објект, исто така се вклопува и со околината во која се наоѓа. Ова најдобро може да се забележи во западниот дел од оваа зграда. Двоводниот кров на зградата е надополнет и со рамен кров, па така овој објект се адаптира и е изведен според принципите по кои се изведени и околните објекти. Во корелација со историјата на Либек, но реинтерпретирана, проектантите ги користат двоводните кровови наместо четвороводните, кои се најкористени во староградската архитектура на Либек. Двете страни кои наместо кровови се издигаат како калкански ѕидови, украсно се обработуваат со користење на тулата и така се добиваат украсни орнаменти. Овој начин на украсување со помош на тулата, се смета за готски принцип со кој се украсувале фасадите на голем број објекти во Ханза. Реновираниот и реконструираниот манастирски замок, исто така е украсен со релјефни бронзени врати и мазни 38

ПОРТА

26 февруари 2015


архитектура

обработки околу вратите и прозорските отвори. Овие бронзени елементи се јавуваат и во надворешноста и во внатрешноста на овој средновековен комплекс, што е својствено за историските згради. Зградата на музејот заедно со поранешниот манастирски дворец и новопроектираната зграда се состои од околу 7.400 метри квадратни, и посетителите ги води на патување низ историјата на Ханза. Освен изложени археолошки предмети, овде може да се посетат и соби со зачувани делови од изворни историски објекти, но и најновиот уметнички музеј кој нуди повеќекратни концепти на изложби. n

26 февруари 2015

ПОРТА

39


архитектура oд дрво

ГЛАВНОТО СЕДИШТЕ НА КОМПАНИЈАТА MOUNTAIN EQUIPMENT CO-OP ВО ВАНКУВЕР

Прототип на концепт кој треба да го следат новите генерации

Модерното градење со дрвени конструкции ги потврдува и продолжува искуствата и знаењето од минатото, но со новите технологии знаењето за дрвото се продлабочува дополнително во насока на зголемена конструктивна стабилност, зачувување на човековата околина, самоодржливост и здраво живеење 40

ПОРТА

26 февруари 2016

Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

К

омпанијата Mountain Equipment Co-op (MEC) е една од најпрогресивните компании кои продаваат планинарска и спортска опрема, која своето работење го темели на филозофијата за корпоративна, социјална и еколошка одговорност од самото основање во 1971 година. Со секој нов објект кој


архитектура oд дрво

започнува да го гради, MEC ја надградува својата агенда за одржлива и зелена архитектура. Дрвото како градежен материјал игра значајна улога во агендата на компанијата. Објектите што ги граделе низ времето, како на пример двете продавници во Отава и Бурлингтон (Онтарио) се изградени од монтажно-демонтажни дрвени конструкции. Најновиот проект на канадската компанија е нејзиното главно седиште во Ванкувер, објект со четири ката, изграден од масивна дрвена конструкција и вкупна површина од

12.000 м2. Проектот е изработен од архитектонското студио Proscenium Architecture + Interiors Inc. со кое компанијата MEC има долгогодишна соработка во градење на објекти со дрвени конструкции. Архитектонското решение на објектот е изработено со две крила кои се поврзани, додека неговата ориентација ја оптимизира сончевата светлина и природната вентилација. Организацијата на просториите во објектот е решена така, што повеќе дневна светлина да влегува во канцелариите

што се проектирани блиску до отворите на надворешните ѕидови, додека придружните простории се во центарот на објектот каде нема потреба за природна светлина. Двете крила на објектот се сечат во големиот централен атриум каде вработените можат да се состануваат на пауза. Атриумот, светлите канцеларии и многу други добри решенија во објектот ја демонстрираат посветеноста и грижата на MEC за благосостојба на вработените додека се на нивните работни места. Изборот на дрво како главен градежен и >> 26 февруари 2016

ПОРТА

41


архитектура oд дрво

декоративен елемент во објектот само ја потврдува грижата и посветеноста на MEC. Дрвото создава топли и пријатни работни простории, карактеристика која не може да се добие со друг материјал. Идејата за едноставност, економичност и флексибилност на објектот се надополнува со изборот на дрво како конструктивен материјал. Објектот е конструиран со скелетен систем на греди и столбови со

42

ПОРТА

26 февруари 2016

вкрстено слепени плочи од масивно дрво како меѓукатни плочи. За да се регулира промената на димензиите на дрвото, која може да биде значителна во објекти со повеќе ката, конструкцијата е решена со столбови кои се високи само колку еден кат. Дрвените столбови се поврзани со хоризонталните конструктивни елементи, со што се формира висина на едно ниво и се продолжува нагоре во ист стил.

Поврзувањето на сите конструктивни врски се прави со метални конектори специјално изработени за објектот. Ова конструктивно


архитектура oд дрво

решение овозможува 60 минути противпожарна заштита. Објектот, исто така, е изграден по стандардите за постигнување на LEED сертификација (Leadership in Energy & Environmental Design), додека менаџментот на компанијата уверува дека објектот ќе

биде за 70% енергетски поефикасен од конвенционалните комерцијални објекти, со што има минимално влијание врз човековата околина. Новиот дом на компанијата MEC е завршен на есен 2014 година. Објектот ги

задоволува сите нејзини основни потреби и вдомува вкупно 375 вработени. Интересното решение на објектот овозможува поглед и во минатото и во иднината. Во 19 и раниот 20 век, голем дел од канадските комерцијални објекти се изградени во духот на дрвените конструкции. Овој систем е избран заради неговата економичност, цврстина и издржливост, и многу примери за овие карактеристики сè уште можат да се видат. Модерното градење со дрвени конструкции ги потврдува и продолжува искуствата и знаењето од минатото, но со новите технологии знаењето за дрвото се продлабочува дополнително во насока на зголемена конструктивна стабилност, зачувување на човековата околина, самоодржливост и здраво живеење. Овие модерни концепти, кои се веќе препознаени од општеството, се централни во филозофијата на компанијата MEC, и ги потврдува во својата 40-годишна работа. Новото седиште на компанијата може да служи како прототип на концепт кој треба да го следат и да го развиваат новите генерации. Изградбата на овој објект не е само бенефит за компанијата, туку многу придонесува и за градот. Градот Ванкувер е во константна трка да биде „најзелен град во светот“ до 2020 година, а пак властите исто така сакаат стариот индустриски дел во Ванкувер да биде „најзелено место за работа во светот“, потикнувајќи ги архитектите и градежниците да бидат во врвот на одржливата архитектура и иновациите. n

ПОРТА


урбанизам

ЈАПОНСКИ ИСКУСТВА

Намалувањето на ризикот од катастрофи носи профит Справувањето со природни катастрофи носи директни реперкусии и влијанија врз урбанистичкото планирање на градот. Јапонското општество се наоѓа на преминот од општество кое старее во остарено општество поради значително намалување на наталитетот. Заштитувањето на популацијата од природни катастрофи е приоритет во планирањето на градот. Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Јапонија)

С

правувањето со ризикот од природни и човечки создадени катастрофи носи во себе потенцијал за заштедување на милијарди долари. Трошоците за менаџирање на ризикот од катастрофи се слични со оние предвидени за климатските промени, пресметани околу 75 до 100 милијарди американски долари за временскиот период 2010 - 2050 година. Ризикот како имагинарен конструктор е основа за дури 63 проценти од светските бизниси, кои гледаат можност за профит во намалувањето на ризикот од катастрофи. Азискиот континент е регион кој е најсклон кон физички и економски штети предизвикани од природни катастрофи. Азиските густо населени градови и брзо растечките градови на крајбрежјата продолжуваат да бидат особено сензитивни на катастрофи предизвикани од временски непогоди како поплави, бури (Штифтунг, 2013). Намалувањето на ризикот од катастрофи е концепт и практика, преку систематски обиди да се анализираат и менаџираат факторите што доведуваат до катастрофа, вклучувајќи намалување на изложеност на хаварии, намалување на сензитивноста на луѓето и недвижностите, мудар менаџмент на земјата и околината, како и подобрена подготовка за настани во кои се случува катастрофа (UNISDR 2008). Справувањето со природни катастрофи носи директни реперкусии и влијанија врз 44

ПОРТА

26 февруари 2016


урбанизам

урбанистичкото планирање на градот. Секоја година во декември, традиционално се одржува колаборативната работилница за справување со природни катастрофи и урбанистичко планирање во Осака, Јапонија, како соработка помеѓу универзитетот Тамасат, Архитектонскиот факултет во Банкок, Тајланд, и универзитетот Ритсумеикан, Колеџ за политички науки, Осака, Јапонија. Од 11 до 23 декември минатата година, работилницата беше посветена на темата „Составување на полиси за урбан развој

и конзервација на историски и културни области во Кјото и Осака, Јапонија“. Јапонското високоразвиено општество пресликано во градот: заштитените културни и историски делови на градот, прочистените форми на уредување на градовите, обезбедувањето на модерен транспорт и инфраструктура и одговорот на различни корисници при планирањето на просторите во својата физичка манифестација, како главен фактор го носат токму справувањето со ризикот од природни

катастрофи. Јапонското општество се наоѓа на преминот од општество кое старее во остарено општество поради значително намалување на наталитетот. Заштитувањето на популацијата од природни катастрофи е приоритет во планирањето на градот. Најпрвин, образованието се одвива во три фази во коишто, во првата се користат средства преку кои партиципиентите би можеле да ја замислат/доживеат дадената катастрофа, потоа се користат методи за подигнување на свеста за учество и организација во дадена катастрофа, и на крајот се врши запознавање со важни информации за логистиката со којашто располага дадената област. Административната структура е преку распределување од префектурата кон градот кон основните училишта. Објектите за образование играат клучна улога во случувањето на катастрофите, бидејќи тие се центарот на заедниците и како такви сите се обезбедени да имаат двојна улога и да можат да се трансформираат во центри за евакуација. Во спасувањето за време на големиот земјотрес Ханшин ауаи во 1995 година, предавачите истакнаа дека скоро 34% од луѓето се спасиле сами, 31% биле спасени од семејството и 28% биле спасени од соседите, спасувачите успеале да спасат само 2% од населението. Разбирањето на релациите помеѓу природните и човечки создадените >>

ПОРТА


урбанизам

катастрофи и физичкото планирање на градот во однос на нив, може значително да го намали импактот и ранливоста на случувањето. Осврнувањето на општеството, заедницата и индивидуалците кон урбаното планирање и фреквентноста на случување на природни катастрофи е постојано во преден план кога се размислува за иднината на јапонските градови. Пристигнувајќи во кампусот Ристумеикан во градот Ибараки, сместен во префектура на Осака, доживеавме можност да се сместиме во објекти - исклучителни примери на современата архитектура: конгломерација на волумени со прочистена архитектонска естетика, функционално едноставно организирани простории, места за работилници, лаборатории за идеи, аудиториуми поврзани со едноставно пристапни комуникации, надземни коридори и кровни градини. Тоа не зачудува, бидејќи Ибараки е дом на позната црква на Тадао Андо, црква на светлината којашто привлекува посетители од целиот свет. Во внатрешноста на факултетот, слично на кадрите од „2001: Вселенска одисеја“, се сретнуваат дизајнирани 46

ПОРТА

26 февруари 2016

ентериери како од 60-тите и 70-тите години. Околу објектите на поединечните факултети мали градини ги симболизираат инцијативите да се приближи универзитетот до заедницата (новиот кампус е отворен во април 2015 година). Организираните волумени на засебните факултети се поставени на локација без огради, ѕидови, покрај голема површина на парк кој наликува повеќе на поле за преговарање отколку на парче пејзажна архитектура. Паркот Ивакура, добитник на наградата од Осака за најдобра пејзажна архитектура во 2015 година, има двојна функција, најпрвин како простор за евакуација од земјотрес. Површината вдомува скромен број на урбани елементи и структури - сите од нив со двојна функција, секоја засебно може да се користи како специфична „услуга“ во време на природна катастрофа. Клупата каде што седат луѓето преку ден и пијат кафе, се трансформира во мини кујна за готвење храна, отворената пергола се затвора да создаде засолниште, светилките генерираат светлина преку соларни панели и јачината на ветерот, капаците од канализацијата се подигнуваат и на нив може да се постави монтажен тоалет. Живеењето со можноста од катастрофа е главен мотив за одржувањето на работилницата. Добро се сеќавам кога ми се случувало да видам на телевизиски пренос снимка од природни катастрофи во Азија, снимки од внатрешноста на објектите, од самото случување на земјотресот, слика која е соблечена од бои. Намалувањето на ризикот од катастрофа во Јапонија е сеприсутно во регулативите за урбано планирање и урбаниот дизајн. Живеејќи дневно со ризикот од соочување со природна катастрофа, јапонското општетство има обликувано систем на организација, перцепција и планирање во индината. Контекстуалниот фактор во себе ја носи природната катастрофа како интензивен аргумент на кој било дизајн предлог и идеја која треба да одговори на квалитетот на живеењето во јапонските населени места. (Продолжува во следниот број)



ентериер

КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОРИ (6)

Одржлива канцеларија проф. м-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС

Р

аботењето во внатрешна средина, поточно во канцелариска, доби доминантна улога во животот на поголемиот дел од работното население, како и на општествата во целина во светските економии. Тоа е резултат на драматичните промени на условите, и за вработените и за компаниите, во период од крајот на дваесеттиот век до денес. Ваквата состојба е резултат на фактот, што денес луѓето трошат сè повеќе време работејќи, а поголемиот дел од работењето во модерните општества се одвива во канцеларија. Овие нешта придонесуваат острата граница помеѓу работата и домот да исчезне. Пример за ова е т.н. телекомјутинг (telecommuting), или т.н. теле-работење од дома, што на работата ѝ даде нова улога и по однос на вработените и по однос на организацијата. Канцеларијата веќе стана еден вид на некаков штаб, логор или домашно катче каде што вработените одат да се сретнат со колегите и да соберат информации. За организацијата, таа стана сцена на која вработените споделуваат искуства, инспирации, влијанија и информации. Затоа значењето на канцеларијата за организациите не ослабнува, туку и при променета улога сè уште е важен фактор за успехот на компаниите, како во локални уште повеќе и во глобални рамки. Ако е тоа така, тогаш и архитектурата преку ентериерот како свој дел влијае врз физичката средина на работното место, а со тоа и врз корпоративниот имиџ на организацијата, при што учествува во формулирање на целта, правецот, фокусот и мотивацијата на организацијата и на нејзините членови, но и врз нивните клиенти (Даниелсон, 2010). Значењето или важноста на работниот простор го потврдува и посебниот оддел на Федералната влада на САД, наречена Општа услужна администрација на САД, чија должност е дизајнирање и организација на работни места кои ќе ја максимизираат економската и стратешката вредност на 48

ПОРТА

26 февруари 2016

Канцеларијата стана еден вид на некаков штаб, логор или домашно катче каде што вработените одат да се сретнат со колегите и да соберат информации. За организацијата, таа стана сцена на која вработените споделуваат искуства, инспирации, влијанија и информации. вработените во федералните институции ширум земјата. Овој дел на американската администрација, преку својот оддел за Услуги во Јавните згради (Public Buildings Service), се стреми да им помогне на владините институции да бидат успешни работни организации преку воспоставување и користење на „супериорни работни места“.

Тие се убедени дека работното место како алатка на организацијата за постигнување на нејзината мисија е сè уште важно. Нивното истражување на работното место, издадено во вид на публикација наречена „Зошто е сè уште важно работното место“, покажува дека работното место влијае врз многу аспекти на работењето, како што се: 1) здравјето и благосостојбата на луѓето што работат во канцелариските згради; 2) способноста на организациите да привлечат нови и да ги сочуваат постојните вработени; 3) ангажманот на вработените; 4) отсуство од работа; 5) трошоци за приспособување на еволуцијата на организацијата или промените во неа; 6) имиџот на организацијата, што го има кон корисниците и кон своите вработени; 7) брзината на комуникациите и 8) трошоците за енергија и други активности важни за одржувањето на зградата. Важноста на работното место е поткрепена и со уште еден фундаментален податок до кој дошле истражувачите, а тоа е дека знаењето на организацијата не се состои од датотеките, туку највеќе од искуството и меморијата на луѓето што работат во неа. Ова е само уште еден поен повеќе кон хуманата суштина на работата, а


A

COFFICE(кафе и канцеларија)

е

Заеднички простории со тоа и на местото каде таа се одвива. Не случајно го напоменуваме ова, зашто кај нас (и во јавниот и во приватниот сектор), освен систематизација на работни места според која се врши прераспределба на работниот простор, не постојат специфични принципи за проектирање канцеларии, освен проектантскиот прирачник „Нојферт“. Затоа

важно да одредиме што е канцеларија и што е канцелариска работа. На овие прашања, можеби најсоодветен одговор дава авторот Енди ван ден Добелстеен во книгата „Одржлива канцеларија“. Тој ја дефинира канцеларијата како категорија на типологија на места, простор и намена. Примарно,

канцеларијата не означува само зграда туку повеќе го означува секое она место каде што се одвива канцелариска работа. А канцелариската работа претставува активност на процесирање на информации, архивирање, производство и пренесување на податоци - информации. Ваквата одредница овозможува нови перцепции на организацијата на канцелариската работа со помош на информациските и телекомуникациски технологии кои истата ја овозможуваат. Важноста на архитектурата и ентериерот во вкупната ефикасност и продуктивност на организацијата, ја посочуваат и авторите Порас, Робертсон и Робертс преку креирање на модел за промените на работењето. Нивниот модел аплицира визионерски дизајн менаџмент ориентиран кон значајна перспектива на архитектурата и дизајнот во колаборација со другите експертски полиња, кои ја опфаќаат канцеларијата и како физички, но и како социјален и економскофинансиски простор. Моделот се карактеризира со пет клучни фактори кои се во меѓусебен однос и влијаат еден на друг, при што визијата е главниот фактор како алатка на организацијата, која се однесува и на краткорочни и на долгорочни цели. Тој истовремено формира и е под влијание на додатни четири фактори: 1) организациски аранжмани, 2) општествени фактори, 3) технологија и 4) физички наместена средина, што не е ништо друго туку архитектура, односно ентериер. Организациските аранжмани се >> 26 февруари 2016

ПОРТА

49


eнтериер Архитектонско биро

формалните структури кои ги водат координатите на луѓето и процесите внатре во организацијата (стратегии, административни системи, рутини и системи за наградување). Општествените фактори се неформалните карактеристики на индивидуалните и групни работи, кои обично е тешко да се променат (организациската култура, менаџерскиот стил и интеракција). Технологијата се технолошките системи користени во организацијата комбинирани со дизајнот на работата. На крај, физичката наместеност архитектурата е комбинација од просторна конфигурација, физички амбиент, дизајн на ентериер и архитектонскиот дизајн во целина. Истражувачите на канцеларијата и нејзиното влијание врз бизнисот, организациите, но и врз луѓето што работат во нив, или на друг начин ги користат, велат дека нејзиниот развој како физички простор и работата во неа, денес во втората половина на втората декада на дваесет и првиот век е на крстопат. Причините за оваа констатација тие ги наоѓаат во огромните влијанија кои канцеларијата ги трпи од брзото темпо на развојот на информатичките и комуникациските технологии. Зашто работниот свет доживува радикални промени, при што за разлика од пред само неколку декади, работата станува 50

ПОРТА

26 февруари 2016

сè поглобална, вмрежена, мобилна и фокусирана на знаењата. Ако во тие не така дамнешни времиња напредокот или иднината, во фаза на планирање, се очекуваше да дојде после 20 до 30 години, што во споредба со минатите милениуми е брзина на звукот, во овој 21 век планирањето е скратено на рекордни две до три години однапред, што од друга страна, пак, е брзина на светлината. Менаџерските филозофии се поместија од акумулација и натрупување кон рационализација, од командување и контрола кон соработка. Разликата помеѓу минатото и сегашноста и иднината се огледа и во фактот што вработените работеле на само еден проект значаен временски период, додека денес обично вработените симултано работат на повеќе проекти. И уште еден факт е битен, а тоа е дека во САД од 1959 година до денес, рутинската работа е намалена за 60%, додека нерутинските задачи кои водат кон поголем успех на организацијата е зголемен за 40%. Моќта на Интернет за трансформација го менува општеството од темел, а социјалните мрежи ги поврзуваат луѓето на глобално ниво. Никогаш претходно не било толку лесно да се оствари контакт со друго лице со кого споделувате исти интереси или ставови без оглед на времето и географската позиција на учесниците. Флуидните мрежи ги

заменуваат крутите хиерархии како организациски принцип на меѓусебните односи на вработените во ова време. Веќе е започнат преминот од индустриска во вмрежена економија, која воспоставува свои досега неискусени правила, актери, како и нови модели на приходи. Денес, со помош на Интернет може буквално сè да се организира, од идеја до финансии и продажба, сето тоа надвор од конвенционалните синџири на вредност. Значењето на традиционалните улоги е доведено во прашање во условите кога „прозументот“ ја замаглува границата помеѓу конзументот и производителот. Ваквиот нов тип на индивидуи бараат право активно да партиципираат во иновативните процеси. Вмреженоста и соработката се клучни за успехот на вмрежената економија. Воспоставувањето и ширењето на односите со клиентите стана многу поважно отколку самата продажба. Според Норберт Болц, професор по филозофија и теорија на медиумите на Берлинскиот технички универзитет, веќе не постојат само конзументи - тие сега се прозументи, веќе нема публика зашто сега секој е автор. Ако порано општеството беше уредено на база на организации, институции и репрезентативни тела, денес, според него, живееме во среќната анархија на комуникациските мрежи. n


ПОРТА


eкологија

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ И ЗАСТРАШУВАЧКИ ПОДАТОЦИ

Нема место каде да се избега од

загадувањето

Македонија годишно губи 11.655 години живот на своите граѓани, и 250 милиони евра од економијата, поради последиците од загадениот воздух Катерина Спасовска Трпковска

Е

дна по една, професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија, ги менува мапите на Македонија на кои е прикажан степенот на загадувањето на почвите од различни тешки метали. Како предводник на поголем тим истражувачи, тој десетина години ги испитува почвите низ државата, особено кај жешките еколошки точки. Со силна црвена боја се обележуваат најконтаминираните области, потоа се преминува кон посветла црвена, па жолта, па побледа зелена, и на крајот, со силна зелена се обележани најчистите. Во зависност од загадувачката материја, кадмиум, никел, жива или нешто друго, различни региони на мапите се со различна боја. Но ниеден регион во земјава не беше зелен на сите нив. Едноставно, не постои незагаден крај. Професорот Стафилов е само еден од многуте научници и познавачи на состојбите со животната средина во Македонија, кои добро знаат колку застрашувачки се податоците добиени со истражувањата. Сепак, на земјата сè уште ѝ недостига силна и масовна дебата околу проблемите со загадувањето, како што беше нагласено и на научната трибина што ја организираше Македонското еколошко 52

ПОРТА

26 февруари 2016


eкологија Охис

МХК - Злетово

„Југохром“ - Јегуновце

друштво, а каде што Стафилов, заедно со други излагачи, ја откри предупредувачката, или можеби загрижувачка вистина за тоа во какви услови живее населението. Македонија, според податоците на Стафилов, годишно создава 19,5 милиони тони индустриски отпад. Од него, 4,6 милиони тони е опасен, токсичен отпад. Околу 90 отсто доаѓа од рударството, а 10 отсто од термоелектраните и од другата индустрија. Состојбата со жешките точки е особено загрижувачка, пред сè Охис, МХК Злетово и рудникот Бучим. Во Охис, каде што врз депонијата со 13.000 тони линдан е фрлена 20.000 тони земја, со што се создал над 30.000

тони опасен отпад, подземните води се стотици пати позагадени од дозволеното, а почвите илјадници пати. Околу 6,6 квадратни километри од почвата во Велес, што го опфаќа целиот град и просторот околу топилницата, е екстремно загаден. Истражувањата покажале дека таа е неупотреблива, и треба да се отстрани до 40 сантиметри длабочина. На толкава површина, тоа би значело да се исфрлат 60 до 70 илјади камиони земја. Во реонот на Велес, дури и прашината е 20 пати позагадена отколку што треба да биде почвата. Депонијата од Хемиската индустрија во Велес, пак, која е отворена и напуштена, е радиоактивна. >> 26 февруари 2016

ПОРТА

53


eкологија РЕК Битола

Арсен, антимон, талиум и многу други штетни материи има во македонските почви, во огромни количества. Десет квадратни километри околу РЕК „Битола“ се складиште за пепел. Тоа е поголема површина и од градот Битола. Во Јегуновце, пак, подземните води биле загадени дури и до 50 метри под земја. Среќна околност е што било утврдено дека тие води не се мешаат со тие од Рашче, од кои се снабдува Скопје. Сите податоци ќе послужат за да се изработи геохемиски атлас на Македонија. За него се земени примероци од 1.025 локации, површински и длабински, во мрежа од пет на пет километри, а во некои места и многу погуста. Земени се 2.050 примероци од почва, и 800 од мов. Податоците за загадувањето на воздухот, пак, што ги претстави Светлана Ѓорѓева, раководителката на Македонскиот информативен центар за животна средина, се

исто така загрижувачки. Особено во грејната сезона. Оваа не е завршена, но според Ѓорѓева, досегашните мерења покажале дека ќе нема голема разлика во однос на претходната. А во неа, во четири месеци во Тетово имало само два дена во кои загадувањето со честичките ПМ10 било помало од максимално дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар. Дури 136 дена во градот имало загаденост од над 100 микрограми, и имало дури четири периоди во кои загадувањето траело по десет или повеќе дена по ред. Инаку, толерантната вредност на честичките ПМ10 е 50 на дневно ниво и 40 на годишно ниво, и тие не треба да се надминат во повеќе од 35 дена во годината. Но ова е тешко да се достигне. Во Скопје, мерната станица во Лисиче регистрирала дека 76 дена биле надминати 100 микрограми на кубен метар, а таму и во Гази Баба имало по два периода од

континуирано загадување над 10 дена. - Загадувањето е толку големо, што кога ги праќаме податоците во Европа, се случувало да ни ги вратат, мислејќи дека сме направиле грешка - рече Ѓорѓева. Изворите на загадување се познати. Еден е индустријата, и тоа не само големите капацитети, туку и помалите. Потоа доаѓа сообраќајот, бидејќи 80 отсто од возниот парк е стар и е надвор од европските стандарди, а со увозот на стари возила од 2007 до 2014 година бројот на автомобили се зголемил за 40 отсто. Домаќинствата се грејат 62 отсто на дрва, а 29 отсто на струја. Лошата урбанизација и сечењето на зеленилото, пак, уште повеќе придонесуваат. Интересно е, како што нагласува Ѓорѓева, дека присуството на сите други загадувачки материи во воздухот драстично опаднало со текот на годините, сулфурниот двооксид, јаглеродниот моноксид итн, но ПМ честичките бележат огромен раст. Затоа, препорачува таа, треба многу да се работи на сообраќајот и на греењето во домаќинствата за да се надмине проблемот. Колку загадувањето ја чини Македонија, според објаснувањето на професорот Драган Ѓорѓиев од Институтот за јавно здравје, се мери во години на загубен живот. Тие се пресметуваат според бројот на луѓето што починале од болести поврзани со загадувањето, колку години им се скратиле од животот. По оваа формула, Македонија годишно губи 11.655 години живот. Економската штета, пак, се проценува на 250 милиони евра годишно. Односно, ако луѓето што починале или што станале тешко болни, губејќи ја работоспособноста, останале живи и здрави, и продолжеле да работат и да придонесуваат за економијата, таа ќе била поголема за оваа сума пари. n

Јаловиште во рудникот „Бучим“

54

ПОРТА

26 февруари 2016


ПОРТА


eкологија

ГРАДОВИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ДВИГАТЕЛИ ЗА ПРОМЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Љубљана во семејството на зелените престолнини

The European Green Capital Award претставува иницијатива за промовирање и наградување на напорите на локалните власти во зачувувањето на животната средина. Наградата се доделува на град кој има постојан пораст при постигнување високи еколошки стандарди, град кој е посветен кон тековни и амбициозни цели за понатамошно подобрување на животната средина и одржлив развој. Оваа година, наградата заслужено оди во Љубљана. 56

ПОРТА

26 февруари 2016


eкологија

Е

Марина ВЕРУШЕСКА вропа има многу еколошки предизвици со кои се соочува. Токму затоа, Европската комисија од поодамна ја препозна важноста на локалните власти при подобрување на животната средина како и нивното високо ниво на одговорност. The European Green Capital Award претставува иницијатива за промовирање и наградување на овие напори. Наградата се доделува на град кој има постојан пораст при постигнување високи еколошки стандарди, град кој е посветен кон тековни и амбициозни цели за понатамошно подобрување на животната средина и одржлив развој. Оваа година, наградата заслужено оди во Љубљана, која се приклучува на семејството на зелени

престолнини: Стокхолм, Хамбург, Виторија (Гастејс) Нант, Копенхаген и Бристол, кои служат како инспиративен пример дека градовите можат да бидат двигатели за промена на животната средина. Љубљана од минатото е град на автомобили, а денес сè повеќе се става

акцент на јавниот превоз, пешачките зони и велосипедските патеки. Станува збор за промена која се случи за помалку од 10 години. Промената се должи на големи напори и иницијативи, како проектот за реката Љубљаница, кој во 2012 година ја доби европската награда за урбан јавен простор и победи на натпреварот меѓу 347 поднесени проекти од 36 земји. Со целосното реновирање на насипите на мостовите на реката и изградба на нови пешачки мостови, реката стана „зелено“ социјално јадро. Денес, главниот град на Словенија може да се пофали со огромна област на зелени површини (542 м2 по жител). Исто така, Љубљана ја спроведува и стратегијата за поттикнување на граѓански иницијативи и заложби. Една од тие иницијативи е градинарството. Иако главната цел е одгледување зеленчук за сопствена потрошувачка и самодоволност, тоа претставува и начин на дружење, забава и рекреација, но и подобрување на односот на луѓето кон животната средина. >> 26 февруари 2016

ПОРТА

57


eкологија За градинарство се наменети 46 хектари земјиште во 23 области, а жителите на Љубљана имаат можност за изнајмување на градина односно парцела на општинско земјиште. Меѓу најважните промени во последната деценија, е воведување еколошки зони во центарот на градот, затворени за моторен сообраќај. Преземените мерки вклучуваат изградба на подземни гаражи, поттик за користење на јавен превоз, како и создавање на голема мрежа на велосипедски патеки. Љубљана се одликува со софистициран систем на управување со отпадот. Стратегија за „нула отпад“ (Zero Waste Strategy) е стратегија по пример на природата која не познава отпад, односно сè се рециклира во кружен тек на материја и енергија. Целта е да се создадат услови во кои сè што произведуваме и трошиме да има минимално влијание врз околината. Со својата напредна стратегија за „нула отпад“, Љубљана е прв европски град со „нула отпад“ со значаен придонес на транзицијата на Европа кон подобра циркуларна економија. Доколку Стокхолм звучи нереално и далеку од нас, Љубљана е многу блиску, и покажува дека всушност грижата за животната средина во урбана област е можна и остварлива. Љубљана е пример дека реални и подобри резултати се создаваат најпрво со надградба на инфраструктурата, а потоа преку поттикнување и интензивна комуникација односно соработка со граѓаните, практика која веќе докажано обезбедува одлични резултати. n

За разлика од Љубљана, во главниот град на Македонија (истото се однесува и за останатите градови), се усвојуваат едноставни и брзо спроведливи решенија, без промена на свеста и однесувањето на граѓаните. Една софистицирана стратегија подразбира ангажман на сите поединци во соработка со градските власти, наместо префрлување на вината од една на друга страна. Ние сме сведоци дека најлесно справување со отпадот е тој да се отстрани, затрупа и запали, без оглед на догорочните последици од немарното однесување. Од неодамна, во Скопје се создаде мала логистика со неколку еко точки и мал број на канти за различни видови на отпад, но оваа иницијатива е далеку од доволна. Потребно е да се развие систем кој морално и финансиски ќе ги стимулира одговорните граѓани коишто прават малку отпад и да ги казни неодговорните. Во споредба со Љубљана, која гради подземни гаражи со цел да ги зачува парковите, во Скопје зелените површини сè повеќе се уништуваат, додека проблемот со паркирањето во центалното градско подрачје се решава со градење на катни гаражи. Иако Скопје има идеални услови за велосипедски патеки, сè уште предност имаат автомобилите.

www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


ПОРТА


хортикултура

ПРИДОБИВКИ ОД ЗЕЛЕНИЛОТО ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА Еден човек годишно вдишува околу осум тони воздух, од коишто само 23% е кислород, а при секое вдишување се акумулира околу 1/3 од овој кислород, со што се доаѓа до податокот дека еден човек годишно може да „потроши“ кислород во количина којашто можат да ја произведат во просек околу осум дрвја годишно

П

Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

ридобивките што ги добиваме секојдневно од зеленилото што нè опкружува се многубројни. Некои од нив може да се препознаат визуелно, за некои пак е потребно да се направат поголеми и посеопфатни студии, на подолг временски период. Во секој случај, тие грубо може да се поделат на три типа, и тоа социјални, економски и еколошки придобивки. Како социјални придобивки од зелените површини може да се земат приватноста и спокојството што го нудат приватните градини. Добро засадената жива ограда нуди мир во граднината и отсекување од реалноста и секојдневието на прометните улици и пешачки патеки. Во оваа категорија влегува и проучувањето на голем број

ПОРТА


хортикултура

О

студии кои наложуваат на фактот на помала стапка на криминал во населбите со зеленило. Зелениот простор за игра на децата, исто така претставува голема придобивка, особено ако се знае дека станува збор за простор во кој може да ги контролира нивната игра. Здравствените придобивки како социјални

придобивки од зелените површини се едни од највпечатливите. Постојат голем број студии кои укажуваат на тоа дека хортикултура е многу важна за подобрување на човековото здравје. Смирувачкиот ефект што го имаат растенијата, придонесува за регулиран крвен притисок, намалување на мускулната тензија поврзана со стресот,

поголема концентрација и внимание, помало чувство на страв и агресија, подобро секојдневно расположение. Добро уредените зелени површини придонесуваат и за зголемување на желбата за хортикултурно уредување кај соседите, како и свеста на останатите во населеното место за важноста и придобивките од зеленилото во секојдневниот живот. Веројатно најинтересните факти и податоци за секое семејство претставуваат економските придобивки од растенијата во дворот. Како прво, зеленилото, особено добро уредените и одржувани дворни површини секогаш ја подигнуваат вредноста на имотот. Па така, доколку на почетокот при градбата на објектот инвестирате одредена сума пари за хортикултурно уредување, за неколку години како што растенијата растат и се оформуваат, со тоа и драстично им се зголемува цената и вредноста, што придонесува и за поголема вредност на имотот. Според одредени податоци кои се достапни на релевантни сајтови од Канада, за неколку години по почетната инвестиција при изградба на куќата вклучително и хортикултурното уредување, вредноста на објектот се зголемила за одлични 11,3%. >>

ПОРТА


хортикултура Заштедата на електрична енергија е една од најатрактивните придобивки за граѓаните во денешно време. Според Министерството за земјоделство на САД, млад садник од одреден вид на дрво може да обезбеди крошна со ефект на ладење, еквивалентен на просечна дневна соба во која непречено лади клима уред во период од 20 часа на ден. И покрај тоа што во случајов станува збор за сенка која ја формира одраснато дрво со старост од повеќе од 15 години, сепак тоа претставува релативно ниска инвестиција за која вреди да се чека, па дури и да се направи свесно за идните генерации. Дрвјата засадени од западна страна на домот ќе ги намалат сметките за енергија за околу 5 % во последните пет години. Меѓутоа, садењето на дрвјата околу вашиот дом не претставува само начин на заштеда на електрична енергија во летниот период, туку и заштеда на електричната енергија за греење. Доколку дрвјата се насадени на северна и северозападна страна, тие ги блокираат студените зимски ветрови што индиректно влијаат на големото ладење на објектот. Во конкретниот случај, во текот на зимскиот период, зимзелените дрвја може да ја намалат брзината на ветерот, а на тој начин се намалува и загубата на топлината од вашиот дом за 10 до 50 проценти. Освен што дрвјата можат позитивно да влијаат на вашите сметки за електрична енергија, тие позитивно се одразуваат и на животната средина. Дрвјата апсорбираат стакленички гасови како азот диоксид, сулфур диоксид, озон, јаглерод диоксид и јаглерод моноксид. Тие, исто така, го

62

ПОРТА

26 февруари 2016

претвораат јаглеродниот диоксид во кислород по пат на фотосинтеза, што позитивно влијае врз здравјето на луѓето. Едно дрво има способност да прочисти околу 149 килограми јаглерод диоксид во воздухот секоја година. Со оглед на фактот што еден човек годишно вдишува околу осум тони воздух, од коишто само 23% е кислород, а при секое вдишување се акумулира околу 1/3 од овој кислород, се

доаѓа до податокот дека еден човек годишно може да „потроши“ кислород во количина којашто можат да ја произведат во просек околу осум дрвја годишно. Сенката од дрвјата, покрај тоа што влијае врз намалување на потрошувачката на електрична енергија на отворен простор, влијае и врз процесот на неконтролирано испарување на водата од почвата, кое е особено големо во летниот период. Дрвјата имаат голема улога во заштитата од поплави, а и во спречување на ерозијата на почвата, особено во критични подрачја. Освен тоа, тие играат голема улога во намалувањето на талогот во реките и зголемувањето на апсорпцијата на вода во земјата. Со своите коренови системи, тие го апсорбираат и го забавуваат движењето на надојдената вода. Јачината на звукот изразена во децибели е различна во различни делови од урбаната средина. Бучавата што се движи од 60 до 120 dB се смета за штетна по здравјето. Степенот на заштитата од бучава за кој придонесуваат дрвјата, зависи од густината, составот и длабочината на насадот. Сепак, треба да се има предвид дека за разлика од цврстите паравани кои само механички ја одбиваат бучавата, растенијата имаат својство да ја акумулираат и во голема мера да ја намалат. Па така, насад од листопадни видови со шина од осум метри покрај сообраќајница, може да ја апсорбира и намали бучавата до 15 dB. n


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


aрт и дизајн

ИЗЛОЖБА

Vogue 100: A Century of Style во Национална галерија на портрети во Лондон Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Дел од изложбата

David Hockney, Peter Schlesinger и Maudie James, 1968, Cecil Beaton

British Vogue

64

ПОРТА

26 февруари 2016

Naomi Campbell, 1987


aрт и дизајн

More Taste Than Money, British Vogue, February 1950, Norman Parkinson Ltd

Charlie Chaplin The Second Age of Beauty is Glamour, 1946, Cecil Beaton Linda Evangelista, Patrick Demarchelier,, 1991

О

творена е изложба „Vogue 100: A Century of Style“ во лондонската Национална галерија на портрети. Изложбата ја слави стогодишнината на авангардната модна и фотографска сцена, што во својата богата фото ризница ја чува издавачката куќа Condé Nast. На изложбата се прикажани „vintage“ фотографии на првите професионални модни фотографи, како што е Baron de Meyer. Изложбата е отворена на 11 февруари и вклучува над 280 фотографии од архивата на Condé Nasta, а може да се види до 22 мај. Кустосот на изложбата Robin Muir ветува возбудливо патување низ најубавите моменти во историјата на британскиот Voguea, а тие ги вклучуваат великаните на светската фотографија, како што се Cecil Beaton, Lee Miller, Irving Penn, Snowdon, David Bailey, Corinne Day, Patrick Demarchelier, Nick Knight, Herb Ritts, Mario Testino, Tim Walker и Albert Watson. n

The Varnished Truth,1951

26 февруари 2016

ПОРТА

65


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.