ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
242 MAРТ 2016
Специјална болница „Филип Втори“ - обејкт од повисок ранг ИнфраструктУРА Катче со префинети ноти
90 ДЕНАРИ
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 242 ПЕТОК 25.3.2016 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, По претставувањето на архитектонското студио А3 од Белград, во минатиот број на „Порта 3“, каде еден од партнерите, архитект Александар Митиќ, зборуваше за својот поглед на архитектурата, на ред доаѓа и претставувањето на некои нивни проекти. Програмски различни, избраните проекти на најдобар можен начин ја презентираат работата на ова студио кое посебен фокус има кон деталите во проектирање на ентериери. Во овој број ви претставуваме уште некои ентериери, чии проектанти се македонски архитектонски студија. Катче со префинети ноти, беше проектантски предизвик за Биро Проект прикреирањето на СтудиотоТеохаров. Концептот на инвеститорот е да се уреди изложбен простор за звучници и засилувачи на звук, како и ѕидни часовници. Идејата е да се направи простор кој ќе предизвика чувство на домашна атмосфера и амбиент каде ќе се слуша музика на аудио опрема дизајнирана и произведена во Македонија, по највисоки High End аудио стандарди, како и избор на врвни часовници. Како да се афирмира урбаниот дух? Пред архитектот Пако Радовановиќ од „Радо инженеринг“, поставена е задача да се дизајнира ентериер за стан од 180 метри квадратни во зграда на падините на Водно. Со инвеститорот (млад успешен менаџер) е усвоен концепт просторот да поседува енергија на панк и
сензибилитет на mainstreem jazz. Авторот во тоа успеал користејќи ги ефектите на различност, на тематски осмислени комбинации на утилитарно и естетско, според свои шеми и свои мерила. Во време на високоразвиена електронска комуникација, кога времето буквално„чини пари“, банките решија да ги следат светските трендови на општествена трансформација, да станат пофлексибилни, подинамични и поотворени за клиентите. „Радиус архитекти“, овие новини ги преточи во стварност во експозитурите на ПроКредит банка. Неколкудецениската пустош во сферата на инфраструктурните вложувања, остави зад себе црни инженерски дупки кои сега мораат да се пополнуваат со увезен кадар. Со нешто што порано беше наш препознатлив извозен бренд. Суфицитот се претвори во дефицит. Неодамна во Скопје беше отворена Специјалната болница „Филип Втори“. Станува збор за објект од повисок ранг. Во процесот на дизајнирање на проектот за новиот центар на болницата, целта на проектантите била да се промени перцепцијата за негативна конотација и да се изгради позитивен простор, кој е во состојба да дејствува и како центар за социјална дејност, а не само како медицински центар. ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: СТУДИО ТЕОХАРОВ, СКОПЈЕ
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
242 MAРТ 2016
Нема место каде да се избега од загадувањето ИнфраструктУРА Катче со префинети ноти
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ
лектор: Костадинка СОЛЕВА
ИЗРАБОТИЛ: „БИРО ПРОЕКТ“, СКОПЈЕ ФОТО: ДАРКО ПЕТРОВСКИ
ГРАДЕЖНИШТВО 12 ИНФРАСТРУКТУРА
СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА „ФИЛИП ВТОРИ“ - ОБЈЕКТ ОД ПОВИСОК РАНГ
ЕНТЕРИЕР 28
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
32
ЕНТЕРИЕР 32 ЕДИНСТВЕН ПРИСТАП ЗА РАЗЛИЧНИ РЕШЕНИЈА
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
48
Печати:
ЕНТЕРИЕР 36
Маркетинг:
КАТЧЕ СО ПРЕФИНЕТИ НОТИ
СООБРАЌАЈ 52 DRL: ЗАГАТКИТЕ НА ЕДНА ЕНИГМА
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
24
ЕНЕРГЕТИКА 56 68
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
РЕВИЗИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ И КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРОДНИОТ ГАС
ЕКОЛОГИЈА 64 ФАНА ХРИСТОВСКА: НИ ТРЕБА ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
АРХИТЕКТУРА 18
АФИРМАЦИЈА НА УРБАНИОТ ДУХ
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
44
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
ДОЈРАН 2016
Истражувачки проект на ФАД - УАКС и oпштина Дојран проектирање 1 / Образование и здравство 2. Градска библиотека и мултифункционален културен центар / Студио архитектонско проектирање 1 3. Туристички информативен центар Дојран / Студио внатрешна архитектура 1 4. Туристички информативен центар Дојран / Студио внатрешна архитектура 3 *студенти од деветти семестар (мастер студии) работат на: 1. Спортска сала за 1.000 гледачи Стар Дојран / Арх. проектирање 3 / Спортски објекти Пролетен семестар 2015/2016 - ФАД при УАКС *студенти од четврти семестар работат на: 1. Современо-традиционално домување, повеќесемејно домување во Дојран / Арх. проектирање 4
С
оработката помеѓу Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ – Скопје и општините во Македонија е повеќегодишна практика на ФАД, вклучена во образовниот процес на додипломски и постдипломски студии. Преку дефинирање, истражување-анализа и реализација на проекти, во зависност од годината на студии и предметната област, студентите длабоко навлегуваат во реалните потреби и потенцијали на градот и oпштината. Финалниот производ се проекти кои се презентираат и подаруваат на oпштината, како визии за иден општествен и економски развој на градот во контекст на современите одржливи принципи на урбаниот развој на макро и микро план. Посетата на општина Дојран на студентите од школската 2015/2016 година е реализирана на почетокот на есенскиот семестар. Преку презентација на урбанистички планови и план за развој на Дојран од стручно лице од страна на oпштината, теренско запознавање и снимање на предментите локации, програмата на развој презентирана од страна на градоначалникот на Дојран, утврдени се методи и цели за заедничка соработка помеѓу ФАД и општина Дојран. Истражувањата и очекуваните резултати се водат преку следните проекти:
6
ПОРТА
25 март 2016
Есенски семестар 2015/2016 - ФАД при УАКС *студенти од третиот семестар изработија идејни проекти на: 1. Станбена низа, едносемејно домување во Дојран / предмет: Арх. проектирање 3 *студенти од петтиот семестар изработија идејни проекти на: 1. Уредување на дел од кејот во Стар Дојран / предмет: Дизајн на урбана опрема 2. Хотел во Дојран (на две локации) / предмет: Арх. проектирање 5 *студенти од седми семестар (мастер студии) изработија идејни проекти на: 1. Основно училиште Стар Дојран / Арх.
*студенти од шестиот семестар работат на: 2. Градинка со дом за луѓе од трето доба, колективно домување во Дојран / предмет: Арх. проектирање 6 3. Општинска зграда Дојран (нов објект на место на постоечкиот) / предмет: Проектирање на јавни згради 4. Ентериерна реконструкција и адаптација на хотелско одморалиште за потребите на градоначалникот и службите на општина Дојран / предмет: Ентериер 2 *студенти од осми семестар (мастер студии) работат на: 1. Младински културен центар Дојран / предмет: Арх. проектирање 2 - Објекти од култура
инфо
55. САЕМ НА МЕБЕЛ, МИЛАНО 2016
И годинава распродадена престолнината на дизајнот
У
ште еднаш во центар на внимание, по 55-ти пат, Саем за мебел Милано, како платформа за иновации и локација која ја преферираат луѓето од овој сектор. Три поврзани настани се посветени на концептот живеење, на класичниот и на архитектонскиот мебел. Над 30.000 оператори од повеќе од 160 земји ширум светот, како и над 300.000 посетители, ќе го посетат овој саем во периодот од 12 до 17 април на миланскиот саем. Претставувајќи го асортиманот на производи со висок квалитет и соодветни услуги, Саемот за мебел Милано, уште еднаш е најважниот настан за сите луѓе кои работат во овој сектор, нудејќи најнови производи и решенија, и повторно ставајќи го Милано на тронот, како престолнина на дизајнот. И оваа година е потполно распродаден, со 207.000 m2 изложбен простор и 2.310 изложувачи, од кои 30% доаѓаат од странски компании, а 650 се SaloneSatellite дизајнери. Овој саем уште еднаш ја потврди својата позиција на водечки форум за идеи, креативност, иновации и технологија, за бизнисмени, оператори и посетители, претставувајќи нови стилови низ напредни дизајнерски тендови. „Педесет и петтото издание на Salone del Mobile.Milano, се поклопува со еден важен настан
за нашиот град. Тоа е интернационалната изложба на миланското триенале „Design after Design“, која се враќа по пауза од дваесет години, а ќе биде отворена само неколку дена пред саемот. Тоа значи дека се поготвуваме за неверојатна дизајнерска пролет, со комбинации од настани за кои веруваме дека ќе му донесе на Милано интернационално внимание. Salone del Mobile, покрај FuoriSalone, ќе ги оживеат улиците и плоштадите на овој град, со стотици илјади љубители, туристи, професионалци и дизајнери, правејќи ја саемската недела прекрасна забава за сите нас“, изјави градоначалникот на Милано Đulijano Pisapia. Salone Internazionale del Mobile, интернационалната изложба на аксесоари за опремување на домот, ќе донесе над 1.300 изложувачи во простор од над 150.000 метри квадратни, поделен во две категории, Classic i Design. Овде најприметно ќе биде присуството на водечките брендови, како што се Borbonese, Fendi, Ferre, Paul Mathieu, Roberto Cavalli, Ungaro i Versace, Aston Martin, Ritz i Tonino Lamborghini. Истовремено ќе биде одржано 19. издание на SaloneSatellite во паволјоните 13-15, со бесплатна влезница. Овогодишната тема е „New Materials, New Design“. Учесниците се одбрани од
страна на престижен комитет, а со доделување на наградите ќе им се овозможи на младите луѓе да пружат чекор напред во светот на дизајнот, деловните луѓе и купувачите. Мешањето на работата и културата е мисија на миланскиот саем на мебел. Оваа година ќе биде одржана изложбата „Rooms.Novel Living Concepts”, во Palazzo dell’Arte во Mилано. Таа е посветена на архитектурата на ентериери и претставува визија за домот насочена кон иднината. Исто така, ова издание на саемот сака да оддаде почит на она што дошло пред самиот дизајн. Изложбениот настан „Before Design: Classic“ е рефлексија на класичната душа на современиот живот, а ќе биде претставен и краток филм од наградуваниот режисер Matteo Garrone.
ПОРТА
инфо
Светските трендови и елита собрани на едно место
В
о периодот од 9 до 11 март во Истанбул, Турција, се одржа еден од најпосетуваните и најинтересните меѓународни саеми за прозорци, врати и стакло, во организација на „Тујап“. Саемот беше поделен на три дела, и тоа саем за врати: „Door expo Istanbul“, саем за прозорци „Istanbul window fair“, и саем за стакло „Glass expo Istanbul“. На саемот зедоа учество голем број компании од разни делови на светот. Околу 300 компании од областа на производство и трговија на прозорци, 300 компании од областа на стакло и околу 100 компании кои се занимаваат со производство и трговија со врати и елементи кои се поврзани со овие области. Меѓу многуте познати компании кои се претставија на овој саем се германските компании: Артифекс Д-р Лохман, Боле Зилбершнит, Ферро, Хеленек и други, италијанските лидери од оваа сфера како Хелиос Италкварц, Иммес, Иоко, Италматик, Италмоле.., но и голем број водечки турски компании како: Хиз Јајинчилик, Лисец Турција, како и нивните австриски партнери Лисец 8
ПОРТА
25 март 2016
Австрија и многу други компании. Исто така, на овој саем посетители беа и претставниците на околу 30 македонски компании кои се од областа на производство и трговија со врати, прозорци, стакло и елементи и машини кои се дел од оваа индустрија, каде имаа одлична шанса да видат што е најново во овој
бизнис, и имаа можност да остварат контакти со голем број врвни компании од оваа сфера. Со свој штанд се претстави и нашето списание „Порта3“, во десеттата хала на саемот, кој беше групиран со повеќе списанија, од кои повеќето беа специјализирани за прозорци и врати, но и за останати индустриски гранки. Нашето списание наиде на одличен интерес кај посетителите, особено кај оние што го разбираат кириличното писмо, но исто така, и останатите посетители од различни земји пројавија интерес за него и добија информации околу неговите содржини. Од медиумите специјализирани за оваа индустриска гранка од нашите соседи, на саемот беа присутни српските списанија „Индустрија“ и „Прозорци и врати“ како и хрватското издание на „Прозорци и врати“, но и турските списанија „Пенџере ираниан“ и „Кариер медја“ и германскиот магазин „Арабиан Герман“. Како еден од најкористените и енергетски најефикасните системи, кој е впрочем и нов на македонскиот пазар, е системот „Интернова 6000“, кој се користи за производство на прозорци и врати, и е соодветен за реновирани или новоизградени објекти. Станува збор за шесткоморен ПВЦ профил кој има градежна длабочина од 80 мм во крилото и 90 мм длабочина во рамката. Системот е со три дихтунзи. Овие системи се изработени по германските DIN стандарди, што значи дека се со висок квалитет и високи перформанси. Саемската организација „Тујап“, која организира повеќе видови на саеми е со импресивни бројки зад своето име, па така, тие постојат веќе 36 години и успеале до сега успешно да организираат повеќе од 1.600 саеми на кои учествувале околу 270 илјади компании од 177 земји од целиот свет, а овие саеми ги посетиле повеќе од 45 милиони посетители. Престижот да се учествува на саем во организација на „Тујап“ е евидентен, а исто така, тука е и можноста за остварување на контакти со бизнис елитата од целиот свет. n
инфо
Градежништвото - значајна гранка во економските стратегии На Скопски саем се одржа Саемот за градежништво и недвижности. На Саемот за градежништво годинава учествува 90 компании, а во рамки на Саемот за недвижности 20 компании. Од странство беа присутни компании од Германија, Турција и Србија. Саемот се одржа во три сали, а го посетија над 15.000 посетители.
Н
а Саемот за недвижности беа понудени над 3.000 плацови и 3.000 станови кои можеа да се вклопат во владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“. Понудата беше од вкупно 110 компании и плацеви од 13 општини, од кои четири скопски. - Градежништвото како гранка е значајна во економските стратегии и политиките на Владата. Тоа е потпора на македонската економија, кое е поддржано на повеќе начини. Прво преку растот на јавните инвестиции, односно крупните капитални проекти, како и преку низа проекти како што се повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за прв промет на станови која има улога на цената, како и проектот „Купи куќа за млади“, кој стартуваше годинава и кој е надополнување на проектот „Купи куќа, купи стан“ кој стартуваше во 2012 година, - рече на отворањето вицепремиерот и министер за
им нудеа попусти, како и дополнителни поволности заедно со банките и осигурителните компании. Во рамките на Саемот за градежништво се одржа дебата на тема „ДУП – просторот од ресурс стана роб за продавање“, во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), на која се дискутираше за актуелната состојба на урбанизмот заглавена во спрегата политика – капитал, и за тоа како Македонија треба да ги следи европските политики за планирање на просторот, а самата власт на државно и на локално ниво ќе мора да престане да го уништува оној јавен простор што е необновлив. Исто така, во организација на градежната фирма „Голден арт“, се одржа промоција на книгата „Пасивно користење на сончевата енергија во архитектурата“ од д-р Петар Николовски, дипл.инж.арх. Книгата ја претставува третата компонента од неговата трилогија којашто третира актуелна област како што е одржлива архитектура и градежништво, енергетска ефикасност во висока градба и финансии Зоран Ставрески. Од разговорите со градежниците дознавме дека тие очекуваат и натаму раст во секторот и поголема продажба на станови, а за цените на квадратот не очекуваат промена. Роберт Хот од Градежната комора при Сојузот на стопански комори, истакна дека градежниот сектор се очекува да биде како и досега двигател на македонската економија уште најмалку во наредните четири години. Тој потенцира дека подолг период пазарот на недвижности е стабилен и не се очекува намалување на цената на становите. Градежните компании на потрошувачите за време на Саемот
оптимално користење на обновливи извори на енергија. Книгата претставува одлично авторско решение од теориски и практичен аспект со анализи за пасивно користење на сончевата енергија во архитектурата. n 25 март 2016
ПОРТА
9
инфо
Отворен саемот на мебел
М
еѓународниот саем на мебел на Скопскиот саем е отворен во рекорден број саемски хали, со богата понуда, нови дизајни и попусти за посетителите. Најголемиот дел од изложувачите се домашни компании, а присутни се и компании од Италија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Косово. - Меѓународниот саем на мебел оваа година обединува рекордни 11 хали во кои има 180 директни домашни и странски изложувачи и 400 индиректни изложувачи кои на граѓаните ќе им понудат повеќе од 11.000 изложени парчиња мебел. Имено, станува збор за една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко која во минатата година беше посетена од повеќе од 50.000 посетители, кои и оваа година со нетрпение го очекуваа саемот поради своите оригинални декорирани
10
ПОРТА
25 март 2016
инфо изложбени простории во кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво, изјави оперативниот директор на проект во Скопски саем, Магдалена Хамбова. Таа додаде дека се бележи поголем број присутни компании од Македонија што укажува на подем на производството на мебел во земјава. Традиционално и на ова издание ќе бидат доделени награди за најдобрите експонати, кои ќе се оценуваат од стручна комисија. Саемот за посетителите ќе работи секој ден до недела во периодот од 10 до 20 часот. Влезот за саемската манифестација чини 100 денари. Се очекува на годинашното издание да биде надмината бројка од 50.000 посетители. n
ПОРТА
градежништво
УРА
ИНФРАСТРУКТ
проф. д-р Горан МАРКОВСКИ
К
ренати раменици. Тоа е најчестиот одговор на прашањето за препорака на квалитетен и искусен инженерски кадар подготвен да се фати во костец со актуелните инфраструктурни проекти низ Македонија. Слично е и со потрагата по млади, тукушто 12
ПОРТА
25 март 2016
Неколкудецениската пустош во сферата на инфраструктурните вложувања, остави зад себе црни инженерски дупки кои сега мораат да се пополнуваат со увезен кадар. Она што порано го извезувавме сега го увезуваме. Суфицитот се претвори во дефицит.
градежништво стасани инженери. По оние што би требало, под влијание на разбудени професионални хормони, силно мотивирани и младешко амбициозни, низ вакви сериозни проекти, трпеливо да созреваат и стручно да се надградуваат над нултата кота на која моментално се наоѓаат. Би требало... Незгодна е инфраструктурата. Дава, но и многу бара. Осмислена финансиска конструкција, долгорочна консензуална државна стратегија, јасна визија, време, опременост, стручност, искуство, знаење. Многу знаење. Инфраструктурата едновремено овозможува и иницира. Овозможува побезбедна, поквалитетна, побрза, поедноставна комуникација. Иницира развој, вработувања, обрт на капиталот. Сè заедно – подобар живот. Инфраструктурата има и други димензии. Таа поврзува и обединува. Места, градови, држави, континенти. Цивилизации, култури, идеи, народи, семејства, пријатели, личности. Зборува за зрелоста на државата, за нејзиното минато, сегашност, иднина. За визионерството и сериозноста на владетелите. Поранешните и сегашните. Инфраструктурата е во јака интерактивна врска со инженерството. Со својата
сложеност и комплексност поттикнува продлабочено учење, истражување, усовршување, вложување, технолошки развој... Истовремено обезбедува услови за формирање и развој на сопствен инженерски идентитет, техничко-технолошка независност, за изградба и наградба на свој стручен потенцијал, компатибилен и компетитивен на оној на глобализираниот пазар. Македонија е во фаза на своевидна инфраструктурна манија. Отворени се и се отвораат бројни сериозни градителски фронтови. Започнати се и се најавуваат нови градителски битки. Битки за кои е неопходна искусна, добро обучена и современо опремена бројна градителска армија. Квалитетна формациска структура која ќе гарантира инженерски победи во војната со природните пречки и градителски предизвици. Структура која, за жал, под влијание на уништувачките алфа зрачења од транзицискиот атомски удар, полека и тивко атрофираше, губејќи го изградениот кадровски и стручен потенцијал. Неколкудецениската пустош во сферата на инфраструктурните вложувања, остави зад себе црни инженерски дупки кои сега
мораат да се пополнуваат со увезен кадар. Она што порано го извезувавме сега го увезуваме. Суфицитот се претвори во дефицит. Радиоактивниот облак предизвикан од ударот на инфраструктурната празнина, успешно потпомогнат од придружната општествена катаклизма, има(ше) масовно и долготрајно уништувачко дејство. Ја озрачи прво генерацијата на сега веќе (пред)пензионираните градителски генерали, кои, останувајќи долг период без сериозни градежни предизвици, засолнувајќи се во „удобноста“ на тесните ќелии од бетонските атомските скривници, останаа заробени во подзастарените и веќе подзаборавени градителски доктрини. Паповки во време на беспилотни летала. Оние, пак, што денес, барем според своето животно и работно искуство, требаше да ја преземат командата на првите инфраструктурни фронтовски линии, истоштени од долготрајните, монотони и бизарно непродуктивни животни битки за совладување на неинспиративни градежнички дребулии (поткровја, доградби, надградби, куќички, зградички, тротоарчиња...) и кои, како генерали без >>
Коридор 10, делница Демир Капија - Смоквица
25 март 2016
ПОРТА
13
градежништво војска, летаргично осамени во своите запуштени штапски канцелариички, (не)оправдано чувствуваат стручна инфериорност, несигурност и неподготвеност да се впуштат во битки со кои ќе го нарушат воспоставениот животен „комодитет“. Каков и да е. Младите, пак, тукушто дипломирани инженери – „поручници“, целосно збунети од поразителните животни доктрини кои упорно им се сервираат како победнички, наместо со реални, многу полесно и со поголемо задоволство се зафаќаат со развивање виртуелни Minecraft градителски стратегии. Со мислите веќе отпатувани надвор, повеќе возбуда и предизвик наоѓаат дури и во неинвентивното заднинско административно чекирање туѓи проекти и склерометрирање млади бетони, отколку во создавање свое градителско CV кое подоцна ќе им овозможи поуспешно искачување по скалилата на сериозните инфраструктурни скелиња. Ако кон сето ова се додадат и скоро целосното исчезнување на категоријата техничари, своевидните градежни подофицери, како и масовната демобилизација на армијата квалитетни градежни работници, се наметнува потреба од примена на сериозна, повеќеслојна инфраструктурна стратегија. Еден од можните пристапи води кон повнимателно, континуирано, постапно, временски поместено отворање на помали инфраструктурни фронтови, приспособени на моменталната реална моќ на нашата градителска армија (проектанти, ревиденти, изведувачи, надзори и др.). На тој начин, преку посериозно сопствено финансиско учество и контрола врз процесот, би се
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
градежништво Делница Кичево-Охрид
создале пореални услови за позитивна дискриминација на домашните градежни компании или за порамноправен партнерски однос со квалитетните странски. Поголем дел од вложените средства би останале на домашниот пазар, што би иницирало постабилен и попредвидлив технолошки и кадровски развој, вложувања во модерни технологии и научни истражувања, како и во толку значајното постојано учење. Од битка во битка, сопствениот инженерски кадар,
најсуптилниот сегмент во сложената инфраструктурна логистика, професионално би созревал, и со тоа непосредно би влијаел на подигнување на стандардите и квалитетот на крајните производи, односно инфраструктурните дела. Чинам, така и повикот ,,ИнфраструктУРА“ би ја повел градежната армија во посеопфатна и подолгорочна инженерска победа. n
25 март 2016
ПОРТА
15
градежништво
БУЧАВА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАТЕН СООБРАЌАЈ
Подготвилe: Саша ПЕТРУШЕВСКА, дипл.инж.тех. Шенѓул МАВМУДОСКА, дипл.хем.инж. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)
З
вукот претставува вибрационо нарушување создадено од движечки или вибрирачки извор кој пренесува бранови на притисок низ течен или гасовит медиум (воздух) до слушниот орган, како човековото уво. Бучава се дефинира како гласен, неочекуван или непријатен звук. Контаминацијата на животната средина со бучава се однесува на нивоа на бучава во човековото опкружување кои се повисоки од граничните вредности прифатливо ниво. Бучавата може да има сериозни директни или индиректни последици врз здравјето на луѓето, како што е, на пример, оштетувањето на слухот. Со тек 16
ПОРТА
25 март 2016
на време, бучавата може да доведе до зголемување на крвниот притисок и до ментални нарушувања. Европскиот парламент и Советот на Eвропската Унија на 25 јуни 2002 година ја усвоија Директивата 2002/49 / EC 1 за проценка и управување со бучавата во животната средина, позната под надзивот "END". Директивата END има за цел да „дефинира општ пристап со кој, на приоритетна основа, ќе се избегнат, спречат или намалат штетните ефекти на пречки предизвикани од изложеност на бучава во животната средина. Покрај наведеното, директивата има за цел создавање на основа за развивање на мерки на ЕУ за намалување на бучава емитирана од главните извори, особено патните и железничките возила и инфраструктура, авионите, индустриска опрема и подвижни машини. Загадувањето со бучава генерирана од патниот сообраќај е значаен и растечки
проблем на денешницата. Високот степен на транспорт и изградба на урбани патишта, имаат особени влијанија врз животната средина, затоа потребата од мониторинг е од големо значење за да се идентификуваат областите каде се потребни мерки за ублажување на бучавата. Сообраќајот претставува главен извор на бучава и тој учествува со околу 80% од бучавата, како фактор што ја загадува средината. Причини за појава на високо ниво на сообраќајна бучава се: - Зголемен број на различни моторни возила како учесници во сообраќајот (тешки и лесни возила); - Брзината на движење на возилата, бучавата што се создава како последица на силата на триење на пневматиците и подлогата е доминантен извор при брзина поголема од 30 km/h; - Квалитетот и состојбата на коловозот, и - Интензитетот на сообраќај.
градежништво
Мерењата на бучава во животна средина се спроведуваат во согласност со барањата на стандардна метода МКС ISO 1996-2:2010 Акустика - Опис, мерење и проценување на бучавата од околината - Дел 2: Одредување на нивоата на бучава од животна средина (идентичен со ISO 1996-2:2007), а исто така и во согласност со Законот за заштита од бучава („Службен весник на РМ“, бр.79/07, 124/10, 47/11), како и подзаконски акти. Кога постои веројатност дека нивото на бучава ги надминува максимално дозволените вредности кои се утврдени со законската регулатива (Правилник за гранични вредности на ниво на бучава во животната средина, „Службен Весник на РМ“ бр. 147/08, како и Одлуката за утврдување во кои случаи и под кои услови се смета дека е нарушен мирот на граѓаните од штетна бучава, „Службен Весник на РМ“ бр. 1/09) и влијае негативно врз рецепторите, се применуваат звукозаштитни бариери. Мерките за заштита од сообраќајна бучава,
таканаречените звукозаштитни бариери, произлегуваат од извршени проекции направени со помош на математички пресметки.
БАРИЕРИ ЗА ЗАШТИТА ОД ЗВУК Tехничките мерки за заштита на животната средина опфаќаат градежни зафати за заштита од бучава како и мерки за ублажување на ефектот на бариера што го создава коловозот на автопатот.
Бариерите за заштита од бучава служат да го прекинат или блокираат патот помеѓу изворот на бучава и приемникот. Бариерите, исто така, можат да ја рефлектираат бучавата. Со тоа бучавата на спротивната страна може да се зголеми за 6 dB, доколку на двете страни од патот има рефлектирачки површини. Затоа е потребно бариерите да имаат апсорбирачки својства. Бариерната заштита од бучава мора да е направена од самостоечки елемент, кој едноставно може да биде поставен помеѓу челични столбови. Бариерите се изработуваат од различни материјали, најчесто тоа се алуминиумски или транспарентни акрилни плочи и исто така можат да бидат направени од бетон. Лабораторијата за испитување на геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ КуК“, врши мерења на ниво на бучава според акредитирана метода, МКС ISO 1996-2:2010 Акустика Опис, мерење и проценување на бучавата од околината - Дел 2: Одредување на нивоата на бучава од животна средина (идентичен со ISO 1996-2:2007). n
ПОРТА
архитектура
СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА „ФИЛИП ВТОРИ“
Објект од повисок ранг
З
Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх. дравствениот систем во Македонија отсекогаш бил соочен со проблемите на пациентите со посебни болести, особено срцевите заболувања. Во недостиг на соодветни здравствени институции за третман и нивно лекување, пациентите најчесто се праќаа на лекување надвор од земјата за што се трошеа огромни средства. Соочени со овие факти, а со цел да се подобри здравствениот систем во земјата, 18
ПОРТА
25 март 2016
Во самиот процес на дизајнирање на проектот за новиот центар на специјалната болница „Филип Втори“ во Скопје, целта на проектантите била да се промени перцепцијата за негативна конотација и да се изгради позитивен простор, кој е во состојба да дејствува и како центар за социјална дејност, а не само како медицински центар
се пристапи кон проектирање и изградба на специјалната болница „Филип Втори“, која ќе пружа врвни услуги за срцево зaболените. Проектот во целост е приватна инвестиција. Врз основа на ригидна анализа на проектната програма за оваа нова болница, со обмислена функционалност, не само од рационалноорганизациски аспект, туку и од психолошки и социолошки, проектантите тежиштето на своите размислувања го насочиле кон корисниците на специјалната болница. Првиот елемент со кој се среќавате со некој објект е неговата надворешност, неговиот обем и неговата материјалност. Објектот,
општо земено, не е само волумен кој е збир за многу функции, а архитектурата не е само занает; таа е уметност, наука, филозофија. Во својата работа вклучува многу различни знаења, талент, а од инвеститорот и неговите потреби во многу нешта зависи слободата на изразување на проектантите. Медицинските згради, обично, се сметаат како места со негативна конотација, особено кога пациентите постоперативно се рехабилитираат и не знаат колку долго ќе останат таму и што сè ги очекува. Во самиот процес на дизајнирање на проектот за новиот центар на специјалната болница „Филип Втори“ во Скопје, целта на проектантите била да се промени перцепцијата за негативна конотација и да се изгради позитивен простор, кој е во состојба да дејствува и како центар за социјална дејност, а не само како медицински центар. Затоа и се обрнало големо внимание на изгледот на фасадата на овој објект. Тоа е првата точка на поврзување помеѓу пациентот, медицинскиот центар и опкружувањето. За овој центар на специјалната болница, архитектите развиваат предлог кој е формално сличен на оние од социјалната и културната инфраструктура. Фасадата е од алуминиумска конструкција со фиксни стаклени прегради и брисолеи, додека другиот дел од надворешните ѕидови е изведен како вентилирана фасада. Овој тип на разработка
на фасадата, како да им сугерира на посетителите што ќе најдат во внатрешноста. Анатомската шема на срцето и нејзиниот механизам во рамките на целото човеково тело, како да биле искористени за архитектонскиот дизајн на проектот. Срцето е централниот мускул на системот, тоа пумпа крв за да ги храни органите и клетките во него. Срцето е присутно во дизајнот на централниот атриум: пациентите влегуваат во него и потоа се движат понатаму од овој централен простор (извор на светлина и живот), како црвени крвни клетки и одат кон клиниките и различните одделенија за да се вратат повторно во циркулаторниот систем полни со живот и здравје, слично како крвните зрнца кои се збогатени со кислород. Градот Скопје, а со тоа и цела Македонија, со оваа болница добија еден нов објект, кој со своето архитектонско решение претендира да биде на повисок ранг не само кај нас туку и во регионот, и да ги исполни највисоките здравствени услуги. Локацијата на објектот е оддалечена околу 3,5 километри од централното градско јадро. Сместена е во близина на болницата „8 Септември“. Површината за градба на оваа нова болница изнесува 2.503,09 m². Во објектот се пристапува од западната страна каде што се наоѓа главниот влез. Болницата е дизајнирана во рамките на критериумите на новата >> 25 март 2016
ПОРТА
19
архитектура типологија за дваесет и првиот век. При проектирањето се употребени многу иновативни технологиии и материјали за кои повеќе ќе пишуваме во следниот број. Објектот за специјалната болница е проектиран како затворена единица, а особено е посветено внимание на функционалниот, визуелниот аспект и потребите на околината. Во текот на проектирањето, посебно внимание е дадено на надворешниот и внатрешниот амбиент, со тенденција за постигнување на архитектура од висок квалитет, како за пациентите така и за персоналот и посетителите. Главниот влез е поставен централно, на западната страна, од каде преку надворешни скали се пристапува до влезниот хол и инфо пултот, преку кој се упатуваат пациентите до потребните одредишта. Лево од влезот, внатре, сместени се менувачница, аптека и наплатен пункт, десно е сместен барот со простор за чекање и санитарии, а централно е поставен инфо пултот и централниот лифт од каде пациентите се праќаат до соодветното одделение. Барот е замислен да се користи за потребите на Основа на приземје
20
ПОРТА
25 март 2016
Ситуација пациентите, посетителите и персоналот, а може да се користи и како мултифункционална просторија за организирање на коктели и сл.
Од холот, одејќи лево, се наоѓаат осум амбуланти како и една соба за стрес тест. Амбулантите имаат чекални и гардероби со санитарии за пациентите, а поврзани се со лабораториите што се наоѓаат на северната и источната страна на објектот. Од десната страна на холот се наоѓаат просториите за рентген, како и други технички и контролни простории. На приземјето, одејќи кон југоисток, се наоѓа и една оперативна сала со потребни простории кои ја опслужуваат. Преку лифтовите и скалите се доаѓа на првиот кат, во чекална за пациентите и посетителите која е централно поставена. Источно и западно се поставени 21 двокреветна соба за пациенти. Источно и јужно се поставени четири соби за полуинтензивна нега со шест и со три легла. На југозападната страна е сместен одделот за гинекологија со две родилни сали, просторија за новороденчиња, просторија за инкубатори и реанимација на новороденчињата, млечна кујна и гардероба со мијалници. Сите соби за пациентите се опслужени со лекарски соби, простории за припрема на терапија, помошни
архитектура простории за лекови и медицинска опрема, бањи за пациентите со санитарии како и пулт за следење на пациентите. И на вториот кат се наоѓаат слични содржини како и на првиот. Тука се сместени собите за интензивна нега; шест соби со шест легла и две двокреветни соби. Сите соби имаат свои тоалети. Пациентите во овие соби се следени преку мониторинг систем. На овој кат во јужниот дел од објектот, сместен е оперативниот блок со четири операциони сали со сите придружни простории. Овој блок со својата функционалност овозможува хируршка дејност со сите највисоки стандарди на здравството. На третиот кат централно е поставен ресторанот со кујна и нејзините придружни содржини. Веднаш до кујната од западната и источната страна се сместени 10 апартмани со по две легла и посебен тоалет, како и два VIP апартмани. И тука се наоѓаат придружни простории, соба за лекари, електро инженери, администрацијата на болницата, како и аудиториум. Поткровјето на објектот се користи како технички кат каде е сместена котларата. Објектот бара специфични услови за >>
Попречен пресек
25 март 2016
ПОРТА
21
архитектура пациентите и заради тоа на техничкиот кат е сместена целата придружна опрема за инсталации (машинство, електрика, камери и сл.) потребни за целосно функционирање на болницата како една целина. При проектирањето и изведбата на објектот, посебен акцент е даден на македонските и европските стандарди за здравствени установи кои овозможуваат функционалност, одржување и користење на објектот на прав и лесен начин. Ентериерот е дизајниран со доза на луксуз, со големо количество на светло, со визури кон надворешноста. Сето ова придонесува за создавање на позитивна атмосфера и престојот во болницата го прави, барем наизглед, пријатен. Болницата сè уште, во целост, не работи со сиот свој капацитет. Работи еден дел, додека низ неа се уште се прават и уредуваат многу од просториите наменети за пациентите и персоналот што ќе ја опслужува. n Идејниот проект е изработен од МЕДПЛАН – Швајцарија. Разбработка и реализација на проектот „ХРИСТОВИ инженеринг“, Скопје.
(Продолжува во наредниот број)
ПОРТА
ПОРТА
архитектура Драган РИСТОВ
О
пштина Штип ја започна постапката за реализација на проектот Спортско-рекреативен центар „Брегалница“ на локација кај градскиот базен. Преку соодветни законски процедури, променет е деталниот урбанистички план, со што се отвора простор за реализација на овој интересен проект. СРЦ „Брегалница“ се наоѓа во близина на реката и познатиот камен мост од турско време кој е споменик на културата, односно од десната страна на река Брегалница. Просторот делумно е изграден и постои отворен олимписки базен со соблекувални и тениски терени. До парцелата ќе се пристапува преку новопроектирана сервисна улица на која се надоврзува станбен објект. Целиот комплекс на Спортско-рекреативниот центар „Брегалница“, според Деталениот урбанистичкиот проект, генерално може да се подели на две функционални целини: Зона за спорт и рекреација и Хотелски комплекс. Зоната за спорт и рекреација зафаќа површина од околу 11.000
„Аква ленд“
СРЦ „БРЕГАЛНИЦА“ СТАНУВА РЕАЛНОСТ
За Регионалниот спортскорекреативен центар е изготвен соодветен архитектонски проект и основни проекти кои се финансирани преку германската влада и Источниот плански регион и ГТЗ во висина од над 20.000 евра, што значи локалната самоуправа мора да го реализира овој ДУП онака како што е предвидено со проектите и измените
околу градскиот базен
24
ПОРТА
25 март 2016
м². Вкупната површина на Регионалниот спортско-рекреативен центар „Брегалница“ изнесува над 14.000 м2. Од нив, изградена површина 3.800 м2, парковска површина 8.450 м2 и површина покриена со вода 1.956 м2. Преку главната влезна партија на спортско-рекреативниот центар се пристапува до сите новопредвидени содржини: аква парк со детски базен, олимписки базен, рекреативен базен, отворен шанк, атрактивно водно село, детско игралиште и тениско игралиште. Сите содржини меѓусебно се поврзани со пешачка патека низ самата локација. Хотелскиот комплекс има директен пристап од сервисна улица, преку влезниот хол >> 25 март 2016
ПОРТА
25
архитектура
комплексот има и директен контролиран пристап до спортско-рекреативниот центар. Паркирањето за оваа парцела целосно ќе биде решено со катната гаража, односно предвидени се 200 места за паркирање за потребите на конструираната парцела. Дел од објектите постојат, а се наметнува потребата од нивна комплетна обнова и адаптација според новиот модерен проект. Тоа практично значи дека големиот базен со олимписки димензии кој постои останува, само што ќе биде комплетно обновен. Тој е дотраен и во последните десетина години редовно се изнајмуваше на концесионер во текот на летото, но за жал, неговата „обнова“ се сведуваше на крпење на дупките со цементен малтер и завршно фарбање. Тоа не беше доволно, па уште во првиот месец од летото, дупките пак се отвораа и малтерот се распаѓаше. Исто така, и соблекуваните и тениските терени кои сега постојат ќе го добијат соодветниот лик. Инаку, за овој спортско-рекреативен центар е изготвен соодветен архитектонски проект и основни проекти кои се финансирани преку германската влада и Источниот плански регион и ГТЗ во висина од над 20.000 евра, што значи локалната самоуправа мора да го реализира овој ДУП онака како што е предвидено со проектите и измените. Инвеститорот може со дополнителна инвестиција да донесе и топла вода од изворот Л’џи, со што ќе се искористат природните топлински извори, а со самото тоа ќе се овозможи целиот комплекс да користи природна топла вода и за водните базени, но тоа останува негова одлука. Проектант на спортско-рекреативниот центар е архитектонското биро „СТУДИО АТРИУМ“ од Штип. n 26
ПОРТА
25 март 2016
ПОРТА
eнтериер
МОЈ ПРОСТОР
Афирмација на 28
ПОРТА
25 март 2016
eнтериер
урбаниот дух 25 март 2016
ПОРТА
29
П
ред архитектот Пако Радовановиќ од „Радо инженеринг“, поставена е задача да се дизајнира ентериер за стан од 180 метри квадратни во зграда на падините на Водно. Со инвеститорот (млад успешен менаџер) е усвоен концепт - просторот да поседува енергија на панк и сензибилитет на mainstreem jazz. Дизајнираниот простор има гравитациона привлечност која може да ја осетат (вкусат) оние што таму престојуваат, независно од невообичаените принципи на судир на натур бетон, бродски кородиран лим, егзотично дрво, парчиња мебел, со расходовани столчиња, неон и флуо, Мазев, Манев, Бербер, Труикановиќ. Како од опијат стануваш зависен од измешани енергии, елементите на просторот, кои низ процес на визуелна дестилација, формираат автентичен 30
ПОРТА
25 март 2016
ентериер
простор. Користејќи ги ефектите на различност, тематски се осмислени комбинации на утилитарно и естетско, по свои шеми и свои мерила. Објектот служи како визуелена рамка за функционирање на „мој-твој’“ простор. Во таа содржина изместено од вообичаени стандарди, реализирани во процес на финализација, свесни за ефектот на конфликтност, добиен е ваков резултат. Конфликтноста, како своевидно дизајнерско приспособување, речиси да досега до димензија на имагинарно. Во изведувачка перфекција, креираните облици се доведени до поставената цел – „мој“ простор. Реализираниот простор со субверзирана стратегија и визуелна игра, го афирмира урбаниот дух, дава слобода на избор и право на идентитет, што беше заедничка цел на инвеститорот и дизајнерот. n изработил : „Радо инженеринг“ фото : Андријана Тилиќ, дипл.инж.арх ПОРТА
ентериер
АРХИТЕКТОНСКО БИРО „СТУДИО А3“, БЕЛГРАД
Единствен пристап за различни решенија м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА)
Apartment B31, Белград, Србија
Првиот од избраните проекти е од 2011 година, станбена единица од 120 метри квадратни во белградската населба Баново Брдо. Тоа е четирисобен стан со два спални блокови помеѓу кои се наоѓа дневна зона која ја сочинуваат дневната соба, трпезаријата и кујната како единствен амбиент. Дневната зона ја карактеризира употребата на контрастен пристап на ентериерот со примена на две основни нијанси, темна и светла. Подот, кујната и барската маса, преку употреба на темно дрво се спротивставуваат на останатиот амбиент во кој се наоѓаат, каде што ѕидовите, плафонот и речиси целиот мебел се во светли бои, од бела, преку камена до светлобеж боја на гарнитурата. По целата површина има спуштен плафон во кој елегантно се вградени светилки. Поделбата на уникатниот амбиент, на кујнски дел и дневна соба, се огледа преку изборот на различни лустери и подната керамика во делот на кујната. Предноста што ја пружа спуштениот плафон, искористена е и во другите амбиенти, во спалниот дел и во бањите. Архитектонскиот израз на спалниот дел е приспособен на корисниците, додека главната спална соба е со едноставен израз, и го следи општиот правец на проектирање преку контраст на боите на материјалите, детската соба преку употреба на разни бои претставува единствен проектен израз во станот, приспособен на корисникот на таков простор.
ПОРТА
ентериер
По претставувањето на архитектонското студио А3 од Белград, каде еден од партнерите, архитект Александар Митиќ, зборуваше за својот поглед на архитектурата, на ред доаѓа и претставувањето на некои нивни проекти. Програмски различни, избраните проекти на најдобар можен начин ја презентираат работата на ова студио кое посебен фокус има кон деталите во проектирање на ентериери.
E’pur clinic, Виена, Австрија
Проект од 2011 година е и „e’pur beauty clinic“ во Виена. Тоа е ентериер од 500 метри квадратни на едно ниво, салон на убавината во приземје. Во основа, објектот е поделен на приемна зона и зона за работа. Карактеристика на овој ентериер е есенцијалната вредност на изразот, каде доминира белата боја со сјајни ѕидови, светол под и мебел со светла или бела боја. Монохромноста на амбиентот е нарушена со употреба на дрво за централниот елемент на приемната зона – рецепција, како и дрвото на вратите на секој посебен салон во работниот дел. Рецепцијата е со неправилна форма и како таква прави единствен елемент во просторот. Исклучок во контрастниот амбиент е големата подна ламба во чекалната на приемниот дел од објектот. Во приемната зона се наоѓаат уште пет групирани закачалки над работниот дел. Модерниот израз на целиот простор доаѓа и од употребата на заднинско осветлување на ѕидовите, како и вградената ламба во спуштениот плафон. Во ходникот што води кон салоните, доминираат големи бели цифри на дрвените врати.
25 март 2016
ПОРТА
33
ентериер Delhaize Europe, Белград, Србија
Многу поинаков од претходните проекти е белградското седиште на белгиската компанија Delhaize од 2012 година, која на српскиот пазар влезе со купување на голем ланец супермаркети. На преку 9.000 метри квадратни, направен е проект на ентериери на деловните простории. Проектниот пристап подразбира следење на современите тенденции во проектирање на деловни ентериери, а тоа се, пред сè, употребата на openspace организации на просторите за вработените. Работните маси како работни единици се во просторот што нема визуелни бариери, а физичките бариери се сведени, главно, на стакло или работни шкавчиња помеѓу блоковите на работните маси. Како посебни амбиенти, повторно со транспарентно стакло, одвоени се салите за состаноци и презентации. Посебно значење во современото проектирање на деловни простори има осветлувањето. Покрај природното осветлување, објектот се карактеризира и со вградено осветлување кое со своите димензии се вклопува во претходно дефинираните поделби на спуштените плафони. Теписеријата како основен материјал за подот, главно е еднобојна, додека монотоноста на амбиентот се избегнува со користење на силни бои за одделни елементи, како што е преградата помеѓу компјутерот, стаклото, рецепцијата, мебелот или со употреба на дрвени облоги за ѕидовите.
Loft 69, Њујорк, САД
Проект од 2015 година, кој по својата природа отскокнува од досегашните проекти на ова студио, е ентериерот на њујоршкиот стан Лофт 69 во Сохо. Со својот стил и богатството на израз, материјали и бои, апсолутно е невозможно да се одреди единствен карактер на овој простор бидејќи тој не постои. Тој претставува ризница на единствени елементи кои заедно сочинуваат еден амбиент, кој, на себе својствен ПОРТА
ентериер Aviator Café, Белград, Србија
Во последните неколку години, Белград ја откри својата љубов кон кафето. Многу кафетерии се отворени, а меѓу нив е и проектот на Студио А3, кафе „Авиатор“ од 2015 година. Тоа е локал во приземје од 130 квадрати. Објектот е проектиран на начин да ги задоволи потребите на корисниците за добро кафе во пријатна атмосфера. Од едната страна се наоѓа барскиот дел за подготовка на кафе, а од другата делот за гостите. Основните елементи на архитектонскиот израз се видливи во употребата на „сирови“ материјали, дрво, бетон и челик. Следејќи ги современите трендови во проектирање угостителски објекти, инсталациите, како што е вентилацијата, се видливи, додека удобноста и чувството за домашен амбиент е постигнато со употреба на препознатливи парчиња мебел кои одговараат на станбените објекти, различни модели на фотелји и троседи. Истовремено, апаратите за кафе како и кутиите и вреќите со кафе се наоѓаат на отворените полици зад барскиот блок. Пријатниот, „домаќински“ амбиент се надополнува со употреба на шарени ѕидни облоги, вегетација и одреден број подни ламби. Посебност на амбиентот му даваат и висечките огледала над барскиот дел, кои ја менуваат перцепцијата на просторот.
начин, се вклопува во несекојдневноста на резиденцијалниот ентериер. Пред сè, архитектонските елементи што се наоѓаат овде, се единствени во својот однос. Класичен позлатен столб, класичен мебел каде секое парче се разликува, голем број различни предмети за осветлување во еден амбиент, како и различни начини на третирање на ѕидовите, подовите и плафоните, го прават овој простор посебен во својот архитектонски израз. ПОРТА
ентериер
СТУДИО ТЕОХАРОВ, СКОПЈЕ
Катче со
префинети ноти
Ентериер: „Биро Проект“, Скопје фото: Дарко ПЕТРОВСКИ
П
роектантски предзивик за Биро Проект беше креирањето на Студиото Теохаров. Концептот на инвеститорот е да се уреди изложбен простор за звучници и засилувачи на звук, како и ѕидни часовници. Идејата е да се направи простор кој ќе предизвика чувство на домашна атмосфера и амбиент каде ќе се слуша музика на аудио опрема дизајнирана и произведена во Македонија, по највисоки High End аудио стандарди, како и избор на врвни часовници од Nomon и Оntime.
ПОРТА
Просторот пред обнова
Интенцијата за добивање катче со префинети ноти, се доби преку употреба на современи комбинации од материјали, употреба на дијзанирани парчиња мебел, како и присуството на осветлување кое даде поинаква димензија на просторот. Моментите на комфорност и уживање со беспрекорниот звук од аудио опремата, се надополнуваат со централно поставена софа и фотелја ориентирана кон звучниците, и специјалниот принт што дава нивен технички детаљ во реален размер. >> 25 март 2016
ПОРТА
37
Акцентирајќи ја потребата од лежерно уреден простор кој асоцира на дневен престој, со изработена библиотека направена од иверка со финиш даб во комбинација со метални профили, завеса - поставена во функција на
ПОРТА
акустични барања, како и посебни катчиња за кафе муабет со соодветни ѕидни облоги разиграни со уметнички фотографии, го дополнуваат просторот и му даваат една целина со свој идентитет. n
Имајте доверба во Кнауф. Чувствувајте се заштитен. ǁDzǦǣ ȒǨ ǬǫǤǬǨ dzDzǪǣǴ, ǵǨǮDzȋǣ ǵǨǮǷDZǧǣ Ǩ ǧǴǣǦDzǺǨDZǣ. ƾǣǶDzǣ dzǴǨdzǷǼǶǨǶǨ ȋǣ ƸǣǼǣǶǣ ǧDzǥǨǴǤǣ ǥDz DZDzǥǣǶǣ dzǴDzǦǴǣǰǣ dzǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǴDzǬǫǥDzǧǬ Dzǧ ǨǥǴDzdzǵǮǬDzǶ ǥDzǧǨǻǮǬ ǤǴǨDZǧ ǫǣ dzǴDzǬǫǥDzǧǵǶǥDz DZǣ ǦǴǣǧǨǪDZǬ ǰǣǶǨǴǬȋǣǯǬ: Knauf FireWin. ƾǦDzǯǨǰǨǶǨ ȋǣ ǤǨǫǤǨǧDZDzǵǶǣ DZǣ ǯǷȐǨǶDz Ǭ DzǤȋǨǮǶDzǶ. z z z z z
70
70
ПОРТА
džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǯDzǻǬ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ ǥDZǣǶǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ DZǣǧǥDzǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǣ ǤDzȋǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ ǰǣDZǪǨǶDZǬ
26 декември 2014
ПОРТА
eнтериер
КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОРИ (7)
Типологија на канцелариски простор
Канцелариски простори во стилот на 60-тите години од минатиот век проф. м-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС
Д
изајнот на канцелариските згради, исто како и нивното ентериерно уредување, се менува низ текот на времето преку разни влијателни трендови во општеството. Тоа зависи од општествените прилики, култура, но и од спремноста и талентот на архитектите да се пронајде најефикасниот канцелариски распоред во согласност со важечкиот тренд во однос на ентериерниот стил и организациската култура која владее во одредена компанија. Некои теоретичари на организацијата на работењето имаа големо влијание врз дизајнот на канцелариите и врз работењето во канцелариите, како што се Фредерик Тејлор и Хенри Фајол (Frederick Taylor i Henri Fayol). 40
ПОРТА
25 март 2016
Многу од менаџерите не се свесни дека токму односот помеѓу дизајнот на канцелариите и различните организациски однесувања, ставови и импресии, симболичните пораки кои се пренесуваат преку дизајнот, треба да резултираат во поефикасни и ефективни работни средини
Теоријата на Тејлор наречена „научен менаџмент“ се смета за највлијателна теорија за дизајнот на канцелариите, со неговата стриктна хиерархија и контрола врз вработените. Тоа се дел од организациските и менџментските теории, кои заедно со технолошките пронајдоци, посебно на полето на телекомуникациите, го предводат почетокот на толкувањето на развојот на дизајнот на канцелариите. Во декемвриското издание на списанието „Корпоративен дизајн“ од 1984 година, Карл Густафсон, авторот на статијата „Вестингхаус генерира нова корпоративна култура“, пишува дека на состанокот со своите архитекти, кои работеле на дизајнот, Вестингхаус побарал имиџот на својата успешна, технолошки супериорна компанија да биде интерпретиран за три интересни групи. За неговите пријатели и колеги индустријалци, зградата треба да рефлектира сила, професионализам и интегритет. За заедницата на градот Орландо во САД, потребно е да има моќно и елегантно
eкологија
присуство без разметливост. И на крај, за вработените во зградата, тој сакал да им пружи инспиративна работна средина со особини на уметничко дело. Но, она за што многу од менаџерите не се свесни е токму односот помеѓу дизајнот на канцелариите и различните организациски однесувања, ставови и импресии, симболичните пораки кои се пренесуваат преку дизајнот (како што е погоре илустрирано), кои треба да резултираат во поефикасни и ефективни работни средини. Затоа може да се направи поделба на елементите на канцеларискиот дизајн во две генерални категории кои директно влијаат врз одредувањето на типологијата на канцелариските простори, кои ги детерминираат работните технологии и организациски однесувања: 1. Канцелариски распоред - подразбира конфигурација на канцеларискиот простор (кој е до кого лоциран и вкупните локациски релации на вработените), вид на канцелариско уредување - дали е конвенционално или со отворен план, и уредувањето на мебелот, опремата, предметите во индивидуалните и заедничките канцелариски простори. Канцеларискиот распоред од една страна е просторна материјализација на организациските критериуми, а од друга е неразделен дел од својата архитектонска школка. Тоа значи дека распоредот треба да ги рефлектира барањата на организацијата, но без да ја наруши архитектонската контекстуалност на обвивката. 2. Канцелариски декор - подразбира стил и вид на мебел, декоративни предмети и физичките елементи на средината како што се осветлувањето, бучавата и температурата на воздухот.
Професорот на архитектонскиот факултет од Стокхолм, Кристина Даниелсон-Бодин наведува две традиции во архитектонскиот дизајн на канцелариските објекти: Северноевропската традиција и Северноамериканската традиција . Северноамериканската ги вклучува земјите како САД, Канада и Велика Британија и пацифичките градови како Токио и Хонг Конг. Оваа традиција се фокусира повеќе на менаџментот и ефикасноста, а канцелариските згради се користат како симболи на економската моќ и просперитет. Архитектонскиот дизајн често е во корпоративниот Интернационален стил. Северноевропските дизајн традиции ги вклучува нордиските земји, Германија и
Холандија. Акцентот кај оваа традиција се става на ситуацијата на локацијата и на работната средина. Истражувајќи ги почетоците на канцеларијата како просторни и социјални феномени, констатирано е дека појавата на „модерната“ канцеларија дојде со развојот на индустриското производство. Канцелариската работа за време на почетоците на индустриското општество не се одвиваше во посебни згради за административната работа, туку во прикладни простории, внатре во домовите на буржоаската класа која беше сопственик на индустриските постројки. Во прво време изгледало практично лоцирањето на административната работа блиску до производствените постројки, но подоцна, кон крајот на деветнаесеттиот век, во Европа специјализираните канцелариски згради ги зафаќаат строгите центри на поголемите градови, при што веќе се дефинираат како „канцелариски палати“. Канцелариите како посебен тип на објекти е феномен на крајот на деветнаесеттиот и на целиот дваесетти век, создаден од две поврзани движења: пронаоѓањето на бирократијата и аплицирањето на машински и индустриски базирани принципи на научниот менаџмент на Тејлоризмот врз канцелариската работа. Развојот на административната и канцелариска работа беше предуслов за претставување на новиот архитектонски стил наречен „Чикашка школа“ во САД. Чикаго, после големиот пожар во 1871 година, бил град кој максимално профитирал од технологиите што го туркале нанапред развојот на комерцијалните канцелариски згради. Посткатастрофалниот период им дал извонредни можности на значајни архитекти >>
25 март 2016
ПОРТА
41
ентериер и планери на тоа време, да го реконструираат градот според своите сфаќања, знаења и таленти. Херојските подвизи во архитектурата и дизајнот на овој период не може да се забележи никаде во светот во тоа време. Но, во суштина две групи на дисциплини се одговорни за ваквиот подем: во првата спаѓаат, дизајнот, конструкторските и проектно менаџерските способности, кои се неопходни за да се произведат релативно едноставно конструирани и некомплицирани архитектонски школки, доволно робусни за да вдомат голем број различни канцелариски намени. Втората група ја сочинуваат, од една страна, вештините што се потребни за да се реагира и просторите да се приспособат во најкус можен рок на константно променливите, но сепак виталните значајни деловни барања и моделите на работење за секој посебно комерцијален изнајмувач на канцелариите. Една од најбитните технички иновации во тоа време е челичната скелетна конструкција која овозможи флексибилност на просторот, т.е. квантитативно и квалитативно да се менуваат канцелариските простори спрема потребите на изнајмувачите. Додатен фактор за развој на канцелариските згради, впрочем како и другите архитектонски типологии во првата половина на 20 век, како што се и трговските центри, беше развојот на флуоресцентните ламби во 1895 година. Тоа го направи канцеларискиот тлоцрт не толку зависен од дневната светлост, и целата длабочина на зградата може да се користи за канцелариска работа која е сензитивна на светло. Тука треба да се споменат и машинските изуми како што беа лифтовите и вентилацијата, кои ја проширија хоризонталната и вертикалната граница на простирање на зградите во зависност од нивната намена и потребите. На почетокот на 20 век, фокусот на архитектите во дизајнот на канцелариите главно е ставен врз флексибилни тлоцртни распореди, а не врз работната средина на работникот. Ова доведе до помалку прикладна работна средина, со што започнале да се појавуваат и првите критики против ваквата состојба. Зградата на ПСФС – зграда на филаделфиското друштво на штедниот фонд или попозната како Лоус Филаделфија Хотел, е првиот административен облакодер изграден во светот во Интернационален стил во градот Филаделфија, САД, од архитектите Џорџ Хау и Вилијам Лесказе во 1932 година. После Втората светска војна оваа зграда ќе стане модел за архитектонскиот израз и јазик на канцелариските згради ширум светот со варијации по однос на височината (катноста). Со тоа, од корен се измени конфигурацијата на градската слика во чиј фокус се новите симболи на економската моќ на модерните општества. Со урбаниот пејзаж на големите 42
ПОРТА
25 март 2016
економски центри ќе доминираат канцелариските згради во новиот Интернационален стил во чија архитектонска основа е канцеларијата - клетка, која се протега од двете страни на централен коридор и паралелно со фасадните ѕидови. Во овие мугри на Интернационалниот стил, архитектите многу повеќе воделе сметка за дизајнот на социјалните простори, влезните лобија, конференциските сали и кафетерии, отколку за работните простори. Во последните четири децении на минатиот век, дизајнот на канцелариските згради во Европа еволуира пратејќи го развојот на бизнис менаџментот. Во 60-тите канцеларијата е посматрана како отворен комуникациски систем кој го олеснува слободниот тек на
информации низ целата организација. Така, во овие години се појавуваат нови трендови на канцеларии со отворен план, како што е пејзажната канцеларија - Buerolandschaft, што е всушност германски канцелариски систем од типот на кластерска организација на основата. За овој концепт, теоретичарот Рајнер Банам вели дека германскиот слободно асицијативен канцелариски план е еден од нејнеочекуваните и најинтригантни размисли кои се појавиле во Европа во тоа време. Ваквиот концепт ќе претставува пресвртница во организацијата на работниот простор, при што ќе има силно влијание врз архитектонскиот израз и јазик на објектите што ќе се појават во втората половина на 20 век. n
ПОРТА
ентериер
ПРОКРЕДИТ БАНКА КОМПЛЕТНО ЈА РЕНОВИРАШЕ МРЕЖАТА НА ЕКСПОЗИТУРИ ВО ДРЖАВАВА
Отвореност кон клиентите Мартин ПАНОВСКИ, дипл.инж.арх. Фото, Андријана Тилиќ
С
ведоци сме на сериозни социолошки, културолошки и технолошки промени кои имаат удел во начинот на кој го користиме просторот што нè опкружува. Ваквите промени ги менуваат традиционалните институции, вклучително и банките. Банкарската индустрија до скоро време се доживуваше како нефлексибилна и затворена. Кога ќе помислите на банка, веднаш помислувате на затворен простор со „тежок“ мебел од махагони дрво, со детали од месинг, еднолично светло, чувар на вратата и минимум еден изгубен час во чекање ред, како и нервоза дали ќе стигнете да уплатите дури не затвори експозитурата. Гледајќи ги експозитурите на големите европски банки во западниот свет во моментов, повеќе од јасно е дека работите полека се менуваат. Тоа доаѓа, пак, како резултат на тотално различниот пристап во работењето. Во време на високо развиена електронска комуникација, кога времето буквално „чини пари“, банките решија да ги следат светските трендови на општествена трансформација, да станат пофлексибилни, подинамични и поотворени за клиентите. ПроКредит банка е банката што овие новини за првпат ги внесува во Република Македонија, а ние, „Радиус архитекти“, сме тие што овие новини ги преточија во стварност. Во текот на изминатата година, ПроКредит банка комплетно ја реновираше целокупната мрежа на експозитури во државава, воведувајќи сосема нов концепт на уредување на просторот наменет за клиентите. Имено, постоеја два генерални концепти на уредување на експозитурите. Првиот, што беше применет кај поголемите експозитури, а подразбираше поделба на просторот на експозитурата на два дела, и тоа дел со автомати кој работи 24 часа односно т.н. „зона 24/7“ и експозитурата во која би се се одвивале тет-а-тет трансакции со службените лица на банката. Вториот концепт, пак, е применет кај помалите експозитури и тој подразбира само „зона 24/7“. Така банката станува отворена за своите 44
ПОРТА
25 март 2016
Во време на високоразвиена електронска комуникација, кога времето буквално „чини пари“, банките решија да ги следат светските трендови на општествена трансформација, да станат пофлексибилни, подинамични и поотворени за клиентите. „Радиус архитекти“, овие новини ги преточи во стварност во експозитурите на ПроКредит банка.
ентериер клиенти буквално 24/7. Клиентите на овој начин можат да ги користат сите услуги на банката во секое време во текот на денот, од исплати, уплати, па дури и депозити во сеф. Овој концепт е нешто што за нас е новина, а кое функционира во западниот свет веќе некое време. Идејата за отвореност на банката кон постоечките и идни клиенти, сосема јасно се чита и во самиот концепт. Имено, концептот на новата експозитура се темели на отворен простор кој ќе овозможи непосреден контакт со клиентите. Така, новите шалтери не се затворени со блиндирано стакло до плафон, туку баш напротив, не постои никаква граница помеѓу клиентот и службеникот. Контактот е непосреден, би рекле „на маса“. Вие не сте повеќе само бројче во редот. Целта беше да создадеме простор каде како клиент нема да чувствувате притисок и нелагода како во „традиционалните експозитури“, туку просторот ќе го чувствувате како Ваш. Секој дизајниран елемент од ентериерот е во служба да ја надополни основната идеја за отвореност, непосредност и динамичност, основни принципи на кои се темели целиот концепт. Со доследно почитување на овие принципи, создадовме еден комфорен простор. Комфорот беше нешто на кое посветивме особено внимание при уредувањето на просторот, а подразбираше комфор како за клиентите така и за вработените. Покрај тоа што сите парчиња мебел се димензионирани и дизајнирани комплетно ергономски и според потребите и начинот на работа на службениците, она што го прави просторот особено комфорен е минимализмот во неговиот дизајн. Во ова време исполнето со исклучително многу дразби, како визуелни и звучни, минимализмот станува сè поактуелен. Главна грешка која често се прави во архитектурата, е кога ќе се заборави дека просторот ќе биде исполнет со луѓе, со различна светлина, звуци и мириси. Тогаш тој станува „накитен“, станува простор сам за себе. Слика. Од друга страна, пак, минимализмот има хуманистички пристап. Ги прифаќа луѓето. Просторот претставува само сцена. Не е главен. Главен е човекот. Така, едноставноста во дизајнот на елементите во делот на автоматите односно т.н. „зона 24/7“, е со цел автоматите да бидат лесно воочливи за клиентите. Елементите се исти и се повторуваат во секоја филијала. Од друга страна, пак, пултот го дизајниравме со змијулеста форма која е најпогодна за приспособување во различни простори. Дотогашниот конвексен „негативен“ лак >> 25 март 2016
ПОРТА
45
го заменивме со конкавен. На тој начин пултот симболично го привлекува клиентот кон себе, а не го одбива. Така клиентот повторно се поставува во улога на главен актер во просторот. Изборот на материјали, исто така, е во функција да ја следи основната минималистичка идеја, па така во новите експозитури доминантна е белата боја и светлото дрво кое се јавува на подот, во елементите, на ѕидовите, и му дава топлина на целиот амбиент. Во „зоната 24/7“ автоматите се поставени во црвени рамки, кои од една страна ја претставуваат корпоративната боја на банката, а од друга страна ги нагласуваат самите автомати кои на тој начин стануваат лесно воочливи за клиентот. Исто така и дел од подвижниот мебел, конкретно столчињата во просторот за чекање на клиентите, кои се тапацирани и сосема удобни, се во различни бои, жолта, црвена, виолетова и сива, што всушност претставуваат корпоративните бои на банката. На тој начин, сосема суптилно, беше направено дополнително брендирање на архитектонскиот простор покрај стандардните реклами и логото на банката, за кои исто така водевме сметка. Комфорниот амбиент на чекалната го надополнивме и со поставување на ниска клуб маса и закачалка, кои треба да го надополнат амбиентот и да придонесат за тоа клиентот да се чувствува попријатно. Често нè прашуваат што е тоа што новиот концепт на експозитура на ПроКредит банка го прави поразличен од другите и кои се неговите предности. Одговорот на ова 46
ПОРТА
25 март 2016
прашање е многу едноставен, а тоа е дека овој концепт го става клиентот во центарот на вниманието. Овој концепт остава впечаток дека експозитурата е место кое му служи на клиентот во секое време. Со
самото тоа што на клентот му нуди избор како ќе ги користи услугите на банката, подеднакво дали електронски, преку автоматите, кои повторно ќе потенцираме се достапни во секое време од денот и ноќта, или традиционално на иста маса со службеникот, станува јасно дека во центарот на нештата е токму клиентот. Второто нешто е, секако, чувството на припадност, кое кога стоите во ред пред стакло сигурно не можете да го почувствувате. И како трето, смиреност. Битно ни беше да направиме смирен, ненападен простор. Одењето во банка да не биде уште една стресна дестинација во денот каде неволно ќе одите. Нашето задоволство е дотолку поголемо што во тој поглед со инвеститорот се најдовме на иста страна и буквално дизајнот само придонесе да ја раскаже нивната приказна. Успешен дизајн за успешен бренд е ако тој добро ја пренел таа приказна. Лично мислиме дека новиот концепт дизајн на експозитурите на ПроКредит банка дословно ја пренесува нивната приказна. n
рубрика
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
38
38
ПОРТА
26 декември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
урбанизам
ЈАПОНСКИ ИСКУСТВА (2)
Полиси за урбан развој и конзервација на историски и културни области Зголемувањето на вниманието и свесноста за движење во посебни состојби на градот, е еден од клучните аспекти за урбаниот дизајнер, неговата способност да реагира и да одговори со тактилен урбанизам во различни промени и трансформации на урбаното ткиво. Тактилниот урбанизам и внимателното составување на полиси и правилници за справување со овие простори, се ’рбетот на составените мастер планови и стратегии за градот. Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Јапонија)
Н
адоврзувајќи се на сопствените скици и анализи од местата во Кјото и Осака, предавањата од локалните експрети, урбанистичките регулативи и ризикот од случување на природна катастрофа, студентите во краток временски рок создадоа едноставни предлози за тактилен урбанизам. Нивната заедничка порака беа сензитивни пристапи за развој и конзервација во туристичките области, истовремено намалување на ризикот од загуба при случување на природна
катастрофа и заштитување на културното историско наследство. Во Кјото имавме прилика да се запознаеме со два исклучително внимателни предлози. Првиот - Know your way out, дизајн предлог за сигнализација на патеките во туристичката област на храмот Кијомицудера, и втoриот -Мини интервенции за подобрување на пејзажот и кејот на реката Камо. Храмот Кијомицу е изграден во 778 година за време на периодот Хеиан. Објектот е дел од историските споменици на античкиот Кјото и претставува дел од светското наследство на УНЕСКО. Околината - пејзажот на планината, традиционалната архитектура, кочијашите на рикшо и луѓето облечени во кимоно сведочат длабока почит и однос кон локалното јапонско
Патека која води до храмот Кијомцу
ПОРТА
урбанизам
Храмот Кијомцу
Објект со знаци
културно наследство. Проектот „Know your way out“ започнува со објаснувањето дека иако има многубројни тесни, стрмни улички кои водат до самиот храм, просторот односно паркот за евакуација од ова место се наоѓа на 20-30 минути пешачење на самиот почеток на патеките што водат до храмот. Во 2007 година храмот беше прогласен за еден од 21 финалисти за новите светски чуда, истовремено претставувајќи ја најголемата дрвена конструкција на светот. Главниот објект е изграден со значителна конструктивна иновативност, без употреба на клинци за прицврстување на дрвената конструкција. Сепак, при случувањето на катастрофа, можностите за евакуација не се едноставни, многу од патеките се спојуваат на влезот во една, повеќето од нив имаат скали и се тесни, храмот е тешко пристапен за лица со посебни потреби. Тоа навистина загрижува бидејќи секојдневно голема група на луѓе се искачуваат со желба за посета на ова културно и архитектонско наследство. Мастер планот на Кјото, таканаречениот Мијако план, е поделен на четири категории: Збогатување, Витализација, Благосостојба и Пејзаж. Самото именување доволно посочува дека Јапонија е земја која достигнува висок развој на своето општество. Превенцијата од пожар и земјотрес се едни од клучните принципи во категориите Пејзаж и Витализација, дополнети со 11 приоритетни стратегии: Број 5.Туристичка стратегија да се следи есенцијата на патувањето и Број 11. Стратегија да се заштитат нашите животи и нашиот начин на живот. Студентите приложија детална анализа на физичките компоненти, транспортната мрежа и близина на патеките до паркот за евакуација, густината на движење во различни временски периоди, раскрсници - нивните карактеристики и типови на корисници во различни делови од мрежата. Завршувајќи ја синтезата на анализираните патеки, тие предлагаат концептуален проект за сигнализација и развој на шест различни рути за стигнување до паркот за евакуација. Секоја од патеките е поделена според различни групи индивидуални туристи, групи на туристи, патека за постари лица, патека за луѓе со посебни потреби. Сигнализацијата е од особена важност бидејќи заради строгите регулативи за поставување на знаци во јавен простор во Кјото, моментално забележуваме само минимални стрелки најчесто обележувајќи ги местата и колкава далечина има до нив, со недостиг на какво било обележување на знаци за евакуација. Со исклучок на фасадите кои се на самиот раб на кејот од реката Камо, самиот кеј којшто го претставува централниот дел на градот Кјото честопати изгледа како напуштено парче природа. Празниот простор во срцевината на градот е заради двојната функција на >> 25 март 2016
ПОРТА
49
коритото, кое ја заштитува околината на градот при случување на поплави. Мали групи на локални луѓе ги користат патеките за возење велосипед, дел доаѓаат на паузите од работа на краток одмор и многу мал број доаѓа повикан од сценографијата на реката да помине неколку часа во тој тивок и соголен од активности простор. Како да размислуваме за активирање на јавен простор во место коешто е истовремено и простор за заштита од поплавување, е основната појдовна точка на студентите за оваа локација. Тие предлагаат едноставна трансформација на мрежата и пристапите кон реката, овозможувајќи на повеќе места да се појават излези и влезови кон коритото на реката коишто за време на поплавување би можеле да се затворат. Поврзувањето на историскиот град со реката преку движење би овозможило нова циркулација на речниот простор и можност за случувања со привремени архитектонски интервенции. Дополнителното обележување на патеките во однос на корисниците, осветлувањето и заштитувањето на природата, велат дека се императив односно клучна стратегија за планирање на кејот на реката Камо. Заклучоците од работилницата доведоа до интересни дискусии за заштитата на историските области и намалување на ризикот од катастрофи, соодветно 50
ПОРТА
25 март 2016
Реката Камо
Работилницата организирана од универзитетот Ритсумеикан од Јапонија и универзитетот Тамасат од Тајланд
обележување на патеки, трансформирање на циркулацијата од пешаци во сооднос со карактерот на локалната архитектура и урбанизам. Развојот на примарна, секундарна и терцијална мрежа на движење е можен одговор на прашањето како ефикасно да се справиме со евакуацијата на различни групи луѓе. Работилницата организирана од универзитетот Ритсумеикан од Јапонија и универзитетот Тамасат од Тајланд е значајна за двете земји бидејќи се соочуваат честопати со можноста од случување на природна катастрофа. Предлогот да се дизајнира и да се одговори со интервенција во јавен простор којшто истовремено има двојна функција и како простор за евакуација претставува предизвик за студентите, меѓутоа и постојана сложувалка за размислување за пристапите, циркулацијата, социјалниот и екомонскиот аспект, како и предлогот на физички интервенции во рамките на овие простори. Зголемувањето на вниманието и свесноста за движење во посебни состојби на градот, е еден од клучните аспекти за урбаниот дизајнер, неговата способност да реагира и да одговори со тактилен урбанизам во различни промени и трансформации на урбаното ткиво. Тактилниот урбанизам и внимателното составување на полиси и правилници за справување со овие простори, се ’рбетот на составените мастер планови и стратегии за градот. n
сообраќај
БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ
DRL: Загатките на една енигма
Соoбраќајна незгода м-р Ненад ТОНИЌ, дипл. сооб. инж.
Л
еснотијата при заклучокот дека употребата на фарови во македонските дневни услови е „излишна“ т.е. „неопходна“ асоцира на паушалност на резонскиот пат. Изостанокот на јавно пласирана, издржана, двонасочна аргументација, силно укажува на потенцијална површност во третманот на темата чие регулирање, по малку апсурдно, веќе стана предмет на легислативно поигрување. Поради тоа, принудени сме проценката и решението на законодавецот да ги срамниме со димензиите, слоевитоста и опречноста на глобалните дебати чии позитивни и негативни аспекти на моменти ги делат само нијанси. Анестезирана и на прашања од „поголем калибар“ стручната јавност остана имуна на амандманските „кристијании“ кои употребата на фарови во услови на дневно светло ја префрлаа од обврска во мандатен 52
ПОРТА
25 март 2016
Законскиот притисок за примена на една мерка на кој не му претходи студиско-дебатно „просејување“, може да замириса малку повеќе на политикантство отколку на принципиелност. Никој, секако, не може да тврди дека употребата на фарови во дневни услови во Македонија не е полезна. Но, да располагавме со неколку независни групи студиски заклучоци, ќе можевме над нив да ламентираме.
прекршок. Отсуството на поширока дебата по однос на ова прашање ќе остане архивирано како небитна епизода во законодавниот историјат на оваа земја и уште еден доказ за струковната подготвеност совеста лесно да се отфрли (тие струки – сообраќајно-инженерската пред сè – никако да извлечат поука дека пазарењето со сопствениот став и глас гради единствено ситносопственички „углед“ кој, како и за ова, за сè останато може, но и не мора да биде прашан). Разврската на „продолжението на случајот“ повторно ја остави јавноста без соодветен одговор, зошто толкава врева околу користењето на фарови во текот на дневните часови. Впрочем, слично како и постапката за донесување на старо-новото легислативно решение кое него го наметна како обврска. И кое се придружи на колекцијата законски исчекори чија објективност на потеклото и остварените ефекти, веројатно никогаш нема во целост да ги дознаеме. Законскиот притисок за примена на една мерка на кој не му претходи студиско-
сообраќај дебатно „просејување“, може да замириса малку повеќе на политикантство отколку на принципиелност. Никој, секако, не може да тврди дека употребата на фарови во дневни услови во Македонија не е полезна. Но, да располагавме со неколку независни групи студиски заклучоци, ќе можевме над нив да ламентираме. Вака, принудени сме да ја прифатиме проценката на законодавецот и според неа да се управуваме. Па сепак, димензиите, слоевитоста и опречноста на глобалните дебати, јасно укажуваат на целокупната комплексност на темата, чии позитивни и негативни аспекти на моменти ги делат само нијанси. Кои во продолжение на текстот ќе се обидеме сукцесивно да ги осветлиме ...
ТЕРМИНОЛОШКИ ОДРЕДНИЦИ Нуркањето во синкретизмот на материјата налага претходно поставување на рамковна терминологија, а поимот Daytime Running Lights (DRL) или светла за дневно возење е нејзината вертикала. Таа се однесува на светлосните сигнали за обележување на моторните возила со континуирана светлина, кои „мора“ или „е препорачливо“ да се активираат со активирање на моторот или со придвижување на возилото. Во зависност од старосната структура на возниот парк и поединечните категории возила, поимот DRL најчесто се однесува на (1) класичните „соборени“ или „средни“ светла, (2) згодната низа од LED светлечки тела вградена околу фаровите, која се забележува кај возилата од понов датум, или пак (3) жолтите трепкачи т.е. „жмигавци“, под услов тие во текот на возењето да се во состојба да емитираат континуирана
Вистонско решение светлина. Луцидното техничко „збивање“ на целокупната проблематика на претежно три вида DRL, создаде услови за расклатување на „сламовите“ од предрасуди и површни заклучоци. Но нивната замена со „новоградби“ од знаење бара аналитички поткрепена дедукција, која нема да посегне по законско решение за регулирање на загатката, заменувајќи ги притоа деловите од мистеријата со делови од енигма.
ОБЈЕКТИВНА ПОТРЕБА ... Базичната безбедносна „равенка“ во патниот сообраќај е повеќе од јасна: раното детектирање на останатите учесници и препознавањето на нивните дејства, остава временски простор за преиспитување на сопствената намера и донесување на оптимална одлука. Брзината на визуелната детекција тесно зависи од илуминацискоДвонасочна аргументација
колоритните ефекти на видливата околина, кои непосредно го одредуваат нивото на контраст на секој објект во просторот во однос на заднинскиот „фон“. Сопствените извори на осветлување (фарови) се алатката што треба да ги анулира неповолните – ноќни и периоди на зора и самрак – или пак да ги зајакне поволните ефекти – дневни периоди со природна илуминација. Во практика, човечкиот сетилно-искуствен механизам возилата со вклучени DRL субјективно ги перцепира на растојание покусо од реалното, дополнително намалувајќи ја желбата кај возачите за преземање на ризични дејствија. Во смисла на претходно наведеното, DRL, се чини, претставуваат темелна асистенција на учесниците во сообраќајот во делот на активната визуелна опсервација и детекција. Дотолку повеќе, ако се земат предвид проценките според кои задоцнетото или, уште полошо, изостанокот на забележување на останатите учесници како фактор е присутно во околу 50% од „дневните“ сообраќајни несреќи, односно речиси 80% во несреќите што свое место на случување имаат во зоните на крстосниците. Прифатени како референтни од страна на Европската комисија (ЕК), студиите Koornstra 1997 и Elvik 1996 употребата на DRL во потполност ја поддржуваат, индицирајќи редукција на „дневните“ несреќи со два и повеќе учесници во обем од 8-22% односно 10-15% сукцесивно. Лавината од сомнежи и критики, инкубирана во индолентноста од првичните искуства со DRL (на пример Финска, 1972), за момент изгуби на интензитет. Но не беше смирена. Напротив, таа покрена серија од национални преиспитувања кои укрупнетата дилема требаше да ја разбијат од карпите на националните менталитети, културолошки посебности, сообраќајни навики и климатско-метеоролошки особености. Свесна дека почетните децидности лесно можат да се изопачат во лизгава супстанца создадена од повеќе работи од кои дел е тешко и да се дефинираат, моќната ЕК иницира постапка за мета-анализа на вкупно 41 национална студија за ефектите од користењето на DRL. Активирајќи аналитички сили кои, како и дел од резутатите, ќе станат предмет на нови критики, новиот документ (Elvik 2003) ги отвора деветте суштински „фиоки“ на >> 25 март 2016
ПОРТА
53
сообраќај
Соборени DRL
LED DRL
перцепцијата со помош на која секоја земја ... ИЛИ ОПАСНА ... (значи секоја, вклучително и Македонија) Упорноста на ЕК ниту од далеку не ги треба да ја пронајде излишноста или претвори објективните критичари (без неопходноста за употребата на ова помагало хроничните сикофанти) во моржови со во сопствениот сообраќај: проблеми на дишните патишта. Напротив, Кои се ефектите врз сообраќајните истиот жар кој ја „хранеше“ нивната несреќи кои вклучуваат засебно (1) други децениска анти-кампања, сега дополнително возачи, (2) моторциклисти и (3) пешаци? се насочи и кон мета-аналитичката Дали ефектите се подложни на варијации методологија. во смисла на еродирање со (4) текот на Опозицискиот темелник логички е соголен времето, (5) промената на сезоната и (6) до самата суштина: она што го привлекува географската широчина? вниманието (кон нешто) истовремено и го Дали ефектите тесно зависат од (7) обемот одвлекува (од нешто)! Багодарна „муниција“ на употреба на DRL? уште од моментот на дефинирање на Кои се ефектите врз (8) поединечните потребната ефикасност на DRL типови собраќајни несреќи? (Hörberg&Rumar 1975), кои треба да се во Кои се (9) глобаните ефекти врз состојба да предизвикаат рефлексна сообраќајната безбедност? визуелна атракција во зоната на т.н. Тежински згуснувајќи ја полезната периферно видно поле барем до агол од 30˚. аргументација, а на барање токму на ЕК, Во тој случај, ова помагало од категоријата холандската Агенција за применето научно пасивни со позитивен преминува во истражување (TNO) во 2004-та спроведе низа категоријата активни безбедоносни мерки со тестирања на доброволци чија задача беше потенцијално негативен страничен ефект. За брза детекција на останатите учесници во кои, сепак, е предвиден малку поинаков сообраќајот – пред сè пешаци и пристап и третман ... велосипедисти – на слајдови кои содржеа Случајно или не, јапонската влада некако возила со или без вклучени DRL. Ослободени истовремено се произнесува врз основа на од сомнеж, резултатите не докажаа претходно нарачаните студии за ефектите од постоење на нарушена забележливост на автомобилските DRL врз безбедноста на другите учесници во ситуации со возила со активирани светла Отежната забележливост за дневно возење. Истовремено, но не и помалку важно, заклучоците од тестирањето покажаа јасна воздржаност за глобално пресликување на добиените резултати, задржувајќи ја нивната релевантност само и единствено на ситуациите земени предвид. 54
ПОРТА
25 март 2016
DRL трепкачи моторциклите и скутерите (Morita 2001 и JASIC 2003). Заеднички за обете претставува заклучокот дека автомобилските DRL, како резултат на објективно поголемата илуминациона моќ, можат да извршат „маскирање“ на моторциклите, особено во ситуациите кога автомобилите се движат непосредно зад нив. Автоматски станувајќи помалку забележливи возилата на две тркала на тој начин би ја изгубиле оригиналната порака која нивните единечни фарови ја носат. Дека зад „чадот“ може навистина да се крие и „оган“, докажува уредбата на јапонската влада од 2004-та со која моќноста на автомобилските DRL на територијата на оваа земја се ограничува на максимални 400 W, со назнака дека и покрај потпишувањето на меѓународните акти, таа го задржува правото за воведување на дополнителни прохибициски мерки. Обилно експлоатирајќи ја тенденцијата на ЕК да ги игнорира наодите на двете целни јапонски студии, британската Асоцијација на возачи против DRL (Dа DRL) го подига отпорот на повисоко ниво. Тезата дека зголемената забележливост на автомобилите ќе предизвика инерциска промена на возачката психологија во правец на вештачки зголемена самодоверба и увереност во сопствената сообраќајна важност и приоритетност воопшто, не треба лесно да се отфрли. Исто како и тврдењето дека ретроградноста на ефектите на автомобилските DRL може во реалноста значително да дојде до израз во однос на велосипедистите и пешаците. Шлагот на опозициската „торта“ изгледа го смати самата ЕК, игнорирајќи ги неконзистентноста на методологијата и заклучоците на реперните студиски анализи. Како меѓник на листата со гревови, критичарите ја издвојуваат
сообраќај применетата методологија на Elvik 1996, која низ обратна постапка за агрегирање (спојување) на користените групи од ануално анализирани (раздвоени) параметри изведува малку поинакви заклучоци кои, овој пат, се во полза на DRL! Објективната применливост на тестирањата спроведени од авторите и нивното метафизичко поигрување со пропозициите („три погрешни чинат едно точно“) се зачинската група на овој критички „оброк“. Меѓутоа, до бело вжештување на страстите доведоа констатациите на дополнителната Elvik 2003 мета-анализа, која врз основа на сопствената спектрална слика. под знак прашање подведе дел од ударните Како доказ за тоа може да послужат 1,85-те заклучоци на реперниот Koornstra 1997 милиони тони СО2 кои во британската студиски документ. Спротивно на атмосфера би ги дополнила употребата на очекувањата, а како резултат на реанализа на DRL, а кои се изразено минорни во однос на истите податоци, Elvik, за разлика од националниот емисионен ефект од 560 Koornstra, се оградува од доведувањето во милиони тони. Но истата тонажа, од друга тесна врска на ефектите од употребата на страна, поседува и тоа каков потенцијал за DRL со содржината на трите тежински, анулирање на некои веќе постигнати можеби и најважни перцептивни „фиоки“: резултати дури до ниво од 50% – на пр. географската широчина, типовите редукцијата на емисиите на СО2 од 3,9 сообраќајни несреќи и глобалната сообраќајна безбедност! Автомобилско загадување
милиони тони во индустрискиот сектор! Во зависност од структурата на националниот возен парк комбинаториката со послаби класични и LED светилки, како и сензорски прекинувачи, може да прерасне во потребниот еколошки аналгетик. Она што добро му „лежи“ на законот, не значи дека идентично ѝ „лежи“ на практиката, па премерувањето на cost-benefit односот на реално можните национални сценарија на практичната примена се иманентност на DRL комплексното art deco. Тие сценарија треба да бидат изведени како комбинации на техничко-бихевиористичките форми на аплицирање на DRL кај поединечните категории и старосни групи возила, во различни патни односно метеоролошки услови. Крутите кубуси од предрасуди може да бидат разбиени единствено со финансиска транскрипција која ќе ги разигра и осветли столбните трошоци генерирани од сообраќајните незгоди, медицинското згрижување на нивните учесници, отсуството
... И ЕКОЛОШКИ ШТЕТНА ОБВРСКА?
Еквивалентот од 970 W ангажирана горивна енергија за работа на 2 х 55 W „средни“ т.е. „соборени“ автомобилски светла е оној „шубер“ за еколошкиот придонес на DRL, кој секоја земја треба поединечно да го процени
Периферно видно поле
на нивниот стопански придонес и ефектите врз животната околина. Законското решение мора да биде она последно, задоволно движење на зглобот, како кога се испишува калиграфски знак. Односно круна на претходното екстрахирање од места кои се тешко забележливи. Трупкањето по правливите сокаци на проблематиката, качувањето на темните тавани полни со скриени дилеми, завлекувањето под креветите во потрага по потенцијалните ефекти и подигањето на камчињата над можните решенија, се начин да се дофати суштината пред да се предаде во рацете на легислативата. Која единствено така може да биде наратор на една, можеби не идеална, но секако, исправна формулација. n 25 март 2016
ПОРТА
55
eнергетика
ГАСИФИКАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (1)
Ревизија на стратегијата за на природниот гас И покрај документот за развој, состојбата останува таква каква што е, без значителни структурни промени во енергетиката, односно, дека македонското стопанство останува и понатаму неконкурентно, а Македонија не е земја во која може да се добијат добри услови за индустриски развој, затоа што не може да го исполни основниот предуслов за индустриски развој – доволна, континуирана, чиста и евтина енергија
З
Мирко СТОЈАНОВСКИ, дипл.маш.инж. а постоење и за равој на стопанството на една држава, пресудни се три стожери, а тоа се енергијата, стратешката технологија и образованието. Енергијата и „владеењето“ со неа е од суштествено (политичко и стратегиско) значење за одржување и унапредување на животот и животните услови во една држава и пошироко. Тоа значи дека нашиот однос кон овие
ПОРТА
стожери не смее да се базира на законот за понуда и побарувачка на пазарот, туку за нив треба посебна грижа, постојано следење и приспособување на најдобрите решенија во променливи реални услови! Без доволно енергија нема напредок, нема странски инвестиции, нема опстанок. Ова е особено потенцирано кај мала држава каква што е Република Македонија, со скромни хидроенергетски потенцијали и
eнергетика
побрз развој и користење
Главната мерна станица во Жидилово дрвни ресурси, на граница на исцрпување на јагленовите ресурси и директно зависна од увозот на течни и гасни горива. Застапеноста на одделни енергенти во потрошувачката на финална енергија за последните десетина години во Република Македонија е: Огромното учество на течните горива во енергетската структура на нашата земја се должи на повеќе фактори, а најважни се постоењето Јаглени Биомаса Геотермална Топлина Природен Нафтени Ел. енергија гас продукти
6,9%
9,5%
0,5%
6,9%
2,0%
41,7%
32,4%
на рафинерија, нејзината поврзаност со пристаништето во Солун преку нафтовод, развиената корисничка и продажна инфраструктура и огромниот профит кој се прави преку пласирањето на течните горива. Гледано од пазарен аспект, ваквата ориентираност кон течните горива во државава на прв поглед може да делува оправдана, во прв ред заради изградената инфраструктура, но стратешки посматрана таа добива сосема друга димензија. Огромните загадувања во населените места, особено во зимскиот период, се должат токму на огромното користење течни горива кај моторните возила и индустриските капацитети, што глобално значи користење на поскапо гориво со поголемо загадување. Полза од сето тоа имаат само претпријатијата
што се занимаваат со дистрибуција и продажба на течните горива и државата, која собира огромни акцизи од овој бизнис. За да се одложи исцрпувањето на расположливите резерви на сировата нафта во светски размери, а како би се добило и време потребно за развој на нови технологии кои ќе овозможат економично користење на неконвенционалните енергетски облици, потребно е енергентите што ќе се користат во овој период да ги имаат следните одлики: да се расположливи во потребен квантум; да се енергетски високо ефикасни; да се економични и еколошки прифатливи; да овозможуваат сигурна набавка и минимален ризик. Природниот гас е еден од енергентите што ги задоволуваат наведени постулати и се смета за енергент на 21 век.
ПРИРОДНИОТ ГАС ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Природниот гас е присутен во Република Македонија повеќе од 15 години. Македонија нема сопствени наоѓалишта на природен гас и е поврзана само со еден главен гасовод преку кој целокупното количество на природен гас се увезува од Русија. Овој гасовод оди низ меѓународниот коридор 8, кој поминува низ Украина, Молдавија, Романија и Бугарија. Магистралниот гасовод влегува во Македонија кај Деве Баир на границата со Бугарија, и се протега преку Крива Паланка, Кратово и Куманово до Скопје во должина од 98 km. Магистралниот >> 25 март 2016
ПОРТА
57
eнергетика Гасовод„Деве Баир - Скопје“ Дистрибутивен гасовод Приемни станици Станица со блок вентил МRMS MMRS
гасовод има капацитет од 800 милиони Nm3 годишно со можност за зголемување до 1.200 милиони Nm3 годишно, со градба на компресорска станица на почеток на магистралниот гасовод. Максималната пропусливост на магистралниот гасовод изнесува 145 илјади Nm3/h. За скоро 15 години постоење на овој магистрален цевковод и делумно изградената градска цевна дистрибутивна мрежа во Скопје, на нив досега беа приклучени потрошувачи кои користат само 10 до 15 % од неговиот предвиден капацитет. Во последните пет-шест години во тек беше реализацијата на следните активности: - Завршена е изградбата на когенеративна ТЕ-ТО постројка за добивање електрична енергија и топлина на локацијата од ТО Исток во Скопје. Таа требаше во прва фаза да троши околу 80-120 милиони Nm3 ПГ годишно, што непосредно зависи од можностите за искористување на когенеративниот топлински дел кој би се искористил за топлификација на градот, а во оптимален режим треба да троши околу 350 милиони Nm3 ПГ годишно. Вредноста на овој зафат чинеше околу 180.000.000 евра. - Завршена е градбата на когенеративна постројка Железара и таа е пуштена во работа. Таа треба да троши околу 40 милиони Nm3 годишно. Вредноста на оваа постројка е околу 2.000.000 евра. - Формирано е ЈП за стопанисување со природен гас и делумно е изградена градската цевна дистрибутивна мрежа во Куманово. - Широката потрошувачка се уште не е вклучена во системот. - Користењето на природниот гас во сообраќајот се уште не е во функција, иако во изминатите неколку години беше изведена една компресорска станица и преточувалиште на КПГ (компримиран природен гас) во Куманово (мајка) и една станица за преточување на КПГ во Скопје (ќерка). Вкупната инвестиција за двете станици изнесуваше околу 1.000.000 евра. - Во тек е реализацијата на една голема станица мајка во близина на Скопје, опремена со две моќни компресорски единици со вкупен капацитет од околу 4000 Nm3/h ПГ, во реализација на Макпетрол. Таа ќе може да ги задоволи потребите од КПГ (компримиран природен гас) и за индустриските потрошувачи кои не се во близина 58
ПОРТА
25 март 2016
на дистрибутивен гасовод и за сообраќајот преку снабдување на КБПС (компресорско бензински пумпни станици) – ќерки. Вредноста на овој проект ќе изнесува околу 2.000.000 евра. - Изработен беше идеен проект за изградба на целосна мрежа на магистралните гасоводи на територијата на земјава. Цената на овој проект изнесуваше 1.000.000 евра. - Исто така се изработија и изведбени проекти за неколку делници од магистралните гасоводи во североисточниот дел на Република Македонија, поточно делниците Клечевце – Неготино; Неготино - Битола; Штип – Хамзали и Хамзали – Стојаково (према грчка граница), како и на делницата Скопје – Тетово – Гостивар. Вредноста на наведените работи за проектирање на магистралните гасоводи се движи околу 10.000 евра/км, односно за претходно наведениот пакет од магистрални гасоводи направени во оваа фаза изнесува околу 4.000.000 евра. - Исто така беше изведен и дел од ограноците од градската дистрибутивна мрежа со кои ќе се овозможи затворање на прстенот на градската гасоводна мрежа во Скопје. - Направени беа и проектите за гасификација на Крива Паланка и Кратово. Цената за нивната изработка е околу 40.000,00 евра. - Направена беше и студија за изградба на дистрибутивни гасоводни мрежи во поголемите населени места во државава. Вредноста на оваа студија беше околу 900.000 евра. - Се направи, усвои и изведе и проектот за гасификација на Струмица преку виртуелен гасовод и тој беше изведен целосно. Беа приклучени 12 јавни објекти на овој гасификационен систем. Цената на севкупниот зафат изнесуваше околу 2.000.000 евра. - Се изработија повеќе проекти за развој на градските дистрибутивни гасоводи во Струмица. Поголем дел од нив беа и реализирани, со што се овозможи приклучување на домаќинствата кон гасоводниот систем. - Се отпочна и во поголем дел е завршена делницата од магистралниот гасовод Клечевце – Штип. Вредноста на овој зафат изнесува околу 67.000.000 евра. Како што може да се види, природниот гас станува сè поактуелен во Република Македонија. Свеста дека без него нема опстанок на енергетскиот систем во нашата земја и дека стандардот, индустрискиот подем и севкупниот општествен развој се тесно поврзани за него, ја прави Стратегијата на натамошен развој на оваа област многу сериозна. Дали имаме ваква Стратегија, што е во неа предвидено за идниот развој на енергетиката во РМ?
Главната мерна станица во Жидилово
МОЖНИ ПРАВЦИ НА РАЗВОЈ Од претходно наведениот преглед на застапеноста на одделни енергенти во потрошувачката на финална енергија во земјава, воочливо е дека во споредба со развиените европски земји во финалната потрошувачка на енергија во Македонија многу малку е застапен природниот гас и многу е висока потрошувачката на електричната енергија. Оваа констатација е особено изразена во секторот домаќинства. Во Стратегијата за развој на енергетиката во државава до 2020 година, со визија до 2030 година, запишано е следното: Процентуалното учество на одделните енергенти за задоволување на потребите од финална енергија во 2020 година, според сценариото со засилени мерки за енергетска ефикасност, дефинирано е повторно со најголем дел да учествуваат нафтените продукти 40%, потоа електричната енергија со нешто помалку од 33%, биомасата 9%, јагленот 6%, топлинската 6%, природниот гас 5%, геотермалната енергија 0,9%, и сончевата енергија 0,3%. Ова со други зборови значи дека состојбата останува таква каква што е, без значителни структурни промени во енергетиката,
односно, дека македонското стопанство останува и понатаму неконкурентно, а Македонија не е земја во која може да се добијат добри услови за индустриски развој, затоа што не може да го исполни основниот предуслов за индустриски развој – доволна, континуирана, чиста и евтина енергија. Каков ќе биде натамошниот развој на гасното стопанство и примената на природниот гас во државава, зависи од неколку фактори: - Владата на Република Македонија и нејзината енергетска и кредитна политика; - Енергетскиот сектор во државата и неговата способност за стратешко однесување; - Гасниот сектор (гасните компании) и нивната способност за брзо и ефикасно приспособување кон потребите на потрошувачите; - Проектанските и монтажерските фирми, кои треба да ги направат реални, транспарентни и остварливи сите планови и стратегии на претходно наведените фактори. Во оваа прилика нема да ги анализираме состојбите во Македонија од овој аспект, а во наредниот број на „Порта 3“ ќе се осврнеме на можните правци и начини на натамошен развој. n
ПОРТА
интервју
АЛЕКСАНДАР ДУКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА
Не чека период полн со предизвици
Енергијата полека станува комодитет со кој се тргува и воедно услуга од која се бара соодветен квалитет, тоа само по себе овозможува развој на иновативни механизми за менаџирање како и потенцијал за нови бизниси Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија
Н
ајновиот проект „Промоција на енергетската ефикасност на општините во Македонија“ со кој изминатите 18 месеци, осум општини добија техничка помош за воведување на енергетска ефикасност е еден од поводите за разговор со
60
ПОРТА
25 март 2016
Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на РМ на тема примена на енергетската ефикасност. Во изминатите 18 месеци, осум општини добија техничка помош за воведување на енергетската ефикасност во општините, како дел од проектот „Промоција на енергетската ефикасност на општините во Македонија“. Периодов се одржуваат работилници како реализација на вториот дел од проектот. Ќе сакате ли накратко да го објасните проектот
и неговите цели? n Проектот „Промоција на енергетската ефикасност на општините во Република Македонија“ од самиот почеток беше поинаку замислен. Агенцијата за енергетика на Република Македонија веќе работеше на изготвување на соодветни обрасци за да се унифицираат тригодишните програми за енергетска ефикасност на општините и акционите планови, во исто време Светска банка започна релативно мал проект за поддршка на енергетската ефикасност (ЕЕ) во
општините, со што главната идеја беше да се овозможи достапност на поволен финансиски кредит за две пилот општини во спроведување на мерки за ЕЕ. По одредени консултации што ги имавме помеѓу двата тима, решивме дека подобри резултати ќе имаме доколку ги споиме двата проекти, и со тоа понудиме опширна поддршка на општините во планирање и спроведување на мерки за ЕЕ во објектите и системите што се под надлежност на општините. Со дефинирање на тригодишните програми за ЕЕ, се предвидува среднорочно планирање на активностите кои општината ги планира за спроведување на мерки за ЕЕ на нејзината територија, тоа е практично стратешки документ за иднината на ефикасноста на општините. Додека пак, годишниот акционен план за ЕЕ ги прикажува мерките што општината ги спроведува во тековната година. Овие два документи се задолжителни да бидат изработени според Законот за енергетика, но општините досега најмуваа надворешна помош за нивна изработка и со тоа самите општини не ги чувствуваа планираните активности како свој план за развој на општината туку беа релативно про-форма изработен документ. Со доставување на обрасците за горенаведените документи и со спроведување на обуките во осум општински региони, општините веќе сами почнаа да ги планираат своите активности за зголемување на ЕЕ и почнаа се повеќе да имаат увид во поволностите што мерките за ЕЕ ги имаат на општинскиот буџет. Воедно се изработени и обрасци за пред-физибилити студии на типични проекти кои општините можат да ги користат за детална анализа на финансиските услови за планираните мерки за ЕЕ, се разбира дека општините добиваат и соодветна обука и за оваа активност. Според можностите на Светска банка, на две општини ќе им се понудат добри услови за кредитирање
од страна на Светска банка за проекти за енергетско ефикасно улично осветлување и намалување на енергетските потреби за водните пумпи што ги имаат во општината. За останатите општини, Агенцијата за енергетика активно работи на наоѓање на извори на финансирање на мерките за ЕЕ што самата општина ги дефинира во нивните стратешки документи. Колкава е заинтересираноста на општините? n Имавме голема заинтересираност на општините да се вклучат во овој проект. Активно учество во проектот зедоа општините: Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман, кои почнаа во користење на обрасците за програмите и акционите планови за ЕЕ, и еден дел од нив веќе се усвоени и е постигнато спроведување на дел од мерките за ЕЕ, кои тие сами ги дефинирале во стратешките документи. За кои општини првенствено е наменет овој проект? n Овој проект, практично е наменет за сите општини на територија на државава. Нашата цел е сите 82 општини да почнат да се интересираат за зголемување на ЕЕ во својот делокруг. Ние, како Агенција за енергетика сме изненадени од пасивноста на дел од општините. Некои од поголемите општини, како на пример општина Центар во Скопје, Струмица, Сарај итн., и покрај медиумското промовирање дека поддржуваат спроведување на ЕЕ, воопшто не стапиле во контакт со Агенцијата за енергетика, ниту пак ги изработиле стратешките документи кои се обврзувачки според закон. Од друга страна, имаме позитивни примери од општини кои располагаат со помал човечки потенцијал и
помали финансиски ресурси, како на пример општина Ресен, Куманово, Радовиш, општина Старо Нагоричане, сите овие општини доста сериозно и активно планираат и спроведуваат мерки за енергетска ефикасност. Да не ги заборавам и скопските општини, Кисела Вода и Гази Баба, одличен пример за општини каде енергетската ефикасност им е дел од секојдневната работа во општините. Би пратил апел до сите општини, дека никогаш не е доцна да се вклучат во активности кои можат само да имаат позитивно влијание за граѓаните во општината, Агенцијата за енергетика е на располагање за секаква помош кон сите општини. Целта на работилниците е промовирање на резултатите од проектот и споделување на искуствата од процесот. Колку работилници се одржаа досега и кои се досегашните заклучоци? n Досега имаме спроведено пет регионални обуки, ни следат уште три до крајот на овој месец. Овие работилници/обуки се за административните работници во општините, невладините организации кои работат во тие општини и за општини од пограничните региони од соседните земји (тие учествуваат за да добијат дополнително искуство и информација што се споведува во соседните општини, па се овозможува и заедничко учество на проекти за прекугранична соработка). Впечатоците што ги добивме со првите обуки се позитивни. Позитивно сме изненадени од вклученоста на присутните во дискусиите и анализите што се приложуваат, како и од воспоставената соработка помеѓу присутните за понатамошна соработка за подобрување на ЕЕ во нивните региони. По вака добро прифатените обуки, веќе сме во план да се овозможат и дополнителни обуки за општините за други >> 25 март 2016
ПОРТА
61
интервју сфери од енергетиката. Со кои потешкотии се соочуваа општините и кои се резултатите од имплементацијата на проектот? n Потешкотии секогаш ќе има, само ќе се менува во кој дел тие претставуваат бариера. Првично се увиде дека недоволната екипираност и знаење за ЕЕ се бариера во планирање и спроведување на мерки за ЕЕ, но со обуките и поддршката што АЕРМ ја дава, полека ја тргнавме бариерата. Достапноста на финансиски средства или механизми за поддршка на мерките е потешкотија, но со контакти со другите институции, организациите и банките во Република Македонија, сметам дека и тоа ќе се реши. Ќе треба да се погледне во одредени делови и во законската и регулаторната рамка за соодветни подобрувања, како и во начинот на спроведување на јавните набавки, но на тоа ќе се фокусираме во наредниот период. Што се однесува на резултатите од проектот, досега сè оди според планираната динамика. Очекуваме во следниот период неколку проекти да бидат спроведени, како промена на улично осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки, термичка изолација на општински објекти и промена на водните пумпи со поефикасни и регулирани системи. Штом ќе бидат спроведени проектите, ќе ја информираме вашата редакција за крајните резултати. Кои се предизвиците на општините во наредниот период? И воедно, какви се вашите очекувања и согледби? n Општините имаат многу да работат во
ПОРТА
следниот период. Енергијата полека станува комодитет со кој се тргува и воедно услуга од која се бара соодветен квалитет, тоа само по себе овозможува развој на иновативни механизми за менаџирање како и потенцијал за нови бизниси. Општините тука ќе имаат доста големи предизвици да ја согледаат и најдат својата улога, се надевам дека и ние, институциите во државава ќе бидеме достојни на задачата да им помогнеме во периодот што следи. Во согласност со утврдената динамика за либерализација на енергетскиот сектор (електрична и топлинската енергија), општините ќе треба да бидат активни учесници на пазарот и тоа ќе воведе нова динамика во нивното работење. Кои се наредните планирани активности на Агенцијата за енергетика на Република Македонија?
n Во следниот период, АЕРМ ќе се фокусира на зголемена соработка со останатите чинители во енергетскиот сектор, како во Република Македонија така и надвор од неа. Имаме во план да ги разгледаме потенцијалните бариери за воспоставување и правилно функционирање на ESCO компании, ќе направиме анализи на законската и регулаторната рамка за поедноставување на спроведување мерки за ЕЕ, и ќе ги разгледаме можностите за соодветно финансирање на економски исплатливи мерки за ЕЕ. Воедно, работиме и на анализи за алтернативен развој на обновливите извори на енергија во земјава преку пасивни мерки и нивна дерегулација. Нè чека интересен период кој ќе биде полн со предизвици, но сме убедени дека одиме по вистинскиот пат, што ќе ѝ овозможи здрава и енергетски ефикасна иднина на Република Македонија. n
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
ПОРТА
екологија
ФАНА ХРИСТОВСКА, ДИРЕКТОР НА КОМПАНИЈАТА „ЕЛКОЛЕКТ“, КОЛЕКТИВЕН ПОСТАПУВАЧ СО Е-ОТПАД
Ни треба функционален систем за собирање на отпадна електрична и електронска опрема Во Македонија, според едно истражување, 19 % од граѓаните во земјава чуваат најмалку по еден стар телевизор, 20 % стар телефон, 22 % ладилник, 17 % од граѓаните чуваат стар електричен шпорет, а дури 33 % од нив имаат по некој стар компјутер или печатач во своите домови или визби. Состојбата станува алармантна кога се имаат предвид и податоците, дека годишно во земјава се увезуваат 33.000 тони техничка стока и околу 5.000 тони компјутерска и оптичка опрема. Даниела МЛАДЕНОВСКА
ПОРТА
Ц
ената на технолошката револуција доаѓа и во форма за која многу малку се зборува, а тоа е отпадот. Неговата лавина се заканува сите да не затрупа. Светот се дави во сопствениот електронски и електричен отпад, односно во продуктите од својот развој и напредок. Во текот на минатата година, на депониите ширум светот завршило рекордно количество, односно 42 милиони тони т.н. еотпад. Најмногу отпад генерирале токму земјите што најмногу се фалат со својата
развиена еколошка свест. Станува збор за 1.150.000 големи камиони кои, кога би ги наредиле еден зад друг, би формирале колона од 23.000 километри. Според истражувањето на Обединетите нации, само едвај една шестина од овој отпад се рециклира. За споредба, во 2013 година беа генерирани 39,8 милиони тони е-отпад, при што доколку се продолжи со ова темпо прагот од 50 милиони ќе се достигне до 2018 година. На листата на најголеми глобални создавачи на е-отпад е Норвешка со 28,4 килограми по глава на жител. Следат Швајцарија, Исланд, Данска, Велика Британија, Холандија, Шведска, Франција, САД и Австрија. Регион со најмалку електронски отпад по глава на жител е Африка, каде има само 1,7 килограм по жител. Таму целиот континент генерира помалку од два милиони тони отпад. Во контекст на количеството, најмногу ваков вид отпад настанува во Кина и САД, вкупно 32 % од електронскиот отпад во целиот свет. Потоа следат Јапонија, Германија и Индија. Според проценките на ОН , износот на еотпадот ќе се зголеми од 53 милиони тони во 2012 година на 72 милиони тони во 2017 година. Годишниот износ на нов електронски отпад кој ќе се создава во светот до 2017 година, според прогнозите, ќе се зголеми за една третина во споредба со 2012 година, наведуваат во објавената анализа на ОН. Еотпадот е дефиниран како материјал кој има
екологија електронска рециклажа. Во Македонија, според едно истражување, 19 % од граѓаните во земјава чуваат најмалку по еден стар телевизор, 20 % стар телефон, 22 % ладилник, 17 % од граѓаните чуваат стар електричен шпорет, а дури 33 % од нив имаат по некој стар компјутер или печатач во своите домови или визби. Состојбата станува алармантна кога се имаат предвид и податоците, дека годишно во земјава се увезуваат 33.000 тони техничка стока и околу 5.000 тони компјутерска и оптичка опрема. Според планот на Министерството за животна средина, до 2020 година треба да се соберат годишно четири килограми електричен и електронски отпад по глава на жител. Во согласност со законските одредби, електричниот и електронскиот отпад треба да се собира на соодветни места за оваа намена определени и опремени од страна на општините. Но, општините сè уште не ја исполниле оваа своја обврска, а само околу 500 фирми, увознички или произведувачи на електрични и електронски производи, се приклучиле на системот за управување со ваков вид отпад. Од друга страна, пак, доколку граѓаните го фрлаат овој отпад на несоодветно место, покрај контејнер или во нива или река, се соочуваат со казна од 60 евра. Во Македонија од неодамна работат четири компании со лиценци за колективно постапување со е-отпад, кои пак обединуваат околку себе одреден број на компании увознички или произведувачи на електрични и електронски апарати, во системот за управување со овој вид отпад. За состојбите во оваа област кај нас, предизвиците и проблемите, „Порта 3“ разговараше со г-ѓа Фана Христовска, директор на компанијата „Елколект“, колективен постапувач со е-отпад.
батерии или приклучен кабел, може да стане голем проблем поради тоа што често пати содржи супстанции кои се штетни за луѓето и за животната средина, доколку отпадот не се третира на соодветен начин. Од друга страна, дел од овој отпад може да се рециклира и на тој начин да донесе профит. Во вкупното количество на е-отпад во 2012 година во најголем дел придонесоа САД со 9,4 милиони тони и Кина со 7,3 милиони тони. Со анализата не била покриена белата техника, бидејќи за неа во САД постојат рециклирачки системи, но е утврдено дека во е-отпадот во САД најмногу се присутни мобилните телефони. Анализата е објавена во соработка со Институтот за технологија на американската сојузна држава Масачусетс и американскиот Национален центар за
Колку успеваме да ги следиме ЕУ директивите од областа на електричниот и електронски отпад? Кои се нашите обврски како земја кандидат? n Директивата за управување со отпадна електрична и електронска опрема е донесена во 2002 година и оттогаш претрпела неколку измени. Во Република Македонија, Законот за управување со отпадна електрична и електронска опрема е донесен во 2012 година и истиот започна со потполна имплементација од почетокот на оваа година. Се разбира дека имаме многу да работиме на ова поле, со оглед на тоа што овој е меѓу поновите закони за кои јавноста, а и самите производители сè уште не се запознати. Законот пропишува дека Република Македонија до 31 декември 2020 година треба да собира наjмалку четири килограми по глава на жител годишно отпадна опрема од домаќинствата. >> 25 март 2016
ПОРТА
65
екологија Кога и кај нас трговците со ваква опрема ќе имаат обврска за постапување со старите уреди? (испорачува нов, го презема стариот уред?) n Според Законот, обврските на трговците се следни: Трговецот е должен, при продажба на опремата за домаќинства, од крајниот корисник бесплатно да презема отпадна опрема, доколку тој сака да ја предаде. Трговецот врши преземање на отпадна опрема од домаќинства доколку се работи за опрема која по својата функција и класификација спаѓа во категориите на опрема пропишана според Законот за електрична и електронска опрема и е еднаква на продадената опрема, а бројот на парчињата на отпадна опрема е еднаков на бројот на парчиња на продадената опрема (систем еден на еден). Доколку трговецот не ја презема отпадната опрема непосредно од крајниот корисник во време на испораката на опремата, тој е должен да обезбеди крајните корисници при купување на опремата да имаат можност за бесплатно предавање на отпадната опрема на продажното место на опремата или на друго место за преземање. Трговецот може во договор со производителот да обезбеди преземање на отпадната опрема во места за преземање, чија работа ја обезбедува производителот што му ја добавува опремата (садовите или
66
ПОРТА
25 март 2016
повеќе садови за отпадна опрема, кои се поставени во покриен простор кој е така уреден и има таква големина, отпадната опрема да не се натрупува и уредувањето на просторот да овозможува непречено преземање на отпадната опрема). За местата за преземање, како и за собраната отпадна опрема во рамките на својот деловен простор, трговецот не треба да поседува соодветна дозвола согласно со прописите за управување со отпадот. Производителот отпадната опрема бесплатно ја презема од трговецот, а трговецот од производителот не смее да бара надоместок за преземање на отпадната опрема.
Кои активности се приоритет на „Елколект“? n Приоритетите на „Елколект“ се воспоставување на систем за одделно собирање на отпадна електрична и електронска опрема, исполнување на националните цели за собирање на отпадна опрема и подигањето на јавната свест за штетното дејство на овој отпад доколку заврши на депониите и предностите од негово рециклирање. Според Вашите сознанија, колку граѓаните кај нас се информирани за обврските поврзани со овој вид на отпад, знаат ли
екологија проценка потенцијалот на македонската економија од рециклирањето односно повторното користење на материјалите вградени во овие уреди? n Во Република Македонија нема рециклирачки капацитети од обем за кој зборувате. Во моментот во државата работат неколку лиценцирани компании кои вршат складирање и третман на отпад, што подразбира примарна селекција и расклопување на отпадот. Сметам дека е прерано да се зборува за рециклирачки капацитети затоа што за ваквите капацитети да работат и заработат потребна е суровина (електричен и електронски отпад). Со оглед на тоа што нивото на јавната свест е ниска, количините на собран отпад се мали, што значи дека сè уште не е исплатливо да се вложат големи инвестиции за изградба на вакви капацитети. Воедно, Република Македонија е мала и сè уште држава во развој, па не може ниту да се очекува создавање на големи количини отпад, кои би се користеле како ресурс.
доволно за неговото негативно влијание по здравјето и животната средина, и на кој начин би требало да се подигне свеста? n Граѓаните во Република Македонија не се доволно информирани за влијанието на овој отпад врз здравјето на луѓето и животната средина. Овој закон стапи на сила во 2012 година, а со целосна имплементација се започна во 2015 година, така што за потполна информираност сметам дека е потребно време. Нивото на свест било ниско и во другите европски држави на почетокот на донесувањето на ЕУ Директивата за електричен и електронски отпад, но тие започнале одамна, така што имале време да се запознаат со предностите од одделното собирање, третман и рециклирање на овој вид отпад и да се научат да постапуваат соодветно. Со цел да се подигне свеста на граѓаните за одделното собирање на овој отпад и неговото влијание врз здравјето на луѓето и животната средина, „Елколект“ работи на неколку полиња. Со оглед на тоа што децата се најдобри амбасадори на нови и добри практики, „Елколект“ се вклучи како поддржувач во проектот „Е-отпадот создава можности“,
спроведуван од страна на Центарот за климатски промени, а финансиран од Американската амбасада во Скопје. Улогата на „Елколект“ во овој проект е да го организира собирањето на отпадот од училиштата вклучени во овој проект ширум државата, да се погрижи отпадот да заврши на вистинското место и со него да се постапува според националното законодавство. Паралено со овој проект, „Елколект“ учествуваше и учествува во организирање на мобилни акции за преземање на електричен отпад од домовите на граѓаните. Првата ваква акција беше организирана во Битола, а во моментот ваква акција се спроведува и на територијата на градот Скопје. Мобилната екипа која врши преземање на отпадот директно од домовите на граѓаните е на компанијата „Екоцентар 97“ со која „Елколект“ има склучено договор за соработка. Со цел да им помогне на општините да формираат собирни места на кои граѓаните ќе може да се ослободат од отпадот во нивна непосредна близина, „Елколект“ им понуди на градоначаниците на сите 81 општина во Македонија еко-магацини. Досега, поставени се 12 еко-магацини, а „Елколект“ планира да продолжи со оваа акција и на тој начин да го доближи системот за одделно собирање на овој вид отпад до сите граѓани во РМ. Поставувањето на еко-магацините ќе биде проследено со промотивен материјал за подигање на јавната свест. Често можеме да прочитаме дека развиените земји печалат вистинско богатство од отпадот, особено од електронскиот и електричниот отпад каде има многу вредни метали. Дали се рециклира кај нас и во колкав обем? Колкав е по ваша
Дали се свесни креаторите на политики кај нас за значењето на оваа проблематика и колку таа се третира на ниво на локални самоуправи, компании и сл.? n Министерството за животна средина и просторно планирање како изготвувач на Законот, ја увиде потребата од негово донесување, но за негово потполно спроведување потребни се финансиски средства кои треба да бидат обезбедени од страна на општините. Општините се тие што се одговорни за воспоставување на собирни центри, и тоа еден на 30.000 жители. Ова се огромни инвестиции кои тие во овој момент ги немаат. Дополнително, овој Закон е трет од ваков вид, после Законот за пакување и батерии и акумулатори, кој е на товар на компаниите производители. Каква е Вашата соработка со странски консултанти и здруженија, и колку често организирате работилници и други настани? -„Елколект“ има соработка со странски консултанти и здруженија кои дејствуваат на исто поле во насока на размена на искуства за постапување со отпадна опрема. Размената на информации и искуства е многу важна за нас, бидејќи ни помага во исполнувањето на секојдневните задачи и во спроведувањето на законот. „Елколект“ како колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори (за што доби дозвола во ноември 2015 година) ќе продолжи да дејствува на полето на администрирање на системот за управување со овие два посебни текови на отпад. Една единствена цел на компанијата е воспоставување на функционален систем кој е близок до граѓаните и е на услуга на граѓаните. n 25 март 2016
ПОРТА
67
aрт и дизајн
Изглед на новиот павилјон на лондонската галерија Серпентин Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
Д
анското архитектонско студио Bjarke Ingels Group (BIG) го откри изгледот на новиот павилјон на познатата лондонска галерија Серпентин. Bjarke Ingels и неговиот тим, на јавноста ѝ ги претставија првите рендери на новиот павилјон на галеријата Серпентин, кои ќе бидат претставени во својот сјај на почетокот на летото. Проектот го испитува концептот на контраст преку формата и визуелниот впечаток. Имено, павилјонот е осмислен
68
ПОРТА
25 март 2016
како забеста структура налик на напластени ледени блокови, која, благодарение на употребата на плексиглас и други прозрачни материјали, ќе го менува својот изглед зависно од аголот на гледање. Архитектите го споредија проектот со „растворен“ ѕид, кој во својата внатрешност крие 290 квадрати простор во кој посетителите ќе можат да го гледаат павилјонот од поинаква перспектива. Bjarke Ingels (1974) е дански архитект и тој е предводник на архитектонското
Bjarke Ingels
aрт и дизајн
биро Bjarke INGELS Group (BIG), коe тој го основал во 2005 година, со канцеларии во Копенхаген и во Њујорк. Њујоршката канцеларија е основана во 2010 година, и работи на проекти во Северна Америка. Од 2006 година, Bjarke Ingels работи со 11 дополнителни партнери. Во BIG во моментов се вработени околу 300 архитекти, дизајнери, градежници и теоретичари кои доаѓаат од повеќе од 25 земји од Скандинавија, Северна Америка, Јужна Америка, Далечниот Исток и континентална Европа. n
25 март 2016
ПОРТА
69
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА