ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
243
AПРИЛ 2016
Да му го вратиме достоинството на секој жител во градот! Светска медицина со човечка душа Зaхa Хадид (1950 – 2016) Со флуидните структури ги помести границите на архитектурата
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 243 ПЕТОК 29.4.2016 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, На крајот на март, во болница во Мајами почина Заха Хадид, која со своите флуидни структури ги помести границите на архитектурата. На почетокот на годинава, златниот медал на архитектонската организација РИБА ѝ беше врачен на Заха Хадид, и во таа пригода претседателката на организацијата рече дека наградата „тотално задоцни“. Не ни претпоставуваше во колкава мера беше во право. Во архитектурата Заха Хадид ги освојуваше конструкциските слободи кои пред тоа беа незамисливи, а во јавниот живот беше во опозиција со конвенционалното општество. Еднаш некој запишал дека многу познати архитекти се однесуваат како роботи, додека таа е човечко суштество, не се плаши да ги покаже емоциите, понекогаш забавна, понекогаш и безобразна. Во многу краеви од светот се вложува сериозен напор да се реализира сонот за подобри градови за луѓе. Се преземаат многу акции, се протестира, се дејствува. Граѓаните се здружуваат по разни поводи, кога е загрозено нивното здравје, нивниот животен простор, нивните права и сл. Кај нас човекот го нема, тој се идентификува со автомобилот, со инвеститорот, со сопственикот, со сè друго освен
со себе – човечко суштество! Во услови на културолошка инсуфициенција кон сопствениот животен простор, некогашниот велосипед, било како транспортна неопходност, било како симбол на идеолошката исправност низ лична скромност, не можеше поинаку да помине. Со децении поттурнуван кон маргините на урбаната мобилност, принуден е на реоткривање на здравствено-рекреативниот фон и нерамноправна борба во зоната на алтернативниот градски превоз, под тесната капа на локалната транспортна политика. Исто како и вечната дилема зошто Скопје, како котлински град, нема сили велосипедот да го исцентрифугира во силно средство за алтернативен транспорт. Првото нешто што човек ќе го забележи е и последното нешто што ќе го запамети за Хонг Конг. Неговата вертикалност. Фотографиите и останатиот материјал што дигитално и печатено стојат на располагање, неправедно ја пренесуваат сликата за градот. Во овој број специјално за „Порта 3“ имаме репортажа од тој вертикален град, но во еден сосема друг контекст. ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: ДЕЛОВНО ТРГОВСКИ КОМПЛЕКС GALAXY SOHO, ПЕКИНГ, КИНА
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
243
AПРИЛ 2016
Да му го вратиме достоинството на секој жител во градот! Светска медицина со човечка душа Зaхa Хадид (1950 – 2016) Со флуидните структури ги помести границите на архитектурата
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ
лектор: Костадинка СОЛЕВА
АРХИТЕКТУРА: ZAHA HADID ARCHITECTS ИЗГРАДБА: 2009 – 2012
АРХИТЕКТУРА 12 СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА „ФИЛИП ВТОРИ“ (2). СВЕТСКА МЕДИЦИНА СО ЧОВЕЧКА ДУША
АРХИТЕКТУРА 20
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
12
ДА МУ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА СЕКОЈ ЖИТЕЛ ВО ГРАДОТ!
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
32
Печати:
ЕКСПЕРТ 32 ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ИСКЛУЧИТЕЛНАТА АРХИТЕКТУРА
Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ЕНТЕРИЕР 44 40
ОПТИМАЛНА ГУСТИНА НА ИНФОРМАЦИИ
СООБРАЌАЈ 48 BIKE-SHARING: ПОВЕЌЕ ПОЧЕТОК ОТКОЛКУ ПРОМЕНА
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
62
САЕМИ 58 МИЛАНО ОСТАНУВА ГЛАВЕН ГРАД НА ДИЗАЈНОТ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
РЕПОРТАЖА 68 ХОНГ КОНГ: ВЕРТИКАЛЕН ГРАД – ЕДЕН СОСЕМА ДРУГ КОНТЕКСТ
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
ЗАХА ХАДИД (1950 – 2016). СО СВОИТЕ ФЛУИДНИ СТРУКТУРИ ГИ ПОМЕСТИ ГРАНИЦИТЕ НА АРХИТЕКТУРАТА
УРБАНИЗАМ 28
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ
58
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
31. БАУМА, МИНХЕН
Саем на градежништво кој и натаму ги надминува сите очекувања
С
о слоганот „Пулсот на нашата индустрија“ во Минхен, од 11 до 17 април, беше отворен 31. по ред саем БАУМА, најголемиот светски саем за градежништво, градежни машини и опрема. Сите најсилни играчи од
6
ПОРТА
29 aприл 2016
градежната индустрија беа таму, во Минхен! Саемот што се одржува секоја трета година, свечено го отвори шефот на германската влада и министер за економија на таа земја, Sigmar Gabriel. Вкупно 3.400 фирми од 60 земји од светот, на посетителите им ги претставија најсовремените достигнувања, механизација,
опрема и производи од градежниот сектор. БАУМА го зафаќа секој од 575.000 квадратен метар саемски простор, а првпат досега изложувачите што беа на листата на чекање а не успеаа да добијат простор, беа сврстени во on-line каталогот на саемот. И оваа година, на овој меѓународен стручен саем (поделен во четири сектори) се појави градежната елита од областа на градежни машини, машини за изработка на градежен материјал, опрема за рударство, градежни возила и градежна опрема. Така, на саемот можеа да се видат градежни возила, градежни машини, опрема за подигање на товар, возила за ракување со материјали, градежни садови, метален алат за градежништво, специјален алат, машини, градба со бетон, машини за производство на бетон, однапред изработени бетонски единици, машини за градежни материјали, малтер, гипс во градежништвото, градежни материјали, прибор, сервиси, технологија на тестирање, мерни системи, регулаторна и контролна технологија, комуникациона технологија, здравје и безбедност при работа, навигациона технологија, технологија на пакување ... Домаќин на саемот беше Messe München International (MMI), а местото на одржување Messestadt Riem fairgrounds (Neue Messe München). n
ПОРТА
инфо
ВО ПРЕСРЕТ НА 18. БИЕНАЛЕ НА МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА (БИМАС 2016)
Рециклирана архитектура Дали за старите анахрони комплекси треба да се понудат сценарија преку кои може да им се помогне да бидат реактивирани и реинтегрирани во градското ткиво, а со тоа да го регенерираат или, можеби, рушењето и почнувањето одново е поисплатливо и помалку обврзувачко?
д-р Бојан КАРАНАКОВ , архитект
В
о организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија од 17 до 31 мај ќе се одржи XVIII по ред биенале на македонската архитектура - БИМАС 2016. Покрај стандардните изложби на селектирани 8
ПОРТА
29 aприл 2016
трудови од македонската архитектонска продукција од изминатите две години, која веќе традиционално се поставува во Музејот на Град Скопје, и изложбата на студентите по архитектура БИСТА 2016 која ќе биде поставена во Мала Станица, во рамки на биеналето се предвидени и бројни предавања, изложби и презентации од еминентни домашни и странски архитекти и креативни млади автори, кои ќе се случуваат на разни локации низ градот Скопје. Сите овие настани ја
рефлектираат темата на овогодшното биенале „РЕЦИКЛИРАНА АРХИТЕКТУРА“. Поимот рециклирање во овој контекст се однесува на потребата да се понудат нови одговори на урбаните елементи и програми кои во денешни услови се надминати и застарени. Времето во кое живееме е време на брзи промени и подразбира висок степен на приспособливост на оние што го живеат кон новопроизлезените состојби. Архитектурата, од друга страна, е бавна и
инфо тешко се приспособува на брзите промени во општеството. Во годините по падот на берлинскиот ѕид како последица на новите геополитички и економски состојби во кои се најдоа државите што транзитираа кон нов систем на општествено уредување, се појавија процесите на денационализација, приватизација, демилитаризација, деиндустријализација, реиндустријализација... Како последица на овие новопроизлезени процеси, во градското ткиво остануваат заробени бројни архитектонски објекти (индустриски, воени, станбени...) како неми сведоци на некое друго време, планирани за поинакви пазари и капацитети, комплетно деконтекстуализирани и несоодветни за денешните состојби во новата реалност. Оваа наследена архитектура не е градена стихијно туку плански, и уште повеќе, градена е за да трае. Нејзината
позиција во градот подразбирала и соодветна сообраќајна инфраструктура, домување, зеленило, сервиси... Од друга страна, пак, нејзината повторна употреба преку приспособување е стихијна и, во голема мера, повеќе плод на желбите и можностите на инвеститорот (сопственикот) отколку на план и стратегија. Денес, старото урбано ткиво или наследство нуди голема количина објекти кои откриваат важни просторни, конструктивни и еколошки состојби на кои треба да се оперира со функционални методи. Операциите на урбано рециклирање, реновирање, адаптација во ваквите градски подрачја имаат за цел да ја спречат растечката продукција на „отпад“ и преку стратешки обмислена акција на реструктурирање и редефинирање (просторно, иконографско, урбано) да се воспостават нови врски помеѓу градбите и нивното променето опкружување. Оваа
тема е рефлексија на длабока дебата помеѓу желбата за зачувување и потребата за интервенција и промени во нашето опкружување и следствено на тоа грижата за соодветните методи за дејствување. Биеналето на македонската архитектура БИМАС 2016 има за цел да ги отвори прашањата за стратегиите за справување со оваа состојба, да ги предочи предизвиците, проблемите и потенцијалите на преобмислувањето и креативната преупотреба на градскиот простор и објектите во градот. Дали „рециклирањето“ на оваа архитектура преку нејзина креативна пренамена и приспособување е соодветен одговор на поставените прашања? Дали за старите анахрони комплекси треба да се понудат сценарија преку кои може да им се помогне да бидат реактивирани и реинтегрирани во градското ткиво, а со тоа да го регенерираат или, можеби, рушењето и почнувањето одново е поисплатливо и помалку обврзувачко? (Авторот е претседател на ОО на БИМАС 2016)
ПОРТА
инфо
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО БЕЛГРАД
Претставени бројни иновации и техники во градежниот бизнис
„В
ПОРТА
истинска одлука во вистинско време“ беше слоганот на овогодишниот 42. по ред Меѓународен
саем за градежништво SEEBBE, што се одржа од 19 до 23 април годинава на Белградскиот саем. За време на траењето саемот бил посетен од околу 50.000
посетители. Со промоција на материјали, машини и други производи, кои се користат за градење, реновирање, реконструкција и
инфо
опремување на станови, куќи и разни деловни простори, излагачите ги претставија сите сегменти на градежната индустрија. Учесници во настанот оваа година се истакнати градежни производители, дистрибутери, како и трговци со опрема и материјали од регионот и светот. На саемот учествуваат повеќе од 500 излагачи од 24 земји од светот. Така, меѓу странските излагачи се компании од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора,
Чешка, Германија, Грција, Хрватска, Унгарија, Индија, Италија, Полска, Македонија, Романија, Русија, Саудиска Арабија, Словенија, Јужно-африканската Република, Јужна Кореја, Шпанија, Швајцарија и Турција. Од Македонија, со свое редовно присуство и производствена презентација се појави компанијата „АДИНГ“, една од водечките компании во Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски
материјали за градежништвото. Домашните излагачи од Србија го претставија духот на српското градежништво, понудија најнови решенија од монтажното градење на куќи и викендички направени од дрво, но, исто така, промовираа и изградба на објекти со користење на најновите технологии. Отворениот простор на саемот беше исполнет со елементи и материјали од градинарската индустрија и од областа на хортикултурата. На саемот се претставија и фирми специјализирани за столарија, опрема за осветлување, уредување на ентериери и екстериери, како и компјутерски софтвери и машини за обработка на профили за прозорци и обработка на стакло. Посебен сегмент беа најразличните материјали за градење и широкиот спектар на други градежни материјали, како и голем избор на производи од бетон и уреди за климатизација и греење. Посетителите ги чекаше и голем избор на керамичка галантерија, мебел за бања, опрема за базени и сауни, како и термо, хидро и звучна изолација, материјали за завршни обработки - бои, лакови, но и молерски алатки. За време на манифестацијата, посетителите имаа можност да добијат бесплатни стручни совети за уредување на ентериери. Спонзор на овој важен саемски настан во Југоисточна Европа во областа на градежништвото, беше грчката компанија „Ролка“, а официјално осигурување на настанот беше „Триглав“. n
ПОРТА
архитектура
СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА „ФИЛИП ВТОРИ“ (2)
Светска медицина со човечка душа дејата и желба за новата болница се развиваше со децении во текот на мојата секојдневна работа. Сакав да направам спој на архитектурата од старото време со најмодерната технологија на сегашноста. Па така, во моите скици таа доживеа стотици варијанти. Кога почнав да работам со архитектите, се одеше многу брзо, бидејќи кај мене беше доста јасно што барам да направат. Сега сум задоволен од резултатот затоа што е зграда со оргинален изглед, оптимална функционалност, еколошка и со висока енергетска ефикасност, а притоа опремена со најмодерна медицинска технологија“ д-р Жан Митрев, сопственик на болницата „Филип Втори“
„И
Специјалната болница „Филип Втори“ е импресивна здравствена установа. Во неа грижата за пациентот е главна. Создаден е простор кој, со примена на материјали и бои во ентериерот, како и самиот да лекува, каде што пациентот добива повеќе одмор и мир за побрзо закрепнување. Можеби клучот за создавање на добра атмосфера во болницата е во добрата логистика. 12
ПОРТА
29 aприл 2016
архитектура Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.aрх.
С
пецијалната болница „Филип Втори“ е проектирана како затворена единица. Во програмата на новата болница се внесени многу нови и иновативни технологии. Во функционирањето на целиот систем на болницата е посветено големо внимание, не запоставувајќи го визуелниот аспект и потребите на околината. Во текот на проектирањето, посебно внимание е посветено на надворешниот и внатрешниот амбиент, со тенденција за постигнување на архитектура од висок квалитет, каде пациентите, персоналот и посетителите би се чувствувале убаво. Целта при проектирањето и изведбата на објектот била да се обезбеди хумана средина за луѓето, кои се и онака под огромен стрес, да се направи простор во кој тие ќе се чувствуваат навистина удобно. Тука пациентите се охрабруваат што побрзо да застанат на своите нозе и повторно да се вратат во својот нормален тек на животот. Движењето на пациентите е по најкраткиот пат до услугите што им се потребни, со што се намалува нивниот стрес. Проектот е синхронизација на многу меѓусебни архитектонски, функционални и човечки потреби. Со нив се сака да се поддржи нормалната емоционална состојба на пациентите и нивните блиски, да се зачува приватноста на пациентот, особено во просториите за лекување и во заедничките >>
29 aприл 2016
ПОРТА
13
простории, како и да им овозможи на персоналот и на пациентите што полесна и поефикасна работа. Резултатот е зграда која се издвојува по својот изглед, конструкција и флексибилност, која е проектирана за пациентите и нивните потреби, како и за 14
ПОРТА
29 aприл 2016
посетителите и здравствените работници. Функционалноста на целиот објект е поделена во зони, и тие се распоредени по сите катови. Пристапноста до сите содржини кои ги нуди болницата е понудена преку ентериерот на влезниот хол, естетски обликуван со вкус и
одмереност во изразот. Влезниот хол е обработен со мермер и оникс, и застаклени отвори со витражи, така што целиот простор изгледа доста богато. Преку влезниот хол на пациентите и посетителите им се нудат сервисни услуги кои се лесно достапни и практично организирани. Во холот се наоѓа голем информативен пулт од каде што се добиваат сите потребни информации и услуги. Од тука има лесен пристап до придружните содржини како кафетерија, банка, аптека, менувачница и други услужни содржини. Амбулантниот и ургентниот центар се наоѓаат на приземјето. Организирани се во добро обликувани целини со амбуланти, ординации, како и хируршки блок за брзи интервенции. Ургентниот центар е организиран со посебен влез и пристап за непречено работење, преку рампа со пристап за возила. Опремен е да одговори на секоја итна потреба на пациентите. Во склоп на ургентниот центар е организиран и оперативен дел за итни хируршки интервенции. Целиот ентериер е дизајниран на таков начин што го хуманизира карактерот на болничкото опкружување, со почитување на техничките и нормативните ограничувања за еден ваков тип на објекти. Дизајнот на просторот обезбедува
архитектура
голема флуидност на внатрешната циркулација. Големите прозорци во ходниците нудат природна светлина како и поглед кон надворешноста. Во ходниците се поставени пултови за сестрите и персоналот, кои се во близина на собите на пациентите. Организирани се и опремени во секој момент да им ја пружат најдобрата услуга на оние што тука се лекуваат. Се внимавало многу на употребата на бои и материјали, како на ѕидовите така и на подовите.
Целата зграда е исполнета со дневна светлина во оние простори каде што таа е потребна и пожелна. Сместувачките капацитети на објектот се опремени и изградени за да обезбедат врвна нега, хигиена и третман на пациентите. Посветено е големо внимание да се обезбеди максимален комфор и суптилна средина која пациентите ќе ја препознаат преку примената на високо технолошки материјали кои нудат беспрекорна хигиена. Освен болнички соби, во
болницата е овозможено и апартманско сместување на пациентите и нивните семејства по принципот на висока класа на хотелско сместување. Просторот е опремен со висококвалитетни материјали и мебел кои обезбедуваат врвна хигиена, комфор и пријатно опкружување, што е многу важно за брзо заздравување на пациентите. Во близина на собите се направени и полу-јавни места кои нудат простор за средби и одмор на >>
29 aприл 2016
ПОРТА
15
архитектура
пациентите со своите најблиски. Во собите за интензивна нега, освен опрема која е потребна за лекување на пациентите, вградени се материјали кои на просторот му даваат топлина и го намалуваат чувството на болничко опкружување. Оперативниот блок е составен од четири хируршки сали опремени за сите видови на интервенции. Опремени се со најнова и врвна опрема и технологија за ваков вид на објекти, за прв пат применети кај нас. Во објектот е вградена иновативна технологија, системот „Igloo“, што обезбедува максимална термичка и ѕвучна изолација, проветрување на површините, заштита од атмосферските влијанија, највисок степен на хигиена како и безбедност на сите вградени инсталации при експлоатација и одржување. Во целиот објект на Специјалната болница „Филип Втори“, вградена е иновативна технологија и во системот за снабдување со вода, преку материјали кои овозможуваат енергетски заштеди и помал трошок на енергија. Системите за довод на струја, вода и други енергенси, се направени така што исклучуваат каква било можност за попречување или застој во функционалноста на кој и да било дел од објектот. Сите плафони се изведени во хигиеник 16
ПОРТА
29 aприл 2016
изведба со извонредни акустични параметри, изведени според најновите иновативни решенија на најреномирани светски производители. Дел од таваниците се опремени со „Chill beam“ енергетски ефикасни уреди за греење и ладење, кои нудат идеална распределба на разладениот или загреаниот воздух низ просториите. Повеќето од подовите се изведени од
линолеум кој обезбедува лесно и тивко движење. Линолеумот нуди висока хигиена и изгледа естетски добро. Ѕидовите се обработени со фиберглас кој е антибактериски и антифунгициден. Естетски се обликувани со дезени и антибактериска завршна обработка со бои во голем избор, што му даваат на целиот простор многу топлина. Во болицата е направен ресторан од отворен тип кој им нуди пријатен простор како на пациентите така и на посетителите. Ентериерот на ресторанот е модерно обликуван со многу вукус и одлично познавање на примена и употреба на материјалите за ентериерно обликување. Ресторанот е простор кој служи како точка на спојување на сите активности во објектот. На катот, централно е поставен амфитеатарот и тој претендира да биде центар на сите активности во објектот. Амфитеатарот е изведен како мултинаменски простор кој е приспособен да одговара на сите потреби на корисниците на овој објект. Во него ќе се одржуваат предавања, тематски настани, обуки и разни тим билдинг активности. Администрацијата е организирана како еден простор ориентиран кон тимска работа. Во објектот се наоѓа и менаџерски блок кој, исто како и администрацијата, е опремен со приклучоци за современи уреди, со материјали кои обезбедуваат висока хигиена, комфор и пријатно опкружување. Просторот, како и во административниот дел, го потврдува впечатокот дека грижата за комодитетот и чувствата на вработените е исто така многу важен. На најгорниот кат од објектот се наоѓа техничкиот кат. На него се поставени клима комори со енергетска класа А, преку кои целосно се контролира воздухот во објектот.
Топла вода во објектот се обезбедува на енергетски ефикасен начин преку гасна котлара. Со ова се покажува дека се водело сметка за заштита на животната средина. Целиот објект на болницата е опремен со систем на обесчадување, што го прави целосно сигурен и безбеден во секакви
услови, како за пациентите така и за вработените и посетителите. Специјалната болница „Филип Втори“ е импресивна здравствена установа. Во неа грижата за пациентот е главна. Создаден е простор кој, со примена на материјали и бои во ентериерот, како и самиот да лекува, каде
Вкупен болнички капацитет
Магнетна резонанца
22000м2 вкупна површина 200 болнички кревети 70 кревети на интензивна нега 20 амбуланти/итна медицина 7 операциони сали 2 ангио сали 2 компјутерски томографа 2 стерилизации
Најмодерна полуинтензивна нега Сала за физикална рехабилитација Психолошка поддршка Кујна со ресторан Перална
што пациентот добива повеќе одмор и мир за побрзо закрепнување. Можеби клучот за создавање на добра атмосфера во болницата е во добрата логистика. Објектот е направен како „болница машина“ во која фукционирањето на целиот систем не е видливо за пациентите и посетителите.. n
ПОРТА
градежништво
Самовградлив бетон Подготви: Менка РИСТОВСКА, дипл.град.инж. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)
Ч
есто во градежната практика се појавуваат барања за бетонирање на поединечни конструктивни елементи во кои, од одредени причини, не може да се вгради бетон со вообичаените својства, односно вообичаената постапка на вградување. Некогаш се работи за конструктивни елементи кои по својата геометрија, обликот и положбата во конструкцијата, количината на арматура и отежнатите услови на вградување, наметнуваат потреба од извршување на неконвенционален начин на бетонирање. Потребните особини на свежиот бетон за успешно бетонирање би биле: самовградливост без потреба за вибрирање, вградување без сегрегација и остварување на проектираните својства на цврстиот бетон. Како прав одговор на поставените барања се појавува самовградливиот бетон (SCC). Toj е развиен во 80-тите години од XX век во Јапонија, после согледувањето на проблемот за загрозувањето на трајноста на бетонот поради корозија на арматурата предизвикана од некохерентност на масата, односно заштитниот слој. Овој бетон е базиран на стандардниот бетон со додaтоци кои ја намалуваат потребната количина на вода, а ја зголемуваат флуидноста на бетонот, со што се создава бетон со висока јакост и трајност. Веќе подолг период, примената на SCC бетонот во пракса дава добри резултати од повеќе аспекти: брзина на вградување, намалување на бројот на работници при вградување, трајност и зголемување на општиот квалитет на изведените работи. Овој бетон има течна конзистенција при која не смее да дојде до сегрегација. Постоењето на густо армирани чворови во арматурата, непристапните места во оплатата и зголемените димензии на елементите, наметнале барање за флуидност на бетон кој не смее да има сегрегација во кој било облик. Технолошкиот развој на полето на хемиската индустрија, кој довел до појава на адитиви за бетон со нови хемиски основи, овозможил со употреба на суперпластификатори и модификатори на вискозитетот, како и со употреба на минерални додатоци со висока финост на мелење, да се овозможат вакви својства на бетонот. 18
ПОРТА
29 aприл 2016
За да добиеме информација за постигнатиот квалитет на бетонот, испитувањата во лабораторија се од пресудно значење за успехот во производството, транспортот, вградувањето, квалитетот на стврднатиот бетон, како и конструкцијата во целина. ОСНОВНИ ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА НА SCC За испитувaње на реолошките својства на SCC, најчесто се користат следниве методи: l Течење со метод на слегнување со распростирање (slump-flow test);
slump-flow test l
Вискозност со метод на V-инка (V-funnel test);
V-funnel test
градежништво l
Способност за заобиколување на препреки со метод Lкутија (L-shaped box test) или метод на U-кутија (U-shaped box test); а)
а) U-shaped box test,
б)
така и во околината; o Подобра завршна површина; o Полесно вградување; o Потенки облици на бетон;
б) L-shaped box test
Сите овие испитувања се извршуваат во Лабораторијата за испитувања на геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ КуК“ од Скопје, за кои е во тек подготовка за акредитација оваа година. Употребата на самовградливиот бетон во однос на конвенционалниот бетон има голем број предности, како: o Докажан квалитет на бетонот и намалување на поправките на градилиште; o Побрзо време на изградба; o Вкупно поевтина градба; o Олеснат вовед на автоматизација кај бетонските конструкции; o Подобрување на здравјето и безбедноста што е добиена со елиминација на рачните вибратори; o Значително намалување на бучавата како во градилиштето,
o Голема слобода во проектирањето; o Подобрена трајност и сигурност на бетонските конструкции; o Полесно вградување кое резултира во заштеда на опрема и работна сила; o Самовградливиот бетон го прави степенот на трајност и сигурност на конструкциите да биде независен од постоечките услови на градилиштето како што е работната сила, вградувањето и постоечките системи на збивање; o Високата отпорност на надворешна сегрегација и самовградувачката способност овозможуват елиминација на макро-дефекти, воздушни меури и саќе одговорни за губење на механичките својства и трајноста на конструкцијата. Меѓутоа, и покрај многуте предности на самовградливиот бетон, тој сè уште ја нема доживеано експанзијата на градилиштата ширум светот. n
ПОРТА
архитектура
Со своите флуидни структури ги помести границите на архитектурата 20
ПОРТА
29 aприл 2016
ИН МЕМОРИАМ ЗАХА ХАДИД (1950 – 2016)
архитектура
Во архитектурата таа ги освојуваше конструкциските слободи кои пред тоа беа незамисливи, а во јавниот живот беше во опозиција со конвенционалното општество. Еднаш некој запишал дека многу познати архитекти се однесуваат како роботи, додека таа е човечко суштество, не се плаши да ги покаже емоциите, понекогаш забавна, понекогаш и безобразна.
Мост Павилјон во Сарагоса
Н
Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ а почетокот на годинава, златниот медал на архитектонската организација РИБА ѝ беше врачен на Заха Хадид, и во таа пригода претседателката на организацијата рече дека наградата „тотално задоцни“. Не ни претпоставуваше во колкава мера беше во право. Помалку од два месеци откако стана првата жена во историјата што ја примила оваа награда, Заха Хадид на 31 март ненадејно почина од инфакт во
една болница во Мајами, во која беше примена заради бронхитис. Имаше 65 години. „Не го сакам зборот компромис“ и „Не создавам мали, згодни објекти“, се две изјави кои најдобро ја опишуваат архитектката Заха Хадид. Архитектурата без неа, би била многу поздодевна. Освен со деконструктивистичката архитектура, таа се занимаваше и со дизајн, обликуваше обувки и накит, и не мислеше дека постојат помалку важни задачи. Заха Хадид имаше и многу критичари, но токму таа, со Френк Гери, ги постави темелите на органската архитектура за 21 век. Рем Колхас, уште еден „enfant terrible“ на светската сцена, со
кого работела на почетокот на својата кариера (набрзо се разделиле, две големи личности тешко одат заедно), ја опиша како „планета во нејзината сопствена орбита, која е невозможно да се имитира“. Френк Гери, пак, ја опишуваше како „неверојатна сила на природата“. Последниот директор на Венециското биенале Арон Бетски, инаку нејзин пријател, рече: „Луѓето се прашуваат зошто некој би сакал да работи со неа кога може да биде многу тешка, но истовремено пружа и лојалност и поддршка, и покажува страст за она што го работи“. Зад себе ги остави нацртите за стадионот за Фудбалското првенство во Катар 2022 година, >> 29 aприл 2016
ПОРТА
21
архитектура
Нортпарк жичарница во Инзбрук, Австрија, 2004-2007
кои, по своја прилика, ќе ги продолжи Патрик Шумахер, нејзиниот партнер во фирмата цели 25 години, и единствен кој издржал со неа толку долго, бидејќи оваа архитектка била, всушност и како повеќето големи луѓе, многу комплексна и голем перфекционист. Воедно, беше и единствена жена меѓу таканаречените ѕвездиархитекти. Заха Мохамед Хадид е родена на 31 октомври 1950 година во Багдад, во време на прогресивното размислување на Блискиот Исток, кога модернизмот се сметаше за гламур. Израсна во една од првите багдадски куќи инспирирани од Баухаус. Родена е во либерално и богато семејство, а нејзиниот татко бил на чело на ирачката Прогресивна демократска странка. Прво во Бејрут студирала математика на Американскиот универзитет, што е исто така забележително во нејзините дела, но потоа се преселила во Лондон на студии за архитектура на Школата на архитектонското здружение (Architectural Association School), каде ги запознала Рем Колхас, Елија Зенгелис и Бернард Чуми, водечки архитекти на експерименталната 22
ПОРТА
29 aприл 2016
Центарот за водени спортови во Лондон изграден за Олимписките игри во 2012
архитектура европска архитектура. Сепак, првите влијанија врз нејзината архитектура се од Ирак, поврзани со детските спомени од посетите на „древните сумерски градови во јужен Ирак“, на „реките и пустините“, на „флуидниот пејзаж на Блискиот Исток“. Органските градби, градбите што личат на облиците од природата, останаа во темелите на нејзиното творештво. Како државјанка на Обединетото Кралство, госпоѓа Хадид до крајот на својот живот дејствуваше во Европа, Азија и Блискиот Исток. Во музејот Гугенхајм во Њујорк, во 2008 година ја претстави својата прва голема ретроспектива. Беше славна личност, помеѓу останатите, се дружеше со Барак Обама и Бред Пит. Не секогаш сите ѝ беа склони. Замерки постоеја, дека нејзината архитектура е премногу глобализирана, дека градбите наликуваат една на друга, било да се во Лондон или во Дубаи. Тоа, во повеќето случаи, не беше фер кон архитектката. Бидејќи таа е една од ретките што навистина направија промени во последните децении, како што беше истакнато и во образложението за Прицкеровата награда 2004 година: „Сериозно ги урна >>
Библиотека и центар за обука при Универзитетот за економија во Виена, 2010
29 aприл 2016
ПОРТА
23
архитектура
Чевли „Мелиса“
границите на архитектурата“. Но, се појавија многу нејзини епигони, од кои повеќе имаше штета отколу од неа самата. Всушност, како што и самата објаснуваше кога ќе ја запрашаа за квадратурата, односно заземање на просторот: „Луѓето мислат дека квадратните објекти се најдобри затоа што тоа е вообичаено најдобар начин за користење на просторот. Но, дали со тоа се кажува дека пејзажот е загуба на просторот? Светот не е квадратен. Зарем кога одите во парк, велите: О, боже мој, нема никакви агли. Тоа е како некој да каже дека сите треба да пишуваат на ист начин“. Заха Хадид, исто така, соработувала со
24
ПОРТА
29 aприл 2016
врвни модни куќи, со што своите дизајнерски и архитектонски идеи ги изрази и преку други медиуми. Така, во соработката со бразилската компанија за производство на чевли „Мелиса“, Заха Хадид го дизајнира уникатниот пар „без шевови“, чиј облик се базира на флуидни органски контури на човечкото тело и ја евоцира потребата за постојана трансформација и движење. Соработката на Заха Хадид на проектот Lacost footwear, за колекцијата пролет/лето 2009, почнала со производство на дигитална верзија на познатото лого, кој потоа бил пренесен на структурата на динамична флуидна мрежа. Во архитектурата таа ги освојуваше >>
архитектура
Културен центар „Хејдар Алијев“ во Баку
29 aприл 2016
ПОРТА
25
Националниот центар за современи уметности во Рим -MAXXI
конструкциските слободи кои пред тоа беа незамисливи, а во јавниот живот беше во опозиција со конвенционалното општество. Еднаш некој запишал дека многу познати архитекти се однесуваат како роботи, додека таа е човечко суштество, не се плаши да ги покаже емоциите, понекогаш забавна, понекогаш и безобразна. Критики доби и за проектот во Баку, Културен центар Heydar Aliyev, нарачан да го слави „озлогласениот режим на кршење на човековите права“, како што тврдеа
Оперска куќа во Гуангжу
26
ПОРТА
29 aприл 2016
Заха Хадид е добитничка на безброј награди и признанија, меѓу кои се одвојуваат: Златна медалја на Кралскиот институт на Британските архитекти (RIBA), 2016 Награда RIBA London, 2014 Прицкерова награда, 2004 Награда Chicago Athenaeum, 2008 Награда Praemium Imperiale, 2009 Награда RIBA Stirling, 2010 Награда Design of the Year, 2014 Награда European Museum Academy Micheletti Award, 2012 Награда Mies van der Rohe, 2003
архитектура
критичарите, кој чинеше многу и заради кого многу се иселени. Се зборуваше за 60 илјади луѓе. Таа тврдеше дека прифатила да го прави центарот што ќе донесе култура во местото. Исто така, доби и награда од Лондонскиот музеј на дизајн за најдобра градба на светот. Мажите никогаш не ги прашуваат, нејзе да – дали го жртвувала семејството заради кариерата. Одговори – не, сигурна е дека ги можеше и двете, едноставно не се случило. Беше жена во многу машки свет, ирачка
емигрантка меѓу Британци со педигре. Нејзините идеи изгледаа нестварно, неостварливо и скапо. Дури на почетокот на новиот милинеум ѝ беа доверени големи проекти кои ѝ донесоа меѓународна слава, бројни награди и нејзиното студио го претворија во мегастудио со
400 работници кои работеа на околу илјада проекти во четириесет земји. Луѓето што работеа со неа, велеа дека е напорна. Од своите работници го бараше нивниот максимум. Кога требало да се заврши голем проект, се работело до зори, затоа што Заха тврдеше дека понекогаш подобро се работи кога си преморен. И покрај се, секој од актуелните или бившите архитекти од нејзиното студио, кон Заха Хадид имаат длабоко почитување и тврдат дека е најдобар архитект со кого некогаш работеле, гениј. Беше неуморна, заради работата и патувањата немаше приватен живот и никогаш не основа семејство. Сета љубов што ја носеше во себе, ја преточи во своите нестварни, флуидни стуктури кои ѝ го донесоа прекарот Кралица на облините. n
Z-Car
Идниот изглед на стадионот кој ќе биде изграден за Светското првенство во Катар во 2020
29 aприл 2016
ПОРТА
27
урбанизам
ГРАД ЗА ЛУЃЕ
Да му го вратиме достоинството на секој жител во градот! Во многу краеви од светот се вложува сериозен напор да се реализира сонот за подобри градови за луѓе. Се преземаат многу акции, се протестира, се дејствува. Граѓаните се здружуваат по разни поводи, кога е загрозено нивното здравје, нивниот животен простор, нивните права и сл. Така на светско ниво се познати движењата „Право на град“, „Велосипедски активизам“, „Активизам на јавниот простор“... Улиците во Токио за автомобили
ПОРТА
доц. д-р Дивна ПЕНЧИЌ, дипл.инж.арх.
„Г
радови за луѓе“ е насловот на книгата од данскиот архитект и урбанист Јан Гел, која задолжително секој што живее во град мора да ја прочита. Таа денес претставува вредно четиво за освестување на сите вклучени во активностите врзани со градот. Треба да ја прочита секој градски или општински татко
урбанизам (градоначалник), секој советник во локалната власт, секој службеник во локална самоуправа, секој архитектпланер, секој архитект, секој инженер, социолог, економист, но пред сè, секој граѓанин. Имено, Јан Гел, осврнувајќи се на својата педесетгодишна работа како професор, но работејќи и во пракса како архитект и урбанист, ги коментира промените што настанале во градот и во планирањето на развојот на градот. Тој забележува дека за педесетина години се настанати драматични промени и дека целото урбанистичко планирање е проблематично. Смета дека до 60-тите години од минатиот век, урбанистичкото планирањето и развојот на градовите сè уште се базира на вековно искуство. Животот во градскиот простор бил витален дел од тоа богато искуство и било нормално градовите да се градат за луѓе. Но, развојот на градовите сè повеќе се препушта на професионалните планери, а теориите и идеологиите почнуваат да ја заменуваат традицијата како основа за развој. Клучна улога игра модернизмот и неговата визија за градот како машина, со делови одделени по функција, која станува мошне влијателна. Постепено се појавува и нова група сообраќајни инженери со нивните идеи и теории како да се обезбедат најдобри услови за колскиот сообраќај, при што се губи човекомерноста.
Пристапот во урбанистичкото планирање на Јан Гел (Извор: http://gehlarchitects.com/) Според Гел, ниту урбанистите, ниту сообраќајните инженери, не го третираат градскиот простор, а со години не постои сознание како физичките структури влијаат врз човековото однесување. Но, од неодамна сè повеќе се осознава врската помеѓу физичката форма на градот и човековото однесување. Се осознава како одредени градски состојби и појави влијаат врз здравјето на луѓето, врз нивната
социјабилност, врз навиките и животниот циклус. Сè повеќе се активираат градските жители и сè погласно бараат урбанистичко планирање насочено кон луѓето. Во многу краеви од светот се вложува сериозен напор да се реализира сонот за подобри градови за луѓе. Се преземаат многу акции, се протестира, се дејствува. Граѓаните се здружуваат по разни поводи, кога е загрозено нивното здравје, нивниот животен простор, нивните права и сл. Така на светско ниво се познати движењата „Право на град“, „Велосипедски активизам“, „Активизам на јавниот простор“ и сл. Многу луѓе стануваат свесни за проблемите во градовите, а уште посвесни за своите права за квалитетен градски простор и живот. Градскиот активизам дури и станува основна активност на граѓаните, гледајќи дека институционално не можат да ги остварат своите права, потреби и барања. Градскиот активизам станува и главна тема на теоретичарите и научната заедница, па се истражуваат, проучуваат и коментираат како современа појава. Каде Јан Гел го гледа излезот? Во обезбедување квалитетни јавни простори! Смета дека тие се вистинското место за градско живеење, а не изградените објекти и нивните внатрешни простори. Што треба >>
Улиците во Токио за луѓе ПОРТА
Tajм Сквер, Њујорк, пред и после
да се преземе? Тој предлага пет основни позиции: 1. Одржливо користење на јавните простори; 2. Луѓето да се направат видливи во урбанистичкото планирање; 3. Да се гласа со сопствените стопала; 4. Воспоставување на партиципаторен процес; 5. Луѓето на прво место – промена на планерскиот модел. Одржливо користење на јавните простори, подразбира намалување на значењето на автомобилскиот сообраќај и давање предност на традиционлните начини на движење низ градот – пешачењето, користењето велосипед и јавен траспорт. Со 30
ПОРТА
29 aприл 2016
ова можеби ќе се намали брзината на движење, но просторот ќе биде попријатен, луѓето ќе се гледаат в лице, ќе се препознаваат, запознаваат, ќе комуницираат. Градскиот простор ќе се доживува секојдневно, ќе се распознаваат годишните времиња, ќе стане дел од секојдневниот живот. Сите старосни, социјални, економски групи, ќе имаат ист пристап во секој градски простор. Во досегашното урбанистичко планирање луѓето се невидливи, нема ниту една анализа или статистички податок за тоа колку луѓе користат еден простор, кои простори ги преферираат, кои им се потребите. Не е јасно за кого и што се планира. Податоци
најмногу се наоѓаат за бројот на возила и нивниот проток, постоечки или планиран. Има податоци колку е изградено и колку се планира да се изгради. Но, неопходни се податоци за јавниот простор: колку го има, каде, за што се користи, кој го користи, колку е пријатен за користење, во каква состојба е. Во планираната состојба треба јасно да се дефинираат сите очекувања и уште и како, колку и кој треба да го обезбеди и одржува јавниот простор. Да се гласа со сопствените стопала! Многу е важно граѓаните сами да се дел од случувањата во градот и да преземаат и учествуваат во различни активности организирани во градот. Инспиративни се случувањата како: „ден без автомобили“, „од кафе за одење - кафе за седење“, „наместо паркинг – парк“, „од празна парцела до локална градина“ и сл. Многу е битно да се покажат алтернативите на користење и употреба на градскиот простор. Важно е граѓаните да станат свесни дека можат без сообраќајници, дека можат за друго да ги искористат тие простори, дека може да се сади зеленчук наместо паркинзи, да се реупотребат неквалитетни објекти, пристапи и сл. Важно е да се создаваат поинакви навики на користење на градскиот простор и да се живее вистински и квалитетно градскиот простор. Воспоставувањето на партиципаторен процес е клучно во остварување на правото граѓаните да бидат вклучени во сите фази на: креирање политики, донесување одлуки, планирање, усвојување, реализирање и
урбанизам
Како да се планира градот според Јан Гел (Извор: http://gehlarchitects.com/) менаџирање на развојот на градовите. Граѓаните се тие што треба да се главниот субјект во целиот процес и први да одговараат на прашањето „Каков вид на град сакате да добиете“? За ова се потребни многу јавни средби, состаноци, работилници и интерактивни медиуми. Потребно е изградено информирање и лесно достапно и видливо. Побарува посебен капацитет на локалната самоуправа и голема активност за организирање, следење, спремање на извештаи и информирање. При планирањето, луѓето треба да се на прво место, а тоа значи промена на планерскиот модел и досегашната практика. Досега е важно да се планира изградба на објекти и улици, а животот не е дел од планирањето. Отсега треба прво да се планира животот во градот, а за него треба да се обликуваат јавни простори во кои ќе се одвива и објекти – сценографија, кој го
оформува. А што се случува кај нас?! Скоро идентично како во другите градови во светот пред најмалку 50-100 години! Толку многу нашите градови личат на загушените, валкани, загадени, заглавени, непријатни градови во Европа и светот, особено во 60тите години од минатиот век! Кај нас човекот го нема, тој се идентификува со автомобилот, со инвеститорот, со сопственикот, со сè друго освен со себе – човеково суштество! Кај нас и планерот е возач, инвеститор, сопственик, не е човек! Кај нас и политичарот е возач, инвеститор, сопственик, не е човек! Никој што е вклучен во креирањето политики, донесувањето одлуки, планирањето на развојот на градот и неговото обликување, не појдува од позиција на човекот како основна мерка, како некој што живее во градот, за некој за кој постои
градот, некој што го создава градот! Сите се идентификуваат со потребите што ги имаат како возачи или корисници на автомобили, па своите напори ги насочуваат кон креирање пошироки и побрзи улици. Сите се идентификуваат со инвеститорите, па создаваат најповолни услови за градење, повеќе и поголемо. Сите се идентификуваат со сопствениците на парцели, па сè прават максимално да се искористи сопственичкото право. Но, сите забораваат дека и тие се, пред сè, луѓе и корисници на просторот пред сè како луѓе. Еднаш мораат да излезат од своите автомобили, еднаш мораат да го користат градскиот простор како граѓани, еднаш ќе бидат загрозени од другите соседи што се сопственици на други парцели. А тогаш?! А тогаш се соочуваат со она што го предизвикале и сè им се враќа. И на сите ни се враќа! Не можеме да излеземе од дома од блокирани приоди, не можеме да одиме по улици од паркирани возила и несоодветно обликувани пешачки тротоари, не можеме да пристапиме до градинките, училиштата, до работа. Паркови и игралишта за деца се нешто што ретко гледаме или и да ги има, тешко пристапуваме до нив или се несоодветно обликувани. Градовите одамна не ги користиме како луѓе, животот во градот е мачен, непријатен, недостоинствен. Што треба да направиме? Да му го вратиме достоинството на секој жител во градот! Да го планираме и обликуваме градот за секој жител, различен по возраст, по способност, по потреби, по желби! А за тоа ни треба секој граѓанин да се вклучи, да се активира! Треба секој што учествува во раководење, креирање политики, одлучување, планирање, обликување и одржување, пред сè да се доживее себеси како човек и да е отворен за потребите на другите сограѓани. n
Булевар „Климент Охридски“ претходно и сега 29 aприл 2016
ПОРТА
31
eксперт
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „CIVIC TRUST “ ЗА 2016 ГОДИНА
Одбележување на исклучителната архитектура Оваа година беа пријавени 264 реализирани објекти за оваа престижна награда, од кои 58 национални и меѓународни проекти биле наградени со „Признание“ д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх.
Н
а 4-ти март во „Лебед“ (Swan), Шекспировиот театар Глоуб (Shakespeare’s Globe Theatre) во Лондон, беа доделени 57-ите по ред годишни награди „Civic Trust“, со кои се одбележува исклучителната архитектура и проектите во доменот на изградената средина. Оваа година биле пријавени 264 реализирани објекти за оваа престижна награда, од кои 58 национални и
меѓународни проекти биле наградени со „Признание“ (Commendation), а кои ги вклучиле и наградите на „Про-тем“ (ProTem) за времени проекти или инсталации, и нововоспоставената награда за Конзервација (Заштита на градителското наследство) на Регистерот на акредитирани архитекти во конзервација на објекти (Register of Accredited Architects in Building Conservation - AABC). Дополнително, седум специјални награди биле доделени на проекти кои особено се истакнале во специјализирани области. Добитници на специјалните награди за 2016 година се: >>
НАГРАДА „СЕЛВИН ГОЛДСМИТ“ (SELWYN GOLDSMITH) ЗА УНИВЕРЗАЛЕН ДИЗАЈН Оваа специјална награда, спонзорирана од Олимпискиот парк „Кралица Елизабета“ (Queen Elizabeth Olympic Park), се доделува во чест на архитектот и основачот во доменот на универзалниот дизајн, Селвин Голдсмит. Овогодишен добитник на наградата е проектот dlrLexicon на Кар Котер и Неисенс (Carr Cotter and Naessens) за потребите на Советот на околијата Dun Laoghaire Rathdown.
32
ПОРТА
29 aприл 2016
eксперт СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ШКОТСКА Советот на градот Единбург и Советот на градот Глазгов ја имаат поддржано ова специјална награда чијшто овогодишен добитник е проектот „Куќа Роналд Макдоналд“ (Ronald McDonald House, Glasgow) од Кипии (Keppie). Куќата е објект за сместување на семејствата на децата што се на болничко лекување во Кралската болница за деца (Royal Hospital for Sick Children) во Глазгов, Шкотска.
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ИМПАКТ И ВКЛУЧЕНОСТ НА ЗАЕДНИЦАТА Со оваа специјална награда се одбележува проектот што има покажано како успешната вклученост на заедницата може да помогне да се реализираат проекти со највисок квалитет, а притоа да се задоволат и потребите на локалното население. Овогодишен добитник на оваа специјална награда е „Хебурн централ“ (Hebburn Central) од Фолкнер Броунс Архитекти (Faulkner Browns Architect) за Советот на Јужен Тајнсид (South Tyneside Council). Објектот е центар на заедницата во кој се сместени повеќе функции за задоволување на потребите на локалната заедница
29 aприл 2016
ПОРТА
33
eксперт СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ОДРЖЛИВОСТ Оваа специјална награда, спонзорирана од Дервент Лондон (Derwent London), се доделува на проектот што покажал одлични карактеристики на оджливост од аспект на севкупните параметри на проектот, изборот на материјал, методи на изградба и долгогодишна потрошувачка на енергија. Плоштадот „One Pancras“ од Дејвид Чиперфилд Архитекти (David Chipperfield Architects) е добитник на овогодишната награда. Станува збор за слободностоечки деловен објект лоциран помеѓу станиците Kings Cross и St. Pancras International во Лондон.
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА „МАЈКЛ МИДЛТОН“ (MICHAEL MIDDLETON) Со оваа специјална награда која се доделува во спомен на поранешниот директор на „Civic Trust“ Мајкл Мидлтон, се одбележува или проект за обнова на постоен објект или пак новоизграден обојект во зона на заштитено градителско наследство. Добитник на овогодишната специјална награда е Центарот за изложба и посетители „Стоунхенџ“ (Stonehenge Exhibition and Visitors Centre) на Дентон Коркер Маршал (Denton Corker Marshall) за English Heritage. Со изградбата на центарот, овој локалитет на светско културно наследство (World Heritage Site) конечно се стекнал со образовни и простори за интерпретација.
34
ПОРТА
29 aприл 2016
eксперт СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАНЕЛ
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА НА „ПРО-ТЕМ“ (PRO-TEM) Добитник на овогодишната специјална награда за егземпларен проект или инсталација, спонзорирана од Metropolitan Workshop, е Павилјонот на Обединетото Кралство на Излжбата во Милано (UK Pavilion Milan Expo) од Волфганг Бутрес и БДП (Wolfgang Buttress и BDP) за УКТИ (UKTI). Павилјонот бил нарачан од страна на Британската влада, а со цел да се презентира британскиот дизјан, креативност и иновација. Темата на Светската изложба била „Да се прехрани планетата: Енергија на животот“ (Feeding the Planet: Energy for Life).
Членовите на Националниот панел (за доделување на наградата „Civic Trust“) го бираат добитникот на оваа специјална награда од веќе наградените проекти за овогодишната награда. Најсаканиот проект од сите наградени проекти за Националниот панел, оваа година е dlrLexicon на Кар Котер и Неисенс (Carr Cotter and Naessens) за потребите на Советот на околијата Dun Laoghaire Rathdown. dlrLexicon е новиот објект на главната околиска библиотека, кој е лоциран на работ на постоен парк во Dun Laoghaire, главниот град на Околијата Dun Laoghaire Rathdown во Република Ирска. Станува збор за мултифункционален објект, кој покрај библиотеката на три ката содржи и аудиториум, уметничка галерија, кафетерија, соби за состаноци на заедницата, управата на библиотеката, деловни простории и простории за обука. Покрај објектот и паркингот во рамките на проектот, и паркот бил целосно реконструиран за да се обезбеди пешачко поврзување помеѓу главната улица во градот лоцирана над, и пристаништето и морето што се лоцирани под комплексот. Преку ова биле исполнети клучните барања на проектната програма: (а) да се изврши поврзување на градот со пристаништето преку лоцирање на нов јавен објект, и (б) да се воспостави мултимедијална библиотека и културен центар за целата заедница. Преку реконструкцијата на паркот, извршена е реконфигурација на историските елементи на каменоломот, теренот за куглање на трева, оградената градина, куќата на раководителот на пристаништето, во нова урбана композиција која го поврзува градот и пристаништето. Организацијата на просторот овозможува динамички однос помеѓу внатрешните простори од една страна, и пејзажите и визурите од друга срана, со што се истакнува стратегијата на дизајнот базирана на принципот на интеграција каде сите поединечни елементи придонесуваат да се нагласи концептот на дизајнот. Материјализацијата на просторот ја карактеризира ограничена палета на материјали со примена на традиционалната палета на Даблин, карактеризирана со примена на гранит и бронза. Добро испроектираната бетонска обвивка во комбинација со долги отвори, овозможува панорамски погледи. Кровната конструкција над галеријата, по примерот на индустриски објекти, е оформена од наизменично поставени греди и надсветла коишто овозможуваат кровно осветлување на библиотеката.
Организацијата Civic Trust (www.civictrust.org.uk) е основана во 1957 година од британскиот политичар Данкан Сандис (Duncan Sandys), бивш зет на Сер Винстон Черчил (Sir Vinston Churchill), кој се залагал за создавање на подобри места за живеење на луѓето. Наградите „Civic Trust“ (www.civictrustawards.org.uk) се основани во 1959 година и
претставуваат една од најстарите награди за реализирани објекти во доменот на изградената средина во Европа. n Со благодарност до организацијата Civic Trust за пристапот до фотографските материјали за овогодишните награди.
29 aприл 2016
ПОРТА
35
архитектура од дрво
ПАСИВЕН СТАНДАРД ВО ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ, БЦ ПАСИВ ХАУС - КАНАДА
Архитектонска и естетска целина со одлична ефикасност
Производствениот погон на компанијата BC Passive House е изграден со енергетски ефикасни методологии на градба, иновативни конструктивни материјали изработени од дрво и пасивен енергетски стандард
36
ПОРТА
29 aприл 2016
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија
К
омпанијата BC Passive House се наоѓа во малото гратче Пембертон во Британска Колумбија, Канада. БЦ Пасив Хаус (BCPH) е компанија силно посветена на одржлива градба и градење со дрво. Тие го изградија првиот производствен погон во Канада целосно од дрво, кој ги задоволува високите критериуми на пасивна градба. Овој објект претставува и еден вид демонстративна градба која може најдобро да го долови капацитетот со кој располага компанијата за реализирање на комплексни идеи, како во архитектонска и конструктивна, така и во енергетска смисла. Објектот е поделен на два главни дела за производство. Во објектот, исто така, проектирани се конференциска соба,
архитектура од дрво
канцеларии, соба за презентации и помошни простории. Производствениот погон максимално ја искористува својата јужна експозиција за максимално искористување на сончевите зраци, од што се добива топлинска енергија и секако светлина. При првиот поглед кон објектот, веднаш се забележува панорамскиот отвор на фасадата, кој се протега долж сите страни и овозможува влез на природна дневна светлина во работните простории, како и спектакуларен поглед кон блискиот планински масив. Квалитетот на градбата и дизајнот на производствениот погон носи голема вредност на компнијата со тоа што создава подобра работна средина, што се преточува пак во долгорочен бенефит преку задоволство на вработените лица. Дневната светлина и дрвото во ентериерот создаваат природен и инспиративен работен простор, каде работниците >> ПОРТА
се чувствуваат пријатно и безбедно, со што се зголемува продуктивноста на компанијата и безбедноста при работа. Главната цел на овој проект е да се покаже дека индустриските објекти, кои заземаат еден огромен дел од градежништвото, се исто важни архитектонски дела како и останатите објекти, како станбени или јавни згради, на кои се обрнува повеќе внимание во естетиката и архитектурата. Пасивниот стандард е моментално најригорозниот енергетски стандард за градба во светот. Анализата што е направена со специјален софтвер за проекција на евентуална потрошувачка на енергија, покажува дека овој објект ќе заштеди приближно 80% од енергијата што треба да се искористи во објект со исти димензии кај кој не е запазен пасивниот стандард. Греењето е решено со софистицирана печка на дрва која го искористува целиот отпад од сопственото производство, додека просторот се загрева преку систем на подно греење. Овој систем на компанијата ѝ овозможува да користи економичен и обновлив извор на енергија, со што се употребува отпадниот материјал за греење. Главните конструктивни елементи се ламелирани дрвени носачи од дрвниот вид дуглазија, и вкрстено лепени плочи (Cross Laminated Timber) за ѕидовите, сите произведени и обработени во сопствените производствени погони. Кровната конструкција е изработена од префабрикувани сендвич панели кои овозможуваат зацврстување на
ПОРТА
целата скелетна конструкција за време на изградбата. Префабрикуваните елементи значително ја зголемуваат ефикасноста и квалитетот на објектот, бидејќи тие се произведени и обработени во контролирани фабрички услови. Исто така се зголемува и прецизноста на изработката на елементите, со што драстично се намалуваат промените во дрвото како што се промена на димензии, извитоперување, појава на мувла, гниење, инсекти и останати штетни елементи и деформации. Изработката на конструктивните елементи во контролирани услови овозможила подигнувањето на главната конструкција да се завари за осум дена, со што значително се намалила теренската работа. Трислојните вкрстено лепени плочи искористени за ѕидовите, ги задоволуваат сите градежни и статички стандарди и естетски го збогатуваат ентериерот. Производствениот погон на компанијата BC Passive House е изграден со енергетски ефикасни методологии на градба, иновативни конструктивни материјали изработени од дрво и пасивен енергетски стандард. Но најмногу од сè, овој објект најдобро ги демонстрира сите можности на дрвото и иновативни материјали изработени од него, со што се добива една архитектонска и естетска целина со одлична ефикасност, како за енергетската потрошувачка така и за самото производство. n
ПОРТА
ентериер
МАГИСТЕРСКИ ТРУД - ВИНАРСКА ВИЗБА
Спој на архитектура, традиција и технологија
Архитектонскиот концепт на една винарница директно влијае врз процесот на производство и со тоа е директно поврзан со производствените простори, подруми и надворешното обликување. За многу производители на вино, доброто архитектонско решение на винарницата, како и новите производствени технологии, се од големо значење. 40
ПОРТА
29 aприл 2016
Стефан ТОДОРОВСКИ
К
ако предмет на истражување во овој магистерски труд, под менторство на професор Викторија Еремеева од УАКСФакултет за aрхитектура и дизајн, се обработени современите тенденци во проектирањето на објекти за производство на вино и вински дестилати, односно создавање на винарница со сите новитети од денешницата. Проектантскиот дел се состои од архитектонски проект за винарница на територијата на Македонија, во општина Зелениково. Во него се прикажани и обработени сите потребни и неопходни содржини на еден современ производствен капацитет, со кои се задоволуваат потребите на производството на вино во целост. Следејќи ги проектантските тенденции во денешницата, неизбежно е и поставување на дополнителни, пропратни содржини како: бутик хотел, ресторан, конференциски сали, енотека и простор за дегустација, со што се отвора проблемското подрачје на поврзување на содржините на новопроектираниот објект со околината на општина Зелениково, каде како фокусна точка во
ентериер регионот, објектот ќе претставува голем туристички и економски двигател на општината, воедно искористувајќи ги нејзините потенцијали од обликуван и визуелен аспект. Одбраната локација, начинот на поставеноста на објектот, материјалите, конструкцијата и содржините на винарницата Зелениково, претставуваат комбинација која од функционален, продуктивен и естетски аспект, остава голем впечаток и претставува визуелен и просторен монумент како централна точка во околината на овој регион од општината. Со овој проект директно се влијае врз подобрување на условите и активирање на туризмот во Зелениково. Поврзувањето на објектот со околните населби и географските обележја, придонесува кон заживување на економската состојба во регионот и подобрување на препознатливоста на оваа општина во пошироки рамки. Близината на главниот град, го прави овој објект лесно достапен и со тоа се создава уште едно „атрактивно“ место наменето за секаков вид посетители, и кое овозможува разновидно користење, како за секојдневни посети на ресторанот и барот, па се до конференциски собири и вински туризам. Односот кон околината на новиот објект е без нарушување на структурата на теренот и целосно е вклопен >>
ПОРТА
во природниот пад. Вкопаниот дел на објектот придонесува кон подобрување на условите што се потребни во неговата внатрешност. Вино и архитектура - совршен пар кој во денешницата добива целосно нов профил. Во минатото, производството на вино претставувало синоним за престиж и луксуз, но во денешницата зборуваме за многубројни, исклучително современи винарници, винарски визби и производствени капацитети, кои на производството на вино му овозможуваат сосема нов, модерен и поразличен аспект. Архитектонскиот концепт на една винарница директно влијае врз процесот на производство и со тоа е директно поврзан со производствените простори, подруми и надворешното обликување. За многу производители на вино, доброто архитектонско решение на винарницата, како и новите производствени технологии, се од големо значење. Користењето на објектите како заднина за маркетинг и реклама е карактеристика на познатите современи винарници. Проектирањето на атрактивни простории за дегустација и вешто дизајнираните визби обезбедуваат сосема нов и поинаков поглед на нивните вина, односно производи. Така, проектирањето на винарските подруми игра сè поголема и поважна улога во контекст на квалитетот на виното, квалитет кој претставува рефлексија на архитектурата на зградата во која се создава. Оттаму винарниците, како посебни земјоделски 42
ПОРТА
29 aприл 2016
ентериер
објекти за производство на вино, издвоени по својот контекст, се класифицираат како посебна типологија и заземаат посебно место во сите книги,
регистри и индекси на архитектонски проекти. Креирањето на една винарница претставува создавање на еден нов „микро свет“ за производство на еден од
најконзумираните и најблагородните пијалаци. Да се работи еден ваков проект претставува предизвик за секој архитект. n
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
ПОРТА
ентериер
Оптимална густина на информации
ПОРТА
МОЈ ПРОСТОР
Изработил: „Радо ИНЖЕНЕРИНГ“, Скопје Фото: Андријана Тилиќ, дипл.инж.арх.
П
ред Пако Радовановиќ од „Радо инженеринг“, поставена е задача за комплетно редизајнирање на дуплекс-стан од 190 м2 за четиричлено семејство, во повеќекатница во близина на Градскиот парк во Скопје. Просторот се наоѓа во објект со не баш поттикнувачка архитектура на новото време со примена на „исплатливи“ материјали. При осмислување на коценптот на решението, свесно се одеше кон тоа просторот да се редизајнира со замена на
материјали за подови, скали, врати, прозорци и минимална адаптација на диспозиција на ѕидови. Функционална организација на концептот е да се одвои нивото на дневен престој од спалните соби. Новодобиениот изглед на редизајнираниот
стан е формиран така што истовремено ќе биде во склад со континуитетот на заедничкиот живот на едно четиричлено семејство, ускладен со израз на индивидуална постојаност. Беше потребно да се премости јазот на интелектот, >> 29 aприл 2016
ПОРТА
45
ентериер сетилата за вид, слух и допир, помеѓу желбата и просторот. Оптималната густина на информации претставува главна цел во овој проект, кои се испитување, како и можност за остварување на дијалог на членовите на семејството помеѓу себе и влијанието на другите. Мрежен впечаток на обработените површини на применети материјали со количина на дрвени елементи во координација со печатен бетон на вертикални ѕидни површини. Така реализирани соодноси создаваат убедливо складен простор, проткаен со минималистички елементи, кои во него внесуваат смиреност и спокој. Ентериерните зафати се поврзуваат во систем на фамилијарен микрокосмос, „мој простор“, како „паспарту“ за дела од колекцијата на големите македонски сликари Петар Мазев, Никола Мартиновски, Митко Манев, и овозможува нови визии за животот, што просторот и треба да биде. Сите детали придонесуваат за чувство на мир, спокој и хармонија. n
46
ПОРТА
29 aприл 2016
рубрика
брика
брика
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
38
ПОРТА
26 декември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
сообраќај
АЛТЕРНАТИВЕН УРБАН ТРАНСПОРТ (1)
Bike-sharing: Повеќе почеток отколку промена
Провосите, повеќе од која било друга група од тоа време, генерираа расположение за културни промени и еколошки активизам
м-р Ненад ТОНИЌ, дипл. сооб. инж.
У
рбаниот транспорт не познава идеален концепт. Да не е така, армијата од инженери и придружни експерти не би се мачела да ги сложи елементите на она што стручната литература како да го потценува сведувајќи го на „преместување во просторот од точка А до точка Б“. Поради тоа не е важна само гросликата за сложувалката, туку и какво е налегнувањето на поединечните „лего“ коцкички, односно какви се нивните меѓусебни врски и соработка. И, секако, која е пораката 48
ПОРТА
29 aприл 2016
Во услови на културолошка инсуфициенција кон сопствениот животен простор, некогашниот велосипед, било како транспортна неопходност, било како симбол на идеолошката исправност низ лична скромност, не можеше поинаку да помине. Со децении поттурнуван кон маргините на урбаната мобилност, принуден е на реоткривање на здравствено-рекреативниот фон и нерамноправна борба во зоната на алтернативниот градски превоз, под тесната капа на локалната транспортна политика.
што, склопени заедно како потсистем, ја емитуваат. Појдовната теза дека популарноста на некогашното може едноставно да се телепортира во иднината, единствено има основа доколку на возачкото место на Вашиот DeLorean седи Doc Brown. Во тој случај, јакната што ја носите самата ја подесува должината на ракавите, во локалното бистро Ве служи интелигентна механизарана форма, а велосипедот повторно е епитом на урбаната мобилност. Замислете само ...! Во услови на културолошка инсуфициенција кон сопствениот животен простор, некогашниот велосипед, било како транспортна неопходност, било како симбол на идеолошката исправност низ лична скромност, не можеше поинаку да помине. Со децении поттурнуван кон маргините на урбаната мобилност, принуден е на реоткривање на здравствено-рекреативниот фон и нерамноправна борба во зоната на алтернативниот градски превоз, под тесната капа на локалната транспортна политика. Неодговорноста, како една од вертикалите на националниот менталитет, го „скара“ ова благодарно превозно средство дури и со колективното домување, изобличувајќи ги неговите скромни просторни потреби во просторен ексклузивитет („Би возел јас велосипед, ама и да го набавам, навистина
немам каде да го чувам“). За среќа, непрегледниот „супермаркет“ на технички напредниот Запад нуди продукти чија декларација гарантира премостување дури и на ваквите состојби. Во тој случај се зависи од ширината и апетитот на домашната „потрошувачка корпа“.
ПОРАЃАЊЕ НА ПОДМОДЕЛОТ Шеесеттите години од минатиот век се почеток на сеизмичките промени кои ќе ги доживее анестезираниот, провинциски збајатен Amsterdam. Воспоставувањето на повоената држава на благосостојба почна да ги рони традиционалните верски, класни и политички поделби на холандското општество, а т.н. Провоси беа нивниот слатко-горчлив анархичен екстракт. Освен за омилените закачки на естаблишментот и неговите системски експоненти, припадниците на ова движење, покрај антиконсумеризмот и технооптимизмот, јавно се интересираа и за еколошкиот активизам. Ритамот на нивните „бели“ иницијативи и настапи демнеше од зад секој агол. Провосите, повеќе од која било друга група од тоа време, генерираа расположение за културни и морални промени. Нивната „провокација, шок и директна акција“ доктрина во еден момент се
обиде со противтежа на приватната сопственост и автомобилската потрошувачка во форма на бело обоени велосипеди за јавна и бесплатна употреба, кои по возењето можеа да се остават ама каде било, каде што на корисникот му одговара. Оваа симпатична утопија (за традиционалистите, секако, скандалозна) бргу се разби од острите агли на корисничкиот немар. Тоа и склоноста на групата кон спонтаност наместо кон осмислено дејствување бргу ги доведе 50-те бели велосипеди до состојба на крајна неупотребливост. Но, семето на промената беше посеано, па локалната анегдота само пар децении подоцна ќе прерасне во практика која упорно ќе се бори за свое место под европското сонце. Бунтовниот факел на еден нов подмодел на неограничена, евтина и од поседување ослободена градска мобилност запален од Провосите, во се поосмислена форма ќе преминува низ „рацете“ и искуствата на Wien, La Rochelle, Cambridge, Copenhagen и Paris, прераснувајќи до денес во урбан транспортен феномен во повеќе од 50 земји и 712 градови, кој оперира со повеќе 800.000 велосипеди и 37.500 станици. Пристигнат, се чини, ни откаде, како кованица од поимите „велосипед“ и „делење“, називот bike-sharing ќе се залепи како адекватна етикета за овој јавен урбан превоз од сите – за сите. >> 29 aприл 2016
ПОРТА
49
сообраќај
smart phone bike-sharing
ДЕТСТВО И МЛАДОСТ Потенцијалот на идејата и желбата тој да биде истражен, беа од пресудна важност за избор на вистинскиот правец на крстопатот помеѓу црниот хумор и белата метафизика. Наместо на заборав, романтичното лудирање на Провосите беше добитник на продолжено внимание, благодарение на што првите неуспешни обиди (Amsterdam, Cambridge) се стекнаа со надежен пионерски наместо со статус на надгробен епитаф. Влегувајќи во циклични процеси на експериментирање и репрограмирање, подмоделот bike-sharing постепено ќе прерасне во благороден калем за потсушените велосипедски гранки на европските градови. Земајќи ги Провосите како амблем на првата, неговата трофазна еволуција претставува испис на магнетната резонанца на подготвеноста на урбаниот, пребрз и презафатен човек да возврати на дел од транспортно-еколошките предизвици.
ВТОРА ФАЗА – ПОЧЕТОК НА УСПЕХОТ Ако за ништо друго, продолжувачите на „ликот и делото“ беа свесни за два појдовни факти: дека малопродајните велосипеди се механички премногу ранливи за така масовна употреба и дека макар и привидот на облигација е подобар од екстремниот кориснички либерализам. Упростените склопови, зајакнатата, специјално дизајнирана конструкција, робусните пневматици и бравата за заклучување го стрмоглавија степенот на отуѓувања и оперативни оштетувања на релативно прифатливо ниво. Дваесетте круни за отклучување/изнајмување на велосипедите беа далеку од какво било оптоварување за платежно пресолидниот дански џеп, па сепак го замаглија знакот на еднаквост помеѓу бесплатното и неодговорното. И покрај тоа што
Bycyklen Copenhagen
ПОРТА
bike-sharing e-картички секоја корисничка монета беше рефундирана веднаш по враќање на велосипедот, проектот Byclyklen во Копенхаген (1995) беше доказ за осмислен успех на подмоделот bike-sharing. Нордиската практичност данскиот успех за кусо време го преслика во Sandnes, Норвешка (Byclykler), Helsinki (City Bikes) и назад, во Arhus, Данска (Byclykel). Во организациска смисла, оваа фаза беше оддалечена од стихијниот налет на Провосите како Земјата од Уран. Оградите и ѕидовите за потпирање на искористените велосипеди беа заменети со стратешки распоредени станици за изнајмување/враќање на сите 1.100 возни единици, како препознатливи, унифицирани и безбедни фокални точки на системот. Финансиската, управната и поддршката на јавноста беа обезбедени преку формирање на посебни непрофитни групи (невладини организации, граѓани) и тела на локалните администрации (канцеларии, координативни групи) за осмислување и администрирање со bike-sharing програмите. Подмолните Ахилови пети овој пат се појавија во делот на апстрактното: временски нелимитираното изнајмување, неможноста за
следење на изнајмените велосипеди и анонимноста на корисниците. Немарот, како универзална ментална особина, доведуваше до, од аспект на системската ефикасност, недозволиво долго задржување на велосипедите или пак нивно присвојување. Предизвикувајќи преобемно празнење на станиците, овие два фактори со доза на болка им укажаа на раните оптимисти дека системот сè уште не располага со одржлива услуга и доволна оперативна поддршка за посакуваното влијание врз навиките на граѓаните. Патот кон третата фаза беше отворен ...
ТРЕТА ФАЗА – ХАЈТЕК ПРОДОР Електронското заклучување, чип-картичките, smart телефоните и Интернетот го чинеа хајтек соѕвездието што ги протера „демоните“ на втората фаза. Достапноста до личните податоци на корисниците беше преломна точка за човечката неодговорност, а видливоста на позициите и начинот на користење на велосипедите (GPS) предуслов за нивната долготрајност, но и патоказ кон некои тарифни нијансирања далеку поблиски до реалните потреби на карактеристичните групи корисници. Вака обемниот технолошки напредок беше невозможен само со ангажирање на чист, непрофитен ентузијазам. Локалните самоуправи станаа свесни дека масовноста и ефикасноста на подмоделот bike-sharing бараат развивање на механизми кои неговото оперирање ќе го направат привлечно дури и за покрупните стопански субјекти. Организационите, законските и процедуралните стапици принудуваа се повеќе локални администрации функционирањето и одржувањето на овој подмодел да го препуштат во рацете на надворешни субјекти, кои врз база на сопствениот финансиски интерес го обезбедуваа потребното ниво на квалитет на bike-sharing услугата. Па така, она што се појави на европската транспортна мапа како разбушавена иницијатива прерасна во современо фазонирана и конкурентна форма.
Модерен урбан дизајн
„ФАЗА ИНФРАСТРУКТУРА“ Наменската инфраструктура е неизбежен предизвик за секој автохтон bike-sharing концепт. Но, иако суштински не смее да се дозволи да ја прерасне самата приказна чиј составен дел е! Ниту пак да стане циклично оправдание по кое се посегнува секогаш кога чувството на немоќ ќе се вовлече под кожата. Масовноста на патеките е важна но не и архиуслов за помасовно вртење на педалите. Збиенот градски простор никогаш нема да дозволи видливо раскомотување во посакуваниот обем, а легислативата сепак го регулира движењето на велосипедите низ уличната мрежа врз база на теоретскиот принцип на рамноправност со моторните возила. Градските власти на автомобилскиот Торино со гордост ќе ви ја наведат бројката од 180 и кусур километри велосипедски патеки, а тие воопшто да не се видливи во градскиот центар, низ чии булевари изнајмените (TO)BIKE велосипеди „шибаат“ и без оние бели точачиња исцртани по асфалтот. Таа бројка ја „пумпаат“ километрите периферни, речно-крајбрежни и парковски патеки без стриктна поделба на пешачки и велосипедски, по што прашањето „во што е тука штосот“ останува да лебди во воздухот. Исто како и вечната дилема зошто Скопје, како котлински град, нема сили велосипедот да го исцентрифугира во силно средство за алтернативен транспорт. Скопје тешко признава дека најголем импулс во девастираниот градски велосипедизам изгенерира патеката во мајор-
коритото на р. Вардар и токму тука се крие дел од тајната за нашиот неуспех. Фактот што чистиот велосипедски инстинкт реагираше на нешто удобно, континуирано и безбедно, подигнувајќи ја желбата на корисниците за „две октави“, најчесто погрешно се толкува. А кога желбата ќе се појави, довербата е оној понтон кон алтернативата кој треба постепено и упорно да се склопува. Масовната обнова на постоечките тротоарски патеки и желбата тие да се спојат во континуирани коридори, се основ за здрава велосипедска политика, но мантрата на рамноправност како амбиентален фон треба да спаси од застранување. Тенденцијата да им се даде дополнителен простор на велосипедите долж пешачката патека на бул. „Илинден“, може да ги радува
велосипедистите, но во својот основ содржи назаден манир на одземање од пешаците наместо од автомобилите! А тука онаа принципиелна мантра губи на смисла, бидејќи тротоарските вело-патеки поседуваат функционален лимит кој не може вештачки да се растегне. Изградбата на сепарирани артеријални патеки на релација периферија-центар, би можела да биде онаа неопходна „победа во осминафиналето“ на нашата велосипедска лига, обезбедена од можните прекопувања, градења и реконструкции. А безбедните вело-паркинзи „на секој чекор“, „форсаж“ на една навика која конечно ќе ја раскине повеќедецениската врска со обичниот, приземен куриозитет. n -крај на првиот дел-
29 aприл 2016
ПОРТА
51
eнергетика
ГАСИФИКАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (2)
Можни правци и начини на Дали прво ќе градиме магистрални гасоводи низ останатиот дел на државата и ќе користиме скапи комерцијални кредити, кои однапред е видливо дека нема да можат да се вратат од некаков профит што овие гасоводи треба да го создадат (а тоа не е возможно без доволно приклучени потрошувачи), или со изградба на сателитски станици (мајки и ќерки) и локални дистрибутивни мрежи кои за краток период стануваат профитабилни и самоодрживи, се прашања кои треба сериозно да се анализираат и кои заслужуваат одговор. Но, јасно е дека тоа во стратегијата за развој на енергетиката на РМ до 2020 година, со визија до 2030 година, не е доволно разгледано и дека во оваа област се пропуштени многу влијателни фактори.
Мирко СТОЈАНОВСКИ, дипл.маш.инж.
В
о минатиот број на „Порта 3“ напишавме дека ни треба стратегија за побрз развој и користење на природниот гас, а сега се осврнуваме на можните правци и начини на натамошниот развој. Предлагаме три сценарија. Првото е изградба на гасоводен систем на магистрални гасоводи на територијата на цела држава. Второто е Регионална гасификација и користење на КПГ,
52
ПОРТА
29 aприл 2016
и третото е локална гасификација со користење на ТПГ.
СЦЕНАРИО 1 Изградбата на магистрални гасоводи е скапа и бавна работа. Таа главно зависи од стратешките развојни планови на државата и средствата што за тоа може да се одделат. Проектот за реализација на ова сценарио е нарачан и е изработен. На неговата изработка, главно, работеа фирми кои не се од Македонија. Со овој проект се дефинирани трасите за околу 400 километри нови магистрални гасоводи. Проценета вредност за изработка на овие цевководи е околу 260
милиони евра. Кога ќе ги потрошиме овие пари, ќе дојдеме до сознание дека треба да потрошиме уште 130 милиони на дистрибутивни мрежи, па уште 70-80 милиони за адаптации на потрошувачите и дека дури тогаш ќе можеме да почнеме да го користиме гасот. Значи, не е доволно да се има магистрален гасовод за да се користи природниот гас, потребни се и дистрибутивни градски мрежи, потребни се и адаптации кај потрошувачите. Тоа значи дека изградбата на магистралните гасоводи во Република Македонија нема по автоматизам да ја реши нашата енергетска состојба. Тоа го докажува и досегашната
натамошен развој
eнергетика
делници од овој гасоводен систем и реалната можност за прекин на снабдувањето во одредени периоди, е вознемирувачки фактор за евентуалните корисници. Заради тоа, а и заради поголемата независност и флексибилност на системот, како и пазарната конкурентност на цената на гасот, во ова сценарио потребен е уште и бар еден „цврст“ договор за испорака на гас од некој друг гасоводен систем, на кој би се приклучиле и би обезбедиле алтернативен извор на природен гас. Непостоењето, во овој момент на ваков алтернативен приклучок, го прави целокупното димензионирање на магистралниот гасоводен систем во РМ доста апсурдно.
состојба, кога при постоење на магистрален цевковод за 15 години се користеа едвај 15% од неговиот проектиран капацитет, и тоа во време кога природниот гас е најевтино и еколошки најчисто гориво кое е присутно на нашата територија. Времето потребно да се изградат магистралните гасоводи и другите работи потребни за користење на гасот кај крајните потрошувачи, е исто така многу значаен факор. Во ситуација на необезбедени потрошувачи, кои би биле спремни веднаш по завршување на магистралните гасоводи да се приклучат на нив преку дистрибутивна мрежа, трошокот направен за магистрални гасоводи не е можно
да се врати, односно да се реализира профит од него. Исто така, доведувањето на гасот до изградените термоцентрали не е профитабилен процес, затоа што нивната адаптација и работењето со природен гас не е економично и енергетски оправдано (примерот со ТЕ-ТО Скопје доволно јасно го покажува ова). И на крајот едно од најважните прашања кога зборуваме за изградбата на магистралните гасоводи, е можноста за алтернативно напојување на гасоводниот систем на републикава. Сегашната приклученост кон еден систем (Гаспром), со сите можни реперкусии од влијанието на украинските
СЦЕНАРИО 2 Постоењето на проект за изградба на магистрални гасоводи е од извонредно значење за развој на гасоводниот систем, но тој треба да се сфати само како прв предуслов, во услови на планиран и остварлив брз стопански раст во одредени региони и обезбедени средства и интерес за него. Значи, тоа би било само дел од една поширока стратегија за планиран економски раст на одредени региони во РМ, а никако не би претставувал оджрлива стратегија на развој на гасоводното стопанство само по себе. Анализата на структурата на можните потрошувачи на природен гас во индустријата по одредени региони во државава, покажува дека постои многу голема нерамномерност во потрошувачката (особено зима-лето), а отежнувачка е и големата просторна расфрланост на истите. Во голем број, населените места низ државата и објектите од широката потрошувачка – домаќинствата се со слични карактеристики, поточно голема нерамномерност помеѓу зимскиот и летниот период и најголем дел градби до два ката. Кога за вакви региони, а тие се најголем дел во Македонија, ќе се направи економска анализа на оправдоност од изградба на гасоводни системи и поврзување на гасоводниот систем на РМ, секогаш се добиваат резултати кои покажуваат лоша стапка на поврат на ваквите инвеститции. Значи ли тоа дека овие региони треба да се остават без можност за користење на природен гас и без реални можности за забрзан развој и подигање на стандардот на живеење. Одговорот е секако НЕ! Кое е решението на овие спротивности? Примерот на Струмица го дава одговорот на ова прашење. Струмица е една од најразвиените општини во државава. >> 29 aприл 2016
ПОРТА
53
заштеди на енергија и скоро целосен поврат на инвестицијата во овие адаптации. Во наредниот период успешно се реализираше развој и изградба на градската гасоводна мрежа, со што отпочна и реализација на приклучување на домаќинствата, односно широката потрошувачка. Во тек е изработката на соодветна техничка документација и приклучување на индустриските потрошувачи во градот. Во текот на изминатите три години системот функционира одлично и континуирано, без никаков посериозен дефект. Што ни покажува овој пример: - Локална или регионална гасификација е можна и без претходна градба на магистрални гасоводи. - Предходно изведената регионална гасификација овозможува постепен, логичен и економичен развој на мрежата и потрошувачите, како и нивно преструктурирање и приспособување на Таа во однос на магистралната мрежа за природен гас во Македонија е на 200 километри оддалеченост. Имајќи предвид дека поврзување на националниот гасовод на Република Македонија не е опција во наредните години, единствено решение за гасификација на Струмица беше воспоставувањето на т.н. виртуелен гасовод (гасовод на тркала). Тоа подразбираше пронаоѓање на најблиска локација со пристап кон магистрален гасовод со природен гас, поставување на компресорска станица – мајка, за компримирање на ПГ во метални боци под притисок од 250 бари, негов камионски транспорт до градот, поточно до станицата за декомпресија – ќерка, каде се внесува во градската дистрибутивна мрежа со притисок од 4 бари, и се води до секој од потрошувачите што се поврзани во овој систем. Кон крајот на 2011 година беа изведени околу 13 километри дистрибутивни градски цевководи од НО 355 до НО 63. Опремата од декомпресиската станица - ќерка беше набавена и пуштена во работа. Набавени беа и потребните количини на боци за складирење и транспорт на КПГ. Целиот зафат чинеше околу два милиони евра. Се направи и адаптацијата на јавните установи и нивно приклучување кон градскиот гасоводен систем. Во првата година на користење на гасот се регистрирани огромни 54
ПОРТА
29 aприл 2016
eнергетика принципите на енергетска ефикасност. - Изградбата на регионалните гасификации се приспособува кон реалните можност на регионот и го скратува времето за воведување на гасот како исклучителен енергент (од енергетски, еколошки и економски аспект) и негово побрзо вклучување во развојот на регионот. - Виртуелните гасоводи (гасоводи на тркала) исто така овозможуваат голем дел од средствата што би се вложиле во магистралните гасоводи да се пренаменат за доизградба на авто патната и доста застарената постојна железничка инфраструктура, од што корист ќе има целото општество, а не само енергетскиот сектор. - На крајот, но не помалку важно, со регионалната гасификација преку виртуелни гасоводи се овозможува дефинирање на вистинските потреби на регионот и правилно димензионирање на магистралниот цевковод до секој ваков потрошувач, како и амортизацијата на овие цевководи да падне на терет на поголем број веќе преструктурирани и адаптирани потрошувачи. Вкупните трошоци со кои се овозможува целосно завршување и пуштање во работа на
наведениот систем во Струмица изнесуваат околу четири милиони евра.
СЦЕНАРИО 3 Ова сценарио е директно поврзано со можноста за набавка на ТПГ – течен природен гас. Разработката на ова сценарио беше актуелна до пред донесување на одлуката на Владата на Република Македонија за градење на магистрални гасоводи, но после донесувањето на таа одлука анализата на ова сценарио станува непотребна. Само како информација, вредно е да се одбележи дека во Македонија, поточно на локацијата од фабриката КНАУФ Радика во Дебар е изграден Склад за ТНГ со капацитет од 3 х 130 m3. Тој е ставен во употреба и моментално заради големиот пад на цента на ТНГ, кое е алтернативно гориво во фабриката, не работи. Цената на овој склад за ТПГ изнесува околу 900.000 евра. Сообраќајот е еден од најголемите загадувачи на животната средина во нашата држава. Ова е особено видливо во населените урбани средини во текот на зимскиот период. Воведувањето на КПГ или ТПГ како енергент во сообраќајот ќе придонесе за огромна супституција на течните горива, најпрво заради економскиот, а истовремено и заради
еколошките ефекти што ја пратат оваа замена. Огромен дел од тешкиот сообраќај (градежни машини, автобуси, ЈП, шлепери и транспортери) и такси претпријатијата ќе бидат главни корисници на КПГ/ТПГ. Истото се однесува и на влечните машини кај железничкиот превоз. За да се овозможи ова, потребно е покрај сегашните две-три изградени станици со КПГ да се изведат барем 20-30 комбинирани компресорско-пумпни станици за гасни и течни горива, што би ја внело Македонија во т.н. син коридор на ЕУ, што е пропратено со можности за добивање грантови и евтини кредити. Во услови на повеќегодишна стагнација на гасоводниот систем во Република Македонија, една од алтернативите за забрзан развој е и користењето на виртуелни гасоводи, односно КПГ или ТПГ. Распределбата на финансиските средства би се одвивала рационално и многу попрофитабилно, односно со многу побрз поврат на вложените средства. Гасот за многу пократко време ќе стаса до крајните корисници во целата држава, што ќе придонесе за побрз и поравномерен развој на целата територија и во секоја гранка на индустрискиот и општествениот сектор, како и кај домаќинствата и сообраќајот. Дали прво ќе градиме магистрални гасоводи низ останатиот дел на државата и ќе користиме скапи комерцијални кредити, кои однапред е видливо дека нема да можат да се вратат од некаков профит што овие гасоводи треба да го создадат (а тоа не е возможно без доволно приклучени потрошувачи), или со изградба на сателитски станици (мајки и ќерки) и локални дистрибутивни мрежи кои за краток период стануваат профитабилни и самоодрживи, се прашања кои треба сериозно да се анализираат и кои заслужуваат одговор. Но, јасно е дека тоа во стратегијата за развој на енергетиката на РМ до 2020 година, со визија до 2030 година, не е доволно разгледано и дека во оваа област се пропуштени многу влијателни фактори. n
29 aприл 2016
ПОРТА
55
eкологија
КАКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ЦЕЛОСЕН „НУЛА ОТПАД“?
Камикатсу – мал град со голема амбиција На почеток, граѓаните го селектирале отпадот во девет категории, а до денес овој број порасна на 34 различни категории за поделба и складирање на отпад. Досега стапката на рециклирање изнесува 80 проценти, што претставува највисока во светот. Марина ВЕРУШЕСКА
У
рбаните места најмногу се соочуваат со предизвици поврзани со животната средина, а воедно носат и обврска и потреба од иновативен пристап при решавање на проблемите. Секој заслужува да живее во
56
ПОРТА
29 aприл 2016
здрава животна средина, а за тоа е неопходно човекот да живее во хармонија со природата, постојано да изнајдува начини за подобрување на квалитетот на живот и да го редуцира своето влијание врз глобалната животна средина. Најблиску до овој начин на живот како можеби единствен начин за почиста иднина, е концептот на „нула отпад“. „Нула отпад“ е визија за одржлив животен стил
ослободен од отпад, без горење и депонии. Основите цели на овој концепт се: намалување на количината на отпад, повторна употреба и рециклирање. При управување со отпад да нема штетни емисии во земјата, атмосферата и водата, без отпад во животниот циклус на производите (превоз, потрошувачка, складирање) и без употреба на отровни материи во процесот на производство, како и во самите производи. Оваа практика на управување на отпад треба да се базира на секојдневниот живот, па затоа малиот град Камикатсу, во Јапонија, кој е предводник во „нула отпад“, е пример за најдобра практика. Целта на овој концепт е заштита на животната средина и заштита на животот и здравјето на луѓето. „Нула отпад“, значи рационално и одржливо користење на природни богатства, избегнување и максимално намалување на количеството на создадениот отпад, искористување на употребливите состојки од отпадот и одржлив развој со зачувување на природните ресурси. Во 2003 година, јапонскиот град Камикатсу изјави амбиција за третирање на отпадот според принципот на „нула отпад“. Оттогаш, жителите на ова место ја прифатија, и секојдневно ја применуваат најдобрата
eкологија
програма за рециклирање во светот. Денес, оваа заедница е на добар пат да елиминира цели сто проценти од својот отпад и да биде целосно ослободена од отпад. На почетокот на деведесеттите години на 20 век, овој град се соочувал со проблеми поврзани со отпад. Со отпадот се справувале со горење и носење во депонии, а со зголемената употреба на пластиката во домаќинствата, се зголемила и грижата за здравјето заради испуштањето на штетни отрови во воздухот. Токму тогаш, иницијативата „нула отпад“ го обележува својот старт, со цел да создаде одржлив животен стил. Оттогаш, отпадот за нив станува ресурс кој може да се искористи. На почеток, граѓаните го складирале отпадот во девет категории, а до денес овој број порасна на 34 различни категории за поделба и складирање на отпад. Денес не
можете да најдете камиони за ѓубре во овој град, бидејќи граѓаните самостојно го носат отпадот на место наменето за собирање и одделување на отпад и го делат според соодветните категории. Секоја кутија за складирање е означена според целта и намената, а покажува и информации каде ќе биде рециклиран тој отпад, во што ќе се претвори (повторно ќе се употреби) и колку ќе чини. Минатата година, граѓаните се обврзаа да постигнат целосен нула отпад до 2020 година (досега стапката на рециклирање изнесува 80 проценти, што претставува највисока во светот). Покрај зачувување на природната средина за идните генерации, градот понатаму има амбиција да ја подигне еколошката свест кај индивидуалците, да не произведува отпад за горење и ставање во депонија, со тоа што ќе се користи методот на
повторна употреба и модел на рециклирање, и ќе воспостви комуникација со заедниците ширум светот што ја делат истата свест и желба за почиста иднина. Градот има и продавница во која граѓаните можат да донесат предмет кој не го употребуваат и да земат од продавницата она што им се допаѓа – бесплатно. Во градот има фабрика каде што се прават чанти и облека од стари и носени алишта. Овие установи, како и Центарот за складирање на отпадот, се водени од локална непрофитна организација Zero Waste Academy. Исто така, значаен е и податокот дека сиот органски отпад, односно сè што е од природно потекло, е воден од страна на секое семејство каде се рециклира 100 проценти. Голем број од жителите на ова мало место, поседуваат сопствени фарми и користат сопствено природно ѓубриво, додека останатите купуваат локален компост. Главната поделба на отпадот е запалив и незапалив. Кога ќе се земе предвид ограничениот островски простор, прифатлив начин за исфрлање на отпадот е со палење. Благодарејќи на брзиот технолошки развој, денес Јапонија ја има најсигурната и најчиста технологија на палење на отпад во светот. Промена е можна, потребна е иницијатива, желба и акција, започувајќи од индивидуалната свест, преку граѓанска иницијатива и поддршка од властите до општествена свест за ова значајно прашање. Ганди рекол: „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“, а граѓаните на ова мало место, неговите зборови ги преточија во активно дејствување за промена, со што претставуваат инспирација за целиот свет. n
ПОРТА
саеми
55. SALONE INTERNAZIONALE DEL MOBILE, МИЛАНО 2016
Mилано останува главен И оваа како и секоја година, Саемот за мебел во Милано потполно беше рaспродаден. На 207.000 m2 нето изложбен простор и 2.310 изложувачи (30% од нив странски фирми) од 165 земји, 55. издание на саемот се одржа од 12 до 17 април на миланскиот Fairgrounds, Rho, и според организаторите, саемот го посетиле речиси пола милион гости од целиот свет.
М
подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
илано повторно ги понуди најновите дизајнерски трендови, производи и решенија во светот на ентериерот, потврдувајќи ја својата улога како главен град на дизајнот. Salone Satellite собра 650 дизајнери, потврдувајќи ја својата позиција како водечки форум за идеи, креативност и технологија за фирмите. Претседателот Roberto Snaidero изјави: „Педесет и петтото издание е голем меѓународен настан со широк распон на врвни бизнис понуди од најдобрите италијански фирми и странскиот пазар, во комбинација со пропратни настани. Интернационализација и иновација се клучни двигатели на ова значајно издание. Конкретно, фирмите што учествуваа на саемот потврдија дека 63% од приходот се должи на извоз, додека 67% од нив направиле значајни вложувања во иновации на машини, опрема и софтвер, истражување и развој, како
и во дизајн на нови производи на фирмата“. „Salone Internazionale del Mobile“ и „International Furnishing Accessories Exhibition“ со повеќе од 1.300 изложувачи на повеќе од 150.000 m2 беше поделен во две категории – „Classic Furnishing Accessories” и „Design Furnishing Accessories“. Започна и нова категорија, xLux во Павилјон 3. Многу од производителите ја прифатија таа нова типологија која претставува синтеза на двете категории. Тоа се линеарни производи украсени со детали. Тука се познатите модни имиња како Borbonese, Fendi, Ferre, Paul Mathieu, Roberto Cavalli, Laura Biagiotti, Ungaro и Versace, како и престижните светски брендови како што се Aston Martin, Ritz, Bentley, Tonino
Borbonese
ПОРТА
саеми
град на дизајнот
Laura Biagiotti Home
EuroCucina - ALNO
Lamborghini. EuroCucina, изложба која се одржува секоја втора година, беше со 120 изложувачи на повеќе од 23.000 m2 и ги претстави иновативните висококвалитетни кујнски производи, нагласувајќи ја побарувачката за функционалност. Неʼрѓосувачкиот челик и природниот камен посебно се нагласени. Технолошките иновации, енергетската ефикасност, едноставното користење и естетиката ги карактеризираат производите на изложбата во „ФТК“ (Технологија за кујни). Учествуваа 40 изложувачи на повеќе од 12.000 m2. Меѓународната изложба на бањи, со 200 изложувачи на повеќе од 19.000 м2, ги претстави потполно иновативните решенија за приспособување на домовите со wellness оази. 19. издание на SaloneSatellite се одржа на тема „Нови материјали, нов дизајн“, што беше чекор понапред во олеснување на врската помеѓу понудата и побарувачката, помеѓу предприемачите и дизајнерите, помеѓу креативноста и производството. На ова издание дизајнерите го претставија еден од двата проекти врзани за EuroCucina и меѓународната изложба на бањи. Мешањето на работата и културата е мисија на Саемот за мебел, Милано. Оваа година, во рамките на XX Triennale International Exhibition, отворена е изложбата „Rooms. Novel Living Concepts" во Palazzo dell'arte во Милано, која ќе трае до 12 септември. Изложбата е насочена кон поврзаноста на интериерот и визијата за живот на иднината. Овогодишното издание на саемот, исто така оддаде посебна почит на она што порано беше „актуелен“ дизајн. Изложбата „Before Design: Classic“ е одраз на класичната душа на современиот живот. Краткиот филм на познатиот режисер Матео Гороне раскажува за класичниот „Made in Italy“ вкус. Градски настан директно порзан со Саемот за мебел, беше
Од изложбата Before Design: Classic 29 aприл 2016
ПОРТА
59
Roberto Cavalli Home Collection1
Salone del Mobile - Swedish Design изложбата „Простор & интериери“ во организација на Made Expo. Во трговскиот центар Porta Nuova - Brera Dizajn Distrikt, презентирани се површини, подови, врати и материјали за интериери. Саемот за мебел ќе продолжи со доделување на наградите Salone Mobile.Milano Award. Престижното жири ќе додели награди за одредени категории, вклучувајќи: најдобар дизајнер, најдобар млад дизајнер, најдобар кујнски производ, најдобар производ во сферата на мебел, најдобар производ за бањи, најдобар приказ и класичен мебел. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 4 мај годинава. Конечно, тука е и новата комуникациска кампања која оддава 60
ПОРТА
29 aприл 2016
Oд изложбата за ентериерски додатоци - DIAMANTINI E DOMENICONI почит на културното и уметничко минато. Тоа е културно-уметнички досег кој се потпира на минатото, но се движи силно како потврда на идентитет, со вербална афирмација: Ако не сте таму, би требало да сте. Новата веб платформа (www.salonemilano.it) овозможува придружба на патот во обидот да се одржи постојан однос и дијалог – пред, за време и после самиот настан.
Иновативен материјал „Jesmonite“ Сè попопуларен во индустријата на дизајнот станува материјалот наречен „Jesmonite“, кој настанал со мешање на гипс и акрилна смола. Овој материјал првпат го употребиле уметницата Hilda
саеми на саемот, осум групи на дизајнери ги прикажаа производите што штедат простор.
The Copper Nim Table од материјалот Jesmonite од британското студио Pinch Hellström креирајќи инсталација за лондонскиот хотел „Ace“, и дизајнерката Ariane Prin за уникатната колекција на садови и вазни, мешајќи „Jesmonite“ и честички метал.
Коњче за лулање од дизајнерското студио NENDO
Дизајн за деца Студиото „Front“ ја претстави играчката на лулање „Furia“, која ја дизајнирале за компанијата „Gebrüder Thonet Vienna“, а својот дизајн за коњче на лулање од транспарентна пластика го претстави и студиото „Nendo”.
Маса Mew od Заха Хадид за производителот за мебел Sawaya&Moroni
Комода „Aquario“ - Barcelona Design
Мебел со обоено стакло Како продолжение на минатогодишниот тренд на мебел од транспарентно стакло, дизајнерите, меѓу кои е и Patricija Urkiola, преминуваат на употреба на обоено стакло. Комодата „Aquario“ со стакло во боја, која за шпанскиот бренд „BD Barcelona Design“ ја дизајнираше бразилското дуо „Campana Brothers“, е само еден од многуте производи со обоено стакло кои можеа да се видат во текот на Миланската недела на дизајн.
Последното парче мебел дизајниранo од Заха Хадид Италијанскиот производител на мебел Sawaya & Moroni, на саемот во Милано ја претстави масата Mew што ја дизајнираше неодамна починатата Заха Хадид. Масата Mew е последното парче мебел дизајнирано од неа. Иако се чини дека е составена од два дела, оваа маса од полиуретанска пластика, всушност е направена од едно парче. Масата е дизајнирана да изгледа како горната површина да се влева во ногарките, а може да се користи како биро или трпезариски стол, и може да се најде во три бои: црвена, бела и црна. n
Мебел кој штеди простор Со поскапување на становите во светот, сè попопуларни стануваат помалите и пофлексибилни станбени простори опремени со мултифункционален мебел, кој на најдобар начин го користи секој сантиметар од просторот. На изложбата „Another Perspektive 4“, која се одржува во рамки
Grid од Thomas Schnur Product Design
Oд изложбата за ентериерски додатоци - BITOSSI 29 aприл 2016
ПОРТА
61
најчудни градби
КИНЕЗИТЕ ПУШТИЈА УНИКАТЕН СТАКЛЕН МОСТ А ВЕЌЕ ПЛАНИРААТ И НОВ, ЧЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД ОВОЈ
Г
Драган РИСТОВ
о нарекуваат „Мост на храбрите мажи“. Се наоѓа на височина од 180 метри, во централната кинеска провинција Хунан. Но, тоа не е она што го прави мост за храбри, туку материјалот од кој е изработен. Имено, станува збор за стаклен мост кој се простира над стрмна клисура во Кина и е еден од серијата стаклени мостови кои оваа земја планира да ги промовира, не само како зафати кои решаваат проблеми на луѓето туку и како нови туристички дестинации. Оригинално, името на мостот на кинески е „Хаохан Киао“ (Haohan Qiao) и неговите творци велат дека тој е перфектно стабилен и безбеден, и дека наспроти храборста што се бара, сите кои ќе поминат преку него во националниот парк Шиниузаи нема да почувствуваат никакво загрозување на безбедноста. Имено, стаклениот мост се состои од стаклени панели, секој со дебелина од 24 милиметри или 25 пати посилни и поиздржливи од нормалното стакло. Службите што го одржуваат мостот велат дека тој може да издржи голем број туристи, па дури и ако тие скокаат на него. Една од причините за издржливоста не е само дебелото стакло на панелите по кои се оди, туку и челичните кабли кои се збогатени и со поголема густина од вообичаената, така што и да пукне некој од панелите, каблите ќе го држат стаклото и нема да има никаков проблем за пешаците на мостот. Овој мост претходно бил обичен дрвен мост во должина од над 100 метри и служел како важен сообраќаен премин за луѓето во паркот, имајќи предвид дека краевите на мостот се наоѓаат на две различни спротивни места кои се највисоки точки на гребените. Во 2014 година дел од мостот бил заменет со стаклени панели со цел да се испита како тој би функционирал и да се тестира безбедноста. 62
ПОРТА
29 aприл 2016
Откако резултатите биле охрабрувачки, во 2015 година била заменета целокупната структура на мостот, со стаклени панели и челични кабли и некаде на средината од 2015 година бил ставен во функција.
Интересно е што луѓето кои го преминуваат мостот имаат различни однесувања. Некои од нив се храбри како и самото име на мостот па без проблеми поминуваат преку стаклените панели, некои ползат а имало и примери на луѓе кои оделе со затворени очи водени од пријатели. Мостот стана и селфи атракција за туристите ! Сепак, овде не е крајот на кинеските власти од провинцијата Хунан за промоција на стаклени мостови. Се очекува до крајот на годината да биде пуштен уште еден стаклен мост, многу поголем од овој. Станува збор за мост кој ќе се простира над клисурата Џанзијанџи на околу 300 километри од актулениот мост, ќе биде долг 430 метри и на речиси двојна височина од над 300 метри. Статистиката вели дека по конструкцијата ова ќе биде најдолгиот пешачки стаклен мост на светот. n 29 aприл 2016
ПОРТА
63
ПОРТА
ПОРТА
хортикултура
Креирање на цветна градина како развоен процес
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.
К
реирањето на совршена градина претставува долг развоен процес. Работата во градината понекогаш не дозволува исклучоци, а комплетната слика го прикажува карактерот на градинарот. Градината претставува жив организам кој постојано расте, развива и менува. Затоа грижата за растенијата во неа е многу важна, за што не е неопходно само да се познаваат видовите, туку и да им се посвети големо внимание. Ова особено важи за цветните градини, каде што потребата од внимание и обврските за задоволување на овие растенија во текот на сите сезони е многу големо. Покрај сезонските цвеќиња кои ги купуваме во текот на пролетта и есента, има голем број на перени кои со своите цветови можат да создадат неповторлива слика во градината. Периодот за садење на овие растенија е зависно од видот. Повеќето од перените што цветаат во пролет, како лалињата и многу други, се сеат кон крајот на септември. Понежните видови на перени како далија, гладиоли и слично се сеат кон крајот на пролетта, со цел да се избегне појавата на студена ноќна роса која им штети на овие видови. Длабочината на садење, исто така, е еден од предусловите за здрави растенија. Во практика,
66
ПОРТА
29 aприл 2016
најприменуван и најпрепорачлив начин на садење е на длабочина еднаква на височината на кртолата, луковицата или семето. Во поглед на местоположбата, треба да се има на ум дека поголемиот дел перени кај нас имаат потреба од сончеви месторастења. Исто така, треба да се
внимава да не се садат кревки и високи видови на ветровити места, затоа што многу често се случува да бидат оштетени. За постигнување на максимален ефект во ваквиот тип на основно правило, е растенијата да не се садат или сеат на еднакво растојание едно од друго, во спротивно целиот план за креирање опуштена градина би пропаднал во вода. Целта на ваквото садење на различно растојание помеѓу перените, е да се постигне природен микс на цветови и бои, а целокупната слика да изгледа како да е создадена од самата природа, и за сиот потребен труд да се постигне тој ефект, би го сфатиле само вистинските градинари. Голем број перени кои цветаат преку целото лето се одлични за креирање на цветни бордури. Бордурите може да се подигнуваат покрај патеки, плоштадки, вдолж оградите, објектите и слично. Тие се садат, најчесто, во неколку реда од различни видови перени, така што треба да се внимава на големината на листовите и обемот на цветање, но пред сè на максималната височина која ја достигнува конкретниот вид, за да не дојде до затскривање на оние перени кои се засадени во последните редови од бордурата. Оние видови што формираат густа лисна маса и обилно цветаат, може да бидат засадени поединечно, за разлика од оние видови што
имаат ситни ливчиња и цветови. За таа цел најдобро е ваквите перени да се садат во групации кои би покривале поголеми површини (пр. 1М2) со цел да го постигнат саканиот ефект. Зимзелените видови се повеќе од потребни во текот на зимскиот период кога перените во целост ќе се исушат. Во зима бордурите не се повеќе силно обоени и атрактивни како преку вегетацискиот период на перените, па затоа е препорачливо да се користат и видови кои презимуваат. Бамбусот претставува еден од зимзелените видови кои одлично би се вклопил во бордурите, а преку зимата може да претставува основа околу која би се формирале перените наредната година. Исто така, декоративните треви изгледаат фантастично до доцна во зимата, сè додека не дојде периодот кога треба да се пресечат до тлото на почвата. n
ПОРТА
репортажа
Првото нешто што човек ќе го забележи е и последното нешто што ќе го запамети за Хонг Конг. Неговата вертикалност. Фотографиите и останатиот материјал што дигитално и печатено стојат на располагање, неправедно ја пренесуваат сликата за градот.
ХОНГ КОНГ
В Е Р Т И К А Л Е Н Г Р А Д
ПОРТА
еден сосема друг контекст
репортажа м-р Иван МИРКОВСКИ, дипл.инж.арх.
К
онечно ги доживеав зборовите на Артуро Сориа и Мата, шпанскиот урбанист од средината на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век: „Не е битна дистанцата, туку времето за кое таа дистанца ќе ја поминеш“. Глобалните конекции денес совладуваат не само дистанци, туку газат преку контексти, ја зашеметуваат перцепцијата и ја искривуваат реалноста. Сликата за градот се претвори во далечна
меморија која под дебелиот слој на прав не го спознава повеќе топосот; градот се трансформира во приказна која, колку и да ти е позната, секогаш можеш повторно да ја прочиташ. На патот кон југоисточна Азија контекстите се променија многу бргу. Првата дестинација беше Истанбул каде отседнавме 11 часа; само еден ден пред бомбашките напади на Таксим. Tокму таму решивме да поминеме поголем дел од времето. Во мислите се спремавме за нашата прва средба со еден од најгусто населените градови на планетата: една од областите што лежи на копнениот дел од Хонг Конг, на полуостровот Коулун (Kowloon), се нарекува Монг Кок и има густина од 130.000 жители на
стрмоглавата топографија, дивото зеленило и преплетот помеѓу плаветнилото на Јужното Кинеско Море и комплексната географија на малите острови и живописното копно. Градот наликува на фасцинантна милонга во која танцуваат Рио, Њујорк и Токио. Градот се раѓа помеѓу густата џунгла за повторно таму да изчезне, напојувајќи се од неа со духовност и некој суптилен мистицизам. Корените на Хонг Конг се видливи, ги прекриваат фундаментите на градот, растат од нив, растат во нив, креираат безброј испреплетени приказни кои се полни со меморија. Во општиот „mayhem“ каде главните протагонисти се изградената градска структура и природно израснатата структура, која од која поурбана, се
километар квадратен. Гинисовата книга на рекорди ја прогласи таа област како најгуста на планетата Земја. Во малото кафуле близу Таксим во Истанбул, во очекување на нашиот лет, оддалечени само 200 метри од азискиот континент, ментално се подготвувавме за нашето физичко соочување и повторното менување на контекстот. Четири часа по прелетување над Тибетската висорамнина и белите куполи на врвовите на Светот, нашиот авион слета на аеродромот Чеп Ла Ког, Хонг Конг, во 17 часот по локално време. Првото нешто што човек ќе го забележи е и последното нешто што ќе го запамети за Хонг Конг. Неговата вертикалност. Фотографиите и останатиот материјал што дигитално и печатено стојат на располагање, неправедно ја пренесуваат сликата за градот. Тој е создаден врз изохипсите на
претопуваат концептите за функционалност. Зеленилото и целата природа создаваат соигра помеѓу физичкото и духовното. Островот Хонг Конг, еден од најгустите и најинтересните делови од градската структура, топографски ја оформува градската виста со својата висинска разлика од околу 500 метри над морската површина. Во своето подножје распостелени ги откриваме квартовите како што се Централ и Ван Чаи, каде што се изградени фасцинантните висококатници од познатиот Хонг Конг скај-лајн. Тргнувајќи пеш од Централ, уличниот профил се стеснува и станува сè поинтересен, отворени кафе барови со шанкови кои излегуваат директно на улица, суши барови, па се до ултра луксузни монобренд продавници. Градот започнува со своето искачување веднаш зад аголот на улицата Queen's број 100, каде >> 29 aприл 2016
ПОРТА
69
што неочекувано навлегуваме во јавен систем на ескалатори, наречени mid-levels escalators, кои со своите 20 ескалатори и три подвижни ленти ни дозволуваат да совладаме 150 метри висинска разлика. Движењето низ овој систем е вистинска урбанистичка екскурзија, на повеќе места се отвораат излези кои формираат мали јавни простори или пак влезови кон јавни или приватни објекти. Качувајќи се кон највисоката точка со овој јавен транспортен систем, градот го открива сето свое богатство. Од највисоката точка, наместо јавен траспорт, по испреплетените пешачки патеки стигнавме до градската ботаничка градина која е поставена на висока тераса и е дом на огромен број врсти флора. Градината, суптилно имплантирана во градската матрица, служи и како мини траспортен хаб, кој за многу кратко време нè пренесе на друг дел на градот. Градот е полн со контрадикции, со градска густина од 22.193 луѓе на км2 со која се приближува на Мумбаи, БДП $45.090 во 2010 година, вредност слична на онаа на Лондон и Њујорк, процент на криминална стапка слична на онаа на Цирих, а седум пати помала од онаа на Њујорк (0,7 убиства на 100.000 луѓе годишно) креира сценографија која Богдан Богданович би 70
ПОРТА
29 aприл 2016
можел слободно да ја толкува во својот „Мал Урбанизам“, а Ле Корбизје да влече инспирација за Ville Radieuse... 香港 како што на кинески се нарекува Хонг Конг, а во буквален превод значи „опојно пристаниште“ (fragrant harbor), се наоѓа на вливот на Бисерната Река (Pearl River) во Јужното Кинеско Море. Својата северна граница ја дели со Република Кина со нејзината провинцијата Гуангдонг. Хонг Конг, САР, Кина, е автономна територија со системот наречен „една држава, два система“. До 1980 година Хонг Конг бил британска колонија. По преговорите помеѓу Велика Британија и
Република Кина се постигнува заемна декларација која на 30 јуни 1997 година ја прогласува територијата за суверена, односно како специјален административен регион. Истиот принцип го ужива и Макао, кој се наоѓа веднаш западно. Хонг Конг е еден од трите најголеми финансиски центри во светот, заедно со Њујорк и Лондон, а важи за број еден туристичка дестинација. Лимитираното земјиште за градење и инфраструктура го создава градот како водечки центар за модерна архитектура, кој поседува најголем број висококатници во светот, според проверени извори 7.681 објекти, односно 380
објекти повисоки од 150 метри и со тоа на прво место пред Њујорк (236 објекти) и Токио (139 објекти). Во тој контекст, градот го поседува најспектакуларниот хоризонт (skyline), со најсилна визуелена импресија; погледот кон пристаништето Викторија, островот Хонг Конг, препознатлив насекаде. Триесет и шест од стоте највисоки згради во светот се наоѓаат во Хонг Конг, додека фактот што најмногу луѓе, во еден град, кои живеат над четиринаесеттиот кат се наоѓаат токму таму, со цело право му се доделува приматот највертикалниот град на светот. >>
ПОРТА
АРТ БАЗЕЛ Приказната за овој величенствен конгломерат од природа, густа изграденост, културолошки диверзитети, фантастична ифраструктура и спој помеѓу ориентот и окцидентот нема да биде целовита ако не се спомне Art Basel. Најголемата саемска манифестација која ја слави современата уметност и еднаш годишно, во Азија, токму во Хонг Конг ги собира најголемите галериски имиња на едно место. Настанот трае пет дена, а нашата одлично скроена агенда беше спонтано приспособена за да не го пропушти. Во Заливот Викторија, во Хонгконгшкиот центар за конвенции и изложби, на два ката во две огромни сали, Арт Базел беше критична точка на уметноста во целиот свет. Најголемите колекционери и имиња од критиката беа присутни со цел да се направи резиме на светската уметничка сцена. Помеѓу големите беше забележан Роман Абрамович, како и оскаровецот Леонардо Ди Каприо кој во сенка, со капа и скриено лице внимателно ги разгледуваше експонатите. Галеријата Давид Цвирнер (David Zwirner) објави за Форбс дека ги распродаде сите уметнички дела со кои се претстави на јавноста на овогодишниот Арт Базел ХК, меѓу кои пет слики од Михаел Бореманс со цена од 250.000 до 1,6 милиони долари. Галеријата Гагосијан која од пред две години отвори своја бранша во Хонг Конг, вечерта пред Арт Базел, отвори изложба, прва од овој тип, на Жан Мишел Баскијат а на својот штанд претстави дела од Џеф Кунс: 72
ПОРТА
29 aприл 2016
anish kapoor lisson gallery
jean michel basquiat
две нови дела со наслов „Gazing Balls“. Со своето дело „Stellar Green Pearl“ од 2014 година големо изненадување ни приреди британско индискиот автор Аниш Капур, како и делата на јапонскиот современ автор Такаши Мураками, Британецот Демјан Хирст, Кит Харинг, Роберт Раушенберг, Аи Веивеи и многу други. На повеќе штандови можеше да се најдат дела од Енди Ворхол, принтови, како и туш на платно, па дури и голем формат масло на платно, заедничка слика на Енди Ворхол со Жан Мишел Баскијат со наслов „Stomach“ со цена од 1,9 милиони долари. Галеријата Ричард Греј се претстави со фантастични дела од шпанскиот вајар Хауме Пленса од Барселона, имено делото „Ана Б во сино“ извајано во базалт со височина од 2,1 метри имаше одличен одзив од публиката. „Скулптурата не зборува само за волуменот, зборува за нешто внатрешно во нас самите, кое без скулптура не може да се опише“, авторот се обиде со зборови да ги долови своите дела. Галеријата Бен Браун нè фасцинираше со дело од швајцарскиот уметник Нот Витал и неговата скулптура Head Nr.3 која се продаде за 150.000 британски фунти веднаш по завршување на Арт Базел. Во турканицата од посетители, во потрага до повеќе информација, се туркавме со новинари од Форбс, Вог, Њујорк Тајмс, Обзервер и за миг контекстот повторно се промени. Овој настан нè понесе низ интернационалниот свет на современата уметност, и ни откри еден сосема друг
рубрика Jaume Plensa Anna B in blue
Not Vital - Head Nr3 аспект. Вертикалниот град беше точка на вриење во уметничките води. Откако се вративме од Хонг Конг, повторно ги препрочитувам списите и базите на податоци преку кои се обидов да го запознаам градот пред патувањето натаму. И повторно ги примам тие информации како за еден град кој никогаш порано го немам доживеано. Со градот секогаш можеш повторно да се запознаеш, повторно да се заљубиш... Се прашувам дали се работи за глобална амнезија која сликите за градовите во нашиот ум ги преплетува во некој дистописки или технократски колаж, налик на оној на Фриц Ланг. Во Хонг Конг бевме и никогаш не бевме. n
Тakashi Мurakami
Дел од презентирањето на престижната галерија „Гагосијан“ од Њујорк
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА