ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
244 MAJ 2016
Bike sharing: Повеќе почеток отколку промена Од барок до модерна архитектура и технолошки парк Автопатска делница Кичево – Охрид: Значајна врска за поврзување на Јадранот и Црно Море
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 244 ПЕТОК 27.5.2016 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Иако Република Македонија по територија е мала држава, во моментот во неа се изведуваат неколку капитални проекти во инфраструктурата. Еден од нив е делот од патниот коридор К-8, од граница со Бугарија (г.п. Деве Баир) до граница со Република Албанија, односно делницата Кичево – Требениште – Струга – граница со Албанија (премин Ќафасан ) и со кракот од Подмоље до Охрид. Ова е значајна врска која, кога ќе се докомплетира, ќе овозможи поврзување на Бургас – Софија – Деве Баир – Скопје - Охрид – Ќафасан - Тирана – Драч – Јадранско Море со Бриндизи (Италија). Вкупната должина за изведба на оваа делница е 56,707 километри. Изработениот проект предвидува изведба на две коловозни ленти и една помошна лента за застанување за секој правец и зелен средишен појас. Долж автопатот ќе има 22 мостови вијадукти, седум армирано-бетонски мостови, шест надвозници и 13 подвозници. Еден од најзначајните инфраструктурни објекти кој треба да се реализира е тунелот Пресека. Во претходниот број на „Порта 3“ беше претставен Bike-sharing концептот. Овој пат повеќе зборови за тој концепт кај нас. И
со една порака: за продолжениот живот на bike-sharing системот, упорноста на локалната самоуправа и технолошката надградба се поважни од почетниот интерес на корисниците. А стартната оперативна форма и деловниот концепт за негово долгорочно стопанисување, мора да се производ на јасна претстава која ќе биде транскрипт на сериозноста на целокупната намера. Страниците на „Порта 3“ во наредните броеви ќе бидат отворени за серија написи посветени на пасивното користење на сончевата енергија во архитектурата. Колку и да се пишува за тоа, се чини дека оваа област е неисцрпна. Станува збор за текстови-извадоци од книгата на д-р Петар Николовски, посветени токму на таа тема. Во овој број ви го претставуваме и Техничкиот универзитет Виена. Растејќи и развивајќи се низ период од два века, зградите од Универзитетскиот комплекс го носат со себе обележјето на времето во кое се градени. Од раскошниот барок на зградата на ректоратот до модерната архитектура со концептот на „паметни згради“ на најновите зданија. Сето тоа во една единствена целина.
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: АВТОПАТСКА ДЕЛНИЦА КИЧЕВО – ОХРИД
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
244 MAJ 2016
Bike sharing: Повеќе почеток отколку промена Од барок до модерна архитектура и технолошки парк Автопатска делница Кичево – Охрид: Значајна врска за поврзување на Јадранот и Црно Море
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ
лектор: Костадинка СОЛЕВА
ФОТО: ДОКУМЕНТАЦИЈА НА „ГРАНИТ“ - СКОПЈЕ
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
ОД РЕДАКЦИЈАТА
ИНФО 06 БИМАС 2016: РЕЦИКЛИРАНА АРХИТЕКТУРА
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
ГРАДЕЖНИШТВО 10 ЗНАЧАЈНА ВРСКА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ЈАДРАНОТ И ЦРНО МОРЕ
АРХИТЕКТУРА 18 АРХИТЕКТУРА ОД ВРЕМЕТО ВО КОЕ ЖИВЕЕМЕ
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
46
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
18
ЕКСПЕРТ 26 ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЗДРАВИ НОВИ ГРАДОВИ ВО АНГЛИЈА
Печати: Маркетинг:
УРБАНИЗАМ 29 ЕДНИ СЕ ЗАМИСЛУВААТ КАКО БЕЗДОМНИЦИ, ДРУГИ СЕ НАДЕВААТ НА ПРОФИТ
26
ЕНТЕРИЕР 34 АРХИТЕКТОНСКИ ИЗЛОГ ЗА СОВРЕМЕН НАКИТ
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
22
ЕНЕРЕГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 46 ОД БАРОК ДО МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА И ТЕХНОЛОШКИ ПАРК
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
РЕПОРТАЖА 58 МОНТРЕАЛ - КУЛТУРНА ПРЕСТОЛНИНА НА КАНАДА (1)
64
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
18. БИЕНАЛЕ НА МАКЕДОНСКАТА АРХИТЕКТУРА
Рециклирана архитектура
В
о Музејот на Град Скопје во тек е 18. Биенале на македонската архитектура, БИМАС 2016, традиционална изложба на дела продуцирани од страна на македонските архитектонски автори во изминативе две години, коешто оваа година се одвива на темата „Рециклирана архитектура“. Биеналето ќе трае до 31 мај, кога ќе се одржи и свеченото доделување на наградите, а беше отворено на 17 мај. На БИМАС 2016 не беше изложен ниту еден проект од „Скопје 2014“. Во текот на двете недели, колку што трае Биеналето, на различни локации во Скопје, се организираа и ќе се организираат, предавања и дискусии на домашни архитекти, но и на гости од странство, меѓу кои најголемо внимание досега привлече, секако, предавањето на хрватскиот критичар на архитектурата Мароје Мрдуљаш. Биеналето го отворија претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ и директорот на Музејот на Град Скопје Љубен Тевдовски. Во своето обраќање пред присутните, селекторот на БИМАС 2016, архитектот Александар Радевски, истакна дека на овогодишното Биенале на македонската архитектура биле селектирани 86 трудови кои се распределени во пет категории. Според Радевски, темата „Рециклирана архитектура“ е длабоко промислена и e од суштинско значење за периодот во кој се наоѓа архитектурата денес. „Архитектурата е постојано во состојба на реобмислување и ревреднување на нејзината есенцијална и егзистенцијална состојба. Да се размислува за „рециклирана архитектура“, значи да се дојде во состојба на свесност за постоењето на прави вредности и критериуми. Во состојба на огромна градежна експанзија, каде градењето претставува состојба на масовност, заборавањето, потиснувањето или запоставувањето на објектите, кои од различни причини ги надминуваат можностите на современото време, е
6
ПОРТА
27 мај 2016
можност и право време за реобмислување и ревреднување на истите“, смета селекторот Радевски. Претседателот на организацискиот одбор на БИМАС 2016, архитектот Бојан Каранаков, истакна дека Биеналето има за цел да ги отвори прашањата за стратегиите за справување со оваа состојба. Односно, дали „рециклирањето“ на оваа архитектура преку нејзина креативна пренамена и приспособување е соодветен одговор на поставените прашања? Или дали за старите анахрони комплекси треба да се понудат сценарија преку кои може да им се помогне да бидат реактивирани и реинтегрирани во градското ткиво, а со тоа да го регенерираат или, можеби, рушењето и почнувањето одново е поисплатливо и помалку обврзувачко? Претседателката на ААМ, архитект Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, во своето обраќање потенцираше дека архитектите имаат обврска да укажат на недостаток на интерес за напуштените објекти, занемарување и неодржување на објекти значајни за архитектонското творештво, на негрижата за културното наследство и, згора на сѐ, на рефасадирањето на значајни архитектонски дела. „Тешко е да се влијае на тоа, но имаме одговорност да најдеме начин, а и да допреме до колективната свест. Повеќе од јасно е дека постои недостаток на интерес за зачувување, обнова, а уште повеќе недостаток на интерес за пренаменување, вдахнување нов живот и концепт на објектот“, истакна Раѓеновиќ-Јовановиќ.
инфо
Во Музеј на град Скопје, во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Архитектонската Академија (АА), се одржа свеченост по повод примањето на архитект Георги Константиновски во МАНУ како почесен член. Асоцијацијата на архитекти на Македонија му врачи благодарница за целиот негов вложен труд. Архитектот Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ во своето обраќање, по тој повод, посочи дека Константиновски е еден од оние професори кои оставиле огромна трага во нејзиниот живот и во начинот на размислување како архитект, но и како човек. Според Раѓеновиќ-Јовановиќ, членувањето на Георги Константиновски во МАНУ е најубавото нешто што ѝ се случило на архитектурата кај нас во последните децении. Од името на Архитектонската академија при ААМ, на свеченоста свое
обраќање имаше претседателката Вера Ќосевска. Архитектот Ќосевска истакна дека за ликот и творештвото на Георги Константиновски е пишувано многу. Според Ќосевска, нема ништо подобро да се каже за ликот и делото на Константиновски и неговиот однос кон архитектурата од неговите мисли и зборови, а тоа е „архитектурата е симфонија во просторот, која треба да го исполнува окото, душата и срцето“. На крајот, свое емотивно и кратко излагање имаше и Георги Константиновски, кој им се заблагодари на присутните, особено на своите студенти од сите генерации на кои им предавал, и ги повика колегите од професионалната фела да се зачленат во Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), се со цел да се подигне нивото и квалитетот на асоцијацијата.
Во чест на Георги Константиновски
БИСТА 2016 во „Мала станица“
Во објектот Мала станица при Националната галерија на Македонија, се отвори веќе традиционалната изложба БИСТА 2016 - Биенале на студентите по архитектура. На оваа изложба на архитектонски проекти се претставија студентите од факултетите по архитектура во државата, како што се Победничкиот постер за Архитектонскиот факултет при БИСТА 2016 УКИМ, Факултетот за архитектура и дизајн на Американ колеџ, од државниот Тетовски универзитет и од Факултетот за архитектура на МИТ Универзитет. Изложбата ја отвори претседателот на организацискиот одбор на БИМАС 2016, архитектот Бојан Каранаков, кој меѓу другото истакна дека за настанот БИСТА 2016 бил распишан анонимен студентски конкурс за графичко решение на официјален постер, на којшто учествувале студентите од факултетите присутни на изложбата. Биле пријавени 29 автори со 32 графички решенија, а првонаградениот труд е на студентите Илија Мирчески и Синиша Павловски, вториот е на Маријана Ковачки, додека третата награда ѝ припадна на студентката Срна Спанџева. 27 мај 2016
ПОРТА
7
инфо
Архитектурата како верба дека општеството може да се планира Во рамките на БИМАС 2016, во амфитеатарот на архитектонскиот факултет, на 20 мај беше одржано предавање од страна на познатиот хрватскиот архитект, критичар и писател на книги за архитектурата, Мароје Мрдуљаш. Предавањето беше насловено „Модернизација отворени системи и трансформации“. Веднаш на самиот почеток од предавањето, тој изрази поддршка за борбата на архитектите за сето она што се случува со и околу проектот „Скопје 2014“. Самиот тој, изјави дека како мало дете бил во Македонија и во Охрид кој му останал во убави спомени, за во 2008 година повторно да дојде во Македонија. Тогаш Скопје му изгледал сосема поинаков град од ова денешново Скопје. Мрдуљаш зборуваше за трансформациските промени, на објектите и градовите, за модерната архитектура и нејзините можности да ги
прифати трансформациите на современиот живот, зборуваше за објекти од нашата поранешна држава и нивната трансформација денес.
Трансформација на индустрискиот простор во Скопје Во саботата на 21 мај, БИМАС 2016 организираше особено интересен, интерактивен настан „Рециклиран град“, проект на архитектонско–уметнички интервенции на група македонски архитекти, кој посочи на конкретни објекти или локации, кои или се пренаменети или имаат потенцијал да бидат пренаменети. Настанот беше во форма на автобуска тура која ги обиколи локациите и финишираше со предавање на професор Горан Мицковски од Архитектонскиот факултет на темa „Трансформација на индустрискиот простор во Скопје“.
8
ПОРТА
27 мај 2016
инфо
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПРОЕКТ „КАПРАНИКА“
Автономија и територија Студентите на последипломските студии од факултетите за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ колеџ Скопје и на Техничкиот универзитет во Виена, вклучени се во работата на заеднички проект од областа на урбанизмот во трета земја, во овој случај Италија во местото Капраника
В
о текот на пролетниот семестар во академската 2015/2016 година, студентите на последипломските студии од факултетите за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ колеџ - Скопје и на Техничкиот универзитет во Виена, вклучени се во работата на заеднички проект од областа на урбанизмот во трета земја, во овој случај Италија во местото Капраника. Раководители на проектот се асистент Максим Наумовски од ФАД - Сkопје, и Елена Ромањоли од ТУ Виена. На работилницата присуствуваа и професорите Кристоф Лусингер и Ерих Рајт од Виена и Мишко Ралев од Скопје. Наставниот план и програмa предвидува дел од работата да се изведе и на конкретната локација. Токму затоа, во првата половина на април оваа година се одржа работилница во Италија. Интернационалниот тим најнапред престојуваше во Рим, каде што ги посети значајните архитектонски градби и урбани единици изградени и реализирани помеѓу двете светски војни, како и неколку послевоени населби и објекти. Исто така, тимот престојуваше во градот Капраника (Capranica), на 50 километри од Рим. Капраника отсекогаш имал важна позиција во поширокиот регион на мрежата населби. Предмет на истражување беше територијалната организација во која инфраструктурната арматура, топографијата, пејзажот, агрикултурата и типологијата, имаат директен ефект врз формирањето на градот. Студентите ја опсервираа територијата на Капраника како артикулирана историски дефинирана социјална конструкција, испитувајќи го начинот на кој таа е организирана. Тие беа поделени во групи и на секоја од нив ѝ беше доделена специфична задача, за која требаше да продуцираат цртежи, мапи, дијаграми за прецизно да ја објаснат територијалната логика. На крајот од работилницата, во просториите на Собранието на
општината Капраника, се одржа завршната презентација на работилницата, на која присуствуваше и градоначалникот, градскиот архитект и неколку општински службеници. Проектот продолжува да се доработува во Виена и во Скопје, а во текот на јуни се планира изложба на сработеното и издавање на заедничка публикација на двата факултети. Само да напоменеме дека ова е втор интернационален проект на ФАД при УАКС. Првиот се одржа во 2013 година во соработка со Архитектонскиот факултет од Гази Универзитетот од Анкара, Турција. Тогаш се работеше во регионот на Кападокија. n ФАД при УАКС
27 мај 2016
ПОРТА
9
градежништво
АВТОПАТСКА ДЕЛНИЦА КИЧЕВО – ОХРИД
Значајна врска за поврзување
Изработениот проект предвидува изведба на две коловозни ленти и една помошна лента за застанување за секој правец и зелен средишен појас. Долж автопатот ќе има 22 мостови вијадукти, седум армирано-бетонски мостови, шест надвозници и 13 подвозници. Еден од најзначајните инфраструктурни објекти кој треба да се реализира е тунелот Пресека. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ, дипл.град.инж.
О
пшто е познато дека добро осмислените инвестициони проекти во градежништвото и енергетиката се основа за развој на општеството, но за да се дојде до нивна реализација е потребно комплексно повеќеслојно планирање и преземање на многубројни активности од стратешки, техничко-економски, социјален и друг аспект во тек на долг временски 10
ПОРТА
27 мај 2016
период. Интересно е што, иако Република Македонија по територија е мала држава, во моментот се во изведба поголем број големи капитални проекти во инфраструктурата. Таков е и случајот со делот од патниот коридор К-8 од граница со Бугарија (г.п. Деве Баир) до граница со Република Албанија, односно делницата Кичево – Требениште – Струга – гр. со Албанија (г.п. Ќафасан ) и со кракот од Подмоље до Охрид. Ова е значајна врска која, кога ќе се докомплетира, ќе овозможи поврзување на Бургас – Софија – Деве Баир – Скопје Охрид – Ќафасан - Тирана – Драч –
Јадранско Море со Бриндизи (Италија). Коридорот К-8 претставува и главен патен правец во патната мрежa на Република Македонија и обезбедува сообраќајна комункација од меѓународно значење. Во патната мрежа на државава, според поранешната ознака е магистрален пат со меѓународно значење означен како М2 и М4/Е65. Според новата ознака е категоризиран како автопат со ознака А2. Техничката документација за автопатското решение Кичево - Охрид, поточно автопат А2, делница Кичево - Требеништа крстосница Подмоље - Охрид, е изработена во пет одделни секции и тоа:
градежништво
на Јадранот и Црно Море
СЕКЦИЈА КИЧЕВО – ПОДВИС Делницата Кичево - Подвис се надоврзува на претходно изготвениот и прифатениот Главен проект Букојчани - Кичево. Почетокот на делницата е во непосредна близина на градот Кичево и завршува до селото Подвис. Според експлоатационите карактеристики, режимот и видот на сообраќајот на оваа делница, таа се третира како автопат. Класата на теренот може да се карактеризира како ритчесто планински терен. Генезата на современиот релјеф на делницата Кичево - Подвис од патниот коридор К - 8, се должи на доцно алпската етапа кога територијата на Западна Македонија била зафатена со орогени процеси и интензивна деструкција, кои се изразиле во формирање на современиот релјеф. Делницата Кичево - Подвис од патниот коридор К - 8, се наоѓа помеѓу планините Дрен, Бистра и Илинска Планина. Во морфолошка смисла трасата ќе се пробие во терен кој е преставен со доминантен ридско-планински релјеф, со најниска кота на теренот од 660 метри надморска височина (мнв) и највисока кота на теренот од 852 мнв. Во зоната на обиколка на Кичево, трасата оди погоре од претходната, со што се избегнува автопатот >> 27 мај 2016
ПОРТА
11
градежништво
да поминува низ населено место на делницата. За нивелетското решение на трасата е водено посебно сметка, бидејќи трасата поминува низ исклучително тешка природна конфигурација. Трасата се карактеризира со голема испресеченост на суводолици, водотеци и голема стрмност на косините на теренот. При ваква конфигурација на теренот е тешко да се постигне оптимално нивелетско решение, бидејќи со мало поместување, распадно се зголемува ископот односно насипот на патот.
СЕКЦИЈА ПОДВИС –ПРЕСЕКА Делницата Подвис - Пресека се надоврзува на претходно изготвениот главен проект Кичево - Подвис. Почетотокот на делницата е во атарот на Подвис и завршува зад тунелот Пресека. Со претходната документација е извршен избор на оптималната варијанта, одредена е точна микролокација на трасата на автопатот, одредена е генерална нивелета во однос на теренот. Хоризонтално и вертикално е усогласена со претходната делница. Граници на истражувањето на дадената делница ја опфаќа широката просторна целина од двете страни на автопатот на растојание од околу 1.000 метри од Подвис - Пресека. Класата на теренот може да се карактеризира како ритчесто-планински терен. Планинскиот превој Пресека претставува природна вододелница. Генерално гледано, автопатот во оваа делница од почетокот се 12
ПОРТА
27 мај 2016
протега во правец исток – запад, а потоа се протега во правец север - југ. Од почетокот на трасата, во атарот на село Извор трасата оди покрај акумулацијата Подвис, предвидена со водостопанската основа на Република Македонија. На овој дел теренот е доста испресечен и стрмен и изнудува решение со голем број објекти (мостови и вијадукти). Трасата се наоѓа на десната страна од реката Треска. Од Извор трасата оди паралелно со водотекот на Треска. Од село Кленоец трасата оди во правец на село Попоец и поминува покрај урбанизирана зона на истото село кое е изградено во долината на селскиот поток. Превојот Пресека е поминат со тунелски објект долг
1.800 m. До влезот во тунелот трасата навлегува во изразито испресечен и стрмен терен, а конфигурацијата е таква што со какво било поместување на трасата овие јаруги не може да се избегнат. Во хоризонтална смисла трасата е со мали прекршни агли и овозможува несметана примена на пропишани геометриски елементи за брзина од 100 километри на час. >>
ПОРТА
градежништво СЕКЦИЈА ПРЕСЕКА – ПЕСОЧАНИ Делницата Пресека – Песочани се надоврзува на претходната делница. Почетотокот на делницата е во атарот на Пресека и завршува кај Песочани. Предметната делница на автопатот води од превојот Пресека, кој се наоѓа меѓу Кичево и Охрид, покрај селото Песочани, и завршува пред Ново Село. Пределот долж трасата е релативно ретко населен, со малубројни населени места. Делницата започнува во рамнинскиот дел после спуштањето од превојот Пресека (околу 980 мнв). Трасата води низ благо брановиден терен меѓу околните брда и планини (Присој, Манастирец, Клепалце, Чарлоица, Мала Брежаинца, Дрен, Пучигар, Краста, Поленка, Присој и Кула). Надморската височина се движи меѓу 780 и 850 м. Со претходната документација е извршен избор на оптималната варијанта, одредена е точна микролокација на трасата на автопатот, одредена е генерална нивелета во однос на теренот. Хоризонтално и вертикално е усогласена со претходната делница. Класата на теренот може да се карактеризира како ритчесто-планински терен.
СЕКЦИЈА ПЕСОЧАНИ -ТРЕБЕНИШТА Границите на истражувањето на дадената делница ја опфаќа широката просторна целина од двете страни на автопатот на растојание од околу 1.000 метри од Песочани - Требеништа. Класата на теренот е утврдена со стручни консултанти на нвеститорот и таа може да се карактеризира како ритчесто-планински терен.
Пресметаната брзина е 100 km/h. Делницата Песочани - Требеништа од патниот коридор К - 8 се наоѓа помеѓу планините Караорман, Галичица и Илинска Планина и во морфолошка смисла трасата ќе се пробива во терен кој е претставен со рамничарски терен и ридско-планински релјеф со најниска кота на теренот од 715 мнв и
највисока кота на терен од 812 мнв. Истражуваната делница се наоѓа во зони каде се констатирани различни геоморфолошки структури кои се со наклони и до 7%, а локално и повеќе. Целиот терен е испресечен со голем број суводолици и вододелници со различни димензии (и по длабина и по ширина).
www.fabrikakarpos.com.mk
14
ПОРТА
27 мај 2016
градежништво
СЕКЦИЈА ТРЕБЕНИШТА - ПОДМОЉЕ ОХРИД Предметната делница на автопатот води од Требеништа преку Подмоље кон Охрид, во правец север - југоисток. Пределот долж трасата е релативно густо населен, со бројни рекреативни, културно историски, угостителски, сервисни и други објекти. Должината на делницата изнесува 10.263 м. Трасата води низ речиси рамничарски дел, со просечна надморска
височина од околу 700 метри, односно во поглед на надморската височина се работи за доста униформни услови. Изведбата на овој објект е доделена на конзорциум на кинеската компманија SYNOHIDRO, но е многу значајно што во изведбата се вклучени голем број реномирани компании од кај нас како ГРАНИТ, ТРАНСМЕТ, ИЛИНДЕН - СТРУГА и други, а надзорот се врши исклучиво од наш кадар од конзорциум на компаниите
Градежен институт Македонија, ГЕИНГ и Еуроконсалтинг од Скопје. Инвеститор на работите е Владата на Република Македонија преку надлежното Јавно претпријатие за државни патишта. Вкупната должина за изведба е 56,707 километри. Изработениот проект предвидува изведба на две коловозни ленти и една помошна лента за застанување за секој правец и зелен средишен појас. Долж автопатот ќе има 22 мостови вијадукти, седум армирано-бетонски мостови, шест надвозници и 13 подвозници. Еден од најзначајните инфраструктурни објекти кој треба да се реализира е тунелот Пресека. Долж целата траса ќе се постави модерна опрема за безбедност во сообраќајот: заштитна ограда, звучни и други сигнални уреди. Максималната дозволена брзина ќе биде ограничена на 120 километри на час. Со започнување на изградба на делницата Кичево – Охрид, вкупниот број на километри автопат коишто во моментов се градат во земјава се искачи на 132 километри, вклучувајќи ги делниците Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица. Приказот на овој инвестициски проект, несомнено, укажува на добра перспектива за развој на градежништвото гледано на среден рок но и подолгорочно. Успешното планирање на сите активности ќе има големо значење за економијата на државата и регионот. Инаку, во фаза на избор е и компанија која ќе го иновира проектното решение од Гостивар до Кичево, со што се очекува да се комплетира овој значаен проект. n
27 мај 2016
ПОРТА
15
градежништво
Геотехнички истражувања и испитувања за утврдување на причините за настанати деформации во фаза на експлоатација на линиски објекти Подготвиле: Благоја ФИЛИПОВСКИ, дипл.инж.геотехника. Борче РУМЕНОВСКИ, дипл.инж.геотехника. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)
Г
еотехничките истражувања и испитувања за линиски објектипатишта, придонесуваат за нивно правилно проектирање, а со тоа спречување на несакани појави до кои може да дојде во текот на експлоатација на објектот. Геотехничките истражувања се основна алатка за осознавање и собирање на релевантни податоци за теренот не само пред изведба на некој инженерски објект, туку и осознавање на појавите што довеле до девијации и нарушување на „компактноста“ на теренот и самата градба во периодот на негова експлоатација. Во продолжение кратко ќе биде презентиран обемот и видот на истражувања и испитувања направени за линиски објект кој во текот на неговиот период на експлоатација во голема мера се деформирал, а со цел утврдување на причините што довеле до тие појави, како и одредување на мерки за санација. ПРОЕКТ Елаборат од геотехнички истражувања со димензионирање на коловозна конструкција на ниво на основен проект за санација и рехабилитација на патниот правец А1, делница Неготино – Демир Капија (во двата правци)
Слика бр. 1 Изведба на истражни дупнатини 16
ПОРТА
27 мај 2016
РЕАЛИЗИРАНИ ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ - Геодетско снимање на теренот - Инженерско-геолошко картирање на теренот - Изведба на истражни дупнатини и бунари - Сечење на асфалтната конструкција - Изведба на опити на стандардна динамичка пенетрација (SPT) - Определување модул на стисливост со динамичка кружна плоча - Определување на природна влажност на самото место - Определување на волуменска тежина - метод со калибриран песок - Геотехничко картирање на материјалот од дупнатините, бунарите и истражните места - Земање на оптимален број примероци за лабораториски испитувања - Вадење кернови од постоечки асфалт
ГЕОТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТЕРЕНОТ Истражуваната секција се протегa во близина на с. Тремник до непосредна близина на Демир Капија и има ге¬не¬ра¬лен правец на протегање северозапад - југоисток. Теренот на истражуваната секција, според обликот генерално е рамничарски, но во одредени делови од трасата се јавува и ридест терен. Поради ваквата морфологија на теренот при изведба на автопатот изведени се голем број расеци, засеци и насипи.
градежништво Според литолошкиот состав, теренот во двата правци е изграден од флишни седименти со серија од глинци, песочници и лапорци со најразлична нивна застапеност во зависност од морфологијата на теренот. Песочниците се вообичаено во слоеви со поголема моќност, имаат лапоровито цврсто врзиво и како крута маса се испукани нормално на слоевитоста, при што се фомираат призматични блокови. Глинците и лапорците се во тенки слоеви, тенкоплочасти до ситно луспести и претставуваат понеотпорна средина, лесно се распаѓаат во ситна дробина, па дури до потполно распаѓање во глиновита материја.
ИСТРАЖНИ ДУПНАТИНИ Со теренските истражни работи извршено е истражно дупчење на 18 (осумнаесет) дупнатини со поединечна длабочина од 3,00 – 8,00 m’. Истражните дупнатини се изведени во брзата лента на коловозната конструкција во двата правци на автопатот.
Слика бр. 2 Сечење на асфалтна конструкција и испитување модул на стисливост со in situ испитувања
ИСТРАЖНИ БУНАРИ Извршен е рачен ископ на 10 истражни бунари со поединечна длабочина од 1,00 – 2,40 m. Истражните бунари се вршени од десната страна на автопатот во двата правци. Во истражните бунари вршени се и испитувања со динамичка кружна плоча како и определување на волуменска тежина со метод на калибриран песок.
ИСТРАЖНИ МЕСТА Во рамки на теренските истражни работи, извршено е сечење на асфалтната конструкција на 9 истражни места во запирната лента на двата правци. По остранување на асфалтот, вршени се испитувања по метод на кружна плоча, определување на волуменска тежина со калибриран песок и определување на природна влажност на самото место со сушење на материјалот.
Овие испитувања се правени на секoja промена на материјал или на секои 0,30 m во однос на длабочина. Преку извршените детални теренски и лабораториски истражувања и испитувања, добиени се податоци за видот и начинот на вградени материјали при формирање на трупот на патот и утврдени се причините што довеле до појава на деформациите. Најголемиот број деформации се регистрирани во доловите и расеците, каде атмосферските и отпадните води се инфилтрираат во трупот на патот. Флишните седименти во постојан контакт со вода ги губат своите јакосно деформабилни карактеристики поради што е дојдено до деформации на трупот од патот, кои се рефлектираат на горниот строј од возниот абечки коловоз и се причина за произлезената состојба.
ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ПОДАТОЦИ
Видот и количината на истражувањата и испитувањата се одредува според настанатите деформации како и типот на линискиот објект. Според добиените податоци од извршените теренски и лабораториски истражувања и испитувања е изработен Геотехнички елаборат за санација на предметната секција од автопатот Неготино-Демир Капија. Во геотехничкиот елаборат се опфатени сите геомеханички и инженерско-геолошки аспекти со нивните влијанија на истражуваниот терен, со интерпретација и анализа на податоците, кои се база за дадените препораки за санација на автопатот. Како заклучок можеме да кажеме дека соодветно дефинираните геотехнички истражувања и испитувања се база за одредување на причините за настанатите деформации во фаза на експлоатација на линиските објекти и истите се неопходни за одредување на мерки за санација. n
ПОРТА
aрхитектура
КУЌА ВО КУМАНОВО
Архитектура од времето во кое Младите и перспективни архитекти од кумановското архитектонско студио „УЕБ – Архитекти“, се едни од борците за просперитет на современата и модерна архитектура наспроти квази архитектурата
м-р Енис ХОЏА, дипл.инж.арх.
В
о поново време, архитектурата во Македонија е во своевидна криза токму поради актуелизацијата на одредени стилови кои не се својствени за ова време, туку тие се користени во нашето далечно минато, а истовременo на овие простори никогаш и не ни егзистирале. Во време на ваква „архитектонска
18
ПОРТА
27 мај 2016
криза“ и „анемија“, задачата и должноста да се задржат основните архитектонски принципи, норми, но и архитектонскиот морал, се фрла врз сите нас, архитекти, и секој поединечно мораме да се бориме против замаглената и замачкана, нејасна слика со која им се претставува архитектурата на архитектонските лаици, кои пак многу лесно ја примаат квази архитектурата како вистинска и „модерна“, заборавајќи или не гледајќи ја вистинската архитектура од ова современо време во кое живееме. Младите и перспективни архитекти од
кумановското архитектонско студио „УЕБ Архитекти“, се едни од борците за просперитет на современата и модерна архитектура наспроти квази архитектурата. Овој објект е дело токму на архитектите од студиото „УЕБ - Архитекти“ и тој се наоѓа во централното градско подрачје на Куманово. Обликуван од неколку кубични форми кои меѓусебно се допираат и/или навлегуваат еден во друг, овој објект претставува вистински примерок на современата архитектура од времето во кое живееме. Овие кубуси меѓусебно, визуелно се одделени и со бојата и
aрхитектура
живееме
текстурата на нивната финална обработка, па така најисфрлените рамнини на оваа куќа се обоени во светла боја, додека пак оние рамнини кои се поповлечени се црни. Интересен детаљ кај оваа дистинкција помеѓу рамнините се јавува и кај вдлабнатините, кои пак се обработени со природен камен во темна боја. Оваа куќа се развива на две нивоа, приземје и кат. На приземјето покрај влезната партија и скалите, е поставен и јавниот дел на куќата, т.е. кујната,
Локација: Куманово, Македонија Изведба: 2015 година Инвеститор: Селвер Исени Проектанти: UEB – Architects (Урим Латифи, Елвис Муслији, Буњамин Адеми) Површина на локација: 454 м2 Изградена површина: 150 м2 Катност: приземје, кат трпезаријата и дневната соба. Освен овој јавен дел, на приземјето се наоѓа и една спална соба како и бања. Во северната партија на куќата се јавуваат и сервисни простории како гаража и техничка просторија наменета за сместување на централната топлана и слично. На катот е сместен интимниот дел на домот, каде се наоѓаат три спални соби. Од двете спални соби кои се ориентирани кон запад, >> 27 мај 2016
ПОРТА
19
престој, дава акцент на природните материјали како дрвото, стаклото и каменот. Одличната комбинација на овие материјали во внатрешноста на куќата дава одличен амбиент, кој зрачи со топлина и дава голема доза на пријатно чувство. Исто така, големата седечка гарнитура изработена од кожа, е одлично место за собир на целото семејство на едно место, каде тие можат да поминат пријатно време во меѓусебен разговор или пак опуштање. Проектантите се потрудиле и при дизајнирањето на партерот и оградата на овој објект, кои исто така се во склоп на неговиот архитектонски концепт. n се излегува на една поголема заедничка тераса, додека спалната, која е ориентирана кон исток, нема излез на тераса. Балконот што е поставен на источната фасада е наменет да се користи од сите корисници на куќата, па така до него се пристапува од претсобјето на катот. Сите овие три спални гравитираат околу централна заедничка бања која ги опслужува сите корисници на катот. Целата куќа е добро осончана и проветрена бидејќи има одлична ориентација, но и употребата на големи прозорски отвори од страна на проектантите придонесува сончевите зраци да навлезат длабоко во просториите. Ентериерното решение на оваа куќа, особено во групата на простории наменети за дневен 20
ПОРТА
27 мај 2016
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
ПОРТА
архитектура
РЕКОНСТРУИРАНО УЧИЛИШТЕ ВО БАЗЕЛ - ОБЈЕКТ НА ГОДИНАТА ЗА 2015 ВО ШВАЈЦАРИЈА
Старото и новото хармонична кохерентна целина Aрхитектите успеале да ја реализираат својата идеја и да создадат старо-нов објект, односно постојното училиште да го осовременат и приспособат за новата реформирана наставна програма, а притоа сите историски и архитектонски вредности да ги искористат и потенцираат 22
ПОРТА
27 мај 2016
Натка ЌОСЕВА, дипл.инж.арх.
В
о многу земји крајот на годината се одбележува со сумирање на резултатите од претходната и прогласување на најдобриот објект во изминатата година. Повеќегодишна традиција во Швајцарија е да се бира секоја недела објект на неделата (Bаu der Woche) во текот на целата година. Во месец јануари од 54 објекти на неделата се бира објект на годината (Bau des Jahres). Резултатите и прогласувањето на Објект на годината, секогаш е на 1 февруари. Оваа година, за објект на годината во Швајцарија е прогласено реконструираното основно училиште во местото Риен во Базел, проект на групата МЕТ-архитекти од Базел. Ова е прв нивни проект. Проектот за реконструкција на постојното основно училиште во Риен го добиле на анонимен архитектонски конкурс. Основното училиште во Риен е проектирано од базелските архитекти Расер и Вади во далечната 1952-1953 година. Во времето кога е проектирано и изградено, училиштето претставувало нешто сосема ново и различно од
архитектура
дотогашните училишта, нов концепт за основно училиште. Училиштето е проектирано павилјониски, со голем училишен двор меѓу павилјоните и околу целиот објект. До новата реконструкција училиштето функционирало така како што било првобитно изградено. Заради новите реформи во наставните програми и многуте години на неговата употреба, се јавила потреба за негова реконструкција, за што е распишан анонимен архитектонски конкурс. Кубатурата на објектот е 24.400 м3, вкупните
трошоци за реконструкција изнесуваат 18,5 милиони швајцарски франци, а цената по метар кубен за целата реконструкцијата е 650 швајцарски франци/м3. Сопственик на училиштето е Градот Базел. Основен проблем на секоја наставна реформа се и прашањата што следуваат: ,,Дали е потребна и изградба на нов објект за реформираната настава? Дали постои можност да се адаптира постоен простор за новите потреби, па и да се додаде нов простор со нови содржини за задоволување
на идните потреби, иако тоа не го бараат сопствениците или корисниците? Во што е вредноста и големината на овој проект кој ја доби наградата Објект на годината 2015 во Швајцарија. Зад успешната реконструкција, секако стои одговорот на прашањето, како еден постоен објект со исклучителни архитеконски и историски вредности да се реконструира и осовремени, а воедно да претставува една кохерентна целина помеѓу старото и новото. Често пред започнување со реконструкција на објект, архитектите си поставуваат и друго парашање, дали објектот треба комплетно да го смени изгледот и намената за која е проектиран и граден, за да ги задоволи новите пореби и барања. Ова се деликатни прашања кои си ги поставуваат архитектите, пред да се започне реконструкцијата на постоен објект, а особено ако објектот е валоризиран со историски и архитектонски вредности. Групата МЕТ-архитекти се одлучиле и се обиделе, со голем ентузијазам и респект кон постоечката архитектура на основното училиште во Риен, објектот да го реконструираат за новите образовни програми, но сепак да имате впечаток дека тоа е истиот објект, реконструирано старо училиште со навидум ист изглед, но сосема современо, модерно и различно од постојното училиште. На почетокот, при анализирањето на делото на Вади и Расер, архитектите констатирале дека објектот во времето кога бил проектиран и граден претставувал многу современ - павилјонски тип на училиште. Од анализата на просторите, конструкциите и вградените материјали на постојниот објект, констатирале дека може да се задржат постојните простори, изборот на основните градежни материјали и боите на надворешниот изглед – фасадата. Волуменот на просторот и големината на просториите, особено основната единка – училницата, може да ги задоволат и новите барања за новите наставни програми. После сите анализи на постојниот објект, се одлучиле при реконструкцијата да продолжат да го користат архитектонскиот речник на постојниот објект, но и да додат нешто сосема ново. Одлучувачки фактор бил и резултатот од анализите, дека просторните инхерентни квалитети на објектот може да се користат и во иднина како една целина, и да не се рециклира и менува во целина целиот објект, само делумно каде е потребно. Проектот за реконструкција нема многу промени во споредба со првобитниот проект во однос на диспозицијата на просториите, а волуменот на објектот е сосема ист. Во овој проект проблемот за новите наставни потреби и нови простори е решен со флексибилно користење на просторот за повеќе намени, повеќе можности да се менува само >> 27 мај 2016
ПОРТА
23
архитектура
опремата според потребната активност или програма, но без структурни промени на и во објектот. Просторот за настава е организиран со идентична големина на единицата училница од постојниот објект. За задоволување на променливите потреби се менува опремата во единицата. Објаснувањето на МЕТ-архитекти е дека со добро планиран дневен распоред и соодветна опрема може да се задоволат променливите образовни потреби. Успехот на проектот се должи и на успешната и доверлива соработка помеѓу архитектите, градителите, директорот и други претставници на училиштето. Креацијата и дизајнот во објектот е впечатлива во ентериерот, изборот на опремата и партерното уредување во дворот на училиштето. Во заедничката работа со пејзажните архитекти, големите зелени простори околу училиштето, договорено е да се обноват со нови насади, но проектирани се и многу други скриени зелени површини во сутеренот на училиштето. Посебно обрнале внимание на одводнувањето на олуците и отворените поплочани површини и наводнувањето на зелените површини. Со неколку интервенции во приземјето и
24
ПОРТА
27 мај 2016
сутеренот, архитектите отворените простори ги направиле употребливи за настава на отворено и други активности, а со тоа тие всушност отворениот простор пред училницата го планираат да претставува проширување на внатрешниот затворен простор - училницата. Секако и изборот на градежните материјали придонесува за успешноста на овој проект, особено во енетриерот. Архитектите се воделе од премисата при реконструкција на историска зграда со едноставен и неизменет надворешен изглед, важна карактеристика претставува шемата на интензивни бои во нејзината внатрешност, како контраст на едноставниот надворешен изглед. Употребени се 45 бои со различни нијанси на ѕидовите, подовите и плафоните во ентериерот, и применета е декорација темпера на гипс на повисоките места на ѕидовите и на некои од гипсаните плафони. Колоритот во ентериерот овозможува да се подобри атмосферата во училиштето и претставува мирен и пријатен простор за учениците и наставниот кадар. Новите реформи во образованието се задоволени со успешната реконструкција на објектот, а самата инвестиција со конечната пресметка е како што е планирана,
благодарение на успешната интервенција на архитектите и нивната идеја да се сочува сè што е добро, а да се интервенира само таму каде што е неопходно. Со тоа реконструираното училиште ќе може да ги задоволи барањата за основно образование и во наредните децении. Вредноста на овој проект е во тоа што тој претставува одличен пример за реконструкција на постоечка зграда, но притоа се гледа и големиот респект кон нејзините историски и архитектонски вредности со нивно зачувување и нагласување. Објектот е реконструиран да ги задоволи новите образовни програми, но сепак после реконструкцијата имате впечаток дека тоа е истиот објект. МЕТ-архитекти успеале да ја реализираат својата идеја и да созададат старо-нов објект, односно постојното училиште да го осовременат и приспособат за новата реформирана наставна програма, а притоа сите историски и архитектонски вредности да ги искористат и потенцираат. Кога го гледате од надвор, имате впечаток дека тоа е истиот објект, но внатрешноста на училиштето кажува нешто спротивно. Старото и новото претставуваат една хармонична кохерентна целина. n
ПОРТА
експерт
Иницијатива за здрави нови градови во Англија Под покровителство на Националната здравствена служба на Англија, познати лекари, дизјанери и експерти за технологија ќе осмислат како здравствената заштита може да се понуди во овие места, при што ќе покажат не само што сè може да се направи преку поврзување на дизајнот на изградената средина со современите служби за здравје и негување на лицата, туку и ќе се воведат нови модели на технологија потпомогната со примарна здравствена заштита
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх.
Н
а 1 март оваа година, извршниот раководител на Националната служба за здравје на Англија (National Health Service – NHS – England) Сајмон Стивенс (Simon Stevens), ги најави плановите за создавање на десет
26
ПОРТА
27 мај 2016
„здрави нови градови“ (healthy new towns) низ земјата. Овие нови градови во Англија, во кои ќе се изградат повеќе од 76 илјади нови станбени единици со потенцијален капацитет во нив да се сместат приближно 170 илјади жители, ќе бидат поддржани од здравствената служба. Националната здравствена служба ќе овозможи да се осмисли развојот на овие нови урбани средини, а со цел да можат да се испитаат креативните решенија за
предизвиците со кои се соочува земјата во доменот на здравјето и негувањето на лицата во дваесет и првиот век, вклучително со проблемите сврзани со прекумерна телесна тежина, сенилност, но и отсуство на поврзаност во рамките на заедницата. Под покровителство на Националната здравствена служба на Англија, познати лекари, дизјанери и експерти за технологија ќе осмислат како здравствената заштита може да се понуди во овие места, при
што ќе покажат не само што сè може да се направи преку поврзување на дизајнот на изградената средина со современите служби за здравје и негување на лицата, туку и ќе се воведат нови модели на технологија потпомогната со примарна здравствена заштита. Иницијативата за програмата „Здрави нови градови“ беше покрената во летото 2015 година кога беше објавен повик за пријавување на интерес за приклучување кон оваа програма, што резултирало во одзив кој ги надминал сите очекувања. На повикот за пријавување на интерес се пријавиле 114 општини, асоцијации за домување, организации во рамките на Националната служба за здравје и градежни организации специјализирани за изградба на станбени единици. Преку процесот на детална
селекција, кој вклучувал презентации од селектираните проекти, бил направен избор на првите десет учесници во процесот на изградба на „Здрави нови градови“, од кои веројатно најинтересни се концептите за: • Витехил и Бордон во Хампшајар (Whitehill and Bordon, Hampshire) каде е предвидена изградба на 3.350 нови станбени единици на локацијата на бивши касарни, но и нов кампус за нега на лицата. Во овој нов кампус ќе бидат лоцирани „станбени единици подговени за нега на лицата“ (care-ready homes) коишто специјално ќе бидат испроектирани за потребите на лицата со хронични заболувања; раководен од медицински сестри, центар за здравствен третман, аптека и интегриран центар за нега. • Кранбрук во Девон (Cranbrook, Deveon), а каде се планира изградба на 8.000 нови станбени единици. Со оглед на тоа што Кранбрук има трипати поголем број на деца на возраст до четири години во однос на националниот просек, фокусот ќе биде на изучувањето на превенцијата и здравиот начин на живеење од најраните години во рамките на училиштата. • Дарлингтон (Darlington) каде 2.500 станбени единици ќе бидат изградени на три локации во рамките на Источната зона за раст (Eastern Growth Zone), при што тука ќе се
развие понудата за „виртуелен дом за негување“ (virtual care home) каде што група станбени единици со заеднички простории се испроектирани така што директно се позврзани со центарот за дигитална нега, преку што би се избегнала потребата за сместување на лицата во домови за нега. На дел од селектираните дест „здрави нови градови“ ќе бидат испитани и други опции, како на пример формирање на зони без угостителски дуќани за брза храна во близина на училиштата, проектирање на безбедни и привлечни зелени површини, изградба на улици погодни за сенилните лица, како и овозможување граѓаните лесно да можат да дојдат до услугите на матичниот лекар преку примената на дигиталните технологии. Определбата е преку текот на разработката на плановите, овие нови комплекси да ги отсликаат потребите на локалното насление. Определбата за изградба на „здрави нови градови“ е резултат на проблемите со кои се соочува земјата, како на пример: • Изгубени над 130 милиони работни денови како резултат на здравствени проблеми секоја година во Велика Британија. • Двојно зголемување на бројот на децата со прекумерно зголемена телесна тежина во текот на основното образование, и тоа од >> 27 мај 2016
ПОРТА
27
експерт
девет проценти за оние на возраст од четири до пет години, на 19 проценти за оние на возраст од 10 до 11 години во 2014/2015 година. • Денес, само 21 процент од децата се игра надвор, во споредба со 71 процент од нивните родители кога тие биле деца. • Се проценува дека денес 25 проценти од возрасните во Велика Британија се шета помалку од девет минути на ден. • Физичката неактивност се поврзува како директен причинител во еден на шест случаи на смрт и има негативно економско влијание од 7,4 милијарди фунти. • Се проценува дека 3,5 милиони станбени единици во Англија имаат сериозни ризици како што се влага, инсекти и глодари кои предизвикуваат здравствени проблеми коишто ја чинат Националната здравствена служба најмалку 1,4 милијарди фунти секоја година. Господинот Стивенс истакна: „Потребата да се поттикне изградбата на (финасиски) достапни станбени единици низ Англија, создаде одлична можност за Националната здравствена служба да го потпомогне промовирањето на здравјето и да ја поддржи независноста на луѓето. Како овие нови соседства и градови се градат, ние ќе се засрамиме доколку за десет години погледаме наназад и утврдиме дека сме ја пропуштиле можноста преку дизјан да ја отстраниме нашата средина, карактеризирана со прекумерна телесна тежина, и испроектираме здравје и благосостојба. Ние сакаме децата да имаат 28
ПОРТА
27 мај 2016
места каде што ќе сакаат да си играат со своите другарчиња и ќе можат безбедно да отидат пеш или со велосипед до своето училиште, наместо само да ги вежбаат своите прсти на видео игрите. Ние сакаме да видиме соседства и адаптабилни домови испроектирани на начин кој ќе им овозможи на постарите лица полесно да продолжат самостојно да живеат каде и да е тоа можно. И ние сакаме нови начини на обезбедување на нови видови дигитално потпомогнати локални здравствени служби, кои ќе ја споделат физичката инфраструктура и персоналот со училиштата и групите во заедицата“. Кон согледувањата на господинот Стивенс се надоврзува и професорот Кевин Фентон (Kevin Fenton), национален директор за здравје и добросостојба во Англиската служба за јавно здравје (Public Health England) кој вели: „Некои од најголемите предизвици во однос на здравјето во рамките на Обединетото Кралство, како на пример прекумерната телесна тежина, менталните здравствени проблеми, физичката неактивност и потребите на населението што старее – врз сите нив може позитивно да се влијае преку квалитетот на изградената и природната средина. Соодветното проектирање на простори и места е клучен предуслов за промовирање на добро здравје. Оваа иновативна програма ќе го информира размислувањето и планирањето на секојдневните средини, а со цел да се промовира здравјето на идните генерации. Англиската служба за јавно здравје е горда за одиграната активна улога во развојот на
програмата за Здрави нови градови и ќе продолжи да ја поддржува изградбата на висококавлитетни, здрави средини“. Во 1902 година Ебенизер Хауард (Ebenezer Howard) го отпечати второто издание на својата книга од 1898 година „Утре: Мирољубива патека кон вистинска реформа“ (To-Morrow: A Peaceful Path to Real Reform) но под новиот, многу попознат, наслов „Градини градови на утрешноста“ (Garden Cities of ToMorrow). Идеите на Хаурад во доменот на урбанистичкото планирање презентирани во оваа книга, резултираа во создавање на Лечворт (Letchworth) и Велвин гарден сити (Welwyn Garden City) и станаа дел од британската урбанистичка доктрина од тој период. Без сомнение, тие придонесоа за примена во Планот за поголем Лондон (Greater London Plan) од 1944 година и донесувањето на Законот за нови градови (New Town Act) од 1946 година, а коишто резултира во прстен од нови градови лоцирани зад Зелениот појас на Лондон (London Greenbelt). Минатото покажа дека влијанието на „Градини градови на утрешноста“ значително ги надмина границите на Велика Британија и Обединетото Кралство. Сто и четиринаесет години подоцна, дали преку промовирање на програмата за „Здрави нови градови“ сме на повидок на преформулирање на урабнистичкото планирање како што го знаеме досега и дали „Британија ќе го покаже патот“ (Britannia lead the way!) повторно. Само „утрешноста“ ќе го покаже ова!. n
урбанизам
ДЕКОНСТРУИРАЊЕ НА ПРОСТОРНО, ИСТОРИСКИ И КУЛТУРНО ВРЕДНИ ЗАЕДНИЦИ ВО КИНЕСКИОТ КВАРТ НА БАНКОК
Едни се замислуваат како бездомници, други се надеваат на профит Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Taјланд)
B
eijing Tong Ren Tang беше клиника за кинеска медицина сместена на аголот на патот Чароен Крунг, една од главните артерии на Кинескиот кварт во Банкок. Семејниот бизнис на доселениците од Кина (пред две генерации), се развиваше преку поинаков пристап кон чудната кинеска медицина, нудејќи програма во која вклучуваа лекари, аптека и акупунктура приближувајќи и објаснувајќи ги неразбирливите „начини“ на кинеските лекови до новите помлади генерации. Објектот беше препознатлив по својата модерна архитектура и дел од конгломератот на мали кинески заедници вдомени во куќи во низа, кинески храмови, дневни пазари, простори за изведување на кинеска опера, кино објекти. Локацијата, близината на историскиот град (позиционирањето на островот Ратакосин) се уште ја „балансираше“ високата цена на земјиштето и изнајмувањето на простор во овој дел на градот. Фамилијата објаснува дека се до почетокот на 2013 година надоместокот за изнајмување се движел околу 8.000 евра. Најпрвин договорите биле за годишно изнајмување се додека не започнале да стануваат краткротрајни, изнајмувајќи го просторот од месец за месец. Амбициозните планови на Градската администрација на Банкок за експанзијата во транспортот на градот го сместија патот Чароен Крунг на мапата, за новата станица храмот Мангкорн, за продолжување на метро (сината) линијата. До 2019 година се очекува линијата да го продолжи транспортот од Кинескиот кварт низ историскиот дел на градот и преку реката Чапраја. Beijing Tong Ren Tang беше првата срушена куќа, на почетокот на 2013 година, за да се направи соодветен простор за градилиштето. Малите заедници во околината на станицата сè уште изразуваат збунетост и несвесност за иднината на нивните живеалишта и бизниси. Од страните никнат билборди на кои се
Без соодветна студија на реперкусиите врз градот, заедниците и историските јадра, објектите во кои социјалниот живот е таложен со генерации, остануваат во прашалници и во постојани преговори за простор, без слика за крајниот резултат. Ранливите сиромашни граѓани и имигрантите секој ден стравуваат дека едноставно ќе бидат оставени да преживуваат на улица.
проектираат рендери на кондоминиуми и трговски центри кои ветуваат дека ќе направат простор за спојување на традиционалното и современото. Без соодветна студија на реперкусиите врз градот, заедниците и историските јадра, објектите во кои социјалниот
живот е таложен со генерации, остануваат во прашалници и во постојани преговори за простор, без слика за крајниот резултат. Ранливите сиромашни граѓани и имигрантите секој ден стравуваат дека едноставно ќе бидат оставени да преживуваат на улица. >> 27 мај 2016
ПОРТА
29
Урбаното ткиво на Банкок, вклучително и во делот на Кинескиот кварт, е исткаено во најголем број од четирикатни куќи во низа, изградени за време на 60-тите години, служејќи како оптимално и економично решение за побарувачките на живеалишта во мугрите на урбанизацијата. Експандирањето на градот, новите аспирации и развoјот оставија голем број куќи во низа да се трансформираат во сцени на напуштени пештери, без трага од она што претходно било духот на времето на урбанизацијата. Неупотребени и минимално одржани, некои од нив се наоѓаат на атрактивни локации како станиците за метро и надземниот воз. Сепак, во Кинескиот кварт тие се густо населени со заедници коишто имаат свои обичаи, традиции и обележја, мали бизниси, продавници, пазари, рачни изработки. Експанзијата на транспортните линии во Банкок се движи во ист чекор со менувањето на урбанистичките планови. Новите регулативи дозволуваат зголемување на коефициентот на искористеност од четири на седум во радиус од 500 метри од влезовите/излезите на метро станицата. Транспортниот пристап кон овој дел на градот (Кинескиот кварт) овозможува отворање на нови бизниси, проток на голем број посетители, граѓани на Банкок, меѓутоа и хируршко навлегување во автентичното историско јадро на градот. Институциите одговорни за заштита на архитектонско и културно вредните објекти во Кинескиот кварт, поднесуваат извештаи дека само 10-ина куќи се вредни за конзервација на ниво на целиот Кинески кварт, додека Архитектонските факултети преку истражувања доаѓаат до ПОРТА
урбанизам бројката 4.000 објекти кои се вредни да бидат заштитени и реставрирани заради своите автентични особености, традиција, стил и квалитет на архитектонски простор. Огромно градилиште го прекинува патот Чароен Крунг, барајќи постојана потреба од полиција која го регулира автомобилското и пешачкото движење. Во тесните коридори преградени со ламарина на градилиштето стојат луѓе со тезги и продукти обидувајќи се да преживеат, бунтувајќи се преку окупирање на просторот и не напуштајќи ги своите домови. Три стари заедници, Чароен Чаи, Плеанг Нам и Кром Путарес, се директно под влијание од промените за развој. Земјиштето и најголемиот процент на објекти припаѓаат на Бирото за кралска сопственост и државната Пантип фондација, кои престанаа со договори за долгорочно изнајмување на простор во трите заедници и издаваат договори од месец за месец. Заедницата Чароен Чаи се заложи и направи иницијатива за музеј во кој ќе се документира нивната историја од пристигнувањето во Тајланд. Во трошна просторија во една од куќите во низа, во состојба пред распаѓање, се изложени богати костуми од кинеската опера, предмети за обичаите за свадби и погреби кои се карактеристични за оваа заедница и многу фотографии, писма, исечоци од весници кои го документираат нивното населување. Малите дистрикти на Кинескиот кварт сè уште припаѓаат во комерцијална зона според урбанистичките планови, што дозволува изградба на објекти од голем размер. Во 2010 година група архитекти почнува да се залага за заштита на заедницата Чароен Чаи, да прават мали поправки на куќите и да ги убедуваат жителите да се грижат повеќе за архитектонскиот простор. „Ова не се само историски руини, ова е историја која е жива“ нагласува професорот Јонтанит. Воочувајќи ја разликата во пристапот кон историските места во градовите на Европа и Азија, луѓето допрва развиваат разбирање за сензибилитетот и вниманието кон историското наследство. Тиамсоон Сирисрисак дел од групата на конзерваторите прашува: „Доколку продолжиме да ги рушиме историските објекти, каде ќе ги најдеме културните извори за индината“? Хаос го опкружува градилиштето на патот Чароен Крунг, некои се надеваат дека изградбата на метрото ќе донесе повеќе можности за продажба, некои луѓе се замислуваат како бездомници, некои се надеваат на профит. Во заднина тивко се одвива процесот на деконструирање на просторно, историски и културно вредните заедници на Кинескиот кварт заради ветувањето на новата глобална архитектура. n (Продолжува во следниот број) 27 мај 2016
ПОРТА
31
„АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ“ И „АДОРА DIAMOND GARDEN“ НАГРАДЕНИ СО СВЕТСКОТО ПРИЗНАНИЕ THE BIZZ 2016 ВО МОНТЕ КАРЛО ЗА ИНОВАТИВНОСТ ВО СТИЛОТ И КВАЛИТЕТОТ НА ДОМУВАЊЕТО
П
рестижната награда The BIZZ 2016, Монте Карло, Монако, Адора инженеринг ја доби за иновативниот стил и квалитет во домувањето во комплексите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden. Ова признание, една од најзначајните награди која им се доделува на водечките компании, двигатели на развојот на бизнисот на национално и глобално ниво, го доделуваат врвни професионалци на Светската бизнис конфедерација, со 3.000 членки од сто држави. „Светската бизнис награда The BIZZ 2016 се должи на оригиналната иновативност што во стилот и квалитетот на домувањето, Адора инженеринг ја воведе во новите комплекси Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden, на креативниот дизајн на објектите за висок урбан стил на живеење, внатрешното уредување со концепт на атриуми, амбиеталното осветлување и заедничките содржини, што на станарите им нудат чувство на интимност и топлина. Признанието е уште една потврда дека освен домашната и меѓународната јавност ги препознава и валоризира предностите во домувањето, што со постојаните иновации, по разумни цени им ги правиме достапни на граѓаните на Македонија“, вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, кој наградата ја доживува како значаен успех на тимот на компанијата, деловните партнери, купувачите и на Република Македонија. Адора Flatiron Скопје – Светскиот стил на ПОРТА
врвно урбано домување во Скопје „Врвното урбано домување, што во срцето на македонската метропола, на само осум минути пеш од централниот плоштад Македонија, го донесе Адора Flatiron Скопје, се должи на повисокиот и поквалитетен стил на домување, вообичаен за развиените метрополи, што го нуди овој комплекс. Покрај ексклузивните деловни простории на приземјето и мезанинот, модерните станови на
16 катови и луксузните пентхауси со прекрасен панорамски поглед кон главниот град, до кои се стигнува со седум експресно брзи лифтови, овој нов маркантен урбан симбол на Скопје е уникатен по внимателно дизајнираниот ентериер. Централно место во внатрешноста на објектот има атриумот, застаклениот двор со изобилство на природна светлина и циркулација на свеж воздух во целиот комплекс, и естетски обликуваниот и осветлен
влезен хол со луксузен декор, а посебен впечаток оставаат внимателно осмислените заедничките содржини за станарите, амбиентално осветлените модерни ходници и ноќната илуминација на комплексот. Покрај докажаната асеизмичка стабилност, високиот квалитет на домување по меѓународни стандарди и енергетската ефикасност А класа, во Адора Flatiron Скопје особено внимание посветивме на одличната звучна изолација до 63 db, што е 80 % над македонските стандарди, постигната со креирање на иновативен повеќеслоен ѕид“, вели д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг. Адора Diamond Garden – Светскиот тренд на зеленото домување во Македонија „Со најновиот објект Адора Diamond Garden, Адора инженеринг го воведува
зеленото домување во Македонија. Овој станбеноделовен комплекс на атрактивна локација во скопски Карпош, Тафталиџе, има уникатна архитектура инспирирана од зелениот дијамант, со многу стаклени површини и дијамантски структурни црти, што со изобилство на природна светлина и пријатен поглед им даваат посебен стил и луксузност на становите на аглите и тие на поголема висина, со прекрасна панорама кон
Водно. Клучно место во внатрешноста имаат двата централни атриуми од кои зрачи изобилство на природна светлина и продира свеж воздух, чија ексклузивност се зелените градини кои се протегаат долж целата внатрешна висина на објектот, што создава чувство на вистински зелен рај во урбаната зона на Скопје. Во креирањето на иновативните содржини на новите комплекси, освен нашите искусни архитекти, ангажиравме и реномирани европски дизајнери кои внесоа нови современи трендовски елементи, што стилот на домување од развиениот свет го доближија до македонските граѓани, со што како водечки бренд во високоградбата во Македонија ги менуваме сваќањата и навиките, а културата на домување ја подигнуваме на повисоко ниво“, вели Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг. Адора инженеринг во 14годишното постоење има добиено четири интернационални и 20 национални награди, кои се поттик компанијата да продолжи да ја движи напред целата индустрија на високоградбата во Македонија со имплементирање на светските стандарди и актуелни трендови во изградбата на домовите, како најмудра инвестиција со трајна вредност за граѓаните.
ентериер
ПРОДАВНИЦА ЗА НАКИТ „СИГМА“
АРХИТЕКТОНСКИ ИЗЛОГ ЗА
В
еднаш од својата надворешност, продавницата за накит „Сигма“, во Градски трговски центар во Скопје, евоцира чувство на сјај и префинетост. Проектот на ентериерот, зад кој стои архитектот Бојана Филиповиќ, е физичка манифестација на самиот бренд. Уште од самиот влез нè пресретнува „златен пат“ кој ги поврзува името, фасaдниот излог и ентериерот на продавницата. Инспириран од комбинација на интимност со елегантно чувство на гламур, дизајнот на ентериерот не го одвлекува вниманието од убавината на самиот производ. Внатрешноста се наѕира преку јасната рамка на рефлективната фасада, вовлекувајќи ги купувачите во внатрешниот излог продавницата. Распоредот е дизајниран за оптимално користење на просторот. Линеарното редење ја засилува перспективата и му дава на
34
ПОРТА
27 мај 2016
задниот дел на просторот чувство на интимност. Ѕидна преграда одвојува мал „privé“ во заднината, наменето за клиенти кои преферираат интимен и тивок простор. Просторот за клиентите го окупира централно поставена комода на една страна, додека конзолна стаклена витрина и облога од оникс се закачени на спротивната страна од сервисниот простор, што овозможува разгледување на производите во неформален манир. Изложбените елементи се дизајнирани да ја потенцираат видливоста, осветленоста и брилијантноста на накитот; неговата физичка ергономија и неговата безбедност. Ѕидната витрина со неврамено стакло ја ограничува светлината за да го насочат вниманието на самиот производ. Ритмичниот образец на транспарентните кутии во комбинација со дрво се акцентирани со нивната поставеност на осветлен ѕиден панел. Висечките светилки над секој засебен елемент овозможуваат илуминација на продуктот и оддаваат дистинктивна топлина во просторот.
ентериер
СОВРЕМЕН НАКИТ Кај надворешниот излог е воспоставен начин на посредување меѓу набљудувачот и објектот. Парчињата накит се скапоцени и мали: тие се истовремено заштитени и понудени. За оваа витрина, стаклото станува носач на иложбените полици. Неговата исклучителна транспарентност, генерира апстрактен изложбен простор, каде хоризонталните линии се чини дека лебдат во просторот. Ентериерот и неговото осветлување се несомнено инспирирани од природата на кристалното стакло и дијамантите; нивната можност да генерираат извонредни ефекти на светлина и чисто апстрактната природа на нивниот материјал. Вкрстени со светлина, тие имаат способност да генерираат спектакуларни ефекти со силен карактер. Во таа смисла, нурнат во призматичен калеидоскоп од рефлексии, ентериерот и софистицираните алатки за визуелизација го подобруваат прикажувањето на самите производи. Резултатот е многу впечатлив визуелен контекст, со живи контрасти помеѓу
сјајно и мат, светло и сенка, тежина и леснотија. Изборот на тактилни материјали постигува искуственo влијание кај гледачот. Три контрастни обработки на ѕидните облоги, природни бои и потенцирано осветлување ги дополнуваат современите прави линии на мебелот. Ентериерот е целосно базиран на леснотија, како комбинација на стакло со фино ткаење на природни материјали. Детали како златната декоративна „решетка“
со карактеристична орнаментика, светлечката облога во оникс и обработките во бронзен месинг, му даваат луксузен допир на ентериерот. И покрај скапоценоста на продуктите, дизајнерскиот пристап е едноставен и личен. Ова е постигнато со сооднос на гламурозни наспроти скромни обработки и со интеракција помеѓу визуелната и психолошка пристапност. Дизајнот е современа комбинација на традиција и модерност, рефлектирајќи го самиот бренд - семеен >>
27 мај 2016
ПОРТА
35
бизнис кој преку топол и познат пристап кон клиентите нуди современи и исклучителни парчиња накит со генерации. n
ПОРТА
ПОРТА
сообраќај
АЛТЕРНАТИВЕН УРБАН ТРАНСПОРТ (2)
Bike-sharing: Повеќе почеток Bike-sharing концептот не смее да стане зборник од случајности, ниту пак вербална разонода за разиграниот локален хумор. Зошто? Па, од едноставна причина што и неговиот успех и неговиот неуспех се повеќеслојни како прецизно испечена торта и испраќаат јасна порака за степенот на зрелост на една средина за влез во зоната на рафинираната урбана политика. Токму поради тоа прашањата „за кого“, „колку“, „со што“ и „како“ имаат малку поинаква тежина отколку што тоа вообичаено се мисли. м-р Ненад ТОНИЌ, дипл. сооб. инж.
М
ерките што се имплементираат во урбаниот транспорт не ја познаваат монотонијата на воденичниот камен на некоја ужасно бавна река. Од таму ниту една од нив не може по вградувањето веднаш да „фати“ едноличен ритам со очекуваниот резултат. Агресивниот и недоволно реален велосипедски дискурс лесно може да ја загуши вредноста на bike-sharing подмоделот, таложејќи на непцата непотребен вкус на неуспех. А потребно е да се знае: тектонско изместување на патувачките навики на граѓаните не е негов вообичаен резултат, поради што појдовното разбирање на потенцијалните придобивки е од особено значење во случај да се сака избегнување на „бомбастичен“ проект со никаков резултат. 38
ПОРТА
27 мај 2016
ФАКТОРИ НА УСПЕХ За продолжениот живот на bike-sharing системот, упорноста на локалната самоуправа и технолошката надградба се поважни од почетниот интерес на корисниците. А стартната оперативна форма и деловниот концепт за негово долгорочно стопанисување, мора да се производ на јасна претстава која ќе биде транскрипт на сериозноста на целокупната намера. Целните групи, димензионирањето и велосипедите... ... Се трите „ребра“ од кои се твори оваа велосипедска Ева. Маркирањето на ударните корисници е „мека“, но темелна смерница со колкав број станици треба да се стартува. Преголемиот може да врати колеблива порака за недоволна заинтересираност, а премалиот да ја предимензионира до степен кога, под импресија на „скромната понуда“, ќе почне да ретерира. Следењето на стандардите не е опција од причина што тие не се еталонизирани,
па бројот на станици по квадратен километар градска површина повеќе е резултат на автохтоно отколку пресликано искуство. Во оптимална смисла, тој број треба да овозможи слобода на користењето низ поголемо просторно дисперзирање на еднонасочните изнајмувања, со истовремено минимизирање на трошоците за редистрибуција на велосипедите помеѓу станиците. Функционално преведена, првата смерница значи алтернативни станици на пешачко растојание од целната, доколку истата е полна па корисникот изнајмениот велосипед не може баш таму да го паркира. Степенот на изграденост/населеност, постоењето на велосипедска инфраструктура и близината на станиците и густината на линиите за јавен превоз, можат тука да послужат како референтни планерски коректори. Апстрактната, пак, ограниченост на целните групи може при тоа да се „пробие“ со разгранување на системот, со станици, велосипеди и тарифи приспособени за
сообраќај
отколку промена
потребите на, на пример, универзитетските кампуси. А резервата од постари и санирани т.н. „манифестациони“ велосипеди, кои без надомест повремено би се ставале на располагање на групи корисници (ученици, пензионери, НВО-а), да се искористи за дополнитено зајакнување на довербата и наклоноста на јавноста. Механичката издржливост на велосипедите, како лекција од ерата на Провосите, белки не би требало посебно да се елаборира. Од таму ранливоста (на светилките на пример) не смее да биде еуфемизам за неиздржливост на погонските склопови па дури и на самата конструкција. Уште помалку покана за „лепливите“ прсти на корисниците склони кон противзаконско присвојување. Деловниот концепт... ... Е нервниот систем на овој транспортен подмодел. Иако теоретски дозволен, практиката покажала дека bike-sharing ангажманот на јавните претпријатија како секундарна
надлежност пречесто ја одликуваат суштински недостатоци. Површната контрола на вратените велосипеди, нивната бавна редистрибуција помеѓу станиците, неефикасното одржување, одбивната процедура за изнајмување и потполното отсуство од развојниот процес, се рефлексии на непрофитната незаинтересираност и папочната зависност на ваквите субјекти од субвенциите. Непрофитните деловни концепти во принцип се можни во услови на штедри финансиски порции од страна на локалната администрација но и работна дисциплина која, рака на срце, се згуснува кон северните географски широчини. Приматот врз успешните светски bike-sharing приказни сепак го презема профитниот деловен концепт. Интересот на стопанските субјекти за беспрекорно функционирање на системот се црпи и од велосипедската рента, но и од можноста за реиздавање на рекламен простор во кругот на велосипедските станици или, по договор со локалната управа, на други градски локации. Подготвеноста на истата таа управа за инцидентни финансиски интеревенции одржува дистанца од опасноста за губење на интересот кај стопанственикот во периоди на послаб кориснички одзив. Постоечките, докажано успешни bike-sharing ангажмани на крупни банкарски, рекламни и консултантнски субјекти, треба да е патоказ за усвојување на вистинската политика во деловниот сегмент. Оперативниот систем... ... Може да биде реаниматор или гробар на целокупната иницијатива. Брзината и едноставноста на процедурата за изнајмување и
паркирање на велосипедите, како жариште на корисничкиот интерес, директно произлегуваат од подготвеноста на локалната власт за капитални инвестиции. Од локалните корисници и туристите најпосакуваниот автоматски модел (провлечи картичка и ‘јавни’) ги „пумпа“ стартните издатоци за велосипеди (специјална конструкција, вграден GPS), станици (автоматски паркирни места) и специјално развиена софтверска поддршка. Ваквите капитални трошоци прелеани во оперативни, опаѓаат со текот на времето значително под прифатливиот „плафон“. Со малопродајните велосипеди, групните паркинг-станици и нивната модуларност, како одлики на мануелните модели, капиталните инвестиции пикираат во „низок прелет“, иако истите, подоцна, форсираат повисоки оперативни издатоци. Оперативниот систем, во принцип, треба да ја рефлектира отвореноста на bike-sharing концептот кон различни групи корисници, наметнувајќи истовремено модел на користење најблизок до локалниот менталитет. Адвокатите на автоматскиот го потенцираат безготовинското плаќање (е-картички, smart телефони), корисничкото нерасположение кон контролата од страна на човечки фактор, брзината на „автоматизираната“ усуга (провлечи картичка-и-земи) и можноста за интегрирање на електронската наплата со онаа на другите градски системи (јавен превоз, паркинг). Дизајнот на паркирните места кај автоматските станици се потенцира како дарежлив „кусур“ во форма на современо дизајнирана и привлечна урбана опрема. Нивните не помалку гласни опоненти ја отфрлаат потребата за неизвесни почетни технолошки инвестиции, ставајќи >> 27 мај 2016
ПОРТА
39
сообраќај
апостроф на можноста за директна контрола на вратените велосипеди, поголемиот капацитет на станиците, нивната безбедност и потенцијална модуларност (монтажна конструкција), како и непосредната помош која корисниците со слабо познавање на јазикот и локалниот простор би можеле да ја добијат. Во форма на универзално полезни искуства, досегашната практика, сепак, успева со нијансирани решенија да ја пополни до некаде „ничијата земја“, развлекувајќи преку неа организациско-технички нишки кои повеќе ги поврзуваат одошто раздвојуваат двете непомирливи страни.
СВЕТСКО, А НАШЕ Воведната пасторала на скопскиот bikesharing беше опиплива: град со поволна конфигурација, подразбуден вело-ентузијазам, содржински жаришта кои непрекинато привлекуваат движења и, секако, локална самоуправа со доволна количина доблест во таа неистражена насока да се впушти. Четири стативи кои новооткриениот urbanus movens треба да го чуваат од немилосрдната гравитација, во соѕвездието од пет мануелни станици за изнајмување како лимфни јазли на новиот систем за прочистување на застоената свест по однос на прашањето на кој сè начин може да се совлада градскиот простор. Статистиката ги потврди кохезивните нишки кои 40
ПОРТА
27 мај 2016
bike-sharing услугата почна да ги шири кон граѓаните. Магловитата полусезона која во 2010та го испрати ставањето во функција беше, во поглед на бројот на изнајмувања, надградена со ударната 2011 година. Меѓу тоа, од тука некаде се расплетува пунџата на раседните линии кои скопската во повој почнуваат да ја дистанцираат од сличните приказни ако не во светот, тогаш секако во регионот. Скромноста и минливоста се метафори кои денес просто зрачат од видливите компоненти на скопската bike-sharing елегија. Во стравот, веројатно, од неизвесен резултат желбата да се избегнат непотребни влезни трошоци како да ја импрегнира нејзината „лична карта“, задржувајќи ја и по форма и по функција непроменета повеќе од пет години! Таквиот манир носи опасност за „бетонирање“ на овој транспортен модел на ниво на анкетна алатка за прескромни резултати. ЈП „Градски паркинг“, услугата bike-sharing, со која претпријатието е задолжено, сè уште ја базира на пет станици со вкупно 120 велосипеди со масовен квалитет, во град со речиси 600.000 жители. Врв на понудата, опишан во неговиот веб-портал како „интересен сегмент“, претставува можноста „...велосипедот што е изнајмен на една постојка, да биде вратен на друга“, при што тоа изнајмување во практика сè уште се врши преку пополнување на бледо копиран формулар, онака, „на колено“. Автохтоноста на искуствата не е уставно
сообраќај недопирлива категорија, па сето она што не е наше, а поседува контури на полезен имплемент, треба да се земе предвид. Петте скопски станици изгледаат скромно во однос на 20-те со кои својата bike-sharing приказна решил да ја почне градот Торино (~900.000 жители), внимавајќи притоа ударните локации на истите да се во зоните на пешачките движења каде ќе бидат и највоочливи, наместо на паркинзи каде, по природата на нештата, се мотаат претежно возачи (велосипедистот нема природна намера да цели на паркинг за автомобили ако веќе користи превозно средство кое му овозможува поголема продорност до целта на патувањето!). Прагматичноста очигледно однела победа над вродениот латински романтизам, па на италијанското царство на автомобилите (звучи ли ова малку како Скопје?!) му беа спротивставени специјализирани велосипеди со автоматско отклучување и безготовинско плаќање, како кратенка до корисничката наклоност. По период од пет години двата врсника се наоѓаат на двата краја на технолошката синтакса, при што едниот ја „брка“ бројката од 2.000.000 изнајмувања годишно (во просек, две изнајмувања по граѓанин), додека другиот како да коагулира во атавизам на сопствениот транспортен систем (во груб просек, едно изнајмување на секои 400 жители!).
Двете велосипедски тркала градат комплексен хендикеп, кој статусната борба на велосипедот ја претвораат во херкулски напор. За секој велосипедист, за секоја патека или паркинг, за секоја порција од вниманието на возачите. Bike-sharing концептот е во позиција тоа да го прави непосредно, далеку поефикасно од сјајните велосипеди и вонсезонските попусти во продавниците. Затоа им е неопходна ефектна иновативност во секој сегмент. После сè, ова не е тема чии елементи мора да се имплементираат провлечени низ принципот на неопходност, бидејќи претставува урбан модалитет кој својата „расност“ ја покажува низ времето, низ наизменични фази на ремоделирање и надградба, по трагите на „шумовите“ кои ги емитува јавноста што го формира пазарот. НАМЕРАТА Е ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА Успехот на bike-sharing подсистемот делува многу поблиску во моментот кога кон него се поаѓа отколку по дел од изминатиот пат. Неговата реална вредност, најчесто недопирлива во моментот на постанокот, станува видлива низ процесот на повторување и размножување, кој ќе ги долови неговите контури, некогаш и вистинското лице. Овој аксиом налага, управната свест, која го следи, да биде многу повеќе елитистичка, никако комесарска и флексибилна. Која и да било проценка на успешноста на bike-sharing подмоделот, е строго зависна од она што е дефинирано како проектен успех. Во компресираните градови на денешницата, дефицитарниот простор и невралгичниот однос транспортни потреби – можности креираат савана каде често пати владее законот на посилниот односно побрзиот, кој добрата намера за кусо време може да ја трансформира во „шести прст“ – можеби функционален во одредени ситуации ама генерално бескорисен. Уделот на сличните глобални програми во редукцијата на автомобилските патувања и аерозагадувањето е релативен, некаде и до ниво на дискутабилност. Без оглед на тоа, приклонувањето кон bike-sharing подмоделот се смета како успешен исчекор кон посакуваната транзиција во урбаниот транспорт преку колебање на менталниот пристап кон секојдневните патувања. Ефект невидлив за егзактните критериуми на cost-benefit анализите за кои параметарот ментална подготовка за промена нема никаква важност. Исто како и сознанието дека возењето велосипед до и од работното место е единствената физичка активност за армија од канцелариски зависници. Но, од аспект на здравјето на нацијата, популаризираните програми од овој транспортен вид претставува потполн успех! -крај27 мај 2016
ПОРТА
41
енергетска ефикасност ПАСИВНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО АРХИТЕКТУРАТА
Сонце – доминантен обновлив извор на енергија Во наредните броеви на „Порта 3“ ќе објавиме серија написи посветени на пасивното користење на сончевата енергија во архитектурата. Станува збор за текстови-извадоци од книгата на д-р Петар Николовски, посветени токму на таа тема.
Слика 1: Глобален карбон циклус д-р Петар НИКОЛОВСКИ, дипл.инж.арх
Б
орбата со климатските промени, како глобален светски тренд, од ден на ден станува сè Кјото протокол поинтензивна, бидејќи часовникот предупредува дека многу бргу се приближуваме кон границата по која не ќе е можно да се стори нешто за спас на планетата Земја. Растежот на потрошувачката на енергија на светско ниво, од една страна, и дефицитот на енергетски ресурси, од друга страна, истовремено со загрижувачките климатски промени, налагаат неминовна рестрикција на потрошувачката на енергија (Слика 1). Индустријата, транспортот и градежниот сектор имаат суштинска улога во овој постулат. Градежниот сектор е одговорен за околу 40% од емисијата на штетните гасови. Употребената енергија за греење и климатизација на воздухот изнесува околу 70% од ова количество. Недостигот од енергија, ограничените и исцрпливите фосилни енергетски ресурси,
42
ПОРТА
27 мај 2016
генерално
Слика 3: Глобален енергетски потенцијал кажано енергетската криза, налагаат преориентација кон оптимално користење на обновливи извори на енергија (Слика 3). Во многу земји, а особено во Република Македонија, сонцето потенцијално претставува главен Слика 2: Топење на мразот на Арктик
енергетска ефикасност
Слика 6: Движење на Земјата околу Сонцето по елиптична патека
Слика 4: Сончев енергетски потенцијал во Република Македонија обновлив извор на енергија (Слика 4). Енергијата од сончевото зрачење може да се користи во активна и во пасивна форма. За активното користење потребнa е техничкa инсталациja и опрема (соларни панели за добивање санитарна топла вода и фотонапонски панели за добивање електрична енергија). Сонце - гратис светлина и топлина Од астрономска гледна точка, нашето Сонце е една просечна ѕвезда меѓу многуте милијарди други ѕвезди во нашата галаксија Млечен пат, којашто од своја страна е просечна галаксија меѓу многуте милијарди други галаксии во бескрајната вселена, којашто, итн. итн... (Слика 5). Земјата се движи по елиптична патека (еклиптика) околу Сонцето кое се наоѓа во еден од фокусите на елипсата, па Земјата е поблиску до Сонцето (перихел) кога таа е на крајот на малата оска (зимски солстициј
или краткоденица) и подалеку (афел), кога е на крајот на другата оска (летен солстициј или долгоденица) (Слика 6). Просечното растојание на Земјата од Сонцето е 149.600.000 km. Интензитетот на сончевото зрачење врз Земјата е обратно пропорционален со квадратот на растојанието од фокусот и тој варира од 3,5% во однос на просечната вредност од 1.353 W/m2 што доаѓа до Земјата. Поради наклонот на оската на Земјата за 23,5 степени во однос на нормалата на рамнината во која се движи Земјата на својот пат околу Сонцето, бројот на часови на сончевата светлина секој ден варира во зависност од местоположбата на Земјата на овој пат. Зимската краткоденица на северната хемисфера се јавува околу 21 декември, кога сонцето на пладне е под прав агол на географска ширина 23,5 степени. Летната долгоденица се случува околу 21 јуни, кога сонцето на пладне е под прав агол на северна географска ширина 23,5 степени. Пролетната и есенската рамноденица (еквиноциј) се случуваат околу 21 март, односно 21 септември. При соларно проектирање и пристап и продор на сончевите зраци во внатрешни простори, неопходно е познавање на аглите на сонцето. Различните фасади на згради добиваат различни количини светлина во зависност од својата ориентација, време од годината и време во денот. За правилно користење на сонцето, конструкциите на зградата мора да се простудираат. Аголот под кој сончевите зраци навлегуваат во атмосферата влијае врз количината на добиената сончева радијација. Должината на нивната патека во атмосферата се зголемува кога сончевите зраци се коси. Ова варира во текот на целата година, од 23,5 степени во летната долгоденица, рамнодениците 0 степени, до 23,5 степени во зимската краткоденица (Слика 7). >> Слика 7: Соларни интервали на северна хемисфера
Слика 5: Сонце, галаксија Млечен пат и дел од оптички видливата вселена
27 мај 2016
ПОРТА
43
енергетска ефикасност
Слика 8: Влијание на атмосферата врз сончевото зрачење Планетата Земја и целиот жив свет на неа постојат благодарение на Сонцето, но истовремено тоа претставува неисцрпен извор на енергија. Сонцето е џиновски реактор во кој перманентно се одвива нуклеарна фузија на водород во хелиум. Овој процес ќе трае сè додека постои самото Сонце, во наредните пет милијарди години. При процесот нуклеарна фузија, на сончевата површина се ослободува енергија од 66 милиони W/m2, во форма на светлина и топлина. Но, само мал дел од оваа енергија доаѓа до нашата атмосфера. Оваа фракција е т.н. „соларна константа“, чијашто вредност изнесува 1.353 W/m2. Меѓутоа, сончевата енергија пристигната до површината на Земјата е уште помала од соларната константа поради фактот што атмосферата апсорбира околу 15% и рефлектира назад во вселената уште 6% од сончевото зрачење. Затоа, вкупното сончево зрачење претставува само сума од директното и дифузното зрачење (Слика 8). Но, и покрај тоа, за време од еден час на Земјата пристигнува поголемо количество сончева енергија отколку што целата популација на Земјата троши енергија за една година. Планетата Земја и целиот жив свет на неа секојдневно се изложени на електромагнетни зрачења од различни видови, вклучувајќи го и Сонцето. Типовите на електромагнетното зрачење се дефинирани со својата бранова должина λ???, изразена во микрометри (μm) или нанометри (nm). За бранова должина на електромагнетното зрачење, во стандардите МКС EN е усвоена единицата нанометар. За потсетување, 1 μm = 10-6 m, односно 1 nm = 10-9 m. Во Табела 1 е прикажано електромагнетното зрачење класифицирано според брановата должина, а на (Слика 9), различни типови електромагнетно зрачење.
Слика 9: Различни типови електромагнетно зрачење
Слика 10: Спектар на сончевото зрачење Од Слика 9 е очигледно дека сончевото зрачење претставува само еден мал дел од спектарот на електромагнетното зрачење, во интервал од 280 до 2.500 nm (Слика 10), при што ова зрачење се манифестира како ултравиолетово (UV), во форма на видлива светлина и како краткобраново инфрацрвено (IR) зрачење. Во енергетски поглед, во сончевиот спектар најсилно е видливото зрачење, а најслабо е ултравиолетовото (Табела 2). Табела 2: Енергетски потенцијали на сончевиот спектар
Табела 1: Класификација на електромагнетното зрачење според брановата должина
Добиената енергија зависи од годишното време (нападниот агол на сончевите зраци во однос на Земјата), географската широчина, временските услови (облачност, магла, дожд), конфигурацијата на теренот, загаденоста на атмосферата, ориентацијата на зградите и др. Човечкото око е во состојба да детектира само еден мал дел од сончевиот спектар, во интервалот помеѓу 380 и 780 nm, т.е. видливата светлина. Спектарот на бои од кои се состои видливата светлина е прикажан на Слика 11.
44
ПОРТА
27 мај 2016
Слика 11: Спектар на видливата светлина
енергетска ефикасност Покрај визуелната перцепција, сончевата светлина можеме да ја чувствуваме и во форма на топлина, во количество што одговара на половина од вкупната топлина добиена од Сонцето. Инаку, во секојдневниот живот топлината ја добиваме од два извора: l од сончевиот спектар (генерирана од ултравиолетовите зраци), од светлината и од кратките инфрацрвени бранови; l топлина емитирана од предмети (светилки, радијатори и др.), која се зрачи во форма на долги инфрацрвени бранови. Фактори на сончевото зрачење Во рамките на вкупниот спектар на електромагнетните зрачења од 0 nm до неколку километри (Слика 9), сончевото зрачење е лоцирано во релативно мала област од спектарот, во интервал од 300 до 2.500 nm. Преку спектрометриските сончеви фактори, познати како енергетски и светлински фактори, се одредуваат својствата на застаклените површини во зградите во однос на трансмисија, апсорпција и рефлексија на енергијата и светлината.
Светлинските фактори од трансмисија (tv) и од рефлексија (v) се дефинираат соодветно, но како фракции од видливата светлина, односно фракција пренесена низ стаклото и фракција рефлектирана од него (Слика 14). Апсорбираната светлина во стаклото е невидлива и
Слика 14: Светлински фактори обично таа се занемарува. За илустрација, во Табела 4 се дадени вредностите g и τv за монолитно бело стакло и двослојно застаклување со обично стакло без премаз. Табела 4: Вредности g и τv за монолитно стакло и двослојно застаклување
Слика 12: Енергетски фактори при обично монолитно стакло Енергетски фактори При упадот на сончевите зраци низ стаклото, вкупната енергија на сончевото зрачење (φe) се дели на неколку фракции (Слика 12). Соларниот фактор g ја дефинира вкупната енергија пренесена низ застаклувањето, односно тој претставува сума од директно пренесеното зрачење и апсорбираното зрачење во стаклото, дополнително рефлектирано кон внатрешноста. За разлика од шематскиот приказ на енергетските фактори при обичното монолитно застаклување, при двослојно застаклување патиштата на сончевата енергија се многу посложени, но, всушност, ги следат веќе опишаните основни принципи на рефлексија, апсорпција и трансмисија на енергијата, во зависност од нападниот агол на сончевите зраци (Слика 13). Светлински фактори На сличен начин како кај енергетските фактори, светлинските фактори се дефинираат единствено врз основа на видливиот Слика 13: Енергетски фактори дел од сончевиот спектар, при двослојно застаклување помеѓу 380 и 780 nm.
Селективност во пропуштањето на сончевата енергија низ стаклата Со минување на сончевото зрачење низ застаклувањето, во внатрешноста на просториите се генерира топлина од ултравиолетовите зраци, од видливата светлина и од краткобрановото инфрацрвено зрачење. Количеството на оваа топлина може да се редуцира со употреба на стакла со премаз со високи перформанси, без да се намали интензитетот на видливата светлина (Слика 15). Ваквиот премаз го попречува минувањето на ултравиолетово и краткобрановото инфрацрвено зрачење, но ја пропушта светлината. Овој тип стакла се нарекуваат селективни. Факторот селективност на стаклата претставува однос помеѓу факторот на пренесена светлина τv и соларниот фактор g. Селективноста се движи во интервал од 0 до 2, при што l 0 е тотално непроѕирно стакло со степен на пренесување на светлината 0; l 2 е најдобра можна селективност, бидејќи енергетското учество на светлината претставува 50% од сончевиот спектар. На пример, за застаклување со τv од 50%, најнизок можен соларен фактор е 25. Колку е поблиску вредноста до 2, толку е поголема Слика 15: Ефект на селектирање на селективноста на сончевата енергија низ проѕирни стакла застаклувањето. n 27 мај 2016
ПОРТА
45
енергетска ефикасност
ПАМЕТНИ ЗГРАДИ: 200 ГОДИНИ ТЕХНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВИЕНА
Од барок до модерна архитектура и технолошки парк Растејќи и развивајќи се низ период од два века, зградите од универзитетскиот комплекс го носат со себе обележјето на времето во кое се градени. Од раскошниот барок на зградата на ректоратот до модерната архитектура со концептот на „паметни згради“ на најновите зданија. Сето тоа во една единствена целина.
Главната зграда – Ректорат
46
ПОРТА
27 мај 2016
енергетска ефикасност
план на универзитетскиот комплекс Даниела МЛАДЕНОВСКА
Т
ехничкиот универзитет во Виена (Technische Universität Wien) е еден од најистакнатите универзитети во Европа. Основан е во далечната 1815 година под името Кралски политехнички институт. Во 1872 го менува името во Техничка висока школа, а од 1975 година универзитетот го носи денешното име. Денес, универзитетот има 26.200 студенти (19% странци/30% жени), осум факултети и околу 4.000 вработени. Наставата и истражувањата се фокусирани на инженерството и природните науки. ТУ Виена е екипиран со речиси 9.000 простории на вкупна површина од 276.000 квадратни метри, распоредени во повеќе згради во состав на комплексот. За својата 200 годишнина во 2015 година, универзитетот го комплетираше проектот со кој воведе нови лаборатории и истражувачки комплекси во модерен архитектонски стил, задржувајќи ја притоа својата изворна локација во четвртиот и шестиот градски дистрикт. Растејќи и развивајќи се низ период од два века, зградите од универзитетскиот комплекс го носат со себе обележјето на времето во кое се градени. Од раскошниот барок на зградата на ректоратот до модерната архитектура со концептот на „паметни згради“ на најновите зданија. Сето тоа во една единствена целина. Библиотеката на Техничкиот универзитет била формирана уште во 1815 година. Но, главната зграда на
библиотеката каква што ја знаеме денес е изградена во 1987 година и на фасадата има скулптури на був, изработени од швајцарскиот уметник Бруно Вебер. Главната библиотека има шест ката со простории со отворен пристап и 700 места за седење. Културните содржини заземаат високо
место во приоритетите на универзитетот, и покрај тоа што во фокусот ги има егзактните науки. Самата негова локација, всушност ги детерминира овие афинитети. Во непосредна близина се Операта, прекрасната барокна црква Karlskirche, како и Концертната сала каде секоја Нова година се одржува традиционалниот концерт на Виенската филхармонија. Универзитетот има два свои оркестри, домаќин е на најстариот бал во Виена, како и на свој бренд во вид на серија јавни дебати познати под името ТУ Форум. Особено е интересна зградата со име во духот на автономијата и слободата на универзитетот како институција, односно објектот познат како „Freihaus“. Терминот „Freihaus“ означува „слободна куќа“, односно вид на екстериторијална куќа во контекст на модерниот град. Првично, објектот бил лоциран во предградието на Виена и бил познат како Freihaus-Theater auf der Wieden. Во тој објект е одржана премиерата на Моцартовата „Волшебна флејта“. Во седумдесеттите години на минатиот век, направена е новата зграда во боја на зелен бакар, со истиот назив кој ја потенцира автономијата на универзитетот и слободата на научната мисла. Со цел реновирање на универзитетскиот комплекс, а во чест на јубилејот – 200 години >>
Главната зграда на библиотеката на универзитетот
27 мај 2016
ПОРТА
47
енергетска ефикасност
ТУ Форум
Фрајхаус - Технички Универзитет Виена
48
ПОРТА
27 мај 2016
од основањето, започнува реализација на еден обемен проект познат како „Univercity 2015“. Во рамките на проектот, меѓу другото, извршена е сериозна реконструкција на една од зградите на универзитетот, која датира од 1970-та, со што е добиена најголемата административна високо енергетски ефикасна т.е „plus energy“ зграда во Австрија. Проектот имал за цел да ја демонстрира не само техничката, туку и економската физибилност на ваквите објекти. Освен максималната оптимизација на потрошувачката на енергија, објектот ја поседува и најголемата фасада со инегрирана фотоволтаична постројка. Фотоволтаичните ќелии се составен дел од самата фасада, па дури и транспарентните површини имаат вградени фотоволтаици. Денес, објектот претставува и своевиден технолошки парк. Посебно е интересен погледот низ прозорците со импрегрирани фотоволтаични ќелии – истовремено имате поглед кон богатото барокно архитектонско наследство, но и кон иднината и технолошкиот напредок. Со реконструкцијата се постигнати сериозни подобрувања на термичките перформанси на сите површини на објектот. Вредностите на коефициентот U (W/m2K) пред и по реконструкцијата, се дадени во табелата.
Зграда „Energy Plus“
U (W/m2K)
Покрив Надворешни ѕидови Прозорци
Пред реконструкцијата
0,6 0,7 2,5
По реконструкцијата, заштедата на енергија на објектот е неверојатни 90%. Дополнително, со фотволтаиците, зградата произведува енергија која ги надминува нејзините потреби, па оттука и се нарекува „Energy Plus“ зграда. Во понатамошната своја експлоатација, оваа зграда наместо да генерира трошоци за енергија (електрична, топлинска, ладење), самата станува извор на енергија за други потрошувачи од кои обезбедува приход. Можноста што ја имаат студентите да учат низ
По реконструкцијата
0,066 0,088 0,62
Основни карактеристики на објектот “Energy Plus” 7,670 m² корисен простор на 10 ката 360 канцеларии, 350 предавални, 50 работни станици за студенти 336 kWP фотоволтаичен систем (вкупна површина на фотоволтаиците 2,246 m²)
реално изведен технолошки парк, да наоѓаат нови решенија и да се грижат за континуирано подобрување на енергетските перформанси на објектот е бесценета. Вкупната вредност на оваа високо исплатлива инвестиција е 21 милион евра.
Навистина извонреден пример за заштеда на ресурси и спој на модерната технологија со модерната архитектура. n 27 мај 2016
ПОРТА
49
eкологија
ЕНЕРГИЈА ОД ВЕТАР
Иднината на ветерните турбини Со исклучок на големите хидроцентрали, 10,3 проценти од произведената електрична енергија на глобално ниво во 2015 година e од обновливи извори, што е двојно во споредба со 2007 година. Од 2009 до 2015 година, на светско ниво, просечниот трошок за ветерните турбини падна за 14 проценти. Овие податоци ветуваат дека намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид може да се постигне побрзо и поевтино од она што нашироко се верува.
Марина ВЕРУШЕСКА
С
ветските лидери, особено од земјите во развој, сè уште тврдат дека е тешко да се намали глобалното затоплување со намалување на штетните емисии, бидејќи јагленот е најисплатливата опција за добивање на енергија. Но сведоци сме на светскиот тренд 50
ПОРТА
27 мај 2016
на опаѓање на цената на обновливите извори на енергија. Според последниот извештај на Обединетите нации, повеќе од 286 милијарди долари се ивестирани во ветерна, соларна и други обновливи извори на енергија на растечките пазари на Кина, Индија и Бразил. Со исклучок на големите хидроцентрали, 10,3 проценти од произведената електрична енергија на глобално ниво во 2015 година e од обновливи извори, што е двојно во споредба со 2007 година. Од 2009 до 2015
година, на светско ниво, просечниот трошок за ветерните турбини падна за 14 проценти. Овие податоци ветуваат дека намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид може да се постигне побрзо и поевтино од она што нашироко се верува.
СИТУАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ Во Белград, неодамна се одржа меѓународна конференција на тема „Енергетската иднина
eкологија
производителите на енергија во регионот. Во Македонија, првите ветерни електрани се изградени во периодот 2011 - 2014 година, како дел од ПВЕ „Богданци“. Турбините се производство на „Сименс“ – Данска, а инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 MW. Тие испорачуваат околу 100 GWh природно одржлива енергија и во план се уште неколку ветерни паркови, но засега останува конвенционалната опција како најсигурна, односно дека Македонија сè уште најмногу се потпира на фосилните горива.
ПОЗИТИВНИ И НЕГАТИВНИ СТРАНИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ВЕТЕРНА ЕНЕРГИЈА
на Балканот“, како одговор на објавените резултати од истражувањето на Health and Environment Alliance (HEAL), според кое, термокапацитетите на јаглен од Балканот најмногу ја загадуваат Европа, а како последица на ова загадување здравствените системи годишно издвојуваат над осум милијарди евра. На конференцијата беше заклучено дека исполнувањето на еколошките критериуми бара сериозни инвестиции, кои се тешко остварливи за
Позитивните страни се искористувањето на природна енергија, без трошоци за гориво и без загадување на воздухот. Негативните страни ги опфаќаат високите трошоци за изградба и променливоста на брзината на ветрот. Што се однесува до карактеристиките на ветар на одредена локација, тие можат да се предвидат. Европа веќе користи напредни математички и метеоролошки модели со мерни податоци. Освен тоа, секој електоенергетски состав е осмислен да трпи варијабилност, а варијабилноста на составот не значи и недоверливост кон тој извор. Пречките за користење на овој вид обновлива енергија се од технолошка, финансиска и политичка природа. Имено, акумулаторите за зачувување на енергијата кога нема ветер сè уште се скапи, но цените
паѓаат. Последен пример за појавување на проблем при максимално користење на извори на обновлива енергија е Германија, кога на 8 мај 2016 година, 95 проценти од потребите од електрична енергија во Германија бea задоволени од обновливи извори на енергија (од кои 36 проценти ветерна енергија). Ова е големо достигнување, но Германија ќе треба да ја зголеми ефикасноста на технологијата и да најде начин за складрање на енергијата за деновите кои не се толку сончеви и ветровити. Ова останува предизвик за во иднина. Главен проблем се јавува бидејќи електричниот систем на земјата и понатаму е премногу ригиден, па снабдувачите не можат доволно брзо да се адаптираат на состојбата. Според најновите извештаи, Германија планира целосно да премине на обновлива енергија до 2050 година.
„ВЕТЕРНИ ТУРБИНИ“ НА ИДНИНАТА Бидејќи користењето на ветерни турбини не е евтино, научниците постојано работат на создавање нови современи модели на ветерни турбини кои би биле поефективни и поевтини. Минатата година, шпанската стартап компанија Vortex Bladeless разви високи ветерници без перки (лопатки). Тие се бели столбови поставени во земја, а изградени да можат да осцилираат во тлото. Наместо лопатки, тие користат посебни магнети со чија помош столбовите се тресат колку што може повеќе без оглед на брзината на ветрот. Нивната вибрација се >> 27 мај 2016
ПОРТА
51
eкологија
претвора во струја и таа собрана енергија би била за 40 проценти поевтина од класичните ветерни турбини со лопатки. Исто така, ваквиот вид на ветерница е поевтин за изработка бидејќи лопатките се скапи, а воедно и помалку се троши на одржување. Единствен недостаток во споредба со ветерниците со лопатки, е дека произведуваат околу 30 проценти помалку енергија. Како последен изум при користење
ПОРТА
на кинетичката енергија е концептот на ветроелектрани предложен од страна на американските научници. Тие сметаат дека структурите што би наликувале на дрвја, направени од електромеханички материјали, се најдобар избор за ветерни турбини. Тие користеле математички модел за да одредат дали може да се произведе постојан извор на енергија од нередовни осцилации, како што е движењето на ветрот. Со употреба на
процесот познат како „внатрешна резонанца“, откриле дека е можно вештачкото електромагнетно дрво да вибрира со големи амплитуди под константна ниска фреквенција. Тие ја докажале својата хипотеза и се надеваат дека мала шума од механички дрвја еден ден би можела да обезбеди алтернативен начин на прибирање на кинетичката енергија која се наоѓа насекаде околу нас.
ПОРТА
ентериер
КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОРИ (8)
Дефинирање на канцеларијата Канцеларијата израсна во типично место за работа во постиндустриската ера. За да се овозможи компарација помеѓу различни канцелариски средини, неопходно е тие да се категоризираат.
проф. м-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС
Р
аботниот простор претставува организирана физичка средина која компаниите ја обезбедуваат за да можат вработените да ги извршат поставените работни задачи. Тој го конституира вториот најголем трошок за поголемиот дел од компаниите, додека првиот се човечките ресурси. Канцеларијата израсна во типично место за работа во постиндустриската ера. За да се овозможи компарација помеѓу различни
54
ПОРТА
27 мај 2016
канцелариски средини, неопходно е тие да се категоризираат. Традиционално, постојат две главни методи на категоризација на канцелариските средини: или преку просторната организација, или преку работната организација. Често се забележуваат ограничувања во користењето на само една од овие методи затоа што постои корелација помеѓу двете од нив . Во организациската литература, генерално, канцеларијата е опишана или како традиционална, или како канцеларија со отворен план. Традиционалните канцеларии служат да вдомат едно до две лица во приватни простории, затворени со ѕидови до таван, а во нив се влегува низ врата и обично ги поседуваат сите алатки и опрема потребни за извршување на работата. Во литературата се идентификувани пет канцелариски типови, кои даваат доволен избор за манипулација со просторот и со организациската поставеност на повеќето компании: 1) канцеларија-клетка; 2) заедничка канцеларија; 3) канцеларија со отворен план
(вклучувајќи мала, средна и голема канцеларија со отворен план), 4) флекс канцеларија и 5) комби канцеларија. Типовите на канцеларии се дефинирани според архитектонските и функционалните карактеристики. Помеѓу архитектонските карактеристики, просторната организација е најдоминантна и како таква критична за многуте функционални каркатеристики, а посебно за одвивањето на работата и администрирањето во неа. Ваквата категоризација според просторноорганизациските критериуми, ја наоѓаме и во стратегијата за планирање на работните средини на компанијата за дизајн и производство на канцелариски мебел и ентериери „БЕНЕ“ (BENE) од Виена, Австрија. Канцеларијата-клетка е канцелариска просторија за едно лице. Основата на овој тип се карактеризира со коридор и со пристап до прозорец. Поголемиот дел на опремата е во просторијата. Канцелариската работа е крајно независна, односно автономна и сконцентрирана.
Заедничката канцеларија е дефинирана со два-тројца вработени кои ја споделуваат истата. Ваквиот тип е или резултат на тимски базирана работа, која става акцент на интеракција заради проектот, или е резултат на недостаток на простор. Во овој случај – во вториот се здружуваат вработени со слични доверени работни задачи. Поголемиот дел од канцелариската опрема е надвор од просторијата, иако понекогаш кога заедничката канцеларија ја делат вработени од еден тим, опремата е во канцелариската просторија. Канцеларијата со отворен план егзистира во неколку различни видови, зависно од бројот на вработени кои ја делат просторијата, и тоа: - Мала канцеларија со отворен план за четири до двет лица во просторија. Се смета за добра големина на работен тим. - Средна канцеларија со отворен план за 10-24 лица во просторија. - Голема канцеларија со отворен план за повеќе од 24 лица во просторија, која доста ретко се употребува во Европа, а во САД >>
ПОРТА
ентериер бројот достигнува и до 200 вработени во просторија. Канцеларијата со отворен план е дефинирана преку споделување на јавниот работен простор од страна на вработените. Помеѓу работните станици не постојат ниту ѕидови ниту пристап до индивидуалните прозорци. Работата е главно рутинска со низок степен на интеракција помеѓу вработените. Целта на ваквите канцелариски типови е да се биде флексибилен при организациските промени кои се остваруваат без реконструкција. За намалување на бучавата и постигнување на некаква приватност, се поставуваат одредени екрани помеѓу работните станици. Терминот „канцеларија со отворен план“ може да се однесува и на канцелариски простор поделен на релативно мали кабини / работни станици со паравани (исто така познат и како екрани или панели) и модуларен мебел. Уредувањето на работните места е флексибилно и бројот на паравани по кабини може да варира од нула (bullpen-тип) до четири (кабини). Не постојат ѕидови со полна височина со врати кои ги
ПОРТА
одвојуваат вработените. Дизајнот е создаден за да се направи поефикасна употреба на просторот и подобрување на протокот на информации. Флекс-канцеларијата е дефинирана со тоа што вработените немаат лична работна станица. Често е поставена во простор со отворен план, но не секогаш. Овој тип е најфлексибилен од сите споменати заради фактот што не е само канцелариската основа флексибилна, туку се флексибилни и вработените. За овој тип, неопходен е добар ИТ систем заради фактот што изборот на работната станица од страна на вработените е неограничен и без рестрикции, а целото
одвивање на работата зависи од пристапот до споделениот компјутерски систем. Флексканцелариите се димензионираат за помалку од 70% од вработените да се сместат во исто време во канцеларискиот простор, а ваквото димензионирање е базирано врз препоставката дека поголемиот дел од работата се одвива надвор од канцеларијата, или дека дел од вработените се отсутни заради болест или друга причина. Комби-канцеларијата во денешно време е канцелариски тип без стриктна просторна дефиниција. Наместо тоа, неа ја дефинираат тимската работа и споделувањето на јавните содржини и постројки. Постојат соодветни пристапи до додатни простори за тимска работа, концентрирана работа или состаноци. Преку 25% од работните задачи на вработените се одвиваат во канцеларијата на места кои не се нечии работни станици, врз база на потреба. Природата на работата е или независна или интерактивна, но најмногу е соодветна за тимска работа. n
рубрика
брика
брика
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
38
ПОРТА
26 декември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
репортажа
УБАВИ ГРАДОВИ...
Планината Монт- Роjал и Ораториумот Свети Jосиф
Монтреал – Културна престолнина на Канада (1) Монтреал е град кој зазема највисоки места во рејтингот на најудобните градови за живеење во светот. Втор по големина во Канада. Високоразвиен, многунационален мегаполис. 58
ПОРТА
27 мај 2016
Љупка ДУКОВСКА, дипл. инж. арх.
З
а необичната убавина на Монтреал, неговата атмосфера која е повеќе европска отколку канадскоамериканска ... која ja почувствував дури и во ладните декемвриски денови ... може да се пишува многу. Тоа е град кој зазема највисоки места во рејтингот на најудобните градови за живеење во светот. Град кој го нарекуваат „Културна престолнина на Канада“, а УНЕСКО во 2006 година го нарече „Град на дизајнот“.
РАЗВОЈ ... Според археолошките докази, на територијата на Монтреал живееле разни племиња на Индијанци, уште пред 4.000 години. Во 1535 година, францускиот морепловец и истражувач Жак Картиер (Jacques Cartier, 1491-1557), обидувајќи се да открие северозападен морски пат кон Далечниот Исток, прв го посетил ова место. А Французите во 1642 година, ја основале првата европска населба, наречена Вил Мари (Ville – Marie). Сè до 1760 година, оваа територија била француска колонија. Во 1763 година, после Седумгодишната војна, територијата била предадена на Велика Британија и станала дел од Британското Северно Американско царство. После Првата светска војна, во периодот на прохибицијата во САД, Монтреал бил привлечен за Американците што сакале да се „напијат“. Во тоа време проблемот на безработица бил изразен. Се зголемил уште повеќе со економската криза во 1929 година. Во 1959 година, бил отворен Морскиот пат по реката Ст. Лоренс, овозможувајќи им на бродовите, кои пловат по Атлантскиот Океан, да го поминат Монтреал и да одат до Големите езера, што преставувало крај на неговата економска доминација. Сепак, во 60-тите години,
Стар град
економскиот раст на градот продолжил. Се градат брзи патишта, се гради метро, се градат највисоките облакодери во Канада, се организира светската изложба Експо-67... Во 1976 година се организираат Летните олимписки игри. Во 70-тите се случуваат големи социјални и политички промени. Основната причина е желбата на мнозинското франкофонско население да ја сочува својата култура, јазик, традиција. После
таканаречената Тиха револуција, франкофоните воспоставуваат своја доминација во градот, а голем дел од англофонското население емигрира во други канадски градови, пред сè во Торонто. Во 1977 година францускиот јазик е прогласен за единствен официјален јазик во градот и во целата провинција Квебек, иако повеќе од половина од жителите ги зборуваат и двата јазика. Масовната англофонска емиграција и повлекувањето на нивниот капитал во 70-тите и 80-тите години, довело до скоро 20-годишна економска депресија, безработица и намалување на развојот на градот. Ситуацијата почнува да се подобрува после 1995 година, кога многу светски корпорации, помирувајќи се со франкофонската трансформација на градот се враќаат во него. Во јули 2009 година бројот на жители на Монтреал и неговата муниципална околина изнесува 3.814.000, а на самиот град Монтреал 1.620.693 жители. Денес, Монтреал е најголем град во провинцијата Квебек, а втор по големина во Канада. Монтреал е високоразвиен, многунационален мегаполис. Значаен деловен, финансов, информационен, аеровселенски, технолошки, фармацевтски, текстилен и меѓународен центар. Неговата местоположба, во југоисточниот дел на Канада е одлична. Монтреал е поставен на голем остров, со истото име, на устието на реките Отава и Ст. Лоренс. Во територијата на градот влегуваат уште неколку помали острови и двата брега на реката Ст. Лоренс. Со брегот е поврзан со 15 мостови и еден тунел*. Тој е едно >>
Панорама на Монтреал со поглед од планината Монт-Роjал
* Тунелот што поминува под реката Ст. Лоренс е меѓу првите големи остварувања од преднапрегнат бетон во Канада. Преднапреѓањето го проектирал проф. д-р Тодор Барутчиски, Македонец, кој во тој период бил професор на Универзитетот Лавал во градот Квебек, Канада. Направен е од седум секции, секоја долга 109,7 м, а широка 36,5 м. Секциите се изградени на десниот брег, а потоа се донесени една по друга, до местото одредено со трасата на тунелот, потопени и споени во коритото на реката. Тунелот Louis-Hippolyte La Fontaine е една од градежните знаменитости на Монтреал и важна алка во Транс Канадскиот автопат. Голем и значаен градежен проект, кој предизвикал посебен интерес и внимание, со неговото инаугурирање на 11 март 1967 година, неколку дена пред отворањето на Светската изложба Експо 67. 27 мај 2016
ПОРТА
59
Старо пристаниште на Монтреал
од главните пристаништа на Канада, за прекуокеански и внатрешни бродови. Ултрамодерни транспортни магистрали го соединуваат со другите градови на Канада и САД.
ЗНАМЕНИТОСТИ, ИНТЕРЕСНА АРХИТЕКТУРА ... Монтреал е главен културен центар на Канада, со интересна архитектура, многу знаменитости, театарски комплекси, концертни сали, музеи ... Во градот има шест универзитети и дванаесет колеџи во радиус од осум километри. Тој е град со највисока концентрација на студенти, споредено со другите големи градови на Северна Америка. Седиште е на еден од најстарите универзитети во Канада, Мек Гил кој е меѓу топ 25 најдобри универзитети во светот, на универзитетот Конкордија и Универзитетите на француски јазик. Има многу места и објекти во градот кои заслужуваат посебно внимание. Сепак, според мене, најинтересни и најпопуларни се следните:
Подземен град
ПОРТА
- Прва е малата планина Монт-Ројал (Mount Royal, 233 м), во самиот центар на градот, по која градот го добил и името. На нејзините падини се простира голем парк, кој е дизајниран од страна на американскиот архитект за хортикултура Frederick Law Olmsted (1822-1903), кој исто така е автор и на Централ Парк во Њујорк. Инаугуриран е во 1876 година. Тука се наоѓаат и живописно вештачко езеро, скијачка патека, градина со скулптури, најголемата и најпосетена црква во Монтреал, Ораториумот Свети Јосиф, општата болница на Монтреал, Универзитетот Мек Гил, Универзитетот на Монтреал, Ėcole Polytechnique... Од неговиот врв се развива прекрасна панорама на градот. - Голема туристичка атракција е Стариот Град. Тоа е историскиот дел на градот, лоциран југоисточно од центарот, помеѓу крајбрежјето и брдото Монт - Ројал. Оваа територија, која е една од најстарите урбани области во Северна Америка, во 1964 година, од страна на Министерството за култура на Квебек, е прогласена за историска област. Во 60-тите години
репортажа сите стари објекти кои датираат од XVII до XIX век, се внимателно реставрирани. Потоа во нив се отворени модни магазини, ресторани, кафулиња... Прошетката по калдрмисаните улички од минатото, е вистинско задоволство. Тука се старите објекти на Градското собрание на Монтреал, пазарот Bonsecours, повеќе стари куќи... Археолошки остатоци од првата населба во Монтреал се наоѓаат на југозападниот дел на стариот град. - Секако дека мора да се спомне Старото пристаниште. Се протега на повеќе од два километри, по должината на реката Ст. Лоренс, во стариот дел на градот. Француските трговци со крзно го користеле како трговска станица, уште во 1611 година. Во 1976 година активностите на пристаништето се преселени на поголема локација, на која е изградено ново, модерно, најголемо речно пристаниште во Канада. Во почетокот на 1990 година, старото пристаниште е преуредено. Денес, тоа е претворено во зелена, рекреативна, историска област која привлекува шест милиони туристи годишно. - Според мене, ако нешто го прави Монтреал посебен, тоа е неговиот Подземен град, најголема пешачка зона во светот. Со неговата големина и функционалност, бев фасцинира уште пред многу години, кога го видов прв пат. Но и сега,
1250 René Lévesque
раздвиженоста на луѓето, одвивањето на нивните секојдневни активности под земја, посебно за време на ладните, снежни новогодишни денови, ги доживеав фасцинантно и многу пријатно. Како нешто неопходно и нормално за овој убав град со долги, ладни зими. Подземниот град (официјално RĖSO или La Ville Souterraine) е збир на меѓусебно поврзани комплекси, над и под земја, во и околу центарот на градот. Поврзани со тунели, климатизирани и осветлени. Има повеќе од 32 км тунели, кои поврзуваат област од 12 км², која вклучува трговски центри, станбени згради, хотели, станови, банки, деловен простор, музеи, 34 киносали, многубројни ресторани, универзитети, седум метро станици, две железнички станици, регионални автобуски терминали... Постојат повеќе од 120 места од кои има надворешен пристап до подземниот град. Секоја влезна точка е пристап за
Sun Life Building
1000 De la Gauchetiere
еден од 60 станбени или комерцијални комплекси, вклучувајќи 80% од сите канцелариски простори и 35% од целиот деловен простор во центарот на Монтреал. Во зима, околу 500.000 луѓе го користат подземниот град секој ден. Првата визија за подземен град била на урбанистот Винсент Понте (Vincent Ponte, 1919 - 2006). А првиот линк на подземниот град е направен со изградбата на комплексот со деловни кули и подземен трговски центар Ville – Marie, изграден во 1962 година од архитектот И. М. Пеи. - Центарот на Монтреал е централната бизнис област во градот. Се наоѓа на најјужната падина на планината Ројал во округот Ville – Marie. Има многу облакодери, кои според законот не може да бидат повисоки од висината на Монт Ројал, со цел да се сочува естетската доминација на планината. Ќе спомнам два од облакодерите, кои се највисоки. Првиот е 1250 René-Lévesque со 226 м висина и 47 ката, а вториот е 1000 de La Gauchetière, со 51 кат и 205 м висина. Изградени се во 1992 година и поврзани со >> 27 мај 2016
ПОРТА
61
репортажа
Place des Arts, Salle Wilfrid Pelletier
подземниот град. Една од најпрепознатливите згради во градот е VilleMarie, голем деловен комплекс изграден во периодот 1958 - 1962 година од архитектот И. М. Пеи, како седиште на Кралската банка на Канада (Royal Bank of Canada). Дизајниран во вид на крст, се состои од четири згради, со висина од 188 метри, со 47 ката. Комплексот е поврзан со подземниот град, со внатрешен пристап до повеќе од 1.600 продавници, ресторани, деловни простории, музеи, метро станици... - Секако дека мора да се спомне историската кула Sun Life, висока 122 м, со 24 ката, кој се наоѓа во најстрогиот центар на Монтреал. Изградбата е почната во 1913 година. Поминувајќи низ три различни фази на градба, комплетирана е дури во 1931 година. Изградена е за осигурителната компанија Sun Life, како најголема зграда во целата Британска империја во тоа време. Интересен е податокот дека за време на Втората светска војна, златните резерви на Велика Британија, тајно биле донесени во Канада. Ги чувале во Монтреал, во зградата
ПОРТА
Sun Life, три ката под земја. Денес, Sun Life е 17-та зграда по висина, во централната бизнис област на градот. Престижен објект за деловен простор и бизнис, прав скапоцен камен на Монтреал. - Place des Arts е најголем културен и уметнички комплекс во Канада. Културно срце на класичната уметност и место за изведување на многу летни фестивали. Комплекс на разни концертни и театарски сали, опкружени со големи плоштади. Се наоѓа во источниот дел
на центарот на градот. Пуштен е во употреба на 21 септември 1963 година. Тука се сместени операта, балетот, симфонискиот оркестар на Монтреал, кој е еден од водечките оркестри во светот, авангардни танцови ансамбли... подоцна се доизградени и други театри. Музејот на современа уметност, со неговата уникатна колекција на канадски и сликари од други земји, додаден е во комплексот на 28 мај 1992 година. (Продолжува)
ПОРТА
aрт и дизајн
Покривот на куќата на фондацијата „Луј Витон“ украсен со светлосна Францускиот концептуален уметник Даниел Бурен, создаде инсталација која инсталација изгледа како калеидоскоп
Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
В
о прашање е архитектонско здание за кое е заслужен Френк Гери, а неговата футуристичка структура била идеална подлога за создавање на светлосна инсталација на познатиот француски концептуален уметник Даниел Бурен. 64
ПОРТА
27 мај 2016
aрт и дизајн
Бурен се инспирирал од мазните кривини на џиновските едра, па ги прекрил со мозаик од обоено стакло формирани во блокови. Повеќе од три и пол илјади стаклени плочи во 13 бои ќе ги менуваат боите зависно од положбата на сонцето, што овој проект го прави посебно интересен. Самиот Бурен го измислил овој единствен визуелен алат составен наизменично од бели и обоени пруги со одредена ширина, кои, заедно, се во состојба да создадат илузија на светло. Неговите дела, најчесто, можат да се видат во музеите, галериите или на јавните простори во средиште на парковите . Претседателот на фондацијата „Луј Витон“ го пофали проектот и изјави дека уметникот создал амбициозно дело и на фасцинантен начин создал дијалог помеѓу зградата и својата уменичка игра. n
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА