ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
245 ЈУНИ 2016
Реконструираните фасади кријат опасност Мартин Пановски: Отвореноста е новата сигурност што еден објект треба да ја покаже Минас Бакалчев: Линија - помеѓу земјата и небото
90 ДЕНАРИ
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 245 ПЕТОК 24.6.2016 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Изборот на победникот на 18. Биенале на македонската архитектура, во стручната па и пошироката јавност предизвика спротивставени оценки. Токму затоа пред вас се два текста, едно интервју и еден авторски текст, со кои сакаме да ви ги претставиме обата објекти. На тој начин самите да донесете свој суд дали првата награда е дадена во вистински раце или не. Во интервјуто со професорот Минас Бакалчев, еден од авторите на првонаградениот проект, Тренинг центар ФК Вардар во Скопје, тој вели: „Проектот го сфативме како дел од доминантната спортска активност, фудбалот. Терените се доминантната површина, објектот е работ, еден вид архитектонска инфраструктура за програмите неопходни за основната активност. Така, и конкретно и метафорично, тој е линија која ги опслужува терените, во силуета граница помеѓу небото и земјата. Но станувајќи линија, неговата организација е амбивалентна“. Архитектот Мартин Пановски е еден од авторите на проектот Деловен објект „Прокредит банка“, а неговото арихтектонско биро се откажа од специјалната нагарада добиена на БИМАС 2016. Според него, динамиката и флексибилноста на работењето на самата банка и неговото приспособување кон новонастанатите општественоекономски потреби, бара простор кој
и самиот ќе биде приспособлив. Во денешно време, промените во моделите на бизнис-работењето се толку чести, што потребата од флексибилност и приспособливост на просторот се покажа уште при самата изградба. Почнувајќи од овој број, списанието „Порта 3“ ќе ги отвори страниците и за регионални урбанистички, архитектонски и градежни проекти. Поводот за ова е читателите да се запознаат со она што се работи и надвор од Скопје. Да се види дека и таму има добри решенија кои заслужуваат да бидат достапни до пошироката јавност. Во овој број ви го претставуваме проектот на архитектите од „Студио Атриум“ од Штип - Мини авантуристички парк во туристичкиот локалитет „Суви Лаки“. „Разубавувањето“ на фасади не е новост во светот. Но, страшниот пожар кој на 19 мај 2015-та се случи во станбена зграда во Баку, чија фасада претходно беше „разубавена“, постави многу прашања кои се однесуваат и на фасадите од проектот „Скопје 2014“. Дали на сметка на „поевтина“ изведба, материјалите што имаат подобри својства во однос на противпожарната заштита се заменети со нивните поевтини и помалку квалитетни „колеги“. Дали профитот е поважен од безбедноста?!
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ФК ВАРДАР, СКОПЈЕ
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
245 ЈУНИ 2016
Реконструираните фасади кријат опасност Мартин Пановски: Отвореноста е новата сигурност што еден објект треба да ја покаже Минас Бакалчев: Линија - помеѓу земјата и небото
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ
лектор: Костадинка СОЛЕВА
ГОЛЕМА НАГРАДА НА „БИМАС 2016“
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
ОД РЕДАКЦИЈАТА
ИНТЕРВЈУ 18 МИНАС БАКАЛЧЕВ: ЛИНИЈА ПОМЕЃУ ЗЕМЈАТА И НЕБОТО
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
АРХИТЕКТУРА 24 ОТВОРЕНОСТА Е НОВАТА СИГУРНОСТ ШТО ЕДЕН ОБЈЕКТ ТРЕБА ДА ЈА ПОКАЖЕ
AРХИТЕКТУРА OД ДРВО 38 РАЗБИВАЊЕ НА СТЕРЕОТИПИТЕ ЗА ОГНОТ И ДРВОТО
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
30
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
10
Печати:
УРБАНИЗАМ 42 МИКРОЗАЕДНИЦАТА КАКО ОСНОВНА КЛЕТКА НА МЕГА (МЕТА) ГРАДОТ
Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 50 РЕКОНСТРУИРАНИТЕ ФАСАДИ КРИЈАТ ОПАСНОСТ
34
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
АРТ И ДИЗАЈН 55 24 ВО ЖИВОТОТ Е ВАЖНО ДА СЕ ПОСЕДУВА СТРАСТА
РЕПОРТАЖА 58
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
РАЗНОВИДНОСТ ВО УНИКАТНОСТА НА АРХИТЕКТУРАТА
64
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
Модерна куќа од слама во Морахалом
А
ртказал е невообичаена куќа од природни материјали, подигната во близина на границата на Унгарија и Србија. Архитектот Золтан Тот од студиото Artgroup потпиша проект на куќа од слама во Морахалом, познато село во јужниот дел на Унгарија по бањскиот туризам. Идејата за правење на ваков објект е добиена од живописниот пејзаж, кој го красат пластови сено на ожнеаните полиња. Бидејќи сламата ја има во изобилство, изборот на материјал за изградба бил логичен и енергетски одржлив. Дрвената структура на куќата е обложена со двоен слој од слама, кој обезбедува и добра вентилација и добра изолација,
6
ПОРТА
24 јуни 2016
додека слојот од 25 сантиметри ја заштитува куќата од сончевите зраци. Сите врати и прозорци се направени во COR_TEN челик. 'Рѓосаниот изглед на ваквиот челик совршено се вклопува во овој вид на изградба. Куќата е опремена со системи за греење на геотермална енергија, кои ги потпомагаат и соларните панели на покривот. Оптималната локација на куќата обезбедува совршена ефикасност на соларните панели. Инаку, куќата е опремена со модерен ентериер како и богатство од содржини за членовите на семејството и гостите. Покрај теренот за одбојка, куќата има сауна, џакузи на отворено, како и пинг-понг маса која се наоѓа на покривот од куќата. n
инфо
О
ваа година Архитектонски факултет учествуваше на „Скопје креатива“ со студентите од прва година на предметот Ликовно изразување, со проект на апсолвентката Миа Шириќ и соработникот м-р Илчо Илиевски, дипл.инж.арх., под менторство на проф. Елизабета Аврамовска, со транскрипцијата – колаж во 3Д на делото „Герника“ од Пабло Пикасо. Студентите што неуморно и несебично креативно се вложија во работата на транскрипцијата на „Герника“ во 3Д колаж се: Ана Зикова, Ана Јанкуловска, Мартина Велковска, Стефанија Атанасовски, Андреј Нанески, Мејада Калиси, Елмедина Дема, Дејан Николовски, Мариа Грчева, Љубица Ефтимова, Пале Јанева, Стефан Василевски, Бисера Несторовска, Никола Момировски, Александар Петровски, Андреј Ивановски, Димитар Димовски, Виктор Наџински, Една Мирковска, Христина Царовска и Теодора Богдановска. Зошто токму „Герника“? Според
уметност која спаѓа во жанрот на ангажираната уметност. Сликата „Герника“ треба да ја сфатиме како опомена, не само кај нас туку и глобално. Затоа Французите во 2000 година, сликата „Герника“ од Пабло Пикасо ја прогласија за слика на милинеумот, НЕ на векот туку на Милениумот! (имајќи предвид дека во овој милениум создавале и Микеланџело и Леонардо да Винчи, па сепак...). Денес во светот се случуваат многу „Герники“, и буквално и метафорично; и затоа сликата е сè уште актуелна. Во нашиот контекст „Герника“ е актуелна на метафорично/симболично ниво на повеќе рамништа и треба да ја разбереме како опомена, особено од аспект на конфронтација и поделеност меѓу жителите во нашата држава, од аспект на „масакрирање“ на моралните, етичките и човечките вредности, што се рефлектира во сите области од општествено-политичкото, социјалното и индивидуалното живеење. n
3Д колаж на „Герника“ на студентите по архитектура Аврамовска, „Герника“ претставува светски симбол на страдање на цивили во братоубиствени конфликти, со неверојатно сугестивно влијание врз човековата совест. „Герника“ е првата слика во историјата на
24 јуни 2016
ПОРТА
7
инфо
Загадени води во близина на Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро
В
одечкиот бразилски биолог Москатели, кој со години се бори со загадувањето на водите, побара од привременииот претседател на Бразил да одобри вонредни финансиски средства за чистење на две лагуни околу Олимпискиот парк, од слоеви на талози од градската канализација. Пред неколку години, издвоени се 184 милиони долари за проект за чистење на морското дно од фекалии, но парите на крајот се задржани и реализацијата на проектот никогаш не започнува. Москатели, кој е најголем бразилски активист за чистење на водите во Рио, во неколку наврати има изјавено дека загадувањето во најголем дел потекнува од фекалии од канализацијата, а тоа би го објаснил на состанок со в.д. претседателот кој не би траел подолго од 10 минути. „Доколку чистењето не започне пред Олимпијадата, бидете сигурни дека никогаш нема да започне“, вели Москатели. Загадувањето на водите е „најжешкото“ прашање пред Олимписките игри кои ќе се одржат од 5 до 21 август. Големото чистење е најавено како еден од главните проекти кои би биле трајно наследство од Игрите, бидејќи студиите покажале дека олимписките веслачи би се натпреварувале 8
ПОРТА
24 јуни 2016
во води полни со опасни бактерии и вируси. Градските власти на Рио, неодамна ја обвинија централната власт за неуспехот во реализацијата на овој проект, оценувајќи го тој факт како „национален срам“. Поради високата концентрација на канализационен
отпад во водите на двете лагуни, се шири непријатен мирис и штетни испарувања по човековото здравје, а истите ќе бидат сериозно поттикнати од ветерот и брановите особено карактеристични за Рио во месец август, подвлекува Москатели. n
став
АРХИТЕКТ ВЛАДИМИР ПОТА ЗА БИМАС 2016
Голема шлаканица за жирито!
В
о Редакцијата на „Порта 3“ добивме писмо од архитектот Владимир Пота, негов осврт за БИМАС 2016, со коментар за настанот по повод одбиената специјална награда наменета за авторите на архитектонската реализација Управна зграда на ПРОКРЕДИТ БАНКА од фирмата „РАДИУС архитекти“ од Скопје. Архитектот Пота беше еден од членовите на жирито на овогодишното биенале. Писмото го објавуваме во целост. Демонстративното одбивање на доделената специјална награда од страна на авторите на архитектонската реализација Управна зграда на ПРОКРЕДИТ БАНКА, остави мачен впечаток на аудиориумот и на мене лично. Дотолку лично, што како член на жирито знаев дека Големата награда незаслужено се доделува на архитектонска реализација која ни од близу не заслужува да го носи тој епитет. Токму поради тоа, добиената шлаканица, наменета на сите нас од жирито, ја прифаќам, ја одобрувам и ја доживувам како лична стручна сатисфакција за моето објективно и самопрегорно работење. За сите три финални архитектонски реализации направив компаративна архитектонска стручна (напишана) експертиза, која ја приложив како издвоено мислење кон записникот за работата. Во нејзиното резиме, предложив на која архитектонска реализација треба да се додели Големата награда! Го пишувам овој текст со големи проектантски емоции и во потполност сочувствувам со почитуваните колеги губитници, бидејќи и јас сум бил автор – губитник на повеќе конкурси каде имало кујни од различна провениенција! Сега, кога завесата на архитектонската сцена е спуштена, ќе следат полемиките за и против одлуката на жирито. Тому поради тоа, ценетите повеќекратни лауреати на претходните БИМАС-и (професори, доценти и асистенти) треба да знаат (а знаат!), дека нивната архитектонска реализација Тренинг центар „ФК Вардар“ обилува со флагрантни елементарни проектантски недоследности, а тој што нив ги констатира, се разбира од заедничкиот занает. Во таа смисла укажувам на недоследностите поради кои мојот глас го дадов на губитниците! Нужното јужно ориентирање на објектот (веројатно поради фудбалските терени и близината кон нив) наметнува потреба за
заштита на доминантните стаклени фасадни мембрани од прекумерна сончева инсолација, што на објектот не е применето (рефлексното стакло делумно го решава проблемот). Непримената на хоризонтални брисолеи (настрешници, тераси, тремови) се во колизија со заложбите за енергетска ефикасност на објектите!? Незаштитените влезни, парадни, мермерни скали од атмосферски влијанија, од северната страна на објектот, со чудно поставен стаклен влезен портал, без ветробран, остава впечаток на проктантска недореченост!? Монотона композиција од едноритмични конструктивни дилатирани фасадни кубуси (зголемена развиена фасадна површина). Објект со должина од околу 74 метри (легнат паралелопипед) не поседува просторен впечатлив архитектонски израз, кој би придонел за неговата просторна динамика со која би се анулирала монотонијата на нивелираниот кровен венец. На Архитектонскиот факултет, истиот во кој Вие денес „домувате“, моите професори, а можеби и Ваши, ме учеа дека искреноста во архитектурата е битна вредност. За завршна фасадна обработка на архитектонската реализација на Тренинг центарот, применета е имитација од фугована тула од тврдопресуван полистирен, кoj за неупатениот е фугована тула!? Верувам дека и колегите, Вашите конкуренти кои демонстративно ја одбија специјалната награда, ги знаат овие мои очебијни констатации, па доделената награда ја разбрале како утешна и затоа и не ја примија. Во оценувачката работа на жирито, кое не гласаше унисоно (седум члена), мојот глас е само еден и исто вреди како гласовите на други двајца архитекти кои никогаш не практикувале проектирање, но го даваат гласот по лична опсервација и убедување (утврдените факти не можат да ги согледат). На помош кон погрешно насочување на Големата награда, претходеа и два воздржани гласа на архитекти, кои, пак, знаат што е проектирање. n П.С. Мојот текст има за цел да влијае како позитивнонегативно искуство на идните жирија, со сличните неправедни одлуки да внимаваат повторно да не ги повредат проектантските авторски чувства, и повторно да добијат шлаканица, како ние на БИМАС 2016.
24 јуни 2016
ПОРТА
9
инфо - градежништво
13. WESTMOUNT SQUARE MONTREAL
Неповторливи решенија на вештите
проф. д-р Љупчо Петковски , дипл.инж.град.
В
о организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ или MACOLD), во првата половина на мај беше реализирана стручна посета на брани со придружни објекти и хидроцентрали во Италија. Речиси педесетина членови на ЗМКГБ, вработени во градежни компании, водостопански претпријатија, инженеринг фирми и научни институции во Република Македонија, имаа можност да видат некои од неповторливите решенија на вештите градители на брани од Италија. Стручната екскурзија беше во целост спроведена според усвоената техничка програма, предложена од претседателот на Италијанскиот комитет за големи брани (ITCOLD), Giоvanni Ruggeri. Според најновите
10
ПОРТА
24 јуни 2016
инфо - градежништво
градители на брани од Италија
податоци на ICOLD, во регистарот за големи брани (каде меродавен критериум e, конструктивната височина да е поголема од 15 м), во светот се евидентирани 58.266 брани, од кои 542 се големи брани во Италија. Со оваа стручна посета на брани, која всушност е трета организирана од MACOLD, е избрана Италија, зашто таа има изградено квалитетна и
разновидна водостопанска и хидроенергетска инфраструктура, чие запознавање може да го унапреди искуственото знаење на хидротехничарите од Македонија. Во текот на петте дена беа посетени хидросистемот Ravedis, гравитациона брана лоцирана во сливот на реката Челина, во регионот Фриулу, потоа акумулацијата Barcis,
која е во непосредна близина на акумулацијата Реведис, на околу 10 км низводно, па браната Vajont, хидроцентралата Soverzene, брана изведена во тесен кањон во сливот на реката Пјава. Овде е интересно да се каже дека идејата да се формира хидројазел на ова место била стара и планирањето на проектот почнало уште од 1920 година, а браната била изградена во периодот 1958-1960 година. На 9 октомври 1963 година, делувиумот во левиот бок од околу 270 милиони m3 се лизнал во акумулацијата (која била на ниво 30 м под круната), за неверојатно кус период од само половина минута. Наглото свлекување направило џиновски бран од 50 милиони m3 вода, кој се прелил преку браната, истекол низводно по кањонот на реката Пјаве и го збришал гратчето Лонгароне (4 км низводно од профилот) и три села, однел повеќе од 2.000 животи и направил непроценлива штета. Браната, иако врз неа се прелил млаз повисок од 100 m над круната, практично останала неоштетена (слика 5). Беа посетени и хидроцентралата San Giacomo, со машинска зграда на брегот на езерото Гарда, хидроенергетскиот јазол Isola Serafini на реката По, што се состои од ниска бетонска преливна брана со табласти затворачи (слика 6), речна хидроцентрала и бродска преводница. По претставува еклатантен пример како треба да се планира идниот енергетски развој на Вардарската Долина, на потегот од Велес до Градец. Последна беше посетена 24 јуни 2016
ПОРТА
11
инфо - градежништво браната Bilancino (сликa 7), која се наоѓа во сливот на реката Арно, во областа Тоскана. Општиот впечаток на сите учесници на стручната екскурзија беше, дека таа беше добро осмислена и успешно спроведена. Од една страна, посетени беа разновидни типови на брани - бетонски (лачни, масивна и ниска бетонска преливна брана) и насипна, различни видови на хидроцентрали (надземни и подземни, крајбрански и речни, акумулациони и деривациони, класични и пумпно-акумулациони) и уникатни решенија за преливни објекти со контролирано преливање, што на најдобар начин ги отсликуваат креативните и
12
ПОРТА
24 јуни 2016
неповторливи решенија на вештите градители на брани од Италија. Учеството на вакви стручни екскурзии е од непроценливо значење за хидротехничарите, посебно за помладите колеги, независно од тоа дали се занимаваат со теориска или практична дејност. Овие настани се одлична прилика за добивање на нови сознанија, како и за неопходни контакти и комуникација со колеги од други средини. Ја ползувам оваа пригода да се заблагодарам на докажаните пријатели на ЗМКГБ и спонзори/донатори на оваа стручна екскурзија со чија несебична финансиска поддршка беа покриени трошоците на
организаторот. На крајот, би сакал да се заблагодарам и на сите други фирми инволвирани во „Инженерството за брани“, чии вработени беа учесници во посетата на браните во Италија. Исклучителната сериозност и студиозност на групата, составена од поединци со различна професионална ангажираност и искуство, се најдобриот потстрек за ЗМКГБ во иднина да планира и спроведе и други слични екскурзии во земји кои, според предлозите на учесниците на оваа студиска тура, би можеле да бидат: Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Хрватска, Словенија и Полска. n
инфо
СЕДМА ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН НА УАКС - ГИФАД 2016
Нов концепт и визуелен изглед
проф. д-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС
Н
а почетокот на месецов, Музејот на град Скопје ги отвори вратите за 7. Годишна изложба на Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС. На изложбата, оваа година, ѝ беше даден еден поинаков концепт и визуелен изглед. На неа беше претставен избор од 50 карактеристични решенија, иако бројот на проекти кои се реализирани е многу поголем. Изложбата е потврда дека Факултетот за архитектура и дизајн е активен учесник на културната сцена во Скопје. Во првиот изложбен дел беа креирани 16 изложбени паноа – призми на кои се претставени педесет специфични идејни архитектонски решенија и проекти, тематски конципирани за потребите на Дојран, изработени од студентите од сите академски години, од двата циклуса на студии. Токму соработката со Општина Дојран беше она што ја одбележа минатата година. Студентите од повеќе генерации од двата циклуса на студии, работеа на проекти за различни типови објекти и дизајни лоцирани во општината. Проектните програми беа структурирани во
насока на задоволување на потребите како на локалното население, така и на бројните туристи кои го посетуваат ова наше познато езеро. Па затоа експонатите ќе бидат презентирани подоцна на изложба во Дојран, а проектите ќе бидат предадени на општината за нивна понатамошна реализација. Во останатиот дел од музејот беа поставени уште два концепти. Едниот од учеството на овогодишната манифестација „Биста 2016“, а вториот концепт беа директно поставени студентски проекти на еден хоризонтален објект и се однесуваат на другите предмети кои ја сочинуваат целокупната наставна програма на факултетот. Со овој приказ се дава пресек на целокупното работење во академската 2015/2016 година. Забележлив беше и проектот за колективно домување – Домување во трето животно доба, кој е продукт на традиционалната соработката со Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во с. Злокуќани. Интересно е што студентите од трета година својата завршна презентација на проектот ја имаа токму таму, а на предметниот наставник и на неговите соработници, во улога на комисија, им се придружија и корисниците на домот. За потенцирање на потребата од директен контакт на студентите со локацијата и со корисниците, тие работеа и надвор од академската средина. Студентите од трета година, на предметот Ентериер 2, работеа во просторот на Националната галерија „Мала станица“, а предметот на проектирање беше токму просторот на оваа институција. Директно во просторот на нивната задача, во контакт со вработените како извор на информации и како идни директени корисници на новите решенија на работниот и комерцијален простор на институцијата. На факултетот за архитектура и дизајн на УАК, а тоа се виде и на изложбата, постојано се следи зацртаната образовна политика на школата таа да биде општествено ангажирана и посветена на реалните проблеми на заедницата од аспект на урбанизам, архитектура, дизајн, екологија. Оттука и годинава, како и сите изминати, изложбата во оформувањето исклучиво го следи концептот на користење на материјали за рециклирање и реупотреба, со помош на компанијата „Пакомак“. n 24 јуни 2016
ПОРТА
13
градежништво
Лабораторија за испитување на бетон и арматура во Битола
Подготвил: Менка РИСТОВСКА, дипл.град.инж. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)
Н
а 01.06.2016 ГЕИНГ КуК свечено ги отвори вратите на својата нова, веќе втора регионална канцеларија во Битола, во присуство на голем број гости, пријатели, соработници, претставници на институции и вработени. По првата успешно отворена канцеларија во Штип, веќе и Битолскиот регион ја има можноста да биде поблиску до услугите на ГЕИНГ Кребс унд Кифер и до широкиот спектар на експертизи. Канцеларијата располага и со Лабораторија за испитување на бетон и арматура која е снабдена со најнови инструменти и опрема потребни за извршување на испитувањата. Лабораторијата за испитувања на геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ КуК“, стационирана во подружницата во Битола, поседува комбинирана опрема од последната технолошка генерација со компактен дизајн, која во суштина е предимензионирана со цел да се обезбеди висок степен на цврстина и стабилност. Поседува хидрауличен безбедносен уред со максимален и минимален број на удари. Работи комбинирано, при што со хидрауличен селектор се избира опит за јакост на затегнување или јакост на притисок. Со оваа опрема се извршуваат следниве испитувања: 1. Определување на јакост на затегнување на арматура (Испитувањето се врши на арматурни прачки со димензии од O 6
14
ПОРТА
24 јуни 2016
до O 25 и плочести примероци со максимални димензии од 25 x 15 mm) Капацитет на затегање – max 500 kN 2. Определување на јакост на притисок на бетон (Испитувањето се врши на бетонски коцки со максимална димензија на страна 150 mm, или на бетонски цилиндри со максимални димензии d/h = 160 x 320 mm) Капацитет на притисок – max 1500 kN Опремата содржи и додатоци - Екстензометри за мерење на деформации на арматурата после кинење. Истата е целосно дигитализирана со вграден печатач кој веднаш после испитувањето дава извештај т.е. резултати од испитувањето.
Сл. 1. Комбинирана опрема за испитување на арматура и бетон
градежништво
Сл. 5. Калапи за бетонски коцки Сл. 4. Опрема за испитување со калибриран песок
Сл. 2. Динамичка кружна плоча
Освен комбинираната опрема за испитување на бетон и арматура, Лабораторијата за испитувања на геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ КуК“ во Подружница Битола поседува и најсовремена опрема за теренски испитувања како: 1. Kонтрола на модул на стисливост со статичка кружна плоча (МКС 1011:2015 / МКС У.Б1.046/68), 2. Kонтрола на модул на стисливост со динамичка кружна плоча (МКTС 1012:2015),
3. Oпрема за определување на волуменска тежина со метод со калибриран песок (MKC 1004:2013), 4. Опрема за определување на слегнување на свеж бетон – Slump test (МКC ЕN 12350-2) 5. Термометри за мерење на температура на свеж бетон (МКС У.М1.032), 6. Калапи за земање на примероци од бетон – бетонски коцки за понатамошни испитувања, и сл. Услугите на Лабораторијата за испитувања на геомеханика, градежни материјали и животна средина „ГЕИНГ КуК“, стационирана во Подружница Битола, главно ги користат инвеститори, фирми изведувачи, каменоломи и бетонски бази. n
Сл. 6. Опрема за Slump-test
Сл. 3. Статичка кружна плоча
ПОРТА
градежништво
60 ГОДИНИ ЗАВОД ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИ
Институција присутна во сите капитални проекти во државава
З
аводот за испитување на материјали и развој на нови технологии или попознат како Завод за испитување на материјали, годинава одбележува 60 години од постоењето. Тој е формиран од страна на Факултетската управа на Техничкиот факултет во Скопје со строго дефинирани задачи. Според барањата на тоа време, на Заводот му се доверени вршење на научни истражувања, со цел да ги анализира и усовршува градежните и дугите слични материјали како и на готовите конструкции, потоа да ја координира својата работа со другите Заводи во земјата и странство, и да ги објавува своите научни достигнувања, но и да служи за очевидна настава на Техничкиот факултет. Исто така, меѓу одредените задачи било вршењето технолошка анализа на составните елементи на материјалите и помагање на градежната оператива со тоа што ќе врши технички испитувања на градежните и другите слични материјали како и на готовите конструкции. Со текот на времето потребите наметнаа проширување на дејноста. Па така, Заводот почна да се занимава и со проектирање, ревизија, надзор и градежништво. Во 2002 година, Заводот го проширува своето име и добива назив Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“. Во 2007 година се трансформираше во 16
ПОРТА
24 јуни 2016
акционерско друштво. Проширувањето на опфатот на дејностите со кои се занимава Заводот, наметна и потреба од соодветен кадар. Денес, може слободно да се каже дека за нивно извршување Заводот располага со доволно стручни кадри од сите технички факултети. Во својата 60-годишна историја, името на Заводот е присутно во сите капитални проекти кои се изведувале во Република Македонија. Заводот соработувал и соработува и со многу странски компании кои градат фабрики во државава, од фазата на консултантски услуги, па се до завршување на објектите со технички прием и нивно пуштање во употреба. Треба да се каже дека Заводот бил присутен девет години со својата лабораторија и стручен кадар во Ирак. Исто така, Заводот има изведувано по системот инженеринг градежни работи на проект во Астана, главен град на Казахстан. Во времето на поранешна Југославија бил член на координативен одбор на градежни институти на Југославија.
Град Скопје. И нормално, кога ќе работиш 60 години ќе бидеш дел од сите значајни проекти. Во Заводот посебно ги издвојуваат, хидросистемот со брана и електрана „Тиквеш“ – Кавадарци, индустријата за фероникел „Фени“ Кавадарци, термоелектраната „ТЕ Неготино“ во Неготино, надзорот и проектирањето на повеќе автопатски делници на коридорот К-8 и К-10, како и надзорот при изградба на магистрални и регионални патишта во државава. Исто така и браната со хидросистем „Калиманци“, браната на Ратевска река во Берово, мостот „Гоце Делчев“ на реката Вардар во Скопје, Македонската радио телевизија во Скопје, како и повеќе станбени и деловни објекти во државава. Од странските проекти, во Заводот најзначајни ги сметаат изградбата на аеродромот „Александар Велики“, со кој стопанисува фирмата ТАВ од Турција, фабриката „Џонсон Контролс“ во Скопје, фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола и други. По осамостојувањето на Република Македонија, Заводот учествува со свои услуги на повеќе објекти, како што се спортски терени (сали, игралишта и сл.). А во поново време се врши надзор на објектите на Панорамското тркало со пешачки мост преку реката Вардар, во Скопје, надзор на енергетската ефикасност и декоративната фасада на ЕЛЕМЕВН Скопје и структуралната композиција на „Мајка Тереза“ во Скопје. Покрај ова, во лабораториите на Заводот се вршат студии со лабораториски испитувања на олово-цинкова руда од Велес за примена во патна инфраструктура. А исто така од истиот аспект се вршат испитувања на електрофилтерскиот пепел од термоелектраната Битола за примена при изведба на патишта и автопатишта. Во Заводот истакнуваат дека имаат соработка и со повеќе министерства во владата на Република Македонија, каде што тие се јавуваат како инвеститори на повеќе објекти. n
Во Заводот посебно го истакнуваат фактот што како партнер со кој се работи во континуитет 60 години е ТИТАН Фабрика за цемент „Усје“ Скопје. Цементот како стратешки материјал редовно е контролиран и атестиран во лабораториите на Заводот, и таа соработка продолжува. Заводот соработува со многу компании од градежниот сектор, постари и новоформирани. Од Заводот велат дека во целиот изминат период се залагаат за непристрасност и објективни резултати од испитувањата, со цел да се зачува проектираниот квалитет на објектите. Не треба да се заборави дека Скопје и Македонија се активни сеизмички зони, и многу е битен квалитетот на вградените материјали, посебно бетонот и челикот. Непосредно по земјотресот во 1963 година во Скопје, од страна на Заводот се формирани стручни екипи по налог на Градското собрание за одредување на степенот на оштетеност на објектите зафатени со катастрофалниот земјотрес. Беа проверени илјадници објекти и утврдени штетите врз нив од катастрофалниот земјотрес. Исто така, во Заводот, во соработка со други институции во земјата и странство, во 1964 година е изработена сеизмичката карта на Скопската котлина, за која Заводот ја добива наградата „13 Ноември“ на
Признанија за соработката
По повод јубилејот Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии СКОПЈЕ АД-Скопје додели признанија за долгогодишна и континуирана соработка. Нивни добитници се: 1. БОРИС ТАНЕСКИ, претседател на УО на ЗИМ 2. ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ 3. АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ 4. ТИТАН ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ АД-СКОПЈЕ 5. АДИНГ АД-СКОПЈЕ 6. ИЗИИС-СКОПЈЕ 7. ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА НА РМ СКОПЈЕ 8. РЕНОВА-ТЕТОВО 9. АКТОР АДТ ГРЦИЈА – ПОДРУЖНИЦА СКОПЈЕ 10. ГД ГРАНИТ АД – СКОПЈЕ 11. ДГ БЕТОН-СКОПЈЕ 12. Ф-ка КАРПОШ АД – СКОПЈЕ 13. ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР-СКОПЈЕ 14. АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА (ЕЛЕМ) – СКОПЈЕ 24 јуни 2016
ПОРТА
17
интервју
ПОРТА
МИНАС БАКАЛЧЕВ
интервју
Линија: помеѓу земјата и небото Овогодишни лауреати на 18. Биенале на македонската архитектура се авторите - архитекти Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Гордан Петров и Александар Петановски. Тие се добитници на Големата награда за реализиран архитектонски објект, за објектот Тренинг центар ФК Вардар во Скопје. Според Комисијата за доделување на награди на 18. БИМАС, се работи за рационален и воздржан архитектонски израз, за еден вид дисциплинарен аскетизам со кој на високопрефинет начин e афирмирано Мисовото минималистичко архитектонско кредо „помалку е повеќе“.
Дејан БУЃЕВАЦ
П
ретпоставувам дека за првпат индивидуално и како тим се соочивте со предизвик спортски објект? Каде го гледате Вашиот авторски архитектонски израз/предизвик во реализација на еден ваков спортски објект, каков што е Тренинг центар ФК Вардар? n Секој проект е нов почеток. Искуството е заднина, но со проектот секогаш се поминува низ неизвесноста, преиспитувањето, предизвикот - архитектурата ја искусуваме како за првпат („Touched for the very first time“). Проектот нужно вклучува истражување, пресоздавање и преиспитување на досегашната практика. Ако не е тоа, нашите дела не би биле архитектура туку, можеби, одредени слики, илустрации кои потсетуваат на неа. Како што знаете, јас сум професор на архитектонско проектирање, кое во својата содржина го вклучува архитектонското проектирање на колективно домување. Ние предаваме, а потоа на архитектонските студија со колегите, со целиот тим кој е вклучен во овој проект, како и со студентите, истражуваме и вежбаме објекти од колективно домување. Да ве потсетам, тоа се хотели, студентски домови, домови за стари, детски градини како и различните форми на колаборативното домување. Еден многу чувствителен сегмент на заедничкото живеење и на општествената одговорност. За жал, нашето искуство на планот на теоријата и методологијата на проектирање, а потоа преку истражените случаи на овој тип на објекти, и различните специфични места, е систематски игнорирано. Така, ако зборуваме за проблемот на колективно домување на младите или домувањето во трето животно доба, или за грижата на децата, не се работи само за исполнување на квантитет туку и за создадени дела, нови вредности. Да се потсетиме, во 1948 година ги имаме објектите на студентскиот дом „Стив Наумов“ од авторите Антон Урлих и Славко Леви; потоа во 1958 година, домот „Кузман Јосифовски Питу“ од Јован Ранковиќ; во 1969 година, домот „Гоце Делчев“ од Георги Константиновски; во 1996 година, домот за нега „Сју Рајдер“ од Зорица Блажевска и Георги Константиновски. И Антон Урлих и Јован Ранковиќ и Георги Константиновски и Зорица Блажевска беа професори на предметите поврзани со проектирање на станбени згради и објекти за колективно домување, на денес Архитектонски факултет при >> 24 јуни 2016
ПОРТА
19
интервју
Автори на проектот: архитектите Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Гордан Петров и Александар Петановски Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во сите нив имаме редефинирање и иновирање на програмата, типологија на објектите за колективно домување и сите даваат посебен придонес во македонското архитектонско творештво. Нужна е врската со архитектонскиот факултет не само како образовен туку и истражувачки дел на заедничката архитектонска сцена. Ова моравме проширено да го образложиме затоа што и како програма, објект за времено домување на спортски тимови, и како типологија, просторна организација на таа форма на домување, е во категоријата на објекти на колективно домување во која заедничките содржини се поврзани со спортската активност, тренирање на фудбалот. Токму од овој аспект, за нас предизвикот е двоен, како историскиот след на развојот на објектите за колективното домување, така и во современата интерпретација на еден поединечен објект на специфично место. Проектот е согледан не само од естетски аспект, туку и преку интеграција со она што го опкружува. Каква е комуникацијата на објектот со околниот пејзаж и дефинираниот контекст? n Проектот го сфативме како дел од доминантната спортска активност, фудбалот.
20
ПОРТА
24 јуни 2016
интервју искази во природните предели.
Терените се доминантната површина, објектот е работ, еден вид архитектонска инфраструктура за програмите неопходни за основната активност. Така и конкретно и метафорично, тој е линија која ги опслужува терените, во силуета граница помеѓу небото и земјата. Но станувајќи линија, неговата организација е амбивалентна. Прво, тргнувајќи од неговата линиска диспозиција, содржините се линеарно дистрибуирани. Централен коридор со двојно напојување, е најрационалната типологија на организација на овој вид објекти. Но тргнувајќи од неговата надворешна комуникација со терените, нужни се попречни комуникации. Така компактнато линиско протегање е расчленето на серија поединечни волумени, шест на едната и шест на другата страна, линиски поместени за еден модул. Што се добива на овоj начин? Во визбата, која е полувкопана во теренот, каде се гардеробите и останатите помошни содржини, преку изместените волумени, се добива директна комуникација со терените, кон теренот и од теренот кон објектот. Во приземјето, овие прекини се визуелни коридори на двете страни кон теренот и кон задната страна. На катот, поединечните волумени добиват
автономија, тие веќе не треба да бидат еден унитарен објект, туку една агрегација на поединечни објекти фатени во ортогонална решетка, на една подолжна улица и попречни прекини. Краевите, или изместените делови, од целата композиција на обединети и издвоени единици се тераси за поглед на едната или другата страна во зависност од активноста, делот од денот или сезоната. Тие се поврзани со угостителски содржини во објектот. Така, на тој начин, со едноставни постапки на расчленување и смолкнување е преработена основната типолошка схема, на објект со централен коридор во една мала агрегација на поединечни волумени кои создават специфичен просторен и материјален систем. Локацијата на објектот е во зоната на хиподром, во моментот се пристапува од стариот пат кон Катланово, значи на работ на градот во смисла на неговото градско ткаење. Така неговата едноставна и сведена форма, се вклучува во „празниот“ или природниот пејзаж на рабовите на градот, реферирајќи се на производствените објекти кои по силата на својата примарна функција секогаш создават интригантни логички
Кој е клучниот материјален и сетилен пристап во реализација на проектот? n Со трансформацијата на основната типолошка схема, од еден унитарен објект со централен коридор, во агрегација на поединечни волумени, сакавме да се воздржиме од дополнителна материјална или колористичка експресија. Затоа објектот е облечен во еднороден материјал. Од самиот почеток сакавме да биде тула како еден од основните архитектонски материјали, која има земјен и тактилен карактер, структурален и асоцијативен. На тој начин на апстрактниот карактер на композицијата, на повторливоста на поединечните волумени, тулата додава еден конкретен материјално, тактилно и визуелно својство – објект кој е ракотворен. Затоа е облечен во керамички елементи кои го имаат карактерот на примарна материјална определба. Од друга страна, материјалноста и бојата на тулата е комплементарна на природната зелена заднина и апстрактниот систем го враќа во дијалог со природниот предел, вегетацијата, хоризонтот, небото. Какви се Вашите впечатоци од БИМАС 2016 и годишната тема „Рециклирана архитектура“? n Биеналето на македонската архитектура е можеби најзначајниот настан за домашната архитектура. Таа го дава прегледот на македонското творештво и на тој начин ги покажува индивидуалните пристапи, но истовремено дава и слика на заедничката архитектонска сцена како една вид заедничка топографија на архитектонското творештво. На тој начин, може да биде основа за премислување, преиспитување на архитектонската практика и архитектонската мисла. За жал, останува како еден неискористен квантитет, во смисла на дискусија или интерпретација, а кој не е ниту должно медиски поддржан за да има реално влијаније на културната матрица на една средина. Како и со другите вистински архитектонски настани, нема потребен одраз ниту во кругот на архитектите ниту во поширокиот културен круг. Тематските определби се секако важни, не >>
ПОРТА
интервју
мобилизираат и помагаат за одреден поглед на глобалните и локалните случувања во архитектурата и општеството, но сами по себе не се доволни. И затоа е важно на биеналето да се прикажат, да се вклучат, да се привлечат што повеќе архитекти и
ПОРТА
архитектонски остварувања од сите места на Македонија, но никако не смее да се сведе на триумфализам на осредното. Напротив, едно е прегледот, инклузивноста во пристапот, а друго е негово премислување, моделирање, вреднување,
преку изведување на вистинските потенцијали и вредности. Вистинските вредности треба да се негуваат, покажуваат и истакнуваат, а наспроти тоа да се потисне осилениот фанатизам на меинстримот во македонската архитектура. n
ПОРТА
архитектура
ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ „ПРОКРЕДИТ БАНКА“, СКОПЈЕ
Отвореноста е новата сигурност што еден објект треба да ја покаже
24
ПОРТА
24 јуни 2016
архитектура Динамиката и флексибилноста на работењето на самата банка и неговото приспособување кон новонастанатите општествено-економски потреби, бара простор кој и самиот ќе биде приспособлив. Во денешно време, промените во моделите на бизнис-работењето се толку чести, што потребата од флексибилност и приспособливост на просторот се покажа уште при самата изградба.
Мартин ПАНОВСКИ, дипл.инж.арх.
О
пштата слика за архитектонското творештво во Македонија, глобално не може да предизвика некоја позитивна перцепција. Сепак, поединечно, дел од архитектите прават напори во архитектонскиот израз да ја потенцираат современета димензија на архитектурата и претставата за неа. Ова нè водеше нас, во „Радиус архитекти“, и при конципирањето на деловниот објект на „Прокредит банка“. Во денешно време, првата слика која ни се појавува кога ќе се спомне деловен објект изграден во Република Македонија, е сликата на едноволуменски објект со „предна“ и „задна“ фасада, конципиран со длабоки канцеларии распоредени по еден долг, слабо осветлен централен ходник. Во последните 20 години, оваа типологија на административни згради е доминантна, и на некој начин ја отсликува македонската транзициска архитектура. Длабоките, мрачни и тесни канцеларии ја нагласуваат монотоноста на осумчасовното канцелариско работење, а долгите ходници без визури ги „гетоизираат“ вработените во сопствените простори - коцки.
ДИНАМИЧНОСТ И ДОСТАПНОСТ
Деловен објект „Прокредит банка“, Скопје Проектанти: „Радиус архитекти“, Скопје Година: 2016 Површина: 6.000 м2 Локација: ул. Манапо / бул. Илинден, Скопје, Р. Македонија
Оваа „затвореност“ е уште повидлива кога станува збор за банка како деловен објект, која традиционално е објект од затворен тип. Со ваква типологија не само што не се обезбедуваат хумани услови за работа на вработените, туку во градското јадро ваквите градби претставуваат здодевни и одбивни места. Како објекти, банките традиционално имаа една конзервативна амбиција да покажат доминација, сигурност, традиција, недостижност, но со промените што настанаа во банкарското работење во последната декада, тие веќе добиваат современа димензија, според која не се претставуваат како недостапни, туку сакаат клиентите да ги доживуваат како отворени и поблиски до нив. Сликата на бавна администрација со многу сложени процедури се менува во слика на динамичност, достапност и отвореност. Овие три принципи ги зедовме како главна визија при проектирањето на објектот на „Прокредит банка“. Целта на ваквата визија е да се добијат хумани услови за работа на корисниците на објектот. Под корисници на објектот ги подразбираме вработените во банката, >> 24 јуни 2016
ПОРТА
25
зашто тие се оние што половина од својот активен ден го поминуваат во тој простор. Меѓутоа, иако клиентите на банката се посетители во објектот и во него се задржуваат кратко време, архитектонското решение мора и ним да им понуди привлечно место за посета, со пријатна атмосфера додека се во него. Под динамичност не подразбираме простор кој формалистички отсликува динамика, туку ви овозможува динамиката да ја доживеете кога се движите низ него - да ви се отвораат нови погледи во различни насоки и по хоризонтала и по вертикала. Под достапност не мислиме на физичка достапност за лица со посебни потреби. Тоа се стандарди за кои не треба да се дискутира, и архитектурата не би требало да се цени по тие стандарди. Нив секој објект треба да ги има. Под достапност подразбираме објект кој нема да ве застрашува со својата појава, објект кој ќе биде човекомерен. Овој аспект се испреплетува со отвореноста, што во нашето практикување е водечката идеја на нашиот мисловен процес. Отвореноста на самиот објект кон надворешноста и отвореноста на внатрешниот простор кон другите делови од објектот. Отвореноста е новата сигурност што еден објект треба да ја покаже. Во минатото, сигурноста се покажуваше со физичка затвореност, но во дигиталната ера физичкото е сведено на минимум. Сигурноста веќе не е физичка, туку таа се добива преку довербата. Отвореноста значи постоење на меѓусебна доверба ‒ доверба меѓу вработените и 26
ПОРТА
24 јуни 2016
ɈɋɇɈȼȺ ɇȺ ɉɊɂɁȿɆȳȿ
ɉɊȿɋȿɄ
24 јуни 2016
ПОРТА
27
доверба меѓу банката како институција и нејзините клиенти. За да се имплементираат овие принципи, од другата страна на процесот на проектирање ви се потребни партнери со кои ќе делите исти или слични визии. За наша среќа, нашиот партнер од другата страна, „Прокредит банка“ ги има истите начела во своето работење, со што овие визии за објектот можеа да се реализираат.
ДИСПОЗИЦИЈА И ОТВОРЕНОСТ НА ОБЈЕКТОТ
Контекстот на локацијата и нејзиниот планиран развој во голема мера ја одредија диспозицијата на објектот и ориентацијата на просториите, како и нивната разместеност во самиот објект. Локацијата е ограничена со улици од северната и од источната страна и со соседни парцели од јужната и западната страна. Зададената површина за градење се протега по оската исток-запад, што значи дека објектот би требало да има доминантна ориентација кон југ и север. Но, во непосредна близина (на растојание од 12 м) долж јужната страна на локацијата е планирано да се изгради 28
ПОРТА
24 јуни 2016
шеесетметарски објект. Во тој случај, деловите од објектот, кои би биле ориентирани кон југ, би имале недоволно природно осветлување и лоши визури. Со цел да се пропушти природната светлина низ објектот, како и да се отворат визури кон надворешноста, произлезе концепт на објект составен од три волумени кои се издигнуваат од аголот на двете улици кон внатрешноста на локацијата. Овие три волумени во голема мера претставуваат и три програмски целини. Во јужниот дел се сместени експозитурата и салите за обуки и тренинг, простории кои не се користат во текот на целиот работен ден. Во североисточниот волумен се сместени влезниот хол и менаџерските канцеларии. Во највисокиот волумен се сместени поголемиот дел од административните простории. Со издигнувањето на овој волумен се отвори можност за негова ротација, нормално на подолжната оска на површината за градење, со што се избегна јужната ориентација, која е блокирана со високиот соседен објект. Со оваа ротација, овој дел се ориентира кон исток и запад. На овој начин, поголемиот дел од канцелариите добиваат поголема природна осветленост и широки визури. Водени од идејата за отвореност и динамика на објектот, посебно внимание му посветивме на централниот простор, кој внатрешно ги поврзува овие три волумени. Централниот простор претставува влезен хол кој се протега по три висини, каде што се испреплетуваат хоризонталните и вертикалните комуникации. Дополнителна динамика и осветлување на овој дел му дава и лантерната над холот која, заедно
архитектура
со рамните зазеленети проодни тераси, на централниот простор му даваат повеќе отворен отколку затворен карактер.
ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ФЛЕКСИБИЛНОСТ Идејата за креирање на отворен објект е надополнета со употребата на транспарентните стаклени ѕидови помеѓу просториите и ходниците ‒ галериите. На овој начин, секој вработен има поглед кон целиот објект. Не се чувствува изолирано, туку како учесник во една целина. Динамиката и флексибилноста на работењето на самата банка и неговото приспособување кон новонастанатите
општествено-економски потреби, бара простор кој и самиот ќе биде приспособлив. Во денешно време, промените во моделите на бизнис-работењето се толку чести, што потребата од флексибилност и приспособливост на просторот се покажа уште при самата изградба. Затоа, при изработка на проектот, за да се обезбеди флексибилност на внатрешните простории, користевме проектантски модул од 115 см, што претставува половина потребен простор за еден вработен. На овој начин е овозможена флексибилност на преградните ѕидови за некој иден развој на објектот. Модулот е потенциран и на надворешните
ѕидови кои, всушност, се обвивка која е независна од внатрешниот функционален распоред. Удобноста на еден објект во денешно време е незамислива без употреба на современи технологии и материјали. Објектот е проектиран со високо ниво на енергетска ефикасност, со употреба на материјали за топлинска и звучна изолација и технолошки системи за заштеда на енергија, кои се управувани со менаџмент-систем. Материјалите што се користени во изградбата на објектот се еколошки, што беше и едно од главните барања на тимот на „Прокредит банка“. „Радиус архитекти“ беа ангажирани и за комплетното ентериерно уредување на објектот. Изборот на употребените материјали и колоритот на ентериерот беше направен во согласност со стандардите што претходно ги поставивме во ентериерната обработка на сите експозитури на „Прокредит банка“ во Македонија. Истиот израз го користевме и во ентериерот на деловната зграда. Минималистичките линии, со доминација на белата боја и со употреба на материјали со дрвена структура, заедно со зеленилото во објектот, даваат смирен и релаксиран простор за работа. n
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
24 јуни 2016
ПОРТА
29
региони
Мини авантуристички парк во туристичкиот локалитет „Суви Лаки“ Александар ВАСИЛЕВ, дипл.инж.арх.
В
о наредните броеви на списанието, „Порта 3“ ќе ги отвори страниците и за регионални урбанистички, архитектонски и градежни проекти. Поводот за овој чекор на Редакцијата е читателите да се запознаат со она што се работи и надвор од Скопје. Да се види дека и таму има добри решенија кои заслужуваат да бидат достапни до пошироката јавност. Во овој број ви го претставуваме проектот на архитектите од „Студио Атриум“ од Штип - Мини авантуристички парк во туристичкиот локалитет „Суви Лаки“. Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали во овој регион. По барање на инвеститорот, Југоисточниот плански регион, архитектите од „Срудио Атриум“ пристапија кон изработка на Основниот проект за изградба на мини авантуристички парк во туристичкиот локалитет, кој припаѓа на општина Берово. Туристичката населба Суви Лаки е лоцирана на територијата на општина Берово и се наоѓа на оддалеченост од 20 километри од Берово и на 30 од Струмица. Населбата Суви Лаки е долга 3,5 километри и зафаќа површина од 80 хектари. Таа е урбанизирана во 1978 година. Во моментов таму се наоѓаат 450 викенд куќи, две детски одмаралишта, а предвидена е можност за градба на уште стотина викенд и комерцијални објекти. За локалитетот е подготвен и Детален 30
ПОРТА
24 јуни 2016
На три различни градежни парцели треба да биде изграден парк кој ќе содржи детски игралишта, мини авантуристички парк и велосипедски парк
урбанистички план. Урбанистичкиот локалитет „Суви Лаки“ е викенд населба која се протега од двете страни на регионалниот пат Струмица - Берово, така што во делот на постојна сообраќајна мрежа трасата на коловозот на регионалниот пат е од асфалт, додека лево и десно од овој пат се протегаат поголем број на патеки од земјана површина кои гравитираат кон регионалниот пат.
Конкретната локација за поставување на мини авантуристички парк кој ќе содржи: детско игралиште, детско игралиште за инвалиди, мини авантуристички парк и велосипедски парк, сите овие содржини ќе бидат распоредени на три различни градежни парцели дадени според Деталниот урбанистички план вон населено место за туристичка населба Суви Лаки, општина Берово.
Со проектот се предвидува поставување и на реквизити за детските игралишта, за мини авантуристичкиот парк и за велосипедскиот парк на три посебни градежни парцели. Градежната парцела е со вкупна површина за градба 2.610 м², и наменета е за поставување на урбана, разни реквизити и соодветни патеки за рекреативци. Многу битно е да се каже дека проектантите предвиделе сите реквизити и опрема во авантуристичкиот парк да бидат направени од локален материјал, во кој ќе доминираат дрвото и каменот. Во состав на детското игралиште се предвидува поставување и на детско игралиште за деца со посебни потреби, на површина од 300 м2, во чиј склоп е предвидено да се постават реквизити приспособени за овие деца, со доволно широки патеки кои ќе водат до нив, со цел да се овозможи нивно непречено движење. Инаку, детското игралиште ќе содржи повеќенаменска баланс патека, повеќенаменска дрвeна куќичка за качување, вртелешка, нишалка со амортизери, мрежи за качување, повеќенаменски дрвен реквизит со лизгалка и мрежи за качување, тројна дрвена лулашка, повеќенаменска патека со реквизити за качување и балансирање, дрвени трупци за балансирање, лулашка >> 24 јуни 2016
ПОРТА
31
региони
за деца со посебни потреби, дрвени клацкалки, дрвен мост со повеќе трупци за качување, летниковец, дрвени клупи, чешма, корпи за отпадоци и мобилни санитарии. Со оглед на теренот на самата локација, кој е нерамен и со константен пад кон реката Суви Лаки, предвидено е детските реквизити да бидат поставувани на подна обработка со различен состав со каскадно паѓање кон реката Суви Лаки. Почнувајќи од бехатон плочи, па гумирани меки плочи поставени на израмнета бетонска подлога, ситен песок и дрвени фибер влакна врз подлога од чакал. Авантуристичкиот парк ќе нуди можност за игра, разни активности и забава на отворено, а наменет е за млади луѓе, рекреативци и семејства со авантуристички дух. Самиот терен на локацијата дозволува целосно вклопување во околината со примена на природни материјали. Авантуристичкиот парк ќе биде поделен на дел за возрасни и за почетници. Во неговиот состав ќе има трамболина, летниковец, дрвени клупи, чешма, корпи за отпадоци и 32
ПОРТА
24 јуни 2016
мобилни санитарии. Велосипедскиот парк, исто така, ќе биде простор за игра, разни активности и забава на отворено. Тој е наменет за млади луѓе и рекреативци. Теренот на локацијата дозволува целосно вклопување во околината и примена на природни
материјали. Во рамките на овој парк ќе има велосипедска патека за почетници, скокачка велосипедска патека за средно ниво и велосипедска патека – free ride. И овде се планирани летниковец, дрвени клупи, чешма, корпи за отпадоци и мобилни санитарии. n
ПОРТА
ентериер
КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОРИ (9)
Типологија на канцеларии – нетипични работни простори Денес во современиот дизајн на ентериери, поттикнато од организацискиот менаџмент, се појавува нов тип на канцелариски простор, или поточно нов начин на користење на канцеларијата - хот дескинг
О
проф. д-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС колу новите работни технологии, организациски однесувања и потребните ентериерни простори, во американската компанија за дизајн на мебел и системи од мебел „Херман Милер“, ги посматрале своите вработени и извеле одредени заклучоци во однос на стилот на работење
34
ПОРТА
24 јуни 2016
на вработените. Тие издиференцирале три главни стилови на работа. Секој од нив поседува своја карактеристика која во голема мера влијае врз дизајнот на работниот простор и, секако, потребните ресурси и алатки. - Резидентен стил - вработените од овој стил работат на своите работни места повеќе од шест часа дневно, четири до пет денови во неделата. - Мобилен стил - мобилните вработени се
секогаш на заминување. Тие работат на една локација (не е тоа конкретно работно место, недоделено) од еден до три дена во неделата, и тоа само по неколку часови во денот. - Флексибилен стил - хибриден стил кој е нешто помеѓу резидентниот и мобилниот. Вработените што му припаѓаат на овој стил работат на доделени работни места четири до пет дена во неделата, но само три до максимум пет часа во денот. Ваквото истражување, кое го спровеле менаџерите и дизајнерите на компанијата
ентериер Со тоа се создаваат можности за ефикасност и заштеда. Редукцијата на канцеларискиот простор и претставувањето на споделувањето на бирото е есенцијално за да се потврди инвестирањето во мобилна работа и работење дома. Секако дека споделувањето на работниот простор и самото работно место не се одвиваат без проблеми. Овој концепт, колку и да претставува пресвртница во дизајнот и организациската култура, сепак одредени психолошки состојби не може да ги смени „преку ноќ“, а тоа се вродените чувства кај човекот за територијалност и персонализација на севкупниот егзистенцијален простор. Но, сепак, работење во современа канцеларија не се однесува на имање на одредено биро, туку тоа значи имање гарантиран пристап до вистинскиот вид на содржина за да ја извршите работата. Тоа може да е биро, или од САД, дава и конкретни информации за времето на користење на секоја просторија поединечно, со што се овозможува рационализација на работните места. Се разбира дека е нелогично да се плаќаат големи суми за изнајмување на канцелариски простори ако тие не се користат адекватно. Така што во современата организација на работењето доаѓа до преклопување на просторите окупирани од повеќе вработени, но во различни временски термини.
ХОТ ДЕСКИНГ (HOT DESKING) Заради сето ова погоре споменато, денес во современиот дизајн на ентериери, поттикнато од организацискиот менаџмент, се појавува нов тип на канцелариски простор, или поточно нов начин на користење на канцеларијата - хот дескинг. Изразот го земаме во оригиналната транскрипција зашто сепак не би можеле да го преведеме со „жешко биро“, иако и ова значење е вистинско. Но, тоа е едно од објаснувањата кое вели дека едно исто работно место може да се користи од неколку вработени, но кои имаат различно работно време. Британскиот автор Лејк смета дека изразот „жешко“, најверојатно, произлегува од морнарската пракса на „жешко легло“. Кога морнарот се враќал од задача, тој како да колабирал во „жешкото легло“ кое е ослободено од друг морнар кој го заменувал првиот на должност. Иако проблематичен од аспект на хигиена, ова е исклучително рационално решение, при што се штеди на простор. За време на осумдесеттите и деведесеттите години на дваесеттиот век,
„жешкото биро“ се појавува во бројни облици во САД и во Европа, исто така наречени „хотелирање“ (hotelling), или „слободно обраќање“. Тоа е вториот поим со кој се објаснува овој нов тип на канцеларија. Имено, изразот „хотелирање“ означува метод по кој се резервира и користи работно биро (место) по принцип на хотелско сместување преку хотелска резервација. Статистиката вели дека во традиционалните канцеларии со доделени лични бироа, просечното време на нивно користење не преоѓа 50% од вкупното работно време на организацијата. Со тоа работодавачите врзуваат голема количина на пари за вишокот на простор. Истото се случува со комплетно опремен персонал (вработени) кој е конектиран со работата од дома или во движење, а нема потреба од фиксирано канцелариско место.
само тивок дел на канцеларијата, некаде во просторот за ресурси, или простор за одмор. За да може да се воспостави делењето на просторот, треба да се почитуваат неколку принципи, и тоа: - Политика на чисто биро - да се востанови дека ако некој е отсутен од канцеларијата повеќе од еден час, тогаш тој/таа треба да исчисти сè од масата. Предметите да се стават во својата касета, наменета исклучиво за него/неа. - Добро организирана тимска помошна просторија - купови документи не можат да бидат оставени на бирото, но не можат да бидат оставени ниту во касета. Потребно е складирање на документите во тимската помошна просторија за да бидат достапни за сите. Заедничките библиотеки на референтни материјали >> 24 јуни 2016
ПОРТА
35
ентериер -
-
-
-
треба да ги намалат количествата на личните силоси на информации. Ергономски работни позиции - да се биде во најдобриот ергономски работен простор ќе им помогне на луѓето да прифатат да работат во различни позиции. Столиците мора да бидат приспособливи за да можат да одговорат на потребите на различните вработени. „Лаптоп“ компјутерите се во предност пред „десктоп“ персоналните сметачи. Тоа е така зашто вработените можат да се движат насекаде со лесно преносливите компјутери. Ова ќе превенира луѓето да не зафаќаат секогаш одредено место заради компјутерски потреби и овозможува ефикасна флексибилност. Работење во не-ексклузивни тимски простори со нејасни граници - да се одржи тимската поврзаност и да се работи со секого за да се дели просторот ефективно. Меѓутоа, делењето на просторот нема да постигне максимален бенефит ако тимовите станат ексклузивни. Целта треба да биде уривање на препреките и охрабрување на работата во различни тимови. „Кваликфикуван флексибилен тимски простор“, така можеме да го наречеме! Да се охрабри флексибилната работа во практика - луѓето што работат дома или на друго место, ќе ја намалат дневната потреба за простор.
СОРАБОТКА Она што денес сигурно зема замав, е новиот стил на работа а тоа е „соработката“
ПОРТА
(co-working). Тоа е простор или зграда која почетници, „луѓе-фирми“, можат да ја изнајмат на одреден временски рок, канцеларија или канцелариски простор, за да не би работеле дома, а за возврат ги имаат сите погодности кои ги нудат регуларните канцелариски згради. Освен работните места, овие простори се опремени и со социјални и потребни простори, како гардероби, килери, кујни, но и салони и сали за состаноци. Ваквите флексибилни простори обезбедуваат можности за луѓето на кои им е потребна канцеларија или биро за извршување на работни задачи, или, едноставно, да се одржи состанок со колеги или клиенти, без обврска да се изнајми просторот на долг рок. Иако се смета дека ко-работењето е денешен тренд и изум, концептот сепак е присутен веќе неколку години. Почетокот е
во Сан Франциско, каде што компјутерскиот програмер Брад Њуберг (Brad Neuberg) создал простор кој го споделил со своите други двајца колеги, но кои оставиле простор да им се приклучат и други. За користење на просторот, тој наплаќал симболична сума како би ги покрил трошоците. Но, веќе во 2006 год. тој го основал „Ситизен Спејс“ (Citizen Space), првиот официјален соработнички простор. Кон ова можеме да додадеме дека и кај нас, во средината на деведесеттите години на дваесетти век, имаше обиди да се основа ваква компанија. Имено, десет години пред Сан Франциско, архитектонското биро „Ајвар“ од Скопје отвори простор за „соработка“ на ул. Максим Горки во Скопје. Просторот се наоѓаше во сутерен и се состоеше од три канцеларии, една просторија за состаноци и две простории за опуштени средби, рецепција, чајна кујна и санитарии. Просториите можеа да се изнајмат за работа или за состаноци. Овој ко-простор на „Ајвар“ беше отворен во 1996 год., десет години пред оној во Сан Франциско. Но, за жал, тој не доживеа успех, можеби и поради предвременото појавување. n
рубрика
брика
брика
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
38
ПОРТА
26 декември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
aрхитектура од дрво
ПРОТИВПОЖАРНА СТАНИЦА ВО ПОРТЛАНД, САД
Разбивање на стереотипите за Противпожарната станица го рефлектира контекстот на заедницата, како со димензиите така и со изборот на материјал за изградба, оставајќи наследство за противпожарната служба. Резултатот е станица која го прифаќа огнот и го користи како алатка за својата убавина и заштита.
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија
Ф
ункционалната еднставност на противпожарната станица во гратчето Грешам, кое се наоѓа во близина на метрополата Портланд (Орегон, САД), се совпаѓа со практичните земјоделски објекти кои доминираат во руралната околина. Навидум, противпожарната станица е проектирана да не биде многу поголема од едно обично локално живеалиште со предимензионирана гаража. Естетиката на екстериерот е главно изразена преку градежните материјали, кои го претставуваат и главниот архитектонски концепт на целиот објкет. 38
ПОРТА
24 јуни 2016
aрхитектура од дрво
огнот и дрвото
Комплексот е составен од два објекта, еден за сместување на персоналот и гаража за противпожарните возила и зафаќа вкупна површина од 940 м2. Во гаражата, покрај паркинг места за возилата, предвидени се и работилница, дел за чистење на возилата како и простор
за итна медицинска помош. Објектот за персоналот има просторија за дневен престој, кујна, соба за вежбање и фискултура, купатило со тушеви, гардеробери и соби за одмор. Во објектот за персоналот исто така има и јавен простор за прием на гости и посетители, каде има административни канцеларијии и соба за конференции. Оганот е примарен фокус на станицата, но исто така и главната алатка за обработување на материјалите користени во фрасадата на објектот. Фасадата е обработена со горење на дрвото во духот на старата јапонска традиционална техника Shou Sugi Ban, за која пишувавме пред неколку броеви во „Порта 3“. Интересно е да се напомене, исто така, дека дрвените материјали од видот дуглазија, обработени со оваа техника биле веќе еднаш употребени во локалните објекти. Тие се рециклирани, обработени и поставени повторно на фасада. Ефектот на обработените дрва со горење е инспирирачки за многу архитекти во естетска смисла, но обработката секако и го заштитува дрвото од влага, инсекти, габи и слично. Материјалот и обработката на дрвото ја претставува дуалноста на огнот кој има деструктивна природа, но и можност >> 24 јуни 2016
ПОРТА
39
aрхитектура од дрво да создаде структура исполнета со значење. Архитектонското решение, кое е изработено од студиото Hennebery Eddy Architects, го дели комплексот на два комплементарни волумени, висока гаража конструирана од видливи дрвени ламелирани носачи и прекриена со метален светол екстериер, и конвенционален објект кој е прекриен и од надворешноста и од внтарешноста со дрво кое го поврзува екстериерот со ентериерот преку материјален континуитет. Долгата и линеарна форма на објектот за персоналот ја нарушува трем кој со неговата вовлеченост овозможува заштита на луѓето од временските неприлики. Тремот е ориентиран со поглед кон прекрасните локални планини, што овозможува простор за релаксација и одмор од работните обврски. Дрвото продолжува и во ентериерот на објектот за персонал, опкружувајќи ги главните собирни места. Големите отвори во фасадата и на кровот ги исполнуваат работните простории со многу природна светлина. На гаражата, исто така, се проектирани големи отвори низ кои се гледаат противпожарните возила како најпрепознатлива слика од противпожарната станица. Противпожарната станица, која е комплетирана во 2015 година, го рефлектира контекстот на заедницата, како со димензиите така и со изборот на материјал за изградба, оставајќи наследство за противпожарната служба. Резултатот е станица која го прифаќа огнот и го користи како алатка за својата убавина и заштита. n
ПОРТА
ПОРТА
урбанизам
Микрозаедницата како основна клетка на Мега (Мета) градот
Наспроти поставувањето на сè повеќе ограничувања од страна на владата на Тајланд и укинувањето на повеќето од поддршката за креативните индустрии, Банкок на микро размер бележи постепено создавање на иницијативи и инсталации од граѓанска партиципативност, скромно враќање кон автентичните карактеристики на микрозаедницата 42
ПОРТА
24 јуни 2016
Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Taјланд)
Ф
ункционалната еднставност на противпожарната станица во гратчето Грешам, кое се наоѓа во близина на метрополата Портланд (Орегон, САД), се совпаѓа со практичните земјоделски објекти кои доминираат во руралната околина. Навидум, противпожарната станица е проектирана да не биде многу поголема од едно обично локално живеалиште со предимензионирана гаража. Естетиката на екстериерот е главно изразена преку градежните материјали, кои го претставуваат и главниот архитектонски концепт на целиот објкет. Комплексот е составен од два објекта, еден за сместување на персоналот и гаража за противпожарните возила и зафаќа вкупна површина од 940 м2. Во гаражата, покрај паркинг места за возилата, предвидени се и работилница, дел за чистење на
возилата како и простор за итна медицинска помош. Објектот за персоналот има просторија за дневен престој, кујна, соба за вежбање и фискултура, купатило со тушеви, гардеробери и соби за одмор. Во објектот за персоналот исто така има и јавен простор за прием на гости и посетители, каде има административни канцеларијии и соба за конференции. Оганот е примарен фокус на станицата, но исто така и главната алатка за обработување на материјалите користени во фрасадата на објектот. Фасадата е обработена со горење на дрвото во духот на старата јапонска традиционална техника Shou Sugi Ban, за која пишувавме пред неколку броеви во „Порта 3“. Интересно е да се напомене, исто така, дека дрвените материјали од видот дуглазија, обработени со оваа техника биле веќе еднаш употребени во локалните објекти. Тие се рециклирани, обработени и поставени повторно на фасада. Ефектот на обработените дрва со горење е инспирирачки за многу архитекти во естетска смисла, но обработката секако и го заштитува дрвото од влага, инсекти, габи и слично. Материјалот и обработката на дрвото ја претставува дуалноста на огнот кој има деструктивна природа, но и можност да создаде структура исполнета со значење. Архитектонското решение, кое е изработено од студиото Hennebery Eddy Architects, го дели комплексот на два комплементарни волумени, висока гаража конструирана од видливи дрвени ламелирани носачи и прекриена со метален светол екстериер, и конвенционален објект кој е прекриен и од надворешноста и од внтарешноста со дрво кое го поврзува >>
24 јуни 2016
ПОРТА
43
Макета на Чајнатаун
Историска фотографија
екстериерот со ентериерот преку материјален континуитет. Долгата и линеарна форма на објектот за персоналот ја нарушува трем кој со неговата вовлеченост овозможува заштита на луѓето од временските неприлики. Тремот е ориентиран со поглед кон прекрасните локални планини, што овозможува простор за релаксација и одмор од работните обврски. Дрвото продолжува и во ентериерот на објектот за персонал, опкружувајќи ги главните собирни места. Големите отвори во фасадата и на кровот ги исполнуваат
44
ПОРТА
24 јуни 2016
работните простории со многу природна светлина. На гаражата, исто така, се проектирани големи отвори низ кои се гледаат противпожарните возила како најпрепознатлива слика од противпожарната станица. Противпожарната станица, која е комплетирана во 2015 година, го рефлектира контекстот на заедницата, како со димензиите така и во изборот на материјал за изградба, оставајќи наследство за противпожарната служба. Резултатот е станица која го прифаќа огнот и го користи како алатка за својата убавина и заштита. n
ПОРТА
енергетска ефикасност
ПАСИВНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО АРХИТЕКТУРАТА (2)
Пренесување на топлина и физички својства на застаклувањето
Слика 1: Три форми на пренесување на топлината низ двослојно застаклување
д-р Петар НИКОЛОВСКИ, дипл.инж.арх.
раздвижување на молекулите, при што топлите делови со помала маса се искачуваат, додека со студените делови се случува спротивно. Овие движења резултираат со температурен баланс. Во физиката овој екогаш кога постои температурна разлика помеѓу две процес е познат како„Брауново движење“. точки во некоја материјална средина или помеѓу две 3. Радијација (зрачење) е енергија емитирана од материјално тело со средини, се случува пренесување на топлината одредена температура која се пренесува со помош (топлински проток). Овој на електромагнетни бранови. Зрачењето трансфер претставува минување непречено се одвива низ простор што е на топлинска енергија како транспарентен за брановите, но кога брановите последица од температурната наидуваат на пречка, тие оставаат дел од разлика. Насоката на трансферот на топлината енергијата во пречката, која почнува да емитира секогаш е од средина со повисока кон средина со топлина. Овој начин на пренесување може да се пониска температура. Температурата на некој одвива и во вакуум, како што е случај со зрачењето материјал или средина претставува количество на од сонцето. просечна кинетичка енергија на молекулите во тој За да се намалат енергетските загуби и да се материјал. обезбеди максимална топлинска изолација на Како физичка големина, топлината се пренесува на застаклените елементи на зградата, коефициентот три начина: на пренесување на топлината на застаклувањето 1. Кондукција (спроведување) е директно (Uglass) треба да биде што е можно помал, односно пренесување на енергија од честички материја топлинскиот отпор на застаклувањето Rglass да (цврста или течна) со повисоко енергетско ниво, биде што е можно поголем. Оваа цел може да се на честички со пониско енергетско ниво, како постигне со намалување на загубите на топлината последица на интеракцијата помеѓу честичките. преку сите три форми на нејзиниот трансфер: 2. Конвекција (струење) е пренесување на енергија кондукција, конвекција и радијација (Слика 1). помеѓу површина на некој материјал и флуид кој Кондукција се движи над/под/покрај материјалот или во Вредноста на коефициентот на спроведување самиот флуид (течност или гас). Варијациите на на топлината за стаклото изнесува 1 W/(m•K), а температурата предизвикуваат разлики во неговиот отпор (за вообичаена дебелина од 4 mm), Слика 2: Топлински отпор на густината на флуидот што е причина за Rglass = 0,004 (m2•K)/W. Со ваков незначителен вертикален воздушен слој
С
46
ПОРТА
24 јуни 2016
енергетска ефикасност топлински отпор самото стакло не може да има топлинско-изолациски ефекти. Минимална мерка за зголемување на изолациската моќ, односно намалување на загубите преку кондукција, е да се примени двослојно застаклување, со вметнување на слој од сув воздух или благороден гас во просторот меѓу двете стакла. За разлика од топлинскиот отпор кај цврсти изотропни материјали, чија вредност е правопропорционална на нивната дебелина, топлинскиот отпор на слој воздух (Rg) не се зголемува линеарно со зголемување на неговата дебелина. При мали дебелини (0 до 5 mm), зголемувањето приближно е линеарно. Но, со натамошно зголемување на дебелината, отпорот не се зголемува пропорционално, така што за дебелина од 25 mm и поголема, отпорот останува ист (Слика 2). Во Табела 1 се дадени математички пресметаните вредности на отпорот на затворен (невентилиран) вертикален воздушен слој. Табела 1: Вредности на топлински отпор на вертикален воздушен слој во зависност од дебелината на слојот
Слојот се нанесува од едната страна на стаклото, при што се обезбедува многу низок фактор на емисија. Во зависност од природата на овој премаз, вредноста ε се намалува на 0,30 – 0,15 (пиролитички премаз) и оди до 0,10 – 0,02 (магнетронски премаз). Самиот премаз, всушност се состои од неколку слоја, со вкупна дебелина на микронско ниво. Вредностите на топлинскиот отпор на невентилиран слој воздух (Rg) во Табела 1 и на Слика 2 се пресметани за материјали со фактор на емисија на површината ε = 0,9, што одговара на многу градежни материјали. Во Табела 2, во крајната десна колона, пресметката е направена за воздушен слој меѓу обични стакла чијшто фактор на емисија ε = 0,89. Малата разлика во вредностите Rg се должи токму на разликата на факторите ε. Меѓутоа, со премаз само на едното стакло од страната кон воздушниот слој, со намалени фактори на емисија 0,1, 0,2, 0,4 и 0,8 значително се зголемуваат топлинските отпори на овој слој, односно се зголемува неговата изолациска моќ. Пресметаните вредности Rg во Табела 2, за случаи со и без премаз, не се зголемуваат со зголемувањето на дебелината на воздушниот простор, како што би се очекувало. Напротив, во сите случаи вредностите за Rg растат до дебелина од 15 mm (засенчени ќелии) и потоа опаѓаат. Значи, оптималните вредности одговараат на слој со дебелина 15 mm. Ова е причината зошто растојанието меѓу двете стакла во двослојните и трислојните стакло-пакети во најголем број случаи изнесува 15 – 16 mm.
М
Табела 2: Топлински отпор на невентилиран воздушен простор со двослојно застаклување без премаз и со премаз од едната страна
Со употреба на некој благороден гас (аргон, ксенон, криптон, F6-сулфурхексафлуорид) во просторот помеѓу стаклата, вредноста Uglass се намалува за 0,2 до 0,3 W/(m2•K). Како исполна благородните гасови се употребуваат само кај изолирачки стакла со метализиран слој. Конвекција Интензитетот на топлинските загуби преку конвекција во голема мера зависи од т.н. фактор на емисија на површина, ε, којшто е бездимензионален. Колку вредноста на факторот на емисија е поголема, толку се поголеми и загубите и спротивно. Вредностите на топлинските отпори во Табела 1 се пресметани со фактор на емисија ε = 0,9. Обичното стакло има ε = 0,89. Со цел оваа висока вредност да се намали, а со тоа да се намалат и топлинските загуби со конвекција, при производството на стакло се применува технологија на нанесување метализиран слој од бакар, злато, алуминиум или сребро (Слика 3).
Радијација Од интерес за енергетските заштеди, едно од суштинските својства на застаклувањето е коефициентот на пренесување на топлината со радијација (hr). Со цел да се контролира и овој начин на пренесувањето на топлината, површините на стаклата кон меѓупросторот се премачкани со материјал за рефлексија на инфрацрвено зрачење. Со вакво застаклување, во зависност од видот на гасот и премазот, вредноста Ug може да се намали и до 0,5 W/(m2•K). Покрај ограничувањето на топлинските загуби, втората функција на ова застаклување со високи перформанси е да се овозможат пасивни соларни добивки. На Слика 4 илустриран е пример од пракса на пренесување на топлината на сите три начини. Соларна контрола Транспарентните застаклени делови од надворешната обвивка на зградата, Слика 3: Нискоемисивен во зависност од процентот на нивните метализиран слој врз стаклото површини и од ориентацијата кон за намалување на факторот ε страните на светот, во топлинските >> 24 јуни 2016
ПОРТА
47
енергетска ефикасност следните начини: - обоени стакла во целата маса; - стакла со пиролитички премази; - стакла со магнетронски премази. l во естетски поглед, достапни се неутрални или обоени стакла, со разни степени на рефлексија на светлината. Важно е да се напомене дека елементите со кои се дизајнираат стаклата за да им се овозможи соларна контрола (боја, премаз) немаат ефект врз топлинскоизолациските карактеристики на самите стакла. Ефект на стаклена градина Во објектите со големи застаклени површини сонцето може да внесе многу топлина. Преку директна трансмисија, или индиректна (откако топлината се акумулира во стаклото), сончевото зрачење навлегува во внатрешноста на објектот. Во просториите ова зрачење делумно се апсорбира од ѕидовите, подовите и мебелот, при што нивната температура се покачува. Овие површини ја враќаат топлината во просторијата Слика 4: Пример од пракса на трите форми на пренесување на топлината во форма на инфрацрвено топлинско зрачење со бранова должина над 2.500 nm (долгобраново инфрацрвено зрачење). Меѓутоа, стаклото е загуби во зимскиот период учествуваат со значителен процент. Но, непропустливо за зрачењето со долги бранови и топлината од ова во летниот период интензивното влијание на сончевите зраци низ зрачење останува внатре во просторијата. Како последица од ова, овие застаклени површини ги зголемува потребите од енергија за внатрешната температура постепено се покачува. Ова е краток ладење. За да се намалат овие несакани топлински добивки, опис на принципот на кој функционира стаклена градина. современата технологија на производство на стакло проблемот го На Слика 5 е прикажан ефект на стаклена градина кој се случува решава со селективно пропуштање на сончевите зраци, односно се летно време во автомобил паркиран на сонце. Температурата применува соларна контрола на стаклата: внатре во возилото се покачува како последица на загревањето на l постои широка палета стакла за соларна контрола при монолитно седиштата, воланот и другите предмети во возилото, но топлината и двослојно застаклување; не може да излезе надвор низ стаклото, поради непропустливоста l функцијата на соларната контрола се ефектуира на еден од на стаклото за овој тип долгобраново инфрацрвено зрачење. Ефектот на стаклена градина е посакуван во зимскиот период во станбени објекти, бидејќи штеди енергија. Меѓутоа, во јавни објекти со зголемен број на персонал, електрични уреди, вештачко осветлување и сл., ефектот на стаклена градина ги зголемува трошоците за ладење и за таков тип згради е потребна надворешна заштита за да се намали влез на сончевата енергија. Јасно е дека количеството сончева енергија спроведена низ прозорците зависи од нивната ориентација во однос на страните на светот. На северната хемисфера, во летниот период, низ прозорците со ориентација од североисток до Слика 5: Ефект на стаклена градина во автомобил северозапад минува малку 48
ПОРТА
24 јуни 2016
енергетска ефикасност
Слика 7: Апсорпциско стакло
соларниот фактор варира помеѓу 40% и 80%. При вакво стакло дел од енергијата од сончевото зрачење се апсорбира во стаклото, пред остатокот од енергијата да биде емитиран назад кон надворешноста или пропуштен кон внатрешноста (Слика 7). Количеството енергија рефлектирана кон надворешноста или кон внатрешноста зависи од брзината на ветарот и од надворешната температура, соодветно. За поефикасно да се врати топлинското зрачење кон надворешноста, апсорпциското стакло треба да биде поставено што е можно поблизу до надворешната површина на фасадата. На рамни фасади апсорбираната топлина во стаклата многу полесно се оддава кон надвор, со што нивото на зрачењето кон
сончева енергија. Прозорците со јужна ориентација во зима се внатрешноста е пониско. повеќе изложени на сонце, за разлика од лете, кога поради Употребата на апсорпциски стакла полека го губи приматот во поголемиот нападен агол на сончевите зраци во однос на споредба со употребата на стакла со премази. Современата хоризонтот, низ прозорците минува помалку зрачење (Слика 6). технологија на примена на метализирани премази врз стаклата Прозорците со западна и источна ориентација преку цела година овозможува да се произведат стакла со високи перформанси. се изложени на сонце. Особено западно ориентираните прозорци Освен тоа, апсорпциските стакла се загреваат многу побрзо од ја имаат таа неповолност што изложеноста на сончевото зрачење конвенционалните, што во одредени случаи може да доведе до се случува кон крајот на денот, кога и другите градежни термичко оптоварување на стаклата и нивно кршење. конструкции (ѕидови, покриви) ја акумулирале сончевата топлина Стаклата со премази од метализирани слоеви рефлектираат во текот на денот и почнуваат да ја емитираат кон внатрешноста, одредено количество од добиената сончева енергија (Слика 8). n токму во периодот кој е наменет за одмор и сон на луѓето (ако се работи за станбени објекти). Стаклото чија маса е обоена или стакло со нанесен слој за соларна контрола, пропушта помалку топлина во споредба со обичното, безбојно стакло. Овој факт се користи при производството на стакла чија намена е контролирано да го пропуштаат сончевото зрачење. На тој начин се намалува загревањето во просториите. За контрола на соларната пропустливост низ стаклата достапни се два типа стакла: апсорпциско стакло и стакло со премаз од метализиран слој. Овие две функции може да бидат комбинирани во едно застаклување. Апсорпциско стакло Апсорпциското стакло всушност е стакло во боја, добиено со додавање метални оксиди во целата негова маса. Колоритот може да биде во повеќе нијанси: бронзена, сива, зелена итн. Во зависност од бојата и од дебелина на стаклото, Слика 8: Стакло за рефлексија со премаз од надворешна страна 24 јуни 2016
ПОРТА
49
енергетска ефикасност РЕКОНСТРУИРАНИТЕ ФАСАДИ КРИЈАТ ОПАСНОСТ
Профитот пред безбедноста?! Дали на сметка на „поевтина“ изведба, материјалите што имаат подобри својства во однос на противпожарната заштита се заменети со нивните поевтини и помалку квалитетни „колеги“. „Разубавувањето“ на фасади не е новост во светот. Но, страшниот пожар кој на 19 мај 2015-та се случи во станбена зграда во Баку, чија фасада претходно беше „разубавена“, постави многу прашања кои се однесуваат и на фасадите од проектот „Скопје 2014“. Даниeла МЛАДЕНОВСКА
Р
еконструирањето на фасадите во рамките на проектот „Скопје 2014“ е честа тема во медиумите. Главно, се расправа за „барокот“, „класицизмот“ односно чудниот и крајно кич конгломерат од стилови, високите цени, (не)оправданоста на ваквиот потфат, сквернавењето на авторството на бардовите на модерната архитектура итн. Ретки се дебатите околу она што е денес еден од главните предизвици на модерната архитектура - енергетска одржливост на објектите, во контекстот на „Скопје 2014“.
50
ПОРТА
24 јуни 2016
Дали е извлечена поука од пожарот на зградата на ЕВН? Кој и колку профитирал кај нас од „разубавувањето“ на центарот? Дали зад масовната примена на полиуретанот стојат и некои лукративни причини? Одговорот на овие прашања и дилеми, веројатно, наскоро ќе го дознаеме. Во меѓувреме, сите засегнати страни (инвеститори, изведувачи, проектанти) треба на прво место да внимаваат на сигурноста и безбедноста на градбите, поучени од трагичното искуство во Баку, но и од пожарот на зградата на ЕВН, кој за среќа мина без поголеми последици. Велат, се учиме секогаш само од сопствените грешки. Но, најважно е да не се плати висока цена за таа школа.
енергетска ефикасност
Дали во тендерските критериуми за реконструкција на фасадите кај нас, овој факт е воопшто земен предвид? Не само во светот, туку дури и во нашето најблиско соседство (Белград, Загреб, Софија) реконструкциите на фасадите се прават со цел намалување на потрошувачката на енергија на објектот, и докажување на перформансите преку мерење на потрошувачката на енергија пред и по реконструкцијата. Легендарниот Сава Центар, спортската Комбанк Арена и други објекти, летово ќе станат енергетски поефикасни, за што веќе пишувавме на нашиот портал (http://www.porta3.mk/energetska-sanacija-nadelovni-sportski-objekti-vo-belgrad/). Во нашиов случај, сериозни инвестициски трошоци се вложуваат во згради кои и натаму остануваат подеднакво (или можеби и повеќе од досега) енергетски растрошни. Чест е
примерот кога се реконструира само еден дел од објектот (фасадата кон главната улица – зградата кај ресторанот Пелистер, Министерството за правда и други). Aргументот за „енергетска ефикасност“ на зградата, соопштен од страна на ЕВН како изговор за „преслекувањето“, е дискутабилна бидејќи според тврдењата на стручњаците во текот на последната реконструкција, во текот на деведесеттите години, се користеле најнови технологии, енергетски ефикасни стакла и сл. Но, додека за енергетската ефикасност можеби струката и може да полемизира, аргументот за адаптација на зградата за да се вклопи со изгледот на околните згради, навистина не остава простор за дебата. Еден друг аспект, пак, останува сосема на маргините. Се работи за критериумите што овие објекти треба да ги исполнуваат во
однос на противпожарната заштита. Откако утрото на 16 февруари годинава, пламна пожар на фасадата од зградата на ЕВН во моментот додека се изведуваа зафати на реконструкција на фасадата, стручната јавност се разбранува и постави повеќе прашања во врска со видот и квалитетот на материјалите што се вградуваат. Дали на сметка на „поевтина“ изведба (иронично бидејќи инвестициите чинат милиони евра), материјалите што имаат подобри својства во однос на противпожарната заштита се заменети со нивните поевтини и помалку квалитетни „колеги“. „Чудесниот“ материјал е полиуретанот, кој освен неспорно добрите термофизички својства, има ниска отпорност на механички влијанија, но и висок ризик во однос на запаливост. Наспроти полиуретанот, може да се употреби природен камен (кој е благороден, отпорен, незапалив, но и скап) >> 24 јуни 2016
ПОРТА
51
енергетска ефикасност или вештачки камен (масивно лесен, многу едноставен за обработка, низок отпор на напукнување, ниска запаливост и лесна термоизолација). Пример, фасада со природен камен има Уставниот суд на Република Македонија, а со вештачки камен се украсени зградата на Министерството за надворешни работи и на Кривичниот суд. Со стиропор се фасадирани зградите на Министерството за финансии и хотелот „Стоунбриџ“. Со полиуретанот, од проектот Скопје 2014, се „обвиени“ зградите на Агенцијата за електронски комуникации, Владата на Република Македонија, Јавното обвинителство, МЕПСО, ЕЛЕМ, Геолошки завод, ЕВН, Водовод и канализација, Градска куќа, седиштето на ВМРО – ДПМНЕ и други објекти на улица „Македонија“. Вакви примери на „разубавување“ на фасади не се новост во светот. Но, страшниот пожар кој на 19 мај 2015-та се случи во станбена зграда во Баку, чија фасада претходно беше на овој начин „разубавена“, постави многу прашања? Несреќата однесе 16 жртви, меѓу кои пет деца. Почитуваниот архитект д-р Петар Николовски се огласи тогаш преку социјалните мрежи апелирајќи да се обрне сериозно внимание на материјалите што се употребуваат и начинот на изведба на фасадите, предупредувајќи дека токму изведбата на фасадите со потконструкција и простор исполнет со воздух помеѓу постоечкиот ѕид и новата фасадна обвивка, со оглед на постојаното присуство на воздух односно кислород во тој меѓупростор кој при појава на пожар ќе го стимулира горењето. Декоративните елементи - детали употребени во „китење“ на фасадите, главно се изработени од три материјали: експандиран или екструдиран полистирен (општо познат како стиропор), полиуретан и
Скопје, Македонија
52
ПОРТА
24 јуни 2016
Баку, Азербејџан
рециклиран стаклен гранулат. За разлика од стаклениот гранулат, кој за жал поради високата цена многу малку е употребуван, првите два материјали спаѓаат во групата на горливи материјали, и тие масовно се употребени во зградите од проектот Скопје 2014. Светскиот и европскиот тренд за градба на енергетски ефикасни згради (од нискоенергетски, пасивни, нула енергетски до плус нула енергетски згради) ги употебува овие материјали како извонредни топлинскоизолациски материјали, со дебелини од 10 до 30 cm, но строго според пропишаните упатства, особено во поглед на противпожарната сигурност. Предвидена е изведба на појаси од негорливи изолациски материјали над прозорците и на одредени височини по обемот на целата зграда,
надворешна пожарна заштита на изолацискиот материјал со минерален негорлив слој од 8-10 mm, прицврстен со челични анкери во основниот ѕид и низа други превентивни противпожарни мерки. За потсетување, за појава и одржливост на пожар потребни се три услови: извор на оган, материјал кој гори и присуство на воздух (кислород). Отсуство на кој било фактор од наведените три, го оневозможува ширењето на пожарот. Правилата и технологијата при изведба на изолациски системи кои во својот состав имаат горлив материјал, содржани се во европскиот документ European Guideline for the Application of ETICS, како и во документот ETAG 004. Каде се тука нашите „барокни“ фасадни обвивки, изработени од горливи материјали, со дебелина, обично, од 1-2 cm, без надворешна минерална противпожарна заштита од 8-10 mm, прицврстени на метална потконструкција, која обвивката ја оддалечува десетина сантиметри од основниот ѕид, и на тој начин формира воздушен простор (еден од трите услови за пожар)? Овој воздушен простор, во случаите кај облогите на вертикални столбови, формира извонреден оџак за ширење на пожарот во височина! „Дека овие мои песимистички анализи не се гола фантазија, говорат горките искуства во други земји, кои применувале слична технологија за имитација на поранешни архитектонски стилови, но со фалш материјали и технолгија. Во Баку (Азербејџан) се случи катастрофален пожар на станбена зграда, со многу човечки жртви и повредени. По гаснење на пожарот остана само металната потконструкција за која беше
енергетска ефикасност Баку, Азербејџан
прицврстена горливата фасадна облога. Овој пожар не беше единствен во Баку и во другите градови, поради што се запали црвен сигнал и беше донесена одлука, на сите повисоки згради во градот да се демонтираат горливите фасадни облоги“, вели д-р Николовски. Првите нови фасади во Баку се појавуваат пред неколку години, поточно во 2012 година, во очи на првиот голем настан на кој Азербејџан стана домаќин - натпреварот за песна на Евровизија, со намера за кратко време да се „разубави“ центарот на градот и да му се вдахне „европски дух“ (преку некои нови квази стилови на фасади), наспроти
некогашното советско односно комунистично време. Уште тогаш, овие фасади се поврзуваа со неколку пожари кои се појавиле на реконструираните објекти. Но, набрзо потоа Министерството на Азербејџан за кризни ситуации обезбеди документ според кој фасадниот материјал (полиуретан) бил подложен на лабораториски испитувања и не се детектирани никакви ограничувања во поглед на безбедноста, додавајќи дека се работи за материјал кој вообичаено се користи на фасадите ширум светот. Последнава констатација е точна, но не смее да се заборави еден клучен факт: Безбедносните ризици се навистина
минимални само доколку полиуретанските панели прописно се монтираат. Во спротивно, тие можат да бидат многу опасни. Во случајот на опожарената станбена зграда, полиуретанските панели биле монтирани на оддалеченост од скоро 30 сантиметри од основниот бетонски ѕид, создавајќи вертикален тунел со воздух,односно кислород кој уште повеќе го стимулирал огнот, резултирајќи во катастрофа. Веднаш по оваа катастрофа, гневните жители на Баку ја повикаа Владата да реагира и да ги отстрани спорните фасади, а некои пак отидоа дури дотаму што самите, организирани преку социјалните мрежи, ги демонтирале фасадите на станбените згради каде што живеат оставајќи ја само потконструкцијата како грд потсетник на еден кошмар. Официјално, фасадите во Баку требало да бидат изработени од камен, но брзо се поминало на полиуретан како поевтина варијанта во намерата да се креираат привремено чисти и стилски фасади, налик на кулисите од Потемкиновите села. Компанијата Global Construction е носител на голем број од овие проекти, а исто така се потпишува и зад новата Кристална Палата - огромната концертна сала во која се одржа Песната за Евровизија во 2012, и за чија изградба се потрошени 134 милиони евра. Денес, фирмата е под истрага поради сомневања за корупција и перење пари. Градоначалникот на Баку вели дека речиси 120 згради со потенцијално опасни фасади се изградени во Баку од страна на Global Construction. Но извештајот на агенцијата Turan news, оперира со бројки блиску до 800. n
ПОРТА
Имајте доверба во Кнауф. Чувствувајте се заштитен. ǁDzǦǣ ȒǨ ǬǫǤǬǨ dzDzǪǣǴ, ǵǨǮDzȋǣ ǵǨǮǷDZǧǣ Ǩ ǧǴǣǦDzǺǨDZǣ. ƾǣǶDzǣ dzǴǨdzǷǼǶǨǶǨ ȋǣ ƸǣǼǣǶǣ ǧDzǥǨǴǤǣ ǥDz DZDzǥǣǶǣ dzǴDzǦǴǣǰǣ dzǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǴDzǬǫǥDzǧǬ Dzǧ ǨǥǴDzdzǵǮǬDzǶ ǥDzǧǨǻǮǬ ǤǴǨDZǧ ǫǣ dzǴDzǬǫǥDzǧǵǶǥDz DZǣ ǦǴǣǧǨǪDZǬ ǰǣǶǨǴǬȋǣǯǬ: Knauf FireWin. ƾǦDzǯǨǰǨǶǨ ȋǣ ǤǨǫǤǨǧDZDzǵǶǣ DZǣ ǯǷȐǨǶDz Ǭ DzǤȋǨǮǶDzǶ. z z z z z
70
70
ПОРТА
ПОРТА
26 декември 2014
džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǯDzǻǬ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ ǥDZǣǶǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ DZǣǧǥDzǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǣ ǤDzȋǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ ǰǣDZǪǨǶDZǬ
www.knauf-firewin.com
ФЕДЕРИКО БАБИНА - ИТАЛИЈАНЕЦ ВО БАРСЕЛОНА
арт и дизајн
Во животот е важно да се поседува страста
Уметник и архитект, страствен човек, сонувач, сè уште дете кое сака да го гледа светот наопаку
Ангел СИТНОВСКИ, дипл. инж. арх.
Ф
едерико Бабина е италијански архитект и дизајнер. Роден е во Болоња, Италија, но живее и работи во Барселона. Во Барселона живеат голем број Италијанци привлечени во овој град од различни причини. Бабина заминал како турист, се заљубил во Каталонија и решил да остане таму. Светлината и сенките на Болоња и на Барселона се дел од неговата креативна имагинација. Бабина верува во луѓето, не во нивните матични земји. Во светот постојат љубопитни луѓе кои одат по фасцинантни патишта, без оглед на местото и времето. Кога си љубопитен сакаш да откриваш и истражуваш различни патишта. „Во животот е важно да се поседува страста“, вели Бабина. Тој е заљубен во архитектурата, која за него е екстровертна и
порозна. Како архитект треба да имаш амбиција и страст, што ти помага да ги истражуваш сите форми на изразување за да ја постигнеш целта. Кога ќе се соочиш со предизвици и пречки, на треба да застанеш и да речеш „Јас не го можам тоа!“ Ризиците се дел од играта и тие се вклучени во сцената за подготовка на секој објект. Архитектурата, всушност, се луѓето. Таа е направена од нив и за нив. Бабина се преселил во Шпанија затоа што нејзината демократија произлегла од диктатурата што беше соборена кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век. Ентузијазмот на земја ослободена од диктатура донел многу енергија и нови идеи кои поттикнале многу млади и способни луѓе да се фатат во костец со предизвиците што ги нудело новото време. Од друга страна, Италија имала поконзервативен и статичен пристап. Тоа била една од причините заради која Бабина решил да остане и работи во Шпанија. Убаво е кога архитектурата е во можност да разбуди прекрасни и неочекувани чувства кај луѓето. Архитектите мора да бидат способни да комуницираат, да зборуваат гласно, но пред да го сторат тоа треба да знаат да ја слушаат тишината. Убаво е кога во архитектурата пронаоѓаш паралелни универзуми, >> 24 јуни 2016
ПОРТА
55
арт и дизајн да бараш алтернативни јазици на изразување. Архитектурата не би требало да биде само протагонист. Како архитекти треба да сме фасцинирани од идејата за откривање на бесконечни односи меѓу архитектурата и светото што не опкружува. Креативноста кај архитектите и воопшто луѓето што се занимаваат со уметност, е неопходен елемент. „Кога бев дете“, вели Бабини „една од моите омилени игри беше да ја ставaм главата помеѓу нозете и да го гледам светот наопаку“. Креативниот живот за него изгледа како оваа детска игра. Кога ќе погледнеш на работите, па дури и оние наједноставните, од поинаква перспектива, можеш да откриеш најразлични нијанси. Во секого од нас некаде е останат дел од детството, дел каде што сè уште живее играта и каде се прават експерименти. Сепак, не треба да се заборави дека во сите проекти што ги прави човекот, природата е главниот лик. Бабина има направено многу илустрации. Ви ја прикажуваме неговата имагинарна архитектура на куќи за познати режисери. Си замислува каква куќа би му одговарала на некој од познатите светски режисери на филмови и прави серија на илустрации со наслов Archidirector. Режисерите се оние луѓе кои градат приказни и гледачите ги носат во еден поинаков свет. Секој од нив е со свој стил, јазик и естетика. Нè внесуваат со своите филмски приказни во места во кои остануваме за времетраење на филмот. Бабина за оваа серија има илустрирано 27 имагинарни куќи, посветени на познати филмски режисери од Вес Андерсон до Стенли Кјубрик. Секоја илустрација за овие куќи е со различна естетика и стил, и тој се трудел да го долови 56
ПОРТА
24 јуни 2016
арт и дизајн
карактерот на режисерот и да навести дел од неговиот филмски опус во овие цртежи. Одредени карактеристични елементи од филмскиот јазик на режисерот, тој ги транспонира и трансформира во архитектонски геометрии. Секој режисер, слично на архитектите, во своето дело внесува детали со кои гради уникатен и препознатлив стил, секој остава свој отпечаток. Бабина ужива во своето уметничко изразување не заборавајќи ја неговата страст за архитектурата. Неговата претходна серија наречена Archipixel, доби големо внимание во јавноста со својот осум-битен опис на светски познатите архитекти и на нивната работа. n
ПОРТА
репортажа
МОНТРЕАЛ – КУЛТУРНА ПРЕСТОЛНИНА НА КАНАДА (2)
Разновидност во уникатноста Монтреал, кој е космополитски град со население со различни емигрантски корени, зрачи со голем потенцијал за економски и социјален развој, поддржан од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, преку дизајнот како движечка сила која дејствува во областа на внатрешниот дизајн, графичкиот дизајн, модата и архитектурата Љупка ДУКОВСКА, дипл. инж. арх.
Ш
еесеттите и седумдесеттите години на 20 век се многу важен период за Монтреал. Период во кој беа реализирани повеќе големи проекти, како новиот метро систем, неколкуте нови облакодери во центарот на градот ... период во кој се случија два големи светски настани, преку кои Монтреал го привлече светското внимание и го заслужи називот Културна метропола на Канада. Тоа е период на движењето на либерализацијата и отворање кон светот. ЕКСПО 67, ПРВ ГОЛЕМ НАСТАН, ВИЗИОНЕРСКА АРХИТЕКТУРА АТРАКТИВНА И ДЕНЕС Една од најголемите светски универзални изложби, организирана во чест на стогодишнината на Канадската конфедерација, се одржа од април до октомври 1967 година, во Монтреал. Со рекордна посетеност на повеќе од 50 милиони посетители и учество на 62 странски
58
ПОРТА
24 јуни 2016
земји, таа се смета за најуспешна светска изложба во 20 век. Изложбата беше наречена „Човекот и неговиот свет“, по зборовите на Антоан де Сент - Егзипери (Antoine de SaintExupery, 1900 – 1944) од романот „Земјата на луѓето“ („Terre des homes“, 1939, наградена со Grand Prix за роман на Академијата на Франција и награда National Book Award од САД). Една од главните теми на изложбата беше домувањето. Од убавите павилјони кои беа изградени за Експо 67, ќе се осврнам на два, кои се атрактивни и денес, скоро 50 години после нивното создавање. Првиот објект е Биосферата, поранешен павилјон на САД, архитектонско ремек-дело и симбол на Експо 67. Се оценува како најуспешен павилјон на изложбата, со вкупно 5,3 милиони посетители за време на шестмесечниот период на Експо 67. По завршувањето на изложбата, владата на САД ја подарила Биосферата на градот Монтреал. Проектот е дизајниран и создаден од Ричард Бакминстер Фулер ( Richard Buckminster Fuller, 1895 - 1983 ), архитект, инженер, иноватор, футурист, кој ја започнал својата кариера во 1920 година, преку функционалниот архитектонски пристап,
чистотата на формата и економија на средствата. Неговото космичко и холистичко разбирање на универзумот и нашето место во него, го водело кон проучување и користење на технологијата за подобрување на животот на човештвото. Биосферата е синтеза на неговата филозофија и уметност. Преку геодетски дизајн изграден од триаголници, кои според него се совршена форма (форма на молекуларни соединенија, врски кои припаѓаат на алотропни форми на јаглерод, кои сега се нарекуваат фулерени во негова чест), тој покажал дека е можно да се создаде простор користејќи само една петина од материјалите, што вообичаено се користат во конвенционалната архитектура. Создал стабилна структура, естетски префинета. Биосферата во Монтреал е лоцирана во паркот Жан Драпо (Parc Jean-Drapeau), на островот Света Елена (Saint Helen). Со структура која е повеќе од 75% сфера, таа е најголем објект од ваков вид и најкомплицирана од сите куполи на Фулер. Сферичниот дијаметар на куполата е 76 метри, а висината 62 метри. Сферата е оформена од затворена челична структура. Се користат тридимензионални единици, триаголна од надвор и шестаголна од внатре, свиткани за да
а на архитектурата
репортажа се добие обликот на купола (¾ од сфера). Обвиена е со транспарентна надворешна обвивка, составена од околу 1.900 затемнети акрилни панели. За контрола на внатрешната температура, искористен е сложен систем на нијанси. Импресивна енергетска ефикасност се обезбедува со комбинација на геотермален систем и врвни технологии, кои, во споредба со конвенционалните електрични опции, покажуваат намалување на користењето на енергија од 459 MWh (приближно 21%) на годишно ниво, што е значајно поради специфичната архитектура на објектот и северната клима во Канада. Со 37метарски ескалатор, најдолг изграден во тоа време, обезбеден е пристап до седум нивоа. Во 1976 година, за време на реновирање на објектот, акрилната обвивка била уништена од голем пожар, но челичната структура останала. Објектот бил затворен се до 1990 година. Од 1995 година во објектот е отворен првиот Интерактивен музеј, единствен во Северна Америка, посветен на водата и на животната средина, со цел да се подигне свеста за реката Сен Лоренс и екосистемот на Големите Езера. Редизајнирањето на ентериерот, во согласност со оригиналните планови на Фулер, изработено е од архитектот Ерик Готје (Eric Gauthier), кој е избран на конкурс. Со збир на затворени простори дизајнирани во внатрешноста на оригиналната челична конструкција, музејот нуди интерактивни активности и изложби за еколошки прашања поврзани со водата, климатските промени, воздухот, еколошки технологии и одржлив развој. >> Биосфера
ПОРТА
репортажа
Хабитат 67
Хабитат 67, eнтериер
Вториот проект е амбициозниот станбен објект Хабитат 67, кој како еден од главните симболи на Експо 67 доби светски признанија. Беше нарекуван „фантастичен експеримент“ и „архитектонско чудо“. Проектот на тогаш младиот студент по архитектура на Универзитетот Мек Гил во Монтреал, Моше Сaфдиe (Moshe Safdie, 1938), беше оценет како револуционерен концепт на урбано живеење. Редефиниција на сè што се очекуваше од урбана заедница. Визија на градовите на иднината. Тој претставуваше модификација на „стан на една фамилија“, кој лесно и прегледно егзистира во градска, густо 60
ПОРТА
24 јуни 2016
населена средина. Беше еден од најважните објекти во 60-тите години, модел на заедница и на станбен комплекс. Основната форма на Хабитат 67 е коцката. Симбол на мудроста, вистината, моралната совршеност, во спознавањето на нашето потекло, нашата цивилизација. Во материјална смисла, коцката е симбол на стабилност. Идејата била, со проектот Хабитат 67 да се понуди „дел од рајот“ за секого. Изградени се 354 коцки, кои поставени една над друга формираат 146 станбени единици. Карактеристики на објектот се: варирање на 15 модели со една или пет коцки, поглед на три
репортажа страни на светот, станбени површини од 58 до 279 м², приватни тераси со површина од 21 до 93 м², различни нивоа за пристап, шест лифтови, централно греење и климатизација. Коцките поставени помеѓу градот и реката, помеѓу зеленилото и светлината, помеѓу небото и земјата, создаваат гигантска скулптура. Лоциран на прекрасниот полуостров Cité du Havre, овој 12-катен објект и денес гордо стои пред старото пристаниште на Монтреал. Целосно опкружен со светлото на градот, силуетите на мостовите, мирисот на јаворите, воздухот на реката и на небото. Хабитат 67 беше сам по себе
настан во тоа време. А остана и денес. И после скоро 50 години, сè уште сјае. Се смета за икона, архитектонски белег и еден од најпрепознатливите и најзначајни објекти во Монтреал и Канада. Се оценува двојно. За негов успех се смета редефинирањето на урбаното живеење, а за неуспех тоа што не успеа да се револуционизира монтажниот, модуларен систем за изградба на станови, кој беше замислен. Една од причините беше цената по единица (околу 140.000 $), која излезе поголема од првобитните предвидувања. Сепак, архитектот Моше Сaфдиe, дури и денес, после скоро половина век од
Македонец го санирал олимпискиот стадион Кон крајот на 1991 година, на стадионот почнале да се појавуваат проблеми. Една ивична греда паднала и се појавиле пукнатини на платното што го покрива. Од тогаш па сè до 2005 година, професорот д-р Тодор Барутчиски, дипломиран градежен инженер наш Македонец, кој тогаш се пензионирал, се ангажирал околу „лекувањето“ на сериозните проблеми на стадионот. Тој раководел со екипа од инженери и техничари, која ги изработила сите технички решенија, според кои успешно е реализирано санирањето на стадионот. Секако дека изведување на толку сериозна техничка интервенција, на објект со ваква големина, технички карактеристики и значење, заслужува повеќе внимание, простор и посебен напис, што би било многу интересно за нашата професионална и стручна јавност.
големото достигнување во младоста, се држи до фундаменталниот концепт во неговиот дизајн, посебно во областа на домувањето со висока густина, и подобрување на социјалната интеграција преку архитектурата, што стана синоним на неговата работа и инспирација на други архитекти. Денес тој е познат архитект со светска слава и убава кариера, чиј главен квалитет во работата е на нештата да им даде знак на вечност. ОЛИМПИСКИ ЛЕТНИ ИГРИ 1976, ВТОР ГОЛЕМ НАСТАН ВО 20 ВЕК За потребите на Олимписките летни игри во 1976 година, како главна спортска арена, беше изграден најголемиот стадион во Канада, лоциран во Олимписки парк во Монтреал. Проектант на Олимпискиот стадион и на целиот Олимписки комплекс е францускиот архитект Роже Таибер (Roger Taillibert, 1926), кој работи пред сè во областа на спортски објекти и инфраструктура. Познат е по проектот на Паркот на принцовите во Париз и, секако, по Олимпискиот стадион во Монтреал. Олимпискиот стадион или „Големото О“, изграден како главен стадион за летните Олимписки игри 1976 година, е еден од >> Биодом, Олимписки парк
24 јуни 2016
ПОРТА
61
репортажа најневообичаените и најконтроверзни стадиони во историјата, со неконвенционална, долга и проблематична градба. Станал една од најпознатите градби во светот, благодарение на својот уникатен дизајн на органска архитектура со форми кои произлегуваат од животинскиот и растителниот свет. Го нарекуваат „Големото О“, а некои го викаат и „Големиот долг“, поради астрономското чинење на стадионот и на Олимписките игри во целост. Главен украс на „Големото О“ е кулата на
стадионот, висока 175 метри, која е највисока коса кула во светот и шести по висина објект во Монтреал. Стадионот е со најголем број седишта во Канада. Во моментов работи како повеќенаменски објект (спорт, концерти, саеми), со постојан капацитет од 56.040 седишта. Комплексот во Олимпискиот парк, изграден на локалитет со површина од 60 хектара, во источниот дел на градот, покрај Олимпискиот стадион вклучува и други објекти, како Олимпискиот базен кој е дел од поголем Place Bonaventur
Westmount Square Montreal
62
ПОРТА
24 јуни 2016
центар за пливање, со капацитет на гледачи од 3.012 седишта. Почнувајќи од 2014 година, аква комплексот беше затворен поради реновирање. Отворен е во мај 2015 година, со модернизирана рецепција и зона за одмор, бутици, брза храна ... Тука се и поранешниот Олимписки велодром, кој од 1992 година е пренаменет во Биодом, (Музеј на природата), кој вклучува Инсектариум, Ботаничка градина, една од најголемите во светот, и Планетариум ... како и голф клубот и две пирамидални кули изградени како Олимписко село за спортистите, кои сега служат како станови и деловни простории. РАЗНОВИДНОСТ ВО УНИКАТНОСТА НА АРХИТЕКТУРАТА Монтреал е град со многу архитектонски знаменитости, уникатни во нивната разновидност. Објекти кои заслужуваат посебно внимание. Ќе спомнам само некои од објектите што се значајни за модрената архитектура на градот: Place Bonaventure, деловен, изложбен и хотелски комплекс со површина од 288.000 м² и висина од 12 ката, во центарот на Монтреал, дизајниран во стил на брутализам. Во времето кога е завршен (1967) бил втор по големина деловен објект во светот. Во 1998 година Place Bonaventure е редизајниран. Цената на чинење била 60 милиони канадски долари. Од истиот период е и станбено-деловниот комплекс Westmount Square, проектиран од Лудвиг Мис ван дер Рое (Ludwig Mies van der Rohe 1886 – 1969), во интернационален стил. Изградбата е почната во 1964 година. Комплексот е отворен на 13 декември 1967 година. Спомнатите објекти, како и многу други убави објекти, архитектонски знаменитости на градот (кои поради ограничениот простор не се опфатени), изградени во периодот на 60-тите години и подоцна, придонесоа Монтреал да биде избран за „Град на дизајнот“ на УНЕСКО. Во 2006 година, Меѓународната дизајн заедница, му одаде признание на градот, прогласувајќи го за светска престолнина на дизајн. Градот се приклучи на мрежата на „Креативни градови“ основана од УНЕСКО во 2004 година. Денес, кога повеќе од половина од светската популација живее во градовите, концептот на „Креативни градови“ се базира на верувањето дека културата може да игра важна улога во урбаното обновување. Монтреал, кој е космополитски град со население со различни емигрантски корени, зрачи со голем потенцијал за економски и социјален развој, поддржан од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, преку дизајнот како движечка сила која дејствува во областа на внатрешниот дизајн, графичкиот дизајн, модата и архитектурата. Во Монтреал има четири универзитети со образовни програми за дизајн, архитектурата и урбанизам. n
ПОРТА
aрт и дизајн
Футуристичка ротирачка скулптура на Кафка во Прага
Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
У
метничка инсталација, поточно глава на писателот Франц Кафка, која ја изработил контроверзниот чешки уметник Давид Черни, веќе некое време ја краси најфреквентната шопинг зона во Прага. Симбол на книжевноста на 20 век, секако, е Франц Кафка, роден во Прага 1883 година. Опусот на Кафка, кој може да се подели во неколку вида (романи, раскази, афоризми, дневници и писма), ги врзува тематско, идеолошко и, би можело да се
64
ПОРТА
24 јуни 2016
каже, спиритуално единство. На неговиот писателски труд, чест му оддаде и контоверзниот чешки уметник Давид Черни, кој во центарот на Прага постави предимензионирана ротирачка скулптура на глава од познатиот писател. Тешко дури 45 тони, високо 11 метри и опкружено со низа огледални површини кои заеднички ротираат, ова уметничко дело го краси најфреквентниот шопинг центар на чешката престолнина. Интересната футуристичка уметничка инсталација, поставена е тука како потсетник на Кафкиниот впечатлив труд и дело, но и на не така лесниот живот. Инаку, делата на Кафка ја прикажуваат сивата и банална секојдневица, како енигматска и алогична реалност исполнета со страв, во која ликовите, притиснати со чувство на вина и збунетост, постојано се изложени на опасност од бирократските сили. Тоа е посебно видливо во неговите романи „Процес“, „Замок“ и „Америка“, како и во низа кратки и долги раскази, меѓу кои се истакнува и оној најпознатиот, „Преобразба“. n
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА