247

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

247

AВГУСТ 2016

Академик Георги Константиновски: Архитектурата му припаѓа на архитектот Урбаните парадокси како метавистина Rebus sic standibus - Додека така (си) стојат работите

90 ДЕНАРИ


ПОРТА



градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


ГОДИНА XII

БРОЈ 247 ПЕТОК 26.8.2016 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, За интервју со Георги Константиновски повод секогаш има, но овoј пат тоа се насобраните случувања од годинава: излезе неговата извонредна автобиографска книга „Патот на еден архитект“, но и збирка на архитектонски дела и хронологија на еден извонреден опус, доби признание на архитектонската фела и стана почесен член на МАНУ. „Она на коешто сум се посветил во животот е да бидам, пред сè, архитект. Звањето професор се стекнува после постепеното напредување во службата, почнувајќи со работа како асистент на Архитектонскиот факултет... Титулата почесен член во МАНУ доаѓа како плод од следењето на мојата активност на полето на архитектонското творештво“, вели Константиновски. Кај нас имаме два реални парадокси, кои токму поради својата реалност можат комотно да станат Замена или Дополна на важечката урбанистичка нарација, т.е. Метавистина. Површинските крстосници и крстосничиња со своите „леви вртења“ се најголемиот крволок на сообраќајно-инженерскиот идеал на мазни и непопречени текови, па тие фамозни „вртења“ обично се посакувани како мобилен телефон во опера.

Поигрувањето со термините државен или јавен или посебен интерес, го руши основниот концепт на уреденост на оваа материја, а во јунската одлука на Владата за изготвување на урбанистичко-планска документација за катастарската парцела на Градски трговски центар се препозна злоупотреба. За да се оспори таа владина одлука, изготвена е и предадена до Уставниот суд Иницијатива за поведување постапка за оценка на уставноста и законитоста на правниот основ за нејзино донесување, односно предлог за запирање на нејзиното извршување. Архитектите од архитектонското биро Arup Associates го проектираа објектот British Sky Broadcasting. Ним им беа дадени стриктни вредности за исполнување, како на пример, минимум 27 проценти од употребените материјали за изградба да бидат рециклирани, одговорна сеча на дрвната маса преку PEFC програмата, редуцирање на испуштање на стакленички гасови во фабричкото производство на елементите и друго. Резултат е Едукативен центар со врвни перформанси кој го почитува мотото „Верувај во подобро градење“.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница: BRITISH SKY BROADCASTING

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

247

AВГУСТ 2016

Академик Георги Константиновски: Архитектурата му припаѓа на архитектот Урбаните парадокси како метавистина Rebus sic standibus - Додека така (си) стојат работите

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА

90 ДЕНАРИ

Проект: АРХИТЕКТОНСКО БИРО ARUP ASSOCIATES

ОД РЕДАКЦИЈАТА

СТАВ 10

ИНТЕРВЈУ 18

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

АКАДЕМИК ГЕОРГИ КОНСТАНТИНОВСКИ: АРХИТЕКТУРАТА МУ ПРИПАЃА НА АРХИТЕКТОТ

ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР СО ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

24 26

Печати: Маркетинг:

EКСПЕРТ 36 ОРСТАД - ПОЛИГОН НА СОВРЕМЕНАТА ДАНСКА И ЕВРОПСКА АРХИТЕКТУРА

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

СООБРАЌАЈ 40

32

REBUS SIC STANDIBUS - ДОДЕКА ТАКА (СИ) СТОЈАТ РАБОТИТЕ

ЕКОЛОГИЈА 54

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

REBUS SIC STANDIBUS - ДОДЕКА ТАКА (СИ) СТОЈАТ РАБОТИТЕ

AРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 28

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Сашо КУЗМАНОВСКИ Сузан ЛАМБЕРТ (Италија) Филип ФИЛИПОСКИ

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

58

ТУРИСТИТЕ СÈ УШТЕ СО АМИН СЕ БАЊААТ ВО ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

РЕПОРТАЖА 62

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

ДРВЕНГРАД - ГРАД ПО МЕРКА НА КУСТУРИЦА

65


поводи

ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ ВО НИЗА

Што е следното

Љупчо АТАНАСОВСКИ инатата година ни се случи Шара и Тетово – шест загинати, голема материјална штета... На 6 август годинава ни се случи Скопска Црна Гора, Стајковци... 22 загинати, очај, паника, бес, огромни материјални штети... Што е следното... Со години наназад убави студии и планови за урбанизација, заштита од катастрофи, ветувања за нова инфраструктура – на терен реализација КАТАСТРОФАЛНА. Систематски уништени и намалени површини под шуми и покрај многуте акции „Денови на дрвото“, недовршена инфраструктура и каналски мрежи, и редовно неисчитени водотеци и постојни канали, изградени плански во времето на една бивша „лоша“ држава. Несовесност на државата и на локалното население. Дивоградбите ни се редовна судбина дури и на забранети површини, но затоа е тука Законот за легализација на дивоградби, каде со 1 евро/м2 се задоволуваат сите. Популизмот цвета, урбанизацијата се враќа назад во некој друг век. Казните од немилосрдната природа следуваат. Обиколницата - можеби по

М

6

ПОРТА

26 август 2016


европски проект и со европски кредит, но со балкански- македонски заобиколувања на многу технички детали, предвидени, но не и реализирани проекти за одвод на водите околу обиколницата! Многу, ужасно многу пропусти. И сега. Најлесно е да се каже „господ е виновен“ што ни испрати страшна непогода. Но каде e човечката вина, струките од повеќе области и најважното и над сè, вината на државата и нејзините институции. Заради изгубените животи, надежи, доверие, ги очекуваме одговорите и решенијата, кои ќе ги спречат или намалат можните идни трагедии за кои има ГОЛЕМИ ПРЕДЗНАЦИ -Водно, Вардар, Скопје... n

ПОРТА


инфо

Префабрикувана куќа стигнува со камион на ваша адреса

ека границите во префабрикацијата постојано се поместуваат, сведочи и овој пример од Јужна Америка. Архитектонската фирма MAPA осмислила еколошка куќа од 115 квадратни метри, која има минимално влијание врз животната околина. Целосно се составува во фабрика, потоа од два идентични делови се транспортира со камион до бараната локација, и тогаш се монтира на самото место на однапред подготвени темели. Овој пример од Монтевидео е интересен бидејќи куќата со должина од 12,5 метри е превезена со камион 200 километри до насади со маслинки. Темелите се направени од локален камен така што немало интервенции на локалитетот. Првиот блок од камионот е

Д

8

ПОРТА

26 август 2016

поставен на темелите, а другиот блок отпосле е насаден покрај првиот. Сето ова е направено за еден ден, пишува Inhabitat. Освен тоа што оваа куќа е еколошка и одржлива за природната средина, таа притоа одлично изгледа. Ентериерот е во целосна усогласеност со екстериерот. Внатрешноста е опремена со мебел од данскиот произведувач BoConcept. Големите стаклени површини овозможуваат импресивен поглед, па затоа е најдобро оваа куќа да се користи на плац со добар поглед. n


инфо

Рио де Жанеиро го претстави најголемиот мурал во светот

разилскиот уметник Едуардо Кобра во Рио де Жанеиро го насликал најголемиот мурал во светот. Неговиот мурал Etnias се протега на речиси три илјади квадратни метри, и покажува пет локални лица од пет континенти на Земјата. Овој единствен мурал го карактеризираат геометриски

Б

форми и живописни бои, а уметникот со нив сака да покаже како сите луѓе се обединети и поврзани, а тоа особено се покажува на Олимписките игри кои во моментов се одржуваaт во Рио де Жанеиро. За реализација на Etnias, потрошени се околу 1.500 литри бои и 3.500 спреј лименки. n

РЕАГИРАЊЕ Во врска со објавениот напис „Македонско село-Во потрага по идентитетот“, објавен во „Порта 3“, број 246, од јули 2016 година , за етнокомплексот „Македонско село“ лоциран на Водно. Како еден од авторите на идејното решение и дел од проектантскиот тим за етно комплексот, барам од редакцијата на „Порта 3“ да објави демант за делот од написот каде се споменува авторот на идејното решение. Авторскиот тим на идејното решение можете да го најдете во каталогот на БИМАС 2010. Исто така, преку конкурс беше утврдено и одделно идејно решение за ентериер, за кој вие можете дополнително да си набавите

информации доколку сакате да ја запазите веродостојноста на објавениот напис.

Со почит, Миле НЕДЕВСКИ, дипл.инж.арх.

26 август 2016

ПОРТА

9


став

Rebus sic standibus - Додека така (си) стојат работите Даница Павловска ЦИГИ, дипл.инж.aрх. ногу концепти во својата спротивност ја имаат рамнодушноста, како на пример, спротивно на знаењето не е незнаењето туку рамнодушноста, или спротивно на убавината не е грдотијата туку рамнодушноста. Застрашувачко е што и спротивно на животот не е смртта, туку рамнодушноста кон него и кон она што тој го носи. Зар да се дозволи општо тонење во темната рамнодушност, зар тие со немирен дух ќе молчат пред оваа зачмаеност? Таквите се мобилизирани секој на свој начин, но граѓанскиот активизам е веќе позната форма низ која се пласираат иницијативи како на пример „ГО САКАМ ГТЦ“. За оние што сакаат да знаат нешто повеќе за оваа граѓанска иницијатива, еве како таа во моментов умува и избавливо дејствува: Свесност за деликатноста на урбанистичките политики и досегашното горчливо искуство со нивното спроведување, создава сомнеж во ефикасноста на практицирањето на постојните закони и подзаконски акти. Постојниот систем на просторно и урбанистичко планирање претпоставува чесно застапување на јавниот интерес, но како систем треба да се усовршува, надградува и осовременува, така што неговите промени мора добро да се промислуваат. Честите измени и дополни со краток рок претставуваат несериозно и неодговорно однесување на извршната и законодавната власт кон тој систем и, што е најважно, ја уриваат лесно кршливата доверба во компетентноста на државата. Поигрувањето со термините државен или јавен или посебен интерес, го руши основниот концепт на уреденост на оваа материја, а во јунската одлука на Владата на РМ за изготвување на урбанистичко-планска документација за катастарската парцела на Градски трговски центар се препозна злоупотреба. За да се оспори таа владина одлука, изготвена е и предадена до Уставниот суд на РМ Иницијатива за поведување постапка за оценка на уставноста и законитоста на правниот основ за нејзино донесување,

М

10

ПОРТА

26 август 2016

односно предлог за запирање на нејзиното извршување. Поточно, се предложи, Уставниот суд на РМ да го ПОНИШТИ членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање како противуставен, а воедно да донесе соодветно решение за запирање на извршувањето затоа што би можеле да настанат тешко отстранливи последици. Потребно е да се истакне дека дискрецијата што со овој член е дадена на Владата на Република Македонија, целосно го нарушува системот на просторно и урбанистичко планирање, којшто го воспоставува самиот Закон и подзаконската регулатива. Оспорената одредба дава правна основа за упад во системот и негово апсолутно негирање, а во директна колизија е со владеењето на правото,

но и со некои основни човекови права, како што е правото на сопственост, правото на дом, правото на животна средина и др. Образложението укажува дека со член 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање е пропишана посебна постапка за разработка на урбанистичко-планска документација за градби коишто Владата со своја одлука ќе ги определи како градби од посебен интерес. Целата оваа одредба и нејзината суштина се засноваат на поимот „посебен интерес“ којшто не е определен ниту во законот ниту во некаков друг акт или пропис во правниот систем, а самиот Устав воопшто ниту разработува ниту препознава ваква правна категорија. Дополнително, законот не дава ниту предвидува некакви критериуми или насока за


став определување на поимот „посебен интерес“. Ова е од особено значење бидејќи во контекст на градби, урбанизам или пак планирање на просторот, законодавецот не посветил внимание на суштинските аспекти кога се работи за фактичко извршување на конкретни законски одредби. Со оспорената законска одредба на Владата ѝ е дадена апсолутна дискреција при утврдувањето на „посебниот интерес“, без да се земат прадвид веќе јасно и прецизно определените правни начела, што се однесуваат на утврдениот правен систем. Оттаму, несомнено, може да се воспостави и да се наметне практика, целиот систем на уредување на Република Македонија да е под постојани дисторзии, без разлика дали се работи за поделба на власта или, пак, за основните функции на локалната самоуправа. Во овој контекст, јасно е дека и терминолошки и суштински, овој поим „посебен интерес“ е различен од поимот „јавен интерес“ или пак од поимот „државен интерес“. Наметнувајќи нови неодредени, непрецизни правни категории и терминологии, се чини дека тенденцијата на законодавецот била една и единствена: да ги избегне веќе утврдените категории на интерес, државен и јавен, за да ѝ дозволи на извршната власт поголем простор за манипулација, во зависност од потребите при спроведувањето на одредени политики. Дополнително, оспорената одредба предвидува, по донесување на одлуката за утврдување на градбата од посебен интерес, урбанистичко-планската документација да се разработува и да се донесе без јавна презентација и јавна анкета, како и без спроведување на оценка на влијанието врз животната средина. Исто така, постоењето на оваа законска одредба ја доведува во прашање правната сигурност којашто претставува основен постулат вткаен во начелото на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок. Правната сигурност подразбира прецизни, недвосмислени и јасни норми, бидејќи само таквите правни норми можат да претставуваат солидна основа за постапување од страна на државните органи. Само ваквите норми ја гарантираат правната сигурност на граѓаните како составен дел на принципот на владеењето на правото. Владеењето на правото, подразбира доследна примена на законските прописи, кои треба да се општи, точно одредени и недвосмислено формулирани правила (У.бр. 104/2012). Неодреденоста и неодредливоста на поимот „посебен интерес“ на којшто се заснова оспорениот член 50, подразбира дека законската одредба е нејасна и непрецизна и како таква во директна колизија со правната сигурност, а со тоа и спротивна на Уставот на Република Македонија. Оставајќи простор за владина >> 26 август 2016

ПОРТА

11


став

интервенција, односно вмешување на еден дискреционен, непредвидлив, нејасен и арбитрарен начин, одредбата ги доведува под прашање и начелата развиени низ судската практика на Европскиот суд за човекови права. Имено, според Европската конвенција и практиката на Европскиот суд, секое вмешување во права заштитени со Конвенцијата подлежи на тест којшто, меѓу другото, предвидува постоење на квалитетна правна регулатива. Тоа пак подразбира, правната основа за вмешувањето да биде јасна, достапна и предвидлива. Со оглед на тоа што во законот нема никакви критериуми ниту пак некаква претходна постапка која би резултирала со заклучок дека навистина постои „посебен интерес“, засегнатите лица не се во состојба да 12

ПОРТА

26 август 2016

го усогласат своето поведение и да се заштитат од вмешувањето на Владата во остварувањето, на пример, на правото на сопственост според членот 1 од Протоколот бр. 1 (приватните сопственици на просторот, или пак авторите чија интелектуална сопственост и авторски права би се нарушиле со интервенирање на ваков начин во засегнатиот архитектонскоурбанистички зафат) или пак правото на приватен живот (заштита на домот, работниот простор и непосредната животна средина). Понатаму, друг елемент кој мора да се запази е постоењето на некаква легитимна цел која би се постигнала со интервенцијата на Владата, што исто така недостасува со оглед на нејасноста и недореченоста на поимот „посебен интерес“. Конечно, ваквата одредба резултира и со

нарушување на начелото на локалната самоуправа бидејќи градбата или просторот за чие уредување е надлежна локалната самоуправа, едноставно, се става под капата на Владата, односно централната власт. На тој начин се прави упад во локалната самоуправа и се нарушува правото на локална самоуправа на граѓаните, што пак исто така е една од темелните вредности на уставниот поредок. Во член 8 од Уставот на Република Македонија, недвосмислено и јасно се утврдени темелните вредности на уставниот поредок, односно правото на локална самоуправа и уредувањето и хуманизацијата на просторот, и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата. Овие темелни вредности, а во врска со одредбите од Законот за локалната самоуправа, со којшто закон всушност се гарантира и самото право на локална самоуправа и начинот на којшто се остваруваат ингеренциите на општините во однос на уредувањето и хуманизацијата на просторот, и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, односно член 22 став 1 точка 1, член 22 став 1 точка 2 од предметниот закон, ќе бидат повредени со самото донесување на каква било одлука донесена од Владата на Република Македонија којашто би се однесувала на „посебен интерес“. Дополнително, со член 114 и член 115 од Уставот на Република Македонија, освен што определува дека правото на локална самоуправа се гарантира и се уредува со закон, определено е и дека граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето, особено за прашањата поврзани со урбанизмот, а општината е самостојна во вршењето на надлежностите според Уставот и според Законот за локалната самоуправа. Имено, со донесувањето на конкретна одлука на Владата за оваа материја, дефакто значи узурпирање на надлежностите на единиците на локална самоуправа, дотолку повеќе што со конкретна одлука во однос на уредување на просторот може да значи и негова фактичка дехуманизација, со што неспорно може да се утврди повредата на темелните вредности и загарантираното право на локалната самоуправа. Понатаму, според член 20 и член 21 од Законот за локалната самоуправа е недвосмислено пропишано дека надлежностите на општините се целосни и исклучиви и не смеат да бидат одземени или ограничени, а начинот на донесување на одлуките на Владата во овој контекст, а особено нивната содржина ќе бидат еклатантен пример за одземање на надлежностите на локалната самоуправа. Во контекст на наведеното, не само што е погрешно применето материјалното право пропишано со позитивните законски прописи коишто се однесуваат на уредување на просторот, туку е погрешно применет и Уставот како највисок акт. n


ПОРТА


градежништво

УРГЕНТНА САНАЦИЈА И РЕГУЛИРАЊЕ НА КОРИТОТО НА РЕКА ЦРНА НА ПОТЕГОТ КАЈ АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „СТОБИ” Слика 1 Поглед на локалитетот

Тања РИДОВА, дипл.град.инж. Ѓорѓи СОКОЛОВСКИ, дипл.град.инж. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје) рхеолошкиот локалитет „Стоби“ е еден од најважните и најголемите археолошки локалитети во Република Македонија, како според површината, така и според историската и културолошката вредност. Со оглед на тоа што самиот локалитет се наоѓа на устието на двете најголеми реки во Македонија, во историјата бил сметан за стратешки центар во овој дел на Балканот. Во изминатиов период, на локацијата каде се наоѓаат објектите од локалитетот се јавува проблем со

А 14

ПОРТА

26 август 2016

ерозивното дејство предизвикано од големите води од река Црна која минува во негова близина. ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл го изработи Основниот проект за ургентна санација и регулација на коритото на река Црна на овој потег. Процесот на проектирање на овој проект започна со теренска проспекција и заврши со избор и разработка на финално техничко решение за санација и регулирање на коритото на река Црна, на потегот кај археолошкиот локалитет. По извршената теренска проспекција, утврдено е дека во два наврати во 2014 година е дојдено до свлекување на брегот како резултат на странична ерозија, со што е нарушена безбедноста на конзерваторските, магацинските и помошните бараки на установата. После првата појава, Дирекцијата за заштита и спасување извршила времена санација на еден

дел од зоната на обрушување, што помогнала да се спречи неконтролирано ширење на процесот кон бараките и административните објекти. Меѓутоа, во продолжение на времено санираниот брег, имало појави на значајно проширување на ерозијата со можност за директно загрозување на конзерваторскиот и магацинскиот дел каде се чуваат значајни артефакти. Со предметната проектна документација, врз основа на претходно спроведени истражувања и елаборирања на топографски, инженерско геолошки, геотехнички, хидролошки и други подлоги, се анализирани физичките карактеристики на постојните состојби на предметниот потег на коритото на река Црна. Врз основа на наодите од предметните анализи, конципирани се нови проектни технички решенија и извршен е избор на оптималното проектно решение кое е разработено на ниво на Основен


градежништво проект. За подготовка на Основниот проект, направени се детални геодетски снимања во реалниот простор на речното корито на река Црна, од мостот на автопатот Е75 до мостот на Македнски железници, на вливот на река Црна во река Вардар (ситуација и пресеци), врз основа на кои беше изработен Елаборат за оперативен полигонски влак. Исто така, во полза на добро изработен Основен проект, извршени се геотехнички истражни работи и лабораториски истражувања, од кои произлегува и Елаборатот за извршени геотехнички истражни работи. При теренската проспекција за изработка на хидролошката анализа, направени се мерења на длабочините на коритото на 22 (дваесет и два) профили, а на еден од нив беше извршено и мерење на брзините со хидрометриско крило. Со новоснимената ситуација на речното корито на предметниот потег, попречните пресеци и надолжниот пресек на постојното корито и

Слика 2 - Зона на ерозија

хидролошки дефинираните протоци на големите води на предметниот потег за регулација, извршена е хидрауличка анализа на протек на големи води со различна веројатност на појава во постојното корито. Притоа се согледани влијанијата и големините (вредностите) на хидрауличните параметри. Врз основа на нивната анализа, согледани се можни новопроектирани технички решенија за регулирање на предметниот потег на речното корито. За избраното проектно решение за регулирање на коритото (корекција на габаритите на речното корито, проточниот капацитет, заштитни мерки од ерозија и заштитни објекти), извршена е хидрауличка анализа со програмскиот пакет HEC – RAS на ист начин и на исти корегирани профили и проектирани објекти и заштити, како при хидрауличката анализа при постојното корито. Со анализа на ефектите од влијанијата на различните големи води за димензионирање на

речното корито на река Црна, на предметниот потег се врши конечен избор на техничкото решение за регулирање на коритото, како и избор на меродавната голема вода зависно од можностите што ги пружа акумулацијата Тиквеш. Во продолжение е даден опис на техничкото решение кое беше избрано како оптимално, покрај неколку варијанти на решенија. Крајбрежната косина како најкритична (обрушена 2014 год. и времено интервентно санирана за заштита на објектите на археолошкиот локалитет „Стоби“), предвидено е да се заштити со облога од габионски мадраци по целата висина, од дното до работ на терасата, на кота 132,0 mNM, со димензии 2.0/3.0/0,3 m. Во подножjето на косината, во дното на коритото, предвиден е ослоничен подолжен праг од нафрлен крупен камен во ров со димензии - длабочина и широчина 1,0 m и наклон на косините 1:1. Димензиите на нафрлениот камен се усвоени: Ø 20 до 25 cm со минимум 70% од предвидената крупност. По работ на ниската тераса со објектите на архeолошкиот локалитет „Стоби“, предвидена е изградба на парапетен армиран бетонски ѕид со височина од 1,20 m до 1,40 m поставен на правоаголен темел, фундиран на слој од подобрен матeријал. Парапетниот ѕид иако обезбедува доволна заштитна височина над нивото на голема вода, сепак ќе врши заштита и од плавење на теренот на терасата на води од околу 650 m3/s, додека при појава на долготрајни повисоки води до Q1% мерод=736 m3/s (мeродавна вода со повратен период еднаш во 100 години) ќе дојде до поплавување на терасата поради големата водопропустливост на падинскиот материјал на кој е поставена, а заштитата на објектите на терасата ќе биде само од кинетичката енергија на водата (брзината). >>

ПОРТА


градежништвоeсеј

Слика 3 - Графикон од хидрометриски мерења

Слика 5 Мадрак Димензиите на парапетниот ѕид се усвоени конструктивно, бидејќи тој ќе биде во критичниот случај од двете страни со ист хидростатички притисок (товар). На потег од 240 m, точно пред локалитетот, предвидени се пет попречни прагови, вкопани во речното дно од коритото од габиони со камена дробина со единечни димензии на габионите, длабина/широчина/должина = 1,5/1,0/1,0 m праг, освен во дното се предвидува и по косините во височина од 3,0 m (по косина околу 5,0 m). Габионите се единици направени од хексагонална (шестоаголна) мрежа произведена од двојно навртена челична жица, достапни се во различна големина и димензии. Двојното навртување спречува ширење на оштетувањето предизвикано од несакано кинење на жицата, додека шестоаголната форма на мрежата овозможува подобра дистрибуција на оптоварувањето на мрежата. Габионите се полнат со камења на местото на поставување. Големината

на каменот не смее да биде помала од отворот на мрежата ниту поголем повеќе од 2,5 пати.

Слика 4 – Габион Мадраците се единици со голема површина и мала дебелина. Направени се од хексагонална (шестоаголна) мрежа произведена од двојно навртена челична жица, достапни се во различна големина и димензии. Мадраците се полнат со камења на местото на поставување. Мадраците се поделени на повеќе ќелии со помош на внатрешни прегради - дијафрагми.

Во продолжение рефернтни фотографии од изведени слични објекти со габиони и мадраци. Косините на крајбрежјата по целата должина на регулационото корито, се предвидува да се заштитат со ниска вегетација на врбови и багремски насади кои би се одржувале во тек на експлоатацијата на секои две до три години, со цел да се минимизираат отпорите на триење при течењето на водата. Врбовите насади во крајбрежјата се предвидува да се засадат во височина од околу 3,0 m, додека во повисоките зони на крајбрежните косини предвидено е да се засадат багремови насади како поотпорни на посув терен. Се надеваме дека по реализацијата на овој Основен проект, ќе се реши проблемот со ерозијата предизвикана од големите води на овој важен археолошки локалитет, и ќе може да се продолжат археолошките ископувања во нормални услови, што ќе придонесат за нови и возбудливи откритија. n Слика 6 – Регулација на речно корито на река Темница, Кичево

Слика 7 – Регулација на речно корито на река Студенчица, Кичево

Слика 8 – Регулација на канал во ЗОО градина Скопје

ПОРТА


ПОРТА


интервју

ГЕОРГИ КОНСТАНТИНОВСКИ, АРХИТЕКТ, ПРОФЕСОР, АКАДЕМИК...

Архитектурата му припаѓа на архитектот Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

а интервју со Георги Константиновски повод секогаш има, но овoј пат тоа се насобраните случувања од годинава: излезе неговата извонредна автобиографска книга „Патот на еден архитект“, но и збирка на архитектонски дела, хронологија на еден извонреден опус; признанието на архитектонската фела; стана почесен член на МАНУ.

З

Георги Константиновски, архитект, професор, академик - што е најзначајното за Вас? n Она за коешто сум се посветил во животот е да бидам, пред сè, архитект. Звањето професор се стекнува после постепеното напредување во службата, почнувајќи со работа како асистент на Архитектонскиот факултет кога бев примен по завршувањето на матурата со највисок просек во Република Македонија. Титулата почесен член во МАНУ доаѓа како плод од следењето на мојата активност на полето на архитектонското творештво. Зошто aрхитектурата немаше свој претставник во Академијата на науки и уметности, а се фалиме дека сме ГРАДИТЕЛСКА НАЦИЈА? n Пред 14-15 години, на Наставничкиот совет на Архитектонскиот факултет бев предложен како единствен кандидат за редовен член на

Aрхивот на град Скопје

Уште од 1986 година, кога се појавија „Пиранса“, „Пирастела“ и „Пирадонија“, работам неуморно на т.н. мегаструктури, и досега сум проектирал 76. Посебно сум активен во оваа 2016 година. Ги сметам како објекти на иднината! 18

ПОРТА

26 август 2016


интервју МАНУ, но како вообичаено, овој предлог беше миниран од тогашната Управа на факултетот!? Дека сме градителска нација, треба да се прочитаат трите тома „Градителите во Македонија XVIII-XX век како и XVIII-XXI век“ од авторот Георги Константиновски застапени со 937 страници и со неколку стотини имиња!

пред сè, добри професори на Архитектонскиот факултет? n Кога е во прашање златната генерација на Архитектонскиот факултет, тоа е времето кога беа активни професорите Антон Улрих, Валдемар Балеј, Јован Ранковиќ, Ѓуро Анцел, Сотир Томоски, Кирил Жерновски...

Многу проекти, изведени објекти, конкурси ... n Во мојата домашна документација стои дека сум изработил 517 проекти во кои влегуваат реализирани објекти, нереализирани проекти, конкурсни трудови и истражувачки проекти од областа на ниската и високата станбена структура, која се протега сè до мегаструктурите!

Kаде се архитектонските студии во последните дваесетина години, дисперзираните и новоотворени факултети? n По однос на прашањето за студиите по архитектура, во последниве години квалитетот е спуштен на најниско можно ниво!

Кој Ви е најдраг проект? n Секако дека прво место од проектите ја зазема мегаструктурата „Земја-планета“ со висина од 50 ката.

Кој од големите американски архитекти имаше директно влијание на правецот по кој продолживте во Вашиот архитектонски пат? >>

А изведен проект? n Мој најдраг изведен проект е објектот на Архивот на град Скопје, изграден на аголот од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Московска“ изведен во 1967 година. Имате ли најдраг конкурсен труд? n Како мој најдраг конкурсен труд го сметам конкурсот за Градското собрание на град Скопје, кога ја добив единствената прва награда од 20-ина пристигнати трудови од сите наши еминентни архитекти. Ве паметам како професор од златната генерација професори од Архитектонскиот факултет: Борис Чипан, Петар Муличковски, Љубомир Томиќ, Живко Поповски ... сигурно ќе пропуштам некои имиња. Дали од таа силна гарнитура професори и архитекти произлегоа квалитетни генерации на архитекти и,

26 август 2016

ПОРТА

19


Студентски дом „Гоце Делчев“

n По магистрирањето на Школата за уметност и архитектура на Јелскиот Универзитет, на мојот понатамошен развој најсилно влијание извршија архитектите Пол Рудолф, Сергеј Чермаеф, Јо Минг Пеј и Луи Кан. Брутализмот како правец мнозина во светот не го сакаат, иако во еден период од минатиот век светската архитектура произведе многу значајни дела. И Вас ве препознаваме како главен промотор на брутализмот на овие простори. n Брутализмот како правец во современата архитектура се јавува уште во делата на Ле Корбизје, посебно во делата на Луи Кан, потоа кај Пол Рудолф, Јо Минг Пеј, Марсел Броер и редица други големи архитекти. Неговата распространетост доаѓа како резултат на тоа што природниот бетон (од италијанскиот збор БРУТА со значење ровак бетон што се сипе во калапи - шаблони) не само што може да се обликува во севозможни форми, туку што е уште позначајно, тој е и најевтиниот материјал за градба! Како пример ќе го наведам Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Кога објектот се заврши, неговата цена изнесуваше 3.500.000 ден/м2, додека во исто време еден хотел од „Б“ категорија изнесуваше од 8.500.000 до 11.500.000 ден/м2! Ете зошто брутализмот зеде толкав замав! Темата - центарот на Скопје е многу експлоатирана. Како се однесувате Вие кон него? n Јас лично избегнувам да го гледам сегашниот центар на градот Скопје, а доколку сум сретнал голем број граѓани и посебно архитекти тие сите го избегнуваат да го гледаат центарот на Скопје! Проектот за Градска куќа и обликување на строгиот центар на Скопје (во време на градоначалникот Методија Андов), кој за жал не се реализираше, по мое скромно мислење можеше да биде Ваш 20

ПОРТА

26 август 2016

За кој проект сте особено врзани, а сепак не успеа да се изведе? -Болка ми е Градската куќа на Скопје, што остана на хартија како главен проект!


интервју Комплекс на АСНОМ во Пелинце

најзначаен проект, што ќе ја променеше, МОЖЕБИ, подоцна, пародијата од проектот Скопје 2014. n Во право сте кога го споменувате проектот за Градската куќа на Скопје. Тој објект со својата архитектура и урбанистичка поставеност, силно ќе влијаеше на подоцнежниот развој на центарот на градот! Зошто фелата и пред сè, според мене, Архитектонскиот факултет како МАТИЦА, не успеаја да го спречат создавањето и реализацијата на проектот „Скопје 2014“. Знам дека и лично бевте прилично ангажиран во борбата? n Не знам дали Архитектонскиот факултет како државна институција би можел да влијае на спречување на проектот „Скопје 2014“. Борбата против тоа зло се водеше од поединци. Јас бев доста активен. Но капка во море ништо не значи! >>

весен сум дека архитектурата му припаѓа Ссвесен исклучително на архитектот. Но исто така сум дека архитектите отсекогаш, во сите

историски периоди, им служеле а и сега им служат на инвеститорите за да ги реализираат нивните замисли. Свесен сум дека постојат образовани и недоволно образовани инвеститори, но исто така сум свесен дека постојат талентирани и образовани архитекти, како и недоволно образовани и неталентирани архитекти. Оваа сурова реалност, речиси постојано била присутна и секогаш го следела архитектот што бил во стегите помеѓу таа реалност и сопствената имагинација. Оттука, како производ на сето ова, се јавува добра и лоша архитектура. Колку е едно општество на повисок културен степен, толку е и архитектурата на повисоко ниво. Затоа архитектот задолжително треба да ја познава архитектурата на изминатите цивилизации за да може со своите проекти самиот да се лоцира во времето во кое твори. Со други зборови, архитектурата отсекогаш била одраз на општествениот развој, односно на духовните движења на човековата мисла. Притоа, архитектурата за архитектот, без каков било мит или метафизика, отсекогаш била „вечен авторитет“. Како архитект, во својот творечки опус отсекогаш сум тргнувал од два услови: комплетни информации за локацијата на која треба да се гради објектот, и од проектната програма која треба да биде јасно дефинирана. Овие услови се општо важечки за сите архитекти, но квалитетот на добиеното крајно решение, сепак зависи од духовната изграденост и од талентот на творецот. Им забележувам на помладите архитекти, кои сè уште се недоволно изградени и без пракса, да го преземат одговорниот ризик на проектирање објекти со коишто го нагрдуваат лицето на градот. Им забележувам на инвеститорите кои претежно се лаици, да ги злоупотребуваат младите архитекти да им ги реализираат преку проекти нивните сомнителни желби за понижувачка цена. Негативните последици од таквиот приод се двоструки. Од книгата „Патот на еден архитект“ 26 август 2016

ПОРТА

21


интервју Нè очекува борба за спречување на барокизација на ГТЦ - симболот на градот за сите генерации. Архитектонската фела и граѓаните на Скопје се организирани во одбрана на својот симбол. Ке успеат ли да го сочуваат? -За зачувување на архитектурата на ГТЦ стои целиот народ! Тој ќе остане таков како што е, достојно архитектонско дело на современата архитектура! И натаму сте активни со студиите за високите станбени структури - Пирaстела и Пирaдонија? -Уште од 1986 година, кога се појавија моите мегаструктури „Пиранса“, „Пирастела“ и „Пирадонија“, работам неуморно на т.н. мегаструктури. До сега сум проектирал 76 мегаструктури. Посебно сум активен во оваа 2016 година! Ги сметам како објекти на иднината! Има ли тема што не ја спомнавме? -СЕ ИЗМАЧИВ СО ПИШУВАЊЕТО!!! Ви пожелувам уште многу години творечки живот и виталност која ја поседувате, која фасцинира и е пример за секој архитект. n

22

ПОРТА

26 август 2016

Спомен дом на Разловечкото Востание


ПОРТА


aрхитектура

МЕЃУНАРОДЕН СОВЕТ ЗА ВИСОКИ ЗГРАДИ И УРБАНА СРЕДИНА(2)

Признанија за придонесот на Даниела МЛАДЕНОВСКА ако што пишувавме во минатиот број на „Порта 3“, Меѓународниот совет за високи згради и урбани средини - CTBUH (the Council on Tall Buildings and Urban Habitat) ги објави победниците и финалистите за наградите во различни категории. Оваа година беа

К

номинирани вкупно 132 проекти. По пат на ригорозна селекција и оценување на проектите од страна на панел од експерти, одредени се победниците во пет категории. При оценувањето на номинациите, особено е ставен акцент на одржливоста, мешовитата функционалност, сеизмиката, модерните технологии, условите на комфор и сл. Во истиот број ги објавивме добитниците на награди за највисока зграда по региони (Америка, Азија и Австралија, Европа,

Среден Исток и Африка). Во овој број ги претставуваме наградените проекти за урбана средина, Десетгодишна награда, награда за иновативност и награда за перформанси. Со овие награди се оддава признание на придонесот на објектите во поширок контектст. Се оценува интерференцијата меѓу објектот и опкружувањето, односно позитивното влијание на објектот врз околината и социјалната одржливост.

НАГРАДА ЗА УРБАНА СРЕДИНА Wuhan Tiandi Site A, е пример за мастер план кој успеал да создаде дух на метропола во еден градски реон со години запуштен и заобиколуван. Лоциран во централното подрачје на Wuhan во Кина, ја остварува својата цел за компактна, одржлива заедница со многу зеленило и пешачки зони, елементи кои денес ретко се застапени во оваа земја. Кулите се лоцирани на стратешки позиции во рамките на локацијата, со цел максимално расположлив панорамски поглед на реката Јангце.

ПОРТА


aрхитектура

објектите во поширок контектст Во овој број ви ги претставуваме наградените проекти за урбана средина, Десетгодишна награда, награда за иновативност и награда за перформанси. Со овие награди се оддава признание на придонесот на објектите во поширок контектст. Се оценува интерференцијата меѓу објектот и опкружувањето, односно позитивното влијание на објектот врз околината и социјалната одржливост.

ДЕСЕТГОДИШНА НАГРАДА Оваа награда се доделува за достигнати вредности и перформански (преку широк опсег на критериуми) за подолг период на време. На овој начин се промовираат објекти долго време по нивната изградба, врз основа на веќе потврден успех преку одличните перформанси во нивната експлоатација. Hearst Tower во Њујорк, завршена во 2006 година, воспоставува нов курс по однос на историска конзервација на постоечки градби, со оглед на тоа што е изградена врз темелите на објект од 1928 година. Во изминативе години, влијанието на оваа кула врз глобалната индустрија на високи згради станува повеќе од очигледно, а тоа не е само поради напредните зелени стратегии. Објектот троши 26% помалку енергија споредено со конвенционалните згради, во изграбдата се заштедени 2.000 тони челик, со што придонесува за намалување на трошоците и емисијата на стакленички гасови. Но, овие постигнувања се само почеток. Од пуштањето на зградата во употреба до денес, имплементирани се многу нови енергетски ефикасни решенија, во склад со посветеноста на сопственикот за одржливост.

26 август 2016

ПОРТА

25


aрхитектура НАГРАДА ЗА ПЕРФОРМАНСИ Со воведувањето на оваа награда, советот има намера да потенцира дека фокусот не треба да биде само на најдобриот дизајн, односно на најдобрите намери и идеи, туку многу повеќе на реалните перформанси на објектот во текот на експлоатацијата. Според тоа, оваа награда ги вреднува мерените перформанси на зградата во однос на животната средина, а првонаградена е онаа зграда со најнизок импакт врз животната средина. TAIPEI 101, уште во 2004 година кога е целосно завршена, имала извонредни перформанси, но во текот на кампањата за оптимирање и надградба на перформансите спроведувана во континуитет во наредните 10 години, објектот ги надмина сите дотогаш препознаени зелени стандарди во светот. Оваа програма и кампања за одржливост, не само што имплементира многу напредни решенија туку е концентрирана и на база на податоци за објектот, кои се успешно користени од страна на системот за управување со енергијата, а со крајна цел понатамошна оптимизација во работењето. Во оваа зграда се наоѓа најбрзиот лифт во светот.

ПОРТА


aрхитектура

НАГРАДА ЗА ИНОВАЦИЈА Оваа награда е фокусирана на одредена посебна област на иновација во проектот, изградбата или пак експлоатацијата на објектот. Предметот на иновацијата може да се однесува на која било дисциплина, како на пример, конструкциони методи, урбано планирање, фасади, ентериери и сл. Pin-Fuse е специфично структурно решение создадено од Pin-Fuse Joints® и Pin-Fuse Frames™, кое е од извонредно значење за сеизмиката на објектот. Притоа мора да се нагласи дека овој елемент не гарантира дека градбата ќе мине неоштетена, но овозможува критичните структурни материјали да бидат поотпорни, со што санацијата на објектот ќе чини поевтино, а секако зајакнатата безбедност на градбата е на прво место меѓу придобивките.

26 август 2016

ПОРТА

27


aрхитектура од дрво

BRITISH SKY BROADCASTING

Едукативен центар со врвни перформанси

Објектот го проектираа архитектите од архитектонското биро Arup Associates, на кои им беа дадени стриктни вредности за исполнување како на пример, минимум 27% од употребените материјали за изградба да бидат рециклирани, одговорна сеча на дрвната маса преку PEFC програмата, редуцирање на испуштање на стакленички гасови во фабричкото производство на елементите и друго 28

ПОРТА

26 август 2016


aрхитектура од дрво Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

од мотото „Верувај во подобро градење“ (Believe in Better Building), телекомуникацискиот гигант BSkyB (British Sky Broadcasting) го започна својот најнов проект, едукативен центар за млади соработници, со што ја потврдува својата заложба за одржлив развој. Центарот се наоѓа во Osterley, Западен Лондон, и се простира на површина од 3.800 м2, а се состои од три ката со дополнително ниво каде се наоѓаат ресторан и отворена тераса. Едукативниот центар е прв во серијата

П

иницијативи, со моќта на телевизијата, креативноста и спортот, да се помогне на младите луѓе да го достигнат својот потенцијал со стекнување на разни вештини, искуство и инспирација која ќе им биде потребна во светот на деловното работење. Една од главните цели на објектот е да се конструира нискоенергетска структура во краток временски период, а дрвените конструкции беа оптималното решение за одржлив проект. За овој проект клучен фактор бил високо ниво на технички и технолошки достигнувања, иновации и ригорозно планирање на градежниот дел. За премостување на некои комплицирани детали и кратките временски рокови, употребувана е софистицирана BIM и CNC технологија. Градежниот систем на објектот е проектиран со висок степен на префабрикување на елементите за да се овозможи брзо и непрекинато градење, а воедно и да ги задоволи сите потреби за одржливост и енергетска ефикасност. Покрај масивната дрвена конструкција која го потенцира природниот изглед на објектот, употребувани се и дрвени сендвич панели за постигнување на највисоките стандарди за енергетска ефикасност. Објектот е позициониран во центарот на Sky кампусот, со што се потенцираат високите еколошки и етички вредности на компанијата. Проектанти се архитектите од архитектонското биро Arup Associates, на кои им беа дадени стриктни вредности за исполнување како на пример, минимум 27% од употребените материјали за >> 26 август 2016

ПОРТА

29


aрхитектура од дрво изградба да бидат рециклирани, одговорна сеча на дрвната маса преку PEFC (Program for the Endorsement of Forest Certification) програмата, редуцирање на испуштање на стакленички гасови во фабричкото производство на елементите и друго. Бидејќи објектот треба да се изгради во целосно оперативен кампус, планирањето на целата градба е од клучно значење, со особено внимание на степенот на бучава и безбедност. Конструтивниот систем се состои од скелетна конструкција од лепени носачи и вкрстено слепени плочи кои овозможуваат стабилност на подот и ѕидовите. Фасадата е комплетирана со сендвич инсулирани панели со димензии од 0,7 до 2,5 метри во ширина и од 1,5 до 12,5 метри во должина. Главните предизвици во однос на градењето на објектот, секако е почитувањето на стриктниот работен план од сите засегнати страни, за да може објектот да се комплетира на време, со што ќе се одржи нормален тек на активностите што веќе се случуваат на кампусот. Овој предизвик е надминат со одлична соработка меѓу сите работни тимови во проектот. Работењето во заеднички простории создаде одлична синергија помеѓу проектантскиот и изведувачкиот тим, заради што е донесена одлука да се задржи истиот принцип на работа и за преостанатите два објекти кои треба да се изградат во кампусот. Кога станува збор за проектирање на 28-метарски објект, еден од најголемите

Скелетна конструкција од лепени носачи

предизвици е димензионирањето на конструктивните врски со посебен осврт на пресметувањето на толеранцијата. Вклопувањето на конструктивните врски овозможува брза и непрекината градба. Ова е посебно важно заради тоа што во конструктивниот систем се употребувани повеќе различни видови на материјали со различни својства. Објектот ги надминува сите највисоки стандарди за одржливо проектирање, изградба и функционирање на објектот, заради што се здоби со престижната награда BREEAM Excellent (Building Research Establishment Environmental Assessment Method) рејтинг. Конструктивниот систем од лепени носачи и вкрстени слепени плочи е редок во објекти од ваква големина, со што технологијата на изградба со вакви материјали оди уште еден чекор понапред. Со апликацијата на дрво во објектот, надворешно и внатрешно, посетителите се запознаваат со културата и вредностите на BSkyB. Дрвото создава пријатна работна 30

ПОРТА

26 август 2016


aрхитектура од дрво средина за вработените, како и за сите клиенти кои секојдневно влегуваат во објектот. Овој центар е првиот објект изграден по новиот стандард за благосостојба (Wellness Certification

principles), каде се запазени стандардите за дневна светлина, квалитет на воздухот во внатрешноста, искористување на природни материјали и извонреден дизајн. n

26 август 2016

ПОРТА

31


ентериер

Зонирање на работниот простор - работни места Канцелариските зони и простори треба да поседуваат капацитет да инспирираат креативност и иновативност проф. д-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС

ога станува збор за функционалните зони во административно-деловните објекти, интересно е да се осврнеме на класификацијата изработена од страна на истражувачкиот тим на познатата австриска фирма за дизајн и производство на канцелариски мебел, „БЕНЕ“ (BENE). Според неа, она кон што цели менаџерскиот и дизајнерскиот тим на „БЕНЕ“ се сестрани места за комуникација, кооперација, концентрација и рекреација внатре во канцелариската зграда или во одреден нејзин дел. Канцелариските зони и простори треба да поседуваат капацитет да инспирираат креативност и иновативност. Канцеларијата станува од простор за работа во простор за живеење, поделен во разновидни зони и простори, слично на урбан пејзаж програмиран да ги олесни специфичните работни процеси и барања на работници кои решаваат, а кои често се менуваат. На вработените што донесуваат одлуки, потребна им е работна средина која промовира вмрежување и размена на информации. „Класичните работни станици“ се користат за концентрирана работа, тимска работа, и менаџерски задачи. Особено важно за овие простори се просторно ефикасниот дизајн, ергономијата, поседување капацитет за индивидуална организација и високо ниво на функционалност. Во голем број организации во глобалната економија, работните места сè уште се приспособуваат во отворените канцеларии - оттука потребата да бидат интелигентно планирани и добро позиционирани.

К

Работни места, БЕНЕ

32

ПОРТА

26 август 2016

НИЕ - места Овие простори се дизајнирани за заеднички дејности. Ваквите места треба да претставуваат интересна ентериерна средина, која ќе овозможи соработка и комуникација во различни ентериерни поставки и композиции на елементи од мебел и опрема. Овие простори вклучуваат простории за состаноци и конференции, но и приемни простории, кафетерии и салони. Тие, обично, се лоцирани во традиционалните централни зони, кои претставуваат простори за спонтана соработка, состаноци „од нога“, простори за презентации, работилници и дискусии во мали, неформални групи. Тие не само што се пристапни за сите перманентни и повремени корисници, туку исто така и за посетители и гости.


ентериер

ЈАС - места

Ние места, БЕНЕ

Овие зони и простори нудат можност за сосредоточена работа и приватност. Од особена важност е постоењето на ваквите места во канцелариите со отворен план, каде што дистракцијата е најголема. Овие простори вклучуваат места за мал одмор на вработените, времено вработени или посетители, тинк тенкс, библиотеки и зони за рекреација. Она што се бара од ваквите простори е звучна излоација заради сосредоточеноста на вработените, а тоа се постигнува со разни ентериерни решенија и примена на одредени елементи кои влијаат врз акустичните својства на одреден простор.

Помошни простори

ЈАС-места, БЕНЕ

Помошните простори обично се централно лоцирани за да ја опслужат организацијата во целина, или одредени делови за кои тие можат да бидат предвидени во зависност од спецификата на работните процеси. На пример, во одредени планерски фирми

просториите за копирање и печатење на големи формати, секако дека ќе се лоцираат блиску до дизајнерските оддели, додека општите намени за санитарии, гардероби, чајни кујни, ќе бидат распоредени според бројот на вработените и големината на типичната катна основа. На кратко, може да се каже дека тие се фокусираат врз обезбедување сервиси и главно се достапни за сите корисници.

Помошни простори, БЕНЕ Компанијата „БЕНЕ“, во соработка со Кралскиот колеџ за уметност од Лондон (Royal College of Art, London), изработила истражувачки проект во кој се анализираат работните навики и активности на вработените што донесуваат одлуки. Резултатите укажаа на четири издиференцирани типологии: анкер, конектор, колектор и навигатор. Секоја од овие типологии се карактеризира со специфични кориснички однесувања и особини, покажувајќи разлики, пред сè, во делот на мобилноста на вработениот, неговите сфери на влијание, како во канцеларијата така и надвор од неа (BENE, 2012). Анкер - вработените што му припаѓаат на типот „анкер“ преферираат фиксно работно место во канцеларијата. Тие го поминуваат речиси целото работно време на своите работни места, а одлуките што ги донесуваат кореспондираат со >>

26 август 2016

ПОРТА

33


ентериер доделениот висок степен на комфор, а со тоа и високото ниво на автономија во работата и одлучувањето. Конектор - вработени кои ги нарекуваат и скитници во организацијата. Затоа нивните просторни потреби се менливи и тие, главно, ги користат сите зони и делови во канцеларијата. Сепак, тие имаат свои доделени работни бироа на кои работат до 50% од работното време. Остатокот од времето се поминува во состаноци кои можат да се одвиваат речиси насекаде во организацијата. Нивна главна работна карактеристика е дека го менаџираат протокот на информации, нивното собирање и нивна дистрибуција според потребите и барањата. Колектор - карактеристично е тоа што вработениот го поминува своето работно време надвор од канцелариската зграда. Неговите работни денови се дефинирани од средбите со своите клиенти и колеги, меѓутоа, кога е во канцеларија му треба место за концентрација исто толку колку и простори за комуникација и интеракција. n

Функционална шема на работни места, ние простор, јас простор, БЕНЕ

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

34

ПОРТА

26 август 2016


ПОРТА


експерт

КОПЕНХАГЕН (2 ДЕЛ)

ОРСТАД - полигон на современата данска и европска архитектура

Бела скај хотел

Орстад е населба во развој која се наоѓа јужно од централното градско подрачје на Копенхаген, во областа Амагер Вест (Amager West) на истоимениот остров Амагер. Орстад е пример за линеарно развиена урбана структура, која најдобро може да се согледа од формата на 3,1 километри квадратни површина на која се протега, а која е само околу 600 метри широка и околу пет километри долга. 36

ПОРТА

26 август 2016

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, (В. Британија) дипл.инж.арх. околку ја посетите официјалната веб страница на Данска (http://denmark.dk/en) и го проследите линкот за големите (познатите) Данци, на појдовната страница се наведени десетте најпознати Данци на сите времиња, пет од минатото и пет од сегашноста. Тука, помеѓу имињата на писателот Ханс Кристијан Андерсен (кој се смета за најпознатиот Данец на сите времиња); физичарот, нобеловц, Нилс Бор (Niels Bohr); филозофот, егзистенцијалист Сорен Киркегард (Søren Kierkegaard); најпознатиот Данец со потекло од Македонија, главен шеф и косопственик на еден од најдобрите ресторани во

Д


Орстад колеџ

Сообраќаен коридор светот НОМА (NOMA), Рене Реџепи (Rene Redzepi); се наоѓаат и имињата на трojцa славни филмски режисери, Ларс вон Триер (Lars von Trier), Габриел Аксел (Gabriel Axel) и оскаровката Сузане Биер (Susanne Bier); но и на тројца архитекти, Арне Јакобсен (Arne Jacobsen), Јорн Утсон (Jørn Utzon) и Бјарке Ингелс (Bjarke Ingels). Веројатно, ретко која земја во светот со број

на жители помеѓу пет до шест милиони може да се пофали дека има придонесено во светската архитектура со тројца врвни архитекти во текот на еден век. Оттука, за љубителите на архитектурата, особено на современата, Данска претставува добра дестинација за запознавање и истражување. За оние со вакви склоности, веројатно интересна локација за архитектонска

посета би била контроверзната населба Орстад (Ørestad) во Копенхаген. Орстад е населба во развој која се наоѓа јужно од централното градско подрачје на Копенхаген, во областа Амагер Вест (Amager West) на истоимениот остров Амагер. Размислувањата за изградбата на Орстад започнале во 90-тите години на 20 век и биле формализирани со законската регулатива во 1992 година, за следната 1993 година да биде одбележена со основањето на „Орстад девелопмент корпореишен“ (Ørestad Development Corporation), организација задолжена за водење на развојот и изградбата на Орстад (http://www.orestad.dk/). Орстад е пример за линеарно развиена урбана структура, која најдобро може да се согледа од формата на 3,1 километри квадратни површина на која се протега, а која е само околу 600 метри широка и околу пет километри долга. Во голема мерка ова се должи на фактот што Орстад се развива по должината на голема сообраќајна артерија составена од продолжената за овој проект метро линија М1 и Орстад булеварот, што му даваат одлична сообраќајна поврзаност со централното подрчје на Копенхаген. За разлика од оваа сообраќајна артерија која се протега во правецот север-југ, друга сообраќајна артерија составена од автопатот Е20 и железничката линија се протега во >> 26 август 2016

ПОРТА

37


експерт правецот запад-исток и го сече Орстад, но го поврзува со Аеродромот Копенхаген, а од таму на исток преку мостот Оресунд (Øresund Bridge) и со Малме (Malmö) во Шведска. Како резултат на ова, од центарот на Орстад, Орстад Сити (Ørestad City) се наоѓа на околу пет километри оддалеченост до центарот на Копенхаген (главната железничка станица) и на околу 4,5 километри од Аеродромот Копенхаген, така што до нив може да се стигне за околу седум минути до првата и околу пет минути до втората дестинација со воз, а до централната железничка станица во Малме за околу 29 минути. По меѓународниот архитектонски конкурс од 1994 година за урбанистички план на Орстад, било формирано партнерство помеѓу финското биро APRT (http://www.aprt.fi/projects/orestad/) и данското биро KHR Arkitekter (http://www.khr.dk/), за во 1997 година да биде презентирана финалната верзија на урбанистичкиот план, според која Орстад бил поделен на четири дела: Орсатд Норт (Ørestad North), Амагер Фелд (Amager Fælld), Орстад Сити (Ørestad City) и Орстад Соут (Ørestad South). Амагер Фелд се протега во правецот север-југ западно од метро линијата М1 и булеварот Орстад, и претставува заштитена еколошка середина која генерално не е опфатена со урбаниот развој. За разлика од ова, најголемиот урбан развој е сконцентриран во Орстад Сити, чиешто централно подрачје отпочнало да се развива според урабнистичкиот план на Даниел Либескинд (Daniel Libeskind), а кој исто така го има испроектирано и хотелот Cab Inn Metro, со над 700 минијатурни соби, но со високо графички обработена фасада и калкански ѕидови во кармин црвена боја (http://libeskind.com/work/cabinn-metrohotel/). Во овој дел на Орстад доминираат повеќе значајни објекти, меѓу кои се истакнува репер објектот на Ferring, фармацевстка компанија Ferring (Tower) International Centre, на данските архитекти Хенинг Ларсен (Henning Larsen Architects). Станува збор за 20-катен објект лоциран на железничкиот плоштад со одлична сообраќајна поврзаност. Објектот е концепиран како поголем трикатен волумен во кој се сместени лаборатории, а од кој се издига 13-катна деловна кула

Планински блок 38

ПОРТА

26 август 2016

Oрстад Сити

(http://www.henninglarsen.com/projects/04000599/0490-ferring-international-center.aspx). Доминанто место во архитектурата на Орстад Сити зазема најголемиот трговски и забавен центар во Скандинавија Филдс (Field’s) со над 140 продавници и околу 3.000 паркинг места, лоциран до метро станицата Орстад Сити, како и вториот најголем скандинавски когресен и изложбен центар Бела (Bella Center), кој се протега на површина од 121.000 метри квадратни и содржи 48 аудиториуми и сали за состаноци со капацитет за 20.000 делегати. Конгресниот центар, веројатно, најмногу е познат по тоа што во него во 2009 година се одржала Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации (http://www.bellacentercopenhagen.dk/). Во рамките на конгресниот и изложбениот центар се наoѓа и хотелот Бела Скај (Bella Sky) со 814 легла сместени во две 76,5 метри високи, делумно позврзани со мостови кули, при што кулите се наклонети под агол од 15 степени во

спротивна насока, што им дава несекојдневен динамичен изглед. Објектот е испроектиран од данското биро 3XN Architects, познато по своите проекти за аквариумот Блу планет и Концерната сала во Копенхаген, Музејот на Ливерпул и други (http://www.3xn.com/#/architecture/by-year/32bella-sky). Тие, исто така, се и автори на познатиот Колеџ во Орстед (Ørestad College) (http://www.3xn.com/#/architecture/by-year/78%C3%B8restad-college). Се разбира, Орстад Сити го красат и многу други објекти, вклучително и станбени како оние на ВМ Хаусес од JDS Architects со над 200 станбени единици во два блока, од коишто едниот е со препознатливите триаголни еркерно поставени балкони на фасадата на објектот (http://jdsa.eu/vm/) и Mountain Dwellings со 80 стана на 11 ката од Бјарке Ингелс Груп (Bjarke Ingels Gro Хималаите отпечатена врз перфорираната метална


експерт

фасада на објектот (http://www.big.dk/#projects-mtn). Орстад Норт на север и Орстад Соут на југ од Орстад Сити, исто така, се проткаени со значајни архитектонски објекти, со тоа што во

Орстад Норт се сконцентрирани универзитетски објекти, студентско домување и јавни објекти, додека во Орстад Соут доминираат деловните и станбените објекти. Орстад, веројатно, претставува своевиден

полигон на современата архитектура и урбанизам, каде на едно место може да се видат најдобрите примери од данската и европската архитектура од почетокот на овој век. За архитектите, посетата на Орстад веројатно ќе наликува како посета на мало дете во продавница за бомбони, каде што сè што ќе погледате ќе Ви го привлече вашето внимание. Од прекрасно испроектираните и изведени објекти, преку разновидноста на архитектонскиот израз, одличната интеграција со сообраќајната мрежа, богатството на зелените површини, примерите за одржлива атмосферска канализација, преку бројните јазови и депресии во пејзажното уредување, но и водни канали, заклучно со куќата за патки сместена во рамките на каналот. Наспроти ова, дистанците помеѓу дел од станбените објекти во моментов се енормни, пристапот до трговски, услужни и угостителски дејности лимитиран, особено во вечерните часови каде што наслебата е прилично пуста. Оттука, веројатно произлегуваат и критиките и контроверзноста дека до сега Орстад не го има доволно привлечено очекуваното ниво на население во оваа урбана средина, и дека концепт базиран главно на изградба на силна сообраќајна инфраструктура и деловнокомерцијални објекти, можеби не е доволен за да се создаде една навистина пријатна урбана средина. Се разбира, поборниците на проектот сугерираат дека е прерано да се прават заклучоци кога изградбата на Орстад сè уште е во тек. Без оглед на конечниот исход на оваа полемика, Орстад е место кое вреди да се посети, за на едно место да се видат многу значајни примери од современата архитектура од почетокот на овој век. n

www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


сообраќај

ОДРЖЛИВО УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ/ ДВЕ ЛЕТНИ СКИЦИ

Урбаните парадокси како метавистина Површинските крстосници и крстосничиња со своите „леви вртења“ се најголемиот крволок на сообраќајноинженерскиот идеал на мазни и непопречени токови, па тие фамозни „вртења“ обично се посакувани како мобилен телефон во опера

Сенки и осои

Разлевање

м-р Ненад ТОНИЌ, дипл.сооб.инж. али некогаш сте се обиделе еден ист збор повторно и повторно, до бесвест да го изговарате? Сигурен сум во тоа, макар го правеле несвесно, како што е она целодневно премотување на некој 40

ПОРТА

26 август 2016

Д

стих за кој не сте сигурни од каде тоа утро во вашата глава. Сè до оној момент кога врските меѓу него и односните поими не почнат да се кинат, а зборовите се разлеат во низа од случајни тонови со вкус на тиња. Овој психолошки феномен, познат како вербално заситување, е само еден од факторите што професионалната страст можат да ја претворат во професионална дисплазија, ослободена дури и од желбата врвот на носот да се издигне над


Густо изградена зона сеприсутната просечност. Поимите не се, како влажните шамивчиња, за еднократна употреба, па сепак треба да се биде внимателен при нивното користење. Пречестото превртување околу јазикот, притискање со непцата, испукување и одбивање од ѕидовите може да ги врати во прилично непрепознатлива форма. Особено оние што се симбиотички покров за интердисциплинарните гужви од законитости, акции, влијанија, односи, реакции, процеси, рефлексии, индикации и контраиндикации, функционалности, концепти и потреби. Поими како екологија, урбан сообраќај или урбанизам ... Урбанистичките плодови на македонската транзиција се горчливи во мерка која ми забранува илузија дека зборовите што следат можат да помогнат во прескокнувањето на видливите и невидливите тараби. За ова немам подобро објаснување од отсуството на она што би можело да се нарече Дух на традицијата, како капиларна брана од разорните влијанија кои третирањето на градскиот простор го претвораат во дупка на ѓеврекот – празна суштина опкружена со полна форма. Само заради претходното, авторот сака да изрони од бизарните домашни текови и надмудрувања со црните бисери на новокомпонираните стратегии. Во обид да ја зголеми питкоста на летната тема во

нелојалната годишноодморска конкуренција, неговото внимание конвергира кон општата есеистика извлечена од урбанистичките

сенки и осои.

Km2 vs жител Ѓеврек

Од оксиморонот и иронијата, парадоксот се разликува по тоа што неговите поими не се противречни, туку повеќе нескладни. Таквата природа од парадоксите прави сознајни >>

Градска гужва 26 август 2016

ПОРТА

41


сообраќај

Мобилност

Тесен коридор клетки кои не мора да почнат да се размножуваат како амеби. Доволно е да се носители на бацил на интригантност, кој може да придвижи дедукциска реакција. Нешто како трепетот на крилјата на онаа пеперутка, што на другиот крај од земјината топка се претвора во ураган. Густо изградените градски зони се пополезни за глобалната клима отколку што се тоа пространите, растресити резиденцијални предградија. Ако во овој парадокс не согледувате доволно количество интригантност, тогаш сте или залутани од друга планета или штотуку ве одмрзнале. Во обата случаи, слободно престанете со читање. Овој парадокс е, секако, благопријатна вест за брзорастечката урбана популација соочена со еколошки перспективи кои попрво би ги турнала под тепих и заборавила. Доколку покачувањето на површината и густината на градските зони повлече мешовитост на содржините и функциите, тоа директно и позитивно се рефлектира врз 42

ПОРТА

26 август 2016

некои еколошки чинители: транспортот, продуктивноста, економскиот потенцијал, технологијата на изградба и користење на иновациите. Ова сознание интубирано во концентричните кругови и каскади на професионалните лексики би значело за:  Планерот: густината, мешовитоста и изборот на содржините ги прават тие зони погодни за кратки патувања пеш или со велосипед, а транзитниот јавен превоз лесно може да се справи со подолгите, од-крај-до-крај патувачки марш-рути. На овој начин, моторните возила како современи еколошки авети се губат во трет план;

Затворен блок


сообраќај  Екологот: топлотната апсорпција на темните асфалтни површини и објекти, генерацијата на отпад и загадувачки супстанци и намалената регулациска моќ на урбаното зеленило, се концентирани во густо изградените зони правејќи ги еколошки непријателски по километар квадратен. Но, високиот процент на населеност ги „лизга“ овие показатели кога ќе се прераспределат по глава на жител, чинејќи ги потполно еколошки конкурентни во однос на повеќето ecofriendly предградија;  Економистот: преголемиот диверзитет во изграденост, населеност и економска моќ, метриката „по глава на жител“ ја прави попривлечна од онаа „по површина простор“. Таа метрика покажува дека градовите се поефикасни во категориите: ангажирано земјиште, изградба/одржување на инфраструктура, регулирање на ентериерната температура, комуникации, транспорт и продуктивност. Ќе звучи нелогично, но екстерналиите на оваа констелација често пати се поскромни во однос на оние на резиденцијалните предградија.  Граѓанинот: предградијата се „зелени“ по квадратен километар, но не и по глава на жител. Ова овозможува дедукциско подесување на парадоксалниот ракурс, односно негово мало приспособување за да остане ист: густо изградените градски зони имаат поголемо негативно влијание на локалната клима одошто градските предградија, а помало на глобалната.

Шема на Помпеа

време’) и локалниот пристапност (‘што повеќе луѓе што поблиску до целта на патувањето’) стои куп од скршени копја. Ќе се вратам на ова ... Благонаклоноста што го стимулира градежниот стопански сегмент знае во пракса да се материјализира во укрупнети, густо изградени квартовски структури. Притоа, урбанистичките матрици не мора воопшто да се пријателски настроени кон страничните струења, чие пенетрирање кон внатрешноста на структурите, било поради габаритните градби, било поради скромната инфраструктура, може да биде значително отежнато па дури и оневозможено (ова првенствено за моторниот сообраќај, иако лакомите супраструктуризации на старите урбанистички матрици не покажуваат милост ниту кон велосипедските и пешачките движења!). На овој начин, тежиштето на

зонската мобилност паѓа на чистите периметрални движења чие регулирање се одвива на ниво на примарната улична мрежа и површинските крстосници со голема зафатнина. Но, зарем тие не се најголемите жаришта на стакленички гасови и загадувачи во транспортниот сектор...?!? Онаа глобална мобилност и онаа локална пристапност тука ги спојува и двои уште еден парадокс: она што (може да) ú штети на мобилноста (може да) ú погодува на пристапноста и локалната заштита на животната средина. Површинските крстосници и крстосничиња со своите „леви вртења“ се најголемиот крволок на сообраќајно-инженерскиот идеал на мазни и непопречени токови, па тие фамозни „вртења“ обично се посакувани како мобилен телефон во опера. Меѓутоа, левите вртења долж квартовскиот периметар обезбедуваат повеќе точки за продор во зоната, скратувајќи ги времињата на патување, поместувајќи ги возилата во режим на пониска брзина, кратејќи ја потрошувачката на гориво и емисијата на штетни издувни материи. Продорните точки, кои треба да се претставка на стандардизирани квартовски коридори, повлекуваат уредени трансферзални или лонгитудинални површини како квартовски основ на мрежата од пешачки и >>

Neverland парадокс Кобниот πάθος (pathos – болка) на современите градови е содржан во еден λόγος (logos – збор) – (неконтролиран) пораст, за кој не постои сезона или агрегатна состојба. Патологизираната акумулација на градски градежен фонд побарува експлоатирање на некои бронхијални аспекти, кои грижата за животната средина ја подредуваат на ниво на зона. А тука веќе помеѓу глобалниот поим мобилност (‘што повеќе возила за што покусо

Решетка vs гранка 26 август 2016

ПОРТА

43


сообраќај велосипедски комуникации. На овој начин конективноста и нејзината сестра близначка блискоста добиваат на значење во однос на транзитните движења, пристапноста во однос на мобилноста, а комуникациската непосредност во однос на магистралната директивност. И тука овој логички круг се затвора.

Апсурдни рефлексии Пристапната ограниченост и збунетост ги задржува возилата на периметралните примарни сообраќајници подолго отколку што добриот вкус налага, обезбедувајќи алиби за бригадирско диспонирање на транзитниот сообраќај. Пиедесталскиот третман на мобилноста условува автоматизација на транспортната политика

во делот на уличното и крстосничкото проширување. Доминацијата на дополнителните ленти за растоварување на примарните сообраќајници наспроти изградбата на секундарни комуникации, особено кај прекините во квартовската инфраструктурна мрежа, не значи дека поседува и доминантна полезност. Отсуството на можност/волја пообемно инфраструктурно да се интервенира во случаите на наследени урбанистички матрици, дел од квартовските улични мрежи може да ги „забетонира“ на ниво на атрофирани или слепи „станбени“ и „пристапни“ улици. Капацитетот кај ваквите улични мрежи неконтролирано ретерира во насока кон капиларните завршетоци, а истиот, во комбинација со планерски

Епрувети и реторти

ПОРТА

неквалитетно „одработениот“ стационарен сообраќај, може да прерасне во темпирана бомба за локалното население (непроточниот пристап е дополнително непроточен за интервентните возила, а брзата евакуација е само втор чин од истата приказна во обратна насока)! Обезбедувањето на периметрални продорни точки и комплетирање на квартовски улични мрежи, по можност во решеткаст манир, лесно може да го уедначи па и зголеми уличниот капацитет и да ги намали времињата на патување при речиси истоветна улична должина. Во комбинација со соодветно ниво на содржински диверзитет и дисперзија, може да има силно дијазепамско влијание врз навиката за автоматско седнување во автомобилот и за најкусото зонско движење. Загледувањето, премерувањето и прераспределувањето на гужвата од урбани „епрувети“ и „реторти“ наликува повеќе на вечно алхемичарство отколку на приближување кон сонуваната панацеја. Заводливоста на инженерското бавење со градовите, веројатно од тука и потекнува. Тој конфузен и несоборлив дуалитет на разум и страст, рационалност и хаотичност, што го зрачат урбаните средини, го наведуваат инженерот понекогаш да ја промаши целната и да се симне од планерскопроектниот „автобус“ две станици подолу. Но тука не смее да биде крајот на она бавење бидејќи ниту градовите, ниту инженерите кои за нив се грижат, не функционираат на почетокот и на крајот од приказната, туку во она помеѓу. Таму можеби не се крие нивната цел, но тоа е дефинитвно нивната суштина. n


ПОРТА


eнергетска ефикасност

ПАСИВНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО АРХИТЕКТУРАТА (3)

Транспарентни елементи на зградите

В

д-р Петар НИКОЛОВСКИ, дипл.инж.арх. о вкупниот биланс на топлинските загуби низ градежните конструкции во некој објект, со оглед на големата процентуална застапеност во однос на другите гранични конструкции, доминантни се загубите низ надворешните фасадни ѕидови и застаклените фасадни отвори, како составна компонента на надворешните ѕидови. И додека со примена на современи топлинско-изолациски материјали и техники на изолирање, изолациската моќ на овие ѕидови може да биде многу висока (вредноста на коефициентот на пренесување на топлината U да се намали до 0,10 - 0,15 W/m2•K), и покрај примената на најсовремени технологии, вредноста Uw на прозорците неколкупати е поголема од онаа кај ѕидните конструкции. Истата аналогија важи и за стаклените фасади кои во последно време интензивно се применуваат во современата архитектура. Имено, непрозрачните делови на стаклената фасада (на пример, парапетите) со

примена на големи дебелини на топлинска изолација од внатрешната страна на стаклото, добиваат задоволителни вредности U. Меѓутоа, транспарентните делови само со застаклување имаат повеќекратно поголеми вредности U, односно низ нив повеќекратно се губи топлината. Овие факти налагаат внимателен приод кон анализата на влијанието на застаклените елементи во некоја зграда врз нејзиниот вкупен енергетски биланс. Прозорски рамки Прозорската рамка со својата вредност Uf (frame) има големо влијание врз средната вредност Uw (window) на целиот прозорец. Застаклените прозорски рамки може да бидат фиксни или со можност за отворање и затворање по вертикална и/или хоризонтална оска или лизгачки во вертикална или хоризонтална насока (Слика 1). Инаку, прозорските рамки може да бидат направени од дрво, челик, алуминиум, PVC, композитни материјали итн. Двослојно застаклување со високи перформанси Изолациското застаклување (стакло-пакет) претставува единица составена од две стакла пломбирани во фабрика, разделени со херметички затворен простор што содржи воздух или изолирачки гас. Главна цел на ваквиот стакло-пакет е да се искористат изолациските својства на просторот со воздух или гас за намалување на коефициентот на пренесување на топлината (вредност Ug) на застаклувањето. Понатаму, изолациските карактеристики може да се зголемат на повеќе начини (со премази со ниска емисија, со гас и др.). Застаклувањето може да биде двослојно и трислојно. За подетално запознавање со двослојното застаклување на Слика 2 се дадени компонентите од кои се состои еден ваков стакло-пакет: l две стакла; l дистанцер за дефинирање на просторот меѓу двете стакла, направен од челик или алуминиум. Дистанцерите со подобрени изолациски

Слика 1: Разни типови на прозорски рамки

46

ПОРТА

26 август 2016


eнергетска ефикасност

Слика 2: Компоненти на двослојното застаклување

Слика 3: Низок фактор на емисија

својства, т.н. „топли рабови“ (“warm edge”) се направени од синтетички композитни материјали; l просторот меѓу двете стакла е исполнет со воздух или друг гас (аргон, криптон), инјектиран за време на процесот на производството; l водонепропустлива брана од бутил, поставена на страните на дистанцерот кои се во контакт со стаклото. Ова е превенција против навлегување на влага во просторот со воздух или гас; l втората водонепропустлива брана или пломба што ги поврзува стаклата со дистанцерот има функција за механичко зацврстување на системот. Пломбата е направена од полисулфид (PS), полиуретан (PU) или силикон. Само силиконот е соодветен за некои специфични случаи, на пример, доколку пломбата е изложена на сончева радијација; l средството за сушење поставено во дистанцерот има функција да го суши гасот заробен во моментот на затнувањето на стаклото со дистанцерот и да ја суши евентуалната влага навлезена од надворешната страна на пломбата, по истек на одреден временски период. Колку поквалитетни се средството за сушење и водонепропустливата брана, толку подолготрајно е застаклувањето. Ако средството за сушење е неефикасно или пломбата со текот на времето станува

нехерметична, во просторот меѓу стаклата ќе се формира кондензација и стакло-пакетот ќе мора да се замени. Во подобрувањето на топлинско-изолациските својства на застаклувањето, значајна улога одигра техниката на нанесување метализиран слој врз површините на стаклата. На тој начин, тие го добиваат епитетот „стакло со високи перформанси“, или „нискоемисивно стакло“ или „суперизолирачко стакло“ или „Low-E“ стакло. Метализираните слоеви генерално се нанесуваат вакуумски и задолжително од внатрешната страна на стакло-пакетот. Друг начин е пиролитичкото нанесување кое има незначително послаби перформанси од вакуумското. Додека факторот на емисија влијае на долгобрановото инфрацрвено зрачење, тој нема ефекти врз сончевото зрачење. На тој начин, со употреба на двослојно застаклување со високи перформанси, се зголемува топлинската изолација а истовремено однадвор се пропушта поголемо количество сончева енергија која ја загрева внатрешноста на објектот. Предметите во внатрешноста емитираат топлина во форма на долгобраново инфрацрвено зрачење со бранова должина над 2.500 nm. Бидејќи стаклото со премаз со низок фактор на емисија не го пропушта овој вид зрачење, со апсорпција на оваа радијација стаклото се загрева и оваа топлина ја враќа внатре во просторијата (Слика 3). Наспроти ова, обичното стакло лесно ја спроведува топлината кон постудената страна, на пример, во зима кон надворешноста, со што се губи значително количество топлина. Значи, слојот со ниска емисија има за цел да ја зголеми рефлексијата на топлината апсорбирана од страна на стаклото, кон внатрешноста на објектот. Во споредба со обичното стакло, стаклото со ниска емисија обезбедува задржување на топлината во зградата и го зголемува топлинскиот комфор. Врз основа на претходно изнесеното, може да се дефинира следното правило: колку е понизок факторот на емисија, толку е поголема рефлексијата кон внатрешноста и поголеми се заштедите на топлината. На пример, фактор на емисија 0,2 обезбедува 80% од топлинскиот проток да биде апсорбиран од стаклото и рефлектиран внатре во објектот (Слика 5). Во стручна терминологија, фактор на емисија на површина ε се дефинира како однос помеѓу емитираната енергија од некоја површина при одредена температура и онаа енергија што ја емитира совршен емитер при истата температура. Под терминот „совршен емитер“ во физиката се подразбира т.н. „црно тело“, чијшто фактор на емисија е 1. На Слика 4 е прикажан двослоен стакло-пакет со обични стакла (фактори на емисија ε = 0,89) каде што внатрешната топлина во форма на долгобраново инфрацрвено зрачење лесно минува како низ внатрешното исто така и низ надворешното стакло, при што се губи >> Слика 4: Обично двослојно застаклување

26 август 2016

ПОРТА

47


eнергетска ефикасност Слика 5: Високоефикасно двослојно застаклување

значителен дел од топлината. За разлика од ова, на Слика 5 внатрешното стакло во двослојниот стакло-пакетот има премаз со ниска емисија (ε = 0,15 до 0,02) којшто голем дел од долгобрановото инфрацрвено зрачење (повеќе од 80%) го враќа назад во просторијата. Трислојно застаклување со високи перформанси Бидејќи присуството на слој со гас во двослојното застаклување ја зголемува изолациската моќ, следниот чекор во подобрувањето на преформансите на прозорците е употреба на стакло-пакет со три стакла и исполна со два слоја со гас (Слика 6). Ваквото решение се применува кога се бараат многу ниски вредности Ug, помали од 1,0 W/(m2•K), какви што се случаите кај нискоенергетските, пасивните и нулаенергетските згради. Меѓутоа, од своја страна трислојното застаклување носи проблеми поради зголемената дебелина и тежина на стакло-пакетот, со што не секогаш е можно монтажата да се реализира на задоволителен начин. И покрај тоа, трислојното застаклување денес е тренд, особено при градба на веќе споменатите типови нискоенергетски згради. Европската компанија AGC, специјално за трислојно застаклување, има дизајнирано специјален премаз (Planibel Tri™) којшто има извонредно позитивно влијание врз енергетските заштеди (Слика 7). Слично на нискоенергетските (Low-E) стакла, новиот премаз овозможува повисок степен на трансмисија на светлината, а со тоа и повисок соларен фактор, g = 60%, со кој се максимизираат соларните добивки. Значи, сончевата енергија може да се употребува за греење на објектите. Многу ниските вредности за Ug = 0,7 W/(m2•K) ги минимизираат топлинските загуби. Благодарејќи на овие уникатни својства, Planibel Tri™ лесно ги задоволува критериумите за пасивни згради: Ug max = 0,7 W/(m2•K) i gmin = 50%. Со извонредните енергетски резултати, премазот Planibel Tri™ отвора врати кон развојот на нискоенергетските одржливи згради користејќи го сонцето како доминантен обновлив извор на енергија. Со Planibel Tri™ можат да се контролираат енергетските трошоци со истовремено обезбедување оптимални внатрешни климатски услови за престој: висока трансмисија на сончевата светлина кон внатрешноста и задржување на студенилото надвор, благодарејќи на неговите изолациски својства. Просечната дебелина на стакло-пакетот со три стакла изнесува околу 40 mm (минималната дебелина е 32 mm). Овој факт може да прави проблеми за вметнување на стакло-пакетот во некои класични прозорски рамки. Но, во многу други случаи, трислојното застаклување не бара специјални рамки. Современите прозорски рамки веќе се компатибилни за вакво застаклување. Цените им се исти како и за класичните рамки или се минимално повисоки. При изборот на трислојно застаклување со високи перформанси, архитектите и другите стручни лица треба да имаат предвид два факта како можни несакани ефекти: 48

ПОРТА

26 август 2016

Кондензација од надворешната страна на стакло-пакетот Колку стакло-пакетот обезбедува поголема топлинска изолација, толку поголем е ризикот од појава на кондензација од неговата надворешна страна. Овој феномен се случува и кај двослојните застаклувања со ниска емисија, но и кај трислојните со вредности Ug = 0,7 W/(m2•K) и помали. Кондензацијата се случува кога температурата од надворешната страна на надворешното стакло се спушти под т.н. „точка на оросување“ на надворешниот воздух. Колку е понизок коефициентот Ug, толку е постудено надворешното стакло. Опишаната кондензација е природна појава која не може да се избегне. За илустрација, оваа појава редовно се случува на автомобилите паркирани на отворен простор, во зимските месеци, обично ноќе, кога температурите се ниски, а релативната влажност висока. Повеќе фактори може да влијаат за ризик од кондензација, било во позитивна, било во негативна насока: l Ориентација: Има мало влијание врз ризикот од кондензација. l Влажност на воздухот: Колку е повисока релативната влажност, толку е поголем ризикот од кондензација. l Облачност: Ведрото небо е причина за ладење на надворешното стакло бидејќи топлината, преку радијација оди во атмосферата, чија теоретски проценета температура изнесува -40°C. Во вакви случаи, надворешното стакло може да има пониска температура од надворешниот воздух, што е причина за кондензација. Генерално кажано, при облачно време ризикот од кондензација е помал. l Агол под кој е монтиран прозорецот, положба на прозорската рамка: Колку помалку стаклото е изложено кон небото, толку е помал ризикот од кондензација. Според добрата практика, рамнината на стаклото треба да биде најмалку 10 cm вовлечено кон внатре во однос на рамнината на фасадата. Кога стаклото се наоѓа во оваа положба, целата негова површина нема да зрачи кон атмосферата и неговата температура нема да падне под точката на оросување. l Радијација и заштита од други ѕидни површини: Кога стаклото е во близина на други ѕидови, конструкции, дрвја итн., тоа е заштитено од директна изложеност кон небото, но, исто така, дел од нивната топлина ќе зрачи кон стаклото и ќе го загрева. Ова е причината што генерално, ризикот од кондензација е помал во урбаните средини. Како заклучок следи констатацијата дека кондензацијата на стаклопакетите од надворешна страна е природен феномен кој се случува и кај двослојните застаклувања со ниска емисија. Кај стакло-пакетите со повисок степен на изолација, каков што е трислојниот, феноменот е поизразит. Но, со промена на условите во текот на денот, кондензацијата ќе исчезне. Проблем со прегрејување на внатрешноста

Слика 6: Компоненти на трислојното застаклување


eнергетска ефикасност

Слика 7: Трислојно изолациско застаклување со премаз Planibel Tri од компанијата AGC Во некои случаи предноста на двослојното или трислојното застаклување со висок соларен фактор, што резултира со соларни добивки, може да предизвика неудобност, која се манифестира со прегревање на внатрешноста. Меѓутоа, во станбените згради ова се случува релативно ретко и, генерално, само во следните случаи: l прозорци со голема површина ориентирани кон југ и/или запад, без надворешна заштита од сонцето, во згради лоцирани во топли климатски региони; l покриви на стаклени градини силно изложени на сонце, без надворешна заштита. Во овие случаи се препорачува да се употреби застаклување со стакло со соларна контрола. Температура од внатрешна страна на стакло-пакетите и комфор во внатрешниот амбиент Чувството за удобен или неудобен престој во просториите не зависи само од температурата на внатрешниот воздух туку и од близината на потенцијалните студени површини. Кога човечкото тело со температура на кожата од околу 28°C се најде во близина на студени површини какви што се прозорците со слаба изолација, телото дејствува како „радијатор“, зрачејќи топлина кон тие површини. Ова се манифестира со чувство на студ и неудобност. На Слика 8 се прикажани температурите од внатрешната страна на

повеќе варијанти на застаклувања, при температурна разлика од 20 K помеѓу надворешниот воздух (θe = 0°C) и внатрешниот амбиент (θi = 20°C), при стационарна состојба. Евидентно е дека со употреба на застаклувања со високи перформанси (мали вредности Ug), не се намалуваат само топлинските загуби туку, исто така, се избегнува и чувството на неудобност предизвикано од студените површини во близина. Кондензација на стакло-пакетите Количеството влага во воздухот во гасовита состојба (водена пареа) се дефинира како релативна влажност (φ изразена во %) во однос на вкупната, 100%-на заситеност на воздухот со неа. При заситувањето се случува кондензација, односно водената пареа од гасовита преминува во течна агрегатна состојба, во вода. Температурата на која настанува кондензација, позната како точка на оросување θdp (dew point), е во директна зависност од релативната влажност. Практично, кондензацијата се случува кога воздухот со одреден процент на влага доаѓа во контакт со површини кои имаат температура еднаква или пониска од точката на оросување за дадената влажност. При застаклувањето можни се три случаи на кондензација во зимскиот период. Површинска кондензација од внатрешната страна на стаклопакетот Ова се случува кога внатрешната релативна влажност е зголемена и/или кога температурата на внатрешната страна на стакло-пакетот е ниска. При двослојни застаклувања со високи изолациски перформанси и при нормални внатрешни услови (греани простории без значителни извори на влага) ова се случува многу ретко. Кондензација меѓу стаклата, внатре во стакло-пакетот Од ефикасноста на средството за сушење и компонентите за затнување кај дистанцерот зависи векот на траење на застаклувањето. Ако средството за сушење е неефикасно и херметичноста на затнувањето на стакло-пакетот релативно е краткотрајно, доаѓа до кондензација внатре помеѓу стаклата. Во вакви случаи единствен лек е замена на стакло-пакетот со нов. n

Слика 8: Промена на внатрешните површински температури во зависност од вредноста Ug

26 август 2016

ПОРТА

49


eнергетска ефикасност

ТЕРМОВИЗИЈА – НАЧИН ЗА ДЕТЕКТИРАЊЕ НА ТОПЛИНСКИ МОСТОВИ

Лошата термоизолација значи и пари и загадување на атмосферата Со оваа метода, покрај топлинските мостови на објектите може да се детектираат и дефекти кај машини и соларни панели, како и пукнатини и останати оштетувања на конструкциите. Исто така, може да се воочи на кои места се јавува влага и да се следи процесот на сушење на конструкцијата во текот на нејзината изведба.

Разлика во начинот на штедење м-р Весна ГРУЈОСКА, дипл. град. инж.

Ж

ивееме во модерно време кога енергијата е неопходна. Сѐ околу нас се врзува со потрошувачка на енергија. Но, светот се соочува со еден голем проблем наречен глобално затоплување. Неконтролираната потрошувачка на енергија ја подигна концентрацијата на стакленичките гасови во атмосферата на едно нетолерантно ниво. Примената на фосилни горива за производство на енергија и нејзината брза потрошувачка треба да се редуцираат на сите можни начини. За енергетската ефиксност, денес се зборува многу. Нејзиниот брз развој придонесе за пронаоѓање решенија и начини за заштеда на енергија, без нарушување на комфорот на живеење. Идејата не е да се вратиме на примитивен начин на живеење без да ги користиме благодетите што ни ги нуди енергијата, туку да се насочиме кон користење на нископотрошувачки уреди, да се искористи потенцијалот на обновливите извори на енергија и, секако, да не ја губиме енергијата низ обвивката на објектите поради нивното делумно и лошо изолирање или комплетно неизолирање. Ретко кој од постоечките објекти има инсталирано термоизолациони материјали кои се соодветно избрани и поставени. Во суштина, ретко и кој од објектите воопшто е изолиран. На овој начин, на потрошувачката на енергија се гледа како неважен сегмент од живеењето, но ако се направи анализа на годишно ниво, 50

ПОРТА

26 август 2016

сигурно би биле изненадени колку ваквата неизолирана обвивка на објектот го црпи фамилијарниот буџет. Веќе изведените објекти може да се испитуваат за отпорност на топлинскиот проток со помош на методот со термовизија. Топлинскиот проток или топлинските мостови може многу брзо да се детектираат со помош на термовизиска камера, која работи на принцип на мерење на емисивноста на материјалите вградени во објектите. Инфрацрвената термографија може да се користи во градежништвото за приказ на топлински мостови во конструкцијата, за детектирање на влага кај рамни покриви (водата ја задржува топлината подолго од останатите материјали на покривот и може многу лесно да се детектира, особено во текот на ноќта кога другите материјали брзо се ладат), за проверка на исушеноста на конструкцијата во текот на градењето, за детектирање на дефекти кај соларни панели и ветерници. Инфрацрвените камери се одлични алатки за заштита од пожар и рано откривање на пожар, бидејќи нудат некои од основните корисни можности за овие цели: способност да детектираат и јасно да визуелизираат почетни топли точки низ чад и прашина, мерење и покажување на температура, постојана контрола на претходно дефинирани површини и алармираат во случај на надминување на температурен праг. Како резултат од мерењето се добива инфрацрвена слика, на која со помош на палета на бои ќе се воочат слабите места на обвивката. Процесот на мерење е многу чувствителен и потребно е да се земат предвид поголем број на фактори. За жал, она што се добива од мерење на трансферот на топлина низ обвивката на објектите не е ни најмалку во согласност со вистинските методи за изолација.


eнергетска ефикасност

Топлински проток низ речиси целата обвивка на објектот

Топлински проток и оштетувања на објектот детектирани со термовизиска камера Погоре прикажаните објекти кои се анализирани се без инсталирана изолација по целата обвивка на објектот, и со стари прозорци и врати со дрвени рамки. За ваквата постоечка состојба термовизиските слики се само доказ за очекуваните топлински загуби. Топлинскиот проток е застапен по целата површина, а особено е изразен околу прозорците и вратите.

Особено треба да се внимава на критични места, како што се местата на спојување на елементите во конструкцијата, каде постои најголем ризик за појава на топлинските мостови.

Топлински проток најистакнат околу прозорците и вратите Горните објекти се прилично постари градби со значителни и видливи оштетувања. Но, и кај поновите објекти кои не се надворешно оштетени, состојбата со топлинските загуби не е поразлична. Објектите се градат без да се внимава на тоа каде и како се поставува топлинска изолација.

Со оваа метода може да се детектираат и дефекти кај машини и соларни панели, како и пукнатини и останати оштетувања на конструкциите. Исто така, може да се воочи на кои места се јавува влага и да се следи процесот на сушење на конструкцијата во текот на нејзината изведба. >> 26 август 2016

ПОРТА

51


eнергетска ефикасност

Топлински проток низ обвивката на објект

Критични места на обвивка на објект во однос на појава на топлински мостови

За да се добие успешно изведен енергетски ефикасен објект, треба да се изолираат сите фасади, покривот и подот и да се постават енергетски ефикасни прозорци и врати. Системите за греење, ладење, вентилација, подготвување на санитарна топла вода, осветлување и сл., нивните составни и придружни елементи, како и автоматското

ПОРТА

управување со нив, се исто така значаен сегмент во мултидисциплинарниот пристап кон современите објекти. На таков начин се придонесува за заштеда на енергија, намалување на загубите на енергија и соодветните трошоци, како и редукција на штетните ефекти од емисијата на стакленички гасови и глобалното затоплување. n

3

38


рубрика

брика

брика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

38

ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


eкологија

За целиот проблем да се реши што побрзо, Министерството за здравство го смени Правилникот за мерење на квалитетот на водите, но фекалиите и комуналниот отпад останаа, а жителите и туристите со амин од свештени лица продолжија да се капат во загадена вода

Туристите сe уште со амин се бањаат во Дојранско Езеро

ПОРТА


eкологија

Кате СПАСОВСКА -ТРПКОВСКА

Д

ојранско Езеро, едно од трите природни езера во Македонија, некогаш богато со диверзитет, денес е полно со фекалии и комунален отпад, што го прави небезбедно за капење. Но еуфоријата, наречена забрана за капење во езерото, траеше неколку дена, сè додека неколку жители на Дојран на свој начин не го прикажаа спротивното. Тие со лажица пиеја од водата во езерото, а имаше и такви кои веруваа на свештени лица и своето дете го крштеваа во водите во кои неколку дена претходно беше регистрирано дека има хемиска и бактериолошка неисправност од трет степен. За целиот проблем да се реши што побрзо, Министерството за здравство го смени Правилникот за мерење на квалитетот на водите. Но фекалиите и комуналниот отпад останаа во водите на езерото само што новиот правилник го направи безбедно за капење. На ваквата одлука реагираше целата јавност, но никој не се потегна да најде практично и вистинско решение за проблемот. И после толку бука околу загадувањето, еден месец подоцна никој не

се одважува да каже дека ситуацијата е иста. А, туристите и натаму со амин од попот се капат во фекалии. Од Центарот за јавно здравје Велес, од каде што ги дадоа првични резултати, велат дека испитувањата на езерата и водотеците што се на нивна територија се вршат еднаш месечно. „Последните два месеци поради состојбата со Дојранско Езеро направивме и две дополнителни контроли, и тоа две во јуни и две во јули месец. Според новиот Правилник, водата е исправна за рекреативни активности и во неа не најдовме ниту една колонија од бактеријата ешерихија коли. Треба да се напомене дека градежната експанзија, зголеменото присуство на туристи и времениот престанок на работата на колекторот што бил вон функција поради расипан дел на црпните пумпи, се појавило ова поголемо загадување. Да напоменам дека загадувањето не е само од фекално потекло, ами се должи и на комунален отпад кој завршил во водата како последица од немарност на населението и туристите“, вели директорот на Центарот за јавно здравје од Велес, Флорентина Шурбевска- Ристевска. Дека проблемот со загадувањето на Дојранско Езеро не е ништо ново, е и нејзиниот одговор на прашањето дали и други години водата во Дојран била до овој

степен загадена. „Досега се нема случено вакво поголемо присуство на бактерии, непатогени и опортунисти“, вели ШурбевскаРистевска. Според одговорот на ШурбевскаРистевска, дека има расипан дел на колекторот, побаравме одговор од општина Дојран. Градоначалникот Борче Стамов и покрај нашето инсистирање не даде одговор на прашањата дали Дојран има пречистителна станица, со колкав капацитет таа работи и дали е доволна за прочистување на водите во Дојран и околината. Не добивме одговор ниту за тоа дали општинската власт во иднина ќе побара почесто контролирање на квалитетот на водата, и објавување на резултатите во јавноста, или пак ќе веруваат на попот, кој рече дека водата во езерото е исправна и таа може да се користи за капење и пиење. Единствено по објавувањето на резултатите градоначалникот Стамов на пресконференција рече дека канализациониот систем е во најдобра кондиција во последните 20 години и дека во 2014 година целосно ја реконструирале пречистителната станица, а годинава и главната колекторска линија со инсталирање на нови пумпи со трипати поголем капацитет од претходниот во 10 препумпни станици. Но и тогаш не даде одговор дали системот во овој период од >> 26 август 2016

ПОРТА

55


eкологија годината функционира. Околу ситуацијата со Дојранско Езеро, официјален став побаравме и од Министерството за животна средина и просторно планирање. На ова прашање немаа никаков одговор, но затоа кажаа кои тековни и неодамнешни проекти ги имаат преземено за заштита и унапредување на животната средина во Дојран, а со тоа и на Дојранско Езеро. „Пред повеќе од 15 години беа преземени активности за полнење на езерото, а тоа резултираше со враќање на водата, обновување на живиот свет и повторно развој на туризмот и рибарството. Дојранското Езеро е впишано во листата на Рамсарската конвенција од 2007 година. Во 2011 година повторно е прогласено за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата, а управувањето му е доделено на општина Дојран“, образложуваат од МЖСПП, додавајќи дека годинава од страна на Регионалниот еколошки центар се изготвува студија за валоризација на Дојранско Езеро, со која се врши оценка на состојбата со природните вредности, се идентификуваат засегнатите страни и се утврдуваат тековните закани за ова заштитено подрачје. Но проблемот со Дојранско Езеро не е само од годинава. Според Истражувачкото друштво на студенти биолози, проблемот е уште од 1988 година. Во текстот што друштвото го има објавено под наслов „Заедно да го спасиме Дојран“, се вели дека во 1988 година е пристигнато барање од

ПОРТА

Грција за користење на водите од езерото, за наводнување на околните ниви на нивна територија. Се барало да се извадат 10 милиони кубни метри вода. Тогашните одговорни лица, потсетуваат биолозите, и покрај тоа што знаеле за последиците што би следувале доколку се прифати барањето на Грција, поради недоволна заинтересираност, дозволиле да се извадат пет милиони кубни метри вода. „Приметувајќи ја слабоста и незаинтересираноста на македонската страна, Грција има искористено 21 милион кубни метри вода, или четири пати повеќе од дозволеното. Не треба да сте експерт за да разберете дека губењето толкаво количество вода од едно езеро со толкава големина, ќе предизвика екстремно тешки последици и ќе дојде до ситуацијата во која сме денес“, објаснуваат од ИДСБ. Во однос на моменталната состојба, пак, се потенцира дека Дојранско Езеро се наоѓа во петта категорија според Европската директива. Во превод тоа би значело дека во езерото има преголемо количество хранливи материи, кои доведуваат до анаеробни услови. Според биолозите, ваквата состојба доведува до изумирање на ендемичниот видовит состав на езерото, намалување како на флората така и на фауната. Односно, при вакви услови, се развиваат алги кои се токсични за околината, како и за човекот. „При нашите истражувања во 2015 година, во рамки на проектот ’Развивање на капацитети за одржливост на Дојранско Езеро‘, евидентирани се огромни популации на родот

Microcystic. Утврдени се осум видови од овој род. За споредба, во цела Кина досега се пронајдени само пет видови од овој род. Според пронајдените алголошки заедници, внесот на вода од Николичка река дополнително придонесува кон зголемување на степенот на еутрофикација на езерото. Според утврдената состојба со алгална


eкологија

флора, езерото е под континуиран притисок од високи концентрации на отпадни материи, што доведува до лоша еколошка состојба и лош статус на квалитет на водата“, велат од ИДСБ. Истражувачкото друштво даде и свои предлози, а со цел да се реши овој проблем и да се спаси Дојранско Езеро. Како еден од предлозите е аерација односно поставување на аератори во езерото, снабдувани со сончева енергија или ветер. Овие аератори, велат биолозите, испуштаат кислород

длабоко во водата и доведуваат до нејзино мешање. Ваквиот начин помага во справувањето со анаеробните услови. Потоа, отстранување на седиментот механичко отстранување на седиментираната мил. На овој начин се отстранува вишокот на органска материја која всушност го еутрофицира езерото. Исто така, рекоа од ИДСБ, можна е и биоманипулација - механичко отстранување на трските, каде исто така се отстранува дел од органската материја од езерото.

Сите поенти и укажувања од Истражувачкото друштво претходно беа презентирани и преку тркалезна маса и извештајот на Регионалниот еколошки центар (РЕЦ), како дел од проектот „Развивање на капацитетите за одржливост на Дојранско Езеро“. Од РЕЦ нагласија дека во Дојранско Езеро се наоѓаат екстремно високи концентрации на отпадни материи, фосфорни и азотни соединенија, и ги надминуваат досега забележените концентрации на овие материи во кој и да било воден екосистем во земјата. Ја нагласија и хепереутрофната состојба на езерото. Резултатите покажуваа дека во езерото континуирано се влеваат фекалии речиси од сите страни - од Николиќ, но и од градот Дојран. Нагласено беше и дека пречистителната станица работи, но не излегувала прочистена вода. Исто така, голем број новоизградени куќи на ридот што се издига во стар Дојран, не се приклучени на канализационата мрежа. Сите тие имаат спроведено цевки кои се гледаат, а нивните води истекуваат во еден широк дол од каде тие се влеваат во езерото. Според измерените параметри во однос на количеството на отпадните хранителни материи, оцената на стручниот научен тим е дека езерото се наоѓа во „лоша состојба“, стои во Извештајот на РЕЦ. „Целта на ова истражување е отворено да се претстават состојбите и отворено да се разговара за спроведување на итни мерки за заштита на езерото, бидејќи постојат мерки и може да се спроведуваат, само треба ние како општество да се организираме“, потенцираат од РЕЦ. n

ПОРТА

Н

Ка

м


eкологија

СОВРЕМЕНО ПРЕДЛОГ-РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ГРАДСКИОТ СМЕТ ВО ТЕТОВО

Можно ли е чисто Тетово?

Состојбата со сметот во Тетово, е мотив за проблемското подрачје на истражувањето – магистерски труд на кандидатот Марија Стојановска, под менторство на доцент д-р Александар Радевски од Архитектонскиот факултет во Скопје, со работен наслов: Погон за рециклирање комунален градски отпад 58

ПОРТА

26 август 2016

м-р Енис ХОЏА, дипл.инж.арх.

З

големувањето на комуналниот отпад претставува еден круцијален проблем на многу современи општества. Голем дел од процесите и производите што се поврзуваат со современиот начин на живот имаат негативни ефекти врз животната средина. Правилното управување со биоразградливиот отпад присутен во комуналниот отпад и во отпадот од пречистување на отпадните води, во земјоделскиот отпад и во отпадот од прехранбената индустрија и индустријата за пијалаци, може да придонесе значително за намалување на емисиите на стакленички гасови. Таквиот пристап значи дека секој дел на отпадот се гледа, не само како извор на загадување, туку и како потенцијален ресурс

кој може да се искористи, што би резултирало во раздвојувањето на економскиот раст и количествата на создаден отпад. Градот Тетово во последните неколку години претставува еден од најзагадените градови во светот. Самото несоодветно складирање на комуналниот смет предизвикува низа проблеми, како што е и загадувањето на воздухот, почвата и водата. Во моментов не постои голема иницијатива на локално ниво за организирана селекција и рециклирање на употребливите фракции во комуналниот отпад. Во последната деценија, животната средина и нејзината заштита се најголем проблем со кој се соочува градот. Проблем претставува собирање на сметот од градот, па така со години градските контејнери се преполни, се јавуваат голем број диви депонии, сметот од овие депонии се пали, што дава реперкусии врз чистината на градскиот


eкологија

воздух и животната средина. Дел од овој смет се исфрла и во речните корита на реката Пена и во останатите помали речни текови по околните рурални средини. Сегашната состојба со управувањето со отпадот во Тетово, може да се окарактеризира како субстандардна, недоволна и неефективна. Со поттикнување на процесите за повторно користење, рециклирање и обнова на материјали/енергија од фракциите на отпадот, се подобрува искористеноста на ресурсите, а за депонирање се оставаат само неупотребливите фракции. Ваквата состојба во која се наоѓа градот Тетово, претставува мотив за проблемското подрачје на ова истражување – магистерски труд на кандидатот Марија Стојановска, под менторство на доцент д-р Александар Радевски од Архитектонскиот факултет во Скопје, со работен наслов: Погон за рециклирање комунален градски отпад. Индустриските објекти и капацитети по својата програма и архитектонска типологија и форма, најчесто се објекти кои функционираат сами за себе. Предизвик во ова тематско истражување се новите модели на индустриски капацитети кои со својата >> 26 август 2016

ПОРТА

59


eкологија програмска, функционална и архитектонска целина се објекти од отворен карактер, кои во себе ги вклучуваат крајните потрошувачи во процесот на производството. Хибридизацијата на истите ги комбинира различните програми, форми и технологии во една хибридно – комплексна структурална целина која овозможува нови просторни организации. Тенденциите што имаат за цел крајните корисници да ги доближат повеќе кон производствениот процес, се сè поприсутни и стануваат секојдневие во обликувањето на овој тип објекти. Индустриската зона во Тетово, којашто е во рамките на генералниот урбанистички план на општина Тетово, речиси целосно е изградена. Од пред неколку години почна да се гради нова технолошки индустриска развојна зона на само 3-4 километри од излезот на град Тетово кон автопатот Тетово – Скопје. Ваквото проширување на градот со индустриска зона, се искористува при изборот на локација. Во ваквата градска збиена структура, проширувањето на градот го диктира поставувањето на локацијата каде се сместува овој индустриски објект. Локацијата е така одбрана, со цел да се овозможат оптимални услови за брзо приклучување кон постојната инфраструктура, а со тоа и брза изградба и оперативност на самата зона. Комплексот претставува збир на повеќе функции кои директно или индиректно земаат учество во процесот на комуналниот градски отпад. Основниот концепт во развојот на проектот е формирање на објекти со свои засебни волумени кои се поделени според принципот на функционалноста. Доминираат три волумени: волуменот на административната зграда, волуменот на погонот за

60

ПОРТА

26 август 2016

рециклирање и засебен волумен за помошни простории. Сите заедно се развиваат во целина која овозможува непречено одвивање на предвидениот процес. Внимание се посветува на поставеноста на објектот во својата парцела, земајќи го предвид контекстот во кој се наоѓа. За фасадното обликување се употребуваат бетонски фасадни панели, кои се перфорирани, чии перфорации на места се озеленети, а на места претставуаат само отвори за користење на природна светлина. Неатрактивниот процес на истоварање отпад е визуелно затворен со перфориран ѕид, кој на страните добива отвори во форма на ветерници, со што би се одбегнало создавањето на вакуум и би се овозможило

проветрување. Административната зграда, освен канцеларии кои ги задоволуваат потребите на комплексот, поседува и други програмски простори, како едукативен центар каде се врши едукација и приближување на рециклирањето кон населението. Овие простории, освен класични предавални и работилници, содржат мал амфитеатар кој е поставен на терасата на административната зграда, што формира атрактивен простор кој е лесно забележлив, со што се остава шанса случајни минувачи да бидат привлечени и едуцирани во битниот процес на рециклирањето. Вака обликуваниот комплекс претставува еднo ново обележје на градот. n


ПОРТА


репортажа

ДРВЕНГРАД НА МЕЌАВНИК - СУВА ГОРА

Град по мерка на Кустурица Емир Кустурица е добитник на европската награда за архитектура „Филип Ротие“ во 2005 година за изградбата на Дрвенград. Оваа награда се доделува секои три години од Фондација за архитектура во Брисел. Во образложението на жирито се нагласува дека проектот на Кустурица за Дрвенград ,,... користи изворна архитектура од своето поднебје како фактор на пацификација, извор на задоволство и потстрек за равој на економско-туристичките потенцијали на целиот регион“.

Натка ЌОСЕВА, дипл.инж. арх.

П

аркот на природата Шарган– Мокра Гора е дел од планината Тара и се граничи со националниот парк Тара и планината Златибор. Оддалечен е 260 километри од Белград, 154 од Сараево и 275 од Подгорица. Најблиските градови се

62

ПОРТА

26 август 2016

Вишеград, Бајина Башта и Ужице. Има добри сообраќајни врски, раскошна природа, многу термални води, ново скијалиште Ивер и единствената пруга со тесен колосек т.н. Шарганска осмица, автентично етно-наследство, традиционални рачно изработени производи, био-храна и гостољубиво локално население, а сето тоа претставува голем потенцијал за развој на различни видови туризам. Во последно време најразвиен е транзитниот туризам, бидејќи Шарган се наоѓа на коридорот меѓу Југоисточна

и Западна Европа, но исто така е развиен и излетничкиот, конгресен и спортскорекреативниот, а со изградбата на Дрвенград и културно-манифестациониот и научнообразовниот туризам. Етно-културно-туристичката населба Дрвенград се наоѓа на врвот на брдото Меќавник во чие подножје е селото Мокра Гора, во Паркот на природата Шарган. Идеен творец на оваа единствена населба, или како што многу ја нарекуваат бајковито етно село, е режисерот и


репортажа музичар Емир Кустурица. Инспирација за оваа необична населба добил додека во Мокра Гора го снимал филмот Животот е чудо. Идејата му била да создаде населба со совршен модерен начин на живот надвор од секојдневието, начин на живеење кој е во вечна борба против глобализацијата и капитализмот. Како што вели и самиот Кустурица: „Сакав да изградам село во кое имате впечаток дека отсекогаш се живеело, а всушност никогаш не се живеело таму“. За изградбата на Дрвенград се користени автентични брвнари од ова подрачје. Многу од нив се стари и по стотина години, а биле напуштени и препуштени на пропаѓање на забот на времето. За да се стават во функција, пренесени се рачно до Дрвенград, реставрирани се и поставени на високи камени постаменти и подруми приспособени на косините на теренот, а кога ги гледате ви се чини како да се сраснати со теренот. Во Дрвенград не постојат две исти куќи ниту две исти соби. Собите се луксузно опремени и пружаат удобен комфор на посетителите, а мебелот е најчесто автентичен, дрвен масивен мебел кој традиционално се изработувал во регионот и е рачно насликан, секој посебно за себе. Секое парче мебел е уникатно и е рачно изработено. Шетајќи низ Дрвенград ќе добиете впечаток како населбата да е градена пред стотина години со рацете на старите градители кои со години ја бирале идеалната местоположба на секоја куќа. Секоја куќа има своја индивидуалност, своја местоположба, а

секоја соба има различен поглед од прозорецот. До секоја куќа има пристапна патека или уличка. Дрвенград ги има сите содржини и објекти за незаборавен одмор, работен престој или еднодневна посета. Концептот на Дрвенград е создаден, како и кај скоро секој град, со еден централен правоаголен плоштад „Никола Тесла“, чија главна оска е одредена со влезната капија и положбата на црквата-брвнара со пагоден низ од двоводни покриви обложени со шиндра. Оваа мала црква е изградена по примерот на старите руски дрвени цркви и е посветена на Свети Сава. До црквата се наоѓа дрвена камбанарија која доминира на

плоштадот. Плоштадот е поплочан со дрвени коцки и дрвени шински прагови. Преку него се доаѓа до куќата и библиотеката на Емир Кустурица, и многу други куќи-брвнари организирани и опремени за сметување на гоституристи и за одржување на други јавни активности. Шетањето по уличките на Дрвенград е интересно и возбудливо, различно во секој период од годината, и ви овозможува различни визури на околината и различно задоволство и доживување поврзано со многу претходни погледи и сеќавања. Улиците и плоштадите ги носат имињата на големите уметници, спортисти и сите оние што со својата идеја оставиле или >>

26 август 2016

ПОРТА

63


сè уште оставаат траги во историјата на човештвото. Па така, овде ќе ги видите улиците: „Иво Андриќ“, „Фредерико Фелини“, „Бранислав Нушиќ“, „Брус Ли“, „Бергман“, „Никола Тесла“,

ПОРТА

„Достоевски“, „Новак Ѓоковиќ“, „Миодраг Петровиќ Чкаља“, „Диего Марадона“ и други. На плоштадот „Никола Тесла“ се наоѓа рецепција и информативен центар, подземното

кино „Андерграунд“ со најсовремена слика и звук, театарот „Стенли Кјубрик“, амфитеатарот „Гаврило Принцип“, галеријата „Мацола“ во која редовно изложуваат свои дела многу ценети домашни и странски ликовни уметници, продавницата за сувенири „Аска“, националниот ресторан „Лотика“, слаткарницата „Аница“ во која се служат домашни слатки и природни сокови, а најпознат е сокот од малина. Од плоштадот „Никола Тесла“, се доаѓа и до фризерницата „Анабела“, куќата на писатели, пазарот за рачни ракотворби, и се влегува во многуте тесни улички или патеки. На плоштадот „Диего Марадона“ се наоѓа спортскиот центар „Проклета Авлија“. Тој располага со конак за преноќување, кафе-бар, ресторан, сала „Висконти“, затворен базен, теретана, сауна, масажа, билијард сала и подземна спортска сала. Непосредно под Дрвенград се наоѓаат две тениски игралишта и трим патека која се спушта до селото Мокра Гора. Новото скијалиште „Ивер“ е оддалечено седум километри од Дрвенград. Во Дрвенград е отворена и детска градинка, а во нејзина близина е барот „Капор“. Дрвенград денес е место каде се одржуваат многу културни настани и собиралиште на многу значајни и познати уметници и спортисти од цел свет. Од културните настани најпознат е традиционалниот меѓународен филмски фетивал Кустендорф, основан 2008 година, по што и Дрвенград станал познат низ целиот свет, а со тоа привлекол и сè уште привлекува многу уметници, посетители и туристи. Емир Кустурица е добитник на европската награда за архитектура „Филип Ротие“ во 2005 година за изградбата на Дрвенград. Оваа награда се доделува секои три години од Фондација за архитектура во Брисел. Во образложението на жирито се нагласува дека проектот на Кустурица за Дрвенград ,,... користи изворна архитектура од своето поднебје како фактор на пацификација, извор на задоволство и потстрек за равој на економско-туристичките потенцијали на целиот регион“. Дрвенград на Меќавник денес има статус на град–хотел со 4 ѕвезди, исто како статусот на Св. Стефан во Црна Гора. n


есеј

С

прашина разлеана и стопена во сликата на небото, екој си носи во себе некоја спуштено на дното со сите свои ѕвезди. сопствена слика на просторот и времето, градовите и пределите, По неколкучасовен одмор во една дрвена куќа, во НАШ РАНКО РАДОВИЌ, куќите и бреговите. Си ткае и си еден и пол по полоќ, тргнавме на последен, сè архитект, урбанист, создава цел еден нов свет, нови бои пострмен и покривулест пат, кој наместа се професор, писател, сликар... од мечти, од бајки, од паметења, од поезија... Со претвораше во неброени скали кон врвот. До горе, еден збор, секој си има некоја извонредна и пред модернизацијата на Јапонија, во Меиѓи ера од посебна географија на сништата. 1828 година, не стапнала ниедна женска нога. Сега Јапонската планина Фуџи отсекогаш била таинствен далечен ги има илјадници. А прв странец се качил на планината во јуни 1860 предел кој го сакаме оддалеку како име, слика, поетика... како година. Беше нели, Англичанец и беше секако – дипломат. во хаику песната на поетот Бaшo: На изгрејсонце, околу четири часот, бев на врв на „На брегот на езерото Кавагучи сонувам, планината Фуџи. На исток, напред, полека се разденуваше. Додека Фуџи низ маглата која плови, Одзади е темниот кратер длабок 220 метри со пречник Илјада свои лица покажува“ од 500 метри, изгледаше стар и уморен од темнината и Во Јапонија четири петини се брда и од сон. Ладното фаќа за раце и ги стега. И планини. А Фуџијама е како лав помеѓу Јапонците и сите останати си ги подготвуваат соседи, како цар на планините на јапонското апаратите. Домаќините на колибите за 30 јени небо. Во таа земја на исток од Истокот, Фуџи со вжештено железо ги бележат дрвените е света планина родена во оган и пламен. стапови, дека ете, сте го дочекале Фуџи уште отпорано нè има освоено со изгрејувањето на сонцето во нивната снага која ги буди и инспирира земја. поетите, едноставно, ја симболизира Јапонија, отсекогаш. Еве го сонцето Тоа е темноцрвена голема џамлија од нашето детство, а и корал за Во кусите два летни месеци се искачуваат околу 300.000 освојувачи на детенцето покрај Јапонското Море. Брзо се движи над непрегледната 3.776 метри височина, на кратерот на „огнената планина“ што се издигува долина на бели облаци и грее и ја осветлува се повеќе темната силуета на над морето. Се сретнавме со задреманата планина на графиките на Фуџи. Стрмните падини од тука изгледаат како провалија без крај, а боите големиот Хокусаи, кој ѝ го подарил своето срце нежно и искрено низ наоколу се изгорени, пригушени во оган. Растенија нема, снег нема, вода ликовниот запис „36 погледи на планината Фуџи“. Најпосле, Јапонија не е нема, само небото синее и се радува на утрото. Уште пред 12 векови само Фуџи, но Фуџи е лик и израз на Јапонија. Искачувањето на кровот на поетот Акахито зборуваше: таа далечна земја дојде како долг кој мора да се врати, па така се упативме „Еве лесно чекорам по брегот на Того на девет часа долго пешачење до врвот. Неактивниот вулкан стар 600.000 И гледам возвишен Фуџи, години се совладува во 10 етапи, од шест правци - патеки кои водат до Неговиот чудесен врв над земјата ја подига работ на кратерот. Се качувавме ноќе за да го дочекаме изгрејсонцето Својата бела круна низ белината на небото“. „гораико“ , единственото раѓање на сонцето. Ми раскажуваа за ерупцијата Се симнувам од планината Фуџи со мисли дека онака како си мечтаеме од 1707 година, кога на тогашниот главен град Едо паднало 15 см вулканска и си ја замислуваме, таа не е само на врвот – таа е во духот на Јапонија. пепел, на 100 км далеку. Но ни во август планината не се ослободува од оковите од облаци. Патеката до врвот се протега обележана со знаци за кои Фуџи е во нас. n треба и вештина и време. Темносиво тло, парчиња од магматски карпи, Есејот го подготви, Даница ПАВЛОВСКА ЦИГИ

На врвот на

ФУЏИ

26 август 2016

ПОРТА

65


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.