249

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

249

OKTOMВРИ 2016

Биенале за архитектура во Венеција, 2016: Архитектура некаде на друго место Новиот „Витни“ е синтеза на најзначајните музеи во Њујорк Уште еден градежен успех на „Гранит“

90 ДЕНАРИ


ПОРТА


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


ПОРТА


ГОДИНА XII

БРОЈ 249 ПЕТОК 28.10.2016 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Компанијата „Гранит“ беше ангажирана како еден од главните учесници во проектирање и изведба на ново автопатско решение во должина од 36,6 км, кое се наоѓа во Босна и Херцеговина, а е дел од автопатот што ја поврзува Бања Лука со Добој и европскиот коридор V-C. На делницата што ја изведуваше „Гранит“, на делот каде што таа минува низ засек во должина од еден километар, во текот на изведбата се утврди дека на овој дел трасата минува низ пасивно свлечиште, па беше вклучена компанијата „Геинг“, за санација на веќе оштетените и стабилизација од површински нестабилности на новоформираните косини долж засекот. Двете компании успешно се справија со предизвикот. Нема град во централно градско подрачје без свој парк или барем некакво зелено шеталиште. Но булевари со сообраќај и со атрибути на парк-шеталиште се ретки, особено во големите градови. Париз со Елисејските полиња, Барселона ја има Ла Рамбла со свои особености. Колку за споредба, ви нудиме три приказни различни во односот кон зелените булевари. Нашата е за булеварот „Климент Охридски“. Уште едно четиво кое може да ве натера да направите споредба. Станува збор за новото седиште на Фудбалскиот сојуз на Словенија кое е свртено кон природата. Основната водилка на архитектурата и дизајнот на објектот е врската со околниот пејзаж - ридестото подножје на Алпите. Зградата со „U“ основа, од едната страна е свртена кон спортските

терени, а од другата кон шумата, каде што се наоѓаат и најатрактивните простори на центарот. На БИМАС 2016 главната награда ја доби седиштето на Фудбалскиот сојуз на Македонија. Тоа предизвика полемика во стручната јавност. Него го претставивме во јунскиот број на списанието. „Порта 3“ директно од Биеналето за архитектура во Венеција. Дали Биеналето е замислено да биде манифестација доволна сама за себе, во која ќе бидат прикажани проблемите на современото општество на интересен начин, или тоа стана со текот на времето? Може ли архитектурата да се врати или повеќе да биде дел од настаните што во себе го имаат самиот тој збор. Архитектурата е едноставна работа, давање форма на местата каде што луѓето живеат, рече човекот што оваа година ја доби најпрестижната награда од таа област. Покажете ни ја таа форма, тоа е она што му треба на Биеналето, повеќе архитектура во величествениот град, повеќевековен споменик токму на таа област од човековото творештво – Венеција. Архитектурата на Биеналето. Новиот музеј „Витни“ е синтеза на најзначајните музеи во Њујорк. Новата зграда дизајнирана од Renzo Piano, сместена меѓу High Line и реката Hudson, претставува исклучителен дом на импресивната колекција на модерната и современата американска уметност.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница: НОВО СЕДИШТЕ НА ФУДБАЛСКИОТ СОЈУЗ НА СЛОВЕНИЈА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

249 OKTOMВРИ 2016

Биенале за архитектура во Венеција, 2016: Архитектура некаде на друго место Новиот „Витни“ е синтеза на најзначајните музеи во Њујорк Уште еден градежен успех на „Гранит“

графички уредник: Порта3 фоторепортер: Порта3 лектор: Костадинка СОЛЕВА

90 ДЕНАРИ

ПРОЕКТНО БИРО „ARHITEKTURA KRUŠEC“

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ГРАДЕЖНИШТВО 10 РЕГИОНИ 22

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

ОБЈЕКТ СО ХИБРИДНА НАМЕНА

AРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 28 ДРВЕНА КУЛА ВО ЧИКАГО, ВИСОКО МЕЃУ ОБЛАЦИТЕ

30

AРХИТЕКТУРА 30

28

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

58

Печати: Маркетинг:

ЕНТЕРИЕР 34

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

УНИВЕРЗАЛНИ МОДЕЛИ НЕ ПОСТОЈАТ

СООБРАЌАЈ 38 ТРИ ПРИКАЗНИ ЗА ЗЕЛЕНИТЕ БУЛЕВАРИ

22

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

АРХИТЕКТУРА И АРТ 52 НОВИОТ „ВИТНИ“ Е СИНТЕЗА НА НАЈЗНАЧАЈНИТЕ МУЗЕИ ВО ЊУЈОРК

52

РЕПОРТАЖА 58

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

БЕНИДОРМ ИЛУЗИЈА

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

ХОРТИКУЛТУРА 64 НАЈНЕОБИЧНИТЕ РАСТЕНИЈА НА ЗЕМЈАТА

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

УШТЕ ЕДЕН ГРАДЕЖЕН УСПЕХ НА „ГРАНИТ“

АРХИТЕКТУРА НЕКАДЕ НА ДРУГО МЕСТО

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Сашо КУЗМАНОВСКИ Сузан ЛАМБЕРТ (Италија) Филип ФИЛИПОСКИ

64


инфо

СОВЕТУВАЊЕ ЗА ВОДОСТОПАНСТВО И ХИДРОТЕХНИКА

Искуства и знаења значајни за помладите кадри проф. д-р Љупчо ПЕТКОВСКИ, Градежен факултет во Скопје дружението „Македонски комитет за големи брани“ (ЗМКГБ или MACOLD), кое претставува еден од главните стожери на хидротехниката во Република Македонија, го организираше 11. Советување за водостопанство и хидротехника, на кое присуствуваа околу 120 учесници од земјава и од странство. Во три работни сесии, имаше успешни презентации и интересни дискусии по рефератите. Сето тоа овозможи размена на искуство и знаење, особено значајно за помладите кадри од водостопанската и хидротехничката фела, што претставува основна мисија на ваквите настани. Темите опфатени со рефератите се однесуваа на: Инженерската етика и професионалност во ХТ, ВС и ХЕ планирање; Хидролошки, хидрографски и хидраулички анализи; Оперативни правила за регулирање на протекувања; Влијанието на хидросистемите врз ЖС; Санацијата на брани; Оскултација на брани; и Комунална хидротехника. Ова Советување беше неопходно за сите што се инволвирани во хидротехниката и водостопанството, како од научници до практиканти, така и од проектанти до изведувачи и оператори со изградените хидросистеми. Организаторите сметаат дека Зборникот посветен на 11. Советување, во кој има 19 реферати, ќе претставува трајно наследство за идните генерации, пред сè да се запознаат со водостопанските и хидротехничките проблеми и

З

ПОРТА

начините како тие биле совладувани од страна на денешната генерација на инженерската фела. Покрај теорискиот дел на Советувањето, успешно беше спроведен и практичниот дел. Учесниците направија стручна посета на хидројазелот Козјак. Потребата од одржување на 11. Советување за водостопанство и за хидротехника е заради исполнување три цели, кои во моментов го привлекуваат вниманието на сите што се инволвирани во овие области. Како прво, денешната генерација водостопанственици и хидротехничари ја имаат одговорноста да ја одржат оваа вредна традиција, возобновена со 10. Советување, и да не дозволат нејзино повторно замирање. Ваквите советувања се незаменливи зашто обезбедуваат на едно место да се состане водостопанската фела и во сериозни презентации и дискусии на сесиите, но и во неформална порелаксирана атмосфера, да ги идентификува и разреши проблемите од административен и од технички

карактер. Второ, во последните неколку години инженерите се судираат со проблеми поврзани со начинот на финансирање (од меѓународни финансиски институции) и условувањата при проектирањето и градбата (од странски компании) на капитални хидротехнички објекти. Овие проблеми придонесоа, практично, да се стопира реализацијата на неколку хидросистеми во Македонија, кои се исклучително значајни за развојот на нашата земја, како што се: Луково Поле, Бошков мост, Чебрен и Галиште, Вардарска Долина и други. И трето, преструктурирањето на водостопанството со формирањето на а.д. „Водостопанство на Македонија“ во ноември 2015 година. Со централизацијата на водостопанската дејност се очекува навремено детектирање на проблемите и преземање мерки за нивно надминување, како и поефикасно остварување соодветни стратегии, програми и активности за инвестициско вложување во хидросистемите. n


инфо

Последипломски студии Grand XYZ

Педагошки тим: Симон ХАРТМАН, Силвија Шалева Владимир ДЕСКОВ, Виолета БАКАЛЧЕВ акултетот за Архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје, и оваа учебна година ја продолжи практиката за вклучување во наставата на познати европски архитекти. Во новата учебна 2016/2017 година на Архитектонско Студио 1 во мастер студиите, гостин е архитект Симон Хартман, еден од партнерите во швајцарското студио ХХФ архитекти. Во педагошкиот тим се и Владимир Десков и Виолета Бакалчев. Архитект Симон Хартман добро го познава нашиот локален контекст. Покрај учеството на овогодишната Летна школа на УАКС, тој неколку години наназад е длабоко инволвирани во Балканот и е запознаен со, според него, еден од најинтересните периоди на архитектонска продукција: „Југословенскиот модернизам“. Симон Хартман, како дел од ХХФ архитекти,

Ф

има реализирано голем број проекти во Швајцарија, Германија, Кина, Франција, Мексико и САД. Нивни поважни дела се објектите: „Landskronhof“ и „Lichtstrasee 9“ во Базел, „Labels 2“ во Берлин, „Ruta del Peregrino“ во близина на Гвадалахара, Мексико, „Baby Dragon“ павилјонот во Jinhua Architecture Park, Кина. Учесник е на 13. Биенале за архитектура во Венеција, додека на 14. Биенале за архитектура во Венеција тој е ко-куратор на Црногорскиот и на Грчкиот национален павилјон. Покрај архитектурата, едукацијата е исто така важна активност на Симон Хартман. Од 2002 до 2007 година бил дел од педагошкиот тим на ETH Studio Basel заедно со Jaques Herzog, Pierre de Meuron, Roger Diener и Marcel Meili. Во периодот 2008 - 2016 година, повремено е вклучен во наставата на ХТА Фрајбург, визитинг професор е на Универзитетот во Инсбрук, Австрија, и на Карлсруе институтот за технологија во Германија. Темата на која ќе работат студентите од 4-та година е Grand XYZ и ќе се занимаваат со

големи внатрешни јавни простори. Доминантната улога на државата во креирањето и водењето на просторите за социјални и културни активности во бивша Југославија, произведе простори без остро дефинирана граница меѓу функционалните единици. Резултатот на оваа трансгресија од архитектонско во урбанистичко размислување, доведе до производство на простори со силно диференцирани функции кои не можат да бидат меѓусебно целосно одвоени, и кои можат да се доживеат како силно артикулирани композиции, проектирани како целина. Во периодот од 29 септември до 5 октомври се одржа првата од планираните три работилници во семестарот во присуство на архитект Хартман. На работилницата студентите анализираа иконични примери од поновата историја со претходно наведените карактеристики, што подоцна ќе ги води до изработка на проект за објект со комплексна просторна конфигурација во која е заматена границата помеѓу архитектонското и урбанистичкото размислување. n 28 октомври 2016

ПОРТА

7


ПОРТА


ПОРТА


градежништво

НОВИ КИЛОМЕТРИ АВТОПАТ ВО БИХ

Уште еден градежен успех на „Гранит“

На делницата што ја изведуваше „Гранит“, на делот каде што таа минува низ засек во должина од еден километар, во текот на изведбата се утврди дека на овој дел трасата минува низ пасивно свлечиште, па беше вклучена компанијата „Геинг“, како проектант за санација на веќе оштетените и стабилизација од површински нестабилности на новоформираните косини долж засекот Петар ТРАЈАНОВСКИ, дипл.град.инж. Виктор МИТЕВСКИ, дипл.град.инж. Виктор СТОИЧОВСКИ, дипл.град.инж. Борис БОГОЕВСКИ, дипл.геот.инж. омпанијата „Гранит“ беше ангажирана како еден од главните учесници во проектирање и изведба на ново автопатско решение во должина од 36,6 км, кое се наоѓа во Босна и Херцеговина, а е дел од автопатот што ја поврзува Бања Лука со Добој и европскиот 10

К ПОРТА

28 октомври 2016

коридор V-C, чија реализација ја доби заедничкиот настап на „Интеграл инженеринг“ од Бања Лука и „Гранит“ од Скопје. Од вкупната должина на делницата, „Гранит“ беше ангажиран на изведба на 14,6 километри од автопатот со сите придружни објекти и елементи на патот, чија вкупна вредност изнесува околу 72.000.000,00 €. Инвеститор е Јавното претпријатие Аутопутеви на Република Српска, а кредитор на проектот е ЕБРД. Договорот помеѓу инвестоторот и изведувачот е формиран на основа на FIDIC договорите по примерот на Yellow Book 1999, Design and Build. Автопатот успешно се заврши

и неговото свечено отворање беше на 11 септември 2016 година. На делницата што ја изведуваше „Гранит“, на делот каде што таа минува низ засек во должина од еден километар, почнувајќи од км 39+950 до км 41+000, во текот на изведбата се утврди дека на овој дел трасата минува низ пасивно свлечиште, кое со градежните работи, во комбинација со поплавите и обилните врнежи од 2014 година, беше активирано и токму оваа секција е предмет на овој текст. Договорот со инвеститорот беше, врз основа на Идејниот проект што го има изготвено ИГХ од Хрватска (за потребите на


ИЗВЕДЕНИ ПОЗИЦИИ Од изведените позиции како позначајни ќе ги издвоиме следните со нивните количини: Ископ Насип Тампон Цементна стабилизација БНС и врзен слој на асфалт СМА Подвозници Мостови Надвозници

870.000,00 м3 2.117.000,00 м3 139.000 м3 254.000 м2 613.000 м2 261.000 м2 780 м2 6700 м2 4800 м2

тендерската документација), да се изготви Проект за изведба и според него да се изведат работите. За потребите на изготвување на Идејниот проект, ИГХ имаат извршено геомеханички истраги врз чија основа ги имаат одредено главните елементи на патот и фундирањето на објектите што се наоѓаат во засекот. Врз основа на извршените истраги не било воочено свлечиште, ниту пак биле регистрирани индикации за негово постоење, не било предвидено следење на теренот и не се поставени инклинометри на оваа локација. Елементите што се предвидени со идејниот проект на предметната секција се следните: • Широк ископ со максимална длабочина од 17 метри и попречен наклон на косини од 1:2 со берма од 4 метри ширина на висина на секои 8 метри. • Привремен широк ископ на градежната јама за Cut and Cover тунелот со попречен наклон на косини од 1:1 и берма од 4 метри ширина на секои 8 метри (според идејниот проект, тунелот се наоѓаше на локација каде што ископот е со длабочина од 17 метри) • Привремен широк ископ за изведба на

габионски ѕид во висина од 15 метри со попречен наклон на косини од 2:1. Пред отпочнување на градежните работи, а за потребите на изработка на Главниот проект, изведувачот спроведе дополнителни геомеханички истраги, со цел да ги провери и потврди геомеханичките карактеристики на тлото, добиени во фазата на изготвување на идејниот проект. Во делот на предметната секција, изведувачот изврши уште две дополнителни длабнатини, со што вкупниот број со претходно извршените изнесуваше шест длабнатини кои ги потврдија истите геомеханички карактеристики на материјалот, па затоа и главниот проект само ги потврди главните елементи на засекот. Градежните работи во засекот започнаа во месец јули 2013 година, и кон крајот на годината изведувачот стигна да го отвори

засекот на едната половина од делницата до длабочина од 16 метри и да ги оформи косините и бермата, што беа предвидени според проектот. Сè до октомври 2013 година, косините ја задржаа својата форма и делуваа стабилни, но со почетокот на врнежите почнаа да се манифестираат првите нестабилности кои беа површински и плитки, а по првите врнежи на снег тие се ширеа по целата должина на отворениот засек, и до крајот на годината стана евидентно дека не се работи за локализирани нестабилности и дека е потребно посебно техничко решение за санација на косините. Во тој момент изведувачот го вклучи „Геинг“ како проектант кој ќе понуди решение, но главно се разгледува решение кое ќе понуди санација на веќе оштетените и стабилизација >>

ПОРТА


од површински нестабилности на новоформираните косини долж засекот. Со почетокот на следната година, изведувачот почна со градежните работи и на другата половина од засекот, но од април 2014 започнуваат абнормални врнежи од дожд кои предизвикуваа поплави на поширок регион во Босна и Херцеговина, а кои продолжија и во текот на целата градежна сезона. Овие обилни врнежи и покачувањето на нивото на подземните води, предизвикаа нови и ги продлабочија старите нестабилности, исто така беше манифестирано и подлабоко (подножично) лизгање на земјиштето поради што беше потребно повторно да се ревидира техничкото решение за санација на косините, и да се понуди решение за постигнување глобална стабилност на теренот. Има неколку фактори кои ја прават оваа делница специфична, а пред сè тоа се геотехничките услови и геометријата на косините, односно длабоките ископи кои треба да се изведат. Според нивелациското решение, овој дел од трасата треба да се гради во ископ кој во најкритичните делови е со длабочина од околу 17 метри. Кога станува збор за геотехничките услови, може да се каже дека геотехничкиот профил на теренот, генерално, е составен од средно до високо пластични глини со различна моќност под кои се регистрирани слоеви од лапор. Ваквите 12

ПОРТА

28 октомври 2016

материјали се исклучително осетливи на промена на влажност, па така со зголемување на нивната природна влажност тие бабрат, а со намалување на влажноста се собираат. Циклусите на промена на влажноста кај овие материјали создаваат пукнатини кои со текот на времето се продлабочуваат и најчесто доведуваат до прогресивен лом и појава на свлечишта. Имајќи го тоа предвид, а и со цел да се санираат веќе појавените оштетувања на косините, проектирани беа дополнителни мерки за стабилизација. Предвидените мерки за стабилизација на засекот вклучуваат изведба на флексибилни потпорни конструкции од габиони, армирано-бетонски дисконтинуирани потпорни конструкции, системи за површинско и длабинско одводнување на теренот како и мерки за спречување на ерозија на косините. За време на процесот на проектирање анализирани се повеќе конструкции за стабилизација на косините. Притоа, анализираните конструкции се проверени од аспект на гранична состојба на лом и гранична состојба на употребливост, а воедно анализирана е и стабилноста на косините во услови по изведба на предвидените конструкции. Генерален заклучок е дека трасата на автопатот е водена во комплексни геотехнички услови кои налагаат внимантелен избор и

изведба на потпорни конструкции. Од тие причини беа разработени решенија кои се применливи и физибилни за вакви услови, и со кои долгорочно ќе се обезбеди функционалноста на автопатот. На поголемиот дел од засекот, косините беа оштетени и лизгави, па предвиденото ублажување од наклон 1:2 на наклон од 1:2,75 не беше доволно за целосно да се отстрани непогодниот материјал. Пред да се пристапи кон ископот во ножицата на засекот, што беше потребен за поставување на габионскиот ѕид, прво беше потребно да се отстрани непогодниот материјал над ножицата со цел да се дојде до здраво тло и да се избегне проширување на нестабилностите како резултат на губење на потпората во подножјето. Со таа цел, првата фаза на санацијата беше ископот на непогодниот материјал со помош на хидраулични багери, почнувајќи од круната на засекот движејќи се кон ножицата. Ископот се извршуваше сè додека не се стигне до здраво тло, а притоа формирајќи повеќе етажи со привремени стрмни косини, целта беше да се отстрани непогодниот материјал, но што е можно помалку да се прошири засекот и да не се излезе надвор од појасот на експропријација. По зафршувањето на фазата за отстранување на непогодниот материјал, следеше ископот за поставување на


градежништво Финални количини на санација на косините Ископ на метеријал за ублажување и отстранување на непогоден материјал 50.000 м3 Засипување на косини до проектирана кота 92.000 м3 Габионски кошеви 3.800 елементи

Изведба на О160 Потпорна конструкција Лепир и О160а Потпорна конструкција Лепири 2

габионскиот ѕид и почетокот на монтажата на габионските кошеви кои беа со димензии од 3x1x1 и 2x1x1 м. После секој поставен ред на кошеви, истите беа прицврстувани со крути рамки кои беа направени од арматурни прачки, со цел кошевите да ја задржат својата форма во фазата на исполна со кршен камен. Кошевите беа полнети рачно, но и со помош на градежна механизација. Паралелно со подигнувањето на ѕидот во висина, се одвиваше и исполната со кршен камен зад него. Ова се работеше со цел што поскоро да се затвори и потпре природното тло зад габионскиот ѕид. Помеѓу природното тло и исполната зад габионскиот ѕид се поставуваше дренажен филтерски материјал кој спречуваше мешање помеѓу двата различни материјали, но и ја подобруваше дренажата на

самониклото тло. Во подножјето, зад габионскиот ѕид се поставуваше дренажна цевка која ја прифаќа водата што се филтрира низ исполната и потоа истата се спроведуваше до системот на подземна дренажа на самиот автопат. По завршувањето на габионскиот ѕид и исполната зад него, се продолжуваше со исполната на косините до својата проектирана кота, после што следеше поставување на гео-мрежата за заштита од ерозија и хумусирање на косините. Повремено доаѓаше до измена на редоследот на фазите зависно од теренските услови, а исто така и должината на секциите на кои се работеше своевремено се менуваше според временските услови затоа што целата фаза на санација беше исклучително осетлива на врнежи од дожд.

Потпорната конструкција Лепир служи за стабилизација на тлото и постоечките станбени објекти зад неа, на делот од засекот од км 40+000,00 до км 40+140,00 на автопатот Бања Лука-Добој, делница Прњавор-Добој, правец Прњавор. Концептот на потпорната конструкција е ѕид од шипови стабилизирани со геотехнички анкери (сидра). Самата конструкција се состои од 110 шипови со пресек ф 900 [mm] кои се на осовинско растојание од 1,5 метар, со различна должина од 8, 16, 18, 19 и 20 метри, поделени во тринаесет кампади, преку кои се изведуваат наглавни греди. За смалување на деформациите на конструкцијата, предвидени се геотехнички преднапрегнати активни сидра и затезна греда која служи да ја осигура интеракцијата помеѓу нив и шиповите, поставени во 1 (еден) или 2 (два) реда во средишниот - видлив дел од ѕидот. Преку отворениот, односно видливиот дел од шиповите се нанесува торкрет бетон. Површинското одводнување на врвот од конструкцијата е преку отворен канал составен од префабрикувани каналици, >>

Изведба на потпорен ѕид од габиони 28 октомври 2016

ПОРТА

13


градежништво а длабочинското одводнување е со помош на перфорирани дренажни цевки. Потпорната конструкција Лепири 2 служи за стабилизација на косините од засекот од км 40+350,00 до км 40+625,00 на автопатот Бања Лука-Добој, делница Прњавор-Добој, правец Добој. Конструкцијата се состои од 117 шипови со пресек ф 1000 [mm] кои се на меѓусебно растојание од 2,4 метар, со должина од 11,4 метри, поделени во единаесет кампади, преку кои се изведуваат наглавни греди. Отворениот, односно видливиот дел од шиповите е решен исто како и на Потпорната конструкција Лепир, со торкрет бетон. На ист начин и

површинското одводнување на врвот од конструкцијата е решено преку отворен канал составен од префабрикувани каналици, а длабочинското одводнување е со помош на перфорирани дренажни цевки. При изработката на анкерите на првата кампада, истите не ја задоволија проектираната сила на преднапрегање на која треба да бидат заклинети, што беше јасен доказ дека претпоставените попречни геолошки профили не се одраз на реалната ситуација, т.е. се најдовме во ситуација на „геолошко изненадување“. Оваа ситуација наметна потреба од изработка на хоризонтални дупнатини на ниво на анкерите

со кои се дефинираше геолошки 3D профил на основа на кој беа уште еднаш димензионирани длабочините на геотехничките сидра, нивниот агол во однос на ѕидот од шипови а со тоа и должините на активниот и пасивниот дел. Вградувањето на торкрет-бетонот е по т.н. мокра постапка. Финалните количини за изградба на овие објекти се следниве: - 2007 метри должни шипови дијаметар ф 900; - 1450 метри должни шипови дијаметар ф 1000 - 2545 метри должни преднапрегнати анкери; - 2000 метри квадратни торкрет бетон; - 3500 метри кубни вграден бетон; - 300 тони арматурно железо.

Изведба на „Cut&Cover“ тунел Слатинци „Cut&Cover“ тунелот Слатинци служи за овозможување премин на животните преку него, и за изработка на локален пат преку автопатот Бања Лука - Добој. Должината на тунелот е 86,40 метри, со вкупна ширина од 30,5 метри. Светла висина на тунелот е 6,5 метри, со статички распон од 2x13,85 метри светла ширина. Осигурувањето на косините на ископот беше со ублажување на истите до краен нагиб кој изнесуваше 1:5. Пред започнување на изработка на темелната плоча, најпрвин се изведе подолжна дренажа, како би успеале да го спуштиме нивото на подземна вода, за да се

14

ПОРТА

28 октомври 2016


градежништво

одвиваат работите во суви услови. Темелната плоча на објектот е темелена на заменета, армирана земја, со вградување на геомрежа во три слоеви. Со проектот не беше предвидена

дилатација, па, за да се спречи појава на пукнатини како резултат на реолошките својства на бетонот, бетонирањето на поединечните елементи од долната

конструкција (темелна плоча и АБ ѕидови, и горна плоча за монолитизација) се одвиваше во претходно дефинирани сегменти, со точно одредени интервали на бетонирање помеѓу >>

28 октомври 2016

ПОРТА

15


инфо

два соседни сегменти. Засипувањето на објектот е правено после изработката на горната плоча, односно после добивањето на една интегрирана конструкција, притоа водејќи сметка засипувањето да се одвива

16

ПОРТА

28 октомври 2016

паралелно и од двете страни. Паралелно со тоа, се работеше на коловозната конструкција внатре во тунелот. Засипувањето преку тунелот претставуваше последна позиција, пред изработката на локалниот пат и

преминот за животни, кои се одвоени еден од друг со заштитна мрежа и звучни бариери. Финалните количини за изградба на овој објект се: 6000 метри кубни вграден бетон и 950 тони арматурно железо. n


ПОРТА


aрхитектура

Новото седиште на Фудбалскиот сојуз на Словенија свртено кон природата

ако не се квалификуваше на последното Европско првенство во Франција, Словенија продолжува со вложување во промоција на фудбалот. Проектното биро „Arhitektura Krušec“го потпишува проектот на новото седиште на Фудбалскиот сојуз на Словенија во околината на Крањ, кое се простира на 1.220 квадрати, изведен во периодот 2014-2016 година. Новата зграда / изградена на место од старата која е отстранета претходно / се наоѓа во просторот како автономен волумен чија белина јасно ја повлекува

И

18

ПОРТА

28 октомври 2016


aрхитектура

границата меѓу вековното дело на природата и делото на човечката рака. Основната смерница на архитектурата и дизајнот на објектот е врската со околниот крајолик- брдовитото подножје на Алпите. Зградата со „U“ основа, од едната страна е свртена кон спортските >> ПОРТА


aрхитектура

терени, а од другата кон шумата, каде што се наоѓаат и најатрактивните простори на центарот. Центарот на ротација на хоризонталните содржини по катовите е стаклениот атриум со доминација на три дрвца , што е и главна атракција на влезот во објектот. Вертикалните соvirendel носачи, со висина од три метри, се поставени така

ПОРТА


архитектура што со својата поставеност потсетуваат на распоредот на стеблата во шумата. Од овој распоред и распоредот на прозорците, настанала фасада која одлично се вклопува во околината. Зградата е организирана како некој вид на опсерваторија на природата. Ентериерот е реализиран претежно во бела боја со дрвени детали и црни тела за осветлување кои внесуваат динамика во просторот. За некој проекти едноставно не се потебни многу зборови за да се опише функцијата и особено архитектурата. Од нив просто блика АРХИТЕКТУРА ЗА ЧОВЕКОТ. Овој изведен објект е токму тоа. Да посакаш да си во секој момент врзан со најубавата и најважната споредна работа во светотФУДБАЛОТ. Подготви: Порта3

28 октомври 2016

ПОРТА

21


aрхитектура

ВИНАРСКИ КОМПЛЕКС ДЕМИР КАПИЈА

Објект со хибридна намена

Подготви: Проектанско биро„АТРИУМ“, ШТИП бјектот „Центар за промоција и продажба на земјоделски производи со администрација“ се наоѓа во склоп на индустрискиот коплекс за производство на вино во Индустриска зона КО Демир Капија, до новата клучка на автопатот. Објектот е со хибридна намена, кој со својата програмска и обликувана артикулација ги обединува различните намени кои се застапени во него. Во сутеренот на објектот е предвиден барик за чување на вино, ресторан со сопствена кујна и санитарии. Приземјето на објектот е предвидено за одржување на презентации, промоции и продажба - оваа содржина зафаќа најголем дел од

О 22

ПОРТА

28 октомври 2016


aрхитектура приземјето. На ова ниво се наоѓа главниот влезен хол, кој е истовремено и главна вертикална комуникација во објектот. На приземјето е предвидено отворено плато кое е ориентирано кон целиот комплекс. До сутеренот се пристапува преку лифт и преку

два пара скали - едни полукружни кои се спуштаат од влезниот хол на приземје директно во ресторанот, и двокраки скали кои водат од салата за презентации во барикот. Првиот кат на објектот е наменет за >>

28 октомври 2016

ПОРТА

23


aрхитектура административни содржини. Овде се предвидени: рецепција, две сали за состаноци, три канцеларии, една океанска канцеларија, канцеларија за раководство и санитарии. До катот се доаѓа преку полукружните скали од влезниот хол. Овие скали продолжуваат и до вториот кат, каде е сместен единствено просторот за дегустација на вино. Преку челична куполна конструкција, целосно застаклена, се овозможуваат погледи на целиот комплекс, со што ова ниво функционира на еден начин како видиковец. Ваквата концепција на објектот во целост ги исполнува програмските барања и истовремено ги обединува квалитетите на различните содржини во единствен објект со хибридна намена. Содржината на објектот е следната: А - Во сутеренот се наоѓа барик, ресторан со кујна, два магацини и санитарии. Б - На приземје е главниот влезен хол, сала за презентации и промоција на земјоделски производи, како и санитарии. В - Првиот кат е целосно застапен со административни содржини. Овде има две сали за состаноци, три канцеларии, една океанска канцеларија, една канцеларија за раководство и рецепција. Г - На вториот кат се наоѓа салата за дегустација на вино. n

ПОРТА


Имајте доверба во Кнауф. Чувствувајте се заштитен. ǁDzǦǣ ȒǨ ǬǫǤǬǨ dzDzǪǣǴ, ǵǨǮDzȋǣ ǵǨǮǷDZǧǣ Ǩ ǧǴǣǦDzǺǨDZǣ. ƾǣǶDzǣ dzǴǨdzǷǼǶǨǶǨ ȋǣ ƸǣǼǣǶǣ ǧDzǥǨǴǤǣ ǥDz DZDzǥǣǶǣ dzǴDzǦǴǣǰǣ dzǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǴDzǬǫǥDzǧǬ Dzǧ ǨǥǴDzdzǵǮǬDzǶ ǥDzǧǨǻǮǬ ǤǴǨDZǧ ǫǣ dzǴDzǬǫǥDzǧǵǶǥDz DZǣ ǦǴǣǧǨǪDZǬ ǰǣǶǨǴǬȋǣǯǬ: Knauf FireWin. ƾǦDzǯǨǰǨǶǨ ȋǣ ǤǨǫǤǨǧDZDzǵǶǣ DZǣ ǯǷȐǨǶDz Ǭ DzǤȋǨǮǶDzǶ. z z z z z

70

70

ПОРТА

26 декември 2014

džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǯDzǻǬ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ ǥDZǣǶǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ DZǣǧǥDzǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǣ ǤDzȋǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ ǰǣDZǪǨǶDZǬ

www.knauf-firewin.com

ПОРТА


градежништво -р Peter Mrosik, сопственик и директор на компанијата Profine Grupe, за новиот развој вели: „Темата одржливост има големо внимание ширум светот. Зголемените потреби за енергетска ефикасност, еко-пријателските решенија за мобилност, дигитализираните процеси на работа и интелигентните технологии на инсталации на згради, ни даваат поглед на светот на иднината. Како водечки производител на профили, и ние се соочуваме со овие предизвици. Со нашиот нов систем 88, нудиме интелигентно и одржливо решение. Тој нуди извонредно ефикасна топлотна изолација, елегантен е, дозволува големи стаклени површини и отвора извонредно конкурентни можности за нашите пазарни партнери, благодарение на модуларноста на елементите од системот. Овој систем од премиум сегменти е трендсетер во секоја смисла на тој збор“. Три брендови, еден систем на платформско решение за брендовите KBE, KÖMMERLING и TROCAL, се состои од високо изолациски седумкоморен систем со среден дихтунг со околу 20 главни геометриски профили и заменува три претходно независни 88 мм системи на индивидуалните брендови. Дури и во стандардна конфигурација, нашиот нов систем дава извонредна Uf вредност од 0,95 W / (m2K). Она што го прави посебен е што, за разлика од сличните решенија, оваа вредност се постигнува и со метални зајакнувања за максимални величини на елементот и пошироко, дури и со профили во боја. Со додатни изолатори може да постигне вредност Uf од 0,88 W / (m2K). Паралелно, фабричкиот напредок на изолираните профили proEnergyTec овозможува да се користат за додатна топлинска изолација. Меѓутоа, новата генерација профили не овозможува само импресивни енергетски перформанси, исто така е архитектонски напредна: стабилната конструкција ги прифаќа тројните стакла или ултрамодерните функционални застаклувања со дебелина на стаклениот пакет до 56 мм. Системот 88 овозможува големи прозорски површини за атрактивен дизајн на фасадите, додека истовремено дозволува извонредна звучна изолација со вредност до 48 dB (класа 5). Големите површини на прозорците, исто така, обезбедуваат соларни придобивки – особено во зимскиот период – што дополнително ја намалува потрошувачката на енерија, а со тоа и емисијата на CO2. Нудиме ширина во дизајнот со класично бела боја, системите на профилот се нудат во 88 декор ламинати – од чисти бои до структури на дрво и металик бои. Купувачите можат да изберат две варијанти – избор со надворешен профил во боја а одвнатре со неутрално бела боја, или профил во боја од двете страни. Но опциите на дизајнот не завршуваат тука. KBE 88, Kömmerling 88 i TROCAL 88,

Д

26

ПОРТА

28 октомври 2016

PROFINE INTERNATIONAL PROFILE GROUP

Систем 88 прозорецот на пасивна куќа станува стандард Со новиот систем 88, сега го пренесуваме успехот на нашите 76 мм системи во премиум сегмент. Како и претходната линијa, развиен е на заедничка системска платформа за сите три брендови, и ќе биде достапен до крајот на оваа година, како KBE 88, KÖMMERLING 88 i TROCAL 88.


градежништво TROCAL-88 -MD-AddOn-anthrazitgrau

TROCAL-88-MDAluClip-Pro-pETlichtblau

TROCAL-88-HTinnen-weiss

е TROCAL-88MD-AluClipGold

TROCAL-88MD-Standardkobaltblau

TROCAL-88MD-AluClipedelstahl-geb

секој е достапен во три различни алуминиумски комбинации: со AluClip алуминиумска облога, со AluClip Pro функционална алуминиумска облога и со AddOn споено крило. Истовремено, се разбира, Profine ја разви соодветната програма на влезни врати со 88 мм длабочина на вградување. Како и прозорците, така и вратите нудат импресивни резултати со извонредна топлотна изолација, широки можности на дизајнот и едноставна интеграција на елементи од системи за заштита од кражба. Новата 88 мм системска платформа, исто така нуди бројни предности во производството, бидејќи неговата севкупна компактибилност со метални зајакнувања од системот 76, со застаклени лајсни и со дополнителни помошни профили, му допушта на производителот да управува со своето складиште економично и да одржува многу флексибилни производствени операции. Д-р Mrosik тоа го резимира вака: „Со KBE 88, Kömmerling 88 i TROCAL 88, после многу успешното лансирање на системот 76, ние постојано го прошируваме својот асортиман на производи во премиум сегментот. Новата серија ги поставува стандардите на пазарот со своите перформанси, економичност и сестраност. Сигурен сум дека, заедно со нашите партнери од браншата на прозорци и врати, ќе имаме голем успех со нив. Бидејќи е невозможно да се избегне системот 88: тоа е прозорец на иднината“. n

Системски карактеристики Премиум систем со среден дихтунг со 88 мм длабочина на вградување Погоден за пасивни куќи, за бели и прозорци во боја дури и во стандардна варијанта (како што е наведено во ift смерниците WA15/2) Извонредни вредности на топлотна изолација со метални зајакнувања – за максималнa величина на крила: Uf = 0,95 W/(m2K) Uw do 0,72 W/(m2K) Топлотна изолација до Uf вредност од 0,88 W/(m2K) со додатни изолатори Елегантен, совршено рамен дизајн за екстремно модерно тројно застаклување, функционални застаклувања или панели на влезна врата до 56 мм дебелина

Извонредна звучна изолација до 48 dB Тест за заштита од кражба – до класа на отпор RC 2 Три варијанти за трендсетерска комбинација на материјали: AluClip, AluClip Pro и AddOn Оптимизирана и ресурсно освестена употреба на материјали Ламинати: структура на дрво, полна боја и металик бои или класична бела Опции на ламинирање: избор надворешен ламиниран профил и според тоа внатре неутрално бел – или од двете страни ламиниран профил

28 октомври 2016

ПОРТА

27


aрхитектура од дрво

Дрвена кула во Чикаго, високо меѓу облаците

Даниела МЛАДЕНОВСКА о децении пред да бидат изградени супервисоките облакодери како Burj Khalifа, Чикаго се фалеше дека го има највисокиот облакодер на светот (Sears Tower). Но, како што се ближи реализацијата на новиот проект на компанијата Perkins + Will, градот може да очекува враќање во книгата на рекорди, овој пат за највисок дрвен облакодер на светот. Проектот River Beech Tower е планиран да се реализира во Чикаго, но сè уште е во рана фаза, па малку детали се објавени. Сепак, извесно е дека проектот вклучува 300 дуплекси распоредени околу централен атриум. Исто така, планирани се затворени паркови и други заеднички простории. River Beech Tower ќе има 80 ката, што е далеку повеќе од познатите

С

28

ПОРТА

28 октомври 2016


дрвени облакодери, како што се 21-катниот Haut и 18катниот Brock Commons. Овие две кули, а денес и многу други од групата „дрвени облакодери“, донекаде се слични по конструкцијата и се состојат од лемелирани дрвени плочи (CLT), понекогаш со додадено бетонско јадро. Пристапот на компанијата Perkins + Will е поинаков, и со овој проект тие би можеле да достигнат многу поголема височина од онаа што во моментот се смета за изводлива кога е во прашање дрвото како материјал, но со помош на систем на дијагонални мрежи (diagrid). „Овој иновативен конструктивен систем е проектиран така што може во целост да ги искористи механичките

карактеристики на материјалот преку концептот diagrid“, објаснуваат од компанијата Perkins + Will. Системот ефикасно ги распоредува оптоварувањата на сите елементи од градбата. Системите на дијагонални мрежи (diagrid) долж кулата се поврзани со внатрешни попречни споеви на рабовите на централниот атриум. Овие споеви создаваат меѓусебно поврзан систем, кој им овозможува на надворешните системи од дијагонални мрежи да „работат“ заедно, со цел ефикасно спротивставување на бочните оптоварувања кои доминираат кај конструкциите на високи згради. Останува да се види дали River Beech Tower ќе биде изграден. Компанијата стои зад тоа дека кулата би можела да биде изградена во рамките на програмата Riverline. Истражувањата на целиот концепт се во тек. River Beech Tower е проект произлезен од соработката помеѓу фирмите Perkins + Will, Thornton Tomasetti и Универзитетот во Кембриџ. n

ПОРТА


aрхитектура

БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА, 2016

Архитектура некаде на друго место

м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.aрх. (СРБИЈА) ФОТО: Ѓорѓе ЈОКИЌ

Во светот на архитектурата парната година секогаш е значајна бидејќи тогаш се одржува Венециското биенале, што претставува, можеби, најважен современ архитектонски настан. Официјално, Биеналето за архитектура постои од 1980 година, иако архитектурата е дел од настанот уште од 1968 година. Овогодишниот настан го води архитектот Алехандро Аравена, чилеански архитект и добитник на најпрестижната награда за архитектура – Прицкер за 2016 година. Оваа година слоганот на Биеналето е „Извештај од фронтот“ (Reporting from the front). Изложуваат 88 учесници од 37 земји, од кои 50 учествуваат по првпат, а 33 архитекти се помлади од 40 години. 30

ПОРТА

28 октомври 2016


aрхитектура о фокусот на овогодишната изложба се наоѓа архитектура која претставува израз на намената и инструмент на манифестацијата на потребите на различни општества во управувањето со својата судбина. Едноставна и обична архитектура, често нарекувана „архитектура без архитекти“. Претставени се многу сегменти на општеството, кои не се стриктно поврзани со архитектурата. Така на пример, кураторот на изложбата, архитектот Аравена, рециклирал десет тони материјал од минатогодишната изложба и ги употребил за поставка на една од уводните сали во Арсенале, каде што плафонот е направен, практично, од висечки алуминиумски профили, а ѕидовите од искршени гипсени плочи. Интересна инсталација на еден голем простор кој дава увид колку градежен материјал е потрошен и на крај фрлен. Социјални и општествени теми, кои за цел имаат унапредување на архитектурата како средство за унапредување на квалитетот на животот на луѓето. Прашањата со кои се занимаваат учесниците се, главно, прашања како што се сегрегација, нееднаквост, периферија, пристап во >>

В

ПОРТА


канализација, природни катастрофи, недостаток на станбен простор, миграција, криминал, сообраќај, отпад, загадување и учество на заедницата. Според зборовите на Аравена, можеме многу да научиме од сиромашните општества, бидејќи творците се покреативни колку што се условите потешки. Креативноста доаѓа од фактот што не постојат добри услови. Колку е тоа точно, останува да се види. Креативните решенија често доаѓаат низ голем број експерименти кои општеството со генерации несвесно ги изведува. Ако прозорците на куќите во северна Европа се мали а покривите темни или многу коси, тоа не дошло како последица од голем број експерименти туку од логичен заклучок, што функционира подобро во дадените услови. Основните потреби за живот се наоѓаат во фокусот на овогодишната изложба, како слика на неизедначени услови на живот на различни меридијани. Така на пример, постои инсталација која го покажува животниот циклус на отпадот во Индија, во град во кој жителите живеат собирајќи секундарни суровини. Присутна е и сомостоечка структура, голема макета на нова станбена населба во Берлин, бетонска структура за емигрантски пазар во Белгија или структура од бамбус. Изложени се многу занимливи инсталации, внатре во Арсенале но и надвор во неговиот круг, прашање е само колку тука навистина има 32

ПОРТА

28 октомври 2016


aрхитектура архитектура? Без сомнение, во мотивите на кураторите и организаторите, Биеналето задира во многу важни социјални теми, но фокусирајќи се на нив се одалечува од она што би требало да биде централен мотив на изложбата – архитектурата. Низ обемниот достапен материјал, на посетителот му е овозможено да помине многу време и да дознае многу за големиот број комплексни теми, кои имаат врска со архитектурата но не се во потполност архитектура. Според зборовите на Аравена, архитектурата е давање форма на местата каде што луѓето живеат, не е

ни покомплицирано ни поедноставно од тоа – место каде што луѓето живеат. Освен поставките во Арсенале, можат да се видат и национални павилјони кои, исто така, се многу занимливи но често премногу концептуални. Сингапурскиот павилјон, кој го отвори претседателот Тони Тан, е практично една голема просторија во која висат, на еднакво растојание, четвртести ламби на чии страни се наоѓаат фотографии. Концептот е сигурно осмислен и многу силен, но прашање е дали тоа навистина ни треба за архитектонско биенале? Можеме ли повеќе да дознаеме за архитектурата во Сингапур? Концептуалните прикази, битните амбиентали теми, павилјоните и изложбите што повеќе одговараат за некој уметнички салон отколку за архитектонско биенале, го чинат она што е денес оваа манифестација. Прашање е дали тоа е правата форма? Ако е архитектурата форма на местата каде што луѓето живеат, зошто се претставени толку малку конкретни проекти каде луѓето навистина живеат, работат, учат или се лечат? Зошто за еден архитект, кој ќе ја посети најважната изложба за архитектура, би било поважно да се прикаже светлосна инсталација, која како инспирација ја има шумата и блискоисточната архитектура, од приказот на некој блискоисточен проект во шума? Зарем е можно да нема ниту еден таков проект кој би можел да биде претставен? Ако нема на Блискиот Исток, сигурно има некаде на друго место! Школа која е одлично проектирана, изградена од локални материјали и во потполност ги задоволува потребите на локалната заедница. Дали Биеналето е замислено да биде манифестација доволна сама за себе, во која ќе бидат прикажани проблемите на

современото општество на интересен начин, или тоа стана со времето? Може ли архитектурата да се врати или повеќе да биде дел од настаните што во себе го имаат самиот тој збор. Архитектурата е едноставна работа, давање форма на местата каде што луѓето живеат, рече човекот што оваа година ја доби најпрестижната награда од таа област. Покажете ни ја таа форма, тоа е она што му треба на Биеналето, повеќе архитектура во величествениот град, повеќевековен споменик токму на таа област од човековото творештво – Венеција. Архитектурата на Биеналето. n

ПОРТА


ентериер

ДИЗАЈНОТ НА ЕНТЕРИЕРИ И НЕГОВАТА ВАЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА ЧОВЕКОТ

Универзални модели не постојат

проф. д-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС изајнот на ентериери е дел од еден долготраен и сложен процес, преку кој се создаваат различни типови на архитектонски простори за да задоволат разни потреби на човекот од аспект на живеење, работа, рекреација и одмор. Секој акт на нивна изградба се состои од идеја за зграда или простор, планирање или формулирање на

Д 34

ПОРТА

28 октомври 2016

Една од задачите на дизајнирањето е да се дојде најблиску до „идеалните“ решенија кои би биле утилитарни за најголем број на различни интереси. Барањето на т.н. „идеална“ состојба е и најсложениот момент на дизајнирањето потреба, изработка на концепт за тоа каква би можела да биде зградата или просторот, изработка на изведбена документација и, на крај, изведба на потребниот објект. Во процесот на

дизајнирање се креира одреден вид, модел на претставување на симулирана претстава на зградата или ентериерниот простор, врз кој се применуваат разни методи на експериментирање со формата и


ентериер

организацијата преку разни графички и визуелни медиуми, за да на крај се добие конечна реална градба во форма на зграда или ентериерен простор. Според Бил Хилиер (Bill Hillier, 2008), процесот во кој се истражува, во кој се креираат претстави и идеи на остварливи концепти за згради или ентериерни простори, претставува дизајн. Дизајнерите и архитектите токму тоа и го работат, иако никој не исклучува и неархитекти да се занимаваат со ваква активност, што, кога станува збор за ентериери, се случува секаде околу нас. Важноста и сеприсутноста на дизајнот во животот на човекот го потенцира и индустрискиот дизајнер и теоретичар Виктор Папанек (Victor Papanek) во својата книга „Дизајн за реалниот свет“ (1972), објаснувајќи дека, во суштина, секој човек

е еден вид дизајнер. Тврдењето го базира врз сознанието дека луѓето секоја своја активност ја планираат и ја изведуваат по одреден модел или шема, сопствен или почесто преземен од општествената средина, сè до посакуваниот или планиран крај, што во крајна линија претставува, иако рудиментиран, еден вид на дизајн процес. Според него, дизајнот е примарен матрикс на животот. Со негова помош, односно со помош на свесниот и интуитивен напор, човекот се обидува да наметне смислен поредок во својата средина, се разбира, како физичка така и социјална. Така што дизајнот како процес претставува систем, кој е нераскинлив дел од еден покомплексен – суперсистем, како што е општеството. Ваквиот творечки процес, кој заради нараснатите потреби на современиот човек, претставува јасно

дефиниран систем на постапки и методи во изнаоѓање на најприфатливо решение на еден проектантски проблем. Една од задачите на дизајнирањето е да се дојде најблиску до „идеалните“ решенија кои би биле утилитарни за најголем број на различни интереси. Барањето на т.н. „идеална“ состојба е и најсложениот момент на дизајнирањето, затоа што готови универзални модели не постојат. Секоја нова задача претставува предизвик за истражување и оформување на соодветен модел, кој во себе вклучува огромен број на рационални и ирационални чинители и претходни искуства преточени во соодветна регулатива (стандарди, принципи и нормативи). Еден друг автор, архитектот Франсис Чинг (Ching, Francis, 2012) го дефинира дизајнот на ентериери, едноставно, >> 28 октомври 2016

ПОРТА

35


ентериер преку активностите или процесите какви што се планирање, распоред, и дизајн на внатрешните простори во зградите. Како резултат на овие процеси, се остварува физички аранжман на различните елементи кои ги задоволуваат, прво, човековите основни потреби за засолниште и заштита, за потоа, да ги обликува неговите активности, да ги реализира аспирациите, да ги изрази идеите што ги придружуваат неговите активности и да влијаат врз човековиот изглед, расположение и индивидуалност. Да се дизајнира значи да се реализира интелектуален концепт или идеја по пат на имплементирање на зададена задача или програма во просторно организирана форма, или во психолошки и физички прифатлива форма. Прелиминарните цели на дизајнот на ентериери е зголемувањето на функционалноста - задоволување на функционалните барања; естетското збогатување - задоволување на естетскиот имиџ и стил, и психолошко подобрување на квалитетот на животот во внатрешните простори - задоволување на психолошките стимули и значења. Велиме дека дизајнот на ентериерот, или кој било друг тип на дизајн, претставува процес кој воопшто не е континуиран, ниту е линеарна серија на постапки, ниту пак е еднонасочен. Искуството вели дека тој систематски постапно се гради како цикличен и итерактивен, во кој постапноста на

ПОРТА

деталните анализи, синтези и евалуации на достапните информации, и можните решенија се повторуваат сè до успешно вклопување на она што се посакува да се постигне и на она што е постојно.

Процесот на дизајнирање се обидува да ги реши проблемите со користење на креативност, знаења од техничките дисциплини, но и визуелна естетика. Креативноста треба да се разбере како


ентериер

способност на поединецот – дизајнерот, да го реши проблемот на нов имагинативен начин кој ќе биде порационален и поефикасен од постојниот, а исто така и да ги предвиди можните проблеми кои би се појавиле во иднина. Притоа, тој треба да употреби научни и технички знаења за да реализира производ кој ќе биде функционален, економичен, но и ергономичен и, на крајот, естетски допадлив со што ќе ги задоволи психофизичките и културно-социјалните аспекти, како би се остварил непосредниот контакт помеѓу просторот и човекот како негов краен корисник. Ваквиот резултат и не е така едноставен, зашто корисникот како предмет на дизајнерскиот процес претставува отелотворување на комплексот на особини, што произлегува од разноликоста на културите што се генерираат од традициите на општествата ширум светот. Знаењето (науката), техниката (техничките и технолошките дисциплини) и вештината (талент, способност и обученост) со кои треба да се исполнат сите овие барања и очекувања на одредена група корисници, се главните проблеми на дизајнерите во секој проект. Сите релевантни аспекти кои на директен или индиректен начин го тангираат дизајнот,

треба да бидат подложени на критичко преиспитување пред да се изрази став во однос на конечното решение на дизајнерскиот процес, токму заради комплексноста на влезните параметри. За да се исполни ваквата сложена задача, дизајнерот во дизајнерскиот процес применува одредени средства на дизајнот какви што се: рационален репертоар на решенија за специфични проблеми и процеси на човековиот живот; и социјална релевантност - вредноста на дизајнот се базира врз односот помеѓу корисникот и просторот, интеракција во која просторната перцепција и просторното доживување го активираат однесувањето на луѓето. Со помош на наведените средства, процесот на дизајн ќе може да ја исполни својата цел - да ги организира сите делови во кохерентна целина преку тридимензионални композиции аранжирани според функционалните, естетските и бихејвиористичките насоки или потреби. Во овие функционалноестетски просторни композиции, деловите, или елементите, воспоставуваат одредени модели на релации со кои се одредуваат визуелните квалитети на просторот според кои ние го препознаваме и дефинираме истиот, за потоа да можеме соодветно и

удобно да го користиме. Ако дизајнирањето на просторот значи еден вид поредок на интеррелациите (меѓусебните односи) помеѓу ентериерот и луѓето, тогаш треба да се направи дистинкција помеѓу формалните и функционалните аспекти на ентериерот. Формалните аспекти го дефинираат просторот каков што е, каква што е неговата архитектонска структура. Функционалните аспекти го дефинираат просторот во однос на задачата што треба да се исполни, со други зборови, употребливоста на просторот изразена преку неговите перформанси за задоволувањето на потребите (Papanek, 1972). Од особено значење за процесот на дизајнирање во архитектурата и ентериерот, имаат следните средства кои се користат: карактеристиките на елементите (квантитативно-квалитативни и тополошки); релациите помеѓу елементите (директно произлегуваат од нивниот распоред и од просторот во кој се поставени); релациите помеѓу елементите и луѓето (поредокот ги остварува релациите исто така квантитативно преку капацитетот и квалитативно преку ефикасноста и комфорноста). Единствено со присуство на елементи кои се меѓусебно диференцирани, просторот има потенцијал да стане ентериерно дизајниран простор т.е. ентериер. Вториот услов за да се воспостави ентериер, е да се аранжираат елементите така што ќе воспостават меѓусебен однос кој претставува потенцијал за одвивање на функции употреба на просторот од страна на луѓето. И на крај, за да просторот во целина претставува ентериер, треба да се воспостават релации помеѓу елементите и луѓето, кои пак се предуслов за интерперсоналните активности одредени со претходно споменатите релации. Еден тип на елементи на дизајнот го одредуваат работниот простор и неговата можност за користење, а друг тип во вид на предмети човекот ги употребува при работа или се околу него за да ја зацврснат неговата ориентација и идентитет. Едните се алатки, другите опрема, мебел, артефакти. Елементите во форма на предмети во просторот, сите горенаведени, не се само прости предмети, туку вистински предмети, вклучени во стварноста која непрекинато ја менуваат и повторно ја создаваат, како што постојано се менува и повторно се создава структурата на општественото тело. n 28 октомври 2016

ПОРТА

37


сообраќај

Три приказни за зелените булевари Љупчо АТАНАСОВСКИ дипл.инж.арх.

Нема град во централно градско подрачје без свој парк или барем некакво зелено шеталиште. Но булевари со сообраќај и со атрибути на паркшеталиште се ретки, особено во големите градови. Париз со Елисејските полиња, Барселона ја има Ла Рамбла, со свои особености, но овој пат се задржувам на три приказни, различни во односот кон зелените булевари. 38

ПОРТА

28 октомври 2016

МОСКВА - ЛАС ВЕГАС - СКОПЈЕ


сообраќај

Москва, Цветној булевар - почит кон историската традиција

Во моите многубројни посети на Москва, секогаш кога ќе имав и малку време, а бев во близина, го минував движејќи се по Цветној (Цветен) булевар, да се наполнам со позитивни чувства и релаксиран продолжував. Прекрасната пешачка трансверзала околу строгиот центар на Москва, изградена во 1851 година на место на некогашно речно корито. Широк на места и стотина метри, булеварот е со централно пешачко шеталиште од неколку десетина метри, полно со релаксирачки содржини. Неколку пати возобновуван, последен пат во почетокот на 21 век. Фонтани, споменици на руски писатели, поети, уметници, научници и историски личности, многу украсно зеленило, цветни аранжмани и многу столетни дрвја, кои со сенките прават вистинска оаза во топлите и влажни московски лета. Многу народ, деца, живот. А недалеку од двете страни врви непрекинато автомобилскиот ланец. Долж булеварот многу познати обновени куќи во кои престојувале историски личности, неколку трговски центри, денес сè повеќе бизнис квартови изведени во современа архитектоника, а тука е и познатиот Московски циркус од 1880 год. По Цветној булевар во секое време се случуваат разно разни изложби, музички и детски перформанси. Ведрост и живост на секој чекор.

28 октомври 2016

ПОРТА

39


сообраќај Лас Вегас – булевар Лас Вегас (Стрип) - бизнис со човечка душа

Градот на забавата и коцката, каде сè се сведува на бизнис. Некои видни луѓе сепак сфатиле дека и зелените булевари можат да бидат бизнис. Компанијата MGM Resorts Internacional, најголемиот сопственик на недвижности по булеварот Лас Вегас, уште од 2000 година имале сознанија дека приходите од многубројните коцкарници се под можните приходи од хотелите, рестораните и продавниците. Поценети стануваат клиентите што се движат по градот пешки, трошејќи со пазарење и седење по кафеаните и кафулињата. Во 2012 година MGM поведува иницијатива за проект за реконструкција на општествениот простор кој ги поврзува хотелите и казината. Таа го финансира проектот за оживување на булеварот, познат како СТРИП - веројатно најпосетената улица во светот со над 40 милиони луѓе годишно. Досега се реализирани 3,7 хектари површина долж булеварот, и за првпат „Парк“ на два хектари кој ги спојува

40

ПОРТА

28 октомври 2016

хотелите и казината MGM grand, New York-New York и Monte Karlo. Реконструкцијата се состоела во изградба на нови трговски центри и ресторани во архитектура која го избегнува


сообраќај

дотогашниот стил на псевдоисториска (шунд) архитектура и избираат апстрактни форми, материјали и тонови блиски до околната пустина Мохаве, но истовремено сочувувајќи ги постојните атракции (копија на Бруклинскиот мост на пример). Новите фонтани трошат 90% помалку вода од претходните, а зеленилото се состои од карактеристични пустински растенија за кои е потребно помалку полевање од драгоцената вода. Пролетва на местото на паркингот се појави „Парк“ со 250 дрвја и повеќе од 7.000 растенија карактеристични за Мохаве или други пустини во светот. Карактеристичен дизајн станаа и 18 чадори направени од челик во Холандија, црвено- бели преку ден и силно осветлени ноќе. Урбаната опрема во просторот е приказна за себе. Посетителите уживаат во прошетките и седењето долж булеварот, кој претходно беше само автомобилско царство. Буџетот на проектот е 90 милиони долари. Бизнис и задоволство истовремено. Е тоа е новиот Лас Вегас.

28 октомври 2016

ПОРТА

41


сообраќај Скопје, булевар „Климент Охридски“ (порано булевар ЈНА) - без зборови

Некогаш, не така одамна, беше единствен булевар со средишно зеленило - мини парк. По булеварот имаше луѓе, можеа да се прошетаат и да се одморат под сенките на десетлетните стабла. Кон крајот на минатиот век се направија убави проекти за оплеменување на шеталиштето, со нови украсни содржини, урбана опрема, мали фонтани, чешми. Визуелно поврзување на зелените падини на Водно со постојното зеленило - до кејот на Вардар, како и дооформување на околните културни содржини долж булеварот - нов театар, книжарници, кафулиња и ресторани... Трбаше тоа да биде мал цветен булевар во современо руво, во централното подрачје на градот. А сообраќајните проблеми можеа и требаше да бидат решени квалитетно и без проширување на асфалтниот дел на булеварот. Но наместо тоа, пет-шеснаесет години потоа се случи катастрофа. Победи автомобилот, шеталиштето-парк по средината на булеварот се уништи. Булеварот сега е пуст - без луѓе. Кафулињата и рестораните ги нема, театарот сè уште е само проект. Добивме само широка, пеколна асфалтна писта. На чие задоволство... Три приказни. Три различни решенија. Во три различни света. n

www.fabrikakarpos.com.mk

42

ПОРТА

28 октомври 2016


ПОНЕДЕЛНИК и СРЕДА

од 21:00 до 22:00 часот на КАНАЛ 77

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


енергетска ефикасност

ПАСИВНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО АРХИТЕКТУРАТА (5)

Користење на сончевата енергија за греење

Слика 1а: Ориентација исток-запад

д-р Петар НИКОЛОВСКИ, дипл.инж.арх. лавни ефекти од пасивното користење на сончевата енергија во зградите се намалени потреби од топлинска енергија и намалени потреби од вештачко електрично осветлување. Ова се постигнува со лоцирање на зградата на поволна јужна ориентација, преку транспарентните површини (прозорци, балконски врати, лантерни, натсветла, атриуми), соодветни конструктивни елементи во зградата, употреба на транспарентни топлинско-изолациски материјали, материјали со висока моќност на акумулација на топлина итн. Имено, за „главна“ страна на објектот треба да е резервирана јужната ориентација (180°), со максимални отстапувања на аголот од ± 30°. Прозорците дизајнирани за селективно пропуштање на сончевото зрачење (зима/лето), со јужна ориентација, треба да се со големи површини, за разлика од оние со југоисточна до северозападна ориентација, кои треба да ги задоволат само барањата за дневна светлина. Треба да се исклучат

Г

44

ПОРТА

28 октомври 2016

Слика 1б:Ориентација север-југ

засенчувањата од кое било потекло во зимскиот период (вегетација, други објекти, балкони, стреи). Со ваква ориентација се обезбедуваат предуслови за оптимално пасивно (и активно) користење на сончевата енергија. Не треба да се заборави дека ваквото интензивно „отворање“ на зградата кон југ има и друга страна на „медалот“, потреба за заштита од летното несакано прегрејување на внатрешноста, кое се постигнува со архитектонски мерки (балкони, стреи, натстрешници, ролетни или капаци на застаклените елементи итн.). Според проф. Норберт Лехнер (Norbert Lechner), зграда со правоаголна основа, поставена со подолгата страна во правец запад-исток, т.е. подолгата страна ориентирана кон југ, за резултат има околу 50% намалена потрошувачка на енергија за греење, ладење и осветление, во споредба со иста таква зграда, но со ориентација на подолгата страна кон оската север-југ (Слика 1а и 1б). Интензитетот на сончевото зрачење надвор од земјината атмосфера значително варира од сезона до сезона. Но, ефектот од сончевото зрачење врз површината на Земјата, значи и врз зградите, е комплексен,

бидејќи интензитетот е многу променлив во зависност од географската ширина, годишната сезона, времето од денот, климата, околината, ориентацијата на зградата како и својствата за трансмисија и апсорпција на озрачените површини на градежните конструкции. При проектирање на згради треба да се има на ум дека сончевото зрачење претставува „подарена енергија“ за греење на внатрешната средина, во периодот од грејната сезона. Но, оваа „подарена“ топлинска енергија не е посакувана вон грејната сезона, особено не во лето, кога „топлинските добивки“ од сонцето се интензивни и треба да се амортизираат со уреди за ладење, кои од своја страна бараат дополнителна потрошувачка на енергија. Овој баланс помеѓу посакуваното и непосакуваното од сонцето претставува основна стратегија во процесот на проектирање на одржливи нискоенергетски згради. Балансот најлесно се постигнува со блокирање на сончевите зраци со мерки за засенчување во текот на летото, пред зраците да дојдат до зградата. Заштита на застаклените отвори на зградата е прв и основен елемент во дизајнот на системите за засенчување. Кога тие се добро дизајнирани, истовремено претставуваат и заштита на


енергетска ефикасност

Слика 2: „Плодови“ потребни за проектирање на нискоенергетски и пасивни згради нетранспарентните површини, вклучувајќи ги ѕидовите и покривите. Веќе цитираниот проф. Норберт Лехнер (Norbert Lechner) од САД, има интересен графички приказ за пристап и редослед според кој треба да се применуваат некои елементи при проектирањето на енергетски ефикасни згради (Слика 2). Имено, плодовите од дрвото фигуративно ги претставуваат елементите битни за енергетската ефикасност, но не сите плодови се подеднакво лесни за берба. Најдостапни се веќе паднатите на земја (ориентација на зградата), па потоа плодовите на дофат со рака (големина и ориентација на прозорците, колоритот на зградата, засенчување и дневна светлина). За рачно недостапните повисоки плодови потребни се скали, па дури тогаш е можно и тие да бидат собрани (пасивна и активна соларна енергија и најпосле фотоволтаици за производство на електрична енергија). ПРОЕКТИРАЊЕ НА ПАСИВНИ ЗГРАДИ Секој проект на пасивна зграда има елементи кои се карактеристични и задолжителни за ваков тип на згради: n базиран е врз онова на анализа на климата на локацијата; n настојува да го контролира комфорот (греење и ладење) без употреба на гориво; n користи правилна ориентација на зградата

заради контрола на топлинските загуби и добивки; n користи геометриска форма на зградата (во основа и во пресек, т.н. фактор на форма на зградата) за контрола на протокот на воздух; n употребува ефикасни изолациски материјали заради намалување и контрола на топлински протоци; n максимизира употреба на бесплатна сончева енергија за греење и вентилација; n максимизира употреба на природна вентилација за ладење; n користи елементи за засенчување (природни или архитектонски) за контрола на топлинските добивки. Пасивното греење и ладење помагаат за реализирање на одржливоста на зградите, намалувајќи ја зависноста од фосилните горива за греење и ладење на зградите, како и намалувајќи ги потребите од електрична енергија за осветлување со помош на користење на природни практики за осветлување во зградите со природна светлина. ПАСИВНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ЗА ГРЕЕЊЕ Сончевите зраци паѓаат врз непроѕирни површини на зградите, како што се покриви и ѕидови, но и врз транспарентни површини, како што се прозорците.

Кога површините на конструкциите што примаат зрачење се непроѕирни, дел од зрачењето се рефлектира, а остатокот се апсорбира, предизвикувајќи покачување на температурата во самата конструкција. Со оглед на тоа што сончевото зрачење не е константа, температурата и топлинскиот проток варираат во зависност од температурната разлика помеѓу внатрешниот и надворешниот воздух. На пример, кога сончевото зрачење паѓа врз површини со темна боја, материјалот брзо ја апсорбира топлината. Оваа топлина исто така брзо се губи кога сонцето ќе исчезне, но само ако материјалот има мал топлински капацитет. Кога сончевото зрачење паѓа врз бетон, процесот на апсорпција е бавен, но, поради високиот топлински капацитет на бетонот за акумулирање топлина, таа останува во материјалот, кој долго по исчезнување на соларниот извор ја зрачи топлината кон околината. Во случај на транспарентните површини (прозорците) пренесеното зрачење е обично големо, а апсорбираната топлина во стаклото мала, речиси нула. За северната хемисфера, максимална добивка на сончева топлина во зима се постигнува со јужна ориентација. Северната ориентација во зима обично резултира со директни загуби на топлина, бидејќи топлинските добивки се минимални. Важно е да се предвиди застаклување со ниски вредности Uw на прозорците, низ кои топлинските загуби ги надминуваат топлинските добивки. Во текот на летото, максимални топлински добивки се кај источна и западна ориентација, бидејќи аголот на сонцето е најмал наутро и попладне, што овозможува продор на сонцето во зградата. Истовремено, овие ориентации се најтешки за контрола на зрачењето по пат на засенчување. Бидејќи сончевите добивка се различни на сите фасади на една зграда, што треба да влијае на дизајнот на прозорците, важен е изборот на прозорците и елементите на засенчување според аглите на сонцето и поставеноста на зградата. Генерално, постојат три методи за пасивно користење на сончевата енергија за греење: n директни сончеви добивки; n тромбеови ѕидови, и n застаклени простори (зимски градини, солариуми). ДИРЕКТНИ СОНЧЕВИ ДОБИВКИ Од горенаведените методи најчест е системот за директни добивки, којшто најдобро се приспособува на повеќето архитектонски стандарди и помалку бара невообичаени технологии. Една од можностите за директни пасивни>> 28 октомври 2016

ПОРТА

45


енергетска ефикасност

Слика 3: Сонцето зрачи врз под со топлинска инерција, а подот ја враќа топлината во просторот сончеви добивки се системи за греење со прозорци ориентирани кон југ, кои овозможуваат продор на зимското сонце директно во внатрешноста на зградата, каде што зрачењето се апсорбира од материјали со висока топлинска инерција (Слика 3). Од летното сонце стаклото обично се заштитува со натстрешници. Во зима, особено во најстудените климатски региони, се препорачува на некој начин да се намалат топлинските загуби низ прозорците во текот на ноќта (ноќна изолација или стакла со ниска емисија). Акумулирање на топлина во материјали со висока топлинска инерција е најдобро решение за чување на бесплатната сончева енергија. Сончевото зрачење навлезено внатре во зградата може да се акумулира во материјалите во состав на обвивката на зградата. За тоа да биде ефикасно, најдобро е зградата да биде изолирана од надворешна страна, за да се забави топлинскиот проток кон надвор (Слика 4). Инаку, според дефиниција, топлинска инерција е способност на некој материјал да акумулира топлина. Топлинската инерција е производ од дебелина, маса и специфична топлина на материјалот. Во згради со директни топлински добивки, но без капацитет за топлинска инерција на градежните конструкции (ѕидовите, покривите) како што се, на пример, конвенционалните дрвени конструкции, бондруг системи итн., застаклувањето на југ треба да изнесува помалку од 7% од површината на подот, за да се спречи прегревање на внатрешноста. Дизајнот на системите за директни сончеви 46

ПОРТА

28 октомври 2016

добивки базира на соларна геометрија, за да се осигура дека сонцето во текот на зимата допира до материјали со топлинска инерција, и дека елементите за засенчување го попречуваат пристапот на сонцето во текот на месеците кога преовладува ладењето. Тоа е метод кој најчесто се употребува за да се искористат предностите на бесплатната топлина од сонцето, метод кој се користи во

Слика 4: Топлинска инерција

речиси сите згради, освен во оние случаи каде сончевото зрачење не допира. За да се обезбеди оптимално користење на пасивната сончева енергија, главно треба да се познаваат и да бидат исполнети следните услови: 1. Топлинска инерција: рамномерна распределба на материјали. 2. Дебелина на материјал со топлинска инерција: подобро е помала дебелина и поголема површина, отколку поголема дебелина. За тула или бетон дебелината не треба да е поголема од 10 cm. 3. Боја: темни подови апсорбираат повеќе топлина, додека ѕидови и плафони со светли тонови добро ја рефлектираат светлината. 4. Површински облоги: прекривки како, на пример, теписи поставени врз подови со висока топлинска инерција, во голема мера го намалуваат ефектот на топлинската инерција. 5. Бетонски блокови: многу се поволни за топлинска инерција. 6. Материјали за подови: најдобар е бетон, ако под него има топлинска изолација од минимум 10 cm. 7. Ограничувања во зоната на директни сончеви добивки кај застаклувањата: да се намалат површините на прозорците со јужна ориентација (заради избегнување на големи температурни промени) на 7% од подната површина кај подови со мала топлинска инерција и 13% кај зградите со


енергетска ефикасност висока топлинска инерција. 8. Ориентација на прозорци: најдобра е јужната, со максимално отстапување од 15°. 9. Изолација за ноќ: навистина е корисна, но може да биде многу скапа. 10. Топлинска изолација: исклучиво од надворешна страна на материјал со топлинска инерција. Мерки на претпазливост: Пасивното соларно греење не треба да се меша со потребите од природна светлина. И двете ја користат сончевата светлина, но во случај на системите за пасивно греење, директното зрачење е од суштинска важност. Директната сончева светлина може да предизвика заслепување при одредена намена на просторот. Природното осветлување делува најдобро како индиректна или дифузна светлина, бидејќи ваков тип на светлина помалку го нарушува видот или го одвлекува вниманието. Затоа, кога се планираат простори за употреба на компјутери или слична опрема, мора да се води грижа за да се избегнат проблемите со оштетување на видот, причинети од системите за директни сончеви добивки. Во вакви објекти Тромбеовите ѕидови нудат подобра алтернатива. Во чекорите за приод кон пасивното греење, приоритет се дава на концептот за намалување на влијанието на необновливите извори на енергија во барањата за пасивно греење, кои не можат да се обезбедат од обновливи енергетски извори. Значи, „првата линија на одбраната“ мора да биде задржување на топлината (Слика 5). Ова се постигнува делумно со проект за ефикасна обвивка на зградата, на начин да се обезбеди материјал со соодветна

термичка инерција од внатрешна страна на изолацијата, т.е. материјал којшто ќе ја акумулира бесплатната сончева енергија. Првата линија на одбраната за максимално задржување на топлината ја има следната стратегија: 1. Облагање на обвивката на зградата со т.н. „суперизолација“, односно употреба на високовредни изолациски материјали со зголемени дебелини. 2. Многу добро затнување (херметизирање) на обвивката за намалување инфилтрација на воздух однадвор. 3. Обезбедување материјал со висока топлинска инерција од внатрешна страна на топлинската изолација, за да се овозможи акумулирање на топлината. 4. Висок квалитет на прозорци со висок топлински отпор (R), односно трислојно застаклување со исполна со гас аргон и нискоемисивни премази () на стаклата. Премиса: „Она што не се губи, не мора да се надоместува“. Пасивното користење на сончевата енергија за греење се базира на градежни компоненти и системи погодни за оваа

намена: транспарентна надворешна топлинска изолација, Тромбеови ѕидови, водни ѕидови и др. Но, најголемите потенцијали во пасивното користење на сончевата енергија лежат во застаклените елементи на зградите: прозорците и балконските врати, натсветлата, куполите, интегрираните застаклени градини и др. Претходно изнесеното се однесува на добивање топлинска енергија потребна во зимскиот период. Но што станува со несаканите топлински добивки низ истите застаклени елементи во лето, што за последица има дополнителни енергетски загуби при ладење на амбиентот наменет за престој? Со современи технолошки решенија во дизајнирањето на стаклото како компонента во застаклените елементи, се решава проблемот: сончевите зраци селективно се пропуштаат, се акумулираат во стаклото или се рефлектираат, во зависност од тоа дали сончевата енергија во конкретниот случај и конкретниот период е пожелна или не. Со еден збор кажано, тоа е интелигентно користење на сончевата енергија. n

ПОРТА


ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

ПОРТА


ПОРТА


екологија

Бидете екологист дома, но и на работа Во просек, поголемиот дел од својот животен век луѓето го поминуваат на работа. Во зависност од компанијата, некогаш во вашиот работен простор се присутни помалку, а некогаш и повеќе луѓе. Според законите на природата, вие како единка можеби не можете да направите револуција, но со трепение и полека можете да влијаете да се случат промени.

50

ПОРТА

28 октомври 2016

Соња ТАНЕСКА ИГНАТОСКА, (поддржано од „Пакомак“) ко веќе размислувате како да бидете поефикасни во употребата на ресурсите и да ја направите вашата средина попријатна, можете да започнете од вашиот дом, па и работен простор. Просторот во кој поминувате секојдневно, можете лесно да го трансформирате во „зелен“ преку едноставни и лесни совети и во исто време да ги намалите трошоците во домаќинството или на компанијата.

А

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ОПАСНИОТ ОТПАД ВО ДОМАЌИНСТВАТА Многу заедници имаат посебни центри или посебни денови кога компаниите што се грижат за отпадот собираат т.н. опасен отпад од домаќинствата. Опасен отпад во домаќинствата може да биде: - Во бањите: лекови, средства за чистење, лакови и отстранувач на лак за нокти. - Во работилниците: лакови и бои, растворувачи, бои и

отстранувачи на 'рѓа. - Во градините: хемикалии за третирање на базени, отрови за глодачи, вештачко ѓубриво, пестициди, инсектициди, отстранувачи на плевел. - Во гаражите: акумулатори, киселини, средства за полирање на автомобили, моторни масла, антифриз и гориво, како бензин, нафта и керозин. - Околу домовите: флуоресцентни светилки, батерии за мобилни телефони, детектори за чад и батерии. Овој отпад не треба да се отстранува заедно со другиот отпад од домаќинствата. Таквиот отпад може да биде штетен за собирачите на отпад и за животната


екологија средина, ако не се третира соодветно. Исто така, не би требало да се чува дома за подолг временски период, туку овој отпад треба да се однесе во специјални центри за собирање. Во собирните центри, овој опасен отпад го сортираат и класифицираат квалификувани работници. Хемикалиите се чуваат во специјални резервоари. Подоцна, овие хемикалии се носат на посебен хемиски третман или се чуваат во специјални депонии. Некои материјали, како моторното масло, оловните батерии и антифризот, може да се рециклираат, но оваа постапка мора да се врши многу внимателно по хемиски пат. Некои луѓе хемикалиите и боите ги истураат во канализациски отвори. Овие хемикалии се мешаат со дождовницата и се влеваат во подземните води, предизвикувајќи помор на рибите и растителниот свет. Хемикалиите никогаш не треба да се истураат во канализација. РАБОТЕН ПРОСТОР, ВРЕМЕ КАДЕ ПОМИНУВАТЕ ПОЛОВИНА ОД ВАШИОТ ЖИВОТ Во просек, поголемиот дел од својот животен век луѓето го поминуваат на работа. Во зависиност од компанијата, некогаш во вашиот работен простор се

присутни помалку, а некогаш и повеќе луѓе. Според законите на природата, вие како единка можеби не можете да направите револуција, но со трепение и полека можете да влијаете да се случат промени. Користете енергетски ефикасни светилки (CFL или LED), кои трошат 75 отсто помалку од светилките со вжарено влакно, ако вашата компанија не го направила тоа дајте предлог и објаснете го процесот на заштеда, со сигурност ќе биде прифатен. Не заборавајте да ги исклучувате светлата кога во просторијата нема никој, оваа навика ќе биде корисна и ќе почнете да ја практикувате и дома. Ставете ги вашите монитори на sleep mode на што е можно пократко време, нешто што можете да го направите сами, а воедно и да го задржите векот на компјутерот, заштита од прегревање како и зголемување на брзината на работа. Доколку сте во можност, користете апарати кои имаат ознака за енергетска ефикасност (пр. Energy Star). Во работните простории пожелно е да користите стаклени или керамички чаши наместо пластични кои се за еднократна употреба или пак користете термос за вашето утринско кафе. Во денешниот свет на развиени телекомуникациски мрежи, подобро е да користите телекомуникација и видеоконференции за вашите состаноци, наместо долги патување со возило или авион. Искоритете ги згрешените испринтани страници за пишување белешки и слични интерни документи. Старите кутии повторно употребете ги за складирање на разни документи. Реорганизирајте го канцеларискиот материјал пред да направите уште една нарачка. Често на работното место се генерира голема количина отпад, во зависност од големината на компанијата како и нејзината дејност. Наместо да завршува отпадот неселектиран, тој лесно може да се рециклира. Старите тонери и батерии предајте ги на лиценцирана фирма за управување со електронски и електричен отпад. Одвојте посебно место за фрлање на веќе неупотребливата хартија, списанија, пликоа и сл. Генерирајте помалку отпад, со тоа што ќе конзумирате природна храна како овошје и зеленчук или пак храна претходно подготвена од дома. Користете велосипедска пошта за вашите документи. За превоз до работа или пак воопшто и за домашни потреби, секогаш кога сте во можност користете јавен превоз или пак велосипед. И секако, внесете растенија во вашиот работен простор или дома, кои покрај нивната естететика го прочистуваат внатрешното загадување на воздухот и ја прават просторијата попријатна. n

ПЕТ ГЛАВНИ ЕКОЛОШКИ СОВЕТИ Најважна работа на која треба да се сетите кога ќе фрлате ѓубре се овие пет збора: Редуцирај-размисли Намали Искористи Поправи Рециклирај Ова значи дека иако постојат депонии кои се добар начин за згрижување на отпадот што не може повторно да се употреби или рециклира, најважно што можеме да направиме е да не правиме непотребен отпад.

Значи, запомнете: • Размислете за работите што ги купувате и ресурсите што ги искористувате – треба да се обидеме да ја намалиме потрошувачката и да го намалиме количеството на отпад што го произведуваме. • Намалете го износот на секојдневниот отпад. • Повторно употребете ги работите пред тие навистина да станат отпад. • Поправете ги работите секогаш кога тоа е можно. • Рециклирајте сè што може да се рециклира.

28 октомври 2016

ПОРТА

51


архитектура и дизајн

WHITNEY MUSEUM OF AMERICAN ART, ЊУЈОРК

Новата зграда дизајнирана од Renzo Piano, сместена меѓу High Line и реката Hudson, претставува исклучителен дом на импресивната колекција на модерната и современата американска уметност

Новиот „Витни“ е синтеза на најзначајните музеи во Њујорк Дејан БУЃЕВАЦ ожност и слобода. Овие големи и никогаш докрај остварливи соништа, на материјално ниво, имаат свое место на постоење - Менхетен, урбаната џунгла и срцето на Њујорк. Место на бескрајни копнежи и желби, совршени парадокси,

М 52

ПОРТА

28 октомври 2016

агресивни контрасти, милиони човечки судбини, многу солзи и срушени идеали. Менхетен - една фантастична архитектонска и визуелна утопија, секогаш современа во својата материјализација и секогаш непредвидлива, една неограничена конзумеристичка илузија, олицетворение на моќ и вековен симбол на доминација во светот. Денес, по терористичките напади на 11 септември во 2001 година, по економската криза во изминатата деценија, Њујорк доживува неверојатна урбана експанзија на

градот, при што главен акцент се става на целосно поврзување на градското ткиво преку редефинирање, регенерирање и ревитализација на стари и социјално замрени инфраструктури и нивно активно и беспрекорно функционирање од аспект на социо-културното живеење, пред сè, заради зачувување на здравата животна средина. Ваквиот урбанистички пристап и планиран развој на градското ткиво константно привлекува сè повеќе и повеќе архитекти, и генерира уште толку и повеќе идеи.


архитектура и дизајн

HIGH LINE Така, во процесот на регенерирање на Њујорк, за цело време во последните години актуелен е западниот дел од Менхетн покрај реката Hudson, регион богат со флора и фауна. Во таа насока, неприкосновен репрезент во ревитализацијата на овој мегалополис е, секако, High Line. Линиска структура, подигната од нивото на теренот, која своевремено била важна железница која го хранела градот, односно опслужувала 22 блока од градот, разнесувајќи храна и патници, а денес претставува незаменлива општественосоцијална конструкција во градот. Ова шеталиште започнува од новоизградената станица Hudson Yards, и освен тоа што ја презеде популарноста на Central Park, на сите урбанисти во светот им постави домашна задача за тоа, како не е нужно да се дислоцираат старите пруги за да се симне

High Line поинаква инфраструктура во матрицата на градот. Откако проектот бил широко прифатен и идентификуван од граѓаните како голем социолошки потенцијал, неговата реализацијата била доверена на холандскиот пејзажен архитект Piet Ouldoff, во соработка со локалните градежни фирми Diller Scofidio и Renfro. Обновата на старата инфраструктура игра значајна улога во град кој бележи дефицит на зеленило, така што оваа консолидација игра важна улога во регенерацијата на градското ткиво. Уникатната конзерваторска интервенција се протега низ 22 блока, и е лесно достапна за сите граѓани. Пешачка зона богата со дрвја, ниско зеленило и урбан мебел лебди над градот, создавајќи идеална контратежа на активниот и хаотичен животен ритам на Менхетн. Во концептот на оваа зелена линија лежи идејата за превласт на природата врз градот и материјалното во него. Преку комбинација од органски и вештачки материјали се остварува нужната култивација на оваа структура, така што во својата програма таа нуди варијации на зелени катчиња, едни диви, други погодни за одгледување хранливи продукти, трети ангажирани со урбана опрема, итн. Патеката за градот до реката, туку е доволно на нив да се кратко време со својата атрактивна содржина засадат дрвја, да се постават клупи и останати успеа да привлече толкаво внимание, што урбанистичко-уметнички елементи и реквизити многу познати личности, како што се Edward кои овозможуваат вистинска и атрактивна линиска структура, која секојдневно привлекува Norton, Glenn Close, Kevin Bacon, David Bowie и Diane von Furstenberg, во нејзина непосредна илјадници луѓе од целиот свет. На тој начин, близина инвестираа во приватни недвижнини. опстојувањето на оваа некогашна железничка Кога за првпат ќе прошетате по оваа инфраструктура било прифатливо единствено површина, имате чувство како да сте дел од преку нејзино функционално и програмско надреална сцена. Додека долу на улицата, во редефинирање. High line претставува градот, сè е бучно, фреквентно, незапирливо, реализирано совршенство во ова време кога на само неколку метри над тој хаос владее пропагандите за зачувување на здрава животна неверојатен мир, каде што се дише со полн средина имаат доминантен карактер. здив. Затоа животот на Менхетн се искачи едно Тогашниот градоначалник на Њујорк, скалило погоре од аспект на хуманите услови Rudolph Giuliani, кој во најголема мера е за живеење. High line нуди живописни пејзажи заслужен за денешниот изглед на градот, под низ транспарентните екрани поставени на мотото „овој град е создаден да изненадува, во работ - вам ви се чини дека сте во театар, но него сè е дозволено“, пред колективот ја она што се прикажува на тие екрани е претставил својата радикална идеја за реалноста од улиците на Њујорк. Покрај >> повторна интеграција на железницата како 28 октомври 2016

ПОРТА

53


архитектура и дизајн оваа рефлектирачка површина може да легнете и да уживате во погледот на реката Hudson и во една неприкосновена слободностоечка стуктура - импозантниот новоизграден објект Whitney Museum of American Art, дело на славниот италијански архитект Renzo Piano. WHITNEY MUSEUM OF AMERICAN ART Новиот музеј на американската модерна ликовна уметност Whitney, заедно со High Line, во вистинска смисла на зборот ја заокружуваат ревитализацијата на некогаш социјално замрениот Chelseа. Денес, оваа област на приватни галерии, модни збиднувања и „фуд маркети“, претставува живот достоен на човекот. Во секој случај, архитектот Renzo Piano (Renzo Piano Building Workshop, во соработка со архитектонската фирма Cooper Robertson), имал тешка задача да биде еднакво добар како неговиот познат претходник Marcel Breuer (1902 -1981), автор (во соработка со архитект Hamilton Smith) на „стариот“ Whitney Museum of American Art на Менхетен, лоциран на Madison Avenue и 75th Street. На оваа локација, „Витни“ функционираше од 1966 до 2014 година. Инаку, историјата на музејот носи важно наследство. Музејот е основан во 1931 година од страна на Gertrude Vanderbilt Whitney (1875– 1942) во Greenwich Vilage. Подоцна, во 1966 година, музејот се преселил во зградата на Madison Avenue, која ја дизајнирал Marcel Breuer. Вo Њујорк велат, ако The Metropolitan

Во 1966 година, музејот се преселил во зградата на Madison Avenue, која ја дизајнирал Marcel Breuer.

Новиот Whitney Museum of American Art

Музејот е основан во 1931 година од страна на Gertrude Vanderbilt Whitney (1875–1942) во Greenwich Vilage, Њујорк Museum of Art е најголем, The Museum of Modern Art (MoMA) е најпопуларен, The Guggenheim Museum е најубав, тогаш Whitney Museum of American Art е нивна синтеза. Објектот на стариот „Витни“ останува да функционира како The Met Breuer за модерна и современа уметност во рамките на The Metropolitan Museum of Art. Оваа зграда сама по себе претставува уметничко дело на Marcel Breuer, инаку ученик на Walter Gropius. Основните материјали се бетон, гранит, плочи од син камен, употребено е дрво за гелендери, а бронзата е користена за кваки, рачки и врати. Новиот музеј „Витни“ за посетителите е отворен на 1 мај минатата година во срцето на Менхетен - Meatpacking District. Објектот е осумкатаница со севкупен простор за изложување од 5800 метри квадратни, од коишто 4600 метри квадратни заземаат внатрешните галерии, a 1200 метри квадратни се оставени за изложувачки простор на отворено со тераси кои имаат поглед на High 54

ПОРТА

28 октомври 2016

Line. Центарот за едукација овозможува state-ofthe-art работилници, два театри и многу други поволности за посетителите, вклучувајќи и сала од 6000 метри квадратни, ресторан, кафуле, локали за изнајмување и канцеларии. Сето ова придонесува за креирање на ново културно значење на „Големото јаболко“. Светски познатата архитектонска и градежна компанија Permasteelisa Group заедно со својата компанија-сестра American subsidiary Permasteelisa North America, учествувале во изградбата на новиот музеј посветен на американската современа и модерна уметност. Музејот е отворен со изложбата America is Hard to See. Во овој период, актуелни изложби во музејот се Carmen Herrera: Lines of Sight; Human Interest: Portraits from the Whitney’s Collection; Sophia Al-Maria: Black Friday; Torbjørn Rødland: Blue Portrait (Nokia N82); Sibyl Kempson: 12 Shouts to the Ten Forgotten Heavens...


архитектура и дизајн ПРОСТОРНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ Кога се движите низ музејот, се чувствува дека се работи за многу амбициозен проект, не само заради своето значење и димензии, но и заради специфичниот облик на структурата. Зградата, долга 87 метри, широка 38 метри и висока 53 метри, има мошне комплексна форма која барала константна употреба на 3Д моделирање, затоа што фасадите се

наведнати под различни агли навнатре и нанадвор. Изведувачите морале да решат доста потешкотии и предизвици, најмногу заради фасадата што била од различни типови, димензии и облици на панели кои се специјално дизајнирани, произведени и инсталирани на објектот. Главната фасада, од 6500 метри квадратни, се состои од алуминиумски единици (метар >>

28 октомври 2016

ПОРТА

55


архитектура и дизајн

на метар широки и долги) прекриени со 8 мм дебели и екстра долги лимени панели, со тежина до 2,5 тони и со должина до 21 метри, кои одат и преку повеќе катови. Инаку, овие огромни панели од пристаништето во Њујорк биле транспортирани до локацијата, а биле поставени со специјално дизајнирана машина

56

ПОРТА

28 октомври 2016

за овој проект - Suction Lifter. Објектот остава сив и монолитен впечаток, кој фантастично се вклопува во овој дел на Менхетен. На северните и јужните лифтови од објектот изработени се глазирани фасади, инсталирани на начин да обезбедуваат минување на природна светлина внатре во


објектот - Stick системот на фасадата се состои од дупло глазирано стакло комбинирано со Sun shading системот. Ѕидовите на предворјето, коешто е со површина од 600 метри квадратни, се испреплетени со кабли кои придонесуваат за потполна транспарентност на главниот влез во музејот. Oвој потфат е направен со цел музејот да се претстави како еден отворен и достапен простор, и на тој начин да комуницира со посетителите. Влегувањето во галериските простори на катовите е комплетно транспарентно од било кој пристап од аспект на надворешните скали и пространите тераси. На моменти, бидејќи и терасите се користат за изложбени поставки, односно за скулптури и амбиентални инсталации, кај посетителите исчезнува просторниот однос внатре - надвор. Новиот музеј „Витни“ е позициониран меѓу реката Hadson и High Line со оригинални урбани паркови, кои му даваат посебност во таквото опкружување. На последниот кат се наоѓа кафетерија исполнета со природна осветленост поради челичниот и стаклен светларник на кровот. n (Во наредните броеви ќе бидат презентирани текстови посветени на Њујорк во избор на главниот уредник) 28 октомври 2016

ПОРТА

57


репортажа

ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ШПАНИЈА

Бенидорм ИЛУЗИЈА Привидната присиленост на брегот започнува во 50-тите и 60-тите години на минатито век, во полниот ек на Франковиот фашизоиден модел на развој, кој узурпира секаква логика во служба на социјалкапитализмот кој делумно го форсира и преку туризмот и пазарот на недвижности, од каде и започнува подемот

58

ПОРТА

28 октомври 2016


репортажа Александар ПЕТРОВ, дипл.инж. арх. мпрeсивна и титанска глетка се карактеризира долж целиот шпански источен брег. Непрекинато се развива по линеарна должина од 8.000 километри. Од Коста дел Сол, па се до Коста Брава. Испрекината урбана линија која го узурпира целиот брег, со мали паузи помеѓу природните резерви и карпите што ја спречуваат бетонската маса тотално да завладее. Простор кој зазема само 4,25 % од целокупната територија, а е населен дури со 44 проценти од населението. Оваа привидна присиленост на брегот започнува во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, во полниот ек на Франковиот фашизоиден модел на развој, кој узурпира секаква логика во служба на социјалкапитализмот кој делумно го форсира и преку >>

И

Постојан споменик, Суперстудио

28 октомври 2016

ПОРТА

59


Aликанте

туризмот и пазарот на недвижности, од каде и започнува подемот. Од тие години датира и визијата на суперстудио „Постојан споменик“ (Continous monument,1968), каде во 1972 година истата таа тематика ја продлабочуваат преку седмиот град

60

ПОРТА

28 октомври 2016

(Град лента кој постојано се продуцира). Иако нивната естетика е утопистичка и различно компонирана, успеваат да го предвидат тој импакт. Во овој текст ќе го врамам само делот од Коста Бланка, целиот тој опфат од Картагена, па

се до Калп, бидејќи интензитетот во ова парче најмногу кулминира. Остар отсечок кој ја црпи морската широчина во целиот нејзин сјај и раскош, и како урбан ѕид ја разделува голата и карпеста бела природа во заднина. Контраст кој тешко се балансира со шармот на шпанската


репортажа традиција и соживот. Позначајни по оваа оска се, секако, двете поголеми жаришта, Аликанте и Бенидорм. Првиот, класичен медитерански град со римска и арапска историска поставка, дополнително убанизиран и споен кон крајот на минатиот век. Крути солитери поставени ад хок, го следат брегот и сонцето, а просторот помеѓу е исполнет со масивни туристички населби и летни резиденции. Надеж сигурно влева поновата генерација на ибериски архитекти кои се меѓу подобрите во Европа, кои успеваат да ги сплотат овие густи разјадени урбанитети, преку хируршки прочистувања и интервенции на поврзаност, претежно преку лендскејпот, партерот и поголемата достапност на јавниот простор со питоми вегетациски содржини. Нешто типично и преубаво на оваа тема е поврзувањето на градското јадро од плажата Албуферета, па се до соседната Сан Хуан, неколку километарски добро организиран ватерфронт со пешачки и велосипедски патеки, со прекрасно обработени детали во склоп со околниот крш. Тие навистина будат оптимизам, дека сепак има надеж низ овие гломазни и грди градски маси дека може да завладее здравиот разум. Бенидорм претставува вториот јазол кој тешко би можело да се опише преку некаков стандард или дефиниција на стручна подготовка. До почетокот на 60-тите години е мало пејзажно селце со живописен медитерански стил. Тогашниот амбициозен градоначалник Педро Сарагоса ја започнува неговата експанзија, приспособувајќи ја целата област Хиера Хелада од земјоделско во градско земјиште. Во период од само дваесетина години прераснува во едно од најразвиените туристички дестинации со урбан карактер, и претставува еден неповторлив туристички модел, чија суштина до денешен ден изгледа на илузија (фатаморгана врз некогашното селце). Всушност, и самата идеја на тематска туристичка атракција, што преовладува како концепт во Бенидорм, е токму самиот град. Некој тек кој се шири, чиниш како сите подоцнежни латиноамерикански градови да се родиле од тука. Вметнат е во мапа на триаголник каде низ годините се згуснува по фронталната лента во ширина од 100 метри долж брегот, кој ја следи прекрасната песочна плажа и бистрото Медитеранско Море. Љубопитни се неговите атипични висококатници, кои претставуваат хотелски струкури кои го црпат капацитетот за туристички легла. Иако играат на висина, не се карактеризираат со раскошни и широки луксузни влезови и стаклена обвивка на фасадите, многу се поевтини и нивната масивност се демострира преку катната монотона исфорсираност која го прави

местото поконкурентно и достапно за секој џеб. Така расфрлени, овие кубуси се поставени во идиличниот околен медитерански пејзаж кој им задава функционалност и парадигма со прекрасниот поглед што се троши од и кон нив. Тука негде помеѓу се гледа и најозогласениот облакодер ИНТЕМПО, симбол на крахот на градежниот бум. Солитерот се прослави како ударна вест по светските новини како зграда без лифт, кој низ периодот на безбројните урбани шпекулации (објектот од 20 расте на 40 ката) ја губи најбитната комуникација. Ваквата експанзија влијае и по неговата фантастична густина која знае да доспее и до два милиона туристи во летната сезона (периодот од мај до септември). Во просек по 400.000 туристи месечно. Секако, оваа густина варира во останатите периоди кога градот едвај брои 100.000 жители. Таа преоптовареност дава привид многу повеќе на некој азиски отолку на европски град. Иако варира, ова туристичко јадро успева да живее низ целата година. Импресивно е што и во

услови на џган, водата е кристално бистра, а плажата чиста со фин и светол песок. И, впрочем, тука се состои нејзината јака природна страна по која успева да привлече толкав голем број на туристи (секако освен приспособените цени и понудената забава). Бенидорм е еден вид масивно корито, кое ја генерира, но и ја санира економската криза која ја зафати Шпанија. Со толкава градежна продукција на пазарот, претставува главниот причинител на балонот (bubblescapes), кој го генерира банкарскиот крах со недвижности кои не можат да се продадат, дури ни по рекордно ниски цени, иако туризмот продолжува да бележи раст. (Туризмот фиктивно го покачува БДП, но вработува само сезонски). Која ли може да биде реалната иднина и самодржливост на еден ваков хиперактивен туристички развој, кој дополнително бара жртви кои сè повеќе се исцрпени? Иако овој град е парадигма, чувството да се биде дел од него е прекрасно. Немав претстава дека може да биде толку привлечен со сиот негов контраст помеѓу убавата шпанска храна и традиција, и околната градежна синтетика. n 28 октомври 2016

ПОРТА

61


ПОРТА


ПОРТА


хортикултура

Dracula simia

НАЈНЕОБИЧНИТЕ РАСТЕНИЈА НА ЗЕМЈАТА

Naked Man

Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж. ашата планета претставува дом на околу 300.000 различни видови на растенија. Сите тие морфолошки се разликуваат повеќе или помалку преку надворешниот изглед, односно преку изгледот на листовите, цветовите и плодовите. Некои растенија се карактеристични по своите цветови кои даваат пријатен мирис, други според хранливите плодови и лековитите својства, а некои и по својот чуден изглед или способност за исхрана и нивото на токсичност. Во поглед на чудниот изглед на цветот предничат орхидеите кај кои поедини видови можат да имаат многу необичен цвет, па така меѓу попознатите орхидеи со необичен изглед е Dracula simia – орхидеjа чиј цвет е во форма на мајмунска глава. Природниот ареал се наоѓа во шумските предели на Перу и во југоисточните делови од Еквадор на надморска височина поголема од 900 метри. Ова растение има способност да цвета преку целата година со карактеристичен мирис на портокал. Орхидеја која има многу необичен цвет е од видот Orchis italica или попозната како „гол човек“. Овие „голи луѓе“ кои го красат цветот на оваа орхидеја, природно се распространите во медитеранскиот регион. По боја се среќаваат од светловиолетови до розови. Ова растение

Н 64

ПОРТА

28 октомври 2016

има статус на загрозен вид, пред сè, поради декоративниот изглед на цветот, како и лек против дијареа, како природен афродизијак или за подготовка на пијалаци. Следно растение кое има многу необичен и атрактивен цвет е цветот на растението Impatiens bequaertii. Цветот е во форма на девојки кои танцуваат од каде и го добил народното име. Овие ситни цветови природно се распространети во источна Африка. Се среќаваат во бела и розова боја. Растенијата сами по себе имаат многу убава фигура. Сепак, треба да се напомене дека овие се едни од најретките растенија и многу е тешко да се најдат, поради што е потребно многу трпение и желба. Antirrhinum majus претставува растение кое по изглед е доста познато и кај нас. Претставува вид со многу живописни, колоритни гроздести цветови кои се развиваат на право стебло со висина и до 1,5 метар. Тоа што е необично кај овој вид е изгледот на мешунката по Impatiens bequaertii прецветувањето. Тие се во форма на костурска глава со отворена уста и очи. Интересен е податокот дека во минатото верувале дека овие цветови содржат мистична моќ и дека го заштитува домот од клетви и зло. Со оглед на живописноста и атрактивноста на цветот и формирањето на семето по нивното процветување одлично го опишуваат кругот на животот.


хортикултура Amorphophallus titanum претставува вид со најголем цвет во светот. Самиот цвет достигнува височина и до три метри, а во тежина и до 100 килограми. Цвета на секои седум до 10 години, што во одредени ботанички градини претставува и вистинска туристичка атракција. Како недостаток му се препишува ужасната ареа која се шири за време на цветањето. Претставува еднодомен вид кај кој во прво време се отвораат женските цветови, а по неколку дена машките цветови. Сето ова е со цел да не дојде до самоопрашување. Листовите достигнуваат и до шест метри. Секоја година листот умира, а на негово место расте

нов. Хибернацијата на овој вид вон сезона трае околу четири месеци. Mimosa pudica или познато како срамежливо растение има природен ареал во Јужна Америка, иако денес може да се сретне распространето низ целиот свет. Претставува многу нежно растение кое вегетира во сенковите месторастења. Најатрактивна особина по која го добила и името е начинот на кој реагира ова растение во обид да го допрете. Интересно е како растението има развиено примитивен нервен систем и во обид да дојде во контакт со страно тело листот веднаш се собира. n

World biggest flower Amorphophallus titanum

Snapgdragon seed pod skull dragons skull во цвет Snapgdragon seed pod skull dragons skull

ПОРТА


eсеј ум видел многу соби во книгите и по светов, но најмногу ме израдува и научи големата соба на нашиот кум Савељиќ, едноставен селанец во црногорското село Мартиниќи, до кое се стига дури кога ќе се напушти Спуж и ќе се сврти грбот на плодната и озеленета долина на реката Зета, а искачувајќи се во брдата нагоре. Кумовата соба е пространа, без многу мебел и без непотребни дребулии. Кревети од полно дрво поставени по должина на чистите бели зидови. Така, средишниот простор останува слободен, подложен на промени и стално поинаква употреба на тивките домаќини. Плафон со долги талпи, темен и матиран, спуштен до подигната рака. Подот се жолтее, ама не од боја туку од јаснотијата на дрвото. Четири едноставни столици во собата. Исправени, со строги наслони, полни со достоинство. Тие одбележуваат големо огледало помеѓу двата прозорци отворени кон долината, а со дрвени капаци кои се непријатели и на летните изгори и на ветерот со дождови. Наместо маса – непресушен дрвен сандак наслонет на ѕид. Тој си е голем знак на семејното благо, скровиште на ткаењата и други бдеења, на везењата, на соништата! Една голема рамка со безброј семејни фотографии собира време уште од првите фотографи на старата Подгорица. Тоа е фреска на семејниот континуитет во која големината на сликите и ликовите сигурно одразуваат значење и љубов која секој од нас ја стекнал тука, во домаќиновата соба и во неговото сеќавање. Боите на собата се сведени само на силните тонови на покривките на креветите, како некои цвеќиња на ливада. И тоа е се... сè освен јагнешките кожи пред секој кревет за првата, потопла средба со секое ново и макотрпно работно утро, секогаш и одново... освен достоинството и смислата, во оваа соба живееше

С

66

ПОРТА

28 октомври 2016

НАШ РАНКО РАДОВИЌ, архитект, урбанист, професор, писател, сликар...

Кумовата соба

недвосмислена убавина, печат на едноставното, дух на вистината, сјајот на скромноста заради која и беше толку раскошна... Знам дека не стигнале до нашиот кум Савељиќ а и до илјадници такви градители, умните препораки и архитектонски теории на Ложие од 18 век, кој самоуверено пишуваше дека богатството на просторните впечатоци се постигнува со сведени строги средства, без наметнувања и помпа. Рационалистите на 18 век се залагаа за едноставност на примарни форми, па потоа Мис ван дер Рое, двесте години подоцна, градеше куќи тврдејќи дека во архитектурата, всушност, помалку е повеќе. Големиот Корбизје, таа далечна 1911 година, ја учеше модерната архитектура патувајќи по нашите краишта, цртајќи ги нашите куќи... Од оваа спонтана, анонимна, народна жива архитектура се учиме на строгост и функционалност, да ја разбереме врската помеѓу куќата и животот, куќата и природата, куќата и материјалот. Правило на белината на кречното млеко на кое Корбизје го подига величенствениот Роншан, останува секогаш одново да нè враќа, не на прашањата на архитектонските форми туку на нивното „зошто“! И додека низ далечините молчат овие едноставни соби, уште топли од нашето детство и спомени, во својата логика и убавина модерни за сите времиња, во нашите дуќани за мебел не се смирува играријата на „стилски“ столици за толку нестилски облици на потрошувачкиот живот и стеснетите станови. Во лудо темпо се набавуваат троседи, „секретери“, непотребни работи со огромни цени, па нашите соби се претвораат во складови за мебел и складови за суета. Тие не живеат за и поради нас – ние сега почнуваме да постоиме заради собите! Овие редови за кумовата соба не се некоја романтичарска носталгија за минатото, тие се повеќе тежнение за вистинска архитектура, која не ги разбира границите на времето и не признава привилегирани средини. Иднината на архитектурата е иднината на нашите соби, секаде каде е бита на животот над скапиот декор. n Есејот го подготви, Даница ПАВЛОВСКА ЦИГИ


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.